11
(општ план на градбата на нервниот систем)

Нервен систем- градба

Embed Size (px)

Citation preview

(општ план на градбата на нервниот систем)

Нервниот систем е изграден од централен и периферен дел.

1.Централниот нервен систем се состои од: ‘рбетен и черепен мозок, додека

2.Периферниот нервен систем го сочинуваат:сите нерви кои носат нервни импулси од органите до черепниот или рбетниот мозок и ганглиите.

Во зависност од начинот на регулирањето на физиолошките процеси тој е поделен на

а) цереброспинален дел, кој опфаќа 12 пара главени(мозочни) нерви и ганглии и 31 пар рбетни(спинални) нерви и гангии.Познат е уште како соматски бидејќи ги контролира и усогласува функциите на скелетните мускули,свесните физиолошки процеси.

б) вегетативен дел, кој е изграден од вегетативни ганглии и нерви. Се нарекува вегетативен затоа што ги регулира и координира неволевите активности на виталните органи.

Вегетативниот нервен систем се состои од: симпатички дел и парасимпатички дел

Невроните се основни единици во градбата на нервниот систем. Нервните кетки се одговорни и за спроведување на електро хемиски пораки(импулси) низ телото на човекот.

Постојат 3 типа нервни клетки:1. Сензитивни неврони, кои пренесуваат нервен

импулс од рецепторните клетки до рбетниот или черепниот мозок;

2. Интерневрони, кои ги пренесуваат нервните импулси од рбетниот до черепниот мозок и спротивно и

3. Моторни неврони,кои ги пренесуваат нервните импулси од рбетниот и черепниот мозок до ефекторните органи.

Нервната клетка се состои од: тело на нервна клетка (nevrocit) со јадро во

невроплазмата, кое заедно со дендритите ја градат сивата маса од нервното ткиво;

дендрити- куси продолжетоци кои ги собираат нервните импулси од една или повеќе соседни клетки и ги спроведуваат до телото на нервната клетка;

аксони(нервни влакна или неврити), кои ја сочинуваат белата маса од нервното ткиво и учествуваат во спроведувањето импулси на големо растојание.

Аксоните имаат неколку карактеристики: содржат јони на натриум и калиум, а

трансмисија на електро-хемиските сигнали на поввршината аксоните имаат Шванова

обвивка која наизменично се стеснува и формира Ranvier-ови стеснувања. Таа продуцира миелин. Нервните влакна, кои содржат миелинска обивка се бели, наречени миелински.Амиелинските нервни влакна се сиви по боја и содржат само Шванова обвивка.

завршуваат со синаптички меурчиња, кои ослободуваат хемиски материи-невротрансмитери (овозможуваат пренос на нервниот импулс).

Изработила:

Марија Ложанкоска III год.

СОУ „Нико Нестор“ Струга

ментор: проф. Нела Најдоска Василевска