66
MITOVI Ова е за тоа како дошло до создавање на годишните времиња Персефона била ќерка единица на божицата Деметра (божица на плодноста, на житните полиња...). Во неа се заљубил Хад (богот на подземјето) и само чекал момент кога да ја украде. Еден ден додека Персефона собирала нарциси на една ливада, се отворила земјата и Хад ја зел во подземниот свет. Деметра кога дознала за исчезнувањето на ќерката веднаш почнала со својата потрага. Ја барала насекаде, низ цела земја, дење и ноќе неуморно, полна со болка и тага за да на крајот дознае дека ќерка и ја украл Хад. Бесна го напуштила Олимп и своите должности. За тоа време цела земја станала неплодна, необработлива, не носела полодови и луѓето почнале да гладуваат поради тоа.Зевс му наредил на Хад да ја врати Персефона на мајка и зошто Деметра се заканила дека нема да дозвои да израсне ниту еден клас жито. Така Хад се согласил да ја врати Персефона кај мајка и, но пред да ја врати на земјата лукаво и дал да изеде едно зрно од калинка. Тоа едно единствено зрно било доволно да ја врзе Персефона засекогаш за подземниот свет. Така на крај бил направен еден договор, Персефона со мајката да поминува осум месеци на земјата, а останатите четири со мажот во подземјето. Ова било прифатено и од Деметра и така додека ќерката била со мајката на земјата се разеленувало, се раѓале плодови, се живнувало, додека за време на оние четири месеци додека Персефона била со Хад се замирало. Митот за Сизиф Сизиф бил син на Еол (богот на ветровите ) и бил најмудар во древните времиња. Еднаш Сизиф му го покажал на речниот бог Азоп вртилиштето на Зевс а овој за возврат му ветил дека ке избие студен извор со вода во градот Коринт кој го основал Сизиф.Поради тоа предавство Зевс решил да го казни Сизиф со тоа што го пратил богот на смртта Танатос да го одведе Сизифа долу во мрачното царство на Хедес.Сизиф успеал да го закове богот на смртта така да никој на земјата не умирал додека не дошол Арес богот на војната да го ослободи.Одкако Танатос се ослободил пак отишол по Сизиф.Но итриот Сизиф знаел дека кога тогаш ке дојдат по него па и наредил на женаси откако ке го одведат да не го погребува неговото тело нити да дава задушница или било какви жртви на боговите.Подземните богови Хадес и Персефона долго време чекале жртва од жена му на Сизиф но попусто .Тогаш итриот Сизиф му рекол на Хадес да го пушти за да отиде кај жена си и ја наговори да почне да принесува жртви за боговите.Хадес го пуштил , а овој нормално почнал пак да пирува и се радува бидејки бил единствениот кој успеал да се врати од царството на умрените.Хадес многу лут и

MITOVI.docx

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Mitovi

Citation preview

Page 1: MITOVI.docx

MITOVI

Ова е за тоа како дошло до создавање на годишните времиња 

Персефона била ќерка единица на божицата Деметра (божица на плодноста, на житните полиња...). Во неа се заљубил Хад (богот на подземјето) и само чекал момент кога да ја украде. Еден ден додека Персефона собирала нарциси на една ливада, се отворила земјата и Хад ја зел во подземниот свет. Деметра кога дознала за исчезнувањето на ќерката веднаш почнала со својата потрага. Ја барала насекаде, низ цела земја, дење и ноќе неуморно, полна со болка и тага за да на крајот дознае дека ќерка и ја украл Хад. Бесна го напуштила Олимп и своите должности. 

За тоа време цела земја станала неплодна, необработлива, не носела полодови и луѓето почнале да гладуваат поради тоа.Зевс му наредил на Хад да ја врати Персефона на мајка и зошто Деметра се заканила дека нема да дозвои да израсне ниту еден клас жито. Така Хад се согласил да ја врати Персефона кај мајка и, но пред да ја врати на земјата лукаво и дал да изеде едно зрно од калинка. Тоа едно единствено зрно било доволно да ја врзе Персефона засекогаш за подземниот свет. Така на крај бил направен еден договор, Персефона со мајката да поминува осум месеци на земјата, а останатите четири со мажот во подземјето. Ова било прифатено и од Деметра и така додека ќерката била со мајката на земјата се разеленувало, се раѓале плодови, се живнувало, додека за време на оние четири месеци додека Персефона била со Хад се замирало.

Митот за Сизиф

Сизиф бил син на Еол (богот на ветровите ) и бил најмудар во древните времиња. Еднаш Сизиф му го покажал на речниот бог Азоп вртилиштето на Зевс а овој за возврат му ветил дека ке избие студен извор со вода во градот Коринт кој го основал Сизиф.Поради тоа предавство Зевс решил да го казни Сизиф со тоа што го пратил богот на смртта Танатос да го одведе Сизифа долу во мрачното царство на Хедес.Сизиф успеал да го закове богот на смртта така да никој на земјата не умирал додека не дошол Арес богот на војната да го ослободи.Одкако Танатос се ослободил пак отишол по Сизиф.Но итриот Сизиф знаел дека кога тогаш ке дојдат по него па и наредил на женаси откако ке го одведат да не го погребува неговото тело нити да дава задушница или било какви жртви на боговите.Подземните богови Хадес и Персефона долго време чекале жртва од жена му на Сизиф но попусто .Тогаш итриот Сизиф му рекол на Хадес да го пушти за да отиде кај жена си и ја наговори да почне да принесува жртви за боговите.Хадес го пуштил , а овој нормално почнал пак да пирува и се радува бидејки бил единствениот кој успеал да се врати од царството на умрените.Хадес многу лут и разгневен повторно го пратил Танатос и овој повторно му ја земал душата.Подземните богови токму за ова го осудиле Сизиф така што требало да тркала еден камен од рамницата па се до врвот на еден рид.Кога мислел дека го истуркал на врвот каменот му се лизгал од рацете и повторно се тркалал надоле.Така да тој морал од почеток да го турка нагоре и се така никако неможел да стигне до целта. Затоа по примерот на тој безмислен напор на Сизиф, дури и денеска секој претежок или безмислен труд се вика ``Сизифов камен`` или ``Сизифов труд``

sledniov mit e okolu sozdavanjeto na gradot Atina. nastanala karanica pomegu bogot posejdon i bozicata atina za toa pod cija zastita ce bide staven segasniot grad atina. I za da go resat ovoj spor, se dogovorile i dvajcata po nesto da mu podarat na toj grad i onoj sto ce go dade povrednoto za gradot, a bogovite ce presudat sto e povredno, toj ce go zeme gradot pod zastita.I taka POsejdo udril so svojot trozabec po karpite na Akropol i pocnala da tece voda. Potoa Atina

Page 2: MITOVI.docx

udrila so nogata na zemjata, i na mestoto kade sto udrila izrasnalo maslinovo drvo- prvo vo svetot, blagoslovena bilka koja otogas pretstavuva simbol na mirot. Bogovite presudile vo polza na Atina i

taka Atina go dobila imeto na bozicata Atina i gradot e staven pod nejzina zastita 

Извори на литературата: мит и фолклорНајстари извори на литературата се митовите.

Митот е фантастична приказна, создадена во најдалечното минато во која се раскажува за она што се случило на самиот почеток. Тоа се народни приказни во кои луѓето во недостаток на научни сознанија создавале фантастични објаснувања. Митовите се всушност приказни за создавањето на земјата, небесните тела, човекот, животните итн.; тие се прв обид за толкување на стварноста, за природните феномени како менувањето на денот и ноќта, годишните времиња, грмотевицата итн.; тие се прв учебник за моралот и доброто однесување на човекот.

Митовите се поделени на:

1. митови за создавање на космосот (редот) - космогониски митови.(од хаосот - нередот);2. митови за настанокот на живиот свет;3. митови за настанокот на небеските тела;4. митови за крајот на светот - есхатолошки.

Митовите се сакрални (свети) творби, а не литературни, но им служат на литературните творби како богат извор на мотиви употребувани до ден-денес.Разни народи со текот на времето создавале бројни митски приказни оформувајќи збир од митови наречен митологија.Сите делови на светот имаат своја митологија, но најпознати се: египетската, сумерската, индиската, кинеската, древномакедонската (балканска, „старогрчка“), римската и др.

Фолклор е целокупното духовно творештво на еден народ. Тука ја подразбираме освен народната литература и севкупната народна традиција и народните обичаи, народните верувања, народната музика и игра (ора), како и народната материјална култура - ликовна орнаментика, народни носии, занаети, архитектура итн.Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни

Page 3: MITOVI.docx

посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература.

МИТ И ФОЛКЛОР

Најстари извори на литературата се митовите.Митот е фантастична приказна, создадена во најдалечното минато во која се раскажува за она што се случило на самиот почеток. Тие не се литературни творби.Фолклор е целокупното духовно творештво на еден народ. Тука ја подразбираме освен народната литература и севкупната народна традиција и народните обичаи, народните верувања, народната музика и игра (ора), како и народната материјална култура - ликовна орнаментика, народни носии, занаети, архитектура итн.Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература.

30.5.12

Скратено повторување - теорија на литературата (од програмата за матурски испит)

Наука за литературата

Уметничката литература се проучува од страна на науката за литературата. Таа опфаќа неколку дисциплини:

1. Историја на литературата - се занимава со проучување на појавата и развитокот на литературата; литературните периоди/правци и нивните претставници.2. Теорија на литературата - се занимава со особеностите на литературните дела, нивната форма и содржина, темата и идејата, композицијата, стилот (стилските фигури), јазикот, версификацијата (ритам, ритмичка стапка, рима, стих и строфа); како и за поделбата на литературните родови и видови.3. Литературна критика е врската меѓу литературното дело и читателот, односно таа го открива значењето, убавината и вредноста на делото.

Литературни родовиЛитературата се дели на родови и видови.Литературни родови се: лирика, епика и драма.

Лирика

Лириката е изразувачка уметност. Таа се доживува, а не се раскажува. Формата на лириката е стихот.Лирскиот субјект е „гласот“ во песната.Лирски видови се: субјективната, возвишената, елегиската и сатиричната лирика во кои спаѓаат: интимната, љубовната, пејзажната, патриотската, социјалната, рефлексивната, хумористичната, сатиричната песна, одата, химната, елегијата, епитафот итн.

Page 4: MITOVI.docx

Композиција на песната (стих, строфа, метрика, ритам)Песната има специфична конструкција. Нејзин основен елемент е стихот. Стихот претставува еден ред од песната, кој е покус од редот во текстот и се забележува со голо око. Стиховите се стегнати изрази со специфична звучност, значење и ритмика.Повеќе стихови оформуваат строфа.Строфа е целина од одреден број стихови со ритам и интонација (може и рима). Таа претставува мисловна целина.Според бројот на стиховите, разликуваме:Моностих е строфа со еден стих.Дистих е строфа составена од два стиха.Терцет, терцина е строфа од три стиха. Тука најчесто се римуваат првиот и вториот стих, а третиот се римува со третиот од следната строфа.Катрен е строфа од четири стиха и е најраспространета.Пентина (квинта, квинтила) - строфа од пет стиха;Секстина - строфа од шест стиха;Септима - од седум стиха;Октава - од осум стиха;Нона - од девет стиха.

Песните според организацијата на строфите може да бидат:

1. Астрофични, песни кои немаат строфи, односно стиховите се подредени еден под друг;

2. Строфични, песни кои имаат строфи со ист број стихови;

3. Хетерострофични, песни кои имаат строфи со различен број стихови.

Ритам

Ритамот е основно обележје на песната. Тој се постигнува со метриката(бројот на слоговите во стихот), ритмичките стапки (нагласени и ненегласени слогови), со повторување исти зборови и гласови, со римата, со инверзијата на зборовите итн.Специфичното звучење на стихот е ритам.

Метрика

Метрика е должина на стихот, односно го означува бројот на слоговите во еден стих. Во стихот има и вообичаени паузи наречени цезури. Нив ги среќаваме кај подолгите стихови.Стиховите го добиле името по бројот на слоговите:

Четверец е стих со четири слога, со кратка пауза на крајот од стихот.Петерец е стих со пет слога и кратка пауза на крајот. Шестерец е стих со шест слога и го среќаваме во македонската народна поезија.Седмерец е стих со седум слога и цезура (пауза) најчесто по четвртиот слог.Осмерец е од осум слога со цезура по четвртиот или по петтиот слог. Осмерецот е еден од најзастапените во нашата народна поезија.Деветерец е стих од девет слога. Ретко се среќава во нашата народна поезија, но сепак го има.Десетерец е стих од десет слога и е најраспространет во народната песна. Го има и во лирските и во лирско-епските, а најзастапен е во епските. Затоа е познат уште и како јуначки десетерец. Цезурата може да биде по четвртиот, по петтиот или по шестиот слог.Единаесетерец е стих од единаесет слога, со можност за две цезури во еден стих - по третиот и шестиот слог.

Page 5: MITOVI.docx

Дванаесетерец е стих од дванаесет слога и се јавува со цезура во средината по шестиот слог или со две цезури: по четвртиот и по осмиот слог.Тринаесетерец е стих од тринаесет слога. Ова всушност е десетерец во кој по петтиот или по десетиот слог е вметнат еден збор од три слога кој се повторува како рефрен.Четиринаесетерец е стих од четиринаесет слога кој се добива по истиот принцип како тринаесетерецот. Стихот може да се подели на два седмерци или на осмерец и шестерец каде се вметнуваат зборови кои служат како рефрен и за продолжување на стихот.Петнаесетерец е стих од петнаесет слога. Овој стих е редок во нашата народна песна, но се среќава, исто така со повторување на зборови.Шеснаесетерец е стих од шеснаесет слога.

Ритмичка стапки

Ритмичка стапка е целина од нагласен и ненагласен слог. Има двосложни и трисложни ритмички стапки.

Двосложни ритмички стапки

Јамб е двосложна стапка во која првиот слог е ненагласен (краток), а вториот е нагласен (долг).Трохеј е двосложна стапка во која првиот слог е нагласен, а вториот ненагласен.

Трисложни ритмички стапки

Дактил е трисложна стапка во која првиот слог е нагласен, а следните два се ненагласени (нашите трисложни зборови се дактили).Амфибрахот е трисложна стапка која започнува со ненагласен слог, па следува нагласениот и на крај ненагласен.Анапест е ритмичка стапка која тешко се постигнува во нашиот јазик заради природата на нашиот акцент. Кај анапестот првите два слога се ненагласени, а третиот е нагласен.Често песните содржат ритмички комбинации. Може да се комбинираат сите ритмички стапки.Видови стихови (силабичен, тонски, силаботонски, скалест, слободен); рима (паралелна, вкрстена, обградена; машка, женска, дактилска)Видови стихови

Силабичен стих е стих со одреден број слогови. Кај него нема ритмички стапки, туку е важен бројот на слоговите - метриката, цезурата (пауза во средина на стихот) и паузата на крајот од стихот. Во сите стихови на песната мора да има еднаков број слогови. Силабичниот стих е широко застапен во македонската народна песна.Тонски стих е стих кој има еднаков број акцентирани слогови. Тука бројот на слоговите не мора да биде ист туку е важна ритмичката стапка.Силаботонски стих е стих кој има еднаков број слогови и еднаков број ритмички стапки. Нагласените и ненагласените слогови рамномерно се повторуваат.Скалест стих е графички раскинат стих, со тоа што дел од него се пренесува во нов ред. Со раскинувањето на стихот се постигнува емоционално нагласување или пауза.Слободен стих е стих во кој нема ограничувања во однос на ритмичките стапки, силабичноста, тонот, ниту групирањето во строфи или римувањето. За слободниот стих е важна интонацијата, па затоа е наречен и интонациски стих.

Рима

Римата претставува гласовно (целосно или нецелосно) совпаѓање на исти слогови на крајот од два или повеќе стиха. Има неколку видови рими. Според распоредот во строфата разликуваме:

Page 6: MITOVI.docx

Паралелна (рамна) рима има во строфите кога се римуваат првиот и вториот стих; третиот и четвртиот стих (ААББ).Вкрстена рима е кога се римуваат првиот и третиот; вториот и четвртиот стих (АБАБ).Обградена (гушната) рима е кога се римувани првиот и четвртиот; вториот и третиот стих (АББА).Според местото на акцентот (на последниот слог, на вториот слог од крајот или на третиот слог од крајот) римата може да биде: машка, женска и дактилска. Во нашиот јазик, заради специфичноста на акцентот, тоа е можно ако се употребат едносложни, двосложни и трисложни зборови.Машка рима е кога се римуваат едносложни зборови (ред - блед);Женска - кога се римуваат двосложни зборови (дамна - пламнат; љубам - губам; младост - ладост; даат - клаат);Дактилска - кога се римувани трисложни зборови (убавина - лавина; завивање - откривање).

Стилски изразни средства

Асонанца (асонанција) е повторување на исти самогласки за постигнување на звучен ефект. (На пр.: око соколово)Алитерација е повторување на исти согласки или гласовни групи за постигнување на звучен ефект.Ономатопеја е гласовна фигура со која се имитираат звуците од природата, од животните итн. Секој јазик спонтано создава такви зборови: шушка, кукавица, гугутка, гулаб, кокошка, грми, бучи, грака, крека итн. Ономатопејата ја има и во поезијата и во прозата, а и во секојдневниот говор.Парономазија е фонолошка фигура во која се повторуваат гласови во зборови со различно значење. Тие зборови може да имаат ист корен, но сепак значењето им е различно.(Јас не сум Вардар, ни завардарен/не сум превардарен, ни подвардарен/може сум варден, та недоварден/)Анафората е фонетско-морфолошка фигура бидејќи се повторуваат цели зборови на почетокот од стихот. Бидејќи често се повторуваат повеќе зборови, односно делови од реченица, овие фигури (анафората, епифората, симплохата и палелогијата) приклонуваат кон синтаксичките фигури (или фигури на конструкцијата).Епифората е фигура во која се повторуваат зборовите на крајот од стихот.Симплохата претставува соединување на анафората и епифората, односно повторување зборови и на почетокот и на крајот од стихот.Палилогија е кога еден или повеќе збора од крајот на стихот се повторуваат на почетокот од следниот стих.Компарацијата е една од најзастапените фигури и во минатото и денес, а претставува споредба на еден предмет или појава со друг. Секогаш при споредбата се употребува зборот како или ко. На пр.: Гладен како волк.Антитеза е спротивност, односно споредување кое се заснова на спротивност. На пр.: Ситиот на гладниот не му верува.Словенската антитеза е фигура застапена во нашето народно творештво. Таа се состои од прашање, негација на прашањето и одговор. На почетокот од поемата „Сердарот“ од Г. Прличев ја среќаваме словенската антитеза.Реторско прашање е фигура во која прашалната реченица служи како исказна. Прашањето, а најчесто повеќе прашања не се поставуваат за да добиеме одговор на нив, туку целта е да го изразиме чувствениот однос.Инверзија е преметнување на редот на зборовите - обратен ред од оној што граматички е најисправен.Елипса настанува кога од реченичната целина изоставуваме зборови, но смислата сепак можеме да ја разбереме. На пр.: Дожд. (значи дека врне дожд).Асиндетон е кога нижеме зборови без нивно граматичко поврзување.Полисиндетон е кога нижеме сврзувачки зборови без граматичка потреба (и потта и крвта и снагата ни).

Page 7: MITOVI.docx

Градација е степенување кое настанува со таков избор на зборови, слики и мисли со кои се изразува постепено засилување или слабеење од почетната позиција.Епитет во најширока смисла е секој атрибут, односно секој додаток на именката. Метафората е скратена споредба. Кај неа не се кажува што со што се споредува, туку се искажува само вториот член на споредбата. Метафора може да биде и замена на значењето на еден збор со значењето на друг.Алегоријата е продолжена метафора, односно употреба на зборовите во преносна смисла. Алегоријата може да биде во состав на еден стих или строфа, но многу често таа се среќава и во цели состави како што се басните. Басните се засновани на алегорија, животните во нив настапуваат како типови луѓе со одредени карактеристики.„Божествената комедија“ од Данте Алигиери е во алегорија.Симбол е знак. Предметот, појавата или поимот ги заменуваме со нивната алегориска ознака. На пр.: крст - значи црква; вага - правдина итн.Метонимија е употреба на зборот во преносно значење.На пр.: храбар и јак човек се нарекува сила.Го читаш ли Достоевски? (Дали ги читаш делата од Достоевски?)Песонификација е кога на предметите, природните појави, апстрактните предмети, животните и растенијата им се даваат човечки особини.Хипербола е претерување, преувеличување заради нагласување на одреден емоционален став. На пр.: Те чекам цела вечност.Литота е спротивна на хиперболата, односно претставува ублажување. Вистинскиот израз се заменува со поблаг и тоа негативен и спротивен. На пр.: Нема да ти биде лошо таму. (Таму ќе ти биде добро.)Иронија е преправање, всушност го мислиме спротивното од она што го кажуваме. На пр.: Ти си ми навистина добар другар (а мислиме дека е лош).Парадокс е она што е неочекувано. Порекнуваме некоја мисла која наизглед во себе е противречна или спротивна на општото мислење. Парадоксот има секогаш подлабока смисла. На пр.: Знам дека ништо не знам. (Сократ)Ништо не е повидливои ништо не е поприсутно од твоето отсуство.(Дениција - П.М. Андреевски)

ЕпикаЕпиката е еден од трите литературни рода. Основна карактеристика на епиката е раскажувањето.Според формата епиката може да биде напишана во стих (поезија) или вопроза.

ЛикВо епските дела се прикажани ликови кои се носители на идеите на авторот.Лик во делото е вршител на дејството. Како ликови, освен луѓето ги среќаваме: животните, растенијата, предметите, измислените суштества (ламји, вештерки итн.), како и апстрактните поими (во народната литература како ликови се јавуваат смртта, касметот и сл.)Ликовите кои ги претставуваат луѓето може да бидат индивидуализирани(посебни, специфични) или типизирани (осбини од повеќе личности собрани во еден лик; на пр.: особини на многу скржавци - тип на скржавец).Атрибути на ликотПод атрибути на ликот ги подразбираме особините, белезите на ликот што ги осознаваме додека го читаме делото. Некои од нив ги кажува нараторот, некои другите ликови или самиот лик.Нараторот е „гласот“ во делото, кој понекогаш зборува во прво лице, но сепак, тој не е авторот. Авторот е жив човек - личност, а нараторот е измислена креација - лик.

Раскажувањето во епските дела е најчесто во трето лице и тогаш станува збор за тој - раскажувач (наратор), кој може да биде сезнаечки (знае се, знае како некој се чувствува, како размислува итн.) и сеприсутен (се наоѓа во исто време на повеќе места). Поретко, нараторот е претставен во прво лице

Page 8: MITOVI.docx

еднина (тука постои опасност да се изедначи со авторот). Тоа е јас-наратор и е еден од ликовите во делото.

Настани: сиже и фабула

Раскажувањето на настаните во делото може да оди во хронолошки ред, но може и да биде испревртено.Сиже е текот на настаните како што ни ги претставил авторот. На пр. започнал со смртта на главниот лик, а потоа се враќа во минатото, во младоста, во детството итн. Но, откако ќе го прочитаме делото во нашата свест ние ги подредуваме настаните по хронолошки, логичен ред. Поточно, ги подредуваме настаните во причинско-последичен однос. Ваквото подредување на настаните се вика фабула.

Тема, мотиви, идеја

Темата најчесто се поврзува со насловот на делото, но не секогаш. Тема е она за што се зборува во едно дело. Тоа е поопштата содржина претставена во една реченица.Мотиви се помали делови од општата тема.Идејата е главната поента во делото, пораката на авторот (она што авторот сакал да ни го каже).

Епски видови (куси и долги)Епските видови се делат на: - куси и долги; и- во стих и проза.

Куси епски видови се:- во стих: епската песна;- во проза: расказоти сите народни умотворби (мит, легенда, предание, приказна (сказна, бајка, басна), анегдота, гатанка, пословица, поговорка).

Долги епски видови се:- во стих: еп, епопеја;- во проза: романот

Драма (елементи на драмата, композиција на драмата)Драмата е еден од трите литературни рода. Таа е претставувачка уметност. Претставувањето на ликовите и настаните е преку дијалошка форма. Драмите можат да бидат во проза, во стих и комбинирани во проза и стих.Театарот е тесно поврзан со драмата, бидејќи таа е предвидена да се изведува пред публика. Значи, драмскиот текст, може да го читаме, но може и да го гледаме изведен на сцената.Драмата е поблиска до епиката, бидејќи има настани (фабула), значи може да ја раскажеме, има ликови, тема, идеја, мотиви итн.Во драмата има и наратор кој е невидлив. Особено е невидлив во сценските изведби, додека при читањето може да го забележиме на почетокот, кога ни се претставени ликовите и нивните особини во афишата или во дидаскалиите (забелешките напишани во заградите). Сепак, драмата се разликува од епиката, особено по дијалошката форма, но и другите специфики што ги носи.Дијалогот е основниот белег на драмата. Дијалогот е разговор меѓу два или повеќе лика во текот на драмското дејство.Драмското дејство, пак, е клучниот елемент во драмата под кој ги подразбираме постапките на ликовите.Ликовите може да зборуваат сами со себе, или да и се обраќаат на публиката. Ваквиот говор на еден лик се нарекува монолог. Постојот и цели драми со еден единствен лик, кој е носител на драмското

Page 9: MITOVI.docx

дејство и претставувач на настаните. Тие драми се викаат монодрами. Специфичности на драмата се просторот и времето. Кажавме дека драмата може да се чита, но може и да се гледа изведена на сцена. Еден конкретен простор и време се претставени во самата драма.Други специфични елементи од драмата, кои може, а и не мора да ги содржи се:

Афиша (театарска листа) се наоѓа на почетокот од драмата и во неа се даваат неопходните податоци за ликовите (возраста, семејните релации, изгледот, облеката итн.), за времето и местото на случување (слично на прологот); но може да има информации и за: режисерот, актерите, сценографот, костимографот и сл.Прологот се јавува на почетокот од драмата и ја информира публиката (читателите) за времето и просторот каде ќе се одвива драмското дејство.Драмата е составена од чинови. Во минатото имало строги правила за чиновите, односно драмата морала да има пет чина, што за современата драма не важи. Денес, среќаваме драми од само еден чин (едночинки) или без чинови (само со слики).Чинот е заокружена целина на драмата. Тој се дели на:Слика, која е краток временски дел каде се заокружува едно дејство на ликовите, иСцена, која е заокружена целина, дел од сликата, и која завршува со влегување на нови ликови во драмското дејство.Дидаскалии (ремарки, забелешки) се упатства кои ги дава нараторот во загради, а се наменети за читателите, актерите и режисерот. Во нив има податоци за времето, сцената, местото, костумите, движењето итн.Епилогот се јавува на крајот од драмата и во него се кажува што се случува натаму со ликовите или се искажува пораката на авторот.

Композицијата на драмата е сложена структура. Драмското дејство се одвива во пет основни композициски етапи (обично во пет чина):

1. Експозицијата е вовед во драмското дејство и запознавање со ликовите. Тука се дава почетното дејство кое има цел да го заинтересира читателот (гледачот).2. Заплетот е развивање на судирот, конфликтот меѓу ликовите.3. Кулминацијата е врвот на конфликтот и оттука започнува неговото разрешување.4. Перипетијата е првиот чекор кон разјаснувањето и разрешувањето на конфликтот. Тука се случува пресврт на настаните, односно се случува нешто непредвидено за да се разјасни конфликтот.5. Расплетот е последната етапа на драмското дејство. Тука се разрешува конфликтот.Конфликтот, како што кажува самиот збор, претставува судир. Судирот во драмата најчесто се случува меѓу два лика кои имаат различни ставови, кои потекнуваат од различни социјални средини, политички партии итн. Но, конфликтот може да биде и во внатрешноста на еден лик.

Лирско-епски видови (балада, романса, поема, роман во стих)Лирско-епските видови се меѓурод кој содржи слеани елементи и од лириката и од епиката. Во овие дела има фабула и ликови, но и многу чувства изразени преку ликовите. Најчесто се пишувани во стих.

Лирско - епски видови:

балада;романса;поема;роман во стих.

МИТ И ФОЛКЛОР

Page 10: MITOVI.docx

Најстари извори на литературата се митовите.Митот е фантастична приказна, создадена во најдалечното минато во која се раскажува за она што се случило на самиот почеток. Тие не се литературни творби.Фолклор е целокупното духовно творештво на еден народ. Тука ја подразбираме освен народната литература и севкупната народна традиција и народните обичаи, народните верувања, народната музика и игра (ора), како и народната материјална култура - ликовна орнаментика, народни носии, занаети, архитектура итн.Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература.

Литературно-научни видови и публицистика (есеј, статија, расправа, полемика, биографија, автобиографија; фељтон, репортажа, патопис)

Освен познатите литературни видови, постојат и такви кои имаат белези на уметничка литература, но имаат и белези што ги доближуваат до научната литература или публицистиката. Во научно-литературните видови спаѓаат: есејот, статијата, расправата, студијата, полемиката, биографијата и автобиографијата.

Под публицистика се подразбираат текстови што се печатат во весниците, списанијата и одделни книги (публикации), а може да имаат различна содржина. Во публицистички видови спаѓаат: новинарската (журналистичката) статија, фељтонот, репортажата и патописот.

Есејот е литературно-критичка статија во која на оригинален начин се објаснува некое литературно, културно, филозофско или општествено прашање. Тој може да обработува најразлични теми од сите области на човековото живеење. Есејот содржи уметнички, научни и публицистички елементи. Има оригинална композиција, сликовит стил, оригинални и духовити размислувања и заклучоци кои имаат научен белег.Статијата е напис во кој се изнесуваат размислувања за прашања поврзани со политиката, науката, културата и уметноста. Тоа се кратки текстови во завршен облик, најчесто наменети за весници и списанија (новинарски статии).Расправата е студиозен напис посветен на одредено прашање од некоја научна област. Научните тврдења се поткрепени со аргументи, изворите од кои се црпени информациите се наведени во фусноти, што значи дека расправата се одликува со: објективност, студиозност и документираност. Во неа јасно се издвојуваат воведниот дел, каде се поставуваат тезите, разработката, каде аргументирано се докажуваат и заклучокот, каде во кратки црти се потенцираат изведените заклучоци. Докторските дисертации се еден вид расправи. Трактатот и студијата се другите називи на расправата.Полемиката е напис во кој се расправа за нечии сфаќања, се оспорува нечија теза, односно со аргументи се побива туѓото мислење. Таа претставува остар судир на две мислења. Ставовите се одбрануваат со аргументи, но зависи и од јазичната способност на авторот. Се случува во полемиката да се нападне и личноста, а не само идејата, што не е многу чесен начин на полемизирање. Силата на аргументите во комбинацијата со силата на јазикот се најсилните елементи во полемиката, а успешноста зависи од судот на оние кои ја читаат, слушаат или гледаат, значи од поширокиот аудиториум. Публиката го донесува последниот суд, па затоа треба да се внимава со ниските удари на личноста, зашто тоа е несимпатично и на крајот секогаш осудено.Биографијата е животопис на една личност. Биографии се пишуваат за познати и значајни личности од сите области и од антиката до денес. Таа има научни елементи бидејќи се служи со историографија (архивски податоци и сведоштва на современици). Биографија има секој човек. Тоа се најважните податоци од животот: место и дата на раѓање, школувањето, другите успеси итн. Ваква

Page 11: MITOVI.docx

биографија во последно време е потребна кога се конкурира за работно место, за некоја стипендија и сл. и се вика професионална биографија (или curiculum vitae, CV).Романсираните биографии прават спој од реалните податоци за животот на личноста и уметничките елементи (фиктивни, измислени) служејќи се со пластично и уверливо раскажување.Автобиографијата е животопис напишан од самиот писател или научник. Таа се заснова врз лични спомени, лично воден дневник итн. и затоа е многу субјективна. Поради силната субјективна страна се поставува прашањето за веродостојноста и објективноста на овој вид литература.Слично како романсираните биографии, постојат и романи-автобиографии, напишани со јас-исказ, а кои содржат реални и фиктивни елементи.Фељтонот е краток текст со секојдневна тема: научно-популарна, општествено-политичка или забавна. Обично се печати како додаток во дневните и неделните весници, понекогаш во продолженија. Фељтонот претставува литературно-публицистички жанр и има карактер на лесна забава, напишан со шеговит тон, со тенденција на сензационалност и навлегување во интимата на познатите личности. Освен новинарскиот, фељтонот може да биде и литературен кога претставува извадок од роман или роман во продолженија.Репортажата е новинарски напис во кој на сликовит начин се раскажува за настан на денот без да се прави подлабока анализа. Субјективните коментари и стилот на авторот внесуваат уметнички елементи во репортажата.Патописот е посебен публицистичко-литературен вид во кој се опишува тоа што е видено и доживеано во друга земја. Патописот не е објективен опис, туку авторот внесува свое видување, свои доживувања, свои претходни знаења и идеи.

Posted by Билјана at 15:16Labels: светска литература

Скратено повторување за светска литература (од програмата за матурски испит)

1. Стара литература - пред нашата ера (од 0 до 2000 п.н.е.)

- јуначки епови и епопеи - со големи херојски дела кои ги прават претежно кралевите за да ја

докажат својата вредност. (Робовладетелско општество - па сиромашните и робовите не се

ни бројат) 

„Епот за Гилгамеш“ - еп (јуначки и фантастичен)

„Илијада“ - Хомер (Тројанската војна) - епопеја

2. Појава на христијанство - уништување и уназадување на целокупната

цивилизација (филозофија, литература, сликарство - не се создава речиси ништо).

Почнува срамежливо да се појавува апокрифна литература во средниот век (апокрифи -

послободни објаснувања на приказните од Библијата - црквата ги забранувала и палела),

како и средновековниот расказ и роман (јуначки имитации од античко време) и јуначки песни

(на пр. за Крале Марко кај нас).

3. Ренесанса

Page 12: MITOVI.docx

Хуманизам е движење, не правец во уметноста - се појавува како реакција на

средновековните догми.

Предренесанса - 12. 13. век

Данте Алигиери („Божествена комедија“ - Пекол, Чистилиште и Рај), Франческо Петрарка

(„Канцониер“ - песни - сонети за Лаура), Џовани Бокачо („Декамерон“ - раскази)

- темите и мотивите од христијанството се се уште најзастапени,

- но и мотиви и теми од секојдневниот живот,

- се свртуваат кон човекот, кон овоземниот живот,

- ја отфрлаат средновековната идеологија,

- пишуваат на латински, ама овие тројца на народен јазик - токму затоа доживуваат успех.

Ренесанса - 15. 16. век

Вилијам Шекспир („Хамлет“- драма, трагедија во стихови)

 Мигел де Сервантес („Дон Кихот“ - роман пародија)

- теми од секојдневниот живот,

- верба во слободниот човек,

- пишуваат на народен јазик,

- во школите се воведува световна настава,

4. Класицизам - 17. век

Жан Батист Поклен Молиер („Тартиф“ - комедија, исмевање на свештенството)

- основен принцип за уметничко создавање е инспирацијата која мора да биде поткрепена

со знаење,

- разумот е предуслов за свесното и критичко мислење,

- култ кон антиката;

- се залагаат за совршенство на формата и придржување кон определените литературни

родови и видови (нема мешање на стилови и видови),

- создавање литературни творби за различни категории луѓе: виши, средни и нижи.

5. Просветителство втора половина на 17. век

Дени Дидро - Енциклопедија (за првпат се собира севкупното човечко знаење во една

книга).

- да се просвети разумот

(Џон Лок - човекот при своето раѓање е „празна табла“ (tabula rasa) на која со текот на

времето се испишуваат сите искуства и знаења)

Page 13: MITOVI.docx

6. Романтизам - крај на 18. век до средина на 19.

Џорџ Гордон Бајрон („Странствувањето на Чајлд Харолд“ - поема), Александар Сергеевич

Пушкин („Евгениј Онегин“ - роман во стих)

- бегање од реалноста;

- бегање во минатото;

- бегање во туѓи егзотични земји;

- бегање во самите себе - затоа има многу субјективна лирика;

- создавање култ кон жената (ја возвишуваат премногу);

- создавање култ кон народното творештво;

- создавање нови литературни видови (поема и роман во стих).

7. Реализам - 19 век

Оноре де Балзак („Чичко Горио“ - роман), Фјодор Михаилович Достоевски („Злосторство и

казна“), Антон Павлович Чехов (раскази)

- одразување на животната стварност, но не како буквално фотокопирање, туку како

обопштување (од повеќе слични ситуации или личности се прави избор и се создава еден,

односно се обопштува);

- се анализира, се критикува и се бара разрешување;

- создавање на типични карактери во типична средина (типизирање - обопштување; од

особините на повеќе татковци се создава лик на типичен татко);

- расказот и романот се најпогодни форми на израз за овој правец.

Има: класичен реализам, натурализам, демократски (критички), социјалистички, психолошки.

Претставници: Анри Бел (Стендал), Оноре де Балзак, Емил Зола, Ги де Мопасан, Густав

Флобер од Франција; Чарлс Дикенс од Англија; Лав Николаевич Толстој, Николај Василевич

Гогољ, Фјодор Михаилович Достоевски од Русија; Џек Лондон од САД; подоцна –

социјалистички и натурализам: Михаил Шолохов и Антон Павлович Чехов.

8. Модерна литература – крај на 19. почеток на 20. век

Модерната литература се појавува кон крајот на XIX, односно почетокот на XX век.

- обединува многу струења: симболизам, импресионизам, експресионизам, надреализам,

дадаизам, футуризам, имажизам, акмеизам итн.;

- бегање од реалноста, но и потрага по нов уметнички јазик и израз;

- антитрадиционалистичкиот однос кон литературата и уметноста.

       Симболизам - се појавува во Франција со девизата „уметност заради уметност“; нејзини

претходници се:

Шарл Бодлер и Едгар Алан По.

Page 14: MITOVI.docx

ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛИЗАМ - триесеттите години на 20. век

Албер Ками („Странецот“) и Семјуел Бекет („Чекајќи го Годо“)

- човековата егзистенција под која се подразбира можноста на човекот да избере како ќе

дејствува. Слободниот избор со себе ја носи и неизвесноста и несигурноста, па затоа тука

доаѓаат до израз егзистенцијалните проблеми и чувството на отуѓеност во светот.

**********************************************************************************

Стара литература

Епот за Гилгамеш

Усното творештво создавано на сумерски јазик се претпоставува дека било запишано околу

2000 год. п.н.е., а создавано стотици години пред тоа. Записите се пронајдени при крајот на

XIX век, во библиотеката на еден храм во градот Нипур. Пронајдени се циклуси песни од кои

најинтересни се песните за Гилгамеш. Тие претставуваат еден вид епска поема.

„Гилгамеш“ е јуначко-митолошки еп (епска поема).

Дел од песните имаат историска содржина во кои е опишана војната меѓу градовите Урук и

Киш. Војската на Урук ја предводел Гилгамеш, а војската на Киш - Акој. Војната е прикажана

многу реалистички. Другите песни имаат митолошки карактер и во нив се претставени многу

сумерски богови и божици, како и борби со чудовишта. Еден дел од песните се рефлексивни

- исполнети со мисли за животот и смртта, бесмртноста и славата.

Епот за Гилгамеш се состои од 12 плочи, 12 пеења, кои може да ги поделиме на два дела,

две тематски целини:

- во првите седум плочи се опишани херојските подвизи на Гилгамеш и неговиот пријател

Енкиду;

- во останатите пет плочи е опишан патот и страдањата на Гилгамеш во потрагата по

вечниот живот.

Бесмислено е да бараме вечен живот, но нашите дела можат да нè направат бесмртни - тоа

е идејата во поемата.

(содржина –

Гилгамеш бил крал на Урук и само една третина бил човек, а две третини бог. Човекот

Гилгамеш ги тиранизирал жителите на Урук, бил страсник и незаситник. Луѓето им се

пожалиле на боговите, па тие создадале суштество наречено Енкиду кое  требало да ја

скрши силата на Гилгамеш. Енкиду и Гилгамеш ќе се сретнат, ќе се борат и на крајот ќе се

спријателат. Заедно ќе поминат многу подвизи и борби, но изморен и осуден од боговите,

Енкиду ќе умре. Осмата плоча е централна во епот и ја опишува тагата на Гилгамеш по

неговиот другар. По достигнувањето на кулминацијата и соочувањето со смртта, во

следните песни е прикажно очајното барање на тревката на вечноста. Гилгамеш ќе мисли

дека единствен спас за него е бесмртноста и затоа ќе се труди на секој начин да ја пронајде.

Page 15: MITOVI.docx

На тој пат ќе го одвраќаат, а особено уверлива ќе биде божицата Сабиту која му ги

предочува озвоземните уживања кои тој ги пропушта – јадењето, пиењето, прегратките на

жените, забавувањето.Упорноста, решителноста и истрајноста на Гилгамеш на крајот ќе го

одведат кај неговиот прататко Утнапиштим кого ќе го праша како може тој да биде бесмртен,

а во ништо не се разликува од него, ниту е повисок, ниту поширок, ни построен. Тогаш

Утнапиштим ќе му ја раскаже на Гилгамеш приказната за потопот што е содржина на 11

песна. Во неа е прикажан најстариот опис на потоп што потоа го презеле и преработиле

Евреите во Библијата.

Утнапиштим, избран од боговите и даруван со вечен живот е оној кој ќе знае за потопот, оној

кој ќе изгради куќа - кораб, оној кој ќе го натовари со своето семејство, со семиња од сите

видови, со стока и мали животни, со занаетчии од сите видови. Потопот е опишан

катаклизмично, та од него дури и боговите се исплашиле. Откако завршува невремето,

Утнапиштим пушта од бродот гулаб кој се вратил зашто немал каде да застане, потоа

ластовица која исто така се враќа и на крајот гавран кој повеќе не се вратил. Тогаш тој ги

пушта сите од бродот. На тој начин тој ја заслужува својата бесмртност.

По упорноста на Гилгамеш, Утнапиштим решава да му ја открие тајната за чудотворната

тревка која дава вечна младост и вечен живот. Откако ја земал, Гилгамеш се упатил во

својот град Урук за да им ја подели на сите луѓе. Но, по патот змија ќе му ја изеде тревката.

Стигнува пред ѕидините на Урук, разочаран од бесполезниот напор што го вложил во

потрага по бесмртноста, но и воодушевен од величествената градба што самиот ја

направил. Всушност, тој сфаќа дека бесмртни се само човековите дела, она што човекот ќе

го остави зад себе, а во случајов тоа се бедемите на неговиот град.

Дванаесеттата песна е придодадена кон епот и во неа е прикажано смирувањето и смртта

на Гилгамеш.)

„Илијада“

„Илијадата“ е епопеја - најголемо епско дело во стихови.

Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната

и уништувањето на градот.

Според митологијата причината за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на

Менелај (крал на Спарта) од страна на Парис (син на тројанскиот крал Пријам)

Војната ја започнале ахајските владетели: Агамемнон (брат на Менелај и крал на Микена);

Диомед (крал на Калидон); Одисеј (крал на Итака); Ахил (син на Пелеј); Нестор (крал на Пил)

- за да се осветат за грабнувањето на Елена, но и заради примамливите богатства на Троја,

славата и робинките.

Во одбрана на својот град, од страната на Тројанците се: Хектор (син на Пријам, крал на

Троја кој веќе бил стар за војување и брат на Парис); Парис, Антенор, Енеј, Мемнон итн.

И боговите се вмешани во војната. Зевс е неутрален и според некои митолошки приказни тој

ја предизвикал војната зашто сметал дека земјата е пренаселена. Од страната на Ахајците

се: Хера, Атина, Хермес, Посејдон, Хефест; а од страната на Тројанците: Аполон, Арес,

Афродита и Артемида.

Градот Троја инаку се викал Илиј, па затоа епопејата се вика „Илијада“.

Page 16: MITOVI.docx

Тројанската војна траела 10 години (1193-1184 г.п.н.е.). Во „Илијадата“ се опишани

настаните од крајот на војната кои траат 51 ден. Тука не се кажуваат причините за војната,

ниту нејзиниот тек, бидејќи се претпоставува дека митот и главните ликови веќе им се

познати на читателите.

Ликови

Ахил е јунакот околу кого се одвиваат настаните во епопејата. Со него започнува

„Илијадата“, без него борбите се неуспешни, а со неговото враќање се насетува победата на

Ахајците. Ахил е идеал за совршен јунак. Нему не му се важни богатството и пленот од

војната, туку честа и општото добро на сите Ахајци. Ахил е бестрашен јунак кој е

непоколеблив во борба, најубав и најсилен од сите, одважен, непопустлив, гневен и упорен.

Тој е верен пријател кој се колне дека ќе одмазди по секоја цена. Одмаздувајќи, го гледаме

како бездушен (кога го влече Хекторовото тело со двоколката), но и сочувствителен,

великодушен и чесен кога му го дава телото на Пријам.

Хектор е најславниот јунак на Тројанците. Хектор зрачи со својата чесност: како човек, како

борец, како сопруг и како бранител на својот град. Заради честа на брат му Парис, заради

честа на татко му Пријам, тој го жртвува својот живот. Особено пленува љубовта која ја

покажува кон жена си Андромаха и верноста кон неа и семејството. За него тоа е свето, но

сепак најсвета за него е родната земја.

Парис не е како неговиот брат, тој не е толку силен, а ни толку храбар. Тој повеќе сака да

ужива покрај убава жена, отколку да си ја одбрани честа или да се жртвува за татковината.

Бидејќи причината за војната е тој, односно Елена која си ја зел за себе, тој учествува во

борбите и двобоите, но онолку колку што мора.

Агамемнон е горд и надмен војководец, храбар и силен, но често нерешителен и непостојан

во своите одлуки (кога сфаќа дека ќе ја изгуби војната без Ахил, тој го моли за прошка).

Нестор е постар од другите кралеви и војсководци. Тој е претставен како мудар човек,

умерен, кој ја согледува реалната ситуација и застанува на страната на вистината (го

прекорува Агамемнон за кавгата со Ахил и му предлага да попушти). За него претераната

горделивост и инает се негативности кои човекот мора да ги совлада и надмине.

Одисеј е храбар и силен јунак, но исто така се одликува и со итрина. Освен што влегува во

битките бестрашно и непоколебливо, тој снаодливо влегува во кампот на непријателот за да

ги дознае неговите недостатоци. Врв на неговата итрина е смислувањето на тројанскиот

коњ.

Андромаха е добра, чесна и вредна жена, верна сопруга и нежна мајка.

Елена е прекрасна убавица, вљубена во Парис, но љубовта ја прави несреќна. Не може да

поднесе дека таа е причина за толку страдања и смрт, па затоа се кае за сторената грешка

што го напуштила својот маж Менелај.

Терсит е еден од ретките претставници на долните слоеви на народот. Битките ги решавале

водачите преку двобои, а не војската. Терсит е слободен војник, кој е опишан како многу грд

со што се истакнува неговото ниско потекло (кривоног, куц, со криви рамења, шилеста глава

со проретчена коса). Иако бил грд, тој е бистар и прониклив, а на царевите в очи им кажува

која е нивната побуда за војување: богатење и плен (девојки).

Page 17: MITOVI.docx

Стилски обележја на Илијадата

Стилот на Хомер е реалистичен при описот на борбите, јавниот живот, семејните односи,

домашните занимања, на предметите, животните, полските работи, верските обичаи итн.,

испреплетен со фантастични елементи од митологијата (боговите). Епското спокојство во

раскажувањето како и богатството на стилски фигури ја креваат епопејата на многу високо

уметничко ниво. Двојните епитети се одлика на хомеровскиот стил. Секој лик го  красат

специфични епитети кои речиси сраснуваат со името. Така, Ахил е брзоногиот, божескиот,

боголикиот, прекрасниот, русокосиот, синот Пелејев; Зевс е громобиецот, премудриот,

громовникот, облакоберецот; Агамемнон е силниот, јуначкиот, големиот, пресилниот цар и

великиот водач; Хера е белолакта, златостолна; Атина- сјајноока; Аполон - сребренолак,

далекуметен, Фојб (светол); Арес - човекоморец, мажоморец, градобиец; Афродита -

насмешлива (весела); Артемида - стрелометна; Хектор - коњокротец, сјајношлемец итн.

Освен за ликовите двојни епитети се употребени и за други појави и предмети: кораби

брзопловни; оган живожарен; корабоводци итн.

Освен со епитети, „Илијадата“ изобилува и со контрасти, компарации, антитези и други

стилски фигури, што придонесува да се наслика една реална слика на човековата душа, на

човековите карактери и страсти и на амбиентот во кој се движат и живеат тие ликови.

„Илијадата“ е одраз на целокупниот живот на едно општество (предробовладетелско) и на

еден значаен историски настан (Тројанската војна).

Ренсанса

Предренесанса

Данте Алигиери „Божествена комедија“

Инспирација за создавањето на ова ремек-дело на Данте му дала љубовта кон Беатриче

која сакал да ја овековечи, а успеал заради својатата широка наобразба, животното

искуство, политичките борби во кои бил директно вклучен, доброто познавање на

филозофијата итн.

„Божествената комедија“ е религиозно-филозофски еп.

Темата во делото е задгробниот живот, односно наградите и казните што ќе ги добие

човекот по смртта според заслугите во животот.

Идејата е да ја прикаже состојбата на човечките души по завршениот животен пат и да му

укаже на човекот дека треба прво да изврши сопствена преродба, а потоа да врши преродба

на човештвото (општеството).

Композиција

Композициски „Божествената комедија“ се состои од 3 дела: „Пекол“, „Чистилиште“ и „Рај“.

Секој дел се состои од 33 песни од строфи со по 3стиха (терцини), а заедно со воведната

песна сочинуваат 100 песни. Освен бројот 3 кој игра посебна улога како христијански симбол

(Отецот, Синот и Светиот дух - светото тројство), застапен е и бројот 9 (3 X 3) во истата

Page 18: MITOVI.docx

улога. Во сите три дела има: 9 круга во пеколот, 9 степени на усовршување во чистилиштето

и 9 неба во рајот. Бројот на стихови во сите три дела е еднаков и сите завршуваат со

зборот ѕвезда.

Данте раскажува (нараторот) во прво лице, тој е присутен во делото и сè видел со свои очи.

Ова е карактеристично за жанрот видение присутен во средновековната литература.

Во „Божествената комедија“ има многу ликови и тоа: негови современици - важни личности

од политичкиот и културниот живот; историски личности - јунаци, уметници, поети; како и

митолошки суштества, личности и божества. Сите овие ликови суштествуваат паралелно,

без разлика на кое време им припаѓаат и дали се вистински или измислени.

Данте вистински мајсторски ја насликал атмосферата во пеколот. Атмосфера на страв,

несреќа, болка, ужас, постигнувајќи го тоа со опишување на надворешни дразби.

Во пеколот сè е или студено, замрзнато, влажно, дождливо, ветровито или жешко, песочно,

суво, потпалено, огновито. Грешниците се голи за директно на сетилото на кожата да ги

почувствуваат студот или жештината.

Боите во Пеколот се мрачни, темни, тоа е крај без светлост каде сивата боја е најсветла.

Контрастни се силно црвените, аловите бои и нијанси кои се производ на крвта од раните

или огнот. Вака и сетилото за вид е засегнато.

Исто така и сетилото за мирис го дразнат непријатни миризби - смрад, тешка реа, кал, чад,

мирис на гној, скапано, гнило итн.

Непријатни се и звуците - лелеците, плачот, воздишките, врисокот, чкрипотот, пукањето на

мразот, гребењето на ноктите итн.

Освен атмосферата која ја постигнал со специјално употребени зборови,и алегоријата во

целото дело, Данте користи и многу други стилски фигури. Симболот е особено изразен на

почетокот, во воведната песна (пантер, лав, волчица), но и подоцна. Споредбите и

метафората се постојано присутни (ко облаци рој, ко кремен трат, облека од оган итн.),

персонификација (огнов пасе), многу епитети (со негативна конотација - виор крилен, песок

врела, мрачен кат, темен ад, магла густа), контрасти ( не зелен лист - а темен), метонимија

употребена за семоќноста на Господ (оној кој се што сака, може се) итн. Особено се

впечатливи и две метаморфози (преобразувања) кои се прикажани многу сликовито и

морничаво.

Ренесанса

Мигел де Сервантес „Дон Кихот“

„Дон Кихот“ е роман во два дела, со 126 глави на 1200 страници, во кој се опишани многу

случки и ликови (по некои податоци - 670).

Тоа е роман - пародија на витешката литература, во кој темата е животот и походите на

главниот лик Дон Кихот и неговиот придружник Санчо Панса.

Идејата во романот е да се исмее витешката литература која имала штетно влијание врз

луѓето. Во тоа време, во Шпанија, луѓето се уште живееле во илузијата за божемната

стварност и со симпатии се сеќавале на славните времиња на витештвото како симбол на

Page 19: MITOVI.docx

феудализмот и тешко го прифаќале новото време и растежот на буржоаската класа.

Под пародија се подразбира текст во кој се содржани најкарактеристичните белези на некој

автор, дело или жанр кои се драстично пренагласени, карикатурално преувеличени и на тој

начин се направени смешни.

Во рицарскиот роман, ликови се рицарите кои својата љубов кон одбраната дама ја

докажуваат преку разни храбри потфати. Така и Дон Кихот, читајќи премногу рицарски

романи решава да стане рицар, си одбира дама (Дулчинеа) поради која ќе ги презема

потфатите, а потоа зема и придружник (Санчо Панса).

Ликови

Дон Кихот со својата заматеност на умот и делата што ги прави предизвикува смеа кај

читателот, но неговата добрина, чесност и подготвеност да им помогне на  обесправените го

прават често трагикомичен. Неговите намери се чисти и наивни, тој се бори против

неправдата (вистинската, но и измислената), тој е дарежлив, широкоград, храбар и

достоинствен. Тој е активен безумник и идеалист, човек со бујна фантазија и без чувство за

реалност. Кихот ветерниците ги гледа како џинови, селанките како принцези, крчмарите како

рицари, стадата овци како армии војски итн. Во тој негов свет, безумни се и акциите што ги

презема, тие се и смешни и трагични. Тој е голем хуманист кој ги застапува идеите за

рамноправност меѓу луѓето.

Тој е рицарот - скитник со тажно лице, човек со висок раст, слабо испиено тело, со

пробелена коса, со орловски, малку прекршен нос и со големи, црни, провиснати мустаќи.

Неговиот јазик е учен, преполн со умни изрази, со долги и сложени реченици.

Санчо Панса е спротивен на Дон Кихот, негова противтежа. Почнувајќи од надворешниот

изглед: тој е низок, дебел, округол, па се до неговиот јазик: прост, селски и едноставен; тие

се во контраст. Кихот јава коњ, а Панса магаре. Кихот живее во облаци, а Панса цврсто на

земја. Иако неук, тој се обидува да го предупреди и да го вразуми својот сопатник во

определени ситуации, но не му успева. Тој е плашлив, дрдорлив, себичен, алчен,

препреден. Во јазикот користи поговорки кои често несоодветно ги употребува, па на тој

начин предизвикува смеа. Но, преку поговорките Сервантес ја искажал вековната мудрост

на шпанскиот народ.

Во романот, постепено, двата лика толку сраснуваат попримајќи особини еден од друг, та

дури почнуваат и да си личат. Панса постепено станува помудар, користи подобар јазик, а

Кихот постепено се вразумува и понекогаш користи поговорки.

Вилијам Шекспир „Хамлет“

„Хамлет“ е трагедија, врвно дело на англиската и светската литература.

Темата во драмата е опседнатоста на данскиот принц Хамлет со идејата да се одмазди за

смртта (убиството) на својот татко. Иако основната тема е одмаздата, во драмата се

проткаени и многу други мотиви: убиството на близок човек, љубовта, приврзаноста,

предавството, семејството, општеството, односите родители-деца итн.

Идејата е пронаоѓање излез од сопствената безизлезност, борбата на човекот против

Page 20: MITOVI.docx

неправдите, лицемерието, предавството меѓу блиските и во општеството.

Композициски трагедијата е составена од пет чина, како античката трагедија, со сите пет

елементи: експозиција, заплет, кулминација, перипетија и расплет.

Ликот на Хамлет

Принцот Хамлет е образован млад човек од времето на доцната ренесанса. Тој е

универзална, сестрана личност склона кон длабоко размислување.

Размислувајќи за животот, смртта и религијата, тој го одбира животот со сите негови

убавини и недостатоци, а го отфрла ветувањето на религијата за вечен, прекрасен,

задгробен живот, бидејќи за тоа нема доказ (никој не се вратил од таму за да каже).

Тој е добар син и наследник на престолот. Го почитува својот татко - стариот крал, и како

татко и како човек и како крал. Неговата желба, да се одмазди за убиството, послушниот син

ја прифаќа и ветува дека ќе ја исполни. На почетокот тој сепак се двоуми - дали да

одмаздува или да си го заврши својот живот (да се биде или не?). Ако се самоубие брзо ќе

ги реши сопствените страдања, но така нема да го задржи своето и татковото достоинство.

Затоа решава да оди до крај и станува одмаздник. Товарот му се зголемува со сознанието

дека мајката му е неверна и веднаш по смртта на таткото се мажи со неговиот брат со што

му го предава кралскиот престол нему. Таа, со својата мажачка, освен што го изневерува

сопствениот сопруг (стариот крал), го изневерува и својот син - наследник на престолот.

Овој факт уште повеќе го разочарува Хамлет.

Во име на вистината и правдата Хамлет решава на итар начин, преправајќи се дека

полудел, да ја открие и каже вистината и на крајот да се одмазди.

Во сета оваа приказна можеби најмногу страда Офелија, неговата љубена. Тој чувствува

чиста и искрена љубов кон неа. Не сака да ја лаже и мами, но откако ја започнува својата

игра на тоа ќе биде приморан. Затоа, прво пред неа глуми дека полудел, за да ја оттргне од

себе, за да ја ослободи од себе, зашто знае дека нивната љубов по неговата одмазда нема

да има иднина. За жал, таа ќе поверува во неговото лудило и разочарана од изгубената

љубов - ќе се самоубие.

Кон мајка си Хамлет се однесува со презир заради нејзината прељуба, повеќе не ја почитува

и сака. Честопати тој целата вина ја префрла на неа - „неверност - ти се викаш жена“, а на

крајот оди до таму што се откажува од нејзиното мајчинство велејќи: „Не е доволно некој да

те роди за да го викаш мајка“.

Својот чичко - новиот крал, Хамлет го презира од дното на душата. Омразата заради

убиството на сопствениот брат од властољубие и прељубата со снаата не го колебаат

Хамлет да го убие. Тој само го чека вистинскиот момент, но сака и сите да ја дознаат

вистината - да дознаат каков е навистина нивниот нов крал и како стигнал до круната.

Случајот сака Хамлет со Лаерт да излезе на двобој каде се покажува како одличен

мечувалец.

На крајот Хамлет го убива својот чичко одбранувајќи ја така својата и честа на татка си.

Освен со своите лични дилеми, внатрешни превирања, Хамлет се бори и против многу

недостатоци во неговото општество. „Нешто е гнило во држвата Данска“ е втората многу

позната реплика во оваа драма и го одразува тогашното данско општество - гнило во

поредокот, гнило во семејството - лажни татковски чувства од Клавдиј, лажно мајчинство,

лажно пријателство (неговите пријатели го поведуваат во Англија, а знаат дека треба да го

Page 21: MITOVI.docx

погубат), гнила власт и дворјанство кои биле обични паразити, а не вистински благородници

- гнила држава.

  Класицизам

Жан Батист Поклен Молиер „Тартиф“

„Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.

Темата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и

величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството.

Идејата е да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство.

Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови.

Повод да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро против

неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле против

ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот живот.

Затоа Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и лажната

набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.

Ликови

Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад

свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите

луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со

вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело

го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во

лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни

документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини

на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен,

дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите

страсти ги става пред се.

Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна

станува синоним на лицемерство и лажна набожност.

Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е во

состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на Тартиф. Тој

оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се откаже од

сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на Тартиф - до каде

ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со свои уши и да види

со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски, туку му верува на

лажливиот туѓинец.

Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна - го заштитуваат

лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е

религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа -

Page 22: MITOVI.docx

грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја

напушта куќата.

Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со здрав

разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат вистинските

намери на Тартиф.

Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф.

Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го

заведува Тартиф.

Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен.

Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните

позитивни особини: доброта, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу

интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, таа јасно, преку

лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш

е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, којa е

премногу мирна и покорна, и и помага да му се спротистави на татко и и да се избори за

својата љубов.

Романтизам

Џорџ Гордон Бајрон - „Странствувањето на Чајлд Харолд“

„Странствувањето на Чајлд Харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка поема, составена

од четири песни.

Тема во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд.

Идеја - да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во Англија и во цела

Европа.

Основни карактеристики на Бајроновиот романтичен јунак се чувството на светската тага,

откривањето нови егзотични простори и поддршка на борбата за ослободување на

угнетените европски народи.

Бајронизмот како движење влијаело врз англиската и европската литература. 

Под бајронизам се подразбира: култ кон слободата, желба за патување во далечни и

егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот, човековото разочарување кое

преминува во светска тага, величање на славното минато (античко и витешко) и

недопрената природа.

Поемата нема класично развиено дејство, нема заплет, ни композиција освен што е

составена од четири пеења. Дејството се одвива хронолошки, како што се одвивало

патувањето задржувајќи се на позначајните места. Тоа се: војните на Наполеон; соочување

со освојувачки и ослободителни војни; ја велича борбата на Шпанците против Наполеон; ја

велича античката цивилизација; ја опева славата и пропаѓањето на Рим; ја опишува битката

кај Ватерло, потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на војната.

Page 23: MITOVI.docx

Алексеј Сергеевич Пушкин „Евгениј Онегин“

Романот „Евгениј Онегин“ го сочинуваат осум пеења, со различен број песни. Тој ја создал

онегинската строфа составена од 14 стиха.

Иако поетот е претставник на романтизмот, романот е замислен врз реалистична основа во

кој се запознаваме со секојдневните настани од животот на руското дворјанство.

Темата во романот е љубовта; младешката, идеализирана и неостварена љубов на Татјана

кон Онегин и нејзиното созревање.

Времето на случување се дваесеттите години од деветнаесеттиот век, во Петроград, на

село и во Москва. Дејствието се одвива по хронолошки ред со паралелен развој на неколку

сижејни линии.

Ликови

Евгениј Онегин е претставник на градската благородничка средина. Тој е многу самоуверен

човек кој умее да го прикрие своето незнаење и површно образование. Неговите стремежи и

чувства се нестабилни. Тој се обидува од здодевноста да избега со пишување поезија и

читање книги, но не успева. Ништо не го интересира - забавите му стануваат здодевни и

животот на село му е здодевен и дружбата со Ленски му е здодевна, а љубовта на Татјана

му претставува товар. Навикнат да се однесува кон жените ладнокрвно, тој и кон неа е

таков. Нејзиното писмо не го допира премногу, а кога ја одбива (воопшто не помислува да не

ја одбие) за да не ја навреди, се обвинува себеси и своето сфаќање за слободен живот.

Сепак, настапува џентлменски бидејќи веројатно чувствува некаква симпатија и сожалување

кон неа штом не ја искористува нејзината љубов, како што го правел тоа многупати

претходно.

Најнегативно е неговото однесување на именденот, кога за да го направи Ленски

љубоморен, тој цела вечер танцува со Олга. И зошто? Само затоа што нему му била

здодевна љубовта на Татјана. Уште пострашно е што избрзува и не размислува за

последиците. Од истите причини го прифаќа двобојот во кој го убива својот пријател.

Тврдоглавоста и глупоста го прават убиец. Тој не е рамнодушен што го убива пријателот, го

гризе совест и сосема се повлекува одејќи во непознат правец.

Кога повторно ја сретнува Татјана, тој не може да се помири што таа е туѓа и недостижна.

Не може да се помири со нејзиното студенило и одбивање и затоа лудачки се вљубува во

неа - до разболување. Но, Онегин не би бил свој кога на крајот не би се помирил и вратил на

претходните идеали, на распуштениот и безделнички живот, тешејќи се дека времето лечи

сè.

Татјана е сосема поинаква, постојана во својата љубов и реална. Достоевски ќе рече дека

би било подобро ова дело да го носело нејзиното име, зашто таа е главниот лик,

позитивниот лик, претставничка на здравата, убава, паметна и цврста руска жена.

Уште во детството таа била сериозна, одрастена на село, без детски игри и кукли, со желба

да слуша народни приказни - таа е претставничка на романтичарското сфаќање за животот

и природата. Осамена и отуѓена од градските манири, таа го чека својот принц да дојде кај

неа, но го дочекува Онегин. Млада и наивна, безрезервно се вљубува во него, иако не го ни

Page 24: MITOVI.docx

познава. Затоа се решава на чекор кој е несфатлив за тоа време - да му напише љубовно

писмо. Премногу искрена и отворена, таа верува во човечноста и искреноста на другите. По

неостварувањето на нејзината желба да биде со Евгениј, се задоволува со близината на

неговите предмети. Но, набрзо преку нив сфаќа каков е тој и се разочарува од својот херој.

Напуштањето на селото за неа е многу болно зашто не го сака бучниот град и тамошната

малограѓанска средина. Тука, таа ќе ја жртвува својата љубов и ќе се омажи за стариот кнез,

роднина на Онегин. При повторната средба, таа ќе се однесува студено, но е јасно дека сè

уште го сака. Ќе го одбие, не заради освета, туку заради нејзиниот цврст карактер и морал

кои нема да и дозволат да го изневери мажот.

Владимир Ленски е типичен романтичарски лик. Тој е мечтател, поет, кој детски се вљубува

во Олга. Поседува висок морал и жестоко ги брани своите ставови. Неговата нестабилност,

пребрзаност и занес се гледааткога во жарот на љубомората го предизвикува Онегин на

двобој што всушност го убива.

Реализам

Оноре де Балзак „Чичко Горио“

„Чичко Горио“ е роман чија тема не е единствена. Опфатени се три паралелни приказни кои

се испреплетуваат поради средбите на ликовите.

Тој е реалистичен, психолошки, социјален и семеен роман.

Дејството се случува во Париз, 1819 година.

Приказната е реализирана преку сезнаечки наратор (раскажувачот сè знае и сè гледа).

Темата ги опфаќа:

1. Драмата на чичко Горио;

2. Животот и моралното пропаѓање на Ежен де Растињак;

3. Судбината на робијашот Вотрен.

Овие приказни се поврзани со местото на живеење - пансионот на госпоѓата Вокер.

Романот е уметничка слика на ликови кои од различни причини го загубиле својот висок

општесвен статус и се приморани да живеат во најсиромашниот париски кварт. Општеството

е виновник за положбата во која са наоѓаат.

Идејата е да го прикаже општеството каде движечка сила се парите кои морално го

деградираат човекот и сочинуваат свет преполн со егоизам, лицемерство, интриги,

подлости, измами и предавство.

Ликови

Ежен де Растњак е младо и убаво момче кое решило да успее во животот. Тој е од југот на

Франција, од осиромашено семејство и сака по секоја цена де живее во светот на богатите.

Тој сочувствува со сиромашните, повредените, недостојните, но не отстапува од неговата

цел - слава и богатство.

Горио е типичен лик на татко кој безмерно ги сака своите ќерки. Неговата љубов е толку

голема што нему не му е тешко да ја поднесе секоја жртва за нив. Заради нив тој живее

Page 25: MITOVI.docx

бедно и се надева дека за возврат од нив ќе добие љубов. Толку многу ги разгалил и

расипал што тие немаат ни трошка почит кон него. На крајот, сфаќајќи дека создал

бесчувствителни монструми тој паѓа во очај и умира.

Делфина и Анастазија воопшто не се разликуваат меѓу себе. На моменти ни се чини дека

Делфина е подобра, но таа не доаѓа да го посети болниот татко, а чекорите што ги прави се

само за да докаже пред Растињак дека е подобра од Анастазија. Тие ја цицаат и последната

пара од татко им без да се сожалат на него. Си завидуваат, си љубоморат, се караат за

секоја паричка. Живеат во лажен свет, без љубов и морал. 

Вотрен дејствува против ваквото општество, но не како револуционер, туку како крадец и

убиец. Тој ги почитува своите другари (робијаши) и нивните пари ги чува кај себе со посебна

почит. Тој не ги сака нивните, туку парите на богатите. Прво детално ја анализира

ситуацијата, пресметува колкава ќе биде неговата корист, па дејствува (случајот со

Викторина). Кога ќе биде фатен тој отворено ќе признае сè, цинично ќе се однесува со што

ќе го покаже својот однос кон општеството.

Фјодор Михаилович Достоевски „Злосторство и казна“

„Злосторство и казна“ од Достоевски е реалистичен, психолошки роман во кој има елементи

и на социјален, криминалистички и филозофски роман. Тој е, исто така, полифоничен роман

(каде се вклучени општествената и социјалната реалност, но и психичката реалност на

поединецот).

Темата и идејата на романот се содржани во насловот. Темата е злосторството, двојното

убиство што го извршува Раскољников и казната што следува (повеќе психичка, отколку

физичка). Во таа психичка казна е содржана и идејата - дека човекот самиот повеќе се

казнува и измачува отколку што тоа може да го стори општеството. Исто така, дека нема

никакво оправдување за извршено убиство, зашто сечиј живот е вреден.

Во романот, покрај злосторството извршено од страна на Родион Романович Раскољников,

опишано е и неговото семејство, мајка му и сестра му, неволјите во кои запаѓаат заради

сиромаштијата; како и семејството Мармеладови, а особено Соња Мармеладова, која ќе има

исцелувачка улога на крајот. Приказната на Свидригајлов е поврзана со сестрата на Родион

Романович, но и таа живее самостојно и се издвојува со својата специфичност.

Времето во романот е сконцентрирано во девет и пол дена до злосторството и девет години

по злосторството (една за време на судењето и осум во прогонство), што секако има своја

симболика.

Ликови

Родион Романович Раскољников е централниот лик во романот. Тој е комплексна личност

со многу позитивни и негативни особини.

Поради сиромаштија тој е исфрлен од студиите по право и бара начин да дојде до средства

за преживување. Неговата сестра работи како гувернанта, па оттаму му стигаат парите за

Page 26: MITOVI.docx

издржување. Тој не сака да биде нејзин товар, а уште повеќе, кога дознава дека таа ќе се

мажи за пари, неговата гордост е сосема срушена. Затоа, тој никако не сака да ја прифати

таа нејзина жртва. Гордоста е највпечатливата негова особина.

Раскољников во крајна линија е убиец, бидејќи ги убива бабата и нејзината сестра, но прави

толку други добри работи (им помага на победните од него, давајќи им ги последните пари)

што не можеме да го восприемиме како вистински убиец.

Тој самиот се колеба во врска со мотивот на неговото убиство: дали е заради мајка му и

сестра му, и воопшто заради бедата во која се наоѓа неговото семејство или заради

филозофијата на обичните и необичните луѓе. Тој оди да го изврши убиството многу свесно

и плански како потврда на неговата идеја, како експеримент. Според него, извршувањето на

злосторството е оправдано ако се изврши за повисоки цели. Извршувајќи го, сака да

провери дали тој им припаѓа на исклучителните луѓе. Таа негова теорија ја поткрепува со

историски примери, особено со Наполеон, кој ги рушел нормите пропишани од народот за да

ја достигне целта и да ја промени историјата.

Откако го извршува злосторството, оваа теорија полека се руши. Прво пронаоѓа рационални

објаснувања за неуспехот - грешките во извршувањето на убиството, убивањето и на

Лисавета итн. Потоа се враќа на својата филозофија - дека не убил човек, туку принцип -

обидувајќи се да се утеши на тој начин. Но, како одминува времето, сфаќа дека утеха нема.

Дека најголем проблем е грижата на совеста и душевната болка. Тој станува рамнодушен

кон сите и кон сè. Кон никого не може да биде искрен, со никого не може да зборува - зашто

тој направил нешто што другите не направиле и што не ќе можат да го сфатат. Отуѓеноста е

најтешката последица на злосторството. Затоа тој ќе отиде кај Соња и ќе се исповеда, за да

си олесни на душата. Неговата гордост не ќе му дозволи цела година да погледне во неа. Ќе

му биде срам и не ќе знае како да го продолжи животот. Добрината, цврстината и решеноста

на Соња да му помогне, ќе успеат. Тој по една година ќе сфати дека таа е спасот - љубовта

кон неа и нејзината филозофија - вербата во Бога.

Соња Мармеладова - бедната, отфрлена и изгубена проститутка, би требала да биде

сродната душа на убиецот Раскољников. Но, напротив. Иако тие делат слична судбина,

Соња е сосема спротивна на Раскољников. Кога ќе ја слушне исповедта за убиството, таа ќе

се стаписа и ќе занеме од изненаденост и сочувство. Сочувство кон разорената душа на

Раскољников, која ќе се обиде да ја опорави.

Соња е проститутка не заради себе, туку за да им помогне на другите. Таа својот живот го

жртвува заради животот на оние што ги сака.

Со нејзината смиреност, добрина, саможртва, покорност - таа ќе биде единствената шанса

за спасот на бунтовниот и горделив Раскољников.

Реализам – Натурализам

Антон Павлович Чехов - Раскази

Page 27: MITOVI.docx

Карактеристично за прозното творештво на Чехов, освен нивниот кус облик, е и хуморот. Во

неговата проза хуморот се јавува во сите варијанти, од најблаг - до најостар. Темите што ги

обработува се разни. Тој критички ги опфаќа сите сегменти на општественото живеење.

„Смртта на чиновникот“ е краток расказ во кој е претставена општествената хиерархија низ

сатиричната слика на стариот Червјаков кој случајно кивнува кон генералот Брижалов.

            Критика на општеството, на лицемерието на социјалната грижа, е претставена во

расказот „Павиљон бр.6“. На ироничен начин Чехов го критикува општеството кое воопшто

не се грижи за болните, општеството во кое не се знае кој е навистина луд, од која страна на

решетките се наоѓаме или може да се најдеме. Многу прашања се отворени во расказот, а

на крајот се затвараат со смртта на главниот лик кој казната за сопствените погрешни

постапки и погрешна филозофија мора да ја почувствува врз своја кожа. 

            Зачмаеноста на малограѓанската средина е опишана во расказот „Човек во футрола“,

руското село, во „Селани“, а бракот и љубовта (и вонбрачната љубов) во: „За љубовта“ и

„Агафја“.

            Карактеристичен за творештвото на Чехов е расказот „Мала шега“, каде се меша

сегашноста и минатото, оствареното и сонуваното.

            Расказот започнува во сегашно време и прво лице еднина, а на крајот, Чехов,

приказната од сегашно време ја префрла во минат план.

            Во расказите на Чехов секогаш е присутен новелистичкиот пресврт. Тука тој се

огледа во временскиот план, а во претходниот расказ во апсурдноста на извинувањето како

чин на хиерархиско почитување (и потчинување) кое кулминира со смрт.

Модерна литература

Претходници на модернатаШарл Бодлер

Шарл Бодлер е претходник на симболизмот и со него започнува модерната литература.

Цвеќиња на злото

            Стихозбирката „Цвеќиња на злото“ е животното дело на Шарл Бодлер кое тој го

работел повеќе од 25 години. Тој, всушност постојано ја надополнувал збирката.

            Бодлер поаѓа од ставот дека на поетот му е судено проклетството да се судри со

светот. За него, уметноста е пресоздавање на стварноста во симболички значења. Тој се

обидува да изнајде поетски јазик со кој ќе го искаже неискажливото во светот, односно

заднинското таинство на врските меѓу нештата. Тој се обидува да достигне на некое друго

ниво на свеста, симболичко ниво каде ќе ги открие тајните врски меѓу појавите и

предметите. Всушност, начелото на симболизмот е постапка според која нештата се

доведуваат во врска. Духовноста на човекот има најважна улога.

            Песните се поделени во тематски циклуси: „Сплин и идеал“, „Париски слики“, „Вино“,

„Цвеќињата на злото“, „Побуна“, „Смрт“ итн.

Page 28: MITOVI.docx

            Поимот сплин означува меланхолија и чувство на здодевност, многу модерен во

негово време. Тоа всушност ја означува потонатоста на човекот во светот на материјалното.

            Бодлеровиот сплин ја означува здодевноста, чмаењето и маката на живеењето, но и

некоја магличава присутност во која се губи духовната јасност на погледот.

            Бегајќи од сплинот на животот тој е во потрага по непознатото - чудесно ново. За него

не е важно каде ќе го најде, од каде ќе дојде (од рај или пекол) - важно е да дојде до неа - до

убавината.

Песната „Албатрос“ претставува симболична слика на величината и падот.

            Преку судбината на албатросот, таа прекрасна, слободна и горда птица, уловена од

морнарите на кои им служи за шега и разонода, е претставена величината, но и трагедијата

на поетите.

            Гордиот албатрос - владетелот на морињата и небесната шир, фатен и спрострен на

бродската палуба, станува смешен и жален. Морнарите се изживуваат со него, го

малтретираат „со своето луле клунот му го дразнат“, му се смеат и го имитираат неговото

жално прпелкање.

            Симболичната слика за албатросот во последната строфа преминува во реална.

Албатросот всушност е поетот – „принц на облаците“. Но, поетовата возвишеност и

вистинска вредност не е сфатена од обичните луѓе. Со огорченост поетот ја завршува

својата исповед - неговата позиција во светот каде што не го разбираат. Меѓу џганот, тој се

чувствува како албатрос со огромни крилја кому не му даваат да лета.

            Со своите песни во проза, „Сплинот на Париз“ тој воведува нова форма во

литературата. Со ова, а и со неговите тематско-идејни новитети, со симболиката и со

сплинот не е само значаен за развиток на францускиот симболизам, туку е претходник на

надреализмот и воопшто на модерната литература.

Едгар Алан По „Гарванот“

Мотивот во песната „Гарванот“ е смртта на љубената. На почетокот од песната е прикажан

осамениот и разочаран поет, кој во депресивна атмосфера и време (полноќ, декември), се

обидува да најде спас од мислите што го прогонуваат, од мислите за неговата сакана која

повеќе ја нема.

            Меѓу сонот и јавето, меѓу реалноста и халуцинацијата, слуша тропање и се надева

дека ќе најде соговорник кој ќе ја ислуша неговата мака. Но, во собата влетува црно

сениште - гавран, кој горделиво се сместува врз бистата на Палада (божица на мудроста).

Гавранот е симбол на смртта, но и на поетовото второ јас, па затоа во својот безизлез и очај

започнува разговор со него. Тоа е всушност монолог на поетовата растргана душа. Бара

помош, напиток за заборав, бара уште еднаш да ја види, уште еднаш да ја допре, да ја

гушне - и добива одговор на своите молби - никогаш повеќе. Неговиот соговорник, гавранот,

постојано му го повторува тоа - никогаш повеќе. За на крајот, очајно, песимистички да

заклучи дека нема надеж за неговата болна душа.

Page 29: MITOVI.docx

Егзистенцијализам

Албер Ками „Странецот“

Романот „Странецот“ го сочинуваат два дела во кои е прикажано современото отуѓување на

човекот од општеството. Тој е полифоничен роман во кој се дава перспективата на

општествената стварност и стварноста на поединецот.

            Темата во романот е бесмислениот живот на Мерсо и судењето за уште

побесмисленото убиство што го извршува.

            Идејата е дека треба да ја пронајдеме смислата на живеење бидејќи секој живот има

смисол.

            Романот е напишан на многу едноставен, дури новинарско-фактографски стил кој

остава силен впечаток врз читателот. Во прво лице еднина (јас), главниот јунак ни ги

соопштува секојдневните настани гледани од негов агол, со што Ками успеал многу

сугестивно да ни ја долови неговата психа, па одбивноста и одвратноста што на почетокот

можеби ќе ја почувствуваме, постепено прераснува во сочувство и сожалување.

            Уште на почетокот на романот остануваме зачудени од бесчувствителноста и

незаинтересираноста на главниот лик - Мерсо.

            Романот започнува со:

            „Денеска умре мама. Или можеби вчера, не знам.“

            Во продолжение дознаваме дека мајка му била во дом за старци, а тој добил

телеграма, па затоа не знае кога точно умрела.

            Првиот дел на романот е опис на животот на Мерсо, неговото секојдневие, неговата

незаинтересираност и бесчувствителен однос кон нештата.

            Вториот дел, пак, е приказ на судскиот процес во кој општеството му суди на Мерсо,

не толку за убиството што го извршил, колку за овој негов однос.

            Ликот на Мерсо

            Мерсо е човек на новото време, отуѓен од општеството неприфаќајќи ги неговите

норми, атеист по убедување. Тој е слободен човек, со можност за слободен избор. Неговиот

проблем е во сфаќањето на таа слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се

случува околу него. Смета дека човековиот живот е безвреден и дека е сеедно како ќе се

живее зашто и така мора да се умре. За него е сеедно дали ќе ја види за последен пат

мртвата мајка, дали ќе пие кафе и ќе пуши цигари додека и се оддава последна почест, дали

ќе се ожени со Марија или не. Се му е сеедно. Деновите ги минува незинтересирано, а кога

му се пружа можност да оди во Париз и да напредува, тој одбива. Не сака да промени ништо

во својот безначаен живот. Од здодевност го прифаќа и пријателството на Ремон иако знае

дека може да си има проблем со законот. Прифаќа да сведочи за него иако знае дека тоа не

е вистина. Прифаќа да се замеша во тепачката иако тоа него не го засега. И на крајот таа

незаинтересираност ќе го доведе во ситуација да убие човек. Но, тој и понатаму е

Page 30: MITOVI.docx

рамнодушен. Не се вознемирува заради убиствито, не се покајува, не зажалува, па дури и не

размислува за тоа. Како ништо да не се случило.

            И во текот на судскиот процес е рамнодушен, не го сфаќа сериозно, не се потрудува

да каже било што во своја одбрана. Тоа што го кажува е неприфатливо за останатите луѓе -

дека заради сонцето и неподносливата горештина - убил.

            Само на крајот, кога ја добива смртната пресуда, во него почнува да се буди нешто.

Се крева револтот кај него заради неможноста од избор. Пресудата е дефинитивна и

конечна. Смртта е конечна. Тогаш за првпат не му е сеедно што нема да поживее уште

дваесет години, бидејќи секогаш има шанси за нов почеток и за поинакво сфаќање на

работите. Затоа, бидејќи извршувањето на смртната казна е неизбежна, тој помирувајќи се

со тоа, сепак посакува барем тогаш околу него да има многу луѓе. Да не биде сам и осамен,

како што бил целиот негов живот.

Семјуел Бекет „Чекајќи го Годо“

            „Чекајќи го Годо“ е антидрама (театар на апсурдот), која претставува празнина,

чекање како празно дејство. Во неа има низа дејствија и низа дијалози кои не претставуваат

ништо - само празно губење на времето додека се чека нешто што нема да дојде.

            Ако животот на Мерсо од Странецот е бесмислен и апсурден, тогаш животот и

ликовите во оваа драма се супербесмислени и суперапсурдни.

            Темата на драмата е содржана во насловот, чекањето на двата главни лика

(Естрагон и Владимир) на Годо, кој им ветува работа и подобар живот.

            Идејата е во бесмислата на животот која сепак е поткрепена со надеж за подобра

иднина и пронаоѓање на смислата. Надеж, дека утре ќе биде подобро, дека утре можеби ќе

дојде Годо.

            Во оваа драма сè е релативно. Времето, местото, па и ликовите. Времето е денес,

утре и вчера, а можеби и не е. Самите ликови не знаат дали чекале вчера или некогаш

порано, а и утре можеби ќе чекаат, ако стигнат на време. Местото е покрај некое дрво, кое

можеби е грмушка. Апсурдот на релативизирањето оди до таму што не е сигурно дали е тоа

вистинското место каде што се договориле да се чекаат и дали и вчера биле тука или првпат

доаѓаат.

            Драмата е трагикомедија во два чина, во кои дејството речиси се повторува.

Ликови

            Карактеристично за драмското творештво на Бекет е што ликовите се јавуваат во

двојки. Едната двојка се Естрагон и Владимир, скитници и неразделни другари, а втората

Поцо и Среќко кои се во однос надреден и потчинет.

            Ликовите се надополнуваат еден со друг и во своите карактери не се сосема

издифиренцирани. Тие се тажни кловнови, чиј живот е сосема бесмислен, бесцелен,

исполнет само со празнина и чекање. Чекање на излезот и на спасот.

            Естрагон и Владимир речиси не се разликуваат. Естрагон е малку поемотивен, а

Владимир поразумен и порационален, Естрагон повеќе заборава, а Владимир малку

помалку, на Владимир му смрди здивот, на Естрагон нозете. Тие не можат еден без друг, си

помагаат, се чуваат. Неразделни се, иако за време на ноќта се разделуваат, но веќе

Page 31: MITOVI.docx

следниот ден тие повторно се наоѓаат привлекувајќи се како магнет. Кога Естрагон ќе го

слушне Владимир дека пее додека е сам, тој љубоморно ќе заклучи дека е среќен без него.

Всушност, двајцата биле задоволни што ноќта ја минале сами, но потоа некоја сила ги влече

повторно да се доближат. Тие иако се двајца, се чувствуваат како еден и се чувствуваат

осамено. Затоа кога ќе се појават Поцо и Среќко, Владимир е среќен што побрзо ќе им

помине времето и вели:

Владимир:      Сега повеќе не сме сами, чекајќи ја ноќта, чекајќи го Годо, чекајќи...чекајќи.

Цела вечер се боревме, без ничија помош. Сега со тоа е готово. Веќе е утре.(...) Времето

веќе истекува. Сонцето ќе зајде, месечината ќе изгрее, а ние ќе заминеме ... оттука.

            Кај другите два лика имаме сосема различна варијанта. Тие се спротивни. Нивниот

однос е однос на надреден и подреден; на господар и роб, па според тоа, тие би требале да

се одбиваат. Но, и тие се во неразделна врска. Господарот Поцо и покрај сето изживување

врз Среќко не може да го оттурне од себе. Среќко прави сè за да му се допадне на

господарот и да остане во негова служба. Не го испушта багажот (во кој има песок за да

тежи), игра, пее, мисли, врзан е со јаже за вратот на кој му се направиле рани, го трпи

камшикот. Нивната спротивност се зголемува кога Поцо ослепува, а Среќко онемува, но тие

пак се заедно.

            Во современото општество во кое е карактеристично отуѓувањето на луѓето,

ликовите насликани во драмата се типични. Неразделните врски се такви поради навиката и

неиницијативноста. Често се дружиме со истите луѓе, ги чуваме старите пријатели, зашто ни

е тешко да наоѓаме нови, одново да ги запознаваме и да се зближуваме. Тешко е да се

направи чекор напред. Посигурно ни е да седиме и да чекаме, отколку да го направиме

чекорот кон неизвесното и новото. Дали навистина не постои излез? Изборот што го

правиме е слободен, никој не нè ограничува, освен самите ние - заради стравот од

непознатото.

            Во вториот случај, иако изборот на претпоставените не го правиме, не значи дека

мора безусловно да го трпиме јаремот што ни го наметнуваат, а со тоа целосно да го

изгубиме нашето достоинство. Во модерното општество сите ние сме на некој начин Среќко,

а малкумина се Поцо.

Page 32: MITOVI.docx

Митските легенди колку и да ни се чинат далечни секогаш го носат печатот на блискост и

препознатливост. Ако сакаме да се враќаме назад или поточно кон Почетокот,неминовно е да го

допреме времето на постанокот на митовите,на чудесните митски легенди и бајки исткаени со

привлечен флуид. Привлечноста е исконска поврзаност.Преку митовите се поврзуваме со некои

непознати времиња,во кои заоѓаме за да бидеме дел од тоа минато.

Зошто секоја древна цивилизација изобилува со бројни митови,волшебни прикаски, разбрани и

неразбрани,туѓи,а сепак блиски и свои?Каква е пораката на секој од нив и со што го заслужуваат

нашето внимание?Која ли е таа моќна сила со која се трудиме од нивната содржина да го

изградиме планот на нашата насока на спознавање?

Митот како потрага по некогашното,по заборавеното,значи и обврска да се превосоздаде

убавината. Убавината по која копнееме,а која е сплотена во митовите.Таа убавина сакаме да ја

реинкарнираме.Митот и откривањето на суштината на митот,на мирисот на потеклото,на безброј

божји и човекови судбини даваат вистинска подлога да успееме да ја обновиме убавината.

Бог и Божица се соединуваат со смртните луѓе и нивните потомци. Даваат славни династии.Сето

тоа ни се нуди во богатата древно-македонска литература.Сите имаат заеднички предок како

архетип на наследувањето. П.Д.Успенски во ,,Нов модел на универзумот,,...вели-,,Многу

прикаски и митови за златното руво,жар птица,Аладинова ламба и оние за тајните

богатства и блага кои ги чуваат змејовите или други чудовишта,служат да изразат однос

спрема СКРИЕНОТО ЗНАЕЊЕ.

Page 33: MITOVI.docx

Одиме по трагата на исконското паметење за да ја откриеме снагата на скриеното знаење и

треба да се знае дека крвта ни потшепнува кои сме и како да го дознаеме она што со милениуми

ни го криеја осакатувајќи ја целата земјина историја.

Митовите се патоказ како да се бара трагата на вистинското случување,но тоа да се стори со

лингвистичко толкување преку словенски назнаки.Оти официјалната наука ни даваше досега

нелогични и неточни информации кои се судруваат со интересите на вистината.Митовите од

шарадата на грчката? митологија го однесоа светот во погрешен правец.Ние треба да го кажеме

и да го докажеме тоа.Враќајќи се кон легендите се враќаме кон себеси и кон времето кога се

случиле речиси фантастични,но сепак реални настани.

Има една наука,која за жал во Македонија не се изучува,а тоа е наука за симболиката.Таа ни

укажува на многу елементи кои се читаат поинаку од колку што изгледаше досега. Има

најразновидни симболи претставени и како знаци и како предмети и како прикаски.Дури

симболите и знаците многу повеќе укажуваат отколку самите зборови.Оти зборовите низ

вековите знаат и да го задушат вистинското значење ако не се потврдат со древноста.Колку е

подревна историјата толку поблизу е до митовите.А сфаќањето за улогата на митовите не е

само чин на љубопитност туку и копнеж по вистината.

Кога станува збор за грчката?митологија која секаде е прифатена како грчка,треба да се

објаснува и докажува нејзиниот негрчки карактер.Таквата митологија создадена е намерно од

оние кои наметнато,со лаги и прелаги, создадоа и грчка држава.Зошто? За да се скрие потеклото

на Пелазгите,Ариевците,на Ведите и Словенитеа со тоа и потеклото на македонските династии.

Оттука  се што се дефинира како грчка митологија ќе се подразбира како древно- македонска

митологија.

Нели е срамота нашите македонски митолошки ликови уште да се прикажуваат како грчки? И тоа

од нашите докажани стручњаци.Како да се изменат работите,во Википедија,во квизовите, во

учебниците и во скоро цело досегашно образование?Тоа нека го кажат дипломираните

историчари. Како може се да е грчко кога Грците и не постоеле во време кога се создавала

богатата митолошка литература.Грците како човекова популација се настанати многу

подоцна,генетски се многу помлади и не можат да ги имаат за свои предци митолошките ликови.

Едноставно не им е дадено!

Во врска со ова, Александар Донски ни помага да се утврди негрчкиот карактер на митовите.

Донски ни ги дава податоците на Карлос Парада кој пак прецизно ни ги посочува авторите на

таканаречената грчка митологија.Парада зборува за три фундаментални дела од кои ќе се

изгради античката митологија.Тоа се ,,Теогонија,, на Хесиод,,,Илијада,, и   ,,Одисеја,, на

Хомер.Во овие епови ниту еднаш не се спомнуваат Грци или зборот грчки. Тогаш како може да

се вика грчка митологија?

Према Карлос Парада античкиот автор Аполодор најмногу учествувал во создавање на грчки?

митови и тоа со 19%,потоа Паусанија со 12%,Хигин со 12% и Хомер со 8%.Овие автори

учествуваат со над 50% на текстови од митологијата. Проблематично станува кога ќе почнеме да

го истражуваме потеклото на античките автори.Многу е лесно под антички да се стават сите

Page 34: MITOVI.docx

грчки и со тоа да се затвори случајот.Но дали навистина тие биле Грци?И може ли скоро

дојденците,Грците,да знаат толку многу од праисторијата на Македонија.Денес знаеме дека не

постоеле Антички Грци и нема доказ за нивната древност. Поточно ни одадалеку не можат да се

мерат со древноста на Македонците.

Херодот соопштува дека повеќето грчки божества воопшто не биле грчки. Во врска со потеклото

на грчките божества Херодот пишува:-Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам

дека Грците ги презедоа од Пелазгите. За Нептун, пак, тие дознаа од Либијците, кои

отсекогаш го славеле.

Од сето погоре изнесено сметаме дека терминот ,,Грчка митологија,, конечно треба да се

исфрли од науката.Каква е таа ,,Грчка митологија,, кога ниту едно од божествата што биле

присутни во неа не било грчко?Ова истото важи и за терминот 'древна (античка) Грција', кој исто

така честопати неправедно се употребува во науката и публицистиката.И овој термин е сосема

погрешен затоа што таква држава (древна, т.е. античка Грција) никогаш не постоела во

историјата.Се што постоело на територијата на денешна Грција биле неколкуте градови-држави

кои ту војувале помеѓу себе, ту склопувале лабави сојузи и кои сите до еден се нашле под

македонска окупација или политичко влијание.

Вистинските преданија од таканаречена грчка митологија се всушност македонски.Како ќе

препознаеме кој мит е вистински и има исконско потекло?Само преку правилното читање на

имињата,преку зборови кои се разбирливи на македонски јазик.Имињата да се одбележуваат во

вид на слогови зашто секој слог си има своја тежина и историја,свој белег и аманет.

Пример,ако Александар Македонски отишол во прочиштето Сива (Жива) кое се наоѓало во

ЛИБија,нема ли да се запрашаме од каде името Либија?Градот Атина и Либија ги основале

Пелазгите.А Пелазгите се сметаат за најстар народ.Митологијата вели дека Либија и По-сеј-дон

преку својот потомок Бел и неговиот син Данај го изградиле овој храм.БЕЛ е ПЕЛазг.Оттаму е

асоцијацијата на бело,светло, чисто.Првите секогаш се чисти.А зарем ЛИБија не не потсетува на

македонското либе?Во древната македонска митологија која се уште се нарекува грчка,

среќаваме линости со чисто македонски имња како Арг,Јас,Дион,Персеј,Персефона.Семе-

ела,Тиха,Лин.и тн.

Велиме дека многу митолошки имиња се разбирливи на наш сегашен македонски јазик.Зошто?

Затоа што од некогашниот пелазгиско-словенски јазик,кој се зборувал за време на Александар

Македонски, води потекло и денешниот македонски јазик.

Ристо Поповски во својата книга ,,Митологија на Македонците,, преку цитирањето на Васил

Иљов искажува дека-Aрхеолошката лингвистика за последните десет години презентирала

повеќе писмени споменици од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот,кои се

напишани на древен македонски јазик и со древни македонски азбуки (,,јавна,, и ,,тајна,,) а со

тоа и во писмената традиција го осведочи најстариот супстрат за сите подоцнежни

дериватни јазици не само на Македонскиот полуостров (Балканот) туку и пошироко во

светот... Со тоа научните откритија на дешифрирање на најстарото писмо се однесува на

имињата на боговите и пораките од областа на митологијата не само од неолитот туку и

Page 35: MITOVI.docx

од палеолитот каде што се зачнати најстарите корени на многу појави, објаснети со

митолошките традиции од Македонија.

Треба да се има чувство и верба во инстинкт за она што навистина се случувало и да не се

цитираат на слепо од книгите барајќи доказ во таканаречените научни факти.Оти митологијата е

патоказ на некогашните случувања и не е непостоечка историја или некаква чудесна измислица.

Митологијата е наша поврзаност со сите во светот,со развојот на човештвото чија патека довела

до денешниот човек.Колку повеќе одиме во длабината на некогашните случувања толку повеќе

се доближуваме до силата на своите предци.Со тоа се здобиваме со силата на сопствената моќ.

Така се издигнува ПРИРОДАТА НА ВДАХНОВЕНА ВИСТИНА.

Подоле даваме преглед на позначајните митолошки ликови од древно-македонската историја.

Аријадна,ќерка на Критскиот Миној и на Пасифаја.Таа му помогнала на Тез(с)еј да излезе од

лавиринтот. АР-и-јадна-Ар= земја,јадна=со јадови.Земја со јадови. Позната по Аријаднин конец,

нитка која има симболична ознака. Лавиринтот е симбол на животниот пат.Излегување од него е

излегување од искушенијата на животот. Црвената нишка  е нишка на ткаењето на животот.И

како што секој од нас минува низ разни лавиринти, секој според својата судбина, така се

отклопчува клопчето на животот.

Тез(с)еј,прославениот јунак одбран да спасува,се извлекол со помош на клопчето конец.Тој

ја ,,сее,, содржината на животот тука, во лавиринтот на земските настани.Се си има своја

смисла. Македонците кои биле прадревен народ,ја знаеле суштината на ,,ткаењето,, на

животот.Секој нека си ја следи ,,црвената,, нишка интуитивно и без предрасуди.Гледајќи ја 

Аријадна ќе кажеме дека многу е индикативна облеката на Аријадна. Потсетува на широките

воденски фустани. Поточно на фустаните кои ги носеле жените од Воденско,Егејска Македонија.

Атина,божица на мудроста.Ќерка на Зевс или на Диј или Здив,на Врховниот.Родена од неговата

глава,поточно од неговата ушна школка.Симболиката на ушната школка не упатува на пресекот

на легнатата осмица,каде од центарот на таа осмица започнуваат нови циклуси.Поточно тука-

невидливото се оваплотува,се материјализира и станува видливо.Атина значи -родена од

Почетокот.Затоа е и непорочна или невина.Нејзината симболика на непорочност подоцна ќе

биде искористена за непорочно раѓање во многу култури. Атина се понудила да му помогне на

Ахил во Тројанската војна преку нејзиниот магичен штит.Но магичниот штит ги штити оние кои се

определиле за просветлување и небесна слава.Бидејќи Ахил ја одбрал земската слава и се

ставил против Тројанците,не можел да биде заштитен.

Градот Атина го основале Пелазгите,Првите,уште пред потопот.Со милениуми припаѓал на

Македонците. По нејзин урнек изграден е и Саис во Египет.Подоцна и Соломоновиот храм е

изграден по шема на оној во Атина.

Aхил,син на божицата Тетида и смртникот Пелеј.Коренот на името Пел-еј е доказ за потеклото

на Ахил,од Пелазгите е,од белите или Светлите.Како потомок на божица (поточно таа е

претставник на златното,првопочетно доба каде годините не играат никаква улога) и Ахил бил

полубог и како таков се одликувал со огромна сила и храброст.Мајка му му го дала магичниот

штит искован од Хефест, некаде наведен како егидата на Атина, за да се бори во Тројанската

Page 36: MITOVI.docx

војна.По долго колебање го избира погрешниот пат ставајќи се во корист на Титаните

(Агамемнон) и со тоа го изневерува петтиот принцип, а тоа е Божјата љубов. Ахил се одметнал,

ја одбрал земската слава наместо небесната,со што победила неговата суета и со тоа го

изневерува петт-иот есенцијален елемент.

Изневерениот божји принцип станува негова ранлива десна пет-а.Оттука е и симболиката на

пет-а, слабата и смртно ранлива точка на големиот Ахил.Значи петата на Ахил не е буквално

петата на ногата туку ранливата петтата есенција.Очигледно е дека само на македонски јазик е

разбирлива оваа аналогија на пет како број на петтата есенцијална сила и петата на Ахил.Ако е

повредена петтата есенција не може да се влезе во средиштето на Почетокот,не може да се

стане бесмртен.Што се однесува до штитот, него го наоѓа Александар Македонски знаејќи ја

неговата моќ и се служи со него. Александар Македонски со себе постојано ја

носел ,,Илијадата,,за да се потсетува на Ахиловиот грев и да не го повтори.

Ахил сигурно бил А-ил зашто буквата ,,х,, не постоела тогаш во изговорот или во пишувањето.А

и логично е да се вика А –Ил. А- како симбол на рамнотежа и ИЛ- божја светлина или самиот

Бог. И не случајно називот на островот Аил на Преспанско езеро е се уште останат за да служи

како опомена и поука.И да се знае -се е во знак на Божјиот здив.

Деметра,Ќерка на Крон и на Реа.Големата Мајка,трета генерација после Уран и Геја.Една од

Кабирите,подоцна во Египет се заменува во Изида.Позната по неколку синоними,меѓу кои и како

Да-матер, Божицата Ма. Всушност Да-матер повеќе одговара на оригиналот,кој подоцна се

видоизменува и станува Деметра. Го носи земскиот или женскиот принцип како дел од

комплементарниот пар (машко-женски) кој води кон создавање.Таа е и хтонско божество оттука и

нејзината ќерка Персефона или Кора станува дел од подземното царство.Пер-сеј-фона една

третина живее во подземјето,а две третини на светлина односно над земјата.Тоа не потсетува

на садењето, ртењето на семето и нејзиниот раст над почвата.

Се вели дека е Божица на плодноста зашто таа е мајка земја која раѓа.Деметра го носи семето

на пченицата на нашата планета. Познато е во езотеријата дека пченицата како готово семе се

појавува на планетава, значи не е продукт на човечки раце. Ги подучува луѓето на сеење

односно оттука доаѓа филозофијата на ртење на Семето.

(Продолжува)

Нордиска митологијаОд Википедија, слободната енциклопедија

Нордиска митологија, која се смета дека потекнува од германската митологија, е збир за митовите,

легендите и верувањата во надприродни суштества. И покрај христијанизацијата на Скандинавија,

митологијата на северните народи успева да опстане и во голем дел да се инкорпорира во новата Јудео-

христијанска религија. Најголемиот дел од постоечката нордиска митологија датира каква што е, од 11 и 18

век и е запишана во Старонордиската поетска Еда и Прозна Еда во 13 век во Исланд. Проучувањата

упатуваат на тоа дека се работи за луѓе кои вистински постоеле и на кои им се дадени божествени

особини.

Page 37: MITOVI.docx

Поетската Еда е напишана после 50 години откако е составена Прозната Еда и содржи 29 долги поеми, од

кои 11 посветени на гермаските божества, а останатите на херои како Сигурд Зигфрид.

Нордиската митологија до денес е составен дел од Скандинавскиот фолклор. По нордиските божества,

именувани се стотици и стотици места (топоними).

Постојат девет светови во нордиската митологија:

Мидгард , светот на просечното човечко искуство;

Алфхајмр , светот на џуџињата;

Сварталфхајм , светот на темните џуџиња;

Ванахаимр , светот на божествата поврзани со плодноста, мудроста и способноста да се види

иднината;

Муспелхајм , светот на огнот;

Јутунхајмр , светот на џиновите;

Нифлхајм , светот на тие кои умреле од старост или болест;

Азгард , светот на главните божества, како Один, Тор, Фриг, Балдр, Тир...

Хел , пеколниот подземен свет и дом на мудрите џуџиња.

Секој свет, потоа, има свои посебни значајни локации, како Валхала, каде престојува Один во Азгард.

Валхала е и дом на душите на големите воините паднати во борба. Овие души, според митологијата, треба

да помогнат во борбата на Рагнарок (Судниот ден), каде божествата ќе умрат, а Земјата ќе биде потопена

од водата. Душите на големите воини, се одбрани од Валкириите (женски суштества кои одлучуваат кој ќе

загине во борба).

Сите девет светови се поврзани преку Игдрасил, големото дрво на светот, центарот на нордиската

космологија, на чиј врв се наоѓа Азгард, до каде се стигнува преку мостот од виножито, Бифрост, чиј чувар

е богот Хајмдал, оној кој гледа и слуша на илјадници километри.

На коренот на дрвото, се наоѓа Нидхог, џиновската змија.

Митологија 

ОВЕН - Прв знак во зоодијакот е овен.Грчката легенда кажува дека во дамнешно време Фрикс,син на беотискиот

крал Атамант,бил изложен на малтретирања од својата злобна маќеа Ина.еден ден,не можејќи да ја издржи таа

тортура,Фрикс,заедно со својата сестра Хела,полета на златноруниот крилест  овен,но во еден момент Хела

добивајќи вртоглавица паднала во море,што некогаш се нарекувало Хелеспонт,а денес е познато по името

Дарданели.А Фрикс,среќно стигнал до Колхида,каде што се оженил со Халкиопа,ќерка на кралот Ејет.А

златорунестиот овен,Фрикс го жртвувал во знак на благодарност на Зевс.Златното руно го подарил на

кралот,својот тест Ејет кој го заковал на храстот во својата градина,каде што поставил змеј да го чува.Во тоа

време во Тесалија живеел Јасон,кој се побунил поради имото што го наследил неговиот брат Пелијас,па на

својот татко,кралот Езон му поставил услов за освојување на златното руно.Со помош на богињата Хера,жената

на Зевс,Јасон направил лада „Арго“ и со 50 другари заминал на Колхида.После многу драматични

Page 38: MITOVI.docx

перипитии,Јасон со помош на принцезата Медеја (најмладата сестра на Халкиопа) успеал да го украде златното

руно и да го однесе во Грчка.Но Зевс,сметајќи се за грдно увреден,го одземал златното руно и го поставил

заедно со воскреснатиот овен на небото.Од тогаш Овенот е првиот знак во зодијакот,затоа што таму,во

дамнешни времиња се наоѓала пролетна рамнина.Се зане и дека во Египет култот на Овенот бил претходник на

култот на Бикот Апис.

 

БИК-Култот на Бикот веројатно е роден уште во рана Азија,4500 год.пред Христос.Во фениканската митологија

бикот често асоцира на богови,најпрво на богот Сонце,Ел,што дава плодност на реките и морињата.Он тука е

врзан за идеја со апсолутнен суверинитет и моќ.Таков аспект на култот на Бикот,близнак е на негативниот Бик и

психата на родените во неговиот знак:моќни инстикти,неконтролиран бес,гнев,но и

упорност,трпение...Но,најпозната и најубедлива од сите легенди за Бикот е таа за Минотаур.Некогаш одамна во

Грчка владеел кралот Агенор кој имал 3 синови:Килик,Фенеј и Кадма,и ќерка Европа.За Европа се зборувало

дека е најубава девојка на светот,па ја приметил и врховниот бог Зевс.Како што по природа бил голем

авантурист,не му било тешко да симне на Земјата и да ја побара Европа,но за да не ја исплаши се претворил во

снежнобел бик и така и пришол.Она прво го помилувала а потоа се качила на него и го фатила за

роговите.Тогаш тој со голема брзина го препливал морето и стигнал на островот Крит.Таму го открил својот

вистински лик и Европа се вљубила во него,и поминале неколку убаво години заедно и родила 3 синови:

Миној,Радамант и Сардегон.Европа сите ја сакале и во знак на таа љубов,името на континентот во кој живееме

го добил името според неа.А Посејдон,бикот што Зевс и Европа му го жртвувале,во знак на благодарност го

поставил на небото и му посветил едно созвездие.

Page 39: MITOVI.docx

 

БЛИЗНАЦИ - Грчката легенда кажува дека во дамнешно време ширум светот била позната убавината на

Леда,жената на спартанскиот крал Тиндареј.Нејзината убавина не можел да не ја забележи Зевс,кој се

претворил во лебед и така и се приближил на Леда.По извесно време Леда родила близнаци Полукс и

Јелена,истата таа поради која после многу години ќе избие Тројанската војна.Така Леда,покрај синот Кастор и

ќерката Клитемнестра од бракот со Тиндареј,имала и пар вонбрачни близнаци.Кастор и Полукс биле во

приближни години и не се одвојувале,но Полукс бил бесмртен(таа моќ му ја подарил таткото Зевс)а Кастор бил

обичен смртник,што значело дека кога тогаш ќе мора да умре и замине во Хад (кралството на мртвите).За жал

тоа се случило побрзо од што било кој се надеавал.Полукс и Кастор имале уште двајца браќа,смртници,со кои не

биле во добри односи и еден од нив,Ид,со копје го прободел Кастор по што тој умрел.Тагата на Полукс била

преголема но немало помош,па тогаш Зевс му предложил по еден ден наизменично да поминува со Кастор во

Хад и на Олимп.Полукс без размислување прифатил и Зевс,видејќи ја нивната неизмерна љубов,двајцата ги

претворил во звезди и ги поставил на небото заедно да светат и да ги потсетуваат луѓето на братската љубов.

Page 40: MITOVI.docx

 

РАК - Четврти знак,а прв летен е рак.Легендата кажува дека Херкул добил налог од микенскиот крал Евристеј да

Page 41: MITOVI.docx

ја убие страшната Хидра која живеела во Арголида.Таа,во мочуриштата покрај градот Лерна убивала стока и

луѓе и правела други зла.Хидра била деветглава змија,од кои осум биле смртни,а само деветтата во средина

била бесмртна.Во борбата против Хидра,Херкул тргнал заедно со внукот Јолај.Со запалени стрели ја истерале

Хидра од скривалиштето,а Херкл,како и откинувал глава,на истото место и излегувале други две,но Јолај со жар

поминувал на тие места па ја спечувал можноста за појавување нови глави.Како што било јасно дека Херкул ќе

победи,во помош на Хидра дошла Хера,жената на Зевс која не го сакала Херкул и пратила голем Рак со оклоп

што го ранил Херкул во нога.Но Херкул многу брзо го совладал и него.И на крај ја победил и последната глава на

Хидра и ја закопал и на неа поставил голема карпа.Во крвта на Хидра ги намокрил своите стрели ,кои покасно на

неговите непријатели им нанесувале смртни повреди.А Хера,во знак на благодарност го поставила ракот на

небото и му подарила созвездие кое е познато под тоа име.

Page 42: MITOVI.docx

 

ЛАВ - По индускта традиција претставува почеток и крај.Ова созвездие постанало благодарејќи на расправиите

Page 43: MITOVI.docx

на Зевс и неговата жена Хера.Било познато дека Зевс од своите љубовници имал син Херкул кој имал статус на

полу-бог и безмерна сила како ниеден дотогаш.Во тоа време во шумите околу градот Немеј во Арголида,дивеел

огромен лав што било невозможно да се рани или убие.Знаејќи за тоа Хера,мислејќи дека лавот ќе го убие

Херкул,го наговорила да оди во битка со него.Сретнувајќи го,Херкул ги пуштил сите свои стрели,но ништо не му

можел,па немоќен,се бранел со голи раце затварајќи се со него во кафез.Херкул со своите силни раце го

соборил а потоа со колено му ги притиснал градите и го задавил.А Хера,видела дека заговорот не и успеал и во

желба да му напакости на Зевс го поставила лавот на небото како созвездие

 

Page 44: MITOVI.docx

ДЕВИЦА - Според грчката митологија Девица е персонификација на божицата земјоработничка Деметра која со

Зевс имала вонбрачна ќерка Персефона.Еден ден Зевс решил ќерката да ја омажи за својот брат,богот на

подземниот свет,Хад.Персефона не сакала,но Хад со помош на Геа,божица на земјата,смислил итрина и створил

цвет со неверојатна убавина и мирис.Кога го помирисала тој цвет Персефона,земјата под неа се отворила и таа

пропаднала во земјата кај Хад.Позади неа останал само крик кој го слушнала само нејзината мајка Деметра,која

барајќи ја својата ќерка дознала дека е во подземниот свет и дека нема враќање.Од бес и жал по ќерката

божицата веќе ја запоставила грижата за земјата и наскоро завладеал град.Кога Зевс дознал за осветата на

Деметра и наредил да продолжи со работа но таа како услов побарала да и ја врати ќерката.Пошто на таа молба

не можел да удоволи,да не го увреди и богот Хад,се договориле Персефона две третини од времето да

поминува на земјата со мајка и,а една кај мажот.Тој период кога Персефона е во подземниот свет е познат како

зима,а нејзиното доаѓање на земјата на почеток на април е обележен со појава на созвездието Девица кое е на

небото се до средината на септември кога полека се губи.Со појавување на тоа созвездие на небото луѓето

почнуваат со полските работи и мора да ги завршат до крај на септември.

Page 45: MITOVI.docx

 

ВАГА - Во сите традиции Вагата се наоѓа измешу рацете на боговите Правда и Последниот суд.Во стар Египет

Озирис ги мери душите на мртвите,како и Свети Аранѓел душите на Христијаните,или Ангелот Расни душите на

Page 46: MITOVI.docx

Персијанците.Вага уствари е грчки поим.Во Грчка,вагата е кога-како амблем на Хермес (што мртвите ги води во

пекол),иако најчесто амблем на Темида,божицата на правдата.Темида,ќерка на Уран на небото и земјата,била

стално покрај Зевс,и му била многу приврзана.Она одржувала ред,трудејќи се да наметне власт на возвишен

разум и мерка,штитејќи ги праведните а казнувајќи ги злобните.Зевс со Темида имал три ќерки:Еуномија,Ирена и

Дика.Последната чие име значи праведна,имала задача со симболите на својата мајка (терезиите и врзаните

очи),да ја шета земјата и да го надгледува спроведувањето на законот.За се требало да го известува Зевс кој ги

одредувал казните.Покасно,Зевс на небото ја поставил Вагата како сите би ја виделе и стално да се грижат за

редот и правдата.Иначе со Вагата владее Венера како и со Бикот,но оваа есенската не е така

егзалтирана,сензуална,жестока,страсна,како онаа мајската,пролетна која е божица на задоволствата и

чуствителни уживања на божицата Сибел.Ова е свежа младалачка Афродита чија моќ е над луѓето и животните

неизмерна.

Page 47: MITOVI.docx

 

ШКОРПИЈА - Грчко латинска традиција која нуди една легенда,митот за Орион кого го нападнала и каснала една

огромна и отровна шкорпија,која ја пратила Артемида.Се зборува дека Јупитер,заедно со Меркур и Нептун еден

ден побарале да престојат во домот на селанецот Хириеус.Тој вдовец немал деца а пред смртта на жената се

заколнал дека нема веќе да се жени.Почестен што му дошле божји гости он им го поклонил единственото јуне

Page 48: MITOVI.docx

што го имал.Воодушевени гостите го прашале што највеќе би сакал,он рекол едно дете но без љубов со жена.И

така во рок од девет месеци јунето се претворило во дете.Хириеус го нарекол Орион,кој израснал во убаво

момче,атлетско,но со малку памет:емоциите му биле крајно неразвиени,оштри и крути.Еднаш додека бил на

лов,ја сретнал божицата Артемида која и сама била ловец,ја посакал за љубовница и верувал во лесна

победа.Но божицата не му се предала и бегајќи пред Орион стигнала до една ливада и за засекогаш да се

заштити од Орион она пронашла едно мало чудно отровно животинче и го пуштила кон Орион кого го каснало и

он умрел.Но Артемида набрзо зажалила поради смртта на Орион,па го замолила Јупитер да го смести на

небото,да продолжи со ловот,под бледите зраци на божицата на ловот Дијана - Артемида,така он постанал

најсјајна звезда т.е. созвездие шкорпија.

Page 49: MITOVI.docx

 

Page 50: MITOVI.docx

СТРЕЛЕЦ - Он претставува најпознат кентаур Хирон,пола човек пола коњ.Хирон бил син на богот Крон (таткото

на Зевс) и божицата Филира.Бил најмудар од сите кентаури,симбол на цело човечко знаење и врвен ловец.Се

смета дека негови ученици биле најпознатите херои на стара Грчка: одисеј,Тезеј,Кастор,Полидеук,Нестор...Еден

ден Херкул,гонејќи ги Кентаурите поради некоја увреда,наишол на Хирон позади кого сите се сокриле.Несакајќи

го погодил со отровна стрела (која била натопена со крвта од Хидра)во ногата,па Хирон бидејќи бил бесмртен не

можел да умре но живеел во страшни маки.Барајќи лек за пријателот,Херкул наишол на окованиот Прометеј

(титанот кој ги створил првите луѓе на земјата).Ни Прометеј не можел да умре,бил бесмртник,но не можел ни да

биде ослободен додека не му се најде замена која му одговара.Затоа Херкул убил орел и го ослободил

Прометеј,а на неговото место го поставил Хирон кој требало да ги сноси човечките гревови.За Прометеј

пак,Херкул исковал прстен во кој ставил камен од карпата за која бил окован и така Прометеј можел пак да им

помага на луѓето.А за Хирон набрзо Зевс се сожалил и го изнел на небото и го поставил како најдобар стрелец и

врвен ловец.

Page 51: MITOVI.docx

 

ЈАРЕЦ - Во годишниот циклус Јарецот претставува најдолга ноќ,најкраток ден.Симболизира пола година која

влегува во длабока тама и мрак,полноќ на божиќ каде најслабото сонце оди према внатрешна светлина.Според

грчката митологија Јарецот претставува коза Амалтеја.Она со своето млеко го отхранила Зевс додека бил

бебе,па он во знак на благодарност ја поставил на небото.А претходно вака се случило:Пред да го создаде

Page 52: MITOVI.docx

светот,богот Уран знаел за претскажувањата дека родениот син ќе го исфрли од власт и затоа секое свое

новороденче го фрлал во мрачниот понор Тартар.Но Геа,жената на Уран,решила да прекине со неговата

суровост па со нејзина помош најмладиот син Кронос го победил таткото а браќата ги ослободил од

Тартар.Пошто ја презел власта,Кронос се оженил со Реја и со неа ги добил ќерките Хестеја,Деметра и Хера и

синовите Хад и Посејдон.Но како што и за него важело дека ќе го исфрли сопствен син,он по ред ги голтал.Кога

Реја приметила дека пак е бремена,го сокрила тоа од Кронос.Отишла тајно на Крит,го родила Зевс и го сокрила

во една пештера давајќи и го на козата Амалтеја на чување.А на Кронос му дала да проголта камен замотан во

пелени.Амалтеја имала еден рог од кој течело нектар и амброзија,и од тој рог се хранел малиот Зевс.Кога

доволно пораснал и ојачал,Зевс отишол на Олимп и го победил својот татко Кронос и го натерал да ги поврати

своите браќа и сестри.Со нив ја поделил власта,задржувајќи најголема позиција за себе.Се оженил за Хера со

која стално бил во расправии поради многубројните љубовници.Со една од љубовниците имал син Дардан кој

бил претходник на тројанскиот крал Пријам.А за распаѓањето на Троја со многу допринела баш љубоморната

Хера.

Page 53: MITOVI.docx

 

ВОДОЛИЈА - За разлика од Сатурн Јарец што означува фаталност и инкарнација на сила,Уран и Водолија носат

надеж и ослободување од матерјални окови.Сатурн е време,а Уран нема траење,тука се работи за

раздвојување,уништување и реанимација на долго затворена интерна парализирана свест.Во дамнешни

времиња луѓето живееле мирно без големи проблеми според легендите.Но како поминувало времето,злото се

Page 54: MITOVI.docx

повеќе ги зафаќало луѓето.Почнале меѓусебно да војуваат,да се изневеруваат едни со други,да убиваат.Тоа го

слушнал и Зевс и се симнал на земјата да се увери.Се облекол во облека на просјак,дошол до дворецот на

кралот Ликаон и побарал конак.Он прво го одбил,а откако му кажал дека е Зевс решил да го исмее,наредил да се

убие и зготви еден роб и го послужил Зевс со јадење.Зевс сватил што Ликаон нуди и збеснувајќи го претворил во

волкодлак.Потоа се вратил на Олимп и пуштил на земјата страшен дожд што се потопил.Се спасил само

Прометејовиот син Деукалион со жената Пира,ќерките Пандора и Епиметеја од Прометејовиот брат.Он со брод

допловил до брдото Парнас(каде што е денес Света гора)и таму пред растурениот жртвеник на божицата

Темида го молеле Зевс да го врати човечкиот род.Тој попуштил и така луѓето повторно ја населиле нашата

планета.

 

Page 55: MITOVI.docx

РИБИ - Една од легендите која носи белег за овој знак е приказната за Дерсета.Со скромно потекло,убавата

девојка Дерсета еден ден почуствувала дека ќе постане мајка.Не била способна да се прилагоди на таа

ситуација,нормална за сите смртници.Толку многу се засрамила па се фрлила во море.Во таа прилика богот

Нептун,половината од нејзиното тело го претворил во риба.Може да се помисли,како што обично се случува во

легендите за заслужените казни,дека овој мит одговара на една непризнаена желба која била во менталитетот

на ова суштество.И она би го остварила својот сон,да не биде ни жена ни риба.Грчките легенди ја кажуваат и

оваа приказна:Секое утро со појавувањето на богот Хелиос(бог на сонцето)од морските длабочини се појавуваат

50 Нереиди,ќерки на морскиот крал Нереј.Една од нив,Галатеја,еден ден го здогледала убавиот Акид и љубовта

меѓу нив се родила во истиот момент.Но во Галатеј се вљубил и едноокиот сиклоп Полифем,синот на богот на

морето Посејдон

Page 56: MITOVI.docx

 

Vallery мени Хороскопи

Езотерија

Астрологија

Митологија

Page 57: MITOVI.docx

СМС Пораки

Афоризми

Здравје и убавина

Камасутра

Секс водич

Сексоскоп

Астро Забава

Астро Медицина

Еротски приказни

Натална карта SMS Мени

Флерт

Love Калкулатор

Love Life

Number

Ксметче

Кристална топка

Љубовна прогноза

Љубов

Хороскоп

Астро

Тарот

Име ВицотекаРазговор меѓу млад пар: - Ова е премногу!Јас ти кажувам дека ќе имам бебе,а ти ме прашуваш од кого е! -

Извини,мислев дека знаеш...

ПосетителиИма 45 гости присутни