2
ТЕХНИЧКИ ИЗВЕШТАЈ Автопатско решение за Коридор 8, делница Песочани – Требеништа од км 0+000.00 – до км 12+698.72. На усвоената траса за автопатот на делницата Песочани – Требеништа од км 0+000.00 – до км 12+698.72 како диспозиционо решение на км 3+760.24 е предвиден да се изведе армирано бетонски подпатник, додека на км 3+520.00 е предвидно да се изведе цеваст пропуст со монтажни цевки ф1000 кој произлегуваат од сообраќајното решение на трасата на автопатот.Меѓутоа во однос на изградбата на автопатот Кичево – Охрид доставени се податоци од страна на Општината Дебрца за локација и видот на постоечка и планирана комунална инфаструктура. Увидено е дека диспозицијата на подпатникот и цевастиот препуст на тој дел од трасата не одговараат на инфаструктирните решенија добиени од општината Дебрца односно на нивните потреби.Од страна на изведувачот е дадено решение кое ќе одговара на потребите и податоците од Општината Дебрца. Предлог решение: 1. Плочаст пропуст со кутијаст попречен пресек на км 3+569.50 како замена за подпатникот на км 3+760.24. Статичкото и конструктивното решение на плочастиот пропуст ќе биде земено од секција 4 делница: Песочан – Требеништа, пропуст на км 7+327.814, Плочастиот пропуст ќе се изведе како монолитен со кутијаст пресек со МБ30, армиран со РА400/500 и димензии на светол отвор 3м ширина и 3м висина.Поставеноста и наклонот на пропустот ќе биде прилагоден врз постоечката патна инфаструктура од село Ботун за да се овозможи проодност низ него.Под подната плоча од пропустот

Пропусти На 3.569.50

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Пропусти На 3.569.50

Citation preview

Page 1: Пропусти На 3.569.50

ТЕХНИЧКИ ИЗВЕШТАЈ

Автопатско решение за Коридор 8, делница Песочани – Требеништа од км 0+000.00 – до км 12+698.72.

На усвоената траса за автопатот на делницата Песочани – Требеништа од км 0+000.00 – до км 12+698.72 како диспозиционо решение на км 3+760.24 е предвиден да се изведе армирано бетонски подпатник, додека на км 3+520.00 е предвидно да се изведе цеваст пропуст со монтажни цевки ф1000 кој произлегуваат од сообраќајното решение на трасата на автопатот.Меѓутоа во однос на изградбата на автопатот Кичево – Охрид доставени се податоци од страна на Општината Дебрца за локација и видот на постоечка и планирана комунална инфаструктура. Увидено е дека диспозицијата на подпатникот и цевастиот препуст на тој дел од трасата не одговараат на инфаструктирните решенија добиени од општината Дебрца односно на нивните потреби.Од страна на изведувачот е дадено решение кое ќе одговара на потребите и податоците од Општината Дебрца.

Предлог решение:

1. Плочаст пропуст со кутијаст попречен пресек на км 3+569.50 како замена за подпатникот на км 3+760.24. Статичкото и конструктивното решение на плочастиот пропуст ќе биде земено од секција 4 делница: Песочан – Требеништа, пропуст на км 7+327.814, Плочастиот пропуст ќе се изведе како монолитен со кутијаст пресек со МБ30, армиран со РА400/500 и димензии на светол отвор 3м ширина и 3м висина.Поставеноста и наклонот на пропустот ќе биде прилагоден врз постоечката патна инфаструктура од село Ботун за да се овозможи проодност низ него.Под подната плоча од пропустот ќе се изврши тампонирање со дебелина на тампонски слој од 0.2м а потоа ќе се постави мршав бетон МБ20 со дебелина од 10см.Фундирањето ќе се изврши во согласно со геомеханичкиот извештај за тој дел каде ќе се гради објектот. Геомеханичките карактеристики при ископ на градежната јама треба да се во согласност со геомеханичкиот елаборат, доколку се јави отстапување корекцијата ќе се изврши со проектантот, геомеханичарот и надзорниот орган.

Page 2: Пропусти На 3.569.50

2. Дислокација на цеваст пропуст од км 3+520.00 на км 3+569.00. Поставеноста и наклонот на цевастиот пропуст ќе биде прилагоден за да може да се изврши понатаму поврзување кон постоечката канализациона мрежа од село Ботун.Цевастиот пропуст ќе биде изведен од монтажни цевки ф 1000 - (31 МЦП 0 1000). Под монтажната цевка од пропустот ќе се изврши тампонирање со дебелина на тампонски слој од 0.2м а потоа ќе се постави мршав бетон МБ20 со дебелина од 0.1м.Фундирањето ќе се изврши во согласно со геомеханичкиот извештај за тој дел каде ќе се гради објектот. Геомеханичките карактеристики при ископ на градежната јама треба да се во согласност со геомеханичкиот елаборат, доколку се јави отстапување корекцијата ќе се изврши со проектантот, геомеханичарот и надзорниот орган.