32
Скопје, јуни 201 2

godisen_izvestaj_2011

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: godisen_izvestaj_2011

Скопје,

јуни 2012

Page 2: godisen_izvestaj_2011

1

СОДРЖИНА

1. ВИЗИЈА, МИСИЈА И РАЗВОЈ .........................................................................................................1

2. ЦЕЛИ ..................................................................................................................................................1

3. ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И ДЕЈСТВУВАЊЕ.............................................................1

4. СЕКТОР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ .................................................................1

5. СЕКТОР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ .....................................................................................................1

6. СЕКТОР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ................................................................................................1

7. КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ..............................................................................................................1

8. ПУБЛИКАЦИИ ИЗРАБОТЕНИ И/ИЛИ ПОДДРЖАНИ ОД ЦЕПРОСАРД ...................................1

9. КОНСУЛТАНТСКИ АКТИВНОСТИ .................................................................................................1

10. ВМРЕЖУВАЊЕ НА ЦЕПРОСАРД................................................................................................1

11. АКТИВНОСТИ НА ЦЕПРОСАРД ВО 2011 ГОДИНА ..................................................................1

12. УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ СИМПОЗИУМИ, КОНФЕРЕНЦИИ И РАБОТИЛНИЦИ ........1

13. ОДРЖЛИВОСТ НА ЦЕПРОСАРД.................................................................................................1

14. ЦЕПРОСАРД ВО ЈАВНОСТА .......................................................................................................1

15. ПАРТНЕРСТВА И СОРАБОТКА СО ОРГАНИЗАЦИИ ...............................................................1

16. ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ..........................................................................................................1

17. РЕВИЗОРСКО МИСЛЕЊЕ ЗА ПРОЕКТОТ „АГРОЕНЕРГИЈА“ ................................................1

Page 3: godisen_izvestaj_2011

2

Здружението „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој“

(ЦеПроСАРД) од Скопје е самостојно, непрофитабилно и непартиско. Формирано е со

слободно и доброволно здружување на членовите заради меѓусебна соработка и

остварување на заедничките интереси од областа на одржливиот развој, земјоделството,

локалниот развој, искористувањето на обновливите извори на енергија, енергетската

ефикасност, заштитата на животната средина, зачувувањето на културното наследство, како

и заради остварување соработка со други слични организации, здруженија од земјата и

светот.

Визија

Визијата на ЦеПроСАРД се рурални и урбани области развиени на одржлив начин со

целосна грижа за животната средина, ефикасно користење на обновливите извори на

енергија, енергетска ефикасност, како и заштита на културното наследство, што ќе

придонесе за создавање на подобра социјална средина за идните генерации.

Мисија

Мисијата на ЦеПроСАРД е воведување и промоција на одржлив развој. Преку истражување

и примена на најдобрите практики, тежнееме кон обезбедување на подобри услови за

живеење како во руралните така и во урбаните области.

Развој

Здружението работи и дејствува во правец на проширување на целата територија на

Република Македонија, притоа воспоставувајќи поблиска соработка со национални и со

меѓународни организации, се до конечно формирање на мрежа од организации и

промотивни станици во корист на примената на одржливите практики. Здружението

воспоставува блиска соработка со локалната самоуправа и со централните институции,

лобирајќи за промоција и за остварување на својата мисија.

1. ВИЗИЈА, МИСИЈА И РАЗВОЈ

Page 4: godisen_izvestaj_2011

3

Здружението на граѓани ЦеПроСАРД се стреми кон постигнување на следниве цели:

подобрување на локалниот и на регионалниот развој во сите региони на

Република Македонија;

промоција и воведување на одржливи практики во развојот на руралните

области и во развојот на земјоделството и производството на храна во

Република Македонија;

афирмирање на можностите за искористување на обновливите извори на

енергија и подобрување на енергетската ефикасност секаде каде што е тоа

возможно;

заштита на животната средина во согласност со начелата на одржлив развој;

дејствување на полето на адаптација кон климатските промени и нивното

намалување, со фокус на земјоделството како производна гранка што е

подложена на влијание од нив;

зачувување на културното наследство;

економско зајакнување на жените, со фокус на руралните области.

2. ЦЕЛИ

Page 5: godisen_izvestaj_2011

4

Здружението „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој“

(ЦеПроСАРД) од Скопје дејствува преку следниве органи:

3.1. Собрание

3.2. Извршен одбор

3.3. Советодавно тело

3.4. Надзорен одбор

3.5. Извршен директор

Собрание

Собранието го сочинуваат дваесет и еден член. Членовите дејствуваат како активни,

придружни и почесни членови.

Извршен одбор

Извршниот одбор, како извршен орган составен од активните членови на здружението,

работи во состав:

м-р Светлана Петровска, област на дејствување: животна средина;

Снежана Јаневска, дипл. маш. инж.;

Лилјана Бучковска, дипл. економист.

Советодавно тело

Советодавното тело е избрано од редот на експерти од соодветните области, како стручна

помош за тековното работење на здружението. По предлог на Извршниот одбор за 2011

година, Советодавното тело работеше во ист состав.

3. ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И ДЕЈСТВУВАЊЕ

Page 6: godisen_izvestaj_2011

5

Надзорен одбор

Надзорниот одбор како орган на Собранието е составен од тројца активни членови:

Габриела Мицевска, дипл. земјоделски инженер;

м-р Лилјана Таневска, област на дејствување: локален развој;

Стасе Нолев, дипл. екк.

Извршен директор

Извршниот директор на ЦеПроСАРД, м-р Светлана Петровска, заедно со тимот во

извршната канцеларија учествуваше во реализацијата на одлуките на Собранието. Заради

воспоставување одржливост на организацијата, извршниот директор, во согласност со

одлуките на Извршниот одбор, екипираше тим, кој работи континуирано на изработка на

проектна документација за аплицирање на меѓународни проекти.

Во тимот задолжен за изработка на проектна документација по повици од донатори се

вклучени:

м-р Лилјана Таневска,

м-р Гордана Пецељ и

Дејан Филипоски.

Извршна канцеларија

Извршниот тим на ЦепроСАРД во 2011 година работеше со дванаесетмина

вработени, вклучувајќи ги следниве профили: двајца земјоделски инженери, магистер по

локален развој, машински инженери, инженер за заштита на животната средина, магистер

од областа на животната средина, инженер-архитект и двајца економисти и еден

администратор. Како надворешни соработници беа ангажирани стручни тимови и експерти,

во зависност од потребите и активностите предвидени во проектите. Во одредени периоди

на работењето во здружението како волонтери работеа студенти од Економскиот факултет и

од Факултетот за земјоделство и храна. Извршниот тим на ЦеПроСАРД е поделен на

следниве сектори:

Сектор за земјоделство и рурален развој:

Page 7: godisen_izvestaj_2011

6

– раководител: Габриела Мицевска, дипл. земј. инж.;

– одделение за земјоделство – Дамјан Сурлевски, дипл. агроек.;

– одделение за рурален развој.

Сектор за локален развој:

– раководител: м-р Лилјана Таневска, лок. развој;

– одделение за културно наследство – Ивана Петкановска, дипл. арх.;

– одделение за родова еднаквост – Лилјана Бучковска, дипл. екк.

Сектор за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност:

– раководител: Снежана Јаневска, дипл. маш. инж.;

– одделение за обновливи извори на енергија;

– одделение за енергетска ефикасност – Дејан Филипоски, енергетика и

екологија.

Сектор за заштита на животната средина:

– раководител на Секторот за заштита на животната средина;

– координатор за заштита на животната средина: Љупка Глигорова, дипл.

инж. за заштита на жив. средина.

Сектор за општи работи:

– финансиски менаџер: м-р Гордана Пецељ, економски науки;

– Габриела Баркер, комуникации со јавноста;

– Виолета Коцевска – администратор.

ЦеПроСАРД во 2011 година работеше на реализација на шест проекти, со вкупен буџет од

878.049 евра, или 54.000.000 денари1.

1 Дел од овој буџет покрива и дел од проектите за 2012 година.

Page 8: godisen_izvestaj_2011

7

Партнери во проектот:

– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

– Министерство за економија;

– Министерство за животна средина и просторно планирање;

– Министерство за локална самоуправа;

– Факултет за земјоделски науки и храна;

– Федерација на фармери на Република Македонија;

– ЗЕЛС.

Период на спроведување:

– прва фаза: 1.12.2008-30.11.2009 г. – фаза на истражување;

– втора фаза: 1.10.2010-1.12.2012 г. – фаза на имплементација.

Целна група: земјоделци и претприемачи на ниво на целата земја, институции, локални и

национални авторитети и др.

Опис на активноста:

Проектот „Промоција на одржливи земјоделски практики, енергетска ефикасност и

искористување на обновливите извори на енергија во руралните заедници на Република

Македонија“ – Агроенергија, по првата фаза – фазата на истражување за расположливоста

на ресурси за обновливи извори на енергија во Република Македонија поволни за мали

инвестиции, започна со фазата на имплементација, која се темели на резултатите од првата

фаза и ги содржи следниве активности:

4. СЕКТОР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ

Проект: „Промоција на одржливи земјоделски практики, енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија во руралните заедници на Република Македонија“ – Агроенергија

Page 9: godisen_izvestaj_2011

8

Дава препораки за правилно искористување на ОИЕ, преку воведување на нови современи

технологии за производство, како и заштеда на енергија преку примена на принципите на

енергетска ефикасност преку:

1. Пилотирање – воспоставени се конкретни демонстративни пилот-единици – фарми,

со користење на обновливи извори на енергија и преземање мерки за енергетска

ефикасност.

2. Обука и промоција – изработен е план за воспоставување на тренинг-центар со

практична демонстрација на искористување на ОИЕ и градба во согласност со

најдобрите достапни техники за градба на енергетски ефикасни објекти; подготвени се

едукативни пакети за обука за различни целни групи; организирани се промотивни

кампањи и тркалезни маси на тема ОИЕ и ЕЕ.

3. Јакнење на институциите – дадена им е поддршка на институциите во процесот на

изработка и приспособување на законите, подзаконските акти, стратегиите, програмите и

мерките за поддршка со соодветните европски регулативи во областа на ОИЕ и ЕЕ.

ЦеПроСАРД во рамките на проектот „Агроенергија“ обезбеди поддршка на

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија за

организирање работилница на тема „Обезбедување на квалитет кај сончеви

колектори и системи“.

Page 10: godisen_izvestaj_2011

9

По барање на Агенцијата за енергетика, во 2011 година се почна со изработка на

Правилник за енергетски карактеристики на згради. За изработка на Правилникот

за енергетски карактеристики на згради е задолжена работната група оформена

по иницијатива на Агенцијата за енергетика, а со координација на здружението

ЦеПроСард. Овој Правилник е значаен подзаконски акт, кој ќе придонесе

постепено да се намалат енергетските трошоци во објектите, енергетскиот

фактор да се зема предвид при градењето на нови објекти, воведување на

зелени сертификати и, секако, ќе помогне при постигнувањето на стратешките

цели на земјата. Заедно со Правилникот, работната група изработува и

методологија за негово користење.

За потребите на МЗШВ во рамките на проектот „Агроенергија“, ЦеПроСАРД

изработи „Водич за странски инвестиции во РМ“.

4. Вмрежување – се зајакна воспоставената мрежа на субјекти активни во овој сектор и се

создаде платформа за соработка.

Буџет: 1.062.000 евра

Донатор: SIDA

Целта на проектот е обезбедување услови за воспоставување на дијалог меѓу јавниот и

приватниот сектор преку јакнење на капацитетите на учесниците во вредносните синџири и

претставниците на владините институции, како и воспоставување на систем за редовна

комуникација и размена на мислења за одредени теми и документи во потсекторите овошје

и зеленчук.

Проект: „Зајакнување на јавно-приватниот дијалог

преку поефикасно застапување на вредносните

синџири за свежо овошје и зеленчук и преработен

зеленчук“

Page 11: godisen_izvestaj_2011

10

Активности:

идентификување на учесниците во вредносните синџири (производители, преработувачи

и трговци со овошје и зеленчук);

вклучување на владините институции одговорни за создавање и имплементација на

политики и стратегии поврзани со свежо овошје и зеленчук и преработен зеленчук во

активностите на проектот;

процена на потребите за обука на вработените во институциите и на претставниците на

вредносните синџири;

имплементација на обуки за претставниците на вредносните синџири и владините

институции приспособени на нивните потреби;

воспоставување на информативна онлајн-алатка на веб-страницата на Министерството

за земјоделство, шумарство и водостопанство;

воспоставување на систем за тековна комуникација меѓу учесниците во вредносните

синџири и владините институции за актуелни теми поврзани со производството и

преработката на овошје и зеленчук.

Времетраење: октомври 2011 – септември 2012 г.

Буџет: 40.930 американски долари

Донатор: УСАИД – АгБиз-програма

Page 12: godisen_izvestaj_2011

11

Во август 2011 година, осуммина млади луѓе од Македонија учествуваа на

работилницата за младинска размена во Латвија, заедно со колеги од Латвија и од Србија.

Целта на работилницата, која беше дел од иницијативата финансирана од ЕУ – „Млади во

акција“, беше мотивирање на младите во руралните области да учествуваат во процесите на

донесување одлуки и подигање на нивната свест за можностите за одржлив развој. Покрај

предвидената програма, исто така, имаше време да се разгледаат локалните места и да се

вкусат локалните деликатеси. Потцели на проектот беа да се открие животот на младината

од руралните области во другите земји, да се промовира да се мисли глобално и да се

мотивираат младите да го потрошат нивното слободно време на начин на кој локално

поефективно ќе дејствуваат.

Користејќи различни техники, работилницата се обиде да ги охрабри учесниците да

идентификуваат начини за подобрување на нивната локална средина и да им помогне да ги

споделат своите идеи, како и да ги претворат истите во практични резултати. Учесниците ја

завршија практичната задача, градејќи соларен колектор од стари отпадни материјали

пронајдени на локацијата – од стари прозорци до кулер од дотраен фрижидер.

Времетраење: април – септември 2011 г.

Буџет: 20.1542 евра

Донатор: Европска унија – „Млади во акција“

2 Вкупен буџет за Латвија, Србија и Македонија.

5. СЕКТОР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

Проект: Мисли глобално, дејствувај локално – „Млади

во акција“

Page 13: godisen_izvestaj_2011

12

Kако невладина организација која се занимава со активности од областа на обновливите

извори на енергија во земјоделството, локалниот развој и заштитата на животната средина,

ЦеПроСАРД работи на законска иницијатива за „Управување со земјоделско земјиште за

одгледување на култури и производство на енергија од обновливи извори“.

Иницијативата е, пред се , насочена кон зачувување на земјоделското земјиште за

производство на храна, зачувување на биодиверзитетот и воспоставување на критериуми со

кои би се спречило негово прекумерно искористување за производство на енергетски

култури.

Иницијативата вклучува активности поврзани со ревизија на законските регулативи што се

однесуваат на производство на енергетски култури, воспоставување врски со

парламентарните комисии надлежни за прашањата: Комисија за земјоделство, како и

Комисија за транспорт и врски и животна средина.

Проект: Законска иницијатива на ЦеПроСАРД

„Управување со земјоделско земјиште за одгледување

на енергетски култури и производство на енергија од

обновливи извори“ во рамките на проектот на

Националниот демократски институт: „Поддршка на

граѓанските организации во законодавните

иницијативи со Парламентот на Република

Македонија“

Page 14: godisen_izvestaj_2011

13

Проектот ги вклучува следниве активности:

ревизија на сите закони што се однесуваат на управување со земјоделско земјиште во

Македонија;

работилници за информирање на релевантните актери и искористување на нивното

искуство во областа;

структурирање на законодавната иницијатива;

лобирање преку јавни дебати во Парламентот заради постигнување законски

интервенции.

Времетраење: септември 2010 – март 2011, продолжено до март 2012 г.

Буџет: 2.000 евра3

Донатор: Национален демократски институт

Главна цел на проектот е подигање на свеста на населението во најзасегнатите подрачја за

мерките за намалување на влијанијата и адаптирање кон климатските промени, како и за

можностите за итни реакции при појава на поплави.

3 ЦеПроСАРД не управуваше со овие буџетски средства.

6. СЕКТОР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Проект: „Мерки за адаптација и намалување на

влијанијата врз климатските промени во

најзасегнатите подрачја во Македонија“

Page 15: godisen_izvestaj_2011

14

Во рамките на проектот, поплавите се разгледуваа од аспект на климатски промени, односно

како последица на климатските промени. По идентификувањето на подрачјата во

Македонија што се најизложени на поплави, проектните активности беа фокусирани на

едуцирање на локалното население и на претставниците од засегнатите општини.

Засегнатите страни беа запознаени со последиците од климатските промени со кои се

соочуваме, со мерките за адаптирање и намалување на влијанието врз климатските

промени, како и со начините за справување и итно реагирање при појава на поплави.

Вклучени институции:

Центар за управување со кризи;

Управа за хидрометеоролошки работи;

Министерство за животна средина и просторно планирање;

Шумарски факултет – Скопје;

Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје;

општините: Петровец, Зелениково, Босилово, Струмица.

Времетраење: март – август 2011 г.

Буџет: 5.600 евра

Донатор: Норвешка

Главна цел на проектот е да се подобри законската и институционална рамка, која ќе

придонесе за правилно управување со е-отпадот во Македонија, во Србија, во Хрватска и во

Бугарија.

ЦеПроСАРД, како дел од националната мрежа за застапување при управување со е-

отпадот, учествуваше во организирање на јавни настани за подигање на свеста за е-

отпадот. Во целните групи и крајните корисници спаѓаат невладини организации, компании,

Проект: „Балканска мрежа за застапување при

управување со е-отпад“

Page 16: godisen_izvestaj_2011

15

владините институции, медиумите и граѓаните. Акцијата беше насочена кон решавање на

следниве конкретни проблеми:

нискиот капацитет на невладините организации за управување со е-отпадот;

граѓаните и носителите на одлуки имаат ниска свест за последиците од

несоодветното отстранување на е-отпадот;

недостигот на статистички податоци во врска со е-отпадот;

недостигот на мрежни структури на национално и на регионално ниво насочени кон

справување со проблемите во областа на е-отпадот.

Времетраење: март – ноември 2011 г.

Буџет: 640 евра

Донатор: Проектот е финансиран од Европската унија

Проектот имаше цел да ја заживее историјата на Балканот од 14 до 19 век, да поттикне јавна

дискусија за вредните, но честопати запоставени споменици од овој период. Исто така,

имаше цел да го стимулира јавниот дискурс за историјата на Балканот, да го промовира

чувството на заедничка историја врз основа на верски и етнички соживот и да придонесе за

промоција и зачувување на културното наследство. Всушност, се работеше за

мултимедиумски проект базиран на изложба на 50 специјално нарачани фотографии од

муслимански, од христијански и од еврејски споменици на Балканот, снимени од петмина

наградувани фотографи од Атина, Белград, Призрен, Скопје и Тирана. Фотографиите се

надополнети со текст напишан од тим од историчари од целиот регион, со документарен

филм, со едукативни програми, со историски прошетки и со фотонатпревари наменети за

деца од училишна возраст и за возрасни.

7. КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Проект: „Балканска приказна“

Page 17: godisen_izvestaj_2011

16

На тој начин се поттикнува соработка меѓу различни културни организации на Балканот и во

Европа, се промовира имиџот на Балканот во регионот и во Европа, а проектот претставува

и придонес за значењето на историјата и идентитетот врз мултиетничкиот и

мултирелигиозниот соживот. Се промовира заштита и подобар пристап до културното

наследство на Балканот.

Целна група се општата јавност, деца до 18 години, граѓанските и образовните организации,

локалните власти, невладините и истражувачките организации, централната власт,

студентите, младите луѓе.

Активностите, меѓу другото, опфатија:

изложба на фотографии во: Атина, Приштина, Скопје, Белград, Тирана и Берлин;

публикација на сите шест јазици на земјите партнери во проектот;

веб-страница;

26-минутен документарен филм и аудиовизуелен спот;

извештаи на историчари од Грција, Албанија, Србија, Косово и Македонија, со предлози

за дополнувања на наставната програма по историја, за отоманскиот период;

образовни наставни планови;

медиумска кампања и промоција на проектот.

Page 18: godisen_izvestaj_2011

17

Партнери во проектот: Институт „Гете“, канцеларија во Атина – лидер на проектот;

ЦеПроСАРД (Македонија); OJQ Emancipimi Civil Ma Ndryshe (Косово); „Ремонт“ – независна

уметничка асоцијација (Србија); Албански фонд за споменици (Албанија); Непрофитабилна

фондација „Анемон“ (Грција).

Активностите на проектот во нашата земја дополнително беа поддржани и од градот Скопје,

од Музејот на Македонија, како и од други организации и медиумски партнери, се со цел да

се допре пошироко до целната група – децата и младите до 18-годишна возраст.

Времетраење: јануари 2011 – октомври 2012 г.

Буџет: 26.670 евра

Донатор: European Commission – DG Enlargement

„Водич за енергетски ефикасна градба“ – МИР

„Студија за енергетска ефикасност и перспективи за развој на зелената економија во

земјата“ – ФЕС

„Соочување со климатските промени“ – Норвешка

„Прирачници за постапка за изградба на електрани за производство на електрична

енергија од обновливи извори на енергија“ – Агроенергија

8. ПУБЛИКАЦИИ ИЗРАБОТЕНИ И/ИЛИ ПОДДРЖАНИ ОД ЦЕПРОСАРД

Page 19: godisen_izvestaj_2011

18

– „Фотоволтаични електрани“

– „Хидроелектрани“

– „Електрани на биомаса“

– „Ветерни електрани“

„Можности за искористување на сончевата енергија во секторот за преработка на

зеленчук“ – Агроенергија

Елаборати за заштита на животната средина

Инвеститори: Бизнис-сектор од Општина Св. Николе – Бацоц (февруари 2011);

„Астра“ ДООЕЛ (април 2011); „Алекс“ експорт-импорт (мај 2011); „Баланс плус“ (мај

2011); Општина Гази Баба – „Микеи“ ДОО (декември 2011)

Извештај за стратегиска оцена на животната средина на државни урбанистички

плански документации за 13 бензински пумпни станици и услужни центри на

коридор X и коридор VII и на други регионални патишта низ државата

Инвеститор: Агенција за просторно планирање на РМ (март 2011)

Елаборат за заштита на животната средина за регионалниот пат Мантово

Инвеститори: Општина Штип (мај 2011)

„Еколошки аспекти на вашето претпријатие – придобивки и можности“

Инвеститор: Фондација за менаџмент и индустриско истражување (МИР) (мај 2011)

Фасцилитирање на конференција за соработка со ЛС

Инвеститор: SIPU International Swedish consultancy organisation (јули 2011)

Елаборат за заштита на животната средина за рехабилитација и реконструкција

на единаесет постојни општински улици во Општина Ѓорче Петров

Инвеститор: Општина Ѓорче Петров (август 2011)

„Еколошки аспекти на вашето претпријатие – придобивки и можности“

Инвеститор: Фондација за менаџмент и индустриско истражување (МИР) (мај 2011)

„Еколошки аспекти на вашето претпријатие – придобивки и можности“

9. КОНСУЛТАНТСКИ АКТИВНОСТИ

Page 20: godisen_izvestaj_2011

19

Инвеститор: „Евроцентар“ од Св. Николе (декември 2011)

Стратегија за локален економски развој на Општина Ѓорче Петров

Инвеститор: Општина Ѓорче Петров (декември 2011)

Енергетска ефикасност на градинката „Срничка“

Инвеститор: УНДП (декември 2011)

Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Општина Центар

Инвеститор: Општина Центар (изработката е во тек)

ЦеПроСАРД врши обуки за полагање стручен испит за управување и/или

постапување со отпадот – Решение за овластување за вршење на овие обуки,

издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање на 10

октомври 2011 година.

Центарот за промоција на одржливо земјоделство и рурален развој (ЦеПроСАРД)

започнува со организирање обуки за полагање стручен испит за управување и/или

постапување со отпадот. Обуката е во траење од вкупно 50 часови. Кандидатот кој

редовно ја посетувал обуката за полагање стручен испит за управување и/или

постапување со отпадот ќе добие потврда за учеството на обуката за стручно

оспособување за управување и/или постапување со отпадот.

Вмрежување на локално и на меѓународно ниво

Мрежа за рурален развој на Република Македонија

Forum Synergies

ARC 2020

Мрежа на екосела на Балканот (МЕБ)

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпадот

Коалиција „Натура 2000“

Национална мрежа – „Климатски одговор“

Avalon Network

Коалиција – „Екологијата приоритет“

10. ВМРЕЖУВАЊЕ НА ЦЕПРОСАРД

Page 21: godisen_izvestaj_2011

20

Црвениот крст на Република Македонија во состав на проектот „Форум на Југоисточна

Европа за адаптација кон климатските промени“ е основач на Мрежата од организации на

граѓанското општество на Македонија. Мрежата опфаќа членови на граѓанските друштва во

Македонија, кои се занимаваат со заштита и унапредување на животната средина,

едукација, развој и унапредување на демократијата, хуманитарна помош, социјални теми,

како и претставници на бизнис-секторот и на образовните институции. Мрежата претставува

трајна платформа за соработка меѓу нејзините членови со цел подигање на свеста за

климатските промени кај пошироката јавност и одговорните лица вклучени во донесувањето

одлуки, како и последиците што следуваат со климатските промени.

Проектот е финансиран од стрaна на Европската унија и австрискиот Црвен крст. Периодот

за имплементација на проектот е 24 месеци.

Проектот за поставување сончеви колектори во училиштето „Гоце Делчев“ во Конче е

донација на Јулијана Димовска и Георг Вошнаг, а покрај донаторот, во создавањето и

имплементацијата на проектот учествуваат ЦеПроСАРД, Општина Конче, Основното

училиште „Гоце Делчев“ и „Софкин“ ДООЕЛ од Радовиш.

11. АКТИВНОСТИ НА ЦЕПРОСАРД ВО 2011 ГОДИНА

ЦеПроСАРД потпиша Меморандум за соработка со Црвениот крст на Република

Македонија

Потпишан Меморандум за соработка по повод започнувањето со реализација на

проектот „Make a difference“ во Општина Конче, во чии рамки ќе се инсталираат

сончеви системи за топла вода во училиштата во оваа општина

Page 22: godisen_izvestaj_2011

21

Меморандумот беше потпишан на Саемот на општини, кој се одржа на 25 и 26.11.2011

година во Скопје, а документот ја уважува намерата за соработка и реализација на проектот

„Make a difference“ на сите пет потписници.

Целта на оваа иницијатива беше подобрување на условите во основните училишта во

Општина Конче, преку изведба на системи со сончеви колектори за добивање санитарна

топла вода. Покрај централното училиште во Конче, со проектот се опфатени и другите пет

основни училишта во околните села што и припаѓаат на оваа општина: Долни Липовик,

Горни Липовик, Ракитец, Дедино и Габревци.

Во рамките на проектот беше предвидено и одржување на работилница наменета за

едукација и подигање на свеста кај учениците, за обновливите извори на енергија и

заштитата на животната средина. Работилницата ќе резултира со имплементација на

дополнителна активност предложена од учениците, а со поддршка на наставниот кадар од

училиштето „Гоце Делчев“.

ЦеПроСАРД поддржува и реализација на иницијативи и проекти од филантропски карактер

што се однесуваат на подигање на свеста за заштитата на животната средина во Република

Македонија.

Меморандумот беше потпишан на 26.10.2011 година, со што се уважува намерата меѓу

партнерите за воспоставување релации заради остварување соработка на различни

проекти. Двете страни можат да развиваат заеднички проекти од различни области од кои ќе

имаат заемен интерес и притоа заеднички ќе настапат со:

учество во заедничко создавање на проекти според утврдени договори за

партнерства по проект;

заемна професионална поддршка;

вклучувања во мрежата на партнери;

поддршка во процесот на воспоставување соработка со сите партнери;

Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој

(ЦеПроСАРД) и Бизнис-конфедерацијата на Македонија потпишаа Меморандум за

соработка

Page 23: godisen_izvestaj_2011

22

заедничко учество во дијалогот со социјалните партнери;

учество во активностите на локалните економски социјални совети;

советување и едукација на членовите и на клиентите на двете организации.

На 23.11.2011 година тимот на ЦеПроСАРД зеде учество во акцијата „Ден на дрвото“, како

дел од кампањата за масовно пошумување. Главна цел е повторно засадување на

македонските шуми по големите пожари што се случија во текот на изминатите две лета, а

организаторите, исто така, ги признаваат и еколошките придобивки на планот во време на

глобално затоплување.

Нашиот ЦеПроСАРД „ден на засадување дрвца“ беше организиран од Дамјан, наш колега,

кој живее во Сопиште, на Водно. Натоварени со мали дрвца, отидовме до неговата куќа и по

прекрасната прошетка до изворот на врвот на ридот, решивме дека нашите дрвца ќе биде

подобро да се засадат во градината на Дамјан, каде што ќе бидат наводнувани и подобро ќе

се води грижа за нив, а ние ќе можеме да ги посетиме подоцна и да видиме како

напредуваат.

„Ден на дрвото“ во Македонија

Page 24: godisen_izvestaj_2011

23

Презентација на научен труд на тимот на ЦеПроСАРД на Интернационалната

конференција за екосистеми (ICE) во Тирана, Албанија

Интернационалната конференција за екосистеми (ICE) организирана од страна на

Факултетот за земјоделство и животна средина, како дел од Земјоделскиот универзитет во

Албанија, се одржа во периодот од 4 до 6 јуни 2011 година во Тирана, Албанија.

На Конференцијата, Дејан Филипоски, како дел од тимот на ЦеПроСАРД, заедно со м-р

Марина Петровска, Проектен асистент во „UniCoop – SIDA founded project“, го презентираа

трудот „Намалување на климатските промени преку искористување на биомасата во

земјоделскиот сектор во Република Македонија“.

Фондацијата „Фридрих Еберт Штифтунг“, со канцеларија во Скопје, во соработка

со ЦеПроСАРД на 16 ноември 2011 година организираше работилница на тема

„Заштитата на природата и локалните ефекти“

Работилницата се организираше со цел да се споделат искуствата меѓу македонските

организации кои работат на полето на заштитата на животната средина и експерти од оваа

област од Германија. Темата на работилницата беше „Заштита на природата и локалните

ефекти“, со посебен акцент на заштитените подрачја и „Натура 2000“ подрачјата. Своја

презентација имаше Љупка Глигорова, координатор за заштита на животната средина во

ЦеПроСАРД.

Биоенергија од шумите – програми за рурален развој и биоенергија добиена од

шумите – семинарот се одржа на 25-27 октомври 2011 година во Пунчахарју,

Финска

12. УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ СИМПОЗИУМИ, КОНФЕРЕНЦИИ И РАБОТИЛНИЦИ

Page 25: godisen_izvestaj_2011

24

Финската рурална мрежа, во соработка со Европската мрежа за рурален развој, три лидер-

акциони групи и фински експертски организации во областа на шумарството организираа

тридневен настан за да се опише, анализира, дискутира и да се запознаат со прашањата

поврзани со шумската биоенергија. Каков е развојот на шумската биоенергија во различните

програми за рурален развој? Каква ќе биде иднината на биоенергијата добиена од шумите

во ЕУ?

Габриела Мицевска, раководител на Секторот за земјоделство и рурален развој, го

претставуваше ЦеПроСАРД и како придонес на семинарот, одржа презентација под наслов

„Биоенергија од шумите во Македонија“.

Форум-работилницата „Македонскиот туризам – конкурентна индустрија“ и

„Капацитетите и ресурсите за креирање на туризмот во Македонија како

конкурентна индустриска гранка“ се одржаа во Едукативниот центар М6 – Скопје,

на 27.10.2011 год.

Меѓу излагачите на овој настан беа г. Жан Мари Стандаерд, од Холандската програма за

поддршка на работодавачи, и г. Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерацијата на

Македонија.

Особено интересно беше излагањето на г-ѓа Вања Стевковска на тема „Обуки за млади и

жени во руралните средини со туристички потенцијал за отпочнување на мали бизниси во

туризмот“, која го потенцираше големиот интерес за овој вид туризам, но и неможноста за

позначаен напредок во овој специфичен сектор, поради непостоење на соодветна

регулатива за рурален туризам.

На форумот присуствуваа студенти од Факултетот за туризам, претставници на бизнис-

секторот, како и други засегнати субјекти.

На настанот учествуваше Лилјана Бучковска, координатор за родова еднаквост во

ЦеПроСАРД – Скопје.

Тркалезната маса на тема „Соларната енергија – перспектива во Македонија,

реалност во Словенија“ се одржа на 13 октомври на Скопскиот саем

Page 26: godisen_izvestaj_2011

25

Со одржувањето на оваа тркалезна маса се настојува да се дојде до размена на теоретски и

практични искуства за употребата, корисноста и ефикасноста од соларните обновливи

извори на енергија.

На настанот, покрај амбасадорот на Република Словенија, г. Ален Брајан Бергант,

учествуваа и повеќе претставници од невладини организации, компании и институции од

двете земји.

Свое излагање имаше и м-р Лилјана Таневска од ЦеПроСАРД, во кое беа презентирани

досегашните активности на организацијата во истражувањата на потенцијалите за

искористување на обновливите извори на енергија и подобрување на енергетската

ефикасност преку истражувања и анализи за економската исплатливост за воведување на

овие технологии.

На 10 и 11 мај 2011 година се одржа дводневен стручен собир на тема

„Спроведување на енергетска сертификација на згради во Република Хрватска и

регионот, енергетско обновување на згради и современи енергетски концепти во

архитектурата, како и мерење и верификација на заштедите во проектите за

енергетска ефикасност“

На собирот што го организираше Енергетскиот институт „Хрвоје Пожар“ беа презентирани

состојбата и трендовите во спроведувањето на енергетската сертификација на зградите,

досегашното искуство, како и методите на пресметка на потрошувачката на енергија во

Република Хрватска.

М-р Светлана Петровска на собирот ги презентираше состојбата во оваа област во

Република Македонија, донесената законска регулатива, како и подзаконските акти за

енергетската ефикасност во градежниот сектор. Исто така, на семинарот беа презентирани и

системските мерки во Република Црна Гора за подобрување на енергетските карактеристики

на зградите и нивно сертифицирање.

На 30 ноември 2011 година во хотелот „Континентал“ во Скопје се одржа

работилница на тема „Обезбедување на квалитет кај соларни колектори и

системи“

Господинот Андро Бачан, гостин-експерт од хрватскиот Енергетски институт „Хрвоје

Пожар“, го сподели со учесниците своето искуство од Хрватска во врска со стандардот

Page 27: godisen_izvestaj_2011

26

за квалитет на соларните колектори и системи. Организатор на настанот во Македонија

беше тимот на ЦеПроСАРД.

Во текот на 2011 година тимот на ЦеПроСАРД подготви и поднесе единаесет

апликации до девет различни донатори, од кои три беа одобрени, а шест одбиени. За

два проекта бевме поканети за заедничко учество, така што учествувавме во

имплементацијата на проектите како партнери.

Информациите за ЦеПроСАРД се објавуваа редовно, по успешната реализација на

проектите, промотивните кампањи, обуките, како и заради најава на настани во рамките

на проектите што ги спроведува организацијата. Информациите се објавуваа во

печатените и во електронските медиуми, како и на веб-страниците на повеќе домашни и

странски организации, владини институции, локални самоуправи.

Здружението редовно објавуваше статии во месечникот „Моја земја“, од областите на

нашето дејствување. Други медиуми кои објавуваа информации за активностите на

Центарот се: „Моја земја“; „Време“; „Вечер“; „Утрински весник“; „Порта 3“, „Шпиц“;

„Дневник“; КТВ; „Канал 77“; ТВ „Тера“; „Алсат“; ТВ „Алфа“; Македонска телевизија;

Македонско радио; веб-страницата на МИА; веб-страницата на Министерството за

култура; веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и

водостопанство; веб-страницата на Агенцијата за енергетика; веб-страницата на

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во РМ; веб-страницата на

Општина Конче; веб-страницата daily.mk; веб-страницата time.mk; ТВ „Стар“ – Штип; ВТВ

– Валандово; веб-страницата idividi.com.mk; веб-страницата netpress.mk; веб-страницата

sky.mk и други.

14. ЦЕПРОСАРД ВО ЈАВНОСТА

13. ОДРЖЛИВОСТ НА ЦЕПРОСАРД

Page 28: godisen_izvestaj_2011

27

Исто така, заради навремено и точно информирање, редовно се ажурираше веб-

страницата на ЦеПроСАРД: www.ceprosard.org.mk, како и страницата на ЦеПроСАРД на

Facebook.com

http://www.facebook.com/pages/CeProSARD/303094346376936

ЦеПроСАРД создава мрежа од актери во областите во кои работи. Мрежата вклучува

владини институции, невладини организации, кооперативи, претставници од приватниот

сектор и индивидуалци.

Некои од соработниците на ЦеПроСАРД во делот кој опфаќа национални и меѓународни

организации се: донатори и странски партнери, како: SIDA; World Bank; FAO; GRM;

MAASP; SNV; Европска комисија – DG Enlargement; Национален демократски институт

(NDI); невладини организации и фондации, како: Федерација на фармери на Република

Македонија; Балкански центар за соработка – Скопје; ОРТ – Скопје; „Жетва на знаење“ –

Прилеп; ЦЕОР – Струмица; giff4u – Словенија; CEED – Бугарија; ECODIBRA – Албанија;

Danu philanthrophy SEE – Словенија и др.

15. ПАРТНЕРСТВА И СОРАБОТКА СО ОРГАНИЗАЦИИ

Page 29: godisen_izvestaj_2011

28

Page 30: godisen_izvestaj_2011

29

БИЛАНС НА СОСТОЈБАТА ВО 2011 ГОДИНА

ОПИС 2011АКТИВА (СРЕДСТВА)ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВАнематеријални 0материјални– опрема 5.442.049ВКУПНИ ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА 5.442.049НЕПОСТОЈАНИ СРЕДСТВАжиро-сметка 2.122.663благајна 35.787девизна сметка 2.184.580издвоени парични средства и акредитиви 17.926.850ВКУПНО ПАРИЧНИ СРЕДСТВА 22.269.880ПОБАРУВАЊАпобарувања за дадени аванси, депозити 12.298.000други краткорочни побарувања 0

ВКУПНО НЕПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА 34.567.880

ВКУПНА АКТИВА 40.009.929

ПАСИВА (ОБВРСКИ И КАПИТАЛ)ИЗВОРИ НА ДЕЛОВНИ СРЕДСТВА– деловен фонд 7.418.182ВКУПНИ ИЗВОРИ НА ДЕЛОВНИ СРЕДСТВА 7.418.182КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ– доставувачи 908.319– обврски кон државата 74.824– краткорочни финансиски обврски 0– други краткорочни обврски 64.072– обврски за плати 148.042ВКУПНИ КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ 1.195.257ПАСИВНИ ВРЕМЕНСКИ РАЗГРАНИЧУВАЊА

– дел од вишокот од приходите пренесени во наредната година 28.256.794– други пасивни временски разграничувања 0ВКУПНО ПАСИВНИ ВРЕМ. РАЗГРАНИЧУВАЊА 28.256.794РЕЗЕРВЕН ФОНД 3.139.696НЕРАСПРЕДЕЛЕН ДЕЛ ОД ВИШОКОТ ПРИХОДИ 0

ВКУПНА ПАСИВА 40.009.929

16. ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

Page 31: godisen_izvestaj_2011

30

БИЛАНС НА ПРИХОДИТЕ И РАСХОДИТЕ ВО 2011 ГОДИНА

ПРИХОДИ

ПРИХОДИ ОД УСЛУГИ 730.112

ПРИХОДИ ОД КАМАТИ 282.089

ПРИХОДИ ОД ДОНАЦИИ

– норвешка амбасада во Скопје 345.000

– „Метаморфозис“ / е-отпад 39.360

– СИДА, Шведска 37.100.951

– Институт „Гете“, Грција 1.100.879

– ЕУ, Латвија – „Млади во акција“ 33.511

ВКУПНО ПРИХОДИ ОД ДОНАЦИИ 38.619.701

ПРИХОДИ ОД ЧЛЕНАРИНИ 12.350

ВИШОК ПРИХОДИ ОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА 14.676.969

ВКУПНО ПРИХОДИ 54.321.221

РАСХОДИ

ЦеПроСАРД 4.192.926

трошоци за работење 5.110.060

трошоци за спроведување на проектните активности 16.668.441

ревизија 93.000

ВКУПНИ РАСХОДИ 26.064.427

РАЗЛИКА МЕЃУ ПРИХОДИТЕ И РАСХОДИТЕ 28.256.794

В К У П Н О 54.321.221

Page 32: godisen_izvestaj_2011

31

4

4 Ревизија во 2011 година е направена само на проектот „Агроенергија“ бидејќи финансиското работење на ЦеПроСАРД во најголем дел произлегува од работењето на проектот „Агроенергија“.

17. РЕВИЗОРСКО МИСЛЕЊЕ ЗА ПРОЕКТОТ „АГРОЕНЕРГИЈА“