168

ПРАВО - · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

  • Upload
    vanphuc

  • View
    257

  • Download
    8

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 2: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

234

ПРАВО НА ДЕТЕТО НА ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Член 24 Конвенција за правата на детето:

1. Државите членки му го признаваат на детето правото на највисоко ниво на здравствена и медицинска заштита и рехабилитација. Државите членки ќе настојуваат ниедно дете да не биде лишено од правото на таква здравствена заштита.

2. Државите членки ќе се залагаат за целосно остварување на ова право и посебно ќе преземаат соодветни мерки за:

(а) Намалување на смртноста на бебињата и децата.

(б) Обезбедување на неопходна медицинска помош и здравствена заштита на сите деца, со акцент врз развојот на примарната здравствена заштита.

(в) Отстранување на болестите и потхранетоста, вклучувајќи ја во рамките на примарната здравствена заштита, покрај другото, примената на лесно достапната технологија и обезбедувајќи соодветни хранливи прехрамбени продукти и чиста вода за пиење, земајќи ја во предвид опасноста и ризикот од загадувањето на животната средина.

(г) Обезбедување соодветна заштита на мајкита пред и по раѓањето на детето.

(д) Овозможување на сите сегменти на општеството, посебно на родителите и на децата, да бидат информирани и да им се пружи поддршка при користењето на основните знаења за здравјето, исхраната на детето, предимствата на доењето, хигиената И хигиенските услови на животната средина, како и за спречувањето на несреќите.

(ѓ) Развој на превентивна здравствена заштита, советите за родителите и образованието и пружање на услуги во врска со планирањето на семејството.

3. Државите членки на себе ја преземаат обврската да ја унапредуваат и да ја поттикнуваат меѓународната соработка со цел за постепено постигнување на целосна реализација на правата од овој член. Во тој поглед, особено се земаат предвид потребите на земјите во развој.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Устав на Република Македонија

Член 39На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.

Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

Член 41Право на човекот е слободно да одлучува за создавање на деца.

Републиката, заради усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика.

Член 42Републиката посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица.

Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 3: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

235

Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа.

Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни места што се штетни

за нивното здравје и моралот.

Член 43Секој човек има право на здрава животна средина.

Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.

Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.

Закон за семејство

Член 4Републиката обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството, децата, малолетните лица, децата без родители и децата без родителска грижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство.

Член 5Републиката создава и обезбедува научни, економски и социјални услови за планирање на семејството и за слободно и одговорно родителство.

Во остварувањето на правото на слободно и одговорно родителство, родителите се должни да обезбедат оптимални услови за здрав раст и развој на своето дете во семејството и општеството.

Член 85Ако тоа го бараат интересите на детето, Центарот за социјална работа ги предупредува родителите на недостатоците во воспитанието и развојот на детето и им помага детето правилно да го развиваат и воспитуваат, а може да ги упати тие самите или заедно со детето да посетат соодветно советувалиште или некоја друга здравствена, социјална или воспитна установа која може да им даде потребен совет.

Член 86Ако тоа го бараат интересите на детето, Центарот за социјална работа може да донесе решение за постојан надзор над вршењето на родителското право во поглед на сите деца или само во поглед на некое од нив.

Член 104-бЦентарот за социјална работа до кого е препратено барањето врши процена за подобноста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето, преку континуирано следење на потенцијалните посвоители, најмалку шест месеца, но не повеќе од една година и врз основа на наодот и мислењето на стручниот тим изготвува предлог за упис во регистарот на можни посвоители.

Член 104-вВо рокот утврден во членот 104-б на овој закон лицата кои сакаат да посвојат дете можат да бидат

упатени да посетат соодветно советувалиште. Начинот на работата на советувалиштето од ставот 1 на овој член со акт ги утврдува министерот за труд и социјална политика.

Закон за здравствена заштита

Член 32Ha сите граѓани на Република Македонија им се обезбедува остварување на со овој закон загарантираните права, утврдени потреби и интереси на општеството и тоа:

1) мерки и активности за заштита од штетното влијание врз здравјето на населението, на гасовите, бучавата, јонизирачките зрачења, загаденоста на водата, тлото, воздухот и животните производи и други штетни влијанија на човековата животна и работна средина;

2) мерки и активности за откривање, спречување и сузбивање на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување:

3) систематски прегледи на децата, учениците и студентите;

3-а) мерки и активности за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената;

3-б) мерки и активности за рано откривање, дијагностицирање и лекување на ракот на дојката кај жената;

4) мерки и активности за заштита на жените за време на бременоста, породувањето и леунството и на доенчињата;

5) мерки и активности за планирање на семејството;

6) мерки и активности за организирање и унапредување на крводарителството;

7) обезбедување на трошоците за болни кои се третираат со дијализа;

8) обезбедување на лекови за трансплантирани болни;

9) обезбедување на цитостатици, инсулин и хормон за раст;

10) други мерки и активности утврдени со посебни програми.

Средства за остварување на загарантираните права и утврдените потреби и интереси од ставот 1 на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и од надоместокот што го плаќаат правните лица коишто произведуваат или увезуваат тутунски производи кои содржат штетни материи по здравјето на населението.

Надоместокот од ставот 2 на овој член е приход на Буџетот на Република Македонија и се уплаќа на соодветна уплатна сметка, во рамките на трезорската сметка.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 4: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

236

Средствата обезбедени согласно со ставот 2 од овој член се распоредуваат со програми што ги донесува Владата на Република Македонија, и тоа;

1) Програма за превентивна здравствена заштита;

2) Програма за задолжителна имунизација на населението;

3) Програма за испитување на појавата, спречувањето и сузбивањето на бруцелозата кај луѓето;

3-а) програма за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената;

3-б) програма за рано откривање, дијагностицирање и лекување на ракот на дојката кај жената;

4) Програма за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението;

5) Програма за заштита на населението од СИДА;

6) Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата;

7) Програма за систематски прегледи на децата, учениците и студентите;

8) Програма за организирање и унапредување на крводарителството и

9) Програма за обезбедување на потребите од точките 7, 8 и 9 од став 2 на овој член.

Co основите на здравствената политика што ги донесува Собранието на Република Македонија се определуваат целите и глобалните правци на развојот на загарантираните права и утврдените потреби и интереси на општеството, развојот на здравствената заштита, како и учеството на средствата за здравствена заштита во општествениот производ.

Владата на Република Македонија, по предлог на министерот за здравство, утврдува мрежа на здравствените установи во Република Македонија.

Член 56Зa време на лекувањето и остварувањето на други видови здравствена заштита во здравствените установи, корисниците се должни да се придржуваат на одредбите на општите акти на здравствените установи и упатствата на здравствените работници. Здравствената установа може да го одбие натамошното лекување на корисникот кој со своето однесување ја попречува нејзината работа или го нарушува куќниот ред. По исклучок од ставот 2 на овој член здравствената установа не може да го одбие односно прекине лекувањето, ако непосредно е загрозен животот или здравјето на корисникот, ако се работи за заразна болест што подлежи на задолжително пријавување, душевна болест или за деца до 18 години возраст.

Член 97За спроведување на примарната и превентивната здравствена заштита се основа здравствен дом кој:

ја испитува, следи и проучува здравствената состојба, хигиенските услови за живот и

работа, систематски се спроведуваат мерки и акции заради paно откривање на хроничните заболувања и се спроведуваат и предлагаат мерки за заштита и унапредување на здравјето и за подобрување на животните и работните услови на граѓаните;

спроведува мерки за здравствена заштита на жени, бремените жени, доенчињата, предучилишните и училишните деца, младинците, старите лица и другите граѓани;

спроведува мерки за планирање на семејството; спроведува мерки за спречување, сузбивање

и рано откривање на заразни и масовни заболувања, како и други болести, состојби и повреди;

подготвува, предлага и учествува во спроведувањето на единствената програма за здравственото воспитување и вршењето на поливалентна патронажа;

врши прегледи, лекување на заболените и повредените и спроведува навремена 22

медицинска рехабилитација; организира и спроведува домашно лекување и

учествува во обезбедувањето на здравствена нега на болните;

организира и спроведува мерки заради спречување и лекување на заболувањата на устата и забите;

пружа итна медицинска помош и врши и други работи од превентивната и

примарната здравствена заштита.

Член 98Здравствен дом врши здравствена дејност најмалку во следните области:

општа медицина со итна медицинска помош и домашно лекување;

здравствена заштита на работниците; здравствена заштита на децата; здравствена заштита на учениците и младинците; здравствена заштита на жените; пнеумофизиолошка заштита; стоматолошка заштита; рендген дијагностика; епидемиолошка и санитарно-хигиенска дејност; лабораториска дејност; обезбедување со лекови; патронажа и здравствена статистика и социјално-медицинска дејност.

Здравствениот дом не мора да врши одделни дејности од став 1 на овој член ако на неговото подрачје тие дејности ги врши друга здравствена установа.

Член 110Центарот за јавно здравје ја следи, истражува и проучува здравствената состојба на населението, причините за појавата и ширењето на заразните и други болести од социјално-медицинско значење, како и влијанието на еколошките фактори и врз здравјето, предлага и презема мерки заради заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

Дејноста на центарот за јавно здравје ги опфаќа најмалку следните работи:

собира, обработува и анализира податоци за

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 5: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

237

заболувањата и смртноста на населението и други податоци за здравствената состојба на населението, за хигиенско-епидемиолошките состојби, за заразните и други болести кои имаат социјално-медицинско значење како и за други еколошки услови кои имаат влијание врз здравствената состојба на населението;

собира, обработува и анализира податоци поврзани со здравствената дејност;

работи на работите за организација и планирање на здравствената заштита;

ги проучува и следи хигиенските и други услови во поглед на зашитата на воздухот, прехранбените продукти и предметите за општа употреба, водата за пиење, отпадните води и цврстите отпадни материи и учествува во превентивниот санитарен надзор над изградбата на градежните и други објекти;

следи, односно и спроведува мерки за активна заштита на населението од заразни и други болести од поголемо социјално-медицинско значење;

ја проучува исхраната на населението како и заболувањата и состојбите кои се последица од несоодветната исхрана и предлага мерки за нивно отстранување;

врши - стручно методолошка дејност во областа на епидемиологијата, микробиологијата, хигиената, социјалната медицина со организација на здравствената заштита, здравствената статистика и учествува во утврдувањето и спроведувањето на единствена стручно - методолошка доктрина за одделни области од здравствената заштита;

предлага и учествува во спроведување на единствени програми за здравствено воспитување на своето подрачје во соработка со други здравствени установи и

врши микробиолошки, паразитолошки, хигиенски, токсиколошко-биохемиски и други лабораториски анализи во рамките на својата дејност,

Институт за јавно здравје на Република Македонија покрај работите од ставот 2 на овој член, ги врши следните работи:

ја координира стручната работа на центрите за јавно здравје и другите хигиенско-епидемиолошки служби во Републиката;

врши работи на утврдување и контрола на штетните биолошки и хемиски агенси (референтен центар);

утврдува потребни мерки и врши нивно спроведување во елементарни и други поголеми несреќи и во други вонредни состојби;

врши работи и го организира спроведувањето на статистичките истражувања од областа на здравството;

го проектира развојот и ја организира работата на информативниот систем во областа на здравството;

врши контрола на лекови, лековити супстанци и помошни лековити средства;

ги следи јонизирачките зрачења и нејонизирачко зрачење;

учествува во образовната дејност и спроведува стручно усовршување на здравствени работници и здравствени соработници од хигиено-епидемиолошката, социјално-медицинската,

односно од превентивната дејност и изградува и спроведува стручно-медицински

доктринарни критериуми и истражувачка дејност во својата област.

Член 172За секое умрено лице се утврдува времето и причината за смртта.

Ниедно умрено лице, односно мртвородено дете не смее да биде закопано додека не се изврши преглед и не се утврди времето и причината на смртта.

Член 175Смртниот случај или случајот на мртвороденост, се должни веднаш да го пријават членовите на семејството на умреното лице, а ако такви нема или не знаат за случајот, секое друго лице кое за случајот дознало или го пронашло умреното лице.

Смртниот случај или случајот на мртвороденост се пријавува на овластено лице за преглед на умрени лица или на месната канцеларија, односно санитарната инспекција, на органот на управата надлежен за внатрешни работи на подрачјето на кое умрело лицето, односно каде што е пронајдено умреното лице.

Член 200-кДеловите од објектите и опремата на постојните јавни здравствени установи во кои се врши примарна здравствена заштита, стоматолошка здравствена заштита и фармацевтска дејност се трансформираат, односно се приватизираат по пат на издавање под закуп на простор и опрема, под услов закупецот да основа приватна здравствена установа за вршење на соодветна дејност, во согласност со овој закон.

За вршење на дејноста од ставот 1 на овој член во јавните здравствени установи под закуп се издаваат просторот и опремата на деловите кои претставуваат организациона просторна, техничка и функционална целина, (во натамошниот текст: организациона единица).

Владата на Република Македонија, по предлог на Министерството за здравство може да донесе одлука по пат на закуп да се трансформираат, односно приватизираат и други делови од јавните здравствени установи.

Под закуп не можат да се издаваат организациони единици во јавните здравствени установи што вршат:

1) итна медицинска помош и домашно лекување;

2) итна стоматолошка помош организирана за работа во трета смена со три стоматолошки тима (доктор на стоматологија и здравствен работник со средно, више или високо стручно образование во траење од три години од областа на медицината, односно стоматологијата), за повеќе од 70.000 население на подрачјето на јавната здравствена установа;

3) превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца организирана со по еден медицински тим (доктор на медицина и здравствен работник со средно, више или високо стручно образование во траење од три години од областа на медицината),

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 6: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

238

на секои 2.000 предучилишни деца, односно 3.000 училишни деца до 18 годишна возраст на подрачјето на јавната здравствена установа, но најмногу еден медицински тим ако вкупниот број на деца е помал од 2.000;

4) поливалентна патронажа организирана со еден здравствен работник со средно, више или високо стручно образование во траење од три години од областа на медицината на секои 5.000 до 6.000 жители на подрачјето на јавната здравствена установа;

5) стоматолошка заштита на деца до 18 годишна возраст организирана со еден стоматалошки тим (специјалист по детска и превентивна стоматологија, односно доктор на стоматологија ако во јавната здравствена установа нема специјалист и здравствен работник со средно, више или високо стручно образование во траење од три години од областа на медицината, односно стоматологијата), за секои 3.000 деца на подрачјето на јавната здравствена установа и

6) медицина на труд организирана во служби кои обезбедуваат средства за работа од здравствените услуги кои работодавачите се должни да ги обезбедуваат за своите работници во согласност со прописите за заштита при работа, за повеќе од 10.000 вработени на подрачјето на јавната здравствена установа.

Закон за здравствено осигурување

Член 5Со овој закон задолжително се осигуруваат:

1) работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје;

2) државјанин на Република Македонија кој на територијата на Република Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор поинаку не е определено;

3) самовработено лице;

4) индивидуален земјоделец;

5) припадник на монашки и други верски редови и верско службено лице;

6) привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност и невработено лице кое активно бара работа и кое се пријавува во Агенцијата за вработување на Република Македонија, доколку нема друга основа на осигурување;

7) државјанин на Република Македонија вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување според законот на земјата во која е вработен, или според

меѓународна спогодба, а имал живеалиште на територијата на Република Македонија непосредно пред засновањето на работниот однос во странство - за членовите на семејството кои живеат во Република Македонија;

8) корисник на пензија и надоместок на плата според прописите на пензиското и инвалидското осигурување;

9) државјанин на Република Македонија кој прима пензија или инвалиднина од странски носител на осигурување додека престојува на територијата на Републиката;

10) лице корисник на постојана парична помош, лице сместено во згрижувачко семејство и во установа за социјална заштита, корисник на паричен надоместок за помош и нега и парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, согласно со прописите од социјалната заштита, ако не може да се осигура по друга основа;

11) странец кој на територијата на Република Македонија е во работен однос или служба на странски физички и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва ако со меѓународен договор поинаку не е определено;

12) странец кој се наоѓа на школување или стручно усовршување во Републиката ако со меѓународен договор поинаку не е определено;

13) лице на издржување на казна затвор, лице кое се наоѓа во притвор (ако не е осигурено по друга основа) и малолетно лице кое се наоѓа на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа и

14) учесник во НОВ и учесник во Народноослободителното движење во Егејскиот дел на Македонија, воен инвалид и членовите на семејствата на паднатите борци и умрените учесници во НОВ, како и цивилните инвалиди од Втората светска војна, лицата прогонувани и затворани за идеите на самобитноста на Македонија и нејзината државност, на кои тоа својство им е утврдено со посебни прописи и членовите на семејството и родителите на лицата граѓани на Република Македонија, загинати во војните при распадот на СФРЈ.

15) државјанин на Република Македонија кој не е задолжително осигуран по една од точките 1 до 14 на овој член.

Граѓаните кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување според став 1 на овој член можат да пристапат кон задолжителното здравствено осигурување заради користење на право на здравствени услуги од член 9 на овој закон.

Член 6Врз основа на задолжителното здравствено осигурување на осигуреникот, се обезбедува задолжителното здравствено осигурување и на членовите на неговото семејство, ако не се осигурени според член 5 на овој закон.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 7: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

239

Како членови на семејство на осигуреникот, во смисла на овој закон, се сметаат: брачниот другар и децата родени во брак или вон брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување.

Член 7Децата на осигуреникот се здравствено осигурени:

1) до навршување на 18-годишна возраст, a по тие години само ако се на редовно школување, но најдоцна до навршувањето на 26 години;

2) кога се на вонредно школување, ако поради природата на болеста не се во можност редовно да ја посетуваат наставата и

3) ако се или станат неспособни за самостоен живот и работа во смисла на прописите на пензиското и инвалидското осигурување, односно за социјалната заштита, ако осигуреникот ги издржува - за сето време додека трае таквата неспособност.

Член 9Основните здравствени услуги од член 8 на овој закон се:

а) во примарната здравствена заштита:

1) здравствени услуги заради утврдување, следење и проверување на здравствената состојба;

2) преземање на стручно медицински мерки и постапки за унапредување на здравствената состојба, спречување, сузбивање и рано откривање на болестите и други нарушувања на здравјето;

3) укажување на итна медицинска помош, вклучувајќи и превоз со санитетско возило кога е тоа неопходно;

4) лекување во ординација, односно во домот на корисникот;

5) здравствена заштита во врска со бременост и породување;

6) спроведување на превентивни, терапевтски и рехабилитациони мерки;

7) превенција, лекување и санирање на болестите на устата и забите и

8) лекови според листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот на кој министерот за здравство дава согласност;

б) во специјалистичко-консултативната здравствена заштита:

1) испитување и утврдување на заболувањата, повредите и здравствената состојба;

2) спроведување на специјализирани дијагностички, терапевтски и рехабилитациони постапки и

3) протези, ортопедски и други помагала, помошни и санитетски справи и материјали и забнотехнички средства според индикации утврдени со општ акт на Фондот на кој министерот за здравство дава согласност;

в) во болничката (краткотрајна и долготрајна) здравствена заштита:

1) испитување и утврдување на здравствената состојба, лекување, рехабилитација, нега, сместување и исхрана во болнички услови;

2) лекови според листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот на кој министерот за здравство дава согласност, како и помошни материјали кои служат за примена на лековите и санитетските и друг материјал потребен за лекување;

3) сместување и исхрана на придружник при неопходно придружување на дете до тригодишна возраст, додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена и

г) обдукција на умерени по барање на здравствени установи.

Основните здравствени услуги од ставот 1 на овој член Фондот ги обезбедува на осигурените лица во здравствените установи во висина на цени утврдени со Ценовникот на здравствени услуги во Република Македонија кој го донесува Управниот одбор на Фондот.

Фондот со општ акт поблиску ги определува, начинот на остварувањето на правата на здравствени услуги, како и за спроведување на здравствената заштита, на кој министерот за здравство дава согласност.

Член 10Co задолжителното здравствено осигурување не се опфатени здравствените услуги:

1) естетски операции кои не се медицински индицирани;

2) користење на повисок стандард на здравствени услуги во болничката здравствена заштита над утврдените стандарди;

3) бањско климатско лекување;

4) медицинска рехабилитација на дегенеративни заболувања според општ акт утврдено од министерот за здравство, освен за деца до 18-годишна возраст;

5) лекови кои не се опфатени со листите на лекови од член 9 на овој закон;

6) протези, ортопедски и други помагала, помошни и санитетски справи и материјали и забнотехнички средства кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување или се изработени од надстандарден материјал;

7) општа нега, сместување и исхрана во геронтолошка установа;

7-а) извршени во примарна здравствена заштита кај лекар кој не му е избран лекар на осигуреното лице;

8) специјалистичко - консултативни и болнички здравствени услуги без упат од избраниот лекар или извршени здравствени услуги во здравствени установи каде што Фондот не обезбедил вршење на здравствени услуги на негов товар;

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 8: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

240

9) прекинување на бременост, ако не е медицински индицирано;

10) лекување како последица на непридржување на упатствата од лекарот;

10-а) вештачко оплодување по трет неуспешен обид за оплодување;

11) издавање на сите видови лекарски уверенија;

12) набавка на нови протетски и ортопедски справи и други помагала пред утврдениот рок;

13) отрезнување и лекување од акутна алкохолизирана состојба, како и за намерни труења, кои не се предизвикани од душевни растројства;

14) лекување во странство, ако лекувањето е извршено без одобрение од Фондот;

15) Укината; 2

16) прегледи, испитувања и упатувања до надлежниот орган за оценување на работната способност, според прописите за пензиското и инвалидското осигурување, и според прописите за социјалната и детска заштита кога тие се вршат по барање на осигуреникот, работодавецот или друг орган;

17) незадолжително вакцинирање;

18) лекување, односно рехабилитација од болести на зависност над 30 дена;

19) прегледи на умрени и обдукција по барање на надлежни органи или граѓани;

20) здравствени прегледи на вработените кои се упатуваат на работа во странство од страна на работодавците, како и прегледите и превентивните мерки на здравствена заштита за патување во странство;

21) лекување од последици на третман од надрилекари или употреба на надрилекарства и

22) други здравствени услуги кои според овој закон не паѓаат на товар на средствата на Фондот.

Член 14Право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство можат да остварат осигурениците од член 5 став 1 точки 1, 2 и 3 на овој закон.

Надоместокот од став 1 на овој член се исплатува за деновите за кои се остварува плата и во траење утврдено со прописите за работните односи.

Средствата за остварување на правото од ставот 1 на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија преку надлежен орган.

Член 17Висината на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа ја определува работодавецот, односно Фондот со општ акт, но најмалку во висина од 70% од основицата за надоместокот на плата.

По исклучок од став 1 на овој член висината на надоместокот на плата за време на привремената спреченост за работа предизвикана со повреда на работа, професионална болест, за време на давање крв, ткиво или орган, како и за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата утврдена според член 16 на овој закон.

Висината на надоместокот на плата пресметан врз основа на членот 16 на овој закон не може да биде повисока од износот на две просечни месечни плати исплатени во Републиката во претходната година.

Исплата на надоместокот на плата

Член 18Надоместокот на плата за првите 21 ден спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавецот од своите средства, а над 60 дена Фондот.

По исклучок од став 1 на овој член надоместокот на плата се исплатува од средствата на Фондот од првиот ден на привремената спреченост за работа во случај на нега на болно дете до тригодишна возраст, доброволно давање крв, ткиво или орган, а за отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство од средствата на Буџетот на Република Македонија.

Ако доброволен дарител на крв не остварил надоместок на платата кај работодавецот кај кого е вработен, за отсуство од работа поради доброволно дарување крв, може да бара тоа право да го оствари на товар на средствата на Фондот.н надоместок за живородено дете

Член 24-аПосебен паричен надоместок за живородено дете остварува мајката за раѓање и мајчинство на живородено дете.

Посебниот паричен надоместок од ставот 1 на овој член го остварува мајката на живороденото дете и се исплатува за период од девет месеца непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци), тројки или повеќе) една година, од денот на раѓањето во висина на 30% од просечно исплатената нето плата по работник во Република Македонија објавена за тековниот месец.

Посебниот паричен надоместок од ставот 1 на овој член не се исплатува во случаите кога мајката на живороденото дете има право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, согласно со овој закон или тоа право го користи таткото, согласно со прописите за работните односи.

Посебниот паричен надоместок од ставот 1 на овој член се обезбедува согласно со Програмата за посебен паричен надоместок за живородено дете која на предлог на Министерството за здравство ја донесува Владата на Република Македонија.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 9: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

241

Средствата за реализација на Програмата од ставот 4 на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

Член 32Осигурените лица учествуваат со лични средства при користењето на здравствени услуги и лекови, но најмногу до 20% од просечниот износ на вкупните трошоци на здравствената услуга, односно лековите.

За здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице учествува со 20% од вкупните трошоци.

Висината на учеството од став 1 на овој член во фиксен износ, обратно пропорционално од цените на услугите, ја утврдува Фондот со општ акт на кој министерот за здравство дава согласност.

Член 33Осигурените лица учествуваат до 50% од утврдената цена на протезите, ортопедските и други помагала и санитетски средства, изработени од стандарден материјал, согласно со член 9 став 1 точка 3 под б на овој закон.

Висината на учеството од став 1 на овој член ја утврдува Фондот со општ акт на кој министерот за здравство дава согласност.

Член 34Од учеството утврдено во член 32 на овој закон се ослободуваат:

осигурените лица за лекарски преглед кај избраниот лекар и итна медицинска помош на повик;

децата со посебни потреби, според прописите за социјална заштита;

корисници на постојана парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита и во друго семејство, според прописите за социјална заштита, освен за лековите од листата на лекови издадени на рецепт во примарната здравствена заштита и за лекувањето во странство;

душевно болни лица сместени во психијатриски болници и ментално ретардирани лица без родителска грижа и

осигурените лица кои во текот на една календарска година платиле учество во специјалистичко - консултативната и болничката здравствена заштита, освен за лековите од листата на лекови издадени на рецепт во примарната здравствена заштита и за лекувањето во странство, во износ повисок од 70% од просечната остварена месечна плата во Републиката во претходната година.

За осигурените лица кои остваруваат месечен нето приход во семејството помал од просечната плата во Републиката во претходната година, како и за одредени возрасни групи, Фондот со општ акт, на кој министерот за здравство дава согласност, ќе определи понизок износ за ослободување од плаќање на партиципација од износот утврден во став 1 алинеја 4 на овој член.

Член 35Од учеството утврдено во член 33 на овој закон се ослободуваат децата до 18-годишна возраст и осигурените лица кои имаат потреба од протези за долни и горни екстремитети, слушни протези, ортооптички помагала и инвалидска количка и од медицински помагала за функција на физиолошките празнења.

Закон за заштита на децата

Член 2Заштитата на децата е организирана дејност заснована на правата на децата, како и на правата и обврските на родителите за планирање на семејството и на државата и единиците на локалната самоуправа за водење хумана популациона политика.

Заштитата на децата се остварува со обезбедување услови и ниво на животен стандард што одговара на физичкиот, менталниот, емоционалниот, моралниот и социјалниот развој на децата.

Државата, како и единиците на локалната самоуправа се грижат за давање соодветна материјална помош на родителите за издржување, подигнување, грижа и заштита на децата и организирање и обезбедување на развој на установи и служби за заштита на децата.

Член 3-аВо примената на одредбите на овој закон се тргнува од принципите на заштитата на правото на живот и развој на детето, заштитата на најдобриот интерес на детето, обезбедување минимум стандард за секое дете под еднакви услови, исклучување на каква било форма на дискриминација, почитување на правото на детето на слобода и безбедност на личноста, на сопствено мислење и слободно изразување, здружување и образование, услови за здрав живот и остварување на други социјални права и слободи на детето.

Член 4Права за заштита на децата во смисла на овој закон се:

1) детски додаток;

2) посебен додаток;

3)еднократна парична помош за новороденче;

4) партиципација и

5) родителски додаток за дете.

Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување

Член 10Брачните или вонбрачните двојки имаат право да бидат известени за сите можности на лекување, како и за другите начини на остварување на родителството преку посвојување, особено во случај на истовремена неплодност кај мажот и жената поради која немаат изглед да добијат сопствено потомство.

Пред спроведување на постапката на БПО овластен доктор во здравствената установа е должен на

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 10: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

242

брачната или вонбрачната двојка или жената да им ја објасни постапката, успешноста на постапката, како и можните последици и ризици што можат да се случат при и по завршување на која било процедура во текот на постапката за БПО.

Член 11Пред спроведување на постапката на алогенеичко БПО во која се користат донирани полови клетки или ембриони, за брачните или вонбрачните двојки или жената од членот 9 став 3 на овој закон, задолжително е претходно правно и психолошко советување.

Психологот е должен лицата од ставот 1 на овој член да ги запознае со можните психички реакции од постапката на алогенеичко БПО. За извршениот совет психологот е должен да издаде писмена потврда.

Правникот е должен лицата од ставот 1 на овој член да ги запознае со правното значење и последиците од согласноста за планираната постапка на алогенеичко БПО, како и со родителските права кои произлегуваат од медицинската постапка. За дадениот совет е должен да издаде писмена потврда .

Здравствената установа во која се спроведува БПО е должна да обезбеди правно и психолошко советување, а ако тоа не е можно е должна лицата од ставот 1 на овој член да ги упати во друга здравствена установа во која се спроведува соодветно советување.

Закон за заштита на правата на пациентите

Член 7Пациентот има право, во сите фази на здравствената заштита, да биде потполно информиран за:

1) својата здравствена состојба, вклучително и за медицинската процена на резултатите и исходот на одредена медицинска интервенција, како и нејзините најчесто очекувани компликации;

2) препорачаните медицински интервенции, како и планираните датуми за нивно спроведување (програма за третман и рехабилитација);

3) можните предности и ризици при спроведувањето, односно поради неспроведувањето на препорачаните медицински интервенции;

4) своето право на одлучување за препорачаните медицински интервенции;

5) можните замени за препорачаните медицински интервенции;

6) причините за евентуалните разлики на постигнатиот резултат од медицински интервенции во однос на очекуваниот;

7) текот на постапката при укажувањето на здравствената заштита;

8) препорачаниот начин на живеење и

9) правата од здравствената заштита и здравствено осигурување, како и постапката за остварување на тие права.

Член 8Информациите од членот 7 на овој закон на пациентот мора да му се дадат на разбирлив и соодветен начин за пациентот, со минимизирање на техничката, односно стручнатa терминологија, со цел да се добијат податоците од важност за третман на пациентот.

Член 9Пациентот има право да побара второ стручно мислење за својата здравствена состојба, под услови пропишани со прописите за здравствена заштита и здравствено осигурување за давање на првото стручно мислење.

Второто стручно мислење од ставот 1 на овој член, на усно или писмено барање на пациентот, е должен да го даде секој здравствен работник со најмалку иста стручна подготовка, како и таа на здравствениот работник кој го дал првото стручно мислење, а кој непосредно не учествувал во првичната медицинска интервенција над пациентот.

Член 15За пациентот кој не е при свест, за пациентот кој е примен во здравствена установа без негова согласност, за деловно неспособен или малолетен пациент, освен во случаи на неодложна медицинска интервенција, изјавата од членот 14 на овој закон ја потпишува неговиот родител, законскиот застапник, односно старателот.

Во интерес на пациентот, лицето од ставот 1 на овој член може да ја повлече изјавата до почетокот на интервенцијата на ист начин на кој таа е дадена.

Во случај кога интересите на пациентот од ставот 1 на овој член и неговиот родител, законскиот застапник, односно старателот се спротивставени, здравствената установа е должна веднаш да го извести надлежниот Центар за социјални работи кој решава според начелото на итност.

Член 22Пациентот има право да биде информиран дека за него се води медицинското досие и има право на увид во тоа досие.

Пациентот има право на свој трошок во реален износ да добие извод или копија на податоци и документи од медицинското досие од ставот 1 на овој член.

Пациентот има право да бара појаснување на податоците од медицинското досие што се однесуваат на него.

Податоците од медицинското досие се ажурираат на начин што обезбедува при внесот на нови податоци, да можат да се утврдат првично внесените податоци.

Член 33Здравствената установа е должна да :

1) му обезбеди лична сигурност на пациентот за време на престојот во здравствената установа;

2) го информира пациентот за правата од здравствената заштита и здравственото осигурување и постапката за остварување на тие права;

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 11: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

243

3) го информира пациентот, во сите фази на здравствената заштита во согласност со членот 7 од овој закон;

4) му ги даде на пациентот информациите пропишани со овој закон на начин пропишан со членот 8 од овој закон;

5) го информира пациентот за имињата, стручната подготовка и специјализацијата на здравствените работници кои му укажуваат непосредно здравствена заштита;

6) го извести Центарот за социјални работи во случаите од членот 15 став 3 на овој закон;

7) води медицинско досие за пациентот;

8) му обезбеди на пациентот информација и увид во медицинското досие, појаснување на податоците од медицинското досие што се однесуваат на него, извод или копија на податоци и документи од медицинскиото досие во согласност со членот 22 од овој закон;

9) ги ажурира податоците во медицинското досие на начин што обезбедува, при внесот на нови податоци, да можат да се утврдат првично внесените податоци;

10) во случај на смрт на пациентот, ако тоа пациентот за време на својот живот изречно не го забранил, овозможи право на увид во медицинското досие од членот 22 на овој закон на брачниот или вонбрачниот другар на пациентот, полнолететно дете, родител, полнолетен брат или сестра на пациентот, како и законскиот застапник, односно старателот на пациентот, како и да им овозможи извод или копија на документи од медицинското досие на пациентот во согласност со членот 23 од овој закон;

11) обезбеди доверливост (тајност) на личните и медицинските податоци на пациентот што се однесуваат на здравствениот статус на пациентот, медицинската, односно клиничката состојба, дијагнозата, прогнозата и третманот, како и сите други информации од лична природа, дури и по неговата смрт, во согласност со прописите за чување на професионална и деловна тајна, како и за заштита на личните податоци;

12) обезбеди чување на човековите субстанци од кои може да се идентификува пациентот на начин уреден со членот 25 став 5 од овој закон;

13) даде информација за приемот на пациентот во болничка здравствена установа, како и за неговата здравствена состојба во согласност со членот 25 став 6 од овој закон;

14) му овозможи на пациентот прием на посетители во текот на престојот во болничка здравствена установа, во согласност со куќниот ред на здравствената установа, односно да забрани посета на одредено лице или лица, во согласност со членот 26 став 2 точка 1 од овој закон;

15) му овозможи на пациентот да прима и испраќа пошта и да води телефонски разговори на свој трошок;

16) му овозможи на пациентот да следи радио и телевизиски програми во рамките на можностите на здравствената установа;

17) му овозможи на пациентот да учествува, по свој избор во верски активности во рамките на можностите на здравствената установа;

18) му овозможи на пациентот да користи викенд-отсуство во согласност со неговата здравствена состојба;

19) го истакне на видливо место куќниот ред;

20) го извести родителот, законскиот застапник, односно старателот на пациентот, како и Центарот за социјална работа за самоволното напуштање без најава, во случаи кога пациентот е неспособен за расудување, односно е малолетно лице;

21) му овозможи на пациентот услови што обезбедуваат приватност при прегледот, односно лекувањето, а особено при укажувањето на личната нега;

22) овозможи медицинската интервенција, односно медицинската нега да се укаже само во присуство на оние лица кои се неопходни за извршување на интервенцијата, освен ако пациентот се согласи да биде поинаку;

23) овозможи пациентот сместен во здравствена установа да биде одвоен од пациент со различен пол;

24) овозможи малолетен пациент сместен во здравствена установа да биде одвоен од полнолетен пациент и

25) овозможи пациентот сместен во здравствена установа да поседува предмети за лична употреба за облекување, обезбедување на лична хигиена, како и за други лични и неопходни потреби во согласност со неговата здравствена состојба.

Член 51Министерот за здравство формира Државна комисија за унапредување на правата на пациентите.

Членовите на Комисијата од ставот 1 на овој член се избираат од редот на пациентите, невладините организации, медиумите, стручните лица во областа на заштитата на правата на пациентите, како и од Министерството за здравство.

Комисијата ги врши следниве работи:

1) презема активности за унапредување на правата на пациентите и нивната заштита;

2) ја следи и проценува состојбата со заштитата на правата на пациентите на територијата на целата држава;

3) ги следи меѓународните документи во областа на заштитата на правата на пациентите;

4) предлага мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до министерот за здравство;

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 12: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

244

5) соработува со народниот правобранител и други надлежни органи;

6) соработува со комисиите за заштита и промоција на правата на пациентите формирани од страна на општините;

7) дава мислења, препораки и предлози на надлежните тела и органи за унапредување на заштитата на правата на пациентите;

8) бара стручна експертиза ако оцени дека тоа е неопходно за утврдување на одредена состојба;

9) подготвува и публикува полугодишен и годишен извештај за заштита на правата на пациентите за територијата на целата држава;

10) публикува информации, промотивен и друг материјал со цел за унапредување на заштита на правата на пациентите и

11) врши и други работи од значење за промоција на правата на пациентите и нивната заштита .

Член 52Фондот за здравствено осигурување на Македонија (во натамошниот текст: Фондот) е должен да обезбеди остварување и заштита на правата на осигурените пациенти од здравственото осигурување согласно со прописите од областа на здравственото осигурување.

Фондот од ставот 1 на овој член е должен да дава стручна помош на осигурените пациенти при остварувањето и заштитата на нивните права од здравственото осигурување.

За целите од ставот 2 на овој член Фондот во секоја подрачна единица е должен да определи, на лесно достапно место и јасно да означи “Канцеларија за стручна помош на осигурените пациенти при остварувањето и заштитата на нивните права од здравственото осигурување”, како и да ги овозможи сите потребни услови за работа на канцеларијата.

Закон за работни односи

Член 161(1) Работниците поради бременост и родителство имаат право на посебна заштита во работниот однос.

(2) Работодавачот е должен на работниците да им овозможи полесно усогласување на семејните и професионалните обврски.

Забрана за вршење работи за време на бременост и по породување

Член 162(1) За време на бременост и уште една година по породувањето, работничката не смее да врши работи, ако тие со зголемена опасност влијаат на нејзиното здравје или здравјето на детето.

(2) Работите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на трудот, во согласност со министерот надлежен за работите од областа на здравството.

Посебна заштита за време на бременоста

Член 163(1) Работодавачот на смее да бара какви било податоци за бременоста на работничката, освен ако таа самата не ги достави заради остварувањето на правата за време на бременоста.

(2) Ако работничката врши работа која за време на нејзината бременост може штетно да влијае на нејзиното здравје или здравјето на детето, определени согласно со членот 162 на овој закон, работодавачот е должен да и обезбеди вршење на друга соодветна работа и плата, како да ја вршела својата работа, ако тоа за неа е поповолно.

(3) Во спорот меѓу работодавачот и работничката одлучувачко е мислењето на избраниот лекар, односно лекарската комисија.

Заштита за време на бременост и родителство во врска со ноќната и

прекувремената работа

Член 164(1) За време на бременост или со дете до една година возраст, работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе.

(2) На работничката која има дете од една до три години возраст, може да и се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по нејзина претходна писмена согласност.

(3) Правото од ставовите (1) и (2) на овој член го има работникот - татко на детето, односно работникот кој го негува детето, доколку мајката умре, го напушти детето, односно врз основа на мислењето на надлежната лекарска комисија според прописите на здравственото осигурување е неспособна за самостојно живеење и работа.

(4) На еден од работниците - родители кој има дете помладо од седум години или тешко болно дете или дете со телесен или душевен недостаток и кој живее сам со детето и се грижи за неговото воспитување и заштита, може да му се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по негова претходна писмена согласност.

Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство

Член 165(1) Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) една година.

(2) Врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, работничката може да го започне отсуството за бременост, раѓање и родителство 45 дена пред раѓањето, а задолжително 28 дена пред раѓање.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 13: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

245

(3) Работничка која посвојува дете има право на отсуство до наполнување на деветмесечна возраст на детето, а доколку посвоила повеќе деца (две или повеќе) една година.

(4) Работничка која посвојува дете има право на платено отсуство за времетраењето на периодот на адаптацијата на детето, согласно со прописите за семејството.

Повторно враќање на работа од отсуство од работа поради бременост,

раѓање и родителство

Член 166(1) Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството.

(2) Работничката од ставот (1) на овој член, покрај правото на плата, има право и на надомест на плата за отсуство поради бременост и родителство, во висина од 50% од утврдениот износ на надоместокот за отсуството од ставот (1) на овој член според прописите за здравствена заштита.

Користење на отсуство од работа за родителство од страна на татко или

посвоител на дете

Член 167Доколку отсуството од работа за родителство од членот 165 на овој закон не го користи работничката, правото на отсуство од работа за родителство го користи таткото или посвоителот на детето.

Продолжување на отсуството поради бременост, раѓање и родителство

Член 168(1) Ако работничка роди мртво дете или ако детето умре пред истекот на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, има право да го продолжи отсуството за време колку што според наодот на лекар е потребно да закрепне од раѓањето и од психичката состојба предизвикана со губењето на детето, а најмалку 45 дена, за кое време и припаѓаат сите права врз основа на отсуството за бременост, раѓање и родителство.

(2) За време на отсуството од ставот (1) на овој член и членот 165 став (2) на овој закон, работничката има право на надомест на плата според прописите за здравствена заштита.

Скратено работно време на родител на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби

Член 169(1) Еден од родителите на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби има право да работи со половина од полното работно време ако двајцата

родители се во работен однос или ако родителот е самохран, врз основа на наод од надлежна лекарска комисија, ако детето не е сместено во установа за социјално-здравствено згрижување.

(2) Скратеното работно време од ставот (1) на овој член се смета како полно работно време, а правото на надомест на плата се исплатува според прописите за социјална заштита.

Надоместок на плата

Член 170Работникот кој користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, отсуство за нега и заштита на дете има право на надоместок на плата согласно со овој и друг закон и колективен договор.

Член 171Работничката која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден ипол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето.

Закон за заштита и спасување

Член 42Должност за учество во силите за заштита и спасување имаат работоспособните граѓани со навршени 18 години живот до наполнети 55 години живот за мажи, односно 50 години живот за жени. Должноста на граѓаните за учество во заштитата и спасувањето се

остварува во силите за заштита и спасување. Од должноста за учество во заштитата и спасувањето се ослободуваат бремени жени, мајки и самохрани родители и старатели кои имаат или се грижат за дете до седум години, односно за две или повеќе деца до десет

години. Граѓаните се должни да се јавуваат на поканите за учество во заштитата и спасувањето кои им се доставени од надлежен орган. Должност во заштитата и спасувањето имаат сите работоспособни граѓани.

Член 73Радиолошката, хемиската и биолошката заштита опфаќаат мерки и средства за навремено откривање, следење и контрола на опасностите од последиците од несреќи со опасни материи, како и последиците од радиолошко, хемиско и биолошко оружје, преземање на мерки за заштита и отстранување на последиците од нив. Сопствениците на објекти во кои се произведуваат и складираат опасни материи, сопствениците на транспортни средства, како и сопствениците и корисниците на објектите и уредите кои се наменети за јавно снабдување со вода, производство, сообраќај и складирање на животни, лекарства и сточна храна, јавните здравствени служби, како и сопствениците на објекти во кои се

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 14: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

246

врши згрижувањето и образованието на децата, се должни да обезбедат заштитни средства и да ги извршуваат пропишаните мерки за радиолошка, хемиска и биолошка заштита.

Закон за водите

Член 77Општа забрана

(1) Секое дејствие или активност со коешто се загадуваат водите или се испуштаат отпадни води или непреземање на дејствие со коешто се овозможува загадување на водите или испуштање на отпадни води е забрането.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член дејствијата и активностите можат да се преземат под услови и на начин утврдени со овој закон.

Закон за заштита на потрошувачите

Член 33Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид:

својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување;

дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи;

презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и

категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.

Член 38Детската играчка може да биде пуштена во промет само ако не ја загрозува безбедноста и здравјето на децата или на трети лица, кога се користи на планираниот или на некој друг предвидлив начин, имајќи го предвид нормалното однесување на децата.

Имајќи го предвид рокот во кој играчката може да се користи, пред нејзиното пуштање во промет мора да ги исполнува основните безбедносни и здравствени услови пропишани со закон.

Под “пуштена во промет” се подразбира и продажба и бесплатна дистрибуција на играчката.

Член 134Државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор се должни да му укажат на

трговецот да ги отстрани утврдените недостатоци во рок од пет работни дена, ако утврди дека:

1) нуди бесплатно или заедно со некој друг производ вештачки млека и друга храна наменета за доенчиња до шест месечна возраст, шишиња и цуцли и цуцли лажалки (член 17 став 2);

2) не издаде гаранција за квалитетот, односно за исправното функционирање на производот, документ за начинот на употреба на производот, не обезбеди сервис за одржување и поправка и снабдување со резервни делови во гарантниот рок и најмалку за пет години од денот на производството на производот и рок во кој давателот на гаранцијата е должен да постапи по барањето на корисникот на гаранцијата и да ги отстрани дефектите и недостатоците на производот но не помалку од две години од денот на истекот на гаранцијата на производот и по три извршени сервисирања да го замени со ист таков нов и исправен производ или да му го врати на потрошувачот платениот износ за купениот производ (член 22 ставови 1 и 3 алинеја 5);

3) производителот не се придржува на обврските од гарантниот лист (член 22 став 2);

4) документите од членот 22 став 1 на овој закон не се напишани јасно и читливо на македонски јазик и кирилско писмо или и на други јазици и знаци лесно разбирливи за купувачот (член 22 став 5);

5) вон сила; 2

6) вон сила;

7) на потрошувачот не му продаде производ, односно не му дава услуга од таков квалитет и квантитет кој целосно одговара на утврдените технички барања и прописи, на пропишаните стандарди, нормативи и услови предвидени со договорот, барањата што биле истакнати, како и на информациите што трговецот ги дал за производот или услугата (член 36);

8) пушти во промет детска играчка која ја загрозува безбедноста и здравјето на децата или на трети лица, кога се користи на планиран или на некој друг предвидлив начин, имајќи го предвид нормалното однесување на децата (член 38 став 1);

9) имајќи го предвид рокот во кој детската играчка може да се користи, пред нејзиното пуштање во промет не ги исполнува основните безбедносни и здравствени услови пропишани со закон (член 38 став 2);

10) детската играчка не ги исполнува основните безбедносни услови во однос на механичките, физичките, хемиските, електричните и хигиенските својства (член 39 став 1);

11) играчките содржат радиоактивни елементи или супстанци (член 39 став 2) и

12) детските играчки не се придружени со соодветно јасно видливи писмени предупредувања и опомени (член 40).

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 15: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

247

Закон за безбедност на храната и на производите и материјалите што

доаѓаат во контакт со храната

Член 34Се забранува означување на храната за исхрана на доенчињата до шест месечна возраст и мали деца до дванаесет месечна возраст да содржи текст, фотографии, цртежи или други графички прикази што на било кој начин го обесхрабруваат доењето, освен за илустрација на методите за подготвување на храната, како и термини: - хуманизирано, матернализирано -или слични термини.

Правилник за својствата на детските играчки што се пуштаат во промет

Член 1Со овој правилник се пропишуваат механичките, физичките, хемиските, електричните и хигиенските својства на детските играчки при пуштањето во промет (во натамошниот текст: играчки).

Член 3Играчките, нивните составни делови и било кои одвоени делови на играчките кои се наменети за користење на деца помали од 36 месеци треба да ги исполнуваат следните својства:

- да бидат дизајнирани и изведени на начин така што да биде минимизиран ризикот од физичка повреда кој би можел да биде предизвикан со движење на нивните делови;

- да не бидат шилести ниту да имаат остри или назабени рабови со кои можат да се повредат децата;

- да бидат добро измазнети или превлечени со лак, односно со лак- бои; и

- да бидат со димензии кои ќе го спречат нивното голтање и/или вдишување, односно не треба да бидат пократки од седум сантиметри.

Член 4Покрај својствата од член 3 на овој правилник, играчките треба да ги имаат и следните физички и механички својства:

играчките и нивните делови ако се фиксни нивните котвишта треба да имаат потребна механичка сила, каде што е тоа потребно, како и стабилност за да ги издржат стресовите на кои што се изложени за време на користењето без да се скршат или да станат подложни на искривување;

играчките, нивните делови и амбалажата во која се спакувани не треба да претставуваат ризик за загушување или задушување;

играчките наменети за користење во плитка вода кои имаат способност за носење или поддржување на децата во водата треба да се дизајнирани и изведени за да го намалат колку што е можно повеќе ризикот од загуба на пловноста на играчката и загуба на потпората која му се пружа на детето;

играчките во кои е возможно да се влезе внатре и кои со тоа претставуваат ограден простор треба да имаат средства за излез кои корисниците на играчката можат лесно да ги отворат од внатрешната страна;

играчките кои при користењето бараат од корисниците мобилност треба да имаат систем за кочење кој одговара на типот на играчката и е пропорционален на кинетичката енергија која се развива од неа. Таквиот систем треба на корисникот да му биде лесен за управување без ризик од исфрлање или физичка повреда на корисникот или на трети лица;

формата и составот на проектилите и кинетичката енергија што тие можат да ја разви-јат кога се испалени од играчка дизајнирана за таа намена, треба да бидат такви што нема да постои ризик од физичка повреда на корисникот или на трети лица;

играчките кои содржат грејни елементи треба да бидат така изработени за да се осигура дека максималната температура на било која достапна површина при допир не предизвикува изгореници и дека течностите и гасовите кои се содржат во играчката не достигну-ваат температури или притисоци кои се такви што при нивно истекување од играчката, може да предизвикаат изгореници, опекотини или други физички повреди.

Играчките треба да бидат дизајнирани и произведени во поглед на исполнување на барањата за хигиена и чистота за да се избегне било каков ризик од инфекција, болест и кон-таминација.

Играчките за деца на возраст до 1 година треба да бидат изработени од материјал што може да се дезинфицира, односно изврие, со тоа што играчката при тоа да не го менува квалитетот. Тие играчки треба да бидат изработени така што децата да не можат да ги голтнат и да ги стават во нос или во уво.

Влакненцата од играчките и косата на куклите не смеат да отпаѓаат при затресување, чешлање, извлекување или при некоја друга постапка.

Член 20Играчките и нивните пакувања треба да бидат означени на начин кој ќе го привлече потполно и ефективно вниманието на децата или на возрасните лица под чиј надзор се де-цата и да содржат јасно читливи предупредувања за ризиците присутни при нивното користење, како и за начин на избегнување на таквите ризици.

Член 21Играчките што не се наменети за деца помали од 36 месеци, а можат да бидат опасни, треба да имаат предупредување: “Несоодветни за деца помали од 36 месеци” или “Несоодветни за деца под 3 години”.

Играчките од став 1 на овој член треба да имаат упатство за употреба кое ќе содржи и предупредување за можните ризици при употребата на играчките.

Член 23Функционалните играчки кои се користат на ист начин

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 16: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

248

како и соодветните модели на уреди или инсталации наменети за возрасни, на нивните амбалажи треба да содржат пре-дупредување, на пример: “Да се користи под директен надзор на возрасен”.

Играчките од став 1 на овој член треба да бидат пропратени со упатства за употреба, како и со мерките на претпазливост кои треба да ги превземе корисникот, како и предупредување дека со непревземањето на тие мерки на претпазливост би се изложил корисни-кот на опасности поврзани со примената на производот на кого играчката му е соодветен модел или имитација.

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во

Република македонија во 2009 година

Основни цели на Програмата се. Промоција на здрави животни стилови во насока

на унапредување и заштита на здравјето на мајките и децата;

Континуирано обезбедување на ефективни и ефикасни превентивни здравствени услуги кај децата и жените од репродуктивен период поврзано co безбедно мајчинство и правилен раст и развој на децата;

Зголемување на достапноста , квалитетот и одржливоста на услугите од превентивна здравствена заштита на мајките и децата;

Рана детекција , евиденција , дијагноза и следење на деца родени со ризик и со пречки во развојот;

Зајакнување на капацитетите на родителите , членовите на потесното семејство и локалната заедница во унапредување на раниот детски развој во рамките на семејството;

Ублажување на влијанието на социјалните детерминанти ( сиромаштија и социјална нееднаквост) врз развој на неповолни здравствени индикатори кај мајките и децата;

Зајакнување на капацитетите на локалните заедници заради обезбедување на широка социјална подршка во севкупните напори за подобрување на здравствената сосотојба на мајките и децата.

2. Следење на здравствената сосотојба и заштита на мајките и децата преку.

Следење, обработка и анализа на податоци од виталната и здравствената статистика во доменот на здравствената заштита и состојба на мајките и децата во Р.Македонија;

Развивање на системи за мониторирање на индикатори на здравствен статус на децата во однос на социјална нееднаквост и социоекономски субгрупи ( маргинализирани, социјано загрозени семејства, семејства со ниско ниво на образование на мајката, како и дизагрегација на индикаторите по пол, возраст и.т.н);

Следење на стапката на смртност на доенчиња и стапката на перинаталната смртност во Р.Македонија;

Следење и анализа на податоци од систематски прегледи кај деца од предучилишна возраст;

Прибирање, следење и анализа на податоци од регионалните развојни советувалишта . Во општините каде не се формирани развојни советувалишта, податоците ги испраќаат службите за преветивна здравствена заштита.

продолжи со надзор врз состојбата на детето и третман во домашни услови.

5. Систематски прегледи на децата на возрсат од 3 и 5 години со задолжително мерење на тежина и висина и проценка на исхранетоста како и лабораториски прегледи на крв и урина (вкупно околу 50.000). При овие прегледи се врши следење на растот и развојот и се пополнуваат картони за систематски прегледи кои ќе овозможат квалитативна и квантитативна анализа на пронајдените состојби.

Полугодишни и годишни извештаи за регистрираните состојби од систематските прегледи се доставуваат до Завод за здравствена заштита на мајки и деца каде ќе се врши евалуација на истите.

6. Патронажни посети на доенче- 5 патронажни посети по доенче (вкупно 100.000 посети) од кои 2 во новороденечкиот период заедно со посетата на леунката и по една на возраст помеѓу 4-6 месец, 7-9 месец и 12 месец од животот на доенчето. Кај децата родени со ризик се обезбедуваат поголем број на патронажни посети. Патронажната служба посебно обрнува внимание на децата кои се изложени на висок социоекономски ризик (деца чии родители се со ниско образование, деца од социјално маргинализирани подрачја, семејства кои примаат социјална помош, како и припадници на поедини ризични етнички групи каде смртноста на доенчињата е поголема). Кај овие ризични групи треба да комбинираат неколку интервенции како: промоција на правилна исхрана, подобрување на интеракција мајка-дете, стимулација на психосоцијален развој и унапредување на детското здравје

8. Едукација на семејствата за унапредување на нивната грижа за растот и развојот на децата

Co оваа мерка се подобрува знаењето и вештините на родителите и оние кои се грижат за децата во семејството. Едукацијата на родителите е усмерена кон:

подобрување на интеракција мајка-дете; стимулација на растот, развојот и раното учење

во рамките на семејството; промовирање на одговорност во заштитата на

здравјето и развојот на децата помеѓу родителите и останатите членови на семејствата кои се грижат за децата.

Извршители на мерките од превентивната здравствена заштита на децата се превентивните тимови за здравствена заштита на деца, поливалентната патронажна служба, развојните советувалишта во соработка со Завод за здравствена заштита на мајки и деца.

2. Следење на здравствената сосотојба и заштита на мајките и децата преку.

Следење, обработка и анализа на податоци од виталната и здравствената статистика во

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 17: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

249

доменот на здравствената заштита и состојба на мајките и децата во Р.Македонија;

Развивање на системи за мониторирање на индикатори на здравствен статус на децата во однос на социјална нееднаквост и социоекономски субгрупи ( маргинализирани, социјано загрозени семејства, семејства со ниско ниво на образование на мајката, како и дизагрегација на индикаторите по пол, возраст и.т.н);

Следење на стапката на смртност на доенчиња и стапката на перинаталната смртност во Р.Македонија;

Следење и анализа на податоци од систематски прегледи кај деца од предучилишна возраст;

Прибирање, следење и анализа на податоци од регионалните развојни советувалишта . Во општините каде не се формирани развојни советувалишта, податоците ги испраќаат службите за преветивна здравствена заштита.

4. Здравствено-едукативна дејност.

Заводот за здравстена заштита на мајки и деца , здравствено-воспитната активностја спроведува преку слеедните активности :

Организација и учество на: Здравствено-воспитни предавања и работилници

за деца од училишна возраст . Предавањата се изведуваат во средните училишта по класови со користење на современи аудиовизулени методи. Темите се од областа на превенција на ризично однесување (употреба и злоупотреба на супстанци, ризично сексулано однесување , насилно однесување - вкупно околу 300 предавања и околу 20 работилници;

Здравствено-воспитни предавања , работилници и трибини наменети за населението во општини со неповолни здравствени индикатори кај децата и жените во репродуктивен период . Темите на овие здравствено-промотивни активности се од областа на раниот детски развој (исхрана, имунизација, здравствена заштита, стимулација на детски развој), адолесцентното здравје (ревенција на малолетничка бременост и контрацепција, превенција на СПИ, здрави животни стилови) како и безбедното мајчинство (здрава бременост, значење на антенатална заштита , исхрана и контрола на здравјето на бремената ...);

Едукација на сите бремени жени и членови на семејства за предностите од редовната антенатална заштита преку работа во мали групи и индивидуални советувања на бремени жени со опфат од околу 20% од бремените жени, со посебно внимание на бремение жени во руралните и оддалечени подрачја со пониско ниво на хигиенски и социјален стандард и пониско ниво на здравствена информираност;

Изготвување, печатење и дистрибуција на здравствено-промотивни пишани материјали: прирачници, водичи, брошури, летоци и постери наменети за здравствени работници, родители, адолесценти и други групи на население со цел унапредување на здравјето на мајките, децата и адолесцентите.

7. Подготовка и учество во промотвни кампањи наменети за промоција на Програмата и запознавање на населението за можностите за зголемен пристап до преветивните јавно-здравстени установи.

Заводот за здравстена заштита на мајки и деца учествува во соработка со Министерството за здравство во изготвување и спроведување на промотивни кампањи со цел да се запознаат корисниците на здравствените услуги за нивните права за користење на мерките од областа на превентиванта здравствена заштита и можноста за зголемен пристап до овие услуги.

8. Создавање на поддржувачка околина

За успешно извршување на сите наведени активности потребно е создавање на околина која ќе има поддржувачки став и партиципаторен однос кон сите активности кои се потребни за унапредување на здравјето на жените и децата. За тоа е потребно:

Застапување кај сите релевантни институции и индивидуи (локални лидери, здравствени планери, образовни и здравствени институции, професионални асоцијации, родители, медиуми-електронски и печатени),

Зајакнување на интерсекторска соработка Соработка со меѓународно јавно- здраствени

организации и со граѓанскиот сектор; Поголема инволвирансот и соработка со

приватниот сектор во обезбедување на услуги во овој домен.

Заводот за здраствена заштита на мајки и деца во спроведување на своите активности,како дел од интегриран и интерсекторски пристап во унапредување на здравјето на мајките и децата активно ќе соработува со сите државни и меѓунардони организации кои се вклучени во здраствена образовна и социјална политика, Министерство за труд и социјална политика,Министерството за образование,Републички завод за здраствена заштита,Клиника за детски болести,Клиника за гинекологија и акушерство,УНИЦЕФ,СЗО и др.)

Програма за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2008 година

Задолжителна имунизација се спроведува континуирано и по епидемиолошка индикација.

I.Континуирано се спроведува против: заразна жолтица Б (Hepatitis B), туберкулоза(Tuberculosis), дифтерија (Diphtheria), голема кашлица (Pertussis), тетанус (Tetanus), детска парализа (Poliomselitis acuta), мали сипаници (Morbilli), заушки (Paroti-tis), црвенка(Rubeola), за сите лица од определена возраст, според оваа програма.

II. По епидемиолошка индикација се спроведува против: мали сипаници (Morbilli), туберкулоза (Tu-berculosis), дифтерија (Diphtheria), беснило (Lyssa), жолта треска (Febris fl ava), колера (Cholera), цревен тифус (Typhus abdominalis), тетанус (Tetanus), вирусна жолтица (Hepatit B) и детска парализа (Po-liomyelitis acuta).

Имунизација по епидемиолошки индикации ќе се

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 18: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

250

врши и при појава на вонредни епидемиолошки состојби, како во случај на биотероризам и друго, со претходна одлука на Министерство за здравство.

По епидемиолошки индикации, покрај имунизација се спроведува серопрофилакса и хемиопрофилакса против определени заразни болести.

Задолжителна имунизација против заразните болести од точките I и II се спроведува согласно Правилникот за условите и начинот на вршење задолжителна имунизација,серопрофилакса и хемиопрофилакса против заразните болести и за лицата кои подлежат на таа обврска.

Програма за систематски прегледи на учениците и студентите во Република македонија за 2009 година

1. Цел на систематскиот преглед

Систематските прегледи на учениците и адолесцентите се вршат со цел да се изврши :

динамично следење на растот и развојот и состојба на исхранетост (нутритивен статус),

рано откривање на отстапување на растот согласно возраста кај децата,

детекција на состојби на потхранетост или здебеленост,

рана превенција како фактор за намалување на заболувањата и состојбите на ризик кај деца, особено во функција за спречување на појава на незаразни заболувања во подоцнежниот период,

откривање на ризик фактори за одредени заболувања,

превенција на одредени заболувања, дијагностицирање на одредени пореметувања из

аболувања со цел навремено да се лекуваат истите, откривање на штетни навики, корегирање на откриените аномалии и

недостатоци, лекување на утврдените пореметувања и

заболувања, формирање на национална база за раст и

нутритивен статус за оваа популациона група.

2.Возраст на учениците и студентите подлежни на систематски прегледи

Првиот систематски преглед се врши во прво одделение. Во текот на целото школување континуирано се следи здравствената состојба на учениците. Така во тек на основното образование задолжителни систематски прегледи ce вршат и во 3-то, 5-то и 7-мо одделение. Средношколците се опфатени со систематски прегледи во 1-ви и 4-ти клас, а студентите во 1-ва година.

Возраста на ученикот е детерминирачки фактор за содржината на систематскиот преглед.

Кај помалите ученици поголемо внимание се обрнувана општата ухранетост и развие-ност, откривање на ризик фактори за одре-дени заболувања; превенција на одредени заболувања;дијагностицирање на одредени поре-метувања и заболувања со цел навремено да се лекуваат истите како и корегирање на откриените аномалии и недостатоци;

Кај повозрасните ученици систематски треба да се следат физичките и психичките промени во пубертетот и адолесценцијата, како и откривање и сузбивање на заболувања и навики, кои штетно влијаат на здравјето ( болести на зависност, алкохол, пушење, неуроза и сл.).

Одделни елементи на физичкиот или психичкиот статус, каде што со оглед на интензивниот развој се очекуваат нагли промени, ќе се следат со целни ( насочени ) систематски прегледи во пократки временски интервали, зависно од констатираните претходни состојби.

3.Содржина на систематскиот преглед

Систематскиот преглед опфаќа низа медицински постапки со кои се утврдува здравствената состојба , психичкиот и физичкиот развој на ученикот, односно студентот за рано откривање на заболувања или нарушувања како навремено би се превзеле потребни мерки за здравствена заштита.

Правилник за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските

од задолжителното здравствено осигурување

Член 23Основната здравствена заштита ги опфаќа мерките и активностите што ги превзема избраниот лекар и тоа:

1. превентивни мерки и активности со цел за унапредување на здравствената состојба, спречување, сузбивање и рано откривање на болести и други нарушувања на здравјето;

2. лекарски прегледи, советувања и други видови на медицинска помош со цел за утврдување, проверување и следење на здравствената состојба;

3. лекување на болните и повредените.

Член 24Превентивните мерки и активности од член 23 став 1 точка 1 на овој правилник опфаќаат:

1. заштита од штетни влијанија врз здравјето на населението;

2. откривање, сузбивање и спречување на заразни болести;

3. систематски прегледи на децата, учениците и студентите;

4. заштита на жената во врска со бременоста, породувањето, леунството и контрацепцијата;

5. заштита на доенчињата и малите деца;

6. заштита од болести на зависности;

7. други превентивни мерки и активности.

Мерките и активностите од став 1 на овој член се вршат во обем и на начин утврден со програмите што ги донесуваат Владата на Република Македонија, односно Фондот.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 19: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

251

Член 28Избраниот лекар гинеколог, покрај мерките и активностите од членовните 23 до 27 од овој правилник:

1. ја следи бременоста и дава совети во врска со бременоста и контрацепцијата;

2. го води породувањето, кога не е неопходно породувањето да се врши во болнички услови;

3. превзема мерки и активности за рано откривање на заболувањата кај жените;

Кај избраниот лекар гинеколог, како мерки и активности од став 1 на овој член се сметаат и здравствените услуги со ЕХО прегледите.

Член 37Осигуреното лице остварува итна медицинска помош без упат од избраниот лекар, кај најблиската здравствена установа која врши примарна здравствена заштита, односно во здравствена установа која има организирано служба за итна медицинска помош, според местото на живеење односно според местото каде осигуреното лице се затекнало во времето на потребата од итна медицинска помош.

Член 38Итна медицинска помош се обезбедува и кога осигуреното лице не е во можност да го докаже својството на осигурено лице.

Својството на осигурено лице се докажува по престанувањето на итноста.

Санитетско возило може да се користи и кога не се работи за итен случај, а болниот односно повредениот поради неподвижност или ограничена подвижност не може да користи превоз со јавниот сообраќај.

Потребата за превоз со санитетско возило ја утврдува избраниот лекар односно надлежниот лекар од соодветната болничка здравствена установа.

Превоз со санитетско возило може да се користи и во случаи од член 30 од Законот, по предлог на лекарската комисија за упатување на лекување во странство, односно надлежниот лекар во болничката здравствена установа во странство.

Член 52Специјалистичко консултативна здравствена заштита опфаќа специјалистички прегледи, дијагностички, терапевски и рехабилитациони постапки според медицински индикации.

За потребата од упатување на специјалистичко - консултативна здравствена заштита од став 1 на овој член одлучува избраниот лекар.

Член 65Мајка на хоспитализирано дете до една годишна возраст има право на сместување и исхрана во болницата како придружник, најмногу до 30 дена. Како придружник на хоспитализирано дете до три годишна возраст, поради потешко оштетување е неопходно придружување, еден од родителите или член на семејството има право на болничко сместување и исхрана најмногу до 30 дена, заради нега и оспособување за рехабилитација во домашни услови.

Член 72- aОсигуреното лице на товар на средствата на Фондот остварува право на вештачко оплодување, најмногу до трет обид за оплодување.

Член 76Доколку лекарскиот конзилиумот кој го предлага продолженото болничко лекување оцени дека на детето до три годишна возраст му е потребен и придружник, ова право се остварува под услови и на начин утврдени со член 65 и член 75 од овој правилник.

Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на

детска градинка

Член 66 Храната која се подготвува за децата во детската градинка треба да биде здрава, оптимална и балансирана, подготвена со биолошки вредни прехрамбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби, квалитативен и квантитативен внес на макро и микро нутритивни материи со што ќе се обезбеди хармоничен раст и развој на детето како и превенција од заболување.

Во детската градинка дополнително може да се внесува само индустриски подготвена и спакувана храна.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 20: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

252

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 24 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали државата презема мерки за да гарантира спроведување на членот 24 до максимален степен на сите достапни ресурси? P

Дали законодавството во државата пропишува почитување на членот 12(1) и (2) (мислењето на де цата) за планирањето и развојот на сите здравствени служби? одлучувањето за индивидуалниот здравствен третман на детето?

Дали сите деца под јурисдикција на државата имаат право да добијат највисок можен здравствен стандард? имаат пристап до установите за третман на болести и рехабилитација на здравјето?

Дали сите деца со посебни потреби имаат право на исто ниво на здравствена грижа во истиот систем како и другите деца?

Дали женските деца имаат еднакви права на здравствена нега? Дали државата развила дефиниција за потребната медицинска помош и здравствена нега за децата?

Дали сите деца под јурисдикција на државата имаат пристап до потребната медицинска помош и здравствена нега?

Дали децата имаат пристап до соодветни доверливи здравствени служби, вклучувајќи и информирање, советување и снабдување?

Дали адолесцентите се директно вклучени во составувањето на здравствените услуги што тие ќе ги користат?

Дали развојот на примарната здравствена нега е усвоен како приоритет? Дали државата ги прегледала сите традиционални практики што ги вклучуваат децата од сите делови на популацијата за да гарантира дека тие се компатибилни со другите членови од Конвенцијата (особено членовите 3, 6 и 19)?

Дали државата ги презела сите ефикасни и делотворни мерки за бришење на сите традиционални практики што го прејудицираат здравјето на децата или не се компатибилни со другите одредби од Конвенцијата?

Дали државата е вклучена меѓународна соработка заради размена на информации и подобрување на капацитетите и вештините за остварување на здравствените права на децата?

Член 25 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали се усвоени правни и/или формални административни мерки кои ќе обезбедат периодични проверки за секое дете кое било сместено заради обезбедување на грижа и заштита, вклучувајќи: Старателска грижа; Посвојување; Институции за грижа на децата; Интернати; Затвори и притвори?

За третманот на неговото/нејзиното физичко или ментално здравје, вклучувајќи: болници; здравствени центри; психијатриски одделенија; терапевтски центри?

Дали со таквите проверки задолжително се разгледува: третманот на детето (вклучувајќи ги сите аспекти на неговата/нејзината грижа) сместувањето на детето (вклучувајќи дали продолжувањето на сместувањето е неопходно); ставовите на детето?

Дали таквите проверки се спроведуваат во соодветни интервали за да ги осигураат заштитата и добросостојбата на детето?

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 21: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

253

В. КОМЕНТАРИ

Пристап до основна здравствена заштитаПристапот на децата до основна здравствена заштита163 е осигуран преку здравственото осигурување на нивните родители. Дури и во случаи каде што и двајцата родители се невработени, Државата обезбедува бесплатни здравствени картончиња за одредени категории граѓани, како што се невработените и корисниците на социјална помош. Децата сместени во институции исто така имаат обезбеден пристап до основниот пакет на здравствени услуги. Оттука, пристапот до основната здравствена заштита би требало да биде универзален.

Меѓутоа, неодамнешните студии на УНИЦЕФ укажуваат дека околу 7,7% на домаќинствата со деца и млади луѓе не се покриени со националното здравствено осигурување.164 Анализата на причините сугерира дека децата и младите луѓе главно се исклучени поради невработениот статус на нивните родители, како и поради тоа што тие не се евидентирани во релевантните социјални институции (Агенцијата за вработување, Центрите за социјална работа) кои би им го осигурале таквиот пристап. Во останатите причини спаѓаат немањето изводи од книгите на родените и други документи за регистрација на децата (види ги коментарите во член 7 од КПД).

За да се надминат овие проблеми, земјата неодамна усвои промени во националниот Закон за здравствено осигурување кои предвидуваат универзална покриеност со здравствено осигурување, особено за оние категории на граѓани кои немаат право на здравствено осигурување според ниту една основа.165 Имплементацијата на новиот закон само што започна и неговата ефикасност ќе треба да се процени во годините што доаѓаат. Исто така, административните процедури на овој план за здравствено осигурување не треба да претставуваат дополнителен товар врз корисниците, со оглед на фактот што поголемото мнозинство од нив се без или имаат пониско образование, или живеат на оддалечени локации.

Потенцијални пречки за пристапот до основна здравствена заштита можат да произлезат и од наметнатата политика на партиципација. Комитетот за правата на детето во своите согледувања во националниот периодичен извештај за примената на КПД го заклучува следното: „Комитетот е загрижен поради можоста политиката на Државата да бара од адолесцентите на возраст од 15 до 18 години да плаќаат партиципација за нивните трошоци за здравствена заштита што може да им го ограничи пристапот до здравствена заштита, заедно со сексуалното и здравственото образование“.166 Имено, здравствените услуги на примарното ниво на здравствена заштита се достапни за сите деца бесплатно; меѓутоа, се бара партиципација до 20% за секундарната и терцијарната здравствена заштита за сите осигурени граѓани (вклучувајќи ги и децата) со следните исклучоци: здравствените услуги за трудни жени, за децата до една година, за децата до 7 години на кои им се потребни медицински интервенции во странски земји и третман за одредени заразни болести. Децата до 18 години се исто така изземени од партиципација само за редовните здравствени прегледи.

Не постојат никакви референци во домашното законодавство и политики во врска со потребата да се земат предвид ставовите на децата во однос на здравствената заштита.

Пристап до медицинско советување без родителска согласностВо своите Општи коментари бр. 4 за „Здравјето и развојот на адолесцентите во контекст на КПД“, Комитетот за правата на детето предлага „Државата да им обезбеди на адолесцентите пристап до сексуални и репродуктивни информации, вклучувајќи го и планирањето на семејството и контрацепцијата, опасноста од рана бременост, превенцијата на СИДА-та и превенцијата и третманот на сексуално преносливите болести. Покрај ова, Државата треба да осигура тие да имаат пристап до соодветни информации, без оглед на нивниот брачен статус и без оглед на тоа дали нивните родители или старатели се согласуваат“.167

Постоечките закони не прават јасна разлика меѓу концептите за „медицинско советување“ и „медицински третман“. Меѓутоа, овие два концепти секако треба да бидат вклучени во домашното законодавство, во согласност со одредбите на Амстердамската декларација за правата на пациентите чиј потписник е

163 Основната здравствена заштита вклучува пакет од суштествени превентативни и куративни здравствени услуги на сите нивоа на здравствената заштита: примарното, секундарното и терцијарното ниво; и е финансирана од националниот фонд за здравствено осигурување.

164 УНИЦЕФ Скопје, Благосостојбата на децата и младите луѓе во тешки економски времиња, Скопје, април 2010.165 Закон за изменување и дополнување на законот за здравствено осигурување, Службен весник на Република Македонија бр.

67/2009.166 Комитет за правата на детето (2000), Заклучни забелешки на Комитетот за правата на детето: Поранешна Југословенска

Република Македонија, Основна здравствена заштита, пасус 31.167 Комитет за правата на детето, Општи коментари, бр. 4, 2003 CRCI GC/2003/4, пасус 28-33, исто така види пасус 39.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 22: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

254

Државата.168 Пристапот до превентивни здравствени услуги (на пример услуги од областа на менталното здравје, сексуалното и репродуктивното здравје, СИДА-та) треба да се обезбедуваат бесплатно, на доверлив начин и без родителска согласност. Тавите законски барања се клучни за успешни интервенции во превенцијата на СИДА-та меѓу малолетниците.169

Треба да се развијат насоки за да се утврдат условите за независно користење на услугите од страна на малолетници и да се дефинира кога треба да се вклучат и други во одлучувањето во нивно име.

Со оглед на случаите на сексуална злоупотреба на деца, ризиците сврзани со СИДА-та и другите сексуално преносливи болести, треба да се размисли за промени во постоечките релевантни закони за да се осигура соодветно медицинско советување без родителска согласност.170 Покрај ова, треба да се развијат процедури за помош на жртвите на сексуални напади за да се насочи медицинскиот кадар во врска со механизмите за менаџирање и упатување на таквите случаи.

Пристап до медицински третман или операција без родителска согласностСпоред националното законодавство, сите оперативни и медицински интервенции изведени врз малолетници можат да бидат преземени само со согласност на родителот/старателот, а во итни случаи само со согласност на двајца лекари со соодветна оперативна/медицинска специјалност.

Смртноста кај децата и здравјето на мајкитеЗа подетални коментари види член 6 од КПД.

СИДАЗа подетални коментари види член 6 од КПД.

Пристап до репродуктивното здравје за девојки адолесцентки За подетални коментари види член 6 од КПД.

Исхраната на децата и доењетоПраксата во исхраната на бебињата покажува тенденции кон влошување во последниве години, при што само 16,4% од бебињата се хранат соодветно според минималните препорачани страндарди за исхрана.171 Стапките на исхрана исклучиво со доење покажуваат нагло опаѓање од 65% во 2001 на 16% во 2005.172 Ова се случува кога е веќе утврдено дека исхраната исклучиво со доење е најважната можна превентативна интервенција против смртноста кај бебињата.173

Одредбите на Меѓународниот кодекс за маркетинг на замените за мајчиното млеко беа соодветно внесени во Законот за заштита на потрошувачите, усвоен во 2000 година, кој предвидуваше казни за рекламирање на замените за мајчиното млеко и други прехранбени производи за исхрна на доенчиња до возраст од 6 месеци, како и други производи кои би можеле да имаат штетно влијание врз доењето. Меѓутоа, новоразвиената и усвоена верзија на Законот за заштита на потрошувачите (2004) не содржи никакви специфични законски одредби кои би се однесувале на забраната на маркетингот на замените за мајчиното млеко. Ова понатамошно може да го попречи промовирањето на исхраната исклучиво со доење и нејзината корист за здравјето на детето. Покрај ова, произведувачите на вештачко мајчино млеко имаат значително влијание врз професионалните медицински здруженија.

168 Светска здравствена организација, Декларација за промоција на правата на пациентите во Европа, ICP/HLE 121, 28 јуни 1994, http://www.who.int/genomics/public/eu_declaration1994.pdf

169 УНИЦЕФ Скопје, Интервенции кај најризичните адолесценти, необјавено170 УНИЦЕФ Скопје, Децата во ПЈР Македонија - Анализа на состојбите, Скопје, февруари 2008. 171 Државен завод за статистика, Мултииндикаторско кластерско истражување, 2006.172 Исто.173 Lancet Journal, series on child survival, 2009.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 23: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

255

Г. ПРЕПОРАКИ

1. Правни препоракиПристап до основната здравствена заштита - Политиката на партиципација која што бара и децата да надоместат 20% од трошоците за основниот пакет на бенефиции треба да се ревидира за да се изземат децата од ваквата партиципација. Оваа препорака е исто така во согласност со заклучните забелешки на Комитетот за правата на детето во националниот периодичен извештај за КПД, кои го велат следното: „Комитетот понатаму препорачува Државата да ги ревидира политиките кои бараат од малолетниците на возраст од 15 до 18 години да плаќаат партиципација и да осигура овие политики да не го ограничат пристапот на адолесцентите до целосна здравствена заштита“.174 За да се осигура целосна ефикасност на новоусвоениот план за универзално здравствено осигурување, Државата треба да осигура и со него сврзаните административни процедури да бидат лесно достапни за сите потенцијални корисници.

Исхраната на децата - Државата треба да осигура целосно спроведување на Кодексот за маркетинг на замени на мајчиното млеко во своето национално законодавство.

Пристап до медицинско советување без родителска согласност - Во согласност со целите на Националниот акционен план за правата на децата воедно да се намали епидемијата на СИДА-та и да се заштитат децата од сексуални злоупотреби,175 домашното законодавство треба да биде ревидирано за да се овозможи пристап до бесплатно и доверливо медицинско советување без родителска согласност. Во согласност со Општите коментари бр. 4 на Комитетот за правата на детето, „Државата треба (а) да спроведе закони со кои ќе осигура доверливи совети во врска со медицински третмани на адолесцентите за тие да можат да дадат своја информирана согланост. Таквите закони или регулативи треба да ја одредат возраста за ваков еден процес, или да се однесуваат на развојната способност на детето; и (б) да обезбедат обука за медициснкиот кадар во врска со правата на адолесцентите на приватност и доверливост, да бидат информирани за планираниот третман и да дадат свое информирано согласување за третманот.176

Пристап до медициснки третман без родителска согласност - Начелото „во најдобар интерес на детето“ треба да биде одразено во домашното законодавство како што нагласуваат Препораките бр. 4 на Комитетот за КПД.177 Исто така, Државата треба да го земе предвид фактот дека во некои земји, законите им овозможуваат на Судовите да интервенираат и да наредат медицински третман за дете во случаи кога родителот одбива да даде согласност, можеби поради културни или религиозни причини. Ваквата интервенција се оправдува во Конвенцијата во членовите 3 (1) и (2).

2. Препораки во поддршка на имплементација на законитеСо оглед на тоа што членот 24 е природно поврзан со членот 6, види како погорните препораки се развиени во член 6 од КПД.

174 Комитет за правата на детето (2000), Заклучни забелешки на Комитетот за правата на детето: Поранешна Југословенска Република Македонија, Основна здравствена заштита, пасус 31.

175 Национален акционен план за правата на децата во Република Македонија, 2006-2015, Министерство за труд и социјална политика - Стратешка цел бр. 2, Министерство за здравство, Стратешка цел бр. 5.

176 Комитет за правата на детето, Општи коментари бр. 4, 2003 CRCI GC/2003/4, пасус 28-33, исто така види пасус 39.177 Исто.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА ЗДРАВЈЕ И

ЗДРАВСТВЕНА НЕГА

Page 24: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 25: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ПРАВО НА СО

ЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

257

ПРАВО НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Член 26 Конвенција за правата на детето:

Државите членки го уважуваат правото на секое дете да ја користи социјалната заштита вклучувајќи го социјалното осигурување и да ги преземат сите мерки неопходни за целосно остварување на ова право во согласност со националните закони.

Овие повластици треба да бидат признати, ако тоа одговара, земајќи ги во предвид средствата и условите на детето и лицата кои се оговорни за издржување на детето, како и сите други услови значајни за барањата за повластиците кои ги поднесува тоа или кои ќе се поднесуваат во негово име.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Устав на Република Македонија

Член 35Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.

Републиката им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани.

Републиката им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.

Закон за социјална заштата

Член 13Секој е должен да се грижи за задоволување на своите животни потреби и потребите на лицата кои според закон е должен да ги издржува.

Секој е должен со своите приходи да придонесува за спречување, ублажување или отстранување на социјалните ризици на кои е изложен тој и членовите на неговото семејство кои е должен да ги издржува, како и активно да дејствува во спречувањето и надминувањето на состојбата на изложеност на социјален ризик.

Како семејство, во смисла на овој закон, се смета самец или заедница на маж и жена, на родители и деца и другите роднини кои живеат со нив и се должни согласно со Законот за семејството да се издржуваат.

Член 32Право на сместување во згрижувачко семејство, според овој закон, има лице кое нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребно сместување во згрижувачко семејство.

Правото на сместување во згрижувачко семејство од ставот 1 на овој член се обезбедува на:

дете без родители и дете без родителска грижа до оспособувањето за самостоен живот и работа, а најдоцна до завршување на средно образование, ако не постојат можности згрижувањето и воспитанието да се обезбеди на друг начин,

дете со воспитно-социјални проблеми (злоставувано, занемарено и социјално необезбедено дете) и дете жртва на семејно насилство,

малолетен сторител на кривично дело или прекршок.

Член 39Право на живеење во мал групен дом има дете без родители или без родителска грижа, со воспитно-социјални проблеми, со пречки во менталниот или телесниот развој, лице со ментална или телесна попреченост, кое нема соодветни услови за живеење во своето семејство, кое нема семејство или од други причини му е потребно сместувањето во мал групен дом.

Член 43 (став 1, став 2 точки 1,2,3,4 и став 3)Право на сместување во установа за социјална заштита, има лице кое нема соодветни услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребно сместување во установа за социјална заштита, а не може да се примени друг облик на социјална заштита.

Право на сместување во установа за социјална заштита, се обезбедува на:

дете без родители и дете без родителска грижа до оспособувањето за самостоен живот и работа, а најдоцна до завршувањето на средното образование, ако не постојат можности згрижувањето и воспитанието да се обезбеди на друг начин,

дете со воспитно-социјални проблеми, занемарено, запоставено, злоставувано и материјално необезбедено дете и дете жртва на семејно насилство,

дете со нарушено поведение, бремена жена еден месец пред породувањето и

самохран родител со дете до тримесечна возраст,

Page 26: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ПРАВО НА СО

ЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

258

Децата од ставот 2 алинеи 1, 2 и 3 на овој член можат да се сместат во ученички дом или друга установа за која центарот ќе оцени дека установата може да обезбеди чување, згрижување, воспитание, образование и нормален развој на детето.

Член 68Право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа има лице кое нема приходи и имот од кој може да се издржува, до наполнување на 26 години возраст.

Член 83 (ставови 1 и 2)Правото на парична помош за социјално домување, се обезбедува на социјално загрозени лица - станбено необезбедени.

Социјално загрозени лица во смисла на ставот 1 од овој член се:

корисници на постојана парична помош и лице кое до 18-годишна возраст имало статус

на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст.

Член 116 (став 1)Установата за сместување на доенчиња и деца без родители и без родителска грижа до тригодишна возраст обезбедува згрижување (домување, исхрана, облекување, нега и грижа) и здравствена заштита на децата.

Член 117Установа за сместување на деца без родители и без родителска грижа над тригодишна возраст и младинци, обезбедува згрижување (домување, исхрана, облекување, нега и грижа) и воспитание на децата до обезбедувањето на услови за нивно враќање во семејството, односно до оспособување за самостоен живот и работа, а најдолго до шест месеца по завршувањето на средното образование, ако не постојат можности згрижувањето да се обезбеди на друг начин.

Установата од ставот 1 на овој член е должна на децата и младинците да им обезбеди посетување на основно и средно образование во соодветна установа, организирање стручна помош за успешно совладување на воспитно-образовните програми, да организира различни облици на работа и живот, како и да се грижи за нивното здравје.

Член 118Установата за сместување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми, на возраст од 7 до 18 години или до завршување на средното училиште, врши прифаќање и краткотрајно згрижување на малолетни лица, опсервација и дијагностика на малолетни лица, сместување, воспитание, образование и корективен третман на малолетно лице во зависност од нивните потреби во траење до три години.

Установата од ставот 1 на овој член обезбедува основно и средно образование на децата и младинците во соодветните установи за образование.

Член 119 (став 1)Установата за деца и младинци со нарушено поведение, на возраст од 10 до 18 години, врши згрижување, воспитание и основно образование на малолетни лица, а средното образование го обезбедува во соодветни установи за образование.

Член 121 (став 1)Установата за сместување на деца и младинци со умерени и тешки пречки во менталниот развој, обезбедува опсервација, рехабилитационо-корекционен третман, воспитание, образование и оспособување за работно-производна активност, сместување, згрижување и здравствена заштита.

Член 122 (став 1)Установата за сместување на деца и младинци со пречки во телесниот развој обезбедува згрижување (домување, исхрана, нега и грижа) до оспособување за самостоен живот и работа.

Закон за заштита на децата

Член 15Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците во подигање и развој на детето.

Член 16Право на детски додаток се обезбедува на дете, државјанин на Република Македонија, кое е на редовно школување во Република Македонија.

Правото на детски додаток може да го оствари еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејство со него (во натамошниот текст: корисник) под услови утврдени со овој закон.

Корисникот од ставот 2 на овој член треба да биде државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесувањето на барањето.

Член 19Право на детски додаток се обезбедува на дете до наполнување на 18 години живот, доколку е на редовно школување.

Дете кое наполно и трајно или за подолго од една година ќе остане неспособно за работа пред наполнети 15 години од животот или за време на редовното школување, има право на детски додаток за време на траењето на неспособноста на детето, но најдолго до 18 години живот.

Како наполно и трајно неспособно за работа се смета и дете на кое му е признато право на работно оспособување се до негово успешно завршување, но најдолго до 18 години живот.

По исклучок од став 1 на овој член право на детски додаток дете кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата и заради таквата спреченост вонредно го продолжува образованието согласно со закон.

Page 27: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ПРАВО НА СО

ЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

259

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Индикатор

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали секое дете што има потреба има право да користи социјална заштита (вклучувајќи го социјалното осигурување)? √

Дали преземените мерки имаат за цел да обезбедат децата и нивните семејства да бидат запознаени со законските права за социјална сигурност? √

Дали мерките се преземаат за да се обезбеди што полесно искористување на помошта (на пример, по пат на автоматски плаќања, едноставни формулари за аплицирање, достапни установи и лица за искористување на придобивките)?

Дали мерките што се преземаат за обезбедување на бенефициите овозможуваат да нема дискриминација на ниту едно дете (на пр. на децата од зафрлени подрачја или децата на неписмени родители?

Дали системот на достава на социјалната помош обезбедува заштита на правото на приватност на детето? √

Дали детето може само да поднесе барање за остварување на своето право? √Дали лицата што се грижат за детето може да поднесат барање за остварување на ова право? √Дали трети страни (не тие што се одговорни за детето) може да поднесат барање за остварување на ова право? √

В. КОМЕНТАРИ

Достапност на социјална заштитаВо Уставот на Република Македонија е определено дека Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните во согласност со начелото на социјална праведност и дека им го гарантира правото на помош на немоќните лица и на граѓаните неспособни за работа, им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и создава услови за нивно вклучување во општествениот живот.

Според Законот за социјална заштита, корисници на социјална заштита се малолетни деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми, деца со нарушено поведение, лица со умерени и тешки пречки во психичкиот развој, лица неспособни за работа и материјално необезбедени178. За неспособни за работа во смисла на овој Закон се сметаат децата до навршени 15 години живот, а кога се вклучени во редовно школување, до наполнети 26 години живот. За правата од социјалната заштита во прв степен решава Центарот за социјална работа, на чие подрачје живее лицето на кое му е потребна социјална заштита. При остварувањето на правата од социјалната заштита, во согласност со Законот е предвидено право на сместување на овие лица во соодветна установа или во друго семејство.

Во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, децата имаат загарантирани права во однос на остварувањето на правото на семејна пензија.179

Во 2004 година е донесен Законот за заштита на децата, во кој е предвидено дека заштитата на децата е организирана дејност заснована на правата на децата, како и на правата и обврските на родителите и на Државата за планирање на семејството, обезбедување услови и животен стандард што одговора на физичкиот, менталниот, емоционалниот, моралниот и социјалниот развој на децата180 и обврските на Државата во создавањето услови за водење хумана популациона политика, давање соодветна материјална помош на родителите, според можностите на државата, за издржување, одгледување, грижа и заштита на децата и организирање и обезбедување развој на установи и служби за заштита на децата. Облици на заштита на децата, во смисла на овој закон, се: здружување и воспитание на деца од предучилишна возраст, одмор и рекреација на деца и други облици на заштита.

Според Програмата за заштита на децата181, правата за заштита на децата преку парични надоместоци се

178 Закон за социјална заштита, Службен весник на Република Македонија, бр. 79/2009179 Закон за пензиско и инвалидско осигурување, Службен весник на Република Македонија, бр. 80/1993; 3/1994; 14/1995; 71/1996;

32/1997; 24/2000; 5/2001; 50/2001; 85/2003; 50/2004; 4/2005; 84/2005; 101/2005; 70/2006; 153/2007; 152/2008; 161/2008; и 81/2009)180 Закон за детска заштита, Службен весник на Република Македонија, бр. 98/2000; 17/2003; 65/2004; 113/2005; 98/2008; 107/2008

и 83/2009.181 Програма за развој на детската заштита, Службен весник на Република Македонија, бр. 03/2009.

Page 28: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ПРАВО НА СО

ЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

260

остваруваат како право на: детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче, партиципација и родителски додаток за дете. Со обезбедувањето на оваа материјална помош на родителите им се помага во издржувањето, одгледувањте, грижата и заштитата на детето. Во рамките на средствата утврдени со буџетот на Република Македонија за 2009 година е предвидено околу 75.000 деца да користат парични примања за деца.

И покрај тоа што законодавната и правната рамка генерално се во согласност со стандардите од КПД, треба да се забележи дека средствата наменети за детски додаток за родителите, се занемаруваат и се недоволни за покривање дури и на основните трошоци за образование, здравствена грижа, облека и други неопходни нешта за децата. Понатаму ЦСР имаат недостиг од човечки, институтционални и финансиски ресурси за целосно реализирање на активностите.

Мерки за обезбедување полесен пристап до услугитеВо Програмата на Владата на Република Македонија182 за остварување на социјалната заштита за 2009 година поблиску се уредуваат подрачјата на социјалната работа, специфичните потреби на населението и начинот на остварувањето на социјалната заштита. Во рамките на реформските активности во социјалната заштита во 2009 година ќе продолжи реализацијата на Проектот за имплементација на социјалната заштита (СПИЛ - проект), финансиран со средства од заем од Светската банка. Програмата за поддршка на социјалната заштита има основна цел да се подобри ефективноста и ефикасноста на системот на социјалната заштита преку подобрување на администрирањето на различните видови социјални бенефиции.

Во 2009 година во рамките на овој проект ќе се подготви соодветна софтверска апликација применлива во сите центри за социјална работа, меѓусебно поврзување на центрите за социјална работа, како и IT-поврзување со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и со другите органи, партнери во реализацијата на социјалната парична помош. Исто така, во рамките на реформските процеси во социјалната заштита во 2009 година ќе се подготви Проектот за условени парични трансфери (УПТ), поддржан од Светската банка. Како активности во социјалната заштита, Програмата говори за продлабочување на процесот на децентрализација во социјалната заштита, вклучување во социјалната заштита на здруженија на граѓани, на приватната иницијатива и на физички лица, помош на внатрешно раселените семејства и на семејствата на бегалците од други држави, инспекциски надзор во социјалната заштита.

За остварување на Програмата за социјална заштита во буџетот за 2009 година се планирани три буџетски програми: Програма 2 - Вонинституционална социјална заштита, Програма З - Институционална социјална заштита и Програма 4 - Надоместоци и права во социјалната област.

Програма 2 - Вонинституционална социјална заштита со наменети средства во висина од 502.373.000 денари која ги финансира активностите на основните агенции за социјална заштита т.е. ЦСР и нивните одделенија (центри за бездомници, дневни центри за деца кои живеат и работат на улица, зависници од наркотици, деца со пречки во развојот и нивните семејства итн.), и Заводот за социјални дејности. Оваа програма ја финансира и соработката меѓу ЦСР и НВО секторот при поддршка за вонинституционални форми на грижа, активностите на граѓанските асоцојации во сферата на социјалната заштита, и реконструирањето и опремувањето на објектите за вониституционална грижа.

Програма З - Институционална социјална заштита со наменети буџетски средства од 247.697.000 за социјално загрозените категории на кои им е потребна целосна институционална грижа (сместување, храна, облека, греење, здравствена грижа и др.) во социјалните институции за грижа на лица со физички и психички пречки, деца без родители, деца и млади со проблеми во однесувањето и жителите на домови за стари лица. Оваа програма исто така обезбедува финансирање на реконструкција и реновирање на објектите за институционална грижа. Финансирањето на оваа програма делумно се реализира од донации (во износ од 12.462.000 денари) и делумно од приходот на институциите за институционална грижа (во износ од 31.630.000 денари).

Програма 4 - Надоместоци и права во социјалната област со наменет буџет од 2.847.000,000 денари ја дава следнава поддршка: постојана финансиска помош, социјална помош, финансиска помош за поддршка и грижа, надоместоци за вработените кои работат скратено работно време и се грижат за деца со пречки во развојот, еднократен финансиски надоместок, надоместок во стоки, право на живеалиште, финансиска помош за лицата кои имаат статус на деца без родители или деца без родителска грижа до 18 години, надоместоци кои помагаат за покривање на трошоци за сместување и грижа за лица кои се сместени во згрижувачки семејства и сместување во студентски домови и други институции. Правата на другите корисници на социјална заштита за бесплатна здравстевна грижа се финансира исто така преку оваа програма во висина од 55.000.000 денари. Не беше пронајдена референца во законодавството која се донесува на правото на детето да поднесе барање за сопственото право. Исто така, не беше пронајдена референца во однос на почитување на правото на детето на приватност од страна на системот за социјална заштита.

182 Програма за развој на детската заштита, Службен весник на Република Македонија, бр. 03/2009.

Page 29: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ПРАВО НА СО

ЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

261

ДискриминацијаТреба да се забележи дека недостатокот на систематско заведување во матичната евиденција на родени може да биде пречка кон ефективен пристап на децата кон социјалните услуги. Проценката поддржана од УНИЦЕФ која беше спроведена во 2008 година идентификуваше 850 деца кои не беа внесени во матичната евиденција, најчесто деца Роми, поради недоволни административни капацитети, комплицирани процедури и недостаток на информации кај родителите (види член 7 од КПД).183

Според УНИЦЕФ, дискриминацијата против децата се појавува како резултат на прописи поврзани со Законот за здравствено осигурување. На пример, децата се покриени со здравствено осигурување само доколку тоа го имаат нивните родители, а родителите можат да имаат осигурување само доколку исполнуваат некои критериуми, односно да се вработени, да се формално пријавени како невработени или како корисници на социјална помош.184

Исто така, постојат и проблеми со давањето на услугите според пропишаното во Законот за детска заштита, Законот за семејството и Законот за социјална помош185. Јавното сместување, превенцијата и пријавувањето на семејно насилство, одлуките во врска со кавалификувањето за институционална нега треба да се спроведуваат од страна на ЦСР, кои имаат недостаток на соодветни финансиски и човечки ресурси за да ги исполнат сите свои надлежности186.

Г. ПРЕПОРАКИ

Институционална и законодавна поддршка ЦСР: Центрите за социјална работа кадровски и финансиски да се зајакнат заради ефективно реализирање на активностите, вклучувајќи ги и оние што се во полза на децата. Потребно е зголемување и подобрување на капацитетот на центрите за социјална работа и надлежните служби во Министерството за труд и социјална работа преку спроведување суштинска персонална и организациска реформа и сериозна и континуирана едукација на кадрите. Реформата мора да биде проследена со развивање прецизни контролни механизми и процедури што ќе обезбедат идентификување и санкционирање на прекршувањата на правата на детето.

Износот на социјалната помош: Социјалната и друга материјална помош што граѓаните, односно семејствата, ја добиваат од Државата, мора да се зголеми за да овозможи достоен живот за секое дете. На секое семејство што нема никакви извори на средства за егзистенција да му се обезбеди социјална заштита која на секое дете ќе му овозможи нормален раст и развој. При креирањето на буџетската политика Државата да го има предвид најдобриот интерес на децата и на ова начело да му даде апсолутен приоритет. Тоа во моментот подразбира зголемување на социјалната помош што им ја дава Државата на семејствата, зголемување на детскиот додаток и другите надоместоци за социјална поддршка на семејството, односно на децата.

Пристап кон социјални услуги без дискриминација: Правата од социјалната заштита на паричен надомест децата треба да ги остваруваат без никаква дискриминација, односно сите деца во семејството. Остварувањето на ова право да зависи од материјалните можности на родителите и од потребите на децата, што значи секое дете чии родители немаат можност да обезбедат доволно средства за егзистенција и за задоволување на основните права на децата да може да оствари право на детски додаток. Децата кои живеат и работат на улица треба да имаат пристап кон посебна социјална заштита и мерки. Овие мерки треба да се насочени кон превенција и елиминација на основните причини за злоупотреба на децата, насилство и експлоатација.

183 УНИЦЕФ “Регистрација на раѓањата” - проектот, спроведен од страна на Центарот за човекови права и решавање на конфликти, Скопје, 2008

184 УНИЦЕФ; Студија за детска сиромаштија во Македонија, 2007185 Закон за детска заштита, Службен весник на Република Македонија, бр. 98/2000; 17/2003; 65/2004; 113/2005; 98/2008; 107/2008

и 83/2009; Закон за семејство, Службен весник на на Република Македонија, бр. 80/1992; 9 / 1996; 38/2004; 33/2006 и 84/2008.; Закон за социјална заштита, Службен весник на Република Македонија, бр. 79/2009

186 УНИЦЕФ; Студија за детска сиромаштија во Македонија, 2007

Page 30: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 31: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

263

ПРАВО НА ДЕТЕТО НА СООДВЕТЕН СТАНДАРД НА ЖИВОТ

Член 27 Конвенција за правата на детето

Државите членки на секое дете му го признаваат правото на животен стандард адекватен со физичкиот, менталниот, духовниот, моралниот и општествениот развој на детето.

Родителите или други лица одговорни за детето првенствено се одговорни, во рамките на своите способности и финансиски можности, да обезбедат животни услови потребни за развој на детето.

Државите членки, во согласност со националните услови и со своите можности, преземаат соодветни мерки за помош на родителите и на други лица одговорни за детето особено поради остварувањето на ова право и, во случај на потреба, обезбедуваат материјална помош и програми за поткрепа, во поглед на исхраната, облеката и живеењето.

Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки да обезбедат детето да добива издржување од родителите или од други лица кои се финансиски одговорни за детето, како во рамките на државите членки така и од странство. Посебно, ако лицето кое е финансиски одговорно за детето не живее во истата држава во која и детето, државите поттикнуваат пристпување кон меѓународните спогодби, односно заклучување на такви спогодби, како и рдуги соодветни аранжмани.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

ЗА СТАВ 1, 2, 3 - животен стандард

Закон за заштита на детето

Член 4Права за заштита на децата во смисла на овој закон се:

1) детски додаток;

2) посебен додаток;

3)еднократна парична помош за новороденче;

4) партиципација и

5) родителски додаток за дете.

Правата од став 1 на овој член под услови утврдени со овој закон ги обезбедува државата.

Поголем обем на правата од став 1 на овој член може да обезбеди општината, Градот Скопје и општината во Градот Скопје, доколку за тоа обезбеди средства од сопствени извори.

Детски додаток

Член 15Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците во подигање и развој на детето.

Член 16Право на детски додаток се обезбедува на дете, др-жавјанин на Република Македонија, кое е на редовно школување во Република Македонија.

Правото на детски додаток може да го оствари еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејство со него (во натамошниот текст: корисник) под услови утврде-ни со овој закон.

Корисникот од ставот 2 на овој член треба да биде државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија послед-ните три години пред поднесувањето на барањето.

Корисникот од ставот 2 на овој член правото на дет-ски додаток може да го оствари само по еден основ. ПРАВО

НА ДЕТЕТО НА

СООДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 32: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

264

Член 17Странски државјанин кој има живеалиште на тери-торијата на Република Македонија може да оствари детски додаток за дете согласно со овој закон и меѓу-народни договори.

Член 18Детски додаток се остварува во зависност од возраста на детето и материјалната состојба на семејството.

Член 19Право на детски додаток се обезбедува на дете до наполнување на 18 години живот, доколку е на редов-но школување.

Дете кое наполно и трајно или за подолго од една го-дина ќе остане неспособно за работа пред наполне-ти 15 години од животот или за време на редовното школување, има право на детски додаток за време на траењето на неспособноста на детето, но најдолго до 18 години живот.

Како наполно и трајно неспособно за работа се смета и дете на кое му е признато право на работно оспо-собување се до негово успешно завршување, но нај-долго до 18 години живот.

По исклучок од став 1 на овој член право на детски додаток дете кое поради болест или повреда е спре-чено редовно да ја посетува наставата и заради так-вата спреченост вонредно го продолжува образова-нието согласно со закон.

Член 19-аДетски додаток следува за децата што родителот ги издржува и тоа за: деца родени во брак или вон брак, посвоени деца, внуци, браќа, сестри како и за други деца земени на издржување.

За децата земени на издржување, детски додаток следува и кога тие имаат родители, ако:

родителите им се наполно или трајно неспособни за работа;

се на издржување казна затвор; им е одземено родителското право и родителите се на редовно школување.

Детски додаток од ставот 2 на овој член следува во случај кога и родителите и децата немаат имот или приходи од кои децата можат да се издржуваат.

Детски додаток следува и за дете кое е без родителска грижа, а е сместено во згрижувачко семејство.

Член 20Материјалната состојба на семејството се утврдува врз основа на приходите кои ги остварува семејство-то и бројот на членовите на семејството.

Член 20-аПриходи врз основа на кои се утврдува материјал-ната состојба на семејството се сметаат приходите остварени по сите основи на сите членови на се-мејството како приход на семејството, и тоа:

нето плата и надоместок на плата,

пензиско примање согласно со закон, надоместок по основ на невработеност, приходи по основ на имот и имотни права, приходи по основ на вршење земјоделска дејност, приходи од самовработување, приходи од трговско друштво или приватна

установа во сопственост на член на семејството, приходи по основ на интелектуална сопственост, приходи по основ на привремена работа во

странство, примања остварени во странство на работници

деташирани во странство, издржување врз основа на закон или судска

одлука, дивиденди и други приходи од хартии од вредност, камати на штедни влогови, инвалиднина и други приходи.

Како приход во смисла на ставот 1 на овој член, не се сметаат: посебен додаток, надоместоци за телесно оштетување, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна парична помош, еднократна парична помош за новороденче, родителски дода-ток за дете, приходите на згрижувачкото семејство, паричен надоместок за трошоците за згрижено лице во згрижувачко семејство и алиментација која ја дава родителот за издршка на детето од разведен брак.

При утврдувањето на правото на детски додаток, вкупно остварените приходи во претходната година на сите членови на семејството поединечно се соби-раат и се делат со 12, односно на онолку месеци за колку се остварени.

Просечните нето месечни приходи на сите членови на семејството од ставот 3 на овој член се собираат и се делат со бројот на членови на семејството. 2

Член 21Семејство во смисла на овој закон го сочинуваат брачните, односно вонбрачните другари, децата ро-дени во брак, вон брак или посвоени, посиноци, вну-ци без родители земени на родители и малолетни браќа и сестри (доколку немаат родители и се без средства за егзистенција), кои сочинуваат заедница на живеење, стопанисување и трошење.

По исклучок од ставот 1 на овој член за член на се-мејство не се сметаат: лицата на кои државата им обезбедила целосно бесплатно издржување, кои престојуваат најмалку шест месеци во странство или се наоѓаат на издржување на казна затвор.

Член 21-аПраво на детски додаток има дете во семејство чии приходи по сите основи по член на семејство изнесу-ваат до 15% од просечната нето плата исплатена по вработен во Република Македонија во претходната година утврдена од Државниот завод за статистика (во натамошниот текст: основица), а за дете на са-мохран родител пресметковниот приход се зголемува за 75%.

Член 22Детски додаток не следува:

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 33: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

265

за дете кое поради воспитување, школување или оспособување е во завод или установа во кои целосно бесплатно е згрижено за време додека е во заводот или установата и

за дете државјанин на Република Македонија за кое родителот остварил право на детски додаток согласно со прописите на друга држава.

Член 23Висината на детскиот додаток изнесува:

1) за дете до 15 години живот, односно додека е редо-вен ученик во основно училиште 4,6% од основицата и

2) за дете над 15 до 18 години живот, односно додека е редовен ученик во средно училиште 7,3% од осно-вицата.

Вкупниот месечен износ за детски додаток за децата за кои родителот го остварил правото изнесува најм-ногу до 15% од основицата.

2. ПОСЕБЕН ДОДАТОК

Член 24За дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот се обезбедува посебен додаток како паричен надоместок.

Наод, оцена и мислење за потребата од остварување на посебен додаток дава стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченоста на лицата во мен-талниот или телесниот развој.

Член 25Дете со пречки во развојот и со специфични потреби во смисла на овој закон е:

со тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој;

со умерена, тешка или длабока ментална попреченост,

со најтешки облици на хронични заболувања; најтежок степен на оштетување на видот, слухот

или говорот (слепо лице и практично слепо лице; практично глуво и тотално глуво лице; лице со потполно отсуство на говорот, лице со тешко оштетен говор поради детска парализа, лице со аутизам, лице со оштетен или изгубен порано стекнат говор) и

со повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот.

Член 26Право на посебен додаток има еден од родителите на детето кој ги исполнува условите од членот 16 на овој закон, за дете државјанин на Република Македо-нија со постојано место на живеење во Републиката, до навршени 26 години живот, доколку целосно не е институционално згрижено на товар на државата.

Член 27Висината на посебниот додаток изнесува 27% од ос-новицата.

Еднократна парична помош за новороденче

Член 28Еднократна парична помош за новороденче се обез-бедува на семејството за прво новородено дете.

За прво новородено дете се смета дете кое е прво живородено дете по ред на раѓање на децата на мајката, како и кога ќе роди повеќе деца одеднаш (близнаци,тројка и повеќе) при првото раѓање.

За прво новородено дете ќе се смета и првото пос-воено дете.

Член 29Право на користење на еднократна парична помош за новороденче има еден од родителите, државјанин на Република Македонија со постојано место на жи-веење во Република Македонија за дете родено на територијата на Република Македонија.

Висината на еднократната парична помош за но-вороденче изнесува 30% од просечната нето плата исплатена по вработен во Република Македонија во претходната година.

Партиципација

Член 30Во зависност од материјалната состојба на се-мејството се обезбедува партиципација во трошоци-те за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца.

Партиципацијата од став 1 на овој член се обезбедува во цената на услугата по дете што ја плаќа родителот.

Партиципацијата се обезбедува од Буџетот на Репу-бликата.

4-а) Родителски додаток за дете

Член 30-аРодителски додаток за дете остварува мајка за свое-то трето живородено дете.

Правото од ставот 1 на овој член го остварува мајка која е државјанин на Република Македонија со постоја-но место на живеење во Република Македонија по-следните три години пред поднесување на барањето.

Правото од ставот 1 на овој член го остварува мајка која непосредно се грижи за детето за кое поднела барање, чии деца од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјaлна заштита, згри-жувачко семејство или не се дадени на посвојување и на која не и е одземено родителското право над де-цата од претходниот ред на раѓање.

Правото од ставот 1 на овој член не може да се оства-ри ако мајката за време на бременоста не ги вршела задолжителните здравствени прегледи и контроли согласно со закон.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 34: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

266

Правото од ставот 1 на овој член не може да се ос-твари односно ќе го изгуби веќе оствареното право, доколку:

не се вршат задолжителните вакцинации на детето согласно со закон и

детето не биде запишано и редовно не ја следи наставата во основно училиште согласно со закон.

По исклучок од ставот 5 алинеја 2 на овој член пра-вото на родителски додаток се остварува и за детето:

кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата и заради таквата спреченост вонредно го продолжува образованието согласно со закон и

кое поради степенот на попреченоста не може да се образува согласно со закон.

Правото од ставот 1 на овој член не може да се ос-твари ако мајката во моментот на поднесувањето на барањето живее и работи во странство.

Правото од став 1 на овој член во случај мајката да не е жива, да го напуштила детето, или од оправда-ни причини да е спречена непосредно да се грижи за детето, правото наместо мајката може да го оствари таткото или старателот доколку ги исполнува услови-те од ставовите 1 до 7 на овој член.

Правото од ставот 1 на овој член ќе се остварува за трето новородено дете од 1 јануари 2009 година.

Член 30-бРодителскиот додаток за трето дете од членот 30-а се исплатува месечно, за период од десет години, во висина од 50% од просечната нето плата исплатена по вработен во Република Македонија во претходна-та година.

Во случај мајката да роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) ќе остварува родителски додаток во висина и за период утврдени во ставот 1 на овој член.

Член 30-вПоблиските услови, критериуми и начинот на остварување на правата за заштита на децата од членовите 28, 29, 30-а и 30-б на овој закон ги пропишува министерот.

П Р А В И Л Н И К

за видот и обемот на услугите од социјална заштита кои се плаќаат од страна на корисникот и роднините кои се должни да го издржуваат и

висината на учеството во трошоците на корисниците и роднините

Член 1Со овој правилник се утврдуваат видот и обемот на услугите од социјална заштита кои се плаќаат од страна на корисникот и роднините кои според закон

се должни да го издржуваат и висината на учеството во трошоците на корисниците и роднините .

Член 2Како услуги од социјална заштита, кои се наплату-ваат од корисниците и нивните роднини кои според закон се должни да ги издржуваат, во смисла на овој правилник се сметаат:

сместување во установа за социјална заштита и друга установа согласно со Законот за социјалната заштита; и

сместување во згрижувачко семејство.

Член 3Корисник на услугата - сместување во установа за социјална заштита и во друга установа согласно со Законот за социјалната заштита или во згрижувачко семејство, кој има редовни месечни примања, од-носно поседува недвижен имот кој не го користи за живеење или поседува друг имот од кој остварува дополнителни средства, а нема обврска за издржу-вање на блиски роднини согласно со закон, висината на услугата за сместувањето ја надоместува од ме-сечните примања по сите основи.

Доколку корисникот на услугата од членот 2 на овој правилник нема доволно приходи да ја надомести вредноста за утврдениот обем на услугата, разли-ката до тој износ или целиот износ ќе се наплати од роднините кои според закон се должни да го из-држуваат лицето, но само доколку вкупните приходи по член на семејството се над нивото на средствата утврдени со овој правилник.

Доколку корисникот на услугата или роднините кои според закон се должни да го издржуваат сместено-то лице, не располагаат со неопходните финансиски средства, сместувањето ќе биде покриено од сред-ствата за финансирање на социјалната заштита само во услови кога сместувањето на лицето е извршено со решение на центарот за социјална работа.

Доколку корисникот на услугата склучил договор за доживотно издржување со центарот за социјална работа, сместувањето во установа за социјална заш-тита или во згрижувачко семејство ќе биде покриено целосно или делумно од средствата за финанси-рање на социјалната заштита, согласно решението на центарот за социјална работа .

Малолетно лице, корисник на услуга за сместување во установа за социјална заштита или во згрижувачко семејство кое има лични месечни приходи, може во целост или делумно да се ослободи од плаќање на ус-лугата за сместување, доколку надлежниот центар за социјална работа одлучи дека средствата се потребни за понатамошно школување, воспитание, лекување или оспособување за самостоен живот на детето.

став 4 - издржување на детето

Устав на Република Македонија

Член 40 ст. 3 и 4Родителите имаат право и должност да се грижат

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 35: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

267

за издржување и воспитување на децата. Децата се должни да се грижат за старите и изнемоштени ро-дители.

Републиката им обезбедува посебна заштита на де-цата без родители и децата без родителска грижа.

Закон за семејството

Член 11Издржувањето е право и должност на родителите, на децата и на другите роднини утврдени со овој закон, како и на лицата кои живеат во брачна или вонбрачна заедница.

Доколку издржувањето не може да се оствари од лицата од став 1 на овој член, на необезбедените членови на семејството, Републиката им обезбедува средства неопходни за издржување, под услови оп-ределени со закон.

Развод на брак

Член 39Бракот може да се разведе со заемна согласност на брачните другари.

Ако брачните другари имаат заеднички малолетни деца или полнолетни деца над кои им е продолжено родителското право, потребно е да поднесат спогод-ба за начинот на вршењето на родителските права и должности и за издржувањето и воспитанието на децата.

Судот ќе донесе одлука за развод на бракот по заем-на согласност на брачните другари ако утврди дека тие таа согласност ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо.

II. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

Член 46Родителите имаат право и должност да ги издржува-ат своите малолетни деца, да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за са-мостоен живот и работа, да се грижат за нивното вос-питание, школување и стручно оспособување.

Детето има право да биде издржувано од своите ро-дители, да биде згрижено, да биде заштитен негови-от живот и здравје, да биде оспособено за самостоен живот и работа, да му се обезбедат оптимални ус-лови за негово воспитување, школување и стручно оспособување, зависно од условите на семејството.

Член 80Со пресудата со која се разведува бракот судот ќе одлучи за чувањето, воспитанието и издржувањето на заедничките деца.

Ако родителите не се спогодиле за ова или ако нив-ната спогодба не одговара на интересите на децата,

судот, откако ќе прибави мислење од центарот за со-цијална работа и ќе ги испита сите околности, ќе од-лучи дали децата ќе останат на чување и воспитание кај еден родител или некои ќе останат кај мајката, а некои кај таткото или сите ќе бидат доверени на не-кое трето лице или установа.

Родителот на кого не му се доверени децата има пра-во да одржува лични односи и непосредни контакти со нив, ако судот не определи поинаку со оглед на интересите на децата.

Судот, по барање на еден од разведените брачни другари или центарот за социјална работа, ќе ја из-мени одлуката за чување и воспитание на децата и за односите на разведените брачни другари спрема нивните заеднички деца, доколку тоа го бараат изме-нетите околности.

Надзор над вршењето на родителското право

Член 87Центарот за социјална работа со решение може да го одземе детето од едниот и да го довери на чување и воспитание на другиот родител, на некое друго лице или на соодветна установа, кога родителите, односно родителот кај кого детето живее го запостави детето во поглед на чувањето и воспитанието или кога пос-тои сериозна опасност за неговиот правилен развој и одгледување.

Центарот за социјална работа може да донесе реше-ние, со кое на родителот кој подолго од три месеца не давал издржување за детето, ќе му го ограничи правото да одржува лични односи и непосредни кон-такти со детето, се додека не ги изврши обврските спрема детето.

Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот кај кого детето не е доверено на чување и воспитување, ќе му го ограничи правото на одржување на лични односи и контакти со детето, до-колку неоправдано повеќе од три пати непрекинато, не го почитувал решението на центарот за социјална работа.

Центарот за социјална работа може да донесе реше-ние со кое ќе го даде детето на престој кај родителот на кого детето не му е доверено на чување и воспи-тание, одреден временски период, но не подолго од 15 дена, доколку повеќе од два пати едно по друго другиот родител неоправдано не го почитувал реше-нието на центарот за социјална работа.

Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот ќе му го ограничи правото на одржу-вање на лични односи и контакти со детето или исти-те ќе му ги забрани за одреден временски период, но не подолго од шест месеца, доколку во рокот опреде-лен со решението не го вратил детето или го задржал подолго од времето определено во решението или го однел во непознат правец.

Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое времено ќе го довери детето на другиот родител,

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 36: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

268

трето лице или ќе го смести во друго семејство или во соодветна установа, како последен избор, доколку има сознанија дека личните односи и непосредните контакти на детето се прекинати подолго од два месе-ца поради не постапување по решение на центарот за социјална работа од страна на родителот кај кого де-тето е доверено или поради нарушени партнерски од-носи, кои штетно се одразуваат врз развојот на детето.

Со одземањето на детето не престануваат другите права и должности на родителите спрема детето.

Во случаите од ставовите 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој член, центарот за социјална работа ги задолжува ро-дителите да посетат соодветно советувалиште.

По престанок на причините поради кои детето е одзе-мено од родителите, центарот за социјална работа, со решение ќе го врати детето кај родителите.

Престанок на посвојувањето

Член 121По престанокот на непотполното посвојување, на-длежниот центар за социјална работа може да го задолжи посвоителот да го издржува посвоеникот до полнолетството врз товар на посвоителот, земајќи ја предвид нивната имотна состојба.

Надлежниот центар за социјална работа, може да утврди обврска на полнолетниот посвоеник за издр-жување на посвоителот кој не е способен за стопани-сување и нема средства за живот.

ИЗДРЖУВАЊЕ

Член 178Издржувањето на членовите на семејството и на дру-гите роднини е нивно право и должност.

Во случаите во кои меѓусебното издржување на чле-новите на семејството и на другите роднини не може да се оствари во целост или делумно, Републиката на необезбедените членови на семејството им обез-бедува средства неопходни за издржување под усло-ви определени со закон.

Откажувањето од правото на издршка нема правно дејство.

Издржување на децата, на родителите и на другите роднини

Член 179Родителите се должни да ги издржуваат своите ма-лолетни деца.

Ако школувањето и стручното образование на деца-та продолжува и по полнолетството, родителите се должни, понатаму да ги издржуваат децата до редов-ното завршување на школувањето, но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст.

Ако полнолетното лице е неспособно за работа пора-ди болест, физички или психички недостаток, а нема

доволно средства за живот и не може да ги добие од својот имот, родителите се должни да го издржуваат додека трае таа неспособност.

Член 180Обврската за издржување постои и меѓу други род-нини во права линија, како и меѓу браќа и сестри во поглед на издржувањето на малолетните браќа и сес-три, а во однос на полнолетните браќа и сестри само под условите на член 179 став 3 на овој закон.

Член 181Децата се должни да ги издржуваат своите родители кои се неспособни за работа, а немаат доволно сред-ства за издржување или средствата за издржување не можат да ги остварат од својот имот.

По исклучок, судот може да го одбие барањето за из-држување кога издржување бара родител, на кој му било одземено родителското право, иако детето за тоа има можности или ако судот, ценејќи ги сите окол-ности на случајот, најде дека тоа би била очигледна неправда за детето.

Член 182Очувот и маќеата се должни да ги издржуваат своите малолетни пасиноци, освен ако тие имаат роднини кои според овој закон се должни да ги издржуваат и ако тие роднини за тоа имаат можности.

Обврската на очувот, односно маќеата да ги издржу-ваат своите малолетни пасиноци, постои и по смртта на родителот на детето, со кого очувот, односно маќе-ата бил во брак ако до моментот на смртта постоела семејна заедница меѓу очувот, односно маќеата и па-синоците.

Ако бракот меѓу родителот и очувот, односно маќеа-та на детето е поништен или разведен, обврската за издржување на очувот, односно на маќеата спрема пасинокот престанува.

Член 183Пасиноците се должни да го издржуваат својот очув, односно маќеата ако тие подолго ги издржувале и се грижеле за нив. Ако очувот, односно маќеата имаат свои деца, обврската на пасиноците е заедничка со тие деца.

Член 184Лицата кои според овој закон се должни меѓусебно да се издржуваат ја даваат издршката по оној ред по кој давателите на издржувањето доаѓаат на наследство.

Ако обврската за издржување паѓа на товар на по-веќе лица заедно, тогаш таа се дели меѓу нив според нивните можности.

Определување на издршка

Член 194При утврдување на потребата за издржување на лицето, судот ќе ја земе предвид неговата имотна состојба, способноста за работа, можноста за вра-ботување, здравствената положба, како и другите

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 37: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

269

околности од кои зависи оцената за неговите потре-би.

Кога издршката се определува за дете судот ќе ја земе предвид и возраста на детето, како и потребите за неговото школување.

При утврдување на можностите на лицето кое е дол-жно да дава издржување, судот ќе ги земе предвид сите негови приходи и вистинските можности за стек-нување на заработка и неговите сопствени потреби и законски обврски по основ на издржувањето спрема други лица.

Член 195Во спорот на родителите околу издржувањето на де-тето, судот како придонес за издржување на детето на родителот на кого детето му е доверено на чување и воспитание, ќе ги цени работата и грижата на тој родител кој ги внесува во воспитанието и подигањето на детето.

Член 196Висината на издржувањето судот може да ја опреде-ли во определен износ или во процент од остварени-от личен доход, односно од приходите и примањата остварени од вршење на друг вид дејност.

Член 197Центарот за социјална работа може во име на мало-летното дете да поведе спор за издржување, односно за зголемување на издржувањето, кога родителот кај кого детето се наоѓа на чување и воспитание, без оп-равдани причини, не го користи тоа право.

Ако родителот не бара извршување на досуденото издржување, центарот за социјална работа може во името на малолетното лице да поднесе предлог за извршување.

Член 198Центарот за социјална работа ќе настојува родите-лите да се спогодат за издржувањето на детето од-носно за зголемување на придонесот во издржување на детето кога тоа го бараат зголемените потреби на детето или тоа го овозможуваат подобрените мате-ријални прилики на давателот на издржувањето.

Член 199Центарот за социјална работа може, со полномошно на стари лица во нивно име да поведе и води спор за остварување на правото на издржување спрема ли-цата кои според одредбите на овој закон се должни да ги издржуваат.

Член 200Лицето кое е должно да дава издржување, освен за обврската на родителот спрема малолетни деца, може по свој избор да плаќа определен паричен из-нос на име на издржувањето или лицето да го земе на издржување кај себе или да му обезбеди издржу-вање на друг начин.

Лицето кое има право на издржување може од оправ-дани причини да бара издржувањето да му се обез-беди само во пари.

Член 201Заинтересираното лице може да бара судот да го зголеми, да го намали или да го укине издржувањето досудено со поранешна правосилна пресуда ако се измениле околностите врз основа на кои е донесена пресудата.

Член 202Давателот на издршката (орган, организација, заед-ница или физичко лице) може од лицата кои според овој закон биле должни да даваат издршка, со тужба да бара надоместок на сторените трошоци за издрш-ка на лицето, доколку тие биле оправдани.

II. ПОСТАПКА ВО БРАЧНИ СПОРОВИ

Член 251Во текот на постапката за бракоразводните споро-ви судот може со решение да определи привремени мерки заради давање издршка на заедничките деца и за нивно доверување на чување и воспитание.

Привремените мерки од став 1 на овој член можат да се определат по службена должност, по предлог на една од странките, како и на предлог на центарот за социјална работа.

Привремените мерки од став 1 на овој член судот може да ги определи и во корист на брачниот другар, по негов предлог.

Жалбата против решението од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не го задржува извршувањето на решени-ето.

Кривичен законик

Неплаќање издршка

Член 202(1) Тој што одбегнува да дава издршка определена врз основа на извршна судска одлука или порамну-вање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) При изрекувањето условна осуда, судот може на сторителот да му наложи да ги исплати пристигнати-те обврски и во иднина уредно да ја плаќа издршката.

Закон за извршување

ИЗВРШУВАЊЕ ВРЗ ПАРИЧНО ПОБАРУВАЊЕ НА ДОЛЖНИК

1. Изземање од извршување и ограничување на извршувањето

Изземање од извршување

Член 104Изземени се од извршување:

1) примање врз основа на законска издршка, надо-

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 38: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

270

месток на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на ра-ботната способност и надоместок на штета за загу-бена издршка поради смрт на давачот на издршката;

2) примање врз основа на надоместок поради телес-но оштетување според прописите за инвалидското осигурување;

3) примање врз основа на социјална помош;

4) примање врз основа на привремена невработе-ност;

5) примање врз основа на додаток на деца;

6) примање врз основа на стипендија, кредит и по-мош на ученици и студенти;

7) примање на војници и питомци на воени училишта;

8) надоместок за работа на осуден во казнено-попра-вен дом, освен за побарување врз основа на законско издржување, како и за побарување на надоместок на штета предизвикана со кривично дело на осудениот и

9) примање врз основа на патни трошоци и дневници.

10) средствата на посебната сметка која ја поседува извршителот согласно со членот 35 од овој закон.

Ограничување на извршувањето

Член 105(1) Извршувањето врз плата и пензија, како и врз на-доместок наместо плата, за побарување врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната

поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надомес-ток на штета за загубена издршка поради смрт на да-вачот на издршката, може да се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друга основа - до износот од една третина на платата или пензијата.

(2) Одредбата од ставот (1) на овој член се примену-ва и врз примањата на лица во резервниот состав на армијата и полицијата.

(3) Извршувањата врз примањата на воени и мирнов-ременски воени инвалиди врз основа на инвалидни-на, ортопедски додаток и инвалидски додаток, може да се спроведе само за побарувања врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надомес-ток на штета за загубена издршка поради смрт на да-вачот на издршката и тоа до износот од една полови-на на тоа примање.

(4) Извршување врз примањето врз основа на дого-вор за доживотна издршка и доживотна рента, како и врз примањето врз основа на договор за осигурување на животот, може да се спроведе само на делот кој го надминува износот на најниската социјална помош која се исплатува на подрачјето на кое должникот има живеалиште.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 39: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

271

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 27 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали државата го утврдила минималниот животен стандард неопходен за обезбедување на развојот на детето? √

Дали се преземени соодветни мерки за поддршка на родителите и на другите задолжени за детето да обезбедат услови за живот неопходни за детето и за неговиот/ нејзиниот

физички развој? √ психички развој? √ духовен развој? √ морален развој? √ социјален развој? √ Дали се преземени мерки за целосно запознавање на родителите со овие должности? √ Дали постојат административни критериуми за да се утврди дали родителите имаат законски и финансиски капацитет да ги исполнат своите обврски? √

Дали се преземени мерки и активности за да се идентификуваат сите деца во државата што имаат потреба, бидејќи нивните родителите не се во можност да им обезбедат соодветен стандард за живот?

Дали се донесени мерки за да се анализира зошто условите за живот на децата не се доволни за нивен соодветен развој? √

Во случаи кога децата имаат потреба (било да живеат со своите родители или поинаку), дали им се дава неопходната материјална поддршка и програми за поддршка за да се обезбеди нивен соодветен развој?

Дали државата презема мерки (вклучувајќи и буџетски средства) за да обезбеди секое дете да биде добро негувано? √

Дали државата презема мерки за да обезбеди секое дете да биде сместено во таков вид сместување што е:Постои категорија деца на улица, на кои не им се обезбедени овие услови.

безбедно? √ добро опслужено (од аспект на вода, хигиена и сл.)? √ сигурно? √ здраво? √

на соодветна локација (особено во однос на болниците, училиштата и местата за рекреација)? √

во согласност со мерките препорачани од Хабитат II? √ Дали се земаат предвид ставовите на децата кога се формира средината во која живеат? √Дали државата презема мерки да обезбеди секое дете да биде соодветно облечено? √ Во случаи кога државата има недоволно средства за да обезбеди соодветен животен стандард за сите деца, дали нејзините економски планови предвидуваат обезбедување такви стандарди како јасна цел?

Дали се прават соодветни барања за меѓународна помош и техничка поддршка тогаш кога нема доволно средства и ресурси за да се обезбеди животниот стандард за децата? √

Издржување Дали постои законска рамка за да се обезбеди децата да можат да добиваат издржување од двата свои родители, како и од кои било други што се задолжени за условите за живот? √

Дали таквата законска рамка го става интересот на детето на прво место? √ Дали таквата законска рамка е поедноставна и поевтина за примена од страна на детето или од негувателот на детето? √

Дали содржи мерки за обезбедување приходи или средства за оние што не успеваат да ги исполнат обврските за издржување? √

Дали државата пристапила кон сите соодветни меѓународни или билатерални договори и спогодби во врска со издржувањето во странство? √

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 40: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

272

В. КОМЕНТАРИ

Анализа на состојбата со пристапот на децата до соодветни животни стандардиАктивностите на Владата за заштита на децата се под буџетот за Социјална заштита на Министерството за труд и социјална политика. Социјалните програми чиј фокус се децата можат да се групираат како: институционални услуги, неинституционални услуги и додатоци. Уделот на ресурсите на социјалната заштита што им се достапни на програмите (со исклучок на ресурсите за социјалните фондови) еволуираа во позитивен правец со тек на времето, почнувајќи од 24% од ресурсите на социјалната заштита во 2005 година па сè до 39,8% во 2008 година. Детските додатоци пораснаа само незначително во периодот од 2003 до 2008 година. Исклучок е 2009 година, кога буџетот за детски додатоци порасна за 51,7%.

Ако се анализира во контекст на релативната сиромаштија187 во земјата, може да се заклучи дека детските додатоци се недоволни за намалување на сиромаштијата во домаќинствата со деца, кои го сочинуваат најголемиот дел на сиромашни домаќинства во земјата. Националната релативна стапка на сиромаштија порасна од 22,3% во 2000 година на 30% во 2005 година. Во 2008 година, според Државниот завод за статистика релативната стапка на сиромаштија во земјата изнесувала 28,7%, од кои 57,4% биле домаќинства со деца.188

Според извештајот за детската сиромаштија на УНИЦЕФ од 2007 година, меѓу сиромашните деца 42,1% се на возраст од 7 до 14 години. Имајќи на ум дека меѓу клучните последици на сиромаштијата и нејзиното влијание врз децата спаѓаат и ограничените нивоа на пристап до квалитетно образование и други предуслови за позитивен социјален развој, овие бројки укажуваат на ситуација која сериозно ги загрозува како правата на децата, така и идните изгледи за национален општествен и економски развој.189

Според еден извештај на УНИЦЕФ од 2010 година, во периодот од септември 2008 до септември 2009 година, 57,4% од домаќинствата ги намалиле расходите за потребите на децата поради лошата економска клима. Важно е да се забележи дека финансиските потешкотии за време на овој разгледуван период довеле до поголеми проблеми во однос на домувањето, пристапот до образование и редовните здравствени прегледи.190 Извештајот од анализата на УНДП од 2009 (People-Centred Analysis - PCA) констатираше исклучително голем број деца под 15 годишна возраст кои биле изложени на ризикот на сиромаштија, забележувајќи тренд на влошување во споредба со РСА извештајот од 2008 година.191 Иако Владата усвои мерки да го ублажи ударот на економската криза, тие мерки беа главно насочени кон бизнис секторот, а ниту една од нив не беше директно фокусирана врз децата.192

Еден од ризиците сврзани со влошувањето на економските услови е потенцијалниот пораст на бројот на улични деца.193 Министерството за труд и социјална политика проценува дека постојат околу 2.000 „деца на улица“, од кои 95% се Роми. Извештаите што се на располагање го осудуваат немањето пристап до социјални услуги и социјална помош за уличните деца. Услуги наменети за улични деца се достапни само во главниот град.194 Постојат само четири дневни центри за улични деца, сите во главниот град. Министерството за труд и социјална политика отвори два, а другите два се поддржувани од НВО. Овие центри имаат капацитет да примат само 15% од уличните деца кои живеат во главниот град. Ваквата услуга не е достапна во другите градови каде живеат улични деца.

Во законите не постои референца која би се однесувала на усвојувањето мерки за анализирање зашто условите за живот не се доволни за соодветен развој на децата. Ниту пак постојат референци во врска со можни мерки за соодветно сместување.

Првенствената обврска на родителите да обезбедат услови за животПравото и должноста на родителите да се грижат и да ги воспитуваат своите деца се регулирани со Уставот и е содржани во одредбите од Законот за семејството195. Овој закон предвидува дека грижата е право и

187 Државниот завод за статистика ја пресметува сиромаштијата користејќи релативен метод кој ја дефинира сиромаштијата како еквивалент на 70% средната вредност на потрошувачката.

188 Државен завод за статистика, Изјава за печатот, бр.4 1.9.59, 3 септември 2009.189 УНИЦЕФ Скопје, Студија за детската сиромаштија во Македонија, Скопје 2007190 УНИЦЕФ Скопје, Благосостојбата на децата и младите луѓе во тешки економски времиња, Скопје, април 2010.191 УНДП Скопје, People-Centred Analysis, Скопје, 2009192 УНИЦЕФ Скопје, Благосостојбата на децата и младите луѓе во тешки економски времиња, Скопје, април 2010.193 Исто.194 УНИЦЕФ, Скопје, Студија за деца на улица - Проценка на состојбата, 2005 - Студија за трговијата со деца, Скопје, 2007.195 Закон за семејството, Службен весник на РМ, бр. 80/1992; 9/1996; 38/2004; 33/2006; и 84/2008

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 41: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

273

должност на родителите, децата и другите роднини дефинирани со овој закон, како и на лицата кои живеат во брак или во вонбрачна заедница. Ако грижата не може да се реализира од страна на гореспоменатите лица, Државата ги обезбедува потребните средства за грижа за членовите на семејството.

Обврската за грижа вклучува и должност детето да се подготви за самостоен живот и работа, должност да се грижат за воспитување, образование, стручни квалификации, како и грижа и заштита на животот и здравјето на детето. Кога школувањето и стручното образование на детето продолжува по полнолетството, родителите на детето се должни да се грижат додека тоа не го заврши; или заштитата и воспитувањето не ја доверат на другиот родител, на друго лице или на соодветна институција. Кривичниот законик дефинира дека неплаќањето алиментација одредена со правосилна судска одлука или изречена како резултат на спогодба, е посебно кривично дело196. Според Законот за извршување, извршувањето на мерката не се однесува на приходите, добиени од правна алиментација, социјалната помош, детски додаток, стипендија, студентски кредити и помош.197

Мерки преземени од страна на Државата за да се осигура пристапот до соодветни животни стандардиЗа да се справи со проблемите сврзани со неуедначеното испорачување на услуги, неуедначениот пристап кон здравствени услуги и социјална заштита и со тоа како овие проблеми влијаат врз децата, Владата разви Национален акционен план за правата на децата - НАППД (2006-2015).198 Акциониот план има за цел да ја дефинира државната политика во врска со детските права во период од 10 години и се справува со проблемите на правата на децата на образование, здравство и социјална заштита, како и со проблемите сврзани со детската сиромаштија. НАППД ги содржи во еден единствен документ акционите планови во врска со децата на сите министерства, државни агенции и институции што работат во области поврзани со правата на децата. НАППД содржи и преглед на тековната ситуација во врска со правата на децата и тој преглед е искористен како основа за поставување на долгорочни стратешки цели и за одредување на активностите неопходни за нивно постигнување. Меѓутоа, кон Планот не се додадени ниту подетален оперативен план, ниту пак се доделени буџетски средста за негово остварување, што ја прави неговата примена уште потешка. Згора на тоа, во моментов не постои централен орган одговорен за неговата примена, додека пак Националната комисија за правата на децата има мандат само да го следи напредокот во имплементацијата.199

Кога станува збор за мерки за помош на родителите и законските старатели во обезбедувањето на услови за живот неопходни за физичкиот, социјалниот и моралниот развој на детето, Државата применува политики за промовирање на зголемување на стапката на запишувања во училиштата (за повеќе коментари види ги членовите 26 и 28 од КПД). Не постои никаква референца во законодавството што би се однесувала на мерки за помош во духовното развивање на детето.

Треба да се забележи дека во рамки на контекстот на процесот на децентрализација започнат во 2002 година големи, нови одговорности беа пренесени од централната власт врз општините, најзебележително во полето на образованието и социјалната помош.200 Во практиката ова може да вклучува основање на детски градинки (сопствеништво, финансирање, инвестиции и одржување), социјална грижа за инвалидизираните (дневни центри), како и други видови на активности за нерезиденцијална грижа, насочени кон ранливите групи. Ова особено значеше пренесување на одговорностите за 51 градинка. На локалните власти им е дозволено да ги финансираат тие активности од нивни сопствени финансиски извори. Од 2004 година наваму, повеќето од активностите на локалната власт се фокусираа на отворањето на дневни центри за работа со специфични ризични групи, какви што се децата бездомници, лицата со посебни потреби, и жртвите на домашно насилство, како и јавни кујни за сиромашните и други.

Во 2009 година, Собранието го усвои Законот за социјална помош201 и Националната програма за развој на социјалната заштита202 која што ги одредува целите, приоритетите и насоките за развојот на социјалната заштита со мерки на активна социјална политика на среднорочен и долгорочен план. Во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита, општините треба да усвојат програми кои ќе реагираат на потребите на граѓаните, обезбедувајќи социјална заштита меѓу другото и за децата без родители и децата без родителска грижа, на децата со пречки во физикиот развој, уличните деца, децата со образовни

196 Кривичен законик, Службен весник на РМ, бр. 37/1996; 80/1999; 4/2002; 43/2003; 19/2004; 81/2005; 60/2006; 73/2006; 7/2008; 139/2008; 114/2009

197 Закон за извршување, Службен весник на РМ, бр.35/2005198 Закон за семејството, Службен весник на РМ, бр. 80/1992; 9/1996; 38/2004; 33/2006; и 84/2008199 УНИЦЕФ Скопје, Студија на детската сиромаштија во ПЈР Македонија, Скопје, 2007.200 Закон за локална самоуправа, Службен весник на Република Македонија бр. 5/2002.201 Закон за социјална помош, Службен весник на Република Македонија бр. 79/2009.202 Национална програма за социјална заштита 2009, Службен весник на Република Македонија бр. 3/2009

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 42: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

274

и социјални проблеми, децата од семејства со самохрани родители и жртвите на трговија со луѓе. Програмите и работата на локалните јавни институции за социјална заштита треба да се финансираат од сопствени ресурси и од други извори на општините. Според достапните информации, овие програми сè уште не се развиени.

Земено во целост, законодавството сврзано со правата на децата ја одразува подготвеноста на Владата да ги заштити правата на децата и да им обезбеди соодветни животни стандарди. Меѓутоа, повеќето закони, стратегии и акциони планови не се соодветно финансирани. Понатаму, наместо сеопфатен приод кон детските права преку закони кои изградуваат јасна рамка за сеопфатна заштита, детските права се расфрлани низ цела низа регулативи. Оттука, правата на децата и соодветните механизми се разводнети во рамките на една сложена мрежа на закони и политики.

Понатаму, постои голема загриженост во врска со квалитетот на испорачаните социјални услуги на општинско ниво. Навистина, општините се различни по големината, економската моќ, физичката инфраструктура и човечките ресурси и капацитети, и најверојатно сите тие ќе имаат сè поголеми долгови поради проблемите со фискалниот менаџмент, несоодветното управување со даноците и лошото планирање. Сето тоа ќе има негативни последици за најранливите групи во општините, а особена за децата.

Меѓународна соработкаНе постојат никакви референци во врска со соодветни меѓународни и билатерални договори и спогодби во врска со добивањето издршка во странство.

Г. ПРЕПОРАКИ

Препораки во поддршка на имплементацијата на законитеФинансиски мерки - Треба да се распределат специфични финансиски ресурси во согласност со НАППД и доделените финансии треба да им се пренесат на соодветните министри за имплементација на приоритетите на НАППД.

Капацитетот на локалните власти треба да се зајакне за да се зафатат со ефикасно планирање и имплементација на програмите од социјалниот сектор и за да се осигура развивање на интетрес и капацитет кај локалните власт за да се приоритизираат децата во процесот на планирањето на нивните буџети. Со оглед на економската ситуација, Државата треба да одвои дополнителни средства за да го поддржи испорачувањето на социјални услуги на општинско ниво.

Државата и локалните власти треба да бараат механизми за утврдување и справување со проблемите кои резултираат со слаб капацитет за апсорпција на буџетските средства.

Следење и истражување - Државата треба да ја следи еволуцијата на детските додатоци низ времето за да ја согледа ефикасноста на наменетите средства да осигураат продолжена корисност за посиромашните домаќинства. Треба да се преземе и понатамошно истражување преку анализа на специфичната корисност на детските додатоци во намалувањето на сиромаштијата. Истражувањето треба да се изведе за да се утврдат децата на кои им е потребна поддршка од Државата како резултат на тоа што нивните родители се неспособни да им обезбедат соодветен животен стандард.

Треба да се развијат сеопфатни и прецизни податоци за да се креираат политики и ефикасно да се спроведат постапки за ублажување на детската сиромаштија.

Зголемување на свесноста – Треба да се зголеми свесноста на родителите за значењето на детските права за одгледување и подготовка за независен живот преку стекнување образование и професионални квалификации, грижата и заштитата на животот и здравјето.

Меѓународна соработка – треба да се направат чекори кон потпишување на сите билатерални и мултилателарни спогодби кои се однесуваат на воспитувањето во странство.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАСО

ОДВЕТЕН СТАНДАРД НА Ж

ИВОТ

Page 43: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 44: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

276

ПРАВО НА ДЕТЕТО НА ОБРАЗОВАНИЕ

Член 28 Конвенција за правата на детето:

Државите членки му го признаваат правото на детето на образование и поради постепено остварување на ова право врз основа на еднакви можности, посебно:

(a) Го прогласуваат основното образование за задолжително и бесплатно за сите.

(b) Го поттикнуваат развојот на различните облици средношколско обрезование, вклучувајќи го општото и стручното образование кое им е достапно на сите деца, и преземаат соодветни мерки, како што се воведувањето и давањето финансиска помош во случај на потреба.

(в) На сите им овозможуваат добивање на високо образование врз основа на способности користејќи погодни средства.

(г) На сите деца на располагање им ги ставаат образовните и стручните информации и услугите за професионална ориентација.

(д) Преземаат мерки за поттикнување на редовното посетување на училиштата и за намалување на испишувањето од училиштата.

Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки дисциплината во училиштата да може да се спроведува на начин кој е во согласност со човечкото достоинство и со оваа Конвенција.

Државите членки ја унапредуваат и ја поттикнуваат меѓународната соработка за прашањата кои се однесуваат на образованието особено поради придонесот во елиминирањето на незнаењето и неписменоста во светот и олеснувањето на пристап кон науката, техничкото знаење и современите методи на наставата. Во тој поглед особено внимание им се посветува на потребите на земјите во развој.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Устав на Република Македонија

Член 44Секој има право на образование.

Образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Основното образование е задолжително и бесплатно.

Член 45Граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.

Закон за основно образование

Член 2(1) Секое дете има право на основно образование.

Член 4Основното образование е задолжително, трае девет години и се организира во три воспитно-образовни периоди и тоа од прво до трето одделение, од четврто до шесто одделение и од седмо до деветто одделение.

Член 5Родителот, односно старателот на ученикот (во натамошниот текст: родителот) е должен да му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 45: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

277

Член 6За учениците со посебни образовни потреби се обезбедуваат соодветни услови за стекнување на основно воспитание и образование во редовните и посебните основни училишта и имаат право и на индивидуална помош за стекнување на основното образование и воспитание.

Член 7(1) За децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство се организира настава за учење на македонскиот јазик и култура, а за припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик и на мајчиниот јазик, во согласност со меѓународни договори ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија.

(2) На децата на граѓаните на Република Македонија кои престојувале во странство и се вратиле во Република Македонија каде што го започнуваат, односно продолжуваат основното образование, основните училишта се должни да им помогнат во изучувањето на мајчиниот јазик.

Член 8(1) Деца со странско државјанство или деца без државјанство, кои престојуваат во Република Македонија имаат право на основно образование под еднакви услови како децата државјани на Република Македонија.

(2) За децата од ставот (1) на овој член се организира настава по мајчин јазик, во согласност со меѓународните договори ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија.

(3) Деца државјани на државите членки на Европската унија имаат право на основно образование под еднакви услови како и децата државјани на Република Македонија.

(4) Деца државјани на државите членки на Европската унија чии родители се со престој во Република Македонија каде вршат или вршеле самостојна дејност, односно кои се вработени или биле вработени на територијата на Република Македонија, имаат право на стекнување на знаење од мајчиниот јазик и култура на државата од којашто потекнуваат.

(5) Министерството е должно, во соработка со основачот на училиштето и државата од којашто потекнува ученикот од ставот (3) на овој член, а во согласност со можностите, да даде поддршка за стекнување на знаење од мајчин јазик и култура на државата од која потекнува ученикот.

Член 9(1) Воспитно-образовната работа во основното училиште се остварува на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(2) За учениците на припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, воспитно-образовната работа се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница, на начин утврден со овој закон.

(3) Учениците од ставот (2) на овој член задолжително го изучуваат и македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Член 10(1) Основното образование се организира и остварува во основно училиште.

(2) Основно образование се организира и остварува и во здравствени установи, социјални установи, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, согласно со овој закон.

(3) Основното образование за учениците со посебни образовни потреби се организира и остварува во посебни основни училишта и во посебни паралелки при редовните основни училишта.

Член 11Во основното училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја.

1. Основање на основното училиште

Член 16(1) Основното училиште може да биде општинско или државно.

(2) Општинското основно училиште се основа од општината.

(3) Државното основно училиште се основа од Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата).

(4) Советот на општината донесува одлука за основање на основно училиште, по претходно прибавено позитивно мислење од Владата.

(5) Државните основни училишта кои ги основа Владата, се основаат само за остварување на наставен план и програми за основно образование на одредени ученици за кои државата има посебен интерес (училишта за ученици со посебни образовни потреби).

V. ПРАВА И ОБВРСКИ НА УЧЕНИЦИТЕ

Член 54(1) Ученикот има право да ја посетува наставата и да учествува во воспитно- образовната работа што ја организира основното училиште.

(2) Ученикот има обврска редовно да ја посетува наставата и да ги исполнува планираните обврски и задачи што се предвидени со наставниот план и програми и годишната програма за работа.

Член 55За учениците кои покажуваат значителни резултати од одделни области, извршувањето на обврските и начинот на остварување на програмата на основното училиште може да се прилагоди на начин кој го утврдува министерот, по предлог на Бирото.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 46: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

278

Член 56Ученикот од здравствени причини може да биде ослободен од учеството во одделни активности во наставата во основното училиште, врз основа на потврда издадена од соодветна здравствена установа.

Член 57(1) За секое изостанување на ученикот од настава родителот е должен да го извести раководителот на паралелката за причините за изостанувањето.

(2) Ученикот може да отсуствува од наставата ако неговото изостанување родителот го најави однапред во училиштето, но не повеќе од пет дена во наставната година.

(3) Директорот на училиштето по писмено барање на родителите од оправдани причини може да му дозволи на ученикот подолго изостанување од наставата, но не подолго од 30 дена.

Член 58(1) На ученикот кој наполнил 16 години му престанува обврската за редовно основно образование со истекот на учебната година.

(2) По исклучок, од ставот (1) на овој член, по барање на родителот или ученикот, а по мислење на училишниот педагог или психолог, ученикот кој наполнил 16 години може да го продолжи образованието до навршување на 17 години.

(3) Ученикот од ставот (2) на овој член го задржува статусот на ученик ако го продолжи школувањето како возрасен ученик, согласно со закон.

(4) На ученикот со посебни образовни потреби кој наполнил 20 години му престанува обврската за редовно основно образование со истекот на учебната година.

Член 59Кон ученикот кој не ги извршува обврските и ги повредува правилата на воспитно- образовната работа се применуваат следниве педагошки мерки: укор, усна опомена, писмена опомена, намалување на поведението, преместување на ученикот во друга паралелка и преместување на ученикот во друго основно училиште.

Член 60(1) Ако има оправдани причини што се поврзани со однесувањето на ученикот во основното училиште, училиштето може да го префрли ученикот во друго основно училиште доколку има согласност од училиштето кое треба да го прифати ученикот.

(2) За причините за префрлување на ученикот во друго основно училиште одлучува комисија формирана од директорот на училиштето, составена од одделенскиот раководител или раководител на паралелката, два наставника и психологот или педагогот во училиштето и претседателот на Советот на родителите.

(3) Комисијата од ставот (2) на овој член соработува со родителот на ученикот.

(4) Ако училиштето не може да обезбеди преминување на ученикот во друго училиште за тоа одлучува комисија формирана од градоначалникот на општината.

Член 61(1) Ученикот има право на бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште.

(2) Учениците со посебни образовни потреби имаат право на бесплатен превоз без оглед на оддалеченоста на нивното место на живеење до основното училиште.

Член 62(1) Основното училиште во договор со родителите може за сите ученици да организира најмалку еден оброк во текот на престојот во училишто. Трошоците за оброкот ги плаќа родителот.

(2) Стандардите за оброците во училиштето ги утврдува Министерството, во соработка со соодветна стручна установа.

Член 63(1) Учениците кои се истакнуваат со своето знаење или со други видови постигања основното училиште ги пофалува односно наградува.

(2) На учениците кои постигнуваат натпросечни резултати во наставните и воннаставните активности, основното училиште, на предлог на наставничкиот совет, им издава посебни дипломи и пофалници.

(3) Формата и содржината на дипломите, како и начинот на нивното издавање го пропишува министерот.

Член 64Начинот на остварувањето на правата и обврските на учениците, наградувањето и изрекувањето на педагошките мерки за нарушување на училишните правила и куќниот ред ги пропишува министерот, по предлог на Бирото.

4. Совет на родители

Член 145(1) За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште од родителите на учениците се формира совет на родители на училиштето.

(2) Во советот на родители има по еден претставник од секоја паралелка којшто го избираат родителите на родителскиот состанок на паралелката.

(3) Првото свикување на советот на родители го врши директорот на училиштето.

(4) Советот на родители:

дава мислење за предлогот на програмата за развој на основното училиште и за годишната програма за работа,

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 47: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

279

расправа за извештајот за работата на училиштето,

предлага програми за подобрување на стандардите за наставата,

дава согласност на предлозите на директорот за воведување повисоки стандарди,

разгледува жалби на родителите во врска со воспитно-образовната работа,

избира претставници во училишниот одбор на основното училиште и

врши други работи утврдени со статутот на училиштето.

XI. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ НА НАСТАВАТА

Член 146За обезбедување на квалитет на наставата училишниот одбор на секои пет години донесува програма за развој на училиштето, во која се земени предвид резултатите од самоевалуацијата, препораките од извештајот од интегралната евалуација спроведена од страна на Државниот просветен инспекторат, како и мислењата од советодавната и стручната помош од Бирото.

XIII. ФИНАНСИРАЊЕ НА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Член 162(1) Средствата за финансирање на дејноста на основното образование се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, на начин и постапка утврдени со Законот за буџетите на Република Македонија, Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

(2) Средствата од ставот (1) на овој член се распределуваат на општините по пат на блок дотации и наменски дотации согласно со Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотациите и Уредбата за методологијата за распределба на капиталните и наменските дотации утврдени во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

(3) Општината средствата од ставот (2) на овој член ги распределува на основните училишта на своето подрачје за обезбедување на реализација на воспитно-образовниот процес, во согласност со утврдените стандарди и нормативи.

(4) Со уредбите од ставот (2) на овој член се уредува распределбата на средствата од блок дотацијата и од наменската дотација која се врши врз основа на формула и согласно со фазите за фискалната децентрализација утврдени во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

(5) Формулата од ставот (4) на овој член за распределба на средствата се изведува основно од бројот на учениците во основните училишта на

своето подрачје. Врз изведувањето на формулата можат да имаат влијание и други дополнителни показатели.

Член 163Општината може да ја дополни добиената блок дотација, односно наменска дотација за образование со средства од сопствени извори, освен за платите на вработените во училиштата.

Член 164(1) Податоците од годишниот финансиски план и од завршната сметка на основните училишта, општината ги објавува во своето службено гласило.

(2) Министерот утврдува кои податоци ќе бидат објавени.

Член 165Средствата за финансирање на дејноста на основното образование можат да се обезбедуваат и од други извори (легати, подароци, завештанија и друго), а се користат наменски.

Член 166(1) Министерството за средствата за финасирање на основното образование донесува финансов план и програми и годишна пресметка.

(2) Министерството утврдува мерила и критериуми за распоредување на средствата за државните основни училишта.

(3) Советот на општината утврдува мерила и критериуми за распоредување на средства за општинските основни училишта.

(4) Министерството го контролира наменското користење на средствата кои се распределуваат од Буџетот на Република Македонија.

Член 167Основните училишта се должни да склучат соодветно осигурување за одговорност од предизвикана штета, за што средства обезбедува основачот.

Член 179(1) Учениците кои се запишале во основно училиште пред учебната 2006/2007 година го продолжуваат образованието според наставниот план и програмите за основно осмогодишно образование до завршување на нивното основно образование.

(2) Учениците кои во учебната 2006/2007 година посетувале подготвителна година во учебната 2008/2009 година го продолжуваат образованието во трето одделение според наставниот план и програмите за деветгодишно основно образование.

Член 180Учениците запишани во основното училиште заклучно со учебната 2006/2007 година ќе се оценуваат со бројчани оценки од четврто до осмо одделение од осумгодишното основно образование до завршувањето на основното образование.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 48: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

280

Закон за средното образование

Член 2Во средното образование се остваруваат планови и програми за гимназиско и стручно образование.

Средното образование се остварува во средни училишта кои се организираат како јавни средни училишта (средно општинско училиште, односно средно училиште на Градот Скопје и државно средно училиште) и приватно средно училиште.

Државните средни училишта се основаат само за остварување на планови и програми за средно образование на одредени категории на ученици за кои државата има посебен интерес.

Дејноста што се остварува во средното училиште е од јавен интерес и се врши како јавна служба.

Средното училиште има својство на правно лице и се запишува во Централниот регистар на Република Македонија.

Член 3Средното образование е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови утврдени со овој закон.

Средното образование во јавните средни училиштa е бесплатно.

Не се дозволени дискриминации засновани на пол, раса, боја на кожата, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување, имотната и општествената положба.

Член 4Воспитно - образовната дејност во средното училиште се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, воспитно - образовната дејност во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница на начин и под услови утврдени со овој закон.

Учениците од став 2 на овој член задолжително го изучуваат и македонскиот јазик.

Во јавните средни училишта наставата може да се изведува и на еден од светските јазици.

Во приватните училишта наставата може да се изведува и на странски јазик.

Член 5Странските државјани и лица без државјанство можат да се здобијат со средно образование, на начин и под услови утврдени со овој закон.

Член 6Јавно училиште може да остварува дејност во странство, исто како и во своето седиште под услови утврдени со овој закон, а по претходна добиена согласност од министерството надлежно за вршење на работите од областа на образованието (во натамошниот текст: Министерството).

Член 7Во средното училиште е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување.

Во средното училиште не се дозволува организирање на верско образование.

Во средното училиште е забрането истакнување на партиски и верски обележја.

II. ОСНОВАЊЕ И ПРЕСТАНОК НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Член 10Средно општинско училиште може да основа општината.

Одлука за основање на средно општинско училиште донесува советот на општината по претходно прибавено мислење од Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата).

Средно училиште на Градот Скопје може да основа Советот на Градот Скопје.

Одлука за основање на средно училиште на Градот Скопје донесува Советот на Градот Скопје по предлог на советот на општината, а по претходно прибавено мислење од Владaта.

Државно средно училиште основа Владата.

Приватно средно училиште може да основа домашно и странско правно и физичко лице врз основа на одобрение, согласно со овој закон.

V. УЧЕНИЦИ

Член 41Статус на ученик во средното образование се стекнува со запишување во средното училиште.

Статус на редовен ученик може да се стекне само во едно средно училиште.

Вонредни ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити за одреден план и програма во средното училиште.

Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови:

да е постар од 17 години; да е на боледување подолг период; да е во работен однос и во други случаи утврдени со статутот на средното

училиште.

IX. УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ

Член 88Орган на управување во јавното средно училиште е училишниот одбор.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 49: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

281

Училишниот одбор во јавното средно училиште е составен од 12 члена, и тоа: четири претставника од наставниците, три претставника од родителите, односно старателите на учениците, три претставника од основачот и по еден претставник од Министерството и од деловната заедница.

Претставникот од деловната заедница учествува во работата на училишниот одбор, но нема право на учество при гласањето и донесувањето на одлуките.

Претставниците од родителите, односно старателите на учениците, од основачот и од Министерството не можат да бидат именувани, односно избирани од редот на вработените во училиштето.

Претставниците на основачот за државните средни училишта ги именува и разрешува Владата на Република Македонија, а за општинските и училиштата на Градот Скопје, советот на општината, односно Советот на Градот Скопје.

Претставниците од родителите, односно старателите на учениците ги именува и разрешува советот на родителите, претставниците на наставниците ги именува и разрешува наставничкиот совет на училиштето, претставниците на Министерството ги именува и разрешува министерот, а претставниците на деловната заедница Стопанската комора на Република Македонија.

Членовите на одборот освен претставниците од родителите на учениците се именуваат за период од четири години, со право на уште еден избор.

Претставниците од родителите на учениците се именуваат за периодот до завршувањето на средното образование на нивното дете.

Училишниот одбор од редот на своите членови избира претседател.

Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на одборот кои имаат право на учество при гласањето и донесувањето на одлуките..

XI. ФИНАНСИРАЊЕ НА ЈАВНОТО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Член 101Средствата за финансирање на јавното средно образование се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, на начин и по постапка утврдени со Законот за буџетите на Република Македонија, Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Средствата од ставот 1 на овој член се распределуваат на општините по пат на блок дотации и наменски дотации согласно со Уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок дотациите и Уредбата за методологијата за распределба на капиталните и наменските дотации утврдени во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Општината средствата од ставот 2 на овој член ги распределува на средните училишта на својата територија за обезбедување на реализација на воспитно-образовниот процес, во согласност со утврдените стандарди и нормативи.

Со уредбите од ставот 2 на овој член се уредува распределбата на средствата од блок дотацијата и од наменската дотација која се врши врз основа на формула и согласно со фазите за фискалната децентрализација утврдени во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Формулата од ставот 4 на овој член за распределба на средствата се изведува основно од бројот на учениците во средните училишта на своето подрачје.

Врз изведувањето на формулата можат да имаат влијание и следниве објективни фактори: возраста на учениците, планот и програмите кои се реализираат во училиштето, типот на училишниот објект, локацијата на училиштето и друго.

Член 101-аОпштината може да ја дополни добиената блок дотација, односно наменска дотација за образование со средства од сопствени извори, освен за платите на вработените во училиштата.

Член 101-бПодатоци од годишниот финансиски план и од завршната сметка на јавните средни училишта, општината објавува во своето службено гласило. Министерството утврдува кои податоци ќе бидат објавени.

Член 102Министерството донесува финансиски план, критериуми за распределба на средствата и врши распределба на средствата по корисници.

За начинот на располагањето со средствата Министерството поднесува извештај до Владата на Република Македонија.

Член 103Јавните училишта, односно установите за образование на возрасни можат да стекнуваат средства од давање образовни услуги на граѓани кои не се утврдени како потреби и интереси на државата и за кои таа не обезбедува средства.

Член 104Јавните училишта можат да стекнуваат средства и од:

продажба на производи и услуги кои се резултат на вршење на основна дејност;

трговските друштва, јавните претпријатија, установи и органи на државна управа во кои се остварува практична обука за учениците

проекти одобрени од министерот камати и девиденди на пласирани средства; легати, подароци, завештанија и други извори.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 50: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

282

Средствата од став 1 на овој член ќе бидат наменети за унапредување, осовременување и развој на дејноста во јавните училишта за што се поднесува извештај до Министерството, односно до надлежниот орган на единицата на локалната самоуправа.

Начинот на распределба на средствата за проектите од став 1 алинеја 4 на овој член поблиску го пропишува министерот.

Посебен пропис за условите за стекнување и распределба на средствата од став 1 на овој член донесува Владата на Република Македонија, а за општинските, односно училшитата на Град Скопје надлежниот орган на единицата на локалната самоуправа.

Закон за учебници за основно и средно образование

Член 6Учебниците за учениците во јавните основни и средни училишта се бесплатни.

Член 22Учебникот не смее да содржи рекламни пораки и огласи.

Член 24(1) Секој ученик на почетокот на учебната година добива комплет на бесплатни учебници.

Член 25(1) Ученикот по завршувањето на наставната година е должен да го врати на училиштето комплетот на учебници неоштетен, освен учебните помагала (работните тетратки, вежбанки и слично).

Закон за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група

Член 29Учениците помлади од 15 години можат да посетуваат верско образование како изборен предмет врз основа на согласност на родителите или старателите.

Закон за ученичкиот и студентскиот стандард

Член 2 Ученичкиот и студентскиот стандард е организирана дејност преку која сеовозможуваат и остваруваат материјални и други услови за образование на учениците и студентите.

Под ученички и студентски стандард, во смисла на овој закон, се

подразбира обезбедување на сместување, исхрана, здравствена заштита, учебници, превоз, стипендии и кредити, како и задоволување на работните, културните, воспитно- образовните, информативните,

спортско-рекреативните и други заеднички потреби на учениците и студентите.

Член 3 Ученичкиот и студентскиот стандард се остварува во ученичките и студентските домови и ресторани, во училиштата и факултетите и здравствените установи.

Ученичкиот и студентскиот стандард се остварува и во установи од областа на културата, спортот, одморот и рекреацијата, како и во други

организации и установи.

Ученичкиот и студентскиот стандард се обезбедува и по пат на стипендирање и кредитирање на учениците и студентите и преку бенефиции во јавниот сообраќај.

Член 23Установи од студентскиот стандард се: студентски центри, студентски домови, ресторани, студентски здравствени установи, студентски спортски центри и одморалишта.

Член 30 Право на сместување и исхрана во државните ученички и студентски домови имаат учениците и студентите кои се школуваат надвор од местото на живеење.

Приемот во државните ученички и студентски домови се врши врз основа на конкурс.

Приемот во општинските, односно ученичките и студентските домови на Град Скопје, го определува надлежниот орган на единицата на локалната самоуправа.

Приемот на учениците и студентите во приватните ученички и студентски домови го определува основачот.

Конкурсот за прием на ученици и студенти во државните установи ги содржи условите за прием, бројот на расположливите места, потребните документи и роковите за пријавување на конкурсот, а го објавува Министерството.

Член 36 Цената за сместување и исхрана на учениците и студентите во установите од ученичкиот и студентскиот стандард се утврдува врз основа на реалните трошоци утврдени со нормативи и стандарди за овој вид услуги.

Член 37 Висината на цената за сместувањето и исхраната во јавните установи од ученичкиот и студентскиот стандард ја предлага управниот одбор на установата, а ја утврдува министерот.

Висината на цената за сместувањето и исхраната во приватната установа од ученичкиот и студентскиот стандард ја определува органот определен од основачот.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 51: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

283

VI. Стипендирање и кредитирање на ученици и студенти

Член 50 Со цел откривање, стимулирање и негување на надарени ученици и студенти од различни области на науката, техниката, културата, уметноста и спортот, Министерството ќе доделува стипендии и кредити на ученици и студенти.

Член 51 Основни критериуми за доделување на стипендии и студентски кредити се:

дефицитарноста на кадрите од одредени профили;

талентираност на учениците и студентите; постигнатиот успех во образованието;

материјалните можности на учениците и студентите и нивните семејства и

трошоците на живеење на учениците и студентите во местото на образованието.

Член 52 Корисници на стипендии и студентски кредити можат да бидат редовни ученици и студенти, државјани на Република Македонија, избрани врз основа на објавен конкурс.

Член 53 Конкурс за стипендии и студентски кредити распишува Министерството.

Член 61 Надзор над законитоста на работата на установите од областа на ученичкиот и студентскиот стандард врши Министерството.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 52: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

284

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 28 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали средствата што се доделуваат од буџетот имаат цел постепено зголемување на образованието со што се овозможува и постепен развој на квалитетот на образованието? √

Дали образовната политика обезбедува максимално искористување на образовните можности за сите деца (до 18-годишна возраст)? √

Дали е утврдена временска рамка за постигнување на оваа политика? √Дали државата има донесено механизми со кои ќе се мери ефикасноста на ваквото образование во смисла на вклучување на сите деца и резултатите од него? √

Дали се преземени активни мерки за да се обезбеди сите деца да имаат еднакви можности за образование, вклучувајќи ги тука и девојчињата? √ деца на имигранти и бегалци? √ деца со посебни потреби? √ болни деца, вклучувајќи ги и децата сместени во болници √ деца кои живеат надвор од нивните семејства? √ номадските или децата-Роми, или децата што се со привремено сместување? √ децата исклучени од училиште? √ децата во сите форми на притвор? √Дали основното образование е задолжително? √Дали основното образование е бесплатно за сите деца? √Доколку не е, дали постои национален план со кој се обезбедува сите деца да добиваат бесплатно и задолжително основно образование? √

Дали и другите аспекти на ова образование се бесплатни? (на пример: учебниците, опремата или униформите, доколку ги има)? √

Дали на секое дете му се достапни разните форми на средно образование (вклучувајќи го стручното и општото образование)? √

Дали тие се бесплатни? √Дали законската возраст за завршување на задолжителното образование и за прием во вработување е иста? √

Дали вишото образование им е достапно на сите деца врз основа на нивните капацитети? √Дали на сите деца им се достапни и пристапни информациите за образованието, стручните информации и насочувањето? √

Какви мерки се донесени за да се поттикнува одењето на училиште и да се спречи напуштањето на образованието?Дали овие мерки ги земаат предвид: околностите во домот на децата (на пример: потребата да се обезбедат приходи, потребата од работа дома или работа за време на жетва)? √

соодветната географска локација на училиштата и нивните часови и времето на отворање? √ релевантноста на наставната програма за животот на детето и обезбедувањето на стручното образование? √

соодветноста на наставната програма спрема интелектуалниот развој на детето? √ примарниот јазик на детето? √ сите евентуални посебни потреби на детето (како што се одредена попреченост, болест или бременост)? √

почитта за културолошките или верските традиции и родовите разлики? √ почитта кон ставовите на децата? √ почитта кон достоинството на децата? √ идентификувањето на можностите за учење и помош да се избегне паѓање на испит или присилно повторување на годините во училиштето или на предметите? √

потребата од вклучување на локалната заедница во обезбедувањето на образованието и потребата од вклучување на училиштата во животот на заедницата? √

ефикасноста во регрутирањето на наставници и обуките за да се спречи незадоволството од училиштето? √

Дали се преземени сите соодветни мерки за да се обезбеди сите видови дисциплинирање во училиштето да бидат доследни на човековото достоинство на детето? √

Дали со закон е забрането телесното казнување во сите училишта? √Дали се преземени сите неопходни мерки за да се обезбеди телесното казнување никогаш да не се користи? √

Дали сите видови дисциплина во училиштето се во согласност со Конвенцијата, вклучувајќи го и правото на детето да не биде дискриминирано? √ со него да биде постапувано на начин доследен на неговите/ нејзините развојни капацитети? √

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 53: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

285

да одржува директен контакт со двата родители (освен кога тоа не е во согласност со најдобриот интерес)? √

да има слобода на изразување, мисла, совест и вероисповед? √ да има слобода на здружување (освен кога е неопходно да се заштитат другите)? √ да има заштита од сите видови физичко или психичко насилство, повредување или злоупотреба, негрижа или немарно постапување, лошо постапување или експлоатација? √

да има право на одмор и рекреација? √

В. КОМЕНТАРИ

И додека националната законска рамка е добро развиена и главно е во согласност со одредбите и духот на КПД, во нејзината имплементација се појавуваат сериозни пропусти.

Соодветни финансиски ресурсиСпоред член 162сс од Законот за основно образование и членот 101сс од Законот за средно образование, средствата за финансирање на основното и средното образование се обезбедуваат од буџетот на земјата, на начин и со процедура востановени со Законот за буџети на Република Македонија, Законот за извршување на буџетот на Република Македонија и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

И покрај јасните законски обврски, деталната анализа на јавните расходи покажа критички расчекор во расходите за образование во смисла на прогресивни зголемувања во обезбедувањето на образованието и квалитетот на образованието.203 Студијата на УНИЦЕФ за јавните расходи наменети за децата, проценува дека во 2008 година вкупните средства од буџетот наменети за образованието изнесувале 5,6% од БДП, дури и повеќе од просечните јавни расходи за образование на Организацијата за економска соработка и развој, но од вкупното трошење за основното и средното образование, најголем дел од средствата бил наменет за платите на наставниците, за додатоци и придонеси (во 2005 година, 85 проценти од вкупните расходи за основно и средно образование биле за плати, а во 2006 година тоа изнесувало 95 проценти). Зголемувањето на вкупните буџетски средства за образованието не беше проследено со подобрено планирање и намена на буџетските средства. Прегледот на јавните расходи на Светската банка заклучува дека и покрај сооодветното севкупно ниво на ресурсите, тие се користат непродуктивно, што резултира со слаби резултати во учењето. Извештајот понатаму одговорноста за таквите слаби резултати ја пронаоѓа во ниското ниво на трошење за клучните внесови во квалитетот, какви што се развивањето на нови наставни планови и наставни материјали, обука на наставниците, итн. Бирото за развој на образованието (БРО), кое има задача да ги модернизира и унапреди образовните стандарди, методи и наставни планови, добива само 2,4% од буџетот за образование, додека 70% од буџетот на БРО се троши на администрација, а само 0,8% на истражување и развој на образованието. Во Прегледот на јавните расходи на Светската банка исто така е нагласен недостатокот од инвестиции во одржувањето на училиштата.

Процесот на децентрализација резултираше со пренесување на ингеренциите во областа на образованието (основното и средното) врз општините. Децентрализацијата го направи трошењето за образование помалку транспарентно затоа што локалните власти немаат механизми за известување и следење на расходите во оваа област. Згора на тоа, Прегледот на јавните расходи на Светската банка утврдува сериозни недостатоци во буџетирањето во образованието врз основа на резултатите, како на централно така и на локално ниво.204 Ова е особено случај во помалите и руралните општини каде што нема доволен капацитет за планирање, програмирање и буџетирање во областа на образованието.

Пристап до соодветно елементарно образованиеСпоред член 44 од Уставот, основното образование е бесплатно и задолжително. Од неодамна основното образование е продолжено од осум на девет години, а средното образование стана исто така задолжително

203 Светска банка ПЈР Македонија - Преглед на јавните расходи, февруари 2008; УНИЦЕФ Скопје, Преглед на јавните расходи наменети за децата, Скопје, 2008.

204 Светска банка ПЈР Македонија - Преглед на јавните расходи, февруари 2008; УНИЦЕФ Скопје, Преглед на јавните расходи наменети за децата, Скопје, 2008.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 54: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

286

(училишната 2009/2010). Образовната активност се изведува на македонски со користење на кирилското писмо. Припадниците на етничките заедници кои зборуваат јазик различен од македонскиот можат да го добијат своето образование на нивниот мајчин јазик. Законот за основно образование вели дека е обврска на родителот (односно старателот) да го запише детето во основно училиште и дека родителот или старателот се одговорни детето редовно да ја посетува наставата во основното училиште. Истовремено, законот пропишува дека од основото училиште се бара да ги прифати сите ученици во неговата географска област, онака како што ја дефинирале локалните власти. Училиштето треба да го информира Државниот просветен инспекторат (ДПО) за децата кои или не се запишани или се отсутни од училиште без оправдание подолго од 30 дена. Законот пропишува казни и за училиштето и за родителите или старателите кои ќе го прекршат Законот и нема да ги исполнат обврските.

Анализата на податоците за запишувањето на ученици во основното образование во текот на десетгодишен период (1997/1998 до 2007/2008) покажува дека не сите деца кои требало да бидат вклучени во образованието всушност го сториле тоа, но исто така постои и надолен тренд во запишувањето. Иако ова може да и се припише на недоволната покриеност на децата кои спаѓаат во ранливите групи, ниските стапки на вклученост би можеле исто така да бидат резултат на промените воведени со Законот за основно образование (продолжувањето на задолжителното образование од осум на девет години).205 Сè уште нема податоци за првата година од воведувањето на деветгодишно основно образование. Мултииндикаторското кластерско истражување објавено претходно во 2006 година,206 покажува дека вкупно 95% од децата со соодветна возраст го посетуваат основното образование. Речиси и не постои некаква разлика меѓу машките и женските деца и урбаните и руралните области. Меѓутоа, диспаритети сè уште постојат кај најхендикепираните групи деца. Кластерското истражување покажа дека најнизок процент на деца кои го посетуваат последниот клас на основното образование може да се забележи кај најсиромашната квинтила на населението. Треба да се забележи дека стапките на запишување и завршување на основното образование кај децата Роми се само 61% и 44,6%, респективно. Според УНИЦЕФ, стапката на преминување во средното образование изнесува 95% на национално ниво, додека во случајот со децата Роми таа бројка изнесува само 27%. Ситуацијата со редовноста во средното образование е подеднакво очајна, при што севкупната редовност за средното образование изнесува 63%, но само 17,4% кај децата Роми. Ромите се најмалку писмени - само 60% од жените Ромки на возраст од 15 до 24 години се писмени во споредба со 99% кај Македонците и 99% кај Албанците.207 И покрај позитивната законска обврска да им се обезбеди основно образование на учениците со посебни потреби содржана во член 10 од Законот за основно образование, направен е само ограничен напредок во вклучувањето на децата со пречки во развојот и се проценува дека само 15% од овие деца се вклучени во обичните училишта.

Овие податоци покажуваат дека имплементацијата на законските одредби што се однесуваат на бесплатното и задолжително основно и средно образование бара активни мерки за да се осигура вклучување на децата од ранливи групи. Владата го воведе Условниот паричен трансфер сврзан со средното образование за да се поттикне запишувањето на деца кои во моментов не посетуваат настава а чиишто семејства се корисници на социјална помош. Исто така за првпат беа обезбедени бесплатните учебници за сите деца во училишната 2009/2010; меѓутоа дистрибуцијата беше задоцнета особено во руралните области, како и дистрибуцијата на новите учебници воведени во 2009 година (за 4-то и 7-мо одделение) и на тој начин децата беа оставени без учебници до доцна во второто полугодие, и во основното и во средното образование.

Успешни модели на вклучување беа силно промовирани и финансирани од донатори (УНИЦЕФ, USAID грантот на Фондацијата Институт отворено општество, Светската банка преку одредени компоненти на Проектот за модернизација на образованието). Овие модели подразбираат развивање на центри за образование на Ромите за да промовираат дополнителна училишна поддршка - подобрување на македонскиот јазик; обезбедување на специјализирана обука за наставниците; обезбедување на стипендии за учениците Роми на повисоките нивоа на образование; и работа со родителски групи во училиштата што учествуваат.208 Меѓутоа, со оглед на нивната зависност од донаторски финансии, тие се временски ограничени и опфаќаат ограничен број на деца.

Неодманешната проценка на инклузивното образование на УНИЦЕФ209, што го разгледуваше системот од аспект на вклученоста на сите деца во училиштата без оглед на нивните способности или потекло, откри одредени слабости. Децентрализираните училишта создаваат празнини во надгледувањето и способностите на централизираните креатори на политики што оневозможува следење на примената на тие политики. Честопати се остава на добрата волја на училиштата или организациите на граѓанското општество да повлијаат

205 Извештај за напредокот кон милениумските развојни цели, Влада на Република Македонија206 Државен завод за статистика, Република Македонија, Следење на состојбите со децата и жените, Мултииндикаторско

кластерско истражување 2005-2006.207 УНИЦЕФ Скопје, Децата во ПЈР Македонија - Анализа на состојбите, Скопје, февруари 2008.208 Проект за едукација на Ромите, ФОСИМ, 2008209 УНИЦЕФ Скопје, Инклузивното образование како дел од училиштата по мерка на децата - Рамковни резултати и препораки од

студија во Македонија, Скопје 2009

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 55: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

287

на имплементацијата на политиките. Без силни антидискриминаторски механизми не постојат гаранации за примена на законите. Во проблемите сврзани со вклучувањето на децата Роми и нивното доцно запишување на училиште спаѓат и недостоатокот од можности за образование на мајчиниот јазик, невалидните механизми за проценка што доведоа до тоа голем процент на децата Роми да бидаат несоодветно класифицирани како „деца со пречки“ и оттука сместени во специјални училишта и специјални одделенија. Продолженото користење на „дефектолошкиот“ модел (со професионални дефектолози) доведе до зголемување на побарувачката за специјални училишта за ученици со пречки во развојот.210

Во домашното законодавство не постојат никакви референци кои би се однесувале на активни мерки насочени кон обезбедување на еднакви образовни можности за девојчињата, децата имигранти и бегалци. децата кои живеат одвоено од своите семејства и децата исклучени од училипте.

Подобрување на квалитетот и релевантноста на образовните услуги е една од стратешките цели на Владата за периодот 2008-2012. Владата го реформираше наставниот план за деветгодишното основно образование и го усогласи со филозофијата и начелата за училишта по мерка на децата. Се планира и ревизија на наставните планови за средното образование во 2010 година. Професионалниот развој и напредувањето во кариерата на наставниците, иако споменати во Законот, не се целосно операционализирани. Обуката на наставниците во текот на работењето е главно финансисрана од донатори.

Пристапот до вработување и задолжителното средно образованиеВиди ги коментарите во член 1 од КПД.

Ученички стандард

Беше усвоен специјален Закон за учебници за основното и средното образование за да се олесни остварувањето на правото на децата на образование. Со усвојувањето на овој закон, сите ученици сега добиваат бесплатни учебници на почетокот на учебната година со обврска да ги вратат на училиштето на крајот на истата учебна година.

Постоечките закони велат дека ученичкиот стандард се остварува преку обезбедување на материјални и други услови за образование - вклучувајќи ги и сместувањето, храната, здравствената заштита, учебниците, превозот, стипендиите и кредитите - и преку задоволување на потребите на учениците за работа, култура, образование, информации и рекреација (види ги инфра коментарите во член 29). Но, ученичкиот стандард би можел да биде подобрен преку обезбедување на извесен број кредити и стипендии и преку подобро дефинирање на барањата кои учениците мораат да ги исполнат за да се квалификуваат за овие награди.

Дисциплински процедури кои го почитуваат достоинството на дететоПроцедурите кои треба да се применат кога учениците не ги исполнуваат своите обврски или кога ги прекршуваат правилата за образовна работа се утврдени со закон. Можат да се применат следните корективни мерки: укор, усна или писмена опомена, намалени оценки, префрлање во друго одделение или во друго основно училиште. Студијата на УНИЦЕФ за „училишта по мерка на децата“ откри дека на училишно ниво, и покрај законската забрана за физички казни, овој вид на дисциплинска мерка сè уште многу често се користи во училиштата и учениците покажуваат високо ниво на толеранција кон физичките казни; не постојат политики кои би ги регулирале проблемите со насилство, а училиштата не прават разлика меѓу различните форми на насилство.211

210 Исто.211 УНИЦЕФ Скопје, Училишта по мерка на децата - Анализа на ситуацијата за ПЈР Македонија, Скопје, август 2007.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 56: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

288

Г. ПРЕПОРАКИ

1. Правни препоракиСоодветни финансиски ресурси - Студијата на јавните расходи наменети за децата (2008) препорачува зголемување на финансирањето на образовните компоненти сврзани со квалитетот (како обуката на наставниците или изградба на нови училишта во областите каде што во моментов наставата се одвива во две или три смени), востановување на механизам за известување за буџетското трошење и расходи за единиците на локалната власт. Така, нивните сметководоства за образованието би станале потранспарентни и би се овозможило следење на трошењето на нивните блок грантови во согласност со клучните цели на образовните политики, зголемување на ресурсите што се доделуваат за образование на Ромите и за општо инклузивните практики во училиштата.

2. Препораки во поддршка на имплементацијата на законитеПристап до соодветно елементарно образование - На следните групи треба да им се овозможи да го остварат своето право на образование: децата од етничките заедници, децата со пречки во развојот и децата со низок социо-економски статус. Државата треба да обезбеди одржливи успешни интервенции насочени кон децата со посебни образовни потреби и да воведе одржливи промени во законите за образование, правилниците и училишната пракса кои ќе го поддржат вклучувањето на децата со посебни образовни потреби.

Пристап до стипендии и социјални услуги - Стандардот на учениците треба да се подобри преку обезбедување на оптимален број на кредити и стипендии и преку подобро дефинирање на барањата кои учениците мораат да ги исполнат за да се квалификуваат за овие награди. Исто така мораат да се почитуваат критериумите за сместување во ученичките интернати.

Дисциплински процедури кои го почитуваат достоинството на детето - Имплементацијата на законските одредби кои забрануваат физичко казнување треба да биде експлицитно поддржана со правилници и процедури. Треба да се востановат национални и училишни политики и механизми за утврдување и реагирање на насилството.

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НАОБРАЗО

ВАНИЕ

Page 57: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 58: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

290

ЦЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Член 29 Конвенција за правата на детето: Државите членки се согласни дека образованието на детето треба да биде насочено врз развојот на личноста на детето и развојот на надареноста и менталните и физички способности до крајни граници;

(a) Развој на личноста на детето и развој на надареноста и менталните и физички способности до крајни граници.

(б) Развој на почитувањето на правата на човекот и основните слободи како и почитувањето на принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации.

(в) Развој на почитувањето на родителите на детето, неговиот културен идентитет, јазикот и вредностите, националните вредности на земјата во која детето живее и на земјата од која тоа води потекло, како и цивилизациите кои се различни од неговата.

(г) Подготвување на детето за одговорен живот во слободното општество во дух на разбирање мир толеранција еднаквост на половите и пријателство меѓу сите народи меѓу етничките национални и верски групи и лица од автохтоно потекло.

(д) Развој на почитувањето на природната средина.

Ниедна одредба на овој член како ни член 28 на смее да се толкува како ограничување слободата на поединците и на телата да формираат и да управуваат со образовните установи секогаш имајќи го во вид почитувањето на принципите изложени во точка 1 на овој член и под услов дека образованието во таквите институции е во согласност со минималните стандарди кои може да ги пропише државата.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Закон за основно образование

Член 3Целите на основното воспитание и образование се:

- стекнување општи и применливи знаења што се потребни во секојдневниот живот или за натамошно образование,

- хармоничен, интелектуален, емоционален и соција-лен развој на учениците соодветно со нивните спо-собности,

- развивање на писменоста и способностите на уче-ниците за разбирање, информирање и изразување на македонски јазик и неговото кирилско писмо,

- развивање на писменоста и способностите на уче-ниците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик,

- развивање самодоверба и свест кај ученикот за сопствената индивидуалност и одговорност за своите постапки,

- воспитување за меѓусебна толеранција, соработка, почитување на различноста, основните човекови слободи и права,

- развивање свест кај учениците за припадност на Република Македонија и негување на сопствениот национален и културен идентитет,

- воспитување за општи културни и цивилизациски вредности кои произлегуваат од светските традиции,

- усвојување општи и применливи знаења кои овозможуваат самостојно креативно дејствување во општествената и природната околина и разви-вање способности за расудување и за изразување во уметноста и културните традиции,

- развивање на способности за истражување, екс-периментирање и решавање на проблеми,

- вклучување и водење грижа за развојот на ученици-те со посебни образовни потреби,

Page 59: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

291

- развивање на надареноста на учениците во различ-ни области и

- унапредување на здравиот начин на живеење и воспитување за преземање одговорност за сопстве-ното здравје и за заштита на животната средина.

III. ПРОГРАМИ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ВО

ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

1. НАСТАВЕН ПЛАН И НАСТАВНИ ПРОГРАМИ

Член 25(1) Министерот ја утврдува Концепцијата за основно воспитание и образование, врз основа на која се донесуваат наставниот план и наставните програ-ми за основно образование (во натамошниот текст: наставен план и програми).

(2) Во основното училиште воспитно-образовната работа се организира и остварува според наставен план и програми кои, на предлог на Бирото, ги утвр-дува министерот.

(3) Наставниот план за основното училиште содржи задолжителни и изборни предмети, дополнителна и додатна настава, како и часови за одделенската за-едница.

(4) Со наставниот план се определува годишниот и неделниот број на часови за наставата одделно по задолжителните и изборните предмети, нивниот редослед по одделенија, бројот на неделните часови за дополнителна настава, часовите за додатна на-става и часот за одделенската заедница.

(5) Со наставните програми се определуваат нас-тавните цели, содржините, основните поими, актив-ностите и методите во наставата, оценувањето на постигањата на учениците, условите за реализирање на наставната програма и нормативот за наставен кадар.

Член 27Дополнителна настава се организира за учениците кои имаат тешкотии во учењето и на кои им е потреб-на повремена помош во текот на наставната година.

Член 28Додатна настава се организира за учениците кои по-кажуваат значителни резултати по одделни предмети.

Член 29На часот на одделенската заедница се разработу-ваат содржини за личниот и социјалниот развој на учениците според програма што ја утврдува министе-рот, на предлог на Бирото.

Член 30(1) Наставниот план и програми за основно об-разование на ученици со посебни образовни пот-реби во посебните училишта и посебните паралелки

во основните училишта ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.

(2) За учениците со посебни образовни потреби за-должителните и изборните предмети се реализираат со прилагодените програми според нивните посебни образовни потреби.

Член 31Наставниот план и програми за основно музичко и балетско образование ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.

2. ПРОШИРЕНА ПРОГРАМА

Член 32(1) Во основното училиште се реализира и прошире-на програма според Концепцијата за основно воспи-тание и образование.

(2) Проширената програма на основното училиште опфаќа организирано прифаќање и заштита на уче-ниците еден час пред започнување на часовите за редовната настава и еден час по завршувањето на редовната настава, како и продолжен престој.

Член 33(1) Основното училиште за учениците во прво, второ и трето одделение организира прифаќање и заштита на учениците еден час пред започнувањето на ча-совите за редовната настава и еден час по завршу-вањето на наставата, во согласност со родителот.

(2) Основното училиште за учениците од прво до тре-то одделение може да организира продолжен прес-тој со учениците од иста паралелка, по добие-на согласност од Министерството. Во продолжен престој учениците се вклучуваат во согласност со родителот.

(3) Ако се обезбедени услови и средства од основа-чот, основното училиште може да организира продол-жен престој за учениците во групи и тоа, од прво до петто одделение со ученици од исто одделение, или од прво до трето и од четврто и петто одделение со ученици од различни одделенија. Во продолжен престој учениците се вклучуваат во согласност со родителот.

(4) За време на продолжениот престој учениците учат, ги работат домашните задачи, работат други училишни обврски и учествуваат во културно-умет-нички и други активности, согласно со годишната програма за работа на училиштето.

Член 34(1) За развивање на различните интереси на учени-ците основното училиште организира слободни уче-нички активности коишто се определени со годишна-та програма за работа на училиштето.

(2) Учениците во слободните ученички активности се вклучуваат доброволно.

(3) Начинот на организирање и изведување на нат-преварите на учениците по одделни предмети на

Page 60: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

292

општинско, регионално и државно ниво го утврду-ва министерот, во соработка со Бирото.

(4) Начинот на изведувањето на училишните екскур-зии и другите слободни активности на учениците го утврдува министерот, на предлог на Бирото.

3. ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

Член 35(1) Годишната програма за работа на основното учи-лиште (во натамошниот текст: годишна програма за работа) се изработува врз основа на програмата за развој на училиштето.

(2) Со годишната програма за работа се планира наставата согласно со наставниот план и другата воспитно-образовна работа во училиштето.

(3) Формата и содржината на годишната програма за работа ги утврдува министерот.

(4) Училишниот одбор ја доставува годишната про-грама за работа до основачот најдоцна до 31 август во тековната учебна година.

(5) Годишната програма за работа ја донесува осно-вачот до 30 септември за секоја тековна учебна го-дина.

(6) Ако годишната програма за работа не ја донесе основачот во рокот утврден во ставот (5) на овој член, се смета дека истата е донесена.

(7) Донесената годишна програма за работа основ-ното училиште ја доставува до Бирото и до Држав-ниот просветен инспекторат, во електронска форма.

Член 36Основното училиште е должно да ги запознае учени-ците и родителите преку брошура со одделни дело-ви од програмата за работа, правата и обврските на учениците и организацијата на работата во учи-лиштето.

4. ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

Член 37(1) Наставниот план и програми во основното учи-лиште се изработуваат според трите воспитно-об-разовни периоди (во натамошниот текст: периоди), и тоа:

- од прво до трето одделение,

- од четврто до шесто одделение и

- од седмо до деветто одделение.

(2) Со прилагодените или посебните програми за основното воспитание и образование за ученици-те со посебни образовни потреби во посебните училишта и посебните паралелки во основните учи-

лишта, периодите можат да се одредат и поинаку од оние утврдени во ставот (1) на овој член.

Член 38(1) Учебната година во основното училиште, по пра-вило, започнува на 1 септември, а завршува на 31 август наредната година.

(2) Наставата во учебната година се остварува во 180 наставни дена.

(3) Настава во основното училиште не се изведува за време на државни празници и други празници утвр-дени со закон.

(4) По исклучок, наставата може да се организира и во неработен ден за да се остварат наставните дено-ви од ставот (2) на овој член.

(5) Наставата може да се остварува и во скрате-но траење, но не помалку од 100 наставни дена, по добиена согласност од Министерството, според посебна наставна програма донесена од министе-рот, по предлог на Бирото.

(6) Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност со Министерството.

Член 39(1) Наставниот час трае 40 минути.

(2) Наставниот час за учениците со посебни образов-ни потреби може да трае пократко од наставниот час од ставот (1) на овој член, доколку тоа е утврдено со наставниот план и програмите.

(3) Наставниот час за учениците во основните музич-ки училишта, како и во други установи, може да трае пократко од наставниот час од ставот (1) на овој член, доколку тоа е утврдено со наставниот план и програ-мите.

Член 40(1) Наставата во учебната година се организира во две полугодија.

(2) Учебната година се утврдува со календар за орга-низација и работа на основното училиште.

(3) Календарот од ставот (2) на овој член го донесува министерот.

Член 41(1) Наставата во основното училиште се изведува по одделенија, паралелки и наставни групи со ученици од исто одделение.

(2) Одделението е воспитно-образовна целина во која се обработуваат наставните програми според наставниот план за една учебна година. Учениците од исто одделение се распоредени по паралелки.

(3) Паралелка се формира од ученици од исто одде-ление.

Page 61: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

293

(4) Бројот на ученици во паралелката е од 24 до 34.

(5)Паралелка може да се формира и со помалку од 24 ученици по добиена согласност од основачот.

(6)Основачот може да формира паралелка од ставот (5) на овој член по претходно позитивно мислење од Министерството.

(7) Во основното училиште може да се формира и комбинирана паралелка, по правило, од ученици од прво до трето одделение, со ученици од четврто и пе-тто одделение или со ученици од шесто до деветто одделение, по добиена согласност од основачот.

(8) Основачот може да формира комбинирана пара-лелка од ставот (7) на овој член по претходно пози-тивно мислење од Министерството.

(9) Кога не може да се организира наставата по од-деленија во паралелки за учениците во здравствени установи, социјални установи, казнено-поправни или воспитно-поправни установи, основното училиште организира индивидуална или групна воспитно-обра-зовна работа.

(10) Бројот на учениците со посебни образовни потреби во паралелка го утврдува министерот.

Член 42(1) Воспитно-образовната работа во основното училиште опфаќа настава и други облици на орга-низирана работа со учениците.

(2) Наставата во прво одделение ја изведува настав-ник по одделенска настава, педагог или наставник за предучилишно воспитание.

(3) Наставата во второ и трето одделение ја изведува наставник по одделенска настава или педагог.

(4) За изведување на наставата по англиски јазик од прво до трето одделение се вклучува наставник по англиски јазик.

(5) Наставата во четврто одделение ја изведува на-ставник по одделенска настава или педагог, освен за наставата по англиски јазик и за наставата по македонски јазик за учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја остваруваат на јазик и писмо различни од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

(6) Наставата во петто одделение продолжува да ја изведува наставник по одделенска настава или педа-гог, освен за наставата по англиски јазик и за настава-та по македонски јазик за учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја остваруваат на јазик и писмо различни од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, а по природни науки и техничко об-разование се вклучуваат и предметни наставници.

(7) Бројот на часовите на одделенскиот наставник по задолжителните предмети во петто одделение не може да биде помал од 20 часа во неделата вклучу-вајќи го часот на одделенската заедница.

(8) Наставата од шесто до деветто одделение ја изве-дуваат предметни наставници.

(9) Во паралелките во кои има ученици со посебни образовни потреби може да се ангажира и дефекто-лог за работа со учениците со посебни образовни потреби.

(10) Во продолжениот престој за учениците од прво одделение воспитно-образовната работа ја изведу-ваат наставниците за одделенска настава, педагог или наставници за предучилишно воспитание, а од второ до петто одделение наставниците за одделен-ска настава или педагог.

5. ИНДИВИДУАЛНА И ГРУПНА РАБОТА ВО НАСТАВАТА

Член 43(1) За учениците од прво до шесто одделение во наставата се остваруваат и содржини и задачи по ни-воа на сложеност.

(2) Учениците од седмо до деветто одделение кои покажуваат особени резултати по одделени наставни предмети според резултатите од стандардизираните тестови изработени од Бирото, можат да се опреде-лат за следење на настава во наставни групи форми-рани од ученици од исто одделение од различни паралелки, за усвојување на посложени содржини и тоа најмногу во обем од 25% од вкупните часови наменети за соодветниот предмет.

(3) Учениците од ставот (2) на овој член часовите од останатиот дел од наставата, ги следат во матичната паралелка во своето одделение.

(4) Организирањето на наставата во наставни гру-пи од ставот (2) на овој член го утврдува министе-рот, по предлог на Бирото.

Член 44(1) Учениците во наставните групи по одделен пред-мет од членот 43 став (2) на овој закон во групите можат да се задржат во текот на целата наставна го-дина или да се откажат од таа настава.

(2) Учениците од ставот (1) на овој член можат да следат настава во иста наставна година само за предметите за кои се определиле.

(3) Во осмо или деветто одделение учениците можат да ги заменат предметите.

VI. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА И НАПРЕДУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ

Член 65(1) Постигањата на учениците во основното училиште се оценува описно и бројчано.

(2) Во првиот период, постигањето на ученикот во текот на наставната година по задолжителните и из-борните предмети се оценува описно.

(3) Ученикот од ставот (2) на овој член само на крајот на учебната година добива свидетелство со описни оценки.

Page 62: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

294

(4) Во вториот период, постигањето на ученикот во текот на наставната година по задолжителните и из-борните предмети се оценува описно и бројчано.

(5) Ученикот од ставот (4) на овој член на крајот на прво полугодие добива известување за успехот со бројчани оценки, а на крајот на учебната година до-бива свидетелство со бројчани оценки и оценка за општ успех.

(6) Во третиот период, постигањето на ученикот во текот на наставната година по задолжителните и из-борните предмети се оценува бројчано.

(7) Ученикот од ставот (6) на овој член на крајот на прво полугодие добива известување за успехот со бројчани оценки, а на крајот на учебната година до-бива свидетелство со бројчани оценки и оценка за општ успех.

(8) Бројчаните оценки се: одличен (5), многу до-бар (4), добар (3), доволен (2) и недоволен (1). Сите оценки се преодни освен оценката недоволен (1).

(9) Највисока оценка е одличен (5).

Член 66Оценувањето на ученикот е според стандарди кои ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.

Член 67Одделенскиот наставник, односно раководител на паралелката е должен да го извести родителот за успехот на ученикот најмалку два пати во секое по-лугодие.

Член 68(1) Во првиот период, знаењето на ученикот кој наставата ја следи во посебните основни училишта се оценува описно.

(2) Во вториот и третиот период, знаењето на уче-никот кој наставата ја следи во посебните основни училишта може да се оценува описно и бројчано во зависност од видот на попреченоста на ученикот.

Член 69(1) Ученикот од прво заклучно со петто одделение, по правило, не може да го повторува одделението.

(2) Ученикот кој не успеал да ги совлада наставните содржини до крајот на учебната година како последи-ца на подолго отсуство од наставата поради болест, преселување и други оправдани причини, по пред-лог на родителот или по предлог на одделенскиот наставник и стручните соработници на училиштето, а во согласност со родителот може да остане во исто-то одделение за што одлука донесува наставничкиот совет на училиштето.

Член 70(1) Ученикот којшто на крајот на наставната година во седмо, осмо и деветто одделение има негативна оценка до два предмета се упатува на поправен ис-пит.

(2) За ученик од седмо, осмо и деветто одделение кој на крајот на наставната година има до две негативни оценки, основното училиште е должно да организира дополнителна настава во јуни.

(3) Ученикот од ставот (2) на овој член кој по одржа-ната дополнителна настава не постигнал позитивен успех, се упатува на поправен испит.

(4) Поправните испити ученикот ги полага во јуни и август.

(5) Ученикот од ставот (3) на овој член кој нема да го положи поправниот испит по еден или по два пред-мета се задржува во истото одделение.

(6) Ученикот којшто на крајот на наставната година во седмо, осмо и деветто одделение има повеќе од две негативни оценки се задржува во истото одделение.

Член 72(1) Годишните оценки одделенскиот, односно рако-водителот на паралелката на родителите ги соопш-тува на родителска средба која се одржува три дена по денот на одржувањето на наставничкиот совет на кој се утврдуваат годишните оценки на учени-ците.

(2) Ако ученикот или родителот не е задоволен од го-дишна оценка, родителот има право, во рок од три дена од денот на соопштувањето на успехот, да под-несе писмен приговор до наставничкиот совет на учи-лиштето, кој треба да биде образложен.

(3) Наставничкиот совет по приговорот решава на-редниот ден од денот на истекот на рокот од ставот (2) на овој член.

(4) Наставничкиот совет може приговорот да го ува-жи, да го одбие или да организира повторна проверка на знаењата на ученикот.

(5) За повторна проверка на знаењето директорот, најдоцна во рок од пет дена од денот на приемот на приговорот, формира комисија за повторна проверка на знаењето.

(6) Комисијата од ставот (5) на овој член е составена од претседател и два члена-испитувачи.

(7) Претседателот на комисијата, по правило, е од-деленскиот раководител, односно раководителот на паралелката во која ученикот учи, а за членови-испи-тувачи се именуваат наставници по предметот по кој се врши проверувањето на знаењето од редот на наставниците од училиштето или од друго основно училиште.

(8) Претседател и член-испитувач на комисијата не може да биде наставникот кој ја утврдил оценката.

(9) Оценката на комисијата е конечна.

Page 63: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

295

Закон за средно образование

III. ВОСПИТНО - ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Члeн 21Со наставните планови (во натамошниот текст: пла-нови) и наставните предмети (во натамошниот текст: предмети) се уредуваат целите, наставните подрачја, теми и содржини, образовните стандарди и профилот на наставникот што ја реализира наставата.

Образовните стандарди на предлог на Државниот ис-питен центар ги донесува министерот.

Програмите се изработуваат според модел на програ-ми кој го донесува министерот на предлог на Бирото за развој на образованието. Во моделот се утврдува и флексибилноста во реализација на наставните под-рачја и теми.

Со плановите и програмите од став 1 на овој член се утврдуваат и други облици на воспитно - обра-зовна дејност.

Член 22Плановите и програмите за јавните училишта ги предлага Биро за развој на образованието, а ги доне-сува министерот.

Планови и програми од став 1 на овој член можат да предлагаат општините, односно Градот Скопје учи-лишта, претпријатија, установи и други правни лица зазадоволување на нивните посебни потреби (прек-валификации, доквалификации и слично).

Член 23Воспитно - образовната работа во средните учи-лишта се остварува во учебни години.

Учебната година во средните училишта почнува по правило на 1 септември, а завршува на 31 август на-редната година.

Поблиски прописи за организација на учебната годи-на во јавните училишта донесува министерот.

Член 24Средното училиште е должно да го оствари годиш-ниот фонд наставни часови утврдени со плановите и програмите.

Член 25Воспитно - образовната работа не смее да се преки-нува во текот на наставната година, освен за вонред-ни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а во согласност со Минис-терството.

Во случај на прекин на воспитно-образовната работа, во училиштето се обезбедуваат минимални услови за работа кои се утврдуваат со упатство што го донесу-ва министерот.

Член 32Средното образование се остварува преку планови и програми за:

- гимназиско образование;

- стручно образование;

- средно уметничко образование и

- средно образование за ученици со посебни обра-зов ни потреби.

Член 33Во гимназиското образование се запишуваат ре-довни ученици кои завршиле основно образование.

Во гимназиско образование, во втора, трета и четвр-та година на образование, може да се запише и вон-реден ученик од оправдани причини утврдени во ста-тутот на училиштето.

Учениците во гимназиското образование полагаат државна матура или училишна матура.

Во гимназиското образование може да се реализира и програма за меѓународна матура за што согласност дава министерот.

Програмата за меѓународна матура е со иста важ-ност како и гимназиското образование.

Член 34Во стручно образование се запишуваат редовни и вон-редни ученици кои завршиле основно образование.

Јавното стручно образование може да биде од триго-дишно и четиригодишно траење, и специјалистичко образование.

Во стручно оспособување до двегодишно траење се вклучуваат и лица без завршено основно образова-ние, но непосредно со стручното оспособување се завршува и пропишаната програма за основно обра-зование.

Програмите за стручно оспособување и стручно об-разование од тригодишно траење за вонредни уче-ници можат да се остваруваат и во установи за об-разование на возрасни, како и во други установи под услови и на начин утврдени со овој закон.

Член 35По завршувањето на последната година на јавното стручно образование се полага државна матура или завршен испит.

По завршувањето на јавното стручно образование со четиригодишно траење учениците полагаат државна матура или завршен испит.

По завршувањето на јавното стручно образование со тригодишно траење учениците полагаат завршен испит.

Page 64: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

296

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 29 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали целите на образованието се ревидирани во светло на Коментарот од Комитетот (2001 година)? √

Дали сите форми на образование што им се достапни на децата во земјата имаат цел да ги развијат во целост нивните карактери? √ да ги развијат во целост нивните таленти? √ да ги развијат во целост нивните ментални способности? √ да ги развијат во целост нивните физички способности? √Дали Конвенцијата за правата на детето е опфатена во училишната програма? √Дали децата се учат на другите принципи за човекови права? √Дали административните системи во училиштата се усогласени со принципите на Конвенцијата? √Дали методите на учење се усогласени со принципите на Конвенцијата? √Дали образовните институции, материјалите и услугите и образовната програма ја зголемуваат почитта на децата кон нивните родители? √ нивниот сопствен културен и национален идентитет, јазик и вредности? √ националните вредности на земјата што ги утврдува? √ националните вредности на другите култури? √Дали сите форми на образование се наменети да ги подготват децата за одговорен живот во едно слободно општество? √

Дали училиштата ги применуваат демократските процедури? √Дали на децата им се даваат одговорности и можности да го применат избирањето, донесувањето одлуки и нивната независност? √

Дали децата се образуваат за унапредување на здравството? √ сексуалното и репродуктивното здравје? √ општествените односи, вклучувајќи го преговарањето и преговарачките вештини и решавањето на конфликти по мирен пат? √

управувањето со пари и планирањето на буџетот? √ законите? √ одговорностите на животот во заедница и државјанството √Дали образованието придонесува за поголемо разбирање, толеранција и пријателство помеѓу луѓето? √

Дали се преземаат мерки за борба против половата дискриминација во наставната програма? √ образовните материјали? √ ставовите за образовање? √ филозофијата на училиштата? √Дали децата се учат на ненасилни вредности во мирољубив дух? √Дали образовните институции спречуваат секаков израз на насилство, било од страна на учениците или од наставниците? √

Дали се преземаат мерки за борба против заплашувањето? √Дали сите форми на образование опфаќаат стратегии за зголемување на почитта на децата кон животната средина? √

Дали се дозволени приватни училишта? √Дали минималните стандарди бараат приватните училишта да не вршат дискриминација? √ да ги развиваат способностите на учениците за најдобар потенцијал? √ да учат и практикуваат вредности поставени во членот 29(1)? √ да ги почитуваат правата на детето во согласност со Конвенцијата? √ да обезбедат персонал со соодветни способности и да се исполнат здравствените и сигурносните барања? √

Дали мерките, како на пример инспекција и регулирање процедури, осигуруваат образованието во сите приватни училишта да е во согласност со овие стандарди? √

Page 65: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

297

В. КОМЕНТАРИ

Вредности вградени во образовните цели и наставните плановиВредностите и начелата на КПД се одразени во целите на образованието и во наставниот план за основното образование. Особено внимание се посветува на постигањето на хармоничен, интелектуален, емоционален и социјален развој на учениците во согласност со нивните можности, на развивањето на писменоста и способностите на учениците да разберат, да се информираат и да се изразат себеси, како и на култивирањето на нивниот национален и културан идентитет. Истовремено, учениците се поттикнуваат да развијат самодоверба, свесност за сопствената индивидуалност и одговорност за своите постапки. Тие се воспитуваат во духот на заемна толеранција, соработка и почит за различноста и за основните човекови права и слободи. Тие се образуваат да ги прифатат културните вредности општо прифатени низ целиот свет. Дополнителна цел на образованието е да се развијат способностите на учениците да истражуваат, експериментираат и решаваат проблеми.

Истите вредности се пренесени и во наставните планови за основното образование. Образованието се организира и остварува во согласност со наставни планови кои вклучуваат задолжителни и изборни предмети и дополнителни инструкции. Наставните планови ги одредуваат целите, содржините, основните концепти, активности и методологии на предавањата, методите за оценување, условите за реализирање на наставните планови и нормите за наставниот кадар. Стандардите за „училишта по мерка на децата“ беа развиени и усвоени со поддршка на УНИЦЕФ, како визија за реформа на образовниот систем чија цел би била обезбедувањето на вклученост, успешност, здравствена безбедност и заштитено опкружување, еднаквост на родовите, учество, мултикултурализам и права на децата.212 Ревизијата на наставните планови од 2008 година се водеше од овие стандарди. Беа воведени стандардите за „училишта по мерка на децата“ и засебниот предмет за Образование засновано врз животни вештини. Образованието засновано врз животни вештини како задолжителен предмет од прво до деветто одделение вклучува содржини сврзани со еколошкото образование, сексуалното образование, правата на децата, мултикултурализмот и мирното разрешување на конфликти. На ова се гледа како на значаен чекор кон обезбедувањето на инструкции и учење фокусирани врз децата.

Треба да се забележи дека, како дел од глобалните реформи на наставните планови, предметот историја на религиите беше вклучен во наставниот план за основното образование како изборен предмет во седмо одделение, заменувајќи го претходното религиозно образование кое што беше отфрлено од Уставниот суд во април 2009 година.213

Насилството и разрешувањето на конфликтитеПостојат известувања за насилни инциденти кои почесто се случуваат надвор од училиштата. Во последно време му се посеветува повеќе внимание на разрешувањето на конфликтите и ова прашање беше неодамна воведено во наставниот план. Меѓутоа, според УНИЦЕФ, училиштата немаат доволно капацитет за конструктивно разрешување на конфликтие и тие често се игнорираат. Менаџментот на училиштата се обидува да го спречи јавното разоткривање на конфликти од етнички причини за да се избегнат политичките манипулации и манипулациите на медиумите.214

Мултикултурализмот и меѓуетничките односиИако ревидираниот наставен план воведува образование и активност за зголемување на свесноста за насилството, документирани се случаи на сегрегација и етнички засновано насилство во училиштата. Како што известува студијата на УНИЦЕФ за мултикултурализам и меѓуетнички односи во образованието од 2009 година, училиштата низ целата земја се поделени по етничка и јазична линија. Училишните фактори (учебниците, капацитетот и ставовите на наставниците, можностите за интеракција меѓу студентите) влијаат врз формирањето на ставовите кон етничките заедници и етничките предрасуди бидејќи училиштата остануваат подложни на политички влијанија.215 Испробани се некои краткорочни решенија, но проблемот останува неразрешен бидејќи сè уште не се справува со причините во основата на проблемот. Анализа на УНИЦЕФ од 2007 година покажува дека училиштата не им обезбедуваат на учениците од различни етнички

212 УНИЦЕФ Скопје, Училишта по мерка на децата - Анализа на ситуацијата за Македонија, Скопје, август 2007.213 Одлука на Уставниот суд на Република Македонија бр. 202/2008, Службен весник на Република Македонија, бр.53/2009.214 УНИЦЕФ Скопје, Мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието, Скопје, ноември 2009.215 УНИЦЕФ Скопје, Мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието, Скопје, ноември 2009.

Page 66: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

298

групи можости да комуницираат и да учат заедно.216 Иако наставниот план беше ревидиран за да се обезбеди здрава подлога за имплементација и промоција на мултикултурализмот во училиштата (особено низ Образованието засновано врз животни вештини и изборните предмети), етноцентризмот е сè уште присутен во учебниците. Со оглед на недостатокот на соодветни содржини кои ќе им овозможат на учениците да се запознаат со културата и традициите на другите заедници, учебниците се сметаат за фактори кои можат да повлијаат врз ставовите за другите етницитети. Згора на тоа, наставниците и родителите придонесуваат кон етничката нетолеранција со тоа што ги потхрануваат негативните перцепции и стереотипи во врска со другите етнички зедници.217

Механизми за учествоУчеството на детето и изразувањето на неговите ставови во училиштата добива сè поголемо внимание. Неодамна ревидираниот наставен план за основно образование го нагласува учеството на децата како едно од клучните начела кои се во согласност со неодамна усвоените национални стандарди за училишта по мерка на децата. Училишните документи (статутот и годишните програми) предвидуваат востановување на класни заедници кои ќе им овозможат на децата да ги изразат своите гледишта и да имаат свои претставници во работата на училишните органи. Меѓутоа, студијата на УНИЦЕФ за „училишта по мерка на децата“ покажува дека учеството на учениците е само формално и маргинално. Учениците ретко ги прашуваат за мислење и тие речиси никогаш не учествуваат во донесувањето одлуки сврзани со училишните активности или проблеми. Иако законите јасно предвидуваат обврска да се воспостават учлишни одбори и родителски совет, функционирањето на овие тела е само формалност, и општо земено, на овие тела им недостасува јасно дефиниран опис на активностите, како и процедури за избор на претставниците и добар проток на комуникации, при што сето тоа заедно спречува некакво позначајно учество на децата.218

Методите на настава не се во целост усогласени со одредбите на КПД. Анализата на ситуацијата покажува дека, и покрај фактот што повеќето од наставниците се обучени за предавање фокусирано врз децата преку бројни проекти (интерактивно учење, Чекор по чекор, Критичко размислување и решавање на проблеми), преовладува традиционалниот метод на предавања каде што учениците се ставени во ситуација на слушатели и набљудувачи наместо да бидат активни учесници. Наставниците активно не го поттикнуваат проактивното однесување на учениците, ретко користат диференцирани приоди кон предавањата и ретко користат методи на предавање кои вклучуваат независно размислување, решавање на проблеми и активности за истражување. Ова може делумно да му се припише на слабиот и недоволно финансиран систем на обука на наставниците во текот на работењето.219

216 УНИЦЕФ Скопје, Училишта по мерка на децата - Анализа на ситуацијата за Македонија, Скопје, август 2007.217 УНИЦЕФ Скопје, Мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието, Скопје, ноември 2009.218 УНИЦЕФ Скопје, Училишта по мерка на децата - Анализа на ситуацијата за Македонија, Скопје, август 2007.219 Исто.

Page 67: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ЦЕЛИ НА ОБРАЗО

ВАНИЕТО

299

Г. ПРЕПОРАКИ

Препораки за имплементација на законитеПравилници и процедури за учебниците - Со оглед на тоа што се смета дека учебниците и образовните материјали се во голема мера несоодветни, се препорачува понатамошно зајакнување на законите со развивање на правилници и процедури за развивање на учебници кои ќе осигураат вклучување на целите и начелата изнесени во законите и наставните планови.

Училишта по мерка на децата - За да се осигура праксата да биде во согласност со стандардите за Училишта по мерка на децата, Државата треба да спроведе механизми за зајакнување на капацитетот на наставниците (обука на наставниците во текот на работењето) за примена на методологии фокусирани врз децата, за поттикнување на учеството и мултикултурализмот и за превенција на насилството. Проценките на национално ниво и на ниво на училиштата треба да осигураат учениците да добиваат знаење и вештини во согласност со целите на наставните планови. Училиштата треба да осигураат и активни механизми за обезбедување безбедно, здраво и заштитено опкружување.

Насилство и разрешување на конфликтите - Државата треба да ги зголеми способностите на учениците, менаџментот, наставниците и родителите да ги препознаат, осудат и спречат сите форми на насилство, особено преку обука и информативни материјали. Треба да се развијат правила и процедури за разрешување на конфликтите.

Мултикултурализам - Државата треба да преземе чекори за да ја зајакне имплементацијата на Образованието засновано врз животни вештини во основните учлишта; треба да воведе Образование засновано врз животни вештини во наставните планови за средните училишта; треба оптимално да ги искористи можностите за организирање на заеднички наставни активности и да ги поттикне македонските и албанските ученици да го учат јазикот на другиот и да ги обучи наставниците активно да ги напаѓаат и оспоруваат предрасудите што се манифестираат во училиштата и да работи на заеднички активности во етнички мешани тимови.

Учесничка демократија - Државата треба да осигура значајно учество и изразување на детските гледишта во училишните одбори и наставни тела така што ќе го ревидира описот на активностите на овие тела, а исто така и процедурите за избор на претставници, а со креирањето на ефикасни канали на комуникација да осигура соодветно почитување и земање предвид на гледиштата на децата. Улогата на родителите и учениците во процесот на одлучување во училиштата треба да стане повидлива и повлијателна во праксата.

Продолжување на училишниот ден - Иако наставните планови предвидуваат цел збир на активности (вонучилишни активности, дополнителни часови, итн.), тие не се успешно зацврстени поради краткиот училишен ден (мал број на часови за инструкција наспроти просекот на Организацијата за економска соработка и развој). Ова се должи на недостатокот на простор (постојат училишта кои што работат во две, па дури и три смени), но исто така и на недостатокот на механизми за зајакнување. Препорачуваме справување со овие проблеми и овозможување на можноста за подолг училишен ден.

Page 68: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 69: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

301

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Устав на Република Македонија

Член 48Припадниците на националностите имаат право сло-бодно да ги изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и националните особености.

Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на наци-оналностите.

Припадниците на националностите имаат право да основаат културни и уметнички институции, научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.

Припадниците на националностите имаат право на настава на својот јазик во основното и средното об-разование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на јазикот на нацио-налноста се изучува и македонскиот јазик.

Закон за основно образование

Член 3Целите на основното воспитание и образование се: .....

- развивање на писменоста и способностите на уче-ниците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско пис-мо, и на јазик и писмо на припадниците на заедни-ците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик

Член 7(1) За децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство се организира настава за учење на македонскиот јазик и култура, а за при-падниците на заедниците кои зборуваат јазик разли-чен од македонскиот јазик и на мајчиниот јазик, во

согласност со меѓународни договори ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија.

(2) На децата на граѓаните на Република Македо-нија кои престојувале во странство и се вратиле во Република Македонија каде што го започнуваат, односно продолжуваат основното образование, ос-новните училишта се должни да им помогнат во изу-чувањето на мајчиниот јазик.

(3) Заради успешно вклучување во воспитно-обра-зовниот процес на учениците од ставот (2) на овој член, основното училиште во коешто е запишан ученикот организира индивидуална и групна допол-нителна настава за совладување на мајчиниот јазик и за надоместување на знаењето од одредени нас-тавни предмети.

(4) Наставата за учениците од ставот (1) на овој член се изведува според наставен план и програма што ја изготвува Бирото за развој на образованието (во натамошниот текст: Бирото), а ја утврдува минис-терот надлежен за образование (во натамошниот текст: министерот).

(5) Наставата за учениците од ставот (2) на овој член трае најмногу една година и се изведува според про-грама што ја изготвува Бирото, а ја утврдува минис-терот.

(6) Начинот и постапката за избор на наставниците кои ги остваруваат наставниот план и програма од ставот (4) на овој закон ги утврдува министерот.

Член 9(1) Воспитно-образовната работа во основното учи-лиште се остварува на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(2) За учениците на припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, воспитно-обра-зовната работа се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница, на начин утврден со овој за-кон.

(3) Учениците од ставот (2) на овој член задолжител-

ПРАВО НА ДЕЦАТА ОД МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ ИЛИ НА ДЕЦАТА СО АВТОХТОНО ПОТЕКЛО

Член 30 Конвенција за правата на детето: Во оние држави во кои постојат етнички, верски или јазични малцинства или лица од автохтоно потекло, детето кое му припаѓа на таквото малцинство или е од автохтоно потекло не смее да биде лишено, во заедница со другите припадници на групата, од правото на својата култура, исповедањето на своја вера и вршењето на верските обреди или на употребата на својот јазик.

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 70: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

302

но го изучуваат и македонскиот јазик и неговото ки-рилско писмо.

Член 42(1) Воспитно-образовната работа во основното училиште опфаќа настава и други облици на орга-низирана работа со учениците.

(2) Наставата во прво одделение ја изведува настав-ник по одделенска настава, педагог или наставник за предучилишно воспитание.

(3) Наставата во второ и трето одделение ја изведува наставник по одделенска настава или педагог.

(4) За изведување на наставата по англиски јазик од прво до трето одделение се вклучува наставник по англиски јазик.

(5) Наставата во четврто одделение ја изведува на-ставник по одделенска настава или педагог, освен за наставата по англиски јазик и за наставата по македонски јазик за учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја остваруваат на јазик и писмо различни од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

(6) Наставата во петто одделение продолжува да ја изведува наставник по одделенска настава или педа-гог, освен за наставата по англиски јазик и за настава-та по македонски јазик за учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја остваруваат на јазик и писмо различни од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, а по природни науки и техничко об-разование се вклучуваат и предметни наставници.

(7) Бројот на часовите на одделенскиот наставник по задолжителните предмети во петто одделение не може да биде помал од 20 часа во неделата вклучу-вајќи го часот на одделенската заедница.

(8) Наставата од шесто до деветто одделение ја изве-дуваат предметни наставници.

(9) Во паралелките во кои има ученици со посебни образовни потреби може да се ангажира и дефекто-лог за работа со учениците со посебни образовни потреби.

(10) Во продолжениот престој за учениците од прво одделение воспитно-образовната работа ја изведу-ваат наставниците за одделенска настава, педагог или наставници за предучилишно воспитание, а од второ до петто одделение наставниците за одделен-ска настава или педагог.

Член 100(1) Педагошката документација од членот 100 став (1) на овој закон се води и издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(2) За учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја остваруваат на јазик и писмо различен од македонскиот јазик и неговото кирилско пис-мо, педагошката документација од ставот (1) на овој член се води и издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на којшто се изведува наставата.

Член 104(1) Во основното училиште за остварување на ос-новното воспитание и образование се употребуваат учебници .

(2) Учебниците се издаваат на македонски јазик и не-говото кирилско писмо.

(3) За учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја следат на јазик и писмо различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, учебниците се издаваат на јазикот и писмото на којш-то се остварува наставата.

(4) Учениците можат да користат и други извори за учење (интернет, списанија, енциклопедии, реч-ници и слично).

Закон за средно образование

Член 4Воспитно - образовната дејност во средното учи-лиште се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, воспитно - образовната дејност во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница на начин и под ус-лови утврдени со овој закон.

Учениците од став 2 на овој член задолжително го изучуваат и македонскиот јазик.

Во јавните средни училишта наставата може да се изведува и на еден од светските јазици.

Во приватните училишта наставата може да се изве-дува и на странски јазик.

Член 5Странските државјани и лица без државјанство мо-жат да се здобијат со средно образование, на начин и под услови утврдени со овој закон.

Член 26Припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик го прославува-ат традиционалниот ден на просветата на соодветна-та заедница со културни и други манифестации.

Член 74Педагошката документација во средните училишта се води и издава на македонски јазик со употреба на кирилското писмо.

За припадниците на заедниците кои наставата ја следат на јазик различен од македонскиот јазик, пе-дагошката документација се води и издава на маке-донски јазик со употреба на неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на кој се изведува наставата.

Во средните училишта се води педагошка евиденција.

Дневникот на паралелка се води на јазикот и писмото на кој се изведува наставата.

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 71: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

303

За учениците во приватните средни училишта со на-става на странски јазик, дипломата и свидетелството се издаваат на македонски јазик со употреба на кирилското писмо и на јазикот и писмото на кој се изведува наставата.

ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Закон за заштита на децата

Член 9Се забранува секоја форма на дискриминација врз основа на расата, боја на кожата, полот, јазикот, веро-исповед, политичко или друго убедување, национал-ното, етничкото или социјалното потекло, културна или друга припадност, имотната состојба, онеспосо-беноста, раѓањето или друг статус на детето или на неговиот родител или законски старател.

Член 10Згрижување и воспитание и одмор и рекреација на децата се организира и обезбедува во јавни и приват-ни установи за деца.

Установи за згрижување и воспитание на деца се: јавни (општинска детска градинка и детска градинка на општината во Градот Скопје) и приватна детска градинка.

Згрижување и воспитание на деца може да се орга-низира и остварува и во други установи и просторни услови, под услови утврдени со овој закон.

IV. ДЕТСКА ГРАДИНКА

Дејност

Член 44Дејноста згрижување и воспитание на децата од пре-дучилишна возраст се обезбедува и остварува во детска градинка.

Јавната детска градинка може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест години, односно од по-аѓање во основно училиште до десет години возраст.

За децата кои не се опфатени со згрижување и вос-питание во детската градинка може да се организи-раат и други скратени вонинституционални форми за згрижување и воспитание согласно со овој закон.

Член 47Во детската градинка активностите се изведуваат на македонски јазик и кирилско писмо.

За децата на припадниците на другите заедници воспитно-образовните активности во јавните детски градинки се изведуваат на јазикот на соодветната за-едница, за група деца, согласно со одредбите на овој закон.

Доколку постои интерес за изведување на активности

и на други јазици, воспитно-образовните активности во детски градинки можат да се изведуваат за група деца согласно со одредбите на овој закон.

Член 90Работник во установа за деца, може да биде лице кое покрај условите утврдени од членовите 84 до 89 на овој закон е:

- државјанин на Република Македонија;

- физички и психички здрав;

- го познава македонскиот јазик и кирилското писмо и

- да не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност или должност.

Лицата од ставот 1 на овој член, кои се вклучени во групите во кои воспитно-образовните активности се изведуваат на јазикот на припадниците на заедници-те треба да го познаваат јазикот и писмото на кој се изведува дејноста.

Х. ЕВИДЕНЦИЈА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Член 106Во установа за деца се води евиденција и докумен-тација.

Евиденција и документација се води и за правата за заштита на децата.

Начинот на водењето на евиденцијата и документа-цијата, како и содржината и формата на евиденцијата и документацијата ги пропишува министерот.

Во детската градинка се води педагошка документа-ција и педагошка евиденција за воспитно-образовни-те активности.

Педагошката документација во смисла на овој закон ја опфаќа главната книга на децата и претставува до-кумент од трајна вредност.

Педагошката евиденција опфаќа: дневник за работа на градинката, дневник за работа на воспитната гру-па, планирање и подготвување на воспитно-образов-ната работа и досие на детето.

Педагошката документација во детската градинка се води на македонски јазик со употреба на кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои воспитно-обра-зовните активности ги изведуваат на јазикот на со-одветната заедница, педагошката документација се води на македонски јазик со употреба на неговото кирилско писмо и на јазикот и на писмото на кој се изведува воспитно-образовната активност.

Дневникот за работа се води на јазикот и писмото на кој се изведува воспитно- образовната активност.

Формата и содржината, како и начинот на водењето на педагошката документација и евиденција ги про-пишува министерот.

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 72: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

304

ХI. ПРИРАЧНИЦИ И ДЕТСКИ СПИСАНИЈА

Член 108Во установа за деца се употребуваат прирачници како воспитно образовни материјали за реализација на активностите од страна на згрижувачко воспитни-от кадар, како и детски списанија кои се во функција на истите активности.

Припадниците на заедниците кои воспитно-обра-зовните активности ги изведуваат на јазикот на при-падниците на другите заедници, употребуваат при-рачници и детски списанија на јазикот на соодветната заедница.

Решение за одобрување и употреба на прирачниците и детските списанија донесува министерот, по пре-тходно мислење на Педагошката служба, односно специјализирана стручна установа.

Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Републи-ка Македонија, Собранието на Република Македо-нија, на седницата одржана на 1 ноември 2005 годи-на, донесе

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗЕМЈА ПО МЕРКА НА ДЕЦАТА

Свесни за значајните достигнувања на земја-та во промовирање и заштита на детските права, Загрижени поради зголемената ранливост на де-цата кон сите форми на насилство, злоупотре-ба, дискриминација, социјално исклучување и експлоатација, вклучувајќи ја и трговијата со деца, во ова комплексно време на транзиција, Свесни за сложените предизвици кои ги намет-нува тековната децентрализација и процесот на европска интеграција, но воедно и одлучни во искористување на можностите кои овие проце-си ги нудат за подобрување на детските права, Собранието на Република Македонија се залага за:

...

4. Опфаќање на секое дете и грижа за секое дете со обезбедување пристап до примарни квалитетни општествени служби за секое дете, вклучувајќи го образованието, здравството и социјалната заштита, без дискриминација од каков било вид, независно од полот на детето или на неговите родители, етничката припадност, јазикот, религијата, социјалното потекло, пречките во развојот и друго;

Закон за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија

IV. УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ ВО СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ

1. Кривична и прекршочна постапка

Член 5Во кривичната постапка службен јазик е македонски-от јазик и неговото кирилско писмо.

Во кривичната постапка друг службен јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото пис-мо, се користи во согласност со овој закон.

Член 6Обвинетиот, оштетениот, приватниот тужител, сведо-ците и другите лица кои учествуваат во кривичната постапка, а кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот, имаат право при изведувањето на предистражните, истражните и другите судски дејст-вија и на главниот претрес, како и во постапката по жалба да го употребуваат својот јазик и писмо. Судот ќе обезбеди усно преведување на тоа што лицето, односно другите го изнесуваат, како и на исправите и другиот пишан доказен материјал. Судот ќе обезбеди писмено да се преведе пишаниот материјал кој е од значење за постапката или за одбраната на обвине-тиот.

Другите странки, сведоци и учесници во постапката пред судот имаат право на бесплатна помош на пре-ведувач, ако не го разбираат или зборуваат јазикот на кој се води постапката.

За правото на преведувач лицето ќе се поучи. Во за-писникот ќе се забележи дека е дадена поука и изја-вата на лицето.

Преведувањето го врши судски преведувач.

Член 7Тужбите, жалбите и другите поднесоци се упатуваат до судот на јазикот на кој се води постапката.

Граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, можат поднесоците да ги упату-ваат на својот јазик и писмо, ваквите поднесоци су-дот ги преведува и ги доставува до другите странки во постапката.

На обвинетиот кој не го разбира јазикот на кој се води постапката му се доставува превод од обвинението на јазик на којшто се служел во постапката.

Член 8Поканите, одлуките и другите писмена судот ги упату-ва на јазикот на кој се води постапката.

На граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, поканите, одлуките и другите писмена ќе им се достават и на тој јазик.

На обвинетиот кој е во притвор, на издржување казна или на задолжително психијатриско лекување и чу-вање во здравствена установа, превод од поднесоци-те од ставот 1 на овој член ќе му достават на јазикот на којшто се служел во постапката.

На обвинетиот кој не го разбира јазикот на кој се води постапката, превод од пресудата се доставува на ја-зик на кој се служел во постапката.

Член 9Одредбите на овој закон кои се однесуваат на упо-требата на јазиците во кривичната постапка се при-менуваат и во прекршочната постапка.

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 73: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

305

2. Парнична постапка

Член 10Странките и другите учесници во постапката кои збо-руваат друг службен јазик кој, исто така, е службен јазик во Република Македонија, во постапката имаат право при учеството на рочиштата и при усно презе-мање на други процесни дејствија пред судот да го употребуваат својот јазик.

На странките и другите учесници од ставот 1 на овој член во постапката, ќе им се обезбеди усно преведу-вање на нивниот јазик на тоа што се однесува на ро-чиштето, како и усно и писмено преведување на испра-вите кои се користат на рочиштето за докажување.

Преведувањето го вршат судски преведувачи.

Член 11Поканите, одлуките и другите судски писмена се упа-туваат до странките и до другите учесници во постап-ката на македонски јазик и кирилско писмо.

На странките и другите учесници граѓани на Репу-блика Македонија, чиј јазик е службен јазик различен од македонскиот јазик, поканите, одлуките и другите судски писмена им се доставуваат на тој јазик.

Член 12Странките и другите учесници во парничната постап-ка, тужбите, жалбите и другите поднесоци ги поднесу-ваат до судот на македонски јазик и кирилско писмо.

Странките и другите учесници, граѓани на Република Македонија, чиј јазик е службен јазик различен од ма-кедонскиот јазик и кирилското писмо, тужбите, жал-бите и другите поднесоци можат да ги поднесуваат до судот на нивниот јазик и писмо. Ваквите поднесо-ци судот ги преведува на македонски јазик и кирилско писмо и ги доставува до другите странки и учесници во постапката.

Член 13Трошоците за преведување за странките и учесници-те во постапката кои се граѓани на Република Маке-донија што настануваат со примената на одредбите на овој закон за правото на употреба на својот јазик и писмо, паѓаат на товар на средствата на судот.

Закон за кривичната постапка

Член 3(1) Лицето повикано, приведено или лишено од сло-бода мора веднаш да биде известено, на јазик што го разбира, за причините за повикувањето, приведу-вањето или лишувањето од слобода и за било какво кривично обвинение против него, како и за неговите права и од него не може да се бара изјава.

Член 6(1) Во кривичната постапка службен јазик е македон-скиот јазик и неговото кирилско писмо.

(2) Во кривичната постапка друг службен јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото

писмо, се користи во согласност со овој закон.

Член 7(1) Обвинетиот, оштетениот, приватниот тужител, све-доците и другите лица кои учествуваат во постапката, а кои зборуваат службен јазик различен од македон-скиот, имаат право при изведувањето на предистраж-ните, истражните и другите судски дејствија и на главниот претрес, како и во постапката по жалба да го употребуваат својот јазик и писмо. Судот ќе обез-беди усно преведување на тоа што лицето, односно другите го изнесуваат, како и на исправите и другиот пишан доказен материјал. Судот ќе обезбеди писме-но да се преведе пишаниот материјал кој е од зна-чење за постапката или за одбраната на обвинетиот.

Член 8(1) Тужбите, жалбите и другите поднесоци се упату-ваат до судот на јазикот на кој се води постапката.

(2) Граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, можат поднесоците да ги упа-туваат на својот јазик и писмо, ваквите поднесоци су-дот ги преведува и ги доставува до другите странки во постапката.

(3) Другите лица кои не го зборуваат или разбираат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, можат поднесоците до судот да ги упатат на својот јазик и писмо. Во тие случаи судот постапува како во ставот 2 на овој член.

(4) На обвинетиот што не го разбира јазикот на кој се води постапката му се доставува превод од обвине-нието на јазик на којшто се служел во постапката.

(5) Странски државјанин, лишен од слобода или при-творен може поднесокот да го упати на својот јазик, а во други случаи - под услови на реципроцитет.

Член 9(1) Поканите, одлуките и другите писмена судот, ги упатува на јазикот на кој се води постапката.

(2) На граѓаните кои зборуваат службен јазик разли-чен од македонскиот јазик, поканите, одлуките и дру-гите писмена ќе им се достават и на тој јазик.

(3) На обвинетиот кој е во притвор, на издржување казна или на задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, превод од подне-соците од ставот 1 ќе му достават на јазикот на којш-то се служел во постапката.

(4) На обвинетиот кој не го разбира јазикот на кој се води постапката, превод од пресудата се доставува на јазик на кој се служел во постапката.

Член 314 (4) Не може да се одбие доказ за факт затоа што е напишан на јазик на националноста на странките или други учесници во постапката државјани на Републи-ка Македонија.

Член 355(1) Суштествена повреда на одредбите на кривична-та постапка постои, ако:

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 74: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

306

...

12) судот ги повредил одредбите за употреба на јази-кот во постапката утврдени со овој закон.

Закон за парничната постапка

Член 6(1) Парничната постапка се води на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(2) Во парничната постапка друг службен јазик и него-вото писмо што го зборуваат најмалку 20% од граѓа-ните, се користи во согласност со овој закон.

(3) Припадник на заедница, кој како странка или друг учесник во постапката не го разбира и не го зборува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, има право на преведувач.

(4) Трошоците за преведувањето паѓаат на товар на судот.

(5) Судот е должен да ја поучи странката, односно другиот учесник во постапката за правото предвиде-но во ставовите (2) и (3) на овој член. Претседателот на советот или судија поединец е должен да ја внесе во записникот поуката на судот и изјавата на странка-та, односно на другиот учесник во постапката.

Јазикот во постапката

Член 93(1) Странките и другите учесници во постапката граѓани на Република Македонија, кои зборуваат друг службен јазик, кој исто така е службен јазик во Ре-публика Македонија, во постапката имаат право при учество на рочиштата и при усно преземање на дру-ги процесни дејствија пред судот да го употребуваат својот јазик.

(2) На странките и на другите учесници од ставот (1) на овој член во постапката ќе им се обезбеди усно преведување на нивниот јазик на тоа што се изнесува на рочиштето, како и усно и писмено преведување на исправите кои се користат на рочиштето за докажу-вање.

(3) Преведувањето го вршат судски преведувачи.

Член 94(1) Поканите, одлуките и другите судски писмена се упатуваат до странките и до другите учесници во постапката на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(2) На странките и другите учесници граѓани на Репу-блика Македонија, чиј јазик е службен јазик различен од македонскиот јазик, поканите, одлуките и другите судски писмена им се доставуваат и на тој јазик.

Член 95(1) Странките и другите учесници во постапката, туж-бите, жалбите и другите поднесоци ги поднесуваат до судот на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(2) Странките и другите учесници во постапка граѓани на Република Македонија, чиј јазик е службен јазик различен од македонскиот јазик и кирилското писмо, тужбите, жалбите и другите поднесоци, можат да ги поднесуваат до судот на нивниот јазик и писмо. Ваквите поднесоци судот ги преведува на македон-ски јазик и кирилското писмо и ги доставува до други-те странки и учесници во постапката.

Член 96(1) Странките и другите учесници во постапката граѓани на Република Македонија, чиј јазик не е маке-донскиот јазик и кирилското писмо, а не е ни службен јазик различен од македонскиот јазик и кирилското писмо, во постапката имаат право при учество на рочиштата и при усно преземање на други процесни дејствија пред судот да го употребуваат својот јазик. На тие странки и учесници во постапката ќе им се обезбеди усно преведување на нивниот јазик на тоа што се изнесува на рочиштето, како и усно преведу-вање на исправите кои се користат на рочиштето за докажување.

(2) Странките и другите учесници во постапката од ставот (1) на овој член, ќе се поучат за правото усната постапка пред судот да ја следат на својот јазик со посредство на преведувач. Тие можат да се одречат од правото на преведување ако изјават дека го знаат јазикот на кој се води постапката. Во записникот ќе се забележи дека се поучени за тоа право, како и изјави-те на странките, односно учесниците.

Член 97Трошоците за преведување, за странките и учесници-те во постапката кои се граѓани на Република Маке-донија што настануваат со примената на одредбите на овој закон за правото на употреба на својот јазик и писмо, паѓаат на товар на Буџетот на Република Ма-кедонија.

ДОКАЗИ И ИЗВЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ

Општи одредби

Член 205 (3) Не може да се одбие доказ за факт затоа што е напишан на јазик на заедниците на странките или други учесници на постапката државјани на Републи-ка Македонија .

Член 343(1) Суштествена повреда на одредбите од парнична-та постапка постои, ако судот во текот на постапката не применил или неправилно применил некоја одред-ба од овој закон, а тоа влијаело или можело да влијае врз донесување на законита и правилна пресуда.

(2) Суштествена повреда на одредбите од парнична-та постапка секогаш постои, ако:

...

14) судот ги повредил одредбите за употреба на јази-кот во постапката.

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 75: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

307

Закон за општата управна постапка

Употреба на јазиците и писмата

Член 19(1) Во управната постапка службен јазик е македон-скиот јазик и неговото кирилско писмо.

(2) Во управната постапка што се води во органите на државната управа, другите државни органи, органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, правните и други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања, друг ја-зик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и не-говото писмо, се користи во согласност со овој закон.

(3) Странките и другите учесници во постапката кои не се државјани на Република Македонија, а не го разбираат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, имаат право на преведувач.

Закон за малолетничка правда

Судска постапка за малолетници

1. Општи одредби

Член 79Во постапката спрема малолетник за дејствие што со закон е определено како кривично дело или прекр-шок, доколку со овој закон поинаку не е определено, сообразно се применуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и Законот за прекршоците за: основните начела, јазикот, месната надлежност, по-следици од ненадлежност и судир на надлежности, изземање, обвинет, бранител, поднесоци, записници, рокови, враќање во поранешна состојба, трошоци, имотно-правно барање, донесување и соопштување на одлуките, доставување на писмена, повикување, приведување, задржување на лица, гаранција и одзе-мање патна исправа на странец, сослушување на сведоци, увид, вештачење, претресување на просто-рија и лица, редовни и вонредни правни лекови.

Одредбите од овој закон се применуваат и во постап-ката спрема лица кои извршиле кривично дело како малолетници, а во време на поведувањето на постап-ката, односно на судењето не наполниле 21 година, како и во постапката спрема помладо полнолетно лице кое не наполнило 21 година, ако до почетокот на главниот претрес се утврди дека на тоа лице можат да му се изречат санкции за малолетници.

Закон за прекршоците

Член 2(1) За прекршокот и прекршочната одговорност со-образно се применуваат одредбите од општиот дел на Кривичниот законик.

(2) Ако со одредбите од овој закон поинаку не е опре-

делено, судовите во прекршочната постапка соглас-но ќе ги применуваат следниве одредби од Законот за кривичната постапка: за основните начела; јазикот, месната надлежност; последици од ненадлежност и судир на надлежности; изземање; обвинет; бранител; поднесоци; записници; рокови; враќање во поранеш-на состојба; трошоци; имотно-правно барање; доне-сување и соопштување на одлуките; доставување на писмена; повикување, приведување, задржување на лица, гаранција и одземање на патна исправа на странец; сослушување на сведоци; увид; вештачење; претресување на простории и лица и редовни вон-редни правни лекови.

Закон за радиодифузна дејност

Член 74Радиодифузерите се должни дневно да емитуваат најмалку 30% програма изворно создадена на маке-донски јазик или на јазиците на немнозинските заед-ници кои живеат во Република Македонија, при што во дневното време на емитување не се смета време-то одредено за вести, спортски настани, игри, рекла-мирање, телетекст и телешопинг услуги.

Радиодифузерите се должни да обезбедат најмалку 30% од емитуваната вокално-инструментална музи-ка да биде на македонски јазик или на јазикот на ет-ничките заедници кои не се мнозинство во Република Македонија.

Одредбата од ставот 1 на овој член не се однесува на радиодифузерите кои имаат тематски (типски) програмски сервиси или пак се условени со плаќање од страна на корисникот.

Член 82Радиодифузерите ја емитуваат програмата на маке-донски јазик, а во случаите кога програмата е наме-нета за заедница која не е во мнозинство на јазикот на таа заедница.

Доколку програмските сервиси што се реемитуваат преку јавните комуникациски мрежи се титлуваат на јазик различен од јазикот на кој оригинално се про-изведени, мора да бидат титлувани на македонски јазик, освен телешопингот и рекламите.

Член 83Програмите на странски јазици или деловите од нив што се емитуваат на програмите на радиодифузери-те треба да бидат преведени на македонски јазик, односно на јазикот на заедницата што не е во мно-зинство.

Одредбите од ставот 1 на овој член не се однесуваат на преноси на музички и сценски настани, на обра-зовни програми за изучување на странски јазик, како и на деловите од програмите наменети за странци.

Деловите од програмите што не се преведуваат се најавуваат на македонски јазик, односно на јазикот на заедницата што не е во мнозинство.

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 76: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

308

Член 117МРТ, на територијата на Република Македонија, еми-тува еден телевизиски програмски сервис на маке-донски јазик и еден телевизиски програмски сервис на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓани-те кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници.

МРТ, на територијата на Република Македонија, еми-тува најмалку два радиопрограмски сервиса на маке-донски јазик и еден радиопрограмски сервис на јази-кот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немно-зински заедници.

МРТ емитува посебни радиопрограми наменети за соседните земји и Европа на странски јазици.

МРТ емитува посебни радиопрограми наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Репу-блика Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници.

МРТ емитува најмалку еден радио и еден телевизис-ки програмски сервис преку сателит наменет за исе-лениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на маке-донски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот ја-

зик и на другите немнозински заедници.

МРТ обезбедува програмски сервис исклучиво наме-нет за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија има програм-ска одговорност за емитувањето на програмскиот сервис наменет за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија.

МРТ емитува посебни радио и телевизиски програми на програмските сервиси од ставовите 1 и 2 на овој член во кои се запазени регионалните и локалните посебности на Република Македонија.

Програмските сервиси од ставовите 3, 4 и 5 на овој член кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија самостојно одлучуваат за програмската шема и нејзината реализација во согласност со по-себниот финансиски план предложен од МРТ, а одо-брен од Собранието на Република Македонија.

Програмските сервиси од ставовите 1 и 2 на овој член кои се финансираат од радиодифузна такса самос-тојно одлучуваат за програмската шема и нејзината реализација во согласност со годишниот финансиски план на МРТ, во рамките на утврдената програмска политика на МРТ и овој закон.

МРТ има право да ги емитува своите програмски сер-виси и преку нови технологии.

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 30 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали се преземаат мерки за идентификување на групите деца што им припаѓаат на етнички, верски или јазични малцинства, или на автохтоно население? √

Дали се преземаат мерки за да се обезбеди на овие деца да не им се негира правото да ја уживаат својата култура во заедница со членовите на нивната група? √

Дали се преземаат мерки за да се обезбеди на овие деца да не им се негира правото да ја практикуваат или изразуваат својата сопствена вероисповед во заедницата на која £ припаѓаат? √

Дали се преземаат мерки за да се обезбеди на овие деца да не им се негира правото да го користат својот јазик во заедницата на која £ припаѓаат? √

Дали овие мерки предвидуваат активности што се преземаат √ на училиште? √ во мас-медиумите? √ кога децата од кои било причини се одвоени од нивните родители, семејства или од нивната заедница? √

во правни и други постапки? √Кога децата имаат настава на својот мајчин јазик, дали тие исто така следат настава и на мнозинскиот јазик? √

Кога овие деца, од кои било причини, недоволно го познаваат јазикот на својата малцинска група, дали постојат мерки за учење на овој јазик? √

Дали одредбите од Конвенцијата, почетните и периодичните извештаи, како и сите упатувања од и за Комитетот за правото на детето се преведени на сите јазици на малцинствата? √

Дали правата на детето против мешањето во нивната култура, вероисповед и нивниот јазик, во согласност со овој член, се заштитени и се применуваат во законот? √

Дали се иницираат кампањи поддржани од Владата (кога е тоа неопходно) за борба против предрасудите кај малцинствата или кај автохтоното население? √

Дали децата од овие групи биле прашани дали мерките преземени во согласност со овој член се соодветни или доволни? √

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 77: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

309

В. КОМЕНТАРИ

Правна и политичка рамка Во Уставот се наведува дека членовите на националните малцинства имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и националните карактеристики и дека Државата им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет. За целта на изразување, негување и развивање на својот идентитет, членовите на националните малцинства имаат право да основаат културни, уметнички, научни и други институции и здруженија.

Неодамна беше усвоен посебен Закон за недискриминација, но треба да се забележи дека некои сериозни критики беа упатени кон нацртот на овој закон220. Овие приговори беа упатени од страна на Венецијанската комисија221, ОБСЕ, ОДИХР, како и од невладини организации за правата на детето. Критиките беа упатени кон следните области: недоследности во дефинирањето, опсегот на закон, и несоодветноста на предложениот институционален систем за следење на спроведувањето на Законот. Некои од овие критики беа земени предвид во усвоениот закон, но сепак, има некои проблеми во однос на обемот на правото (не се вклучени сексуалната дискриминација, децата не се експлицитно споменати, ниту бремените жени, кои се најчесто жртви на дискриминацијата, на пример, при барање на работа). Исто така, на утврдениот механизам за спроведување на Законот, т.е. Комисијата за недискриминација, не £ е дадена моќ да иницира истраги врз основа на жалби поднесени до неа. Конечно, не постои обврска од страна на Комисијата да дејствува, ако нејзините препораки не се имплементирани од страна на оние на кои тие се однесуваат, туку тие имаат само избор така да постапат.

Може да се заклучи дека принципот на недискриминација во законодавната смисла ги исполнува основните барања на Конвенцијата и други значајни меѓународни инструменти, но дека сè уште постои простор за подобрување преку проширување на листата на основи за дискриминација вклучувајќи ја и сексуалната дискриминација, дискриминација на децата и бремените жени. Покрај тоа, од суштинско значење е да се осигура новоформираната Комисија да биде ослободена од политичко влијание, и таа да дејствува против случаи на дискриминација со решителност.

Образование За дополнителни информации погледнете ги членовите 28 и 29 од КПД.

Во однос на образованието, член 44 од Уставот го гарантира правото на образование и достапност на образованието под еднакви услови, како и правото на заедниците во земјата да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет. Затоа, во амандманот VIII (став 1) на Уставот се предвидува дека припадниците на етничките малцинства имаат право на образование на нивниот мајчин јазик во основните и средните училишта. Македонскиот јазик се учи како втор јазик во оние училишта каде образованието се реализира на јазикот на националното малцинство.

Одредбите од Уставот се елаборираат во Законите за основно и средно образование. Во Законот за основно образование експлицитно се наведува дека една од целите на основното образование е да се развие писменоста и способноста на учениците да го разберат, да се информираат и да се изразуваат на јазиците и писмата на етничките малцинства чиј мајчин јазик не е македонскиот222. За учениците од заедниците, чиј јазик и азбука се разликуваат од македонскиот, наставата се реализира на јазикот и писмото на заедницата. Тие се дополнително обврзани да учат на македонски и на неговото кирилско писмо. Учебниците се објавуваат на јазикот и писмото на кој ќе се реализира наставата. Правата и можностите на учениците од етничките малцинства се слични и во средното образование.

Новиот образовен концепт за деветгодишно основно образование од 2009-2010 година воведува изборни предмети по јазикот и културата на Ромите, Бошњаците и Власите223. Во релевантни документи од Бирото за развој на образованието стои дека „учениците со влашки, ромски и бошњачки етничка припадност можат да учат на својот јазик и култура, од трето одделение па натаму“224. Според еден извештај на фондацијата

220 Закон за спречување и заштита од дискриминација, 13 април 2010 година, Службен весник на Република Македонија, бр.50.221 http://www.venice.coe.int/docs/2008/CDL-AD(2008)042-e.asp222 Закон за основно образование, Службен весник на Република Македонија, бр.103/2009.223 Чешларов.М.Т, Стојановски И, Ново деветгодишно основно училиште: Информации за родители, Биро за развој на

образованието, Скопје, стр.5; Чешларов.М.Т, Стојановски И, Ново деветгодишно основно училиште: Информации за родители чии деца завршиле прво одделение според реформираната наставна програма, Бирото за развој на образованието, Скопје, стр.4.

224 Исто.

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 78: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

310

Сорос од 2009, перцепцијата за овие изборни предмети како „несакана дополнителена работа“ може да има значително влијание врз интересот и на учениците и на родителите, и на нивниот избор225. Невладините организации, исто така, имаа критики во однос на фактот дека имало контрадикторни информации во различни документи за минималниот кворум на ученици за организирање на часови на ромски јази. Понатаму, во учебната 2009/2010 година, предметот „Ромски јазик и култура“ бил спроведен без соодветен учебник одобрен од страна на Министерството за образование и наука. Недостигот од квалификувани учители е исто така проблем226.

Иако правната рамка генерално е во согласност со меѓународните стандарди, разликите во однос на пристапот до образование сè уште постојат кај различните етнички/јазични групи. МИКС студијата од 2006 година исто така покажа дека стапките на запишување и завршување на образованието за ромските деца се само 61% и 44,6%, соодветно227. Според УНИЦЕФ, стапката на запишување во средно училиште е 95% на национално ниво, додека во случајот на ромските деца бројката е само 27%.228 Ромските деца честопати имаат проблеми поврзани со јазикот на наставата кога ќе се запишат во основното образование. Рамковниот договор и член 9 од Законот за основно образование беа наменети за подобрување на учество на сите етнички и јазични малцинства во основното и средното образование, но повеќе фактори ја спречуваат нивната целосна имплементација. Според УНИЦЕФ (2008), Македонија има население од 2.045.108 жители. Од нив, 64,2% се изјаснија дека се Македонци и 25,2% се декларираат како Албанци. Другите етнички малцинства вклучуваат Турци (3,85%), Роми (2,7%), Срби (1,78%), Босанци (0,84%), Власи (0,48%), а други (1,04%). Недостатокот на квалификувани наставници и образовни материјали на јазиците на малцинствата е предизвик во спроведувањето на наставата на мајчиниот јазик. Има еден македонски учител за секоја група од 14,5 македонски деца. Бројките стануваат сè поголеми, сепак, за помалите етнички групи и групи кои имаат помалку квалификувани наставници (на пример, односот на албанските наставници на албански ученик е 1 на 19,7). Турските ученици имаат сооднос од 1 наставник на 29,8 ученици, а ромските деца имаат сооднос од 1 на 524,5. Ваквите нееднаквости укажуваат дека македонските деца имаат поголема веројатност да добијат настава на својот мајчин јазик, од албанските или турските деца, а шансите на македонските во однос на ромските деца се далеку поголеми229.

Припадниците на етничките заедници имаат право и можност да ја негуваат нивната етничка разновидност уште во предучилишна возраст во градинките. Во јавните детски градинки се вршат едукативни активности за децата од етничките малцинства на јазикот на тие заедници, и се чуваат образовни евиденции и на македонски јазик и кирилица, и на јазикот и писмото на кои се реализира нивната наставно-образовната дејност. Книгите и списанијата кои се користат во градинките се на јазикот на релевантните етнички заедници. Сепак, како што е веќе забележано во коментари под членовите 3, 28 и 29 од КПД, остварувањето на правото на образование на сопствен јазик резултираше со фокусирање врз етноцентризмот наспроти мултикултурното образование. Во една неодамнешна студија на УНИЦЕФ за Мултикултурализмот и интеретничките односи во образованието, предрасудите и стереотипите врз основа на етничко потекло се гледаат присутни кај децата на училишна возраст. Извештајот покажува дека и покрај генерално солидната наставна основа за промовирање на почитување, толеранција и прифаќање преку основниот образовен систем, етнички поделба останува проблем во училишниот амбиент230.

Јазични праваЈазикот кој треба да се користи во судските постапки е предмет на посебни прописи, но само ако тоа е јазик на кој зборуваат најмалку 20% од граѓаните на земјата. Во согласност со посебен Закон за употреба на јазикот и на одредбите од законите за судска постапка (Законот за кривична постапка231, Законот за судска постапка232, на Законот за малолетничка правда233, и Законот за општата управна постапка), било кој јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, и се користи во кривичните постапки. Во судските постапки, учесниците кои зборуваат ваков официјален јазик имаат право да го употребуваат својот јазик за време на

225 ФИООМ, анализа на спроведувањето на ромски јазик и култура како изборен предмет, 2009, ISBN - 978-608-218-039-7.226 ФИООМ, анализа на спроведувањето на ромски јазик и култура како изборен предмет, 2009, ISBN - 978-608-218-039-7.227 Државен завод за статистика, Република Македонија, Следење на состојбите со децата и жените, Мултииндикаторско

кластерско истражување 2005-2006.228 УНИЦЕФ, Децата во Македонија – Анализа на состојбата, Скопје, февруари 2008229 УНИЦЕФ Скопје, Инклузивно образование како дел од училиштата по мерка на детето во Македонија – Рамковни резултати и

препораки од студијата, Скопје 2009230 УНИЦЕФ Скопје, Мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието, Скопје, ноември 2009.

231 Закон за кривична постапка, Службен весник на РМ, бр. 151/1997; 44/2002; 74/2004; 83/2007; and 67/2009232 Закон за судска постапка, Службен весник на РМ, бр. 79/2005; 110/2008; и 83/2009233 Закон за малолетничка правда, Службен весник на РМ бр.87/2007

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 79: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

311

рочиштата и други постапки пред судот. Во управните постапки234 кои се водат во органите на државната управа, други државни органи и тела, како и општините на град Скопје, правни и други лица овластени да вршат јавни должности имаат право да користат кој било јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните235.

Во однос на емитувањето, прописите експлицитно ги обврзуваат радиодифузерите да прикажуваат програми креирани на македонски или на јазиците на малцинските заедници кои живеат во земјата236. Таквите програми треба да сочинуваат најмалку 30% од програмите емитувани на ден. Триесет проценти од песните и другита вокална музика која се емитува, исто така, мора да биде на македонски или на јазиците на малцинските етнички заедници во Република Македонија. Државниот радиодифузер, Македонската радио телевизија (МРТ), има посебна обврска да емитува барем еден телевизиски програмски сервис на македонски и еден телевизиски програмски сервис на јазикот што го зборуваат најмалку 20% проценти од граѓаните, како и програми на јазиците на другите малцински етнички заедници. МРТ исто така е должен да емитува најмалку две радио-програмски сервиси на македонски и една радио програма на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, како и радио програми на јазиците на другите малцински етнички заедници. МРТ емитува посебни радиопрограми за македонските иселеници и за граѓаните на земјата кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти. Овие програми се емитуваат на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, како и на јазиците на другите малцински заедници.

Декадата на инклузија на Ромите Во овој контекст, треба да се споменат активностите преземени од страна на Државата како дел од заедничката иницијатива со Институтот отворено општество, Светската банка, и ЕУ насловена „Декадата за инклузија на Ромите“237. На основа на тоа дека Ромите се најранливата етничка заедница во државата, Владата ја усвои „Стратегијата за Ромите во Република Македонија“ во 2005 година. Донесувањето на оваа стратегија е одраз на волјата и решеноста на владата да го премости јазот меѓу ромската заедница и поголемиот дел од населението, и да промовира мултикултурно општество и социјална инклузија. Основната цел на Стратегијата е да се подобри статусот на Ромите и нивната интеграција во општествените и економските текови. Во прилог на целосна интеграција и учество на Ромите во општеството, Стратегијата цели кон намалување на сиромаштијата кај Ромите, поддршка на долгорочен развој на ромската популација, подобрување на нивните услови за живеење и намалување на разликите во образовните нивоа (види погоре).

Неколку стратешки документи беа усвоени како резултат на Декадата за инклузија на Ромите, вклучувајќи национални акциони планови238 и оперативни планови во областа на образованието, здравството, вработувањето и домувањето. Со оглед на фактот дека проблемите на Ромите сè повеќе најакутно се манифестираат на локално ниво, треба да се нагласи дека се формирани ромски информативни центри во Скопје, Штип, Битола, Гостивар, Делчево, Куманово, Тетово и Прилеп.

Целокупните иницијативи преземени во рамките на Декадата за инклузија на Ромите остануваат недоволни и несоодветно финансирани. Се она што се спроведува во образовниот сектор во голема мера зависи од донаторски средства.

Како што е споменато под член 6 од КПД, сè уште има големи разлики во врска со пристапот до здравствена заштита за мајките и децата Роми239. Специфични коментари се исто така вклучени во член 32 од КПД кои се однесуваат на економска експлоатација на ромските деца, особено оние што живеат на улица. Како што е споменато во член 7 од КПД, запишувањето во книгата на родените, исто така, се идентификува како голем проблем кај децата на улица. Речиси 60% не добиваат никаков оброк во текот на денот, многумина се недоволно облечени, и многу често се малтретирани или злоупотребувани од страна на возрасните на различни начини.

234 Закон за општа управна постапка, Службен весник на РМ, бр.38/2005235 Закон за општа управна постапка, Службен весник на РМ, бр.38/2005236 Закон за радиодифузија, Службен весник на РМ, бр. 100/2005; 19/2007; 103/2008; и 152/2008.237 http://www.soros.org/initiatives/roma/news/decade_20030708238 http://www.romadecade.org/fi les/downloads/Decade%20Documents/macedonia%20Decade%20action%20plan.pdf239 Здравствена стратегија на РМ 2020 – Безбеден, ефикасен и справедлив здравствен систем, Скопје, 2007

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 80: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

312

Г. ПРЕПОРАКИ

1. Правни препораки

Законска рамка – Опсегот на Законот за спречување и заштита од дискриминација од април 2010, треба да се ревидира. Поконкретно, списокот на основи за дискриминација, треба да се продолжи за да се вклучат деца и бремени жени. Мандатот на Комисијата за недискриминација треба да биде зајакнат со цел да се осигури таа да има капацитет за независна истрага за потенцијалните случаи на дискриминација и да преземе дејства во случај кога нејзините препораки не се спроведуваат соодветно.

2. Препораки за поддршка на спроведувањето на законодавството

Образование - Државата треба да ги разјасни политичките документи поврзани со образованието на малцинските јазици и култура, и да се обезбеди дека овие изборни предмети се достапни за сите ученици независно од нивната етничка припадност. Треба да преземе мерки за да се обезбеди соодветен квалитет на наставниот кадар и учебниците.

Промоција на мултикултурализам - Треба да се преземат мерки за гарантирање на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на граѓаните на земјата. Советот за радиодифузија треба да ги контролира активностите во врска со емитувањето на програмите на јазиците на немнозинските заедници. Треба да се организираат кампањи и едукативни активности за да се подигне свеста за живот во мултикултурно општество, почитување на различноста, и важноста на социјална инклузија.

Упис во книгата на родените- Државата треба да воспостави специјални механизми кои ќе го поддржат уписот на социјално исклучените деца и ќе промовираат позитивна дискриминација наспроти казнени мерки. Тоа може да биде организирање на «недели на упис во книгата на родените» во текот на кои тие кои не успеале тоа да го направат, ќе имаат можност да ги запишат децата без било какви плаќања, или запишување во породилните одделенија или мобилни тимови за упис. Треба да се зајакнат капацитетите на локалните канцеларии за евиденција со цел да се олесни регистрирањето на социјално исклучените групи. Таквите мерки треба да одат рака под рака со кампањи за подигање на свеста кај семејствата за важноста на уписот на децата во книгата на родени како основно право на детето.

Деца на улица - Треба да се создаде модел на теренска работа за да им обезбеди превентивни и заштитни услуги. Таквите теренски програми треба да станат стандардизирани и да се спроведуваат во сите дневни центри. Мрежата на дневни центри за деца на улица треба да се прошири во сите поголеми градови.

Инклузија на Ромите - Треба да продолжат активностите за премостување на јазот помеѓу ромската заедница и мнозинското население. Целите од стратешките документи, елаборирани во рамките на Декадата за инклузија на Ромите, како што се националните акциони планови и оперативни планови во областа на образованието, здравството, вработувањето и домувањето, треба да добијат соодветни ресурси за да бидат целосно имплементирани. Работата на локалните ромски информативни центри треба да биде одржлива.

ПРАВО НА ДЕЦАТА О

Д МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ

ИЛИ НА ДЕЦАТА СО

АВТОХТОНО

ПОТЕКЛО

Page 81: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 82: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

314

ПРАВО НА ДЕТЕТО НА СЛОБОДНО ВРЕМЕ, РЕКРЕАЦИЈА И КУЛТУРНИ АКТИВНОСТИ

Член 31 Конвенција за правата на детето: Државите членки му го признаваат правото на детето на одмор и на слободно време, на игра и рекреација кои одговараат на возраста на детето и слободно учество во културниот живот и во уметноста.

Државите членки го почитуваат и го унапредуваат правото на детето за целосно учество во културниот и во уметничкиот живот и го поттикнуваат давањето на соодветни и еднакви можности за културни, уметнички, рекреативни и слободни активности.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Устав на Република Македонија

Член 47Се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.

Се гарантираат правата што произлегуваат од науч-ното, уметничкото или друг вид интелектуално тво-рештво.

Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата.

Републиката го поттикнува и помага научниот и тех-нолошкиот развој.

Републиката ги поттикнува и помага техничката кул-тура и спортот.

Закон за заштита на децата

Член 43 став 1За развој на личноста на детето, талентот, ментал-ните, физичките, креативните и другите способности, подготвување за самостоен и одговорен живот се обезбедуваат и други облици на заштита на децата како програмски активности од областа на култура-та, издавачката, згрижувачката и воспитната дејност, екологијата, уметноста, рекреативни и слободни ак-тивности и спортот.

Член 62 став 1Дејноста одмор и рекреација се обезбедува и оства-рува во детско одморалиште.

Член 65 став 1Одмор и рекреација во јавно детско одморалиште се остварува според програми за остварување на деј-

носта кои ги изработува научна или специјализирана стручна установа, односно стручен орган, а ги доне-сува министерот.

Член 66 (ст. 1- 4)Јавно детско одморалиште организира и спроведува програми за:

- зимување;

- летување;

- настава во природа и

- други програми (екскурзии, кампување, излети, по-ходи, семинари, мини-скијачка школа, рекреативно-еколошка школа, исхрана на децата и друго).

Програмата за зимување е наменета за деца од учи-лишна и предучилишна возраст за време на зимскиот распуст, а во останатиот период од зимата детското одморалиште може да работи како установа, од-носно одморалиште од отворен тип.

Програмата за летување е наменета за деца од пре-дучилишна возраст и за деца од училишна возраст за време на летниот распуст.

Програмата за настава во природа е наменета за деца од училишна возраст и ќе се остварува во со-гласност со наставните планови на основните учи-лишта.

Закон за култура

Член 4(1) Секој има право независно од возраста, образо-ванието, верската, етничката или друга припадност, на слободно творештво, непрофесионално или про-фесионално, како и право на образование за областа култура.

(2) Правата што произлегуваат од творештвото се

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА СЛОБО

ДНО ВРЕМ

Е, РЕКРЕАЦИЈА И КУЛТУРНИ АКТИВНО

СТИ

Page 83: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

315

обезбедуваат со моралните, материјалните и другите права на авторите и на носителите на сродните пра-ва, утврдени со закон.

Закон за социјална заштита

Член 120Установите за деца и младинци од овој закон се должни да обезбедат за лицата соодветни услови

за сместување, исхрана, планирано и организирано спроведување на содржини, мерки и активности во процесот на нивното воспитание и образование, сло-бодни активности и културно-забавен живот, како и да се грижат за животот и здравјето на децата и мла-динците сместени во установите.

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 31 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали се преземени мерки за да се обезбеди правото на детето на одмор и рекреација? √Дали таквите мерки содржат забрана за ноќна работа на децата или забрана за време на целиот период на училиштен распуст?*Нема забрана за време на училишниот распуст.

Дали се ратификувани конвенциите 79 и 90 на МOT?Дали задолжителните часови во училиште и режимот за домашна работа дозволуваат време за одмор и рекреација? √

Дали планирањето на животната средина ги зема предвид потребите за игра на децата? √Дали ова планирање ги зема предвид ставовите на децата за тоа што е потребно? √Дали можностите за игра и рекреација се соодветни за сите возрасти на децата (вклучувајќи ја предучилишната и тинејџерската возраст) и дали им се достапни на сите без дискриминација? √

Дали средствата одделени за спорт, култура и уметност се распределуваат правично помеѓу возрасните и децата? √

Дали сите деца имаат разумен пристап до сите културни и уметнички настани? √Дали има какви било ограничувања на учеството на сите деца во културниот живот и во уметничките активности? √

Дали се организираат културни и уметнички настани посебно за децата? √Дали на децата им се овозможува пристап до културните и уметничките настани преку финансиски стимуланси или попусти? √

Дали децата со посебни потреби имаат пристап до интегрирани рекреативни, културни и уметнички активности? √

Дали децата во болниците имаат можност да играат и да се рекреираат? √Дали децата во институциите имаат можност за игра, спортски, рекреативни, уметнички и културни активности? √

Дали децата, чијашто слобода била ограничена, имаат можности за физички вежби, рекреација и уметнички или културни активности? √

Дали се преземаат мерки за да се обезбеди девојчињата да имаат еднакви можности како и момчињата за одмор, рекреација, игра и одмор, како и да уживаат во културните и уметничките активности?

В. КОМЕНТАРИ

Законска рамкаНационалното законодавство утврдува дека културните права се дел од основните слободи и права на човекот и граѓанинот, поради што со Уставот се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво. Во согласност со Уставот, Државата го поттикнува, го помага и го штити развојот на науката, уметноста и културата.

Според Законот, културата се остварува врз принципот на рамноправна положба на сите субјекти - физички

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА СЛОБО

ДНО ВРЕМ

Е, РЕКРЕАЦИЈА И КУЛТУРНИ АКТИВНО

СТИ

Page 84: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

316

и правни лица, да можат да ја остваруваат културата под еднакви услови240. Со Законот за музеите241 е регулирано дека при вршењето на своите претежни дејности, како и дејностите поврзани со нив, музеите вршат и работи од интерес за науката и образованието. Музеите подготвуваат и реализираат интерактивни образовни програми, приоритетно насочени кон децата и учениците. Исто така, во согласност со Законот за музеите, децата, учениците, студентите и лицата со посебни потреби плаќаат намалени цени за влезници или се ослободени од плаќање влезница, додека работното време на музеите треба да биде организирано на начин што овозможува посета на сите целни групи на посетители, особено на децата. И во согласност со Законот за библиотеките242, децата плаќаат намалени цени на услугите или се ослободени од нивното плаќање.

Рекреативни активностиСпоред ситуационата анализа на УНИЦЕФ, училиштата нудат редовни термини за рекреација и игра за време на училишниот ден. Сепак, училиштата имаа многу мал број на спортски активности и натпревари бидејќи спортските сали најчесто се изнајмуваат по часовите, и наставниците по физичко воспитување не смеат да организираат спортски активности по часовите. Уште една пречка е тоа што родителите треба да плаќаат за одредени активности како на пример екскурзии или часови за пливање. Формално, училиштата имаат секции за секој предмет. Меѓутоа секциите ретко се организираат и само мал број на ученици можат да учествуваат. Студијата заклучува дека недостасуваат услови или мотивација за организирање рекреативни или креативни активности во училиштата.243

Креативни активностиВо однос на учеството на децата во остварувањето на културните дејности, се поддржуваат активностите на меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“, меѓународните детски фолклорни фестивали „Оро без граници“ и „Оро весело“, детските фестивали „Златно славејче“ и „Виножито“, фестивалот на обработен фолклор „Шара пее“, програмските активности на хорското студио и мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар, фестивалот на ромски игри и песни „Јекипе“, концертните активности на мандолинскиот оркестар, детските хорови „Изворче“ и „Развигорче“, детскиот хор „Лале“, натпреварите на учениците по музика и другите манифестации. Во центрите за култура во Битола, Делчево, Дебар, Гостивар се поддржуваат активностите на детските хорови и балетските и играорните секции, народните оркестри и друго.

Во областа на музејската дејност се организираат едукативни работилници со децата од предучилишна возраст, основните и средните училишта, лицата со посебни потреби, кои се вклучуваат во работилниците за керамика, ткаенини, стари занаети и стари обичаи. Овој вид интерактивни работилници се организираат во Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, музеите во Неготино, Тетово, Крушево, Битола и други. Една од најзначајните манифестации што се поддржува во рамките на ликовната дејност е Меѓународната ликовна колонија и Детското ликовно студио на „Мал битолски Монмартр“.

За детални коментари за рекреативните можности за деца во притвор, видете ги коментарите во Ста-тија 37 од КПД.

Д. Препораки за имплементирање на законодавството

Ресурси: Потребно е да се одвојат доволно средства од буџетот на Република Македонија со кои ќе се финансираат програми и проекти со кои директно се поддржуваат културните активности на децата и младите.

Имено, Државата треба да обезбеди материјални претпоставки за творештво и задоволување на културните потреби на младите.

Унапредување на рекреативните и креативните активности: Неопходно е да се поддржуваат и охрабруваат истражувањата и потрагата по нови изразни средства, како и проектите на националните установи што се занимаваат со продукција и ширење на културните вредности и содржини за младата популација.

240 Закон за културата, Службен весник на Република Македонија, бр. 82/05241 Закон за музеите, Службен весник на РМ, бр.66/04242 Закон за библиотеките, Службен весник на Република Македонија бр.66/04243 УНИЦЕФ, Училишта по мерка на детето – Анализа на состојбата во Македонија, Скопје 2007

ПРАВО НА ДЕТЕТО

НА СЛОБО

ДНО ВРЕМ

Е, РЕКРЕАЦИЈА И КУЛТУРНИ АКТИВНО

СТИ

Page 85: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 86: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ДЕТСКИ ТРУД

318

ДЕТСКИ ТРУД

Член 32 Конвенција за правата на детето: Државите членки му го признаваат правото на детето на заштита од економска експлоатација и работа врз дејности кои можат да бидат опасни или да му го попречуваат образованието на детето или да му штетат на здравјето, односно на неговиот физички, духовен, морален или социјален развој.

Државите членки преземаат законодавни, административни, социјални и образовни мерки за примена на одредбите на овој член. За таа цел, а имајќи ги предвид соодветните одредби на другите меѓународни инструменти, државите членки посебно:

(a) Ја одредуваат минималната старост за вработување.

(б) Го обезбедуваат регулирањето на работно време и условите за работа.

(в) Одредуваат со соодветни казни или други санкции да се осигури ефикасната примена на одредбите на овој член.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Устав на Република Македонија

Член 42 ст. 2, 3 и 4Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено.

Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа.

Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни места што се штетни за нивното здравје и моралот.

Законот за семејството

Член 162Малолетник под старателство кој наполнил 15 години од животот може сам, без одобрение на старателот, да заснова работен однос и слободно да располага со остварената плата, при што е должен сам да при-донесува за своето издржување, воспитание и струч-но оспособување.

Малолетник од став 1 на овој член може сам да пре-зема правни работи за кои, доколку се од поголемо значење, потребно е одобрение од неговиот старател.

За работите од член 161 на овој закон кои старателот не може сам да ги преземе, потребно е согласност од центарот за социјална работа.

Законот за работни односиСпособност за склучување на договор за вработу-вање

Член 18(1) Договор за вработување може да склучи лице кое наполнило 15 години возраст и има општа здравстве-на способност.

(2) Ако се склучи договор за вработување со лице кое не наполнило 15 години возраст, се смета дека дого-ворот е ништовен.

Член 120Работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време: ....

5) на работник кој не наполнил 18 години возраст;

XIII ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ КОИ СÉ УШТЕ НЕ НАПОЛНИЛЕ 18 ГОДИНИ

ВОЗРАСТ

Посебна заштита на работниците кои сé уште не наполниле 18 години возраст

Член 172Работниците кои сé уште не наполниле 18 години возраст во работниот однос имаат посебна заштита.

Забрана за вршење на работи

Член 173(1) На работниците кои сé уште не наполниле 18 го-дини возраст работодавачот не смее да им наложи да вршат тешки физички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, работи со извори на јонизи-рачки зрачења и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето, односно

Page 87: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ДЕТСКИ ТРУД

319

здравствениот развој со оглед на нивните психофи-зички специфичности.

(3)Работите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на тру-дот, во согласност со министерот надлежен за рабо-тите од областа на здравство.

Работно време, одмор и пауза

Член 174(1) Работното време на работникот кој сé уште не на-полнил 18 години возраст не смее да биде подолго од осум часа дневно и 40 часа неделно.

(2) Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст и работи најмалку четири ипол часа дневно, има право на пауза за време на работното време во траење од најмалку 30 минути.

(3) Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст има право на одмор меѓу два дена во траење од најмалку 24 последователни часа.

Забрана за ноќна работа

Член 175(1) Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст не смее да работи ноќе меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден.

(2) По исклучок може да се одреди работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст да работи ноќе во случај на виша сила, кога таквата работа трае оп-ределено време и мора веднаш да биде извршена, а полнолетните работници не се на располагање. Во тој случај мора на работниците кои сé уште не напол-ниле 18 години возраст, да им биде обезбеден одмор во наредните три дена.

Член 176Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст има право на годишен одмор зголемен за седум ра-ботни дена.

XXIII РАБОТА НА ДЕЦА ПОМЛАДИ ОД 15 ГОДИНИ, УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ

Член 250(1) Забрането е вработување на деца помлади од 15 години.

(2) Детето кое е помладо од 15 години може, со плаќање на надоместок, да учествува во снимање на филмови, подготовка и изведување на уметнички, сценски и други слични дела (културни, уметнички, спортски и рекламни активности).

(3) Одобрение од ставот (2) на овој член се издава врз основа на барање на законскиот застапник и по претходно извршениот преглед на работното место на детето.

(4) Кај работодавачот може учениците кои наполниле 14 години возраст и студентите да вршат практична работа во рамките на образовната програма.

(5) Во случаите од ставовите (2) и (4) на овој член со-одветно се применуваат одредбите на овој закон за работното време, одморите и паузите, за посебната заштита на работниците кои сé уште не наполниле 18 години возраст, како и за одговорноста за надомест на штета.

XXVI ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 264(1) Глоба во износ од 15.000 евра во денарска про-тиввредност ќе му се изрече за сторен прекршок на работодавач - правно лице, ако:

3) склучи договор за вработување со лице кое не на-полнило 15 години возраст и кое нема општа здрав-ствена способност и не ги исполнува пропишаните и договорените услови за вршење на работата опре-делени со закон, колективен договор, акт на работо-давачот, односно барани од страна на работодавачот (членови 18 и 19);

(2) Глоба во износ од 10.000 евра во денарска проти-ввредност ќе му се изрече за сторен прекршок од ста-вот (1) на овој член на работодавач - физичко лице.

(3) Глоба во износ од 7.000 евра во денарска про-тиввредност ќе му се изрече за сторен прекршок од ставот (1) на овој член на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот.

Законот за заштита на децата

Член 19 ст. 2 и 3Дете кое наполно и трајно или за подолго од една го-дина ќе остане неспособно за работа пред наполне-ти 15 години од животот или за време на редовното школување, има право на детски додаток за време на траењето на неспособноста на детето, но најдолго до 18 години живот.

Како наполно и трајно неспособно за работа се смета и дете на кое му е признато право на работно оспо-собување се до негово успешно завршување, но нај-долго до 18 години живот.

Кривичен законик

Повреда на правата од работен однос

Член 166(1) Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надо-местоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инва-лидите или за забрана на прекувремената или ноќ-ната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи

Page 88: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ДЕТСКИ ТРУД

320

право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од став 1 го стори правно лице,ќе се казни со парична казна.

Непреземање мерки за заштита при работа

Член 170(1) Одговорно лице во правно лице кое свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен

договор за мерките за заштита при работата, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) При изрекувањето условна осуда судот може на сторителот да му наложи во определен рок да поста-пи според прописите за мерките за заштита при ра-ботата.

(3) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Page 89: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ДЕТСКИ ТРУД

321

В. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 32 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали државата покренала или промовирала кампањи за информирање на децата за да ги запознаат со мерките на заштита што можат да ги користат и со ризиците што се составен дел од ситуациите на економска експлоатација? √

на јавноста, вклучувајќи и обука за стручни групи што работат со или за децата, за да им се по-могне на децата во постигнувањето на ефикасна заштита од економската експлоатација? √

на работодавците и потенцијалните работодавци? √Дали законската рамка, политиката и практиката во државата ги штити децата од одговорите се однесуваат само на законодавството и затоа најсоодветен за сите е одговорот во колоната два. економска експлоатација? √ вршење на каква било работа што е опасна? што го попречува образованието на децата? √ штетна за здравјето на детето или за физичкиот, психичкиот, духовниот, моралниот или социјалниот развој? √

што содржи суров, нечовечки или деградирачки третман, продажба на децата или служење? √ што содржи активности во кои детето се користи за законски казниви кривични дела како што се трговија со дроги или со забранети добра? √

што не е компатибилна со реализирање на другите права во Конвенцијата? √Дали државата ја има ратификувано Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за најсериозни форми на детски труд од 1999 година (бр.182)? √

ја има ратификувано Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за минимална возраст од 1973 година (бр.138)? √

ја има ратификувано Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за присилен труд од 1930 година (бр.29)? √

ги има земено предвид импликациите за законите, политиката и практиките на препораките на Меѓународната организација на трудот за минимална возраст (бр.146)? √

Доколку не, дали државата размислува за вакви активности?Дали државата има утврдено во своето законодавство минимална возраст за вработување што е еднаква на возраста за завршување на задолжителното образование, а не помала од 15-годишна возраст?

Дали државата размислувала за измена на периодите за задолжително образование во согласност со евентуалните сезонски потреби за работа во семејствата? √

Дали државата има утврдено во своето законодавство 18 години како минимална возраст за прием во какво било вработување или работа која по својата природа или околности во кои се извршува е веројатно дека би влијаела штетно на здравјето, безбедноста или моралот на младиот човек?

Дали државата во своето законодавство (или со одлука од надлежен орган) има утврдено вид вработување или работа на кои се однесува оваа минимална возраст од 18 години? √

Дали државата во своето законодавство има утврдено ограничени исклучоци пропишувајќи ги условите во кои на децата им е дозволено да работат на училиште или во други институции за општо, стручно или техничко образование и обука? √

овозможувајќи им на оние на возраст од 14 години па нагоре да работат како составен дел од курсот за образование или обука (доследно на условите утврдени во членот 6 од Конвенцијата 138 на Меѓународната организација на трудот)?

дефинирајќи ги сите видови „лесна работа“ за 13 до 15- годишни деца на кои им е дозволено да ја вршат, а за која не постои веројатност дека би била штетна за нивното здравјето или за нивниот развој како личности или за нивното образование?

дефинирајќи ги часовите и условите за вработување или работа, доколку е дозволена, за оние што се барем на 15- годишна возраст, но кои не завршиле задолжително образование? √

дозволувајќи ограничено вработување или работа за цели како што се учество во уметничка изведба, преку систем на дозволи што се доделуваат од случај до случај (како што е утврдено во Конвенцијата 138 на Меѓународната организација на трудот, член 8)?

дефинирајќи ги часовите и условите за вработување деца во сите случаи во кои е дозволено вработување или работа? √

Дали државата овозможила соодветни медицински прегледи во врска со вработувањето на детето? √

Во врска со ефикасната примена на законската рамка за детски труд, дали државата обезбедила преку своето законодавство (или на друг начин): соодветно истражување на случаите на работа или вработување? √ од работодавците да се бара да имаат и да достават на барање доказ за возраста на сите деца што работат за нив? √

соодветен пристап за децата до сите процедури за жалби? √ соодветни казни или други санкции за неисполнување на обврските? √

Page 90: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ДЕТСКИ ТРУД

322

соодветно водење евиденција и пријавување на секое вработување на деца? √ собирање соодветни податоци? √ лицата задолжени за постапување во согласност со одредбите за детски труд да бидат точно дефинирани? √

Дали се преземени соодветни мерки за повторна интеграција и рехабилитација на жртвите на штетен или експлоататорски детски труд? √

В. КОМЕНТАРИ

Членот 32 го признава правото на детето да биде заштитено од економска експлоатација, и од каква биле работа што би можела да биде опасна, да го попречува образованието на детето, или да му штети на здравјето на детето или неговиот физички, умствен, духовен, морален и социјален развој.

Како што е нагласено во контролниот список, во многу случаи Државата презема постапки за да ги исполни правата на децата според член 32. Следи преглед на некои прашања кои бараат дополнително внимание:

Минимална возраст за вработувањеЗа да осигура усогласеност со КПД, националното законодавство мора да осигура миималната возраст за вработување да биде еднаква на возраста за завршување на задолжителното образование. Македонските закони не се целосно усогласени со овој стандард. Според членот 43 од Уставот, лице под петанесетгодишна возраст не може да биде вработено. Ова е регулирано подетално во Законот за работни односи каде што лицето на возраст од 16 години со добро општо здравје има право да потпише договор за работа.244 Со оглед на воведувањето на задолжително средно образование кое што завршува на осумнаесетгодишна возраст, овој закон мора да биде ревидиран за да биде доследен на одредбите со Меѓународната конвенција за труд (ИЛО) 138.

Соодветно регулирање на работното време и условите за работаПостојат законски одредби кои пропишуваат специјални заштитни мерки за работниците кои се под осумнаесетгодишна возраст. Треба да се напомене дека таквите работници не можат да бидат вработени на работни места кои што се штетни за нивното здравје и морал. Меѓутоа, се откри дека не постои специфична одредба која што би се занимавала со експлоатацијата на децата за сезонски земјоделски активности.

Соодветни парични казни и други санкции за да се осигура успешно спроведувањеИако постои равна рамка, имплементацијата на законите и политиките за детскиот труд е слаба. Не постои ниту официјална државна статистика за детскиот труд, ниту пак понова продлабочена студија за ова прашање. Меѓутоа, врз основа на Мултииндикаторското кластерско истражување (2006) околу 6% на децата на возраст од 5 до 14 години се вклучени во некаков вид детски труд. Околу 3% учествуваат во неплатена работа за некој кој не е член на домаќинството, а 3% работат за семејниот бизнис.245 Иако присилната работа е забранета со Уставот, постојат докази за користење на детскиот труд во сивата економија. Децата вмешани во вакви активности се речиси исклучиво Роми. Службените лица не ги казнуваат ваквите прекршувања, и децата остануваат ранливи за ваква експлоатација, особено кога станува збор за просењето.246

244 Закон за работни односи, Службен весник на Република Македонија, бр. 62/05.245 Државен завод за статистика, Република Македонија, Следење на ситуацијата на децата и жените MISC (2006).246 Децата на улица и органзираното просење Анализа, Министерство за труд и социјална политика, 2007.

Page 91: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ДЕТСКИ ТРУД

323

Г. ПРЕПОРАКИ

1. Правни препоракиМинимална возраст за вработување - Законите што се однесуваат на минималната возраст за добивање работа треба да бидат разработени за да се доследни на Меѓународната конвенција за труд (ИЛО) бр. 138 која што вели дека минималната возраст за вработување не треба да биде под возраста за завршување на задолжителното образование.

Мерки за заштита - Државата треба да усвои закони за да обезбеди соодветна заштита и да спречи експлоатација на децата во сезонското земјоделство.

2. Препораки во поддршка на имплементацијата на законитеКвалитативни информации - Државата треба да направи продлабочена студија за детскиот труд за да го информира креирањето на политики и за да осмисли релевантни програми.

Имплементација на законите и политиките за детскиот труд - Државата треба да го зајакне капацитетот на Трудовата инспекција и да воспостави успешен механизам за следење и известување за случаите на детски труд. Секој неуспех да се осигураат законски пропишаните мерки за заштита на работа и правата на вработените малолетници треба ефективно да биде санкциониран. Државата треба да започне или промовира кампањи за информирање против експолатацијата на детскиот труд.

Page 92: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ДЕТСКИ ТРУД

324

Page 93: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

325

ДЕЦАТА И ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ДРОГИ

Член 33 Конвенција за правата на детето: Државите членки ги преземат сите соодветни мерки, вклучувајќи ги законодавните, административните, социјалните и образовни мерки, за заштита на децата од нелегална употреба на опојни дроги и психотропни супстанции, како што е дефинирано со соодветните меѓународни договори за спречување на користење на децата во нелегално производство и трговија со овие супстанции.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Закон за заштита на децата

Член 9Државата и институциите на системот ги преземаат сите мерки за заштита на децата од нелегалната упо-треба и други форми на злоупотреба на децата во нелегалното производство и трговија со опојни дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Закон за здравствената заштита

Член 95Bo зависност од природата на здравствената дејност што ја вршат и видот на здравствената услуга што ја пружаат, здравствените установи се основаат, од-носно организираат како:

5-а) Центар за ментално здравје

5-a) Центар за ментално здравје

Член 95-ѓЦентарот за ментално здравје организира и спрове-дува мерки кои обезбедуваат третман на лицата со проблеми во менталното здравје од било каков вид, промоција на менталното здравје и превенција на менталните болести, психосоцијална грижа, како и рехабилитација и реинтеграција на ментално болни-те лица.

Покрај работите од ставот 1 на овој член, центарот мора да организира вршење и на домашно лекување.

Закон за социјална заштита

6. Видови на установи за социјална заштита за вонинституционална

заштита

Член 132Установи за социјална заштита за вонинституционал-на заштита се:

.....

- дневен центар за лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други психотропни супстан-ции и прекурзори,

- дневен центар за лица кои злоупотребуваат алкохол или се лекуваат од зависност од алкохол.

Дневен центар за лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други психотропни супстан-ции и прекурзори

Член 141Дневниот центар за лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други психотропни супстан-ции и прекурзори на овие лица и на членовите на нивните семејства им обезбедува советодавни ус-луги, услуги на информирање и едукација, работно ангажирање, културно-забавни и рекреативни актив-ности.

Член 142Дневниот центар за лица кои злоупотребуваат алко-хол или се лекуваат од зависност од алкохол на овие лица и на членовите на нивните семејства им обез-бедува услуги преку едукација, советување, работно ангажирање и културно-забавни активности.

Правилник за нормативи и стандарди за основање и отпочнување со

работа на Дневен центар за лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други психотропни супстанци

Член 2Дневниот центар обезбедува советодавни услуги, услуги на информирање, советување, едукација, ра-ботно ангажирање, културно-забавни и рекреативни активности на лицата кои употребуваат односно зло-употребуваат дроги и други психотропни супстаниции и на членовите на нивните семејства

Како корисник се смета лице кое постигнало апсти-ненција од дрога или е во метадонска програма, со стабилна здравствена состојба.

ДЕЦАТА И ЗЛОУПО

ТРЕБАТА

НА ДРОГИ

Page 94: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

326

Услугите се обезбедуваат преку индивидуална и групна работа, при што една група треба да има осум до дванаесет корисници, со престој на корисниците од најмалку 2 часа во текот на работниот ден.

Член 3Дневниот центар треба да е сместен во населено ме-сто или во близина на населено место со развиени сообраќајни врски и друга инфраструктура со мож-ност за користење на обезбеден јавен превоз.

Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции

Член 1Предмет на Законот

Со овој закон се уредуваат:

- надлежностите на државните органи надлежни за контролата на производството и прометот на опојни дроги и психотропни супстанции,

- мерките за превентива на употребата и злоупотре-бата на опојни дроги, психотропни супстанции, за ле-кување, рехабилитација и социјална реинтеграција на лица зависни од опојни дроги и психотропни суп-станции,

- класификација на супстанции и растенија како опој-ни дроги и психотропни супстанции и растенијата од кои може да се добие опојна дрога, според режимот на забрана или контрола и според нивниот вид и осо-бини,

- намената и условите на дозволеното одгледува ње на растенија од кои може да се добие опојна дрога, т.е. условите за производство, промет на опојни дро-ги, психотропни супстанции и на растенијата од кои може да се добие опојна дрога,

- надзор над одгледувањето на растенијата од кои може да се добие опојна дрога, како и на производ-ството, прометот и поседување на опојна дрога, пси-хотропни супстанции, растенија од кои може да се добие опојна дрога и

- мерки за сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропните супстанции.

Член 2Цел на Законот

Цели на овој закон се:

- спречување и сузбивање на злоупотребата на опој-ните дроги и психотропни супстанции,

- спречување на недозволено производство и промет на опојни дроги, психотропни супстанции и растенија од кои може да се добие опојна дрога, и супстанции кои можат да се употребат за производство на опојни дроги или психотропни супстанции и

- заштита на животот и здравјето на луѓето и контрола на опојните дроги и психотропните супстанции.

Член 42Забрана за издавање на малолетници и на ментално болни лица

Забрането е издавање на лекови кои содржат опој-на дрога, психотропна супстанција или прекурзор на малолетни лица и на лица кои покажуваат знаци за душевно растројство во аптеките.

За лицата кои немаат наполнето 18 години, набавка-та на лекови со активни супстанции класифицирани во листите II и III ја вршат родителите, односно ста-рателите во количина која ја одредува докторот по медицина, односно докторот по стоматологија.

XII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 92Глоба во износ од 15.000 до 30.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, ако:

25) издава лекови кои содржат опојна дрога, пси-хотропна супстанција или прекурзор на малолетни лица и на лица кои покажуваат знаци за душевно растројство (член 42);

Кривичен законикНеовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекур-сори

Член 215(1) Тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во про-дажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни суп-станции и прекурсори, ќе се казни со затвор од една до десет години.

(2) Ако делото од став 1 го извршиле повеќе лица или сторителот на ова дело организирал мрежа на преп-родавачи или посредници, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

(3) Тој што неовластено прави, набавува, посредува или дава на употреба опрема, материјал или супстан-ции за кои знае дека се наменети за производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекур-сори, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(4) Сторителот од став 2, со исклучок на организато-рот, кој ќе го открие делото или ќе придонесе за него-вото откривање, ќе се ослободи од казна.

(5) Ако делото од став 1 го стори правно лице,ќе се казни со парична казна.

(6) Наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурсорите, како и подвижните или недвижните предмети употребени за нивно правење, пренесу-вање или растурање, ќе се одземат.

ДЕЦАТА И ЗЛОУПО

ТРЕБАТА

НА ДРОГИ

Page 95: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

327

Овозможување на употреба наркотични дроги

Член 216(1) Тој што наведува друг на уживање наркотични дроги или му дава наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори да ги ужива тој или друго лице или ќе стави на располагање простории заради уживање наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори или на друг начин му овозможува на друг да ужива наркотични дроги, психотропни суп-станции и прекурзори, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Ако делото од став 1 е сторено спрема малолетник или спрема повеќе лица или предизвикало особено тешки последици, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

(3) Наркотичните дроги, како и подвижните или нед-вижните предмети употребени за нивно пренесување или растурање, или посебно наменети или ставени за употреба, ќе се одземат.

Задолжително лекување на алкохоличари и наркомани

Член 65(1) На сторител на кривично дело поради зависност од постојана употреба на алкохолни пијалаци, дроги и други психотропни супстанции кога постои опасност поради оваа зависност и натаму да врши кривични дела, судот може да му изрече задолжително леку-вање.

(2) Мерката од став 1 се извршува во установа за извршување на казна или во здравствена или друга специјализирана установа. Времето поминато во так-ва установа се засметува во казната.

(3) При изрекувањето на условна осуда судот може на сторителот да му наложи лекување на слобода, до-колку сторителот е согласен да се подложи на такво лекување. Ако сторителот без оправдана причина не се подложи на лекување на слобода или лекување-то го напушти самоволно, судот може да определи да се отповика условната осуда или мерката на за-должително лекување на алкохоличари и наркомани присилно да се изврши во здравствена или во друга специјализирана установа.

(4) Ако оваа мерка е изречена со казна, освен каз-ната затвор, или со условна осуда, условна осуда со заштитен надзор, судска опомена или ослободување од казна условната осуда, може да трае најдолго две години.

ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР

Член 20Кој се оддава на уживање на наркотични дроги, пси-хотропни супстанции и прекурзори ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска про-тиввредност.

ДЕЦАТА И ЗЛОУПО

ТРЕБАТА

НА ДРОГИ

Page 96: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

328

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 33 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали државата ги има ратификувано: Единствената конвенција за наркотични дроги од 1961 година и Протоколот со измени од

1972 година? √

Конвенцијата за психотропни супстанции од 1971 година? √Дали законот јасно ја забранува употребата на недозволени наркотични дроги и психотропни супстанции? √

Дали законот јасно го забранува производството и тргувањето со овие дроги и супстанции? √Дали законот предвидува и други дополнителни казни за возрасните лица што направиле престап во случаи кога им биле продавани или им биле давани на деца овие супстанции и дроги, или кога децата биле користени за нивно производство или трговија?

Дали законот ја спречува продажбата на раствори на деца без соодветно претходно одобрение од родителите или од други возрасни лица? √

Дали законот ја утврдува минималната возраст за купување алкохол и цигари? √Дали биле направени истражувања за процена на обемот на злоупотребата на дроги кај децата? √Дали е спроведено истражување во однос на злоупотребата на дрогите и децата заради идентификување на факторите на ризик? √ идентификување превентивни стратегии? √ идентификување рехабилитациски стратегии? √Дали образованието за дрогите и образованието за алкохолот и цигарите е дел од редовната наставна програма во основното образование? √ редовната наставна програма во средното образование? √ работата со младите и со заедницата? √ образованието за одгледување/воспитување? √Дали терапиите за третман и услугите за рехабилитација се конкретно приспособени на потребите на децата што злоупотребуваат дроги и дали тие се достапни во секторите здравство или социјални услуги?

Дали интервенциите во однос на рехабилитацијата (базирано на најдобрите интереси на тие деца) им се достапни на родителите и на другите членови на семејството што вршат злоупотреба на дроги?

Дали при подготвувањето и имплементацијата на политиките и стратегиите против злоупотребата на дрогите се земаат предвид и ставовите на децата? √

Дали законските измени имаат цел повеќе да направат рехабилитација наместо да вршат казнување на децата што се впуштиле во злоупотреба на дроги? √

Дали стручните лица и судството во системот на малолетничката правда настапуваат координирано заедно со стручните лица во здравствениот сектор, во секторот за образование и социјална работа при подготвувањето на реакциите кон злоупотребата на дрогите од страна на децата?

Дали се преземаат мерки за заштита од изложеност на дроги на младите во затворени или заклучени институции? √

Дали има јавни кампањи заради обесхрабрување на користењето на дрогите кај младите? √Дали таквите кампањи се предмет на оцена? √Дали родителите и другите возрасни лица се информирани за раните симптоми на злоупотребата на дроги кај децата и за изворите на помош? √

ДЕЦАТА И ЗЛОУПО

ТРЕБАТА

НА ДРОГИ

Page 97: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

329

В. КОМЕНТАРИ

Законодавни и административни мерки против дрогиУште по донесувањето на Националната програма за контрола на злоуптребата на дрога и нелегалната трговија од 1996 година, функционира Меѓуресорската државна комисија за борба против недозволеното производство, трговија и злоупотреба на дрогите што има цел да ги следи и контролира активностите сврзани со спречувањето на употребата на дрогата и недозволената трговија со дрогите.

Министерството за здравство има подготвено Национална стратегија за дроги (2006 – 2012)247 која беше усвоена од страна на Владата на во 1996 година. Опфатени се повеќе посебни групи корисници на дрога и посебно ранливи групи - зависници во затворите, корисници на дрога во ромската заедница, корисници на дрога преку информации добиени на Интернет, дрогите и спортот (допинг) и облиците на урбана деликвенција. Дополнително кон националната стратегија, Министерството за здравство донесува Национална програма за лекување на зависниците од дрога на годишно ниво и во последните 6 години имплементира програма за превенција од ХИВ/СИДА за зависниците поддржана од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА. Оваа програма се спроведува преку поддршка од страна на националната мрежа на невладини организации кои работат на прашања поврзани со залоупотребата на дрога.

Националниот план за акција за правата на децата248 предвидува посебна стратегиска цел, чијшто носител е Министерството за здравство, а која се однесува на менталното здравје и злоупотребата на дрогите од страна на младите. Остварувањето е планирано да се одвива преку усвојување Национален акционен план за ментално здравје, Национална програма за злоупотреба на дрогите, како и со донесување Закон за ментално здравје, по што ќе следуваат јавно-здравствени кампањи за подигнување на јавната свест во врска со менталното здравје, како и реорганизација на сервисите за ментално здравје. Во 2009 година со измените во Законот за здравствена заштита е предвидено формирање на посебни центри за ментално здравје, кои организираат и спроведуваат мерки што обезбедуваат третман на лицата со проблеми во менталното здравје од каков било вид, промоција на менталното здравје и превенција на менталните болести, психосоцијална грижа, како и рехабилитација и реинтеграција на ментално болните лица.

И квантитативните, и квалитативните студии спроведени во изминатите неколку години за профилирање на адолесцентите кои злоупотребуваат дрога даваат проценка на нивниот број во земјата. Квантитативни студии беа спроведени од страна на Министерството за здравство во 2005 и 2006 година249. Најновата студија покажува дека 1% од младите жени на возраст од 15 до 24 години, и 3.3% од младите мажи на возраст од 15 до 24 години се интровенозни корисници. Дополнително, УНИЦЕФ во 2006 спроведе квалитативна студија за профилирање на адолесцентите кои се интровенозни зависници со цел да се дефинираат специфични интервенции.

Социјални мерки: рехабилитација и превенцијаНа полето на социјалната заштита се предвидени можности за вонинституционална заштита - дневен центар за лица што употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други психотропни супстанции и прекурсори250. Во дневниот центар на корисниците и на нивните семејства им се обезбедуваат советодавни услуги, услуги на информирање и едукација, работно ангажирање, културно-забавни и рекреативни активности. Како корисник се смета лице што постигнало апстиненција од дрога или е во метадонска програма, со стабилна здравствена состојба, а услугите се обезбедуваат преку индивидуална и групна работа со престој на корисниците од најмалку 2 часа во текот на работниот ден. За жал, не постојат стандарди и институции чија цел е лекување и рехабилитирање на деца-интравезни зависници. Во моментов, мерките за лекување на возрасни се применуваат и кон потребите на децата. Во оваа смисла, зголемувањето на бројот на зависници предизвикува посебна загриженост251. Како последица, интервенциите за рехабилитација кои се достапни во моментов не го земаат предвид начелото „во најдобар интерес на детето“.

247 Во подготовката на оваа стратегија беа вклучени следниве институции и организации: Министерствата за внатрешни работи, финансии (Царинската управа), образование и наука, труд и социјална политика, министерството за надворешни работи, земјоделство, шумарство и водостопанство, и правда; Агенцијата за спорт и млади; Психијатриската болница Скопје; Центарот за лечење на зависности во Кисела Вода, Скопје; Црвениот крст на Македонија и на мрежата на невладини организации кои работат со проблемите со дрогата (‘Hops’, ‘Trust’, ‘Choice’). .

248 Националниот план за акција за правата на децата (2009-2015)249 Министерство за здравство, Републички завод за здравствена заштита, “Био-бихевиоралната студија спроведена помеѓу

младите луѓе и популацијата со најголем ризик за ХИВ-инфекција во Република Македонија” Скопје, 2006.250 Постојат дневни центри за оние кои злоупотребуваат дрога, има вкупно 10 во целата земја, Министерството за здравство, UN-

GASS извештај, 2010 година..251 Види: Националната стратегија за дроги на Република Македонија (2006-2012), Скопје, 2006; и Националната стратегија за ХИВ

/ СИДА 2007-2011, Скопје, 2007 година

ДЕЦАТА И ЗЛОУПО

ТРЕБАТА

НА ДРОГИ

Page 98: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

330

Според една неодамнешна студија поддржана од УНИЦЕФ252, се чини дека постојат бариери за пристап до соодветна превентивна грижа и лекување, кои се поврзани со законодавните рестрикции за обезбедување услуги за адолесцентите. Овие бариери се понатаму засилени со општествените ставови со кои се демонизираат оние кои се интравенозни зависници, и се маргинализираат заради нивната зависност. Репресивните полициски дејства (кои може да претставуваат особена закана за младите, особено ако на нив како малолетници се однесуваат различни закони), уште повеќе ќе ги обесхрабрат адолесцентите да ги признаат потенцијалните ризици и да побараат помош. Правните ограничувања во однос на возраста за пристап до клинички услуги како што се центрите за намалување на штетата253, само ќе поттикнуваат поголема подложност на ХИВ кај најранливите.

Освен мерките што се предвидени на полето на здравствената заштита, донесен е и посебен Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции254, кој предвидува мерки за превентива на употребата и злоупотребата на опојни дроги, психотропни супстанции, лекување, рехабилитација и социјална реинтеграција на лицата зависни од опојните дроги и психотропни супстанции. Законот има цел спречување и отстранување на злоупотребата на опојните дроги и психотропни супстанции, спречување недозволено производство и промет на опојни дроги, психотропни супстанции и растенија од кои може да се добие опојна дрога и супстанции што може да се употребат за производство на опојни дроги или психотропни супстанции, како и заштита на животот и здравјето на луѓето и контрола на опојните дроги и психотропните супстанции. Воедно предвидена е изречна забрана во аптеките да се издаваат лекови што содржат опојна дрога, психотропна супстанција или прекурсор, на малолетни лица и на лица што покажуваат знаци на душевно растројство. Доколку набавката на лекови со вакви супстанции е неопходна во третманот на лекувањето лица под 18 години, набавката на лековите ја вршат родителите, односно старателите во количество што ја одредува докторот по медицина, односно докторот по стоматологија.

Кривичен законикНаспроти превентивните мерки и механизми за контрола на користењето дроги и психотропни супстанции, нивно класифицирање, производство и користење, особено е зајакната казнената одговорност255. Имено, Кривичниот законик од областа на заштитата на здравјето на луѓето предвидува повеќе кривични дела, од кои две се однесуваат токму на дрогите, при што казниво е неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и овозможување употреба наркотични дроги, при што се одземаат наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурсорите, како и подвижните или недвижните предмети употребени за нивно правење, пренесување или растурање.

Кривичниот законик, освен казните, предвидува и можност за изрекување мерка на безбедност - задолжително лекување алкохоличари и наркомани, за лице што ќе го стори кривичното дело поради зависност од употреба на дроги и други психотропни супстанции кога постои опасност поради оваа зависност и понатаму да врши кривични дела. Самото оддавање на користење наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори се санкционира според одредбите на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир256.

Според една понова студија, поддржана од УНИЦЕФ257, документираната насилна и дискриминаторска репресија од страна на полицијата е контрапродуктивна за ефикасни национални програми за превенција и лекување кај адолецентите кои се интравенозни зависници, и само ја зголемува опасноста од ХИВ инфекција и други последици од ваквото ризично однесување. Не постојат докази дека рестриктивните дејства на полицијата го намалуваат криминалното однесување како што е злоупотребата на дрога, напротив, тоа ја истиснува оваа активност „во подземјето“ каде нема да може да се следи.

252 УНИЦЕФ, Мапирање и студија заснована на истражувањата во заедница на адолесценти под најголем ризик од ХИВ/СИДА/СПИ

253 Центрите за намалување на штетата се центри за примарна превенција на ХИВ / СИДА кај зависниците. Тие вклучуваат два типа на интервенции: програма за супституција на дроги услуги за размена на игли/шприцеви.

254 Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Службен весник на РМ, бр.103/2008255 Кривичен законик, Службен весник на РМ, бр. 37/1996; 80/1999; 4/2002; 43/2003; 19/2004; 81/2005; 60/2006; 73/2006; 7/2008;

139/2008; 114/2009.256 Закон за прекршоците против јавниот ред и мир, Службен весник на РМ, бр.66/2007257 УНИЦЕФ, Мапирање и студија заснована на истражувањата во заедница на адолесценти под најголем ризик од ХИВ/СИДА/

СПИ

ДЕЦАТА И ЗЛОУПО

ТРЕБАТА

НА ДРОГИ

Page 99: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

331

Г. ПРЕПОРАКИ

Правни препоракиПокрај зајакнувањето на примарните програми за превенција, потребни се следниве правни дејства: креирање и усвојување на национални стандарди и протоколи за медицинско лекување и социјална рехабилитација на деца – интравенозни зависници.

При донесувањето на законите, стратегиите и националните планови да се земе предвид најдобриот интерес и мислењето на децата

И понатаму строго да се казнува производството и продажбата на дроги, треба да се смени приодот во законодавството кон превентивен и куративен приод кон зависниците.

Препораки кон поддршката за имплементирање на законодавствотоТреба да се постигне согласност меѓу институциите кои работат на превенција на ХИВ и кривичниот систем со цел поголема толеранција онаму каде тоа е потребно, и активна соработка со проектите кои работат во заедниците со цел унапредување на здравјето (замена на игли, дистрибуција на кондоми, центри). Продуктивното партнерство меѓу НВО и локалната полиција треба да се зајакне во овој поглед.

ДЕЦАТА И ЗЛОУПО

ТРЕБАТА

НА ДРОГИ

Page 100: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ДЕЦАТА И ЗЛОУПО

ТРЕБАТА НА ДРОГИ

332

Page 101: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

333

СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ДЕЦА

Член 34 Конвенција за правата на детето: Државите членки се обврзуваат да го заштитат детето од сите облици на сексуално искористување и сексуална злоупотреба. Во таа цел. државите членки посебно ги преземаат сите соодветни мерки за спречување:

(a)На наведување или присилување на детето во незаконските сексуални активности.

(б)На екплоататорско користење на децата во проституцијата или во незаконски дејства.

(в)На експлоататорско користење на децата во порнографски претстави и списанија.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Закон за заштита на децата

Член 9Се забрануваат сите облици на сексуално искорис-тување и сексуална злоупотреба на децата (детска порнографија, детска проституција), насилно подве-дување, продажба или трговија со децата, психичко или физичко насилство и малтретирање, казнување или друго нечовечко постапување, сите видови на експлоатација, комерцијално искористување и злоу-потреба на децата со кои се кршат основните човеко-ви слободи и права и правата на детето.

ЗАКОН ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА ПРАВДА

ЗАШТИТА НА МАЛОЛЕТНИТЕ ЖРТВИ НА КРИМИНАЛНИ ДЕЛА

Поглавје шеснаесет

Заштита на малолетникот како оштетена страна или сведок во кривичната

постапка

Член 137Во постапката за кривични дела во кои малолетникот се појавува како жртва судовите, јавните обвините-ли и службениците на Министерството за внатрешни работи можат да постапуваат само ако имаат соод-ветно познавање, специјално знаење и искуство во сферата на правата на децата и кривично-законската заштита на малолетниците.

Член 138За сите кривични дела според Кривичниот законик каде што според правните дефиниции на делото ма-лолетникот се појавува како жртва на делото, судот и другите страни кои учествуваат во постапката ќе би-дат обврзани да преземат мерки за помош и заштита и да делуваат на таков начин што да се избегнат сите можни штетни последици за личноста и развојот на малолетникот.

Процедурата за кривични дела според пасус 1, каде малолетникот е жртва, е итна.

Малолетникот жртва може да биде испрашан како сведок само ако тоа не предизвикува штетни ефекти врз неговиот психо-физички развој. Испрашување-то на малолетникот како сведок може да се изведе најмногу два пати, а во исклучителни случаи и трет пат доколку така бараат специјалните околности на случајот.

За време на испрашувањето на малолетникот како сведок или како оштетена страна, судот ќе биде об-врзан да ги земе во предвид чувствителноста и лич-ните карактеристики на малолетникот, заштитата на неговите интереси и неговиот правилен развој.

За време на испрашувањето на малолетникот, во за-висност од неговата возраст изпрашувањето ќе биде спроведено во присуство на психолог, педагог или друг стручњак.

Доколку се смета за неопходно, со оглед на особено-стите на кривичното дело и личноста на малолетни-кот, судијата ќе нареди испрашување со користење на технички направи за пренесување на слика и звук. Испрашувањето ќе биде спроведено без присуство на јавноста и другите учесници во постапката, во за-себна просторија и прашањата ќе бидат поставувани со помош на педагог, психолог или друг стручњак.

Кога малолетникот го испрашуваат според пасус 6 на овој член, неговата забележана изјава или снимката

СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

НА ДЕЦА

Page 102: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

334

од испрашувањето ќе бидат внесени во евиденцијата на главното судење.

Член 139Ако малолетникот жртва кој го испрашуваат како све-док, поради природата на кривичното дело, последи-ците или други околности, е особено чувствителен или во особено тешка ментална состојба, судијата во одделот за малолетници преоценува дали има потре-ба малолетникот да се соочи со обвинителот.

Член 140Малолетникот жртва мора да има правен застапник од моментот на првото исрашување на обвинетиот.

Ако малолетникот нема правен застапник, претседа-телот на судот, со одлука на самите адвокати, ќе му назначи застапник од адвокатите кои се здобиле со специјални познавања од сфеарата на детските права и криминално-правната заштита на малолетниците.

Трошоците за правното застапување ќе биде на смет-ка на буџетските ресурси на судот.

Адвокатот назначен од претседателот на судот е обвр-зан да посетува специјализирана обука за претставу-вање на малолетници во траење од најмалку 4 до 10 дена во текот на годината, во земјата или во странство.

Член 143Заштитата на малолетниците како сведоци на кри-вично дело се обезбедува во согласност со одред-бите на Законот за кривична постапка и Законот за заштита на сведоците.

Ако е неопходно, судот ќе нареди да се применат специјални мерки за заштита на психофизичкиот ин-тегритет на малолетникот.

Кривичен законик

Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години

Член 188(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(2) Ако делото од став 1 го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра, наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друго лице со злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години..

(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што делото од став 1 ќе го стори со малолетник кој не напол-нил 14 години со злоупотреба на неговото душевно заболување,душевна растроеност, немоќ, заостанат душевен развој или друга состојба поради која е не-способен за отпор.

(4) Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки после-

дици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сто-рителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

Обљуба со злоупотреба на положбата

Член 189(1) Тој што со злоупотреба на својата положба ќе на-веде на обљуба или друго полово дејствие лице кое спрема него се наоѓа во однос на подреденост или зависност или со иста намера го малтретира, застра-шува или спрема него постапува на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата лич-ност, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

(2) Наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, лекар или друго лице кое со злоупотреба на своја-та положба ќе изврши обљуба или друго полово дејствие со малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(3) Со казната затвор судот ќе изрече и казна од чле-нот 33 став (6).

Задоволување на полови страсти пред друг

Член 190(1) Тој што пред друг врши полово дејствие на јавно место, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Тој што пред дете врши полово дејствие или што ќе наведе дете пред него или пред друг да врши такво дејство, ќе се казни со затвор од три до пет години.

Подведување и овозможување полови дејствија

Член 192(1) Тој што ќе подведе на полови дејствија малолетно лице, ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(2) Тој што ќе овозможи вршење полови дејствија со малолетно лице, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Родосквернавење

Член 194(1) Тој што ќе изврши обљуба со крвен сродник во права линија или со брат, односно сестра, ќе се казни со затвор од пет до десет години.

(2) Ако делото од ставот (1) е сторено со малолетник кој не наполнил 14 години, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.

СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

НА ДЕЦА

Page 103: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

335

Вонбрачен живот со малолетно лице

Член 197(1) Полнолетно лице кое живее во вонбрачна заед-ница со малолетно лице кое навршило 14 години, а не навршило 16 години, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и родителот, пос-воителот или старателот кој на малолетно лице кое навршило 14 години, а не навршило 16 години, ќе му допушти да живее во вонбрачна заедница со друго лице или ќе го наведе на тоа.

(3) Ако делото од став 2 е сторено од користољубие, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет го-дини.

Трговија со малолетно лице

Член 418-г(1) Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, про-дава, засолнува или прифаќа малолетно лице зара-ди експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна фертилизација, незаконито пос-војување или нему сличен однос или недопуштено пресадување делови од човеково тело, ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори со сила, се-риозна закана, со доведување во заблуда или друга форма на присилба, грабнување, измама, со злоупо-треба на својата положба или состојба на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга ко-рист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице, ќе се казни со затвор најмал-ку десет години.

(3) Тој што користи или овозможува на друг корис-тење на сексуални услуги или друг вид експлоатација од малолетно лице за кое знаел или бил должен да знае дека е жртва на трговија со луѓе, ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(4) Тој што ќе одземе или уништи лична карта, пасош или друга туѓа идентификациона исправа заради вр-шење на делото од ставовите 1 и 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

(5) Согласноста на малолетното лице со дејствијата предвидени во став 1, не е од значење за постоењето на кривичното дело од став 1.

(6) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

(7) Недвижностите искористени и предметите и пре-возните средства употребени за извршување на де-лото се одземаат

Посредување во вршење проституција

Член 191(1) Тој што врбува, наведува, поттикнува или намаму-ва лице на проституција или тој што на кој и да е на-чин учествува во предавање на лице на друг заради вршење проституција, ќе се казни со затвор од пет до десет години.

(2) Тој што заради заработувачка му овозможува на друг користење на сексуални услуги, ќе се казни со затвор од три до пет години.

(3) Тој што заради заработувачка со сила или со се-риозна закана за употреба на сила ќе присили или со измама ќе наведе друго лице на давање сексуални услуги, ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(4) Тој што организира вршење на делата од ставо-вите 1 до 3 или делата ќе ги стори при вршење на семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(5) Недвижностите искористени и предметите употре-бени за извршување на делото, се одземаат.

Прикажување на порнографски материјал на мало-летник

Член 193(1) Тој што на малолетник кој не наполнил 14 години ќе му продаде, прикаже или со јавно излагање на друг начин ќе му направи достапни слики, аудиовизуелни и други предмети со порнографска содржина или ќе му прикаже порнографска претстава, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

2) Ако делото е сторено преку средства за јавно ин-формирање, сторителот ќе се казни со затвор од три до пет години.

(3) Со казната од став 2 ќе се казни тој што ќе злоу-потреби малолетно лице за изработување на аудио-визуелни слики или други предмети со порнографска содржина или за порнографска претстава.

(4) Предметите од ставовите 1, 2 и 3 ќе се одземат.

Производство и дистрибуција на детска порнографија преку компјутерски

систем

Член 193-а(1) Тој што произведува детска порнографија со цел нејзина дистрибуција, дистрибуира или пренесува или нуди или на друг начин прави достапна детска порнографија преку компјутерски систем, ќе се казни со затвор од три до пет години.

(2) Тој што набавува детска порнографија преку ком-пјутерски систем за себе или за друг или поседува детска порнографија во компјутерски систем или ме-диум кој служи за чување на компјутерски податоци со намера за прикажување на друг или за дистрибу-ција ќе се казни со затвор од шест месеци до три го-дини.

СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

НА ДЕЦА

Page 104: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

336

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 34 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали државата ги има земено предвид импликациите врз законите, политиката и практиките на Декларацијата и Агендата за акција од Светскиот конгрес против комерцијална сексуална експлоатација на децата од 1996 година и Глобалните заложби за децата од Јокохама во 2001 година и дали има подготвено национална агенда за дејствување?

Дали државата ги има спроведено и/ или промовирано стратегиите за информирање и едукација против сексуалната експлоатација на децата? √

Дали државата обезбедила дисеминација на соодветното сексуално образование и други информации за децата? √

Дали државата утврдила возраст или возрасти под кои детето се смета за недоволно зрело да даде согласност за сексуални активности и дали обезбедила да не постои дискриминација рз основа на сексуалната ориентација?

Дали државата ја дефинирала незаконската сексуална активност што ги вклучува децата? √Дали државата има воведено соодветни законски, образовни и социјални мерки за спречување на поттикнување или принудување на детето за вклучување во какви било незаконски сексуални активности?

Дали државата обезбедила детето што било жртва на такво принудување, поттикнување или што било експлоатирано да не е криминализирано? √

Дали државата ги разгледала сите мерки за заштита на децата од сексуална експлоатација за да обезбеди мерките дополнително да не ги злоупотребуваат де цата во процесот на истрага и интервенирање?

Дали државата има воведено соодветна законска и/ или други мерки за спречување на експлоатацијата на децата? во проституција или други незаконски сексуални практики? √ во порнографски материјали и акти? √ пристап до „жешки линии“? √Дали државата утврдила соодветни процедури што им даваат на децата ефикасна достапност до процедурите за жалба и до судовите во случај на нивна сексуална злоупотреба и експлоатација, вклучувајќи и во рамките на нивното семејство?

Дали државата ги обезбедила соодветните мерки за заштита на особено ранливите групи, вклучувајќи ги тука децата со посебни потреби? √

домашната послуга? √ децата во институции, вклучувајќи ги и оние чија слобода е ограничена? √Дали државата има воведено законски и/ или други мерки за да им овозможи соодветна поддршка и заштита на децата-сведоци (во случаи на сексуална експлоата ција)? √

Што се однесува до детската порнографија, дали се смета како кривично дело нејзиното поседување? √

нејзиното производство? √

нејзиното проширување? √Дали државата ги има ревидирано законот, политиката и практиките за да обезбеди соодветна контрола на детската порнографија што се произведува и/или се шири преку интернет и преку другите модерни технолошки средства?

Дали државата има воведено законски и/или други соодветни мерки за да обезбеди нејзините државјани да можат да бидат гонети за незаконска сексуална експлоатација на деца и во други држави?

Дали има доволно евидентирање и известување несумирани податоци и други информации во врска со сексуалната експлоатација на децата, за да може да се направи точна анализа на состојбата?

Дали државата има пристапено кон билатерални и мултилатерални мерки (и дали ги има промовирано) за заштита на детето од сексуална злоупотреба и сексуална експлоатација? √

СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

НА ДЕЦА

Page 105: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

337

В. КОМЕНТАРИ

Имплементацијата на членот 34 од КПД за сексуалната експлоатација на децата бара од државите да направат сеопфатни напори на национално, билатерално и мултилатерално ниво за заштита на децата од три вида злоупотреби и експлоатација - присилување на незаконска сексуална активност, проституција и експлоатација на порнографски материјали. Ова е поврзано со членот 19 од КПД кој ја покрива заштитата на децата од сите видови на физичко или ментално насилство и членот 35 кој се однесува на продажбата и трговијата со деца.

Постапките што ги презема Државата за да ги исполни правата на децата според член 34 се нагласени во Контролниот список. Следи преглед на некои прашања кои бараат дополнително внимание:

Изградување на свесноста и образованиеНе постои систематско и организирано распространување на информациите за сексуалната експлоатација на децата во земјата. Информациите генерално не £ се доставуваат ниту на пошироката јавност (родители, деца), ниту на професионалците (судиите, обвинителите, инспекторите, наставниците). Не постојат напори за нивно вклучување во системот на редовното формално образование на кое било ниво. Дури и на законските измени и усвојувањето на акциони планови, програми и други документи им недостасува сериозна вклученост на организациите на граѓанското општество и академската заедница.

Забрана за сите форми на сексуална злоупотребаДомашното законодавство изричито ги забранува сите форми на сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба на децата, вклучувајќи ги и детската порнографија и детската проституција.

Возраст на жртвата - види член 1 од КПД.

Порнографија - Не постои соодветна законска заштита за да се ограничи пристапот на децата до порнографски електронски медиуми (Интернет), иако е развиено сеопфатно домашно законодавство во врска со традиционалните медиуми (види ги коментарите во член 1 од КПД). Со оглед на штетното влијание на порнографските медиуми врз умствениот и моралниот развоја на децата, постоечкото законодавство треба да се ревидира.

Законски меркиНачелно, законите што ја регулираат сексуалната злоупотреба на децата се добро дефинирани. Меѓутоа, утврдени се некои слабости меѓу овие различни закони.258

Законот за здравствена заштита259 предвидува лекарот да има обврска да го информира родителот за статусот и состојбата на детето. Меѓутоа, Законот не успева да ги дефинира специфичните процедури за известување од страна на лекарите во случаи на сексуално злоупотребување на децата.

Законот за кривична постапка генерално ги третира возрасните и децата жртви на ист начин, само со одредени, ограничени исклучоци како задолжителната исклученост на јавноста од судските сослушувања кога жртавата е дете. Меѓутоа, општо земено, во рамки на судските постапки не постои специфична и задолжителна заштита на децата жртви.

Згора на ова, Законот за малолетничка правда260 го ограничува испрашувањето на детето жртва за време на судската постапка на најмногу двапати. Меѓутоа, низ призмата на „најдобрите интереси на детето“, она што е важно е позицијата на детето жртва од првите контакти со системот на кривична правда, односно, од интервјуата со полицијата, обвинителот, ЦСР, па сè до завршувањето на постапката. Оттука, законот треба да го ограничи испрашувањето на детето низ целиот процес, а не само пред судот.

Отсуството на прописи (како на пример, инструкции, правилници, прирачници) е клучна празнина во правниот систем. Прописите треба подетално да ја регулираат постапката кога станува збор за дете жртва. Тука треба да се внесат јасни дефиниции на улогата и одговорноста на секоја институција, нивните стандардни оперативни

258 УНИЦЕФ Скопје, Студија за сексуалната злоупотреба на децата (нацрт верзија април 2010)259 Закон за здравствена заштита, Службен весник на Република Македонија, бр. 38/1991; 46/1993; 55/1995; 10/2004; 84/2005;

111/2005; 65/2006; 5/2007; 77/2008; и 67/2009.260 Закон за малолетничка правда, Службен весник на Република Македонија, бр. 87/2007.

СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

НА ДЕЦА

Page 106: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

338

процедури и протоколи за упатување. На пример, Законот за социјална заштита261 ги дефинира мерките за заштита на семејствата и лицата жртви на семејно насилство. Меѓутоа, сексуалната злоупотреба на децата не е покриена со Правилникот за спроведување и следење на овие мерки.

Прибирање на податоциПодатоците релевантни за проблемот на сексуалната експлоатација на децата се прибираат од различни извори со користење на различни методологии и дефиниции.

Официјалната државна статистика се води само според сторителите на кривичните дела и не содржи информации за жртвите. Ова оневозможува да се добијат точни податоци за вкупниот број на деца жртви на сексуална злоупотреба.

Г. ПРЕПОРАКИ

Правни препораки

Ратификација на меѓународните инструменти - Треба да се преземат чекори да се ратификува Конвенцијата за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба на Советот на Европа.

Возраста на жртвата - Кривичниот законик мора да се дополни за да ги дефинира кривичните дела против сите деца (лица под осумнаесетгодишна возраст) според типот на делото. При тоа законот не треба да прави разлика меѓу различните возрасни групи на деца.

Порнографија - Законодавството треба да вклучи изричита забрана за пристапот на децата до одредени порнографски електронски медиуми (Интернет) слични на постоечките одредби што ги регулираат другите медиуми. Забраната треба да биде специфична за јавните места каде што децата можат да имаат пристап до Интернет, на пример, Интернет кафеата, училиштата итн. Види ги препораките во член 1 од КПД.

Законски мерки - Прописот за спроведување на специјалните мерки при случаи на семејно насилство треба да се дополни за да вклучува случаи на сексуална злоупотреба на децата. Законите треба да бидат дополнети за да воведат задолжителна евиденција и известување за случаите на сексуална злоупотрба на децата, процедури за известувањето и протоколи за упатување на децата жртви што ќе важат за сите професионалци. Бројот на интервјуата со детето жртва треба да се ограничи за време на целата постапка, а не само пред судот.

Препораки за имплементацијата на законитеОбразование и информации - Програми за информирање и зголемување на чувствителноста во врска со ризиците и опасностите од сексуалната експлоатација и детската порнографија треба да бидат воведени во основните и средните училишта. Јавноста треба да биде информирана и со изградена свесност преку специфично обмислени кампањи и образовни програми.

Заштита - На сите деца жртви треба да им бидат достапни програми за ефикасно спречување, опоравување, рехабилитација и реинтеграција. Треба да се подготви програма за заштита на жртвите на сексуална злоупотреба, сексуална експлоатација и детска порнографија што ќе вклучува воспоставување на советодавни служби, засолништа и дневни центри за работа со децата жртви и нивните родители. Владата треба да осигура овие програми да добијат соодветни ресурси (финансиски и човечки), а професионалците кои работат со децата жртви на злоупотреба и насилство да добијат соодветна обука за откривање и известување и постапување при случаи на злоупотреба на деца.

Прибирање на податоци - Официјалната статистика треба да прибира податоци за децата жртви. Државата треба да воведе систем за прибирање на податоци кој ќе биде усогласен за сите институции што се справуваат со сексуална злоупотрба на децата и со случаи на експлоатација.

261 Закон за социјална заштита, Службен весник на Република Македонија, бр. 79/2009.

СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

НА ДЕЦА

Page 107: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

339

Page 108: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

340

СПРЕЧУВАЊЕ НА КИДНАПИРАЊА, ПРОДАЖБА ИЛИ ТРГОВИЈА СО ДЕЦА, ДРУГИ ВИДОВИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦАТА ЖРТВИ

Член 35 Конвенција за правата на детето: Државите членки ги преземаат сите соодветни национални, билатерални и мултилатерални мерки за спречување на насилно подведување, продажба или трговија со деца во било која цел и во било кој облик.

Член 36 Конвенција за правата на детето: Државите членки го штитан детето од сите облици на експлоатација штетни за детето.

Член 39 Конвенција за правата на детето: Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки за подобро физичко и психичко закрепнување и за социјална реинтагација на детето кое е жртва на некој облик на занемарување, експлоатација, злоупотреба, мачење или некој друг облик на свирепо, не хумано или понижувачко постапување или казнувања, или вооружени судири. Таквото закрепнување и реинтеграција се одвиваат во средината која го поттикнува здравјето, самопочитувањето и достоинството на детето.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Закон за социјална заштита

6. Видови на установи за социјална заштита за вонинституционална

заштита

Член 132Установи за социјална заштита за вонинституционал-на заштита се:

- центар за лица - жртви на трговија со луѓе,

Центар за лица - жртви на трговија со луѓе

Член 145Центарот за лица - жртви на трговија со луѓе обез-бедува привремено прифаќање и згрижување на овие лица, кое може да трае најмногу шест месеца, давање советодавни услуги, услуги во врска со ис-храна, дневен престој, згрижување, одржување на хигиената и културно-забавни активности.

Обезбедувањето на центарот за лица - жртви на тр-говија со луѓе го врши Министерството за внатрешни работи.

Закон за заштита на децата

Член 9Се забрануваат сите облици на сексуално искорис-тување и сексуална злоупотреба на децата (детска порнографија, детска проституција), насилно подве-дување, продажба или трговија со децата, психичко или физичко насилство и малтретирање, казнување или друго нечовечко постапување, сите видови на експлоатација, комерцијално искористување и злоу-потреба на децата со кои се кршат основните човеко-ви слободи и права и правата на детето.

СПРЕЧУВАЊЕ НА КИДНАПИРАЊ

А, ПРОДАЖБА ИЛИ

ТРГОВИЈА СО ДЕЦА, ДРУГИ ВИДОВИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦАТА Ж

РТВИ

Page 109: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

341

Закон за странци

I.1. Дозвола за привремен престој на жртви на трговија со луѓе

Период на одлучување

Член 81На странец за кого постојат основи на сомнение дека е жртва на кривично дело “Трговија со луѓе” утврдено со Кривичниот законик му се овозможува период на одлучување во траење до два месеца со цел за ука-жување заштита и помош во закрепнувањето и избег-нување на влијанието на сторителите на кривичното дело “Трговија со луѓе”. За време на периодот на од-лучување странецот кој е жртва на трговија со луѓе треба да донесе одлука дали ќе соработува со на-длежните државни органи во откривањето на кривич-ните дела и сторителите или ќе се врати во државата чиј државјанин е или во која има законски престој.

Странецот од ставот 1 на овој член за време на пери-одот на одлучување се сместува во посебна просто-рија во Прифатниот центар за странци на Министер-ството за внатрешни работи.

Во случај кога жртви на трговија со луѓе се малолет-ници под 18 години живот, раководејќи се со најдо-брите интереси на малолетниците, периодот од ста-вот 1 на овој член може да се продолжи.

За време на периодот утврден во ставовите 1 и 3 на овој член странецот не може да биде протеран од Ре-публика Македонија.

Периодот од ставот 1 на овој член може да биде пре-кинат, ако:

- странецот доброволно, активно или по негова ини-цијатива ги обновил контактите со лицата за кои пос-тои основано сомнение дека се вклучени во извршу-вањето на кривично дело “Трговија со луѓе” или

- тоа го налагаат причините на заштита на јавниот ред и националната безбедност на Република Маке-донија.

За прекинување на периодот на одлучување, Минис-терството за внатрешни работи донесува решение, против кое странецот има право на жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до на-длежната комисија на Владата на Република Маке-донија.

Решението на надлежната комисија на Владата ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на жалбата.

Против решението на надлежната комисија на Вла-дата може да се поведе управен спор пред надлежен суд, согласно со Законот за управните спорови.

Кривичен законик

Криумчарење на мигранти

Член 418-б(1) Тој што со сила или со сериозна закана дека ќе нападне врз животот или телото, со грабнување, из-мама, од користољубие, со злоупотреба на својата службена положба или со искористување на немоќта на друг илегално пренесува мигранти преку државна-та граница, како и тој што прави, набавува или посе-дува лажна патна исправи со таква цел,ќе се казни со затвор најмалку четири години.

(2) Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, про-дава, засолнува или прифаќа мигранти, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(3) Ако при вршењето на делата од ставовите 1 и 2 е загрозен животот или здравјето на мигрант, или со ми-грантот се постапува особено понижувачки или суро-во, или се спречува тој да ги користи правата што му припаѓаат според меѓународното право,сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(4) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено со мало-летно лице, сторителот ќе се казни со затвор најмал-ку осум години.

(5) Предметите и превозните средства употребени за извршување на делото се одземаат.

Организирање на група и поттикнување на извршу-вање на делата трговија со луѓе, трговија со малолет-но лице и криумчарење на мигранти

Член 418-в(1) Тој што организира група, банда или друго здруже-ние за вршење на кривични дела од членовите 418-а, 418-б и 418-г, ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(2) Тој што ќе стане припадник на група, банда или друго здружение од став 1 или на друг начин ја пома-га групата, бандата или здружението, ќе се казни со затвор најмалку една година.

(3) Припадник на групата од став 1 кој ќе ја открие групата пред да стори кривично дело во нејзиниот со-став или за неа, ќе се ослободи од казна.

(4) Тој што повикува, поттикнува или поддржува из-вршување на кривичните дела од членовите 418-а, 418-б и 418-г, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Трговија со малолетно лице

Член 418-г(1) Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, про-дава, засолнува или прифаќа малолетно лице зара-ди експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна фертилизација, незаконито пос-

СПРЕЧУВАЊЕ НА КИДНАПИРАЊ

А, ПРОДАЖБА ИЛИ

ТРГОВИЈА СО ДЕЦА, ДРУГИ ВИДОВИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦАТА Ж

РТВИ

Page 110: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

342

војување или нему сличен однос или недопуштено пресадување делови од човеково тело, ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори со сила, се-риозна закана, со доведување во заблуда или друга форма на присилба, грабнување, измама, со злоупо-треба на својата положба или состојба на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга ко-рист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице, ќе се казни со затвор најмал-ку десет години.

(3) Тој што користи или овозможува на друг корис-тење на сексуални услуги или друг вид експлоатација од малолетно лице за кое знаел или бил должен да знае дека е жртва на трговија со луѓе, ќе се казни со затвор најмалку осум години.

(4) Тој што ќе одземе или уништи лична карта, пасош или друга туѓа идентификациона исправа заради вр-шење на делото од ставовите 1 и 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

(5) Согласноста на малолетното лице со дејствијата предвидени во став 1, не е од значење за постоењето на кривичното дело од став 1.

(6) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

(7) Недвижностите искористени и предметите и пре-возните средства употребени за извршување на де-лото се одземаат

Грабнување

Член 141(1) Тој што ќе изврши грабнување на некое лице со намера него или некој друг да го присили да стори, да не стори или да трпи нешто, ќе се казни со затвор од една до десет години.

(2) Тој што делото од став 1 го стори спрема малолет-но лице или тој што заради остварување на целта на грабнувањето од став 1 се заканува дека ќе го лиши од живот грабнатото лице или дека тешко телесно ќе го повреди, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

(3) Сторителот на делото од ставовите 1 и 2 кое до-броволно ќе го пушти на слобода грабнатото лице пред исполнување на барањето поради кое го извр-шил грабнувањето, може да се ослободи од казна.

Недозволено преминување на државната граница

Член 402(1) Тој што без пропишана дозвола ќе ја премине или ќе се обиде да ја премине границата на Република Македонија вооружен или со употреба на насилство, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Тој што се занимава со недозволено префрлање други лица преку границата на Република Македонија , ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

(3) Тој што организира група, банда или друго здру-жение за вршење на делата од ставовите 1 и 2,ќе се казни со затвор од една до пет години.

Засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос

Член 418(1) Тој што повредувајќи ги правилата на меѓународ-ното право, ќе стави друг во ропски или нему сличен однос или го држи во таков однос, го купи, го продаде, му го предаде на друго лице или посредува во купу-вањето, продажбата или предавањето на вакво лице или поттикнува друг да му ја продаде својата слобода или слободата на лицето кое го издржува или кое се грижи за него, ќе се казни со затвор од една до десет години.

(2) Тој што превезува лица кои се наоѓаат во ропски или сличен однос од една земја во друга, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

(3) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори спре-ма малолетно лице, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

СПРЕЧУВАЊЕ НА КИДНАПИРАЊ

А, ПРОДАЖБА ИЛИ

ТРГОВИЈА СО ДЕЦА, ДРУГИ ВИДОВИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦАТА Ж

РТВИ

Page 111: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

343

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 35 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали се донесени правни и административни мерки за да се обезбеди децата што биле грабнати во државата да се пронаоѓаат во најкус можен рок и да се вратени назад на своите семејства? √

Дали државата ги има ратификувано или дали има пристапено на: Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за вклучување на децата во оружен конфликт (2000 година)? √

Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за продажба на деца, детска проституција и детска порнографија (2000 година)? √

Протоколот за спречување, отстранување и казнување на трговијата со луѓе, особено со жени и деца, кој ја дополнува Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал (2000 година)?

Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за најлоши форми на детски труд (1999 година)? √

Хашката конвенција за заштита на децата и соработка во случаи на посвојувања во различни држави (1993 година)? √

Хашката конвенција за граѓанските аспекти на меѓународното грабнување деца (1980 година)? √ Дополнителната конвенција за укинување на ропството, трговијата со робови и на сите институции и практики што се слични на ропството (1956 година)? √

Конвенцијата за спречување на трговија со луѓе и експлоатација на проституцијата на другите (1949 година)? √

Дали сите форми на продажба или тргување со деца се незаконски, дури и тогаш кога тоа е направено од нивните родители? √

Дали се донесени правни и административни мерки со кои ќе се обезбеди децата да не може да бидат продадени за каков било вид принудна работа? √

Кога се укинува принудната работа, дали се преземаат мерки за решавање на сите долгови поради кои детето морало да започне принудна работа? √

Дали користењето на деца за питачење се смета за незаконска активност? √ Дали законот забранува каков било вид несоодветна финансиска корист од посвојувањата помеѓу различни држави? √

Дали сите надлежни државни тела (особено социјалното и полицијата) соработуваат во меѓународни рамки за да се идентификуваат и следат сите видови меѓугранична трговија со деца? √

Дали се преземаат мерки со кои се обезбедува децата што биле жртва на меѓугранична трговија да можат безбедно и законски да се вратат во својата земја на потекло? √

Дали постои национална база на податоци на децата што исчезнале и на лицата што се познати сторители на трговија со деца? √

Дали се донесени мерки што помагаат во кривичното гонење на лицата што се занимавале со трговија со деца надвор од државата? √

Дали законот забранува продажба на телесни органи од кое било живо дете (освен регенеративни ткива)? √

Дали е незаконски да се регрутираат деца (под 18 години) во оружените сили? √ Дали со децата што биле жртви на грабнување, продажба или трговија се постапува хумано и како жртви, а не како криминалци и дали им се овозможени сите соодветни форми на поддршка и помош?

Дали на ставовите на децата во однос на најсоодветните мерки за спречување на нивното грабнување, продажба и трговија им се посветува соодветно внимание? √

СПРЕЧУВАЊЕ НА КИДНАПИРАЊ

А, ПРОДАЖБА ИЛИ

ТРГОВИЈА СО ДЕЦА, ДРУГИ ВИДОВИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦАТА Ж

РТВИ

Page 112: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

344

Член 36 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали постојат законски и административни механизми со кои ќе се обезбеди децата да бидат заштитени од сите форми на експлоатација? √

Дали социјалните институции имаат овластувања да интервенираат кога постои загриженост дека децата преземаат активности (од кои било причини) што го попречуваат нивниот физички, ментален, емоционален, духовен, морален и социјален развој?

Дали мерките го спречуваат експлоатирањето на децата од страна на медиумите? √Дали мерките го спречуваат користењето на деца во сите видови истражување (вклучувајќи медицински или научни експерименти), освен ако не била обезбедена соодветна согласност од детето и/ или од родителите на детето (или од законските старатели)?

Дали сите истражувања и експерименти што ги инволвираат децата се регулирани со задолжителен етички кодекс? √

Дали се преземаат мерки со кои се обезбедуваат рехабилитациски услуги за децата што биле жртви на каков било вид експлоатација опфатен со овој член? √

Член 39 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали државата обезбедила да бидат преземени соодветни мерки за рехабилитација, доследни на членот 39, заради промовирање на физичкото и психичкото заздравување и социјално реинтегрирање во рамките на системот на сите деца што се жртви на

каква било форма на невнимание? √ продажба или трговија? √ насилство или злоупотреба? √ мачење? √ сексуална злоупотреба? √ каков било друг вид сурово, нечовечко или деградирачко постапување или казнување? √ сексуална експлоатација? √ злоупотреба на дроги? √ економска експлоатација? √ оружени конфликти? √Дали државата обезбедува соодветно заздравување и повторна интеграција во општеството за децата што се во рамките на системот за малолетничка правда? √

Дали државата ги има преземено соодветните мерки за да обезбеди за децата-жртви да биде достапна соодветна компензација?И покрај тоа што со Законот за малолетничка правда се предвидува формирање посебен Фонд за обесштетување на децата-жртви, тој сè уште не е формиран.

Дали државата ја има разгледано средината во која се случува таквото заздравување и повторно интегрирање за секој поединечен случај, за да утврди дека се овозможува подобрување на здравјето, самопочитта и достоинството на детето?

Дали државата обезбедила да постои почитување на ставовите на децата-жртви во планирањето и во имплементирањето на програми за заздравување и повторна интеграција, вклучувајќи ги тука и индивидуалните случаи?

Дали државата ги има ратификувано: Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето во однос на продажба на деца, детска проституција и детска порнографија √

Протоколот за спречување, отстранување и казнување на трговијата со луѓе, особено со жени и деца, кој ја дополнува Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот органи-зиран криминал?

СПРЕЧУВАЊЕ НА КИДНАПИРАЊ

А, ПРОДАЖБА ИЛИ

ТРГОВИЈА СО ДЕЦА, ДРУГИ ВИДОВИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦАТА Ж

РТВИ

Page 113: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

345

В. КОМЕНТАРИ

Членот 35 се однесува на заштитата на децата на кои им се заканува грабнување, продажба или трговија со луѓе. Тој пропишува безбедносни мрежи за на сите деца да им се гарантира безбедност од грабнување или прибавување заради посвојување, експлоатирачка или штетна работа, употреба во сексуалната трговија и други форми на експлоатирање.

Членот 36 обезбдува признавање на „социјалната“ експлоатација на децата, заедно со сексуалната и економската експлоатација. Исто така служи како безбедносна мрежа којашто ги покрива „сите други форми на експлоатација“.

Членот 39 бара мерки за помагање на децата жртви на (а) каков било вид на насилство, запоставување, експлоатација или злоупотреба (б) тортура или кој било друг облик на суров, нечовечки или деградирачки третман и (в) вооружен конфликт.262

Постапките што ги презема Државата за да ги исполни правата на децата според членовите 35, 36 и 39 се одразени во Контролниот список. Следи преглед на некои од прашањата кои бараат дополнително внимание.

Прибирање на податоци Според информациите изнесени во Профилот на миграции на земјата за 2008 година, досега беше многу тешко да се претстават прецизни податоци за вкупниот број на жртви на трговија со луѓе утврдени во земјата, затоа што методологијата за прибирање и организирање на податоците не беше консолидирана. Оваа ситуација резултираше со намалена усогласеност на податоците и, во извесна мерка, со искривено претставуавње на стварноста. За да се компензира недостатокот од автентични статистички податоци, беа развиени две бази на податоци за да се добие пореалистичка слика за трендовите во трговијата со луѓе и илегалната миграција. Првата база на податоци што ја менаџира Канцеларијата на Координаторот на Националниот механизам за упатување на жртвите на трговија со луѓе (НМУ) го евидентира идентитетот на жртвите, а втортата база на податоци, менаџирана од Единицата за борба против трговијата со луѓе и нелегалната миграција во рамки на Секторот за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи, го евидентира идентитетот на трговците и криумчарите.263 Властите почнаа да ги користат овие бази на податоци во март 2010 година и сè уште е премногу рано да се оцени дали овој систем ќе биде целосно ефикасен на долгорочен план. 264

Капацитетот на центрите за социјална работаУслугите за заштита на децата во земјава се управувани на општинско ниво од страна на 30 Центри за социјална работа (ЦСР) кои функционираат под одговорноста на Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Професионален кадар е одговорен за распределувањето на социјалната помош и за обезбедувањето на услуги од областа на социјалната работа. Покрај ова, ЦСР се соочуваат со сериозен недостаток на професионален кадар: социјални работници, педагози, психолози, социолози и правници. Иако вкупниот број на вработени се крена за 365 во последниве 2 години (од 739 во 2006 на 1007 во 2008), само 79 или 17% се професионалци, а 189 или 68% се администрација.265 До скоро социјалниот работник можел да очекува да му биде наложено да дава еден или два вида специјализирани услуги, но сега од него се очекува да се справува со широк опсег на проблеми (насилство, трговија со луѓе, сексуална злоупотреба, деца во судир со законот, деца со пречки во развојот, улични деца, итн.), при што сите бараат техничко знаење и специфични вештини. Иако земјата официјално препозна специфични проблематични области, потебни се дополнителни напори за да се подобри човечкиот капацитет на ЦСР. Новите закони кои стапија во сила во последните неколку години донесоа нови одговорности, како и цел еден збир на нови проблеми во заштитата на децата со кои треба допрва да се справуваат. Меѓутоа ова не беше проследено со соодветно зголемување на финанасиите или обучениот кадар во овие центри. Социјалните услуги што ги нудат ЦСР не се ефикасни и не секогаш ги заштитуваат „најдобрите интереси на детето“.

Опоравување и реинтеграцијаИ покрај усвојувањето на Програмата за ресоцијализација и реинтеграција на децата жртви на трговија со луѓе, услугите што им се достапни на жртвите се сè уште многу ограничени. Програмата утврдува дека, во

262 УНИЦЕФ, Имплементација на прирачникот за Конвенцијата за правата на децата, септември, 2007263 Национален акциски план на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и нелегалната миграција, 2009-2012.264 Извор ICMPD.265 Државен завод за статистика, 2006-2008.

СПРЕЧУВАЊЕ НА КИДНАПИРАЊ

А, ПРОДАЖБА ИЛИ

ТРГОВИЈА СО ДЕЦА, ДРУГИ ВИДОВИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦАТА Ж

РТВИ

Page 114: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

346

случаи каде детето жртва не е придружувано од родител/старател, треба да се назначи законски старател колку што е можно побргу за да се воспостави контакт со семејството доколку таквиот контакт е во „најдобар интерес на детето“. Ако враќањето на детето во неговото семејство не е соодветно или безбедно, треба да се преземат специјални мерки за заштита на правата и интересите на детето во согласност со сите законски регулативи. Гледишатата на детето (онаму каде што детето е способно да ги изрази своите ставови) во врска со мерките преземени за негова поддршка и заштита треба да се почитуваат, како и приватноста на детето. Поради недостаток на соодветни финансии, имплементацијата на овие мерки останува прилично слаба и многу зависи од поддршката на меѓународни донатори. Не постојат политики чија ексклузивна цел се здравствената заштита, психосоцијалната поддршка, рехабилитацијата и социјалната интеграција на децата жртви на сексуални злоупотреби, експлоатација и трговија со луѓе.

Сè уште не постојат специјализани прифатни служби кои би можеле да понудат итна грижа и нон-стоп поддршка. ЦСР се обврзани да назначат законски старател, во соработка со релевантните невладини организации, како и да понудат соодветни услуги за заштита.

Улогата на медиумите - за детали види член 16 од КПД.

Фонд за компензацииВостановувањето на Фонд за компензации за која било жртва на криминалот е предвидено со Законот за малолетничка правда. Иако Законот беше усвоен во 2007 година и стапи во сила на 1 јули 2009 година, Фондот за компензации сè уште не е воспоставен.

Правни меркиИако прилично софистицирана, домашната правна рамка сè уште содржи празнини. Навистина, од формална гледна точка, треба да се забележи дека земјата сè уште ја нема ратификувано Дополнителната конвенција за укинување на ропството од 1951 година и Институциите и практиките слични на ропство,266 ниту Конвенцијата на ОН од 1949 година за задушување на трговијата со луѓе и експлоатацијата на проституцијата на други.267 Сепак, вредноста на последната би била минимална со оглед на широкиот опсег на Протоколот за трговија со луѓе на ОН од 2000 година268 и Конвенцијата на Советот на Европа против трговијата со луѓе од 2005 година.269

Уште повеќе загрижува отсуството на соодветни законски и административни одредби кои би гарантирале дека децата не можат да се продаваат за каква било присилна работа. Во законодавството не постојат соодветни одредби чија цел би била забраната на каква и да е форма на нечесна финансиска придобивка од посвојување од една во друга земја.

266 Усвоени со резолуцијата на Економскиот и социјален совет на ОН 608 (XXI) од 30 април 1956267 Усвоена со Резолуција 317 (в) на Генералното собрание на ОН268 Протокол на ОН за спречување, задушување и казнување на трговијата со луѓе особено со жени и деца, како надополна на

Конвенцијата против транс-националниот организира криминал на ОН (2000).269 Совет на Европа, Конвенција за акција против трговијата со луѓе, 2005 CETS n°97.

СПРЕЧУВАЊЕ НА КИДНАПИРАЊ

А, ПРОДАЖБА ИЛИ

ТРГОВИЈА СО ДЕЦА, ДРУГИ ВИДОВИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦАТА Ж

РТВИ

Page 115: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

347

Г. ПРЕПОРАКИ

Податоци - Државата треба да ги зајакне своите напори за прибирање на прецизни статистички податоци за децата жртви и за трговците со луѓе.

Капацитетот на системот - Државата треба да гарантира зајакнување на човечките и финасиските капацитети на ЦСР за да обезбедуваат ефикасни услуги за децата. Државата треба да вложува постојани напори да го подобри идентификувањето на жртвите на сите видови на трговија. Во тој контекст, координацијата на институциите вклучени во работата со жртвите на трговијата со луѓе треба да биде подобрена, како на централно, така и на локално ниво. Исто така треба да се зајакнат и капацитетите на институциите за борба против трговијата со луѓе. Обуката на сите релевантни професионалци (судии, јавни обвинители, полицијата, НВО, адвокатите, социјалните работници) треба да биде институционализирана.

Опоравување и реинтеграција - Треба да се основа засебен центар за заштита на децата жртви на трговија со луѓе како облик на неинституционална заштита. Треба да им се посвети внимание на индивидуалните приоритети и потреби на секое дете жртва на трговија со луѓе за да се подобрат способностите на детето да функционира и позитивно да се ресоцијализира и реинтегрира во рамки на своето општествено опкружување. Треба да се востанови модел за ресоцијализирање и реинтегрирање на децата жртви на трговија со луѓе во рамки на нивните семејства, училишта и опкружување.

Фонд за компензации - Треба да се воспостави државен Фонд за компензации во согласност со одредбите на Законот за малолетничка правда.

Улогата на медиумите - за детали види член 16 од КПД.

Правни мерки - Државата треба да воведе соодветни одредби во законите чија цел би била забраната на секаков вид нечесна придобивка од посвојувањето од една земја во друга. Исто така треба да воведе законски и административни мерки за да осигура децата да не можат да бидат продадени за каков било облик на присилна работа.

СПРЕЧУВАЊЕ НА КИДНАПИРАЊ

А, ПРОДАЖБА ИЛИ

ТРГОВИЈА СО ДЕЦА, ДРУГИ ВИДОВИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦАТА Ж

РТВИ

Page 116: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ТОРТУРА, ДЕГРАДИРАЧКИ ТРЕТМАН И ЛИШУВАЊ

Е ОД СЛОБОДА

348

Page 117: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

349

ТОРТУРА, ДЕГРАДИРАЧКИ ТРЕТМАН И ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА

Член 37 Конвенција за правата на детето: Државите членки се обврзуваат :

(а) Ниедно дете да не биде изложено на мачење или на свирепи, нечовечки или понижувачки постапки или казни. Смртна казна и доживотна робија без можност за пуштање на слобода не може да се изрече за кривични дела кои ги направиле лица помлади од осумнаесет години.

(б) Ниедно дете не може да биде лишено од слобода незаконски или самоволно. Апсењето, притворот или затворот за детето мора да биде во согласност со законот и да се користи само како последна можна мерка и за најкратко можно време.

(в) Со детето лишено од слобода да се постапува со почитување на достоинство на човечката личност, како и со замање во предвид потребите, за лице од неговите години. Секое дете лишено од слобода се одвојува од возрасните, освен ако не се смета дека тоа е во најдобар интерес на детето и има право да одржува контакт со своето семејство преку писма и посети освен во ислучителни случаи.

(г) Секое дете лишено од слобода има право на итна правна и друга соодветна помош, право пред судот или пред друг надлежен независен и непристрасен орган да постави прашање за законитоста за лишување од слобода како и право на итна одлука за тоа прашање.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА270

Член 10Животот на човекот е неприкосновен.

Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.

Член 11Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се не-прикосновени.

Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.

Се забранува присилна работа.

Член 12Слободата на човекот е неприкосновена.

270 Устав на Република Македонија, Службен Весник на Република Македонија бр.52/1991.

Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.

Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за не-говото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.

Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од сло-бода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.

Притворот може да трае по одлука на суд најдолго 90 дена од дeнот на притворувањето.

Притвореното лице може под услови утврдени со за-кон да биде пуштено да се брани од слобода.

Член 13Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за не-вино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.

Лицето незаконито лишено од слобода, притворено

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 118: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

350

или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.

Член 14Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвиде-на казна.

Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна суд-ска одлука.

Член 15Се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други инсти-туции што вршат јавни овластувања.

КРИВИЧЕН ЗАКОНИК271

Член 35

(1) Затворот не може да биде пократок од 30 дена ниту подолг од 15 години. За кривичните дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор, може да се изрече казна затвор од 20 години.

(2) Ако за кривично дело сторено со умисла е пропи-шан затвор во траење од 15 години, за тешки форми на тоа дело може да се пропише и казна доживотен затвор.

(3) Казната доживотен затвор не може да се пропише како единствена главна казна.

(4) Казната доживотен затвор не може да се изрече на сторител кој во време на извршување на кривич-ното дело не навршил 21 година од животот.

(5) Затворот се изрекува на полни години и месеци, а до шест месеци и на полни денови.

(6) Кога за кривичните дела е пропишана казна за-твор без назначување на најмалата мера, а најголе-мата мера не е поголема од три години, покрај таа казна задолжително се пропишува и парична казна.

(7) Затворот се издржува во установи за издржување на казна определени со закон.

Член 142(1)Тој што во вршењето на службата, како и тој што наведен од службено лице или врз основа на негова согласност, ќе употреби сила, закана или друго не-допуштено средство или недопуштен начин со наме-ра да изнуди признание или некоја друга изјава од обвинетиот, сведокот, вештакот или друго лице, или ќе предизвика кај друг тешко телесно или душевно страдање за да го казни за кривично дело што го сто-рило или за што е осомничен тој или друго лице, или

271 Кривичен законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/1996; 80/1999; 4/2002; 43/2003; 19/2004; 81/2005; 60/2006; 73/2006; 7/2008; 139/2008; 114/2009).

за да го заплаши или да го присили на откажување од некое негово право, или ќе предизвика такво стра-дање поради каков било облик на дискриминација, ќе се казни со затвор од три до осум години.

(2)Ако поради делото од став 1 настапи тешка телес-на повреда или други особено тешки последици за оштетениот, сторителот ќе се казни со затвор најмал-ку четири години.

ЗАКОН ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА272

Член 3(1) Лицето повикано, приведено или лишено од сло-бода мора веднаш да биде известено, на јазик што го разбира, за причините за повикувањето, приведу-вањето или лишувањето од слобода и за било какво кривично обвинение против него, како и за неговите права и од него не може да се бара изјава.

(2) Осомничениот, односно обвинетиот мора најпр-вин на јасен начин да се поучи за правото да молчи; правото да се советува со адвокат и да има бранител по негов избор за време на испитувањето, како и за правото за приведувањето или лишувањето од сло-бода да се извести член на неговото семејство или нему блиско лице.

(3) Лицето лишено од слобода мора веднаш, а нај-доцна во рок од 24 часа од моментот на лишување од слобода, да биде изведено пред суд, кој без од-лагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.

Член 4(1) Лицето обвинето за кривично дело има право на правично и јавно судење, во разумен рок, пред на-длежен, независен и непристрасен суд, основан со закон.

(2) Секој обвинет ги има следните минимални права:

да биде информиран веднаш, на јазик што го разбира и детално за делата за кои се товари и доказите против него;

да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана и да комуницира со бранител по сопствен избор;

да биде суден во негово присуство и да се брани лично или со помош на бранител по сопствен избор, а доколку нема средства да плати бранител истиот да го добие бесплатно кога тоа го бараат интересите на правдата;

да не биде присилен да даде исказ против себе или своите блиски или да признае вина;

да биде присутен при испитувањето на сведоците и да може да им поставува прашања.

Член 7(1) Обвинетиот, оштетениот, приватниот тужител, све-доците и другите лица кои учествуваат во постапката, а кои зборуваат службен јазик различен од македон-

272 Закон за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.15/1997; 44/2002; 74/2004; 83/2007 и 67/2009).

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 119: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

351

скиот, имаат право при изведувањето на предистраж-ните, истражните и другите судски дејствија и на главниот претрес, како и во постапката по жалба да го употребуваат својот јазик и писмо. Судот ќе обез-беди усно преведување на тоа што лицето, односно другите го изнесуваат, како и на исправите и другиот пишан доказен материјал. Судот ќе обезбеди писме-но да се преведе пишаниот материјал кој е од зна-чење за постапката или за одбраната на обвинетиот.

(2) Другите странки, сведоци и учесници во постап-ката пред судот имаат право на бесплатна помош на преведувач, ако не го разбираат или зборуваат јази-кот на кој се води постапката.

(3) За правото на преведувач, лицето ќе се поучи. Во записникот ќе се забележи дека е дадена поука и изјавата на лицето.

(4) Преведувањето го врши судски преведувач.

Член 63(1) Секое лице има право на бранител во предистраж-ната и во судската постапка.

(2) Осомничениот во предистражната постапка од-носно обвинетиот пред првото испитување мора да се поучи дека има право на бранител по свој избор и дека бранителот може да присуствува на неговото испитување.

(3) Бранител на обвинетиот можат да му обезбедат и неговиот законски застапник, брачниот односно вонбрачниот другар, роднина по крв во права линија, посвоител, посвоеник, брат, сестра и хранител.

Член 175(1) Мерките што можат да се преземат спрема об-винетиот за обезбедување за негово присуство и за успешно водење на кривичната постапка се покана, приведување, ветување на обвинетиот дека нема да го напушти престојувалиштето, односно живеалиште-то и други превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот, гаранција, куќен притвор и притвор.

(2) При одлучувањето која од наведените мерки ќе ја примени, надлежниот орган ќе се придржува кон условите определени за примена на одделни мерки, водејќи сметка да не се применува потешка мерка ако може истата цел да се постигне со поблага мерка. Судот може спрема обвинетиот истовремено да оп-редели повеќе мерки од ставот (1) на овој член, освен кога ќе ја определи мерката притвор.

(3) Овие мерки ќе се укинат и по службена должност кога ќе престанат причините што ги предизвикале од-носно ќе се заменат со друга поблага мерка кога ќе настапат услови за тоа.

Член 183(1) Притвор може да се определи само под условите предвидени во овој закон.

(2) Траењето на притворот мора да биде сведено на најкратко нужно време. Должност е на сите органи што учествуваат во кривичната постапка и на органите што

им укажуваат правна помош да постапуваат со особе-на итност ако обвинетиот се наоѓа во притвор.

(3) Во текот на целата постапка притворот ќе се укине штом ќе престанат причините врз основа на кои бил определен.

Член 188, став 8(8) Ако лицето лишено од слобода е изведено пред истражниот судија, истражниот судија по службена должност ја испитува законитоста на лишувањето од слобода и е должен тоа да го утврди со решение. Лицето лишено од слобода кое не е изведено пред истражен судија, може во рок од 30 дена од денот на пуштањето на слобода да бара од истражниот судија на надлежниот суд да ја испита законитоста и тоа да го утврди со посебно решение. Против ова решение дозволена е посебна жалба во рок од 48 часа до со-ветот од членот 22 став (6) на овој закон, кој решава во рок од три дена. Жалбата го одлага извршувањето на решението.

ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ273

Глава XXII

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА КАЗНАТА МАЛОЛЕТНИЧКИ ЗАТВОР

Член 258Во извршувањето на казната малолетнички затвор се применуваат одредбите на овој закон, ако во оваа глава поинаку не е определено.

Член 259(1) Малолетните лица казната малолетнички затвор до наполнување на 23 годишна возраст ја издржуваат во посебни установи за извршување на казната мало-летнички затвор (во натамошниот текст: установи за малолетници), одвоено од полнолетните лица.

(2) Малолетните лица од машки пол мораат да бидат сместени одделно од малолетните лица од женски пол. Тие можат да бидат здружени во рамките на об-разовни, социјални и забавни програми или програми за професионално оспособување.

(3) По наполнување на 23-годишна возраст, лицата осудени на казна малолетнички затвор, казната ја издржуват согласно со актот за распоредување на осудените и малолетните лица во установите и вос-питно-поправните установи.

Член 260Установите за малолетници неопходно е да го имаат минимумот на безбедност и да имаат физички пречки до степен да го спречуваат бегството на малолетните лица, но така поставени што ако се направи обид за бегство да не предизвикаат физичко повредување кај

273 Закон за извршување на санкциите („Службен весник на Република Македонија“ бр.2/2006).

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 120: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

352

малолетното лице што се обидело да бега.

Член 261Бројот на малолетните лица во една установа за ма-лолетници треба да ја овозможува индивидуализа-цијата во третманот.

Член 262Установата за малолетници мора да има отворено одделение во кое малолетното лицеќе прогресира, кога ќе се утврди дека поради отсуство на физичко обезбедување нема да побегне и дека ќе се придр-жува на редот заснован врз самодисциплина во од-делението.

Член 263Постапката за прием на малолетно лице во устано-вата за малолетници треба да биде спроведена на начин што ќе ги сведе на минимум неповолните пси-холошки ефекти од лишувањето од слобода.

Член 264Со третманот што се спроведува спрема мало-летните лица, според стручно изготвена програма утврдена од министерот за правда во согласност со министерот за образование и министерот за труд и социјална политика треба да се охрабрува и да му се помага на малолетното лице, кај него да се пот-тикнуваат позитивни особини и развој на личноста и да му се овозможува остручување и оспособување за живот на слобода.

Член 265(1) Во една просторија ноќе малолетните лица се сместуваат во засебни соби за ноќевање, согласно со можностите на установата.

(2) Ако поради недостиг на простор, ноќе во една просторија се сместени повеќе малолетни лица, чиј број не смее да биде поголем од пет лица треба да се обезбеди надзор што ќе се остварува на начин со кој ќе може да му се укаже заштита на секое малолетно лице.

Член 266На малолетните лица видот на работите и основното образование треба да им се определува според про-грамата за третман.

Член 267(1) Во установата за малолетници може да се органи-зира настава за основно воспитание и образование и други видови на стручно оспособување на малолет-ните лица во зависност од условите и можностите на установата.

(2) Изборот на работата, видот на наставата и струч-ното оспособување се врши според можностите на установата за малолетници, имајќи ги притоа предвид физичките способности, личните својства и склонос-та на малолетното лице за одделен вид занимање.

(3) Ако во установата за малолетници нема услови за организирање на настава, малолетните лица можат да посетуваат настава во училиште во седиштето на установата за малолетници.

Член 268На малолетно лице му се обезбедува исхрана која дневно мора да има најмалку 14.600 џули.

Член 269(1) На малолетното лице треба да му се обезбедат услови за занимање со физичка култура и спорт.

(2) Малолетното лице треба да се занимава два часа дневно со спорт и други слободни активности на чист воздух, а ако временските прилики тоа не го дозво-луваат, тоа треба да го остварува во посебна просто-рија за физичко и рекреативно воспитување.

(3) Малолетното лице најмалку два часа дневно тре-ба да поминува во забава.

(4) Малолетното лице најмалку два часа дневно тре-ба да поминува во оспособување и вршење на зана-етчиски активности.

Член 270(1) Медицинската служба и лекарот во установата за малолетници треба да имаат познавања од детската психологија, како и од третманот во случаи на мен-тална болест и други психички растројства.

(2) Лекарот треба да врши редовни прегледи и кон-троли на здравјето на малолетните лица, а во случај на болест да ги преземе неопходните мерки за леку-вање на малолетното лице.

(3) За здравствената состојба на малолетното лице треба да се извести неговото семејство.

Член 271(1) На малолетното лице, директорот на установата за малолетници може да му дозволи отсуство заради посета на родителите и семејството два пати во текот на една година,во време кога не се одржува настава.

(2) Отсуството од ставот (1) на овој член може да трае до 14 дена, имајќи го предвид поведението и за-лагањето на малолетното лице во учењето и во уста-новата за малолетници.

Член 272На малолетните лица треба да им се даваат погод-ности кои ќе го поттикнуваат вклучувањето во актив-ностите во установата за малолетници, развивање на позитивните црти на личноста и самопочитувањето.

Член 273(1) На малолетното лице може да му се изрече дис-циплинската казна упатување во самица најмногу до десет дена.

(2) Траењето на дисциплинската казна од ставот (1) на овој член, ќе престане веднаш кога ќе се оцени дека нема повеќе потреба од нејзиното извршување.

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 121: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

353

ИЗВРШУВАЊЕ НА ВОСПИТНИ МЕРКИ

Глава XXIII

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 274(1) Одредбите на оваа глава се применуваат на ма-лолетни лица сторители на кривични дела на кои им е изречена воспитна мерка.

(2) Одредбите на оваа глава се применуваат и на помлади полнолетни лица на кои им е изречена вос-питна мерка и во однос на кои се извршува воспит-ната мерка.

Член 275Целта на извршувањето на воспитните мерки е со заштита, помош и надзор, образование и воспиту-вање на малолетните лица сторители на кривични дела, да се обезбеди правилен развој на нивната личност.

Член 276(1) При извршувањето на воспитните мерки, поста-пувањето со малолетните лица мора да биде хумано и достоинствено, да одговара на возраста, степенот на душевната развиеност и на способностите и скло-ностите на малолетното лице, кај малолетните лица да се развива чувството на лична одговорност и да се поттикнуваат и самите да учествуваат во своето воспитување и превоспитување.

(2) На малолетните лица им се обезбедуваат услови за основно и средно воспитание и образование и за стручно оспособување.

Член 277(1) Извршувањето на воспитните мерки е итно.

(2) Воспитните мерки се извршуваат веднаш по пра-восилноста на судската одлука со која се изречени и кога не постојат пречки за нивно извршување.

(3) Извршувањето на воспитните мерки може да се одложи само во случај и под услови предвидени со овој закон.

Член 278(1) Судот што ја донел одлуката со која е изречена воспитната мерка, ако самиот не е надлежен за из-вршување на одлуката, е должен веднаш по право-силноста да му ја достави на судијата за извршување на санкциите според местото на живеалиштето, од-носно престојувалиштето на малолетното лице. За-едно со одлуката првостепениот суд ќе достави и из-вод од матичната книга на родените, свидетелство, податоци дали малолетното лице и порано вршело кривични дела и како завршиле постапките, податоци за здравствената состојба на малолетното лице, со-цијална и психолошка анамнеза и други податоци од испитувањето на личноста на малолетникот.

(2) Судијата за извршување на санкциите извршната

одлука со другите податоци од ставот (1) на овој член ја упатува на извршување до центарот за социјални работи кој, со оглед на видот на воспитната мерка, самиот ја извршува воспитната мерка, врши соција-лен надзор над извршувањето на воспитната мерка или малолетното лице го упатува во соодветната за-водска установа.

(3) За подготовката и за почетокот на извршување на воспитната мерка центарот за социјални работи ги известува родителите, односно старателот на мало-летното лице и надлежниот суд.

Член 279За извршувањето на воспитните мерки надлежни се да постапуваат надлежниот суд и центарот за со-цијални работи според местото на живеалишето, од-носно престојувалиштето на малолетното лице спре-ма кое се извршува воспитната мерка.

Член 280Трошоците на извршувањето на воспитната мерка паѓаат на товар на органот, односно установата што ја извршува воспитната мерка, доколку со овој закон поинаку не е определено.

Член 281(1) Лицата кои се должни да го издржуваат малолет-ното лице поднесуваат дел од трошоците за извршу-вање на воспитната мерка во висина од една третина од личните примања, ако со тоа не се загрозува издр-жувањето на семејството.

(2) Висината на делот на трошоците од ставот (1) на овој член и начинот на нивното плаќање го определува судот во одлуката со која е изречена воспитната мер-ка, имајќи ја предвид имотната состојба на лицето.

(3) Износот на средствата од ставот (1) на овој член се уплатува во Буџетот на Република Македонија.

Член 282(1) Стручно-инструкторски надзор над извршувањето на воспитните мерки врши Управата и Министерство-то за труд и социјална политика.

(2) Судски надзор на извршувањето на воспитните мерки врши надлежниот суд.

Глава XXIV

ИЗВРШУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКИТЕ МЕРКИ

Упатување во дисциплински центар за малолетници

Член 283(1) Воспитната мерка упатување во дисциплински центар за малолетници се извршува во дисциплин-ски центар за малолетници (во натамошниот текст: центар за малолетници).

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 122: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

354

(2) Центарот за малолетници од ставот (1) на овој член се основа со акт на Владата на Република Ма-кедонија.

(3) Воспитната мерка од ставот (1) на овој член може да се извршува и во постојните прифатилишта, ин-тернати и други образовни установи и установи за ра-бота со младината,ако во нив во слободното време се организира дисциплински центар за малолетници во местото на живеалиштето односно престојувалиш-тето на малолетното лице.

(4) Министерот за труд и социјална политика опреде-лува во кои установи од ставот (3) на овој член ќе се организира центар за малолетници во согласност со министерот за образование.

Член 284(1) По приемот на одлуката центарот за социјални работи во договор со центарот за малолетници дол-жен е во рок од десет дена да го повика малолетното лице заедно со родителите во определен ден и час да се јави во центарот за малолетници заради извр-шување на дисциплинската мерка.

(2) Родителите или старателот се должни да обезбе-дат редовно доаѓање на малолетното лице во цента-рот за малолетници.

(3) Ако малолетното лице не се јави во определеното време во центарот за малолетници, не доаѓа редов-но или престане да доаѓа, центарот за малолетници за тоа ќе ги извести центарот за социјални работи и надлежниот суд.

Член 285(1) Упатувањето на малолетното лице во центарот за малолетници во празнични денови и на определен број часови во денот се извршува во време од 8,00 до 20,00 часот во слободното време на малолетното лице.

(2) Упатувањето на малолетното лице во центарот за малолетници на непрекинат престој на определен број денови се извршува во време кога малолетното лице е слободно.Оваа мерка се извршува и кога ма-лолетното лице е работно ангажирано при што тоа продолжува да го посетува училиштето или да оди на работа, а од центарот за малолетници му е обезбеде-на исхрана и сместување.

Член 286(1) Во центарот за малолетници малолетното лице го поминува времето во работа и учење и слобод-ни спортски и културни активности, под контрола на стручни лица.

(2) Програма за активностите на центарот за мало-летници донесува министерот за труд и социјална по-литика во согласност со министерот за образование и министерот за правда.

Член 287(1) Малолетните лица во центарот за малолетници мораат да се придржуваат на одредбите на куќниот ред, правилата за работната дисциплина и наредби-те на службените лица.

(2) На малолетното лице кое ќе ја наруши работната дис-циплина и куќниот ред или неуредно доаѓа, директорот на центарот за малолетници може да му изрече укор.

(3) Ако малолетното лице продолжи со нередовност и го повтори нарушувањето на редот и дисциплината, директорот на центарот за малолетници може да му го продолжипрестојот во центарот за малолетници до два часа во текот на денот. За изречената дисциплин-ска мерка директорот ќе ги извести центарот за со-цијални работи и надлежниот суд.

Член 288(1) Во центарот за малолетници се води дневник за престојот на малолетното лице.

(2) По извршената воспитна мерка, центарот за ма-лолетници им доставува на центарот за социјални работи и надлежниот суд извештај за влијанието на преземените мерки спрема малолетното лице и за постигнатите резултати во воспитната работа.

(3) Ако судот по извршувањето на оваа воспитна мерка го стави малолетното лице под засилен над-зор на центарот за социјални работи со извештајот од ставот (2) на овој член ќе достави и мислење на стручните работници на центарот за малолетници за личноста на малолетникот и за постигнатите резулта-ти во извршувањето на мерката.

Глава XXV

ИЗВРШУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА ЗАСИЛЕН НАДЗОР

1. Засилен надзор од страна на родителите, посвоителот или

старателот

Член 289Извршувањето на воспитната мерка засилен надзор од страна на родителите, посвоителот или старате-лот започнува во денот кога надлежниот суд ќе му ја достави одлуката со која е изречена оваа мерка за-ради нејзино извршување на родителот, посвоителот или старателот задолжен за извршување на мерката.

Член 290Родителот, посвоителот или старателот ја извршува мерката така што води постојана и целосна грижа за воспитувањето на малолетното лице, презема мерки кои ќе го спречат штетното влијание врз малолетното лице и ги извршува налозите и упатствата на цента-рот за социјални работи и надлежниот суд во текот на извршувањето на мерката.

Член 291(1) Родителот, посвоителот или старателот е должен да му овозможи на центарот за социјални работи да го проверува извршувањето на оваа мерка.

(2) Родителот, посвоителот или старателот на мало-

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 123: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

355

летното лице и центарот за социјални работи, во ро-кот што ќе го определи судот, а најмалку еднаш на шест месеца, ќе го известат надлежниот суд за текот на извршувањето на воспитната мерка.

Член 292Ако во текот на извршувањето на воспитната мерка засилен надзор од страна на родителите, посвои-телот или старателот дојде до несогласување меѓу родителот, посвоителот или старателот на малолет-ното лице и центарот за социјални работи, несогла-сувањето за начинот на извршувањето на оваа мерка ќе го реши судот што ја изрекол мерката.

Член 293(1) Центарот за социјални работи составува извештај за начинот на извршувањето на воспитната мерка за-силен надзор од страна на родителите, посвоителот или старателот и за постигнатите резултати во извр-шувањето на оваа мерка.

(2) Извештајот од ставот (1) на овој член центарот за социјални работи го доставува на надлежниот суд.

2. Засилен надзор во друго семејство

Член 294(1) Извршувањето на воспитната мерка засилен над-зор во друго семејство, центарот за социјални работи му го доверува на семејството определено во судска-та одлука.

(2) По добивањето на одлуката од надлежниот суд, центарот за социјални работи ќе го извести семејство-то од ставот (1) на овој член дека на определен датум во рок од 15 дена ќе му го предаде малолетното лице на извршување на воспитната мерка засилен надзор во друго семејство.

Член 295(1) Центарот за социјални работи склучува писмен договор со семејството определено во судската од-лука во која ќе се утврдат меѓусебните права и обвр-ски во врска со сместувањето и спроведувањето на засилениот надзор спрема малолетното лице.

(2) Со договорот од ставот (1) на овој член се опреде-луваат и висината и начинот на плаќањето на трошо-ците за сместувањето на малолетното лице и услови-те и рокот на престанувањето на договорот.

Член 296За време на извршувањето на воспитната мерка засилен надзор во друго семејство на малолетно-то лице му се обезбедува одржување на врските со семејството, доколку надлежниот суд по предлог на центарот за социјални работи не определи поинаку.

Член 297Одредбите на членовите 287 и 288 од овој закон ќе се применуваат и при извршувањето на воспитната мерка засилен надзор во друго семејство.

3. Засилен надзор од страна на социјалниот орган

Член 298(1) По приемот на одлуката со која е изречена вос-питната мерка засилен надзор од страна на социјал-ниот орган од надлежниот суд, овој орган подготвува програма за остварување на засилен надзор спрема малолетното лице со која се определува начинот на остварувањето на грижата во однос на школување-то, вработувањето, лекувањето ако тоа е потребно, издвојувањето од средината која штетно влијае врз малолетното лице и средување на семејните и други прилики во кои малолетното лице живее.

(2) Веднаш по приемот на одлуката, центарот за со-цијални работи ќе ги извести родителите, посвоите-лот или старателот дека во рок од 15 дена ќе започне со остварување на засилениот надзор спрема мало-летното лице и ќе ги запознае со програмата на заси-лениот надзор која ќе ја спроведува.

(3) Центарот за социјални работи ќе определи стру-чен работник кој постојано и непрекинато ќе се грижи за извршување на засилениот надзор и спроведу-вање на програмата од ставот (1) на овој член.

Член 299Одредбата на членот 285 од овој закон соодветно се применува и на извршувањето на воспитната мерка засилен надзор од страна на центарот за социјални работи.

Глава XXVI

ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАВОДСКИТЕ МЕРКИ

1. Општи одредби

Член 300Заводските мерки според одредбите на овој закон се извршуваат со упатување во воспитна установа и со упатување во воспитно-поправен дом.

Член 301(1) Центарот за социјални работи по приемот на од-луката од надлежниот суд со која намалолетното лице му е изречена некоја од заводските мерки ќе побара од родителот, посвоителот или старателот на малолетното лице спрема кое оваа мерка е изречена на определен ден во текот на 15 дена да го доведе малолетното лице во установата. Центарот за со-цијални работи, исто така, ќе ја извести и установата за датумот кога малолетното лице треба да се јави за извршување на воспитната мерка.

(2) Установата во која се извршува заводската мерка ќе го извести центарот за социјални работи и надлеж-ниот суд за датумот на приемот на малолетното лице и почетокот на извршувањето на заводската мерка.

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 124: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

356

Член 302Ако малолетното лице не се јави на извршување на заводската мерка или самоволно ја напушти ус-тановата, раководителот на установата ќе ги извес-ти центарот за социјални работи, надлежниот суд и подрачната единица на Министерството за внатреш-ни работи за фаќање на малолетното лице и приве-дување во установата за извршување на заводската мерка.

Член 303Установата во која се извршува заводската мерка, најдоцна три месеца пред планираното отпуштање на малолетното лице, треба да го извести центарот за социјални работи за отпуштањето и да му пред-ложи мерки што треба да се преземат за натамошно воспитување на малолетното лице.

Член 304(1) Центарот за социјални работи во консултација со родителите, посвоителот или старателот на малолет-ното лице и со нивно вклучување во подготвувањето за прифаќање на малолетното лице во установата, посебно се грижи за средување на семејните прили-ки на малолетното лице, за обезбедување на негово времено сместување и исхрана ако тоа не му е обез-бедено во семејството, за обезбедување на облека и обувки, за лекување, за избор на соодветна средина и за школување и вработување на малолетното лице.

(2) За подготовките што ги презел центарот за со-цијални работи ќе го извести надлежниот суд.

Член 305(1) Почетокот на извршувањето на заводската мерка по молба на малолетното лице, неговите родители, посвоителот или старателот, може да се одложи под условите определени во членот 89 став (1) точки 1, 2, 5 и 7 и членовите 90 и 91 од овој закон.

(2) За повторно поднесена молба се применува од-редбата на членот 96 од овој закон.

2. Упатување во воспитна установа

Член 306Воспитната мерка упатување во воспитна установа се извршува во воспитна установа наменета за вос-питување и социјална заштита на деца и младина.

Член 307Центарот за социјални работи ќе го запознае раково-дителот на воспитната установа со одлуката со која е изречена воспитната мерка, како и со други пода-тоци за личноста на малолетното лице, за семејните, социјалните и други прилики во кои живее и ќе го из-вести надлежниот суд за установата во која ќе се из-вршува воспитната мерка спрема малолетното лице.

Член 308(1) Малолетното лице во воспитната установа се ста-ва во исти услови и има исти права и должности како и другите малолетници сместени во установата, со тоа што во однос на воспитувањето и надзорот ќе му се посвети посебно внимание.

(2) Со околноста дека спрема малолетното лице е изречена и се извршува воспитна мерка од заводски вид се запознаваат само раководителот на устано-вата и воспитувачот на кого малолетното лице му е доверено.

Член 309(1) За време на училишниот распуст и празниците кога воспитната установа не работи, малолетното лице може да се испрати кај родителите, посвоителот или старателот или кај блиски роднини.

(2) Ако малолетното лице нема каде да се смести согласно со ставот (1) на овој член, центарот за со-цијални работи за тоа време ќе определи привреме-но сместување на малолетното лице.

(3) Времето поминато надвор од воспитната установа во текот на училишниот распуст и празниците се сме-та како време поминато во установата.

Член 310Раководителот на воспитната установа е должен нај-малку на секои шест месеца или кога надлежниот суд или центарот за социјални работи тоа ќе го побараат да ги извести за успехот во примената на оваа вос-питна мерка спрема малолетното лице.

3. Упатување во воспитно-поправен дом

Член 311(1) Работата во воспитно-поправниот дом се органи-зира така што на малолетното лице му се обезбеду-ваат услови за основно и средно образование и вос-питание, за стекнување и развивање на позитивни навики, на вредносни особини и за работно остручу-вање и оспособување за одделни занимања.

(2) Ако во воспитно-поправниот дом не постои наста-ва од одредена насока или степен на образование малолетното лице може таквата настава да ја посету-ва и надвор од воспитно-поправниот дом.

(3) Во воспитно-поправниот дом на малолетното лице му се обезбедуваат услови за активно користење на слободното време со културни, забавни и спортски активности.

(4) Малолетното лице во воспитно-поправниот дом може да одржува контакти со семејството и други лица и институции кои можат позитивно да влијаат на неговата ресоцијализација.

Член 312(1) При приемот во воспитно-поправниот дом се утвр-дува идентитетот на малолетното лице.

(2) Во почетокот на извршувањето на воспитната мерка малолетното лице се запознава со куќниот ред, правата и должностите што ги има во текот на извршувањето на воспитната мерка, начинот на кој ги остварува утврдените права и со дисциплинските мерки што можат да му се изречат.

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 125: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

357

Член 313(1) По приемот во воспитно-поправнит дом малолет-ното лице престојува во приемното одделение до 30 дена.

(2) Во приемното одделение стручен тим, со приме-на на научни методи, врши социјално-медицинско и психолошко-педагошко испитување на личноста на малолетното лице.

(3) Стручниот тим што го врши испитувањето од ста-вот (2) на овој член го сочинуваат психолог, педагог, социјален работник, лекар, а по потреба и други стручни лица.

Член 314(1) Во приемното одделение се утврдуваат методите за воспитна работа со малолетното лице, се коорди-нира работното ангажирање со наставата во училиш-тето за основно воспитание и образование и средно образование, со работилниците и економијата во која се изведува практична обука и се предлагаат мерки заради поуспешно остварување на процесот на пре-воспитувањето.

(2) Врз основа на резултатот од испитувањето на личноста на малолетните лице во приемното одделе-ние се врши класификација и се утврдува програма за индивидуална работа која ги опфаќа сите позна-чајни карактеристики за личноста, содржините и ме-тодите на работа кои ќе го стимулираат малолетното лице за активно учество во превоспитниот процес за време на престојот во воспитно-поправниот дом.

Член 315(1) Во воспитно-поправниот дом малолетните лица се распоредуваат во воспитни групи според возраста, карактеристичните лични особини или други својства, кои овозможуваат примена на индивидуално прила-годени стимулативни методи на работа со малолет-ните лица во групата и воспитни и превоспитни мерки со кои ќе се оневозможуваат или спречуваат меѓусеб-ните негативни влијанија, како и преземање на мерки за одржување на редот и дисциплината и за почиту-вање на нормите на групните активности.

(2) Воспитните групи од ставот (1) на овој член можат да опфатат најмногу десет малолетни лица и имаат посебен воспитувач.

Член 316(1) На малолетните лица, во согласност со потребите од нивното превоспитување, им се определува видот на работата според нивните телесни и душевни спо-собности и можностите на воспитно-поправниот дом.

(2) При определувањето на видот на работата се води сметка за желбата на малолетните лица да вр-шат одреден вид работи.

(3) При изборот на струката што ќе ја изучуваат мало-летните лица, за кои се организира настава за средно образование, ќе се води сметка за нивните способно-сти и склоности, за можностите на воспитно-поправ-ниот дом и за други околности од значење за оства-рувањето на целта на воспитната мерка.

Член 317(1) Од малолетните лица кои го завршиле школу-вањето или се стручно оспособени, се бара да ра-ботат со полно работно време, согласно со општите прописи.

(2) Од малолетните лица кои посетуваат училиште за ученици за средно воспитание и образование или за одделен вид занимање, се бара да работат според прописите и програмата на наставата предвидена од училиштето што го посетуваат.

Член 318(1) За основно воспитание и образование и средно образование, во воспитно-поправните домови се ор-ганизира настава од соодветен вид, работилници и економии за практична обука.

(2) Малолетните лица кои ќе се здобијат со квалифи-кација во воспитно-поправниот дом добиваат свиде-телство. Од свидетелството не смее да се гледа дека квалификацијата е добиена во воспитно-поправен дом.

(3) Кога според општите прописи времето поминато на работа од одреден вид се признава за здобивање со одредена квалификација, за таква квалификација се признава и времето поминато на ист вид работа во воспитно-поправен дом, со тоа што ова време не се смета во работен стаж и не може да биде основ за стекнување на други права.

Член 319На малолетно лице во воспитно-поправен дом, кое започнало средно образование или друго образо-вание може да му се овозможи продолжување на школувањето надвор од домот, ако со своето однесу-вање и залагање во учењето им служи за пример на другите и тоа го заслужува.

Член 320(1) На малолетните лица во воспитно-поправен дом им се обезбедува исхрана по три оброка дневно, која содржи најмалку 14.600 џули.

(2) Болните малолетни лица добиваат храна во вид и количество што ќе ги одреди лекарот.

(3) На малолетните лица им се обезбедува бесплатна облека, чевли и долна облека.

Член 321Воспитно-поправниот дом ги задоволува најнужните потреби на малолетните лица кои без своја вина не работат, а немаат сопствени средства.

Член 322Малолетните лица имаат право без ограничување да примаат посети на членовите на потесното семејство во границите на куќниот ред, а со одобрение на ди-ректорот на воспитно-поправниот дом можат да ги посетуваат и други лица.

Член 323(1) Малолетните лица можат без ограничување да се допишуваат со родителите и блиските роднини.

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 126: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

358

(2) Директорот на воспитно-поправниот дом може да одобри допишување и со други лица, ако тоа не влијае штетно врз малолетните лица.

Член 324(1) Малолетните лица имаат право да примаат прат-ки со облека, предмети за лична употреба, книги и дневен печат, чија содржина не е воспитно штетна.

(2) Малолетните лица можат да примаат и пари кои можат да ги трошат само во рамките одредени со куќ-ниот ред.

Член 325(1) Директорот на воспитно-поправниот дом може да им одобри отсуство на малолетните лица во текот на годината до еден месец заради посета на родителите или на блиски роднини.

(2) Отсуството се дава, по правило, за време на учи-лишниот распуст и за време на празници и викенди.

(3) За малолетните лица што се наоѓаат во воспит-но-поправен дом може да се организира заедничко летување надвор од домот.

(4) Времето поминато на отсуство или на заедничко летување се засметува во времето поминато во до-мот.

Член 326(1) Малолетните лица кои не посетуваат настава за основно воспитание и образование и средно образо-вание, а на работа поминале непрекинато 11 месеца, вклучувајќи го тука и времето поминато на лекување поради повреда на работа или професионално забо-лување, имаат право на одмор од најмалку 18 дена во годината со можност за користење на да два дела, летен и зимски одмор.

(2) Одморот, по правило, се користи кај родителите, старателот или поблиските роднини. За оние што не-маат кај кого да одат, а се склони на бегство или пос-тои опасност да продолжат со вршење на кривични дела и нарушување на јавниот ред и мир, управата на домот може да организира заеднички одмор во домот или надвор од него.

(3) Одлука за користење на одморот донесува дирек-торот на домот, по предлог на воспитувачот.

Член 327(1) За повреда на редот и дисциплинати пропишани со куќниот ред за малолетно лице дисциплинската казна упатување во самица може да трае од три до седум дена.

(2) Малолетното лице не смее само да ја издржува оваа дисциплинска казна во просторијата определе-на за таа цел.

Член 328Одредбите на овој закон се применуваат и на орга-низацијата и работата на воспитно-поправниот дом и на извршувањето на воспитно-поправната мерка упатување во воспитно-поправен дом, доколку со од-редбите од оваа глава поинаку не е определено.

ЗАКОН ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА ПРАВДА

Член 7Од мерките и санкциите предвидени со овој закон секогаш им се дава предност на превентивните, заш-титните и воспитните мерки.

Санкциите што се состојат во лишување од слобода на малолетникот ќе се применуваат во исклучителни случаи, како последно средство, ако поинаку не може да се оствари целта на примената на мерките и санк-циите за стореното кривично дело.

Член 8Мерката или санкцијата што му се изрекува на мало-летникот треба да одговара на неговата личност, те-жината на дејствието што со закон е определeно како кривично дело или прекршок и неговите последици, потребата од негово воспитување, превоспитување, образование и развој, заради обезбедување и зашти-та на најдобриот интерес за малолетникот.

Член 28На помлад малолетник за дејствие што со закон е оп-ределено како кривично дело можат да му се изречат само воспитни мерки.

На постар малолетник за дејствие што со закон е оп-ределено како кривично дело можат да му се изречат воспитни мерки, а по исклучок може да му се изрече казна или алтернативна мерка.

Постар малолетник може да биде ослободен од каз-на под општите услови определени со Кривичниот законик.

На малолетник за дејствие што со закон е определе-но како прекршок може да му се изречат прекршочни санкции определени со овој закон.

На малолетник му се изрекуваат мерки на безбед-ност под условите определени со Кривичниот зако-ник и со овој закон.

Конфискацијата на имот и имотна корист и предмети прибавени со кривични дела и прекршоци на мало-летници се врши согласно со општите услови опре-делени со Кривичниот законик.

Член 29Целта на воспитните мерки, на казната, на алтерна-тивните мерки и на прекршочните санкции се состои во обезбедување на заштита и помош на малолетни-ците, за да се обезбеди нивно воспитување и превос-питување.

Целта на казнувањето се состои во вршење засилено влијание врз малолетниците во иднина да не вршат кривични дела, како и врз други малолетници да не вршат кривични дела.

Член 30Санкцијата што му се изрекува на малолетникот треба да одговара на неговата личност, тежината на дејствието што со закон е определно како кривично дело или прекршок и неговите последици, потребата од неговото воспитување, превоспитување, образо-

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 127: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

359

вание и развој, заради обезбедување и заштита на најдобриот интерес на малолетникот.

Кога се исполнети законските услови надлежниот суд изрекува казна само ако не е оправдано изрекување на воспитна или алтернативна мерка.

Казна што се состои во лишување од слобода, на-длежниот суд може да изрече само кога целта на воспитните мерки, казнувањето или алтернативните мерки не може да се постигне со мерки на помош и заштита.

Доколку е изречена потешка санкција или санкција што се состои во лишување од слобода, надлежниот суд посебно ги образложува причините за нејзиното изрекување.

Член 40Малолетникот спрема кој треба да се применат потрај-ни и засилени мерки за воспитување и превоспитување и негово целосно одвојување од дотогашната средина, судот може да го упати во воспитно-поправен дом.

При одлучувањето дали ќе ја изрече оваа мерка су-дот посебно ќе ја земе предвид тежината и природата на стореното дело и околноста дали спрема малолет-никот порано биле изрекувани воспитни мерки или казна малолетнички затвор.

Во воспитно-поправен дом малолетникот останува најмалку една година, а најмногу пет години, односно до наполнета 23 година. При изрекувањето на оваа мерка судот не го определува нејзиното траење, туку за тоа дополнително одлучува.

Судот ја преиспитува потребата од престојот во вос-питно-поправниот дом секоја година.

Член 43Може да се казни само кривично одговорен постар малолетник, ако поради тешките последици од кри-вичното дело и високиот степен на кривичната одго-ворност не би било оправдано да се изрече воспитна мерка.

Под условите определени со овој закон, на постар малолетник можат да му се изречат следниве казни:

малолетнички затвор, парична казна, забрана на управување со моторно возило од

определен вид или категорија и протерување на странец од земјата. Малолетничкиот затвор може да се изрече само како главна казна.

Паричната казна може да се изрече како главна казна. По исклучок, за кривични дела сторени од користољубие, паричната казна може да се изрече како споредна казна заедно со казната малолетнички затвор или со условна осуда со заштитен надзор кога е утврдена казна малолетнички затвор.

Забраната на управување со моторно возило од оп-ределен вид или категорија и протерување на стра-нец од земјата можат да се изречат како главна казна или како споредна казна со парична казна.

Член 44Малолетнички затвор може да се изрече на кривич-но одговорен постар малолетник кој сторил кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна, ако делото е сторено под особено отежнувачки околности и при висок степен на кривич-на одговорност на сторителот и притоа не би било оправдано да се изрече воспитна мерка.

Малолетничкиот затвор не може да биде пократок од една ниту подолг од десет години, а се изрекува на полни години или на половина година.

При одмерувањето на казната на постар малолетник за определено кривично дело, судот не може да изре-че малолетнички затвор во траење подолго од пропи-шаната казна затвор за тоа дело, но судот не е врзан за најмалата пропишана мера на таа казна.

Член 45При одмерувањето на казната малолетнички затвор, судот ќе ги земе предвид сите околности што влијаат казната да биде поголема или помала, определени во Кривичниот законик, посебно водејќи сметка за степенот на душевната развиеност на малолетникот и за времето потребно за неговото воспитување, пре-воспитување и стручно оспособување.

Член 46Малолетникот кој е на издржување на казната мало-летнички затвор може да се пушти на условен отпуст ако издржал најмалку една третина, но не пред да издржи шест месеца од изречената казна доколку превоспитувањето е успешно.

За време на условниот отпуст судот му определува мерка на засилен надзор од страна на центарот во одредено траење, кое може да биде и пократко од делот на неиздржаната казна. Судот може да го про-должува траењето на засилениот надзор до една го-дина по времетраењето на казната, но најмногу до наполнувањето на 21 година на осудениот.

Судот ќе го отповика условниот отпуст ако осудени-от малолетник не ги исполни обврските предвидени со засилениот надзор или ако стори едно или повеќе кривични дела за кои е изречена казна малолетнички затвор над две години, додека е на условен отпуст.

Ако малолетникот сторил кривично дело за кое му е изречена казна до две години малолетнички затвор или парична казна, судот може да го отповика услов-ниот отпуст, земајќи ја предвид сродноста на сторе-ните кривични дела, нивното значење, побудите од кои се сторени и другите околности што укажуваат на оправданоста за отповикување на условниот отпуст.

Кога судот ќе го отповика условниот отпуст, ќе изрече една казна со примена на одредбите од членот 53 на овој закон, земајќи ја порано изречената казна како веќе утврдена.

Кога судот нема да го отповика условниот отпуст, тој се продолжува за времето кое осудениот малолетник го поминал на издржување на казната малолетнички затвор изречена за новото дело.

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 128: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

360

Член 53На кривично одговорен постар малолетник за сторе-ното кривично дело можат да му се изречат следниве алтернативни мерки:

условна осуда со заштитен надзор, условно прекинување на водење на постапка

спрема малолетникот и општо корис на работа. Одредбите на Кривичниот законик за алтернативни-те мерки се однесуваат и на нивното изрекување на постари малолетници, доколку со овој закон поинаку не е определено.

Член 83Малолетникот на кој му се става на товар кривично дело има право на бранител во сите фази на постап-ката. Бранителот од редот на адвокатите го именува судот по службена должност, ако самиот малолетник или неговиот законски застапник не обезбеди бра-нител, а во случаите кога малолетникот и неговото семејство ќе поднесат доказ дека не можат да го ис-платат бранителот, трошоците на одбраната паѓаат на товар на судскиот буџет.

Малолетникот може и во прекршочна постапка да се брани со помош на бранител од редот на адвокатите и ако судијата за малолетници одлучи дека тоа е не-опходно.

Член 85Бранителот мора да е присутен во текот на целата постапка. Малолетникот може да биде испитуван само во присуство на неговиот бранител.

Родителите на малолетникот, односно старателот може да присуствуваат на сите дејствија во текот на целата постапка, освен ако судот оцени дека таквото испрашување може да има штетни последици за не-говиот развој.

Оштетениот и неговиот полномошник можат да при-суствуваат на сите дејствија во текот на постапката, освен кога судот ќе оцени дека нивното присуство може да има штетно влијание врз малолетникот.

Судот може да дозволи на главниот претрес да при-суствуваат и лица кои се занимаваат со заштита и воспитување на малолетници или со сузбивање на малолетничкиот криминалитет, лица за заштита на правата на децата при народниот правобранител, лица блиски на малолетникот, претставници на ор-ганизации за заштита на правата на децата, како и научни работници.

Член 100Покрај откажувањето од поведување постапка во согласност со членот 68 на овој закон, за кривични дела за кои е пропишана казна затвор до пет години јавниот обвинител може во рок од 15 дена да одлучи да не бара поведување на постапка иако постојат до-кази дека малолетникот го сторил кривичното дело, ако смета дека не би било целесообразно да се води постапка со оглед на природата на кривичното дело и на околностите под кои е сторено, на поранешниот живот на малолетникот и на неговата личност.

Заради утврдување на околностите од ставот 1 на овој член јавниот обвинител може да побара извес-тување од родителите, односно од старателот на ма-лолетникот, од други лица и установи, а кога е тоа по-требно може овие лица и малолетникот да ги повика во јавното обвинителство заради непосредно запоз-навање. Тој може да побара мислење од центарот за целесообразноста за поведување постапка спрема малолетникот.

Ако за донесување на одлуката од ставот 1 на овој член треба да се испитаат личните својства на ма-лолетникот, јавниот обвинител може, во спогодба со центарот, да го упати малолетникот во прифатилиште или во установа за испитување или воспитување, кое може да трае најдолго еден месец.

Кога е во тек извршување на казна или друга санкција јавниот обвинител може да одлучи да не бара пове-дување на постапка за друго кривично дело на мало-летникот, ако со оглед на тежината на тоа кривично дело, како и на казната, односно санкцијата што се извршува, не би имало цел водење на постапката и изрекување на санкција за тоа дело.

Кога јавниот обвинител во случаите од ставовите 1 и 4 на овој член ќе најде дека не е целесообразно да се поведе постапка спрема малолетникот, за тоа ќе го извести оштетениот со наведување на причините поради кои не повел постапка.Оштетениот може во рок од осум дена да бара од советот за малолетници да одлучи за поведување на постапка.

Член 107Судијата за малолетници го определува начинот на изведувањето на одделни дејствија во согласност со Законот за кривичната постапка, водејќи сметка за правата на малолетникот во постапката, а особено за правото на одбрана, правата на оштетениот и соби-рањето на сите докази потребни за правилно одлу-чување.

На дејствијата во подготвителната постапка можат да присуствуваат јавниот обвинител и бранителот, при што на секое процесно дејствие на кое присуствува јавниот обвинител мора да присуствува и браните-лот, освен кога судијата за малолетници ќе прифати дека бранителот отсуствува од оправдани причини.

Испитување на малолетник, кога тоа е потребно, ќе се изврши со помош на педагог, психолог или на дру-го стручно лице.

Судијата за малолетници може да одобри на дејст-вијата во подготвителната постапка да присуствува претставник на центарот и родителот, посвоителот или старателот на малолетникот. Кога наведените лица присуствуваат на тие дејствија, можат да стават предлози и да му упатуваат прашања на лицето кое се испитува, односно сослушува.

Член 108Судијата за малолетници може да определи мало-летникот во текот на подготвителната постапка при-времено да се смести во воспитна или слична уста-нова, да се стави под надзор на центарот или да се смести во згрижувачко или друго семејство, ако тоа

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 129: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

361

е потребно заради издвојување на малолетникот од средината во која живеел или заради давање помош, заштита или сместување на малолетникот.

Против решението за привремено сместување или надзор е дозволена жалба до советот за малолетни-ци на основниот суд.

Трошоците за сместување на малолетникот во уста-новата од ставот 1 на овој член се исплатуваат одна-пред од средствата на судскиот буџет и влегуваат во трошоците на постапката.

Член 109Малолетникот може да биде задржан од овластени-те службени лица на Министерството за внатрешни работи само ако е затечен при извршување на теш-ко кривично дело или кога против него е распишана потерница или кога е затечен при извршување и на друго дело ако има опасност делото да го повтори или да го доврши или кога е затечен при извршување и на друго кривично дело во состојба која бара мерки за негова заштита или ако не може да се утврди не-говиот идентитет.

За секое лишување од слобода на малолетник под условите предвидени во Законот за кривичната постапка, овластените службени лица на Министер-ството за внатрешни работи се должни веднаш да го известат надлежниот јавен обвинител, судијата за малолетници, односно истражниот судија, родители-те, бранителот определен од малолетникот или не-говите родители и Центарот. Ако малолетникот или неговите родители не можат да земат бранител служ-бените лица на Министерството за внатрешни работи ќе повикаат бранител од листата на адвокати доста-вена од Адвокатската комора.

За време на преземање на дејствијата од ставот 1 на овој член, овластените службени лица на Министер-ството го задржуваат малолетникот во посебна прос-торија за привремено задржување според одредбите на Законот за кривичната постапка. За задржувањето се составува записник, во кој се внесуваат сите по-датоци за малолетникот и околностите на неговото задржување. Записникот го потпишува малолетникот и неговиот родител, како и бранителот.

За време на задржувањето, со малолетникот не може да се води разговор без присуство на бранител.

Задржаниот малолетник мора без одлагање, а најдо-цна во рок од 12 часа да биде изведен пред судија за малолетници, кој ќе одлучи за одредување на прит-вор или запуштање на малолетникот на слобода.

Ако судијата за малолетници најде дека нема основ за задржување на малолетникот, ќе донесе решение за негово пуштање на слобода, во кое ќе ја оцени за-конитоста на лишувањето од слобода. Против реше-нието малолетникот и неговиот бранител имаат пра-во на жалба до советот за малолетници на основниот суд.

Решение за притвор судијата за малолетници може да донесе по предлог на јавниот обвинител. Ако јав-ниот обвинител во рокот од ставот 4 на овој член не стави никаков предлог, судијата за малолетници

може да донесе решение за одредување краткотра-ен притвор, ако се исполнети законските услови за одредување притвор. Краткотрајниотпритвор може да трае најдолго 24 часа. Ако во тој рок јавниот об-винител не поднесе предлог за определување прит-вор, судијата за малолетници ќе донесе решение за пуштање на малолетникот на слобода.

Против решението за краткотраен притвор малолет-никот и неговиот бранител имаат право на жалба до кривичниот совет на основниот суд, кој по жалбата одлучува во рок од 24 часа.

Кога е затечен при извршување кривично дело мало-летник - странец чиј идентитет не може да се утврди се определува мерка упатување во прифатен центар за странци.

Член 110На предлог на јавниот обвинител, по претходно при-бавено мислење од центарот, судијата за малолетни-ци може да определи малолетникот да се стави во притвор при постоење на основите од членот 199 на Законот за кривичната постапка. Притворот може да се изрече само како крајна мерка за обезбедување на присуство на малолетникот во текот на постапка-та, ако тоа не може да се постигне со другите мерки предвидени во Законот за кривичната постапка.

Притворот се одредува со решение на судијата за малолетници и може да трае најдолго 30 дена.

По образложен предлог на судијата за малолетници, а по претходно прибавено мислење од јавниот обви-нител и од центарот, советот за малолетници на ос-новниот суд може од оправдани причини да го про-должи притворот за уште 60 дена.

Ако притворот е одреден само поради утврдување на идентитетот на малолетникот, судијата за малолет-ници, односно советот за малолетници е должен да донесе решение за неговото укинување веднаш кога ќе се утврди идентитетот.

Судијата за малолетници е должен веднаш по одре-дувањето на притворот за тоа да ги извести родите-лите, посвоителот или старателот на малолетникот, неговиот бранител и центарот.

Рокот за жалба е три дена од доставувањето на ре-шението за притвор. По жалбата на решението на судијата за малолетници во рок од три дена од неј-зиното доставување одлучува советот за малолетни-ци на основниот суд, а по жалбата на решението на советот за малолетници на основниот суд, советот за малолетници на апелациониот суд.

Член 111Во случај на спреченост или отсуство на судијата за малолетници, одлуките поврзани со задржување и притвор ги донесува истражен судија.

Член 112Во притворот малолетникот се сместува одвоено од полнолетните лица.

На малолетникот треба да му се обезбеди во притво-

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 130: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

362

рот работна и друга активност што е корисна за него-вото воспитување и за отстранување на негативните последици на лишувањето од слобода врз неговата личност.

Судијата за малолетници спрема притворените ма-лолетници ги има истите овластувања што според

Законот за кривичната постапка му припаѓаат на ис-тражниот судија во поглед на притворените и е дол-жен најмалку еднаш при краткотрајниот притвор да го посети притворениот малолетник, а ако притворот трае подолго, да го посетува најмалку еднаш на се-кои десет дена.

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 131: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

363

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 37 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали забраната на мачење и секакво друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување содржана во законската рамка конкретно се однесува на сите деца? √

Дали мачењето е дефинирано во законската рамка? √Дали со законодавството не се предвидени исклучоци под кои било услови? √Дали смртната казна е забранета во законската рамка за престапи направени од деца под 18-годишна возраст? √

Дали доживотниот затвор без право на ослободување во ниту еден случај не се применува на деца под 18 години? √

Дали затворските казни со ограничено и неограничено времетраење во ниту еден случај не важат за деца под 18 години? Дали кој било вид телесно казнување е забранет со закон и не се користи за деца под 18-годишна возраст како казна од судовите или казна од страна на поправните институции? √ казна на училиште? √ казна во која било друга институција што работи со деца? √ казна во кој било вид алтернативно згрижување? √ казна во рамките на семејството? √Дали е забрането ставањето на деца во самица под какви било околности? √Дали државата иницирала или промовирала кампањи за информирање и подигнување на свеста заради заштита на децата од мачење и од друго сурово, нечовечко или деградирачко постапување?

Дали државата ја има ратификувано Конвенцијата против мачење и друго сурово, нечовечко или деградирачко постапување или казнување? √

АпсењеДали во рамките на системот за правда сите лица под 18-годишна возраст се третираат како деца? √Дали законската рамка, политиката и практиката на постапување води сметка дека апсењето на децата се применува само како крајна и неизбежна мерка? √ со што е можно пократко времетраење? √Дали постои минимална возраст под која детето не може да биде уапсено? √ не може да биде притворено пред да биде уапсено од полицијата или од другите органи? √Дали законската и другите мерки во државата водат сметка дека кое било притворање малолетно лице пред неговото апсење се користи само како крајна мерка? √ се користи со што е можно пократко времетраење? √Лишување од слобода по апсењетоДали постои максимален утврден период за притвор на детето по апсењето, без судска постапка на која таквиот притвор би можел да се доведе под знак прашање? √

Дали постои минимална возраст под која детето не може да биде притворено по апсењето, а пред сослушувањето на суд? √

Дали законската рамка обезбедува дека секое притворање малолетно лице по неговото апсење е крајна мерка? √ е со што е можно пократко времетраење? √Лишување од слобода пред судењеДали законската рамка обезбедува дека секое лишување од слобода пред судење на малолетно лице е крајна мерка? √ е со што е можно пократко времетраење? √Дали постои минимална возраст под која детето не може да биде притворено пред судење? √Дали законската рамка обезбедува децата што биле приведени пред судење да се одвоени од децата што биле осудени? √

Дали постојат алтернативни мерки, секогаш кога е тоа можно, за да се спречи притворот на децата пред нивното судење? √

Лишување од слобода поради судска пресудаДали постои минимална возраст на која на дете може да му се изрече затворска мерка? √Дали не постојат и други решенија што дозволуваат ограничување на слободата на децата што биле набедени, обвинети или признаени дека направиле одреден криминал под оваа минимална возраст?

Дали постојат заштитни мерки со кои се обезбедува дека затворските казни или казните што ја ограничуваат слободата на детето се користат само како крајна мера? √

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 132: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

364

со што е можно пократко времетраење? √Ограничување на слободата поинаква од пресудата од судовитеДали другото законодавство што дозволува ограничување на слободата на лица под 18-годишна возраст е усогласено со членот 37 и со другите членови (каде што би имало такво ограничување) како што се оние во кривичниот систем/ системот за малолетничка правда? √ во социјалниот систем? √ системот за образование? √ здравствениот систем (вклучувајќи го и менталното здравје)? √ во однос на барањето азил и имиграција? √ во какви било други околности, вклучувајќи ги тука, на пример, прекршоците? √Во кој било случај, дали законската рамка утврдува минимална возраст под која на ниту едно дете не може да му биде ограничена слободата? √

Во кој било случај, дали законската рамка предвидува секој притвор надвор од системот на казни да се користи само како крајна мера? √ да биде со што е можно пократко времетраење? √ да не биде со неограничено времетраење? √Дали има какво било ограничување на слободата на децата во околности што не се утврдени во законската рамка? √

Дали постои законска рамка што го спречува арбитрарното ограничување на слободата на децата во државните институции и служби? √ другите институции и служби? √Дали постои законска рамка за ограничување на лишувањето од слобода на децата од страна на нивните родители/ старатели/ згрижувачки семејства и сл.? √

Услови во притворот(види исто така и деталните стандарди во Правилата на Обединетите нации за заштита на малолетниците лишени од слобода)Дали правилата на Обединетите нации за заштита на малолетниците лишени од слобода се вградени во законската рамка и важат во сите ситуации на лишување од слобода? √

Дали постои ефикасен мониторинг и контрола на сите институции во кои децата би можеле да бидат лишени од слобода? √

Дали во законодавството е утврдено правото на детето што било лишено од слобода за периодичен преглед на неговата ситуација и постапување? √

Дали сите детали што се однесуваат на лишувањето од слобода се соодветно евидентирани, пријавени и регистрирани? √

Дали се достапни конкретни посебни податоци за сите лишени од слобода? √Дали сите што биле лишени од слобода имаат пристап до ефикасни постапки за жалби во однос на сите аспекти на постапувањето со нив? √

Одвојување од возраснитеДали децата во случај на притвор секогаш се одвоени од возрасните, освен ако тоа не е во најдобар интерес на детето пред апсењето? √ по апсењето? √ пред судењето? √ по добивањето на судска пресуда? √ во здравствениот систем (вклучувајќи го и менталното здравје)? √ во социјалниот систем? √ во барањето на азил и имиграцијата? √ во која било друга ситуација? √Контакти со семејството додека трае притворотДали е предвидено во законската рамка правото на детето што било лишено од слобода да одржува контакти со своето семејство, написмено и преку посети? √

Дали има какви било ограничувања на ова право што важат во исклучителни околности? √Во случај на какви било ограничувања – дали тоа дете има право на жалба до независно тело? √Пристап до правна и друга помошДали детето лишено од слобода има право на навремена правна и друга соодветна помош кога е притворено пред апсење? √ при апсење? √ во случај на притвор пред судење? √ во случај на притвор по изречена судска пресуда? √ при лишување на слобода во кои било други околности? √Законски решенија со кои ограничувањето на слободата се става во одредени ограничувањаДали секое дете што било лишено од слобода има право да покрене постапка против лишувањето од слобода (до суд или до друго надлежно тело) кога е притворено пред апсење? √ кога е притворено по апсење? √ кога има судска пресуда да биде притворено? √ кога нивната слобода е ограничена во други околности? √Доколку постои вакво право на процедура против лишувањето од слобода, дали законот му гарантира на детето навремена конечна одлука и во однапред утврден временски рок? √

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 133: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

365

В. КОМЕНТАРИ

Членот 37 предвидува право на заштита на детето од тортура, друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, смртна казна, доживотен затвор без можност за ослободување, и незаконско или произволно лишување од слобода.

Овој член ги утврдува условите за апсење, притвор или затвор на детето, како и условите за третман на секое дете лишено од слобода.

Како што е истакнато во Контролната листа, во многу случаи, Државата презема дејства за оставрување на правата на детето од член 37. Следи преглед на некои прашања кои бараат понатамошни дејства.

СамицаЧленот 273 од Законот за извршување на санкции дава можност за ставање на малолетно лице во самица на период до 10 дена274.

Систем на мониторинг и инспекцијаМониторингот и инспекцијата на затворите, просториите за притвор и другите установи за деца кои се лишени од слобода, се врши од страна на Министерството за правда и Агенцијата за извршување на санкции. Исто така, судството може да врши ад хок инспекциски посети и има пристап до документите. Дополнително, Народниот правобранител има воспоставено независен систем за собирање на индивидуални жалби. Сепак, постои потреба од систем за следење и известување надвор од структурата на Министерството. Со тоа ќе се обезбеди независност и ефикасност во следењето на состојбата на децата сместени во институции.

Тортура и лошо постапување за време на апсење, задржување и притвор Законите се многу конкретни и не дозволуваат задржување на децата заедно со возрасните. Меѓутоа, децата во Воспитно-поправниот дом Тетово ја служат својата казна заедно со возрасните во Затворот Шутка во Скопје. Девојките кои служат затворски казни исто така се заедно со возрасни. Нема објекти за притвор кои ја гарантираат поделбата на децата и возрасните.

Иако во текот на судските постапки потребите на малолетните лица се земаат предвид, статусот на малолетните лица во полициските постапки е речиси целосно запоставен. По примерот на развиените европски држави, оваа постапка ќе треба да подложи на голем број реформи пред да одговара на строгите и сложените барања за заштита на човековите права во околностите во кои постојат можности тие права да се злоупотребат.

Според Извештај за напредокот на ЕУ од 2009, не се работи на решавање на нечовечките и деградирачките услови во затворите. Наводи за лошо постапување сè уште не се доволно испитани и осудени”.275 Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура ја повтори својата длабока загриженост во врска со штетните услови и незадоволителната здравствена грижа во некои затвори276. Слични информации исто така беа објавено во извештаите на домашните невладини организации. Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во својот извештај од мај 2006 го критикува лошиот третман на затворениците, вклучувајќи ги и малолетниците. Во извештајот се бара од македонските власти да спроведуваат политика на „нулта толеранција“ кон насилството и да спроведат темелна истрага во случаи кога постои сомневање за лош третман277.

Хелсиншкиот комитет дополнително идентификува голем број на прекршувања на Конвенцијата за правата на детето и другите меѓународни инструменти во случаи на продолжено сместување на малолетните лица од Воспитно-поправниот дом Тетово во Затворот Скопје. Сè уште постои практиката на телесното казнување и продолжената изолација. Пристапот до рекреативните можности е многу ограничени и е со слаб квалитет.

274 Закон за извршување на санкции, Службен весник на РМ, бр.2/2006275 EU Progress Report COM(2009) 533 – SEC (2009) 1335.276 CPT –Inf. (2008)22277 Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (2008) ‘Насилството се уште е со нас! Порака по повод на

26 јуни - Меѓународниот ден на ОН за поддршка на жртви од тортура “:http://www.pressonline.com.mk/?ItemID=D091BEE58A8C9D45998447B5F03DBA78.

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 134: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

366

Пристап до правна помош Законот за малолетничка правда278 содржи одредби со кои се обезбедува правна помош за малолетникот од моментот кога таа/тој е уапсен па се до завршување на судската постапка. Законот, исто така, пропишува дека законскиот застапник мора да е специјализиран во справувањето со деца. Правната помош за деца е бесплатна. Сепак, не постојат прописи со кои се определува кој треба да ја плати таксата за правно застапување. Како резултат на тоа, адвокатите одбиваат да ги застапуваат овие деца.

Контакти со семејството за време на притворотСпоред извештајот на Советот на Европа за Проценката на затворите во (поранешна југословенска) Република Македонија од 2006 година279, сите затвори дозволуваат телефонски разговори со цел да се подобри “контактот на затворениците со надворешниот свет, а ова се однесува на контакти на затворениот малолетник со неговите родители. Затворот за малолетници во Охрид им овозможува две телефонски повици неделно. Во затворите со високо безбедносно ниво, како и во единиците со висока безбедност во обичните затворите, сите телефонски повици се прават во присуство на официјален претставник од затворот. Осудените лица можат да примаат пратки, нивниот вид и тежината се регулира во подетално според правилата на затворот.

Г. ПРЕПОРАКИ

1. Правни препораки

Самица - Треба да се измени членот 273 од Законот за извршување на санкциите со цел да се отфрли можноста за праќање на малолетно лице во самица.

Полициска процедура - Постапките треба да се реформираат за да се обезбеди потполна согласност со стандардите за човековите права во постапки кои вклучуваат малолетници. Треба да има подзаконски акт со кој се одредува третманот на децата во полициска процедура.

Право на периодично разгледување - Треба да се промени членот 40 од Законот за малолетничка правда во врска со периодичното разгледување на оправданоста на одредени законски мерки така што ваквите прегледи ќе можат да се иницираат од страна на лицето против кое мерката била изречена, или на иницијатива на неговиот/нејзиниот законски застапник, во согласност со членот 5 на Европската конвенција за човекови права.

Пристап до правна помош - Државата треба да ја регулира исплатата на таксата за правно застапување со цел да се обезбеди достапност на правна помош за сите деца.

2. Препораки за имплементација на законодавството

Услови во притвор – Треба да се изгради ефикасен механизам за жалби и заштита на децата од тортура и други видови на суров, нехуман или понижувачки третман. Треба да се основаат отворени институции за малолетници, со минимални безбедносни мерки и сместување на многу мал број на затвореници. Малолетниците сместени во Воспитно-поправниот дом Тетово во рамките на Затворот Скопје треба да бидат одделени од возрасните затвореници што е можно поскоро, и малолетните затворенички од женското одделение во Затворот во Идризово треба да се одделат од возрасната популација. Се препорачува децата секогаш да се одделат од возрасните во затворите. Властите треба да се погрижат да обезбедат пристап кон образовни, стручни и рекреативни активности за сите деца додека се во притвор.

278 Закон за малолетничка правда, Службен весник на РМ, бр.87/2007279 See Walmsley/Križnik (January 2006), Report of the Council of Europe on the Visit for Assessment of the Prisons in the (Former Yugo-

slav) Republic of Macedonia, Directorate for Legal Issues, Council of Europe, Project 2004 DGI 164 CEAD 13313

ТОРТУРА, ДЕГРА

ДИРАЧКИ ТРЕТМАН

И ЛИШ

УВАЊЕ О

Д СЛОБО

ДА

Page 135: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 136: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

368

ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ЗАФАТЕНИ СО ОРУЖЕНИ СУДИРИ

Член 38 Конвенција за правата на детето: Државите членки се обврзуваат да ги почитуваат и да обезбедат почитување на правилата од меѓународното хуманитарно право кои се применуваат врз нив во вооружените судири, а кои се однесуваат на детето.

Државите членки практично ги преземаат сите изводливи мерки лицата кои уште немаат наполнето петнаесет години на живот непосредно да не учествуваат во судири.

Државите членки се воздржуваат од регрутирање во вооружените сили на лица кои уште немаат наполнето петнаесет години на живот.

При регрутирањето на оние лица кои имаат наполнето петнаесет години на живот, но не осумнаесет, државите членки настојуваат да им дадат предноста на постарите.

Во согласност со обврските врз основа меѓународното хуманитарно право да го штитат цивилното население во вооружените судири, државите членки практично ги преземаат сите изводливи мерки за да обезбедат заштита и грижа за децата погодени во вооружениот судир.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

Закон за заштита на децата

Член 9Се забранува вклучување на малолетни деца во вооружени судири и нивно регрутирање во единици кои изведуваат воени и други дејствија.

Закон за одбрана

1. Извршување на воената обврска

Член 3На воена обврска подлежат сите граѓани на Републиката од машки пол на возраст од 17 до 55 години живот.

Закон за воена академија

Член 14Право на учество на конкурсот за прием на Академијата имаат кандидатите кои:

...

- завршиле IV степен на стручна подготовка.

Кривичен законик

Воено злосторство против цивилно население

Член 404(1) Тој што за време на војна, вооружен судир или окупација повредувајќи ги правилата на меѓународното право ќе нареди да се изврши ...... запишување и регрутирање на малолетници помлади од 15 години во вооружените сили или нивно користење преку активно учество во вооружените дејствија; ......., ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ЗАФ

АТЕНИ

СО ОРУЖ

ЕНИ СУДИРИ

Page 137: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

369

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 38 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали државата ги има ратификувано или дали има пристапено кон четирите Женевски конвенции од 1949 година? √ Дополнителниот протокол I? √ Дополнителниот протокол II? √ други меѓународни инструменти што се релевантни за заштитата на децата засегнати од оружен конфликт? √

Дали државата има преземено соодветни чекори за да обезбеди децата под 15-годишна возраст директно да не учествуваат во оружените дејства? √

Дали државата има преземено соодветни чекори за да обезбеди децата под 18-годишна возраст директно да не учествуваат во оружените дејства? √

Дали државата обезбедила ниту едно дете под 18-годишна возраст да не е регрутирано во вооружените сили? √

Дали државата има донесено законски и други соодветни мерки за спречување на регрутирањето во вооружените сили на деца што не наполниле 15 години? √ да им даде приоритет на најстарите при регрутирањето на децата под 18-годишна возраст? √ да спречи регрутирање на сите деца под 18-годишна возраст во вооружените сили? √ Дали државата има преземено мерки со кои се забранува и спречува регрутирањето на кое било дете под 18-годишна возраст од вооружени сили што не се државни? √

Дали државата обезбедила воените училишта да не регрутираат ученици под 18-годишна возраст? √

Дали државата обезбедила воените училишта што регрутираат ученици под 18-годишна возраст да бидат предмет на надзор од страна на Министерството за образование, наместо од Министерството за одбрана?

Дали државата обезбедила воените училишта да ги почитуваат целите за образование утврдени во членот 29 од Конвенцијата? √

Дали државата ги има преземено сите можни мерки за да обезбеди заштита и нега на сите деца засегнати од оружен конфликт? √

Дали државата ги разгледала препораките и презела соодветни активности во врска со нив од студијата „Влијанието што го имаат оружените судири врз децата“? √

Во врска со членот 38(4) од Конвенцијата – дали државата има преземено национални, билатерални и меѓународни активности за заштита на децата од пешадиски мини? √

Дали државата ја има ратификувано Конвенцијата за забрана на користење, чување, производство и пренесување противпешадиски мини и за нивно уништување? √

Дали државата го има ратификувано Опциониот протокол кон Конвенцијата за вклучување на децата во оружен конфликт? √

ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ЗАФ

АТЕНИ

СО ОРУЖ

ЕНИ СУДИРИ

Page 138: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

370

В. КОМЕНТАРИ

Членот 38 предвидува заштита на правото на сите деца за време на вооружен конфликт; принципи од КПД не се предмет на отстапување во време на вооружен конфликт. Конвенцијата регулира дека ниедно дете на возраст под 18 години не треба да биде вклучено, директно или индиректно, во воени дејства, или регрутирано во вооружените сили преку задолжителната воена обврска или доброволно пријавување. Како што е потенцирано во Контролната листа, во повеќето случаи, Државата презема дејства за да се исполни правото на детето од член 38. Следи преглед на некои прашања кои заслужуваат посебно внимание.

Имплементација на Факултативниот протокол за правата на детето за вклученоста на децата во вооружени конфликтиМониторинг - Треба да се нагласи дека нема посебно тело или државна институција која има задача да ја надгледува имплементацијата на Факултативниот протокол и координацијата на активностите поврзани со различни министерства, релевантните локални власти, граѓанското општество, медиумите и академската заедница. Во Факултативниот протокол нема посебни насоки за Националната комисијата за правата на детето.

Евиденција– Државата нема официјална или неофицијална евиденција за случаите на директна или индиректна вмешаност на малолетните лица во вооружени конфликти. Проблемот на вклученоста на децата во вооружени конфликти не се разгледувал ни од здравствен аспект досега. Новиот Закон за водење на евиденција од областа на здравство280 не ја вклучува евиденција на жртвите на вооружени конфликти.

Регрутирање во вооружените сили - Спречувањето на регрутирањето деца во вооружените сили е содржано во Законот изменување и дополнување на Законот за одбрана со воспоставување на минималната возраст за регрутитрање281. Најнискиот праг за регрутирање и стапување во вооружените сили е 18 години, кога лицето достигнува полнолетство. Исклучок од ова е задолжителната воена служба, која е задолжителна за сите машки граѓани на Државата и која може да се врши на возраст од 17. Граѓаните треба да ја докажат нивната возраст со доставување на документ издаден од страна на надлежниот оддел на Министерството за внатрешни работи. Сепак, не постои посебен механизам на верификација, ниту има санкции за оние кои не ја почитуваат процедурата, односно не постојат конкретни законски санкции за оние кои би можеле да регрутираат деца во воена служба.

Регрутирање во вооружени групи - Законот не содржи одредби кои предвидуваат санкции за директна или индиректна вклученоста на децата во вооружени конфликти, или одредби за санкционирање на вооружени групи кои вклучуваат деца во вооружени конфликти. Сепак, нема јасни докази за постоење на паравоени групи, приватни армии и можно вработување на децата со таквите паравоени единици.

Подигнување на јавната свест и образование - спречувањето на вклученоста на децата во вооружени конфликти не се споменува како приоритет во ниеден документ (стратегија, акционен план) во земјата, и не постојат едукативни програми за едукација на децата за ризиците и последиците од учество во вооружен конфликт.

Рехабилитација и ресоцијализација на децата жртви на конфликт - Иако член 9, став 1 и 2 од Законот за заштита на децата предвидува посебни програми и активности во корист на децата жртви на конфликт, Хелсиншкиот комитет го осуди непостоењето на програми за соодветна рехабилитација и ресоцијализација за внатрешно раселените деца од конфликтот во 2001 година282.

Други меѓународни конвенцииДржавата ги ратификуваше дополнителни протоколи на Женевската конвенција во 1996 година, Конвенцијата на МОТ 182 во 2002 година, и Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд во 2002 година. Законодавството не содржи никакви одредби за екстериторијална надлежност. Државата не ја ратификувала Конвенцијата на ОН 1997 за забрана на употреба, складирање, производство и трансфер на мини и за нивно уништување. Понатаму, нема референца во законодавството за националните и меѓународните дејства за заштита на децата од мини.

280 Закон за водење на евиденција од областа на здравство, Службен весник на РМ, бр.20/2009281 Законот изменување и дополнување на Законот за одбрана, Службен весник на РМ, бр.58/06282 http://www.mhc.org.mk/default-mk.asp?ItemID=22B90CA87B228B408901B9BA555F3F16&arc=1

ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ЗАФ

АТЕНИ

СО ОРУЖ

ЕНИ СУДИРИ

Page 139: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

371

Г. ПРЕПОРАКИ

1. Правни препоракиМониторинг - Државата треба да воспостави посебно тело со конкретна надлежност за координирање и следење на спроведувањето на Факултативниот протокол.

Регрутирање - Во врска со регрутирањето во вооружените сили, треба да развие посебен механизам за верификација на доказите за возраста на регрутирање. Државата треба да донесе закон кој предвидува санкции за регрутирање на деца во вооружени сили и вооружени групи. Треба да се донесат подзаконски акти и други прописи со цел да се следи имплементација на законските превентивни мерки за регрутирање на децата во вооружени сили или групи.

Регистрација - Државата треба да обезбеди соодветните закони кои ги дефинираат начините за собирање на податоци и регистрација на сите случаи на деца вклучени во вооружен конфликт или погодени со вооружениот конфликт.

Ратификација на меѓународни инструменти - Државата треба да преземе чекори за да се ратификува Конвенцијата за забрана на употреба, складирање, производство и трансфер на мини и за нивно уништување.

2. Препораки за поддршка на спроведувањето на законодавствотоРехабилитација и ресоцијализација на децата жртви - Државата треба да развие посебни програми за заштита, рехабилитација и ресоцијализација на децата погодени со вооружениот судир со посебно внимание на бегалците и внатрешно раселените деца.

Подигнување на јавната свест и образование - Државата треба да даде приоритет на развојот и финансирањето на систематското подигање на свеста за Факултативниот протокол меѓу децата, релевантните лица и целата јавност.

ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ЗАФ

АТЕНИ

СО ОРУЖ

ЕНИ СУДИРИ

Page 140: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство
Page 141: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

373

МАЛОЛЕТНИЧКА ПРАВДА

Член 40 Конвенција за правата на детето: Државите членки му го признаваат право на секое дете за кое ќе се тврди или кое е обвинето или за кое е признато дека го прекршило кривичниот закон, со него да се постапува на начин на кој се поттикнува неговото почитување на правата на човекот и основните слободи на другите и при што во предвид се земаат возраста на детето и желбата да се подобри неговата реинтеграција и тоа да преземе конструктива улога во општеството.

За таа цел и имајќи ги во вид соодветните одредби на меѓународните инструменти државите членки посебно обезбедуваат :

(a) За ниедно дете неосновата да не се тврди, да не биде обвинето дека го прекршило кривичниот закон поради дело или пропуст кои не се забранети со националните закони во времето кога се направени.

(b) На секое дете за кое се тврди или кое е обвинето за кршење на кривичниот закон да му се дадат барем наведените гараниции.

Да се смета за невино додека вината не се докаже според законот.

Да биде веднаш и директно известено за обвиненијата против него, ако е потребно и неговите родители или законски старатели и да има правна или друга соодветна помош во подготовката и презентирањето на својата одбрана.

Постапката да се води без задоцнувања и тоа од страна на надлежен независен и непристрасен орган или судско тело, со праведно сослушување во согласност со законот, во присуство на правна или друга соодветна помош (освен ако се смета дека тоа не е во интерес на детето посебно земајќи ги предвид неговите родители или законски старатели)

Детето да не биде присилено да сведочи или да признае вина а да се испитуваат или да бидат испитани сведоци од страната што обвинува, истовремено обезбеди учество и испитување на негови сведоци под еднакви услови со цел да се утврди или отфрли вината.

Ако се смета дека детето го прекршило кривичниот закон, оваа одлука и секоја досудена мерка која од тоа произлгува, повторно да ја разгледува повисок, надлежен, независен или непристасен орган или судско тело во согласно со законот.

Детето да има бесплатна помош од преведувач ако тоа не може да го разбере или не го зборува јазикот кој официјално се користи.

Да се почитува приватноста на детето на сите нивоа од постапката.

3.Државите потписнички ќе настојуваат да го поттикнуваат донесувањето закони, постапки, воспоставувањето органи и установи коишто ќе бидат применливи врз децата кои се обвинети и за кои се смета дека го прекршиле кривичниот закон, а посебно ќе се натојува во :

Page 142: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

374

а) утврдувањето на најниска возраст под која децата не ќе можат да бидат сметани како способни за кршење на кривичниот закон

б) преземањето мерки за постапување со таквите деца секогаш кога е тоа можно и пожелно без прибегнување кон судска постапка, со тоа што човечките права и законската заштита да бидат во целост почитувани.

4. За да се обезбеди постапување со децата на начин кој е во нивен интерес и кој е пропорционален и на околностите, и на стореното дело, ќе бидат на располагање разновидните можности како што се грижата, советувањето, правното застапување, условното казнување, прифаќањето, обазованието и програмите за стручно насочување и други можности и институционална грижа.

А. МАКЕДОНСКО ЗАКОНОДАВСТВО

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА283

Член 11Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се не-прикосновени.

Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.

Се забранува присилна работа.

Член 12Слободата на човекот е неприкосновена.

Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.

Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за не-говото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.

Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од сло-бода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.

Притворот може да трае по одлука на суд најдолго 90 дена од дeнот на притворувањето.

Притвореното лице може под услови утврдени со за-кон да биде пуштено да се брани од слобода.

Член 13Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за не-вино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.

Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.

283 Устав на Република Македонија, Службен Весник на Република Македонија бр.52/1991.

Член 14Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвиде-на казна.

Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна суд-ска одлука.

Член 15Се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други инсти-туции што вршат јавни овластувања.

Член 50Секој граѓанин може да се повика на заштита на сло-бодите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и ит-ност.

Се гарантира судска заштита на законитоста на по-единечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.

Граѓанинот има право да биде запознат со човекови-те права и основни слободи и активно да придонесу-ва, поединечно или заедно со други за нивно унапре-дување и заштита.

Член 52

Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесу-вање.

Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврду-ва Собранието, со денот на објавувањето.

Законите и другите прописи не можат да имаат по-вратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

Page 143: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

375

КРИВИЧЕН ЗАКОНИК 284

Член 6-а1) Кривичниот законик не се применува спрема мало-летник кој во време на извршување на делото, кое со закон е предвидено како кривично дело, не наполнил четиринаесет години.

2) Спрема малолетници и помлади полнолетни лица за кривични дела предвидени со закон или со меѓу-народните договори ратификувани согласно со Ус-тавот на Република Македонија се применуваат од-редбите на овој законик, ако со закон поинаку не е предвидено.

ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА 285

Член 3(1) Лицето повикано, приведено или лишено од сло-бода мора веднаш да биде известено, на јазик што го разбира, за причините за повикувањето, приведу-вањето или лишувањето од слобода и за било какво кривично обвинение против него, како и за неговите права и од него не може да се бара изјава.

(2) Осомничениот, односно обвинетиот мора најпр-вин на јасен начин да се поучи за правото да молчи; правото да се советува со адвокат и да има бранител по негов избор за време на испитувањето, како и за правото за приведувањето или лишувањето од сло-бода да се извести член на неговото семејство или нему блиско лице.

(3) Лицето лишено од слобода мора веднаш, а нај-доцна во рок од 24 часа од моментот на лишување од слобода, да биде изведено пред суд, кој без од-лагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.

Член 4(1) Лицето обвинето за кривично дело има право на правично и јавно судење, во разумен рок , пред на-длежен, независен и непристрасен суд, основан со закон.

(2) Секој обвинет ги има следните минимални права: – да биде информиран веднаш, на јазик што го раз-бира и детално за делата за кои се товари и доказите против него;

да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана и да комуницира со бранител по сопствен избор;

да биде суден во негово присуство и да се брани лично или со помош на бранител по сопствен избор, а доколку нема средства да плати бранител истиот да го добие бесплатно кога тоа го бараат интересите на правдата;

284 Кривичен законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/1996; 80/1999; 4/2002; 43/2003; 19/2004; 81/2005; 60/2006; 73/2006; 7/2008; 139/2008; 114/2009 ).

285 Закон за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.15/1997; 44/2002; 74/2004; 83/2007 и 67/2009.

да не биде присилен да даде исказ против себе или своите блиски или да признае вина;

да биде присутен при испитувањето на сведоците и да може да им поставува прашања.

Член 7(1) Обвинетиот, оштетениот, приватниот тужител, све-доците и другите лица кои учествуваат во постапката, а кои зборуваат службен јазик различен од македон-скиот, имаат право при изведувањето на предистраж-ните, истражните и другите судски дејствија и на главниот претрес, како и во постапката по жалба да го употребуваат својот јазик и писмо. Судот ќе обез-беди усно преведување на тоа што лицето, односно другите го изнесуваат, како и на исправите и другиот пишан доказен материјал. Судот ќе обезбеди писме-но да се преведе пишаниот материјал кој е од зна-чење за постапката или за одбраната на обвинетиот.

(2) Другите странки, сведоци и учесници во постап-ката пред судот имаат право на бесплатна помош на преведувач, ако не го разбираат или зборуваат јази-кот на кој се води постапката.

(3) За правото на преведувач, лицето ќе се поучи. Во записникот ќе се забележи дека е дадена поука и изјавата на лицето.

(4) Преведувањето го врши судски преведувач.

Член 13Судот е должен да настојува постапката да се спро-веде без одолжување.

Член 63(1) Секое лице има право на бранител во предистраж-ната и во судската постапка.

(2) Осомничениот во предистражната постапка од-носно обвинетиот пред првото испитување мора да се поучи дека има право на бранител по свој избор и дека бранителот може да присуствува на неговото испитување.

(3) Бранител на обвинетиот можат да му обезбедат и неговиот законски застапник, брачниот односно вонбрачниот другар, роднина по крв во права линија, посвоител, посвоеник, брат, сестра и хранител.

(4) Бранител може да биде само адвокат.

(5) Бранителот е должен да поднесе полномоштие до органот пред кој се води постапката. Обвинетиот може на бранителот да му даде и усно полномоштие на записник кај органот пред кој се води постапката.

Член 175(1) Мерките што можат да се преземат спрема об-винетиот за обезбедување за негово присуство и за успешно водење на кривичната постапка се покана, приведување, ветување на обвинетиот дека нема да го напушти престојувалиштето, односно живеалиште-то и други превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот, гаранција, куќен притвор и притвор.

(2) При одлучувањето која од наведените мерки ќе

Page 144: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

376

ја примени, надлежниот орган ќе се придржува кон условите определени за примена на одделни мерки, водејќи сметка да не се применува потешка мерка ако може истата цел да се постигне со поблага мерка. Судот може спрема обвинетиот истовремено да оп-редели повеќе мерки од ставот (1) на овој член, освен кога ќе ја определи мерката притвор.

(3) Овие мерки ќе се укинат и по службена должност кога ќе престанат причините што ги предизвикале од-носно ќе се заменат со друга поблага мерка кога ќе настапат услови за тоа.

Член 183(1) Притвор може да се определи само под условите предвидени во овој закон.

(2) Траењето на притворот мора да биде сведено на најкратко нужно време. Должност е на сите органи што учествуваат во кривичната постапка и на орга-ните што им укажуваат правна помош да постапуваат со особена итност ако обвинетиот се наоѓа во прит-вор.

(3) Во текот на целата постапка притворот ќе се укине штом ќе престанат причините врз основа на кои бил определен.

Член 280Од отворањето на заседанието па до завршувањето на главниот претрес советот може во секое време по службена должност или по предлог на странките или оштетениот, но секогаш по нивното сослушување, да ја исклучи јавноста од целиот главен претрес или еден негов дел, ако тоа е потребно заради чување на тајната, чување на јавниот ред, заштита на моралот, заштита на личниот и интимниот живот на обвинети-от, сведокот или оштетениот, заштита на загрозениот сведок и заштита на интересите на малолетникот.

ЗАКОН ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА ПРАВДА 286

Член 1Со овој закон се уредуваат постапувањето со деца во ризик и малолетни сторители на дејствија што со закон се определени како кривични дела и прекршо-ци, се определуваат условите за примена на мерки на помош, грижа и заштита, воспитни и алтернативни мерки и за казнување на малолетниците, положбата, улогата и надлежноста на органите што учествуваат во постапувањето со деца во ризик и малолетни сто-рители на дејствија што со закон се определени како кривични дела и прекршоци и извршувањето на вос-питните и алтернативните мерки и казни.

Со овој закон се уредуваат мерки за заштита на ма-лолетникот жртва на кривични дела и мерки за пре-венција на малолетничкото престапништво.

Член 2Цели на законот и на неговата примена се оствару-вање на приоритетен интерес и заштита на малолет-ниците од криминал, насилство и на кој било облик на

286 Закон за малолетничка првда („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007).

загрозување на нивните слободи и права и нивниот правилен развој; заштита на малолетните сторители на дејствија што со закон се определени како кривич-ни дела и прекршоци од поврат, нивна социјализа-ција, воспитување и превоспитување, помош и гри-жа за малолетниците и заштита во постапката пред судот и другите органи на нивните слободи и права загарантирани со Уставот на Република Македонија, Конвенцијата за правата на детето и другите меѓуна-родни договори за положбата на малолетниците во системот на правда, ратификувани согласно со Уста-вот на Република Македонија.

Член 3На малолетник не може да му биде изречена санк-ција предвидена со овој закон за дејствие кое пред да е сторено не било со закон определено како кри-вично дело или прекршок и за кое не била пропишана санкција со закон.

Член 4На малолетникот во неформалното постапување на надлежните органи и служби, како и во судската постапка, му се гарантираат сите права што ги имаат полнолетните лица обвинети во кривичната, односно прекршочната постапка, како и посебните права при-знати со Конвенцијата за правата на детето и другите ратификувани меѓународни договори, во сите фази на постапката и во изрекувањето и извршувањето на која било санкција или мерка определена со овој за-кон.

Член 5Примената на мерките и санкциите определени со овој закон и постапувањето со малолетникот се под-редени во негов интерес за заштита, воспитување, превоспитување и правилен развој.

Член 6При примената на мерките и санкциите и во постап-ките определени со овој закон на малолетникот мо-жат да му бидат одземени или ограничени определе-ни права само во мера што одговара на достигнатиот степен на развој, на неговата личност и на неговата потреба за отстранување на состојбите што влијаат тој да врши кривични дела или прекршоци.

Член 8Мерката или санкцијата што му се изрекува на мало-летникот треба да одговара на неговата личност, те-жината на дејствието што со закон е определeно како кривично дело или прекршок и неговите последици, потребата од негово воспитување, превоспитување, образование и развој, заради обезбедување и зашти-та на најдобриот интерес за малолетникот.

Член 11Основно право на малолетникот е постапката спрема него да ја води и санкциите определени со овој закон да ги изрекува само суд надлежен за малолетнички криминалитет.

Други мерки предвидени со овој закон можат да изре-куваат и други специјализирани органи.

Page 145: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

377

Член 12Одделни поими и изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

малолетник е секое лице на возраст до 18 години кое според Конвенцијата за правата на детето се смета за дете;

дете во ризик е малолетник кој во времето на из-вршувањето на дејствието што со закон е опре-делено како кривично дело или прекршок, напол-нил седум, а не наполнил четиринаесет години; дете во ризик се смета и малолетник до 14 годиш-на возраст зависник од употреба на дроги, психо-тропни супстанции или алкохол, дете со пречки во развојот, дете жртва на насилство и воспитно и социјално запуштено дете кое се наоѓа во таква ситуација во која е отежнато или оневозможено остварувањето на воспитната функција на се-мејството или детето не е вклучено во системот на образование и воспитување или се оддало на питање, скитање или проституција, кое поради ваквите состојби е или може да дојде во судир со законот;

помлад малолетник е малолетник кој во времето на извршувањето на дејствието што со закон е определено како кривично дело или прекршок, имал наполнето 14 години, а немал наполнето 16 години;

помлад малолетник во ризик е лице кое во време-то на извршувањето на дејствието што со закон е определено како кривично дело за кое е предви-дена парична казна или затвор до три години или прекршок, има наполнето14, а нема наполенето 16 години или кое е зависник од употреба на дро-ги, психотропни супстанции или алкохол, дете со пречки во развојот и воспитно и социјално запуш-тено дете кое се наоѓа во таква состојба во која е отежнато или оневозможено остварувањето на воспитната функција на семејството, кое поради ваквите состојби е или може да дојде во судир со законот;

постар малолетник е малолетник кој во времето на извршувањето на дејствието што со закон е определно како кривично дело или прекршок, на-полнил 16 години, а не наполнил 18 години;

постар малолетник во ризик е малолетник кој во времето на извршувањето на дејствието што со закон е определено како кривично дело, за кое е предвидена парична казна или затвор до три години или прекршок, има наполнето 16 години, а не наполнил 18 години или кое е зависник од употреба на дроги, психотропни супстанции или алкохол, дете со пречки во развојот и воспит-но и социјално запуштено дете кое се наоѓа во таква состојба во која е отежнато или оневозмо-жено остварувањето на воспитната функција на семејството, кое поради ваквите состојби е или може да дојде во судир со законот;

помладо полнолетно лице е лице кое во време-то на пресудувањето за кривично дело наполни-ло18, а не наполнило 21 година;

мерки се мерки на помош и заштита определе-ни со закон, што не се состојат во одземање и ограничување на слободите и правата на мало-летникиот поради сторено кривично дело или прекршок, што суд и други органи определени со

овој закон можат да ги применат спрема мало-летникот, неговото семејството и старателот;

санкција е правна последица на кривичното дело и прекршокот што се состои во одземање или ограничување на определени слободи и права на малолетникот поради стореното кривично дело или прекршокот што ја изрекува суд во постапка определена со овој закон;

надлежен суд се судија за малолетници и совет за малолетници;

други специјализирани органи се центрите за со-цијална работа, Јавното обвинителство, Минис-терството за внатрешни работи и установите за извршување на санкции за малолетници и

семејство се родителите, односно старателот на малолетникот, полнолетните роднини по крв во права линија, брат или сестра, брачниот другар, како и други полнолетни лица со кои малолетни-кот живее во заедничко домаќинство.

Член 13Спрема малолетник кој во време на извршувањето на дејствието што со закон е определено како кривич-но дело или прекршок, не наполнил 14 години -дете во ризик не може да се примени санкција предвидена со овој закон.

Член 14Спрема дете во ризик се применуваат мерки на по-мош и заштита.

Член 19Во рок не подолг од седум дена од приемот на извес-тувањето или друго сознание, а во итни случаи не подоцна од 24 часа, центарот го повикува детето, од-носно помладиот или постариот малолетник во ризик и неговото семејство и покренува постапка од довер-лив карактер заради утврдување на фактичките окол-ности на конкретниот настан или состојбата на ризик.

Разговорот го води претставник од стручен тим или стручен тим составен од педагог, социјален работник, психолог и дипломиран правник.

На разговорот задолжително присуствува адвокат кој ги заштитува правата и интересите на детето, од-носно помладиот или постариот малолетник во ризик.

Семејството го избира адвокатот, а доколку не избе-ре адвокат, него го определува центарот по службена должност од листата составена од Адвокатската ко-мора. Правната помош за детето, односно помладиот или постариот малолетник во ризик е бесплатна.

Сите учесници во постапувањето со дете, односно помладиот или постариот малолетник во ризик се должни податоците до кои дошле да ги чуваат со-гласно прописите за класифицирани информации, односно прописите за заштита на личните податоци.

Член 26Заради примена на мерките спрема дете, односно помлад или постар малолетник во ризик и вршењето на другите надлежности определени со овој закон, во центрите за социјални работи се формираат спе-цијализирани одделенија или стручни тимови за ма-лолетници.

Page 146: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

378

Членовите на специјализираните одделенија или стручните тимови за малолетници од ставот 1 на овој член, следат специјализирана обука за малолетнич-ко престапништво од најмалку четири до десет дена во текот на годината во земјата или во странство.

Член 27За дејствие што со закон е определено како кривич-но дело или прекршок сторени од малолетници, со-образно се применуваат одредбите од Кривичниот законик, како и одредбите од Законот за прекршоци-те и други закони во кои се пропишани прекршоци.

Посебните одредби што важат за малолетните стори-тели на кривични дела се применуваат под условите предвидени во одредбите од оваа глава и врз полно-летни лица кога им се суди за кривични дела што ги сто-риле како малолетници, а по исклучок и врз лица што сториле кривично дело како помлади полнолетници.

Член 79Во постапката спрема малолетник за дејствие што со закон е определено како кривично дело или прекр-шок, доколку со овој закон поинаку не е определено, сообразно се применуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и Законот за прекршоците за: основните начела, јазикот, месната надлежност, по-следици од ненадлежност и судир на надлежности, изземање, обвинет, бранител, поднесоци, записници, рокови, враќање во поранешна состојба, трошоци, имотно-правно барање, донесување и соопштување на одлуките, доставување на писмена, повикување, приведување, задржување на лица, гаранција и одзе-мање патна исправа на странец, сослушување на сведоци, увид, вештачење, претресување на просто-рија и лица, редовни и вонредни правни лекови.

Одредбите од овој закон се применуваат и во постап-ката спрема лица кои извршиле кривично дело како малолетници, а во време на поведувањето на постап-ката, односно на судењето не наполниле 21 година, како и во постапката спрема помладо полнолетно лице кое не наполнило 21 година, ако до почетокот на главниот претрес се утврди дека на тоа лице можат да му се изречат санкции за малолетници.

Член 81Малолетникот на кој му се става на товар кривично дело или прекршок има право на правично судење во разумен рок, пред независен и непристрасен суд основан со закон, со сите гаранции за правата што ги има обвинетиот во кривичната или прекршочната постапка според Законот за кривичната постапка, За-конот за прекршоците и овој закон.

Постапката спрема малолетници е итна и кога се ра-боти за кривично дело не може да трае подолго од една година, освен за кривични дела за кои е пропи-шана казна затвор од најмалку четири години, кога постапката не може да трае подолго од една година и шест месеца, или кога се работи за прекршок - по-долго од шест месеца.

Кога малолетникот не е достапен, во тој случај роко-вите од ставот 2 на овој член продолжуваат да течат за времето кога бил недостапен, но не подолго од на-вршување 27 години возраст на сторителот.

По истекот на рокот од ставот 2 на овој член постап-ката се запира по службена должност, освен кога се исполнети законските услови за прекратување на постапката.

Член 83Малолетникот на кој му се става на товар кривично дело има право на бранител во сите фази на постап-ката. Бранителот од редот на адвокатите го именува судот по службена должност, ако самиот малолетник или неговиот законски застапник не обезбеди бра-нител, а во случаите кога малолетникот и неговото семејство ќе поднесат доказ дека не можат да го ис-платат бранителот, трошоците на одбраната паѓаат на товар на судскиот буџет.

Малолетникот може и во прекршочна постапка да се брани со помош на бранител од редот на адвокатите и ако судијата за малолетници одлучи дека тоа е не-опходно.

Член 84Судот и другите органи што учествуваат во постапка-та се должни да обезбедат заштита на приватноста на малолетникот и на неговото семејство.

Кога му се суди на малолетник секогаш ќе се исклучи јавноста.

Член 85Бранителот мора да е присутен во текот на целата постапка. Малолетникот може да биде испитуван само во присуство на неговиот бранител.

Родителите на малолетникот, односно старателот може да присуствуваат на сите дејствија во текот на целата постапка, освен ако судот оцени дека таквото испрашување може да има штетни последици за не-говиот развој.

Оштетениот и неговиот полномошник можат да при-суствуваат на сите дејствија во текот на постапката, освен кога судот ќе оцени дека нивното присуство може да има штетно влијание врз малолетникот.

Судот може да дозволи на главниот претрес да при-суствуваат и лица кои се занимаваат со заштита и воспитување на малолетници или со сузбивање на малолетничкиот криминалитет, лица за заштита на правата на децата при народниот правобранител, лица блиски на малолетникот, претставници на ор-ганизации за заштита на правата на децата, како и научни работници.

Член 86На малолетник не може да му се суди во отсуство. За време на изведувањето на одделни докази или на говорот на странките, судот може да нареди малолет-никот да се отстрани од претресот.

При преземањето на дејствијата на кои присуствува малолетник, а особено при неговото испитување, ор-ганите што учествуваат во постапката се должни да постапуваат претпазливо, водејќи сметка за душев-ната развиеност, чувствителноста и личните особини на малолетникот, за да не влијае штетно водењето на постапката врз развојот на малолетникот.

Page 147: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

379

Во исто време овие органи со погодни мерки ќе го спречуваат секое недисциплинирано однесување на малолетникот.

Судот по претходно прибавено мислење од стручен тим од центарот може да одлучи да не го испита ма-лолетникот, ако оцени дека тоа може да има штетни последици врз неговиот развој.

Член 92Без дозвола на судот не смее да се објави текот на постапката спрема малолетникот, ниту одлуката до-несена во таа постапка.

Може да се објави само оној дел од постапката, од-носно само оној дел од одлуката за кој постои одо-брение, но во тој случај не смеат да се наведат името на малолетникот и другите податоци врз основа на кои би можело да се заклучи за кој малолетник ста-нува збор.

Член 94Специјализираните судски оддели за малолетнички криминалитет формирани во основните судови со проширена надлежност, ги сочинуваат судии за ма-лолетници, совети за малолетници и советници за малолетници.

Судијата за малолетници ја спроведува подготвителна-та постапка, донесува одлуки во согласност со членот 71 од овој закон, претседава со советот за малолетници и врши други работи определени со овој закон.

Судијата за малолетници, јавниот обвинител, адвока-тот и овластените службени лица на Министерството за внатрешни работи од најмалку четири до десет дена во текот на годината следат специјализирана обука за малолетничко престапништво во земјата или во странство.

Член 95Советот за малолетници во основниот суд е составен од судија за малолетници и двајца судии поротници. Судијата за малолетници е претседател на советот.

Судиите - поротници се избираат од редот на про-светни работници, психолози, педагози, социолози и други лица кои имаат искуство во воспитанието и образованието на младите.

Советот за малолетници во основниот суд одлучува во прв степен во постапката за кривични дела и ре-шава по жалбите против решенијата на судијата за малолетници и во случаите предвидени со овој закон.

Советот за малолетници на апелациониот суд, соста-вен од судија за малолетници и двајца судии, одлу-чува за жалбите против одлуките на советот за ма-лолетници на основниот суд, како и во други случаи определени со овој закон.

Член 96Во Врховниот суд на Република Македонија се фор-мира совет за малолетници составен од пет судии.

Советот за малолетници решава по редовни и вон-редни правни лекови предвидени во овој закон и ја

следи и работи на унапредување на судската практи-ка во оваа област и подготвува анализи.

Член 109Малолетникот може да биде задржан од овластени-те службени лица на Министерството за внатрешни работи само ако е затечен при извршување на теш-ко кривично дело или кога против него е распишана потерница или кога е затечен при извршување и на друго дело ако има опасност делото да го повтори или да го доврши или кога е затечен при извршување и на друго кривично дело во состојба која бара мерки за негова заштита или ако не може да се утврди не-говиот идентитет.

За секое лишување од слобода на малолетник под условите предвидени во Законот за кривичната постапка, овластените службени лица на Министер-ството за внатрешни работи се должни веднаш да го известат надлежниот јавен обвинител, судијата за малолетници, односно истражниот судија, родители-те, бранителот определен од малолетникот или не-говите родители и Центарот. Ако малолетникот или неговите родители не можат да земат бранител служ-бените лица на Министерството за внатрешни работи ќе повикаат бранител од листата на адвокати доста-вена од Адвокатската комора.

За време на преземање на дејствијата од ставот 1 на овој член, овластените службени лица на Министер-ството го задржуваат малолетникот во посебна прос-торија за привремено задржување според одредбите на Законот за кривичната постапка. За задржувањето се составува записник, во кој се внесуваат сите по-датоци за малолетникот и околностите на неговото задржување. Записникот го потпишува малолетникот и неговиот родител, како и бранителот.

За време на задржувањето, со малолетникот не може да се води разговор без присуство на бранител.

Задржаниот малолетник мора без одлагање, а најдо-цна во рок од 12 часа да биде изведен пред судија за малолетници, кој ќе одлучи за одредување на прит-вор или запуштање на малолетникот на слобода.

Ако судијата за малолетници најде дека нема основ за задржување на малолетникот, ќе донесе решение за негово пуштање на слобода, во кое ќе ја оцени зако-нитоста на лишувањето од слобода. Против решение-то малолетникот и неговиот бранител имаат право на жалба до советот за малолетници на основниот суд.

Решение за притвор судијата за малолетници може да донесе по предлог на јавниот обвинител. Ако јав-ниот обвинител во рокот од ставот 4 на овој член не стави никаков предлог, судијата за малолетници може да донесе решение за одредување краткотра-ен притвор, ако се исполнети законските услови за одредување притвор. Краткотрајниот притвор може да трае најдолго 24 часа. Ако во тој рок јавниот об-винител не поднесе предлог за определување прит-вор, судијата за малолетници ќе донесе решение за пуштање на малолетникот на слобода.

Против решението за краткотраен притвор малолет-никот и неговиот бранител имаат право на жалба до

Page 148: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

380

кривичниот совет на основниот суд, кој по жалбата одлучува во рок од 24 часа.

Кога е затечен при извршување кривично дело мало-летник - странец чиј идентитет не може да се утврди се определува мерка упатување во прифатен центар за странци.

Член 118Кога советот за малолетници одлучува на главен претрес, согласно ќе се применуваат одредбите на Законот за кривичната постапка за подготовки-те за главен претрес, за раководењето со главниот претрес, за одлагањето и прекинувањето на глав-ниот претрес, за записникот и за текот на главниот претрес, но советот може да отстапи од овие правила ако смета дека нивната примена во конкретниот слу-чај не би била целесообразна.

На главниот претрес ќе се повикаат јавниот обвини-тел, оштетениот, малолетникот и неговиот бранител, неговите родители, посвоителот, односно старателот и претставник на центарот.

Недоаѓањето на родителите, посвоителот или стара-телот или на претставникот на центарот не го спре-чува судот да го одржи главниот претрес. Во случај на отсуство на родителот или законскиот застапник, судот ќе го задолжи бранителот да ги застапува и нивните интереси.

Одредбите на Законот за кривичната постапка за из-мена и проширување на обвинението ќе се примену-ваат и во постапката спрема малолетник, со тоа што советот за малолетници е овластен и без предлог на јавниот обвинител да донесе одлука врз основа на фактичката состојба која е изменета на главниот претрес.

Член 124Против решението, односно пресудата со која на малолетникот му е изречена санкција, како и против решението за запирање на постапката од членот 121 став 2 на овој закон, можат да изјават жалба сите лица кои имаат право на жалба против пресудата според одредбите на Законот за кривичната постапка и тоа во рок од осум дена од денот на приемот на решението, односно пресудата. Оштетениот може да изјави жалба само во однос на имотно-правно поба-рување.

Бранителот, јавниот обвинител, брачниот, односно вонбрачниот другар, роднина по крв во права линија, старателот, братот и сестрата можат да изјават жалба во корист на малолетникот и против неговата волја.

Жалбата против решението со кое се изрекува вос-питна мерка која се издржува во установа го задр-жува извршувањето на решението, ако судот во согласност со родителите на малолетникот и по со-слушувањето на малолетникот поинаку не одлучи.

За седницата на советот за малолетници на апела-циониот суд ќе се известат малолетникот и неговиот бранител ако тие тоа го бараат.

Член 125Советот за малолетници на апелациониот суд може да ја преиначи првостепената одлука со изрекување на потешка санкција спрема малолетникот, само врз основа на жалбата поднесена од страна на јавниот обвинител.

Ако со првостепената одлука не е изречена казна или заводска мерка, советот може таа казна, односно мерка да ја изрече само ако одржи претрес. Малолет-нички затвор во подолго траење или потешка завод-ска мерка од онаа што е изречена со првостепената одлука може да се изрече и на седница на советот.

Член 126Против одлуката на апелациониот суд за преиначу-вање на првостепената одлука по одржан претрес со која се изрекува казна или заводска наместо воспит-на мерка, може да се поднесе жалба до Врховниот суд во рок од осум дена од денот на приемот на од-луката.

Член 127Барање за заштита на законитоста може да се поди-гне согласно со Законот за кривичната постапка.

Член 128Одредбите на Законот за кривичната постапка за повторување на кривичната постапка завршена со правосилна пресуда согласно ќе се применуваат и врз повторување на постапката завршена со право-силно решение за примена на воспитна мерка или за запирање на постапката спрема малолетникот.

Член 140Малолетникот жртва мора да има полномошник од првото сослушување на обвинетиот.

Во случај малолетникот да нема полномошник, него со решение го поставува претседателот на судот од редот на адвокатите кои се стекнале со посебни знаења од областа на правата на детето и кривично-правната заштита на малолетните лица.

Трошоците за застапување паѓаат на товар на суд-скиот буџет.

Адвокатот поставен од претседателот на судот е дол-жен да следи специјализирана обука за малолетнич-ко престапништво од најмалку четири до десет дена во текот на годината во земјата или во странство.

ЗАКОН ЗА ПОЛИЦИЈА 287

Член 37Полициските овластувања кон малолетни лица ги применуваат полициски службеници кои се посебно оспособени за работи на сузбивање на малолетнич-ката деликвенција.

Во исклучителни случаи, полициски овластувања кон малолетни лица можат да применуваат и други по-лициски службеници ако заради околностите на слу-

287 Закон за полиција („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/2006, 148/2008, 6/2009)

Page 149: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

381

чајот не можат да постапуваат полициските службе-ници од ставот 1 на овој член.

Полициските овластувања кон малолетните лица по правило се применуваат во присуство на нивниот роди-тел или старател, освен ако заради посебни околности или неодложност на постапувањето тоа не е можно.

Член 45Полицискиот службеник е овластен да повика лице и усно, при што е должен да му ги соопшти причините

за повикувањето, а со согласност на лицето може да го превезе до службените простории.

Лице може да се повика и преку средствата за јавно информирање кога е тоа неопходно потребно заради опасност од одлагање, безбедност на постапувањето или кога поканата се упатува на поголем број лица.

Повикување на малолетно лице се врши со доста-вување на писмена покана до неговиот родител или старател.

Page 150: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

382

Б. КОНТРОЛНА ЛИСТА

Член 40 Индикатори

Да

Да, но

Не е најдена

референца

Не

Дали законодавството, политиката и практиката на РМ му го признаваат правото на секое дете за кое се тврди или кое е обвинето или за кое е признаено дека го прекршило кривичниот закон, со него да се постапува на начин на кој се промовира неговото достоинство и вредност √ на кој се поттикнува неговото почитување на правата на човекот и основните слободи на другите √ при што се земаат предвид возраста на детето √ желбата да се подобри неговата реинтеграција √ тоа да преземе конструктивна улога во општеството √При планирањето на системот на малолетничка правда, РМ ги зема предвид соодветните одредби на ООН и одредбите од другите меѓународни инструменти: √

Законодавството на РМ осигурува за ниедно дете неосновано да не се тврди, да не биде обвинето дека го прекршило кривичниот закон поради дело или пропуст што не се забранети со националните закони во времето кога се направени.

Дали законодавството, политиката и практиката на РМ на секое дете за кое се тврди или кое е обвинето за прекршување на кривичниот закон да му се дадат барем наведените гаранции Да се смета за невино додека вината не се докаже според законот √ Да биде

веднаш и √ директно известено за обвиненијата против него, √

ако е потребно и неговите родители или законски старатели √ и да има правна или друга соодветна помош во подготовката и презентирањето на својата одбрана. √

Постапката да се води без задоцнувања √ и тоа од страна на надлежен независен и непристрасен орган или судско тело √ со праведно сослушување во согласност со законот (вклучително на Пекиншките правила) √ во присуство на правна или друга соодветна помош √ во присуство(освен ако се смета дека тоа не е во интерес на детето, посебно земајќи ги предвид неговите родители или законски старатели) √

во присуство на детето. √ Детето да не биде присилено да сведочи √ или да признае вина,право на молчење ЗКП √ а да се испитуваат или да бидат испитани сведоци √ да се обезбеди учество и испитување сведоци од страната што обвинува, истовремено да се обезбеди учество и испитување на негови сведоци под еднакви услови за да се утврди или да се отфрли вината.

Ако се смета дека детето го прекршило кривичниот закон, повторно да ја разгледува повисок, надлежен, независен или непристрасен орган или судско тело во согласност со законот √

оваа одлука √ и секоја досудена мерка што произлегува од тоа. √ Детето да има бесплатна помош од преведувач ако не може да го разбере или не го зборува јазикот кој официјално се користи. √

Да се почитува приватноста на детето на сите нивоа од постапката. √Дали сослушувањата на децата се отворени за јавноста √ за претставниците на печатот √ Дали има соодветни ограничувања за известување од страна на печатот за вакви сослушувања и за нивните резултати √

Дали законодавството осигурува дека нема околности под кои идентитетот на детето за кое се тврди или кое е обвинето или за кое е признаено дека го прекршило кривичниот закон, може да биде откриен

Дали во државата постои систем на малолетничка правда, различен од оној што се однесува на полнолетни лица √

Дали со сите деца на возраст до 18 години, за кои се тврди или кои се обвинети или за кои е признаено дека го прекршиле кривичниот закон, без исклучок, се постапува според системот на малолетничка правда

Дали системот на малолетничка правда вклучува, посебно за овие деца, посебни закони √ постапки √ авторитети √ институции √ сместување √Дали во законот е дефинирана најниска возраст под која децата не ќе можат да бидат сметани како способни за прекршување на кривичниот закон √

Page 151: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

383

Доколку ваква возраст е дефинирана, дали постојат околности под кои детето под таа возраст може да се тврди или да се обвини или да се признае дека го прекршило кривичниот закон √

Дали законодавството, политиката и практиката на РМ предвидуваат мерки за постапување со дете за кое се тврди или кое е обвинето или за кое е признаено дека го прекршило кривичниот закон, без прибегнување кон судска постапка

Ако да, дали постојат обезбедувања за детето што себеси се смета за невино √Дали се достапни наредба за грижа √ наредба за раководење и надзор √ диверзија спрема ментална здравствена установа √ репарација/рестутиција со жртвата √ советување √ пробација √ прифаќање √ образование √ курсеви за стручно насочување √ други алтернативи на институционална грижа √Дали законодавството, политиката и практиката обезбедуваат постапување со децата на начин кој е во нивен интерес и кој е пропорционален и на околностите √ и на стореното дело √

В. КОМЕНТАРИ

Членот 40 ги опфаќа правата на сите деца за кои се претпоставува, кои се обвинети или за кои е потврдено дека го прекршиле Кривичниот законик. Оттаму, тој го покрива третманот од моментот на наодот/тврдењето, преку истрагата, апсењето, обвинението, предпроцесниот период, судењето сè до изрекувањето на казната. Овој член бара од државните органи да промовираат јасен систем за малолетничка правда за децата.

Контролниот список ги одразува дејствата кои ги презема Владата заради исполнување на правата на децата согласно членот 40. Во продолжение е даден преглед на одредени прашања кои бараат дополнително внимание.

Третман на децата за кои се претпоставува, кои се обвинети или за кои е потврдено дека го прекршиле Кривичниот законик Пресумпција на невиност и заштита од само-инкриминација – Согласно членот 2 од Законот за кривична постапка288, лице кое е обвинето за извршување на кривично дело се смета невино се додека неговата/нејзината вина не се потврди со судска пресуда. Во Законот за малолетничка правда289 ова експлицитно не е наведено; сепак согласно членот 79 од Законот за малолетничка правда, оваа одредба од Законот за кривична постапка се однесува на постапките кои се водат против малолетници за дела кои се правно дефинирани како кривично дело или како прекршок; освен доколку овој закон не предвидува поинаку. Иако е јасно дека начелото за пресумпција на невиност се применува постојано во постапките кои се водат против малолетници, оваа одредба треба да се вгради во новата верзија на Законот за малолетничка правда.

Законот за малолетничка правда, исто така, треба да се ревидира со цел да го вклучи и правото на молчење и останатите процедурални гаранции кои произлегуваат од пресумпцијата на невиност. Конкретно, се чини дека малолетниците се третираат како извршители на дела иако нивната вина сè уште не е потврдена во правична постапка во која тие може ефикасно да се бранат.

Правично судење – Обвинетите имаат право да бидат сослушани и да се бранат себеси пред судот. Членот 86 од Законот за малолетничка правда јасно предвидува дека нема да се суди во отсуство. Од аспект на непристрасна одлука, проблематично е тоа што судиите за малолетнички криминал дејствуваат и донесуваат одлуки на неколку инстанци. На пример, еден судија за малолетнички криминал донесува одлука за одредено дете. Доколку детето се жали на таа одлука, истата ќе биде разгледувана од Советот за малолетници во рамки на тој суд. Во помалите судови, судијата кој ја донел таа одлука, исто така членува во тој Совет за малолетници.

Времетраење на задржувањето – Статистичките податоци преставени од УНИЦЕФ во 2007 година

288 Закон за кривична постапка (Службен весник на Република Македонија, бр. 15/1997; 44/2002; 74/2004; 83/2007 и 67/2009.289 Закон за малолетничка правда (Службен весник на Република Македонија, бр. 87/2007).

Page 152: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

384

покажуваат дека децата може да одлежуваат дури и неколку години во затвор. Процените за времетраењето на затворот покажуваат дека бројот на децата кои се казнуваат со казна затвор повисока од 5 години е голем (околу 13%) во регионот, иако најголемиот број од нив (70%) се осудени на казна затвор од 2 или помалку години290.

Согласно информацијата објавена во 2006 година од страна на Хелсиншкиот комитет, забележан е случај во која малолетник е држен во притвор 15 месеци (од кои 7 пред неговата 18-годишна возраст) со што е прекршен членот 492 од Законот за кривична постапка, кој предвидува дека казната притвор кај малолетник може да се применува единствено во времетраење од 90 дена и може да се извршува единствено во исклучителни случаи291. Во друг случај, едно дете е држено во затвор заедно со возрасни лица. И покрај предупредувањата за ранливата состојба на малолетникот забележана од стручни лица (психијатари и социјални работници), надлежните органи не реагираа. Како последица од штетата направена врз менталното здравје на детето, тоа разви суицидални тенденции. Постапувајќи на ваков начин, судот, како орган надлежен за спроведување и заштита на законот, еклатантно ги повреди членовите 3, 24, 34, 37, 39 и 40 од Конвенцијата за правата на детето, одредбите од Законот за кривична постапка, како и стандардните минимални правила на ООН за примена на малолетничката правда (Пекиншки правила).292

Ова прашање е наведено во членот 183 од Законот за кривична постапка во кој се пропишува дека времетраењето на притворот треба да биде колку што е можно покусо. Ова особено се однесува на малолетници и истото е пропишано во членот 4 од Законот за малолетничка правда. Сепак, во моментов не постојат информации за да се утврди дали овие одредби делотворно се применуваат и дали времетраењето на притворот е намалено како резултат на влегувањето во сила на новиот Закон за малолетничка правда.

Образование и професионална обука за малолетни притвореници – Иако образованието и рехабилитацијата се вклучени во членот 2 од Законот за малолетничка правда, треба да се забележи дека недостасува квалитетно образование и програми за професионални вештини за малолетниците кои престојуваат во малолетничкиот затвор во Охрид и во воспитно поправниот дом во Тетово (во рамки на затворот Скопје).

Дополнителни коментари за претсудскиот притвор и за задржувањето се дадени во членот 37 од Конвенцијата за правата на детето.

Специјализација на правосудниот систем за малолетници – Пред воведување на Законот за малолетничка правда, недостатокот на специјализација на правосудниот систем беше критикуван од многу организации. Извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија од 28 август 2006 година препорачува дека се потребни поголеми напори од страна на полициските сили и институциите каде децата ја отслужуваат затворската казна за да се гарантира дека се почитуваат правата на детето – во согласност со членовите 37, 39 и 40 од Конвенцијата за правата на детето. Согласно истиот извештај, отсуството на прецизно дефинирани обврски и процедури кои се однесуваат на децата во регулативите за работа на полицијата, заедно со неспроведувањето на минималните стандарди пропишани со законот со кој се регулира сместувањето и останатите процедури кои се однесуваат на децата во затворските установи, се едни од најголемите нарушувања на правата на децата и заканите врз нивните животи и развојот. Во однос на правосудните органи (судовите и канцеларијата на јавниот обвинител), за чијашто работа се пропишани јасни стандарди во националното законодавство, Извештајот на Хелсиншкиот комитет наведува многу пропусти во судската пракса. Согласно информацијата објавена во 2007 година, Комитетот за Конвенцијата за правата на детето ја нотира грижата дека многу деца кои доаѓаат во конфликт со законот се третираат како возрасни криминалци.293

Законот за малолетничка правда дава одговор на ова прашање со тоа што вклучува конкретни одредби за основање на специјализиран систем за малолетничка правда (види членови 2 и 11). Исто така, ви членовите 137 и 145 од Законот за полиција се пропишува дека службениците за спроведување на Законот кои работат со малолетници треба да минат низ специјална обука за борба против малолетничкото престапништво. Сепак, нивото на специјализација на системот за малолетничка правда сè уште останува во голем дел недоволен. Генерално, спроведувањето на малолетничката правда во земјата останува сериозно попречена од недостатокот на вешти и обучени професионалци и недостатокот на материјални и финансиски ресурси. Рецидивизмот е една од главните карактеристики на малолетничкиот криминал и еден од најважните индикатори за неефикасноста на мерките кои се применуваат на малолетните престапници.

290 UNICEF CEE/CIS, Загубени во правосудниот систем, Деца во конфликт со законот во Источна Европа и во Централна Азија, мај 2007 година

291 Хелсиншки комитет за човекови права за Република Македонија (28 август 2006), ‘Правата на детето – анализа на случаи од страна на Хелсиншкиот Комитет: најдобриот интерес на детето во Република Македонија.’

292 Извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права за Република Македонија од 28 август 2006.293 УНИЦЕФ, Загубени во правосудниот систем – деца во конфликт со законот во Источна Европа и централна Азија, 2007 година.

Page 153: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

385

Правна помошВиди детали во членот 37 од Конвенцијата за правата на детето.

Минимална возрасна граница за кривична одговорност Новиот Закон за малолетничка правда е усогласен со сите релевантни меѓународни договори и стандарди кои се однесуваат на минималната старосна граница на која детето може да биде предмет на постапки поради извршување кривично дело или прекршок (14 години, согласно членот 6-A од Кривичниот законик). Согласно извештајот на УНИЦЕФ од 2004 година, возраста на престапникот се одредува врз основа на официјални документи како извод од матична книга на родените.294 Сепак, идентификуван е и голем проблем со непостоење на изводи од матична книга на родените кај децата од улица. Министерството за труд и социјална политика (MТСП) проценува дека постојат околу 2.000 „деца на улица“, од кои 95% се Роми. Во отсуство на официјални документи, методите кои ги употребуваат јавните обвинители за да ја оценат возраста на малолетниот престапник може да варираат. Поради огромната важност на точното утврдување на возраста во кривичната постапка, треба да се развијат старндардизирани и веродостојни постапки за проценување на возраста на малолетникот. Како што веќе споменавме во членовите 1 и 7 од Конвенцијата за правата на детето, треба да се направат напори за јакнење на регистрацијата на родените деца.

Известување во медиумите Јавноста треба да е исклучена секогаш кога се суди дете (член 84, став 2 од Законот за малолетничка правда). Членот 92 од истиот закон предвидува дека не смее да се објавуваат информации за текот на постапката ниту за одлуката донесена по завршување на постапката без претходна дозвола од Судот. Одредени детали од постапката или одлуката може да се објавуваат единствено со одобрение од судот; но дури и во тие случаи името на малолетното лице и останати податоци врз основа на кои може да се открие неговиот/нејзиниот идентитет не смее да се откриваат. Овие одредби се особено важни за да се зајакне правната рамка и судската практика. Согласно извештајот на Хелсиншкиот комитет од 2006 година, наведен е драматичен пример кога судот не ја исклучи јавноста од судењето и дозволи објавување на делови од случајот, вклучувајќи ги полните имиња на жртвите – што резултираше со самоубиство на детето-жртва и сведок во судскиот процес кој се однесуваше на случај на посредување при проституција. 295

Законот за малолетничка правда регулира дека јавноста е исклучена кога му се суди на дете, но не и кога детето е жртва или сведок. Согласно извештајот на Хелсиншкиот комитет, улогата на медиумите е многу контроверзна во случаи кои се однесуваат на прекршување на правата на децата. Во најголемиот број случаи, новинарите покажуваат загрижувачки ниско ниво на непознавање на одредбите од Конвенцијата и не се обидуваат да ги заштитат „најдобрите интереси на децата“ вклучени во процесот.296

Одвраќање и определби Одвраќањето е воведено во Законот за малолетничка правда во 2009 година. Сепак, спроведувањето во практика останува слабо. Сите наведени определби во Контролниот список се предвидени во правниот систем. Сепак, најголемиот дел од нив не се достапни во практиката т.е. специјализирани советодавни служби, специјализирани посвоителни служби, алтернативи на институционална грижа итн.

294 Канцеларија на УНИЦЕФ, Емпириска анализа на проблемите на децата изложени на ризик и оценка на постојните фактори на заштита, Скопје 2004 година.

295 Хелсиншки комитет за човекови права за Република Македонија (28 avgust 2006), ‘Правата на детето – анализа на случаи од страна на Хелсиншкиот Комитет: најдобриот интерес на детето во Република Македонија.’

296 Ibid.

Page 154: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

МАЛО

ЛЕТНИЧКА ПРАВДА

386

Г. ПРЕПОРАКИ

1. Правни препоракиПрезумпција на невиност и заштита од самоинкриминација – Законот за малолетничка правда треба да го вклучи начелото за презумпција на невиност и правото на молчење.

Независност и непристрасност на судијата – Од аспект на правото на непристрасна пресуда, треба да се ревидира ситуацијата во која судија за малолетничка правда може да дејствува и да донесува одлуки на неколку различни инстанци (член 94 и 95 од Законот за малолетничка правда).

Минимална возрасна граница за кривична одговорност – Државата треба да воведе сигурна и стандар-дизирана постапка за утврдување на возраста на престапникот во отсуство на извод од матичната книга на родените. Согласно препораките на Комитетот на Конвенцијата за права на детето, домашното законо-давство јасно ќе пропише дека доколку не постои доказ за возраста и доколку не може да се утврди дали детето е под или над минималната возрасна граница, детето нема да се смета како кривично одговорно.

Медиуми – Невклучувањето на јавноста треба да се прошири на децата жртви на кривични дела и на децата сведоци.

2. Препораки кои го поддржуваат спроведувањето на законодавството Третман на детето – Се препорачува ефикасно спроведување на правните одредби кои се однесуваат на ограничување на времетраењето на задржувањето. Лишувањето од слобода треба да биде последен избор и тоа за најкус можен период. Во случај на лишување од слобода на деца, треба да им се обезбеди пристап до основни социјални услуги, вклучувајќи висококвалитетни образовни програми.

Одвраќање и спречување на рецидивизам (текст според членот 37 од Конвенцијата за правата на детето) – Државата треба да обезбеди дека се воспоставени условите за спроведување на алтернативни мерки (медијација, помирување, исплата на компензација за штетите, примена на алтернативни мерки, општокорисна општествена работа, како и примена на други мерки од страна на службите за заштита на малолетници). Особено е важно да се вложат значителни средства во Центрите за социјална работа (ЦСР) за да зајакнат нивните капацитети и способности заради ефикасно справување со прашањата поврзани со малолетничкото престапништво и со децата подложни на ризик. Треба да се развијат и спроведат програми за спречување на сите нивоа (основно, секундарно и терциерно).

Градење на капацитетите – Државата треба да оддели доволно ресурси за спроведување на Законот за малолетничка правда и на акциониот план. Програмите за обука и за градење на капацитетите на правосудството и службениците за спроведување на Законот треба и понатаму да се спроведуваат.

Page 155: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ОПШ

ТИ ПРЕПОРАКИ

387

ОПШТИ ПРЕПОРАКИ

1. Општи мерки за спроведување на Конвенцијата за прават на детето Јакнење на јавната свест – Треба да се преземат мерки за да се осигури успешно ширење на информациите и разговорите за Конвенцијата во училиштата и во сите институции за грижа и образување на децата, вклучувајќи ги и поправните установи.

Мониторинг – Мандатот на НСПД треба да се измени и да се насочат соодветни ресурси за негово основање и за негово функционирање како тело одговорно за промоција на Конвенцијата како и за надзор и известување за состојбата на децата и за статусот на спроведување на Конвенцијата.

2. Општи начелаДефиниција за детство – Дефинициите кои се употребуваат за дефинирање на поимот дете во законодавството како и во документите за политиките треба да бидат конзистентни и во согласност со Конвенцијата за правата на детето – поимите “дете” и “малолетник” не треба да се употребуваат како замена еден за друг. Избраното законодавство треба да се ревидира за да се осигури дека минималните старосни граници кои се однесуваат на заштитата треба да бидат колку што е можно повисоки, додека оние кои се однесуваат на возраста кога детето добива самостојност како и потребата Државата да ги почитува граѓанските права на детето како и неговите растечки капацитети, бараат пофлексибилен пристап, кој ќе биде чувствителен на потребите на детето. Особено внимание треба да се покаже за поставувањето заштитни старосни граници кои ќе бидат колку што е можно повисоки: како за пристап до порнографски содржини на електронските медиуми; регрутирање на детето од страна на вооружени и парамилитарни групи и од криминални групи кои ги таргетираат децата.

Недискриминација – Иако начелото за недискриминација е вградено во законодавството, особено со донесување на Законот за недискриминација, сепак има простор за јакнење на заштитата со проширување на списокот на основи за дискриминација заради вклучување на јазикот на малцинствата и дискриминација на децата и бремени жени. Понатаму, потребни се значителни активни мерки за да им се одговори на можностите за дискриминација. Комисијата за антидискриминација треба да ги добие надлежностите да иницира истраги кога ќе увиди случаи на дискриминација врз која било основа.

Најдобар интерес на детето – Начелото „во најдобар интерес на детето“ треба систематски да се вгради како клучно начело во сите релевантни делови од националното законодавство кои се однесуваат на правата на децата, на начин на кој ќе се овозможи повикување на него во случаи пред судовите. Конкретна одредба треба да се вметне во Законот за семејство за утврдување на начелото „најдобриот интерес на детето“ како водечко начело за сите прашања кои се однесуваат на одлуки за доделување на детето, старателство и во ситуации на раздвоени родители. Исто така, треба да се вложат напори за вградување на одредбите за вршење на задолжителни оценки за влијанието врз детето и задолжителни ревидирања на законодавството и на одлуките на политиките за да се гарантира дека се земени предвид најдобрите интереси на детето.

Ставови на детето – Во релевантните делови од законодавството треба да се вметнат одредби за да се обезбеди дека децата може да си ги изразат своите ставови и мислења и дека тие ќе бидат земени предвид, во согласност со возраста на детето и нивото на зрелост. Особено, Државата треба да ги зајакне партиципаторните демократски механизми во училиштата за да обезбеди вклучување на студентските организации во процесот на одлучување.

3. Граѓански права и слободаПраво на лично име и идентитет – Државата треба да воспостави правни и оперативни специјални механизми кои ќе ја поддржат регистрацијата на социјално исклучените деца и промоција на позитивна дискриминација наспроти казнени мерки. Законодавството треба да се ревидира за да им се овозможи на посвоените деца да го знаат идентитетот на своите биолошки родители во одредени случаи.

Слобода на изразување – Треба да се подигне јавната свест за правата на децата за изразување на своите лични гледишта и ставови и за улогата која ја има тоа изразување во овозможувањето децата да ги развијат своите лични гледишта како неопходна фаза во процесот на постигнување зрелост.

Слобода на мислата, уверувањето и вероисповед – Државата, преку постојните државни и локални

Page 156: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ОПШ

ТИ ПРЕПОРАКИ

388

механизми, како Националната комисија за правата на детето и општинските совети, треба да обезбеди редовен надзор и известување за опсегот до кој се практикува слободата на говор на децата и за обемот до кој се земаат предвид ставовите на детето. Конкретни жалбени механизми треба да им се достапни на децата чиишто права биле нарушени. Учеството во верското образование треба да биде одлука која ќе ја донесе детето, во зависност од неговата/нејзината верска припадност, а земајќи ја предвид зрелоста на детето. Наставниот план развиен за верското образование треба во целост да го почитува начелото на недискриминација.

Право на приватност – Државата треба да развие соодветни правни рамки за да го гарантира правото на децата на приватност, особено во семејствата, училиштата, институциите за згрижување на децата и во други релевантни институции. Законодавството за радиодифузија треба да вклучува казни за медиумите кои не ја почитуваат приватноста и дигнитетот на децата и нивните семејства.

Правото за пристап до информации – Законодавството кое се однесува на заштитната минимална старосна граница за пристап до порнографски електронски медиуми треба да се донесе со потполно почитување на меѓународните и европските стандарди насочени кон заштита на децата од злоупотреба преку новите технологии. Треба да се развиваат регулативи кои ги поттикнуваат медиумите да шират информации и материјали за социјалната и културолошката полза за децата и во согласност со духот на нивното право на образование.

4. Семејна средина и алтернативно згрижување Одделување од родителите и квалитет на службата за социјални работи – Државата треба да свика судски процес за да одлучи за доделување на старателство за децата во сите случаи и без исклучок. Таа исто така треба да востанови механизам кој ќе гарантира дека услугите за социјална работа се навремено обезбедени од персоналот на Центарот за социјална работа на делотворен и ефикасен начин и без дискриминација. Исто така треба да се зголемат и инвестициите за програмите за систематско и сеопфатно јакнење на капацитетите на Центарот за социјална работа.

Заштита од сите форми на насилство – Државата треба да основа национален систем за податоци за впишување, повикување и надзор на случаи на злоупотреба на деца. Исто така треба да се развие професионален кодекс на однесување со цел да се гарантира дека несоодветното постапување со случаите на злоупотреба на деца треба соодветно да се санкционира. Програмите за рехабилитација на децата – жртви на злоупотреба треба исто така да добијат соодветни кадрови и финансиски ресурси.

5. Основно здравје и благосостојбаПраво на живот, опстанок и развој – Државата треба да обрне особено внимание на намалување на перинаталната смртност (мртвородени и смрт на живородени деца во првиот месец од животот). Релевантни стратегии за подобрување на квалитетот на негата треба да се воведат и финансиски и кадрово да се поддржат, а воедно да се формулираат стандарди за перинатални здравствени услуги. За да се обезбеди подеднаква опфатеност и заради намалување на регионалните разлики во клучните индикатори за нега на децата, Државата треба да распредели доволно ресурси на оние заедници чиишто здравствени индикатори кои се однесуваат на децата се под националниот просек. Државата треба да направи поголеми напори за да гарантира внесување на Меѓународниот кодекс за продажба на замените за мајчиното млеко во своето национално законодавство. Ова ќе обезбеди спроведлива правна рамка за промоција и заштита исклучиво на доењето.

Деца со пречки во развојот – Законодавството треба да се ревидира за да се гарантира дека оценката на децата со пречки во развојот е усогласена со меѓународните стандарди. Понатаму, треба да се основа национален регистар на деца со пречки во развојот и треба да се воведат стандарди за обезбедување на социјална и здравствена грижа на децата со пречки во развојот. Соодветно, треба да се воспостави и систем на акредитација. Здравственото законодавство треба да се измени за да се гарантира дека се воспоставени здравствени скрининзи за рано откривање на децата со пречки во развојот. Државата треба да им обезбеди и ефикасен пристап до образование. Центрите за дневна грижа треба да добијат финансиски, организациски и кадрови ресурси.

Право на здравје/пристап до здравствена нега – Постојниот систем на партиципација може да го попречи целосниот пристап до основните здравствени услуги за децата. Политиката за партиципација предвидува учество до 20% за децата за користење на основниот здравствен пакет кој се добива на секундарното и терциерното ниво на здравствена нега, треба да се ревидира со цел сите деца да бидат целосно исклучени од ова кофинансирање. Законот за здравствена грижа треба да се ревидира во деловите на доверливоста

Page 157: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ОПШ

ТИ ПРЕПОРАКИ

389

и согласноста на малолетникот кој ги користи здравствените услуги. Треба да се развијат и упатства за утврдување на условите за независна употреба на услугите за малолетници и дефинирање на условите кога други лица треба да се вклучат во одлучувањето во нивно име.

Право на социјална благосостојба – Обемот на социјалната благосостојба и останатата финансиска поддршка од Државата која ја добиваат граѓаните и нивните семејства треба да се зголеми за да им се овозможи пристоен стандард на живеење на секое дете. На децата треба да им се овозможи остварување на своите права за финансиска придобивка без каква било дискриминација. Државата, во соработка со граѓанските организации, НВО и меѓународните организации кои се активни во областа на социјалната политика треба да преземат одлучни чекори за регистрација на нерегистрирани деца и оттаму да го гарантира нивното вклучување во системот за социјална сигурност. Анализа на опфатеноста на корисниците треба да се изврши за да се оцени влијанието од бенефициите на детето врз семејствата и децата со особен фокус на оние кои живеат во тешка сиромаштија и етничките групи кои се изложени на повисок ризик на сиромаштијата.

6. Образование Соодветни финансиски ресурси – Финансирање на интервенциите наменети за подобрување на квалитетот на образованието треба да се зголеми (како обука за наставници или градење на училишта во региони во кои често пати се изведува настава во две или три смени). Како и зголемување на ресурсите кои се наменети за образование на Ромите како и во општите инклузивни практики во училиштата, за основање на механизми за буџетирање и известување за трошоците од страна на единиците на локална самоуправа.

Пристап до образование – На следниве групи треба да им се овозможи остварување на правата на образование, деца – припадници на етничките заедници, децата со хендикеп и деца од пониските социо-економски слоеви. Државата треба да преземе мерки за позитивна дискриминација за да го поддржи целосното вклучување на децата со посебни образовни потреби, т.е. да воведе промени во законите за образование и во подзаконските акти, за да поддржи целосно вклучување на децата со посебни образовни потреби.

Училишта по мерка на децата– Државата треба да обезбеди спроведување на реформа усогласена со стандардите за Училишта по мерка на децата која ќе се однесува на инклузивноста, делотворноста, безбедноста, здравата и заштитничка средина, еднаквост на половите, партиципативност, мултикултурализам и права на детето. За да се гарантира дека практиките се усогласени со стандардите на Училишта по мерка на децата, Државата треба да воведе механизми за јакнење на капацитетите на наставниците (обука на наставниците на самото место) за употреба на методологијата која детето го става во центарот, кои поттикнуваат партиципативност, мултикултурализам и спречување на насилството. Националната оценка и оценката заснована на училиштето треба да осигури дека учениците ќе се здобијат со знаење и вештини кои се усогласени со целите во наставниот план; а училиштата треба да обезбедат активни механизми за да гарантираат безбедна, здрава и заштитничка средина.

7. ЗаштитаДеца од малцинските групи – Активната промоција на мултикултурализмот треба дополнително да се развива во рамки на законодавството за антидискриминација. Социјалното вклучување на малцинските групи, а особено на ромската заедница треба да се поддржи. Целите од стратешките документи претставени како дел од Декадата за инклузија на Ромите, како националните акциони планови во областа на образованието, здравството, вработувањето и домувањето треба да се поддржуваат и да се алоцираат соодветни ресурси.

Детски труд – Законодавството кое се однесува на законската возраст за работа треба да се ревидира за да тоа биде во согласност со Конвенцијата на МОТ бр. 138 во која се вели дека минималната старосна граница за работа не треба да биде под возраста пропишана за завршување на задолжителното образование. Државата треба да донесе законодавство за да гарантира соодветна заштита и да ја спречи експлоатацијата на децата од сезонска работа во земјоделството. Трудовата инспекција која се бори против експлоатација на децата треба да се зајакне.

Сексуална експлоатација на деца – Кривичниот законик мора да се измени за да се дефинираат кривичните дела против децата (лица под 18 години) врз основа на видот на делото. При тоа, законот не треба да прави разлика помеѓу различните старосни групи. Државата треба да именува владино тело кое ќе биде централно тело за координација, надгледување, надзор и известување за сите форми на сексуална експлоатација дефинирани согласно Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето. За сите деца- жртви треба да бидат достапни делотворни програми за спречување, рехабилитација и нивна реинтеграција.

Институционална грижа – Треба да се развијат минимални стандарди за институционалната грижа.

Page 158: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

ОПШ

ТИ ПРЕПОРАКИ

390

Државата треба да алоцира доволно средства за континуирана обука и образование за персоналот кој работи со деца лишени од родителска грижа. Пристапот на децата до овие услуги треба биде гарантиран а треба да се воспостави и систем за редовен надзор на квалитетот на грижата во институциите. Државата треба да гарантира дека сите наводни случаи на злоупотреба ќе бидат предмет на инспекција и ќе се следат. Услугите поврзани со теренските посети на социјалните работници како поддршка на семејствата-посвоители треба да се зајакнат.

Тортура, нехуман и понижувачки третман – Членот 273 од Законот за спроведување санкции треба да се измени со цел сузбивање на можноста за сместување на малолетници во самици и да се гарантира постојано одделување на полнолетните и малолетните затвореници. Условите за притвор треба да се подобрат. Треба да се изгради делотворен механизам за надзор, со цел заштита на децата од тортура и од други видови на сурово, нехумано и понижувачко однесување во периодот на задржување.

Малолетничка правда – Државата треба да лоцира доволно ресурси за спроведување на Законот за малолетничка правда и на акциониот план. Програмите за обука и за градење на капацитетите на правосудните органи и за службениците за спроведување на законот треба дополнително да се развиваат. Државата треба да обезбеди услови за спроведување на алтернативни мерки. Особено е важно да се направат значителни вложувања во Центрите за социјална работа, а нивните капацитети и ресурси треба да се зголемат за да се справат со прашањата поврзани со малолетничкото престапништво и со децата изложени на ризик; треба да се развијат и да се спроведат програми за спречување на сите нивоа (примарно, секундарно и терциерно). Треба да се основа државен фонд за компензација во согласност со одредбите од Законот за малолетничка правда.

Page 159: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

391

АНЕКС 1 – КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА И ДОКУМЕНТИ

1. ЗакониУстав на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија, бр.52/1991).

Закон за азил и привремена заштита (Службен весник на Република Македонија, бр.49/2003; 66/ 2007 и 142/2008).

Закон за безбедност во снабдувањето со крв (Службен весник на РМ, бр.110/2007).

Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на Република Македонија, бр.54/2007; 84/2007; 86/2008; 98/2008; 106/2008 и 64/2009).

Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување, (Службен весник на Република Македонија, бр.37/2008).

Закон за волонтерството (Службен весник на Република Македонија, бр.85/2007 и 161/2008).

Закон за вонпарничната постапка (Службен весник на Република Македонија, бр. 9/2008).

Закон за вработување и работа на странци (Службен весник на Република Македонија, бр.70/2007, 152/2008, 5/2009).

Закон за државјанството на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија, бр.67/1992, 8/2004, 98/2008).

Закон за заштита на децата („лужбен весник на Република Македонија, бр.98/2000; 17/2003; 65/2004, 113/2005, 98/2008; 107/2008 и 83/2009).

Закон за заштита на правата на пациентите (Службен весник на Република Македонија, бр.82/2008 и 12/2008).

Закон за заштита на сведоци (Службен весник на Република Македонија, бр.38/2005 и 58/2005).

Закон за заштита од експлозивни материи (Службен лист на СФРЈ, бр.4/1978; 10/1978; 51/1988; 36/1990 и Службен весник на Република Македонија, бр.12/1993; 66/2007 и 84/2008).

Закон за заштита од пушењето (Службен весник на Република Македонија, бр.36/1995, 70/2003, 29/2004, 37/2005, 103/2008 и 140/2008).

Закон за здравствената заштита (Службен весник на Република Македонија, бр.38/1991; 46/1993; 55/1995; 10/2004; 84/2005; 111/2005; 65/2006; 5/2007;77/2008 и 67/2009).

Закон за здравственото осигурување (Службен весник на Република Македонија, бр.25/2000; 34/2000; 96/2000; 50/2001; 11/2002; 31/2003; 84/2005; 37/2006; 18/2007; 36/2007; 82/2008; 98/2008; 6/2009 и 67/2009).

Закон за игрите на среќа и за забавните игри (Службен весник на Република Македонија, бр.10/1997; 54/1997; 13/2001; 2/2002 и 54/2007).

Закон за извршување (Службен весник на Република Македонија, бр.35/2005; 50/2006; 129/2006; 8/2008 и 83/2009).

Закон за извршување на санкциите (Службен весник на Република Македонија, бр.2/2006).

Закон за јавна чистота (Службен весник на Република Македонија, бр.111/2008 и 64/2009).

Закон за јавните собири (Службен весник на Република Македонија, бр.55/1995; 19/2006 и 66/2007).

Закон за јавното обвинителство (Службен весник на Република Македонија, бр.150/2007 и 111/2008).

Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции (Службен весник на Република Македонија, бр.103/2008).

АНЕКС 1 – КОРИСТЕНА

ЛИТЕРАТУРА И ДО

КУМЕНТИ

Page 160: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

392

Закон за кривичната постапка (Службен весник на Република Македонија, бр.15/1997; 44/2002; 74/2004; 83/2007 и 67/2009).

Закон за личната карта (Службен весник на Република Македонија, бр.8/1995; 38/2002; 16/2004; 12/2005 и 19/2007).

Закон за личното име (Службен весник на Република Македонија, бр.8/1995; 66/2007 и 103/2008).

Закон за малолетничка правда (Службен весник на Република Македонија, бр.87/2007).

Закон за матичната евиденција (Службен весник на Република Македонија, бр.8/1995; 38/2002; 66/2007; 98/2008 и 67/2009).

Закон за матичната евиденција (Службен весник на Република Македонија, бр.8/1995; 38/2002; 66/2007; 98/2008 и 67/2009).

Закон за меѓународно приватно право (Службен весник на Република Македонија, бр.87/2007).

Закон за ментално здравје (Службен весник на Република Македонија, бр.71/2006).

Закон за надзор на државната граница (Службен весник на Република Македонија, бр.71/2006, 66/2007 и 52/2009).

Закон за народниот правобранител граница (Службен весник на Република Македонија, бр. 60/2003, 143/2008).

Закон за наследувањето (Службен весник на Република Македонија, бр. 47/1996)

Закон за облигационите односи (Службен весник на Република Македонија, бр.18/2001; 4/2002; 5/2003; 84/2008 и 81/2009).

Закон за одбрана (Службен весник на Република Македонија, бр.42/2001; бр.5/2003; бр.58/2006 и бр.110/2008).

Закон за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија, бр.58/2000, 44/2002, 82/2008).

Закон за оружјето (Службен весник на Република Македонија, бр.7/2005, 47/2006, 42/2007, 86/2008).

Закон за основното образование (Службен весник на Република Македонија, бр.103/2008).

Закон за парничната постапка (Службен весник на Република Македонија, “ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009).

Закон за патните исправи на државјаните на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија, бр.67/1992; 20/2003; 46/2004; 19/2007 и 84/2008).

Закон за пензиското и инвалидското осигурување (Службен весник на Република Македонија, бр.80/1993; 3/1994; 14/1995; 71/1996; 32/1997; 24/2000; 96/2000; 5/2001; 50/2001; 85/2003; 50/2004; 4/2005; 84/2005; 101/2005; 70/2006; 153/2007; 152/2008; 161/2008 и 81/2009).

Закон за полиција (Службен весник на Република Македонија, бр.114/2006, 148/2008, 6/2009)

Закон за помилување (Службен весник на Република Македонија, бр.20/1993 и 12/2009).

Закон за правата на воените инвалиди (Службен весник на Република Македонија, бр.13/1996).

Закон за правната положба на црквата (Службен весник на Република Македонија, бр.113/2007).

Закон за прекинување на бременоста (Службен весник на Република Македонија, бр.22/1972, 18/1976, 15/1995).

Закон за прекршоците (Службен весник на Република Македонија, бр.62/2006).

Закон за прекршоците против јавниот ред и мир (Службен весник на Република Македонија, бр.66/2007).

Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување (Службен весник на Република Македонија, бр.142/2008 и 64/2009).

Закон за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните (Службен весник на Република Македонија, бр.36/1992; 12/1993; 43/2000 и 66/2007).

Закон за работните односи (Службен весник на Република Македонија, бр.62/2005, 106/2008 и 161/2008).

АНЕКС 1 – КОРИСТЕНА

ЛИТЕРАТУРА И ДОКУМ

ЕНТИ

Page 161: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

393

Закон за радиодифузната дејност (Службен весник на Република Македонија, бр.100/2005; 19/2007; 103/2008 и 152/2008).

Закон за ратификација, Службен лист на СФРЈ, бр.15/90 – Службен весник на Република Македонија, 1993.

Закон за рибарство и аквакултура (Службен весник на Република Македонија, бр.7/2008).

Закон за семејството (Службен весник на Република Македонија, бр.80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006 и 84/2008).

Закон за социјалната заштита (Службен весник на Република Македонија, бр.79/2009).

Закон за средното образование (Службен весник на Република Македонија, бр.44/1995; 24/1996; 34/1996; 35/1997; 82/1999; 29/2002; 40/2003; 42/2003; 67/2004; 55/2005; 113/2005; 35/2006; 30/2007; 49/2007; 81/2008 и 92/2008).

Закон за странците (Службен весник на Република Македонија, бр.35/2006; 66/2007 и 117/2008).

Закон за судовите (Службен весник на Република Македонија, бр.58/2006; 62/2006 и 35/2008).

Закон за судска служба (Службен весник на Република Македонија, бр.98/2008; 161/2008 и 6/2009).

Закон за туристичката дејност (Службен весник на Република Македонија, бр.62/2004; 89/2008 и 12/2009).

Закон за угостителската дејност (Службен весник на Република Македонија, бр.62/2004 и 89/2008).

Закон за условите за земање, разменување, пренесување и пресадување делови од човековото тело заради лекување (Службен весник на Република Македонија, бр.30/1995 и 139/2008).

Закон за учебници за основно и средно образование (Службен весник на Република Македонија, бр.98/2008).

Закон за Царинската управа (Службен весник на Република Македонија, бр. 46/2004, 81/2005, 107/2007, 103/2008, 64/2009).

Кривичен законик (Службен весник на Република Македонија, бр.37/1996; 80/1999; 4/2002; 43/2003; 19/2004; 81/2005; 60/2006; 73/2006; 7/2008; 139/2008; 114/2009).

2. Подзаконски актиДеловник на народниот правобранител (Службен весник на Република Македонија, бр.11/2005).

Колективен договор за измени и дополнувања на колективниот договор за основното образование во Република Македонија, Службен весник на РМ, бр.84/200

Колективен договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата, Службен весник на РМ, бр.41/2005

Колективен договор за култура, Службен весник на РМ, бр.41/2005

Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на можни посвоеници. Министерство за труд и социјална политика 11-4334-1, Скопје, 2004

Правилник за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, Фонд за здравствено осигурување, Службен весник на РМ, бр.26/2007.

3. Документи за спроведување на политикиАкционен план за превенција и справување со сексуална злоупотреба на деца и педофилија, 2009-2012.

Акционен план за борба против трговија со деца во Република Македонија, 2009-2012.

Анализа на имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на детето во законодавството и практиката во Република Македонија, Хелсиншки комитет за човековите права, Скопје, 2006.

Влада на Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика, Стратегија за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија, 2008 – 2015, декември, 2008.

АНЕКС 1 – КОРИСТЕНА

ЛИТЕРАТУРА И ДО

КУМЕНТИ

Page 162: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

394

Втор периодичен извештај на Република Македонија за правата на детето, МНР, Скопје, 2007.

Декларација за заштита на правата на детето (Службен весник на РМ бр.68/2003).

Декларација за заштита на правата на детето, Собрание на Република Македонија, бр. 07-5188/1, 2003.

Декларација земја по мерка на децата (Службен весник на РМ бр.95/2005).

Децата во Република Македонија, УНИЦЕФ, Скопје, 2008.

Државен завод за статистика, година/ број: 2.1.8.16

Закон за прекинување на бременоста (Сл. весник на СРМбр.22/72 и 18/76) Уставниот суд на РМ го отфрли како неоснован (У.Број: 236/2001-0-0 од 04/24/2002.

Закон за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето

Заштита на децата во Република Македонија, Милица Панева, Меѓаши, Скопје, 2006.

Иницијален извештај на Република Македонија по Конвенцијата за правата на детето, Скопје, 1996.

Информација за состојбата со обезбедувањето услови за остварување и заштита на правата на децата со посебни потреби во дневните центри.

Канцеларија на Народен правобранител, Информација во врска со практичната примена на законските одредби за заштита на децата од алкохол и цигари.

Посебен извештај за добиените одговори од децата по прашањата поставени во анкетниот лист за физичко, психичко и сексуално малтретирање во училиштата.

Посебен извештај на народниот правобранител за вклученоста на децата со посебни потреби во образованието, Октомври 2006.

Посебен извештај на народниот правобранител за состојбите со семејното насилство над децата, октомври 2006.

Правата на децата со посебни потреби низ правната регулатива 27.11.2006.

Правилник за поблиски услови за определување посвоители, Министерство за труд и социјална политика, 10-4332/1, 2004, Скопје.

Правилник за критериумите за избор на згрижувачко семејство, видот и бројот на корисниците што можат да се сместат во едно згрижувачко семејство, видот и обемот на услугите од социјална заштита што му се обезбедуваат на сместеното лице, висината на надоместокот за трошоците за сместување и надоместокот за згрижување, Министерство за труд и социјална политика, бр. 10-4934/1 2006.

Правилник за нормативи и стандарди за основање и започнување со работа на установи за социјална заштита дневен центар за лица со интелектуална или физичка попреченост, Министерство за труд и социјална политика, бр. 10-11099/1, 2006.

Правилник за нормативи и стандарди за основање и започнување со работа на установи за социјална заштита дневен центар за улични деца-деца на улица, Министерство за труд и социјална политика, бр. 10 - 2507/1, Скопје 2007.

Правилник за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, Фонд за здравствено осигурување, Службен весник на РМ, бр.26/2007.

Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста детска градинка, Министерство за труд и социјална политика, 11-3-50/4, Скопје, 2009.

Правилник за формата и содржината на образецот за промена на личното име, Министерство за внатрешни работи, Службен весник на РМ, 9/2009.

Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот за можни посвоеници, Министерство за труд и социјална политика, 10-4334-1, Скопје, 2004.

Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот за можни посвоители, Министерство за труд и социјална политика, 10-4333-1, СКопје, 2004.

Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија.

АНЕКС 1 – КОРИСТЕНА

ЛИТЕРАТУРА И ДОКУМ

ЕНТИ

Page 163: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

395

Првична верзија на превод Комисија на европските заедници, Брисел, 5 ноември 2008.

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија 2009 година.

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија,2009.

Програма за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2008.

Програма за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2009.

Програма за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2008.

Влада на Република Македонија, бр 19-7194/1, Скопје, 2007.

Програма за здравствена заштита на лица со болести на зависности во Република Македонија за 2009.

Програма за здравствена заштита на лица со болести на зависности во Република Македонија во 2009 година, Влада на Република Македонија, бр. 19-6317/1, Скопје, 2009.

Програма за обезбедување на трошоците за болните што се третираат со дијализа, за обезбедување лекови за трансплантирани болни и за обезбедување цитостатици, инсулин, хормон за раст и лекување болни од хемофилија во Република Македонија за 2009.

Програма за обезбедување на трошоците за болните што се третираат со дијализа, за обезбедување лекови за трансплантирани болни и за обезбедување на цитостатици, инсулин, хормон за раст и за лекување болни од хемофилија во Република Македонија за 2009 година, Влада на Република Македонија, Службен весник на Република Македонија, 3/2009.

Програма за остварување на социјалната заштита за 2008.

Програма за остварување на социјалната заштита за 2009.

Програма за остварување на социјалната заштита за 2009.

Програма за развој на заштитата на децата 2009.

Програма за развој на заштитата на децата 2009.

Програма за развој на заштитата на децата 2009, Влада на Република Македонија, Скопје, 2009.

Програма за систематски прегледи на учениците и студентите во Република Македонија за 2008.

Програма за систематски прегледи на учениците и студентите во Република Македонија за 2009.

Програма за систематски прегледи на учениците и студентите во Република Македонија за 2008 година, Влада на Република Македонија, Службен весник на Република Македонија, 146/2007.

Програма за финансирање изградба, реконструкција, одржување објекти и опремување на казнено-поправните и воспитно-поправните установи за 2009.

Република Македонија, Народен правобранител, Одделение за заштита на правата на децата, Извештај на народниот правобранител за имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето и протоколите кон конвенцијата 2000-2005, Скопје, октомври 2007.

Стратегија за Ромите во Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика,за деинституционализација во системот на социјалната заштита во Република Македонија (2008-2018) Скопје, декември 2007 година.

Министерство за труд и социјална политика, Национален акционен план стратегија за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2008-2015, јуни, 2009.

Министерство за труд и социјална политика, Програма за ресоцијализација и реинтеграција на деца-жртви на трговија со луѓе.

Национален план за акција за правата на детето во Република Македонија 2006-2015, (2005).

Национален план за акција за правата на децата во Република Македонија 2006-2015, декември, 2005, Скопје.

Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, подгрупа за борба против

АНЕКС 1 – КОРИСТЕНА

ЛИТЕРАТУРА И ДО

КУМЕНТИ

Page 164: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

396

трговија со деца.

Национална програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-5015

Национална програма за сузбивање на злоупотреба на дрогата и недозволената трговија co дрога.

Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија, Национална стратегија

Акционен план за превенција и справување со сексуална злоупотреба на деца и педофилија 2009-2012.

4. Меѓународни документиA/RES/48/96 85 the plenary meeting 20 December 1993 Standard Rules on the Equalization of Opportunities for Persons with Disabilities

Audiovisual media services without frontiers Directive.

Council Directive of 3 October 1989 on the coordination of certain provisions laid down by law, regulation or adminis-trative action in Member States concerning the pursuit of television broadcasting activities (89/552/EEC).

European Convention on Transfrontier Television, Strasbourg, 5.V.1989.

Recommendation 2006/952/EC of the European Parliament on Protection of minors and human dignity in audiovisual and information services.

Television without frontiers (TVWF) Directive.

А/РЕЗ/40/33, 96 пленарно заседание од 29 ноември 1985.

А/РЕЗ/45/112, 68 пленарно заседание од 14 декември 1990.

А/РЕЗ/45/113, 68 пленарно заседание од 14 декември 1990.

СЕЦ (2008) 2695 финална верзија, работен документ на службите на Комисијата, Извештај за напредокот на Република Македонија, 2008 во прилог на соопштението на Комисијата до Европскиот парламент и до Советот, Стратегија за проширување и главни предизвици 2008 – -2009, {КОМ(2008)674}.

Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето кој се однесува на вклучување на децата во оружени конфликти, Службен весник на Република Македонија бр.44/2003 од 3 јули 2003.

5. Други документиBureau of Democracy, Human Rights, and Labor 2008 Country Reports on Human Rights Practices, February 25, 2009.

Human Rights Report: Macedonia, 2008.

Pereznieto, Ms. Paola and Uzunov, Mr.Vanco, Child-Focused Public Expenditure Review.

Staletovic, Danijela, Protection of the Rights of the Child: A Comparison of the Ombudsman for Children in Croatia with the Department for the Protection of the Rights of the Child in Macedonia (master thesis).

Walmsley/Križnik (јануари 2006) Извештај на Советот на Европа за посетата за процена на затворите во (Поранешната Југословенска) Република Македонија, Директорат за правни прашања, Совет на Европа, Project 2004 DGI 164 CEAD 13313.

Дејан Мицковиќ, Конвенцијата на ОН за правата на детето и дилемите околу нејзината имплементација, Образовни рефлексии, број 1, 1998.

Калајџиев, Г. и Стојановски, T. Критички осврт кон Законот за полицијата, вo, Билтен бр. 1, ФИОМ Скопје, 2006.

Камбовски, В. и Велкова, Т. (2008) Малолетничка правда, документи на Обединетите нации, Закон за малолетничка правда со коментари, Скопје: 2 Август С Штип.

Камбовски, В. Казнено право, посебен дел, четврто издание, Просветно дело, Скопје, 2003.

Конвенција 182, Меѓународна конференција на трудот 87 седница, Женева, јуни 1999.

АНЕКС 1 – КОРИСТЕНА

ЛИТЕРАТУРА И ДОКУМ

ЕНТИ

Page 165: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

397

КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАБРАНА И ЕЛИМИНАЦИЈА НА НАЈЛОШИТЕ ВИДОВИ ДЕТСКИ ТРУД.Конвенција на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба.

Љиљана Спировиќ-Трпеновска, Семејно право, Студентски збор, Скопје, 2004.

Меѓународна организација за миграции – ИОМ Мисија во Скопје, Превенција на трговија со луѓе преку едукативни активности и градење на капацитетите на училиштата, прирачник за наставници.

Основни податоци на DCAF-деца војници DCAF Backgrounder, 02/2007

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (28.8.2006), Права на детето - анализа на случаи што се водат пред Хелсиншкиот комитет, за „најдобриот интерес на детето“ во Република Македонија.

Хелсиншки комитет за човекови права на РМ (2008) Тортурата е сè уште меѓу нас! Порака по повод 26 јуни – Меѓународен ден на ООН за поддршка на жртвите од тортура, http://www.pressonline.com.mk/?ItemID=D091BEE58A8C9D45998447B5F03DBA78.

Хелсиншки комитет за човекови права, Анализа на имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето во законодавството и практиката во Република Македонија.

АНЕКС 1 – КОРИСТЕНА

ЛИТЕРАТУРА И ДО

КУМЕНТИ

Page 166: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

398

АНЕКС 2 – ЛИЦА ОД ПРАКТИКАТА ПРИСУТНИ НА КОНСУЛТАТИВНАТА СРЕДБА

Име и презиме ИнституцијаПроф. д-р Љупчо Арнаудовски Правен факултет „Јустинијан Први“ - СкопјеСузи Папас Канцеларија на УНИЦЕФ во СкопјеФорук Фојзат Канцеларија на УНИЦЕФ во СкопјеБилјана Лубаровска Канцеларија на УНИЦЕФ во СкопјеНаташа Бошкова адвокат, ХОПСМирјана Марушиќ Дирекција за заштита на податоциЃорѓи Илиевски ДПИ-МОН

Проф. д-р Виолета Чачева Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

д-р Младица Котевска ЈУ Завод за социјални дејностид-р Соња Кипровска ЈУ Завод за социјални дејностид-р Снежана П. Мишевска ЈУ Завод за социјални дејностиСилва Пешиќ Канцеларија на ООНЗоран Стојанов Канцеларија на УНИЦЕФ во СкопјеАнѓелина Божиновиќ Министерство за здравствоВера Колевска Министерство за образование и наукаЕлена Лазовска Министерство за труд и социјална политикаЌани Алиу Министерство за труд и социјална политикаЛенче Коцева Министерство за труд и социјална политикаСеви Ирдриз Министерство за труд и социјална политикаБеким Мехмед Министерство за труд и социјална политикаВаска Б. Мустафа Народен правобранителЈулија Атанаскоска НВО СумналСтојанка Димковска НВО Сумналм-р Драги Змијанац Прва детска амбасада во светот - МеѓашиКатерина Конеска Прва детска амбасада во светот - МеѓашиВиолета Димоска РЦПЛИП - ПоракаАсс. М-р Стојанка Мирчева Факултет за безбедностНаташа Јованова Факултет за безбедностПроф. д-р Марија Доневска Филозофски факултет - СкопјеНаташа Богоевска Филозофски факултет - СкопјеПроф. д-р Сунчица Димиријоска Филозофски факултет - СкопјеПроф. д-р Мирјана Најчевска Хелсиншки комитет за човекови праваКети Јандриеска Јованова Хелсиншки комитет за човекови праваАсс. М-р Елена Игновска Правен факултет „Јустинијан Први“ - СкопјеНикола Главинче Правен факултет „Јустинијан Први“ - СкопјеЕлена Мујоска Правен факултет „Јустинијан Први“ - СкопјеКатерина Кочковска Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје

АНЕКС 2 – ЛИЦА ОД ПРАКТИКАТА ПРИСУТНИ

НА КО

НСУЛТАТИВНАТА СРЕДБА

Page 167: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

399

Page 168: ПРАВО -   · PDF fileгрижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство

400