10
Информативно писмо Седма Меѓународна научна конференција «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД» работни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски и англиски Почитувани колеги, Ве покануваме да учествувате на седмата Меѓународна научна конференција «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД » (со об јавување на трудовите во истоименото меѓународно списание ISSN (print) 1857- 9299 , ISSN (online) 1857-9302 ), која ќе се одржи во Свети Николе, Р. Македонија , во периодот од 15 - ти до 1 6-ти април , 201 6 година . Во прилог се дадени деталите за конференцијата, правилата за учество и начинот на пријавување. Како и секоја година, па така и сега, конференцијата е со меѓународен О рганизациски и Уредувачки Одбор од следниве држави: Македонија, Србија, Русија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Организациски Одбор: Претседател: д-р Јордан Ѓорчев, Македонија Заменик Претседател: д-р Владислав М. Јурјев, Русија Член: м-р Борче Серафимовски, Македонија Уредувачки Одбор: Проф. д-р Душан Николовски, Македонија Доц. д-р Александар Илиевски, Македонија Проф. д-р Мирослав Крстиќ, Србија Проф. д-р Здравко Гаргаров, Бугарија Доц. д-р Хаџиб Салкич, Босна и Херцеговина

msu.edu.mk/konferencija/ • [email protected]€¦  · Web viewработни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk€¦  · Web viewработни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски

Информативно писмо

Седма Меѓународна научна конференција«МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД»

работни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски и англиски

Почитувани колеги,

Ве покануваме да учествувате на седмата Меѓународна научна конференција «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД» (со објавување на трудовите во истоименото меѓународно списание ISSN (print) 1857-9299, ISSN (online) 1857-9302), која ќе се одржи во Свети Николе, Р. Македонија, во периодот од 15-ти до 16-ти април, 2016 година. Во прилог се дадени деталите за конференцијата, правилата за учество и начинот на пријавување. Како и секоја година, па така и сега, конференцијата е со меѓународен Организациски и Уредувачки Одбор од следниве држави: Македонија, Србија, Русија, Бугарија и  Босна и Херцеговина.

Организациски Одбор:

Претседател: д-р Јордан Ѓорчев, МакедонијаЗаменик Претседател: д-р Владислав М. Јурјев, РусијаЧлен: м-р Борче Серафимовски, Македонија

Уредувачки Одбор:

Проф. д-р Душан Николовски, МакедонијаДоц. д-р Александар Илиевски, МакедонијаПроф. д-р Мирослав Крстиќ, СрбијаПроф. д-р Здравко Гаргаров, БугаријаДоц. д-р Хаџиб Салкич, Босна и Херцеговинад-р Татјана Осадчаја, Русија

Научни насоки на конференцијата:

Page 2: msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk€¦  · Web viewработни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски

msu.edu.mk/konferencija/ • [email protected]

I. Право и политикологија

1. Теорија и историја на државата и правото, уставно право2. Граѓанско право, граѓански и арбитражен процес3. Kривично право и постапка4. Меѓународните односи и светската политика5. Политичките институции процеси и технологии 6. Административно право и јавна администрација7. Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија8. Финансии и деловно право9. Човекот и општеството: граѓанското општество во постсоцијалистичките земји10. Од партиите на власт кон партиски проекти: партиските системи во

постсоцијалистичките земји11. Судир на интереси: политичките и воените конфликти во постсоцијалистички

простор12. Нови глобални групирања - интересни сфери и геополитички доктрини во светот13. Поларизацијата и кризата како стратегија која поттикнува тероризам14. Новиот светски поредок како стратешка перспектива или критичко пишување на

историјата15. Европската унија, поларизацијата исток-запад и владеењето со промените

II. Психологија и педагогија

1. Персонална и интерперсонална, национална и интернационална, етничка и меѓуетничка... толеранција и прифаќање – Психологија на мирот

2. Сексуалност – стереотипи, предрасуди, трендови3. Од вулнерабилност до резилиентност – психотерапевтски пристапи4. Закон и ред: Психологијата во правниот систем5. Интердисциплинарен пристап во унапредувањето на менталното здравје6. Семејство, брак, партнерски релации – предизвици и пристапи до повисока

функционалност7. Психолошки аспекти на современа организација на настава8. Предности и недостатоци на екстерното тестирање9. Превенција на “burn out” и мобинг во работна организација10. Мешањето на културите како реалност на модерниот свет11. Психолошка толеранција од интерперсонални и интеркултурни аспекти12. Колективниот предмет како феномен на современи односи13. Духовноста како извор на ориентација на личноста и колективот14. Социо-психолошки истражувања на агресивноста15. Глобализацијата и современите модели на воспитување

III. Економија

1. Нови предизвици во економската ефикасност2. Економијата и политичката мисла во развој на глобалната економија

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад

Page 3: msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk€¦  · Web viewработни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски

msu.edu.mk/konferencija/ • [email protected]

3. Улогата и ефикасноста на фискалната политика во стабилизација на економиите

4. Современите економии низ призмата на новите економски и политички случувања

5. Нова агенда на менаџментот на човечки ресурси и организациска ефективност

6. Интернационалниот карактер на промените и менаџмент практиката7. Финансиските институции и новите глобални трендови8. Современи трендови и предизвици во областа на сметководството и

ревизијата9. Предизвици на современиот маркетинг во пазарната економија10. Нови содржини на маркетинг трендови во социјалните и дигиталните

медиуми11. Социо-економски проблеми на современото општество и начинот на нивното

решавање 12. Трендови и модели на развој на туристичката индустрија13. Применети аспекти на развој на економијата во регионот14. Информациски технологии во економијата и бизнисот15. Теоретски и применети аспекти на меѓународната соработка на Русија и

Македонија

IV. Филозофија, лингвистика и културологија

1. Филозофија и образование – филозофски проблематики во образованието2. Природата и границите на филозофијата на образование3. Етика и историја на филозофијата - традиција, меморија, идентитет4. Филозофијата, културата и обликувањето на погледот на светот5. Филозофија на пол, раса, сексуалност6. Филозофска теорија на вредностите7. Применета етика8. Филозофијата и општеството9. Културните карактеристики на рускојазичната средина во Македонија10. Компаративна анализа на културата на градови во Македонија11. Континуитет на античката култура на Македонија и модерниот свет12. Современите лингво-културолошки тенденции13. Хуманизмот како цел на литературното и уметничкото творештво14. Интерпретативен потенцијал на лексичките категории15. Когнитивни механизми на интерпретативните функции на јазикот

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад

Page 4: msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk€¦  · Web viewработни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски

msu.edu.mk/konferencija/ • [email protected]

Пријавување за учество:

Со пополнување на Барањето дадено подолу Вие аплицирате за учество на конференцијата. Учесниците кои се пријавуваат со заеднички труд пополнуваат заедничкo барање. Барањето може да биде преземено од нашата веб страница http://msu.edu.mk/konferencija)

1. А) Презиме и име, на автор/и Б) Фотографија во боја (портрет, се внесува во барањето)

1. (презиме, име и фотографија на прв автор)

2. (презиме, име и фото. на втор автор, доколку има)

3. (презиме, име и фото. на трет автор, доколку има)

4. (презиме, име и фото. на четврти автор, доколку има)

2. Наслов на статијата:(на мајчин јазик)

(на англиски јазик)

3. Кон која од дадените теми се однесува трудот:

4. Работна организација и должност:учење (цело име на универзитетот, должност, научен степен и титула)

1. (податоци за прв автор)

2. (податоци за втор автор, доколку има)

3. (податоци за трет автор, доколку има)

4. (податоци за четврти автор, доколку има)

5. Адреса на живеење со град, поштенски број, држава (за достава на списанието)

1. (податоци за прв автор)

2. (податоци за втор автор, доколку има)

3. (податоци за трет автор, доколку има)

4. (податоци за четврти автор, доколку има)

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад

Page 5: msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk€¦  · Web viewработни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски

msu.edu.mk/konferencija/ • [email protected]

6. Телефон со меѓународен код:

1. (податоци за прв автор)

2. (податоци за втор автор, доколку има)

3. (податоци за трет автор, доколку има)

4. (податоци за четврти автор, доколку има)

7. Е-маил адреса:

1. (податоци за прв автор)

2. (податоци за втор автор, доколку има)

3. (податоци за трет автор, доколку има)

4. (податоци за четврти автор, доколку има)

8. Форма на учество на конференцијата: (редовно или вонредно)*

*Под редовно учество се подразбира земање учество со презентирање на трудот на денот на одржување на конференцијата. Вонредното учество се однесува само на објавување на доставениот труд во списанието.

Финансиски услови:

Партиципација: Редовно Редовно со престој Вонредно1 автор 70 € 100 € 70 €2 автори 100 € 130 € 100 €Повеќе од 2 автори* 130 € Според учесници 130 €

*Бесплатно списание добиваат максимум тројца учесници кои се автори на еден ист труд. За секој нареден автор што сака да подигне списание се доплаќа 15 евра на денот на подигнување на списанието.

За учесниците од Македонија уплатата се врши на следнава смeтка:

Сметка: 320100002856845 Депонент: ЦКБПримач: Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” - Св. Николе.

Уплатата за странските државјани се врши на следнава сметка во евра:

IBAN: MK07200002273146492SWIFT CODE: STOBMK2XБанка на примач: Стопанска Банка АД СкопјеПримач: Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Св. Николе

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад

Page 6: msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk€¦  · Web viewработни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски

msu.edu.mk/konferencija/ • [email protected]

На котизацијата задолжително да се посочи насловот на конференцијата, презиме и име на учесникот, или доколку се повеќе автори, името на првиот автор. Сместувањето и оброците за учесниците на конференцијата се обезбедени од страна на организаторите на конференцијата.

Патните трошоци се на трошок на учесниците на конференцијата.

Технички барања за статијата:

Задолжителен превод на насловот на англиски јазик. Да се вклучи апстракт на мајчин јазик со превод на англиски (до 100 зборови секој) Задолжително внесување на клучни зборови на мајчин јазик со превод на англиски Големина на статијата: од 3 до 5 страници. Материјалите треба да бидат подготвени во Microsoft Office Word (.doc или .docx) Големина на фонт: 12; Фонт: Times New Roman (со македонска/кирилична поддршка); Line spacing (проред): 1.0 Маргините: лево 30 mm, десно 15 mm, горе и долу 20 mm Консултираната литература може да биде додадена на крајот од трудот или низ

текстот во форма на фуснота. Фуснотите треба да бидат последователно нумерирани со арапски броеви.

Бидејќи Вашиот труд ќе влезе во EBSCO (водечки светски агрегатор на електронски бази и банки на податоци, од високоцитирани научни списанија), Вашата статија задолжително мора да содржи наслов, апстракт и клучни зборови како на мајчин, така и на англиски јазик, што е наведено во техничките барања.

Пример за целосно подготвен труд веќе објавен во списанието ќе Ви биде доставен заедно со информативното писмо. Истиот ќе можете да го најдете и на нашата веб страница: http://msu.edu.mk/konferencija

Доставување на материјалите:

Барањето, материјалите и потврдата за уплата за котизација се испраќаат во посебни фајлови, но во иста електронска порака, со назнака „За учество на седма Меѓународна конференција“. Ве молиме обратете внимание на следново:

Името на фајлот со трудот треба да биде „труд (и презимето на авторот)“ Името на фајлот со барањето треба да биде „барање“ Името на фајлот со скенираната уплатница за уплатена котизација треба да

биде „уплата (и презимето на авторот)“

Барањето за учество и статијата Ве молиме да ги испратите на следнава e-маил адреса: [email protected], најдоцна до 15.03.2016. По доставувањето на трудот,

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад

Page 7: msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk€¦  · Web viewработни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски

msu.edu.mk/konferencija/ • [email protected]

доколку не добиете одговор во рок од 48 часа на меил адресата од која сте го пратиле трудот, Ве молиме контактирајте не на еден долунаведените телефонски броеви.

Трудовите кои ќе бидат доставени после горенаведениот рок, нема да бидат објавувани.

Организациониот комитет го задржува правото за избор на статиите. Конференцијата ќе се одржи на 15-ти и 16-ти aприл 2016 година во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе.

Учесниците кои доаѓаат од други градови (земји) ги молиме да го потврдат своето присуство најдоцна до 1-ви април 2016-та година и да остават телефон за контакт.

Трудовите на учесниците на конференцијата ќе бидат издадени во публикација по одржувањето на конференцијата. Примероците од списанието на учесниците ќе им бидат доставени по пошта на адресата која ќе ја наведат во барањето.

Контакт:

Технички раководител на конференцијата:Ѓорчева Михаела • + 389 75 226 775 • [email protected]

Технички секретар на конференцијата:Милена Спасовска • + 389 78 827 914 • [email protected]

Адреса на комисијата:Ул. „Маршал Тито“ 77 • Свети Николе • Р. Македонија

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад