214
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „ БЛАЖЕ КОНЕСКИ “ Драгицa Здравеска УЛОГАТА НА МЕЃУЈАЗИЧНОТО ВЛИЈАНИЕ ВО УСВОЈУВАЊЕТО НА АНГЛИСКИТЕ СЕГАШНИ ВРЕМИЊА (present simple and present continuous) ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГОВОРИТЕЛИ М А Г И С Т Е Р С К И Т Р У Д Ментор: проф д-р Лилјана Митковска

Magisterski Trud Dragica2013 (1)

Embed Size (px)

DESCRIPTION

MA Expressing present tenses in English and Macedonian- comparative analysis

Citation preview

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „ БЛАЖЕ КОНЕСКИ “

Драгицa Здравеска

УЛОГАТА НА МЕЃУЈАЗИЧНОТО ВЛИЈАНИЕ ВО

УСВОЈУВАЊЕТО НА АНГЛИСКИТЕ СЕГАШНИ

ВРЕМИЊА

(present simple and present continuous)

ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГОВОРИТЕЛИ

М А Г И С Т Е Р С К И Т Р У Д

Ментор: проф д-р Лилјана Митковска

Скопје, 2013

Апстракт

Предмет на истражувањето на оваа теза е анализа и објаснување на процесот

на усвојување на формите за сегашно време во англискиот јазик од страна на

македонските говорители. Сe испитува употребата на потврдната форма од

сегашното просто и трајно време (Present Simple и Present Continuous) во нивниот

меѓујазик, а податоците се добиени од два извори. Основен извор е корпусот МКАМ

(Македонски корпус на англискиот меѓујазик), кој се состои од слободни состави,

напишани од говорители од 8-15 години на различен степен на познавање на јазикот

(од ниво А1 до Б2 според заедничката Референцијална рамка за јазици). За споредба,

тестирање и потврда на хипотезите, се користат резултати од дополнителни тестови

со потесен фокус на испитуваните форми и сите нивни функции. Целта е да се

покаже влијанието на македонскиот јазик при усвојувањето на овие форми.

Основната претпоставка е дека разликата во начинот на кој што се изразува

категоријата аспект во двата јазика, води кон несоодветни употреби и

генерализација на прогресивната форма (најчесто за изразување хабитуалност).

Според, теоријата за усвојување на втор јазик во меѓујазикот се рефлектираат сите

креативни процеси кои се резултат на влијанијата од мајчиниот јазик и јазикот –

цел. Описот на анализираните резултати со кои се потврдуваат поставените

хипотези има теоретско и практично значење. Познавањето на редоследот на

усвојување на испитуваните структури, ќе им помогне на наставниците да го

разберат развојниот процес и да креираат поцелисходни и правилно усмерени вежби

за презентација и увежбување на овие структури.

Клучни зборови: усвојување на јазик, развоен процес, редослед на усвојување на

структури, форми за сегашно време, меѓујазик.

3

Apstract

The subject matter of this research is to analyze and explain the acquisition process of

the English present tense forms by Macedonian learners. The use of the affirmative form of

present simple (PS) and present continuous (PS) in their intelanguage is examined and

discussed. The data is collected from two sources. The basic source is The Macedonian

English Lerner Corpus (MELC) which consists of essays written by learners at different

levels of proficiency (A1- B2 by CEFR). Additional tests with narrower focus on the target

structures were carried out in order to compare, test and confirm the formulated hypothesis.

The aim is to show that the Macedonian language influences the acquisition process of these

forms. The premise is that the different way in which the category of aspect is expressed in

both languages leads to incorrect use and generalization of the progressive form (particularly

for coding regular, habitual events). According to Second Language Acquisition Theory the

interlanguage reflects all the ongoing creative processes within the language, which result

from the first language and the target language linguistic structures. The conclusions drawn

from the analyzed data, which in turn confirm the hypothesis, are of both theoretical and

practical significance. Having a better understanding of the developmental processes and the

order of acquisition of these structures can help the teachers create adequate and meaningful

exercises for more successful presentation and practice of these structures.

Key words: language acquisition, developmental process, order of acquisition, present tense

forms/ structures, interlanguage

4

Список на табели

Табела 2.1 Особини на аспектуалните класи, според Housen (2002: 159)Табела 2.2 Класификација на аспектот спoред Comrie (1976: 26)Табела 2.3 Правилни форми во двата јазика и очекувани отстапувања кај меѓујазикотТабела 2.4 Редослед на усвојување на морфемите според Saville –Troike (2006: 44 )Табела 3.1 Функции на PS и PC формитеТабела 3.2. PS форми на нивото А1Tабела 3.3 Приказ на појавувања на РЅ со прилози со зачестеностТабела 3.4 Правилна употреба на PS формите во сите функцииТабела 3.5 Неправилна употреба на PS формитеТабела 3.6 Формите за PC во нивото А1Табела 3.7 Правилна употреба на PC формите во сите функциТабела 3.8 Неправилна употреба на PC формите Табела 3.9 Форми на PS во нивото А2Табела 3.10 Употреба на PS форми со прилози за зачестеностТабела 3.11. Правилна употреба на PS формите Табела 3.12 Неправилна употреба на PS формитeТабела 3.13 Форми на PC на нивото А2 Табела 3.14 Правилна употреба на PC формите во сите функциТабела 3.15 Неправилно употребени PC формиТабела 3.16 Форми на PS во нивото Б1Табела 3.17 Употреба на PS форми со прилози за зачестеностТабела 3.18 Правилна употреба на PS формите Табела 3.19 Неправилна употреба на PS формитеТабела 3.20. Употреба на формата за PC во нивото Б1Табела 3.21 Употреба на формите PC формитеТабела 3.22 Неправилна употреба на PC формитеТабела 3.23 Форми на PS во Б2Табела 3.24 Правилна употреба на PS формите Табела 3.25 Неправилна употреба на PS формите Табела 3.26 Формата за PC во нивото Б2Табела 3.27 Правилна употреба на PC формите Табела 3.28 Неправилна употреба на PC формите Табела 3.29а. Споредба на точни и неточни употреби на PS и PC формите во корпус на

родени говорители и селектиран поткорпус на меѓујазик. Табела 3. 29б. Споредба на точни и неточни употреби на PS и PC формите во корпус на

родени говорители и селектиран поткорпус на меѓујазик

5

Список на графикони

Графикон 3.1 Споредба на точна и неточна употреба на PS и PC форми

Графикон 3.2 Споредба на точна и неточна употреба на PS и PC форми, ниво A2

Графикон 3.4 Споредба на точна и неточна употреба во Б2

Графикон 3.5 Споредба на точни PS форми во 3-то лице еднина

Графикон 3.6 Грешки кај PS формите ( наставка -s)

Графикон 3.7 Други грешки кај PS формите

Графикон 3.8 Споредба на точна употреба на PC форми

Графикон 3.9 Грешки со испуштање на помошен глагол ‘to be’

Графикон 3.10 Точна употреба на PS и PC формите во сите нивоа

Графикон 4.1 Употреба во тестовите

Графикон 4.2 Употреба во корпусот

Графикон 4.3 Употребата на формите кај сите функции на PS формата во тестовите

Графикон 4.4 Употребата на формите кај сите функции на PC формата во тестовите

Графикон 4.5 Употреба во тестови

Графикон 4.6 Употреба во корпус

Графикон 4.7 Употребата на формите кај сите функции на PS формат во тестовите

Графикон 4.8 Употребата на формите кај сите функции на PC формата во тестовите

Графикон 4. 9 Споредба на употреба во тестови

Графикон 4.10 Споредба на употреба во корпус

Графикон 4.11 Употребата на формите кај сите функции на PS формата

Графикон 4.12 Употребата на формите кај сите функции на PC формата во тестовите

Графикон 4. 13 Споредба на употребата во тестовите

Графикон 4.14 Споредба на употребата во корпусот

Графикон 4.15 Употребата на формите кај сите функции на PS формата во тестовите

Графикон 4.16 Употребата на формите кај сите функции на PC формата во тестовите

Графикон 4.17 Употребата на формите за изразување состојби од А1 до Б2

Графикон 4.18 Употребата на формите за изразување хабитуалност од А1 до Б2

Графикон 4.19 Употребата на формите за изразување факти од А1 до Б2

Графикон 4.20 Употребата на формите за изразување наративен презент од А1 до Б2

Графикон 4.21 Употребата на формите за изразување рутинска идност од А1 до Б2

Графикон 4.22 Употребата на формите за моментен презент

Графикон 4.23 Употребата на формите за изразување дејства околу моментот

Графикон 4.24 Употребата на формите за изразување намера

Графикон 4.25 Употребата на формите за изразување привремени дејства

Графикон 4.26 Употребата на формите за изразување експресивна функција

Графикон 4.27 Употреба на форми во очекуван PS контекст во тестовите

Графикон 4.28 Употреба на форми во очекуван PС контекст во тестовите

Графикон 4.29 Приказ на споредба на точни употреби на PS во корпусот и во тестовите

Графикон 4.30 Приказ на споредба на PC формите во корпусот и во тестовите

6

СОДРЖИНА

1. ВОВЕД

1.1 Предмет и задачи

1.2 Хипотези

1.3 Потреба и значење

1.4 Сумарен преглед и објаснување за стуктурата на тезата

2. ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ И МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ

2.1 Глаголските категории аспект и време

2.2 Лексички аспект

2.3 Граматички аспект

2.3.1 Аспектот во англискиот јазик

2.3.1.1 Прогресивен аспект во англискиот јазик

2.3.1.2 Прогресивното значење и лексичкиот аспект

2.3.2 Категоријата аспект (вид) во македонски јазик

2.3.3 Споредба на англискиот и македонскиот глаголски аспект

2.4 Сегашно време

2.4.1 Изразување сегашност во англискиот јазик

2.4.1.1 Употреби PS формите

2.4.1.2 Употреби на PC формите

2.4.2 Изразување сегашност во македонскиот јазик

2.4.3 Споредба

2.5 Меѓујазик

2.5.1 Анализа на грешките во меѓујазикот

2.5.2 Развојни грешки

2.5.3 Преносни грешки (влијание на Ј1)

2.6 Методи на анализа

2.6.1 Опис на корпусот

2.6.2 Опис на дополнителни тестови

2.7 Опис и анализа на корпус на родени говорители

3. АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОРПУСОТ

3.1 Анализа и опис на формално-функциналната диструбиција на PS и PC

3.1.1 Ограничувања во методологијата на истражување на корпус

3.2 Воведување на PS и PC формите во наставниот план и програма

3.3 Опис на поодделните нивоа

3.3.1 Ниво А1

7

3.3.1.1 PS- Форма и функција

3.3.1.2 Форма и функција на PC

3.3.2 Ниво A 2

3.3.2.1 Форми и функции на PS

3.3.2.2 Форми и функции на PC

3.3.3 Ниво Б1

3.3.3.1 Форма и функции на PS

3.3.3.2 Форма и функции на PC

3.3.4 Ниво Б2

3.3.4.1 Форма и функции на PS

3.4 Сумирани резултати од сите нивоа (форма)

3.4.1 PS форми

33333 PC форми

3.4 Сумирани резултати од сите нивоа (функција)

3.5 Споредба на поткорпусот на меѓујазикот и корпусот на родени говорители

4. АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИ ОД ДОПЛНИТЕЛНИ ТЕСТОВИ

4.1 Опис по нивоа

4.1.1 Употреба на PS и PC кај ниво А1

4.1.2 Употреба на PS и PC кај ниво А 2

4.1.3 Употреба на PS и PC кај ниво Б1

4.1.4 Употреба на PS и PC кај ниво Б2

4.2 Споредба на употребите на формите на сите нивоа по функции

4.2.1 PS форми

4.2.2 PC форми

4.2.3 Споредба на правилната и неправилната употреба на формите

4.3 Споредба на употребените форми во корпусот и во тестовите

5. ЗАКЛУЧНИ ЗАБЕЛЕШКИ

5.1 Ревидирање и потврда на поставените хипотези

5.2 Импликации за наставата

5.3 Предлози и идеи за понатамошни истражувања

6. БИБЛИОГРАФИЈА

6.1 Користена литература - латиница

6.2 Користена литература - кирилица

6.3 Дополнителна литература

6.4 Користени интернет страници

7. ПРИЛОЗИ

8

Благодарност,

Изработката на овој труд е резултат на несебичната поддршка и помош од мојата

менторка проф. Д-р Лилјана Митковска. Нејзината посветеност, страст кон

лингвистиката и желба да го пренесе тоа што го знае, се неверојатен поттик за мојата

понатамошна работа. Овој труд е создаден благодарение на неа и затоа и го

посветувам. И најискрено и сè заблагодарувам.

Голема благодарност и до целото мое семејство што го издржа процесот на создавање

и што беше тука за мене.

За реализацијата на овој труд заслужни се и моите драги пријатели и колеги Талески

Дарко и Тромпеска Мирјана. Не постои начин на кој можам во целост да им покажам

колку ми значи нивната помош и лојалност.

9

Кратенки кои што се употребени во текстот:

PS - Present Simple

PC - Present Continuous

PPC - Present Perfect Continuous

PS форми - форми за изразување сегашно просто време (Present Simple)

PC форми - форми за изразување сегашно трајно време (Present Continuous)

MELC - Macedonian English Language Corpus

LOCHNESS - Louvian Corpus of English native essays

Ј1 - мајчин јазик, прв јазик

Ј2 - јазикот кој се изучува, јазикот- цел

МКAМ - Македонски корпус на англискиот меѓујазик

10

1. ВОВЕД

1.1 Предмет и задачи

Предмет на оваа теза е анализа и опис на развојните патишта при усвојување на

формите за изразување на сегашно време во англискиот јазик од страна на

македонските говорители, кои го изучуваат англискиот јазик како немајчин јазик во

Република Македонија. Ова истражување е во рамките на дисциплината 'Изучување

немајчин јазик' (Second Language Acquisition), и се базира на емпириски податоци од

изучувачи до 15 години на различни нивоа на познавање на јазикот (А1, А2, Б1 и Б2 од

Заедничката европска референцијална рамка за јазици).

Усвојувањето на немајчин јазик е процес во кој изучувачите изучуваат јазик

различен од нивниот прв јазик, а процесот може да биде ограничен на формално

усвојување во училница, природно во средина каде што се зборува јазикот- цел или пак

комбинирано. И во двата случаи, изучувачите минуваат низ повеќе развојни фази, а

степенот и нивото што ќе го достигнат зависи од бројни фактори. Во усвојувањето на

мајчиниот и немајчиниот јазик има сличности, меѓутоа и клучни разлики за што ќе

стане збор подолу. Усвојувањето на јазик е континуиран процес што се состои од

повеќе фази низ кои минува јазикот на изучувачите. Во секоја од тие развојни фази,

изучувачот создава лингвистички систем, кој делумно се потпира врз структурите од

првиот (мајчиниот) јазик, но се разликува од него како што се разликува и од јазикот-

цел. Ваквиот граматички систем се нарекува „меѓујазик“ (interlanguage), термин кој за

првпат го употребил Sellinker (1972)1. За истиот концепт има и други термини како што

се „апроксимативен систем“ (Nemser 1971), или „идиосинкратичен дијалект“ (Corder

1971).

Меѓујазикот е систем чии законитости го рефлектираат разбирањето и

користењето на јазикот- цел во текот на целиот развоен период. Системот е динамичен,

варијабилен, подложен на внатрешно-јазични, но и на надворешни влијанија (Seville-

Troike 2006: 42). Како надворешно-јазични влијанија се јавуваат приливот на нов јазик

од Ј2 (language input) како и влијанието на мајчиниот јазик (познато како јазичен

1 Споменатите автори своите гледишта ги изложуваат во “Error Analysis (Perspectives on Second language acquisition)” чиј што уредник е Jack C. Richards, 1974 од каде се и цитирани горенаведените називи (Selinker 1974: 31-55, Nemser 1974: 55-64, Corder 1974: 19-30).

11

трансфер). Автори како Odlin 1989 (кај Dauhty & Lоng 2003: 436), Bardovi-Harlig

(1994), Housen (2000), Richards (1974), Еllis (1997), зборуваат за ‘меѓујазично влијание’

кое се јавува заради сличностите и разликите меѓу мајчиниот и јазикот-цел. Овој

термин е соодветен зашто го опишува процесот како двонасочен и ја нагласува

неговата комплексност. Според, Gass & Selinker (2008: 136-145) како резултат на

меѓујазичното влијание се јавуваат следните видови грешки: неправилнo користење на

извесни структури или нивно избегнување, упростување на структурите, но и на

целокупниот јазичен систем, хиперкоректност (двојно маркирање), поедноставување

на јазичниот материјал, пренос на стратегии на учење, кои се користат при

усвојувањето на мајчиниот јазик (или Ј1) итн. Во најновите истражувања веќе е

надминат ставот за пасивноста на изучувачот, кому како да му се наметнува

неминовниот позитивен или негативен „трансфер”, термин кој подразбира само

пренесување на структури и значења од првиот јазик во јазикот-цел (или Ј2). Во

согласност со менталистичката традиција изучувачот е во центарот на процесот на

усвојување и тој одлучува за преносливоста на структурите и за начинот на кој ќе се

изврши преносот. Во тоа се состои принципот на селективност при изборот, а за

основните правила и причини кои се во неговата основа зборуваат Andersen (1983),

Kellerman & Smith (1996), кои се цитирани кај Long et al (2003: 487). Од овој концепт

поаѓаат Gass & Selinker (2008: 136) и Еllis (2008: 53) при објаснување на преносот како

сложен, систематичен процес во чија основа е перцепцијата на изучувачот. Од 1990-

тите наваму, добиените резултатите се поткрепуваат со релевантни примери од

истражување на меѓујазични корпуси и повеќекратни споредби и објаснувања. Моето

истражување е од таков тип (види Granger et al 2002, Gilquin 2008) зашто прашањата и

хипотезите ги потврдувам преку примери од автентични корпуси на меѓујазик и корпус

на родени говорители.

Во ова истражување се фокусирам на формите за изразување сегашно просто и

сегашно трајно време (Present Simple – отсега PS и Present Continuous – отсега PC) и

нивната употреба во меѓујазикот на македонските изучувачи на англискиот јазик. На

поглед на формата ја опишувам нивната реализација преку маркирање на точните и

неточните пројавувања, типовите на отстапување од стандардната норма и

намалувањето на грешките од ниво во ниво сè до нивната делумна стабилизација.

12

Двете издвоени и анализирани форми во англискиот јазик имаат основни и

специјални употреби. Основната употреба е изразување на сегашно време и тоа

моментен, актуелизиран презент (реализиран со прогресивната форма PC) и

хабитуалност т.е рутинско повторување на дејството (реализиран со непрогресивната,

основната форма PS). Детално го опишувам проширувањето на функционалната

дистрибуција од основната до специјалните употреби и за двете форми кои што имаат

различни и за нив карактеристични употреби. Сметам дека усвојувањето и

користењето на формите надвор од прототипното значење го прикажува менувањето,

развивањето на меѓујазикот и го покажува напредокот.

Македонскиот и англискиот јазик имаат различен систем за изразување на

категориите аспект и време. Во англискиот јазик постои поделба на прогресивен

(маркиран) и непрогресивен (неутрален) аспект што се изразуваат со посебни изделени

форми. Тоа е единствената маркирана поделба на аспектот во англискиот јазик. Во

македонскиот јазик има само една структура која што ги содржи функциите и

значењата и на двете форми од англискиот. Заради ваквата разлика на учениците им е

проблем правилно да ги поврзат формите со функциите кај двете издвоени форми во

англискиот. Тоа е видливо особено во почетните фази на изучувањето што е една од

причините за изборот на мојот поткорпус кој е ограничен на ученици од 5 до 15

години.

Предмет на моето истражување е опис на застапеноста на точните реализации во

однос на формата и функцијата, како и отстапувањата и несоодветната употреба. Целта

на истражувањето е да се опише напредокот кај изучувачите во однос на користењето

на избраните структури од ниво до ниво, статистички да се прикаже формално-

функционалното пројавување со обележување, анализа и објаснување на точните и

неточните реализаци. Описот ќе покаже каков е напредокот (дали ќе биде очекуваниот

развој во форма на буквата U) и ќе даде податоци за редоследот по кој се усвојуваат

различните функции на испитуваните структури и контекстите во кои тие се јавуваат.

Фокусот е само на систематските грешки (Corder 1974 кај Ellis 1997, Richards 1974,

Gass & Selinker 2008) 2 кои покажуваат дека говорителот или не ja знае структурата

или не е сигурен како треба да ја користи.

2 Кај методот на анлиза на грешки ги користам упатствата на авторите чии истражувања се темелат на овој метод: Corder (1974:19), Selinker (1974:31), Richards (1974:64), Doughty & Long (2005), Ellis (1997).

13

За да се добијат реални резултати и релевантни заклучоци, истражувањето се

базира на резултати од корпусот на меѓујазик и резултати од дополнително

истажување со тестови. Корпусот на меѓујазик се состои од пишувани текстови на

англиски јазик од говорители со македонски мајчин јазик (види поглавје 3.3 од

методологија на истажување). Варијаблите се појдовна точка и кај анализата на

функциите на испитуваните структури во дополнителните тестови. Акцентот на ова

истражување е на меѓујазичното влијание, начинот на кој може да се утврди и неговата

важност во усвојувањето на структурите во Ј2. Ова влијание најтешко се утврдува кога

има и други фактори кои влијаат врз изборот на една пред друга форма.

1.2 Хипотези

1. Структурите за изразување на PS и PC се усвојуваат според утврдените развојни

фази. Во овој процес се намалуваат грешките во формата, а нивните функции се

прошируваат од основни и прототипни до специјални;

2. Во почетните степени во меѓујазикот на изучувачите се јавува варијабилност

при користењето на структурите. Напредокот од едно ниво во друго се одвива по

следниов редослед: најпрво една форма се користи само во еден контекст, па потоа

нејзината употреба се проширува во сите други контексти. Со воведувањето на нова

форма и двете влегуваат во фазата на слободна варијабилнoст која се карактеризира со

нивна наизменична употреба. Во фазата на систематизација учениците почнуваат да

ги поврзуваат формите со нивните соодветени функции и тоа го прават систематски и

доследно што конечно доведува до консолидирање и стабилизација во употребата.

3. Лексичкиот аспект на глаголите влијае при изборот на граматички маркери

согласно лексичките категории и хипотезата за аспектот.

4. Меѓујазикот на говорителите се одликува со генерализација на прогресивната

форма и нејзина несоодветна употреба за изразување хабитуaлен контекст или

состојба. Ова отстапување е резултат на развојните фази и на влијанието на Ј1, особено

во контекси каде и други фактори ја зголемуваат можноста за ваков избор.

14

1.3 Потреба и значење

Со опис на анализата на формално-функционалната дистрибуција на структурите

за изразување сегашност (PS и PC формите) се покажува нивното усвојување од страна

на македонските говорители. Се утврдува како и колку правилно се користат овие

форми, но се забележуваат и нивните отстапувања. Заради разликата во изразувањето

на граматичкиот аспект и разликата во структурите во двата јазици, учениците

наидуваат на потешкотии при нивна диференцијација и соодветно поврзување.

Истражувањето треба да го покаже степенот на усвојување согласно нивоата и да го

опише процесот со што ќе се добие увид за начинот на совладувањето на структурите.

Исто така, треба да се опише влијанието и на Ј1 во конкретен контекст - кај изучувачи

на македонски јазик како мајчин.

Ова истражување има и практична примена во педагошката пракса. Наставниците

ќе добијат поширок увид во начинот на кој нашите изучувачи ги совладуваат

структурите за изразување сегашно време во јазикот цел (англискиот). Истражувањето

се темели врз конкретни примери од текстови од меѓујазикот на говорителите и ја

следи употребата на формите и реализацијата на функциите по нивоа. Резултатите

конкретно ќе покажат како нашите ученици ја поимаат сегашноста и по кој редослед ги

усвојуваат и користат формите за нејзино изразување. Така, наставниците ќе знаат што

да очекуваат на секое ниво и подобро ќе ги разберат проблемите и потешкотиите со

кои се соочуваат учениците во сите развојни фази. Тоа ќе им помогне да изберат

поефикасни наставни методи при предавање и извежбување на овие времиња.

1.4 Сумарен преглед и објаснување за стуктурата на тезата

Во овој труд се анализира и опишува начинот на кој се усвојува морфологијата за

време и аспект во меѓујазикот на говорителите. Целта е да се покаже начинот на кој се

усвојуваат структурите за изразување сегашно време во англиски јазик, редоследот по

кој се одвива усвојувањето, но и да се забележат најчестите отстапувања и грешки кои

се резултат на процесот на учење. Предметот, целите и задачите се дадени во првото

поглавје.

Второто поглавје ја содржи лингвистичката и теоретската основа за усвојување на

втор јазик. Детално се опишуваат категориите аспект и време, во англиски и

15

македонски јазик, со што се покажуваат сличностите и разликите во двата јазици и

импликациите за потешкотии при нивно усвојување. Во ова поглавје е вклучена и

методологијата на истражување што значи опис на начинот на собирање на податоци,

нивна обработка, прикажување, толкување и објаснување на резултатите добиени со

анализата.

Во третото поглавје се покажани и образложени резултатите од споредбата на

анализираните резултатите од двата корпуси: МКАМ и корпусот составен од есеи на

родени говорители (LOCHNESS). Заради дообјаснувања, проширување и потврда на

добиените резултати направени се и дополнителните тестови, а резултатите што се

добиени и нивна анализа го сочинуваат четвртото поглавје кое завршува со споредба

на резултатите од двете истражувања. Петтото и последно поглавје, дава сумарен

преглед на резултатите од истражувањето. На крајот, се изведуваат заклучоци, се

потврдуваат или отфрлаат (односно, ревидираат) хипотезите, се даваат одговори на

прашањата и се нудат идеи и предлози за понатамошни истражувања.

16

2. ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ И МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ

2.1 Глаголските категории аспект и време

Категориите аспект и време се семантички категории што ја поставуваат

временската рамка на ситуацијата предадена во значењето на самиот глагол, но и во

изборот на аргументи со кои се јавува глаголот и нивниот непосреден контекст.

Времето е граматикализиран теморален деиксис, што значи дека ситуацијата се

поставува на временската оска во однос на некоја референтна точка, која што е

најчесто моментот на зборување (апсолутно време). Ситуацијата може да се

разгледува и во однос на некој друг временски момент различен од моментот на

зборувањето и тогаш станува збор за релативно време. За теоријата на апсолутно и

релативно време зборуваат Comrie (1985: 9) и Weist (kaj Sallabery & Shirai 2002: 23).

Категориите време и аспект се тесно поврзани и нивната интеракција е многу

комплексна, особено во ситуации каде аспектот е ограничен и условен од временската

рамка.

Аспектот не е деиктичка категорија зашто не ја поврзува ситуацијата со

надворешните временски показатели, но дава опис на нејзината внатрешна

поставеност. Аспектот е начин на поимање на внатрешната временска содржина на

ситуацијата (Comrie 1976: 16) и говорителот одлучува на кој начин ќе ја прикаже.

Според Huddleston & Pullum (2002), аспектот е систем во кој основните значења се

поврзани со внатрешната временска содржина на ситуацијата. Слична е дефиницијата

и кај Quirk et al. (1972: 92) каде изборот на аспект, кој е дефиниран како начин на кој

ситуацијата се доживува, зависи од начинот на кој таа се претставува или се зборува за

неа.

Се разликуваат два типа аспект: лексички и граматички. Граматичкиот аспект се

фокусира на временската перспектива, поточно дава информација дали ситуацијата е

завршена, заокружена или пак е во траење.А ваквите значења се содржат во поделбата

на перфективен и имперфективен аспект. Граматичкиот аспект или (‘viewpoint aspect’)

e граматикализирана презентација на поимањето на временската структура на

настаните. Перфективниот аспект се користи кај ситуации претставени како целина,

17

определени со почеток и крај, без посебно да се нагласуваат извоени делови од оние

што го составуваат дејството. Додека пак, имперфективниот аспект се фокусира на дел

од ситуацијата без да дава понатамошни информации за другите фази (Smith 1991 кај

Sallabury et al. 2002: 3-8). Граматичкиот аспект се реализира со морфо-синтаксички

средства кои се различни во различните јазици и освен префикси, суфикси или

внатрешна вокална промена во самиот корен на глаголот, можат да се изразат и во

неговите најблиски конституенти (директен и индиректен предмет, прилози,

сврзници).

Лексичкиот аспект се рефлектира во лексичкото значење на предикатот. Тоа се

внатрешните семантички својства на самата ситуација и ваквите својства припаѓаат

единствено на линвистичкиот израз, а не на реалниот настан во времето (Bardovi-

Harlig 2000: 213). Кај лексичкот аспект е важно дали ситуацијата природно завршува -

дали дејството се заокружува или не (Richardson 2004: 19). Лексичкиот аспект е

универзална категорија која се реализира на семантичко рамниште во сите јазици, а

категоризацијата зависи од значењето и својствата на глаголот. Додека пак,

граматичкиот аспект со граматичките маркери го одредува видот на ситуацијата и

нејзината поставеност во временската рамка.

Граматичкиот и лексичкиот аспект се поврзани и меѓу нив постои извесна

условеност при реазлизацијата на формите. Сепак, акцентот во оваа анализа е на

изборот на граматички маркери што ја одредуваат употребата на формите во дадениот

контекст.

2.2 Лексички аспект

Лексичкиот аспект уште наречен и ‘aktionsart’ се содржи во самото значење на

глаголот, односно во инхерентните семантички својства на лингвистичкиот израз со

коj се опишува ситуацијата. Ваквите семантички својства му припаѓаат на јазичниот

израз,а не на реалната состојба (Bardovi- Harlig 2000: 203). Во лингвистичката теорија

за аспектот се прифаќа Вендлеровата поделба (Vendler, 1967), која се сретнува кај

18

Bardovi-Harlig (2000: 213), Richardson (2004: 10), Housen (2000: 196), Weist (kaj

Sallabery 2002: 85), Yule (1998: 62). Изделени се следниве четири лексички категории3:

a) Глаголи за состојба (states): знае, сака, чувствува;

б) Активности (activities): оди, гледа, чита;

в) Подолготрајни целисходни дејства (accomplishments): објаснува, чита книга, црта

цртеж;

г) Моментни постигнувања (achievements): препoзнава, почнува, крши, забележува,

удира, тропнува;

Ваквата поделба се заснова врз временските карактеристики на глаголот: динамичност,

трајност и теличност. Глаголите што припаѓаат на овие класи се одликуваат со

карактеристиките прикажани на Табела 1.

Табела 2.1 Особини на аспектуалните класи, според Housen (2002: 159)

Состојба Активности Подолготрајни целисходни дејства

Моментни постигнувања

моментност - - - +

теличност - - + +

динамичност - + + +

Состојбите се нединамични и се релативно константни, а најчесто опишуваат

когнитивни состојби, емоции или релации. Кај нив не се навестува промена при

одвивањето на настанот, а во внатрешното значење на глаголот нема вградено концепт

на крај на дејството (Yule 1998: 62). Активностите се динамични, самата природа на

дејството сигнализира промена, a дејството има траење, но не води кон логичен крај

(теличност). За да се реализираат и одржуваат кај активностите потребен е постојан 3 За лексичките категории achievements и accomplishments Станислава - Сташа Тофоска согласно Каролак (според Падучева) ги предложи следните објаснувања: achievemenrts - извршување, исполнување со акцент на резултатот и accomplishments - извршување без акцент на резултатот. Во македоснкиот јазик нема посебни термини за нивно разграничување.

19

прилив на енергија без која тие не можат да продолжат (Bybee et al. 1994: 127). Kaj

Comrie (1976: 45) карактеристиката теличност е објаснета како „процес кој води кон

добро дефинирана крајна точка после која дејството не може да продолжи ”, што е

карактеристика на подолготрајните целисходни дејства и на моментните постигнувања.

Разликата е во тоа што првите изразуваат траење, а вторите можат да се сведат на еден

момент во кој всушност се синтетизирани сите делови кои го сочинуваат дејството и на

кои се сведува неговата реализација (Housen 2000: 249-255).

Лексичкиот аспект на глаголите е универзална категорија која укажува на видот на

ситуациите изразени со глаголот како што се: состојби, процеси, настани, заокружени

и комплетирани дејства чии карактеристики се вградени во самото глаголско значење.

А важноста на лексичкиот аспект е во тоа што има извесно влијание при изборот на

маркерите што го изразуваат граматичкиот аспект во јазиците каде постои вакво

маркирање. Оваа нивна корелација ја дава основaта на „Теоријата за аспектот” (’Aspect

Hypothesis’), која првично се применува при усвојување на првиот јазик. Weist (кај

Salaberry & Shirai 2002: 21- 35) го анализира јазикот на децата што го изучуваат

мајчиниот јазик и заклучува дека во почетните стадиуми нема граматички маркери за

категориите време и аспект, а значењата што ги носат тие се реализираат со лексички

средства или се разбираат од контекстот. Кога почнува да се маркира аспектот тој се

маркира согласно со хипотезата за аспектот. Децата, прво ја препознаваат и ја

маркираат разликата меѓу телични и ателични глаголи (Brown 1983, кaj Weist 2002), па

потоа меѓу трајни и статални. После тоа, почнуваат да ја користат наставката –ing со

глаголи што се трајни и динамични, а маркерот за минато време (-en па подоцна -ed) го

додаваат на моментни телични глаголи. Во оваа фаза, изборот на граматички маркери

зависи од лексичкиот аспект т.е од концептот вграден во значењето на глаголот. Но, во

последните стадиуми употребата на маркерите не се ограничува само на лексичкото

значење, туку морфемите во целост гo изразуваат граматичкиот аспект и категоријата

време. Теoријата за лексичкиот аспект4 се применува и кај изучувањето на втор јазик

(Andersen 1991, Andersen & Shirrai 1996). Тврдењето е дека „инхерентните семантички

4 Во тесна врска со хипотезата на аспект е и ‘Distributional Bias Hypothesis’ (Andersen & Shirai 1995) која се однесува на користењето на граматичките морфеми согласно лексичкиот аспект во јазикот на родените говорители (теличните предикати се врзуваат со формите за перфектив, а ателичните за имперфективните форми). Ваквата прототипна употреба на морфемите го нагласува самото лексичко значење кое се засилува со соодветниот граматички показател.

20

својства на глаголите влијаат врз изборот на морфолошките маркери за изразување на

граматички аспект, особено во раните фази на изучување на јазикот пред изучувачите

да почнат да маркират согласно реалното време на исказот“ .

За да се потврди оваа теорија, се направени бројни испитувања (Housen 1994, 2000,

Housen кај Sallabery & Shirai 2002, Sallabery & Shirai 2002, Bardovi- Harlig 2000,

Richardson 2004, Kwon 2005) со кои се покажува дека во почетните фази на изучување

во меѓујазикот на говорителите единствено се маркира лексичкиот аспект на глаголите,

за подоцна морфемите да функционираат како маркери за граматичко време (минато,

сегашно) и аспект (прогресивност, хабитуалност). Кај сите горенаведени автори стои

дека основните тврдења на оваа теорија се применливи во сите јазици кои имаат

граматички маркери за аспект, но тие се модифицираат и прилагодуваат на

специфичните карактеристики на јазикот- цел (Ј2). Тие ги дефинираат тврдењата на

хипотезата за аспектот на следниот начин:

1. Изучувачите прво користат маркери за перфективен аспект кај телични глаголи,

а потоа употребата на маркерите се проширува кон ателичните поточно активностите и

статалните глаголи;

2. Во јазиците во кои има граматикализиран перфективен и имперфективен аспект,

првично се јавува перфективот во минато време, па потоа имперфективот, а

маркирањето на имперфектот започнува од статалните глаголи, па се проширува кон

активности и најпосле до подолготрајните целисходни дејства и моментните

постигнувања;

3. Во јазиците кои имаат прогресивен аспект маркирањето за прогресив започнува

со активности, па се проширува кон подолготрајните целисходни дејства и последно до

моментните постигнувања;

4. Прогресивниот маркер не се генерализира со проширување кон статалните

глаголи;

Се претпоставува дека изучувачите во Ј2 првенствено ќе ги користат морфемите за

изразување имперфективност или перфективност со оние глаголи чиј лексички аспект

е најблизок со прототипната вредност на секоја морфема, а понатаму ваквата употреба

на морфемите ќе се проширува кон глаголи чиј инхерентен аспект се наоѓа подалеку од

21

прототипниот. Претпоставката е дека лексичкиот аспект на глаголите ќе ги води

изучувачите кон усвојувањето на морфологијата за време и аспект и колку се поблиску

до нормите на граматиката на родените говорители тие ќе ги земaат предвид и двата

вида аспект при изборот на функциите кај морфемите. Оваа претпоставка универзално

важи за сите јазици. Во англискиот јазик каде аспектот се дели само на неутрален и

прогресивен, граматичките маркери за прогресивен аспект ќе се користат најпрво со

активности, па ќе се прошираат кон другите глаголски категории кои изразуваат

траење. Последни со прогресивен маркер се маркираат состојбите. Бидејќи нема

посебни маркери за изразување на перфективен аспект, дејствата чиј лексички аспект

јасно покажуваат завршеност и заокруженост први ќе се маркираат со наставките -ed и

-en, или со соодветни глаголски придружни конституенти. Со нив се употребуваат и

лексички показатели кои имаат концепт на извршеност и сеопфатност на предаденото

дејство. Во тврдењата за хипотезата на аспектот во англискиот јазик, според Housen

(2002: 160), се разгледува и проширувањето на маркирањето со наставката -s

(наставката за сегашно просто време — PS) низ лексичките класи. Правецот на

проширување е обратен од другите маркери, почнува со состојби и завршува со

моментни постигнувања.

2.3 Граматички аспект

Граматичкиот аспект како морфо-синтаксичка категорија се однесува на

глаголското дејство доживеано и предадено од говорителот или како целосно

заокружено, завршено или како дејство во одвивање, во траење. Основната поделба е

на перфективен и имперфективниот аспект и е маркирана со формален израз кој е

карактеристичен и различен во различни јазици. Кај некои јазици оваа поделба е

целосно граматикализирана (руски, македонски), кај некои е граматикализирана само

за минато време (шпански), а кај некои воопшто не е граматикализирана (германски).

Според Comrie (1976: 18), основни карактеристики на перфективниот аспект се

заокруженоста, сеопфатноста, изразување на настанот како целина без посебен осврт

на одделните внатрешни фази кои го сочинуваат. Терминот ситуација ќе се користи

како поширок термин кој ги опфаќа и настаните и дејствата. Кога се говори за дејства

се мисли на активни случувања кои го нагласуваат процесуалното одвивање, наспроти

настани кои се постатични и се предадени како целост. Дефиницијата е слична и кај

22

Huddleston & Pullum (2002: 124): ситуацијата се предава како целина без посочување на

внатрешната темпорална структура или селектирање на одделни фази од кои се

состои. Концептот на завршеност, сеопфатност е независен од времето и затоа

перфективниот аспект е компатибилен со секоја временска рамка. Според Dahl (1984:

78), глаголот кој изразува перфективен аспект најчесто означува единствен настан кој

се разгледува како неделива целина со јасно дефиниран резултат или крај на дејството

кое се лоцира во минатото.

Имперфективниот аспект од друга страна го покажува дејството во неговото

тековно одвивање, извршување, односно го покажува внатрешниот развој на

ситуацијата независно од времето (Comrie 1974: 20). Фокусот е само на еден издвоен

дел, субинтервал од целото (Huddleston & P*ullum 2001:124).

Кај перфективниот аспект, според Comrie, (1976: 26), табела 2.2, нема

поткатегоризација, а областа која ја покрива перфективноста се изразува на различни

начини. Важно е дека перфективноста не е некомпатибилна со имперфективноста, но и

двете може да се комбинираат при изразување на некои ситуации доколку јазикот има

формални средстава истите да ги реализира. Comrie (1976: 33), согласно традицијата,

имперфективноста ја дели на хабитуалност и континуативност5 кои иако различни

концепти се подведуваат под општото апстрактно значење на имперфективноста.

Bybee еt al. (1994: 15) ги вклучуваат и постојаните состојби како едно од основните

значења на имперфективот. Хабитуални се оние настани кои периодично се

повторуваат во одреден временски период. Во некои граматики термините

хабитуалност и итеративност се сретнуваат како синоними, но и Comrie (1974: 33) и

Bybee et al. (1994: 127) инсистираат на нивно разликување. Итеративите вклучуваат

многукратно повторување на дејството што е во основата на нивното значење, но

повторувањето е ограничено само на една ситуација. Ваквите повторливи дејства се

врзуваат со телични предикати чии краткотрајни дејства повеќекратно се повторуваат

во периодот на референцијалниот момент.

5 Кај Bybee et al (1994:127) се јавуваат два термини кои концептуално се разликуваат. Tерминот ‘continuous’ е поширок зашто се користи за прогресивни ситуации кои вклучуваат и статични предикати. Терминот ‘continuative’ се едначи со прогресивот (како синонимен термин се смета и дуративност) и се однесува на трајни прогресивни дејства карактеристични за динамични предикати во кои се нагласува улогата на вршителот и самото траење на дејството.

23

Табела 2.2 Класификација на аспектот спoред Comrie (1976: 26)

d

Кај Comrie не е дадена прецизна дефиниција за значењето на континуативноста,

туку таа е дефинирана со отсуства на својства. Кај Bybee et al. (1994: 123-126)

објаснувањето е попрецизно и општиот термин ‘continuous’ опфаќа дејства кои се

актуелни во референцијалниот момент, а ги опфаќаат и динамичните и статичните

глаголи. Соодветен на овој термин со приближно значење во македонски е одвивање,

тековност, трaење на дејството.

Во македонскиот јазик граматичкиот аспект се поклопува во голема мера со

универзалната класификација, додека во англискиот јазик основната поделба

започнува од последната изделена поткатегорија во табелата – прогресивот, за што ќе

стане збор во делот за аспектот во англиски јазик (види 2.3.1).

2.3.1 Аспектот во англискиот јазик

Аспектот во англискиот јазик ќе се разгледува земајќи ја како појдовна точка

универзалната типолошката поделба во однос на која можат да се претстават неговите

специфични карактеристики. Ако започнеме од основната поделба првенствено треба

да споменеме дека англискиот јазик нема граматикализирани форми за опозицијата

перфектив - имперфектив, иако ваквата спротиставеност постои како семантички

концепт. Граматикализиран е единствено прогресивниот аспект што е, според табелата

2 (во 2.2), само еден дел од имперфективот, но во англискиот јазик овој аспект е

единствената негова поткатегорија која добива посебен граматички израз. Основната 24

поделба на аспектот во англискиот јазик е прогресивен наспроти неутрален (или

непрогресивен, немаркиран аспект).

Кај Comrie (1974: 52) се спомнува и перфектот кој е меѓукатегорија (меѓу аспект и

време) зашто „не кажува ништо за самата ситуација, но поврзува некоја добиена

состојба со активноста која и претходи”. Перфектот се поклопува со дејствата кои

Bybee et al. (1994) ги нарекуваат комплетиви, а кај Dahl (1985) се среќаваат како

резултативи. Значи, перфектот се разликува од другите видови аспект зашто поврзува

две временски точки, времето кога се одвивало дејството и состојбата која е резултат

од тоа дејство.

Сите аспектуални значења, кои се различни од прогресивот, се изразуваат со

неутралниот аспект кој е немаркиран за перфективност, имперфективност или

прогресивност (Dahl 1985: 65, Quirk 1985:170, Bybee 1994: 125, Leech et al. 2009: 116).

Простите форми во англискиот јазик, без разлика дали се однесуваат на минатото или

сегашноста, се отворени за интерпретација во однос на граматичкиот аспект и

изразуваат многу различни значења (хабитуалност, актуелна сегашност, итеративност)

значења кои не се секогаш аспектуално спротивни на прогресивот. Како поткатегорија

на имперфективниот аспект е хабитуалниот аспект кој изразува дејства кои се одвиваат

во подолг временски период, а повторувањата се регуларни и затоа во речениците кои

ги содржат се јавуваат и прилози за зачестеност. Во англискиот јазик нема посебни

маркери за изразување хабитуалност во сегашноста, но се користи немаркирана форма

која е првично и главно значење на сегашното време. Во минато време, според Bybee et

al. (1994: 151), има посебен маркер за да се означи редовното повторување на

настаните во минатото зашто во минатото хабитуалноста не е основна и првична

состојба. Перифрастична форма used to а и модалниот глагол would го изразуваат ова

значење.

Kaj Comrie (1974: 26) како поткатегорија на хабитуалноста се издвојува и

итеративноста. Повторливоста е во основата на двете значења, со тоа што кај

итеративноста серијата повторувања се ограничува само на една ситуација. Дејството

содржано во глаголот е перфективно и краткотрајно, но кога глаголот е вака употребен

итеративно дејството не се сведува само на момент. Затоа се користи прогресивното

глаголско време. Прогресивната форма, значи, е соодветна за изразување серија

перфективни настани кои се всушност дел од општа имперфективна ситуација која

25

означува активно дејство. Хабитуалноста е компатибилна со другите семантички

апектуални својства кои може да се комбинираат доколку јазикот има формални

средства за тоа. Во комбинација со прогресивот импликацијата е дека дејството е

хабитуелно, но во ограничен временски период.

1. Тhe professor is typing his letters while she is away. ‘Професорот ги куца своите

писма додека е таа отсутна’ (Quirk 1985:199)

Категоријата континуативност, во универзалната типолошка поделба, се дели на

две подгрупи: непрогресивност и прогресивност. Првата се однесува на настани

разгледувани како временски заокружени и завршени се додека нивното одвивање,

траење не го надминува референцијалниот момент (моментот на зборување). Следат

примери на глаголи во перформативна употреба, како и глаголи употребени во

коментари и инструкции:

2. He plays defensively. ‘Тој игра дефанзивно’

3. I declarе the ceremony open. ‘Ја отварам свеченоста’

Со непрогресивна форма се јавуваат глаголите кои изразуваат когнитивни,

емоционални, интелектуални процеси или релации меѓу луѓе (или предмети). Не е

исклучена и употребата на прогресивна форма кај сите глаголи кои се дадени во

примерите (4) – (7), но тогаш тие изразуваат поинакви значења и вршат специјални

функции.

4. She knows the answer. ‘Таа го знае одговорот’

5. I think it is for the best. ‘Мислам дека е така најдобро’

6. She promised to tell me the answer. ‘Таа ми вети дека ќе ми го каже одговорот’

7. My husband owns threeе cars. ‘Мојот сопруг има три коли’

Непрогресивниот аспект се јавува со глаголите за состојба кои изразуваат

континуирано траење во времето без да се изврши било каква промена во дејството.

Овие форми единствено го исклучуваат прогресивното значење.

8. The castle stands next to the river. ‘Замокот стои до реката’

26

9. The river Vardar runs through Veles. ‘Реката Вардар минува низ Велес’

10. The plants grow fast if they are covered. ‘Растенијата брзо растат ако се

покриени’

11. My body functions in the same way as that of other humans. ‘Моето тело

функционира како кај другите луѓe’

2.3.1.1 Прогресивен аспект во англискиот јазик

Прогресивниот аспект во англискиот јазик се образува со помошниот глагол

‘сум’(to be) + наставката ‘ing’ и носи еден дел од значењата на имперфективот. Според

Comrie (1974: 35), негово значење е комбинација на прогресивно и нестатално значење.

Се опишува самиот развој на ситуацијата која се предава како тековна, во одвивање и

траење во и околу некој референцијален момент независно од временската рамка

(Leech et al 2009: 125). Прогресивното значење се јавува во сегашноста, минатото и

иднината и во најголем дел прикажува тековни и динамични дејства, а употребата е

единствено делумно ограничена од лексичкото значење на глаголот. Најчесто се

поврзува со глаголи со динамично, ателично и трајно лексичко значење иако не се

исклучува и употребата со друг вид глаголи. Кај Huddleston & Pullum (2002: 164-7)

како основни својства повторно се спомнуваат имперфективноста, траењето,

динамичноста и незавршеноста на дејството. Како важна карактеристика кај Williams

(2001: 87) е и ‘подложноста на промена’ (susceptibility of change), значи дејства за кои

соодветно се избира прогресивната форма содржат некаква промена, можност за

промена, прекин и нов почеток во било кој стадиум, за разлика од непрогресивната

форма која изразува ситуации од потраен карактер. Williams, потпирајќи се на

теоријата на Hurtle (1987), прогресивната и непрогресивната форма ги споредува со

перфектив и имперфектив заради основните карактеристика на комплетираност или

некомплетираност на дејствата. Со прогресивна форма се изразуваат дејства кои ја

преставуваат позадината на перфективната ситуација или пак го нагласуваат

едновременото одвивање на дејствата. Со непрогресивната форма пак се изразуваат

последователно подредени настани.

27

Историски, прогресивот се развива од изрази кои означуваат локација (Bybee et

al.1984: 133) и е најсоодветен со глаголи кои изразуваат карактеристични и воочливи

активнoсти, а не внатрешни и неочигледни дејства. Освен за очигледни динамични

дејства се користи и за состојби што се развиваат по стадиуми или степени.

Прогресивната форма ја потенцира поголемата ангажираност, инволвираност на

вршителот на дејството (Hatcher 1952 кaj Bybee 1984: 266, Palmer 1987: 66, Leech 2009:

127). Основното значење на прогресивот е „ изразување на ситуации кои се развиваат

во и околу референцијалниот момент кој е во средишниот дел од временскиот период

во кој ситуацијата е во тек“ (Huddleston & Pullum 2002: 164). Референцијалниот момент

може да биде во сегашноста, во минатото и во иднината. Иако иднината е нереална и

модална категорија, дејствата може да се пренесуваат и како тековни во некој иден

момент. Прогресивната форма, значи, се јавува во сите временски категории, а

маркирањето е кај помошниот глагол (пример 12 и 13), се јавува со партикулите за

идно време (пример 14) и се комбинира со сите модални глаголи (пример 15 и 16).

12. He is going there by car. ‘Тој оди таму со кола’

13. He was going to the market. ‘Тој одеше на пазар’

14. He will be going to her house next week. ‘Тој ќе оди во нејзината куќа наредната

неделa’

15. He might be going by bus but I am not sure. ‘Може ќе оди, но не сум сиурна’

16. He might have been eating. ‘Можеби јадел / е јаден’

Во комбинација со другиот аспектуален тип - перфектот, прогресивната форма добива

различно значење: прогресивниот перфект го потенцира траењето на дејството,

неговата незавршеност за разлика од непрогресивниот во кој дејството е прикажано

како завршено. И двете имаат значење во сегашноста, заради релевантноста на

резултатите на исходот.

17. I have lived here all my life. ‘Овде живеам целиот мој живот’

18. I have been living here all my life‘. Oвде живеам целиот мој живот’

28

Во примерите кои изразуваат идност значењето е слично: прогресивната форма

покажува дека дејството не е завршено и ваквата продолженост на дејството е неговата

главна карактеристика.

19. By this time next year I will have travelled for 5 years. ‘Ќе биде 5 години откако

патувам ова време следната година’

20. By his time next year I will have been travelling 5 years. ‘Oва време следната

година ќе биде 5 години откога патувам’

Накратко, прогресивната форма е компатибилна со сите други аспектуaлни категории.

Слободно се комбинира со перфектот и нема рестрикции во однос на минатото и

сегашноста. А акцентот е на дејството кое е во тек независно од временската

поставеност на референцијалната гледна точка.

2.3.1.2 Прогресивното значење и лексичкиот аспект

Глаголи со прототипно динамично лексичко значење (активности) се јавуваат

најчесто со прогресивниот аспект кој им е најсоодветен. Согласно хипотезата за

аспект, со прогресивна форма се маркираат глаголи од сите лексички категории. Тоа

значи, дека оваа форма не е строго ограничена од нивното лексичкото значење. Кога

глаголите од категоријата АСC се јавуваат со прогресивна форма тие имаат

динамично, трајно значење, но имплицираат незавршеност на дејството.

21. He has been learning to swim/ he was learning / is (still) learning to swim. ‘Toj учи

да плива’

Со статалните глаголи употребата на прогресивот е можна, но добива специјално

значење зашто не се опишуваат генерални карактеристики. Сепак, поединечни акти

(како во примерот 22) или прикажаното дејство е временски ограничено (пример 23)

наспроти неограниченоста која се изразуваа со соодветните непрогресивни форми.

22. He is being silly. ‘Тој глупаво се однесува’

23.We are living in Skopje (for the time being). ‘Ние живееме во Скопје’

Прогресивниот аспект во англискиот јазик како единствена граматикализирана форма

има широк спектар на значења и функции. Флексибилна е во однос на временската

29

рамка и другите аспектуaлни категории со кои слободно се комбинира. Значењето на

прогресивот ги исклучува хабитуалноста и омнитемпоралноста иако видовме дека

може да навлезе и во нивниот домен. Ваквите карактеристики на прогресивниот аспект

може да го усложнат неговото усвојување, особено во јазици кои имаат различен

аспектуален систем и во кои поделбата се реализира сосем поинаку.

2.3.2 Категоријата аспект (вид) во македонски јазик

Македонскиот јазик ја следи основната поделба (прикажана во табела 2.2) зашто има

перфективен и имперфективен аспект (свршен и несвршен вид). Видот во

македонскиот јазик, како и во другите словенски јазици, е во голема мера

граматикализиран, што значи дека категоријата вид е граматичка категорија со

регуларни видски показатели изразени во глаголот. Видот во македонскиот јазик е од

лексичко- граматички карактер, а деривативните процеси т.е. изведувањето на глаголи

со префикси и суфикси, кои се и основните носители на аспектуалната разлика, го

покажуваат ваквиот зборообразувачки карактер.

Свршените глаголи дејството го предаваат како целосно извршено, како

заокружено и комплетирано без да се разгледуваат поединечните фази од кои е

составено. Свршените глаголи во македонскиот јазик може да бидат изразени во

основната коренска морфема (даде, каже) или да се изведуваат со морфолошки

средства (префиксација). Некои свршени глаголи се јавуваат во пар со несвршените со

тоа што префиксите ја носат само видската разлика. Додека пак, лексичкото значење

останува исто како што е примерот со паровите наведени подолу ( 26 и 27, 28 и 29).

26. Тој чита книга.

27. Тој ја прочита книгата.

28. Тој постојано купува оg истата проgавница.

29. Тој купи се што им беше потребено и си отиgе gома.

Несвршените глаголи покажуваат дека дејството трае (или трело) во дадениот

реферецијален момент. За разлика пак, од свршените глаголи кои дејството го

означуваат како завршено со видлив резултат од неговото извршување. Не се многу

30

чести парови каде разликата е само во видот, зашто најчесто маркирањето со префикси

внесува и промена во значењето. Видските опозиции се формираат со следниве

префикси: за-, испо-, из-, до-, -по-, -рас/з-, на- ,под-, во-, без-, над-, об-, од-, по-,

под- ,при- , про- кои се додаваат зависно од значењето кое сакаме да му го дадеме на

глаголот (пие – испие – напие - допие - препие итн). Улогата на префиксите е

комплексна, зашто како што објаснува Конески (1981: 391) „тие го менуваат неговото

лексичкo значење, било да укажуваат поблиску на просторната управеност на

дејството, било на неговиот почеток и крај, било на неговото извршување во изобилна

или ограничена мерка“. Заедничко за сите префикси е тоа што со нивното додавање

глаголот го менува видот и станува свршен.

Во македонкиот јазик постојат и биаспектуални (двовидски) глаголи кои имаат

иста форма и за свршен и за несвршен вид: руча, вечера, гости, телефонира,

информира, организира (најчесто ваков вид глаголи се оние што завршуваат на

наставката - ира). Освен видските парови се јавуваат и глаголи во тричлена корелација

(од кои најбројни се глаголите за движење) каде основните видски конфигурации на

глаголите се изразуваат како серија од несвршен - свршен - повторлив глагол (Конески

1981:372 ): седи – седне - седнува, лежи – легне - легнува, скока – скокне – скокнува.

Вториот член од серијата е потребен зашто од неговата коренска морфема се

изведуваат повторливите глаголи кои не можат директно да се изведуваат од трајните.

За разлика од традиционалната поделба на парови глаголите сега се класифицираат во

групи - тоа се глаголи со иста основа и различни префикси кои покрај промената на

видот на глаголот (од несвршен во свршен) внесуваат и друга нијанса на значење.

Во македонскиот јазик нема посебни форми за изразување на двете поткатегории

на имперфективноста т.е континуативноста и хабитуалноста. Несвршеноста е основна

карактеристика на имперфективноста. Основна форма за изразување на овој

аспектуален вид се несвршените форми од несвршените глаголи во сегашно и минато

време. Континуативноста (трајноста) означува актуелно траење на дејството во и околу

моментот на зборување и оваа карактеристика е негово основно својство. Во

македонската терминологија нема издвоени термини кои би ги изделиле трајноста од

континуативноста (continuous v.s continuative кај Bybee et al 1994: 123), a

континуативност е термин (Панова – Димкова 2007: 240) кој според значењето би се

поклопил со дејства кои во англиски се објаснуваат со терминот ‘continuous’. Функција

31

на тековни и несвршени дејства во македонскиот јазик изразуваат трајните, дуративни

глаголи чија форма зависи од темпоралните граматички маркери. Несвршениот

глаголски вид се јавува и во минатото и во сегашноста и во иднината што е

илустрирано во примерите 30 -33 дадени кај Тополињска (2002: 9).

30. Иван чита.

31. Јас пишувам книга.

32. Дејан читаше цел gен.

33. Јас ќе оgам утре.

Потребно е да се образложат разликите во терминологијата и да се објасни како ќе

се користат термините чии називи се јавуваат и во англискиот јазик, но со различно

значење. Кај авторите Конески (1981), Петроска (2001), Пановска – Димкова (2007) се

користат термините: повторливост, итеративност, хабитуалност, мултипликативност,

повеќекратност, множественост за изразување на дејства кои се случуват повеќе од

еднаш. Кај Конески (1981: 377), Петроска и Тофоска (2010: 170), Гајдова (2010: 23)

терминот повторливост се однесува на дејства кои регуларно се повторуваат низ

подолг временски период започнат пред моментот на зборување. Моментот на

зборување не го исклучува неговото траење. За Петроска (2001: 112) термините

повторливост и итеративност се синонимни, а терминот итеративност со вакво значење

се користи и кај Тополињска и Гајдова. Доколку повторувањето се врши во продолжен

временски период се јавуваат и временски прилози кои дообјаснуваат дали

повторувањето е редовно, повремено, циклично итн. За опишување на вакви дејства

единствено кај Панова-Димкова (2007: 240) се користи терминот хабитуалност.

Дејствата опишани погоре во англискиот јазик спаѓаат во категоријата хабитуалност и

во овој теоретски осврт ќе се користи тој термин како соодветен за изразување

истородни дејства кои се повторуваат во различни ситуации во извесен временски

период. Хабитуалните дејства се неактуелни и се поставени во атемпорален контекст

зашто не се врзуваат само за една ситуација. Во оваа функција обично се јавуваат

имперфективни глаголи изведени од перфективните со наставката -ува. Според

Пановска-Димкова (2004: 365), оваа наставка на морфолошко ниво се јавува како прв

експонент на хабитуалноста, а се додава на семантема со моментна доминанта (тоа

значи дека се додава на корен од свршен глагол). Во класификацијата на Конески

32

(1981: 369) глаголите со -ува се третите членови од низата во веригите на траен –

свршен – повторлив (пример 34, 35).

34. Честопати сеgнував таму.

35. Се најаgувам оg многу малку.

Глаголите со -ува не се исклучително хабитуални зашто има глаголи кои завршуваат на

-ува, но се трајни (купува, проgава) или се употребени како моментни (пример 36).

Кога овие глаголи се употребени актуелно изразуваат можност, готовност да се изврши

некое дејство (пример 37).

36. Се буgам/ се разбуgувам и што gа виgам? (Петроска 2001: 113).

37. Скокнувам кога ќе речеш. (Конески 1981: 368)

Серијата повторувања не се ограничени само на разделени ситуации во временски

период, но можат да бидат и во рамките на една ситуација, особено кога се работи за

серија краткотрајни настани. Во сегашноста тие се употрeбени актуeлно: ‘Некој чука

на вратa’ (Тополињска 2008: 8), а се актуелни и во однос на минатиот референцијален

момент кај имперфектот: ‘Некој чукаше на врата ’. И во двата случаи се користи

несвршената форма. Кaj Петроска и Тофоска (2010: 170) ваквите глаголи се вбројуваат

во хабитуалните и се сретнуваат во подгрупата мултипликативни настани, а Панова-

Димкова (2008: 41-45) го користи терминот мултипликативност што го прифаќам и

понатаму ќе го користам за изразување на итеративните ситуации. Mултипликативните

глаголи се актуелни во моментот на зборување, поединечните дејствата кои ги

изразуваат се свршени, но целата серија е дел од несвршено дејство. Термин кој ќе ги

содржи двете значења и ќе ги опише без да навлегува во нивниот поединечен домен е

многукратност (сугерира повторливот во актуелен, но и во неактуелен контекст).

Глаголите кои изразуваат имперфективност се несвршени (примарно и секундарно). За

изразување на хабитуалноста во македонскиот јазик има и други средства кои само ќе

ги набројам: формите за минато-идно (пример 38), честичката ќе + перфективни

глаголи (пример 39) и императивните форми (пример 40 и 41) илустрирани подолу.

38. Само оgвреме навреме ќе пукнеше пушка gолу поg селото (Конески 1981: 493)

39. Секогаш го правам истото ќе прочитам, ќе напишам и ќе заминам.

33

40. Се зgаволкавме: јас паgни, тој стани, тој паgни, јас стани.

41. И тие што прават – еgнаш појgи в село , gругаш gојgи овgе.

За поврзаноста на несвршениот аспект и изразувањето на временската категорија

сегашност ќе стане збор подолу.

2.3.3 Споредба на англискиот и македонскиот глаголски аспект

Значењата кои ги изразуваат перфективните форми во македонскиот јазик во

англискиот се изразуваат со функциите на неутралниот аспект, перфектот, со посебни

глаголски форми и со лексички показатели зашто англискиот јазик нема перфективен

аспект. Перфектот се јавува и во двата јазици со слични функции и значења, но

подеталната споредба излегува од рамките на ова истражување.

За ова истражување од голема важност е начинот на кој се реализира

имперфективот во двата јазици. Во типолошката поделба има поделба на хабитуалност

и трајност (‘continuous’ во терминологијата на Bybee 1994: 123) за кои траењето и

несвршеноста се основни карактеристики (Панова- Димкова 2004: 365, 2008: 240). Во

македонскиот јазик има една форма за изразување на хабитуалноста и трајност

(континуативност), а во англискиот јазик има две различни и тоа: неутрална форма за

изразување хабитуалност и прогресивна форма за изразување прогресивност. Во

англискиот јазик функциите на неутралниот аспект ги исклучуваат функциите на

прогресивот, но не и обратно. Во македонскиот јазик едната форма ги има значењата и

од двете форми што доведува до потешкотии во поврзувањето на формите со функците

кога тие треба да се употребат во англискиот јазик. Македонските изучувачи како

еквивалент на македонскиот имперфектив, најпрво го препознаваат прогресивниот

аспект бидејќи тој е единствено маркиран за сите лица и е најблизок до дефиницијата

за имперфективноста. Прогресивната форма (PC форма) иако не е рестриктивна за

други видови аспект, а се реализира и во сите временски рамки, сепак не ги изразува

сите функции на имперфективот. Дури и кога се комбинира со хабитуалниот апспект

покажува само повторување во ограничен временски интервал.

2.4 Сегашно време

Категоријата време е деиктичка категорија која го поставува настанот на временската

оска. Сегашноста го лоцира настанот во моментот на зборување, меѓутоа може да се

34

разгледува и како подолготраен период кој почнува во минатото, а продолжува и во

иднината. Основната поделба е на актуелна и актуелизирана сегашност, односно,

настани кои траат во моментот на зборување или настани кои траат во подолг период

(Тополињска 2008: 8), Петроска и Тофоска (2010: 110). Значи се раздвојуваат

сегашност сведена на момент и сегашност што се однесува на период (sensu largo/sensu

stricto). Основните интерпретации на сегашноста како граматичка категорија според

Leech (1987: 6), Yule (1998: 58), Тополињска (2008: 9) се: нерестриктивен

(неограничен) презент, моментен презент, омнитемпоралнст, итеративност,

хабитуалност.

Сегашноста како лингвистичка категорија се изразува со разни граматички и

лексички средства. Во лексичките доминираат т.н временски определби базирани на

значењето ’сега’, а меѓу граматичките се глаголските маркери.Се разликуваат основни,

секундарни и терциерни средства за изразување сегашност, но во ова истражување

анализирани се единствено основните. Основните средства од друга страна го

прошируват значењето зашто освен за изразување на сегашност се користат и за

изразување минатост и идност.

2.4.1 Изразување сегашност во англискиот јазик

Според, повеќето англиски лингвисти (меѓу кои Palmer (1978), Quirk et al.(1985), Yule

(1978), Huddleston & Pullum (2002), Leech еt al. (2009)) во англискиот има две сегашни

времиња: сегашно просто Present Simple (PS) и сегашно трајно време Present

Continuous/ Progressive (PC) за кои има две посебни форми. И двете форми изразуваат

различни функции. За изразување на сегашно просто време се користи немаркирана,

неутралната форма, а за изразување на сегашното трајно време се користи

прогресивната која е маркирана за аспект. И двете форми имаат различни употреби кои

се во рамките на категоријата сегашност.

2.4.1.1 Употреби PS формите

Според Leech (1987: 5-20), Huddleston & Pullum (2001: 125-132), формите за

сегашното просто време изразуваат:

35

а) Неограничен презент

Се јавува со глаголи кои изразуваат состојби со неограничено траење кои се започнати

во минатото, а продолжуваат и во иднината (пример 42 и 43):

42. I live in Prilep. ‘Живеам во Прилеп’

43. She speaks 3 languages. ‘Таа зборува 3 јазици’

б) Омнитемпорална сегашност или гномичен презент (кај Bybee et al. 1994) се однесува

на настани кои се ‘надвор од било која временска рамка’, секогаш се релевантни и

вистинити, нивното значење е прифатено во сегашноста, а ќе важи и за иднината

доколку има продолжување во иднината. Се употребува за изразување научни вистини,

дедуктивни и индуктивни констатации, научни факти, поговорки илустрирани во

примерите (44) и (45) од Quirk et al. (1985: 179).

44. The earth goes round the sun. ‘Замјата се врти околу сонцето’

45. Oil floats on water. ‘Маслото лебди на површината на водата’

в) Моментен презент

Со ваква употреба на PS формите се изразуваат краткотрајни настани кои почнуваат и

завршуваат во моментот на зборување, што е и референцијалниот момент по кој

дејството не продолжува. Оваа употреба се јавува во ограничен контекст најчесто кај

спортски коментари, демонстрации и инструкции како во примерот (46).

46. I take the flour and put it in a bowl. I add 3 spoonfuls of sugar. ‘Земам брашно и го

ставам во сад’

Како посебна група во оваа категорија се јавуваат перформативните глаголи чие

извршување е истовремено со моментот на зборување зашто чинот на зборување се

едначи со актот на извршување (пример 47).

47. I pronounce you men and wife. ‘Ве прогласувам маж и жена’

г) Хабитуална употреба

Оваа употреба е најпрототипна и најобична за PS формите. Се користи за настани кои

се повторуваат во продолжен временски период. Повторувањето е во некаков 36

интервал, редовно, периодично, циклично, но не во рамките на само една ситуација. Се

користи со прилози за зачестеност кои го допрецизираат начинот на кој се одвива

дејството (пример 48).

48. He goes to work (every day at 7 o’clock). ‘ Тој оди на работа (секој ден во 7)’.

Освен за изразување дејства кои се одвиваат во сегашноста PS формите се користат и

за настани кои се однесуваат на минатото и на иднината. Ваквите значења ги добиваат

со проширување на семантичкото значење на формите и тоа се нивните

транспозициски употреби опишани подолу.

д) Изразување на минатост

Целта на употребата на сегашните форми за минати дејства е за поживо, попластично

предавање на настани од минатото. Дека се работи за минато дејство е потенцирано со

употреба на временските прилози кои ја дообјаснуваат ситуацијата (пример 49).

49. Last night we were sitting at the hotel. And in comes a messenger from the hotel and

says to me ‘Седиме вчера во хотелот. Доаѓа гласник и ми вели’

Во слично својство се употребува и за настани кои опишуваат фиктивни дејства што се

опишани во романи, но и ТВ новели. Се користи и за давање сценски инструкции кога

се опишуваат моментни дејства или се дообјаснува моменталното случување на сцена

(пример 50).

50. She comes in and gives the letter to her friend ‘Влегува и му го подава писмото на

нејзиниот другар’

ѓ) За изразување идност

Формите на PS се користат за настани кои се дел од фиксна и веќе определена

програма, агенда или пак се дел од некаков распоред кој постојано и рутински се

повторува. Се користи и кај туристички брошури каде што прогрaмaта и активностите

се веќе однапред определени.

51. On Monday we visit the beach Acapulco, on Tuesday we visit the castle. ‘Во

понеделник ја посетуваме плажата Акапулко, во вторник го посетуваме замокот’

2.4.1.2 Употреби на PC формите

37

а) Моментен презент

Формите за PC сe користат за динамични ситуации кои траат во самиот момент на

зборување. Се употребуваат и со прилози како at the moment, now што јасно го

покажуваат тоа. Овие дејства се и соодветен одговор на прашањето : ‘Што правиш?

Што се случува’?

52. I am watching TV ‘Гледам телевизија’

53. She is singing (at the moment ) ‘Таа пее во моментов’

Посебен вид на моментен презент е кога дејството не е сведено само на моментот, туку

на подолг период околу сегашниот момент (пример 54).

54. I’m writing a book about animals ‘Пишувам книга за животни’

б) За временски ограничени дејства

Ако глаголите кои изразуваат состојба се употребат со PC формите добиваат значење

на ограничен временски период наспроти перманентно траење кај дејства изразени со

истите глаголи, но со PS форма (пример 55).

55. I am living in Skopje (for the time being) ‘Живеам во Скопје (сега за сега/

моментално)’

Според Leech et al. (2009: 129), кај типичните статални глаголи со кои употрeбата на

прогресивната форма не е обична се добиваат специфични значења кои ја нагласуваат

инволвираноста на субјектот (пример 56). Покажуваат дека дејството се развива

постепено (пример 57), или се нагласува динамичноста и активниот карактер на

дејството (пример 58). Оваа форма може и да го измени лексичкото значење на

глаголот (пример 59).

56. He’s feeling the cold. ‘Го чувствува студот’

57. It’s growing up daily. ‘Тоа расте секојдневно’

58. He’s being silly. ‘Тој глупаво се однесува’

59. I am seeing things (in the sense of imagining). ‘Ми се причинуваат работи’

в) Мултипликативни настани

38

Прогресивната форма покажува мултипликативно одвивање на дејството кај глаголи

кои означуваат краткотрајни настани, а се дел од серија.

60. She is knocking at the door – ‘Таа тропа на врата’

61. He is blowing his whistle – ‘Тој свири на свирчето’

г) Хабитуален прогресив

Комбинирањето на прогресивниот аспект со хабитуалноста значи изразување на

повторливи ситуации кои се реализираат во ограничен временски период. Мора дa се

придружени со соодветни прилози за да се разликуваат од постојаните и трајни дејства

(пример 62).

62. My car is at the mechanic. I am riding my bike to work. ‘Колата ми е на механичар.

На работа одам со велосипед’

д) интерпретaтивна (дообјаснувачка) функција

Според Leech et al. (2009: 135), Huddleston & Pullum (2001: 138) со PC формите се

даваат дополнителни податоци со кои треба нешто да се појасни, образложи или

потенцира за некој определен дел од реченицата. Глаголите во кои е содржана

информацијата што треба да се дообјасни се изразени со PS форми (пример 63)

63. When I say ”boss” I am referring to you ‘Koга велам „шефе“ мислам на тебе’

И кај PC формите се проширува семантичкото значење и тие изразуваат дејства

кои не се сведуваат само на сегашнот момент, но изразуваат и минати и идни настани.

PS формата во англискиот јазик изразува поголем број функци во споредба со

соодветната форма во други јазици (Bybee at al.1994: 139).

ѓ) Изразување на идност

Со оваа употреба на PC формата се изразуваат дејства кои се однапред планирани, но

нивното извршување ја изразува намерата на говорителот, подготвеноста и желбата да

го изврши дејството. Во оваа употреба не се работи за рутински и наметнат распоред,

но распоред кој се креира согласно плановите и намерите на говорителот (пример 64).

Исто така, може да се користи за изразување дејства чија реализација ја предвидуваме

зашто е помалку или повеќе очигледна (пример 65).

39

64. I am travelling to Skopje tomorrow. ‘Утре одам за Скопје’

65. The tornado is getting nearer. ‘Торнадото се приближува’

e) Експресивна функција

Употребата на PC формата додава значење на настан кој фактографски би се прикажал

со PS форма. Оваа функција се нарекува експресивна зашто го изразува (негативниот)

став на говорителот кон тековното дејството (пример 66)

66. They are always playing chess ‘Секогаш играат шах’

Очигледно е дека се нагласува постојаноста на некое дејство (интерпретацијата е дека

во секоја прилика се одвивало опишаното дејство) што е извесно претерување доколку

контекстот се сфати буквално. Отаму е јасно дека станува збор за посебна употреба.

2.4.2 Изразување сегашност во македонскиот јазик

Во македонскиот јазик има едно сегашно време со кое се изразуваат сите различни

значења наведени подолу. Имперфективната т.е несвршената форма од трајните

глаголи е единствената форма за овие употреби.

а) Актуелизирана и актуeлна сегашност изразуваат дејства кои се одвиваат во

моментот на зборување и одговараат на прашањето ‘Што правиш?’ и најчесто се

јавуваат со прилозите за ‘сега’ , ‘во моментот’.

67. Јас читам книга.

68. Тој пишува.

Посложени ситуации кои опфаќаат подолг временски период во сегашноста се

примери на актуелна сегашност :

69. Тој пишува книга за историјата на Полска (Тополињска 2008: 9)

б) Омнитемпоралноста изразува општоважечки и прифатени вистини, аксиоми,

конвенции и така натаму, а оваа употреба е илустрирана во пример 70.

70. Земјата кружи околу сонцето.

в) Многукратност

40

Овој термин го користам како посоодветен зашто ги содржи и двата вида повторливост

и тоа дејства кои се повторуваат во повеќе ситуации и дејства кои се повторуваат само

во една ситуација. Кај авторите кои зборуваат за овие дејства се користат термините

повторливост и итеративност кои најчесто се среќаваат како синоними (види споредба

на аспектот 2.5). Во анализата нема да го користам терминот итеративност заради тоа

што се поклопува со значењето на англискиот термин кој е потесен и нема иста

функција. Според Тополињска (2008: 8), хабитуалноста (кај неа итеративна сегашност)

се дефинира како серија настани започнати пред моменот на зборување и опфаќа

подолг период во сегашноста. Ирелевантно е дали некој од настаните од серијата трае

и во моментот на зборување. Глаголите кои изразуваат хабитуалност можат, но и не

мораат да бидат формално маркирани. Кај Петроска и Тофоска (2010) е потврдено дека

за омнитемпоралност и итеративност (термин кој се користи со значење на

мултипликативност) во македонскиот јазик се користат исти форми зашто она што

важи секогаш ќе се повторува и ќе важи и во иднина. Дејствата кои изразуваат

хабитуалност се повторуваат во (најчесто) регуларен временски интервал и се јавуваат

со прилози што ова го дообјаснуваат. Со прилозите како што е „секое утро“ се

покажува дека се работи за навика, за рутински дејства кои редовно се повторуваат.

71. Секој gен оgам на работа.

72. Често чука на мојата врата кога му треба нешто.

Несвршените глаголи се употребуваат и за серија повторувања на еднородни

активности сведени на една ситуација, а тоа се и единствените форми кои може да се

јават во оваа функција што е важно при споредбата со англискиот јазик.

73. Некој чука на врата.

За изразување хабитуалност, освен основните несвршени форми, се користат и

секундарно изведени имперфективни глаголи кои го исклучуваат актуелното значење.

Сепак, настанот не го исклучува повторувањето на дејството и во референцијалниот

сегашен момент (како во примерот 74).

74. Често чукнува на мојата врата.

Формата за изразување сегашност може да се употреби транспозициски за значења

различни од оние со кои се изразува сегашност. Такви се изразувањето на историски

41

презент (пример 75) во кој минатите настани се предадени како да се одвиваат во

сегашноста:

75. Ги виgов сношти. Станаа оg балконот и слегуваат по скали. Колоба го

наметна палтото и тргна (Конески 1981: 414)

Истата форма се користи за изразување на идни настани кои во англиски се

раздвојуваат и се изразуваат со две различни форми: РС форма за намера, подготвеност

(пример 76) и РЅ форма за рутинска, повторлива идност (пример 77):

76. Утре оgам на gалечен пат.

77. Во понеgелник стигнува во 9 како и секогаш. Ги посетува сите вработени во

фирмата, прави извештаи и си gоаѓа.

2.4.3 Споредба

И во двата јазика , што се предмет на истражување во оваа теза, основните форми

за сегашно време ги изразуваат основните интерпретации на сегашноста и тоа:

моментен презент (актуелна сегашност), омнитемпоралност, многукратност. Со истите

форми транспозициски се изразуваат и значења надвор од рамките на сегашноста,

односно минати и идни дејства.

Разликата е во тоа што во македонскиот јазик сите тие интерпретации на сегашноста се

изразуваат со една јазична форма – сегашното време. Во англискиот јазик има две

форми кои имаат различни функции и зазаемаат засебен дел од категориите на

сегашноста. Значењата се изделени, но има преклопувања што значи дека кога една

форма се јавува наместо другата неминовно внесува разлика во значењето која секогаш

треба да се зема предвид. Најпрототипна поделба во однос на двете форми е:

- PS за омитемпоралност и хабитуалност;

- PC за моментен презент и временски ограничени дејства.

Ваквата поделба ќе претставува проблем за македонските изучувачи при

поврзувањето на формите со соодветните функции. Освен тоа македонските изучувачи

ги поистоветуваат глаголите со несвршен аспект од македонскиот јазик со

42

прогресивните форми од англискиот: прво поради концептуалната сличност, а второ

поради тоа што во сегашно време се користат само несвршени глаголи. Тоа доведува

до генерализирање на PC формата во нивниот меѓујазик.

Табела 2.3 Правилни форми во двата јазика и очекувани отстапувања кај меѓујазикот

Функции македонски Англиски Генерализација

во меѓујазикот

состојби Несвршена форма

од траен глагол

Неутрален аспект

(PS форма)

PC

хабитуалност Несвршен траен

глагол

Неутрален аспект PC

наративен презент

(изразување

минатост)

Несвршен аспект

од секундарно

изведени

имперфективни

глаголи

Неутрален аспект

(PS форма)

PC

Наративен презент

(спортски

коментари)

Несвршена форма

од траен глагол

Неутрален аспект

(PS форма)

PC

Мултипликати-

вност

Несвршена форма

од траен глагол

Прогресивна

форма

PS

Експресивна

функција

Несвршена форма

од траен глагол

Прогресивна

форма

PS

Тоа што во англискиот јазик и двете форми изразуваат хабитуалност и моментен

презент може да претставува проблем. Бидејќи во почетокот изучувачите ги поврзуваат

формите само со нивните прототипни употреби без да можат да ги воочат суптилните

сличности и разлики. Поради тоа, очекувам изучувачите посоодветно да ги користат

формите доколку во речениците има прилози за време или зачестеност, со кои се

43

појаснува ситуацијата - во спротивно треба да разберат од контекстот што може да

доведе до отстапувања. Табелата 2.3 ги покажува правилните форми за изразување на

сите изделени функции на сегашното време во англискиот и македонскиот јазик, но и

ги покажува отстапувањата во меѓујазикот. Разликите во изразувањето на аспектот во

двата јазици водат кон меѓујазично влијание и резултираат во очекуваните грешки кои

се дадени во табелата.

2.5 Меѓујазик

Поимот “меѓујазик” е првпат употребен од Selinker (кај Richards 1974: 31) и се

однесува на лингвистичкиот систем на изучувачите кој е различен и од првиот јазик и

од јазикот цел. Според Ellis (1997: 3-13), меѓујазикот е она што изучувачот го ‘креира’

кога треба да се изрази во говорна или пишана форма на јазикот кој го изучува (Ј2).

Меѓујазикот е различен и од мајчиниот јазик и од јазикот што се изучува зашто е

уникатен и единствен систем кој постојано се надоградува и изменува. Со тоа се

нагласува неговата комплексност и динамичност. Основните каракеристики според

Saville- Troike (2006: 41) се регуларност, систематичнoст, динамичност, варијабилност

и упрoстеност. Richards (1974: 66) додава и дека меѓујазикот следи сопствени

специфични правила и норми кои се препознатливи за секоја поедничена развојна

фаза. Со нивно забележување и анализа континуирано се следи напредокот на

изучувачот во обидот да се доближи до јазикот цел. Многу важна карактеристика на

меѓујазикот е варијабилноста6 на формите, термин кој означува реализација на извесни

структури на повеќе начини или наизменична употреба на две или повеќе форми за

иста функција.

Варијабилни форми се јавуваат на сите јазични нивоа и се условени од

социолошки и психолингвистички фактори. Јас ќе ги разгледувам варијабилните

структури кои се однесуваат на потесниот јазичен контекст без да се задржувам на

психо и социолинвистичките причини. Варијабилноста која се јавува кај говорителот

може да биде несистематска (слободна) и систематска. Слободната варијабилност е

вооочлива при анализата на односот форма - функција кога две или повеќе форми се

јавуваат случајно, без утврден ред или постојано правило. Слободната варијабилност

6 “Варијабилни форми се фонолошки, лексички и граматички елементи кои јазично се реализираат на повеќе начини“ (Ellis 1984: 119, 1997: 26).

44

се јавува во почетните фази на изучување на јазикот кога учениците се обидуваат да ги

разберат и применат правилата кои се уште не им се совладани. Систематската

варијабилност значи дека една избрана форма се претпочита за употреба во еден

контекст, а другата форма во друг контекст. На фонетско рамниште тоа значи дека, на

пример, крајното /r/ ќе се изговара по самогласка, а не по согласка. Во контектот на

истражувањето на PS и PC формите слободна варијабилност би се јавила ако PS се

користи во реченици со прилози за зачестеност, а PC кога нема прилози. Ваквиот избор

повеќе зависи од тековните правила кои изучувачот ги креирал во меѓујазикот, а не од

стандардните правилата на Ј2.

Kaj Ellis (1994: 121) е споменат моделот на дифузија на Gatbonton (1978) кој

претставува обид за систематизација на варијабилноста, а вклучува три фази при

усвојувањето на јазичен материјал од Ј2. Во првата, категоријална фаза, една форма се

јавува во сите ситуации т.е во сите контексти. Во втората, фазата на усвојување една

форма се користи во голем број различни ситуации, па се јавува нова форма со која

функционираат како варијабли (форми кои наизменично се употребуваат). Фазата на

размена се јавува подоцна и во неа секоја форма се ограничува на една најтипична

употреба, а другите контексти постепено се елиминираат. Моето истражување се

базира на ваквиот модел на проширување и на теоријата за слободна варијабилност. Ги

обележував формите за PC и PS (и точните и грешните) во сите контексти и со сите

функции во кои се јавуваат во корпусот. Тоа го правев за да се утврди дали изувачите

почнуваат од категоријалната фаза, како се однесуваат двете форми во фазата на

слободна варијабилност и дали се постигнува систематичност и стабилизација во

подоцнежните стадиуми.

Друга карактеристика која е својствена само за усвојување на Ј2, а не е забележана

кај Ј1 е фосилизацијата. Oвој термин кај Ellis (1994: 122) се користи со значењето кое

Selinker (1972: 215) го дефинира како „зачувување, задржување на грешно научени

структури, правила и концепти во меѓујазикот на говорителите и во подоцнежните

развојни фази на меѓујазикот кога се очекува грешките да се веќе надминати“.

Девијантите правила и форми се задржуваат независно од бројните можности да се

увидат грешките и на нив да се делува. Тие отстапуваат од нормата на јазикот цел, но и

од нормата на Ј1, а се карактеристични за правилата на меѓујазикот (Long кај Doughty

& Long 2003: 487). Покрај влијанието на правилата и принципите од првиот (мајчиниот

45

јазик), но и од јазикот цел, меѓујазикот го обликуваат и влијанието на инструкциите

што ги добиваат изучувачите, стратегиите кои се користат во учењето и

комуникацијата на Ј2.

При усвојувањето на јазикот постои редослед по кој се усвојуваат граматичките

структури кај изучувачите независно од нивниот прв јазик. Правени се истражувања

кои се однесуват на усвојувањето на девет функционални морфеми и тоа кај

испитаници со различен прв јазик со цел да се покаже дека усвојувањето се одвива по

еден природен редослед. Вакви истражувањата се направени од Brown (1973) спомнати

кај Krashen (1981: 101) и кај Gass & Sellinker (2008: 128). Испитувањата се направени и

кај деца (Dulay & Burt кај Richards 1974: 95) и кај возрасни кај Krashen (2001: 51) и

Larsen & Freeman (1985). Методот кој се користи за утврдување на редоследот наречен

‘Билингвална синтаксичка мерна единица’ (Bilingual Syntactic measure) содржи

прашањата кои се насочени кон тоа изучувачот да ги користи целните структури и да

се утврди нивниот редослед. Се предвидува сличен редослед при усвојување на

структури и во првиот и во вториот јазик зашто се работи за слични процеси. Доколку

редоследот е ист и кај изучувачи со различен прв јазик очигледно е дека во

усвојувањето се клучни развојните фактори, а не влијанието на првиот јазик. Ваквата

теорија е во согласнoст со менталистичките теории за универзалните механизми за

усвојување. Kaj Saville- Troike (2006: 44) e дадена табела (табела 4) на која е прикажан

редоследот по кој се усвојуваат морфемите и кај првиот и кај вториот јазик. Во овој

преглед го давам само делот за усвојување на морфемите кај Ј2.

Табела 2.4 Редослед на усвојување на морфемите според Saville –Troike (2006: 44 )

МОРФЕМА РЕДЕН БРОЈ СПОРЕД

РЕДОСЛЕД НА УСВОЈУВАЊЕ

член 1

Глаголот сум како копула 2

Прогресивна форма (додавање наставка -ing) 3

46

множина 4

Помошен глагол сум 5

Минато- неправилна форма 6

Минато- правилна форма 7

Посесивна форма 8

Наставка -s за 3 лице еднина 9

Значи постојат развојни фази (Ellis 1975: 15-16, Lightbown & Spada 2006: 83) кои го

одредуваат редот на пројавување на морфемите. Ваквиот ред на усвојување

(‘acquisition order’) се однесува на појавата на различни граматички морфеми во

различен временски период (прво се усвојува наставката -ing, па потоа формите за

неправилни глаголи, па за правилни глаголи итн). Најдоцна се усвојува наставката -s за

изразување сегашно просто време (PS форма). Редот на усвојување е тесно поврзан со

рангирањето на точноста (‘accuracy order’) со која се јавуваат овие морфеми во

соодветни употреби.

При усвојување на една посложена структура постои природен редослед

(‘acquisition sequence’), на пример формата -ing се додава прво кај еден тип глаголи

(активности), па потоа кај друг итн. И комбинирањето со помошниот глагол не

настапува веднаш. Прво се јавува само глаголот со наставката –ing, а се испушта

помошниот глагол. Па, се јавува помошниот глагол и се испушта наставката се до

крајната фаза на правилно поврзување на сите елементи кои се составни делови од

формата. Кај Gass & Sellinker (2008: 134) се набројуваат следниве неколку фактори

кои имаат влијание врз редоследот на усвојување на морфеми, а тоа се: семантичка

комплексност, перцептуална проминентност (важност, истакнување, значајност),

зачестеност на структурата во приливот на информации од Ј2 (‘input frequency’). Ова

значи дека помалку комплицираните структури се усвојуваат полесно и порано што се

потенцира и ако се проминентни, лесно забележливи и ако се чести во јазикот на

родените говорители.

47

Теоријата за природен ред на усвојувањето, иако докажана, не е без свои

недостатоци. Shatcher (1978) и Porter (1977), цитирано kaj Gass & Selinker (2008: 132),

сметаат дека недостатокот на оваа теорија и на методологијата на истражувањето е

фактот што се забележува и брои само употребата на морфемите во задолжителни

контексти, но не и во несоодветни. Исто така правилното користење на формите во

некој контекст не значи дека правилото е целосно усвоено (Bardovi- Harlig,1999: 342).

Сепак и покрај недостатоците оваа теорија е валидна и покажува конзистентни

резултати при утврдување на редоследот на усвојување на структурите во меѓујазикот

кај сите изучувачи на англискиот јазик како Ј2 што нуди можност за разбирање на

креативниот процес кој е основата на меѓујазикот. Практично и методолошки, пак,

значи создавање услови за разбирање и увежбување на проблематичните структури.

За моето истражување теоријата за редоследно усвојување на морфемите има

важност при опис на резултатите добиени со анализа на реализациите на двете

испитувани структури. Се очекува да има поврзаност меѓу точните реализации на

формите и редоследот на пројавувањето. Прогресивната форма се усвојува многу рано

и описот на сите нејзини пројавувања треба да го покаже напредокот согласно

процентот на правилна употреба. Но, и треба да покаже како учениците ја поврзуваат

оваа форма со соодветните функции. Морфемата -s која се додава на трето лице еднина

кај PS формата, се усвојува релативно доцна. Затоа се предвидува дека во меѓујазикот

ќе се јават чести формални отстапувања кај оваа морфема кои ќе бидат присутни и на

повисоките нивоа. Секако ќе се разгледува и функционалната дистрибуција на оваа

форма.

2.5.1 Анализа на грешките во меѓујазикот

Според новите менталистички теории грешките кои се резултат на многу

когнитивни, јазични и социолинвистички фактори се разгледуваат како показатели на

напредокот на учениците. Анализата на грешки ги објаснува можните причини за

појава на грешки и можноста со нивно разгледување да се добие увид во степенот на

развој и начинот на кој учениците ги усвојуваат структурите. Кај грешките постои

класификација која се однесува на компетентноста и можноста за нивно препознавање

и свесно влијание врз начинот на кој ќе се користат.

48

Првата поделба според Corder (1974), Richards (1974: 6), Ellis (1997: 15) и Gass &

Selinker (2008: 93) е на два основни типа:

1. Грешки поврзани со говорењето и изразувањето за кoи најсоодветен е терминот

‘лапсуси’ (mistakes). Овие грешки се случајни, а кога на нив ќе му се укаже, самиот

изучувач ги воочува и ги исправа.

2. Грешките поврзани со поимањето и разбирањето се повторливи, систематски, а

се поврзани со компетентноста. Овие грешки покажуваат непознавање на некое

својство на јазичниот систем. Kај Ellis (1997: 18) се сретнува и поделбата на глобални и

локални грешки. Првите ја нарушуваат целата реченична структура и реченицата ја

прават неразбирлива (пример 79), додека локалните грешки се однесуваат само на еден

реченичен член и не претставуваат проблем при процесирањето и разбирањето

(пример 80).

79. And the trainer the blow whistle. - /

80. He gooed to the airport one hour earlier. ‘Тој отиде на аеродром пред еден час’

Според Corder (1973), грешките можат да бидат очигледни (overt) и скриени (covert).

Кај првите грешката е очигледна, но кај вторите граматичката структура може да е

точна, но реченицата е или нелогична или довосмислена или пак значењето е сосем

поинакво од намерата на говорителот (пример 81 и 82).

81. She speak to me every time when we meet. ‘Таа зборува со мене кога и gа се

сретнеме.’

82. The wind was blown ‘*Ветрот gува.’

Според изворот на грешки се разликуваат два основни вида: развојни и преносни

грешки кои ќе се разработат подетално зашто се важни за истражувањето. Појавата на

овие грешки го покажува влијанието на двата клучни фактори при усвојување на

формите а тоа се мајчиниот јазик и јазикот кој се изучува.

2.5.2 Развојни грешки

Развојни грешки се грешките кои се јавуваат во процесот на изучување на јазикот

цел и го изразуваат тековното разбирањето на јазичниот систем на Ј2 (Lightbown &

49

Spada 2007: 81). Внатрешнојазичните грешки се јавуваат “заради комплексноста на

структурата на јазикот цел и обидите на изучувачот да формулира хипотези за начинот

на кој се создаваат правилата и принципите врз кои функционира јазикот”. За да

формира хипотези изучувачот треба да го знае јазичниот систем. Неговото знаење е

сепак ограничено што води до користење на правилата на начин сосем различен од

оној на кој ги користат родените говорители. Затоа се јавуваат развојни грешки кои кај

Richards (1974: 174-182), Ellis (1991: 52) се издвоени како посебни поткатегории:

- Генерализација која се однесува на начинот на кој изучувачите ги разбираат и ги

користат правилата од Ј2, правила кои не им се до крај совладани, што резултира во

нивна примена и во ситуации каде не се соодветни и доведува до создавање на

девијантни структури: на пример наставката -s за правилна множина кај именки

каде треба да се јави поинаква форма - *womans.

- Учениците несоодветно ги користат правилата во контексти каде има исклучоци

или ограничувања во нивната применливост. Најголем дел од ваквите грешки се

јавуват заради аналогија што е илустрирано во примерите 83 и 84.

83. He showed me the book. ‘Ми ја покажа книгата’ што резултира во појава на

структурата

84. He explained me the book. ‘Ми ја објасни книгата’.

Нецелосна примена на правилата се јавува кога учениците ги упростуваат структурите

зашто увидуваат дека тоа не го спречува разбирањето, ни комуникацијата. Како

подвидови на овој тип отстапување се јавуваат:

а) Испуштање на граматички морфеми

Се испуштаат граматички морфеми кои не придонесуваат за значењето на исказот па

учениците ги сметаат за редундантни (излишни). Во примерот 85 испуштени се

наставките за множина и за сегашно време, но значењето на реченицата е доволно

јасно.

85. He hit car. ‘Тој ја удри колата.’

б) Погрешен редослед на зборови во реченица

50

Изучувачите го изменуваат редот на зборовите во реченицата, кај прашалните форми

не користат инверзија (промена на местата на реченичните членови итн)

86. He everyday runs 6 km.

87. What you are doing?

- Хиперкорекција или двојно маркирање се јавува кога правилото е несоодветно

применето или пак се применуваат две правила кај една иста структура (he is goes).

2.5.3 Преносни грешки (влијание на Ј1)

Преносни грешки се јавуваат кога учениците ги пренесуваат структурите и

правилата од мајчиниот јазик во јазикот што го изучуваат. Разбирањето и описот на

преносните грешки и нивното значење во изучувањето на втор/странски јазик се

менувало зависно од актуелните лингвистички теории.

Бихевиористичката традиција јазикот го разгледува како систем од усвоени навики

што изучувачот ги стекнува во процесот на учење што би значело дека стекнатите

навики од првиот јазик се пренесуваат во вториот втор јазик. Ваквото видување е

основата на Хипотезата за контрастивната анализа (ХКА) (Lado, 1957). Преку детална

споредба се утврдуваат сличностите и разликите меѓу јазиците, а со тоа се

претпоставуваат проблемите и тешкотиите на кои ќе наидат изучувачите. Во почетната

верзија на контрастивна анализа како единствен важен фактор во усвојувањето се

посочува јазичниот трансфер што значи просто пренесување на веќе стекнатите навики

од мајчиниот во јазикот (јазиците) што се изучуваат. Се претпоставувало дека доколку

во двата јазици структурите се слични тие нужно точно ќе се пренесат зашто

трансферот (преносот) позитивно влијае и е поттикнувач на совладувањето во Ј2. Но,

кај различните структури ваквиот пренос значи негативен трансфер кој резултира во

погрешно учење. Во овој правец на грешките се гледало како непожелни препреки кои

го спречуваат правилното совладување на новиот јазичен материјал. Со

понатамошните истражувања се покажало дека сите разлики меѓу Ј1 и Ј2 не доведуваат

до ист степен на тешкотии во усвојувањето. Уште во најраниот период на ХКА

направена е хиерархија на потешкотии (Ekman, Withmen, Wardaugh 1970) која подоцна

била ревидирана и појаснувана од Corder (1976), Richrads (1974), Selinker (1972).

51

Менталистичката теорија во која се прифаќа когнитивниот модел на усвојување на

втор јазик (Saville-Troike 2006: 32-46) донесува едно поинакво поимање за начинот на

изучување на јазикот а со тоа и за влијанието на трансферот. Јазикот не е само систем

од навики кои треба да се сменат и на нивно место да дојдат нови, но е креативен

процес во кој изучувачот има активна улога. Терминот „трансфер“ се заменува со

терминот „меѓујазично влијание“ што подразбира двонасочност на овој процес и

најпрво се сретнува кај следниве автори: Corder (1983, 1992: 19), Krashen (1981: 52),

Кellerman & Smith (1986). Gаss & Selinker (2008: 146) го цитираат Kellerman и исто

нагласуваат дека изучувачот и неговата перцепција за она што е слично или различно

во двата јазика (Ј1 и Ј2) се основа за преносот. Значи преносливоста не е случајна, но е

селективна, предвидлива и зависи од повеќе критериуми. Важно е да се спомене дека

за да се јави пренос на структурите изучувачите треба да достигнат извесно ниво во

познавањето на вториот јазик, за да можат да препознаваат или да почнат да избираат

што ќе пренесат. Се очекува меѓујазичното влијание да биде најсилно и да се јават

проблеми во усвојувањето кога има:

Диференцијација на форми: за една структура во првиот јазик има две или

повеќе во јазикот цел;

Отсуство во Ј1 на структура која постои во Ј2;

Форми кои имаат слични функции, но не се поклопуваат целосно.

Според Оdlin (во Doughty & Long, 1989: 440, 2003: 424), сличностите и разликите

веќе не се единствените фактори кои влијаат врз усвојувањето, но централна е улогата

на изучувачот. Меѓујазичното влијание се должи на неговата когнитивната перцепција

односно можноста за лесно забележување и интерпретација на одредени структури. Со

други зборови за да има трансфер мора да има препознавање и совпаѓање што ќе го

рефлектира граматичкото и концептуалното значење (‘Transfer to somewhere principle’,

Andersen 1980). Позитивното влијание според Righbow (1987), цитирано кај Doughty &

Long (2003: 3-17), го засилува учењето и има ефект врз усвојувањето доколу

изучувачот го препознае ова влијание и го применува при совладувањето на Ј2.

Kако резултат на меѓујазичното влијание се јавуваат следниве процеси:

52

- генерализација на структурни еквиваленти кои може да се јават заради разликата

(при зачестеноста или опсегот) на нивната употреба во двата јазици,

- избегнување на извесни структури (avoidance7) ,

- примена на правилата од првиот јазик во вториот јазик и

- додавање (хипeркорекција).

Генерализација се јавува кога една структура во меѓујазикот на учениците се

користи многу повеќе одошто е потребно и се јавува во несоодветни контексти. Кога

учениците не се сигурни за употребата на некои структури од Ј2, а кои најчесто ги

намаат во Ј1, тие ги избегнуваат или пак ги користат многу внимателно во ограничени

контексти (underuse). Учениците може да применуваат правила кои важат во Ј1 и во Ј2

(го следат редот на зборови од Ј1, испуштаат или додаваат реченични членови итн.)

што доведува до создавање неправилни структури. Делумното преклопување на

формите и функциите кај извесни структури исто така води кон нивна несoодветна

реализација.

Целта на ова истражување е докажување на меѓујазичното влијание на

македонскиот јазик во меѓујазикот на говорителите што се должи на следниве фактори:

Во македонскиот јазик постои само една форма која ги покрива сите функции

на двете различни форми во англискиот. Единствената структура во македонски

се јавува во сите контексти, а учениците (барем на почетокот) заради аналогија

је користат формата од Ј2 која е најблиска до неа по форма и значење.

Учениците го поврзуваат несвршениот аспект во македонски со прогресивната

форма во англиски што доведува до генерализација на PC формата заради

нејзините својства и семантичко значење.

Резултатите од корпусот на меѓујазикот и тестовите треба да го објаснат влијанието на

македонскиот јазик во изборот и употребата на формите за сегашно време во

англискиот притоа земајќи ги предвид разликите во изразување на аспектот и

поврзувањето на формите со функциите.7 Во испитувањето на Shatcher (кај Gass & Selinker 2001: 137) каде истражувањето за употреба на релативни реченици не се ограничува само на задожителни употреби, но се бројат и употребите во несоодветни контексти, таа забележала избегнување на структура кога истата не постои во првиот јазик на изучувачите.

53

2.6 Методи на анализа

Во истражувањето се користени податоци од три извори. Основен извор е

Македонски корпус на англискиот меѓујазик– МКАМ

(http://mkam.app.fon.edu.mk/Default.aspx ) , поточно селектираниот поткорпус кој се

ограничува на текстовите од учениците од 5 до 15 години. Ја анализирам само

потврдната форма кај формите за изразување сегашно просто време (отсега PS форми)

и формите за изразување сегашно трајно време (PC форми). Тоа значи дека се бројат и

опишуваат сите реализации на овие две форми со цел анализа на нивната формално-

функционална дистрибуција.

Друг извор е корпусот на родени говорители на англиски јазик (LOCHNESS) кој се

зема како споредбен заради утврдување (во овој случај) само на функционалната

дистрибуција на испитуваните форми и начинот на кој истите се користат од родени

говорители. Прашањето е колкава е зачестеноста во употребата на испитуваните

форми во овој корпус, дали е приближно иста или е сосем различна од поткорпусот на

меѓујазикот. Од посебен интерес за мојата анализа е употребата на PC формите,

нивните функции и контекстите во кои тие се јавуваат.

Последниот извор на податоци се резултатите од дополнителните тестови кои се

составени така што вклучуваат реченици кои ги опфаќаат сите функции и на двете

форми, а во кои ученикот е тој кој ја избира соодветната форма и нејзината правилна

употреба во даден контекст. Целта на овие тестови е дополнително да се продлабочат

сознанијата добиени од корпусот, да се потврдат и прошират добиените резултати и

податоци и да се направи споредба на употребата на исти форми во слободен, но и во

контролиран контекст.

2.6.1 Опис на корпусот

МКАМ е составен од текстови напишани од изучувачи од различна возраст, пол,

ниво на познавање на јазикот и со различен прв јазик (македонски, турски, албански).

Мојот поткорпус (селектиран корпус) опфаќа испитаници од 5 до 15 години со

македонски мајчин јазик, а опсегот е од ниско до средно виско ниво (А1, А2, Б1, Б2).

Задачите се слободни состави и наративи, формални и неформални писма и дијалози.

54

Некои од темите се повторуваат зашто беа предложени кога се креираше корпусот, а и

се дaдени како прашања за испитаници кои се тестираат и пишуват состави на самата

веб страна. Еден дел од текстовите, пак, се со послободни теми различни од

предложените, кои наставниците ги собираа од учениците на часовите по англиски

јазик или на дополнителната настава. Истражувачите ги собираа материјалите во

училиштата во кои работат или со помош на други колеги наставници. Испитаниците

добиваат тест со кој се одредува нивното ниво и пишуваат три текста на одредени или

слободни теми. Резултатите добиени од тестовите и текстовите се внесуваат во

корпусот рачно без да се прават измени или поправки. Нема начин да се потврди дали

ова е случај секогаш и со сите наставници, што е една од слабостите на овој начин на

собирање податоци и нивно внесување со препишување (можни се измени и во тој дел

иако многу понезначајни од можните интервенции на наставникот). Исто така, не може

со сигурност да се потврди дека текстовите се оригинални или пак се преземени од

интернет или од некој друг извор. Сепак, работата на корпус составен од творби на

изучувачи многу поверодостојно и пореално ја рефлектира состојбата на одредени

форми и дава опис на живиот јазик, а и овозможува споредба на целните структури и

со Ј1 и со Ј2 (Granger 2002). Корпусот дава можност, формата која одбрал, да ја

анализира истражувачот да се следи по нивоа со што се покажува динамиката на

усвојување, развојот на формите и нивната употреба согласно напредокот на

говорителите. Описот на сите степени на развој на меѓујазикот дава увид во неговите

тековни правила и принципи и ја следи нивната промена. За да се проверат и потврдат

резултати од корпусот потребни се дополнителни истражувања кои се конкретни и

фокусирани на специфичниот интерес на истражувачот.

При анализата на резултатите од корпусот што се однесуваат на формата се бројат

сите пројавувања, односно сите глаголи кои се маркирани со наставката –s, наставката

–ing и помошниот глагол to be. На тој начин се утврдува колку се правилни, колку се

неправилни, а кај неправилните понатаму се анализира типот на отстапувања. Во

табелите во третиот дел (3.2, 3.3, 3.4 итн). се дава опис на реализираните форми во

пооделните нивоа според утврдена категоризација. Овој број е поголем од бројот на

формите кои се прикажани во нивните реализирани функции во графиконите во истиот

дел. Оваа разлика се должи на тоа што кај еден дел од реализираните форми не можат

со сигурност да се утврдат функциите зашто се или нејасни, нелогични или пак се

55

двосмислени. Затоа овие форми единствено се дадени во прегледот на формалната

реализација, а се исклучени од анализата на функционалната дистрибуција.

2.6.2 Опис на дополнителни тестови

Согласно фокусот на моето истражување и поставените хипотези беше направено

дополнително истражување кое вклучи 120 испитаници од сите нивоа. За

дополнителното истражување употребив тестови што ги составував користејќи дел од

примери во корпусот каде се јавуваа грешки кои сметав дека треба и понатаму да се

анализираат, но и реченици кои ги составував согласно повеќе параметри. Заради

прилагодување кон различните степени на познавање на јазикот тестовите беа

поделени на две нивоа (прво ниво за А1 и А2 и второ ниво за Б1 и Б2). Двата теста

имаат по 28 прашања (реченици) со приближно балансиран број на примери со

различните функциите на испитуваните структури. Единствено што вокабуларот во

првото ниво е поедноставен, а има и поголем број прашања од прототипните употреби

(на пример PS за состојби или хабитуелност) во споредба со специјални употреби

(историски презент или експресивни функции) иако и тие се вклучени. Во второто

ниво се вклучени сите функции подеднакво. При броењето на примерите ваквата

разлика е земена предвид и се изброени по ист број на реченици за секоја функција за

да се избегне можниот дисбаланс или да се добие погрешна процентуална разлика. Дел

од речениците се со прилози за време и зачестеност, но има и реченици во кои глаголот

е употребен самостојно, а испитаникот треба да избере и одлучи за соодветна

структура согласно навестувањата од контекстот, опкружувањето и видот на глаголот.

Со тестовите може контролирано да се следи и провери употребата на испитуваните

структури преку осмислени прашања кои овозможуваат проверка и докажување на

очекуваните хипотези.

Употребата на тестови е логичен след и дополнување на слободните состави во кои

учениците имаат поголема слобода при избор на јазичен материјал. Во тестовите од

нив се бара да изберат форма и функција (да одберат од понудени опции) или да ја

напишат правилната форма врз основа на познавањето на формата и на функцијата во

сите испитувани контексти. Спомнав дека заради подобра координација меѓу двете

анализи во тестовите вклучив дел од речениците од корпусот во кои имаше

отстапувања или пак варијабилност во формата или употребата кај истиот испитаник

56

или кај различни испитаници. Ваквото продлабочување на анализата на структурите

овозможува детално разгледување на формално- функционалната дистрибуција во

слободен и контролиран контекст и нивна споредба.

Подетално за сите функции на структурите за изразување PS и PC, нивната

правилна употреба изразена процентуално, отстапувањата, грешките како и споредбата

со резултатите од корпусот ќе ја дадам во делот за презентација на резултатите од

тестовите.

2.7 Опис и анализа на корпус на родени говорители

Согласно моделот на Granger (2002), заради релевантна и издржана споредба на

резултати добиени од корпус на меѓујазик, потребно е да се направи споредба на

добиените резултати со уште два извори, и тоа: корпус од мајчин јазик и корпус од

родени говорители. Ваквата споредба според горенаведените автори е важна зашто ја

покажува функционалната дистрибуција на испитуваните форми и тоа во три посебни

корпуси: на меѓујазик, на јазикот - цел и на првиот јазик со што се добива целосна

слика за однесувањето на целните форми. Во ова истражување се анализираат

употребите на формите за сегашно време, а како корпус од родени говорители се

користи корпусот LOCHNESS (Louvian Corpus of Native English Essays ‘Лувенски

корпус на есеи на родени говорители на англискиот јазик’). Овој корпус вклучува есеи

од матуранти и есеи од универзитетски студенти, но во ова истражување се користени

само есеите на матурантите. Во македонскиот јазик има само една форма (несвршена

форма од трајните глаголи) која се употребува за сите функции на двете испитувани

форми во англискиот јазик (PS и PC формите) и затоа акцентот е на споредба на

формите кои се јавуваат во меѓујазикот и нивните реализации во корпусот на родени

говорители. Нагласувам дека во мојот фокус се потврдните форми за PS и PC за

изразување на сегашно време и сите нивни функции во јазикот на македонските

изучувачи.

57

3. АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОРПУСОТ

3.1 Анализа и опис на формално - функциналната диструбиција на PS и PC

Корпусот се користи за опис и анализа на формите за изразување сегашно време и

за сите нивни фукции во меѓујазикот на изучувачите. Во издвоениот поткорпус се

обележани сите појавувања на испитуваните структури. Форми за изразување на

сегашно време во англискиот јазик се основната, немаркирана PS форма и

прогресивната, маркираната PC форма. Секоја форма има повеќе функции, кои се

анализирани во истражувањето, а се дадени во табела 3.1.

Табела 3.1 Функции на PS и PC формите

PS PC

состојби моментен презент

хабитуалност дејства околу моментот на зборување

факти (генерални вистини) привремени дејства

идност Идност

наративен презент експресивна хабитуалност

а) Форма

Обележани и изброени се сите точни реализации и најчестите отстапувања кои се

издвоени, категоризирани и прикажани во табели. Како посебни категории се

прикажани следниве: испуштање на наставката –s во трето лице еднина кај PS,

испуштање на помошниот глагол to be или наставката –ing кај PC формите,

хиперкорекција (двојно маркирање) и посебната категорија “други” грешки (во која се

вклучени маркирање со –s на други лица, мешани форми и сл). На овој начин се

покажува текот на усвојувањето на формата кај испитаниците од различни нивоа.

б) Функција

Обележани се сите глаголи кои се употребени во наведените функции на двете форми

кои се анализирани и опишани според неколку критериуми:

- Формата се бележи како правилна и соодветна или неправилна во контекстот во кој се

јавува.

58

- Се бележи функцијата (изразување на хабитуалност, моментен презент, иднина,

минатост, став на говорителот и сл).

- Се бележи лексичкиот аспект на глаголите кои се јавуваат во овие реченици и се

следи маркирањето со граматички показатели (фокусот е на маркирање со

прогресивната форма и додавање на наставката –s во трето лице еднина кај

неутралната).

На овој начин може да се покаже процентот на соодветно и несоодветно

употребени форми и да се утврдaт контекстите во кои тие се јавуваат. Најголем

процент од формите се очекува да се појавуваат во прототипни ситуации, а анализата

на сите соодветни примери од корпусот треба тоа да го покаже (на пример форма за PS

употребена за изразување хабитуалност). Со ваква анализа се покажува и правецот на

проширување на употребата на формите во други контексти и се разгледуваат можните

причини за ваквиот избор. Секое ниво се анализира посебно и се утврдуваат

отстапувањата и грешките како што се генерализација, избегнување на структура,

употреба на несоодветни структури за извесни контексти итн. Правилните реализации

и отстапувањата се издвојуваат и детално се анализираат, па се утврдува процентот на

сите функции во кои се јавуваат формите што покажува како изучувачите го разбираат

односот форма – функција. Претставувањето е по следниов редослед:

а) За секое ниво посебно е дадена табела во која се претставени формите и тоа

бројот на правилно реализирани форми во сите лица, но и бројот на формите

реализирани во 3 лице еднина. Во објаснувањата под табелата формите за 3 лице

дополнително се анализираат како правилни или неправилни, се прикажуваат во

проценти и се илустрираат со примери.

б) За секое ниво се претставени функциите и на двете форми, нивните правилни

реализации и отстапувања; фокусот е на двете испитувани форми и на нивното

проширување во несоодветен контекст (PS наместо PC и обратно), а категоријата

‘друго’ дообјаснува каде уште се јавуваат овие структури (на пр. за минато просто и за

минато трајно време). Ова ќе биде покажано преку графикон по кој следат објаснувања.

По описот на сите нивоа поединечно следи графикон каде е покажана споредбата на

точни и неточни употреби и за двете форми низ сите нивоа. Ова визуелно го покажува

напредокот од едно ниво во друго и ја докажува поставената хипотеза зa начинот на

усвојување на структурите.

59

в) Податоците од корпусот ќе се искористат и за споредба со корпусот на родени

говорители на англискиот јазик и ќе се направи паралела и споредба меѓу нив.

г) Податоците од корпусот ќе се искористат и за графичка споредба со податоците

од дополнителните тестови, и тоа: за правилните и неправилните реализации на двете

форми за секое ниво што ќе биде објаснето по деталната анализа на дополнителните

тестови.

3.1.1 Ограничувања во методологијата на истражување на корпус

Кај методологијата на истражување го објаснив начинот на кој се собираа

материјали за корпусот (види 2.5.1). Во слободните состави учениците го пишуваат тоа

што најдобро го знаат, што значи дека не секогаш ќе се добијат доволно примери од

сите функции, иако учениците можеби ги имаат и совладано. Тоа зависи главно од

темите, од видот на текстовите, од возраста на учениците итн. Во нивото А1 има мал

број на зборови заради што споредбата со другите нивоа се чини понесоодветна.

Сепак, очекувано е на ова ниво изучувачите да не можат самостојно да пишуваат

текстови со употреба на различни структури, но да користат веќе научени фрази и

изрази, па дури и цели параграфи. За моето истражување е важно тоа што може да се

утврди дека во ова ниво се јавуваат и двете форми, се покажува нивната

функционалната дистрибуција и варијабилност во употребата.

Другата посериозна слабост е поврзана со корпусот на родени говорители.

Споредувани и анализирани се формите и нивните реализации согласно со бројот на

зборови од двата поткорпуси (нивоата Б1 и Б2 од корпусот на меѓујазикот) и исто

толку од корпусот на родени говорители. Кај двата корпуси постои значајна разлика

прво во возраста на учениците, стручноста, но и изборот на темите, времето дадено за

пишување и можноста за корекција. Во англискиот корпус тестовите беа од матуранти

(16 години) и истите се есејски прашања за кои учениците се подготвуваат и се

проверени за грешки. Добиените податоците, иако релевантни и издржани, не

одговараат во целост на потребата да се споредат соодветни текстови. Под соодветни

се подразбира текстови напишани од деца на иста возраст кои пишуваат за исти или

барем слични теми со приближно исто дадено време за пишување и без претходна

подготовка. Ваков корпус не ми беше достапен и затоа го користев оној што ми беше

достапен. И покрај оваа слабост, заради тоа што единствено со спoредба на податоци 60

од меѓујазик и корпус на родени говорители, може да се донесат релевантни и

издржани заклучоци во однос на поставените хипотези.

3.2 Воведување на PS и PC формите во наставниот план и програма

Испитуваните структури се воведуваат во наставата преку наједноставни

објаснувања првенствено за прототипната употреба и функционалната дистрибуција во

еден ограничен контекст. Прво, се воведуваат PS формите, а контекстот е рутински и

секојдневни активности. Па потоа, PC формите за дејства во моментот на зборување.

Согласно напредокот на учениците и преминот во други повисоки нивоа се

прошируваат објаснувањата кои ја следат употребата на една иста форма во повеќе

контексти: (PS за состојби, факти и научни вистини, фиксни идни настани) и PC (за

привремени дејства, иден план и намера). Детално прегледав повеќе учебници кои се

одобрени и прифатени за работа во нашите државни училишта, a се во согласност со

наставната програма донесена од бирото за развој на образованието (www.bro.gov.mk).

Во овој дел ќе дадам преглед на редоследот и начинот на кој се воведуваат овие

структури во учебниците од основно образование, а за средно образование прегледот е

даден прелу објасување на наставниот план и програма. Ќе го објаснам начинот на кој

се воведуваат структурите во следните учебници: Project 1, Project 2, New Sky 1, New

Sky 2, Welcome 1, Welcome 2, Messages 1, Messages 2, Dream Team 1, 2, 3 , Blockbuster 2 8.

Прво, се презентираат PS формите и тоа со текст кој претставува дневна рутина

(Project 1, 2008: 46) или факти за начинот на живот на некое животно (New Sky 1, 2005:

56). Единствено во Welcome 1 прво се воведува PC формата за дејства во моментот на

зборување, за на наредниот час да се воведат PS формите. Кога се работи за PS прво се

воведуваат формите за 1 и 2 лице еднина и тоа во потврдна, негативна и прашална

форма, па потоа формите со 3 лице еднина и тоа во посебна наставна содржина. Во

наредните лекции има текстови каде се дадени и прилозите за зачестеност и

објаснување дека PS формите најчесто се врзуваат со овие предлози зашто „oзначуваат

8 Project 1 (Tom Hutchinson , 2008) и New Sky 1 ( Jonathan Bygrave et al 2005) и Welcome 1 (Elizabeth Grey & Virginia Evans 1999) се користaт во четврто одделение. Број 2 од истите наслови пак се користат во петто одделение од деветгодишно образовиание. Messages 1 и 2 (Meredith Levy & Diana Goodey, 2005) се користат во шесто и седмо соодветно. Учебникот Dream Тeam 3 и Blockbuster (V. Evans & Doley 2005) се за осмо одделение.

61

дејства кои се повторуваат во определени временски интервали што е и нивна основна

употреба” (Project 1, 2008: 47). Ваквото претставување е вовед во почетната споредба

меѓу двете форми и соодветно двете сегашни времиња во англискиот јазик. Кога се

воведуваат PC формите контекстот е ист кај сите горенаведени учебници - претставен е

телефонски разговор во кој соговорниците разговараат и опишуваат што се случува во

моментот на самиот разговор: We are going to Big Ben. ‘Одиме кон Биг Бен’ (New Sky 1,

2005: 72), We are sitting on the beach. ‘Седиме на плажа’ (Project 1, 2008:72), We are

having a great time. ‘Сите добро се забавуваме’ (Welcome, 1999: 96).

Понатаму двете форми т.е. двете сегашни времиња се споредуваат, a ситуацијата

којa ja претставуваат е илустрирана во следниве примeри:

1. I play in the garden when it’s sunny but today I am not playing in the garden. I am

having a bath at the moment. ‘Кога е сончево играм во градината, но денес не играм во

градината. Во моментот се капам.’ (Project 1, 2008: 54)

2. We are watching TV even though it’s Sunday morning. Usually we go hiking on

Sunday mornings. ‘Гледаме телевизија, иако е недела наутро. Во неделните утра, обично

одиме на планинарење’ (Project 2, 2008: 72)

Во учебниците Messages 1 и 2 кои се за шесто и седмо одделение структурите

повторно се даваат во сличeн контекст како кога првично се воведуваат, но во нив нема

споредба на времињата. Во Messages 1, (2005: 97) текстот со кој се воведува формата

за PC е пренос на фудбалски натпревар. Текстот ќе го предадам во целост зашто

сметам дека со ваквото претставување не се разграничува употребата на PS и PC

формите со нивните издвоени и различни функции.

3. Joe’s got the ball. And it’s a goal! The fans are shouting: We love you Joe! Joe’s

waiving at them and hе’s smiling. Joe’s mum is waving too but he can’t see her. She’s

watching the match on TV. A photographer is shouting: Joe, look at me! Two girls are

saying: Joe come and talk to us. Suddenly Joe is famous and everybody loves him. ‘Топката

е кај Џо. И гол! Навивачите викаат: „Џо, те сакаме!!!“. Џо им мавта и им се

насмевнува. Мајка му мавта, но тој не може да да ја види. Таа го гледа натпреварот на

телевизија. Фотографот вика: „Џо, ваму, гледај ваму! Две девојки му велат: „Џо, дојди

и зборувај со нас.“ Одеднаш Џо е познат и сите го сакаат.’

62

Kaj Williams (1999: 111) е нагласено дека PS формите се користат за дејствата,

настаните кои се однесуваат на самиот натпревар (‘He passes, then kicks the ball and hits

the goal’) додека пак за дејствата во позадина кои се однесуваат на дополнителни

активности или описи, може да се употребаат и PC форми (‘The fans are cheering’). Во

текстот наведен погоре (пример 3) таквата поделба на функциите не е јасно дадена, а

начинот на кој структурите се користат во учебниците и објанувањата од наставникот

влијаат на тоа како учениците ќе ги разберат и усвојат.

Оваа дискусија е важна заради тоа што е во директна врска со резултатите добиени

од истражувањето, особено резултатите од дополнителните тестови. PC формите за

изразување на идност се воведуваат уште во петто одделение. Со тоа што се

претставува одреден план и намера во блиска иднина, најчесто со текстови каде се

дадени планирани активности за следната надела со точно определено време (‘What are

you doing on Sunday at five o’clock?’ Project 2, 2008: 82). Во учебникот New Sky 2 (2005:

49) при претставувањето на PC формите за иднина е даден распоредот (или агендата)

на позната музичка ѕвезда и нејзините активности во тековната недела. Ваквото

претставување може да се сфати двосмилено зашто нејзината агенда се темели на веќе

изготвени планови и се работи за рутинска идност за што посоодветни се PS формите.

Во учебниците за oсмо одделение воопшто не се среќаваат формите и употребите на

PS и PC, а во програмата за прва година средно образование освен прототипните

употреби единствена специјална употреба на PC формите која е презентирана е за

изразување план и намера. Изразувањето на рутинска идност и наративен презент се

јавувааат подоцна во трета година, а експресивната функција во четврта година.

Од прегледот е јасно дека со вежби и избрани задачи и текстови се разграничуваат

разликите преку споредби со што изучувачите стануваат свесни за семантичкото

проширување на формите. На истиот начин се очекува да напредува и ученикот, а

целта е употребата на формите да се доближува до широкиот спектар на употребата кај

родените говорители. Учебниците ги претставуваат структурите согласно со моделот

за редоследно усвојување на морфеми (‘Morpheme order studies’). Тие даваат опис на

очекуваните компетенции и перформанси што треба да ги поседува ученикот по секоја

тема согласно планираните наставни програми. За секој степен има детални описи во

однос на очекуваните цели и исходи (граматички, лексички, морфолошко-синтаксички

како и комуникативни вештини), односно што учениците треба да можат и да знаат на

одредено ниво. Резултатите од мојата анализа би требало да покажат колку од ваквите

63

претпоставени очекувања е остварливо, каде постои целосно или делумно

преклопување или разидување.

3.3 Опис на поодделните нивоа

Описот на табелите и графиконите за сите нивоа е даден на следниов принцип:

прво се прикажува формата со правилните и неправилните реализации, односно бројот

и процентот на правилните форми, па бројот и процентот на неправилните со нивните

најчести отстапувања. Во посебна табела се прикажува употребата на PS формите со

основните прилози за зачестеност (always, usually, often, sometimes и некои други) по

што следат објаснувања и образложенија на податоците од табелите. По описот на

формата следат примери на правилните употреби (за PS - состојба, хабитуалност,

историско минато и за PC - моментен презент, привремени дејства), примери на

несоодветни употреби и примери каде има двосмисленост во значењето. Резултатите се

сумирани во табели и графикони кои ги прикажуваат правилните и неправилните

употреби прво за сите функции на PS и PC заедно, потоа за секоја поедничена

функција. Графикони се дадени на секое ниво по секоја форма (PS и PC), а резултатите

од правилните и неправилните употреби за сите нивоа заедно се дадени по конечниот

заеднички графикон по што повторно следат објаснувања и заклучоци.

33333 Ниво А1

3.3.1.1 PS- Форма и функција

а) Форма

Поткорпусот на нивото А1 има 9500 илјади зборови. Темите во корпусот во

најголем дел се повторуваат, а ова се сите теми кои се јавуваат: „Секојдневна рутина“,

„Мојата биографија”, „Мој омилен филм”, „Опис на слика / фотографија”. Дијалозите

чиј иницијален формат е даден, а контекстот е претходно објаснет се делумно

комплетирани, но во значително помал процент во споредба со другите нивоа.

64

Табела 3.2. PS форми на нивото А1

PS форми (сегашно просто време) Број

Точна форма Во други лица 98

Во 3 лице 42

Неточна форма Испуштање на –s 22

Хиперкореција (двојно маркирање) 4

Други грешки кај 3 л.еднина 6

Вкупно неточни во 3. лице еднина 32

Вкупен број на форми 3 л. ед. 74

Сите форми 193

Во табелата 3.2 е даден бројот на правилно употребени форми во сите лица и во

трето лице еднина. Неточните форми се дадени во посебна колона. Ваквото

издвојување е важно зашто со прикажување и на точните и на неточните форми кај 3

лице еднина се следи развојот на усвојувањето на морфемата –s која е наставка за

сегашно просто време. Испуштањето на –s, според теоријата за природен ред на

усвојување на морфемите (теоретски дел 2.5, табела 2.4) се очекува да е најтипичната и

најчеста грешка во почетните нивоа кај изучувачите независно од првиот јазик. Дали е

ова случај и кај македонските изучувачи се покажува преку споредба на процентот на

точните и неточните пројавувања на наставката –s во нивниот меѓујазик. Регистрирани

се вкупно 193 PS форми од кои 74 се во 3 лице еднина. 42 се точни употреби (57%), кај

22 е испуштена наставката –s што е 30% од PS реализациите само во 3 лице еднина,

а 13% се друг тип на грешки. Ова значи дека во ова ниво процентот на испуштање на

наставката е голем и покрај тоа што оваа форма се воведува релативно рано во

наставата и на неа се посветува големо внимание. Ваквиот податок е во согласност со

тврдењето дека додавањето на наставката –s е проблем во усвојувањето кај

говорителите,а тоа е резултат на нејзината специфичност: перцептуално е помалку

забележлива, изучувачите ја сметаат за излишна зашто нејзиното испуштање не

внесува двосмисленост и не го попречува разбирањето. Хиперкорекцијата (двојното

маркирање) се јавува кога учениците при образување на формите користат еден дел од

65

една форма и еден дел од друга форма со што се добива неправилна комбинација од

две форми. Двојното маркирање, меѓутоа, е показател дека учениците се свесни за

постоењето на различни форми со посебни карактеристики, а неправилното користење

е показател дека се уште не им се усвоени. Примери за хиперкорекција (двојно

маркирање) што ги забележав во корпусот се следниве:

4. I am goes to school every day. ‘Секој ден одам на училиште’

5. He is wins always when we play tennis. ‘Секогаш кога играме тенис тој победува’

6. I am likes spaghetti ‘Јас сакам шпагети’

7. My dad is works like a doctor ‘Татко ми е доктор’

За да се утврди колку често учениците употребуваат прилози во нивните состави и

дали точноста на формите е во директна зависнот со употребата на прилози избројани

се сите примери каде истите се јавуваат, а нивниот број е прикажан на табела 3.3. Од

вкупно 133 точни примери, 19 се со основните прилози за фреквенција- значи 14%.

Tабела 3.3 Приказ на појавувања на РЅ со прилози со зачестеност

Прилог Број на

појавувања

always ‘секогаш’ 3

usually ‘обично’ 2

often ‘често’ 3

sometimes ‘понекогаш’ 1

други 6

вкупно 19

Ова покажува дека иако процентот на употреба на прилози е најголем во споредба со

другите нивоа, сепак учениците правилно ја употрeбуваат форматa и кога не е поврзанa

со прилози. Контекстот е мошне ограничен и најголем број од текстовите во кои се

66

јавуваат овие форми се за дневна рутина што значи дека честото повторување на

дејствата е очигледно и без основните прилози. Само во 3 случаи се јавија прилозите

every morning, every night и most days, повторно кога учениците раскажуваат за своето

секојдневиe.

б) Функција

Табела 3.4 Правилна употреба на PS формите во сите функции

Табела 3.5 Неправилна употреба на PS формите

Во табелата 3.4 е даден детален преглед на правилната употреба на PS формите во

сите функции во кои се јавуваат. Процентите се пресметани од вкупниот број

реализации на оваа форма во нивото А1 кои беше можно да се протолкуваат (вкупно

167). Од овој број процентуално се пресметани и прикажани сите правилни употреби

67

А1 PS - вкупно 167 (100%)

Правилно употребени 162 (95%)

Состојба 59 (36%)

Хабитуални 70 (43%)

Факти 14 (8%)

Идност 3 (1,5 %)

А1 PS- вкупно 167 (100%)

Неправилно употребени 9 (5%)

За моментни 5 (3%)

Наместо PPC 1 (0,5%)

Наместо минато просто (past simple) 2 (1%)

Наместо минато трајно (past cont.) 1 (0, 5%)

на PS формите во следните функции: изразување хабитуални дејства (44%), состојби

(36%), факти (13%) и наративен презент (9%). Табелата 3.5 го покажува бројот и

процентот на неправилно употребени PS форми кои во ова ниво се јавуваат за

изразување минато просто време (1%), минато трајно време (0,5%) и сегашен перфект

(1%) што значи дека PS формите се генерализираат и за двете форми кои изразуваат

минато време.

Резултатите покажуваат дека РЅ формите се јавуваат често во соодветни функции.

Тие не навлегуваат во сферата на РС, со исклучок на 5 примери за моментни дејства

(пример 8).

8. And there I can see a man. He talk to someone in the van and the van hitting the car.

‘Гледам еден човек. Тој зборува со некој во комбето, а комбето се удира во колата’

На ова ниво се јавуваат ограничен фонд на глаголи: like, love, live, have, study, eat,

go, play, work. Примерите подолу (9, 10,11) ја покажуваат употребата на PS формите за

искажување трајни и релативно стабилни состојби. Најчесто употребувани глаголи се

глаголите love, like, have, а се употребени за изразување долготрајна состојба кај која

нема елемент на промена.

9. I live with my family: my brother, my mather, my fader and my sister. We have flet in

Skopje. My dad he work in campany. My mather she working in shop, sale thing. ‘Живеам со

семејството: брат ми , мајка ми и сестра ми. Живееме во стан во Скопје. Татко ми

работи во една фирма. Мајка ми работи во продавница’

10. My favourite teacher is Ema. She is a teacher for English. She is tall, little fat and

beautiful. Always has beautiful nails. She loves kids and she always relate to us. ‘Moja

омилена наставничка е Ема. Таа е висока, убава, иако е малку дебела. Секогаш има

убави нокти. Сака деца и убаво соработува со нив’.

11. He likes apples very much. ‘Тој многу сака јаболка.’

Формите за PS се чести кога изразуваат повторливи дејства како во примерот 12.

12. My favourite food is Nesquik. I eat it every morning with cap of milk. ‘Моја омилена

храна е Несквик. Го јадам со млеко’.

Правилно се употребени PS формите за искажување на наративен презент што се

среќава при раскажување на филм (пример 13).

68

13. My favourite film is Fat Albert. It’s a comedy film. It’s about a girl (Doris) who

watche a cartoon on TV and suddenly a character, the fat boy Albert comes out from the TV.

He becomes alive. After, him, the other characters from the cartoon become and all of them

become good friends. ‘Омилен филм ми е комедијата Дебелиот Алберт. Се работи за

една девојка (Дорис) која гледа цртан, и дебелиот Алберт излегува од телевизорот. Тој

оживива. Потоа сите оживуваат и стануваат добри пријатели.’

Има и еден пример на употреба на PS формите за изразување идност. Дејствата кои се

изразуваат со овие форми се користат или за возeн ред (timetable) или за фиксни и

рутински, однапред испланирани дејства кои се дел од идна програма или агенда.

14. You: Can you pick me up to a tennis match, next weekend? Daniel: Ok! What time is

the match starts . You: It starts at 7:30 ‘Можеш ли да ме земеш за натпреварот наредниот

викенд? ОК. Кое време започнува? Почнува вo 7:30.’

Во примерот што следи (пример 15) PS формата изразува сугестија, предлог за да се

изврши идно дејство. Употребата на PS формата е несоодветна и се смета за погрешна

зашто одлуката за вршењето на дејството е моментална. Не се работи за планирано

дејство и затоа соодветна во овој пример би била формата за идно време will.

15. Your friend: I like to go to visit Radovis. You: OK. We have beatiful chrch. Your

friend: I like to visit him. You: OK. We go tomorow ‘Сакам да одам во Радовиш.- Има

убава црква. Сакам да ја видам. ОК. Ќе одиме утре.’

На ова ниво има и неколку примери (како пример16) на PS форми употребени со

значење на минатото време што покажува дека PS формите се јавуваат како замена на

форми кои учениците не ги знаат. Тоа покажува дека една форма се јавува за сите

функции и во сите контексти (категоријална употреба).

16. Last yiar we was in Turki. We was in hotel. Go with plein. Fortiin days. Bech was

good. Have very turists from Macedoniaj, Russsia and Serbija. Know girls from Russia. We

speak English. I was happy. ‘Лани бевме во Турција во хотел . Одевме со авион. 14 дена.

Плажата беше добра. Имаше туристи од Македонија, Русија и Србија. Зборував

англиски. Бев среќен.’

Горенаведените примери ги покажуваат сите употреби на PS формите во ова ниво, а

примерите што следат се примери на генерализација на PC формата во контекст каде

69

правилно би требало да се употреби PS. Има околу 30% употреба на PC формите во

несоодветен РЅ контекст, од кои најмногу за хабитуални дејства (табела 3.8). Во

примерите 17 и 18 формите за двете сегашни времиња се употребуваат наизменично во

хабитуален контекст, што убаво ја илустрира варијабилноста и несигурноста во

употребата. Во примерот 19 РС формите се употребени за историски, наративен

презент.

17. Sometimes when we have guests, me and my family staying very late at the night. I

аm very happy when my cousins come to me and we stay all night. With them talking about

for games on the computers, film, songs, girlfriends. ‘Кога имаме гости седиме до касно.

Среќен сум кога братучедите ни доаѓаат и остануваат цела ноќ. Со нив зборувам за

компјутери, филмови, девојки.’

18. I'm going home, I'm doing my homework, and when I'm finish with my homework I go

outside and play with my friends, Then I’m going home and I'm going to sleep. ‘Одам дома,

пишувам домашна и потоа играм со пријателите. Потоа одам дома и спијам.’

19. Phinieas and Ferb are bilding a platipus catapult who throws badminton balls and

they climing up the badmington ball and they are flying on the sky, and they are hiting in

Doctor D's lobratory. They are fixing together the other dimensionator. ‘П. и Ф прават

катапулт со кој фрлаат топки и се качуваат и летаат во небото, па стасуваат до

лабараторијата на д-р Д. Тие заедно го поправаат димензионаторот.’

3.3.1.2 Форма и функција на PC

a) Форма

Во употребата на РС се јавуваат неколку видови грешки, и тоа испуштање на

помошниот глагол ‘to be’, испуштање на наставката –ing, хиперкорекција (двојно

маркирање) и други грешки. Грешките се очекувани и се вообичаени кај говорители со

различни Ј1 (развојни грешки), но и кај родени говорители кога го учат мајчиниот

јазик. Gass & Selinker (2008:109) објаснуваат дека кога се усвојува една граматичка

структура се следи извесен редослед во усвојувањето на формите кои ја сочинуваат

структурата (‘acquisition sequence’). Кај усвојувањето на прогресивната форма прво се

јавува нулти прогресивот. Тоа значи се користи само главниот глагол (He going), па се

70

воведува помошниот глагол ‘to be’, но се испушта наставката –ing (He is go) за во

последната фаза изучувачите правилно да ги координираат и двете форми (He is going).

Табела 3.6 Формите за PC во нивото А1

PC форми (Сегашно трајно време)

точно Испуштање

на to be

Испуштање на

ing

хиперкорекција друго вкупно

30 17 8 1 / 57

53% 31% 14% 2% / 100%

Од табелата 3.6 се гледа дека најголем број грешки се со испуштање на помошниот

глагол (31%). Ваквата грешка може да е и резултат на влијанието на македонскиот

јазик каде нема помошни глаголи во структурите за изразување сегашно време, а

глаголите се образуваат со додавање на наставки. Испуштањето на помошниот глагол е

грешка типична и за сите други изучувачи и затоа најголема е веројатноста дека како

фактори за оваа грешка се јавуваат и двете влијанија. Има примери на хиперкорекција

(двојно маркирање) што е исто така развoјна грешка, поточно генерализација на

лингвистичкиот материјал од Ј2 (Ellis 1997: 35). За ваквите примери не може да се

тврди со сигурност дека се примери на двојно маркирање кај PC формите зашто истите

примери може да се јават и кај PS формите. Не е сосема јасно на што мислел и која

форма сакал да ја употреби говорителот. Затоа резултатите (2 примери или 3%)

илустрирани во примерите 20 и 21 се земаат со резерва.

20. He is goes to lessons. ‘Тој оди на часови.’

21. We are stays in a house on the beach. ‘Престојуваме во куќа на плажа’

б) Функција

Функции за кои се брои и aнализира употребата на PC во сите нивоа се: моментен

презент ограничен само на референцијалната точка ‘сега’ (пример 22), презент кој се

71

однесува на период околу моментот на зборување (пример 23) и привремени дејства,

т.е дејства со ограничено времетраење (пример 24).

22. Wait for mе. I’m coming. ‘Чекајте ме. Доаѓам.’

23. I am reading the book for our Macedonian lesson. ‘Читам книга за на часовите по

македонски’

24. Hope you are having great time in Macedonia. ‘Се надевам убаво си поминуваш

во Македонија.’

Други функции на PC формите во корпусот се за употрeба на идно време, кога е

јасна намерата на говорителот за извршување на дејството.

25. Sure! I can pick you up. Where do you going? You: I’m going in Liverpool by the

way, thanks! ‘Секако. Ќе те земам. Кај ќе одиш? Одам во Ливерпул’

За функциите кои се типични за PC не се јавуваат форми за PS со исклучок на

неколку примери кои се однесуваат на опис на слика која учениците ја гледаат и ја

објаснуваат (пример 26 и 8 погоре).

26. The man on the street clean his car and the woman is reading a book on the bench.

‘Човекот ја чисти колата, а жената чита книга на клупата.’

Со примерите 26 и 27 се покажува дека учениците ги користат наизменично и двете

форми без принципиелно да ги следат правилата и без систематизација. Тоа значи дека

се јавуваат две различни форми со иста функција во ист контекст дури и во рамките на

иста реченица или ист параграф. Ваквата осцилација најчесто се појавува во случаи

кога се јавува употреба на PC формите во контексти каде треба да се употреби PS, што

може да се смета за генерализација на РС формите. Се генерализира употребата за

глаголи кои изразуваат хабитуални дејства (пример 17 и 18 погоре), а забележан е само

еден случај на проширирување на употребата со глагол за состојба (пример 27).

27. He is styding at Кire Gavriloski school. ‘Toj учи во Кире Гаврилоски’

Во корпусот има и употреби на PC наместо формите за минато просто време (пример

28).

28. Last Saturday was my birthday party. I decorating my garden with baloons. We

played a lot of party gamed. ‘Мината сабота ми беше роденден. Ја украсив градината со

балони. Игравме многу игри.’

Кај правилно употребените форми на PC (вкупно 57) прикажани во табела 3.7 најголем

процент (28%) се за изразување на привремени дејства, за моментни има 22%, а за

72

идни 10% од бројот на вкупните прoјавувања на PC формите. За оваа форма процентот

на генерализација е многу поголем во споредба со PS формата. Процентот и

контекстите во кои неправилно се јавуваат PC формите е прикажан во табела 3.8.

Процентот на неправилно употребени форми е 40% од кои најголем е процентот на

генерализирани PC форми во хабитуален контекст (14%), а значителен е процентот на

генерализации за изразување минатост во кој спаѓаат употребите за изразување на

историски т.е наративен презент (12%) и минато просто време (Past Simple) со 7%.

Интересно е да се спомене тоа што во ова ниво PC формите се генерализираат за

функции на минатото просто време, а не за трајно (Past Continuous), но не е јасно која е

причината за тоа. Учениците најверојатно ја користат формата што ја знаат во сите

контексти како еден вид општа форма. Примерите 29 и 30 илустрираат употреба на

PC формите за минати завршени дејства.

29. Last Saturday was my birthday party. I decorating my garden with baloons. ‘Мината

сабота ми беше роденден. Ја украсив градината со балони. Игравме многу игри.’

30. All was great while one of friends fall down in the water. She was embarassed, but

we driving her to the hospital. ‘Се беше добро се дури еднa пријателкa не падна во

реката. Таа се засрами, но ја однесовме во болница.’

Табела 3.7 Правилна употреба на PC формите во сите функци

А1 PC вкупно 57 (100%)

Правилно употребени (вкупен број) 35 (60%)

Моментен презент 13 (22%)

Околу моментот на зборување /

привремени 16 (28%)

идност 6 (10%)

Табела 3.8 Неправилна употреба на PC формите

А1 PC форми- 57 (100%)

Неправилно употребени (вкупен број) 23 (40%)

За состојби 1 (1%)

73

хабитуалност 12 (21%)

Наративен презент

6 (11%)

Наместо минато просто 4 (7%)

Наместо минато трајно /

Графикононот 3.1 го покажува процентот на точни и неточни употреби и на двете

форми. Во графиконот процентуално е претставен збирот на сите избројани правилни

и неправилни реализации во сите функции типични за PS и за PC - функции што се

подетално претставени во табелата 2. Со формите за PS се изразуваат хабитуалност,

состојби, факти и историскиот презент, а со формите за PC се изразува: идност

(намера, план, предвидување)9, моментен презент (актуелен и актуелизиран) и

привремени дејства. Лесно се воочувa дека поголем процент од неточните примери се

примери на генерализација на PC од кои најголем процент се за изразување на

хабитуални дејства. Tретата колона од графиконот ги прикажува и другите функции

кои се различни од горе споменатите, а тоа се употребите на PS и PC формите за

изразување минато просто и минато трајно време.

9 2. Примерите кои изразуваат иднoст се соодветнии на PC формата зашто изразуваат намера, план на говорителот да го изврши дејството, а не планирана и рутинска идност каде PS е соодветно. Оттаму примерите co PS кои се јавуваат во ова својство се бројат како отстапувања.

74

Графикон 3.1 Споредба на точна и неточна употреба на PS и PC форми

3.3.2 Ниво A 2

Во нивото А2 има 56 134 зборови, што значи дека на ова ниво испитаниците веќе

можат да пишуваат подолги текстови, со повеќе слобода во изразувањето и со повеќе

варијација во однос на избраниот вокабулар и структури. Ова се сите теми на кои

учениците пишуваат: „Мојата биографија“, „Мој омилен ден”, „Компјутерски игри”,

„Другар за допишување” (праќање на порака), „Мојот идол”, „Мојот најубав викенд во

животот”, „Мојот одмор”. Меморирани глаголски колокации кои во голема мера се

среќаваа во А1 се присутни и во ова ниво, но сега се јавуваат и послободни

комбинации. Се воведуваат и нови глаголи како на пример: change, try, pick up, hate,

prepare, enjoy. Ова го споменувам зашто мислам дека е важно да се анализира

употребата на глаголите кои не се толку често употребувани и среќавани во

учебниците. Во првото ниво во употреба беа не повеќе од 12 глаголи употребени во

предвидливи и очекувани контексти. Што значи дека веќе во А2 испитаниците повеќе

експеримeнтираат. Во ова ниво е уште видлива варијабилноста со тоа што и двете

форми наизменично се користат и има уште поголемо семантичко проширување за

значења кои се во домен на минатото време и на сегашниот перфект.

75

3.3.2.1 Форми и функции на PS

a) Форми на PS

Табела 3.9 Форми на PS во нивото А2

PS форми (сегашно просто време) Број

Точна форма Во други лица 537

Во 3 лице 80

Неточна форма Испуштање на –s 56

Хиперкореција (двојно маркирање) 8

Други грешки кај 3 л.еднина 19

Вкупно неточни во 3. лице еднина 83

Вкупен број на

форми

3 л. ед. 163

Сите форми 700

Од вкупно 700 (или 100%) употреби на форми за сегашно просто време, 538 (77%)

се форми за други лица, а 163 (24%) од вкупниот број на реализации се форми за трето

лице еднина. За ова истражување релевантен е вкупниот број на PS форми во 3 лице

еднина. Од 163 реализации во 3 лице, 80 примери на глаголи (или 47 %) се правилни, а

56 (или 34%) се неправилни, односно со испуштена наставка -s. Toa значи дека во ова

ниво со многу побројни PS форми бројот на примери со испуштена наставка е висок т.е

највисок од сите нивоа. Наставката –s e употребена со други лица во 6 случаи ( I goes,

People loves, We lives etc), а 8 примери се примери на хиперкорекција (двојно

маркирање) од кои неколку се илустрирани во примерите (31- 34). И за овие примери

како што беше случај на нивото А1, отворено останува прашањето за начинот на кој се

бројат и анализираат и со резерва се претставува нивниот број и процент.

31. I’m studys in Krste Misirkov school ‘Учам во Крсте Мисирков.’

32. We are gos to holiday ‘Одиме на одмор.’

33. He does wins all matches ‘Тој победува на секој натпревар.’

34. She is plays volleyball. ‘Таа игра одбојка.’

Табела 3.10 Употреба на PS форми со прилози за зачестеност

Прилог Број на

76

појавувања

always ‘секогаш’ 16

every day ‘секој ден’ 9

usually ‘обично’ 17

often ‘често’ 3

sometimes ‘понекогаш’ 18

друго 14

вкупно 66

Од вкупно 833 PS форми (со точна и со неточна форма) 52 се со основните прилози за

зачестеност што е 8%. Прилози кои често се среќаваат се: every year, every weekend, in

the morning, аt 7 o’clock итн (овие прилози се 2% од вкупниот број). Почетната

претпоставка беше дека поголем процент од формите кои се јавуваат со прилози ќе

бидат точни, а и дека прилозите за зачестеност често ќе се јавуваат. Се покажа дека

учениците не ги користат прилозите толку често во составите, а ова е најмногу зашто

темите се од таква природа што го одредуваат контекстот во кој употребата е

очигледна и нема потреба од прилози за дополнително објаснување.

б ) Функција на PS

На табелите 3.11 и 3.12 се прикажани бројот на точни и неточни употреби на РЅ

формите во функциите карактеристични за оваа форма во англискиот јазик.

Табела 3.11. Правилна употреба на PS формите

А2 PS - вкупно 657

Правилно употребени (вкупен број) 602 (89 %)

Глаголи за состојба 219 (34%)

Хабитуални 315 (48%)

Факти 12 (3%)

Наративен презент 48 (7%)

77

Рутинска идност 8 (2%)

Табела 3.12 Неправилна употреба на PS формитe

Во ова ниво се среќаваат истите функции на PS формата што се присутни и во А1.

Дополнително се јавува и функцијата за изразување рутинска идност (со 2%).

Процентот за сите функции е близок до процентот од А1 со 33% употреба за состојби

(од нив скоро 12 % се со глаголот live ), 47% за хабитуалност, 3% за факти, 2% за

идност и 7% за наративен презент. Има неколку примери на несоодветна употреба на

PS формите за изразување идни и привремени дејства за кои треба да се користи PC

формата. Сепак најголем дел од неправилните употреби на PS формите е кога со нив

се изразува минато просто време.

Од табелите се гледа дека се намалува процентот на точни употреби во споредба со А1

(процентот ќе биде прикажан подолу кога ќе се споредуваат резултатите од сите

нивоа). PS формите се јавуваат за изразување на основните функции и тоа за

изразување на состојби (пример 35 и 36), факти (пример 37 и 38), хабитуални дејства

(пример 39 и 40) и наративен презент (пример 41).

35. Then temperature in summer vary from 25° C to 40C°. ‘Температурите во лето

варираат од 25 до 40 степени.’

36. After the work our teacher give us some fruits and after this went home . This work

makes me very happy. because cleanliness is half of health. ‘По работата наставничката ни

78

А2 PS - вкупно 657

Неправилно употребени (вкупен број) 62 (11%)

За идност (план) 6 (1%)

За привремени 7 (1%)

Наместо минато просто 43 (8%)

даде овошје и си отидовме дома. Оваа работа ми се допаѓа зашто чистотата е половина

здравје.’

37. In summer at night the sun does not go down. The Artick animals, like polar bears

has got thick four and they wasn't cold. In the winter some animals change colour. ‘Во лето

сонцето не заоѓа. Актичките животни, како поларните мечки, на пример, имаат дебело

крзно и не им студи. Во зима некои животни ја менуваат бојата.’

38. The computer games are enjoyable. Computer games are fan and interesting. They

help to improve our computer skills. ‘Компјутерските игри се уживање. Забавни се и

помагаат да се поправат нашите способности.’

39. Sunday is my favorite day. I usually get up early and.. Then I read book. I also help.

‘Недела ми е омилен ден. Станувам рано и читам.’

40. I usually go to school at 7 o’clock, and I go home at 1. ‘Обично одам на школо во

седум, а дома во еден часот.’

41. The thief is Lao Sing (Kackie Chan), who wants to return the holiness Buda in his

village in China. Because the police is searching for him, he must get away and return to

China. ‘Kрадецот сака да ја врати нејзината светост во конеското село. Полицијата го

бара, и тој мора да побегне и да се врати во Кина.’

PS формите се јавуваат и за искажување минати дејства (4%) покажана во

примерот 42 и 43.

42. The prest the key of the computer. There was a game. The treasure hant. They went

into the castle, looked at the tabble, then they pick up the key and open the door. ‘Отидоа во

замокот , погледнаа кон масата, го зедоа клучот и ја отворија вратата.’

43. Тhe holiday is over. We was home again. We traveld in Greece. We stay there 5 days

only because my father must to come back to work. ‘Одморот заврши. Тој повторно беше

дома. Патуваме за Грција. Останавме 5 дена зашто татко ми мораше да оди на работа’

На ова ниво се јавува поголема генерализација на PC формите во доменот во кој е

правилна PS формата, а тоа е се значителни 44% (табела 3.15). Примерите 44, 45 и 46 ја

илустрираат ваквата наизменична употреба на PS и PC формите во многу ограничен

контекст, т.е во неколку последователни реченици или во ист параграф. Другите

употреби на PC формите детално ќе бидат прикажани во табелите 3.14 и 3.15 подолу.

79

44. Then, I don't know how I become a member of the waterpolo club. We are playing

lot's of maches all over the world. ‘И потоа станав член на ватерполо клубот. Се

натпреваруваме секаде во светот.’

45. I going to the centre at McDonalds. After that we are catching 23-bus and going

home. We are drinking something about 15 o’clock. Everybody goes home and takes a

shower. Then I have a lunch, at the evening I go to some club, and having fun with my

friends. ‘Одам во Мекдоналдс во центар. Потоа фаќаме автобус број 23 и си одиме

дома. Пиеме нешто околу 3 часот.’Сите си одиме дома и се тушираме. Потоа јас ручам,

навечер одам во некој клуб и се забавувам со пријателите.

46. Everyday in school we learn someting new. Then I am going home and I domy

homework then I studye. When I finish with my Commitment helping my mother and I keep

my sister and I am playing with her. ‘Секој ден на училиште учиме нешто ново. Си одам

дома и пишувам домашна и учам.’

80

3.3.2.2 Форми и функции на PC

а) Форми за PC

Употребата на формите за РС на А2 ниво е прикажана на табела 3.11. Ако

разгледуваме процентуално, на нивото А1 59 % од формите беа неправилни, а во А2

процентот е 16%. Во споредба со 38% испуштање на –ing во А1 во А2 има 14%. Тоа

покажува дека испитаниците ја совладуваат формата и напредокот кај изразувањето на

PC формата е видлив.

Табела 3.13 Форми на PC на нивото А2

PC форми (Сегашно трајно време)

Точна форма

Испуштање на ‘to be’

Испуштање на -ing

хиперкорекција друго Вкупно

118 21 3 / 6 150

79% 14 % 2% 4 % 100%

б) Функции на PC

Сите употреби на PC формите (правилни и неправилни) според поединечните функции

се дадени подолу (табела 3.14 и 3.15). Кај правилните PC форми најголем процент се за

изразување планови и намери во иднината (20%) и моментни дејства (15%), а за

привремени има 11% проценти помалку во споредба на истата употреба во нивото А1

(каде процентот е 28%). Тоа повторно се должи на темите на составите.

Табела 3.14 Правилна употреба на PC формите во сите функци

А2 PC -143 (100%)

Правилно употребени (вкупен број) 71 (49,5%)

Моментен презент 22 (15%)

Околу моментот на зборување 3 (2,5%)

Привремени 17 (12%)

Идност 29 (20%)81

Табела 3.15 Неправилно употребени PC форми

Табелата 3.15 детално ги покажува сите функции во кои има неправилна употреба на

PC форми. Се зголемува процентот на генерализирани PC форми за изразување на

состојба (од 1% во А1 до 6% во А2) и за хабитуални дејства (од 21% до 35%). Во ова

ниво PC формите се користат за изразување на минато просто време (3,4%), но и за

трајно време (4%) употреба е илустрирана во примерот 55. Тоа значи дека се

проширува семантичкото значење, а глаголите кои учениците ги препознаваат како

несвршени и во доменот на минатото време ги реализираат со прогресивна форма.

55. One man was injure and I and my friend call on ambulance and then we running to

car and we try help they people. We help people and they thanked as. ‘Еден човек беше

повреден и ние викнавме брза помош и потоа истрчавме за да помогнеме. Им

помогнавме на луѓето и тие се заблагодарија’

56. Yesterday we goes outside and play football, two boys from Ohrid are playing with

us.‘Вчера оgиgовме gа играме фуgбал и gве момчиња оg Охриg играа со нас.’

PC формите најчесто се користат за изразување незавршени дејства кои се

одвиваат во моментот на зборување. Во ова ниво има многу употреби за моментен

презент (примери 47 и 48) зашто како тема е даден опис на слика каде учениците

редовно ги користат PC формите. PC формата ја користат и за изразување привремени

дејства (пример 49), но и план и намера во иднина (пример 50).

47. Now I’m in Louvre. I’m watching a nice picture. ‘Сега сум во Лувр. Ги гледам

сликите.’

82

А2 PC - вкупно143 (100%)

Неправилно 70 (49,5%)

За состојба 9 (6%)

За хабитуалност 50 (35%)

За минато просто (Past Simple) 5 (3,4%)

48. At the moment I am going in a school. There is me with my brother in the classroom.

‘Во моментов одам на школо. Еве сум со брат ми во училница’

49. We are on a holiday in Albania. We are staying in a small hotel near the sea. ‘На

одмор сме во Албанија. Сместени сме во мал хотел близу до морето.’

50. I have to tell you that I am going to Oxrid with my parents to visit my grandmum.

‘Мора да ти кажам дека ќе одам во Охрид со родителите да ја посетам баба ми.’

Кај отстапувањата има 50 примери на генерализација т.е проширување на

функциите на PC формите за изразување состојби (пример 51 и 52) и за повторливи,

секојдневни активности (пример 53).

51. This sport is very interesting and I love it. When we go outdoor on maches we are

spending great time. ‘Овој спорт е интересен и го сакам многу. Кога ќе излеземе супер

си поминуваме.’

52. She is passing the nights with me. Таа ги минува ноќите со мене.

53. Then, I don't know how I become a member of the waterpolo club. We are playing

lot's of maches all over the world. ‘Се натпреваруваме насекаде во светот.’

Примерот 54 е пример каде две различни форми се јавуваат во две реченици од кои

едната е правилна и соодветна, а другата неправилна што покажува дека и во оваа фаза

евидентна е слободната варијабилост, што беше покажано и погоре во разгледувањето

на функциите на РЅ (пример 44-46).

54. I sport every day because is very cool and healthy. And i sometimes play table

tennis, and every sumer, I go to swimming, cycling, and tennis. My favourite sport is football.

I playing every day on Monday, Tuesday, Wednesday and Saturday at 14:00. ‘Понекогаш

играм пинг-понг, а секое лето пливам, возам велосипед или играм тенис. Секој ден

играм ....’

На графиконот 3.2 се прикажани резултатите од двете форми на ниво А2. Во

правилната употреба и на PS формата (89%) и на РС (50%) се забележува опаѓање во

однос на А1. Процентот на генерализирани PS форми е ист со А1, но процентот на

генерализација на PC формите многу се зголемува и е највисок од сите нивоа.

83

Графикон 3.2 Споредба на точна и неточна употреба на PS и PC форми

Резултатите покажуваат дека во нивото А2 учениците се уште се во фазата на слободна

варијабилност и иако бројот на употреби е значително поголем во однос на

претходното ниво процентот на отстапувањата е сличен кога се работи за доменот на

PS и PC. Разликата е во тоа што во ова ниво има поголеми број на употреби за минато

време што е логично кога ќе се земе предвид дека дадените теми искажуваат употреба

на форми за изразување минатост. Учениците знаат дека се барат различни форми и

кога зборуваат за минато тоа го означуваат со употреба на лексички пoказатели и ги

користат веќе научените форми како замена за тоа што не им е совладно.

3.3.3 Ниво Б1

3.3.3.1 Форма и функции на PS

а) Форма

Бројот на точни и неточни PS форми употребени на ниво Б1 во корпусот се прикажани

на табела 3.16. Формите за 3 лице еднина се посебно издвоени за да се следи

усвојувањето на маркерот –ѕ.

84

Табела 3.16 Форми на PS во нивото Б1

PS форми (сегашно просто време) Број

Точна форма Во други лица 210

Во 3 лице 78

Неточна форма Испуштање на –s 12

Хиперкореција (двојно маркирање) 4

Други грешки кај 3 л.еднина 4

Вкупно неточни во 3. лице еднина 20

Вкупен број на

форми

3 л. ед. 90

Сите форми 300

Од вкупниот број на PS форми во 3 лице (90) 87% се точни, а со испуштена наставка –s

се 4 % што е многу помал процент во споредба со 30% на ниво А1 и 34% на ниво А2.

Тоа значи дека се намалува процентот на неправилни форми иако грешките се јавуваат

и во ова ниво. Сe среќаваат формални грешки како двојно маркирање, но тоа се три

повторувања на истатa форма (He is speaks) во еден текст. Другата форма е She is goes ,

но ова форма кај следната реченица е реализирана со формата She is going. Не е јасно

во овој пример дали се работи за случајна грешка или за систематско остапување. Во

секој случај оваа форма е изброена како пример на двојно маркирање.

57. I spend a lot of time with my BF. She is goes in my school and we live near in the

street. She is goes with mе on volleyball. She is also going with me on English classes.

‘Минувам многу време со другарка ми. Таа оди во моето училиште, на одбојка и оди со

мене на англиски’

Употребата на правилни форми со основните прилози за фреквенција изнесува 12% од

сите употребени РЅ форми. Учениците во ова ниво користат и други прилози освен

основните (6 примери со every day), но бројот на точните форми не се врзува со

85

употребата на прилози. На табела 3.17 е прикажан бројот на сите употребени прилози

за зачестеност.

Табела 3.17 Употреба на PS форми со прилози за зачестеност

Прилог Број на

појавувања

always ‘секогаш’ 14

every day ‘секој ден’ 6

usually ‘обично’ 8

often ‘често’ 6

sometimes ‘понекогаш’ 4

вкупно 39

б) Функција

Во нивото Б1 процентот на PS формите за изразување состојба и наративен презент е

помал во споредба со другите нивоа (табела 3.18 и 3.19). Поголем е процентот на

употреби за изразување на хабитуалните дејства (56%). Не се јавуваат употреби во

другите функции. Процентот на неправилно употребени форми е вкупно 9 % од кои

најмногу се генерализирани примери на PS за изразување на минато просто време.

Табела 3.18 Правилна употреба на PS формите

Б1 PS - вкупно 274

Правилно употребени (вкупен број) 245 (91%)

Глаголи за состојба 80 (29%)

Хабитуални 159 (56%)

Факт /

Идност /

Наративен презент 17 (6%)

86

Табела 3.19 Неправилна употреба на PS формите

Од табелите се гледа дека опаѓа процентот на точни PS употреби во споредба со А2, а

за неколку проценти се зголемува процентот на неправилни употреби на PC и други

отстапувања. Најчест контекст е повторно изразување секојдневни активнoсти. Помала

е употребата на PS формите заради изборот на темите кои се побројни и поразновидни

во споредба со темите од А1 и А2. Се повторуваат следните теми: „Секојдневна

рутина”, „Писмо до другарче”, „Рaскажување на цртан/ филм”, „Интересна случка од

минатото”. Нови теми се: „Омилена поп ѕвезда”, „Компјутерски игри” (за или против),

„Средба со вонземјани”, „Мојот другар од пустиот остров”- теми во кои посоодветна е

употребата на минато време. Често се јавуваат и состави во кои се резервира хотел или

соба (околу 6 % од сите текстови). Правилните форми се јавуваат за изразување на

состојба (пример 58 и 59) и хабитуалност (пример 60).

58. When we have extra time to go home we play games like head up seven up or other

games. When it someone birthday we usually spend like one hour of games and snacks.

‘Обично поминуваме еден час со игри и јадеме по нешто кога е нечиј роденден.’

59. There are four members in my family. I my brother and my parents. My dad works in

his own company and my mum is a housewife. ‘Моето семејство има 4 члена. Јас, брат ми

и родителите. Татко ми работо во негова фирма а мајка ми е домаќинка.’

60. My tupical day starts at 6:45 am.At 7:00 o'clock I go to school usually i have six-

seven clases.Every monday and wendsday I have english clases after school. ‘Денот обично

ми почнува во 6.45. Во 7 одам на училиште и имма 7 часа. Секој понеделник и среда

одам на англиски.’

87

Б1 PS - вкупно 274

Неправилно употребени (вкупен број) 19 (9%)

Наместо PPC 4 (2%)

Наместо минато просто 14 (6%)

И во ова ниво се јавуваат PC форми при изразувањето хабитуалност (пример 61 и 62).

Ваквите грешки остануваaт најчести и покрај тоа што во речениците се јавуваат

прилози типични за PS. Тоа значи дека и на ова ниво учениците продолжуваат да ги

употеребуваат PC формите наизменично со PS. Објаснувањето е дека се уште не се

поврзуваат формите со функциите, а аналогијата со несвршените форми во

македонскиот јазик придонесува тие и понатаму упорно да се употребуваат.

61. Outside we play tennis too. When we have free time we are playing games like cards

and monopoly, and sometimes we are going to the city in the night clubs and discos and we

are having very great time. ‘ Играме и тенис. Кога имам слободно време играме карти и

монопол, понекогаш одиме в град во клуб или диско и супер си поминуваме.’

62. Sometimes I play basketball alone, however other times I play basketball with my

friends. I play it in a school jam, also I play it in my park. I watch basketball after school and

I'm playing it very often. ‘Понекогаш сам играм баскет, а некогаш со другарите. Играме

во училишната сала и во паркот. По училиште гледам натпревари’

Друга проблематична употреба која е честа во ова ниво е употребата на PC формите за

правење резервација на соба во хотел и слично (пример 63 и 64). И ваквите примери се

отстапувања од нормата, која налага употреба на PS во овој контекст , што значи дека

се изброени како отстапувања.

63. Hello! My name is K. and I am from Macedonia. I am making reservation for the

hotel. We are arriving on Friday 20th May. ‘Сакам да резервирам за хотелот.

Пристигнуваме на 20 мај во петок’

64. The room should have a balcony and three beds. We are coming on 20th June and we

are leaving on 14th July. ‘Собата треба да има балкон и три кревети. Пристигнуваме на

14 јуни и си одиме на 14 јули.’

Формите за PS се точно употребени за фиксни и неменливи планови кои ќе се одвиваат

во иднината, а може да се разгледуваат како се дел од воспоставена рутина. Иако се

работи за фиктивен настан извадокот укажува на дел од програма на активности кои се

одвиваат во училиштето (пример 65). Во овој текст би соодветствувале и формите за

идно време will ако ученикот сака да каже што би направил во иднината доколку се

реализира опишаната ситуација.

88

65. In the school yards with friends during a cup coffee w e see the latest new collection

of fashion TV and then we leave for short message, sauna. Then we eat most beautiful cakes

and cookies. So I left more time new earing clothes and my maek in the bag ‘За време на

паузата ја разгледуваме најновата модна колекција и одиме во сауна. Јадеме најубави

торти и колачи. Имам време да се шминкам’

Примерот 66 е пример на наративен презент за раскажување на филм.

66. He tells her that the baby is dead. After that Lyla an Loyis give uptheir music career.

Eleven years later Evan moves to New York, because he believes that his parents are waiting.

‘Тој им кажува дека бебето умрело. Потоа Лила и Луис се откажуваат од кариерата.По

единаесет години Еван се сели во Њујорк.’

Во нивото А2 имаше само еден пример на перформативен глагол употрeбен со PC

форма (I am thanking you 'ви се заблагодарувам'), а во ова ниво има два глаголи

употребени перформативно (пример 67 и 68).

67. I am inviting you Marta to my house to stay for two weeks ‘Те канам кај мене на две

недели.’

68. I'm enclosing a photo of me and my sister, she is younger than me. ‘Приложувам

моја слика и слика од сестра ми.’

3.3.3.2 Форма и функции на PC

а) Форма

Од вкупно 170 PC форми 168 се правилни, а има само две неправилни форми и тоа

со испуштен помошен глагол што значи дека во ова ниво веќе не се јавуваат грешки во

однос на формата.

89

Табела 3.20. Употреба на формата за PC во нивото Б1

PC форми (Сегашно трајно време)

Точно Испуштање на

to be

Испуштање на -

ing

Хиперкорекција Друго Вкупно

168 2 / / 2 170

98% 1% 1%

б) Функција

Најголем процент од правилните употреби на PC формите е за моментен презент (25%)

и за привремени дејства (табела 3.21). Кај неправилните употреби 10% се за

изразување хабитуалност, а има и неправилни употреби за изразување на состојба, а и

неколку примери на употреби за двете минати времиња (табела 3.22). Очигледно е дека

на ова ниво се намалува процентот на неправилни употреби на PC формите.

Табела 3.21 Употреба на формите PC формите

Б1 PC – вкупно 160

Правилно употребени (вкупен број) 90 (78%)

Моментен презент 40 (25%)

Околу моментот на зборување 3 (1%)

Привремени 19 (11%)

Идност 28 (17%)

90

Табела 3.22 Неправилна употреба на PC формите

Се зголемува правилната употреба на PC формите во споредба со А2 иако процентот е

помал во споредба со А1. Исто така се проширува употребата на PC формите и во

други функции и во ова ниво за првпат има пример за изразување дејства околу

моментот на зборување (пример 69).

69. Hello Pat. How are you doing? I hope you are doing well. As for me I am doing

great. ’Здраво. Како си? Се надевам дека е се добро. Јас сум супер’

Кај примери како следниов (пример 70) се работи за однапред изготвена програма,

агенда зашто се работи за веќе договорен термин. Затоа е неправилна употребата на PC

формата во овој контекст.

70. Hey Daniel, can you do me a favour? Daniel: Sure! What is it? You: Well we're

having a tennis match next weekend, and I don’t have a car. Can you please give me a ride?

‘Даниел ќе ми направиш ли услуга? Имам натпревар наредната недела и немам кола.’

Формите за PC се јавуваат за изразување на привремени дејства (пример 71).

71. I told you i'm in Croatia. Here is nice. The weather is good. I'm here with my friends.

They are great guys, we are haveing fun. ‘Ти кажав дека сум во Хрватска. Овде е убаво.

Времето е добро. Тука сум со другарите. Супер е се и супер си поминувам.’

91

Б1 PC - вкупно 160

Неправилно употребени 70 (20%)

За состојба 4 (2,5%)

За хабитуал 16 (10%)

Наратив 3 (2%)

Наместо PPC 2 (3%)

Наместо минато просто 1 (0,5%)

Наместо минато трајно 3 (2%)

Во ова ниво се јавуваат и примери со специјални употреби на PC формите и тоа за

изразување состојба која постепено се менува (‘gradual development’) како во

примерите 73 и 74.

73. They are falling in love ‘Тие се заљубуваат.’

74. The waves are just pushing the boat mоre and more. ‘Брановите го туркаат бродот

се повеќе и повеќе.’

Во примерите каде се јавува ваквата употреба се јавува и генерализација, слично на

она што веќе беше прикажано погоре во 3.3.3.1 (примери 61-64). Забележуваме

употреба на PC форми за серија поднастани кои се повторуваат иако во ограничен

временски период. Посоодветна форма за повторливи настани тука би била PS формата

(пример 72). Повторно се јавува варијабилност кај формите (глаголот go е

единствениот кој е употребен со PS форма).

72. We're staying in a very nice hotel in the center of Ohrid. Every morning we're having

breakfast and than we go on the beach. We go swimming, we're playing in the water, we're

building sand castles. ‘Престојуваме во убав хотел во центарот на Охрид. Секое утро

појадуваме и одиме на плажа. Пливаме, играме во водата, и играме во водаат, градиме

замоци.’

Графикон 3.3 Споредба на точна и неточна употреба на PS и PC форми во ниво Б1

Споредбениот графикон (графикон 3.3) покажува процент на правилна употреба на PS

и PC формите кој е поголем од употребата во А2, а е близок до А1. Исто така се

забележува намалување на отстапувањата и на двете форми кога се јавуваат во други

употреби.

92

3.3.4 Ниво Б2

3.3.4.1 Форма и функции на PS

a) Форма

Табела 3.23 Форми на PS во Б2

PS форми (сегашно просто време) Број

Точна форма Во други лица 141

Во 3 лице 49

Неточна форма Испуштање на –s 10

Хиперкорекција (двојно маркирање) /

Други грешки кај 3 л.еднина 9

Вкупно неточни во 3. лице еднина 19

Вкупен број на

форми

3 л. ед. 68

Сите форми 210

Во поткорпусот на нивото Б2 има 36 852 зборови, но најмалку форми за PS во споредба

со другите нивоа. И покрај тоа што во ова ниво не се очекувани формални грешки

сепак се јавуваат во употребата на PS форми во 3 лице еднина, како што се гледа од

табела 3.23, и тоа во значителен процент (15% од вкупниот број форми во 3 л. ед.).

Грешките се направени во составите на двајца изучувачи при што наставката редовно

се испушта, што значи дека кај нив се фосилизирала неправилната форма. Вакви

примери на фосилизација кај поединечни изучувачи се појавуваат редовно и добро им

се познати на наставниците.

б) Функција

Теми кои се среќаваат на ова ниво сe: „Мојот најдобар пријател”, „Раскажување на

филм”, „Суштества од друга планета”, „Формално писмо за изразување незадовоство”,

„Опис на пријател/ идол/ поп ѕвезда”, „Моето школо по 100 години”, „Јас по 5 години”

93

и тн. Се среќаваат само неколку текстови за секојдневни активности. Другите теми

налагаат користење на структури за идно време (најмногу ‘going to’), минато време или

модалност - во секој случај употреби различни и од специјалнитe употреби на формите

за PS и PC. Засведочените примерите од ова ниво се за истите функции како во

претходните. Процентуалната застапеност на точно и неточно употребени форми е

прикажана на табелите 3.24 и 3.25.

Табела 3.24 Правилна употреба на PS формите

Б2 PS - вкупно 206

Правилно употребени 204 (99%)

Глаголи за состојба 163 (77%)

Хабитуални 31 (14%)

Факт /

Идност /

Наративен презент 10

Табела 3.25 Неправилна употреба на PS формите

3.3.4.2 Форма и функции на PC

а) Форма

94

Б2 PS - вкупно 206

Неправилно употребени 1 (1%)

За моментално 1

Наместо PPC /

Наместо минато просто /

Табелата 3.26 покажува дека во ова ниво речиси нема формални грешки освен 2

примери на испуштен помошен глагол, што покажува дека на Б2 ниво учениците веќе

сосема ги совладале формите на РС.

Табела 3.26 Формата за PC во нивото Б2

PC форми (Сегашно трајно време)

Точно Испуштање

на to be

Испуштање

на -ing

Двојно

маркирање

Друго Вкупно

104 2 / / / 106

98% 2% / / / 100%

б) Функција

Функционалната распределба на РС формите на Б2 ниво е прикажана на табелите 3.27

и 3.28. Процентот на правилни употерби на PC формите е висок (96%) а се појавуваат

мал број (7) на генерализирани форми во функции типични за PS, што е прикажано на

табела 3.28. Најчесто РС формите се погрешно употребени за минато време, а не за

изразување на функции за кои треба да се употреби РЅ. Тоа покажува дека учениците

почнуваат да ги систематизираат употребите за двете сегашни времиња и да ги

применуваат правилата кои се однесуваат на поврзувањето на формата и функцијата.

Табела 3.27 Правилна употреба на PC формите

Б2 PC – вкупно 104

Правилно употребени (вкупен број) 100 (96%)

Моментен презент 44

Околу моментот на зборување 8

Привремени 4

Идност 44

95

Табела 3.28 Неправилна употреба на PC формите

Графикон 3.4 Споредба на точна и неточна употреба во Б2

Графиконот 3.4 покажува дека се зголемува процентот кај точните употреби, а се

намалува кај неточните и кај двете форми. Кај употребите на PS формите има само

еден пример на генерализација за моментни дејства.

79. She speaks to me on the phone right now and I can’t understand what she is saying.

‘Во моментов ми зборува на телефон но ништо не ја разбирам.’

Кај PC формите се јавуваат 4% генерализација за хабитуалност и 2% за други употреби

(наместо сегашен прогресивен перфект – РРС), како во пример 80.

80. I am working with him for years. ‘Работам со него со години’

96

Б2 PC - вкупно 104

Неправилно употребени 8 (4%)

За состојба /

За хабитуал 7

Наместо PPC 1

Наместо минато просто /

Наместо минато трајно /

3.6 Сумирани резултати од сите нивоа (форма)

33333 PS форми

Графиконот 3.5 го покажува процентот на точни PS форми во 3 лице еднина од А1 до

Б2 ниво, а на графиконот 3.6 е прикажан процентот на испуштање на наставката во 3-

то лице еднина. Најголем број на точни форми има кај Б1, а најмал во А2. Тоа може да

се објасни со фактот што во почетното ниво учениците користат веќе научени фрази и

употребуваат многу мал број глаголи, а и бројот на PS форми е многу мал. На А2 ниво

бројот и разновидноста на глаголите се зголемува, а и учениците се запознаваат со

други глаголски форми кои на тоа ниво се уште не се разграничени. Поради тоа се

јавува поголема несигурност во употребата на формите.

Графикон 3.5 Споредба на точни PS форми во 3 лице еднина

Графикон 3.6 Грешки кај PS формите ( наставка -s)

97

Најчеста грешка кај PS формите e испуштањето на наставката -s во 3-то лице еднина и

графиконот 3.5 го покажува процентот со кој се јавува оваа грешка во сите нивоа.

Најголемиот процент на грешки е во А2 и е околу 34 %, а најмал е во Б1 (околу 4%).

Интересно е да се забележи дека и во највисокото ниво Б2 има поголем процент

грешки (околу 15 %) што е неочекувано. Подеталната анализа покажа дека во ова ниво

има најмал број PS форми (околу 68), а големиот процент грешки се должи на фактот

што грешките (10 примери) се направени во составите на два ученика. Испуштањето е

консистентно и се јавува кај сите глаголи, што е показател на фосилизирани форми.

Освен овие глаголи не се јавуваат други грешни форми во другите анализирани

состави што значи дека учениците не прават грешки кога е во прашање формата.

Графикон 3.7 Други грешки кај PS формите

Кај другите грешки во РЅ формите (графикон 3.7) видливо опаѓа бројот на примери со

двојно маркирање од 2% во А1, 1,6 % во А2, 1, 3 % во Б1 до 0% во Б2. Категоријата

‘други’ се однесува на форми во кои се додава –s во прво лице еднина, трето множина,

погрешен спелинг, нечитки форми, а такви се појавуваат низ сите нивоа и графиконот

го покажува нивното намалување.

33333 PC форми

Графиконот 3.8 го покажува процентот на точни PC форми, а 3.9 го покажува

процентот на примери со испуштен помошен глагол „to be”. Резултатите покажуваат

дека се намалуваат грешките кај PC формите и тоа од 31% во А1 до само 2 % во Б2 што

значи дека учениците во целост ги совладуваат, освен малиот процент на грешни

примери кои се резултат или на случајна грешка или на фосилизирани форми.

98

Графикон 3.8 Споредба на точна употреба на PC форми

Графикон 3.9 Грешки со испуштање на помошен глагол ‘to be’

3.7 Сумирани резултати од сите нивоа (функција)

Графиконот 3.10 го покажува видот на напредок при правилната употреба на двете

форми низ нивоата. Употребата на PS формата во почетното ниво А1 покажува висок

процентот на точност 94%. Тоа се должи на фактот што учениците ги користат

формите во ограничени контексти и најголем дел од нив се научени изрази и фиксни

фрази. Учениците не експериментираат со употреба на формите надвор од

прототипната употреба, а и не ги генерализираат во несоодветен домен. Во нивото А2

употребата на правилните форми опаѓа за 5 % и се јавуваат со 89% точност. Грешките

99

кои се јавуваат се заради употребата на PS формите за изразување просто минато време

и неколку примери за изразување моментни дејства. Генерализација на овие форми во

контекст на сегашно трајно време се поретки во сите нивоа зашто правецот на

генерализација е обратен . Сепак, учениците наизменично ги користат и двете форми

зашто се уште ги немаат целосно поврзано формите со специфичните употреби што е

карактеристично и за нивото Б1. PS формите се употребуваат наместо формите за

минато просто време (со околу 8%)

Графикон 3.10 Точна употреба на PS и PC формите во сите нивоа

Состојбата е поинаква кај PC формите кои изразуваат сегашно трајно време. Уште во

почетните нивоа (А1) процентот на точни форми е помал заради генерализација на

формите во несоодветни контексти (40%), а несоодветниот контекст во ова ниво е

изразување хабитуални дејства. Нема употреба на PC формите за изразување состојба.

Процентот на неправилна употреба не се намалува, но се зголемува од ниво во ниво, од

50% во А2 , 20% во Б1 до 6% во Б2. Во нивото Б1 најголем број на грешните употреби

(околу 9%) се за изразување на една специфична функција (правење на резервација

што секогаш погрешно се изразува со PC форми). Исто така, има и употреби на овие

форми наместо соодветните форми за минато време и прогресивен перфект.

Видливо е зголемувањето на процентот на генерализирани PC форми во сите нивоа

што укажува на влијанието на комплексниот збир на фактори. Освен влијанието на

100

првиот јазик се јавува и генерализација на правилата од Ј2 или нивна нецелосна

примена. Анализата на корпусот ги потврди поставените хипотези (види 1.2 во

теоретскиот дел) со тоа што се покажа растот на правилно употребените форми и

намалувањето на неправилните. Теоријата за варијабилност, што всушност значи

наизменична употреба на двете форми во контексти каде треба да се прави разлика и е

соодветна само една, се потврдува во сите нивоа, но најголем број примери се

среќаваат на нивото А2 ( види 3.3.2). Тоа значи дека учениците не ги разликуваат и не

ги поврзуваат соодветно формите со сите барани функции што е очекуван и природен

процес во усвојувањето. Следењето и описот на развојот на формите по нивоа пак го

покажува начинот на кој тие се систематизираат и стабилизираат при поврзувањето со

соодветните функции. Како точна се покажа и појдовната и основна препоставка за

генерализација на формите за PC во несоодветни контексти (најчесто хабитуелни) што

е резултат и на развојниот период, но и на влијанието на Ј1.

3.8 Споредба на поткорпусот на меѓујазикот и корпусот на родени говорители

Во методологијата на истражувањето беше спомнато дека за да се добијат релевантни

податоци за употребата на испитуваните форми во меѓујазикот треба да се има увид и

во нивната употреба во јазикот на родените говорители. За да се провери и за да се

разгледа ваквата употреба се анализира и корпсус од собрани текстови на родени

говорители. Добиените резултати се споредуват за да се истакнат сличностите и

разликите.

Табела 3.29а. Споредба на точни и неточни употреби на PS и PC формите во

корпус на родени говорители и селектиран поткорпус на меѓујазик

  Сотојби, хабитуелни, факти, наративен презент

  PS точно PC неточно друго неточно

Вкупно неточно

вкупно

Матурски есеи на

родени говорители

525 9 (1.40%)  /  9  544

Б1 и Б2 меѓујазик 449 70 (12%) 21(3%) 91 540

101

Табела 3. 29б. Споредба на точни и неточни употреби на PS и PC формите во корпус на

родени говорители и селектиран поткорпус на меѓујазик

  Моментни, околу моментот на заборување, привремени

  PC точно PS неточно друго неточно

Вкупно неточно

вкупно

Матурски есеи на

родени говорители

42 / /  /  42

Б1 и Б2 меѓујазик 188 16 (7%) 7 211

Критериумите за анализа на корпусот на родени говорители се исти како на

меѓујазикот. Формата за PS е земена за правилна кога изразува состојби и хабитуелни

дејства, а PC кога изразува моментни тековни дејства, дејства околу моментот на

зборување, привремени дејства и настани како и изразување намера во иднината.

Податоците се добиени со анализа на ист број зборови од поткорпусот на меѓујазикот

(се користат единствено нивоата Б1 и Б2) и од автентичниот корпус кој се користи како

споредбен. Вкупниот број на PS форми во корпусот на родени говорители е 544 а во

корпусот на меѓујазикот е 540. Бројот на точни PS форми во наброените функции е

525 во корпусот на роден говорители и 449 во поткорпусот на меѓујазик што покажува

дека нема голема разлика.

Примерите од корпусот на родени говорители (од есеите) дадени подолу ја покажуваат

употребата на PS формите во следниве функции:

изразување на состојби

79. All this makes the train less appealling to the general public, and, in particular, the

commuter.(states) ‘Се ова ги прави возовите непривлечни за јавноста а особено оние кои

патуваат секојдневно.’

хабитуални дејства.

80. Аs more and more people use cars, traffic in city centres during rush ours comes to a

near standstill. ‘Бидејќи луѓето се почесто употребуваат коли сообраќајот заглавува’

102

81. One major problem travelling by train in the UK through the peoples eyes are that

they are very unreliable. Trains never get to theier destinations on time. ‘Главен проблем на

возовите е тоа што се неподобни зашто не стигнуваат на време.’

факти

82. The only place more roads can be built is outside cities, building more and wider

motorways. This reduces the spread of traffic jams once they begin to stretch out of the city,

but is environmentally damaging. ‘Единствено патишта можат да се градат е надвор од

градовите и да се прошируваат. Ова ќе ја намали гужвата, но е закана за околината.’

83. Train stations suffer the same problem. ‘Железничките станици го имаат истиот

проблем’

Во поткорпусот од меѓујазикот поголем е бројот на PC форми (вкупно 211, а точни

188) наспроти 42 реализации во споредбениот корпус. Овие форми кај споредбениот

корпус се јавуваат во долунаведените примери (од 84-86) и изразуваат процесуални

дејства каде се забележува промена на првичната состојбата и постепен премин во

друга состојба. Ваквата употреба понатаму нагласува дека дејството е во тек во

поширокиот сегашен период и акцентот е на самиот развоен процес.

84. Traffic jams are becoming larger and more frequent ‘Се почесто има гужви по

патиштата.’

85. Lancaster is a very good example of a failed one way system. It is becoming more

apparent that walking is faster at peak times of the day (ie 08:00 and 17:00). ‘Ланкастер

станува пример за еднонасочен систем. Станува се појасно дека да се пешачи е побрзо

отколку да се вози.’

Примерите 86, 87 и 88 изразуваат дејства кои се релевантни во периодот околу

референтниот момент на зборување и се нагласува постепената промена, но и

незавршеноста на опишаното дејство и неговото продолжување.

86. The governments answer to the considerably growing amount of traffic on our roads

it just to back move, they are not even attempting to treat the cause, since more and more

people are now driving ‘Владиниот одговор на зголемувањето на сообраќајот е

повлекување зашто тие не преземаат мерки со кои ќе го решат проблемот, а се повеќе

луѓе возат’.

103

87. The 2nd reason, is the problem that the public transport service, for example rail, is

declining so much, there is no train to catch in the morning. ‘Втора причина е тоа што се

намалува ефикасноста на јавниот транспортен сервис, како на пример железницата, па

наутро нема ни возови’.

88.. This is putting increasing stress on our road network, especially along major

commercial routes, such as Birmingham to London ‘ Ова создрава дополнителен притисок

на патиштата особено кај главните и презафатените, како што е пример со патот од

Бирмингем до Лондон.’

Употребата што беше илустрирана преку горенаведените примери е всушност и

најчестата во овој корпус. Примерите кои се однесуваат на моментот на зборување се

многу ретки, а толкувањето може да биде дека всушност не се ограничени на моментот

на зборување но се однесуваат на поширок временски период и покрај употребата на

прилогот “at the moment” (пример 89)

89. At the moment the large no. of cars is causing congestion and general "wear and

tear" of our roads. ‘Моментално голем број коли предизвикуваат неред на патиштата.’

Генерализацијата на PC формата во корпусот е мала и се сведува на неколку примери

како 90 и 91.

90. We all feel that we’re having a divine right to be on the road. ‘ А сите си мислиме

дека имаме неприкосновено право да ги користиме патиштата’

91. Trains are also failing to offer the freedom of choice available with cars, as the

passengers are tyed to the timetables and locations of railway stations. ‘Тие не ја нудат

слободата на избор што ја дава колата зашто се врзан со возен ред и со одредени

локации на железничките станици.’

Темата е аргументативен есеј во кој како прашање се поставува транспортот во

Англија и се разгледуваат проблемите поврзани со тоа, а и се предлагаат алтернативни

решенија. Состојбата која се опишува е постојана и долготрајна, па PS формата би била

посоодветна во примерите 90 и 91. Сепак, PC формата може да се употреби доколку се

однесува на изолиран и издвоен проблем кој е тековен или привремен, а

горенаведените примери може и така да се толкуваат. За разлика од споредбениот

корпус PC формата во меѓујазикот е за 25 % почеста одошто во корпусот на родени

говорители што е од една страна поврзано со темите на текстовите, но и со фактот што

учениците се потпират на тоа што го знаат и ги користат PC формите како замена на

104

перфект, герунд, кондиционални реченици - форми што се многу чести во корпусот на

родените говорители.

Освен кај правилните употреби има и разликата во процентот на употребени

генерализирани PC форми во меѓујазикот. Во меѓујазикот има 12 % генерализирани

примери од вкупниот број на реализирани форми во контексти соодветни за PS

формата. Во корпусот на родени говорители има само 9 вакви примери што е 1%

генерализација. Посочените примери (види 90 и 91) кои се избројани како

генерализирани се повеќе двосмислени отколку грешни зашто би можеле да се јават и

во двете форми.

Земајќи ги во предвид разликите меѓу двата корпуса и слабостите на споредбата

опишани во методологијата на истражувањето. Сепак, оваа анализа јасно ја покажа

тенденцијата за многу позачестена употреба на PC формите во поткорпусот на

меѓујазикот, кои се јавуваат и во соодветни и во несоодветни контексти.

Генерализацијата е исто видлива и кај PS формите иако со помал процент (7%). За

примерите во кои се јавува генерализација како еквиваленти во македонскиот јазик се

јавуваат несвршените форми од трајните глаголи и заради аналогија се јавува овој тип

на грешки што го потврдува влијанието на мајчиниот јазик како фактор. Примерите

92, 93 и 94 го илустрираат тоа.

92. My dad is working as an engineer. ‘Татко ми е инженер.’

93. She is always teaching at our school. ‘Таа предава во нашето училиште’

94. We are living in Skopje. ‘Живееме во Скопје.’

105

4. АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИ ОД ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕСТОВИ

Во методологијата на истражувањето е објаснето дека е направено и

дополнително истражување со 120 испитаници (види 2.6.2 од делот Методи на

анализа). Во овој дел се прикажани добиените резултатите од формално -

функционалната дистрибуција на двете целни структури (PS и PC формите за

изразување сегашно време) за сите нивоа посебно. Потоа, направена е споредба на

добиените резултати со резултатите од корпусот со цел споредба и проширување на

анализата. Во тестовите се вклучени сите функции на двете форми од кои само дел се

сретнуваат во корпусот. Кај тестовите во функциите на PS се додадени: фиксен план во

иднина (timetable future), a кај PC експресивната функција за која во корпусот воопшто

нема примери.

Испитуваните функции од тестовите за двете форми се следните:

а) За PS: изразување на состојби, хабитуални дејства, факти/ вистини, фиксен

распоред во иднината, историски презент;

б) За PC: изразување на моментен презент, актуелизиран презент (периoд околу

моментот на зборување), привремени т.е временски ограничени дејства, план и намера

во иднината и експресивна функција;

Анализата треба да го покаже процентот на правилна употреба на двете форми

како и процентот на генерализација во несоодветни контексти, т.е генерализација на

PC формите онаму каде се очекува PS и обратно - генерализација на PS каде се

соодветни PC форми. Категоријата друго во најголем процент се однесува на употреба

на формите за изразување минато време онаму каде треба да бидат PS и PC формите и

ваквата употреба ќе биде издвоена и прикажана единствено кога е позначајна и има

поголем број такви примери кај издвоени функци.

Анализата е организирана на следниов начин:

Прво, се прикажува процентот од сумираните точни форми и од генерализирани

форми во сите контексти карактеристични за соодветната форма и за секое ниво

посебно.

106

Резултатите од тестовите се споредуваат со резултатите од корпусот кои се дадени

во издвоен графикон заради поголема прегледност. По ваквата споредба следат

објаснувања.

Анализата се проширува со тоа што за секое ниво се дадени графикони со приказ

на правилните и неправилните употреби на двете форми во сите поединечни функции.

Првиот графикон ги покажува употребите на PS формите во соодветните употреби (за

изразување состојба, хабитуалност, факти итн.), а вториот е за PC формите и нивните

соодветени употреби (моментен презент, привремени дејства итн.).

Следната анализа е тесно поврзана со втората зашто од функциите каде има

поголеми отстапувања понатаму се издвојуваат и посебно се анализираат реченици од

кои најголемиот процент се точни или реченици со процентуално најголем број грешки

во даденото ниво.

Во последната анализа на тестовите се прави споредба на точните и неточните

употреби по нивоа за секоја функција поединечно и резултатите графички се

прикажуваат (на пример споредба на точни и неточни употреби на PS формите за

изразување хабитуалност од А1 до Б2). Ваквата споредба има повеќекратна намена: oд

една страна се утврдува во кое ниво има најголеми отстапувања кога во фокусот е само

една функција, но и се утврдува која функција се издвојува:

а) според бројот на процентуално најточни примери или

б) според процентот на најчести отстапувања.

Резултатите од тестовите конечно се споредуваат со оние на корпусот по што

следат објаснувања и образложенија. Конечните заклучоци ги заокружуваат целите на

истражувањето, а резултатите се релевантни за докажување на претходно поставените

хипотези. Конечната дискусија се навраќа на нив и ги потврдува или модифицира

согласно резултатите.

4.1 Опис по нивоа

4.1.1 Употреба на PS и PC кај ниво А1

Графиконот 4.1 ја покажува правилната и неправилната употреба на PS и PC

формите кај тестовите на нивото А1. Во графиконот 4.2 се дадени резултатите од

107

употребата на PS и PC формите во корпусот исто така на ниво А1. Првиот столб и во

двата графикони (4.1 и 4.2) ги покажува 'правилните употреби на PS и PC формите во

нивните соодветни контексти. Вториот столб ги покажува неправилните употреби и

тоа употреби на PС формите кога се очекува PS и обратно. Последниот столб (и ова е

случај кај резултатите од тестовите) покажува употреби на други форми за функциите

во кои треба да се употреби PS или PC.

Графикон 4.1 Употреба во тестовите

Графикон 4.2 Употреба во корпусот

Треба да се нагласи дека категоријата друго се разликува во однос на тоа што го

содржи како информација при прикажувањето на резултатите од корпусот и од

108

тестовите. Кај тестовите се бројат другите реализирани форми (најчесто форми за

минато просто време – Past Simple) кои се употребуваат наместо PS и PC формите. Кај

корпусот е обратно, во категоријата друго се бројат оние примери каде PS и PC

формите неправилно се употребуваат за функции на формите на минато просто време.

Резултатите од тестовите (графикон 4.1) покажуваат дека процентот на правилно

употребени PC форми е повисок во споредба со PS формите (58% кај PC наспроти 41%

кај PS формите). Резултатите од тестовите, исто така покажуваат дека се јавуваат

грешки и кај двете форми. Интересно е тоа што поголем е процентот на грешки на PS

формите. Тие се генерализираат и за функциите кои се својствени на PC формите (со

35%), но и за функциите на формите за минато просто време (24%).

Во ова ниво во корпусот ситуацијата е различна. Процентот на правилна употреба

на PS формите (94%) во корпусот е повисок од правилната употерба на PC формите

(60%). Кај PS формите во корпусот процентот на отстапувања во употребите е многу

мал (2%). Тоа значи дека е многу помал и од отстапувањата на PC формата во самиот

корпус (каде има 33% неправилни употреби).

Ако се споредат добиените резултати од употребата на PS формите во тестовите со

резултатите од употребата на оваа форма во корпусот се забележува дека процентот на

неправилна употреба на оваа форма во корпусот е значително помал. Меѓутоа во

корпусот се јавуваат грешни употерби на PC формите. Toa покажува дека учениците

повеќе ја генерализираат оваа форма и ја користат во несоодветни функции. Toa е

случај не само на нивото А1, туку и на А2 и Б1. Единствено во Б2 опаѓа процентот на

неправилни употреби на PC формата што покажува дека тие почнуваат да ги

систематизираат употребите на формите и правилно да ги поврзуваат со соодветните

функции.

Во графиконот 4.3 се дадени употребите на PS формите во сите функции кои се

карактеристични за оваа форма и употрeбените PC форми кои неправилно се јавуваат

во овој контекст во тестовите. Најголем процент од точните PS форми се за изразување

на состојба (50 %) и хабитуалност (околу 46%), а најмал број за наративен презент.

109

Графикон 4.3 Употребата на формите кај сите функции на PS формата во тестовите

Процентот на генерализирани форми кои се јавуваат кај прототипните употреби е 43%

за хабитуалност, 40% за состојби и 48% факти. Најголем процент на отстапувања има

кај специјалните употреби и тоа: рутинска идност 54% и изразување на наративен

презент 60 %. Резултатите покажуваат дека на ова ниво учениците ги користат PS и PC

формите наизменично особено во контексти кои им се помалку познати, но со

тенденција за почеста употерба на PC формите. Најголем процент на грешно

употребени форми кај прототипните употреби е за изразување на факти како во

следниот пример од тестот:

1. Bears ____(sleep) in caves all winter. In spring they are thin and hungry. ‘Мечките

спијат во пештери. Во пролет тие се слаби и гладни’

Бројот на употребени PS и PC форми кај оваа реченица е приближно ист, од вкупно 30

има 15 PS и 14 PC форми, што повторно ја потврдува нивната заменливиост при

употребата. Најголем број генерализирани употреби има кај PC формата за изрзување

на наративен презент. Кај оваа реченица, дадена во пример 2 (број 7 од ниво 1 и 12 во

ниво 2 во прилозите), и во другите нивоа има најголем број отстапувања што ќе биде

покажано кај крајните споредби на функциите во сите нивоа.

110

2. Messi runs / is running as fast as ever and is passing / passes the ball to Carles Puyol.

I can’t believe it. He misses / is missing the goal. What a disaster!! ‘Меси трча најбрзо и му

подава на Чарлс. Не ми се верува. Тој промаши!’

Во оваа реченица од вкупно 90 добиени глаголи 34 се PS форми (37%), а 56 (62%) се

PC форми што значи дека поголем е процентот на неправилно употребени глаголи.

Само 5 реченици се целосно точни со сите форми употребени во PS. Во реченицата

која е всушност спортски коментар глаголите кои треба да се употребат се ‘run’, ‘pass’,

‘miss’ а истите во тестовите се среќаваат во многубројни комбинации (He runs/ is

passing/ misses; He is running/ is missing/ is passing; He is running/ passes/ is missing).

Прогресивна форма најчесто се среќава кај глаголот ‘run’ (активност), а помалку често

кај ‘pass’ (моментно постигнување), но без некоја значителна разлика што би укажала

на тоа дека лексичкиот аспект е одлучувачки фактор. Поверојатно е учениците

формите да ги третираат како заменливи зашто освен што се уште ги немаат поврзано

формите со сите нивни употреби. Тие се потпират и на наученото правило дека

дејствата кои се тековни во моментот на зборување се опишуваат со PC формата.

Очекувано е на ова ниво тие да не ги знаат исклучоците и да го генерализираат

правилото.

Графикон 4.4 Употребата на формите кај сите функции на PC формата во тестовите

111

Правилната употреба на PC формите во соодветните контексти е процентуално

повисока во споредба на PS. Најголем процент на точни употреби има за изразување

привремени дејства и дејства кои се одвиваат околу моментот на зборување (70%).

Иако се очекува најголем дел од правилните форми да бидат кај моментниот презент,

тоа и не беше случај, зашто најголем процент од отстапувањата (40%) се токму во оваа

реченица (број 2 во ниво1), дадена во следниот пример.

3. We are in our new kitchen Mum is cooking / cooks dinner, my favourite dish –pizza.

‘Ние сме во кујната. Мама готви вечера, моето омилено јадење-пица’

Можна причина за големиот број неправилни употреби е тоа што нема очигледен

лексички показател (‘now’, ‘at the moment’), па учениците не го препознаваат

контекстот. Сепак, на ваквото објаснување му се спротиставува резултатот од

примерот 4 каде има висок процент на точни употреби за дејство кое се одвива во

периодот околу моментот иако и таму нема прилог за време (пример 4).

4. It will take me a lot of time to finish my project. I am still working/ work on the

pictures. ‘Ќе ми треба време да го завршам проектот. Уште работам на сликите’

Заради примери како наведениот (пример 4) не е јасно на што се должи погрешниот

избор на формата во пример 3. Како причина може да се јави тоа што учениците или не

го знаат и не го разбираат глаголот па случајно одбираат една форма или пак не ја

разбираат ситуацијата која е јасно наговестена со ‘we are in our new kitchen’.

4.1.2 Употреба на PS и PC кај ниво А 2

Графикон 4.5 Употреба во тестови

112

Графикон 4.6 Употреба во корпус

На ова ниво процентот на правилни употреби на PS и PC формите во тестовите е

највисок од сите нивоа (графикон 4.5). Процентот на правилна употреба на PC формите

е околу 70%, а на PS формите е 56%. Процентот на неправилни употреби на PS

формите (со 21%) е многу близок со процентот на неправилни употреби на PC формите

(26%). Тоа ја потврдува теоријата за постоење на фазата на слободна варијабилност

при употребата на две форми кои имаат сличности во значењата, но и разлики кои

учениците ги немаат совладано.

Од друга страна во корпусот процентот на точно употребени PS форми е поголем (со

89% правилни реализации). Има само неколку примери кога оваа форма се

генерализира за функции соодветни на PC формата, а останатите се за минато време.

Во ова ниво во корпусот се намалува процентот на точната употреба на PC формите, а

процентот на погрешни реализации е 44%. Тоа значи дека е повисок и од процентот на

неправилна употреба на оваа форма во тестовите. PC формите многу често се јавуваат

за изразување повторливи и рутински дејства (хабитуална употреба). Повторно се

покажува дека во тестовите се јавуваат грешки и кај двете форми, а во корпусот

грешките се главно кај употребата на PC формата.

Графиконотот 4.7 ја покажува употребата на PS формите во одделните фукции. Во

споредба со нивото А1 очигледено е зголемувањето на процентот на правилни

употреби во сите контексти. Најголемо зголемување со 30% има кај функцијата

изразување рутинска идност (во графикот забележано како ‘агенда’) дадена во

113

примерот 5. Овде всушност има и најголем број точни употреби, а зголемувањето кај

другите такви примери е за околку 20%. Во речениците за изразување на хабитуалност

(пример 6) се зголемува бројот на точните форми за 19%.

Графикон 4.7 Употребата на формите кај сите функции на PS формата во тестовите.

5. Make sure you come on time. The tour of the factory begins/ is beginning at 10 and

lunch is at 12. The bus takes/ is taking us home by 3.am. ‘Дојди навреме. Турата низ

фабриката почнува во 10, а ручекот е во 12. Автобусот не враќа во 3’.

6. Most days I get up/ am getting up early, because I need to get ready for school. On

Saturday and Sunday I am staying in bed very late. ‘Најчесто станувам рано зашто треба

да се подготвам за на училиште. Во сабота и недела останувам во кревет до доцна’.

Во ова ниво се зголемува правилната употреба на PC формите во сите функции

освен во експресивната каде има нагло опаѓање. Процентот на правилно употребени

форми за моментен презент е 88%, што е пораст за 38% во споредба со А1. Ова

покажува дека учениците веќе ги совладуваат прототипните, но подобри резултати

покажуваат и кај специјалните употреби на PC формите зашто кај изразување

привремени дејства и намера (илустрирано во примерите 7 и 8) процентот на правилно

употребени форми е релативно висок (88 и 78%).

114

Графикон 4.8 Употребата на формите кај сите функции на PC формата во тестовите.

7. My boss is ill. I am doing/ do all the work until he comes back . ‘Шефот е болен. Јас

работам се додека се врати’

8. Will you wait for me? I am coming to your town on Friday. ‘Ќе ме чекаш ли? Доаѓам

во петок.’

Процентот на правилни употреби за дејства во подолг период околу моментот на

зборување е ист како во А1 (пример 7 горе). Процентот на точни употреби за

експресивна функција (околу 15 %) е помал од А1 и е најмал од сите нивоа. Ваквата

состојба е очекувана зашто во ова ниво учениците веќе почнуваат посистематски да ги

поврзуват формите со фукциите, а ваквата функција не им е позната. Освен тоа можно

е лексичкиот показател (‘over and over again’) да го толкуваат како прилог за

зачестеност и затоа да ги користат PS формите ( што е случај во 67% од вкупниот број).

Нивната несигурност при изборот се забележува и со изборот на форми за минато

време (17%).

4.1.3 Употреба на PS и PC кај ниво Б1

Резултатите добиени од тестовите се карактеристични заради опаѓањето на

процентот на точни употреби и кај двете форми во споредба со двете претходни нивоа.

Процентот на точни PS и PC форми опаѓа за 14 %, односно 20% , во споредба со

нивото А2. Кај тестовите има извесен процент на форми за минато просто време кои се

јавуваат наместо PS и PC формите.

Графикон 4. 9 Споредба на употреба во тестови

115

Резултатите од корпусот повторно покажуваат висок процент на правилна

употреба на PS формите. Сепак процентот на генерализација на PC формата не е многу

различен од истиот процент кај тестовите. И на ова ниво е присутна тенденцијата за

зачестена употреба на PC формата при изразување хабитуални дејства.

Графикон 4.10 Споредба на употреба во корпус

Во однос на поединечните функции на ова ниво за 44% опаѓа процентот на правилни

употреби за изразување хабитуалност и тоа и во двете дадени реченици кои се

прикажани во примерите 9 и 10.

Графикон 4.11 Употребата на формите кај сите функции на PS формата

116

9. I have changed my eating habits since I started training. I am really careful about my

diet. I am eating/ eat only healthy food and I am drinking/ drink a lot of water . ‘Ги сменив

навиките на исхрана откако почнав да тренирам. Јадам само здрава храна и пијам

многу вода’.

10. It is the same old story. I work/ am working a lot and I am sleeping/ sleep for 3

hours. ‘Истата приказна. Многу работам и спијам само по 3 часа’

Се тргнува од претпоставката дека високиот процент на генерализација на PC формите

се должи на влијанието на Ј1 (македонскиот јазик) зашто дејствата кои се изразуваат со

овие примери се трајни, несвршени и тековни, но се и многу чести, што ја засилува

аналогијата со несвршените трајни глаголи во македонскиот јазик. Исто така, се

намалува и процентот на правилни употреби за изразување рутинска идност. Во

реченицата илустрирана со примерот 11 има 44% генерализација на PC формите.

11. I went to the agency and they gave me the info. This is the programme: On Monday

we visit /are visiting the famous places, on Tuesday we are going /go surfing. I should be fun.

‘Бев во аганцијата и ми дадаоа информации. Ова е програмата, во понеделник

посетуваме познати места, во вторник одиме на сурфање. Ќе биде забавно’

Земајќи го предвид фактот дека за изразување на идни планови и намери во наставната

програма единствено е воведена употербата на PC во контекст изразување планирани

настани (види 3.4 од методологија на истражување) ваквата употреба е очекувана.

Примерите дадени во учебниците се распоред на идни активности дадени по денови

што е слично на примерот 11. Учениците не прават разлика меѓу планирани дејства и

117

дејства кои регуларно се повторуваат како дел од програма. Постои и можност

реченицата воопшто да не им укажува на рутински поворливи дејства зашто може да се

толкува како еднократен план кој се однесува само на тоа едно патување. Заради

горенаведените појаснувања не може да се тврди со сигурност за причините за изборот

на учениците.

Графикон 4.12 Употребата на формите кај сите функции на PC формата во

тестовите

Во ова ниво кај употребата на PC формата има многу варијабилност и

недоследности. Се очекуваше да биде повисок процентот на правилни употреби за

моментни дејства зашто во реченицата има прилози за време (at the moment), а и

повисокото ниво на познавање на јазикот. Делумно објаснување е што во дадената

реченица (пример 12) глаголот have ‘има’ треба да биде во прогресивна форма заради

специфичната ситуација, а учениците се навикнати да го употребуваат како состојба во

РЅ. Мал е процентот на правилна употреба и кај функцијата изразување на дејства

околку моментот на зборување (само 20%) илустрирана со примерот 13. Во овој

контекст поголем е процентот на употреба на PS формите (со 30% ), а правилната

очекувана PC форма е само 23 % што покажано на графиконот. Најголем процент

употребени форми се формите за минато просто време (Past Simple) сo 53%. Тоа

покажува дека учениците ситуацијата ја разбираат како целосна, завршена и

заокружена со видлив резултат.

12. She is not in the office at the moment. She ____(have) a meeting. ‘Таа не е во

канцеларијата во моментов. Има состанок.’

118

13. He is focused on his work. He ____ (write) his third novel. ‘Тој е фокусиран на

работа. Го пишува последниот роман.’

Примерот што следи (пример 14) за учениците беше збунувачки зашто се изјаснија

дека иако разбираат дека контекстот е идно време не се сигурни дали се работи за

план, намера, распоред или моментална одлука и затоа одговорите што ги дадоа беа

многу различни (comes, has come, will come, will be coming). Сите форми се

прифатливи во овој контекст, сите се граматички издржани иако можеби не толку

логични за бараната ситуација која изразува план и намера за реализација на дејството.

Употребата на повеќе различни форми во контекст каде учениците претходно

употребувале само една, значи дека тие учат нови форми и се запознаваат со

семантичкото проширување на значењата. Во оваа фаза тие експериментираат со ново

научените форми и не се држат само до прототипните и препознатливи одговори.

14. My friend ____ (comе) to see me all the way from Bulgaria. He will be here next

Monday. ‘Мојот пријател доаѓа да ме посети од Бугарија. Ќе биде тука следниот

понеделник’

Експресивната функција покажува најмал процент на точни употреби и од вкупниот

број на глаголи употребени кај оваа функција 70% се PS форми (пример 15).

15. It is awful and it happens over and over again. He ____ (argue) with everyone in the

office. ‘Ужасно е и постојано се повторува. Тој се расправа со сите во канцеларијата.’

На нивото Б2 (графикон 4.13) се намалува бројот на несоодветни реализации во

споредба со сите други нивоа, но сепак се јавуваат грешки и кај двете форми.

Учениците и на нивото Б2 не ја достигнуваат фазата на стабилизација и

систематизација, а процентот на правилна употреба што не е многу поголем од 50 % .

Тие се уште проверуваат, тестираат и експериментираат и учат како да ги поврзат

формите со значењата.

4.1.3 Употреба на PS и PC кај ниво Б2

Во корпусот (графикон 4.14) резултатите покажуваат точност од 99 % точни

реализации на PS формите. Отстапувањата се незначителни. Треба да се нагласи дека

на ова ниво нема висок процент на отстапувања ни кај PC формите. Грешките се

резултат на фосилизација. Во слободните состави учениците самостојно го избираат

119

контекстот во кој ќе ја употребат формата. Тие веќе ги препознаваат основните

употреби на двете форми и почнуваат посистематски да ги користат.

Графикон 4. 13 Споредба на употребата во тестовите

Графикон 4.14 Споредба на употребата во корпусот

Графикон 4.15 Употребата на формите кај сите функции на PS формата во

тестовите

120

Графикон 4.16 Употребата на формите кај сите функции на PC формата во тестовите

Графиконот 4.16 покажува намалување на процентот на неправилни употреби кај

следниве функции: дејства околу момент на зборување и привремени дејства. За

изразувањето на моментен презент повторно има 20 % неправилни употреби со таа

разлика што во ова ниво не се јавуваат форми за минато време, но само PS форми. Тоа

повторно покажува дека учениците ги поврзуваат глаголите со нивните прототипни и

основни значења и кога контекстот налага поинаква употреба. Интересен е резултатот

за функцијата изразување на намера заради големиот процент употребени форми за

минато просто време (со 55%) за што ќе стане збор подолу. Експресивната функција

има ист процент на неправилни употреби како и Б1 што значи дека и на ова ниво

ваквата употреба кај учениците не е совладана.

121

4.2 Споредба на употребите на формите на сите нивоа по функции

4.2.1 PS форм и

Графикон 4.17 Употребата на формите за изразување состојби од А1 до Б2

Кривата од графиконот 4.17 го покажува праволинискиот пораст на правилната

употреба на PS формите за изразување на состојба од А1 до А2, па стагнација до Б1 и

повторен благ пораст до Б2 каде има и највисок процент. За илустрација на порастот на

правилна употреба ќе ја наведам следнава реченица (пример: 109) во која процентот на

точна употреба расте од А1 (36 %), А2 (50 %), Б1 (77 %) до во Б2 (80 %).

16. I don’t watch a lot of TV. I am spending/ spend my time in front of the PC. ‘Не

гледам многу телевизија. Најмногу време минувам пред компјутер.’

Процентот на генерализација на PC формите за изразување состојби е помал во

споредба со другите функции на PS (oсвен за изразување на факти). Примерот 17 е

илустрација на генерализација во несоодветен контекст во која има најголем процент

генерализации.

17. This coat is fitting me/ fits me perfectly well. I am definitely buying it. ‘Палтово

совршено ми одговара. Секако го купувам’

Можни причини се тоа што учениците го препознаваат глаголот како несвршен, а

ситуацијата како моментна, перцепција што се засилува заради прогресивна форма на

глаголот кој следи во истата реченица. Се применува генерализација на правилото и

122

онаму каде заради лексичкиот аспект, а и заради функцијата на глаголот (изразување

на состојба) посоодветна е PS формата.

Графикон 4.18 Употребата на формите за изразување хабитуалност од А1 до Б2

Графиконот 4.18 го покажува процентот на правилни и неправилни употреби на

формите за изразување хабитуалност. Слично како кај резултатите од корпусот,

најголем процент од генерализациите се во овој контекст. Највисок процент на

правилни употреби е во Б2 (до 70%) што е само за неколку проценти повисок од

нивото А2. Кај примерите што следат (примери 18 и 19) најевидентна е слободната

варијабилност при изборот на формите, а тука се јавија и најголемиот процент на

неправилни употреби. Најчесто еден од глаголите во реченицата е со правилната PS

форма, а другиот е со PC што значи дека учениците ги користат формите помалку или

повеќе случајно, без консистентно да ги следат правилата или да го разграничуваат

контекстот.

18. Most days I get up / am getting up early because I need to get ready for school. On

Saturday and Sunday I am staying/ stay in bed late. ‘Најчесто станувам рано зашто треба

да се спремам за на училиште. Во сабота и недела подолго останувам во кревет’

Кај овој пример во нивото А1 процентот на PC форми е 58% од вкупниот број на

употребени глаголи и опаѓа до 13 % во A2. Поголем процент од неправилно избраните

и употребени форми се кај глаголот ‘stay‘. Една од можните причини за тоа што кај

глаголот ‘get up‘ бројот на грешки е помал е неговата многу честа употреба што значи

дека е усвоен како фраза кога се користи во контекст за опис на дневна рутина. Исто 123

така тој се јавува со прилог за зачестеност ‘most days’ кој контекстот го прави

поочигледен. Глаголот ‘stay’ учениците не го среќаваат често во ваков контекст и

заради самото негово значење на продолжено дејство го поврзуваат со несвршен вид и

го реализираат со прогресивната форма. Во нивото Б1 и Б2 состојбата е слична со 45

% т.е 30 % генерализирани PC форми конкретно во илустративниот примерот 19.

19. It’s the same old story. I work / am working a lot and I am sleeping/ sleep for 3 hours

only. ‘Истата приказна. Многу работам и спијам само 3 часа’.

Формите се користат наизменично, но во овој пример не се издвојуваат глаголи кои се

процентуално почести во едната или другата форма. Овој податок потврдува дека и во

Б2 учениците се уште не ги поврзуваат формите со употребите и покрај тоа што се

работи за прототипен контекст со познати и често употребувани глаголи. Претпоставка

е дека учениците полесно ги препознаваат и правилно ги користат формите за

хабитуални дејства кога се дадени во многу очигледен контекст (како на пример

дневни рутини) или кога се јавуваат со вообичаените лексички показатели.

Графикон 4.19 Употребата на формите за изразување факти од А1 до Б2

Во употребата на формите за изразување факти (графикон 4.19) бројот на

генерализирани примери е најмал во споредба со другите функции. Најголем број

генерализации со PC има во А1, а во Б1 има и примери со употреби на глаголот во

минато време, на пример во следната реченица:

20. In some way, the average person ____ (eat) 430 bugs each year of their life. ‘Секој

човек, некако, јаде 430 бубачки секоја година од животот’

124

Процентот на правилни употреби покажува најголем пораст во однос на сите функции

(до 100 % во Б2).

Графикон 4.20 Употребата на формите за изразување наративен презентод А1 до Б2

Графикон 4.21 Употребата на формите за изразување рутинска идност од А1 до Б2

Последните два графикони ги покажуваат специјалните функции на PS формите за кои

претпоставката беше дека ќе имаат најголем процент на отстапувања и неправилни

форми вo сите нивоа. Таа претпоставка се потврдува зашто, како што се гледа од

графиконот 4. 21 дури и во Б2 процентот генерализирани форми е 60. Дадената

125

реченица (пример 21) е иста кај сите нивоа и токму таму најдобро се забележува

варијабилноста на формите и начинот на кој учениците ги комбинираат формите при

употребата.

21

‘Меси трча, му ја додава топката на Чарлс , овој шутира и промашува. Катастрофа!’

Како што спомнав и погоре при описот на оваа функција кај сите нивоа пооделно

ваквиот избор се должи на фактот што учениците ја прикажуваат ситуацијата како

моментна зашто таа е и токму таква. Единствено што за моментни дејства почнати и

завршени во самиот референцијален момент во англискиот јазик правилна е PS

формата, а ваквата специјална функција на оваа форма не е воведена во наставата ни во

Б2. Сепак изборот на оваа реченица беше намерен зашто учениците често следат

спортски коментари на англиски јазик и очекував дека несвесно ја усвоиле употребата

на PS во таква функција. Приказите на графиконот се од сите глаголи заедно и затоа

кај оваа реченица како дополнителна анализа се изброени реченици во кои сите

глаголи се со правилни PS форми. Во нивото А1 бројот на реченици кои се целосно

правилни е 5, во А2 има 7 реченици каде сите глаголи се со правилна форма. Во Б1

има 8 целосно точни реченици и во Б2 има 7 што значи дека иако нивото е повисоко

нема пораст на бројот на точни форми. Бројот на целосно точни реченици

дополнително покажува дека учениците се држат до генералното првило и го

применуваат во сите контексти кои ги сметаат за соодветни и не прават исклучоци за

употреби кои на некој начин се разликуваат. Резултатите од графиконот 4.21 имаат

највисок процент на неправилни форми што е неочекувано во Б2 зашто се

претпоставуваше обратното. Најголем број на точни реализации има во А2, а потоа има

опаѓање што е делумно резултат на избраните реченици но и на фактот што учениците

се потпираат и ги користат само оние правила кои добро ги познаваат и кои им се

научени најпрво.

22. Make sure you come on time. The tour of the factory begins / is beginning at 10 and

the bus takes us home at 3 .’Дојди навреме. Турата почнува во 10, а автобусот не враќа

во

23. I went to the agency and this is the programm. On Monday we are visiting/ we visit

all the famous places and on Tuesday we go/ are going surfing. ‘Бев во агенцијата и ми

126

дадаоа информации. Ова е програмата, во понеделник посетуваме познати места, во

вторник одиме на сурфање. Ќе биде забавно’

Добиените резултати укажуваат на тоа дека учениците примерот 23 го разбират како

план и намера во иднина, а не како рутинска идност за разлика од примерот 22. Освен

причините наведени погоре добиените резултати делумно се должат на недоволната

јасност на контекстот. Доколу во примерот беше додадено (‘the progremme is the same

as every year …on Mondays and Tuesdays’) контекстот ќе беше понедвосмислен што

можеби ќе доведеше до поинакви резултати. Сепак, заклучокот е дека учениците не ја

поврзуваат соодветно формата со функцијата во овој случај.

4.2.2 PC форми

Графикон 4.22 Употребата на формите за моментен презент

Употребите за моментен презент од А1 до Б2 ниво се прикажани на графиконот 4.22.

Оваа функција на PC формите е најтипична и најчеста за изразување на дејство во

моментот на зборување. Во А1 има поголем број отстапувања, кој се намалува во А2

но неочекувано се зголемува во Б1, каде и покрај прилогот за време во реченицата се

јавуваат неколку неправилни употреби, односно PS форми. Тие се резултат или на

127

непознавање на функциите на PC и PS формите или пак се работи за фосилизирани

грешки.

Графикон 4.23 Употребата на формите за изразување дејства околу моментот

Графиконот 4.23 покажува дека во почетните две нивоа учениците релативно точно ја

користат PC формата за изразување на дејства кои се одвиваат околу моментот на

зборување. Потоа процентот опаѓа за 50 % што е несвојствено заради тоа што

учениците ја познаваат PC формата и правилно ја користат уште од самиот почеток

како што е евидентно од графиконот. Големиот процент на неправилни употреби на Б1

ниво не се должи само на употребата на несоодветни PS форми (вакви има 9) туку на

големиот број форми за минато време (вкупно14). Во значителен број формите за

минато време се јавуваат и во нивото Б2 што може да е резултат на поинакво

разбирање на контекстот во реченицата дадена подолу (пример 24). Доколку се

употребат формите за минато време всушност реченицата граматички e правилна ако

изразува завршено и заокружено дејство. Целта е, меѓутоа, да се потенцира траењето и

несвршеноста на дејството за што соодветна е PC формата која во последните нивоа

брои многу отстапувања. Сепак, заради двосмисленоста на контекстот, но и заради

граматичката исправност на алтернативно употребената форма (во случајов за минато

време) овие резултати се земаат и се толкуваат со извесна резерва.

24. He is focused on his work. He __ (write) his third novel. ‘Тој е фокусиран на

работата. Го пишува третиот роман’.

128

Графикон 4.24 Употребата на формите за изразување намера

Слична е ситуацијата и кај следната функција - изразување намера (графикон 4.24).

Поголемиот број грешки во А1 е очигледната варијабилност на формите кога

учениците се уште се во фаза на препознавање и разграничување. Процентот на

правилни употреби опаѓа и кај А2 и кај Б1. Bo Б1 најчести се формите се за минато

време (past simple), а има и структури со партикулата за идно време ‘will’. Само

неколку глаголи се јавуваат со PS форми за разлика од Б2 каде процентот на PS форми

е 16%, а формите за минато време 52%. Други форми не се среќаваат. Примерот 25 е

реченица која е дадена и во нивото Б1 и во Б2. Не е сосем јасно зошто учениците

употребуваат минато време во ваков контекст (употребата на ‘will’ укажува на идно

време и тоа може да се прифати) освен ако контекстот не го толкуваат поразлично.

25. My friend _____ (come) all the way from Bulgaria. He will be here on Monday.

‘Мојот другар доаѓа дури од Бугарија. Ќе биде тука во понеделник.’

За функцијата изразување привремени дејстви (графикон 4.25) процентот на

правилната употреба е најголем во споредба со сите други функции на PC формата.

Најголем број отстапувања има во А1 па процентот правлиниски се зголемува до

приближно 100% точност кај Б2.

Графикон 4.25 Употребата на формите за изразување привремени дејства

129

Графикон 4.26 Употребата на формите за изразување експресивна функција

Во експресивната функција (графикон 4.26) има најголем процент отстапувања и тоа

нe само генерализација на PS, но и употреби на формите за минато просто време,

форми за сегашен перфект (2 примери), примери со други форми (keep asking). Сепак

тоа што најголем дел од нив и кај двете дадени реченици се генерализирани PS форми

е очигледен показател на тоа дека учениците не ја познаваат оваа употреба и не ја

поврзуваат со PC формата.

4.2.3 Споредба на правилната и неправилната употреба на формите

Резултатите од тестовите (графикон 4.27 и 4.28) покажуваат слично однесување и на

двете форми во однос на нивните правилни и неправилни употреби.

Графикон 4.27 Употреба на форми во очекуван PS контекст во тестовите

130

Графикон 4. 28 Употреба на форми во очекуван PС контекст во тестовите

Процентот на правилни употреби на PS се зголемува кај А2 (55%), опаѓа во Б1 за

повторно да се зголеми во Б2 до 48%. Неправилната употреба на PS формите е

најголема кај А1 (35 %), кај А2 и Б1 е многу блиска со околу 20%, а во Б2 процентот е

најмал со 16% (во графикон 4.28). Најголем број од отстапувањата се јавуваат за

изразување експресивна функција што значи дека PS формата се генерализира само во

определени контексти кога се работи за специјалните употреби. Генерализација во

прототипни контексти има само во А1 и тоа за изразување моментен презент што се

должи на фактот дека во ова ниво учениците ги користат формите како заменливи. Од

друга страна процентот на правилни употреби, сепак не е многу висок (во Б2 е 48%)

зашто учениците за функции во кои се очекува PS неправилно користат PC форми,

131

форми за минато време, и партикули за идно време. Беше нагласено дека ваквите

резултати ќе се земат со резерва заради проблематичниот контекст во пример 24, а и

заради исправноста на неколку алтернативни форми во 25. Ако се изземат ваквите

употреби заклучокот е дека процентот на генерализација на PS формите е помал од

процентот на генерализација на PC формите.

Според графиконот 4.28 во сите нивоа процентот на правилна употреба на PC

форми е повисок во спореба со PS формите. Најнискиот процент на правилна употреба

на PC формите е во Б2, и е неочекувано помал и од процентот во А1. Ова се должи на

големиот процент на неправилно употребените форми кај специјалните функции и тоа

изразување на наративен презент и рутинска идност. Меѓутоа, и за изразување

хабитуалност процентот на неправилни форми е значителен и на Б2 ниво, што значи

дека проблемот со распределбата на функциите по формите на сегашните времиња (PS

и PC) продолжува и на повисоките нивоа.

4.3 Споредба на употребените форми во корпусот и во тестовите

Графиконот 4.29 ја покажува правилната употреба на формите во корпусот и во

тестовите. Кај корпусот уште во нивото А1 има висок процент на правилна употреба

(95%) која во Б2 достигнува 99%. Растот е во форма на “U” со благо опаѓање во А2 и

Б1. Во тестовите процентот на правилната употреба на PS формите е значително

помал со 41 % во А1 и 48 % во Б2. Највисок процент на правилни употреби има во А2

(56%).

Резултатите прикажани на графиконот 4.29 се должат на тоа што учениците треба

да изберат форма и да ја поврзат со соодветна функција надвор од ограничен контекст

во кој единствено ја употребувале во корпусот. Бројни фактори влијаат на

усвојувањето на структурите, но и на нивната употреба, а тестовите ја тестираат

употребата во многу различни контексти и во сите функции. Исто така контекстот во

кој се предава извесна ситуација може да им е недоволно јасен, да го разбираат како

двосмислен или воопшто да не го препознаваат. Учениците на ова ниво не ги познаваат

сите употреби на дадените форми, а и ги генерализираат правилата што им се веќе

усвоени. Кај корпуот пак користат само она што знаат и се ограничуваат на познати и

132

проверени употреби што доведува до голема разлика во процентот на правилни

употреби.

Графикон 4.29 Приказ на споредба на точни употреби на PS во корпусот и во тестовите

Графикон 4.30 Приказ на споредба на PC формите во корпусот и во тестовите

133

Кај PC формите состојбата е поинаква (графикон 4.30). И кај корпусот и кај тестовите

се почнува од ист процент на правилно реализирани форми (58 % кај тестовите и 60%

кај корпусот). Кај тестовите расте процентот на правилна употреба и исто како кај PS

формите најголем е во А2. Претпоставката е дека учениците веќе почнуваат да ги

поврзуваат формите со функциите во дадените реченици што би се очекувало да е

случај и кај повисоките нивоа. Сепак процентот на правилна употреба опаѓа во двете

следни нивоа што се должи главно на високиот процент на неправилни употреби во

специјалната функција - изразување рутинска идност.

134

5. ЗАКЛУЧНИ ЗАБЕЛЕШКИ

Во ова последно поглавје се сумираат резултатите, се ревидираат поставените

хипотези и се донесуваат заклучоци. Описот на анализата на резултатите добиени од

корпусот (објаснети во третото поглавје) и резултатите добиени од дополнителните

тестови (објаснети во четвртото поглавје) треба да ги објаснат основните прашања и да

ги потврдат претпоставките кои се централни во тезата. Дадените одговори се

поткрепени со презентираните лингвистички теоретски поставки и теориите за

усвојување на втор јазик (образложени во второто поглавје).

Најпрво се преиспитуваат и се дообјаснуваат поставените хипотези, а потоа се дава

сумарен преглед и завршни коментари во однос на следниве тврдења:

Процентот на испуштање на наставката за трето лице еднина –s (кај PS

формата) се намалува во повисоките нивоа со напредокот во усвојувањето

на јазикот цел (англискиот јазик)

Се намалува и процентот на испуштање на помошниот глагол кај PC

формата

Видлива е прекумерната употреба на PC формите и генерализацијата на

оваа форма при изразување на хабитуалност

5.1 Ревидирање и потврда на поставените хипотези

(1) Усвојувањето на структурите за изразување на PS и PC се одвива според

утврдените развојни фази при што евидентно е намалување на грешките во формата и

проширувањето на функциите од основни и прототипни до специјални.

Усвојувањето на формите во меѓујазикот на македонските говорители се одвива

согласно развојните фази зашто грешките во формата пропорционално се намалуваат

од ниво во ниво. Во корпусот се покажува проширување на функциите од прототипни

до специјални и тоа за изразување наративен презент и рутинска идност кај PS (табела

3.25) и изразување привремени дејства и идни планови и намери кај PC (табела 3.27).

Кај тестовите каде се испитува познавањето на сите функции на структурите

135

напредокот не е толку очигледен како кај корпусот, но е највисок во А2 а потоа опаѓа и

се задржува на околу 50% и кај двете форми (види 4.1.2). Тоа значи дека учениците не

ја достигнуваат фазата на стабилизација при одност форма – функција, особено во

изразувањето на специјалните функции. Претпоставката за ваквиот резултат се заснива

врз подоцнежноото воведување на овие функции во наставата и нивно непрепознавање

или пак погрешното или недоволното разбирање на контекстот. Исто така, од голема

важност е степенот на когнитивен развој кај учениците и начинот на кој го разбираат

семантичкото проширување на значењето на испитуваните форми. Тоа значи дека

прототипните функции побрзо и порано се усвојуваат во споредба со специјалните.

Зачестеноста со која се јавуваат формите е исто важен фактор зашто колку почесто

учениците ја среќаваат одредена структура поголеми се шансите подобро и побрзо да

ја усвојат (Bardovi- Harlig 1991, Lightbow & Spada 2006, Ellis 1994, 2007).

(2) Во почетните степени во меѓујазикот на изучувачите се јавува варијабилност при

користењето на структурите. Напредокот од едно ниво во друго се одвива по следниов

редослед: категоријална употреба, слободна варијабилнoст, систематизација и

стабилизација (Еllis, 1997: 52). Оваа претпоставка се потврдува со резултатите од

корпусот каде се следи ваквиот развој по стадиуми. Сепак, кај тестовите во кои

всушност се дадени двете форми и се почнува од фазата на слободна варијабилност

фазата на систематизација и стабилизација не се остварува иако е евидентен процентот

на намалување на грешките. Единствено кај прототипните функции се постигнува

делумна стабилизација и правилно поврзување на формата со функцијата (графикон

4.29 и 4.30).

(3) Во меѓујазикот на говорителите се јавува генерализација на прогресивната форма и

нејзина несоодветна употреба за изразување хабитуален контекст или состојба. Ова

отстапување е резултат на развојните фази и на влијанието на Ј1 особено во контексти

каде и други фактори ја зголемуваат можноста за ваков избор.

Оваа хипотеза, која е централна и најважна, а е појдовна во ова истражување, се

покажа точна и во резултатите од корпусот и во тестовите. PC формата се генерализира

за изразување на хабитуалност и рутинска идност, а во тестовите се јавува и

генерализација за наративен презент. Генерализацијата на формите е всушност

генерализација на правилата што е секако резултат на развојните фази во меѓујазикот,

но и на влијанието на македонскиот јазик. Учениците ја поврзуваат несвршената форма

136

од трајните глаголи ( во македонски имперфективен аспект) со прогресивната форма во

англискиот. Ова се должи исто така на фактот што во македонски има само една форма

- несвршената форма од глаголот со која се изразуваат состојби, хабитуалност,

наративен презент и идност. Поради тоа учениците често ја користат прогресивната

сегашна форма (РС) во такви функции, особено ако се работи за контексти со кои не

се среќаваат често во процесот на учење на англискиот јазик. Потврда за ова се

процентите на генерализирани форми кои во корпусот се задржуваат до Б2 (4%) а се

значително големи во А2 (44%) и Б1 (20%). Во тестовите процентот на генерализација

на PC формите е уште поголем (графикон 4.27) со тоа што се задржува генерализација

од 16 % и во Б2.

(4) Лексичкиот аспект на глаголите влијае при изборот на граматички маркери

согласно лексичките класи и хипотезата за аспектот.

За последната хипотеза податоците од корпусот и истражувањето се недволни и

нецелосни и затоа врз основа на нив не можат да се донесат релевантни заклучоци. Тоа

се должи првично на начинот на кој се анализираат податоците, но и на прашањата од

тестовите кои не ја тестираат употребата на глаголите согласно со лексичкиот аспект.

За да може да се потврди како учениците го поврзуваат лексичкиот аспект со

граматичките маркери треба да се направат прашања кои ќе нудат избор на маркерите

согласно лексичкиот аспект. Во неколку реченици каде тоа може да се покаже (пример

21 во поглавје 4) постои извесно поврзување на активностите со прогресивната форма

во однос на другите лексички класи, но тоа е само основа за други целисходни и

поинаку фокусирани истражувања.

- Намалувањето на процентот на испуштањето на наставката –s го покажува

напредокот кај учениците во однос на усвојувањето на правилната форма. Податоците

добиени од корпусот тоа главно го потврдија (графикон 3.15). Резултатот кој е добиен

во Б2 (15% во кои е испуштена наставката) не значи дека формата не е совладана но

упатува и на друга карактеристика на меѓујазикот – фосилизација. Ваквиот резултат е

потврда за тоа.

- Процентот на испуштање на помошниот глагол кај PC формите драстично се

намалува (графикон 3.17) што значи дека учениците во целост ја совладуваат

прогресивната форма;

137

- Конечниот заклучок од добиените резултати е сознанието дека процентот на

употребени PC форми е голем без оглед дали тие се правилни или неправилни. Тоа ја

потврдува претпоставката дека PC формата е често употребувана и во соодветни и во

несоодветни контексти и конечно е форма која изучувачите ја генерализираат

независно од степенот на познавање на јазикот. Контекстот во кој најчесто се

генерализира е хабитуалниот заради аналогијата со македонските несвршени форми

кои се јавуваат во оваа употреба.

5.2 Импликации за наставата

Добиените податоци имаат важни импликации за наставата. Ова истражување

покажа врз основа на емпириски материјал дека учениците имаат потешкотија при

поврзувањето на формата со функцијата кај PS и PC формите во англискиот јазик. Тоа

е особено изразено на А2 и Б1 ниво, но проблемот се јавува и на повисок степен.

Причините за ова се повеќекратни, но фактот што во македонкиот јазик има само една

форма за сегашно време претставува значаен фактор. Наставниците треба да бидат

свесни дека мешањето на формите и на функциите на двете сегашни времиња е

очекувано и е дел од природниот процес на усвојувањето. Тие не треба да ги

обесхрабруваат учениците во експериментирањето зашто после фазата на

експериментирање следи фаза на стабилизација и систематизација во која учениците ќе

научат правилно да ги користат и двете форми. Сепак, наставниците треба секогаш да

ги водат учениците низ процесот на учење и треба да им помогнат да ги увежбуваат

сите функции на PS и PC (особено непрототипните) со соодветени вежби и активности.

5.3 Предлози и идеи за понатамошни истражувања

Основна цел на ова истражување е да се покаже и објасни влијанието на

македонскиот јазик при усвојувањето на двете форми (PS и PC формите) за изразување

сегашно време во англиски јазик. Ова истражување е прво истражување од овој тип кое

се базира на податоци добиени од корпус на меѓујазикот на македонски говорители , а

се фокусира на влијанието на македонскиот јазик. Разликата во начинот на кој се

реализира категоријата аспект во двата јазика доведува до потешкотии при

138

поврзувањетто на формата и функцијата на испитуваните структури. Оваа препоставка

беше основна и појдовна, а добиените резултати ја потврдија како точна и издржана.

Во ова истражување се анализираа и опишуваа сите функции на PS и PC формите;

Добиените резултати, меѓу другите заклучоци, покажаа и дека влијанието на

македонскиот јазик најмногу се рефлектира во изборот на PC формите за изразување

на хабитуалност. Тука се јавуваат најголем процент на отстапувања. Овој податок

може да биде појдовна точка за други понатамошни истражувања кои би се

фокусирале на реализацијата на PC формите само во ваква употрeба. Целта би била да

се утврди влијанието на македонскиот јазик и да се дадат поисцрпни податоци за ова

влијание.

139

6. БИБЛИОГРАФИЈА

6.1 Користена литература - латиница

Abbs, B., Freebairn, I & Bolton, D. 2009. New Sky 2,Student's Book. Longman.

Abbs, B., Freebairn, I &Kilbey, L. 2009.New Sky 1 Student's Book. Longman.

Bardovi-Harlig, K. 2000.Tense and Aspect in Second Language Acquisition: Form, Meaning,

and Use. Indiana University Blackwell Publishers.

Bybee, J., Perkins, R. Pagliuca, W. 1994. The Evaluation of Grammar Tense, Aspect, and

Modality in the Languages of the World. The University of Chicago Press, Chicago and

London

C. Richards, J. 1974. Error Analysis Perspectives on Second Language Acquisition.

Longman.

Comrie, B. 1976. Aspect.Cambridge University Press.

Corder, S. P. 1974.The Significance of Learners’s Errors. In Richrads, J.C. (Ed.), Error

Analysis :Perspectives on Second Language Acquisition (pp. 19-31). Longman Group

Limited, London.

Dahl, O. 1985.Tense and Aspect System. Basil Blackwell Ltd.

Dooley, J., Evans, V. 2005. Blockbuster, Student’s Book. Express Publishing.

Ellis, R. 1994. The Study of Second Language Acquisition. Oxford University Press.

Ellis, R. 1997. Second Language Acquisition.Oxford University Press.

Gass, M. S & Selinker, L. 2008. Second Language Acquisition: An Introductory Course.

Routledge Taylor & Francis Group.

Gilquin, G. 2008. Combining contrastive and interlanguage analysis to apprehend transfer:

detection, explanation, evaluation. In: Gilquin G., Papp S. and Díez-Bedmar M. B. 140

(Eds.), Linking up contrastive and learner corpus research (pp. 3-30). Amsterdam/New

York: Rodopi.

Granger, Sylviane (2002) “A Bird’s-eye view of learner corpus research”. In: Granger S.,

Hung J. and Petch-Tyson S., (eds) Computer Learner Corpora, Second Language

Acquisition and Foreign Language Teaching, 3-36. Amsterdam/Philadelphia: John

Benjamins Publishing Company.

Housen, A. 2000.Verbs Semantics and the Acquisition of Tense -Aspect in L2

English.StudiaLinguistica, 54(2): 249-259.

Housen, A. 2002.The development of tense-aspect in English as a Second language and the

variable influence of inherent aspect. In: Salaberry, R. &Shirai Y. (Eds.), Language

Acquisition of tense-aspect morphology (pp.79- 198). John Benjamin Publishing Co.

Huddleston, R. 1984. Introduction to the Grammar of English. Cambridge University Press

Hunddleston, R. Pullum, G. 2002. The Cambridge Grammar of the English Language

(pp.156-166). Cambridge University Press

Hutchinson, T. 2008 Project 1, Student’s Book 1. Oxford University Press.

Krashen, S.D. 1981. Second Language Acquisition and Second Language

Learning.Pergamon Press Inc.

Leech, Goeffrey, N. 1987. Meaning and the English Verb. Longman

Leech, G. Hundt, M. Mair, C. Smith, N. 2009. Change in Contemporary English. A

grammatical study (pp.118-143). Cambridge University Press.

Levy, M. Goodey , D. 2005. Messages Student’s Book 1.Cambridge University Press.

Lightbow, P. M. & Spada, N. 2006. How languages are learned. Oxford University Press,

Long, H.M. & Doughty J.C. 2003.The Handbook of Second Language Acquisition. Blackwell

Publishing.

Nemser, W. 1974. In Richrads, J.C. (Ed.), Error Analysis :Perspectives on Second Language

Acquisition (pp. 55-64). Longman Group Limited, London.

Oldin, T. 2003. Language transfer: Cross –Linguistic influence in language. In: Doughty, C.

& Long, M. (Eds.), The Handbook of Second Language Acquisition (436- 452).

Blackwell Publishing.

141

Palmer, F. R. 1987. The English Verb (second edition).Longman.

Quirk, R. Greenbaum, S. Leech, G. Svartvik, J. 1985. Comprehensive Grammar of the

English Language (pp.173-241). Longman.

Richardson, Kylie. 2007 Case and Aspect in Slavic (10-22). Oxford University Press

Saville - Troike, M. 2006. Introducing Second Language Acquisition. Cambridge University

Press.

Selinker, L. 1974. Interlanguage. In: Richrads, J.C. (Ed.), Error Analysis :Perspectives on

Second Language Acquisition (pp. 31- 54). Longman Group Limited, London.

Weist, R. M. 2002. The first language acquisition of tense and aspect: A review. (pp. 2-78).

In: Salaberry, R. &Shirai Y. (Eds.), Language Acquisition of tense-aspect morphology.

John Benjamin Publishing Co.

Williams, C. 2001. The progressive form and the non-progressive form in English: The

theory of susceptibility of change, Centro Virtual Cervantes, Italy: 87-117

Young Kwon, E. 2005. The “Natural Order” of Morpheme Acquisition: A Historical Survey

and Discussion of Three Putative Determinants. Working Papers in TESOL & Applied

Linguistics. Vol. 5, No 1: 1-21.

Yule, G. 1998. Explaining English grammar: A guide to explaining grammar for teachers of

English (53- 83). Oxford University Press.

Yule, G. 2006. The study of language (third edition).Cambridge University Press.

6.2 Користена литература - кирилица

Гајдова, У. 2010. Македонски јазик. Во: Тополињска З. и М. Миркуловска (ред.), 27-38.

Конески, Б. 1981. Граматика на макеgонскиот литературен јазик. Скопје: Култура,

Македонска книга, Мисла, Наша книга.

Пановска-Димкова, И. 2004.„Нацрт за испитување на хабитуелната видска

конфигурација во македонскиот јазик“. Лингвистика, УДК. 811.163’3.366. 58 : 363-

370.

142

Пановска – Димкова, И. 2007. Хабитуални морфосинтаксички структури. Филолошки

стуgии. Проучување на говорот. Лингвоgиgактика. Том 2 :240-247.

Петроска , Е. и Тофовска, С.-Сташа. 2010. Синтеза 1. Основни средства за изразување

сегашност во словенските и балканските јазици. Во: Тополињска З. и М.

Миркуловска (ред.), 165-178. Тополињска, З. 2010. Синтеза 3. Секундарни

функции на парадигмите чија основна функција е изразување сегашност. Во:

Тополињска З. и М. Миркуловска (ред.), 199-208.

Петроска, Е. 2001. „За итеративноста во македонскиот јазик“. Во: Македонски

јазик 41-42, 111-123.

Тополињска З. и М. Миркуловска (ред.) 2010.‘Сегашност’ како лингвистички поим:

Граматички среgства за изразување ‘сегашност’ во словенските и во

балканските јазици. Скопје: Истражувачки центар за ареална лигвистика при

МАНУ.

Тополињска, З. 2008. Полски-македонски: граматичка конфронтација. 8. Развиток на

граматичките категории. Скопје: МАНУ

6.3 Дополнителна литература

Benati, A.G & James, F.L. 2008 Grammar acquisition and processing instructions:

Secondary and Cumulative Effect (pp. 88-121). Multilingual Matters.

Bhela, B. 1999. “Native language interference in learning a second language: Exploratory

case studies of native language interference with target language usage” International

Education Journal Vo1. No.1: 22- 31

Erdogan, V. 2005. “Contribution of Error Analysis to foreign language teaching” Mersin

University Journal of Faculty of Education. Vol 1. Issue 2: 261-270.

Haznedar, B. 2007.Second Language Research; 23; 383.

(http://slr.sagepub.com/cgi/content/abstract/23/4/383)doi: 10.1177/0267658307080330

Huang, Ping-Yu.“The Aspect Hypothesis and L2 Learners’ Awareness of Lexical Aspect”

(upload/893010099/The%20Aspect%20Hypothesis%20and%20L2%20Learners

%20Awareness%20of%20Lexical%20Aspect.pdf) downloaded 2012

143

Kurtes, S. 2006. “Contrastive Analysis at work; Theoretical considerations and their

practical applications” Singum: Estud.Ling.Londrina. No 9/1: 111-140.

Lenko-Szymanska, A. (2007). Past progressive or simple past? The acquisition of progressive

aspect by Polish advanced learners of English. In E. Hidalgo, L. Quereda & J. Santana

(Eds.), Corpora in the foreign language classroom. Selected papers from the sixth

international conference on teaching and language corpora (TaLC 6), University of

Granada, Spain, 4-7 July 2004 (pp. 253-66). Amsterdam & New York: Rodopi.

Parlog, H. 2011. “Progressive aspect today: The stative” Belgrade English Language and

Literature studies. Belgrade (BELLS). Vol.3: 33- 49.

Powel, G. 2007. “What is the role of transfer in interlanguage?” In: 40th Annual Meeting of

the British Association for Applied Linguistics – BAAL: 1-20

(http://www.ling.lancs.ac.uk/groups/crile/docs/crile33powell.pdf. 2010)

Prevost, P. & White, L. 2002. “Missing surface inflection or impairment in Second Language

Acquisition. Evidence from tense and agreement” Second Language Research 16, 2:

103-133.Doi: 0267-6583(00)SR164OA

6.4 Користени интернет страници

http://linguistlist.org/pubs/journals/browse-journals.cfm

http://online.sagepub.com/

http://academia.edu/

http://bro.gov.mk/

144

7. ПРИЛОЗИ

Прилог 1. Прв тест за ниво А1 и А2

LEVEL 1

I. Circle the right answer

1. She lives / is living in the city centre. The building is not very big and there is a garden. It’s a very nice place.

2. We are in our new kitchen. Mum is cooking / cooks dinner, my favourite dish-pizza.

3. We are writing / were writing emails all day yesterday.

4. The castle stands/ is standing on the hill near the river.

5. Are you talking / do you talk to me? What is it that you want?

6. Make sure you come on time. The tour of the factory begins / is beginning at 10.30 and lunch is at 12. There is a meeting at 2 and the bus is taking / takes us home by 3 p.m.

7. Messi runs / is running as fast as ever and is passing / passes the ball to Carles Puyol. I can’t believe it. He misses / is missing the goal. What a disaster!!

8. It will take me a lot of time to finish my project. I am still working/ work on the pictures.

9. Most days I get up/ am getting up very early, because I need to get ready for school. On Saturday and Sunday I am staying/ stay in bed until very late.

145

10. Dejan is my best friend. He is /was born in Prilep.

11. My boss is ill. I am doing/ do all the work until he comes back.

12. My father travels/ is travelling a lot because he is working / works for an intentional company.

13. Will you wait for me at the bus station? I come/ am coming to your town on Friday.

14. I don’t watch a lot of TV. I spend / am spending most of my time on my computer.

II.Fill in the gaps

15. My favourite film character is Harry Potter. He is not very tall, he is thin and _____ (wear) glasses.

16. Please be quiet! I ____ (talk) on the phone.

17. Bears ___ (sleep) in caves all winter. In spring they are thin and hungry.

18. Last night we all went out in the café. We were sitting at the table when suddenly this boy comes over, _____ (start) talking silly things and _____ (begin) a fight.

19. A lot of tourists come to my town in summer. Their cars_______ (pollute) the air and we _____ (breathe) the smoke.

20. My dad ___ (listen) to rock music when he was young.

21. I _____ (come) to your party definitely. I can’t wait.

22. David is a pilot. He got the plan for next week. On Tuesday he ______ (fly) to Australia.

23. My friend ____ (think) that football is a stupid game. He is not right.

24. I ______ (read) this great book at the moment. It’s about famous people.

146

25. I have told her millions of times but she ____ (ask) the same question over and over again. It drives me crazy.

26. Sound _____ (travel) 4 times faster in water than it does through air.

27. Can I please talk to Dejan? No, I am afraid not. He ______(have) a bath at the moment.

28. My mum says I _______(spend) too much time on the computer.

Прилог 2. Втор тест за ниво Б1 и Б2

LEVEL 2

I. Choose and circle the correct answer

1. This coat is fitting me / fits perfectly well. I am definitely buying it.

2. Frosina and I have been travelling/ are travelling around the country since we started working.

3. My boss is ill. I am doing/ do all the work until he comes back.

4. I have changed my eating habits since I started training football 3 years ago. I am very careful about my diet. I am eating /eat only healthy food and I am drinking/ drink a lot of water.

5. My friends enjoy playing/ to play computer games.

147

6. I am afraid he can’t answer the phone right now. He is working / works on the computer at the moment.

7. I went to the agency and they gave me the info. This is the programme:On Monday we are visiting / we visit the most famous places, on Tuesday we are going / go surfing. It should be fun.

8. It is awful and it happens over and over again. He argues/ is arguing with everybody in the office.

9. I don’t watch a lot of TV. I spend/ am spending most of my time on my PC.

10. I have never seen anything like that before even though I go / have been going there for quite some time now.

11. It’s the same old story. I work / am working a lot and I am sleeping/ sleep for 3 hours only.

12. Messi runs / is running as fast as ever and is passing / passes the ball to Carles Puyol. I can’t believe it. He is missing / misses the goal. What a disaster!! *She seemed / seems interested when I asked her but we will see.

13. I love Rihanna. I am following / follow her on Facebook, twitter and My space. I keep up / am keeping up with what has been new.

II. Fill in the gaps

14. I’m sorry but I can’t come with you to her place. I ___ (owe) her some money and I don’t have any money on me.

15. She is not in the office at the moment. She ____ (have) a meeting.

16. Martina ______ (work) in our school for 5 years now.

17. I have told her millions of times but she ____ (ask) the same question over and over again. It drives me crazy.

148

18. My friend______ (come) to see me all the way from Bulgaria. He will be here on Monday.

19. In some way, the average person _____ (eat) 430 bugs each year of their life.

20. My schedule for tomorrow is the same as every Thursday: I______ (talk) to the farmers and I ____ (write) about everything afterwards.

21. She was afraid and _____(decide) not to tell anyone about the incident.

22. I still haven't found an apartment. I _____ (share) a room with two other students for the time being.

23. He is focused on his work. He ______(write) his third novel.

24. He __________ (turn) 16 next month. He plans a huge party for his birthday.

25. I ____(know) about this ever since I came to this school.

26. I can’t help it. I _______(fall) in love with him.

27. I want to be successful and rich and that is why I ______(attend) the best school in town and I____(do) sports.

149