2
„Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“ Приказната која го покрива периодот на Балканските војни, Првата Светска војна и повоениот период, ги следи главните политички збиднувања на Балканот кон крајот на владеењето на Отоманската Империја како и нивното влијание врз едно македонско село и брачниот пар Јон и Велика. Бедата, војната, неукоста, болестите, глад и студ... ништо на светот не може да го одземе мајчинското од мајка и ништо не може да боли повеќе од загуба на чедо. Ликови Велика, таа чиста, искрена, бескрајно издржлива македонска жена не пленува со својата човечност и благородност. Таа е носител на македонскиот патријархален морал, на сè македонско и човечко. Велика е селска девојка, срамежлива, работлива, сериозна, која не си дозволува своите љубовни чувства директно да ги изразува кон момчето. По мажењето, таа целосно му се предава на раѓањето и мајчинството, но и на работата и грижата за целото семејство. Времето на плодноста и напредокот, за жал, кратко ќе потрае. Таа останува сама за време на војната, за време на болестите и безизлезот. Но, нејзината големина и издржливост ја гледаме токму тука. Во нејзиното раскажување речиси нема ништо друго освен тага и немоќ.. Утехата ја очекува со враќањето на Јон, но нема да ја добие. Во својот очај таа не потклекнува. Наоѓа сили да го оправда однесувањето на мажот, па дури се обидува да му помогне. И покрај неговите нечовечни тортури таа е крајно попустлива и добра кон него. Неговата смрт ја растажува, но и ја ослободува. Таа сè уште има сила да продолжи, да го одгледа и шестото дете. Величината на Велика е бескрајна, таа е мајка - херој, жена - херој, таа е Македонија.

pirej_likovi

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: pirej_likovi

„Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“

Приказната која го покрива периодот на Балканските војни, Првата Светска војна и повоениот период, ги следи главните политички збиднувања на Балканот кон крајот на владеењето на Отоманската Империја како и нивното влијание врз едно македонско село и брачниот пар Јон и Велика.

Бедата, војната, неукоста, болестите, глад и студ... ништо на светот не може да го одземе мајчинското од мајка и ништо не може да боли повеќе од загуба на чедо.

            Ликови

            Велика, таа чиста, искрена, бескрајно издржлива македонска жена не пленува со својата човечност и благородност. Таа е носител на македонскиот патријархален морал, на сè македонско и човечко.            Велика е селска девојка, срамежлива, работлива, сериозна, која не си дозволува своите љубовни чувства директно да ги изразува кон момчето. По мажењето, таа целосно му се предава на раѓањето и мајчинството, но и на работата и грижата за целото семејство. Времето на плодноста и напредокот, за жал, кратко ќе потрае. Таа останува сама за време на војната, за време на болестите и безизлезот. Но, нејзината големина и издржливост ја гледаме токму тука. Во нејзиното раскажување речиси нема ништо друго освен тага и немоќ.. Утехата ја очекува со враќањето на Јон, но нема да ја добие. Во својот очај таа не потклекнува. Наоѓа сили да го оправда однесувањето на мажот, па дури се обидува да му помогне. И покрај неговите нечовечни тортури таа е крајно попустлива и добра кон него. Неговата смрт ја растажува, но и ја ослободува. Таа сè уште има сила да продолжи, да го одгледа и шестото дете. Величината на Велика е бескрајна, таа е мајка - херој, жена - херој, таа е Македонија.

            Јон рано останал без родители и самиот морал да се грижи за себе. Се сеќава на топлината на мајчината љубов, но се сеќава и на суровоста и бесчувствителноста на таткото. Детството го живее во манастирот, а потоа е присилен да им се придружи на комитите, на еден суров живот (одиш, колеш и чекаш да те заколат). По женидбата тој е подготвен многу да работи за да го обезбеди семејството, но тој живот кратко потрајува. Всушност, неговиот живот е војничкиот живот. Војувајќи во српската војска, тој се надева дека и неговата татковина ќе биде ослободена, дека и Македонија ќе добие нешто. Но, по завршувањето на војната и преживувањето на најстрашни случувања во неа, тој ги губи илузиите дека ќе се живее подобро. Уште пострашно за него е сознанието за смртта на децата. Тој во истиот миг побелува во косата и овенува. Се наоѓа во безизлез. Добродушниот, вреден, мирен, посветен родител и татко станува ѕвер. Тој е всушност трагична личност. Јон нема сила како Велика за да продолжи понатаму. Почнува да пие, да

Page 2: pirej_likovi

се губи себеси, целосно да се однародува и посакува да умре. Тој не бара излез за живот, тој бара пат кон смртта, кон крајот.            Уште многу ликови го надополнуваат целиот колорит на романот: Мирче, Дуко Вендија, Лазор Ночески, Маса Ќлмаоска, Јоше Свирачот, Давиде Недолетниот, Мисајле Ковачот, Доксим Тренчески, Неделко Сивески итн.

Оваа книга кажува многу, за животот, за нашата земја, за времето кое е опишано, но она кое најмногу ме погоди мене, она кое ме доведе до солзи е токму мајката Велика. Едно по едно таа ги губи своите чеда, а нема моќ да направи ништо за да го запре тоа...