8
Центар за неформално образование ТРИАГОЛНИК ГОДИШЕН ИЗВEШТАЈ 2014

ГОДИШЕН( ИЗВEШТАЈ 2014 · 2015-09-22 · можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум

  • Upload
    others

  • View
    6

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ГОДИШЕН( ИЗВEШТАЈ 2014 · 2015-09-22 · можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум

       

Центар  за  неформално  образование  ТРИАГОЛНИК  

             

 

   

 

 

ГОДИШЕН    ИЗВEШТАЈ  

2014                  

Page 2: ГОДИШЕН( ИЗВEШТАЈ 2014 · 2015-09-22 · можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум

 Центар  за  неформално  

образование  ТРИАГОЛНИК    

Партнери:

 

Вовед Се поголемата конкуренција брзиот раст и развој како и менувањето на условите во средината го условуваат и соодветниот одговор за справување со сите предизвици со кои се соочуваме. Во интерес на справување со конкуренцијата како и создавање на конкурентска предност со цел генерирање на профит и зацврстување на позициите од огромно значење е креирањето на соодветни структури кои ќе овозможат интегрирање на сите функционални сегменти на една организација во насока на создавање единствена компактна и инструментално употреблива целина со сите развојни компоненти кои ќе пркосат на опкружувањето со прифаќање на промените во креирањето на свој одговор за опстојување. При тоа холистичниот пристап е од инзвонредно значење во согледувањето и дизајнирањето на соодветниот одговор но и поставувањето на здрава основа за понатамошен раст и развој. Битно е да се спомене дека опстојувањето и одржливоста се во тесна корелација со функционалноста на структурата. При тоа мора да се направи јасна дистинкција помеѓу создавање на конкурентска предност која ќе овозможи натамошен раст и развој и доминантност на пазарот или говориме за справување со кризни моменти кога всушност интенцијата е опстанок и надминување на кризата преку превземање на промената како инкремент за остварување на целите. Имено со силно поставена основа која овозможува индивидуација на секој поединец се креира развојна клима во организацијата. Тоа подразбира низа на однесувања кои придонесуваат во создавањето на пријатна атмосфера во која се практикуваат универзалните, инструменталните и предусловените вредности како инкремент за оганизациската култура. Само во такви услови можно е да се очекува да се посвети внимание во изнаоѓање на соодветни, нови и иновативни решенија со цел надминување на сосотојбите или постигнување на посакуваните резултати Мораме да знаеме дека на најважните раскрсници не секогаш има знаци. Хемингвеј Изразениот пермисивен карактер на водството е квинтесенција за покренување на процесите и апсолвирање на истите на начин кој ќе овозможи и создавање на употребна вредност од вложениот напор. Значи појдовна точка која го иницираше размислувањето за промена беше надминување на состојбите и креирање услови за опстојување на организацијата во која верувавме и во која вложивме многу љубов, труд и време верувајќи дека со нашата интервенција ќе се овозможи предизвикување на соодветна промена на што е базирана и нашата темелна идеологија. Третирајќи ја холистички целокупната ситуација немимновно беше и превземањето на интегративен пристап во надминување на истата. Значи беше прифатена идејата да се модифицира тренинг програмата која ја нудиме и тоа содржински, временски, концептуално и методолошки согласно целната група. Во исто време беше апсолвирана и идејата за комплетно нов концепт на тренинг програма за стратешко планирање како основа за креирање на компетитивна предност. Во суштина сите споменати елементи во една синергија овозможуваат напуштање на еманацијата и фаќање чекор со еволутивните процеси иницирани од иновативниот пристап во процесот на промени.

Page 3: ГОДИШЕН( ИЗВEШТАЈ 2014 · 2015-09-22 · можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум

 Центар  за  неформално  

образование  ТРИАГОЛНИК    

Партнери:

 

ПРОЕКТ Адоптион центрум Проектот „ Интегративен пристап за одржливост “ е дизајниран да обезбеди стратешка поддршка на инстутитуциите за социјална заштита во полето на детската заштита во Македонија и да го сподели и мултиплицира моделот на работа од Триаголник, кој претставува голем капацитет за градење на партнерства и институционализација на проектни интервенции со граѓански организации кои имаат слично или исто поле на работа и се ситуирани во Индија. За време на првата година од имплементацијата на проектот се правеше стратешко планирање на Завод за социјални дејности. Тимот на

Триаголник и раководството на заводот посветено работеа на креирање на тригодишен стратешки план на заводот. Уникатниот модел на стратешко планирање кој Триаголник го има разработено е базиран на резултати и во овој случај се моделираше по мерка на заводот, внимателно ги детектираше најчестите потешкотии при планирање кои влијаат врз реализација на плановите, ги елиминираше истите и на тој начин гарантира максимална реализација на

плановите и остварување на стратешките цели.Потребата од стратешка насока најмногу произлегува од сложеноста и бројноста на активностите кои ги спроведува заводот.

Смисла Одржлив, профилиран и професионално организиран јавен и граѓански сектор кој квалитетно и ефикасно одговара на потребите на граѓаните.

 

Мисија

Да обезбедиме обуки и консултантство за индивидуи и организации, базирани на интегративен и искуствен пристап, за нивен автентичен развој и стекнување на применливо знаење кои ќе им овозможат реализација на посакуваните цели.

Page 4: ГОДИШЕН( ИЗВEШТАЈ 2014 · 2015-09-22 · можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум

 Центар  за  неформално  

образование  ТРИАГОЛНИК    

Партнери:

 

Воедно, со последните законски измени се очекува да се зголемат активностите и одговорностите на заводот па со тоа обемот на работа ќе биде уште поголем и уште повеќе ќе биде потребно негово стратешко позиционирање, за да се обезбеди континуитет и структуирана насока по која што заводот би се развивал и би одговорил на предизвиците со кои се соочува. Во текот на првата година од имплементацијата се работеше и на градење на капацитетите на две организации од Индија, Прајас и Наз. Главно акцентот на обуката беше ставен на градење на капацитетите за креирање на партнерства за развој, знаења и вештини од областа на идентификување, етаблирање и одржување на партнерства, преговарање како врзувачки елемент насочен кон подигнување на самодовербата, со цел реализиација на зацртраните цели. Комбинацијата од вежби и внимателно дозиран теоретски инпут, повторно се покажа како успешна во процесот на учење на применливи вештини, особено развивајќи ги оние клучни вештини кои што ги направија спремни учесниците за примена на истите дури и во нивниот приватен живот. Делот од обуката за Финансиска Одржливост беше особено корисен за оние кои активно работат на прибирање на средства во организациите. Воедно сите останати можеа да научат како тие како индивидуи можат да придонесуваат кон градење на финансиската одржливост. Групата беше исклучително активна во процесот на учење, споделуваа професионални и лични искуства со остатаните членови на групата, со ентузијазам ги прифаќаа дадените задачи, учествуваа активно во дискусиите.

ПРОЕКТ EYF – Европска младинска фондација Име на проектот: Програма за застапување и лобирање за млади Роми активисти во граѓански организации

Главната цел на овој проект е да се зајакнат капацитетите на младите Роми, активисти од граѓанските организации кои работат со млади во иднина да иницираат одржливи интервенции базирани на правата на нивната целна група. Целна група: млади Роми, активисти во граѓански организации кои работат со млади од Скопје и Куманово Очекувани резултати:

• Да се зголеми свесноста на таргетираните активисти од граѓанските организации за потребата од активности за лобирање и застапување за постигнување на општествени промени

• Да се изградат капацитетите на таргетираните активисти од граѓанските организации и нивните организации да ги користат лобирањето и застапувањето во развивање на национали политики

• Да се поттикне воспоставување на партнерства помеѓу активистите од граѓанските организации и нивните организации со локалните власти, како и одржување на партнерствата за да се направи поголемо општествено влијание

Во рамките на проектот превидени се следниве активности: • обука за застапување и лобирање за младите Роми претставници од граѓански организации

• пренос на стекнатото знаење во организациите од кои доаѓаат учесниците

Page 5: ГОДИШЕН( ИЗВEШТАЈ 2014 · 2015-09-22 · можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум

 Центар  за  неформално  

образование  ТРИАГОЛНИК    

Партнери:

 

• работилница со локалните власти на која ќе се разгледаат можните подобрувања на локално ниво за младинско учество

• практична работа, односно развивање на предлог кампањи за застапување и лобирање, кои ќе се работат под менторство на искусни ментори;

• подготовка на прирачник за застапување и лобирање базиран на теренските искуства, како придружен материјал кој младите и организациите можат да го користат во иднина

Целта беше постигната преку спроведување на обуката за застапување и лобирање на која учествуваа 15 млади активисти од граѓански организации, практичната задача преку која ги утврдуваа стекнатите знаења, споделување на знаењето во нивните матични организации, директна средба со локални власти и прирачник во кој се содржани основите на лобирањето и застапувањето. Методологијата на неформално образование и овој пат даде исклучителни резултати и придонесе учесниците да станат свесни за потребата од спроведување на активности за лобирање и застапување во насока на креирање општествени промени. Додека ги градевме капацитетите на активистите од граѓанските организации, внимавме и на репродукција на стекнатото знаење во организациите од каде тие доаѓаат. Начинот на кои тие го споделуваа знаењето зависеше од нивниот избор, на пример дел од нив организираа посебни средби со своите колеги на кои ги нагласија клучните елементи од застапување и лобирање кои се важни за нивната работа. Сега и останатиот дел од

вработените во организациите ги имаат потребните вештини и алатки за искористување на застапувањето и лобирањето во насока на развивање на национални политики. Успеавме да ја промениме свесноста за потребата од креирање на функционални, стратешки партнерства со други граѓански организации, но и партнерства со локалните власти, за да се создадат можности за креирање на поголемо општествено влијание при спроведување на активности за лобирање и застапување. Преку работилницата која што ја организиравме, ги седнавме на иста маса граѓанските организации и претставници од

локалните власти на која беа разгледани можните подобрувања на локално ниво за поголемо општествено младинско учество. Прирачникот за застапување и лобирање, внимателно беше подготвуван и е базиран на теренските искуства и одличен придружен материјал кој младите и организациите можат да го користат во иднина, при спроведување на активности во насока на лобирање и застапување. Со имплементацијата на овој проект, Центар за неформално образование Триаголник ги продолжи своите заложби за градење на капацитетите во граѓанскиот сектор кој ги застапува интересите на различни целни групи. Овој проект е поддржан од Европската Младинска Фондација (EYF).

Page 6: ГОДИШЕН( ИЗВEШТАЈ 2014 · 2015-09-22 · можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум

 Центар  за  неформално  

образование  ТРИАГОЛНИК    

Партнери:

 

ПРОЕКТ ИПЕК – Интегрирана програма за компетенции за вработување Име на проект: Интегрирана програма за компетенции за вработување (IPA- Human Resource Development 04 06 01) Локација на активности: Скопје, Тетово, Гостивар и Струга Општа цел/и:

• Жени од етничко албанско потекло, во селектираните општини да се стекнат со компетенции и самодоверба за активно вклучување во процесот на вработување;

• Пошироката заедница да ја поддржи интеграцијата на жените од албанско етничко потекло на пазарот на трудот. Специфични цели:

• Селектираните жени да стекнат информации, компетенции и волја за учество на пазарот на трудот, како и да стекнат вештини за специфични работни места релевантни за нивната средина;

• Селектираните жени се обучени и самоуверени да иницираат можности за вработување или самовработување;

• Селектираните заедници ја поддржуваат инклузијата на жените во процесите на вработување; Креирани се долгорочни механизми на локално ниво кои ги поддржуваат жените во процесот на барање и креирање на можности за вработување Учесничките го сметаат ова искуство за многу вредно и корисно.“Ми се допадна тоа што запознав нови луѓе и научив многу работи кои ќе ми користат за зголемување на моите можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум поткована со знаење кое можам да го искористам доколку во иднина одлучам да отворам свој бизнис. Особено ми е драго што покрај стекнатите знаења поминав и практична работа, а претходно никогаш не сум помислила на такво нешто”- Кујтиме Беќири, Гостивар Центар за неформално образование Триаголник веќе 10 години работи на унапредување и развој на човечкиот капитал на национално и регионално ниво.

Page 7: ГОДИШЕН( ИЗВEШТАЈ 2014 · 2015-09-22 · можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум

 Центар  за  неформално  

образование  ТРИАГОЛНИК    

Партнери:

 

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ НА ПРИХОДИ

ПРОЕКТ Интегрирана програма за компетенции за вработување - IPEK

Декември 2013 /Февруари 2014

Човечки ресурси Транспорт Опрема и набавки Локална администрација Дополнителни трошоци за имплементација на проектните активности

Вкупен буџет втора транша 16.211 €

ПРОЕКТ Адоптион центрум - Интегративен пристап за обезбедување одржливост

Јануари / Декември 2014

Стартешко планирање за институциите за социјална заштита во Македонија

Градење на капацитети на партнерските организации во Индија

Локална администрација Ревизија Вкупен буџет 45.968 €

ПРОЕКТ EYF Европска младинска фондација Програма за застапување и лобирање за млади Роми активисти во граѓански организации

Јули/ Декември 2014

Транспорт Трошоци за имплементација на проектните активности Човечки ресурси тренери ПР за проектот Локална администрација Вкупен буџет прва транша 6.800 €

Page 8: ГОДИШЕН( ИЗВEШТАЈ 2014 · 2015-09-22 · можности за вработување. Јасно ми е како се прави бизнис план, па сум

 Центар  за  неформално  

образование  ТРИАГОЛНИК    

Партнери:

 

Триаголник, најдобриот партнер за вашата лична, професионална и бизнис

трансформација!

           

Центар за неформално образование

ТРИАГОЛНИК

ул.Владимир Назор 4/6, 1000 Скопје Република Македонија

www.triagolnik.org.mk [email protected]

тел/факс: +389 2 32 90 389