54

Револуција магазин бр 94

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

Citation preview

Page 1: Револуција магазин бр 94
Page 2: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA22 Septemvri 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

22 Septemvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Анамарија Велиновска,Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ФОТОГРАФИЈА ОД НАСЛОВНА СТРАНА:Austin Fast

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

[op, fastfud, bjuti... - osakatuvawe na makedonskiot jazik

Na turcizmite „nadgradivme“ anglicizmi

Tri iljadi turcizmi sodr`i makedonskiot jazik

Jazikot na politi~arite: „...Upotrebuvam srbizmi, to nije ta~no!“

Na{iot jazik niz tu|ata prizma

Intervju so Filip Rosler, germanskiot minister za ekonomija

Mladi so stav: realnost ili fantazija?

Posmrtnite rituali vo `ivotinskoto carstvo

Figurata na Persej - od kni`even mit do film

Evergrini „na site vremiwa“ 14

94MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

8

12

21

25

30

35

38

43

51

Page 4: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA22 Septemvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

„Maglivo utro“ - Vasko Nikolov

Page 5: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

[op, fastfud, bjuti... - osakatuvawe na makedonskiot jazik

На многу натписи на фирми и на рекламни табли во Македонија има прекршување на правилната употреба на македонскиот јазик. Во имињата и пораките од излозите, најчести грешки се користењето англиски зборови, македонски зборови напишани на латиница и македонски на кирилица, но со неточен правопис.

Шаренилото во имињата на јавните места е сé поголемо, само 25 отсто од називите на фирмите во Градскиот трговски центар во Скопје се правилно напишани, a процентот е уште понизок во другите трговски центри во земјава.

Ако се прошета низ градов и се фрли поглед на фирмите, односно на имињата кои ги имаат многубројни приватни продавници, било во нив да се продава облека, храна, или, пак, станува збор за кафулиња, ќе се забележи дека повеќето имаат странски имиња.

Згора на тоа, тие се испишани со латинично писмо, на некој странски јазик, а под нив нема македонски превод. Веројатно, нивните сопственици сметаат дека тоа е трендовски и дека постоењето на барем еден странски збор во името ќе привлече повеќе потрошувачи и продавницата ќе биде забележана и од оние што само поминуваат, а немаат намера да влезат.

Констатацијата е дека продавниците се најчесто „шопови“ и нив ги има од различен вид - за подароци (гифтшоп), за играчки (тојсшоп), за чевли и чанти „шус и бегсшопови“, салоните за убавина се „бјути“, сендвичарниците „фастфуд“, туристичките агенции „тревел-ејџенси“ и разни видови имиња за игротеки, како на пример: „грин хаус“ и итн.

Втора грешка е неправилниот правопис - кога сите компоненти во името се пишуваат со големи букви, што е

Page 6: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.94

директно влијание од англискиот јазик. Во македонскиот правопис на таков начин се пишуваат само географските имиња.

Пишувањето на латиница е дозволено само во заштитниот знак на познати меѓународни фирми, но е непотребно и недопустливо таа да се користи во знаците (т.н. брендови) на домашни фирми, посочувајќи ги „TINEX“, „Bujoto“, „Fersped“ и останатите.

За безгрешни почитувачи на јазичната норма се посочени скапите реклами, затоа што се внимателно подготвени и осмислени, а меѓу нив се вбројуваат и кратките пораки со кои се огласуваат државните кампањи, но и за нив има пропусти во текстот на соопштенијата што се емитуваат.

Меѓу многубројните примери е и продавницата за детска облека на Бит-пазар. Високо над изложбените витрини со детска облека стои испишано „ЦХИЛДРЕН’С ДРЕАМ“, а под него, „ХИТС ФОР КИДС“. На оваа англиска верзија превод нема.

Што може да се купи од детските соништа и што е хит за децата, би требало да каже излогот. Само преку него може да

се информираат оние што не разбираат англиски.

Низ градов може да се евидентираат и силни

звучни италијански или грчки имиња на кафулиња, како на пример: „Џорџо“, „Зерос“, „Фешн“, потоа тука се „Блу кафе“, „Грин кафе“, „Еквестријан“, „Еври деј“, „Костарика“

,„Фиренца“, „Шангај“, „Плаза“ и уште многу

други.

Откако ќе се забележи ова шаренило од испишани фирми со странски имиња и на странско писмо, многумина ќе се прашаат дали во Македонија постои закон кој го регулира начинот на кој треба да бидат испишани фирмите и зошто тоа не се прави на нашиот мајчин јазик.

ако самите не си го негуваме јазикот, тоа за нас нема да го направат други.

Page 7: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

Не личи во сопствената земја да се правиме „Енглези“ (сленг- Англичани). Покрај тоа, ако самите не си го негуваме јазикот, тоа за нас нема да го направат други. Надлежните треба малку да размислат дали во Македонија треба да ставаме македонски имиња на продавниците, фирмите или ќе се препуштиме на многубројните странски зборови, коишто сé почесто влегуваат во нашиот говор.

Токму од овој аспект се поставува прашањето- дали постои закон за тоа како и на кој јазик ќе бидат испишани фирмите и дали се санкционираат оние кои не го почитуваат. Познавачите на оваа проблематика велат дека на продавницата или кафулето треба исклучиво да стои фирмата која сопственикот ја завел во судскиот регистар. Само во случај кога истакнатата фирма не е во согласност со судскиот регистар, тогаш сопственикот прави прекршок.

Според Законот за трговија, постои таканаречена заштита на индустриска сопственост, според која фирмата може да се истакне на англиски, но треба да има превод и на македонски. Така е со сите производи од странско потекло, кои мораат да имаат декларација на македонски. Но, тоа е нешто друго.

Автор: Олгица Петревска

Page 8: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.94

Na turcizmite „nadgradivme“ angloizmi

Добро познат е фактот дека јазикот на еден народ е жива материја која се менува во согласност со промената на целото општество. Низ текот на годините тој во себе прифаќа одредени „туѓи зборови“ со кои ги заменува своите и на некој начин расте низ историјата.

Во целиот свет се зборуваат вкупно 6 500 јазици, но на половина од нив им се заканува целосно исчезнување, токму поради нивната неправилна употреба и давањето на зборовите од друг јазик да го заземат местото на мајчиниот јазик.

Нашиот македонски јазик низ вековите во себе поприми архаизми, турцизми, србизми и растеше заедно со промената на статусот на државата.

Во последниов период нашиот јазик се

измени, примајќи во себе англицизми, кои се последица на глобализацијата. Најчесто, зборовите се земаат во еден јазик кога има потреба од нив, односно кога има потреба од нови поими (пред сè, со развојот на технологијата), особено на компјутерската технологија.

Англискиот јазик, едноставно, стана единствен начин за разбирање ширум светот и доби огромно влијание во културата, информатиката, бизнисот. Децата уште пред да се запознаат со тајните и убавините на македонскиот јазик, изучуваат англиски јазик, кој станува дел од нивната секојдневна комуникација.

Токму поради навлегувањето во секоја пора на општеството, тој започна да остава видливи траги и во нашиот

Page 9: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

јазик. Со тек на време секојдневни станаа англицизмите како: инволвира, инклудира, финишира, трансферира, позиционира, процесира, рефлектира, генерира, преферира, кеш, индикатор, лидер, мотиватор, супервизор, имплементација, евалуација, тренинг,

конзистентност, флуктуација, конфиденцијалност, акаунт, интензификација, aуткам итн.

Јазикот е еден вид на аманет, кој се пренесува од една генерација на друга, од дедо на внук, за да се продолжи неговото зачувување и негување. Но, денес младите не му обрнуваат внимание на говорењето на македонски јазик.

Во налетот на интернетот, информатиката, странската музика, гласилата, денес многу малку се води грижа за афирмирање на мајчин јазик, дури и во училиштата каде правилната употреба на јазик е неопходна. Во училиштата, освен на часовите по македонски јазик, децата никаде не го користат литературниот јазик.

Тие со своите професори комуницираат низ дијалекти, со употреба на жаргонизами и англицизми. Со новата наставна програма, децата повеќе не одговараат усно пред професорите по мајчин јазик, а со тоа се намалува можноста за учење правилна употреба на јазикот, но и за слушање на она што го кажуваат, со што се отвара вратата за подобрување на говорот.

Во училиштата, освен на часовите

по македонски јазик, децата

никаде не го користат

литературниот јазик.

Page 10: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.94

Компјутерската технологија, без која младите не можат да замислат ниту еден миг од својот живот, остава трајни последици врз нивниот говор, но и врз македонскиот јазик, последици кои го водат до бавно изумирање.

Младите минувајќи го своето слободно време пред компјутерите започнуваат полека да го забораваат правописот, користејќи постојано латинични букви. Потоа, зборовите на англиски јазик, кои најчесто се употребуваат за време на работата на компјутерот, започнуваат да ги употребуваат во секојдневниот говор, зборови како: „далнодира”, наместо презема, на социјалните мрежи велат „лајк”, наместо да кажеме „ми се допаѓа”...

Со ова, тие допринесуваат нашите убави зборови да се заменат со некои модерни изрази, кои немаат никаква допирна точка со традицијата на нашиот јазик.

Голема улога во постојаната употреба на англицизми играат и политичарите и медиумите. Политичарите се една посебна категорија која воопшто не внимава на користењето на литературен македонски јазик, туку постојано

користи дијалектни зборови.

На овој начин тие промовираат неправилно зборување, но им даваат и лош пример на младите.

Медиумите, пак, се приказна за себе. Тие се секојдневно присутни во домовите на сите граѓани и се, на некој начин, совршено оружје за зачувување на литературниот македонски јазик.

Но, тие сакајќи да ја следат модерната технологија и да воспостават модерна интеракција со светската економија и технологија, започнуваат да користат англицизми, кои целосно се неразбирливи за еден дел од постарото население.

Медиумите често користат два вида на англицизми во говорот и тоа: првиот вид претставува голем број на директни заемки што без превод многу често се користат во медиумите; вториот вид се состои од англицизми што се транскрибирани со кирилично писмо, со тенденција директно да го пренесат нивното значење или, пак, едноставно се употребуваат за да ги заменат македонските зборови.

Page 11: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

И како може, еден вид на неписмен човек (со мало познавање на јазикот) да води вести и со својата неинформираност да го уништува, ден по ден, мајчиниот јазик?!

Законот за употреба на македонскиот јазик, за негово унапредување и збогатување, како да не допира до медиумите, до политичарите, до оние кои на некој начин ја сочинуваат нашата култура и оние од кои секој граѓанин апсорбира на некој начин.

Но, зошто не се направи чекор, за да сите оние кои на било каков начин комуницираат со народот и на тој начин влијаат на севкупната култура, почнат да изучуваат правилен говор, реторика и дознаат како треба правилно да се изразуваат?!

Гледајќи ја вака моменталната слика и незавидна позиција на нашиот јазик, позиција во која ние самите сме го довеле, не знам зошто ни пречи кога некој не го признава нашиот јазик.

Јазикот ќе биде негиран и девалвиран сé додека ние самите не научиме да го штитиме и надградуваме со тоа што редовно и правилно ќе го користиме во неговата литературна форма.

А, додека наоколу се слушаат само англицизми и сите сакаат да бидат

кул употребувајќи ги, можеме само молчејќи да го гледаме трајното губење на „македонизмите“.

Автор: Наташа Димеска

Page 12: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.94

Tri iljadi turcizmi sodr`i makedonskiot jazik

Архаизмите се богатство на секој јазик. Tие се сведоштво за културата, историјата и општеството во кое што живеел народот во минатото. Тие не се никакво „зло“ од кое треба што побрзо да се ослободиме (а и не можеме да се ослободиме), туку имаат незаменлива стилска улога и вредност.

Тие го богатат, а не го осиромашуваат јазикот. Но, тие си имаат свое место и начин на употреба, кои треба да се почитуваат.

Архаизмите се симбол за компексноста на националниот идентитет, токму со нив јазикот го брани сопствениот континуитет и контиунитетот на корените, традицијата, културата, уметничките, а и творечките вредности и достоинства на народот што го зборува.

Јазикот е жива, аморфна материја, која се менува како што се менува општеството и животните услови. Тој е отворен кон влијанијата на остантите култури и јазици, исто како што се подложни на влијание и луѓето кои го говорат.

Значи, токму луѓето се оние кои го креираат јазикот и тие ја имаат

таа одговорност да влијаат на неговото богатење или

осиромашување.

Зборови со турско потекло

Општо прифатено е гледиштето дека во

македонскиот јазик, многу зборови имаат потекло од

јазикот на Турците, т.е. тие се во нашиот јазик останати како реликвија од Османлиското владеење на овие простори. Значи, зборуваме за период

Ние, всушност, на нив и не гледаме како некои туѓи зборови, туку се прифатени во нашиот

јазик и како такви, рамо до рамо, функционираат

во македонскиот стандарден говор.

Page 13: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

не од неколку години, туку од 5 века влијание, коегзистенцирање, па и мешање.

Според некои лингвистички анализи, во македонскиот јазик се избројани околу три илјади турцизми. Но, и Турците презеле зборови од словенските јазици. Според информациите, повеќе од 300 зборови се користат во турскиот јазик, а имаат потекло од словенските јазици.

Положбата на турцизмите во македонскиот јазик е различна и зависи од карактерот, значењето на самиот збор и неговата стабилна поставеност во стандардниот јазик.

Во одреден број случаеви заменување на некои турцизми со македонски збор не е возможно, тоа особено се поими што означуваат предмети, поими или односи во секојдневниот живот.

Тоа е така, бидејќи таквите зборови станале неразделен дел од македонската лексика. Ние, всушност, на нив и не гледаме како некои туѓи зборови, туку се прифатени во нашиот јазик и како такви, рамо до рамо, функционираат во македонскиот стандарден говор.

Македонците толку „сраснале“ со овие турски зборови, така што не се ни свесни дека и некои, навидум, обични зборови имаат турско потекло. Такви се на пример: „ѓезве“, „филџан“, „папучи“.... Овие зборови се дел од активниот зборовен фонд на стандардниот македонски јазик.

Добар дел од турцизмите не се веќе во употреба во македонскиот јазик, поради промената на општествениот поредок и систем во општеството, како на пример, зборовите: ефендија, кадија, чифлик, авлија, везир, кадија.

Како што можете да забележите, овие зборови се, пак, неразделен дел од уметничките форми (филмови, песни, народни приказни, раскази) кои ја обработуваат тематиката на животот на македонскиот народ во периодот кога

бил под османлиска власт. Денеска, пак, можеме да кажеме дека тие на некој начин повторно „воскреснуваат“ во нашето секојдневие, поради големата експанзија на турските серии во македонскиот телевизиски етер.

Но, дури и денес има турцизми, кои активно се употребуваат во македонскиот јазик, особено во разговорниот стил, а ние имаме соодветна замена за тој збор во македонскиот јазик, како на пример зборовите „патлиџан“, „аман“, „сурат“, „фаца“...

Тие се дел од разговорниот јазик и му даваат посебна специфика на истиот. Но, додека намерно и свесно се користат за стил и за доловување на некој амбиент- можеме да кажеме дека се „безопасни“, но проблемот настанува кога ќе почнеме да ги употребуваме во области каде што

Page 14: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.94

неопходен е официјалниот и стандарден јазик (култура, уметност, медиуми, парламент, училишта).

Еден од највлијателните турколози на Балканот, Амина Шиљак Јесенковиќ, потсетува дека османското царство било распространето на овие простори во текот на 500 години и дека влијанието од нивното владеење се забележува и денес.

„Кога зборуваме за јазичните интерференции тоа е голем простор и голем дијапазон на лексика која од еден јазик, во меѓујазичен контакт, влијае на другиот“, истакнала Шиљак.

Шиљак истакнала дека квантитетот на турцизмите кои ги употребуваме во секојдневниот говор, зависи од социокултурните средини и старосната доба, нагласувајќи дека тоа е веќе социолингвистичка тема.

„Во зависност од тоа дали сте пораснале во некое маало или во некоја урбана средина, во куќа или во зграда, од тоа што сте читале, такво ќе биде и вашето јазично знаење“, додава Шиљак.

Така што постарите Македонци и оние што пораснале со македонските народни приказни и со расказите и приказните кои го обработуваат ова време, секако, дека ќе поседуваат (свесно или несвесно) повеќе турцизми во својот секојденевен говор.

Турцизми – дел од литературниот јазик

Денес во Македонија живеат околу 80 илјади Турци, но двата народа биле заедно доволно долго, за да си пренесат

едни на други дел од своето однесување и животните навики. Па, можеме да кажеме дека турската култура е сé уште присутна во Македонија. Така, последниот турски војник замина од Македонија пред многу, многу години, но овде денот сé уште започнува со турско кафе.

500 години заеднички живот (ако можеме така да кажеме), секако дека ќе имаат взаемно влијание и претопување и на културите и на традициите, па и на јазикот.

Зборови со турски корен (според лингвистите) се: јастук, јорган, шеќер, ѓезве, тепсија, тава, чорапи, бавча, калдрма, филџан, чорба, чаршав, папучи, алат, ајвар, бакар, баклава, бакшиш, барут, боза, боја, бурек, будала, ѓубре, занат, зејтин, јогурт, инат, качамак, кутија, кула, мерак, мираз, памук, пазар, сарма, сокак, сапун, тулумба, торба, челик, чешма, ќебап, кофте, џеб..... и многу, многу други.

Сето ова се зборови кои се наразделен дел од нашата лексика, но се или чисто турски или зборови со турски корен, кои сé уште се употребуваат не само во Македонија, туку и на целиот Балкан, а се прифатени и сплотени како дел од стандардниот литературен јазик.

Page 15: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

Да избегаме да ги користиме овие турцизми- не можеме, бидејќи нема соодветен збор во нашиот јазик со кој би биле заменети, па затоа тие веќе не се сметаат како „туѓинци“, туку како „домашни“.

Турцизми-дел од дијалектот

Османлиите оставиле печат на Балканот – на народот, на јазикот, на културата. Па, Македонците употребуваат турски зборови, а не се ни свесни за тоа. Ова особено е застапено во дијалектите и разговорниот стил на македонскиот јазик.

На сите ни е позната анегдотата:

„ - Дали зборуваш турски!

- Ма, јок!“

Кратко и сатирично прикажување за состојбата во нашиот говор. Значи, во македонскиот јазик, несвесно, до ден денес употребуваме многу турцизми.

Беќар, аман, сурат, фаца, џенем, дуќан, еснаф, комшија, машала, ајдук, арамија, џам, креч, пекмез..... се само дел од зборовите, кои постојано ги слушаме во секојдевната комуникација.

Турцизмите се наразделив дел од дијалектите во Македонија. Да се разбереме- точно е дека дијалектите се една од најзначајните специфики на македонскиот јазик, дека тие се перфектни за емотивно боење, давање шарм и карактер на менаталитетот и општествениот живот на поединците, кои го говорат.

И дека, како такви дијалектите треба да се чуваат и негуваат како големо богатство на јазикот. Но, мораме да разбереме дека има место и време за дијалектите, а има место и време каде неоспорна е употреба на чист литературен македонски јазик, кој исто така треба да го негуваме и чуваме.

Овие турцизми до некаде се прифатливи во дијалектните форми на разговорниот јазик. Во ред е еден пријател да му се пожали на друг: „Комшијата ми го скрши џамот“ или „Арамија ми влегол во дуќанот“. Но, кога случката се пренесува на информативните програми, така наречените, вести, тогаш треба да кажат „Соседот го скршил прозорецот“ или „Крадец влегол во продавницата или работилницата“. Но, дали е тоа така?! Не!

Page 16: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.94

Сведоци сме дека македонскиот литературен јазик се „валка“ на места каде што не е прифатливо тоа да се прави: во медиумите, училиштата, државните инситуции, па дури и од собраниската говорница.

Со оваа постапка всушност, несвесно се влијае кон отфлање на македонскиот збор и прифаќање на другот, туѓиот, а со таа постапка се осиромашува и повредува нашиот говор и нашиот идентитет.

Села и градови со турски имиња

Денеска во Македонија можат да се сретнат топоними со чисто или делумно турско потекло, кои и ден денес така функционираат. Така на пример, Карабуниште е мало село сместено во северозападниот дел на Општина Велес. Селото е многу мало и е на пат да се расели. Имено, во него живеат само 4 луѓе, Македонци.

Потеклото на името на селото е составено од два збора- кара (турски:црно) и буниште (синоним за македонските зборови ѓубриште или латинизмот депонија). Во својот напис за „Цариградски весник“, од 7 март 1859 година, под наслов „Велес - статистическо описание“, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов – Џинот, запишал дека селото е населено само со турско население. Оттука и не е чудно што ова село има турско име.

Значи, за времето на Отоманската империја, голем број на Турци се доселиле во Македонија и тука живееле дури и со векови, па логично е да одредени села и градови добивале имиња според нивниот јазик и говор.

Имено, во тоа време немало македонска

дражава, ниту власт, ниту одредени структури, кои би се грижеле за македонскиот јазик, а топонимите својот назив не го добиле така одеднаш, со некој султански декрет или наредба, туку топонимите полека се формирале, зависно од карактеристиките на одреденото место.

Така, на пример, селото село Кури Дере, кое кај многумина што не слушнале за коренот на овој топоним предизвикува реакција на смеење или чудење, значи „сув дол“ и е со турско потекло. „Кури“ значи сув, „дере“ е дол. Па, кога ги прашувале Турците (во тоа време), каде живеат тие одговарале кај сувиот дол (кури дере), па така со текот на времето и ова име било „наметнато“ на селото.

Така, Мустафино е село во Општина

Свети Николе. А, името потекнува од

Page 17: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

турското лично име Мустафа (значи, селото на Мустафа). Името на селoто Мајден (Тиквешко) е добиено со директна топонимизација на турскиот збор „маден“. Значењето на лексемата „маден“ е -рудник, руда или метал. Името на селoто Чифлик (Тиквешко), е добиено со директна топонимизација на турскиот лексем „чифлик“. Значењето на лексемата чифлик, која потекнува од турскиот апелатив „чифтлик“, е со значењето „имот, посед“.

Караорман е македонска средновисока планина, што се протега во западниот дел на Македонија. Името на планината потекнува од турските зборови „кара“ – црна и „орман“ – планина. Оваа планина е многу пошумена, по што го добила и името. Исто така, Стар Караорман е село во општина Штип. Исто и тука се

сретнува името К а р а о р м а н , но напред е додаден македонскиот збор „стар“.

Демир Капија е македонски

град, но тој има половично турски назив. Ова име е сложено име составено од турската придавката „демир“ со значење „железен“ и именката „капија“. Името Демир Капија во превод би гласело „железна капија“, но тоа не значи дека овде буквално постоела некаква железна капија, туку името е метафорично и означува „непристапно, опасно место за премин“. Таков е случајот и со името на македонскиот град Демир Хисар, што во превод би гласел „железна тврдина“.

Според некои лингвисти, името (топонимот) Гевгелија (Гевгели) најверојатно потекнува од турскиот збор „ѓолгели”, што значи место во кое има многу сенки (сенчесто место), т.е. место во кое има дебели сенки. Во прилог на ова говори и фактот што во Гевгелија имало и има многу стари, високи и разгранети дрвја, а особено црница.

Исто така, друга теорија за потеклото на името ја споменува најраспространетата легенда, поврзана со турскиот дервиш, кој дошол да се одмори накратко во овој град, но, бидејќи местото многу му се допаднало, решил да остане подолго време. На заминување, жителите на

Page 18: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.94

местото, за да не го предизвикаат неговиот гнев, му отпоздравувале со „ела назад” (Гел-гери).

Планините Даутица и Јакупица, го добиле називот од имињата Дауд и Јакуб. Потоа, тука се вбројува и планината Кораб. Кораб значи брод и е збор од арапско потекло. Тука се сместуваат и селата Амзабегово, Визбегово, Јурумлери во скопско, а и селото Ерековци, прилепско. Ерек на турски значи слива. Вакви примери има многу.

Зошто топонимите не се смениле?

Периодот од историјата на Отоманската империја од 1908 до 1922 година е познат како периот на распаѓање на империјата. Претходно, пред крајот на 19 век, на Балканот биле создадени три нови држави: Грција, Бугарија и Србија. Турските војски се повлекле од Балканот, а со тоа и некои топоними си

го вратиле словенскиот корен, но некои останале непроменети. Зошто?

Како што реков претходно, топонимите се создадени од народот, а не од државата (тогашната Отоманска империја) и тие зависеле, а и денеска сé уште зависат, од употребата на населението.

Ако неколку века селото се нарекувало, на пример Инџиково, и како такво народот го знае и распознава, тогаш тоа име е сполтено во колективната меморија на населението и не е едноставно да се избрише. Замислете само колку време ни беше потребно од Титов Велес, да се навикнеме да викаме Велес, а да не зборувам за целосно преименување на селата, градовите, реките...

Значи, тие топоними се врежани кај македонскиот народ и на нив не се гледа како на име со турски корен, туку е прифатен називот како македонски

Page 19: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

топоним.

Од друга страна, пак, со заминувањето на Турците, голготата на македонскиот народ не завршила, иако почнале да се формираат држави на Балканот, македонска држава не била формирана, таа од едни канџи пропаднала во други.

Така што, во услови на немање на слобода, последно нешто на ум им било заштита и негување на мајчиниот јазик, а всушност и се немало услови за истиот, како што се имало во другите соседни земји Србија, Бугарија и Грција, кои биле целосно слободни.

Македонија се формира како посебна држава дури по Втората светска војна, во 1945- та година, како дел од тогашната Југославија, а тогаш и многу години после тоа- приоритетот е даден на изградба и обнова на државата. Под рамките на тогашната федерација, македонскиот јазик- иако признаен, сепак, се движел во сенка на српско-хрватскиот јазик, кој бил официјален јазик на државата и задолжителен за сите граѓани на Југославија.

Додека Македонија да стигне до целосна независност во 1991-та година, немало никаква грижа, ниту, пак, внимание за употребата и влијанието врз македонскиот јазик. Дури во 1998-та година е донесен Закон за употреба и заштита на македонскиот јазик. Значи дури во 1998-та година се

посвети внимание на јазикот и неговото користење.

Сите топоними, туѓи зборови дотогаш беа толку сплотени во нашиот говор, што немаше ни поента, ниту логика да со некаков закон тие присилно (бидејќи веќе беа прифатени кај народот) да се менуваат.

Денес во македонскиот јазик, при службена и општа употреба, најмногу

преку средствата за широко општење, се мешаат туѓи зборови, кои сме

ги прифатиле и одомаќиниле од минатото во секојдневниот говор.

Во службениот македонски јазик се вметнати голем број латинизми, англицизми, грцизми, германизми, србизми, турцизми итн.

Народот ги прифатил, бидејќи немал свое државно

уредување да го штити сопствениот јазик, па така тие

станале дел од него.

Дали прифаќањето на овие зборови во нашиот јазик е позитивна или негативна работа- не би можела да кажам. Можам да кажам само дека тоа е релната состојба во јазикот.

Можеби, ако во минатото турските топоними биле заменети со македонски, тоа би ја подобрило позицијата на македонскиот јазик, но секако, би ја изгубило традицијата и приказните поврзани со тоа место, би ја изгубило спецификата и карактеристиките на градот, селото, планината што топонимите ги означуваат.

Замислете само колку време ни беше

потребно од Титов Велес, да се навикнеме

да викаме Велес, а да не зборувам за

целосно преименување на селата, градовите,

реките...

Page 20: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.94

Дали се почитува законот за заштита на јазикот?

Во Законот за употребата на македонскиот јазик точно стои: „Заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик опфаќаат особено - поттикнување на грижата за употреба на македонскиот јазик во средствата за широко општење, особено преку печатот, радиото и телевизијата; избегнување употреба на туѓи изрази и заемки, односно, по можност, нивна замена со соодветни изрази од македонскиот јазик; зацврстување на потребата од зголемена општествена и лична грижа за битието и природата на македонскиот јазик во јавното општење; поддршка на македонскиот јазик во светот“.

Но, дали и денеска овој закон се почитува? Сведоци сме дека официјалните институции и форми го валкаат- наместо да го негуваат македонскиот литературен јазик.

Србизми, турцизми, сленгови,

секојдневно зрачат од тв-приемниците, во весниците, во адмистаративните институции, во парламентот.

Многу грешки се прават во забавните емисии, квизови, шоу програмите и музичките емисии, во музичките нумери, но за жал литературниот јазик не се практикува ниту во информативните изданија, дури и на вестите.

Некои од нив го нудат аргументот дека македонскиот јазик бил сиромашен и заради тоа морале да се служат со србизми, интеранционализми, турцизми.

Или, пак, дека корстат дијалекти за да се доближат до македонскиот граѓанин. Но, тоа не го прифаќаат јазичарите. Тие тврдат дека македонскиот јазик изобилува со зборови, кои малку ги познаваме, а користејќи вакви туѓи зборови, тие, за жал, почнуваат и да исчезнуваат.

Автор: Елена Павловска

Page 21: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

Jazikot na politi~arite: „...Upotrebuvam srbizmi, to nije ta~no!“

Правилната употреба на македонскиот стандарден јазик во секојдневието и во јавниот живот е неопходна, со цел развиток на културата на општеството и зачувување на културното наследство. Јазикот е духовно богатство и има посебно културно и историско значење за државата.

Затоа, неопходна е негова правилна употребa, негување и зачувување што ќе придонесе за понатамошен напредок.

Жално е на сета борба за поставување на темелите на македонскиот јазик и напорите за културно и духовно збогатување на Македонија, денес да се одговори со неконтролирано деградирање на јазикот и значителна употреба на србизми, англизми, турцизми, интернационализми...

Само со желба да го зачуваме она што веќе го имаме, помалку да позајмуваме од туѓите јазици и правилно да го употребуваме нашиот јазик, ќе успееме да го го зачуваме ова богатство. На тој начин ќе се подигне свеста за вредностите кои ги има јазикот и тој ќе се развива во правилна насока и ќе има сигурна иднина.

Писменоста и јазикот

Сепак, и покрај големите напори за зачувување на квалитетот на јазикот употребуван во секојдневниот живот и во јавниот говор, денес се соочуваме со општо ниво на писменост кое е на најниско ниво.

Писменоста не подразбира само правилна употреба на јазикот, туку, воопшто, способност за квалитетна комуникација на различни нивоа.

Генерално приоритет на нашето општество секогаш се некои поважни работи, а помалку внимание се посветува на основните образовни прашања. Образовниот процес не нуди речиси никаква едукација за формите на комуникацијата, комуникациските средства и бон-тонот при различни видови комуникација. Во однос на образованието, младите многу повеќе учат за литературата, отколку за јазикот.

Page 22: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.94

Кога станува збор за нивото на писменост во одредени професии, постои некој неприфатлив тренд на употреба на професионален жаргон. Често пати сретнуваме неправила употреба на зборови и неправилна конструкција на реченици со зголемена употреба на србизми, англизми и други зборови.

Луѓето немаат желба да најдат соодветен превод за одредени зборови или се уверени дека со употреба на интернационализми ќе звучат попрофесионално.

Јавната употреба на јазикот

Најалармантна е генералната негрижа за јазикот. Политичарите во официјалните институции зборуваат на дијалекти и користат уличен сленг, електронските

медиуми не внимаваат на јазикот кој го користат, а за етиката ретко кога станува збор.

Додека се случува сето ова, институциите кои се задолжени да се справат со ваквиот третман на јазикот, ги нема никаде. Спроведувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик е на минимално ниво. Дали, воопшто, до сега има некој кој е казнет?!

Апсурдно е тоа што оние кои се дел од институциите, надлежни за носење на законите со кои ќе се зачува и правилно ќе се употребува јазикот, се токму оние кои не го употребуваат правилно.

Имено, според Законот за употреба на македонскиот јазик, употребата на македонскиот јазик како службен е право и должност на граѓаните на Републиката и на органите на државната власт, трговските друштва, претпријатијата, називите, рекламите, плакатите, натписите во средствата за јавен превоз, обележувањето на јавни места, синхронизирањето во филмовите и емисиите кои се прикажуваат јавно. Потребна е негова заштита, унапредување, збогатување... и така натаму.

Како зборуваат политичарите?

Погрешното акцентирање и неправилниот говор станаа секојдневни во политичките говори и во медиумите. Грешки во изговорот, неправилно акцентирање, погрешни конструкции на реченици, употреба на интернационализми, дијалектизми, жаргони... Таков е начинот на кој се изразуваат политичарите, новинарите и спикерите, што најмногу придонесува за деградирање на јазикот.

Во светот постои наука за стилот на

Page 23: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

говорот и правилниот изговор. Таму политичарите, меѓу другото на изборите победуваат и поради стилот на говорење.

Додека кај нас, не нé зачудува фактот што политичките јавни личности не ги ни познаваат нормите на македонскиот јазик. Во тимовите на советници нема лингвисти кои ќе се грижат за правилниот изговор и ќе ги корегираат скандалозните акцентирања на министрите, членовите на Собранието, во владината коалиција и во опозицијата.

Поради тоа, денес сретнуваме низа јазични грешки, неправилна употреба на јазикот, употреба на дијалекти, неправилно акцентирање од страна на јавните политички личности. Иако навидум смешни и за подбивање, сепак, во суштина фрустрираат и се за жалење.

Во зависност од местото од каде потекнуваат некои политичари, често во јавните говори употребуваат дијалектизми. Не смее да се негира фактот дека тие се богатство, составен

дел на еден јазик и треба да се негуваат, но во јавниот живот треба да се почитуваат нормите на стандардниот јазик. Примери за употреба на дијалекти од страна на политичарите се:

Ѓорѓи Оровчанец: „Потребно е да дојди некој што знае... оваа работа да биде дефинирана.“

Љубиша Георгиевски: „Ние и како љуге имаме работено во Европа.“

Марјан Ѓорчев: „И тоа че биде господинот Владимир Џабирски“

Не ретко, Владо Бучковски и Антонио Милошевски ги употребуваат глаголските форми „зборев“, „збориме“, наместо правилните „зборував“, „зборувавме“.

Владо Бучковски: „Од социјализам и комунизам за кои зборев, отидовме во капитализам.“

Антонио Милошевски: „Збориме за Европа, збориме за сé.“

Во однос на србизмите, нема замена

Page 24: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.94

за Љубисав Иванов – Ѕинго. Често и премиерот Груевски ги употребува, а порано ги употребуваше и Доста Димовска.

Ѕинго: „Меѓутоа, увек се наоѓале.“

Секако и неговата легендарна изјава: „Велат дека јас употребувам србизми, то није тачно!“

Никола Груевски: „Нема успеси преку ноќ, нема чаробни стапчиња.“

Доста Димовска го употребуваше србизмот „заоштри“, наместо „заостри“. Како и скратената глаголска форма „сметат“, наместо „сметаат“ и погрешно го акцентираше зборот „конкуренцијата“.

Чудна, но позитивна ќе биде промената, ако македонските политички и медиумски личности почнат правилно да го употребуваат македонскиот стандарден јазик. Хендикепот би можел да се надмине со организирање курсеви и обуки за правилна употреба на јазикот, кои ќе бидат наменети за пратениците и собраниските преведувачи.

Тоа постои во другите земји, на пример, каде што има повеќе дијалекти. Тие имаат посебни училишта за правоговор, чии часови траат по две години со цел правилно изучување на стандардниот јазик. Исто така, институциите кои

составуваат соопштенија пожелно би било да добијат листа со „забранети“ зборови и нивни соодветни, македонски замени.

Јавните говори на политичарите влијаат и ја формираат јазичната култура на сите граѓани и до колку не се превземат соодветни мерки, свеста за грижата на јазикот ќе падне на уште пониско ниво.

Автор: Симона Ѓеоргиевска

Page 25: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

Na{iot jazik niz tu|ata prizma

„Како иронија на историјата, народот чии претци им го дале на Словените првиот литературен јазик, беа последни на кои им се призна јазикот како посебен словенски јазик, различен од соседните бугарски и српски“ – ова се најчесто цитираните зборови за состојбата на македонскиот јазик во светот, напишани од Р.Г.А де Бреи. Зборови со кои сметам дека е најсоветно да го започнам текстот посветен на македонскиот јазик.

Каде се зборува македонски

Македонскиот јазик е јужнословенски јазик и официјален јазик во Македонија. Македонскиот јазик е исто така официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројномакедонсконаселение, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште,Романија и Косово. Македонски се зборува и во Австралија,Бугарија,Грција,Канада,САД, Црна Гора, Турција, во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко утврдлив поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според почитуваниот лингвистички извор „Etnologue“, македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија и северна Грција, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и „BBC“, „Britannica“ и UN-ESCO.

Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на Македонците, официјален јазик во Република Македонија и малцински, службен јазик во Албанија.

Книги на германските лингвисти

Во 1948 година, германскиот славист Рајнхолд Траутман македонскиот јазик го нарекол, „мајчиниот јазик на Кирил и Методиј“. На слична основа размислува и Леонхард Шулце-Јена, исто Германец по потекло. Тој заедно со уште триесет германски научници и шест бугарски, во текот на Првата светска војна бил член на т.н. Македонска земска комисија.

Таа работела во рамките на германскиот генералштаб во Ниш и имала задача да собере што повеќе материјали за Македонија. Според планот, по војната требало да се објави книга со повеќе студии. Но, ништо од тоа. Сепак, самите автори-истражувачи смогнале сили да објават неколку книги за Македонија.

Во една од нив, насловена како

Page 26: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.94

„Македонија-слики од пејсажот и културата”, се наоѓаат бројни сведоштва и записи за македонскиот јазик, како и списоци со македонски зборови. Ова издание е ретко експонирано во јавноста, а претставува огромно богатство за Македонците и нивниот македонски јазик.

Германците речиси никогаш, јазикот на Македонците не го гледале како проблем и покрај негаторските ставови на соседните пропаганди. Тие знаеле дека Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари. Ако барем малку подлабоко се разгледаат делата и трудовите на германските научници и публицисти од 19-от и првата половина на 20-от век, ќе се забележи дека ниту еден друг народ не се интересирал за Македонија како Германците.

Капитално дело на Џон Шеј

Џон Шеј, авторот на книгата „Македонија и Грција - битката за дефинирање нова балканска нација“, потенцира дека една од функциите на јазикот е да служи како означувач на националноста. За него јазикот вообичаено е употребуван како инструмент за градење нации од страна на европските држави.

Правејќи еден детален историски преглед на развојот на македонскиот јазик, Џон Шеј се обидува да го докаже неговото долгогодишното постоење. Тој вели дека процесот на стандардизирање на модерните јазици, типично се јавува по националната независност.

„Кога јужно-балканските нации постигнаа независност од Турците или Австроунгарската империја за време на деветнаесеттиот или дваесеттиот век, ова е период во кој стандардните јазици се појавија на Балканот. Во македонскиот

случај стандардниот јазик се појави пред независноста на почетокот на периодот на автономија (во 1944), што не беше пример во претходните илјада години.“

Џон Шеј тврди дека македонскиот јазик може да биде конкурентски претендент за старото црковно-словенско јазично наследство.

„Првото споменување на црковно-словенскиот јазик, употребуван во Македонија, како едноставно „македонски“ се сретнува во делото на германскиот хуманист Хиеронимус Мегизер во 1603 година. Неколку текстови кои се приближуваат до говорниот македонски јазик се познати

Page 27: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

пред 1790 година.

Сепак, важно историско досие е малиот речник на костурски дијалект со фолклорна песна во него, која датира од шеснаесеттиот век.“

Пишуваните работи од Македонија, почнувајќи од првата половина на деветнаесеттиот век содржат знаци на народен говор уникатен за оваа област. „Специјалистот за словенски јазик Питер Хил ги опишува раните развои на училиштата со дијалектно п и с м о .

Литературните дела на Јоаким Крчовски (1780 - 1820) и Кирил Пејчиновиќ (1770 - 1845) заедно со оние на Хаџи Теодосиј Синаитски (1770 - 1845) се сметаат како прва генерација на современата македонска литература, која покажува знаци на преовладување на народните традиции во Македонија.

Иако овие писанија покажуваат содржина, стил и јазик кој е под силно

влијание на преовладувачките религиозни народни писанија,

тие придонесуваат за новата народна пишана традиција.

Нивните дела беа употребени во „ќелијски училишта“, а подоцна во приватните училишта отворени во куќите на уметници и трговци. Овие училишта се појавиле во

Македонија, особено во периодот од средината на

деветнаесеттиот век, како алтернатива на црковните

училишта. Во 1876 година постоеја околу 45 вакви приватни училишта во градовите во Македонија и околу 118 во селата.“

Користејќи неутрални автори, Џон Шеј прегледно ги дава успесите на сите поважни македонски преродбеници, при што доаѓа до сознанието дека македонскиот дијалект бил широко употребуван за религиозни цели во првата половина на деветнаесеттиот век, заедно со неколку печатени книги, засновани на различни дијалекти, источен и западен, но сé уште длабоко инспирирани од црковно-словенскиот јазик.

Тој го истакнува значењето на

„Првото споменување на црковно-словенскиот

јазик, употребуван во Македонија,

како едноставно „македонски“ се

сретнува во делото на германскиот хуманист

Хиеронимус Мегизер во 1603 година.

Page 28: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

28 BR.94

Миладиновци, на Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Партениј Зографски и Марко Цепенков. Проследувајќи го фолклорот и литературниот развој, укажува и на развојот на македонската национална свест.

„По Балканските војни и поделбата на Македонија, постоеја четири официјални јазика - грчки, бугарски, српски и албански во областа на Македонија. Четирите владејачки сили се обидоа да ја потиснат македонската форма на словенски јазик.

Сега беше заедничка несреќа на сите Македонци да им биде забранет јазикот во јавниот живот (училишта, печат итн). Во секој дел на земјата официјалниот јазик на поделената држава и во целина беше наметнат како културно преносно средство за целата македонска популација.“

Формалното прогласување на македонскиот јазик за литературен се случи на втори август 1944 година. „Изборот на писмото за новиот македонски стандарден јазик беше причина за жестока расправија... Овие

комисии ги испитуваа решенијата со конечното, кое определуваше дека македонскиот стандарден јазик ќе биде основан врз централните македонски дијалекти, кои беа најмногу раширени и кои најверојатно ќе беа најмногу прифатени од оние кои говорат на различни дијалекти.“

Конечната кодификација од 1952/54 година го воспостави македонскиот стандарден јазик, кој брзо се разви во стандарден литературен јазик.

„Забрзаната прифатеност и употреба на македонскиот стандарден јазик дозволи да го надмине за помалку од 50 години степенот на развој за кој на другите јужнословенски јазици им беше потребно околу 100 години.

Питер Хил забележа дека литературните дела одиграа важна улога во афирмацијата на македонскиот стандарден јазик, бидејќи импресивна сума на нова литература на македонски стандарден јазик беше издадена во минатиот половина век.

Релативно слободната интелектуална

Page 29: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

29

клима во Титова Југославија, споредена со построго контролираниот бугарски систем, го овозможи овој развој, и ñ даде на македонската литература јасна предност.“

Од американските пописи

За трнливиот пат на македонскиот јазик сведочат и записите од пописита кои ги вршеле САД. Во инструкциите за попишувачите во САД се наведува македонскиот јазик во различен контекст.

Така на пример, во пописните инструкции од 1910 година, во секцијата „ABILITY TO SPEAK ENGLISH“ став 137. стоело „Do not write „Macedonian“, but write Bulgarian, Turkish, Greek, Servian, or Roumanian, as the case may be.“, - „Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“

Во пописните инструкции од 1920 година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик. Во пописните инструкции од 1930 година македонскиот јазик повтрно е на листата со странски јазици како посебен јазик.

Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското опшество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го подржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик, кој го говорат некои од емигрантите од Европа. Подоцна

во листата „C2SS Language Codes“ на македонскиот јазик му е придружен

кодот 2630.

Да се негува јазикот

Познавајќи го трнливиот пат на нашите предци за кодификација на јазикот, како значајно обележије на нашиот национален идентитет,

треба да сме цврсто одлучни во намерата да

го негуваме македонскиот јазик како нераздвоен дел од

„македонското“ во нас.

Јазикот е жива материја, која постојано се менува како што се менува човекот, како што се менува општеството во кое што живее човекот. Ние не ги користиме истите зборови, кои што ги користеле нашите претци, па и нашите родители, бидејќи нашата реалност е поинаква, а јазикот е одраз на реалноста.

Но, сепак карактеристиките, нормите, обележијата остануваат непроменети. Понесени од бурното секојдневие, под влијание на технологијата и западните култури, понекогаш забораваме на овие особености и така од ден на ден сé повеќе го туркаме „вистинскиот“ македонски јазик кон заборавот.

Да не заборавиме на долгата традиција на македонскиот јазик ! Да не ја заборавиме долгата борба за неговото докажување и за заземање на местото кое му припаѓа во светот! Да не заборавиме кои сме!

Автор: Елена Павловска

Јазикот е жива материја, која

постојано се менува како што се менува човекот, како што се менува општеството

во кое што живее човекот.

Page 30: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

30 BR.94

Evropska Unija

Intervju so Filip Rosler, germanskiot minister za ekonomija

Германскиот министер за економија, Филип Рослер, беше оставен пред католичко сиропиталиште за време на Виетнамската војна, а подоцна беше однесен во Германија каде што беше посвоен.

Во интервју за „Spiegel“, тој зборува за неговите чувства во врска со претстојната посета на земјата на неговото раѓање, како член на германската Влада.

Како возрасен човек, Филип Рослер само еднаш го има посетено Виетнам и тоа на приватна сметка. Меѓутоа, во понеделникот, 39-годишниот министер, официјално ќе ја посети земјата на неговото раѓање, како германски вице- канцелар и министер за економија.

За Розлер ова ќе биде уникатна посета. Тој беше земен од калуѓерки, како напуштено дете за време на Виетнамската војна. Интересот за неговата посета е голем.

На неговото патување, Роcлер ќе биде придружуван од медиумско покритие, а луѓето во Виетнам, исто така, се заинтересирани.

Во интервјуто, Рослер, кој е исто така лидер на бизнис-пријателската Слободна Демократска Партија, зборуваше за неговото наредно патување во Виетнам.

Page 31: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

31

Патувате за Виетнам, земјата во која бевте родени. Што очекувате од оваа посета?

Рослер: Очекувам дека германскиот бизнис ќе има корист од оваа моја посета. Виетнам е земја во пораст и од таму интересен пазар за нашите компании. Многу беше стекнато во изминативе години, вклучувајќи потези во насока на поголема економска слобода. Па, сепак, постојат многу предизвици, како на пример, прашања во однос на тамошните закони.

Вашето патување ќе биде набљудувањеодблизу. После сé, вашата лична приказна е испреплетена со неодамнешната историја на земјата. Вие бевте напуштено дете за време на Виетнамската војна. На што се сеќавате оттогаш?

Роcлер: Ги поминав првите неколку месеци од мојот живот во Кхан Хунг, кој сега е Сок Транг, во католичко сиропиталиште. Тоа беше во 1973 година. Секако дека немам никакви лични сеќавања од тоа место. Пред неколку години, дојдов до статија во „Spiegel“ која ја опиша историјата на сиропиталиштето.

Околу 3,000 деца беа вдомени таму во текот на годините и за нив се грижеа католички калуѓерки. Тие, исто така, наведоа и имиња и датуми на раѓање, така што формалностите за посвојување би биле брзо решени.

Две католички калуѓерки - Мери Марте и Силви Марте - се грижеа за вас во Кхан Хунг за време на првите месеци од вашиот живот. Во ноември 1973 година, Вие дојдовте во Германија, каде што Ве посвоија. Новинарот Мајк Брокер пишува во неговата биографија за Вас, дека Мери Марте сe уште живее во Виетнам. Дали контактирате со неа?

Роcлер: Почнавме да контактираме откако станав министер за здравство во Германија, во есента 2009-та. Новинарите патуваа до Виетнам и ја сликаа Мери Марте како држи фотографија од мене. Подоцна, таа стапи во контакт со мене преку една друга калуѓерка, која има пристап до е-маил. Тоа допре длабоко во мене.

Ви пишува ли сe уште?

Роcлер: Ми напиша колку е горда за она што сум го постигнал.

Page 32: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

32 BR.94

Evropska UnijaЗнаете ли повеќе за околностите под кои бевте оставени надвор пред сиропиталиштето?

Роcлер: Не, и никогаш и не сакав да дознаам.

Зошто?

Роcлер: Ако барате нешто од минатото тоа би значело дека истото ви недостига. Но, јас никогаш не сум се почувствувал како нешто да ми недостига.

Никогаш ли не добивте желба да откриете нешто повеќе?

Роcлер: Не, никогаш. Германија е мојот дом. Виетнам е дел од мојот живот на кој не се сеќавам. Јас пораснав во Германија, овде имам семејство, татко и пријатели.

Пред шест години, кога го посетивте Виетнам за прв пат заедно со вашата сопруга, не отидовте на местото каде што беше сиропиталиштето. Разумна ли беше таа одлука?

Роcлер: До 2006-та, ние апсолутно немавме идеја каде, всушност, е лоцирано местото. Јас неколку пати го барав Кхан Хунг на мапите, но никогаш не го пронајдов.

Дури кога ја посетив поранешната претседателска палата во Јужен Виетнам, мистеријата беше решена. Во пониската половина на сегашниот музеј, постои стар американски операционен центар.

Го најдов местото на американска мапа на која стоеја старите имиња.

Она што не знаев и она што преведувачот ми го разјасни, беше дека Кхан Хунг, како и многу други места, беше реименуван од страна на новите владетели во 1975-та, после реунификацијата на Северен и Јужен Виетнам.

Зошто тогаш не го посетивте градот?

Роcлер: Јас само го посетував Виетнам како нормален турист. Мојата сопруга и јас патувавме во Меконг Делга. Во секој

случај, и двајцата заклучивме дека Сок Транг, како што е наречен

денес, е веројатно сличен на многуте други места

кои ги посетивме.

Сте размислиле ли за организирање п о с е б н о п а т у в а њ е настрана од вашиот сегашен распоред?

Роcлер: Го посетувам Виетнам како

министер за економија, како претставник на

германскиот бизнис. Не сум на лична потрага по знаци од

моето минато.

Планирате ли некогаш да го посетите местото?

Роcлер: Не, немаме такви планови. Едноставно нема подлабоко значење за мене.

Постојат други посвоени деца кои се чувствуваат различно и спроведуваат долги потраги по нивното минато. Можете ли да го

Германија е мојот дом. Виетнам е дел од мојот живот на кој не се сеќавам.

Page 33: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

33

разберете тоа?

Рослер: Можам да го разберам, но веројатно е различно за секој посебен случај. Никогаш не ми недостигаше ништо во моето семејство, што е причина зошто никогаш не си го поставив ова прашање.

Откако се разведоа вашите родители, кога имавте четири години, живеевте со вашиот татко во Долна Саксонија. Зборувавте ли често за Виетнам?

Рослер: Не. Виетнам немаше никаква улога во нашите разговори. Кога пораснав, татко ми ме седна пред огледало и ми објасни зошто изгледам различно од другите деца.

Ви објасни ли татко ви зошто тој и неговата поранешна сопруга во Германија одлучија да Ве посвојат?

Рослер: Татко ми беше Бундесвер војник. За време на неговиот тренинг како пилот на хеликоптер во САД во 1970-те, тој се запозна со јужно-виетнамски колега. Преку него тој дозна за мизеријата

на војната таму и за многуте деца во сиропиталиштата. Тоа е причината зошто одбрал посвојување.

Дали некогаш сте свесни за вашата азиска страна?

Рослер: Мојот изглед е јасен индикатор за тоа. Но, не сум ни господар на боречките вештини, ниту пак често јадам азиска храна.

Како Ви е кога патувате во странство? Ве прашуваат ли луѓето во врска со вашето потекло?

Рослер: Понекогаш. Минатата година кога бев во САД со Меркел, двајца американски министри од азиско потекло ме прашаа за мојот живот, како што ме праша и претседателот Барак Обама. Но, тој беше помалку изненаден отколку некои владини претставници во други земји. После сé, САД е силно карактеризирана со имиграцијата.

Вашата посета ќе биде и одблизу следена од виетнамска страна. Кога влеговте во Владата, еден весник

Page 34: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

34 BR.94

Evropska Unijaнапиша: „Тој е еден од нас.“ Како се чувствувате во врска со тоа?

Рослер: Замислете да било обратно и германско дете посвоено во друга земја да беше ставено на висока владина позиција. Интересот за овој случај би бил исто така огромен!

Не сакате да одлучуваат за вашата припадност?

Рослер: Германија е мојот дом. Заслуга е на нашата земја што луѓе кои немаат типична биографија, исто така, имаат шанси за напредок. Предусловот за ова е толеранцијата. Нашиот демократски систем и нашиот успех зависи не само од социјалната пазарна економија, туку и од нашето слободно општество.

Ќе го истакнам ова и во Виетнам. Долгорочно тие нема да бидат во можност да развијат пазарна економија без слобода.

Еден проблем за многу деца посвоени од Азија во Германија е или отворен или скриен расизам. Влијаеше ли ова и на Вас?

Рослер: Не. Во секојдневната, нормална комуникација ова не е случај со мене.

Во Виетнам комунистите сéуште владеат со едно-партиски систем. Ќе се осврнете ли на човековите права, воопшто, за време на вашето патување?

Рослер: Јас сум на Централниот Комитет на Католиците, па за мене беше и важно да ги повикам претставниците на католичката црква на приемот во германската амбасада во Ханои. Работите се сe уште тешки за католиците во Виетнам и овој проблем е јасна заложба од моја страна.

Бевте крстени во 2000 година. Дали оваа одлука е на некој начин поврзана со католичките калуѓерки кои Ве спасија?

Рослер: Тоа не беше одлучниот фактор. Но, било кој што знае за опасностите и немаштијата, со која калуѓерките се справуваа за да ги спасат сираците во Виетнамската војна, нема лесно да заборави.

Не зборувате виетнамски, но научивте ли неколку зборови на вашето патување?

Рослер: Тоа би било неискрено. Да кажам уште еднаш јасно - природно јас сум поврзан со земјата преку дел од мојата животна приказна, но јас патувам во Виетнам како германски министер за економија.

Подготвил: Славе Ангелов

Извор: Spiegel

Page 35: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

35BR.94

Realnost ili fantazija?

Кога би зборувале за реалност, би виделе дека станува збор за нешто контрадикторно, релевантно и многу дискутабилно прашање. За некои, реално е да ги искажуваат сите мисли кои им лежат на срце, за други реалност е секое утро да се будат за на работа и секогаш да сакаат уште пет минути да поспијат.

Реалност за некои е да испушат цигара, да се напијат кафе, или, пак, да излезат на прошетка, но реалноста за некои отсекогаш претставувала синоним за суровост.

Не дека реалност ги спушта луѓето на земја, туку едноставно им дава до знаење дека и облаците на небото имаат граници, зависи од тоа колку високо сме подготвени да летнеме.

Фантазијата и реалноста, обично велиме дека се две спротивни нешта. Додека некој од едната страна на светот мечтае за нов компјутер или најнов модел на мобилен, на другата страна на светот постои човек кој станува во рани утрински часови и се подготвува за заработка.

Реалност е да си легнеш во три часот наутро, додека фантазија е да очекуваш дека ќе се разбудиш свеж. Фантазијата

можеме да ја очкуваме и посакуваме, но реалноста е нешто од што секој бега, бидејќи изгледа како да се гледате во огледало и да не ви се допаѓа тоа што го гледате.

Светот е создаден од добро и зло, човек и животни, Сонце и Месечина, како и од она апстрактното- како што се реалноста и фантазијата.

Додека сме деца мечтаеме и тоа, искрено, е она што ни останува бесплатно до крајот на животот. Реалноста, е курирот кој ќе ви тропне на врата и ќе ви каже дека изгубено ви е неповратно време и нема назад, тогаш сфаќате што е реалност.

Ве принудува да се вратите на оние работи од кои вие упорно бегате и се обидувате да се скриете. Но, факт е дека од смртта и реалноста не се бега. Ви се допаѓа или не, вие треба да бидете подготвени и за едното и за другото.

Ако не постоеше реалноста, немаше да постојат и разлики во луѓето. Сите ќе бевме кралеви и принцези подеднакво, а сиромашните одамна ќе играа на друга песна. Е сега, за што ќе се одлучите вие, реалност или фантазија?!

Автор: Емилија Петреска

Page 36: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA22 Septemvri 2012

36

Page 37: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

22 Septemvri 2012

Page 38: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.94

Posmrtnite rituali vo `ivotinskoto carstvo

Познато ни е дека луѓето практикуваат различни начини на зачувување или на надгледување на телата на починатите, но во првиот напис за неговата нова колумна, Џејсон Голдман објаснува дека овој вид ритуали се присутни и кај животните.

Во духот на традицијата, кога ќе почине некој eвреин или eврејка, член од заедницата кој е именуван како „чевра кадиша“, го чува телото од моментот на смртта до закопувањето, во меѓувреме читајќи фрагменти од Псалмите.

За припадниците на Католичката црква, пријателите и семејството на починатиот или починатата, се собираат и ја започнуваат церемонијата позната како „бдеење“.

На сличен начин, според историските податоци, се збиднувал и чинот на

испраќање на починатиот Римјанин или Римјанка, церемонија во која се рецитирале ламентации. Телото се чувало во атриумот на семејниот дом, сè до почетокот на погребната процесија.

Ова однесување ги надминува културните граници. Моделот на церемонијата е неизбежен, а се разликуваат само деталите од традиција до традиција: се чини дека луѓето наоѓаат извесна важност и вредност во чувањето на телата на починатите некое време по смртта на личноста.

Но, како што почнуваме да откриваме, се чини дека ова однесување може да се однесува не само на луѓето, туку и на животните.

На 10 октомври 2003-та, еден истражувач беше дел од еден необичен настан, кога бил сведок на колабирањето на

Page 39: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.94

женката-слон Еленор. Нејзината отечена сурла се влечела по земјата, додека нејзините уши и нозе покажувале знаци на неодамнешен пад. Еден од нејзините заби бил скршен. Една друга женка, именувана како Грејс и член на друга животинска група, се упатила кон Еленор и се обидела да ја поврати паднатата женка на нозе со помош на огромните заби, но нозете на Еленор биле премногу слаби за да ѝ дозволат да ја поврати рамнотежата.

Останатиот дел од групата продолжил со патот, но Грејс останала покрај Еленор најмалку час време, до зајдисонцето, кога ноќта паднала над Кенија. Еленор починала наредното утро во 11 часот.

Групата слонови кои се собрале околу телото – на длабок, исконски начин – можеби не се однесувале толку многу поразлично од луѓето, кои го практикуваат овој ритуал како чин на испраќање на починатиот. Во текот на неколкуте наредни денови, трупот бил

посетен од пет други групи слонови, вклучувајќи неколку заедници, кои не биле на никаков начин поврзани со Еленор.

Слоновите го душкале и го подбуцнувале телото, допирајќи го со сурлите и со стапалата. Иако трупот бил изложен на нападите на чакали, хиени, мршојадци и четвртиот ден станал плен на една глутница лавови, слоновите биле оддалечени околу стотина метри од местото каде што лежела Еленор.

Со оглед на фактот дека трупот не бил посетен единствено од слоновите во крвно сродство со Еленор, научниците кои го истражувале овој феномен, со колебање заклучиле дека слоновите го познаваат чувството на „почит“ кон починатите.

Како дополнителни докази за ова сознание се и неколкуте други студии, кои се резултат на надгледувањето на слоновите во неколку слични

Page 40: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.94

експерименти. Иако ова однесување е далеку поразлично од она што го практикуваат луѓето во вакви случаи, сепак е уникатно, бидејќи се однесува на една животинска група.

Подводни ритуали

Но, луѓето и животните не се единствените кои ги посетуваат и ги чуваат телата на починатите. На 6 мај 2000-та, на морското дно била забележана мртва женка делфин, 50 метри од источниот брег на островот Микура, близу Јапонија.

Два делфини мажјаци останале со трупот, напуштајќи го толку кратко, колку што им било потребно да вдишат воздух од површината. Бидејќи причината за смртта била непозната, нуркачите се обиделе да го однесат телото, но присуството на двајцата мажјаци ги спречило во целта.

Кога наредниот ден се обиделе да го сторат истото, нуркачите повторно ги забележале двата мажјаци, кои повторно им го отежнале пристапот до трупот. На третиот ден, трупот исчезнал. Истражувачите на случајот веруваат дека трупот најверојатно отпловил на друго место под дејство на водниот притисок.

Далеку од тоа дека ова е единствениот документиран извештај за посмртните ритуали кај делфините. На 20 јули 2001-та, било забележано тело на делумно возрасен делфин, заглавено помеѓу два големи камени блока. Околу него биле собрани околу дваесет други мажјаци и женки делфини.

Кога нуркачите се обиделе да му пристапат на телото, три делфини мажјаци настапиле агресивно, пресекувајќи ги нуркачите, но, за среќа,

агресивното однесување не прераснало во посериозен инцидент.

Како и африканските слонови, така и делфините го подбуцнувале и го поттурнувале трупот со клуновите и со главите, покажувајќи очигледни знаци на вознемиреност.

Откако нуркачите конечно успеале да го

однесат телото, неколку од делфините продолжиле да пливаат покрај бродот, додека конечно не отпливале, откако истиот навлегол во доменот на пристаништето.

Сличен случај се одиграл во април 2001-та, кога истражувачите го забележале

Page 41: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.94

трупот на мртов делфин на Канарските острови. Трупот бил придружен од неколку други делфини и за едната од женките се претпоставува дека била мајката на мртвиот делфин.

На третиот ден, трупот испливал на површината, а веќе на четвртиот почнале да се познаваат знаци на распаѓање. Иако истражувачите не

направиле напори да го однесат телото, тие забележале дека секојпат кога некоја морска птица ќе му се доближела на трупот, останатите делфини се впуштале во нејзино протерување.

Со оглед на тоа дека оваа група делфини била под надзорот и набљудувањето на

истражувачите, може да се смета дека овие животни во тој миг се однесувале поразлично од вообичаено.

Тие пливале побавно, останувајќи во просторот околу трупот подолго отколку што се очекувало. Двете вакви набљудувања, на двата различни случаи, укажуваат на сомневањето дека групата делфини специфично одговорила на смртта на еден член на групата. Во секој од случаите, присутните делфини со здружени сили се обиделе да го ограничат пристапот до трупот, покажувајќи знаци на агресивност во миговите кога друго животно или некој од нуркачите ќе направел обид да му се приближи. Ова е доказ за девијацијата на рутинското однесување кај делфините.

Сознанието за смртта

Шимпанзата, пак, од друга страна, ја задржуваат нивната рутина. Кога умира младенче во групата, неговата или нејзината мајка го носи трупот со себе со денови. Некогаш и со недели, па и со месеци. Мајката продолжува да се грижи за трупот и покрај очигледните знаци на распаѓање, кои настапуваат по некое време.

Таа престанува да го чува трупот тогаш кога распаѓањето е толку интензивно, што трупот е веќе непрепознатлив. Во јуни, кога во зоолошката градина во Лос Анѓелес беше убиено тримесечно шимпанзо, чуварите ѝ дозволија на мајката Грејс да остане со телото неколку дена, за да остане верна на посмртното испраќање на загубеното младенче.

Овој ритуал беше подетално објаснет, откако истражувачите во Замбија налетаа на женката Масја, која го чувала трупот на нејзиното четири-месечно младенче.

Page 42: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.94

Истражувачот Кетрин Кронин, во „Amer-ican Journal of Primatology“, пишува: „Однесувањето изразено од страна на оваа женка, кога првпат се соочува со физичкото одделување од нејзиното младенче, дава драгоцен увид во... можните начини на кои шимпанзата стануваат „свесни“ за состојбата на другите членови околу нив и оттука, каков што е дадениот случај, ја осознаваат смртта.“

Слично однесување е забележано и кај горилите, бабуните, лемурите и геладите.

Слоновите, делфините и шимпанзата, сите заедно, покажуваат сложено социјално однесување, кое ние само делумно го разбираме. Бидејќи е мошне ретко налетувањето и набљудувањето на природно збидната смрт во дивината, голем дел од информациите, кои ни се достапни се резултат на не-експерименталните студии на ваквите случаи, благодарение на остроумните истражувачи.

Сепак, расположливите докази ни нудат важен потсетник дека луѓето не се единствените суштества, кои прикажуваат соодветно однесување кога некој близок член од заедницата ги напушта. А, списокот на животни, кај кои било забележано ваквото однесување се чини дека се шири: неодамнешните извештаи предлагаат дека жирафите и некои птици, исто така, покажуваат

знаци на жалење, иако на различен начин.

Но, ние луѓето како да сакаме да се сметаме за посебни, за уникатни

во целото животинско царство. И сепак, во

некои погледи, ние тоа и сме. Но, во секој

аспект на животот во кој сме уникатни за нашиот вид, постојат илјадници други аспекти кои ги споделуваме со животните. Колку и да е важно да избегнуваме да

ги пресликуваме нашите чувства

врз анализата на животните, исто толку

е важно да не заборавиме дека и ние, без да можеме да го

заобиколиме тоа, сме и самите еден вид животни.

Дали е можно да нудиме објаснувања пост хок, со цел да ги објасниме нашите однесувања кон кои сме природно наведени? Можеби вработениот во мртовечницата, кој внимателно го средува телото на починатиот, не се однесува значително поразлично од шимпанзата, кои макотрпно се трудат да ги отстранат паразитите од телото на мртвото младенче. Она што нè поврзува со шимпанзата, во различните начини на кои го правиме тоа, е едноставно обидот да ја сфатиме смртта.

Подготвила: Кристина Димовска

Извор: BBC

Слоновите, делфините и шимпанзата, сите заедно, покажуваат

сложено социјално однесување, кое

ние само делумно го разбираме.

Page 43: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.94

Figurata na Persej - od kni`even mit do film

Митот за Персеј како прототекст

Наспроти нашата интелектуална самоувереност, која често пати знае подмолно да се претвори во опаса самоувереност на штета на латинското „Repetitio est mater studiorum“ и на потребата одново да им се враќаме на старите мотиви и приказни за да го продлабочиме нашето знаење за нив, во компаративните прилози каков што е овој, нужноста кон одново или повторно ис-читување, на оние наизуст познати мотиви, е повеќе од потребна.

Насловот ја сугерира темата, а и структурата на овој прилог кој е замислен како компаративен водич и кус интерпретативен поглед и третман на книжевно-митскиот лик на Персеј, наспроти неговите две филмски варијанти изложени во двата филма под

ист наслов (Судирот на титаните; The Clash of the Titans).

Овој прилог е лаконски срочен за да ги илустрира отклонувањата од примарната приказна/мит. кој функционира како прототекст и го прави тоа преку фокусирање на вниманието кон ликот на Персеј, како јадро на книжевниот и на двата филмски текста.

Мотивот и митот за Персеј се познати, иако не се доволно експлицитно ползувани во медиумите, тие се интимно поврзани и верни на книжевноста. Тој не е маргинален лик или јунак кому му е одземена потребната естетска и книжевна важност.

Како еден од доказите за тоа се и двете филмски верзии на овој мит, каде што како стожерна фигура е земен токму овој

Page 44: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.94

лик, во севкупната значенска полнотија која му ја доделува митот.

Но, пред да се укаже на модифицирањето на митот, неговото трансформирање и прилагодување во филмскиот медиум, верно е да се даде сосема кусо потсетување на основните црти на митот за Персеј, онака како што истиот е изложен кај Роберт Грејвс:

„Кралот Акрисиј, владетел на Арг и околината, бил загрижен поради пророштвото дека нема да добие машки потомок и дека раката на неговиот сопствен внук ќе го симне од престолот.

Убавата Данаја била негова единствена ќерка и со цел да го оневозможи зачнувањето на машки потомок од нејзина страна, ја затворил ќерка си во зандана со бронзена врата без покрив, пред која како чувари поставил диви кучиња.

Здогледувајќи ја и восхитувајќи се од нејзината ретка убавина, Зевс, како честопати претходно во случаите со убави жени, се престорил во златен дожд и после некое време Данаја го донела Персеј на свет.

Дознавајќи за тоа, кралот Акрисиј веднаш ја согледал заканата од тоа непредвидено раѓање и поради тоа решил да се ослободи од ќерка си и од својот внук, сакајќи на тој начин целосно да ја елиминира заканата, па затоа ги затворил во ковчег кој бил фрлен во морето.

Брановите ги исфрлиле Данаја и малиот Персеј на островот Сериф, кој ќе стане нов дом за непосакуваните ќерка и внук, во кралството на кралот Полидект.“

Митот продолжува понатаму, развивајќи

ја релацијата меѓу Полидект и Данаја, сликајќи го кралот кој се вљубува во туѓинката и кој сака да ја земе за своја сопруга.

Персеј се противи на тоа, на што кралот Полидект ќе реши да го испрати на смртоносна задача – да ја донесе главата на Медуса, главната од трите сестри Горгони и воедно најопасната жена-маѓепсничка.

Митот ја напушта примарната сцена на развој и се фокусира на Персеј и на

неговите успешно извршени задачи – на убиството на Медуса, на спасувањето

Page 45: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

Artvizor

BR.94

на Андромеда од морското чудовиште, на убивањето на првиот свршеник на Андромеда.

И двата филма, постариот и оној од понов датум, шаблонски се придржуваат до приказната, со таа разлика што во римејкот „Clash of the Тitans“ од 2011 година, се јавуваат извесни креативни измени за кои ќе стане збор малку подоцна.

За да можат да се согледаат паралелните врски на речиси истата приказна – како

е таа претставена во митологијата и како е реинтерпретирана на филмското

платно, ќе биде потребно „книжевната” верзија, условно кажано, да се доближи, и покрај огромниот временски јаз, до нејзината трансформација на филмското платно.

На тој начин ќе станат видливи и јасни споделените точки, но и оние кои ги раздвојуваат и ги прават индивидуални третираните три текстови.

Персеј во „Судирот на титаните“ на Дезмонд Дејвис

Митот за Персеј, онака како што е познат во грчката митологија, е верно претставен во „Судирот на титаните“ на Дезмонд Дејвис, филм од 1981 г., кој во својот фокус ги има Персеј и неговите херојски подвизи.

Ако митот за Персеј се развиваше линеарно, низ призма на каузално поврзани причинско-последични принципи, тогаш филмот на Дејвис во фокусот симултано ја развива приказната на Персеј и онаа на Андромеда и на моменти се чини дека овие два лика уживаат иста важност/значајност и рамноправност; ако херојските грчки митови им даваа првенство на мажите-херои, занемарувајќи ја улогата и позицијата на жената како мајка, сопруга, возљубена; и како еднакво важна за дејството на приказната/митот, тогаш филмот на Дејвис прави обид за симултано поставување и дава увид во паралелното постоење и развивање на приказните на Персеј и на Андромеда.

Во овој филм, приказната и патешествието на Персеј стануваат исто толку значајни како и личната приказна на Андромеда, која се соочува со подвизи исто толку тешки како и оние на Персеј, со таа разлика што нејзините имаат повеќе лична природа.

Page 46: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

46 BR.94

Андромеда, како женски лик, не е пасивна, безгласна и маргинализирана жртва, која беспоговорно и со надеж го чека спасувањето, како што е случајот во митот кој дава сосема ограничен увид во нејзината приказна, туку е активен дејствувач и директен учесник во големите подвизи на кои се нафаќа Персеј.

За разлика од митот каде што таа се третира повеќе како објект отколку како автономен, суверен субјект, во филмската верзија на Дејвис, Андромеда учествува и го придружува Персеј во неговите походи.

Режисерот Дејвис интервенира во митската претстава – и на Персеј и на Андромеда – на неколку рамништа. На првото, тој го воведува ликот на сатирот Калибос, син на Тетида, кој инаку фигурира како прв вереник на Андромеда.

Тој првобитно имал човечка форма и требал да го наследи тронот на богатиот град Џопа, но поради казната на Зевс, бил претворен во сатир и по физичката трансформација се повлекува и живее како изгнаник.

Постои можност, но само условно, да се воспостави релација меѓу Дејвисовиот Калибос, којшто е само попатно споменат во грчката митологија и Шекспировиот Калибан од „Бура“, бидејќи и обајцата се заљубени во физички привлечна, посакувана, но недостижна жена, и двајцата „не се почестени со човечки изглед”, а на етимолошки план е очигледна сличноста која ја сугерира коренот на нивното име.

Тие се поврзани на уште една план и веројатно верно е да се претпостави дека Дејвис при создавањето на ликот на

Калибос, предвид го имал Шекспировиот лик кој е постар – и Калибос и Калибан се синови на жени кои не се обични смртнички; Тетида е нимфа, додека Сикоракс е претставена како вештерка или жена-ѓавол, како што ја именува Шекспировиот Просперо во „Бура“.

Сличноста меѓу овие два лика не имплицира на нивно заемно поистоветување, колку што укажува на користењето на истиот мотив вклопен и предаден во поинаков, посовремен контекст, и во различни медиуми. Калибос е типичен антагонист, полубожествено суштество кое претставува препрека (хтонска сила) која мора да биде елиминирана, со цел повторно да се воспостави веќе нарушениот космички ред.

Во неколку наврати, тој го попречува патот на Персеј и со неговото воведување и директно вклучување во приказната, режисерот Дејвис веројатно сакал да интервенира преку личната иновација на добропознатата приказна и со тоа, да даде личен влог во креативната реинтерпретација на старогрчкиот Персеј.

Интервенцијата на Дејвис, на второ рамниште, е врзана за претставата на морското чудовиште повикано од Посејдон да ја прифати Андромеда како жртва, за непромисленоста на нејзината мајка Касиопеја.

Во митот, во неговата интерпретација од страна на Грејвс, која се чини најкорисна во овој контекст, за ова хтонско суштество не се кажува ништо повеќе од тоа дека се појавува по наредба на Посејдон, за индиректно да ја казни Касиопеја.

Во филмот на Дејвис, морското

Page 47: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

47

Artvizor

BR.94

чудовиште е именувано како „Kraken” што инаку е име со кое во почетокот на Средниот век се именувале огромни, неидентификувани морски суштества, за кои се верувало дека спорадично се појавувале во морињата во Ирска и во Норвешка.

Обично се претставуваат како огромни октоподи или риболики водни суштества, но во филмот на Дејвис ова чудовиште има видоизменета физичка форма, која не соодветствува на средновековните претстави за овие морски чудовишта.

Истото важи и за римејкот „Судирот на титаните“ од 2011. Овие морски чудовишта одлично функционираат како хтонски претставници на сè што инклинира повеќе кон хаосот отколку кон космосот и со цел да се постигне загубениот баланс и враќањето кон космичката уреденост, потребно е истите да се елиминираат, најчесто од херојот, како примарен носител на космичкиот ред.

Суштеството со толкава големина потсетува на библискиот Левијатан, опишан како морски ѕвер, а подоцна и на Лавкрафтовиот фикционален Ктулху, кој претставува фузија на старите приказни за морските чудовишта, со личната митологија на авторот.

Во митот, морското чудовиште функционира како бариера која мора да се надмине за да се ослободи жртвуваната жена, а со тоа херојот мора успешно да го помине иницијацискиот јазол наметнат од боговите.

Во филмовите на Дејвис и на Летерие, тоа функционира како суштество кое е отслик на божјиот гнев, на супериорноста на боговите над луѓето и ним доделеното право да казнуваат секогаш кога тоа им е по волја.

Персеј во римејкот „Судирот на титаните“ на Луј Летерие

И покрај тоа што наводно станува збор за римејк на филмот од 1981, новата

Page 48: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

48 BR.94

верзија на „Судирот на титаните“ бележи значајни и во голема мерка ризични отклонувања од првичната митска приказна, но и од филмот на Дезмонд Дејвис.

Митот за Персеј совршено добро функционира како предлошка за двата филма, но ако првиот филм од 1981 приближно прецизно ја отсликуваше с‘ржта и поентата на митот за Персеј, вториот филм од 2011 прави обид за создавање една сосема поинаква приказна која ги кине нишките со прототекстот и почнува да се развива во самостојна, независна насока.

За гледачите помалку запознаени со митот за Персеј, филмот на Летерие би дошол како извесно освежување на технички план и на планот на визуелни ефекти.

Од друга страна, оние кои барем малку

се упатени во подвизите на Персеј и општо во принципите на функционирање и развивање на митовите во грчката митологија, ќе наидат на недоумие околу извесните отклонувања што се направени во филмот.

Филмската верзија на Летерие, уште поважно, поттикнува на загадочни прашања – дали иновациите се направени со цел да дадат нова визура на „читање” на митот, дали да ја испрашаат и да интервенираат во концепцијата на митот даден како таков или истите се направени со цел да ги детронизираат општоприфатените и познати идеи за старогрчкиот митски херој и неговите подвизи?

Сите прашања се сведуваат на одговорот дека современата епоха, во случаи на популарна продукција (на филмови, книги, видео игри), ги експлоатира

Page 49: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

49

Artvizor

BR.94

старите мотиви и приказни од две причини:

а) поради недостаток од нови и свежи идеи, кои поттикнуваат на потребата од враќање кон (книжевното, митското, историското) минато;

б) поради потребата од навраќање кон старото како „секогаш подобро”, „поумешно”, „позаводливо”; а многу поретко поради потреба од ревизија на напишаното и приложување негова посовршена верзија.

Ова, секако, се однесува генерално на филмовите кои имаат за цел да го задоволат вкусот на пошироката публика. Судирот на титаните на Летерие не прави ревизија на митот за Персеј, туку ја видоизменува приказната за да постигне бомбастичност на ефекти, постојано калемејќи го прототекстот со нови ликови, возбудливи, акциони чинови и дејства кои не се присутни во примарниот митски текст.

Колку за илустрација, пожелно е да

се споменат неколку отклонувања кои се направени во верзијата на филмот од 2011, а кои значајно ја менуваат рецепцијата на старогрчкиот мит за Персеј:

1. Улогата на богот Хад. Овој бог во митот се споменува само по артефактот (шлемот за невидливост) кој го добива Персеј, а во филмот добива водечка улога - како ривал на Зевс за Олимпискиот трон и како убиец на семејството на Персеј, што не е случај со митот.

2. Отсуството на клишето „невеста како краен резултат на походот“. По спасувањето на Андромеда, во филмот не се споменува никаков венчален завет на херојот со спасената девица.

Персеј, всушност, започнува љубовна релација со Ио, која е наратор на почетокот од филмот, а е инаку жена проколната на бесмртност поради непослушност од страна на Хера.

3.Верна екранизација на митот или уште еден од многуте акциони филмови?

Page 50: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

50 BR.94

Филмот функционира совршено добро како акциона приказна за херој кој успешно завршува неколку значајни херојски походи, но не и како филмска рекреација и интермедијална ревизија на мотивот и на митот за Персеј. Тоа е така заради фактот што филмот тргнува од прототекстот, но на патот на развивање на заплетот, завршува алиениран од неговата основа.

Наместо заклучок

Постмодернистичките импровизации и рекреации на постарите мотиви – митски или книжевни – можат да им бидат од корист на читателите/реципиентите однапред добро запознаени со содржината и темата врз којашто се интервенира.

Единствено ако од другата страна на текстот се најде она што Умберто Еко го нарекува „семиотички читател”, само во тој случај може да се извлече сознание и полза од така конструираниот текст (без разлика дали станува збор за визуелен или писмено фиксиран текст).

Во останатите случаи, кога гледачот/читателот е помалку запознаен со содржината која има свој пандан во некој друг медиум/научна дисциплина, а нема претензии навистина да се навраќа кон оригиналот туку само да симулира некаква лабилна врска со него, тогаш постои опасност понуденото да се прифати како легитимно, како единствено точно, како „оригинално”.

Ако се направи условна споредба меѓу двата филма кои го потретираат ликот на Персеј, мора да се признае дека филмот на Дејвис од 1981-та и покрај отсуството на верни и зачудувачки добри ефекти, ја одржува жива комуникацијата со прототекстот, за разлика од верзијата од 2011-та, која го користи основниот текст како алиби за создавање сосема поинаква приказна која единствено презема дел од мотивите изложени во митот.

Филмската блок-бастер продукција, која презема веќе готови прототекстови, освен во ретките исклучоци, се чини дека прави обид за алиенација од релациите со книжевноста, небаре има потреба од сопствен неприкосновен авторитет и како да ѝ дава примат на незаузданата имагинација, така што честопати го добиваме впечатокот на хаотичност и неповрзаност на стадиумите на самата приказна која ни се нуди.

Филмовите коишто се темелат на митски приказни и претстави, а потфрлуваат во нивното верно прикажување (или ревизија) на филмското платно, ја загубиле дидактичката моќ и повеќе инклинираат кон тоа претставеното да се гледа заради забава, а помалку заради естетско-уметничките квалитети.

Автор: Кристина Димовска

Page 51: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

51

Artvizor

BR.94

Evergrin na „site vremiwa“ 14

Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“.

На први септември, јавно беше објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20.

Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители, и повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“.

„Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес.

Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“.

Бисеро, моме бисеро – Иван Патиера

Песна за очи бисери и неиспишана,

вода од очни извори e неизлеана.Сакам да тонам длабоко во твои

длабини,сакам да вишам, високовишам, во

твои синевини.

Бисеро, моме бисео, за мене ти си езеро,

кајшто ќе бродам бескрајно,о, моме, моме Бисеро...

Page 52: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

52 BR.94

Да си мерак песна – Бисера Велетанлиќ

Да си извор вода да те разлеам,да си славеј пиле да те натпејам,

да си мерак песна да те извикнам,да си зумбул цвеќе да те изникнам.

Да си алтан сонце да те изгреам,да си азган ветер да те развеам,да си чемер отров да те испијам,да си срце в гради да те усвијам.

Јаков Дренковски –Миднајт каубој

Нечист перон, автобуска станица,Луѓе брзаат без насмевки, хе хе,

Горди жени строги парфеми,о јеа,без отпор ги прима големиот град.

Лажна сигурност од две - три пивасвежа крв на градскиот асфалт,свечен момент на нов почеток,о јеа,умот во голем розов сон.

Големиот град голема надеж, опојна треска во вените.

реф.Јавај, јавај ти со нас, миднајт каубој!јавај, јавај ти со нас, миднајт каубој!

Подготви: Емилија Петреска

Page 53: Револуција магазин бр 94

REVOLUCIJA MAGAZINBR.94

MAGAZIN REVOLUCIJA

53

22 Septemvri 2012

Page 54: Револуција магазин бр 94