32
МСФИ 4 – Договори за осигурување Ненад Ранѓеловиќ, FССА

МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

  • Upload
    others

  • View
    16

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

МСФИ 4 – Договори за осигурување

Ненад Ранѓеловиќ, FССА

Page 2: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

1

Делокруг на МСФИ 4 – Договори за осигурување

Одвојување на компонентите на депозитот од договорот за

осигурување

Тест за соодветност на обврската

Обезвреднување на средства за реосигурување

Обелоденувања

Локална регулатива и МСФИ 4

Импликации врз ревизијата на финансиските извештаи

ЦЕЛИ

Page 3: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

2

МСФИ 4

Делокруг

Page 4: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

3

МСФИ 4 – Договори за осигурување

• Делокруг

Ентитетот ќе го применува МСФИ 4 на:

• Договори за осигурување (вклучувајќи и договори за реосигурување) кои

ги издава и договори за реосигурување кои ги има склучено;

• Финансиски инструменти кои ги издава со „својство на дискреционо

учество“. МСФИ 7 „Финансиски инструменти: Обелоденување“ бара

обелоденување во врска со финансиските инструменти, вклучувајќи и

финансиски инструменти кои содржат такви својства:

.

За полесна примена, овој МСФИ го опишува секој ентитет кој издава

договори за осигурување како осигурител, без разлика дали издавачот се

смета за осигурител за правни или надзорни цели.

Договорот за реосигурување е вид на договор за осигурување. Во

согласност со тоа, сите барања од овој стандард за договори за

осигурување се однесуваат и на договорите за реосигурување.

Page 5: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

4

Елементи за кои не се применува МСФИ 4

• Ентитетот нема да го применува овој МСФИ на:

• Гаранции за производи издадени директно од производителот, посредникот или

продавачот (МСС 18 и МСС 37);

• Средства и обврски во рамките на плановите за ористи на вработените (МСС 19);

• Договорни права или договорни обврски кои зависат од идно користење, или право

на користење на нефиансиски ставки (пример лиценци), како и од резидуалните

вредности на гаранцијата на корисникот на наемот вградена во финансискиот наем

(МСС 17, МСС 18 и МСС 38);

• Договори за финансиски гаранции освен ако издавачот претходно експлицитно не

потврдил дека тој таквите договори ги смета з договори за осигурување и дека

користел сметководство кое е применсливо за договори за осигурување, во кој

случај издавачот може да избере да примеи или МСС 39, МСС 32 и МСФИ 7 или

овој МСФИ на таквите договори за финансиски гаранции. Издавадчот може да

бира за секој договор поединечно, но изборот е неотповиклив.

• Неизвесен надоместок кој се должи или побарува во деловна комбинација (МСФИ

3).

• „Договори за директно осигурување“ кои ги поседува ентитетот (договори за

директно осигурување во кои ентитетот е имател на полиса).

Page 6: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

5

Дефиниции

Договор за осигурување е договор според кој едната странка (осигурителот)

прифаќа значителен ризик од осигурување од друга странка (имателот на полисата)

со согласување да му обезбеди надомест на имателот на полисата доколку одреден

неизвесен настан (осигурителен настан) има негативно влијание на имателот на

полисата.

Договор за реосигурување е осигурителен договор издаден од еден осигурувач

(реосигирувач) за да ги надомести загубите на друг осигурувач (цедент) настанати

врз основа на еден или повеќе договори издадени од цедентот.

Ризик од осигурување е ризик, кој не е финансиски ризик, кој се пренесува од

имателот на договорот на издавачот.

Финансиски ризик е ризик од можна идна промена на една или повеќе

специфицирани променсливи како што е каматната стапка, цена на финансиски

инструмент, цена на добра, курс на странска валута, индекс на цени, кредитен рејтинг

или кредитен индекс или други променливи, под услов во случај на нефинансиска

променлива истата да не биде карактеристична (специфична) за една од договорните

странки.

Page 7: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

6

Клучни елементи на дефиницијата

Претходно наведената дефиниција бара идентификување на

осигурителен настан, кој што е дефиниран како неизвесен

настан во иднината. Елементот на неизвесност (ризик) е клучен

за тоа дали еден договор ќе се признае како договор за

осигурување, и најмалку 1 од следниве неизвесности треба да

биде исполнет

• Дали ќе се случи осигурителен настан;

• Кога ќе настане?

• Колку би требало да плати осигурителот, доколку настане?

Page 8: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

7

МСФИ 4

Одвојување на компонентите на депозитот

Page 9: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

8

Кога е дозволено?

Некои договори за осигурување содржат компоненти на осигурување и компоненти на депозит.

• Одвојувањето се бара кога се исполнети двата следни услови:

• Осигурителот може да ја измери компонентата на депозитот, одделно (без разгледување на компонентата на осигурувањето);

• Сметководствената политика на осигурителот инаку не бара од истиот да ги признае сите обврски и права кои произлегуваат од компонентата на депозитот.

• Одвојувањето е дозволено, но не се бара, доколу осигурителот може да ја измери компонентата на депозитот одделно, но неговата сметководствена политика бара да ги признае сите обврски и права кои произлегуваат од компонентата на депозитот, без разлика на основата која е користена за мерење на тие права и обврски.

• Одвојувањето е забрането доколку осигурителот не може да ја измери компонентата на депозитот одделно.

Кога е дозволено да се одвои компонентата на депозитот

Договорна компонента која не е евидентирана како

дериватив во согласност со МСС 39, не би влегла во

делокругот на МСС 39 доколку претставува посебен

инструмент.

Page 10: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

9

Сметководствена вредност при одвојување

За одвојување на

компонентите на договорите за

осигурување се применуваат

Компонента на осигурување Компонента на депозит

МСС 39МСФИ 4

Page 11: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

10

МСФИ 4

Тест за соодветност на обврската

LAT

Page 12: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

11

Тест за соодветност на обврската

Проценка дали сметководствената вредност на обврската за осигурување треба да биде зголемена (или се намалила сметководствената вредност на поврзаните одложени трошоци за стекнување или поврзаните нематеријални средства), врз основа на преглед на идните парични текови.

Дефинирање

Осигурителот мора да спроведе тест на соодветност на обврската на

крајот на секој период на известувње, со користење на проценки за

идните парични текови од договорите за осигурување.

Доколку тестот покаже дека сметководствената вредност на обврските не

е доволна да се покријат идните очекувани парични текови, целосната

разлика се евидентира во добивката и загубата за периодот.

Кога се спроведува?

Page 13: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

12

Сметководствените политики на ентитетот ги задоволуваат минималните барања на МСФИ 4

Минимални барања

Тестот ги разгледува тековните

проценки на сите договорни парични

текови, како и оние на поврзаните

парични текови, како што се трошоците

за ракување (управување) со штети,

како и паричните текови кои се резултат

на вградените опции и гаранции

Доколку тестот покаже дека обврската е

несоодветна, целокуниот износ на

разликата се признава во добивката и

загубата за периодот

Доколку ентитетот применува тест на соодветност на обврската, кој ги

задоволува минималните барања, МСФИ 4 не наметнува дополнителни

барања

Page 14: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

13

Сметководствените политики на ентитетот не вклучуваат LAT

Доколку сметководствените политики не бараат тест на соодветност на обврските

кои ги исполнуваат претходно наведените минимални барања, осигурителот треба:

• Да ја одреди сметковоствената вредност на релевантните обврски за осигурување

намалени за сметководствената вредност на:

• Секој поврзан одложен трошок за стекнување;

• Секое поврзано нематеријално средство, како што се оние стекнати при

деловни комбинации или трансфер на портфолио. При тоа, поврзаните

средства за реосигурување не се земаат во предвид бидејќи нив осигурителот

ги пресметува одделно.

• Да одреди дали износот опишан во претходната точка е помал од

сметководствената вредност која би се барала доколку соодветните обврски за

осигурување се во рамки на делокругот на МСС 37. Доколку е помал, осигурителот

треба да ја признае целата разлика во добивката и загубата за периодот и да ја

намали сметководствената вредност на поврзаните одложени трошоци за

стекнување или поврзаните нематеријални средства или да ја зголеми

сметководствената вредност на поврзаните обврски за осигурување.

Page 15: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

14

МСФИ 4

Обезвреднување на средствата за

реосигурување

Page 16: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

15

МСФИ 4 - Барања за обезвреднување на средствата за реосигурување

Вредноста на средството за реосигурување е намалена

поради обезвреднување, само доколку:

Постои објективен доказ, како резултат

на настан кој се случил после почетното

признавање на средството за

реосигурување, дека цеденот не може

да ги прими сите износи кои му

следуваат согласно условите на

договорот за реосигурување

Тој настан има веродостојно мерливо

влијание на износите кои цедентот ќе ги

прими од реосигурителот.

Доколку вредноста на средството за реосигурување на цедентот е

намалена поради обезвреднување, цедентот треба да ја намали неговата

сметководствена вредност соодветно и да признае загуба поради

обезвреднување во добивката и загубата за периодот.

Page 17: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

16

МСФИ 4

Обелоденување

Page 18: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

17

МСФИ 4 – Обелоденување

Осигурителот треба да обелодени информации кои

ги идентификуваат и објаснуваат износите во

неговите финансиски извештаи кои произлегуваат

од договорите за осигурување.

Page 19: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

18

МСФИ 4 – Барања за обелоденување

Согласно МСФИ 4, осигурителот треба да го обелодени следново:

• Сметководствените политики за договори за осигурување и поврзаните средства,

обврски, приходи и расходи;

• Признаените средства, обврски, приходи и расхди, кои произлегуваат од

договорите за осигурување. Доколку осигурителот е цедент, потребно е да се

обелодени и:

• Добивките и загубите при стекнување на договорите за реосигурување;

• Доколку цедентот ги одложува или амортизира добивките и загубите при

стекнувањето на договорите за реосигурување, амортизацијата за периодот и

износите кои остануваат неамортизирани на почетокот и на крајот на

периодот;

• Процесот кој се користи за да се определат претпоставките кои имаат најголемо

влијание врз мерењето на признаените износи од договорите за реосигурување.

Кога е изводливо, осигурителот исто така треба да ги квантификува овие

претпоставки;

• Влијанието на промените во претпоставките кои се користат за мерење на

средствата и обврските за осигурување, прикажувајќи го одвоено ефектот од секоја

промена која има материјално влијание на финансиските извештаи.

• Усогласувањето на промените во обврските за осигурување, средствата за

реосигурување и поврзаните одложени трошоци за стекнување (DAC, доколку

постојат)

Page 20: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

19

МСФИ 4 – Обелоденување на природата и степенот на ризиците (од договорите)

Ентитетот треба да обелодени информации кои им овозможуваат на корисниците на

финансиските извештаи да ја проценат природата и степенот на ризиците кои

произлегуваат од договорите за осигурување.

Обврски за обелоденување

• Цели, политики и процеси за управување со осигурителниот ризик;

• Информации за ризикот од осигурување вклучувајќи информации за:

• Чувствителност на ризикот од осигурување;

• Концентрација на ризикот од осигурување;

• Вистинските настанатите штети во споредба со претходните проценки

• Информации за кредитниот, ликвидносниот и пазарниот ризик, согласно МСФИ 7, доколку

договорите за осигурување се во делокругот на МСФИ 7:

• Не се обелоденува анализа за доспевање на обврските, доколку се обелоденува

информација за проценетиот временски распоред на нето паричните одливи по основ на

договорите за осигурување;

• Доколку издавачот користи алтернативна метода за управување со чувствителноста на

пазарниот ризик, оваа анализа може да се искористи за задоволување на барањата на

МСФИ 7

• Информација во врска со изложеноста на пазарниот ризик кој произлегува од вградени

деривативи содржани во основниот договор за осигурување доколку осигурителот не ги мери

вградените деривативи по објективата вредност.

Page 21: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

20

МСФИ 4

Специфични барања

Република

Македонија

Page 22: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

21

Правилник за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви

• Осигурително друштво во РМ е

должно да ги формира следниве

видови на технички резерви:

– Резерви за преносни премии;

– Резерви за попусти и бонуси;

– Резерви за штети;

– Еквилизациона резерва;

– Математичка резерва;

– Други технички резерви.

Се издвојува за класи за осигурување кај кои

врз основа на статистички податоци може да

се очекува значително отстапување во

годишниот износ на настанати штети.

Применлива само за животно осигурување

Page 23: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

22

Обврска за методите за пресметка на техничките резерви

Пресметките на техничките резерви се спроведуваат

согласно познати актуарски постапки, имајќи ги

предвид сите потенцијални ризици по договорите за

осигурување на кое е изложено друштвото за

осигурување.

Page 24: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

23

Резерви за пренoсни премии

• Осигурително друштво во РМ е

должно да ги формира следниве

видови на технички резерви:

– Резерви за преносни премии;

– Резерви за попусти и бонуси;

– Резерви за штети;

– Еквилизациона резерва;

– Математичка резерва;

– Други технички резерви.

Резерви за преносни премии (UPR) се

издвојуваат за секој договор за осигурување

поединечно, во висина на оној дел на бруто

полисираната премија што се пренесува во

идниот пресметковен период во сооднос меѓу

осигурителен период и преостанат период до

истекот на договорот за осигурување.

Page 25: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

24

UPR – методи на пресметка

Дали ризикот содржан во договорот за осигурување е рамномерн распределен на

негово целото времетраење

Се користи pro-rata teporis методата. Специфична метода дефинирана во

Правилникот.

Да Не

Page 26: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

25

Pro Rata Temporis

• Приход од 4,167 МКД

(10,000/12*5)

2015 2016

Едногодишен договор за осигурување (01.08.15 – 31.07.16)

премија од 10,000 МКД

• UPR од 5,833 МКД

(10,000/12*7)

Page 27: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

26

URR – Резерва за неистечени ризици

• Осигурително друштво во РМ е

должно да ги формира следниве

видови на технички резерви:

– Резерви за преносни премии;

– Резерви за попусти и бонуси;

– Резерви за штети;

– Еквилизациона резерва;

– Математичка резерва;

– Други технички резерви.

Друштвото пресметува дополнителна

резерва за неистечени ризици, бруто и

нето, најмалку еднаш годишно (крај на

периодот на известување) и пресметаниот

износ се додава на проценетата резерва за

преносни премии.

URR се пресметува со проценка на:

• Вкупните очекувани идни штети

(вклучувајќи ги директните и индиектните

трошоци за обработка на штети);

• Вкупниот износ на трошоци кои се

вкалкулирани во цената на осигурување,

но не се настанати на датумот на

пресметката

Page 28: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

27

Резерва за попусти и бонуси

• Осигурително друштво во РМ е

должно да ги формира следниве

видови на технички резерви:

– Резерви за преносни премии;

– Резерви за попусти и бонуси;

– Резерви за штети;

– Еквилизациона резерва;

– Математичка резерва;

– Други технички резерви.

Резервите за попусти и бонуси се

издвојуваат во висина на сумите кои

осигурениците имаат право да ги примаат

врз основа на:

• Правото на учество во добивката, како и

други права кои произлегуваат од

договорите за осигурување (бонуси);

• Право на делумно намалување на

премии (попусти);

• Право на враќање на дел од

дивидендата.

Page 29: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

28

Резерва за штети

• Осигурително друштво во РМ е

должно да ги формира следниве

видови на технички резерви:

– Резерви за преносни премии;

– Резерви за попусти и бонуси;

– Резерви за штети;

– Еквилизациона резерва;

– Математичка резерва;

– Други технички резерви.

• Резерви за настанати, пријавени, но

неисплатени штети – RBNS (пресметка на

поединечна основа);

• Резерви за настанати, но непријавени

штети – IBNR (со користење на признаени

актуарски методи);

• Резерви за обработка на штети:

• Директни трошоци;

• Индиректни трошоци

Page 30: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

29

Математичка резерва

• Осигурително друштво во РМ е

должно да ги формира следниве

видови на технички резерви:

– Резерви за преносни премии;

– Резерви за попусти и бонуси;

– Резерви за штети;

– Еквилизациона резерва;

– Математичка резерва;

– Други технички резерви.

Математичката резерва треба да биде

пресметана со доволно претпазлива

проспективна актуарска пресметка, како

разлика од:

• сегашната вредност на сите идни обврски

дефинирани со условите на договорот за

осигурување; и

• сегашната вредност на сите идни обврски

на осигуреникот/договарач на

осигурувањето по секој од договорите за

осигурување.

Идните обврски дефинирани во договорот за

осигурување ги вклучуваат:

• Гарантираните исплати на кои

осигурениците имаат право, како и

гарантираните откупни вредности;

• Бонуси и учество во добивка на кои

осигурениците имаат право;

• Сите права кои осигуреникот може да ги

има врз основа на договорот за

осигурување;

• Сите трошоци и провизии

Page 31: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

30

МСФИ 4

и ревизијата на финансиските извештаи

Page 32: МСФИ 4 –Договори за осигурување MSFI_4_Nenad_Randjelovic.pdf · за ракување (управување) со штети, како и паричните

31

Ревизија на договорите за осигурување

Планирање на ревизијата (одредување на значајни ризици).

Извршување на ревизијата.

Замки за ревизорите.