42
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА 29 ДЕКЕМВРИ 2014 ГОДИНА ISSN: 1857-8314

Македонска Ризница 29

  • Upload
    -

  • View
    243

  • Download
    12

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Македонска Ризница, бр. 29, декември 2014 година.

Citation preview

Page 1: Македонска Ризница 29

1

Македонска Ризница , бр. 29

МАКЕДОНСКАРИЗНИЦА

29

ДЕКЕМВРИ 2014 ГОДИНА ISSN: 1857-8314

Page 2: Македонска Ризница 29

2 3

Почитувани читатели, со задоволство ви го претставуваме дваесет и деветиот број на електронското списание Македонска Ризница. Во него ќе можете да прочитате еден кус, но интересен текст на Благојче Андонов за учеството на Македонците на соколските игри, како и едно опширно истражување на д-р Јасминка Ристовска Пиличкова за влијанитето на војните врз развојот на народната носија од Битолско-Прилепскиот и Демирхисарскиот регион.

Како и до сега, и во овој број ќе можете да видите прекрасна карикатура на нашиот редовен соработник Никола Анѓелкоски.

Се чини дека овој број е посветен на деветтата уметност. На тема дигиталниот стрип, направивме интервју со доц. д-р Бошко Караџов, за разликата меѓу класичното и дигиталното цртање ќе можете да прочитате во напис на Смиле Цветановски. Наградуваниот македонски стип-сценарист Давор Драмиќанин, специјално за читателите на Македонска Ризница изготви топ 10 листа на омилени македонски стрипови, со што го негираше тврдењето дека во Македонија нема стрип.

Милица Пашовска повторно уреди два написа на тема поезија и проза. Се работи за неколку песни од Викторија Сиљаноска и за расказот Девојчето со стаклени очи на авторката Оливера Ширговска. Во овој број ќе можете да прочитате и превод на напис од NY Times, објавен во 1903 година.

Со почит, АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

издавач на Македонска Ризница

Македонска Ризница број 29декември 2014 година

Уредник:Благојче Андонов

Редакција: Гоце Панговски Сашо ГачевМилица Пашовска

Соработници: Никола Анѓелкоски Јасминка Ристовска ПиличковаБошко КараџовСмиле ЦветановскиДавор Драмиќанин Оливера ШирговскаВикторија Сиљаноска Издавач и дизајн: Александар Стеванов

Page 3: Македонска Ризница 29

3

Македонска Ризница , бр. 29

Во овој број ќе читате:

УЧЕСТВОТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОКОЛСКИТЕ ИГРИБлагојче Андонов ........................................................................................................................................ 04

БЛАЖЕ КОНЕСКИ - ПОРТРЕТ КАРИКАТУРАНикола Анѓелкоски ..................................................................................................................................... 07

ВЛИЈАНИЕТО НА ВОЈНИТЕ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА НАРОДНАТА НОСИЈА Д-р Јасминка Ристовска Пиличкова ...................................................................................................... 08

ИНТЕРВЈУ СО ДОЦ. Д-Р БОШКО КАРАЏОВ; СТРИПОТ ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРААлександар Стеванов .................................................................................................................................. 16

КЛАСИЧНОТО НАСПРОТИ ДИГИТАЛНОТО ЦРТАЊЕСмиле Цветановски ..................................................................................................................................... 24

ТОП 10 ЛИСТА: ОМИЛЕНИ МАКЕДОНСКИ СТРИПОВИДавор Драмиќанин ...................................................................................................................................... 26

ДЕВОЈЧЕТО СО СТАКЛЕНИ ОЧИ - РАСКАЗОливера Ширговска ................................................................................................................................... 30

ПОЕЗИЈА: ВИКТОРИЈА СИЉАНОСКАМилица Пашовска ........................................................................................................................................ 32

ОЧИТЕ НА СИТЕ ВО ЕВРОПА СЕ СВРТЕНИ КОН БАЛКАНОТПревод: Гоце Панговски ............................................................................................................................. 36

Page 4: Македонска Ризница 29

4 5

Мирослав Тирш преку својата идеја се борел за национална слобода на Чесите, од тука соколството се проширило меѓу сите словенски народи, па униформата претставувала спој на повеќе традиционални вредности - кафеави руски чакшири, полска револуционерна јакна, црногорска капа и црвена гарибалдиева кошула... Целта на соколските друштва била и јакнењето на националната свест.

Соколските друштва одржувале слетови, првиот е одржан во 1882 година, потоа слетовите стануваат традиција и во нив земаат учество сè поголем број на словенски народи.

Како учесници се јавуваат и Македонците. Имено во 1912 година се одржала првата

„Сесловенска манифестација“ каде за прв пат како посебен народ учествуваат и Македонците, нивното учество е забележано низ фотографии, односно низ видео запис.

УЧЕСТВОТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОКОЛСКИТЕ ИГРИ

Автор: БЛАГОЈЧЕ АНДОНОВ

Соколското движење е младинско спортско движење, основано во Прага 1862 година од страна на Мирослав Тирш ...

Page 5: Македонска Ризница 29

5

Македонска Ризница , бр. 29

Page 6: Македонска Ризница 29

6 7

Page 7: Македонска Ризница 29

7

Македонска Ризница , бр. 29

Автор: НИКОЛА

АНЃЕЛКОСКИ

ПОРТРЕТ

КАРИКАТУРА

БЛАЖЕ

КОНЕСКИ

Page 8: Македонска Ризница 29

8 9

Воените збиднувања кои во овој бурен историски период се одвивале на територијата на Македонија во првите децении на 20 век и кои биле проследени со масовни миграции на населението, довеле до низа промени во традиционалниот начин на живеење на македонскиот народ. Овие промени негативно се одразиле и врз народниот костум, неговите традиционални форми на оформување и орнаментика, како интегрален дел на традиционалната култура на Македонците.

Соочени со низа реперкусии и недостиг од материјални ресурси, населението во овој период постепено започнало да ги редуцира, а потоа и целосно да ги отфрла традиционалните форми на изработка на носиите и нив да ги заменува со облека карактеристична за модерниот, европски костум. Ваквите дијахрониски процеси најпрво се манифестирале во градските средини

кои биле во поголема мера подложени на современите текови на индустриjализација и на зголемен транспорт на стоки и луѓе. Значаен фактор во трансформацијата на народната носија имало и печалбарството, како особено развиена форма на економска миграција во овој период. Најконзистентно на овој план останало населението од руралните заедници, кое поради својата релативна затвореност и изолација подоцна ги прифатило современите текови на модерниот живот, а со тоа и промените во традиционалниот начин на облекување. Овие промени, започнати уште во периодот непосредно пред Илинденското востание, активно се одвивале за време на двете Балкански војни, па сè до крајот на Втората светска војна, кога доаѓа до целосно напуштање на традиционалните форми на облекување. Сите тие појави негативно се одразиле врз самобитниот и специфичен карактер на

ВЛИЈАНИЕТО НА ВОЈНИТЕ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА

НАРОДНАТА НОСИЈА ОДБИТОЛСКО-ПРИЛЕПСКИОТ И ДЕМИРХИСАРСКИОТ РЕГИОН

Автор: Д-Р ЈАСМИНКА РИСТОВСКА ПИЛИЧКОВА

Page 9: Македонска Ризница 29

9

Македонска Ризница , бр. 29

македонските носии, за што сведоштва ни даваат многубројните етнографски и архивски материјали и музејски предмети, а се однесуваат на целокупната територија на етнoграфска Македонија. 1

Промените што настанале во овој период се одразиле на целокупната машка и женска носија од регионот на битолско и прилепско, и тоа не само во составот на облеката, туку и во начинот на нивната изработка, орнаментика и колоритот. Овие промени првично се манифестирале во машкиот костум, кои очигледно бил пофлексибилен и поподложен на новите влијанија. Значајни сведоштва на овој план ни даваат записите на М. Цепенков, кој како професионален терзија бил непосредно запознаен со сите модни текови и специфики на облекување на своите сограѓани.2 Во своите материјали од „Еснафите во Прилепско“3, тој дава детален опис на сите видови занаети поврзани со изработката на облеката, како и имињата на алатките неопходни за нејзина изработка. Во тој контекст приложува богат описен и илустративен материјал за моделите на машкиот костум и начините за негова изработка4, од што може да се констатираат различните културни влијанија и заемни процеси што се одвивале во оваа сфера од секојдневниот живот на населението од прилепско. Благодарение на неговите записи, како и врз основа на некои други материјали5,

може да констатираме дека непосредно во самиот град опстојувале многу занаетчии, како што се: терзискиот, абаџискиот, ќурчискиот и кожарскиот еснаф, но и френските и азарџиските мајстори, кои паралелно изработувале облека - едните следејќи ги обрасците на ориенталниот костум, а другите француската мода, позната кај народот и како а ла – Турка и а ла – Франка. Паралелно со овие типови костими населението особено од руралните заедници продолжило да ги носи своите традиционални облеки, за што исцрпни сведоштва ни дава еден друг прилепчанец - Ѓорѓи Трајчев, кој во својот труд „Град Прилеп“ детално ги опишал текстилните занаети во градот и начинот на облекување на прилепчаните.6

Покрај овие материјали, значајни докази за начинот на облекување и промените во традиционалната носија на населението од овие региони ни даваат теренските истражувања, најголемиот дел од нив спроведени во 50-тите год. на минатиот век од страна на научните работници на Институтот за фолклор и на Музејот на Македонија. Во прилог ќе го посочиме искажувањето на селаните од Кривогаштани, Прилепско кои велат: „Машките кошули некогаш биле многу повеќе везени од женските. Тие биле „по тавросани“. Се везел корилот, предноците, па и ракавите (два-три прста). Се лозеле, поленеле и везеле шапки со заметушки,

_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________1 К.А. Шапкарев, Русалии, Пловдив, 1884; Македонија во 1913 - La Macedoine en 1913, Музеј на град Скопје- Музеј Алберт Кан, Скопје, Р. Македонија – Булоњ, Франција, 2001; Български народни шевици, 2 дел, Югозападна България и Македония, подготвил: С.Т. Костовъ – Е. Петева, Народен Етнографски музей, София, 1928; Вакарелски Х. - Д. ИвановÍ, ИсториÔ на облÍклото, СофиÔ, 1941; Албум на Български македонски шевици, Райна Руменова, СофиÔ, б.г.; Македонски шевици, кн. I, сoбрала и подредила: Дона Ракарова, СофиÔ, 1931; В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник Скопског научног друштва, књ. XIV, Скопље, 1935, 107- 179; В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ. XV-XVI, Скопље, 1936, 127-208; С. Раичевић, Народна ношња у Скопској Црној Гори, Гласник скопског научног друштва, књ. VII – VIII, Скопље, 1930, 347- 368; Ј. Хаџи-Васиљевић, Кумановска област, Јужна стара Србија: Историска, етнографска и политичка истраживања, књ. 1, Београд, 1909, 295-314; Ј. Хаџи-Васиљевић, Скопље и његова околина: историска, етнографска и културно-политичка излагања, Београд, 1930; Ј. Обремски, Фолклорни и етнографски материјали Порече, Матица Македонска, Скопје, 2001; Ј. Ф. Трифунови¢, Кумановско-Прешевска Црна Гора, књ.33, САН, Београд, 1951; Ј. Ф. Трифуноски, Охридско-Струшка област, Антропогеографска проучавања, САНУ, Београд, 1929 и др.2 Види: Марко К. Цепенков, Македонско народно творештво, кн. 10. Скопје 1980, 27-127. 3 Исто, 63-122.4 Исто, 122-127.5 Ј. Хаџи-Васиљевић, Прилеп и његова околина, Београд, 1902; Ѓорѓи Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925 .6 Ѓ. Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925, 21, 69, 357, 358-359, 361

Page 10: Македонска Ризница 29

10 11

со ресулки, крфчиња и друго. Од „турско време“ почнаваме машките кошули слабо или сосема да не се везат.“7 Слична била состојбата и во Битола, како и во останатите делови од Македонија, каде од Илинденското востание, па натаму се забележува значителна редукција на везот и трансформација на носијата. Промените што настанале како резултат на Илинденското востание и на Балканските војни биле манифестирани и во секојдневната женска носија, нејзината орнаментика и колорит. Особено значајно е што за многу кусо време од составот на невестинската носија целосно изчезнува сокајот, убрусот8, чалмата9, но и некој други украсни и облековни елементи, обележје на овој тип носија. Овие промени можеби најјасно може да ги проследиме во везовите од битолскиот регион каде, сè до 1915 год., женското население носело т.н. алска носија - именувана така според доминацијата на црвената – алова боја во колоритот на везот. По Балканските војни помладите жени од овој регион започнале да везат т.н. калеши кошули, во потемна црвена боја - позната и како винеста или ѓувезија, а своите постари алски кошули ги доносувале или им ги продавале на германски војници10. Во врска со ова една информаторка од с. Брусник, Битолско, вели: Германците купвеја руба за убави пари, па жениве се научија да продаваат алишта.11 Меѓу другите причини се наведува тешката и макотрпна работа за нивната изработка, како и

високата цена за потрошениот материјал (арч). Во прилог на ова е искажувањето на една друга информаторка од истото село која вели дека тие повеќе на сакале да седат дома, како во турско, туку да бидат послободни, но и дека по војните нивните мажи, кои биле војници, веќе не ги бендисувале во старата алска носија. Поради сето ова калешите кошули, како и целокупната алска носија во овој регион се задржале сè до Првото бугарско12, односно до 1925 год., кога биле заменети со носија во која наместо црвената доминирала белата, т.е. црната боја.

Во еден кус периодот меѓу Балканските војни и крајот на Првата светска војна, најверојатно како резултат на тешките состојби и на недостигот од материјал и средства неопходни за нивна изработка (за аловните кошули арчот е скап)13, регистрирана е појавата жените од овој регион да носат кошули декорирани со бел вез т.н. бели кошули14, односно аплицирани (опточени) само со бел порабен вез и тегел15. Паралелно со оваа ново настаната состојба, во с. Буково жените започнале да носат кошули изработени со црн вез, по што овие кошули биле именувани како црни кошули. За кусо време оваа мода била прифатена и во другите села од Битолскиот и Прилепскиот регион, по што тие биле именувани како буковки или црно-буки кошули16 - везени по буковска мода17. Според искажувањата на информаторките од овој регион, во почетокот орнаментиката на овие кошули не

________________________________________________________________________________________________________________7 Информатори од с. Кривогаштани, Прилепско, АИФ папка бр.37, рег. Бр. 208. теренски записи од А. Крстева, собрани на 10-13. 5.1953 г.8 Како што вели една информаторка од с. Цер : Сега (1951 г. б.а.) во селото нема ниту еден убрус. Поминаа Евреи едно време и ги искупија. АИФ папка бр. 4, рег.бр. 84, теренски истражувања собрани од М. Антонова, на 18.06.1951 г. 9 Информаторките од село цапари , Демир Хисарско, воопшто и не слупшнале за нив. АИФ папка бр.1, рег. Бр. 176. теремнски материјал од М.Антонова, собран на 13.06.1954 г.10 Информатори: Велика Ангелова Кокалова, род. 1896 г., Томе Димев Станков, род. 1898 г. и неговата жена, род. 1904 г., сите од с. Брусник, Битолско. АИФ папка бр. 2, рег. бр. 175.11 Информатори: Велика Ангелова Кокалова, род. 1896 г., с. Брусник, Битолско. АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 17512 Информаторка од с. Брусник, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр 163.13 Информаторка од с. Могила, Битолско АИФ, папка бр. 2, рег. бр 163.14 Информаторки од с. Буково, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 188.15 Информаторки од с. Драгош, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 173.16 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 161, Битолско.17 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 175, рег. бр. 188.

Page 11: Македонска Ризница 29

11

Македонска Ризница , бр. 29

се разликувала од постарите аловни или алцки кошули (од алцките кошули предземаа црни)18, но подоцна тие започнале да се изработуваат со поедноставен и поредуциран вез. Истите промени може да се проследат и во колоритот на женската марама за на глава гуган, кој од црвен бил заменет со црн, односно со бел вез. Притоа, младите жени носеле гуган изработен целосно со црн вез, а постарите црн гуган (оформен со ситен бел вез) и бели реси т.н. бела киска.19 Како една од причините за појавата на оваа мода е траорот, кој се јавил како последица на многубројните жртви и маки кои што народот ги доживеал во овој бурен историски период. Потврда за ова е појавата на повторно навраќање кон постариот тип алски кошули, веднаш по завршувањето на војните кога жените од овој регион започнале одново да ги изработуваат своите кошули со црвени, но сега веќе индустриски конци.

Слични процеси на промена на колоритот и трансформација на носијата се бележи и кај женското население од Прилепскиот регион, каде се до Првата Светска војна невестите се мажеле со алово руво.20 Позначителни промени во носијата и колоритот започнува од српско (околу 1920),21 со тоа што прилепчанките започнале исто како и женското население во битолско да носат кошули по буковска мода и за разлика од нив, тие оваа носија ја задржале и во поствоениот период. Во прилог на ова ќе го цитираме искажувањето на една информаторка која вели: „Се што се прави за невеста - кошула,

чорапи – целото руво се вика црнето. Дури и сегашната руба (1954), макар да е се со бело наклавана, падури и да е градски облечена невестата велиме: црнет вустан, црнети чевли итн.“22

По Втората Светска војна, изработката на кошули орнаментирани во везови полека започнал да замира во прилог на што е и сведочењето на информаторките од с. Единаковци, кои велат: „од партизаните наваму (1944) веќе не се вези. Но, за венчавање и сега девојките облекуваат „жолта кошула“ – „горноселска“.23 Дека станува збор за долготраен и континуиран процес ни потврдува и една друга соселанка која, бидејки се венчала во екот на Илинденското востание, била приморана нејзната венчална - црнета кошула да ја изработи со помал вез („комитите забраниле везови“), иако останатите 15 кошули од рувото и биле со поголеми везови („ракаи како корупки“).24 Слични се искажувањата на женското население и од с. Цер (Демир-Хисарско) кои во врска со овие забрани посочуваат дека „комитите ги засипваа со боја везените кошули како што играа на оро навестите. На чупите им ги зимаа од раце како што везеја, ќе им ги потуреа со боја и ќе го закоаа везот на црквената врата и ќе напишеа на која чупа е везот – чија черча везела вез.. потем забраната се криеа чупите за да везат- во визба, на чатија се качвеја. Ношва (ноќе б.а.) ги затвараа пенџерите со черги да не се гледа видело, а чупите да везат, зошто комитите шетаа и ношја“.25 Причина за овие забрани како што

___________________________________________________________18 Информаторки од с. Буково, Битолско, АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 188.19 АИФ, папка бр. 2, рег. бр. 161, Битолско.20 Ракавите на кошулата долги до под лактите и широки.Информаторка од с. Кривогаштани , Прилепско. АИФ, папка бр.39, рег. бр. 220, теренски материјал собран на 12,13, 14-11, 1954 од М. Антонова.21 Фатија да носат друга мода, со покуси ракави – над лактите и тесни, како што се носат и сега од постари жени (б.а. 1954г.). Исто.22 Исто.23 Оваа кошула е слична на невестинските кошули од Демир Хисарскиот регион. Информатори: Марија Котева (1887 г.) и Милка Ѓореска (род.1914 г.) од с. Единаковци, Прилепско, АИФ папка бр. 37, рег. бр. 365. Теренски материјал собран од М. Антонов, на 21-22.3.195724 Информатори: Марија Котева (1883 г.). Исто.25 Информатори од с. Цапраи, Демир-Хисарско. АИФ папка бр.1, рег. Бр. 176. теренски материјал од М.Антонова, собран на 13.06.1954 г.

Page 12: Македонска Ризница 29

12 13

наведуваат тие била потребата од дополнителни материјални средства, што комити ги собирале од населението за потребите на востанието.

Процесот на трансформација и симплификација на народната носија, кој настанал како резултат на воените дејства и репрекусиите кои македонскиот народ ги преживувал во времето на овој бурен и траурен историски период, сведочи за нивната директна поврзаност и условеност. Промените кои настанале, негативно се одразиле и засекогаш го промениле не само традиционалниот бит на македонскиот народ, туку и начинот на облекување и изработка на носијата. Оттука, може да констатираме дека носијата со сета своја комплексност, како своевиден показател на половата, возрасната, обредната и социјалната компонента на македонскиот народ се јавува и како непосреден - нем сведок на едно изминато, историски бурно и траурно време.

Библиографија К.А. Шапкарев, Русалии, Пловдив, 1884;

Македонија во 1913 - La Macedoine en 1913, Музеј на град Скопје- Музеј Алберт Кан,

Скопје, Р. Македонија – Булоњ, Франција, 2001.

Български народни шевици, 2 дел, Югозападна България и Македония, подготвил: С.Т.

Костовъ – Е. Петева, Народен Етнографски музей, София, 1928.

Вакарелски Х. - Д. Ивановъ, История на облъклото, София, 1941.

Албум на Български македонски шевици, събрала и подредила: Райна Руменова,

Издание на Македонскиот женски союзъ, София, б.г.

Македонски шевици, кн. I, сoбрала и подредила: Дона Ракарова, София, 1931.

В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ.

XIV, Скопље, 1935, 107- 179.

В. С. Радовановић, Народна ношња у Маријову, Гласник скопског научног друштва, књ.

XV-XVI, Скопље, 1936, 127-208.

С. Раичевић, Народна ношња у Скопској Црној Гори, Гласник скопског научног друштва,

књ. VII – VIII, Скопље, 1930, 347- 368.

Ј. Хаџи-Васиљевић, Кумановска област, Јужна стара Србија: Историска, етнографска и

политичка истраживања, књ. 1, Београд, 1909, 295-314.

Ј. Хаџи-Васиљевић, Прилеп и његова околина, Београд, 1902.

Ј. Хаџи-Васиљевић, Скопље и његова околина: историска, етнографска и културно-

политичка излагања, Београд, 1930.

Ј. Обремски, Фолклорни и етнографски материјали Порече, Матица Македонска, Скопје,

2001.

Ј. Ф. Трифуноски, Охридско-Струшка област, Антропогеографска проучавања, САНУ,

Београд, 1992, 220-244.

Ј. Ф. Трифунови¢, Кумановско-Прешевска Црна Гора, књ.33, САН, Београд, 1951, 66-75;

Марко К. Цепенков, Македонско народно творештво, кн. 10., Скопје,1980.

Ѓорѓи Трајчев, Град Прилеп, Историја, географски и стопански преглед, Софија, 1925.

Скратеници: АИФ – Архива на институтот за Фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје

Илустрации:Сл.1 Селани од Буково - Битолско, фотографирани од страна на француските воени

фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“

Сл. 2. Селани од Буково, Битолско, фотографирани од страна на француските воени

фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“

Сл.3 Мариовки на оро со војници во позадината, снимено на 27. 10 .1018 год. некаде во

Мариово

Сл. 4 Деца со војник, фотографирани некаде во Битолско од страна на француските

воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“

Сл.5 Селани од Буково – Битолско, облечени по буковска мода со српски жандар, ̀ 20-30

год на 20 век

Сл. 6 4 Жени со деца, фотографирани некаде во Битолско- Прилепско Поле, од страна

на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“

Сл.7 4 Семејство на селани, фотографирани некаде во Битолско- Прилепско Поле од

страна на француските воени фотографи - “Campangne d` Orient 1914-1918“

Сл. 8 Семејство од с. Кривогаштани, Прилепско фотографирано за време на Втората

Светска Војна – „за време на бугарско“

Сл.9 Машко оро, Прилеп, фотографирано за време на Втората Светска Војна

Page 13: Македонска Ризница 29

13

Македонска Ризница , бр. 29

1

2

Page 14: Македонска Ризница 29

14 15

3

5

4 6

Page 15: Македонска Ризница 29

15

Македонска Ризница , бр. 29

9

7

8

Page 16: Македонска Ризница 29

16 17

1. Што ве поттикна да пишувате за стрипот во дигиталната ера, во услови кога во Македонија, и покрај релативно големиот број на одлични стрип автори, до пред година дена немаше ниту една активна издавачка куќа која објавува печатени стрипови, а камо ли дигитално стрип издаваштво?

Онаа изворна филозофска љубопитност. Ја живееме ерата во која стрипот, како наративна пиктореска, радикално го менува носителот на неговата феноменологија. Естетички искусуваме нови стрип-формати, комплетно поразлични од печатениот стрип. Технологијата овозможи

нови форми на дигитална стрип-продукција и дистрибуција, по што, сосема природно, се наметнуваат прашањата: дали новите медиуми за изразна артикулација на стрипот ги поместуваат границите на наративната фигурација, дали отвараат нови перспективи за читање и визуелно раскажување или, можеби, ова е само злокобен предзнак за наближување на крајот на историјата на стрипот? Овие прашања ме одведоа кон едно возбудливо истражување на ликовно-наративните и стрипоморфни уметнички родови низ историјата. Истражување кое ми предочи дека релацијата: технологија-стрип ослободува една нова, дотогаш невоочена, суштинска каратеристика на стрипот.

Автор: АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

Бошко Караџов е стрип-теоретичар и предавач за стрип-култура при едукативната програма Art and Design for Advocacy: Comics as advocacy tools во организација на International Debate Education Association (IDEA) и автор на истражувачката статија „Стрипот во дигиталната ера: редефинирање

и преосмислување“.

ИНТЕРВЈУсо доц. д-р Бошко Караџов;стрипот во дигиталната ера

Page 17: Македонска Ризница 29

17

Македонска Ризница , бр. 29

А, во поглед на состојбата во Македонија работите се подобруваат. Се појави нова издавачка куќа М-комикс која публикува квалитетни изданија од серијалите на популарниот италијански стрип. Импринтот Арс Либрис, пријатно изненади со издавање на три графички новели од германската стрип култура. Стрип Квадрат скоро публикуваше неколку албуми. Неколкумина стрип автори објавија авторски стрипови. Министерството за култура поддржа историски стрип-албуми. Креатор и Синдром излегуваат. Книжарниците се полни со стрипови и графички новели. Така што, се придвижуваат работите.

2. Во „Стрипот во дигиталната ера: редефинирање и преосмислување“, велите дека „сите иконографски видови на ликовно изразување имаат иста судбина – технолошка“. Во колкав степен и во која насока сметате дека современите технолошки придобивки, како таблет за цртање, компјутер и интернет, влијаат врз развојот на стрип уметноста, а во колкав степен тоа го предодредува човечкиот фактор?

Споредбениот преглед на репрезентативните остварувања во дигиталната продукција на стриповите (demian5, Daniel Merlin Goodbrey, Jasen Lex, Drew Weing, Winston Rowntree, Cayetano Garza, Jr, Patrick Farley и Scott Mccloud) ми предочи дека овие автори, во технолошкиот исчекор на нашето време, не бараа можност за имитирање на печатената естетика на стрип-таблата, туку, напротив, ги прошируваа полињата на возможното естетско стрип искуство. Затоа, чинам дека новата технологија овозможува нови револуционерни насоки во стрип продукцијата. Како на пр. отворено читање, читателско коавторство, паралелни наративи, нелинеарно читање,

Стрипот веќе длабоко навлезе во предворието на дигиталната ера, а со тоа, тој, како наративна

пиктореска, ги замени носителите на неговата феноменологија и почна да говори преку други

нови медиуми на изразна артикулација. Од каменот, папирусот, платното и кожата, преку печатарската хартија, па сè до електронските

записи и дигиталната анимација, стрипот, во сите негови форми на изразноста, ги поместуваше

границите на наративната фигурација, но уште позначајно, го менуваше квалитетот на

стрипоестетската доживеалица. Таква радикална промена во перцепцијата и искуството непосредно

сведочиме во дигиталната епоха која ја живееме.

Бошко Караџов, „Стрипот во дигиталната ера: редефинирање и преосмислување“

Page 18: Македонска Ризница 29

18 19

дивергентно приповедање или т.н. хиперстрип, комбинаторен стрип и сл. Во дигиталната продукција на стрипови, денес може да се креира во две естетички парадигми. Правата, која останува доследна на кинематиката на печатената естетика, па технологијата се ползува за наративна фигурација во етаблираниот постгутемберговски стрип - формат. Со други зборови, за цртање, боење, текст, дистрибуција и сл. И втората, која, врз основа на концептот за бесконечното платно (infinite canvas), радикално ги шири и преобликува, како читачките така и создавачките стрип искуства. Оваа втора насока, за мене, е далеку по привлечна и поинтересна за филозофска рефлексија.

3. Вашиот научен труд го започнувате со мислата на Арт Шпигелман (Art Spiegelman), автор на меѓу другите култнaта графичка новела Maus, за тоа дека „иднината на стрипот е во минатото“. Според ваше мислење би можело ли истово ова да се каже и за иднината на македонскиот стрип?

Оваа квотација од Шпигелман ја одбрав затоа што нагледно го предочува она што се обидувам да го истражувам, секако врз основа на инструктивните идеи на Скот Меклауд (Scott McCloud), а тоа е дека дигиталната стрип продукција во рамките на концептот за бесконечното платно (infinite canvas) може да ја врати непрекинатата линија на читачкото искуство која ја воочуваме кај прото-стрипските формати. Цртањето во можностите на дигиталната продукција ќе овозможи секакви видови на визуелно нанижани нарации без нарушување и изместување на раскажувачкото и фигуралното континуирање. А токму такви визуелни нарации воочуваме во секоја култура од предпечатената ера. Затоа мислам дека една од линиите на развој на стрипот во иднина ќе биде токму во овој правец.

4. Вие лично каков стрип преферирате да читате, испечатен на хартија или во дигитален формат на таблет?

Читам секако. И печатени, и дигитализирани преку таблет и фаблет, и web – стрипови преку компјутер. Умберто Еко, мојот омилен новелист, во едно интервју уверуваше дека читањето книга и сексуалноста се сродни искуства кои имаат заедничко обележје. Имено, тие се еротички феномени на тактилното искуство. Во нив е пресуден допирот, интимата на прелистувањето. Сметаше дека електронската книга, или електронскиот стрип во нашиов случај, поради оваа еротичност, никогаш нема да ја замени печатената книга. Меѓутоа, дисплеите на најновите таблет-компјутери и паметните телефони ја надминуваат и оваа препрека, па еротиката на читачкиот допир уште поавтентично се исполнува преку touchscreen-

Page 19: Македонска Ризница 29

19

Македонска Ризница , бр. 29

овите и апликациите за читање стрипови. Особено по 2012 кога ComiXology ја лансираше guided view reading technology, која ги однесе дигиталните стрипови на едно ново технолошко рамниште, создавајќи сосема ново читателско искуство. Верувам, сите би се согласиле дека е убаво да гледаш убава девојка на слика, на телевизија или на интернет, но е уште поубаво да ја имаш во твојата прегратка. Меѓутоа, дигиталната продукција на стрипови, во рамките на концептот за бесконечното платно, овозможува такви (с)ликовни и раскажувачки елементи на стрипот, кои се невозможни за превод во принтан формат. Стриповскиот јазик, визуелните кодови, новите формати на приповедање, естетскиот сензибилитет, жанровските поигрувања, наративните игри, бесконечноста на дигиталното платно на кое се слика, нелимитирани позадини се толку самосвојни, што секој компромис со печатот и печатењето е погубен по самата дигитална стрип естетика. Затоа, сметам дека овие форми на читање воопшто не се исклучуваат. Тие се рамноправни рецептивни естетички стрип искуства.

5. Што се однесува до начинот на кој што стрипот е изработен, ви прави ли можеби разлика дали е нацртан класично со молив и туш на хартија или пак дигитално во фотошоп, или некоја друга компјутерска графичка програма, со таблет за цртање?

Не. Во целосната стрип естетика, самата техника на изработка не е пресудна. Иако, некои состави на стриповски собитија изискуваат специфични техники. Денес, најчесто, во стрип продукцијата имаме т.н. стрип-хибриди во кои се комбинираат овие креациските и цртачки

Развојот на информатичко – комуникациската технологија досегна рамниште во кое уметниците,

преку компјутерот како креативна алатка и соодветните софтвери, можат да илустрираат

дизајни на објекти и околини кои се комплетно податливи на графичка манипулација. Овие

софтверски решенија овозможија креирање виртуелни реалности, тродимензионалност,

реалистичко рендирање и форми на компјутерска иконографија кои коренито влијаеа на самата

перцепција и севкупното визуелно искуство. Оваа вештина за создавање компјутерска графика

и пропратните визуелни ефекти радикално ги променија темелите на рекламната индустрија,

уметноста, дизајнот и мултимедијалноста, воопшто. Согласно на ова, стрипот како визуелна

форма на популарната култура, не можеше да остане незасегнат од новата технологија. Така

се зароди она што денес се нарекува дигитален стрип.

Бошко Караџов, „Стрипот во дигиталната ера: редефинирање и преосмислување“

Page 20: Македонска Ризница 29

20 21

техники. Она што е пресудно за вкупната стрип естетика е креативноста на авторот да ја воспостави рамнотежата помеѓу видливото и невидливото во стрипот. Поточно, како и кое визуелно искуство уметникот ќе ни го дозволи да го восприемиме како импресионистички пиктурален поттик, а кое искуство ќе го остави скриено во gutter-от помеѓу панелите барајќи наше (до)имагинирање. И секако, како ќе ја изведе структурата на секвенцијалното (с)ликовно раскажување во кое пиктуралните и фабуларните елементи се компонирани во кадриран и раскажувачки след.

6. Во вашиот научен труд се осврнувате и на почетоците на стрипот. За неговиот зародиш велите дека е уште во палеолитот, при тоа споменувајќи ги, меѓу другите и, цртежите од пештерата Ласко во Франција, стари 12 000 - 17 000 години, и оние во пештерата Магура во западна Бугарија. Кој би го посочиле како највпечатлив македонски прото-стрип?

Следниот проект, истражувачка студија на која работам, е токму поврзана со прото-стриповите во христијанската уметност во Македонија. Особено хагиографската иконографија, фрескописот и исконостасните резби кои, по својата наративна структура, секвенцијално континуирање и (с)ликовното проседе за раскажување, не се ништо друго освен прото-стриповски остварување. Секако, нели, со сакрална боголатриска венерација. Се сеќавам на разговорот со еден православен монах кој сериозно и шеговито, слушајќи ги моите воодушевувања, ми рече: да, црквата е еден

Page 21: Македонска Ризница 29

21

Македонска Ризница , бр. 29

голем стрип. Од моето досегашно истражување на хагиографската иконографија во Македонија, највпечатливи ми се протостриповските хагиографии: Иконата „Житието на Св Ѓорѓи“ од XV век (во црква Св. Ѓорѓи, Струга) и Иконата

Начелно, под поимот дигитален стрип вообичаено се подразбира стрип илустрација

која е креирана со помош на компјутерот како алатка или стрип кој нема друг запис или форма,

освен дигиталната. Меѓутоа, мора да се прави разлика помеѓу дигитален стрип и дигитализиран

стрип. Имено, дигитализираниот за разлика од дигиталниот стрип е илустрација која е нацртана

на традиционален начин, а потоа скенирана и пренесена во електронска форма. Дигиталниот и

дигитализираниот стрип имаат различни функции, различно настанале и нудат различни

можности за читање.

Бошко Караџов, „Стрипот во дигиталната ера: редефинирање и преосмислување“

Page 22: Македонска Ризница 29

22 23

„Св. Ѓорѓи со неговото житие“ насликана во 1630 година (во црква Св. Ѓорѓи, Полошко).

7. Запознаени ли сте можеби дали постојат стрипови на домашни автори кои што се објавуваат исклучиво во дигитален формат?

Благодарение на стрипољупците кои споделуваат со мене стрип содржини од нашата култура, проследив неколкумина автори кои дигитално креираат и објавуваат стрип ленти или кратки стрипови.

Повпечатливи ми се: стрип интерференциите во Кромаг на С. Несторовски и неговите интертекстуални поигрувања со референците од популарната култура, пентаптихот Зајакс на Дарко Ристевски, ангажираните constrain-стрип ленти Антиквизатори на Александар Стеванов, минимализмот на Владо Јаневски во Светот на Бромо, Flakeday и др., секако и Волшебното катче на Цане на Михајло Димитриевски и

неговата радикална стрип иконокластика.

8. Во овој поглед колку македонската стрип сцена е блиску или далеку од светските стрип случувања и тенденции?

Како што напоменав, кај нас, има репрезентативни стрипови кои се креираат со дигитални алатки и кои се диструбуираат преку елементите на веб 2.0. Во овие случаи имаме сосема легитимна миметика на естетиката на печатениот стрип, секако преку она што го

овозможуваат сензитивените графички таблети и компјутерските програми со векторијална графика. Овој пристап е неспорна естетска линија на новата стрип култура. Но, искрено, не знам за автори во Македонија кои дигитално креираат

во концептот на бесконечното платно. Во оваа втора естетичка рамка за дигитална продукција, засега, чинам дека немаме автор кој се обидел (с)ликовно да раскажува на тој начин.

9. Вашиот научен труд „Стрипот во дигиталната ера:

редефинирање и преосмислување“ може бесплатно да се прочита на интернет, во дигитален формат. Сепак вие се решивте да го објавите и како печатено издание; Зошто и кога домашната стрип публика би можела да го очекува?

Да, истражувачката статија е достапна на мојот блог Heresis Dea на платформата на WordPress,

Светот на БромоВладо

Јаневски

ЗајаксДарко

Ристевски

Page 23: Македонска Ризница 29

23

Македонска Ризница , бр. 29

каде ги публикувам сите мои филозофски сознанија, критички текстови и естетички согледби во поглед на севкупната стрип-култура. Но, статијата треба да биде објавена и во следниот пролетен број на стрип магазинот Креатор.

10. За крај на ова интервју би ни откриле ли кој е вашиот омилен македонски стрип јунак и кои светски познати стрип ликови ве фасцинираат?

Македонски стрип јунак, интересно... Не знам, се сеќавам дека како помлад и навикнат на дотогашната суперхеројска mainstream стрип продукција, прилично впечатливи ми беа, иако тогаш не можев да ги отчитам во сето идеолошко понирање кое го носеа во себе си, оние алтернативни стрипо-тропни Мики Маус анти-ликови од стрип залетите на Александар Станковски во Лабрис и Лифт. А од класичниот македонски стрип, илустрациите на Игор Јовчевски ги сметам најдобри стрип остварувања во Македонија, и го доживувам како нашиот Frank Cho, па ликовите кои ги креираа со Драмиќанин, ми беа, исто така, впечатливи решенија. Од светската сцена, не знам. Како стареев така се менуваа омилените стрип автори и стрип ликови. Како дете растев со Бонели и бев до мојата 14/5 година под влијание на Текс Вилер и вестрен стрипот, тинејџерските години ги минев со хорор стрипот и бев фасциниран од Тицијално Склави и серијалот Дилан Дог, во првите години од студиите почнав да се интересирам за „подземниот стрип“ и го откривав Крамп, па потоа, во еден период, често се навраќав на популарниот стрип во САД каде Сребрениот летач, Iron Man и сл. ми беа омилени визуелни

Стрипот не е објективен. Стрипот не е камен, кожа, хартија, мрежа или

пиксели. Стрипот не е ниту медиум.

Стрипот не постои независно и надвор од читателското искуство и естетската стрип-

доживеалица. Стрипот е самото читателското искуство.

Стрипот е естетска доживеалица. Стрипот е квалија (qualia) – интристичен феномен

на естетската свесност. Па затоа, како што убавината постои

само во окото на набљудувачот, така и стрипот постои само во „окото“ на читачот.

Бошко Караџов, „Стрипот во дигиталната ера: редефинирање и преосмислување“

Page 24: Македонска Ризница 29

24 25

четива. За да дојдам период од животот кога ги обожавав стриповите на Алан Мур и Нил Гејман. Сега сум под импресии н а Грент Морисон (The Invisibles), Ворен Елис (Transmetropolitan). А дополнително го откривам јужно-американскиот стрип, па ги читам со задовлоство: Ходоровски, Санз. Последно нешто што ми се допадна беше Uchronie(s) на Ерик Корберијан. Од друга страна пак, бидејќи она што го предавам на школата за стрип на ИДЕА е поврзано со политички ангажираниот стрип, неодминливи автори ми станаа и: Spiegelman, Satrapi, Delisle, Guibert, Garside, Sacco, Subhash Vyam и др.

КЛАСИЧНОТО НАСПРОТИ ДИГИТАЛНОТО

ЦРТАЊЕ

СМИЛЕЦВЕТАНОВСКИ

Page 25: Македонска Ризница 29

25

Македонска Ризница , бр. 29

Цртање е цртање без разлика на медиумот сè додека креираш нешто што веруваш дека е доживеано и твое, и изработено во твој стил кој е твој личен печат. Се разбира има и полесни начини на креирање слика било да се работи за стрип, илустрација или друг медиум. На пример ако не ви оди добро со молив може во Adobe Illustrator или Corel со 2, 3 клика, не ви треба ниту таблет, дa „креирате“ слика која ќе наликува на цртеж. Но тоа ни оддалеку нема да ве направи цртач исто како што поседувањето на добра DSLR камера не ќе ве направи добар фотограф. Потешкиот пат добро го објаснува една позната анегдота за Хокусаи, кој на прашањето колку време му требало да нацрта еден стилизиран цртеж на

животно одговорил: цел живот. Цртањето е вештина која се учи целиот живот и во

моментот кога ќе си кажете е сега знам да цртам, всушност престанувате

да се развивате како цртач и автор. Единствената разлика во цртањето стрипови и илустрации од пред 30 или 50 години и сега е дека денес авторите покрај традиционалниот, аналоген пристап го имаат и дигиталниот пристап со сите алатки кои денешните софтвери како Photoshop или Corel Painter ги нудат.

Што се однесува до цртањето со пен и таблет секако дека постојат

разлики во однос на класичното цртање на хартија. Најголемата разлика

или предност на таблетот е огромната контрола што ја имаме во креирањето на

цртежот, сликата, можноста да се контролира буквално секој потег и неговата корекција, т.е. бришење без деструкција на претходната

состојба на цртежот или медиумот, хартијата, како и работата со повеќе лејери, филтри и големиот број на алатки за цртање и сликање кои дигитално ги имитираат традиционалните алатки за креирање слика односно цртеж. Што се однесува до мојот пристап на креирање најчесто ги комбинирам традиционалниот и дигиталниот начин на работа, сепак преферирам цртежот да го изработам на хартија, така имам поголема контрола врз потезите и побрзо го завршувам цртежот. Потоа го скенирам и дигитално го доцртувам, коригирам, за на крај да го обојам, во Photoshop или Corel Painter.

Работам со Wacom, професионален графички таблет кој има добар избор на променливи врвови за цртање, со различна мекотија и ефект во цртањето. Талентот, вештината и имагинацијата остануваат главните и најважни „алатки“, кои авторот ги има или нема кога ќе треба да ја пополни белината на листот на масата или на неговиот PC. Сè останато е копирање, трејсување, фотомонтажа или некоја друга замена за вистинскиот цртеж кој авторот директно го пренесува на празниот медиум. Во таа смисла за мене едни од најдобрите цртачи работеле пред 20 или 30 илјади години пред нашата ера кои во пештерите како Шове во Франција или Алтамира во Шпанија ни ги оставиле неверојатните црежи на диви животни кои што со својата стилизација и анатомска верност претставуваат најдобар пример за тоа дека дури и парчето јаглен во рацете на добар цртач преставува моќна алатка.

СМИЛЕ ЦВЕТАНОВСКИ, стрип автор и илустратор

Page 26: Македонска Ризница 29

26 27

ВИЛИ ВИЛДИако можеби не ми е

првиот стрип кој сум го видел од мајсторот Љупчо Филипов, но тоа е првиот стрип за

кој дознав дека е од македонски стрип автор.

Не ми се веруваше, а мора да признаам дека бев најпријатно

изненаден. Од кога ја дознав и останатата работата на Филипов, сè повеќе и повеќе се „навлекував“ на домашен стрип!

Младиот и храбар Вили Вилд е стрип кој ни покажува колку било тешко да се расте во светот на каубојците.

ВОЈДАН„Макстрип“ беше изданието

во кое ги дознав многу од домашните стрип автори, а посебно бев воодушевен од неуморниот Диме Иванов –

Димано.

Војдан ми беше јунакот кој прв застана рамо до рамо со сите

светски стрипови кои ги читав тој период.

Затоа и месецов бев пресреќен, кога дојдов до стрип албумот во кој се собрани сите табли за авантурите на Војдан, верноста на Демон, храброста на Ботин и мачната македонска историја пред 1000 години.

Се решив да селектирам топ 10 македонски стрипови, но сите 10 ми се подеднакво битни. Па за да нема нумерација, би ги споделил хрононолошки, како имале влијание врз мене.

ТОП 10

ЛИСТА:

Омилени македонски стрипови, во избор на Давор Драмиќанин

Page 27: Македонска Ризница 29

27

Македонска Ризница , бр. 29

ЕЛ МАКЕДОНЕРОДвоецот Оливер Ромевски и Зоран Танев имаат многу заеднички стрипови, но ова

е изданието кое ме тераше секоја недела

да купувам некое си таму списание за оружја и светски

завери, само за да ги вадам средните листови и да собирам по 4 табли стрип.

За три месеци го имав собрано целиот стрип и мора да признаам, различна е енергијата и возбудата на чекање продолжеток, одколку на читање цел албум одеднаш.

Повратникот осветник мора да се избори со негативците, но и со своето минато,

за да ги надмине актуелните проблеми кои го задесија.

АНГЕЛИМојата стрип историја

е тесно поврзана уште од почеток со работата на

Здравко Гиров. Толку сум запознаен со неговите ликови, што

имав огромен проблем да одвојам и пофалам нешто одредено.

Ангели го одвоив како најкомплексна приказна која ја имам сретнато во македонски стрип, дел од приказната излезе како додаток во „Синдром“, но посакувам комплет целата сага да ја прочитам во сопствен албум.

CAPTAIN GR8Најоткачениот Тхе Мичо го пратев од старт, посебно со кратките стрипови во „Студентски збор“.

Првин го запознав како негов голем фан, за потоа

да се спријателиме, па и да соработуваме. Заедно сработевме 10

епизоди од комерцијалниот стрип Captain GR8, херој кој успешно ги одбрани планетите и влета во вселенски авантури кои ни донесоа и награди по фестивалите на Балканов.

Page 28: Македонска Ризница 29

28 29

АЈВАРМЕНФеноменалната стрип машинерија позната под името Игор Јовчевски има

огромна плејада ликови во сите жанрови. Се решив за

Ајвармен поради уживањето при заедничкото креирање на

епизодите, посебно што е и типичен домашен супер херој - пиперки и малери :)

Две различни епизоди со Ајвармен беа наградени во Белград и Лесковац, што е само уште еден поттик плус овој лик да добие свое издание.

ПАЧАНГАОва е лик кој го

започна својот живот во виртуелниот свет на

форумот Макстрип, лик на кој свој допринос дадоа скоро сите македонски автори, но најголемиот товар на креирањето имаат мајсторите Ласко Џуровски и Иво Николов.

Пост-апокалиптичниот каубоец може има уште многу да изоди, но јас очекувам да дојде до место на полицата со македонски стрип албуми.

ЗАЈАКССе решив да вклучам и стрип каиш во листава, посебно што е ова стрип кој на секое ме терал да

се смеам на глас.

Дарко Ристевски и неговата виљушка уште еднаш покажува колку плодно тло е Битола за уметност, но и за откачен и скоро болен хумор! Секој каиш, останувавме покуси за еден лик, среќа што се зајаци, па брзо се котат.

Page 29: Македонска Ризница 29

29

Македонска Ризница , бр. 29

ВАРА, КАМЕНОТ НА ЉУБОВТАВо периодот кога најпопуларен бил белгиско-

францускиот хумористичен карикатурален стрип, во

Македонија се појавува албум во тој стил но прилагоден на ова наше поднебје.

За жал, ова е издание кое е изгубено. Имено, авторите (Зоран, Смиле и Тони) ја завршиле цела работа и се испечатил албумот, но нарачателот на целиот проект се предомислува и не го објавува изданиево. Како и зошто, тоа не знам...

Штета, болен удар за македонскиот стрип!

ФАЦИЗАМОд првиот контакт со Тонио сан и Кинг Фиц бев

најпријатно изненаден од нивната свежина,

нивната оригиналност и препознатливост.

Посебно и од храброста на започнување на стрип серијал, долгорочен проект наречен Фацизам - различни ликови испреплетени на многу различни и новозможни начини. Две приказни, двајца автори, мрачен и динамичен црно-бел ноар стил...

Посакувам уште фацизми.

Автор: ДАВОР ДРАМИЌАНИН

Page 30: Македонска Ризница 29

30 31

Чинам и не беше така одамна, кога го гледав како се смее со огледалото. Понекогаш и ќе го затекнев како плаче, сеќавајќи се на миговите кои за него значеа вечност. Не можев да си објаснам зошто животот е различен... Зошто за сите деца не е ист? Девојчето со руса коса и сини, небесно сини очи, во кои беше испишана тагата која како сенка го покриваше тој прекрасен поглед.

За девојчето среќата траеше две-три недели. Среќата ја пишуваа очите и стаклениот поглед скриен во мајчината прегратка. Во игрите со тато, во бескрајната милина на душата. Ни куферот полн со нова облека не можеше да ја донесе среќата, ниту пак новите црвени чевличиња.

Среќата ја донесе еден сончев ден, родителската љубов и расплаканите мајкини очи.

Да се поминат километри, да се остави туѓината, за малку среќа со најмилото, копнеж скриен некаде длабоко во себе. Тие денови радоста ја пишуваа најубавите утра, мајчиниот топол поглед кој како сонце ја грееше душата, татковата насмевка која ги пишуваше најубавите стихови во срцето. Животот одеднаш стануваше најубава песна, исткајана со весели ноти кои ги носеше секој ден, секоја топла прегратка и бескрајните бакнежи кои сјаеа како бисери на лицето. Радост која се викаше „мама“ и „тато“, радост која вечно се носи во себе, за која не

ДЕВОЈЧЕТО СО СТАКЛЕНИ ОЧИ

Автор: ОЛИВЕРА ШИРГОВСКА

Оливера Ширговска е родена на 23 февруари 1973 година во Кичево. Идејата за пишување кај неа е родена сосема случајно, на едно од патувањата со мултикултурното етничко друштво „Вешта Жена“. Нејзиниот прв роман е насловен „Ања“ во издаваштво на издавачката куќа „Графомак“,

Кичево. Освен со проза, таа подолго време се занимава со поезија, а една нејзина песна е изведена од страна на младиот вокал Борче Павлевски. Песната го носи насловот „Душо најмила“.

Во иднина таа подготвува нови романи за своите читатели.

Page 31: Македонска Ризница 29

31

Македонска Ризница , бр. 29

постои замена. Заедно заминуваа низ долгите ноќи, кои за чудо тогаш стануваа прекратки, како во еден миг да изминала ноќта. И новиот ден кој ќе го донесеше Охридското езеро како на дланка, исполнувајќи ја најголемата желба.

Тогаш живееше и летото, неколку денови заедно на жешкиот песок, и лудориите во водата, сите заедно. Вечерните прошетки на брегот, со бело ленено фустанче и сандали со бела боја, за рака со тато и мама... Дали тоа не е среќа? Најголема среќа, која не мораше брзо да заврши...

Повторно разделба, збор кој се врежуваше во потсвеста, и се закануваше да ја уништи најголемата среќа, да го замати стаклениот поглед. Тогаш ќе се зачуеше и песна излезена од длабочината на детското тажно срце. Скриени воздишки, копнеж, солза врела која се слева низ лицето, расеана детска мисла далеку во хоризонтот до каде што допира и погледот, беспомошен за да го смени новиот ден... Кој повторно ја пишуваше разделбата, немоќен да ја смени судбината, и грутката јад што се собираше во душата. Само остануваше на патот прашлив, со поглед матен и вкус горчлив.

Малечко, а толку храбро го сокриваше погледот, за да ја скрие и тагата, да се испратат најмилите на далечен пат, а дел се кине од душата. Се нижат деновите, а во душата живеат спомените, за мајкиниот лик и татковата топла прегратка. Првиот училишен ден во клупата заедно со сите мајки, само една недостига за да го потполни празното столче. И првата петка во букварката, на која се радуваа дедо и баба. Среќните и весели новогодишни празници, кога ја китев елката и му пишував писмо на Дедо Мраз за мојата желба: …ДРАГ ДЕДО МРАЗ... И година, година, ја минувам со дедо и баба, ја китиме елката. Повторно ги

купив оние исти бонбони кои ми ги купуваше мама кога беше овде. Имам и лампиони во сите бои, и балони кои ми ги купи тато, ги чував сè до сега, за да ги ставам на елката. Знаеш, им напишав писмо пред некој ден и сама го испратив по пошта, се надевам дека ќе го добијат. И оваа година мојата желба е иста, ти ја знаеш, ти ја напишав и лани.

Седната сум на малото масиче во малечката кујна и пишувам. Убаво е, топло, огнот гори а надвор веќе е мрак, една по една ѕвездите ја најавуваат ноќта што доаѓа. Ѕвездено зимско небо ја украсува и оваа ноќ, а јас мечтаам и се надевам дека ќе ми ја исполниш мојата желба. Среќна Нова година Дедо Мраз!!! Со оваа мисла го чекав доаѓањето на Новата година и радоста кога ги здогледав на вратата, еден ден пред 31 декември. Желбата која стана реалност, најубавото новогодишно пакетче, и украс на новогодишната елка. Стаклениот поглед полн со нежност за најмилото кое за мене е најубав дар. Љубовта напишана во срцето која трае целиот живот...

Page 32: Македонска Ризница 29

32 33

Викторија Сиљаноска е родена на 7.9.1995

година во Кичево, Р.Македонија. Своето основно

образование го има завршено во ОУ „Христо

Узунов“ во Другово, своето средно образование

го заврши во СОУ „Мирко Милески“ во Кичево.

Во 2010 година Националната Установа Центар

за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево, ја објави

нејзината збирка песни „Долината на сонот“ која

веднаш го сврте вниманието како на читателите,

така и на културната јавност во Кичево и

пошироко, бидејќи „Долината на сонот“ е

книга со ретко успешни стихови од една млада

и надарена поетеса. Во текот на 2011 година

заедно со група автори од Македонија и надвор

од неа, ја објавија книгата „Прозни молитви“,

а истата година на конкурсот „Јас и мојот

пријател“ објавен од коалицијата на младински

организации „Сега“ Викторија освои прва

награда во Кичево за најдобра стихотворба,

а стихотворбата е објавена во книгата „Јас и

мојот пријател“. Во 2012 година беше објавена

нејзината втора стихозбирка „Огледало на

душата“.

Викторија Сиљаноска е редовен член на

Друштвото на Писателите на Македонија, а

моментално е студент на стручните студии по

Логопедија при Медицинскиот факултет во

Скопје.

ПОЕЗИЈА –

ВИКТОРИЈА СИЉАНОСКА

Подготвила: МИЛИЦА ПАШОВСКА

Page 33: Македонска Ризница 29

33

Македонска Ризница , бр. 29

Бев многу малечка кога по ливадите трчав боса,

а цутот од дрвјата ја китеше мојата коса.

Тогаш верував во бајките и сказните што ги

слушав и се радував и ги сакав сите убавини

со целата моја душа.

Но времето минува, а јас не

сум веќе принцезата мала,

туку девојка која љубов бара.

Растам и се прашував таму

во долината од сонот мој,

зошто ми завршија деновите детски и кој ли

ми ги зеде, кој?

Често одам во долината и тажна в небо гледам,

но освен спомените, ништо друго немам.

Сакам и сега да потрчам пак

да играм и пеам дур да падне мрак.

Но в срце сега место желба, пламен гори,

сега и долината како за љубов да збори;

сега јас нова среќа сретнав

и на крилјата од љубовта летнав.

(од стихозбирката „Долината на сонот“)

ДОЛИНАТА ОД

МОЈОТ СОНВИКТОРИЈА СИЉАНОСКА

Page 34: Македонска Ризница 29

34 35

Како за небото ѕвездата,

за гората дрвјата, за птиците гнездата

така за младите љубовта,

за цвеќињата, мирисот, убоста.

Љубовта е жарче живо

в гради птица, гулапче сиво.

љубовта е розов цвет,

најубав во сиот свет.

Штом љубовта в срце грее,

секој е весел, секој се смее.

Тогаш срцето најсилно бранува

и вљубениот ангел постанува.

Затоа кага љубовта е тука,

пушти го срцето најсилно да чука.

И биди весел, не прифаќај криза,

првата љубов нема реприза.

(од стихозбирката „Долината на сонот“)

ЅВЕЗДАТА НА

ЉУБОВТА

ВИКТОРИЈА СИЉАНОСКА

Page 35: Македонска Ризница 29

35

Македонска Ризница , бр. 29

Мојата Македонија е земја библиска стара,

прекрасна и богата со природни дарби.

Македонија е земја на древна култура,

духовност, старини и архитектура.

Македонскиот фолклор и народни везби,

а посебно македонските длабоки резби;

се раритети светски што сите сакаат да ги видат

и затоа толку научници во Македонија идат.

Македонија корења влече од искони,

Македонија е земја на делби и прогони

и секој лош збор за неа изречен,

мене в срце длабоко ме пече.

Македонија е земја на сонцето и најчисти води,

Македонија е лулка на братски народи,

затоа каде и да одам, каде и да бидам,

секогаш ќе се враќам земјата моја да си ја

видам.

Македонија има срце и љубов за секој добар

човек,

таква била отсекогаш и таква ќе биде довек.

“Кој Македонија не ја знае, тој како ништо да

не знае;

кој Македонија не ја видел, тој како ништо да не

видел”.

(од стихозбирката „Долината на сонот“)

МОЈАТА

ТАТКОВИНАВИКТОРИЈА СИЉАНОСКА

Page 36: Македонска Ризница 29

36 37

Специјална телеграма до Њујорк тајмс (1903 г.)

ЛОНДОН, 15 август—Парламентарната сесија заврши вчера, и остатокот од членовите што останаа присутни до крајот сега се распрснаа среќни како група ученици на летен распуст. Иако она врз што работеа оваа недела беше помалку возбудливо од обично, откако фискалната контроверза почна да ги бранува страстите и заради која се водеа жестоки дискусии, некои мошне важни работи беа разгледани.

Убиството на рускиот конзул во Битола, заедно со крвавите судрувања помеѓу Турците и востаничките чети, го сконцентрира вниманието на цела Европа кон Балканот, за кое што премиерот Балфур на прашање од г-дин Брајс

призна дека ситуацијата е таква што го оправдува стравот на сите што сакаат одржување на мирот во југо-источна Европа. Г-дин Балфур за виновни околу нарушувањето на мирот ги посочи оние што востанале против турската власт, но луѓето што имаат лично познавање на локалните услови го оспоруваат ваквиот негов став.

Јас вчера разговарав со еден стар пријател којшто тукушто се врати од Македонија и Бугарија, каде што лично ја истражувал ситуацијата. Тој ме увери дека одговорноста за неодминливата револуција не лежи кај востаниците, туку кај турската власт, при што емпатично изјави: „Нема да има мир сè додека Турчинот останува во Европа“.

ОЧИТЕ НА СИТЕ ВО ЕВРОПА СЕ СВРТЕНИ

КОН БАЛКАНОТПревод: ГОЦЕ ПАНГОВСКИ

NY TIMES

Погледите на премиерот Балфур оспорени—Опасност од вклучувањето на Бугарија во македонското востание—Непопоуларноста на принц Фердинанд—Аспирациите на

Русија—Завршување на парламентарната сесија—Казнувањето на Арнолд Вајт заради непочитување на судот.

Page 37: Македонска Ризница 29

37

Македонска Ризница , бр. 29

ПРОПАСТ НА ПЛАНИРАНИТЕ РЕФОРМИ

Дури и г-дин Балфур признава дека ветувањата на Русија и Австрија за остварување на предложените реформи се покажаа како илузорни. Турското лошо владеење навистина се чини неспособно за реформи, затоа потиснатите од Султанот христијани прават очајни напори да го отфрлат јаремот на Исламот.

Сомнително е дали Бугарија може да се спречи да се вклучи во македонското востание. Во секој случај би било невозможно таа да се задржи при можен масакр на христијаните од страна на Турците во Македонија. Бугарската влада на ситуацијата гледа со најголема загриженост, додека принцот Фердинанд, за којшто честа не зависи од опасностите, го следи развојот од соодветна далечина. Тој придонесе да биде објавено дека неговото отсуство од Бугарија е заради неговиот страв да не биде на никој начин вмешан со македонските нереди, и дека денеска ќе се врати во Софија, но сите се скептични околу неговото враќање, и луѓето претпочитаат да почекаат додека навистина се врати во главниот град пред да му веруваат на неговите уверувања.

Нема сомнеж дека нај непопуларниот човек во Бугарија е принцот Фердинанд, којшто е исто така, и генерлно нај презрен меѓу сите други европски владетели. Луѓето ги немаат заборавено околностите во кои Фердинанд беше откриен. Тие се сеќаваат како се случи тоа кога три бугарски пратеници со намера да најдат принц за Бугарија беа испратени да ги интервјуираат помладите синови на кралските куќи, при што на еден од пратениците, г-динот Калчев пиел пиво во кафетеријата на циркузот Ронанчер во Виена му пришол некој странец и

му рекол: „Разбрав дека барате принц. Јас имам еден токму за вас.“ Тоа бил еден од емисарите на Фердинанд, и веќе следниот ден Калчев му бил претставен на Фердинанд, на којшто не му требало многу притисок за да го прифати принцувањето.

„КАФАНСКИ“ ПРИНЦ

Генералот Буланжер имал дуел со противник којшто го нарекол „кафански Сент-Арно“, но овде, ако воопшто постоел некој таков, имаме кафански принц, чијашто гордост и самопочит беа недоволни да го одвратат среде кафана да се граба за трон. Неговата вмешаност во одвратното убиство на Стамболов и прекршувањето на неговите заклетви во врска со религијата во која треба да се воспитува неговиот син Борис на неговото име закачија неизбришлива стигма. Сепак до сега тој умешно ја игра својата улога. Се гордее дека е роден глумец, и сега се пренесува дека една од неговите омилени реченици откако ќе заврши средбата со некој е „Си отиде уште еден што го зафркнав“.

По отстранувањето на Бизмарк, Фердинанд побарал средба со големиот човек и побарал од него совет каква политика треба да води. Бизмарк му одговорил: „Покажа дека можеш да пловиш: не се обидувај да пливаш наспроти струјата. Твоите најсилни сојузници се времето и навиката. Ако не ги предизвикуваш твоите непријатели тие не можат многу да ти наштетат. По некое време луѓето ќе се навикнат да те гледаат на тронот.“

По средбата Фердинанд и се извинил на принцезата Бизмарк за нарушување на приватноста на нејзиниот сопруг, но објаснил дека бил нестрплив да се посоветува со таков

Page 38: Македонска Ризница 29

38 39

славен државник затоа што „Јас многу сакам да владеам“. Во моментов тој го става во пракса советот на Бизмарк со тоа што не плива наспроти потокот. Ако би се спротивставил на големото револуционерно движење во Бугарија против Турција, под претпоставка да избие такво, тој несомнено би бил тргнат настрана. Но ако, од друга страна, таквото револуционерно движење би било благонаклоно гледано од страна на Русија, а тој би го поддржал, така би можел да си го задржи тронот.

Во меѓувреме политичките игри никогаш не престануваат и Русија неуморно бара да се здобие со предност од турските срамови. Руската примарна цел е Константинопол, кадешто таа сака да биде доминантна, за да го претвори Црното море во руско езеро. За нејзината цел би било доволно кога Султанот би и дозволил да изгради тврдина на Дарданелите под Константинопол, за коешто Бизмарк сметал дека Султанот може да го одобри ако би се здобил со исполнување на задоволувачки услови. Германија не би протестирала, и Австрија би се согласила, под претпоставка дека меѓу другите предности таа би се здобила со упориште во Солун. Ваквите размисли се секогаш присутни во умовите на тие што ја диктираат политиката во Русија и Австрија, за кои народите на Балканските држави се обични пиони на дипломатската шаховска табла.

Г-дин Балфур вчера пред распуштањето на долниот дом на парламентот ги повтори неговите платонски желби за олеснување на положбата на Македонците, и неговите чувства најдоа ехо во говорот на кралот по повод крајот на парламентарната сесија, којшто за чудо не беше прочитан пред парламентарците од долниот дом. Вообичаена практика е говорот на

неговото Величество да се прочита од тронот, но овој пат копија од говорот не му беше предадена на претседателот, којшто зарди тоа ги замоли пратениците да го сметаат како прочитан. Тогаш пратениците поздравувајќи се со претседателот го напуштија парламентот. Така заврши оваа историска сесија.

ОСУДЕНИОТ ГОСПОДИН БАЛФУР

Успешните обиди на премиерот Балфур да ја спречи дискусијата околу фискалната политика на Велика Британија во долниот дом на парламентот повторно предизвика лути протести оваа недела, лордот Хју Сесил, страсно побелен, ја осуди постапката на премиерот, додека Винстон Черчил, со разгорени образи, го обвини г-дин Балфур за „замолчување“ на парламентот.

Еден опозициски орган го опишува однесувањето на г-дин Балфур како „непочитување на парламентот“, алудирајќи на непочитување на судот за што Арнолд Вајт беше осуден оваа недела во врска со судската постапка против Витакер Рајт. Г-дин Вајт, којшто е неуморен во неговите напори да осигури криминална постапка против Витакер Рајт, објави статија силно протестирајќи против неговото ослободување со кауција кога беше обвинет пред судот во Гилдхол пред некој ден. Во врска со оваа статија г-дин Вајт беше повикан да се појави пред врховниот судија и му беше наложено да плати казна од 100 фунти или за непочитувањето на судот да отслужи затвор. Тој избра затворање, и веднаш беше одведен во затворот Брикстон, во кој беше ставен во истата ќелија во која претходно беше затворен Рајт. Беше ослободен вчера, Дејли хроникл отвори фонд за исплата на казната како награда за неговите јавни услуги во врска со постапката

Page 39: Македонска Ризница 29

39

Македонска Ризница , бр. 29

против Витакер Рајт.

Г-дин Вајт од принцип одби сам да ја плати казната или да им дозволи на неговите пријатели да го направат тоа за него. Неговите принципи исто така му забранија да прима храна од надвор, коешто е дозволено во случаи на затворени луѓе за непочитување. Изразувајќи го своето мислење во статии посветени на поморските работи во кои напиша дека затворската казна е подобра отколку служењето во сина морнарска униформа тој на ваков начин си ја искористи можноста неговото мислење да го тестира преку практично искуство.

Судската постапка во случајот на Рајт ќе продолжи овој месец, но судењето нема да се одржи до завршувањето на подолгиот судски одмор, којшто започна оваа недела и трае до октомври.

ДА СЕ ПРОГОНУВА РАЈТ

Јас бев присутен на последната седница на судот за жалби, кога се донесоа две важни одлуки што им зададоа дополнителни удари на трговските синдикати. Еден од вмешаните адвокати, Руфус Ајзакс, К.Ц., којшто седеше директно пред мене, ќе ја води постапката за гонење на Рајт. Г-дин Ајзакс е еден од најбрилијантните англиски адвокати, и мошне брзо постигна слава. Неговата сила лежи во трговските постапки, тешко дека постои некој прво-класен случај во којшто тој не е вклучен. Иако е млад за адвокат, бидејќи тој сеуште нема 45 годишна возраст, тој е веќе на врвот на својата професија.

Ретко се појавува сведок којшто може да ги издржи испитувањата на г-дин Ајзакс. Еден од ретките случаи кога тој се сретна со посилен

противник беше кога пред извесно време се соочи со Артур, братот на г-дин Чемберлен. Артур Чемберлен е замешан во трговски зделки во Бирмингем, кадешто тој е многу успешен. Тој покрена судска постапка за клевета против весник и г-дин Ајзакс беше бранителот, но и покрај сета негова способност тој не можеше да го победи Артур Чемберлен, којшто триумфираше во овој дуел. Артур Чемберлен меѓу луѓето што ги познаваат двајцата се смета за уште поталентиран од неговиот попознат брат, на чијашто политика за преференцијални тарифи патем тој силно и се спротивставува. Така и во фамилијата на Чемберлен има разлики по ова горливо прашање.

Г-дин Ајзакс бара да биде избран за претставник на Либералите во Рединг, кадешто има одлични шанси за успех. Тој ќе биде мошне значаен дел од долниот дом на парламентот, каде што веќе има голем број на славни адвокати.

СУДОВИТЕ ЗА ПРАВДА ЗАТВОРЕНИ

Кралските судови за правда се сега затворени. Судиите, како и членовите на парламентот се далеку од Лондон, и вообичаено вревливите адвокатски места се сега напуштени. Храмот кој што во поголемиот дел од годината е полн со адвокати, „господата со долгите руби“ како што сакаше да ги нарекува Дизраели, наликува на градот на мртвите. Во неговите лавиринти од судници и сокаци човек сретнува по некој полицаец, чие што чекорење одекнува низ празните простори, или неколку американски туристи, чиишто литературни асоцијации ги привлекуваат кон манастирската осаменост на овој дел од стариот Лондон.

Но за оние што го сакаат Храмот секогаш е

Page 40: Македонска Ризница 29

40 41

преполн со шарм. Неговата фонтана сеуште истура вода под освежувачката сенка на зелените дрвја, и стиховите на латински на стариот сончев часовник сè уште го опоменуваат патникот-намерник за тоа дека „Часовите истекуваат и се редат на нашата сметка“.

Њујорк тајмсОбјавено на 16 август, 1903 г.

Page 41: Македонска Ризница 29

40 41

Македонска Ризница , бр. 29

Во идниот број ќе читате:

Портрет карикатура: Ангел Спространов Смиле Цветановски - стрип автор и илустратор

Џереми Ајронс - цитат

Македонска Ризница број 29декември 2014 година

Мoжете:

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.

Под следните услови:

Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели.

Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-пошта:[email protected]

Page 42: Македонска Ризница 29

42 PB

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ:

МАКЕДОНСКАРИЗНИЦА

29