52
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО Дисперзирани студии: Struga Дипломска работа Среден век Ментор: Изработил: Проф. д-р Qup~o Naumovski Maja Petrovska 24/S 0

diplomska rabota.docx

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: diplomska rabota.docx

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛАПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Дисперзирани студии: Struga

Дипломска работа

Среден век

Ментор: Изработил:

Проф. д-р Qup~o Naumovski Maja Petrovska 24/S

Struga,октомври 2013

0

Page 2: diplomska rabota.docx

Содржина:

Вовед......................................................................................................................................2-3

Главен дел................................................................................................................................4

Франкска(Франачка држава)држава

Настанување на државата....................................................................................................4

Општествените класи и слоеви во Франачката држава.............................................4-5

Државно уредување............................................................................................................5-6

Црквата и државата...............................................................................................................6

Франкско право...................................................................................................................6-8

Византија

Настанување на државата....................................................................................................9

Историски развој и развој на феудалните односи......................................................9-14

Општествени

класи..............................................................................................................14

Државно уредување........................................................................................................14-15

Црквата и државата.......................................................................................................15-16

Правото во Византија.....................................................................................................16-

21

Арабиска држава

Настанување на државата.............................................................................................21-25

Општествено уредување................................................................................................25-26

Државно уредување.............................................................................................................26

Правото во Арабиската држава...................................................................................27-32

1

Page 3: diplomska rabota.docx

Заклучок.................................................................................................................................33

Користена литература.........................................................................................................34

Вовед

Средниот век се идентификува со феудалното општество и феудализмот.

Феудализмот е нова општествено-економска формула, која траела од V век од н.е до

XVIII век од н.е. т.е. до големата француска буржоаска револуција.

Терминот феудализам потекнува од латинскиот збор феудум (feudum) кој што знацел:

земја којашто се поседува врз основа на обврски од феудалците.

Феудализмот минал низ три фази:

прва етапа е рани феудализам,која се смета за период на настанување на

феудални држави и трае од крајот на V век од н.е до X век.

втората етапа е класичниот или зрелиот феудализам и трае од X век од н.е до

XV век.

третата етапа е доцен феудализам и трае од XV век до крајот на XVIII век.

Феудализмот како нов општествен поредок има низа карактеристики:

а) Во феудализмот основни класи се :феудалците и кметовите.Покрај нив постојат и

други општествени слоеви : слободни селани односно трговци,занаетчии и робови.

Феудалците односно благородништвото ја имало политичката власт и тие биле

носители на правото на сопственост над земјата, тие биле земјопоседници.

Кметовите биле зависни селани кои биле врзани за земјата и се наоѓале во лична

зависност спрема феудалецот.Односот на кметовите спрема феудалците не бил повеќе

однос на роб кој не е заинтересиран за производство, туку нов производен однос на

феудалец и кмет кој е заинтересиран што повеќе да произведи зошто од произведените

добра мора да го издржува феудалецот и неговото семејство,а со преостанатиот дел

можел слободно да располага.Економските обврски односно давачките на кметовите

спрема феудалците можат да се сведат на три основни облика: работна рента,натурална

рента и парична рента.За работната рента карактеристично е тоа што кметот

одработува определен број денови во неделата за феудалецот.

Кај натуралната рента кметот му дава на феудалецот еден дел од готовите производи.

2

Page 4: diplomska rabota.docx

Натуралната рента често се зголемувала а со тоа и положбата на кметовите се

влошувала.Кај оваа рента кметот бил повеќе заинтересиран да произведи поголемо

количество добра за да му остане поголем дел, по извршените обврски спрема 1феудалецот.

Кога имало парична рента кметовите морале еден дел од производите да изнесат на

пазар,а добиените пари им ги давале на феудалците.

б) Населението било поделено на општествени групи наречени сталежи:

- привилегирани, во кои кои влегувало црковното и световното благородништво

- потчинети, во кои влегувало граѓанството и кметовите.

в) Исто така во средниот век карактеристично било соединувањето на највисоката

власт со сопственоста. Феудалецот располагал со правата кои ја сочинуваат

највисоката власт.

г) Феудалните сопственици покрај тоа што зависеле од владетелот тие зависеле и едни

од други. Владетелот се сметал за сопственик на целата територија,а секој феудалец

земјата ја добивал од друг и се склучувал феудален договор.Овај договор претставувал

права и обврски помеѓу сизеренот или сениор и вазалот. Сениор е лицето кое го дава

поседот а вазал било лицето кое го прима поседот. Највисок сениор бил владетелот.

д) Сопственичко правните овластувања биле поделени помеѓу повеќе лица.Феудот бил

предмет на три сопственичко-правни овластувања владетел,феудалец и кмет.Феуд или

феудално добро било земјиштен посед.

ѓ) Во феудалните држави религијата имала посебно значење. Државите во Европа го

прифатиле христијанството како државна религија и оформиле црковна организација.

1 Види,Билјана Поповска“Историја на право”Штип 2007 стр.21

3

Page 5: diplomska rabota.docx

Главен дел

Раниот феудализам траел од крајот на V век до X век од н.е. Настанувањето на првите

ранофеудални држави е поврзано со големата преелба на народите и овие настанати

држави во овај период се нарекуваат варварски држави.Две главни групи на

варварските племиња се :германските, кои создавале свои држави на западот од Европа

и Словените кои создавале свои држави на истокот од Европа.

Франкска(Франачка)држava

Настанување на државата

Франачката држава била германско кралство формирано на територијата на западното

Римско царство по неговото пропаѓање.Франките се германски народ кои се населиле

на територијата на Римската империја. Франките најпрво ја населиле територијата на

Галија.За време на освојувањето на Римската држава франките се наоѓале во воена

демократија, односно во сојуз на племињата. За време на создавањето на Франачката

држава голема улога одиграло и христијанството кое франките го примиле од

римјаните.Франачката држава траела околу 400 години т.е. од крајот на V век до

крајот на IX век. За ова време од 400 години во Франачката држава се оцртуваат два

периоди и тоа :

- првиот период претставува период на изградба на феудални општествени

односи, а

- вториот период претставува веќе развиена и изградена феудална држава

Првиот период се нарекувал меровишки период, а вториот период се нарекувал

каролинишки период.

Општествените класи и слоеви во франачката држава

Во првиот период односно во меровишкиот период основни производители се

слободните селани кои обработуваат помали површини земјиште.

4

Page 6: diplomska rabota.docx

Покрај слободноото население постоеле и робови и нивната положба била многу

тешка.Тие уживале минимална правна заштита.

2Во вториот период односно каролиншкиот период општествената структура се

менува, феудалното општество се осамостојува на феудални поседи.

Државно уредување

а)централни органи на власта.Во меровиншкиот период постоеле многу родовско

племенски институции.Народното собраниее заземало значајно место во систенот на

врховните организации на власта. Постоела јака централна власт на владетелот. Целата

држава се сметала за сопственост на владетелот. Помошен орган на владетелот е

дворскиот совет. Најзначаен владетел во оваа династија бил Карло Велики, за време на

неговото владеење Франачката држава територијално се проширила и тој во 800

година се крунисал за цар на Франачката држава и Римската империја. По неговата

смрт централната власт на кралот е послаба а советот на феудалното благородништво

станува позначаен орган на власта и со тоа владетелот зависел од ова тело.

б)локалната управа.Територијата за време на Карло Велики била разделена на

војводста,а на нивно чело седел војвода кој бил должен во случај на војна да даде

неколку илјади војници. Помала единица од војводствата биле грофовите. Тие биле

административно територијални единици на чело со грофови кои што ги именувал и

отповикувал кралот. Грофовите ги имале административната,судската и воената

надлежност. За својата работа тие не примале плата туку владетелот им доделувал

земјиштен имот.Помали локални единици биле центените коишто биле судски

единици.Најмала локална единица била марката и во неа живееле луѓе родбински

поврзани,а старешината на оваа единица бил изборен орган.Посебни локални единици

биле марк грофовите.

2 Види,С.Д.Скаскин и др. “Историја на средниот век,Скопје 1970,I,стр.114

5

Page 7: diplomska rabota.docx

Црквата и државата

Црквата на запад, преплавена од многубожечките варварски племиња настојувала да

опстои и тоа довело до меѓусебен сојуз меѓу црквата и државата.Таа се јавила и како

крупен феудалец.За економското и социјалното влијание на црквата придонесле

манастирите.Додека пак во заштитата на постоечкиот феудален поредок и авторитетот

на црквата постоел цел систем на разработени казни коишто и стоеле на располагање

на црквата.Во 756 година Карло Велики ја озакони црковната десетина како

задолжителна давачка за целото население.

Франksko право

Frankskoto право претставува мешавина на неколку правни системи што одговара на

сите оние што дошле до израз при настанување на државата. Тие се:

а)Римското право- збирки на римското право се нарекувале римски закони на

варварите (reges romana barlba rorum) а најзначајни се: Римскиот закон на

визиготите (lex romana wisigothorum) и римскиот закон на Бургундите (lex

romana Burgundionum) тие се применувале и во Франкската држава.

б)Германското обичајно право- германските племиња што влегле во составот на

Франачката држава ги донеле со себе родовско-племенските обичаи.

Во племенското право што го донеле германските племиња важи персоналниот

принцип каде што крвното сродство е решавачки фактор на поврзувањето.

Пр: ако некој се роди како франк тој тоа и останува и за него е меродавно

франачко-селеското племенско право без оглед на која територија живеел.

Примената на овај персонален прнцип им создавала големи тешкотии на

судиите бидејќи требало да ги познаваат сите права.Пр: ако припадник на

племето Бургунда сторил некое кривично дело тогаш него ќе му биде судено

според правото на Бургундите. Поради тешкотиите на судовите бидејќи морале

да судат а воедно да ги познаваат сите права доаѓало до запишување на

племенските обичајни права кои биле запишани на латински јазик. Ваквите

збирки се нарекуваат варварки закони или leges barbarorum. Секој варварски

закон го носел името на племето на кое му припаѓал. Најзначаен бил lex salica

или Салијски закон. Тој настанал на крајот од V век, за време на владеењето на

6

Page 8: diplomska rabota.docx

Карло Велики бил изменат и составен од 70 членови. Тој најголем број одредби

содржел од кривичното право.

Одредбите од областа на приватното право ја содржат колективната

одговорност на семејството, жената имала подредена положба и таа воопшто не

можела да наследи недвижен имот, ако оставителот немал синови.ќерките ги

наследувале само подвижните ствари.Други закони:Салискиот закон,

Визиготскиот закон, Ритуарскиот закон и други.

в)Франачките владетели донесувале нови прописи кои се нарекувале

капитулари, едикти, прескрипта и повеќе не го носеле називот lex.Како извор на

правото lex имал доминантно и посилно значење од актите на владетелот.

Во облигационото право за полноважност на договорите не била потребна само

согласност на договорните страни туку кај некои договори морало да се изрече

свечена формула како услов на полноважноста на договорот, кај други се

барало предавање на стварта и слично.Инаку облигационото право во почетокот

било слабо развиено.Стопанството било главно натурално.

Во семејното право таткото имал старателство над жената, неполнолетните

синови,ќерки и слугите.Старателството над машките деца траело до нивното

полнолетство кое според Салијскиот закон било од 12 години додека пак над

жената и женските деца целиот живот односно додека женските деца не склучат

брак.

За брачното право е значајно тоа што невестата се купувала. Таткото односно

старателот склучувал договор со младоженецот за бракот на својата ќерка, а

младоженецот го предавал подарокот којшто порано бил износот за купување

на невеста.

Во наследното право доминирал системот на законското наследување според

кое наследувале децата доколку пак наследникот немал деца тогаш наследувала

мајката на умрениот потоа ако нејзе ја немало наследувале браќата и сестрите

на умрениот,а ако и нив ги немало тогаш наследувале најблиските потомци на

споменатите лози.

Во кривичното право долго се задржале остатоци на крвната одмазда.

Кривичните деликти според Салискиот законик се делат на: деликти против

државата судството,личноста половиот морал,семејството,имотот.Најчести биле

паричните казни и казните во натурата а исто така се среќаваат и други,како на

пример: смртна казна,сакатење на телото и слично.

7

Page 9: diplomska rabota.docx

3Во процесното право постапката се подигала на барање на оштетеното лице.

Кај кривичните дела,доколку бил фатен сторителот на дело и тоа го потврделе

сведоци и оштетениот тогаш веднаш се донесувала пресуда. Исто така веднаш

се донесувала пресуда и кога осоничениот ќе го признаел стореното дело.

Во стварното право за заштита и зза наследување на сопственоста единствено

Салискиот закон содржел одредби за тоа.

4Византија

Настанување на државата

3 Види,Алберт Вајс,Љубица Кандиќ “Општа историја на државата и правото”,Београд,19714 Види,Георги Острогорски “Историја на Византија”,Скопје 1992

8

Page 10: diplomska rabota.docx

Терминот Византија се употребува за оној дел од Римското царство за којшто се до

пропаста на Западното Римско царство, 476 година, се употребува називот Источно

Римско царство.Центарот на Византија бил Константинопол градот на императорот

Константин,денешен Истамбул.Во историјата не постои единствено гледиште за тоа

како започнал Византискиот период.

Називот Византија потекнува од подоцнежно време и тоа од 1557 година, па самите

Византијци не го познавале и тие се нарекувале Римјани, нивните владетели се сметале

за римски цареви, наследници на старите Римски мператори. За определувањето на

основите на Византија зборува познатиот византолог Георги Острогорски во своето

дело:”Историја на Византија”.Тој зборува за синтеза на три елементи и тоа:Римската

државна идеја,грчката култура и христијанството. Според него,римското државно

уредување,грчката култура и христијанството се главни извори за византискиот

развиток.Без било кој елемент од овие три,Византија не би можела да се замисли.

Победата на христијанството и конечното преместување на државното седиште на

елинизираниот исток го означуваат почетокот на византиската ера.

Историски развој и развој на феудалните односи

Феудализмот во Византија до V век се развивал под специфични услови и имал низа

особености во однос на ранофеудалната држава на западна,средна и источна Европа.

Византија не настанала на ист начин како ранофеудалните држави во Европа кај кои

дошло до пропаст на робовладетелската држава поради надворешните напади,туку

уочува државноправниот континуитет на источниот дел на некогашната Римска

империја пред илјада години,па во таа рамка постепено од робовладетелскиот

општествен систем се минувало во феудализам.Едни автори историјата на Византија ја

разгледуваат низ три фази и тоа:

Прва фаза-период кој што трае од крајот на IV век до почетокот на VII век

Втора фаза-период од VIII век до почетокот на XIII век

5Трета фаза-период од 1204 до 1453 година.

Според други автори историскиот период на Византија се дели на два периоди:

5 Види,Иво Пухан и др.”Римско правo”,Скопје 2008,стр.66

9

Page 11: diplomska rabota.docx

Прв период-во V и VI век источната граница на империјата постојано била загрозувана

од страна на Персија,а во внатершно-политичката сцена се одвивал судирот меѓу

црквата и државата околу приматот на световната власт.Судирот завршил со тоа што

црквта му останува потчинета на царот.

Во времето на Јустинијан дошло не само до стабилизирање туку и до преодот на

рановизантиската држава во којашто се уште доминирале робовладетелските

општествени односи.Во надворешната политика, тој се обидел да ги поврати

териториите на некогашното Западно Римско царство и затоа на запад војувал со

Вандалиите во северна Африка,со Остроготите во Италија и со Визиготите на

Пиринејскиот Полуостров, приклучувајќи ги кон Византија териториите на Италија,

северна Африка,југо-источниот дел на Шпанија,Сицилија.Сардинија,Корзика и

Балеарските Острови,со што го остварил сонот за обнова на Римската Империја. Во

втората половина на VI век користејќи ја внатрешната слабост на државата, Словените

почнале трајно да се населуваат.Една од најзначајните зафати на Јустинијан била

кодификацијата на римското право-corpus juris civilis,на којашто во периодот од 528

годиа до 534 година работела комисија од најпознати правници.

Кодификацијата е составена од четири дела,и тоа:

,,Кодексот на Јустинијан,, којшто е збирка од 12 книги на најзначајните закони

на римските императори.

,,Пандектите,, збирка од 50 книги на мислење на најпознатите римски правници.

,,Институциите,, упатство во римското граѓанско право

,,Новелите,, (нови закони) збирка од законите коишто ги донел Јустинијан во

периодот од 534 до 565 година.

По смртта на Јустинијан, Византија навлегла во период на економска и социјално-

политичка криза.Во надворешната политика,Византија била загрозена од Персија на

запад,Лангобардите навлегле во Италија и таа го загубила најголемиот дел од

АпенинскиотПолуостров.

За време на владеењето на Маврикие дошло до стабилизирање на состојбите во

Византија.За време на владеењето на Императорот Ираклис односно кон крајот на . VI

и почетокот на VII век,словените трајно се населиле на Балканскиот

Полуостров,стигнувајќи во 626 година, заедно со Аварите пред ѕидините на

Константинопол.

10

Page 12: diplomska rabota.docx

Во втората половина на VII век на северо источните граници на империјата племето

Бугари ја формирало Бугарската држава и тоа била првата држава на Балканот, којшто

ја признала Византија во 682 година.

Втор период:

прва фаза- Во историскиот развој на Византија се издвојува иконокласична криза

којшто траела од 711 до 843 година.Тоа всушност било конфликт помеѓу приврзаници

(иконодули) и противниците (иконакласи) на обожувањето на иконите.На чело на

иконоборците од Исавриската династија.Опаѓањето на градското стопанство, како

последица на губењето на низа значајни трговски и занаетчиски градски центри е

карактеристично за овај период.Како основна општествена и стопанска единица во

селото останува селската општина. Развојот на Феудалните односи во Византија

произвел две антифеудални движења и тоа:Востаништво на Тома Словенот и

движењето на павликијаните.Движењето на павликијаните се појавило во Ерменија и

се ширело низ Мала Азија.Движењето добило карактер на еретичко движење против

владеачката христијанска црква.

Павликијаните се бореле за уништување на црковната хиерархија и против почитување

на иконите.Во 843 година,византиската императорка Теодора го вовела

иконопоклонството и се свртила кон сојуз со владејачката црква. Павликијанството

опстојувало во Мала Азија,а во X век се проширило и на Балканот.

Востанието на Тома Словенот било антифеудално движење кое се развивало во 820

година, во Мала Азија.Ова движење имало социјално-револуционерен карактер.

Тома се прогласил за заштитник на сиромаштијата на која и ветил ослободување од

сите нејзини неволји.Тоа било задушено од власта во октомври 823 година со воена

помош од бугарскиот цар,како востаниците успеале цела година да го држат

Константинопол под опсада.

Втората фаза-траела од 843 до 1025 година и се нарекува периодот на цутење на

Византиската држава.Основоположникот на Македнонската династија Василиј I успеал

да ги спречи нападите но по неговата смрт,Византија повторно се соочила со

опасностите предизвикани од арабјанските напади и нападите на Бугарската држава.

Од средината на X век надворешната положба на Византија се подобрила Византија

успеала да ги врати источните територии изгубени во војните со арабјаните,и да го

сруши Бугарското царство.Императорот Василиј II (976-1025) во 1018 година успеал да

11

Page 13: diplomska rabota.docx

го уништи Самоиловото Царство и да ја воспостави Византиската власт на целата

територија на Балканскиот Полуостров.По смртта на Императорот Василиј II

византиските граници биле повторно загрозени и тоа на Север од Печенезите а на

Исток од Турците.Во општествените односи продолжил процесот на феудализација во

селските општини кајшто се манифестирал со осиромашувње на селските општии од

којшто дел бегале во градовите а дел потпаѓале под зависност на крупните

земјопоседници коишто им ја одземале нивната земја.Наспроти овај процес,

императорите од Македонската Династија донесувале низа законски акти со кои

настојувале да ја заштитат слободната селска општина од пропаѓање.

Третата фаза- се нарекува фаза на владеење на цивилното благородништво и таа се

карактеризирала со антифеудалните движења и со сурова борба за власт од цивилното

благородништво од една страна и военото благородништво од Мала Азија од друга

страна. Оваа фаза траела од 1025 до 1081 година, односно од смртта на Василие II до

доаѓањето на Алексеј I Колжен.Немилосрдниот фискализан на владата предизвикал

големо востание на Балканскиот Полуостров од страна на Словените.Востанието

избувнало во 1040 година во Македонија под византиска власт,а Петар Делуен е

прогласен за цар во Белград.Тоа во 1041 година било задушено,меѓутоа византиската

власт со тоа востание била ослабена.Оваа фаза завршила во 1081 година кога во

борбата за власт победило военото благородништво.

Четврта фаза- се нарекувала фазата на владеење на военото благородништво кога се

случило опаѓање на империјата заради поразите на исток од Турците и војната со

Печензите на север,кои навлегувале на нејзината територија.Во 1096 година

крстосниците дошле пред ѕидовите на Константинопол затоа што Турците го освоиле

Ерусалим,во 1077 година. Во IV крстоносна војна крстоносците се свртиле против

Византија и во 1204 година го зазеле Константинопол.Крајот на XI и почетокот на XII

век било време на развиени феудални односи.

Трет период- овај период го опфаќа времето на прекинот на државниот континуитет и

повторното обновување (1204-1282) и времето на опаѓањето на конечната пропаст на

Византија (1282-1453).

Во првата фаза Византија веќе не постоела како единствена држава туку на нејзината

територија која обединувала повеќе феудални кнежества на западноевропските

феудалци биле: Солунското Кралство, Ахајското Кнежество и Атенотебантското

12

Page 14: diplomska rabota.docx

Херцеговство.На Византиската територија се формирале повеќе независни држави,и

тоа:Никејската Империја,Трапезунската Империја и Емпирскиот Деспотат,а големите

трговски центри паднале под власта на Венеција. По смртта на основачот на

Никејската Империја Теодор I Ласкарис,Никејскиот престол го презел неговиот зет

Јован Дука Вапац. Јован Вапац без сомнение бил најголемиот државник на никејската

епоха и еден од најистакнатите владетели во Византиската империја.И во

надворешната и во внатрешната политика Вапац постигнал значајни успеси и од

малото провинциско царство направил моќна сила.Тој успеал да ги истисне

западноевропските ризици од Мала Азија,да ја потчини Тракија и да го претвори

Емпирското Деспотство во вазална држава.Додека пак во 1261 година,Михаило II

Паелологот успеал да ја сруши Латинската Империја и да ја обнови Византија,и тоа во

многу помали граници.Таа ги опфаќала северозападниот дел на Мала Азија дел од

Македонија Тракија и Солун, островите во Архипелагот и уториштата на Пелопонез.

Втората фаза односно последната се однесува на опаѓање на Византиското царство.

Византија од крајот на XIII век се судрила со Турција.Турците-османлии многу брзо ја

истиснале Византија од нејзините владеења во Мала Азија,потоа навлегле во Византија

и на крај го зазеле и Константинопол.Во 1453 година пропаднала Византиската

Империја,но нејзините традиции останале живи и дејствувале и натаму и на старата

византиска почва и надвор од границите на поранешното Византиско царство, влијајќи

на културниот и политичкиот живот на европските народи.Христијанската вера во

својот особен,византиски вид со векови им останала на грците и на Јужните Словени

најголема свеетост и во периодот на турската власт била израз на нивната културна и

национална самосвест.Што се однесува на општествените односи, од XIII век и првата

половина на XV век во Византија сеуште доминирале феудалните односи.Слободните

селани биле претворени во феудално зависни и тие не смееле да го напуштат

феудалниот посед во рамките на кој им била доделена на користење земјишна парцела.

Ова носело забрана за феудалецот да прима на својот имот избегани зависни

селани,кои морале да се вратат таму кај нивниот феудалец.

Општествени класи

Феудалното благородништво во Византија (црковното и световното) од X век немало

политичка власт на феудалните поседи.Феудалците добивале феудален посед директно

од владетелот и немале право да го доделуваат на пониските феудалци.Сите феудалци

13

Page 15: diplomska rabota.docx

се сметале за вазали на владетелот. До X век во Византија имало голем број слободно

население како што биле слободни селани,занаетчии,трговци и слично. Обврските што

ги имало слободното население спрема државата биле:плаќање на данок и воени

обвски.Но,поради честите војни и внатрешните кризи на државата,данокот почнал да

се зголемува и селаните почнале да стануваат зависни селани или го напуштале

поседот и оделе во градовите.

Во Византиската империја постоеле два вида на зависни селани и тоа: запишани

колонии и слободни колонии.Запишаните колонии ја имале истата улога како

кметовите.Тие биле врзани за земјата и не можеле да ја напуштат.Слободните колонии

добивале земја од државата или од велепоседниците,а притоа ја задржувале личната

слобода на движење.Нивната положба во почетокот била слична на положбата на

римските робов, но подоцна тоа се сменило и таа се поправила.

Државнo уредување

Византија по обликот на владеење била автократска монархија со неограничена, силна

власт на владетелот и со строго централизиран извршен апарат.Владетелот покрај тоа

што ја имал законодавната,судската и извршната власт тој исто така бил бранител на

црквата и на вистинската вера и врховен заповедник на војската.

Покрај владетелот постоеле уште две тела: сенатор(синклитот) и државниот совет

(Конзисторијата). Во двете тела влегувале државни функционери,сенатот и

разгледувал политички прашања,а државниот совет ги разгледувал поважните

прашања од законодавството,судството и управата. Двете тела биле светодавни органи

на владетелот. Сенатот бил основан во времето на Константин Велики и тој бил тело

составено од сите постојани и поранешни најзначајни државни функционери и

достоинственици и нивните потомци. Сенаторите главно биле богати

земјопоседници.Нивниот број во средината на IV век изнесувал 2000 членови.Улогата

на сенатот била советодавна,а одлуките ги донесувал владетелот.Сенаторите

учествувале во законодавството со совети и предлози на кој владетелот доколку го

сметал тоа за добро им давале законска сила.Доколку била извршена наредбата од

царот, сенатот можел да се појави и како врховен суд. Со самото растење на

авторитетот на владетелот опаѓала улогата на сенатот. Државниот совет бил составен

од највисоките државни функционери и имал светодавна улога.Тој имал надлежност да

14

Page 16: diplomska rabota.docx

ги разгледува прашањата од областа на законодавството и управата како и

разгледување на најзначајните судски спорови. На состаноците на државниот совет

можеле да учествуваат и сенаторите.Во подоцнежниот период,советот не бил постојан

орган туку владетелот го свикувале само по потреба и тоа заради решавање на поважни

државни и црковни работи.

Локалната управа во Византија до VII век била истата како во доцната Римска држава.

Територијата на Византиското царство била поделена на две префектури кои биле

најголеми локални единици на чело со префактите кои ја имале судската и

административната власт.Префектурите биле поделени на:Источна,во која што

влегувале Мала Азија,Тракија и Египет и Илирската којшто го опфаќала Балканскиот

Покуостров.Помалите единици биле диоцезите кои имало 8 диоцези,на чело со викари,

и најмали единици биле провинциите кои ги имало 60 провинции,на чело со ректори.

На чело на поголемите административни територијални единици стоеле високи

чиновници кои ги назначувал владетелот.Воената управа била одделена од цивилната

управа.Од VI век, во времето на Јустинијановото владеење,како нов облик на

административно-територијалната управа се создале егзархатите во коишто локалните

функционери-егзарсите ја обединувале воената и цивилната власт биле создадени два

егзархата:Равенскиот во Италија и Картагинскиот во Северна Африка.

Од VII век се вовела нова локална права.Државата била поделена на поголеми и

помали територијални единици-теми т.е. се вовел тематскиот систем. Темите биле

воено административни единици на чие чело се наоѓал заповедник на војската т.е.

стратег кој во исто време бил и шеф на управата на својата територија. Надворешно

политичките опасности довеле до спојување на воената и цивилната управа.

Црквата и државата

Владетелот покрај тоа што ја имал законодавната,судската и извршната власт тој исто

така бил бранител и на црквата.Тој бил сметан дека е господов избраник и не е само

господар туку и жив симбол на царството што му го доделил господ издигнат над

се,односно човек кој има директна врска со божеството и станува предмет на верско-

политички култ.За овие моменти честопати историографијата употребува терминот

15

Page 17: diplomska rabota.docx

цезаропатизам. Владетелот бил највисок поглавар на црквата и тој бил сметан за

Христов политички претставник на Земјата. За односот помеѓу црквата и државата

Јустинијан во својата VI новела,од март 535, упатена на цариградскиот патријарх

Епифан, го вели следното:,,Најголемите подароци кои божјата благост им ги подарила

на луѓето се црковната и световната власт од кои претходната служи за божја работа а

другата ги штити и пази човековите работи.,,

Црквата и државата имале меѓусебна зависност и соработка.Црквата имала голема

потпора од државата но исто така таа била и зависна од императорската власт.Но сепак

постоеле две власти и тоа царот за државата и патријархот за црквата.На исток покрај

патријархот постоеле и други патријарштва и тоа во Ерусалим,Александрија и

Антиохија Од V век,повредата на некоја од црковните догми,државата ја сметала како

злотор против царството. Во историјата на Византија постоеле и меѓусебни

спорови,односно иконоборството кое се појавило во VIII век и коешто под влијание на

секти било против почитувањето на иконите. Населението било поделено на оние кои

што ги почитувале иконите т.н. иконофили и оние кои што не ги почитувале иконите

односно биле против сликите на Христос и на светците т.н. иконокласти.До

избувнување на иконоборството дошло во 726 година кога императорот Лав III (717-

741) застанал против култот на иконите.Врз Лав III влијаел силниот земјотрес што тој

го сфатил како знак на божјиот гнев,предизвикан со почитување на иконите. Тој

најнапред држел проповеди со кои се обидувал да го убеди својот народ дека

почитувањето на иконите е спротивно на христијанската вера.На 17 јануари 730

година, Лав III повикал собрание на повисоки духовни и световни достоинственици, со

цел да се подготви едикт против иконите.Со објавувањето на царскиот едикт

иконокласичната наука добила сила и започнало уништување на иконите и гонење на

нивните почитувачи. Одговорот на црквата против иконоборското движење бил

решителен на седмиот васеленски собор,одржан во Никеја помеѓу 24 септември и 13

октомври 787 година. Под претседателство на патријархот Тарасиј,во присуство на

околу 350 епископи и голем број на калуѓери се одржале околу седум седници на кои

иконоборството се осудило како ерес. Патријархот наредил уништување на сите

иконокласични списи и воспоставил култ на иконите.По овој судир,патријархот станал

по царот најмоќната личност во Империјата,а црквата уште повеќе ги засилила своите

позиции.

16

Page 18: diplomska rabota.docx

Во 867 година и 1054 година дошло до две големи поделби на црквата и тоа на:

источна (православна) и западна (римокатоличка).

Правото во Византија

За време на владеење на Јустинијан I (527-563) извршена е Кодификација на римското

право позната како ,,corpus yurris civilis,, која и дала на централната држава цврста и

правна основа.Оттогаш па до пропаста на Византиската држава постепено се

дополнува и менува римското право со нови закони што ги издавале византиските

владетели.

За време на владеењето на царевите Иконоборци биле донесени неколку збирки на

закони меѓу кои најважни сеЧЕклогата и Земјоделскиот закон. Еклогата била донесена

од Лав III Исавријски во 726 година и таа претставувала избор од најважните одредби

на приватното и кривичното право и посебно внимание му посветува на семејното и

наследното право. Нејзиното објавување имало за цел да се изврши модернизирање и

скратување на Јустинијановото законодавство за на судовите да им се олеснува

работата. Таа делумно се потпира на Јустинијановата кодификација а делумно на

обичајното право. Во областа на кривичното право,еклогата дава цел систем телесни

казни кои не постоеле во Јустинијановото право:сечење на нос,рака и јазик,

ослепување,запалување на косата,брадата,стрижење и слично.Извадок од Еклогата за

кривични дела:,, Онај кој дознал за прељуба на сопствената жена и се сложил, откако

ќе биде претепан, ќе биде затворен,а на прељубникот и на прељубницата ќе им се

отсече носот.,, Во еклогата правата на жената и на децата се прошируваат,а се

намалува власта на таткото во семејството. За склучување на брак се признавал само

христијанскиот брак заради големо влијание на црквата.До развед можело да се дојде

само доколку постоеле следните четири причини:прељуба на жената,импотенција на

мажот,обидот за убиство на брачниот другар и летрата. Во Еклогата не постоела

смртна казна, тоа била заменета со телесно сакатење на сторителот што веќе го

кажавме во погоренаведениот текст. Лавовата Еклога во подоцнежно време почнало да

ја бие лош глас во Византија,но и покрај тоа таа имала големо влијание брз

подоцнежното законодавство и тоа не само во Византија туку и во словенските земји.

Земјоделскиот закон (Nomos Georgikos) настанал во времето на владеење на Јустинијан

II кон крајот на VII или почетокот на VIII век.Овој закон содржи одредби кои ги

регулираат односите на селото односно тој не запознава со секојдневниот живот на

17

Page 19: diplomska rabota.docx

византискиот селанец во раниот среден век. Овој закон е сметан исто така и за

словенски закони,затоа што неговите прописи го одразуваат обичајното право на

словенските племиња настанати на територијата на Византија. Причинувањето полски

штети,кражбата на добиток и слично се дел од одредбите на законот.

Во исто време кога бил донесен земјоделскиот закон ( Nomos Georgikos), во Византија

биле донесени: Воениот закон ( Nomos Stratiotikos) и Поморскиот закон ( Nomos radion

navtilos).Воениот закон содржел одредби за кривични дела и дисциплински престапи

на војниците,а Поморскиот закон содржел одредби за одговорност на сопственикот на

брод,за плаќање на екипажот и слично. Владеењето на Македонската Династија

започнало со доаѓање на Василиј I во 867 годинаКако законодавец свесно се стремел

кон обновување на римското право и имал на мера да издаде збирка закони,ревизија на

Јустинијановиот законик,дополнета со одредби од подоцнежното законодавство.Ова

дело Василиј I го нарекол “чистење на старите закони”,останало недовршено и не било

издадено во негово време,меѓутоа послужило како основа за издавање на Василиките

или на Царските закони за време на неговиот син Лав VI.

Зачувани се две збирки на закони на Василиј I и тоа: Прохиронот и Епанагогата.

Прохиронот бил издаден во периодот меѓу 870 и 879 година и е објавен во име на

царевите Лав,Василиј и Константин.Тој претставувал прирачник за практична

употреба.40 титули кои ги содржел Прохиронот било од областа на јавното и

приватното право.Неговата намена била иста како на Еклогата на Лав III,односно, тој е

прирачник за судската практика и за државната администрација.Прохиронот има

голема популарност во Византија и останал во сила се до пропаѓање на Цариград. Исто

така голема популарност стекнал и кај јужните и источните словени при што многу

рано е преведен на словенски јазик.Вториот Василиев законик односно Епанагогата е

донесена по 879 години.Не е докажано дали Епанагогата е објавена како официјален

законик или претставува само неофицијален нацрт. Некои автори сметаат дека таа е

дополнето и изменето издание на Прохиронот.Најважна новина на Еклогата

претставува и должностите на царот и патријархот како и на другите световни и

црковни достоинственици.Царот бил општо добро на сите граѓани определен како

законита власт.Зачувувањето на побожноста и чистотата на животите на оние коишто

Господ му ги доверил претпоставувале должности на патријархот. Во крајот на IX век

(887година) Лав VI ги објавил Василиките или Царските закони и тие ја претставуваат

обновата на Јустинијановото право која ја започнал Василиј I но не успеал да ја заврши

Василиките закони поделени во 60 книги и 6 тонови претставуваат најголема збирка од

18

Page 20: diplomska rabota.docx

закони на Византиското царство во Средниот век. Тие се изработени од комисија на

правници и се објавени во првите години на владата на Лав VI. Василиките главно се

потпираат на Јустинијановиот кодекс и Дигестите во помала мера и на Јустинијановите

Институции и Новели како и на Новелите на Јустинијан II и на Тибериј II и дел од

материјата имаат од Прохиронот.Тие биле пишани на грчки јазик.Василиките

претставуваат извор на правото Лав издал збирка од 113 наредби,која по аналогија со

Јустинијановите Новели се нарекуваат Збирка на Новели на Лав VI.Најнапред оваа

збирка имала друго име,таа се нарекувала ,, Исправување и чистење на старите закони,,

Во овие новели на Лав VI се отповикуваат прават на градските курии и сенати и целата

државна установа се наоѓа во рацете на царот. Во XIV век биле донесени две збирки на

правото и тоа: Синтагмата на солунскиот јеромонах Матија Властар од 1335 година и

шестокнижието на солунскиот судија Константин Арменопулос од 1345 година.

Синтагмата ги содржела сите правни норми и правни правила на световното право за

срковните прашања,а шестокнижието содржело одредби од граѓанското и од

кривичното право и имал за цел да го дополни Прохиронот.

Стварното право во Византија–се до XII век доминирала приватната

сопственост и се разликувале три типа на приватна сопственост: приватна

сопственост на слободните селани над ситните и над средните земјишни

имоти,приватна сопственост на магнатите над крупните земјишни имоти и

приватна сопственост на градското население над надворешните и над

подвижните добра.Во понатамошно време единствената приватна сопственост

постепено се трансформирала во поделена феудална сопственост.

за облигационото право во голема мера важело Јустинијановото право.

брачното и семејното право-сите прашања поврзани со оваа област ги

регулирало црковното право.Пред да се случи брак,претходела веридбата

којашто од XI век станела услов за склучување на полноважен брак.Истите

услови се барале и за склучување на полноважна веридба како и за

склушчување на полноважен брак,со исклучок на возраста на брачните другари.

За бракот да биде полноважен,склучен со црковен обред,се барало:да не постои

крвно сродство или сродство по сватовство во определен степен,мажот да има

наполнето 14 години,а жената 12 години,непостоење на половижна брачна

врска на младите,согласност на младите,на нивните родители/старатели.

За развод на бракот морало да биде исполнет некој од следните услови:обид за

19

Page 21: diplomska rabota.docx

убиство на брачниот другар,спорување на државата,прељуба,лекомислено

однесување на жената и абортус.Доколку дојдело до развод поради некоја од

овие причини жената го губела правото на името и на потпората од мажот.Со

текот на времето,ситуацијата на жената се подобрила така што барање за развој

можела да подигне и самата жена и тоа: ако имал мажот врска со друга жена

или ако мажот ја повредил нејзината чест настојувајќи да ја подведе на друг

маж и ако ја обвинил за неосновано на прељуба.Имотните односи на брачните

другари биле регулирани на ист начин како и во Јустинијановото право.

наследно право-постоело наследување по пат на тестамент (тестаментално

наследување) и законско наследување. За полноважност на тестамент составен

во писмена форма било потребно:оставителот да е способен да ја изрази својата

слободна волја и да е при чиста свест кога го потпишува тестаментот.Кога се

составувал тестаментот се барало присуство на сведоци кои се потпишувале и

удирале печат на завештанието.Тестаментот бил неполно важен доколку бил

составен од лице коешто немало наполнето четиринаесет години,кое имало

извршено кривично дело,слободоумно,глувонемо,пијаница,лице под

старателство поради несовесно однесување со имотот.Откако ќе ги издвоел

миразот за жената и подароците и ќе го издвоел определениот дел за децата и

родителите,со имотот по пат на тестамент оставителот можел слободно да

располага.Неполноважност на тестаментот повлекувало кога оставителот без

оправдана причина ќе ги исклучел децата и родителите од наследување.За

наследувањето по законски пат пред се наследувале децата односно синовите и

ќерките.Доколку оставителот немал деца,наследувале предците,а доколку и нив

ги немал тогаш наследувале роднините по странична линија.Дури откако ќе се

утврдело дека нема наследници од посочените наследни редови,една половина

наследувала жената,а другата половина државата.Доколку не постоеле никакви

наследници тогаш целиот негов имот му припаѓал на државата.

6кривично право-во кривичното право постоела правична нееднаквост бидејќи

казните биле различни за едно исто кривично дело во зависност од сталешката

припадност на сторителот.Сторителот не се сметал за одговорен за извршено

кривично дело доколку бил малолетник до 7 години,душевно болен или

извршил кривично дело во афект.Исто така не се казнувало ни убиство на свој

роб,доколку се случило убиство на крадец ноќе или доколку прељубникот бил 6 Види,Билјана Поповска”Историја на правото”,Штип 2007,стр.79

20

Page 22: diplomska rabota.docx

убиен фатен на дело.Обидот за извршување на кривично дело,намерата за

извршувње на политички и религиозни кривични дела,соучеството и

спорувањето на кривичното дело биле казнени кривични дела.

Видови кривични дела:

а) кривични дела против личноста-тука спаѓаат: убиство, телесна повреда,

клевета,тепачка,тортура,продажба на слободните во ропство.За убиство казната била

отсекување на главата на сторителот или доколку се работело за убиство на роднина

тогаш казната била спалување,за телесна повреда сторителот се казнувал со телесно

сакатење.

б) кривични дела против државата-најтешки сторени кривични дела од оваа област

биле:заверата против царот,предавството и побуната,и тие се казнувале со смртна

казна.

в) кривични дела против религијата-напуштање на верата,расколот,преминот во

еврејската вера,кражбите,крвоклетството,безбожништвото,пљачкање и отворање на

гробовите на мртвите.

г) кривични дела против моралот и семејството-бигамија,прељуба,насилен брак,

хомосексуализам,содомија,силување,дефлорација на малолетни.заведување,а како

казни за овие дела предвидени биле:смртна казна,сакатење,прогонство и слично.

д) кривични дела против имотот-тука спаѓаат:кражба,уништување на туѓиот имот со

палење,пљачка,разбојништво и небрежно однесување со туѓиот имот.Најчеста казна за

овие дела било казнување со тепање и двојно,тројно и слично враќање на стварите.

Арабиска држава

Настанување на државата

Арабиската држава настанала во периодот на раниот феудализам.Таа настанала во VII

век во центарот на Арабискиот Полуостров поради општествена диференцијација кај

некои арабиски племиња.Процесот на диференцијација се одвивал на Арабискиот

Полуостров каде што од една страна гледаме родовско-племенска аристократија која се

21

Page 23: diplomska rabota.docx

групира во градовите и се посветува на трговијата а од друга страна на Арабискиот

Полуостров постојат белуински племиња кои се занимаваат со сточарство и

земјоделство и кои се наоѓаат во родовско племенско уредување.

Во VI и VII век арапските племиња често војувале меѓу себе но сепак ги поврзувало:

заедничкото расно потекло,заедничкиот јазик,а подоцна и настанувањето на

заедничката религија-исламот кој бил тесно поврзан со настанувањето на Арабиската

држава и претставувал една од последните најголеми религии.Религијата е основана во

VII век,а нејзин основач бил Мухамед.Во ова време стопанските центри се преместиле

во Мека и Медина ,а пред неговото време Мека станала центар преку кој се одвивала

трговијата со Сирија.Арабјаните припаѓале на групата семитски племиња и тие

потекнуваат од Исмаил,еден од синовите на Аврам (Ибрахим),Арабската држава

настанала со поинаков процес од Византиската држава и Франкската држава.Во

Арабската држава не доаѓа до стапување на робовладетелските елементи на Римската

империја со родовско племенските елементи како што се случило кај настанување на

франкската држава ниту пак до континуиран развиток на државата како што се

случило кај настанување на Византија туку Арапската држава настанала со

распаѓањето на првобитната заедница.За релативно кратко време од 100

години,Арабската држава успеала да потчини на своја власт големи територии во

Северна Африка,Мала и Средна Азија и некои јужни делови на Европа и така создала

добро организирана држава.

периодот на владеење на правоверните калифи започнал по смртта на Мухамед

во 632 година.Калифот стоел на чело на државата бил шеф на истата и врховен

поглавар на исламската верска заедница.Световен и религиозен водач на

Арабиската држава бил Мухамед но тој не оставил машки наследник за да

располага со земјата.Бидејќи Мухамед не оставил машки наследници,за местото

калиф постоеле две мислења и тоа:

а) се заложувало за изборен принцип и

б) се сметало дека наследник треба да биде Алија односно братот на Мухамед од чичко

и маж на неговата ќерка Фатима.

Победило првото мислење односно изборниот принцип бил практикуван во рамките на

родот на Курејшитите и првите калифи биле од овој род,кои биле крвно поврзани со

22

Page 24: diplomska rabota.docx

пророкот Мухамед.Калифот ја делел земјата на војниците за заслугите и на исламската

верска зедница,а можел да ја остави и на поранешните поединци во освоените

територии, со соодветни феудални обврски.Војската била феудално организирана и

наемничка,но во двата случаи била под цврста врховна власт на калифот.

За време на четирите калифи дошло до проширување на државата со освојувањата на

Дамаск и Сирија (636година), на Ерусалим (638година) на Египет и Александрија (640

година)и таа станала политичка сила.Овај период завршил во 661 година,кога Алија

(четвртиот калиф) бил срушен од престолот и убиен во граѓанската војна

период на владеење на династијата на Омајадите- Омајадите владееле од

Сирија,од Дамаск,како главен град и во нивно време Арабиската држава се

востановила како еден облик на династичка монархија.Во ова време

продолжиле големите освојувања и тоа:до 710-та година на запад бил освоен

целиот африкански брег од Берберите па се до Мароко,Шпанија била освоена до

713 година,до 712 година на исток исламската војна стигнала до долината на

Инд.Во 717-718 година и 732 година,арапската војска во опсадата на Цариград

претрпела неуспех.Исто така пораз претрпела од Карло Мартел кај Поатје.Со

арапските освојувања се ширел исламот при што дошло до зголемување на

бројноста на неарапското муслиманско население во Арабиската држава. Власта

на омајадите се потпирала на арапската превласт: арапскиот јазик бил званичен

јазик,било воспоставено право врз основа на коранот, управниците на

провинциите биле Арапи,а евреите и христијаните имале своја верска и

општествена херархија и биле ослободени од воени обврски.Учителите на

Академијата во Атина по нејзиното затворање во 526 година значењата на

филозофските,телогиските и природните науки ги пренеле на Сасанидскиот

двор.Во граѓанската војна дошло до групирње и власта на Омајадските калифи

била воспоставена на сунити и шиити.Приврзаници на Алија (четвртиот калиф)

чие што семејство било убиено од Омајадите во 680 година биле шиитите.Тие ја

отфрлиле суната којшто суните ја сметале (покрај коранот) за темел на

исламската вера.Суните биле верско-политичка групација,којашто се оформила

под заштита на Омајадите и противниците на шиитите,а Суната било предание

за изреките на пророкот. Шиитизмот постои и ден денес,а најразвиен е во

источните муслимаски држави (пр:Иран).Муслиманското население во Персија

нашло свој водич во семејството на Абасите и така во 750 година Омајадите

23

Page 25: diplomska rabota.docx

биле срушени од престолот и Абасидите го започнале своето

владеење,преместувајќи го центарот на државата од Дамаск во Белград.Овај

пресврт значел победа на Персијците над арабската држава.

периодот на владеењето на Абасидите до 1258-та година,се до убиството на

последниот владетел од ова владеење на Абасидите. Во 1517 година султанот

Селим I ја земал титулата калиф односно врховен старешина на исламската

заедница. Во времето на Абасидите,во Арабиската држава,персиското влијание

и традиција во дворскиот церемонијал,довело до претворање на калифот во

непристрасна фигура.Во локалната управа довело до заменување на Арабите со

Персијците на најистакнатите положби.Локалната аристократија се повеќе

зајакнувала и кај неа се забележувале стремежи за осамостојување од

централната власт, коишто по владеењето на калифот Харун ал Рашид (786-809)

довеле до дезинтеграција на државата.Со Персија и во Хорасан во почетокот на

IX век владееле локални династии со што источниот дел на кралството се

одвоил од Белград.Абасидите од своите претходници го презеле ортодоксниот

сунитизам и заради тоа создале незадоволство кај шиитите.Во 897 година една

шиитска група во Оман основала своја држава а друга група на шиити во 909

година предводена од фатимидите го отцепила Египет каде што го основала

Каиро. Во почетокот на IX век, Аглабидите ја зазеле Сицилија со којашто

владееле се до 1060 година.Алд ал Рахман,припадник на Омајадите во 750-та

година отишол во Шпанија и основал Омајадска држава.Власта на Абасидите

била ограничена на Месопотамија. Територијалното ширење на исламот

истовремено значело ширење во сферата на културата.Во IX и X век, за време

на Абисадите на исток арапската култура го доживеала својот највисок

развој.Се внела и грчката филозофска мисла во арапската култура со

преведување на делата на Аристотел на арапски јазик.Исто така биле отворени

школи, постоеле

7 арапски мислители (пр:Ал Кинди,Авероес и слично) и Арабуаните имале

големи достигнувања во медицинските науки,астрономијата и математиката.

Општествено уредување

7 Види, Алберт Вајс,Љубица Кандиќ: ”Општа историја на државата и правото” ,Београд,1971,стр.86

24

Page 26: diplomska rabota.docx

Од старите и новите муслимани во арабиската држава била составена аристократската

класа. По правната положба се разликувале неколку општествени слоеви и тос:

Мевалии или мавали-се нарекувале оние кои не биле Арапи,а кои преминале во

Ислам.Според исламот сите муслимани требало да бидат еднакви,но се до

арабискиот период не постоела еднаквост на Мевалиите со арапите.

Слободни муслимани-први го примиле исламот,а потекнуваат од старите

арапски племиња.Тие биле привилегирани со тоа што ги заземале највисоките

државни функции и биле професионални војници.Тие плаќале две давачки:

десеттина на земја и данок за милосрдие односно зекат.

Зимии-биле покореното христијанство и еврејско население и нив им биле

загарантирани слободата,животот и имотот.Зимиите плаќале џизија (главарина)

и харач.Од муслиманите се разликувале по облеката,тие не јавале на коњ и не

носеле оружје.Во случај на кривично дело,тие имале неповолна положба во

поглед на судот,а нивната врска со власта била попот или рабинот.

Робови-најнискиот општествен слој во државата.Тие немале никакви права и

нивниот сопственик можел да ги подари,продаде да ги даде во мираз и слично.

Изворите на ропството биле купувањето,раѓање (од родители робови),за

робувањето во војска и слично.Тие немале никакви права не можеле да носат

одлуки, нивната заработувачка му припаѓала на господарот и не можеле да

бидат сведоци на суд.Доколку сакале да склучат брак тој можело да се случи

само со согласност на господарот и децата на омажената робинка му припаѓале

на нејзиниот сопственик.За склучување на брак помеѓу слободен човек и

робинка бил можен само под следните услови: робинката да е муслиманка,да не

е оженет,да нема мираз за слободна жена и доколку остане неженет да се

изложува на можни блудни грешки.Доколку се случело робинката да роди дете

од господарот,тогаш тоа дете станувало слободно.

8Државно уредување

Целокупната власт во државата како световната така и верската била сконцентрирана

во рацете на арабискиот калифакт којшто се сметал дека е наследник на Мухамед.

8 Види,С.Д.Скаскин и др.”Историја на средниот век”,Скопје I ,1970

25

Page 27: diplomska rabota.docx

Калифактот ја имал функцијата на врховен заповедник на војската тој ја имал

најзначајната улога во јавното богослужење и него му следувало почитување од

муслиманските следбеници.Исто така тој вршел и судска функција Мухамедовото

уредување на Медина содржело два битни елементи: џихадот и димата.

Џихадот (светата војна) ги опфаќало сите муслимани со исклучок на оние кои имаат

книга (зимиите),а дима била взаемна заштита на сите членови на муслиманската

традиција.Првите четири калифи,наследници на Мухамед биле калифи во вистинска

смисла на зборот.За време на Омајадите карактеристично било запоставувањето на

верската димензија на калифот,а во времето на Муавија карактеристично било

претворање на калифот во апсолутна монархија.Додека пак во времето на Омајадите

калифот станал еден вид највисок свештеник.

Од IX век со засилувањето на улогата на вазирот,се намалила световната моќ на

калифот.Државниот совет,везирот и диванот биле државни органи кои му помагале на

калифот во управувањето со државата.Државниот совет претставувал собрание на сите

шеици и имал карактер на советодавен орган. Везирот или правниот министер стоел

веднаш под калифот.Оваа функција била воведена во VIII век,а називот значел:,,оној

којшто одлучува-судија,,. Диван значело министерство или канцеларија и овај орган

бил воведен во првата половина на VII век како израз на потребата да се организира

плаќањето,да се заштитат воените единици и државната благајна да се доведе во ред.

Во локалната управа државата била поделена на области со коишто управувале емири

и тие ја имале врховната воена и цивилна власт.

Правото во Арабиската држава

Правниот систем којшто се применувал во Арабиската држава се означувал со

терминот шеријатско право. Терминот шериј значи ,,јасен пат којшто се следи,, ,,пат по

којшто треба да одат верниците,,,,исламска религија,,,а како техинчки израз го

означува ,,верскиот закон на исламот,, односно заповедите на Алах. Прописите на

шеријатот според содржината можат да се поделат на две групи: прописи од правна и

одредби за богослужбата и за религиските обврски. Човечките постапки според

чшеријатот се класифицираат на следните пет категории;задолжителни постапки,

26

Page 28: diplomska rabota.docx

неопределени постапки,препорачани постапки,постапки кои не се казниви и казнени

дела (забранети постапки).

Извори на шеријатското право се:

1) Коран-основна света книга на исламското учење.Тој е составен од 114 поглавја

(Сури) кои се составени од искази (ајети).Во коранот се разликуваат три дела и

тоа:првиот (најстар) дава на визионерски начин слики насликани со напласени

бои за крајот на светот и за последниот суд,вториот ја изложува судбината на

старите народи и нивното однеување кон пророците кои им биле пратени и

третиот го содржи корановото законодавство.Во коранот се содржани и правни

прописи од областа на семејното право,казненото право,за судовите,за

државното,меѓународното право,економијата и за финансиите.

2) Суната (sunna) односно обичај,одредба пропис,начин на

живеење .Мухамедовата суна ја сочинуваат и неговите изреки.По својата правна

сила суната стои под Коранот.

3) Иџма и Кијас-Иџмата е согласност на оние коишто имаат право,потпирајќи се

на свое познаење да донесуваат сопствени судови.Таа е ,,согласување во врска

со нешто,, Кијасот е тесно поврзан со поимот иџдихад што значи да се работи

до највисок систем за да се достигне некоја цел.Иџтихадот во решавањето на

правните случаи ги опфаќал и истихсанот,истислахот и ер-реи. Истихсан се

состоел во три фаќање на она правно решение коешто одговара на месните

потреби и времето.Истислахот претставувал водење сметка при формулирањето

на правните правила за општата државна полза.Ер-рек претставувало изнаоѓање

на правно правило за решавање на однос од страна на кадијата,водејќи сметка за

духот на шеријатот. Во VIII век настанале повеќе верски правни школи,а четири

од нив се сметаат за правоверни и тоа:

а) ханефитската школа-основана во Ирак,а своето име го добила од Абу Ханифа кој

бил еден од своите најзначајни претставници

б) маликитската школа-основана во Медина од Малик Ибн Анас.Неговата цел била

да даде преглед на законите и на правните прописи,на верските обреди и служби.

в) шерифиипската школа-основана од Аш Шафии (767-820),кој бил припадник на

племето Курејши.Тој сметал дека постојат четири корени на исламската правна

27

Page 29: diplomska rabota.docx

наука и тоа:Коранот,Суната,Иџмата(консензусот) и Иџпихадот (равничко мислење)

Аш Шафии сметал дека хадисите се инспирирани од бога,а за иџмата тој сметал

дека потребна е општа согласност на пошироката заедница за поставување на некое

правно правило

г) ханбалитската школа-неа ја основал Ибн Ханбал (780-855) и тој го опфатил

слободното мислење на судијата ја ограничил аналогијата и го засновал

толкувањето на правните правила единствено врз Коранот и врз Суната. Кон крајот

на XI век,иџтихадот бил заменет со принципот на подржување според кој во

конкретни ситуации правникот бил должен да го применува постојното учење со

соодветна правна школа.

одделни гранки на правото

Во Арабиската држава трговското право непрекинато се развивало,а казненото,военото

и даночното право кон себе ги привлекувала световната власт.Во наследното,семејното

и брачното право дошло до ограничување по пат на адетот (урфот) односно обичајното

право.Адетот бил извор на правото надвор од шеријатот.Покрај адетот се завил и

државниот закон односно канунот,со којшто се означувале одредбите на исламските

владетели.

а) Стварно право-сопственост според шеријатското право се дефинирала како збир на

овластувања на неограничено располагање и уживање на стварите од можноста да

бидат сопственост и предмети на правниот промет,шеријатот ги исклучува: стварите

коишто според верските одредби се нечисти (на пр:свињите);стварите чијашто

употреба е во спротивност со верските заповеди (пр:грозјето) и некорисните ствари

(пр:дивите животни). Земјишната сопственост-целата земја му припаѓа на калифот и

тој го има правото на располагање врз неа. Тој може да даде делови од земјата на лица

кои имаат за услов да плаќаат данок.Во Арабиската држава се разликувале неколку

видови на сопственост и тоа:

- мириска сопственост во којашто се наоѓала освоената територија а нејзин сопственик

била државата;

- икта поседи,биле привремено подарувани заради вршење служба во корист на

државата:

28

Page 30: diplomska rabota.docx

- милк или мулк или приватна сопственост на арабиските семејства и родови на

подрачјето на Арабија;

- вакуфи претставувала земја којшто државата ја давала на одделни верски установи

б) Облигационо право-обврските во облигационото право се делеле на: обврски во

коишто е заинтересирано едно или повеќе лица,обврски без услов и на оние кои се

врзани за некој услов,еднострани и повеќестрани и прости и алтернативни обврски.За

да биде полноважен еден договор,потребно било: присуство на најмалку две договорни

страни,согласност на странките и предметот на договорот морал да биде погоден,

стварен,определен и во правен промет оние договори коишто биле склучени под

принуда заблуда,измама,и оние кај кои што некојаОд странките немала право над

својот имот биле неполноважни договори.Право на располагање со својот имот немале:

душевно болните,малолетните,робовите,болните,оние кои што банкротирале и

немуслиманите. Во однос на системот на договорите се разликувале:договори кои

имале за цел давање со цел да се добие еквивалент и сите други договори.Во договори

кои имале за цел давање со цел да се добие еквивалент спаѓале: размена на пари,наем,

заем,брак,трампа,набавка,а во сите договори спаѓале: договор за послуга договор за

полномошно договор за залог и слично.

в) Казнено право- според исламското право казнените дела се делат на три категории:

- казнени дела против животот и телото.Тука спаѓале убиството и телесните повреди.

Тие се казнувале по пат на крвна одмазда,но по барање на оштетениот или неговото

семејство можело да се бара од оштетениот да плати крвнина наместо крвна одмазда.

Сторителот не се казнувал доколку се работело за убиство или телесна повреда

настанати при одбрана на својот живот и имот или на друго лице.Извадок од Коранот

глава IV-94 ,, Зошто еден верник би убил друг верник,освен ако е тоа случајно Оној

којшто од невнимание убие еден верник,ќе биде должен да ослободи еден верен роб и

на семејсттвото на убиениот да му ја плати цената на крвнината којашто е со закон

утврдена освен ако семејството на убиениот тоа количество не го претвори во

милостина...,,

- злостори за кои во Коранот или во Суната се утврдени законски казни и тука спаѓаат:

лажно окривување за блуд, противзаконито полно општење,кражба на скапоцени

предмети, пиење на опојни пијалоци. Лажното окривување за блуд и пиењето на

29

Page 31: diplomska rabota.docx

опојни пијалоци се казнувало со 40-80 удари со камшик.Против законитото полно

општење се казнувало со 100 удари со камшик за слободен човек,а 50 удари со камшик

и каменување за роб. Кражбата на скапоцени предмети се казнувала со отсекување на

рацете.Извадок од Коранот,Глава V-42,,Што се однесува до крадците и жените

крадливки,вие рацете ќе им ги отсечете за осветување на делата на нивните раце;за

казната што доаѓа од Бога;но Бог,е сесилен и мудар.,,

- сите други дела кои биле казниви и подлежеле на казнување. Тука спаѓаат: лажно

сведочење,лажно обвинување и слично,а казните биле: камшикување,парична глоба,

прогонство и слично.Извадок од Коранот,Глава XXIV-4,,Тие што изнесуваат

обвинување против чесната жена а без да можат да изведат четири сведоци ќе бидат

казнети со 18 удари со камшик;покрај тоа вие никако нема да го примите нивното

сведочење во ништо зошто се злосторници...,,

г) Брачно право- Според Шеријатското право бракот и брачните односи се засновале на

арапското обичајно право (каде што жената имала неповолна положба) но и на

предисламското право (каде што била подобрена положбата на жената) Според

шеријатското право бракот претставувал договор кој се склучувал помеѓу

младоженецот и старателот на жената.Старателот ја давал жената да влезе во брак само

со нејзина согласност,а доколку станувало збор за девојка тогаш доволна била

нејзината преќутна согласност.Брачниот договор се склучувал во присуство на две

лица и тоа правно квалифицирани лица за сведочење,во писмена форма и пред

службен орган (кадија). Битен елемент за склучување на брачен договор бил подарокот

кој младоженецот требал да и го даде на жената. Постоеле три облици на брак: траен,

привремен и брак со робинка. Траен брак можел да биде склучен истовремено со

четири жени и младоженецот морал да и даде женидбен подарок на секоја жена.

Привремен брак бил дозволен само кај шиите кај кој можел да склучи брак за одреден

временски рок. Склучување брак со робинка имал право секој маж кој немал доволно

имот за издржување на слободна жена.Извадок од Коранот,Глава IV-29 ,,Оној што

нема да стане доволно богат за да се ожени со почитувани и поверни жени, ќе си земе

верни робинки.Бог ја познава вашата вера.Вие сите се раѓате еден од друг. Не женете

се со робинки без дозвола на нивните господари.Правична е: да им дадете приќе.Нека

се поштени,нека избегнуваат разврат и нека немаат љубовник.,,Блиското крвно

сродство,блиското сродство по млеко,неморалот кај жената, идолопоклонетвото и

сродството по сватовство биле пречки при склучување на брак.Извадок од

30

Page 32: diplomska rabota.docx

Коранот,Глава IV-27,,Ви се забранува да се жените совашите мајки,вашите

сестри,вашите тетки,вашите братучетки (ќерки на вашите браќа и сестри) вашите мајки

што ве задоиле (доилки),со оние кои заедно сте цицале млеко,со мајките на вашите

жени,со девојките дадени вам на чување,со ќерките на жените со кои сте живееле.Но

ако вие со нив не сте живееле нема никакво зло да и земете за жени.Исто така немојте

да се жените со ќерките на вашите синови кои сте ги родиле, ни со две сестри.А ако

делото е свршено,Бог ќе биде благ и милосрден.,,

До развод на бракот можело да дојде на следен начин: развод на брак од страна на

кадијата на барање на жената кога мажот не ги извршува своите обврски;со купување

на развод од страна на жената;отпуштање на жената од страна на мажот;и развод врз

основа на взаемно проколнување.

д) Наследно право Како наследници се јавувале блиските машки роднини на

оставителот.Исклучени од наследување биле малолетните лица кои не биле способни

да носат оружје,женските роднини и вдовиците.Но подоцна се јавиле измени во

правото со што положбата на женските роднини и вдовиците се подобрила така што и

тие можеле да се јават како наследници.Така да,секој од наследниците имал право на

определен дел од наследството кое го оставал наследителот. Кога се работело за

наследник од друга вера,во случајот на развод или ропство и кога се работело за лице

кое го убила оставителот во овие случаеви правото за наследување било исклучено и

овие лица не можеле да бидат наследници. Според шеријатското право оставинската

маса ја сочинувале само имотот и правата на оставителот,а не и долговите.Извадок од

Коранот,Глава IV-8 ,,Луѓето трба да имаат дел од имотот што го оставиле нивните

татковци и мајки и нивните блиски роднини,жените исто така треба да имаат дел од

она што го оставиле нивните татковци и мајки и нивните блиски. Било да се работи за

големо или мало наследство,нив им припаѓа еден определен дел.,,

ѓ) Судовите и судската практика. Во пред исламскта Арабија споровите се решавале на

начин што за секој поединечен спор се именувал пресудител. Пророкот и првите

калифи често самите донесувале пресуди.Се именувале и посебни службеници за

судии кои се нарекувале кадии,а за да се биде кадија требало да се познава арапскиот

јазик и шеријатот.Кадиите се именувале од страна на калифот за да одлучуваат во

граѓанските и во кривичните предмети и тие никогаш не се здобиле со независноста и

31

Page 33: diplomska rabota.docx

9секогаш зависеле од волјата на владетелите. Пресудата на кадијата била конечна и на

неа не можело да се поднесе жалба. Признанието , заклетвата и изјавата на сведоците

биле судски докази. Судската постапка била усна и се завршувала во едно

заседание.Извадок од Коранот,Глава IV-134 ,, О верни!Бидете исправни вршители на

правдата кога пред Бога сведочите па макар морале да сведочите и против вас самите,

против вачите родители,против вашите блиски,било пред богати,било пред сиромашни

Бог е поблизу од вас и на богатиот и на сиромашниот.Немојте да се раководите од

вашите страсти,за да не залутате.Ако вие не сакате да сведочите ако се премислувате,

знајте дека Бог е известен за она што вие го правите.,,

Заклучок:

Средниот век зафаќа долг период,исполнет со многубројни настани и тоа:класната

борба,острите политички и идеолошки судири,создавањето и развивањето на нови

форми на економскиот и општествениот живот.Во овај период се одвиваат

манифестациите на феудалното насилство на незнаењето и религиозниот фанатизам,а

напоредно на ова средновековието ги чува во сеќавање големите востанија на селаните

против феудалците и црквата,масовните еретички движења што ги изразуваат

социјалните стремежи на народните маси,првите појави на слободоумност.9 Види,Odabrani izvori,(Коран)стр.133-139

32

Page 34: diplomska rabota.docx

Поминувањето од една во друга формација е важен прогресивен факт во развитокот на

историјата и така едни народи поминувале од робовладетелскиот период во

феудализам,а други народи од првобитната заедница преминале во феудализам.Во

робовладетелскиот период,робот не бил заинтересиран за резултатите од работата,а во

феудалното општество феудалецот бара начин да се зголеми продуктивноста на својот

труд бидејќи тој е самостоен стопан.Преминот од првобитната заедница во феудализам

се однесува на замената на општиот труд со индивидуално производство.За ова

зборува Карл Маркс;’парцелијарната обработка на ораницата и приватното

посвојување на нејзините плодови допушта развиток на личноста што е неспоиво со

условите на постарите општини.”

Во феудалното општество растат производствените сили,без оглед на суровата

експлоатација на селанството и на ниската и рутинската состојба на техниката.Борбата

на селанството со феудалците е карактеристична за овај период.Многу важно е да се

каже дека социјалниот-економскиот поредок на феудалното општество и класната

борба го определуваат карактерот и функцијата на политичката правната и

идеолошката негова изградба.Непријателски поставени спрема народот,а во одбрана на

феудалците се државата,религијата,правото и црквата во среднот век.

Во феудалната држава секогаш се запазувал класичниот феудален карактер и тоа;за

господари се сметале само земјопоседниците,а селаните биле исклучени од секакви

политички права.

Користена литература

-Алберт Вајс,Љубица Кандиќ: ”Општа историја на државата и правото” ,Београд,1971

-Георги Острогорски: ”Историја на Византија” ,Скопје,1992

-С.Д.Скаскин,Е.В.Гутнова,А.и.Данилов,Ј.А.Левицки: ”Историја на средниот

век” ,Скопје 1970,I том

-Билјана Поповска: “Историја на правото” Д.2 ,Штип,2007

33

Page 35: diplomska rabota.docx

-Иво Пухан,Мирјана Поленак-Акимовска:”Римско право”,Скопје 2008

34