16
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „Јане Сандански“ Струмица ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА Предмет: Економија изборна Наслов на темата : E кономски раст и развој Професор-Ментор: Ученик : Гордана Василева Марија Карадачка IV 8

Ekonomski rast i razvoj

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Ekonomija

Citation preview

Page 1: Ekonomski rast i razvoj

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ

„Јане Сандански“

Струмица

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА

Предмет: Економија изборна

Наслов на темата :

E кономски раст и развој

Професор-Ментор: Ученик : Гордана Василева Марија Карадачка IV8

Март 2012

Page 2: Ekonomski rast i razvoj

С О Д Р Ж И Н А

Вовед ............................................................................................................................ 3

1. Поим за економски раст ................................................................................. 4

2. Значењето на економскиот раст и развој ................................................... 5

3. Фактори што го условуваат економскиот раст и развој-општ пристап..5

4. Заклучок ............................................................................................................11

Користена литература ...............................................................................................12

2

Page 3: Ekonomski rast i razvoj

Вовед

Секоја земја во светот без оглед дали се работи за високо развиена или за

неразвиена, богата или сиромашна, индустриска или земјоделска, преку водење

на сопствената економска политика настојува својата економија да ја насочи кон

проспeритет, од кој секако ќе имаат корист сите нејзини граѓани.

Се разбира дека сфаќањето за еконoмскиот раст и развој е различен за

различни земји. Високо развиените земји кои имаат развиена, напредна

индустрија се стрeмат кон уште поинтензивен развој на своите капацитети.Оваа

стапка на развојот маже да биде мошне мала, изразена дури и во бројки што се

помали од единица, меѓутоа, за развиените земји, земји со големи капацитети и

обем на производство, активно присутни на светскиот пазар со огромна маса на

паричен и стоковен капитал е од непроценлива важност и е силно оружје во

конкурентската борба со останатите развиени земји.

Од друга страна ниско развиените земји, економскиот раст и развој го

сфаќаат на малку поинаков начин. Тие се соочуваат со некои други проблеми, кои

не ретко се поврзани со решавањето на проблемот со сиромаштијата, гладот или

оскудноста со вода. Овие елементарни потреби на луѓето бараат и соодветен

пристап кон нивното задоволување. Економскиот развој на овие земји ќе биде

насочен кон решавањето на проблемите со исхраната на луѓето, проблемите од

социјалниот карактер, борбата со болестите и друго, додека оние прашања кои се

поврзани со економијата речиси редовно се запоставуваат или нив многу малку

им се посветува внимание.

3

Page 4: Ekonomski rast i razvoj

1.Поим за економскиот раст

Економски раст претставува кватитативно зголемување на потенцијалниот

бруто национале производ (GNP) на една економија со тек на време.

Кога зборуваме за економскиот раст релевантен е потенцијалниот

бруто домашен производ, односно порастот на бруто домашниот производ на долг

рок. Со други зборови за економијата е значајно да се оствари оддржлив

долгорочен раст. За да се утврди тоа неопходно е да се анализира

потенцијалниот бруто домашен производ. Економскиот раст се следи и анализира

преку утврдување на стапката на раст на реалниот GDP, повторно на долг рок.

Притоа, реалниот GDP се пресметува по постојани цени, за да се елиминира

дејството на инфалцијата. Стапката на раст на реалниот GDP ни го

покажува односот помеѓу промената (порастот или намалувањето) на GDP во

тековната година и вредноста на GDP во претходната година, искажана во

поценти.1

Економистите редовно го пресметуваат и показателот GDP per capita,

односно бруто домашниот производ по глава на жител. Тој се добива кога

вредноста на вкупниот бруто домашен производ на една земја се подели со бројот

на жители на земјата. Реалниот GDP per capita, е еден од најсинтетичките

најавторитативните показатели за достигнатиот степен на економска развиеност

на соодветната земја. Тој не ни покажува само со колкав доход располага секој

поединец во земјата, туку индиректно упатува и на неговата куповна моќ, на

количината на добра и услуги што тој може да ги купи и потроши.

1 Фити, Таки, Основи на економијата, Скопје 2007

4

Page 5: Ekonomski rast i razvoj

2. Значењето на економскиот раст и развој

Колку е големо значењето на економскиот раст за една национална

економија се потврдува и со фактот што наизглед малу, дури и занемарливи

разлики во стапката на економскиот раст (пораст на бруто домашниот производ од

година во година), можат да имаат силни импликации врз економската положба и

моќ на една земја. Овој факт во економијата најдобро се илустира со познатото

правило 70.

Правилото 70 гласи: ако бројот 70 се подели со стапката на

просечниот економски раст на земјата ( просечниот годипен пораст на реалниот

бруто домашен производ) се добива временскиот период, односно бројот на

години, неопходни за водвојување на бруто домашниот производ на земјата.

Според тоа, ако една земја остварува просечен годишен

пораст на својот бруто домашен производ од 1% а друга земја од 2%, на првата

земја ќе и бидат потребни дури 70 години за да го водвои својот GDP, а на

втората само 35 години. Ете како, на прв поглед занемарливите разлики во

стапките на економскиот раст имаат импликации врз економијата. За помалку

развиените земји ( земјите во развој и земјите во транзиција) е значајно да

реализираат повисоки стапки на економски раст, за да можат да го забрзат својот

економски раст и развој и да ги намалат релативните разлики во степенот на

економската развиеност во однос на високразвиените земји.

3. Фактори што го условуваат економскиот раст и развој – општ пристап

Економскиот развој е вонредно сложен и мултидимензионале процес кој е

условен од истовремено и паралелно дејство на голем број на фактори од

економска и неекономска природа. За економскиот раст е значаен потенцијалниот

бруто домашен производ. Оттука, факторите што го условуваат потензијалниот

5

Page 6: Ekonomski rast i razvoj

бруто домашен производ истовремено се и фактори кои го детерминираат

економскиот раст и развој. Според тоа, економските фактори на растото се:

- Трудот (човечкиот капитал)

- Капиталот,

- Земјата и

- Претприемништвото.

Тука треба да се додаде и технолошкото знаење, бидејќи, како што е

познато, тоа ефактор кој може да ја помести границата на производните

можности на општеството кон десно, значи да ја зголеми, да ја прошири, во

услови кога сите други производни фактори максимално се користат.

Човечки капитал – трудот е еден од основните производни

фактори. Тој ги опфаќа сите луѓе кои придонесуваат за производството на

добра и услуги: земјоделци, работници во фабриките, трговци, професори

итн. Многу економисти денес се софласуваат дека помалку е важен

квантитетот на трудот (бројноста на работната сила со којашто располага

една земја), односно дека за зголемување на продуктивност и забрзување

на растот многу е позначаен квалитетот на трудот. Станува фактички збор

за т.н. квалитативни белези на трудот – старосната структура на

вработените, нивната разместеност во разлучни економски сектори

( земјоделство, индустрија, услуги сл.) нивната образовна и

квалификациона структура итн. Затоа инвестирањето во т.н човечки

капитал, односно потрошените пари, труд и енергија за стекнување на

знаење и вешини низ разните форми на образование ( редовниот

едукативен систем, специјалистичките и постдипломските струдии,

докторатите, разните форми на тренинг, освежување и продлабочување на

знаењата низ работата и сл.), стануваат значаен фактор за пораст на

продуктивноста на трудот и за динамизирање на економскиот раст и развој

на земјата.

Природни ресурси – во природни ресурси влегуваат обработливите

земјишни површини, земјата со расположливите рудни и минерални

богатства, водите, жумите итн. Иако природните богатства се значајна

6

Page 7: Ekonomski rast i razvoj

претпоставка за економскиот раст и развој, тие не се решавачки фактор на

растот. Имено, денес постојат многу земји во разој со изобилни природни

ресурси кои, меѓутоа, не успеале да ги активираат во процесот на

економски развој. Од друга страна постојат високоразвиени земји со

ограничени природни ресурси, кои недостатокот во овој развоен фактор

успешно го компезираат со високи технологии кои ги штедат сите инпути на

производството, со производство на вештачки суровини и слично. Дел од

природните ресурси се обновливи ( шумскиот фонд, рибниот фонд и сл), а

дел се необновливи –нафтата е типичен пример. Пазарот придонесува

цените на факторите на производството да се формираат во зависност од

нивната релативна расположливост. Дефицитарните фактори на

производството имаат повисоки цени со што економските субјекти се

стимулирани да ги штедат. Обратно, релативно поизобилните фактори

имаат пониски цени. Овој факт го овозможува процесот на комбинација и

супстанција на ресурсите, односно процесот на замена на поскапите

ресурси со поефтини, како една ос основните функции на

претприемништвото.

Физички капитал – “Работниците се денис продуктивни за разлика

од пред дваесет или сто години, бидејќи располагаат со повеќе машини и со

машини со подобар квалитет.” Овој прост факт што го потенцира

нобеловецот Стиглиц во голема мера ги одјаснува разликите во

продуктивноста и развојните можности на една земја. Инвестирањето во

нова опрема, во нови далеку поусовршени и поефикасни машини е

фактички инвестирање во физичкиот капитал. Автоматизираните или

компјутерски програмираните машини денес им овозможуваат на

работниците за исто време да произведе далеку поголем број на

висококвалитетни производи. Затоа инвестирањето во физички капитал е

многу значаен фактор за зголемување на продуктивноста и за забрзување

на економскиот раст. Можностите за инвестирање во една земја во значајна

мера се детерминирани од штедењето. Самото штедење пак, е условено од

голем број на фактори. Граѓаните, секоторот на домаќинствата, штедат

7

Page 8: Ekonomski rast i razvoj

повеќе или помалку во зависност од големината на нивниот доход и тоа е

само тековниот туку и оној што очекуваат да го остварат во иднина

таканаречен перманентен доход. Понатаму тие главно штедат додека трае

нивниот активен работен век, а трошат откако ќе се пензионираат, штедат

за да купат куќа или пак да обезбедат средства за едукација на нивните

деца итн. Од друга страна големите буџетски дефицити кои се присутни во

современите национални економии се форма на негативно штедење,

односно го дестимулираат штедењето. Некои од високоразвиените земји

имаат вонредно видоки стапки на штедење – мерени како учество на

заштедите во бруто националните производ. Но, како и да е, токму

националното штедење останува најзначајната детерминанта на

инвестициите во физичкиот капитал. Тоа се потврдува со едноставниот

факт дека малото домашно штедење придонесува за мала понуда на

позајмливи парични фондови на домашниот пазар на капитал и ги оддржува

каматните стапки на земјата на високо равниште. Високите каматни стапки,

ос своја страна го дестимулираат инвестирањето.

Технолошките знаење- новите технологии и современите

технолошки знаења се еден од најзначајните фактори на економскиот раст

и развој. Историски гледано, токму новите технолошки откритија и нивната

технолошка примена во производството на добра и услуги силно ги

зголемуваат производните граници на општеството. Инвестициите, кои се

нови откритија, откако к есе применат во производството и врз таа основа

ќе се продуцираат нови производи или пак ќе се усовршат постојаните,

стануваат иновации. Иновациите на претпријатијата коишто ги применуваат

им носат високи доходи. Затоа современите економии настојуватт да ги

стимулираат инвестициите и иновациите. Економската политика нв ги

третира како позитивни екстерналии. Тоа значи дека инвестициите и

иновациите му носат далеку поголема коирс на општеството во целина,

отколку луѓето како поединци, како инвентори и иноватори. Затоа луѓ ето

кои се инвентори и иноватори треба да бидат соодветно заштитени. Тоа се

прави преку патент.

8

Page 9: Ekonomski rast i razvoj

Претприемништво – тоа е категорија тесно поврзана со новите идеа

и иновациите, како и со напорите тие иновации да се трансформираат во

економски добра. Претприемништвото е движечка сила за раст на

економијата, придонесува кон намалување на невработеноста и го трасира

патот на напредокот. Тоа е процес на испитување на можностите на

пазарот, планирање, организирање и антиципирање што воесно

подразбира преземање неизвесен ризик. Во суштина претприемништвото

се заснова на иновативноста, која може да претставува нов производ или

услуга, но и иновативен бизнис процес. Успрешниот претприемач е

поготвен да презема ризици, мотивиран е за постигнување успех не е

обесхрабрен од неуспехот, и е црство определен да биде чекор понапред

од конкуренцијата. Моторот на економскиот раст е приватниот секот, додека

столб и двигател на приватниот секот се претприемачите. Но, за д аимаме

одржлив економски раст, потребно е да создадеме иновативно и

претприемничко општество. Претприемничкото општество се занова на

креативност, иновативност, и преземање ризик кој води кон

имплементиација на нови и храбти идеи. Имплементацијата на овие идеи ќе

отвори патшта за нови индустрии ќе ја зголеми технолошката

продуктивност и со тоа ќе гнерира одржив и долгорочен економски раст.

Врз економскиот раст, меѓутоа дејствуваат и бројни други фактори од

неекономска природа. Меѓу нив, посебно треба да се споменат: карактерот

на политичкиот систем на земјата, управувањето со развојот,

образованието, научно-истражувачката работа, здравството, социјалната

сигурност на граѓаните, културата, религијата, обичаите и традициите.

Макроекономска стабилност. Макторекономската стабилност не

може да се смета како гаранција за економски развој. Ова посебно се

однесува на одржување на ниска и стабилна стапка на инфлација. Но,

освен инфлацијата, економскиот развој е врзан и со девизниот курс,

9

Page 10: Ekonomski rast i razvoj

каматните стапки како и со фискалната политика на државата. За овој

фактор главно е да се напомене дека ниската стапка на инфлација не

гарантира дека земјата ќе располага со макроекономски перформанси,

односно макроекономската стабилност е неопходен, но не и доволен услов

за економски развој.

Политички и општествени услови. Значајни фактори коишто

влијаат врз економскиот развој на една земја претставуваат и политичките

и општествените услови. Во поново време при утврдувањето на влијанието

на политичките и општествените фактори врз економскиот раст и развој

како предвид се зема нивото на корумпираноста на државната власт.

Посебно внимание се обврнува на негативните ефекти во однос на

диструбуцијата на човечкиот капитал и приливот на странски дирекни

инвестиции.

Информациите и информационата технологија. И овој фактор е

значаен за економскиот развој. Информационата технологија се развива и

подобрува со векови. Интернетото се смета како последен чекор на патото

кој започна со подвижната лента. Напредокот на информационата

технологија овозможува побрз и поевтин пренос на информациите до

корисниците. Но се уште не постојат доволно докази дека порастото на

продуктивноста се должи на развојот на информационите технологии,

односно на интернетот.

Образование. Образованието е фунадаментална основа на

економијата на знаење. Добро образование и вешти луѓе се есенцијални за

успех во глобалната конкуренција. Образованието креира избори можности,

ја намалува сиромаштијата и им дава на луѓето поголем глас во

општеството. Квалитетното високо образование и обука се клучни за

економиите кои сакаат да се движат нагоре поскалата на економскиот раст.

Инвестирањето во образованието е важна одлука, која носи големи

придобивки, најпрво економско придобивки, бидејќи добро образована

работна сила го зголемува потенцијалот на нашата земја за одлличност и

10

Page 11: Ekonomski rast i razvoj

компетентност, а исто така носи и социјални придобивки зашто создава

услови за еднакви можности и социјално учество.

5. Заклучок

Економскиот раст и развој се камел темелник на секоја економска политика.

Важноста на економскиот раст на земјата, а со тоа и растот на продуктивноста на

компаниите главно го одразуваат растот на производството и на количинитие на

стоките што се наоѓаат на пазарот, раст на профитот и богатството на поединците

и општеството, како и пораст на вработеноста и пораст на бројот на

потрошувачите. Како најзначајно се смета растот на технолошките иновации. Тие

обезбедуваат стимул за инвестиции и врз основа на овие инвестиции се

создаваат услови за производство и примена на иновациите.

Економскиот раст не е автоматски процес, туку свесно дејствување.

Економскиот раст и развој претставува предизвик за голем број економски. Досега

има напишано на тема на економскиот раст и развој како во домашната така и во

странската литература. Од сето ова сфаќаме дека економскиот развој

претставува тенденција која се манифестира на долг рок. Под овој поим се

подразбираат позитивните економски промени. Тој ги вклучува квантитативните и

квалитативните промени, односно порастот на GDP и промените во целокупните

услови на општественото живеење.

11

Page 12: Ekonomski rast i razvoj

Користена литература

1. Фити, Таки, Основи на економијата, Скопје, 2007

2. http://mk.wikipedia.org

3. http://www.kapital.mk/

12