61
1

Македонска Ризница 43

  • Upload
    -

  • View
    241

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Македонска Ризница 43

1

Page 2: Македонска Ризница 43

2

Наместо вовед во новиот број би сакале да ве потсетиме на животот и делото на Страшо Пинџур.

„Со оглед на тоа дека сум дојден на световкога човештвото сè уште не е на нивото накое треба да биде, и кога човекот сè уштене постанал човек затоа моите стремежиќе бидат управени кон таквите цели.Тоа се моите идеали.“Страшо Пинџур

... Уште и не беа почнати вестите кога во кафеанчето влезеедна џандарска патрола од двајца и по мала пауза еден мисе обрати... јас веќе ја насетив работата и им потцртав декаако сакаaт да ме лишуваат од слобода, треба да ги исполнатформалностите и да ми дадат решение. И секако затоа штое ова еден национално потиснат народ тие штиковитеги ставија на пушките и ги управија кон мене. Сето тоа, сиотоној свет што беше во кафеанчето, и сите оние што беанадвор, со големо внимание го следеа. Пред нивните очиврвеше сликата на едно насилство над еден нивни син.Од друга страна тоа требаше да им влее страв во коскитена сите тие што гледаа. Готови беа смрт да сеат ако роботси го дигне својот глас.И кога неколкупати околу рацете ми го врзаа синџироти го заклучија, ме потераа пред нив по кавадаречката чаршијавака... вака барем народот можеше да види што го чека акоси го бара своето право. Зар тие мислат на некому му трепнасрцето? Се лажат! Овој крај е прочуен по својата слободарскаборба против ропството. Традицијата на таа борба е жива итаа продолжува со нови методи и млади сили.Нема да ми излезе од моето сеќавање една епизода когаме водеа покрај финансискиот одел пред кој стоеја двајцафинансиери. Откако еден од моите спроводници се поздрави сонив за’ржа како куче вртејќи глава кон мене, а финансиеритезадоволно се смееја. Тоа најубаво го илустрира расположениетона оние што дошле кај нас да го чуваат законот и даадминистрираат над македонскиот народ.......Но сигурно тие со тоа сакале да конструираат една вина,и на тој начин од мене да создадат виновник...-Шта ви хочете? ...Слободну Македонију, македонско право?О свему ми имамо података... Него би требало смакнути једнодвадесет глава као што је твоја, па би све било мирно ......тие зборови беа огледало на она што му го мислат наМАКЕДОНСКИОТ НАРОД оние што него го владеат....ги жалев тие бедници што беа во состојба да им ги лижатнозете на оние што под нив го фрлиле целиот наш народ...Во интерес на истрагата јас бев доведен во состојба дане можам да стојам на нозе. Оние што ја водеа истрагатанастапуваа како грамадни сили кој можат сè да слушаати како питачи кој сакаа да им сe смилувам а се на се тоабеа само бесни пци што верно го чуваа трлото на своитечорбаџии. Дали макар во еден момент ме поколебаа? Не!

28.1.1941 извадок од „Дневникот на Страшо Пинџур“

Македонска Ризница

УРЕДНИК:

Благојче Андонов

ДИЗАЈН:

Сашо Гачев

РЕДАКЦИЈА:

Гоце Панговски

СОРАБОТНИЦИ:

Бисера Срцева

Даријан Ангелоски

Владо Јаневски

Рената Пенчова

Никола Анѓелкоски

Владо Јаневски

ИЗДАВАЧ:

Александар Стеванов

Page 3: Македонска Ризница 43

3

Наместо вовед во новиот број би сакале да ве потсетиме на животот и делото на Страшо Пинџур.

„Со оглед на тоа дека сум дојден на световкога човештвото сè уште не е на нивото накое треба да биде, и кога човекот сè уштене постанал човек затоа моите стремежиќе бидат управени кон таквите цели.Тоа се моите идеали.“Страшо Пинџур

... Уште и не беа почнати вестите кога во кафеанчето влезеедна џандарска патрола од двајца и по мала пауза еден мисе обрати... јас веќе ја насетив работата и им потцртав декаако сакаaт да ме лишуваат од слобода, треба да ги исполнатформалностите и да ми дадат решение. И секако затоа штое ова еден национално потиснат народ тие штиковитеги ставија на пушките и ги управија кон мене. Сето тоа, сиотоној свет што беше во кафеанчето, и сите оние што беанадвор, со големо внимание го следеа. Пред нивните очиврвеше сликата на едно насилство над еден нивни син.Од друга страна тоа требаше да им влее страв во коскитена сите тие што гледаа. Готови беа смрт да сеат ако роботси го дигне својот глас.И кога неколкупати околу рацете ми го врзаа синџироти го заклучија, ме потераа пред нив по кавадаречката чаршијавака... вака барем народот можеше да види што го чека акоси го бара своето право. Зар тие мислат на некому му трепнасрцето? Се лажат! Овој крај е прочуен по својата слободарскаборба против ропството. Традицијата на таа борба е жива итаа продолжува со нови методи и млади сили.Нема да ми излезе од моето сеќавање една епизода когаме водеа покрај финансискиот одел пред кој стоеја двајцафинансиери. Откако еден од моите спроводници се поздрави сонив за’ржа како куче вртејќи глава кон мене, а финансиеритезадоволно се смееја. Тоа најубаво го илустрира расположениетона оние што дошле кај нас да го чуваат законот и даадминистрираат над македонскиот народ.......Но сигурно тие со тоа сакале да конструираат една вина,и на тој начин од мене да создадат виновник...-Шта ви хочете? ...Слободну Македонију, македонско право?О свему ми имамо података... Него би требало смакнути једнодвадесет глава као што је твоја, па би све било мирно ......тие зборови беа огледало на она што му го мислат наМАКЕДОНСКИОТ НАРОД оние што него го владеат....ги жалев тие бедници што беа во состојба да им ги лижатнозете на оние што под нив го фрлиле целиот наш народ...Во интерес на истрагата јас бев доведен во состојба дане можам да стојам на нозе. Оние што ја водеа истрагатанастапуваа како грамадни сили кој можат сè да слушаати како питачи кој сакаа да им сe смилувам а се на се тоабеа само бесни пци што верно го чуваа трлото на своитечорбаџии. Дали макар во еден момент ме поколебаа? Не!

28.1.1941 извадок од „Дневникот на Страшо Пинџур“

ВО ОВОЈ БРОЈ ЌЕ ЧИТАТЕ:СО БЕРДАНКА В РАЦЕ ЗА СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНИЈА

Бисера Срцева во соработка со Александар Стеванов ........................................................... 04

ИМААТ ЛИ НАЦИИТЕ ПАПОК?

Дебата помеѓу Ентони Д. Смит и Ернест Гелнер за потеклото на нациите ......................... 20

ПОЕЗИЈА: ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – ВЕЧЕН ПОТТИК

Даријан Ангелоски ...................................................................................................... 34

ЦРКВА „СВЕТА ТРОИЦА“ РАДОВИШ

Редакција ....................................................................................................................................... 36

ИНТЕРВЈУ: ИГОР КРАЛЕВСКИ

Редакција ....................................................................................................................................... 40

ПОЕЗИЈА: РЕНАТА ПЕНЧОВА

Редакција ....................................................................................................................................... 44

„NIKAD ROBOM“, ФОНТ

Редакција ....................................................................................................................................... 54

КРСТ

Редакција ....................................................................................................................................... 56

КАРИКАТУРА: ДИМИТАР ВЛАХОВ

Никола Анѓелкоски ....................................................................................................................... 57

РЕЧИСИ СРЕЌНИОТ ЧОРАП

Владо Јаневски ............................................................................................................................. 58

Page 4: Македонска Ризница 43

4

Веројатно најопејаното оружје во македонскиот фолклор е пушката берданка. Се работи за пушка од руско производство. Пушката е дизајн на американскиот полковник Хирам Бердан, според кој и го добила своето име. За првпат била произведена во 1868 година. Веќе во наредната, 1869 година, Бердан пристигнал во Санкт Петерсбург каде го предложил својот дизајн на Руското воено министерство, каде после неколку испитувања на дизајнот, истиот веднаш бил прифатен.

Биле развиени два различни типа на берданката или верзии, со тоа што првиот тип или Берданка 1 имал капацитет од 18 истрела во минути, а Берданка 2 имала 28.

Со пушката берданка се служеле многумина македонски борци за слобода. Меѓу другите, историјата ни сведочи и за една жена, комитката Катерина Арнаудова (Екатерина Арнаудова).

„Беше месец октомври 1902 година, започна да раскажува Стојанов, кога еден ден пред да заминам со четата за овој регион во Македонија, кај мене се јави една млада, здрава, стројна девојка. По редовното запознавање, таа ми кажа дека е по потекло од селото Либјахово (неврокопско) и дека дошла кај мене со барање - да ја примам како четник во мојата чета.

- Војводо! ми рече таа, моите родители, па и јас многу сме пателе од Турците-поганци; јас горам од желба да се одмаздам, како и да војувам за слободата на мојата

СО БЕРДАНКА В РАЦЕ ЗА СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНИЈА

Page 5: Македонска Ризница 43

5

татковина - Македонија. Јас ќе бидам можеби првата жена четничка кај вас, но вие ќе видите како знае да војува Македонката; ќе видите дека јас нема да и бидам товар на вашата чета и во никој случај, не ќе ги посрамам Македонките. Ве молам, примете ме во вашата чета, не откажувајте ми!

Екатерина Арнаудова, така се викаше, со радост ги прифати моите услови и на другиот ден, припремена во целосна четничка форма, со кратка бердана во рамо, замина со нас за Пирин - планина“. 1

На македонската четничка Арнаудова се посветени поголем број на написи во престижни светски весници од тој период, а во еден од нив пишува дека спаѓала меѓу најдобрите стрелци на Балканот.

„...Раководството и членството на одредите се речиси целосно во рацете на млади мажи. Сепак има и неколку познати жени меѓу нив. Најславна е Екатерина Арнаудова. Речено е дека таа е меѓу најдобрите стелци на Балканот и има многу раскази за нејзината моќ...“, пишува во „The NY Times“ во статијата со наслов „Македонската херојска борба за слобода“ од 6 декември 1903 година.2

Веќе на почетокот на XX век, и во делови од Македонија почнуваат да егзистираат работилници во кои се изработувале делови за пушката берданка. Само во периодот на Илинденското востание, во 1903 година, во Тетово и околината постоеле околу четириесет такви работилници. Во овие работилници вкупно имало вработено околу сто и дваесет мајстори за пушки. Познато е дека изработувањето на пушки бил еден од најстарите занаети во Тетовско, каде едни од најпознатите фамилии кои се занимавале со овој занает биле Кајро и Кајкуќ, меѓутоа и многу други семејства, некои од нив некогашни одметници од турската власт.

Меѓу останатите видови на пушки кои се изработувале во тетовските работилници, како што рековме била и берданката. Постојат податоци според кои производството на берданките се движело некаде околу педесет парчиња на пушки неделно. Според бројот на работилници и бројот на парчиња, се претпоставува дека една пушка берданка се изработувала во рок од два дена.

Најголем дел од изработените берданки секако биле наменети за отпорот и востаничките чети ширум Македонија. Постоела цела мрежа на луѓе кои го организирале производството 1 Илустрација Илинден, јуни-јули 1933 година, (книга 7-8 (47-48), година 5), стр. 30 - 312 http://2.bp.blogspot.com/Hm5yNycTd44/TpbeZCcl9jI/AAAAAAAAJk0/t5ipK9xPe7A/s1600/MACEDONIA%2527S%2BHEROIC%2BSTRUGGLE%2BFOR%2BFREEDOM%2B2.png

Page 6: Македонска Ризница 43

6

Page 7: Македонска Ризница 43

7

Page 8: Македонска Ризница 43

8

и понатамошната дистрибуција на оружјето. Познати се имињата на Ристе Костов – Сичан и Сане Ристов – Гуле, кои преку тајни канали го дистрибуирале оружјето до Кичевско.

„Крушево абер пристигна“

Крушево абер пристигнакој има синој големи,комити да ги испративо тоа славно Смилево.Комити да ги испративо тоа славно Смилево.

Стојан си немал синои,Стојан си немал синови,само си ја имал Тодорка,Тодорка една на мајка.Тодорка една на мајка,Тодорка една на татко.

Тодорка на татко велеше:- Купи ми пушка берданкаи една сабја пренгијајас комита татко ќе одам.Јас комита татко ќе одамво тоа славно Смилево.

А што беше лична Тодорканарами пушка на рамозапаша сабја пренгијатри години комита шетала.Никој Тодорка не позналдека е Тодорка девојка. 3

3 http://pesna.org/song.php?id=485

Page 9: Македонска Ризница 43

9

„Планино, Пирин Планино“

Планино, Пирин Планиномногу си Пирин убава.Ееј, ееј,многу си Пирин убава.

По твоите треви зеленипасат ми јагни овчички.Ееј, ееј,пасат ми јагни овчички.

Под твојте сенки дебелијунаци потсклон наоѓаат.Ееј, ееј,јунаци потсклон наоѓаат.

На сека гранка берданка,до сека вода, војвода.Ееј, ееј,до сека вода војвода. 4

4 http://pesna.org/song.php?id=327

Page 10: Македонска Ризница 43

10

Берданката е спомената и во некои од македонските народни песни, како „Развивај горо зелена“, посветени на некои од најзначајните македонски револуционери како Гоце Делчев.

„Развивај горо зелена“

Развивај горо зелена,развивај сенки широко,ќе мине Делчев војвода, леле,со својта верна дружина.

На знамето пишуваше:- Смрт или Слобода за Македонија,Македонија на Македонците,Македонија на Македонците.

Ќе мине Делчев војвода,со својта верна дружина,сè одбор млади момчиња,сè одбор млади момчиња.

На знамето пишуваше:- Смрт или Слобода за Македонија,Македонија на Македонците,Македонија на Македонците.

До сека бука јунака,на сека гранка берданка,во секо’ долче и топчена сека шумка - патронка.

На знамето пишуваше:- Смрт или Слобода за Македонија,Македонија на Македонците,Македонија на Македонците. 5

5 http://pesna.org/song.php?id=785

Page 11: Македонска Ризница 43

11

Во една од народните песни којашто и ден денес честопати ќе ја слушнеме да се препева, односно антологиската „Како што е таа чаша“, мајката го испраќа својот син во револуционерна борба со пушка берданка.

„Како што е таа чаша“

Како што е таа чаша полна со вино,како што е таа чаша полна со вино,така е и мојто срце полно с’ јадови,така е и мојто срце полно с’ јадови.

Дај да пијам, мила мајко, да се опијам,дај да пијам, мила мајко, да се опијам,јадовите, мила мајко, да заборавам,јадовите, мила мајко, да заборавам.

И да пиеш, мили сине, фајде си немаш,и да пиеш, мили сине, фајде си немаш,ја земи си, мили сине, пушка берданка,па си појди, мили сине, в’ гора зелена.

Там’ ќе најдеш, мили синко, верна дружина,там’ ќе најдеш, мили синко, верна дружина.Борба води, мили сине, за слобода,за слобода, мили сине, за Македонија.6

6 http://pesna.org/song.php?id=628

Page 12: Македонска Ризница 43

12

Сличен мотив, мајката го испраќа синот во борба со пушка берданка, среќаваме и во песната “Стани ми Геле, Ангеле“.

„Стани ми Геле, Ангеле“

Стани ми Геле, Ангелестани ми сине на мајка,мрачна се зора зазориво гора сонце огреа.

Стани ми сине, Ангелеземи си пушка берданканакачи горе в’ планина,планина Пирин, убава.

Накачи горе в’ Пирина,таму ќе најдеш дружина,твоите верни другарикрвава борба ти водат.

В’ крвава борба, нерамна,твоја дружина влегоја,стани ми сине, стани ми,оди во гора зелена. 7

7 http://pesna.org/song.php?id=522

Page 13: Македонска Ризница 43

13

Многупати во македонските творби, го среќаваме сонот како фолклорен елемент. Па така и во песната „Сон сонила Орданица“ за берданката читаме како огнено оружје кон кое прво се посегнува во случаи на опасност од непријателот.

„Сон сонила Орданица“

Сон сонила, леле Орданица,од Ордана Пиперката.На полноќ се она разбудила,Ордан за рака го гибнала.

Стани Ордан море, да би не станал,лош сон сум ти сонувала!Да не одиш, Ордан, село Вевчани,оти е село сардисано.

Не плаши се, мори, Орданице,ја подај ми остра сабја,и подај ми пушка берданка.Да излезам мори пред четата,па да видам мори Орданице,кој го село сардисало.

Кога виде Ордан, што ќе види,цело село море, садисано,знак ми даде со пушката,аскер писна до Господа. 8

8 http://pesna.org/song.php?id=73

Page 14: Македонска Ризница 43

14

Во „Тргнала Тода мома за вода да оди“, берданката ја гледаме во скоро идентичен стих како и во претходната, односно како неизбежен дел од опевањето на херојството на македонските комити.

„Тргнала Тода мома за вода да оди“

Тргнала Тода мома за вода да оди,на таа чешма, Тода, чешма шарена.Одила Тода мома што одила,на пат Тода мома потера сретнала.

Тогај се Тода мома назад вратила,и на братот Тода мома му кажала.- Ај стани, стани брату, стани Ѓорѓи,лоша потера, Ѓорѓи, нè сардиса.

Не бој се, Тодо мори, гајле не бери,подај ми, Тодо мори, берданка пушка.И дај ми, Тодо мори, ситни куршуми,тури ми, Тодо мори, чаша ракија.

Па да видиш, Тодо мори, што чудо ќе правам,потера ќе бега, Тодо, до бога ќе плаче. 9

9 http://pesna.org/song.php?id=69

Page 15: Македонска Ризница 43

15

Берданката се споменува и во „Што ми е мило и драго“, напишана на пирински дијалект, каде истата ја посакува млада девојка сакајќи да стане комита и да се вброи во редовите на македонски револуционери како Сандански.

„Што ми е мило и драго“

Што ми е мило и драго,млада комита да стана,с Јане Сандански да ида,низ Драмско Поле широко,да носа пушка берданка,и остра сабја френгија,да бија Грци шпиони,и врли Турци душмане! 10

„Од Битола до Вевчани“

Од Битола до Вевчани сè сардисано,ура, ура, Ставре војвода!Го сардисаа млад Ставре у Шекутко’и.ура, ура, Ставре војвода!

Ставре имат машко срце, не се предават,ура, ура, Ставре војвода!Ставре има бердан пушка, не се предава,ура, ура, Ставре војвода!

Прва бомба што ми фрли в’ конопиштата,ура, ура, Ставре војвода!Па ми удри десет души од аскерот,ура, ура, Ставре војвода!

Сврти пушка под брадата, Ставре војвода,ура, ура, сам се убива.Ура, ура, за Македонија! 11

10 http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/102/132045389?pageID=1 11 http://pesna.org/song.php?id=541

Page 16: Македонска Ризница 43

16

За првпат во една народна песна ја среќаваме берданката опишана за своето потекло, како што е во „Песна за мариовскиот војвода Толе Паша“. Со овој епитет им се додава на значење на пушките користени од македонските комити, со цел акцентирање на нивната борбеност.

„Песна за мариовскиот војвода Толе Паша“

Жали и гордеј се, Mариовска страна,Мариовска страна, село Гудјаково.

Пушки загрмеја, пушкине малихери,пушкине малихери, рускине берданки.

Прва пушка пукна Толета го удри,Толета го удри, славниот војвода.

Втора пушка пукна - на Толета син му,на Толета син му - херојско чедо.

Трета пушка пукна Петрета Ицев мавна,Петрета Ицев мавна, од Челебевци.

Жалите ги, браќа, тие славни борци,што не дочекаја славната слобода! 12

12 http://www.1903.musicofmacedonia.com/2011/12/za-tole-pasha.html

Page 17: Македонска Ризница 43

17

Една од најчесто опеаните епизоди во македонскиот фолклор е потурчувањето на македонските девојки од Турците. Во „Турчин ми кара“, мајката му се обраќа на својот син, со берданка и сабја да се бори против Турците за да ја спречи оваа судбина за неговата сестра.

„Песна за мариовскиот војвода Толе Паша“

Турчин ми кара, клета робиња,Боса ја кара по љута слана,силно ја бие по бело лицеПо бело лице по рамна снага,Тја му се моли, пусни ме агоПусни ме аго дома да ида,дома да ида дете да вида.Остила го сам самичко в љуљкасамичко в љуљка в празна кашча.Турчин си бие клета робиња,не дава дома да иде,дома да иде дете да видиРобиња плаче, плаче нарежда,Прости ми синко Стојане,че те тебе клета оставих,в баштини двори без баштав мајчини постели без маќаКога синко пораснеш,кога ти руба заприлега,земи си пушка берданапушката синко, сабјата,мене синко нема да врнеш,сестра ти Стојанена Турчин не давај.

мене синко нема да врнеш,сестра ти Стојанена Турчин не давај. 13

13 https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BD_%D0%BC%D0%B8_%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0

Page 18: Македонска Ризница 43

18

Во оваа епска народна песна можеме да согледаме како се опишани опремата и оружјето на македонските комити, каде берданката се споменува како долга комитска пушка.

Ова е само еден дел од многубројните македонски народни песни, во кои често читаме за берданката како едно од најзначајните и најупотребуваните оружја во периодот на македонската револуционерна борба. Берданката многупати се споменува и во некои други народни творби, како приказни и легенди, со епски елементи за херојството на македонските комити.

Бисера Срцева во соработка со Александар Стеванов

„Песна за мариовскиот војвода Толе Паша“

Сете кумитчиња, мале,сете обружани,сете обружани, мале,со д’ги бердани,со д’ги бердани,со пo три колани,со пo три колани, мале,со пинци ковани,со пинци ковани, мале,со црни вустани. 14

14 http://itarpejo.org/kultura-i-religija/pesni-od-mariovo/785-2011-03-16-00-27-18

Page 19: Македонска Ризница 43

19

Page 20: Македонска Ризница 43

20

Дебата помеѓу Ентони Д. Смит и Ернест Гелнер за потеклото на нациите. Универзитет Варвик.

Воведните зборови на Ентони Д. Смит

ИМААТ ЛИ НАЦИИТЕ ПАПОК?

Page 21: Македонска Ризница 43

21

Нациите и нивното минато

Најпрвин да се заблагодарам на Вице-канцеларот на Универзитетот во Варвик, и професорот Едвард Мортимер, за нивната учтива покана до мене за да земам учество во оваа оригинална серија на дебати околу национализмот. Секако дека е добредојдена идејата да се избега подалеку од вообичаениот формат на предавањата, и се надевам дека ќе ми простите, ако, во договор со професорот Ернест Гелнер, ве задржам дваесетина минути со едно кратко воведно излагање.

Денешниот настан нуди можност да го искажам моето големо признание за достигнувањата и инспирацијата што претставуваше на мене, и за сите нас, Ернест Гелнер. Токму неговото дело за прв пат ми ја зафати имагинацијата во 1964, кога јас се обидував да најдам метод за проучување на феномените што веќе некое време потполно ме задлабочуваа во мислите, и по бранот на деколонизација на Афика и Азија, висеа постојано во воздух. Не само што Ернест Гелнер ме охрабруваше и ја водеше мојата теза низ теориите за национализмот со многу трпение и грижа; туку ме научи и на некои фундаментални лекции за нациите и национализмот, што подоцна во истражувањата ми служеа како водич. Првата од тие лекции беше дека национализмот е недофатлив, дури протејски, во неговите манифестации; и дека ние треба да се обидеме да ги класифицираме бројните видови на движења и идеологии доколку

сакаме да оствариме било каков прогрес во разбирањето на овој разновиден феномен. Второ, тој ме научи да ја почитувам основната социолошка реалност на национализмот и неговата креација – нацијата. Против сите оние што се обидуваат да ни кажат дека нациите постојат единствено во имагинацијата и дека тие можат да бидат деконструирани, Ернест секогаш инсистираше на тоа дека нациите и национализмот се реални и моќни социолошки феномени, иако нивната реалност често е различна од приказната кажана за нив од самите националисти.

И трето, тој ме убеди дека нациите, исто како и национализмот, се модерен феномен, во смисла дека основните карактеристики на модерниот свет се потребни за нациите и национализмот. Не може да постои едното без другото. Ова очигледно е случајот со национализмот, идеолошкото движење, кое јасно не постоело пред осумнаесетиот век. Но исто така е и вистинито за нациите генерално. Така, иако неколку нации може да се најдат пред доаѓањето на модерното доба, повеќето нации се модерни во смисла дека настанале реалтивно неодамна. Но сепак, во духот на ова пладне, јас морам да признаам дека дебатите не се напросто измислени – постои точка на разидување помеѓу Ернест и мене.

Бидејќи е безрезервен „модернист“, Ернест тврди дека не само што нацијата е релативно нов концепт, туку дека исто така е продукт на специфично модерни услови – оние

Page 22: Македонска Ризница 43

22

на раниот индустријализам или неговите антиципации, социјалната мобилност, потребата за масовна писменост, јавното образование и сличните. Токму модерната транзиција од спонтаните, неписмени „ниски“ култури во високо-културните се причината за содавањето на нациите и национализмот.

Сега, не дека го наоѓам ова образложение како погрешно, туку сметам дека тоа ја кажува само едната половина од приказната. Постои уште една половина, и останати начини за поглед врз овој феномен со многу лица. Јас ќе се обидам да ја представам и другата половина и да земам во предвид некои од тие останати начини.

Јас мислам дека повеќето од нас ќе се сложат дека национализмот денес е една од најмоќните сили во светот, и дека националната држава била најмалку век, и уште е, темелот на меѓународната политика. Национализмот ја обезбедува соло-легитимицијата на државите ширум Светот, вклучувајќи ги и полиетничите и федералните. Тој исто така е најшироко распространетата и популарна идеологија и движење, и доаѓа без изненадување тоа дека многу од светските нерешливи конфликти – во Индија и Блискиот исток, Кавказот и Рогот на Африка, Балканот и Јужна Африка – се или етно-национални конфликти или пак поседуваат силна националистичка компонента.

Секако, лесно е да се претерува со влијанието

на национализмот, и да се надуваат термините, нација и национализам, за да се покрие секој аспект на државниот социјален, културен и политички курс, и секоја димензија на внатре-државните односи. Затоа, првата работа е да ги дефинираме нашите концепти

Дефиниции

Под „национализам“ ќе подразбирам идеолошко движење за постигнување иодржување на автономија, единство и идентитет на човечката популација, чиишто членови го сфаќаат како конституирање на актуелна или потенцијална „нација“. „Нацијата“ како термин јас ќе ја дефинирам како именувана човекова популација што дели иста историска територија, заеднички митови и сеќавања, масовна, јавна култура, и единствена економија и заеднички права и должности за сите членови.

Оваа дефиниција сугерира дека концептот на нацијата се однесува на одреден вид социјална и културна заедница, територијална заедница на заедничка историја и култура. Ова е претпоставката на самите националисти, според кои светот е составен од единствени историско-културни заедници, врз кои нивните граѓани должат примарна лојалност и кои се соло-изворот на политичката моќ и внатрешната слобода.

Важно е да се направи разлика помеѓу концептот на нацијата и оној на државата. Државата е легален и политички концепт;

Page 23: Македонска Ризница 43

23

државите можат да бидат дефинирани како автономни, јавни институции на принуда во признаената територија. Државите не се заедници. Ние треба исто така да се присетиме дека системите на државите што се појавиле, прво во Европа, а потоа и во останатите делови на Светот, често му претходат на национализмот, како што и многу од денешните нации, иако не неопходно јадрата на нивните етничките групи. Недостатокот на временска и просторна спрега помеѓу државата и нацијата е една од главните причини за многу од денешните национални конфликти.

Модернистички и „пост-модернистички“ теории

За многу луѓе, нациите, посебно нивните, изгледаат вечни и древни. Тие не можат лесно да замислат свет без нации, ниту пак тие се среќни со идејата дека нивната нација е со неодамнешно потекло, или дури конструкција на елитите. Навистина, постарата генерација на научници, често под подсвесно влијание на национализмот, имаше тенденција да бара инаоѓа „нации“ секаде, низ сите векови и континенти.

Page 24: Македонска Ризница 43

24

Денеска, сепак, повеќето научници би ја сметале идејата дека нациите постоеле перманентно низ антиката и средниот век едноставно како „ретроспективен национализам“.

За повеќето повоени научници, нациите и национализмот се релативно нов феномен, кој се појавил веднаш пред, за време или по Француската револуција. Тие исто така се обидуваат да ги видат нациите и национализмот како продукти на модернизацијата и елементи на модерноста.

Многу од тие модернистички теории, во сржта, се материјалистички. Во некои случаи, материјализмот е јасен. Том Ноирн, на пример, го гледа национализмот како продукт на, и одговор на, „нееднаквиот“ развој на капитализмот. Во други случаии, материјализмот е дел и пакет на друг, културен процес на модернизација – во подвижното општество базирано на јавниот систем на масовно, стандардизирано книжевно образование кое што Ернест Гелнер го гледа како критично, или развојот на читачката публика зачната од појавата на технологијата

Page 25: Македонска Ризница 43

25

на „печатениот капитализам“, потенцирано од Бенедикт Андерсон. Во сите овие случаи, нациите и национализмите се видени како помалку или повеќе неизбежни оддеци на модерното, индустриско општество, колку и за жалење нивните последици можат да бидат.

Прашањето за реалниот или имагинарен статус на нацијата е најасно изразено во деконструкционистичките модели на Бенедикт Андерсон и Ерик Хобсбаум. Во пристапот на Хобсбаум, нацијата е видена, во најголем дел, како сет на „измислени традиции“ составени од национални симболи, митологија и уредно скроена историја. Во моделот на Андерсон нацијата е видена како „имагинарна политичка заедница“, која што е замислена како крајна и суверена. Јас не мислам дека било кој од нив ја смета нацијата како целосно имагинарна категорија; во исто време, тие се обидуваат да ги разголат националистичките погледи на нацијата како некако „примордијална“ и „вечна“.

Ова ми изгледа на мене сосема прикладно, под услов да, со одредувањето на нацијата како имагинарна заедница или традиција, ние не ја оспориме нејзината реалност и ја сметаме како фабрикација. Не постои ништо контрадикторно во тоа да кажеме дека нешто е и замислено и реално: Партенонот, Шартр и Систинската капела се не помалку реални и допирливи за целата имагинација на нивните креатори и набљудувачи низ вековите. Но,

доколку нациите не се фабрикувани, дали се тие културни артефакти креирани на истиот начин како артистичките споменици? Јас тврдам дека, иако ние често можеме да ги распознаеме елементите на промислено планирање и човечка креативност во нивното формирање, нациите и национализмите се исто така продукти на претходно постоечките традиции и наследства кои што сраснале низ вековите.

Дозволете ми да се вратам до поприфатливите „модернистички“ теории, оние кои ја нагласуваат социолошката реалност на нациите, откако биле формирани. Постојат одредени проблеми поврзани со овие теории. Првиот проблем е нивната воопштеност. Иако тие создаваат убедлив случај за објаснување на „национализмот генерално“, тие често се прилагодени на такво ниво на абстакција што не можат лесно да бидат прилагодени на специфични области или случаи. Тие изгледаат дека покриваат се, и сепак, кога ние ке ги разгледаме за да расветлиме актуелен историски случај, тие често се повикуваат на исклучителни околности – како религискот фактор, или бојата, или историјата на етничкиотантагонизам.

Второ, нивниот материјализам често води во погрешна насока. Национализмот може да проникне во сите видови на социоекономско миље – во богатиот Квебек и во сиромашната Еритреја, во областите на пропаст исто како и на напредок, во пре-индустриски исто како

Page 26: Македонска Ризница 43

26

и во индустриски услови. Ниту пак е лесно да се објасни содржината и интензитетот на одредени национализми преку движењето на глобалниот капитализам или динамиката на релативната сиромаштија.

Но третиот проблем е најкритичен, бидејќи доаѓа од нивната посветеност на модернизмот, односно идејата дека нациите и национализмот се продукт на модернизацијата.

Тоа што систематски е превидено се етничките врски и културните сентименти во многу делови на светот, како и нивното продолжено значење за голем број на луѓе. Ерик Хобсбаум, навистина, оди до таму да негира било каква врска помеѓу популарните „прото- националистички“ заедници што ги проучува и подоцнежните политички национализми.

Етно-симболичен пристап

Ова е токму она со кое не се согласувам. Модерните политички национализми не можат да бидат разбрани без референците со оние рани етнички врски и мемории, и во некои случаи, со пред-модерните етнички идентитети и заедници. Јас не сакам да тврдам дека секоја модерна нација мора да биде основана на некоја претходна етничка врска, а не пак дефинитивна етничка заедница. Но многу такви нации биле и се базирани на таквите врски, вклучувајќи ги и првите нации на Запад – Франција, Англија, Кастиља,

Холандија, Шведска – и тие служеле како модели и пионири на идејата за „нацијата“ на другите. И кога копаме подлабоко, ние ке најдеме етнички компоненти во многу национални заедници од тогаш – без разлика дали нацијата била формирана споро или пак како производ на поконцентриран проект на „градење на нацијата“. Верувам дека овој вид на пристап кој може да го именуваме како „етно-симболичен“, помага многу во разбирањето на растот на нациите, издигнувањето на етно-национализмите и конфликтите што тие ги продуцираат.

Прво да кажам дека ова е пристап или перспектива, а не теорија. Се сомневам дека ние сме во позиција сега да понудиме теорија што е сеопфатна и повеќестрана за феномени како етницитетот, нациите и национализмот, освен на многу општо ниво. Второ ваквиот пристап може да помогне во објаснувањето кои популации веројатно ќе развијат национално движење под одредени услови, и каква ке биде содржината на нивниот национализам – иако преостанува многу работа тука. Истражувањето на раните етнички конфигурации ќе, јас тврдам, ни помогне во објаснувањето на главните прашања и грижи на подоцнежниот национализам на дадена популација и ќе ни обезбеди докази за веројатниот развиток на нацијата и нејзиниот национализам. Модерна Грција преставува пример. Нејзиното двојно наследство на византиското империјално Православје и класичната демократска антика ja обликувало содржината и моделите

Page 27: Македонска Ризница 43

27

на грчките национализми во деветнаесетиот век и подоцна – и укажува на некои причини зошто национализмот што се развил кај Грците е помоќен отколку, на пример, кај соседните Власи.

Трето, пристапот што јас го препорачувам става акцент на важната улога на сеќавањата, вредностите, митовите и симболите. Национализмот многу често вклучува трагање по „симболични“ цели – образование на својот јазик, постојањето на ТВ канал на сопствениот јазик, зачувувањето на древните свети места како џамијата во Ајодхја или пак Ѕидот на плачот, правото на практикување на религијата на еден начин, имањето сопствени судови, училишта и весници, облекувањето

одредени носии итн. - цели кои често носат протести и крвопролевања, што се базирани на популарни сеќавања, симболи и митови.

Материјалистичките, рационалистичките и модернистичките теории имаат многу малку дакажат за овие прашања, особено во значајната компонента на колективните мемории. Четврто, етно-симболичкиот пристап може да помогне во разбирањето зошто национализмот често имал толку широко-популарна привлечност. Интелигенцијата можеби ги „внела масите во историјата“ и ги политизирала нив и нивните култури. Но зошто „народот“ одговорил? Не просто поради ветувањата за материјалнa

Page 28: Македонска Ризница 43

28

корист. Нивната вернакуларна култура сега е ценета и е претворена во база за новата масовна, јавна култура на нацијата. Така национализмот често инволвира вернакуларна мобилизација на масите.

Токму вака етничката форма на национализмот станала толку моќна сила денес. За разлика од граѓанскиот, територијален национализам на Француската револуција и Западот, кој ја гледа нацијата како територијална асоцијација на граѓани кои живеат под истите закони и делат масовна, јавна култура, етничкиот национализам ја гледа нацијата како заедница на генеолошко наследство, народна култура, историја и популарна мобилизација. Граѓанскиот вид на национализам е национализам на ред и контрола, и одговара на постоечкитенационални држави и нивните доминантни етноси. Но тој има малку да им понуди на многутте подчинети етнички малцинства вклучени во старите империи и нивните држави наследнички. Затоа тие и нивната интелигенција се вртат кон етничкиот национализам, обидувајќи се да ја реконстуираат нивната заедница како етничка нација. Нивна е политиката на културен револт. Револт не само кон странските владетели, туку и кон „татковците“, пасивните постари генерации, чуварите на прастарите традиции и истакнатите бранители на традиционалниот ред. За да успеат во нивната културна револуција тие мораат да ги пробијат нивните етнички заедници во политичката арена и да ги

трансформираат во политичкинации.

Ова е подлабокиот, внатрешен извор на толку многу етнички и национални конфликти денес. Судирот на ривалските национализми, етнички и граѓански, е во центарот на конфликтите на Блискиот исток, Индија, Кавказ и Балканот. Ние исто така може да најдеме, притаена, но еднакво истрајна, форма на Запад: во Квебек и Баскија, Шкотска и Каталонија, Фландрија и Корзика, каде и да постојат членови на маргинализирани, заплашени или аспирирачки етнички заедници што бараат обнова на нивното наследство, јазик и култура.

Заклучок

Што следува од оваа анализа? Прво, дека во свет на политички и културен плурализам каде што државите и етносите оперираат со ривалските концепции на нацијата и нејзините граници, етно-националниот конфликт е ендемичен. Второ, дека нациите и национализмите се политичка потреба во свет на натпреварувачки и нееднакви држави кои бараат популарна легитимизација и мобилизација. Трето, бидејќи толку многу луѓе чувствуваат дека нивната нација игра важни социјални и политички функции, ќе биде потребно повеќе од договорот во Мастрихт за да ги одалечи од таа длабоко всадена националнa приврзаност. И конечно, бидејќи многу нации се историски втемелени од пред-модерните историски врски, сеќавања

Page 29: Македонска Ризница 43

29

и наследства, сосема е неверојатно дека ние ке бидеме сведоци за време на нашиот животен век на надминувањето на нацијта и потиснувањето на национализмот, за што многу утопистисонувале!

Одговорот на Ернест ГелнерИмаат ли нациите папок?

Прво сакам да искажам благодарност на двајцата претходни говорници за убавите нешта што тие ги рекоа. Секако претставува извор на голема гордост за мене тоа што мојот студент Ентони Смит стана водечки експерт за национализмот и има огромно влијание на темата. Не треба

да го образложувам ова, но факт е дека сум многу горд. Моето воодушевување од Едвард Мортимер е поврзано со фактот дека тој е редок – повеќето од времето како што знаете тој е новинар, а не академик – тој е редок новинар кој генерално ги сфаќа работите правилно. Тој всушност успеа да покрие цела страница во the Financial Times за мене без ниту една единствена грешка, што е навистина вчудоневидувачко достигнување, па така тоа ми дава право да го исправам за една фактичка работа што тој сега ја искажа. Моите предци не се староседелци на Прага. Тие биле провинциска бохемиска ситна буржоазија, но тоа не е од големо значење.

Сега да одиме во срцето на работите. Многу

Page 30: Македонска Ризница 43

30

е корисно за дебатата кога борбените линии се јасни, кога имаш многу многу чист предмет на дебата. Ентони и јас сега се вкопавме еден против друг во врска со она што стана едно од главните линии на поделба во студиите за национализмот, имено, линијата на поделба помеѓу она што сега јас го нарекувам примордијалисти и модернисти, каде што едната страна кажува дека нациите постоеле цело време и дека минатото игра голема улога; и тука се модернистите како мене кои што веруваат дека нивниот свет бил создаден кон крајот на 18-тиот век, и ништо пред тоа не прави било каква разлика во врска со прашањето со кое се соочуваме. Ова е јасна линија на поделба која што е многу важна. Сега прашањето е како да се одлучите помеѓу нас? Мислам, она што јас реално се прашувам е тоа каков вид на доказ ние можеме да воспоставиме за реалноста на минатото. Повеќето од вас можеби знаат за дебатата во која Бертранд Расел на несериозен начин прашува како ние знаеме дека светот не е создаден пред пет минути со комплетните сеќавања? Па како знаете? Можеби навистина бил! Каде е доказот? И секако некои од вистинските дебати од овој вид се вградени во поделбата помеѓу креационистите и еволуционистите. Било ли човештвото создадено од Адам или пак полека еволуирало? За тоа постоеле некои докази и се разбира доказите биле дебатирани кога ова прашање било многуживо, имено дали Адам имал или немал папок? Сега ова е навистина круцијално прашање, како што гледате. Не, не, вие

можеби ке почнете да се смеете, но јасно, доколку Адам бил создаден од Господ на одредена дата, да кажеме 4003 пред Христа, нормално јас мислам на прва импресија дека тој немал папок, така да се рече, бидејќи Адам не поминал низ процесот со кој луѓето добиваат папоци. Така ние знаеме што ќе одлучи за тоа дали светот е многу стар и човештвото еволуирало или пак светот бил создаден пред околу 6000 години. Имено, се што треба да дознаеме е дали Адам имал папок или не.

Прашањето што сега ќе си го адресирам до мене секако е: дали нациите имаат папок или не? Сега поентата за папокот на Адам не е толку едноставна како што вие можеби мислите. Сосема е возможно да го замислите Адам без папок бидејќи папоците, еднаш откако биле создадени од оригиналниот процес за кој постојат, повеќе немаат никаква функција. Мислам можете да живеете без папок и тука нема проблем. Сега од друга рака постојат други аспекти на човечкиот организам, претпоставувајќи дека креацијата се случила на одредена дата и човештвото било наеднаш создадено, кои се слични на папокот, но кои би требало да се таму без разлика на погрешниот пат. Постојат многу видови ритмови: јас не сум физиолог, но постојат многу видови ритам за дишењето, за дигестијата, за пулсот, кои доаѓаат во циклуси и тие циклуси мора да бидат продолжителни. Па иако Адам бил создаден на одредена дата, неговат циркулација на крвта или конзумацијата на храна или неговото дишење

Page 31: Македонска Ризница 43

31

би требало да бидат во кондиција како што би била како тој да поминал низ тие циклуси без разлика, дури и ако тој не бил, бидејќи тој само што бил создаден. Како за пример, јас замислувам дека неговиот дигестивен тракт нема да функционира доколку тој не би имал некаква содржина која што би била знак за оброк, остатоци од оброк што всушност тој не би ги имал бидејќи тој само што бил создаден.

Истото е и со нациите. Колку важни се тие циклични процеси? Мојата поента за модернизмот што се трудам да ја истакнам во оваа дебата е дека целата етничка, културна и национална заедница, која што претставува така важен дел во случајот на Ентони, е како папок. Некои нации го имаат, но некои не и во секој случај е непотребен. Тоа што Ентони го кажува е дека е анти-креационист и ние ја имаме оваа презаситеност на папоци и тие се неопходни, како што кажува тој, и ова јас мислам е суштината на разидувањето помеѓу мене и него. Тој вели дека модернизмот ја кажува само едната страна на приказната. Сепак и да ја кажува едната страна на приказната, тоа за мене е доволно, бидејќи тоа значи дека додатните делови на приказната во останатата половина се излишни. Тој можеби не мислел на овој начин, но доколку модернистичките теории покриваат 60% или 40% или 30% од нациите тоа за мене е доволно. Постојат многу, многу чисти случаи на тоа дека модернизмот е реален. Земете ги на пример Естонците. На почетокот на 19-тиот век тие дури немале име за самите себе. Тие биле само луѓето што живееле на

земјата како нешто различно од Германците или Швеѓаните граѓани и аристократи или руските администратори. Тие немале етноним. Тие биле само категорија без било каква етничка самосвест. Одтогаш тие биле брилијантно успешни во создавањето на жива култура. Ова е очигледно многу живо во Етнографскиот музеј во Тарту каде што има по еден предмет за секој десетти Естонец, а постојат само милион од нив (Музејот има колекција од 100,000 етнографски предмети). Естонската култура очигледно не е во опасност иако тие создаваат врева во врска со руското малцинство кое што тие го наследија од советскиот систем. Тоа е многу витална и жива култура, но, била создадена од вид на модернистички процес кој јас го генерализирав за нациите и национализмот генерално. И доколку овој вид на случај го прифатиме за некои, тогаш исклучоците кои се припишани на другите нации се излишни. Централниот факт, како што ми изгледа мене, што навистина се случил во модерниот свет е тоа улогата на културата во човековиот живот тотално да биде трансформирана од тој кластер на економски и научни промени што го трансформирале светот од седумнаесетиот век. Основната улога на културата во аграрното општество била да го осигура статусот на луѓето и нивните идентитети. Нејзината улога била да ја вметне нивната позиција во една комплексна, обично хиерархиска и релативно стабилна култура. Во светот каков што е денес луѓето немаат стабилна позиција или структура. Тие се членови на краткотрајни професионални

Page 32: Македонска Ризница 43

32

бирокрации кои не се длабоко поврзани и се привремени. Тие се членови на лабави фамилијарни заедници. Што навистина е важно е нивната инкорпорираност и господарство врз високата култура. Под ова подразбирам писмена кодифицирана култура која што дозволува комуникациа надвор од контекст. Членството во една таква заедница и нивната прифатеност во неа - тоа е нацијата. Тоа е последица на мобилноста и безименоста на модерното општество и на семантичката не-физичка природа на работата што господарењето на таква култура и прифатливоста во неа е најзначајното нешто што човекот го поседува. Тоа е предуслов на сите останати привилегии и партиципации. Ова автоматски прави некого националист бидејќи ако таму не постои не-совпаѓање помеѓу културата во која тој оперира и културата на соседните економски, политички и образовни бирократии, тогаш тој е во неволја. Тој и неговото потомство се подложни на постојано понижување. Згора на тоа, одржувањето на видот на висока култура, видот на медиум во кој општеството оперира, е политички нестабилен и скап. Тој е поврзан со државата како заштитник и обично финансиер или најмалку како контролор на квалитет на образовниот процес кој ги прави луѓето членови на овој вид култура. Ова е теоријата. Ова е процесот, процесот на креација, што е мој еквивалент на тој настан од пред 6000 години кога човештвото било создадено во живот, тоа е националистичкото човештво, и се сложувам со Ентони дека ние сме националистичка

популација. Случајот на Ентони содржи неколку поенти со кои јас не можам, а да не се сложам. Културите, дури и заедничкиот број на симболи и комуникација, биле важни уште во прединдустриското доба. Тоа е непоречливо. Така нечијот папок, нечијата култура, се важни исто така. Културата некогаш е длабоко почитувана и нејзините членови се свесни за неа, тука не постои простор за сомнеж. Античките Грци ја знаеле разликата помеѓу оние што го читале Хомер и оние што не. Тие ја знаеле разликата помеѓу оние луѓе на кои што им било дозволено да учествуваат во Олимписките игри и на оние што не. Тие имале голем презир кон барбарите кои што спаѓале во негативната класа.Во таа смисла несомнено тие биле културни шовинисти. Добро, значи културите некогаш се свесни и некогаш се невидливи, некогаш тие се обожувани и понекогаш невидливи - тие се игнорирани. Сега понекогаш, но ова е малку веројатно, тие имаат политички институции поврзани со нив и аспирации за политичка единица, но генерално зборувајќи условите на аграрниот свет биле создадени за политички единици кои биле локални интимни заедници, помали од една формирана култура или многу поголеми од култура, како на пример големите империи. Не постоело ништо во логиката на политичката ситуација за да ги води политичките единици во проширување на границите на нивната култура или да не се проширува преку нив. Тие имале тенденција да бидат помали или поголеми. Понекогаш културата имала политичка експресија, но

Page 33: Македонска Ризница 43

33

најчесто не. Понекогаш постоел континуитет помеѓу културите кои биле обожувани во прединдустриската ера, а некаде постои дисконтинуитет. За да се обидеме да бидеме детални, Ентони, јас не би рекол дека постои автентична народна меморија или преокупација на модерна Грција со Атина на Перилке. Постои извесна доза на континуитет со Византија или на некој степен со црковната организација што ја надживеја Византија, сигурно. Но некаде постои – некаде не. Така би рекол дека генерално постои извесна доза на папок наоколу, но не секаде и во глобала тоа не е важно. Не е како циклусите на дишење, крвната циркулација или дигестијата на храна која што Адам би требало да ја има за да живее во моментот на креацијата. Ти треба да имаш вид на измислено минато и минатото нема да биде реално. Културниот континуитет е случаен, не- есенцијален.

Каде не води ова? Мислам дека Ентони беше малку нефер кон мене зборувајќи дека јас сум само заинтересиран за тоа како се случило, а не за практичните импликации. Колку очигледно е важно да се предвиди кои нации ќе се афирмираат самите, кои потенциални нации, кои културни категории, ке се афирмираат самите, а кои не. Можам да кажам дека тоа е неразделиво во ситуацијата што ти не можеш да кажеш. Можеме да укажеме на одредени фактори. Големината е очигледен фактор, многу малите културни групи не успеваат. Континуитетот е уште еден фактор, но не есенцијален.

Големината, континуитетот, постоењето на симболизмот се важни, но уште еднаш Естонците создадоа национализам ex nihilo во текот на деветнаесетиот век. Мислам дека Ентони беше малку груб кон економските детерминисти. Кога една културна категорија е или систематски обесправена во контраст со нејзините културни соседи кои може да бидат територијално помешани со неа или напротив постои завист од напредокот, тоа уште еднаш обезбедува мотивација. Големината, компактноста, постоењето на симболизам, мотивацијата и историскиот случај. И додаден фактот дека аграрниот свет бил особено богат со културни нијанси, а модерниот свет има простор за околу 200 до 300 национални држави, зборува дека не сите потенцијални нации стануваат реални и многу од нив дури не се ни обидуваат. Јас не мислам дека ние може да имаме било каква формула за нивна идентификација. Така јас сум заинтересиран за тој проблем, и можеби разликата во нашите пристапи, не прави разлика во нашите антиципации, со тоа што модернистите имаат поголемо чувство за создавањето на папокот, како спротивствено на континуитетот на папокот. Мислам дека го дадов најдоброто од мене за да ги нагласам прашањата кои се пред нас и дека сега можеби е моментот ова да постане главна дискусија.

Page 34: Македонска Ризница 43

34

Григор Прличев – вечен поттик

Охрид, Охрид, наш убав милгнездо на народни дејциотсекогаш си бил.

1830-то лето, во едно тешко време клето,во куќичката на стопанот Ставре тишината замре.Светлина се јави,Марија на својот сопруг машко дете му подари.

Растеше Григор во беда,горд на својата мајка потиштена од работа и бледа.Кога ја виде со тешкиот килим во раце заплака горко:Како ќе се живеј! – рече,но не дозволи животот да го влече.

Пискотот на македонскиот народ поробенна неговото срце стави камен оловен.Гордо ја крена главата да се бори за правдата.За несреќата на својот народ пишуваше,смртта на Кузман Капидан во Сердарот ја оплакуваше.Од аскерот не се плашеше, Ловоров венец градите му ги красеше.

Охрид, Охрид, убав, милгорд сум што и јас сум твој син.

Page 35: Македонска Ризница 43

35

Даријан Ангелоски е ученик во ОУ„Григор Прличев“ во Охрид. Роден е на 14.10.2005 година во Скопје. По повод патрониот празник на училиштето на литературниот конкурс на тема ,,Григор Прличев - вечен поттик“, а под менторство на наставничката Славица Мојсоска ја освои првата награда.

Оваа година се одбележуваат 123 години од смртта на Григор Прличев, кој е еден од најистакнатите македонски писатели од времето на преродбата.

Во Спомен куќата на Прличев се одржа настанот „Слово за Прличев“, на кој свое учество имаше и Даријан Ангелоски како автор на првонаградената творба .

Page 36: Македонска Ризница 43

36

Црква „Света Троица“ Радовиш

Page 37: Македонска Ризница 43

37

Page 38: Македонска Ризница 43

38

Page 39: Македонска Ризница 43

39

Page 40: Македонска Ризница 43

40

Интервју со Игор Кралевски, стрип-љубител

„КАЈ НАС НЕ ЦВЕТААТ РОЗИ, ТУКУ ИМА ТРЊЕ НА СЕКОЈ ЧЕКОР“

Page 41: Македонска Ризница 43

41

Игор Кралевски, по ново: магистер по регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај, при Факулетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), е среќно оженет четириесетгодишник, со две прекрасни ќерки, а најважно од сѐ - тој е фанатик по стрипови. Чита стриктно во електронска форма, а официјалната причина за тоа е дека стриповите што ги чита не можат да се набават кај нас. Но неофицијално тоа не држи вода, бидејќи преку Интернетот денес сѐ е на дофат на рака, но ако може да се добие во електронска форма, тогаш таа ставка од домашниот буџет не се пополнува. Мазохистички ги чита стриповите со Загор, за кој пишува и колумна на форумот на www.makstrip.com.mk и често им ги разобличува носталгичните сеќавања на читателите и вљубеници на ваквиот вид на „литература“, поради што го носи епитетот дека го чита само овој „јунак“, што е целосно погрешна перцепција.

1. Како, низ призмата на македонскиот стрип, ја оценувате 2015 година?

Ах, не сум толку компетентен да давам мислење во оваа сфера. Единствено можам да нафрлам како обичен читач или консуматор на деветтата уметност дека има „некои нови позитивни ветришта“ во таа насока. Но далеку, далеку сме од добра „берба 2015“ година. За жал, можностите на стрип-културата се „институционализирани“ - како за пример, има една организација која се кити со придавката „Стрип“ и „Македонија“

во својот наслов, но искрено, освен што даваат годишен извештај до Министерството за култура, и врз основа на истиот добиваат финансиска поддршка, друго реално не сме добиле од нив како некакво чувство за негување на македонската стрип култура. Обичните љубители на стрипот не добиваат никаква сатисфакција. Но, како што реков, има некои нови превирања кои веќе даваат ефект. Издавачката куќа Стрип Квадрат е едно од нив. Дечките (Игор Јовчевски и Никола Темков, кои и не се баш дечки, влегуваат во класификација стари дртала, ко мене :) ) работат навистина беспрекорно за афирмација на македонското стрип-творештво. На исто ниво, во електронската сфера, би ве пофалил Вас, и МК Ризницата, која одвојува простор и време за стрипот. Другите, барем оние за кои што јас знам, баш и не се за фалење.

2. Според вас, кој стрип-настан ја одбележа изминатата година во Македонија?

Имаше неколку настани за кои имам сеќавање - и сите некако се врзани за Стрип Квадрат. Знам за промоцијата на револуционерните сликовници, за „Чуварите на вечната светлина“ на Игор Јовчевски, па (за малку неуспешна) изложбата „Деветта димензија“ во март... Меѓутоа, најголем стрип-настан што ми ја одбележа 2015 година беше промоцијата на македонскиот супер-јунак и албумот „Ајвармен“ кој се одржа на 27 февруари 2015 година во Кафе Ли. Ајвармен е стрип албум креиран од Давор Драмиќанин

Page 42: Македонска Ризница 43

42

и Игор Јовчевски, и е збир од повеќе кратки приказни за стрип-јунакот Ајвармен, кои се подредени во своевидна хронологија и опишуваат една целосна приказна. Во албумот како гости учествуваат и авторите Никола Темков, Ристо Манасиев, Дамјан Михаилов, Здравко Гиров и Тхе Мичо, кои во секоја епизода даваат посебен печат на ликот,

секој во својот стил. Самата презентација беше одлично замислена, со анимиран видео-спот и авторите маскирани соодветно како Ајвармен, што даде позитивни вибрации меѓу гостите и публиката и овозможи дружбата да биде совршена. За останатото ќе прашаш некој друг, не сум во тек со сѐ. :)

3. За разлика од пред две-три години, кога најголем проблем за деветтата уметност кај нас беше немањето издавач на стрипови, денес ги има и повеќе од еден. Што сѐ, од стрип, лани беше публикувано во Македонија?

Е тука ме затекна. Искрено, не знам што се случува на тоа поле. Знам дека минатата година беше во знакот на М-Комикс, но тие издаваат стрипови од италијанската куќа Бонели и преведуваат стрипови како Дилан Дог, Загор, Драгонеро итн. А за македонските дела и издавачи, мислам дека го покрив ова прашање со претходниот одговор, во последната реченица.

4. Има ли нешто што недостасува за непречен развој на домашната стрип-сцена или, пак, цветаат рози?

Ова е најболното прашање досега. Кај нас не цветаат рози, туку има трње на секој чекор. Знам дека граѓанското здружение Макстрипови и нивното издание Синдром е со синдром: вештачки индуцирана кома, од причина што сите тие стрип-ентузијасти имаат реална секојдневна работа во која треба да се внесат, па своите креативни

Издавачката куќа „Стрип Квадрат“ и оваа година продолжува со своите издавачки планови за збогатување на домашната стрип-сцена. Се надеваме дека ќе добиеме некаква финансиска помош од Министерството за Култура кое би ни го покрило барем трошоците за печатење, така што во најскоро време ќе се знае кое ќе биде првото издание оваа година, а тоа може да се случи уште во февруари. Инаку сега засега можам да откријам само дека се планирани три нови стрип-албума, напишани и нацртани од домашни стрип автори, како и една монографија на еден наш уметник кој исто така голем дел од своето творештво го има посветено на стрипот. За разлика од останатите издавачи во Македонија, мислам дека „Стрип Квадрат“ е единствената која објавува стрипови од домашни стрип-автори, и колку толку се грижи оваа подзаборавена уметност да продолжи во своето постоење. Досега имаме објавено десет изданија од кои четири се стрипови, и шест сликовници за деца, и нашите планови се да продолжиме со домашното издаваштво колку е можно подолго, имаме многу идеи и големи планови, планираме за понатаму и една домашна стрип-ревија, кој би се состоела од кратки стрипови, текстови за стрип и интервјуа, исто така уште една едиција на стрип-сликовници од историјата на Македонија, но финансиската ситуација го диктира темпото и многу работи зависат од тоа.

Никола Темков, издавачка куќа „Стрип Квадрат“

Page 43: Македонска Ризница 43

43

проекти, особено за стрипот и духовната сатисфакција, ги ставаат во втор план. Макстрипови беше креирано од и за стрип вљубениците, но без силна финансиска поткрепа, не може да функционира. За жал, Министерството за култура финансира други граѓански здруженија, од кои едно - кое го зема најголемиот дел од колачот - не креира никаков (позитивен) фидбек.

5. Допреле ли, можеби, до вас некакви најави за стрип-настани за оваа 2016 година?

Видов дека во годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес за 2016 година, се поддржани неколку проекти како што е монографијата на Тони Анастасовски, стрип-каишите „Стапче и Шишка“ на Смиле Цветановски, „Пламенот“ на Јован Секуловски - од ова очекувам најмногу, бидејки се работи со омилениот ми охридски сценарист Јордан Коцевски, како и добро докажаниот алтернативец Дарко Богданов со „Витези од сосетството“. И генерално тоа е тоа што ги покрива младите уметници во Македонија (Тони и Смиле не влегуваат во оваа категорија, бидејќи ова им се проекти од типот - Собрани дела ;) ). Иронијата и „карикатурата“ во македонското издаваштво доаѓа во израз кај проектите на Стрип центарот на Македонија - Велес. За 2016 година кај нив се најавуваат: Македонскиот стрип во едицијата „Никад робом“ на Ване Трајков (што значи, за делови кои ВЕЌЕ се испечатени во соседна Србија, а ги пријавуваат само како „нов“ проект во Македонија); „Цар Самуил“

на Миле Топуз (објавен во 1967 година во погореспоменатото списание „Никад робом“, само сега „скоцкано“ во ново руво, детали: http://i-macedonian.blogspot.mk/2013/01/blog-post_24.html) и „Портопалермо“ на Герта Опараку (која инаку е уметник од соседна Албанија. Немам никаква забелешка за авторката, бидејки не ѝ го знам нејзиниот опус, но ако веќе барам пари од Министерството за култура на Република Македонија за развој на МАКЕДОНСКАТА стрип култура, сепак, би побарал македонски стрип-уметници, нели?). Има плејада од стрип креатори и автори во Македонија, од кои само ќе ги набројам оние што најпрви ми текнуваат: Тхе Мичо, Александар Сотировски, Дарко Ристевски, Здравко Гиров, Ласко и Томи Џуровски, Иванчо Николов, Тања Вукобрат, Ристо Манасиев, Филип Трајковски, Стефан Коцевски, Марко Тасевски, Дамјан Михаилов, сценаристите Давор Драмиќанин, Гоце Цветановски итн (се извинувам ако некого испуштив), и доаѓам до следниот, многу лош заклучок: талентираните се тргнаа на страна, а Македонија, генерално, ќе чека некои подобри времиња на ова поле.Сепак, ќе завршам како и што го започнав интевјуто: јас сум само еден обичен стрип читач, лаик за овие муабети, и му се враќам (само) на читањето стрипови… и, се читаме на http://www.makstrip.com.mk, каде многу овдешни стрипофили се дружат и разменуваат мислења за и околу стрипот.

Редакција

Page 44: Македонска Ризница 43

44

Рената Пенчова е родена на 13.7.1998 година во градот Штип. Своето осумгодишно основно образование го заврши во ООУ „Славејко Арсов“ во Штип каде што беше прогласена за ученик на генерацијата, а своите нови знаења реши да ги црпи во гимназијата СОУ „ Славчо Стојменски “ во Штип.

Пишува од најмала возраст и повеќе е ориентирана кон прозата. Нејзиниот талент, пишувањето, ѝ донесе многу пофалници и дипломи од регионални, општински и државни литературни конкурси и ѝ обезбеди учества на многу манифестации - литературни читања, приредби, поетски вечери и фестивали. Истовремено негува љубов и кон природните науки, а има учествувано и на натпревари по математика, биологија, физика, информатика, противпожарна заштита и географија.Член е на литературниот клуб “Искра” во Штип.Истовремено е член на дебатерскиот клуб “Актив”. Има објавено свое авторско дело стихозбирка “Љубовта трепери во срцата” во 2013 година.

Го сака пишаниот збор и слободното време го користи за да пишува на секоја тема, а најголема инспирација и е секојдневието и нејзините чувства.

ПОЕЗИJА - РЕНАТА ПЕНЧОВА

Page 45: Македонска Ризница 43

45

Колку поезиjа читате неделно?

Читам поезија во секое слободно време во текот на неделата.Секогаш кога сметам дека треба да добијам вибрациии на позитивна енергија и сила.Поезијата ја има моќта длабоко да продира во нашите чувства и да го подобрува нашето расположение. За која личност или настан од македонската историја би напишале песна? Или можеби веќе сте напишале?

Нашата македонска историја и минато изобилува со многу значајни личности за кои дефинитивно треба да се напишат стихови во кои ќе се воздигнува нивното дело и ќе го продолжи шепотот на нивниот дух.Стиховите не можат да го заменат нивното страдање и болка, но ќе останат и нема да бидат заборавени од нашите потомци.Песна која веќе ја имам напишано и има огромно значење е за нашиот великан Рацин.Затоа што неговите стихови кај секого комплетно ги задоволуваат човечките, животни импулси.

Има ли некоја песна која што кога сте ја прочитале сте посакале вие да сте нејзин автор?

Некоја песна која ќе ја прочиташ и ќе остави големо влијание во твоите мисли, е песна која мора да имала музичка милозвучност.Затоа што помеѓу поезијата и музиката не може да се повлече остра граница.Секако дека има такви песни, многу се и не би

можела да издвојам некоја посебна.Кога ќе прочитам убави стихови се восхитувам, но не би посакувала да сум нејзин автор, затоа што сметам дека тоа ќе биде доволна мотивација за поголем успех.

Може ли човек без талент да научи да пишува поезија?

Сведоци сме дека се што многу силно посакуваш, дејствуваш кон остварувањето на целта, тоа се остварува.Човека во себе не мора да ги носи нишките на талентот, може да биде хиперсензибилен, чувствителен и во момент на излив од чувства да напише инзвонредна песна.

Мислите ли дека најдобрите љубовни песни се тажни?

Љубовта била, е и ќе остане вечна тема на сите поети.Во момент на тага, љубовта се излива како издан, предизвикува бура во човековото срце.Умее да допре до сите скриени мисли и ранливи делови.Се согласувам со тоа дека најдобрите љубовни песни се тажни.

2

1

3

4

5

Page 46: Македонска Ризница 43

46

СТИХОВИТЕ НА КОЧО РАЦИН

Галежните стихови од Рацин допираат до страдните душии со огромен интензитет продираат до немирното срце.Тие таму во трепетните сништа се преродуваат,тие вековни стихови таму остануваат,да сонуваат, да спијати од пукнатините на темната ноќ да се кријат.Се додека не ги разбуди врелината на потрошените солзии трагите на некоја впиена тага и болка.Тогаш срцето се растреперува и наеднаш стиховите се разбудуваат.Тогаш стиховите имаат гравитациона силакоја силно не привлекува и не приморува тагата со стихови да ја измиеме.Нежните стихови не хипнотизираат, не скокоткаат и создаваат топли морници по нашето тело.Чистите, искрени стихови ја соголуваат нашата душа и се вгнездуваат во нашата матка.Стиховите стануваат наши деца,родени од скаменетата болкакоја некогаш копала бразди по кревкото срце.Стиховите понекогаш сакаат да побегнатод животниот виор на секојдневието.Тогаш тие се лизгаат меѓу прстите,испаруваат како дождовни капки,исчезнуваат како недофатни мисли,заминуваат како туѓинци по крстосница,се топат како снежни топки,се трансформираат во обични зборови,се зашиваат со тажни спомени,и се мешаат со сенката на времето.

Page 47: Македонска Ризница 43

47

За стиховите на Рацин не постои заборав, туку вечно сеќавање.Најубавите стихови од Рацин никогаш нема да можат да побегнатзатоа што се копнеж на мудроста,затоа што ја гаснат жедта,затоа што ја хранат душата со пламени на љубов.Тие засекогаш ќе останат наши деца,деца на сонцето, деца на Македонија.Стиховите со нас ќе продолжат да издишуваат и со името на Рацин до век ќе се потпишуваат.Со стиховите протечени од најдлабоките пори на рациновото срценемиот ќе прозбори,глувиот ќе прослуша,слепиот ќе прогледа.Каде и да си Рацине, слушни ги моите зборови:“Во тебе е универзумот на поезијата драг Рацине!Ти го љубеше сиот свет,а јас ги љубам твоите стихови!”

Page 48: Македонска Ризница 43

48

СУДИР НА СЕЌАВАЊЕТО

Црвенило од есенски боии лепливи траги на тагасе мешаат со немоќта на разумот.Истиснати, изморени од убавинатана двостишието,распарчени од усни ладни и меки.А сепак обвиени со небесни виножита,и преточени во златни зајдисонца.Преплетени мисли дивеаат во умот,бараат коренска промена,а сепак се наоѓаат во рамнотежна положба на периодот.Го одбегнувам моментот на кршливост,но сепак се сеќавам на него.Неодгатнати, изгниени, свенати сеќавања,а сепак направени од љубов.Сеќавања кои порано биле нечујни шепоти,а сега растат со мене.Срцето барајќи слобода,се судира со сеќавањатакои пораснале како бели јасени до возвишението на болката.Невиноста протнувајќи се во длабочините на минатото,неуморно ме влече кон почетокот.и повторно го доживувам фениксот на тагата.Навлечена од нападот на колапс,конфузните мисли полека ги убиваат меките, диви делови од душата.За на крајот судирот да се претори во колизија на соништата,и ме приморува да сфатам дека сум зрно прашина одвеано на ветрот.

Page 49: Македонска Ризница 43

49

ОСАМЕНОСТА НА ЕСЕНСКИТЕ ЛИСЈА

Просветлени се лисјата,преточени се во проникната горчина,опишани се во нечија нечуствителност.Разбудени се во центарот на соништата.

Осамени се, а сепак здружени,стопени во утринскиот зрак,предадени се на очекувањето,гушнати се со солзите за каење.Милостиво се клекнати пред стапалата на молкот.Легнати се во постелата на есента,осамени се ко црнилата на снегот. Тие се предадени од затапената болка,гости се во човековиот ум,пронајдени се во снагата на гревот,заштитени се во медените усни.

Се кријат под здолништето на дрвјата,знам дека се осамени,бегаат во нејзините сини коси.Барајќи го своето засолниште,солзите се пролеваат во елегиите на душата.Осамени се лисјата,осамени се ко кревкоста на оревот.Ги подаваат дланките за спас, но годините ги отсекуваат.

Page 50: Македонска Ризница 43

50

ОДМИНУВАЊЕ

Во паузите на верувањето,во љубовните расчекориодминуваш низ ветриштата,одминуваш без размена на тишините.Одминуваш без збор,без да ја дочекаш сеидбата на иднината,без да се напиеш од кладенецот на вистината.Помеѓу едначењето и непосредноста,се впиваш во тантелните трепетии во потеклото на старата тага.Одминуваш низ млазните воздушни струи,низ видените и невидените копнежи.Секогаш се скриеш меѓу течната запирка и точката,помеѓу доримуваните и незавршените стихови.Одминуваш пред запретаниот здив, пред вкочанетиот збор,во тврдиот свод на мирување.Спиеш во плачот на бесвремето,во напластените страсти,во стеснетиот круг на лагата.Одминуваш пред течението на поразотне застануваш ни до расцутот на надежта.Одминуваш, а зад себе оставашпрегратка на изгор.

Page 51: Македонска Ризница 43

51

НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ

Будно,меко ги отворам страниците на душата.Срцето до корен гори од голтнатите кнедли и растворените, отровни зборови.Лепливи траги од минатото ги будат полуживите клетки полни радост.Просветлени мисли ги допираат ранетите крилја на спомените.Продолжува уништувањето на пулсот на времето,тактот на стравот и тупотот на болката.Спијам во поместување, во постелата на изгорот,а сепак чекорам во безграничноста на разумот.Ги вкусувам исушените, стари стебла на задоволство,повторно ја чувствувам сочноста и меката блажина на незаборавот.Поминувајќи низ фазите на заздравување,патувам низ непостоечките призми на сончевината.Памучни зрна скриени во бесконечноста, создаваат стадиум на созревање и песочно ветување.Исплаканите солзи,невратените ноќи, недоримуваните зраци спијат во долгите, студени денови и носат исцедени, задоцнети доаѓања без ехо.Во древната колевка на бакнежот се лула топлинатаи таму утринските камбани жаруваат нов спокој.Се поврзувам со мостот на три галаксии,и ги ловам бреговите на спасение.Изморена, жива, осамена се сплотувам со акордите на тишинатаи изгревам од папокот на разумот.Се соголува и последната интима на денот,а во срцето се разлеваат мастилните,шепотни силуети на виножитото.Ноќва душава ми е матка,во која се вгнездуваат вжештените, врзани, елегантни емоции.

Page 52: Македонска Ризница 43

52

Тивкиот призвук на болот се скаменува,во скутот на бурното зајдисонце,исчезнува како босоноги стапалки на старото, одминато, сонливо лето.Освежени ноти ја убиваат расцутената тагаи зборуваат за себесознавањето.Занесно молитвата на љубовта се шири во засечените рании неотповикливо забременува во центарот на убавината.Накалемена исполнетост влегува под кожа,ги омекнува забрзаните олицетворениа и нашите погледи на гледање.Во самракот на утехата талка жешкиот воздух низ измешаните чувства во неговите багремови очи и низ наивните, недоживеани сказни.Пијани, милозвучни, брановидни вибрации се пренесуваат во моето ново срцебиење и низ коските на времето.Во тајните скривници и дамарите на душатанескротливо се открива прапочетокот и наследството на мудроста,се открива историјатот на оформените чувства.Тогаш доживувам издвојувана себепобеда, крунисана љубов која ги поврзува моите душевни импулси.Ги надживувам илјадите соголени, испапчени тагимеѓу три пролетни рамноденици,се надживувам себе си.Во срцевото жариште се оплодува виорот на вселената,во мене восхитно парче на среќа,а во тебе мојата неспоредлива симфонија на опојната невиност.Сега љубовта, мирот, младоста е во нашите тенки вени.Твојот смолкнат гест,твоите очи ги галат осамените,живи рани.Ја чувствувам крштевката на вкрстените погледи,изворот на свилениот молк и ризницата со засладени тонови на љубов,како мирно се развлечуваат и заспиваат во муграта на зимскиот ден.

Page 53: Македонска Ризница 43

53

Затоа те молам остани ми боја од магија,сонце во сончоглед или пурпурен трепет во свежина.Во предвечерието на слободата ненаситна таинственост се стиснува меѓу течните запирки на песната.Во тебе и во мене гори врело чувство за една недовршена игра во пролет.Во мене и во тебе се возобновува судбинската тапија на вечноста.Љубовта не’ прави посилни и посреќни.

Page 54: Македонска Ризница 43

54

„NIKAD ROBOM“, ФОНТНа 17 ноември, минатата година, на едно од најпознатите мрежни места наменети за фонтови, платформата Dafont, објавен е фонтот „Nikad robom“, базиран на рачниот летеринг од истоимената стрип ревија, односно од 93-та епизода, насловена „Никола Скобаљиќ“, на авторот Никола Митровиќ - Кокан.

Фонтот, изработен од Александар Стеванов, има вкупно 102 глифи и 588 кернинг парови, погоден е за дигитално летерирање на стрипови, а истиот може да се користи за пишување на српско-хрватски, како и за текстови на англиски јазик.

Од неговото објавување на платформата, па до сега, „Nikad robom“ има над 2600 преземања, а тој број постојано расте со во просек по околу 10 преземања дневно. За и вие да го преземете, кликнете на следната врска: http://www.dafont.com/nikad-robom.font

Редакција

Page 55: Македонска Ризница 43

55

Page 56: Македонска Ризница 43

56

КРСТВеличај го, душо моја,Пречесниот Крст Господов.Таен си, Богородице, рај,кој недопрен го израсна Христа,Со него крстното живоносно Дрво на земјата беше насадено.Нему, сега вознесуван,поклонувајќи Му се, Тебе те величаме.

Фотографија на Владимир Петроски фотографирана во село Ехловец , каде за време на Водици во времетраење од три дена се одржуваат низа на обичаи поврзани со овој ден , еден од обичаите е и китењето на крстот од страна на кумот...

Page 57: Македонска Ризница 43

57

КРСТВеличај го, душо моја,Пречесниот Крст Господов.Таен си, Богородице, рај,кој недопрен го израсна Христа,Со него крстното живоносно Дрво на земјата беше насадено.Нему, сега вознесуван,поклонувајќи Му се, Тебе те величаме.

ДИМИТАР ВЛАХОВ Македонски револуционер 1878 - 1953

портрет карикатура , молив во боја на хартија

Никола Анѓелкоски

Page 58: Македонска Ризница 43

58

Page 59: Македонска Ризница 43

59

Page 60: Македонска Ризница 43

60

МOЖЕТЕ:да споделите – да умножувате,дистрибуирате, јавно да гоприкажувате илијавно дигитално да гоприкажувате делото.

ПОД СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:

Наведи извор — Морате да гонаведете изворот на ист начинкако што тоа го направил авторотили давателот на лиценцата(но не на начин кој би сугериралдека тие ве поддржуваатвас или вашето дело).

Некомерцијално — Не смеетеда го користите ова делоза комерцијални цели.Без адаптирани дела. — Не смеетеда го промените, трансформиратеили да го адаптирате ова дело.

е-пошта:[email protected]

Page 61: Македонска Ризница 43

61

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ: