20
Fabula ÌÊ УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Fabula - Leks Group · Квн Компоненти на монтирањето Компоненти на производот . 5 Димензии . 6 Предупредување

  • Upload
    others

  • View
    27

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Fabula

ÌÊ УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

2

PO^ITUVANI KORISNICI

Vi blagodarime {to imavte doverba vo nas i

go izbravte na{iot proizvod, sinonim na

kvalitet i sigurnost. Se nadevame deka toj

}e odgovara na va{ite potrebi i

barawa.Sekoga{koga imate potreba od nas,

ne dvoumite se , pobarajte ne. Nie

sekoga{}e bideme do Vas koga za toa ima

potreba za sorabotka i za ponuda na

sekakov vid na korisni informacii od

proizvodi na FABER.

3

!

ПРЕПОРАКИ И ПРЕДЛОЗИ

Упатствата за употреба се однесуваат на неколку верзии на овој апарат. Сепак може да најдете описи на посебни карактеристики кои не се однесуваат на овој апарат.

МОНТИРАЊЕ

Произведувачот не носи одговорност за штета направена од неправилно и несоодветно монтирање.

Минималното безбедно растојание меѓу горната површина на шпоретот и аспираторот е 650 мм. (некои модели може да се наместат на пониска висина, проверете во делот за работни димензии и монтирање).

Проверете дали напонот на струјата одговара на оној кој е назначен на плочата која е фиксирана на внатрешната страна на аспираторот.

За уредите од Класа I, проверете дали електричното снабдување гарантира соодветно заземјување

Поврзете го аспираторот со одводот преку цевка со минимум дијаметар од 120 мм. Патот на одводот мора да биде најкраток колку што е можно.

Не поврзувајте го аспираторот со одводниот дел (цевка) кои носат гасови на согорување (бојлери, камини итн.)

Ако аспираторот се користи со не-електрични апарати (пр. Апарати на гас), мора да се обезбеди доволно проветрување во просторијата за да се спречи враќање на издувниот гас. Во кујната мора да има прозорец преку кој постојано ќе се врши проветрување. Кога аспираторот се користи со апарати кои се снабдуваат со енергија која не е електрична, негативниот притисок во просторијата не смее да надмине 0,04 мбар да се спречат гасовите да не се повратат во просторијата од аспираторот.

Во случај на оштетување на напојниот кабел, мора да се замени од страна на производителот или овластен сервис за да не дојде до ризик од опасност.

УПОТРЕБА

Аспираторот е дизајниран исклучиво за домашна употреба за да се отстранат кујнските мириси.

Никогаш не употребувајте го за други цели освен за оние за кои е назначен.

Никогаш не оставајте голем отворен пламен кога аспираторот работи.

Прилагодете го интензитетот на пламенот да биде само на дното на тавата и внимавајте да не се движи по страните.

Длабоките тави со масло мора постојано да ги набљудувате додека ги користите: загреаното масло може лесно да избувне во пламен.

Не фламбирајте под аспираторот; опасност од пожар. Аспираторот не треба да го користат деца или луѓе со

намалени физички, моторни или ментални способности, или лица кои немаат искуство освен ако не се под надзор на лица кои се одговорни за нивната безбедност.

Деца не смеат да си играат со уредот.

4

Карактеристики

ОДРЖУВАЊЕ

• Исклучете го апаратот од струја кога ќе вршите било какво одржување.• Исчистете и/или заменете ги Филтрите по некој одреден период (опасност од пожар). Исчистете го аспираторот со влажна крпа и неутрален течен детергент

Kомпоненти

Аспираторот со контролни копчиња, светло филтри

Преден елемент

Електронски копчињаМотор

Квн

Прирачник за упатства

Документација Квн

Навртки Навртки Навртки Странични држачи Рамни ДржачиДржачи за основата

Квн Компоненти на монтирањето

Компоненти на производот

5

Димензии

6

Предупредување Откако ќе завршите со дупчењето на потпорната површина, телото на аспираторот

може да се намести на два начини: Аспираторот да биде од долната страна (X = 106 мм ). Аспираторот да биде од горната страна (X = 113 мм ).

Монтирање

Овој аспиратор може да се монтира како кујнски елемент:

Модел со цевки: Одвод на воздухот кон надвор. Модел со кружење: Внатрешно кружење.

Редослед на операции – монтирање

Дупчење на потпорната површина и местење на аспираторот Проверка за работа Фрлање на пакувањето

Дупчење на потпорната површина

7

Наместете ги држачите 7.2, како што е покаж

ано на сликата, во лежиштата и прицврстете

со навртките12a кои се дадени.

Местење на аспираторот на потпорната површина од горната страна

Аспираторот може да се намести на единицата на моторот.

Доколку кујната има поинаков распоред, единицата на моторот мора да се намести на задната страна, приклучокот од задната страна мора да се извади и да се замени на предната страна, кабелот за поврзување со моторот мора исто така да се премести на лежиштето на секоја страна . (A).

Наместете го телото на аспираторот на горната површина на плотната, според шемата која беше претходно изработена. Наместете го телото на аспираторот во однос на лежиштето на плотната. Прицврстете го аспираторот со 2 навртки 12с кои се дадени.

Предупредување:Ако површината на плотната е изработена од материјал кој не дозволува навртките 12c да се наместат, ставете малку силикон да ги залепите држачите на површината нека се исуши целосно пред да продолжите со монтирањето.

8

Местење на аспираторот на потпорната површина од долната страна

Предупредување:Ако површината на плотната е изработена од материјал кој не дозволува навртките 12c да се наместат, ставете малку силикон да ги залепите држачите на површината нека се исуши целосно пред да продолжите со монтирањето.

Наместете ги држачите 7.2, како што е покажано на сликата, во лежиштата и прицврстете со навртките 12a кои се дадени

Со 2 навртките 12с кои се дадени, фиксирајте го телото на работната површина и извадете ги потпорните елементи.

Наместете го аспираторот од долната страна на потпорната работна површина, според шемата која претходно беше направена. Со помош на потпорниот елемент, подигнете го телото на аспираторот се додека предниот дел не излезе од работната површина.

Доколку кујната има поинаков распоред, единицата на моторот мора да се намести на задната страна, приклучокот од задната страна мора да се извади и да се замени на предната страна, кабелот за поврзување со моторот мора исто така да се премести на лежиштето на секоја страна . (A)

Пред да продолжите, моторот мора да се фиксира на телото на аспираторот (видете дел фиксирање на моторот).

Аспираторот е спремен за предно монтирање на единицата на моторот.

9

Наместете ги држачите 7.1 на предниот дел на аспираторот со навртките 12a кои се дадени.

Пред целосно да ги прицврстите држачите, направете ги сите прилагодувања да бидат на долната основа на работната површина за да не дојде до деформирање на горните држачи 7.2 како што е покажано на сликата.

Прицврстете ги целосно 12а навртките.

Фиксирање на долните држачи

со помош на висок,телото на аспираторот прилагодете го вертикално и фиксирајте го за долната површина со 2 навртки 12с кои се дадени.

Фиксирање на рамните држачи

Наместете ги држачите 7.3 на предниот дел на аспираторот со навртките 12б кои се дадени, меѓутоа не прицвртувајте ги целосно.Со навртките 12с кои се дадени, прицврстете го другиот дел од држачите 7.3 на страничните ѕидови на единицата или на долниот дел на површината на плотната.

10

Прицврстете ги целосно навртките 12с и 12б.

1111

Монтирањето на моторот (1) на предната или задната страна мора да биде во согласност со кујнскиот елемент, и притоа да биде да се внимава на правилно позиционирање на приклучокот.

Понатаму, според тоа каде е направен отворот за одвод на воздухот, моторот може да се сврти за 90° за да може воздухот да излегува од сите 4 страни во согласност со отворот на единицата (2).

Фиксирање на моторот

Извадете ја единицата на моторот од потпорниот дел така што ќе ги одвртите 2 навртки (A).

Поврзете го конекторот од аспираторот на поврзувањето на моторот.

Вратете го моторот во потпрониот дел и прицврстете со 2 навртки кои беа изваденаи претходно.

Прицврстете го моторот на телото на аспираторот со навртките 12a и 12b како што е покажано на сликата.

12

Поврзете ги електричните кабли кои излегуваат од долниот десен агол на телото на аспираторот со конекторите на електричната единица. Секој конектор со кабел има соодветен конектор на електричната единица и затоа внимавајте да не ги погрешите при поврзување.

Прицврстете ја електричната единица на телото на аспираторот со навртките 12 а кои се дадени. Положбата која е покажана на сликата е само опција, доколку е потребно може да се намести на левата страна од телото или да се остави слободна на основата на единицата доколку нема структурни или безбедносни проблеми.

Фиксирање на електрична единица

Предупредување: разводната кутија не смее да се остави да е во контакт со подот. !

13

Поврзување

Модел со цевки за одвод на воздухот

Кога ќе ја монтирате верзијата со цевки, поврзете го аспираторот со оџак со помош на флексибилна или цврста цевка 150 или 120 мм, избор кој се остава на монтерот.

За да наместите Ø 120мм поврзување на одводот, ставете ја фланшата на одводот на аспираторот.

Прицврстете ја цевката во позиција со држачи- штипки (не се дадени).

Доколку ги има извадете ги филтрите си јаглен.

Одвод на воздухот – модел со кружење Поврзете ја фланшата на отворот на одводот со помош

на флексибилна или цврста цевка од Ø 120 или 150мм. За да наместите Ø 120 mm поврзување на одводот,

ставете ја фланшата 9 на одводот на аспираторот. Прицврстете ја цевката во позиција со држачи- штипки (не се дадени). Овие материјали не се дадени.

Прицврстете ја насочната решетка 8 на одводот со 2 навртки 12e (2.9 x 9.5) кои се дадени.

Не заборавајте да ги ставите филтрите со јаглен (видете Поглавје за одржување на филтрите со активен јаглен).

Електрично поврзување Поврзете го аспираторот со електричното напојување преку дво-полен приклучок со контакт простор од најмалку 3мм.

14

Подигнете го подвижниот дел на телото на аспираторот (видете Поглавје за Употреба) само неколку сантиметри. Да го запрете со движењето, само притиснете го надолу подвижниот дел при самото кревање.

Предупредување: Никогаш не ја блокирајте лизгачката врата при отворање или затворање, освен при операции да се намести рамката. Извадете ги сунѓерите од страните на стаклото. Извадете ја предната рамка и наместете ја од одозгора, и внимавајте сите јазичиња да влезат правилно во лежиштето на аспираторот и притоа лизгајте кон лево.

Предупредување: сите јазичиња треба да се внесени.

Со помош на алатка (чекан) притиснете по целата рамка од десно на лево, за да биде целосно наместена.

Може да ставите парче дрво или сличен елемент меѓу чеканот и предната рамка, за да не се направите штета.

Погледнете во Поглавјето за Употреба за упатства како да го вратите подвижниот дел во стандардна.

Местење на предниот елемент

Warning..: Handle with

15

Отворете ја вратата на аспираторот (видете Употреба).

Извадете ги 2 ленти на самолепливата трака кои ја прицврстуваат плочата при транспорт.

Странична плоча

16

УПОТРЕБА

Контролна плоча

17

Уредот може да се контролира со далечински управувач кој работи на алкални батерии 1.5 V од стандарден тип LR03-AAA (не се вклучени). Далечинксиот управувач не сме да биде во близина на топлотни

извори. Употребените батерии да се исфрлат правилно.

Далечинско управување (изборно)

Табла за далечинското управување

Предупредување: Далечинскиот управувач не е активен при првата употреба. Да го активирате видете Поглавје Употреба Функција на копчето G.

18

ОДРЖУВАЊЕ

Чистење на комфор плочите

Извадете ја комфор плочата со извлекување. Извадете го безбедносниот синџир од кукачката. Извадете ја

плочата од аспираторот. Плочата никогаш не смеат да се мијат во машина за садови. Надворешноста исчистете ја со влажна крпа и неутрален

детергент. Внатрешноста исто така исчистете ја со влажна крпа и

неутрален детергент. Не користете натопени сунѓери, или млаз вода, не користете абразивни средства.

Кога ќе завршите, повторно закачете ја плочата и безбедносниот синџир на аспираторот и затворете.

Метални филтри за маснотии

Овие филтри може да се мијат во машина за садови и треба да се чистат кога свети копчето B или на секои 2 месеци употреба, или почесто ако редовно се користи аспираторот.

Ресетирање на сигналот за аларм

Исклучете ги светлата и моторот. Притиснете и држете го копчето В 2 секунди.

Чистење на филтрите

Отворете ја вратата (видете Употреба). Извадете ја комфор плочата со извлекување. Извадете ги филтрите еден по еден, туркајќи кон задниот

дел и повлечете во исто време надолу. Измијте ги, внимавајте да се искриват, а потоа целосно нека

се исушат пред да ги вратите на место. (површината на филтрите може со време ќе избледе, меѓутоа тоа нема да влијае на работата на филтрите.)

На крај не заборавајте рачките да бидат свртени кон надвор. Затворете ја комфор плочат.

19

Филтер со активен јаглен (модел со кружење)

Може да се мие во машина за садови. Треба да се мие секогаш кога свети копчето В или на секои 4 месеци, или почесто ако се користи редовно. Се гарантира работа по миењето до максимум 5 пати пред потребната замена. Сигналот за аларм, ако е активиран, ќе се вклучи само ако работи моторот.

Активирање на сигналот на алармот Кај моделите со кружење филтерот за заситен аларм мора да се активира при монтирање или подоцна. Исклучете ги светлата и моторот.. Притиснете и држете го копчето F 2 секунди:

LED B трепка двапати – алармот за заситеност АКТИВИРАН. LED B трепка еднаш - алармот за заситеност ДЕАКТИВИРАН.

Замена на филтерот со активен јаглен

Ресетирање на сигналот на алармот Исклучете ги светлата и моторот.. Притиснете и држете го копчето В 2 секунди.

Заменување на филтерот

Извадете ја комфор плочата. Извадете ги филтрите за маснотии. Извадете го металниот филтер и исчистете го филтерот за миризба. Вратете го назад исчистениот филтер, закачете го повторно на филтерот за маснотии со

кукачката на металниот филтер. Вратете ги назад металните филтри. Затворете ја комфор плочата.

Светло

Предупредување: овој уред има бела LED светилка класифицирана како 1M според EN 60825-1: 1994 + Al:2002 + A2:2001 стандарди; максимална оптичка моќ @439nm: 7uW. Не гледајте во светлото преку оптички уреди (двоглед, лупа...).

За да ја замените повикајте овластен сервис . ("Овластен технички сервис )

Симболот обележан на уредот, или обележан на неговата документација, покажува дека тој уред не смее да се третира како домашен отпад. Наместо тоа тој уред треба да се предаде во најблискиот пункт за рециклирање на електрички и електронски уреди. Уништувањето треба да се изврши во согласност со локалните закони и во согласност со стандардите за животната средина .

MK

Скопиjе: 02/ 322 75 80, ул. Народен Фронт Б-2, Кавадарци: 043/ 412 551, ул. Шишка Б.Б,

Битола: 047/ 242 885, ул. Прилепска 56, Тетово: 044/ 337 919, ул. Илинденска Б.Б

SKOLEKS