4
Здружение на студенти од Медицински Факултет Европска Медицинска Студентска Организација на МАКЕДОНИЈА Acta, Non Verba! . Ul Atinska br.1 3/19| e-mail: [email protected] | www.emsa.org.mk | `.smetka 300000000161153 | EDB. 4030001409906 | Deponent: Комерцијална Банка АД Скопје Извештај за првата половина на Twınnıng Project со ЕМСА – Мармара

Izveshtaj za TP so Emsa Marmara

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Detalen Izveshtaj za TPot so Emsa Marmara..

Citation preview

Page 1: Izveshtaj za TP so Emsa Marmara

Здружение на студенти од Медицински Факултет ЕвропскаМедицинскаСтудентскаОрганизација на

МАКЕДОНИЈА Acta, Non Verba! .

Ul Atinska br.1 3/19| e-mail: [email protected] | www.emsa.org.mk | `.smetka 300000000161153 | EDB. 4030001409906 | Deponent: Комерцијална Банка АД Скопје

Извештај за првата половина на

Twınnıng Project со ЕМСА – Мармара

Page 2: Izveshtaj za TP so Emsa Marmara

Здружение на студенти од Медицински Факултет ЕвропскаМедицинскаСтудентскаОрганизација на

МАКЕДОНИЈА Acta, Non Verba! .

Ul Atinska br.1 3/19| e-mail: [email protected] | www.emsa.org.mk | `.smetka 300000000161153 | EDB. 4030001409906 | Deponent: Комерцијална Банка АД Скопје

ЕМСА Македонија

Извештај за

Twınnıng Project со ЕМСА - Мармара

На иницијатива на ЕМСА Македонија и заедничката согласност со ЕМСА - Мармара, од 04.02 до 11.02.2012, се изрши првата половина од договорениот Twinning Project, каде што 14 учесници од нашата ЕМСА престојуваа во Истанбул. Координатори на проектот се Џошкун Ќерала (координатор за европска интеграција на ЕМСА Македонија 2011/12) и Сезги Јилдирим (претседател на ЕМСА Мармара).

Членовите на ЕМСА кои земаа учество во овој проект се Џошкун Ќерала, Мануела Манева, Елена Гулевска, Дејан Јакимовски, Павле Зафиров, Диме Тошев, Галина Христовска, Мартина Јакимовска, Ивона Богеска, Моника Србиноска, Исидора Стефаноска, Маријана Манеска, Марија Чипановска и Ахмед Нуредини, четиринаесет на број, беа сместени кај нивните колеги од ЕМСА Мармара и наши идни гости - Селин Чакмак, Букем Џуџе , Мирај Атаџан, Мерт Кочак, Дениз Тенгерек, Сефа Тунџар, Дамла Генџел, Гулчин Јилдирим, Симге Јавуз, Оркун Килич, Јагмур Барџан, Дамла Јагмур, Јасемин Чомак и Хакан Мурсалоглу. Twinning проектот беше спроведен на познатиот начин, со сочинет план од ЕМСА Мармара. Осумдневниот престој беше исполнет со активности врзани околу медицинскиот факултет во Мармара и културно-социјалниот живот во Истанбул, од кои некои ке бидат конкретно наведени.

Најпрво и најважно, за волја на самата суштина на размената, ќе ги спомемене активностите кои беа релевантни околу самата медицина и едукација. Како вовед и запознавање, од нивна страна беше организирано предавање за здравствената нега во Турција и нивното медицинско образование, водено од проф.д-р. Беррак Јеген. Наредниот ден се изврши посета на универзитетската болница во Мармара, каде учесницитеги набљудуваа медицинските практики. Наредна беше посетата на Центарот за примарна здравствена нега , околу која се запознаа со работата на семејна медицина, во придружба на д-р. Гокхан Карел, кој имаше волја да ни одвои време за да ни го опише начинот на работење на лекарите по семејна медицина. Во текот на посетата, остваривме контакт и со проф.д-р. Пемра Џ. Уналан, доц.д-р. Мехмет Али Гулпнар (продекан на факултетот) и проф.д-р. Толга Гувен (координатор на ERASMUS програма). Околу самите впечатоци, вреди да се спомене дека горенаведените лица беа презадоволни од нашите активности и вниманието со кое ги следевме, и несомнено оставија простор за понатамошна плодна соработка со нас.

Околу културно-социјалниот дел од програмата, кој беше обилен, се задржа најмногу околу историјата и начинот на живот во Истанбул. Беа организирани прошетки во Јилдиз Сарај, џамијата на султан Ахмед, музејот на Света Софија, Галата кула, Цистерна Базилика,

Page 3: Izveshtaj za TP so Emsa Marmara

Здружение на студенти од Медицински Факултет ЕвропскаМедицинскаСтудентскаОрганизација на

МАКЕДОНИЈА Acta, Non Verba! .

Ul Atinska br.1 3/19| e-mail: [email protected] | www.emsa.org.mk | `.smetka 300000000161153 | EDB. 4030001409906 | Deponent: Комерцијална Банка АД Скопје

Долмабахче и Топкапи сарај, кои беа музеи со значајна историска вредност и наследство од отоманската и византиската култура. Покрај тие, беа посетени и националниот археолошки музеј и Шаќирин џамија. Дел од времето беше исполнет и со посета на познати улици во градот како улица - Багдад, ресторани во кои беше дегустирана турската национална софра како Нијазибеј кебап, и крстарење низ Босфор каде имаше можност за панорамски видици.

Два дена беа посветени и на шопинг во најголемиот трговски центар во Европа - Џевахир, Истанбул Форум и Таксим. Неколку вечери беа посетени и за забава - бевме во Reina nıght club и на Fasil, запознавајќи се со интензивниот ноќниот живот во Истанбул.

Превозот беше организиран преку Ekspres Tour, со автобус и времетраење од приближно 14 часа за еден правец, додека во Истанбул се користеше јавниот превоз.

За трошоците на овој Twinning, дел беа исплатени од самите учесници, и тоа 100 евра за буџетот на Twinning проектот, 60 евра за патни трошоци, 5 евра за ISIC карти и 5 евра за патничко осигурување. Престојот на учесниците беше кај нивните цимери кои обезбедија 2 оброка дневно, патни трошоци за во Истанбул и влезови за музеите. Дополни средства одвоија и самите учесници на нивна волја за шопинг.

Заклучно со крајот на првата половина на Twinning проектот со ЕМСА Мармара, можеме да извлечеме неколку забелешки и големо искуство кои ќе ни користат за нашиот дел од размената. Неочекувано се појавија мали промени во распоредот, кои беа соодветно надокнадени. Како координатор на овој проект, ќе забележам дека треба да се посвети поголемо внимание на time менаџментот, во смисла на попрецизно планирање на времето на посетите, во склоп на планот кој моментално се подготвува. Иако ова беше прв Twinning Project на ЕМСА Мармара, може да се каже дека имаа солидна организација и "sense" за спроведување на проектот. Заокружено со нивната голема гостопримливост, медитеранскиот темперамент и желбата за социјална интеракција, како и посетата на монументалниот Истанбул, сите учесници добија вредно културно и медицинско искуство, а присуството ќе им се додели официјален сертификат од ЕМСА Мармара.

Со почит

Џошкун Ќерала

Координатор за европса интеграциа на ЕМСА Македонија 2011/12