Upload
others
View
12
Download
0
Embed Size (px)
Citation preview
СТУДИЈА ЗА ОРНИТОЛОШКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА
ПОДРАЧЈЕТО ДОЛНА БРЕГАЛНИЦА СО ПРЕДЛОГ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЗАШТИТА
Македонско еколошко друштво
Скопје, 2012 година
Стр. 1 пд 43
Изработено од:
Методија Велевски, Македонско еколошко друштво
Робертина Брајаноска, Македонско еколошко друштво
Данка Узунова, Македонско еколошко друштво
Студијата е изработена во рамките на проектот „Крилја преку Балканот: Подготовка на
земјите од Западен Балкан за спроведување на Директивата за заштита на дивите птици
на Европската унија“, финансиран од Европската комисија (IPA 2008 Programme – Civil
Society Facility: Support toPartnership Actions "Environment, Energy Efficiency, and Health and
Safety at Work", EuropeAid/128287/C/ACT/MULTI), а координиран од BirdLife Europe.
Мислењата и ставовите во овој документ не ги отсликуваат ставовите на Европската
комисија и се резултат на работата и мислењата на авторите.
Фотографија на насловната страница: Модроврана (Coracias garrulus). Фото: Зденек Тунка
Стр. 2 пд 43
Кратенки
BVAP – Balkan Vulture Action Plan (Акционен план за заштита на мршојадците на
Балканскиот Полуостров) EC – European Commision (Европска комисија) EUNIS – European Nature Information System (Европски информативен систем за
природата) IBAs - Important Bird Areas IPA – Instrument of Pre-accession (Инструмент за претпристапна финансиска помош) IUCN – International Union for Conservation of Nature (Меѓународна унија за зачувување на
природата) SDC – Swiss Agency for Development and Cooperation (Швајцарска агенција за развој и
соработка) SPA – Special Protection Area UNDP – United Nations Development Program (Програма за развој на Обединетите нации) ЕУ – Европска унија ЗПП - значајни подрачја за птици МЕД – Македонско еколошко друштво МЖСПП - Министерството за животна средина и просторно планирање МЗШВ - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ОВЖС – Оцена на влијанието врз животната средина ПЗП - Посебни заштитени подрачја (за птици) ППЗ – Посеби подрачја за зачувување
Стр. 3 пд 43
Содржина
ПРЕДГОВОР .............................................................................................................................................. 4
1. ВОВЕД ................................................................................................................................................. 5
2.1 Граници и опис на подрачјето .................................................................................................... 7
2.2 Орнитофауна ................................................................................................................................ 13
3. Закани ................................................................................................................................................... 25
4. Цели на заштитата и целни видови .............................................................................................. 27
5. Предлог акционен план за заштита .............................................................................................. 31
6. Литература .......................................................................................................................................... 41
Стр. 4 пд 43
ПРЕДГОВОР
Студијата за валоризација на орнитолошките вредности на подрачјето Долна
Брегалница е изработена со цел да се укаже на големото значење на овој простор за
заштита на фауната на птиците во Република Македонија.
Законот за заштита на природата (Службен версник на РМ бр. 67/04, 14/06, 84/07,
35/10, 47/11) во голема мера е усогласен со Директивата за заштита на дивите птици
(2009/147/EC). Во таа насока, поглавјето еколошки значајно подрачје во член 51 од
Законот предвидува дека (став 4): „подрачјата кои по својот број и големина најдобро
одговараат за заштита на засегнати и заштитени видови на птици пропишани со
листите од член 35 став (3) на овој закон, имајќи ги предвид загрозените видови,
видовите кои се чуствителни на специфичните промени во нивното живеалиште,
видовите кои се сметаат за ретки, поради малите популации или ограничената
локална распространетост и другите видови кои бараат особено внимание поради
специфичната природа на нивното живеалиште, ќе бидат определени како посебни
заштитени подрачја за птици“. Истите, задно со посебните подрачја за зачувување
(идентификувани согласно барањата на Директивата за живеалишта) ја формираат
мрежата Натура 2000, која се утврдува од страна на Владата на Република Македонија,
на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за
вршење на работите од областа на заштитата на природата (член 52).
Целта на овој документ не е да ја замени студијата за валоризација на подрачјето
која служи како основа за прогласување на заштитено подрачје предвидена со член 92,
став 5 од Законот и согласно истиот, содржината на студијата дефинирана во
Правилникот за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на
заштитено подрачје (Службен весник на РМ бр.26/2012), туку да ги посочи орнитолошките
вредности на подрачјето на Долна Брегалница и да иницира подетални истражувања за
останатите групи од биодиверзитетот и геолошките вредности, заради изработка на
детална студија за валоризација и отпочнување на постапка за заштита на подрачјето.
Стр. 5 пд 43
1. ВОВЕД
До денес за орнитофауната на Македонија се публикувани податоци за
присуството на 318 видови птици (Мицевски 2002/2003, Velevski et al. 2010). Според
Velevski et al. (2010) 114 видови кои редовно се среќаваат на територијата на Македонија
во моментов имаат неповолен заштитарски статус во Европа. Девет од нив се во
категоријата SPEC 1, 33 во категоријата SPEC 2 и 72 во категоријата SPEC 3. Од нив,
еден вид – египетскиот мршојадец – се смета за глобално загрозен (EN), три
(кадроглавиот пеликан, царскиот орел и ловниот сокол) за чувствителни (VU), а пет
(црниот кожувар, сината ветрушка, црвеноопашната блатарка, модровраната и шареното
муварче) за близу-засегнати (NT).
BirdLife International (2004) дава доста груби проценки за големините на
популациите на птиците во Македонија. За еден дел од нив сега постојат попрецизни
информации за нивната бројност (Velevski et al. 2010), но за уште многу видови потребни
се систематски проучувања за да може да добијат попрецизни проценки. Сепак, и
постојните информации беа доволни за на територијата на Македонија да бидат
идентификувани 24 најважни подрачја за заштита на птиците – значајни подрачја за птици
(ЗПП) (Important Bird Areas-IBAs) (Velevski et al. 2010), од кои во моментов 22 се
прифатени од страна на BirdLife International. Меѓу нив е и ЗПП „река Тополка-река
Бабуна-река Брегалница“.
Во првиот преглед на значајните подрачја за птици во Европа (Grimmet & Jones
1989), беше вклучен и долниот тек на р. Брегалница (MK004), посебно заради значењето
за грабливите птици, со површина од околу 30700 ha. Заради непостоење на понови
податоци, истиот простор беше преземен и во вториот каталог на значајни подрачја за
птици во Европа (Heath & Evans 2000). Подоцнежните истражувања поврдија дека
значењето на овој локалитет е непроменето, и истиот беше вклучен во границите на ЗПП
„река Тополка-река Бабуна-река Брегалница“ (МК020, Velevski et al. 2010).
Заради постоењето на јасни квантифицирани критериуми за избор, значајните
подрачја за птици се прв чекор кон прогласување на посебни заштитени подрачја за
птици, согласно Директивата за диви птици на Европската комисија (2009/147/EC). Заедно
со подрачјата идентификувани преку Директивата за заштита на живеалишта и диви
видови фауна и флора (92/43EEC), во земјите на Европската унија ја чинат мрежата на
заштитени подрачја Натура 2000. Во пракса, мрежата Натура 2000 е дефинирана во
голема мера од значајните подрачја за птици. Во многу региони, посебни заштитени
подрачја за птици и посебните подрачја за зачувување се преклопуваат, а птиците служат
како воочливи индикатори за ретки и загрозени живеалишта (Schneider-Jacoby 2010). Во
таа насока е и изборот на долниот тек на р. Брегалница за Емералд подрачје од
Македонија (Клисура на река Брегалница, МК0000031, Council of Europe 2011).
Во рамките на проектот „Зајакнување на еколошката, институционалната и
финансиската одржливост на системот на заштитени подрачја во Република Македонија“
Стр. 6 пд 43
на Министерството за животна средина и просторно планирање (спроведуван од страна
на UNDP), Македонското еколошко друштво беше под-имплементатор на компонентата
„Развој на национална репрезентативна мрежа на заштитени подрачја“. Долниот тек на р.
Брегалница беше повторно идентификуван како значајно подрачје, и предложен за
заштита во категоријата „Споменик на природата“ под името „Долна Брегалница“, главно
заради геоморфолошките и фаунистички вредности. Истото подрачје овде е детално
обработено од орнитолошки аспект.
Од другите таксономски групи, според истражувањата на МЕД, на подрачјето се
среќаваат следните значајни видови:
Растенија: Anchusa macedonica, Astragalus parnassii, Camphorosma monspeliaca, Morina persica, Onobrychis megalophylla, Salvia jurisicii, Hedysarum macedonicum, Convolvulus holosericeus. Matevski et al. (2008) наведуваат поголем број значајни растителни видови за ова подрачје. Тие издвоиле и два (од вкупно шест во македонската степа) флористички значајни локалитети (Солен Дол-Енешево и Богословец) кои влегуваат во ЗПП Долна Брегалница.
Инсекти: Saga hellenica, Lycaena dispar, Paracaloptenus caloptenoides, Phengaris arion
Риби: Pachychilon macedonicum, Cyprinus carpio, Chondrostoma vardarense, Barbus macedonicus, Alburnus macedonicus, Silurus glanis, Vimba melanops
Водоземци: Rana dalmatina, Salamandra salamandra, Pseudepidalea viridis, Bufo bufo, Rana graeca, Bombina variegate, Pelophylax ridibunda, Hyla arborea, Lissotriton vulgaris
Влекачи: Zamenis situla, Telescopus fallax, Testudo graeca, Typhlops vermicularis, Vipera ammodytes, Eryx jaculus, Elaphe quatuorlineata
Цицачи: Lutra lutra Очигледно е дека се потребни пообемни флористички и фаунистички истражувања
за да се добие целосна слика за природните вредности на просторот на Долна
Брегалница, и се надеваме дека овој приказ на вредностите на орнитофауната во иднина
ќе иницира такви истражувања.
Стр. 7 пд 43
2.1 Граници и опис на подрачјето
a. Граници
Подрачјето Долна Брегалница се наоѓа во централниот источен дел на
Република Македонија, грубо, помеѓу селата Богословец на север, Доброшани на исток,
Аџи Јусуфи на југ и Кишино на запад. Почнувајќи од врвот Коџа Алчак источно од с.
Кишино, границата оди на североисток минувајќи западно од врвот Растана (354 м.н.в.) и
следејќи ги суводолиците, по најголемата суводолица се спушта во повремениот поток
Дузлер, од каде завртува кон север-северозапад, се до врвот Сари Таш. Од таму, врти на
исток-североисток, минува на котата 376 м.н.в на локалитетот Змијарник, продолжува во
ист правец сечејќи ја Светиниколска Река јужно од с. Аџибегово, и доаѓа до изохипсата од
400 м.н.в на Светијовански Рид. Ја следи оваа изохипса вклучувајќи го ридот се до патот
за с. Богословец, кратко го следи патот оставајќи го селото надвор од подрачјето по
изохипса од 460 м.н.в и доаѓа до суводолицата на северните падини на Тиски Рид. По
суводолицата повторно се спушта до 400 м.н.в, и продолжува да ја следи изохипсата се
до седлото на земјениот пат околу 2 км западно од врвот Мачуково (385 м.н.в). По малиот
с’рт се спушта на југоисток сè до р. Брегалница, и по нејзиниот десен бред се движи со
наспроти с. Скандалци, каде ја пресекува и продолжува југозападно, минувајќи помеѓу
котата 408 м.н.в на Курд Тепе и м.в. Едеклер. Од тука се спушта во потокот Кури Дере,
врти на запад и минува близу (западно) од котата 295 м.н.в., се спушта на југ по
суводолиците доаѓајки западно од котата 390 м.н.в. Продолжува на југозапад до
суводолицата јужно од Јусек Баир (386 м.н.в), па на југ качувајќи се на Кара Тепе (386
м.н.в), па врти на запад до м.в Киш. До р. Брегалница доаѓа следејќи ја суводолицата, ја
минува реката и се искачува по Бекиров С’рт (241 м.н.в), го следи с’ртот кон северозапад
кон Баир Арде (376 м.н.в) и продолжува до м.в. Кара Куш, од каде по суводолиците врти
кон североисток до Балавина (362 м.н.в) и на север до Коџа Алчак.
Границите се прикажани на слика 1.
Во вака дефинирани граници, подрачјето зафаќа површина од 8817 ha, со
највисока точка Светијовански Рид (755 м.н.в), а најниска на р. Брегалница кај Бекиров
С’рт (150 м.н.в).
Стр. 8 пд 43
Слика 1. Граници на подрачјето Долна Брегалница
b. Опис на живеалиштата
Детален опис на живеалиштата во поширокото подрачје на македонската степа е
даден кај Matevski et al. (2008). Во оваа публикација се прикажани 13 EUNIS живеалишта
и 16 растителни заедници.
За потребите на оваа студија не е извршена формална идентификација, туку се
дадени описи на живеалиштата според нивното значење за орнитофауната.
Пределот е дефиниран од еродираните ридови меѓу кои е всечено коритото на р.
Брегалницa. Во зависност од степенот на еродираност, инклинацијата на теренот и
Стр. 9 пд 43
искористувањето на земјиштето, можат да бидат разликувани неколу основни
живеалишта:
1. Речни текови – претставени единствено со коритото на реката, чиј водостој
значително варира во текот на годината. Реката носи значителни наноси, заради
кои најчесто е матна. Matevski et al. (2008) идентификувале едно живеалиште со
трска и една фитоценоза (Scirpo-Phragmitetum).
2. Крајречни шуми – претставени со две живеалишта: крајречно живеалиште од врба
и крајречни шумички од бела топола, кои се главно добро развиени (со значителна
старост), иако во тесен појас долж реката. Наместа се испрекинати со помали
површини на тамарикс.
3. Тревести живеалишта (суви пасишта, повремено влажни ливади и солени степи)
– зафаќаат значителен дел од подрачјето и се развиваат на сиромашните почви.
Скоро целосно отсуствува дрвенеста вегетација.
4. Шибјаци – во нив се доминантни драката (Paliurus spina-christi) и црвената смрека
(Juniperus oxicedrus), но и Phylirea media, Quercus pubescens и други видови.
Според Matevski et al. (2008) живеалиштето се дефинира како трнести смрекови
гариги.
5. Остатоци од дабови шуми – се среќаваат главно во доловите, но се многу
деградирани и никаде не формираат дури ниту мали шумички. Тука спаѓаат две
живеалишта (Matevski et al. 2008): хелено-мезијски шуми од унгарски даб и хелено-
мезијски габерови шуми.
6. Конгломератски карпи – се јавуваат долж безмалку целото корито на р.
Брегалница, а се карактерзираат со постоење на многу пукнатини во често сосема
вертикални литици, кои овозможуваат услови за гнездење на повеќе видови птици,
а веројатно и лилјаци.
7. Силикатни камењари – се јавуваат на мал дел на подрачјето (главно ридот
Богословец), и се од помало значење за фауната на птиците, иако се веројатно
значајни за флората на подрачјето.
8. Обработливи површини – претставени со ниви (жито, јачмен) по периферијата и
во околната на подрачјето (на пример, Убошко Поле) и помали ниви со пченка или
лубеници и дињи по лаките на р. Брегалница).
Стр. 10 пд 43
Слика 3. Хисарот. Во позадината, Светијовански Рид и Тиски Врв. Фото: М. Велевски
Слика 4. Р. Брегалница, меѓу Нерезини и Тиса. Фото: М. Велевски
Стр. 11 пд 43
Слика 5. Ридовите над р. Брегалница северозападно од с. Црешка. Фото: М. Велевски
Слика 6. Долината на р. Брегалница, од с. Јумуларци на запад. Десно - Светијовански
Рид. Фото: М. Велевски
Стр. 12 пд 43
c. Население
Регионот на Долна Брегалница е многу слабо населен. Според податоците од
последниот попис (Државен завод за статистика 2002 год.), само 5 жители живеат во
селото Бекирлија (5), и уште 45 во непосредната околина (Кишино (22), Доброшани (8),
Пенуш (8), Богословец (4), Аџибегово (5), Ќоселери (8)). Селата Црешка, Јумуларци,
Скандалци и Убого се целосно напуштени.
Околу 20 рибарски и ловџиски куќички исто така постојат долж р. Брегалница,
главно на сопственици од поголемите места во регионот (Штип, Дорфулија, Лозово и др.).
Слика 7.Село Црешка. Во позадината, Хисарот. Фото: М. Велевски
Стр. 13 пд 43
Слика 8. Село Јумуларци. Во позадината, Светијовански Рид и Тиски Врв. Фото: М.
Велевски
2.2 Орнитофауна
a. Методологија
Теренските истражувања на орнитофуната на подрачјето на Долна Брегалница
беа спроведувани во периодот 2003-2011 година, главно во гнездовиот и постгнездовиот
период (април-август), со повремени посети и во зимските, рано-пролетните и есенските
месеци. Истражувањата беа главно фокусирани на грабливите птици, при што е вршено
активно пребарување на теренот за да се утврди бројот на двојки за некои видови, при
што пешки е обиколен поголемиот дел од подрачјето. Мониторигот на утврдените видови
е главно вршен од место, од доволна дистанца за да се избегне вознемирување. При тоа
се бележени сите регистрирани видови, а за поинтересните видови е бележена и нивната
точна бројност. Направени се и неколку ноќевања, кои дадоа резултати за ноќно-
активните видови. Во истражуваниот период на терен се поминати околу 50 денови.
Резултатите се прикажани табеларно, за некои поинтересни видови (на пример,
видовите кои ги повлекуваат критериуите за квалификација на подрачјето за Значајно
подрачје за птици, или гнездилките од додаток I на Директивата за дивите птици
147/2009/EC на Европската комисија) се дадени и подетални информации (поглавја
„резултати“ и „цели на заштитата и целни видови“).
За комплетирање на листата користени се и објавените литературни податоци
(Grubac 1991, Škorpikova et al. 2006, 2007).
Стр. 14 пд 43
Валоризацијата е направена според стандардните критериуми: проценка на
глобалниот статус на видот според IUCN (2011), вклученост во додатоците на
Директивата за птици, Резолуцијата 6 на Советот на Европа и продолжетоците на
Бернската и Бонската конвенција, како и Европскиот статус за загрозеност и SPEC
категориите според BirdLife International (2004). На национално ниво валоризацијата е
направена според листите за утврдување на строго заштитените и заштитените диви
видови (Сл. весник на РМ 139/2011).
b. Резултати
Со теренските истражувања на орнитофауната на подрачјето на Долна
Брегалница се регистрирани вкупно 117 видови птици, а уште два (белоопашестиот орел
Haliaеetus albicilla и сипката торбарка Remiz pendulinus се вклучени врз основа на
литературни податоци (Škorpikova et al. 2006, 2007). Како потенцијално присутни, со оглед
на тоа дека се регистрирани покрај р. Брегалница во Штипската Котлина, треба да се
наведат и следниве видови (Puzović 1987): Nycticorax nycticorax, Egretta garzetta, Falco
subbuteo, Gallinula chloropus, Fulica atra, Charadrius dubius, Actitis hypoleucos, Sylvia nisoria,
и можеби уште неколку други, за кои авторот не дава доволно прецизни податоци. Од
овие 119 видови, еден (белоглавиот мршојадец Gyps fulvus) е исчезнат вид на гнездење,
91 вид гнездат и уште 8 видови веројатно гнездат на подрачјето. Бројот од 119 видови
птици не треба да се смета за конечен, затоа што не се спроведени доволно
истражувања во зимскиот и преселните периоди за птиците. Исто така, со оглед на тоа
дека истражувањата беа насочени главно кон грабливите и приоритетните видови, во
иднина може да се очекува потврдување и на нови гнездилки за подрачјето.
Прегледот на регистрирани видови е дадено табела 1, при што, покрај статуот, за
видовите за кои беше возможно, дадена е и процека на гнездечката популација.
Табела 1. Список на видови птици регистрирани на подрачјето на Долна Брегалница, со
нивни статус.
Бр. Вид Македонско име Статус Популација
1 Phalacrocorax carbo голем корморан зимување
2 Ardea cinerea сива чапја зимување
3 Anas platyrhynchos дива патка веројатна гнездилка
4 Haliaeetus albicilla белоопашест орел при миграција
5 Neophron percnopterus египетски мршојадец гнездилка 2 двојки
6 Gyps fulvus белоглав мршојадец поранешна гнездилка 5-15 еднки
7 Circaetus gallicus орел змијар гнездилка 1-3 двојки
8 Circus aeruginosus блатна еја при миграција
9 Circus cyaneus полска еја зимување
10 Circus pygargus ливадска еја при миграција
11 Accipiter gentilis јастреб кокошкар гнездилка 1-2 двојки
12 Accipiter nisus јастреб врапчар веројатна гнездилка 1-2 двојки
Стр. 15 пд 43
Бр. Вид Македонско име Статус Популација
13 Accipiter brevipes краткопрст јастреб при миграција
14 Buteo buteo глувчар гнездилка 3-4 двојки
15 Buteo rufinus лисест глувчар гнездилка 3-5 двојки
16 Aquila heliaca царски орел гнездилка 1-2 двојки
17 Aquila chrysaetos златен орел гнездилка 2 двојки
18 Falco naumanni степска ветрушка веројатна гнездилка 2-5 двојки
19 Falco tinnunculus ветрушка гнездилка 5-15 двојки
20 Falco vespertinus сина ветрушка при миграција
21 Falco biarmicus планински сокол гнездилка 2-4 двојки
22 Falco peregrinus сив сокол гнездилка 1-2 двојки
23 Alectoris graeca еребица камењарка гнездилка 15-30 двојки
24 Perdix perdix полска еребица гнездилка
25 Coturnix coturnix потполошка гнездилка
26 Burhinus oedicnemus чурлин гнездилка 5-15 двојки
27 Columba livia див гулаб веројатна гнездилка
28 Columba palumbus гулаб гурмиш гнездилка
29 Streptopelia turtur грлица гнездилка
30 Cuculus canorus кукавица гнездилка
31 Bubo bubo був гнездилка 2-3 двојки
32 Athene noctua кукумјавка гнездилка 5-15 двојки
33 Caprimulgus europaeus козодој гнездилка
34 Alcedo atthis рибарче веројатна гнездилка 1-5 двојки
35 Merops apiaster пчеларка гнездилка
36 Coracias garrulus модроврана гнездилка 5-10 двојки
37 Upupa epops пупунец гнездилка
38 Picus viridis зелен клукајдрвец гнездилка
39 Dendrocopos major голем клукајдрвец гнездилка
40 Dendrocopos syriacus сириски клукајдрвец гнездилка
41 Dendrocopos medius среден клукајдрвец гнездилка
42 Dendrocopos minor мал клукајдрвец гнездилка
43 Melanocorypha calandra голема чучулига гнездилка
44 Calandrella brachydactyla мала чучулига гнездилка
45 Galerida cristata цуцулеста чучулига гнездилка
46 Lullula arborea шумска чучулига гнездилка
47 Alauda arvensis полска чучулига гнездилка
48 Ptyonoprogne rupestris карпеста ластовичка гнездилка
49 Hirundo rustica селска ластовичка гнездилка
50 Hirundo daurica пештерска ластовичка гнездилка
51 Delichon urbica градска ластовичка гнездилка
52 Anthus campestris полска трепетилка гнездилка
53 Anthus trivialis шумска трепетилка при миграција
Стр. 16 пд 43
Бр. Вид Македонско име Статус Популација
54 Motacilla flava жолта тресиопашка гнездилка
55 Motacilla cinerea планинска тресиопашка гнездилка
56 Motacilla alba бела тресиопашка гнездилка
57 Cinclus cinclus воден ќос зимување
58 Troglodytes troglodytes царче гнездилка
59 Erithacus rubecula црвеногушка гнездилка
60 Luscinia megarhynchos славејче гнездилка
61 Phoenicurus ochruros циганче гнездилка
62 Phoenicurus phoenicurus лисесто циганче при миграција
63 Saxicola rubetra обично ливадраче веројатна гнездилка
64 Saxicola torquata планинско ливадарче зимување
65 Oenanthe oenanthe обично камењарче гнездилка
66 Oenanthe hispanica шпанско камењарче гнездилка
67 Monticola solitarius модар дрозд гнездилка
68 Turdus merula ќос гнездилка
69 Turdus viscivorus имелов дрозд гнездилка
70 Cettia cetti свиларче гнездилка
71 Acrocephalus schoenobaenus мал трскар гнездилка
72 Hippolais pallida сиво гушанче гнездилка
73 Hippolais olivetorum маслинар гнездилка
74 Sylvia cantillans црвеногушесто грмушарче гнездилка
75 Sylvia hortensis источно-медитеранско грмушарче гнездилка
76 Sylvia curruca мало грмушарче при миграција
77 Sylvia communis обично грмушарче гнездилка
78 Sylvia atricapilla црноглаво грмушарче гнездилка
79 Phylloscopus sibilatrix шумски свиркач при миграција
80 Phylloscopus collybita обичен свиркач гнездилка
81 Phylloscopus trochilus брезов свиркач при миграција
82 Muscicapa striata сиво муварче гнездилка
83 Ficedula albicollis беловрато муварче при миграција
84 Aegithalos caudatus дологоопашеста сипка гнездилка
85 Parus palustris мала црноглава сипка гнездилка
86 Parus lugubris голема црноглава сипка гнездилка
87 Parus caeruleus сина сипка гнездилка
88 Parus major голема сипка гнездилка
89 Sitta europea обичен лазач гнездилка
90 Sitta neumayer лазач грнчар гнездилка
91 Remiz pendulinus сипка торбарка веројатна гнездилка
92 Oriolus oriolus саријазма гнездилка
93 Lanius collurio обично страче гнездилка
94 Lanius minor мало страче гнездилка
Стр. 17 пд 43
Бр. Вид Македонско име Статус Популација
95 Lanius excubitor големо страче зимување
96 Lanius senator црвеноглаво страче гнездилка
97 Lanius nubicus нубиско страче гнездилка
98 Garrulus glandarius сојка гнездилка
99 Pica pica страчка гнездилка
100 Corvus monedula чавка веројатна гнездилка
101 Corvus cornix сива врана гнездилка
102 Corvus corax гавран гнездилка
103 Sturnus vulgaris обичен сколовранец гнездилка
104 Passer domesticus домашно врапче гнездилка
105 Passer hispaniolensis шпанско врапче гнездилка
106 Passer montanus полско врапче гнездилка
107 Petronia petronia врапче камењарче гнездилка
108 Fringilla coelebs обична ѕвингалка гнездилка
109 Fringilla montifringilla северна ѕвингалка зимување
110 Carduelis chloris обична зелентарка гнездилка
111 Carduelis carduelis билбилче гнездилка
112 Carduelis cannabina конопјарче гнездилка
113 Coccothraustes coccothraustes дебелоклун црешар гнездилка
114 Pyrrhula pyrrhula зимовка зимување
115 Emberiza cirlus црногрла стрнарка гнездилка
116 Emberiza cia планинска стрнарка гнездилка
117 Emberiza hortulana градинарска стрнарка гнездилка
118 Emberiza melanocephala црноглава стрнарка гнездилка
119 Miliaria calandra голема стрнарка гнездилка
Други значајни видови (види и „Цели на заштитата и целни видови“):
Falco vespertinus – сина ветрушка
Среќавана само при пролетна миграција, и потребни се подетални истражувања
за интензитетот и редовноста на истата, затоа што се работи за близу-засегнат (NT) вид
кој потенцијално може да го активира А1 критериумот за идентификација на Значајно
подрачје за птици (Velevski et al. 2010).
Oenanthe hispanica – шпанско камењарче
Многу чест вид на подрачјето на Долна Брегалница, карактеристичен за
медитеранскиот биом.
Monticola solitarius – модар дрозд
Редовно, но во мал број се среќава во клисурата на р. Брегалница,
карактеристичен за медитеранскиот биом.
Стр. 18 пд 43
Sylvia cantillans – црвеногушесто грмушарче
Многу чест и многуброен вид во грмушестите делови од подрачјето,
карактеристичен вид за медитеранскот биом. Широко распространет низ соодветни
живеалишта ширум Македонија.
Sitta neumayer – лазач грнчар
Се среќава на гнездење во значителен број (безмалку на секој поволен
микролокалитет), карактеристичен е за медитеранскот биом.
Emberiza melanocephala – црноглава стрнарка
Многу честа и исклучително бројна во подрачјето (една од подобрите „популации“
во Македонија), карактеристична за медитеранскиот биом.
c. Валоризација
Деталните критериуми според кои е направена валоризацијата на фауната на
птиците за секој вид поодделно се дадени во табела 2, а збирните резултати се
прикажани во табела 3.
Табела 2. Категории за валоризација на птиците на подрачјето на Долна Брегалница
според различни критериуми.
Бр. Вид
Правилник (Сл.
весник 139/2011) IUC
N (
20
11)
Ди
ректи
ва
за п
ти
ци
те
Ем
ер
ал
д
(Рез.
6)
Бер
нска
ко
нв
ен
ци
ја
Бо
нска
ко
нв
ен
иц
ја
SP
EC
ЕС
З
1 Phalacrocorax carbo без заштита LC
III
- S
2 Ardea cinerea без заштита LC
III
- S
3 Anas platyrhynchos заштитен вид LC II/A; III/A
III II - (S)
4 Haliaeetus albicilla строго заштитен вид LC I Да II I; II 1 R
5 Neophron percnopterus строго заштитен вид EN I Да II I; II 3 EN
6 Gyps fulvus строго заштитен вид LC I Да II II - S
7 Circaetus gallicus строго заштитен вид LC I Да II II 3 (R)
8 Circus aeruginosus строго заштитен вид LC I Да II II - S
9 Circus cyaneus строго заштитен вид LC I Да II II 3 H
10 Circus pygargus строго заштитен вид LC I Да II II -E S
11 Accipiter gentilis без заштита LC
II II - S
12 Accipiter nisus строго заштитен вид LC
II II - S
13 Accipiter brevipes строго заштитен вид LC I Да II II 2 VU
Стр. 19 пд 43
Бр. Вид
Правилник (Сл.
весник 139/2011) IUC
N (
20
11)
Ди
ректи
ва
за п
ти
ци
те
Ем
ер
ал
д
(Рез.
6)
Бер
нска
ко
нв
ен
ци
ја
Бо
нска
ко
нв
ен
иц
ја
SP
EC
ЕС
З
14 Buteo buteo строго заштитен вид LC
II II - S
15 Buteo rufinus строго заштитен вид LC I Да II II 3 (VU)
16 Aquila heliaca строго заштитен вид VU I Да II I; II 1 R
17 Aquila chrysaetos строго заштитен вид LC I Да II II 3 R
18 Falco naumanni строго заштитен вид LC I Да II I; II 1 H
19 Falco tinnunculus строго заштитен вид LC
II II 3 D
20 Falco vespertinus строго заштитен вид NT I Да II II 3 (VU)
21 Falco biarmicus строго заштитен вид LC I Да II II 3 VU
22 Falco peregrinus строго заштитен вид LC I Да II II - S
23 Alectoris graeca заштитен вид LC I; II/A Да III
2 (D)
24 Perdix perdix заштитен вид LC II/A; III/A
III
3 VU
25 Coturnix coturnix заштитен вид LC II/B
III II 3 (H)
26 Burhinus oedicnemus строго заштитен вид LC I Да II II 3 (VU)
27 Columba livia заштитен вид LC II/A
III
- (S)
28 Columba palumbus заштитен вид LC II/A; III/A
-E S
29 Streptopelia turtur заштитен вид LC II/B
III II 3 D
30 Cuculus canorus без заштита LC
III
- S
31 Bubo bubo строго заштитен вид LC I Да II
3 (H)
32 Athene noctua строго заштитен вид LC
II
3 (D)
33 Caprimulgus europaeus без заштита LC I Да II
2 (H)
34 Alcedo atthis без заштита LC I Да II
3 H
35 Merops apiaster без заштита LC
II II 3 (H)
36 Coracias garrulus строго заштитен вид NT I Да II II 2 VU
37 Upupa epops без заштита LC
II
3 (D)
38 Picus viridis без заштита LC
II
2 (H)
39 Dendrocopos major без заштита LC
II
- S
40 Dendrocopos syriacus без заштита LC I Да II
-E (S)
41 Dendrocopos medius без заштита LC I Да II
-E (S)
42 Dendrocopos minor без заштита LC
II
- (S)
43 Melanocorypha calandra без заштита LC I Да II
3 (D)
44 Calandrella brachydactyla без заштита LC I Да II
3 D
45 Galerida cristata без заштита LC
III
3 (H)
46 Lullula arborea без заштита LC I Да III
2 H
47 Alauda arvensis без заштита LC II/B
III
3 (H)
48 Ptyonoprogne rupestris без заштита LC
II
- S
49 Hirundo rustica без заштита LC
II
3 H
50 Hirundo daurica без заштита LC
II
- (S)
Стр. 20 пд 43
Бр. Вид
Правилник (Сл.
весник 139/2011) IUC
N (
20
11)
Ди
ректи
ва
за п
ти
ци
те
Ем
ер
ал
д
(Рез.
6)
Бер
нска
ко
нв
ен
ци
ја
Бо
нска
ко
нв
ен
иц
ја
SP
EC
ЕС
З
51 Delichon urbica без заштита LC
II
3 (D)
52 Anthus campestris без заштита LC I Да II
3 (D)
53 Anthus trivialis без заштита LC
II
- S
54 Motacilla flava без заштита LC
II
- (S)
55 Motacilla cinerea без заштита LC
II
- S
56 Motacilla alba без заштита LC
II
- S
57 Cinclus cinclus без заштита LC
II
- S
58 Troglodytes troglodytes без заштита LC
II
- S
59 Erithacus rubecula без заштита LC
II II -E S
60 Luscinia megarhynchos без заштита LC
II II -E (S)
61 Phoenicurus ochruros без заштита LC
II II - S
62 Phoenicurus phoenicurus без заштита LC
II II 2 (H)
63 Saxicola rubetra без заштита LC
II II -E (S)
64 Saxicola torquata без заштита LC
II II - (S)
65 Oenanthe oenanthe без заштита LC
II II 3 (D)
66 Oenanthe hispanica без заштита LC
II II 2 (H)
67 Monticola solitarius без заштита LC
II II 3 (H)
68 Turdus merula без заштита LC II/B
III II -E S
69 Turdus viscivorus без заштита LC II/B
III II -E S
70 Cettia cetti без заштита LC
II II - S
71 Acrocephalus schoenobaenus без заштита LC
II II -E S
72 Hippolais pallida без заштита LC
II II 3 (H)
73 Hippolais olivetorum без заштита LC I Да II II -E (S)
74 Sylvia cantillans без заштита LC
II II -E (S)
75 Sylvia hortensis без заштита LC
II II 3 H
76 Sylvia curruca без заштита LC
II II - S
77 Sylvia communis без заштита LC
II II -E S
78 Sylvia atricapilla без заштита LC
II II -E S
79 Phylloscopus sibilatrix без заштита LC
II II 2 D
80 Phylloscopus collybita без заштита LC
II II - S
81 Phylloscopus trochilus без заштита LC
II II - S
82 Muscicapa striata без заштита LC
II II 3 H
83 Ficedula albicollis без заштита LC I Да II II -E S
84 Aegithalos caudatus без заштита LC
III
- S
85 Parus palustris без заштита LC
II
3 D
86 Parus lugubris без заштита LC
II
-E (S)
87 Parus caeruleus без заштита LC
II
-E S
Стр. 21 пд 43
Бр. Вид
Правилник (Сл.
весник 139/2011) IUC
N (
20
11)
Ди
ректи
ва
за п
ти
ци
те
Ем
ер
ал
д
(Рез.
6)
Бер
нска
ко
нв
ен
ци
ја
Бо
нска
ко
нв
ен
иц
ја
SP
EC
ЕС
З
88 Parus major без заштита LC
II
- S
89 Sitta europea без заштита LC
II
- S
90 Sitta neumayer без заштита LC
II
-E (S)
91 Remiz pendulinus без заштита LC
III
- (S)
92 Oriolus oriolus строго заштитен вид LC
II
- S
93 Lanius collurio без заштита LC I Да II
3 (H)
94 Lanius minor без заштита LC I Да II
2 (D)
95 Lanius excubitor без заштита LC
II
3 (H)
96 Lanius senator без заштита LC
II
2 (D)
97 Lanius nubicus без заштита LC I Да II
2 (D)
98 Garrulus glandarius строго заштитен вид LC II/B
- S
99 Pica pica без заштита LC II/B
- S
100 Corvus monedula без заштита LC II/B
-E (S)
101 Corvus cornix без заштита LC II/B
- S
102 Corvus corax строго заштитен вид LC
III
- S
103 Sturnus vulgaris без заштита LC II/B
3 D
104 Passer domesticus без заштита LC
3 D
105 Passer hispaniolensis без заштита LC
III
- (S)
106 Passer montanus без заштита LC
III
3 (D)
107 Petronia petronia без заштита LC
II
- (S)
108 Fringilla coelebs без заштита LC
III
-E S
109 Fringilla montifringilla без заштита LC
III - S
110 Carduelis chloris без заштита LC
II
-E S
111 Carduelis carduelis без заштита LC
II
- S
112 Carduelis cannabina без заштита LC
II
2 D
113
Coccothraustes
coccothraustes без заштита LC
II
- S
114 Pyrrhula pyrrhula без заштита LC
III
- (S)
115 Emberiza cirlus без заштита LC
II
-E S
116 Emberiza cia без заштита LC
II
3 (H)
117 Emberiza hortulana без заштита LC I Да III
2 (H)
118 Emberiza melanocephala без заштита LC
II
2 (H)
119 Miliaria calandra без заштита LC
III
2 (D)
Значење на кратенките:
IUCN - Присуство на видови од Глобалната црвена листа на IUCN.
Стр. 22 пд 43
Загрозен (EN). Таксонот е загрозен кога најдобриот расположив доказ индицира дека таксонот ги
исполнува критериумите од А до Е за загрозен критериумите од А до Е не се присутни во оваа студија), и затоа се смета дека се соочува со многу висок ризик од исчезнување од природата.
Ранлив (VU). Таксонот е ранлив кога најдобриот расположив доказ индицира дека таксонот ги
исполнува сите критериуми од А до Е за ранлив (критериумите од А до Е не се дадени во оваа студија), и затоа сесмета дека се соочува со висок ризик од исчезнување од природата.
Близу загрозен (NT). Таксонот е близу загрозен кога е проценет по критериумите и засега не се
оквалификува како критично загрозен, загрозен или ранлив, но во блиска иднина е близу за оквалификување или веројатно да се оквалификува како категорија загрозен.
Незасегнат (LC). Таксонот е незасегнат кога е проценет по критериумите и засега не се квалификува
како критично загрозен, загрозен, ранлив или близу загрозен. Во оваа категорија се вклучени широко распространетите и абудантни таксони.
Директива за зачувување на дивите птици (147/2009/EC)
Додаток I - Видови со посебни мерки на зачувување во поглед на нивното станиште со цел да се
осигура нивниот опстанок и репродукција во нивната област на распространување. Во врска со ова, треба да бидат земени предвид:
видови во опасност од исчезнување
видови кои се ранливи од специфични промени во нивните станишта
видови кои се сметаат за ретки поради малата популација или ограничената локална дистрибуција
други видови кои наложуваат посебно внимание поради специфичната природа на нивното станиште
Додаток II - Поради нивното популационо ниво, географска дистрибуција и репродукционен степен
во заедницата, видовите наведени во Додаток II може да бидат предмет за лов според националната легислатива. Државите членки треба да го осигурат ловот на овие видови за да не се загрозат напорите за зачувување во нивната област на распространување.
Додаток II/1 - Видовите кои се однесуваат на Додаток II/1 може да се ловат во мориња и на копно
каде се применува оваа директива. Додаток II/2 - Видовите кои се однесуваат на Додаток II/2 може да се ловат само во државите членки
како што е посочено во нивните легислативи. Додаток III - Државите членки треба да забранат, за сите птици што се јавуваат во природата на
европска територија од државите членки, продажба, транспорт и одгледување за продажба, понуди за продажба на живи или мртви птици и секој препознатлив дел или дериват од таква птица.
Емералд
Видови вклучени во дополнетиот анекс на Резолуцијата бр. 6 на Советот на Европа Бернска конвенција
Продолжение I – строго заштитени видови
Продолжение II – заштитени видови Бонска Конвенција
Продолжение I - Видови загрозени од исчезнување
Продолжение II - Миграторни видови заштитени преку спогодби. Миграторните видови, кои имаат
неповолен статус за заштита или ќе имаат значителна корист од интернационалната соработка организирана од постигнатите спогодби, се наведени во Продолжение II од Конвенцијата. Затоа, Конвенцијата ги поттикнува земјите потписнички за да ги спроведат глобалните или регионалните спогодби за зачувување и управување со одделни видови или, мошне често, група од наброени единки.
SPEC - Видови од Европски интерес за зачувување
SPEC 1 Видови од за глобален интерес зачувување
SPEC 2 Неповолен заштитарски статус во Европа, сконцентрирани во Европа
SPEC 3 Неповолен заштитарски статус во Европа, не се сконцентрирани во Европа
Non-SPECE Поволен заштитарски статус во Европа, сконцентрирани во Европа
Non-SPEC Поволен заштитарски статус во Европа, не се сконцентрирани во Европа
Стр. 23 пд 43
Европски статус на загрозеност (ЕСЗ)
EN - Загрозен - ако европската популација потпаѓа под било кој од критериумите на IUCN Црвената листа за загрозен
VU - Ранлив - ако европската популација потпаѓа под било кој од критериумите на IUCN Црвената листа за ранлив
D - Опаѓање - ако европската популација не потпаѓа под некој од критериумите на IUCN Црвената листа, но е намалена за повеќе од 10% за 10 години или три генерации,
R - Редок - ако европската популација не потпаѓа под некој од критериумите на IUCN Црвената листа и не е во опаѓање, но брои помалку од 10000 расплодни парови (или 20000 расплодни единки или 40000 презимувачки единки) и не граничи со поголема воневропска популација
H - осиромашен - ако европската популација не потпаѓа под некој од критериумите на IUCN Црвената листа и не е редок или во опаѓање, но сеуште не е опоравена од умерено или големо опаѓање од кое страдала во текот на 1970-1990
L - Локализиран- ако европската популација не потпаѓа под некој од критериумите на IUCN Црвената Листа и не е редок, исцрпен и не е во опаѓање, но е значително сконцентрирана, со повеќе од 90 % од европската популација, на 10 или помалку места.
S - Сигурен - ако европската популација не потпаѓа под ниеден од горенаведените критериуми
Два глобално засегнати видови (египетскиот мршојадец и царскиот орел) гнездат
на подрачјето на Долна Брегалница со 2 и 1-2 двојки соодветно. Еден близу-засегнат вид
– модровраната - гнезди со нешто поголем број двојки, а уште еден (сината ветрушка) е
веројатно редовно присутен при миграција.
Дури 32 од регистририраните видови се вклучени на Додаток I на Директивата за
птиците и редовно се среќаваат на ова подрачје, од околу 80 видови вклучени во овој
додаток кои редовно се среќаваат во Македонија. Од нив, 24 гнездат или веројатно
гнездат на подрачјето.
Скоро идентичен е бројот – 33, сите претходни плус еребицата камењарка– видови
кои се вклучени во ревидираната резолуција 6 на Советот на Европа, за идентификување
на видовите од фауната врз основа на кои се врши идентификација на Емералд
подрачјата.
Во продолжеток II на Бернската конвенција (строго заштитени видови на фауната)
се вклучени дури 88 од видовите, од кои 72 гнездат или веројатно гнездат на подрачјето.
Уште 23 видa се вклучени во продолжетокот III (заштитени видови на фауната) на оваа
конвенција.
Четири видови (белоопашестиот орел, египетскиот мршојадец, царскиот орел и
степската ветрушка) се вклучени во додатокот I (загрозени миграторни видови) на
Бонската конвенција. Заедно со уште 46 други видови, тие се вклучени и во
продолжението II на оваа конвенција.
Три вида (белоопашестиот орел, царскиот орел и степската ветрушка) се во
категоријата SPEC 1 – видови од највисок заштитарски интерес на глобално ниво (според
BirdLife International 2004). Уште 16 други имаат неповолен заштитарски статус и се
концентрирани во Европа, а дури 36 имаат несоодветен заштитарски статус, но не се
концентрирани во Европа.
Според Европскиот статус на заштита, еден вид (египетскиот мршојадец) е
загрозен, а уште 4 (7) се чувствителни.
Стр. 24 пд 43
Според листите за одредување на строго заштитените и заштитени диви видови во
Македонија (Сл. весник 139/2011)1, 25 од регистрираните видови се строго заштитени, а
уште 7 се заштитени, што ја дава основата за прогласување на еколошки значајно
подрачје според член 51 од Законот за заштита на природата.
Табела 3. Валоризација на птиците на подрачјето на Долна Брегалница
Критериум Категорија Број на видови
IUCN
EN 1
VU 1
NT 2
LC 115
Директива за птиците
Додаток I 32
Додатоци I; II/A 1
Додаток II/A 1
Додаток II/B 10
Додатоци II/A; III/A 3
Невклучени 72
Емералд (Резолуција 6) Вклучени 33
Невклучени 86
Бернска конвенција
Продолжеток II 88
Продолжеток III 23
Невклучени 8
Бонска конвенција
Продолжетоци I; II 4
Продолжеток II 46
Продолжеток III 1
Невклучени 68
SPEC
SPEC Cat. 1 3
SPEC Cat. 2 16
SPEC Cat. 3 36
Non-SPEC-E 22
Non-SPEC 42
Европски статус на загрозеност
EN 1
VU 4
(VU) 3
D 8
(D) 12
R 3
1 МЕД веќе дпстави предлпг дп Министерствптп за живптна средина и прпстпрнп планираое за
ппдпбруваое на пвие листи вп делпт за птиците, сппред медунарпднп прифатените критериуми и
ратификувани дпгпвпри пд страна на Република Македпнија
Стр. 25 пд 43
Критериум Категорија Број на видови
(R) 1
H 7
(H) 16
S 45
(S) 19
Листа на строго заштитени и заштитени диви видови
строго заштитен вид 25
заштитен вид 7
без заштита 87
Вкупно
119
Во вака дефинирани граници, подрачјето Долна Брегалница има значително
поголеми орнитолошки вредности од споменикот на природа „Кањон Матка“ (Velevski
2008), споредливи со споменикот на природа „Демиркаписка Клисура“ (во предложените
зголемени граници, Ролевски и сор. 2003) и строгиот природен резерват „Тиквеш“
(предложен како споменик на природа во нови предложени граници, Фармахем 2010), но
опфаќа во голема мера различни орнитоценози.
3. Закани
При теренската работа беа идентификувани повеќе закани кои имаат влијание на
целото подрачје или на селектирани видови, и тоа:
1. Напуштање на традиционалниот начин на земјоделство односно
традиционално сточарство – главна причина за напуштањето на
традиционалниот начин на одгледување на домашните животни од страна на
локалното население е малиот приход кој не може да ги задоволи основните
потреби на населението (низок стандард). Заканата е присутна на целото подрачје
Долна Брегалница и има средно влијание, а се огледа во зараснување на тревните
екосистеми и намалување на потенцијалните извори на храна за некрофагните
видови птици.
2. Користење на пестициди и вештачки ѓубрива – при производство на храна
(земјоделско производство) пестицидите и вештачките ѓубрива се користат во
границите на подрачјето од страна на локалното наслеление или на земјоделските
површини околу подрачјето од страна на земјоделските комбинати. Оваа закана
има средно влијание врз следните видови птици: Melanocorypha calandra, Anthus
campestris, Burhinus oedicnemus, Falco naumanni, Coracias garrulus, пред се преку
намалување на бројноста на нивниот плен.
3. Непланско користење на шумите – главен извор на енергија за локалното
население се дрвата, кои се добиваат од крајречните шуми, при што не се врши
повторно пошумување. Оваа закана засега има слабо влијание врз фауната на
Стр. 26 пд 43
птиците на подрачјето, но со проширување на површините под овие шуми може да
се очекува значајно зголемување на орнитолошките вредности на подрачјето.
4. Легален лов – во и околу подрачјето се врши лов на еребицата камењарка
Alectoris graeca кој е дозволен за лов согласно Законот за ловството. Заканата има
средно влијание врз заштитата на видот, првенствено заради тешко достапниот
терен во текот на ловната сезона. Криволов на еребицата камењарка не е
забележан.
5. Лов со стапици, труење и криволов – е една од најголемите закани кои се
идентификувани на подрачјето Долна Брегалница заради неспроведување на
соодветната законска регулатива. Користењето на отровни мамки е присутно на
целата територија на подрачјето и има средно до големо влијание првенствено врз
птиците грабливки. Труењето на волците од страна на сточарите е основна
причина за поставување на отровни мамки.
6. Загуба на погодни места за гнездење на царскиот орел на национално ниво –
заканата се состои во намалување на бројот на стари стебла посебно дабови и
брестови погодни за гнездење на царскиот орел. Причините за оваа закана се
различни (социо-економски или еколошки) и на национално ниво не може да биде
надмината за подолг период. Посебно е видлива на просторот на Долна
Брегалница каде безмалку не постои ниту едно вакво стебло.
7. Вознемирување заради фаќање на диви пчели – пчеларството е развиено во
граници на подрачјето како значаен извор на приход. При тоа, пчелите се фаќаат
во природни пукнатини, често во близина на гнездечките места на неколку
приоритетни видови грабливи птици. Тоа доведува до сериозно вознемирување во
време на инкубација, и е веројатно главна причина за слабиот гнездов успех на
некои двојки.
8. Загадување на водите – заканата потекнува од земјоделските површини главно
околу подрачјето заради неспроведување на стандардите на добра земјоделска
пракса, како и од населените места надвор од подрачјето заради несоодветен
третман на отпадните води (непостоење пречистителни станици).
9. Ветерници/ветропаркови – во последниве години изградбата на ветерници
односно разгледувањето на можностите за користење на ветерот за производство
на енергија (како обновлив извор) е во фокусот на вниманието на домашни и
странски инвеститори. Ветерниците можат да имаат многу големо негативно
влијание врз некои видови птици како Aquila chrysaetos, Gyps fulvus, Neophron
percnopterus, Aquila heliaca, Circaetus gallicus. На подрачјето постои план за
поставување на ветропарк за ридот Богословец.
10. Недостаток на знаење и податоци за подрачјето – заради недостаток на
податоци за вредностите на биолошката разновидност возможно е некои значајни
особености да бидат загубени уште пред нивно спознавање. Исто така, не постојат
(или не ни се достапни) податоци за количествата пестициди и ѓубрива кои се
користат во подрачјето ниту нивното влијание врз биолошката разновидност.
Стр. 27 пд 43
4. Цели на заштитата и целни видови
26 видови птици кои се вклучени во Додаток I (видови за кои е потребно
идентификување на посебни заштитени подрачја за птици) на Директивата за зачувување
на дивите птици на Европската Комисија (147/2009/EC) се присутни на подрачјето како
веројатни или потврдени гнездилки. Поголемиот дел од нив не се соодветно застапени во
постојниот систем на заштитени подрачја во Македонија. Оттука, законската заштита на
подрачјето на Долна Брегалница придонесува за зголемување на репрезентативноста на
националната мрежа на заштитени подрачја во однос на заштитата на птиците на
национално, но и Европско ниво.
Во продолжение даваме краток осврт на секој од овие видови.
Neophron percnopterus - египетски мршојадец
Веројатно најзначајниот вид од орнитофауната на подрачјето, загрозен (EN) на
глобално ниво (IUCN 2011). Две двојки гнездат во клисурата на р. Брегалница, а нејзиниот
поширок простор го користат за барање на храна. На подрачјето често се набљудувани и
поединечни млади птици од овој вид. Популацијата на видот е во драстично опаѓање во
Македонија и ширум светот (македонската популација е преполовена во последните 10
години, Grubač & Velevski, in prep.). Уште најмалку една двојка од египетски мршојадци
гнездела на овој простор во 1990-ите години (ibid.).
Само околу една петина од познатите двојки на овој вид гнездат во границите на
постојните заштитени подрачја.
Gyps fulvus - белоглав мршојадец
На подрачјето на Долна Брегалница белоглавиот мршојадец доаѓа на
преноќување, од колониите во Демир Капија, Тиквешкото Езеро и Мариово, кога го
пребарува просторот на Овче Поле по храна. До околу 2000 година неколку двојки и
гнезделе во клисурата на р. Брегалница (Грубач, pers. comm.). Бројноста на видот е близу
три пати намалена во Македонија во последните десетина години. Околу десетина птици
беа отруени на просторот на Долна Брегалница при поставување на мамка за волци во
2008 година. Единствено колонијата белоглави мршојадци на Тиквешкото Езеро се наоѓа
во границите за заштитено подрачје. Заштитата на подрачјето на Долна Брегалница и
преземање на активни мерки за негово управување може да доведе до повторно
формирање на мала гнездечка колонија од овој вид.
Circaetus gallicus - орел змијар
Непостоењето на поголеми комплекси позачувана субмедитеранска вегетација е
веројатно главната причина за присуството на само мал бој двојки од овој вид на
подрачјето на Долна Брегалница. Општо земено, само околу 10% од целата популација
на видот во Македонија денес се наоѓа во границите за заштитени подрачја, главно на
Тиквешкото Езеро и Демиркаписката Клисура.
Стр. 28 пд 43
Accipiter brevipes – краткопорст јастреб
Иако податоците со кои располагаме укажуваат дека видот се среќава на овој
простор единствено при миграција, во долината на р. Брегалница постојат одлични
еколошки услови за негово гнездење, па затоа истото не е исклучено. Од другите
заштитени подрачја во Македонија, гнезди единствено во СП „Демиркаписка Клисура“.
Buteo rufinus - лисест глувчар
Најмалку три двојки лисести глувчари гнездат во клисурата на р. Брегалница, но на
просторот може да се очекуваат уште неколку двојки на гнездење. Само околу пет двојки
гнездат во заштитените подрачја во Македонија (главно на Тиквешкото Езеро), што не
претставува ниту 5% од националната популација.
Aquila heliaca - царски орел
Веројатно втор по значење вид птица за Долна Брегалница. Најмалку една двојка
гнезди во границите на подрачјето, и уште неколку во близина на истото. И покрај тоа што
еколошките услови се чинат оптимални, и млади и субадултни птици се редовно
присутни, веројатно се потребни мерки на активно управување (обезбедување на храна
и/или поставување на вештачи гнезда) за да бидат зафатени нови територии во долината
на р. Брегалница. Ниту една двојка од овој глобално чувствтелен (VU) вид не гнезди во
заштитените подрачја во Македонија.
Aquila chrysaetos - златен орел
Две двојки на овој вообичаено планински вид орел гнездат на просторот на Долна
Брегалница. Околу 20% од познатите гнездечки двојки веќе се гнездат во границите на
заштитените подрачја во Македонија (главно НП „Маврово“, СПР „Тиквеш“ и ПНП „Јасен“)
Falco naumanni - степска ветрушка
Присутна на гнездење во многу мал број. Видот веројатно забележа драматичен
пад на популацијата во Македонија во последните 10 години (како континуитет на
опаѓањето на неговата бројност започнато во 1960-ите), иако успешно закрепнува во
други делови на неговиот ареал, заради што глобалниот статус на загрозеност во 2011
беше променет од чувствителен (VU) во сигурен (LC) (BirdLife International, 2011). Во
Македонија веројатно воопшто не гнезди во границите на постојните заштитени подрачја.
Falco biarmicus - планински сокол
Долна Брегалница е едно од најзначајните подрачја за гнездење на овој инаку
многу редок вид сокол во Македoнија (25-35 двојки, Grubač & Velevski 2008), со најмалку
две гнездечки двојки. Сериозна е заканата од илегално собирање на јајца и млади на овој
вид за соколарење, заради што е потребна активна заштита на неговите места на
гнездење. До денес, само една од познатите двојки на овој вид во Македонија е во
границите на заштитено подрачје.
Стр. 29 пд 43
Falco peregrinus - сив сокол
Најмалку една двојка гнезди на овој простор. Популацијата во заштитените
подрачја е релативно добра (споредена со некои од другите видови во овој список), со
околу 15-20% од двојките во постојните заштитени подрачја.
Alectoris graeca - еребица камењарка
Еребицата камењарка е честа на подрачјето на Долна Брегалница, заради скоро
идеалните еколошки услови за нејзин опстанок и релативно малиот ловен притисок.
Активна заштита нa подрачјето веројатно може да доведе до зголемување на нејзината
бројност.
Burhinus oedicnemus – чурлин
Бројноста на овој вид со скриен начин на живот na подрачјето не може со
сигурност да се утврди, но еколошките услови се веројатно оптимални. Чурлинот не е
регистриран во постојните заштитени подрачја во Макеоднија во послeдните децении (на
пример, исчезнат е од НП „Галичица“, Vasiċ 2010)
Bubo bubo – був
Најмалку две двојки се присутни на просторот на Долна Брегалница. Видот е
релативно броен во Македонија, и веројатно со добро застапена гнездечка популација во
постојните заштитени подрачја во Македонија.
Caprimulgus europaeus – козодој
Многу чест ширум подачјето на долна Брегалница, а веројатно и во постојните
заштитени подрачја во Македонија.
Alcedo atthis – рибарче
Неколку двојки веројатно гнездат по бреговите на р. Брегалница, што го прави овој
простор еден од потенцијално поважните места на гнездење на видот во Македонија, а
само 1-2 двојки веројатно гнездат во границите на СПР „Тиквеш“.
Coracias garrulus – модроврана
Повеќе двојки гнездат во долината на р. Брегалница и околината. Видот е близу-
засегнат (NT) на глобално ниво (трет по значење вид за заштита на подрачјето), и не е
присутен во постојните заштитени подрачја на Македонија. Популациите му се во
опаѓање заради уништување на соодветните шуми за гнездење (вклучително и
крајречните), но добро закрепнува со спроведување на активни мерки на заштита
(поставување на вештачки куќички за гнездење).
Dendrocopos syriacus - сириски клукајдрвец
Видот е чест во низинските делови на Македонија, па и во долината на р.
Брегалница, каде гнезди во крајречните шуми. Сепак, заради генералната тенденција на
Стр. 30 пд 43
заштита на планинските и високопланинските предели во земјата, неговата популација
под заштита е многу ниска, во однос на целокупната национална популација.
Dendrocopos medius - среден клукајдрвец
Во помал број се среќава на гнездење во крајречните шуми, и подрачјето на Долна
Брегалница нема да има поголемо значење за заштитата на примарните живеалишта за
овој вид во Македонија.
Melanocorypha calandra - голема чучулига
Посебно е честа и многубројна во сите низински обработливи и степовидни
подрачја во Македонија, а Долна Брегалница е типично живеалиште каде се среќава во
голем број. Видот е практично отсутен од до денес заштитените подрачја во Македонија.
Calandrella brachydactyla - мала чучулига
Честа, но помалку бројна од претходниот вид чучулига, исто така скоро воопшто не
е застапена во постојните заштитени подрачја во Македонија. Во долината на Брегалница
се среќаваат едни од најдобрите ’популации’ на овој вид во Македонија.
Lullula arborea - шумска чучулига
Чест и широкораспространет вид во соодветните живеалишта во Македонија, во
релативно помал број се среќава и на подрачјето на Долна Брегалница. Постојната
мрежа на заштитени подрачја е веројатно репрезентативна за заштита на овој вид во
Македонија.
Anthus campestris - полска трепетилка
Типичен вид за степовидните предели во Македонија, и според тоа, многу чест и
во долината на р. Брегалница. Скоро целосно отсутен (или присутен во многу мал број)
од заштитените подрачја во Македонија.
Hippolais olivetorum – маслинар
Релативно често се среќава во подрачјето на Долна Брегалница, возможно е тоа
подрачје да е едно од најзначајните за овој вид во Македонија. Скоро да е сосема отсутен
во постојните заштитени подрачја.
Lanius collurio - обично страче
Видот е широко распространет во Македонија, главно во низинските, а во помал
број и во планинските области. Еден од најчестите видови птици во подрачјето Долна
Брегалница. Релативната опфатеност на неговата популација во Македонија со
постојните заштитени подрачја веројатно е недоволна, имајќи ги предвид големите
низински популации.
Стр. 31 пд 43
Lanius minor - мало страче
Значително поредок од претходниот вид во Долна Брегалница. Популациите во
Македонија главно се застапени во рамничарските и ридестите предели. Во многу мал
број присутен во останатите заштитени подрачја во Македонија. Со спроведување на
активни мерки на управување неговата популација во подрачјето на Долна Брегалница
може да биде лесно зголемена.
Lanius nubicus - нубиско страче
Релативно редок вид во орнитофауната на Македонија, иако значително го
прошири неговиот ареал во последните децении (Velevski 2001, Velevski et al. 2010). Во
долината на р. Брегалница веројатно се застапени најбројните популации во Македонија.
Скоро целосно отсуствува од останатите заштитени подрачја во Макеоднија.
Emberiza hortulana - градинарска стрнарка
Еден од почестите, иако не премногу броен вид птици на подрачјето на Долна
Брегалница. Планинските популации на овој вид во Македонија се релативно добро
опфатени (НП „Маврово“, НП „Галичица“), но споредено со големите низински популации,
постојниот систем на заштитени подрачја веројатно не е доволен за заштита на видот.
5. Предлог акционен план за заштита
Согласно направената валоризација на вредностите на орнитофауната во
подрачјето Долна Брегалница, главна цел за прогласување на ова подрачје за заштитено
подрачје би била обезбедување поволна состојба на зачуваност на птиците од европско
значење и остварување на барањата од Директивата за птиците.
Оттука, предложениот акционен план за заштита на подрачјето е фокусиран на
зачувување и унапредување на популациите на приоритетните видови птици согласно
Директивата за птиците и истиот би требало да биде надграден со зголемување на
знаењето за останатите природни вредности на подрачјето.
Заради остварување на оваа главна цел, а врз основа на идентификуваните
закани за орнитофауната, дефинирани се 13 општи цели, 24 посебни цели и 29 акции кои
се однесуваат или на заштита односно управување со целото подрачје Долна Брегалница
или на заштита на конкретни видови птици. Акциите се групирани во 4 групи на
активности, и тоа:
I. Истражувања и анализи,
II. Заштита,
III. Јакнење на капацитети и зголемување на јавната свест,
IV. Мониторинг.
Бидејќи за надминување на некои од заканите потребно е да се спроведат повеќе
различни акции (истражувачки, заштитни, едукативни и сл.) некои од поставените општи
цели се повторуваат/се релевантни во неколку групи на активности.
Стр. 32 пд 43
Предложениот акционен план е изработен за пет-годишен период на
имплементација, односно за секоја акција предложена е временска рамка за нејзина
реализација. Идеално, доколку овој предлог влезе во фаза на разгледување и поттикне
интерес за негова заштита, постапката за негово прогласување би можела да се одвива
според предложената временска рамка, и тоа:
- 2012 год. - фаза на предлог за заштита
- 2013 год. – подрачје под привремена заштита
- 2014 год. – прогласување на подрачјето за заштитено и номинирање субјект за
управување
- 2015-2016 год. – период на изработка на планот за управување со заштитеното
подрачје.
Дополнително, идентификувани се носителите (одговорна институција и/или
организација) за спроведување на секоја активност, нацрт буџетот, потенцијалните
извори на финанси – можни донатори, како и индикатори за реализација на предложената
акција.
Деталниот предлог акционен план за управување на подрачјето Долна Брегалница
е прикажан во табела 4.
Стр. 33 пд 43
Табела 4. Предлог-акционен план за заштита на подрачјето Долна Брегалница
Група на
активности Закани Општа цел Посебни цели Активности за заштита
Цел на активностите
Временска
рамка
Одговорни институции/ организации
Нацрт-буџет (Евра)
Потенцијални
извори на
финансии Индикатори
Истр
аж
ува
ње
и а
на
ли
зи
Недостаток на знаење и податоци
1. Правна заштита на Долна Брегалница
1.1. Да се започне со процесот на прогласување заснован на комплетна студија и информација
1.1.1. Подготовка на социо-економска студија за подрачјето (како дел од студијата за валоризација)
целото подрачје на Долна Брегалница
2013
МЕД, други заинтересирани страни 5000 SDC
Познати квантитативни податоци и подготвена социо-економска студија.
1.1.2. Подготовка на студија за валоризација на подрачјето
целото подрачје на Долна Брегалница
2013
МЖСПП и други надлежни институции 10000 SDC
Подготвена студија за валоризација и прифатена од МЖСПП.
Напуштање на системот на напасување
2. Постоење на екстензивно сточарство кое поддржува богат биодиверзитет во регионот
2.1. Да се одржи екстензивното земјоделство полезно за биодиверзитетот
2.1.1. Развој на студија за традиционалното одгледување на добиток во регионот
целото подрачје на Долна Брегалница
2013 Управувач 2000 SDC
Подготвена студија за традиционално одгледување.
Недостаток на податоци за користењето на пестициди и ѓубрива
3. Да се подобри знаењето и да се обезбедат релевантни податоци за користењето на пестициди и ѓубрива
3.1.Да се оцени влијанието на користењето на пестициди и ѓубрва на одредени видови птици
3.1.1. Спроведување на анализи на почвите за оценка на користењето на пестициди и ѓубрива во подрачјето
Melanocorypha calandra, Anthus campestris, Burhinus oedicnemus, Falco naumanni, Coracias garrulus
2014-2015 Управувач 8000 SDC
Познати концентрации на пестициди и ѓубрива.
Стр. 34 пд 43
Група на
активности Закани Општа цел Посебни цели Активности за заштита
Цел на активностите
Временска
рамка
Одговорни институции/ организации
Нацрт-буџет (Евра)
Потенцијални
извори на
финансии Индикатори
4. Да се предвидат потенцијалните проблеми од интензификација на земјоделството
4.1. Да се следат количините на користени пестициди и ѓубрива
4.1.1. Создавање на база на податоци за раширеноста и користењето на пестициди и ѓубрива
целото подрачје на Долна Брегалница
2014-2016 Управувач 2000 SDC
Развиена алатка за мониторинг (база на податоци).
За
шти
та
Лов со стапици, труење и криволв
5. Да се запрат нелегалните активности (лов со стапици, труење и криволов)
5.1. Да се елиминира користењето на отрови во регионот
5.1.1. Едукација на локалното население за постојните законски одредби поврзани со користењето на отрови
Gyps fulvus, Neophron percnopterus, Aquila heliaca 2012-
2015
МЕД, управувач, надлежни институции 3500 BVAP
Намален број на случаи на труење на птици.
5.2. Да се зајакне спроведувањето на законот во случаите на труење на диви видови
5.2.1. Зајакнување на капацитетите на инспекторатите за спроведување на ефективни истраги
Gyps fulvus, Neophron percnopterus, Aquila heliaca 2013-
2016
Надлежни институции, управувач 800 BVAP
Број на случаи за кои се води истрага.
5.3. Да се елиминира криволовот
5.3.1. Воспоставување на ренџерска служба
целото подрачје на Долна Брегалница
2014-2016 Управувач 4000
Управувач
Подобрено спроведување на законот преку намалени случаи на криволов.
5.4. Да се намали конфликтот меѓу сточарите и крупните ѕверови
5.4.1. Развој и спроведување на соодветна програма за компензација
Gyps fulvus, Neophron percnopterus, Aquila heliaca 2014-
2015 Управувач, МЗШВ 3000 BVAP
Број на пријавени случаи/побарувања за компензација.
Стр. 35 пд 43
Група на
активности Закани Општа цел Посебни цели Активности за заштита
Цел на активностите
Временска
рамка
Одговорни институции/ организации
Нацрт-буџет (Евра)
Потенцијални
извори на
финансии Индикатори
5.4.2. Донација на овчарски кучиња на сточарите
Gyps fulvus, Neophron percnopterus, Aquila heliaca
2012-2015
МЕД, управувач, надлежни институции 4000 BVAP
Број на прифатени и преживеани овчарски кучиња.
5.5. Да се намали ризикот од труење на приоритетните видови
5.5.1. Одржување на хранилиште
Gyps fulvus, Neophron percnopterus, Aquila heliaca
2013-2016
НВО Аквила, управувач 9500 BVAP
Број на птици кои го користат хранилиштето.
За
шти
та
Легален лов
6. Да се зголеми популацијата на ловните видови и да се намали вознемирувањето врз неловните видои
6.1. Целото подрачје или нивните најважни делови да се исклучат од ловно-стопанските основи
6.1.1. Лобирање кај МШЗВ за изземање на одредеи делови на подрачјето од ловиштата
Еребица камењарка (Alectoris graeca)
2013 МЖСПП, МШЗВ
Неможно да
се одреди МЖСПП
Не се одвива лов на одредени делови или целото подрачје.
6.2. Да се намалат дозволените квоти на териториите каде ловот ќе биде дозволен
6.2.1. Промени во ловностопанските основи
Еребица камењарка (Alectoris graeca)
2016 МЖСПП, МШЗВ 0
МЖСПП, МЗШВ
Намален број на отстрелан дивеч.
За
шти
та
Ветропаркови
7. Да се спречи уништување на живеалиштата и загуба на приоритетни видови
7.1. Да се избегнuва поставување на ветропаркови во и околу подрачјето на Долна Брегалница
7.1.1. Учествување/влијаење врз процесот и оценката за оцена на влијанието врз животната средина
Aquila chrysaetos, Gyps fulvus, Neophron percnopterus, Aquila heliaca, Circaetus gallicus 2012
МЕД, компанија за изработка на СОВЖС 20000
МЖСПП/меѓународни донори
Негативна ОВЖС
Стр. 36 пд 43
Група на
активности Закани Општа цел Посебни цели Активности за заштита
Цел на активностите
Временска
рамка
Одговорни институции/ организации
Нацрт-буџет (Евра)
Потенцијални
извори на
финансии Индикатори
7.1.2. Лобирање кај надлежните министерства (МЖСПП, Мин. за економија) и инвеститорите
Aquila chrysaetos, Gyps fulvus, Neophron percnopterus, Aquila heliaca, Circaetus gallicus 2013
МЕД, други заинтересирани страни 500 BVAP
Негативна ОВЖС
За
шти
та
Користење на шумите без обновување
8. Да се зачуваат и унапредат крајречните шуми
8.1. Да се постигнат поволни услови за размножување на приоритетни видови
8.1.1. Поставување на куќички за гнездење за приоритетните видови
Модроврана (Coracias garrulus)
2016 Управувач 2000
IPA за земјоделските површини со голема природна вредност
Зголемена гнездечка популација.
8.2. Да се обезбедат алтернативни извори на енергија за локалните жители
8.2.1. Обезбедување на сончеви колектори и соларни панели за локалните жители
Coracias garrulus, Lanius nubicus, Accipiter brevipes
2016 Управувач 12000
државни субвенции, LIFE+
Намален број на соборени стебла годишно.
8.3. Да се обезбеди одржливо користење на шумите преку нивно повторно засадување/пошумување
8.3.1. Едукација на локалното население за одржливото користење на шумите и техники за пошумување
Coracias garrulus, Lanius nubicus, Accipiter brevipes
2014 МЕД 1000
Агро-еколошки мерки
Подготвеност на локалното население да прифати нови технологии.
Стр. 37 пд 43
Група на
активности Закани Општа цел Посебни цели Активности за заштита
Цел на активностите
Временска
рамка
Одговорни институции/ организации
Нацрт-буџет (Евра)
Потенцијални
извори на
финансии Индикатори
За
шти
та
Користење на пестициди и ѓубрива
9. Да се намали влијанието на пестицидите и ѓубривата врз биодиверзитетот
9.1. Да се намали количината на пестициди и ѓубрива кои се користат во и околу подрачјето
9.1.1. Спроведување на агро-еколошки мерки
Melanocorypha calandra, Anthus campestris, Burhinus oedicnemus, Falco naumanni, Coracias garrulus 2016 Управувач 5000 SDC
Намалени концентрации во примероците.
За
шти
та
Загуба на погодни места за гнездење на царскиот орел на национално ниво
10. Да се зголеми националната популација на царски орли
10.1. Да се зголеми популацијата на царски орли која гнезди во заштитени подрачја
10.1.1.Поставување на платформи за гнездење
Царски орел (Aquila heliaca)
2016 Управувач 1500 Euronatur
Започнато гнездење на царските орли.
За
шти
та
Напуштање на системот на напасување
11.Постоење на екстензивно сточарство кое поддржува богат биодиверзитет во регионот
11.1. Да се зголемат изворите на храна за некрофагните птици
11.1.1. Зголемување на бројот на сточен фонд до ниво кое нема да предизвикува прекумерно напасување
целото подрачје на Долна Брегалница
2013-2016
МЕД, управувач, МЗШВ 2000
IPA за земјоделските површини со голема природна вредност
Зголемен број на добиток.
Стр. 38 пд 43
Група на
активности Закани Општа цел Посебни цели Активности за заштита
Цел на активностите
Временска
рамка
Одговорни институции/ организации
Нацрт-буџет (Евра)
Потенцијални
извори на
финансии Индикатори
11.2. Да се зголемат приходите од сточарството
11.2.1. Дефинирање на најпродуктивните екстензивни земјоделски практики
целото подрачје на Долна Брегалница
2013-2015 Управувач 1500
IPA за земјоделски површини со голема природна вредност, приходи на заштитеното подрачје
Зголемени приходи по сточар.
Ја
кне
ње
на
ка
пац
ите
ти и
зго
ле
мува
ње
на
јавна с
ве
ст
Напуштање на системот на напасување
12. Постоење на екстензивно сточарство кое поддржува богат биодиверзитет во регионот
12.1. Да се зголеми свеста за значењето на традиционлното земјоделство за биодиверзитетот
12.1.1. Сензибилизирање на локалното население за важноста на традиционалното семјоделство за биолошката разновидност
целото подрачје на Долна Брегалница
2013-2015
Центар за развој на источниот плански регион 1500 SDC
Број на луѓе кои го прифатиле системот на екстензивно земјоделство во и околу регионот.
Лов со стапици, труење и криволв
13. Да се запрат нелегалните активности (лов со стапици, труење и криволов)
13.1. Да се зголеми свеста за законските одредби поврзани со нелегалните активности
13.1.1. Обезбедување на обука за инспекторите за правните одредби за користењето на отрови, лов со стапици и криволов
целото подрачје на Долна Брегалница
2014-2016
МЖСПП, МШЗВ, управувач 3000 BVAP
Намален број на инспекторски извештаи за криволов врз птици.
Стр. 39 пд 43
Група на
активности Закани Општа цел Посебни цели Активности за заштита
Цел на активностите
Временска
рамка
Одговорни институции/ организации
Нацрт-буџет (Евра)
Потенцијални
извори на
финансии Индикатори
Вознемирување заради фаќање на пчели
14. Да се подобри успехот на размножување на приоритетните видови кои гнездат по литиците
14.1. Да се намали вознемирувањето на гнездата предизвикано од фаќање на пчели
14.1.1. Зголемување на знаењето за негативното влијание на фаќањето на пчели во близина на гнездата
Neophron percnopterus, Buteo rufinus, Falco biarmicus, Aquila chrysaetos, Bubo bubo, Gyps fulvus, Falco peregrinus 2012 МЕД 500 BVAP
Намален број на кутии за пчели по карпите.
14.1.2. Стимулација за производство на органски мед
Neophron percnopterus, Buteo rufinus, Falco biarmicus, Aquila chrysaetos, Bubo bubo, Gyps fulvus, Falco peregrinus 2013 Управувач 2000
IPA за земјоделските површини со голема природна вредност
Зголемени приходи за одгледувачите при ист број на пчелини семејства.
Загадување на водите
15. Да се минимизира влијанието од загадувањето на водите врз птиците
15.1. Да се намали загадувањето на водите
15.1.1. Лобирање кај локалните власти за изградба на пречистителна станица за отпадни води
целото подрачје на Долна Брегалница 2015-
2016 Управувач 1000 SDC
Планирани станици за пречистување на отпадните води.
15.1.2. Обезбедување на обука за земјоделците за соодветно управување со отпадот и спречување на загадувањето на водите
целото подрачје на Долна Брегалница
2013-2014
МЕД, земјоделски стопанства, управувач 1000
локални самоуправи
Број на обучени земјоделци; Број на земјоделци кои започнале со спроведување на ГАП стандардите.
Стр. 40 пд 43
Група на
активности Закани Општа цел Посебни цели Активности за заштита
Цел на активностите
Временска
рамка
Одговорни институции/ организации
Нацрт-буџет (Евра)
Потенцијални
извори на
финансии Индикатори
Мо
ни
тор
инг
Недостаток на знаење и податоци
16. Да се обезбеди соодветно управување со заштитеното подрачје
16.1. Да се развијат заштитарски мерки базирани на реални и обновувани податоци
16.1.1. Спроведување на редовен мониторинг на приоритетните видови
Gyps fulvus, Neophron percnopterus, Aquila heliaca, Buteo rufinus, Falco biarmicus, Aquila chrysaetos, Bubo bubo, Gyps fulvus, Falco peregrinus, Coracias garrulus, Lanius nubicus, Accipiter brevipes, Hippolais olivetorum, Anthus campestris, Alcedo atthis, Emberiza melanocephala, Sitta neumayes, Monticola solitarius, Oenanthe hispanica
2012-2016 МЕД 4000
BVAP, EBCC
познати податоци за популациите
Стр. 41 пд 43
6. Литература
Birdlife International (2004): Birds in Europe: population estimates, trends and conservation
status. BirdLife Conservation Series No. 12. – BirdLife International, Cambridge. Council of Europe (2011). List of candidate Emerald sites (proposed ASCIs). Standing
Committee of the Convention on the conservation of European wildlife and natural habitats
Farmahem (2010): Study for revalorization of natural values of protected area “Tikves” Strict Nature Reserve. Report to UNDP and Ministry of Environment and Physical Planning of Republic of Macedonia. – Farmahem, Skopje.
Grubac, B.R. (1991): Situation actuelle des Vautors (Aegypiinae) en Macedoine. pp 139–145 In: Proceedings from the Congreso Internacional sobre Aves Carroňeras. – Aedanat-Coda-Icona, Madrid.
Grubac, B., Velevski, M., Lisicanec, T, Lisicanec, E., Rolevski, D. & Andevski, J. (2007): The decreasing population size of Griffon Vulture (Gyps fulvus) in Macedonia and assesment of conservatuion measures. Abstract book from the 3rd Congress of the Ecologists of Macedonia, with international participation. pp. 101-102. 6th-9th October 2007, Struga.
Grubač, B. & Velevski, M. (2010). The Lanner Falcon Falco biarmicus in Macedonia. – Falco 35: 9–12.
Grimmett, R.F.A & Jones, T.A. (1989): Important Bird Areas in Europe. Technical Publication No. 9. – International Council for Bird Preservation, Cambridge.
Heath, M.F. & Evans, M.I. (eds.) (2000): Important Bird Areas in Europe: Priority sites for conservation. Vol. 2. Southern Europe. BirdLife Conservation Series No. 8. – BirdLife International, Cambridge.
Matevski,, V., Čarni, A., Kostadinovski, M., Košir, P., Šilc, U., Zelnik, I, (2008). Flora and vegetation of the Macedonian Steppe. Biološki inštitut Jovana Hadžija ZRC SAZU, Ljublana, 96pp.
Micevski, B. (2010): Ornitofauna na NP Mavrovo. Unpublished report of the project “Protection of the Environment, Economical Development and Promotion of Sustainable Ecotourism in "Mavrovo" National Park,” – Unity and Cooperation for Development of Peoples (UCODEP). Достапен на http://www.oxfamitalia.org/wp-content/uploads/2010/12/Report-B-MICEVSKI-PRO-%D0%9C%D0%90%D0%92%D0%A0%D0%9E%D0%92%D0%9E-Final-25-Nov-2010-g-Angl.pdf
Puzović, S. (1987): Struktura i sezonska dinamika faune ptica Štipske kotline (Istočna Makedonija) tokom 1982. godine. – Biosistematika 13 (2): 169–178.
Ролевски, Д., Ризовски, Р., Мицевски, Б., Грубач, Б., Ивановски, Т., Лисичанец, Т., Клинчаров, С., Настов, А., Велевски, М., & Делов, Б. (2003): Елаборат за валоризација на природните вредности на орнитолошкиот локалитет Демир Капија. Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Макеоднија, Скопје.
Schneider-Jacoby, M. (2010). A milestone on the road to Natura 2000. Acrocephalus 31 (147): 175-179
Škorpikova, V., Prašek, V. & Valášek, M. (2006): Ornithological notes from Macedonia in 2006. – Ciconia 15: 30–45.
Škorpikova, V., Prašek, V., Beran, V., Dostál, M., Valášek, M., Thelenová, J., Polednik, L. &
Poledniková, K. (2007): Birds of prey in Macedonia: notes from an ornithological expedition in 2007. – Ciconia 16: 19–25.
Стр. 42 пд 43
Vasić, V. (2010): List of Birds of the National Park Galičica. Report for the management plan of the NP Galičica. – Public enterprise National park "Galičica", Ohrid.
Velevski, M. (2001): New data on distribution of the Masked Shrike Lanius nubicus in Macedonia: further evidence for the expansion of its range on the Balkan Peninsula. – Acrocephalus 22 (108): 159–161.
Velevski, M. (2008): Evaluation of bird fauna at Matka Canyon, Macedonia. – Natura Montenegrina 7 (2): 369–380.
Velevski, M, Hallmann, B., Grubač, B., Lisičanec, E., Stoynov, E., Lisičanec, E., Avukatov, V., Božič, L. & Štumberger, B. (2010). Important Bird Areas in Macedonia: Sites of global and European importance. – Acrocephalus 31 (147): 181-282.