23
УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ Семинарска работа Економија на ЕУ тема : Еврото и институциите поврзани со него Mарина Дабевска ID 1471 Проф. Др. Јован Пејковски

EVRO VALUTA

  • Upload
    rusanka

  • View
    288

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: EVRO VALUTA

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

Семинарска работа

Економија на ЕУ

тема : Еврото и институциите поврзани со него

Mарина Дабевска ID 1471 Проф. Др. Јован Пејковски

Скопје, Декември 2008

Page 2: EVRO VALUTA

Според мислењата на некои стучњаци се претпоставуваше дека со

доаѓањето на еврото ќе се посее разор насекаде во Европската Унија, а и

подалеку. Сите знаеме дека се помалку луѓе им веруваат на банките па како

резултат на тоа тие се почесто ги кријат своите коверти со долари, а сега и

евра, по полиците меѓу книгите па дури и под креветите.

Но од јануари 2002 година новата мистериозна валута – евро влезе во

оптег. Западна Европа се пушти во еден грандиозен експеримент, и тоа не

само економскиот Париски лист “Le Monde Diplomatique” пишува дека

еврото е валута “без душа и култура”, но сепак тоа и личи на французите.

Како и да е парите не се само средство за плаќање (како што

политичките економисти сакаат да веруваме), туку тие се и културни

симболи на некои народи. Тие треба да имаат историја. Но еврото е дело на

бирократи и технократи. Дури и изгледот на валутата укажува на недостаток

на кулура и осиромашена имагинација на неговиот креатор.

Секоја банкнота е украсена со ѕидови и врати, а нема ни едно човечко

лице. Бирократите на Европската Унија објаснија дека секоја историска

личност која е популарна во една земја би можела да предизвика негативни

емоции во соседните земји. Но доколку овие господа зборуваат за пан-

европските традиции и историја, тогаш би требало да постојат некои

историски личности кои би го отелотвориле сето ова.

1

Page 3: EVRO VALUTA

На пример некои експерти се зачудени зошто на банкнотите ги нема

портретите на Аристотел, Микеланџело, Леонардо Да винчи, Молиер,

Моцарт, Гете или Ајнштајн.

Освен сето ова, еврото има еден огромен недостаток. Намерата на

иницијаторот на овој проект била, единствена валута да ја олесни

интеграцијта на Европа. Во праксата најверојатно има негативен ефект.

Стабилноста на една валута зависи од положбата на економијата на

една земја, а економијата и нивоата на развој на различни земји во

Европската Унија значително се разликува. Додека северноевропските земји

членки, се на се, имаа малку проблеми во постигнувањето на мала

инфлација, медитеранските земји имаа огромни тешкотии.

Во припремите за воведување на евро, сите земји учеснички морале да

ја смалат инфлацијата на ниво кое го установил Брисел. Додека е можно да

се постигнат овие нивоа краткорочно, многу е тешко стабилно да ги

поддржи долгорочно.

Ако Еропската централна банка одлучи да поддржи висока курсна

стапка, резултатот ќе биде тоа што “назадните” земји ќе дознаат дека не се

конкурентни (како што покажуваат несреќните примери во Аргентина). Ако

од друга страна им се излезе во пресрет на “назадните” земји, тогаш Италија,

Португалија, Шпанија и Грција ќе извезуваат инфлација на Германија и

Финска.

Од една страна националните влади ги опфаќаат вообичаените

монетарни инструменти со кои може да се влијае на економијата и на

развојот на компаниите. А од друга страна на европско ниво ќе се случат

озбилни спротивставувања во врска со монетарната политика.

2

Page 4: EVRO VALUTA

Овие несогласувања ќе биде тешко да се поминат бидејќи ставовите на

земјите членки се дијаметрално спротивни. Сето ова ќе се заврши со

бирократско исфрустрирано решение кое што ќе ги направи работите

полоши за секого.

Инфлацијата ќе биде прениска за север а превисока за југ. Уште е

полоша замислата воведувањето на нови валути, се веруваше дека тоа ќе

коинцидира со светката екомомска криза.

Се претпоставуваше дека со воведувањето на оваа валута ќе доведе до

огромни несогласувања, а не до соединување. Всушност работите со пари

обично стојат така.

ЦЕЛИ НА МАКРОЕКОНОМСКАТА ПОЛИТИКА

Трајно одржливиот економски раст кој креира работни места е

приоритетна цел на економските политики. Таква цел не е во конфликт со

целта на стабилноста на цените. На долг рок економскиот раст и

стабилноста на цените се рамноправни и заемно условени цели.

Капацитетот на институциите да испорачуваат одржлив економски

раст, работни места и стабилноста на цените на ниво на потенцијалот на

економијата се основни економски критериуми кои ги користи Европската

Комисија при донесување на одлуки за зачленување на земјите во

Европската Унија.

Оттука, за сегашната прва фаза, на приближувањето кон Европската

Унија, клучни се високите и одржливи стапки на економски раст,

способноста на економијата да креира нови работни места, како и

контролата на инфлацијата. Втората фаза – фазата на номинална економска

3

Page 5: EVRO VALUTA

конвергенција (приближување на стапката на инфлација, каматните стапки,

јавниот долг итн. кон оние во земјите членки на Европската Унија)

отпочнува по зачленувањето на земјата во Европската Унија, значи откако

земјата ќе воспостави функционална пазарна економија.

Оваа фаза е неопходна за зачленување во Европскиот монетарен

систем и прифаќањето на еврото како единствена валута. Третата фаза е

реална конвергенција – достигнување на развиеност и животен стандард на

населението на ниво на зрелите земји членки на Европската Унија. Тоа ќе

биде најдолготрајната фаза.

Општиот консензус за движење на Република Македонија кон

Европската Унија и прифаќање на нејзините вредности и стандарди

детерминира приоритетна цел на макроекономската политика да биде

одржлив економски раст и отворање на работни места.

Се разбира, притоа, не треба да се занемари стабилноста на цените.

Перманентните пазарни реформи треба да придонесат економскиот раст да

биде за неколку проценти повисок од оној на зрелите пазарни економии од

Европската Унија за да можеме да го совладуваме големиот јаз во степенот

на економската развиеност во однос на Европската Унија.

ЕВРО ОБВРЗНИЦИ (Eurobond)

Еврообврзницата, според инвестиционата банка Морган Гарантри, е

обврзница гарантирана од меѓународен синдикат и продадена во земји

надвор од земјата на паричното подрачје на издавачот во која еврообврзница

е деноминирана.

4

Page 6: EVRO VALUTA

Еврообврзниците се користат од страна на зајмувачи со врвни кредитни

рејтинзи, како што се банки и големи интернационални компании, за да

привлечат средства со рокови на отплата од среден долг.

Значи, еврообврзниците претходно се договараат меѓу владата на една

држава и некоја првокласна банка во друга земја. Таа на нејзината земја, која

е различна од валутата на земјата на владата, е корисник на средствата што

се прибираат. Обично втасуваат долгорочно.

Еврообврзиницата е долговен договор кој ја определува обврската на

издавачот да плати камата по одредена каматна стапка и главницата на

обврзницата на одреден специфициран датум. Емисијата на еврообврзиците

бара задоволување на специфичната структура и тие се дефинирани со

европската директива 89/298 како негоцијабилни, пазарни хартии од

вредност.

Треба да се прави разлика помеѓу еврообврзници, странски обврзиници и

екстерни обврзници, но таа разлика е многу помала отколку што била во

минатото.

Еврообврзниците се класифицираат во пет посебни вида:

1. Oбични, со фиксни каматни стапки со фиксна исплата;

2. FRNs и VRNs зависи со флексибилна или со варијабилна стапка на

враќање;

3. Субординирани издавачи (обврзници кај кои правото на

сопствениците на обврзниците на главица и камата е второстепено

во однос на правата на кредиторите);

4. Обврзници покриени со имот (кредитот зависи од издвоениот,

колатерилизиран имот);

5. Конвертибилни обврзници (може да се заменат за акции по

предходно определена цена).

5

Page 7: EVRO VALUTA

Секундарниот пазар на еврообврзници е форум на кој се врши размена

на овие веќе емитувани хартии од врдност помеѓу заинтересираните

инвеститори. За да може првиот да функционира ефикасно, неопходно е

постоење на секундарен пазар на еврообврзници и негова висока

ликвидност.

Се разбира, оваа констатација не важи за пазарите на приватни

вложувања, каде што се смета на долгорочни пласмани, без тргување пред

втасувањето.

Секундарниот пазар на еврообврзници не е организиран како трговија

на паркет. Трансакциите главно се склучуваат со телефонско комуницирање

меѓу дилерите. Најголем дел од дилерите со еврообврзници се наоѓаат во

Лондон, така што Лондон е на некој начин главен град на секундарниот

пазар со еврообврзници. Овој пазар обично се нарекува “тргување преку

шалтер”.

Во Република Македонија во последно време почна да се зборува за

можноста да се издадат еврообврзници на европскиот пазар. Во моментот на

пробивање на инфлацијата за таквата можност се вознемири и македонската

стручна јавност. Еден дел од неа смета дека тоа е дополнително

задолжување на земјата, што може негативно да влијае врз нејзината

меѓународна финансиска позиција, особено затоа што евентуалниот прилив

не би бил ефикасно употребен за профитабилни цели.

Друг дел од стручната јавност смета дека емисијата на еврообврзници е

добра можност Македонија меѓународно да котира на официјалната берза,

која не е многу регулирана, за да ја подобри својата неповолна кредитна

позиција (ВВ-).

6

Page 8: EVRO VALUTA

ЕВРОПСКАТА БАНКА

Европската Централна Банка (ECB) која што е со седиште во

Франкфурт започна со работа кога еврото стана официјална валута во

Европската Унија. Европската Централна Банка заедно со Националните

Централни Банки (NBC) во земјите членки, ќе го формираат Европскиот

Систем на Централни Банки (ESCB). Европската Централна Банка успешно

го води Европскиот Монетарен Институт (EMI), чие што седиште е во

Франкфурт.

Европскиот Монетарен Институт воден од советот составен од

гувернерите на NCB и претседател кој е одбран од Европските влади. Членот

105 од Maastricht Договорот дефинира “…примарна објектива на европскиот

систем на централните банки ќе биде востпоставување стабилизација на

цените...” исто така и дека “без предрасуди за објективите на ценовната

стабилност, ESCB ќе ги поддржи генералните економски политики во

Заедницата...”.

Понатаму се вели, “Европскиот Систем на Централни Банки ќе делува

во координација со принципите од економиите на отворениот пазар, со

слободната конкуренција фаворизирајќи ги моменталните алокаци на

ресурсите”. Европската централна банка го има ексклузиното право на

Европската Унија за авторизирање на издавање на банкнотите и монетите,

додека тука се Националните централни банки за да се справат со

техничките аспекти.

Членот од Договорот од Мастрихт ги содржи независностите на ЕСВ

кои гласат дека извршителите во Европската Централна Банка се поставени

да не бараат или примаат било какви инструкции од кои било други

7

Page 9: EVRO VALUTA

институции или владини тела, Европски или национални, и исто така и на

Европските влади им се забранува побарување или влијание за донесувањето

на заклучоците. Европскиот систем на централни банки е воден од две тела.

Тоа се Советот на владите и Извршниот борд. Во Советот на владите

на ЕСВ вклучени се членовите на Извршниот Борд на ЕСВ и гувернерите на

NCB. Извршниот борд е составен од претседател, потпретседател, и четири

други членови, и тие се одбрани од професионални монетарни банкарци од

владите на земјите членки, со препорака од Европскиот Совет и во

консултација со Европскиот Парламент и Советот на гуверери на

Централната банка. Нивниот мандат е осум години. Доларот, фунтата, јенот,

сите тие валути имаат симбол по кој се распознаваат.

ПРВИ ЈАНУАРИ – НОВА ВАЛУТА ЗА ЕВРОПА

На новата валута и беше потребно долго време за изработување.

Договорот од Рим од 1957 година го декларираше тогашниот Европски

пазар како европска објектива со цел за зголемување на економскиот

просперитет и придонес за, како што се велеше, дури и поблиска унија за

граѓаните на Европа. Единствениот Европски Акт од 1986 година и

договорот за Европската Унија од 1992 година ги претставија и Економската

и Монетарната Унија (EMU) и положбата за фондацијата на единствената

валута.

Третата фаза на EMU започна на 1 јануари 1999 година кога

монетарните курсеви на валутите на учесниците беа неповратно фиксирани.

Земјите членки на Европската Унија започнаа со имплементација на

заедничкиот монетарен курс на еврото кое што беше претставено како

8

Page 10: EVRO VALUTA

легална валута, и валутите на единаесетте стални Земји Членки станаа

подврста на еврото.

Грција се приклучи на 1 јануари 2001 година и така дванаесетте земји

членки беа запознаени со валутата евро, нејзините банкноти и монети, на

почетокот од оваа година. Успешниот развој на еврото е од исклучително

значење за реализација на Европа која треба да биде пример за слободно и

непречено движење на луѓе, услуги, капитал и стоки.

Ова има исторско значење во правењето. Претставува најголем

монетарен пресврт кој се случил во светот досега.

Новата валута потекнува од договорите. Сите договори биле

подготвени и потпишани од членовите на Европскиот Совет, кој што е

составен од највисокиот врв на Владите на државите на секоја од земјите

членки на Европската Унија, а подоцна ратификувана од секоја земја, во

зависност од националната процедура за лигислатива.

Изберените влади од земјите членки заедно го развиваат и сочинуваат

еврото. Во Мадрид во 1995, Европскиот Совед го адаптираше терминот

“евро”.

Со воведувањето на Европската Централна Банка се воведе еднаквост

на ценовната стабилност за единствениот монетарен курс низ зоната на

корисниците на еврото. Сето ова е спроведено преку заедничка дологодишна

работа со националните централни банки.

Европската Централна Банка заедно со националните централни банки се

познати како Евросистем. Тие го имаат прифатено еврото од фазата од

договорот за Економска и Монетарна Унија. Моментално има дванаесет

национални банки кои го сочинуваат Евросистемот. Тоа се:

9

Page 11: EVRO VALUTA

Белгија

Германија

Грција

Шпанија

Франција

Ирска

Италија

Луксембург

Холандија

Австрија

Португалија

Финска

Данска, Шведска и Велика Британија се членки на Европската унија но ја

користат единствената валута. Данска е членка на Механизмот за Курсна

Берза II (ERM II), што значи дека Данската круна е поврзана со еврото иако

курсот не е фиксен.

Зона на еврото ги претставува оние Земји членки на Европската Унија, во

кои еврото е прифатено како единствена валута и во кои единствена

монетарна политика е под надлежност на одлучувачките тела на Европската

Централна Банка. Евро зоната е составена од Белгија, Германија, Грција,

Шпанија, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Австрија,

Португалија и Финска.

Се претоставуваше дека еврото ќе стане една од двете или евентуално

трите главни глобални валути за размена. До пред појавата на еврото,

најдоминантна валута на курсниот пазар беше Американскиот долар. Тој

10

Page 12: EVRO VALUTA

беше користен од банките како стабилна резерва на која можеа да и ги

доверат нивните интернационални трансакции и инвестиции.

Една валута може да стане атрактивна за странските трансакции кога

ќе покаже голема стабилност, добро развиен финансиски пазар за да се

вложи оваа валута, и да ја докаже својата прифатливост од страна на

другите. Се претоставуваше дека еврото ќе биде во можност да исполни

доволно голем број од овие критериуми, барем колку Американскиот долар,

па затоа му се даде малку време за да биде прифатено за да му го завземе

местото на доларот, како една од светските главни валути.

Има многу погодности доколку се прифати ваква интернационална

валута. На почетокот, за еврото да го направат прифатлива валута, земјите

членки ги чинеше со намалување на услугите со што ги доведе во долгови.

За валутата да станеше волку широко користена како што е сега, требаше да

се платат премиите за долговите, за ризикот на позајмувачите да се намали.

Благодарејќи му на овој принцип, Американската влада тогаш зачувуваше

10-15 милијарди долари годишно за 2 трилиони долари од интернационални

долгови.

Издавачите на резервната валута се слободни за издавање на

макроекономска полиса која што би одговарала на нејзините потреби за

финансирање на долговите, или влијание на другите земји. Статусот на

резерва доведе и до намалување на голем дел од робата за широка

потрошувачка, нормално за европјаните.

11

Page 13: EVRO VALUTA

ДИЗАЈНОТ НА ЕВРОТО

Интернационалниот збор составен од три букви, кој што е дозволен од

страна на ISO стандардот ISO 4217, за еврото е EUR. Исто така беше и

дизајниран и специјален знак за евро валутата (€). Имаше јавни предлози за

нејзиниот изглед и од оригиналните десет беа избрани само два и на крајот

изборот беше оставен на Европската Комисија да го избере конечниот

дизајн.

Сегашниот дизајн припаѓа на тим од четири експерти кои што не беа

официјално именувани. Симболот, според Европската Комисија, е

комбинација од грчката буква “епсилон” како знак за тежината на европската

цивилизација, а исто така и буквата “Е” е за зборот Европа, додека пак

паралелните линии кои што поминуваат преку неа, ја претставуваат

стабилноста на еврото.

Официјалната приказна за евро симболот е оспорена од страна на

Артур Ајсенмергер, поранешен шеф на графичкиот дизајн при ЕЕС, кој

тврди дека тој го создал генералниот симбол на Европа, а тоа го прифаќаат и

повеќето истражувачи. Во дизајнот на Ајсенмаргер е вклучено и знамето на

Европската Унија.

Еврото е претставено во Unicode character set заедно со неговото име “EBPO”

и позицијата на кодот U+20AC (децимално 8364). После сето ова еврота

стана заштитен знак.

Многу значаен ефект на еврото стана макроекономската стабилност

која важеше за целиот континент. Голем дел од Европа имаше проблеми со

инфлацијата во последните неколку години. Инфлацијата е многу штетен

феномен гледајќи од перспективата на општеството. Таа ги загрозува

12

Page 14: EVRO VALUTA

инвеститорите, може да предизвика социјални немири, и да предизвика

проблеми за оданочување.

Земјите не се во можност сеуште да се справат со сериозните

инфлаторни притисоци. Тие често имаат некои други приоритети кои им се

на патот за спречување на инфлацијата.

13

Page 15: EVRO VALUTA

Користена литература:

1. Борис Кагартски – Европски идеали

2. Др. Златко Стефановиќ – Право на Европската Унија

3. www.officialeurocurrency.com

4. www.wikipedia.com

14

Page 16: EVRO VALUTA

СОДРЖИНА:

Воведен дел.................................................................................

Цели на макроекономската политика.......................................

Еврообврзници (Eurobond)........................................................

Европска банка...........................................................................

Први јануари – нова валута за Европа.....................................

Дизајнот на еврото....................................................................

Користена литература................................................................

15