23
1

Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

  • Upload
    others

  • View
    37

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

1

Page 2: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

2

Име на проектот, STAR 5 „Зачувување на биолошката разновидност преку ефикасно

управување со заштитените области и вклучување на биолошката разновидност во управување со земјиштето“

Компонента 3 Вклучување на биолошката разновидност во главните текови при планирање на користење на земјиштето

Име на проектна активност „Проценка на ресурсите на модра смрека - Juniperus communis (L.) во с.Умлена, Пехчево “

Финансирано од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) Имплементиран од Програма на Обединетите нации за животна средина

(УНЕП) Корисник Министерство за животна средина и просторно планирање Извештајот го подготви ЦНВП - Организација за поврзување на природните

вредности и луѓе, канцеларија во Република Северна Македонија, Скопје

Членови на работниот тим за изработка на проценката

м-р Анела Ставревска-Панајотова, координатор на експертскиот тим проф д-р Јане Ацевски, дендролог и фитоценолог м-р Димитрина Ботева, ботаничар дипл. шум. инж. Васил Петров м-р Благој Николов дипл. шум. инж. Даниел Ѓенчевски дипл. шум. инж. Дарко Скендерски м-р Божин Трендафилов

Времетраење на проектна активност

јули 2019 - септември 2019

Голема благодарност до вработените од Секторот за природа при МЖСПП и ЈПНШ

Сектор за планирање и уредување на шуми за поддршката и обезбедувањето податоци за изработка на извештајот.

Фотографии во студијата: Јане Ацевски, Дарко Скендерски (2019г.)

ЦНВП, 2019

Page 3: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

3

Содржина Вовед ..................................................................................................................................................... 5 1. Цел на студијата ................................................................................................................. 6 2. Карактеристики на модра смрека .............................................................................. 8 3. Краток опис на методологијата за проценка на експлоатационите

ресурси на модрата смрека во економски значајни наоѓалишта ............... 9 3.1 Мапирање на локалитетите и определување на нивната големина ............... 9

3.2 Евалуација на употребливата биомаса (ресурси за експлоатација) - смрекинки .......................................................................................................................................... 9

3.2.1 Определување на бројот на репрезентативни примероци по единица површина ................................................................................................................................ 10

3.2.2 Пресметки ............................................................................................................................... 10

4. Tеренска процена на ресурсите на модрата смрека ....................................... 10 5. Заклучоци и препораки ................................................................................................ 18

5.1 Препораки...................................................................................................................................... 18

5.2 Заклучоци ...................................................................................................................................... 20

6. Прилози ................................................................................................................................ 20 6.1 Теренски формулар за опис на локација (наоѓалиште) со НДШП ................. 20

6.2 План за одржливо управување со други шумски производи ........................... 23

7. Прилози ................................................................................................................................ 23

Page 4: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

4

Листа на кратенки

ГЕФ Глобален еколошки фонд УНЕП Програма за животна средина на Обединети нации ОН Обединети Нации МЖСПП Министерство за животна средина и просторно планирање на

Република Северна Македонија НДШП Лековити и ароматични растенија СССР Сојуз на Советски Социјалистички Републики ГИС Гео информатички систем ГПС Глобален позиционен систем НДШП Недрвни шумски производи РСМ Република Северна Македонија

Page 5: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

5

Вовед

Користењето и собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи е

традиција меѓу населението во нашата држава. Собирањето на овие растенија треба да

биде одржливо и во насока на заштита на видовите и екосистемите за идните генерации.

За да биде одржливо, собирањето мора да биде базирано на познавање на биолошката

репродукција, дистрибуција и застапеноста на природните ресурсите. Еден од тие

видови е Juniperus communis (L.), познат како модра смрека.

Поради големата побарувачка, модрата смрека има значајна улога во

егзистенцијата на локалното население и има голема важност за локалната економија.

Сепак, овие ресурси не растат во неограничени количини и потребна е заедничка акција

од сите засегнати страни во нивната одржлива употреба. За таа цел потребно е да се

изврши процена на ресурсите на модрата смрека, сè со цел да се одреди максималната

количина на одржливо користење која нема да влијае врз опстанокот на видот и

неговите наоѓалишта, истовремено овозможувајќи континуирана употреба.

Пронаоѓање на балансот помеѓу зачувување на биолошката разновидност и

поттикнување на локалната економија за руралното население и бизнис секторот е од

исклучителна важност за виталноста на екосистемите во државата. Овој документ нуди

низа препораки кои ќе ги зголемат напорите на институциите во насока на зачувување

на биoлошката разновидност, но и заштита на локалните економски интереси кои се

однесуваат на модрата смрека во близина на с.Умлена, Пехчево. Се надеваме дека

препораките кои произлегуваат од овој извештај ќе бидат употребени од институциите

за подобро вклучување на биодиверзитетот во планирањето и користењето на

ресурсите.

Процената на количините на модра смрека е спроведена во рамките на проектот

„Постигнување на зачувување биолошката разновидност преку создавање и ефикасно

управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во

планирањето на управување на земјиштето“, финансиран од ГЕФ – Глобален еколошки

фонд, а реализиран од Програмата на Обединети Нации за животна средина и

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а локален

партнер во спроведување на активностите е ЦНВП - Организација за поврзување на

природните вредности и луѓе, канцеларија во РСМ.

Page 6: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

6

1. Цел на студијата

Правилното управување, заштита и одржливо користење на популациите од

модра смрека се главен предуслов за добра природна обнова на шумите и шумските еко-

системи. Цел на оваа студија е преку проценка на ресурсите на модра смрека на една

шумско стопанска единица да ја демонстрира методологијата за одржливо користење на

овој вид.

Популациите од модрата смрека се најзначајниот фитодинамичен сукцесивен

процес во обновата и развојот на шумските популации. Поради ова шумските формации

од модра смрека се заштитени како посебни хабитати (хабитати од модра смрека со

Natura 2000 Код , дефиниран според листата на Анех I, EU директива 92/43 EEC). Според

статистичките податоци, еден од видовите од кои поголеми количини се собираат и

извезуваат од недрвните шумски производи е модрата смрека (график бр.1).

График бр. 1: Количини на собрани и извезени видови на НДШП од РСМ (2015-2018), извор

МЖСПП, пресметани од проф. Македонка Стојановска

Затоа се наметнува како приоритет да се направи инвентаризација на

површините под модра смрека, како и да се одредат одржливите количините за

собирање кои нема да влијаат врз природниот развој на популациите од модра смрека и

како во иднина да се управуваат и менаџираат. Во овие активности потребно е да се

вклучат повеќе заинтересирани страни како што се Министерството за земјоделие,

шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно

планирање, Министерството за економија, ЈП Национални Шуми, ЈП Пасишта, Царинска

Управа, Локалната самоуправа, фирми кои вршат откуп и преработка на НДШП, локални

собирачи и други заинтересирани субјекти. Со цел да се запазат сите потреби на

населението, од заштита на природата, до остварување на економските интереси,

0100000200000300000400000500000600000700000800000

colle

cted

kg

expo

rted

kg

colle

cted

kg

expo

rted

kg

colle

cted

kg

expo

rted

kg

colle

cted

kg

expo

rted

kg

2015 2016 2017 2018

juniperus

boletus edulis

blackberry

canthanellus cibarius

blueberry

rosa canina

Page 7: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

7

неопходно е да се интегрира заштитата на животната средина во управувањето со

природните ресурси со цел правилно и одржливо користење на истите.

Субјектот одговорен за управување со шумите е Јавното Претпријатие

Национални шуми кое според Законот за шуми е одговорно за управување, користење и

заштита на НДШП. При правење на Планот за управување со шумите потребно е да се

пополни и Образецот IV „План за одржливо управување со други шумски производи“

(Прилог 6.3). Покрај тоа што сегашната регулатива наложува обврска за пополнување на

Образец IV, сепак тоа не е пракса и истиот најчесто останува без никакви информации

или пак тие се препишуваат од претходниот план

Во дефинирање на мерките за правилно и одржливо користење на НДШП

потребно е да бидат вклучени поширок круг на заинтересирани страни, за да се запазат

сите потреби на населението.

Исто така МЖСПП е надлежен државен орган кој издава дозволи за собирање на

засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивни делови на цела

територија од државата и не е ставен под режим за заштита. Собирањето на модра

смерка подлежи на дозвола за собирање и дозвола за изоз. Модрата смрека покрај тоа

што се собира од област и каде управувач се Национални шуми таа се собира и надвор од

подрчја каде е управувач Национални шуми. Во член 23 од Законот за природа е опишан

начинот на издавање на дозволата а исто така има донесено и подзаконски акт со кој

подетално се опишува начинот на собирање на видовите.

Собирањето на засегнати и заштитени диви видови растенија во РСМ е со долга

традиција. За поголемиот дел од руралните домаќинства дава можност за обезбедување

дополнителни парични средства.

Цел на овој пилот проект е процена на ресурсите на модрата смрека, вид што има

економско значење за локалното население на територијата на општина Пехчево. Целта

е да се идентификуваат економски важни наоѓалишта на смрека, да се опишат условите

на живеалиштата и процени ресурсот односно одредат годишни квоти за користење на

смрекинки (плод) на тие наоѓалишта без да се наштети на популацијата на истата.

Во тек на реализација на проектот, претставници на засегнатите страни се

запознаа со методологијата за спроведување на теренската проценка и добија сознание

за важноста на оваа активност во планирањето на употребата и зачувувањето на

ресурсите на засегнати и заштитени диви видови растенија

Како крајна активност, се пристапи кон теренска процена на ресурсите на

модрата смрека во шумскостопанска единица Буковик – Бајаз Тепе со важност на планот

за стопанисување од 2017 до 2026 година под стопанисување на подружницата Равна

Page 8: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

8

Река - Пехчево на Јавното Претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални

Шуми“.

2. Карактеристики на модра смрека

Вид со космополитен ареал на речиси цела северна хемисфера. Во РСМ широко

распространета по ридско-брдски и планински предели од 600 до 1700 m н.в. Застапена е

во дабовиот и буков шумски регион на отворени месторастења најчесто во форма на

деградирани шибјак формации, како дел од прогресивна и регресивна природна

сукцесија. Вид кој има големо пионерско значење во обраснување на оголени површини

со што ги спречува ерозивните процеси и создава услови за развој на шумска вегетација.

Слика бр. 1 и 2: Месторастење на модра смрека (Јане Ацевски)

Модрата смрека е дводомна вечнозелена грмушка (2-4 m) или ниско дрво со

неправилна или конусна крошна до 10 m во височина. Кората на смреката е сиво-кафеава

до црвенкаста и лушпесто испукана. Листовите кои се вечнозелени се игличести, долги

15-30 mm и широки 1-2 mm, цврсти и собрани во пршлени по три. Шишарките на

смреката (голбулите) се нарекуваат „смрекинки“ или „бобинки“ и се со сино-црна боја,

препокриени со ињеста превлака, со дијаметар од 5-9 mm. Смреката цвета во период од

мај до јуни, а смрекинките се зрели есента втората година. Бидејќи „плодовите“ зреат во

втората година, на единките може да има и зелени и зрели „плодови“. Зрелите

„плодови“се собираат со тресење на растението или со „чешлање“ на гранките со помош

на рацете. Смреката како вид не е заштитена, заради собирање на плодовите од причина

што грмушките се развиваат бавно и не се опоравуваат. Семето има низок степен на

'ртење и 'рти само кога поминува низ дигестивниот тракт на некои видови птици.

Page 9: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

9

3. Краток опис на методологијата за проценка на експлоатационите ресурси на модрата смрека во економски значајни наоѓалишта

За проценка на ресурсите на лековити растенија и диви бобинки се користи

специјализирана методологија: „Методологија за утврдување на ресурсите на лековити

растенија“ (Поранешна Државна комисија на СССР за национално шумарство). Главните

параметри што треба да се добијат се вкупната површина на економски важни локации

за собирање на проучуваните видови и приносот од единечна површина.

3.1 Мапирање на локалитетите и определување на нивната големина

Мапирани се сите посетени локалитети. За да се дефинира областа на

локалитетите за берба, ГПС координатите собрани на терен беа интегрирани во ГИС.

Границите на полигоните беа утврдени со визуелизирање на собраните ГПС податоци на

ортофотографиите или сателитските слики на областа, а површината на секој полигон

пресметана во ГИС.

3.2 Евалуација на употребливата биомаса (ресурси за експлоатација) - смрекинки

За проценка на експлоатационите ресурси на смрека се користеше пристапот за

определување на приносот заснован на примероци земени од репрезентативни единки.

Беа утврдени три параметри:

• Просечен број на репрезентативни примероци (растенија) поединечна

површина (Број на грмушки од смрека со смрекинки / m²)

• Просечна маса на суровината (смрекинките) добиена од една единка

(gr / грмушка).

• Просечен принос од единечна површина (gr/m²)

Page 10: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

10

3.2.1 Определување на бројот на репрезентативни примероци по единица површина

Бројот на репрезентативни примероци (грмушки со смрекинки) по единица

површина (m²) се сметаше на трансекти. Секој трансект беше 10 m широк. Едно лице оди

на средина и ги брои плодоносните грмушки во лентата (трансектот) и ги запишува

броевите. Две лица одат паралелно со него од двете страни на 5 m оддалеченост за да ги

обележат границите на трансектот. Едно од страничните лица ја снима патеката на ГПС

за да ја добие должината на трансектот за пресметување на нејзината област. Тогаш,

бројот на употребливи грмушки од смрека се пресметува на m².

Воспоставување на просечна маса на суровина (смрекинки) добиена од една

индивидуа

Просечната маса на суровината (смрекинки) добиена од едно растение беше

проценета со собирање на плодови од одреден број на репрезентативни примероци и

мерење со електронска скала за секој примерок. Потоа, податоците се обработени

статистички.

За избор на репрезентативни примероци за собирање на смрекинките, беше

имплементиран систематски пристап. Во тековната проценка, беа собрани и измерени

смрекинките на секоја четврта или петта грмушка долж трансектот.

3.2.2 Пресметки Пресметката на експлоатационите ресурси на локалитетот вклучува три чекори:

1) Просечен број грмушки / m² X просечна количина на суровина (gr) по грмушка

= принос на овошје на единица површина (gr/m²)

2) Принос на смрекинки на единица површина (gr/m²) X вкупна површина на

локалитет (m²) = корисна количина на суровина од целиот локалитет (gr/m²)

3) Трансформација во kg/ha

Со цел да се искористат одржливите ресурси и да се одржи популацијата кога се

собираат плодови на повеќегодишни растенија, дозволените количини за собирање не

треба да надминуваат 80% од проценетите ресурси за експлоатација.

4. Tеренска процена на ресурсите на модрата смрека

Евалуацијата на ресурсите се спроведува на локалитети на кои смреката

интензивно се користи. Пред да се започне со теренска работа на едно наоѓалиште, тоа

треба да исполнува одредени услови:

• Да им биде познато на локалното население и континуирано да се користи;

Page 11: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

11

• Да има пристап до пат по кој може лесно да се движи теренско возило или пак да

биде оддалечено најмногу 1 час пешачење од патна мрежа;

• Површината да биде поголема од 5 декари и

• Бројот на репрезентативни примероци (единки) од модра смрека да биде поголем

од 5 примероци на 100 m2.

Карта бр. 1: Карта на наоѓалиштата

Во консултации со месното население и вработени од подружницата на ЈП

„Национални Шуми“, за процена на ресурсите на модрата смрека беа избрани наоѓалишта

со модра смрека на 3 (три) локации над с. Умлена, Општина Пехчево. Наоѓалиштата се

наоѓаат во местата викани Китка, Грбавец и Баждарова Чука, северно од с. Умлена,

Општина Пехчево.

Локалитет „Китка“

Локалитет „Грбавец“

Локалитет „Баждарова Чука“

Page 12: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

12

Карта бр. 2: Трансекти на пробната површина (47,12 ha) на локалитет - Китка

Page 13: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

13

Карта бр. 3: Трансекти на пробната површина (43,61 ha) на локалитет - Грбавец

Page 14: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

14

Карта бр. 4: Трансекти на пробната површина (23,73 ha) на локалитет – Баждарова Чука

Сите три наоѓалишта беа посетени од проектниот тим и за секое од нив беше

пополнет Теренски формулар за опис на локација (наоѓалиште) со НДШП (прилог

6.1).

Ред. Бр.

Наоѓалиште Трансект Должина на трансект

[m]

Ширина на трансект

[m]

Површина на трансект

[m²]

1 Китка

Китка 1 185 10 1850

2 Китка 2 175 10 1750

3 Грбавец

Грбавец 251 10 2510

5 Грбавец 227 10 2270

4 Баждарова Чука

Баждарова Чука

390 10 3900

Табела бр.1: Наоѓалишта на модра смрека

Page 15: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

15

За секое наоѓалиште беше одреден среден број на репрезентативни примероци на

единица површина (1 m2).

Наоѓалиштата се наоѓаат на ливади или пасишта кои воопшто не се користат и

тоа придонесува смреката да е обрасната со други видови, како шипинки и бор. За време

на процената беше утврдено берење на смреката на недозволив начин – со кршење на

гранки, како и поединечно корнење и сечење на цели стебла.

При теренската работа, како и според разговорите со локалното население кое ги

користи тие локации, за годината во која се спроведуваше мерењето на даденото

наоѓалиште, оценет е слаб „род“ на смрека. Токму од вакви причини процената на

ресурсите на една локација треба да се изведе минимум во три последователни години,

за да се дојде до веродостојни и реални податоци.

Слика бр. 4: Наоѓалиште Китка (Дарко Скендерски)

Page 16: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

16

Слика бр. 5: Наоѓалиште Грбавец (Дарко Скендерски)

Слика бр. 6: Наоѓалиште Баждарова Чука (Дарко Скендерски)

Процесот на прибирање на податоци се врши на следниот начин:

Родот на смрека на едно наоѓалиште претставува производ од три бројки, среден

број на репрезентативни единки на 1 m2, среден род од една единка и површина на

наоѓалиштето во m2. Работата ја извршува тим од тројца луѓе. Се одредува

репрезентативна траса (маршута) по која се движи лидерот на тимот. Од двете негови

страни (лево и десно), паралелно со него и постојано одржувајќи растојание од 5 m се

движат двајцата помошници. На тој начин се добива пробна површина со ширина од 10 m

и должина која се забележува со помош на соодветни инструменти (ГПС) и зависи од

процената на тимот.

Page 17: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

17

При движењето, од почетната до крајната точка на репрезентативната траса, се

бројат сите плодоносни единки, но за берење се обележува само оној реден број на

репрезентативна единка кој однапред е определен од тимот врз основа на состојбата на

наоѓалиштето. Па така, доколку тимот оцени дека треба да се обере и измери секоја

седма единка, при броењето секоја седма плодоносна единка се обележува. Потоа

обележаните единки се берат и секој род поединечно се мери со дигитална вага која мери

со точност до 1gr.

Слика 7: Мерење на дигитална вага (Дарко Скендерски)

За пресметка на сите просечни вредности, податоците се обработуваат со

употреба на вообичаени статистички формули според применетата методологија.

Резултатите од теренската процена на ресурсите на модрата смрека за погоре

спомнатите локации се прикажани во Табела бр.2.

Ред. Бр.

Наоѓалиште Површина на наоѓалиштето

[m²]

Среден бр. на

единки на 1 m²

Среден принос

по единка

[gr]

Годишен род на

наоѓалиштето [kg]

Максимален корисен род –

80% од годишниот род

[kg]

1 Китка 471 153 0,066 60,56 1883,2 1506,5

2 Грбавец

436 128 0,045 130,42 2559,7 2047,8

3 Баждарова Чука

237 270 0,015 124,21 442,1 353,7

Tабела бр. 2: Теренската процена на ресурсите на модрата смрека за сите 3 локации Колоната „Максимален корисен род“ е количината на смрекинки во kg, која

годишно може да се собере од соодветното наоѓалиште без истото да се наруши. Во земји

Page 18: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

18

каде ресурсите се утврдени и постојат прописи за дозволивите годишни количини за

собирање, вообичаено кај модрата смрека е пропишана количина од 80% од годишниот

род.

Податоците прикажани во Табела бр. 2 се резултат на мерења од една година

(2019), но со цел да се дојде до приближно реални податоци, вакво мерење, во почетокот

треба да се направи континуирано во период од најмалку 3 години и да се земат

средните вредности. Секогаш треба да се имаат предвид временските услови и состојбата

на наоѓалиштето. Во подолг период треба да се прават мерења на неколку години и да се

следи состојбата. Доколку нема нарушувања на здравствената состојба на единките во

наоѓалиштето или лоши временски услови за нивен развој, мерењата би требало да

даваат слични резултати.

5. Заклучоци и препораки

5.1 Препораки • За одржливо користење на ресурсите од модра смрека, потребно е да се утврдат

количините кои може да се собираат без да се загрозат истите. При подготовка на

Планот за управување со шумите, потребно е Јавното Претпријатие Национални

Шуми да ги одреди квотите на модра смрека со пополнување на Образецот IV.

Истиот треба да се пополни според демонстрираната методологија во овој

извештај и врз база на тоа да се одреди количината на смрекинки за кои Јавното

Претпријатие Национални Шуми ќе издава дозволи. Овие податоци може да се

користат за идни планирања и стратегии за понатамошно користење, при што ќе

се запазат принципите за одржливо користење и заштита на животната средина.

• Во процената на ресурсите, покрај стручните лица од областа на екологијата,

ботаниката и шумарството, пожелно е да се вклучат и локалните чинители кои се

добри познавачи на наоѓалиштата и нивната состојба, а се директно вклучени во

собирањето, преработката и откупот. Во процесот на процена, а понатаму и во

следењето (мониторингот) на состојбите на ресурсите на модра смрека од голема

важност е вклучувањето на официјални претставници на локалните власти и

ентитети кои управуваат со тоа природно богатство. За сето тоа да биде

систематизирано, треба да се усогласат обврските за ваквата проценка и да се

предвидат дополнителни средства.

• Да се потикнат Јавните претпријатија кои управуваат со шумите и пасиштата да

покрај основните редовни дејности воведат практики и мерки за користење на

ресурсите, како значаен дополнителен приход во нивното работење. Јавните

Page 19: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

19

претпријатија се кадровски и материјално опремени, само треба правилно да ја

менаџираат и оваа дејност.

• Да се поттикнат компаниите кои извезуваат модра смрека, наместо да извезуваат

суровина, да направат производствени капацитети во кои ќе ги преработуваат во

полуфинални или финални производи каде заработката е повеќекратна.

• Да се усогласат методолгиите на давање дозволи на МЖСПП и ЈП Национални

шуми

• Со цел да се осигури одржливо искористување на ресурсот, а воедно и да се

зголеми неговата додадена вредност, потребно е да се обучат и лиценцираат

собирачите за правилно собирање и да се инвестира во преработка и складирање

за да се добие максимален квалитет и повисока цена.

• Врз основа на статистичките и царински податоци за досегашното собирање на

модрата смрека да се утврди колкав е економскиот бенефит од истите, дали

истиот може да се подобри и зголеми, и со кои мерки.

• Да се утврди дали прекумерното собирање на модрата смрека влијае врз

намалувањето на нејзините хабитати, и дали го загрозува нејзиниот опстанок.

• За површините, застапеноста, состојбата, количините и заштитата на модрата

смрека на територијата на РСМ досега немаме соодветни и целосни податоци.

Според тоа, немаме и соодветни и релевантни податоци за количините на

смреклинки што може да се соберат, а при тоа да не се наруши нејзиниот опстанок

и месторастења. Досегашното користење на модрата смрека не знаеме дали е во

границите на одржливото користење.

• Доколку правилно и потполно се внесуваат потребните информации во Обрзецот

IV, Планот за управување со шумите би бил најрелевантниот извор на податоци за

местата, статусот, количината и годишното производство и истите може да

помогнат при планирањето на одржливото користење на ресурсите и нивната

заштита.

• Методологијата е практична, брза, лесно спроведлива и дава релевантни

податоци кои може да се користат при одредување на ресурсите и капацитетите

на модрата смрека. Преку оваа студија се покажа дека методолошки и практично

може да се утврди теренската процена на ресурсите од модра смрека во рамките

на нејзиното одржливо користење (80% од проценетата количина).

Page 20: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

20

5.2 Заклучоци

• Живалиштата од модра смрека претставуваат едни од најзначајните сукцесивни

стадиуми во развојот на шумската вегетација, имаат значајна пионерска улога во

зараснувањето на оголени и опожарени површини и влијаат врз намалувањето на

деградацијата на земјиштето и ерозивните процеси.

• Модрата смрека според статистичките податоци за извезени количини

претставува една од главните природни ресурси, кои се извезуваат од РСМ.ќ

• Од 3-те локации во околината на Пехчево се прибрани податоци преку мерења

направени во 2019 година. Утврден е годишниот род на секоја од локалитетите,

од кој потоа со утврдената методолгија беше пресметана дозволената максимална

количина за одржливо користење на видот (80% од годишниот род): o Локалитет Китка: годишен род 1883,2 kg, дозволена количина 1506,5 kg;

o Локалитет Грбавец: годишен род 2559,7 kg, дозволена количина 2047,8 kg;

o Локалитет Баждарова Чука: годишен род 442,1 kg, дозволена количина

353,7 kg.

Со цел да се дојде до приближно реални податоци, мерењето треба да се повторува

континуирано во период од најмалку 3 години и да се земат средните вредности, при

што треба да се земат во предвид временските услови и состојбата на наоѓалиштето.

Мерењата треба да ги извршува субјектот кој управува со ресурсите, т.е. Јавното

Претпријатие Национални Шуми.

6. Прилози

6.1 Теренски формулар за опис на локација (наоѓалиште) со НДШП 1. Опис на локацијата (наоѓалиштето)

Вид (локално/народно и латинско име, род) Статус на заштита (да се потцрта) Строго заштитен, заштитен, незаштитен

Заштитена територија/зона (се наведува категоријата на заштита и името)

Месторастење (се запишува кодот и името на природното месторастење според EUNIS)

Место (се наведува конкретното место на наоѓалиштето – викано место, оддел, пододдел, број на катастарска парцела)

Page 21: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

21

Административен Код Населено Место

Општина

Регион

GPS координати (WGS 84) Појаснувања – централна точка, агол и др. X_E_

координати Y_N_

координати

X_E_ координати

Y_N_ координати

X_E_ координати

Y_N_ координати

X_E_ координати

Y_N_ координати

Експозиција(да се заокружи)

N(север), S(југ), E(исток), W(запад), NE(североисток), NW(северозапад), SE(југоисток), SW(југозапад)

Наклон на терен(да се подцрта) рамен – 0-5о, благо наклонет – 6-15 о, стрмен – 16-25 о, многу стрмен – 26-

40 о Осветленост(да се подцрта) на отворено, полусенка, под сенка Влажност(да се подцрта) суво, свежо, влажно, многу влажно

2. Состојба на видот во наоѓалиштето и податоци за

Биолошки тип(да се подцрта) дрво, грмушка, полугрмушка, жбун,

многугодишно тревесто растение, едногодишно тревесто растение

Дел кој се користи(да се подцрта) корен, ризом, луковица или клубени, дршка, лист, кора, цвет, семе, плод

Виталност на популацијата(да се подцрта)

Висока - над 50% единки кои цветаат и плодоносат,

Средна- вегетативниот развој, цутот и плодоносењето се нормални,

Ниска – вегетативното и семенското размножување се силно потиснати

Период на обновување по собирањето(во години)

Проективна покриеност на набљудуваниот вид во %

Број на единки со комерцијална вредност на единица површина (бр./м2)

Површина на наоѓалиштето (во ха)

Page 22: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

22

Количина за експлоатација на видот во свежа состојба во кг

(да се подцрта)

….………….... кг

- процена на количеството според стручни норми

- теренска процена Можен годишен принос во свежа состојба

во кг

3. Други информации за наоѓалиштето:

3.1. Пристапност на наоѓалиштето(лесно пристапно, пристапно, тешко пристапно, непристапно)

……………………………...................…………………………………………………………

3.2. Почетна позиција:

……………………………...................…………………………………………………………

3.3. Инфраструктура: (патна мрежа, градби, објекти во изградба, туристички патеки, друго)

……………………………...................…………………………………………………………

……………………………...................…………………………………………………………

3.4. Закани за наоѓалиштето

Природни: (свлечишта, порои/поплави, ерозија, друго)

……………………………...................…………………………………………………………

Антропогени:(испаша, сечиште, косење, пошумување, туризам, собирање на печурки, друго)

……………………………...................…………………………………………………………

……………………………...................…………………………………………………………

3.5. Дали се преземени мерки за заштита на наоѓалиштето: ДА / НЕ

Ако ДА, какви:

……………………………...................…………………………………………………………

……………………………...................…………………………………………………………

Датум: …………………...................…………………………………………………………

Проценители(име и презиме):………………………......…………………………………...

Page 23: Име на проектот, STAR 5Ÿроценка на ресурсите на... · Име на проектот, star 5 „Зачувување на биолошката разновидност

23

6.2 План за одржливо управување со други шумски производи

7. Прилози

1. Methodology for evaluation of medicinal plants resources, (1986), State Forestry

Commission of the USSR, p. 50. (in Russian) 2. Стратегија за биoлошка разновидност со акционен план за период 2018-2023

година, 2018 Skopje: Министерство за животна средина и просторно планирање.