48
ВЕЛОСИПЕДИСТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, ОБЕДИНЕТЕ СЕ! СТАНИ ЕВС ВОЛОНТЕР! ВО ДИЈАЛОГ ИЛИ НА ВЕРСКИ МЕГДАН? МЛАДИТЕ МОЖАТ ПОВЕЌЕ! ВАСКО АТАНАСОВСКИ: ИСТРАЈНО ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ ИНТЕРВЈУ СО КИРИЛ ЕФРЕМОВСКИ: ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА ВЕ ОРГАНИЗИРАМЕ зА СТУдЕНТСКОТО ОРгАНИзИРАњЕ ВО МАКЕдОНИЈА

Студентско Списание Излез број. 6

  • Upload
    izlez

  • View
    248

  • Download
    8

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Дигитална верзија на независното студентско списание Излез.

Citation preview

Page 1: Студентско Списание Излез број. 6

ВЕЛОСИПЕДИСТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, ОБЕДИНЕТЕ СЕ!СТАНИ ЕВС ВОЛОНТЕР!

ВО ДИЈАЛОГ ИЛИ НА ВЕРСКИ МЕГДАН?

МЛАДИТЕ МОЖАТ ПОВЕЌЕ!

ВАСКО АТАНАСОВСКИ: ИСТРАЈНО ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

ИНТЕРВЈУ СО КИРИЛ ЕФРЕМОВСКИ:

ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА ВЕ ОРГАНИЗИРАМЕзА СТУдЕНТСКОТО ОРгАНИзИРАњЕВО МАКЕдОНИЈА

Page 2: Студентско Списание Излез број. 6

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 3: Студентско Списание Излез број. 6

ГЛаВЕн И оДГоВоРЕн уРЕДнИК

Даниела Атанасова

уРЕДнИцИ

нИЕ И сИстЕМот

Ана Лакалиска

ПоГЛЕДИ/ФоРуМ

Билјана Дијанисиева

МожностИ И КаРИЕРа

Нино Домазетовиќ

КуЛтуРа

Катерина Николовска Мими Николиќ

МуЗИКа

Дени Омерагиќ

тЕхноЛоГИја

Дамјан Цветков-Димитров

РЕДаКцИја

Емилија Ничовска Елена ТимчеваБојана Бесова Далибор СтајиќАндреј Д. Јана СимјановскаТомче РунчевскиТихомир ДавчевФросина АнтоновскаМаја КерамитчиеваНина ГеоргиеваДраган Цибрев

ГостИ соРаботнИцИ

Елена Ончевска – ЕјгерСунчица Брнардиќ

ЛЕКтуРа

Кристина ВелевскаДрагана ЕвтимоваЈасмина ПетровскаБилјана СтојановскаНевена ИвковиќСимона Крстевска

ФотоГРаФИИ

Мартин СтојановскиРадмила ВанкоскаВладимир КрлеДалибор СтајиќНино ДомазетовиќИгор КостовДамјан Цветков-ДимитровДаниела Атанасова

ГРаФИчКИ ДИЗајн

Иван Дургутовски

За ИЗДаВачот

Здружение „Студентска организација Излез“

КонтаКт

[email protected]

Контактите на авторите ѝ се познати на редакцијата.

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

ИЗЛЕЗ ИМА ПРОСТОР ЗА ТВОИТЕ ИДЕИ!

соДРжИна |04 Предавање или Посредување? |05 КаКо и дали ќе фунКционира одборот за аКредитација и евалуација? |06 заКон за млади – Потреба или државна Контрола? |08 дозволете ни да ве организираме |10 на маргините меѓу Професија и себеизразување |12 сè додеКа има бруталност во Полицијата треба да има и движење Против ПолицисКата бруталност (интервју со Кирил ефремовсКи) |15 велосиПедисти од целиот свет, обединете се! |18 младинсКа ПолитичКа Партија |20 феноменот на ние и тие |22 во дијалог или на версКи мегдан? |24 неПодносливата леснотија на берлин |25 интернационална Парламентарна стиПендија |26 ПраКсата – Критериум на вистината |28 Патот до маКс ПланК оПштеството |29 Креативна евроПа“ и „еразмус за сите“ |30 стани евс волонтер! |33 Патешествијата на еден диПломиран англист |34 сКоПсКиот араП во германија |36 херои на својата „аКадемсКа сцена“ |37 чиј е мот? / „звуКот на КосКите што се Кршат“ |38 „метроПолис“ во сКоПје |39 Културно уметничКи работници – „ha ha jolly jolly“ |40 младите можат Повеќе! |42 имаме КаПацитет за добри филмови |43 игри |44 геjмифиКација |46 студентот и здравјето, два неПоврзани Поима.

Page 4: Студентско Списание Излез број. 6

ПРЕДАВАЊЕ ИЛИ ПОСРЕДУВАЊЕ?МОжЕМЕ ЛИ ВООПштО ДА збОРУВАМЕ зА ПРЕДАВАчИ И ПРЕДАВАЛнИ ВО ВРЕМЕ кОгА знАЕЊАтА нЕ гИ ПОСЕДУВА САМО нАСтАВнИкОт, А ПРОСтОРИјАтА ВО кОјА нАСтАВнИкОт СЕ СРЕќАВА СО СтУДЕнтИтЕ нЕ Е ЕДИнСтВЕнОтО МЕСтО ВО кОЕ СЕ СЛУчУВА АкАДЕМСкОтО „ПРИМО-ПРЕДАВАЊЕ“?

Овој текст е реакција на една убава статија од петтиот број на Излез. Се работи за написот Образовниот парадокс согледан преку пренесување на знаењето со поднаслов Успешен ли е новиот високообразовен систем во создавање трајни знаења кај студентите? од Оливер Василевски. Морам да признаам дека имам многу слични (иако само интуитивни) ставови околу квалитетот на компетенциите со кои студентите завршуваат курсеви, години и студии. Би било добро да ги провериме овие интуиции и неформални ставови преку истражување, но тоа е тема за друг текст. Овде сакам да се осврнам не на суштината на написот, туку на терминологијата која ја означив со затемнати букви погоре| концептот на пренесување, односно создавање знаење.

Секојдневно зборуваме за предавачи, предавања, предавални, итн., но колку го преиспитуваме значењето на овие термини? Издржани ли се, во ред ли е да се зборува за предавање во ера кога цели библиотеки се достапни онлајн? Знам дека биле издржани кога се појавиле| контекстот обично обликува логични термини кои одговараат на моменталната реалност. Реалноста многу децении наназад се состоела од наставник кој го има единствениот примерок од учебникот во класот, а библиотечниот фонд (ако воопшто го има) е ограничен. Јасно е дека главниот контакт на студентите со знаењето во ваквиот сплет на околности е токму наставникот, кој буквално им го (пре)дава инаку тешко достапното знаење.

Меѓутоа, во ера кога студентите имаат пристап до огромен фонд на информации, концептот предавање звучи сè поанахроно. Можеме ли воопшто да зборуваме за предавачи и предавални во време кога знаењата не ги поседува само наставникот, а просторијата во која наставникот се среќава со студентите не е единственото место во кое се случува академското „примо-предавање“?

На страна што концептот предавање не им ласка ниту на студентите бидејќи подразбира tabula rasa, празно CD на кое треба да се сними одреден корпус на информации. Како учењето да претпоставува просто меморирање информации, кои брзо се забораваат, често затоа што немале доволно допирни точки со претходното академско и/или животно искуство на студентот.

Како учењето да не може да подразбира претходно истражување на целната област од страна на студентот и формирање на толку потребните референтни точки на искуство за материјалот што се работи на час да добие полна смисла. Наставникот, во вториот контекст на нештата, не предава, туку посредува меѓу искуството на студентите и целниот материјал. Знаењето, пак, не го создава системот, туку секој студент поединечно, во општествениот контекст на студенската група – значи, со посредство на наставникот и колегите.

Со целиот ризик некои (студенти, но и наставници) да ги доживеат новите академски улоги што ги заговарам (истражувачи, односно посредници) како зелено светло за импровизација на час, сигурна сум дека други ќе ги сфатат како редовен предизвик и повод за постојано преобмислување на сопствените академски развојни планови. Секој со своето.

Елена Ончевска - Ejгер Даниела Атанасова

Од овој број воведуваме нова рубрика, „Реплика“,

со која им даваме можност на читателите да

претстават свои мислења во форма на одговор,

критика, реакција, коментар на ставови изнесени

во некоја статија објавена во претходните броеви

на „Излез“, или на нашата веб страница. Ова е

простор за вас (впрочем како и целото списание), па

искористете го! Читајте внимателно и пратете ни

реплика (или контрареплика) на studentsko.spisanie@

gmail.com. Првата реплика ја напиша авторката на

идејата за оваа нова рубрика.

04 | РЕПЛИКа

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 5: Студентско Списание Излез број. 6

кАкО И ДАЛИ ќЕ ФУнкЦИОнИРА нОВИОт ОДбОР зА АкРЕДИтАЦИјА И ЕВАЛУАЦИјА нА ВИСОкОтО ОбРАзОВАнИЕ?

ИзменИте наПРавенИ, стРуЧњацИте скеПтИЧнИ|

И пОКРАЈ ТОА шТО ИМЕТО НЕ зВУчИ ОСОбЕНО ВОзбУдЛИВО, ТУКУ СОСЕМА бИОКРАТСКИ, КАКО шТО И ѝ дОЛИКУВА НА ЕдНА дРжАВНА ИНСТИТУцИЈА, ОВА ТЕЛО, пОТОчНО НЕгОВИОТ СОСТАВ, бЕшЕ ЕдНО Од гЛАВНИТЕ пРАшАњА ОКОЛУ КОИ СЕ КРшЕА КОпЈАТА ВО НАСТАНИТЕ шТО СЛЕдУВАА пО НАбРзИНА дОНЕСЕНИОТ зАКОН зА ВИСОКО ОбРАзОВАНИЕ МИНАТАТА пРОЛЕТ. дОзНАЈТЕ КОИ СЕ АРгУМЕНТИТЕ НА дВЕТЕ СТРАНИ И КОЈА ВСУшНОСТ Е УЛОгАТА НА ОВОЈ КОНТРОВЕРзЕН ОРгАН.

Во согласност со измените на Законот за високо образование, од јуни годинава и официјално започна со работа Одборот за акредитација и евалуација на високото образование – самостојно тело кое претставува спој од двете поранешни тела – Одборот за акредитација и Агенцијата за евалуација. Според новиот закон, Одборот предвидува систем на обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование кој опфаќа одобрување, потврдување и признавање на високообразовна установа. Ова се остварува преку акредитација , а процена на квалитетот на работата на истата – преку системот на евалуација. Новосоздаденото тело е составено од вкупно 23 члена, од кои девет се избрани професори од Интеруниверзитетската конференција, два члена од МАНУ, еден претставник на работодавците, два члена – студенти избрани од редот на студентските парламенти, и деветмина владини претставници, вклучувајќи го и претседателот на новиот одбор, проф. Михаил Петковски од Економскиот факултет во Скопје. Според изјавите на тогашниот Министер за образование, Никола Тодоров, ова е една од најзначајните институции што треба да обезбеди високо ниво на квалитет во образованието и ќе овозможи приближување на државата до европскиот високообразовен простор преку процедура за членство на Република Македонија во

Европската мрежа за обезбедување квалитет во високото образование. Според законските измени, Одборот за акредитација и евалуација е самостоен во својата работа и одлучува во рамките на својата надлежност врз основа на принципот на стручност и компетентност. Предвидено е најмногу на пет години да ги проверува (евалуира) квалитетот и начинот на работата на високообразовните институции, да одобрува формирање на нови факултети, но има моќ и да им ја одземе акредитацијата за вршење дејност. Исто така, ќе ги одредува предметите што ќе бидат надворешно оценувани на секој факултет.

На критиките дека телото не може успешно да извршува две улоги, од надлежните органи посочено е дека овој модел е пофункционален. Имено, овој систем (спојувањето на телата за акредитација и за евалуација) се практикувал во мали држави и кога акредитирањето е фокусирано само на еден степен на образованието, во овој случај – високото. Концептот на работа на новиот Одбор, екс-министерот за образование го „оправдува“ со правилото во правото – тој што дава, тој и зема. Моменталниот квалитет на високото образование во Македонија се очекува да биде изразен со рангирањето на македонските универзитети (и на нивните факултети ) што до крајот на годинава треба да го направи универзитетот „Џао Тонг“ кој ја составува светски позната Шангајска листа.

Емилија Ничовска [Студии по новинарство / Правен факултет „Јустинијан Први“] Мартин Стојановски

Новото тело, иако навидум „совршена комбинација“ за чекор напред во високото образование, веднаш наиде на критики и негативни реакции кај стручњаците, кои велат дека постои конфликт на интереси во самата структура на оваа институција, бидејќи непримерно е Одборот, кој врши акредитација на факултети, во исто време да врши и евалуација на нивната работа, односно да ја доведува во прашање својата претходно донесена одлука. Според група универзитетски професори и поранешни членови на поранешниот одбор за акредитација, ова претставува концентрација на моќ во една личност, најверојатно во претседателот на новиот орган, а индиректно во министерот за образование и наука. Според нивните тврдења, полесно е да се влијае на еден претседател на едно тело, отколку на две или повеќе. Во прашање ги ставаат и конечните одлуките кои ќе произлезат од членовите од новиот Одбор, доколку се земе предвид нивната исполитизираност и блискост со Владата. Како негативни страни на заедничкиот одбор за акредитација и евалуација е спомнато и учеството на двајца претставници на студентските парламенти, кои не се квалификувани да одлучуваат за доделување акредитации и нивна традиционална поврзаност со која било владејачка структура.

нИЕ И сИстЕМот | 05

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 6: Студентско Списание Излез број. 6

Во последниве месеци, македонската јавност беше нашироко бранувана од еден предлог-закон кој на големо ги подели мислењата во нашата земја. Станува збор за озборуваниот Предлог-закон за млади кој предизвика жестоки дебати и спротивставености на политичката сцена кај нас. Уште со самото појавување, овој Предлог-закон беше цел на лавина негативни реакции и неприфатеност од страна на голем број младински организации и опозицијата.

зА штО ВСУшнОСт СтАнУВА збОР? Предлог-законот за млади предлагаше формирање на повеќесекторски пристапи преку кои ќе се креира и спроведува политика на млади, со цел да се задоволат потребите и интересите на младата популација (според Законот, лица на возраст од 15 до 29 години). Поддршка и унапредување на младите и младинското организирање, поттикнување на младите кон учество во јавниот живот а воедно и негово зајакнување, волонтерство, недискриминација, солидарност и етика, поактивен младински живот и работа... беа само дел од предвидените цели на овој закон. Предвидена беше исто така и „организациска хиерархија“ во која беа подредени видовите на организациските групирања како| младински организации, национални младински организација, Совет на млади и Државен совет за млади кој би требало да ја претставува врховната организациска структура. И повеќе од доволно простор беше одвоено за запознавање на лаиците токму со оваа структурираност и терминологија.

зОштО ОВОј зАкОн јА ПОДЕЛИ МАкЕДОнСкАтА јАВнОСт И нЕјзИнИтЕ СтАВОВИ? Содржината на овој Предлог-закон за млади беше главната причина за одржување на голем број дебати и трибини токму на оваа тема. Со сигурност, местото каде што можевте да ги пронајдете претставниците на сите младински организации, опозицијата, како и интелектуалци од секоја бранша, сите собрани на едно место. Сè со цел колку да се обидат да ја разјаснат, толку и да ѝ забележат на содржината на овој закон. Сепак, голем дел ја поздравија идејата за постоење на Закон за млади, но сите беа одлучни во ставот дека овој закон мора да претрпи некои сериозни измени. Според изјавите на претставниците на Младинскиот образовен форум (МОФ), младинските прашања не треба да се решаваат по политички терк. За донесување на квалитетен закон, потребно е да се отвори поширока политичка дебата во која би учествувале и младите како основна целна група. Дотогашното изготвување на законот зад затворени врати во Министерството за правда и Агенцијата за млади и спорт беше остро осудено од страна на сите младински организации.

зАКОН зА МЛАдИ:ПОтРЕбА ИЛИ ДРжАВнА кОнтРОЛА?НЕОдАМНА ВО СОбРАНИСКА пРОцЕдУРА ВЛЕзЕ пРЕдЛОг-зАКОН зА МЛАдИ КОЈ пРЕдИзВИКА бРАН КРИТИКИ Од СТРАНА НА МЛАдИНСКИТЕ ОРгАНИзАцИИ. зА дЕбАТАТА И ИСхОдОТ, пОдОЛУ.

Елена Тимчева [Студии по новинарство / Правен факултет „Јустинијан Први“] Мартин Стојановски

06 | нИЕ И сИстЕМот

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 7: Студентско Списание Излез број. 6

Покрај тоа, како останати слабости и пропусти на Предлог-законот за млади беа наведени и| ограниченото право на учество на младите во Државниот совет за млади, отсуството на ефикасни механизми за остварување на целите на законот, како и низа недоречености во регулирањето на младинските организации. Самиот закон се осуди како недемократски, неинклузивен и рестриктивен.

Од почетните 35 младински организации кои се вклучија во критиката на Предлог-законот, бројот се зголеми на вкупно 45. Сите тие 45 младински организации доставија свои измени и дополнувања на нацрт-текстот за Предлог-законот за млади кои беа доставени до Собранието на Р. Македонија. Нивниот предлог содржеше клучни измени во делот на младинското организирање на национално ниво, каде се предвидуваше оформување на младинска чадор организација – Национален младински парламент, која би била највисокото претставничко тело на младите во државата. Националниот младински парламент би ги застапувал интересите на сите млади, без разлика на нивната етничка, верска или друга припадност, во процесите на донесување одлуки на национално и меѓународно ниво како и во општествениот развој.

Што се однесува до двете најголеми политички партии во земјава, владејачката ВМРО- ДПМНЕ и опозициската СДСМ, и двете се заложија за свој, спротивен став. Владејачката партија ја поздрави идејата за ваквиот закон како добро и корисно решение за младите во Македонија. Од партијата се надеваа на што побрзо изгласување и стапување во сила на Законот за млади. Опозициската партија, пак, го зазеде секако спротивниот став. Тие сметаа дека многу подобро би било младинските прашања да се решаваат со национална стратегија а не со закон чиешто спроведување е под знак прашалник.

Сега, некој месец подоцна, можеме со сигурност и цврсти аргументи да потврдиме дека младинското организирање е уште една многу важна движечка сила во општеството. Благодарение на нивното неуморно залагање, младинските организации ја извојуваа својата прва голема битка. Владата на Република Македонија го повлече Предлог-законот за млади од собраниска процедура со образложение дека е потребно да се направат пошироки консултации со младинските невладини организации. Одлуката беше поздравена од сите младински и граѓански организации кои поведоа иницијатива за одбрана на младинското учество. Во своите официјални изјави тие се изјаснија дека повлекувањето на Предлог-законот е корисно и сторено во вистинско време, пред да му се нанесе поголема штета на младинското организирање. Исто така, потенцираа дека многу е важно директното вклучување на сите младински чинители, организации и подмладоци на политичките партии во понатамошниот процес на креирање на законски решенија.

Но секако дека нема овде се застане. 45-те организации, дел од иницијативата „Во одбрана на младинското учество“, ги повикуваат сите млади да се заинтересираат повеќе за младинските политики и да земат активно учество во креирањето ефективни решенија за младинските проблеми. А тие ветија дека и понатаму ќе останат посветени на креирање закон во кој на младите ќе им се остави можноста сами да се организираат на начин кој најмногу им одговара.

И конечно, прашањето сè уште останува отворено. Закон за млади - вистинска потреба или државна контрола? Кој би знаел со сигурност да одговори? Но едно е сигурно. Огромно браво за сите младински организации што ја покренаа иницијативата! Без оглед на причината, се докажа дека во оваа земја и ние младите можеме да бидеме сложни и упорни во своите постапки. Да, дека токму ние младите можеме да ја промениме и подобриме нашата иднина и да ја докажаме онаа познатата| На младите останува иднината! Затоа млади – да се организираме!

кОга бИ се заПРашале кОлку младата ПОПулацИја вО нашата земја е заПОзнаена сО ПОстОењетО на закОнОт за младИ бИ дОшле дО ИзненадуваЧкИ, мОжебИ И РазОЧаРуваЧкИ ОдгОвОР. шест Од десет ИсПИтанИцИ вООПштО не нИ слушнале за ПОстОењетО на вакОв закОн. ОстанатИте ЧетИРИ ИсПИтанИцИ ИзјавИја дека Имаат слушнатО Од медИумИте за закОнОт за младИ нО немаат ПРетстава за штО станува збОР. РезултатИте се застРашуваЧкИ. тОкму младИте, за кОИ И е наменет ОвОј закОн, не се дОвОлнО ИнфОРмИРанИ И вклуЧенИ вО самИОт ПРОцес. кОј е вИнОвнИкОт? далИ мОжебИ ПРИЧИната е недОвОлнОтО медИумскО внИманИе ИлИ незаИнтеРесИРанОста на младИте? какО И да е, ПРОПустОт е ОгРОмен И мОРа да се ПОПРавИ.

нИЕ И сИстЕМот | 07

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

СИтУАЦИјАтА ДЕнЕС:

Page 8: Студентско Списание Излез број. 6

ОД ФЛЕш МОб нАСтАнОт штО „СЛОбОДЕн ИнДЕкС“ гО ОРгАнИзИРАшЕ нА 17 нОЕМВРИ, ИнтЕРнАЦИОнАЛнИОт ДЕн нА СтУДЕнтИтЕ, зАЕДнО СО ПЛЕнУМ, СтУДЕнтСкА СРЕДбА нА ФИЛОзОФСкИ ФАкУЛтЕт.

08 | нИЕ И сИстЕМот

ако во изминатава година се најдовте затегнати од засилената активност на фронтот на студентските форми на организирање и нивните честопати дијаметрално спротивни ставови, не ве обвинуваме. академската 2010/2011 година забележа оформување на Платформата за студентски плурализам, протести на слободен индекс против принудната наплата на членарина за сПуКм, набрзина донесен нов закон за високо образование, стопиран закон за млади... во обид да му помогнеме на студентот „да им го фати крајот“ на сите овие придвижувања, се обративме кај трите најпосветени играчи на полето на организирањето| сПуКм, „слободен индекс“, и моф, т.е. неодамна формираната „Платформа за студентски плурализам“. во продолжение за нивните цели, идеи и активности.

Платформата за студентски плурализам постои речиси една година и во неа членуваат 20 младински и студентски организации. според претставници на моф, основните цели на платформата се покренување на студентската свест за потребата од демократизација во студентското организирање и заштита на студентските права, како и зајакнување на Платфoрмата и поставување на истата како активен застапник на студентските

права и реформатор на студентското организирање. во своите понатамошни активности ПсП ќе се обиде да ја зајакне и соработката со високообразовните институции, како и да се фокусира на развивање на институционални механизми за остварување и заштита на правата на студентите. Како промотор на плуралистичко студентско здружување, ПсП ќе работи на подигање на јавната свест за бенфициите кои ги нуди еден плурален демократски систем на студентско организирање и здружување. Платформата ќе се фокусира и на осознавање на сликата која владее меѓу студентите за состојбата со студентското организирање во македонија. особено е важно да се доближи проблемот со недостатокот на демократија во студентското организирање не само до студентите, туку и до остатокот од академската заедница со цел се добие поголема поддршка за идејата за закон за студентско организирање со кој би се поставил вистински систем на демократски принципи на студентско организирање. земајќи го во предвид фактот дека за 2011 година се предвидени избори за студентски парламент, Платформата за студентски плурализам не само што ќе го следи овој процес, туку и ќе работи на подигање на јавната свест за сите недостатоци кои постојат во студентското организирање во моментот.

пЛАТФОРМА зА СТУдЕНТСКИ пЛУРАЛИзАМ зА дЕМОКРАТИЈА ВО СТУдЕНТСКОТО ОРгАНИзИРАњЕ

дОзвОлете нИ да ве

ОРгАнИзИРАМЕ[зА СТУдЕНТСКОТО ОРгАНИзИРАњЕ ВО МАКЕдОНИЈА]

Ана Лакалиска [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Радмила Ванкоска

Page 9: Студентско Списание Излез број. 6

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Претседателот на студентскиот парламент, иван живковски, го прашавме колку од студентите оваа година платиле членарина, дали само оние кои го сториле тоа може да се сметаат за членови на студентскиот парламент и дали доколку дел од студентите не платиле членарина, ова тело може и понатаму да се смета за единствен легитимен претставник на сите студенти на универзитетот „Кирил и методиј“. тој одговори| според неофицијалните информации со кои располагаме во моментов најмалку 55 отсто од студентите платиле чланарина во матичните парламенти. согласно законот за високо образование на република македонија, сите студенти кои се во прв, втор и трет циклус се членови на студентските парламенти и тоа никако не може да се поврзе со процентот на студенти кои уплатиле чланарина од проста причина што плаќањето на членарината претставува само начин на регулирање на финансирањето, а не и дали некои студенти се членови или не. Како мало потсетување, би сакал да додадам дека доколку се земат предвид сите членови на наставно-научни совети на факултети, членовите на комисиите во уКим и факултетите, ректорската управа и универзитетскиот сенат, ќе добиете бројка од неколку стотици студенти кои директно се вклучени во органите на управување на универзитетот. бројот на активните членови, сите проекти, акции и активности кои ги работи сПуКм само го потврдуваат легитимитетот на организацијата.“ Коментирајќи ја веста дека некои студентски организации повикуваат на бојкот на изборите за претседател на сПуКм, живковски вели| „студентските избори треба да се одржат во текот на 2012 година, односно во периодот меѓу мај и октомври, зависно од одлуката на највисокото тело на сПуКм. апелите за бојкот кои се редовни од истите мали групи вечни бунтовници биле, се и ќе бидат присутни, но моето лично убедување е дека студентите како и секогаш и овој пат охрабрено ќе излезат и ќе го дадат својот глас за оној кандидат кој ќе сметаат дека е подобар.“

Како најактивна противтежа на зацементираниот студентски парламент последниве години се јавуваат слободен индекс, кои на 20 октомври во ла Кања организираа свирка за собирање средства за бојкот на студентските избори. со нивен претставник поразговаравме за оваа најавена акција.

сметаме дека студентите треба да знаат за што и за кого гласаат. иако бројката на студенти кои излегуваат на избори е секогаш мала, сепак сè додека им се дава значење на сПуКм тие ќе постојат како такви. за сПуКм да го изгуби својот статус на „легитимно“ избрано студентско тело треба скоро сите студенти да ги бојкотираат нивните избори. ние сметаме дека сПуКм и неговиот механизам на делување е крајно нелегитимен и многу често причините заради кои што тој би требало да постои се косат со фактичкта состојба. сПуКм не постои за да ја подобрува ситуацијата во студентскиот живот, туку за студентската елита легално да си го полни џебот.

одбивме да се приклучиме на иницијативата на моф бидејќи во неа не видовме реална алтернатива. моф и останатите приклучени организации се залагаат за плурализам во студентското организирање, наспроти моменталната ситуација каде членовите на сПуКм се блиски до владејачката структура на државата, без разлика која партија е на власт. за нас таа платформа не се разликува многу од сегашната ситуација, освен во тоа што студентски претставници ќе имa од повеќе организации, наместо како сега само од една.

СЛОбОдЕН ИНдЕКС

зОшТО бОЈКОТ НА СТУдЕНТСКИТЕ ИзбОРИ?

нИЕ И сИстЕМот | 09

зОшТО СЕ ОгРАдИВТЕ Од ИНИцИЈАТИВАТА НА МОФ зА пЛАТФОРМА зА СТУдЕНТСКО ОРгАНИзИРАњЕ, Од КОЈА СЕгА СЕ дЕЛ МНОгУ ОРгАНИзАцИИ?

СТУдЕНТСКИ пАРЛАМЕНТ НА УКИМ| „ИМАМЕ НЕОСпОРЕН ЛЕгИТИМИТЕТ“

Page 10: Студентско Списание Излез број. 6

На маргиНитe меѓу ПРОФЕСИјА И СЕбЕИзРАзУВАЊЕСИСТЕМОТ ИМА НЕОбИчНА СпОСОбНОСТ дА ЈА МИНИМИзИРА ВАжНОСТА НА ЕСТЕТСКОТО И дУхОВНО ИСКУСТВО, КАКО И ФУНКцИЈАТА НА УМЕТНОСТА дА бИдЕ ОгЛЕдАЛО НА СВЕТОТ. ИНТЕРЕСИТЕ Од ОбЛАСТА НА УМЕТНОСТА НАшЕТО ТРАНзИцИСКО ОпшТЕСТВО зНАЕ дА гИ пОВРзЕ СО ИзРЕКИТЕ „НЕМА ЛЕб ВО ТОА”, „НЕМА КОРИСТ Од ТОА”, „шТО НЕКОЈ бИ пРАВЕЛ СО дИпЛОМА Од ТОЈ ФАКУЛТЕТ” И СЕКАКО НАЈдЕгРАдИРАчКИОТ ЕпИТЕТ ВО КАпИТАЛИСТИчКИОТ НАчИН НА пРОИзВОдСТВО - „НЕпРОФИТЕН”.

Огромна е бројката на млади луѓе кои си го поставуваат ова прашање. Личности кои трагаат по знаење, а не информации. Оние кои очекуваат образованието да ја исполни својата предодредена задача на култивирање на младиот ум, наместо да го смести во матрица на нефункционалност. Па така, првата средба со системот (па и сите останати потоа) е бизарна и збунувачка. Чудни правила, контрадикторни на она што тие го сметаат за важно. Посебно е деликатна ситуацијата кога станува збор за уметноста и нејзиното прифаќање како нешто повеќе од хоби. Системот има необична способност да ја минимизира важноста на естетското и духовно искуство, како и функцијата на уметноста да биде огледало на светот. Интересите од областа на уметноста нашето транзициско општество знае да ги поврзе со изреките „нема леб во тоа”, „нема корист од тоа”, „што некој би правел со диплома од тој факултет” и секако најдеградирачкиот епитет во капиталистичкиот начин на производство - „непрофитен”. Ваквите обесхрабрувања принудуваат многу луѓе да се откажат од нејзино проучување и од патот кој сметаат дека е вистински за нивниот идентитет, во полза на егзистенцијата.

ДУхОВнО ИСкУСтВО ИЛИ ПРОФИт?

така не се зголемува учеството на самите студенти, чиј глас ќе биде оставен во рацете на неколкумина избраници. и народот во парламентарните демократии го има истиот проблем со избраната елита која, разбирливо, си ги брка само своите интереси. универзитетот е една мала држава, а ако едно нешто сме научиле од државните модели, тоа е дека претставничката „демократија“ работи во сечија, освен во полза на граѓаните. така и во факултетите - единствен начин студентите да се изборат за своите права е ако самите застанат зад своето. освен тоа, платформата на моф нема да го реши проблемот со партиските и државни влијанија врз студентскиот корпус, туку само наместо партијата на власт, свои „заштитници“ ќе си има и опозицијата. затоа одбивме да учествуваме во таа парада.

нашата алтернатива на моменталниот начин на организирање е преку студентско самоорганизирање во форма на Пленум, кој се карактеризира со хоризонтална структура и директна, односно непосредна демократија. студентско самоорганизирање значи самоиницијативно организирање на студентите за решавање на проблемите кои ги засегаат, т.е. студентско организирање во неформални и независни тела (движења/организации) каде што иницијативата е покрената од самите студенти (а доколку станува збор за делување на краток рок, такво тело може и да не постои - едноставно да бидат привремена група на студенти).

хоризонтална структура е организациска структура во која не постои хиерархија, односно секој член на организацијата, или учесник во активноста, има еднакво право на одлучување. оваа структура не го исклучува постоењето на модератори, координатори и делегати бидејќи тие три категории постојат за да се одржуваат и подобруваат редот и ефективноста во дадена ситуација и немаат никаква привилегија во однос на останатите. во директната (партиципативна, односно непосредна) демократија учесниците директно учествуваат во донесувањето на одлуките. не постојат преставници кои го застапуваат ставот на засегнатите, туку секој е претставник сам за себе.

ние го направивме тоа што сметавме дека е правилно да се направи. студентите сега се информирани дека таа членарина не е задолжителна, а и фактички на оние факултети каде што беше задолжителна повеќе не е. доколку студентите сметаат дека треба да платат, тоа е во ред бидејќи е нивен избор, но не е и услов за запишување година. задоволни сме што успеа иницијативата и што конечно студентите знаат дека од нив зависи дали ќе платат или не.

КОЈА Е ВАшАТА ВИзИЈА зА пОдОбРО СТУдЕНТСКО ОРгАНИзИРАњЕ ВО МАКЕдОНИЈА?

гОдИНАВА, СпОРЕд НЕОФИцИЈАЛНИ пОдАТОцИ, ОКОЛУ 55 ОТСТО Од СТУдЕНТИТЕ НА УКИМ пЛАТИЛЕ чЛЕНАРИНА зА СпУКМ бИдЕЈќИ пЛАќАњЕТО зА пРВпАТ бЕшЕ дОбРОВОЛНО. гО СМЕТАТЕ ЛИ ТОА зА ВАш УСпЕх?

10 | нИЕ И сИстЕМот

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

„ТЕшКО Е дА зАРАбОТИш пАРИ Од НЕшТО НА шТО ВРЕдИ дА гО пОСВЕТИш жИВОТОТ“- карлос Руиз зафон

Бојана Бесова [Економски факултет] Мартин Стојановски

Page 11: Студентско Списание Излез број. 6

Се конформираат и се насочуваат кон области и професии каде веројатноста е поголема дека ќе најдат вработување. Колку ваквата одлука е здрава за една личност е друга проблематика. Но, секако има и личности кои и покрај сите препреки и претскажувања за безработна иднина, останале доследни на својата љубов. Дека нивниот број е мал покажуваат и статистичките податоци. Според едно истражување на Еуростат, само 1,8 проценти од завршените средношколци во Македонија во 2007/2008 година се запишале на уметничките академии. На прашањето кои се негативните страни на нивниот факултет, се добиваат карактеристични одговори за студент на државниот универзитет| недоволно заинтересирани професори, застарен начин на функционирање, нељубезни асистенти, потребата повеќе да се стави акцент на креативниот израз и формирањето на критичко мислење кај студентот. Истакнуваат и дека нивниот начин на проверување на знаењето е поверодостоен и потежок, поради тоа што испитите и колоквиумите најмногу се состојат од отворени прашања. На клише прашањето „Што понатаму?”, некои студенти со црн хумор одговараат дека можат да избираат помеѓу кариера во супермаркет или кафебар. Болна шега за секој интелектуалец. Сатирата на страна, успехот најмногу зависи од личната иницијатива и мотивација. Ако програмата не нуди некои посебни можности, тоа не значи дека истите и не постојат. Единствено треба многу труд за нивно идентификување и искористување. И покрај сите маани, несомнено овие личности припаѓаат на една мала група студенти кои го сакаат тоа што го учат. Своите студии не ги избрале врз основа на најбараните професии и податоци од пазарот на трудот. Една студентка по книжевност вели| „Ниеден студент не се запишува тука за да заработи пари. Другите факултети се занает, а овде можеш да станеш човек”.

Tрендот со кој уметничките дисциплини се ставени на секундарно место е глобална појава и постои во секој образовен систем. Се сеќавате на основно училиште? Кога предметите се делеа на „важни и тешки”, оние за кои редовно ве прашуваа дали сте ја напишале домашната задача (најчесто математика и другите природни науки) и „оние другите предмети“ за кои не беше поддржувано вложување на премногу време и за кои наводно лесно се добиваат петки (ликовно, музичко...)? Од каде појавата на ваква хиерархија? Доминацијата на практичното и рационалното наспроти емоции и креативен набој. Во високото образование на прво место отсекогаш се поставувале природните науки, се ценела спосособноста за логичко размислување и брзо класифирцирање и категоризирање на податоци. Логичката/математичката интелегеницја се истакнува како единствен вид на интелегенција. Се чини дека дека се заборава фактот дека постојат уште шест различни форми. Што е со визуелната, кинетичката или музичката? Личностите кои се водени од каракатеристиките на десната мозочна хемисфера, т.н. „креативна“, се поставени во ситуација каде треба да ги потиснуваат своите таленти. Апсурдно е да се очекува оваа шема на функционирање да има позитивни резултати. Различни индивидуи го гледаат светот од различна перспектива. Некои размислуваат преку ментални слики, други преку звуци или ритам, трети преку зборови. Оваа разновидност на карактери и лични парадигми дава можност за поглед од повеќе агли. Фокусот не треба да биде насочен само кон пренагласување на вештините кои потекнуваат од левата хемисфера. Општеството би имало многу поголеми придобивки од прифаќањето на повеќедимензионалноста на човечките ментални способности, како јадро на целокупниот напредок.

ЛЕВА хЕМИСФЕРА vs. ДЕСнА хЕМИСФЕРА

нИЕ И сИстЕМот | 11

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 12: Студентско Списание Излез број. 6

СÈ ДОДЕкА ИМА бРУтАЛнОСт ВО ПОЛИЦИјАтА тРЕбА ДА ИМА И ДВИжЕЊЕ ПРОтИВ ПОЛИЦИСкАтА бРУтАЛнОСт

Кирил Ефремовски, активист

Додека јавноста го следи судењето за убиството на мартин Нешковски, ние разговаравме со претставник на граѓанската иницијатива што се изроди од овој случај. разговор ретроспектива на движењето, но и поглед кон неговиот иден развој и дејствување.

Кирил Ефремовски член на движењето против полициската бруталност.

Даниела Атанасова Владимир Крле, Мартин Стојановски

12 | ИнтЕРВју

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 13: Студентско Списание Излез број. 6

КОИ бЕА НА КРАТКО АКТИВНОСТИТЕ НА дВИжЕњЕТО пРОТИВ пОЛИцИСКАТА бРУТАЛНОСТ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТНИОТ пЕРИОд И ЕСЕНВА?

во македонија, за првпат во нејзината дваесетгодишна независност бевме сведоци дека се случи спонтан, реален и масовен граѓански активизам. движењето против полициската бруталност беше иницирано од немил, трагичен настан, преку кој се докажа дека сè уште има загрижени граѓани и критичка свест за општествените случувања. на самиот почеток, движењето организираше протестни маршови и мирни демонстрации низ скопје, но и низ неколку градови на македонија, а првичните активности беа проследени и со поднесување формални барања до надлежните државни органи. имавме неколку масовни и големи протести, a на еден од нив регистриравме присуство на близу 6000 поддржувачи. можеби во намален интензитет и не толку видливи за пошироката јавност, но нашите активности продолжуваат и понатаму. досега ги „одбележавме“ сите позначајни датуми или настани кои се поврзани со случајот на мартин нешкоски. ние делуваме како движење против бруталноста на полицијата во целина, и сите вакви случаи се следат. секако, за сите од нив имаме соодветни реакиции.

НАпРАВЕН ЛИ Е НЕКАКОВ НАпРЕдОК ВО НАСОКА НА ИСпОЛНУВАњЕ НА бАРАњАТА (РЕФОРМИ ВО пОЛИцИЈАТА, НО И КРИВИчНО гОНЕњЕ НА СИТЕ ВМЕшАНИ ВО УбИСТВОТО НА МАРТИН)?

реализацијата на барањата оди бавно, впрочем како и сè во оваа држава, но поради самата природа на барањата, нивното исполнување не може да биде преку ноќ и ќе се одвива етапно. нашите барања се политички и иницираат промена на систем, на формални структури кои по природа почиваат на традиционализам и потчинетост, и одбиваат некој да ги менува или контролира. меѓутоа, само со такви барања може да издејствувате некоја промена. но во никој случај барањата не се партиски! македонската полиција, во најголем дел е во истиот состав наследен од минатиот систем, a тој систем е граден од 1944 г. па наваму. меѓу другото овде зборуваме за структури на поранешната дбК, големи и моќни системи и нив е претешко да ги натерате само да ве ислушаат. тие се затворени, се штитат себеси, знаат сè за вас и најчесто се брутални и употребуваат прекумерна сила. оттука многу е тешко да издејствуваме кривично гонење на сите поединци вклучени во конкретниот случај, бидејќи сите тие се штитат меѓусебно. сметам дека станува збор за перфидно вмешан апарат на меѓусебно поврзани структури, како| мвр - истражни органи - обвинителство, а сè со цел да не се открие нешто што е зад целиот овој случај. движењето и понатаму е на ставот дека мвр неуспешно се обиде да го затаи случајот. и понатаму останува нејасно зошто трипати е менуван записникот за убиството во свр скопје, улогата на брзата помош, преместувањето на телото, снимките од камерите... конкретните изјави на сведоците со кои социјалните мрежи се преполни.

ВО ВРСКА СО СУдЕњЕТО НА СпАСОВ, ВИЕ НЕ бЕВТЕ зАдОВОЛНИ Од ОбВИНИТЕЛНИОТ АКТ, А ИМАТЕ И НИзА дРУгИ зАбЕЛЕшКИ. ОСТАНУВАТЕ ЛИ НА СТАВОТ дЕКА МОРА дА СЕ ОТКРИЈАТ СОУчЕСНИцИТЕ?

не знам дали воопшто има некој задоволен од обвинителниот акт, вклучуваји ги и оние кои го пишувале. за жал тој веќе е процесуален и нема да се менува, но обвинителот може да побара промена на квалификацијата на убиството. исто така,

обвинителството мора да ги обезбеди сите видео снимки, да ги повика вистинските сведоци од таа ноќ, и тие согласно закон мора да се појават за време на судењето.

одговорност по командна линија мора да има. а очигледно е дека постојат и соучесници. спасов не отишол на плоштадот таа вечер да обезбедува на своја рака. некој таму го испратил. Прашуваме кој и со каква наредба го направил тоа? По кој правилник е пратен припадник на специјална единица, надлежна да делува во специјални околности и со конкретна хиерархија, да обезбедува VIP личности на партиска прослава. не велам дека некој му наредил да изврши убиство, за тоа треба да одговара лично спасов, тоа е неминовност, но тој бил испратен службено на конкретниот настан и има надредени командни лица. ова мора да се разоткрие и сè она што досега се става под тепих да излезе на површина, а инволвираните да се казнат и да сносат останати правни последици. судењето е во тек, и засега го следат премногу контроверзии,кои се резултат од изјавите на сведоците, а тоа дополнително создава револт кај граѓаните.

зАбЕЛЕжЛИВО Е дЕКА МАСОВНОСТА НА дВИжЕњЕТО ОпАдНА. НА шТО СЕ дОЛжИ ТОА СпОРЕд ВАС?

движењето нема формални членови, ние сме инклузивно движење на кое може да му се придружи секој кој ги споделува нашите цели и кауза. во периодов не организираме протестни маршови за да се повикуваме на масовност. но убеден сум дека оние кои нè поддржуваа во јуни нè поддржуваат и сега. во моментот кога ќе понудиме конкретна содржина со која ќе ги заинтригираме луѓето тие повторно ќе ни се приклучат во поглем број. од друга страна, една цела машинерија, не штедејќи средства и начини, работеше на опаѓање на масовноста, наше делегитимирање, користејќи притисоци, закани и слично. Поголем дел од активистите не можеа да ги издржат тие притисоци, не се повлекоа целосно, но останаа да ја даваат нивната поддршка „од дома“ пред компјутерите, од каде всушност и сè почна. знаете, премногу тешко е да се борите против системот и да барате негова промена, а ние го правиме токму тоа. во нашата држава се чувствува притисок и страв, луѓето тоа го чувствуваат на гола кожа, се плашат, работат под притисок или воопшто не работат и стануваат апатични.

дАЛИ, бЕз РАзЛИКА НА ИСхОдОТ, СМЕТАТЕ дЕКА дВИжЕњЕТО пРОТИВ пОЛИцИСКАТА бРУТАЛНОСТ Е ЕдНА УСпЕшНА гРАЃАНСКА ИНИцИЈАТИВА И шТО ЈА пРАВИ ТАКВА? дАЛИ бЕшЕ дОбРО пРИФАТЕНА И пРОТОЛКУВАНА Од СТРАНА НА пОшИРОКАТА ЈАВНОСТ?

нема да бидам скромен и ќе кажам дека сме еден од најуспешните примери за граѓански активизам во последните дваесет години. спонтано движење кое придонесе да не се прикрие грозоморно убиство како што првично планираа. Кое се спротивстави на еден куп лаги и спинови на мвр и моменталната власт. ние веќе го постигнавме нашиот првичен успех - направивме нешто што никогаш досега се нема случено во македонија. го заинтригиравме целиот регион. меѓународни медиумски куќи известуваа и снимаа за протестите во скопје. социјалните мрежи се полни со видео материјали, луѓето и понатаму секојдневно пишуваат и се револтирани. Повозрасните со пиетет говорат за нас. веќе секој кој го употребува термнот „протести“ алудира на протестите на движењето против полициската бруталност.

Даниела Атанасова Владимир Крле, Мартин Стојановски

ИнтЕРВју | 13

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 14: Студентско Списание Излез број. 6

не велам дека нема и такви кои не нè поддржуваат, но јас и на нив им порачувам да прочитаат што бараме и за што се бориме, па потоа нека нè негираат или осудуваат. она што ме радува е дека најголемиот дел од јавноста е свесен за што се работи, и мислам дека тие на нивен сопствен начин нè поддржуваат, само поради други причини не можат и не смеат таа поддршка да ја манифестираат јавно. да не го споменувам фактот што годинава токму благодарение на протестите, полицијата и нејзината работа меѓу другото беа споменати по лошо во последниот извештај на европската комисија. меѓународните мисии во македонија одблизу ја следат секоја наша активност, а наидовме на разбирање и поддршка и кај дел од невладините организации и странските дипломати. сè ова се успеси.

КОИ бЕА/СЕ СЛАбОСТИТЕ НА дВИжЕњЕТО СпОРЕд ВАС (ВО СМИСЛА НА ОРгАНИзИРАњЕ, пРЕНЕСУВАњЕ НА пОРАКАТА дО ЈАВНОСТА)?

во прв ред, тоа е недоволната доверба помеѓу активистите токму поради климата во која живееме и поделеноста во општеството, потоа слабата координираност, но и немањето поголема истрајност кај оние кои вака или онака беа напаѓани. ние пораката ја упативме уште на 7 јуни, а дали и колку јавноста нè слушна и разбра не е само наша вина. нашата првична резервираност кон медиумите е надмината, но проблемот уште од јуни е дека пошироката јавност не беше правилно и доволно информирана за сè она што ние го правевме и го правиме. освен една-две телевизии, еден весник и два интернет-портали ние не можевме да ја пренесеме нашата порака масовно, и немавме сојузник во процесот. напротив, поголемиот дел од медиумите имаат за задача да не претстават како зло, да нè напаѓаат и анатемисуваат, или воопшто да не ги пренесат нашите пораки. на самиот почеток, сè се случуваше набрзина без претходни подготовки и стратешки планирања. ние бевме и сè уште сме премногу отворени и тоа на одреден начин е добро за ваков тип на движења и иницијативи, но секогаш носи и ризици. Поради непостоењето на формална структура, целокупното организирање се одвиваше многу тешко, бевме изложени на разни притисоци, а „непријателот“ вешто ги процени нашите недостатоци и до ден-денес работи на тоа целосно да замреме и да не постоиме како движење.

КОИ СЕ ИдНИТЕ чЕКОРИ, КАКО ќЕ СЕ пОСТАпИ ВО ОдНОС НА бАРАњЕ И пРЕдЛАгАњЕ РЕФОРМИ ВО пОЛИцИЈАТА? ќЕ СЕ ФОРМАЛИзИРА ЛИ НА НЕКОЈ НАчИН дВИжЕњЕТО?

организирањето јавни расправи и дебати е само еден дел од активностите кои следуваат периодов. Првата дебата веќе се случи, а мвр и во овој случај ја покажа својата ароганција и дрскост, но до крајот на месецот ќе организираме уште еден панел. не ја исклучувам можноста за организирање протестен

марш во деновите што следуваат, но тоа би се случило спонтано. исто така, веќе започнавме со лобирање кое е неминовно за остварување на нашите барања. учествуваме во собраниската комисија за заштита на правата на граѓаните, контактираме со политички претставници. имаме одлична соработка со канцеларијата на мхК, Коалицијата „сите за правично судење“, народниот правобранител и мисијата на обсе. се залагаме за формирање на цивилно тело за контрола над работата на полицијата, ги споредуваме законодавствата на земјите на еу кои имаат слични вакви тела. во овој момент, сметаме дека најсоодветно би било цивилното тело да се формира во рамките на канцеларијата на народниот правобранител. да се зголемат неговите овластувања, а телото да биде интер-ресорско и прифатено од сите засегнати чинители. доколку наидеме на позитивна политичка волја, со ова ќе го оствариме нашето главно барање. сепак, за сево ова да се реализира, ние мора да почнеме да комуницираме со полицијата. во сиот овој процес што следува, колку и да не се кооперативни, нивната улога е најважна, бидејќи се работи токму за нив и нивните структури. што се однесува до понатамошното функционирање на движењето, тоа треба да се развива и зајакнува. сè додека постои бруталност на полицијата, треба да постои граѓанско движење против таа бруталност . доколку односите и климата го дозволат тоа, формализирањето на движењето ќе биде нужна потреба и неминовност. во овој момент не можам да говорам за тип или модус на формализација, но знам дека таа ќе овозможи одржување на долг рок и многу подобра организираност. она што е исто така многу важно е дека движењето мора да остане отворено и вклучувачко и да дејствува против полициската бруталност на територијата на целата држава.

НА КРАЈ, КОЈА Е ВАшАТА ЛИчНА МОТИВАцИЈА зА ИСТРАЈНАТА ВКЛУчЕНОСТ ВО дВИжЕњЕТО?

сакам да живеам во држава и општество во кое човековите права ќе вредат и ќе се почитуваат многу повеќе од досега. на македонија ѝ треба граѓанско движење повеќе од кога било, и јас со сиот личен и социјален потенцијал ќе се обидам да помогнам. убеден сум дека она што го правиме вреди, но и дека ова е многу мал дел од сето она што сите ние сакаме да го направиме. сакам да живеам во држава во која полицијата ќе ги штити и ќе им служи на граѓаните, а нема да владеат стравот и репресијата. во оваа држава кога се спротивставувате на актуелната власт, многумина не ве сакаат и не ве поддржуваат. честопати ме напаѓаат и лично ме дискредитираат, но јас сум убеден во тоа што го правам, а моето досегашно искуство стекнато во граѓанскиот сектор, но и надвор од државава, ми говори дека тоа што го правам е исправно, и тоа ќе го покаже времето. јас би бил среќен доколку барем тројца ваши читатели се приклучат на нашето движење откако ќе го прочитаат ова интервју. на тој начин мојата цел и мотив ќе бидат потврдени.

14 | ИнтЕРВју

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 15: Студентско Списание Излез број. 6

ВЕЛОСИПЕДИСтИ ОД ЦЕЛИОт СВЕт,ОбЕДИнЕтЕ СЕ!

гРаѓанска ИнИцИјатИва вО ХРватска:

МОжАМ дА РАзбЕРАМ АКО бЕзгЛАСНОТО МНОзИНСТВО ИМА пРОбЛЕМ СО пРЕзЕМАњЕ НЕКАКВИ МЕРКИ, НО ОНА шТО НЕ МОжАМ дА гО РАзбЕРАМ Е чУВСТВОТО НА НЕСпОКОЈНОСТ, пА дУРИ И НА ВОзНЕМИРЕНОСТ, КОН АпСОЛУТНО СЕКАКВА ФОРМА НА ОпшТЕСТВЕНА пРОМЕНА. СЕ пРАшУВАМ шТО СЕ СЛУчУВА СО ЛУЃЕВО шТО СТАНАЛЕ НЕСпОСОбНИ дА пОКАжАТ ИНТЕРЕС зА дРУгИТЕ И зАКЛУчОКОТ ЛЕжИ НЕКАдЕ ВО ИдЕЈАТА дЕКА НА ОВА ОпшТЕСТВО МУ ТРЕбА МАСОВЕН КУРС зА пОКАжУВАњЕ СОЛИдАРНОСТ.

Доаѓам од мал град, така што буквално израснав на велосипед. Кога се преселив да студирам во Загреб, идејата да користам велосипед како превозно средство ми се виде како самоубиствена мисија. Откако сепак решив дека, и покрај тоа што на улиците очигледно владееше хаос, нема да се лишам од мојата секојдневна навика која ме прави толку среќна, си потврдив дека велосипедските авантури низ центарот на Загреб не се како релаксирачкото возење покрај река дома. Да бидам попрецизна, ентузијазмот ми спласна до тој степен што веќе не знаев што да правам. Се чувствував како годиначе што се обидува да напика квадрат во отворот за триаголник; имав сè што ми требаше, но нешто ме збунуваше и ми се чинеше погрешно.Всушност, многу работи ме збунуваа и ми се чинеа погрешни. Пред сè, јас бев збунета, сосема незапознаена со бројните сообраќајни правила, а ме збунуваа и возачите, пешаците и паркираните автомобили по велосипедските патеки, кои, пак, во Загреб, едноставно ќе ве побркаат. Ако воопшто ги има...

Во меѓувреме, забележав дека бројот на љубители на возењето велосипед значително се покачи. Тоа и не е за чудење – целиот град е „на рамно“, прилично е компактен, има огромни проблеми со сообраќајниот метеж и, благодарение на правоаголната улична мрежа, идеален е за возење велосипед. Бев возбудена што сум директен сведок на еден ваков развој на настаните, но промената на ситуацијата значеше дека мора да следат и други промени, особено од инфраструктурна природа, промени на подобро и за сите. Токму тогаш, во јули годинава, првпат слушнав за Синдикатот на велосипедисти, новоформирана организација посветена на заштита и промовирање на правата на велосипедистите во сообраќајот. Ова, всушност, и не ме изненади многу, бидејќи веќе подолго време имаше жива дискусија меѓу припадниците на велосипедската заедница во градот околу тоа дека другите ги доживуваат како учесници во сообраќајот од втор ред.Иако бев свесна за тоа, се најдов потполно запрепастена од исходот на критичната маса што набрзо потоа ја организираше Синдикатот. Да појаснам| критична маса е

настан од меѓународни размери или преземање директна мерка, ако сакате така да ја наречете, кој(а) има за цел да го поддржи велосипедизмот и да го сврти вниманието кон проблемите со кои тој се соочува и каде учесниците се собираат на претходно одредено место и време и возат со велосипеди во групи низ градот. Вториот ваков настан, соодветно насловен „Педалото не е шега“ (Pedala nije šala), успеа да собере над две илјади граѓани од сите возрасти!Само да ви ги појаснам бројките на кратко. На пример, на протестите во март против моменталната влада во Хрватска, предводена од премиер кој не беше избран и при што многу од нејзините оригинални членови сега лежат во затвор поради обвиненија за корупција, се собираа во просек по три илјади луѓе, преку сила. Она што се обидувам да го појаснам е дека способноста да се собере маса што се брои во илјади, која ќе се залага за интересите на ограничена целна група, во вакви времиња се смета за знак дека или сте завршиле страшно добра работа и/или се работи за навистина сериозен проблем. И организаторите ја сметаа излезеноста за вистинско чудо.

не сакам да звуЧИ какО клИше, нО: „ВЕЛОСИПЕДИСтИ ОД ЦЕЛИОт СВЕт, ОбЕДИнЕтЕ СЕ!“ (Ве молам)

Сунчица Брнардиќ, Универзитет Загреб Превод од англиски| Александра Спасеска

Фотографиите се позајмени од Синдикатот на велосипедисти

ПоГЛЕДИ | 15

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 16: Студентско Списание Излез број. 6

Она што уште повеќе ме запрепасти беше следново| една недела подоцна од информација на Интернет дознав дека порано истиот ден имало невидена полициска акција во неколку градови низ Хрватска – десетици велосипедисти добиле сообраќајни казни за најразлични прекршоци, од кои дел беа сериозни (возење без предно светло), а некои беа едноставно измислени (без разлика што ќе ви каже полицаецот, не мора да носите заштитна кацига во Хрватска ако сте постари од 16 години). Веста ме растажи и ме загрижи не само поради фактот што, од друга страна, нема да ви се јават од полиција со резултати ако некој ви го украде велосипедот, а ниту бидејќи овие луѓе добиле казни од дури 65 евра. Не се работеше ни за тоа што, многу јасно, сметав дека е апсурдно да мора да платиш казна бидејќи си возел на тротоар, кога поради пропуст на градската администрација нема означени велосипедски патеки. Причината беше што целата ситуација ме потсети на апсењето на кинески уметници и на законот во Бурма според кој забрането е собирање во групи што бројат повеќе од петорица. Добро, признавам, можеби малку преостро изреагирав, но пораката е јасна како ден| се работи за заплашување и покажување моќ. Убаво размислете. Многу неверојатно е сценариото дека сите сообраќајци се разбудиле тој ден со една единствена помисла – да ја решат „велосипедската ситуација“ – значи, сигурно добиле наредба. Можеби не

делува толку сериозно, бидејќи проблемот за кој станува збор е безопасен, како што се и последиците од него, но ова беше класичен пример на диктаторски одговор од државата на обична форма на здружување која на погрешен начин се судри со цврстината и со авторитетот на системот. Во очите на Системот нашите скромни барања беа доживеани како напад. Што е уште полошо, тоа беше рефлекс кој следеше по идентификувањето на нешто што би можело, макар потенцијално, да формира некаков симбол на отпор. Мислам, еден ден „Клубот на љубители на пушење лулиња“ ќе се крене на протести, залагајќи се за своите права, и целата земја би можела да замине „во мајчината“. Извинете што сум саркастична, но има уште нешто што, според мене, е уште пострашно. Следниот ден си го паркирав велосипедот пред киното кога слушнав една госпоѓа како вели нешто во стилот на| „навистина многу се намножија ова велосипедистиве“. Мислев дека само повторно ме фаќа параноја, но откако го изгледавме филмот, се враќав накај дома со еден пријател и го туркав велосипедот, кога една друга жена прилично гласно и непристојно искоментира, во разговор со пријателката, дека „на велосипедите не им е местото на тротоар“1. Повторно бев запрепастена и еве зошто. Никогаш претходно не бев слушнала некој да се пожали на мојот придружник на две тркала, дури и кога (случајно) сум си заслужила.

1 Во овој случај, постапив како што му доликува на еден добар студент по право – се борев со законот (всушност, го консултирав Законот за безбедност во сообраќајот), а според него... па, законот беше и таму и таму. Еве што вели|„Велосипед е возило на две тркала кое е управувано само од работата на возачот.“

„Пешачка зона е област предвидена примарно за движење на пешаци, каде секое движење на моторно возило е строго забрането.“ Хм...

клИше бРОј 2:ИМПЕРИјАтА гО ВОзВРАќА УДАРОт

16 | ПоГЛЕДИ

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 17: Студентско Списание Излез број. 6

И по неколку прочитани написи во весник, по долги години мирна коегзистенција меѓу пешаците и велосипедистите – симбиоза, ако сакате така да ја наречете – одеднаш излегува дека градот го преплавија опасни себични чудовишта качени на велосипеди. Ваквата реакција лесно може да се припише на табуто дека секогаш се сомнителни ставовите на оние кои го креваат гласот (или преземаат мерки) или да се сфати како некаков остаток од социјализмот и како нуспроизвод на средствата за масовна комуникација. Но, во случајов не беше ниту едно од наведените. Не знам што беше точно, но ќе се потрудам да објаснам. Очигледно, хрватската јавност пред десетина години загазила во едно мочуриште од невиден скептицизам и секој ден тоне сè подлабоко. Речиси на секој вид граѓанска иницијатива се гледа попреку, честопати проследено со безумна ревност и аргументирања („што сакаат сега? бесплатно образование? не знам, ова мене ми делува многу сомнително. не ми се допаѓа!“). Во недостиг на цврсти аргументи со кои ќе ја разнишаат валидноста на целта, секогаш има обиди на каков било начин да се дискредитираат иницијаторите со влевање сомнеж во нивната позиција врз основа на нивните особини, кои ги покажале или не ги покажале, па оттука се доаѓа до опасна територија каде се алудира дека не ги заслужиле дадените права. И потоа, ударното, завршната деконструкција| по секое „Па, не може тукутака да добиете слободно образование!“, доаѓа и... „бидејќи јас не можам да добијам _____“ (пополнете го празното место). И така, сите ние станавме поборници за шугавото раководење, иако и самите го презираме.Можам да разберам ако безгласното мнозинство има проблем со преземање некакви мерки, но она што не можам да го разберам е чувството на неспокојност, па дури и на вознемиреност, кон апсолутно секаква форма на општествена промена, без разлика дали тоа ја засега иднината на нивните деца или на самите нив. Се прашувам што се случува со луѓево што станале неспособни да покажат интерес за другите и заклучокот лежи некаде во идејата дека на ова општество му треба масовен курс за покажување солидарност.

Иако сум подготвена да застанам во одбрана на тезата дека велосипедизмот е најдоброто нешто, јасно е дека на сто различни велосипеди ќе седат сто различни луѓе и има милиони можности за подобрување. Па, кога има огромен неред, најдобро е прво да го исчистите својот двор и тоа самите да се фатите за работа.Ова е моментот кога, според мене, Синдикатот на велосипедисти успешно го положи тестот. Покрај останатите цели, решија да ги засноваат сите следни активности првенствено на едукација со проекти, како организирање работилници во средните училишта на кои се справуваат со проблемот околу бонтонот во сообраќајот од гледна точка на велосипедистите, како и едукација на возрасни преку дискусии и преку културни настани.

Во исто време се случи еден многу поголем настан| раѓањето на едно модерно, отворено, независно и неоптоварено хрватско граѓанско општество; и се роди едно здраво бебе! Знаете, не се работи само за велосипедите, иако со сигурност се огромен потсетник дека треба повторно да се свртиме кон себе. Се работи за учеството, за вклученоста и за демократијата во секојдневието. Овде можеби (се надевам) се соочуваме со една сосема нова ера на активизам и со сосема нови стандарди кога се во прашање дебатирањето и агендите.Дами и господа, ви ја претставувам тајната на Синдикатот (ова воедно е и мојот совет за долг и среќен живот, но за тоа другпат)|

• Соберете ги пријателите.• Набљудувајте се себеси и вашата околина. Не мора да имате преголеми очекувања.• Тоа заокружете го со позитивен став и со добар нарав. Нема гаранција дека само со ентузијазам се постигнува нешто, но барем ова второво е нешто ретко и бесценето во денешно време.• За крај, смело тргнете напред.

А ако треба да стигнете побрзо, одете со точак.

клИше бРОј 3: Don’t worry, be happy

ПоГЛЕДИ | 17

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 18: Студентско Списание Излез број. 6

МЛАДИнСкА ПОЛИтИчкА ПАРтИјА нА MАкЕДОнИјА (ФИкЦИјА ИЛИ РЕАЛнОСт?)

Размислување на тема...

Во еден неформален разговор со пријателот Душко Х. почнавме дискусија на тема формирање младинска политичка партија на македонија. Всушност, тој ми ја всади в глава оваа идеја која, и по месец дена, не можам да ја извадам од мислите. му се спротивставив на ставовите и го прашав| во што треба таа мППм (дури предложивме и име) да биде посебна, за да ме натера мене или да ги натера младите да побараат членска книшка? Следуваше аргументирано образложение...

Низ историјата младите манифестираат голема активност кога станува збор за борбата за своите права. 1968 е годината кога се случи голема студентска револуција. Во целиот свет владееше атмосфера на немири, иницирани, пред сè, од револтот на младите луѓе ширум светот. Револуцијата имаше и свој одек во тогашната СФРЈ во вид на студентски немири и демонстрации, кои беа дел од големиот бран младински демонстрации ширум Европа и САД. Бунтот на овие простори започна во Белград со отпор врз полицијата затоа што на студентите им бил забранет влезот на една културна манифестација и, од еден општ неред, протестот премина во голема револуција, проширувајќи се и низ Загреб, Љубљана и Сараево. На студентите од Белград по еднонеделното штрајкување и протестирање против невработеноста, иселеништвото и социјалните разлики, им се обрати тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, и им кажа дека се во право. Тоа е доказ дека масовноста може да ги сруши лажните идеали и може да се бори против неправдата. Не постои колективна казна.

Македонското општество има искривена претстава за политичките партии. Зачленувањето во политичка партија најчесто оди по семејна линија и по традиција. Самата партија служи како „завод за вработување“ на потесното или поширокото семејство. Задача на партиските членови би требало да биде да ги изнесуваат своите ставови, а не слепо да ги поддржуваат идеалите на паријата, кои често знаат да дадат резултат спротивен од она што поединецот го бара. Во таа насока е и зачленувањето млади членови под 18-годишна возраст. Ретко кој тинејџер добро ја разбира политиката и знае што е генерално добро за неговото општество; впрочем и тинејџерството не е возраст на која младите треба да се занимаваат со политички прашања. Младите најчесто служат само како марионети за привлекување нови членови во партијата, надевајќи се дека на тој начин им служат на „големите сили“. При една таква атмосфера на сеприсутност на политиката во нашите животи и во нашето опкружување, невозможно е младите да останат без став за истите работи и активно/пасивно да не се вклучат во истите дискусии.

Младите и бунтот некогаш Младите и политиката денес

Мими Николиќ [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Мартин Стојановски

18 | ПоГЛЕДИ

Page 19: Студентско Списание Излез број. 6

Нуспојави Треба да се соочиме со фактот дека таквата организација секогаш би била именувана како блиска на некоја постоечка политичка партија, како што впрочем се случува и со помалите политички партии во Македонија, кои секогаш некако се обојувани.Втора негативност на оваа идеја во зачеток е следново| зошто некој би станал член на некаква младинска организација кога веќе со традиција неговото семејство е член на оваа или на онаа партија? Одговор| затоа што таквата партија би се борела единствено за прашања од јавен карактер што би биле значајни за општото добро на младината во нашата земја. Македонија, иако е земја во развој, сепак е млада и независна и треба да има и токму таква независна младина.

Некои сметаат дека на младите местото не им е во политиката. Но, ако младите се незадоволни од одлуките на возрасните, треба самите да се борат против тоа и да најдат начин како да се слушне нивниот глас. Како на друг начин ако не да застанат рамо до рамо со возрасните и достоинствено да им се спротивстават? Факт е дека младите никогаш нема да можат да успеат без искуството на повозрасните, без мудроста и советите, но... Колку од пратениците знаат да работат на компјутер и да ги плаќаат своите сметки преку интернет? До кога ќе се продолжува рокот за пензионирање, додека младите очајно се борат со невработеноста? Дали навистина возрасните го оставаат светот на младите? Секогаш има простор за дискусија кога е во прашање политиката. Сепак, политиката не е мртва, не е олигархија и не е поим за нешто негативно (барем не во своето основно значење). Наше е да размислиме до кога и во колкава мера ќе одлучуваат другите за нас и дали се сметаме себеси за доволно способни да ја преземеме општествената улога политичар во борба за сопствените права и за правата на другите.

Закон за млади Создавање национален младински парламент е неодамнешниот предлог-закон за млади на Собранието на Р. Македонија, кој наиде на многу дискусии и негодувања кај широката јавност. Создавањето на вакво тело, како највисоко претставничко тело на младите во Македонија, би било на страна на интересите на младите во донесувањето одлуки што се од важност за нив. Учество во оваа структура би можеле да земат сите млади, без оглед на возраста, полот, етничката и верската припадност. Цел на создавањето вакво тело е здружување на младите од цела Македонија.

Алтернативи Гореспоменатите примери се показатели за учеството на младите во политиката во минатото и денес, кај нас и во светот. Во првиот случај се гледа моќта на желбата, истрајноста, но пред сè - масовноста, колективноста. Вториот пример ја покажува состојбата на политиката во Македонија денес и односот и на младите кон неа. Третиот пример е најновата иницијатива во Македонија на полето на политиката и младите, која предлага активно учество на младите како посебен орган во Собранието. Во еден неформален разговор со пријателот Душко Х. почнавме дискусија на тема формирање младинска политичка партија на македонија, односно тој ми ја всади во главата оваа идеја, која и по месец дена не можам да ја извадам од мислите. Му се спротивставив на ставовите и го прашав| во што треба таа МППМ (дури предложивме и име) да биде посебна за да ме натера мене или да ги натера младите да побараат членска книшка. Следуваше аргументирано образложение поткрепено со следниве факти|

• Според чл. 20 од Уставот на Р. Македонија, на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

• Македонската политичка сцена од избори до избори станува здодевна, монотона и веќе видена. На народот му треба нешто ново и освежувачко, но со вистински цели, вредности и намери.

• Младите бараат заштита, бараат некој да ги сослуша и да им помогне.

• Освен младинските организации и сојузи, во Македонија треба да постои доброволно создадена политичка партија, која ќе дејствува самостојно, ќе поседува свои правила на игра, но ќе се натпреварува рамноправно со другите политички партии во трката за освојување пратеничко место и на парламентарен начин ќе ги решава проблемите на младите (гореспоменатиот Д. Х. предвидува освојување на дури 5-11 пратенички места!?).

Со старите се стигнува подалеку, но со младите побрзо

ПоГЛЕДИ | 19

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 20: Студентско Списание Излез број. 6

Феноменот на групна поларизација (кој јас го нарекувам Феномен на НИЕ и ТИЕ) е еден од најшироко застапените феномени во човековите општества, но секако не се појавува само кај нас. Шимпанзата, лавовите, хиените, волците, па дури и стршлените, ловат во група, заедно. Но, групната поларизација генерално се развива во ситуации кога има натпревар меѓу две ривалски групи (како во спомнатите примери погоре), а особено кај видовите со висок социјален дискурс (луѓето, шимпанзата, итн). Забележаните појавности на овој феномен во најразлични ситуации, при што вистинската (биолошка, ресурсна и сл.) врска меѓу конкретната личност и конкретната група е целосно ментална и апстрактна (како во случајот со Македонците навивачи за Интер и Милан), како и толкавата малтене универзална раширеност и постојаност, укажува на тоа дека овој феномен ја должи својата основа на некој еволутивен психички механизам, кој е наследен, и кој се развил во целата своја форма кај луѓето во ерата на Човекот (пред околу 2 милиони ~ 10.000 г.). Неговото име е поларизационен механизам. Овој механизам е составен од две главни компоненти/психички механизми| 1. препознавање на НИЕ и ТИЕ (идентификационен механизам); и 2. агресивност кон ТИЕ.

Па така, кога ќе се најде некоја апстрактна поврзаност (исто така психички механизам за проценка на поврзаност) меѓу еден навивач на Барса и самиот клуб (на пример, и навивачот играл фудбал), тогаш навивачот (особено ако е млад и незрел) почнува да се поистоветува со клубот и со неговото „племе“. Одеднаш наоѓа дека му се допаѓа тој клуб и како добива желба да го бодри и навива, бидејќи го чувствува за „свој“. Почнува да се кити со ознаките на „племето“ и почнува да купува дресови, патики, чорапи, па и долна облека со ознаката на клубот.

РАзУЛАВЕНИ МАКЕдОНСКИ НАВИВАчИ НА ИНТЕР КОИ гИ НАВРЕдУВААТ

МАКЕдОНСКИТЕ НАВИВАчИ НА МИЛАН. СТОТИцИ МОМчИњА НА СКОпСКОТО КАЛЕ

КОИ СЕ ТЕпААТ МЕЃУСЕбЕ. НАцИСТИчКИ ИНдОКТРИНИРАНИ пОСЛУшНИцИ КОИ, пО СЛУшАњЕТО НА СВОЈОТ ВОдАч, СЕ

СпРЕМНИ дА гИ УНИшТАТ НЕ-АРИЕВцИТЕ. МАКЕдОНцИ „пАТРИОТИ“, МАКЕдОНцИ

„пРЕдАВНИцИ“. „ЕгЕЈцИ“ И „ОСТАНАТИ“. „гЛУпАВИ“ пРАВНИцИ И „бОСИ“ ИНжЕНЕРИ (КгФ И зАбЕгАНИ). ЛУЃЕ НА WindoWs, ЛУЃЕ

НА Mac (os X). И ЛУЃЕ НА ЛИНУКС. шТО ИМ Е зАЕдНИчКО? ФЕНОМЕНОТ НА НИЕ И ТИЕ.

Андреј Д. [Правен факултет „Јустинијан Први“]

20 | ФоРуМ

ФЕНОМЕНОТ НА НИЕ И ТИЕ

Ралф Пацолд (Ralf Pätzold, преземено од Wikimedia)

Page 21: Студентско Списание Излез број. 6

Почнува и да се поистоветува со веќе постојните навивачи на клубот, да ги прави истите работи кои тие ги прават, и да ги пее истите песни кои тие ги пеат. Потоа, кога индивидуата се среќава со истите на себе, поради психичкиот механизми за хеуристика, се потхранува механизмот за идентификација при разните муабети, шпекулации и изјави на меѓусебна поддршка и препознавање („Брат, ти од нашите си, бе? Топ!“). Воедно, во оваа меѓуфаза постепено агресивните однесувања на сопствената група кон другите стануваат сфатливи и прифатливи. Паралелно се појавува и страв од непочитување на правилата на групата, и често, дури и ако индивидуата има сомневања околу исправноста на постапките на другите членови на нејзината група, нема да ги искаже своите коментари, па дури и ќе ги прави истите работи од страв да не биде обвинета за „предавник“ и „петоколонаш“. Тоа води кон следната фаза.

За да се формализира оваа појава во формата на Феноменот на НИЕ и ТИЕ потребно е, покрај идентификацијата со оваа фиктивна група, да се појави и агресивност кон ривалските групи. За тоа да се случи, секако, потребно е да постои натпревар околу некој ограничен ресурс - или едноставно да постои ИДЕЈА дека постои ограничен ресурс! Па така, фудбалските клубови се натпреваруваат за награда која означува физичка и ментална дисциплина и спремност за натпревар, и нејзината резултанта во однос на сите останати клубови (што не е некој си ограничен ресурс, бидејќи не е ни ресурс „per se“). Ова, секако, е реално натпреварување, кое, ако правилата на игра се -фактички- еднакви за сите, навистина ја покажува способноста и приспособеноста на еден клуб или играч да се натпреварува и да освои соодветно место на табелата, трофеј, златен пехар, многу литри шампањ и „девојки и момци“ за забава.

Меѓутоа, вистинска опчинетост предизвикуваат навивачите на истите овие клубови кои многу често знаат да бидат дури и поагресивни во меѓусебните дуели од клубовите во своите. При шпекулација за причината би се нашло дека поларизациониот механизам се развивал и е во тесно (пре)спојување со механизмот на разликување на сопствената од другите групи (НИЕ и ТИЕ), со механизмот на агресија, бидејќи ривалството и натпреварот за ретки ресурси (територија, храна, вода) во минатото биле далеку посирови и порудиментарни, и најчесто ја земале формата на агресивно однесување (изразувајќи се низ стандардниот начин за реакција на било каква конкуренција – бес, гнев, агресија; инаку, овој механизам своите зачетоци ги имал многу пред луѓето воопшто да се појават како вид). Кога ваквото агресивно однесување станало ефикасно во бркање или уништување на конкуренцијата, гените на тие единки кај кои се формирала поцврста врска меѓу идентификацијата и агресивното однесување биле поефикасни во своето ширење кај следните генерации, од што кумулативниот ефект го забележуваме денес.

Иако единственото решение на ова би изгледало дека е откажување од секакво групирање со било кој друг, тоа е многу погрешно гледиште. При разгледување на дискусии на многу личности кои се гордеат со своето интелектуално ниво на резонирање може да се забележи дека, за жал, најчесто потпаѓаат во една од овие две категории| или се идентификуваат со некоја група која се погодила да застапува слични ставови како нив и ја бранат до смрт; или толку се одбивни кон секое групирање што остануваат целосно сами, надвор од било каква соработка, гледајќи го секое групирање под око, често коментирајќи го со цинизам. А, всушност, и двете појавности придонесуваат кон негативен резултат во однос на (остварувањето на) нивните ставови и интелектуални капацитети.

Решението е друго. Решението е целосно да се баталат гордоста и егото кога се интелектуализира и размислува. Оваа позиција овозможува максимална можна објективност при размислувањето и воедно овозможува цврста контрола врз инстинктивните импулси, така избегнувајќи да се потпадне во апсурдни групации со апсурдни интереси и апсурдни начини на нивно остварување. Бидејќи Суперегото е тука за да ги рационализира барањата и желбите на Ид-от и Егото, а бидејќи истото тоа е единствениот извор на нашата свесност (свест), тоа може да се искористи позитивно во смислата напишана погоре. Во еден мој претходен текст („Ретарданти на развој“) напишав дека| „Интелектуалецот сам себе се препознава по тоа што во расправа, го губи егото и станува рационалец“. Но, ова треба навистина да го изведете, а не само да изгледа пред другите дека сте го постигнале (впрочем, микрореакциите го прават невозможно да се скрие, та бадијала е глумењето).

Како да се оствари ова? Важно е да се воспостави ментална светло-водилка, која ќе биде максимално апстрактна, но која ќе делува како самодисциплинирачки фактор. А, со оглед на тоа што се работи за интелектуална себереволуција, една од најприфатливите такви е нејзиното величество желбата за знаење. Крајната посветеност на знаењето, без разлика на цената и без разлика на догмата.

Резултат? Личности кои не се плашат да соработуваат меѓу себе и се саморегулираат во својот настап, знаења и спознанија преку принципите на неутралниот пристап на интелектуализација на знаењето.

(Темата ќе биде подетално обработена на мојот блог.)andrejdam.blogspot.com

ФоРМАЛиЗАцијА НА ФеНоМеНот НА Ние и тие

РеШеНие?

ФоРуМ | 21

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 22: Студентско Списание Излез број. 6

вО ДИјАЛОг ИлИ на ВЕРСкИ МЕгДАн?

дваесет гОдИнИ незавИсна, десет гОдИнИ РамкОвна македОнИја

РАзВИВАњЕТО здРАВА СВЕСТ зА зНАчЕњЕТО НА РЕЛИгИЈАТА Е пОЈдОВНО РАМНИшТЕ зА РАзВРзУВАњЕ НА дИЈАЛОгОТ. дИЈАЛОгОТ ИМА ФУНКцИЈА НА пРИбЛИжУВАњЕ НА зАСЕгНАТИТЕ СТРАНИ, НО зА дА ЈА пОКАжЕ пОЛНАТА СИЛА НА НЕгОВАТА ЕФИКАСНОСТ, Од СУшТЕСТВЕНО зНАчЕњЕ Е УчЕСНИцИТЕ ВО дИЈАЛОшКИОТ пРОцЕС дА ВЛОжАТ НЕСЕбИчНИ НАпОРИ зА ОТСТРАНУВАњЕ НА пРЕдРАСУдИТЕ.

Читањето на поновата историја покажува оти верските традиции во Македонија успеаја да го преживеат социјалистичкото едноумие, а етничките заедници ги зајакнуваа чекор по чекор своите позиции по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор кој стави крај на оружeниот конфликт. Изменетата општествена констелација ја врати религијата како релевантен фактор во претставата за културите во Македонија, но во иста мера ја засили и граѓанската нетрпеливост, најизразита меѓу Македонците и етничките Албанци. Имајќи предвид дека начинот на кој современата држава се справува со товарот загадочни прашалници на мултикултурализмот е од првенствено значење за демократијата, човековите права и државната безбедност, неминовно е прашањето каков новум доживува македонското општество со разгранетиот мултирелигиозитет.

Непосредно по осамостојувањето, во темелна дисекција на македонското социјално ткиво, канадскиот антрополог Илка Тисен запишува оти на религијата во Македонија „не се гледа како на верување, туку како на именител на идентитетот“.

Далибор Стајиќ [Централноевропски универзитет, Будимпешта] Далибор Стајиќ

22 | ФоРуМ

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 23: Студентско Списание Излез број. 6

Со поставувањето на двете религии подразбира оти двете страни, добронамерно и без присилување, се подготвени да осознаат како живеат припадниците на другата страна од религиската оска. Развивањето здрава свест за значењето на религијата е појдовно рамниште за разврзување на дијалогот. Во најопшта смисла, тој не е алатка за поврзување на познатите религии и создавање потполно нова, ами врвица кон излез од хаосот на секојдневните премрежија – стил на живеење на сопствената вера во служба на мирниот соживот со припадниците на другите конфесии. Дијалошкиот процес ги сопоставува верниците како рамноправни партнери кои целосно го уживаат правото на самоидентификација. Дијалогот има функција на приближување на засегнатите страни, но за да ја покаже полната сила на неговата ефикасност, од суштествено значење е учесниците во дијалошкиот процес да вложат несебични напори за отстранување на предрасудите. На македонското општество му се потребни модернизатори и реформатори од цивилниот сектор кои, разбирајќи ги подробностите на проблематиката, ќе исцртаат мапа за провокативно будење на волјата за дијалог кај обичниот граѓанин. Ако кон таа неопходност се додаде и фактот дека современото општествено милје со години сведочи растеж на нова интелектуална маса кај албанското население, дотолку повеќе станува важен нивниот придонес во градењето меѓурелигиски форум. Модерниот македонски Албанец се прости одамна од застарената слика на селското минато што често укажуваше на затвореност и назадност; нескротливиот апетит за образование, духовно надградување и доследна општествена активност е нова водилка во неговиот проширен видик. Во таа смисла, двете страни мора да станат свесни една за друга. Распарченоста на духот не води никаде! Напротив, променливиот облик на дијалогот нè задолжува постојано да пронаоѓаме иновативни форми на заедничко дејствување. Така, дијалогот со исламот не треба да биде прашање на престиж, ами на неопходност!

Религијата, со сите нејзини нишани, во многу погледи станала „моќен инструмент за правење разлика меѓу православното христијанство наспроти муслиманскиот идентитет, меѓу неверниците и верниците, меѓу модерните наспроти селаните и Западот наспроти Балканот“. Научното четиво на Тисен укажува претпазливо оти македонското истакнување на христијанството го исклучува албанското население во државата, но забележува оти христијанството како доминантна религија не успева да ја изведе докрај улогата на создавање македонска националност, иако тоа се чини мошне посакувано од народот.

Две децении подоцна, среде разжештеноста на политичките струења и едночудо конфликти произлезени од нив, религијата денес ѝ дава силен контраст на сликата за културите во Македонија. Сепак, невесел е фактот што на очиглед на сите постои паралелен живот на две општествени заедници; засведочен е опстанок на два засебни колективно-национални света во мирољубива коегзистенција, но без вистински дијалог. Едноставно, примената на дијалогот се ограничи на експертски средби без јасна цел и каков било контакт со граѓанскиот свет, при што секоја од нив започнува со подвлекување на нужноста од дијалог меѓу религиите и завршува со апел за негово продолжување по секоја цена. Изветвениот пристап кон феноменот на дијалогот ја осиромаши во целост неговата суштина. Впрочем, употребата на зборот во јавноста е толку честа, што неговата функција се претвори во изговор за сè и сешто кога недостасуваат издржани аргументи и вистинска волја да се пронајде вистината. Вината за јаловиот дијалог не лежи само во политичките кругови. Неговата неефикасност се должи во голема мера и на небрежноста на верското лидерство кое се држи далеку од принципите што командуваат во етиката. Иако Македонија е уставно дефинирана како секуларна држава, присуството на верските челници во крупни политички збиднувања ја доведува неретко во прашање претставата на граѓанството за дејствувањето на свештените лица. Наместо сеопфатно координиран подвиг за реставрирање на моралните законитости на религиозниот етос и пренесување на различностите преку дијалог, Македонската православна црква и Исламската верска заедница го бомбардираат јавниот простор со дeстилирани сведоштва за двете универзални религии, упатувајќи крајно непромислени пораки.

Досегашното социјално искуство во Македонија во повеќе наврати покажа оти различноста е плодна почва за создавање конфликти, а Македонците и натаму не покажуваат волја за осознавање на верските разлики со Албанците. Македонскиот христијанин, заробен во ретка душевна миопија, се обидува на секаков начин да ја избегне џамијата од својот вид; постојано негодува за одгласот на оџата за време на молитвениот ритуал; со недоверба гледа кон жените што носат шамија. Овој силен емотивен набој во однесувањето изнудува претпоставка оти Македонците се плашат од насилна доминација на исламот во земјата, иако тој не е непосредно врзан за сплетот барања на Албанците за поголеми права. Религиската различност на Албанците, низ секојдневните културно-интерактивни процеси, се гледа, се разбира и се толкува како опасност за сопствениот културен идентитет кој, во поширока смисла, пак, е фундаментална компонента на севкупното социјално постоење и човекова благосостојба.

ФоРуМ | 23

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 24: Студентско Списание Излез број. 6

НеПОДНОСЛиВатаЛеСНОтиЈа На бЕРЛИнбез Оглед на тОа далИ гО ПОсетувате какО туРИст ИлИ сте дОшле вО негО заРадИ студИИ ИлИ нОвО РабОтнО местО, уште ПРИ вашата ПРва сРедба ќе забележИте дека светОт е дОма вО беРлИн.

Без оглед на тоа дали го посетувате како турист или сте дошле во него

заради студии или ново работно место, уште при вашата прва средба

ќе забележите дека светот е дома во Берлин. На секоја улица, асфалт

или калдрма, на секој плоштад, маалски или централен, пред секоја

зграда, реставрирана или модерна, ќе ве пречекаат луѓе од сите држави што сте ги забележале на училишниот глобус.

Историјата, иако му оставила безброј лузни на лицето и во душата, со себе му донела и богатство од нации и култури

кои во него нашле упориште за живот и креативна работа. Така, нема да ве зачуди ако на Александарплац чуете како

групи млади се довикуваат на германски со симпатичен емигрантски акцент. Неважно е дали тоа некого го нервира.

Спроти рашомонијадата несреќни околности од минатото, толеранцијата, меѓусебното почитување и дијалогот меѓу

заедниците прераснаа во најголеми придобивки на модерен Берлин. Без разлика на товарот што го носат со себе,

Германецот и Турчинот во Берлин со години развиваат однос на заемно разбирање за нивното потекло, професија или

сексуална ориентација. Оттука, тие без двоумење ќе ви помогнат да си го најдете патот низ главниот град, а вам ќе ви

треба многу време за да поверувате во нивната искрена љубезност.

Далибор Стајиќ [Централноевропски универзитет, Будимпешта] Далибор Стајиќ

Од обединувањето до денес, лицето на Берлин се менуваше со брзина на светлината. Најголемото урбано градилиште во Европа доживеа целосна

преродба, особено во неговиот источен дел, каде брзо ќе ги препознаете станбените блокови

градени по едноставен социјалистички терк. Иако имашлив со архитектонски потсетници на

идеолошкото поглавје во изолираната Германска Демократска Република, денешен источен Берлин

е темелно реновиран и функционален во секоја смисла на зборот.Берлинскиот ѕид, кој цели 28

години ја делеше германската нација, се чини дека никогаш нема да биде избришан од колективната

меморија на граѓанството на Берлин.

КРеАтиВНоСтА деНоНоќНА, тоЛеРАНцијАтА дежуРНА

од туРиЗАМ до КоСМопоЛитиЗАМ

Европа ја фрли одамна во заборав Железната завеса. Новата мобилна генерација, со сиот полет на младоста и неуморноста, од ден на ден, од град во град, непрестајно трага по својата слобода и цврст индивидуален израз. Новата мапа на Стариот континент, претесна за стремежите и апетитот на младиот човек со исклучително богата биографија, го засведочила Берлин како вечен симбол на европската поделба и обединување. Неговата приказна, распослана низ повеќе славни и неславни историски епохи, воодушевува со своето културно разнообразие и крајна непредвидливост. Иако во многу погледи е изветвена мислата оти германската престолнина, како и секоја друга метропола, е град на противречности, во Берлин противречностите се спојуваат како по некој однапред одреден образец. Она што зачудува при секој нишан да се впие неговата смисла, всушност, е леснотијата на секојдневието низ играта на редот и хаосот.

24 | ПоГЛЕДИ

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 25: Студентско Списание Излез број. 6

Неговите остатоци, целосно

обезвреднети, денес завршуваат

најчесто на фотографиите од

туристите, а граѓаните, без каква

било помисла на нив, си бркаат

попаметна работа. Едноставноста

на Берлин досега намами голем број

млади луѓе да се населат и творат

во раскошот на неговата слобода.

Ако имате повеќе среќа, можеби ќе

најдете соба со поглед на реката

Шпре. Нејзините урбанизирани

кејови се магнет за космополитската

класа која го завршува денот на

зајдисонце, со чаша ладно пиво,

во удобна положба на платнените

лежалки достапни секому. Ако кон

тоа се додаде и евтиниот стандард,

кој е далеку понизок во однос на

останатите германски и европски

метрополи, добивате резултат што

важи само за Берлин| сиромашен,

но секси! Таа аксиома, инаку,

сентенција на актуелниот градоначалник Клаус Воверајт,

е вечен показател оти германскиот главен град е без конкуренција

на европско рамниште. Единствено што секому му треба, како

и при секој нов чин на додворување, е малку храброст за да се

почувствува на своја кожа неговиот неповторлив сексапил.

Германскиот Бундестаг во соработка со| Слободниот универзитет Берлин, Хумболд- универзитетот Берлин и Техничкиот универзитет Берлин ги поканува сите млади луѓе на возраст до 30 години да се пријават за Меѓународната парламентарна стипендија, која е наменета за високо квалификувани и политички заинтересирани млади луѓе, кои сакаат да добијат соодветно образование на универзитетите во Берлин, а воедно и да бидат дел од германскиот парламент за време на својата 15-неделна дејност.

Според Александар Улрих, пратеник од Германскиот Бундестаг, ова е традиција која постои од 1986 година. Од март 2013 учество како соработници во германскиот Бундестаг ќе земат повеќе од стотина млади луѓе ширум светот, од 28 земји, вклучувајќи ги земјите од Источна, Средна и Јужна Европа, Израел, Франција и САД. Ова е одлична можност за младите луѓе во Македонија да продолжат со своето образование на некој од универзитетите во Берлин. Македонија е учесник во оваа програма од 2001 год. и досега повеќе од триесет луѓе биле добитници на парламентарната стипендија од Германскиот Бундестаг.

Стипендијата опфаќа 15 неделен престој во Берлин, од 1. март до 31. јули 2013 година. Стипендистите задолжително бираат еден од понудените универзитети во Берлин и за време на 15-неделниот престој ќе посетуваат настава и ќе слушаат предмети кои сами ги избрале. Предвидена е и посета на семинари, работилници и сл. Основната дејност на стипеднистите ќе биде работа во канцеларијата на некој пратеник од Бундестагот.

Цели на оваа стипендија е ширење на искуствата помеѓу младите од една страна, и пренесување на искуствата од постарите на помладите, од друга страна; подготовка на младите членови за формирање на нивната демократска иднина во нивните земји; активна соработка со Амбасадата на Република Германија, како и запознавање на младите со процесот на донесување политички одлуки и стекнување практично искуство во областа на парламентарната работа.

Стипендистите ќе бидат избрани од независна изборна комисија на Германскиот Бундестаг.

Последен рок за прием на апликациите е 30 јуни 2012 г. Повеќе информации може да се добијат во Германската амбасада или на www.bundestag.de/ips

ИПс| иНтеРНАциоНАЛНА пАРЛАМеНтАРНА СтипеНдијА

Мими Николиќ [Филолошки факултет „Блаже Конески“]

Стажирајте во германскиот бундестаг!

ПоГЛЕДИ/МожностИ И КаРИЕРа | 25

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 26: Студентско Списание Излез број. 6

Следејќи ги западните трендови, а во обид да се обезбеди поквалитетно и посеопфатно високо образование, во рамките на образовниот процес на универзитетите од пред некоја година се воведе задолжително изведување на практична настава. Изгледа дека конечно се согледа потребата од поткрепа не теоретското знаење со практични умеења. Меѓутоа, како и секоја друга иновација во образовниот процес, и овој феномен неминовно наидува на потешкотии во реализацијата од повеќе аспекти.

Имено, на западот во најголем дел образованието претставува обука на работна сила. Тоа секако произлегува од спецификите на капитализмот како општествено-економска формација, па уште од самиот почеток на образовниот процес учениците се насочуваат кон усовршување во соодветни области, според нивниот капацитет и афинитети, но секако најмногу во согласност со тековните и идните потреби од работна сила во различните сегменти на капиталистичката економија. Кај нас, високото образование е достапно за секој заинтересиран, за потребите на општеството не се води сметка, а изборот на факултет зависи единствено од преференците на секој оној кој сака да се стекне со високо образование. Во социјализмот, ваквиот начин на избор на факултет не доаѓаше во судир со потребите на производниот процес, бидејќи во услови на планско стопанство секој поединец во општеството имаше однапред утврдена улога во производството, па образованието на некој начин претставуваше хоби.

Минуваме низ транзиција, но системот на образование не е многу променет, се уште е неприлагоден на потребите на

капитализмот. Образованието е енциклопедиско, со години се жалиме дека обемната теорија што се изучува на високообразовните установи не ги подготвува студентите за работа, занемарени се практичните аспекти на студирањето. Воведувањето задолжителна практична настава би можело да биде огромен чекор напред, но само ако се избегне опасноста од тоа ваквата законска обврска да остане само мртво слово на хартија.

Законската основа за воведување задолжителна практична настава се исцрпува од одредбите од Законот за високото образование за практичната настава, кои се разработени и прецизирани со Правилникот за начинот и условите за организирање на практичната настава за студентите. Ваквата законска формулација е видливо проблематична. Се предвидува практична настава за секој студент, еднаш годишно, во траење од најмалку триесет денови. Тука ја согледуваме дискрепанцата помеѓу желбите и можностите. Со оглед на бројот на студентите и бројот и капацитетот на стопанските субјекти, ваквата законска обврска ни оддалеку не е во согласност со реалноста.

Факултетот има законска обврска да обезбеди места за изведување на праксата во фирмите и другите субјекти со коишто соработува, но во реалноста ова е можеби една од најсериозните пречки за успешна и целисходна реализација на практичната настава. Со оглед на скромниот капацитет на стопанските субјекти во оваа фаза на економскиот развој, тие ги отвораат вратите за младите практиканти, но спроведувањето на праксата најчесто е само про форма. Практикантите во најдобар случај добиваат еднодневно предавање за тоа што се работи

во фирмата или пак стануваат потрчковци на вработените за плаќање сметки, варење кафе и сл. Фирмите не гледаат на практикантите како потенцијален кадар со оглед на, како што споменавме, ограничените потреби и капацитет, па оттаму не се посветува соодветно внимание на квалитетот на праксата.

Ситуацијата е можеби малку поинаква кога станува збор за приватните факултети. Иако во последниве години постојано се упатува критика на сметка на квалитетот на образованието што се стекнува на приватните факултети, ако нивните студенти не добиваат соодветна теоретска наобразба, на праксата се обрнува големо внимание.За волја на вистината факултетите и стопанските субјекти не се единствените виновници. Студентите не ја сфаќаат сериозноста на праксата и придобивките кои од неа би можеле да ги имаат, па гледаат како да го препишат дневникот за активности од колега или од интернет, или како да добијат потпис за реализирана пракса без воопшто да се појават.

Ваквата психолошка инертност кај сите учесници во образовниот процес е рецидив од минатото. Во иднина, со постепениот економски раст и развој ќе се увиди потребата од суштинска реформа на образованието, и создавање таков систем кој ќе соодветствува на потребите на општеството. Ќе се подигне свеста и ситуацијата ќе се промени на подобро, а академската индоленција ќе се замени со вистинска проверка на знаењето преку праксата, затоа што единствено праксата е вистински тест и верификација на теоретската наобразба и единствено праксата е критериум на вистината.

Со години Се жалиме дека обемната теорија што Се изучува на виСокообразовните уСтанови не ги подготвува Студентите за работа. воведувањето задолжителна практична наСтава би можело да биде огромен чекор напред, но Само ако Се избегне опаСноСта од тоа ваквата законСка обврСка да оСтане Само мртво Слово на хартија.

ПРАкСАтАкРИтЕРИУМ нА ВИСтИнАтА

Јана Симјановска [Правен факултет „Јустинијан Први]

26 | МожностИ И КаРИЕРа

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 27: Студентско Списание Излез број. 6

КОЛКУ ВАжЕН ЕЛЕМЕНТ СЕ пРАКТИчНИТЕ зНАЕњА ВО гРАдЕњЕТО НА пРОФЕСИОНАЛНИОТ ИдЕНТИТЕТ И пРОФЕСИОНАЛНИТЕ СпОСОбНОСТИ НА ЕдЕН СТУдЕНТ?

Неоспорно се многу важни, меѓутоа подеднакво важно е и теоретското знаење, на кое подоцна ќе се надогради практичното. Пред сè, тука мислам на создавањето здрава основа од теоретски знаења кои во професионалниот развој на еден млад човек овозможуваат подоцна, во трета или четврта година од студиите, лесно да се надоградат со практични знаења. Невообичаено е да пратите студент од прва година на пракса затоа што тој, едноставно, нема што да практикува. Пред сè, нема доволно теоретско знаење за да може да направи корелација помеѓу оне што го учи и она што се применува во праксата. Законското решение е позитивен чекор и вметнувањето на праксата во формалното образование е паметна и издржана работа. Меѓутоа, мое мислење е дека практичната работа треба да биде во трета или четврта година.

дАЛИ ВАКВОТО РЕшЕНИЕ Е пРИМЕНЛИВО ВО НАшИОТ СЛУчАЈ СО ОгЛЕд НА гОЛЕМИНАТА НА МАКЕдОНСКОТО СТОпАНСТВО?

Дали ваквото решение ќе обезбеди место за сите студенти во македонското стопанство останува да се види. Практично, веројатно многу тешко. Проценката е следна, македонското стопанство е прилично мало, со мал пазар и со мал број на активни компании кои се во состојба да примат студенти и кои имаат што да им понудат од практично знаење. Претпоставувам дека еден дел од студентите за да го задоволат законскиот критериум ќе мора да бараат пракса по пријателски и роднински линии.

пОСТОЈАТ ВИСОКИ ТРОшОцИ зА дОЕдУКАцИЈА И пРИЛАгОдУВАњЕ НА НОВОВРАбОТЕНИТЕ ВО МАКЕдОНСКОТО СТОпАНСТВО. НА шТО СЕ дОЛжИ ТОА? дАЛИ ТРЕбА И дАЛИ пОСТОИ КООРдИНИРАНОСТ пОМЕЃУ бИзНИС зАЕдНИцАТА И ОбРАзОВНИОТ СИСТЕМ ВО СМИСЛА НА дВОНАСОчНА КОМУНИКАцИЈА зА ОТКРИВАњЕ НА РЕАЛНИТЕ пОТРЕбИ?

Треба дефинитивно! Постои некаква комуникација, но не доволна. Потребна е подобрена комуникација и поблиска соработка помеѓу бизнис заедницата, поединечните бизниси и образовниот систем на секојдневна основа.

дАЛИ НА ТОЈ НАчИН МОжЕ дА СЕ пОдОбРИ РЕАЛИзАцИЈАТА НА чОВЕЛКИОТ КАпИТАЛ НА пАзАРОТ НА ТРУдОТ ВО СМИСЛА НА НАМАЛУВАњЕ НА НЕВРАбОТЕНОСТА?

Веројатно да, но во определен процент. Сепак, не значајно. Затоа што ако ја анализираме структурата на пазарот на трудот и невработената работна сила според степенот на образование ќе видите дека голем дел од пазарот, т.е. 70-80 отсто го сочинуваат лица со средно или ниско образование.

пРАКТИчНИТЕ зНАЕњА СЕ дОбИВААТ зА ВРЕМЕ НА пРАКСИТЕ ИЛИ пО ВРАбОТУВАњЕТО. СЕпАК, дАЛИ пОСТОИ НАчИН пРАКТИчНИТЕ ВЕшТИНИ дА СЕ ИзУчУВААТ НА ФАКУЛТЕТ? И СЕКАКО, дАЛИ Е ТОА пАМЕТЕН ИзбОР?

Веројатно вистинскиот избор е средината. Не може да очекуваме сите практични вештини да се стекнат на факултет бидејќи добар дел од нив неминовно се учат низ еден континуиран процес на работното место. Но се согласувам дека барем еден дел од нив треба да се вметнат во формалното високо образование. Одличен пример за ваква синхронизација помеѓу теоријата и праксата е Виенскиот економски факултет каде што се формирани и функционираат педесетина виртуелни фирми кои на студентите им овозможуваат преку „networking“ и соработка со други виртуелни фирми од други факултети теоријата да ја применат во пракса и да научат одредени практични вештини.

МожностИ И КаРИЕРа | 27

ИНТЕРВЈУ:ЉуПЧО ефтИмОв, екОнОмскИ факултет

тЕОРИјАтА Е нЕОПхОДнА ОСнОВА зА ПРАкСАтА

Нино Домазетовиќ [Економски факултет]

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 28: Студентско Списание Излез број. 6

студентИте кОИ се занИмаваат сО наука И сакаат да наПРават вИстИнскИ ПРИдОнес вО свОјата Област тРеба да РазмИслат за ПРОдОлжување на свОИте студИИ И РабОта вО ИнтеРнацИОналнИте ИстРажуваЧкИ шкОлИ на макс Планк ОПштествОтО.

Едно од најчестите прашања на апсолвентите и магистрантите е „Што потоа?“. Одговорот на прашањето зависи од тоа кој студент го поставува.

Имено, студентите во Македонија може да се поделат на три групи| а) оние кои баш и немаат план за иднината, па чекаат разни можности, б) оние

кои започнуваат да бараат работа и на крај в) оние кои планираат да го продолжат своето образование за да градат научна/академска

кариера или за да котираат на пазарот на високоплатени професии. Овој текст е посветен на последната група студенти и има цел

накратко да ја претстави можноста за продолжување на кариерата во елитното германско Макс Планк општество (герм. Max-Planck-

Gesellschaft, анг. Max-Planck-Society).

Со сигурност може да се каже дека МПО е најуспешната научна институција во Германија и во Европа. Доволен доказ

за тоа е фактот што од 1948 год. до денес, во МПО работеле 17 добитници на Нобеловата награда и огромен број добитници

на Лајбницовата награда. За научната активност зборуваат околу 13 000 научни трудови годишно, од кои најголем дел се

најцитираните трудови во својата област. Бројот и квалитетот на овие трудови го вбројува МПО меѓу првите три најреномирани научни

институции во светот. Општеството се состои од 80 институти посветени на фундаментални истражувања во сите области на природните и

општествените науки. Целта на овие институти е да најдат одговори и решенија на водечките проблеми во современиот свет, и тоа од полето

на математиката, физиката, хемијата, биологијата, компјутерските науки, медицината, социологијата, антропологијата, меѓународните односи, правото,

економијата итн.

Томче Рунчевски Мартин Стојановски

Според демографските истражувања, во иднина Европа ќе има сè помалку високобразовани кадри| се смета дека во 2030 година ќе има околу 50 000 помалку доктори на науки отколку што имало во 2005 година. Денес Германија како индустриска суперсила веќе има огромен недостаток на млади научни кадри. За да одговори на оваа побарувачка, во 1998 год. Мпо ги основа интернационалните истражувачки школи „Макс планк“ (Inter-national Max Planck Research Schools). целта на овие школи е да се собере на едно место избран круг млади луѓе на коишто би им се дале сите можни услови за работа, со цел да се постигнат што е можно подобри резултати. Студентите се дел од школата околу три или четири години и доколку покажат успех се наградуваат со докторска диплома од партнерски универзитет. На крајот, најголем дел од нив, со докторската дисертација плус работно искуство во МПО, продолжуваат на постдокторски студии и градат научна кариера, или пак се вработуваат како високообразовани (и високоплатени) кадри во индустријата.

Целта на овој текст е да им се доближи идејата за Интернационалните истражувачки школи на МПО на оние студенти од Македонија кои планираат да го продолжат своето образование во таа насока. ИМПИШ се специјализирани за многу области од општествените и природните науки. Примери се Школата за животен циклус| Еволуционерна и ортогенетска динамика (The Life Course| Evolutionary and Ontogenetic Dynamics), Школата за астрофизика (Astrophysics), Школата за јазични науки (Language Science), Школата за компјутерски науки (Computer Sciences), Школата за невронауки (Neurosciences), Школата за физички процеси во соларниот систем и понатаму (Physical Processes in the Solar System and Beyond) и многу други.

ПатОт штО ВОДи ДО МАкС ПЛАнк ОПштЕСтВОтО

28 | МожностИ И КаРИЕРа

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 29: Студентско Списание Излез број. 6

КРЕАТИВНА ЕВРОПА И ЕРАЗМУС ЗА СИТЕнова организација на младинските и креативните програми на европската унија.

Работниот јазик во нив е англиски (и германски), а членовите се од различни страни на светот (од над 85 земји). Сите овие школи имаат свои критериуми за прием и најчесто два приемни рока, пролетен и есенски. Сите тие имаат свои интернет страници на кои јасно се дадени насоки за критериумите, начинот на избор и сл. Со цел да не се преоптоварува текстов со многу податоци, за повеќе информации може да се погледнат нивните веб-страници.

Овде може да го пренесам моето искуство при пријавувањето во Школата за напредни материјали (Advanced Materials). Оваа школа е водена од Институтот за изучување на цврстата состојба „Макс Планк“, Институтот за интелигентни системи „Макс Планк“ и Универзитетот Штутгарт. За прием во оваа школа годишно, на двата рока, се пријавуваат од 500 до 1000 студенти од целиот свет. Дваесетина од нив се повикани на интервју во Штутгарт. На интервјуто секој кандидат треба да даде презентација на својата дотогашна научна работа. Презентациите се следат од директорите на соодветните институти коишто се светски признати експерти од областа, на пример, на интервјуто во Штутгарт присутна беше групата на нобеловецот за физика, д-р Фон Клицинг. Оние кандидати што се вклопуваат во нивните истражувачки групи се повикуваат на персонални интервјуа. Околу еден месец по престојот во Штутгарт половина од кандидатите (околу десет студенти) добиваат понуда за членство во школата и во рок од шест месеци потребно е да ги започнат своите докторски студии.

На крај, би сакал да ги охрабрам солидните студенти на УКИМ внимателно да ги погледнат веб-страниците на Интернационалните истражувачки школи „Макс Планк“ и да се обидат да ја продолжат својата кариера во МПО.

Буџетот на Европската унија за периодот од 2014 до 2020 година, кој се крои со забрзано темпо во Брисел, предвидува измени во досегашната програмска шема на младински проекти, студентска мобилност и професионално усовршување. Еврокомесарот за образование и култура, Андрула Василиу, кон крајот на месец ноември 2011 година го претстави предлогот на Европската комисија за обединување на постојните седум младински програми под чадорот на „Еразмус за сите“ кој ќе се отвори во 2014 година. Покрај ова, најавена е и програмата „Креативна Европа“ за поддршка на културниот сектор.

Здружувањето на програмите од образованието, спортот, обуките и младинскиот развој ќе ја зголеми значително ефикасноста на активностите и ќе ја олесни процедурата за пријавување на конкурсите. За универзалната програма „Еразмус за сите“, новиот буџет на ЕУ предвидува ставка од 19,5 милијарди евра во времетраење од седум години, што е 70 отсто поголем износ од буџетот на сите претходни програми заедно. Зголемувањето

на финансиската потпора е израз на волјата да се инвестира во знаења и способности кои ќе ги зајакнат шансите за вработување на што поголем број Европејци. Европската комисија очекува оти новата програма ќе придонесе во соработката меѓу владите, образовните установи и компаниите, ќе ги поттикне реформирањето и модернизирањето на образовните системи и ќе го разбуди духот на иновациите, претприемништвото и работоспособноста кај младите.

Од друга страна, уметниците ќе бараат поддршка од „Креативна Европа“, новата програма за проекти од областа на културата. Нејзиниот буџет во износ од 1,8 милијарди евра треба да им помогне на креативните кои создаваат аудиовизуелни вредности и сакаат да се претстават пред публиката во Европа и низ светот. Програмата ќе ги промовира засилено културната разновидност и стратегијата за одржлив раст и работни места „Европа 2020“.

Далибор Стајиќ [Централноевропски универзитет, Будимпешта]

МожностИ И КаРИЕРа | 29

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 30: Студентско Списание Излез број. 6

СтАнИ ЕВС ВОЛОнтЕР!шТО Е ЕВС, КАКО И зОшТО дА СЕ пРИЈАВИТЕ| НИз ИСКУСТВОТО НА гРИТ ЈАНС, ЕВС ВОЛОНТЕР ВО МАКЕдОНИЈА.

„ЛУѓЕтО ОВДЕ ПОСтОјАнО СЕ жАЛАт ДЕкА нЕМА МОжнОСтИ, А нЕ ПРАВАт нИштО зА ДА гИ нАјДАт ИЛИ ДА гИ ИСкОРИСтАт ПОСтОЕчкИтЕ. зА СÈ тРЕбА ДА СЕ РАбОтИ, нЕ МОжЕтЕ ДА ОчЕкУВАтЕ ДЕкА МОжнОСтИтЕ ќЕ ВИ ПАДнАт ВО СкУт.“

– гРИт јАнС

Даниела Атанасова

гРИт ИМАшЕ ИСкУСтВО И СО нАшИОт СИСтЕМ нА ВИСОкО ОбРАзОВАнИЕ, бИДЕјќИ СтУДИРАшЕ РУСкИ И МАкЕДОнСкИ нА ФИЛОЛОшкИОт ФАкУЛтЕт ЕДнА гОДИнА. јА ПРАшАВМЕ кАкО Е зАДОВОЛнА И кАкО бИ гО СПОРЕДИЛА СИСтЕМОт нА СтУДИРАЊЕ ОВДЕ СО ОнОј ВО бЕЛгИјА. Пред да дојдам овде, во Белгија слушав бугарски на факултет, ни предаваше професорка од Бугарија, на начин кој за нас беше многу чуден – на часовите повеќе ни раскажуваше за себе и за свои лични искуства и мислења, нè тераше да учиме граматички правила напамет, повеќе ни зборуваше на холандски отколку на бугарски итн. Кога дојдов овде се сретнав со истото - учење напамет, губење часови, одложување на испити. Но имав и многу добри професори, па се балансираше. Во секој случај, не извлеков онолку колку што можев и очекував, но од друга страна и добро ми дојде тоа што немав толку обврски на факултет, па можев да се посветам на магистерската на која работев во тој период, како и на патувања, дружење. И за моите студии секако беше подобро да бидам овде отколку да учам словенски јазици од книги во Гент.

30 | МожностИ И КаРИЕРа

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 31: Студентско Списание Излез број. 6

Нејзината приказна за пријавувањето е малку поразлична. „Јас претходно поминав една година во Македонија како студент на размена преку Базилеус програмата. Бидејќи многу ми се допадна овде, решив да побарам начин да останам уште некое време и ЕВС ми се виде како одлична можност. Прво најдов организација во Македонија која беше подготвена да ме прифати како волонтер, „Млади инфо“, а потоа и организација во Белгија да ме испрати. Го поднесовме проектот и беше одобрен, и еве сега е при крај, мојот ангажман со „Млади инфо“ завршува во јануари“, раскажува Грит.

Целта на „Млади инфо“, за чија работа веќе сме пишувале, е да шири информации за можности за млади луѓе, а главниот проект е веб страницата која постојано се обновува со информации од целиот свет. Од јануари годинава се отвори и Млади инфо центарот, кој е сместен во Универзитетска библиотека, и работата на Грит е поврзана со овој центар. Вклучена е во организирање информативни настани, сесии,обуки и сл., кои ги документира со фотоапарат и стории за веб страницата на центарот. „Уште кога барав организација во Македонија и разговарав со „Млади инфо“, знаев дека тие се добра организација. Понекогаш знае да се случи ангажманот на волонтерот да не е добро организиран и да нема доволно работа за волонтерите. Но, тоа не е така во мојот случај, моето време е најчесто добро пополнето, а благодарение на волонтирањето во „Млади инфо“, научив многу и стекнав искуство со типови на работа што претходно не сум ги работела“, вели Грит.

Кога ја прашавме дали би им препорачала на македонските студенти да станат ЕВС волонтери, Грит воскликна „На секого!“. ЕВС, според неа, е единствена можност да се патува, да се открие нова земја, нов начин на живот, да се биде независен. И, секако, EVS искуството многу добро стои на CV и ќе им отвори други врати за во иднина. Вратите што таа сака нејзе да ѝ се отворат би ја задржале во Македонија. Се обидува да најде работа за да може да остане овде и по завршувањето на волонтерскиот престој, а во обид да објасни што толку ѝ се допадна во Македонија, вели| „Ми се допаѓа тоа што во споредба со Белгија овде животот е поопуштен, културата е поразлична, има многу дружење. И тоа што има повеќе сонце, и убава природа што ми е многу важно.“ Вели дека Македонија е интересна дестинација за младите волонтери од странство кои секогаш сакаат да откријат нешто ново и непознато. Привлечна е и затоа што има добра географска позиција, во центарот на Балканот, па од овде блиску е да се патува и во околните земји, што најчесто им е важно на волонтерите.

Грит Јанс е млада Белгијка која веќе две години живее во Македонија, Скопје го чувствува како дома, зборува одличен македонски и во моментов работи во невладината организација „Млади инфо“ како ЕВС волонтер. Секогаш насмеана и позитивна, во текот на неделата можете да ја најдете во Инфо центарот на „Млади инфо“, да ја видите како вози велосипед низ Скопје и се дружи со македонските и странските пријатели, а за викенди би ја сретнале на околните планини или на пат низ убавите предели во Македонија и во блиските балкански земји. Зад нашиот разговор стои желбата да им го доближиме ЕВС искуството на нашите читатели, но и да ги запознаеме со Грит и со нејзиниот ентузијазам за животот во Македонија. Еден различен поглед и однос кон земјава од оној на кој сме навикнати. Европскиот волонтерски сервис (European Voluntary Service) е програма за волонтирање финансирана од програмата „Млади во акција“ на Европската комисија. Оваа програма им нуди на младите од 18 до 30 години можност да волонтираат за некоја организација во странска земја, во временски период од три месеци до една година, работејќи на проекти од различни области - спорт, култура, младинска работа, социјална грижа, уметност, животна средина, локален развој итн. Програмата ги покрива сите трошоци за пат, осигурување, сместување и сметки, храна и џепарлак на волонтерот. Средствата се доволни за да се живее удобно, вели Грит. Волонтерите не можат да очекуваат дека ќе можат многу да патуваат со тие пари, но ќе имаат доволно за основните трошоци, за храна и излегување. „А понекогаш баш и тоа е интересно – да се снаоѓаш со буџетот, да готвиш со пријателите. Многу луѓе овде како да се плашат од тоа да заминат во некое непознато место, од тоа како ќе се снајдат, но тој страв треба да се надмине, бидејќи каде и да отидат секогаш ќе има други странци, други волонтери, во истата ситуација како нив, со исто толку пари на располагање, па ќе можат да се дружат и заеднички да минуваат низ искуството,“ уверува таа. Во процесот на пријавување и испраќање на волонтерот учествуваат две организации – организација испраќач и организација примач. Како што ни објасни и Грит, секој кој сака да стане ЕВС волонтер треба најпрвин да најде организација во неговата земја која ќе има улога на испраќач. Потоа, волонтерот треба да се потруди да најде организација во странската земја каде што сака да волонтира. Постои голема датабаза на акредитирани ЕВС организации со чие пребарување волонтерот може да види кои организации во моментот бараат волонтери и какви проекти нудат, па да го направи својот избор врз основа на проектот. Најчесто треба да биде упорен и да прати десетина апликации до различни организации. Откако апликацијата ќе му биде прифатена од странската организација, организацијата поднесува проект до Националната агенција, или во нашиот случај централната европска агенција, и ако проектот е одобрен, волонтерот може да почне да се подготвува за заминување. На прашањето колку долго трае целата постапка, од пријавување до заминување, Грит одговара: „Многу често ова зависи од тоа колку брзо волонтерот ќе може да најде организација што ќе сака да го прими. Значи се работи и за среќа, момент. И откако ќе биде прифатен од некоја организација, треба време за да се одобри проектот од страна на централната европска агенција. Значи, во најдобар случај, постапката трае два-три или четири месеци. Но, препорачувам заинтересираните млади луѓе да почнат да бараат организации многу порано, барем шест месеци пред посакуваниот датум на заминување.“

МожностИ И КаРИЕРа | 31

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 32: Студентско Списание Излез број. 6

Но, таа има и критика за младите во Македонија, кои, како што вели, често не ги користат можностите што им се нудат. особено во контекст на еВС. освен што прима волонтери, „Млади инфо“ и испраќа наши млади луѓе во други земји. „од заинтересираните млади луѓе од Македонија главно се очекува сами да си најдат организација примач, но понекогаш може да се случи да имаме одобрени проекти и да бараме волонтери кои се спремни за кратко време да заминат. Во последно време проектите биле за во организации во Чешка, Словачка, главно во централна европа.

она што не ми се допаѓа, а што многу често ни се случува овде е да имаме готов и одобрен проект и волонтерите да ни откажат во последен момент, на еден месец пред тргнување. ова нам многу ни ја отежнува работата, а и Македонија добива негативен имиџ кај организациите што примаат волонтери кои во иднина можат да одбијат да соработуваат со организации од Македонија. На тој начин, на оние кои навистина сакаат да волонтираат во странска земја ќе им биде потешко да ја остварат својата цел. Сакам Македонците да разберат дека ова е сериозна работа, овде волонтирањето често се потценува и не се сфаќа сериозно, но тоа не е случај со EVS, се потпишува договор кој е исто како договор за работа, само што не добивате плата од организацијата туку од европска агенција. Луѓето овде постојано се жалат дека нема можности, а не прават ништо за да ги најдат или да ги искористат постоечките. За сè треба да се работи, не можете да очекувате дека можностите ќе ви паднат во скут“, вели Грит.

Разговорот го завршуваме со оваа порака и со поттик до младите луѓе од Македонија кои сакаат да искусат нешто ново и притоа да работат на проект од свој интерес, сериозно да размислат за волонтирање преку ЕВС. А додека тие се решаваат да заминат од Македонија, на Грит ѝ посакуваме среќа во потрагата по начин да остане. Кога ќе се вратите од вашата ЕВС авантура, можеби и вие ќе добиете поинаква перцепција за земјава и (не толку) скриените можности што ги нуди.

И ВИЕ МОжЕтЕ ДА СтАнЕтЕ ЕВС ВОЛОнтЕРИ!

„Млади инфо“, а и неколку други организации во Скопје, испраќаат волонтери од Македонија во странство и секогаш се расположени да ви помогнат во процесот на пријавување. Следниот рок за праќање проекти до централната европска агенција е 1 февруари 2012 год., па ако сакате да го искористите, сега е моментот да почнете да барате организација примач во European data-base on EVS. Грит советува дека поголеми шанси ќе имате ако не одберете некое премногу звучно место во популарна земја. На пример, ако сакате да одите во Барселона треба да бидете подготвени дека ќе се разочарате, бидејќи тие организации примаат по 500 апликации за слободно место. Најдобро да не се водите толку по местото колку по проектот, да најдете активност за која сте заинтересирани и да се пријавите. А ако ви треба помош, во „Млади инфо“ може да се обратите кај нивниот ЕВС координатор, на и-меил адресата evs@mladiinfo, или лично да појдете во Млади инфо центарот, каде може ќе ја запознаете и Грит!.

32 | МожностИ И КаРИЕРа

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 33: Студентско Списание Излез број. 6

Конечно и тој ден дојде. Дипломирав на Катедрата за англиски јазик и книжевност и го имав толку посакуваното парче хартија во рацете. „Најтешкото помина - си реков. - Сега останува да си најдам работа, да примам плата за мојот труд и знаење и сè ќе биде полесно“. Со висок просек и со една година искуство во „професорските води“ не верував дека тоа ќе биде проблем. Но не ни претпоставував што ме чека. Англиски јазик се учи уште од најмала возраст во државните училишта. Тоа се многу отворени работни места каде што си пријавен и ти „тече“ стажот. Но, за да се влезе во едно државно училиште, најмалку се потребни дипломата, уверението со положени испити и CV-то; се бара нешто друго. Ќе погодувате од трипати? Се разбира, партиска книшка на владејачката партија. На една моја колешка ѝ беа ветени неколку класови во државно училиште, но кога некако од училиштето дознале дека колешката потајно е за лидерот од опозицијата, понудата за работа веднаш беше повлечена. Кога, пак, лично јас се јавив во едно од основните училишта во Скопје во кое бараа професор, секретарката културно ме извести дека веќе им пратиле некого од Општината и дека огласот бил даден по грешка (бидејќи тие работи се средуваат интерно, нема потреба од огласи).

Бидејќи јас лично сум неопределен и не ме интересира ни „П“ од политика, ми остануваше да си ја пробам среќата во приватниот сектор. Сè почна одлично кога на првото интервју ми кажаа дека моето CV било меѓу најдобрите и дека има големи шанси да ме примат. Сепак, ветувањето дека ќе ме контактираат по неколку дена не го одржаа. До ден-денес немам слушнато ништо од нив. Следуваше процесот на праќање CV-а. Испратив осумдесетина електронски пораки до речиси сите приватни училишта во Скопје, но добив одговор само од десетина. Другите изгледа не го ни проверуваат своето сандаче.

Второто интервју почна супер. Ми понудија дури и кафе и сок и ми кажаа да се опуштам и да не бидам толку нервозен бидејќи сите сме на исто рамниште. Потоа почна кошмарот. „Типката“ објасни дека двата часа неделно се поделени меѓу македонски професор и „native speaker“ бидејќи нашите професори не биле способни да предаваат вокабулар, идиоми, фразални глаголи и многу други работи. Па така, нашиве професори предавале само граматика, а странскиот професор предавал сè друго. Кога слушнав дека странската професорка е родена во Кенија, живеела во Франција, а само студирала ЕКОНОМИЈА на Кембриџ, сè ми стана јасно. Згора на сè, сакаа да работам за 200 денари од час, што е многу мизерна цена.

Третото интервју помина сјајно. Директорката беше задоволна и рече дека сигурно ќе има барем две групи за мене. На прашањето дали ќе бидам пријавен, гордо одговори дека сите вработени во нејзиното училиште се пријавени. Договорено беше и да почнам со барем една група од тинејџери, но на само неколку часа пред мојот прв час, истата директорка ми се јави за да ми каже дека сепак нема групи за мене и да ме праша како тоа сум мислел да бидам пријавен ако сум предавал само на неколку групи.

Следно интервју не ни имаше бидејќи сретнав неколку огласи во кои се бараа исклучиво професорКИ по англиски јазик. Е, постои и тоа, полова дискриминација.

Па така, до денес си седам дома без работа.

Сè на сè, приватните училишта за англиски јазик се многу слични на политичарите. Само даваат празни ветувања и гледаат да направат што поголем профит и да извлечат корист од ситуацијата (секоја чест на исклучоците). Ама ВООПШТО не им е грижа ниту за децата, ниту за професорите, ниту за англискиот јазик. Целта е чистата заработувачка. Се надевам дека моиве патешествија ќе бидат поттик за одредени нешта во оваа држава да се променат. Во спротивно, излевањето на квалитетни кадри и мозоци во странство ќе продолжи и понатаму.

ПатешествИјата на еден ДИПЛОМИРАн АнгЛИСтMојот текст се обидува да ја покаже моменталната црна реалност при барањето работа со универзитетска диплома. млади луѓе, кои се квалитетни и искусни, се постојано потиснувани и не можат да дојдат до израз. Прочитајте зошто!

Тихомир Давчев Мартин Стојановски

МожностИ И КаРИЕРа | 33

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 34: Студентско Списание Излез број. 6

СкОПСкИОт АРАП ВО гЕРМАнИјА

РОдЕН ВО ИРАК. СТУдИРАЛ ВО СКОпЈЕ. жИВЕЕ ВО хАМбУРг. пРОФЕСИОНАЛЕН АРхИТЕКТ. дОжИВОТЕН

МУзИчАР. МoМЕНТАЛЕН пРОФЕСОР.

приказна за...

Катерина Николовска [Филолошки факултет „Блаже Конески“]

ИзнЕнАДЕн ОД ПРОМЕнИтЕ штО СЕ СЛУчИЛЕ ВО гОДИнИтЕ ДОДЕкА гО нЕМАЛО, АЛИ ВЕЛИ ДЕкА тЕшкО МУ бИЛО ДА ПОВЕРУВА ДЕкА зА ЕДнА ДИПЛОМСкА кОјА ВСУшнОСт МУ бИЛА ВЕќЕ СПРЕМнА МОРАЛ ДА тРОПнЕ нА СЕкОјА ВРАтА нА ФАкУЛтЕт, ДА чЕкА нА СЕкОј шАЛтЕР И тОА ДВА МЕСЕЦИ. Ех, ДОбРЕДОјДЕ нАзАД! ВЕЛИ ДЕкА СтУДЕнтСкИтЕ ДЕнОВИ МУ бИЛЕ ВЕСЕЛИ, СПОкОјнИ, ИнСПИРАтИВнИ И ПРОДУктИВнИ. нИштО И нИкОј нЕ МОжЕЛ ДА гО зАПРЕ ВО нАМЕРАтА ДА СОзДАВА И ПРОМОВИРА кУЛтУРА, А СЕгА МУ тРЕбАЛЕ МЕСЕЦИ САМО ДА ДОбИЕ ПОтПИС зА ДИПЛОМСкАтА нА ФАкУЛтЕтОт кАДЕ штО јА ПОМИнАЛ

34 | КуЛтуРа

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 35: Студентско Списание Излез број. 6

Роден во ирак. Студирал во Скопје. живее во Хамбург. професионален архитект. доживотен музичар. Моментален професор. Вака некако би го опишала Али Шибли, човекот чија приказна фасцинира, одзема здив, инспирира и замислува, особено ако е раскажана на изненадувачки добар македонски со германско-арапски акцент.

Некаде во 1981 година со ранец на грб, лош англиски и многу храброст решава да замине на студии некаде на Балканот. Стигнува во Скопје и се запишува на Факултетот за архитектура. На почетокот го зборува само јазикот на музиката, но и така успева да се разбере и да создаде пријателства, да ја разбуди инспирацијата, да си ја смири душата. Со гитарата станува еден од главните шоумени во тогашниот Клуб на меѓународно пријателство, а како човек кој совршено ги разбира звуците во секоја земја не му требало многу време да се заљуби во традиционалната македонска музика. Се прилагодува многу брзо и полека почнува да гази по патот на уметноста. Заљубен во македонската етно култура, традиција и фолклорна музика, започнува да создава музика што ги спојува нотите од неговиот крај и нотите на македонскиот фолклор.

Во текот на студиите се запознава со многу македонски музичари, меѓу кои и Јаков Дренковски. Со него и со уште еден перкусионист од Сирија и флејтистот Горан Бугариновски ја формираат групата „Микарап“. Со комбинираниот звук на арапска и македонска музика привлекуваат многу внимание и започнуваат настапи на разноразни концерти, на вечерите во Хераклеја, а потоа и надвор од Македонија. Музиката на Али му го враќа утот во раце. Традиционален, стар арапски инструмент со кој Али израснал. Чувствувајќи ја блискоста на традиционалните и арапски звуци, тој почнува да ги собира македонските изворни песни и станува еден од ретките колекционери чија збирка на изворни македоснки песни брои над 500 песни со текст, ноти, а

некои и со биографија. Посебно е горд на неговата колекција и истакнува дека научил да пее уште пред да почне да зборува македонски.

А македонски зборува неверојатно добро со мешавина на скопски и битолски акцент, кои ги примил од пријателите и со акцентот од неговиот мајчин јазик.Со дрскост и голема храброст ѝ пркоси на судбината и стоички решава да успее на сосема непознато и туѓо тло и да остави белег во култрата на народот со кој дошол да се запознае и сплоти. Тоа најмногу му успева откако ќе доживее неверојатен успех со претставата „Кој ја уби Сузана Спасовска“. Музиката не му била доволен медиум да ја изнесе својата инспирација и приказна на виделина, па така во деведесетите ја формира театарската група „Малиот Принц“. Тој се потпишува како режисер и сценарист на претставата за која, за премиерната изведба во Универзална сала биле продадени 2500 карти, а потоа доживува уште 100 изведби во сите градови кај нас и надвор од Македонија. Потребата за сценско изразување, творење и создавње уметност и спомени не запираат, па тој ја пишува и претставата „Граница“, којашто била еднакво успешна и актуелна како и претходната.

Заљубен во Македонија, во луѓето, воздухот и топлината, зеленилото, сонцето и месечината, едноставноста, културата и творештвото, Али мора да ја напушти Македонија поради, како што вели, нерегулиран престој и неможноста да добие македонско државјанство. Кога го прашав да ми ја раскаже приказната за заминувањето и животот после тоа, ми рече дека ќе ми требаат десет тетратки и дваесет пенкала. За да заштедиме на хартија, малку скративме па Али кажа дека целата таа медиумска фама околу неговиот „нерегуларен“ престој тука и ширење исламски фундаментализам му била многу чудна, нејасна и нерегуларна, затоа што никогаш не бил политички активен. Нејсе, кога се обидел да демантира и да докаже дека тука е само за да создава уметност и да сплотува култури, веќе било предоцна, па азил добива во Германија.

И таму како и тука продолжува да создава и ткае музички килими од различни звуци. Станува професор по музика во дом за деца без родители и целата своја љубов, енергија и знаење им ја посветува ним.

Исто така, ќе оформи и свој бенд „Шибли Бенд“, кој е мешавина од музичари што доаѓаат од Ирак, Египет, Холандија и Германија. Дури и на настапите низ Германија, Али го протнува македонскиот ритам, затоа што, како што вели, македонската песна најмногу му недостасувала по заминувањето. Тој е единствениот непрофесионален музичар во својот бенд, но комплетен автор на музиката што ја дефинира како алтернативен спој на џез, етно и ориентална музика. А, како би била поинаква кога и составот на бендот е токму таков, спој на различни култури и стилови.

Денес живее во Хамбург, Германија, но настапува низ цела Европа. Летово имаше настап на Скопско лето заедно со уште неколку македонски музичари. Рече дека дошол да го подготви овој мултикултурен проект, но и конечно да дипломира, затоа што не успеал во тоа пред да биде протеран од државава. Изненаден од промените што се случиле во годините додека го немало, Али вели дека тешко му било да поверува дека за една дипломска која всушност му била веќе спремна морал да тропне на секоја врата на факултет, да чека на секој шалтер и тоа два месеци. Ех, добредојде назад! Вели дека студентските денови му биле весели, спокојни, инспиративни и продуктивни. Ништо и никој не можел да го запре во намерата да создава и промовира култура, а сега му требале месеци само да добие потпис за дипломската на факултетот каде што ја поминал младоста.

Збунет од реалноста, прашината во Скопје, бледилото меѓу луѓето и сивилото на небото, Али вели дека е среќен што сепак некој нешто прави. Му посака среќа на тимот на „Излез“ и не покани на некој од многубројните концерти во Германија, а вети средба и интервју на следната посета на Македонија.

КуЛтуРа | 35

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 36: Студентско Списание Излез број. 6

Додека на повеќето факултети на испит „мува да прелета ќе се слушне“, студентите од Факултетот за драмски уметности испитите ги полагаат пред полна сала и громогласни аплаузи. Академска сцена е буквално сцена на која се полагаат испити, се држат вежби, се раѓаат нови идеи, се создаваат генијални дела. Место каде што едни студенти се навикнуваат да бидат професионалци, а други да бидат публика.

Новата сезона на Академска сцена свечено беше отворена на 6 октомври со прикажување на дела на студенти од повеќе отсеци на факултетот. Сѐ започна со „1 час комедија“, приказ на кратки филмови на студентите од отсекот за монтажа. Потоа имаа настап веќе дипломираните студенти со својот испит од трета година „Оркестар ББ“. „Оркестар ББ“ е претстава која има добиено две награди, и тоа за најдобра изведба и од публиката и од жирито, на фестивалот во Белград ФИСТ ’06 кој е втор светски студентски театарски фестивал.

Оваа претстава предизвика огромна заинтересираност и импресивни реакции кај публиката и брои вкупно 43 изведби. Креативците од Драмскиот факултет не би биле толку успешни ако не се секогаш посебни и духовити, па по отварањето на новата сезона во бифето организраа мала забава на која се консумираа коктели со имињата на професорите од факултетот. За вкусовите ќе дискутираме во некое следно издание.

Веднаш по свеченото отворање, на 7 октомври, пред публиката беше претставен материјал од испитот по актерска игра на студентите од 1992 во класата на проф. Љубиша Ѓорѓиевски. Овој дел од репертоарот се нарекува „Театарски флешбек“ кој студентите го користат да прикажат снимени театарски испити на некогаш успешните студенти, а сега веќе успешни актери, сценаристи, режисери. Во публиката често може да се видат учесниците и создателите на овие претстави како Александра Бошковска, Роберт Велјановски, Ристо Гоговски итн.

На 8 октомври следеше вториот „Филмски флешбек“ кога беа прикажани неколку филмови на некогашни студенти на Факултетот за драмски уметности, а денес познати режисери, сценаристи, монтажери во земјава но и надвор. Дел од документарните филмови кои публиката имаше можност да ги види се „Поштари“, „Мишо“, „Што ли беше“ итн. Репертоарот продолжи да се прикажува на 13 октомври кога беа прикажани битовите драми „Антица“ на младата и амбициозна студентка по театарска режија, Драгана Стојчевска и „Чест“ на уште еден млад иден режисер Ангелчо Илиевски.

Академска сцена не ги изостави ниту најмладите студенти, бруцошите, па нивна вечер беше 14ти октомври кога беше прикажан еден од најиграните испити, „Случајот П“. Тоа е испит по актерска игра од 2004 година на проф. Владо Цветановски и доц. Мими Таневска. Публиката гласна, атмосферата жешка, вибрациите позитивни. Најгласни некогашните студенти, а сегашни докажани професионалци Жаклина Петровска, Зорица Стојановска, Јелена Јованова и Ивица Димитриевиќ. На 15 октомври наместо најавениот филмски флешбек следеше хорор филмот „Еден“ и трилер филмовите на група монтажери. Ако публиката се стресe од хоророт, потоа се пресмеа од ЕПП - то помеѓу секој филм.

Млади, амбициозни и успешни креативци кои храбро газат на нивната сцена. таму се свои, таму се успешни и најдобри. Секој четврток, петок и сабота можете бесплатно да аплаудирате, да се смеете, да мислите, да разговарате и да разменувате идеи.

Бидете добра публика и инспирирајте се од нивниот ентузијазам, а тие нека се мотивираат од вашите аплаузи.

академска сцена – сцена на студентите од факултетот за драмски уметности.

Катерина Николовска [Филолошки факултет „Блаже Конески“]

Херои на својатаАкАДЕМСкА СЦЕнА

36 | КуЛтуРа

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 37: Студентско Списание Излез број. 6

Во својот опис, Младиот отворен театар вели дека секоја година се стреми да претстави светски и домашни театарски продукции кои своето творење го насочуваат кон најактуелните светски театарски тенденции, преку прогресивна, смела и иновативна работа. МОТ 2011 траеше од 21.09 до 28.09 и во својата програма изброи 9 македонски и 8 странски претстави, три концерти, две промоции на книги и една уметничка инсталација на сценографот и архитект Филип Јовановски. Фестивалот го отвори претставата „Турбо парадисо“ од Србија, во режија на Андраш Урбан, кој учествуваше на овој фестивал со уште една претстава| „Брехт - Хардкор машина“, која, пак, доби специјално признание од жирито (Љубиша Никодиновски-Биш, Ѕвезда Ангеловска и Александра Бошковска) за современа сценска естетика. По повод отварањето, по неуспешниот обид во 2001, се одржа и концертот на култните Tuxedomoon. Овој пат, пред бројна публика, Скопје имаше можност да проследи концерт со атмосфера за целосно доживување, музика проследена со театарска игра и видео проекции, бенд со високо ниво на сценичност.

Меѓу останатите странски учесници беа Чесите кои прикажаа извонредна физичка игра, проследена со музика во живо во претставата “Чекална“, Словенско младинско гледалиште со феноменалната реализација на „Злосторство и казна“ и „Последниот танц на Нижински“.

Тука беше и долгонајавуваната „Господа Глембаеви“ на српското Театар Ателје 212, која на грб ја носи токму нашиот Ристановски. Никола покажа зошто е дел од таа актерска екипа. Последната претстава на Литванците беше победникот според гласовите од публиката. Поинаква изведба на „Ромео и Јулија“ со креативно комплицирана сценографија.

МОТ 2011 овозможи претставување на повеќе независни театри од Македонија, а наградата од 200 илјади денари за нов проект, кој ќе треба да се претстави на наредното издание, ја доби претставата „Брод за кукли“ на Нела Витошевиќ од домашниот Вондерланд театар. Она што го замати овој осумдневен театарски занес беше во неколку наврати лошо одбраниот простор, продавање повеќе карти од бројот на седишта, од друга страна прерано распродадени претстави со празни седишта. На „Глембаеви“ беше достигнат врвот, со тотално промашеното озвучување, а премногу наконтени позери кои се таму за да бидат видени, па кога на нивното мрморење ќе се додаде и климатизерот... Што нè води до другиот новитет, имаме однапред распродаден МОТ, а значително поскап. Резултат| нов состав на публиката на МОТ, отворен, но не и млад.

ТЕАТРА по вторпат се гости во нашето списание и овој пат за „Излез“ ги споделија впечатоците од премиерата на драмата „Звукот на коските што се кршат“, работена по текст на канадската авторка Сузан Лебо. Премиерата се случи на 21 септември 2011 година и со тоа беше означен почетокот на уште една успешна сезона за ТЕАТРА, а воедно беше означено и отварањето на триесет и шестиот по ред Млад отворен театар (МОТ).

„Звукот на коските што се кршат“ преставува интензивно драмско доживување, тоа не е приказна што завршува со гасење на последното светло, ниту текст кој завршува со последната страна, туку носи горчлив вкус кој останува; тоа е празнотија под која се крие неописливо тежок товар, „...како солзите да не се доволни да исплакнат сè што е почувствувано...“.

Според Ива Дујак, маркетинг менаџерот на ТЕАТРА, актерската екипа во драмата „Звукот на коските што се кршат“ ја сочинуваат младите актери Наташа Петровиќ, Стефанија Зисовска и Бојан Кирковски. Костимограф е Ивана Кнез, музиката е на Оливер Јосифовски и Вера Милошевска, а преводот од оригиналот е дело на Горјан Милошевски и Марија Зафирова. Режисер на драмата е Билјана Радиноска, а е во продукција на Марија Зафирова.

На прашањето што значи да се биде независна театарска екипа, нивниот одговор гласи| „Да се создава независен театар, значи да се работи со сериозно подготвени проекти, кои се базираат врз нови критериуми за квалитет на театарските изведби, па го носат театрот во нови форми што го надминуваат стандардното поимање на театарското работење, наменето за комуникација со публиката.“

мот продолжува да ја пишува својата театарска историја...

По успешниот пробив на македонската театарска сцена со претставата „мизантроп“, независниот театар театра продолжува успешно да работи и во новата сезона, а нивно ново драмско остварување е современата драма „звукот на коските што се кршат“.

Мими Николиќ [Филолошки факултет]

ЧИј е МОт?

зВУкОт нА кОСкИтЕ штО СЕ кРшАт

Фросина Антоновска [Правен факултет]

КуЛтуРа | 37

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 38: Студентско Списание Излез број. 6

на 10 јануари 1927 година во берлин, во релативно стабилен период за вајмарската република, за прв пат се прикажува „метрополис“ на режисерот фриц ланг – ремек дело на германската експресионистичка уметност и најскап нем филм на сите времиња. времетраењето од 153 минути се покажало како неатрактивно за меѓународна дистрибуција и филмот бил буквално „искасапен“ од страна на дистрибутерите, по што значителен дел од филмот се сметал за исчезнат. По мноштво на реставрации на сочуваните делови (од кои најзначајна онаа во 2001 година), во 2008 година во буенос аирес, аргентина, се открива 16mm копија на филмот, оригинално во сопственост на приватен колекционер, која ги содржела скорo сите сцени кои дотогаш се сметале за изгубени, што овозможило создавање на најцелокупна верзија во траење од 145 минути. По германската премиера во јануари 2010 година (паралелно во франкфурт и на „берлинското биенале“) и неколку интернационални прикажувања, на 27 октомври 2011 година во салата на македонската опера и балет филмот ја доживеа својата македонска премиера, со оригиналната музика (напишана од готфрид хуперц) изведена во живо од страна на македонската филхармонија, под диригентската палка на германскиот маестро хелмут имиг. високата цена на билетите (која се движеше помеѓу 500 и 600 денари за подобрите седишта) не ги спречи љубителите на музиката и филмот да ја наполнат салата до последното седиште, но тој факт не треба да изненадува – сепак, вакво уникатно претставување на врвно уметничко дело како „метрополис“ се очекува да ги заинтригира и задоволи вкусовите на љубителите на повеќе уметности. Покрај самото кинематографско искуство, филмот изобилува со кадри вредни за врамување, а и музиката сама по себе е фантастична.

што се однесува до музичкиот дел – македонската филхармонија повремено изненадува со изведби од светски калибар и задоволство ми е да кажам дека ова беше една од тие изведби; а, не се ни сомневав дека токму хелмут имиг, кој одлично ја познава партитурата, е човекот кој ќе го извлече најдоброто од овој оркестар. сепак, маестро имиг е личноста која во 2010 година диригираше на премиерата на реконструираната верзија на филмот (во франкфурт), а изведбата во скопје му беше јубилејната дваесетта. веќе наредниот петок (4 ноември) во Постдам, германија, го предводеше филмскиот оркестар „бабелсберг“ во уште една изведба на ова грандиозно дело. Проекцијата која беше закажана за 20 часот заврши три часа подоцна со овации од публиката.вакво доживување претставува реткост во скопје и не е веројатно дека набрзо ќе се повтори, но големата заинтересираност на публиката сепак би требало да биде поттик за организаторите, да размислат за уште некоја ваква претстава.

науЧнО фантастИЧнИОт magnum opus на фРИц ланг

По германската премиера во јануари 2010 година, на 27 октомври 2011 година во салата на македонската опера и балет реставрираната верзија на овој филм ја доживеа својата македонска премиера, со оригиналната музика од готфрид хуперц изведена во живо од страна на македонската филхармонија, под диригентската палка на германскиот маестро хелмут имиг.

Дени Омерагиќ [Факултет за музичка уметност]

МЕтРОПОЛИС ВО СКОпЈЕ

38 | КуЛтуРа/МуЗИКа

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 39: Студентско Списание Излез број. 6

Ha Ha Jolly Jolly кУЛтУРнО УМЕтнИчкИ РАбОтнИЦИ

Дени Омерагиќ [Факултет за музичка уметност]

ИзДАВАч: незавИснО ИзданИе ДАтУМ: 10 ОктОмвРИ 2011ПРОДУЦЕнтИ: TРајЧе мИтРевскИ & даРкО ПОПОвскИ – блуз ВРЕМЕтРАЕЊЕ: 49 мИнутИ ОЦЕнА: 5/10

во првата од (она што се надевам ќе биде) серија на музички критики за дискографските остварувања на македонски современи артисти ќе го разгледувам новиот албум на Културно уметнички работници наречен „ha ha jolly jolly“. жалам што токму овој осврт (како прв) нема да биде премногу позитивен.

третото студиско издание на култниот скопски бенд Културно уметнички работници стилски не нуди ништо поразлично од првите два албума. доследни на својот уникатен стил, комбинација на рокенрол, рокабили и панк, како и за нив својствените хумористични текстови, тие успеваат да ја доловат атмосферата на живиот настап на плоча.

албумот почнува со преработка на „скопје“ (позната и како „градот убав“, напишана од александар Џамбазов/бошко смаќоски) во нео-панк стил кој звучи прикладно за песна која е целосно базирана на главните тонални функции (т-S-D) кои се основа на едноставниот и особен стил на класичниот панк. „вечниот студент“ почнува со циркуски смешна бас линија и текст кој го опишува искуството на студент од деведесетите години, но се развива во певлива песна со силен рефрен. „фраерај“ е најблизу до љубовна песна што се наоѓа на овој албум, со придружните вокали на строфите и дисторзираниот рефрен во стил на прашање и одговор.

вредно за спомнување е и солото на акустична гитара по рефренот, проследено со интересно соло на труба. „ѓубрето“ (направена во соработка со раперот стиховен Калибар) е некарактеристично мрачна песна со гневен текст. седмата песна наречена „ристе“ започнува со бавен вовед на клавир на кој постепено се приклучуваат водечкиот вокал, басот и тапаните, како и главната мелодија „отсвиркана“ на уста во позадина. вториот дел од песната е побрз и повикува на пеење заедно со бендот. ова е веројатно најсилната трака на алумот. „Folsom Prison Blues“, преработка на класикот на Џони Кеш (намерно или не) звучи повеќе како пародија одколку како сериозна песна. албумот има светли моменти, но е релативно монотон и аранжмански неинвентивен.

„hа ha jolly jolly“, беше промовиран во кабарето MCM каде со секоја купена влезница по цена oд 150 денари посетителите имаа можност да добијат копија од албумот, кој ќе биде достапен и за бесплатно симнување од интернет до 10-ти декември.

МуЗИКа | 39

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 40: Студентско Списание Излез број. 6

МЛАДИтЕ МОжАт ПОВЕќЕ!НАшИТЕ хАхАхА СЛОгОВИ СЕ ИСКРЕНИ КАКО дЕТСКИ пЛАч. ИСКРЕНО пОВИКУВАМЕ НА пРОМЕНИ пРЕКУ пОСВЕТЕНОСТ, САМОСпОзНАНИЕ И ЕдУКАцИЈА пОРАдИ СТРАСТ И пОТРЕбА (А НЕ пОРАдИ пОдОбРА пЛАТА).

Maja Keрамитчиева [Филозофски факултет] Игор Костов

40 | МуЗИКа

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 41: Студентско Списание Излез број. 6

хАхАхА СЕ СКОпСКО ИНдИ--пАНК ТРИО СОСТАВЕНО Од ВАСКО АТАНАСОВСКИ, ЏАНО КУч И НЕНАд ТРИФУНОВСКИ (СИТЕ ТРОЈцА чЛЕНОВИ НА neW Wave/indie СОСТАВОТ Bernays Pro-Paganda И хАРдКОР СОСТАВОТ FXPXoX). ИАКО ФОРМИРАНИ ВО 2009 гОд. ВЕќЕ СЕ ИСТАКНУВААТ КАКО ЕдЕН Од ВОдЕчКИТЕ НОВИ бЕНдОВИ НА НАшАТА СцЕНА, СО ИСКЛУчИТЕЛНО дОбРО пОСЕТЕНИ СВИРКИ, КАКО И дВЕ ЕВРОпСКИ ТУРНЕИ. НИВНИОТ дЕбИ АЛбУМ „ТАНгО РЕВОЛУцИОНЕР“ ИздАдЕН ОВАА гОдИНА зА НЕзАВИСНАТА пРОдУКцИЈА Junkcola бЕшЕ дОбРО пРИФАТЕН КАКО Од (МАЛКУМИНАТА) пРОФЕСИОНАЛНИ КРИТИчАРИ, ТАКА И Од пУбЛИКАТА.

одвојувајќи време од својот зафатен распоред, васко атанасоски со нас го сподели следното:

хАхАхА - САРКАСТИчНИ, ИРОНИчНИ, цИНИчНИ ИЛИ ИСКРЕНИ СЛОгОВИ Од КОИ СЕ СЛУшА пО НЕшТО дУхОВИТО? КАКВО Е ВАшЕТО „хАхАхА“?

живееме во земја во која што ѓаволот одамна ја однел шегата. во последниве дваесет години луѓето во македонија се изложени на константен грабеж и притисок. во такви услови нема место за духовитост. можеби пресметката со луѓето кои што ја наметнаа криминалната приватизација на општите добра, ни наметнаа војна и се обидуваат да не занесат во крајно десно би донела повторно насмевка на лицата на луѓето? нашите хахаха слогови се искрени како детски плач. искрено повикуваме на промени преку посветеност, самоспознание и едукација поради страст и потреба (а не поради подобра плата), како фронт против хипокризијата на економскиот и културниот естабилишмент којшто со децении ни приредува бавна смрт и евтин театар на фалш патриотизам и служење на народот.

ВАшА ИНСпИРАцИЈА, ВЛИЈАНИЕ..?

татко ми и мајка ми беа избркани од работа после 20-30 години работа во работнички колективи, кои што настанаa од работничкиот труд, самопридонес и колективизација.нашите текстови се инспирирани токму од таа неправда којашто еднаш мора да биде исправена. можеби и затоа ја препеавме „син на гладот“ од великиот рацин. евидентна е сличноста со некои ропски, душмaнски и мачни времиња со денешницава во која што живуркаме. чесноста и праведноста се нашата инспирација. слобода, леб и љубов за секого. во минатото предавството на духот на колективизмот и социјалните идеи бил казнуван и со смрт. да бев некој што го ограбува народот би пазел на својата глава.што се однесува до соничниот дел, нашите учители се| jones Very, Rites of Spring, Embrace, husker Dü, alloy,

Suns, архангел, охридски трубадури, Nova Mob, last Expe-dition, Mega City 4, Dag Nasty, Neil young, Three, les Thugs…

дО КАдЕ НАЈдАЛЕКУ МОжЕ дА СЕ ОТИдЕ СО НЕА?

мислам дека трикот на животот е токму во очекувањата. отсекогаш моите херои биле луѓето кои што ги следеле своите желби. Кога го правиш тоа, го постигнуваш токму она што го сакаш. независната сцена е добра основа да се постигне она што го сакаш.

ИдЕАЛИ шТО гИ зАСТАпУВАТЕ, пОРАКА..

зарем секој човек нема своја порака и идеја како би го живеел својот живот? ние не сме исклучок. мислам дека нас нè движат искреноста, посветеноста, солидарноста,сочувството, љубовта... не нарекуваат анархисти и јас сум ок со тоа, затоа што анархизмот остана единствената неизвалкана идеја којашто нуди модел за праведен и чесен живот на сите живи суштества на планетава.

шТО бИ ИМ пОРАчАЛЕ НА МЛАдИТЕ? да бидат конструктивни и да мислат со својата глава. да се задоволат само со максимум, а не со приказни за мали деца. да не дозволат вмро и сдсм да ги залажуваат со 200 евра. младите можат повеќе. младите мораат повеќе!!! и секако, комуникација со својата генерација ширум светот.

ВАСКО, гЛЕдАЈќИ ТЕ НА НАСТАпИ, НЕ МОжЕ дА НЕ СЕ зАбЕЛЕжИ дЕКА пРАВЕНОТО Е СО гОЛЕМ ЕНТУзИЈАзАМ, љУбОВ, чУВСТВА, дАЛИ СЕ пРОНАОЃАш ВО пРОФИЛОТ НА ЛИчНОСТИ КАКО МАНУ чАО, бОб МАРЛИ, МОжЕбИ И МАЛ РЕд ТАКВИ дРУгИ?

ха,ха,ха...благодарам на комплиментот. зарем постои друг начин освен лудиот конструктивен ентузијазам и безусловната љубов? ману и боб се ок, но сепак преферирам уметници кои творат преку независната сцена. луѓето кои што ми ги отворија очите се многу и ќеф ми е да набројам неколку| Кочо рацин, горовска Кристина, саша Павловиќ, Ian MacKaye, Vic Bondy, jello Biafra, Џек лондон, атанасоски бранко, Љубица, влатко, зоран, снеже и цвета, ристо вртев, горан трајкоски, стефан симоновски, владимир трајчевски, тошо филиповски, howard Zinn, сите членови на бендовите во кои што сум свирел (посебно Fx-Pxox), борис aFa, влае, ге-ге, како и сите мои другари.

шТО ќЕ бИдЕ СЛЕдНО Од ВАС?

нова плоча и нови турнеи. Крв,пот и солзи. Плачење и смеење. знаеш, човечки работи.

РЕАЛНО дАЛИ ИНдИРОК КУЛТУРАТА Е ИдНИНА, СЕгАшНОСТ, НЕшТО НАдМИНАТО, НАУчНА ФАНТАСТИКА? би сакал веднаш на почетокот да разјасниме дека INDIE е скратеница од INDEPENDENT. значи, тука зборуваме за тенденција да се биде независен, што и да значи тоа, ок? рок музиката почнала како soundtrack на младите кои го препознале лицемерието на возрасните коишто сите гнасотии на човекот ги криеле под чергата на државата, религијата, семејството и моралот. неоспорно е влијанието на рок културата (зборуваме за рок хероите од 50-тите, хипи генерацијата на 60-тите, панк и пост панк децата на 70-тите и хард кор испосниците од 80-тите) врз развивањето на напредните хуманистички идеи во западните општества. зборуваме за екстремно битна работа, контрапункт на лицемерното општество, а не евтина забава промовирана од големите медиуми поседувани од страна на тираните на обичниот човек. знаејќи го ова, инди културата им е потребна на младите како вода на краставица. среќни сме што ги имаме 103-ка, anima Mundi, слободен индекс, анархистички фронт, независните бендови, уметници, занаетчии, земјоделци, работници и интелектуалци. тоа се вистинските херои и знаете што? на нив не им требаат споменици за да бидат големи и вечни! значи, независната сцена е реалност во македонија и навистина е штета што мнозинството од младата популација не може да ја препознае како начин да се живее слободен живот.

МуЗИКа | 41

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 42: Студентско Списание Излез број. 6

Благоја Неделковски е млад филмски монтажер, кој живее и работи во Македонија, но своето искуство го стекнал подеднакво и во нашата земја и во странство. Во 1996 година се запишал на Факултетот за драмски уметности, отсек филмска монтажа и своето високо образование го завршил во 2000 год. За време на студирањето мислите не му биле во прв план насочени кон неговата кариера, едноставно времето и приликите го направиле своето. Работите се одвивале по природен тек и по дипломирањето веднаш започнал со работа. „Моето прво вработување беше во Македонската радио телевизија, во документарната редакција, каде што работев како режисер и реализатор. За две години, колку што работев таму, можев да го утврдам моето знаење, да применам во пракса сè што сум научил претходно на факултетот. Тоа беше еден вид специјализација за мене“, вели Баже. По ова следувал еден многу интересен проект. За време на снимањето на популарната детска серија „Наше маало“ тој работел како асистент на монтажа, а веќе втората година од снимањето станал и главен монтажер. Бил дел од оваа серија уште три години, сè до крајот на нејзиното производство. Периодот кој што следувал бил многу интересен за него, затоа што се запишал на факултет во Виена, Австрија, на Музичкиот конзерваториум, отсек џез-гитара. Покрај студиите, останатото време го поминувал работејќи како монтажер на реклами, спотови, музички концерти и сè друго за што имал можност. Студирал и работел, а во исто време ја запознавал Австрија и нејзината метропола и уживал во европскиот начин на живот.

„По четири години поминати во Виена се вратив во Скопје и заедно со мојот колега и другар Атанас Георгиев ја оформивме продукцијата за филмска монтажа Film Trick-TRIXFILM. Од досегашното постоење на нашата продукција можеме да се пофалиме со работа на следните филмови| „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски, монтажа- Благоја Неделковски |) и „Состојба на шок“, словенски филм, во режија на Андреј Кошак, а монтажата е повторно моја. Имам работено и на многу документарни филмови, како „Плати и жени“ на Атанас Георгиев, „Висалес“ на Петра Селишкар, „Мојот свет наопаку“ на Петра Селишкар и др.“, раскажува Баже. На прашањето дали во Македонија има перспектива за развој на филмската уметност, тој вели дека Македонија полека се буди од еден филмски кошмар и од една филмска утопија и има можности за развој на седмата уметност преку остварување на копродукции како со земјите од регионот, така и со земјите од Европа. Според него, младите филмски автори ги следат светските трендови, но и европските принципи и патишта на филмското производство, посетуваат семинари и работилници за развој на филмски проекти, разменуваат искуства со автори од другите земји, сè со цел да создадат предуслови за оформување на филмски копродукции и да придонесат за збогатување на филмската култура во Македонија.

ИМАМЕ кАПАЦИтЕт зА ДОбРИ ФИЛМОВИ МАКЕдОНИЈА пОЛЕКА СЕ бУдИ Од ЕдЕН ФИЛМСКИ КОшМАР И Од ЕдНА ФИЛМСКА УТОпИЈА И ИМА пЕРСпЕКТИВА зА РАзВОЈ НА СЕдМАТА УМЕТНОСТ пРЕКУ ОСТВАРУВАњЕ НА КОпРОдУКцИИ КАКО СО зЕМЈИТЕ Од РЕгИОНОТ, ТАКА И СО зЕМЈИТЕ Од ЕВРОпА.

бЛАгОјА нЕДЕЛкОВСкИ, МОНТАжЕР

Мими Николиќ [Филолошки факултет „Блаже Конески“]

42 | усПЕШна ПРИКаЗна

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 43: Студентско Списание Излез број. 6

баш кога мислите дека се искористија сите можни клишеа на тема војна и FPS игри, Electronic arts влегуваат на сцената пробивајќи се низ ѕидот со модерен тенк. од техничка перспектива, Battlefield 3 прават ‘ршум со радиус од педесет километри, графиката стои на врвот од сечилото на модерна технологија, додека во исто време испукува куршуми насочени кон надоаѓачката армада од авиони.

во Battlefield 3 можете да возите авион, тенк и да се борите очи во очи, или снајпер во снајпер, на масивни и детални мапи. звукот што ве опкружува реагира динамично на вашата местоположба, колку што видовме надградба на графиката, истата надградба можеме и да ја слушнеме.

фокусот во повеќето игри со висок буџет во последно време се поставува врз multiplayer играта, но во овој случај singleplayer кампањата има добиено доволно внимание за да вреди и за играчите што немаат толку добра интернет конекција или доволно пријатели.

ако се решите да ја играте оваа игра, запаметете дека графиката е далеку полоша на играчките конзоли одколку на PC. за вистински да ја почувствувате играта, препорачливо е да си го набилдате компјутерот со модерна конфигурација.

Cityville веќе го надмина својот агрикултурен брат Farmville во популарност, им се смачи на луѓето од одгледување на растенија, pa сега преминаа на тешка индустрија, цемент и комерцијални градби. според @softpediagames, на 5 јануари 2011 Cityville достигна 84,2 милиони играчи, тоа се вкупно 42 пати повеќе луѓе отколку што има македонија. можеби треба да создадеме македонијаville игра за да ги стигнеме Cityville . следејки ја формулата на Simcity игрите, Farmville направија свој симулатор на град, со многу помалку уништување од гигантски роботи од Simcity и со многу повеќе дружење.

ако сте член на тоа 84,2-милионско семејство, тогаш следниве трикови можат да ви помогнат при апсолутната доминација со својот град|

1. соседи, соседи и соседи. што повеќе соседи имате, толку подобро. Првпат кога ќе посетите нов сосед, добивате три поени енергија, а при секоја следна посета на тој сосед (на секои 24 часа) добивате уште еден поен за енергија.

2. многу повеќе CityVille парички можете да добиете ако имате бизниси отколку од собирање кирија.

3. овој вид на игри наградува честа интеракција и редовност, ако секој ден играте ќе го развиете градот многу побрзо од тие што еднаш неделно го посетуваат својот град.

ИгРИ

battlefielD 3

Cityville тРИкОВИ И СтРАтЕгИИ

И 10 гОДИшнИнАтА нА roCkstar СО ЕДнО МОбИЛнО ИзнЕнАДУВАЊЕgTa5

Дамјан Цветков-Димитров [Филозофски факултет]

тЕхноЛоГИја | 43

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

неодамна го видовме трејлерот на следното продолжение на Grand Theft auto. Петтото продолжение на апсолутно револуционерната серија на игри повторно се враќа во мајами и потенцијално во неколку други области. следејќи го развојот на последните неколку GTa игри, слободно можеме да очекуваме масивна мапа. еволуирајќи од дводимензионална графика до комплексноста и имерзивноста на последните експанзии на GTa4, каде се чувствувате дека контролирате лик во филм, Rockstar успеваат да задржат квалитет што станува сè поредок во последно време меѓу игрите што имаат висок буџет.

може се прашувате зошто на крај го оставив изненадувањето? тоа беше длабоко испланиран и стратегизиран обид за предизвикување исчекување, и ако имате модерна мобилна направа можете да почнете да си ги триете рацете.

Grand Theft auto 3 наскоро ќе биде целосно портирана за мобилни направи. се сеќавате на феноменалните радио станици со одлична музика? длабоката и долга кампања и огромниот sandbox свет? ако не се сеќавате, уште подобро, наскоро Rockstar ќе ја оптимизираат третото продолжение на GTa прво за dual-core помодерните мобилни направи, а потоа и за постарите генерации.

Page 44: Студентско Списание Излез број. 6

Образовните институции постојано имаат шанси да развијат извонредни методи на мотивација; сепак бележат епски неуспеси во тоа поле. Главниот проблем е што тие главно се трудат да ја усовршат таканаречената „надворешна“ мотивација. Тоа е мотивација која функционира индиректно, т.е. преку разни помошни средства како пари, оцени, стравопочит, авторитет, награди, казни итн. Идеално би било доколку образованието се слее со постоечките интереси кај студентите, што ќе предизвика подиректен и поискрен интерес, односно „внатрешна“ мотивација. Нормално дека има некаков прогрес од времето кога мотивација за учење бил еден дрвен издолжен предмет наречен стап, меѓутоа напорите сè уште се движат во слична насока, само со поублажени методи (да не речам со гумен стап). Како и да е, образованието веќе неколку години има прекрасни шанси да посвои некои од новите ултраефективни методи на мотивација, кои интензивно се усовршуваат во бизнис секторот. Подетално, во индустријата за развивање на видеоигри. Да, игрите всушност содржат супериорни системи за мотивација од кои светот моментално пробува да учи и да ги применува насекаде. А причината за нивната супериорност е едноставна - игрите буквално зависат од мотивирање, тие не би постоеле доколку не успеваат правилно да ги мотивираат играчите. Кога сме кај игри и играчи, мора да се спомене дека не постојат луѓе кои не сакаат игри, туку само луѓе кои немале шанса да играат. Од скоро време, бројни бизниси ја сфатија моќта на игрите и на „гејмификацијата“ и почнаа да обвиткуваат разни продукти и услуги со неа.

Оние кои го користат Khan academy се веројатно едни од ретките кои имаат искрена мотивација за учење. Khan academy е брзорастечка организација за бесплатна онлајн едукација која од скоро време почна да користи динамика на игри. Самиот медиум на ваков тип на образување има иницијална предност - оттргнување од традиционалните „една-мерка-одговара-на-секој“ предавања, каде учениците седат во една просторија слушајќи еден професор како предава со едно темпо. Згора на тоа, и самата динамика на игри што инволвира беџови, достигнувања и слично, на ученикот му дава дополнителна мотивација да напредува понатаму.

гЕјМИФИкАЦИјА кАкО ДА СЕ ПОСтИгнЕ СÈ ДА нАЛИкУВА нА ВИДЕОИгРА.

Нина Георгиева [ФИНКИ] Дамјан Цветков-Димитров [Филозофски факултет]

гЕјМИФИкАЦИјА ПОДРАзбИРА кОРИСтЕЊЕ нА МЕхАнИкА ОД ИгРИ (нА ПРИМЕР| бОДОВИ, бЕџОВИ, нИВОА, гРАДЕЊЕ кАРАктЕР И СЛ.) зА ДА СЕ ПРЕДИзВИкА ОДнЕСУВАЊЕ кАј ЛУѓЕтО кОЕ Е тИПИчнО зА ИгРИтЕ, т.Е. АнгАжИРАЊЕ, ИнтЕРАкЦИјА, нАтПРЕВАРУВАЊЕ, СОРАбОткА, УчЕЊЕ Итн., СО ЦЕЛ кОјА нЕ Е САМО чИСтА зАбАВА кАкО кАј кЛАСИчнИтЕ ВИДЕОИгРИ. знаЧИ, дОкОлку сакате да гИ залажете масИте да гО куПуваат вашИОт здОдевен ПРОдукт, ИскОРИстете гејмИфИкацИја вО свОјата маРкетИнг камПања И ОП - Имате мнОгу ПОгОлемИ шансИ за светска дОмИнацИја И за станување „султан наместО султанОт“. нО, не е баш еднОставнО бИдејќИ зад самата гејмИфИкацИја лежат тОмОвИ ПсИХОлОгИја И ПОтРебен е дОбаР аналИтИЧкИ тИм И мнОгу кРеатИвнОст. некОИ тИмОвИ сО ПОмОш на гејмИфИкацИја веќе усПеваат да ПОстИгнат генИјалнИ РезултатИ кај ОднесувањетО на луѓетО, на ПРИмеР| студентИ кОИ се вИстИнскИ ИнсПИРИРанИ да уЧат; вОзаЧИ кОИ се мОтИвИРанИ да вОзат легалнО И без сООбРаќајна кОнтРОла наОкОлу; тОлПа луѓе кОИ немаат нИкаквИ сПецИфИЧнИ знаења за ПРОтеИнИ, нО усПеваат да Решат гОлем ИстРажуваЧкИ ПРОблем ПОвРзан сО сИда; ПеРИОд Од денОт вО кОј наглО се ПОлнИ цел РестОРан (happy hour) Итн.

44 | тЕхноЛоГИја

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

Page 45: Студентско Списание Излез број. 6

Примерот со возачите е всушност систем кој ги мотивира да возат со легална брзина преку еден вид на наградна игра. Поставена е камера која ја мери брзината и ги фотографира несовесните возачи притоа казнувајќи ги, но ги фотографира и совесните возачи кои автоматски стануваат потенцијални добитници на парите собрани од казните од несовесните возачи. Fold It е онлајн „сериозна игра“, т.е. игра која не е дизајнирана стриктно заради забава, туку нејзината цел е решавање некаков проблем од „посериозна“ природа. Целта е да се најдат нови начини на виткање протеини, кои помагаат при таргетирање и искоренување на разни болести. Научниците ги обработуваат резултатите од играчите и оние кои имаат смисла се разработуваат и се истражуваат понатаму. Интересно е што играјќи ја Fold It, можете случајно и без никакво експертско познавање да

ја доближите науката еден чекор поблиску до искоренување на некоја ужасна болест како СИДА. Токму тоа се случи неодамна| тројца играчи успеаја за 10 дена да решат проблем кој научниците пробуваа да го решат повеќе од декада (А како велеа постарите, игрите биле „...бескорисни интерактивни цртани филмови за безделничење“?! Хм, интересна перипетија.). Со наглиот развиток на социјалните мрежи, полека се гради идеална инфраструктура за размена и за комуникација, што претставува одлична основа за гејмификација на... па, на буквално сè што постои - гејмификација на нашите онлајн и реални карактери, на нашите онлајн и реални животи со сите секојдневни активности, цели, конекции и сервиси што ги користиме итн. Како што интелигентни таргетизирани алгоритми успеваат попрецизно да ги предвидуваат нашите желби и потреби базирани врз нашите

постоечки преференции, така се создава поголем материјал за гејмификација која сè повеќе и повеќе ќе се инкорпорира во нашите животи. Малку по малку се надминува сувопарноста на минатото и до некаде на сегашноста, па бизнисите почнуваат да се фокусираат на насоченост, персонализација и индивидуалност. А нашата добивка од сето тоа е што почесто ќе имаме контакт со нештата кои нè интересираат и полесно ќе наоѓаме нови нешта кои потенцијално би нè интересирале. Полесно ќе оформуваме заедници на луѓе со исти интереси, полесно ќе комуницираме, полесно ќе се насочуваме кон целите и сè наоколу ќе биде поинтересно и прилагодено за секој индивидуално да го доживува онака како што сака.

Затоа, креативни луѓе, бизниси, невладини организации, ентузијасти:

тЕхноЛоГИја | 45

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

GaMIFy all ТHINGS aND

lEVEl UP THE WoRlD!

Page 46: Студентско Списание Излез број. 6

“зДРАВјЕтО нЕ Е САМО ОтСУСтВО нА бОЛЕСт, тУкУ Е СОСтОјбА нА ПОтПОЛнА ФИзИчкА, ПСИхИчкА И СОЦИјАЛнА бЛАгОСОСтОјбА.“ – СВЕтСкА зДРАВСтВЕнА ОРгАнИзАЦИјА, 1946 гОДИнА.

Иако оваа дефиниција е проследена со бројни коментари и демантирања, поконтрoверзно е тоа колку ние, студентите, ја имаме на ум како поим за здравје. Последната работа околу која би се преиспитал еден студент, млад и здрав, полн со самодоверба, со амбиција, со иницијатива, е неговото здравје. Би ги исмеал постарите кога би му рекле „само да сме живи и здрави!“ во пресрет на испит, изнемоштувачка обрвска што го чини многу нерви и време. Самиот студент кој како контраст е поставен наспроти постарите, родителите, професорите, нема да го дели нивното мислење околу овој поим. Тоа за него е апстракција, сè може да се прележи, сè може да се тргне на страна, да не се губи време, да не претставува стресна грижа. Така, студентите, охрабрени од младоста, обновливоста, виталноста не би сакале здравјето да го имаат предвид. Напротив, еден адолесцент на 20 години има многу попаметни работи за мислење. Но изгледа не ги набљудуваме доволно постарите, истите тие кои порано биле како нас – неуморни, а денес се жалат и ни завидуваат на младоста. Зарем не е мудро да носиме заклучоци и од нивните животи и биографии, а не да чекаме нашето тело само да нè опомени? Сигурно брзаме кон нешто, но дали се брзаме да станеме како нив? Околу здравјето и студентот не треба многу да претпоставуваме, доволно е да го погледнеме неговиот однос со околината и начинот на живот и ќе видиме дека тој само може сувопарно да изрецитира дефиниција и многу умешно да не губи време околу тоа. Но истиот став може да се забележи и кај многу медицински авторитети, посебно од превентивната медицина, кои би требало да нè советуваат и да ни дадат забелешки за нашиот нездрав начин на живот! Никогаш не сме се загрижиле за градската бучава, бучавата што ги окупира ноќните клубови, или бучавата што сакаме да ја слушаме од нашите телефони и MP3-ки, без да мислиме долгорочно на постепеното губење на слухот. Еден пример, само еден пример за многу суптилни, прифатени и банални влијанија чијшто нето ефект не води кон наше здравствено осиромашување. Затоа, еден економист треба здравјето да го гледа како ограничен ресурс, правникот како голема парница, електрашот како неравенство во однос на животниот стил, а медицинарот - многу внимателно. Кој е крив, кој треба да се промени, дали сме само ние виновни или само наследуваме грешки и сме притиснати од посилни влијанија? Можеби е важен и

потребен самиот чин на освестување и правење избор, а потоа природно во секој од нас ќе избие иницијатива за промена, макар и мала, која ќе ни заштеди здравје.

кАкО ДА СИ гО зАштИтИтЕ СЛУхОт

Доколку премногу долго сте изложени на гласна врева, слухот може да ви ослабне, а ако често слушате гласна музика, може постепено да го губите без да забележите. Најдобриот начин да го спречите губењето на слухот е колку што можете повеќе да избегнувате врева. Еве уште неколку совети за тоа како да си го заштитите слухот:

1 Користете чепови за уши, особено кога слушате музика во живо. Тие ја намалуваат јачината на звукот за 15 до 35 децибели, а не го расипуваат уживањето во музиката.

2 Намалете го тонот на MP3 плеерот. Не слушајте музика на слушалки со многу висок тон и никогаш не обидувајте се целосно да ги покриете надворешните звуци. Ако ви е непријатно да ја слушате музиката или не слушате никакви надворешни звуци кога ги користите слушалките, тоа значи дека музиката е прегласна.

3 Користете од оние големи слушалки кои целосно ги покриваат ушите, наместо од малите кои влегуваат во уво. Првите подобро ја блокираат надворешната врева, па можете да слушате музика со понизок тон. И правете редовни паузи од слушалките за да ви се одморат ушите.

4 Барем за една цртка намалете го тонот на телевизорот, радиото или стерео системот. И мало намалување на тонот може да направи голема разлика и да го намали ризикот од оштетување на слухот. Ако морате да го повишите гласот за да ве слушнат, тоа е знак дека треба да го намалите тонот.

5 Внимателно во автомобилот. Слушањето музика во мал, затворен простор го зголемува ризикот од оштетување на слухот. Не слушајте музика прегласно и предолго.

46 | ЗДРаВјЕ

ИЗЛЕЗ/ДЕКЕМВРИ 2011

СтУДЕнтОт И зДРАВјЕтО, ДВА нЕПОВРзАнИ ПОИМА

Драган Цибрев [Медицински факултет]

ЕДЕн ЕкОнОМИСт тРЕбА зДРАВјЕтО ДА гО гЛЕДА кАкО ОгРАнИчЕн РЕСУРС, ПРАВнИкОт кАкО гОЛЕМА ПАРнИЦА, ЕЛЕктРАшОт кАкО нЕРАВЕнСтВО ВО ОДнОС нА жИВОтнИОт СтИЛ, А МЕДИЦИнАРОт - МнОгУ ВнИМАтЕЛнО.

Page 47: Студентско Списание Излез број. 6

> од овој број, ИЗЛЕЗсо новКнижевен додатоК

Page 48: Студентско Списание Излез број. 6