53

izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

  • Upload
    others

  • View
    40

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ
Page 2: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ
Page 3: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ
Page 4: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ
Page 5: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

Централна кооперативна банка АД Скопје

И З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А

ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ

ВО 2011 ГОДИНА

ССккооппјјее,, ААппрриилл 22001122 ггооддииннаа

Page 6: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

2

Содржина

1. МАКРОЕКОНОМСКОТО ОПКРУЖУВАЊЕ И ДЕЛОВНАТА АКТИВНОСТ НА БАНКАТА ................................................................................................................................. 3 2. РАБОТЕЊЕТО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ ............... 6 2.1. Корпоративно управување ......................................................................................... 6 2.1.1. Собрание на акционери ............................................................................................. 7 2.1.2. Надзорен одбор ......................................................................................................... 7 2.1.3. Одбор за ревизија .................................................................................................... 10 2.1.4. Управен одбор ......................................................................................................... 12 2.1.5. Одбор за управување со ризици ............................................................................. 13 2.1.6. Кредитен одбор ........................................................................................................ 14 2.1.7. Организациона структура ........................................................................................ 15 2.1.8. Акционерски капитал и сопственичка структура .................................................... 15 2.1.9. Кодекс за корпоративно управување ...................................................................... 16 2.1.10. Политика за судир на интереси ............................................................................... 17 2.2. Деловно - финансиско работење ............................................................................. 17 2.2.1. Показатели за профитабилност, ефикасност и продуктивност ............................. 18 2.2.2. Кон билансот на успех ............................................................................................. 18 2.2.3. Финансиска позиција на Банката............................................................................. 22 2.3. Управување со ризиците ......................................................................................... 24 2.3.1. Управување со кредитен ризик ............................................................................... 25 2.3.2. Управување со валутен ризик ................................................................................. 27 2.3.3. Управување со ликвидносен ризик ......................................................................... 27 2.3.4. Ризик од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарски активности 28 2.3.5. Оперативен ризик .................................................................................................... 28 2.4. Законската регулатива во Република Македонија во 2010 година ........................ 29 2.4.1. Позначајни измени во законската регулатива ........................................................ 29 2.4.2. Позначајни одлуки од страна на НБРМ во текот на 2011 година .......................... 29 2.4.3. Усогласеност со законска регулатива ..................................................................... 30 2.5. Деловно работење на Банката по одделни сегменти ............................................. 31 2.5.1. Кредитирање ............................................................................................................ 31 2.5.2. Денарски платен промет .......................................................................................... 33 2.5.3. Платен промет со странство ................................................................................... 33 2.5.4. Служба за експозитури ............................................................................................ 34 2.5.5. Тргување со хартии од вредност ............................................................................ 35 2.5.6. Трезорско работење ................................................................................................ 36 2.5.7. Информатичка технологија ..................................................................................... 36 2.5.8. ОСИС ........................................................................................................................ 37 2.5.9. Човечки ресурси ....................................................................................................... 39 2.5.10. Сметководство и контрола ...................................................................................... 41 2.5.11. Внатрешна ревизија ................................................................................................. 41

Прилог 1: Биланс на успех 01.01.2011 - 31.12.2011 .......................................................... 44

Прилог 2: Биланс на состојба – споредбени податоци ..................................................... 45

Прилог 3: Организациона шема ......................................................................................... 48

Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ АД СКОПЈЕ ЗА 2011 ГОДИНА ................................................................................................................ 49

Page 7: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

3

1. МАКРОЕКОНОМСКОТО ОПКРУЖУВАЊЕ И ДЕЛОВНАТА АКТИВНОСТ НА БАНКАТА

Деловната 2011 година беше одбележана со умерено забавување на глобалната економска активност придружено со зголемена нестабилност на финансиските пазари во евро-зоната и општ пад на кредитните рејтинзи на што се надоврза и високата задолженост на земјите членки на Европската унија, односно должничка криза која ги пренесе негативните ефекти во банкарскиот сектор и реалната економија. Ова придонесе за понатамошно зголемување на недовербата и песимизмот на пазарните учесници. Крајот на 2011 беше одбележан и со усвојувањето на мерките за фискална консолидација и значително поголема фискална дисциплина коишто беа усвоени на декемврискиот самит на ЕУ, со пропратна дискусија околу тоа какви ќе бидат нивните негативни влијанија врз економскиот раст во евро-зоната. Погоре наведените причини предизвикуваат намалување на годишната стапка на раст на БДП во еврозоната на 1,2% (за третиот квартал во споредба со вториот квартал на 2011 година). Забавениот тренд на растот на годишната стапка на БДП се предвидува да продолжи до крајот на годината, како и во текот на 2012 година. Забавување се јавува и кај инвестициската побарувачка како резултат на намалувањето на профитабилноста на фирмите, намалените извори на екстерно финансирање и зголемената неизвесност за макроекономското опкружување во евро-зоната и светот. Кај јавната потрошувачка, покрај нејзиниот мал квартален раст во третиот квартал на 2011 година, претстојната фискална консолидација во наредниот период не остава простор за нејзин позитивен придонес до крајот на годината. Инфлацијата во евро-зоната во периодот октомври-декември изнесуваше 2,9% на годишна основа, што претставува одредено зголемување во споредба со претходниот период, при зголемен пораст и на базичната инфлација. Централните банки на развиените земји во текот на 2011 година водеа стимулативна монетарна политика (accomodative monetary policy). Централните банки на САД, Јапонија и Англија не ги променија референтните каматни стапки. ЕЦБ во почетокот на ноември и декември 2011 година ја намали каматата за по 0,25 п.п., со што повторно ја сведе на историски најниското ниво од 1%. Намалувањето на референтната каматна стапка од страна на ЕЦБ е извршено во услови на очекувања за забавување на инфлацијата, како и присутни „тензии“ на финансиските пазари, зголемена неизвесност и одбивност кон ризик од страна на инвеститорите коишто придонесуваат и за намалување на личната и инвестициската потрошувачка. Ова доведува до зголемена неизвесност и надолни ризици за економскиот раст за 2012 година. Националната економија не беше изолирана од неповолните ефекти кај земјите членки на европската унија. Во текот на 2011 година, НБРМ ја задржа стимулативната макроекономска политика држејќи ја референтната каматна стапка на ниво од 4%. Годината заврши со минимално понизок реален БДП во износ од 3% наспроти проценетиот 3,3% за 2011 година. (Домашната економска активност во последниот квартал остварила мал раст од 0,2% на годишна основа, наспроти 0,7%, колку што изнесуваше јануарската оценка на НБРМ). Состојбата на европските пазари предизвика намалување на порастот на извозот. Во услови на речиси стагнантна странска побарувачка и надолни придвижувања на цените на нашите главни извозни производи настана влошување на економската состојба на индустријата (која бележи негативна годишна промена од 4.1%), при значително повисок годишен раст на увозот, за кој главна причина беше зголемувањето на цените на суровините на глобално ниво. Оттука, нето-извозот забележа значителен негативен

Page 8: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

4

придонес за растот на БДП. Трендовите во евро-зоната, како наш најзначаен трговски партнер, се предвидува да останат неповолни, што упатува на поизразени ризици за растот на нето-извозот во следниот период. Дополнително, трговијата, којашто во претходниот квартал беше главен носител на растот, во третото тримесечје забележа значително послаб раст, условен од послабата потрошувачка на домаќинствата во овој период. Следствено, главен носител на домашниот економски раст во третото тримесечје е градежната активност преку пораст на државната инвестициона потрошувачка, којашто и натаму расте, но со забавена динамика. Понатаму, на растот поволно влијаеа и инвестициите, коишто забележаа реален годишен раст од 22.7%. Од друга страна, падот на личната потрошувачка во втората половина на годината предизвика забавување на годишниот раст. Падот на личната потрошувачка беше предизвикан како резултат на негативните тенденции кај износот на платите (непроменливо ниво на вработеност на годишна основа) и континуираниот пад на реалните плати. И во текот на четвртиот квартал продолжи натамошното забавување на домашната економска активност. Од аспект на компонентите, се оценува дека попроменливото глобално окружување ќе се одрази неповолно врз инвестициите, што заедно со падот кај производството и забавувањето кај извозот, доведе до надолно прилагодување и кај увозот. Годината заврши со проектираната стапка на инфлација во износ од 3.2%. Одржувањето на стабилна стапка на инфлација се должи на отсуство на позначителни притисоци на агрегатната побарувачка врз цените. Според последните расположливи податоци за билансот на плаќања, во четвртото тримесечје на 2011 година е забележан суфицит на тековната сметка во износ од 0.2 од БДП, што во однос на истиот период од претходната година претставува значајно подобрување на тековното салдо од 2 п.п. од БДП. И порај тоа што нето-извозот беше негативен, поволната динамика кај тековната сметка произлегува од остварувањата кај приватните трансфери (висок нето-откуп од менувачкото работење, особено во декември), што во еден дел ја одразува психолошката реакција на домашните субјекти на високата неизвесност поврзана со европската должничка криза и „опстанокот на еврото" пред крајот на годината. Кај капиталната и финансиска сметка, во четвртото тримесечје се забележани нето-приливи од 198,6 милиони евра, или 2,7% од БДП, во услови на остварени приливи врз основа на СДИ од 1,7% од БДП (или 126 милиони евра) и дополнително задолжување на државата врз основа на Договорот за гаранција заснована на политики меѓу Република Македонија и Светската банка (во износ од околу 130 милиони евра). Таквото дополнително задолжување на државата и голем откуп на девизниот пазар од НБРМ, главно заради високиот раст на приватните трансфери и приливите остварени врз основа на директни инвестиции, придонесе до зголемување на нивото на резерви, обезбедувајќи соодветна покриеност на проектираниот увоз на стоки и услуги. Во последниот квартал на 2011 година забавен е растот на кредитирањето на приватниот сектор. Овие остварувања се должат на забавеното кредитирање на претпријатијата, проследено со влошување на квалитетот на кредитното портфолио, со најголем раст на сомнителните и спорни побарувања кон корпоративниот сектор. Овие движења го отсликуваат претежното квартална основа. (10.5% годишно) предизвикан пред се од депозитите на домаќинствата. Стабилен раст на депозитната база ќе придонесе за раст на кредитирањето во идниот период.

Page 9: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

5

Во текот на 2012 година се очекува забавување на економскиот раст, во однос на изминатава година. Ризиците најмногу се поврзани со должничката криза во евро-зоната, односно со спроведување и ефектите од декемврискиот договор за фискална консолидација и можноста за зголемување на нестабилноста на финансиските пазари.

Во текот на 2011 година, Банката и понатаму работеше во силни конкурентски услови. Вкупниот број на банки во 2011 година се намали за една банка како резултат на присоединување на Статер банка А.Д. Куманово кон Централна кооперативна банка А.Д. Скопје Банкарскиот сектор во 2011 година е составен од 17 банки од кои три големи, во кој подоцна кај вториот квартал се приклучува Охридска банка А.Д. Охрид осум средни и пет мали банки. Со интегрирањето на Статер Банка кон Централна кооперативна Банка АД Скопје, дојде до подобрување на позицијата на Банката.

Табела број 1: Показатели за работењето на банкарскиот сектор

Показатели за работењето Банкарскиот сектор* во 2011 г.

Мали банки (МБ)

Банкарски сектор

ЦКБ ЦКБ/МБ ЦКБ/БС (БС)

Вкупна актива 20,338 305,290 5,354 26.33% 1.75%

Вкупна актива и вонбилансни активности 22,688 387,052 5,497 24.23% 1.42%

Капитал и резерви 4,516 36,590 1,393 30.85% 3.81%

Вкупни депозити на нефинансиски субјекти 11,709 234,161 2,899 24.76% 1.24%

Бруто кредити на нефинансиски субјекти 9,257 202,405 901 9.73% 0.45%

Финансиски резултат -205 1.183 1 -0.49% 84.53%

Учество на странскиот капитал во вкупниот капитал (податок за 31.12.2010) 89.4% 74.3% 90,5%

*Извор: НБРМ – Регулатива банкарски систем 31.12.2011 година.

Во насока на остварување на целите дефинирани во Деловната политика и развојниот план, Собранието на акционерите на Банката донесе одлука за зголемување, односно окрупнување на капиталот на Банката по пат на присоединување на Статер Банка АД Куманово кон Централна Кооперативна Банка АД Скопје. Предизвикот за интегрирање на двете банки успешно заврши со официјалниот упис во Централниот Регистар кој се случи на 3 јануари 2011.

Page 10: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

6

2. РАБОТЕЊЕТО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ

2.1. Корпоративно управување

Корпоративното управување на Банката како збир од заемни односи меѓу Управниот одбор, Надзорниот одбор, другите лица со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција во Банката, акционерите на Банката и останатите заинтересирани субјекти во ЦКБ АД Скопје се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето и во секојдневното работење и известувањето за состојбите во Банката.

Корпоративното управување на Банката е олицетворено преку органите на Банката кои имаат клучна улога во ефикасното работење на Банката.

Во текот на 2011 година со Банката се управуваше преку Статутарно утврдени органи со права и обврски кои се предвидени со Законот за банки и со Законот за трговски друштва и тоа:

• Собрание на акционери • Надзорен одбор • Одбор за ревизија • Управен одбор • Одбор за управување со ризици • Кредитен одбор

Со Решение од Трговскиот регистар на други правни лица при Централниот регистар на РМ од 03.01.2011 година Статер Банка АД Куманово се присоедини кон Централна кооперативна банка АД Скопје и се избриша од Трговскиот регистар како правно лице, без да се спроведе ликвидација и истата се брише, а целокупниот имот и обврски преминаа на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Присоединувањето се изврши пред се` врз основа на усвоените Стратешки и оперативен план за економска оправданост на присоединување на Статер банка АД Куманово кон Централна кооперативна банка АД Скопје, Финансиските извештаи и Извештајот на независните ревизори на Централна кооперативна банка АД Скопје и Статер банка АД Куманово, Почетниот биланс на состојба и Извештајот на независните ревизори на Централна кооперативна банка АД Скопје и Извештајот на независните ревизори за адекватност на пресметката на индексот на размена на акции на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Со тоа беа поставени цели за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио на Банката, вршење на ефикасна контрола, минимизирање на оперативните ризици, кои се појавуваат во процесот на интеграција на две банки во нова структура, постигнување на определени финансиски и организациски резултати, постигнување на ефект на синергија - намалување на трошоците на новата банка со постигање на економичност и преструктуирање на организационите единици, активностите и работните процеси.

Работењето на Банката во извештајниот период главно беше насочено кон проширување на деловната мрежа, како и воведување на нови производи заради зголемување на конкурентноста на Банката. Имено, беа отворени 3 експозитури во Тетово, Охрид и Гевгелија, а беше затворена една експозитура и тоа на граничниот премин Табановце. Дијапазонот на производите се прошири со „Пакет за кредитирање на пензионери“, „Пакет за кредитирање на физички лица Доверба“, „Студентски кредит“, „Автомобилски кредит“,

Page 11: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

7

беа променети параметрите на кредитниот производ „Потрошувачки кредит обезбеден со хипотека“ и параметрите на кредитниот производ „ЦКБ Стандарден потрошувачки кредит“.

За одбележување во 2011 година е тоа што Централна кооперативна банка АД Скопје аплицираше за членство - Principal Membership до Master Card.

2.1.1. Собрание на акционери

Собранието на акционери во рамките на своите надлежности ги врши сите работи утврдени со законските прописи и со Статутот на Банката. Во периодот јануари–декември 2011 година Собранието одржа една редовна и една вонредна седница.

Годишното собрание на акционери на Централна кооперативна банка АД Скопје се одржа на 31.05.2011 година. На седницата беа донесени повеќе редовни одлуки согласно законските обврски, и тоа: одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје и Статер Банка АД Куманово, одлука за усвојување на Годишната сметка со состојба 31.12.2010 година и финансиските извештаи со утврдување на финансиските резултати, одлука за усвојување на Билансот на приходите и расходите за деловната 2010 година и распоредување на остварената добивка на двете Банки, одлука за усвојување на Извештајот на ревизорот за двете Банки, одлука за усвојување на Предлог на Одборот за ревизија за избор на Друштво за ревизија за 2011 година, одобрен од Надзорниот одбор, одлука за усвојување на Деловна политика и развоен план на Банката за 2011 година, одлука за усвојување на финансиски план на Банката зa 2011 година, одлука за усвојување на Листа на нето-должници на Банката за 2010 година за Централна кооперативна банка АД Скопје и Статер Банка АД Куманово.

Со одлука на Собранието на акционери се изврши измена и дополнување на Кодексот за корпоративно управување на Банката, беше разрешен член на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија и именуван нов член на Одборот за ревизија.

На вонредната седница на Собрание на акционери, одржана на 27.10.2011 година беа донесени: одлука за измена и дополнување на Статутот на Банката, одлука за разрешување член на Надзорниот одбор и одлука за именување член на Надзорниот одбор.

2.1.2. Надзорен одбор

Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје претставува самостоен и независен орган на управување кој своите активности ги врши согласно законските прописи, Статутот и Кодексот за корпоративно управување на Банката. Надзорниот одбор се грижи за утврдување на деловната политика на Банката, ги утврдува политиките за вршење на финансиски активности и го надгледува нивното спроведување, ги утврдува и ги донесува плановите, програмите и другите општи акти врз основа на кои работи Банката, постојано го следи нејзиното работење, ги следи и анализира извештаите на супервизорската контрола над Банката и други извештаи од Народната Банка на РМ и презема други мерки за усогласување и работење на Банката согласно законските и подзаконските прописи. Одговорен е да обезбеди добро работење, управување и стабилност на Банката, како и навремено и точно финансиско известување на надлежните институции.

Page 12: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

8

Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2011 година претрпе измени во својот состав. До 31.05.2011 година работеше со следните членови:

1. Тихомир Атанасов – Претседател 2. Георги Константинов - Заменик претседател 3. Красимир Жилов 4. Христо Христов - член 5. Ивајло Колев –независен член 6. Киро Костов -независен член

Со прифаќање на оставката на дотогашниот член г-дин Красимир Жилов, Надзорниот одбор го сочинуваа:

1. Тихомир Атанасов – Претседател 2. Георги Константинов - Заменик претседател 3. Христо Христов - член 4. Ивајло Колев – независен член 5. Киро Костов - независен член.

Во 2011 година имаше уште една промена во составот на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје. Имено со Одлука на Собрание на акционери, донесена на вонредна седница на ден 27.10.2011 година беше разрешен г-дин Ивајло Колев како независен член, а именуван г-дин Љубен Нанов, како независен член. По добивање на Решение за претходна согласност за именување на г-дин Љубен Нанов за независен член на Надзорниот одбор на Банката, на ден 22.12.2011 година, истиот работи во следниот состав:

1. Тихомир Атанасов – Претседател 2. Георги Константинов - Заменик претседател 3. Христо Христов - член 4. Љубен Нанов – независен член 5. Киро Костов - независен член.

Мандатот на членовите трае четири години. При изборот на независните членови во целост се испочитувани критериумите за независност, утврдени со Законот за банките.

Во извршувањето на своите законски и статутарни надлежности Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје во периодот јануари-декември 2011 година одржа 12 /дванаесет/ седници и 4 /четири/ пати донесуваше одлуки без одржување на седница, со претходна согласност на сите членови.

• г-дин Тихомир Атанасов беше присутен на 12 седници во текот на 2011 година • г-дин Георги Константинов беше присутен на 11 седници во текот на 2011 година • г-дин Христо Христов беше присутен на 12 седници во текот на 2011 година • г-дин Киро Костов беше присутен на 8 седници во текот на 2011 година • г-дин Љубен Нанов беше присутен на 1 седница во текот на 2011 година • г-дин Красимир Жилов беше присутен на 5 седници во текот на 2011 година • г-дин Ивајло Колев беше присутен на 6 седници во текот на 2011 година

Заради усогласување со законската регулатива беа донесени и ревидирани повеќе политики, програми и други акти и тоа: Годишен План за 2011 година на Службата за внатрешна ревизија на Банката, Нацрт Годишен План за 2011 година на Службата за внатрешна ревизија на Банката, ревидираната Политика за управување со валутниот ризик на Централна кооперативна банка АД Скопје, Процедура за воспоставување на систем за следење на усогласеноста со препораките на внатрешна ревизија, предлог Kодекс за корпоративно управување, Правилник за систематизација на работите и работните задачи во Централна кооперативна банка АД Скопје, Политиката и процедурите за управување со

Page 13: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

9

ликвидноста и ликвидносниот ризик на Централна кооперативна банка АД Скопје, Политика за правен ризик на Централна кооперативна банка АД Скопје, Политика за репутациски ризик, Политика за управување на ризик од промена на каматни стапки, Програма за отказ на поголем број на работници на Банката од деловни причини; Политика за идентификување на потенцијални судири на интереси, Политика за контрола на усогласеноста на работењето на Банката со прописите на ЦКБ АД Скопје, Политика за идентификување и следење на поврзани лица на ЦКБ АД Скопје, Програма за имплементација на мерките за заштита и спречување на перење пари и финансирање тероризам, Политика за управување со стратегиски ризик, Политика за управување со ризик од земја на ЦКБ АД Скопје, План за кредитирање на физички лица на ЦКБ АД Скопје со динамика на исполнување, Правилник за одобрување на потрошувачки кредити на население на ЦКБ АД Скопје, Политика за користење услуги од надворешни лица, Политика за управување со пазарен ризик, Политика и Процедури за управување со ликвидносен ризик, Политика за платен промет во земјата, Политика за платен промет во странство, Политика за управување со кредитен ризик, Политика за обелоденување на информации, Политика за сигурност на информативниот систем, Програма за работа на именуваните членови за Управен одбор, ревидирани акти на Службата за внатрешна ревизија - Методологија за ревизија на управувањето со оперативен ризик, Методологија за ревизија на управувањето со ликвидносен ризик, Методологија за ревизија на управувањето со пазарниот ризик, Методологија за ревизија на одржувањето на сопствените средства и адекватноста на капиталот, Методологија за ревизија на кредитната функција и на управувањето со кредитниот ризик во ЦКБ АД Скопје, Методологија за ревизија на управувањето со ризикот од промена на каматните стапки, План за ревизија во 2012 година на Службата за внатрешна ревизија.

Исто така беа одобрени и предложени до Собранието на акционери: Деловната политика и развоен план на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2011 година, Финансиски план за 2011 година, се одобрија Предлог Статут, предлог текст на Кодексот за корпоративно управување на Банката како и одлука за продажба на акции коишто Банката ги поседува во други Друштва.

Надзорниот одбор ја одобри оцената на сопствената работа на Одборот за управување со ризици на ЦКБ АД Скопје и Статер банка АД Куманово за 2010 година од аспект на поединечните членови и колективно, ги разгледа годишниот извештај за работа на Службата за внатрешна ревизија на ЦКБ АД Скопје и Статер банка АД Куманово за 2010 година, со писмено мислење од Надзорниот одбор по истиот, ги разгледа и одобри годишната сметка и финансиските извештаи на двете банки за 2010 година и ги предложи до Собранието на акционери, го разгледа извештајот на Друштвото за ревизија за финансиските извештаи на двете банки за годината што завршува на 31.12.2010 година, со писмено мислење од Надзорниот одбор, ги разгледа извештаите за работа на Одборот за ревизија на ЦКБ АД Скопје и на Статер банка АД Куманово за 2010 година со оцена за сопствената работа од аспект на поединечните членови и колективно, ги разгледа листите на нето должници за 2010 година на двете банки, го одобри предлогот на Одборот за ревизија на Банката за назначување на Друштвото Грант Торнтон ДОО Скопје како Друштво за ревизија за 2011 година,

Во текот на 2011 година на своите седници, Надзорниот одбор донесе голем број на значајни одлуки, меѓу кои: одлука за измени во Организационата шема на Банката, со цел подобра поделба на управувањето и контролата на структурните делови заради поефикасно функционирање на организационите единици, го овласти Управниот одбор да потпишува посебни акти за внатрешна организација и систематизација на Банката, одлука за определување на лимити кон земји, одлука за укинување на поимот бод како пресметковна вредност и заменување на истиот со вредноста на еврото, по среден курс на НБРМ на дневна основа, одлуки за именување членови на кредитниот одбор и одборот за управување со ризици, одлука за формирање Комисија која одлучуваше во II степен по

Page 14: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

10

приговор на работници, против одлуки, донесени од страна на Управниот одбор на Банката во врска со работните односи, го одобри Планот за продажба на преземени средства, донесе одлуки за целосен отпис на побарувања, за кои е утврдено дека не постои можност за наплата, одлука за престанок на работен однос на работници со отказ од економски, технолошки, структурни и слични причини (деловни причини), одобруваше трансакции со поврзани лица со Банката во износ над 1.000.000,00 денари, донесе одлука за прифаќање на понуда за извршување на тест за пропустливост на системот за е-банкарство, одобри договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу ЦКБ АД Скопје со Друштвото за трговија и услуги „Балкан Риал Истеит Дивелопмент“ ДООЕЛ Скопје и др.

По истекување на мандатот на членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор донесе одлуки за повторно именување на г-дин Неделин Валчев како Претседател и г-дин Орце Трајковски, како член на Управниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје, по добивање на решение за претходна согласност од Гувернерот на Народна Банка на РМ.

Надзорниот одбор на Банката во овој период донесе повеќе одлуки заради зголемување на понудата на производи и подобрување на конкурентноста на банкарскиот пазар со воведување на нови производи и тоа: „Пакет за кредитирање на пензионери“, „Пакет за кредитирање на физички лица Доверба“, „Студентски кредит“, „Автомобилски кредит“, со промена на параметрите на кредитниот производ „Потрошувачки кредит обезбеден со хипотека“ и параметрите на кредитниот производ „ЦКБ Стандарден потрошувачки кредит“.

Исто така се донесоа одлуки за измена на висината на каматните стапки и тарифата на Банката, со цел усогласување со условите на банкарскиот пазар, се одобруваа кредитни барања кои не се во надлежност на Управниот одбор, се разгледаа Годишниот извештај за работење на Банката за 2010 година, Годишен и Полугодишен извештај за 2010 година на Службата за внатрешна ревизија, полугодишните Извештаи за сигурност на информативниот систем на Банката на Лицето одговорно за сигурност на информативниот систем, месечните Извештаи за работењето на Банката, Извештаи за извршени редовни и вонредни ревизии на Службата за внатрешна ревизија, Извештаи на Одборот за управување со ризици и на Лицето за усогласеност на работењето на Банката со прописите. Се разгледуваше и одобри Годишниот извештај на Управниот одбор за системот на интерната /внатрешна/ контрола на Банката.

Од страна на Надзорниот одбор се разгледаа повеќе записници и наоди од извршени ревизии од страна на надворешни регулаторни органи, меѓу кои: Записник од извршена контрола од страна на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје, Записник од извршена теренска контрола на усогласеноста со прописите во работењето на Банката од ноември 2011 година, извршена од страна на Народна Банка на РМ, Записник од извршена контрола на Комисијата за хартии од вредност на Р.М. над работењето со хартии од вредност во Службата со хартии од вредност на ЦКБ АД Скопје, а ги разгледа и извештаите во врска со превземените активности за отстранување на последиците од прекршок и постапување по изречените мерки од Народна Банка на Р.М. по Спогодбата за постигнување согласност за отстранување на последиците, потпишана од страна на Надзорниот одбор, Управниот одбор, Одборот за управување со ризици на Централна кооперативна банка АД Скопје и Комисијата за посредување.

2.1.3. Одбор за ревизија

Одборот за ревизија на Банката до 31.05.2011 година работеше во состав:

1. Георги Константинов – претседател; 2. Соња Чулева – Зам.претседател, независен член;

Page 15: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

11

3. Тихомир Атанасов - член; 4. Красимир Жилов - член и 5. Власте Савевски - независен член.

Согласно донесената Одлука на редовната седница на Собрание на акционери на Банката, за разрешување на г-дин Красимир Жилов од член на Одбор за ревизија на Банката и именување на г-дин Христо Христов како член на Одбор за ревизија на Банката, oд редот на членовите на Надзорен одбор на Банката, Одборот за ревизија на Централна кооперативна банка АД Скопје работи со следните членови:

1. Георги Константинов – претседател; 2. Соња Чулева – Зам.претседател, независен член; 3. Тихомир Атанасов - член; 4. Христо Христов - член и 5. Власте Савевски - независен член.

При изборот на членовите во целост се испочитувани критериумите за независност утврдени со Законот за банките. Одборот за ревизија во периодот јануари-декември 2011 година одржа вкупно 4 /четири/ седници и еднаш донесе одлука без одржување на седница, со претходна согласност на сите членови.

На седница на Одборот за ревизија беше избрана понудата на Grant Thornton, како најповолна понуда за Друштво за ревизија на Централна кооперативна банка АД Скопје за 2011 година, беа разгледувани годишниот Извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2010 година, нејзините месечни и полугодишни извештаи, Извештајот за спроведениот попис на средствата и изворите на средства со состојба на 31.12.2010 година, квартални извештаи на Одборот за управување со ризици на Банката, финансиските извештаи на Централна кооперативна банка АД Скопје и Статер Банка АД Куманово, коишто се доставуваат на квартална и годишна основа, како и извештајот за спроведениот попис на средства и изворите на средства на двете банки со состојба 31.12.2010 година.

Од страна на Одборот за ревизија на Банката се одобри Годишниот план за 2011 година на Службата за внатрешна ревизија, извештаите од Службата за внатрешна ревизија во делот на стратегиски и правен ризик со оценка на истиот, се даде оценка за извршена ревизија на општата ефикасност, профитабилноста и примената на политиките за управување со стратегиски ризик, оценка на извештајот на внатрешната ревизија за ревизијата на правен ризик и функцијата за контрола на усогласеност на Банката со прописите и мониторинг ревизијата на имплементација на наодите и препораките на внатрешната ревизија во врска со управувањето со правниот ризик, извештај за адекватност и ефикасност на системот на внатрешна контрола на Централна кооперативна банка АД Скопје за 2010 година од Управниот одбор со оцена на адекватност и ефикасност на системот за интерна контрола, даде мислење за работата и оценка на ефикасноста на Службата за внатрешна ревизија, ги разгледа извештаите од Службата за внатрешна ревизија во делот на репутацискиот ризик, интерната контрола, ревизија на усогласеност на работењето на Банката со прописите, ревизија на користење услуги од надворешни добавувачи на Банката, ревизија на кредитниот ризик, ревизија на известување на регулаторни, супервизорски и други органи со оценка на извештаите, даде оценка на извештајот на внатрешна ревизија за ревизија на Службата за контрола на усогласеноста на работењето на Банката со прописите, оценка на извештајот на внатрешна ревизија за ревизија на воспоставениот систем на интерни контроли во Банката, оценка на извештајот за ревизија на Известување на регулаторни, супервизорски и други органи, оценка на извештајот на внатрешна ревизија за ревизија на службата за користење услуги од надворешни лица, оценка на извештајот на внатрешна ревизија за ревизијатa на постапувањето на банката по мерките изречени во спогодбата и писменото

Page 16: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

12

предупредување кои се однесуваат на управувањето со кредитниот ризик во Банката, како и оценка на извештајот на внатрешна ревизија за ревизија на репутацискиот ризик.

Во текот на 2011 година на седница на Одборот за ревизија се изврши измена и дополнување на Правилник за начинот и роковите за вршење попис и усогласување на сметководствената состојба со фактичката состојба на средствата и обврските на Централна кооперативна банка АД Скопје.

2.1.4. Управен одбор

Управниот одбор на Банката работеше во состав:

1. Неделин Валчев – Претседател на Управен одбор, Прв генерален директор 2. Орце Трајковски - Член на Управен одбор, Трет генерален директор.

По истекување на мандатот на истите, Надзорниот одбор донесе одлуки за повторно именување на г-дин Неделин Валчев како претседател и г-дин Орце Трајковски, како член на Управниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје, по добивање на решение за претходна согласност од Гувернерот на Народна Банка на РМ.

Управниот одбор соработуваше со Надзорниот одбор на Банката, редовно присуствуваше на седниците, при што даваше разни предлози за унапредување на работењето на Банката, како и запазување на законските одредби. Известуваше за оперативното работење на Банката преку месечните извештаи и тоа од аспект на финансиските остварувања, во кои е опфатен преглед на активностите на одделните дирекции, финасиските резултати /остварените приходи и расходи/ по различни основи, како и други значајни аспекти од нејзиното работење, задолжувањата на Управниот Одбор за продажба на недвижностите кои не се во функција на работењето на Банката, известување за трансакции извршени помеѓу поврзани лица со Централна кооперативна банка АД Скопје и др.

Во извештајниот период Управниот одбор одржа вкупно 49 /четириесет и девет/ седници, на кои се донесуваа одлуки за рамковни-револвинг, долгорочни, краткорочни кредити и банкарски гаранции. Беа донесени голем број на правилници, процедури и други акти и тоа: Методологијата за пресметка на исправка на вредноста/посебна резерва на поединечна основа на кредитното портфолио, Методологија за идентификување, мерење, следење и заштита од ризик од концентрација на изложеност на Банката, Правилник за вршење на видео надзор на ЦКБ АД Скопје, Правилник за заштита на личните податоци на ЦКБ АД Скопје, Правилник за изготвување на интерни акти во Централна кооперативна банка АД Скопје, Правилник за известување на регулаторни, супервизорски и други органи на ЦКБ, Правилник за систематизација, Правилник за одредување на постапка за утврдување и примена на текст на стандардизирани договори, анекси и друга придружна документација која ќе се применува при склучување на деловни односи во Централна кооперативна банка АД Скопје, Правилник за правење на стрес-тест анализа на ликвидносниот ризик, Правилник за правење на стрес-тест анализа на валутен ризик, Правилник за одобрување на потрошувачки кредити на население на ЦКБ АД Скопје, Правилник за надминување на благајнички максимум, Правилник за стрес тест анализа на пазарен ризик, Правилник за стрес-тест анализа на кредитен ризик, Правилник за стрес тест анализа за ризик од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарските активности, Правилник за заштита од пожари и експлозии на ЦКБ АД Скопје, Правилник за употреба на електронска пошта на ЦКБ АД Скопје, Правилник за пристап до интернет во ЦКБ АД Скопје, Правилник за континуитет во работењето на ЦКБ АД Скопје, Правилник за работење со платежни картички, Правилник за издавање на кредитни картички, Правилник за одобрување на дозволено пречекорување на трансакциска сметка, Правилник за издавање на кредитни картички, Програма за засилени

Page 17: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

13

интерни контроли за 2011 година со цел за имплементација на мерките за заштита од перење пари и финансирање на тероизам согласно интерните акти на Банката и законската регулатива, Процедура за имплементација на мерките за заштита од перење пари и финансирање на тероризам, ревидирана Процедура за кредитна активност и кредитен ризик, Упатство за доставување на извештаи до органите на Банката во врска со ликвидносната позиција на ЦКБ АД Скопје, План за активности на Службата за контрола на усогласеност на работењето на Банката со прописите за 2011 година, ревидирана Процедурата за кредитна активност и кредитен ризик, ревидирано Упатство за кредитна активност и кредитен ризик, Упатство за изготвување на интерни акти, Процедура за изготвување на годишен финансиски план на Централна кооперативна банка АД Скопје, Процедура за Правен ризик, Процедура за управување со репутациски ризик, Процедура за наплата на спорни пласмани, Процедура за имплементација на мерките за заштита од спречување на перење пари и финансирање тероризам, Процедура за идентификација, прифаќање и следење на носители на јавни функции, Упатство за користење на Helpdesk апликација, Стратегија за спроведување на стрес тест анализа во ЦКБ АД Скопје, Процедура за управување со ризик од промена на каматни стапки, Процедура за спроведување на контрола на усогласеноста на работењето на Банката со прописите, Процедури за спроведување на политиката за управување со валутниот ризик, Процедура за управување со стратегиски ризик на ЦКБ АД Скопје, Процедура за управување со кредитен ризик, Процедура за утврдување, идентификување и следење на поврзани лица и Изјава за поврзаност, Стратегија за справување со ризици, Процедура за постапување на Банката во врска со користење на кредит во крајна инстанца, Процедура за воведување на нов производ, активност или систем во Банката и други.

На своите седници Управниот одбор одобри повеќе планови на одделни структурни едници на Банката, меѓу кои: План на активности на Одговорниот за сигурност на информативниот систем на ЦКБ АД Скопје за 2011 година, План за дополнителна обука на вработените за имплементација на интерните акти од областа на Службата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам согласно интерните акти на Банката и законската регулатива, План на архивските знаци за распоредување на актите за 2012 година, План за континуитет во работењето на ИТ системите во ЦКБ АД Скопје, План за тестирање на ПКР во работењето на ИТ системите во Банката, План за континуитет во работењето на деловно подрачје на ЦКБ АД Скопје, План за тестирање на ПКР за деловно подрачје на ЦКБ АД Скопје (Сценарио експозитури), План за тестирање на ПКР за деловно подрачје на ЦКБ АД Скопје (Сценарио Дирекција) и План за активности на Одговорниот за сигурност на информативниот систем.

Ги утврди Општите услови за работење со повеќе продукти, коишто ги нуди Банката и тоа: депозити на правни лица, ненаменски орочен депозит на правни лица во денари или девизи без капитализација на камата, општи услови за работење со депозити на правни лица, Ненаменски орочен депозит на правни лица во денари или девизи без капитализација на камата, општи услови за работење со депозити на правни лица, Ненаменски орочен депозит на правни лица во денари или девизи ЦКБ Рентен депозит и општи услови за работење со депозити на правни лица ненаменски орочен депозит на правни лица во денари или девизи со капитализација на камата на ЦКБ АД Скопје.

Управниот одбор донесуваше голем број на предлог-одлуки и одлуки од неговиот делокруг, меѓу кои предлог одлука за усвојување на План за кредитирање, одлуки за набавка на средства за работа на Банката – опрема, одлуки за продажба на недвижен имот, сопственост на Банката, а притоа редовно разгледувајќи ги месечните извештаи на дирекциите.

2.1.5. Одбор за управување со ризици

Одборот за управување со ризици во 2011 година започна да работи со следниот состав:

Page 18: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

14

1. Борка Цветановска – Претседател 2. Орце Трајковски– член 3. Вилма Алчева – член 4. Вукота Чукиќ – член 5. Драги Рајковски – член

На ден 22.07.2011 година Надзорниот одбор донесе одлука за разрешување на лицето Вилма Алчева од член на Одборот за управување со ризици и на нејзино место именување на лицето Жаклина Мариќ. Мандатот на членовите согласно Статутот на Банката е две години од нивното именување. Сите членови на Одборот за управување со ризици се избрани од редот на лицата со посебни права и одговорности вработени во Банката, ги исполнуваат условите предвидени со Законот за банките и имаат искуство во областа на банкарството најмалку три години.

Одборот во периодот јануари–декември 2011 година одржа вкупно 52 /педесет и две/ седници, на кои беа разгледувани повеќе прашања од неговиот делокруг, меѓу кои исполнувањето на задолжителната резерва на Банката и управувањето со ликвидносниот ризик, Извештајот за пресметка на обврската за задолжителна резерва на Банката во денари и девизи за период, се вршеше оценка на ризиците на кои е изложена Банката според показателите согласно претходно усвоената Методологија, се разгледуваа прегледи за новоодобрени кредити, прегледи за кредити во денари, кредити во денари со девизна клаузула со состојба, извештајот за кредитен ризик, симулациите за исполнување на задолжителната резерва, постапките за висината на запишаните благајнички записи заради исполнување на задолжителната резерва, извештајот за пресметка на обврската за задолжителна резерва на Банката во денари и девизи, Извештаите за изложеност на Банката кон банките од инвестициска класа, отворената девизна позиција, податоците од Кредитниот регистар на Банката, се разгледуваа предлозите за воведување на нов производ и модифицирање на постоечки, се разгледуваше Извештајот за настанатиот сигурносен инцидент-кражба доставен од Лицето одговорно за сигурност на информативниот систем и др. Во текот на 2011 година Одборот за управување со ризиците усвои методологии и изврши оценка на системот на ризиците на кои е изложена Банката.

Одборот го следеше целокупното работење на Банката, се грижеше за примената на политиките и процедурите за оцена на кредитите и нивното управување, го следеше спроведувањето на кредитната политика и постапки и ги донесуваше поединечните одлуки за одобрување на кредитната изложеност спрема коминтентите и со нив поврзани лица, во рамки на лимитите.

2.1.6. Кредитен одбор

Кредитниот одбор на Банката претрпе доста промени во неговиот состав во текот на 2011 година. Имено до 24.03.2011 година истиот се состоеше од 4 /четири/ члена со мандат од 4 /четири/ години, и тоа:

1. Неделин Валчев Претседател на Кредитниот одбор; 2. Бисера Начова – член; 3. Надка Спировска – член и 4. Данко Ортаковски – член;

и заменици:

5. Маја Ивановска – зам.член; 6. Тинка Сасанска – зам.член; 7. Александра Ангелова – зам.член и 8. Маргица Петровска – зам.член.

Page 19: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

15

Во март 2011 година со одлука на Надзорен одбор се именуваа членови и заменици членови на Кредитниот одбор и тоа:

1. Неделин Валчев Претседател на Кредитен одбор; 2. Орце Трајковски 3. Елизабета Димовска – член; 4. Данко Ортаковски – член и 5. Надка Спировска – член;

и заменици: 1. Наташа Брашнарска – зам.член; 2. Соња Зикова – зам.член и 3. Богдан Тодоровиќ – зам.член.

Подоцна, во јули 2011 година со одлука на Надзорен одбор, повторно се изврши промена, при што истиот го сочинуваат следните членови: 3. Кредитниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје го има следниот состав:

1. Неделин Валчев – претседател; 2. Орце Трајковски – член; 3. Соња Зикова - член; 4. Владимир Ќулавковски - член; 5. Надка Спировска - член;

и заменици: 3. Наташа Брашнарска – зам. член; 4. Данко Отраковски - зам. член и 5. Богдан Тодоровиќ - зам. член.

Кредитниот одбор на Банката во текот на 2010 година одржа 57 /педесет и седум/ седници и 45 /четириесет и пет/ пати донесуваше предлози без одржување на седница со претходна согласнот на сите членови. Во овој период се донесуваа предлог-одлуки, предлози и заклучоци во врска со одобрување на рамковни револвинг кредити, краткорочни и долгорочни кредити, банкарски гаранции и др. На седниците се разгледаа и прифатија повеќе информации, кредитни анализи и предлози и се донесоа бројни заклучоци.

2.1.7. Организациона структура

Организационата структура на Централна кооперативна банка АД Скопје во извештајниот период се состоеше од 11 дирекции, 1 лице одговорно за сигурност на информативниот систем, 1 самостојна служба под надлежност на Надзорниот одбор, 3 самостојни служби под надлежност на Управниот одбор, 17 служби во склоп на дирекции, Централа на Банката во Скопје и 21 експозитура, од кои 6 во Скопје и 15 низ градовите во Република Македонија.

2.1.8. Акционерски капитал и сопственичка структура

На вонредната седница на Собрание на акционери одржана на 09.12.2010 година се донесе одлука за зголемување на почетниот капитал/основна главнина на Централна кооперативна банка АД Скопје, со издавање на 14-та емисија на обични акции заради присоединување на Статер банка АД Куманово кон Централна кооперативна Банка АД Скопје. Процесот на присоединување заврши со уписот на Статусната промена во Трговскиот регистар на РМ на

Page 20: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

16

ден 03.01.2011 година и регистрирање на хартиите од вредност во Централниот депозитар за хартии од вредност на ден 04.01.2011 година

Со присоединувањето и универзалниот пренос на целокупниот имот и обврски на Статер банка АД Куманово, како друштво што се присоединува, на Централна коооперативна банка АД Скопје како друштво што презема, основна главнина на Централна коооперативна банка АД Скопје по присоединувањето се зголемува и изнесува 1.397.967.480,00 денари, истата е поделена на 553.087 обични акции со номинална вредност од 41.2069 ЕУР, по една акција.

Во текот на 2011 година Банката нема извршено откуп на сопствени акции.

Правата кои произлегуваат од сопственоста на овие акции се: право на учество и одлучување во Собранието на акционери на Банката, по принципот „една акција еден глас“, право на дивиденда, право на исплата на дел од остатокот од ликвидационата односно стечајната маса на Банката, право на информирање за состојбата на Банката, право на заштита на правата на акционерство пред судовите и други државни органи.

Број на акционери и структура Заклучно со 31.12.2011 година, бројот на акционери во Банката изнесува 370, oд нив 132 се физички лица и 238 правни лица.

Акциите на Банката не котираат на Македонската берза на хартии од вредност. Тие се регистрирани на редовниот пазар на берзата во сегментот на Акционерски друштва со посебни обврски за известување и со тив може да се тргува на Берза преку овластена Брокерска куќа. Банката се води во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување, кои се во надлежност на Комисијата за хартии од вредност на РМ. Согласно Законот за хартии од вредност и подзаконските акти, Банката редовно ја известува Комисијата за хартии од вредност на РМ за работењето, за членовите на органите на управување, за управувањето и за правните односи со трети лица и за настани и информации кои се од значење за работењето на Банката.

2.1.9. Кодекс за корпоративно управување

Кодексот за корпоративно управување на Централна кооперативна банка АД Скопје е усвоен со одлука на вонредна седница на Собрание на акционери одржана на 10.12.2008 година. Истиот се измени со одлука за усвојување на ревидиран Кодекс за корпоративно управување, донесена на вонредна седница на Собрание на акционери одржана на 11.11.2010 година. Со Кодексот Банката ги уреди своите начела и принципи за корпоративно управување како збир од заемни односи помеѓу Управниот одбор, другите лица со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција во Банката, Надзорниот одбор, акционерите на Банката и другите заинтересирани субјекти. Со Кодексот се опфатени задолжителните елементи предвидени со Одлуката за основните начела и принципи на корпоративното управување во банките, донесена од Народната банка на РМ. Кодексот исто така се измени и дополни со одлука донесена на редовната седница на Собранието акционери, одржана на ден 31.05.2011 година заради усогласување со измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва, истовремено и постапувајќи по писменото предупредување на Народната Банка од 30.12.2010 година. Банката при своето редовно работење во целост се придржува кон принципите на корпоративното управување утврдени во Кодексот, и тоа: јасна организациска структура на Банката со прецизно дефинирани права и одговорности на членовите на органите на надзор и управување и на другите вработени; ефикасни процедури за идентификување, мерење, следење и контрола на ризиците на кои е изложена Банката; ефикасни механизми на внатрешна контрола, кои меѓу другото вклучуваат детални административни и сметководствени процедури; транспарентност во работењето на Банката во однос на сите

Page 21: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

17

заинтересирани субјекти, во согласност со прописите и со деловната политика на Банката; системи за надзор и контрола кои се воспоставени најмалку на следните нивоа: надзор од страна на Надзорниот одбор и контрола и следење на работењето од страна на Управниот одбор; системи на внатрешна контрола; систем за интегрирано управување со ризиците; постоење на функција за контрола на усогласеноста со прописите и независна внатрешна ревизија; како и почитување на законите, етичките стандарди и практики, независност и објективност и останатите утврдени принципи. Банката во своето работење е усогласена со одредбите од Кодексот за корпоративно управување кои се однесуваат на постапката за свикување на Собрание, постапката за гласање, правата на акционерите, соработката помеѓу Надзорниот и Управниот одбор, видот, роковите и начините на кои Управниот одбор доставува информации и документи до Надзорниот одбор и начинот на постапување во ситуации кога постои судир на интереси. Обврските, одговорностите и начинот на работа на органите на Банката утврдени во Кодексот се исполнуваат во целост од страна на членовите на органите на Банката. Членовите на органите на Банката при нивното редовно работење ја почитуваат и применуваат законската регулатива, подзаконските акти, Статутот и другите интерни акти на Банката со кои се регулираат нивните надлежности. Изборот на членовите на органите на Банката се врши со примена на критериумите и правилата за именување, утврдени со Кодексот за корпоративно управување, а врз основа на законската и подзаконска регулатива.

2.1.10. Политика за судир на интереси

Централна кооперативна банка АД Скопје во 2011 година работеше согласно со Политиката и процедурaта за идентификување на потенцијалниот судир на интереси во Банката, со која се утврдени принципите кои Банката ги применува при идентификување на потенцијалните судири на интереси, како и дефинирање на мерките и активностите кои се преземаат во случаите кога постои судир на интереси. Политиката ги поставува обврските и одговорностите на лицата со посебни права и одговорности и останатите вработени во Банката по однос на избегнувањето на потенцијалниот судир на интереси. Лицата со посебни права и одговорности во Банката на секои шест месеци даваат писмена изјава за постоење, односно непостоење на нивниот личен интерес со интересот на Банката.

2.2. Деловно - финансиско работење

Согласно генералните насоки поставени во Стратегискиот план и усвоениот финансиски план за работењето во 2011 година, Банката ги оствари своите најзначајни цели. Во текот на 2011 година, Банката успешно ги реализраше завршните фази од интеграцијата со Статер Банка АД Куманово, со што се отворија можностите за понатамошна реализација на амбициозно поставените цели во Стратегијата.

Банката, работејќи во услови на динамично менување на економското окружување, со успешното интегрирање, успеа да ја зацврсти и подобри својата пазарна позиција. Во текот на 2011 година Банката успеа да привлече стабилни извори и да постигне пораст на вкупната актива за 42,86 %.

Изминатата 2011 година Банката ја заврши како стабилна и ликвидна банка, зацврстувајќи ја доверба од своите клиенти и партнери, почитувајќи ја законската регулатива.

Page 22: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

18

2.2.1. Показатели за профитабилност, ефикасност и продуктивност

Работењето на Банката гледано низ основните показатели за профитабилност, во споредба со поделните групи на Банкарскиот сектор во Република Македонија изгледа како што следи:

Табела број 2: Показатели

Показатели * Големи банки

Средни банки

Мали банки

Банкарски систем

ЦКБ АД СКОПЈЕ

Стапка на поврат на просечната актива (ROAA) 1.20% -1.10% -1.00% 0.40% 0.05% Стапка на поврат на просениот капитал (ROAE) 12.20% -9.70% -4.50% 3.40% 0.18% Оперативни трошоци / Вкупни редовни приходи (Cost-to-income) 55.80% 82.00% 124.10% 67.80% 143.10% Трошоци за вработени / Вкупни редовни приходи 20.90% 29.70% 50.40% 25.40% 65.37% Трошоци за вработени / Оперативни трошоци 37.50% 36.20% 40.60% 37.40% 45.68% Исправка на вредноста за финансиски и нефинансиски средства / Нето каматен приход 34% 56.20% -9.90% 38.40% 36.22% Нето каматен приход / Просечна актива 3.20% 3.50% 2.90% 3.30% 1.69% Нето каматен приход / Вкупни редовни приходи 62.70% 69.00% 53.60% 63.90% 33.21% Некаматни приходи / Вкупни редовни приходи 37.30% 31.00% 46.40% 36.10% 163.9% Нето каматен приход/ Оперативни трошоци 112.40% 84.20% 43.20% 94.30% 23.21% Добивка (загуба) од работењето/ Вкупни редовни приходи 22.60% -21.50% -19.20% 7.30% 1.03

*Извор: НБРМ – Регулатива банкарски систем 31.12.2011 година.

Гледано низ показателите во горниот дел на табелата, видно е подоброто работење на Банкта во однос на групата на мали банки (каде припаѓа), додека во однос на останатите показатели како што се Нето каматен приход / Вкупни редовни приходи и показателот Нето каматен приход/ Оперативни трошоци, Банката покажува можност за унапредување на своето работење.

2.2.2. Кон билансот на успех

Резултатите од работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје за 2011 година треба да се разгледуваат во светлина на присоединувањето на Статер Банка АД Куманово во почетокот на годината. Во текот на 2011 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат, односно нето добивка во износ од 1,277 илјади денари, која што е за 80.7% помала добивка од остварената комбинирана добивка на двете банки во текот на 2010 година, односно 78.5% помалку отколку остварената добивка на Централна кооперативна банка АД Скопје за 2010 година. Остварената добивка за 2011 година е за 88.7% помала од планираната.

Page 23: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

19

Парични

средства и

парични

еквиваленти

52%

Кредити на и

побарувања од

други комитенти

36%

Вложувања во

хартии од

вредност

4%

(Исправка на

вредноста на

приход од

камата, на нето-

основа)

7%

Кредити на и

побарувања од

банки

0%

Наплатени

претходно

отпишани камати

0%

Останати

побарувања

1%

Поделба на приходи од камата по

финансиски средства

Табела број 3: Кон билансот на успех

Во илјади денари

Остварено Планирано Споредба

ЦКБ + Статер ЦКБ

2011

ЦКБ + Статер ЦКБ

2011 /

План 2011 2011 2010 2010

2011 / 2010

2011 / 2010

Приходи од камата 141,753 182,554 75,463 212,378 -22.4% 87.8% -33.3%

Расходи за камата 78,038 65,113 23,872 76,295 19.9% 226.9% 2.3% Нето приходи/(расходи) од камата 63,715 117,441 51,591 136,083 -45.7% 23.5% -53.2% Нето-приходи / (расходи) од провизии и надомести 29,534 34,741 9,759 56,057 -15.0% 202.6% -47.3% Нето-приходи / (расходи) од курсни разлики 2,450 6,797 3,387 6,790 -64.0% -27.7% -63.9% Нето-приходи / (расходи) од други операции 101,448 17,082 36,413 -35,876 493.9% 178.6%

-382.8%

Нето-приходи / (расходи) од исправка на вредноста -23,075 15,915 -6,052 21,966 -245.0% 281.3%

-205.0%

Вкупно Приходи 174,072 191,976 95,098 185,020 -9.3% 83.0% -5.9%

Административни расходи 172,101 184,105 88,847 172,451 -6.5% 93.7% -0.2% Добивка/Загуба пред оданочување 1,972 7,871 6,251 12,569 -75.0% -68.5% -84.3%

Данок на добивка 695 1,259 322 1,257 -44.8% 115.8% -44.7% Добивка/Загуба по оданочување 1,276 6,612 5,929 11,312 -80.7% -78.5% -88.7%

Во продолжение е прикажана структурата на приходите и расходите од камата остварени во текот на 2011 година.

Во поглед на структурата на приходи од камата според финансиски средства, најголемо учество од 52% имаат приходите од камати на парични средства, остварени како резултат на вложувања во нискоризични краткорочни хартии од вредност, како и на остварени приходи од дадени кредити на правни и физички лица на кои што отпаѓаат 36% од остварените приходи од камати.

Page 24: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

20

Банки и финансиски институции

43%Нефинансиски правни лица

20%

Население17%

Јавен сектор8%

Нерезиденти4%

Непрофитни институции кои им служат на

домаќинствата0%

Исправка на вредност на приходи по

камата –(нето основа)

8%

Наплатени претходно

отпишани камати0%

Поделба на приходи од камата по сектор

Нефинансиски правни лица

8%Банки и

финансиски институции

8%

Население77%

Нерезиденти6%

Непрофитни институции кои им служат на

домаќинствата1%

Поделба на расходи од камата по сектор

Во секторската структурата на остварените приходи од камата, најголемо учество има секторот Банки и финансиски институции со 43%, следен од секторите Нефинансиски правни лица со 20% и Население со 17%.

Расходите за камати расчленети според финансиските средства во текот на 2011 година потекнуваат од пресметаните камати на депозити на правни и на физички лица во износ до 97% од вкупните расходи за камати.

Во секторската распределба на расходите од камата, најголемо учество има секторот Население со 77% од каде што потекнуваат најголемиот дел на депозити во Банката, по што следуваат Нефинансиските правни лица и Банки и финансиски институции со по 8% од расходите за камата.

Page 25: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

21

Нето приходите од провизии и надомести во износ од 29,534 илјади денари се за 15% помали од комбинираните приходи од провизии и надоместоци на Централна кооперативна банка АД и Статер Банка АД за 2010 година. Со оглед на тоа дека работењето на Банката се одвиваше во услови на економска криза и намалена економска активност, како и на намалено кредитирање, овие приходи се исто така помали за 47,3% во однос на планот за 2011 година

Во текот на 2011 година Централна кооперативна банка АД оствари нето приходи од курсни разлики во износ од 2,450 илјади денари, што е за 64.0% помало од комбинираните приходи на двете банки во 2010 година, како и 63.9% помалку од планираните за 2011 година. Од овој износ 6,346 илјади денари се реализирани нето приходи од курсни разлики, додека 3,896 илјади денари се нереализирани нето загуби од курсни разлики.

Нето приходите од други операции во износ од 101,448 илјади денари расчленето се прикажани во следните табели:

Табели број 4 и 5: Останати приходи и расходи

Останати приходи

2011 % Приходи од продажба на средства 162,934 71.7%

Приходи по основ на цесија 41,819 18.4% Капитална добивка од продажба на ХВ 16,875 7.4%

Приходи по основ на дивиденда 2,263 1.0%

Приходи по основ на кирии 275 0.1%

Останато 3,141 1.4%

Вкупно 227,307 100.0%

Приходите од продажба на средства, се остварени од продажба на зграда на Банката во Куманово за вкупна вредност од 224,967 илјади денари, при што е остварена капиталната добивка во износ од 162,934 илјади денари.

Приходите по основ на цесија се остварени при продажба на ненаплатени побарувања со 100% резервација, при што е остварена добивка во износ од 41,819 илјади денари.

Поради влошувањето на состојбата во реалниот сектор како резултат на глобалната економска и должничка криза, Банката прудентно ги зголеми издвоените резервации за покривање на потенцијални загуби од ненаплативи побарувања. Нето ефектот во билансот на успех за 2011 година е искажување на поголеми расходи за исправка на вредност во висина од 23,075 илјади денари.

Административните расходи за 2011 бележат намалување за 6.5% во однос на комбинираните административни расходи за двете банки во 2010 година.

Поделбата на административните расходи за 2011 година е прикажан во следната табела:

Останати расходи

2011 %

Материјали и услуги 70,405 55.9%

Трошоци за кирии 25,448 20.2% Премии за осигурување на депозити 11,764 9.3% Административни и трошоци за маркетинг 4,173 3.3%

Трошоци за судски спорови 2,394 1.9% Трошоци за лиценцирање на софтвер 1,729 1.4%

Останати 9,946 7.9%

Вкупно 125,859 100.0%

Page 26: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

22

Табела број 6: Административни расходи

Административни расходи

2011 %

Трошоци за вработени 125,393 72.9%

Амортизација 46,708 27.1%

Вкупно 172,101 100.0%

Од остварената бруто добивка во текот на 2011 година во износ од 1,972 илјади денари, 695 илјади денари се издвоено за данок на добивка за годината, по што за распоредување останува нето добивката во износ од 1,277 илјади денари.

2.2.3. Финансиска позиција на Банката

Деловната 2011 година е одбележана со значително зајакнување на финансиската позиција на Банката. Во основа, промената на финансиската позиција се должи на неколку значајни деловни настани, од кој доминантно влијание има присоединувањето на Статер Банка АД Куманово. Синергијата од присоединувањето, изразена преку веќе постоечките производи на Банката и поголемата достапност на прозводите како резултат на проширената деловна мрежа, го даде својот ефект во понатамошно спонтано зголемување на изворите на Банката.

Депозитната база, гледана низ позицијата депозити на други коминтнти бележи спонтан пораст од 16%, додека севкупното зголемување на оваа позиција вклучувајки го и ефектот на присоединувањето изнесува 156% во однос на минатата година.

Поголем удел во зголемувањето на депозитите имаат орочените депозити, а посебно се издвојува порастот на краткорочните депозити во денари на населението, кои предизвикаа едновремено и значаен пораст на расходите за камати.

Присоединувањето на Статер Банка АД Куманово, не предизвика значајни промени во структурата на пасивата на Банката, што укажува постоење на стабилно депозитно јадро во двете банки. И понатаму, доминатно учество во вкупната пасива имаат депозитите на други коминетни, кои зафаќаат повеке од 50% од вкупните извори.

Депозити на банките

17%

Капитал и резерви26%

Обврски по кредити

1%

Останато 1%

Депозити на други комитенти

55%

Структурата на пасивата на Банката покажува ниска задолженост по однос на обврските по кредити, односно евидентни се јакнењето на довербата и способностите на Банката да привлече и обезбеди стабилни извори на финансирање. Од останатите биланси позиции, пораст е забележан и кај позицијата останати обврски, во која е содржана обврската за данок на додадена вредност по основ на договорот за продажба на недвижен имот, која Банката уредно ја подмири во пропишаниот рок .

Page 27: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

23

Друг значаен деловен настан кој изврши значајна промена на депозитната база е вложувањето од страна на матичното друштво Централна Кооперативна Банка АД Софија. Ова вложување е искажано во позицијата депозити на банки. Споредено со минатата година, оваа позиција порасна за близу 15 милиони евра.

На страната на активата, порастот на изворите најсилно се одрази во позицијата парични средства и парични еквиваленти. Средствата, како и минатата година, во услови на финансиска криза и конзервативен пристап во кредитирањето, беа насочени кон нискоризични пласмани, пред се благајнички записи и државни записи со доспевање до три месеци.

Позицијата кредити на и побарување од други коминтенти, иако забележа благ пораст како резултат на подобрената кредитна активност, сепак споменатото нагло зголемување на изворите (одразени во пораст на паричните средства), доведоа до намалено учество на оваа позиција во структурата на вкупната актива во 2011 година. Порастот кај останатите побарувања се појавува како резлутат на склучен договор за отстапување на побарувања во висина од 41,819 денари.

Парични средства и парични еквиваленти

70%

Недвижности и опрема

6%

Средства за продажба

1%Кредити на други

комитенти15%

Останато2%

Превземени 4%

Нематеријални средства

2%

Со состојба на 31 декември 2011, вкупниот акционерски капитал на Банката изнесува 1,397,967 илјади Денари (31 декември 2010:804,172 илјади Денари) и истиот се состои од 553,087 одобрени и во целост платени обични акции (31 декември 2010: 319,143). Номиналната вредност по акција изнесува ЕУР 41,2069 (31 декември 2010: ЕУР 41,2069).

Од приложениот график, видно е доминантното учество на паричните средства и паричните еквиваленти во структурата на активата на Банката (70%) во однос на кредитите на други коминтенти кои претставуват 15% од вкупните средства на Банката.

Page 28: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

24

Запишан капитал; 1,397,967

Ревалоризациски резерви; 21,576

Останати резерви; 16,551

Акумулирани загуби(42,742)

2.3. Управување со ризиците Концептот на современ начин на работа во Централна кооперативна Банка АД Скопје во услови на пазарна економија задолжително бара адекватно управување со ризиците на кои е изложена Банката , притоа задолжително ригорозно почитувајќи ја позитивната законска регулатива и супервизорски стандарди.

Согласно барањата на член.68 од Законот за банки (Службен весник на РМ бр.67/2010) и Одлуката за управување со ризици донесена од страна на НБРМ (Службен весник на РМ бр.42/2011, Централна кооперативна банка АД Скопје управува со ризиците врз основа на интегриран систем за управување со сите материјални и нематерјални ризици на кои е изложена соодветно на природата, големината и сложеноста на финансиските активности кои што ги врши. Управувањето со ризиците се заснова на Стратегијата за преземање и управување со ризици притоа доследно почитувајќи ги законски пропишаните лимити на изложеност на ризик како и интерно поставениот систем на лимити со што врши превенција со навремено детектирање и отстранување т.е. навремена реакција од страна на надлежните органи на Банката одговорни за управување со ризиците кога одредени активности ги надминуваат пропишаните лимити. Интегративниот пристап подразбира континуирано, проактивно и системски организирано управување со ризици, кое се врши на стратешко, макро и микро ниво. Притоа се зема во предвид интеракцијата помеѓу одделните ризици и нивниот зеаднички ефект врз успешноста на Банката. Банката во своето работење е изложена на следните видови ризици:

• Кредитен ризик во чии рамки е и ризик од земја, ризик од концентрација, индиректен кредитен ризик,

• Ликвидносен ризик, • Валутен ризик, • Ризик од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарските активности, • Оперативен ризик во чии рамки е и правен ризик,ризик од користење услуги од

надворешни лица, ризик од перење пари и финансирање тероризам како и ризик од несоодветни информативни системи

• Стратегиски ризик, • Репутациски ризик, • Пазарен ризик

Од прикажаниот графикон, видно е доминантното учество на акционерскиот (запишан) капитал и истиот е во најголем дел сопственост на Централна Кооперативна Банка АД Софија, која што поседува 87,3% и претставува единствен акционер со учество над 5% во запишаниот капитал на Банката.

Page 29: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

25

Согласно Стратегијата за превземање и управување со ризици, Банката воспоставува поединечни политики и процедури за преземање и управување со сите ризици на кои е изложена во своето работење. Политиките за превземање и управување со ризиците содржат:

• Организациска поставеност на функцијата за управување со ризиците, • Основни елементи на управувањето со ризиците, • Оценка на капацитетот на Банката за превземање на секој поодделен ризик,како и

оценка на нејзиниот профил на ризичност, • Прифатливи инструменти за заштита од или намалување на ризиците, • Внатрешната контрола и основни елементи на процесот на интерно утврдување и

оценка на потребната адекватност на капиталот на Банката.

Со цел заокружување на процесот на управување со ризиците, Банката освен политики за управување со ризиците воспоставува процедури за преземање, мерење или оценка, следење, контрола или намалување на ризиците што овозможува навремено и сеопфатно идентификување на ризиците со кои се соочува Банката (мапирање на ризиците). Процедурите содржат правила, начини и постапки за идентификување, мерење или оценка, следење и контрола со цел намалување, диверзификација, трансфер и избегнување на ризиците на кои е изложена Банката во текот на своето работење.

2.3.1. Управување со кредитен ризик

Согласно усвоената Политика за кредитна активност, Политика за кредитен ризик, Процедурата за кредитен ризик, Методологијата за утврдување на исправка на вредност/ посебна резерва на Централна коопеативна банка АД Скопје како и други интерни акти на Банката, постапката за утврдување и оценка на кредитниот ризик на клиент кредитно изложен во банката со вклучени сеопфатни инструкции за следење на кредитната способност и управување со кредитниот ризик согласно барањата на Централна кооперативна банка АД Скопје, усогласени со регулаторните барања за управување и оценка на ризикот. Во процесот на управување со кредитен ризик, преку редовна квалитативна и квантитативна анализа на кредитната способност се врши потврдување на првично определената кредитна способност и тековното следење на кредитната способност и оценка на кредитниот ризик на клиентите на Банката. Притоа Банката управува со кредитниот ризик земајќи ги во предвид сите елементи на изложеност на кредитен ризик со цел квалитетна секторска, географска и др. дисперзија на ризикот во кредитното портфолио.За таа цел Банката има воспоставено интерни лимити на изложеност на кредитен ризик. Со цел подобро управување со кредитниот ризик, Банката јасно ги дефинира надлежностите и одговорностите при преземањето и управувањето со кредитен ризик. Во Дирекцијата за кредитна администрација се врши квантитативна и квалитативна анализа на кредитната способност на кредитната изложеност на клиентите како во процесот на одобрување така и во процесот на тековно следење. Во Дирекцијата за управување со ризици се врши контрола на доставените податоци и доколку истите се некомпатибилни се врши корекција на кредитниот ризик на клиентот,односно се врши потврдување на изложеноста на кредитен ризик како и мерење и оценка на изложеност на кредитен ризик на Банката.

Page 30: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

26

Оштетувањето и класификацијата на изложеноста на кредитен ризик се извршува на поединечна основа за сите кредитни изложености. Во табела бр.7 прикажани се основните показатели за квалитетот на кредитното портфолио на Централна кооперативна банка АД Скопје. Показателите освен пораст, укажуваат и на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио. Табела број 7: Показатели за квалитетот на кредитното портфолио

Вкупна изложеност на кредитен ризик во

.000 денари3,072 3,165 3,264 4,472

(В, Г и Д) / Вкупна изложеност на кредитен

ризик7,80 8,16 8.28 4.3

Д / Вкупна изложеност на кредитен ризик 4,90 4,86 5.27 2.89

Покриеност на В, Г и Д со пресметана

исправка на вредност и посебна резева80,82 73,53 75.59 79.14

Нето В, Г и Д од исправката на вредност /

Сопствени средства4.59 5,97 6.4 3.67

Д / Сопствени средства 11.67 12,23 14.42 9.46

Пресметана исправка на вредност и посебна

резерва / Вкупна изложеност на кредитен

ризик

6,30 6,00 6.26 3.4

Нефункционални кредити / Вкупни кредити

(кредити кон нефинансиски субјекти)28,68 34,72 29.88 16.5

Исправка на вредност/кредитно портфолио 15,77 16,08 21.47 14.41

Исправка на вредност/ Нефункционални

кредити107.73 93.02 103.74 110.27

Покриеност на нефункционални кредити со

исправка на вредност и посебна резерва109.47 94.4 105.21 112.24

Исправка на вредност и посебна резерва

/Сопствени средства15.01 15.32 17.13 11.14

31/03/2011Показател 31/12/201130/09/201130/06/2011

Со цел намалување на изложеноста на кредитен ризик, при утврдување на кредитната способност и оценка на кредитен ризик се вклучува и квалитетот на понудениот колатерал како еден од најтрадиционалните и најчести начини за намалување на кредитниот ризик. Најчести и најприфатливи видови обезбедување кај кредитните изложености во Банката се следните:

• Хипотеки над станбен имот и деловен простор. • Залог врз деловни средства • Паричен депозит. • Злато • Меница

Page 31: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

27

Банката со цел да се заштити или да ја намали изложеноста на кредитен ризик во своите договори за кредити има вградено клаузули во кои Банката има право да побара дополнително обезбедување од своите клиенти доколку оцени дека за тоа има потреба.

Во текот на 2011 година континуирано се следеше изложеноста на Банката кон лицата со посебни права и одговорности во Банката и со нив поврзаните лица. Вкупната изложеност по овој основ со состојба 31.12.2011 год изнесува 0.34% и е во рамките на законски пропишаниот лимит од 3% од сопствените средства на Банката .

Во текот на 2011 год Банката има изложеност кон акционерот но процентот на учество на изложеноста во сопствените средства на банката изнесува 0.71%. Со состојба 31.12.2011 год. не се надминати регулаторно поставените лимити на изложеност.

Дирекцијата за управување со ризици, редовно го известуваше Одборот за управување со ризици и Управниот одбор на Банката.

2.3.2. Управување со валутен ризик

Банката е изложена на ризик во однос на ефектите од движењата на нивото на девизни курсеви кои се одразуваат врз финансиската позиција и готовинскиот тек. Управувањето со валутен ризик подразбира следење, квантифицирање и контрола на отворената девизна позиција која е основен показател за нивото на изложеностна Банката на валутниот ризик. Во текот на 2011 година изложеноста на Банката се движеше во законските и интерните валутни лимити.

2.3.3. Управување со ликвидносен ризик

Во текот на 2011 година, Банката успешно управуваше со ликвидносниот ризик одговарајки на потребите на своите клиенти за дневни повлекувања на средства од своите расположливи готовински ресурси, како и сервисирање на сите свои обврски кон коминтентите, истовремено овозможувајќи непречено одвивање на кредитната активност на Банкта преку одливи по основ на одобрени кредити.

Банката во текот на 2011 година, редовно ја следеше рочната структура на побарувањата и обврските,што укажува дека Банката има стабилна ликвидносна позиција. Банката редовно ја исполнуваше законска обврска за издвојување на задолжителна резерва во денари и девизи. Процентот на остварување на задолжителната резерва во денари континуирано се остваруваше над законски пропишаниот од 100.1%. Банката нема изразена концентрација на депозитната база на учеството на 20-те најголеми депоненти. Во текот на 2011 година Банката продолжи со пресметка на регулаторно поставените и интерно воспоставените ликвидносни показатели и истите континуирано укажуваа дека Банката има високо ликвидна актива, располага со слободни парични средства и може да ги покрие доспеаните обврски. Законските лимити за ликвидносен ризик се испочитувани во целост, односно стапките на ликвидност до 30 и до 180 дена се во рамките на законски пропишаниот лимит. Согласно методологијата на НБРМ за пресметка на сопствените средства на Банката, износот на сопствени средства со состојба 31.12.2011 год е 1.364.358 илјади денари и бележи пораст за 1.22% во однос на висината на сопствените средства на консолидирана основа со состојба 31.12.2010 год кога изнесувал 1.347.830 илјади денари.

Page 32: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

28

Коефициентот на адекватност на капиталот континуирано во текот на 2011 год е над 64% и е високо над законски пропишаниот лимит (над 8%) и над интерно утврдениот лимит на стапка на адекватност на капиталот( над 15%) дефиниран во Стратегијата за управување со ризици.

2.3.4. Ризик од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарски активности

Согласно Одлуката за управување со ризик од промена на каматните стапки во портфолиото на Банкарски активности, во текот на 2011 година Банката управуваше со овој ризик согледувајќи ги ефектите од промената на каматните стапки врз билансот на успех. Притоа континуирано се следеше флуктуација на пазарните каматни стапки и вршеше прилагодување на истите со цел намалување на нивното влијание врз финансиската состојба и парични текови на Банката. Со цел да одговори на промените во 2011 година, Банката изврши ревидирање на Политика за управување со ризикот од промена на каматните стапки и дефинира интерни лимити на изложеност на ризик од промена на каматни стапки. Дирекцијата за управување со ризици, редовно го известуваше Одборот за управување со ризици и Управниот одбор на Банката.

2.3.5. Оперативен ризик

Оперативниот ризик е дефиниран како ризик од загуби на Банката како резултат на случувања или настани предизвикани од неадекватни или неуспешни внатрешни процеси, луѓе,системи или надворешни настани.

Активностите поврзани со оперативните ризици во минатата година опфаќаа следење, евидентирање и анализирање, како и мерење или оценка на настаните кои предизвикале или можеле да предизвикаат штета односно претставуваат потенцијален оперативен ризик.

Врз основа на прибраните информации и направените анализи се преземаа конкретни мерки за санирање на нарушувањата и за отстранување или контрола на ризикот во иднина.

Следењето на оперативните ризици опфака:

• следење и навремено преземање на соодветни мерки за санирање на нарушувањата на ИТ информатициониот систем;

• следење и навремено преземање на соодветни мерки за елиминирање на ризиците од електронското банкарство и платежните картички;

• следење, евидентирање и анализирање на трансакциите согласно Законот за спречување на перење пари и редовно известување на Управата за спречување на перење пари;

• следење и контрола на вработените во Банката со цел доследно почитување на Кодексот на однесување, како и пропишаните правила и процедури за работата во Банката и преземање на мерки за елиминирање на ризикот од неправилно или незаконско работење.

Page 33: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

29

Во текот на 2011 год Банката нема значителна изложеност на оперативен ризик.Евидентирани се повеќе оперативно-критични настани, но истите се матерјално незначајни или пак штетата е на терет на причинителот.

Во рамките на управување со ризици, опфатен е и правниот ризик и репутацискиот ризик кој подразбираше жалби и поплаки од клиенти, следење на усогласеноста на работењето на Банката со законската регулатива, како и супервизорските стандарди при што вршеше соодветни прилагодувања во Политиките и Процедурите согласно измените на истата. Во текот на 2011 година нема значајна изложеност на правен и репутациски ризик.

Банката успешно управуваше со пазарниот ризик во текот на 2011 година, Банката вложуваше само во неризични хартии од вредност издадени од државата или НБРМ (благајнички и државни записи),кои имаат висок процент на учество во вкупните активности на Банката.

2.4. Законската регулатива во Република Македонија во 2011 година

2.4.1. Позначајни измени во законската регулатива

� Закон за платен промет; � Закон за девизно работење; � Закон за заштита на потрошувачите при договор за потрошувачки кредит; � Закон за измена и дополна на Законот за заштита на личните податоци; � Закон за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и

финансирање на тероризам ; � Закон за трговски друштва; � Закон за работни односи; � Закон за безбедност и здравје при работа; � Закон за данок на добивка; � Закон за персонален данок на доход ; � Закон за хартии од вредностЗакон за договорен залог;

2.4.2. Позначајни одлуки од страна на НБРМ во текот на 2011 година

� Одлука за управување со ризици; � Одука за известување за бројот на склучени договори за кредит и за договорената

годишна стапка на вкупни трошоци; � Одлука за начинот и постапката за воспоставување и примена на програмата на

банката за перење пари и финансирање на ; � Одлука за содржината и начинот на функционирање на кредитниот регистар; � Одлука за измена и дополна на Одлуката за лимитите на изложеноста; � Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за управување со кредитен ризик; � Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за методологијата за утврдување на

адекватноста на капиталот; � Одлука за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци � Одлуката за општите услови за отворање сметки во Народната банка на Република

Македонија

Page 34: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

30

� Одлука за вршење платен промет со странство; � Одлука за изменување и дополнувања на Одлуката за условите и начинот под кои

резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти ;

� Одлука за издавање, тргување и исплата на благајничките записи на Народната банка на Република Македонија;

� Одлука за запис за шестмесечни депозити кај НБРМ; � Одлука за расположлив кредит преку ноќ; � Одлука за интрадневен кредит; � Одлука за референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата; � Одлука за девизен депозит кај НБРМ; � Одлука за кредитот во крајна инстанца; � Одлука za изменување и дополнување на одлуката за сметководствен план

(контен план) за банките ; � Одлука за методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените

ставки и за подготовка на финансиски извештаи; � Одлука за изменување на одлуката за видови и содржина на финансиски

извештаи; � Одлука за доставување податоци за каматните стапки на банките на примените

депозити и на дадените кредити; � Одлука за доставување податоци за состојбата и прометот на сметките од

сметковниот план на банките и на финансиските извештаи;

2.4.3. Усогласеност со законска регулатива

Банката во своето работење се придржуваше на пропишаните законски рамки на кредитна изложеност и вложување кај други и истите ги исполнува:

• Почетниот капитал за основање на Банка, кој според Законот треба да изнесува 310.000.000 денари;

• Сопствените средства на банката во однос на почетниот капитал, кои согласно член 64 од Законот за банки не смеат да изнесуваат помалку од почетниот капитал;

• Банката нема голема изложеност спрема лице и со него поврзани лица (која не смее да надмине 25% од сопствените средства на банката)

• Банката нема изложеност над пропишаните 10% од сопствените средства спрема акционер со квалификувано учество во банката и со него поврзани лица кои директно или индиректно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции или издадени акции со право на глас кои овозмжуваат значително влијание врз управувањето со банката;

• Банката нема акции во други банки кои поседуваат капитални делови во банката поголеми од 5%

• Банката не поседува контрола врз нефинансиска институција; • Изложеноста спрема лица со посебни права и одговорности и со нив поврзани

лица изнесува 0,06% од сопствените средства на банката и е во рамки на законскиот лимит од 3% од сопствените средства на банката;

• Отворената девизна позиција на банката (дневна) е во рамки на лимитите под 30% од сопствените средства на банката;

• Имотот на Банката во земјиште, згради, опрема, и капитални делови од други банки, небанкарски финасиски институции изнесува 39.37% што е во согласност

Page 35: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

31

со член 78 од Законот за банки според кој истиот не смее да надминува 60%од сопствените средства;

2.5. Деловно работење на Банката по одделни сегменти

2.5.1. Кредитирање Новоодобрените пласмани во сегментот население бележат пораст од 225% споредено со истите во 2010-та година. Новоодобрените пласманите кај секторот правни лица пак бележат пораст од 141% споредено со изминатата година.

Банката поактивно се вклучи на пазарот во вториот семестар на годината преку промоција на носечкиот кредитен пакет-ДОВЕРБА. Промотивните и продажните активности беа пропратени со реорганизација на деловната мрежа од ориентирана кон услуги и операции, кон деловна мрежа чија основна функција се пласманите. Во втората половина на годината банката изврши целосно пазарно репозиционирање вршејќи рекалибрирање на практично сите постоечки продукти од понудата на продукти наменета за секторот население. Воведени се конкурентни бизнис ниши за станбени и хипотекарни кредити кои овозможија значително зголемување на месечната побарувачка и пласманите соодветно, а целата посточка палета продукти е доведена во конкурентна позиција. Во последниот квартал од годината ЦКБ беше една од банките која ја одбележа понудата на кредитни продукти со своето пазарно присуство и воспостави ниво на побарувачка кое е на линија на најдобрите од групата средни банки. Во продолжение следи приказ на пласманите во сегментот население на квартална основ од кој јасно се согледува зголемената активност и трендот на позиционирање на банката во сегментот население.

Page 36: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

32

Најголем дел од новите пласмани во сегментот население или околу 75% се денарски кредити, додека 25% од пласманите се со валутна клаузула во Евра. Новокреираното портфолио го одликува висока диверсификација по износ на кредит и работодавач. Најголем дел од кредитите или околу 89% се потрошувачки кредити, додека само 11% се кредити обезбедени со хиптоека на недвижен имот.

Во сегментот правни лица се пласирани вкупно 240.387 илјади денари од кои 88% се денарски пласмани со валутна клаузула, а 12% се денарски пласмани.

Page 37: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

33

2.5.2. Денарски платен промет

Во текот на 2011 година значителен дел од активностите во Службата за платен промет во земјата беа насочени кон следење, анализирање на активностите и усогласување на состојбите по присоединувањето на Статер банка АД Куманово кон ЦКБ АД Скопје, при што, беа евидентирани очекувани нагорни трендови во обемот на извршување на банкарските операции и соодветно зголемување на приходите и расходите во однос на 2010 година преку :

- зголемен број на клиенти корисници на услуги во платен промет во земјата во 2011 година за над 47% во однос на претходната година;

- зголемен број на извршени трансакции во ПП во земјата во 2011 година за 130%; - зголемен обем на наплатена провизија од извршени услуги во ПП во земјата во

2011 година за над 270%; - зголемени расходи по основ на камати, плати и учество во платни системи (

МИПС,КИБС ) за околу 166%; - зголемен нето приход од извршените услуги во платниот промет во земјата во

2011 година за над 10 милиони денари.; Покрај остварениот нагорен тренд во обемот на извршување на банкарските операции и соодветно зголемување на приходите и расходите во однос на 2010 година, во ПП во земјата истовремено се извршени ажурирања на интерните акти со кои се регулира работењето на Банката во делот за платниот промет во земјата. Покрај другото, во извештајниот период извршени се бројни измени во Банкарскиот интегриран информативен систем, се со цел подобрување на услугите на Банката во областа на платниот промет во земјата. Во текот на 2011 година, постојано се врши ажурирање на досиеата за имателите на сметки, согласно прописите кои ја регулираат оваа материја.

2.5.3. Платен промет со странство

Насоките на дејствување на вработените во Службата за платен промет со странство, во извештајниот период беа насочени кон контрола и верификација на мигрираните податоци

Page 38: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

34

на клиентската база на податоци од Статер Банка АД Куманово и верификација на мигрираните состојби на клиентски девизи и денарски сметки од истата банка. За таа цел првите неколку месеци од 2012 година, освен тековната работа на СППС, вработените беа фокусирани и оптоварени со реализација на многубројните информации до раководните органи на банката по основ миграција и интеграција на двете банки (Статер банка АД Куманово и ЦКБ АД Скопје).

Со присоединувањето на Статер банка кон ЦКБ Скопје и превземените клиенти од истата а заради имплементацијата на новото софтверско решение за работа во БИИС на ЦКБ Скопје, Службата вршеше постојана обука и поставување на потребните параметри во системот како и обука на вработените и новите клиенти за нивно правилно користење. Заради бројните измени во начинот на организација на платниот промет со странство (ново апликативно решение, платен промет со странство преку сите шалтери на банката, нови клиенти, нови кадри итн.), службата во непосредна и посредна комуникација со останатите организациони делови на банката го презентираше новиот начин на работа со постојана комуникација како со сите вработени така и со клиентите.

Финансиските показатели од работењето покажуваат позитивен ефект според приложените параметри во износ поголем од 2,5 милиони денари и зголемен број на трансакции и вкупен промет. Во текот на 2011 година евидентно е зголемен бројот на клиенти физички лица по основ корисници на девизни пензии кој број изнесува над 1500 корисници. Нагорниот тренд во обемот на извршување на платниот промет со странство резултираше со соодветно зголемување на приходите и расходите во однос на претходната година. Истовремено, покрај зголемениот обем на работа, извршени се бројни ажурирања на интерните акти со кои се регулира работењето на Банката во делот за платниот промет со странство. Во извештајниот период извршени се бројни измени во Банкарскиот интегриран информативен систем, се со цел подобрување на услугите на Банката во областа на платниот промет со странство. Во текот на 2011 година, постојано се врши ажурирање на досиеата за имателите на девизните сметки, согласно прописите кои ја регулираат оваа материја.

2.5.4. Служба за експозитури

Во текот на 2011 година, главниот предизвик се случи со почетокот на годината и присоединувањето на Статер Банка АД Куманово кон Централна кооперативна банка АД Скопје. Службата за експозитури во чијашто надлежност беше оперативното работење на експозитурите успешно ја организира работата на експозитурите и присоединувањето, а беше спречен одлив на клиенти. Во 2011 година, акцент се стави на зголемувањето на кредитирањето преку експозитурите како основен канал за пласирање на производите на Банката, при што беа воведени нови кредитни производи и услови кои беа конкурентни на пазарот со што се отвори можност за зголемување на кредитното портфолио. Централна Кооперативна Банка АД Скопје реализирајќи ја својата стратегија и во услови на финансиска криза продолжи со проширувањето на деловната мрежа, отворајќи нови експозитури во следните градови:

• Тетово • Охрид • Гевгелија.

Page 39: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

35

Во текот на 2011 година службата за експозитури во целост ги организира и спроведе обуките за новите службеници во експозитурите Тетово, Охрид и Гевгелија, како и обуките за новите службеници кои беа потребни за експозитурата во Битола.

Едновремено со овој ангажман, во рамките на редовното работење, сите експозитури, брзо, навремено и квалитетно ги услужуваа своите клиенти, со што успеаа да привлечат нови клиенти. Така, вкупните депозити на крајот од 2011 година, споредено со претходната година а после извршеното присоединување на Статер банка, пораснаа за 51,21%, додека вкупните депозити на физички лица се зголемија за 28,00%. Дејствувањето на службата за деловна мрежа беше во склад со стратегијата на банката и насоките од менаџментот со цел на максимална ефикасност во работењето и зголемување на профитабилноста на банката.

2.5.5. Тргување со хартии од вредност

Во рамките на периодот од 01.01.2011 до 31.12.2011 година, Службата за работа со хартии од вредност остварила вкупен промет во износ од 44.424.122,50 денари (Види Табела 2), од кој 82,39% се должи на промет со акции, додека останатите 17,61% од вкупниот промет се должат на тргувањето со обврзници.

Табела број 8: Учество на прометот со акции и обврзници во вкупниот промет во 2011 год.

учество (%)

Обрзници 18% Акции 82% *Извор: Служба за работа со хартии од вредност

Во продолжение следува табеларен приказ на компаративните податоци за работењето на Службата за работа со хартии од вредност во 2011 и 2010 година. Следуваат спордебени податоци за работењето на Службата за работа со хартии од вредност во 2011 и 2010 год во МКД денари: Табела број 9: Компаративни податоци за работењето на Службата за работа со хартии од вредност во 2011 и 2010 година

Опис 2011 2010 Разлика %

1 Вкупно остварен промет во денари 44,424,123 18,084,578 146%

1.а. Промет со ОБВРЗНИЦИ

во денари 7,824,664 4,001,548 96%

број на обврзници 139,113 79,472 75%

1.б. Промет со АКЦИИ

во денари 36,599,459 14,083,030 160%

број на трансакции 157 246 -36%

1.в. Промет со акции на ДРЖАВАТА

во денари

број на трансакции

2 Блок трансакции

во денари 22,000,000 0,00

Page 40: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

36

Опис 2011 2010 Разлика %

број на трансакции 1 0

3 Број на блок трансакции

со акции на акционерските друштва 1 0

со акции на државата

со обврзници

4 Остварен приход од извршени налози на клиентите

купопродажба на обврзници 58,978 31,246 89%

купопродажба на акции 138,691 150,301 -8%

5 Број на склучени договори за берзанско посредување 32 39 -18%

6 Број на добиени налози 163 248 -34%

7 Број на реализирани налози 133 201 -34% *Извор: Служба за работа со хартии од вредност

2.5.6. Трезорско работење

Во известувачкиот период Службата за трезорско работење успеа да го прилагоди своето работење на настанатата занчајна деловна промена – проширување на деловната мрежа и банкомати. За навремено и точно извршување на задачите, во службата беа извршени обуки за благајничко работење, ракување и обслужување на банкомати.

Со цел за поквалитетно и рационално работење, извершена е модернизација на трезорското работење со воведување на нови контролни уреди.

2.5.7. Информатичка технологија

Најзначајни активности во извештајниот период во одбласта на информатичката технологија се: Присоединување на ЦКБ и Статер банка во една база на податоци и користење на едно core banking решение БИИС (Датамакс) - Проектот кој беше започнат во 2010 целосно е завршен до мај 2011 со сите функционалности. Во овој проект беа опфатени низа активности како што се: мигрирање на податоците, отварање на корисници и групи, конфигурација на работните станици и печатачи за потребите на новото решение како и обука на вработените. Дополнителни извештаи направени во апликацијата БИИС-По барања на Дирекциите во Банката, во текот на 2011 година направени се преку 210 дополнителни (нови или модифицирани) извештаи, формулари и обрасци кои се сместени во апликацијата. Исто така извршено е и Оптимизирање на известаи и процедури од банкарската апликација БИИС, за чие извршување е потребно подолго време. Поставен е нов “огнен зид“ (firewall) – CheckPoint, како основна заштита на банката кон надворешните мрежи, како и систем за детекција и превенција од упади од надвор – IDS/IPS систем.

Page 41: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

37

Направена е консолидација на систем салата со примена на виртуелни сервери со што е добиено на простор, направена е заштеда на електрична енергија, намалена е потребата од климатизирање на просторијата, олеснета е администрацијата и управувањето на системите и друго. Најголем дел од информатичката опрема која беше на локации централа Куманово и резервен центар Кратово префрлен е и инсталиран на локација систем сала Централа Скопје. Имплементација и инсталација нов тестен сервер – контна база. Направена е инсталација и конфигурација на нов тестен сервер и подигната е Oracle база за потребите на тестирање и имплементација на новиот контен план и развој на апликацијата БИИС. Опремување, поврзување и инсталација на новоотворени експозитури во Тетово, Охрид и Гевгелија, како и затварање и преместување на опрема од експозитура Табановце. Годишно тестирање на Планот за континуитет во работењето-Извршени се две тестирања на “План за континуитет во работењето на ИТ системите“ (едно редовно и едно вонредно) на резервната локација на банката во Кратово. Дополнување на ИСМС документација - Постоечката документација е ревидирана и дополнета со процедури и упатства поврзани со работата на Дирекцијата за ИТ. Потполно е завршен проектот - Имплементација на AML систем - Согласно барањата од Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам, имплементиран е нов систем и апликација за АМЛ. Имплементиран е нов систем за кориснисничка подршка – HelpDesk и истиот е ставен во функција во банката. Променет е домеинот на банката и сите работни станици се префрлени на новиот domain ccbank. Имплементиран е нов email сервер – exchange и сите кориснички акаунти се подесени за работа со новиот сервер.

2.5.8. ОСИС

Најзначајни активности во извештајниот период во одбласта на сигурност на информативниот систем се:

Документација

Усвоени се нови верзии и ревидирана е целокупната ИСМС документација.

Обука на вработени

Во координација со Дирекцијата за човечки ресурси обуката за сигурност на информативниот систем се изведe за сите нововработени.

Обуките опфатија неколку области, и тоа:

– Обука за сигурност на информативниот систем на Банката – Обука за физичка безбедност во објектите на Банката – Обука за заштита на личните податоци

Дополнително за секој практикант во Банката е направена посебна обука и потпишани се со нив Изјава за доверливост и Изјава за заштита на личните податоци.

Page 42: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

38

Оперативни контроли

Во тековниот период ОСИС изврши две оперативни контроли и тоа:

– Контрола на кориснички профили и привилегии

По целосна интеграција на двете Банки, направена е контрола на доделените кориснички привилегии во Банката и редифинирање на истите соодветно со новата Организациона шема и систематизација на работни места.

Дополнително за секој вработен е дефинирана Листа на збирки на лични податоци до кои има пристап.

– Контрола на користењето на Интернет и електронската пошта во Банката

Согласно пронајдените забелешки направени се Акциони планови и носители на активности.

Физичка безбедност

Продолжени се Договорите со добавувачите на услуги во делот на физичка безбедност на Банката.

Надградени се системите за видео надзор и мониторинг.

Заштита на лични податоци

Целокупната документација за заштита на личните податоци редовно се ажурира и се испраќа до Дирекцијата за заштита на личните податоци и по нивни сугестии истата редовно се дополнува и изменува со цел потполно задоволување на законската регулатива на РМ.

Aнализа на ризици и BIA

Направена е редовна годишна анализа на ризици и BIA анализа.

Истовремено направена е идентификација и класификација на средствата на информативниот систем и идентификација на деловните процеси согласно Упатството за идентификација деловните процеси.

Во процесот на анализа и оценка на ризици беа вклучени сите Организациони единици на Банката непосредно преку раководителите на ОЕ.

При процесот на анализа на ризици беа мапирани 88 процеси и нивни носители.

По усвојување на резултатите од анализата и оценката на ризици од страна на Одборот за управување со ризици (ОУР), ОСИС заедно со раководителите на соодветните ОЕ изготви Предлог Термински акционен план за имплементација на контроли и по одобрување на предложените контролни мерки од страна на ОУР на 21.10.2011 год. е започната реализација на активностите за намалување на ризикот по информативниот систем.

Контрола на спроведување на активностите од Акциониот план врши ОСИС.

Page 43: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

39

Редовно годишно тестирање на Плановите на континуитет во работењето на ИТ и на деловно подрачје

Во месец Ноември беа направени редовните годишни тестирања на Плановите за континуитет во работењето на ИТ системите и на деловното подрачје.

Бидејќи станува збор за трето генерално тестирање на ПКР на Банката зголемен беше опсегот на тестирањето и тестните задачи и вклучени беа сите ОЕ и експозитури на Банката.

Тестирањето ги опфати тестовите на функционалност на секундарната локација, рачните постапки за работа на експозитурите и за дел од ОЕ во Дирекција.

Сите чекори беа успешно завршени и беше направена валидација на резултатите од тестирањето.

УО на Банката го има усвоено Извештајот од извршените тестирања.

2.5.9. Човечки ресурси

Банката се грижи за континуирано подобрување и унапредување на квалификационата структура на своите вработени, со едуцирање на постојните вработени, како и вработување на нов, стручен и квалитетен кадар. Како резултат од зголемената потреба за организациска фелксибилност, Политиката на управување со човечките ресурси во Банката се стреми кон искористување на позитивните ефекти што ги носи тимската работа и воведување на проектен менаџмент секаде каде што е можно, при тоа наградувајќи ги успесите за да ја одржува мотивацијата и задоволството на вработените на високо ниво. Со состојба на 31.12.2011 година, вкупниот број на вработени во Банката изнесува 197. Табела број 10: Квалификациона структура на вработените во споредба со претходни години:

Сосотојба на Структура на Степен на образование

31.12.2009

31.12.2010

31.12.2011

31.12.2009

31.12.2010

31.12.2011

Завршени последипломски студии 8 8 11 7% 7% 6% Високо образование 67 67 120 57% 57% 61%

Вишо образование 6 6 8 5% 5% 4% Средно образование 37 37 58 31% 31% 29%

Вкупен број на вработени 118 118 197 100% 100% 100%

Page 44: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

40

Во текот на 2011 година, Банката продолжи со реализација на обуки и стручни усовршувања на вработените. Темите на обука произлегоа од идентификуваните потреби за обука и законските барања за конкретна специјализација и знаење. Овие обуки беа спроведени како од интерни обучувачи така и од екстерни агенции, компании и институции. Најголем број од остварените обуки беа во насока на воведување на нововработените лица, како и оспособување на вработените за примена на политиките, процедурите и упатставата на Централна кооперативна банка. Исто така се реализираа обуки за примена на нови законски барања, управување со ризици, управување со човечките ресурси, спречување на перење пари и финансирање тероризам, заштита на лични податоци и слично. Како резултат на постојаната соработка со универзитетите во земјата за стручен развој и стекнување на работно искуство на младите студенти кои имаат интерес за работа во банкарскиот сектор во Република Македонија, во текот на 2011 година се склучија меморандуми за соработка со „Економски Факултет“,при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Економски Факултет“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и беа спроведни поголем број на работни пракси на студентите, со тенденција овој број постојано да се зголемува во иднина. Во поглед на внатрешната организација на Банката, се направија одредени промени со цел да се подобри ефикасноста и ефективноста во функционирањето на одредени процеси и работењето на Банката во целина што резултираше и во оптимизирање на бројот на вработени во Банката. Во тој контекст во рамките на Дирекцијата за кредитна администрација се формира Служба за новоодобрени кредитни изложености, во рамките на Дирекцијата за правни услуги се формира Служба за проблематични кредити, а во рамките на Дирекцијата за продажба, освен постоечката Служба за картично работење се формираа и Служба за продажба – правни лица како и Служба за продажба - население. Исто така во рамките на Дирекцијата за информатички технологии се формираа Служба за корисничка и техничка поддршка, Служба за развој, Служба за управување со ИТ, архитектура и инфраструктура и Служба за проекти и организација. Исто така, како резултат на експанзивната политика на Централна кооперативна банка, се отворија нови експозитури во Тетово, Охрид и Гевгелија кои донесоа и нови вработувања во Банката.

Page 45: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

41

2.5.10. Сметководство и контрола

Дирекцијата за сметковдство и контрола во текот на 2011 година се грижеше на навремено и точно отсликување на сите деловни настани во книгите на Банката, кое што понатаму претставува основа за подготовка на квалитетни информации неопходни за одлучувањето и работењето на Банката. Со цел унапредување на сметководствената евиденција, Дирекцијата успешно ги реализираше поставените задачи за 2011 година – воведување на модул за подобрено следење на материјалната евиденција на основните средства, при што беше интегрирана материјалната евиденција на двете Банки и истото претставуваше еден вид на завршна фаза од процесот на интеграција – присоединување на Статер Банка АД Кумново кон Централна кооперативна Банка АД Скопје. Во деловната 2011 година, Дирекцијата за сметковдство и контрола, во соработка со останатите служби, изврши успешна промена на сметковниот план којашто беше наметната со одлука на НБРМ. Дирекцијата учествуваше во бројни тестирања, параметрирања за поставување на автоматизирани сметковдствени налози, неопходни за правилна евиденција на нововедените производи на Банката. Со усвоенета организациона шема, Дирекцијата е преименувана во Дирекција за финансиска контрола и истата го консолидира работењето на Службата зa сметководство и Службата за менаџерска контрола 2.5.11. Внатрешна ревизија

При извршувањето на своите активности, главната цел на Службата беше да обезбеди независна оценка на адекватноста на системите за внатрешна контрола, спроведувањето на политиките за управување со ризиците, спроведување на ревизиите и оценка на респонзивност на банката, како и адекватноста и усогласеноста на воспоставените политики и процедури во Банката со законската регулатива. За остварување на своите цели, Службата изврши планирани (редовни) согласно донесениот Годишен план за ревизија и вонредни ревизии предвидени со планот (ревизии без најава), како и вонредни ревизии по барање на менаџментот и сопствено уверување, како и мониторинг follow up ревизии. Во рамките на известувачкиот период Службата во целост ги реализираше планираните 19 (редовни) ревизии, согласно Годишниот план за работа на Службата, во предвидените термини и рокови. Службата изврши 24 (вонредни) ревизии по планот и сопствено уверување и 4 мониторинг follow up ревизии на спроведувањето на препораките на внатрешната ревизија. Делокругот на работа на внатрешната ревизија е дефиниран согласно член 95 точка 3 од Законот за банки. Во извештајниот период Службата во континуитет вршеше постојана и целосна ревизија на законитоста, правилноста и ажурноста на работењето на Банката. Според тоа, во рамките на својот делокруг на работење внатрешната ревизија на Централна кооперативна Банка АД Скопје во текот на 2011година опфати: 1) оцена на адекватноста и ефикасноста на системите на внатрешна контрола; 2) оцена на спроведувањето на политиките за управување со ризиците; 3) оцена на поставеноста на информативниот систем; 4) оцена на точноста и веродостојноста на трговските книги и финансиските извештаи; 5) следење на почитувањето на прописите, етичкиот кодекс, политиките и процедурите;

Page 46: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

42

Внатрешната ревизија дава разумно уверување на менаџментот за воспоставеноста и адекватноста на внатрешните контролни системи во однос на остварувањето на целите на банката, во однос на точноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи, усогласеноста на внатрешните политики и процедури на Банката и нејзиното работење со позитивните законски прописи, почитување на политиките за управување со ризиците, респонзивноста кон барањата во Писменото предупредување бр.8766 и Спогодбата за постигнување согласност за отстранување на последиците од прекршокот издадени од НБРМ, како и во однос на општата ефикасност во работењето на Банката. Со своите извештаи Службата детално го известуваше Управниот одбор, Одборот за ревизија и Надзорниот одбор на Банката. Наодите кои произлегоа од извршените ревизии се презентирани во извештаите на внатрешната ревизија. Акционите планови се прилог кон извештаите и во истите се дадени наоди и препораки, дефинирани се конкретни рокови и одговорни лица за имплементација на препораките. Истите беа разгледани од страна на Управниот одбор, Одборот за ревизија и Надзорниот одбор на Банката. Од страна на организационите единици беа доставени известувања за статус на имплементација на препораки кои беа следени преку мониторинг ревизии и редовни/ вонредни ревизии, за кои редовно беа известувани органите на банката. Со цел унапредување на процесите и воопшто работењето на банката, организационите единици кај кои беа утврдени наоди за одредени неуредности се превземаа корективни активности за имплементација на препораките за отстранување на сите нотирани слабости. Генерално, дел од препораките кои не се имплементирани во зададените рокови (пролонгиран рокот, во тек е имплементација или не се имплементирани) се со низок-среден приоритет. Причините и околностите за овој статус на имплементација најчесто се поврзани со БИИС (кога имплементација зависи од добавувачот на софтверот), меѓусебна преплетеност на процесот помеѓу организационите единици (поврзаност на операции во рамките на еден процес во различни организациони делови на Банката), недоволно ресурси и чести промени во среден менаџмент и организациона структура. Во тековната 2011 година, Службата за внатрешна ревизија ги изготви следните акти:

• Методологија за ревизија на кредитната функција и на управувањето со кредитниот ризик во ЦКБ АД Скопје;

• Методологија за ревизија на управувањето со оперативниот ризик; • Методологија за ревизија на управувањето со ликвидносниот ризик; • Методологија за ревизија на управувањето со пазарниот ризик; • Методологија за ревизија на одржувањето на сопствените средства и адекватноста

на капиталот; • Методологија за ревизија на управувањето со ризик од промена на каматните

стапки. Надзорниот одбор на 45-та седница одржана на ден 25.11.2011 година со Одлука НО бр.0204-115 ги усвои горенаведените методологии. Службата за внатрешна ревизија имаше консултативна улога во делот на подготвувањето на интерните акти во Банката, усогласување на дел од интерните акти со регулативата и работењето во банката, изготвуваше дополнителни извештаи по барање на менаџментот, го следеше процесот на миграција на податоците од информативниот систем на Статер Банка АД Куманово кон податоците во БИИС на Централна коопертаивна банка АД Скопје. Внатрешната ревизија вршеше известување до Супервизијата на НБРМ за превземени активности согласно роковите и мерките изречени во Писменото предупредување бр.8766 и Спогодбата за постигнување согласност за отстранување на последиците од прекршокот издадени од НБРМ во врска Записникот од непосредната теренска контрола извршена од страна на НБРМ бр. СД.бр.17-144/2 од 26.07.2010година.

Page 47: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

43

Службата за внатрешна ревизија вршеше надзор над тестирањето на Планот за континуитет на ИТ системите и деловно подрачје, како и надзор врз извршената анализа и оценка на ризиците за сигурноста на информативниот системна банката. Внатрешната ревизија учествуваше во работењето на Одборот за надгледување на ИТ системите. Службата за внатрешна ревизија превзема и други активности со цел поефикасно и поекономично работење на Банката во насока на реализација на поставените цели на Банката.

** ** **

ППррееттссееддааттеелл ннаа УУппррааввеенн ооддббоорр

ННееддееллиинн ВВааллччеевв

ЧЧллеенн ннаа УУппррааввеенн ооддббоорр

ООррццее ТТрраајјккооввссккии

Page 48: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

44

Прилог 1: Биланс на успех 01.01.2011 - 31.12.2011

Биланс на успех 01.01.2011 - 31.12.2011

ЦКБ + Статер

во однос на претходната

година

2011 2010 2011 / 2010

Приходи од камата 141,753 182,554 -22.4% Расходи за камата (78,038) (65,113) 19.9% Нето приходи/(расходи) од камата 63,715 117,441 -45.7% Нето-приходи / (расходи) од провизии и надомести 29,534 34,741 -15.0% Нето-приходи / (расходи) од курсни разлики 2,450 6,797 -64.0% Нето-приходи / (расходи) од други операции 101,448 17,082 493.9% Нето-приходи / (расходи) од исправка на вредноста (23,075) 15,915 -245.0% Вкупно Приходи 174,072 191,976 -9.3% Административни расходи 172,101 184,105 -6.5% Добивка/Загуба пред оданочување 1,971 7,871 -75.0% Данок на добивка 695 1,259 -44.8% Добивка/Загуба по оданочување 1,276 6,612 -80.7%

Биланс на успех 01.01.2011 - 31.12.2011

31/12/2011 31/12/2011 31/12/2011

планирано остварено индекс

Приходи од камата 212,378 141,753 67 Расходи за камата (76,295) (78,038) 102 Нето-приходи/(расходи) од камата 136,083 63,715 47 Приходи од провизии и надомести 66,029 47,631 72 Расходи за провизии и надомести (9,973) (18,097) 181 Нето-приходи/(расходи) од провизии и надомести 56,057 29,534 53 Нето-приходи/(расходи) од курсни разлики 6,790 2,450 36 Останати приходи од дејноста 64,058 227,064 355 Исправка на вредноста на финансиските средства, на нето-основа 21,966 (23,075) (105) Трошоци за вработените (125,514) (125,393) 100 Амортизација (46,938) (46,708) 100 Останати расходи од дејноста (99,934) (125,616) 126 Добивка/(загуба) пред оданочување 12,569 1,971 16

Данок од добвика (1,257) (695) 55 Добивка/(загуба) за финансиската година од непрекинато работење 11,312 1,276 11

Page 49: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

45

Прилог 2: Биланс на состојба – споредбени податоци

Опис декември

'11 декември

'10

ЦКБ+ Статер

декември '10

Споредба во однос на

претходната година

Парични средства и парични еквиваленти 3,783,745 998,797 2,236,293 69.20% Кредити на и побарувања од банки 0 0 0 Кредити на и побарувања од други комитенти 782,151 547,509 906,379 (13.71%) Вложувања во хартии од вредност 23,280 170,789 183,811 (87.33%) Побарувања за данок на добивка (тековен) 1,221 518 1,638 (25.46%)

Останати побарувања 99,437 62,514 67,938 46.36% Преземени средства врз основа на ненаплатени побарувања 197,915 67,631 200,042 (1.06%)

Нематеријални средства 98,996 36,836 92,649 6.85%

Недвижности и опрема 309,669 259,687 342,593 (9.61%)

Одложени даночни средства 0 38 38 (100.00%) Нетековни средства кои се чуваат за продажба и група за отуѓување 57,608 57,608 57,608 0.00%

Вкупна актива 5,354,022 2,201,927 4,088,988 30.94%

Депозити на банките 923,346 143,043 1,781 51744.24%

Депозити на други комитенти 2,898,812 1,132,545 2,495,354 16.17%

Обврски по кредити 66,665 7,045 78,405 (14.97%)

Посебна резерва и резервирања 2,661 655 4,303 (38.16%) Обврски за данок на добивка (тековен) 0 0 859 (100.00%)

Одложени даночни обврски 0 1697 1,697 (100.00%)

Останати обврски 68,662 62,045 97,292 (29.43%)

Вкупно обврски 3,960,146 1,347,030 2,679,691 47.78%

Запишан капитал 1,397,967 804,172 1,398,045 (0.01%)

Премии од акции 524 524 524 0.00%

Сопствени акции 0 0 0

Ревалоризациски резерви 21,576 28,917 28,917 (25.39%)

Останати резерви 16,551 5,355 9,862 67.83% Задржана добивка/(Акумулирани загуби) (42,742) 5,929 (28,051) 52.37% Вкупно капитал и резерви, кој припаѓа на акционерите на банката 1,393,876 844,897 1,409,297 (1.09%)

Вкупно капитал и резерви 1,393,876 844,897 1,409,297 (1.09%) Вкупно обврски и капитал и резерви 5,354,022 2,191,927 4,088,988 30.94%

Потенцијални обврски 143,092 87,532 146,565 (2.37%)

Page 50: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

46

Биланс на состојба на 31.12.2011 година 2011 YE 2012 YE 2013 YE

планирано остварено индекс

Парични средства и парични еквиваленти 1,805,989 3,783,745 210

Кредити на и побарувања од други комитенти 1,795,638 782,151 44

Вложувања во хартии од вредност 173,289 23,280 13

Побарувања за данок на добивка (тековен) 2,416 1,221 55

Останати побарувања 27,450 99,437 362

Преземени средства врз основа на ненаплатени побарувања 256,198 197,915 77

Нематеријални средства 112,755 98,996 88

Недвижности и опрема 318,002 309,669 97

Нетековни средства кои се чуваат за продажба и група за отуѓување 57,608 57,608 100

Вкупна актива 4,549,346 5,354,022 118

Депозити на банките 1,779 923,346 51,903

Депозити на други комитенти 2,992,745 2,898,812 97

Обврски по кредити 64,558 66,665 103

Посебна резерва и резервирања 4,303 2,661 62

Одложени даночни обврски 0 0 0

Останати обврски 72,528 68,662 95

Вкупно обврски 3,135,913 3,960,146 126

Запишан капитал 1,398,045 1,397,967 100

Премии од акции 3,212 3,212 100

Ревалоризациски резерви 20,496 21,576 105

Останати резерви 7,174 13,863 193

Задржана добивка/(Акумулирани загуби) (15,494) (42,742) 276

Вкупно капитал и резерви, кој припаѓа на акционерите на банката 1,413,433 1,393,876 99

Вкупно обврски и капитал и резерви 4,549,346 5,354,022 118

Page 51: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

Прилог 3: Организациона шема

Page 52: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ АД СКОПЈЕ ЗА 2011 ГОДИНА Врз основа на член 89 став 3 точка 23 од Законот за банките и член 88 став 3 точка 23 од Статутот на Централна кооперативна банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го поднесува до Собранието на Акционери на Централна кооперативна банка АД Скопје следното: МИСЛЕЊЕ

по Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје за 2011 година

Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје го разгледа и

одобри Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во периодот од 01.01.2011 година до 31.12.2011 година, на својата 50-та седница одржана на ден 23.04.2012 година го даде следното мислење:

Извештајот за работењето на банката дава комплетна и јасна сликаза работењето

на Банката. Во него се презентирани податоци и информации за реализација на целите и задачите предвидени со Деловната политика на Банката за 2011 година во која се вградени целите и задачите на монетарната политика на НБРМ во услови на променливи макроекономски и пазарни услови, како и промена на регулативата која директно или индиректно влијаеше на остварувањето на финансискиот резултат и на пазарната позиција на Банката.

Извештајот за работењето на Банката во извештајниот период вклучува податоци за условите во кои Банката ја остваруваше својата активност, остварување на Билансите на Банката, остварениот финансиски резултат, управувањето со ризиците, усогласеноста со супервизорските стандарди и Кодексот за корпоративното управување, финансиските активности, работењето на органите на банката, развојот на информатичката технологија, воспоставената интерна контрола, активностите на внатрешната ревизија и останатите деловни активности на Банката.

Извештајот за работењето на Банката во извештајниот период дава целосна слика за работењето на Банката, нејзините организациони единици и организациони делови (експозитури). Во Извештајот дадена е детална презентација на банкарските активности, целокупното работење и остварувањата на банката во текот на 2011 година, состојбата на 31.12.2011 година, остварувањата во однос на претходната година и усвоениот Деловен и Финансиски план на банката.

Банката даде максимална поддршка во реализацијата на тековните и развојните цели и задачи на своите комитенти, акционери и други деловни субјекти, притоа одржувајки стабилност и сигурност во работењето преку зголемување на вкупниот потенцијал, подобрување на бонитетот и стандардите за покривање на ликвидносниот, кредитниот, валутниот, каматниот и другите ризици од работењето и профитабилноста во работењето. Банката во 2011 година постигна позитивен финансиски резултат во услови кога банкарскиот систем во земјата ги задржа стабилноста и сигурноста и покрај благото засилување на кредитниот ризик при натамошно зајакнување на ликвидноста и солвентноста на банките, при континуирано влошување на профитабилноста како еден од основните ризици за банкарскиот систем. Влијанијата од светската економска криза врз домашната економија сеуште се присутни особено забавувањето на економската активност

Page 53: izvestaj 2011.pdfИ З В Е Ш Т А Ј ЗА Р А Б О Т Е Њ Е Н А ... Прилог 4: МИСЛЕЊЕ ПО ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЦКБ

во втората половина од годината. Банката, годината ја заврши со остварена добивка по оданочување од 1.277 илјади денари и истата е пониска од претходната година за 80,70%. Во однос на планот Банката остварила околу 11% од планираната добивка. Од Извештајот може да се констатира дека Банката во деловната 2011 привлече значителни средства и ја зголеми депозитната база во однос на минатата година и планот, притоа оствари пораст на активата во однос на претходната година од 30,94%, а во однос на планот за 18% која се одрази во позицијата парични средства и парични еквиваленти, при што забележан е пораст на вложувања во хартии од вредност - нискоризични пласмани, пред се благајнички записи и државни записи со доспевање до една година. Ваквиот пристап се должи на конзервативната политика на банката во однос на кредитниот ризик. Во Извештајот на систематизиран начин е презентирано деловното работење на банката и тоа како по одделни основни финансиски активности така и за сите останати активности, за кои се известува согласно Законот за банките, Законот за трговскте друштва, почитувањето и спроведувањето на пооделните политики на банката, нивната усогласеност и усогласеноста на работењето со законската регулатива, како и управувањето со пооделните ризици на кои е изложена Банката. Во Извештајот за работењето на банката се презентирани сите информации пропишани со Законот за трговските друштва,, содржан е и Извештајот за корпоративно управување на ЦКБ АД Скопје за 2011 година како негов составен дел, изготвен врз основа на Кодексот за корпоративно управување на банката и Одлуката за основните начела и принципи на корпоративното управување во банка(Сл.весник на РМ бр.159/2007)

Имајќи ги во предвид презентираните податоци за сите активности на Банката, мислењето на Надзорниот одбор на Банката е дека Годишниот извештаj реално и објективно го презентира работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во текот на 2011 година. Претседател на Надзорен одбор

Тихомир Атанасов с.р.

___________________________