10
Во ова издание ќе читате: 03 Електронски весник на Дирекцијата за заштита на личните податоци Дирекција за заштита на лични податоци Почитувани читатели, Чест и задоволство ни е да Ви го претставиме третото издание на електронскиот весник на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Мисијата на Дирекцијата за заштита на личните податоци е да обезбеди ефикасен систем за секое физичко лице во остварување на правото за заштита на личните податоци преку надзор на законитоста во обработката на личните податоци. Во таа насока напорно работиме за да ја унапредиме состојбата, да изразиме определба за постигнување на уште подобри резултати, да покажеме дека сме длабоко мотивирани и отворени за соработка, следејќи го интересот на демократијата во едно цивилизирано граѓанско општество. Прашањето за заштитата на личните податоци и прашањето за зачувување на приватноста е дел од севкупната област на почитување на човековите права, прашања кои се секогаш предизвик за институциите кои се справуваат со овие прашања. Се надеваме дека на ваков начин ќе успееме да ги прошириме Вашите познавања од областа на заштитата на личните податоци, така што сите заедно ќе придонесеме кон јакнење на културата и подигнување на свеста за почитување на правото на приватност. Во секое ново издание ќе имате можност да се информирате повеќе околу активностите на Дирекцијата, спроведените обуки, извршените инспекциски надзори, а ќе Ве информираме и за тоа како треба да постапувате во случај на злоупотреба на Вашите лични податоци. Директор Димитар Ѓеорѓиевски Приватноста е само моја“ ДЗЛП ИПА 2009 Проект во сектор -образование стр. 2 Обука за дигитална безбедност на компјутерски корисници стр. 3 Додека возите насмевнете се! стр.4 Инспекциски надзор стр. 5 Во ЕУ рамки стр. 6-7 Приватни e-mail на вработени како доказ за отпуштање стр. 8 Вие прашувате –ДЗЛП одговара стр. 9 Што е ново? стр. 10 Број Септември 2013

2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

  • Upload
    others

  • View
    7

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

Во ова издание ќе читате:

03 Електронски весник на

Дирекцијата за

заштита на личните

податоци

Дирекција за заштита

на лични податоци

Почитувани читатели,

Чест и задоволство ни е да Ви го

претставиме третото издание на

електронскиот весник на Дирекцијата

за заштита на личните податоци.

Мисијата на Дирекцијата за

заштита на личните податоци е да

обезбеди ефикасен систем за секое

физичко лице во остварување на

правото за заштита на личните

податоци преку надзор на законитоста

во обработката на личните податоци.

Во таа насока напорно работиме за

да ја унапредиме состојбата, да

изразиме определба за постигнување

на уште подобри резултати, да

покажеме дека сме длабоко

мотивирани и отворени за соработка,

следејќи го интересот на демократијата

во едно цивилизирано граѓанско

општество.

Прашањето за заштитата на

личните податоци и прашањето за

зачувување на приватноста е дел од

севкупната област на почитување на

човековите права, прашања кои се

секогаш предизвик за институциите

кои се справуваат со овие прашања.

Се надеваме дека на ваков начин

ќе успееме да ги прошириме Вашите

познавања од областа на заштитата на

личните податоци, така што сите

заедно ќе придонесеме кон јакнење на

културата и подигнување на свеста за

почитување на правото на приватност.

Во секое ново издание ќе имате

можност да се информирате повеќе

околу активностите на Дирекцијата,

спроведените обуки, извршените

инспекциски надзори, а ќе Ве

информираме и за тоа како треба да

постапувате во случај на злоупотреба

на Вашите лични податоци.

Директор

Димитар Ѓеорѓиевски

Приватноста е само моја“

ДЗЛП

ИПА 2009 Проект во

сектор -образование стр. 2

Обука за дигитална

безбедност на

компјутерски корисници

стр. 3

Додека возите насмевнете

се! стр.4

Инспекциски надзор стр. 5

Во ЕУ рамки стр. 6-7

Приватни e-mail на

вработени како доказ за

отпуштање

стр. 8

Вие прашувате –ДЗЛП

одговара стр. 9

Што е ново? стр. 10

Број

Септември

2013

Page 2: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

2

ПРОМОТИВНО !

ИПА 2009 Проект

Сектор—Образование

Во рамки на ИПА 2009, на 25 јуни

оваа година во Д.С.Е.П.У. „Васил

Антевски Дрен“ се одржа настан за

промоција на Проектот „Одржлив

систем за континуирано

основно и средно образование за

принципите за заштита на

личните податоци“, чијшто

корисник е Дирекцијата за заштита на

личните податоци.

Проектот е наменет за основните и

средните училишта и има за цел

подигање на свеста и едукација на

наставниците и професорите за

заштитата на личните податоци. Во

текот на имплементацијата на овој

проект ќе бидат подготвени

материјали и документи за правото за

заштита на личните податоци во

едукативни цели во основното и

средното образование, со што ќе се

придонесе во јакнење на свеста, а ќе

бидат организирани и обуки за

наставниците и професорите, во

образовниот систем во земјата во

областа на заштита на личните

податоци. Активностите на проектот

ќе овозможат идентификување на

знаењата на професорскиот кадар за

правото на приватност и нивна

едукација.

Изјава од Боривој Кос,

Тим Лидер на

Проектот

ПП очитувањето на очитувањето на

човековите слободи и човековите слободи и

права е основен критериум права е основен критериум

што ја отсликува улогата што ја отсликува улогата

н а г р а ѓ а н и н о т в о н а г р а ѓ а н и н о т в о

о п ш т е с т в о т о . о п ш т е с т в о т о .

Граѓанинот треба да ги Граѓанинот треба да ги

познава своите слободи и познава своите слободи и

права за да може да ги права за да може да ги

заштити во случај на заштити во случај на

н и в н а п о в р е д а . н и в н а п о в р е д а .

З б о г а т у в а њ е т о н а З б о г а т у в а њ е т о н а

едукативниот систем со едукативниот систем со

правото на приватност и правото на приватност и

заштита на личните заштита на личните

п о д а т о ц и е о д п о д а т о ц и е о д

исклучително значење за исклучително значење за

создавање на култура за создавање на култура за

ова право меѓу учениците, ова право меѓу учениците,

н а с т а в н и ц и т е и н а с т а в н и ц и т е и

родителите. родителите.

СС о досега преземените о досега преземените

а к т и в н о с т и г и а к т и в н о с т и г и

поттикнавме и целосно ги поттикнавме и целосно ги

поддржавме наставниците поддржавме наставниците

да ги споделат своите да ги споделат своите

искуства и погледи за искуства и погледи за

јакнење на свеста за јакнење на свеста за

правото на приватност и правото на приватност и

з а ш т и т а н а л и ч н и з а ш т и т а н а л и ч н и

податоци кај наведените податоци кај наведените

групи и за креирање на групи и за креирање на

к о н к р етн и н ас т ав н и к о н к р етн и н ас т ав н и

програми и содржини. програми и содржини.

Н о в и т е Н о в и т е н а с т а в н и н а с т а в н и

содржини ќе имсодржини ќе им помогнпомогнатат

на ученицитена учениците да ги да ги

п р е п о з н а в а а т п р е п о з н а в а а т

о п а с н о с т и т е о д о п а с н о с т и т е о д

неовластено откривање неовластено откривање

или злоупотреба на или злоупотреба на

нивните лични податоци, нивните лични податоци,

особено да научат како на особено да научат како на

сигурен начин да ги сигурен начин да ги

користат социјалните користат социјалните

мрежи и да внимаваат со мрежи и да внимаваат со

кого се спријателуваат и кого се спријателуваат и

споделуваат приватни

фотографии.

Во текот на проектот ќе бидат

одбрани неколку наставни предмети

од основно и средно образование во

кои ќе се имплементираат содржини

за правото за заштита на личните

податоци и истите ќе се предаваат во

10 одбрани пилот училишта.

Имајќи го предвид значењето на

едукативниот кадар во образованието,

особено фактот што наставниците и

професорите се целна група која

директно може да влијае кај младата

популација на однесувањето на

социјалните мрежи, на размената на

лични податоци во/вон училиште, ДЗЛП

посветува посебен интерес и внимание

кон ова прашање. На тој начин

Дирекцијата, преку секторски

ориентиран пристап, едукацијата во

образовниот сектор ја промовира како

значајно прашање од сеопшт интерес.

На настанот за промоција свое

обраќање имаа претставници од

Делегацијата на Европската Унија во РМ,

г. Елвис Али, директорот на Дирекцијата

за заштита на личните податоци, г.

Димитар Ѓеорѓиевски, како и дел од

проектниот тим.

НАСТАНИ!

Page 3: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

3

ПРОМОТИВНО !

Воведни предавања:

1.Примена на начелата на заштита на личните податоци

2.Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци

Обука:

М о д у л 0 1 : О с н о в и н а безбедноста

Модул 02: Securing Operating Systems

Модул 03: Заштита на системите со користење на антивирус

Модул 04: Енкрипција на податоци

Модул 05: Backup на податоци и Disaster Recovery

Модул 06: Интернет безбедност

Модул 07: Обезбедување на мрежни конекции

Модул 08: Обезбедување на Online трансакции

Модул 09: Обезбедување на Email комуникација

М о д у л 1 0 : С о ц и ј а л е н инженеринг и кражба на идентитет

Модул 11: Безбедност на социјални мрежи

Модул 12: Безбедност на информации

Модул 13: Обезбедување на мобилни уреди

ДИНАМИКА НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКИТЕ:

Од 01– 04 октомври 2013,

во просториите на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ

Развојот на современата технологија секојдневно поставува прашања за

безбедноста на интернет комуникациите и воопшто на заштитата на податоците.

Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ смета дека е од особен интерес

зголемувањето на свеста кај граѓаните по овие прашања и нивна имплементација.

Како резултат на Потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Дирекцијата

за заштита на личните податоци (www.privacy.mk) и EC Council (Меѓународен Совет

на консултанти за електронска трговија; www.eccouncil.org) произлезе веќе

утврдената потреба меѓу двата ентитета за проширување на обемот на соработка

преку организирање на обуки и едукација на контролори и обработувачи на лични

податоци како и за сите корисници на компјутери кои секојдневно се во допир со

сензитивни информации, согласно Годишната програма на дирекцијата. Владата на

Република Македонија преку ДЗЛП е една од првите во светот која потпиша

меморандум за соработка со EC-Council. За таа цел на 31.07.2013 година беше

потпишан меморандум со Семос Едукација, кој е единствениот авторизиран тренинг

центар на EC-Council (Меѓународен Совет на консултанти за електронска трговија)

во Македонија.

ЗАШТИТЕТЕ ЈА СВОЈАТА ПРИВАТНОСТ И ПРИВАТНОСТА НА ВАШИТЕ

КЛИЕНТИ И СЕМЕЈСТВА

СЕРТИФИЦИРАНА ОБУКА ЗА ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА КОМПЈУТЕРСКИ

КОРИСНИЦИ

Преземи Пријава

Траење: 16 часа - 4 дена

инструкторски тренинг

Промотивна Цена: 7.500,00

ден.

Сертификат: По обуката

студентите може да се спремат

и да го полагаат испитот CSCU

(112-12) и да се стекнат со

титулата Secure Computer User

Specialist (CSCU).

6 м е с е ч е н п р и с т а п д о

лабораторијата на EC-Council

Обуката се одржува во

просториите на Дирекцијата за

заштита на личните податоци,

бул „ Гоце Делчев“ бр.18 зграда

на МРТВ-14 спрат.

Плаќањето се извршува во

Семос Едукација или на жиро

сметка: 300000000470777

ОФИЦЕРИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ПОСТАВЕТЕ СИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА СЕГА

ПРЕД НЕКОЈ ДА ГИ ОДГОВОРИ ПРЕД ВАС!

Кој е одговорен за IT безбедноста во вашата компанија или институција?

Дали финансиските и личните податоци на Вашите клиенти можат да биде

злоупотребени поради недоволното знаење на Вашите вработени?

Дали вашите вработени се способни за идентификување на ИТ безбедносни закани?

Дали се тие овластени да преземат проактивни чекори против овие закани?

Дали знаете дека Apple и Deloitte неодамна беа жртви на хакерски напади?

Мислите ли дека Вие би биле поштедени?

Page 4: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

4

Додека возите, насмевнете се!

Б арањето за

вршење на

вонреден инспекциски

надзор може да се најде

на следниов линк

ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР!

Пишува: м-р Елена Стојановска

Трендот на поставување на камери на

крстосниците и на други одбрани места на

сообраќајниците продолжува, а целта која се

очекува да биде исполнета е побезбеден

сообраќај. Истовремено, се поставува

прашањето дали ваквиот начин на следење

на однесувањето на учесниците во

сообраќајот е дозволено и согласно кои

законски норми се спроведува.

Одредбите од Законот за заштита на

личните податоци („Службен весник на

Република Македонија“ бр. 103/08, 124/10,

135/11) се применуваат и на обработката на

личните податоци преку вршење на видео

надзор, освен ако со друг закон поинаку не е

предвидено. Контролорот, во овој случај

Министерството за внатрешни работи, може

да врши видео надзор ако тоа е потребно за

заштита на животот или здравјето на луѓето,

заштита на сопственоста, заштита на

животот и здравјето на вработените поради

природата на работата или обезбедување на

контрола над влегувањето и излегувањето

од службените или деловните простории.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 411, („Службен весник на РМ“ 123/2012) полицијата е овластена да постави уреди за снимање на јавни места на кои се одвива сообраќај и на кои може да се извршуваат прекршоци од областа на сообраќајот на патиштата, согласно со закон. Под снимање, во смисла на овој закон се подразбира постојан видео надзор над јавните места. Снимањето може да се врши и со посебни возила на Министерството за внатрешни работи опремени со посебни уреди за таа намена. Снимениот материјал се чува во Полицијата шест месеца, по што материјалот се уништува, освен материјалот што претставува доказ во кривична или прекршочна постапка, со кој се постапува, согласно со закон.

И покрај постоењето на овој законски

основ, контролорот кој врши видео надзор е

должен да истакне известувања кои ќе мора

да бидат јасно, видливи и истакнати на

начин што им овозможува на субјектите на

лични податоци да се запознаат со

вршењето на видео надзорот.

Од Министерството за внатрешни работи

на РМ информираат дека: „Мониторинг

Центарот е еден од најсовремените и

најмодерните, направен по урнек на Ев

ропските метрополи. Центарот ги исполнува

сите меѓународни стандарди, како во поглед

на пристапот така и во поглед на обработката

и чувањето на податоците.

Во Центарот работи исклучиво обучен и

професионален кадар на кого приоритет во

нивното работење им е почитувањето на

човековите права и доследност на целосно

почитување Законите во Република

Макеоднија. До моментов нема никакви

забелешки за работењето на проектот

“Безбеден град” и вработените таму.

Уште при инсталирањето на безбедносниот видео надзор, Министерството за внатрешни работи ги обележа локациите на кои се поставени камерите, но за жал несовесни граѓани отстранија голем дел од нив. Но, и покрај тоа МВР продолжува редовно да ги информира граѓаните за поставениот видео надзор преку медиумите, а исто така и користејќи го веб сајтот на министерството.“

ВИДЕО-НАДЗОР!

Page 5: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

5

ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР!

ОБУКИ во ДЗЛП

Заштитата на личните

податоци е област која

постојано напредува, се

надградува и ги следи

развојните трендови на

технологијата.

Континуираната едукација

за имплементацијата на

начелата за заштита на

личните податоци е еден од

начините за запознавање на

контролорите со законската

регулатива во оваа област.

Обуките за обезбедување

тајност и заштита при

обработката на личните

податоци се спроведуваат по

однапред утврдени модули и

тоа еден општ и 16

специјализирани модули во

зависност од областа од која

доаѓаат контролорите и

обработувачите.

Информации за Програмата

за обуки за обезбедување

тајност и заштита при

обработката на личните

податоци и Барањето за

пријавување на обука може

да се најде на следниов линк

Имплементацијата на Законот за

заштита на личните податоци, како и

подзаконските акти поврзани со

инспекцискиот надзор, обезбедија

институционално и суштинско зајакнување

на инспекциската функција на Дирекцијата,

но и зајакнување на превентивната

функција преку обврската на контролорите

за пополнување на листи на проверка

(Check List) пред отпочнување на надзорот

на терен.

Воедно, со нив се обезбедува проактивно

и самооценувачко учество на контролорите,

односно обработувачите, во процесот на

обезбедување на конзистентна примена на

прописите за заштита на личните податоци.

Инспекциските надзори, планирани по

области преку годишните програми, во

референтниот период тековно се реализираа

преку месечни имплементирачки планови.

Во извештајниот период приоритетни

области во кои се вршеа инспекциски

надзори беа: сметководствени услуги,

телекомуникации, здравство, трговија,

правосудство и управа (ОЈО, извршители,

нотари и др.)

Во последното тромесечје, вкупно е

постапувано по 89 предмети, од кои 62

извршени инспекциски надзори согласно

утврдена програма и план за инспекциски

надзор, како и постапување во 27 случаи со

вршење на вонреден инспекциски надзор.

Согласно Законот за заштита на лични

податоци („Службен весник на Република

Македонија“ бр. 103/08, 124/10, 135/11),

Го поминавте ли тестот?!

вонреден инспекциски надзор се врши врз

основа на иницијатива поднесена од орган

на државна власт, правно или физичко

лице, како и во случај на сомневање на

инспекторот за повреда на одредбите од

овој закон. Вонредниот инспекциски надзор

се врши и во случај по поднесено барање

согласно со одредбите од членот 18 на

Законот.

Интересен е фактот дека во една

третина од случаите, односно во 27 случаи е

постапувано по пријава за повреда на

правото за заштита на личните податоци од

страна на физички лица, најголем број во

областа на интернет, видео -надзор,

електронски комуникации, радиодифузија,

трговија, банкарство и снабдување со

топлинска енергија.

За наведениот период (од мај заклучно

со јули 2013) карактеристично е дека се

зголемува бројот на пријави од страна на

граѓани, за повреди кои произлегуваат од

кршењето на загарантираното право на

заштита на личните податоци, со што се

потврдува фактот дека свеста за заштитата

на личните податоци се зголемува кај

граѓаните.

Истовремено и кај контролорите, т.е.

обработувачите, се зголемува свеста дека

познавањето на законската регулатива и

најновите измени, како и нивната

имплементација е и обврска и потреба, во

институционална смисла.

Па така, заштитата на приватноста и

личните податоци веќе не се толкува само

како основно човеково право, ами и како

значајна потреба во секојдневното модерно

живеење.

ВИДЕО-НАДЗОР!

Page 6: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

6

Пишува: м-р Лилјана Пецова –Илиеска

Јавноста беше силно вознемирена кога се појави PRISM, таен програм за масовно

електронско следење на податоци, управуван од страна на Националната агенција за

безбедност (NSA) на САД. PRISM е всушност кодирано име на програмата којашто собира

податоци кои се чуваат на интернет комуникациите, врз основа на пребарувањата

направени на интернет компаниите, како на пример Google. Не постојат индикации како

и на кој начин податоците се обработуваат, откако ќе бидат „хакирани“ и анализирани и

какви контролни механизми се поставени за да се заштитат на новата локација. Она што

е повеќе од јасно е дека дебатата за PRISM и прашањата кои беа поставени, секако не ги

одговорија најважните: прашањето за приватноста и тајноста, како и заштитата на

личните податоци.

Во оваа насока беше и изјавата на Вивиен Рединг, Заменик

Претседател на Европска Комисија и ЕУ Комисионер за правда, дадена

на 14 јуни 2013 год, дека дебатата за PRISM може да влијае на

преговорите за ЕУ-САД „Договорот за слободна трговија“. Таа рече: "[За]

да бидат успешни преговорите за договор за трговија [...], треба да

постои доверба, транспарентност и јасност меѓу преговарачките

партнери. Со ова се исклучува шпионирањето на институциите на ЕУ." Во момент кога и

РГ 29 со писмо, реагираше на овие случувања и кога изразија силна загриженост во

однос на повредата на основните човекови права и заштитата на личните податоци,

повеќе од очигледно беше дека е потребно да се унапредат реформите во ЕУ и дебатата

која засилено се води во последниот период во Европскиот Парламент да придонесе кон

брзо усвојување на предлозите за промена во областа на заштита на податоци и во

приватниот и во јавниот сектор, како неопходен и приоритетен чекор за одбрана против

програми како што е PRISM.

Имајќи го предвид брзиот развој на новите технологии, како прв чекор

кон зголемување на злоупотребата на лични податоци, Дирекцијата за

заштита на лични податоци на РМ ја увиде потребата од

зголемување на свеста кај јавноста, како и промена на перцепцијата на

граѓаните за нивното право за заштита на приватноста. Со оглед на

неодамнешните случувања, како и спроведеното истражување, повеќе од

јасно е дека многумина го користат интернетот и социјалните мрежи, а околу 80 % од

испитаниците имаат ниска свест за процедурата за пријава за злоупотреба на личните

податоци. Оттаму креираше Комуникациска Стратегија, документ во кој ги дефинираше

влијателните групи во општеството (академици, професори, новинари, градоначалници,

итн.) кои ќе создаваат позитивно мислење и ќе едуцираат кон зголемување на свеста за

правото на заштита на лични податоци. Со цел да се воспостави постојана комуникација

која ќе креира јавна свест во областа на заштитата на личните податоци, како и со цел да

се оствари препознатливост на идентитетот и работата на Дирекцијата за заштита на

лични податоци, потребно беше да се препознае идејата и намерата преку остварување

на меѓусебна соработка со повеќе партнери, иницијативи и организации. Во соработката

со Амбасадата на Хрватска во РМ, Комуникациската Стратегија најде простор за своја

реализација.

ВО РАМКИ НА ЕУ !

Можеме ли навистина да се заштитиме?! Дирекција за заштита на

личните податоци

Статус: Самостоен и

независен државен орган со

својство на правно лице

Раководење: Директор и

заменик директор

Одговорност: Пред

Собранието на РМ преку

доставување на Годишен

извештај за работата на

Дирекцијата

Финансирање: Буџет на

Република Македонија и

делумно сопствен приход

Легислатива: Директива

95/46/ЕК за заштита на

личните податоци и

слободниот проток на

таквите податоци на

Европскиот парламент и

Советот на Европската унија

Конвенција за заштита на

физичките лица која се

однесува на автоматската

обработка на личните

податоци на Совет на

Европа бр.108 од 1981

година

Дополнителен протокол кон

Конвенцијата во врска со

надзорните тела и

прекуграничниот пренос на

податоци

Закон за заштита на

личните податоци

(„Службен весник на

Република Македонија бр.

7/05, 103/08, 124/10 и

135/11)

Page 7: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

7

Сите Мислења и

Укажувања од РГ 29 може

да ги најдете ТУКА:

Во таа насока, Амбасадорот на Хрватска во РМ,

Н.Е. г. Златко Крамариќ, ја препозна позитивната

порака и целта на активностите и изрази целосна

поддршка и цврста волја и изјави: „Големиот

брат" (Џорџ Орвел) кој гледа сè, воопшто не е

книжевна фикција, тоа е нашата груба (и

единствена!) реалност. Сите наши движења, сета

наша приватност, нашиот свет на интимност,

нашите обични разговори, бенигни размени на

мислења, нашите најдлабоки и најискрени емоции,

не се само наши движења, наши разговори, наша мала тајна, туку веќе ги делиме со нечиј

„сèзнаечки поглед“, „љубопитни уши“! И она што е најтрагично е тоа што ние сме свесни за

тоа, но тоа не нè возбудува премногу, ние, всушност, сјајно се вклопуваме во овој

Орвеловски проект на живеење! Токму поради овие причини, важно е да се даде поддршка

за секоја иницијатива, особено оние кои институционално ќе го регулираат и овој (исто

така) важен дел од нашите животи. Затоа, претставува исклучителна важност да се

сензибилизира јавноста, особено младите луѓе, студентите, академската заедница,

професорите, новинарите, „слабите“ субјекти (а денес сите ние сме, повеќе или помалку,

„слаби субјекти“) на оваа тема и да се овозможи јавноста да почне да зборува, да мисли...

бидејќи само „регулирана јавност“, во која јасно функционира поделбата помеѓу „приватно“

и „јавно“ може да ни го гарантира правото на нашата приватност/интимност. Само во

рамките на „регулирана јавност“ може да се практикуваат сите универзални либерално-

демократски вредности: слобода на изразување, говор, правото на информации, правото на

друго мислење, т.е. несогласување и однесување, што во никој случај не се меша со

размислувањето и однесувањето на другите, и само таква јавност може да го суспендира

оној неподнослив „терор на анонимност“, којшто новата технологија, интернетот и другите

социјални мрежи, на „мала врата“ го воведоа во нашите животи.“

Во момент кога Европската Унија презема врз себе сè повеќе одговорности и кога

прашањето за Буџетот на ЕУ покрена многу дискусии во Европското семејство, се чини дека

кога станува збор за заштитата на приватноста и личните податоци, секој еден од нас го

препознава значењето и влијанието на заштитата на приватноста врз севкупното живеење.

И тука воопшто не се доведени под прашање буџетските импликации при промена на

регулатива, како во ЕУ рамки, така и во национална перспектива. Едноставно, заштитата

на личните податоци и приватноста, како основно човеково право, претставува императив,

приоритет во секоја смисла. Она што останува како дилема е: Ќе успееме ли доволно да се

заштитиме?!

ТАIEХ Работилница - Заштита на лични податоци при обработка

на биометриски податоци

ДЗЛП, со поддршка од ЕУ инструментот за претпристапна помош

- TAIEX, на 10.09.2013 година, организираше „Работилница за

заштита на биометриските лични податоци при нивната

обработка“. Домашните експерти и експерти од надзорните органи

за заштита на личните податоци од Германија, Ирска, Велика

Британија и Словенија дискутираа за искуствата во примената на

законите за заштита на личните податоци во однос на обработката

на биометриските податоци, нивното собирање за безбедносни

цели издавањето на дозвола за обработка на биометриските

податоци.

Page 8: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

8

Наши препораки:

В работените треба да

бидат претпазливи

кога зачувуваат приватни

пораки или документи на

н и в н и т е р а б о т н и

компјутери бидејќи тие

автоматски ќе се сметаат

за професионални, освен

ако нема очигледна

индикација дека се

приватни.

И с т о в р е м е н о ,

р а б о т о д а в а ч и т е

имаат обврска според

законите за приватност и

труд да ги информираат

в р а б о т е н и т е з а

с о б и р а њ е т о и

користењето на нивните

лични податоци.

О длуката на судот (во

случајот со М.Х.) ја

илустрира важноста на

јасни политики на

приватност со кои ќе им

с е о б ј а с н и н а

вработените како да ја

користат ИТ опремата и

уредите кои компанијата

ги става на нивно

р а с п о л а г а њ е в о

с о г л а с н о с т с о

внатрешните политики

на компанијата, и како и

на кој начин да се

заштитат нивните лични

податоци.

ВИЕ прашувате —ДЗЛП одговара

Приватни e-mail на вработени искористени

како доказ за отпуштање

На 19 јуни 2013, Касациониот суд на Франција пресуди во корист на компанија што

отпуштила еден од нејзините вработени (М.Х.) врз основа на тоа што бил вклучен во

нелојална конкуренција. Грешката што М.Х. ја направил била размена на е-пошта

помеѓу него и конкуренцијата кои биле најдени на хард дискот на неговиот компјутер и

искористени против него како доказ на суд. Тој тврдеше дека овие докази не треба да се

прифатат бидејќи се добиени незаконски од компанијата, со злоупотреба на неговото

право на приватност и тајност на кореспонденцијата, дека мејловите биле приватни и

дека компанијата направила копија од хард дискот на неговиот компјутер без да го

информира и во негово отсуство. Францускиот суд донесе

историска пресуда (во 2001 „Случајот Никон“) дека

„вработениот има право на почитување на неговиот

приватен живот – вклучувајќи го и правото на тајност на

кореспонденцијата на работното место и во тек на

работното време“. Од тогаш, судот ја утврди својата

позиција и континуирано го балансираше правото на

приватност на вработените наспроти правото на

работодавците да ги надгледуваат активностите на своите

вработени.

Освен ако вработениот не ги означил како приватни, документите и фајловите

креирани на компјутер на компанијата за цели на работата, се претпоставува дека се

професионални, што значи дека компанијата може да пристапи на овие документи без

вработениот да биде присутен. Сепак, работодавачот не смее да пристапи на фајловите

означени како приватни, зачувани на хард дискот на компјутер во сопственост на

компанијата, без да го информира или без вработениот да биде присутен, освен ако нема

конкретен ризик за компанијата. Исто така се претпоставува дека вработените го

користат e-mail системот на компанијата за професионални цели. Работодавачот може

да пристапи на сандачето на вработениот без негово/нејзино присуство, со исклучок на

тие кои се означени како приватни во линијата за тема или кои се зачувани во под-

фолдер на сандачето, наречено „приватно“ или „лично“.

За судот, самиот факт дека документите или мејловите зачувани на хард диск на

компјутер во сопственост на компанијата оригинално потекнувале од приватното

сандаче на вработениот, не значи дека тие пораки се приватни. Она што е важно е дали

постои јасна индикација дека овој e-mail е приватен, како што е зборот „приватно“ во

линијата subject, или фактот што се зачувани во фолдер означен како „приватен“. Од

случајот Никон во 2001, судот прави континуиран напор да го утврди и во некои случаи

да го намали опсегот на правото на приватност на работното место во поглед на

достигнување на фер и урамнотежен пристап на приватност во контекст на вработување.

Текстот можете да го преземете на следниов линк

ЗАШТИТЕТЕ ЈА СВОЈАТА ПРИВАТНОСТ!

Page 9: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

9

ВИЕ прашувате —ДЗЛП одговара

В а ш и т е п р а ш а њ а ,

дилеми, можете да ги

испратите на:

[email protected]

Б а р а њ е т о з а

у т вр д у в а њ е н а

право на повреда може

да го преземете на

следниов линк

Ве молам да ми кажете што треба да направам, со оглед на тоа дека ми е

направен лажен профил на Facebook, каде што се користат мои лични

податоци и слики. Во прилог Ви ги доставувам линкот за лажниот профил и

линкот на мојот личен профил.

ПОЧИТУВАНИ,

Во однос на Вашето прашање, Ве известуваме дека Дирекцијата за заштита на

лични податоци, постапува единствено по барања за бришење на лажни

профили на лица чии лични податоци на социјалните мрежи се злоупотребени од страна

на трети лица. Воедно, доколку сакате да се избрише спорниот профил, потребно е до

Дирекцијата за заштита на лични податоци да доставите дополнителна документација,

која ќе ја најдете на следниот линк

Ве молам за следната информација: До 2008 г. бев корисник на услугите на

една банка, поточно имав трансакциска сметка на која ми беше префрлена

платата од фирмата во која работам. Во 2009 г. се префрлив во друга банка и

кредитните картички кои ги користев ги вратив и ги подмирив долговите на

истите. Сепак, за да се раздолжам од мене беше побарано да пополнам образец за

ажурирање на моите лични податоци. Ме интересира:

Дали имам легално право/можност да побарам бришење на моите лични податоци од

евиденцијата на првата банка чиј корисник бев?

Дали имам легално право да одбијам ажурирање на моите лични податоци во момент

кога сакам да елиминирам и најмала поврзаност со таа банка?

Врз основа на што е побарано од мене ажурирање на моите лични податоци?

ПОЧИТУВАНИ,

Ве известуваме дека согласно член 5, став 1, алинеи 1,2, и 4 од „Законот за

заштита на лични податоци на РМ“, (Службен ... ) личните податоци се

обработуваат правично и во согласност со закон, и истите се собираат за

конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност

со тие цели. Податоците треба да бидат точни, целосни, ажурирани, имајќи ги предвид

целите заради кои истите се собираат или обработуваат.

Согласно одредбите од „Законот за спречување перење пари и други приноси од

казниво дело и финансирање на тероризам“ („Сл. Весник на РМ 4/08, 57/10, 35/11 и 44/12),

т.е. чл. 27, податоците за клиентот со кој е воспоставен подолготраен деловен однос, во

смисла на овој закон се чуваат најмалку десет години од денот на престанокот на

деловниот однос. Кога клиентот е физичко лице, неговиот идентитет се идентификува со

поднесување на оригинален и важечки документ, а банките задолжително задржуваат

копија од истите. Оттука, Дирекцијата Ве информира дека одговорните лица во банката

постапиле согласно законската регулатива во РМ. Во конкретниов случај се работи за

остварување на законски утврдени права или обврски на субјектот на личните податоци,

односно контролорот.

ЗАШТИТЕТЕ ЈА СВОЈАТА ПРИВАТНОСТ!

Page 10: 2013 - Дирекција за заштита на ...За таа цел на 31.07.2013 година беше потпишан меморандум со Семос Едукација,

10

ШТО Е НОВО, АКТУЕЛНО, ИНТЕРЕСНО?

Twitter ги предава информациите за

а н т и с е м и т с к и т е т в и т о в и н а

француските власти

Компанијата која со месеци покажуваше отпор конечно попушти со надеж дека

„ќе стави крај на расправата“ и изјави дека „ќе се бори против расизмот и

антисемитизмот.“ Твитер конечно ги објави податоците за антисемитските твитови на

француските власти. Компанијата во петокот изјави дека се согласила со барањето на

француската влада да ги предаде твитовите поврзани со антисемитизам на сајтот.

Минатиот октомври, некои антисемитски твитови и хаштагови се појавија на Твитер,

вклучувајќи го "#UnBonJuif est un juif mort," преведено како „Добар Евреин е мртов

Евреин“. Твитер ги отстрани навредувачките твитови од сајтот откако Француската

унија на еврејски студенти (UEJF) и други групи го побараа тоа.

Но, случајот не заврши тука. UEJF во јануари ја доби судската пресуда која го

обврзуваше Твитер да ги предаде имињата на тие кои ги објавиле антисемитските

коментари. Два месеци подоцна, UEJF го тужеше Твитер за 50 милиони долари

тврдејќи дека компанијата не ја испочитувала судската наредба. Минатиот месец,

Апелациониот суд пресуди дека Твитер мора да ги достави имињата на тие кои ги

објавиле навредувачките твитови до групите и властите.

Од Твитер изјавија дека се разочарани од барањето да ги предадат податоците и

размислувале да поднесат уште една жалба. Сепак, денес, Твитер изјави дека до

властите се доставени податоци кои ќе овозможат „идентификација на некои автори.“

Твитер изјави дека одлуката да ги предаде податоците ќе ја заврши расправата,

додавајќи дека ќе соработува со UEJF во „борбата против расизмот и антисемитизмот.

Текстот можете да го преземете на следниов линк

Opera MINI 7.5 нуди опции за

приват ност на ос но вниот

мобилен пребарувач

Само бидејќи не е „паметен“ телефон не значи дека е глупав. Норвешкиот модел

нуди зголемена функционалност на нејзиниот најевтин мини пребарувач со

верзијата 4.5, која нуди заштита на приватноста и менаџер за преземање податоци.

Станува се поочигледна празнината помеѓу паметните телефони и функционалните

телефони за многу корисници, кои можеби бараат само зголемени комуникациски

способности и сурфање, отколку сурова моќ. MINI пребарувачот се грижи за оние

потрошувачи кои вообичаено се наоѓаат на пазарите во развој и вреди да се внимава

на функционалноста што овој пребарувач ја стекнува секојдневно. Норвешката

фирма за софтвер објави нова верзија на Opera MINI 4.5 наменета за телефони што

подржуваат Java –за тие со телефони кои немаат статус на „паметен“ телефон може

да преземат друга верзија, Opera MINI 7.5. Една од впечатливите особини е новиот

модел на приватност. Држејќи се до предвидените пазари, Опера го рекламира ова

како идеално за споделување на вашиот телефон со пријателите кои може да го

проверат својот Фејсбук профил, без да се зачуваат било какви податоци.

Пребарувачот сега има менаџер за преземање податоци што му дозволува на

корисникот да паузира, продолжи или менаџира со преземањето податоци (ова

беше претходно достапно на Opera MINI 7.1). Како што изјави продукт менаџерот на

Opera, Кристијан Урибе: „поседувањето одличен менаџер за преземање податоци е

исто толку важно за студентите како и за бизнис професионалците со понапредни

телефони“. Текстот можете да го преземете на следниов линк

Контакт:

Дирекција за заштита на

личните податоци

бул. „Гоце Делчев“ бр.18

1000 Скопје, Македонија,

Тел: ++389 (0)2 3230 635

Факс: ++389 (0)2 3230 635

E-mail:

[email protected]

[email protected]

Веб страна:

www.dzlp.mk