11
Манипулација со гените - генетички инжињеринг 1. Поим за генетички инжињеринг - тоа е процес на пренесување на оделни гени од клетките на една на клетките на друг организам со цел да се подобрат својствата на домаќинот 2. Притоа постојат: *генско, *хромозомско и * геномско инжињерство

генетички инжињеринг

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: генетички инжињеринг

Манипулација со гените- генетички инжињеринг

1. Поим за генетички инжињеринг- тоа е процес на пренесување на оделни гени од

клеткитена една на клетките на друг организам со цел да се

подобрат својствата на домаќинот 2. Притоа постојат:

*генско, *хромозомско и * геномско инжињерство

Page 2: генетички инжињеринг

Поим за генетички инжињеринг

Генетички инжињеринг (технологија на рекомбинирана ДНК) опфаќа метод на вештачко образување на нови комбинации на наследниот материјал. Процесот се остварува преку клонирање на гени со преносители –плазмиди

Фактот дека генетичкиот код е универзален овозможува да генетичкиот материјал од еден организам се пренесува во друг при што се добива организам со поинаква комбинација на гени чија ДНК се вика хибридна (рекомбинирана) кој во природата нормално никаде неможе да се сретне.

Page 3: генетички инжињеринг

Примена на генетичкиот инжињеринг*земјоделство

Производство на азотофиксаторни микроорганизми кои ќе живеат со житните

растенија а кои се изолирани од легуминозните растенија и имаат можност за фиксација на

атмосферскиот азот

Page 4: генетички инжињеринг

Примена на генетичкиот инжињеринг*земјоделство

Најпознатите растенија првата генерација на генетско модифицирани организми (ГМО) се пченкат, памукот, сојата во кој е вграден бактериски ген. Благодарение на тој внесен ген овие растенија можат да продуцираат отров кој ги штити од штетни инсекти. Таквите растенија немора да се прскааат со инсектициди кој се штетни по здравјето на луѓето.

Page 5: генетички инжињеринг

Примена на генетичкиот инжињеринг*земјоделство

Со помош на генетичкиот инжињеринг се произведуваат и растенија кои се користат во

човековата исхрана и кои даваат подобри приноси, порано созреваат, имаат поголема хранлива вредност, подолго траат и поубаво

изгледаат. Со тоа се произведува доволно количини на храна која е поефтина и се

решава глобалниот проблем со недостиг на храна.

Page 6: генетички инжињеринг

Примена на генетичкиот инжињеринг*ветерина

Во ветерината г.и. има примена за добивање на домашни животни со

големи приноси пр. првата клонирана овца Доли која ги содржи најквалитетните гени и има голем

принос на млеко, месо,волна.....

Page 7: генетички инжињеринг

Примена на генетичкиот инжињеринг*медицината

Оваа метода наоѓа примена и при производството на бактериски инсулин – хумулин. Суштината на оваа технологија се состои во тоа што човеков ген за инсулин се вградува во плазмиди на бактериската клетка и бактериите под влијание на тој ген ќе произведуваат хуман инсулин.

Page 8: генетички инжињеринг

Примена на генетичкиот инжињеринг*медицината

Биолошките истражувања на оваа техника се однесуваат воглавно на запознавање на структурата и функцијата на гените за да тие знаења практично се применат во корист на човекот. Така ГМО пример ешерихија во која се вградени човечки гени произведува хумани протеини за лечење на тешки болести, интерферон (против вирусни заболувања), фактори на коагулација ( за лечење на хемофилија) или различни вакцини. На почеток сме на т.н. генетска терапија која во иднина ќе биде вообичаен начин на лечење на заболените кои имаат оштетени гени кои би биле заменети со нормални –неоштетени.

Page 9: генетички инжињеринг

Примена на генетичкиот инжињеринг- екологија

Добивање на нови соеви на микроорганизми со својства за разложување на нафтата и нејзините

деривати кои ја загадуваат водата при најразлични хаварии на танкерите

Page 10: генетички инжињеринг

Примена на генетичкиот инжињеринг- екологија

Посебен интерес на научниците привлекоа растенијата и микроорганизмите кои имаат способност да ги впиваат и преработуваат отровните материи од почвата. Таквите растенија се обработуваат генетички, растат брзо и впиваат поголема количина на отровни материи. Такво најпознато растение е сончогледот кој може да го впива и преработува оловото од почвата, а меѓу бактериите се издвојуваат видови кои ги разградуваат радиоактивните супстанции. Значењето на вакви генетско модифицирани бактерии и растенија е огромен посебно ако се знае фактот дека радиоактивниот отпад е еден од главните проблеми на современата технологија.

Page 11: генетички инжињеринг

Зошто не за генетички инжињеринг

- злоупотреба на генетичкиот инжињеринг- производство на биолошко оружје- осиромашување на растителниот и животинскиот свет (биодиверзитетот)- од употреба на ГМ храна можна е појава на алергии