18
Бр.3 / 2016 ИНТЕРВЈУ РОМА (УНИ) ВЕРЗИТАС – ТЕНДЕНЦИЈА ДА СЕ БИДЕ ЕДНО КОМЕНТИРАМ ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ ПОДОБРО УТРЕ НАША ОДГОВОНОСТ АНАЛИЗА РОМИТЕ ДА ИЗБЕРАТ ЗА СВОИТЕ ИНТЕРЕСИ

АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

  • Upload
    others

  • View
    26

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

Бр.3

/20

16

ИНТЕРВЈУРОМА (УНИ) ВЕРЗИТАС –

ТЕНДЕНЦИЈА ДА СЕ БИДЕ ЕДНО

КОМЕНТИРАМЗНАЧИ ПОСТОЈАМ

ПОДОБРО УТРЕ НАШАОДГОВОНОСТ

АНАЛИЗАРОМИТЕ ДА ИЗБЕРАТ ЗА

СВОИТЕ ИНТЕРЕСИ

Page 2: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

Силхан Саитов, Проектен менаџерСеара Сулејман-Османи, Финансиски асистентШенај Османов, Локален проектен координатор воШтипДениз Исмаили, Локален проектен координатор воТетово

Контакт:Адреса „11 октомври“ бр.18/7, 1000 СкопјеТелефон: 076/225568E-mail: [email protected]к

С о д р ж и н аИнфоРаботилнициДипломирани студенти РомиПартиципација на Универзитетот “Гоце Делчев”2

Коментирам значи постојамПодобро утре ваша одговорност4

Топ темаСтудентите – управувачи на бродот5

ИнтервјуРома(уни)верзитас – тенденција да се бидеедно6

Рома Индекс советуваСлавете и внимавајте: Бурни ноќи, тешки денови8

Рома Индекс препорачуваADBLOCK – Најкорисна алатка за Chrome9 Рома Индекс застапуваТуторска поддршка за основците10

АнализаРомите да изберат за своите интереси11

Ромски идентитетРомските книжевни делаРомски речник14

Разговор со......Следете ги вашите соништа14

Здружение на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“- ISSN 2545-4005

Новинари:

Одговорен Уредник за Рома Индекс бр.3Кенан Таир, студент на Факултет заинформатички науки и компјутерскоинженерство

Џемилиана Абдулова, студент наПравниот Факултет

Елсон Иљаз, студент на Факултет затуризам и бизнис логистика

Алмира Фасљии, студент на ПравниотФакултет

Мухамед Ајваз, студент на ФилозофскиФакултет

Сабина Рустемовска, студент наМедицински факултет

Сумеа Рахим, студент на Медицинскифакултет

Лебишка Селоска, студент на Филолошкифакултет

1

Page 3: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

И н Ф оОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО

ЈАВНОСТ И НОВИНАРСКО ИЗРАЗУВАЊЕ

Пишување вест, новинарски жанрови, јавност и јавномислење беа дел од темите за кои се дискутираше наработилницата „Комуникација со јавност и новинарскоизразување“. На работилницата, одржана на 22 Октомври,учествуваа дваесетина студенти, а обуката ја спроведоа

м-р ТодорСтојчевски иЕлвис Мемети.Притоа, се

користеаработа во групии дискусија на

учесницитемеѓу себе и со

говорниците,со што

работилницата беше многу интересна и поучна за ситеучесници. Од оваа работилница произлегоа и новитеновинарски имиња кои веќе пишуваат во Рома Индекс.Работилницата се одржа во просториите на Ромаверзитас,со поддршка од РЕФ.

ЗАПИШАНИ СТУДЕНТИ VS. ДИПЛОМИРАНИ

Рома Индекс го презентира извештајот “Успешноста наДекадата на Ромите во високото образование“ од авторотЏенифер Џеладин, каде што за прв пат се врши синтеза забројот на запишани и дипломирани студенти.

Како што може да се забележи од горе прикажанитеподатоци, бројот на дипломирани студенти значително сенамалува и укажува на фактот дека ромските студенти сесоочуваат со проблеми при премин од една во другагодина, или пак значително голем број на студенти сеоткажуваат откако ќе се запишат на факултет. Највисокброј на ромски студенти имаме во 2013 година, дури 233додека најмал број на студенти во 2015 година, со 168.Интересно е да се забележи дека, бројот на студенти сенамалува особено во последните години. Загрижувачки ефактот дека во 2014 година има само 17 дипломиранистуденти. Овие бројки покажуваат дека сите засегнатистрани, почнувајќи од ромските студенти, Ромаверзитас,ромски НВО-и, МОН, РЕФ, треба да презематдополнителни акции од идентификација на потребнатаподдршка во рамките на студирање до мерки кои ќе јазголемат мотивацијата на студентите.Податоците покажуваат дека од 2010 до 2016 година, нафакултет се запишале 1,236 ромски студенти, додеказаклучно со 2014 дипломирале само 139 студенти.Податоците за 2014 и 2015, се преземени од Државниотзавод за статистика, додека останатите се одистражувањето.

РОМСКИ БУКВАР

Буквар на ромски јазик беше промовиран на 12 ноември2016 година во просториите на литературното кафе„Метаноја“ во Скопје. Автор на букварот е Севдија А.Демирова, која на промоцијата рече дека со оваа книга, на

забавен иедукативен начин,се изучува секојабуква со посебнапесничка со што,ромските деца ќе јанаучат ромскатаабецеда. СпоредДемирова, оваакнига е и за нивнитедругарчиња оддруги етнички

заедници, бидејќи содржи и песнички на македонски јазики мини речник. Букварот на ромски јазик е подржан одВладата на Република Македонија

Рома Индекс | Бр.3

2

Page 4: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

РОМСКИТЕ СТУДЕНТИ НЕ ПЛАЌААТ ПАРТИЦИПАЦИЈА ВОПРВА ГОДИНА

Сите запишани студентиРоми во прв и вторсеместар наУниверзитетот „ГоцеДелчев“ во Штип сеослободени од плаќањепартиципација.

Со оваа иницијатива,Универзитетот дава поддршка на студентите Роми и настудентите од социјално загрозените семејства. Одплаќање се ослободени и лица без родители, лица со првстепен инвалидитет, воени инвалиди и лицата растени водомови за напуштени деца. Најголем број од ромскитестуденти се запишани на Правниот факултет и Факултетотза образовни науки, но покажуваат интерес и заприродните науки.

УСПЕШНО ЗАВРШЕН КУРС ПО КОМПЈУТЕРИ

Повеќе од 40 студенти Роми завршија курс по компјутери. Вотекот на октомври и ноември, во просториите наЗдружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје, Тетовои Штип, студентите учеа како да ги подобрат своите вештиниза работа со компјутери, односно да се стекнат со основни и

напредни вештини за работа со програмите Microsoft Word,Excel и Power Point 2013. По завршувањето на курсот, сосертификат за успешно завршен курс по компјутери сестекнаа 42 студенти од Скопје, Тетово и Штип. Овие курсевипо компјутери се дел од проектот „Ромаверзитас – академскаи друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, кој ефинансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ),Будимпешта.

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ НА РОМАВЕРЗИТАС

ЕФЕКТИВНО МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Студенти – стипендисти наРомаверзитас од Штип,Тетово и Скопјеучествуваа на еднодневнаработилница на тема„Менаџирање на време за

ефективно учење“. Работилницата се одржа на 26 ноември2016 година од страна на доцент д-р Лазар Ѓуров.Притоа, учесниците учеа како да бидат свесни за клучнатаважност на менаџмент на време во нивниот професионаленуспех и исполнетост и среќа на приватен план , да научатуспешно да дефинираат животни улоги и да ги подредат поприоритет, да дефинираат долгорочни, среднорочни икраткорочни цели за секоја од нивните животни улоги, какои да креираат To DO листа и да се оспособат да гипрепознаат „крадците“ на време и успешно да гиелиминираат.Автори: Алмира Фасљии & Сумеа Рахим

Рома Индекс | Бр.3Рома Индекс | Бр.3

ТУТОРСТВО2016 / 2017

ЛИТЕРАТУРА2016 / 2017

РАБОТИЛНИЦАМЕТОДОЛОГИЈА НА

НАУЧНОИСТРАЖУВАЊЕ

Декември 2016

КУРС ПОКОМПЈУТЕРИ

Ное/ Дек 2016

ОБУКАПРОЕКТЕН ЦИКЛУС

Фев 2017

КУРС ПО СТРАНСКИЈАЗИЦИ

Фев – Апр 2017

РАБОТИЛНИЦАТЕХНИКИ ЗААКАДЕМСКОПИШУВАЊЕ

Фев 2017

РАБОТИЛНИЦАРОМСКИ ИДЕНТИТЕТ

Март 2017

РАБОТИЛНИЦАРОМСКИ ИДЕНТИТЕТ

Април 2017ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НАМЕЃУНАРОДЕН ДЕН

НА РОМИТЕ

8ми Април 2017

РАБОТИЛНИЦАКОМУНИКАЦИСКИ

ВЕШТИНИ

Април 2017

РАБОТИЛНИЦАПРЕЗЕНТАЦИСКИ

ВЕШТИНИ

Април 2017

3

Page 5: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

ПОДОБРО УТРЕ - НАША ОДГОВОРНОСТ

Ако нешто ти недостига, позајмиго тоа од себе. Кога велиме себене мислиме на нечијаиндивидуалност, што ќе гоувидите на крајот од овој текст.Кога велиме себе всушност

мислиме на нас, Ромите. А кога веќе сме кај нас, тоа е темаза бескрајно полемизирање околу што и како треба да сеправи за нам како народ да ни биде подобро. Еве како ниегледаме на тоа. Ќе почнеме со нашата дефиниција залидерството и водењето промени: „Лидерството еуметноста на преземање одговорност за водење нагрупата кон остварување на заедничката цел во услови нанеизвесност“. А има ли нешто понеизвесно од тоа каков ќебиде животот и општествениот статус на нашите деца ивнуци во иднина?

Поради тоа нашите семејства инвестираат во нас и не‘поддржуваат. Лидерството во нас не се гради само прекуработилници, семинари и користењето на модернитемедиуми, тоа се гради преку осмислено делување заостварување на одреден резултат. И да, не постоинегативен резултат или неуспех, постои само успех иповратна информација (научена лекција). Ние веруваме вонеколку принципи на лидерството: идеализирановлијание, инспирација, интелектуална стимулација ииндивидуален коучинг. Овие принципи придонесуваат засозревање на поединците и одење преку личниот интерес-самоактуелизација и грижа за подобро утре за сите. Така јаградиме меѓузависноста и потребата од колективноделување.

На сите нам ни се случило да ни биде кажано: „Секоја чест,да има повеќе такви како тебе, ситуацијата би билапоинаква“ доколку на сите ни било кажано, тоа, значи декасме доволно на број за ситуацијата да биде поинаква. Онашто е потребно е да се осмелиме и да поминеме преку еготои како млади лидери да дозволиме некогаш да бидемеподдржувачи, некогаш водачи на промените. Но треба дасме постојано тука. Ние сме единствената надеж нанашиот народ. Нашиот народ се надева во нас.

Сите ние со самата одлука да придонесеме конподобрувањето на статусот на Ромите свесно сме јаприфатиле одговорноста на мисијата да бидеме креаторина подоброто утре: Утре кое претставува еднаков пристапдо сите добра и услуги како и останатите. Утре во коенема да чекаме со наведната глава додека другитевлегуваат во ординација преку ред. Утре во кое нема даслушаме „ти не си како другите кај вас“. Утре во кое немада мораме да се расправаме со сопственици наугостителски објекти зошто не им дозволиле на нашитепријатели да влезат и да бидат на исто место со другитесамо затоа што се Роми. Утре во кое ќе имамепарламентарна група која по секоја цена ќе работи воинтересот на заедницата, итн.

Ние сме генерацијата која сноси морална одговорност заостварување на тоа подобро утре и мораме да работимезаедно и да се поддржуваме по секоја цена, дури и когане се согласуваме едни со други. Нашето единство ќе годаде посакуваниот резултат: развојот на лидерството кајсекој припадник од нашата заедница, поголема моќ навлијание и поголеми промени. Кога еднаш ќе јанапуштиме нашата комфорна зона, ќе сфатиме деказаедно можеме се' да оствариме. Од нашите скромниактивистички, протестни и бунтовнички искуства,научивме дека лидерот треба да биде предизвикувачотна перманентна конфронтација, што ќе дестабилизиранадвор за исходот да биде внатрешна стабилизација.

Нашата цел е достигнување на извонредност,индивидуална и колективна. Индивидуална извонредносткако сите имиња од историјата на чии животни дела севосхитуваме, колективна извонредност како сите народи,движења и организации кои го смениле светот.

За крај, ние како народ сме извонредни. Сами, без никојдруг нашите предци преживеале на маргините наопштеството со векови. Геноциди, ропство, протерувања,секакви политички неправди. Редот е на нас, тааколективна извонредност на преживување да јатрансформираме во заеднички акции преку кои ќестигнеме до колективна извонредност на влијание,позитивни промени, и подобро утре. Изборот е наш, а иодговорноста.“

Автор: Тимот на здружение за јакнење и организирање наромската заедница “Романо Авази”

оК м е н т из н а ч и

п о с т о ј м

р а м

а

4

Рома Индекс | Бр.3

Page 6: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

Дури 77 отсто од испитаниците сметаатдека младите Роми се вклучени вополитички партии.

Студентите Роми придонесуваат кон уривање напредрасудите и стереотипите на останатитеетнички групи.

Со студирањето, тие ја менуваат перцепцијата заРомите, докажуваат дека и тие се образуваат, сеодговорни и успешни, рамо до рамо, соостанатите граѓани.

Исто така, Ромите придонесуваат и со самотовработување. Затоа што, познато е дека односоткон Ромите во јавните институции не е сосемасоодветен и се соочуваат со потешкотии приреализација на своите услуги. Со вработувањетоРоми во јавните институции, всушност, процесотсе олеснува. Директниот ефект е тоа што Ромитесе ангажираат и помагаат на своите сограѓани.Индиректно, со самото присуство на вработенРом се менува односот на другите конзаедницата.

Порака од студентите до политичките лидери:СТУДЕНТИТЕ ДА БИДАТ УПРАВУВАЧИ НАКОРМИЛОТО НА БРОДОТ, ЧИЈА ПОСЛЕДНАДЕСТИНАЦИЈА Е ПОДОБАР СОЦИО-ЕКОНОМСКИ СТАТУС НА ЦЕЛАТА ЗАЕДНИЦА

СТУДЕНТИТЕ ДА БИДАТ УПРАВУВАЧИ НА БРОДОТ

Бројот на студенти Роми кои се вклучуваат во одредениорганизирани форми на делување, континуирано расте. Овојфакт укажува на тоа дека студентите се потенцијалнадвижечка сила и нова генерација млади, едуцирани иуспешни личности, на кои се надева целата Ромска заедница.Во нив се рефлектира светлото на крајот на тунелот. Во односна изборот на студии, студентите Роми се дисперзирани воразлични области, што само по себе укажува дека сезголемува бројот на различен кадар. Ова, всушност, е спротитврдењата дека Ромите не се вработуваат затоа што немадоволно едуциран кадар. Од друга страна, гласот настудентите Роми не може да се слушне. Тие како да не сесвесни за својата моќ или немаат доволно простор да гиискажат своите потреби и незадоволства.

Ние, како Рома Индекс, кој е глас на студентите Роми,направивме истражување со анкетен прашалник во односна проблемите, потребите и барањата на студентите одполитичарите, од функционерите. Анализата покажа декадури 68% од студентите се незадоволни и со неисполнетибарања од страна на политичарите и функционерите.

Кога се анализираат проблемите со кои се соочуваатстудентите, несомнено доминира неизвесноста завработување по дипломирањето. Затоа, тврдо и јасноизразуваат несогласување со партиските вработувања ивелат дека заслужуваат еднакви можности. Според нив,само компетентноста, а не партиската книшка, треба дабиде критериум кој ќе одлучи кој ќе биде вработен.

Во однос на студирањeто, главни проблеми со кои сесоочуваат студентите се недоволната практична настава,висината на партиципацијата, административните трошоции недоволно квалитетните простории за одржување напредавањата. Проблем е и немањето можност да се вклучатво донесувањето одлуки кои ги засегаат младите, како инедоволниот дијалог на релација: студенти - претставницина институции.

Истражувањето покажа дека, во поглед на образовниотсистем, студентите бараат намалување напартиципацијата и на административните трошоци,можност за платена практична работа, можности завработување и подобри услови за студирање (опременост

на предавални, библиотеки и лаборатории). Студентитекоишто живеат надвор од Скопје бараат да се намалатпатните трошоци. Исто така, младите Роми бараат фокусотда биде ставен на студентите, да се охрабруваат, да сеподдржуваат и да се промовираат заслужни студенти.

Од сето ова заклучуваме дека студентите имаат капацитети потенцијал да придонесуваат на различни полиња вофункционирање на системот. Неопходно е, ромскитеполитички лидери да ги вклучуваат студентите Роми вопроцесите на донесување одлуки. Постојат различниможности за да се овозможи ова. Ние предлагаме да сенаправи Младински совет во општините, составен одмлади студенти и диппломирани Роми. Друго решение заоние коишто веќе се вклучени во политички партии е дадобијат можност за почитување и вреднување на нивниотглас.

Автори: Мухамед Ајваз и Сабина Рустемовска

Рома Индекс | Бр.3

оT п ат е м

5

Page 7: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

1. Што е суштината на постоењето на„РОМАВЕРЗИТАС“? Со каква мисија и визијапристапувате кон студентите Роми?

2.Од 2001 до 2013 година, „РОМАВЕРЗИТАС“ бешеПрограма за образование на Роми. Зошто, одпрограма за образование прерасна во целосно ново инезависно Здружение на граѓани?РОМА (УНИ) ВЕРЗИТАС – ТЕНДЕНЦИЈА ДА СЕ БИДЕ ЕДНО

ИНТЕРВЈУ СО ЕЛВИС МЕМЕТИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НАРОМАВЕРЗИТАС

Драго ми е што и денес студентите на Ромаверзитас имаатможност да користат модел на неформално образованиекој што придонесува за развојот на “колективнииндивидуалци”. Од постоењето на Ромаверзитас (од 2002год) до денес, различни генерации поминаа низ една истасуштина. Всушност, суштината на Ромаверзитас е да гоподржува развојот на ромската академска заедница. Тоа еуспех на оние кои што ја подржаа и ја застапуваат идејатана организацијата, на оние кои што го менаџираaРомаверзитас и секако продуктна генерациите кои штопроизлегоа и ќе произлезатблагодарение на поддршката наРомаверзитас.

Од оваа идеја (uni-versitas –tendency to be one) всушностпроизлезе уникатен модел/колеџза поддршка на ромскитестуденти. Нашата визија е декаромските студенти одРомаверзитас се препознатливилидери кои што ја застапуваатРомската заедница ипридонесуваат за развојот на индивидуалните иколективните интереси на заедницата и општеството.

Додека пак мисијата на Ромаверзитас е пред се да гизајакне личните и академските капацитети на ромскитестуденти и на младите Роми во Р. Македонија, прекуобезбедување на академска и неформална поддршка заличен, професионален и колективен развој.

Ромаверзитас им пристапува на студентите како сервис заподдршка кој што овозможува да го користат она што инакуне би можеле да го искористат на друг начин. Место кадешто студентите ги градат своите искуства и ги споделуваатинформациите, идеите и стандардите кои што гиспознаваат.

Здружувањето на лица со исти или слични идеи зарадиостварување на заеднички интереси на конкретна група награѓани е демократски и пред се природен процес.Програмата за образование на Ромите во рамките наФООМ ја одигра својата улога преку поддршката која штотогаш ја имаше Ромаверзитас. Процесот наосамостојување или “спин оф” беше пропратен соподготовка на Стратегија за Ромаверзитас која шторезултираше со формирање на самостојно здружение награѓани. Тоа беше правилен избор на група оддипломирани студенти - алумни на Ромаверзитас кои штокако основачи на здружението, подготвија проект заРомаверзитас. Оваа самостојна идеја која што нудешепродолжување на моделот на неформално академско

образование на ромскитестуденти, ја добиподдршката од главниотдонатор – РомскиЕдукативен Фонд. Ниеверуваме декаРомаверзитас на овојначин може полесно да јаоствари својата Визија имисија. Впрочем, ништоза нас – без нас, е мототокое што дава најдобародговор на прашањетозошто една програмауправувана од други -

прерасна во целосно ново и независно здружение воденоод нас. Ние веруваме дека сите заедно можеме даодговориме на предизвиците со кои што се соочувагенерацијата на ромските студенти. Тука е и суштината наовој процес. Можеме да ги идентификуваме потребите наромските студенти и соодветно да ги адресираме истите.Можеме да ги спроведуваме и застапуваме нашите идеизаради остварување на нашата крајна цел а тоа е –Едуцирана Ромска академска заедница која штопридонесува за развојот на Ромите во РепубликаМакедонија.

Рома Индекс | Бр.3

нИ т е р в ј у

6

Page 8: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

3. На кој начин „Ромаверзитас“ им помага настудентите Роми?

Во основата на моделот е нееднаквоста во стартнитепозиции – имено Ромите традиционално и историскинемале услови за фер и еднаков пристап во сите сфери наопштествениот живот со посебен фокус на академскиотразвој, ние веруваме дека единствен пристап заунапредување на положбата е преку поддршка и градењена едуцирана ромска академска елита која штопридонесува за колективниот развој. ЗатоаРомаверзитас треба да го унапреди овој процес насоздавање на кадри кои што покрај формалнотообразование низ универзитетите во државата, нуди обуки,тренинзи и работилници како и дополнителна академскапомош заради образование кое што не се стекнува низпостојниот начин на студирање.Со еден збор Ромаверзитас им помага на студентите да гиизградат своите индивидуални и академски капацитети иполесно да ги завршат додипломските студии, и при тоаоткако ќе дипломираат истите иницираат промени воопштеството преку нивната секојдневна работа запошироката Ромска заедница. Неколку индикатори себитни а тоа е проодноста на ромските студенти во секојанаредна година на студии, успешното и навременозавршување на додипломските студии, остварување наповисок просек на студии, како и развој на професионалниакадемски вештини.

Во 2001 година имавме едвај 10 ромски студенти кои штобеа редовно запишани во факултетите. Денес таа бројка епоголема од 300 ромски студенти. Секако придонес во сетотоа има и Ромаверзитас. Денес сите ромски студенти коишто поминале низ Ромаверзитас се носители на одреденипозиции во администрацијата, ромските политичкипартии, НВО, во приватниот сектор итн. Ромаверзитаскако студентска организација, денес е препознатливрегионален модел

Многу дожд прокапело низ она што е денес постигнато. Јасне можам да го присвојам успехот на она што сите заедно гопостигнавме. Но горд сум што можам да сведочам за еднажива историја која што ја создаваме. Ние во улога наимплементатори, донаторите (Ромскиот Едукативен Фонд)

како поддржувачи и студентите како група , сите заедно го

продолжуваме она што го почнавме во минатото. Имамвпечаток дека порано постоеше поголем ентузијазам кајромските студенти за поголема партиципација во се штобеше организирано и подржано. Можеби таа еуфоријабеше продукт на првобитната љубопитност за програмиод овој тип. И во отсуство на такви програми,Ромаверзитас беше главното собиралиште на ромскитестуденти од претходните генерации.Меѓутоа синдромот како да профункционира и тука ипритоа со секоја следна генерација, партиципацијата иљубопитноста на ромските студенти како да исчезнуваше.Но можеби е тоа само мој личен впечаток. Јас нема да севратам во минатото туку мојата енергија ќе ја искористамво сегашното делување на Ромаверзитас.Ромаверзитас е за студентите и на студентите. Тоа не еорганизација од затворен тип, туку движење на ромскитестуденти кое што се унапредува со учеството на секојаединка поединечно. Тоа е место каде што “извираат” идеии иницијативи. Наш простор каде што заеднички сеподржуваме и градиме и преку кој што индивидуалниотуспех станува колективен. Тоа е она што ќе му обезбедиодржливост и подобро функционирање на Ромаверзитас.

Во иднина очекуваме дека Ромаверзитас ќе продолжи соакадемската поддршка на ромските студенти и притоа тојпроцес ќе го надогради и со други иницијативи воинтерес на ромските студенти. Тука пред се мислам налидерството и зајакнување на поврзаноста на ромскитестуденти. Веруваме дека студентите кои што поминуваатниз овој тип на поддршка и програми преку кои штозаедно ги проучуваат стандардите на универзалнотоделување, дека токму овие студенти во иднина полесносоработуваат и појасно се разбираат во водството кое штого предводат.

Автори: Елсон Иљаз & Лебишка Селоска

Рома Индекс | Бр.3

4. Може ли да го сублимирате досегашниот успеход функционирањето на Ромаверзитас ?

5. Задоволни ли сте од постигнатото? Ако севратите во минатото, дали и што би поправилево подобро функционирање на Ромаверзитас?

6. Што планирате за во иднина. Што да очекуваатидните студенти?

Ваша препорака до сегашните и идните генерациистуденти Роми?

Многу скоро сретнав една извонредна оптимистичкаизјава која што отприлика гласеше вака : На крајот се ќебиде добро. Ако не е добро значи сепак сеуште не екрајот. Го имаме само тоа што денес го создаваме изатоа земете ги работите во вашите раце за да другитебидат сведоци на тоа што сте го направиле.

7

Page 9: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

СЛАВЕТЕ И ВНИМАВАЈТЕ: БУРНИ НОЌИ, ТЕШКИ ДЕНОВИ

Празниците, кои ни претстојат во наредниве два месеци,овозможуваат одмор за телото и психата од секојдневнитеобврски, но претставуваат и предизвик поради полнитетрпези храна како и прекумерната консумација на алкохоли цигари. Секој сака да слави и тоа е дозволено и потребно,но, исто така, неопходно е да се познаваат границите наконсумација на храна и алкохол, особено за време нановогодишните празници.

Некои, со право, ја нарекуваат „Аматерска ноќ“, затоа штолуѓето се препиваат, прејадуваат и уште првиот ден одновата година го минуваат в кревет. Освен овој „подарок“,новогодишната ноќ ќе ве дари и со МАМУРЛАК. И тука незавршува сé. Утрото после новогодишната ноќ носи уштепоголеми незаборавни моменти, за жал, со маки. Следуваглавоболка, блага вртоглавица, мускулна и општа слабост,мачнина, жед, суво грло, поспаност, а некогаш и дијареја.Со вакви маки, славењето завршува. Затоа, Випрепорачуваме совети за детоксикација на организмот за ипо новогодишната ноќ:

Борба со мамурлакотОдморот и мирувањето се најдобар лек за мамурлак. Побудење, добро е уште некое време да се остане в постела.Потоа корисно е туширање со топла вода. Откако ќе сеодморите, излезете на прошетка, на чист воздух. Затоа што,секое движење помага во ослободување на насобранитеотровни материи (алкохол, никотин, преобилна мрснахрана).

Што да јадете?Внесувајте храна богата со витамините Б и Ц (житарки,компири, банани, киви, брокули, јагоди, портокали), затоашто алкохолот ги „одзема“ од организмот.

Што да пиете?Со оглед дека дехидрираноста е основна причина замамурлак, испијте чаша вода меѓу секоја чашка алкохол. Иколку и да сакате филџан кафе наутро, обидете се да гоизбегнете, бидејќи дополнително ќе ве дехидрира. Пијтемногу течности-вода, незасладени чаеви, јогурт...За да гозабрзате процесот на детоксикација, во водата додадетемалку лимон -познат чудотворец на детоксикацијата.

Како да го исфрлите отровот од организмот?

Преголемиот внес на алкохол предизвикува оксидативенстрес и воспаленија. Противотрови? Овошје и зеленчук(боровинки, домати, цитрусно овошје, спанаќ и брокули).Зелениот чај, исто така, е добра замена за кафе и ќе видаде енергија.Освен алкохолот, да не ги заборавиме и цигарите - едноод најскапите и најопасните задоволства. На голем дел одпушачите им е смачено кога некој постојано им укажува наштетните влијанија од пушењето, но убаво е повремено

да ги потсетиме на штетните влијанија.Никотинот дава пријатно чувство на пушачите,предизвикува зависност, речиси слична на таа од хероини кокаин. Но, покрај краткотрајните лоши ефекти (лошздив, жолта преобилност на забите, губење напотпорниот ефект на забите, појава на брчки, како ипромена во телесната тежина), може да предизвика исерија долготрајни последични ефекти:кардиоваскуларни заболувања, зголемен ризик одмозочен удар, астматичен напад, нарушувања вофункцијата на репродуктивното здравје, како и рак набелите дробови, кој за жал, зема сé поголем замав.

Заклучок:

Почитувајте две златни правила: свежата храна секогаш е подобро решение од

суплементи и по можност, таа да биде што поразновидна.

Автори: Сабина Рустемовска & Сумеа Рахим

Рома Индекс | Бр.3

оС в е т у в а м е

8

Page 10: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

Автор: Кенан Таир

ADBLOCK – НАЈКОРИСНАТА АЛАТКА ЗА CHROME ИВАШИОТ КОМПЈУТЕР

Сите ние сме сведоци на досадните реклами кои од нигденикаде ни излегуваат при пребарување на интернет инавистина не нервираат. Дополнително се причина броједен за ненадејно инсталирање на непосакуван софтвер иза случаен клик на одредена страна каде што има безбројвируси.

Дополнително при стартување на вашиот Chromeпребарувач не добивате нормална почетна страна тукунекој search провајдер за кој не сте ни свесни дека сте гоинсталирале како и многу toolbox-ови кои го намалуваатвидното поле предвидено за сурфање. Тука се и досаднитеYouTube реклами кои не ве оставаат да го гледатепосакуваното видео на мир. За да ставите крај на тоа, воовој дел на ИТ совети ќе ви прикажам постапка заинсталирање на AdBlock на вашиот Chrome пребарувач сокој ќе се спасите засекогаш од горенаведените проблеми.

Напомена: Доколку не користите Chrome веднашнаправете го тоа, затоа што е најлесен за употреба,Google пребарувањето е подобро и поефикасно и иманајразлични екстензии од овој тип за спас од различнипроблеми.

Во продолжение погледнете ги постапките за инсталацијана AdBlock на вашиот Chrome пребарувач и следете ги зауспешна инсталација. На посебен таб отворете го следниотлинк: https://getadblock.com/

По отворањето на линкот ќе ви се појави следниот приказна кој кликнувате на синиот правоаголник именуван „GETADBLOCK NOW!“

Веднаш штом ќе кликнете на синиот правоаголник ќе висе мало прозорче каде кликнувате на копчето „Addextension“.

На нов таб ќе ви се отвори следниот приказ и веднаш ќе сенаполни сината линија и ќе ја добиете соодветната поракаприкажана на сликата.

Веднаш по пораката на Слика 3 ќе ви се отвори следниотприказ на кој има детали за донација/наплата, нослободно можете да го исклучите овој таб.

За проверка на тоа дали AdBlock еинсталиран го проверуватегорниот десен агол напребарувачот каде треба да иматеикона како на сликата. Со клик врзиконата ќе ви се појави малпрозорец со детали. Сега откакосте ја инсталирале оваа навистина

значајна алатка следејќи ги овие 5 лесни чекори можетеда уживате во подобностите на вашиот пребарувач без дасе грижите за досадните реклами, вируси и ненадејнипрозорци.

Рома Индекс | Бр.3

рП е п о р а ч у в а м е

9

Page 11: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

ТУТОРСКА ПОДДРШКА ЗА ОСНОВЦИТЕ

Околу 3.300 ученици Роми добиваат дополнителнатуторска поддршка преку имплементација на проектот„Туторска поддршка на ученици Роми кои учат воосновното образование во Република Македонија“. Овојпроект се имплементира во 18 општини/локации во земјава- Шуто Оризари, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Куманово,Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Прилеп, Битола, Штип,Кочани, Виница, Делчево, село Црник, Пехчево и Берово,односно во 36 основни училишта.

Проектот, втора година по ред, го спроведуваЗдружението на граѓани за поддршка на маргинализиранигрупи „Ромски Ресурсен Центар“ од Скопје, во партнерскасоработка со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите„Сонце“. Финансиски, проектот е поддржана од РомскиотЕдукативен Фонд од Будимпешта, а клучни партнери вореализацијата на проектот се: Министерството заобразование и наука, Педагошкиот факултет “Св. КлиментОхридски” – Скопје, Универзитет “Св. Климент Охридски”– Битола, Државен Универзитет Тетово, Универзитетот наЈугоисточна Европа и Универзитет „Гоце Делчев“. Овојпроект почна пред две години и завршува на 31. јули 2017година. Во негова имплементација учествува Конзорциумод 12 невладини организации, под лидерство на РомскиотРесурсен Центар – Скопје.

Главна цел на проектот „Туторска поддршка на ученициРоми кои учат во основното образование во РепубликаМакедонија“ е да се зголеми проодноста и образовнитерезултати кај учениците Роми кои учат во четврто, петто ишесто одделение во основното образование. Специфичнацел која треба да ја постигне проектот е да се обезбедидополнителна образовна (туторска) поддршка за 1600

ученици Роми во учебната 2015/2016 и 1730 ученици воучебната 2016/2017 година кои покажуваат слабиобразовни резултати. За потребите за реализација натуторската настава за првата година од имплементацијатана проектот ангажирани се 90 тутори

Од досегашната реализација на проектот се постигнатиодлични резултати:

Автори: Тим на РРЦ и НВО Сонце

Рома Индекс | Бр.3

аЗ с т а п у в а м е

Зголемено знаење и успехот по мајчин јазик кај63.12% од учениците

Зголемено знаење и успех по математика кај 68.25%од учениците

Намален осип за 38% од вкупниот број на осипаниученици Роми (174) во овие одделенија

75.81% од вкупниот број ученици кои редовноприсуствувале на туторски часови

Од вкупниот број опфатени ученици, 92.28%успешно го завршуваат одделението

Зајакнати капацитети и зголемени знаења кај повеќеод 100 тутори

Унапредена соработката со 36 основни училишта воРепублика Македонија, со 10 локални невладиниорганизации

10

Page 12: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

РОМИТЕ ДА ИЗБЕРАТ ЗА СВОИТЕ ИНТЕРЕСИ

Уште еднаш сме пред циклус на парламентарни избори. Понеколку неуспешни обиди за обезбедувања на основнитедемократски принципи во државата и услови за фер идемократски избори, елитистичкиот политички кордон наМакедонци и Албанци, конечно, се договорија за 11декември како ден за исполнување на сите предуслови иодржување на предвремени парламентарни избори. Уштееднаш политичките партии ги активираа ограноците,почнаа со регрутирање на граѓани и припрема на програми,ветувања и планови. Додека пак,граѓаните на Република Македонијауште еднаш добиваат можност да гополагаат демократскиот тест заизлез од политичката криза со надежза напредок и подобар животенстандард во државата. Покрај веќепознатите дискурси за патриоти ипредавници, црвени и плави, чуварина татковината и платеници, овој пат,изборите се важни за зрелоста и политичката култура занајважните три правила – Излези да гласаш, Гласај по своеи Не дозволувај да те купат.

Ромите секогаш имаат претставник во законодавниотдом

На овие избори, покрај веќе познатите кандидатски листиод сениорските партии, учествуваат нови партии од ситеблокови. Во македонскиот блок, покрај ВМРО-ДПМНЕ иСДСМ со своите коалиции, ќе учествуваат и новатакоалиција за Промени и Правда предводена одДемократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО-РП и ДЕМОС,Коалицијата „ВМРО за Македонија“ на ВМРО ­ Народнапартија, Обединети за Македонија и Достоинство, додекаЛевица и Либералната партија учествуваат како самостојнипартии. Во албанскиот блок, покрај ДУИ и ДПА, во овиеизбори се вклучува коалицијата „Алијанса за Албанците“ наУнитети, Движењето за реформи – ДПА и НДП, додекаБеса и ПДП учествуваат самостојно1. Во ромскиот блок,исто така, има промени со учеството на Куртиш Дудуш воСДСМ, додека СРМ, ОПЕ, ДСР, ПЦЕР,ДПР, РОМ и ПИРпреговараат за поголем колач во македонските коалиции.

1 http://a1on.mk/wordpress/archives/669954

Покрај 8 циклуси на избори од осамостојувањето надржавата, во различни изборни модели вклучувајќи гомнозинскиот, мешовитиот и пропорционалниот,интересно е да се напомене фактот дека Ромите секогашимале еден или двајца политички претставници возаконодавниот дом. Додека другите партии немале за целда обезбедат пратеник, иако обезбедувале други места воинституциите за донесување одлуки. Ваквите резултати јапозиционираат Ромската заедница во Македонија каконапредна во споредба со другите држави од соседствотои подалеку. Во овој деветти циклус на избори, прв пат,Ромите ќе имаат тројца кандидати на листи кои делумнокотираат на експериментално место за освојување

мандат. И на овие избори воигра повторно влегуваатдвете најголеми македонскипартии за обезбедувањепарламентарни мандати.СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, подеветти пат, се главнитеодлучувачи и коалиционерина ромските партии. ИакоРомите имаат седум активни

политички партии, никогашниту една од партиите не одлучи да учествува самостојнона парламентарните и локалните избори. Дебатирајќи зарезултатот, дали Ромите можат да изгласаат пратеник,хипотетички ромските партии можат постизборно дакоалицираат врз основа на нивната програма илиинтересот на електоратот. Овој пат, свежо име воромскиот блок е Куртиш Дудуш, кој претходно секандидираше за градоначалник на општина ШутоОризари. Настапува со СДСМ и е кандидат број 7 воизборна единица 2. Амди Бајрам настапува со неговатаматична партија СРМ, која останува лојална на својатапретходна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на кандидатскоместо број 5 во изборна единица 2. Самка Ибраимоски, којимаше турбулентни преговори со опозицијата, повторнонастапува со ПЦЕР, во коалиција со СДСМ на место број 10во изборна единица 5.Во анализа на претходните три циклуси напарламентарни избори може да забележиме деканајголема веројатност за избор од овие кандидати ја имаАмди Бајрам, затоа што традиционално го добивакандидатското место број 5 во изборната единица број 2.

нА а л и з а

Рома Индекс | Бр.3

11

Page 13: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

ВМРО-ДПМНЕ, во таа изборна единица, освоила минимум9 пратенички места, максимум 11. Тоа потврдува задобитната комбинација на СРМ во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Верниот опозиционер во овој мандат, СамкаИбраимоски е ставен во изборна единица број 5. Тој го имакандидатското место број 10 на листата, кое е тешко заосвојување во таа изборна единица.

Ибраимоски има мала веројатност за освојување на овојмандат затоа што СДСМ во изборна единица број 5 освоиламинимум 5 мандати во 2008 година и максимум 8 мандативо 2011 година. Затоа, местото на кандидатот Ибраимоскиима тешка веројатност да бидеосвоено. Иако многуминаочекуваа тој да котира високо налистата, сепак, спореддоговореното со СДСМ сепосочува дека ПЦЕР ќе го добие10то место. ПЦЕР, какоопозиционерска партија, не годобила реципроцитетнотоместото кое го заслужува налистата со оглед на залагањата ирезултатите за СДСМ. Останува на 11 декември да се видикомбинацијата и пазарењето за останати позиции, освенпратеничките места. Познати се многу сценарија, но сетотоа ќе зависи од преговорите за моќ. Куртиш Дудуш, соместото број 7, теоретски има можност да го освоимандатот затоа што, во последните три циклуси на избори,седмиот од листата на СДСМ бил избран во 2011 година. Во2008 година, СДСМ освои само три мандати во изборнатаединица 2, а во 2014 освои 5 мандати. Ваквитенеконзистентни резултати на СДСМ ја отежнувапредвидливоста во изборната единица број 2, затоа штотрадиционалниот електорат варира низ годините. Затоа,Дудуш како ново име во СДСМ е поставен седми во листатасо цел да го привлече ромскиот електорат во оваа изборнаединица.

Ромите - клучен глас за победа на изборите

Ако ја анализираме моќта на гласачите Роми, најпрво морада нагласиме дека Република Македонија, од 2002 годинадо денес, нема спроведено попис. Според последниотпопис, во Македонија имало 53.079 Роми или 2.6% одвкупниот број на население во државата. После 14 години,речиси невозможно е да проектираме бројка која може дабиде во маргина на грешка од +/- 5% на вкупно гласачи

Роми во државата. Исто така, мора да се забележат иостанатите фактори во текот на последните неколкугодини, како што се бројот на Роми без документација,нерегистрирани во изборниот список, миграцијата и серазбира, срамот за идентитетот. Покрај сите фактори,важен детерминант за успешни избори кој може најмногуда ја комплицира целата ситуација е излезеноста за денотна изборите, која на последните избори во 2014 година,Ромалитико забележа дека 26% од испитаниците воистражувањето за јавното мислење не излегле да гласаат.

Сето ова изгледа тешко за разбирање и многу би гопоставиле прашањето како Ромите имаат моќ ако се само2 или 3% во државата. Сепак, Ромите, неколку пати во

изборните циклуси го имале клучниотглас за победа на локални ипарламентарни избори. Таквипримери се забележуваат во неколкуопштини, односно изборни единици.Еден од примерите се локалнитеизбори во Кичево во 2013 година, когаДеспотовски и Дехари сенатпреваруваа за градоначалничкотоместо во општината. На тие избори, атоа го потврдија и самите кандидати,

бројот на Роми и Турци во општината го одлучија новиотпобедник на изборите во Кичево. Ваков пример исто себележи во Струга кога Зијадин Села стана градоначалник,Невзат Бејта во Гостивар и Теута Арифи го освои Тетово.Ваквиот начин на жироскопно претставување на Ромитеуспева кога кандидатите се во мала разлика, а Ромите сеглавен адут за обезбедување победа на изборите. Истотака, уште еден доказ што ја докажува моќта на гласот наРомите се локалните избори. Ромите во неколку општиниуспеваат да обезбедат советници во локална самоуправа.Во овој пример се вклучува и Штип, покрај општините одЗападна Македонија каде што има двајца советници Роми.Секако, кога Ромите немаат избор за дескриптивен тип напретставување во институциите, тогаш стратешки сепреговара со партиите кои ги земаат в предвидинтересите на Ромите.

Така, Ромите имаат претставник кој не е од Ромскопотекло, но ги зема в предвид нивните интереси затоа штоја направиле разликата за неговата победа. Со тоа, Ромитеимаат преголема моќ со нивниот глас, но во многу одситуациите, самите не се свесни за таа моќ.Традиционално, Гостивар два изборни циклуси гокористат предизборниот момент да коалицираат и ова е

Рома Индекс | Бр.3

12

Page 14: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

клучен момент кога се потребни гласови за кандидати коиби преговарале со заедницата за нивните потреби иинтереси во општината. Ваквите примери укажуваат декаРомите имаат можност да ја искористат моќта на нивниотглас и да одлучат. Секако, не секогаш ваквиот моментоптимално е искористен. Ваквите позитивни примери семалку, затоа што Ромите често го користат моментот дапреговараат за интерес кој е краткорочен и брзо сеспроведува а со тоа обезбедува мандат од четири годинимоќ на партија, односно кандидат. Во ваквите моменти,посебно пред избори,важно е Ромите какозаедница да гиидентификуваатдолгорочнитеинтереси и потреби назаедницата изаеднички да гизастапуваат вополитичките партииза време напреговорите.Таквиот пристап ќеобезбеди поголемаефективност во доброто назаедницата, не само на индивидуалецот.Интересите на заедницата ќе бидат артикулирани одстрана на политичките партии само ако имаме единеченпристап кон преговарање за интересите. Ако политичкитепартии имаат можност да го разединат ромскиотелекторат, тоа дава поголема можност да се купи ромскиотглас за евтини пари или друг вид на ресурс кој нема да јаподобри ситуацијата на гласачот Ром. Со тоа, политичкатапартија или кандидатот не чувствува одговорност да бидеотчетен кон платениот глас, затоа што по навика, ќе сеобиде повторно да го купи затоа што веќе еднаш го платил.

Да се коалицира со албанска партија

Иако не можеме да го искористиме максимумот одизборниот модел, најдобрата комбинација во ваквиотмодел е искористена. Партиципативноста е голема воразлични форми, вклучувајќи ромски и македонски партии,но има простор за партиципација и во албанските партии,односно коалицирање со албанскиот блок. Една одпричините за неискористување на максимумот на избори етокму коалицирањето. Ниту една ромска партија, на

досегашните парламентарни и локални избори,официјално не коалицирала со албанска партија. Овојпотег и претходно го забележавме и препорачавме наромските партии да го искористат моментот напреговори и да коалицираат со албанска партија воЗападна Македонија затоа што поголеми се шансите дадобијат мандат, односно други раководни места воВладата на Република Македонија. Неколку пати овааопција неофицијално се преговарала во ЗападнаМакедонија и резултирала во остварување на

договореното со албанските партии.Сепак, ромските партии ја играат

улогата на лојалнипартнери на

македонскитеголеми партии коисе задоволуваат сотоа што ќе бидедадено а непреговарано.На крајот, останувана нас граѓанитеуште еднаш да сезапрашаме дали и

овие избори ќе бидатќор сокак или момент

на прогрес и посветлаиднина која ќе вети држава, која ќе обезбедиеднаквост на граѓаните вклучувајќи ги и Ромите какоконститутивен народ на Република Македонија. Важно еда не заборавите дека вашиот глас е ваша одговорност.

Автор: Тимот на Ромалитико

Рома Индекс | Бр.3

13

Page 15: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

РОМСКИТЕ КНИЖЕВНИ ДЕЛА – БОГАТСТВО ВО МАЛОКОВЧЕЖЕ

Од вековното патување на Ромите од Индија, речиси досите краишта на земјината топка, со себе го носеле својотјазик. На идните поколенија го пренесувале, исклучиво, воусна форма. Многумалку ромски авториниз историјата може дасе пофалат со печатенидела. Литературата наромски јазик, напишанаод ромски автори надруги јазици, своитепочетоци ги бележи во20-тиот век.

Во Македонија, првитепечатени дела наромски јазик, како идела во кои се третираатисториографски или лингвистички теми, се забележуваатво осумдесеттите години на минатиот век. Најголемиотразвој на книжевноста на ромскиот народ , во нашава земја,се бележи кондеведесеттите години наминатиот век, кога сéповеќе се собиралеромските поети чии делане биле објавени во книги.На овие дружењеучествувале и познатипретставници напоетското творештво и оддруги етнички заедницикои живеат воМакедонија. Овие поетскисредби навестиле период на интензивен развој на ромскатакнижевност, особено поезијата. Така се издаваат книгипоезија на авторите Љатиф Демир, Шабан Илјас, РамаданСејфула и се започнува со издавање на

збирки поезија од повеќе ромски автори. Во овој период сеистакнува и ромската романсиерка Акиле Еминова, којасвојот прв роман „Аманет“ го напиша на македонски јазик.Следува период во кој најмногу внимание се посветува наисториографски и лингвистички дела, во авторство на д-рЉатиф Демир, самостојно или во соработка со другиавтори. Здружението на љубители на ромски фолклор„Романо ило“ од Скопје издаде низа ромски книги,претежно на д-р Трајко Петровски, кој воедно се осврнал ина детската литература.

Во последните години, ромската книжевност бележизначајна стагнација.Објавени се книги одЕкрем Јашаров и СевдијаД. Абдулова, како избирка стари ромскиприказни од постариавтори Роми. Малиот бројиздадени книги на ромскијазик во земјава, вопоследно време, не седолжи нанезаинтересираноста наромските автори или нанедостаток наинспирација, туку

најголемиот приоритет кај нашата заедница имаат четиридруги области: домување, вработување, образование издравство. Културата, јазикот и книжевноста се ставени во

втор план.

За авторката, која минатиотмесец го збогати ромскиотковчег со издавање новаграматика за деца „ Мо avgolil sabdakoncar”, Севдија Д.Абдулова, ромските авторисвоите книги се принуденида ги чуваат во фиока сé домоментот кога ќе се изнајдатдоволно финансискисредства за нивно издавање.

Затоа, на годишно ниво, ромското книжевно ковчеже морада се задоволи со неколку изданија сé додека културнитеактивисти и автори не соберат сили да ги артикулираатсвоите потреби за ромското книжевно богатство навистинаи да се гордее со овој епитет.

Рома Индекс | Бр.3

и

оР м с к и

е ти

т тед ин

14

Page 16: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

РОМСКИ РЕЧНИК

Ромскиот јазик има широка примена и се користи воразлични сфери на општествениот живот. Во рамки наобразовниот процес, ромскиот јазик се изучува воосновното училиште и во одреден временски период, сеизучуваше на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ приУниверзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’. Ромскиот сеприменува и во медиумите.

Поради унифицирање и кодификација на јазикот и заподобро познавање на сопствените зборови, кои полека,но, сигурно се губат од секојдневната употреба на примесиод македонскиот и други јазици, речникот беше неопходнаалатка. Во различни земји, ромскиот јазик прима примесиод националниот јазик којшто се говори. Речникотпретставува патоказ и извор на зборови коишто ќе гикористат Ромите.

Исто така, во 2010-та година, е издаден нов и видоизменетречник на ромскиот јазик, достоен за пофалба и признаниена авторите Љатиф Демир и Фатиме Демир. Издавањетона овој речник беше во насока на намалување напостоечкиот јаз меѓу Ромите и останатите граѓани воМакедонија. Ова е стабилен темел за зачувување инегување на ромскиот јазик од следните генерации ипоколенија. Речникот содржи голем број основни поими воромскиот јазик, но и поими од областа на општетствено -хуманистичките науки. Изборот на поимите гизадоволуваат основните барања на современаталексикологија.

Ромски јазик Македонски јазик

Lačhe aviljan Добредојде

Sar si to anav? Како се викаш?

Ko savo univerzitetistudirineja?

На кој универзитетстудираш?

Коthe šaj te arakhavromano lavustik?

Каде можам да најдамромски речник?

Ov sasto! Благодарам

Mangava tuke lačhodive

Ти посакувампријатен ден

Dži dikhipe До видување

So šaj akate te hav?Што може да јадам

овде?

Šaj te lav jekh taxtajpani? –

Може ли да земамчаша вода?

Khere li si to dad?Дома ли е татко ти ?

Kote arakhljola ereizeskiri

adzikerutni?

Kaде се наоѓаавтобуската станица?

Kobor love trubul tedav?

Колку треба даплатам

Оv tu mange dživdothaj sasto!

Да си ми ти мене живи здрав

Автори: Џемилиана Абдулова & Мухамед Ајваз

Рома Индекс | Бр.3

15

Page 17: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

СЛЕДЕТЕ ГО СОНОТ: БАЈСА АРИФОВСКА - музичар

Уметникот не секогаш може даго одвои професионалното одприватното. За нив честопатисе вели "ах, тие уметниците сепосебен свет"! Доколку човекнe ве знае приватно и само госледи вашиот професионаленпат или развој, некогаш многулесно може да допре довашата душа, карактер.

Љубовта кон музиката кај мене почна да се развива од ранавозраст, веројатно поради некој генетски фактор како првпричинител. Но, сметам дека индивидуата што го носи овојдар, настојува помалку или повеќе да го гради тоа во секојмиг. Исто така, местата каде што го минав поголемиот делод детскиот живот (источна Македонија, поконкретноБерово, Делчево, Македонска Каменица), се предели коисами по себе зрачат со фолклор и традиција. Моите детскиигри меѓу другото беа и следење свадби или случувања наотворено со свирење. Посебно, се сеќавам, зурлите итапаните, бендовите и мешаните музички состави, кај мене,будеа посебни емоции.

Така, таа љубов, полека ме обземаше и љубопитноста си гоправеше своето понатаму Како прв инструмент, ако можетака да се нарече, беа некои импровизирани удиралки, коисама ги правев од лимени канти излепени со старарендгенска фолија или широки фластер траки. Додека,првиот вистински инструмент – мандолина, го добив одбаба ми (по мајка) за мојот 7-ми роденден. На прашањето -"На колку инструменти сега свирите?“ Одговарам секогашсо - "Не знам…" А можеби веќе и не е битна толку бројкатана инструменти отколку каде човек ќе се најдефункционален, поточно мулти функционален нели..!?.Обично луѓето што свират повеќе од еден инструмент,знаат што значи свирачка рутина и колку тоа е одговорно водадени моменти. Многупати е и тешко да се останепостојано во иста добра кондиција, така да бројката еменлива. Но еве… би рекла нека се некои 10-15 инструментина кои досега одговорно и професионално одговарам насвој веќе препознатлив начин. А околу "Пат до успехот"мислам дека тоа не се планира однапред, и според мене е

индивидуална работа са секого.

Што и за кого нешто претставува успех!? Јас знам, дека сеследев себеси... Студентски денови... Почнувајќи од мојатаглавна цел -да ги завршам студиите редовно, и што е можноповеќе да стекнам квалитетно знаење и пракса. Потоа, се синоси свои искуства, предизвици, можности...Се сеќавам, на почетокот имав потешкотии од финансискаприрода. Онаа, за повеќето студенти позната битка дали ќесе помине месецот со минимални услови за студирање, паживотот во студентски дом и недостаток од соодветенпростор за работа и усовршување. Во тој ученички период,надвор од дома, почнав да свирам и свадби со позајмениинструменти. Од друга страна, секогаш доколку иматејасна претстава и слика за себе си и поставена цел, тогашништо не може да Ви биде препрека.

Во музичката педагогија, но и во професионалниот живот,се е индивидуално. Не постои формула за успех која велидека тој е резултат на талент или на напорно вежбање.Поминувањето време со учениците повеќе одпредвидениот час е исто од голема полза за тие што сеработливи и бараат знаење како свирење самостојно или вооркестар, а напорното вежбање би го заменила соодговорност или вежбање колку се има потреба. Музикатаво никој случај не би требало да биде напор туку љубов зада се постигнат и најмалите резултати.Уште во студентските денови, како една од најдобритестуденти на професорот Драган Даутовски, како што тојобично милува да каже, почна професионална соработка.Кога бев апсолвент, ми ја довери сопствената професоркаработа во средното музичко училиште „Илија Николовски –Луј“, како професор по Народни инструменти. Спојот, замене, беше повеќе од јасен, поради она чувство кога си гопронашол својот вистински професор.

Денес, професионално, сум дел од државниот ансамбл занародни песни и игри „Танец“, како стручен сценскисоработник, изведувач на повеќе инструменти ираководител на Оркестарот. Секако, тоа бара огромнапосветеност и познавање на музика, танц, пеење и намузичкиот инструментариум во широк спектар. Меисполнува работата со зрели уметници и особено созадоволство творам, пишувам и работам за овој ансамблвеќе три години. На крај, она што сакам да им го порачамна студентите Роми е да го следат својот сон и да гиразвиваат и истакнат сопствените способности.

Автори: Лебишка Селоска & Елсон Иљаз

Рома Индекс | Бр.3

аР з г о в о р

16

Page 18: АНАЛИЗА - Romaversitas · туризам и бизнис логистика Алмира Фасљии, студент на Правниот Факултет Мухамед

За РомаверзитасПроектот Ромаверзитас започна во август 2001 година како модел нанеформално образование, наменет за студенти Роми кои студираат надодипломски студии во универзитетите во Република Македонија.

Ромаверзитас од програма на ФООМ премина во Здружение на граѓани„РОМАВЕРЗИТАС“ од Август 2015 година, финансиран од РомскиотОбразовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Визија на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“РОМАВЕРЗИТАС е граѓанска организација која е препознатлив лидер заподдршка и развој на проактивни и квалитетно едуцирани Роми, кои јазастапуваат ромската заедница и се активно вклучени во процесите накреирање и донесување на јавни политики на локално и националнониво.

Мисија на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“РОМАВЕРЗИТАС е граѓанска организација која активно работи зазајакнување на личните и академските капацитети на средношколците,студентите и младите Роми во Република Македонија, прекуобезбедување на академска и неформална поддршка, како и поддршказа личен развој.

Цели на проектот

• да се зголеми бројот на студенти Роми во државните и приватнитеуниверзитети во Република Македонија;• да се зголеми вклученоста на студенти Роми во високото образованиепреку обезбедување индивидуална, академска и неформалнаподдршка;• да се подобрат академските перформанси, постигнувања,индивидуални вештини и капацитети на студенти Роми запишани водржавните и приватните универзитетите во Република Македонија;• да се креира средина за општествена партиципација на младите Ромиво Република Македонија за прашања кои се поврзани со инклузија наРомите;• да се формира РОМАВЕРЗИТАС алумни од Роми со завршено високообразование кои беа поранешни корисници на активностите наРОМАВЕРЗИТАС.

Средствата за електронското списание Рома Индекс, како дел одпроектот се обезбедени од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) одБудимпешта.

Ставовите и мислењата објавени во текстовите на Рома Индекс сеставови на авторите и не се одраз на ставовите и мислењето наЗдружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ и Ромскиот Образовен Фонд(РЕФ) од Будимпешта.

Рома Индекс | Бр.3