44

Револуција магазин бр.81

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Поттикнува да мислиш!

Citation preview

Page 1: Револуција магазин бр.81
Page 2: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA16 Juni 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

16 Juni 2012

Sodr`ina

Dr`avna rabota ili „leb bez motika“..................................................................................... 5

Paraziti na dr`avni jasli ...................................................................................................... 10

Zo{to (ne) sakam dr`avno stol~e? ......................................................................................... 15

Najladno e pod dr`avnata senka ............................................................................................. 18

Kako }e zavr{i siriskiot konflikt? ..................................................................................... 21

Se bli`i krajot na parite? ..................................................................................................... 24

EU politiki kon Zapaden Balkan ............................................................................................ 28

Evergrin na „site vremiwa“ ................................................................................................... 32

@ivotot prodol`uva bez doktor Haus .................................................................................... 35

Filipini - rajot na zemjata ................................................................................................... 39

Page 4: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA16 Juni 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова,Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Наташа Димеска, Елена Николовска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК:Миланчо Ристовскиe-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected] моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

„Се сретнуваат двајца колеги од државна администрација во ходник и едниот му вика на другиот:- И тебе не ти се спие, а?“

Вакви шеги и слични на нив ги има еден куп, а сите тие се одраз на нашето секојдневје. Државната админстрација – или народски кажано „леб без мотика“ е најисмејуваната (поради нејзината (не)способност), но истовремено и најпосакуваната работа, кон која неуморно цели секој македонски граѓанин.

Експертите се загрижени што најмногу луѓе бараат работа во државните институции, поради редовната плата и другите бенефиции што ги нуди тоа работно место. А, од друга страна, за тоа работно место не се потребни соодветни квалификации, одредно образование или искуство, а работното место не им зависи од тоа дали и колку граѓани услужиле и им излегле в пресрет. А, кога ќе влезеш во државна служба - можеш слободно да си ги кренеш нозете во вис и да уживаш.

Како да влезеш во јавната администрација?

На сите ни е јасно на кој начин се полни државната и јавната администрација. Знаеме како тие луѓе доаѓаат до работна позиција, која рака на срце секој ја посакува, а при тоа сме сведоци дека компетентноста на личноста на таа функција е еднаква или помала од нула. Прво и основно - потребна ти е партиска книшка од владејачката гарнитура. Јавна тајна е дека за да се стигне до

вакво работно место треба, буквално, да се потчиниш на волјата на некоја политичка партија, или да понудиш пари („во знак на благодарност“). Во државната служба се вработува оној кој е партиски активист, а не оној кој што навистина и е потребен на државната служба.

Прашањето на јавниот сектор, односно извршната власт, е еден од најголемите македонски парадокси, бидејќи иако правно е регулиран со пакетот закони

Dr`avna rabota ili „leb bez motika“

Page 6: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.81

во 2000 година, сé уште не е целосно заокружен. Македонија, тогаш се одлучи за концептот на работни места во државната администрација, кој пак, со честите измени на систематизациите што ги правеше секоја нова влада се создаваше цунами во државната администрација, поради што околу 3.000 луѓе цело време се ротираа.

Бркањето од работа на илјадници јавни и особено државни службеници со секое менување на власта, како партиски непогодни, без оглед дали и колку се стручни, ја остави Македонија без административен капацитет.

Ако можете да се запишете како припадник на некоја етничка група - уште подобро, уште поблиску сте до работа во државната админстрација. Според одредбите на Рамковниот закон, етничките групи имаат приоритет за влез во државна служба - а најдобро од сето тоа е што, не мора ни да „работите“.

Непознат е бројот на државните службеници во Македонија, вработени зошто мораат да се вработени, бидејќи така им налага Рамковниот, а седат дома.Голем број на луѓе се на платниот список на буџетот (кој што се полни од давачките на граѓаните), а досега немаат ниту еден работен ден. Едноставно не знаат каде работат, ниту кој им е претпоставен. Единствено знаат дека се водат како вработени во јавната адмистрација и дека секој први до петнаесетти во месецот си подигаат плата, која ја добиваат од државата, односно од граѓаните.

Во времето на голема невработеност, луѓето прават сé да дојдат до работно место во државна или јавна инситуција. За таа цел, се впишуваат како припадници на една од етничките заедници. Политичките партии на овие етнички групи од малцинството, доживееа препород последниве десет години. Претставниците потврдуваат дека членството им бележи пораст,

Page 7: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

откако започна имплементацијата на Рамковниот договор.

Со имплеменатацијата на Рамковниот договор Македонија ја доби најголемата администрација на Балканот. Скоро 300.000 вработени во администрацијата. Значи, скоро секој десетти работноспособен жител (10% од целото население во Македонија) е вработен во државните служби.

А, кога само партиската книшка не е доволна, слободно можете да си го купите работното место. Плати за да работиш! Иако јавно не е признато, факт е дека за да вработат во јавниот сектор, од одредени партии, бараат од 2.000 до 5.000 евра (во зависност од позицијата) покрај партиската книшка.

Ако немате толку пари, прочепкајте по роднинското стебло. Старите велат: „Ако имаш вујко владика и ти ќе бидеш поп!“.„Нема непотизам во нашите редови“ - секој политичар го има изговорено ова, додека ние ги превртуваме очите во неверување. Како да не, сите тие вработени роднини, стигнаа на позициите, поради нивните квалитети? Јасно ни е на сите дека секој ја преферира личноста која му е блиска, повеќе од другите, но сепак, факт е дека поголемиот број од тие лица не го заслужуваат тоа работно место, бидејќи

немаат ни соодветно образование, ни работно искуство, ни најмала идеја како да одговорат на предизвиците на работното место. А, сето тоа му нанесува штета на граѓанинот, кој зависи од ефикасноста на службениците.

Експерите велат дека државата мора да се справи со тој проблем и да ја професионализира јавната администрација, односно да воспостави строги критериуми за влез во неа. Секоја влада до сега ветуваше ригорозни мерки во борбата со корупцијата и реформи во администрацијата, за таа да биде ефикасен сервис на граѓаните. Но, далеку сме од тоа администрацијата да биде ефикасна и во служба на граѓаните. Администрацијата се полни со партиски војници, кои се наградувани за нивната лојалност со тоа работно место, а со тоа станува служба на власта, а не на граѓаните.

Кај нас на прво место при вработувањата доаѓа политичката припадност. Потоа, доаѓаат пријателите и роднинската врска, а на трето место се наоѓаат квалитетот, образованието и познавањето на вештините.

Колку е ефикасна администацијата?

- Познаник беше назначен за референт во едно јавно претпријатие (со помош на партија се разбира). Една вечер ми се јави да ме праша како се пишуваат налози за побарувачка (бидејќи јас имам дипломирано на економски факултет, а тој не). Не ми се веруваше! - ми раскажа еден мој пријател.

- Има 23 години, нема завршено факултет, а веќе е назначен за управител на јавно претпријатие под закрила на општината. А, зошто? Затоа што е внук на градоначалникот?! Ова само кај нас го има! - е една од приказните.

- Откако според закажаниот термин отидов да си го подигнам документот од матичната служба, ми рекоа дека не е

Page 8: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.81

готов и да се вратам утре, но и утредената не беше готов, така ме враќаа 6 денови. На крај ми рекоа дека не можат да ме услужат, бидејќи не сум ги поднела сите потребни документи. На прашањето зошто тогаш службеното лице ги прими моите документи, без да ми го каже ова, го добив најглупиот одговор: Можеби не знаел кои документи се потребни?! Не знаел! Како смее да не знае, а да работи на тоа место. Да работеше во фабрика на тоа „не знаел“, веднаш следува отказ. Примери има еден куп, секој од нас има по некоја револтирана приказна, која ја прераскажува, со најчесто поставуваното прашање: Како е ова возможно? На кое се надополнува она старато: „Ова само кај нас го има!“

Наспроти препораките од ЕУ за мала и ефикасна администрација, македонската врие од нестручен и партиски кадар. Дури 60% од буџетот се одлеваат за плати на административците. Најголема превработеност има во секторот образование. Од 34.000 вработени само

половината се професори и учители, останатите се технички персонал, кој не врши јавни услуги. Во здравството од 24.000 вработени, 10.000 се лекари и медицински сестри, а другите сметководители, готвачи, хигиеничари.

Експертите долгорочно не очекуваат сериозни промени и департизација на јавниот сектор. Најлошо од сето ова е што сите овие пари одат на нестручни лица, кои уживаат во привелигиите на „државна работа“.

А, зошто и да не уживаат, кога се „избориле“ да стигнат до тука?! Работникот кој е дојден на работно место по регуларен пат со помош на неговите квалитети, тој и понатаму ќе се труди за да се покажува и докажува. Од друга страна, оние што ја добиле работата на лесен начин, преку врски и познанства, се опуштаат на работа и ништо не допираат ни со најмал прст, бидејќи тие имаат чувство дека не мораат да направат ништо поради оние

Page 9: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

„поголемите“ кои им го чуваат грбот.

Затоа, додека вие си ги кубете косите пред државните шалтери, од другата страна ве пречекува едно рамнодушно лице, кое воопшто не го интересира дали ќе ви помогне. Неговата работа и плата е гаранитрана и воопшто не зависи од сработетното или несработеното.

Секој од нас посакува и сонува за таква работа, но кога ќе погледнеме од етичката страна, голем дел од оваа новосоздадена работна сила нема понатаму да се труди и нема да вложува за да создаде нешто, зашто веќе тој вработен ќе знае дека многу лесно може да дојде до „фотелјата“. Етички личноста се парализира со помислата дека сé е возможно само со еден телефонски повик до „шефот“.

Потребни се реформиНајсериозните забелешки за јавната администрација во извештајот на ЕК се транспарентноста, професионалноста и независноста. Подетално, нотирано е дека голем дел од новите вработени земаат плата, иако немаат задачи и обврски, а процедурите за вработување остануваат ранливи на политичко влијание.

Најважно за македонската

администрација и на што инсистира Брисел е промена односно напуштање на системот на работни места и воведување на системот на кариера, за да се спречи полицитизацијата на јавниот сектор. Тоа е моделот, кој го имаат најразвиените

демократски држави во Европа.

На Македонија и треба реформирана администрација. Забрзувањето на реформите во јавната администрација ќе придонесе и кон забрзувањето на евроинтегрирањето на Македонија.

Имаме администрација со компликувани процедури, со неквалитетни кадровски ресурси. Исто така, и присуство на арогантно однесување во комуникацијата со граѓаните.

Колку подолго ќе остане администрацијата некомпетентна, неодговорна, непрофесионална, партиски зависна и подложна на корупција и криминал, толку повеќе ќе доцни и ќе заостанува Македонија зад останатите земји и во евроинтеграциските процеси.

Македонија има преобемна администрација, која треба да се намалува. Она што треба да се прави е да се оди кон ефикасност, а не бројност. Само ефикасна администрација може да биде администрација, која ќе претставува вистински сервис за граѓаните и за општеството.

Елена Павловска

Page 10: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.81

Намалување на невработеноста преку вработување во државната, јавната и локалната администрација, не води кон развој на економијата во државата. Особено не во Македонија, која важи за држава која има прекубројна државна и јавна администрација која важи за неефективна, гломазна, посебно склона на корупција и злоупотреба на службените овластувања, a како капак на сè - и партизирана.

Во изминатите две децении главен и најголем работодавец е државата, која на сметка на гломазниот државен апарат, го жртвува својот економски развој.

Со создавањето на гломазната и неефикасна партиска администрација, државата голем дел од парите во Буџетот

ги троши на плати за администрацијата, за обезбедување услови за нивна работа, што значи канцеларии, инвентар, парно, возен парк, службени патувања и слично.

Најголема жртва на ваквите политики е реалниот економски сектор во државата, кој го носи финансискиот товар за издржување на државната партиска бирократија, која во голем дел, според егзистенцијата, функционира како паразит, кој се храни од развојот на организмот, односно државата.

Партиски паразити во општеството

Пред да продолжам со текстот, да напоменам да нема недоразбирање, имено потребно е да се прави разлика

Paraziti na dr`avni jasli

Page 11: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

меѓу државната администрација и партиската администрација - првата се карактеризира со професионалност, чесност, лојалност кон службата, додека вторите се најчесто корупмирани, недоволно стручни, арогантни, лојални кон некоја партија благодарение на која добиле вработување на државна сметка.Критиката во текстот е упатена на вторите, кои за жал со текот на годините, станаа побројни од првите, односно државните службеници.

Денеска веќе се создава еден слој во македонското општество привилигирани граѓани вработени во државната и јавната администрација, кои се издвојуваат како посебна класа, и веќе сериозно покажуваат знаци дури и како на синхронизирано делување во општеството за заштита на нивните интереси.

Нивната моќ е политичка, која пак се манифестира на секое гласање, при што веќе се создава ситуација кога творците (политичките партии) на оваа гломазна администрација, стануваат нејзини заложници.

На секои избори особено владејачките партии се обидуваат да ги добијат гласовите од вработените во државната администрација, и притоа алатките за постигнување на целта, се морковот и стапот.

Борбата на условување се одвива во две насоки. Партиите ги користат државните институции за да вршат притисок врз вработените за да гласаат за нив.

И веќе е создадена една нездрава состојба која ја исцрпува финансиски државата, го кочи нејзиниот економски развој, ја уназадува демократијата, почитувањето на правата на граѓаните, го корумпира избирачкиот процес и редица други негативни последици.

Однесувањето на овој паразитски слој во општеството се сведува на: Владата не може толку малку да ги плати и политички да ги искористи, колку што тие можат што помалку да сработат од обврските, до ниво на нула ефективност. За тоа дека ќе бидат злупотребени во политички цели, нема да им трепне око, а тоа не „боли“ кога платата е редовна и доволно висока.

Паразитите ја јадат и иднинатаВо продолжение за дел од последиците кои ги трпиме сите во државата изминатите години, денеска, а ќе го трпиме и во годините што ќе следуваат.

Парите и ресурсите што се трошат за издржување на вишокот вработени во државната, локалната и јавната партиска администрација, економски е нормално да се наменуваат за изградба на патната инфратсрукрура, енергетски капацитети, обнова на водоводни мрежи и слични инфраструктурни проекти.

Page 12: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.81

Сите овие проекти трпат заради издржување на една паразитска класа која според различни проценки изнесува над 80 илјади лица.

Пресметката е дека вкупната администрација во сите нивоа, брои над 160 илјади, а според европските стандарди таа треба да изнесува околу 60 илјади.

Во голем дел развојот на државата се жртвува токму поради обезбедување егзистенција на оваа група граѓани, без притоа некој во државата реално да има потреба од нивната работа и услуги.

Ваквата констатација ја потврдуваат бројните истражувања спроведени изминатите десетина години, тоа го покажуваат и испитувањата на јавното мислење за работата на државната администрација.

Партиска младина со социјалистичко размислувањеВо државата најпосакувано работно место, е во државната партиска

администрација. Секој млад човек кога ќе го запрашате за кое работно место сонува и го посакува, одговорет е без дилеми, тој себе се гледа во државна администрација, канцеларија, компјутер, и што е најважно, сигурна плата, па макар и цел месец само клател врата.

Со вакви вредности младите растат и се школуваат, нивните идоли се политичарите, кои пред да влезат во политиката и да зафатат државни функции, во најголем дел и немаат претходно работно искуство, а веќе е нормално дел од нив и да немаат високо образование.

Првиот чекор во постигнување на ваквата цел, е зачленувањето во некоја од партиите, а првичните активности се лепење плакати, одење по домовите на граѓаните и вршење партиска агитација, одење на митинзи низ државата. Тоа е патот кој води до постигнување на посакуваната работа на државно столче.

Наместо да стекнуваат работни искуства во својата професија, да се

Page 13: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

надградуваат и да ја бараат својата кариера во реалниот сектор, каде што нивната работа ќе вродува со реални производи и услуги, каде што ќе можат покасно да се гордеат на постигнатите резултати, тие уште во првите години по навршувањето полнолетност и потрага по своја кариера и градење иднина, професионално на старт се осакатуваат.Точно е дека работата во државната администрација е далеку поненапорна, важи за сигурна, но тоа е лажната реалност создавана изминатите години во која младите генерации се чувствуваат најкомотно.

Наместо да ги поттикнуваме да се судираат со предизвиците и да преземаат ризици како што тоа е случај меѓу младите генрации во западноевропските држави...

Партиската администрација како жив песок!

Наместо да се бараат решенија за ваквата состојба, истата уште повеќе се усложнува од година во година, со

тоа што и понатаму се носат партиски одлуки за вработување на илјадници нови граѓани во државната, јавната и локалната админситрација.

Притоа, без да се има минимум одговорност за државните финансии и економскиот развој од страна на политичарите кои се на врвните државни функции.

За исполнување на ваквите нездрави и погубни одлуки, се оди до таму, државата да се задолжува со кредити за да се финансира сè побројната партиска администрација.

Сепак, ваквата состојба не може да биде одржлива долгорочо, тоа е неприродно и цехот што го плаќаме денеска, ќе биде поголем со секој изминат ден, и ќе дојде и денот кога оваа лажна реалност, не може да се сокрива, и ќе се случи да нема пари за редовно давање на плати на оваа вишок армија во државниот и јавниот сектор.

Тогаш ќе биде потребен јунак кој ќе застане на чело на државата и ќе ја соопшти реалноста која ќе биде уште поболна отколку кога таа би се соопштила денеска.

И ќе направи такви реформи кои ќе доведат до сведување на администрацијата на реалната потреба на државата, а тоа е бројка која ќе ја преполови сегашната администрација.

Овие реформи, кои ќе значат отстранување на скоро половина неплански вработени во администрацијата, и покрај тоа што може да делуваат првично шокантни, сепак тие се изводливи и за реалтивно кратко време ќе доведат до позитивни резултати на економски план.

Page 14: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.81

Финансиско ослободување на државата!

Владата и вишокот партиски административци мора да го понесат товарот на спроведување на реални реформи во државната администрација. Тоа подразбира да се спроведат реформите и покрај тоа колку ќе бидат непопуларни и колкава политичка цена ќе треба да биде платена, сепак мора, како за сегашноста, уште повеќе за иднината на државата.

Првиот чекор е во создвање финансиски пакети за обештетување на вишокот партиски административци со кои тие ќе можат да започнат свој бизнис, или пак да го пребродат периодот додека на пазарот на работна сила најдат вработување.

Поисплатливо е државата да им исплати на вишокот партиски административци отпремина во висина од 12 до 20 плати отколку да ги издржува како паразити од Буџетот, а со овие пари ќе се помогнат финансиско-приватните иницијативи на партиските административци да се снајдат на пазарот на стоки и услуги,

да почнат да работат и да продуцираат реална вредност од која ќе обезбедуваат егзистенција за себе.

Македонија е држава во која постојат многу потенцијали кои не се искористени а кои можат да бидат предизвик за секој кој сака да создава, работи, гради кариера, создава вредности.

Земјоделството, сточарството, информатичките технологии, искористување на изворите на обновлива енергија... само во овие сфери постојат илјадници работни места и стотици мали бизниси.

За македонските граѓани важи поговорката дека сме работлив народ, оваа поговорка не произлегла од клатење врата во државни канцеларии. Наместо да се разбуди креативноста, претприемништвото со трансформација на социјалистичкиот систем на економија во пазарна економија, ние во изминатите 20 години направивме младите генерации да размислуваат уште посоцијалистички - дека државата е таа која треба да ги вработи.

М-р Митко Јованов

Page 15: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

Zo{to (ne) sakam dr`avno stol~e?

Не, не сонувам за работа од 8 до 16 во канцеларија со клима, компјутер, документи и тегла ајвар. Но, за многу мои врсници, тоа би било врв на кариера – влез во државна администрација. И, да бидам искрена, не ги обвинувам...

Уште како мала, кога почнав да го сфаќам значењето на финансиските средства (дека ако тато не земе плата, ќе се појадува, руча и вечера лепче со мармалатче, а чоколадото ќе го има само на ТВ-реклама), од муабетите на возрасните, неретко ќе го регистрирав изразот „платата не е многу голема, но барем е редовна“. И потоа тука некаде ќе се појавеше и „да, не си ја сакам работата, но си ги извршувам обврските, затоа што знам дека на почетокот на месецот, мојот труд ќе биде платен“.

Така размислуваа(т) нашите родители, така размислуваме и ние. Логиката е едноставна – работиме, се усовршуваме, креираме со надеж дека нашиот труд ќе биде реално вреднуван и уште пореално исплатен. Тоа е еланот кој нè води на нашето прво работно место, сè до денот кога ќе треба да ја добиеме и првата плата...

Тоа е денот кога шефот ќе мора да биде цела недела надвор од државата; кога шалтерите ќе бидат преполни, а шефот премногу нестрплив за да застане во редот; кога газдата ќе почне да штеди за на одмор, па мора да направи „ребаланс“ на компанискиот буџет... Сите соништа за богата кариера, чекор по чекор, паѓаат во бунар, затоа што колку и да не го сакате капитализмот, парите ви се потребни за да не останете со празен стомак..

И тогаш, сите погледи се вперуваат кон државниот шалтер. Зеленото картонче од Агенцијата за вработување буди нова надеж дека наскоро ќе се ослободи некое столче во државниот катастар, па конечно ќе дојдат светлите денови.

Да, многумина се вработија во државната администрација. И што е жално, уште толкумина секојдневно вртат партиски броеви, за да ги проверат најновите огласи.

Page 16: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.81

Дали навистина државното столче е толку привлечно? Каков е тој магнетизам кој го издигнува на пиедестал? Зошто младите порадо би „зарѓале“ во механичко редење на документи, отколку да си ја пробаат среќата со креативното размислување и работење? Едноставно прашање, со едноставен одговор - затоа што државниот систем не нуди никаква заштита на работниците во приватниот сектор, а тоа е луксуз кој не можеме да си го дозволиме.

Ако си со вистинската партиска книшка – тогаш си административен бог. Ако си решил да се пробиваш во полето на вештини и кариера – тогаш мора да имаш челични нерви и многу среќа. Мора да се навикнеш на идејата дека зависиш од расположението на твојот работодавач.

Прекувремено работно време кој никој не ти го плаќа, минимални примања кои постојано доцнат, мизерни рбаотни услови кој никој не ги гледа, се потиш на +40, смрзнуваш на -15. Викенд? Празник? Каде, во кој филм? Одмор? Само ако нема материјал за работа летово.

Не ти се допаѓа? Знаеш од каде влезе, слободно може да се свртиш и никогаш

да не се вратиш. Работодавецот знае дека на пазарот на трудот има уште илјадници кои сонуваат да бидат на твоето работно место и кои се подготвени да го трпат шефовското лечење на комплекси.

Не, не е митолошката убавина на админстративното работно место она што го прави привлечно. Тоа е неубавината на втората најдобра опција. Некако во државава се научивме на негативен избор – го избирам второто, само затоа што не го сакам првото. Од две зла, го избираме помалото (или барем така мислиме). Сиромаштијата и партизираноста на општеството нè принудуваат да ја избереме опцијата која нив им одговара.

Меѓутоа, и седењето на граѓански грб не е нешто до кое лесно се стига. За младите кои немаат мама директор и тато градоначалник, најголема шанса за влез во административниот рај е како референт. Но и тоа не е така едноставно, бидејќи нели сега во Македонија, факултет се завршува на 22 години, со никакво паралелно работно искуство од две, три и пет години, кое „не е задолжително“, но е така потребно за „досукување“ до солидна работна

Page 17: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

позиција. Државното столче нуди не многу висока, но редовна плата. И тоа плата во вистинска смисла на зборот – бела пријавена плата, со платено здравствено и пензиско осигурување. Нуди точно одредено работно време и платен прекувремен труд. Неретко, тоа е механичка работа, која е како возење велосипед – еднаш штом ја научиш, нема заборавање. Значи, минимален ризик за грешки. Можност за пауза секогаш кога одговорниот не е во близина. Слободен викенд во кој колегата навистина нема да те вознемирува. Платен годишен одмор, кој никој не може да ти го скрати...

Кога само би се размрдале механизмите кои ги гарантираат сите овие услови и за вработените во приватниот сектор... Да, законски сите работници имаат исти права, но дали некој го чува спроведувањето на законите?

И покрај удобноста која ја нуди, државното столче, засега, останува надвор од моите интереси. Колку и да изгледа стабилно, не му верувам.

Доколку утре на списокот се најде човек „близок на власта“ или пак, „не дај боже“ се смени владејачката партија, моето име повторно ќе се најде во графата на невработени. Колку сум се трудела, колку сум вложувала, колку сум ги надградувала моите вештини – никој нема да ме праша.

Системот во кој живееме е многу суров. Парите се речиси безвредни, но и те како потребни. Сигурноста пак, е минимална, на граница со непостоечка. Големите риби немилосрдно се хранат со малите.

Сепак, избирам да го работам она што го сакам и што можеби не е многу сигурно, но кое секојдневно ми нуди нови знаења и предизвици. Некаде ќе успеам, некаде ќе потклекнам, но знам дека ќе научам да пливам со ајкулите. Можеби некој ќе го цени мојот труд, можеби не, но си ја ставам среќата на тест. Да, во целото сивило наоѓам инспирација да бидам идеалист, или како што би рекол Џон Ленон, можеби ќе кажете дека сонувам, но знам дека не сум единствената...

Славица Ѓоргиева

Page 18: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.81

Najladno e pod dr`avnata senka

Вработувањето е состојба која го мачи речиси секој млад Македонец. Состојба која не секогаш зависи само од нас.

Тоа е тема на која сите разговараме, дебатираме, размислуваме, а сепак, сонот на денешните млади е работа во државна администрација. Секој сака да одмара до крајот на својот работен век под државната сенка.

Онаа сенка, која грее и лади, истовремено.

Тоа е онаа сенка, која не дозволува да се покажат квалитетите на поединецот, каде не можеш да имаш свој глас, свој став, свое јас. Таму си само една кукла, чии конци на делување ги повлекува некој друг. Таму си вечен должник на некого, вечно мораш да се оддолжуваш и каде засекогаш ќе живееш со страв дека следните ќе ти ја покажат вратата во која и така не требало да влезеш.

Овој сон го нема Кире, младо момче кое е првенец на генерација, кое со својот просек 9,7 сонува некој сосема поинаков

сон. Но, сепак, ете го седи сам во паркот, размислувајќи уште која врата му остана, на која може да се обрати, да побара макар можност за волонтерско искуство, кое ќе го извади од мракот на безнадежноста во која западнал.

Речиси не постои конкурс на кој не се пријавил, но сепак не го повикуваат ниту на разговор. Дали можеби се плашат од неговиот ентузијазам, од неговото знаење, желба за напредок, или едноставно тоа е дел од политиката за убивање на способните млади умови, на сите оние кои сакаат да кренат глава и да се спротивстават на секојдневното безредие кое владее.

Page 19: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

Истиот миг покрај него поминуваат неговите школски другари, оние кои своите оцени ги добиваа преку врските на мама и тато. Оние кои часовите предвидени за учење ги поминуваа во лепење на предизборни плакати, на лобирање, на извикување на нечии имиња, на нечии интереси. А ,сепак, успеа да се вработат.

Поминуваат покрај него и со потсмев гледаат на целиот негов труд, на неговиот елан со кој ги полагаше предметите на факултет, на неговата амбиција која не го оставаше да мирува за време на постдипломските студии. Тоа се оние кои не знаат ни каде учеле, не знаат ни како е правописот на нашиот мајчин јазик, а сепак, потполнуваат правилници по кои сите ние треба да се однесуваме.

И логично е прашањето зошто на сите факултети не се воведе задолжителен предмет „Работа во државна администрација“, каде барем ќе се научи што треба да се работи, дека тоа не е седење на еден шалтер и шетање

по ходниците, додека дојде денот за заминување во пензија.

Но, Кире нема мајка и татко кои имаат врски, нема тетка кој седи во парламентот, која ќе обезбеди работа за која тој не знае ни дека постои. Тој е само еден од многуте млади од работнички семејства, многуте кои имаат капацитети, но немаат каде да ги покажат. Немаат познат кој ќе ги препорача, кој ќе ги запише на списокот во партискиот штаб за следните вработувања.

Додека секој миг младите умови на овој начин ни изумираат, се прашуваме кој толку ни работи во државната администрација, па е преполнета со нови кадри? За кого ние плаќаме поголеми даноци додека тој/таа шета по административните ходници?

И најпосле, логично прашање, која е таа поефикасна администрација за која секојдневно слушаме, која е тука за да им помогне на граѓаните? Дали се тоа оние партиски војници, кои не знаат ни

Page 20: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.81

која всушност им е работата, кои немаат соодветно образование, кои се тука само за да гласаат за нивниот месија што подолго да се задржи во својата топла фотелја.

Но, повторно слушаме за нов бран, за нов бран на млади кои ќе влезат во државната администрација? Кои ќе се затскријат зад шалтерите и ќе остават државата да пропаѓа не превземајќи

ништо? На кои можеби ќе им биде дозволено да размислуваат со своја глава...

Каде треба да се обратат граѓаните, сите оние кои секојдневно го гледаат очајот во очите на своите деца, соседи, познаници кои се соочуваат со невработеноста?

Зошто никој не сфаќа дека нас ни треба нов бран на вработувања, вработувања каде знаењето ќе биде главната пропусница и каде ќе може да се напредува, каде секојдневје ќе биде стремежот кон подобро.

Додека да дојде овој бран на еднаква можност за сите, Кире и другите интелектуалци како него редовно ќе ја посетуваат Агенцијата за вработување, надевајќи се дека токму овој пат е последен и дека следниот месец ќе имаат свое вработување.

И да се надеваме дека бранот на извоз на сите квалитетни и способни умови од Македонија дотогаш нема да нé однесе сите...

Наташа Димеска

Page 21: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

21

Две големи глобални кризи се движат кон климакс, и тоа речиси истовремено. Од една страна, проектот за единствена валута, најамбициозниот обид да се создаде супранационална Европа, е во опасност од распаѓање, со катастрофални последици за финансиската стабилност и економскиот раст. Од друга страна пак, низ Медитеранот, постојаното влошување на сирискиот конфликт може да го распламти целиот Среден Исток.

Двете ситуации се многу различни, но имаат еден заеднички елемент. За двете, единствената надеж за трајно решение лежи во џиновскиот скок напред: за Европа, во вистинска економска (оттука и политичка) унија; за Сирија – но и за поголемиот дел од арапскиот свет – во помирување на Сунитите и Шиитите, и создавање на вистински држави, наместо географските збирови на различни религиозни секти, племиња и етнички групи.

Дали тоа што сега се случува во Сирија се означува како граѓанска војна, е семантичко ситничарење. Како што пренесе The Independent во средата, Саудиска Арабија и Катар ги снабдуваат бунтовниците со противтенковско и друг вид на оружје. Во меѓувреме, Русија го поддржа режимот на Асад со воени хеликоптери. Ваквиот развој го издигна конфликтот – кој досега има земено 11.000 животи – на сосема ново ниво на насилство. Според секоја здраворазумна дефиниција, ова е граѓанска војна.

Моменталната перспектива не може да биде помрачна. Прекинот на огнот кој беше побаран според планот на Анан, најсериозниот дипломатски обид за запирање на крвопролевањата, беше почестен само со прекршувања.

Русите ја попречија секоја значајна акција на Советот за безбедност на ОН. Во САД, наследниците на неоконзервативното

Kako }e zavr{i siriskiot konflikt?

Page 22: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

22

движење побараа масовно вооружување на бунтовниците (што изгледа дека се случува), и, ако тоа не успее, тогаш директна воена интервенција предводена од страна на Вашингтон и „коалицијата на меѓународните сили.“ Сличностите со Ирак се толку очигледни, што дури се и вознемирувачки.

Ниту поддршката од НАТО во соборувањето на либискиот режим не понуди некои посебни насоки. Муамер Гадафи беше незначаен деспот на маргините на арапскиот свет, без сојузници. Сирија е целосна спротивност – се наоѓа во срцето на Средниот Исток и е место каде се вкрстуваат најжестоките тензии.

Секако дека е можно (иако е екстремно непожелно) претседателот Асад да биде соборен со државен удар или да биде поразен на бојното поле. Во отсуство на тоа, како и да е, ќе дојде до воен ќор-сокак, и граѓаните на Сирија ќе останат заглавени во постојана граѓанска војна. Од таа причина, решението – иако е тешко замисливо сега, како што предавањето на националниот суверенитет е потребно за завршување на евро-кризата - мора да биде политичко.

Лесно е, од политички и практични причини, да се отфрли рускиот повик за меѓународна конференција која ги вклучува сите играчи во регионот и да се работи на планот на Анан.

Имајќи во предвид дека дипломатијата честопати е бавна, овој потег навистина може да биде циничен обид од страна на Москва да се купи време за Асад да ја заврши работата со алатките со кои е обезбеден. Некои можеби ќе се запрашаат и дали САД ќе седнат на иста маса со Иран.

Но, ако новата Сирија после Асад се создаде по мирен пат, тогаш таква конференција може да биде единствениот начин.

Page 23: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

23

Исто така, има и други приоритети. На краток рок, тоа значи безбедни засолништа за внатрешните бегалци во Сирија.

Опозициската група, Националниот совет на Сирија мора да стекне поголем кредибилитет и да понуди гаранција за безбедноста на Алавите и останатите малцинства во земјата.

Повеќе од сè, ако Русија е сериозна за конференцијата, таа мора да се приклучи кон тешката резолуција на ОН, да разјасни дека вината лежи во суровиот режим на Дамаск.

Тоа е пораката која Барак Обама мора да ја пренесе на Владимир Путин на Самитот на Г20 следната недела. Само тогаш може да почне да се работи на невозможниот сон, за Сирија и Среден Исток кој не е арбитрарен мозаик од секти и племиња, туку збир на модерни национални држави.

Превод: Славица ЃоргиеваИзвор: The Independent

Page 24: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAEkonomija

24 BR.81

Зошто еден успешен трговец со обврзници одлучи да престане со работата и да го предупреди светот за претстојниот финансиски Армагедон?

Заборавете на финансиските маки со кои се соочува Европа – тоа е само пропратна појава, ви го одвлекува вниманието од вистинската приказна. Освен колапсот на валутата, се одвива и колапс на парата.

Така барем вели Детлев Шлихтер, поранешен трговец со обврзници, кој ја напушти работата со цел да му ја објасни вистината на светот за вистинскиот зачеток на петгодишната финансиска турбуленција.

Неговата книга „Paper Money Collapse - the Folly of Elastic Money the Coming Monetary Breakdown“, вели дека кризата

не настана со шокот во 2008 или, пак, со еврото пред една деценија. Вистинската причина, вели тој, датира уште од 1971-ва со одлуката да се прекинат сите врски помеѓу американскиот долар и златото.

Со напуштањето на златото, САД, а потоа и остатокот од светот се ориентираа накај „фиат“ валути што исклучиво се базираа на довербата на луѓето во чии раце беа монетите и банкнотите. На централните банки им беше дадено правото да печатат пари колку што сакаат, без да бидат казнети, што неизбежно и постојано водеше до дополнувања во системот. Со текот на времето, светските пазари станаа нестабилни и зависни од сé поголеми полнења со евтини пари.

„Сите системи со фиат пари завршија неуспешно“, вели Шлихтер, кој е роден во Германија, но од 1996 живее во

Se bli`i krajot na parite?

Page 25: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

25BR.81

Ekonomija

Лондон со жена си и трите деца.

Еврозоната е клуб од „банкротирани и полубанкротирани држави“. Идејата дека полубанкротираните треба да им помагаат на банкротираните е луда, вели тој.

Се наоѓаме во ситуација слична на Република Вајмар, каде банките и владата не се согласуваат со кредитниот договор, затоа што едноставно би банкротирале. Крајот на играта, предвидува Шлихтер, ќе биде очаен обид да се намалат долговите што би успеало сé додека народот не сфати дека е „одран“ и ја изгуби довербата во хартиените валути, кои и да се. По сето ова, ќе дојде до комплетна катастрофа.

Сценариото што го опишува Шлихтер е апокалиптично, скромно и јасно, вели тој на неговиот блог Paper Money Col-lapse. Таргет групата на блогот, како и онаа на книгата, се вчудоневидени. Мора да ги прифатите фразите како „грешки во капиталните распределби“ или „манипулација на кредитниот пазар“, за да уживате во содржините.

Што го тера еден човек да си ги спакува куферите, да изнајми мала канцеларија во St. John’s Wood и да зборува за претстојниот Армагедон? Шлихтер вели дека станало невозможно за него да ги одржи работата и љубовта кон Австриската школа за економија, laissez-faire филозофија што го става човековото однесување во центарот на теоријата.

„Веќе одредено време чувствував тензија помеѓу моите либерални ставови, од една страна, и мојата секојдневна работа како дел од нестабилниот глобален паричен систем, од другата страна“, вели Шлихтер, којшто се образувал со Џ.П. Морган, пред да продолжи да работи за специјалниот Западен менаџмент за американски обврзници. Таму тој бил на чело на тим, којшто надгледувал инвестиции вредни 60 милијарди долари.

Оваа тензија се зголемила, откако Федералните резерви на САД одлучиле нивната политика да ја променат од многу „блиску набљудувана“ во „опуштена“. Тоа било одговор на руската политика и банкротирањето на Долгогодишниот

Page 26: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAEkonomija

26 BR.81

капитален менаџмент во 1998 година. Шлихтер се присетува како во австриските школи се објаснувало како тоа би можело да води до краткотрајно опоравување или дури продолжување на претходниот бум.

Така и се случило, но по цена на тоа што финансискиот систем се здобил со многу неизбалансирани податоци. Банкарите и трговците сега знаеја дека можат да се потпрат на централните банкари, како последна шанса позајмувачи. Сето ова охрабрило да се превземаат повеќе ризици. Насекаде растела предноста и потрошувачката, наместо да се намалува, како што би бил случајот доколку на кризата би и било дозволено да тече по својот пат.

Нештата почнале да бидат матни во 2001 година кога Федералните резерви ги намалија каматите на 1% и ги одржуваа на тоа ниво.

„Во тој момент, почнав да согледувам дека тоа не било само грешка во политиките, туку структура, којашто беше вметната во системот, а која претставуваше резултат од погрешни теории околу тоа колку се „лесни“ парите за раководење“, додава Шлихтер.

„Тие проблеми беа систематски, а во нивниот корен се наоѓаше интелектуална грешка. Контра-аргументот е точен. Еластичноста на парите го прави системот нестабилен. Економистите од поранешните генерации тоа го разбрале подобро од нас“.

Кризата во 2008 беше главната поента на Шлихтер.

„Одговорот беше уште повеќе екстремен. Во тој момент сфатив дека морам да излезам од тој круг. Бев изненаден од тоа што фундаменталните проблеми со монетарниот систем не беа очигледни за сите. Дали луѓето не забележуваа дека сето ова ќе има лош крај? Јас решив да ја напуштам индустријата и да напишам книга во врска со неа“, објаснува тој.

Посетете го блогот и ќе забележите дека Шлихтер помеѓу трговците со злато е еден вид на херој. Тој верува во вредноста на жолтиот метал и пропагира враќање на цената на златото, додека за денешните политичари тоа изгледа незамисливо. Неговата идеологија, базирана врз учењата на австрискиот наставник-херој, Лудвиг фон Мисес, сепак, претставува малцинство.

Page 27: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

27BR.81

EkonomijaРечиси сите сега се фокусираат кон владините интервенции кај пазарите, а не кон повлекувањето од страна на владите. Некои од неговите гледишта, на пример, дека не треба да постојат даноци, сепак, можат да се сметаат за екстремни.

Но, доколку се земат во предвид времињата во кои живееме, и големите грешки направени од страна на креирачите на политиките во последните години, тешко е да се каже кој има право да дава свои заклучоци, а кој не.

Минатиот месец на Економскиот форум во Брисел, еден човек од публиката рече

дека треба да се свртиме кон златото. На телевизиската станица Блумберг, често може да се слушнат изјавите на поддржувачите на идејата за златни пари. Но, кој од нив успеа да ја предвиди ситуацијата во 2008 година?

Пооптимистички кажано, Шилхтер можеби не верува во вредноста на хартиените пари, но, неговите издавачи очигледно веруваат. Неговата книга чини 19 фунти во Велика Британија, а повеќе од 26 долари во САД. Додека финансискиот систем преживува, сите кредитни картички се прифаќаат. На таа информација, морате да се насмеете.

Подготви: Милена ПетровскаИзвор: Public Service Europe

Page 28: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

28 BR.81

Evropska Unija

EU politiki kon Zapaden Balkan

Европска Унија, како меѓународна организација sui generis, своите темели ги постави на тесна економска основа меѓу шест држави - основачи, кои ќе понудат примарна гаранција на стабилноста на европско тло, по крвавиот крај на Втората Светска Војна.

Успешното прелевање на економската интеграција во политики од неекономски карактер се одвиваше паралелно со политика на проширување со прием на нови членки.

Во рамките на првиот, вториот и третиот бран на проширување една држава со исполнување на објективниот критериум - да биде држава на европскиот континент и субјективниот критериум - да поднесе барање за прием во членство, автоматски го стекнуваше статусот на држава-членка.

Во 1993 година, на јунскиот Самит во Копенхаген беа донесени критериуми за членство, дефинирани како политички, економски и правни. Политичките подразбираат стабилност на институции кои ќе овозможат владеење на право, слобода демократија, заштита на

човекови и малцински права и истите денес се извор на правото на ЕУ, санкционирани во член 2 од Договорот од Амстердам. Економските подразбираат слободна пазарна економија и стабилност на валута, наспроти правните кои бараат хармонизација на правото на ЕУ со националните системи.

Во однос на земјите апликанти, односно кандидати од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија се оценува и регионалната соработка, добрососедските односи и извршувањето на меѓународните обврски, како дополнителен критериум на постоечките од Копенхаген. Европската комисија изготвува извештаи за напредокот на државата при исполнување на Копенхагенските критериуми врз основа на што дава/не дава препорака за датум за преговори. Водејќи се од мислењето на Комисијата, Советот на ЕУ одлучува со консензус за приемот во членство.

По распадот на комунистичкиот систем, Европска Унија покажа интерес за интегрирање на посткомунистичките држави меѓу своите редови, овозможувајќи им економска

Page 29: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

29

репарација, за која цел беа формирани бројни фондови за финансирање, но и политичка стабилизација, имајќи ја во предвид воената конфликтност на балканските простори.

Позитивниот пристап кон Република Македонија досега се согледа во два клучни моменти: Потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација од 2001 година и стекнувањето на кандидатскиот статус во 2005 година. Но, 7-годишната стагнација во евроинтеграцискиот процес е трн во око за македонското општество.

И покрај лидерскиот статус на РМ во овој процес, денес полека, но сигурно остануваме зад другите балкански држави. Иако со сè уште нерешени територијални прашања со Словенија, Хрватска на 17 септември 2011 година свечено го прими Пристапниот договор за членство во ЕУ за времетраењето на полското претседавање со Унијата, со кој се предвидува Хрватска да стане полноправна членка на 01 јули 2013 година.

Постигнувајќи договор околу регионалното претставување на Косово и режимот на интегрирано гранично управување, Србија ги исполни условите

за новостекнатиот кандидатски статус на 01 март 2012 година, по официјалното аплицирање за прием во ЕУ од декември 2009 година.

Босна и Херцеговина сè уште нема поднесено барање за прием во членство со оглед на нејзината политичка дестабилизацијата, но работи на доближување до европските стандарди по склучувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација од 2008 година.

Косово сè уште нема изградено дипломатски односи со сите држави-членки на ЕУ, па неговото официјално чекорење по европскиот пат е одложено на неопределено време. Албанија и Црна Гора ја делат судбината на Македонија.Ете така отприлика стојат работите околу проширувањето. Иако со позитивни емоции за напредокот на нашите соседи, фрустрациите кај македонскиот граѓанин се очигледни. Прашањето е каде да се бара вината?

По default актуелната политичка гарнитура преферира виновникот да го бара надвор од своите редови, по можност преку јужна граница. Таквиот игнорантски став само го оцрнува имиџот на Македонија на меѓународна сцена. Зарем сакаме да нè перцепираат како држава, чии политичари не поднесуваат одговорност за неуспехот од своето владеење? Колку и да сметаме дека се врши неправда во нашиот случај, мораме да ги прифатиме работите како што стојат во реалноста, во светот на возрасните.

За да ги надминеме калимеровските патетики, мораме да сфатиме дека во меѓународните односи владее меѓународна политика и дипломатија, а не право. Европска Унија не постои за да

Page 30: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

30 BR.81

Evropska Unija

дели право и правда за надворешните субјекти, туку да ги вреднува интересите на своите членови. Доколку сакаш да се приклучиш на постоечки тим, ќе ги прифатиш неговите правила на игра.

Европската комисија и Советот на ЕУ функционираат на различни претпоставки и штитат различни интереси. Додека Европска Комисија ја сочинуваат административци, кои објективно и професионално ги штитат наднационалните интереси на Унијата, во Советот на ЕУ седат политичари кои протекционистички ги застапуваат интересите на државата од која се номинирани, одлучувајќи со консензус по најчуствителните прашања.

Нужен е компромис со Грција, разумен или неразумен доколку сакаме да ги минеме портите на „пеколот”, познат како Совет на ЕУ.

Европска Унија не би се откажала од процесот на интегрирање за Западен

Балкан, бидејќи и самата би имала бенефит од новите членки.

Воспоставувајќи претпристапни фондови за државите-кандидати, меѓу кои и РМ, Европска Унија им овозможува на државите користење на нејзините финансиски средства,без наметнување на финансиски обврски. Кога државите-кандидати би станале полноправни членки, ЕУ ќе воспоставува и обврски, поточно дел од националниот државен буџет преку фискални инструменти ќе се влева во Европскиот буџет.

Република Македонија треба активно да пристапи кон градење на капацитети за користење на финансиските средства од ЕУ во овој стадиум, и понатаму да ги исполнува на задоволително ниво Копенхагенските критериуми и да гради и одржува пријателски односи со европските држави, бидејќи тоа е единствениот пат до европската интеграција, а не барањето на дежурни виновници и национални предавници.

Тамара Славеска

Page 31: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZINBR.81

MAGAZIN REVOLUCIJA

31

16 Juni 2012

Page 32: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

32 BR.81

Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“.

На први септември, јавно ќе биде објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20.

Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители, и

повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“.

„Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“. Доколку сакате вашиот фаворит да се најде на нашите страници во следниот број, пишете ни го рефренот на [email protected] и ние ќе се потрудиме истиот да не биде одминат.

Evergrin na „site vremiwa“

Page 33: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

33

Artvizor

BR.81

Сите мои слики – АРЕАОд сите мои слики што ги чувамШто ги редам и подредувамСамо една не ми дава мираОд глава не излегува....Песно моја збеснуваш во менеОстави да ме најде тој по тебеЅвездо моја блеснуваш за менеСè уште дише, дише тој во тебе.

Сите мои слики што ги чувамСите мои сеќавањаТажни океани, пловам по нивДа ме потонат о не, не можат...

Не зори зоро – ВЛАДО ЈАНЕВСКИСтој, не зори зоро душманкеИ пушти ноќта да ги сокриеОчиве што раѓаат бисери

Срцево што друга не љубиВиното ме води до неа

А сè подалеку од паметта

Јас морам да пијамДа се опијам

Без неа да живеамМајко, не можам...

Page 34: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

34 BR.81

Роза сина – ДИМЕ ПОПОВСКИ & ЗОРАН МИЛОСАВЛЈЕВИЌ

Останаа само надежите голираната што клука, срцето што боли останаа дните осамени празни бескрајните ноќи неспокојни мразни.

Во срцето носев една роза синано помина некој и розата ја скина...

Еден бакнеж – НИНА СПИРОВАЕден бакнеж песни рој

еден поглед безброј снимојте желби немаат број

штом ме плениљуби ме ти...

...Нема тајни во оваа мала среќа

да те љубам зар тоа не е сè,и да постои оваа мила нежна надежза еден твој мал срамежлив бакнеж

Подготви: Славица Ѓоргиева

Високи штикли и црни чорапи – КОНКОРДОдиш по улица се вртат по тебе,а ти така гордо гледаш само пред себе,довикуваат свират, озборуваат горат,а ти си ладна, ладна....Високи штикли и црни чораписе вртам ако треба и по сто патитвојот лик ме прогонувасе насмеваш ил ми се присторува.Сите те гледаат,со поглед стрелаат,а ти веќе не сине си ладна...

Page 35: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

Artvizor

BR.81

Дојде и тоа време или како што рече една обожавателка „утрото кога се разбудивме, а повеќе нема нови епизоди од доктор Хаус“. Добро, тоа може да се рече за многу други работи, но да не ја ширам приказната на друго, туку да се потрудам да сфатам зошто толку го сакавме.

За себе, веднаш знаев: пет до шест омилени состојки на сериска чорба беа исполнети, од необјаснивата опсесија за медицински авантури, со посебен нагласок на хирургија и енигми, преку детективскиот пристап кон непријателот, т.е. болеста, неопходните осврти на поп-културните знаења и искуства, до, се разбира, секогаш занесниот британски акцент, кој ни најубедливата глума на

Хју Лаури, не може да го сокрие од скоро, па совршеното, самопреобразување.

Шестата состојка, како и бројни останати, доаѓаа сами, сé до последната секунда на одјавната шпица на 22-та епизода на осмата сезона, која во склад со ликот и делото на д-р Грегори Хаус, го носи името „Секој умира“.

Поради оние што не се толку зависни како нас, кои се предаваме на незаконските опасности на интернетските ТВ пустини, па последната сезона ќе ја гледаат на кабловските канали, не смеам да откријам што се случуваше изминатава година. Само можам да ветам дека е уживанција, опоравување од разочарувањето на некои претходни сезони или епизоди

@ivotot prodol`uva bez doktor Haus

Page 36: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

36 BR.81

и некако многу повеќе хау(о)стовито. Но, затоа можам да се занимавам со аматерско истражување зошто го сакавме ликот како што е Хаус.

Значи, заклучок број еден, секој ги има своите десет (помалку или повеќе) причини зошто се чувствува како да му заминал, можеби дури, и пријател. Тие причини се за секого различни, и можат да се најдат како се провлекуваат во некоја од осумте сезони.

Признавам, ако во Домот на здравјето, па и на улица, налетаме на некој толку презирен, непристоен, саркастичен, безобразен, дрзок - и така можам вечно - би реагирале како голем број на пациенти на Хаус, колеги, па и случајни поминувачи, во најмирен случај, би се свртеле и заминале. Па, и ако би ја изгубиле животната шанса да запознаеме гениј, кој можеби, и ќе ни помогне да решиме некој проблем. Суетата е грда работа, нé учи Грегори Хаус, и во сопствениот и во нашиот пример.

Англичаните го имаат оној блескав израз, луѓето кои сакаме да ги мразиме или што би рекла мојата пријателка: „Во оваа ера на пластични, извештачени насмевки, услужни служби од една страна и нељубезно, арогантно однесување на истите тие служби од друга страна, вистинско освежување е да се види лик, кој е антихерој и спротивен на сето она кон што декларативно се тежи - убави зборови, нежност и топлина. Бидејќи, признаваме, кога не знаеме што ни е, потребен ни е некој кој ќе ризикува, сурово искрен, кој не се плаши од сопствените демони - единствено таков човек може да се соочи со нашите

Page 37: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

Artvizor

BR.81

демони. “

Хаус е скоро сето она што не сакаме да го сретнеме кај еден лекар, а ни кај луѓето со кои го поминуваме нашето време. Ние, пациентите или „обичните“ луѓе сме „пониски битија“, сите лажеме, сите нешто криеме, тој арогантно нé презира, нé смета за своја Рубикова коцка, која ќе ја фрли кога ќе ја сложи, а можеби еднаш во илјада случаеви, повторно ќе нé погледне или, нечуено, ќе покаже трошка на сочувство.

Или, како што самиот Хаус вели во разговор со еден од своите чираци, истражувачот на нервниот систем и мозокот, кој секоја болница и истражувачки тим на светот би го посакале, а Хаус кон него се однесува како кон блесав ученик, кој има уште многу да научи:

Д-р Форман: Зарем не е лекувањето на пациентите, она поради што станавме лекари?

Д-р Хаус: Не, лекувањето на болеста е причината поради која станавме лекари. Лекувањето на пациентите е она што голем број на лекари сакаат да го избегнат.

Но, но, но... И ние уживаме во тоа, колку и да не сакаме да признаеме. Без разлика на тоа што толку вложуваме на личната слобода, права кои ги уживаме како поедници, што не дозволуваме да ни се руши авторитетот, заслужен или не, во некој момент имаме потреба да зависиме од некој или да му се препуштиме, што на интимен, што на лекарски или политички план.

Па, ако веќе е така нека тоа биде генијот од ТВ- екраните, на кој му е дозволено сé што нам не ни е, само поради таа генијалност, а не некоја таму будалетина на какви налетуваме во вистинскиот живот. Ќе го истрпиме малку тоа навредување, ќе ја проголтаме гордоста, бидејќи знаеме дека нé чека нешто подобро.

А, за да го простиме самите на себе тој нокаут, генијот не е совршен, па горделивоста и егоизмот не ни се премногу повредени. Хаус одвај успева да ги задржи тие неколку пријатели, односите со жените му се, благо речено – катастрофални, склон е на безумно опијанување, навлечен е на таблети против болки (грд е, шепотат обожавателките на холивудските убавци), запуштен, често и валкан, нема

Page 38: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.81

ни куче ни маче, што би рекле нашите баби.

По нешто од тоа, секој може да ископа во себе, ако доволно е искрен. Па, тогаш и не мора да го мразиме, да му завидуваме. Не е човек од народот, далеку било, но барем е подложен на сите искушенија и маани кои нас нé мачат и расипуваат.

Д-р Хаус: Ти си ми единствен пријател. И те мразам. Жал ми е што те отфрлив, секогаш тоа го правам кога сум исплашен. Сите сме бедни. Тоа е она што сите нé прави занимливи.

И така осум сезони или 177 епизоди, а нас (ретко) ни беше досадно, често беснеевме, многу повеќе бевме залепени за екранот трагајќи заедно со Хаус за причината и лекот, се молевте да д-р Кади (не) се предаде, се расправавме со д-р Вилсон зошто ги трпи често невкусните шеги и подметнувања на Хаус, зошто тоа му е потребно во животот, за да веќе десет минути подоцна би ги стискале палците за да се врати и помогне.

Јас секогаш сé му простував поради совршениот саундтрек, поради плочите и книгите, опсесивното гледање на сапуници, а најмногу поради тоа што секогаш го добива она што го сака.

Превод: Елена ПавловскаИзвор: Mondo

Page 39: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.81

Filipini - rajot na zemjata

Да се одбере најубава плажа на Филипините е исто како да се обидеш да кажеш кое ти е омилено дете. Навистина тешко, но не и невозможно. Постојат повеќе од 7.000 острови со бел песок, тиркизна вода и морски животни кои живеат во неа, па не секој ќе одлучи која плажа е најубава.

Ел Нидо, ПалаванОва место е омилено на познатите личности од Холивуд. Палаван е т.н. „последната граница“ на Филипините, а крајбрежниот град Ел Нидо нуди бегство во дивата авантура. Се разбира местото има одлична плажа и кристално чисти води.

Доколку прошетате наоколу ќе видите

праисториски пештери и водопади, мермерни карпи и празни лагуни. Одлично место за истражување доколку сте авантуристи по природа.

Ел Нидо е популарна база за нуркачи. Во водите можат да се најдат повеќе од 50 видови на корали, китови, ајкули, делфини, жели и што ли уште не.

Page 40: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.81

Боракај, АкланБелата плажа е местото кое најчесто асоцира на Боракај, најпопуларната дестинација за одмор.

Плажата е долга 4 километри. Во текот на ноќта е посебно убава поради тоа

што е осветлена од песочни замоци во кои горат свеќи и пријатните ресторани и барови кои работат до рани зори. Ова место е идеално за спортови на вода, поради силните ветрови и големите бранови.

Островот ПалаиОвој изолиран остров е доста таинствен, само храбрите и истрајните се обидуваат да дојдат до него. Прекрасните бели песоци, опколени со вулкански карпи од

едната и сино-зелени води од другата страна се рај за очите. На овој остров постои можност за нуркање. Но, прилично е тешко да се дојде до островот.

Page 41: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.81

За да се стигне до плажите потребно е да се помине низ трнлива трева, каллива земја и мангрова шума. Уште

поинтересно е што на островот нема хотели и одморалишта, затоа кампување под отворено небо е одличен избор.

Панглао, БохолВеќе сте уморни од постојано гледање во белиот песок? Па, не сме стигнале ни до пола од она што сакаме да ви го прикажеме.

Овој остров порано беше слабо посетуван, но туристите барајќи поволни плажи го оживејаа местото. Островот е прибежиште за оние кои сакаат различни водни атракции.

Овде спаѓаат: гледање на делфини,

китови, набљудување на морски змии и брилијантни корални форми.

Островот е доста познат по Чоколадните ридови кои се именувани по кафеавата боја која ја добиваат кога тревата ќе се исуши.

Важно е да се напомене дека на островот се зборуваат повеќе јазици, како прв е англискиот, па германскиот, швајцарскиот и јапонскиот.

Островот БантајанОстровот остана целосно изолиран од модерниот свет, достапен е само

за странци кои претходно имаат резервирано и сакаат да престојуваат

Page 42: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.81

на преубавите плажи и да уживаат во црвено-златните зајдисонца.

Пивото овде е евтино и ладно, луѓето се топли и гостопримливи, а тмурните проблеми на надворешниот свет се

целосно заборавени.

Овде нема хотели со пет ѕвезди, трговски и шопинг центри, па доколку сакате вистински да се одморите овој остров е идеално место за вас.

КарамонМестото го носи името според еден вид на морска желка. Плажите се опколени со огромни камења и карпи. Нуркачите го обожаваат островот.

Пештерите, водопадите, слатководните базени и лагуните се само надополнување на преубавите плажи. На овој остров порано се снимало реалното шоу „Преживеан“.

Page 43: Револуција магазин бр.81

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.81

СамалКрајбрежјето на Самал е долго неверојатни 118 километри. Веќе погодувате што е карактеристично за овој остров.

Белиот песок, зелената вода, различни видови на карпи и кокосови палми. Многубројни летувалишта нудат одлична

програма за туристи од повисока или пониска класа.

Необично за овој остров е што тој целосно исчезнува од видик за време на висока плима. Единствено може да се види куќа која изгледа како да е изградена врз морската површина.

Ние ви дадовме седум причини зошто вреди да ги посетите овие острови. Ако сакате да ја зголемите листата и да споделите некое ваше искуство слободно коментирајте на нашите е-маил адреси. Сепак, покрај овие убавини веруваме дека останавте без зборови.

Превод: Љубица КартоваИзвор: CNN GO

Page 44: Револуција магазин бр.81