34
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА 38 СЕПТЕМВРИ 2015 ГОДИНА ISSN: 1857-8314

Македонска Ризница 38

  • Upload
    -

  • View
    233

  • Download
    1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Македонска Ризница, бр. 38,септември 2015 година

Citation preview

Page 1: Македонска Ризница 38

1

Македонска Ризница , бр. 38

МАК

ЕДО

НСК

АРИ

ЗНИ

ЦА

38

С

ЕПТЕ

МВР

И 2

015

ГОД

ИН

А

IS

SN: 1

857-

8314

Page 2: Македонска Ризница 38

2 3

Почитувани читатели, во овој број на е-списанието „Македонска Ризница“, и покрај тоа што со своите 34 страници е меѓу „најтенките“ досега, за Вас подготвивме збир од написи на најразлични теми.

Нашиот уредник Благојче Андонов ќе Ве запознае со колежот во Смилево од август 1906 година, а Никола Темков, за Вас од француски преведе и уреди статија во врска со егзодусот на Македонците од пред еден век.

Со задоволство ја продолжуваме соработката со стрип-авторот Владо Јаневски и Ви претставуваме нова епизода од неговиот стрип „Светот на Бромо“. Меѓу позабавните содржини спаѓа и топ-10 музичката листа, во избор на Ѓоко Максимовски, македонски бас гитарист. Во овој број Ви го претставуваме и творештвото на стрип-авторот Игор Јовчевски, при што ќе можете да видите и дел од неговите детални илустрации.

За крај, „Македонска Ризница“ не би била комплетна без прекрасните карикатури на нашиот најредовен соработник карикатуристот Никола Анѓелкоски. Во овој број ви претставуваме негова портрет карикатура на македонскиот револуционер Климент Шапкарев.

Се надеваме дека ќе уживате во содржините на овој 38-ми број на „Македонска Ризница“. А доколку е така, Ве молиме споделете го со Вашите пријатели. Вам нема да Ви одзеде многу од времето, но нам би ни значело многу, затоа што „Македонска Ризница“ постои само и единствено за Вас читателите, а секој нов читател за нас значи поголем предизвик и поттик за понатамошна ангажирана работа.

Со почит, АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

Македонска Ризница број 38

септември 2015 година

Главен уредник:Благојче Андонов

Редакција: Гоце Панговски

Соработници: Никола АнѓелкоскиЃоко МаксимовскиИгор ЈовчевскиВладо ЈаневскиНикола Темков Издавач и дизајн: Александар Стеванов

Page 3: Македонска Ризница 38

3

Македонска Ризница , бр. 38

Во овој број ќе читате:

ГРЧКИОТ КОЛЕЖ ВО СМИЛЕВО, АВГУСТ 1906 ГОДИНАБлагојче Андонов .................................................................................................................................................. 04

КЛИМЕНТ ШАПКАРЕВ - ПОРТРЕТ КАРИКАТУРАНикола Анѓелкоски ............................................................................................................................................... 09

ЃОКО МАКСИМОВСКИ - ТОП 10 ЛИСТАГоце Панговски ..................................................................................................................................................... 10

МИС СТОН - ИЛУСТРАЦИЈАИгор Јовчевски ...................................................................................................................................................... 14

СВЕТОТ НА БРОМО - СТРИПВладо Јаневски ..................................................................................................................................................... 15

ЕГЗОДУС НА ЕДЕН НАРОДНикола Темков ....................................................................................................................................................... 16

ИГОР ЈОВЧЕВСКИ, СТРИП АВТОР И ИЛУСТРАТОРАлександар Стеванов .......................................................................................................................................... 18

Page 4: Македонска Ризница 38

4 5

о завршувањето на Илинденското востание во Македонија, огромните човечки загуби и слабеењето на организацијата доведува до поголема експанзија на соседските пропаганди.Овој период го користи и грчката пропаганда која се одлучува преку насилство и вооружени судири да го асимилира населението во Македонија и да го постави под дирекно влијание на својата

црква и кауза. Имено, политиката која ја водела Османската империја за милет систем, во кој населението се дели според припадноста на црквата, ја користи Грција. За таа цел во Македонија испраќа вооружени чети кои биле помогнати од црковните владици и свештеници во Македонија како и од официјалните конзули во Отоманската империја. Конзулатите во Солун и Битола биле

ГРЧКИОТ КОЛЕЖ ВО СМИЛЕВО,

АВГУСТ 1906 ГОДИНА

Автор:

БЛАГОЈЧЕ АНДОНОВ

П

Page 5: Македонска Ризница 38

5

Македонска Ризница , бр. 38

кoординатори на акциите кои се извршувале низ Македонија. Овие години донесоа бројни колежи на невиното македонско население. Попознати вакви настани се: „Зеленичката крвава свадба“ (1904 год.), „Колежот во Загоричани“ (1905 год.) и „Крвавата свадба во Неволјани“ (1905 год.).

Еден ваков настан се случил во 1906 год. Во овој период низ битолскиот реон активни се андартските чети на Константин Гутас и Георгиос Диконимос. Овие чети учествувале и во претходните убиства на македонското население. Успешноста на андартите во битолскиот округ е резултат на добра заштита од грчкиот конзул во Битола, Николас Ксидакис кој како и неговиот претходник Jон Драгумис се во тесна соработка со андартите. Практично конзулатот во Битола станува штаб за организирање и раководење на грчката воена интервенција во овој крај.

Пред Илинденското востание, селото Смилево броело преку 400 куќи но турското опожарување и преселбата на голем дел од жителите во Битола го намалил бројот на само 150 куќи. Случувањата на 27 август 1906 година, само ја отсликуваат беспомошноста на македонското население пред пропагандата и турската администрација. Имено вечерта преку 180 андарти предводени од капетан Гута, потпомогнат од околното турско население од селата Обедник, Кажани и Рамна влегуваат во селото при што дел од групата го обиколува селото, а поголемата група со истрели и бомби направила паника во селото. Групата започнала со палења, убивања и грабежи низ селото. Нивниот колеж траел цел ден иако на само еден час од селото се наоѓал турскиот гарнизон сместен во с. Гопеш. Следниот ден за случувањата во Смилево се информираат и конзулатите во Битола. Тие заедно со тројца англиски новинари, доаѓаат во посета на Смилево. По завршувањето на

Page 6: Македонска Ризница 38

6 7

Page 7: Македонска Ризница 38

7

Македонска Ризница , бр. 38

колежот, според Христо Силјанов биле убиени 15 селани, од кои 3 жени, а тројца биле ранети, од кои една жена, и запалени 10 куќи. Додека според Козма Георгиев биле убиени 12 смилевци и запалени 25 куќи. Набрзо за овој колеж дознава и европската јавност. Новинарот на англискиот весник „Тајмс“ Џејмс Баучер кој бил во посета на селото објавил статија за случувањата во Смилево, „каде ги осудил андартските акции кои ја гореле и крвавеле Македонија под јавен надзор на Турците“.

За овој настан се зборува и во статијата на “The Courier“ во која меѓу другото се вели :

„Како што беше посочено од неодамнешниот напад на Смилево, грчките чети сега слободно оперираат во најсеверниот дел на битолскиот вилает, и дури ја најавија нивната намера за брзо време да започнат операции и во скопскиот вилает, каде генерално се сметаше дека тие немаат никаков интерес. “

Page 8: Македонска Ризница 38

8 9

Извори:

- Крвавата свадба во Неволјани - Леринско (Октомври 1905 година) м-р Димитар Љоровски Вамваковски

- Христо Силјанов. Освободителните борби на Македонија, т. II, Софија 1943, с. 223

- “The Courier”, Saturday, September 29, 1906, p. 5

- Козма Георгиев „Баучер во Смиелево“ „Устрем“ број 1, Бургас, мај 1931 год.

- Јован Д. Кочанковски „Грчкиот конзулат во Битола (1859-1912 )“

Page 9: Македонска Ризница 38

9

Македонска Ризница , бр. 38

КЛИМЕНТШАПКАРЕВ

Македонски револуционер

(1875 - 1949)

Портрет карикатура, молив во боја на

хартија

Никола Анѓелкоски

Page 10: Македонска Ризница 38

10 11

оден сум во Скопје на 29 јули, 1974. Почнав да свирам гитара во школскиот оркестар кога имав 12 години. Некаде на 15 годишна возраст почнав да ги вадам првите 2 жици и да ги свирам бас делниците на песните што ги слушав. После тоа братучед ми, кој имаше две бас гитари, ми позајми една и така влегов во бас фамилијата. Први другарски бендови ми беа Тилт и 3F бенд.

Подоцна почнав да свирам и снимам со Seth, Mozai-que, Beneventan trio, Архангел, Гаро и Парамециум, Алшар, Игор Џамбазов, Калиопи, и многу други.

Од 2000 година наваму свирам и снимам со Влатко Стефановски трио, преку кого што остваривме соработка со музичари

ЃОКО МАКСИМОВСКИ -

ТОП 10 ЛИСТАПодготвил:

ГОЦЕ ПАНГОВСКИ

Р

Page 11: Македонска Ризница 38

11

Македонска Ризница , бр. 38

како Jan Akkerman, Теодосиј Спасов, Стефан Миленковиќ, Џибони и многу други.

Од 2010 година наваму работам како автор и музичар со три бенда. Едниот е Kaba-dayas, со кој имаме албум насловен како „IV“. Другиот е Mooger Fooger, со коишто свирам на последните три албуми, и третиот е Темпера со кои исто така имаме албум насловен „Играј“. Со сите бендови свирам низ земјава и околината, а во исто време работиме на нова музика.

Моја топ-10 неповрзано-поврзана музичка листа.

1. The Beatles. Меѓу првите бендови што се слушаа по дома, од кога јас знам за себе. За нивното значење во музиката нема потреба да збориме.

Page 12: Македонска Ризница 38

12 13

2. Nick Beggs. Бев 4-то одделение кога за роденден добив синглица од KajaGooGoo и мислам дека Ник е доста крив за тоа што јас свирам бас.

3. Flea. Басист кој толку страствено свири што никого не остава рамнодушен, а албумот Blood Sugar Sex Magic на Red Hot Chili Peppers е лекција за басисти.

4. Jaco Pastorius & Weather Report. Jaco го смени курсот во начинот на свирење на бас гитара. Заедно со Zawinul, Shorter и останатите членови на бендот се за мене топ fusion бенд во 20-ти век.

5. Miles Davis и John Lennon. Ги видов на YouTube како играат баскет заедно. Штета што немаат заедничка снимка, или можеби се лажам?

Page 13: Македонска Ризница 38

13

Македонска Ризница , бр. 38

6. Албумот OK computer од Radio-head. Бенд и албум кои дефинитивно ми го сменија начинот на слушање музика.

7. Snarky Puppy. Релативно млад бенд (по возраст) кој последниве години е вистинско откровение во сферата на иструменталната, но и вокалната музика. Збир на одлични музичари, кои за среќа на своите концерти собираат и создаваат нови ешалони составени од млади луѓе заинтересирани за не толку популарна музика.

8. Leo Fender. Фала ти.

9. Леб и Сол. Со Влатко свирам, со Гаро свирев неколку години, а останатите за среќа ми се добри познаници и идоли. Фала ви младичи!

10. На крајов би ги ставил сите мои колеги, соиграчи, соборци, помлади и постари, и би им се заблагодарил за истрајноста и вложената љубов во оваа бескрајна игра наречена музика.

Page 14: Македонска Ризница 38

14 15

МИС СТОН

Автор: Игор Јовчевски

Page 15: Македонска Ризница 38

15

Македонска Ризница , бр. 38

СВЕТОТ НА БРОМО Автор: Владо Јаневски

Page 16: Македонска Ризница 38

16 17

егајќи од Бугарите, жителите на Мелник го запалија сопствениот град.

Теророт предизвикан од бугарските војски во Македонија тукушто предизвика уништување на древен град исполнет со непроценливи вредности.Жителите на Мелник, стар град кој постоел уште од времето на Византија, дознавајќи дека нивниот

град потпаѓа под бугарска власт, решија да ја напуштат земјата, откако целосно ќе го уништат нивниот древен град. Мажите ги поведоа жените и децата, како и сè она што може да се понесе. Пред да избегаат, тие ги симнаа светите икони од нивните цркви, не сакајќи да остават ништо во рацете на варварите. По заминувањето на нивните семејства, мажите се собраа и во карпите

ЕГЗОДУС НА ЕДЕН НАРОД L’EXODE D’UN

PEUPLEПревел и уредил:

НИКОЛА ТЕМКОВ

Б

Page 17: Македонска Ризница 38

17

Македонска Ризница , бр. 38

над градот издлабија бразди во кои ги истурија огромните буриња со вино, кое се разлеа во потоци течејќи кон градот, а потоа го уништија и грозјето. Тогаш тие поделени во четири групи го запалија виното од четирите страни на градот. Луѓето гледајќи одстрана не заминаа сè додека целиот град не се претвори во пепел.

Les habitants de Melnik brûlent leur ville avant de fuir devant les Bulgares

La terreur qui précède partout les armées bulgares en Macédoine vient de causer la destruction d’une ville ancienne remplie de souvenirs précieux. Les habitants de Melnik, la vieille cité byzantine, apprenant que leur ville restait sous la domination bulgare, résolurent d’abandonner le pays après avoir complètement anéanti leur ancienne cité. Les hommes firent sortir les femmes et les enfants. et emportèrent ce qu’ils pouvaient. Avant de fuir, ils enlevèrent les images saintes de leurs églises, ne voulant rien laisser aux mains des barbares. Après le départ de leurs familles, les hommes se réunirent, et se rendant aux caves creusées dans les falaises, éventrèrent les énormes tonneaux de vin, lequel se répandit dans le torrent qui traverse la ville, puis ils dévastèrent les vignobles. Ensuite ils se séparèrent en quatre groupes et mirent le feu aux quatre coins de la ville Les habitants postés au dehors ne partirent que lorsque de toute la ville il ne resta que des cendres.

Le Petit Journal illustré, број 1190,

7 септември 1913

Page 18: Македонска Ризница 38

18 19

гор Јовчевски, роден на 5 мај 1976 година во Скопје, е македонски стрип-автор и илустратор. Љубовта кон стриповите му се раѓа во детството, црта, како што вели „од далечната 1978 година“1, а професионално со деветтата уметност почнува да

1 Игор Јовчевски „Кратки Резови“, Арт-Скопје, 2009 година, стр. 4

се занимава од 2004 година.2 За неговиот начин на работа, односно илустрирање, познатиот српски стрип-сценарист и теоретичар Марко Стојановиќ ќе каже дека тој „го конструира цртежот, гради од темел, полека, методски“,3 што веројатно не е

2 Стрип-изложба на Игор Јовчевски во кафе „Ли“, Утрински Весник, 28 февруари 20113 Игор Јовчевски „Чуварите на вечната

ИГОР ЈОВЧЕВСКИ,

СТРИП АВТОР И ИЛУСТРАТОР

Подготвил:

АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

И

Page 19: Македонска Ризница 38

19

Македонска Ризница , бр. 38

случајно ако се има предвид дека Игор завршил на Факултетот за Архитектура во Скопје.4

Во 2000 година Јовчевски го објавува својот прв стрип, во македонската ревија „Стрип Арт“. Се работи за краток стрип, вестерн, за тексашкиот ловец на глави Кантана.� Тој има објавувано и во македонските стрип-списанија: „Креатор“ и „Синдром“, во српското „Тинк-Тенк“, во хрватското „Рe“, како и во словенечкото списание „Апокалипса“. Добитник е и на неколку награди и признанија, меѓу кои: прва награда „Златен стрип“ на Меѓународниот салон на стрип Велес 2007, како и награда за најдобар млад автор на Балканската смотра во Лесковац Србија, истата година.5 Тој има соработувано со повеќе еминентни сценаристи од Србија и Хрватска, а е дел и од тимот илустратори кои што работат на стрип-серијалите „Вековници“ (за стрипот „Грех“) и “Jack Seaborn”.�

2009 е исклучително значајна година за творештвото на Игор Јовчевски. Имено, во месец март, во „Позитив кафе“ тој ја остварува својата прва самостојна стрип-изложба, на која се претставува со петнаесетина дела, меѓу кои и епизода од стрипот „Ајвармен“, наградена на Белградскиот стрип салон, претходната година.6 Во септември, пак, во мултимедијалниот центар Мала станица, тој го промовира својот прв стрип-албум, претставен во медиумите, а и во самото издание, како прв авторски стрип-албум објавен во Македонија. Се работи за делото „Кратки резови“ кое претставува избор од десетина негови кратки стрипови, создадени во периодот 2004-

светлина“, предговор, Стрип Квадрат, 2015 година, стр.34 Стрип центар на Македонија5 Игор Јовчевски „Кратки Резови“, Арт-Скопје, 2009 година, стр. 46 Стрип центар на Македонија

Page 20: Македонска Ризница 38

20 21

„Ајв

арме

н“, н

асло

вна

стра

ница

и т

рета

та

бла

од е

пизо

дата

„Ка

ко за

почн

а сè

Page 21: Македонска Ризница 38

21

Македонска Ризница , бр. 38

Page 22: Македонска Ризница 38

22 23

Стр

ип т

абла

од

стри

пот

„Кук

ларо

т“ и

ил

устр

ациј

а “Th

e H

unte

r“.

Page 23: Македонска Ризница 38

23

Македонска Ризница , бр. 38

Page 24: Македонска Ризница 38

24 25

Табл

и од

алб

умот

„Чув

арит

е на

веч

ната

св

етли

на“.

Page 25: Македонска Ризница 38

25

Македонска Ризница , бр. 38

Page 26: Македонска Ризница 38

26 27

Табл

и од

алб

умот

„Чув

арит

е на

веч

ната

св

етли

на“.

Page 27: Македонска Ризница 38

27

Македонска Ризница , бр. 38

Page 28: Македонска Ризница 38

28 29

Табл

и од

алб

умот

„Чув

арит

е на

веч

ната

св

етли

на“.

Page 29: Македонска Ризница 38

29

Македонска Ризница , бр. 38

Page 30: Македонска Ризница 38

30 31

Илу

стра

ции.

Page 31: Македонска Ризница 38

31

Македонска Ризница , бр. 38

Page 32: Македонска Ризница 38

32 33

2009 година, дел од кои и добитници на награди на неколку стрип фестивали. 7 За овој стрип-албум, илустраторот Никола Темков ќе напише: „Гледајќи ги овие стрипови, ќе приметите дека секој стрип има своја приказна, без многу зборови... Од друга страна, секој кадар е приказна сама за себе, така што една слика кажува илјада зборови... Овој стрип албум не треба само да го читате, треба да го доживеете!“8

На 17 февруари 2011 година, во „Кафе Ли“, Игор Јовчевски ја остварува изложбата насловена „Црно на бело“, која е поставена до 16 март истата година.� Идната година, на 13 јуни 2012 година, тој ја промовира збирката илустрации „Меч, магија, колт & стетсон“. Илустрациите од оваа збирка, во формат А3, вкупно 20 на број, тој ги има изработено во периодот 2010-2012 година.9

Во 2013 година, Игор Јовчевски заедно со својот пријател стрип-авторот Никола Темков, ја создаваат издавачката куќа „Стрип Квадрат“, со која во наредната година и пол, односно до сега, поддржани од Министерството за култура, ќе издадат општо десет сликовници и стрип-албуми. Се работи за петте сликовници од едицијата „Револуционери“ („Храброста на Гоце“, „Пиринскиот цар“, „Првиот претседател“, „Јунакот од Мечкин Камен“ и „Учителот од Смилево“) на дел од кои и самиот Јовчевски се потпишува како илустратор, сликовницата „Бесмртната вода“, и стрип-албумите „Различни светови“, „Војдан“, „Чуварите на вечната светлина“ и „Ајвармен“.10

7 Стрип-изложба на Игор Јовчевски во кафе „Ли“, Утрински Весник, 28 февруари 20118 Стрип изложба на Игор Јовчевски, Утрински весник, 6 март 20099 „Промоција на стрип-албум од Игор Јовчески“, Вест, 18 септември 200910 Игор Јовчевски „Кратки Резови“, Арт-Скопје,

На 23 јануари 2015 година, одново во „Кафе Ли“, Јовчевски го промовира стрип-албумот „Чуварите на вечната светлина“, посветен на неговиот татко�, во издание на споменатата издавачка куќа, на кој што тој е комплетен автор.11 Идниот месец, најпрво на 9 февруари како дел од десетте објавени изданија на издавачката куќа „Стрип квадрат“12, а потоа и самостојно, на 27 февруари 2015 година, повторно во „Кафе Ли“, промовиран е стрип-албумот „Ајвармен“ за истоимениот суперхерој. Се работи за лик инспириран од македонскиот специјалитет и создаден осум години пред тоа, од страна на Јовчевски и сценаристот Давор Драмиќанин. При изработката на самиот стрип-албум, пак, покрај нив двајца, вклучени се уште шестмина други македонски стрип-автори: Здравко Гиров, Тхе Мичо, Дамјан Михаилов, Никола Темков и Ристо Манасиев како илустратори, како и Тања Вукобрат која е задолжена за колорот на насловната страница.13

2009 година, задна корица11 Стрип-изложба на Игор Јовчевски во кафе „Ли“, Утрински Весник, 28 февруари 201112 Меч, магија, колт & стетсон, Интернет Македонец, 1 април 201513 Стрипот е вакцина чие дејство ве држи цел живот, Нова Македонија, 23 јануари 2015 година

Page 33: Македонска Ризница 38

33

Македонска Ризница , бр. 38

Мoжете:

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.

Под следните услови:

Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели.

Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-пошта:[email protected]