16
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ Технички Факултет- Битола Отсек за Информатика и Компјутерска Техника ДИГИТАЛНО ВИДЕО И АУДИО Семинарска работа SONY SOUND FORGE АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА АУДИО ДАТОТЕКИ Студент Слободан Симоноски 44/п Професор Др. Кире Поповски

Sound Forge Seminarska FinalnaOK

  • Upload
    bobisim

  • View
    243

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Seminarska rabota

Citation preview

Page 1: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

“ . “УНИВЕРЗИТЕТ СВКЛИМЕНТОХРИДСКИ

- ТехничкиФакултет Битола

Отсек за Информатика и Компјутерска Техника

ДИГИТАЛНОВИДЕОИАУДИО

Семинарска работа

SONY SOUND FORGE

АПЛИКАЦИЈАЗАОБРАБОТКАНААУДИОДАТОТЕКИ

Студент

44/Слободан Симоноски п

Професор

. Др КиреПоповски

Прилеп 2011

Page 2: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

ВОВЕД

Денес постојат многу апликации за дигитална обработка на аудио и . , видео Некои се професионални и прилично скапи додека има и такви кои

, се бесплатни и достапни за секого а ги имаат речиси сите опции кои ги . , има и во платените Сепак за некои обработки особено во професионални

. студиа незаменливи се платените програми Една од тие апликации е и Sound Forge на Sony која спаѓа во професионални алатки за обработка на

( ) аудио со посебни плагини можна е обработка и на видео и следствено на . тоа е прилично скапа Единечна копија на софтверот во моментов чини

380 .американски доларишто особено за наши услови е прилично скапо

Sound Forge има речиси неограничени можности како за ефектите кои , можат да се постигнат со обработка на звукот така и со форматите во кои . звукот може да биде снимен по обработката Освен тоа Sound Forge

, поддржува и плагини од други програми за обработка на звук какошто се Acid, Cubase . и ред други програми Оваа апликација овозможува снимање

, на аудио од различни извори и со различен квалитет кои понатаму можат . да се обработуваат во програмата Исто така Sound Forge овозможува и

. поврзување на различни миди уреди Во понатамошниот дел ќе се обидеме да ги опишеме и објасниме некои од најважните аспекти на оваа

1

Page 3: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

, апликација како и користењето на некои основни компоненти на Sound Forge.

ОСНОВНИКОМПОНЕНТИНАГЛАВНИОТПРОЗОРЕЦНА SOUND FORGE

Почетен екран на Sound Forge со отворена аудио датотека

Во горниот дел од прозорецот на Sound Forge се наоѓаат менијата со команди како што се File, View, Edit кои се стандардни за повеќето

, апликации а исто така и некои менија специфични за оваа апликација како што се Special, Effects, Process . и други Сите овие менија содржат разни

команди за работа со Sound Forge.

Под менијата се наоѓаат копчиња со најмногу користени алатки како што се New, Save, клипборд алатките како и алатки специјални за Sound

Forge какошто се Select tool, Magnify tool, Pencil tool и Evenlope tool.

Под овие копчиња се наоѓаат копчињата за контрола на плејбек и за . , снимање Со овие контроли можеме да го пуштиме аудио фајлот да се , движиме низ него нанапред и наназад да појдеме на почетокот или на

, .крајот на аудиото да паузираме или пак да снимаме аудио од некој извор Со еден збор речено овие се контроли кои ги има на секој плеар на аудио

. датотеки

Во главниот прозорец ни е даден графички приказ на аудио . датотеката и тоа секој канал посебно Овде можеме да го едитираме

2

Page 4: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

, звукот како за цела датотека така и за одбран дел на датотеката за еден . или за друг канал или за само дел од нив Изборот на дел од аудиото се

, . врши со клик и влечење слично како и кај уредувачите на текст Моќна , алатка овде е можноста за зумирање при што доколку доволно се зумира

меже да се види секоја неправилност или аномалија во аудио датотеката .и тоа за секоја милисекунда од неа

Од десната страна ги имаме Peak Meters, или мерачи на јачината на . звукот и тоа за двата канали Доколку овие параметри се на ниско ниво . тогаш гласот ќе биде тивок и обратно Треба да се внимава метарите

, . . никогаш да не појдат на црвено т е на највисоко ниво кога бројките со кои се покажува максималната јачина поцрвенуваат што значи дека при

најсилно пуштени звучници при репродукција на звукот ќе дојде до .несакани звуци илишуштење

Најдолу на прозорецот на десната страна се најдуваат податоците за , ,отворениот аудио фајл како што се неговата големина во мегабајти

должина на аудиото и доколку се кликни на нив два пати се појавува . прозорец со сите податоци за аудио датотеката Исто така тука се и

податоците за Bit depth, sample rate, . и бројот на канали на аудиото Доколку .се кликни два пати овие параметри можат да се менуаат

КРАТОКОПИСНАДЕЛОДКОМАНДИТЕВО SOUND FORGE

3

Page 5: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

Мени File во Sound Forge

Мени File: ,Во ова мени се наоѓаат командите за нова работа , отворање и снимање на датотека снимање на датотека во различен

, , формат вадење на аудио од аудио ЦД својства за отворена и активна , .датотека излез од програмата и листа на последно отворени датотеки

За отворање на нова датотека се користи New… , од менито при што се појавува прозорец за давање на параметри на новиот звук како број на

, , . канали проток фреквенција

За снимање на датотека се користат командите Save и Save as… пришто :се добива следниот диалог

4

Page 6: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

Save as… дијалог кај Sound Forge

Во овој дијалог ни е овозможено да го именуваме фајлотшто се снима . и да одбереме формат во кој ќе биде снимен Sound Forge поддржува голем

. број на аудио формати Исто така за секој избран формат се појавува посебен дијалог со кој ни е овозможена измена на различни опции за , , квалитет битрејт и друго со што е дадена можност за дотерување на

.најразлични финеси при снимање на датотеката

За вадење на звук од аудио ЦД се користи командата Extract audio from CD… од менито File. Кога ќе се избере оваа команда се отвара дијалог кој ни

, овозможува да одбереме дали ќе вадиме една трака од ЦДто целото ЦД .или пак само дел одЦТто

Командата Properties… ни ги дава информациите во врска со аудио , , , датотеката како што се големина квалитет битрејт и многу други

. информации корисни за корисникот За излез од програмата се користи командата Exit .од менито

Мени Edit: .Менито едит е слично како и кај сите останати апликации Тука се наоѓаат командите за враќање чекор наназад и одење на чекор

, , , нанапред за копирање сечење и залепување како и за селектирање на . целото аудио Има и наредба за предпреглед на звукот од курсорот лево и

, . . . од курсорот десно т е пред и по курсорот Исто така во едит менито се наоѓаат и ставките за за избор на алатки и за одбирање на дел од аудио

.датотеката

Мени View: Во ова мени слично како и кај другите програми имаме . команди врзани со погледот на апликацијата Од ова мени може да се

, врши зумирање по различни параметри да се вклучат или исклучат

5

Page 7: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

. разни алатки или прозорци со имформации Исто така од ова мени може да се вклучуваат и исклучуваат копчињата со алатки Toolbars.

Мени Special: ,Во ова мени се сместени контролите за пуштање , , запирање прескокнување и снимање во ставката Transport. Понатаму овде

се сместени алатките за додавање на региони кои се посебно корисни ако , . се едитира звукот дел по дел а не целиот аудио фајл наеднаш Исто така

овде се и контролите кои се увезени од посебната програма на Sony, Acid, . која служи за правење на семплови и лупови од звук Овде се и алатките

, , за додавање на маркери ознаки во аудио фајлот како и командата за центрирање на курсорот на точно половината од водливиот дел ва аудио

.датотеката

Мени Process: Во ова мени се сместени команди за работа со аудио и .менување на разни параметри на истото

Мени Process во Sound Forge

Тука е командата Audio trim/crop за отсекувње на делот од аудиото кој , .е избран или за отсекување на се што не е избрано Потоа командата за

менување на битрејтот BitDeprh converter…, па командата за претворање на . канали на пример од моно во стерео и обратно Особено корисна е

алатката EQ која е всушност еквилајзер и тоа може да се одбере помеѓу , , графички параграфички и параметарски еквилајзер со чија што

примена може да се дојде до саканиот резултат со аудиото и тоа да звучи . токму онака какошто сакаме

6

Page 8: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

Потоа тука е и алатката Fade за постепено зголемување на јачината . на звукот на почетокот и негово намалување на крајот од аудиото Тука е и

, . . командата за вметнување на тишина т е вметнување на одредено време , . . без никаков звук како и алатката за инвертирање т е промена на

( , ). каналите еден со друг десниот лево а левиот десно на пример Исто така овде се најдува и алатката Mute која го обеззвучува делот кој е избран или

. пак целиот фајл Исто така тука ги има и алатките за нормализација на , , звук менување на семпл ратата на звукот алатката Reverse која како што

, самото име кажува служи за свртување на звукот обратно или за свирење . на звукот одназат нанапред Алатката Smuth/enhance служи за омекнување , , на звукот или за намалување на високите тонови во аудио фајлот или пак . за нивно зголемување Интерсена и корисна алатка за употреба е

алатката Volume, која ни овозможува да го засилиме звукот доколку е , , низок и обратно да го намалиме доколку е висок но со засилувањето не треба да се претерува затоа што при големо засилување се јавуваат

.несаканишумови

7

Page 9: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

Алатката Volume во Sound Forge Звук зголемен со алатката

8

Page 10: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

Мени Effects: Како што самото име кажува оа мени е врзано за ефектите кои Sound Forge може да ги направи со звучната датотека. Во ова мени на располагање ни се дадени различни

ефекти со кои можеме да го менуваме аудио фајлот по наша желба, за да се добие саканата цел. Во продолжение ќе се обидеме да опишиме некои од ефектите. Некои од ефектите се само во демо верзија, па не треба да се очекуваат којзнае какви резултати со нив, но со некои ефекти можат да се постигнатѕ имптесивни резултати. Ефектот Amplitude modulation ја менува амплитудата на звукот и прави тој да биде изобличен. Ефектот Chorus му дава на гласот ефект како да го пее хор, а не еден глас. Со експериментирање , како и со користење на веќе готовите темплејти дадени од програмата, со овој ефект може да се постигне токму саканиот резултат. Ефектот Delay/echo како што самото име кажува ги прави звуците да делуваат како да се снимени во живо во некоја сала на пример каде што има екот. Всушност овој ефект има дава ехо на звуците. Со користење на веќе дотераните ефекти дадени за избор, со овој ефект може да се постигнат добри резултати. Сличен на овој ефект е и ефектот Reverb, кој како и предходниот ефект му додава ехо на звукот. и за овој ефект мозат да се користат веќе направени подесувања кои во најголем број на случаи ги задоволуваат потребите. Тука е и ефектот за дисторзија или изобличување на звукот, кој понекогач може да биде корисен. Со ефектот Dynamics може динамички да се влијае врз звукот така да се исфрлат или минимализираат несаканите звуци како многу ниски или високи тонови, да се направи помек тонот или да се зголеми гласот на звукот без да се добијат несакани шумови. Како и кај веќе споменатите ефекти и овде постојат готови подесувања кои најчесто ги задоволуваат потребите.

9

Мени Effects во Sound Forge

Page 11: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

Ефект Graphic/Dynamic Ефект Chorus

Flange/wah-wah и Gaper/sniper ефектите исто вршат изобличување на звукот и негова дисторзија. И за овие ефекти кои барем од мое искуство поретко се користат, има разноразни готови веќе поставени параметри кои најчесто се користат и ги задоволуваат потребите особено за почетници. Интересен е ефектот Noise gate кој всушност го ограничува шумот до дозволени граници, или пак потполно го отстранува. Кај овој ефект понекогаш со веќе поставените параметри, кои се веќе дадени како и кај другите ефекти, не се постигнуваат саканите ефекти, па затоа во зависност од аудио датотеката како и од изворот, потребно е малку експериментиртање за да се добие посакуваниот ефект. Многу интересен е и ефектот Pitch кој овозможува зголемување или намалување на висината на тонот на аудио фајлот без да се менува времетраењето на истиот. Со овој ефект длабок низок глас на пример може да се претвори во висок глас и обратно. Треба да се напомене уште и дека доколку се претера со изменување на гласот, може да дојде до несакано изобличување на истиот, затоа се препорачува или да се експериментира до која граница може да се оди со измените, или пак да се користат готовите поставки со веќе зададени параметри. Ефектот Vibrato додава вибрации на постоечкиот звук, што не секогаш е употребливо. И за овој ефект има веќе готови, зададени параметри, со чие одбирање најчесто се добива саканиот ефект. Ефектот Wave Hammer се користи за зголемување на звукот на одреден инструмент во аудио фајлот или пак нивно намалување, без да се јават несакани ефекти. Можно е зголемување на звукот на басот, гитара и слично. Овој ефект во верзијата 9 на Sound forge е во демо верзија и не секогаш ги дава саканите резултати, но понекогаш може да биде корисен за употреба.

Мени Tools: Во ова мени се сместени различни алатки потребни за работа со аудио датотеки, како и алатки за прочистување на звукот од несакани шумови и ефекти.

10

Page 12: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

Мени Tools во Saund Forge

Тука се алатките за снимање на аудио траката на ЦД, алатките за автоматско додавање на региони во аудио фајлот како и за составување на повеќе региони во еден или нивно делење. Ова е корисно кога се сака да се избере точно дел (регион) од аудиото, наместо да го избираме саканиот дел со лизгање на глувчето, го делиме аудиото во региони и со едноставно кликнување на нив ги избираме саканите региони. Алатката Detect klipping e доста корисна за откривање и детектирање на сите тонови кои се над дозволената граница, кои потоа поединечно можат да бидат намалени и да се доведат на нормална вредност без при тоа да се влијае на останатите делови од аудио датотеката. Алатката за поправање на делови од аудио фајлот Repair е доста корисна за отстранување на шумови и грешки од аудиото. Дадени се три начини за отстранување на грешките со интерполација, со замена и со копирање на другиот канал од аудиото. При првиот начин се отстранува проблематичниот дел од звукот, ова може да се направи само за најмногу половина секунда од аудиото. Вториот начин се прави на тој начин што се намалува јачината на звукот од проблематичниот дел со што се намалува ефектот од грешката. При третиот начин се заменува проблематичниот дел од едниот канал со истиот дел од другиот канал.

Вториот дел од менито Tools го сочинуваат алатки за отрстранување или намалување на несакани шумови и кликови при реставрација на аудио фајл. Овие алатки се користат кога се врши пренесување на аудио од плоча или касета при што во поголемиот број случаи резултатот не е со задоволувачки квалитет, па неопходна е употреба на алатки за отстранување на шумот кој се јавува.

11

Page 13: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

Алатката Noise reduction Алатката Audio restoration

Мени FX Favorites: Во ова мени се сместени плагини кои можат да се користат во Sound forge, а потекнуваат или од самата програма или пак се надворешни додатоци кои се интегрирани во програмата.

Мени Options: Во ова мени се сместени различни опции за нагодување на програмата. Тука се опциите за тоа што и на кој начин ќе биде прикажано во прозорецот. Начинот на кој ќе биде мерена должината на аудиото и начинот на неговото графичко прикажување. Потоа тука може да се дотерува начинот за прикажување на разните мерачи и метрономи за аудио влезовите, како софтверски така и хардверски. Од менито Options може да се пристапи и до сите преференции за програмата преку ставката Preferencies. Од овде мат да се менуваат сите параметри поврзани со програмата.

12

Page 14: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

ЗАКЛУЧОК

Програмата за обработка за звук Sound forge (ковачница за звук) е сестрана програма за обработка на звук. Дури има можност за обработка на видео со посебен додаток. Со оваа програма можат да се обработуваат речиси сите формати на звук. Исто така со оваа програма може да се снимаат датотеките во различни формати и со различен квалитет. Со примена на различните алатки и ефекти кои ги нуди Sound Forge може да се направат и постигнат сите сакани ефекти врз аудиото. посебна погодносе е тоа што скоро за секоја алатка во Saund Forge во самиот прозорец на алатката има копче со кое може да се пристапи до помош за соодветната алатка, со што е олеснето учењето на различните алатки во програмата. Исто така програмата овозможува снимање на звук од различни извори, вклучиваjќи и миди извор што ја прави погодна за професионална работа со звук. Во Sound Forge е дадена можност за користење и на надворешни додатоци од различни апликации за обработка на звукот, со што самата програма ја прави пофлексибилна. Се надевам дека во овој труд успеав барем до некаде да ја појаснам работата со оваа програма.

13

Page 15: Sound Forge Seminarska FinalnaOK

Користена литература:

Sound Forge help files

http://www.sonycreativesoftware.com/soundforgesoftware

сопствено искуство со Sound Forge

14