univerzitetski
vesnikИздание на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје Број 152,март 2014
ВВоо ппрреессрреетт ннаа ннооввааттааууччееббннаа ггооддииннаа ппооддггооттооввккии ззааооббјјааввуувваањњее ннааккооннккууррссииттее ииооррггааннииззаацциијјаа
ннаа ООттввооррееннииоотт ддееннЗЗААППООЗЗННААЈЈТТЕЕ
ГГООУУККИИММ
Универзитетски весник бр. 1 52
универзитетски
весник
Главен и одговорен уредник
ППрроофф.. дд--рр ВВееллииммиирр ССттоојјккооввссккии
Постојани соработнициККооссттааддииннаа ММооккррооввааББииљљааннаа ФФооттииннооввссккааММ--рр ММаарриијјаа ЦЦееннееввссккааТТооммииссллаавв ББаашшееввссккии
ЛекторВВеессннаа ИИ.. ЦЦввееттааннооввссккаа
Техничко уредувањеГГоорраанн ММууррааттооввссккии
Во согласност совоспоставенатапроцедура, Рек-
торската управа на УКИМги утврди: Конкурсот за за-пишување студенти на првциклус студии, Конкурсотза запишување студенти напрв циклус студии, во рам-ките на Проектот 30/35,
ВВОО ППРРЕЕССРРЕЕТТ ННАА ННООВВААТТАА УУЧЧЕЕББННАА ГГООДДИИННАА -- ППООДДГГООТТООВВККИИ ЗЗАА ООББЈЈААВВУУВВААЊЊЕЕ ННААККООННККУУРРССИИТТЕЕ ЗЗАА УУППИИСС ННАА ППРРВВ,, ВВТТООРР ИИ ТТРРЕЕТТ ЦЦИИККЛЛУУСС ССТТУУДДИИИИ
ННАА 1111 ААППРРИИЛЛ –– ООТТВВООРРЕЕННДДЕЕНН ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ
118811.. ссееддннииццаа ннаа РРееккттооррссккааттаа ууппрраавваа
Р екторската управа на Универзитетот „Св. КирилиМетодиј“ во Скопје одржа седница на 21 март
2014 година, на која разгледа повеќе актуелни прашања од делокругот на своите надлежности.Притоа,ги усвои: Конкурсот за запишување студенти на вторциклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната2014/2015 година, Конкурсот за запишување студентина прв циклус студии во рамките на реализацијата на„Проектот 30/35“ во учебната 2014/2015 година и Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје во учебната2014/2015 годинa.
Ректорската управа донесе Одлука за висината наавторските хонорари за издавачката дејност на Универзитетот, како и Одлука за изгледот на нововостановената награда „Св. Кирил иМетодиј“.
Исто така, Ректорската управа донесе Одлука запренесување на правото на трајно користење на движни ствари книги од проектите на Владата на РМ наединиците на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ воСкопје, а го донесе и Правилникот за изменување идополнување на Правилникот за сместување кандидати докторанди во Домот „Атанас Близнаков” наУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј” во Скопје.
Ректорската управа донесе Одлука за избор налектор по македонски јазик на определено време за
учебните 2013/2014 и 2014/2015 година на Универзитетот воИстанбул Турција, како и Одлука за организирање Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје,што ќе се одржи на 11.4.2014 година.
Ректорската управа донесе одлуки за давање согласност на лица избрани во наставнонаучни звања наУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ за вршење висо
ППРРООФФ.. ДД--РР ККЕЕВВИИНН ВВООРРИИКК –– ППООЧЧЕЕССЕЕНН ДДООККТТООРР ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ„„ССВВ.. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ““ ВВОО ССККООППЈЈЕЕ
1188.. ссееддннииццаа ннаа УУннииввееррззииттееттссккииоотт ссееннаатт
У ниверзитетскиот сенат на Универзитетот „Св.Кирил иМетодиј” во Скопје, на седницата одр
жана на 31.3.2014 година, разгледа повеќе прашања одделокругот на своите надлежности.Притоа, ги усвоиследниве проекти: Проектот за измени и дополнувања на студиската програма од втор циклус студии постоматологија на Стоматолошкиот факултет; Проектот за измени и дополнувања на студиската програмаод втор циклус студии по меѓународно право и односии право на Европска унија на Правниот факултет „Јустинијан Први“; Проектот за воведување едногодишнистудиски програми од втор циклус студии наШумарскиот факултет:шумарство и озеленување и унапредување на животната средина, а го усвои и Глобалниот календар на активности и неработни денови воучебната 2014/2015 година.
3Универзитетски весник бр. 1 52
Конкурсот за запишување студенти на втор цик-лус студии, како и Конкурсот за запишување сту-денти на трет циклус - докторски студии во учеб-ната 2014/2015 година.
Конкурсите се доставени до Министерствотоза образование и наука и до Владата на РепубликаМакедонија, и се очекуваат одлуките на Владатана Република Македонија за бројот на студентитево сите циклуси на студии за да можат тие на-
време да се објават во дневните гласила и наинтернет-страницата на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ и на единиците.
Во рамките на активностите и подготовкитеза целосно информирање на идните студенти, на11 април о.г. ќе се одржи Отворен ден на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, подмотото ЗАПОЗНАЈТЕ ГО УКИМ.
ВВОО ППРРЕЕССРРЕЕТТ ННАА ННООВВААТТАА УУЧЧЕЕББННАА ГГООДДИИННАА -- ППООДДГГООТТООВВККИИ ЗЗАА ООББЈЈААВВУУВВААЊЊЕЕ ННААККООННККУУРРССИИТТЕЕ ЗЗАА УУППИИСС ННАА ППРРВВ,, ВВТТООРР ИИ ТТРРЕЕТТ ЦЦИИККЛЛУУСС ССТТУУДДИИИИ
кообразовна дејност на други јавни универзитети, итоа на: Факултетот за електротехника и информацискитехнологии, Факултетот за земјоделски науки и храна,Филозофскиот факултет, Стоматолошкиот факултет иФилолошкиот факултет „Блаже Конески“. Ректорскатауправа донесе Одлука за давање согласност за вршењевисокообразовна дејност на лице избрано во насловнозвање на друг универзитет за изведување настава на
Економскиот факултет во Скопје. Исто така, донесеодлуки за давање одобрение за изведување настава одстрана на стручњак од практиката, и тоа на: Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентерир, Факултетот за земјоделски науки и храна, Филолошкиотфакултет „Блаже Конески“ и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
ППРРООФФ.. ДД--РР ККЕЕВВИИНН ВВООРРИИКК –– ППООЧЧЕЕССЕЕНН ДДООККТТООРР ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ„„ССВВ.. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ““ ВВОО ССККООППЈЈЕЕ
Универзитетскиот сенат донесе Одлука за доделување на титулата почесен доктор (doctor honoris causa)на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј во во Скопје,на ппрроофф.. ддрр ККееввиинн ВВоорриикк, професор по кибернетикана Универзитетот во Рединг, Англија, ОбединетоКралство.
Универзитетскиот сенат донесе одлуки за избор возвањето редовен професор, и тоа на: ддрр ДДооббррииннккааТТаассккооввссккаа, вонреден професор на Правниот факултет„Јустинијан Први“; ддрр ММаарриијјаа РРааллеевваа, вонреден професор наМедицинскиот факултет; ддрр ВВииккттоорриијјаа ВВуујјооввииќќ, вонреден професор наМедицинскиот факултет;ддрр ССннеежжааннаа ЈЈааннччееввссккаа, виш научен соработник наМедицинскиот факултет; ммрр ААннттооннии ММааззннееввссккии,вонреден професор на Факултетот за ликовни уметности; ммрр ЕЕллјјеессаа ККаассоо, вонреден професор на Факултетот за драмски уметности, ддрр ССууззааннаа ННииккооддииннооввссккааББааннччооттооввссккаа, вонреден професор на Педагошкиотфакултет „Св. Климент Охридски“.
Универзитетскиот сенат даде согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешните односи и работењето наИнститутот за социолошки и политичкоправни истражувањаво Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј” во Скопје и Анекс 1, а донесе и Одлука заприфаќање на иницијативата за формирање на научнотехнолошки парк како трговско друштво.
ААККРРЕЕДДИИТТААЦЦИИЈЈААИИ ЕЕВВААЛЛУУААЦЦИИЈЈААННАА
ССТТУУДДИИССККИИТТЕЕ ППРРООГГРРААММИИ
ООдд ррааббооттааттаа ннаа ИИннттееррууннииввееррззииттееттссккааттааккооннффееррееннцциијјаа ннаа РРееппууббллииккаа ММааккееддоонниијјаа
Н а 20 март оваа година е одржана седница наИнтеруниверзитетската конференција на Ре
публика Македонија, посветена на повеќе отворенипрашања поврзани со акредитацијата и евалуацијатана студиските програми на единиците на универзитетите во РепубликаМакедонија. Со цел за појаснувањена одделните отворени прашања со кои се соочуваатуниверзитетите при примената на процедурите за донесување и евалуација на студиските програми, на седницата присуствуваше проф. дрМиколај Кузиновски,претставник на Одборот за акредитација и евалуацијана високото образование.
На седницата, од страна на Интеруниверзитетскатаконференција на РепубликаМакедонија е укажано наповеќе неусогласености наПравилникот за организацијата, работата, начинот на одлучување, методологијата за акредитација и евалуација, стандардите заакредитација и евалуација, како и други прашања воврска со работата на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование со Законот за високотообразование. Нагласени се следниве:• во делот на повторна акредитација, која не е предвидена со Законот за високото образование, а епредвидена со цитираниотПравилник;
• во Законот не се утврдени рокови на траењето наакредитацијата, туку се предвидени рокови занадворешната евалуација која ја врши Одборот,
4 Универзитетски весник бр. 1 52
така што во зависност од оценката на Одборот, сепродолжува или се одзема акредитацијата;
• при измени и дополнувања на акредитиранитестудиски програми треба да се акредитираат самоизмените и дополнувањата, а не целата студискапрограма;
• да се редуцира бројот на задолжителните компоненети чии измени и дополнувања ќе подлежат наакредитација, а за незадолжителните компоненти,постапката да завршува на сенатите на универзитетите;
• останува отворено прашањето за акредитацијатана студиските програми од регулираните професии, односно тие не се изземени од примената начл. 99 од Законот за високото образование, од ас
пект на застапеноста на задолжителните и изборните предмети;
• за менторите за втор циклус студии, во Законот сепредвидени построги критериуми од менторите затрет циклус докторски студии.Во рамките на натамошното доследно почитување
на законската регулатива и примена на процедурите задонесување и евалуација на студиските програмиутврдени од Одборот за акредитација и евалуација нависокото образование, на седницата наИнтеруниверзитетската конференција на РепубликаМакедонија езаклучено наведените отворени прашања и констатации да се достават на натамошна надлежност доМинистерството за образование и наука.
Татјана Гергинова, на 11 јуни 2012 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“,ја одбрани докторската дисертација на тема:Полицијата и заштитата на човековитеправа во безбедносниот систем на РепубликаМакедонија.
БобанМисоски, на 13 февруари 2013 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, ја одбрани докторската дисертација на
тема: Гаранцијата како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на казнената постапка.
Гордица Каранфиловска, на 8 април2013 година, наПравниот факултет „ЈустинијанПрви“, ја одбрани докторската дисертација на тема:Политолошки аспекти наполитичкиотмаркетинг – со посебен осврт во РепубликаМакедонија.
ВВОО ССВВЕЕЧЧЕЕННАА ААТТММООССФФЕЕРРАА ИИ ННАА ТТРРААДДИИЦЦИИООННААЛЛЕЕНН ННААЧЧИИНН,, ННАА 3311 ММААРРТТ 22001144ГГООДДИИННАА ,, ВВОО РРЕЕККТТООРРААТТООТТ ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ „„ ССВВ.. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ““
ВВОО ССККООППЈЈЕЕ ББЕЕШШЕЕ ООДДРРЖЖААННАА ППРРООММООЦЦИИЈЈАА ,, ННАА ККООЈЈАА РРЕЕККТТООРРООТТ ННАА
УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ „„ ССВВ.. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ““ ВВОО ССККООППЈЈЕЕ,,ППРРООФФ.. ДД-- РР ВВЕЕЛЛИИММИИРР ССТТООЈЈККООВВССККИИ,, ППРРООММООВВИИРРААШШЕЕ
2200 ДДООККТТООРРИИ ННАА ННААУУККИИ..
5Универзитетски весник бр. 1 52
ОливераНечовска, на 27 мај 2013 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“,ја одбрани докторската дисертација на тема:Политиките на унапредување наживотните и работните услови во Европскатаунија.
Мартина Крстевска, на 17 јуни 2013 година, на Економскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Можности за користење на искуствата наЕвропската унија во поддршката на малите и средните претпријатија и претприемништвото во Република Македонија.
Снежана Христова, на 20 јуни 2013 година, на Економскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Локалната самоуправа и локалниот економскиразвој во РепубликаМакедонија.
АлександарНаумоски, на 25 јуни 2013година, на Економскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Проценана премијата за ризик на акционерскиоткапитал инвестиран во компаниите воРепубликаМакедонија.
Марина Величкова, на 2 јули 2013 година, на Економскиот факултет, ја одбрани
докторската дисертација на тема: Моделирање на актуарските елементи на животното осигурување со примена на матричната алгебра.
Бојан Каранаков, на 25 јуни 2013 година, на Архитектонскиот факултет, ја одбранидокторската дисертација на тема: Геометриските и перспективните системи –средства за суперпонирана визуелизацијана сакралната слика и внатрешната архитектура во средновековнаМакедонија.
Александар Радевски, на 29 мај 2013година, на Архитектонскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: Влијанието на дневната светлина врз димензионирањето на волуменот на работниотпростор и креирањето на естетскиот израз на архитектонските објекти.
ЈованИвановски, на 10 септември 2013година, на Архитектонскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема:Постсоцијалистичкататранзиција на примерот на Скопје – новите урбани прототипови и новиот пејзаж на домот.
Хинор Кица, на 1 јули 2013 година, наФакултетот за физичка култура, ја одбрани
6 Универзитетски весник бр. 1 52
докторската дисертација на тема: Ефектитеод шеснаесетнеделен тренажен процес заразвој на експлозивната сила на долнитеекстремитети кај кошаркарки на 16 и 17годишна возраст.
Блерим Саити, на 2 јули 2013 година, наФакултетот за физичка култура, ја одбранидокторската дисертација на тема: Утврдување на соматотиповите и евентуалнитенивни разлики во однос на антропометриските,моторичките и функционалните способности кај спортистите одразлични спортови.
Катерина Спасовска, на 2 јули 2013 година, на Факултетот за физичка култура, јаодбрани докторската дисертација на тема:
Структура на антропометриските карактеристики,моторичките способности и психолошките особини и нивнотовлијание на успешнататехничка изведбана елементите од спортска гимнастикакај студентите од прва година наФакултетот за физичка култура во Скопје.
Eлена Влаху Ѓорѓиевска, на 15 март2013 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, јаодбрани докторската дисертација на тема:Колаборативен модел на информацискисистем за здравствена заштита.
Вангел Ајановски, на 2 јули 2013 година,на Факултетот за информатички науки икомпјутерско инженерство, ја одбрани док
О д 4 до 9 март о.г. се оддржа Петтата меѓународна работилница RoboMac 2014,
организирана од здружен организациски одбор,од студентските организации ЕЕСТЕК ЛКСкопје, ИЕЕЕ Македонија – Студентскиотпарламент на ФЕИТ, кои повеќе години успешнофункционираат на техничките факултети наУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје.
Овој интернационален настан е посветен на развојот на програмирањето и роботиката, на кој студентите програмираат во мешани тимови и се обидуваатна најефикасен и креативен начин да ги искористатпостојните роботи, овозможувајќи им на учесницитеда ги продлабочат и дооформат знаењата стекнатипреку формалното образование. РобоМак е меѓуна
роден проект кој веќе 5типат успешно се организира во Македонија и при
влекува голема заинтересираност кај студентите од техничките науки.
Финалниот натпревар сеодржа во преполнетата салаво Домот на АРМ, исполнетасо позитивна атмосфера инатпреварувачки дух. Учесниците, оваа година вкупно100 студенти (66 од македонските технички факултети и34 студенти од различни европски држави), се натпреваруваа во пет категории: сумо,трка, роботска рака, хумано
ид и категоријата која беше новитет за оваа година right target.
Во прва категорија, сумороботите беа програмирани да го истуркаат противничкиот робот надвород рингот. Во интерес на времетo, првично се одржаапреквалификации, па од шесте екипи понатаму секвалификуваа четири. Oваа година победи тимот 50
OODDRR@@AANNAAPPEETTTTAATTAA JJUUBBIILLEEJJNNAA
RRAABBOOTTIILLNNIICCAA
RROOBBOOMMAACC 22001144
НаФакултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
7Универзитетски весник бр. 1 52
торската дисертација на тема: Адаптивни исоцијални самоструктурирачки системиза навигација низ јавни информациски системи.
Весна Димитриевска Ристовска, на 2јули 2013 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, јаодбрани докторската дисертација на тема:КвазиМонте Карло интегрирање во тежински Хилбертови простори и врска содијафонијата математички модели исофтверска реализација.
Билјана Ристеска Стојкоска, на 10септември 2013 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ја одбрани докторската дисертација на
тема: Податочна фузија кај безжични сензорски мрежи.
Агим Селмани, на 2 јули 2013 година, наИнститутот за социолошки и политичкоправни истражувања, ја одбрани докторскатадисертација на тема: Деликвентното поведение на адолесцентите од средните училишта во РепубликаМакедонија во контекст на родителското воспитување.
Анета Христова, на 17 јуни 2013 година,на Филозофскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: Анализа наорганизираноста на говорот и јазикоткај учениците со лесна ментална ретардација во однос на нивните врсници одредовните училишта.
Shades of Sumo, составен од: РафалНиски (Полска),Евгенија Стеваноска, Љубен Јоскоски и КристијанСпировски.
Во втора категорија,трка, учествуваа пет екипикои имаа задача својот робот од тип Pololu 3pi, да гопрограмираат така за да може брзо, прецизно и стабилно да ја следи зададената патека.Најдобро времена поминување на патеката годинава имаше роботчето на тимот Fast Turtle, составен од: ФранческаФабијано (Италија), Зоран Ристевски и ЃорѓиПеев.
Категоријата роботска рака годинава имашекомпетитивен карактер и беше составена од два дела.Во неа меѓусебно се натпреваруваа два тима.Првиотдел се состоеше од зададена задача при која натпреварувачите треба да соберат сума од точно 79 денари,претходно поставени на соодветен постамент, за точно определено време. Вториот дел беше можностучесниците да ја искажат својата креативност и да јаимпресионираат публиката. Раката на победничкиоттим, во чест на празникот на жената, делеше ружи надел од понежниот пол на публиката, а роботската рака на спротивниот тим кршеше стапчиња во каратестил. Наградени беа Павел Ташков, Патриција Рамос(Шпанија), Ѓорѓи Спиркоски, Александар Мелов иПетар Досев од тимот Johny.
Новата категорија right target за оваа година се чинешенајтешка за натпреварувачите.Роботите се движеа по зададенапатека, со четири излези и балони во четирибои.При доаѓањето до одреденбалон, роботитетребаше да препознаат дали тојбалон е на редза да се пукне според однапред зададената секвенца.На оваа задача победи екипата Speedy, во состав:Бобан Сарваноски, Драгутин Овески (Хрватска),Зорица Делиќ (Босна).
Како и секоја година, на крај се претставија тимовите од категоријата која е најинтересна за публиката хуманоид. Трите екипи имаа задача да го програмираат роботот даизвршува комплексни движења придружени со соодветнамузика во заднината,по избор на секојтим. Хуманоиднитероботи настапувааеден по еден, но според реакцијата напубликата, екипатаThe Blue team бешенајкреативна и сонајатрактивно решение. Наградени беастудентите: Елени
8 Универзитетски весник бр. 1 52
Гроздани, Александар Ставриќ, Елена Ристовска, ЕленаМишевска и Благој Стојменовски.
Пред почетокот на натпреварувањата, на Студентскиот огранок на Македонската секција наИЕЕЕ му беше врачена наградата „Darrel ChongStudent Activity Award“,што, всушност, претставувапризнание за RoboMac од светската организацијаИЕЕЕ. Наградата ја врачи претседателот наМакедонската секција наИЕЕЕ, проф. дрЉупчо Караџинов.
При врачувањето на наградата, претседателот наСтудентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ, МајаЦелеска,истакна: ...Огромно задоволство бешеда се прими награда од најголематасветска организација за инженери,којашто во RoboMac препозна настан достоен за едно вакво признание. Доделувањето на оваа наградазначи натамошен поттик овој меѓународен настан да се организира науште повисоко и академски покомплексно ниво.
Студентот Пати Рамос од Шпанија и еден од наградените студенти,за RoboMac 2014 изрази големозадоволство од учеството и понесеубави впечатоци: Предавањата на
кои учествувавме ни ги дополнија и подобријанашите знаења во роботиката. Ова, дефинитивно,беше најинтересниот настан, иако досега сум билна слични настани низ Европа. Работевме тимски,запознав нови колеги од цела Европа, го зголемивмоето искуство...
Единствена е оцената дека RoboMac 2014 годинапретставува размена на знаења и практично искуствово областа на роботиката и убава можност за заедничка работа на студенти одМакедонија и од целаЕвропа.
ЕЕВВРРООППССККААТТАА ККООММИИССИИЈЈАА ГГИИ ООББЈЈААВВИИ ППООВВИИККООТТ ИИ ВВООДДИИЧЧООТТЗЗАА ППРРООГГРРААММААТТАА ЕЕРРААЗЗММУУСС++,, ННООВВААТТАА ППРРООГГРРААММАА ННАА ЕЕУУ ЗЗАА
ООББРРААЗЗООВВААННИИЕЕ,, ММЛЛААДДИИ ИИ ССППООРРТТ
СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТАЕРАЗМУС+
Со цел исполнување на своите цели, програматаЕразмус+ ги спроведува следниве акции:
Клучна акција 1 – индивидуална мобилностКлучната акција 1 вклучува:• мобилност на ученици и наставници:можности за студенти, млади луѓе и волонтери,како и за професори, наставници, обучувачи,кадар од образовни институции и граѓанскиорганизации со цел учење и/илипрофесионално искуство во друга земја;
• заеднички магистерски студии: интегриранимеѓународни студиски програми водени од
страна на конзорциуми на високообразовниинституции кои доделуваат стипендии застудирање на најдобрите магистранди восветски рамки;
• гаранции за кредит за магистранди: студентите на магистерски студии може да добијаткредит финансиран од програмата за да студираат во странство и да добијат диплома зазавршени магистерски студии. Студентитетреба да се обратат до националните банкиили агенции за студентски кредити.
Клучна акција 2 – соработка за иновации иразмена на добри практикиКлучната акција 2 вклучува:• стратешки партнерства;• алијанси на знаење;• алијанси на секторски вештини;
(продолжуваодпретходниотброј)
9Универзитетски весник бр. 1 52
Водичот за програматаЕразмус+ дава детали за цели-те, приоритетите и можно-стите за финансирање за секојаакција, вклучително и техничкаинформација за апликациите загрант и процесот на селекција,како и за финансиските и адми-нистративните правилаповрзани со доделувањето награнтови.
Програмата Еразмус+ гикомбинира сите тековни шемиза финансирање на ЕУ наменетиза образование, обука и млади,вклучително Програмата задоживотно учење (Еразмус,Леонардо да Винчи, Комениус,Грундвиг), Млади во акција и петинтернационални програми засоработка (Еразмус Мундус,Темпус, Алфа, Едулинк ипрограмите за соработка соиндустријализираните земји).Исто така, таа за првпатвоведува поддршка за спортот.Интегрираната програма ќе имовозможи на апликантитеполесно разбирање нарасположливите можности,како и други упростувања кои ќего олеснат пристапот.
Програмата Еразмус+ елансирана во време кога при-ближно шест милиони младилуѓе во ЕУ се невработени – вонекои земји и над 50%. Во истовреме, постојат преку два ми-лиона работни места и скоротретина од работодавачитеизвестуваат за тешкотии во
вработувањето на лица сопотребните вештини. Оваукажува на голем недостаток вовештините во Европа. Еразмус+ќе се фокусира на овојнедостаток преку овозможу-вање на луѓето да учат, да сеобучуваат, да стекнуваатработно искуство или даволонтираат во странство.
Квалитетот и релевант-носта на организациите и си-стемите на образование, обукаи млади ќе биде подигнат прекуподобрување на наставата иметодите за учење, нови нас-тавни планови и професионаленразвој на образовниот кадар имладинските работници,вклучително преку подобрасоработка помеѓу областите наобразованието и работата.
Буџетот од 14.7 милијардиевра за периодот 2014-2020 гиима предвид идните предвиду-вања за инфлацијата и прет-ставува 40% зголемување одсегашниот износ. Се очекува дасе алоцираат дополнителнифондови за мобилност во ви-сокото образование и градење-то капацитети преку вклучу-вање на земји што не се дел одЕУ, при што овие преговори ќебидат завршени во 2014 година.
Заинтересираните инсти-туции се поттикнуваат да гопрочитаат Водичот за програ-мата со цел да дознаат повеќеза различните можности зафинансирање.
• градење капацитети;• етвининг, европска платформа за образование на возраснии европски младински портал.
Клучна акција 3 – поддршка на реформските политикиКлучната акција 3 вклучува:• знаење во областа на образованието, обуката и младите;• потенцијални идни иницијативи;• поддршка за европските алатки за политиките;• соработка со меѓународни организации;• дијалог со стејкхолдерите, промовирање на политики ипрограми.
Спорт
ЖанМонеактивностиЖанМонеактивностите вклучуваат:• академски модули, центри за извонредност, со цел продлабо
чување на наставата востудиите по европскаинтеграција, вклучени вонационалниот наставенплан на високообразовнатаинституција, како ивршење, следење инадгледување на истражувањето со ЕУтематика, какои за други нивоа на учење,како што се обучувањето нанаставници и задолжителното образование. Овиеакции имаат за цел да обезбедат детална настава поевропска интеграција за идните професионалци вообласти од кои има зголемена потреба на пазарот натрудот, а истовремено целаткон охрабрување и советување на младите генерациинаставници и истражувачиво областите на европскаинтеграција;
• дискусии за политикитесо академскиот свет, поддржано преку: а) мрежи зазајакнување на соработкатамеѓу различни универзитети низ Европа и светот, поттикнување на соработка исоздавање на платформа заразмена во високото образование со јавни актери ислужбите на Комисијата заЕУ прашања од големозначење; б) проекти заиновативност, размена наискуства и ширење на темиза ЕУ со цел промовирањена дискусијата, размислувањето за ЕУ прашања и зголемување на знаењето за ЕУи нејзините процеси;
• поддршка за институциите и асоцијациите, во организирање и извршувањена статутарни активностина асоцијации кои работатсо студии за ЕУ и ЕУпрашања, како и објавувањефакти за ЕУ за поширокатајавност, со цел зголемувањена активното европско граѓанство.ЖанМоне—активностите обезбедуваат и оперативни грантови за одредени институции кои тежнеат кон одредена цел одинтерес за Европа;
• студии и конференции соцел да се обезбедат новиинформации и конкретнипредлози за креаторите наполитики преку критичкинезависни академски
10 Универзитетски весник бр. 1 52
гледишта, како и осврнување кон тековнитепрашања за ЕУ, особено преку Годишнатамеѓународна конференција за политичкипрашања со учество на креаторите наполитики, граѓанското општество и врвниакадемици.
БУЏЕТПрограмата има вкупен индикативен финансиски
пакет од 14.774 билиони евра за времетраење од 7 години (20142020) во рамки на Приоритет 1 од Буџетотна ЕУ. Чекорите за усвојување на буџетот на ЕУ можеда се следат на следниот линк:
http://ec.europa.eu/budget/figures/index_en.cfm
КОЈ ЈА ИМПЛЕМЕНТИРАПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+?
Европскатакомисија
Европската комисија е главниот одговорен за спроведување на програмата Еразмус+. Таа постојано управува со буџетот и ги поставува приоритетите, целите икритериумите за програмата.Понатаму, таа го води иго следи општото спроведување и евалуација на програмата на европско ниво. Европската комисија е одговорна и за следење и координирање на структуритеодговорни за спроведување на програмата на национално ниво.
На ниво на Европа, Агенцијата за образование,култура и аудиовизуелни политики на Европската комисија (Извршна агенција) е одговорна за спроведување на централизираните акции на програматаЕразмус+. Извршната агенција е одговорна за целокупниот менаџмент на животниот циклус на овие проекти, од промовирање на програмата, анализа на барањата за грант, следење на проектите, па до дисеминација на проектните и програмските резултати. Агенцијата е одговорна и за објавување на специфични повици за доставување понуди, кои се поврзани со одредени акции од програмата кои не се образложени во овојВодич.
Европската комисија, прекуИзвршната агенција, еодговорна и за:• спроведување студии во области поддржани одпрограмата;
• спроведување активности на истражување иприбирање на резултати преку мрежатаEurydice;
• подобрување на видливоста и системскотовлијание на програмата преку дисеминација иискористување на резултатите од програмата;
• обезбедување на договорно управување ифинансирање на органите и мрежитеподдржани од програмата Еразмус+;
• управување со повиците за тендери заобезбедување услуги во рамките на програмата.
Националнитеагенции
Имплементирањето на програмата Еразмус+ вонајголем дел се врши како индиректен менаџмент,што подразбира дека Европската комисија ги доверувазадачите за спроведување на буџетот на националнитеагенции; целта на овој пристап е колку што е можноповеќе Еразмус+ да се доближи до неговите корисни
ци, како и адаптирање на разновидноста на националното образование, обуката и младите. За оваа цел,секоја програмска земја назначува една или повеќенационални агенции (за контакт, детали види воАнекс IV од овој Водич). Овие национални агенции јапромовираат и ја спроведуваат програмата на национално ниво и дејствуваат како врска меѓу Европскатакомисија и организациитеучесници на локално, регионално и национално ниво. Нивни задачи се:• да обезбедат соодветни информации за програмата Еразмус+;
• да спроведат фер и транспарентен процес населекција на апликации за проекти кои требада се финансираат во нивните земји;
• да го следат и оценуваат спроведувањето напрограмата во нивната земја;
• да обезбедат поддршка за апликантите и организациитеучесници во текот на целиот животен циклус на проектот;
• ефективно да соработуваат со мрежата на национални агенции и Европската комисија;
• да обезбедат видливост на програмата;• да промовираат дисеминација и искористувањена резултатите од програмата на национално илокално ниво.
Освен тоа, националните агенции играат важнаулога како посредници во квалитативниот развој напрограмата Еразмус+ преку:• извршување активности – надвор од задачитена менаџирање на животниот циклус на проектот – кои го поддржуваат квалитативното спроведување на програмата и/или поттикнуваатразвивање на политики во областите поддржани од програмата;
• обезбедување поддршка за новодојдените целни групи, како и оние во полоша ситуација соцел отстранување на пречките за комплетноучествување во програмата;
• барање соработка со надворешни органи, со целзголемување на влијанието на програмата вонивната земја.
Пристапот на поддршка од страна на националните агенции има за цел да ги насочува корисниците напрограмата во текот на сите нејзини фази, од првиотконтакт со програмата преку процесот на аплицирање,па сè до реализацијата на проектот и финалната евалуација. Овој принцип не е во спротивност со праведноста и транспарентноста на процесот на селекција,напротив, тој е заснован врз идејата дека за да се гарантираат еднакви можности за сите, потребно е повеќе да им се помогне на одредени целни групи на програмата преку советување, следење и насочување,согласно со нивните потреби.
КОЈМОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВОПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+?
Главната целна група на програмата ја сочинуваатпоединци – студенти, ученици, возрасни студенти,млади, волонтери, професори, наставници, организатори на обуки, младински работници и професионалци од организации активни во областа на образованието, обуката и младите.Меѓутоа, овие поединци севклучуваат во програмата преку организации, институции, органи или групи кои организираат таквиактивности. На тој начин, условите за пристап до програмата се поврзуваат со следниве двајца актери:
11Универзитетски весник бр. 1 52
„учесниците“ (поединци кои учествуваат во програмата) и „организациитеучесници“ (вклучително игрупи на млади луѓе активни во младински активности, но не само во контекст на младинските организации, кои поинаку се нарекуваат и неформални групина млади луѓе). За учесниците, како и за организациитеучесници, важат конкретни правила на учество возависност од земјата каде што се наоѓаат.
Учесници
Општо правило е учесниците во Еразмус+ проектите да се одредуваат во програмската земја. Одредениактивности во областа на високото образование и младите се отворени и за учесници од земјитепартнери.
Конкретните услови за учество во Еразмус+ проекти зависат од видот на конкретната акција.
Во општи црти:• главните целни групи за оние проекти што серелевантни за високото образование се: студенти на високообразовни институции (скратенциклус, прв, втор или трет циклус на студии),наставници и професори на високообразовниинституции, административен кадар во високообразовни институции, обучувачи и професионалци во претпријатија;
• главните целни групи за оние проекти што серелевантни за стручното образование и обукасе: студенти во стручно образование, професионалци и обучувачи во стручно образование,вработени во институции за стручно образование, обучувачи и професионалци во претпријатија;
• главните целни групи за оние проекти релевантни за училишното образование се: раководители на училишта, наставници и вработениво училиштата, ученици во претшколско, основно и средно образование;
• главните целни групи за проекти кои се однесуваат на образованието на возрасни се: членовина организации за образование на возрасни,обучувачи, вработени и ученици во образованието за возрасни;
• главните целни групи за проекти кои се однесуваат на младите се: млади луѓе на возраст од13 до 30(1 години, младински работници, вработени и членови на организации активни во областа на младите;
• главните целни групи за проектите што сеоднесуваат на спортот се: професионалци и волонтери во областа на спортот, спортисти итренери.
За повеќе детали околу условите за учество восекоја поединечна акција, Ве молиме погледнете воДел Б и Анекс I од овој Водич.
Организацииучесници
Еразмус+ проектите се доставуваат и се управуваатод организацииучесници кои ги застапуваат учесни
ците. Доколку еден проект е избран, организацијатаучесник што аплицирала станува корисник на Еразмус+ грант. Корисниците потпишуваат договор загрант или добиваат одлука за грант со која имаат право на финансиска помош за реализација на проектот(договорите за грант не се нудат на поединечни учесници). Одредени активности од програмата се отворени и за неформални групи на млади луѓе.
Како општо правило, организациите кои учествуваат во Еразмус+ проектите мора да се основани воедна од програмските земји. Одредени активности сеотворени и за организацииучесници од земјитепартнери, конкретно во областа на високото образование имладите.
Конкретните услови за учество во Еразмус+ проектите зависат од видот на акцијата финансирана одпрограмата. Во општа смисла, програмата е отвореназа секоја организација активна во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Неколку акции сеотворени и за други актери од пазарите на труд.
За повеќе детали, Ве молиме погледнете во Дел Б иАнекс I од овој Водич.
Квалификуваниземји
Програмата Еразмус+ е достапна за следниве земји:
Програмски земјиСледниве земји можат да земат целосно учество во
сите акции на програмата Еразмус+:
Земји – партнериСледниве земји можат да земат учество во одреде
ни акции на програмата, при што подлежат на специ
1) Важат различни старосни граници во зависност од различнитевидови активности. За повеќе информации, Ве молиме погледнетево Дел Б и Анекс I од овој Водич.
Имајте го предвид и следново: долна старосна граница – учесниците мора да ја достигнале минималната возраст до почетокот на активноста;
горна старосна граница – учесниците не смеат да бидатпостари од наведената максимална возраст на рокот зааплицирање.
Земјичленки на Европската унија (ЕУ)(2
Белгија Грција Литванија
Португалија Бугарија Шпанија
Луксембург Романија Франција
Чешка Република Унгарија
Словенија Данска Хрватска
Малта Словачка Германија
Италија Холандија Финска
Естонија Кипар Австрија
Шведска Ирска Латвија
Полска Обединето Кралство
2) Поединци од странски земји и територии на ЕУ, а каде штоодговара и односните јавни и/или приватни органи и институцииво странските земји и територии на ЕУ, ќе можат да учествуваат воЕразмус+ и ќе подлежат на правилата и договорите на земјитечленки со кои се поврзани. Засегнатите странски земји и територии се наведени во Анекс 1А од Одлуката на Советот од 27 ноември2001 за асоцијацијата на странските земји и територии со Европската заедница (2200/822/ЕС), ОЈ L 314 од 30 ноември 2001.
Програмски земји кои не се членки на ЕУ
Македонија Лихтенштајн Швајцарија
Исланд Норвешка Турција
12 Универзитетски весник бр. 1 52
фични критериуми или услови (за повеќе информации, Ве молиме погледнете во Дел В од овој Водич):
Земјипартнери во близина на ЕУ(3
Други земјипартнериОдредени акции од програмата се отворени за сите
земјипартнери од светот. За некои други Акции географскиот обем е помалку широк. За повеќе информации, Ве молиме погледнете во описот на акции напрограмата во Дел Б од овој Водич.
Виза и дозвола за престојУчесниците во Еразмус+ проектите можат да имаат
потреба од виза за престој во странство во рамките напрограмата или земјатапартнер домаќин на активноста. Организациитеучесници се одговорни да проверат дали потребните овластувања се во ред (визиили дозволи за престој за краток или подолг период)пред почетокот на планираната активност. Се препорачува овластувањата да се побараат од одговорнитеоргани пред време, бидејќи самиот процес може дапотрае неколку недели. Националните агенции иИзвршната агенција можат дополнително да советуваат и да помогнат при вадењето на визи, дозволи запрестој, осигурување итн.Порталот за имиграција наЕУ содржи општи информации за визите и дозволитеза престој, како за краткорочните, така и за долгорочните престои:
http://ec.europa.eu/immigration/tab2.do?subSec=11&language=7$en
ДЕЛ Б ИНФОРМАЦИИ ЗА АКЦИИТЕКОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ОВОЈ ВОДИЧ
КЛУЧНААКТИВНОСТ1:ИНДИВИДУАЛНАМОБИЛНОСТ
Оваа Клучна акција вклучува:• проекти за мобилност во областа наобразованието, обуката и младите;
• масовни настани за Европскиот волонтерскисервис;
• заеднички магистерски дипломи;• гаранции за студентски кредити за магистерскистудии.
Се очекува овие акции да имаат позитивно и долгорочно влијание врз учесниците и организациитеучесници, како и врз политиките според кои се извршувааттие активности.Што се однесува до студентите, младите и волонте
рите, мобилностите во рамките на оваа Клучна акцијасе очекува да доведат до следниве резултати:• подобри резултати во учењето;• подобра вработливост и подобри кариерниможности;
• подобрена способност за иницијатива ипретприемништво;
• подобрена самовработливост и самодоверба;• подобро познавање на странски јазици;• зголемена меѓукултурна свесност;• поактивна улога во општеството;• подобро познавање на европскиот проект ивредностите на ЕУ;
• зголемена мотивација за учество во идно(формално/неформално) образование илиобука по завршување на мобилноста востранство.
Што се однесува до вработените, младинските работници и професионалците вклучени во образование,обука и млади, мобилностите се очекува да доведат доследниве резултати:• подобри компетенции, поврзани со нивнитепрофесионални профили (настава, обука,работа со млади итн.);
• пошироко познавање на практиките,политиките и системите на образование, обукаи млади во другите земји;
• зголемен капацитет за поттикнување промениво поглед на модернизација иинтернационализација на нивните образовниинституции;
• подобро разбирање на поврзаноста меѓуформалното и неформалното образование,стручната подготовка и пазарот на труд;
• подобар квалитет на нивната работа иактивностите во корист на студентите,учениците, возрасните ученици, младите иволонтерите;
• подобро разбирање и справување сосоцијалниот, јазичниот и културниотдиверзитет;
• подобра способност за одговарање на потребитена лицата во лоша ситуација;
• зголемена поддршка и промовирање намобилност кај студентите;
• зголемени можности за професионален икариерен развој;
• подобрени познавања на странски јазик;• зголемена мотивација и задоволство восекојдневното работење.
Активностите во рамките на оваа Акција треба дадоведат и до следниве резултати за организациитеучесници:• зголемен капацитет за работење на меѓународно ниво и на ниво на ЕУ: подобренименаџментски вештини и стратегии заинтернационализација; зајакната соработкасо партнери од други земји; зголеменараспределба на финансиски средства (оддруги извори освен од фондовите на ЕУ) заорганизирање на ЕУ/меѓународни проекти;подобар квалитет во подготовка, спроведување,
Земји одИсточнотопартнерство на ЕУ:
Ерменија, Азербејџан,Белорусија, Грузија,Молдавија, Украина
Земји од јужниотМедитеран:
Алжир, Египет, Израел,Јордан, Либан, Либија,Мароко, Палестина,Сирија, Тунис
Западен Балкан:Албанија, Босна иХерцеговина, Косово(4,Црна Гора, Србија
Други: Руска Федерација
3) Критериумите за учество формулирани во известувањето наКомисијата бр. 2013/С205/05 (OJEU C205 од 19/07/2013,стр. 911) ќе важат за сите акции спроведени преку овојПрограмски водич.
4) Овој назив е даден без предрасуди за статусот, а во согласност соUNSCR 1244 иМислењето на ICJ за Декларацијата за независностна Косово.
13Универзитетски весник бр. 1 52
следење и проверка на ЕУ/меѓународнипроекти;
• иновативен и подобрен начин на работа засвоите целни групи, преку, на пример: поатрактивни програми за студенти, ученици,млади и волонтери согласно со нивните потреби и очекувања; подобри квалификациина наставниот кадар; подобрен процес напризнавање на компетенциите стекнати завреме на студискиот престој во странство;поефективни активности што ќе им користатна локалните заедници; подобрени методина работа со млади и практики за активновклучување на младите; и
• помодерна, подинамична, попосветена и попрофесионална средина во организацијата:подготвеност за интегрирање на добрипрактики и нови методи во дневнитеактивности; отвореност за синергија соорганизации кои се активни во различнисоцијални, образовни и професионалниобласти; стратешко планирање на професионалниот развој на нивните вработениво поглед на индивидуалните потреби иорганизациските цели; доколку е соодветно,способност за привлекување одлични студентии академски кадар од целиот свет.
Долгорочно, комбинираниот ефект на неколкутеилјади проекти поддржани од оваа Клучна акција сеочекува да има системско влијание врз системите наобразование, обука и млади во земјитеучесници, и натој начин да се стимулираат реформи на политики ида се привлечат нови ресурси за мобилност во Европаи пошироко.
ПРОЕКТИ ЗАМОБИЛНОСТ ВООБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО,ОБУКАТА ИМЛАДИТЕ
КОИСЕЦЕЛИТЕНАПРОЕКТОТЗАМОБИЛНОСТ?
Образованието, обуката и активностите за младитеимаат клучна улога во обезбедување на потребнитесредства за активно учество на пазарот на трудот иопштеството во целина за луѓе од сите возрасти.Проектите во рамките на оваа акција ја промовирааттранснационалната мобилност чија цел се учениците(студенти, млади луѓе и волонтери) и вработените(професори, наставници, обучувачи, младински работници и лица што работат во организации активни вообласта на образованието, обуката и младите), а имаатза цел:• да им помогнат на учениците да стекнаткомпетенции (знаење, вештини и ставови),со цел подобрување на нивниот професионаленразвој и вработливост на европскиот пазарна трудот;
• да го помогнат професионалниот развој наоние што работат во образованието, обукатаи со млади, со цел подобрување на квалитетотна наставата, обуката и работата со млади воЕвропа;
• да се подобрат познавањата на странски јазици,пред сè на учесниците;
• да се подигне свеста и разбирањето на учесниците за другите култури и земји, да им се
овозможи да создаваат меѓународни контакти,активно да учествуваат во општеството и даразвиваат чувство на европско државјанство иидентитет;
• да се зголемат капацитетите, привлечноста имеѓународната димензија на организациитеактивни во областа на образованието, обукатаи младите, со што тие ќе бидат способни данудат активности и програми што подоброќе одговараат на потребите на поединците,во Европа и пошироко;
• да се зајакнат синергиите и преминот помеѓуформалното и неформалното образование,стручното образование, вработливост ипретприемништвото;
• да се обезбеди подобро признавање накомпетенциите стекнати преку студискипрестој во странство.
Оваа Акција ја поддржува и меѓународната мобилност од и до партнерските земји во областа на високото образование и младите. Во овој контекст, дополнителни цели на Акцијата се:• зголемување на привлечноста на високотообразование во Европа и поддржување наевропските високообразовни институцииво натпреварот на пазарот на високотообразование во светот;
• поддршка на интернационализацијата,привлечноста и модернизацијата нависокообразовните институции надвород Европа, со цел промовирање на развојотна земјитепартнери;
• промовирање на неформалното учење исоработка со партнерските земји во областана младите.
Освен тоа, согласно со годишната работна програма усвоена од страна на Комисијата, ќе биде даденприоритет на проекти кои работат на еден или повеќеод односните приоритети опишани во воведните главина „Образование и обука“ и „Млади“ во Дел Б од овојВодич.
ШТОЕПРОЕКТЗАМОБИЛНОСТ?
Организациите активни во областа наобразованието, обуката и младите ќе добијат помош одпрограмата Еразмус+ за спроведување проекти заразлични видови мобилност. Еден проект замобилност ќе се состои од следниве фази:• подготовка (вклучувајќи практична организација, селекција на учесници, потпишувањедоговори со партнерите и учесниците,јазична/културна подготовка и подготовкаво однос на задачите на учесниците преднивното заминување);
• спроведување на мобилноста;• следење (вклучувајќи евалуација на активностите, формално признавање – кадеодговара – на резултатите од учењето завреме на активноста, како и дисеминацијаи користење на проектните резултати).
Во споредба со многуте акции за мобилност финансирани од минатите европски програми, во Еразмус+ е воведена важна иновација на зголемување наподдршката за подобрување на јазичните вештини научесниците пред и за време на нивниот студиски престој во странство. Од 2014 година, Европската комисија
14 Универзитетски весник бр. 1 52
ММЕЕЃЃУУННААРРООДДННИИ ААККТТИИВВННООССТТИИННАА ППРРООФФ.. ДД--РР ММИИРРЈЈААННАА
ММЕЕННККООВВССККАА
постепено ќе воведе онлајн јазичен сервис кој ќе имовозможи на учесниците да го проверуваат своето познавање на јазикот на кој ќе учат, ќе работат или ќе волонтираат во странство, како и да следат онлајн јазичен курс за подобрување на своето познавање на јазикот (повеќе детали за поддршката во учењето јазициможе да се најде во Анекс I).
Понатаму, повеќе од програмите во минатото,Еразмус+ ќе понуди простор за развивање на активности на мобилност кои ќе ги вклучат партнерскитеорганизации со различно потекло, кои се активни воразлични области или социоекономски сектори (напр., обука на универзитетски студенти во претпријатија, граѓански организации, јавни институции, наставници во училишта на професионален развој вокомпании или центри за обука, бизнис експерти коидржат предавања или обуки на високообразовниинституции итн.).
Трет важен елемент за иновативност и квалитет наактивност за мобилност е што организациитеучесници во програмата Еразмус+ ќе имаат можност даорганизираат мобилности во рамки на поширока стратешка рамка. Со помош на едноставна апликација загрант, која ќе покрива период од две години, координаторот на проектот за мобилност ќе може да организира неколку активности за мобилност, со што намногу поединци ќе им се овозможи да одат во повеќестрански држави. Како последица на тоа, во рамките
на Еразмус+ организациите ќе можат да го конципираат својот проект според потребите на учесниците, нои во согласност со нивните интерни планови за интернационализација, градење капацитети и модернизација.
Во зависност од профилот на учесниците, следнивевидови на проекти за мобилност ќе бидат вклучени воКлучна акција 1 од програмата Еразмус+:
Во областа на образованието и обуката: мобилност за студенти и наставници вовисокото образование;
мобилност за стручни обуки за студентии практиканти;
мобилност за училиштен наставен кадар; мобилност за наставен кадар одобразованието на возрасни.
Во областа на младите: мобилност за млади и младински работници.
Краткорочните и долгорочните мобилности на ученици, како и мобилноста на возрасните ученици ќебидат вклучени во стратешките партнерства од Клучнаакција 2.
Делот подолу дава детални информации за критериумите и условите за аплицирање за секој вид намобилност.
Проф. д-р Мирјана Менковска од УКИМ - Инсти-тут за сточарство, по покана како експерт наУКИМ, беше почесен гостин на 2. Меѓународна кон-ференција по прехранбена технологија и преработ-ка на храна, која се одржа од 20 до 23 октомври 2013година, во Канзас Сити, САД (2nd International Confe-rence ofFood Processing and Technology, October 20-23,Kansas City, USA).
Проф. Менковска одржа прелиминарно и секцископредавање во областа, а исто така беше и прет-седател на секцијата којашто ги опфаќаше теми-те: Примена на прехранбената технологија, Агро-биотехнологија и Тековни истражувања во прехран-бената наука и технологија. За својот извонредно
успешен настап на Конференцијата, проф.Менковска доби три сертификати.
На тој начин, со својата активна ибогата научна дејност, проф. Менковскапридонесува УКИМ да стекнува нови парт-нери на полето на науката низ светот.
15Универзитетски весник бр. 1 52
МОБИЛНОСТЗАСТУДЕНТИИНАСТАВЕНКАДАРВОВИСОКОТООБРАЗОВАНИЕ
Оваа мобилност може да ги вклучи следнивеактивности:
Мобилност на студенти:• студиски престој на партнерска високообразовна институција;
• стажирање во компанија или друго односноработно место(5.
Студискиот период во странство може да вклучи иобука.
Со цел да се обезбеди висококвалитетна мобилностсо максимален ефект за студентите, мобилноста морада одговара на потребите на студентите во учењето иличниот развој. Студискиот период во странство морада биде дел од студиската програма на студентот закомплетирање на студии од кус циклус, прв циклус(додипломски или еквивалентни), втор циклус (магистерски или еквивалентни) и трет циклус или докторски студии.
Стажирањето во странство, исто така, се врши завреме на кусиот циклус, првиот , вториот или третиот
циклус студии, и тоа во рок од најмногу една година подипломирањето на студентот. Ова вклучува и стажирање како асистент за оние кои студираат за наставници.
Каде што ќе биде возможно, стажирањето треба дабиде интегриран дел од студиската програма на студентот. Студентската мобилност може да се реализираво секоја студиска област / академска дисциплина.
Мобилност на наставен кадар:• настава: оваа активност му овозможувана наставниот кадар од високообразовнитеинституции да држи настава на партнерскиуниверзитет во странство. Мобилноста нанаставниот кадар за настава може да бидево секоја студиска област / академскадисциплина;
• обука: оваа активност подразбирапрофесионален развој на наставниот иадминистративниот универзитетски кадар воформа на обука во странство (вклучително иконференции) и периоди нанабљудување/обука на партнерскиуниверзитет, или на друга односнаорганизација во странство.
(продолжува)5) Слушањето предмет на високообразовната институција не можеда се смета за стажирање.
По покана на Турската радио-телевизија иМеѓународната организација за култура наР. Турција - Турксој (Turksoy), Фолклорниот
ансамбл при АКУД „Мирче Ацев“ учествуваше на меѓу-народната манифестација Есхишехир - град на култу-рата во 2013 година, што се одржа од 16 до 22 март
оваа година. На овој меѓународен настан учествуваа44 фолклорни ансамбли од повеќе земји од Европа и одАзија.
Организатор на овој голем меѓународен настан бе-ше Меѓународната организација за култура на Р. Тур-
ГГооссттуувваањњее ннаа ФФооллккллооррннииоотт ааннссааммбблл ппррии ААККУУДД „„ММииррччее ААццеевв““
МЕЃУНАРОДНА МАНИФЕСТАЦИЈАВО ЕСХИШЕХИР, Р. ТУРЦИЈА
16 Универзитетски весник бр. 1 52
ција - Турксој , со чијафинансиска поддршкабеа обезбедени прес-тојот и учеството нафолклорните ансамб-ли.
Фолклорниот ан-самбл при АКУД „Мир-че Ацев“ на оваа мани-фестација имаше дванастапа, а во програ-мата беа изведени ко-реографиите: Жет-варка, Сплет на ора ипесни од Источна Ма-кедонија, Водарки идруги ора.
Концертите се одржуваа воспортска сала, при што тие имаамасовна посетеност со 25-илјаднапублика. Покрај поединечните нас-тапи, беа организирани и четиризаеднички кореографии на ситеучесници на манифестацијата, сооколу 880 фолклористи од ситеземји.
Главната завршна манифеста-ција се одржа на 21.3.2014 година воспортската сала во Есхишехир, воприсуство на премиерот на Р. Тур-ција, министерот за образование,министерот за одбрана, министе-
рот за култура иградоначалникотна Есхишехир.
Со своите ус-пешни настапи наманифестацијатаво Турција, Академ-ското културно-уметничко друш-тво „Мирче Ацев“ иовојпат достоин-ствено ги прет-стави Универзите-тот „Св. Кирил иМетодиј“ и култур-ното творештво ифолклорот на Ре-публика Македони-ја.
17Универзитетски весник бр. 1 52
ННООВВИИ РРЕЕ ДД ООВВННИИ ППРРООФФЕЕССООРРИИ ННАА УУККИИММ
ССооггллаасснноо ссоо ооддррееддббииттее оодд ЗЗааккоонноотт ззаа ввииссоо--ккооттоо ооббррааззооввааннииее,, ккааккоо ии ннаа ССттааттууттоотт ннааУУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддии јј ““ ввооССккоопп јјее,, УУннииввееррззииттееттссккииоотт ссееннаатт,, ппооччннуу--вваа јјќќии оодд 33 .. ссееддннииццаа ооддрржжааннаа ннаа 44..1111 ..22000088ггооддииннаа ,, ддооннеессее ооддллууккии ззаа ииззббоорр ввоо ззвваањњееттооррееддооввеенн ппррооффеессоорр..ВВоо ооввоојј ббрроојј ннаа УУннииввееррззииттееттссккии ввеесснниикк ќќееббииддаатт ооббјј ааввееннии ккррааттккии ббииооггррааффссккии ппооддаа--ттооцции ззаа ппррооффеессооррииттее ччии јј ииззббоорр ее ииззвврршшееннввоо ииззммииннааттииоотт ппееррииоодд..
Д-Р ЈОВАН ЈОВАНОВГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ
Јован Јованов е роден на 10.9.1950 година во с.Блатец, општина Виница. Основно образование завршил во родното место, а средното образование гооформил во Скопје. Дипломирал на Градежниот факултет во Белград, отсек за геодезија во 1977 година, соодбрана на дипломска работа од областа на просторното планирање. Уште како студент се вработил воРОЦ “САСА”, а во 1987 година, во Алжир учествувал воизградба на воен аеродром, а во 1998 година, по поводспроведувањето на проектот „Катастар и земјишнаполитика”, финансиран од ФАРЕ, учествувал на првиот дел од курсот за проценители на недвижен имот,одржан во Скопје. Истата година го завршил и вториотдел од обуката во траење од пет недели, со престој наКралскиот земјоделски колеџ во Сајренсистер (Англија). Во звањето помлад асистент на Градежниотфакултет во Скопје, по група геодетски предмети воИнститутот за геодезија, бил избран во 1978 година. Во1996 година го одбранил магистерскиот труд под насловФункционални карактеристики на општинаВиница, со посебен осврт на развојот на примарниот сектор. Во 2001 година ја одбранил докторскатадисертација под насловПримена на комасацијатаво РепубликаМакедонија и осовременување наземјоделското производство. Во звањето доцент погрупа предмети кои ги покрива Катедрата за виша геодезија бил избран во 2001 година, а во звањето вонреден професор бил избран на 2006 година.
Др Јован Јованов изведувал настава на студиитепо градежништво и по геодезија. За изведување нанаставата подготвил пакет материјали. Држел наставаи на студиите по геодезија од втор циклус на студии.По изборот во звањето вонреден професор учествувалво комисии за изработка на дипломски и магистерскиработи и тоа како ментор и како член, и како менторна една докторска дисертација.
Др Јован Јованов, по изборот за вонреден професор, како автор или коавтор објавил 7 труда со оригинални, научни/стручни резултати, објавени во зборник на трудови. Учествувал во три меѓународни научни проекти: BALGEOS I , BALGEOS II и LAGUS TEMPUS.
Др Јован Јованов перманентно учествувал и воапликативната работа на својата Катедра и Факултетотпошироко, а во периодот по изборот во звањето вонреден професор, за одбележување е неговата работа набројните проекти. Како одговорен проектант учествувал во 12 проекти за оскултација на брани, машинскиобјекти и анализи на стабилноста на точките од основните геодетски мрежи и точките во телото на браните,а во исто толку проекти е и учесник. Ревидент одговорен проектант е на осум проекти. Бил раководителна катедра, учесник во повеќе комисии на Факултетот,а ги поседува и овластувањата А и Б за изведба, проек
тирање, надзор и ревизија на проектна документацијаод областа на геодезијата.
Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2011година.
Д-Р ЛАЗО ДИМОВГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ
Лазо Димов е роден на 1.2.1960 година во с. Сопот,Св. Николе. Основно образование завршил во роднотоместо, додека средно техничко образование завршилво Скопје. Прв степен студии по геодезија завршил наГрадежниот факултет во Скопје, а образованието гопродолжил на Градежниот факултет во Белград, геодетски отсек, каде што дипломирал во 1985 година. Од1986 година е во редовен работен однос на Градежниотфакултет во Скопје, најнапред како помлад асистент, апотоа и како асистент по група предмети од геодезија.Магистрирал на Градежниот факултет во Белград, во1993 година, со одбрана на магистерската тезаМожности за фотограметриско одредување на деформации на тлото во сеизмички осетливи подрачја.Во 2001 година, на Градежниот факултет во Скопје, јаодбранил докторската дисертација Емпириска точност на дигиталното претставување на релјефот.Во звањето доцент по група предмети кои ги покриваКатедрата за геодезија бил избран во 2001 година, а возвањето вонреден професор во 2006 година.
Од изборот во звањето вонреден професор, др Лазо Димов ги покривал предметите: фотограметрија 1,фотограметрија 2, геодетска метрологија и инженерска геодезија. За овие предметни програми, кандидатот во одредени периоди учествувал и во изведувањетона вежбите. Учествувал во дефинирањето и во изготвувањето на наставните програми и содржини завториот циклус студии по геодезија при Градежниотфакултет во Скопје. Посебниот интерес во ова широконаучно подрачје, кандидатот го лоцира во мултиспектралните анализи врз орбитални и суборбитални сликовни опсервации. Во овој спектар на различни доме
18 Универзитетски весник бр. 1 52
ни и сензорски варјации, кандидатот прави успешниобиди и анализи при изборот и утврдувањето на адекватни модели условени од низа конкурентни и реално избрани условувања. Раководен од степенот, моќноста и стабилноста на резултатите, кандидатот воповеќе наврати гради сопствени приоди и алгоритмипреку кои на едноставен начин се можни редефенирања на постојните методологии во делот на инженерството и индустрискиот сектор. Др Лазо Димов билментор на 6 магистерски работи.
Сопствените достигнувања од потесната област дрДимов ги аплицирал во поголем број стручни проектиизработени под негово раководство и/или како членна експертски тим. Земајќи ги предвид високите референтности во областа на инженерството, потврдениниз големиот и разновиден сет на проекти, кандидатоте избран како член на комисијата за оценување и доделување на овластувања според Законот за градење,при Комората на овластени архитекти и инженери.
Др Лазо Димов во изминатиот период остварилобемна, плодна и успешна наставна, научна и стручнаактивност. Покрај тоа, објавил голем број научни истручнонаучни трудови, на меѓународни и домашнисимпозиуми, во домашни и странски списанија, коипридонесуваат за негова афирмација како успешеннаучен и стручен истражувач. Бројните стручни трудови укажуваат дека и на стручно поле кандидатот далсопствен придонес кон целокупната стручна активноство Катедрата за геодезија и Градежниот факултет.
Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2011година.
Д-Р ЗЛАТКО СРБИНОСКИГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ
Златко Србиноски е роден на 29.3.1968 година воКичево. Основното и средното насочено образованиеги завршил во родното место, а студиите по геодезијаод VI1 степен на Градежниот факултет во Скопје, а гизавршил во 1993 година, со одбрана на дипломскатаработа под наслов Современа примена на топографските информации во физичката геодезија, кај академик проф. др Крешимир Чолиќ. Магистрирал во1998 год. со одбрана на магистерскиот труд под насловДигитално прикажување на линиската инфраструктура на РМ за потребите на просторнотопланирање. Истата година бил избран во звањетоасистент по групата предмети кои ги покрива Катедрата за виша геодезија. Докторирал во 2001 година, соодбрана на докторска дисертација под наслов:Прилогкон истражувањата за дефинирање на нова државна картографска проекција.Истата година билизбран во звањето доцент, а во 2006 за вонреден професор по групата предмети што ги покрива Катедратаза виша геодезија.
Др Златко Србиноски држел предавања по геодезија на додипломските и постдипломските студии.Актуелниот модел на студиите по геодезија е дефиниран во согласност со принципите на болоњскиотпроцес и ЕКТС според концептот 3+2, при што запрвпат на територијата на Р. Македонија се организирани постдипломски студии (студии од втор циклус)по геодезија. За одбележување е фактот што тој бил
Д-Р ДРАГОСЛАВМЛАДЕНОВИЌМЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ
ДрагославМладеновиќ е роден на 7.10.1956 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје.НаМедицинскиот факултет во Скопједипломирал во 1982 година. Во Градската општа болница, Клиника за хируршки болести во Скопје, билвработен во 1983 година. Специјализацијата по општахирургија ја завршил во 1989 година. Супспецијалистичкиот испит по дигестивна хирургија го положил во1997 година. Бил директор на РЕ Абдоминална хирургија во Универзитетската хируршка клиника „СветиНаум Охридски“ во Скопје. За асистент по предметот хирургија бил избран во 1990 година, а реизбранво 1995 и 1998 година. За доцент по предметот хирургија бил избран во 2001 година, а за вонреден професор во 2006 година. Одржува настава по предметите:хирургија, клиничко иследување и во наставата наВисоката медицинска школа, постдипломските студиипо хирургија и на специјалистичките студии. Член е наКомисијата за стручен лекарски испит на Лекарскатакомора на Македонија. Магистрирал од областа напластичната хирургија во 1992 година, со тема: Евалуација на реконструктивните зафати на шепатапри губење на кожа. Во 1996 ја одбранил докторскатадисертација под наслов: Вредноста наШулдајзтехниката и нејзините модификации во лекувањетона ингвиналните кили.Цитиран е во Index medicus
и во Current Contents (Life Sciences) од Institute for Scientific information, Philadelphia, во 1996 година. Допријавувањето на овој конкурс има објавено, како автор и коавтор, 57 труда.
Др ДрагославМладеновиќ завршил постдипломска школа од областа на хепатобилијарната хирургијавоЉубљана.Постдипломска школа од областа на лапараскопската хирургија завршил воЉубљана.Постдипломска школа од областа општа и лапараскопскахирургија завршил во Давос,Швајцарија, во организација на International Society of Surgery ICS. Во 1996година завршил курс по хирургија на желудник кајпроф. С. Репше воЉубљана. Во 2003 година се усовршувал во областа на хепатобилиопанкреатичната хирургија на Универзитетската клиника „Епендорф“ воХамбург, кај проф. др Ј.Избики. Бил на стручно усовршување во областа на хепатобилиопанкреатичнатахирургија кај проф. др Б. Дејвидсон, Royal Free Hospital – Лондон. Во 2008 година повторно престојувална стручно усовршување во областа на панкреатичната и езофагеална хирургија кај проф. Ј. Избики приУниверзитетската клиника „Епендорф“ во Хамбург. Во2008 година завршил постдипломска школа од областа на модерните концепти во гастроинтестиналнатахирургија во Софија, во организација на EuropeanDigestive Surgery – EDS. Член е на повеќе меѓународнии домашни здруженија, комисии и тела.
Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2011година.
19Универзитетски весник бр. 1 52
еден од носителите на оваа трансформација, при штоучествувал во изработката на Проектот за додипломски студии по геодезија и Проектот за постдипломски студии по геодезија на Градежниот факултет воСкопје.Истовремено, др Србиноски работел на подготовка на соодветна литература за потребите на наставата.По изборот за вонреден професор, тој ги објавил следниве учебници и скрипти: Физичка геодезија,Општа картографија, Глобални позициски системи,Елипсоидна геодезија иМатематичка картографија.Учествувал во реализација на два меѓународни образовни проекта од ТЕМПУСпрограмата: DEREC JEP проект со кој е предвидено отворање на додипломскистудии по инженерство на животната средина;LAGOS проект со кој е предвидено отворање на постдипломски студии од областа на land management наУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј” и на пет универзитети во Украина. По изборот во звањето вонреденпрофесор, др Србиноски учествувал во голем бројкомисии (како ментор и член) за изработка на магистерски и дипломски работи.
Научноистражувачката дејност на др Златко Србиноски се состои во учество во научни проекти, објавување на научни трудови на меѓународни и домашниконференции и списанија, како и менторирање надокторски дисертации и магистерски трудови. Забележително е неговото учество во два меѓународни научни проекта финансирани од страна на ASO (AustrianScience and Research Liaison Office): BALGEOS (BalkanGeodetic Observin System) A Scientific Chalenge for theBalkan Countries. BALGEOS II Balkan Countries Integration into GGOS (20092010).
Др Златко Србиноски бил национален координатор на двата научноистражувачки проектa.По изборот за вонреден професор, тој учествувал со трудовина повеќе меѓународни и домашни научни симпозиуми. Бил ментор на две докторски дисертации и 15магистерски труда. Др Златко Србиноски перманентно учествувал во стручноапликативната дејност наГрадежниот факултет. Бил ангажиран како главенпроектант и учесник при изработката на проекти загеодетски оскултации на градежни и машински објекти. Голем дел во неговата стручноапликативна дејност заземаат и експертските активности. Покрај ситеобврски околу наставата, научната и стручната работа,тој учествувал во низа активности кои спаѓаат во сферата на дејности од поширок интерес. Со внесувањетона најсовремените научни достигнувања во секојдневната работа, потоа со објавувањето на голем број научни и стручнонаучни трудови, како и со учеството приизработката на многубројните стручноапликативнитрудови, рецензии и ревизии, др Златко Србиноскиврши големо влијание врз поместувањето и развојотна научната мисла од областа на вишата геодезија кајнас.
Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2011година.
Д-Р АЛЕКСАНДАРЧАПАРОСКИМЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ
Александар Чапароски е роден на 3.3.1960 година во Скопје. Основно и средно образование завршилво родниот град. Дипломирал наМедицинскиот фа
култет во 1984 година. По завршувањето на студиите изадолжителниот лекарски стаж како одличен студенти стипендист на Фондот за научни дејности наМакедонија во 1986 година бил вработен на Клиниката заневрохирургија. Специјализацијата по неврохирургијаја завршил во 1993 година. За помлад асистент попредметот хирургија бил избран во 1989 година, а заасистент во 1994 година. Во 1997 година бил реизбранво истото звање. За сето време работи наНеврохируршката клиника како асистент, професор и специјалисти самостојно и активно учествува во оперативнитеинтервенции од разни области на неврохирургијата.За вонреден професор по предметот хирургија наМедицинскиот факултет во Скопје при Универзитетот„Св. Кирил иМетодиј” во Скопје бил избран во 2006година. Од 2006 година раководел со Клиниката какодиректор.
Др Александар Чапароски успешно ја изведувапрактичната и теоретската настава по предметот хирургија, за студентите по медицина и стоматологија,покажувајќи во исто време постојан интерес за нејзиното подобрување и унапредување. Тој е солиден хирург во својата област, а стекнатото знаење и стручноискуство несебично го пренесува во издигнувањето настручен и научен помладок. Кандидатот има солиднонаставно искуство стекнато како хонорарен наставникпо предметот хирургија воМедицинскиот училиштенцентар „Др Панче Караѓозов” во Скопје. Со успехучествувал и работел на научниот проект „Тешки краниоцеребрални повреди кај возрасни”, финансиран одФондот за научни дејности наМакедонија. Докторската дисертација со наслов: Компаративна студија наефектот од хируршките пристапи и функционалните резултати во лекувањето на спина бифида јаодбранил во 1999 година. За вонреден професор попредметот хирургија на Медицинскиот факултет воСкопје при Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ воСкопје бил избран во 2006 година. Тој публикувал голем број стручни трудови од својата област, презентирани на светски, европски и други меѓународни конгреси и симпозиуми. По завршувањето на специјалистичкиот испит, главна преокупација и посебен интересна работа на др Александар Чапароски се конгениталните анималии на ЦНС и краниоцеребралнитеповреди. Др Чапароски престојувал на неврохируршката болница “Pierre Werheimer“ во Лион – Францијакај проф. др Клод Лапра. За време на повеќемесечниот престој ги осознава и современите трендови наневрохирургијата, особено микрохирургијата. Имаапсолвирано три курса од областа на детската неврохирургија во Лион, 1996 година, Грац, 1997 година иВирзбург, 1998 година, како и сертификат на Европското здружение за детска неврохирургија (ESPN).Член е на Европското здружение за детска неврохирургија (ESPN). Во 1998 година воМајнц, Германија,кај проф. дрПерницки се стекнал со диплома за работа во ендоскопската неврохирургија. Со свои изаеднички трудови учествувал на повеќе домашни истрански конгреси и симпозиуми. Со успех учествувалкако истражувач во големите меѓународни мултицентрични студии "S.T.I.C.H I. STICH II” и “Surgical trail inintracerebral haemorragie" со седиште во Оксфорд –Англија.
Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2011година.
20 Универзитетски весник бр. 1 52
Д-Р ВЛАДИМИРМИРЧЕВСКИМЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ
ВладимирМирчевски е роден на 9.9.1961 годинаво Скопје. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, а дипломирал наМедицинскиотфакултет при Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ воСкопје. Се вработил на Уролошката клиника во 1988година, од каде што подоцна бил префрлен наНеврохируршката клиника при ЈЗО Клинички центар воСкопје. Во 1989 заминал на специјализација по неврохирургија на Универзитетот „Клод Бернард” во Лион,Франција, и работел како специјализант наНеврохируршката клиника Б на проф. др Claude Lapras. Специјализирал во Лион, во 1994 година. Од 1994 годинаработи на Неврохируршката клиника при ЈЗО Клинички центар во Скопје. Др ВладимирМирчевски билизбран за помлад асистент по предметот хирургија во1991 година, и бил вклучен во изведувањето на практичната настава по предметот хирургија за студентитепо медицина и стоматологија. За асистент по предметот хирургија бил избран во 1995, а реизбран во 1998година. Во звањето доцент по предметот хирургија билизбран во 2000, а за вонреден професор во 2006 година. Како вонреден професор учествува во наставатапо предметот хирургија, клиничко испитување и првапомош за студентите по медицина и наставата по хирургија за студентите по стоматологија. Во текот наосновното и средното образование покажувал склоносткон природните науки и биологијата. Бил вклучен водвижењата „Наука на младите” и „Млади истражувачи”, при што освојувал градски, републички исојузни награди на натпреварите од областа на биологијата. За време на студиите активно бил вклучен воНаучниот студентски клуб „Проф. др Димитар Арсов”,учествувајќи на повеќе состаноци и во меѓународнатаразмена на студенти и престојувал еден месец на хируршкото одделение во “Shubra hospital” во Каиро,Египет. Магистерскиот труд под наслов Евалуација напридонесот на блеомицин во третманот на цистичниот тип краниофарингиом кај децата го одбранил во 1995 година, а докторирал со одбрана надокторската дисертација под наслов Компаративнаанализа на ефектите на директна фенестрација наарахноидалните цисти на конвекситетот на мозокот и имплантација на шант дренажа во 1999 година. Бил акредитиран за испитувач – член наИспитнакомисија за спроведување на стручниот испит наздравствените работници со високо образование приЛекарската комора на РепубликаМакедонија и учествува во испитните комисии за специјалисти по хирургија. До изборот за вонреден професор по предметотхирургија, др ВладимирМирчевски има објавено 73трудови.
Својата специјалистичка едукација ја завршил наУниверзитетот „Клод Бернард“ во Лион, Франција,активно бил вклучен во работата на Здружението наневролозите и невропсихијатрите од Лионската регијаи Здружението на неврохирурзите од француското говорно подрачје. Станал носител на Орден на градотЛион и се здобил со почесна диплома на Комитетот заинтеруниверзитетски врски на Универзитетот „КлодБернард“ во Лион, Франција. Завршил четиригодишенциклус на постдипломски студии по неврохирургија,организирани од Европската асоцијација на неврохируршки здруженија, и тригодишен циклус на постдип
ломски студии по детска неврохирургија, организирани одМеѓународното здружение за детска неврохирургија. Станал дописен член на Здружението наневрохирурзите од француското говорно подрачје, а сорецензија е избран за член наМеѓународното здружение за детска неврохирургија, Европското здружениеза детска неврохирургија и на Американскиот конгресна неврохирурзи. Претседавал два пати со сесии подетска неврохирургија на 11. Европски конгрес за неврохирургија во септември 1999 во Копенхаген, Данска,и на Четвртиот конгрес на неврохирурзите од црноморскиот регион, одржан во Кишињев, Молдавија, војуни 2003. Добитник е на посебна плакета на Светскатафедерација на неврохируршки здруженија (WFNS) иносител е на златен медал за РепубликаМакедонија наАмериканскиот библиографски институт, цитиран воедна меѓународна енциклопедија, вовел една новаоперативна метода, како и учесник е во проект од областа на екологијата.
Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2011година.
Д-Р СЛОБОДАН РИСТОВСКИМЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ
Слободан Ристовски е роден на 3.3.1958 годинаво Ужице, Р. Србија, каде што и го завршил основнотообразование. Средното гимназиско образование го завршил во Скопје. Дипломирал во 1983 година наМедицинскиот факултет во Скопје. Во 1985 година севработил како лекар на Клиниката за хируршки болести при Градската општа болница во Скопје, во РЕУрологија. Специјализацијата по урологија ја завршилво 1992. Во 1999 година ја одбранил докторската дисертација со наслов: Вредноста на простатичен специфичен антиген во рана дијагноза, определување на стадиумот и следењето на карциномот напростата, на Медицинскиот факултет во Скопје. Запомлад асистент бил избран во 1992 година, а во истото звање бил реизбран во 1996 и 1999 година. Во2001 година бил избран за доцент по предметот општахирургија, а во 2006 година бил избран за вонреденпрофесор по предметот хирургија. Бил вклучен во изведувањето на практичната настава на студентите помедицина уште во текот на неговата специјализацијасѐ до изборот за помлад асистент по предметот општахирургија во 1992.Има одговорен однос кон практичната настава и кон помладите колеги и студенти. Какодоцент по предметот хирургија од 2001 година, а потоаи како вонреден професор од 2006 година, активноучествува во изведувањето на теоретската и практичната настава по хирургија за студентите по медицина,стоматологија, радиолошките технолози и високитемедицински сестри и техничари, како и во едукацијана специјализантите по општа хирургија, урологија игинекологија. Исто така, во овој период активно евклучен во изведувањето на постдипломските студиии во менторирањето на магистерски трудови. Активноучествува во изведувањето на практични и теоретскииспити по хирургија за студентите по општа медицинаи стоматологија.
21Универзитетски весник бр. 1 52
Др Слободан Ристовски учествувал на стручни инаучни собири во повеќе европски земји. Објавил ипрезентирал 70 стручни и научни труда и коавтор е надве монографии. Раната дијагноза и третманот на карцином на простата му е од особен интерес. Активноучествувал на повеќе меѓенародни конгреси, и тоа во:Монтреал, Стокхолм, Белград, Истанбул, Берлин, Милано, Барселона, Атина, Струга, Солун и Сараево.Учесник е во студијата ”Ibondronate во терапија наболка кај пациенти со карцином на простата и коскениметастази”, под раководство на проф. дрЖ. Попов,како и на GPIU Study (Global Prevalence Study on Infections in Urology) од Европската уролошка асоцијацијаза интрахоспитални инфекции. Завршил меѓународникурсеви од областа на онколошката урологија, ендоурологија и лапароскопија во Стокхолм, Берлин иБарселона. Бил член наНаучен одбор на II балканскиуролошки конгрес и на двата македонски уролошкиконгреса, како и член наМакедонската, Балканската,Европската и Светската уролошка асоцијација.
Др Слободан Ристовски посетувал повеќе постдипломски курсеви во организација на Европската и Светската уролошка асоцијација (EAU и SIU).Престојувална Уролошката клиника во Софија, Салцбург, Белгради Загреб. Активно бил вклучен во повеќе работни тела,комисии и други органи од областа што е тесно поврзана со неговото поле на работа.
Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2011година.
Д-Р ЕЛИЗАБЕТА АНГЕЛОВАФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА
Елизабета Ангелова е родена на 28.6.1965 годинаво Скопје. Основното и средното образование го завршила во Скопје. Дипломирала наПриродноматематичкиот факултет, биохемискофизиолошка насока во1987 година. По дипломирањето се вработила какоасистент на Земјоделскиот институт во Скопје.Магистрирала во областа на молекуларната биологија наПриродноматематичкиот факултет при Универзитетот во Загреб, со одбрана на магистерскиот труд сонаслов Дејствување на метотрексатот на растителните клетки во услови ин виво и ин витро, во1991 година. Учествувала во формирањето и работатана Лабораторијата за растителни ткивни култури наЗемјоделскиот институт во Скопје. Во 1997 година била избрана во звањето научен соработник, а во тој период раководела со повеќе домашни и меѓународнипроекти. Докторската дисертација Студија на гиногенезата и влијанието на микоризата ја одбранила наБиотехничкиот факултет на Универзитетот воЉубљана во 1997 година. Остварила повеќе студиски престоина Универзитетот воЉубљанаСловенија, Универзитетот во АнтверпенБелгија, како и воЦентарот за генетско инженерство и биотехнологија во Трст –Италија.
Др Елизабета Ангелова била избрана за национален координатор на повеќе проекти од областа наземјоделството, финансирани од ФАО. Како дел од
тимот учествувала во преговорите за членство на РепубликаМакедонија во СТО. Ја претставувала нашатадржава на Комисијата за одржлив развој на Обединетите нации воЊујорк. Во истото својство учествувалаи на 6. Конференција на Конвенцијата за биолошкаразновидност. Како делегат од РепубликаМакедонија,кандидатката е член на Програмскиот комитет наФП7програмата на Европската унија. Од 2010 година,член е на Хелсинхшката група за жените и науката.
Во звањето доцент по предметот екологија, на Земјоделскиот факултет била избрана во 2001 година, а возвањето вонреден професор во 2006 година.
Др Елизабета Ангелова успешно ја изведува наставата на прв циклус студии на Факултетот за земјоделски науки и храна по предметот екологија на сите студиски програми, како и на дисперзираните насоки поградинарство и цвеќарство, сточарство и преработкана земјоделски производи во Струмица и наставата поистиот предмет на дисперзираната насока по производство и преработка на тутун во Прилеп. Успешноучествува во реализацијата на наставата на втор циклус студии на Факултетот за земјоделски науки и хранаво Скопје, на студиската програма по менаџмент наприродните ресурси и животната средина во земјоделството. Др Елизабета Ангелова е вклучена во наставата на втор циклус универзитетски студии и на Земјоделскиот институт, каде што ја изведува наставата попредметните програми екологија и одржлив развој.Била ментор на повеќе дипломски работи и член вокомисии за одбрана на повеќе дипломски работи. Воовој период, кандидатката остварила голем број консултации со студенти на прв и втор циклус студии. ДрЕлизабета Ангелова изготвила интерна скрипта запредавања и е рецензент на еден универзитетски учебник, а била и член во комисија за одбрана на пет докторски дисертации. Во наставнообразовниот процесвклучува интерактивна настава, семинарски работи,како и внесување на позитивни искуства.
Др Елизабета Ангелова има објавено 34 научнитрудови, а од изборот во звањето вонреден професор,објавила 18 научни трудови. Трудовите се публикуваниво домашни и странски научни списанија, а дел сепрезентирани на домашни и странски конгреси исимпозиуми. Раководела со повеќе меѓународни инационални проекти, а вршела различни дејности одпоширок интерес. Била член на Работната група заизготвување на Националната програма за агроеколошки мерки наМинистерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Др Елизабета Ангелова евклучена во изработката на елаборати за географскопотекло на вината и инвестициони програми во делотшто се однесува на еколошките услови, како фактор зауспешно лозарско и винарско производство. БилаЦЕЕПУСкоординатор и ЕРАСМУС МУНДУСкоординатор од Факултетот за земјоделски науки и храна наУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, претседател на Комисијата за меѓународна соработка наФакултетот за земјоделски науки и храна, како и претседател на Комисијата за систематизација на работниместа на Факултетот. Кандидатката е член на повеќекомисии на Универзитетот и на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
Во звањето редовен професор била избрана на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2011година.
22 Универзитетски весник бр. 1 52
Слободан Банџо е роден на 6.3.1958 година воСкопје. Основно и средно образование завршил воСкопје. Во 1981 година дипломирал на Земјоделскиотфакултет во Скопје. Во 1982 година бил договорно вработен во Институтот за заштита на растенијата приЗемјоделскиот факултет во Скопје, каде што по отслужувањето на воениот рок, повторно бил вработен во1984 година. Во 1985 година бил избран за помлад асистент по предметот ентомологија на Земјоделскиотфакултет во Скопје. Во 1989 година, на Земјоделскиотфакултет во Скопје, го одбранил магистерскиот трудпод насловШтетна ентомофауна на маслодајнатарепка во СРМакедонија со посебен осврт наMeligethes aeneus Fabr. Од вработувањето воИнститутотза заштита на растенијата при Земјоделскиот факултетво Скопје до 1990 година учествувал во тековнатаработа и во научните теми од областа на ентомологијата работени во овој период. Во периодот од 1986 до1990 година учествувал во изведувањето на вежбите иколоквиумите на предметот земјоделска ентомологијана поледелската и на градинарскоцвеќарската насокана Земјоделскиот факултет во Скопје. Во 1991 годинабил избран за асистент по ентомологија во Заводот зазаштита на растенијата при РО Земјоделски институтво Скопје, а во 1995 година бил реизбран во истото звање. Од 1994 година почнал да работи на воведувањебиолошка борба против штетните инсекти во оранжериите во РепубликаМакедонија. Како резултат на овааработа, биолошката борба започна практично да сеприменува во дел од оранжериите во Републиката. Во1999 година ја одбранил докторската дисертација поднаслов Бадемов семејад (Eurytoma amigdaly) биологија и распространетост воМакедонија, со посебен осврт на осетливоста на сортите, на Земјоделскиот факултет во Скопје.
Др Слободан Бамџо во 1999 година бил избран возвањето научен соработник во Одделението за заштитана растенијата при ЈНУ Земјоделски институт во Скопје. Во 2005 година бил избран во звањето виш наученсоработник, а во 2002 година бил назначен за помошникдиректор во Одделот за овоштарство, за во 2003година да биде назначен за директор на ЈНУ Земјоделски институт, која функција ја извршувал до 2008година. Во 2009 година бил именуван за раководителна Одделението за заштита на растенијата.
Др Слободан Банџо активно учествува во извршувањето на научната, стручната и апликативната работана Институтот, раководејќи и работејќи во повеќепроекти. Учествувал на повеќе симпозиуми и советувања со свои и со заеднички излагања од областа наентомологијата. Тој стручно се усовршувал во странство.
Др Слободан Банџо бил вклучен во наставнатадејност на Земјоделскиот факултет, како асистент воизведувањето на вежбите и колоквиумите на предметот земјоделска ентомологија на поледелската и наградинарскоцвеќарската насока. По дезинтеграцијатана Земјоделскиот факултет и со преминувањето воЈНУ Земјоделски институт, прекинува со наставнатадејност. Во 2004 година бил избран за насловен наставник на Земјоделскиот факултет во Скопје на пред
метите биолошка борба и непестицидни мерки за заштита на растенијата и специјална зоологија (деловите:акарологија и нематологија). Од 2008 година, со акредитирањето на магистерските студии за одржливоземјоделство во Земјоделскиот институт, вклучен е иво наставниот процес од вториот степен на предметитезаштита на растенијата во органското земјоделство,интегрална заштита на растенијата, пазарни стратегииво интегралното производство и пазарни стратегии воорганското производство. Исто така, вклучен е и вонаставата од втор степен на магистерските студии пофитомедицина на Факултетот за земјоделски науки ихрана во Скопје.
Др Слободан Банџо активно учествувал во извршувањето на научната, стручната и апликативнатадејност на Земјоделскиот институт во Скопје. Учествувал во работата на Извештајнопрогнозната службавоМакедонија, соработувал со стопанските субјекти, абил вклучен и во биолошките испитувања за утврдување на ефикасноста на инсектицидите, вршејќи издравствени прегледи на семенски и посадочен материјал. Учествувал на повеќе научни конгреси, симпозиуми, советувања, семинари и работилници во земјата и во странство. Бил раководител и учесник во повеќе домашни и меѓународни проекти. Покрај тоа штоучествувал во работата на повеќе комисии, управниодбори и работни групи, тој бил рецензент на повеќестручни и научни трудови за списанието ,,Заштита нарастенијата“ гласило на Здружението за заштита нарастенијата, како и автор или коавтор на повеќе научни и стручни трудови, а има објавено и брошури иупатства од областа на заштитата на растенијата.Научноистражувачката и стручната работа на кандидатот опфаќа деветнаесет (19) објавени трудови одобласта на ентомологијата и заштитата на растенијата.
Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 16.2.2011година.
Анета Л. Бучковска е родена на 15.8.1964 годинаво Скопје, каде што ги завршила основното и среднотообразование. Студиите на насоката информатика наПриродноматематичкиот факултет во Скопје ги завршила во 1987 година. Како студент го претставувалаФакултетот на повеќе државни средби.НаПриродноматематичкиот факултет во Скопје во 1995 година, гоодбранила магистерскиот труд со наслов Конвергенција на функција на распределба и карактеристична функција, а во 2000 година, наИнститутот заматематика на Универзитетот воНови Сад, ја одбранила и докторската дисертација со наслов Хилбертова и билинеарна Хилбертова трансформација, подменторство на акад. др СтеванПилиповиќ.
Во 1988 година се вработила како помлад асистентпо математика наИнститутот за математика и физикана Електротехничкиот факултет во Скопје. Во 1995 година била избрана за асистент по предметите од нас
Д-Р СЛОБОДАН БАНЏОЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ
Д-Р АНЕТА БУЧКОВСКАФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАИ ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
23Универзитетски весник бр. 1 52
тавнонаучната област математика на ЕТФ, во 1998година била преизбрана во истото звање, во 2001година била избрана во звањето доцент, а во 2006година била избрана за вонреден професор. Како помлад асистент и асистент држела аудиториски вежбипо предметите: математика 1, математика 2, математика 3, математика 4 и математички методи во техниката, како и лабораториски вежби по предметотматематички методи во техниката. Како доцент ивонреден професор држела предавања по предметите:математика 1, математика 2, линеарни трансформации, дискретна математика, веројатност и статистика,математички методи во техниката на студии од првциклус (додипломски) и применета функционалнаанализа, случајни процеси, методи за анализа наподатоци иМонте Карлометод. Била член на СММ,каде што во периодот 199697, и од 2002 до денес бешеи е член на Управниот одбор. Од 2002 година е член наAMS (American Mathematical Society), а од 2005 годинаe член на ISAAC (International Society for Analysis, itsApplication and Computation).
Др Анета Бучковска континуирано настојува да јаунапредува и осовременува наставата по математика.На студиите на втор циклус, на насоката применетаматематика во областа на електротехниката ги држипредметите: применета функционална анализа, случајни процеси, методи за анализа на податоци иМонте Карлометод. Во овој период, од изборот во звањетовонреден професор до денес е и визитингпрофесор наЕкономскиот факултет воПрилеп при Универзитетот„Св. Климент Охридски“, на постдипломските студиипо бизнисадминистрација MBAменаџмент. Во соработка со останатите предметни наставници наФЕИТ, активно учествувала во оформувањето и спроведувањето на предавањата и вежбите по сите предмети од наставната област математика.
Со својот педагошки пристап доста успешно импомага на студентите во нивните напори за полесносовладување на материјата. Своите обврски ги извршува одговорно и принципиелно и покажува солидниорганизаторски способности. Уште со одбраната надипломската работа од областа на теоријата на веројатноста, др Анета Бучковска се определила за научноистражувачка работа во областа на теоријата на веројатноста, дистрибуциите и трансформациите.
Др Анета Бучковска има објавено и презентирано18 научни и стручни трудови. Стручната активност накандидатката др Анета Бучковска е доста забележителна во активностите на Сојузот на математичари наМакедонија (СММ). Во периодот од 2003 до денес епотпретседател на Управниот одбор на СММ. Активноучествувала во организацијата и реализацијата наЧетвртиот конгрес на математичарите наМакедонија,одржан во Струга во 2009 година, како член на Организацискиот одбор. Др Анета Бучковска била биранана повеќе функции, од кои позначајни се: продекан занаука и меѓународна соработка на Електротехничкиотфакултет; продекан за наука и меѓународна соработкана Електротехничкиот факултет; претседател на Комисијата за соработка со универзитетите во земјата иво странство, Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“, Скопје; член на Советот за наука, Министерство за образование и наука на РМ; член на Управниотодбор наМАРНет; член на Советот наИТексперти наМАСИТ.
Во звањето редовен професор била избрана на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 16.2.2011година.
ЈонМагдески е роден на 19.1.1957 година воПрострање. Дипломирал во 1980 година на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје. Во 1982 година билизбран за помлад асистент, а во 1991 година магистрирал со одбрана на магистерскиот труд Математичко моделирање на механичките особини нанискојаглероден и нискомикролегиран челик возависност од термичкиот третман преку планиранексперимент. Во 1992 година бил избран за асистентпо група предмети од областа на физичката металургија, а во 1997 година ја одбранил докторската дисертација Креирање на контролирано порозна структура на високоактивен Al2O3. Во 2000 година билизбран за доцент, а во 2005 година во звањето вонреден професор по предметите: термичка обработка,фазни трансформации, специјални челици и железнилегури и синтерување.
Др ЈонМагдески по изборот за вонреден професордржел предавања и на предмети од професори коизаминале во пензија. Држел настава и на вториот циклус студии. Тој е автор на интерна скрипта по физичкаметалургија 1, како и коавтор на збирка задачи пофизичка металургија 1. Бил ментор на 5 дипломскиработи, како и член на комисии за одбрана на дипломски работи, потоа ментор на магистерски труд ичлен на Комисија за одбрана на магистерски трудови,како член на комисии за одбрана на докторски дисертации. Во научноистражувачката работа внесува современи методи во презентацијата на материјалите соцел да ја направи попристапна за студентите. Тој имаобјавено повеќе научни и стручни трудови во научни инаучнопопуларни списанија, и во зборници на трудови од научни и стручни собири. Во стручноапликативната дејност се гледа неговиот сериозен пристапво решавањето на апликативните проблеми од стопанството. Голем дел од апликативните проекти се поврзани со усвојување на технологии за изработка наразлични машински делови од легиран сив лим запотребите на повеќе индустриски капацитети одобласта на металургијата во РепубликаМакедонија.Тој е член на повеќе сојузи од сферата на неговиотпрофесионален ангажман.
Во звањето редовен професор бил избран на седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 8.2.2011година.
Д-Р ЈОН МАГДЕСКИТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИФАКУЛТЕТ
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр. 9, 1 000 Скопје, Македонија
: +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202
: [email protected] : www.ukim.edu.mk