25
Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ Скопје Технолошко - Металуршки Факултет производство Ментор: Изработил: Проф. Др.

производство

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: производство

Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ СкопјеТехнолошко - Металуршки Факултет

производство

Ментор: Изработил:Проф. Др.

Скопје, 2005 година

Page 2: производство

Производството е една од трите составни фази на модното

производство. Без дизајн, нема што да се продава, а без продажба нема

причина да се произведува. И обратно, продажбите нема да продолжат

ако наредбите не се исполнети, соодветни и испорачани на време.

Откако колекцијата или линијата е изложена на пазарот, нардбите се

праќаат до фабриката. Методите за кои не се дадени соодветни наредби,

се отфрлени од линијата (не се произведуваат). Оваа поглавје се

фокусира на производството на облека од производство на скици до

квалитетна контрола.

ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ПРОИЗВЕДУВАЧОТ

Најголем број трговци на мало купуваат од произведувачите на

кредит. Тоа значи дека тие не мора да плаќаат за работа 30-60 дена. Ова

создава финансиски проблеми за произведувачот, кој мора да купи

материјали и украси и да палти за работата и трошоците. Така,

производителите на облека им се обраќаат на банките, компаниите и

факторинг фирми за финансирање.

Заемите од банката не се без гаранција, за високо добро

стоечките компании со историја на добро производство, или со

гаранција што значи дека тие мора да бидат потпомогнати со

дополнителна гаранција во форма на опрема или имот.

Производителот исто така може да ги продаде договорите за

залог на одреден вид на финансиска компанија за заем во кеш или за

заштита на кредитот. Ако муштеријата не плати, факторот

(финансиската компанија) губи. Затоа тие финансиски комапании

назначуваат комисија да ги среди услугите и да ги заштити од губење на

кредитот. Тие исто така бараат кеш однапред.

Во ваквото финансирање, производителите позајмуваат фондови

регуларно, исто така отвараат и сметки. Но во овој случај

производителот ги предава колекциите но се соочуваат со ризик од

губиток.

1

Page 3: производство

Ваквите методи на финансирање му обезбедуваат на

произведувачот кеш за да го продолжи производството.

ЦЕНА НА ОБЛЕКА

Висина на производната цена на облеката мора да биде таква за

да големо продажната цена биде убаво поставена- цената што трговците

на мало ја плаќаат за производите што ги купуваат од производителите.

За да ги задржи редовните купувачи, секој производител се обикува да

задржи постојана цена и квалитет на стајлин и конструкција.

-СТРУТКУРА НА ГОЛЕМО ПРОДАЖНА ЦЕНА-

Женската облека се призведува и продава на различни цени

базирани на квалитет на конструкција и квалитет на матријали кои се

употребени. Има три категории на цени:

Подобрата облека обично се продава по високи цени и вклучува

марка облека.

Умерената (скромната ) облека се продава по средна цена,

погодна за средната класа купувачи.

Ефтина облека се продава по ниска цена и на големо.

-ФУНКЦИИ НА ОДРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНАТА-

Има два начини на одредување на цената: преку конечно

производство и конечната цена.

Цената што се одредува пред конечното производство е проценка

направена пред облеката да биде прифатена како линија. Од самиот

почеток дизајнерите мора да внимаваат да ги одржуваат фабричките и

работните трошоци за секое парче облека во границите поставени од

одделот од компанијата што ги одредува цените. Дизајнерот ги

запишува сите материлајни трошоци на табаци хартија. Тогаш или

дизјнерот или одделот за одредување цени може грубо да ја процени

големо продажната цена за да види дали таа облека одговара на

структурата на цената на таа линија.

2

Page 4: производство

Конечна цена: ова е точна пресметка направена од одделот за

одредување на цена, која го собира конечните бројки потрошени на

материјали и работна сила. Овој оддел ги употрбува табаците хартија

направени од дизајнерите и скиците на производство за да ги анализира

материјалите и конструкцијата на облеката чекор по чекор. Овој оддел

може да се консултира со дизајнерот за некои информации или да

препорача по практични и поефикасни начини за правење облека. Се

прави детална анализа на цената за секое парче облека вклучувајќи ги

трошоците за материјали, украси, кроење, работна сила, режиски

трошоци, комисија за продажба и профитот на произодителот. Така се

одредува конечна цена.

- Изгледот на табак -

1. Материјали. Прво вкупната метража на секој материјал

потребен за секое парче облека е пресметана и потоа помножена по

неговата цена по јарди. Сумата од овие бројки ја дава вкупната цена на

материјалот за облеката.

2. Украси. Вкупните цени се помножени со количината на

украси кои се потребни за секое парче облека. Сумата од овие бројки ја

дава вкупната цена на украси за едно парче облека.

3. Работна сила. Шефовите на производство одлучуваат кои

операции можат да бидат подобро и поефтино направени во самата

фабрика, а кои треба да се однесуват да се исправат во специјални

фабрики. Може да се случи целата колекција облека да биде направена

во таквата фабрика.

4. Правење на скици, одредување и оценување на квалитет.

Најголем број компании дозволуваат во овие трошоци да влезат и

трошоците на одделот за дизајн. Сепак, ако ваквите функции се вршат

надвор од сервисот за моделирање, цената да биде поделена со вкупниот

број на артикли кои тие го пресметуваат да биде употребен:

вкупната цена : број на направени артикли= цена по артикли.

3

Page 5: производство

Ако облеката повторно се прекројува (поради новите наредби),

нема нова цена за купувачите и определување и одредување на квалитет.

5. Кроење. Ако кроењето се врши од страна на специјални

фабрики за вкупната цена на кроењето се преговара и таа изнесува

вкупен број од бројот на облеките кои се скроени. Таа фабрика на оваа

сума ја додава нејзината чланарина. Цената на кроењето извршено во

првобитната фабрика се базира да платат по час на кројачот помножена

со бројот на часови кои му требаат да искрои еден вид на облека. Цената

на кроењето за дузина облека се пресметува со пресметување колку

многу парчиња облека се каправени и тој број е поделен со вкупната

цена на кроењето.

6. Конструкција. Процесот на конструкција вклучува не само

шиење туку и дотерување и порабување исто така. Некои компании ги

одредуваат ваквите цени за секоја операција. Информации за ваквиот

износ на цената се добива преку проучување на времето потребно за

производство. Цената за секоја операција како што е затворање на шевот

на рамењата, се одредува на овој начин. За да се пресмета вкупната цена

за едно парче облека се додаваат целите за индивидуални операции.

Други фирми пак го пресметуваат просечното време потребно за

шиење на едно парче облека и добиениот број го множат со бројот на

часовите што ги изработил работникот. И двете методи овие бројки ги

множат со бројот на еден артикал или на дузина артикли.

7. Транспорт. Цената на транспортирањето на комплетирани

парчиња облека од фабриката до трговецот на мало мора да биде

пресметана. Обично парчињата облека се пренесуваат со камион. Ако

парчињата облека се извезуваат надвор од земјата, тогаш одреден

процент од воздушниот и поморскиот транспорт се додава на цената на

секое парче облека. Очигледно поморскиот транспорт е поефтин и се

додава помала цена на облеката, но тогаш времето изгубено на

транспорт е пропаднато.

4

Page 6: производство

Цената на транспортот на облекатаод трговците на мало

генерално се плаќа од самите нив, но производителите мора да плаќаат

авионски превост ако доцнат со испораката.

8. Додатни трошоци за извезени парчиња облека. Во овие

трошови спаѓаат квоти, царина, ставки за увоз.

-Утврдување на цената на големо продажба-

Оваа цена се добива со додавање на трошоците употребени за

работна сила, материјали.вкупната цена вклучува провизија (7:/0%),

хонорар (8% попуст за продавниците ако ги плаќаат сметките на време),

севкупни трошоци и профит кој е неопходен за останување во бизнисот.

Се вкупните трошоци ги вклучуваат сите нивни трошоци за водење на

бизнисот како што се наемнина, цената на машинериитеза нивно

одржување, греење, осветлување, плата на персонал, администрација

книговодство, огласување, снижување на цени за останатите материјали

и облека, и загуби поради пожар и кражба.

Најголем дел од компаниите додаваат трошок од 100% или

повеќе на конечната цена. Оваа бројка претдставува одприлика 50%

поголема продажна цена. На пример: една блуза која го чини

произведителот е 10 долари, да ја произведе може да има загуби од 10

долари и тоа значи таа ќе се продава по 20 долари на големо.

Многу компании пресметуваат просечна загуба така да нивната

облека е добро вклопена во нивната цена. На пример: купувачот повеќе

плаќа за здолништа и панталони, отколку за кошули.така е бидејки

кошулите имаат скапа изработка и работна рака. Затоа цената на

кошулитеможе да се намали за да биде попристапна, додека цените на

здолништата и панталоните се зголемуваат. На ваков начин се поставува

добра средна вредност.

5

Page 7: производство

- Цена на работа -

Друга важна работа во врска со цената е тоа дали парчето облека

изгледа дека вреди за неговата цена. Секое парче облека се

натпреваарува со други слични облеки. Ако две облеки се многу слични

една со друга, поефтината има повеќе шанси да се продаде на ниво на

трговија на мало. Исто така и стилот и квалитетот на облекатамора да

бидат подобри отколку оние на облеките со кои се натпреваруваат.

Цените на облекате мора да биде прилагодена за да влиае

погодно на продашниот материјал. Понекогашн произведителот е волен

да му продадена трговецот на мало облека по многу ниска цена за да го

привлече вниманието на купувачот.

-Купување на стока на парчиња-

Нарачките на материјалите неопходни за производство на облека

најчесто ја врши купувачот на материјали или облека на парчиња (тој ја

нарачува од произведителот). Купувачот на материјали може

едноставно да ја наарача стоката, или иссто така може да ја има

одговорноста, заедно со дизајнерот да ги избере. Купувачот има

маатеријални дејства како врска меѓу фабриката и произведителот, кој

мора да има кредит на купување на материјалите. Обично

производителите на големо купуваат стока од огромни текстилни

компании кои можат да примат големи нарачки. Цената на

произведителот на големо е да одбере стока по ниска цена, а во големи

количини. Како додаток, приозведителот на големо може да ги

пребојува графиките, нарачува специјално бои или иззмиссли своја

сопствена графика или метод на боење. Од друга страна

производителите на мало работат со помали текстилни фирми кои

вршат помалку функција. Купувачот мора да ги знае сите својства на

6

Page 8: производство

материјали и да биде информиран за цените, можноста да се набават и

нивната испорачка. На пример: производители од западниот брег

плаќаат повеќе од другите за испорачка на груби материјали и

испорачките до нив траат подолго време.

Купувачот мора да ја пресмета вкупната метража која му е

потребна, прво да искрои дупликат и потоа за да има на залихи.

Нарачките за метража наменета за залиха мора да биде базирана на

минатите продажби или на очекување за продажба во иднина. Луѓето

кои продаваат текстил ги охрабруваат да направат испорака рано во

сезоната за да купат одредена количина на метража. Нарачката однапред

обезбедува можност да се набави и испорача на време потребниот

материјал, а кој може да биде во недостаток. Испорачките за огромни

количини обично бараат 7-8 недели однапред време за испорачка.

Производителот исто така може да земе во предвид колку материјал би

бил потребен за можни нови нарачки. Ако нема доволно време по

новите испорачки не чека за транспорт на новите материјали. Од друга

страна производителот ризикува многу со складирање огромни залихи

уште однапред. За да го намалат ваквиот ризик производителите често

набавуваат сурови суровини кои подоцна се бојат. Тогаш кога ќе се

добие нарачка се избираат бои. Со други зборови, суровите суровини

можат да бидат избоени во различни бои според побарувачките.

- Украсување -

Kупувачот на материјали или одделниот купувач, купуваат

украси и додатоци. Украси и додатоци се материјали кои се

употребуваат за усовршување, дотерување облека или модни детали.

Додатоците вклучуваат постави, патенти, конец и траколента. Украсите

се декоративни и вклучуваат копчиња, гајтани, тантели и колани. И на

украсите мора да им се обрне големо внимание како и на материјалот.

Од кој се прави облеката. На пример: ако материјалот може да биде

исперен без да се уништи исти така мора и украсите. Кога украсите и

7

Page 9: производство

додатоците ќе пристигнат во фабриката и тие мора да бидат сортирани и

проверени исто како и материјалите. Други дрангурии купени со

украсите се: етикети, нитни, закачалки за алишта, кеси и др.

- Проверка на производите составени од парчиња -

Кога материјалот е примен во фабриката, тој мора да биде

внимателно пребројан за да биде сигурно дека е примена целосната

нарачка. Во големите фабрики, специјална опрема автоматски ја брои

метражата на материјалот, како што тој се врти од една во друга бала.

Тогаш ваљците го влечат материјалот по огромни маси за да се провери

дали има недостатоци (грешки). Недостатоците се означуваат со конци

во боја или мали знаменца на страната на материјалот за да бидат

избегнати при кроењето. Ако има премногу грешки или осенување,

материјалот се враќа во првобитната фабрика за надоместок.

(Производителот може да плати доплата за да првобитната фабрика да ја

направи оваа инспекција).

Некои компании градат голема репутација на веројатноста на

нивните производи. Се вршат тестови на перење, сушење, пеглање,

пресување за да се провери растегливоста, издржливоста, пукање на

бојата, траење на бојата и собирање. Тие исто така тестираат колку

материјалот е издржлив за време на шиењето-дали иглите го

завлечуваат или краевите се разресуваат прекумерно. Боите мора да се

во координација. Врвовите еднакво треба да бидат исечени од исто

множество на боја и последната испорачка до истата продавница мора

да имаат прифатливи варијанти на боја.

ПРОГРАМА НА ПРОИЗВОДСТВО

Врвот на производството е производство на програма или план за

да биде сигурно дека датумите на испорачка се точни. Распоредот е

табела кој што се менува на 6 месеци. Прв датум на распоредот е

датумот на испорачката до продавницата. Распоредот содржи и денови

на довршување, денови за кроење итн.,па дури и датуми за испорачка на

8

Page 10: производство

материјалот. Мора да бидат соберени нарачки за секој стил на облека за

да се знае колку парчиња облека од секој број треба да се произведат.

Воведување на компјутезирана контрола во многу големи како и помали

фирми го прави планирањето прецизно.

Компјутерските пракси обезбедуваат постојана информација за

бројот на артиклите – по број, стил, колор кои се нарачани од трговците

на мало. Имајки ги овие датуми произведителот мора да ги модернизира

испорачките на материјалите и плановите за производство така за да тие

одговараат на побарувачката. Има две филозофии на планирање на

производството: кроење по нарачки и кроење за залиха. Најсигурен

матод за кроење е кроење по нарачка а тоа значи да се крои и произведе

онолку колку што е нарачано. Овој метод најмногу го употребуваат оние

производители кои пропагираат мода со подобар квалитет, а помал

волумен. Методот кроење по испорачка е поразличен и вклучува кроење

по проценка и очекувана продажба. Очекувани порачки се вршат според

проценки на економијата(дали пазарот е силен или слаб), како се

продавале слични облеки,минато искуство со трговците на мало,

сезоната и силината на одредена линија облека. Ако производителот е

сигурен во некој стил или ако претходните нарачки укажуваат голема

продажба, тогаш производителот го крои и произведува тој стил за да го

има на лагер (залиха), погоден за брз транспорт за идните нарачки и

повторно нарачки. Методот кроење за залиха е неопходен посебно во

големите компании кои произведуваат скромна и ефтина облека во

огромни количини. Исто така овој метод е неопходен кога нарачките на

материјали бараат долго време за транспорт, како што е случајот со

материјалите од фарбано предиво. Овој метод овозможува компанијата

да почне со работа неколку месеци однапред на оние производи кои

бараат најмногу време за производство. Ова овозможува постојано

вработеност на работниците и постојано употреба на едни фабрики. За

време на месеците кога најмногу се произведува, производителот бара

9

Page 11: производство

додатни просторо обезбедени од надворешните договарачи.

Капацитетот на фабриката и проблемите при конструкција мора да

бидат земени во предвит при правење на распоред. На пример: некои

стилови се многу потешки за производство од другите и бараат малку

повеќе време. Машинисти работат многу побавно кога таа работа е нова

за нив: капацитетот на фабриката се гради како што кројачите стануваат

навикнати на операцијата и работат побразо. Исто како и готвењето во

процесот на производство секоја состојка мора да биде додадена на

рецептото за да може резултатот да биде сервиран во точно време. Кога

распоредот е направен, одделот за производство мора да го следи. Ако

работата не се испорача навреме, нарачките можат да се откажат.

ДОГОВАРАЊЕ

Произведителите не го вршат секогаш целото производство на

облека во нивните фабрики. Тие се одговорни за сите фази за изработка,

од дизајнирање и купување на материјали, до продавање и транспорт, но

тие можат да се ослободат од некои обврски. Исто како што

производителот може да купи дизајни (модели) од специјални служби за

дизајнирање и фриленсери, исто така може да ги откаже обврските за

правење модели за кроење и шиење. Скоро сите производители

употребуваат лиферанти (договарачи) барем за специјализираната

работа како што е шиење на предиво, диплење, нашивање, везење или

украсување што бара специјални машини. Дури производителите кои

имаат нивни сопствени фабрики имаат потреба да вработат договарачи

(лиферанти) во периодите кога најмногу се произведува и целосно ги

прават облеките. Фабриката на произведителот е наречена „внатрешна

продавница“, а фабриката на лиферантот е „надворешна продавница“.

10

Page 12: производство

- Внатрешни продавници –

Предности и недостатоци кои ги има производителот од неговата

„внатрешна продавница“ го вклучуваат следното:

1. Предности:

- има поголема контрола над квалитетот на конструкцијата на

производот

- помало физичко движење на производителите и персоналот е

потребно.

- Таксите нараснуваат за време на девалвацијата на опремата и

погоните за работа

2. Негативни страни:

- фабриките и машинеријата бараат инвестирање на огромен

капитал кој е возможно да го платат големите фирми

- одредното време мора да биде посветено на барањата на сојузот на

работниците и вработените

- „надворешна продавница“-

Предности и негативности кои производителот ги има од

употреба на лиферантот го вклучуваат следното:

1. Предности:

- има голема подвижност на производството

- лиферантот се вработува само ако производителот го бара тоа, да

го забрза производството за време на периодот кога најмалку се

произведува.

- Производителот не се грижи за вработување, тренирање и

плаќање на персоналот.

- Не е неопходно инвестирање на материјали во машинерија (или

барем во специјални машини).

2. Негативности:

- Производителот има помала контрола над квалитетот.

- Може да има проблеми со конкуренција

11

Page 13: производство

- Потребно е екстра придвижување на производите, што резултира

во екстра трошоци и некои загуби.

- Има можност за задоцнета испорака

- Главен човек (директорот) го избира лиферантот кој е најпогоден

за соодветна работа на производството.

Голем број лиферанти специјализираат, или на одреден квалитет

на шиење или на категорија како што се трикотажа или фустан. Некои

леферанти можат да се договорат да работат ексклузивно (посебно) со

еден или повеќе производители. Лиферантот се договара да задржи

одреден стандард на работа и да ја заврши работата до одредено време.

Лиферантот мора да следи одредени инструкции. Многу е важно да се

знае дека главниот на производството работи блиску до лиферантот за

да се осигура дека стандардните и временските распореди се извршени.

Завршената облека се враќа кај производителот за транспорт до

продавниците на мало. Најмогу лиферантите се сретнуваат на места

каде имадоволна работа, платите се добри, а фабриките, машинеријата и

транспортот се добри.

- Прекуморско (прекуокеанско) производство –

Обичните работници кои работат во фабрикте за облека во САД,

имаат релативно мали плати во споредба со луѓето кои имаат занаети,

производителите во Хонг Конг наоѓаат дури и поефтина работна сила.

Таков е случајот и во: Тајван, Кореа, Индија, Мексико и во Јужна

Америка. Вообичаените плати во индустрија за производство за женски

фустани во САД се 5,70 долари по час, во Хонг Конг се 1,3 долари по

час, а во Индија се 1,38 долари по час, и во Тајван се 1,21 долар по час.

Производителите постојано бараат во кои не се регулирани квотите за

извоз, како што се : Непал, Млезија, Шри Ланка и Индонезија.

Производителите мораат да се потпрат врз добар посредник, кој внимава

на контрола на квалитетот, спречува задоцнети испорачки и се соочува

со проблеми во комуникацијата предизвикани поради разликите во

12

Page 14: производство

јазикот. Сите договори за цена се прават во американски долари.

Производителите мора да обезбедат приближно 30 дена за транспорт

преку море (прекуморски) и 10 дена за авиотранспорт. Увозот вклучува

безброј преговори, многу направени преку поединци. На пример:

посредникот го претставува производителот во земјата каде се врши

производството; посредикот е задолжен да го претставува

производителот за да добие дозвола од владата на САД да внесе

производи во САД; а посредникот е задолжен да се грижи за

транспортот.

За прекуморско(прекуокеанско) произведување, производителите

мораат да испратат модели (скици, шаблони), упатства (детали) и

мостри како водичи. Сите детали мораат да бидат прецизни и јасни.

Прецизни досиеја и отворени линии на комуникација се неопходност.

Има три методи на прекуморско производство:

- „Пакет“ на производство : Производителот купува „пакет“ на

производство преку агент (посредник). Во ваков случај се доаѓа до

Ориентот (Блискиот исток), вклучувајќи груби матријали (суровини),

финиширање, етикетирање, пакување и транспорт. Употребувањето на

агент е најскапиот метод но има многу погодности бидејќи агентот

превзема одговорност за производството, квалитетот на контролата и

распоредот за испорака. (Производителот исто така има свој сопствен

претставник во странство, кој наоѓа суровини, работи со агенти и

договарачи, и прекуморско (прекуокеанско) производство, неговиот

квалитет на контрола, квоти, царини и транспорт).

-Кроење, изработка и украсување: Производителот може да купи

материјал од една земја (свила од Јапонија, на пример) и потоа да ја

испрати на друго место, на пример во Хонг Конг, да биде искроена и

сошиена.

13

Page 15: производство

- Производна лента (произведување) во други земји: Материјалот

се купува и крои во САД и потоа се испраќа во странство (Мексико,

Колумбија, Карибите) за шиење. Овој метод е познат и се смета како

807ми програм, и е многу поттикнуван (охрабруван во САД, да ја

промовира американската домашна текстилна индустрија).

- Царина за увоз-

Сите категории на прекуморско (прекуокеанско) производство се

класифицираат како увоз (паралелно како и со работа, што целосно е

дизајнирана и произведена во друга земја како што ќе видиме

понатаму). Царини се воведени на увози со цел да се заштити

домашната индустрија. На пример текстилните фирми во САД

произведуваат огромна количина. Поради повисоки плати во САД,

чини многу повеќе да се произведат тука во САД, отколку во други

земји каде платите се пониски. За да можат произведени во САД се

натпреваруваат со оние произведени во друга земја, се воведува царина

на увоз. Царината варира зависно од видот на облеката, содржината на

влакното, дали матријалот е ткаен или плетен и дали производот е

декориран или не.(Декорациите се нефункционални). На пример

копчињата и дупките за копчињата се функционални, но везеното е

декоративно.

-Доделување на квотите-

Владата на САД исто така го регулира

прекуморското/прекуокеанското производство, преку средства наречени

квоти или граници на увозот. Пред и да помисли на прекуморско

(прекуокеанско) производство, производителот мора да биде сигурен

дека сите производи се покриени со квота. Многу често квотите се во

рацете на други производители или од Владите на дадената земја.

Владите може да се обидат да ја регулираат количината на капитал

инвестиран во нивната земја во замена за доделување на квотата.

Производителите постојано се обидуваат да најдат начин за доделување

14

Page 16: производство

на квотите. На класификациите многу влијае политиката. На пример

САД имаат претходно ставени неколку забрани за увоз од Индија, која

се смета за неразвиена земја. Како резултат на тоа, Индија повеќе

извезува во САД, увезува помалку, создавајќи трговски небаланс. Така,

класификацијата на Индија е сменета и нови квоти се воведени на

увезените производи од Индија. Главната предност на

прекуокеанското/прекуморското производство е тоа дека тоа ги чува

производните цени ниски. Дури и со царините и трошоците за

транспорт, вкупните производни трошоци се обично помали од облеката

произведена дома (домашно производство), во својата земја.

На пример, машки костум направен во САД чини двапати

повеќе од ист таков костум во Хонг Конг.

Разумно е дека сојузите на работниците се борат со

прекуморското/прекуокеанското производство затоа што тоа им ги

одзема работите (работните места) на американските работници.

Иднината на договорите со странство е несигурна. Како што земјите во

развој се индустриско развиваат слично со САД и како платите во тие

земји се зголемуваат , ваквата ефтина изворна работна сила може да

исчезне.

ПРОЦЕДУРИ НА ПРАВЕЊЕ МОДЕЛИ (ШАБЛОНИ) И КРОЕЊЕ

-Правење на моделот (шаблонот) за производство-

Има два начина (две методи) за правење на модели за

производство:

Човекот кој го прави моделот за производство може да избере да

ја усоврши мустрата за да одговара на упатствата на компанијата, или

тој или таа може да почне од почеток, правејќи целосно нов модел од

искорегираната мустра.

Човекот кој го прави моделот за производство се потпира на

истите методи кои се употребуваат во собата за мустра за да направи

нови модели: правење набори и скици од стандардните основни

15

Page 17: производство

блокови. Всушност, во многу големи компании ист човек го врши

правењето на модели и на мостри. Во производството посебно внимание

им се дава на упатствата за големината на компаниите, кои имаат

стандардизирани мерки (големини) вклучувајќи екстра соба за движење

за секој број. Исто така, рабовите на секое парче модел (шаблон) мора

целосно да одговара на парчето облека кое ќе биде сошиено од него, кое

е погодно извршителите да го следат. Многу е важно да се задржи

прецизност во производството.

Метричка конверзија: конверзијата на метричкиот систем има

најголемо внимание на мерењето, правењето модели (шаблони) и

израмнувањето, бидејќи сите три процеси вклучуваат линиски мерки.

Дизајнерите и луѓето што прават модели мора да размислуваат во

сантиметри и милиметри наместо во инчи, поврзувајќи ги димензиите

на телото со моделите (шаблоните) на облека во метрички термини.

Иако е потребен период на доуредување, полесно е да се работи со

поделба на сто, отколку со делови од по инчи.

Најкритичен дел во доуредувањето е мерењето. Друштвото на

трговци како и самостојни производители, мора да соработуваат со

дизајнерите за да развијат соодветни упатства за величината, за да се

совпаѓаат со потребите на потрошувачите. Кога ќе се формира

велиќината, најголемата тешкотија е да се научи на редот на тоа.

Најголем број луѓе се уште мислат дека метричката конверзија нема

никогаш да се случи.

Правење различни големини: шаблони, како и облека, мора да

има обезбедено во различни големини. Правење различни големини е

метод кој се употребува да го зголеми производството на шаблони од

различна големина за да има поголем ранг од нив. На пример бројот 10 е

зголемен на 12, а 14 и 16 се намалени на 8 и 6. Секоја комбинација има

свои правила и големини.

16