30
ОСНОВИ НА НОВИНАРСТВОТО И МЕДИУМСКА ПРОДУКЦИЈА

Медиумска писменост - модул 3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Медиумска писменост - модул 3

ОСНОВИ НА НОВИНАРСТВОТО

И МЕДИУМСКА ПРОДУКЦИЈА

Page 2: Медиумска писменост - модул 3

• Информативна• Образовна • Забавна

Општествена и политичка ф-ја

Watchdog – чувар „четврта власт„

• Создавање на јавно мислење (Агенда сетинг вежба)• Општествена акција

Функции на медиумите

Page 3: Медиумска писменост - модул 3

• „Не можете да имате добри весници без демократија, ниту суштинска демократија без весници“.

Алексис де Токвил, француски писател Медиумите се основниот извор на информации, неопходни за луѓето да можат да го организираат својот живот, заедницата во која живеат и целиот општествен систем.

• Дали може да си го замислите животот без ТВ?

УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ И НА НОВИНАРИТЕ ВО ОПШТЕСТВОТО

Page 4: Медиумска писменост - модул 3

• слободата на јавно

изразување

• јавното информирање и слободното основање институции за јавно информирање

УСТАВНО ГАРАНТИРАНИ ПРАВА

Page 5: Медиумска писменост - модул 3

ЗАДАЧА 1

• Анкета: што е новинарот?

Page 6: Медиумска писменост - модул 3

• точна информација• најсоодветен извор• непристрасно известување• „глас на јавноста“ и

противтежа на власта

ДОЛЖНОСТИ НА НОВИНАРИТЕ

Page 7: Медиумска писменост - модул 3

„Работата на новинарите е да им го прават животот пријатен на оние со проблеми и да им го прават проблематичен на оние на кои им е удобно“.

Финли Питер Дјун, американски

писател

КОЈ/ШТО Е НОВИНАРОТ?

Page 8: Медиумска писменост - модул 3

• Прибираат/селектираат /проверуваат информации

• Ја кажуваат вистината• Консултираат повеќе страни (експерти,

професионалци, граѓани)• Факти ≠ гласини, мислења• Независни од партии, влади, економски

и политички центри

ОД ШТО СЕ СОСТОИ РАБОТАТА НА НОВИНАРОТ?

Page 9: Медиумска писменост - модул 3

ЗАГУБЕНО КУЧЕ 50 долари награда Има три нозе Слепо на левото

око Нема десно уво Има скинат опаш

Се одѕива на името Лаки

Што е медиумски вреден настан?

Page 10: Медиумска писменост - модул 3

• Новост• Влијанието на информацијата врз

граѓаните• Елементи на драма, конфликт,

скандал, трагедија, корупција...• ЧОВЕЧКИ ПРИКАЗНИ• Локално или глобално значење• Приказни за славните и познати

личности

Што е медиумски вреден настан?

Page 11: Медиумска писменост - модул 3

ШТО Е ВЕСТ?

„Вест е се што ќе го натера читателот да каже: ’а бе ајде’.“

Артур Мекјуан, уредник

• Се што претставува новост• Сето она што не сте го знаеле вчера• Она за што луѓето зборуваат• Што сакаат читателите да знаат• Извештај за еден настан• ИНФОРМАЦИЈА ШТО ВРЕДИ ДА СЕ ОБЈАВИ

• Вежба: Анализа на весници

Page 12: Медиумска писменост - модул 3

ШТО Е ВЕСТ?

ТРАЈАНОВСКИ: „ЌЕ СТАНЕМЕ

МЕТРОПОЛА“

Извор: Дневник, 10.02.2010

СЕ РОДИ СИН НА ШЕХЕРЕЗАД И ОНУР Извор: Вест, 10.02.2010

Page 13: Медиумска писменост - модул 3

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВЕСТА• Новост: „Во Скопје ќе се гради Ајфелова кула“

• Влијание: „Под урнатините на Хаити исчезнати 200.000 лица“

• Блискост: „Авионска несреќа во Русија“ ИЛИ „Двајца загинати во сообраќајка во Битола“

• Истакнатост: „Мекици од Груевски само за дел од амбасадите“

• Необичност: „Совршено бебе од епрувета“

• Конфликт: „Тепачка во Собранието“

Page 14: Медиумска писменост - модул 3

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВЕСТАСовршено бебе од епруветаПутин на риболов

Page 15: Медиумска писменост - модул 3

• КРАТКО, БРЗО И ЈАСНО

ЈАЗИКОТ НА МЕДИУМИТЕ

Page 16: Медиумска писменост - модул 3

• Златно правило: Најмалку два меѓусебно независни извора

• Анонимни извори

ИЗВОРИ НА ИНФОРМИРАЊЕ

Page 17: Медиумска писменост - модул 3

КАКО ПИШУВААТ НОВИНАРИТЕ?

• Најважното напред! ИЛИ Правило на превртена пирамида

• Два примера

а) „Вчера во 15 часот, на автопатот Скопје-Велес, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа две лица на возраст од 18 години.“

б) „Двајца тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје-Велес, вчера во 15 часот.“

Page 18: Медиумска писменост - модул 3

• Глава на веста („лид“) Двајца старци се тешко повредени во пожар, во кој целосно

изгоре куќа во скопската населба Ѓорче Петров, вчера во 11 часот.

• Поддржувачки фактиИлија Петров (78) и неговата сопруга Трајанка Петрова (68) добиле изгореници од втор степен по рацете и телото додека се обидувале самите да го изгаснат пожарот со кофи со вода. Соседите незаинтересирано ги гледале и ги очекувале пожарникарите. Настраданите не се во животна опасност, но се задржани на болничко лекување.

СТРУКТУРА НА ТЕКСТОТ

Page 19: Медиумска писменост - модул 3

• Парафраза/атрибуција:

Истражниот судија Милан Радевски соопшти дека пожарот избувнал поради дотраени електрични инсталации.

• Цитат:

„Во мојата кариера сум бил на увид на десетици пожари и никогаш не сум видел луѓето вака немо и незаинтересирано да ја гледаат трагедијата на своите соседи”, вели тој.

• Бекграунд:

Ова е трет пожар за две недели на улицата „Мис Стон“.

• Секундарна тема:

Претставник на осигурителната компанија „Вардар осигурување” вели дека ќе го тужат „Електро Скопје” поради нередовно одржување на главниот електричен вод.

Page 20: Медиумска писменост - модул 3

• Кој?

• Што?

• Кога?

• Каде?

• Како?

• Зошто?

ПРИНЦИП „ШЕСТ ПРАШАЊА“

Page 21: Медиумска писменост - модул 3

Весникот кажува, телевизијата покажува, а онлајн медиумот кажува, покажува и дополнително овозможува интеракција.

Редакција: репортери, уредници, фотографи, сниматели, монтажери, презентери, реализатори...Наслови, фотографии и илустрацииЗвук и слика Онлајн

Пример: Прилог „Код“Вежба: Уредувачка политика

КАКО СЕ ПОДГОТВУВААТ ВЕСТИ?

Page 22: Медиумска писменост - модул 3

Редакцијата - местото каде се подготвуваат вестите.

• внатрешна редакција, • надворешна редакција, • специјализирани редакции, како спорт,

економија, култура и друго.

КАКО СЕ ПОДГОТВУВААТ И УРЕДУВААТ ВЕСТИ?

Page 23: Медиумска писменост - модул 3

Структура на редакцијата

Page 24: Медиумска писменост - модул 3

• Некои од новинарите во весниците текстовите ќе треба да ги илустрираат со фотографии, мапи, табели и графикони. Новинарите во радио со монтажер ги склопуваат оф тонот и звучните парчиња, а оние во телевизија оф тонот, звучните парчиња и видеото, а ако треба ставаат и графичка илустрација, која претходно ја изработиле со графички дизајнер.

КАКО СЕ ПОДГОТВУВААТ И УРЕДУВААТ ВЕСТИ

Page 25: Медиумска писменост - модул 3

• Финалните приказни во весникот се редат според редоследот што го предвидел уредникот на денот и весникот се печати. Додека приказните на радио и телевизија се емитуваат според сценарио што го подготвил уредникот на денот. Најавите во вестите ги чита презентер, а емисијата технички ја реализира реализатор.

КАКО СЕ ПОДГОТВУВААТ И УРЕДУВААТ ВЕСТИ

Page 26: Медиумска писменост - модул 3

ДВА ПРИМЕРА

• ТВ А1

•ТВ Сител

УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА

Page 27: Медиумска писменост - модул 3

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСЗадача 1: Што е вест? (препорачано за II година средно)

Опис на задачата:Наставникот ќе им покаже на учениците неколку примери на вести. Учениците треба да ја изберат информацијата со поголема вредност за вест и да објаснат зошто ја избрале (неколку примери следат).

1. А. Полицијата се уште ги истражува причините за пожарот во театарот во кој загинаа двајца.Б. Полицијата го истражува убиството на еден тинејџер што се случи денеска. (веста содржи новост)

2.А. Банките почнаа да одобруваат поволни кредити за граѓаните. (влијание - засега повеќе луѓе)Б. Индексот на Македонската берза порасна за 5 отсто.

3.А. Пет тинејџери од вашето соседство се затруле од печурки и се задржани во градската болница. (блискост според местото на живеење и возраста на учениците)Б. Петмина граѓани во Литванија умреле од отровни печурки.

Page 28: Медиумска писменост - модул 3

4.А. Глумицата Анџелина Џоли пристигна во вашиот град на премиерата на нејзиниот најнов филм. (истакнатост – актуелната популарна актерка привлекува повеќе внимание)Б. Поранешната шефица на американскиот Стејт департмент ќе одржи предавање на универзитетот во вашиот град.

5.А. Во матичната служба во Скопје денеска се венчаа 7 млади парови.Б. Двајца млади денеска се венчаа во балон над градот. (необичност)

6.А. Оваа сезона се очекува навалица од туристи во Македонија.Б. Двајца туристи се убиени во близината на македонската граница со Грција. (конфликт – лошата вест подобро се продава)

Теми за дискусија: Кои карактеристики ги поседува веста?Според вас, како би ја дефинирале веста?Наведете една од карактеристиките на веста и објаснете како таа определува дека приказната ќе се објави.

Цел на задачата: Преку овие активности учениците ќе разберат:→ Зошто некои вести заслужуваат да бидат на насловна страница или објавени во медиумите→ Кои се одликите на медиумски важните вести

Page 29: Медиумска писменост - модул 3

http://www.vs.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=179&lang=mk

УЧЕНИЦИТЕ ВО АКЦИЈА

Page 30: Медиумска писменост - модул 3

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО

http://mediumskapismenost.edu.mk