16
КУЛТУРА Каква тајна крие матрјошката? Русинките во воената служба не мечтаат за јуриш Ѕвон од космосот стр. 4 Сталинград и пресвртот во светската историја стр. 10 стр. 8 стр. 14 Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“. САБОТА - НЕДЕЛА, 9-10 МАРТ 2013 БРОЈ 3 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“ ВОЈСКА НАСТАНИ ИСТОРИЈА Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“ www.rbth.ru Само на RUSKAREC.MK ИНТЕРВЈУ: ВИКТОРИЈА ЛОБА, ПЕЈАЧКА Сјајната руска ѕвезда на македонската сцена стр. 13 Ani&Dimi Photography

Руска реч Македонија #3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Russia Beyond the Headlines, Macedonian Edition, distributed with Nova Makedonija

Citation preview

Page 1: Руска реч Македонија #3

КУЛТУРА

Каква тајна криематрјошката?

Русинките во военатаслужба немечтаат зајуриш

Ѕвон одкосмосот

стр. 4

Сталинград и пресвртот во светскатаисторија

стр. 10

стр. 8

стр. 14

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорназа содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - НЕДЕЛА, 9-10 МАРТ 2013 БРОЈ 3

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“

ВОЈСКА

НАСТАНИ

ИСТОРИЈА

Повеќе теми

на интернет

-страницата

на „Руска реч“

www.rbth.ru

Само на RUSKAREC.MK

ИНТЕРВЈУ: ВИКТОРИЈА ЛОБА, ПЕЈАЧКА

Сјајната руска ѕвезда на македонската сцена

стр. 13

An

i&D

imi P

ho

tog

rap

hy

Page 2: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО2 |

Русија ќе ја продолжиактивната политика намеѓународната арена,применувајќи ги современитеметоди на економскадипломатија и мека сила,интелигентно вклопувајќи сево протокот на информации,изјави рускиот претседател насостанокот со членовите наСоветот за безбедност наРусија во Кремљ,претставувајќи ја обновенатаконцепција на надворешнатаполитика на земјата

� Кира Латухина

Максим Макаричев

Русија ќе ја продолжи активната полити-ка на меѓународната арена, применувајќи гисовремените методи на економска диплома-тија и мека сила, интелигентно вклопувајќисе во протокот на информации, изјави рускиотпретседател Владимир Путин на состанокотсо членовите на Советот за безбедност на Ру-сија во Кремљ, претставувајќи ја обновенатаКонцепција на надворешната политика наземјата.

Рускиот претседател потсети дека кон-цепцијата е подготвена во согласност со не-говиот указ од 7 мај 2012 година. „Вие сте начело на ресорот кој во помал или во поголемстепен се занимава со прашањата за надво-решната политика, затоа нема потреба да на-влегуваме во детали“, им се обрати тој на учес-ниците на состанокот. „Вие самите се зани-мававте со подготовката на овој документ“.

Впрочем, рускиот претседател ги набројаклучните тези на концепцијата. „Русија и на-таму ќе се придржува кон активната кон-структивна линија во меѓународните работи.Нејзината тежина и нејзиниот авторитет восветот ќе се засилуваат“, уверен е тој.

„Основните принципи на надворешнатаполитика на Руската Федерација (РФ) и по-натаму се неизменети“, изјави Путин. „Тоа се,пред сѐ, отвореноста, предвидливоста, праг-матизмот, насоченоста кон достигнувањето изачувувањето на националните интереси, без-условно, без каква и да е конфронтација“.

„Русија е заинтересирана за благопријат-ни услови за реализација на задачите за внат-решната изградба, а, исто така, и за решава-ње на социјалните и на економските задачи“,продолжи рускиот претседател. „Безусловно,со Организацијата на обединетите нации ка-

ко решавачки фактор и со почитувањето намеѓународното право“, додаде тој.

Во новата концепција на надворешнатаполитика се земени предвид сите измени штосе случија во светот последниве години. Пу-тин направи нивен кус преглед: „Светскатафинансиско-економска криза, која засега ненѐ остава на мир, прераспределбата на ба-лансот на силите во светот, наглото засилува-ње на турбуленцијата на Блискиот Исток и воСеверна Африка, зголеменото значење на кул-турно-цивилизациската конкуренција во све-тот“.

Путин ја претстави новата за надворешната политика

Page 3: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧ | 3ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

„Во концепцијата се става акцент на користењето совре-мени форми и методи на надворешнополитичката работа, вклу-чувајќи ја и економската дипломатија, користењето на така-наречените елементи на мека сила, интелигентно вклопува-ње во глобалниот проток на информации“, појасни рускиотпретседател.

Во концепцијата се зборува и за заштитата на правата ина интересите на руските државјани и на сонародниците востранство.

Претставувајќи ја концепцијата, Путин особено подвлечедека нејзиното реализирање треба да биде изведено со заед-ничка работа меѓу ресорите, а со координација на Министер-ството за надворешни работи.

концепција на Русија

Јасниприоритети

� Фјодор Лукјанов, главен уредник на магазинот

„Русија во глобалната политика“

Основната содржина на концепцијата за надворешна политика, до-колку ја споредиме со документите од минатите години, е малку изме-нета. Таа ги содржи истите елементи што се споменуваа во минатата де-ценија.

Друга работа е што можеме да зборуваме за појасно изграден системна приоритети на руската надворешна политика. Во прв ред тоа се одне-сува на односите со земјите од постсоветското пространство. Во овој до-кумент важноста на соработката со државите од ЗНД е поочигледна и по-определена од гледна точка на надворешнополитичките приоритети. Сеиздвојува неопходноста за зацврстување на Евроазискиот сојуз, на сест-раните врски на постсоветското пространство, од што може да се заклучидека: во балансот на рускиот приод кон глобалните и кон регионалнитепроблеми се издвојуваат односите со најблиските соседи. Русија, како штосе забележува во концепцијата, сфаќа дека од нејзината способност да иг-ра конструктивна и водечка улогаво опкружувањето зависат сите дру-ги фактори на нејзината надво-решна политика.

На планот на односите соземјите од Западот се става големакцент на прагматичната страна: назацврстувањето на економскиот по-тенцијал на Русија.

Според мене, мошне важно вооваа концепција е ставот за тоа де-ка светот во денешниве услови емошне нестабилен и непредвидлив.Тоа, од една страна, прави ограни-чувања на надворешната политика,а од друга ги зголемува можните ри-зици. Претседателот Путин збору-ва за ова цела година, почнувајќисо својата предизборна програма,последователно искажувајќи ја мис-лата дека во современиот свет ри-зиците и заканите доаѓаат од ситестрани. Според мене, оваа концеп-ција има тон што е обоен со тезатаза тоа дека светот е полн со закани.Во документот особено паѓа в очитоа дека овие ризици е мошне теш-ко да се пресметаат и да се предви-дат, а понекогаш тоа е речиси невозможно. Во вакви услови особено важ-ни стануваат основите работи што се однесуваат на секоја земја.

Од новите тези треба да се одбележи воведувањето на терминот „ме-ка сила“, која всушност е проекција на сопствената идентичност на дру-гите земји и на останатиот свет. Големото значење што ѝ се дава на мека-та сила сведочи за тоа дека Русија има намера да формира свој идеолош-ки и морален багаж, со цел да го предлага како алтернатива на светскиотпазар на вредности. Притоа, економијата не се става настрана.

Руската дипломатија, како што е истакнато во концепцијата, како и пре-тходно активно ќе работи на унапредување на руските национални еко-номски интереси, уште повеќе што во услови кога ризикот од голема војнасега е низок и веројатноста за неа е мала, се заоструваат други форми наконфронтација, особено во борбата за економско влијание.

Основната содржинана концепцијата занадворешнаполитика, доколку јаспоредиме содокументите одминатите години, емалку изменета. Тааги содржи иститеелементи што сеспоменуваа воминатата деценија

ИТА

Р-Т

АС

С„Р

ос

ијс

каја

га

зета

КОМЕНТАР

Page 4: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧВОЈСКА4 |

� Јуриј Гаврилов

На Русинките во воената служба никогашофицијално не им било забрането да учеству-ваат во воени дејствија, каков што е случајотсо американската војска. Во руската војска непостои поделба на „борбени“ и на „неборбе-ни“ задачи во зависност од полот. Ако даматаноси еполети, командирот има право да ја исп-рати на јуриш или во ров на првата борбена ли-нија.

Во последно време жените минуваат низистата воена обука како и мажите, а таа опфа-ќа пукање од огнено оружје, фрлање бомби,управување со моторизирана техника и вежбиза соочување со противнички тенк. Дамите но-сат униформи како и другите војници, но нина полигоните не забораваат дискретно да сенашминкаат и да стават обетки. Командиритеглавно го дозволуваат ова незначително от-стапување од прописите.

�РИА Новости

Јужниот воен округ (ЈВО) во првата по-ловина од годинава ќе добие над десет хели-коптери Ка-52 „Алигатор“, а првата партијабеше доставена веќе во февруари годинава,изјави Игор Горбуљ, началник на информа-тивната служба на ЈВО.

- Во воздухопловната база на копненатаавијација на ЈВО, стационирана во Красно-дарскиот крај, се вршат подготовки за остана-тиот дел од новите борбени хеликоптери Ка-52 „Алигатор“, додека првата пратка стаса вотекот на минатиот месец - изјави Горбуљ.

Тој прецизираше дека во првата половинана 2013 година е планирана испорака од наддесет вакви летала за воздухопловната база накопнената авијација, а првите плански летовина „Алигатор“, според програмата на военатаобука, треба да бидат реализирани деновиве.

- Модернизацијата на вооружувањето навоздухопловната база на ЈВО е во полн ек. Ба-зата, освен првата пратка на „Алигатор“, до-би и над десет хеликоптери Ми-28Н „Ноќенловец“, нови ударни хеликоптери Ми-35М имодернизирани Ми-8АМТШ. Сите хеликоп-тери од новата генерација се опремени со сис-темите за сателитска навигација ГЛОНАСС иGPS - нагласи официјалниот претставник навоениот округ.

Тој истакна дека дополнителната обука напилотите што ќе управуваат со овие типови

хеликоптер се извршува во Центарот за бор-бена обука и за усовршување пилоти на коп-нената авијација во Тверската област.

- Една третина од пилотите од нашата еди-ница веќе ја мина дополнителната обука за уп-равување со модерните типови хеликоптериМи-28Н, Ми-35М, Ми-8АМТШ и Ка-52. Ин-тензитетот на летовите со новите летала е зна-чително зголемен, се лета и по осум до десетчаса на ден, со тоа што најмалку 50 отсто одлетовите се вршат ноќе - прецизираше Гор-буљ.

Според податоците на Министерството заодбрана на Руската Федерација, Ка-52 можеда уништува блиндирана и неблиндирана тех-ника, жива сила на бојно поле, а, исто така, ивоздушни цели. Леталото развива брзина од310 километри на час. Максималната висинана летање е 5.500 метри, степенот на искачу-вање е 10 метри во секунда, максималниот до-лет во борбени услови е 520 километри, а безоптоварување - над 1.000 километри.

Јужниот воен округ (ЈВО)добива над десет борбенихеликоптери Ка-52„Алигатор“, а првата тура бешедоставена минатиот месец

Во руската војска служат50.000 жени. Нивната службаоткрива некои интересниразлики меѓу руската иамериканската војска. Иаконе постојат формалнинаредби од таков вид, воруската војска секогаш сепочитува премолчениотџентлменски договор:понежниот пол треба, колкушто е можно, да бидезаштитен од опасност

Нови „Алигатори“ во воздухот

Русинкитево военатаслужба немечтаат за јуриш

РИ

А Н

о в

о с

ти

Page 5: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧ | 5ВОЈСКА

ИТА

Р-Т

АС

СP

ho

toX

Pre

ss

Ниту во другите сфери на воениот животза нив нема никакви олеснувања. Жените одатво патрола и на дежурства исто како и мажите.Од нив се бара строго почитување на правила-та на службата. За непочитување, сепак, не гиказнуваат со притвор и не ги тераат со целос-на воена опрема да трчаат неколку круга око-лу стадионот. Последново мошне често се прак-тикува во војската во САД.

Но во руската војска секогаш се почитувалпремолчениот џентлменски договор: понеж-ниот пол треба, колку што е можно, да бидезаштитен од опасност, особено во ситуацииопасни за животот. Бидејќи Министерствотоза одбрана на РФ нема издадено ниту една на-редба со која дамите би биле ослободени одиспраќање во војна, тие со сите единици и шта-бови заминуваа на Кавказ, во поранешна Југос-лавија и во други области каде што имало воо-

ружени конфликти; сепак, во борбените фор-мации, практично, не се видени жени војнициили офицери. Се почитува споменатото пра-вило: жената може да работи во штабот, да би-де лице за врски или да работи во санитет, а напрвите борбени линии не мора да оди. Мажи-те ќе ги изложат своите глави на куршумите.

Желбата да се оди на првата борбена ли-нија постои само на филм: Џејн сонува за учест-во во воена операција. Во животот сè е поина-ку. Кога ќе го почувствуваат сиот ужас, крвтаи валканиците на војната, што во голем дел пос-тои и во заднината, руските жени најчесто немечтаат за јуриш.

Зошто жените во американската војска тол-ку се трудеа да се изедначат со мажите и рам-ноправно да учествуваат во воени дејствија?Одговорот на ова прашање очигледно треба даго побараме во специфичниот ментален склоп

на Американците и во кадровската практикана Пентагон. Прекуокеанските дами одбиваатда бидат штитени од страна на мажите, дури иво војна. Тие се воспитани така. Освен тоа, вое-ната кариера на жените во САД е сериозно за-грозена ако во досието нема податоци за нејзи-но учество во борбени операции. Затоа Аме-риканките толку сакаат да учествуваат во војна.

Руските жени и девојки не се плашат од вак-вите службено-борбени ограничувања. Најдоб-рите можат да добијат чинови и да напредува-ат во службата, дури и ако ги избегнат ровови-те на фронтот. Според податоците на Минис-терството за одбрана, во руската војска мина-тата година имало триесетина „полковници воздолништа“. Има и жени што се водници и ко-мандири. Сепак, ги има малку, и нивниот броје 1,5 отсто од дамската војска, која брои 50.000жени.

Дамите дури ни на полигоните не забораваат дискретно да се нашминкаат

и да стават обетки. Командирите главно го дозволуваат ова незначително

отстапување од прописитеРИ

А Н

о в

о с

ти

видео на http://ruskarec.mk/17829 �

Page 6: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧИНТЕРВЈУ6 |

�Ана Немцова

Павел Астахов (47) е човек со контровер-зна мисија: еднаш засекогаш да стави крај напосвојувањето деца од Русија во Америка. Воинтервју со Ана Немцова, тој вели дека сакада стави крај на посвојувањето во странствовоопшто. Пред три години, откако беше наз-начен за правобранител за правата на децата,тој изјави дека посвојувањето во странство е„срам“ за Русија. На почетокот на февруари,пак, Астахов беше назначен за советник нарускиот претседател.

Астахов има разнообразна и легендарнаправна кариера. На претходната функција ка-ко адвокат на одбраната, Астахов често го кри-тикуваше рускиот судски систем. Подоцна тојдоби уште поголема популарност како ѕвездаво улога на судија во телевизиската правна об-разовна програма „Час во судница“. Неговотосемејство е „интернационално“ и живее воМосква и во Франција; тој е женет и има три

сина. Неговиот најмлад син е роден во Фран-ција, а најстариот, пак, се образовал во САДи во Велика Британија. Прашан дали размис-лува за посвојување, Астахов одговара: „Тоае многу тешко, јас немам време да ги видамсопствените деца“.

Кон крајот на 2012 година, во времето ко-га руската влада одлучи да забрани пос-војување руски деца во САД, околу 1.000 аме-рикански семејства веќе ја почнале процеду-рата за посвојување. Новиот закон го добиимето според Дима Јаковлев, дете што почи-на од топлотен удар во Вирџинија, откако не-говиот потатко го оставил неколку часа за-

клучен во автомобил. Повеќе од 60.000 аме-рикански двојки посвоиле сирачиња од Ру-сија; 19 од посвоените деца починаа, дел однив од рацете на сопствените родители-пос-војувачи.

Еден од главните аргументи на автори-те на законот за забрана за посвојување бе-ше дека е невозможно да се набљудуваатили да се контролираат руските сирачињаоткако ќе заминат во САД. Сопственичка-та на ранч во Монтана, Џојси Стеркел, завесникот „Комерсант“ изјави дека докол-ку сте го побарале тоа како што треба, тааќе ве примела. Дали сте свесен дека таа евознемирена зашто од нејзиниот ранч стенаправиле „затвор за деца“?

- Да бидам искрен, не сум го прочитал ин-тервјуто, но можам да замислам што сѐ реклаза да го одбрани својот углед. Рускиот конзулја посети на нејзиниот ранч во 2010-та и ви-дел 30 деца, меѓу кои 10 руски сирачиња, коиживеат таму. Колку што знам јас, родителитеѝ платиле на сопственичката на ранчот по 4.000долари за секое дете. Таа има профитабиленбизнис. Таа, исто така, добива и субвенции оддржавата за секое дете, што ѝ носи дополни-телна месечна заработувачка од 120.000 аме-рикански долари. Поседуваме копии од доку-менти од пред осум години за приемни се-мејства што не сакале да ги одгледуваат пос-воените деца. Некои од децата се вратија восвоите приемни семејства, некои отидоа возатвор за малолетници, а неколку завршија вопсихијатриски клиники.

Дали сакате да кажете дека Русија тре-ба да го забрани посвојувањето и во Евро-па?

- Никој не зема сирачиња од Франција илиод Норвешка или од Швајцарија. Ниту еднаевропска земја не ги дава своите деца на пос-војување во Америка. Европејците не ја при-фатија Романија во Европската Унија со дра-го срце заради нејзината практика на давањедеца за посвојување во странство. Зошто Ру-сија треба да биде донатор на сирачиња? Ниесме голема земја, самопочитувана и самодо-волна. За време на кризата во деведесеттитегодини од минатиот век, ние дозволивме стран-ски посвојувања. Но, време е да се стави крајна тоа. Јас лично сум против странските пос-војувања. Законот Дима Јаковлев не ќе бешепотпишан доколку јас не ѝ соопштев на вла-дата дека имаме сѐ помалку и помалку сиро-питалишта во земјава.

ПАВЕЛ АСТАХОВ, ДЕТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Проблемите ќе гирешаваме домаПавел Астахов зборуваотворено за својата мисија заукинување на странскитепосвојувања и прекинувањена улогата на Русија какомеѓународен „донатор насирачиња“

Се

рге

ј П

он

ом

ар

јов

ИТА

Р-Т

АС

С

Page 7: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧ | 7ИНТЕРВЈУ

Каква е сега состојбата со сирачињатаво Русија? Колку ги има? Различни изво-ри располагаат со различни бројки. Далие точно дека руските семејства се чувству-ваат неподготвени за посвојување на сери-озно болни деца и сега, со оглед на новиотзакон, многу хендикепирани деца се заро-бени во сиропатилиштата?

- Во земјава имаме околу 653.000 сирачи-ња; 522.00 живеат во семејства, околу 20.000сирачиња на возраст меѓу 16 и 17 години жи-веат во специјални домови, а 105.000 живеатво сиропатилишта. Новинарите често корис-

тат погрешна статистика или наоѓаат некоипримери за да нѐ критикуваат, искористувајќинекое дете и мавтаат со него, небаре е знаме.Можам да ви кажам 10 примери на семејствашто посвоиле дете со Даунов синдром. Ниесме нападнати зашто не ги даваме на пос-војување нашите деца со посебни потреби.Но, не е ли срамно да се даде болно дете? Мо-жеме да си го решиме својот проблем дома, сопомош на државните програми. Ние, исто та-ка, имаме и државен фонд за финансирање ле-кување во странство, доколку тоа не може дасе направи во Русија.

ТрагедијаЗа последната трагедија што се случи

со дете посвоено од Русија се дозна на 18февруари. Максим Кузмин-Шато беше уби-ен на крајот на јануари. Според верзиитеод истрагата, детето било претепано одмајката. Згора на тоа, долго пред инци-дентот таа постојано го полнела со пси-хотропни препарати.

Максим починал пред да дојде брзатапомош. Медицинската експертиза потвр-дила дека на телото на детето има многуб-ројни повреди.

„Нас официјално никој не нѐ инфор-мираше за загинувањето на дете посвоеноод Русија, иако американските власти седолжни да го направат тоа. За трагедијатасе дозна благодарение на некрологот, којбил објавен во весник во државата Лу-изијана, а потоа информацијата дошла доамбасадата на Руската Федерација во САД,по што ние се приклучивме во истрагата“,изјави соработник на генералниот конзу-лат на Руската Федерација во Хјустон.

Висок руски дипломат во Вашингтонво разговор за нашето издание потврди де-ка, иако во САД официјално се утврдени19 случаи на загинати посвоени деца од Ру-сија, најверојатно тоа е само мал дел одприказната, зашто практично сите позна-ти инциденти се случајно откриени бла-годарение на кратките соопштенија во ло-калниот печат.

ИстрагаНа 19 февруари, Истражниот комитет

на РФ иницираше кривична постапка заубиство во САД на тригодишното посвое-но момче од Русија Максим Кузмин.

Во блиска иднина истрагата има наме-ра да поднесе барање за вонредно апсењена посвоителката на убиеното момче, а, ис-то така, и да иницираше меѓународна по-терница. Освен тоа, Истражниот комитетна РФ ќе бара учество на руските истраж-ни органи во истрагата за злосторствотошто се случило на територијата на САД.

Убиениот Максим Кузмин-Шато живеелво приемно семејство заедно со својот двего-дишен брат Кирил. Веднаш по веста за тра-гедијата во руските средства за масовно ин-формирање десетина семејства од сите дело-ви на Русија изразија подготвеност да го пос-војат братот на загинатото момче, а малку под-оцна биолошката мајка на браќата Кузми из-рази подготвеност за враќање на родителскитеправа врз помладиот брат на нејзиниот заги-нат син. Како што соопшти комесарот за пра-вата на децата во Руската Федерација, ПавелАстахов, жената престанала со асоцијалниотначин на живеење, нашла постојана работа исе обратила до омбудсманот со барање за вра-ќање на родителските права.

Горниот дом на рускиот парламент, Сове-тот на Федерацијата, на 20 февруари го при-фати обраќањето до Конгресот на САД воврска со најновиот случај на загинување наруско дете посвоено од американско семејство.Во него сенаторите настојуваат да се спрове-де сестрана истрага на сите злосторства во од-нос на децата од Русија.

Освен тоа, во Советот на Федерацијата есоздадена работна група, која ќе спроведе пар-ламентарна истрага за случаите на загину-вање на руски сирачиња посвоени од амери-кански државјани.

Исто така, во Русија можно е да се создадемеѓудржавен регистар на деца-сирачиња пос-воени од државјани на САД.

Реакции

РИ

А Н

ов

ос

ти

Pre

ss

Ph

oto

Page 8: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧ РУСКА РЕЧНАСТАНИ8 | | 9НАСТАНИ

� Јуриј Медведев

Своевремено „таткото“ на американскатануклеарна бомба, Едвард Телер, се обиде да говклучи алармот, да ја исплаши светската јав-ност со астероидната закана. Тој создаде коми-сија под покровителство на ООН, отиде кај си-те водечки научници во светот, го посети СССР,привлекувајќи група истомисленици. Тие гипресметаа ризиците, предложија мерки за заш-тита. Нивниот извештај се најде на масата нависоките чиновници.

- Нашите заклучоци никого не загрижија.Зошто? Наједноставен аргумент: за 300 годи-ни од метеорит не загинал ниту еден човек, ур-нати се една-две згради. И толку. Поголемитеделови од овие тела паѓа во океаните и во не-населени места, а системот за заштита чинимногу милијарди. Не вреди толку - раскажуваакадемикот на Руската Академија на науките(РАН) Владимир Фортов, кој работеше во таакомисија.

Но, работата на комисијата на Телер сепакдонесе некакви плодови. За волја на вистина-та, само на Холивуд. Со застрашувачките сце-ни за Армагедон тој заработи стотици милио-ни долари. Доколку скептичните Американцине се исплашија и не зедоа веднаш да создадатштит од астероиди, тогаш што да се каже за Ру-сија. Повеќе од 10 години директорот на Цен-тарот за планетарна заштита Анатолиј Зајцевтропа на сите врати, докажувајќи дека треба ит-

но да се преземат мерки. А, научниците на РАНодамна подготвија концепција за астероидно-кометска безбедност. Според директорот на Ин-ститутот за астрономија на РАН, Борис Шус-тов, периодично ги ислушуваат во високите ка-бинети, но понатаму работата не се турка.

И така, на едната страна од вагата милијар-ди, а на другата страв од кој овие милијарди тре-ба да нè заштитат. Науката постојано наоѓа но-ви аргументи за создавање астероиден штит. Например, таа ги пресмета особено опасните ас-тероиди за Земјата со големина поголема одеден километар. Такви има околу илјада. Овиеастероиди-убијци можат да ѝ донесат на Земјатаогромни разурнувања. За среќа, тие не ни се за-кана. Науката знае помалку за средните кос-мички тела со дијаметар од 100 метри. Од ре-чиси 500.000 малечки космички тела засега сеоткриени помалку од еден процент. Значи, из-ненадувања од космосот може да се очекуваатво кое било време. Ова го покажа и случајот одЧелјабинск. За него не беа подготвени ниту ци-вилните, ниту воените служби.

- Не треба едноставно да се пронајдат ас-тероидите туку тоа треба да се направи брзо. Зада успееме да преземеме мерки. Да кажеме, даги разбиеме - објаснува Борис Шустов.

Воените сили уверуваат дека за да се добие100-отстотна гаранција ним им е потребен под-олг период. Односно, ако станува збор за малотело што може тешко да се види, тоа треба дабиде забележано на растојание од минимум не-

колку милиони километри. Тоа, пак, значи де-ка е потребно постојано скенирање на небото,оти не се знае од каде ќе се појави дојденецот.Денес во светот не постојат такви системи, асовремените телескопи можат да видат самоопределени делови. Притоа, треба да се имапредвид дека овој систем треба да биде смес-тен во космосот.

- За заштита од астероиди ние го разрабо-тивме системот „Цитадела“.Доколку се забеле-жи опасен објект, податоците за него ќе дојдатдо Центарот за заштита. Во него, пак, се разра-ботува акциски план и му се презентира на ра-ководството на земјата - вели директорот на Цен-тарот за планетарна заштита Анатолиј Зајцев.

Последниот збор е кај него. Какви можат дабидат мерките? Најрадикалната е нуклеарна екс-плозија, која или ќе го уништи астероидот илиќе го пренасочи од опасната траекторија. Вто-рата варијанта е пренасочување од орбитата сопомош на директен удар во астероидот со раке-та. Друга варијанта што може да се предложи есо помош на гравитациски носач. Оваа варијантасе смета за најбезбедна и најеколошка. Но, таае и најненадежна, зашто воопшто не е едно-ставно да се дојде до космичкото тело што летабрзо и да се усогласи неговата брзина.

Анатолиј Зајцев е дециден дека системотза астероидна заштита не може да биде на-ционален. Тој може да биде само меѓународен.Основните научно-технички прашања се реш-ливи, но многу посложен е договорот околу по-

литичките, етичките и еколошките прашања.Да кажеме, постои забрана за користење нук-леарно оружје во космосот.

- Но што да се прави ако која било друга ва-ријанта се покаже неефикасна. Доколку за вак-вата опасност се дознае една недела претход-но, а тоа е сосема реално при нашите денешнизнаења за космосот, решението ќе треба да седонесе во цајтнот. Токму тогаш бомбата можеда стане единствената мерка за спас - велиЗајцев.

А доколку една земја активно развива сис-тем за откривање астероиди, зарем тоа не е по-вод и другите да се замислат? Станува збор замонопол врз стратешка информација за опас-

ни објекти за сето човештво, а фактички тоазначи и целосна контрола на космичкото про-странство.

- Со еден збор, за создавање ефикасна заш-тита од астероиди потребна е, пред сè, поли-тичка волја кај водечките земји - заклучуваЗајцев.

Едвард Телер не успеа да ја убеди јавнос-та да вложи пари во системот за заштита од ас-тероиди. Тие не се сметаа како „приоритетна“закана за животот на земјаните. И сега воЧелјабинск се слушна ѕвонот од космосот. Мо-жеби овој метеорит ќе влезе во историјата и однего ќе започне грандиозен светски проект засоздавање глобален систем за заштита?

Ѕвон од космосот

Ќе ги натера ли метеоритот одЧелјабинск научниците дасоздадат меѓународен проектза заштита од астероиди?

Метеоритот од Челјабинскотвори многу прашања. Каде е науката? Каде гледаатнејзините телескопи?Проучуваат други галаксии, а пред носот не си гледаат

Во земјината атмосфера годишно влегуваат100.000 тони меѓупланетарна материја. Вооснова тоа се честички прав, кои горат воатмосферата, а ние гледаме ѕвезди штопаѓаат. Колку се покрупни телата, толкупоретко тие паѓаат на Земјата. Но, сепак,вакви космички гости има многу. Многу есложено да се забележат малите метеорити иастероиди со дијаметар од 10 метри. Тука епотребна среќа. Да кажеме, своевременоастрономите случајно пресретнаа такво тело,предвидоа дека ќе падне во Африка и гонабљудуваа тоа паѓање. Ако сакаме однапредда знаеме за некоја космичка опасност,треба да се создадат моќни системи што ќего скенираат небото постојано. И тогашкосмичките дојденци нема да паѓаат наземјаните како снег на глава

Сергеј Ламзин, заменик-директор на државниот

астрономски институт „Штернберг“,доктор на физичко-математички науки

Во меѓувремеРусија ја пресмета штетата нанесена

од падот на небесното тело. На терито-ријата на Челјабинската област се ош-тетени 3.724 згради, од нив 671 се образ-овни установи. Вкупната површина наискршеното стакло изнесува 200.000квадратни метри.

Медицинска помош побарааа 1.147лица, од кои 50 завршија во болница. Двелица беа со повреди со просечна тежина,а една жена беше евакуирана во Москвасо авион на Министерството за вонред-ни состојби на РФ.

Доколку експлозијата сеслучеше над Москва...

Сергеј Нароенков, кандидат на фи-зичко-математички науки, Институт заастрономија на РАН:

- Според оценките на НАСА, висина-та на експлозијата на метеоритот бешеоколу 60 километри, а неговата моќностоколу 200 килотони. Тоа е 20 пати пове-ќе од капацитетот на атомската бомбашто падна врз Хирошима. Но, без огледна тоа, престолнината би поминала, ка-ко и Челјабинск, со искршени стакла.

As

so

cia

ted

Pre

ss

Ле

он

ид

Кул

еш

ов

, Ј

ур

иј М

ед

ве

де

в

видео на http://ruskarec.mk/18477 �

Page 9: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧ РУСКА РЕЧНАСТАНИ8 | | 9НАСТАНИ

� Јуриј Медведев

Своевремено „таткото“ на американскатануклеарна бомба, Едвард Телер, се обиде да говклучи алармот, да ја исплаши светската јав-ност со астероидната закана. Тој создаде коми-сија под покровителство на ООН, отиде кај си-те водечки научници во светот, го посети СССР,привлекувајќи група истомисленици. Тие гипресметаа ризиците, предложија мерки за заш-тита. Нивниот извештај се најде на масата нависоките чиновници.

- Нашите заклучоци никого не загрижија.Зошто? Наједноставен аргумент: за 300 годи-ни од метеорит не загинал ниту еден човек, ур-нати се една-две згради. И толку. Поголемитеделови од овие тела паѓа во океаните и во не-населени места, а системот за заштита чинимногу милијарди. Не вреди толку - раскажуваакадемикот на Руската Академија на науките(РАН) Владимир Фортов, кој работеше во таакомисија.

Но, работата на комисијата на Телер сепакдонесе некакви плодови. За волја на вистина-та, само на Холивуд. Со застрашувачките сце-ни за Армагедон тој заработи стотици милио-ни долари. Доколку скептичните Американцине се исплашија и не зедоа веднаш да создадатштит од астероиди, тогаш што да се каже за Ру-сија. Повеќе од 10 години директорот на Цен-тарот за планетарна заштита Анатолиј Зајцевтропа на сите врати, докажувајќи дека треба ит-

но да се преземат мерки. А, научниците на РАНодамна подготвија концепција за астероидно-кометска безбедност. Според директорот на Ин-ститутот за астрономија на РАН, Борис Шус-тов, периодично ги ислушуваат во високите ка-бинети, но понатаму работата не се турка.

И така, на едната страна од вагата милијар-ди, а на другата страв од кој овие милијарди тре-ба да нè заштитат. Науката постојано наоѓа но-ви аргументи за создавање астероиден штит. Например, таа ги пресмета особено опасните ас-тероиди за Земјата со големина поголема одеден километар. Такви има околу илјада. Овиеастероиди-убијци можат да ѝ донесат на Земјатаогромни разурнувања. За среќа, тие не ни се за-кана. Науката знае помалку за средните кос-мички тела со дијаметар од 100 метри. Од ре-чиси 500.000 малечки космички тела засега сеоткриени помалку од еден процент. Значи, из-ненадувања од космосот може да се очекуваатво кое било време. Ова го покажа и случајот одЧелјабинск. За него не беа подготвени ниту ци-вилните, ниту воените служби.

- Не треба едноставно да се пронајдат ас-тероидите туку тоа треба да се направи брзо. Зада успееме да преземеме мерки. Да кажеме, даги разбиеме - објаснува Борис Шустов.

Воените сили уверуваат дека за да се добие100-отстотна гаранција ним им е потребен под-олг период. Односно, ако станува збор за малотело што може тешко да се види, тоа треба дабиде забележано на растојание од минимум не-

колку милиони километри. Тоа, пак, значи де-ка е потребно постојано скенирање на небото,оти не се знае од каде ќе се појави дојденецот.Денес во светот не постојат такви системи, асовремените телескопи можат да видат самоопределени делови. Притоа, треба да се имапредвид дека овој систем треба да биде смес-тен во космосот.

- За заштита од астероиди ние го разрабо-тивме системот „Цитадела“.Доколку се забеле-жи опасен објект, податоците за него ќе дојдатдо Центарот за заштита. Во него, пак, се разра-ботува акциски план и му се презентира на ра-ководството на земјата - вели директорот на Цен-тарот за планетарна заштита Анатолиј Зајцев.

Последниот збор е кај него. Какви можат дабидат мерките? Најрадикалната е нуклеарна екс-плозија, која или ќе го уништи астероидот илиќе го пренасочи од опасната траекторија. Вто-рата варијанта е пренасочување од орбитата сопомош на директен удар во астероидот со раке-та. Друга варијанта што може да се предложи есо помош на гравитациски носач. Оваа варијантасе смета за најбезбедна и најеколошка. Но, таае и најненадежна, зашто воопшто не е едно-ставно да се дојде до космичкото тело што летабрзо и да се усогласи неговата брзина.

Анатолиј Зајцев е дециден дека системотза астероидна заштита не може да биде на-ционален. Тој може да биде само меѓународен.Основните научно-технички прашања се реш-ливи, но многу посложен е договорот околу по-

литичките, етичките и еколошките прашања.Да кажеме, постои забрана за користење нук-леарно оружје во космосот.

- Но што да се прави ако која било друга ва-ријанта се покаже неефикасна. Доколку за вак-вата опасност се дознае една недела претход-но, а тоа е сосема реално при нашите денешнизнаења за космосот, решението ќе треба да седонесе во цајтнот. Токму тогаш бомбата можеда стане единствената мерка за спас - велиЗајцев.

А доколку една земја активно развива сис-тем за откривање астероиди, зарем тоа не е по-вод и другите да се замислат? Станува збор замонопол врз стратешка информација за опас-

ни објекти за сето човештво, а фактички тоазначи и целосна контрола на космичкото про-странство.

- Со еден збор, за создавање ефикасна заш-тита од астероиди потребна е, пред сè, поли-тичка волја кај водечките земји - заклучуваЗајцев.

Едвард Телер не успеа да ја убеди јавнос-та да вложи пари во системот за заштита од ас-тероиди. Тие не се сметаа како „приоритетна“закана за животот на земјаните. И сега воЧелјабинск се слушна ѕвонот од космосот. Мо-жеби овој метеорит ќе влезе во историјата и однего ќе започне грандиозен светски проект засоздавање глобален систем за заштита?

Ѕвон од космосот

Ќе ги натера ли метеоритот одЧелјабинск научниците дасоздадат меѓународен проектза заштита од астероиди?

Метеоритот од Челјабинскотвори многу прашања. Каде е науката? Каде гледаатнејзините телескопи?Проучуваат други галаксии, а пред носот не си гледаат

Во земјината атмосфера годишно влегуваат100.000 тони меѓупланетарна материја. Вооснова тоа се честички прав, кои горат воатмосферата, а ние гледаме ѕвезди штопаѓаат. Колку се покрупни телата, толкупоретко тие паѓаат на Земјата. Но, сепак,вакви космички гости има многу. Многу есложено да се забележат малите метеорити иастероиди со дијаметар од 10 метри. Тука епотребна среќа. Да кажеме, своевременоастрономите случајно пресретнаа такво тело,предвидоа дека ќе падне во Африка и гонабљудуваа тоа паѓање. Ако сакаме однапредда знаеме за некоја космичка опасност,треба да се создадат моќни системи што ќего скенираат небото постојано. И тогашкосмичките дојденци нема да паѓаат наземјаните како снег на глава

Сергеј Ламзин, заменик-директор на државниот

астрономски институт „Штернберг“,доктор на физичко-математички науки

Во меѓувремеРусија ја пресмета штетата нанесена

од падот на небесното тело. На терито-ријата на Челјабинската област се ош-тетени 3.724 згради, од нив 671 се образ-овни установи. Вкупната површина наискршеното стакло изнесува 200.000квадратни метри.

Медицинска помош побарааа 1.147лица, од кои 50 завршија во болница. Двелица беа со повреди со просечна тежина,а една жена беше евакуирана во Москвасо авион на Министерството за вонред-ни состојби на РФ.

Доколку експлозијата сеслучеше над Москва...

Сергеј Нароенков, кандидат на фи-зичко-математички науки, Институт заастрономија на РАН:

- Според оценките на НАСА, висина-та на експлозијата на метеоритот бешеоколу 60 километри, а неговата моќностоколу 200 килотони. Тоа е 20 пати пове-ќе од капацитетот на атомската бомбашто падна врз Хирошима. Но, без огледна тоа, престолнината би поминала, ка-ко и Челјабинск, со искршени стакла.

As

so

cia

ted

Pre

ss

Ле

он

ид

Кул

еш

ов

, Ј

ур

иј М

ед

ве

де

в

видео на http://ruskarec.mk/18477 �

Page 10: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧИСТОРИЈА10 |

�Махмут Гареев

На 2 февруари годинава Русија ја одбележа70-годишнината од победата на Црвената армијаво битката кај Сталинград.

Во Втората светска војна имало и други по-беди на советското оружје и тие, според стра-тешките резултати и нивото на боените вештини,биле мошне успешни. Зошто тогаш од сите нивпосебно се издвојува победата кај Сталинград?По повод 70-годишнината од Сталинградскатабитка не би било лошо малку да се размисли наова прашање.

Во интерес на историската наука и на развојотна меѓународните односи би требало воената ис-торија да се ослободи од духот на конфронтациитеи научните истражувања да се подредат на инте-ресите на длабокото, правично и објективно тол-кување на Втората светска војна, особено на Ста-линградската битка. Ова доаѓа од фактот што по-единци би сакале да ја фалсификуваат историјатакога станува збор за Втората светска војна и да го„преправат“ текот на војната на хартија.

ЗНАЧЕЊЕТО НА СТАЛИНГРАДСКАТАБИТКА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

По завршувањето на војната, во западната ли-тература се појавија тврдења дека најзначаен пре-сврт во Втората светска војна не била Сталин-градската битка, туку победата на сојузничкатавојска кај Ел Аламејн. Секако, за волја на висти-ната, треба да се каже дека сојузниците кај Ел Ала-мејн однесоа голема победа, која во голема мерапридонесе за конечното кршење на заедничкиотнепријател.

Меѓутоа, во военостратешка смисла треба дасе има предвид дека Сталинградската битка е во-дена на огромна територија од речиси 100.000квадратни километри, а операцијата кај Ел Ала-мејн на релативно мал појас од африканскотокрајбрежје.

Кај Сталинград во определени фази на бит-ката од обете страни учествувале над 2,1 милио-ни луѓе, со над 26.000 топови и минофрлачи, 2.100тенкови и над 2.500 борбени авиони. Германска-та команда на Сталинград испратила 1,011 мили-он војници, 11.290 топови, 675 тенкови и 1.216авиона. Кај Ел Аламејн, Ромеловиот афиканскикорпус имал сѐ на сѐ 80.000 војници, 540 тенко-ви, 1200 топови и 350 авиони.

Битката кај Сталинград траела 200 дена (од17 јули 1942 г. до 2 февруари 1943 г.), а борбата кајЕл Аламејн 11 дена (од 23 октомври до 4 номев-ри 1942 г.). Интензитетот и жестокоста на овиедве битки воопшто не можат да се споредат. КајЕл Аламејн, нацистичкиот блок загуби 55.000 лу-ѓе, 320 тенка и околу 1.000 топови, додека кај Ста-линград загубите на Германија и на нејзинитесојузници (Италија, Романија, Унгарија и Хрватс-ка) биле 10-15 пати поголеми, а заробени се око-

лу 144.000 луѓе. И загубите на советската армијасе големи и ненадоместливи: загинале 478.741војник. Но, сепак, жртвите не беа залудни.

Неспоредливо е и воено-политичкото значе-ње на споменатите настани. Сталинградската бит-ка е водена на главното воено жариште на Евро-па, каде што се решавал исходот од војната. Опе-рацијата кај Ел Аламејн се одвивала во СевернаАфрика, односно на споредно борбено поле, та-ка што таа има само посредно влијание на текотна војната. За тоа време целиот свет со вниманиеги следел токму настаните во Сталинград, а не воЕл Аламејн.

Големите порази и огромните загуби на Вер-махтот кај Сталинград нагло ја влошиле воено-политичката и економската положба на Германијаи во неа предизвикале голема криза. Како примерќе споменеме дека кај Сталинград загубите на Гер-манија во тенкови и во автомобили биле еднаквина нивното шестмесечно производство во гер-манските фабрики, загубите во топови биле ед-накви на четиримесечно, а во минофрлачи и воогнено оружје на двомесечно производство. За дасе надомести таа голема загуба, германската вое-на индустрија морала да работи на работ на мож-ностите. Нагло се почувствувал и голем недостигод луѓе.

Катастрофата на Волга забележливо влијае-ла и на моралната состојба на Вермахтот. Во Гер-манија се зголемил бројот на дезертери и војни-ци кои им откажувале послушност на команди-рите, а зачестиле и воените злосторства. По Ста-линград, германскиот воен суд на своите војнициим изрекувал значително повеќе смртни казни.

Сталинградската битка е една од најстрашните

и најкрвавите битки во историјата на човешт-

вото и пресвртна точка не само во Втората

светска војна туку и во светската историја

На 2 февруари 1943 година воСталинград, благодарение наголемата и скапо платена победа наЦрвената армија, дојде до целосенпресврт во светската историја. Но,сепак, во западната литература можатда се видат обиди за фалсификувањена оваа војна, според коирешавачкиот пресврт не се случил наВолга, туку во Северна Африка

Сталинград и пресвртот

Волгоград не ја поддржаидејата за преименувањево Сталинград

Предлогот на некои руски политичарида се отвори прашањето за преименувањена градот Волгоград во Сталинград не на-иде поддршка ниту во градот, ниту во каби-нетот на претседателот. Во почетокот на фев-руари беше предложено да се спроведе ре-ферендум по ова прашање, но, сепак, идејатабеше прогласена за историски и економскинецелисходна.

Извори од кабинетот на претседателотвелат дека идејата за преименување на гра-довите треба да биде историски основана.

Според претставник од кабинетот напретседателот „за тоа треба да решат ло-калните жители, но да се менува името де-нес е економски нецелисходно. Регионитетреба да се занимаваат со реални проблеми,а не со преименување на своите градови“.

ИТА

Р-Т

АС

С

фотогалерија на http://ruskarec.mk/17987�видео на http://ruskarec.mk/18105 �

Page 11: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧ | 11ИСТОРИЈА

Војниците на Хитлер повеќе не биле толку ист-рајни во борбените дејства, почнале да се плашатод напади отстрана и од опсади. Во дел од поли-тичкиот и од воениот врв се родило и опозицис-ко расположение кон Хитлер.

Победата на Црвената армија кај Сталинградго потресе воениот врв на Германија, предизвикапотиштеност кај нејзините сојузници, посеа па-ника и предизвика нерешливи противречностиво нивниот табор. Со желба да се спасат од пре-тстојната катастрофа, властите на Италија, Рома-нија, Унгарија и Финска почнале да бараат поводза излегување од војната и ги игнорирале наред-бите на Хитлер за упатување трупи на советско-германскиот фронт. Од 1943-та, на Црвената ар-мија не ѝ се предаваат само определени војниции офицери туку и цели одреди и единици на ро-манската, унгарската и на италијанската војска.Се заоструваат односите меѓу Вермахтот и сојуз-ничките трупи.

Целосното кршење на нацистичката армадакај Сталинград придонесе за отрезнување на вла-дејачките кругови во Јапонија и во Турција, и занивно повлекување од идејата за влез во војна про-тив СССР.

Успесите на Црвената армија кај Сталинград,и подоцна во зимските операции 1942-1943 г.,влијаеја врз сѐ поголемата меѓународна изолацијана Германија. Советските власти во 1942-1943 г.воспоставија дипломатски односи со Австрија,Канада, Холандија, Куба, Египет, Колумбија и соЕтиопија, а повторно се воспоставија претходнопрекинатите дипломатски врски со Луксембург,Мексико и со Уругвај.

Сево ова зборува дека токму битката кај Ста-линград му го скршила ‘рбетот на Вермахтот и гоозначила почетокот на целосниот пресврт во Вто-рата светска војна во полза на антихитлеровска-та коалиција. Подобро речено, Сталинград овоз-можил да дојде до тој пресврт.

Генерал Махмут Ахметович Гареев епретседател на Воената академија,

доктор на воени и историски науки иучесник во Втората светска војна

800.000војници загуби Германија само воСталинградската битка, седум патиповеќе отколку на целиот африканскифронт за време на целата војна

74%од загубите германската војска претрпево борбата со СССР, трипати повеќеотколку во борбата против сите други 25 земји заедно

во светската историја

Page 12: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧМАКЕДОНИЈА И РУСИЈА12 |

�Михаил Вашченко

Кон средината на јануари годинава медиу-мите во Македонија објавија, на прв поглед,сензационална вест. Македонската јавност има-ше можност да прочита низа наслови со слич-на тема: „ЕВРОПА 2035 - сѐ е можно!“, „Ру-сите објавија карта на Европа 2035, на неа и Го-лема Албанија“, „Како ќе изгледа Европа до2035 година“, „До 2035-та ќе се создаде Голе-ма Албанија?“, „Голема Албанија во 2035-та,кога ќе има и територијални промени во другиевропски држави, тврдат руски експерти“ , „Рус-ки експерти велат Македонија ќе е Албанија до2035-та година“.

Од каде оваа „информација“?Македонските новинари во исто време како

и водечките српски медиуми и медиумите нанекои други земји на Балканот во архивите нарускиот таблоид „Експрес газета“ (9 јули 2012,бр. 27/908) нашле статија „Русија ќе го менуваКавказ за Белорусија и Украина“, чиј автор еАртјом Стоцки, а текстот е објавен уште во јулиминатата година. Овој неделник првенственосе занимава со скандали од светот на шоу-биз-нисот и во Русија има сличен углед како „TheSun“ или „The Daily Мirror“ во Англија (за ек-вивалентите на ова издание во Македонија не-ка пресудат самите читатели). Авторот на текс-тот ја претставил картата на Европа во 2035 го-дина, повикувајќи се на некакви „геополитич-ки експерти“, кои анализирале „повеќе отво-рени документи од американската агенцијаЦИА, руската воена разузнавачка служба ГРУи од некои истражувачки институти, а, исто та-ка, и трудовите на Алвин Тофлер, Збигњев Бже-жински и на Семјуел Хантингтон“.

Во статијата на Блаканот му е посветен са-мо еден пасус: „Големи промени се очекуваати на Балканот. Со засилувањето на исламскиотфактор во Европа ќе се појави лоби што ќе јаукине државноста на Босна и Херцеговина.Можно е нејзината територија да биде поделе-на меѓу Србија и Хрватска. Како компромис заТурција, ќе дојде до политичко соединувањена Албанија, која покрај Косово најверојатноќе ги добие и западните делови на Македонија“.Меѓутоа, овие неколку реда беа сосема довол-ни за претходно споменатите медиуми во Ма-кедонија да објават толку провокативни на-слови на своите текстови.

Еден од политиколозите кого го наведуваСтоцки, Семјуел Хантингтон (1927–2008), во1993 година го објави својот труд „Судир на ци-вилизациите?“, во кој, потпирајќи се на истра-жувањата на филозофите од првата половинана дваесеттиот век (Тојнби, Шпенглер, Дани-левски), издвојува неколку култури (кинеска-та, јапонската, хиндуистичката, исламската,православната, западнохристијанската, лати-

ноамериканската и африканската) меѓу кои,според него, спротивностите само ќе се заси-луваат. Негов став е дека еден од преломите наовој конфликт ќе се случува токму на Балканоти дека се совпаѓа со историските граници ме-ѓу Хабзбуршката монархија и Османското цар-ство. Алвин Тофлер во својата книга „Војна иантивојна“, објавена две години подоцна, тврдидека во следните години развојот на светскитеслучувања во голема мера ќе бидат определе-ни од „религиските движења, како на пример

исламот, и панетничките движења во експан-зија, чија цел е да ги прекројат границите спо-ред етнички принцип“. Збигњев Бжежински восвојата книга „Американски избор - глобалнадоминација или глобално водство“, објавенауште во 2004 година, пишува дека „Хантигто-новата визија“ за ‘судир на цивилизациите’ мо-же да биде пророштво што ќе се оствари“.

Сите овие геополитички нагаѓања, чии ав-тори се, всушност, споменатите западни екс-перти, не се ништо ново не само за познавачи-те од потесната област туку и за широката јав-ност. Трудовите на Хантингтон, Бжежински иТофлер се објавени одамна и се преведени намногу јазици. Меѓутоа, не е јасно што навелоопределени новинари во Македонија да тврдатдека тоа е, всушност, „руска карта на Европа2035“ и згора на тоа како извор да користат рус-ки жолт печат. Сите наведени македонски ме-диуми пишуваат за „руското гледиште“ на 2035-та и тврдат дека картата ја составиле рускистручњаци, додека во статијата на Стоцки ниш-то не укажува на потеклото на авторите (стоисамо „геополитички експерти“).

Освен тоа, во извештаите на медиумите енапишано дека картата е направена врз осно-ва на заклучоците на некакви „експертски гру-пи“ на чие чело биле Бжежински и Хантингтон.Од друга страна, во оригиналниот текст на ста-тијата се зборува само за отворени документина „некои истражувачки институти“, додекаимињата на американските политиколози сеспоменуваат без тие да се доведат во врска соинститутите. Во текстот на Стоцки воопшто несе споменуваат какви било „експертски гру-пи“, особено не такви што се предводени одБжежински и Хантингтон.

Очигледно е дека станува збор за потрагапо непостојна сензација. Уште еднаш треба дасе истакне дека „Експрес газета“ не само штоне е сериозно списание што се занимава со пра-шања од областа на геополитиката туку во-општо не се занимава со политика на сериозенначин. Поединци во македонските средства зајавно информирање, за жал, излегоа премногунаивни во изборот на своите извори. Опред-елени цитати од статијата на Стоцки (како и на-водната карта на Европа) се целосно препеча-тени, но со наслови што во целост ја менуваатсмислата на напишаниот текст.

Тешко е да се поверува дека причината засево е ова е русофобната политика на споме-натите медиуми, како текстот на извесен Јор-дан Петровски објавен на forum.kotle.ca со на-слов „Скраја да е од Македонци-русофили“.Зарем е неопходно најугледните средства зајавно информирање во Македонија, со цел дапривлечат медиумско внимание, да користатвакви методи и вакви извори, кои имаат, благоречено, сомнителна репутација?

„Скраја да е од Македонци-русофили“

Во најголемите македонскимедиуми неодамна бешеобјавена сензационална картана Европа во 2035 година,која беше претставена како„руска“. Оваа стручнагеополитичка информацијатие ја нашле во рускиот жолтпечат, во списание што сезанимава со новости заестрадните уметници

Детаљ од спорната „експертска“ карта од жолтиот печат, со која најголемите македонски медиуми ја разбрануваа јавноста

Page 13: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧ | 13ИНТЕРВЈУ

�Игор Стојанов

Лоба најпрво на музичката сцена во Ма-кедонија се појавува како мала, а потоа прекугрупата „Табу“ ја стекнува првичната слава.Повеќе години гради соло-кариера. Оваа мла-да Русинка ја претставуваше Македонија надетскиот Евросонг во 2003 година.

Викторија, како си задоволна од развојотна твојата досегашна кариера во Македо-нија, од сите настапи и приемот кај публи-ката?

- Задоволна сум и благодарна на сите шан-си што ми ги понуди Македонија уште од 2003година кога настапив на првата Детска евро-визија и ја претставував Македонија во Ко-пенхаген. Од таа година мојот живот се про-мени, се запишав во средното музичко учи-лиште „Илија Николовски-Луј“во Скопје наотсек соло-пеење. Среќата ме следеше и таму,мојот ментор беше прекрасна професорка посоло пеење Ѕвезда Дамовска, која дипломира-ше и предаваше во Москва пред да се врати вородната Македонија. Таа ми даде одлично об-разование и ми влеа љубов кон музиката. Понејзиното пензионирање ми доделија исто пре-красна и амбициозна професорка, магистерАлександра Коцева-Миновска, која понатамуја негуваше и ја подржуваше мојата желба засоло-пеење. Од моето детство досега задо-волна сум како напредувам, но знам дека мо-жам уште многу повеќе да понудам на музич-ката сцена во Македонија и, секако, достојнода ја преставувам во другите држави.

Родена во Русија, а живееш и градиш ка-риера во Македонија. Каде поточно си ро-дена и кои се твоите врски со Русија?

- Родена сум во Таганрог, родниот град наЧехов. Таганрог беше и омилено место за тво-рење музика за Чајковски. Град со богата кул-тура и признаени уметници. Моите родителисе Руси, и двајцата.

Која беше причината за преселувањетово Македонија?

- Мојата мајка дојде во Македонија со при-времен договор за работа, ме зеде и мене и понеколку години живеење во Македонија сфа-тивме дека се чувствуваме како дома, решив-ме да продолжиме со својот живот тука.

Ја посетуваш ли Русија често?- Често ја посетувам Русија, сите роднини

ми се таму. Минимум еднаш во годината одамда ги видам. Често имам носталгија по роднатаземја!

Каде ти е попријатен престојот - овде иливо Русија?

- Тука се чувствувам исполнета на сите по-лиња, поголемиот дел од животот го поминав воМакедонија и ја сметам за мој вистински дом.Имам многу пријатели тука, околината ме имаприфатено за своја и благодарна сум за тоа, зош-то и јас се чувствувам ваша!

Гледаш ли можна кариера во Русија?- Сум размислувала, но не сум пробала на

тоа поле.

Имаш ли контакти со тамошната му-зичка индустрија? До кое ниво е развојот наиндустријата во Русија?

- Имам контакти со руски диџеи, но не сумпочнала сè уште никаков проект. Русија е големпазар, огромен. Треба навистина многу напор,работа и среќна ѕвезда за да те забележат таму.

Планираш ли можеби да испееш песна наруски јазик?

- Имам испеано песна на руски јазик, се вика

„Иванушка“. Во 2004 година се натпреварувавнаруски интернационален фестивал „Роза Вет-ров“ и станав лауреат претставувајќи ја Маке-донија.

Во едно интервју велиш дека следиш вес-ти на руски телевизии и дека си заинтереси-рана за она што се случува таму. Зошто?

- Крвта не е вода. Ме интересира се што сеслучува во Русија, како живеат моите роднинитаму. Исто, имам потреба да комуницирам, дачитам и да слушам руска реч, тоа ме исполну-ва! Затоа редовно го читам и вашиот веб-сајт.

Можно ли е да се вратиш да живееш воТаганрог и зошто?

- Не верувам дека би се вратила, но, сепак,никогаш не се знае што ти носи животот. Тукасум зашто сега-засега имам сè што ми е пот-ребно, сè што ме исполнува.

Што најмногу ти се допаѓа од Русија, ашто од Македонија?

- Ја обожавам руската кујна, со неа сум из-расната. Обожавам боршч (борщ) и оладји (ола-дьи), тоа се наши национални специјалитети.Имаме и домашна традиција да пиеме чај сомајка ми по ручекот. Во Македонија ми се до-паѓа тоа што сè е релативно блиску, за разликаод Русија, и ми се допаѓа тоа што луѓето се мно-гу поопуштени тука.

Кои се твоите следни чекори на профе-сионален план?

- Во моментот сум вклучена во проектот„Танц со Ѕвездите“, тој ќе започне наскоро соемитување, се надевам ќе се задржам долго та-му и ќе ги покажам своите танчерски квалите-ти на паркет. После овој проект секако ќе про-должам со снимање нови синглови.

Дали знаевте дека една однајпопуларните пејачки намакедонската поп-сцена еродена токму во Русија? Воексклузивното интервју за„Руска реч“, Викторија Лобазборува за своите рускикорени, за врските со„големата татковина“, како иза одлуката засекогаш да сепресели во Македонија

ВИКТОРИЈА ЛОБА, ПЕЈАЧКА

СЈАЈНАТА руска ѕвезда намакедонската сцена

An

i&D

imi P

ho

tog

rap

hy

Page 14: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧКУЛТУРА14 |

Светот дозна за матрјошкатаво 1900 година, кога еднаваква кукла била однесена воПариз на меѓународнатаизложба за ракотворби, пришто освоила медал. Но каквае историјата на оваанеобична кукла?

�Елена Косова, РИА Новости

Играчките постојат откако постои чо-вештвото. Првобитниот човек правел кукли

од коски и од камен. Археолозите постојанонаоѓаат различни фигури за кои е тешко

да се определи дали личат на луѓе или наживотни. Сепак, многу научници сме-таат дека тоа воопшто не се играчки, ту-ку предмети на религиозен култ. Со си-гурност се знае само една работа: прва-та играчка на секое дете во сите вре-миња и кај сите народи била тропал-ката.

„ШАРКУНОК“, „ПЕЛЕНАШКА“ И КУКЛАТА „ДОРОЖНИЦА“

Музејот на руски играчки во Из-мајловскиот кремљ во Москва поседу-ва многу експонати, а меѓу нив е и тро-палка што ја држеле децата од времетона древна Русија.

- Оваа играчка се нарекува „шарку-нок“. Направена е од брезова кора, а во

внатрешноста на тропалката се ставале су-ви топчиња грашок или семки од јаболка.На децата им давале шаркунок штом сераѓале, но постоела и кукла што селскитежени ја правеле уште пред детето да дојде

на свет - објаснува Светлана Колосова,кустос во Музејот на руски играчки.

Таа кукла се нарекува „пеленашка“. Сеправела од парчиња облека од мајката или одбабата. Било забрането да се сече ткаенината,

па затоа ја кинеле, така што овие кукли поне-когаш биле нарекувани и „рванки“ (од рускиотглагол „рвать“ - кине). Пеленашката ја става-ле во колепката за да го „грее“ идното ново-роденче.

Пеленашката повеќе е „играчка за возрас-ни“, зашто таа е кукла-амајлија.

Интересно е што кај Словените, но и кајмногу други народи, кулите најпрво биле пра-вени за возрасните, а подоцна тие биле пре-наменети за децата.

Во селските куќи имало многу амајлии.Куклата „зерновушка“ била задолжена за жнее-њето и го чувала зрното од гниење, „десјати-ручка“ им помагала на младите домаќинки, аминијатурата „дорожница“ ги чувала патни-ците.

- Секако, куклите-амајлии биле поврзаниза верувањата од тоа време. Интересен е фак-тот што тие немале очи. Доколку на куклата ѝсе ставеле очи, се сметало дека тоа повеќе нее амајлија, оти тогаш таа го гледа и она што нетреба, па во неа можат да се вселат и зли ду-хови. Меѓутоа, со текот на времето куклатапрестанала да се доживува како магичен пред-мет и станала обична детска играчка - вели Ко-лосова.

„СТРИГУШКИ“, ВИТЕЗОТ ПОЛКАН ИДИМКОВСКИТЕ КОЊАНИЦИ

Најпрво играчките биле правени од сламаи се нарекувале „стригушки“. Поедноставни-те стригушки можеле да бидат направени оддрво, а посложените ги правеле од крпи.

Каква тајна криеР

ИА

Но

во

сти

/Ав

ро

ра

, А

ртјо

м П

ав

ло

в

РИ

А Н

ов

ос

ти

/Ав

ро

ра

, А

ртјо

м П

ав

ло

в

Првата руска матрјошка,

наречена Матрјона

Page 15: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧ | 15КУЛТУРА

матрјошката?

Во 11 век во Русија се појавува првотогрнчарско тркало. Со појавата на грнчар-ството децата добиле играчки - свирчиња одглина. Секако, во почетокот нив ги правеле одотпадоци што останувале при изработката наповажни предмети: доколку на грнчарот муостанела глина од некој глинен сад, тоа биломожност да се израдуваат и децата.

Подоцна правењето глинени играчки ста-нало посебен занает. И денес на сите им седобро познати филимоновските, плешковс-ките, каргаполските и димковските глиненииграчки.

- Без оглед на тоа што сите се направениод ист материјал, сепак се мошне различни,лесно се разликуваат според начинот на мо-делирање и украсување. На пример, филимо-новските играчки секогаш имаат тенки линии,додека плешковските воопшто не се обоени.Каргополските имаат карактеристични бои иглавен јунак - витезот Полкан. Препознатли-ви се и димковските храбри коњаници и ру-мените госпоѓици - раскажува Колосова.

КАКО ФУКУРУМУ СТАНА МАТРЈОНА

Во богатите куќи покрај глинените свир-чиња имало и играчки од поскапи материјали.На пример, порцеланските кукли биле обли-кувани како убави ќерки на богати трговци,гренадири, па дури и царици. Секако, тие слу-

желе за украс, така што имашните деца мо-желе само да ги гледаат. Така и се нарекува-ле: „кукли за гледање“.

Матрјошката одамна се доживува како еденод симболите на Русија, но оваа играчка, којастана сувенир, е со странско потекло.

Најчесто се споменува верзијата дека про-тотип на матрјошката била фигурата на бу-дистичкиот мудрец Фукуруму, која некој ја до-нел во „Детско воспитување“ - московска ра-ботилница за изработка на играчки на позна-тиот индустријалец и мецена Мамонтов.

- Тешко е да се каже од каде е донесен Фу-куруму. Можеби од Јапонија, а можеби одФранција. Но, сите извори се согласуваат де-ка фигурата на овој мудрец, во која биле скрие-ни уште неколку поситни Фукуруми, била ин-спирација за дрводелецот Звјоздочкин при соз-давањето на матрјошката. Играчката ја на-сликал уметникот Маљутин - го објаснува „ро-дословот“ на матрјошката Колосова.

Од ќелаво старче со надуена глава од раз-мислување без престан за будистичките при-казни, фигуринката се трансформирала во сел-ска девојка. Набргу за неа само по себе се врза-ло името Матрјона, кое било често во тоа вре-ме, а кое потоа почнало да се употребува водеминутив: Матрјошка.

Првата матрјошка била составена од осумкукли, со тоа што биле прикажани и момчи-ња и девојки. Најпрепознатлива црта на први-

те матрјошки било нивното сликање. Овиекукли задолжително држеле нешто во раце-те: црн петел, срп, метла...

- Во 1900 година матрјошката била одне-сена во Париз на меѓународната изложба наракотворби и освоила медал. Таа била запа-метена, а четири години подоцна од престол-нината на Франција стасала голема нарачказа овие играчки - вели Колосова.

Тогаш матрјошките веќе се правеле во ра-ботилниците во Сергиев Посад.

„КОВАЧИ“ И ТОПЧЕ НА КОНЧЕ

Недалеку од Сергиев Посад се наоѓа се-лото Богородское, каде што уште од 17 век сеправат подвижни дрвени играчки. Овој зана-ет настанал под влијание на Троице-Сргеие-виот манастир, кој во тоа време бил познатцентар на занаетчиските вештини. Прочуе-ните „Ковачи“ селанецот и мечката, станалесимбол на овој занает, а сега се ставени дурии на грбот на ова село.

Но најтипична богородска играчка е клат-ното на кое за балансирање му служи обичнотопче на конче.

Најпозната играчка-клатно се кокошкитешто стојат на подлога и колваат. Оваа играч-ка како деца ја сакале Пушкин и Лермонтов,а и денешните деца подеднакво им се радува-ат на богородските играчки.

Димковски коњаници

РИ

А Н

ов

ос

ти

/Ав

ро

ра

, А

ртјо

м П

ав

ло

в

фотогалерија на http://ruskarec.mk/19097�

Page 16: Руска реч Македонија #3

РУСКА РЕЧКАЛЕИДОСКОП16 |

СЕ БЛИЖИ ВРЕМЕТО ЗА СОЧИ-2014

Близу соборната црква „Мајка Божја“ (Казански собор), во Санкт Петербург, официјалниот мерач на времето на Зимските

олимписки игри Сочи-2014 - „Омега“, ги одбројува деновите до почетокот на игрите

ВО ИМЕТО НА СТАРИТЕДОБРИ ВРЕМИЊА

Кубанскиот претседа-тел Раул Кастро ирускиот премиерДмитриј Медведевразгледуваат фото-албум на средбата на22 февруари во Хава-на. Русија ќе им дадеосум авиони и ќе имотпише дел од долго-вите на своите сојуз-ници уште од времетона Студената војна

ИМПРЕСУМ

Co

rbis

/Fo

to S

.A

Ро

јтер

с

ИТА

Р-Т

АС

С

Писмата на читателите, колумните иилустрациите означени како „мислење“,како и текстовите од рубриката „погле-ди“ во овој додаток се избрани за да прет -стават различни гледишта и не го изра-зуваат нужно гледиштето на уредникотна проектот „Russia Beyond the Headli-nes“ или на весникот „Росијскаја газета“.Ве молиме вашите писма и коментарида му ги испраќате на уредникот на [email protected]

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“(Москва, Русија).

� Интернет-страница: ruskarec.mk � Еmail: [email protected] � Телефон: +7 (495) 775 3114 � Факс: +7 (495) 988 9213 � Адреса: ул. Правды 24, д. 2,Москва 125993, Россия.

ЕВГЕНИЈ АБОВиздавач и директор на RBTHПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на дода-тоците на RBTH � ВЈАЧЕСЛАВ ЧАР-СКИ извршен уредник за Јужна и заСредна Европа � ЕМИЛ НИАМИ пре-вод, лектура, веб, гостин-уредник на до-датокот „Руска реч на македонски“�ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВпревод, лектура, веб �ЕКАТЕРИНА ТУ-РИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистен-ција, веб � НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНАРЕШЕТОВА ко-уредници � АНДРЕЈЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илуст-рации � За огласување во овој додаток,ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈАГОЛИКОВА, директор на одделот за од-носи со јавност: [email protected].

� ИГОР ДАНИЛОВИЌ координатор на„Руска реч“ во „Нова Македонија“� МАРЈАН ДЕЛЕВСКИ дизајн

© 2013 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседателна редакцискиот совет, ПАВЕЛ НЕГОИЦА генерален директор,ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Забрането е копирање, дистрибуцијаили преземање на содржините од овојдодаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“.Ве молиме за дозвола да се обратитена телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот [email protected].„Russia Beyond the Headlines“ не сносиодговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Специјалните додатоци за Русија восветските дневни весници ги уредува иги издава „Russia Beyond the Headlines“,во организација на „Росијскаја газета“ одМосква. Во моментов додатоци сеобјавуваат во следниве весници: Le Fi-garo, Франција • The Daily Telegraph,Велика Британија • Süddeutsche Zei-tung, Германија • Еl País, Шпанија • LaRepubblica, Италија • Le Soir и Europe-an Voice, Белгија • Дума, Бугарија • По-литика и Геополитика, Србија • Eleut-heros typhos, Грција • The Washington Post, The New York Ti-mes и The Wall Street Journal, САД •Navbharat Times и The EconomicTimes, Индија • Mainichi Shimbun, Јапо-нија • China Business News, Кина • So-uth China Morning Post, Кина (Хонгконг)• La Nacion, Аргентина • Folha De S.Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • SydneyMorning Herald и The Age, Австралија •Gulf News, Обединети Арапски Емирати

Електронска пошта на редакцијата„Руска реч“: [email protected]. Повеќе информации на http://ruska-rec.mk

ЧУДНО ЛЕТАЛО ВО МОСКОВСКАТА ОБЛАСТТестирање на екранопланот „Буревестник-24“ во Московската област. Леталото е конструирано од компанијатаООО „Небо и земја“. Екранопланите се летала што летаат на т.н. динамична воздушна перница