80
ФЕВРУАРИ 2015 229 ГРАДЕЖНИШТВО ПОРТА АРХИТЕКТУРА Убави објекти се градат и надвор од Скопје ЕКОЛОГИЈА Тадао Андо - мајстор на бетонот, светлината и убавината 90 ДЕНАРИ Хoтел „Театар“ во Битола – традиција со модерен комфор

229_

  • Upload
    porta3

  • View
    242

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: 229_

ФЕВРУАРИ 2015

229

ГРАДЕЖНИШТВО

ПОРТААРХИТЕКТУРА Убави објекти се градат и надвор од Скопје

ЕКОЛОГИЈА

Тадао Андо - мајстор на бетонот, светлината и убавината

90 ДЕНАРИ

Хoтел „Театар“ во Битола – традиција со модерен комфор

Page 2: 229_

ПОРТА

Page 3: 229_
Page 4: 229_

25 јули 20144

4

ПОРТА

градежништво

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

Page 5: 229_

БРОЈ 229 ПЕТОК 27.02.2015 ГОДИНА XI

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА)Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБиљана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВДрагица ФАРРЕН (В.Британија)Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Ивана ГРУПЧЕКате АНТЕВСКАМихаил ТОКАРЕВСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. ВаСил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати:

Маркетинг:

[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 900 ден.за физички лица: 700 ден.жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

Во денешно време, можеби е најпаметно при проектирање театарски згради да се тргне од наједноставното - да се зачува она што се има и што е сè уште прифатено како општа вредност! Проектантите на тетарот во Велес го направиле токму тоа. Ги зачувале вредностите на театарот од дваесеттиот век со сите негови вредности. Што е најважно, Велес доби нов театар, а се покаже дека убави објекти се градат и во внатрешноста на државава.

Во централното градско јадро на Битола, сочувано и заштитено како културно-историско подрачје, се издигнува нов репер на традиционален хотел со модерен комфор. Тоа е новиот градски хотел „Театар“, кој е изграден во стилот на традиционалната архитектура. Постоечкиот објект на локацијата е урнат, а на негово место е издигната сосема нова градба. Објектот е со дрвени масивни порти, зад чии високи камени огради се открива прекрасниот двор уреден со префинет вкус и традиционални обележја кои ја следат естетиката на објектот.

Минатата година Париз беше важна точка за уште еден светски

познат архитект, за Тадао Андо. Беа организирани две негови изложби, една во Bon Marche, од 30 август до 18 октомври, и втората од 3 септември до 26 јануари годинава во Центарот Помпиду. Цртежи и модели од негови главни проекти беа претставени во Бобур, како дел од изложбата „Modernite plurielles“, а во Bon Marche беше прикажана неговата работа на островот Наошима (Naoshima). Навистина, 2014-та беше париска година за големиот јапонски архитект Тадао Андо. Мајстор на бетонот, светлината и убавината.

Лани јавноста во државава се занимаваше со „самоосветлувањето на фреските“ во црквата Св. Димитрија во Скопје. Тоа беше повод за расправи во јавноста, тврдења дека „Господ замешал раце“, дека „било тоа некаков знак“, дека „всушност не е ништо необично“ и слично. Феномен што остава дилеми, „чудо“, термофизика или...

ОД РЕДАКЦИЈАТА

6

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Насловна страница:

BENESSE HOUSE MUSEUM, НАОШИМА, ЈАПОНИЈА,

1992

Автор:

ТАДАО АНДО

1246

76 58

ГРАДЕЖНИШТВО 6ОДЕЊЕ ПО ВОДА

АРХИТЕКТУРА 12УБАВИ ОБЈЕКТИ СЕ ГРАДАТ

И НАДВОР ОД СКОПЈЕ

АРХИТЕКТУРА 28ТАДАО АНДО: МАЈСТОР НА БЕТОНОТ,

СВЕТЛИНАТА И УБАВИНАТА

АРТ 42ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА

ВЕЛИКАНОТ МИКЕЛАНЏЕЛО

АРХИТЕКТУРА 46ХОТЕЛ „ТЕАТАР“ ВО БИТОЛА –

ТРАДИЦИЈА СО МОДЕРЕН КОМФОР

СООБРАЌАЈ 50СЛАТКО-ГОРЧЛИВ РУБИКОН КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СОВЛАДА

ХОРТИКУЛТУРА 76ВИЛИТЕ НА ЕЗЕРОТО КОМО

Page 6: 229_

ПОРТА6 27 февруари 2015

градежништво МОСТ ДО ОСТРОВОТ МОН СЕН МИШЕЛ, ФРАНЦИЈА

Одење по вода

Мостот „Мол“, попроект на DietmarFeichtiner Architectsи SchlaichBergerman undPartner, го соедини,но во стварноста и

го раздели, островот Мон Сен Мишел сокопното.

Мон Сен Мишел е остров на

Архитектонско-конструкторскиот тим

создал виртуознаконструкција,

задоволувајќи гифункционалноста,

техничкото совршенство,естетиката и хармонијата

со природниот пејзаж

Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

Page 7: 229_

северозападниот брег на Франција и една однајпознатите светски културни и природниатракции. Зашеметувачката убавина напејзажот и единствената и најбрза плима иосека во Европа, се магнет за туристите наостровот на средновековната бенедиктинскаопатија.

Но изградбата на браната со која сеповрзува островот со копното, како и бранатана устието на реката Куенон во непосреднаблизина, го доведоа во прашање опстојувањетона споменикот. Тие ги задржуваа песокот итињата, ја зголемуваа висината на морскотодно, со што островот се соединува со копнотои го губи својот култен статус.

Конкурсот за изработка на деликатнотоинженерско решение - да се обезбеди пристапна туристите до островот, е од 2002 година, аградежните активности почнуваат дури во 2011год. Наместо браната изградена кон крајот на19 век, се изведе тенок порозен „мол“ содолжина од 1.841 метри. Од почеток се движипо должината на брегот, дозволувајќи им напосетителите да уживаат во погледот, а потоаго сече теснецот меѓу островот Мон Сен Мишели брегот на Нормандија. Должината на самиотмост е 765 метри. Во тек на целата должинастолбовите на мостот се со иста висина и севклопуваат во хоризонтот без да се наруши

ПОРТА27 февруари 2015 7

градежништво

Page 8: 229_

ПОРТА8 27 февруари 2015

глетката. Во време на плимата тој практичнолежи на површината на водата, што значи декаво тој период островот во вистинска смисла назборот е остров.

Со цел да се олесни природното истекувањена песокот и тињата (за да се зачува статусот наостровот), беше потребно да се сведе наминимум дебелината на отпорот, за што есоздаден сложен конструктивен дизајн. Надлабочина од околу 30 метри се набиени 67пара шипови – бетонски пилони со дијаметар од1,2 метри, на кои се потпираат 134 челичнистолпчиња со дијаметар од само 24,4сантиметри. Секој пар столбови е на растојаниеод 12 метри. На нив се потпираат вкрстени

челични носачи. Завршната бетонскатаконструкција е со асфалтна коловознаобработка. Ширината на централниотколовозен дел е 6,5 метри (на самиот крај е 8,5метри), а од страна, како балкони, се решенипешачката и велосипедската патека со ширинаод 4,5 и 1,5 метри. Коловозната површина еодвоена од пешачкиот дел со бетонска бордуракоја служи како најдолга клупа во светот. Подклупата се наоѓа скриено диодно светло, кое вовечерните часови го „води“ посетителот консилно осветлениот остров. И покрај тоа штоструктурата на мостот може да издржи товар од38 тони, дозволен сообраќај е само со шатлавтобуси.

Се разбира, конструкцијата на мостот „Мол“ги обезбедува и сите потребни инсталациониводови за вода, електрика и телекомуникацискиврски, кои се поставени под бетонскатаконструкција. Може да се каже декаархитектонско-конструкторскиот тим создалвиртуозна конструкција, задоволувајќи гифункционалноста, техничкото совршенство,естетиката и хармонијата со природниотпејзаж. Мостот е пуштен во употреба за пешациво јули 2014 година, а неодамна е комплетнозавршен. Цената на чинење на проектот е околу37 милиони евра. Мон Сен Мишел ја подигна ионака својата величественост, а секако идолговечност. n

Page 9: 229_

www.kingspan.mk

Фабрика за вода, “MG MIVELA”, Трстеник, СрбијаСпортска сала, Краљево, Србија

Спортски центар „Јане Сандански“, Скопје

Изолациони панели и фасади

Page 10: 229_

ПОРТА10 27 февруари 2015

градежништво

Хидротехничка инфраструктура за ТИРЗ Делчево

Подготвиле Билјана ЃОРЃЕВИЌ, дипл.град.инж., Тања РИДОВА, дипл.град.инж.,

Павле ПАВЛОВСКИ, дипл.град.инж., (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

Извод одпланскатадокументација наТИРЗ Делчево

Page 11: 229_

а со потребни објекти

ПОРТА

Во рамките на новите технолошко-индустрискиразвојни зони во Република Македонија,ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл (ГЕИНГ),за Дирекцијата за технолошки индустрискиразвојни зони, изработи Инфраструктурнипроекти за надвор од зоната и Основнипроекти во и надвор од зона за: сообраќајна

инфраструктура во зоната, патека за интервенции, сообраќајноповрзување на ТИРЗ Делчево со основната патна мрежа наР.Македонија, ограда со придружни елементи во зоната,хидротехничка инфраструктура со потребни хидротехничкиобјекти, електроенергетска и телекомуникацискаинфраструктура, улично осветлување, здружено заштитнозаземјување и периметарска заштита, дистрибутивен гасовод заприроден гас за ТИРЗ Делчево. Вкупната документација сесостои уште од елаборати за заштита од пожари, експлозии иопасни материи во тек на изведба, елаборати за заштита наживотната средина како и елаборати за заштита при работа.

Предвидената индустриско-развојна зона се наоѓа во близинана град Делчево лоцирана лево од патот кон селото Габрово,Блатиште, КО Делчево, општина Делчево. Зоната се протега наповршина од вкупно 20,8 ha.

Хидротехничката инфраструктура за ТИРЗ Делчево се состоиод:

- Водоснабдителен систем за санитарна и ПП вода- Водоснабдителен систем за техничка вода- Атмосферска канализациона мрежа- Фекална канализациона мрежа и- Систем од ободни канали за заштита од површински

атмосферски води кои гравитираат кон локацијата на зонатаСистемот за санитарна и ПП вода е предвиден да се снабдува

со вода од постоечки водоснабдителен систем Делчево -

Габрово кој минува во непосреднa близина на зоната. Системотго сочинуваат приклучок на постоечка линија, пумпна станица зазголемување на притосокот во мрежа, циркулациона мрежа,потисно повратен цевковод од мрежа до резервоар ирезервоарски простор од 200 m3. Со техничкото решениепредвидени се хидранти за противпожарна заштита, корисничкиприклучоци за секоја од парцелите како и објекти за правилнофункционирање на системот.

Потребите од техничка вода за зоната ќе се обезбедат одбунарско подрачје кое е во непосредна близина на р.Брегалница. Со потисен цевковод потребните количини одбунарското подрачје ќе се дистрибуираат директно во мрежа.Овие количини зоната ќе ги користи за полевање на зелениповршини како и миење на внатрешните сообраќајници. Вофекалната канализациона мрежа ќе се испуштаат санитарнитеотпадни води и отпадните води од технолошките процеси.Истите претходно пречистени ќе се испуштаат во примарнатаканализациона мрежа. Со проектната документација сепредвидени приклучоци за секоја парцела.

Во атмосферската канализациона мрежа ќе се прифаќаататмосферските води од коловозот и тротоарите на улицитепреку улични сливници и примарна атмосферска канализационамрежа. Надвор од зоната собирниот колектор за атмосферскаканализација поминува низ сепаратор за масла. Фекалните иатмосферските води надвор од зоната пречистени се спојуваатво заеднички колектор кој ги одведува до реципиентот р.Брегалница.

Површинските атмосферски води прифатени со ободнитеканали преку ретензионен Површинските атмосферски водиприфатени со ободните канали преку ретензионен базен ипреливна шахта се испуштаат во атмосферската канализационамрежа. n

Page 12: 229_

ПОРТА12 27 февруари 2015

aрхитектура ВЕЛЕС ДОБИ НОВ ТЕАТАР

Убави објекти се градат

Page 13: 229_

По неколку години градба иво тешки економскиуслови се изгради новиоттеатар во Велес, кој е еденод најмодерните вонашата земја и е работенспоред светски стандарди

за ваков вид објекти. Автори се архитектитеИлија Стојчевски и Моника Стојчевска.

Во времето на Google и на пребрзиотИнтернет, многу информации ни стануваатподостапни, ни се менува полека и начинот наразмислување! Иако информациите нидоаѓаат дома, преку нашите компјутери илимобилни телефони, некои работи поминуваатпокрај нас без да бидат забележани или безда им се посвети доволно внимание.Вниманието на обичните луѓе, но и на насархитектите, како да е свртено кон објектитешто се изведуваат во Скопје. Ако неманекаков повод, како доделувањето нагодишната награда за архитектура, нема дазабележиме дека и надвор од Скопје се градии дека се создаваат навистина добри исовремени објекти.

Театарот „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ се наоѓа на улицата „Благој Ѓорев“, вонепосредна близина на Младинскиот парк.Изграден е на локација од 3.543 м2 со брутоповршина на градба од 1.764 м2. Како иповеќето објекти во градот, и театарот еизграден на терен во пад, во правец југ -север. Локацијата за градба на театарот сепротега во еден тесен урбан појас и зарадитоа објектот е поставен непосредно доулицата од која го дели тротоар со ширина од2,50 метри. Влезот во театарот е од аголот наобјектот. Влезот е нагласен со ротонда икупола над неа. Службениот влез завработените како и пристапот конекономскиот влез се од сервисната улица којаго обиколува објектот.

Волуменот на објектот ја следиконфигурацијата на теренот создавајќифункционална архитектонска композиција.Функциите на театарот се развиваат на петнивоа: визба, сутерен, приземје, први и вторикат. На приземјето се наоѓаат театарскотофоаје со билетарницата, гардеробите искалите. Тука е сместено и гледалиштето коеима 292 седишта. Малата сцена е со капацитетод 102 седишта. Тука се сместени и сите

т и надвор од Скопје

ПОРТА27 февруари 2015 13

aрхитектура

Во денешно време, можеби е најпаметно припроектирање театарски згради да се тргне однаједноставното - да се зачува она што се има

и што е сè уште прифатено како општавредност! Проектантите на тетарот во Велес

го направиле токму тоа. Ги зачувалевредностите на театарот од дваесеттиот век

со сите негови вредности

Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

Page 14: 229_

ПОРТА14 27 февруари 2015

Page 15: 229_

придружни функции за успешнофункционирање на еден современ театар, како гримиорни, гардероби за глумци,репетициона сала, санитарии и комуникации.

На првиот кат на кој се доаѓа преку скалиод фоајето се сместени две ложи и галеријасо 60 седишта, гримиорни, кафе кујна иканцеларии за вработените. На овој кат сенаоѓаат и три апартмани до кои се доаѓапреку посебен влез и скали. Апартманите сеповрзани со интерна врска со останатитепростории на театарот. На вториот кат сенаоѓаат кабините за тон и светло, машинскатасала, соби за електрика и помошнипростории.

Во сутеренот се наоѓаат тоалетите запублика, бифето, кројачницата и пералната,потсценскиот простор, оркестрата,столарската работилница и други помошнипростории. Во визбата се сместенигардеробите за помошните служби,работилници, агрегатите, котлара и резервоарза гориво.

Многу појавни облици го заменијаединствениот модел на театарот каков што гознаевме. Поимањето за театарот денес немаповеќе единствено значење, туку за секојаконкретна ситуација означува систем наставови кои се крајно субјективни, важат самоза тој момент и не можат да се воопштуваат.Градењето на архитектонската структура морада се приспособува кон новите тенденции натеатарот и театарската претстава. Ниту заархитектите ниту за архитектурата натеатарската зграда во целина нема друго

ПОРТА27 февруари 2015 15

aрхитектура

Page 16: 229_

ПОРТА16 27 февруари 2015

aрхитектура

решение, туку за секој поединечен проект, засекоја поединечна тетарска куќа, да сипостават себеси и на сите околу нив стотинапрашања; за театарот, за општеството, заморалот и естетиката, економијата итеатарската технологија, прашања заархитектурата.

Во театарот, како и во градењето, се чинибарем засега, како да поминало времето надалекусежните, божемни видовити прогнози.Преостанаа само уште мали предвидувања напократки рокови.

Во денешно време, можеби е најпаметнопри проектирање театарски згради да се тргнеод наједноставното: да се зачува она што сеима и што е сè уште прифатено како општавредност! Тоа несомнено може да се примении на сè она што спаѓа во културно наследствокое на архитектурата ѝ го оставил театарот надваесеттиот век – пред сè на идејата запростор и просторни односи на сцената игледалиштето.

Проектантите на тетарот во Велес гонаправиле токму тоа. Ги зачувале вредноститена театарот од дваесеттиот век со сите неговивредности, а градот Велес, кој има долгатеатарска традиција и добра театарскапублика, доби навистина извонредентеатарски објект. n

Page 17: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 17

aрхитектура

Факти за театарот: „Јордан Хаџи Констатинов - Џинот“,ВелесЛокација: улица Благој Ѓорев бб – ВелесАвтори: архитект Илија Стојчевски и архитект МоникаСтојчевскаИнвеститор: Министерство за култура на РепубликаМакедонија

Page 18: 229_

ПОРТА18 27 февруари 2015

урбанизам PREMIDOOR 88

Лизгачките системи виовозможуваат потполноново доживување напросторот, внатре инадвор. Без разлика далие тоа шарена природаили контури на градот,

големите стаклени површини ја бришатграницата на надворешниот и внатрешниотпростор. PremiDoor 88 е иновативенподигачко-лизгачки систем, со можност запотполно отворање и затворање, соодлични изолациски вредности и со високаархитектонска естетика.

Еден е установен тренд во архитектурата– желба за што поголеми, континуиранизастаклени површини и повеќе отвореност.

Меѓутоа, ваквите површини мора да гиисполнат сè построгите барања заенергетски заштеди. За да го исполнимебараното и да овозможиме големистаклени површини, го создадовмесистемот PremiDoor 88 со дебелина на

профилот од 88 мм, според искуството одпретходниот систем PremiDoor од 70 мм.Рамката на овој лизгачки систем секарактеризира со масивен профил содлабочина на вградување од 88 мм,односно вкупно 21 см, што обезбедувависока стабилност и одлични изолацискивредности. Сето тоа со ниска видливалинија на рамката.

Отпорен на удари од дожд, ветер инадорешна бучава, PremiDoor 88 е новагенерација на подигачко-лизгачки системи.Системот е базиран на новата технологијана дихтување, со нови материјали сопосебни карактеристики, за да овозможиподобрено дихтување. Во директнаспоредба на можностите за топлинска

Со елементи со катна висина до 2,90 м- Висока стабилност на елементите од под до таван- Нискиот видлив профил на рамката овозможува по-

веќе светлина и поголеми соларни придобивки- Висок отпор на торзија и свиткување - Можно оптоварување до 400 кг зависно од оковот

Оптимални енергетски заштеди - Коефициент на пренос на топлина на рамката од Uf =

1,2 – 1,3 W/m2K, со можен мак. Ud = 0,8 W/m2K- Позитивен климатски баланс со чисти CO2 заштеди - Ја зголемува и ја одржува вредноста на имотот

Подигачко-лизгачки системи

Page 19: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 19

урбанизам

изолација, новиот систем е за 32%подобар од претходната генерација, а иповеќе во споредба со конвенционалнитесистеми. Предностите на последнатагенерација прозорски ситеми 88+ сеискористени за развој на овој новлизгачки систем. Развиен е потполно новWPC праг кој дава клучен придонес заизвонредни изолациски својства нацелиот систем.

Веќе подолг период се развиваатсистеми на ПВЦ профили за прозорци иврати базирани на калциум цинк какостабилизатор, наместо тешките металикако што е олово. И PremiDoor 88 ебазиран на калциум цинк „greenline“стабилизатор. Овој пристап овозможува

компатибилност со животната средина иодржливост, бидејќи ваков систем можево целост да се рециклира, што е уштеедна од важните цели кои ги исполнуваPremiDoor 88.

Friedrich E.v. Garnier е филозоф набоите и основач на органската палета набои. Неговата теорија е основа заколекцијата бои v. Garnier која може да вија пружи PremiDoor 88. Покрај колекцијатаv. Garnier, PremiDoor 88 може да сеусогласи со речиси сите изведби нафасади на објектите, без разлика дали сеработи за класична бела боја на рамката,чисти бои, структурални дрво декори илиалуминиумски надворешни облоги во РАЛтонови. n

„Луѓето не можат даживеат таму каде штозамјата ја изгубиласвојата боја“.

FRIEDRICH ERNSTV.GARNIER

за живот без бариери

Page 20: 229_

ПОРТА20 27 февруари 2015

aрхитектура ВРАЌАЊЕ ВО ЖИВОТ НА ХОТЕЛОТ „ИЛИНДЕН“

Зошто убаватаидеја застана во завршна фаза?

Page 21: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 21

aрхитектура

Лихварската логика на банката е друга ... Го срушија нашиот висококредитен рејтинг, финансиски нè исцрпија, го направија кредитот

нефункционален, го разнишаа нашето макотрпно создадено реноме на македонскибренд, оставија без работа 35 вработени кои не можевме веќе да ги плаќаме и, што е

најважно, ја оставија една од најзначајните инвестиции за Крушево, незавршена

Page 22: 229_

ПОРТА22 27 февруари 2015

aрхитектура

Сè започна кон крајот на 2006година, со враќање намеморијата и купување наруинираниот, но со голематрадиција, хотел „Илинден“во Крушево, идејатаповторно да заживее и да му

се врати старото реноме. Пред започнување напроектот и донесување на конечните одлуки,направена е сеопфатна анализа на природните,општествените и економските погодности наКрушево и неговата околина, разгледани сенеговите ресурси и потенцијали, проучена едолгогодишната туристичка традиција, и врзбаза на сето тоа е направена целокупнататехничка документација и е изготвенаинвестициона програма и економски елаборат.Со проектот е предвидена целоснареконструкција на постоечкиот објект, неговадоградба и надоградба, проширување накапацитетот и содржините, како и вградувањена меѓународно пропишаните стандарди захотели од висока категорија со 4 ѕвездички.

Со инвестиционата програма, планиран ехотел кој ќе работи цела година во сите сезонисо планирани околу 40 вработени и со можностда ангажира повеќе десетици крушевскисемејства како кооперанти за производство идостава на познатите домашни специјалитети иоргански производи од незагадената еко-средина. Планирана е инвестиција од 3,7милиони евра за сите фази на реализација,почнувајќи од купување на постојниот објект соземјиштето што му припаѓа, изработка наурбанистички планови и целокупна техничкадокументација, плаќање на сите давачки кондржавата и општината, целосна реализација накомплексот со сите фази, негово партерно иентериерно уредување, како и комплетноопремување до пуштање во употреба.

Целокупниот процес требаше да трае 18месеци, а завршувањето на хотелот и пуштањево работа беше планирано во втората половинана 2009 година, во периодот наманифестацијата „Крушево еко-град“. Каконосител и организатор на реализацијата бешеодредено проектантското биро „Ателје Ајвар“, aкако изведувач „Компанија ХРРМ“ од Скопје, сопланирано учество на 15 до 20 партнерскиизведувачки и подизведувачки фирми со преку150 вработени.

Идејата и големиот ентузијазам за „враќањево живот на хотел Илинден“ беa поткрепени исо соодветна економска анализа за начинот иорганизацијата на идното работење,планираните инвестиции, нивно враќање иамортизација на материјалните добра.Економскиот елаборат покажа дека се работи

Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

Влезен хол и рецепција

Винарија

Page 23: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 23

за перспективен и профитабилен проект соможност да ги врати вложените средства заосум до 10 години. Во тој момент тоа беше еднаод најголемите инвестиции во Македонијапланирана од домашни инвеститори. Направенае финансиска конструкција со планиранакредитна линија, сопствени вложувања иподдршка на нашите партнерски фирми, како ина нашите изведувачи и подизведувачи соделумно кредитирање во материјали и работнарака.

- Целокупниот елаборат го презинтиравме набордот на Алфа банка чии коминтенти бевме вотоа време. Најодговорните претставници наАлфа банка дојдоа на самото место, гианализираа и ги усвоија проектите,инвестиционата програма и економскиотелаборат, одредија кредитна рамка и кон крајотна 2007 година одобрија средства со рок навраќање од 10 години. Го ставивме под залогХотелот и целокупниот наш службен и приватенимот во Скопје, ние бевме задоволни, банкатастана наш стратешки партнер со конкретнафинансиска поддршка која ќе овозможизавршување на проектот. Барем ние мислевметака, оптимисти и занесени идеалисти, - велатсопствениците на „Ателје Ајвар“, ипродолжуваат: „Оптимизмот ни го влевашеИнвестиционата програма изготвена врз реалнаоснова која се потпираше на исклучителнитеможности за туристичка понуда во тек на целатагодина, особено на главните - зимската илетната сезона, но и на периодите помеѓу,погодни за конгресен туризам, подготовка наспортисти, поддршка на параглајдерскинатпревари од светски ранг, можности за лов ириболов, спорт и рекреација. И сето тоа

поткрепено со престој во исклучителни условина еколошки чиста природна средина наКрушево – ЕКО и ЕТНО град, по цени за престојод 20 до 40 евра, во зависност од сезоната,приспособени на домашните посетители. Такабеше конципиран и проектот за престој водомашна атмосфера и амбиент со домашниспецијалитети и врвна услуга, но воедно сокомфор кој овозможува удобен и пријатенпрестој и одмор. Сите предуслови беаисполнети“.

Веднаш започнува реализацијата и досредината на 2008 год., после тешка и обемнареконструкција, главните градежни работи беапри крај, финансиската поддршка се одвивашенепречено под контрола на стручниот тим набанката, кој ги следеше фазите на реализацијаи одобруваше средства за продолжување.

„Последните средства ни беа одобрени восредината на 2008 година, на половина оддоговорената кредитна рамка. Од тука започнаамаратонските преговори, нашите убедувања иаргументи, дека не постои никаква причина запрекин на соработката, дека се работи заперспективен и профитабилен проект, декареализацијата напредува и пред роковите, декасме вложиле многу повеќе наши средства оддоговореното и дека сите обврски навременосе подмируваат, останаа залудни, како ехо вопразно. Изговори имаше безброј, од промена нараководниот тим, се менуваше неколку пати,повторна анализа на проектот, преиспитувањена вложените средства, сомнежи декавложените средства нема да можат да се вратат,па сè до зависност за одлуките од централата воАтина“, велат од „Ателје Ајвар“.

Од банката не одговараат на нивните

писмени барања за продолжување накредитирањето, банката без ниту еден аргументна нејзина страна не дава никакво официјалнописмено образложение. Во меѓувреме, намногубројните состаноци даваат усни ветувањадека соработката ќе продолжи и дека и тиеправат напори и се залагаат за тоа.

„Во тој момент не знаевме, а и не верувавме,дека ветувањата се лажни и дека сето тоа е делод тактиката за наше целосно финансискоисцрпување. Нашиот оптимизам не стивнуваше,продолживме со реализација, вложивме сè штосме заработиле во претходните две децении, говложивме и нашиот личен имот, а на крајот инашето реноме кај нашите партнери кои влегоасо нас во проектот. Реализацијата продолжи соуспорено темпо. Со сопствени залагањауспеавме да го рационализираме планираниотбуџет за околу 20 проценти, но сепак до крајотна 2009 година веќе беа реализирани преку 80проценти од градежно-занаетчиските работиили околу 60 отсто од вкупно планиранитеработи. За поткрепа на целиот проект, состручниот тим на ЕБРД изготвивме елаборати заЕколошка заштита и Енергетска ефикасност нахотелот, кои беа високо оценети од нашитеексперти, а и од одговорните за целиотбалкански регион. Од нив добивме и препоракада аплицираме за значајни средства од ЕБРДод кредитната линија отворена за таа намена,со која се нудеше и грант од 15 до 20 процентиод искористените средства, се разбира доколкубидат исполнети зададените услови“.

„Сите предуслови беа тука, зацртани во самиотпроект а и во тековната реализација. Со оглед наисклучително чистата природна средина во којасе наоѓа, ни беше предочено

Page 24: 229_

ПОРТА24 27 февруари 2015

дека со реализација и вградување напланираните еко и енергетски системи, хотелотима можност да стане прв хотел во Македонијасо еко ознака. Сите што работат во туризмотзнаат што значи тоа, висок меѓународенрејтинг, престижна понуда и престижни гости.За жал, ниедна банка која располагаше сонаменските средства не ни излезе во пресрет,за што значително придонесе и нашата банкакоја со својот некоректен однос во меѓувремего наруши нашиот кредитен рејтинг. Освен тоа,врз основа на условите зададени со новиотгенерален план за град Крушево, порачавменов Детален урбанистички план, кој е вопостапка на усвојување, а со кој ќе се овозможидооформување на локацијата и перспективенразвој со проширување на сместувачкиоткапацитет на хотелот“.

Но ништо од сето ова не го промени односотна банката, па реализацијата запираше, апреговорите бесполезно продолжуваа сè докрајот на 2011 година. „Тогаш банката реши даангажира овластена фирма која ќе извршипроценка на вредноста на извршените работина хотелот. Проценката направена попропишана методологија, како што е наведеново извештајот на проценителот, покажа трипатипоголема вредност од средствата што гидолжевме на банката во тој момент, а запетпати поголема вредност ако се завршихотелот. Па така, на почетокот на 2012-тапредложија реструктуирање на кредитот со

ветување финансирањето да се продолжи дозатворање на кредитната рамка. Од својатамонополска позиција банкарите поставуваатуслови, а ние, од незавидната позиција во којабевме доведени, прифативме“, велат од „АтелјеАјвар“.

Исплатени се сите побарувања за да можеодново да се започне со нова рамка и советената финансиска поддршка. Во „АтелјеАјвар“ нагласуваат: - Не ни помислувавме декане добивме писмена гаранција за тоа, најважнобеше да продолжиме, да го завршиме хотелот ида го ставиме во функција. Несфатливо за нас,а најверојатно нормално за нив, не знаеме покој пат банката не го одржа своето ветување.Не можевме да веруваме дека здравиот разумне може да надвладее и дека завршен хотел, вофункција, кој може сам да ги исплатува своитеобврски, вреди многу повеќе од незавршен којне може да проработи и генерира самотрошоци.

Во декември 2012 година, значи цела годинаод реструктуирањето на кредитот и последнотоветување за продолжување на кредитирањето,компанијата добила и писмен документ,односно известување, дека не можат веќе да гикредитираат. „Каква иронија, четири и полгодини, од средина на 2008 година, откако

Спа центар

Фитнес центар и базен

Page 25: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 25

престанаа да нè кредитираат, тие нèизвестуваат дека повеќе не можат да нèкредитираат. Банката што стана наш партнер иод која очекувавме, пред сè во сопствениотинтерес, да остане лојална на проектот донегово завршување, со својатанекооперативност и со крајно некоректнатаделовна политика, се претвори во немилосрденлихвар“, велат од компанијата.

„А лихварската логика е друга ... Го срушијанашиот висок кредитен рејтинг, финансиски нèисцрпија, го направија кредитотнефункционален, го разнишаа нашетомакотрпно создадено реноме на македонскибренд, оставија без работа 35 вработени кои неможевме веќе да ги плаќаме и, што е најважно,ја оставија една од најзначајните инвестиции заКрушево, незавршена. И сето тоа и насопствена штета, наместо да имаат стабиленкоминтент, кој во минатото им носел големипрофити, а во иднина би можел уште поголеми,банката, со лихварската логика, сето тоа гоанулираше и влезе во една сомнителна инеизвесна процедура“, тврдат во компанијата.

И што сега? - се прашуваат во компанијата.Можеби сме непоправливи оптимисти, можебисме занесени и наивни идеалисти, можеби смебиле, како во многу случаи, пред времето, носигурни сме дека овој проект ќе стане успешнаприказна, дека Крушево го заслужува тоа и декаќе придонесе во општата заложба да се вратинеговото место меѓу лидерите на туризмот воМакедонија. За таа цел сè уште се залагаме,преговараме, нудиме партнерство под поволнии флексибилни услови, и се надеваме декапотенцијалните партнери ќе ги најдеме меѓуљубителите на Крушево и меѓу сите што ќе го

препознаат овој проект како позитивен ипрофитабилен, и ќе најдат свој интерес соучеството во него.

ШТО ТРЕБА ВСУШНОСТ ДАПРЕТСТАВУВА ХОТЕЛ „ИЛИНДЕН“

Замислете дека е завршен, што сè би можелда ви понуди. Тоа најдобро ќе може да сепрезентира преку презентација од ентериеротна дел од планираните содржини: - Сместувачки капацитет за 140 гости во

комфорни и удобни соби, студија иапартмани.

- Ресторан со кујна опремена по најсовременистандарди, но со домашни крушевски имакедонски кулинарски специјалитети.

- Конференциска сала за симпозиуми иконгреси, која, за поголеми манифестации,се поврзува со ресторанот во еднафункционална целина. Просторна терасакоја ги обединува и ресторанот иконференциската сала.

- Аперитив бар со сала за доручек поврзан совлезниот хол и со сопствена тераса.

- Интерен фитнес со затворен базен на којпреку големите застаклени површини сенадоврзува зеленилото на Коријата.

- Спа центар, отворен и за надворешни гости,опремен со сауни, турски бањи, базен-џакузи, боксови за масажи, салони заодржување и убавина, како и лекарскаординација.

- Вински бар и кафе слаткарница кои може даработат независно од другите содржини, асо својата местоположба се пристапни засите посетители.

- Крушевска соба во поткровјето, голем

двовисински простор, дневна соба нахотелот, преку лифт директно поврзана сокујната, со шанк, отворен камин и просторенчардак со панорамски поглед на целоКрушево.

- И сите технички, придружни и помошнипростории, сè до простори за чувањереквизити за скијачи, параглајдисти иловџии, пристапни директно од паркингпросторот.

Замислувајте и уживајте!!!

Редакцијата на „Порта 3“ со сиот својкапацитет ќе стори сè оваа сторија заголемиот ентузијазам на АЈВАР, борбата заостварување на еден убав архитектонскипроект кој е многу повеќе од тоа, да дојде досвоја завршница. Заради крушевчани, зарадиносталгијата, но и заради иднината наместото каде што е нашата најславнаисторија, заради сите нас. Инвеститори,туристички оператори, разбудете се! ПредВас е убав, економски исплатлив проект.Голема чест е и Вие да бидете дел одисторијата, носталгијата, иднината...n

Крушевска соба

Page 26: 229_

ПОРТА

Page 27: 229_

26 декември 201438

38

рубрика

ПОРТА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Page 28: 229_

ПОРТА28 27 февруари 2015

aрхитектура

Архитектурата е универзален јазик, прашање на геометријата, но исто така и надуховноста. Во зависност од околностите, може да изберете квадрат илитриаголник, но во реалноста, резултат на сето тоа треба да биде место коезборува со човековото срце... Едноставност на волумени и форми, непрекинатдијалог со елементите: вода, небо, ветер ... две изложби во Париз ... 2014-тапариска година и за јапонскиот архитект

Мајстор на бетонот,светлината и убавината

Page 29: 229_

Минатата годинаПариз беше важнаточка за уште еденсветски познатархитект, за ТадаоАндо. Беаорганизирани две

негови изложби, една во Bon Marche, од 30

август до 18 октомври, и вторатаод 3 септември до 26 јануари годинава воЦентарот Помпиду. Цртежи и модели однегови главни проекти беа претставени воБобур, како дел од изложбата „Moderniteplurielles“, а во Bon Marche беше прикажананеговата работа на островот Наошима(Naoshima). Навистина, 2014-та бешепариска година за големиот јапонскиархитект Тадао Андо.

Значајни години во животот и кариератана планетарниот архитект Тадао Андо:

• 1941 година, роден во Осака, ЈапонијаСпоред негови кажувања, желбата да стане

архитект ја добил на 15-годишна возраст,после реновирањето на нивната стара куќа идоживувањето на нејзината метаморфоза.Школувањето на универзитет билофинансиски неизводливо. Се обидувал дазаработи на разни начини, дури и какобоксер. Во една столарска работилница јаизучувал обработката на дрвото. Во истовреме посетувал дополнителни часови поцртање. Постојано вложувал во своетосамообразование. Тој е самоук архитект, безофицијално архитектонско образование.Една книга на Ле Корбизије, која ја открил вокнижарница во Осака, создала желба да гозапознае големиот архитект лично. Тргнал заПариз во 1965 година со транссибирскатажелезница. Прво во Москва, па Финска,Швајцарија... во Париз стигнал на почетокотна септември. За жал, неколку дена по смрттана Корбизје. Неговото разочарување билоголемо. Не го запознал големиот архитектлично, но го открил Париз и вербата вохуманизмот на архитектурата.

Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.

ПОРТА27 февруари 2015 29

aрхитектураГОЛЕМИ АРХИТЕКТИ - ТАДАО АНДО, ЈАПОНИЈА

Mузејнасовременауметност,островНаошима ,Jaпонија

Page 30: 229_

ПОРТА30 27 февруари 2015

aрхитектура

После посетата на Notre-Dame-du-Haut воRonchamp на Корбизје, која била преполна соверници, открил дека архитектурата може даима посебна функција. Открил декаволумените и светлината се од суштинскозначење. Посебно светлината што ѝ даваживот на архитектурата. Го продолжилпатувањето... Африка, Индија, Сингапур...открил дека земјата е огромна.... ништо неличи на Јапонија. Желбата да биде градителостанала, но по ова патување сфатил дека наопштеството може да му се служи и прекуархитектурата.

• 1969 година, архитектонско биро TadaoAndo Architect & AssociatesНа дваесет и осумгодишна возраст го

отворил своето архитектонско биро во Осака.Едноставност на волумени и форми,непрекинат дијалог со елементите: вода, небо,ветер ... повеќе од 200 објекти и многу наградикои ја илустрираат оваа филозофија, серезултат на неговата досегашна работа.Индивидуални куќи, општествени објекти имноштво музеи кои восхитуваат во Европа, воСАД и посебно во Јапонија. Меѓу позначајнитепроекти се:

„Row House in Sumiyoshi“ (Azuma House) воОсака, двокатен бетонски објект завршен во1976 година. Една од првите работи, за којадобил признание од Јапонската асоцијацијана архитекти. Објект во кој се појавуванеговиот иден стил. Примена на мазнибетонски ѕидови, големи стаклени површини,доведување на природата во контакт со

жителите. Станбениот комплекс во реонот Роко,

недалеку од Кобе, изграден е на планинатаРоко, на падина закосена шеесет степени, вотри фази. Дизајнот на Rokko Housing I (1983),Rokko Housing II (1993) и Rokko Housing III(1999), илустрира примена на традиционалниархитектонски тврди и меки материјали,контрасти на светло и темно, спротивности наотворено и затворено.

„Црква на вода“ (1988), христијанска црквана островот Хокаидо. Коцкаста, бетонскакапела со еден цел стаклен ѕид, кој го водипогледот кон езерото (формирано сопренасочување на природниот поток), кончеличниот крст во средина, кон далечината...Пејзажот го интегрира природниот амбиент,градината, водата и архитектурата. Се сметаза ремек-дело на современиот јапонскипејзажен дизајн.

Еден од најпознатите дизајни на Андо е„Црквата на Светлината“ во Осака (1999). Малахристијанска црква, со површина од 113 м²,која се состои од три бетонски правоаголникутии (5,9 х 17,7 х 5,9), пресечени со ѕид подагол од 15º кој го дефинира влезот. Ремек-дело кое се вклучува во филозофските рамкина Андо помеѓу природата и архитектурата. Јакористи Зен филозофијата. Двојната природана постоењето. Архитектура на дуалноста.Просторот во капелата е дефиниран одконтрастот помеѓу отвореното и затвореното.Светлината влегува од отвор во форма накрст, во бетонски ѕид кој се протегавертикално од под до плафон, и хоризонтално

Простор замедитација,Париз, Франција, 1995 г.

Rokko HousingI,II i III, Роко,Кoбe,Јапонија

Храм навода, Аваји

остров,Хиого,

Јапонија

Dream chair,Шишумузеј,Наошима ,Јапонија

Page 31: 229_

од ѕид до ѕид. Овој пресек на светлината иѕидот, создава свесност за длабоката поделбапомеѓу духовното и световното во секој однас. Преку светлината тој креира новипросторни перцепции, еднакви ако не иподобри од неговите бетонски структури. Вооваа минималистичка архитектура, празнинатаво вид на крст изведена во бетонски ѕид,ориентиран на исток, е единствен верскисимбол во црквата. Карактеристика наентериерот е длабоката „празнина“.Многумина велат дека е вознемирувачка. ЗаАндо идејата за „празнина“ е нешто различно.Таа е наменета за преод во областа надуховноста.

„Храм на Вода“ (1991) се наоѓа на северниотдел на островот Awaji, Hyogo, Јапонија.Помеѓу шума од бамбус, планини и полиња со

ориз, се појавува езеро со лотосови цветови,затворени во овална бетонска конструкција.Формите се симболични. Некои скриени,некои јасни. Припаѓаат на будистичкатадоктрина на најстарата јапонска филозофскатрадиција. Лотосот е симбол на небото. Јапретставува појавата на Amida Буда, којспоред верувањата носи порака од небескиотрај. Објектот претставува радикална променаво илјадагодишното градење на храмови воЈапонија.

Иако јапонските и христијанските црквиимаат различни карактеристики, Андо гитретира на сличен начин. Тој смета дека нетреба да има разлика во проектирањето наверска или станбена архитектура. Живеењетово куќа не е само функционално прашање, тоае и духовно. На духовните места луѓетонаоѓаат мир во нивниот ум, како и во нивниотдом, во нивната татковина. Тој сака луѓетолесно да го доживуваат духот и убавината наприродата преку архитектурата. Верува вонеговата теорија за улогата на архитектуратаво општеството.

• 1992 година, павилјон на Јапонија наСветската изложба во Севилја, Шпанија, ипочеток на проектите на островотНаошима (Naoshima) Павилјонот за меѓународната изложба во

Севилја, Шпанија, во 1992 година, е негов првобјект изграден надвор од Јапонија и првобјект изграден од дрво. ЧетирикатниотПавилјон на Експо 92, се сметал за една однајимпресивните и најголемите дрвени градбина светот (60 х 40 х 25 м).

Почеток на проектите за островот Наошима,претставени на изложбата во Bon Marche, воПариз, во 2014 година. Од 1992 до 2010година, Тадао Андо е учесник вореализацијата на возвишената идеја наSoichiro Fukutake, основач на Benesse Art SiteNaoshima. Господинот Фукутаке, загрижен за

иднината на регионот, успеал преку уметностада го оживее островот Наошима и два неговисоседни острови (Inujima и Teshima). Нажителите на островите им дал поддршка завработување и останување. На негово барање,генијалецот на јапонската архитектура ТадаоАндо, на островот Наошима изградил четиримузеи, хотели „Benesse Houses“ и една куќа науметноста „Art Houses“. По дваесет и петгодини, овие острови претставуваат уникатниуметнички места во светот. Универзум наубавина и длабоко спокојство. Андо вели:„Еден од моите предизвици беше дијалогот соприродата, затоа моите дела речиси не сегледаат, тие се базирани на оваа област.Уметноста, земјата и пејзажот се целосноповрзани. Островот е место на кое секој можеда размисли за својот идеален свет. Често сезборува за Зен, тој универзум е во нашетосрце. Никој не може да го дефинира нашиотЗен универзум, секој го бара својот. Да сеотиде во Наошима, е добра можност да сепочне со ова истражување“.

• 1995 година, награда Прицкер За високи индивидуални достигнувања во

областа на архитектурата, во 1995 година јадобил престижната Прицкерова награда.Целата награда во износ од 100.000 долари,Андо ја поклонил на настраданите одземјотресот во 1995 година, во Кобе.

Во 1995 година, во Париз, по поводпедесетгодишнината од формирањето наУНЕСКО, Андо го дизајнирал познатиотпростор за медитација, во кој луѓето од целиотсвет, од сите раси и религии, можат да семолат за мир. На локација од 350 м², создалобјект изграден од бетон, со површина од 33м², во форма на цилиндер (дијаметар 6 м ивисина 6 м). Чист и едноставен, апстрактенпростор кој сугерира мир и духовна слобода.

Во годините што следуваат реализиралголем број значајни објекти низ целиот свет,за кои добил високи признанија. Некои одизведените проекти* и добиените награди** седадени како прилог на овој текст.

Доминантни материјали во неговите објектисе бетонот, стаклото и водата. Бетонот,симболичен материјал на 20 и 21 век, груб итежок, во неговите конструкции е нежен какосвила. Светлината, водата, ветерот и бетоноткоегзистираат до совршенство.

Во областа на дизајнот на мебел, во 2013година беше претставена столица одсоништата (Dream Chair). Скулптурална дрвенастолица, уметничко дело, дизајнирана одТадао Андо за данскиот производител намебел Carl Hansen & Son. Ова е прв дизајн најапонскиот архитект наменет за производство,и прва соработка на данскиот производителсо дизајнер кој не е од Данска. Идејата занејзиното креирање е објаснета со

ПОРТА27 февруари 2015 31

aрхитектура

Mузејна модернауметност, Форт Ворт,Тексас, САД, 2002 г.

Page 32: 229_

„желбата на Андо да ги поттикне луѓето даодвојат повеќе време за сонување“.

Во досегашната кариера, тој предавалархитектура на Универзитетите Јеил,Колумбија и Харвард.

• 2014 година, две изложби во ПаризДенес тој е еден од најголемите. Неговото

име е помеѓу десетте најголеми живиархитекти во светот. Париз му ги отворисвоите порти. Центарот Помпиду и BonMarche, во 2014 година организираа изложбина кои беа прикажани проекти, цртежи имодели, создадени од ѕвездениот јапонскиархитект Тадао Андо.

На 72 години, после четириесетгодишнакариера, Тадао Андо го следи својоткарактеристичен минималистички стил.Аскетски чисти форми, каде што убавината е

водечка сила ... кон хуманизмот во архитектураташто може да го промени општеството.

* Прилог на некои од изведените проектина Тадао АндоПулицерова Фондација за уметност, СентЛуис, Мисури, САД, 2001година; ТеатарАрмани, Милано, Италија, 2002 година;Зграда за модерна уметност во Форт Ворт,Тексас, 2002 година; Piccadilli Gardens,Манчестер, Англија, 2002 година;Фондација Langen, Нојс (Neuss), Германија,2004 година; Центар за дизајн и современауметност (21 21 Design Sight), Токио, Јапонија,2007; Телевизиска кула, Небесно дрво, (TokyoSkytree), Токио, Јапонија, 2009;Музеј Аурора, Шангај, Кина, 2013; ИнститутКларк, Williamston, Масачусец, САД, 2014година ...

** Прилог на некои од добиените награди Награда на Архитектонскиот институт на

Јапонија, 1979 година; Japanes CulturalDesign, 1983; Медал Алвар Алто, 1985;Награда на јапонското Министерство заобразование, 1986; Mainichi Art Prize,1985; Isoya Yoshida Award, 1988; Златенмедал на Француската академија заархитектура, 1989; Art Priz, Осака, 1990;American Academy and Institute of Arts andLetters, 1991; Почесен соработник наАмериканскиот институт на архитекти 1991;Carlsberg Architectural Prize, 1992;Јапонска Гранд-при награда за уметност,1994; Прицкерова награда за архитектура,1995; Preamium Imperiale, 1996; BritishArchitects Royal Gold Medal forArchitecture, 1997, AIA златен медал,2001... n

ПОРТА

„Цркванавода“ , Хокаидо, Јапонија, 1988 г.

Page 33: 229_

ПОРТА

Page 34: 229_

ПОРТА34 27 февруари 2015

урбанизам

Трансформација насемејната куќа. Дом какоосновна просторна капсулаво која егзистира човекот.Отсекогаш домот еиндивидуална просторнацелина и се поистоветува

со семејството како основна општетственаклетка на човековата заедница. Идеалнаслика за пријатен дом е интимен простор заразвој на семејството со свои специфичнибелези и препознатливост во обликувањетона домот, како синоним за удобно, пријатно,топло, сигурно, свое, со што сепоистоветува како семејно гнездо засигурен развој на семејството.

Семејните куќи се организиранинајнапред во руралните населби, како куќисо дворови, а потоа со развојот наградовите се оформуваат и во градскитенaселби. Во руралните населби

Семејни куќи како базичниурбанистички елементи

проф. д-р МИРЧЕ КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх. Резиме на развојот на семејните куќи низ времето: домкако елементарна просторна клетка за развој насемејството; умерен развој на семејното домување воселските населени места; процес на развој на градовитесо зголемување на зоните за домување како резултат намиграции, со едновремено напуштање на станбениотфонд во селата; спонтано оформување на станбенипростори; игнорирање на бесправната градба; процес наоформување на викенд-куќи; зафаќање на плодноземјиште за развој на семејното домување; градење накуќи на рамен терен; период на транзиција;приватизација на станбениот фонд; нецелоснообликување на семејните куќи и недоволно уредувањена околината; потреба за поголем квалитет на семејнотодомување. Следат некои аспекти на третманот насемејните куќи.

АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (6)

Урбана населба

Page 35: 229_

просторниот развој на семејните куќи,третирани како селски стопански целини,имаат воздржан развој и диспозицијата наткивото на куќите и дворовите еприспособено со спецификите нанепосредната околина. Со развојот наиндустријата и интензивирање намиграциите, се напуштаат селските огништаи се оформуваат нови живелишта воградовите. Покрај примарното домување,како потреба за поблизок контакт соприродата, се одвива процес на изградба на

викенд-куќи за секундарно домување завреме на викенди и одмори.Трансформацијата на семејната куќа сеодвива со процес на стагнација на изградбана семејни куќи во руралните населби,поинтензивен развој на семејните куќи сеодвива во градовите (како паралеленпроцес на изградба на станови во станбениструктури во градовите) и процес настагнација на изградба на викенд-куќи.

Од аспект на третман на програмскитесодржини на семејната куќа, покрајодржливо димензионирање, се согледувапојава на нерационално оформување насодржини за неколку генерации, со начинна градење кој не е во корелација сореалните можности, и многу објектиостануваат недовршени, со што се создаванеповолна слика на населбите со низа нанеобликувани фасади на куќите.Недоволниот степен на уредување еприсутен на различни нивоа, од уредувањена околината, преку недоволно уреденитедворни места, сè до необликувани фасадина семејните куќи, кои немаат и соодветнатоплинска изолација и се енергетскинеефикасни објекти.

Преод од семејна куќа кон станбенмозаик. Куќата е основен елемент восистемот на домување и таа е урбанистичкидетерминирана. Идентификацијата сокуќата е едноставна и непосредна, прекунејзината индивидуалност. Кај семејнотодомување улицата ги поврзува куќитесочинувајќи соседство, низа на куќи какогроздови, оформувајќи го ткивото нанаселбите. Локациски куќата е поставена во

рамки на дворот, што претставуванепосредна околина на куќата, која енераскинливо поврзана со надворешноста.Симбиоза. Куќата може да биде самостојнолоцирана, како двојна куќа, куќа во низа,како куќа со внатрешно двориште - градина,со различни можности за поврзување иформирање станбени амбиенти. (Слика 3Типови семејни куќи)

Во основа, семејната куќа треба да госледи развојот на семејството прекуразлични просторни трансформации вотекот на времето, а во рамки на дворнотоместо. Растењето на семејната куќа е можносо доградба од една или повеќе страни,потоа со надградба со еден кат или повеќе,или комбиниран начин на зголемување настанбениот простор, во зависност одпотребите, урбанистичките можности налокацијата и со почитување на соседскитерелации, кои во голем број случаи не сепочитуваат доволно.

Потребата за заградување е исконскапотреба на човекот, а се поврзува соефикасна заштита и обезбедување насигурен дом. Со постепеното заградувањена дел од дворот за станбени потреби севрши преод од самостојна семејна куќа конкуќа колаж, која е организирана како низаод станбени затворени и отворенипростори. Во рамки на локацијата, а споредобликот и големината на дворното место,можни се различни просторни солуции заорганизирање на станбените потреби заразвој на семејството. Реализиранитепримери на семејни куќи од различниделови на светот го потврдуваат тој приод,со што се промовираат низа можности заорганизирање на семејните куќи. Во таквиситуации мерилото од две станбени нивоанајмногу се применува како најповолномерило за развој на семејството, и епогодно за примена на различниволуменски композиции, споредоптималните можности на секоја локацијаодделно и соседските релации.

Тенденции кај семејните куќи. Кога сеанализира третманот на семејната куќа каконајизразен урбанистички елемент воизградената средина, се констатира процесна зголемување на волуменот и добижувањена куќите. Преод од габарит кон површиниза градење. Најбитен сегмент при лоцирањена семејната куќа е позицијата наповршината за градење во рамки надворното место, а особено обликот иголемината на површината за градење(порано габарит), во која површина е можнаизградба на куќата. Се согледуваатодредбите од Правилникот за стандарди инормативи за планирање од 1997 година

ПОРТА27 февруари 2015 35

урбанизам

Населба воKалифорнијаТипови семејни куќи

Куќи како станбен мозаик

Населба воKалифорнија

Page 36: 229_

ПОРТА36 27 февруари 2015

урбанизам

и Правилникот за стандарди и нормативи заурбанистичко планирање од 2012 година.Во текот на 15-годишниот период секонстатира тенденција за зголемување наволуменот на семејната куќа низ следнитепараметри: зголемување на процентот наизграденост на локацијата од 60% на 70%(според Правилникот од 1997 и од 2012);зголемување на височината на куќата одвообичаените приземје и кат на приземје идва ката и поткровје (10,2 метри); двојнозголемување на коефициентот наискористеност на земјиштето за семејникуќи од 1,4 на 2,8; намалување наминималното растојание на соседнистанбени куќи од 6 метри (3 метри одграница на парцела) на 1,2 метри одграница на парцела, што сè заедно означувавидно зголемување на станбениот волумен,со што се намалува индивидуалноста накуќите и се намалуваат оптималнитерелации на соседските објекти. Секако,треба да се потенцира дека најголемиот

квалитет на семејното домување е токмуиндивидуалноста на куќата, а ако таа сенамали, се намалуваат квалитетите насемејното домување. Тоа е процес кој семенува и со зголемување на апетитите наинвестоторите и со трансформирање насемејните куќи во повеќесемејни куќи совклучување и на други семејства, сенамалува или се губи првобитниот мотив заобликување на семејните куќи и се намалуваизворниот квалитет на домувањето.

Ефикасното организирање на семејнитекуќи е постојан предизвик и постојано ќе сеусогасува со современите тенденции наживеењето. Нама урбанистички,архитектонски и обликувани модели кои сенеменливи, туку има само суштинскапотреба за современ дом за развој насемејството, организиран во различнипросторни, природни и општествени услови.И во тоа е предизвикот за архитектите, дакреираат оптимална архитектура за хуманодомување. Архитектите, преку своите

истражувања и проекти, дизајнираатвиртуелна иднина, а со реализација нанивните проекти се обликува реалнатаиднина. Вечен креативен предизвикдоближувајќи ја виртуелноста и реалноста.

Соседски односи. Интересни заопсервација се соседските односи кајорганизирање на семејните куќи, соизразени релации кај традицијата, кога сокупување на земјиште за изградба на куќа сепропишувал и односот со соседите имаксималните волуменски релации иинфрастуктурни поврзувања. Во зависностод гледната точка, се јавуваат различнигледишта кога се работи на сопствена исоседна парцела и семејна куќа. Двојниотоднос е изразен со максималнозголемување на волуменот и близината дососедот кога се работи за сопственаталокација на семејната куќа, и барање заминимален волумен и поголемаоддалеченост кога се работи за куќата насоседот. Парадокс во однесувањето.Различни позиции и различни постапки.Кога ние градиме сакаме да биде колку еможно поголемо, а кога гради соседотбараме да биде колку е можно помало.Таквата перцепција мора да се менува вонасока на подеднаков третман, без разликаза која локација се однесува. Предизвиккој треба да се реализира.

Процес на урбана обнова. Искуствата одпримената на процесот на урбана обновапокажуваат дека таа е многу изразена воземјите на Западна Европа, особено воФранција, Данска, Германија, ВеликаБританија, Белгија, Холандија и во другиземји каде се врши обнова на цели урбанимодули и блокови, градени вопоранешниот период. Вообичаено се вршиобнова со внесување на нови содржини,обликување на дворните места иоколината, редизјнирање на фасадата сосовремени материјали и со примена на

Денвер

Битола Крушево

Page 37: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 37

урбанизам

еколошки и енергетски прифатливисистеми. Се применува комбиниран системна обнова со внесување на најсовременитехнолошки достигнувања споредпринципите на одржлив развој.Обновувањето на населбите со семејникуќи е постојан процес, како на самите куќисо процес на доградби и надградби, така ина сообраќајниците и инфраструктурата,со цел да се обликува соодветна хуманасредина. Таквиот пристап подразбирапосебна грижа за секој објект, групација наобјекти и амбиенти. Со примена наразлични архитектонски концепти ќе сеовозможи креативен пристап кон секојакуќа одделно, со различни архитектонскипроекти, што во основа одговара наиндивидуалниот карактер на семејнотодомување. Промовирање на различност наидеи.

Хуманизација на семејното домување.Почитувајќи го традиционалното искуство,се сугерира надоградување на органскиотконцепт на архитектурата и урбанизмот, које близок до менталитетот на луѓето и затоаулогата на креаторите на урбанистичко-архитектонскиот простор е да јапромовираат и практицираат традицијатана мало мерило, блиско до човекот, соизразен квалитет на просторот. Мерилотонема потреба да се зголемува, а акцентот

да се насочи кон квалитетот на станбенатакуќа и оптимално организирање наградината како активен сегмент и составендел на семејната куќа. Тоа е мисија којатреба да се вткае како македонскипридонес во мозаикот на европскивредности, со што ќе се одбележи какоконтинуитет на хуманата архитектура која енагласена од голем број истражувачи иархитекти во текот на минатиот период, сонатамошно обликување на хумани урбаноархитектонски амбенти, како одлика наовие простори.

Активности за зголемување наквалитетот на семејното домување:- унапредување на индивидулноста како

изворен квалитет на семејното домување;- поефикасна изработка на детални

урбанистички планови на станбенинаселби со семејни куќи, со суштинско

вклучување на граѓаните и оптималнореспектирање на соседските релации испроведување на планските решенија сопримена на принципот на оптималенволумен на семејните куќи;

- промовирање на различни видовидомување во семејни куќи, со акцент назголемување на квалитетот на семејнатакуќа и уредување на градината;

- перманентен процес на обновување имодернизирање на семејните куќи, сопримена на доградба и надградба иквалитетно организирање на дворнитеместа како и станбените населби воцелина;

- почитување на архитектонскататрадицијата на семејните куќи, сопримена на идеите на традицијата восовремена станбена архитектура. n

(Продолжува)

Израел

Урбани населби со куќи во Данска и Америка

Велес,Куќа на Рацин

Page 38: 229_

ПОРТА

Магистерскиот труд на кандидатот ЕнисХоџа, изработен под менторство напрофесор д-р Минас Бакалчев, сонаслов Обновување на станбенитефрагменти на примерот на НовоМаало, Скопје, е воден од тезата дека,современите градови се составени од

мноштво фрагменти од различни времиња и различни социјално-културни заднини, па така се наметнува и прашањето дали воеден град кој подлегнал на глобализацијата и модернизацијатана современото време може да се интерполираат фрагменти одтрадиционалното?

Како елементи кои го трасираат патот до изработката на оваамагистерска тема, се јавува идејата да се вметнат што повеќефрагменти од минатото, и оваа градска четврт во центарот наградот во што поголема мера да потсетува на Скопје одминатото, но сепак во една модерна интерпретација. Елементитешто се црпат од минатото и се интерполираат на оваа локацијасе: вметнување на ниска станбена текстура интерпретирана

преку типот на повеќедворни куќи, кои истовременоовозможуваат и враќање на социокултурниот елемент надомување во „заедница“. Нуклеус фамилија не е самата по себеживотна социјална форма. Се до пред неколку години,човековото општество беше базирано на екстензивнатафамилија, фамилија на најмалку три генерации, со родители,деца, внуци, чичковци, тетки и братучеди, сите живеат заедно во

Ново Маало- оаза на градско живеење!

Дали во еден град кој подлегнал наглобализацијата и модернизацијата на

современото време може да се интерполираатфрагменти од традиционалното?

aрхитектура

Page 39: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 39

едноставно или слободно, здружено многукратно домаќинство.Но денес луѓето патуваат стотици километри за да се оженат, дасе стекнат со образование и да работат.

Во аналитичкиот дел на овој труд детално се анализираниразлични видови на куќи и домување од најразлични временскирамки. Така се црпат знаења од антиката преку куќите во Пирејаи Олимп, во светски рамки, како и од антиката во Македонија

преку анализа на куќите во Стоби и Хераклеа. Се црпат знаења иод традиционалната македонска куќа преку примерот наохридската куќа „хангар“. Исто така, во овој аналитички дел серазгледани и примери од модерната архитектура, какоповеќедворните куќи од Лима, Перу како и куќата Азума најапонскиот архитект Тадао Андо.

Во вториот дел на трудот е анализирана пошироката ипотесната околина на локацијата, како и морфолошката иструктуралната конфигурација на самата локација. Детално сеанализирани постојните објекти, нивната диспозиција конулицата, диспозицијата на објектот во парцелата, структурата нанаселението што домува во моментов на оваа локација, а истотака направен е и историски осврт на маалото.

Третиот дел, пак, го објаснува решението што се предлага заовој дел од градот и целите што треба да се постигнат. Каковажни сегменти во решението се јавуваат неколку од мострите наКристофер Александер, кои би придонеле за поголема удобности функционалност на решението, па така во средиштето, восуштината на ова решение, се поставува фамилијата како главени водечки сегмент, поставувањето на објектите во помали групиво рамките на маалото, со што драстично се зголемува чувствотона припадност почнувајќи од маалото, блокот па се до куќата ифамилијата. Исто така се вметнуваат и голем број на зелениповршини како јавни, достапни за сите граѓани, така и приватниво рамките на атриумите и кровните градини.

Како противтежа на овие куќи, на одредени позиции се

Page 40: 229_

ПОРТА40

aрхитектура

27 февруари 2015

поставуваат вертикални елементи со компатибилни и јавни намени,со што се надополнува ликот на модерно и софистициранорешение. Како содржини, кои како дополнување се јавуваат вокулите се соби за привремено сместување, студентски соби,библиотека, инфо-центар, ателјеа за архитекти и уметници и сл. Вопартерот, пак, се јавуваат поголем број површини за социјализацијаи дружење како спортски терени за кошарка, одбојка на песок,постаменти за привремено и трајно поставување на скулптуриизработени во локалните ателјеа, кои распоредени во партеротпретставуваат мала отворена уметничка поставка. Предвиден е,исто така, и мал пазар со режимско работење како и јавни паркингпростори за гостите во ова маало.

Желбата да се создаде од Ново Маало една оаза која во центаротна градот би овозможила едно несекојдневно градско живеење во

услови на експанзија на главниот град, може да се постигне сопоставувањето на вакво ретко градско ткаење сочинето од нискаедносемејна станбена структура. Со ваквиот невообичаен потег бисе задржале квалитетите што постоеле и постојат на ова делче одградот. Со одредени елементи се овозможува да се зачуваавтентичноста на ова маало, но истовремено на неговите жители имсе овозможува да живеат во објекти кои ја претставуваат модернатаархитектура, со модерни концепти кои во никој поглед незаостануваат зад современите начини на домување.

Со ваквиот концепт им се овозможува на жителите на Скопје даживеат во центарот на градот, во непосредна близина на ситеградски случувања, а истовремено да бидат изолирани од градскиотметеж, градската врева и пренаселеност. n

Page 41: 229_

ПОРТА

Page 42: 229_

ПОРТА

дрвна архитектура

Државни објекти проектирани во духот на зелената архитектура

Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

Page 43: 229_

Федералниотцентар воСиетел,СоединетитеАмериканскиДржави, ееден од

објектите кои влегуваат во фаза наобновување со новата директива за

обнова на државните објекти. Со овојакт (American Recovery andReinvestment Act - ARRA) eпредвидено да се ревитализираинфраструктурата на државата и да сеотворат нови работни места заграѓаните на САД. Проектот за обнована објектот е изведен со помош населектирани тимови од архитекти иинженери за да се постигнатнајвисоките стандарди на градбата и,секако, да се подигне нивото наиновативност и дизајн на службенитеобјекти, со што се обрнува посебновнимание на зелената архитектура иенергетската ефикасност. Овој објектќе служи како регионален центар наармиските инженери насеверозападниот дел од САД.

Aрхитектонското решение создаваоснова за нови повисоки стандарди воамериканското градежништвото,проектирајќи одржливи објекти совисоки перформанси и економскаоправданост. Изведувачот на објектотSellen Constructions е избран прекуконкурс во кој пресудни се високитекритериуми за квалитет на објектот исекако времетраењето на градбата.Проектантскиот дел е завршен запомалку од 18 недели од страна наархитектонското студио ZGFArchitects LLP. Високите критериумикои се наметнати од страна наинвеститорите и одличните проектикои се изработени од архитектонскотостудио и изведувачот, на објектот мудонесе LEED (Leadership in Energy &Environmental Design) златенсертификат за задоволување нанајвисоките стандарди во полето наенергетската ефикасност иекологијата.

Формата на основата на објектот,

ПОРТА27 февруари 2015 43

дрвна архитектура

Page 44: 229_

ПОРТА44 27 февруари 2015

во вид на потковица, креира отворен икомуникативен простор во средината.Дизајнот на објектот овозможуваодлична основа за добра енергетскаефикасност, исто така претставувафункционална и флексибилна целина.Ентериерот на објектот е проектиранда создаде чувство на колективност изаедништво, со тоа што просториитеза одмор и рекреација се поставениво срцето на зградата. Секако,највпечатлив детаљ е дрвото, кое еизбрано како главен материјал воентериерот и дел од конструкцијата.Дрвото употребено во ентериерот наобјектот е преземено од старитеобјекти што се наоѓале на таалокација, и е рециклирано за да можеда се употреби повторно. Исто така,рециклирано дрво се користи и воизработката на скалите и патекитешто се во централниот атриум,поврзувајќи ги нивоата на начин којпоттикнува комуникација и соработкана работниците во објектот.Заедничкиот простор во средината наобјектот е предвиден како основнаповрзувачка точка помеѓу различнитеработни оддели, кои во старите објекти биле превидени какопосебни целини. На овој начин, архитектите успеваат да ја зголематкомуникативноста и продуктивноста на вработените.

Конструкцијата на објектот е проектирана со 205 округлистолбови со дијаметар од 45 сантиметри, кои се вкопани во земјадури 45 метри. Силниот фундамент на објектот е предвиден за да сезаштити од земјотресни влијанија и лизгање на земјиштето.Искуството покажало дека во тој регион лизгање на земјиштетоможе да придонесе значителни штети, па затоа се зема предвид восите фази од процесот на проектирање. Покрај примарните

функции на челичните столбови, коисе длабоко вкопани во земјата,проектантскиот тим и тимотизведувачи предвидиле дека на овојначин ќе може да се употребигеотермалната енергија од земјата.Овој план предвидувал инсталирањена 135 цевки внатре во столбовите,кои завршувале директно вомашинскиот систем на објектот.Системот со цевки овозможува одземјата да се добива доволно вода заладење и греење на просториите за даможе да се исклучува еден дел одуредите за ладење и греење, со штозначително се заштедува средства.Овој проект, меѓу другото, е значаен изатоа што претставува прв објект ворегионот кој комбинираискористување на геотермалнисистеми за ладење и греење соконструктивни елементи. Воедно,проектот е еден од деветте во САД,што е потврда за посветеноста надржавните политики за промовирањена одржлива архитектура, за помагањена заедницата и унапредување накористењето на чиста и економски

оправдана енергија.Секој аспект од проектот на објектот е дизајниран за да се

создаде ефикасно и пријатно работно место со модерни иодржливи стандарди на работно место. Во исто време новиотпроект го раздвижува и оживува стариот кампус кој броел неколкуоштетени згради кои биле скоро неупотребливи. Со тоа не самошто од корен се променија условите за работа во тој дел, туку иновите објекти многу придонесуваат за подобрување на човековатаоколина и драстично намалување на трошоците за нивнофункционирање. n

Page 45: 229_

ПОРТА

Page 46: 229_

Битола е град коједноставно освојува. Восрцето на овој наш старконзулски центар, силносе чувствува пулсот наисторијата и шармот настарите сокаци со силуети

на преубавата традиционална архитектура.Тука се мешаат старото и новото,историското и модерното, традиционалнотои авангардното. Овој град гордо чекори кониднината, чувајќи ја својата богата ризницана култура, архитектура и историја. Токму вотоа централно градско јадро, сочувано изаштитено како културно-исторископодрачје, се издигнува нов репер натрадиционален хотел со модерен комфор.Тоа е новиот градски хотел „Театар“, кој е

изграден во стилот на традиционалнатаархитектура. Проектиран од архитектотМихаел Димитровски, овој објект изникнуваво чипкастото урбано милје кон крајот на2013 година. Постоечкиот објект налокацијата е урнат а на негово место сеиздигнува сосема нова градба. Објектот вепречекува широко со своите дрвени масивнипорти, зад чии високи камени огради сеоткрива прекрасниот двор уреден сопрефинет вкус и традиционални обележјакои ја следат естетиката на објектот.

Надворешното обликување на објектот еусловено од Министерството за култура -Управа за културно наследство, чиипрепораки се следени при изградбата наобјектот. Концептуално објектот е замисленкако мал, семеен хотел кој со својот амбиент,услуги и флексибилност ќе одговори насовремените потреби на своите клиенти.

Објектот се состои од визба, приземје, кат

Tрадиционален хотел сомодерен комфор

Постоечкиот објект налокацијата е урнат, ана негово место сеиздигнува сосема новаградба. Објектот е содрвени масивни порти,зад чии високи камениогради се откривапрекрасниот дворуреден со префинетвкус и традиционалниобележја кои ја следатестетиката на објектот

Ивана ГРУПЧЕ, дипл.инж.арх.

ПОРТА46 27 февруари 2015

архитектура ХОТЕЛ „ТЕАТАР“ - БИТОЛА

Page 47: 229_

ПОРТА

архитектура

и поткровје. Просторот од 100 м2 во визбата,што има отворен карактер, припаѓа на„Интимен театар“ на режисерот СофијаРистевска, како прв независен приватентеатар во Македонија кој функционира восопствен простор. Истиот тој простор можетематски да се трансформира какомултифункционална сала за состаноци,банкети, предавања, концерти итн, сето тоаво склоп на ограничениот простор кој требада одговори на бројните програмскисодржини на хотелот.

Приземјето го содржи чардакот на хотелотсо екстензија кон холот каде е сместенхотелскиот бар. На катот и поткровјето сесместени десетте соби, секоја различна созасебен идентитет. Од нив седум сееднособни опремени со „твин“ или „дабл“кревети, две двокреветни (со брачен кревет) иедна трикреветна, или вкупен капацитет од18-21 легло.

Конструкцијата на објектот е армирано-бетонска со безгреден систем. Доминираупотребата на природни материјали какомимикрија на старото градителство, па таканадворешните ѕидови на приземјето сеизведени од речен фугиран камен кој епоставен на надворешната страна одармирано-бетонското платно. Од

Page 48: 229_

ПОРТА48 27 февруари 2015

внатрешната страна платното е обложено согипс-картонски плочи монтирани на металнапотконструкција, со поставување натермоизолација. Надворешните ѕидови накатот се изведени од керамички блок, сопоставување на термоизолациона контакнафасада, обложени со гипс-картонски плочиод внатрешна страна. Сите преградни ѕидовисе изведени од гипс-картонски плочи наметална потконструкција.

Надворешниот лик е преточен и вовнатрешноста на објектот, иако тоа не езададено во условите од Министерството, но

е

нужно за оформување на логична слика зацелиот објект. Во холовите е употребенлокален гранит - тип Мариово.

Декоративните елементи во јавнитепростори се изработени од дрво, следејќи јалокалната традиција. Украсните елементи нафасадата како и прозорците и вратите, истотака, се изработени од дрво, по нарачка.Подовите на дворот и чардакот сеизработени од камен. Со голем сензибилитетза естетика, вметнати се декоративнипредмети со етно потекло најчесто од Битолаи битолскиот крај. Овој хотел како да позајмилпарче од мозаикот на минатото, доловувајќислика на вистинското богатство на нашата

традицонална архитекураво еден модерен

контекст на стил иживеење.

Page 49: 229_

ПОРТАПОРТАПОРТА

Добре дојдовтево иднината наградежништвото

Сува градба - Малтери - Глет маси - Фасадни системи - Подни системи - Поплочување - Градежна хемија

Ние во Кнауф верно го следиме брзото темпо на градежништвото и на Вашите нови потреби им излегуваме во пресрет сонови производи и системи. Повелете на нашиот штанд да Ви ги презентираме новитетите за поквалитетна, полесна и побрза, а сепак енергетски исплатлива градба за Вас и за идните генерации.

Ве покануваме на Саемот на градежништво Скопје - 20153-7 март, хала бр.1

Page 50: 229_

ПОРТА50 27 февруари 2015

сообраќај

Слатко-горчлив Рубиконкој треба да се совлада

Заобиколувањето на регулативниот потенцијал напаркирањето води до неколку мотиви. Објективните, сотоа и поблиските до планерскиот резон и процес, сенаѕираат од класичното terra incognita непознавањена причинско-последичните зависности помеѓустационарниот сообраќај и комплексните урбаниформи и системи.

Приправничкото инстистирање на псеудонаучниот норматив заминимален број на паркинг-места, ја разбива постулатната арматура напросторното планирање. Поради ригидната природа, овој минимум не еупотреблив како механизам за оптимално валоризирање, користење иразвивање на вредниот просторен ресурс. Перспективата какорамковна планерска ориентација, далеку го надминува неговиотеднократен хоризонт. Ниту пак неговиот скромен дострел може даизврши влијание врз идната просторна дистрибуција на урбанитефункции и врз проектираните ефекти од нивното операционализирање.

Ноншалантноста кон една масовна појава, која произведува сè освеннеутрални урбани ефекти, добива на тој начин димензии на архидилема.На мерната скала на парадоксалноста, таа на паркирањето муобезбедува завидно висока позиција.

ХРАБРОСТ И ИСЧЕКОРСтатусот на „потреба“ докажува дека паркирањето мора да се задоволи,па сегментот што авторот се обидува да го „разниша“ не е содржан вопремисата дали, туку на кој начин. Бидејќи во облигативниот спој напаркирањето и неговиот припаѓачки норматив тој, наместофлексибилен бенефит за перспективно дејствување, препознаваконфликт со одложено дејство.

Еволутивниот расчекор помеѓу бројот на возила и урбаните површинипо кои тие се движат или на кои стојат, го дефинира односот паркингпобарувачка – паркинг понуда. Кај динамичните современи градови, вочиј строј се исправа и Скопје, мирот помеѓу двете ривалски условеностисе „купува“ низ трансформација на пристапната парадигма. На тој

начин, барем дел од непријатниот баласт напотчинетост на моторниот сообраќај, ќе се

ублажи во корист на концептот во којсообраќајот зазема пофлексибилен

став кон градот.Колку и да изгледа така,

паркирањето не е егзактен „спорт“,чија непредвидливост може да сеуниформира на крилата насегашната имплементациска

општост. Подобренотоефектуирање тука веќе задира во

методолошките постулати и нивнатавештачки наметната недопирливост. А за

тоа се потребни малку храброст и неколку„апостолски чекори“.

МЕТОДОЛОШКО ЛИБЕРАЛИЗИРАЊЕПаркирањето не е последица на каприците на

возилата, туку на дејствата на нивните возачи. Воградски услови тие дејства се ефектуираат во

наменски објекти, па суштинскинеприкосновената зависност помеѓу

Еволутивниот расчекор помеѓу бројот навозила и урбаните површини по кои тие седвижат или на кои стојат го дефинираодносот паркинг побарувачка – паркингпонуда. Кај динамичните современиградови, во чиј строј се исправа и Скопје,мирот помеѓу двете ривалски условеностисе „купува“ низ трансформација напристапната парадигма

СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПАРКИРАЊЕ – ЕДЕН ПОИНАКОВ ПОГЛЕД (2)

Ненад ТОНИЌ, дипломиран сообраќаен инженер

Page 51: 229_

паркирањето и објектите, која го анулира возачот како субјективенфактор, е лесно да се детектира. Ваквиот методолошки резон ја ставана проба оправданоста на минимумот во планерскиот концепт.Регулативниот потенцијал на една „потреба“, поставен на нормирануслов кој првенствено служи како алиби за градење на објекти,исклучувајќи ја потребата за активен увид во резултантните флуктуациина нивното функционирање, делува неозбилно. Секој поединечен однослокална власт – инвеститор е мал историјат на договори и условувања,

кој автоматски се ослободува од секаква пост-градежна одговорност одмоментот кога тој минимум ќе се задоволи. Особено доколку истиот сепокаже како просторно и финансиски неоправдан (освен „медот“ воформа на комуналии, за институционалните процедури останатитепросторно-земјишни и градежно-оперативни финансиски елементи непостојат). А одговорноста, слично како и употребната вредност напаркирниот норматив, не смее да биде еднократна. Латентниотпаркирен во овој случај може да прерасне во тешко решлив сообраќенпроблем веќе во наредниот период. А кој може да се предупреди низконтинуирано следење и моделирано балансирање на паркинг-потребите на големите генератори на стационарен сообраќај.Активното одржување на функционалниот баланс помеѓу објектите,нивниот паркирен feedback и, преку него, потесното опкружување сеостварува низ наслушнување на нивниот технолошки „биоритам“ иследење на, во практика нерамномерните, паркинг-потреби.

Логиката на претходното го сведува суштинското планерскодејствување на ниво паркирање–објект/група на објекти/помала зона.Таквото локализирање на планерско-организацискиот третман настационарниот сообраќај отвора можност за рамномернораспоредување на периодичните паркирни амплитуди на непосредниот,строго ограничен простор со препознатлива резерва на капацитет, апод прецизно дефинирани оперативни услови. Наметната наинвеститорот во форма на минимум, таа резерва претставува точка безповраток и можност за преиспитување. Третирана флексибилно вопросторен и временски контекст станува „кредитна обврзница“ задолготрајна соработка на релација генератор (инвеститор) – регулатор(локална власт). Трансформирана во неискористен капитал добиваслобода за договорно пренасочување заради амортизирање напроблемите на припаѓачката зона, кои, на пример, ги наметнува самиотгенератор. И, што е посебно важно, прави продор низ лимитираниотпотенцијал на деталното урбанистичко планирање во коестационарниот сообраќај и процедурално и ефективно „слепо“завршува.

Паркинг-системот на еден град е комплексна структура одпоединечни чинители, а неговата ефикасност е збирен ефект нанивните. И тоа е тоа, оној слатко-горчлив Рубикон кој треба да сесовлада.

ПОРТА27 февруари 2015 51

сообраќај

Page 52: 229_

ПОРТА

Page 53: 229_

ПОРТА

Page 54: 229_

ПОРТА54 27 февруари 2015

автор: проф. арх. Петар Муличковски

Koja e вистинската

Page 55: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 55

автори: архитекти Жарко Чаушевски и Филип Богатинов

архитектура?

Page 56: 229_

Минатата година,јавноста водржавава сезанимаваше со„самоосветлувањетона фреските“ воцрквата Св.

Димитрија во Скопје. Тоа беше повод зарасправи во јавноста, тврдења дека „Господзамешал раце“, дека „тоа било некаков знак“,дека „всушност не е ништо необично“ и слично.

56 27 февруари 2015

ЕДНА ПОЈАВА ВО НАША ЦРКВА КАКО ФЕНОМЕН ШТО ОСТАВА ДИЛЕМИ

проф. д-р Стефан ПОЦЕВ

„Чудо“, термофизика или...Во услови на промена на термофизичките параметри во внатрешниот амбиент нацрквата, некои од материите што ги имаат истите термофизички параметри, какоамбиенталната загреаност на воздухот, почнуваат да ја менуваат својата агрегатнасостојба. Поради ширењето на парафинот при втечнување, доаѓа до намалувањена деблината на слојот што замаглува, а и поради тоа доаѓа и до осветлување нафрескоживописот

Page 57: 229_

Едни велеа едно, други друго, а беше повиканаи науката. Но до денес, никој официјално не сеизјасни што „чудо“ беше тоа во црквата.

Поради фактот што ништо не еинтервенирано на фреските во црквата, многучесто истражувачите индентификацијата јабараат преку хемиската анализа на материите,а многу ретко како некоја настаната структурнаили агрегатна промена. Таквите промени сеособено збунувачки кога се случуваат вонашите духовни храмови на фрескоживописот(ФЖ), како што тоа е случајот со црквата Св.Димитрија во Скопје.

За утврдувањето на вистината за настанатитепромени, потребно е да се знаат сите материикои се користени во црквата и нивнитеможности да се трансформираат со променатана термофизичките параметри во интериерот.

Во нашите духовни храмови многу одамнапарафините, темјанот и некои други материи семногу употребувани. Во претходните периодипалењето на свеќи беше исклучиво внатре воцрквите, а последните десетина години тоа не едозволено. Парафините при горење на свеќатаја менуваат својата агрегатна состојба одцврста во течна. Гасовите од согорувањетозаедно со капки од течен парафин, како и саѓи,се транспортираат во просторот и можат дадојдат во контакт со поладните површини како

и со ФЖ, со што настанува кондензација изамаглување. Оваа појава може да бидереверзибилна. Фрескоживописот, пак, есочинет од различни слоеви од пигментинанесени при живописувањето (3). Постаритехрамови се живописувале главно со пигментиод метални или оксиди на металите, финосомелени прашоци со соодветни бои.

Некои термофизички својства накористените материјали

Парафините се алкени и претставуваатзаситени јагленоводороди со генералнаформула CnH2n+2. Ако во формулите сесодржат 5-15 јагленоводородни атоми,парафините се во течна состојба, а оние со над15 јагленоводородни атоми се во цврстаагрегатна состојба со точка на топење од 230до 670C (4). Парафините се шират когапреминуваат во течна агрегатна состојба, заразлика од водата, која се шири когазамрзнува.

Парафините имаат многу низок напон напари <0,1 mmHg до температури околу 60-800Cи многу малку испаруваат. Обично,класификацијата на парафините се вршиспоред нивната чистота, рафинираност, точкана топење и сл. Од структурна гледна точка сеаморфни материи, но формулите се сочинетиод синџири на јагленоводороди. Парафините

се од различно потекло, но оние што денеснајмнoгу користат се спореден производ припроцесот на рафинирање на нафтата.

Од Табелата 1, јасно се гледаат променитена температурите на втечнување и стврдувањепри ладење и загревање. Генерално, имаменеизедначени температури при агрегатнатрансформација на тврдо/течно и обратно (напр. парафин тип 52-54 при загревање се топина 490C, при ладење се стврднува на 530C исл.).

Промената на специфичниот топлотенкапацитет (Cp) според типовите на парафините,се менува од цврста до течна агрегатнасостојба (на пр. парафините од типот 46-50 воцврста состојба при 7,50C имаат 2,48 J/gr 0K, апри течна на 800C имаат 2,76’J/gr 0K).

Високата специфична топлина во споредбана течните со тврдите парафини е восогласност со високиот степен на вибрација најагленоводородни синџири во течна агрегатнасостојба и е поради потребната енергија засовладување на van der Waals-овите сили. Што ево согласност со повисоки топлотни вредностиза парафините во течна, во споредба со ониево цврста агрегатна состојба.

Со втечнување на парафините се зголемуванеговата способност на складирање натоплина (на пр. види Табела 1, кумулативната(скриената) топлина поради агрегатнататрансформација за парафините тип 18, Q е 214-290 J/gr, а за тип 70-75, Q е 169 J/gr), штопретставува додатна топлотна енергија заодржување на течната агрегатна состојба.

Во Табелата 2, дадени се специфичнитетоплотни капацитети на другите материизаради компаративно уочување на разликите заразлични материјали (6).

Вредности за способноста на складирањена топлината по единица маса (Q) значиакумулационен топлотен систем и е дел одтоплината за да се случи феноменот начистењето на ФЖ. Способноста на парафинотда складира повеќе топлина, се зголемува сопримесите (саѓите, прашината и сл.) (7).Високиот специфичен топлотен капацитетовозможува складирање на топлина при малитемпературни промени од складирање доиспуштање (течно/цврсто).

При понатамошното истражување на појаватабеа собрани и коефициентите на топлинскатапроводливост (k) на материите, кои се содржатво ФЖ, за да се објасни,

Материја J/gr 0K Материја J/gr 0K Бакар (Cu) 0,38 Парафин 2,5(срд.)Бетон 0,88 Злато (Au) 0,13Вода при 250C 4,19 Сребро (Ag) 0,23

Табела 2. Специфичен топлотен капацитет J/gr 0K

Табела 1. Термофизички параметри на некои парафини (5)

Cp – Специфичен топлотен капацитет, J/gr 0K, Q – Кумулативна (скриена) топлина, J/gr.

Тип на парафин* До 18 46-50 52-54 58-62 62-70 70-75

T-на втечнување при загревање 0C

T- на стврднување при ладење 0C

Cp - (т.7,50C)’J/gr 0K

Cp- (т.800C)’J/gr 0K

Q - J/gr

*)броевите за типот на парафините во табелата се однесуваат на бројот на јагленородните атоми во хемиската формула на парафинскиот синџир.

2827,5

-

-

-

214-290

41

43

2,48

2,76

228

49

53

1,97

2,10

220

46

60

2,10

2,49

206

37

62

1,82

2,17

201

30

75

2,06

2,34

169

ПОРТА27 февруари 2015 57

Page 58: 229_

ПОРТА58 27 февруари 2015

што осветлувањето се случува кај металнитепигменти.

Од податоците воТабела 3, очигледна еголемата разлика на коефициентите натоплинската проводливост на некои материишто се содржат во ФЖ. Разликата на (k) е занеколку стотина пати. Како на пример,коефициентот на топлинската проводливост (k)на златото (Au) е 1055 (180C) kJ/h-m-0 C, а накалциум карбонатот е 8,5 (200C) kJ/h-m-0C. Кајметалите се многу повисоки вредностите за kод оние за неметалите.

Влијанието на амбиенталните условиврз осветлувањето на фрескоживописот

Генерално, промената на амбиенталнататемпература внатре во црквата е битниотфактор за транспортот на составнитекомпоненти во воздухот. Гасовите пригорењето на свеќите се од согорениотпарафин (CO,CO2, водена пареа и топлина) иеден многу мал дел парафински пареи, како иситни капки од течен несогорен парафин. Присогорувањето на парафинот од свеќата, аковтечнатиот парафин околу фитилот количинские поголем од онаа течна фаза што се трошипри согорувањето, тогаш согорените гасовизаради загреаноста носат со себе и несогорентечен парафин. Во колку е потопло воинтериерот на црквата, топлиот воздух исоставните парно гасни компоненти можат дасе транспортират до ФЖ, а некои од нив и дасе кондензираат на него. Бидејќи во воздухотимаме прашина, саѓи од согорениот парафин,нешто течен парафин, водена пареа, саѓи одтемјан и сл., сите овие состојки порадикондензацијата се дел од онечистувањето наповршината на ФЖ. Така ФЖ по многубогослужби во црквата се замаглува одкондензираниот парафин заедно соонечистувањата од воздухот.

Изгледот на осветлениот фрескоживописОпшта констатација е дека ФЖ се

самоочистил само на некои делови и на некоипозиции во црквата. Најголемо чистење воинтериерот на црквата се јавува во просторотпомеѓу вратите, близу до прозорците и сл., штое резултат на постоење на услови напроветрување. Изразито очистени површини сеповршините на сребрениот и златниот пигментна ФЖ.

Поради што дошло до самочистење нафрескоживописот

Ако ФЖ е потопол и не доаѓа докондензација на него (нема замаглување), тогашимаме состојба на втечнување (топење) натенкиот слој што е веќе кондензиран од поранона ФЖ. Во услови на промена натермофизичките параметри во внатрешниотамбиент на црквата, некои од материите што ги

имаат истите термофизички параметри, какоамбиенталната загреаност на воздухот,почнуваат да ја менуваат својата агрегатнасостојба. Таков на пример е парафинот сониска температура на топење (Т0C), изразитаголема специфична топлина (Cp) и кумулативна(скриена) топлина ( Q) при течна состојба (ВидиТабели 1 и 2), како и коефициентите натоплинска проводливост (k) на пигментите завтечнување на тенкиот слој парафин на ФЖ.Поради ширењето на парафинот привтечнување, доаѓа до намалување на деблинатана слојот што замаглува, а поради тоа доаѓа идо осветлување на ФЖ. Оваа појава настанувапоради топлиот воздух, заедно со гасовите вовнатрешноста на црквата, при што ФЖ епотопол или еднакво топол како гасовите.

Поради ветреењето што ја нарушуварамтотежата на напонот на парите на гасовитеи водената пара, а во согласност со Raoult-овиот закон за парцијалните притисоци напареите над материите се случува поголемоиспарување и транспорт на топли гасови.

Факти поради што се случила оваа појава- Ниските точки на омекнување и топење на

парафинот, што ја помага појавата наосветлување да се случи како резултат наамбиенталнталната температура и

климатските промени. - Способноста на парафините во течна

состојба да се шират, како нивна особина.- Најчистите делови од ФЖ се слоевите на

златниот и сребрениот пигмент, што е восогласност со коефициентите натоплопроводноста (види Табела 3).Површините на таквите пигменти сеоднесуваат како загреани површини на коипобрзо се втечнува тенкиот слој одпарафинот.

- Осветлувањето на ФЖ е обратен процес –реверзибилен процес од онечистувањето,ако се повторуваат соодветнитетермофизички параметри.

- Особините на парафините да складирааттоплина со втечнување, при што и се шират, ашто предизвикува редукција на дебелинатана замаглувањето.

- Изразита активност на градба, уништувањетона зеленилото околу црквата ја потпомогнаклиматската промена и на објектот.

- Процесот на осветлување (очистување) емногу спонтан, но приметлив на деловите одсребрениот и златниот пигмент. Појавата навтечнување на парафинот и малитедимензии на ширење на парафинот привтечнување се дискретни, но и волшебни зачовечкото око.

Табела 3. Коефициенти на топлинската проводливост за некои материи, k ( kJ/h-m-0C)

Материи Температура

0 0C 18 0C 20 0C 30 0C 38 0C 100 0CВоздух 0,08 - - - - 0,12Вода 2,14 - - - 2,26 2,43Злато (Au) - 1055 - - - 1059Железо (Fe) - 243,3 - - - 228,2Бакар (Cu) 1394 - - - - 1356Сребро (Ag) 1507 - - - - 1482Алуминиум (Al) 728 - - - - 741Графит 604 - - - - 542Парафин 0,88 - - - - -Калциумкарбонат - - - 8,52 - -Гипс - - 1,55 - - -Песок - - 1,17 - - -

Page 59: 229_

ПОРТА79ПОРТА26 декември 2014

www.fabrikakarpos.com.mk

Page 60: 229_

ПОРТА60 27 февруари 2015

спортски храмови MILAN STADIUM - МИЛАНО, ИТАЛИЈА

„Росонерите“градат свој дом

Сашо КУЗМАНОВСКИ

На почетокот на февруари оваа година, раководството на еден однајголемите италијански фудбалски клубови „Милан“, и официјалного претстави планот за изградба на нов стадион. Концептот развиенод страна на заедничките тимови на италијански и меѓународнидокажани имиња во оваа сфера од архитектурата, предвиде

изградба на стадион во рамките на еден повеќенаменски комплекс. Една од основните компоненти на која најмногу се повикуваа и сопствениците

на клубот, но и жителите во околните места каде треба да се гради стадионот, етој да биде комплетно опкружен со високо-изолациски материјал за да не сенаруши животот на локалните жители. Исто така, еден од критериумите приреализација на идејниот дизајн-концепт на стадионот (кој сè уште е во развојнафаза), е новиотдом на„Росонерите“да имакапацитет одмаксумум50.000 места (сепретпоставувадекакапацитетот ќебиде околу48.000),висината наобјектот да ненадминува 30метри и да има неколку нивоа подстадионот, кои ќе се искористат заповеќе намени.

Локацијата на која ќе се гради новиот фудбалски храм на „Милан“ е вообласта Фиера Милано, но сè уште се чека конечната одлука на градскитевласти. Ако се оди според планот, до 2018 година „Милан“ би можел да сепресели на новиот стадион, кој има планиран буџет за изградба во висина од 320милиони евра. Љубителите на „Милан“ се изјаснија дека не сакаат футуристичкидизајн, туку нешто потрадиционално кое сериозно ќе се одрази и на историјата ина менталитетот на италијанските љубители на фудбалот. Неколку развојнидизајни се презентирани, но семејството Берлускони допрва ќе го направифиналниот избор. Одлучено е дизајнот да го направи компанијата „Аруп“, која на4 февруари беше презентирана како стратешки партнер во овој проект на ФК„Милан“. Покрај стадионот, „Аруп“ ќе разработи и план за изградба на хотел,спортски колеџ, ресторани, игралишта за деца, зелени површини и отворенипростори за јавна употреба. Најавено е дека новиот стадион ќе обезбедиуникатно искуство за гледачите, со особено внимание за оние што ќе добијатнајсовремена технологија и услови за следење на натпреварите.

ФАКТИ ЗА "СоДо Арена“ - Сиетл, САДКапацитет: 18.500 местаПериод на изградба: 2016 - Цена на изградба: 490 милиони евраДизајн: ХОК (360 architectures)Проект менаџер: Chris Hansen's Group

Page 61: 229_

39

39

рубрика

ПОРТА26 декември 2014

Б

Page 62: 229_

ПОРТА62 27 февруари 2015

eксперт ДАНОЧНАТА ПОЛИТИКА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ АРХИТЕКТУРАТА

Даночна архитектура

Архитектурата отсекогаш била одраз наопштеството и средината во која се создавала. Врзнеа секогаш влијаеле климата и релјефот,локалните гео-морфолошки карактеристики,локалната флора и фауна, техничките итехнолошките можности, материјалната ифинансиката моќ, религијата и идологијата,

политиката и владетелите, влијателните лица во општеството,креативноста и визијата на архитектот, како и многу други фактори.

Веројатно еден од помалку познатите фактори е поврзан и соданочната политика и нејзиното влијание врз архитектурата.Несомнено е дека даночната политика отсекогаш влијаела врзархитектурата, но можеби не толку директно и изразито како вопериодот од XVII до XIX век кога постоеле даноци на огништа, тапети,тула, стакло и прозорци. Некои од овие биле локални во рамките наедна земја, додека другите биле регионални или пошироко. Сите овиеданоци се форми на даноци на имот коишто постоеле во историјата.

ДАНОК НА ОГНИШТА (IX-XVII)Данокот на огништа бил распростренет и долго применуван данок наимот во одредени земји во Европа во минатото. Така, данокот наогништа (капникон -kapnikon) по првпат се споменува во рамките наВизантиската империја во времето на владеењето на Никифор I(Nicephorus I) кој владеел во периодот 802 - 811 година. Данокот сенаплаќал од домаќинствата без оглед на нивната финансиска моќ. Сооглед на тоа што овој данок веќе бил воспоставен во времето наНикифор I, се смета дека можеби потекнува од VII век.

Данокот на oгништа (фоаж – fouage) се наплаќал и во Францијапомеѓу 1342 и 1349 година, кога личните трошоци на Кралот наФраниција за мирази, благодарност, одржување на палатата, патнитрошоци и облеката го трошеле севкупниот приход на кралот.Дополнително, кралските финансии не биле во можност да сесправат со трошоците на војната и државните службеници, од кадепроизлегла потребата за дополнителни даноци во форма на данок наогништа. И во Франција проценката на данокот се вршела врз основана домаќинставата, но вообичаено била наплаќана како еднократенизнос од страна на градот, а градските власти го организиралеприбирањето на данокот.

Петеровиот пени (Peter’s pence, англо-саксонскиот hearth-pennyили латинскиот Denarii Sancti Petri) бил „доброволен“ данок наогништа кон Римокатоличката црква, кој бил воведен од Саксоните

во Англија пред да се прошири во други земји. Во Англија првитепишани документи за овој данок потекнуваат од писмото на КралотКануте (Canute, Cnute the Great, 985 или 995-1035), кралот наДанска, Англија и Норвешка, до англисиките свештеници од 1031година, иако постојат податоци дека форма на овој данок биланаплаќана и порано во други кралства. Во Англија данокот од еденпени се наплаќал за секое огниште или домаќинство еднашгодишно, заедно со годишна наемнина од 30 или повеќе пени.Наплатата на овој данок кон Римокатоличката црква дефинитивнобила укината во 1559 година од Кралицата Елизабета I (Elizabeth I,1533-1603).

Во 1871 година Папата Пие IX (Pope Pius IX) ја формализиралпрактиката за верниците да даваат финансиска поддршка напрестолнината на папата, Ватикан, при што редовните придонесиоделе за потребите на локалната црква, а еднаш годишно Петеровиотпени одел директно за Ватикан, при што тој се собирал во денотнедела кој е најблизок до 29-ти јуни. Според извештаите наРимокатоличката црква во 2006 година биле донирани над 101милиони долари преку Петеровиот пени.

Нова форма на данок на огништа - данок на оџаци бил воведен воАнглија во 1662 година за финасиски да се поддржи кралскотодомаќинство на Кралот Чарлс II (Charles II). Данокот на огништеизнесувал два шилинга (24 пени) по огниште или печка годишно и сеплаќал во две еднакви рати на 29 септември и на 25 март, и напочетокот не предвидувал даночни ослободувања, кои подоцна билевоведени за да се намали оптоварувањето на посиромашните.

Несомнено е дека даночнатаполитика отсекогаш влијаела врзархитектурата, но можеби не толкудиректно и изразито како вопериодот од XVII до XIX век когапостоеле даноци на огништа, тапети,тула, стакло и прозорци

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Page 63: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 63

eксперт

Данокот не бил популарен затоа што за да се утврди основицата заплаќање требало да се изврши увид во објектите. Обидите заизбегнување на плаќање на данокот преку блокирање на оџацитебило казниво со наплаќање на двојно зголемен данок. Данокот наогништа во Англија бил укинат во 1689 година, а продолжил да сенаплаќа во Кралството на Ирска до почетокот на XIX век.

ДАНОК НА ПРОЗОРЦИ (XVII-XX)Данокот на прозорци бил воведен во Англија и Велс во 1696 годинаод Кралот Вилијам III (William III. Оргинално овој данок бил со двекомпоненти: фиксна која се наплаќала во износ од два шилинга покуќа, и варијабилна која зависела од бројот на над 10 прозорци вокуќата. Така, еден износ се плаќал за помеѓу 10 и 20 прозорци, па занад 10 прозорци и слично. Со текот на времето, фиксниот дел наданокот бил променет за да ја земе предвид вредноста на објектот, аваријабилната основица, според бројот на прозорците, исто така семенувала со текот на времето, така што од 10 се намалила на седум зада се покачи на осум. Данокот не бил многу популарен со оглед натоа што се сметал за данок на светло и воздух. Во Англија данокотбил укинат во 1851 година. Слични даноци постоеле во Шкотска од1748 и во Франција помеѓу 1798 и 1926 година. Избегнувањето наплаќање на овој данок се состоело во заѕидување на прозорците илипак во правење на таканаречени „слепи прозрци“, кои биле правенисо цел ѕиданата исполна во прозорскиот отвор да се замени сопрозорец во некои подобри времиња или по укинување на данокот.

ДАНОК НА ТАПЕТИ (1712-1836)Се разбира, потребата од собирање на финансиски средства закарлството или државата никогаш не престануваат, туку само семенуваат. Доколку данокот на огништа влијаел на објектите прекунамалување на бројот на огништа, но и преку тоа колку просторииможат да се користат во текот на целата година, данокот на тапетивлијаел на внатрешното уредување на објектите во земјата.Кралицата Ана (Queen Anne, 1665-1714) владеела во периодот од 1702па се до нејзината смрт во 1714 година. Таа го започнала своетовладеење како Кралица на Англија, Шкотска и Ирска, за попрогласувањето на Законите за унија (Acts of Union), преку којкралствата на Англија и Шкотска се обединуваат во единственасуверена земја позната под името Велика Британија, на 1.5.1707година, да стане Кралица на Велика Британија и Ирска. За време нанејзиното владеење бил воведен и данокот на тапети. Основицата наоданочување се пресметувала според површината на ѕидовите наобјектот покриени со декориран, печатен или обоен тапет. Данокотна тапети бил воведен во Велика Британија во 1712 година и напочетокот изнесувал едно (пре децимален империјален) пени за секој

квадратен јард (околу 0,84 м2) површина, за до 1809 година да сезголеми 12 пати и да стане 12 пени, односно еден шилинг, или околу3,80 евра по квадратен јард површина според вредностите од 2015година. Оние што не биле расположени да го плаќаат овој данок,можеле да го избегнат доколку купувале необработен тапет и потоасами да го украсат со печати со декоративни форми. Данокот билукинат во 1836 година.

ДАНОК НА СТАКЛО (1746-1845)Неколку децении по воведувањето на данокот на тапети, во 1746година бил воведен и данокот на стакло, во времето на владеењетона британскиот Крал Џорџ II (George II, 1683-1760), Крал на ВеликаБританија и Ирска. Данокот изнесувал над 300 проценти на вредностана стаклото, кое тогаш се продавало според својата тежина. Од еднастрана, тоа придонело за производство на предмети од стакло кои сеподеликатни, со воздушни празнини во дршките на чашите и сл.Самиот данок на стакло бил критикуван од медицинската професија,со оглед на тоа што тие сметале дека станува збор за данок на светлокој резултирал во намалување на природното осветлување водомовите, особено на посиромашните слоеви на општеството.Данокот бил укинат во 1845 година.

ДАНОК НА ТУЛА (1784-1850)Се разбира, инвентивноста на оние задолжени за прибирање наданоци е непресушна. Доколку данокот на стакло влијалел наголемината на прозорците на објектите, а данокот на тапети влијаелна внатрешното уредување на објектите во Велика Британија, новиотданок резултирал во значително поголеми промени во архитектурата,градежништвото и индустријата на градежни материјали. Имено, завреме на своето владеењето, Кралот Џорџ III (George III, 1738-1820), зада го помогне водењето војни во американските колонии, во 1784година вовел данок на тула, при што се плаќал данок од четиришилинзи (48 пени) за секои 1.000 тули во еден објект. Се разбира, зада се намали даночното оптоварување, призводителите на тулапочнале да ја зголемуваат големината на тулите, така што почнале дасе прават тули и со големина од 28 х 12,5 х 8 см. Како резултат на ова,Владата вовела ограничување на големината на тулите од 2.500 см3по тула.

Се смета дека данокот на тула имал значителни последици врзпомалите производители на тула кои не можеле да ги продадат веќепроизведените количества на тула со помала или повеќе одпропишаната големина. Освен што големината на тулата влијаела врзизгледот на објектите, во доменот на архитектурата влијаела да сеоди повторно кон изградба на објекти од дрвена конструкција,завршно обработени со дрвени облоги. Данокот на тула бил укинатво 1850 година, бидејќи се сметало дека негативно влије врзиндустрискиот развој на земјата.

Веројатно, единствена предност од ваквите даночни политикиденес имаат историчарите на архитектурата, со оглед на тоа штопреку карактеристиките на објектите полесно се овозможувавременското датирање на објектите од градителското наследство.

Доколку сте создале свое мислење за даноците од минатото,потсетете се на денешните, каде освен данокот на имот, базиран врзпроценетата градежна вредност на објектот, се плаќа и данок надодадена вредност за изработениот проект, купените градежниматеријали, работната рака плус данокот на приход, додаденавредност, подарок, наследство и што ли уште не. Во оваа смисла,веројатно најдобро е да се потсетиме на зборовите на бившиотпретседател на САД и полимат Бенџамин Франклин (Benjamin Franklin,1706-1790), кој во своето писмо до францускиот физичар и писателЖан Батис Лерој (Jean Baptiste Leroy) од 1789 година напишал: „Воовој свет ништо не е сигурно освен смртта и даноците“.

Page 64: 229_

Временски неограничените,односно трајните лиценци(perpetual licenses) напроизводите на Autodesk(AutoCAD, Revit, 3DS Max,Civil3D итн.) заминуваат воисторијата. Во

известувањето од 4 февруари годинава,Autodesk објави дека почнувајќи од 1февруари следната година, новитекомерцијални самостојни (standalone)апликации ќе можат да се купат единственопреку претплата, позната како DesktopSubscription програма. Во соопштението севели: „Нашите клиенти подолго време бараапоголема флексибилност и поголемавредност од нивните софтверски инвестиции.Преминот кон претплата му овозможува наAutodesk да ги испорача и двете барања, но иунапредено корисничко искуство и полесенпристап кон пошироко портфолио натехнологијата“.

Ваквиот потег на Autodesk беше очекувансо оглед на тоа што претплатничката програмаодносно изнајмување на софтвер се нуди уштеод 2013 година, а претставниците на Autodeskво неколку наврати напоменаа декакомпанијата размислува за целосен преминкон претплатничко лиценцирање. За бизнислогиката поради која Autodesk се реши да јапрекине продажбата на временскинеограничените лиценци, говореше ЕндрјуАнагност, сениор потпретседател заиндустриска стратегија и маркетинг приAutodesk, во неговото излагање на AutodeskInvestor's Day во октомври 2014 година. Тојпосочи дека досега претплатничката програмае исклучително успешна и дека бележиисклучителен раст.

Во основа, со оваа програма Autodesk сакада ја активира пасивната база на своикорисници која брои околу 2,9 милионикорисници кои купиле софтвер, но не сепретплатници, т.е. не го надградуваат

софтверотили тоа го прават сосема инцидентно, односнонередовно. Во моментот кога Autodesk ќепрекине со продажба на временскинеограничени лиценци, оваа корисничка групасе очекува да се приклучи на претплатничкатапрограма. Ако во просек еден корисник одпасивната група ѝ носи околу 240 доларигодишно на Autodesk, со негово активирање тојби носел околу 310 долари годишно. Навистинаохрабрувачки бројки за компанијата.Дополнително, за успехот говори и фактот што30% од претплатничката база се новикорисници, односно корисници кои досега некупиле ниту еден софтвер на Autodesk. 51% одкорисниците својата претплата ја реализиралеонлајн преку Autodesk eStore, продажен каналкој станува мошне интересен за иден развој.

Но што од оваа новина имаат корисниците?Да го земеме за пример AutoCAD LT 2015 каконајпродаван софтвер во светот. Доколку денессе решиме истиот да го набавиме преку онлјанпродавницата на Autodesk(http://www.autodesk.com/store), временскинеограничената лиценца би не чинела 1.200евра без вклучен данок (се разбира до 31јануари 2016 година). Претплатничкатапрограма, пак, ни нуди можност да јакористиме најновата верзија на софтверот согодишна претплата од 360 евра без данок, илипак со месечна претплата од 45 евра без

данок. Тоа значи дека со 1.200евра колку би платиле за трајна лиценца, би гофинансирале користењето на апликацијата вопериод од околу три години, и тоа секогашнајновата верзија. По тие три години, сепретпоставува дека корисникот на трајналиценца би ја сметал апликацијата зазастарена и дека би се решил да купи новаверзија.

Годишната претплата од 360 евра по лиценцае препорачана од Autodesk, како опција залиценцирање која дава најголема вредност закорисниците. Впрочем, на месечно нивоиздатокот по лиценца би изнесувал 30 евра. Закомпаниите каде AutoCAD LT (и останатите LTверзии) е главниот софтвер кој се користи,ваквата опција е веројатно доста прифатлива.Но ако тоа е некој друг софтвер, тогашситуацијата е поинаква. Корисниците накомплетниот AutoCAD ќе треба да одвојатоколу 1.910 евра по лиценца годишно,корисниците на 3DS Max или Maya ќе треба даодвојат околу 1.560 евра годишно, додекакорисниците на Revit LT ќе одвојат по 600 еврапо лиценца годишно, сите цени се без данок иземени од е-продавницата на Autodesk заевропското подрачје.

Компаниите што ја чувствуваат динамиката инеизвесноста на опстојувањето на пазарот,новината ќе ја примат со олеснување. Доколкубројот на нивните вработени варира во текот на

ПОРТА64 27 февруари 2015

технологија

Трајните лиценци заминуваат во историја

AUTODESK ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА НА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ

Почнувајќи од први февруари следната година, новите комерцијалнисамостојни (standalone) апликации ќе можат да се купат единствено прекупретплата, позната како Desktop Subscription програма

Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.

Page 65: 229_

годината, на краток или среднорочен план,менаџирањето на потребниот број на лиценциби бил строго оптимизиран според потребите.

Од друга страна, доколку компанијатакористи периодично и други софтвери наAutodesk, тогаш наместо да ги купувалиценците, може да се претплати на нив намесечно или пак на квартално ниво без даправи непотребни трошоци. Независнитепрофесионалци, познати како фриленсери,можеби ќе ќарат од новината претплатувајќи сена софтверот што им треба само во периодоткога ќе бидат ангажирани. Од друга страна,помалите компании и професионалци кои не сесоочуваат со промени, имаат постојани клиентии не очекуваат турбуленции на бизнис полетово иднина, веројатно ќе се почувствуваатограбени од неможноста да се поседува трајноправо на користење на софтверите за коидаваат пари. Впрочем, не е мал бројот на ониешто сметаат дека обновата на софтверите е

контрапродуктивна и крајно непотребна,особено обновата на годишно ниво.

Затоа во годинава што следи, односно доукинувањето на временски неограниченителиценци на први февруари 2016 година,корисниците би требало да направат анализиза утврдување на стратегијата за користење наAutodesk софтвери во иднина. При правењетона анализите треба да се земат предвид имногу надворешни фактори, како што себарањата на клиентите и регулативата,можностите на хардверот, очекуваниот растили пад на порачките, трендовите воиндустријата, развојот на технолошките добра,алтернативните софтвери итн.

Со некои софтвери, како што е тоа случајотсо Revit платформата и нема баш некој избор.Тимската работа во Revit побарува ситевклучени во проектот да имаат иста верзија насофтверот бидејќи Revit не поддржувазачувување на фајловите во претходен фајл

формат, каков што е случајот со форматотAutoCAD dwg. Корисниците на едукацискилиценци нема да бидат опфатени сонајавените промени.

Воведувањето на претплатничколиценцирање, поточно исклучувањето наможноста да се купуваат трајни лиценци и не енешто што се случува преку ноќ. Оние што гиследат трендовите во технологијата, свесни сеза брзото темпо на развој и постојанитепромени кои се случуваат небаре секојдневно.Во своето воведно обраќање на AutodeskInvestor's Day 2014, извршниот директор КарлБас се осврна на продорот на новитетехнологии како што се мобилната и „облак“(cloud computing) технологија. Така, бројот накорисници на cloud-претплатата двојно сезголемил за само една година. Од нив 30% сесосема нови корисници. Сосема е можнопрепорачано софтверско лиценцирање вонаредната деценија да биде користењето насофтвери во „облак“, а наплатата да зависи одбројот на часови на користење наапликациите.

Треба да се напомене дека Autodesk не ени првата, ни последната компанија којавоведува исклучиво претплатничколиценцирање. Можеме слободно даочекуваме дека софтверот испорачан на цдили двд ќе исчезне во блиска иднина, декасофтверската пиратерија ќе доживее тежокпораз и дека хардверот ќе стане смешноевтин во споредба со софтверот. Она штозагрижува е тенденцијата на компаниите штосоздаваат електронска содржина, за неа данаплаќаат поединечно (или временскоограничено) користење и тоа преку онлајнсервиси достапни до милијарди луѓе напланетава.

Проблематичното не е во воведувањето напретплатничкото лиценцирање, туку воисклучувањето на трајните лиценци.Проблематичното е во стремежот (иможностите) за постојано богатење накомпаниите, несразмерно во однос навложеното или пак во однос на вредноста штосе испорачува. Autodesk како и многу други ИТкомпании во моментов бележат рекорднивредности на нивните акции.

Повеќе за прекинувањето на трајнителиценци на: http://www.autodesk.com/products/perpetuallicenses

ПОРТА27 февруари 2015 65

технологија

Page 66: 229_

ПОРТА

Page 67: 229_

ПОРТА

Page 68: 229_

ПОРТА68 27 февруари 2015

eкологија

Една од моралните дилеми сокоја се соочуваат граѓанитешто се сметаат за еколошкиосвестени, е што од еднастрана не сакаат да јазагадуваат околината и себорат за нејзина заштита, а од

друга, имаат потреба да возат автомобил, која неможат да ја задоволат на друг начин. Каквирешенија им стојат на располагање? Можат,водени од маркетингот, да преминат на„поеколошки решенија“, како возила набезоловен бензин без сулфур, кои исто така битрошеле помалку, а со тоа и би имале помалпридонес во загадувањето.

Во рекламите за автомобили, горива, адитивии други средства, често се користат термините„екологија“, „еколошки“ и слично. Но постои линешто еколошко во македонскиотавтотранспортен систем? Во оваа смисла, далиако нешто загадува помалку од нешто другоможе да се нарече еколошко, како на примердека безоловниот бензин е „еколошка верзија“на обичниот бензин или тука, пред сè, се важниминималните стандарди на одржливост.

Според Кирил Минанов од невладинатаорганизација „Електромобилност“, три факторисе клучни за загадувањето, и тоа индустријата,транспортот и местоположбата на средината закоја говориме, на пример за Скопје.

„Безоловните бензини не се еколошки. Посогорувањето на јаглекарбонатите во воздухот,водата и земјата, се исфрлаат тешки јаглеродни,азотни, сулфурни и други отрови. Според тоа, намаркетиншките трикови на крупниот капиталтреба да одговори државата со најрадикалнимерки. Македонските граѓани треба да знаатдека „Македонија вози за да се полни буџетот“.Електричната енергија во оваа смисла енајблагородна, но производството наелектрична енергија од фосилни горива ќе моракомплементарно да се заокружи со радикалниеколошки стандарди“, вели Минанов.

Тој додава дека во македонскиот транспортенсистем има мал процент еко-возила какоелектролокомотиви, главно како железничкитранспорт. Поврзувањето на градските јадра низцела Македонија со електротранспорт треба дабиде приоритет, да се свртиме кон железницатаи тоа строго електротранспорт, за што воМакедонија има капацитет да се прават деловиза електромобилната индустрија, како иелектрични возила од различни рангови.

Минанов дава објаснување дека, споредбројни студии бројот на електрични возила до2050 година ќе биде половина од вкупниот бројна возила на патиштата низ светот, а до 2025година според други постојат апроксимиранибројки дека ќе бидат произведени од 90 до 130милиони електромотори за електрични возила.

„Се работи за експоненцијална индустрија, исметам дека е голема шансата за македонскитенаучни и инженерски кадри од повеќедисциплини да се покажат и докажат. Од другастрана, цената на горивата е меѓу клучнитемотиви зошто луѓето би возеле електричновозило. Да не ги заборавиме батериите илидругите технологии како горливи ќелии или, пак,истражувањата на графенот, што даваат надеждека технологијата рапидно ветува дека ќедојдеме во позицијата каде електричните возилаќе бидат секојдневие за сите. Горивото што сеплаќа за изминати сто километри за возила сомотор за внатрешно согорување споредено соелектромобил е десет спрема еден. Каква ќебиде ситуацијата и стратегиите за производствона нафта и деривати на светско ниво, според тоашто го читам, ќе се знае до крајот на првиотквартал од 2015-та. Тоа што ние како државатреба да мислиме е дека на секои десет годиниМакедонија мора да инвестира од 1,5 до три

милијарди евра во енергетиката какоодржливост и одговор за сопствените потребина луѓето во државата“, објаснува Минанов.

На прашањето дали малите држави со нивона развој како Македонија имаат доволнокапацитет да работат на ова поле, и дали имаподобри услови за целосни производственилинии или за конверзија на постојни моделина возила, Минанов вели дека може да сеправат и конверзии таа идеја да ја презематмалите електромашински работилници исервиси, а може и да се произведуваат деловиза електромобилната индустрија,најинтересни се електричните мотори, но имапотенцијал и за производство на електричнивозила од повеќе калибри.

Што се однесува да регулативите, тој додавадека низ рацете на врвните експерти приИнститутот за моторни возила и хомологацијапри Машинскиот факултет во Скопје, пред шестгодини се поминати сите закони од областа итие се веќе важечки и синхронизирани соевропските регулативи и директиви и се дел одмакедонското законодавство. Потребно е самоформирање на кластер за електрични возила.

Околу исплатливоста да се возиелектромобил, Минанов објаснува дека, акоедно моторно возило од 1.200 кубни сантиметритроши безоловен бензин во вредност од 500денари на 100 километри, неговиот електриченеквивалент би потрошил 50 денари. Значи,коефициент десет спрема еден.

Но сепак, постои и скриен трошок, односнобатериите што треба да се менуваат по одреденброј полнења, за што Минанов се согласува декасекоја технологија има еден клучен проблем, соелектровозилата тоа се батериите. „Тие се тешки,робусни и скапи, се полнат специфично, за што е

Иднината е во електромобилите, Околу исплатливоста да се вози

електромобил, Минанов објаснувадека, ако едно моторно возило од

1.200 кубни сантиметри трошибезоловен бензин во вредност од

500 денари на 100 километри,неговиот електричен еквивалент би

потрошил 50 денариКатерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА

КИРИЛ МИНАНОВ, ЗДРУЖЕНИЕ „ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ“

Page 69: 229_

битно да се земе предвид температурата какосвојство, а за одржувањето е потребно посебнакултура. Но, темата батерии е мошне интересназа производство на ниво на Македонија, при штоако имаме производство на електровозила, ќе

треба да се размислува и за производство наобични, но и тракциски батерии и батерискимодули кои би можеле да користат и заакумулирана електрична енергија за сончевиколектори, но и други апликации“, вели тој.

Сепак, управувањето електрично возило барапоголема одговорност, редовно полнење,бидејќи со едно полнење тој ги задоволувапотребите најмногу за еден до два дена возењево градски услови, но Минанов вели дека иманеколку мотиви зошто е ова добро, да возитеелектровозило кое е секси, иновативно ипрогресивно и кое не загадува, полнењето не еидеолошки проблем, туку технички и треба да сеостави на техничките лица тоа да го решат.

„За полначката инфраструктура предлагамведнаш да се пристапи кон брзи полначи од 24,36 и 72 киловати и кои на поединечни места наинсталација треба да бидат ДЦ полначи. Споредмојата пресметка, за ова од државата вонаредните пет до седум години треба да сеиздвојат не повеќе од пет милиони евра, нодоколку тоа се истражувачки проектипроизлезени од универзитетите и доколкуполначката инфраструктура и апаратите гипроизведеме ние тука во Македонија. Значиговориме за не повеќе од 100 полначи тактичкираспоредени низ територијата на Македонија,како прв бран. Вториот бран, може да почека“, јазаокружува Минанов приказната за користа оделектромобилите. n

а не во лажната екологија

ПОРТА

eкологија

Page 70: 229_

ПОРТА70 27 февруари 2015

совети

Соба за тројца браќа

Билјана Стевковска САВИЌ,дипл.инж.арх.

bsavic@porta 3.com.mk

Во секој дом кој го сметаме закомфорен, доброорганизиран и во кој можемеда се чувствуваме пријатно ирасположено, важно е секојчлен од семејството да имадел кој ќе го смета за своја

територија. Добро е што поголемата просторија сте ја

намениле за децата. Просторијата може да сеподели на два дела. Првиот поголем дел ќебиде наменет за најстариот син. Централнопокрај подолжниот ѕид се поставува кревет којсо ниска преграда ја дели собата на два дела.Преградата визуелно го дели просторот, ноовозможува и удобно седење на креветот прекуден. Плакарот-мост околу вратата завршува волинија на преградата, а е доволно простран засместување на гардеробата и постелнината затрите деца. Убаво е креветите да немаат фиокиза постелнина, туку да се подигнати од подотзаради полесно одржување на хигиената.Освен креветот, делот од собата за најголемотодете има аголна маса и ноќно орманче. Вовториот дел од собата сместени се креветитена кат под агол за двете помали деца. Должѕидовите има полици за книги, украси, играчкии слики. Покрај креветот се поставува ноќноорманче, најубаво направено по мерка, во коеќе се сместат сликовници и играчки. Работнатамаса за ученикот е во продолжение накреветот.

Ваквата организација на мебелот ќеослободи доволно простор на подот за игра.

Мебелот е најдобро да се изработи одприродно дрво по мерка. Покрај креветите, наработните маси поставете ламби кои ќеобезбедат доволно светлина. Инвестирајте воквалитетна постелнина од природни материјалисо осмислени бои и шари. Ефектно изгледакога креветите, завесите и мебел штофот настолчињата се од иста ткаенина сокомплементарни шари.

Пријатниот амбиент на собата како стимул ќепридонесе децата да го развиваат чувството заубаво, сопствените вештини, секоја работа да јаработат вдахновено, да изнаоѓаат решенија затешкотиите и секоја вечер да заспиваатзадоволни. .

Како да ја организираме собата за нашите три деца? На катотод куќата во која живееме, поголемата просторија од 22 м2 би јанамениле за нив. И покрај тоа што собата е голема и изгледадека има место за сѐ, ни треба вашата помош.

Семејство Максимовски, Скопје

Page 71: 229_
Page 72: 229_

ПОРТА72 27 февруари 2015

aрт

Изложба посветена на великанот Микеланџело

Во галеријата „Бундескунстхале“ во Бон, Германија, отворена е изложба der gottliche.hommage anMichelangelo на која може да се погледнат делата на најголемите и највлијателните автори од историјата на уметноста:од Караваџо, Рафаел и Рубенс, преку Роден, Сезан и Мур, па сè до современите германски уметници како Липерц илиШтрут. Цртежи, масла на платно и скулптури го покажуваат начинот на кој тие му се восхитувале на Микеланџело – икако го интерпретирале. На тој начин, творештвото на Микеланџело, погледнато со очите на различни уметници, ќе бидепретставено во чудно, ново и разновидно светло. А митот за него ќе добие свој облик. „Покажуваме како Микеланџеловлијаел врз другите уметници, а не него самиот“, објаснува директорот на музејот во Бон, Тајниер Волфс. Тоа е и целтана оваа изложба која би можела да биде германска изложба на годината. Во секој случај е единствена. Бидејќи толкуремек-дела - икони на историјата на уметноста - сигурно нема да можат толку брзо повторно да се видат на едно место.Музеите и фондациите, во чија сопственост се овие дела, со тешко срце се одвоиле од нив за потребите на изложбатаво Бон. Меѓу нив се и многу значајни институции на класичната и модерната уметност, како што се парискиот „Лувр“,„Мома“ од Њујорк или виенската „Албертина“. Подготовките за изложбата траеле цели пет години. Изложбата еотворена на 6 февруари и ќе трае до 25 мај.

Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

АлесандроАлори

-The Dream,after

Michelangelo,1578

Ив КлајнL’Esclave de Michel-Ange,

1962

Page 73: 229_

ПОРТА27 февруари 2015 73

aрт

ФедерикоЦукари -Michelangeloas Moses ,1580

Караваџо -John theBaptist ,1602

ВалиЕкспорт,

КnitMadonna,

1976

Кандида - Höfer Accademia Firenze

2008

Page 74: 229_

ПОРТА74 27 февруари 2015

интервју

n Осум години сте во „Адора инженеринг“,период со големи промени во Вашатакариера и во развојот на компанијата. Штомислевте кога започнавте да работите и далитогашните очекувања Ви се остварија?

-Ретроспективата на мојот работен ангажманво „Адора инженеринг“ и анализитепокажуваат дека во овој период компанијатаоствари вистински подем, голем развој инајдобри остварувања, искачувајќи се наврвната, лидерска позиција во високоградбатаво Македонија и регионот. Во 2015-тапродолжуваме со нови инвестициски проективо општина Аеродром, каде до изградените тринаши објекти, започнуваме со изградба на уштечетири нови станбено-деловни објекти, наатрактивна локација, на само 15 минутипешачење од главниот плоштад вометрополата. Скопската општина Аеродром емногу привлечна за купувачите, со развиенатаинфраструктура, сообраќајниците, јавниотпревоз, модерните услови за живот идостапноста на институциите за граѓаните.Годинава започнуваме со реализација на уштееден нов проект, за изградба на големстанбено-деловен објект во поразличен стил,на влезот на општина Кисела Вода, воцентралното подрачје на Скопје, што екапитален инвестициски проект.

Потврда за остварените цели кои си гипоставив кога дојдов во компанијата, сеилјадниците наши купувачи кои, спореданализите, задоволни од нас, нè препорачуваатна другите, а ќе се согласите, усменатапрепорака од лично искуство вреди најмногу изначи најголема доверба за компанијата.„Адора инженеринг“ последните пет годинипостојано е меѓу 20-те најуспешни инајбрзорастечки компании во Македонија, собројни национални признанија имеѓународните награди. Меѓународнатавалоризација е потврда дека сме успеале возаложбата да ги воведеме европскитестандарди во работењето и со следење и

примена на современите технологии ииновации да им овозможиме и на граѓаните наМакедонија да домуваат безбедно, квалитетно,здраво и штедливо, што е светски тренд воизградба на зелените домови, со зеленитетехнологии за таканареченото паметнодомување. Ова беа моите предизвици,очекувања, желби и цели што си ги поставив,среќна сум што со тимот на „Адораинженеринг“ успеавме во мисијата, но секако,има уште многу простор за подобрување наработата.

n Лидер во градежниот сектор -високоградба, меѓу најуспешните компанииво Македонија, синоним за сигурен иквалитетен дом. Кој е крајниот дострел на„Адора инженеринг“?

-Среќните купувачи и задоволните граѓани,за кои постоиме и работиме, се највисокиотдострел што постојано се трудиме да годостигнеме, нудејќи им дом кој го заслужуваат,а тоа е сигурниот и квалитетен дом, изграден

од градежниот бренд „Адора инженеринг“,како трајна вредност со долгорочнипридобивки за многу генерации и за многудецении. Ние ги почитуваме нашите купувачи,со кои постојано негуваме директнакомуникација, отворени за сите информации задетално запознавање со нашата понуда, прекуедукација со која сакаме да ја зголемимеупатеноста на граѓаните за тоа што треба дазнаат кога избираат нов дом, а од друга страна,радосни сме што успеавме да ги подигнеме наповисоко ниво и стандардите за квалитетнодомување во Македонија. Целта на компанијатае да им понуди на купувачите повеќе од онашто им следува со законските нормативи вообласта на градежништвото и високоградбата,како што беше изградбата на енергетскиефикасните домови уште пред да биде тоавклопено во македонското законодавство.

Наш дострел е што почнавме како пионериво воведувањето на еко домовите, јаизградивме првата енергетска станбена зградаи ги добивме првите енергетски пасоши А-

Време е запаметнодомување

Д-Р ДРАГАНА Д. ЧИФЛИГАНЕЦ, РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖЕН СЕКТОР ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Page 75: 229_

ПОРТА 75

интервју

класа во Македонија, сертификат со кој иофицијално се потврдува драстичнонамалената потрошувачка на енергија загреење и ладење и заштеда на пари, од што воова не баш лесно време за живеење, најголемипридобивки имаат станарите и животнатасредина. Наша гордост е што на купувачите имобезбедуваме безбедни домови со врвнаасеизмичка стабилност, докажана со вештачкиземјотрес, што како прва и единственакомпанија во Македонија го реализиравмезаедно со реномираниот ИЗИИС. Со овиедостигнувања, како препознатливи вредностина „Адора инженеринг“, ја остваруваме нашатамисија за постојани иновации во работата,според современите стандарди и европскитрендови, како императив на компанијата.

„Само делата се вистина“ - веќе 13 годиниодѕвонува ова мото. Се потврдува ли тоа вопрактиката или има и нешто друго што евистина?n Мотото Само делата се вистина, под коерастеше „Адора инженеринг“, како животномото на сопственикот и генерален директорпроф. д-р Ванчо Чифлиагнец, се потврдувасекојдневно, зошто делата зборуваат сами засебе, и многу повеќе им се верува отколку назборовите. За ова сведочат преку 30-те објектикои ги изградивме со 1.600 станови, како ивредните донации за заедницата, двете сааткули во Ѓорче Петров во Скопје и Струмица,фонтаната Македонија во Кисела Вода,православниот храм Св. Јован Крстител накејот на реката Вардар, во општина Аеродромво Скопје, и спомен-обележјето Фаќач на крст,симбол на Богојавленската традиција набрегот на Охридско Езеро, во древниот Охрид,како светско наследство, под заштита наУНЕСКО. Вистина се делата што ги градиме икои остануваат за идните генерации, вистина седомовите во кои живеат илјадници семејства воСкопје, Охрид и Струмица, кои во овие домовирастат, се радуваат и нижат успеси, кои ние ги

доживуваме како едно големо и топлосемејство наречено „Адора инженеринг“.

За вредностите на „Адора инженеринг“многу е зборувано и тие се препознатливи.Дали подготвувате нешто ново, некоја новавредност по која ќе ве препознаваме воиднина?n Еден од императивите што секогаш нè водинапред е поставувањето повисоки цели воработата за остварување нови вредности, какошто е проектирањето и изградбата напаметните домови, со посветена работа,иновативност, упорност и храбро прифаќањенови предизвици. „Адора инженеринг“постојано подготвува нешто ново, како вообласта на градежништвото и високоградбата,така и во други бизнис дејности, за што епотребна отвореност, но пред сѐ опсежнаанализа, истражувања и планирање. Нашитеидни активности ќе бидат втемелени надолгогодишното искуство и визионерството наменаџментот, како и на следењето напотребите на современиот човек во новотовреме на живеење.

Во која насока ќе се оди во градителството воМакедонија?n Конкуренцијата во македонскотоградителство резултира со селектирање надобрите, квалитетни и успешни компании, кои сеиздвоија со сериозниот професионален пристапво работата и квалитетот што го нудат восовремените градби. Наша проценка е декаединствено компаниите што ќе се истакнат собрза, квалитетна и стандардизирана градба, ќеопстанат и ќе просперираат на македонскиотпазар на недвижности, од што корист ќе имамакедонската економија, а најмногу граѓаните.Во услови кога секојдневно се менува амбиентотво кој живееме и работиме, кога за ништо немагаранција, градежниот сектор и недвижноститесе најсигурна инвестиција и најцврст влог награѓаните, од што корист имаат повеќе

генерации, поради што сметам декаградителството во Македонија има добра иднина.

Како носител на продажбата и намаркетингот, можете ли да ни кажете какооди продажбата на становите изградени од„Адора инженеринг“. Колку становипродадовте со вашиот тим заедно воминатата година и дали е полесно да сеизгради или продаде еден стан?n Со продадени 302 станови, минатата годинае остварена рекордна продажба во 13-годишното постоење на градежната компанија„Адора инженеринг“. Ланскиот биланс напродажба е за 11 % повисок од продаденитестанови во 2013 година, што е потврда запостојаниот нагорен тренд со кој „Адораинженеринг“ се развива секоја година. Задовие резултати во продажбата стоипрофесионален менаџерски тим со високастручност во областа на недвижностите ипродажбата, како и професионалците вомаркетингот и комуникациите со купувачите ијавноста, кои се трудат понудата на станови иделовни простории да ја направат подостапнаи попривлечна за купувачите. Се разбира деказа да се продаде и промовира еден вреденпроизвод како стан, тој прво мора да сепроектира, да се инвестира и да се изведепроектот, за што се потребни искусниархитекти-проектанти, стручњаци занедвижности, градежни, електро, машинскиинженери и геолози, економисти, правници идруги профили и најмногу вредни и искусниградители. Секој си го има своето место изаслуги за изградбата на еден убав иквалитетен дом, важно е добро дафункционира секоја алка во овој синџир изатоа не може да се каже што е полесно илипотешко, дали да се изгради или продаде еденстан. Уште повеќе зашто нашата филозофија еда изградиме паметни домови, во кои сечувствува љубовта, посветеноста, енергијата игрижата на градителите. n

Page 76: 229_

ПОРТА76 27 февруари 2015

хортикултура

ВИЛА БАЛБИАНЕЛОНа врвот од ’ртот Лено, се наоѓаимпозантната Вила Балбианело,која е изградена во 1700 годинапо наредба на кардиналотДурини. Денес оваа вила е восопственост на ФАИ. Таа ја имаедна од најубавите позиции наезерото, која дава прекрасенпанорамски поглед. Нанајгорниот кат од имотот сенаоѓа музеј за изложување науметнички дела. Градината јакарактеризираат тераси ибалустради кои ја следатлинијата на нерамниот терензбогатен со стрмни карпи.

ВИЛА СЕРБЕЛОНИИзградена во 1605 година, оваа вила се наоѓа на

највисокото место во Белаџио. Припаѓа нафондацијата Рокфелер и служи за одржување наконференции и студии. Големиот парк, составенод речиси 18 км патеки, кој ја краси оваа вила е

отворен за јавноста од април до октомври. Вонего може да се сретнат голем број

медитерански видови, како медитеранскиотчемрес (Cupressus sempervirens), маслинки (Olea

sp.) солитерно насадени, како и жива ограда,најчесто искроена во геометриски стил, во

форма на лавиринти, а внатрешноста исполнетасо цветни видови. Поради местоположбата,

погледот кон езерото од градината на оваа вилапретставува посебно доживување и

неповторлива убавина.

Набреговитена езеротоКомо оддалечнотоминато падо ден-

денес се наоѓаат елитни вилисо пространи градини,најчесто изградени вокаскадна форма порадиконфигурацијата на теренот,украсени со медитерански иегзотични видови на растенијаи скулптури.

Во периодот помеѓу XVI иXVIII век, голем број наплеменити фамилии одблизината на Милан,започнуваат со изградба налетни престојувалишта набрегот од езерото. Освен воминатото, и ден-денеспредизвик за голем бројсветски познати личности е дапоседуваат имот на езеротоКомо.

Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

Вилите наезеротоКомо

Page 77: 229_

ПОРТА

ВИЛА КАРЛОТАОва ремек-дело е изградено во 1600година по нарачка на фамилијатаКлеричи. Подоцна имотот епрефрлен во сопственост напринцезата Маријана од Холандија,која вилата и ја поклонува на својатаќерка Карлота како свадбенподарок. Во градината на оваа виламожат да се сретнат најразличнирастителни видови од речиси целиотсвет: цитруси, камелии, палми,колекции од бамбусови видови ислично. Градината има посебнаубавина во периодот април - мај когарасцветуваат околу 150 видови наазалеите што ја красат градината.

ВИЛА МЕЛЦИОваа вила е изградена од кнезот ФранческоМелци, и до ден-денес е во приватнасопственост. Потписник на ова дело еархитектот Албертоли. Изведбата започналаво 1808 а во 1810 година била отворена запосетители. Градината е во форма на каскади,збогатена со тропски егзотични видови инепроценливи скулптури. Во кругот на вилатаима и фамилијарна капела која е отворена запосетители.

Page 78: 229_

ПОРТА

Page 79: 229_

ПОРТА

Page 80: 229_

ПОРТА