16
ПАТУВАЊА РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА Во јуни 2012 година, во посета на Москва пристигна премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој за време на патувањето ги посети и Владимир, Нижни Новгород и Санкт Петербург Oбемот на трговијата меѓу двете земји за периодот од јануари до јуни 2011 изнесувал 80 милиони американски долари и во однос на 2010 година пораснал за 106,4 отсто Космополитизмот на московските божиќни панаѓури Чекор поблизу Руско резиме на 2012 година На повидок нова трговска војна помеѓу Русија и САД стр. 4-5 Су-30СМ - ловец за невозможни мисии стр. 10 стр.11 стр. 2-3 стр. 15 Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорна за содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“. САБОТА - ПОНЕДЕЛНИК, 5-7 ЈАНУАРИ 2013 БРОЈ 1 „Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“ ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО ЕКОНОМИЈА ВОЈСКА Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“ САМО НА RUSKAREC.MK www.rbth.ru МИА

Руска реч Македонија

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Russia Beyond the Headlines, Macedonian Edition, distributed with Nova Makedonija

Citation preview

Page 1: Руска реч Македонија

ПАТУВАЊА

РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА

� Во јуни 2012 година, во посета на Москва пристигнапремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој за време на патувањето ги посети и Владимир, Нижни Новгород и Санкт Петербург

� Oбемот на трговијата меѓу двете земји за периодот од јануари до јуни 2011 изнесувал 80 милиониамерикански долари и во однос на 2010 годинапораснал за 106,4 отсто

Космополитизмотна московскитебожиќни панаѓури

Чекор поблизу

Руско резиме на2012 година

На повидокнова трговскавојна помеѓуРусија и САД

стр. 4-5

Су-30СМ- ловец заневозможнимисии

стр. 10

стр.11

стр. 2-3

стр. 15

Прилогот го уредува и го издава „Росијскаја газета“ (Москва), која е целосно одговорназа содржината. Се печати и се дистрибуира во соработка со „Нова Македонија“.

САБОТА - ПОНЕДЕЛНИК, 5-7 ЈАНУАРИ 2013 БРОЈ 1

„Росијскаја газета“ уредува прилози за Русија во 27 водечки светски весници, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Дејли телеграф“, „Фигаро“ и „Зидојче цајтунг“

ПОЛИТИКА ИОПШТЕСТВО

ЕКОНОМИЈА

ВОЈСКА

Повеќе теми на интернет -страницата на „Руска реч“

САМО НА RUSKAREC.MK

www.rbth.ru

МИ

А

Page 2: Руска реч Македонија

� Михаил Вашченко

За Македонија, младата балканска држава,која се стекна со независност во 1991 година, ис-то како и другите републики од СФРЈ, до неодамнаво Русија се знаеше многу помалку одошто заСрбија, Хрватска, па дури и за Босна и Херцего-вина. Сепак, уште во 19 век во градот Битола (Ма-настир), на територијата на современа Македо-нија работел конзулат на Руската империја. За вре-ме на Руско-турската војна 1877–1878 на страна-та на Русија се бореле голем број доброволци одМакедонија. Сè до распадот на Османската им-перија Русија преземала чекори за подобрувањена положбата на христијанското население на те-риторијата на современа Македонија. Потоа рус-ко-македонските контакти зависеа од политика-та на државите што настанаа по Првата и по Вто-рата светска војна: Југославија (најпрво кралска,а потоа социјалистичка) и Советскиот Сојуз. Сèдо 1940 година СССР немал никакви дипломат-

ски односи со Кралска Југославија, а СоветскиотСојуз не сакал да се меша во темата за Македо-нија на никакво ниво за да не испровоцира услож-нување на односите со Грција, Југославија и соБугарија. Дури по стекнувањето на независностана Македонија двете земји добиле можност да гиобноват односите, кои имаат долга историја.

Веќе во август 1992 година претседателот наРусија Борис Јелцин потпиша указ за признава-ње на Република Македонија како независна држа-ва, а во јануари 1994 беа воспоставени дипло-матски односи на ниво на амбасади. Во 1997 бе-ше потпишан договор за основање меѓувладинаруско-македонска комисија за трговско-економ-ска и научно-техничка соработка, а по една годи-на Борис Јелцин и претседателот на МакедонијаКиро Глигоров во Москва ја потпишаа Деклара-цијата за пријателски односи и соработка меѓудвете земји. Сè на сè, во првите десет години одсоработката меѓу Русија и Македонија беа склуче-ни повеќе од 40 меѓувладини и меѓуресорски до-

ОД РЕДАКЦИЈАТА

До нашите пријателиод Македонија

Ценети читателки и читатели! Ни пре-тставува особена чест и задоволство во вре-ме кога ја испраќаме старата и ја дочекуваменовата година, да ви го претставиме нашетопрвенче – Руска реч на македонски јазик,додаток на дневниот весник „Нова Македо-нија“. Овој подлисток го финансира еден однајчитаните и најтиражни весници во Ру-сија „Росијскаја газета“, како дел од про-ектот Russia Beyond The Headlines (rbth.ru).Освен во печатена форма, можете да нѐ сле-дите и на Интернет-порталот ruskarec.mk,каде секојдневно објавуваме куси вести одРусија, статии од различни области на жи-вотот кои се однесуваат на Русија и на рус-ко-македонските односи, како и мултиме-дијални содржини, за кои се надеваме декаќе го привлечат вашето внимание.

Некои од вас ќе прашаат зошто сме серешиле на ваков начин да ѝ се обратиме намакедонската публика. Одговорот е мошнеедноставен: денес од најразлични причини,објективни и субјективни, луѓето не можатда дојдат до директна информација, онакакако што би требало да ја добијат. Нашатацел е да ве информираме за она што сеслучува во и со Русија, директно од нејзино-то срце, од вековната престолнина на рус-киот народ Москва. Сакаме до вас да допреи нашиот глас, да се слушне и нашето мис-лење, за да можете самите да го составитемозаикот и да бидете во тек со сите настани.

Веќе неколку години вакви додатоци из-легуваат во угледни светски весници какошто се „Вашингтон пост“, „Њујорк тајмс“,„Зидојче цајтунг“, „Фигаро“, „Ла Републи-ка“ и во многу други дневни весници ширумсветот. Ние сме присутни во 24 земји, на 16јазика, во 27 влијателни печатени медиуми.Задоволство ни е што со дневниот весник„Нова Македонија“ отсега ќе можеме да импонудиме информација од прва рака на ма-кедонски јазик на десетици илјади македон-ски читатели.

Русија и Македонија од дамнина се по-врзани, пред сè преку сродните јазици, за-едничката словенска култура, традициите иобичаите. Во последно време нашите дведржави меѓусебниот дијалог го искачија наедно ново рамниште, каде со заеднички си-ли се обидуваме да ги придвижиме обетеземји кон посветла и поперспективна идни-на. Русија и Македонија ги интензивираатсвоите билатерални односи и на економскиплан, а за поздравување е и зајакнувањетона традиционално добрите врски во областана културата и туризмот, што претставувадобра основа за ние, луѓето, да можеме ме-ѓусебно да комуницираме на едно сосемапоинакво ниво. Затоа сакаме да ви се обра-тиме со молба и вие да комуницирате со нас,со нашата редакција. Ние сме достапни закоментари и сугестии, како за нашиот Ин-тернет-портал, така и за нашето печатеноиздание.

На крајот на сите наши читатели би са-кале да им посакаме многу здравје, среќа,успеси и благосостојба во Новата година!

РУСКА РЕЧРУСИЈА И МАКЕДОНИЈА2 |

Во август 1992 година претседателот на Русија, Борис Јелцин, по-тпиша указ за признавање на Република Македонија како независнадржава, а во јануари 1994 г. беа воспоставени дипломатски односи наниво на амбасади. Во 1997 г. беше потпишан договор за основање меѓувладина руско-македонска комисија за трговско-економска инаучнотехничка соработка, а по една година Борис Јелцин и претсе-дателот на Македонија, Киро Глигоров, во Москва ја потпишаа Декларацијата за пријателски односи и за соработка меѓу двете земји

Русија и Македонијачекор поблизу

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, говори на отворањето на меѓународниотфорум „мир и спорт“ во Краснаја Полјана, Русија, на 31 октомври 2012 година

РИ

А Н

ов

ост

и

Page 3: Руска реч Македонија

говори. Во мај 1999, во јуни 2003 и во октомври2010 година Македонија ја посетија делегации наДржавната Дума на Русија, во октомври 2001 го-дина во работна посета на Москва беше вториотпретседател на Македонија, Борис Трајковски, апо две години премиерот и иден претседател наМакедонија, Бранко Црвенковски. Во 2007–2008година се одржаа средби на Црвенковски со Вла-димир Путин и со Дмитриј Медведев. Сегашниотпретседател на Македонија, Ѓорге Иванов, ја по-сети Русија во јуни 2010. На крајот, во јуни 2012во посета на Москва пристигна премиерот на Ма-кедонија Никола Груевски, кој за време на пату-вањето ја посети не само Москва туку и Влади-мир, Нижни Новгород и Санкт Петербург.

Освен политичките, се развива и трговско-економската соработка меѓу двете земји. Споредподатоците на федералната царинска служба наРусија, обемот на трговијата меѓу двете земји запериодот од јануари до јуни 2011 изнесувал 80милиони американски долари и во однос на 2010година пораснал за 106,4%. Притоа, рускиот из-воз во Македонија се зголемил за 122,3% (на 35,6милиони американски долари), а извозот од Ма-кедонија за 95,1% (на 44,4 милиони американскидолари). Русија извезува во Македонија гориво исуровини, а Македонија во Русија лекови, ре-зервни делови за автомобили, вино, тутун, зе-ленчук и овошје. Уште во 2010 година Ѓорге Ива-нов на средба со претседателот на „Гаспром“Алексеј Милер изјави дека Македонија е заинте-

ресирана за приклучување кон гасоводот „Јужентек“. Така, во јули годинава во Нижни Новгородво рамките на шестото заседание на руско-маке-донската меѓувладина комисија за трговско-еко-номска и научно-техничка соработка беше по-тпишан нацрт-договор за приклучување на Ма-кедонија во изградбата на гасоводот. Според ин-формациите на „Росијскаја газета“, потпретсе-дателот на Владата на Македонија Зоран Ста-врески изјавил дека „Јужниот тек“ ќе му даде новимпулс на понатамошниот развој на македонскатаиндустрија, а на гасификацијата на Македонијаќе работат руски фирми и специјалисти.

Се зголемуваат контактите меѓу двете земјии во областа на културата: во 2004-2005 се одр-жаа Денови на културата во Македонија и на Ма-кедонија во Русија. Во септември 2010 година воМакедонија се одржаа Денови на руската духов-на култура. Добри перспективи има и соработка-та во областа на туризмот: од 2010 година влада-та на Македонија за време на летниот период гиукина визите за државјаните на РФ. Иако тури-стичкиот обем од Русија во Македонија не е мно-гу голем, динамиката на односите меѓу двете земјивлева надеж дека руско-македонските контактии понатаму позитивно ќе се развиваат, како восферата на туризмот така и на други рамништа.

Авторот е доктор по историски науки ивиш научен соработник на Институтот за

славистика при Руската академија на науки

РУСКА РЕЧ | 3РУСИЈА И МАКЕДОНИЈАИНТЕРВЈУ: ОЛЕГ ШЧЕРБАК,АМБАСАДОР НА РУСКАТАФЕДЕРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Македонско-рускитеодноси се во силен подемСамо лани нашите земји потпишаанеколку документи за заемна соработкаво различни сфери. Во завршна фаза сеуште неколку особено важни договори,како спогодбата за основање културно-информациски центри во Скопје и воМосква и приклучувањето наМакедонија кон проектот „Јужен тек“,вели амбасадорот

Како ја оценувате динамиката наразвојот на соработката меѓу Македонијаи Русија?

- Сметам дека нашите односи серазвиваат прилично активно. Само вогодинава што измина нашите земји потпишаанеколку документи за заемна соработка воразлични сфери. Во завршна фаза се наоѓа иработата на уште неколку договори, меѓу коии оние што се принципиелно важни, какоспогодбата за основање културно-информациски центри во Скопје и во Москваи приклучувањето на Македонија конпроектот „Јужен тек“.

Во кои области најбрзо се зацврстуваатнашите контакти?

- По моја оценка во трговско-економскатаи во инвестициската област. Тоа е сосеманормално, зашто сега секоја држава сефокусира пред сè на надминување напоследиците од глобалната финансискакриза. Но, ние не забораваме и на развојот наполитичките, културните и хуманитарнитеврски.

Што очекувате од прилогот „Рускареч“?

- Реалноста е таква што досега најголемдел од информациите за Русија воМакедонија не доаѓаа директно, туку прекустранските медиуми, односно преку„посредници“. Вредноста на овој прилог е вотоа што тој ќе ја прикажува „живата“ слика,односно како самите Руси ја гледаат својатаземја и светот воопшто.

Што би им посакале на нашитечитатели во 2013 година?

- Би сакал да им го посакам истото онашто си го посакувам себеси и на своитесонародници. На сите им посакувам мир,благосостојба, среќа, радост од успесите нанашите деца, добро здравје, љубов и верба!

Рускиот претседател Владимир Путин и македонскиот премиер Никола Груевски се сретнаа во Санкт Петербург на 21 јуни 2012 година

МИ

А

„Но

ва

Мак

едо

ни

ја“

Page 4: Руска реч Македонија

РУСКА РЕЧПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

� Дмитриј Кан

Во Русија 2012 година како ниту една другабеше исполнета со настани од стратешко значе-ње. Москва се соочи како со глобални, така и совнатрешно-политички предизвици.

ВЛАДИМИР ПУТИН - СÈ УШТЕ БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА

Претседателските избори во 2012-та секакобеа главен настан во политичкиот живот на Ру-сија. И покрај тоа што на нив, како и што пред-видуваа аналитичарите, победата ја однесе Вла-димир Путин, сепак резултатите од гласањетодонесоа низа изненадувања. Главното изнена-дување беше Михаил Прохоров, кој го зазеде тре-тото место, иако како ново лице на политичкатасцена го сметаа за аутсајдер. Аналитичарите гообјаснија тоа како потреба на општеството за по-литичар од нов ков.

Навистина, оваа потреба засега е актуелнасамо за жителите на големите градови. Попу-ларноста на Путин малку опадна минатата годи-на, но тој и понатаму е многу попопуларен одсвоите конкуренти. Минимумот на неговата по-пуларност (37%) беше забележан во август, новеќе есента тој показател се врати на 45-50%.

„Есенскиот пораст на популарноста на пре-тседателот по привремениот пад е поврзан соефектот на октомвриските изборни кампањи сокои Кремљ постигна успех“, објаснува ВалеријФјодоров, генерален директор на Серускиот цен-тар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ),и додава дека мошне големо влијание на довер-бата на жителите има прекорот на претседателотупатен кон тројца министри, како и почетокот наборбата против корупцијата. На општеството сèуште му треба водач со „цврста рака“, заклучу-ваат експертите. А Путин засега е еден од мало-бројните политичари кои го исполнуваат овојкритериум.

ОПОЗИЦИЈАТА - ПОСТОИ НЕЗАДОВОЛ-СТВО, НЕ ПОСТОИ РЕШЕНИЕ

Уличните протести во исто време беа изне-надувачки и неизненадувачки. За само неколкумесеци на опозициската политичка сцена сепојавија нови лица (како што е Алексеј Наваљ-ни) кои успеаја да изнесат на улица десетинаилјади луѓе, што претходно никому не му оделоод рака. Аналитичарите токму со оваа појава гоповрзуваат фактот што власта се решила на убла-жување на изборниот закон и поедноставувањена системот за регистрирање политички партии.

До првиот инцидент дојде на самиот ден напарламентарните избори, 4 декември 2011, когаопозицијата, незадоволна од процесот на пре-сметување на гласовите, вечерта излезе на ули-ците на Москва. Веќе следниот ден на москов-ските улици излегоа десетици илјади луѓе.

Во текот на следните шест месеци опози-цијата спроведе низа масовни акции кои имааодек во јавноста: митинг на авенијата Сахаров,„бел прстен“ и фамозниот митинг на 6 мај, кој за-

врши со судири со полицијата.Благодарение на реформите веќе на октом-

вриските регионални избори, покрај четиритеполитички „грдосии“ како што се комуниститеили Единствена Русија, учествуваа и десетинанови партии. Сепак, новите политички играчизасега не можат да ги задоволат потребите на из-бирачите, зашто опозицијата е сè уште разеди-нета и нема јасна политичка програма. Во ситенајважни градови и области опозицијата изгубина регионалните избори, но експертите се уве-рени дека вистинската борба претстои.

КОРУПЦИЈА - КРАДЕЊЕТОЕ ПООПАСНО ОД ТЕРОРИЗМОТ

„Ниту вооружените сили на НАТО со своитеракети, ниту меѓународниот тероризам, ниту се-

паратистичките тенденции за Русија не претста-вуваат толку голема опасност, колку корупцијата“,уверен е Константин Ремчуков, главен уредникна опозицискиот весник „Независимаја газета“.Навистина проблемот со корупцијата, како и се-когаш, го зазема првото место на списокот нега-тивни појави за кои опозицијата ја обвинува вла-ста.

Но, во 2012 година власта реагираше на ко-рупцијата многу поостро одошто порано. Првпатво руската историја се случи неколку високифункционери да бидат сменети едно по друго за-ради корупциски афери. Најголем одек во јавно-ста имаше смената на министерот за одбранаСердјуков, кого експертите отсекогаш го сметааза еден од најпреданите соработници на Путин.Но, сепак, дури и тој остана без својата фотелјапо аферата со кражба за време на распродавање-

4 |

Руско резиме на 2012 Во бурната и стратегиски важна 2012-та видовме претседателскиизбори, нова активност на опозицијата, знаци на радикализиранаборба против корупцијата (со најава дека таа може да добие статус на национален непријател) и видливо свртување на Русија од Европа кон Азија

Сезоната на протести заврши: опозицијата ги загуби и претседателските и регионалните избориР

ИА

Но

во

сти

Page 5: Руска реч Македонија

РУСКА РЕЧ

то на воениот имот. Според мислењето на екс-пертите, Кремљ смета дека борбата против ко-рупцијата може да стане нова идеја што ќе ја обе-дини нацијата.

Освен тоа, во 2012 е сменет и Јуриј Урличич,генерален конструктор на системот ГЛОНАСС.Според зборовите на шефот на претседателскиоткабинет Сергеј Иванов, за време на реализацијатана овој проект украдени се 6,5 милијарди рубли(210 милиони евра). Не помина без афера дури нисамитот на Организацијата на азиско-пацифич-ката економска соработка во Владивосток, кој бе-ше еден од најважните настани во 2012 година воРусија. Правосудните органи тврдат дека за вре-ме на подготовките на овој самит се украдени 93милиони рубли (3 милиони долари) и дека во таапроневера е вмешан поранешниот заменик-ми-нистер за регионален развој Роман Панов. Крад-ци се откриени дури и во антикорупциската упра-ва на московската полиција. Службениците наоваа управа Лев Глухов и Андреј Љавкин се об-винети за кражба на 3 милиони долари.

НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА - СВРТУВАЊЕ КОН ИСТОКОТ

Претседателот недвосмислено даде на знаење дека помеѓу стабилната Кина и еврозоната, која е во криза, тој го избира азискиот партнер

Од претседателските избори најактуелно инајчесто поставувано прашање во експертскитекругови е проблемот на геополитичкиот избор наРусија: Азија или Европа. Во изминатата полови-на година стручњаците ги анализираа претседа-телските посети, правеа прогнози, правеа економ-ски пресметки за обемот на трговија со Европска-та Унија и со земјите од Азиско-пацифичкиот ре-гион. Септемврискиот самит на Организацијата наазиско-пацифичката економска соработка, со којпретседаваше Русија потврди дека целта на Русијае зближување со Кина. Претседателот истакна де-ка преориентацијата кон источните партнери е ве-

ќе во тек и дека „не мора да се поттикнува по веш-тачки пат“.

Тезата за изборот на азискиот вектор е потврденаи за време на октомвриското заседавање на дебат-ниот клуб „Валдај“. Претседателот недвосмисле-но даде до знаење дека помеѓу стабилната Кина иеврозоната која е во криза, тој го избора азискиотпартнер. Во план за наредниве години е зголему-вање на размената на стока помеѓу Москва и Пе-кинг на 100 милијарди долари на годишно ниво ипремин на пресметка во националните валути.

Впрочем, зближувањето со Кина не е един-ствена ставка во азиско-пацифичката стратегијана Москва. Една од клучните цели на Русија е вошто поголема мера да се реализира потенцијалотна земјата која претставува мост меѓи ДалечниотИсток и Европа. „Огромен и засега секако недо-волно искористен потенцијал на нашата земја,која зазема приближно една третина од Евроази-скиот континент, се крие во нејзините транспортнии транзитни можности“, изјави Дмитриј Медве-дев наспроти Азиско-европскиот самит (АСЕМ)во Лаос.

РУСИЈА И СТО - 19 ГОДИНИ ЧЕКАЊЕ

Првата пријава за членство во Светскататрговска организација (СТО) Русија ја предадеуште во 1993, но беше примена дури во август2012. Но, меѓу стручњаците сè уште не преста-нува спорот за тоа дали стапувањето во СТО еправилен потег.

Експертите на Светската банка позитивно гооценуваат стапувањето на Русија во СТО. Спо-

ред нивните прогнози, во долгорочна перспек-тива руската економија може да забележи растод 11%, за што пред сè ќе придонесе поголематапродуктивност и конкурентност на руските ком-пании, зашто заради пониските тарифи ќе бидепониска и цената на нивните стоки и услуги.

Најголема корист од стапувањето во СТО ќепочувствуваат металургијата и хемиската инду-стрија, додека загуби ќе има кај машинската идрвната индустрија, како и кај индустријата запроизводство на лак. Во своите анализи експер-тите подвлекуваат паралели меѓу руското и ки-неското искуство и апелираат до бизнисменитеда не се плашат од играта според нови правила.

И Москва и Пекинг се плашеа дека по ста-пувањето во СТО домашниот пазар може да би-де преплавен од странски компании, порадишто развојот во сферата на услугите и на „сла-бите“ економски гранки ќе биде запрен. Но, воКина тоа не се случи. Напротив, оние сегмен-ти од економијата што експертите ги третираакако слаби (на пример, осигурителните компа-нии) дури и го зголемија уделот на домашниотпазар благодарение на поголемата куповна моќна граѓаните. Уште еден позитивен фактор е по-добрувањето на инвестициската клима, а со са-мото тоа и приливот на странскиот капитал воземјата. Така, обемот на директни инвестицииво кинеската економија по стапувањето во СТОе зголемен за 18%. Експертите констатираат де-ка тоа не се прашања што се решаваат за еденден, но Русија може да го зголеми економскиотраст ако паметно го искористи кинеското ис-куство.

| 5ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

година

Ниту вооружените сили наНАТО со своите ракети, нитумеѓународниот тероризам, нитусепаратистичките тенденции заРусија не претставуваат толкуголема опасност колку корупцијата

Константин Ремчуков

Враќањето на Владимир Путин во Кремљ, секако, беше главен настан во 2012 година

RE

UT

ER

S/V

OS

TO

CK

-PH

OT

O

Page 6: Руска реч Македонија

� Евгениј Шестаков

„Законот Магнитски“ кој беше донесен одстрана на Конгресот на САД, а кој воведува санк-ции за руските чиновници, кои, според мисле-њето на американските законодавци, имале врскасо смртта на правникот на фондот „Hermitage Cap-ital Management“ Алексеј Магнитски, е само кап-ка во преполната чаша. Овој документ стана за-вршен акорд на цела серија непријателски поли-тички чекори, преземени од страна на Западот конМосква. На појавувањето на „Списокот Магнит-ски“, кој веќе предизвика размена на емоции оддвете страни, му претходеа многубројни надво-решнополитички конфликти, кои беше тешко дане се забележат. За двете најчувствителни рабо-ти за Русија – поставувањето на европскиот про-тивракетен штит и укинувањето на визите за рус-ките државјани кои патуваат во Европа, Кремљдоживеа пораз во 2012. Тоа стана особено вид-ливо на фонот на позитивните процеси, кои се ог-ледаа во развојот на односите меѓу Русија и Азија.Позитивното спроведениот самит на Азиско-Ти-хоокеанската економска соработка 2012 во Вла-дивосток и почетокот на интеграциските проце-си на постсоветските простори (формирањетоЦаринска унија и проектот Евроазиски сојуз) без-условно станаа успех, меѓу другото, и на рускатадипломатија. Многубројните економски ини-цијативи, кои имаат за цел претворање на Русијаво транзитна држава меѓу Азија и Европа, про-цесите поврзани со нафтата и со гасот, ориенти-рањето кон Истокот, добија поддршка од азиски-те партнери на Москва.

Поинаква е ситуацијата со Европа. Од еднастрана во 2012 година започна реализацијата надолгорочните економски проекти, кои ја поврзу-ваат Русија со Стариот свет. Тука спаѓаат и из-градбата на гасоводот „Северен тек“ по дното наБалтичкото море, и започнувањето на трасира-њето на гасоводот „Јужен тек“ по дното на Црно-то море. Тие ќе ги соединат северот и југот на Ев-ропа со руските наоѓалишта. Но, на политичкониво дијалогот помеѓу Москва и Европа стана по-напрегнат, со минимални шанси за суштественоподобрување во 2013 година.

На традиционалните „болни“ точки – не-објективното, според Кремљ, набљудување на из-борните процеси на постсоветскиот простор одстрана на европските меѓународни организации,и кочењето на прашањето за безвизен режим заруските државјани со Европа, им беше додаденуште еден проблем.

Во годината што измина Москва активно гокритикуваше Западот за нарушување на човеко-вите права. Пред сè, тоа беше поврзано со фактотза задушување на настапите на работниците воредица земји-членки на ЕУ, кои бараа зголемува-ње на нивото на животот. За разбркување на де-монстрантите, полицијата во Европа и во САДактивно применуваше специјални средства, а де-сетици луѓе беа уапсени.

Друга клучна област во заштитата на човеко-вите права на кои Москва обрати поголемо вни-мание е правата на децата, кои социјалните служ-би не секогаш основано ги земаа од работнички-те семејства. Последниот преседан се случи воФинска, каде властите ѝ ги одзедоа четирите де-ца на една руска мајка, од кои едното беше до-енче, без судска одлука, туку само врз основа наанонимни дојави.

На ова треба да се додадат и големиот бројслучаи кога посвоени деца од Русија умираа воамериканските семејства, а нивните убијци, спо-ред мислењето на Москва, не секогаш беа суро-во казнети. Но, критиките на Русија кон Западотво врска со заштитата на човековите права, пре-дизвика отворена нервоза кај многу политичари,кои не се навикнати на вакви прекори од третиземји.

Уште еден тренд на годината што измина се

РУСКА РЕЧПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО6 |

На Русија не ѝ е потребна „студена војна“

Во 2012 година Русија не муобјави на Западот „студенавојна“ и нема намера да го направи тоа. Секој што мислидека се случи тоа, претпоста-вувам дека ќе биде разочаран.Напротив, во новиот концептза надворешната политика наземјата што се наоѓа во фазана разгледување се зборува за„доверба“ и за „соработка“врз база на „прагматизам“,кои Москва има намера да гипримени во однос на европските партнери. Сепак,настаните од годината што измина даваат повод за загриженост кај Русија, со штонеобјавената „студена војна“сепак почна

Евгениј Шестаков

Page 7: Руска реч Македонија

разликите помеѓу Москва и Западот по праша-њето за семејните вредности. Во Европа и во САДнетрадиционалните семејни односи сè почестосе озаконуваат со државни акти или со донесува-ње закони. Термините „мајка“ и „татко“ во офи-цијалните документи беа заменети со обезличе-ни – „родител еден“ и „родител два“ – тоа веќе сеслучи во скандинавските земји. Но, Русија е ка-тегорично против ваквиот приод. Законодавнотособрание на Санкт Петербург донесе закон „Зазабрана на пропагирање на хомосексуалноста“.Овој документ стана причина за демонстратив-но откажување од страна на Милано од побра-тимството со Северната престолнина на Русија.Но, руските власти се уверени, и во овој процесјавното мислење е во целост на нивна страна, де-ка легализацијата на истополовите бракови вокоја било форма им противречи на традиционал-ните христијански и семејни вредности. Законотза забрана на пропаганда на хомосексуалностакој беше донесен во Санкт Петербург, европски-те институции за заштита на човековите права гоквалификуваа како нарушување на правата на чо-векот. Тие директно го поврзаа проблемот на ис-тополовите бракови со давањето безвизен режимза државјаните на Русија во ЕУ. Како што е по-знато, во политичките документи на ЕУ се велидека безвизен статус им се доделува само на оние

земји, кои ги почитуваат човековите права. Одсвоја страна, Москва не отстапи, што дополни-телно го усложни руско-европскиот дијалог наментално ниво.

Новиот надворешнополитички концепт на Ру-сија не предвидува револуционерни измени вонадворешната политика. Таа ќе остане тради-ционална и прилично конзервативна. Русија ќепродолжи да го брани своето сфаќање за прин-ципите на меѓународното право и за решенијатана Советот за безбедност на ООН во меѓународ-ните случаи, ќе реагира ситуационо на случува-њата во „жешките точки“, и повторно ќе градидијалог со земјите во кои се сменил режимот ка-ко последица на „арапската пролет“.

Со ова, ќе ризикувам да претпоставам деканапрегнатоста во односите помеѓу Русија и нејзи-ните партнери во Европа и во САД во следнатагодина ќе биде засилена. Што ми дава повод заваков заклучок? Како прво, незавршениот кон-фликт во Сирија, за кој Русија и Западот не мо-жеа да донесат заедничко решение. Овој конфликтво својата орбита привлекува нови држави и ве-ќе се претвори од локален во геополитички. Ка-ко второ, средбите за ваквите клучни прашањакои порано се случуваа минимум два пати во го-дината, како што се Советот на Русија-НАТО иСоветот на Русија-ЕУ, ја загубија својата пора-нешна ефективност. На Запад Русија ја слушааткултурно, но не сакаат да ја чујат. Одлуките се но-сат без да се земат предвид руските интереси. Так-ва беше тенденцијата минатата година, не по-стојат никакви основи да се смета дека тоа ќе сесмени во иднина. Русија е подготвена за дијалогсо Западот, што се огледа во нејзиниот надво-решнополитички Концепт, но без да се изменатвеќе постоечките приоди во внатрешната и во над-ворешната политика. Кремљ особено го загри-жува немањето желба кај европските и кај аме-риканските партнери да ја земат предвид загри-женоста на Москва во врска со прашањата по-врзани за националната безбедност. Во ваква си-туација понатамошното влошување на односитепомеѓу Русија и Западот станува неизбежно. Ди-ректно или индиректно ќе се прекинуваат или ќедобијат стагнациски карактер практично ситеправци во соработката. Но, покрај ова, за поче-ток на нова „студена војна“ помеѓу Русија и За-падот засега не станува збор. Двете страни сè уш-те имаат значителна резерва на цврстина во видна заеднички иницијативи во областа на борбатапротив тероризмот, настани поврзани со борбапротив наркотиците, економски проекти. Оваарезерва засега нема да дозволи Русија и Западотда ја преминат црвената линија, по која враќање-то кон добрососедските односи ќе боде мошнедолг и сложен процес. Во годината што изминаекспертската јавност на Русија многу почесто де-батираше за тоа какви се перспективите на земјатаво Азија, одошто за перспективите на Русија воевропскиот контекст. Демонстративното одбива-ње на Западот на меѓународните форуми да ја зе-ме предвид загриженоста на Москва и како одго-вор на тоа преземените демонстративно не-пријателски чекори на Русија, создадоа атмосферана заемна недоверба. Таа се распространи во си-те правци на соработка – од воените до хумани-тарните прашања. Тешко е да се спори со изре-ката дека лошиот мир е секогаш подобар од доб-ра кавга. И иако овие две политички сценарија неим одговараат на интересите на Русија и на Запа-дот, ќе ризикувам да претпоставам дека во 2013година сепак не вреди да се надеваме на нештоповеќе од лош мир.

РУСКА РЕЧ | 7ПОЛИТИКА И ОПШТЕСТВО

Друга клучна област во заштитата на човековитеправа на која Москва ѝпосвети поголемо внимание се правата на децата, кои социјалните служби не секогаш основано ги земаа од работничките семејства. Последниот преседан се случи во Финска,каде што властите ѝ ги одзедоа четирите деца на една рускамајка, од кои едното беше доенче, без судска одлука, туку само врз основа на анонимни дојави

Ни

јаз

Кар

им

Page 8: Руска реч Македонија

Црноморска флотаГлавна база: Севастопол

Командант: контраадмирал Александар Николаевич Федотенков

Команден брод:Ракетен крстосувач „Москва“(проект 1164)

Подводни сили:

Дизел-подморници

ВКУПНО 44

�Центар за анализа на светскататрговија со оружје (ЦАМТО)

Во Севастопол е одржана проширена седницана Воениот состав на Црноморската флота, на којабеа сумирани резултатите на делувањето на опе-ративно-стратешката група во завршната годинаод обуката, соопшти информативната служба наЈужниот воен округ.

Седницата на Воениот совет ја отвори коман-дантот на Црноморската флота, контраадмиралАлександар Федотенков.

Извештај за резултатите од работата за испол-нување на планот во воената обука поднесе начал-никот на управата за воена обука на Црноморска-та флота, капетан од прва класа Александар Чес-ноков.

Тој, меѓу другото, истакна дека бродовите наоваа флота во текот на 2012 година ги извршуваатсвоите задачи во Средоземно Море и фактички гоимаат обновено постојаното присуство во негови-те води. Црноморската флота има реализирано 6далечни походи, од кои еден е извршен со одредбродови. Подморницата „Алроса“ го заврши ре-довниот сервис во Балтичката флота и успешно севрати во својата флота, пловејќи од Кронштат доСевастопол. Големиот десантен брод „Цезар Ку-

ников“ ја претставуваше флотата во италијанска-та Месина, каде во свечена атмосфера беше откриенспоменикот на руските морнари кои дошле на по-мош на жителите на Сицилија по катастрофалниотземјотрес во 1908 година, а големиот десантен брод„Новочеркаск“ по работната задача наминувашево пристаништата во Грција и во Црна Гора. Хид-рографскиот брод „Донузлав“ ѝ обезбеди учествона руската делегација на меѓународната хидро-

графска конференција во Монако. Во два навратибродовите на Црноморската флота зедоа учествово активностите на Црноморската воено-морскагрупа во оперативната акција „Blackseafor“. Одредбродови на Црноморската флота учествуваше возаедничката руско-италијанска воено-морска веж-ба „Јониекс-2012“, а изведена е и заедничка руско-украинска воено-морска вежба „Пловен пат на све-тот – 2012“. Во моментов, одред на воените бродо-

РУСКА РЕЧВОЈСКА8 |

На проширената седница наВоениот совет на Црномор-ската флота во Севастопол е со-општено дека бродовите на оваафлота во текот на 2012 годинаги извршувале своите задачи воСредоземно Море и фактичкиго обновиле постојаното присуство во неговите води

Руска воена морнарица

Североморск, главна база на Северната флота

Балтиск, главна база на Балтичката флота

Севастопол, главна база на Црноморската флота

Астрахањ, главна база на Касписката флотила

Владивосток, главна база на Тихоокеанската флота

Главен командант навоената морнарица:

адмиралВиктор Викторович

Чирков

Северна флота:Главна база: Североморск

Командант: вицеадмирал Владимир Иванович Корољов

Команден брод: Тежок носач наавиони „Адмирал Кузнецов“ (проект 1143,5)

Подводни сили: Површински поморски сили:

Нуклеарни подморници со балистички ракети

Нуклеарни подморницисо крстосувачки ракети

Повеќенаменскинуклеарни подморници

Нуклеарни подморници за специјални намени

Дизел-подморница за специјални намени

Дизел-подморници

Тежок носач на авиони

Мали ракетни бродови

Артилериски корвети

Големи миноловци

Крајбрежни миноловци

Миноловец за внатрешни води

Големи десантни бродови

Десантни корвети

Тешки ракетни крстосувачина нуклеарен погон

Ракетен крстосувач

Големи противподморничкибродови

Разурнувачи

Мали противподморничкибродови

ВКУПНО 84

Тихоокеанска флотаГлавна база: Владивосток

Командант: контраадмиралСергеј Јосифович Авакјанц

Команден брод: ракетен крстосувач „Варјаг“ (проект 1164)

Подводни сили:

Нуклеарни подморници со балистички ракети

Нуклеарни подморници со крстосувачки ракети

Повеќенаменски нуклеарни подморници

Дизел-подморници

ВКУПНО 73

Бродовите на Црноморската флотаго обновија постојаното присуство во Средоземно Море

Големиот десантен брод „ЦезарКуников“ ја претставуваше фло-тата во италијанската Месина,каде што во свечена атмосферабеше откриен споменикот наруските морнари што им дошлена помош на жителите на Сицилија по катастрофалниотземјотрес во 1908 година

Page 9: Руска реч Македонија

Касписка флотилаГлавна база: Астрахањ

Командант: контраадмиралСергеј Гаврилович Алекмински

Команден брод:патролен брод (фрегата) „Татарстан“ (проект 1166,1)

Површински поморски сили:

Патролен брод

Ракетни корвети

Мали артилериски бродови

Артилериски корвети

Крајбрежни миноловци

Миноловци за внатрешниводи

Десантни корвети

ВКУПНО 26

Балтичка флотаГлавна база: Балтиск

Командант: вицеадмирал Виктор Петрович Кравчук

Команден брод:разурнувач „Упорен“ („Настойчивый“),(проект 956)

Подводни сили: Површински поморски сили:

Дизел-подморници Разурнувачи

Патролни бродови

Мали противподморнички бродови

Мали ракетни бродови

Ракетни корвети

Крајбрежни миноловци

Миноловци за внатрешни води

Големи десантни бродови

Десантни бродови навоздушна перница

Десантни корвети

ВКУПНО 58

Површински поморски сили:

Ракетен крстосувач

Голем против подморнички брод

Патролни бродови

Мали противподморничкибродови

Мали ракетни бродови

Ракетни крстосувачи

Големи миноловци

Крајбрежни миноловци

Миноловци за внатрешни води

Големи десантни бродови

Десантни корвети

РУСКА РЕЧ | 9ВОЈСКА

Крајбрежните единици и бродови на Црноморската флота во текот на 2012 година извршиле над 300 воени вежби

ви на Црноморската флота на чело со главниот бродна флотата, гардискиот ракетен крстосувач „Моск-ва“, извршува задачи во Средоземно Море.

Крајбрежните единици и бродови во текот на2012 година извршија над 300 борбени вежби, из-ведени се две гаѓања со крстосувачки и над трие-

сет гаѓања со противавионски ракети, како и 170артилериски гаѓања. Посадите успешно извршијанад 60 стручни задачи и поминаа 6 стручни про-верки во заеднички вежби.

Главните резултати на обуката на Црномор-ската флота за 2012 година ги сумираше коман-

дантот на Црноморската флота, контраадмиралотАлександар Федотенков. Тој им се заблагодари наприпадниците на флотата за работата што ја за-вршија годинава и изрази надеж дека борбенатаобука и во следниот период на продолжи со истотемпо.

Површински поморски сили:

Тежок ракетен крстосувачна нуклеарен погон

Ракетен крстосувач

Големи противподморнички бродови

Разурнувачи

Мали противподморнички бродови

Ракетни корвети

Големи миноловци

Крајбрежни миноловци

Десантни корвети

Големи десантни бродови

Мали ракетни бродови

Графикон: РИА Новости

ПОВРШИНСКИБРОДА

И ПОДМОРНИЦИИМА РУСКАТА

ВОЕНА МОРНАРИЦА

285

ИТА

Р-Т

АС

С

Page 10: Руска реч Македонија

РУСКА РЕЧВОЈСКА10 |

�Александар Коваљов, РИА Новости

Со набавка на овие модерни ловци-двоседиВоеното воздухопловство на РФ има намерада ја зголеми својата борбена моќ и да подготви пилоти за управување со авиони одпеттата генерација. Експертите велат дека суперманеварските способности на Су-30СМ отвораат нова ера во пилотирањето

„Борбените способности на авионот Су-30СМсе повеќекратно зголемени кога станува збор заистовремено откривање и гаѓање неколку цели.Еден таков авион има потенцијал како два авио-на од претходната генерација“, вели генерал-мајорАлександар Харчевски.

Повеќенаменскиот ловец Су-30СМ, чија испо-рака во армијата е во тек, му овозможува на Воен-ото воздухопловство на Русија да решава задачи коипорано беа невозможни, изјави за РИА „Новости“генерал-мајор Александар Харчевски, началник навоениот научно-наставен центар на Военото воз-

духопловство на РФ „Воено-воздухопловна акаде-мија 'професор Н.Е. Жуковски и Ј.А. Гагарин'“.

На 19 декември, Военото воздухопловство наРусија ги презеде од корпорацијата „Иркут“ први-те два повеќенаменски ловци Су-30СМ. Со тоа за-почна реализацијата на договорот потпишан вомарт 2012 за испорака на 30 авиони Су-30СМ наМинистерството за одбрана на Руската Федера-ција. Со набавка на овие модерни ловец-двоседВоеното воздухопловство на РФ има намера да јазголеми својата борбена моќ и да подготви пило-ти за управување со авиони од петтата генерација.

ЧЕТВРТИ КРАСНОЗНАМЕНСКИ ЦЕНТАР

Харчевски со години беше на чело на четвртиотКраснознаменски центар за борбена подготовка иобука на летечкиот состав на военото воздухо-пловство „В. Чкалов“. Тука пилотите не учат самода летаат, туку и да војуваат: се откриваат борбени-те можности на новите летала, се разработуваат так-тички маневри и се создава методика за обука наборци во воздух. Александар Харчевски има иску-ство со летање на авионот Су-30МКИ, со чиј пона-тамошен развој е добиен новиот ловечки авион наВоеното воздухопловство на Русија.

„Борбените способности на авионот Су-30СМсе повеќекратно зголемени кога станува збор за ис-товремено откривање и гаѓање неколку цели. Едентаков авион има потенцијал како два авиона од пре-тходната генерација. Не е случајно што во школ-ските воздушни борби на индиското и американ-ското воено воздухопловство победуваа индиски-те пилоти со Су-30МКИ“, изјави Харчевски.

Одговарајќи на прашањето во што, од гледнаточка на пилот, се состои предноста на супермане-варските способности што ги поседува Су-30СМ,Харчевски рече: „Благодарение на суперманевар-ските способности, овој авион отвора нова ера вопилотирањето. Покрај стандардното хоризонталнои вертикално оптоварување, тој може да лета и состранично оптоварување. Ова му дава на пилототнови можности за маневрирање во тродимензио-нален простор, што е неопходно за победа во воз-душна борба. Од своја страна, појавата на супер-маневарските авиони влијае врз новите методи наборба во воздух и на тактиката на воздушна битка“.

Харчевски истакна дека воведувањето на Су-30СМ во оперативна употреба е мошне важен на-стан за Военото воздухопловство на Русија.

„Ова е нова етапа од модернизацијата на во-оружувањето на Военото воздухопловство. Пер-формансите на ловецот овозможуваат да се зголе-ми борбениот потенцијал на нашата авијација. Во-еното воздухопловство на Русија досега немашеавион кој овозможува решавање задачи на олку ви-соко ниво. Треба да се има предвид и тоа дека војска-та нема да добие само по еден авион, туку цели ес-кадрили од вакви авиони. Јас своевремено мечтаевда летам на ваков авион, а денес мечтата станувастварност за многу наши пилоти“, истакна генерал-мајорот.

Су-30СМ - ловец за невозможни мисии

Повеќенаменскиот модификуван ловец Су-30 за време на настапот на Меѓународната авиокосмичка изложба МАКС во Жуковски покрај Москва

РИ

А Н

ов

ост

и

Page 11: Руска реч Македонија

РУСКА РЕЧ | 11ЕКОНОМИЈА

�Екатерина Мерминскаgazeta.ru

Од средината на декември, практично е преки-нат увозот на месо во Русија од САД, Канада, Бра-зил и Мексико. Федералната служба за ветеринар-на и фитосанитарна контрола („Росселхознадзор“)забрани увоз на месо од животни одгледани со при-мена на рактопамин, распространет сточен адитив.На овие мерки најбурно реагираа САД, за кои Ру-сија е важен пазар за извоз на месо (шести во све-тот), вреден околу 500 милиони годишно.

Според податоците на Американската федера-ција на извозници на месо, за девет месеци во 2012година, остварен е извоз на свинско месо од САД воРусија во вредност од 208 милиони долари, што еза 14% повеќе од истиот период во 2011година. Ис-порачката на говедско месо во истиот период по-расна за 25% и изнесува 242 милиони долари.

Бета адренергинскиот агонист рактопамин, секористи како адитив во храната за свињи и крупнарогата стока. „Росселхознадзор“ тврди дека упо-требата на такво месо штетно влијае на кардиовас-куларниот систем. Русија всушност не воведува за-брана за увоз на месо, туку бара да биде пропратенсо документација која потврдува дека животните несе хранети со рактопамин.

Меѓутоа, во САД не постои таков сертифи-кат, па во однос на ваквото барање, значи прекинна извозот на производите, објасни портпаролотна Американската федерација на извозници намесо Џо Шиле, а неговите зборови ги цитира WallStreet Journal.

За земјите во кои не се врши соодветна експер-тиза „Росселхознадзор“ најавува преоден период,приближно до крајот на јануари 2013 година. За тоавреме, руските лаборатории сами ќе го проверува-ат присуството на рактопамин во увезеното месо,контигентот во кој ќе биде пронајден, ќе биде вра-тен на произведувачот.

„САД апелираат на Русија да ги укине новитеограничувања и повторно да овозможи увоз на свин-ско и говедско месо од САД“, се вели во заедничко-то соопштение на министерот за земјоделие на САД,Том Вилсак и претставникот на САД Рон Кирк. Ми-нистерството за земјоделие на САД преговараше со

руската служба и притоа се повикува на „КодексАлиментариус“ – документ на Светската здрав-ствена организација во кој се дозволува незначи-телно мало присуство на рактопамин во месото. До-кументот во јули 2012 година го усвоија претстав-ници на 186 земји, додека во Русија и Европскатаунија биле против неговото усвојување.

Учесниците на пазарот и експертите веднаш јаповрзаа оваа одлука на „Росселхонадзор“ со поли-тика. „Овие барања од руската страна се политич-ка освета за ‘Законот Магнитски’ кој го усвои сена-тот на САД “, цитира агенцијата ИТАР–ТАСС не-именувани аналитачари на Американската феде-рација на извозници на месо. „Апсолутно нема ни-какви дилеми дека тоа е токму така“ ја цитира аген-цијата Ројтерс изјавата на Ричард Нелсон, шеф на

одделението за стратешка анализа на брокерскатафирма Allendale Inc. „Мојата прва реакција на тааодлука на Москва беше обид да разберам колку етоа поврзано со геополитиката и во која мера Русијапробува да ги реши поллитичките прашања со при-тисок врз нашите џебови“, истакна од своја странаМајк Зузоло, претседател на компанијата GlobalCommodity Analytics & Consulting.

Еден ден пред воведувањето на оваа забранаамериканскиот сенат со дури 92 гласа „за“ и само 4гласа „против“ го усвои „Законот Магнитски“. Одовој акт голем број руски граѓани се загрижени завлезот во територијата на САД, како и финансис-кото оперирање во таа земја.

„Росселхознадзор“ уверува дека „Законот Маг-нитски“ нема никаква врска со забраната. „’Рос-селхознадзор’ смета дека би било убаво да се по-тсетиме дека тој пред повеќе од една година укажална неприфатливата примена на рактопамин во про-изводството на прехранбените производи за рус-киот пазар“, се вели во специјалното соопштениена оваа служба. Цените на фјучерсите засвинскотомесо на Чикашката берза на 11 декември паднаа за1,4% и достигнаа двонеделен минимум. „За паза-рот тоа се лоши вести“, вели Џон Клејст, висок ана-литичар на брокерската компанија Ebottrading.com.„Кај нас (во САД) на пазарот ќе има повеќе од овиепроизводи, но сепак нема да се појави вишок насвинско месо“, уверен е Стив Мејер, специјалист запазарот на свинското месо од агенцијата ParagonEconomics. „Ако Јапонија го прекине увозот, тогашби настанал проблем“. Јапонија е најголем увозникна американското свинско месо, која од САД уве-зува четири пати поголемо количество свинско ме-со од Русија.

На листата земји од кои Русија увезува свинскомесо, САД се на четвртото место. Инаку, увознотосвинско месо вкупно сочинува третина од рускиотпазар на свинско месо.

По усвојувањето на „Законот Магнитски“, Москва го забрани увозот на американското месо од животни одгледани со помош на рактопамин, а тоа значи – сѐ што Америка извезува во Русија. „Русија се обидува да ги реши политичкитепрашања со притисок врз нашите џебови“, велат во САД и тврдат дека сооваа одлука ги прекршуваат нормитена Светската трговска организација.Цените на фјучерсите за свинското месо паѓаат

Сите животни од САД чие месо се извезува во Русија се одгледани со рактопамин

На повидок нова трговска војнапомеѓу Русија и САД

Рактопамин вобразилското месо

„Роспотребнадзор“ на 6 октомври 2011година прв пат јавно го изнесе ставот декае недозволива примената на рактопамин вопроизводството на прехранбените про-изводи за рускиот пазар. Тогаш оваа служ-ба изрази загриженост во врска со кори-стењето на споменатиот препарат во бра-зилските компании кои испорачуваат ме-со во Руската Федерација.

За надминување на овој проблем, деле-гација од Русија во текот на една година, не-колку пати го посети Бразил. Последна так-ва посета беше есента 2012-та, со што рус-ката служба соопшти дека за конечната од-лука за обновување на увозот на месо од Бра-зил неопходно е да се проучат документитекои бразилската страна ги дала на увид.

РИ

А Н

ов

ост

и

Page 12: Руска реч Македонија

РУСКА РЕЧПОГЛЕДИ12 |

�Дмитриј Бабич

Жестоките расправи во Велика Британија воврска со придонесот на оваа земја кон Буџетот наЕвропската Унија, во Русија се согледуваат од со-сема различен агол. Пред сегашната криза, а осо-бено во текот на последните години од постоење-то на Советскиот Сојуз, Европската Унија (неко-гашната Европска Заедница) беше мошне почи-тувана во сите држави источно од Полска.

Со децении идејата „посветеност на Европа“беше важен инструмент за прозападно ориенти-раните образовани луѓе и либералните медиуми.На тој начин тие настојуваа да ја придобијат Украи-на, Молдавија и другите поранешни советски ре-публики (вклучувајќи ја и Русија) и да ги „осло-бодат“ од малигните и всушност измислени „мос-ковски контроли“. Советскиот Сојуз, по наводитена прозападните кругови, претставуваше олице-творение на овие „контроли“ сѐ до 1991 година, аподоцна оваа улога е доделена на вечно демони-зираниот Кремљ.

Денес ни станува јасно дека оваа црно-бела ви-зија на Европа и „европскиот дух“ е всушност по-едноставена и погрешна. „По нивните плодови ќеги познаете“, стои во Светото Писмо. Ако дрвотона Европска Унија е навистина здраво, како е то-гаш можно да раѓа вакви плодови?

Неодамнешните случувања во внатрешностана ЕУ, вклучувајќи ја и кризата во Грција и во не-колку други европски земји, кај многумина разбу-дија сомнеж во старите евроцентрични вредности.На пример, Фјодор Луканов, главниот уредник намагазинот „Русија во глобалната политика“ и еденод коментаторите на радиото „Гласот на Русија“,отворено го постави прашањето: Дали „европскиотизбор“ сè уште постои за поранешните европскидржави? И дали феноменот на широко проклами-раните „европски интеграции“ сè уште е привле-чен за, на пример, Украина или Молдавија, какошто беше за Германија или Франција во текот напедесеттите години од 20 век, или за Шпанија иПортугалија во периодот на седумдесеттите?

Да ги разгледаме на пример Шпанија и Пор-тугалија. Учесниците на Ибероамериканскиот са-мит, одржан неодамна во шпанскиот град Кадиз,дојдоа до изненадувачки заклучок: земјите член-ки на ЕУ, а особено Шпанија, веројатно повеќе имсе потребни на државите БРИКС (на прво местоБразил и Русија) отколку што државите БРИКС ѝсе потребни на Европа.

Овој заклучок е изведен врз основа на стати-стичките податоци претставени на самитот на 18земји од Латинска Америка, Шпанија, Португа-лија и Андора. Покрај фактот дека Шпанија е навторо место по обемот на инвестиции во еконо-

мијата на латиноамериканските земји, Шпанци-те побараа помош од Латинска Америка, а не об-ратно.

Шпански дневен весник „Еl Pais“ ги изнесеследните статистички податоци во врска со тиепрашања: Шпанија со својата исклучително ви-сока стапка на невработеност и заканувачкиотдолг може само да им завидува на земјите од Ла-тинска Америка, во која бројот на луѓе што жи-веат под границата на сиромаштијата се намаливо текот на минатата деценија од 50% на 30%, та-ка што повеќе од половина жители ѝ припаѓаатна средната класа.

Додека економиите на Шпанија и Португа-лија ги покажуваат сите знаци на рецесија, се оче-кува економијата на „големите 20“ од ЛатинскаАмерика во оваа година да доживее просечен растод 3,2%, а според некои оптимистички прогнозидури и 4%. Не е ни чудно што претседателите налатиноамериканските држави покажуваат декаможат да донесат одлука независно од Шпанијаи Португалија, а понекогаш кон нив заземаат ипокровителски став.

Зошто ЕУ го загуби правото

Португалија и Белорусија имаатприближно ист број жители. И двете држави се соочија со финансиска криза во 2011 година.Меѓутоа, Белорусија ја девалвирасвојата валута, зеде заем помал од3 милијарди долари од Русија иречиси успеа без последици да ја преброди кризата. Португалија не можешеда го девалвира „своето“ евро и позајми 97 милијарди долари - и сега мора уште да позајмува

Зошто Русија и земјите од Латинска Америка можат подоброда се приспособат и да опстанат во современиот свет отколкуво старите и арогантни држави на Стариот свет? Дали „европскиот пат“ воопшто постои?

Page 13: Руска реч Македонија

РУСКА РЕЧ | 13ПОГЛЕДИ

Ова не се однесува само на претседателите наКуба и Венецуела, Раул Кастро и Хуго Чавез, коинемаат навика да присуствуваат на Ибероамери-канските самити. Овој начин го прифати и пре-тседателката на Аргентина, Кристина де Кирх-нер, која не учествуваше на самитот во Кадиз, би-дејќи нејзиниот доктор ја советувал да не се за-морува со летовите преку Атлантикот. Повеќе ѝгодеа самитите Мерокосур и Уносур – латино-американски варијанти на Евроазиската унија,која рускиот претседател Владимир Путин се оби-дува да ја формира со соседните земји на Русија.

На самитот во Кадиз, Шпанците како дома-ќини и нивните португалски пријатели со свои-те некогашни колонии не држеа предавања заслободата, демократијата и за изборите. Крајновреме е и другите држави на ЕУ да го заземат ис-тиот став кон своите источни соседи – Белору-сија, Украина и Русија. Поради тоа Белорусијаима право да ги игнорира критиките на својотнекогашен господар Полска, исто како што Бра-зил има право да ги игнорира покровителскитеставови на својата „татковина“ – Португалија.

Овие тврдења можат да се потврдат и со циф-ри. Португалија и Белорусија имаат приближ-но ист број жители (околу 10 милиони). Дветедржави се соочија со финансиската криза во2011 година. Меѓутоа Белорусија ја девалвира-ше својата валута, зеде заем помал од 3 ми-лијарди долари од Русија и речиси успеа безпоследици да ја преброди кризата.

А, Португалија во која луѓето со децении ку-пуваа недвижнини земајќи кредити – доби 97милијарди долари во пакетот со помош од ЕУ иММФ, и сега бара уште. Причината е едно-ставна: бидејќи се откажа од својата финансис-ка независност при влезот во Еврозоната, Пор-тугалија сега не може да ја девалвира „својата“валута – еврото. Сè што може да направи е дапозајми уште пари.

Дали е ова „европскиот пат“ за кој толку мно-гу ни зборуваа? Таков пат нас не нè интересираи во иднина нема да трпиме да ни држат лекции.Во текот на 90-те години, кога Русија имашедолжнички проблем кон државите на ЕУ (здру-жени во Лондонскиот клуб на кредитори), по-стоеше одредена основа дека ѝ се „држат лек-ции“.

Но, ЕУ го направи својот избор: ништо не ѝподари на Русија. Не ѝ скрати ниту најмал делод долгот. Денес Русија доделува кредити на не-кои држави членки на ЕУ (вклучувајќи ги и Ки-пар, Ирска и некои други несолвентни „учите-ли на демократијата“). Според тоа, зошто Ру-сија би трпела покровителски став од западни-те земји?

Можеби историјата со иронична игра на суд-бината ќе ги постави работите на свое место.Мултиетничките, нестрпливите и релативномладите држави – „проширувачи“ на Европа(некогаш САД, а денес Русија и земјите од Ла-тинска Америка), можат подобро да се адапти-раат и да опстанат во современиот свет – сека-ко подобро отколку старите, непроменливи икрајно арогантни држави на Стариот свет.

Дмитриј Бабич е политички аналитичарна радиото Гласот на Русија

да држи лекции

Сер

геј Ј

ол

кин

Со децении идејата „посвете-ност на Европа“ беше важенинструмент за прозападноориентираните образованилуѓе и за либералните медиуми. На тој начин тие настојуваа да ги придобијатУкраина, Молдавија и другитепоранешни советски републики (вклучувајќи ја иРусија) и да ги „ослободат“ од малигните и всушност измислени „московски контроли“

Претседателката на Аргентина не учествуваше наевропскиот самит. Повеќе ѝгодеа самитите Мерокосур иУносур - латиноамериканскиваријанти на евроазискатаунија што рускиот претседател Владимир Путинсе обидува да ја формира сососедните земји на Русија

Page 14: Руска реч Македонија

РУСКА РЕЧПАТУВАЊА14 |

�Фиби Теплин

Снегот кој штотуку падна го разубавува се-кој пејзаж, го прикрива секој неред и ги омекну-ва острите црти на зградите. Мразот може да по-нуди разни задоволства: гледање во прекрасни-те шари на прозорците, лизгање, дури и едрење;од него се прават скулптури. А, во Русија некоиго кршат мразот на реките за да се искапат.

ПРЕДЕЛИ ОД БАЈКИТЕ

Златните куполи на православните цркви,зимзелените дрвја, монументалните скулптурии дрвените куќички се дел од бајковитите сликина рускиот зимски пејзаж. Кога снегот ќе ги пре-крие парковите во Кремљ и брегот на рекатаМосква, неговата магија, исто така, е присутна ина ѕвоното на Иван Велики и околните куполи наВознесенскиот, Успенскиот и Архангелскиотхрам.

Овие древни градби во срцето на градот сесимбол за Русија исто како и нејзината познатазима и заедно прават хармонична комбинација.

Зимското лизгалиште и накитената божиќнаелка пред бајковито осветлената зграда на ГУМна Црвениот плоштад додава уште повеќе маги-чен прав на овој поглед.

Во јужниот дел на градот, во близина на мет-ро-станицата „Туљска“, се наоѓа древниот Да-ниловски манастир, чии ѕидови и виолетовата

црква-капија се окружени од разнолико множе-ство цркви, на кои снежната прекрива им стоикако излеана за нив.

Светлината од свеќите од соборниот храм„Светиот отец“ ги осветлува древните икони ифрески. Отспротива, опкружен со елки, се наоѓахрамот „Света тројца“, изграден во неокласиченстил по проектот на Осип Иванович Бове, по-знатиот архитект што го изградил и Бољшој теа-тар. Малата капела со златна купола подигната ево 1988 година, во чест на прославата 1000 го-дини православие во Русија.

Бидејќи овој манастир е официјална рези-денција на патријархот, го чуваат козачки стра-жари во чизми и со крзнени шубари на главите.

Кој бара сосема поинаква зимска приказна,може да оди на селскиот посед на Дедо Мраз вопаркот Кузмињки, југоисточно од центарот наградот.

Оваа група стилизирани куќички добива по-себен шарм навечер, кога паѓа снег.

СКИЈАЊЕ, ПЛИВАЊЕ И СКУЛПТУРИ ОД МРАЗ

Не мора да одите надвор од Москва за да ужи-вате во природа – совршено место е пространиотшумовит брег што се протега од Горки парк, пасè до долините на реката Сетуњ. Можете да јаразгледате низ стаклениот ѕид на метро-стани-цата „Воробјови Гори“ или панорамски од 22 кат

на ексклузивното кафуле „Sky Lounge“ на Ле-нинската авенија. Сноубордерите и скијачите доврвот на падината се превезуваат со жичницатана Воробјови гори. Постојат многубројни пате-ки за алпско скијање во одморалиштата, каковшто е спортскиот парк „Волен“, но благите бра-новити букови шуми – чест дел од московскиотпејзаж – се многу поповолни за нордиско скијање.

Во зима, за време на викендите, ридовите иезерата во парк-шумата Покровско – Стрешне-во, во близина на метро-станицата „Војковска“,ги преплавуваат љубителите на санкањето,скијањето, воените игри и риболовот под мраз.Руските рибари обично седат врз замрзнатотоезеро, а во борбата против студот сојузник им енајчесто само шише вотка. Некои од нив дури ниракавици не носат, бидејќи така можат подоброда почувствуваат кога рибата ќе почне да гризе.

Правењето големи отвори во мразот и плива-њето во замрзнатите води е уште еден популаренекстремен спорт во Русија. „Моржи“ („Моржови“– популарно име за луѓето што уживаат во зим-ското капење), тврдат дека тоа е добро за здравјетоод повеќе причини. Ако се искапете на 19 јануари,кога се слави Богојавление и кога водата се осве-тува, можете да доживеете и духовен благодет.

На островот Серебрјани бор се стигнува соавтобус или со такси од метро-станицата „Поле-жаевска“ и, исто така, претставува место кадешто во овој период од годината можете да види-те капачи во замрзната вода.

Зимска московска бајка

Златните куполи на многубројните московски цркви и светкавиот снег како да се создадени едни за други

LO

RI/L

EG

ION

ME

DIA

Page 15: Руска реч Македонија

РУСКА РЕЧ | 15ПАТУВАЊА

� Владимир Еркович

Варено вино, лижавче-петле, чоколаден ДедоМраз и други детали кои ги најавија радоста и ве-селбата – сето тоа е составен дел од новогодишниотпанаѓур. Во Москва беа отворени над стотина па-наѓури, на кои посетителите можат во целост да јадоживеат атмосферата на Нова година и Божиќ, оми-лените празници во Русија. Веќе заврши украсува-њето на градските фасади и улици, а од 23 декем-ври беа отворени отворени и најзначајните панаѓу-ри. Највпечатлив меѓу нив е „Стразбуршкиот пана-ѓур“ на Манежниот плоштад. На свеченото отвора-ње на 23 декември присуствуваше и градоначални-кот на Стразбур Ролан Рис, а панаѓурот се прикажаво сиот свој сјај дури во следните денови. На плош-тадот под ѕидините на Кремљ беа подигнати двае-сетина убави планински брвнари, како оние штообично ги гледаме на рекламите за „Кока-Кола“.Целта на организаторите е во целост да ја доловататмосферата на традиционалниот европски божи-ќен панаѓур. Посетителите можат да купат подаро-ци, сувенири, елки, играчки, француско печиво имногу други работи.

Во Рускиот изложбен центар веќе е подигнатоцело село – над педесет дрвени куќички со изрезба-ни прозорци. Во куќичките се сместени тезгиња сорачно насликани играчки, топли ракавици, медениколачиња со ѓумбир и останат традиционален но-вогодишен асортиман. Некои куќички се уреденикако кафулиња, во кои посетителите можат да се на-пијат чај, варено вино со цимет или некој посиленалкохолен пијалак. Ако некој сака сам да направи по-дарок за пријателите и за семејството, тоа може даго стори во работилниците за изработка на украси заелка и за новогодишни декорации за на маса и сл.Организаторите покрај фонтаната „Пријателство ме-ѓу народите“ направија големо лизгалиште со по-вршина од десет илјади квадратни метри. Бидејќитемпературите во престолнината веќе паднаа на -10,сите предуслови за ледената веселба се исполнети.За разлика од поголемиот дел други панаѓури, овој,во Рускиот изложбен центар, беше отворен уште на24 ноември. Очигледно е дека за празнични радостиникогаш не е премногу рано.

Од 22 до 30 декември можевте да го посетите

божиќниот панаѓур во конгресно-изложбениот цен-тар „Сокољники“. Организаторите сакаа да ја до-ловат атмосферата на европскиот Божиќ, потпи-рајќи се на искуството и традицијата на францус-ките, германските, белгиските и австриските па-наѓури. Посетителите имаа можност да купат про-изводи од старите занаети и традиционални бо-жиќни сувенири, но и кристали, крзно, па дури имодели на познати креатори. За посетителите напанаѓурот се одржуваа работилници за готвење, завезење, за изработка на цвеќе од керамика и сл. А,во изложбениот центар „Сокољники“ е отворен спе-цијален „Фармерски кафе-ресторан“ кој нуди јаде-ња подготвени од еколошки чисти намирници одфармите од околината на Москва.

Еден панаѓур лесно можеше да помине неза-бележан, доколку посетителите не дознаеја за не-го навреме. Имено, тој траеше само два дена (22 и23 декември). Станува збор за панаѓур што го ор-ганизира магазинот „Season“ во паркот „Ермитаж“.И тој е инспириран од европската традиција и ќе сеобиде што пореално да ја долови атмосферата наСтариот свет. Панаѓурот на магазинот „Season“ сеодржува четврта година по ред и ја зазема сета по-вршина на паркот „Ермитаж“. Подигнати беа надпедесет тезги со најразлични играчки, украси и ра-котворби. Посетителите уживаа во лизгањето, снеж-ните топки и санкањето, а потоа и во кафулињатасо варено вино и медени колачиња со ѓумбир. На-вистина, за влезницата требаше да се издвојат 350рубли, но влезот беше бесплатен за деца помладиод десет години.

Секако, можете и да им се придружите.Островот Серебрјани бор е едно од најдоб-

рите места за зимска забава во Москва. Иметого добил по шумата од сребрените борови. Љу-бителите на нордиското скијање овде може данајдат сè што им е потребно – од бројни локализа изнајмување опрема, долги патеки низ шумии дрвени куќички прегрнати од боровите. Когареката ќе замрзне, се претвора во патека заскијање или за прошетка. На самиот крај на ост-ровот се наоѓа кафуле со свилени перници, ка-ко и отворено лизгалиште на брегот на реката.

Секоја зима, во рамките на Фестивалот наскулптури од мраз „Вјуговеј“, на неколку ме-ста во Москва се организираат изложби на отво-рено. Овогодишниот фестивал ќе се одржуваод декември 2012 до март 2013 година, меѓудругото и во просторот на величествениот Се-руски изложбен центар (ВДНХ), чии златнистатуи и споменици, посветени на истражува-њето на космосот, изгледаат прекрасно во снеж-ниот амбиент. Професионалните скулптори одогромни парчиња мраз креираат сложени ком-позиции и секоја година се одредува нова те-ма – патување во космос, светски знаменито-сти или бајки. Самата идеја за изработка наскулптура во мраз, која денес претставува умет-ничка форма прифатена ширум светот, зачна-та е во 18 век во Русија за време на владеење-то на императорката Ана. Во периодот на нејзи-ното владеење главниот архитект, Петар Ероп-кин, направил една палата од мраз. На про-страниот Парк на Победата исто така се поди-гаат градби и скулптури од мраз, а секоја го-дина за време на зимскиот фестивал, уметни-ците го украсуваат Плоштадот на Револуцијатасо споменици од мраз.

За љубителите на спортот во природа по-стои подобра забава од пловидбата по реката.Тоа е „snowkiting“ или едрење на снег. Изгле-да како скијање на вода, но се одвива на мрази притоа може да се достигне брзина од околу100 км/ч. Големото проширување на рекатаМосква кај метро-станицата „Строгино“ пра-ви тој дел на речниот тек да потсетува на езе-ро, што е вистинско место за љубителите наовој спорт. Штом доволно застуди, во Москвапочнуваат едно по друго да никнуваат лизга-лиштата. Од Патријаршискиот рибник, познатпо липите и бронзените скулптури, до за-мрзнатите поплавени патеки на Горки парк,кои се оддалечени 3 километри, Москва е лиз-гачки рај.

Космополитизмот на московските божиќни панаѓури

Во Москва се отворија над стотина новогодишни и божиќни панаѓури,кои, освен варено вино, колачиња,елки, лизгалишта и разни други радости, го покажаа космополитскиотдух на руската престолнина: посетителите можеа буквално да прошетаат низ божиќната Европа

Прочуените руски зимиобично ги плашат туристите,но нема потреба од страв.Облечете се добро, искори-стете ги кафулињата, театритеи музеите за да се стоплите попрошетката и вистински ќе гозапознаете духот на рускатапрестолнина. Всушност,Москва е најпосетена кога воградот ќе почне да паѓа снег

Ph

oto

XP

ress

Ако некој сака сам да направи подарок запријателите и за семејството, тоа ќеможе да го стори во работилниците за изработка на украси заелка и за новогодишнидекорации за на маса

Page 16: Руска реч Македонија

РУСКА РЕЧКАЛЕИДОСКОП16 |

НОВА ГОДИНА

ДЕДО МРАЗ И НЕГОВАТА ВНУКА СНЕЖАНКА

Првите жители на Русија кај кои доаѓа Новата година живеат на Чукотка, на границата со Алјаска. До Санкт Петербург (насликата) празникот патува низ 8 часовни зони. Таму на Дворскиот плоштад го пречекуваат Дедо Мраз со градскиот грб и -рускиот придонес во овој обичај – неговата внука Снегурочка (Снежанка). Ќе биде потребен уште еден час за Новата го-дина да ја обиколи сета територија на најголемата земја на светот и да стаса до најзападниот град – Калининград.

БОЖИЌ

ДРЖАВЕН И ПРАВОСЛАВЕНПРАЗНИК

Руската православнацрква, како и македон-ската, го одбележуваБожиќ на 7 јануари.Морнарите на големиотпротивподморничкиброд на Тихоокеанскатафлота „Маршал Ша-пошников“ го пречеку-ваат празникот во капе-лата на свети АндрејПервозвани во Влади-восток.

ЈУЛИЈАНСКА НОВА ГОДИНА

ЧЕЛИЧЕЊЕ ЗА КРАЈОТНА СЕЗОНАТА НА ПРАЗНИЦИ

Како и Македонците, и Русите со задо-волство ја пречекуваат Новата годинадвапати: ноќта од 13 кон 14 јануари за-почнува Новата година според Јулијан-скиот календар. На овој ден традицио-нално завршува јануарската празнич-на сезона. Веселите членови на клубот„Морж“ од Владивосток ја испраќаат2012 со силен дух и тело, подготву-вајќи се со челичење во ледената водаза сите изненадувања што може да имги донесе новата 2013 година.

ИМПРЕСУМ

ИТА

Р-Т

АС

С

РИ

А Н

ов

ост

и

РИ

А Н

ов

ост

и

Писмата на читателите, колумните иилустрациите означени како „мислење“,како и текстовите од рубриката „погле-ди“ во овој додаток се избрани за да пре-тстават различни гледишта и не го изра-зуваат нужно гледиштето на уредникотна проектот „Russia Beyond the Head-lines“ или на весникот „Росијскаја газе-та“. Ве молиме вашите писма и комента-ри да му ги испраќате на уредникот на[email protected]

Додатокот „Руска реч“ го финансира, уредува и го издава „Росијскаја газета“(Москва, Русија).

� Интернет-страница: ruskarec.mk � Еmail: [email protected] � Телефон: +7 (495) 775 3114 � Факс: +7 (495) 988 9213 � Адреса: ул. Правды 24, д. 2,Москва 125993, Россия.

ЕВГЕНИЈ АБОВиздавач и директор на RBTHПАВЕЛ ГОЛУБ главен уредник на дода-тоците на RBTH � ВЈАЧЕСЛАВ ЧАР-СКИ извршен уредник за Србија, Маке-донија и за Хрватска � ЕМИЛ НИАМИпревод, лектура, веб, гостин-уредник надодатокот „Руска реч на македонски“�ЈАНЕ ЈОВАНОВ, ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВпревод, лектура, веб �ЕКАТЕРИНА ТУ-РИШЕВА, ИВАН НИКОЛАЕВ асистен-ција, веб � НИКОЛА ЛЕЧИЌ, ИРИНАРЕШЕТОВА ко-уредници � АНДРЕЈЗАЈЦЕВ, НИКОЛАЈ КОРОЉОВ илуст-рации � За огласување во овој додаток,ве молиме да се обратите на ЈУЛИЈАГОЛИКОВА, директор на одделот за од-носи со јавност: [email protected].

© 2012 сите права се задржани од ФГБУ „Росијскаја газета“: АЛЕКСАНДAР ГОРБЕНКО претседателна редакцискиот совет, ПАВЕЛ НИГОИЦА генерален директор,ВЛАДИСЛАВ ФРОНИН главен уредник.

Забрането е копирање, дистрибуцијаили преземање на содржините од овојдодаток, освен за лична употреба, без писмена согласност на „Росијскаја газета“.Ве молиме за дозвола да се обратитена телефон +7 (495) 775 3114 или на и-мејлот [email protected].„Russia Beyond the Headlines“ не сносиодговорност за ненарачаните текстови и фотографии.

Специјалните додатоци за Русија восветските дневни весници ги уредува иги издава „Russia Beyond the Headlines“,во организација на „Росијскаја газета“ одМосква. Во моментов додатоци сеобјавуваат во следниве весници: Le Fi-garo, Франција • The Daily Telegraph,Велика Британија • SüddeutscheZeitung, Германија • Еl País, Шпанија •La Repubblica, Италија * Le Soir и Euro-pean Voice, Белгија • Дума, Бугарија •Политика и Геополитика, Србија •Eleutheros typhos, Грција • The Washington Post, The New YorkTimes и The Wall Street Journal, САД •Navbharat Times и The EconomicTimes, Индија • Mainichi Shimbun, Јапо-нија • China Business News, Кина •South China Morning Post, Кина (Хонг-конг) • La Nacion, Аргентина • Folha DeS. Paulo, Бразил • El Observador, Уругвај • Today, Сингапур • Joongang Ilbo, Јужна Кореја • SydneyMorning Herald и The Age, Австралија •Gulf News, Обединети Арапски Емирати

Електронска пошта на редакцијата„Руска реч“: [email protected]. Повеќе информации наhttp://ruskarec.mk