65
Прв дел Држава ЛИЧНА КАРТА НА ПРАВНИТЕ НАУКИ И НА ВОВЕДОТ ВО ПРАВОТО Современите предизвици во проучувањето на државата и правото Современата држава е под удар на два противречни процеси: - Супранационализам (наддржавност) што значи загуба на дел од надлежностите и суверенитетот во полза на пошироки организациони форми (пр. Европската Унија); - Субнационализам (поддржавност) што значи пренос на дел од класичните овластувања на локалните и регионалните власти. Воведни терминолошки напомени Правење разлика помеѓу поим и термин;. Поим е наша претстава, замисла за нешто што реално постои, нешто што е дел од стварноста. Термин е збор (израз) со којшто се означува појавата. Највообичаена грешка е со еден ист термин да се означуваат две или повеќе различни појави и со различни термини да се означува една иста појава. Етимологија = потекло.

ВВП скрипта

  • Upload
    martin

  • View
    53

  • Download
    1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

VVP Skripta

Citation preview

Page 1: ВВП скрипта

Прв дел

Држава

ЛИЧНА КАРТА НА ПРАВНИТЕ НАУКИ И НА ВОВЕДОТ ВО ПРАВОТО

Современите предизвици во проучувањето на државата и правото

Современата држава е под удар на два противречни процеси:- Супранационализам (наддржавност) што значи загуба на дел од надлежностите и

суверенитетот во полза на пошироки организациони форми (пр. Европската Унија);- Субнационализам (поддржавност) што значи пренос на дел од класичните

овластувања на локалните и регионалните власти.

Воведни терминолошки напомени

Правење разлика помеѓу поим и термин;. Поим е наша претстава, замисла за нешто што реално постои, нешто што е дел од

стварноста. Термин е збор (израз) со којшто се означува појавата. Највообичаена грешка е со еден ист термин да се означуваат две или повеќе

различни појави и со различни термини да се означува една иста појава. Етимологија = потекло. Терминот право во македонскиот јазик првенствено означува правец

(ненормативна појава), но со истиот термин (право) се означува и вид на норми/правила.

Терминот држава потекнува од глаголот ДРЖИ.

Page 2: ВВП скрипта

Што, како и зошто?

Предмет на правните науки е правото. Воведот во правото ги проучува оние својства на правото коишто се најсуштински и

релативно трајни. Воведот во правото ја дава правната азбука.

Општото учење за правото низ историска перспектива

Периоди на развиток на општото учење за правото и целокупната правна мисла:- Предмодерен период;- Модерен период;- Постмодерен период;- Современ период.

Во стариот век сите човекови знаења биле концентрирани во општата филозофија, од којашто постепено се издвојувале посебни дисциплини.

- Во стара Грција прво се појавило учењето за државата, а потоа за правото. Старите Грци биле филозофи и идеалисти.

- Во стар Рим се проучувало и развивало позитивното право (посебно делот за приватното право) кое е актуелно до денес. Старите Римјани биле прагматичари. Во VI век императорот Јустинијан Први собрал и средил значаен дел од римското правно наследство во еден документ наречен Corpus iuris civilis или позната како Јустинијановата кодификација, со која успеал да им овозможи контакт и користење на богатата римска правна мисла и практика на наредните генерации.

Во Средниот век целокупната наука била под влијание на религијата и црквата. Меѓутоа, во Италија дошло до промена на ситуацијата кога биле откриени старите римски, правни текстови, кои биле проучувани и коментирани од глосаторите и постглосаторите.

Географските откритија, новите научни пронајдоци, морепловството и хуманизмот и ренесансата биле причина поради која XV век е премин од предмодерен во модерен период.

Николо Макијавели прв ја одвоил политиката од религијата и етиката. Се појавиле и првите т.н. енциклопедии на правото чија цел била да се соберат и систематизираат најзначајните идеи за правото, заедно со значајни правни текстови. Во оваа епоха доаѓа до одвојување на одделните науки од општата филозофија, вклучувајќи го и правото.

Page 3: ВВП скрипта

Воведните и теоретски дисциплини во современи услови

Правни науки можат да бидат:- Позитивно-правни;- Историско-правни;- Воведни и теоретски науки.

ПРЕТХОДЕН (ПРВИЧЕН) ПОИМ НА ДРЖАВАТА

Преддржавна состојба

Постојат две спротивставени мислења за вечноста/минливоста на државата:- Државата постоела отсекогаш и отсекогаш ќе постои (карактеристично за оние

мислители кои државата ја сфаќаат како производ на некој натприроден фактор – пр. Бог);

- Државата настанала во одреден историски момент и не постоела отсекогаш (овие мислења се позастапени и повлијателни).

За означување на периодот пред настанокот на државата се користат различни термини како: првобитна заедница, првобитно општество, природна состојба, првобитен комунизам, преддржавна состојба итн. Меѓутоа, најприфатлив е терминот преддржавна состојба (општество), бидејќи е најнеидеологизиран и најнеутрален.

Има тврдења (од страна на социјал-утопистите, анархистите и марксистите) дека државата е историска категорија, т.е. дека еден ден таа ке престане да постои (одумирање на државата). Иако во денешно време државите настануваат и исчезнуваат, концептот на исчезнување е сосема различен од тој на одумирање.

Привремена состојба на бездржавност е фактичко непостоење на државни институции на одредена територија (поради географски и културни фактори, кризи, војни, конфликти и др.).

Терминот држава

Терминот stato (држава) прв во употреба го вовел Николо Макијавели во XVI век. Терминот води потекло од латинскиот збор status (состојба, уредување). Во словенските јазици терминот држава потекнува од глаголот држи.

Page 4: ВВП скрипта

Поим на државата – еден или повеќе?

Категориите држава и власт се поврзани, но не и идентични. Во однос на тоа дали може да се зборува за една дефиниција на државата, постојат

три групи сфаќања:- Универзална минимум дефиниција за државата е и можна и пожелна;- Нужни се две општи дефиниции на државата:

Пред XVI век (време на настанување на модерната европска држава), според која државата потекнува уште од најмалиот полис, град-држава;

И по XVI век (модерна европска држава), која го асоцира постоењето на државата со раниот Среден век. Меѓутоа, најприфатлифа дефиниција е онаа која смета дека

државата во вистинска смисла на зборот датира од доцниот Среден век, поточно од XVI век.

- Третото сфаќање го содржи целосно второто, но го надополнува тврдејќи дека по средината на XX век е нужна трета посебна дефиниција на државата, различна од модерната, со оглед на неверојатно интензивните и динамични промени во сите области на човековата егзистенција.

Глобализација и управување: од етатизам до полицентризам

Територијализмот, како претходна доминантна рамка на општествениот простор, бил тесно поврзан со етатизмот како претходен доминантен начин на уредување. Така, оддалечувањето од територијализмот во географијата, се развило заедно со оддалечувањето од етатизмот од управувањето. Како резултат на ова, општеството во денешниот постглобален свет е регулирано на полицентричен начин.

Во услови на етатизам, создавањето, спроведувањето, надгледувањето и применувањето на општествените правила се одвива преку државата и меѓудржавните односи. Во етатичкиот начин на управување, локалните власти немаат значајна автономија од централните власти во поглед на прашањата од националната политика. Можеме да заклучиме дека етатизмот подразбира владеење кое со сите планови и цели е ограничено на државата.

Поради забрзаната глобализација и растот на наттериторијализмот, етатизмот во денешно време повеќе не е обележје на управувањето. Сепак, крајот на етатизмот не подразбира и крај на самата држава.

Управувањето во поглобалниот 21 век станало многуслојно и истовремено се ширело на повеќе слоеви. Управувањето се јавува на општинско, окружно,

Page 5: ВВП скрипта

национално, макрорегионално и глобално ниво. Ниедно ниво не надвладува над другите, како што било случај со надмоќта на државата во однос на наддржавните и поддржавните институции во територијалистички услови. Наместо тоа, управувањето тежнее да биде дисперзирано и да произлегува од повеќе извори истовремено, а да не е јасно кој од нив ја има владејачката моќ.

Ситуацијата на многуслојна и дисперзирана власт се нарекува полицентризам, што означува дека произлегува од повеќе меѓусебно поврзани извори. Има многу имиња за оваа ситуација, но најприфатен е терминот полицентризам, бидеќи истиот укажува на распрсканиот карактер на современото владеење и поттикнува истражување на заемното влијание меѓу центрите.

Етатистичкиот начин на управување ја доживеал својата кулминација меѓу средината на 19 и средината на 20 век. Во овој период територијалните бирократски централизирани држави ја имале власта над поголоемиот дел од човештвото, ако се вклучи и онаа власт над колониите. Владеењето преку локални совети, религиозни сталежи и учесниците на пазарот секаде било потиснато од или потчинето на уравувањето спроведено од страна на државата. Светската политика во оваа етатистичка ера во голема мера била меѓународен (или попрецизно меѓудржавен) систем. Окружните и општинските власти немале значајни односи надвор од државата. Наддржавниот регионализам не постоел, освен неколку меѓународни овластувања за користење на реките. Постоеле само неколку мали меѓународни организации со минимален извор на приходи, кои направиле само мали потези на глобално владеење.

Вестфалиска држава Појава на ситуација на влегување во вестфалиски калап (според Мирот од

Вестфалија од 1648 година, кој го официјализирал модерниот поим за систем на суверени држави). Според вестфалискиот сиверенитет, државите требало да спроведуваат врховна, сестрана, апсолутна и ексклузивна власт над својата територијална надлежност. Со врховната власт, вестфалиската суверена држава била потчинета само на своето радоводство и тоа секогаш го имало последниот збор во поглед на својата територија и прекуграничните односи со други држави. Со сестраната власт, вестфалиската суверена држава управувала со сите области на општествениот живот. Со апсолутната власт, вестфалиските суверени држави ги почитувале правилата за неинтервенирање во надлежностите на другите територии. И со ексклузивната и унилатералната власт, вестфалиската суверена држава не ја делела управата надвор од својата територија со друга страна.

Веќе од средината на 20 век, доаѓа до застарување на вестфалискиот модел на државна сувереност поради забрзаната глобализација и порастот на

Page 6: ВВП скрипта

наттериторијалноста. Бидејќи вестфалиската примена на суверенитетот зависела од територијалната географија каде што се се одвивало на точно определени локации, во услови на наттериторијалност не можат да се постават на територијално ограничен простор на кој државата би имала апсолутна контрола. Ерата на раширена глобализација не и дозволува на една држава – дури и на најспособната – да спроведува врховна, сестрана, апсолутна и ексклузивна власт во доменот на својата територија.

Многу значајни услови во современиот глобализирачки свет го направиле безживотно етатистичкото управување. Такви се: компјутеризираниот пренос на податоци, радио преносите, сателитските далечински сондирања и телефонските повици, кои не запираат на царина. Освен тоа, ваквата комуникација се случува толку бргу што на државните служби за надгледување им е тешко однапред да ја откријат и во толкав обем што државата, дури и ако има голем капацитет, не може поопфатно да ја следи. Моќта на државата дополнително е намалена и со електронските мас-медиуми, дејствувајќи преку јазикот и образованието.

Невозможно е една држава да спроведе целосна власт над глобалните организации или глобалните компании, така што владите повеќе посредуваат, отколку што раководат со глобалната трговија. Со развојот на глобалните валути, кредитните картички и слично, дури и најмоќната држава губи власт над резервите од пари и девизниот курс. Електронската трговија, меѓукомпаниската трговија, офшор финансиските центри, финансиските деривати и фондовите за оградување од ризици значително ја намлуваат можноста на државата да ги зголеми даночните приходи.

И од материјална и од идеолошка страна, современата раширена глобализација, особено од аспект на наттериторијалноста, го оспорила и го струшила етатичкиот начин на управување. Во однос на ова постојат две групи на мислења:

- Една група на автори сметаат дека светот преминал ,,надвор од границите на сувереното владеење”;

- Додека друга група аналитичари тврдат дека сувереното владеење не завршило, туку добило нова форма за да се прилагоди на постетатичките услови. Без разлика дали поимот за суверено владеење се отфрла или преобликува, јасно е дека етатистичките услови на кои тоа се однесувало во минатото веќе не постојат.

Дури и во времето на етатизмот практиката понекогаш отстапувала од вестфалискиот принцип на сувереност. На пример, многу држави понекогаш превземале воени инвазии и тајни интервенции во странски држави. Вестфалиските држави, исто така, никогаш немале целосна контрола врз прекуграничните движења на парите. Освен тоа, колонијалните влади понекогаш имале само ограничена контрола врз периферните области од териториите кои им

Page 7: ВВП скрипта

припаѓале. Имало и мал број на религиозни универзалисти, либерални космополити и марксистички интернационалисти кои го отфрлиле вестфалискиот принцип за суверена држава од морални причини, долго време пред појавата на современата засилена глобализација.

Без разлика на тоа какви средства државната власт има на располагање, поради раширената глобализација и пред се, се пошироко распространетата наттериторијалност, етатистичката интерпретација на суверена држава во денешно време не може да се спроведе во практика. Иако многу технолошки развиени средства ги зголемиле капацитетите за државен надзор и интервенција, овие новитети не го одржале чекорот со порастот на глобалната мобилност.

Заклучокот е дека државите се се освен немоќни наспроти современата глобализација. Крајот на вестфалиското државно суверено владеење не го означил и крајот на државната моќ. Напротив, државите се вбројуваат меѓу главните сили кои создале поголемо забрзување на глобализацијата во последните децении. Покрај тоа владите можат да ги обликуваат ефектиите од глобализацијата на своите територии и жители со: фискалната политика, монетарната политика, потрошувачката политика, трудовата политика, политиката за одржување на животната средина, политиката за заштита на податоците итн.

Особено посилните држави можат во голема мера да влијаат врз транспланетарните и наттериторијалните активности и да бенефираат од глобализацијата. Најдобар пример за ова е владата на САД која станала единствена суперсила благодарение на употребата на глобални норми и институции, глобални пари, глобални финансии и глобални воени операции. Веројатно големите држави, како оние од Организацијата за економска соработка и развој и од Г7, стекнале нова моќ откако ја изгубиле традиционалната сувереност. Спротивно на ова послабите држави имаат тенденција да ја губат релативната моќ наспроти раширената глобализација. Иронично, но повеќето од новите, постколонијални држави (основани токму во епохата на забрзана глобализација и пораст на наттериторијалноста) обезбедиле формална вестфалиска сувереност во моментот кога принципот престанал да биде остварлив во практика.

Карактеристики на поствестфалската држава се: менливоста, пренасочување на државата да им служи на глобалните, исто како на националните изборни тела, прилагодување на државната грижа за социјалната благосостојба, променети особини на војувањето и зголемената поврзаност на државите во регулаторните процеси.

Вестфалиските држави често ги фаворизирале интересите само на одредени групи од своите постојани жители, како на пример: одредени класи, религиозни секти или етнички групи, кои претставувале привилегирани изборни тела и речиси

Page 8: ВВП скрипта

секогаш се наоѓале само на сопствената територија и меѓу сопствените граѓани. Страта територијална држава ги претставувала т.н. ,,домашни” или ,,национални” интереси. Во ерата на современата глобализација, државите повеќе не ги застапувале само ,,домашните” интереси наспроти ,,странските”. Напротив, во поглобалниот свет државите се стремеле да станат арена на соработка и натпревар меѓу сложено мноштво од национални и транснационални играчи.

Под глобален капитал се подразбираат не само компаниите со седиште во ,,странство”, туку и претпријатијата основани ,,дома”, но со дејствување на глобално ниво. Многу влади стравувале дека доколку не обезбедат доволно привлечни и предвидливи даночни и регулативни услови, слободниот глобален капитал ќе ги напушти.

Во поглед на правосудната страна на управувањето, повеќе глобални учесници во зголемена мера почнале да ги користат националните судови, понекогаш и за случаи надвор од територијалната надлежност на државата за која станува збор.

Многу држави како одговор на современата глобализација го засилиле протекционизмот во поглед на одредени ,,домашни” сектори. Факт е дека современата држава често била мегдан за борба меѓу територијалниот и наттериторијалниот капитал.

Социјална заштита За време на педесеттите години на 20 век, многу држави вовеле прогресивно

оданочување за да влијаат врз значителната прераспределба на богатството меѓу своите постојани жители. Но, во последните децении на 20 век имало значително заслабнување на социјалните гаранции обезбедени од државата и на други мерки за прогресивна редистрибуција (Источноевропските земји, земјите од бившиот Советски Сојуз, Кина, Виетнам). Поради тоа, речиси ниедна влада во светот во почетокот на 21 век (САД, Британија, Франција, Нов Зеланд, Скандинавските земји), не се осмелила отворено да оствари поголема програма за прогресивна редистрибуција на богатството до степен на проширени државни финансиски гаранции за социјална заштита.

Одговорноста за обезбедување образование, здравствена заштита, домување, пензии и сл. тежнеела да оди од државата кон недржавни чинители, со исклучоци. Во многу држави граѓаните биле охрабрувани да ги дополнат или заменат државните здравствени и пензиски програми со приватни, комерцијални договори. Во исто време, голем број на држави префрлиле многу од обврските за обезбедување социјални услуги на невладините организации.

Page 9: ВВП скрипта

Во врска со тоа дали глобализацијата ја ограничила можноста на државата да ги собира даночните приходи потребни за плаќање на поголемите социјални гаранции, има две групи на мислења:

- Некои аналитичари сметале дека глобализацијата ги поткопала фискалните капацитети на државите;

- Друга група на автори тврдат дека т.н. ,,голема влада” добро се надополнува со глобализацијата и дека оданочувањето на бизнисот останува остварливо како и секогаш.

Глобализацијата повеќе ги органичува владините фискални позиции на Југот, отколку на Северот.

Зависно од околностите, растечките глобални односи може да имаат ефект на намалување, пренасочување или зголемување на државните мерки за социјална заштита. Пошироките макроекономски услови, националните институции и политичкиот избор, исто така, во голема мера ја одредуваат судбината на државните социјални програми во поглобалниот свет.

Војување Современата глобализација извршила влијание и врз војувањето. Така, новите

нивоа на глобалност во современата историја намалиле некои од побудите за меѓудржавни војни. Државите имаат многу малку причини да започнат меѓусебни војни, напротив, имаат причини да избегнат вооружен конфликт кога кај себе ги имаат истите глобални компании, ги потпомагаат истите глобални текови, ги поддржуваат истите глобални елити, уживаат во истите видови на глобална забава итн.

Порастот на глобалната поврзаност можеби го редуцирал меѓудржавното војување, но од друга страна пак ги поттикнал државите да спроведуваат зголемена внатрешна употреба на сооружено насилство.

Неодамнешната глобализација донела промени и во начинот на водење војна, вклучувајќи и нови видови оружје (како борбени авиони со долг опсег) и нови видови борбени дејства (како сили за брза интервенција). Неодамнешната ,,војна против тероризмот” вклучила и сателитско далечинско набљудување, надгледување на банкарските сметки и нелегално влегување во компјутерските системи исто толку колку и вооружената борба.

Државата во глобалниот свет е се освен постмилитарна држава. Напротив, глобализацијата им овозможила на државите воена опрема со дотогаш невидена софистицираност и деструктивен потенцијал. Од ова може да се заклучи дека поствестфалската држава не се откажала од војувањето, туку го водела на друг начин.

Page 10: ВВП скрипта

Меѓудржавни односи Современата глобализација извршила влијание и врз начините на кои државите

дејствуваат заеднички. ,,Меѓународни релации” или ,,владини мрежи” се меѓудржавни врски на

фукнционери кои држат слични фукнции во различни држави, меѓусебно соработувајќи за прашања од заеднички интерес. Ваквата меѓудржавна координираност во разменувањето на информации и стратегии главно се случува без формални договори или постојани наддржавни служби.

Во современо време, меѓудржавните мрежи се развиле во многу делови од системот на управување. Така министри од сите ресори, судии и други експерти од областа на правото, банкари и други финанскиски експерти, доктори, експерти за заштита на човековата околина и други, неретко се среќаваат да разменат искуства. Оваа меѓувладина активност е со голем обем и секојдневно огромен број на државни бирократи одржуваат телефонски и e-mail врски со нивните колеги од други држави.

Најдобар пример за меѓудржавно управување до денес е процесот на Г7/8. Тоа е меѓувладина соработка од областа на глобалната економија, финансиите, а подоцна исто така и од областа на други пошироки прашања, која започнала како Група од 5, подоцна проширувајќи се во Г7, па неколку години подоцна прераснала во Г8. Помеѓу самитите и министерските состаноци, значаен дел од активностите на Г7/8 се случуваат надвор од погледите на јавноста, помеѓу раководителите од соодветните влади.

Меѓу другите ,,Г” групи спаѓаат и Г20, која претставува проширување на Г7 вклучувајќи ги земјите со ,,пазари во брз развој”. Тука е и Г10, која ја сочинуваат гувернерите на народните банки и чија тема на дискусија се монетарните и финансиските прашања од заеднички интерес. Постојат и уште неколку други групи како Меѓувладина група од 24 за меѓународни монетарни проблеми (Г24) како одговор на Југот на Г10, меѓутоа со значително помало политичко влијание; и Г77 која денес брои 133 земји од Југот поврзувајќи ги за прашања од глобалната економија.

Додека меѓудржавната соработка во минатото обично била во форма на договори, многу од современото меѓудржавно управување нема основа во конвенционалното меѓународно право. Во најдобар случај, соработката се заснова врз меморандум за разбирање помеѓу засегнатите страни. Спротивно на договорите, овие меморандуми за разбирање не бараат ратификација од страна на законодавните тела, па така меѓудржавните односи може лесно да станат технократски мрежи кои фукнционираат без демократско нагледување.

Page 11: ВВП скрипта

Факт е дека меѓувладините мрежи имаат тенденција да ја разложат и фрагментираат државата. Вестфалската држава ја водела својата државна политика на релативно координиран начин преку единствено министерството за надворешни работи. Спротивно на ова, државата во поглобалниот свет соработува со други држави преку повеќе министерства, регулаторни агенции, владини тела и судови, од кои сите може да функционираат во значителна автономија.

Во целост, забрзаната глобализација во изминатиот половина век поттикнала некои значајни промени во карактерот на државата: различни видови изборни тела; различни видови социјална заштита; различни видови војување; и различни видови меѓудржавни односи. Брзата глобализација не значи крај на државата која е зацврстена во општествениот живот повеќе од кога и да е; сепак, таа значи преод од вестфалиска кон поствестфалиска државност.

ТЕОРИИ ЗА СУШТИНАТА НА ДРЖАВАТА

Класификација на теориите за државата од страна на Ендрју Винсент – голем исчекор во последните децении на 20-тиот век

Современата политичка и правна мисла отсекогаш се обидувала да изврши одредени систематски класификации на многубројните теории за државата, како неопходен чекор во процесот на осознавање на оваа појава. Еден од тие обиди е и трудот на Ендрју Винсент кој во делото ,,Теории за државата” дава интересна и поучна класификација и анализа на теориите, олеснувајќи го на тој начин нивното проучување. Тој е автор од англо-американската правна и политичка традиција.

Според Винсент, постојат пет пристапи во проучувањето на државата кои меѓусебно често се испреплетуваат:

- Правен;- Историски;- Социолошки/антрополошки;- Политички;- Филозофски/нормативен.

Правен пристап- Зачетоците на правниот пристап се сретнуваат уште во Стариот век во римското

право, меѓутоа, овој пристап доаѓа до целосен израз дури во XX-от век. Најпознатиот систематски обид државата да се изучува како ,,хиерархија на правни правила, поврзани по пат на некој суверен орган” е Келзеновата теорија.

Page 12: ВВП скрипта

Целокупната интелектуална традиција на правниот позитивизам го претпочита овој пристап, додека другите струи во правната и политичката мисла го сметаат за премногу тесен, ограничен, бидејќи во поимот и карактерот на државата влегуваат многу други фактори, а не само правните норми.

Историски пристап- Приврзаниците на историскиот пристап, државата ја проучуваат и ја објаснуваат не

преку филозофски идеи, туку преку анализа на конкретни емпириски податоци, настани и сл. Меѓутоа, слабоста на овој пристап е во тоа што државата не е само емпириска категорија која може да се сознае со проучувањето на историските настани, туку државноста вклучува, од најраните времиња, и идеи и теории за граѓанската состојба, кои имале силно повратно влијание врз државата во емпириска, практична смисла.

Социолошки/антрополошки пристап- Социолозите и антрополозите ја сфаќаат државата како начин на организирање на

општеството на еден повисок степен на социјален, и пред се, економски развој. Државата е подвид на власта, облик во кој луѓето во одреден момент го организираат своето заедничко постоење. Тука спаѓаат теориите на Маркс, Диркхајм, Диги, Вебер и Макајвер. Социолошкиот пристап ги акцентира економските и социјалните предуслови на државите, видовите држави и причините за нивно настанување и факторите кои придонесуваат за респонсивноста и трајноста на државите.

Политички пристап- Политичкиот пристап е нагласено емпириски. Тој почнува со бихевиористичката

револуција предизвикана од трудовите на некои автори, како што е Дејвид Истон, на почетокот на педесеттите години на XX век. Најопшто, според овој пристап, државата се смета за специјализирана агенција која настанува за да извршува одредени функции во една понапредна фаза на модернизацијата. Тука спаѓаат разни теории, меѓу кои најпознати се плурализмот и неоплурализмот, елитистичката теорија, корпоративизмот и неокорпоративизмот, разни неомарксистички и политичко-економски теории, особено теоријата за јавен избор.

o Плуралистичките и неоплуралистичките теории сметаат дека ,,општеството е составено од групи, а државата е синоним со власта, која е мета или локација на активностите на интересните групи или групите за притисок”. Моќта и власта во целина се насочени кон алокација на ресурсите во услови

Page 13: ВВП скрипта

на компетентен пазар. Повеќето плуралисти како Дал и Шампитер, во своите сфаќања за државата, вградуваат и одредена теорија за демократија.

o Раните елитистички теории (како оние на Моска, Михелс и Парето) тврдат дека во сите општества и консеквентно, држави, доминираат ,,тенки” малцинства, наречени елити. Поновите елитистички теории зборувајќи за ,,демократски елитизам”, се обидуваат да ги интегрираат плурализмот и елитизмот. За елитистите, клучен фактор во објаснувањето и категоризацијата на државите се природата, потеклото, селекцијата, единството и разновидноста на елитите.

o Корпоративистичките теории се карактеризираат со тврдењето за поограничен број на групи кои се натпреваруваат за власта, за природата на тие групи и за нивниот статус во однос на власта.

o Во марксистичките сфаќања, државата е средство за заштита на класниот интерес, приватната сопственост и акумулација на капиталот. Таа е инструмент на принуда преку кој се остваруваат интересите на буржоазијата, историска каегорија што ќе исчезне по револузијата кога на нејзино место ќе настапи диктатурата на пролетеријатот, како преодна фаза кон комунизмот.

o Според економските теории, во кои спаѓа и теоријата на јавен избор, државата настанува поради рационалниот, егоистичен избор на поединецот. Секој поединец се стреми кон минимизирање на трошоците и максимизирање на добивката, па негова проценка е дека се корисни одредени колективни аранжмани, во кои спаѓа и државата поради обезбедувањето на правото, поредокот и одбраната.

- Според Винсент, разните пристапи што произлегуваат од политикологијата, имаат две основни слабости. Прво, тие не расправаат за нормативните прашања околу државата, туку само ги објаснуваат и ги опишуваат државите без да го постават прашањето што е и што би требало да биде државата. Второ, тие забораваат дека реалноста на државата е тесно поврзана со нормативните вредности и концепции за природата на човекот.

- Правниот, историскиот, социолошко/антрополошкиот и политиколошкиот пристап се дескриптивно/експликативни.

Филозофско/нормативен пристап- За разлика од претходните, филозофско/нормативниот пристап, кој доминира во

класичната политичка мисла, се обидува да даде одговор не само за природата на постојната држава, туку и да изгради концепција каква треба да биде државата,

Page 14: ВВП скрипта

најдобриот или најправедниот поредок, поаѓајќи од одредени сфаќања за поединецот и за општеството. Тој не е само дескриптивен и експликативен, туку и евалутивен и прескриптивен. Во овој пристап спаѓаат: апсолутизмот, конституционализмот, етичката и плуралистичките теории за државата.

o Апсолутизмот смета дека државата е (и треба да биде) отелотворена во една, апсолутно суверена личност, монархот. Легитимитетот на кралот е од религиозен карактер, а тој е сопственик накралството. Апсолутистичкото сфаќање на државата е застапено особено кај Хобс и Боден. Во практиката, апсолутната монархија во Франција во XVI-тиот век е најблиску до остварување на ваквите теоретски сфаќања за државата.

o Корените на конституционализмот се во римското право преку средновековна Европа, за да кон крајот на XIX-тиот век идејата на конституционализмот нераскинливо да се сврзе за идејата на либералната демократија. Конституционализмот, државата ја анализира претежно преку целите, средствата и границите на државната власт, како постојните така и пожелните (нормативните). Според Винсент, основната слабост на конституционализмот е, парадоксално, неговиот огромен успех.

o Етичката теорија настанува уште во грчкиот полис, а оформен израз добива во германската идеалистичка филозофија. Државата не е случајна појава, туку се развива од внатрешната природа на луѓето како рационални суштества. Државата е насочена кон максимален етички саморазвој и позитивна слобода на граѓаните.

o Нормативистичките плуралистички теории ја перцепираат државата како синтеза на полунезависни групи. Државата е збир од такви групи, таа е целина во која се одвиваат активностите на различни групи. Како поширока целина, државата ги обезбедува индивидуалните и колективните права и го регулира меѓусебното комуницирање и коегзистенција на групите. Државата не е суверена, бидејќи е составена од колективитети.

Современа содржинско-хронолошка класификација на теориите за државата

Најдобрата содржинско-хронолошка класификација на теориите на државата е:- Предмодерни;- Модерни;- Постмодерни;

Page 15: ВВП скрипта

- Современи.

Предмодерни теории за државата- Ова се теории чиј развој е во Стариот и Средниот век и покрај многубројните

разлики, сепак имаат една заедничка карактеристика – тие се спекулативни и идеалистички и претежно прекриптивни, не дескриптивни.

o Етичките теории за државата доминирале во античкиот период. Овие теории ја сфаќале државата како средство за остварување на одредени морални, а не материјални, практични вредности. Најдобар пример за тоа е Платоновата теорија за државата, според која државата е еден вид на воспитна установа, средина во којашто луѓето се ушат да живеат во склад со духовните и моралните вредности.

o Теолошката теорија за државата доминирала во Средниот век и таа ја објаснува државата како творба на Бог и дека луѓето мора да живеат во покорност и пасивност кон државата, бидејќи тоа е начин да му се приближат на Бога и да си обезбедат спасение на оној свет.

o Патријархалната теорија за државата прави споредба меѓу семејството и државата. Во секоја заедница мора да постои еден којшто наредува и контролира. Во семејството тоа е таткото, а во државата владетелот. Државата настанува со проширување на семејството. Оваа теорија се појавила во антиката, но подем доживеала во Средниот век.

o Патримонијалната теорија државата ја објаснува како сопственост на владетелот. Тој е сопственик на државата и со неа може да располага исто како што се располага со приватен имот. Не постои разлика меѓу јавно и приватно добро, територијата, населението и финансиите се негова лична сопственост. Оваа теорија била актуелна во Средниот век.

o Биолошко-органската теорија претставува споредба меѓу законитостите во природата и државата – државата е природна творба, таа е резултат на природен развој.

o Според теоријата на сила, нееднаквостите меѓу луѓето доведуваат до состојби на победници и поразени, а државата е резултат на напорот на победниците да ја сочуваат својата победа.

o Органската теорија, во форма на разни конзервативни теории за државата продолжила да се развива и имала влијание и во модерниот период.

Модерни теории за државата

Page 16: ВВП скрипта

o Историско-материјалистичка теорија, според која државата е орудие на владеачката класа, со цел експлоатација на пролетеријатот.

o Разните социолошко-историски теории кои државата ја сметаат за органска или историска творба.

o Психолошката теорија која смета дека некои луѓе се преодредени да владеат, а некои да бидат владеани.

o Расистичко-фашистички теории за државата.o Најзначајна теорија во модерниот период е договорната теорија за

државата, чии зачетоци се во антиката, но својата кулминација ја достигнува во модерното време. Нејзини најзначајни претставници се Томас Хобс, Џон Лок, Жан Жак Русо. Според договорната теорија, постоела природна состојба пред настанокот на државата, но од различни причини, но сепак најмногу заради подобар живот и зачувување на своите природни права, луѓето склучуваат т.н. општествен договор и со тоа природната состојба преминува во граѓанска (државна) состојба. Државата е средство за остварување на одредени рационални (не етички и сл.) интереси и права. Таа е творба на луѓето со цел да го олесни и подобри нивниот живот, наместо анархија и хаос да постои мир, ред и благосостојба. Во државата и владетелот и народот имаат взаемни права и обврски коишто се должни да ги почитуваат и доколку која било страна од договорот не ги исполнува своите обврски, следат санкции. Договорната теорија пресудно влијаела на настанокот и физиономијата на модерната држава. Таа се дели на две варијанти: апсолутистична (Томас Хобс) и конституционалистичка (Џон Лок).

СВОЈСТВА НА ДРЖАВИТЕ (СОВРЕМЕНИ СФАЌАЊА)

Вовед

Според лаконските автори, белези на државата се територијата, населението и власта.

Заедничка и вечна листа на својствата на државата зависи од таа можност за еден единствен поим на државата, па во врска со тоа најприфатливи се оние сфаќања коишто сметаат дека постојат три типа на политичко-територијална организација – пред XVI век, XVI-XX век и XXI век.

Во поглед на модерната држава (XVI-XX век), најприфатливо е размислувањето на Ендрју Винсент за својствата на државата, според кој, емпириски, современата

Page 17: ВВП скрипта

држава(онаа која постоела во последните децении на XX век) има неколку (формални) карактеристики:

- Територија и население;- Власт врз поединците и групиите на таа територија и посеопфатни цели од кое

било друго здружение;- Таа власт има правен карактер;- Максимална контрола на ресурсите и монопол на физичка принуда, меѓутоа

современата држава не се потпира исклучително врз принудата, туку се труди да стекне и прифаќање и признавање од своите граѓани (легитимитет);

- Суверенитет во внатрешна и надворешна смисла;- Државата е постојана јавна власт која е различна и за владејачите и за оние со

кои се владее.

Територија и население

Во поглед на територијата и населението, анализата се врши преку следниве аспекти:

- Историско и актуелно значење;- Квантитативни својства;- Квалитативни својства.

Власта како својство на државата

Феноменот на (политичката) власт е основниот проблем со чија анализа се занимава политичката мисла низ целата своја историја (а исто така за овој проблем постои интерес кај и правните науки). И покрај разликите меѓу мноштвото од теории за власта, сите тие се обидуваат да дадат одговор на следниве прашања:

- Потеклото на власта (натприродно, природно, социјално);- Суштината и целите кои се остваруваат со власта;- Изворите и средствата на власта;- Положбата на власта во општеството и нејзините постојни и/или пожелни

граници;- Начините на организирање и функционирање на власта. Објаснувањето на феноменот на власта најчесто се врши не изолирано, туку во

контекст со анализата на поврзаните, но не и идентични категории – моќ, авторитет, легитимитет и суверенитет.

Page 18: ВВП скрипта

Терминот моќ во современата политичка наука прв го вовел Томас Хобс во своето дело De cive (За граѓанинот). Тој извршил спојување на двете можни значења на моќта (физичко и политичко) во едно, со тоа што кон природните способности, како извор на моќта, тој ја додал и т.н. инструментална способност (богатство, пријатели и углед). Според Хобс, најголемата моќ е моќта на државата или обединетата моќ на најголем број луѓе. Суштината на државната власт не е во умот, туку во наредбата и наметнувањето волјата, така што наметнувањето на волјата од страна на еден субјект кон друг е суштина на политиката.

Најчесто цитирана дефиниција за моќта е онаа на германскиот теоретичар Макс Вебер: моќ претставува можност и секоја шанса, без оглед на спротиставувањето, во некој општествен однос да се спроведе сопствената волја, независно од тоа врз што почива таквата шанса. Според Вебер, суштината на моќта е во наметнувањето на волјата на едно лице, група или организација на друг субјект. Друга важна одлика на моќта е нејзината потенцијалност.

Покрај политичката постојат разни видови моќ – физичка, интелектуална, духовна, економска, воена, со тоа што политичката моќ како свои претпоставки или компоненти ги има сите или некои од овие видови моќ. Во врска со изворите на моќта најприфатливо е сфаќањето на Џон Галбрајт според кои основни извори на моќта во современи услови се: личноста, сопственоста (вклучувајќи го и расположливиот доход) и организацијата.

Личноста- Личноста – која во современи услови се нарекува водство – е квалитет од физички,

умствени, вербални, морални и други одлики на единката кои и отвораат пристап кон еден или повеќе од инструментите на моќ.

Сопственоста- Сопственоста или богатството содржи определен аспект на авторите во смисла на

гаранција за целта, и тоа може да предизвика условено покорување. Сепак, нејзината примарна врска е со надоместувачката моќ.

Организацијата- Организацијата е најзначајниот извор на моќ во современите општества.

Општоприфатено правило е дека кога некој бара делување на моќта потребна му е организација.

Но, од времето на Макс Вебер се појавува нов, четврт и исклучително значаен извор на моќ – знаењето и информациите. Според Вебер, тој делумно се преклопува со првиот извор на моќ (личноста), но во современи услови има своја посебна егзистенција.

Покрај класичните средства – заповед и наредба, во денешни услови пораспространети се разните индиректни инструменти на моќта, како што се

Page 19: ВВП скрипта

манипулацијата или контролата, психичката принуда и формирањето на јавно мислење.

Трите инструменти на дејството на моќта се: изнудена, надоместувачка и условена моќ.

Изнудена моќ- Изнудената моќ функционира преку способноста да им се наметне алтернатива на

желбите на некоја единка или група, која е недоволно пријатна или болна, така што тие желби ќе бидат напуштени. Таа стекнува покорност со предизвикување соодветно непријатни последици или со закана со нив.

Надоместувачка моќ- За разлика од изнудената, надоместувачката моќ стекнува покрност нудејќи

афирмативна награда – на единката која се покорува и се дава нешто вредно. o Заедничка карактеристика на изнудената и надоместувачката моќ е тоа што

покорената единка е свесна за своето покорување – во првиот случај дека е приморана, а во вториот дека тоа го прави за награда.

Условена моќ- Условената моќ дејствува преку промена на уверувањето. Убедувањето,

образованието или општествениот ангажман за што се чини природно, добро и првично ја тера единката да се покори на волјата на друг или други.

Политичката власт може да се дефинира како интитуционализирана моќ или способност ефикасно да се предизвика поттчинување на лицата или со убедување или со сила (принуда).

Кај многу теоретичари, кои припаѓаат на различни правци, преовладува ставот дека една од суштествените особености на политичката власт е монополозацијата на физичката принуда како средство за постигнување на определени цели.

Сфаќањата за потеклото и причините за настанокот на власта може да се групираат во три категории:

- Натприродно потекло на власта (на пр. Бог);- Природно потекло (постоењето на власта е условено со определени општи

законитости на целокипната објективна стварност, независно од свеста и волјата на луѓето);

- И социјално сфаќање (власта како последица на определени потреби на заедничкиот живот на луѓето, како нивна повеќе или помалку свесна и волева творба, создадена заради постигнување на одредени цели).

Проблемот на целите заради чие остварување постои власта во општеството е најразлично елабориран:

Page 20: ВВП скрипта

- Платоновите сфаќања (целите имаат етички карактер – власта идржавата како средство за обезбедување на заеднички живот на луѓето во согласнот со моралните вредности);

- Марксизмот (власта како средство за обезбедување на сопственоста и класната доминација во целина);

- Современите политолошки теории (целта на постоењето на политичката власт ја наоѓаат во овозможувањето на фукнционирањето на општеството како сложен и хетероген систем, преку обезбедување на вредности како мир, поредок, определен степен на слобода и еднаквост и минимум материјална благосостојба).

Легалитет, легитимитет и суверенитет

Власта најчесто се анализира преку постоењето (или отсуството) на квалитетот на три атрибути – ефикаснот, легалитет и легитимитет.

Ефикасноста (делотворноста) го означува степенот на контрола на власта врз определена територија и население или можноста, ако е потребно, по пат на сила да се изнуди одредено однесување на поединци и групи. Ефикасноста значи фактичка контрола и реално постоење на институциите на власта, не нивно постоење само на хартија, во правните правила и акти.

На ефикасноста во одреден момент нужно се надоврзува одреден степен на легализација или нејзино функционирање според однапред утврдени правила (норми). Правното обликување на политичката власт значи нејзино ограничување и контрола од страна на граѓаните.

Легитимитетот се однесува не само на формално-правното регулирање на власта, туку ја изразува оправданоста на политичката власт, односно оправданоста на владеењето на човек врз човек и изворот на политичката обврска на членовите на една заедница. Тука се работи за основот и степенот на прифаќање на власта од страна на членовите на една политичка заедница. Во поглед на изворот или начелата, на легитимитетот се наведуваат волјата, природата и историјата. Според Вебер, во историјата се познати три вида извори на легитимитетот – традиционалниот, харизматскиот и рационалниот (легалниот). Во антиката и во Средниот век, најзначајни извори на легитимитетот т.е. на доброволното прифаќање на власта од поданиците биле религијата и традицијата. Во современи услови доминира рационалниот тип на легитимитет – прифаќање на одлуките на власта од страна на граѓаните врз основа на свеста за промоција на личниот или колективниот интерес.

Page 21: ВВП скрипта

Есенцијални карактеристики на политичката (државната) власт се нејзината сеопфатност и сувереност во однос на сите други можни облици на власт во општеството. Суверенитетот означува дека државната (политичката) власт е врховна, највисока власт на одредена територија т.е. во определена политичка заедница. Според класичното сфаќање за суверенитетот на власта, кое речиси целосно му го должиме на францускиот мислител Жан Боден, сувереноста е врховна власт над граѓаните и поданиците која е ослободена од обврската за покорување на законот. Таа е постојана, непренослива, неотуѓива, неделива и правно неограничена власт.

Правната наука денес ја дефинира сувереноста како независноста на државната власт во однос на други држави, како супрематија на државната власт во однос на населението и на сите општествени и политички фактори на својата територија и како правна неограниченост на државната власт. Нејзини најзначајни формални својства се единственоста и неделивоста. Од аналитички причини, правната и политичката наука го разложуваат поимот на суверенитет на суверенитет во правна и фактичка смисла од една, и суверенитет во внатрешна и меѓународна смисла, од друга страна.

ТИПОЛОГИИ НА ДРЖАВИТЕ

Државите може да се класифицираат според најразлични критериуми:- Големина (микро, мали, средни и големи држави);- Географска местоположба;- Реална политичка, економска и воена моќ (суперсили, силни, средно силни и

слаби држави);- Времето на настанување и долготрајноста на постоењето (стари, модерни и

новонастанати држави);- Според степенот на реален суверенитет (нормални држави, де факто

протекторати, полупротекторати и протекторати);- Според видот на односот кон нив од страна на другите држави (општо признати,

делумно признати и речиси непризнати држави);- Според односот на различните нивоа на институции на власта (унитарни, делумно

унитарни, држави во процес на федерализација, федерации, секторски федерации, конфедерации итн.);

- Според правно-политичкиот статус и начинот на којшто доаѓа на власт шефот на државата (монархии и републики);

Page 22: ВВП скрипта

- Според односот на власт и граѓаните (демократски и недемократски).

ОБЛИЦИ НА ВЛАДЕЕЊЕ (УПРАВУВАЊЕ)

Поим на шеф на држава

Обликот на (управување) владеење се определува според начинот на стапување во функција и според правно-политичкиот статус на шефот на државата. Во минатото, шефот на државата често бил врховен (суверен) орган на државната власт. Таква е улогата на монархот во апсолутните (неограничени) монархии. Но, во современиот свет, шефот на државата е орган со значајни овластувања, но не е носител на врховната, правно неограничена власт, која му припаѓа, во начело, на уставотворното и/или на законодавното тело.

Според начинот на кој шефот на државата доаѓа на оваа функција и според неговиот правно-политички статус, државите се делат на монархии и републики.

Според начинот на организација, шефот на државата може да биде индивидуален, инокосен орган (оваа функција ја извршува поединец) или колективен орган (претседателство, президиум и сл.).

Шефот на државата е носител на многубројни и разновидни овластувања на внатрешен и надворешен план.

- На внатрешен план тој врши прогласување на законите (промулгација), го доделува мандатот за состав на влада, именува или учествува во именувањето на високи државни функционери, почесно или фактички раководи со вооружените сили, доделува одликувања, дава амнестија и помилување.

- На меѓународен план, шефот на државата ја претставува земјата во меѓународните односи, учествува во креирањето и спроведувањето на надворешната политика, именува амбасадори и други претставници во странство, склучува некои меѓународни договори и ги прима акредитивните писма на странските дипломати.

Монархија

Поим Монархија е облик на владеење чии основни обележја се:- шефот на државата е физичко лице, поединец;

Page 23: ВВП скрипта

- наследност; Монархот доаѓа на власт по наследен пат и по правило тој останува на власт доживотно (има исклучоци кога тој доаѓа на власт по пат на избор или насилен пат – доаѓање на власт на нова династија);

- посебни привилегии; Тој има посебни привилегии по кои се разликува од останатите граѓани и тие се неразделно поврзани со самата негова личност и статус.

- неодговорност; Иако е должен да ги почитува правните прописи, за монархот постојат различни санкции за непочитување на истите, за разлика од останатите граѓани. Меѓутоа, тој како политички субјект потпаѓа под други видови на одговорност, пред се, политичката и моралната.

Видови монархии Врз основа на фактот дали целата власт во државата е сосредоточена во рацете на

монархот, или тој е само еден од органите на власта, монархиите се делат на неограничени и ограничени:

- Основно обележје на неограничената монархија е тоа што монархот, истовремено е и шеф на државата и највисок (суверен) орган на државната власт. Тој е највисок законодавен, управен и судски орган. Не постои устав како највисок правен акт, донесен од страна на посебно тело, со кој се утврдуваат и, на тој начин, се ограничуваат овластувањата на монархот. Тој самостојно ги донесува највисоките правни акти или во ретки случаи, владее без претходно донесување на правни прописи. Истовремено, тој е највисокиот судски и управен орган, во чие извршување му помагаат пониски органи што самиот ги именува и целосно му се потчинети. Меѓутоа, и покрај формално-правната неограниченост, монархот сепак е зависен од поддршката на доминантните социјални групи (феудалците, светштенството и третиот сталеж) за чии интереси мора да води сметка при извршување на власта.

- Основно обележје на ограничените монархии е постоењето на основен и највисок правен акт, устав, кој се донесува од посебен орган и со кој се ограничува власта на монархот. Тој и понатаму е шеф на државата, меѓутоа не е единствен или највисок орган на политичката власт. Постојат повеќе класификации на ограничени монархии, но најпозната е нивната поделба на парламентарни и непарламентарни.

Монархијата во современиот свет- Денес, во светот, монархиски облик на владеење имаат околу четириесетина

земји. Иако постојат исклучителни состојби на реставрација на монархијата (преминот на пост-франкистичка Шпанија од република во парламентарна монархија) сепак, републиката е преовладувачки облик на владеење. Во високоразвиените земји кои го задржале монархискиот облик на владеење:

Page 24: ВВП скрипта

Велика Британија, Холандија, Белгија, Шведска и Јапонија, улогата на монархот е главно од симболично-репрезентативна природа. Тој владее, но не управува. Само во неколку современи монархии како Саудиска Арабија и Брунеи, монархот е политичка фигура во земјата со речиси неограничена политичка власт.

Република

Еволуција на правно-политичката мисла за републиканскиот облик- Зборот република е изведен од латинскиот збор res publica и означува општа,

јавна работа или општо добро. Републиканскиот концепт е присутен во анализите на повеќе значајни мислители во различни епохи: Цицерон, Макијавели, Монтескје и американсите федералисти.

Историски развој на републиканскиот облик на владеење- Иако типичен облик на владеење во Стариот и Средниот век е монархијата, сепак

го среќаваме и републиканскиот облик на владеење. Примери се римската држава во одредена фаза на развојот и средоземните приморско-трговски градови. Клучни моменти се освојувањето на независноста и содавањето на САД и Француската буржоаска револуција во 1789 година, по што републиканскиот облик на владеење започнува полека да се распространува за сметка на монахискиот. Во XX век, републиката е дефинитивно преовладувачки облик на владеење.

Поимот на републиканскиот облик на владеење во современи услови Републиката претставува облик на владеење во кој шефот на државата може да

биде индивидуален или колективен орган. Таа се одликува со:- изборност; Претседаделот на републиката се избира на функција за определен

временски период. Постојат повеќе начини за избор на претседателот – избор од страна на народот по пат на непосредни или општи избори, избор од страна на законодавно тело и избор од страна на специјално, само за таа прилика контитуирано тело. Тој се избира за време од четири, пет или седум години.

- одговорност; Претседателот на републиката е политички и правно одговорен за извршувањето на својата функција. Оваа функција, тој ја извршува во рамките и врз основа на овластувањата предвидени со уставот и законите. Претседателот нема никакви лични привилегии и не е ослободен од општата обврска на сите граѓани за почитување на правните прописи. Единствената особеност на неговата правна положба може да се состои во тоа што во некои држави тој е подложен на посебни прописи во поглед на кривичната одговорност (тој може да одговара само за одреден вид на кривични дела за кои му суди специјален суд во посебна

Page 25: ВВП скрипта

постапка). Политичката одговорност на претседателот, ја согледуваме преку тоа дека во некои земји тој може да биде сменет од функција и пред истекот на мандатот.

- вид и обем на надлежност; Кај републиканскиот облик на владеење, постои разлика меѓу носителот на функцијата шеф на државата и највисокиот (суверен) орган во државта. Донесувањето на уставот и законите е во надлежност на парламентот (законодавното тело). Претседателот не ги потврдува (санкционира) законите. Тој може да има право на законодавна иницијатива, право на прогласување на законите и право на суспензивно вето со кое само се одложува донесувањето на законот.

Видови на републики Според начинот на избор на претседателот и обемот на неговите овластувања,

републиките можат да се поделат на претседателска (президентска), парламентарна и собраниска.

- Во претседателската република шефот на државата е истовремено и претседател на владата и самостојно ги именува министрите кои за својата работа му се одговорни нему. Доаѓа на фукнцијата по пат на избор од страна на народот, или пак, како што е случај во САД, народот избира посебно тело (електори) што го избира претседателот. Овластувањата на претседателот се широки. Тој има право на суспензивно вето во однос на актите донесени од страна на законодавното тело. Тој, исто така, именува и вршители на низа значајни фукнции, вклучувајќи ги и највисоките судски функции. Значи, во претседателската република постои силен претседател, кој мандатот го добива непосредно од народот и имаизразена поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Примери за претседателска република се: САД, Мексико и Бразил.

- Во парламентарната република најзначаен државен орган е парламентот. Парламентот го избира претседателот на републиката. Функциите шеф на државата и претседател на владата не се обединети во една личност. Претседателот на републиката го доделува мандатот за состав на владата на личноста, т.е. политичката партија која го освоила мнозинството во парламентот. Владата му одговара за својата работа на парламентот, а не на претседателот. Во парламентарната република, претседателот не е толку значајна фигура како оној во претседателската република. Примери за парламентарни републики се: Германија, Австрија, Италија и др.

- Во собраниската република е изразена надмоќта на Собранието во однос на сите други органи, па и во однос на шефот на државата. Владата и управата се должни во својата работа строго да се придржуваат кон насоките дадени од страна на

Page 26: ВВП скрипта

собранието. Функцијата претседател на републиката ја врши еден од министрите на владата, напоредно со својата министерска должност. Најзначајна компонента на функцијата на претседателот на републиката е претставувањето на државата во меѓународните односи. Пример за собраниска република е Швајцарија.

ОБЛИЦИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

Поим

Под облик на државно уредување се подразбира административно-територијално уредување на државата, односно, организација на државата зависно од односите меѓу централните и нецентралните, локалните органи на државата. Всушност, се работи за распределба на моќта и овластувањата меѓу институциите надлежни за одредена територија.

Централни органи на власт во државата се секогааш оние органи чија власт се простира на целата територија на државата. Тоа се во прв ред законодавниот орган на државата, шеф на државата, владата, највисоките органи на државната управа, највисоките судски органи во државата и др.

Нецентрални органи или локални се оние органи чија власт се простира само на делови на државната територија или некаде, само на одредени лица. Локални се органите на некоја покраина, околија, општина или комуна, односно, нивното постоење е во зависност од начинот на извршената територијална поделба на одредената држава.

Централните државни органи ја оценуваат само уставноста и законитоста на работата на пониските органи, но не и целесобразноста.

Сите држави, според обликот на државното уредување, може да се поделат на две основни групи: унитарна (единствена) држава и сложена држава.

Унитарна (единствена) држава

Поим и својства Единствена или унитарна држава е онаа држава во која само централните органи

го имаат својството на суверени органи на целата територија. Тоа се главно држави составени од една нација, или барем големото мнозинство од населението е еднонационално, но сепак постојат исклучоци, кога на една територија живеат повеќе етнички заедници или национални малцинства.

Page 27: ВВП скрипта

Унитарна е државата во која власта, по правило, централистички е организирана и е составена од административно-територијални единици.

Централните органи се носители на законодавната, извршната и судската власт. Најзначајно обележје на унитарната држава, претставува монополот кој го уживаат

централните органи во поглед на уставотворната, законодавната и судската фукнција, така што учеството на нецентралните органи во основа е сведено на извршната функција. Унитарниот облик на владеење преовладува во современиот свет.

За подобро и поефикасно остварување на државната власт, унитарната држава е поделена на повеќе административно-територијални единици кои можат да уживаат локална самоуправа или дури и да им биде признат определен вид на автономија.

Во унитарно уредената држава, покрај начелото на централизам, може да биде применето и начелото на децентрализација.

Унитарната држава, главно ги има следните својства:- обликот на уредување претпоставува општи и за целата територија на државата

единствени законодавно-претставнички, извршни и судски органи кои го остваруваат управувањето и раководењето со соодветните пониски и потчинети органи;

- на нејзината територија важи еден устав, дејствува еден единствен законодавен орган и за граѓаните постои само едно државјанство;

- составните делови како што се општините, областите, департманите, окрузите, грофовиите, регионите и други, немаат државен суверенитет. Тие немаат законодавен орган или некои други атрибути на државност;

- по правило, постои едно законодавно тело, кое може да биде еднодомно или дводомно;

- на одделни делови на својата територија може да дозволи организирање на релативно висок степен на децентрализација и самостојност;

- целокупната надворешна политика ја остваруваат централните државни органи кои, на меѓународен план, официјално ја претставуваат државата;

- дејствува единствен судски систем кој правосудната функција ја остварува на територијата на целата држава;

- има единствени вооружени сили со кои раководат централните органи на државната власт.

Врз основа на степенот на сосредоточеноста на власта во централните органи, унитарната држава може да биде централизирана и децентрализирана.

Централизирана унитарна држава

Page 28: ВВП скрипта

Централизираната унитарна држава се јавува како строго или умерено централизирана.

- Строго централизираната унитарна држава ретко се среќава во практиката. Целосна или потполна централизација имаме кога власта исклучително им припаѓа на централните државни органи. Во таков случај пониските органи имаат само извршна функција, без речиси никаква самостојност во одлучувањето. Начелото на концентрација на државната власт во централните органи е максимално применето. Во современи услови и при големи територијални пространства и мултиплицираност, овој вид на централизирана држава е повеќе теоретска можност, отколку стварност што може да се воспостави. Во минатото таков облик постоел во рамките на апсолутните монархии, или во самодржавието во царска Русија.

- Помалку или умерено централизирана унитарна држава постои кога се спроведува сразмерно умерена централизација и каде што функцијата на државна власт ја извршуваат и централните и нецентралните државни органи. Кај ваквиот облик на унитарна држава, постојат два вида на органи – централни и нецентрални (регионални и/или локални). Меѓутоа, ни во овој случај не може да се зборува за некоја поголема самостојност на пониските државни органи. Тие и тука им се целосно подредени на централните државни органи, но се јавуваат во улога на застапници на истите. Централните органи ги определуваат функциите, надлежностите на сите останати државни органи и, истовремено, извршуваат надзор и над нивната работа, како во поглед на уставноста и законитоста, така и во однос на целесобразноста. Заклучокот е дека тука фактички не се работи за децентрализација, туку за декохцентрација, односно пренесување извесен број надлежности од делокругот на централните државни органи на извршување од страна на нецентралните.

Децентрализирана унитарна држава Децентрализацијата значи пренесување на одредени надлежности од централните

на регионалните и локалните органи и/или на недржавни субјекти од локален или регионален карактер (територијална децентрализација).

Во рамките на законот, локалните и регионалните органи имаат право на донесување на правни акти, врз чија законитост имаат надзор централните државни органи.

Во децентрализираната унитарна држава централните органи немаат право да ја оценуваат целесобразноста на актите на нецентралните органи. Односите меѓу овие два вида на органи се уредени со устав и закон и, во овие рамки,

Page 29: ВВП скрипта

нецентралните органи самостојно си ги извршуваат определените функции на власт.

Постојат повеќе облици на децентрализирани унитарни држави, од кои најпознати се европско-континенталниот и англискиот вид на децентрализација.

- Според европско-континенталниот вид на децентрализација постојат два типа на нецентрални органи: едни кои се непосредно државни органи и кои извршуваат државни работи и други органи кои се од локален карактер и во чија надлежност влегуваат работи од помало значење. За овој вид на децентрализација се употребува и изразот систем на ,,двоен колосек” кој, особено се сретнува во Франција и во Италија.

- Во англискиот вид на децентрализација не постои двојство на државни органи. Тука постои единствен систем на нецентрални државни органи во чии рамки се извршуваат и државните работи пренесени во нивна надлежност и оние од локален интерес со таа разлика што првиот вид надлежности ги извршуваат како пренесени и доверени задачи, а вториот вид се смета како сопствена, изворна надлежност.

Локална самоуправа Локалната самоуправа, исто така претставува еден вид на децентрализација на

унитарната држава. Локалната самоуправа означува постоење на локални органи кои не се назначени

од централните органи, туку непосредно се избрани од граѓаните на одредена територијална единица.

Локалните органи извршуваат работи од исклучително локален интерес, или пак, имаат и пренесена надлежност од централните државни органи. Најчесто локалните органи имаат претставнички белег (граѓаните избираат свои претставници), а само во некои земји (на пр. Швајцарија), се задржале одредени облици на непосредна локална демократија: собранија на сите полнолетни граѓани. Покрај локалното претставничко тело, постојат и извршни органи, функционери и службеници.

Централните органи вршат влијание врз работењето на локалните, меѓутоа, само како еден вид надзор на законитоста на работата и на донесените правни акти (управен и судски надзор), но не и надзор на целесобразноста на таквите акти.

Еден од факторите кој позитивно влијае врз положбата на органите на локалната самоуправа е постоењето на финансиска автономија од центарот (располагање со сопствени приходи).

Според Ханс Келзен, локалната самоуправа претставува релативно совршена децентрализација, додека Лукиќ ја нарекува демократска децентрализација. Во

Page 30: ВВП скрипта

теоријата преовладува мислењето дека локалната самоуправа претставува комбинација од идејата за децентрализација и на идејата за демократија.

Во рамките на локалната самоуправа, при извршувањето на власта, задолжително улествуваат граѓаните, и тоа непосредно и посредно.

- Непосредното учество на граѓаните во извршувањето на власта се остварува преку: покренување граѓанска иницијатива, собири на граѓаните и референдум.

- Посредното учество се искажува преку изборот на органите на единицата на локална самоуправа: совет на единицата, градоначалник, управни и административни органи, главен архитект на градот.

Во однос на организациската поставеност, локалната самоуправа може да биде едностепена, двостепена, па дури и тристепена. На пр. Во Р.Македонија, локалната управа е едностепена (општина), додека исклучок е градот Скопје. Општината е најниската единица на локална самоуправа. Повисоки рамништа се околиите, окрузите, департманите и др. (на пр. во Англија локалната управа е тристепена).

Македонија пред донесувањто на законите за локална самоуправа и територијална поделба беше централизирана држава, за да со донесувањето на овие закони нагло премине во држава со висок степен на децентрализација.

Постојат уште два облика на локална самоорганизација и одлучување кои го надминуваат вообичаениот концепт на обична децентрализацијаи локална самоуправа и се доближуваат до структурните елементи на федералната држава. Тоа се територијално-политичката автономија и регионалната автономија (регионалната држава).

Територијално-политичка автономија Етимолошки, поимот автономија е сложен збор, составен од грчките зборови

автос (сам) и номос (закон, правило). Оттука, статусот на територијално-политичката автономија означува право на определен колективитет сам да донесува определени правни акти и, поретко, закони, на тој начин регулирајќи ги односите во сопствената средина.

Територијално-политичката автономија, чиј модерен подвид се регионите, претставува еден од модалитетите преку кои државите, пред се поголемите по територија, се обидуваат да ги артикулираат етничките, јазичните, верските, географско-територијалните, културно-историските и стопанските особености на одредени колективитети, без со тоа да се доведе во прашање унитарниот карактер на државата.

Автономните територијални единици се означуваат со различни називи – покраини, области, окрузи, региони итн.

Page 31: ВВП скрипта

Најзначајни својства на ваквите единици се:- територијалната автономија се предвидува со уставот, со акти од уставен

карактер или со закон; значи е изведена, а не изворна категорија;- автономијата најчесто се манифестира преку самостојноста во правосоздавањето

и извршувањето на правните акти. Автономните единици имаат право на донесување на закони и други акти со кои се уредуваат односите во локалната средина. Овие акти мора да се во согласност со уставот и законите на централната власт;

- автономијата не се однесува на судската и уставно-судската функција;- автономните единици, по правило, не се непосредно претставени во органите на

централна власт. Значи, територијално-политичката автономија се појавува како посебен вид на

децентрализирана унитарна или сложена држава. Кај овој вид автономија, станува збор за надлежности од посебно политичко значење и затоа овој вид автономија се наоѓа некаде меѓу локалната самоуправа и федеративната единица во сложената држава.

Територијално-политичката автономија од локалната самоуправа се разлику по големината на територијата и опфатот на населението. Таа обично зафаќа поголем простор и поголем број на население од локалната самоуправа. Меѓутоа, уште позначајно е тоа што за разлика од локалната самоуправа има поголема самостојност/автономност во однос на централните државни органи.

По правило, највисок акт на самоорганизација на автономната единица е статутот, кој може да го донесе сама (нејзиниот највисок претставнички орган) или врз основа на негово потврдување од централните државни органи, што е почест случај.

Автономните единици ретко се претставени во органите на централната власт (пр. за ова денес постои во Италија и Шпанија, а во минатото во СССР и СФРЈ).

Една од значајните разлики меѓу политишката автономија и федералната единица е во тоа што во политичката автономија не постои уставна, судска а понекаде и законодавна власт, нема шеф на државата, самостојни вооружени сили, односно ги нема атрибутите на државност.

Надзорот на уставноста и законитоста во работењето на органите на политичката автономија во најголемиот број држави се остварува преку постоењето на одделни централни органи задолжени за тоа.

Регионална автономија

Page 32: ВВП скрипта

Етимолошки, поимот регионална автономија (поретко регионална држава) се темели врз поимите регион, регионализам, кои пак, водат потекло од латинскиот збор regio (област, подрачје во смисла на поголема површина).

Регионите, односно регионалната држава, денес постојат во составот на повеќе држави, на пример, Франција, Италија, Шпанија или Белгија, и тоа како единици на локална самоуправа од највисок, втор или трет степен.

Регионалната автономија, како облик на територијално-политичкото уредување на унитарната држава, за првпат се појавува за време и по Втората светска војна.

Во овие држави, статусот на регионалните претставници кои непосредно се претставени во горните домови на парламентите е онаа суштинска одлика со која регионите или регионалната држава, се разликуваат од класичните единици на локална самоуправа во унитарната држава.

Во регионалните држави, со самото тоа што регионите учествуваат во конституирањето на горните домови на парламентите, а со тоа и во извршувањето на централната власт, тие се приближуваат кон положбата на федералните единици во сложената држава.

Според д-р Живковиќ, регионалната држава претставува средно решение меѓу унитарно и федеративно владеење.

Како преоден облик, регионалната држава се обидува да ги наметне позитивните особини на унитарната и федеративната држава, истовремено отсранувајќи ги нивните слабости.

Во некои земји регионите имаат право на законодавна иницијатива и одреден степен на судска автономија.

Органи за управување на регионот се: регионално собрание или совет и регионален одбор или влада.

Во современа Европа, регионализмот понекогаш е средство за зачувување на стабилноста и благосостојбата на некои големи и одамна оформени држави, кои опфаќаат делови со вековна традиција на самоорганизирање и културна и стопанска особеност.

Сложена држава

Сложената држава може да се појави во два основни облика: федерација и конфедерација. Но, во современи услови постојат многу нови мешовити облици.

Федерација Поим и својства

Page 33: ВВП скрипта

- Терминот федерализам потекнува од латинскиот збор foedus (сојуз, врска, договор).

- Федерализмот означува здружување по пат на заемна согласност на неколку посебни заедници, без жртвување на нивниот дотогашен идентитет.

- Најзначајни причини за федеративно уредување на една држава се етничката, јазичната и/или верската хетерогеност, традиционалните и културно-историските фактори, географските особености и потребите на стопанството.

- Во поглед на начинот на настанување, федерациите може да се создадат со агрегација (спојување на две или повеќе дотогаш самостојни држави – Швајцарија и Германија) или деволуција, односно дезагрегација (преобразување на унитарна држава во федеративна – Австрија и Белгија).

- Секоја федерација со себе носи определен број особености, но за сите федерации може да се издвојат заеднички својства, според кои федерацијата се разликува од унитарната држава и од конфедерацијата:

o здружените држави и понатаму го зачувуваат својот општествен интегритет и идентитет и, истовремено, на ниво на федеративниот сојуз ги остваруваат оние интереси кои се заеднички и за другите членки. Федерацијата не претставува целост во административна и политичко-правна смисла;

o во територијално-персонална смисла, федерацијата нема ни своја сопствена територија, ни население кои единствено нејзе и припаѓаат. Таа се состои од територијата и населението на субјектите на федерацијата (државите/членки кои ја создаваат). За разлика од унитарната држава, во федерацијата постои двојно државјанство (сојузно, федеративно и државјанство на членката). Тоа се утврдува со уставот на федерацијата и значи дека обемот на правата и слободите на секој граѓанин, независно од тоа чие републичко државјанство има или во која држава, членка живее, има еднакви права;

o во состав на една федерација можат да влезат и државно-правни творби кои не го добиваат статусот член и немаат целосен суверенитет, односно не се самостојни и независни по сите прашања од внатрешениот и меѓународниот политички живот;

o степенот на суверенитет на членките може да биде различен во различни федерации;

o обликот на федерацијата се определува со сојузен устав со кој се разграничени, истовремено, надлежностите и се определени односите меѓу федерацијата и федералните единици. Сојузниот устав е највисок

Page 34: ВВП скрипта

правен акт и може да биде променет или дополнет само со посебна уставна постапка, во која рамноправно учествуваат сите нејзини членки;

o посебно обележје на федерацијата претставува и начинот на конституирање на сојузните органи во кои единиците, соодветно и рамноправно се застапени. Федеративниот белег на оваа држава најмногу доаѓа до израз при конституирањето на сојузното законодавно претставничко тело, кое секогаш е дводомно или повеќедомно тело: постои дом кој сојузот го претставува како целина и дом во кој се делегирани подеднаков број претставници од сите федерални единици;

o највисоката законодавна, извршна и судска власт им припаѓа на сојузните државни органи. Притоа, врз основа на сојузниот устав и членките имаат право на свој устав. Постои двојна организација на државната власт. За да не дојде до колизија меѓу овие два вида на власт, вази принципот на хиерархија.

o во федрацијата, исто така, постои двојно законодавство, сојузно и републичко и двоен судски систем. Републичкото законодавство важи само на територијата на односниот субјект на федерацијата.

- Во поглед на распределбата на надлежностите постојат два основни модела.o Според првиот, во сојузниот устав се утврдува кои прашања се во

исклучителна надлежност на федерацијата, а во однос на сите други постои претпоставката на надлежност во корист на федералните единици (на пр. во САД);

o Според вториот модел, во сојузниот устав се утврдува исклучителна надлежност на федералните единици, додека за сите други работи постои претпоставката на надлежност во корист на федерацијата.

- Непосредната застапеност на федералните единици во органот кој ги донесува сојузниот устав и закони е суштинска карактеристина на федерацијата. Сојузните парламенти на федеративните држави се дводомни. Долниот дом се избира на општи и непосредни избори, врз основа на начелото, еден човек, еден глас. Горниот или домот на федералните единици го сочинуваат претставници на тие единици и во овој дом федералните единици најчесто се претставени со еднаков број пратеници, без оглед на разликите во големината на територијата, бројноста на населението и економската развиеност.

- САД е првата модерна федерација во светот.- Во поглед на начинот на избор на пратениците во горниот дом, присутни се

различни решенија – непосредно граѓаните на федералните единици (САД), парламентите на федералните единици или, поретко, извршната власт на федералните единици (Германија). Во најголем број федеративни држави

Page 35: ВВП скрипта

горниот дом е рамноправен со долниот дом, така што законите и другите акти се сметаат за усвоени ако за нив позитивно се изјасниле двата дома.

- Освен застапеноста во сојузното законодавно тело, во некои федерации федералните единици непосредно учествуваат во донесувањето на актите кои се во надлежност на федерацијата. Тоа е најчесто случај со измените на сојузниот устав за што во некои федерации (на пр. САД или СФРЈ), покрај согласноста на двата дома на сојузниот парламент, односно собрание, се бара и согласност на сите или намнозинството федерални единици.

Видови федерации Федерациите се делат на историско-географски и федерации засновани на

културна различност.

Историско-географска федерација- Основни причини за создавање на овој вид на федерација се од економски,

географски, територијален карактер, историската традиција, културата и други слични фактори.

- Суштинските својства на овој вид на федерација се:o членките, во мерка во која нивната надлежност (особено на меѓународен

план) е подредена на сојузните органи, не се појавуваат како суверени федеративни единици.

o правното и фактичкото разграничување на надлежностите меѓу сојузот и неговите членки е определоно со уставно-правните норми на сојузот. Со нив се востановуваат определен број прашања по кои само федерацијата може да донесува нормативно-правни акти. Сите други прашања остануваат нерегулирани со уставот и се наоѓаат во надлежност на законодавните органи на субјектите на федерацијата или, зависно од нивното актуелизирање или како преседани, се оставени да бидат решавани од случај до случај.

- Субјектите на административно-територијалната федерација се лишени од правото на непосредно претставување и конституирање на своит органи во меѓународните односи.

- Со уставите на административно-територијалните федерации не е дозволено, а понекаде дури е и забрането еднострано истапување од сојузот. (пр. САД, Бразил).

- Командувањето со вооружените сили во овој вид на федерација непосредно се остварува од страна на сојузните државни органи. Како врховен командант на вооружените сили се јавува сојузниот шеф на државата. Во мировременски услови

Page 36: ВВП скрипта

на субјектите на федерацијата им е забрането да имаат професионални вооружени формации.

Федерација заснована на културна различност- Основна цел, задача и функција на овој вид на федерација е да најде средно

решение и да го помири начелото на народите на самоопределување со начелото за територијалниот интегритет на постојните држави.

- Правото на народите на самоопределување во рамките на една постојна национална федерација се остварува со давање право на широка политичка автономија на одделните народи во ваквата сложена држава која тука, формално-правно дури се искажува и како право на националната држава/членка да биде носител на суверена државна власт.

- Федерацијата заснована на културна различност е посебн вид на сложено државно уредување. Покрај општите својства, таа има и други посебни својства. Тоа се должи на многуетничкиот/многујазичниот/многурелигиозниот состав на населението кое, повеќе или помалку, компактно живее на територијата на одделна држава/членка и која истовремено е субјект на федерацијата.

- Овој вид на федерација ги има следниве белези:o како субјекти се појавуваат националните држави, како и другите

национално-државни творби кои се разликуваат според националниот состав на населението и се со посебна култура, традиција, обичаи и вероисповед;

o се создава врз начелото на доброволно обединување на одделните народи. Во оваа федерација, независно од економскиот потенцијал, големината на територијата и бројноста на населението на секој одделен субјект, по правило и во начело, сите членки се еднакви и рамноправни;

o на сојузно рамниште, државно-правниот суверенитет се остварува во интерес на сите национални држави и на нивниот слободен и самостоен развиток. Секоја членка има свој највисок орган на законодавна власт (парламент), самостојна извршна власт (претседател, влада, односно министерски совет), како и независен национален судски систем. Националните држави обединувајќи се во ваква федерација имаат и свое сопствено државјанство, располагаат со своја државна територија. Некои од нив имаат свои претставници во меѓународните организации како и меѓународни претставништва (дипломатски, конзуларни) преку кои можат да воспоставуваат дипломатски односи на државата/членка со било која земја во светот, да заклучуваат меѓународни економски, политички и други догорови.

Page 37: ВВП скрипта

o највисоките државни органи во федерацијата заснована на културни разлики се создаваат од претставниците на субјектите на федерацијата. Така се обезбедува остварувањето на интересите на сите национални субјекти.

o најзначајната особеност на оваа федерација се состои во правната положба на нејзините субјекти. Оваа способност непосредно е поврзана со демократскиот институт – правото на нацијата на самоопределување, осносно, правото на секоја нација самостојно да го решава прашањето за својата државност.

- Секој субјект на националната федерација неотуѓиво располага со правото да може да истапи од овој сојуз и да создаде сопствена држава, или пак, од една повеќенационална државно-правна заедница да премине во друга. Всушност, во ова се состои и основната разлика меѓу административно-територијалната и персоналната федерација.

- Додека централната власт во административно-територијалната федерација е повисока од онаа на органите на власт на нејзините членки, во националната федерација централната државна власт е ограничена со суверенитетот на националните субјекти. Сојузната или наднационалната власт единствено располага со правото да ги координира интересите на субјектите на федерацијата.

Конфедерација Конфедерацијата претставува сојуз формиран по пат на меѓународен договор врз

основа на доброволна согласност на две или повеќе суверени држави, при што тие го задржуваат својот меѓународно-правен субјективитет.

Конфедерацијата би можела да се определи како привремен или релативно потраен политички сојуз на суверени и независни држави кои преку меѓународен договор се сојузуваат за остварување на некои свои општи и заеднички цели и интереси.

Конфедерацијата претставува сојуз на суверени и независни држави чии органи немаат императивна власт. Највисок орган во конфедерацијата е конфедеративното собрание. Актот со кој се создава конфедерацијата е меѓународен договор. Правото на отцепување секоја членка, без никаква посебна процедура може во секое време да го оствари.

Во конфедеративниот сојуз, нема посебна извршна власт, такашто донесените одлуки ги извршуваат надлежните органи на државите членки. Членките го задржуваат правото на нулификација, односно неусвојување на актите на конфедерацијата.

Page 38: ВВП скрипта

Конфедерацијата на правно политички план претставува сојуз на држави и со тоа таа го добива и атрибутот на особен вид на сложено државно уредување во кој самостојни и суверени држави се сојузуваат за остварување на свои различни цели.

Според класичната теорија, договорот е еден од елементите на разликување на конфедерацијата од федерацијата. Актот со кој се создава и во кој точно се утврдени односите меѓу членката и сојузот има договорен и привремен или релативно траен карактер. Сојузувањето на членката не пренесува никакви други надлежности на конфедерацијата, освен оние овластувања кои се утврдени со договорот.

Стапувањето и истапувањето од конфедерацијата, како и прифаќањето на одлуките донесени од конфедеративните органи е исклучително право на државата-членка на конфедерацијата. Самите одлуки, на конфедеративно ниво, ќе се сметаат за донесени ако за нив гласаат сите членови на колективното конфедеративно тело, кое е составено на паритетна основа. Ова значи дека мајоризацијата, односно донесувањето на одлуки со мнозинство гласови во конфедерацијата, е исклучена.

Покрај потребната едногласност при одлучувањето во конфедеративното собрание, за неговите одлуки да стапат во сила, потребна е нивна ратификација (да бидат озаконети) од страна на највисокото претставничко тело во секоја суверена држава-членка, во спротивно истите немаат никаква правна валидност.

За конфедерацијата се употребува терминот ,,лабав” сојуз, а за федерацијата ,,цврст” сојуз.

Во денешно време не постои држава која целосно или претежно ги има белезите на конфедерација. Во минатото познати примери на конфедеративен сојуз се: Северноамериканската конфедерација, Швајцарскиот сојуз и Германија. Историското искуство покажува дека конфедерациите се преоден облик кон класична федерација, или кон целосно осамостојување на членките како посебни, суверени држави. Во современиот свет можеме да ја наведеме Европската унија како најзначаен пример, која поседува елементи на конфедерација.

Протекторат Протекторатот е еден облик на сложено државно уредување кое во одредена

смисла означува право на заштита и покровителство на помала, од страна на поголема и помоќна земја.

Појдовен мотив за создавање на протекторат обично се смета кога една мала држава зафатена со многубројни сопствени тешкотии не е во состојба да ги

Page 39: ВВП скрипта

извршува различните функции, и затоа истите, како привремено овластување, доброволно ги пренесува на некоја друга, обично поголема, помоќна држава. Тука најчесто станува збор за меѓународни прашања, но понекогаш имаме и непосредно мешање во внатрешната организација.

Од историска практика, може да се утврди дека протекторатот, како облик на државно сојузување, не се темели секогаш на доброволна основа. Најчесто, редовно им се наметнува на помалите држави произлезени од антиколонијални и националноослободителни отпори и движења.

Особено се применува по Втората светска војна и формално се прикажува како облик на непосредна помош со цел протектираната земја што побргу да застане на свои нозе, а фактички претставува посебен облик за продолжување на колонијалното влијание на големите сили.

Нови и мешовити облици на државно уредување

Европска унија

Пред-Лисабонска Европска унија Европската унија претставува посебен и значаен интегративен облик. Нејзините зачетоци датираат од раните педесетти години на минатиот век, кога во

1951 година е создадена Европската заедница за јаглен и челик, а по неа следат, во 1957 година Европска економска заедница и ЕВРОАТОМ. До делумно спојување на овие три заедници доаѓа во 1967 година, а со потпишувањето на Договорот во Мастрихт, во 1992 година, се создава Европската унија која во себе не само што ги инкорпорира трите постојни интеграциони облици, туку добива и многубројни нестопански надлежности.

Денес Европската унија има 27 држави-членки. Економски, таа претставува една од големите сили во светски рамки. Граѓаните на земјите-членки, покрај државјанството на матичната држава, имаат и

државјанство на ЕУ. Органи на ЕУ до Лисабон беа: Европскиот совет, Советот на министрите,

Комисијата, Парламентот и Судот на правдата.- Советот на министри според составот е извршен орган, а според надлежностите во

основа е законодавен орган на Унијата. Него го сочинуваат министрите за надворешни работи или оној ресор во чиј делокруг спаѓа прашањето што е предмет на одлучување. Легислативната надлежност на Советот не е сеопфатна и неограничена. Во извршувањето на задачите во својата надлежност, Советот

Page 40: ВВП скрипта

донесува уредби, упатства и одлуки. Иста така, ова тело склучува и меѓународни договори во име на Унијата и е надлежна за прием на нови членки.

- Комисијата во основа е извршен орган на Унијата. Нејзини овластувања се: иницирање на легислативниот процес во Советот и изработка на нацрт-акти, извршување на овластувањата делегирани од Советот и Парламентот, донесување на одлуки со кои се разработуваат и имплементираат актите на Советот, извршување на најразновидни административно-правни работи и надвор на примената на правните акти. Најзначајни структурални особености на Комисијата кои влијаат врз нејзината нормативна активност се: именувањето на нејзините членови по пат на консензус на сите земји-членки, потврдата на составот на Комисијата од страна на Европскиот парламент, експлицитната гаранција на независноста на Комисијата во однос на владите на членките на Унијата и донесување одлуки по пат на обично мнозинство.

- Парламентот се избира на непосредни и општи избори во сите земји-членки, па според тој белег е близу до класичниот, национален парламент. Пред ратификацијата на Договорот од Мастрихт, неговата улога во легислативната активност има речиси само консултативен карактер. Меѓутоа, со стапувањето во сила на овој Договор, Парламентот добива право на соодлучување со Советот и Комисијата во однос на одредени видови правни акти.

- Покрај Комисијата, Судот на правдата е најзначајниот институционален фактор во европската интеграција. Најзначајни ингеренции на Судот се оние со уставно-судски карактер: неговата надлежност да врши контрола над согласноста на актите на Советот и Комисијата со Римскиот договор и неговите подоцнежни измени. Негово позначајно овластување е тоа за (посредна) оценка на компатибилноста на правната регулатива на земјите-членки со правниот систем на Унијата.

Европската унија според широко прифатената дефиниција на Судот на правдата, претставува ,,нов правен поредок на меѓународното право во чија корист државите-членки ги имаат ограничено своите цуверени права, иако само во одредени области и кој се протега не само во однос на државите-членки, туку и во однос на нивните граѓани”.

Основни и функционални начела кои се дефинирани и разработени во јуриспруденцијата на Судот на правдата (Судот во Луксембург) се:

- Начелото на супрематија на правото на ЕУ во однос на правните системи на државите членки. Начелото на супрематија означува првенство на правото на ЕУ во случаите на судир со правниот поредок на некоја од земјите членки;

- Начелото на непосредна примена на правото на ЕУ на територијата на државите-членки. Ова начело опфаќа: непосредна примена на актите на Унијата на територијата на членките, без претходна ратификација или некој друг вид на

Page 41: ВВП скрипта

инкорпорација во домашното право и правните акти на Унијата предвидуваат права и обврски не само за институциите на Унијата и на државите-членки, туку и за правните и физичките лица што не е својствено на традиционалните меѓународно-правни акти. Непосредно дејство, според јуриспруденцијата на Судот, имаат не само уредбите како најзначајни секундарни правни извори, туку и упатствата. Непосредното дејство, може да биде вертикално (со правен акт на Унијата се предвидуваат права и обврски на приватно лице во однос на држава-членка) и хоризонтално (со правен акт на Унијата се создаваат права и обврски меѓу две или повеќе приватни-правни или физички лица);

- Непосредното извршување на актите донесени од страна на институциите на ЕУ, во основа е во надлежност на органите на државите-членки, бидејќи самата Унија во оваа фаза од својот развој не располага со сопствена мрежа на органи и механизми за извршување.

Основна, суштинска дилема – ЕУ како специфична меѓународна организација или државно-правен облик.

Присуството на супранационалните елементи во структурата и функционирањето на еден ентитет се анализира на две основни рамништа – институционално и правно.

- На институционално рамниште, мерилата за присуство на супранационализам се:o степенот на самостојност и независност на институциите во однос на

владите на државите-членки;o метод на непосредни и општи избори на членовите на органите наместо

нивно именување од страна на државите-членки;o соодносот помеѓу начелото на мнозинството и начелото на консенсус во

процесот на донесување на одлуките на организацијата.- Во поглед на нормативниот систем на организацијата, основни својства на

супранационализмот се:o непосредна примена на правните акти на територијата на државите-

членки;o непосредно дејство на правните акти;o супрематија на правниот систем на организацијата во однос на правните

системи на државите-членки. Значајни аспекти на правната природа на ЕУ се:- на ниво на постапка на донесувањето на одлуки супранационалните елементи се

застапени во помал степен. Од овој аспект, Унијата се приближува до моделот на конфедерација, па дури и на класична меѓународна организација;

- на нормативно ниво (карактеристики на правниот систем) Унијата има силно изразени супранационални елементи. Тие се изразуваат во супрематијата и

Page 42: ВВП скрипта

непосредната применливост на правото на Унијата во државите-членки. Овде Унијата се приближува до класичната федерација.

Поради горенаведените причини, мнозинството автори ја определуваат Унијата како ентитет sui generis, хибрид кој, иако поседува федерални и конгедерални елементи, сепак најдобро се објаснува преку концептот на супранационалност.

Европјаните најмногу се караа околу Преамбулата: начинот на дефинирање на Унијата, при што двата спротивставени табори, федералистите и суверенистите, имаа непомирливи позиции и, неочекувано за улогата на религијата.

Таборите кои се судрија, во текот и по Конвекцијата се одамна формирани и познати: федералисти versus националисти (суверенисти), еврофили/евроскептици, либерали/интервенционисти, про-Повелбата/контра-Повелбара.

Цел на Унијата е да им понуди на своите граѓани простор и слобода, сигурност и правда без внатрешни граници, простор во кој конкуренцијата е лободна и непречена.

Но, најважна била политичката битка внатре во самата Унија околу прифаќањето на нацрт Уставот, која кулминираше со неуспехот на декемврискиот самит на ЕУ во Брисел, под италијанско претседателство.

Пост-Лисабонска Европска Унија Патот на Нацрт-уставот на ЕУ заврши со неуспех. Во 2005 година граѓаните на

Франција и на Холандија на референдуми се изјаснија против овој акт. Во јуни 2007 година се постигна полититчки договор околу начините за излез од кризата. Најважниот елемент на тој политички договор е дека ќе се донесе акт, којшто нема да го носи називот устав, туку договор. Конечно, во декември 2009 година спапи на сила нов правен акт којшто е познат како Договор од Лисабон.

Од аспект на теоријата на државата и облиците на државно уредување важно е следново:

- ЕУ нема устав, туку основниот акт на овој институционално-правен облик останува меѓународен договор;

- содржината на Лисабонскиот договор е во голема мерка идентична на содржината на отфрлениот нацрт-Устав;

- кон Лисабонскиот договор е приклучена Повелбата за основните слободи и права;

- Европската Унија стекнува сопствен правен субјективитет;- институциите и правните акти на Унијата се видоизменети на начин многу сличен

на она што предвидување нацрт-Уставот;

Page 43: ВВП скрипта

- со овој акт ЕУ и натаму остана сложен облик: мешавина од наддржавност (супранационализам), федеративни, конфедеративни и меѓународни елементи.

Република Македонија Во периодот 1991-2001 година имавме еден модерен, граѓански и во основа

квалитетет устав. Денес, 90% од државите се плурални, односно во нивните граници живеат повеќе

од еден етникум (Белгија, Швајцарија, Романија) или повеќе од една нација (Британија и Шпанија).

80% е уделот кој традиционално се смета за гранична точка во смисла хомогеност/хетерогеност.

Во Европа постојат само 4 федерации (Германија, Австрија, Швајцарија и Белгија). Последниот бран на демократизација во Европа е проследен и со феноменот на

,,етничко оживување” или ,,реетнизација”. Со амандманите се предвидување нова Преамбула на Уставот на РМ (но, во текстот

конечно усвоен во ноември 2001 година, сепак се врати изразот македонски народ во преамбулата), се променија одредбите за јазикот, правичната и соодветната застапеност на припадниците на заедниците во целокупната јавна сфера стана темелна вредност на уставниот поредок, се воведоа посебни изборни, законодавни и уставни постапки за одредени прашања, се основаше Комитет за односи меѓу заедниците и се прошири надлежноста на локалната самоуправа. Клучниот концепт кој е во основата и се содржи во сите усвоени промени е ,,заедници”.

Преамбулата како свечен, воведен дел на правниот акт ја следи судбината на тој акт.

Иако не е изречно наведено, јасно е дека концептот заедници има чисто етничко значење. Со тоа, етничноста се извлекува од сферата на идентитетот, културата, јазикот и се пренесува на сферата на политиката, институциите и на правото. Државата не само што е држава на колективитети во социлошко-културна смисла, туку делумно се придвижува кон држава на колективитети во политичка и институционално-правна смисла. Колективитетите започнуваат да продуцираат формално политичка моќ.

Терминот ,,етнички заедници” се среќава во имиграциските општества како што се Канада, Австралија и САД, за означување на разните неанглофонски групи, но во неофицијален контекст.

Дел од решенијата за службените јазици во Амандман V, исто така одат над решенијата карактеристични за унитарните држави. Во поглед на воведувањето на Комитетот за односи меѓу заедниците се поставува дилемата за изборот на

Page 44: ВВП скрипта

терминот, критериумот за бројната застапеност и надлежноста. Комитетот, потенцијално е зачеток на втор дом во Парламентот.

Начинот на кој е предвидено уставното вето е многу проблематичен (некој вид на етничко вето).

Рамковниот договор предвидува попис со меѓународен надзор и ревидирање на општинските граници, со меѓународно учество.

Концептот ,,заедници”, Р. Македонија ја насочува кон мултиетничка држава. Тој дерогира, потенцијално или стварно, дел од нејзиниот унитарен карактер и внесува некои елементи, благо кажано, на неунитарна држава.

Ние, во поглед на промените во Уставот, ја деетнизиравме преамбулата, а го етнизиравме нормативниот дел.

Како заклучок, пост-2001 година Македонија е мешавина од 3 различни концепти: унитарност, територијален и персонален федерализам. Со тоа, таа е нов облик на државно уредување, непознат во ЕУ и во светот.

ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ

Во минатото, особено во некои европски земји (како Франција), најчесто се користел терминот политички режим.

Денес, широко е прифатен терминот политички систем, со потекло од англоамериканската политичка мисла и практика.

Политички систем е концепт којшто ни дава одговор на прашањето за носителите на власта, начинот на конституирање и начинот на фукнционирање на власта.

Политичкиот систем ни дава одговор на прашањето дали односот меѓу власта и граѓаните е еднонасочен или двонасочен.

Најосновната класификација на политичките системи е на недемократски и демократски.

- Демократијата се дефинира како владеење на народот или поточно владеење на мнозинството од народот. Во демократијата треба да се почитуваат слободите и правата, да се заштитуваат и интересите на малцинствата, малцинствата да бидат лојални на државната власт, да има слободни избори, слободнаопозиција и критика на власта. Демократијата може да биде посредна и непосредна.

o Посредната демократија значи зибор на одредени личности во името на граѓаните да извршуваат одредени функции за одреден период. Затоа, битна е категоријата мандат (овластување). Постојат претставнички (неограничен) и императивен мандат.

Page 45: ВВП скрипта

o Непосредната демократија била многу застапена во минатото (на пр. Стара Грција). Во современи услови помалку е застапена, од организационо-технички, политички, причини на нужна компетентност да се одлучува за одредени прашања итн. Но, и во современи услови познати се неколку форми на непосредна демократија: референдум; народна иницијатива; право на вето; право на отповикување; законодавна иницијатива;

Најчесто практикувана форма е референдумот. Недемократските системи во современи услови најчесто се класифицираат на

автократски и тоталитарни. Тоталитарните системи се обидуваат да наметнат целосна контрола врз поединецот и општеството.

НАЧЕЛА НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА

Основна единица на државата е државната институција, иако кај нас се користи застарениот термин државен орган.

Покрај институциите коишто се составен дел на државата во потесна смисла, постојат и јавни установи и јавни претпријатија.

Некои од начелата на организација на државата во современи услови се:- демократичност;- претставништво на интересите на граѓаните;- компетентност и професионалност;- одговорност за својата работа;- поделба на власта на меѓу институциите на државата; Постојат многу класификации на институциите (органите) на државата:- законодавни, извршни, судски и органи на локалната самоуправа;- инокосни (индивидуални) и колективни;- изборни и именувани;- органи (институции) коишто донесуваат одлуки и органи коишто извршуваат

одлуки.

Page 46: ВВП скрипта

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ПРАВНАТА ДРЖАВА

Правна држава- Настанала во Германија како средство за борба против т.н. полициска држава.

Оригиналниот назив е Rechtstaat. Концептот на правна држава е дека мора да постои право и дека со тоа државата е ограничена и контролирана. Во неа владеат законите.

Rule of law – владеење на правото- Англо-американската концепција за владеење на правото го тематизира битниот

содржинско-телеолошки аспект на правото: формално правна рамка на вршење на власта изолирана од внатрепната содржина и цели на правото е нужен, но не и доволен услов за реализација на ограничувачката и контролна функција на правото. Се до 17 век, теориите за rule of law се неразделно поврзано со англиското Common law.

- Во средновековна Англија, Common law го употребувале кралевите како судии и во него се рефлексирале обичаите и традициите (Common law), за разлика од локалното право, кое го употребувале судовите од феудалните поседи.

- Во почетокот Common law имало значаен карактер и било непишано право, улогата на судовите била во решавањето на споровите, одлуките да ги донесуваат врз основа на обичајот. Судовите не создавале Common law, туку го откриваат правото содржано во обичајот.

- Common law имало статус на непозитивно право. Непозитивниот карактер на Common law претставувал силен аргумент во борбата против кралскиот апсолутизам, а подоцна и во стремежот на судовите да ја ублажат ограниченоста на англискиот парламент. Се до крајот на 17 век, валидноста на законите и другите акти се одредувала врз основа на нивната усогласеност со фундаменталното право (Common law).

- Тензијата помеѓу суверенот на парламентот и идејата на содржинската ограниченост на секоја власт е една од дилемите за развојот на англо-саксонскиот конституционализам. Низ неа се формираат две струи на правна и политичка мисла:

I струја: Томас Хобс ја отфрла идејата за позитивно-правна ограниченост на парламентот и идејата за rule of law ја редуцира со општи и неретроактивни правила, донесени според однапред утврдена постапка. Следбеници на Хобс се Џереми Бентам и Џон Остин.

II струја: Џон Лок, rule of law го идентификува со идејата за материјална ограниченост на секоја власт, вклучувајќи ја и законодавната.

Page 47: ВВП скрипта

Современи теоретски перспективи врз начелото Rule of law- Постојат два основни пристапи:

o формален (позитивистички);o супстанцијален.

- Следбениците на субстанцијалниот пристап, сметаат дека формалниот е нужен, но не и доволен услов за реализација на ограничувачката и контролна функција на правото.1. Џозеф Рец (формалистичка концепција) - според Рец, владеењето на правото

ги содржи следниве критериуми:o отвореност, јасност и дејство pro fiituro кон сите акти;o релативна стабилност на актите;o донесувањето на актите мора да биде регулирано со отворени,

стабилни, јасни и општи правила;o независно судство;o почитување на начелото на природна правда.

2. Лон Фулер (формалистичка концепција) - тој ги наведува критериумите на општост, публикување, разбирливост и јасност, конзистентност, можност за примена, стабилност и почитување на норми.

3. Роберт Унгер - еден од основоположниците на постмодернистичкото движење познато како критички правни студии, тврди дека и формалната концепција на правото отсекогаш била маска за нееднаквост во поглед на општествената моќ и ваквата концепција е се помалку остварлива.

4. Фридрих Хајек – владеењето на правото неподразбира само владеење на законите, туку и владеење на законите со одредени формални и супстанцијални атрибути. Нужен услов за владеење на правото, покрај ваквите својства на законите, е и начелото на поделба на власта.

5. Роналд Дворкин (супстанцијална концепција) – тој разликува:o нормативистичка концепција, која инсистира на употреба на моќта на

државата во однос на граѓаните;o концепција заснована врз правата на човекот, каде што Дворкин смета

дека граѓаните имаат и морални и политички права.

6. Тревор Ален – тој бил под влијание на Дворкин.