Remont na masini tr

Preview:

Citation preview

Дефектите се појавуваат на сите делови од TR со одредено повторување. Следната статистика е направена со обработување на 47000 дефекти кај TR во текот на една година. Дефектите се поделени според деловите од TR за кои се претпоставува дека го предизвикале дефектот.

Иако некои делови предизвикуваат почести дефекти (рег.склопка) тие се со помали последици од некои делови кои поретко предизвикуваат дефекти (проводници, намотки).

Дефектите на рег. склопка се најчести, па затоа е пожелно да се врши постојан надзор со мерење на моментот или моќноста на моторот кај склопката, најчесто при преклопување на нејзините положби кое отприлика трае 5 сек. Овој дефект може да се избегне со мерење на температурата на маслото во котелот на склопката која се споредува со темп. на маслото во котелот на ТР и на тој начин се гледа дали доаѓа до зголемено загревање во склопката.

Дефекти на намотките - зависат од тоа дали намотката е споена во ѕвезда со заземјено ѕвездиште или е споена во триаголник. Струјата при дефект на намотка врзана во ѕвезда зависи од вредноста на импедансата на заземјување, како и од растојанието на кое се случил дефектот од неутралната точка.

Дефекти на намотките – Битно е постојано да се има надзор над струјата, бидејќи со нејзино зголемување се зголемува темп. на намотката и се намалува векот на траење на намотката. Струјата се мери со помош на струјни мерни ТР.

Струјата на дефект кај намотките врзани во триаголник е помала.

Дефекти во мрежата и влијанието врз трансформаторот Тие предизвикуваат и одредени проблеми за ТР како дел од мрежата, без разлика на тоа што самиот дефект не се случил на разгледуваниот ТР туку некаде внатре во мрежата.Кратките споеви предизвикуваат релативно големо загревање на собирниците на ТР, а зголемувањето на струјата може да предизвика и додатно загревање на намотките на ТР што доведува до побрзо стареење на изолацијата.

Дефекти на трансформаторскиот сад ( котел)

Загубата на маслото која е предизвикана со протекување од садот ќе доведе до несакани услови за работа поради намалување на изолацијата на намотките или поради прегревање предизвикано од загубата на масло кое служи и како средство заладење.

Дефекти на железното јадро Овие дефекти доведуваат до загревање на јадрото, што понатаму ја оштетува изолацијата на намотката, а и трансформаторското масло губи дел од своите својства. Овие дефекти тешко се откриваат, бидејќи во активен режим на работа доаѓа до загревање на намотките поради зголемување на струјата.

Секој дефект се манифестира на специфичен начин и може да се детектира со промена на одредени параметри. Овие параметри се мерат со помош на сензори или се проценуваат со математички пресметки.

Анализа на гасови потопени во масло – Најчесто се спроведува со периодично земање на примероци од масло (еднаш годишно) и потоа со лабораториски анализи се испитува колкава е концентрацијата на гасови во него (водород, јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, етан, метан, кислород и др)

Со овие сензори се мери вкупната количина на гасови и се дава предупредување ако се тие зголемени или се мери посебно само количината на водород во маслото.

Можно е да се мери и количината на влага во маслото.

Набљудување на температурата – Најзначајна температура е таа на намотката, која може да се мери со посебни светловодни термометри во една точка или во точки низ целата намотка (само кај новите ТР). Најчесто се пресметува математички со земање во предвид на температурата на маслото, вклученоста на пумпите и вентилаторите и сл.

Набљудување на капацитетот на проводниците – Овој параметар e директен индикатор на некој дефект во проводниците.

Дефектите во проводниците настануваат поради навлегување на влага и парцијални избивања. Во случај на дефекти на проводници, можни се експлозии и пожари во ТР, кратки споеви и др. Преку 50% од пожарите се од дефект на проводниците.

Друг параметар кој се мери е струјата и со комбинација од мерењето на температурата овозможува добивање на најтоплата точка на намотката, од што зависи векот на траење на изолацијата на намотката.

Диференцијалната заштита служи за заштита од споеви во внатрешноста на ТР (меѓуфазни кратки споеви, споеви меѓу навивките и пробој на изолацијата кон заземјените делови. Таа работи на принцип на разлика на струите кои влегуваат и излегуваат од ТР. Таа се мери со помош на мерен струен ТР со точно определен однос и кога нема дефект ΔI=0, а во случај кога има дефект се јавува разлика во струите.

Оваа разлика се нагодува да биде 30-40% од номиналната кај регулациските ТР, а 20% кај ТР кои не се регулациски.

Треба да делува доста брзо во случај на дефект (25-40ms) и после нејзиното делување ТР не смее да се пушта се додека не се испита.

Надструјната заштита го штити ТР од преголеми струи кои се последица на кратки споеви во напојуваната мрежа. Се користи трифазен прекуструен релеј приклучен на 3 струјни ТР од страната на напојувањето на ТР. Прекуструјните членови се наместуваат на 1,3-1,5 In , а временскиот член на 0,2-4 секунди. Се користи како резерва на диференцијалната и Бухолцовата заштита.

Надструјната заштита го штити ТР од преголеми струи кои се последица на кратки споеви во напојуваната мрежа. Се користи трифазен прекуструен релеј приклучен на 3 струјни ТР од страната на напојувањето на ТР. Прекуструјните членови се наместуваат на 1,3-1,5 In , а временскиот член на 0,2-4 секунди. Се користи како резерва на диференцијалната и Бухолцовата заштита. Во случај кога ТР се остава да издржи краткотрајни преоптоварување, струјата може да се намести на 1,5-2 In без штетни последици.

Бухолцовата заштита ја користи појавата на гасови кои вообичаено се појавуваат при дефекти во ТР, односно при појава на електричен лак или загревање во него. Оваа заштита може да ги регистрира дефектите уште во нивниот почеток и да сигнализира.

Бухолцовото реле се наоѓа во спојниот цевовод помеѓу котелот и конзерваторот. Се состои од две пловки кои имаат контакти, кои нормално се отворени и се потопени во масло. Кога доаѓа до гасови во маслото, тие се подигаат до горниот пловак и ги затвораат контактите. На тој начин се врши сигнализација за дефект. Кога доаѓа до краток спој се затвораат контактите на долниот пловак и се исклучува напојувањето на ТР.

Оваа заштита е доста брза ( околу 0,1 секунда).

Термичката заштита ја следи температурата на маслото во горните слоеви со помош на контактен термометар, кој има два контакти. Кога температурата на маслото ќе достигне одредена вредност, се уклучува првито контакт за сигнализација на прекумерно загревање. Доколку не се превземат мерки за растеретување на ТР, а температурата и понатаму се зголемува, се затвора вториот контакт кој доведува до исклучување на ТР.

Заштита од преголем напон Пред ТР се вградуваат одводници на преголем напон, кој го намалуваат напонот до вредности кои ТР може да ги издржи. Овие преголеми напони можат да бидат со вредности од 500-1000 kV и можат да доведат до тешки дефекти кај ТР, а се последица од удари на гром во далекуводите или во нивна близина.

Заштита од гром Сите трансформаторски одделенија се изведуваат со инсталација на громобрани.

За време на работата на ТР во погон препорачливо е да се врши контрола на следните параметри:

Напонот на влезната и излезната страна Струјно преоптоварување, т.е. дали ТР е

недозволено преоптертен Температурата на маслото во котелот и

температурата на разладните средства (вода, воздух). Измерената температура на маслото на ТР изграден спрема IEC стандарди не треба да биде повисока од 550C зголемена за температурата на разладното средство. Кај воздушното ладење според тоа би изнесувала 550C + 400C = 950C .

4. Нивото на маслото во конзерваторот5. Електричната пробојна цврстина на маслото

треба да се контролира два пати годишно, кај ТР со снага над 1000 kWA и еднаш годишно кај ТР со снага помала од 1000 kWA .

6. Сушилникот на воздух, т.е. влажноста на средствата за сушење на воздухот ( влажниот силика гел станува црвен, па потребно е да се суши се додека не добие плава боја).

7. Мерење на заземјување – За мерење на отпорот се грижи екипа за заземјување да тоа се изведува правилно, а исто така води документација за мерењата. Треба да се изведува еднаш годишно и екипата издава атест за изведеното мерење.

8. Мерење и читање на електричните големини. Во сите ТР во кои постојат екипи се врши секојдневно читање на напонот, струјата и енергијата. Тие читања ги врши вклопничар, а резултатите се внесуваат во формулари и им се даваат на екипата за мерење.

Во ТР каде што нема постојани екипи мерењата се вршат 4 пати годишно и тоа во : јануари, април, јули и октомври. Мерењата се вршат за секоја фаза посебно. Според техничките можности, екипата за мерење е должна да ги изведува сите мерења за електричните големини за кои ќе има потреба.

9. Контрола на релејната заштита. Оваа контрола ја одржува екипата за релејна заштита. При проверка на секундарните заштити мора да се води сметка за следните работи: најпрво треба да се обезбеди безнапонска состојба, потоа се проверува дали добиените резултати се поклопуваат со оние што биле наместени порано и проверка на исправноста на елементите во релејната заштита. Се проверуваат и преносните односи на струјните мерни ТР, омскиот отпор на струјните кругови, се снимаат карактеристиките на биметалните релеи и се споредуваат со оние на произведителот. Ако не се совпаѓаат треба со помош на електронски волтметри да се изврши корекција на карактеристиката.

Правила за сигурност при одржување и погон на трансф. станици

1. Сите редовни погонски манипулации се дозволуваат да ги врши само стручно оспособен персонал, кој раководи со објектот.

2. Во ќелиите со висок напон работа се дозволува само ако е тоа одобрено од шефот на погонот или неговиот заменик. Водовите за заземјување смеат да се исклучат само со дозвола на погонскиот раководител.

3. Ако во ТР е предвидена работа, одговорното лице треба да ги обезбеди следните мерки:

a) Да се исклучат сите склопки и раставувачи во делот каде што се работи и ТР да се исклучи и од високонапонската и од нисконапонската страна. Само после ова може да се почне со работа на ќелиите.

b) Ако се работи на ниско-напонски полиња, потребно е одводните кабли видно да се одвојат од останатите и да се води сметка да не се појави напон на другата страна на каблите.

c) Да се провери дали сите склопки и раставувачи се исклучени и да се пази некое неповикано лице да не ги уклучи за време на работата.

d) Каблите на страната на високиот напон треба да бидат во безнапонска состојба.

e) После исклучувањето на струјата, потребно е да се заземјат сите делови на кои е предвидено да се работи и да се преспојат со бакарна жица од 25mm2 .

f) Дури после сите овие мерки на претпазливост, одговорното лице дава дозвола за почнување со работа.

4. При повторно уклучување на деловите од ТР потербно е да се предупредат сите вработени и откога ќе се тргнат сите настрана се врши отстранување на врските на заземјувањето.

5. Повторно вклучување се врши кога одговорното лице ќе утврди дека нема никакви предмети или сигурносни врски и дека нема никој во близина на деловите кои ќе се вклучуваат.

6. Помеѓу исклучувањето и повторното вклучување мора да поминат најмалку 3 минути.