67

Троичник бр.36

  • Upload
    -

  • View
    249

  • Download
    15

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Списание на Брегалничката епархија на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.

Citation preview

Page 1: Троичник бр.36
Page 2: Троичник бр.36
Page 3: Троичник бр.36

ТРОИЧНИК, број 36

ТРОИЧНИК - списание за православна вера, култура, уметност, образование и воспитание.Година XI, број 36, април 2013 г. Излегува четири пати годишно.Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип.Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свештеник Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин. Дизајн: протоѓакон Тони Петрушевски.E-mail: [email protected] Печати: Европа92, Кочани.

ТАЈНАТА НА ВОСКРЕСЕНИЕТОНА СПАСИТЕЛОТ И ТАЈНАТА НА СПАСЕНИЕТО ...6

Свети Нектариј ЕгинскиЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА (1) ...10

Протоереј Димитриј ДудкоНОВОЗАВЕТНАТА ЗАПОВЕД ЗА ЉУБОВТА ...17

Архиепископ Аверкиј ЏорданвилскиПРАШАЊА И ОДГОВОРИЗА ЦРКОВНАТА ПОБОЖНОСТИ ГРИЖАТА ЗА ДУШАТА (2) ...22

ПОУКИ КОН ХРИСТИЈАНИТЕ ВО СВЕТОТ ...25

Архимандрит Георгиј (Kапсанис)ХРИСТОС И ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ...31

Епископ Велички Гаврил СветогорецЧУДОТО И НЕГОВАТА МОЖНОСТ ...33

Архимандрит Лазар АбашидзеПАСХА БЕЗ КРСТИЛИ УШТЕ ЕДНАШ ЗА EКУМЕНИЗМОТ (2) ...37

Д-р Антун ЛисецПРИЧИНИ ПРОТИВКОНТРАЦЕПЦИЈАТА, СТЕРИЛИЗАЦИЈАТА,ВЕШТАЧКОТО ОПЛОДУВАЊЕ И АБОРТУСОТ ...47

СО БЛАГОСЛОВНА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВОМИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г . ИЛАРИОН

Page 4: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 4

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Возљубени читатели!

Сето создание денес се храни со Божествената благодат, чувствувајќи го предвкусот на обно-вувањето на вселената. Го наслутува ли тоа и нашето срце? Да, на оние кои со вера и побожност ја исчекуваа Свештената Пасха, душите им се сега исполнети со неопислива радост, додека пак благодатен мир ги допира нивните срца. Далеку заминуваат сите страдања и маки, дури и страдањата и неволјите стануваат светли. Ете го таинствениот предвкус на Божествената Трпеза во вечното и славно Царство Божјо кое се приближува. Би сакале да не се прекинат тие блажени мигови, секогаш да се продолжуваат ноќта и денот на Светата Пасха. Како апостолите на Тавор, и ние сме подготвени да воскликнеме: Господи, добро ни е да бидеме овде!

Но, го чувствуваме ли тоа секогаш и во потполност? Зарем не се случува, кога сите се радуваат, нашето срце да е затскриено со облак, а понекогаш и исполнето со тага? Сеќавајќи се на минатите години, ние сега жалиме поради губењето на способноста да ја почувствуваме пасхалната радост. Некои, пак, не сфаќаат зошто и како луѓето сега можат да се радуваат. Колку и да се трудиме, не можеме да пронајдеме друго правилно објаснување освен ова: нашето срце е нечисто.

Ако сме се поколебале во верата, ако во душата ни се вовлекле сомнежи, ако сме отпаднале или сме се оддалечиле од Црквата – слично на јудејските првосвештеници, ние ја отфрламе помислата на Воскресението Христово зашто Тоа за нас е страшно. Ако сме направиле тежок грев и совеста нѐ обвинува поради неверност кон Христа и кон Неговите заповеди – на нашето срце лежи камен кој го спречува влегувањето на светлината

на Воскресението во него. Ако сме потонале во секојдневните проблеми и ако срцето ни е обземено од нив – тоа нема да може да ја почувствува полнотата на радоста. И особено, ако чувствуваме непријателство, или, уште полошо, омраза кон ближните, или ги осудуваме и се превознесуваме пред нив – не можеме да се радуваме на средбата со Воскреснатиот Господ. Тогаш или се сомневаме во Денот на Воскресението, налик на поколебаните ученици, или не веруваме, налик на Неговите непријатели, или потсвесно не сакаме средба со Него.

Но, да го отфрлиме секој сомнеж, да принесеме покајание! Да се помолиме Христос и нас да нѐ соедини со светиите во вечното Свое Царство. Да го отфрлиме од себеси сето она што нѐ одвојува од Христа. Да го одвратиме своето лице од гревовната и животна темнина, и да го обратиме кон Изгревачкото Сонце на Правдата. Да се озариме со Неговата светлина и радосно да воскликнеме: „Христос воскресна од мртвите, со смрта смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им дарува!“

Возљубени Христијани!

По милоста Божја излезе од печат уште еден велигденски број на нашето списание „Троичник“, во кое се надеваме дека и овој пат нема да изостане Христовата духовна храна, која ни е насушно потребна за наше духовно просветување и осветување, особено во ова тешко време преполно со искушенија и страдања. Духовното слово никогаш не застарува, ниту пак ја губи својата исцелителна и благодатна сила, туку секогаш нѐ освежува, закрепнува и ни дава благодат, за да можеме да ги надминеме и избегнеме сите стапици на лукавиот, приготвени на тесниот и трнлив пат Христов.

Божјото слово за нас христијаните претставува Радосна Вест, зашто единствено во Евангелието можеме да најдеме соодветен лек и радост за нашата огревовена душа, единствено во прегратките

ВОВЕДНИК

Митрополит Брегалнички г. Иларион

Page 5: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 5

Христови можеме да најдеме тивко пристаниште кое изобилува со разновидна храна, неопходна во нашиот живот. Особено денес ни е многу потребно Христовото слово, кога насекаде ни се подметнува горчлива и отровна храна од страна на разните еретички секти, друштва и организации, но и од либералниот и попустлив дух кој полека се вовлекува и внатре во православната црква. Но, живо е Божјото слово и се гледа како расне во душата на нашиот народ, кој полека, повторно се просветлува и евангелизира и на овие од Бога благословени простори.

Се надеваме дека и во овој број вашата душа ќе пронајде вкусна духовна храна и соодветен лек. Со божја помош, се потрудивме да Ви подготвиме светоотечки и духовни четива, корисни за душата, во кои мислиме дека ќе најдете решение на многу свои проблеми, одговор на многу свои недоумици, лек за своите рани, корисни совети и содржини кои ќе ја засилат вашата вера, ревност и љубов кон Бога.

Нека пасхалната радост биде постојано во вас во овие светли и торжествени денови, нека воскресната радост, која ќе ја примите како бесплатен дар од Него, ги стопли вашите срца, нека ги очисти вашите души, нека ги преисполни вашите домови, нека ја зајакне и умножи вашата љубов кон вашите семејства, роднини и пријатели, нека ви дарува љубов во изобилие. Не дозволувајте искушенијата да ве совладаат, не дозволувајте ѝ на темнината да го помрачи вашиот пат и ум, не дозволувајте во овие свети велигденски денови да потклекнете пред сите потешкотии кои лукавиот ви ги подготвува, туку веднаш прибегнете кон Семилостивиот Бог, Кој ја уништи смртта и ја порази силата демонска. Останете во Христовата благодат и во пасхалната радост, и Воскреснатиот Спасител ќе ве води кон спасение, кон прегратките на Семилостивиот Отец и кон благодатта и љубовта на Светиот Дух. Амин!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

Page 6: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 6

Иако беше навистина мртов со своето тело во гробот, Спасителот Христос се покажа посилен од смртта. Неговото тело беше тело

на Бог Логосот, па затоа смртта не можеше да го задржи во своето царство како плен. Богочовекот воскресна, зашто смртта не можеше да го држи под својата власт [1].

Без Христовото воскресение – сè е привид: и Христос и сите негови дела и севкупното Негово учење. Затоа и самиот Спасител уште за врeме на своето живеење на земјата укажуваше на своето воскресение како на настан кој ќе ја објасни и Неговата Личност и Неговото дело. Така, по своето Преображение Спасителот на своите ученици им заповеда никому да не му кажуваат шта виделе додека Тој да стане од мртвите [2]. Зашто, дури во светлината на Воскресението станува јасен и настанот на Преображението и целиот живот на Богочовекот и севкупното Негово учење. Зошто? Затоа што дури со своето воскресение од мртвите Исус неспорно и убедливо посведочи дека Тој навистина е Бог и Син Божји[3]. Пред своето воскресение Спасителот поучувал за вечниот живот, но со воскресението покажа дека Тој навистина е вечниот живот. Пред своето воскресение Тој поучуваше за воскресението на мртвите, но со воскресението покажа дека Тој навистина е воскресението од мртви. Пред своето воскресение Тој поучуваше дека верувањето во Него преведува од смрт во живот, но со своето воскресение покажа дека ја победи смртта и со тоа на осмртените луѓе им го осигура преминувањето од смртта во бесмртноста. Со еден збор: севкупното учење на Спасителот ја добива својата потврда и своето образложение во Неговото воскресение.

б) Вистинитоста и стварноста на Христовото воскресение. Вистинитоста, стварноста на Христовото воскресение е проверена најкритички од страна на самите очевидци - Христовите ученици. Тие не поверувале лекомислено

во Христовото воскресение; напротив, го провериле со немилосрден критицизам. Може смело да се тврди: Апостолите се изнасомневале во Христовото воскресение - не само за себе, туку и за сите луѓе од сите времиња, за целата човекова природа воопшто.

Од првата вест за воскресението на Спасителот, што ја слушнале од Марија Магдалина која прва го видела воскреснатиот Господ, Апостолите се однесуваат со критичко неверување кон тоа. Евангелистот пишува: „Кога слушнаа дека е жив и дека таа го видела, тие не поверуваа” [4]. На тоа прво неверување се придодава и друго: воскреснатиот Господ им се јавува на два ученика на пат кон Емаус. Кога тие им кажале на учениците; и нив не им верувале [5]. Тогаш воскреснатиот Господ, за да ги увери своите неверни ученици во своето воскресение, им нуди најопиплив, најочигледен психофизички доказ за себе како воскреснат: им ги покажува своите раце и нозе и јаде пред нив. Евангелистот тоа вака го опишува: „Самиот Исус застана меѓу нив и им рече: Мир вам! А тие се уплашија и мислеа дека гледаат дух. И им рече: зошто се плашите? И зошто се јавува сомнеж во вашите срца? Видете ги моите раце и моите нозе; Јас Сум. Допрете Ме и видете: духот нема тело и коски, како што гледате дека Јас имам. И кога тоа го рече им ги покажа рацете и нозете. А бидејќи тие уште не веруваа од радост и се чудеа, им рече: Имате ли овде нешто за јадење? А тие му дадоа парче печена риба и мед во саќе. И кога зеде, јадеше пред нив” [6].

Врв на немилосрдниот критициззм на апостолите во проверувањето на стварноста и вистинитоста на Христовото воскресение претставува случајот со апостолот Тома. Кога другите Апостоли на кои им јавил воскреснатиот Господ му соопштуваат на Тома: „Го видовме Господа” – Тој скептички им одговара: „Додека не ги видам на неговите раце раните од клинците и не ставам свој прст во раните од клинците и не ставам

ТАЈНАТА НА ВОСКРЕСЕНИЕТОНА СПАСИТЕЛОТ

И ТАЈНАТА НА СПАСЕНИЕТО

празници

Page 7: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 7

своја рака во неговите ребра – нема да поверувам” [7]. – И желбата на вака упорното неверие воскреснатиот Господ ја исполнува. Евангелистот раскажува: „По осум денови, повторно беа неговите ученици внатре и Тома со нив. Дојде Исус кога вратата беше заклучена, застана насреде и рече: Мир вам! Потоа му рече на Тома: дај го ваму својот прст и види ги моите раце; и испружи ја својата рака и стави ја во моите ребра, и не биди неверен, туку биди верен.” – Уверен на толку очигледен и несомнен начин во стварноста на воскреснатиот Господ, Тома со вера извикува: „Господ мој и Бог мој!” [8]

в) Воскресението на Господ Христос е темелот на Христијанството. Воскресението е темелот на кој светите негови ученици ја ѕидаат целата своја вера и проповед. Сите негови дела, всушност, никнуваат од тоа единствено Христово дело. Зашто, според зборовите на св. Јован Златоуст; книгата „Дела Апостолски“ го содржи во себе токму доказот за воскресението, бидејќи за тој што поверувал во воскресението веќе е лесно да го прими и сето останато [9]. Да се посведочи и да се докаже Христовото воскресение – за Апостолите значи: да се посведочи и докаже дека Исус Христос е Бог и Господ, Откупител и Спасител. Со зборовите што ги говорат и со чудата што ги творат во името на воскреснатиот Исус, тие постојано тврдат и докажуваат дека воскресението говори преку нив и воскреснатиот Господ делува со својата животворна и чудотворна сила. Целото свое апостолско звање

тие го сведуваат на сведочењето за Христовото воскресение; да се биде апостол – значи да се сведочи Христовото воскресение [10].

Без верување во Христовото воскресение не е можно да се верува во Христа како Спасител [11]. Со еден збор: не е можно Христијанството; не е можно да се биде Христијанин. Затоа Апостолот Павле одлучно и јасно изјавува: „Ако Христос не воскресна, празна е нашата проповед, празна е и вашата вера” [12]. Сè е изгубено, сè е пропаднато, ако Христос не воскресна – вели св. Златоуст, објаснувајќи ги овие апостолски зборови [13].

г) Неизбежноста на воскресението на сите луѓе како последица на Христовото воскресение. Иако е лично дело на Богочовекот, воскресението на Господ Исус има сечовечко и секосмичко значење и сила, зашто Богочовекот е родоначелник на новото човештво. Сè што се однесува на неговата човечка природа истовремено се однесува на целиот човечки род. Богочовекот воскреснува за да го отвори патот кон воскресението за целата човекова природа [14]. „Во воскресението на нашиот Спасител – вели блажени Теодорит – ние го имаме залогот на нашето воскресение. Тој прв ја урна силата на смртта, а по Него, како по Почеток и Првенец, несомнено ќе следува и целата човечка природа” [15].

Воскреснувајќи од мртвите, Господ Исус воскресението од мртви го направил задолжително за сите луѓе: и за добрите и за злите. По семоќното дејство на Богочовековото воскресение и неговата

Page 8: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 8

Page 9: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 9

сила, сета човечка природа се наоѓа во власта на таа сила како исцелена од смртноста. И секој човек, бидејќи како човечко битие има учество во сеопштата човечка природа, мора да воскресне во последниот ден [16].

И по Христовото воскресение постои смрт во овој свет. Како да се објасни тоа? Да, смртта постои, но со благодатта на Богочовековото воскресение таа за човековата природа престана да биде проклетство, ужас и страв, туку стана како привремен и минлив сон [17]. „Ние и сега умираме – вели св. Атанасиј Велики – но не повеќе како осудени, туку како некои што ќе воскреснат го очекуваме општото воскресение на сите, кое своевремено ќе го покаже Бог што го го извршил и дарувал” [18]. „Ние и сега умираме – изјавува св. Златоуст, но не остануваме во смртта. А, тоа не значи да се умре. Вистинската смрт е кога тој што умрел нема веќе можност да се врати во животот; ако пак тој по смртта ќе оживее и притоа ќе живее со подобар живот, тогаш тоа не е смрт туку спасение” [19].

ѓ) Воскресението и моралниот препород на луѓето. Дека Господ Исус навистина воскресна и дека како вечно жив постојано делува, св. Атанасиј Велики докажува и со неговото постојано влијание на моралниот препород на луѓе од сите народи. Зашто, само жива личност, а не мртовец може да делува и да има влијание на луѓето. Бидејќи Спасителот така влијае на луѓето, и секојдневно секаде невидливо убедува многу луѓе да поверуваат во Него и да се покоруваат на Неговото учење, зарем потоа може некој да се сомнева дека Христовото воскресение било вистинито и дека Христос е жив или подобро, дека Тој е самиот Живот [20]?

е) Христовото воскресение и сознанието на Црквата. Во животот на Црквата, човекот неодоливо чувствува и човечката мисла јасно сознава: Богочовекот Христос со своето Воскресение навистина го умртви гревот, ја победи смртта, го сотре ѓаволот, ја уништи силата на смртта, го урна адот, ја обнови, освети, просвети, обезсмрти

човечката природа, го спаси светот, им даде вечен живот на луѓето, ни даруваше простување на гревовите и голема милост, целиот свет го исполни со радост и на човечкиот род му подари сè што Бог на љубовта и неискажаното човекољубие може да подари.

Воскресението е празник над празниците и прослава над прославите. Воскресението затоа е најголемиот празник во Православната Црква, а секоја Недела е мало, повторено Воскресение. Затоа ние Христијаните ја празнуваме Неделата како ден Господов.

Белешки:1) Д.Ап.2,24.

2) Мт.17,9; ср. Мк.9,9.

3) Рим.1,4.

4) Мк.16,11.

5) Мк.16,12-13.

6) Лк.24,36-43.

7) Јн.20,25.

8 ) Јн.20,26-28.

9) In Ata Apost., Homil. 1, 2; P. gr. t. 60, col. 16.

10) Д.Ап.1,22; 1,32; 3,15; 4,10. 33; 5,30. 32; 10,39-41; 13,31; 17,3; 25,19; 26,23; 1.Kop.15,15; 2.Тим.2,8.

11) Рим.1,3.

12 1.Кор.15,14. 17.

13) In 1 ad Carinth., Homil. 29,2; P. gr. t. 61, col. 334.

14) 1.Кор.15,21-22.

15) Interpret. epist. 1 ad Corinth. cap. 15. v. 19. 20; P. gr. t. 82, col. 353 C.

16) Јн.5,28-29.

17) Ср. Јн.11,11; Лк.8,52; Мт.9,24; Мк.5,39.

18) De incarnat. Verbi, 10; P. gr. t. 25, col. 113 C.

19) In Hebr. Homil. 17, 2; P. gr. t. 63, col. 129.

20) De incarnat. Verbi, 30. 21; Р. gr. t. 25, col. 148 B. C. D., 149 A. B. C. D.

Page 10: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 10

Вовед во прашањето за бесмртноста на душата

.Јас сум Бог Авраамов, Бог Исааков и Бог Јаковов״Бог не е Бог на мртвите, туку на живите“ (Мт.22,32).

Оваа вистина, која ни ја открива Светото Писмо, претставува воведно учење, во кое човекот треба да поверува

за да се спознае самиот себе: кој е тој, која е суштината и целта на неговото постоење и која е неговата предодреденост во овој свет. Без овие вистини кои му се откриени од Бога, човекот не е способен самиот да се спознае, бидејќи недоволното познавање на богооткриените вистини го водат човекот кон лажни теории и погрешни учења, кои пак, доведуваат до апсурдни заклучоци, бидејќи умот, самиот по себе е неспособен да проникне во овие тајни. Откровението е светлина која го просветлува и води човековиот ум во неговите истражувања, насочувајќи го кон вистината. Држејќи се до таа светлост, на дијалектен начин ќе покажеме дека човекот има бесмртна душа ...

За да дојде философијата до вистинските заклучоци, философското размислување мора да биде засновано на Божјото откровение. Философот мора да верува дека од Бога примил жива душа, за да може да ја спознае. Всушност, тој знае дека во него постои нешто што е поразлично од материјата, но не знае што е тоа. За да се вклучи во целокупното знаење,неопходна е вера во богооткриената вистина. Оној кој философира, мора најпрво да поверува во духовната природакоја го создала и тој што сознава и предметот на сознавање, па потоа да се стреми свесно и во потполност да ја спознае природата. Постоењето на жива душа е неспорен факт за верниците, додека за неверниците претставува сокриена тајна. Верата е око на душата со кое душата самата се созерцува и проникнува во невидливото и таинственото. Бог му го открил на човекот неговото возвишено потекло и му овозможил да ја спознае бесмртноста на својата душа, за да го привлече кон Себе, да го подигне кон скалата на добродетелите и самоусовршувањето.

Отфрлањето на богооткриената вистина значи да ја отфрлаш смислата и целисходноста на светот за кои сведочи Самиот Сезнаен Творец, Кој ништо не создал бесцелно. Човековото усовршување – кое, во случај да нема жива душа (во човекот), би било бесмислено и невозможно – енеопходно од аспект на назначението и целисходноста на светот, бидејќи без него, создавање на човекот би била само бесцелна игра.

Затоа,никој нека не кажува дека човекот е голем (само) по својот егоизам, бидејќи навистина, голем и духовен е човекот, кој е создаден според образот на Својот Бог и Творец. Човекот затоа е боголик, боговдахновен и приемчив за Божјото откровение, па оттаму – порадисвоето возвишено потекло, божественоста на својата природа и карактерот на својата душа – тоје повозвишен од севкупната создадена природа. Човековиот дух се издигнува кон Бога, се просветлува со Божјата светлина и растерувајќи ја темната магла на материјалноста во човекот, го познава ˝она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум му дошло̏ (1 Кор. 2, 9).

Бог пребива и дејствува во човекот... ”Оној, Кој во себе не може да го прими ни сецелиот космос, на мистичен начин пребива во срцето на микроскопскиот човек. Ова звучи малку чудно, но е вистинито. Начинот е мистичен, а Божјото откровение се пројавува преку сопствените можности. Бог е бесконечен и вселената лежи на дланката од Неговата рака, а човекот е мала прашина. Но сепак, човекот се возвишува над вселената и небесата и со разумните очи ја созерцава убавината на созданието, додека со својот ум ја открива и испитува вселената, ги открива законите со кои управува вселената, ги мери огромните растојанија и димензии на небесните тела, ги утврдува специфичните тежини, цврстини и количини на елементите од кои се состојат небесните тела, и воопшто гледано, за нивната природа, како и за привлекувањето и одбивањето на огромните планети во вселенското пространство.

ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА (1)Свети Нектариј Егински

вероучение

Page 11: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 11

Просветлуван со Божјата светлина, човековиот ум се издигнува кон Создателот на вселената, го проучува Неговиот карактер и ги формулира догмите за Неговите својства... Просветлен и поткрепен со Божјата благодат, човекот се возвишува над сите неразумни природи, и иако е облечен во земно тело, тој се поистоветува со природата на небесните Ангели...

Божјата Премудрост го создала човекот како глава на созданието за да може да го разбере и спознае својот Бог и Творец... Човекот е причината

за создавањето на светот. Да, човеку, Бог те создаде како бог на земјата. Гревот и отпадништвото од Бога те лишиле од тоа спознание. Гревот и отпадништвото од Бога го помрачиле твојот ум, создаден да го созерцава Бога. Тие те насочиле на погрешен пат и те потопиле во длабочината на страстите, кои ја помрачуваат светлината на образот (Божји во тебе). Спознај дека си создаден според Божјиот образ и подобие и дека имаш бесмртна душа која е назначена со Божјата благодат да живее вечно. Провери се самиот себеси за да увидиш и да се увериш колку твои активности и колку твои дела сведочат за бесмртноста на душата.

ДОКАЗИ ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА

1.Активностите на душата како доказ за бесмртността на душата

Човековата разумна душа се занимава со умно размислување, ги истражува причините за своето постоење, се издигнува кон идејата за Бог и неопходноста од Божјото постоење. Овие размислувања, бидејќи се мисловни, мора да имаат и мисловна причина. Таа мисловна причина мора да биде потполно различна од сѐ што е материјално. А бидејќи светот во кој што човекот живее е материјален, потребно е потеклото на разумната душа да ја доведеме во врска со друг нематеријален свет. Ова нас нѐ обврзува да ја признаеме бесмртноста

на душата како таква, бидејќи смртта владее само над телесниот материјален свет, додека душата, бидејќи не е создадена од материја од овој свет, не подлежи на смртта.

Умот се искачува до разбирањето на нематеријалните работи. Ако умот по природа е материјален, не би бил во состојба да ги разбере идеите на нематеријалните работи. Разумната човекова душа не поседува само моќ за потрага по работите кои се идеални по природа, туку и моќ за идеализирање на работите кои се

Page 12: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 12

потполно материјални, ослободувајќи ги истите од нивните материјални мрежи и согледувајќи ги како апстрактни идеи, како и моќ за подигање до универзални идеи преку интуитивното размислување.

Душата е свесна за себе и за своето поимање. Душата проникнува и се стреми да ги спознае не само надворешните објекти, туку и самата да се спознае со своите активности, да расудува за себе и да дава заклучоци за квалитетот на своите постапки и активности. Душата не само што прима во себе мноштвото на вистини, туку и самата постанува ризница на мноштво спознаени и сфатени вистини: таа ја разбира вредноста на тие вистини и нивното дејствување врз неа. Покрај тоа, душата чувствува природна наклонетост кон натприродните вистини и се стреми да живее во духовниот свет на овие вистини. Ова сведочи за бесмртноста на душата.

Философите велат: сѐ што е самодејствено и секогаш дејствено е бесмртно. Оттаму доаѓаме до заклучок дека душата, бидејќи е секогаш дејствена, во себе и по себе е бесмртна.

2. Стремежите на душата како доказ за нејзината бесмртност

Разумната душа има натприрордни и бескрајни стремежи. Ако разумната душа зависи од телото и умира заедно со телото, тогаш таа нужно би била потчинета на телото и би го следела во сите негови страсти. Во тој случај, независноста на душата од телото би била во спротивност како на природните закони така и на разумот, затоа што би ја нарушувала хармонијата помеѓу душата и телото. Ако душата е зависна од телото, таа би му се потчинувала на телото и би го следела во сите негови желби и похоти. А всушност е спротивно, душата управува со телото и му ја наметнува својата волја. Душата ги потчинува и воздржува барањата и страстите на телото и управува со нив по своја волја. Овој феномен му е познат на секој разумен човек и секој кој е свесен за својата разумна душа, свесен е за господарењето на душата над телото. Послушноста на телото кон душата, кога таа го води кон самоодрекувачко жртвување во името на нејзините возвишени идеи, претставува доказ за власта на душата над телото. Власта на душата (над телото) и жртвувањето на телотона душата до самата смрт во име на нејзините начела, идеи и ставови би било потполно несфатливо, доколку душата умира заедно со телото. Смртната душа

никогаш не би можела да се издигне до такви висини и никогаш не би можела да се предаде себеси на смрт заедно со телото во име на бесмислените апстрактни идеи, бидејќи за смртната душа тогаш ниту една возвишена идеа и возвишена храбра помисла не би имала никаква смисла. Затоа, душата која е способна за такви работи мора да биде бесмртна.

3. Историски доказ за бесмртноста на душата

За бесмртноста на душата сведочи универзалното верување на сите народи во нејзината бесмртност. Историски факт е дека целиот човеков род верува во живот по смртта. Ние оваа надеж ја среќаваме, како кај дивите и варварските,така и кај цивилизираните народи. Фактот дека луѓето од сите времиња, секаде и на секој степен на развој ја прифаќале идејата за животот после смртта и се надевале во него, претставува доказ за човековото најдлабоко уверување во бесмртноста на својата душа. Оваа надеж во бесмртноста се темели на цврсто убедување и се развива до таа мерка, што сите морални човекови активности почнуваат да извираат токму од ова убедување. Овој феномен би бил невозможен ако верувањето во бесмртноста на душата е само израз на човековата егоистична желба, да не е заснован во самата природа на човековиот дух и да не извира од длабочината на душата. Сите мудри луѓе низ вековите зборуваат за бесмртноста на душата. Здравата философија отсекогаш го отфрлала учењето на оние философи кои низ историјата застранувалево епикурејство. Да се негира бесмртноста на душата значи да се припишуваат крајно сериозни грешки на Божјата Премудрост што воопшто втиснала таква илузија и химера во човековото срце. Ако човекот не е бесмртен, тој не би имал разумна душа, ниту пак би бил во состојба воопшто да ја замислува бесмртноста.

4. Метафизички доказ за бесмртноста на душата

За бесмртноста на душата сведочи и истражувањето на моќите и особените својства на душата. Едноставноста на душата и нематеријалноста на нејзината супстанција укажуваат на нејзината бесмртност. Истотака, нејзината самосвест, нејзината моќ за слободен избор и самосуштност (autexousion), како и

Page 13: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 13

нејзината слобода за сознавање, укажуваат на тоа дека душата му припаѓа на духовниот свет. Потоа, нејзината желба да се доближи кон бескрајното совршено Битие, нејзината иманентна целисходност (entelechia) и постојаната активност на нејзиниот дух покажуваат дека душата е жив ентитет кој во себе нема причина да умре, ниту да се распрснениту да исчезне. Сето ова, поради тоа, сведочи дека душата е бесмртна и дека опстојува и по своето одвојување од телото.

Платон ја докажува бесмртноста на душата, пред сè, со нејзината едноставност и нематеријалноста на нејзината супстанција. А во врска со заминувањето на душата од овој свет, Платон објаснува дека за време на човековата смрт, умира неговиот смртен дел, додека пак бесмртниот негов дел се оддалечува од смртта, останувајќи цел и неуништлив: ˝Нема сомнеж, значи, дека душата е бесмртна и неуништлива“.

5. Теолошки доказ за бесмртноста на душата

Човековата разумна душа – бидејќие едноставна и составена од нематеријални супстанции, и имајќи такви својства за сопствен развој, усовршување и достигнување на крајната

целисходна цел – мора да биде бесмртна.

Ако човековата душа е смртна, која би била целта тогаш, заради која што човекот има такви возвишени својства, таква морална моќ, таква приемчивост за возвишеното, такви бескрајни стремежи и таков духовен и морален живот? Овој проблем може да се реши исклучиво ако се признае бесмртноста на душата. Без признавање на бесмртноста на душата, случувањата во човековиот морален и духовен живот ќе останат нерешлива загатка, а човековата борба во сопствениот етички и духовен живот ќе остане борба без победа и стремеж без никаква цел.

6. Етички доказ за бесмртноста на душата

За бесмртноста на душата сведочи и стремежот на душата кон највозвишеното добро. Под највозвишено добро се подразбира она крајно добро, кое суштинско и вистинские повисоко од сите добра и во кое човекот може да го пронајде својот морален спокој, апсолутен душевен мир и духовна радост, преку кои неговата душа се преисполнува со неискажливо умиление. Тоа крајно добро е најсовршеното добро, полнота на добрините, во кое се задоволува секој копнеж и се исполнува секоја

Page 14: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 14

надеж. Тоа највозвишено добро е Царството Божјо, кое претставува духовна заедница, заедница на Бога и луѓето, и човековото учество во светоста, љубовта, благодатта и блаженството Божјо. Царството Божјо е она по што човекот огнено трага и копнее, за кое што се бори во текот на целиот свој живот на земјата, жртвувајќи ги сите добра на овој свет, за да се насладува во Царството Божјо. Но, иако човекот жртвува сѐ за да го задобие тоа највозвишено добро, тој сепак во овој живот само делумно ја искусува моралната среќа (на Царството Божјо), бидејќи преку целиот живот власта на демонот му приредува безбројни причини за жалост. За човекот е невозможно во овој свет да постигне потполно блаженство, затоа што спокојот на неговата душа и мирот на неговото срце честопати се нарушуваат поради тешките телесни маки, навредите и ожалостувањата од страна на неговите ближни, поради пустошењата и разорувањата кои ги носи војната, страдањата од болести, глад, земјотреси, поради несреќите кои ги снаоѓаат неговите роднини и пријатели, и воопшто земено, жалостите кои доаѓаат како од морални, така и од материјални причини. Сето ова ја ограничува човековата морална среќа во овој живот, а копнежот за највозвишеното добро останува неисполнет. Но самиот овој копнеж е израз на чувството на извесна празнина во душата, која всушност бара да биде исполнета, како и надеж во можноста за нејзино потполно исполнување. Ова нас неизбежно нѐ води до заклучок дека душата, чии бескрајни копнежи остануваат неисполнети во овој свет, ќе добие потполно исполнување на своите копнежи дури по свршетокот на овој живот и по своето влегување во вечниот живот, каде што е највозвишеното добро и апсолутното блаженство.

Копнежот на душата занајвозвишеното добро во овој свет и во овој живот, се исполнува само делумно и, исклучиво, во ограничена мерка, и тоа не само таму каде што владее злото, туку и таму каде што преовладуваат добродетелта и светоста, затоа што ѓаволот напаѓа и таму каде што има добродетели, напаѓа и се бори против Царството Божјо, сеејќи какол во житото. Затоа, разумот бара да признаеме дека совршеното исполнување на копнежот кон највозвишеното добро ќе се исполни дури во идниот живот, каде што ќе владеат апсолутна љубов, радост и мир (на Царството Божјо). На тој начин, самата огнена желба за највозвишеното добро, од една страна, сведочи за тоа дека човекот ќе ја оствари вистинската полнота

на таа своја желба дури во идниот живот, а од друга страна пак нè уверува во бесмртноста на човековата душа.

До ист заклучок доаѓаме разгледувајќи го и прашањето за морално совршенство, кон кое душата се стреми преку дисциплина и потчинување на телото. Стремежот кон морално совршенство е израз на внатрешното стремење на разумната душа кон воздигнување надовој материјален кон другиот, духовен свет. Тој стремеж сведочи дека човекот е назначен за непрестајно израснување, кое го има за цел апсолутното совршенство. Но, апсолутното совршенство се наоѓа во апсолутниот живот, а апсолутниот живот во надсветовниот свет. Оттаму, моралното совршенство неизбежно нѐ упатува на апсолутниот живот – на бесмртноста.

7. Добрината на Творецот како доказ за бесмртноста на душата

Сето создание зборува за Божјата добрина, за Оној Кој изобилно дарува средства за остварување на среќата на Своите словесни созданија. И човековата среќа треба да биде потполна, сè додека човекот располага со тие средства и го има на располагање сиот создаден свет. Но сепак, човековата среќа е непотполна, при што секојдневно гледаме како луѓето роптаат и се жалат дека се несреќни. Некој бескраен копнеж го оптоварува човековото срце, кое - бидејќи рането со празнина, која постојано ја чувствува во себе – непрестајно се стреми истата и да ја исполни. Човекот се бори за исполнување на копнежот на своето срце, но сепак, неговото срце останува и понатаму празно. Ниту едноод земните добра не е доволно да ја исполни таа празнина на човековото срце. Ништо не го задоволува човековиот копнеж, неговото срце останува рането и среќата се оддалечува од него. Причината за ова незадоволство не е во самата природа на нештата, туку во човековата душа, која, бидејќи е бесмртна, има бескрајни копнежи и која, слично на жедниот елен, силно копнее и бара да се наслади со највозвишеното добро, кое претставува нејзина крајна цел... Седобриот Бог не бивтиснал незаситен копнеж во човековото срце, којшто го прави човекот несреќен, доколку не предодредил и наменил за човекот и наситување и исполнување на тој копнеж. А од тоа што тој копнеж останува неисполнет во овој свет, следува дека тој ќе биде исполнет по човековото заминување од овој свет во идниот живот, каде што човекот ќе

Page 15: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 15

живее вечно и блажено. Стремежот кон највозвишеното добро, значи, е доказ за бесмртноста на душата.

Ако човекот воопшто и наоѓа некаква релативна среќа на земјава, тој ја наоѓа токму во убедувањето дека има бесмртна душа и дека по завршетокот на сегашниот живот започнува идниот, непрестаен и бескраен живот, во кој ќе се насладува со совршено блаженство. Ако човекот воопшто наоѓа некаква утеха во своите животни страдања, тој ја пронаоѓатокму во надежта дека во идниот живот ќе се насладува со највозвишеното добро. Ако човекот воопшто наоѓа некакво мирно пристаниште среде немирното море и бурата на животните искушенија, тој го пронаоѓа така што се ориентира кон бесмртноста, во која се наоѓа највозвишеното добро... Ако човекот голишите од надежта во идното насладување со највозвишеното добро, човекот постанува најнесреќен од сите созданија, а животот му постанува ноќ без месечина... Таквиот човек, скршен и ожалостен, би талкал и би се изгубил низ животот, а можеби во напад на очајание,дури и самиот себеси би си го одзел животот. Според тоа, надежта во насладувањето со највозвишеното добро, бидејќи има утешна моќ, е Божествена и како таква – евистинита. Оттаму човекот – надевајќисе во уживањето на највозвишеното добро – верувадека има бесмртна душа. Бог на мистичен начин нè известува за тоа и Божјата добрина, која се пројавува насекаде, го уверува човекот дека има бесмртна душа.

8. Идејата за бесмртноста на душата во нас како доказ за бесмртноста на душата

Дека човекот има бесмртна душа докажува и самиот факт дека тој во себе ја носи идејата за бесмртноста на душата. Човекот доаѓа до идеи врз основа на светот

Page 16: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 16

кој го опкружува. Природата секојдневно го учи човекот за смртноста на сите созданија и за нивното потполно исчезнување. Оттаму идејата за смртта и исчезнувањето би требало да бидат конечен човеков заклучок... Меѓутоа, човекот – ипокрај сликите на смртта кои ги гледа секојдневно – ја носи во себе идејата за бесмртноста. Како човекот од идејата за смртта дошол до идејата за бесмртност? Како почнал да верува во вистината за бесмртност и врз неа го засновал целиот свој живот? Изведувањето на идејата за бесмртност од идејата за смртноста е невозможна, и затоа, неспроведлива. Човекот, значи, до идејата за бесмртноста не дошол врз основа на природата. Идејата за бесмртноста е од Бога и само Он може на човекот да Му подари идеја за бесмртност. Значи, човекот таа идеја ја примил од Вечниот Бог. Човекот како битие кое еспособно да ги прима даровите од Бога, има приемчивост за даровите Божји и е способен да го осознава Бога и Неговото откровение. Човекот ја примил идеата за бесмртноста од Бога, бидејќи нема друго место од каде што би можел да ја прими. Значи, човекот има приемчивост за Бога, тој го поима Него, поседувајќи дух кој заедничари со Бога, Кој Самиот Му се открива на човекот. Според тоа, човекот не е бездушна и безумна материја, туку битие со душа и ум, приемчиво за Божјото откровение. Таквото битие мора да има бесмртна душа, бидејќи заедничари со Бога и бидејќи Бог го поучува и умудрува со дарот на усовршување, кој без бесмртноста би бил бесмислен. Според тоа, човекот има бесмртна душа.

9. Моралното задоволство кое во човекот се раѓа од добродетелниот живот како доказ за бесмртноста на душата

Оној кој живее добродетелен живот го искусуваво себе задоволството, кое им е непознато на оние кои не живеат добродетелно: на пример, кога им ја олеснува неволјата на оние кои се обременети со сиромаштија, кога утешува несреќни и ги прави учесници во својата сопствена среќа, кога имајќи две кошули, едната ја дава на човек кој се тресе во зима... Насилството над правдата го поттикнуваат добродетелниот човек на гнасење и одбрана на правдата. И таквиот човек се бори

за правда, вистина и слобода. И кога умира, во последните мигови од својот живот, тој го чувствува задоволството кое го исполнува неговото срце, бидејќи умира борејќи се за добродетелта. Тој не се грижи за себе, рамнодушен е кон својот сопствен живот, ја презира смртта и се грижи исклучиво за резултатите од својата борба, за својата победа, за победата на правдата, за триумфот на вистината, поразот на лагата, за уништување на тиранијата, за ослободување и раскинување на ропските окови. Колку е необјасниво ова чувство! За оние кои не веруваат во бесмртноста на душата, тоа претставува нерешлива загатка. Единствено бесмртноста може да му вдахне на човекот бесмртни идеи. Единствено бесмртноста моше да му ја открие вредноста на добродетелите на оној кој копнее по добродетелта... Единствено бесмртноста го поттикнува човекот на големи жртви. Таа ги вдахнува војниците да ги полагаат животите за својата должност. Таа ги потикнува на самоодрекување оние кои се стремат кон знаења заради доброто на човечкиот род. Таа подига свети Маченици кај народите. Таа ги утешува оние кои страдаат за добродетелите. Таа го успокојува срцето кое е рането од неблагодарност. Таа ги поттикнува богатите да го раздаваат своето богатство на сиромашните, а сиромашните да ја трпат својата беда со морален спокој. Таа на човекот кој умира му дава храброст спокојно да ја дочека смртта. Мистично говорејќи во човековото срце, бесмртноста го поттикнува човекот на сите негови благородни дела.

Моралното задоволство кое се раѓа во човековото срце,затоа, претставува плод на бесмртноста на душата, која е создадена по образ Божји и која во себе ги носи одликите и вечноста на својот Праобраз. Значи, душата е свесна дека е бесмртна и поради тоа го побудува човекот да се жртвува за правдата, вистината, убавината, доброто и совршенството. Исто така, бесмртноста на човекот му дава неопходна храброст за исполнување на нејзините заповеди и го наградува со чувство на морално задоволство како залогза највозвишеното добро што е подготвено за човекот. Значи, човекот е создаден за бесмртност... (продолжува во наредниот број)

Превел: ѓакон Илија Поп Гонов

Page 17: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 17

Бога треба да го сакаме со целото срце, со својата душа и со своите мисли, односно

со целиот разум, а ближниот свој онолку колку што се сакаме самите себеси. Бог треба да влезе во нашето срце, да ја освети нашата душа и да ја очисти, и да влезе во нашиот ум, за да би го научил на мудрост. Само осветениот, очистениот и мудриот човек може да го сака својот ближен како себеси.

Љубовта кон Бога во суштина е љубов кон себе, желба за спасение. Оној кој го сака Бога, својата љубов ја пренесува и на луѓето, како на видлива икона Божја и ги сака со целото свое срце, душа и мисла, како и самиот себе. Срцето, душата, мислата и умот заедно го сочинуваат целиот човек. Сите ние, луѓето, исто така сочинуваме еден човек. И како што преку Адам сме згрешиле, така преку Христос се спасуваме. Целиот човек не е индивидуа, тој е цело човештво. И повеќе од тоа: човек и Бог, Богочовек – ете што е наменето за човекот.

Во нашето време човекот не се развива како целосно битие. Некои луѓе главно живеат според умот, или поточно речено не според умот, туку според разумот – „здравиот разум“, како што тоа сега се нарекува. Кога таквиот човек размислува за Бога, тој го замислува како нешто рационално и апстрактно. Други луѓе живеат според срцето, но не она срце за кое се вели „срце чисто соѕидај во мене“, туку по својата похота и сетилност. Третиот вид на луѓе се мечтателите, сонувачите, оние со неприлагоден живот. Кај нив не работи мислата која се воплотува во збор, тие мечтаат напразно и неразбирајќи го животот и неверувајќи во ништо градат кули во облаците.Современиот човек е искинат на делчиња и секое негово делче е толку изобличено, што понекогаш се прашуваме: зарем тоа е човекот, кој Бог го создал по Својот образ и

подобие? И затоа, нашето срце, душата и мислите за да работат правилно и за да можеме да го сакаме човекот, ние мораме да го сакаме Бога. Љубовта кон Бога ние неопходна, пред сѐ, за да го вратиме својот лик, за да станеме слични на Бога. Оној Бог, Кој пострадал за човекот, Богот на љубовта. Тогаш ќе сфатиме што значи да го сакаме човекот како себеси и да се жртвуваме за него. Тоа е затворен круг: Бог плус човек, човек плус Бог. Или да употребиме философска терминологија, тоа се две

антиномии кои откриваат една вистина – љубовта.

Да се сетиме како започнува Евангелието: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно“ (Мат. 3, 2). Така говорел светиот Јован Претеча, најавувајќи го доаѓањето Христово, а така говорел и самиот Христос: Покајте се! Сѐ додека во нас нема вистинско покајание, ние ништо нема да разбереме во врска со Христијанството како што треба. Гревовите не врзале, испиле, оскверниле и не покриле со мрак, сме станале развратни и веќе не вредиме за ништо. Само да ги погледнеме какви се оние најпобожните помеѓу нас, таканаречените верници. Тие си создале за себе еден посебен свет на верата, живеат во тој измислен свет, сакаат да зборуваат за Бога, понекогаш и многу умно, а животот поради тоа не им станува ни малку подобар: добродетелите, добрите дела, храмот и неговите светињи им се чинат застарени и не се по нивни вкус. Други го признаваат храмот, но на него гледаат само како на форма. Храмот се претвора во место за трговија, во кое се купуваат молитвите и се закажуваат требите – светињата е претворена во пари. Сето ова, најповеќе се однесува на простиот народ. А да не зборуваме за оние најлошите, за безбожниците, кои немаат никаква претстава за

НОВОЗАВЕТНАТА ЗАПОВЕДЗА ЉУБОВТА

Протоереј Димитриј Дудко

духовни поуки

Page 18: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 18

Живиот Бог. Тие се самите на себе богови и за нив е добро сето она што им одговара! Тие не признаваат никакви светињи и немаат комуда се молат. И така нашиот живот се претворил во нешто потполно несфатливо.

Вака веќе не може! Оние кои чувствуваат што се случува, без оглед на тоа дали се верници или не, даваат знак за тревога. Сѐ посилно се чувствува дека се приближува некоја катастрофа. Зарем се ближи крајот на човековата историја? Крај или не, сеедно е, а ако е крај, тогаш уште погласно треба да се чуе повикот на Св. Јован Претеча и на самиот Спасител: „Покајте се, зашто се приближи Царството небесно!“

Меѓу другото, ние и не разбираме како треба да се каеме, што е тоа покајание? Некои мислат дека покајанието е кога едноставно бараме простување од Бога. Некои мислат дека е покајанието – само психолошко чувство на каење и дека не е потребно да се прочепка по наталожените гревови за бидат отстранети. Затоа Исповедта, оваа голема Света Тајна, често се врши само формално и не допира до нашето битие. Така добиваме вера која не е вистинска вера, туку вера во обреди.

Покајте се! Мораме себеси да се разбудиме. Стариот огревовен човек се буди кога ќе му биде наредено. Божјите заповеди „немој да имаш други богови“ и „не убивај“, звучат како наредби. Главната заповед која го разделува и спојува Стариот и Новиот Завет, заповедта за љубовта, исто така звучи авторитетно, таа наредува љубов. Некои мислат дека заповедувањето претставува насилство. Тоа е точно за заповедите кои доаѓаат од човекот, но заповедта која доаѓа од Бога – не е насилство. Божјата заповед ги открива во нас луѓето – создаденипо Божјиот образ и подобие. Бог се воплотил и станал човек за да го спаси човекот одвнатре. Он се воплотил и примил човечка природа, но дали тоа е насилство?

Љубовта не може да биде насилство: таа го исполнува и шири срцето, таа нас нѐ води. Затоа внимателно да ги слушаме новозаветните заповеди кои не ни ги дава страшниот Бог Јахве, туку Спасителот наш, Господ Исус Христос.

БЕСЕДА НА ГОРАТА - БЛАЖЕНСТВА

„Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, учениците негови се приближија до Него“ (Мат. 5, 1).

Неговите ученици сме сите ние – Христијаните.

Бог Јахве разговарал со Мојсеј, а потоа Мојсеј разговарал со народот. Христос, Самиот Бог, разговара со народот без посредник.

Ние сме пред Бога и Бог со нас разговара. Во таа прилика нам ни е посебно потребно покајанието. Ние, грешните луѓе, треба да го слушаме својот Бог со стравопочитување. Беседата на гората започнува со заповедите за блаженствата. Овие заповеди влегле во богослужението и се пеат на Светата Литургија, на третиот антифон. Тоа нам ни говори дека ако сакаме да ја разбереме Литургијата и на вистински начин да учествуваме во неа, треба да ги почитуваме заповедите. Службата треба да почне пред да влеземе во храмот.

„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно!“

Бедните по дух – горделивците од овој свет ќе се потсмеат на овие зборови. Кажуваат дека зборот „бедни“ значи духовно сиромашни, јадни, ненормални. Можеби затоа некои безбожници сите верни ги вбројуваат во редот на сиромашните и ненормалните? Но, не е најважно кој како мисли, туку што е вистината. „Бедните и сиромашните“ се смирените луѓе, без гордост, оние кои се над другите, а за себе мислат дека се последни. Оној кој за себе мисли дека е сиромашен по дух, тој, природно ќе работи за да се збогати. А оној кој мисли дека има сѐ и дека ништо не му треба, тој, секако нема да се грижи за своето усовршување, туку ќе ужива во своето замислено богатство. Оние кои себеси се сметаат за бедни по дух, ќе работат на своето самоусовршувањеи ќе напредуваат според своите можности. Оној кој не мисли така, ќе застане со својот духовен развој и нема да напредува. Се поставува прашањето кој е во тој случај беден по дух? Тоа е горделивецот, кој нашиот Спасител не го прима, бидејќи како што пишува во Светото Писмо, Бог им се противи на гордите, а на смирените им дарува благодат.

„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!“ Значи, првиот степен за влез во Царството Небесно претставува смирението и

Page 19: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 19

постојаното усовршување. Тоа го може само оној кој себеси се смета за беден по дух.

„Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат!“

Плачот ја чисти душата и го привлекува милостивиот поглед Божји. Луѓето плачат поради своите гревови, плачат кога ќе се случи некоја несреќа.Се имаме одвикнато да плачеме поради своите гревови, но затоа многу плачеме поради жалостите. Таа тага како да го надополнува остатокот од оној плач кој ја чисти душата – плачот поради гревовите. Колку многу да плачат, нема да се утешат. На земјата ништо не може да ги утеши, бидејќи плачат и оние кои имаат земни блага. Утеха има само во Царството Небесно. Значи, за да добиеме утеха, треба да итаме кон Царството Небесно. Оној кој не верува, не може да се утеши, дури и кај него да е сѐ идеално, мислата за смртта нема да му дава мир.

И така, плачот нас нѐ потсетува на Царството Небесно. Ако подобро погледнеме околу себе, ќе видиме дека сите оние кои плачат, на крајот на краиштата, го подигаат својот поглед кон Небото и бараат утеха од Бога.

Ние се плашиме од плачот, тој нас нѐ плаши. Кај безбожниците тој предизвикува иронија: еве го, квичи како некоја баба. Од плачењето не треба да се плашиме. Солзите се благодатен дожд врз нашето исушено срце.

„Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!“

Во дадениот случај не се мисли за земјата во која живееме, туку за онаа која е во царството небесно од која никнува само доброто. Кротки – значинезлобиви. Тоа се оние, кои со незалезната светлина на својата душа ги греат и другите души. Кротки се оние кои се спокојни, кои ништо и

Page 20: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 20

никакви животни неволји не можат да ги оттргнат од вистинскиот пат. Кротки се оние кои не се лутат на другите. Кротки како гулаби. Не е случајност што гулабот е земен како симбол на Светиот Дух.

Ајде да ги резимираме овие три заповеди. Треба да почнеме борба против гордоста во себе, сметајќи се себеси за најсиромашни. Таквиот човек нема да се срами да плаче за своето сиромаштво и така ќе се збогатува. А оној кој умее да плаче, тој, природно ќе стане кроток. Тешко е да се замисли дека оној што плаче може да биде злобен.

„Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!“

Оние кои не се гладни за правда – секогаш ќе бидат гладни. Да погледнеме какво понижување денес трпи правдата и вистината! Се лажеме едни со други, рамнодушни сме кон она што се случува во светот. Мислиме дека нашиот глад ќе биде задоволен со тоа што ќе си го обезбедиме нашиот земен живот. А земниот живот го обезбедуваме без да се базираме на правдата: лажеме, подметнуваме – тоасе средствата со кои се користиме. Ако не сме гладни и жедни заради вистината и правдата – никогашнема да се наситиме и гладот често ќе ни ја подјадува душата. Глад, жалост и тага без никаква видлива причина. Денес духовниот глад е посилен од порано. А штом

Page 21: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 21

сме на ваков начин гладни, значи дека духовно умираме. Тој глад се надоместува единствено со правдата. Треба да повикаме на тревога, треба да ја барамеправдата, а и ние самите мораме да станеме праведни, зошто во спротивно нѐ чека духовна смрт.

„Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!“

Милосрдие, сомилост. Оној кој осудува не е милосрден, туку суров. Мораме да се бориме против гревот на осудувањето. Кој во себе има милосрдие, тој се осудува исклучиво себеси, се прекорува себеси како недоволно да им помага на другите. Од милосрдието неминовно извира желбата за правда. Оној кој не ја бара правдата, бара само начини да се обезбеди себе и своето земно битисување, а не му паѓа на ум дека на некого му е потребна помош. Оној кој не прави милост, ќе дочека да му се суди без милост. Ако сакаме да бидеме помилувани, мораме да научиме да бидеме милостиви кон другите. Кој од нас може да каже дека Божјата милост не му е потребна? Нас, грешниците ништо друго не ни останало освен да се надеваме на Божјата милост, бидејќи никој не може да се оправда за своите дела. Да послушаме, голем плач и крици се слушаат и одекнуваат повици за помош. Да одговориме! На светот му е потребно нашето милосрдие.

„Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога!“

Гледате ли колку треба да се трудиме за да дојдеме до шестиот степен на блаженствата. Чистотата на срцето не доаѓа веднаш. За тоа се потребни смирението, плачот, гладот и жедта за правда и милосрдието. Чистото срце ги отвора нашите очи за да го видиме Бога. Чистотата е смирение, чистотата е плач за своите гревови, чистотата е живот по правдата и сомилост кон другите. Во својата суштина чистотата на срцето е – љубов. Кога ќе го види Бога,човекот почнува да дава и на другите од своите штедрости. Тој не се грижи само за своето усовршување, туку се грижи и за другите.

„Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“

Миротворци не се само оние кои ги смируваат скараните, миротворци се и оние кои ги помируваат грешниците со Бога. Само синовите Божји можат да донесат помирување и да го донесат оној мир кој Христос го донел на земјата. Мирот е одлика во сите страдања. Мирот е поддршка која доаѓа од Бога. Миротворците се проповедници на Христовото учење, проповедници без страв. Седмиот степен претставува света граница, на која престанува сѐ земно и на која почнува искачувањето на Небото. Не е случајност што осмата заповед вака гласи:

„Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е Царството небесно!“

Бројот осум е симбол на вечноста. Оние кои го достигнале осмиот степен на блаженствата се луѓето кои грешниот свет не ги трпи и ги прогонува. Оние кои се прогонети заради правда – гичека Царството Небесно.

Бог нам во првата заповед ни го ветува Царството Небесно, но како цел кон која треба да се стремиме совладувајќи ја својата гордост, а тука, во осмата заповед, ние веќе се издигнуваме од овој свет во Царството Небесно.

„Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуват и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – заради Мене!“

Деветтата заповед за блажените, во суштина, претставува опширна, подробна осма заповед: Господ нас постепено нѐ учи како и на што да се радуваме. Не треба да се радуваме кога ни се чини дека имаме сѐ и дека сме потполно среќни, туку кога нас нѐ прогонуваат и клеветат. Гледате ли колку се возвишени заповедите Господови за блаженствата.

Старозаветните заповеди нѐ учеле како да станеме добри луѓе, а новозаветните заповеди нѐ учат како да го достигнеме Царството Небесно.

Кога ќе го поминеме старозаветниот пат, патот на борбата со гревот, пред нас ќе се открие новозаветниот пат –задобивањетона Царството Небесно. Тоа е и целта на верата!

Превод: ѓакон Димитар Арсовски

Page 22: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 22

1.Прашање (Можат ли да се причестуваат мали деца ако јаделе пред причеста?): Некои парохјани се незадоволни кога за време на Причеста свештеникот ќе ги праша дали детето претходно јадело. Детето, велат, не може да издржи да не јаде до 11 или 12 часот. Дали можат да се причестуваат такви кои веќе јаделе, и до која возраст?

Одговор: Претераната грижа на родителите за здравјето на нивните деца во дадениов случај е потполно неоснована и укажува само на нивното неверување или маловерие. На детето ништо лошо нема да му се случи ако не јаде пред Причеста. Во минатото кај нас во Русија, во простиот народ од најрана возраст ги навикнувале децата да ѝ пристапуваат на Причеста со празен стомак, и тука не може точно да се востанови никаква одредена возраст. Во секој случај, децата кои се веќе способни да употребуваат тврда храна, треба да ги

навикнуваме да се причестуваат на гладно. И никако не треба да се допушти причестување на деца постари од 7 години, кои веќе биле на исповед, ако не се воздржувале од земање на храна.

2.Прашање: Зошто е грев да се приредуваат забави во навечерието на неделните и празничните денови?

Одговор: Затоа што, според црковните сфаќања, денот почнува од вечерта воочи празникот, а целата ноќ пред настапувањето на празникот за христијаните претставува света ноќ. За време на таа ноќ умесно е да се занимаваме само со молитвена подготовка за празнувањето на настанот кој го прославуваме. Исто така, оние кои на Божествената Литургија ќе се причестат со Светите Христови Тајни, времето го посветуваат на читање на молитвеното правило пред Света Причест и на сосредоточена подготовка за примање на оваа најголема христијанска Света Тајна.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИЗА ЦРКОВНАТА ПОБОЖНОСТИ ГРИЖАТА ЗА ДУШАТА (2)

Архиепископ Аверкиј Џорданвилски

Page 23: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 23

Грев е да се приредуваат веселби во навечерието на неделните и празничните денови, веќе и поради тоа, што христијаните на тој начин се одвлекуваат од посетувањето на богослужбата – сеноќното бдение воочи празникот и Божествената Литургија наутро на самиот ден на празникот. На оној, кој се подготвува во сабота навечер или воочи празникот да оди на некоја забава, мислите му се обземени со таа забава и со подготовката за неа – како што поубаво да се облече и да се дотера. Таквиот тешко дека ќе појде во црква на вечерното богослужение. Оној пак, кој на таква забава го поминал поголемиот дел од ноќта, како што тоа денес и се случува, наутро нема да биде во состојба доволно рано да се разбуди за да појде во црква на Божествена Литургија.

Дали некој од современите христијани, кој сѐ уште не ја изгубил сосема верата и совеста, би приредил забава ноќта воочи Велигден? Секако дека не.

Меѓутоа, секој неделен ден по своето значење не е ништо друго, туку токму таа Пасха Христова, која се празнува секоја недела, додека ноќта воочи неа е истата таа воскресна ноќ. Кој за време на таквата, претпразнична ноќ приредува забави и си дозволува себеси да зема учество во нив, тој тешко греши зашто ја осквернува светињата на празничниот ден. Како што сведочи Словото Божјо, историјата на Христијанската Црква и пишаните споменици од најраниот период на христијанството,

првите христијани целата ноќ пред настапувањето на неделата или празничниот ден го поминувале во заедничка молитва, откаде што и потекнуваат нашите таканаречени „сеноќни бденија“, кои сега, поради човечката немоќ и слабост, се многу скратени и редуцирани. За тоа јасно говори важниот пишан споменик каков што претставуваат „Апостолските установи“: „Од вечерта па сѐ додека не запеат петлите пребивајте во бдение, молитви и прозби кон Бога, читајќи го до првите петли законот, пророците и псалмите, а кога ќе го прочитате Евангелието, обратете му се на народот со беседа“.

Дали е тогаш умесно современите христијани, кое сега веќе не се изложуваат на напорот на таквата навистина „сеноќна“ молитва во храмот, да ја поминуваат светата ноќ воочи настапувањето на празникот на потполно поинаков начин?

Само богоборните болшевици, како јавни непријатели на нашата света вера и Црква, намерно приредувале разни забави и веселби за време на воскресната ноќ, и воопшто за време на празничните црковни богослужби, за да го одвлечат народот од посетувањето на храмот Божји.

Залудно некои се повикуваат на тоа, дека вакви забави порано биле допуштени и во царска Русија. Зашто нив одлучно ги забранувале дури и нашите граѓански закони. Зашто уште царот Алексиј Михајлович 1648. година издал указ со кој е наредено во недела да се доаѓа во црква на вечерна, утрена и Литургија, при што било забрането „секое пијанство, и

Page 24: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 24

секоја глума, и лакрдијаштво, и сите демонски игри“. А за оној кој ќе останел глув за оваа наредба било пропишано „беспоштедно да се изудира со палка“, па дури и да се испрати во прогонство. Значаен е и 26. член на познатиот Законик од 1648. година: прописите кои ја чуваат светоста на неделата се однесуваат на времето почнувајќи од саботата, три часа пред да настапи вечерта. Дури и Императорот Петар Први, кој кај нас, по примерот на Запад, ги вовел таканаречените „асемблеи“, со указ сепак пропишал дека тие не можат да се организираат пред да се заврши неделната Литургија. А на 17. февруари 1718. година тој издал указ со кој сите се обврзуваат во недела да одат на вечерна богослужба, на утрена и Литургија. Царицата Елисавета Петровна со указ од 1743. година забранила меаните во недела да се отвораат пред крајот на Литургијата. Царот Павле Први со указ од 22. октомври 1796. година ги забранил театарските претстави во „сите саботи“. Конечно, 1833. година, во време на царот Николај Први, со труд на извесниот Сперански, составен е „Кодексот (‘Свод‘) на законот на Руската империја, во чиј 14. том се наоѓал посебен член „За чувањето на светоста на неделниот ден“. Овој член одлучно ги забранува сите балови, концерти, театарски претстави и воопшто јавни забави и веселби пред завршетокот на неделната Литургија.

Во почетокот на 20. век кај нас во Русија сѐ беше разнишано, па овие закони, како и многу други, престанале да се применуваат. И токму тоа ја довело царска Русија до страшна катастрофа – крвавиот болшевизам.

Затоа е крајно чудно, нелогично и неразумно, да се помислува на спасение на Русија, а претходно да не се поправат грешките од минатото – кои упорно се повторуваат, како што тоа го прават неразумните и каприциозни деца, само затоа што „така им се сака“ – и во сѐ да се следат поуките на нашата Мајка Црква.

Бог не може да се исмејува и затоа, престапниците на Законот Божји нема да поминат неказнето поради таквата профанација на празничните денови.

3. Прашање (Како оној кој се моли во храмот треба да одговара на кадењето?): Како треба оној кој се моли во храмот да одговара на кадењето на архиерејот, ерејот и ѓаконот: дали само со поклон, или со осенување со

крсниот знак, или пак со поклон и осенување со крсниот знак?

Одговор: Преку кадењето им се укажува почит на светите икони и воопшто на сите светињи кои се наоѓаат во храмот, каде што се наоѓаат и верните кои присуствуваат на богослужбите. По зборовите на свети Герман, „кадењето го претставува она миро кое било донесено на погребот на Господа, како и смирната и темјанот кој го донеле мудреците“. Покрај тоа, кадењето го означува и чистиот завет на добри дела, од кои проистекува миомирис, како што вели апостолот, зашто „ние сме Му на Бога благопријатен мирис Христов“ (2 Кор. 2, 15).

Кадењето пред иконите и другите светињи, на тој начин служи како израз на почитта кон нив, додека кадењето на верните претставува израз на желбата тие да се исполнат со Светиот Дух и со своите добри дела благопријатно да мирисаат пред Господа, исто како темјанот со кој се кади.

Оној кој го извршува кадењето, истовремено се поклонува кон оние кои ги кади, а верните му одговараат со ист таков поклон, не осенувајќи се притоа со крсен знак.

4. Прашање (Може ли да се прави само поклон, без осенување со крсен знак?): Може ли за време на богослужбата да се прави само поклон кон олтарот, без да се осенуваме со крсен знак?

Одговор: За време на молитвата поклонот секогаш се соединува со осенувањето со крсен знак. Поклонот без осенување со крсен знак се прави само како одговор на благословот со рака (но не и со крст) кој го дава свештенослужителот, и како одговор на кадењето.

5. Прашање (Може ли да се купуваат свеќи надвор од црквата?): Дали е дозволено надвор од црквата да се купуваат свеќи кои не се осветени, па потоа да се палат во црквата, скришум од клисарите, како што тоа некои го прават?

Одговор: Не е дозволено. Свеќата која се пали во црквата не е само израз на вера и љубов на оној кој се моли, туку и негова жртва за Црквата. Оној кој свеќата ја донесува однадвор, со самото тоа се одрекува од оваа од Бога благословена жртва која ја востановила Црквата, и е исто како да ја поткрадува Црквата.

Page 25: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 25

Преподобен Антониј Велики

СЕКОЈ ШТО ЖИВЕЕ ПОБОЖНО, ЌЕ БИДЕ КЛЕВЕТЕН И ГОНЕТ

Биди внимателен при читањето на светите книги, а особено при читањето на Светото

Писмо. Тоа ќе ги оттргне од тебе сите нечисти помисли. Ако со смирение ги читаш спомнативе книги и ги исполнуваш Божјите заповеди, милоста Божја ќе биде со тебе.

Сакај ги повеќе прекорите и навредите, отколку почитта и честа; сакај го повеќе заморот на телото, отколку одморот, и недостигот на неопходните работи сакај го повеќе отколку прекумерните.

Кога си в црква не размислувај за световните работи, ниту за тоа како ќе ги завршиш своите

земни работи.

Не откривај ги своите земни помисли секому, за да не го соблазниш ближниот. Не исповедувај ги секому своите помисли, туку само на оние кои можат да ти ја излечат душата. Кон секого биди пријателски расположен, но секој да не ти биде советник.

Однесувај се така за сите луѓе да те благословуваат.

Бегај од лагата, бидејќи таа ќе го оттргне од тебе стравот Божји.

Твојата уста нека зборува само вистина. Не колни се, ниту заколнувај, ни во вистинита, а не пак во сомнителна работа.

Ако си почнал некоја работа и видиш дека не е по волја Божја, веднаш напушти ја.

Земи пример од оние што се подобри од тебе, оние кои Го љубат Бога со сето срце и кои прават добри дела. Нив прашувај ги и од нив барај совет. Оттргнувај се од световните луѓе, кои световно мислат и зборуваат само за земни работи

Не дружи се со горделиви луѓе, туку со кротки и благи.

Биди скромен во сè: во движењето на телото, во облеката, во седењето, во станувањето, во својот дом, во сè пред секого.

Ако некој, иако си невин, те обвини за некој грев што не си го сторил, не лути се, туку смири се и Бог ќе те награди. Не гневи се и не биди злопамтивкон оној што те разгневил, бидејќи можеби и ти самиот си виновен за тоа.

Не плаши се од презирот на луѓето и од клевети. Секој што сака да живее побожно, ќе биде гонет, клеветен и презиран.

Не откажувај се од волјата Божја заради исполнување на човечката волја и не нарушувај ги Божјите заповеди од почит кон човечкото пријателство.

КАКО ДА СЕ СПАСИМЕ ВО СВЕТОТ - ПОУКИ КОН ХРИСТИЈАНИТЕ ВО СВЕТОТ -

светоотечка ризница

Page 26: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 26

Преподобен Ефрем Сириски

БЛАЖЕНСТВОТО НА ВОЗДРЖУВАЊЕТО

Постои воздржување во зборувањето – да не се зборува многу и да не се изговараат

празни зборови, да се владее со јазикот и да не се злословува, да не се кажуваат навреди, да не се изговараат клевети, да не се празнослови за она за што не треба да се зборува, да не се осудуваат браќата, да не се откриваат туѓите тајни, да не се занимаваме со она што не е наше. Постои и воздржување со очите –тоа значи да се владее со својот вид, да не се вперува погледот на сè што ни е пријатно и на било што недолично. Воздржувањето на слухот, од своја страна, подразбира управување со слухот и недозволување да нè погодуваат празни зборови. Понатаму: воздржување во поглед на раздразливоста е владеење со гневот и умеење да не пламнеме во моментот. Воздржување од славата претпоставува владеење со духот, да се нема копнеж за слава, да не се бара слава, да не

бараме почести, да отсуствува гордоста и копнежот по човечки пофалби. Воздржување на помислите е победување на помислите со страв Божји, неприфаќање на било каква соблазна и распламтена помисла и насладување со нив. Воздржување во поглед на јадењето значи да владееме со себе и да не бараме за себе обилни скапи јадења, да не јадеме пред утврденото време, да не му се предаваме на духот на стомакоугодието, да не ја поттикнуваме својата алчност кон храната и да не копнееме по разновидни јадења. Воздржување во поглед на пиењето значи да се владее со себе и да не се пие вино без потреба, да не се бараат разновидни пијалоци, да не се копнее по задоволството што го даваат вешто подготвените пијалоци, да не се конзумира без мерка не само вино, туку, ако е можно, и вода. Воздржување во поглед на желбите и порочните сластољубија значи да се владее со своите сетила, да не им се угодува на случајните желби, да не се задржуваме на помислите кои водат кон сладострастие, да не се насладуваме со она што подоцна ќе ја поттикне омразата, да не се исполнува волјата на телото, туку да се скротуваат страстите со стравот Божји. Зашто, навистина е воздржан оној кој копнее по небесно богатсттво и стремејќи се кон него со умот, им оддолева на телесните похоти и се згрозува од угодување на телото. Воздржан е оној што не сака погледот да го врти кон жените, кого не го восхитува телесната надворешност, кого не го привлекуваат земните убавини, кој не се насладува со пријатните мириси, кого ласкавите зборови не го фаќаат во своите мрежи, кој не останува заедно со жени, особено со нескромни, и не разговара долго со нив.

Голема е наградата за воздржувањето, и безгранична е големината нејзина. Затоа вистински блажен е оној, кој навистина стекнал воздржување.

Блажени се оние кои се воздржуваат, бидејќи ги очекуваат рајски утехи.

Да бидеме трудољубиви, но нашето трудољубие во вообичаените дела да не надвладее во однос на она што го покажуваме во делото Божјо.

За она воздржување со кое овде себеси се истошти, твојата убавина ќе заблеска како сонце во брачните одаи на Небесниот Младоженец.

Page 27: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 27

Преподобен Макариј Египетски

БОЖЈИТЕ ЗАПОВЕДИ СЕ МОЈА УТЕХА

Во светот постојат многу пречки на патот на угодувањето на Бога: сиромаштијата и

немаштијата претставуваат пречка и опасност за доспевање во живот вечен; и богатството е пречка во иста мерка; срамот меѓу луѓето и навредата, исто така претставуваат пречки; во иста мерка до искушенија доведуваат и болестите и страданијата; сето ова на човека може да му биде голема пречка. Исто така, и во помалку забележливите работи, страданијата и злобните искушенија претставуваат пречка за душата, така што таа не Му приоѓа на Бога; на таквите страданија и искушенија им е својствено душата да ја доведуваат во состојба на слабеење и пад (кога, како што се вели, на човекот сами му паѓаат рацете, како што вели Пророкот: „Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моето уживање“ (Псалм 118, 143). На тој начин, тагите и неволјите претставуваат пробен камен за душата, за тоа како ќе се однесува кога се наоѓа во тага; исто така и живеењето во добро и во изобилство, во спокојство и во душевна утеха претставуваат пробен камен за да се испита неразумната и нечувствителна душа, додека на разумната и верна душа ваквото искушение ѝ служи за вечен живот:

бидејќи Бог ги испитува душите и на едниот и на другиот начин, за да се увери дека дотичниот човек не Го љуби од користољубиви побуди, туку само како Сам Владетел, Создател и Бог, како Оној Кој е достоен за голема љубов и почит. Ако ниту во борбите, страданијата и трудот и практикувањето на добродетелите, ниту при спокојството и благодатта која Духот ја предизвикува во душата, ниту при тешките страданија предизвикани од гревот, кои го обременуваат човекот, човекот исполнет со искрена желба за да Му угоди на Бога не потклекне, не малакса, не стане рамнодушен (кон спасението на душата), тој, како достоен и како оној што со сето срце и со сета душа Го љуби Бога, со право и по заслуга станува наследник на царството и се удостојува да биде дете Божјо, родено од Дух: бидејќи, и покрај многуте страданија не малаксал, ниту потклекнал, и покрај пребивањето во состојба на спокојство и утеха на благодатта со која бил удостоен, не станал немарлив, и не паднал ничкум, губејќи ја силата од напор во постојаната и непрекината борба (со злото и искушенијата кои го опкружуваат); таквиот човек навистина е достоен за Бога и станува син на Царството Небесно.

Преподобен Исидор Пелусиот

СВЕШТЕНОТО СИДРО НА НАШЕТО СПАСЕНИЕ

Уште додека бил носен во утробата на Својата Мајка, Господ потпаднал под

заповед за попис на сиот народ и бил должен да му плати данок на ќесарот, обврзувајќи нè со тоа и нас да ѝ се покоруваме на власта, доколку тоа не му штети на благочестието. Затоа и ние ќе се угледаме на она на што нè научи Самиот Бог наш, Кој по Својот домострој осиромаши заради нас, и нема да избегнуваме плаќање на данок, наоѓајќи изговор со сиромаштијата.

Кој си го устроил животот со воздржување и задоволување од малку, достоен е за пофалба и голем е по душа.

Во секој поглед треба да ѝ се покоруваме на власта во она што не му пречи ниту на благочестието, ниту на добродетелите, со што, напротив, поради скромноста на оние кои ја почитуваат власта, и благочестието и добродетелите стануваат уште повозвишени и достојни за секаква пофалба.

Ниту богатството, колку и да е големо, па дури

Page 28: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 28

и од сите страни да тече; ниту достоинството, дури и да се мери со царското; ниту умната надареност, ниту дарот на говорништво, ништо не значат, ако не се соединети со вераи надеж во Бога. Богатството кое не е дар од Бога е трулежно и честопати се откорнува од коренот и им се одзема на оние што се стекнале со него, како што се случува со бесплодното и диво дрво, кое им штети на околните дрвја; умната надареност која не е украсена со божествена мудрост е бескорисна, бидејќи е нескротлива. Господ ги враќа назад мудреците и нивната мудрост ја претвора во лудост (Иса. 44. 25). Затоа, ако на оние кои не се утврдени пред Бога овдешното им е недоверливо, а она што претстои уште понеизвесно, да се фатиме за свештеното сидро на спасението.

Оној што е обземен од секојдневни животни грижи, нема да си ја вознесе мислата ниту кон нешто небесно, ниту кон нешто ангелско.

Преподобен Јован Касијан

ЦАРСТВО НЕБЕСНО СО НАПОР СЕ СТЕКНУВА

Треба да знаеме дека трудот на телесното воздржување го носиме, за со тој свој

пост да можеме да достигнеме чистота во срцето. Меѓутоа, овој труд ќе ни биде залуден, доколку,

знаејќи ја својата цел, без потклекнувања го носиме бремето на постот, а до целта, заради која поднесуваме толку жалости, не можеме да стигнеме; подобро е да се воздржуваме од забранетата храна за душата (односно од гревови и пороци), во која најпрво почнуваме да ги распарчуваме своите браќа, на своја погибел, за што е напишано: „Не љуби го злословието, за да не се истреби поколението твое“.

Небесното царство не го стекнуваат невнимателните, распуштените, раслабените, разнежнетите, туку упорните трагачи, како што вели авва Авраам.

Имај на ум дека во видливото воздржување на телото, сѐ уште нема полнота на совршенство; такво воздржување можат да имаат и неверниците – или од неопходност, или од лицемерие (авва Теона).

Блажен Диадох

ВНАТРЕШНИОТ ЧОВЕК – ТЕМЕЛ И ЦЕЛ НА СЕКОЈ ПОДВИГ

Воздржувањето е својство на сите добродетели, заради што „секој што се

бори, треба од сè да се воздржува“ (1. Кор. 9. 25).

Page 29: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 29

Како што, ако се отсече било кој дел од човековото тело, целиот човечки изглед станува грд, така и невниманието во поглед на било која добродетел ја разградува сета убавина на воздржанието, иако не го забележуваме тоа. Затоа треба со секој труд да се користат не само телесните добродетели, туку и оние кои се способни да го исчистат нашиот внатрешен човек. Каква е користа од чување на телото во девственост, доколку душата блудничи со демонот на непослушанието? Или, како ќе се овенча оној кој се чува од стомакоугодие и секаква друга телесна похота, а е невнимателен во поглед на гордоста и славољубието, неможејќи да истрпи ниту најмала навреда, иако знае дека светлината на вистината, тегот на наградата ќе се израмни со делата на правдата само кај оние кои ваквите дела ги правеле во духот на смирението?

Преподобен Пајсиј Величковски

ДЕСЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ ДОБРОДЕТЕЛИ

Прва добродетел е верата, бидејќи со неа, како што вели Господ, сè се стекнува.

Според нашата произволност, верата или се намалува или се зголемува.

Втора добродетел е нелицемерната љубов кон Бога и кон луѓето. Само со љубов се исполнува целиот закон и животот богоугодно се устројува. Љубовта се состои во тоа, својот живот да се полага за пријателот свој и да не им се прави на другите

она што за себе не го сакаме. Кој пребива во љубов, во Бога пребива.

Третата добродетел е постот. Под пост се подразбира јадење еднаш на ден во помала количина. Уште додека се чувствува глад треба да се стане од трпезата.

Четвртата добродетел е воздржанието – мајка и врска на сите добродетели. Воздржанието е убивање на гревот, оддалечување од страстите, почеток на духовниот живот и застапник на вечните добра.

Петата добродетел е бдението. Бдението со расудување го очистува умот од расејување на помислите, го прави лесен и го воведува во молитвата. Умереното бдение го весели срцето.

Шестата добродетел е Исусовата молитва. Тоа дејствувањее заедничко и за човекот и за ангелите; со оваа молитва луѓето бргу се приближуваат кон ангелското живеење. Молитвата е Божествена веселба.

Седмата доблест е смирението и смиреноумието. Смирението на срцето лесно го спасува и стариот, и болниот, и лепрозниот, и необразованиот, заради него се простуваат сите прегрешенија.

Осмата добродетел е тихувањето, односно оддалечувањето од секаква животна грижа, или молчењето и неодговарањето во окружувањето на многумина. Оној, кој си го скротил јазикот и кој го воздржува, целото тело ќе го одржи во воздржание.

Деветтата добродетел е нестекнување

Page 30: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 30

материјални богатства и сиромаштво.

Десетата добродетел е трезвено расудување во секое дело, бидејќи ако се нема расудување и доброто се свртува кон зло.

Без наведените десет добродетели нема спасение.

Старец јеросхимонах Сампсон

ПРЕД ЛИЦЕТО ГОСПОДОВО

Колку ли е само потребно бдеење над себеси секој ден, колку искоренување на гордоста

од своето битие, колку внимавање на својата ревност и на чистотата на совеста, колку подготовки за да бидеме достојни за вечноста! Доволна е и најмала гордост за да бидеме сопрени. Колку ли треба да се има ревност и колку не смее да се губи чекор! Во спротивно, демоните ќе нè соборат. Да ги земеме на пример воените заробеници: кога ги бркаат, преминуваат и по сто километри дневно, а

кој ќе заостане го убиваат, со забелешка: „Убиен поради обид за бегство“. Исто така постапуваат и демоните.

За да се сочуваме од грев, треба сè да правиме пред лицето Божјо.

Ако некој те праша нешто, одговори му со љубов, накратко. Кога одиш по улица и сретнеш некого, веднаш запрашај се како ќе изгледа тоа пред Бога; секогаш зборувај задлабочувајќи се во себе, за да не ти се провлече ласкањето, лагата, човекоугодувањето, за да искажуваш само чиста вистина.

Ако некој ти постави прашање, а ти не можеш

да одговориш, за да не излажеш и измамиш, за да не се однесуваш подмолно и лукаво, едноставно кажи: Не знам, не сум во состојба да одговорам, прашајте некој друг, кој има искуство или мудрост.

Во тој случај, навистина ќе живееш живот пред лицето Божјо, и секогаш ќе бидеш радосен и весел, и тоа спокојство никогаш нема да те напушти.

Никогаш не покажувај го своето расположение. Човекот исполнет со гордост и со егоизам, се грижи само за себе, не ги забележува луѓето кои го опкружуваат, во него нема љубов. Таквиот никогаш нема да си го приготви своето спасение. Неговата состојба е саможива, паганска.

Треба да се присилуваме однадвор секогаш да го чуваме спокојот, за во другите да не предизвикаме огорченост. Христијанското живеење е страв да не натажиме или огорчиме друг човек.

А на нанесување навреди на друг не смееме дури ниту да помислиме. Тоа е прва и основна грижа на секој христијанин, мерка на сечие христијанство.

Гризењето на себеси е покајание од демоните, од своето гордо „јас“. Човекот си се обвинува себеси зошто пошол некаде, бидејќи, ако тоа не го сторел, немало да наиде на искушение. Никого не треба да обвинуваме – ниту демоните, ниту човекот, а ниту себе. Дадено ни е само правото – колку што тоа ни го дозволуваат можностите – да му се противиме на гревот, да се чуваме од грев, да паѓаме пред искушението – сето тоа со Божја помош, имајќи го молитвеното устројство како штит и негувајќи го смирението.

Секој ден повторувајте си дека среќата е во пријателството, во секојдневната доверба едни кон други, во тоа да се насладуваме едни на други и (според правилото) да правиме отстапки едни на други; никој помеѓу вас да не се поставува како командант. Сласта на кроткоста нека биде со вас. Ако некој од умор, или од душевно растројство е наклонет кон гнев, раздразливост, немир, единствено кротоста може да го смири во неговата растроеност. Опоменувајте се за Божјото присуство насекаде. Затоа, задолжително молете се наутро, во текот на денот и пред заминувањето на почивка. Задолжително постете во среда и во петок, за да не Го навредите Оној, Кој е секаде присутен.

Превод: Дипл. теолог Жаклина Трајчев

Page 31: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 31

Сега сите многу говорат за глобализацијата. Иако некои, и тоа мал број од нив, ја планираат и ја

спроведуваат. Глобализацијата за која станува збор се однесува на економијата, меѓународните односи (што води кон создавање на една над-држава) и, на крајот, глобализација во областа на религијата.

Глобализацијата е и цел на движењето Њу Ејџ, кое има за цел да го замени Христа со антихристот. Царството на антихристот, по мислењето на следбениците на тоа движење, мора да се поклопи со третиот милениум по Раѓањето Христово. Тогаш рибата (на грчки „ихтис“, риба, акроним од зборовите кои значат „Исус Христос, Син Божји, Спасител“) ќе ја замени водолијата (символот на антихристот).

Глобализацијата не може да биде успешна ако секоја религија не се одрече од своето тврдење

дека само таа господари со полнотата на вистината, и ако сите религии не се здружат за да создадат една нова, над-религија, која ќе биде мешавина од сите религии. Затоа сега гледаме нешто, што порано беше непоимливо: христијани, јудејци, муслимани, будисти и пагани се молат заедно за „мир“, и учествуваат во меѓурелигиските дијалози, за време на кои, особено монотеистичките религии, изјавуваат дека имаат ист Бог. Во текот на тие дијалози христијанските учесници, меѓу кои има, за голема жал, и православни клирици и мирјани, не го исповедаат Бог Света Троица и Воплотеното Слово Божјо, Синот на Отецот како Единствен Вистински Бог.

Секогаш мораме да имаме на ум дека онаа глобализација која сега се подготвува, не само што сака да создаде свет без Христа, туку и свет кој би бил против Христа. Над-државата, над-

ХРИСТОС И ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТААрхимандрит Георгиј (Kапсанис),

игумен на Манастирот Григоријат на Света Гора Атонска

искушенија на современоста

Page 32: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 32

економијата, над-религијата, по замислата на оние кои ги подготвуваат, не само што нема да му служат на Христа и на човекот како на образ Божји, туку на антихристот и на оние кои ќе му се поклонат. Во рамките на таквата глобализација ќе се воведат такви закони и општествени установи, кои ќе ги ликвидираат основните човечки слободи и луѓето ќе ги направат робови на „земните моќници“. Нешто слично веќе отпочна во нашата татковина Грција, во која на нашиот народ настојуваат да му наметнат некој однадвор измислен поредок и установи. Сите тие водат кон наметнување на глобална контрола над граѓаните. Особено нѐ вознемирува Шенгенската спогодба, зашто во истата гледаме претходница на глобалната контрола.

Дека нашата загриженост не е без основа, покажува фактот дека на нашите браќа од другите балкански земји сега им е отежнат влезот на територијата на нашата татковина. Со други зборови, таа спогодба делува на штета на Православието. Како православни христијани, ние одбиваме да ја признаеме, и со самото тоа, да соработуваме со глобализацијата од типот на Њу Ејџ.

Вистинската глобализација почнала со Воплотувањето на Бог Словото, Кој сецело ја прими човечката природа и ги соедини „некогаш разделените естетства“, воскреснувајќи го „серодниот Адам“. Исус Христос е навистина Вселенски човек, Сечовек. И тоа затоа што „немавеќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса“ (Гал. 3, 28). Секој Христијанин, кој е соединет со Христа така што Христос живее во него и тој во Христа, исто така постанува вселенски христијанин. Тој со себе ги прегрнува сите луѓе без разлика на раса, јазик, религија и националност. Тој постанува вселенски (соборен) човек, микрокосмос и во исто време и макрокосмос, не само заради тоа што во него е содржано целото човештво, туку и сето создание. Како може обожениот Христијанин да не биде вселенски и сесоборен? Такви сесвети луѓе биле сите Апостоли, древните и новите Маченици, Подвижници, како и мирјаните кои го носеле подвигот на љубовта и самопожртвувањето.

Господ Исус Христос е сесветски, затоа што Себеси се принесе на жртва за сиот свет.

Антихристот и неговите слуги за себе си го присвојуваат називот „светски“ (глобален). И тоа затоа што тие не се жртвуваат себеси заради луѓето, туку ги жртвуваат луѓето заради некаква идеологија

на „сесветскост“ и „глобализација“.

Во времето на Првото Доаѓање Господово, извесен степен на глобализација постигнал тогашниот Рим. Тогаш се нарекувал “PAX ROMANA”. Оваа глобализација била заснована на разликите помеѓу слободните и робовите, помеѓу угнетувачите и угнетените и подразбирала поклонување на идолите, во кои Христијаните го виделе претечата на антихристот. Помеѓу тогашната и сегашната глобализација ќе има многу заеднички нешта.

Да се сетиме што пее нашата Црква во навечерието на Божиќ: „Кога Август беше единствениот владетел на земјата, многувластието на луѓето престана. А кога Ти (Слове) се воплоти од Пречиста (Дева), идолското многубоштво се уништи; сите овоземни градови влегоа под едно царство, и сите народи поверуваа во единствениот Господ Бог. Луѓето се попишуваа по заповед на Кесарот, а ние верните се попишавме со името на нашиот Бог, Кој се воплоти. Голема е Твојата милост, Господи, слава Ти“.

Секоја монархија и глобализација без Христа начелно можат да го укинат „многувластието на луѓето“. Но „многубоштвото идолско“, разновидното идолотворење на лажните богови и идеологии, може да го укине само Христос, „Кој се воплоти од Пречиста (Дева)“. Тогаш „луѓето се попишуваа по заповед на Кесарот“, а и нас сега нѐ попишуваат разните државни и над-државни власти. Но, Христијаните со таквото попишување не можат да бидат задоволни. Затоа што таквиот попис е антропоцентричен, а постои можност дека еднаш ќе биде и демоноцентричен. Тие сакаат да бидат запишани во името на Богочовекот Христа.

Ние се стремиме кон богочовечка глобализација, кон светско обединување во Телото Христово, во Црквата. На тоа се надеваме и заради тоа се подвизуваме. Бидејќи сме Христијани, ние не се поклонуваме на супермени, идеологии, идоли и лажни спасители. Му се поклонуваме само на во Витлеем Родениот, Господ Исус Христос, Смирениот Исус. На Оној Кој нѐ искупи со Својот Крст и Воскресение. И ние Му се молиме за богатството на Својата благодат да го даде на Својот народ и нам, за да не нѐ измамат лажните пророци, за да Му останеме верни на Неговото Име до смртта.

(Воочи Божиќ 1998 год.)

Превод: Ѓакон Емил Атанасов

Page 33: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 33

(Кон изданието на книгата „Чудата на Пресвета Богородица“, која првпат излегла од печат во 1984 г.)

Бог во почетокот ја создаде земјата, условите за живот на неа и самиот живот. Откако даде закон за развиток на

животот, Бог се „скри“ од очите на човекот и со него општеше преку законот на природата.

Таа привидна оддалеченост меѓу Создателот и создаденото како да има две основни цели: за човекот таа беше потребна поради раѓање чувство на самобитност и самостојност во неговата свест, чиј главен резултат ќе претставува самоиницијативниот и динамичен принцип за човековите волеви акции во оваа иманентна стварност; на Бога пак како да Му беше угодно, од Својата трансцедентна реалност, човекот – делото на Своите раце, да го гледа на земјата како на екран.

Создаденото, се разбира, секогаш е во зависност од Создателот. За да не дојде до застранување во слободното дејство на човекот, или пак до слабеење на неговата животна енергија, одвреме-навреме Бог ја отстранува бериерата на природните закони и стапува во директен контакт со човекот. Тие општења без непосредни додека човекот живееше во Едемската Градина. Тогаш Бог со човекот разговараше лице в лице, му ја соопштуваше непосредно Својата волја и го раководеше во животот. По погрешувањето и истерувањето од рајот, оддалеченоста меѓу Бога и човекот стана голема. И потоа Бог мусе јавуваше на

човекот, но многу ретко.

Така, на пример, на првите потомци на Адам и Ева, преку знаци Бог им ја соопштуваше Својата волја (1 Мој. 4, 4-5). Во важни случаи Бог се доближуваше до човекот и во монолог му откриваше што треба да прави, на пример, кога Ное примаше од Бога упатства за градење на ковчегот (1 Мој. гл. 6 и 7), или кога сакаше да го утеши Својот слуга Авраам, преку чуда Бог се „спушти“ на негово ниво и водеше дијалог со него очи во очи (1 Мој. гл. 28).

Освен лични јавувања и разговори со луѓето, Бог правеше чуда и преку Свои избраници во настојувањата да го остварува Својот план со човекот. На пример, за да му обезбеди исхрана на Својот пратеник пророкот Илија, Бог ги игнорира законите што ги беше вложил во животот на природата и преку птици му го праќаше дневниот оброк; за да му осигури покрив над главата, му даде моќ да направи чудо и го воскресна синот на вдовицата во Сарепта Сидонска (1 Цар. 17, 22).

Значи, Бог ги правеше чудата не без потреба, ниту да ја покаже Својата моќ, туку со цел да го корегира и управува народот и да го совладува отпорот од луѓето, што се појавувал во остварувањето на Својот план за спасение на човечкиот род.

И во Новиот Завет Бог продолжи да прави чуда и преку нив да одржува видлива врска со луѓето и да го води народот, иако не Му беше угодно на тој начин да се докажува Себеси (Мат. 12, 38-39; 16, 1-4). Свети Јован Крстител, Претечата на Спасителот

ЧУДОТО И НЕГОВАТА МОЖНОСТЕпископ Велички Гаврил Светогорец

Page 34: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 34

Господ Исус Христос, претставува чуден, задоцнет плод на неговите престарени родители; Пресвета Богородица на натприроден начин го донесе на свет Спасителот Господ Исус Христос, Кој уште преку пророците беше наговестен; Богомладенецот на чуден начин го откриле пастирите и мудреците (Мат. 2, 11); крштевањето на Исуса беше придружено со чуда: Бог Отец и Бог Свети Дух се јавија и го посведочија божеството на Исуса Христа.

За да го покаже Своето небесно потекло и да го скрши отпорот на скептиците и неверниците, Господ Исус Христос ја отпочна Својата спасителна мисија со чудо во Кана Галилејска. Потоа, за да обезбеди добар успех на Својата мисија, Тој правеше дотогаш невидени чуда: болни лекуваше и мртви воскреснуваше. А за да ги утврди Своите ученици во верата во Себе, Тој им се покажа во Својата небесна слава на Тавор.

По завршувањето на евангелската мисија на Господ Исус Христос, Неговото дело го продолжија светите апостоли, апостолските ученици и Светите отци низ сите векови. Тие, исто така, помагани од Светиот Дух (Дела 2, 1-4) правеа чуда, со кои

ја потврдуваа вистинитоста на својата проповед и ја откриваа светоста на Христовата наука. Тие правеа мноубројни чуда, затоа и така брзо успеваше евангелизацијата на светот. Меѓу светителите кои се истакнуваа со правење бројни, големи и уверливи чуда, спаѓаат светите бесребреници Козма и Дамјан, свети Спиридон, свети Николај и други, кои се именуваат чудотворци.

Меѓутоа, најголеми и најславни чуда после Господ Исус Христос, правеше и прави Пресвета Богородица. Таа ги прави тие чуда затоа што, како Мајка Божја, е исполнета со Божествен Дух, Кој во неа внесе силна сострадална љубов кон човечкиот род, а љубовта е – Бог! Значи, тоа нејзино максимално обожување е во состојба да направи чуда – големи и невидени. Таа ги закрепнуваше изнемоштените, ги помагаше бедните и онеправданите, им даруваше здравје на болните и мртви воскреснуваше, особено по Нејзиното вознесување на небесата. Пресвета Богородица и сега ги отклонува бариерите на развојниот пат на Христовото учење и обезбедува успех на вистинската вера во Бога.

Page 35: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 35

На огромната и сеопфатна душеспасителна мрежа на христијанството, составена од воздржници, праведници, преподобни, светители, маченици, ангели, архангели, припадници на земниот и небескиот свет, востановена од Божјата промисла, Света Богородица е најблиска до Бога. Посоодветна личност во историјата на Божјото спасување на душите немало ни во Стариот ни во Новиот Завет, ниту на небесата ни на земјата; најголемата родена од жена е и најмоќна застапница пред Бога за родените од жена.

Улогата на исклучителен помагач на душите, Света Богородица ја прими уште во Нејзиниот живот, кога самата своеволно се вклучи во кругот на светите апостоли.

Мајката Божја, целиот свој земен живот, по смртта на Исуса Христа, го посвети на ширење на Евангелието на нејзиниот возљубен Син. Живо соработуваше со светите ученици, го делеше доброто и злото со последователите на учењето на Господа, се молеше на својот небесен Син за успех на нивната мисија, беше врска со небесата, а и самата одеше да проповеда, според нејзините физички можности, не штедејќи ги своите сили.

Огромно, непроценливо и незамисливо за човечкот разум е спасителното дело на Пресветата Мајка Божја. Надвор и над секое вреднување е нејзината заслуга за искупувањето на човечкиот род од злото, ѓаволот и смртта. Безгранична е нејзината љубов кон човекот. Сеопфатна е нејзината грижа и неуспивни се нејзините настојувања за добробитие на луѓето. Семоќни се нејзините молитви, интервенции и застапувања пред престолот на Божјата милост, за оние кои страдаат, Таа беше и сега е последна и сигурна помош и на најголемите грешници, ако макар и во последниот час со вера, разум и чувство се обратат кон Неа, а најголем успех на спасителниот труд на Мајката Божја на земјата, нејзино чудо над чудата, секако претставува цветната, духовна градина – Света Гора Атонска. – Ако би можеле да се опишат сите чуда и свети дела што ги правела и постојано ги прави Пресвета Богородица, со полно право би можеле да ги примениме зборовите на свети Јован Богослов: „Не би можеле да се сместат ни во целиот свет напишаните книги“.

Ова, напред што го рековме, се однесува за верниците, за оние што ги огреала небесна светлина, кои имале среќа Божјата рака да ги преведе преку бурниот океан на барања и

сомневања во сѐ и секого, па во верата во Бога нашле тивко и безбедно пристаниште. Тие, овде предложените примери од делото на Божјото спасување на човечките души, ќе ги примат како насушна и здрава духовна храна во својот верски живот, без да се сомневаат во можноста на чудата или пак во вистинитоста на приведените чудни настани, затоа што и самите во својот религиозен живот имале прилика честопати да доживеат случаи многу слични на овие што ќе ги прочитаат во книгата. Тие само ќе се охрабрат и констатираат дека не се во заблуда: дека го нашле вистинскиот спасителен пат и дека чекорат во бескрајните редови на една вечна непобедлива земно-небесна армија, која незапирливо напредува од еден, привремен живот, во нов, вечен – небески свет.

Меѓутоа, оние кои не веруваат во Бога и душевен живот, односно од чии очи Бог со само Нему можен успех се крие, па поради тоа покажуваат слепило за духовниот свет и настаните во него – пред нивните очи да се случи и најголемо чудо – пак нема да поверуваат. Господ Исус Христос правеше вистински, неспорни божествени чуда: болни подигаше и мртви воскреснуваше, а беше сметан за обичен син на дрводелец! Неверието не само што го отфрли Бога, но и Го распна заедно со разбојници!

Ние на такви што не веруваат, не им се обраќаме, но, бидејќи постои можност оваа книга да дојде и во нивни раце, со намера да ги поштедиме од евентуални невкусни и тенденциозни забелешки верниците што во моментов ќе се најдат во нивна близина – потсетуваме на чудото што се случи во наше време кај нас, на наши луѓе. Оние, кои не веруваат во чуда нека отидат и нека разговараат со учесниците во ова современо чудо и изворно нека се известат за појавата и суштината на чудниот настан. (Се мисли на чудото што се случило во манастирот Трескавец кај Прилеп во тоа време).

Ако пак констатираат дека случајот не е достоен за верување, нека ги игнорираат и чудата во оваа книга, па и чудата воопшто. Ако Бог покаже милост кон нивните души, ако им ги отвори очите, просвети умот и омекне срцата за да видат во него небеска порака, тогаш нека се потрудат да размислат.

Како што видовме, чудата не им се туѓи на оние кои веруваат. Тие се нормална и редовна појава во животот на Црквата, едновремено и доказ за постоење на метафизички свет, на Бога и духовите.

Page 36: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 36

Дури за еден верски разум чудо претставува тоа што има такви кои не се во состојба да видат и почувствуваат појави и манифестации од духовниот свет. Ако се обидеме на верата да ѝ ги одземеме чудата, таа ќе остане осиромашена и празна, ќе изгуби нешто што ѝ е непридадено, но што е суштински нејзино.

На крајот да кажеме нешто и за тоа: што претставува чудото и зошто ни служи верата? – Чудото е појава или процес што се случува во одредени прилики и надвор од за нас познати форми на законите на природата. Во барањето на објаснување заа неговите појави и причини не е доволно да се ангажира само разумот и логиката; треба да се вклучат и интуицијата, а особено верата. А освен тоа, неопходно е да се претпостави постоењето и на друг, метафизички свет, освен овој физичкиот. Верата е средство кое ќе ја отклони бариерата меѓу тие две реалности и ќе го прошири полето на барање на изворите и причините на дадената појава.

Верата е неопходен фактор во животот, кој се јавува како мост за надминување на несфатливото и неверојатното, а сепак вистинито и присутно.

Верата, воопшто, е универзален, иако често негиран, сепак незаменлив, волшебен клуч за објаснување на тајните на животот. Таа е потребна за прифаќање и сознавање на вистините не само од областа на религијата. Верата е потребна исто така и на науката дури и во нејзините најегзактни области, во кои има тајни што од гледиште на логичен разум сме принудени да ги примиме со вера, ако сакаме да ги регистрираме како факти.

Какво задоволително објаснување ни дава науката кога зачудени ќе се најдеме пред кабел под електричен напон, низ чиј обем од само неколку милиметри, без никаква видна манифестација циркулира огромна енергија која заменува стотици и илјади работни раце?! За суштината на електричната енергија рационалниот научен разум може ли и денес да рече нешто повеќе отколку

Дубис-Рајмондовиот „игнорамус ет игнорабимус“, а да не стравува дали еден ден не ќе мора да се извинува како за Демокритовиот атом?

Каков одговор ќе ни дадат најсовремените познавања на нуклеарната физика за суштината на материјата, мајката на материјализмот, ако со право логички претпоставиме бескрајна деливост на нејзините компоненти и нејзиното трансцедирање во сила – кон какви сознанија денес водат сите патишта на науката?! Во општата катаклизма на вредностите во ова апокалиптичко време, дали има нешто поцврсто и попостојано отколку верата, обичното верување, пред кое по неопходност нѐ поставува и самата наука за своите најосновни вистини?!

Со каков сигурен одговор ќе го задоволиме нашиот љубопитен разум за суштината, функцијата и целта на Сонцето и неговите енергии, ако се обидеме да погледнеме во неговата топчеста врела маса – и се прашаме: зошто сѐ уште не дојде до „прегорување“ на Сонцето, до генерален верижен процес на ослободување на огромните внатрешни потенции, како при атомските експлозии и дефинитивно исчезнување на масата на Сонцето преку енергиите на сила, светлина и топлина?! Дали ни е познат факторот кој одржува хармонија и постојаност во константниот нуклеарен процес на Сонцето?!

Значи, и верата и науката се преполни со тајни и чуда, кои потекнуваат од ист Извор, и тоа повеќе науката без вера, отколку верата без наука – кои нужно треба да се прифатат како факти, онакви какви ни се претставуваат, односно какви ни ги интерпретираат науката и религијата, секоја за прашање од својата област (без едната да претендира за монопол во нормирање појави и од другата област) ако сакаме хармоничен тек на животот и избегнување на недоразбирања и конфронтирања, со какви е преоптоварен човекот, особено денес.

(Преземено од „Воскресение“ 4/1984 год.)

Page 37: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 37

(продолжение од претходниот број)

Има и такви екуменисти помеѓу „православните“, кои се многу скромни во своите надежи во однос на

екуменизмот. За нив екуменизмот е само начин да излезат на светската арена, да застанат пред сето образувано човештво и да кажат нешто свое. Секако, од оваа универзална трибина сите го покажуваат своето „големо Јас“, поради што да се криеме, останувајќи настрана од толку важни случувања, настрана од религиозните луѓе, кои заеднички бараат решение за светските проблеми? Ние можеме на тој собир да произнесеме и нешто свое, за доброто и користа на страдалното човештво, можеме да внесеме свежа крв во миротворното движење.

Воопшто, мотивите на појавување на екуменистичките конференции и собири на

„православните“ христијани можат да бидат најразлични, од немањето волја со своето отсуство да им се нанесе навреда на уважуваните и достоинствени покровители и организатори на тие собири, до примањето врз себе „со болка во срцето“ на самопожртвуваниот подвиг – со своето „благодатно“ присуство да го „осветат“ тој собир на заблудени души, тајно вознесувајќи за нив пламена молитва. Сосема е можно некои „православни“ екуменисти да мислат дека само нивното внатрешно пламтење со христијанска љубов, благодатта, која скриено ја носат, дека самото нивно добро и пристојно „духовно“ однесување и побожност на лицето можат да направат чудо, и луѓето, привлечени од некој таинствен позив да се преобраќаат во Православие. Има денес (и тие не се реткост) и такви христијани кои „горат со ревност“, на кои им се причинува дека „благодатта“

ПАСХА БЕЗ КРСТИЛИ УШТЕ ЕДНАШ ЗА EКУМЕНИЗМОТ (2)

Архимандрит Лазар Абашидзе

кривоверија

Page 38: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 38

само се шири од нив, како миомирис на темјан, дека осветува сѐ наоколу, дека нивниот молитвен, подвижнички живот го преобразува и воцрковува околниот свет. На таквите луѓе им се чини дека е добро и корисно што секого и сѐ привлекуваат кон себеси, дека веќе самото нивно појавување било каде е приклонување на милоста Божја кон оние кои таму се присутни, и дека тоа неминовно ќе биде спасоносно за нив. Тие се подготвени да минат преку сите пречки, ништо не ги плаши, тие се подготвени со крст и со осветена вода, пеејќи псалми, да одат низ градови и села, низ гори и полиња; тие ги поросуваат со осветена вода затворите и болниците, стадионите и театрите, улиците, куќите, продавниците и спомениците. Како што древните маченици под изговор на поклонување на идолите влегувале во незнабожечките храмови и ги уривале со молитва, така и тие сакаат со молитва да го преобразат и спасат сиот денешен отпаднички, пагански свет.

Кои се корените на така занесениот, на така наивно-восхитувачкиот пристап кон христијанскиот живот? По сета прилика причината треба да ја бараме во следното: современите луѓе премногу ја засакаа земјата, овој свет, го засакаа животот свој во овој свет, ја засакаа својата дејност на земјата, својата падната состојба, своето богатство, својата „духовна“ култура, своите уметности и својот „прогрес“, се зариле во земјата, се уживеале во овој свет. Второ: човечкиот ум постанал рационалистички, човекот навикнал да мисли само во категориите на просторот и времето. Сѐ што се наоѓа надвор од границите на видливиот свет не се вклопува во поимите на современиот човек. За да разбереме, односно да поверуваме на словото во вистините навистина духовни, неопходно е да го пречекориме своето вообичаено мислење, да се предадеме и да се покориме на верата, да се промениме, да се возвисиме со умот и во некоја смисла и да излеземе од умот. Но, тоа за рационалистот е – безумие. Но, токму претераната логичност и бојазноста да се истапи од својата разумност, најчесто и биле причина за неприфаќање на догматските вистини од страна на еретиците кои Цркватаги осудила и ги предала на анатема. И трето: духовното слепило, недостатокот на реално, непрелестно духовно искуство во разликувањето на помислите, чувствата, постапките, непознавањето на својата вистинска духовна состојба. А коренот на сите овие три зла е во закоравеноста на човекот во својата гордост, во егоизмот, во самоувереноста.

Оттаму е и самоувереноста на современите „проповедници на Православието“.

Човекот кој ги гледа своите гревови, кој ја познал сопствената немоќ, и човекот кој не го гледа својот грев, можат подеднакво да изгледаат како верни и православни, да ги познаваат основните вистини на нашата вера и подеднакво да говорат добри и правилни работи, но нивната духовна разлика е крајно голема. Сиот живот на човекот, кој во длабочината на своето срце ги забележува првенците на страстите, подготвени да го умртват, е свртен навнатре. Сиот негов начин на мислење е покајнички, дејноста воздржана, скромна. Молитвата му е – за простување на гревовите, за исцелување на својата накажена душа. Кога го молат да се помоли за другите, нему тоа му е крајно тешко, и кога се моли за другиот, потта го облива и капе од неговото лице, а тој повеќе од сите би сакал сѐ да остави и да ја спаси душата своја. На таквиот човек не треба да му говориме што е внатрешен живот, какво основно духовно делување е потребно: пред него е неговата душа, убиена со гревот. Плач – кое уште делување може да биде корисно? Него можат да го обвинуваат за егоизам, за затвореност во самиот себе. Но во стварноста, само неговиот пат е вистинит. Принесувајќи покајание и плач поради своите гревови, молејќи го Бога да го исчисти од нив, тој навистина постанува нов човек, „нова твар“ (2 Кор. 5, 17). А благодатта Божја, која почива во кроткото и смирено срце, прави луѓето и несакајќи веќе да обрнуваат внимание кон него и да гледаат во него пример за вистински духовен христијански живот, а тоа ги привлекува кон поправање на себе самите.

А човекот кој не го гледа својот грев, се наоѓа во чудна, неприродна воодушевеност, тој како да е пијан! Со што себеси да се преокупира и исполни? Тој не знае дали зад себе има некакви тешки гревови, внатре во себе исто така ништо особено не гледа, а ако и гледа, „Бог е милостив, секако ќе ни прости! Сите ние сме грешни.“ Не сфаќа човекот што треба да прави внатре, во себеси, и ита нанадвор. Сета негова дејност е надвор, самиот тој постојано ја излева од себе својата светлост и добрина: милостината и молитвата за другите се толку „радосни“ за него! Би можело да се помисли дека тој е беспрекорен, а и колку добитнички се разликува од оној христијанин кој се кае и кој е преокупиран со самиот себе. А всушност тука има страшно заведување! Но, колку е тешко да се открие оваа измама! Тука е

Page 39: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 39

неопходно вистинско духовно видение. Тоа би покажало дека во срцето наместо Христа – е идолот на гордоста, идолот на егоизмот, кој за извор на секое добро не го смета Бога, туку самиот себеси. И важно е да сфатиме: видението (познанието) на својот грев не е мислено знаење за своите погрешки, туку тоа е покајничкиот дух, ревносната строгост кон себеси, омразата кон лукавството,

лицемерието, притворноста во себеси, омразата кон човекоугодувањето, извештаченоста, на секоја лага во себеси, а не само на очигледните гревовни желби. Видението на својот грев е дар Божји, првиот дар кој го дава благодатта на Светиот Дух на оној кој искрено го бара Бога. Тоа ја скрушува душата, ја смирува, не ѝ дава да мисли високо за себе, ја отрезнува, го наведува вниманието

Page 40: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 40

навнатре. Кој не го увидел својот грев, тој уште не почнал да живее духовно. Таквиот човек, ако и даде совет, тој совет нема во себе сила, тој е преземен од фантазијата, од соништата. Зборовите на таквиот човек се пароли, постапките – глумење. Неговите знаења за духовниот живот се дилетанство. Неговата проповед е – отсуство на книжевен вкус. Неговата енергичност не е од ревноста за вистинско богоугодување, туку од копнежот за дејност во овој свет, „самопожртвувањето“ не е стремеж да го „изгуби својот живот“ заради сопственото спасение, туку негово оживување заради избегнување на смртта во Христа која од христијанинот се бара. Таквиот човек не го носи Крстот Христов, туку се занесува со крстот, измамувајќи се самиот себеси и другите. Да го спомнеме кажувањето на преподобниот Петар Дамаскин: еднаш умирал еден старец, кого луѓето го сметале за свет и за свој духовен отец, и плачеле неутешно над неговиот одар. А на друг, вистински духовен старец, му било во тоа време откриено од Бога дека старецот што умирал ниту за момент во својот живот не го успокоил Господа во своето срце. Свети Петар Дамаскин објаснува дека на подвижникот, толку почитуван од народот, Господ да не се успокои во неговото срце не му давале – гордоста и самоумисленоста, од кои во духовниот живот навистина нема ништо пострашно.

И токму од незнаењето на својата повреденост со гревот, неразбирањето на самиот тек на болеста, од самоувереноста, од расфрлањето со сопствените добри дела и напори се раѓа студениот, потценувачки однос кон догмите. Така често станува со луѓето кои се интересираат само за морално-аскетските прашања: тие не ја гледаат врската на догмите со животот. И поради тоа често мислат: „зошто ни се догми?“, „каква е разликата помеѓу религиите?“, „ја има ли воопшто?“ и слично на тоа. Но, понекогаш во духовниот живот настанува таква состојба кога човекот потполно ја губи довербата во сопствените сили и, повеќе не надевајќи се на себе, неминовно се обраќа кон натприродната помош – кон Бога. Токму тука и се открива сета голема, всушност и единствено важната вредност на „таканаречените догми“.

Крајно, крајно опасна е денес толку распространетата тенденција кон адогматизмот, кој најчесто ја одрекуваат не вистинитоста на Божествените догми, туку самата неопходност од нивно јасно познавање заради морален, духовен христијански живот. Таквото гледиште ги смета

догмите за нешто апстрактно, што нема врска со реалниот живот, ги обезвреднува и ги смета за практично непотребни, ја порекнува нераскинливата врска на догмите со заповедите. Но и покрај тоа: кога човекот ќе ја изгуби довербата во сопствените сили, тогаш одеднаш се покажува дека „догмите“ воопшто не се само „вистини“, односно не се апстрактни идеи, не се знаење, не се само предмет на умно верување, студено уважување, не се учење, туку напротив: токму во нив е и самиот вистински живот, или, подобро кажано, токму тие се и животот на душата, и само на нив се заснова, во нив има корен и од нив добива сила и самиот христијански морален живот, нашето добро однесување. Зашто животот на душата и се состои во учеството во тој натприроден живот, за кој догматите говорат преку формулации... Тогаш догмите задобиваат централно значење, а „моралните прашања“ – изведено, условно, второстепено... Кога душата ова ќе го сфати искуствено, тогаш од интересирање за морално-аскетските прашања преминува на „живот со догмите“, и тие за неа постануваат најскапоцени. Почнува, се зачнува срдечен однос кон догмите, а не мисловен; првичното, почетно знаење преминува во заедничарење, а ова заедничарење, или внатрешно соединување, дава вистинско познание. И самиот Символ на Верата тогаш веќе не изгледа како студено „објаснување“, туку како живо исповедање, огнено сведоштво за внатрешното заедничарење со Бога, срдечна љубов кон Него. И догматските вистини кои некогаш ни изгледале студени одеднаш се разгоруваат со внатрешен оган и го загреваат срцето посилно од сите други средства, зашто животот од Бога се излева во срцето на оној кој Го исповеда. На верата соединета со љубов Бог одговара со самооткровение, или со заедничарење, на призивање на Името Негово – со Живот во Него.

Треба да разбереме дека Православието не е само учење за Бога и човекот, не е философски систем кој се обидува да го објасни светот со нестварни поими и апстрактно формулирани мисли, туку најстварен, вистински живот во Бога, непрестајно живо и дејствено заедничарење со Него. Никаква друга религија нема ниту поим за тоа реално и вистинско мистично искуство, кое го поседува Православието. Токму затоа и ние веруваме во светоста на нашите догми, дека се тие се најнепосреден однос, отпечаток на нивото на разумот, она што им е откриено на луѓето во мистично искуство. Богословието на Црквата и догмите на нашата вера се заеднички израз на она

Page 41: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 41

што опитно го познале христијаните-подвижници, и тоа се оние богооткриени вистини кои може опитно да ги познае секој православен верник. Самото „христијанско богословие е само средство, само некој собир на знаења, кое треба да ѝ служи на онаа цел која го надминува секое знаење. Таа конечна цел е соединување со Бога или обожување“. И затоа: „христијанската теорија има во најголема мерка практично значење и колку е оваа теорија помистична, колку повеќе непосредно се стреми кон својата највисока цел – кон единство со Бога, толку повеќе таа е и „попрактична“. Учењето на Црквата е најтесно поврзано со внатрешното искуство, кое во различна мерка им се открива на

верните. „И сета сложена борба за догмите, која во текот на изминатите векови ја водела Црквата, нам ни се чини, ако на неа погледнеме од чисто духовна точка на гледиште, пред сѐ, како постојана грижа на Црквата во секоја историска епоха да им обезбеди на христијаните можност за достигнување на полнотата на мистичното соединување со Бога. И навистина, Црквата се бори против гностиците заради тоа, за да ја одбрани самата идеја на обожувањето како вселенски свршеток: „Бог постана човек заради тоа за човекот да може да постане Бог“. Таа ја утврдува догмата за Едносушната Троица против аријанците, зашто токму Словото, Логосот, ни го открива патот кон единството со

Бога, а ако Словото (Логосот) кој постана човек не е со иста суштина како Отецот, ако Он не е вистински Бог, тогаш нашето обожување не е возможно. Црквата го осудува учењето на несторијанците за да ја разурне преградата со која тие сакале во Самиот Христос да го одвојат човекот од Бога. Таа станува против учењето на Аполинариј и монофизитите, за да покаже: доколку Словото на Себе ја зема вистинската природа на човекот во сета нејзина полнота, дотолку нашата природа треба да влезе во единство со Бога во сета своја целовитост. Таа се бори со монотелитите, зашто без соединување на двете волји во Христа – волјата Божествена и волјата човекова – не можеме да постигнеме обожување: „Бог го создаде човекот само со Својата волја, но Он не може да го спаси без содејство на волјата човекова“.

Црквата ја слави победата во борбата за иконопочитувањето, потврдувајќи ја можноста Божествената реалност да се изразува во материја како символ и залог на нашето обожување. Во прашањата кои наизменично ќе искрснуваат во иднина – за Светиот Дух, за благодатта, за самата Црква (догматско прашање

Page 42: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 42

кое го постави нашето време), главната грижа на Црквата и залогот на нејзината борба секогаш е потврдувањето и покажувањето на можноста, начините и средствата за единството на човекот со Бога. Сета историја на христијанските догми се развива околу едно исто мистично јадро, кое во текот на епохите кои следеле една по друга, било бранувано со различни видови на оружје против големото мноштво на разни противници. Богословските системи, разработени во текот на сета оваа борба, можат да се разгледуваат во самиот нивен непосреден заемен однос со животната цел, за чие достигнување требало да придонесат“. Таа цел е соединување на човекот со Бога. Во тој случај ние нив ги сфаќаме како што треба – како сам темел на христијанскиот живот.

А денес зборовите „догма“ и „догматско богословие“ за некои постанаа речиси навредливи, како догмата да е – непријател на животот. Но отсуството на догмите е врата отворена за сите

заблуди. Адогматизмот ги одвикнува христијаните да мислат, да го разликуваат вистинското учење од лажното. Догмата или ереста е светлина или темнина, добро или зло, љубов или омраза, живот или смрт. Прифаќањето (и разбирањето) на догмите е единствен услов за познание на вистината и ослободување на човекот од секоја лага и од исполнување на дела на „таткото на лагата“. Ревноста без вистинско, благодатно познавање на догмите може да постане фанатизам, токму како што знаењето без ревност може да остане мртво и да не води кон спасение.

Црковното христијанство се бори за догмите, но сепак покажува трпеливост кон заблудените. По зборовите на свети Теофан Затворник, „вистинската трпеливост во верата искрено ја љуби и побожно ја почитува само својата вера (т.е. верата православна), ревнува за нејзина чистота и за нејзина слава, се радува на нејзиното возвишување, но притоа дава покрај себе место и за другите

Page 43: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 43

вери, не затоа што ги смета за рамни по чест и за спасоносни, туку од снисходење кон немоќите на заблудените. Таа не притеснува, не прогонува, не протерува, но воедно и не пропушта можност со љубов да укажува на заблудите и да го препушта на слободното убедување и на совеста изборот на подоброто“.

Догмата извршува строг суд над оние христијански заедници кои ја игнорираат долготрајната историја на Црквата и почнуваат повторно да создаваат свое сопствено „христијанство“. Во догматското богословие е изразена суштината на христијанската вера, богооткриеното знаење проповедано во Евангелието, објавено од апостолите, откриено и пренесувано низ вековите од Светите Отци на Црквата, потврдено во искуството на животот и смртта на најголемите Светии. И затоа догмата е – меч херувимски, кој се спушта помеѓу Духот, кој е вистина (1 Јн. 5, 6) и духот на измамата (1 Јн. 4, 6), т.е. помеѓу Христа и антихристот, помеѓу христијанинот и светот. Догмите на вистинската вера се опис на условите под кои е можно нашето спасение! Може ли да настапи време во кое догматските несогласувања помеѓу богооткриеното предание и ереста би постанале неактуелни?

Рамнодушноста во прашањата за верата е жива рана на родот човечки. Светителот Теофан говори: „Ако само една вера води кон спасение, така што ниедно иноверие не спасува, туку сите повлекуваат по себе пропаст, не ги погубува ли тогаш оној кој во нив ги задржува оние кои ги задржува? Кога владее помор и вештиот лекар пронаоѓа единствен начин на лекување, тогаш секој кој уверува: „не се грижи, и другиот лек е добар“, ги убива сите, кои ќе го послушаат. Таков е индиферентизмот: тој го раслабува и го убива духот. Оној кој во себе го има е речиси исто што и безбожникот, зашто очигледно дека за него верата е споредна работа, дека тој ја одржува од обичај, како подражавање на другите или, што е уште полошо, како да е тоа некакво политичко средство. Сите овие прекори паѓаат и на оној кој говори: сеедно, само верата да биде христијанска, и тоа било каква. Откаде оваа мисла? Апостолите со таква ревност воделе грижа за еднодушноста, толку вредно се грижеле да ја воспостават кога таа на било кој начин била нарушувана, и току строго се подигнувале против оние кои различно мислат, што им одредувале одлачување (изопштување, ускратување на заедничарењето и причестувањето),

а сега стана вообичаено да говорат: сеедно, само да биде христијанска, макар тоа било и ерес? А како што Господ говореше: „Ако и Црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и цариник“(Мт. 18, 17). А освен тоа, зошто Црквата во текот на сето свое постоење толку многу војувала и станувала против сите што различно мислеле? Зарем сето тоа е без последици?

Важно е да обрнеме внимание на тоа како екуменизмот, уривајќи ги „ѕидовите на поделба“, то ест – системот на догмите, се користи со крајно измамнички методи: на сите начини се размекнуваат, заменуваат и подметнуваат, мешаат (како карти) и превртуваат религиозните поими, термини и значења на наведените цитати. Од тие истите, би можело да се помисли, свети и на нашето срце толку мили зборови, се составува некакво сосема нечуено учење! Така западните богослови го ставаат во прв план „милосрдниот ближен“, а не „милосрдниот Бог“. Поместувањето на нагласокот во догмата неизбежно се одразува на духовниот живот: втората заповед – за љубовта кон ближниот, почнува да ја зазема местото на првата – за љубовта кон Бога. (А кога љубовта кон ближниот толку ќе преовладее, тогаш таа, како што тврди преп. Никодим Светогорец, може да нѐ оддалечи од љубовта кон Бога, да ни предизвика голема штета и да нѐ доведе до пропаст). Зборовите се избираат и се подесуваат еден кон друг така, што задолжително да му угодат на човекот со современа психологија. Повеќе не говорат за искупувањето, туку – за ослободување, со сето она што тој збор го содржи во својата двосмисленост. Се појавуваат мислења дека догматската содржина и смисла може да се изразува во разни вербални формулации, дека нема апсолутна вистина, дека нема владеачка идеологија – има многу идеологии, од кои секоја делумно е вистинита. Нема една Вистина – има многу релитивни, делумни вистини.

Но, тоа е страшна и погубна заблуда. „Науката и философијата си го поставуваат себеси прашањето: ШТО е вистина? Додека вистинската христијанска религиозна свест секога е свртена кон вистината „КОЈ“. Тие не ја сфаќаат сета негативност на своето „ШТО“; не разбираат дека стварната и апсолутна Вистина може да биде само „КОЈ“ а никако не „ШТО“, затоа што ВИСТИНАТА не е апстрактна формула или идеја одвоена од стварноста, туку е САМОЖИВОТ. Во религиозниот живот, човекот кој скршнува на патот на рационалистичките истражувања, неизбежно

Page 44: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 44

запаѓа во пантеистичко запазување (и сфаќање) на светот. Секој пат кога умот кој богословствува се обидува со своја сила да ја познае вистината за Бога, секогаш кобно запаѓа во една иста грешка, во која се потопени и науката, и философијата и пантеизмот, имено – во барањето и созерцавање на вистината „ШТО“. Вистината „КОЈ“ никако не се познава со разумот. Бог „КОЈ“ се познава само преку заедничарење во битисувањето, т.е. само преку Светиот Дух“. Да се запрашаме сега може ли Вистината – „КОЈ“ да се разбие на парчиња, губејќи ја полнотата и целовитоста?

За гледиштето на екумениститите, како и воопшто за современото мислење, каракатеристични се растргнатоста, мозаичноста, раскинот со целовитото религиозно сфаќање на вероучението, култот и воопшто на сите појави на животот, како духовни така и материјални. Целовитото догматско сфаќање го изразува монизмот, пристап кон сѐ кое произлегува од едно: „Во која мерка е тоа корисно за спасение на мојата душа?“ Или напротив: „Колку тоа ме одвлекува од христијанскиот пат?“ А растргнатата свест не води многу грижа за спасение на душата, и затоа не е во состојба да го најде единствениот вистински критериум на проценка. Таа нема во себе единство – целовит однос кон животот, целовито запазување и сфаќање на светот, нема еден (заеднички) – евангелски закон, кој треба да го условува сето дејствување, сите мисли и душевни движења на христијанинот. И затоа „следбеникот на христијанскиот либерализам“ може да оди на богослужби, да „ги задоволува своите религиозни потреби“ во храмот и притоа да наоѓа естетско уживање во баналноста на холивудските филмови, а во својата научна дејност да проповеда пантеизам, дарвинизам или други нехристијански погледи. Во областа на разумот, губењето на самодржавието (самовластието, неограничената, потполната и независна власт) на умот во спој со интуитивизмот доведува до спонтаност, до тоа човекот да се одвикнува да ги промислува своите изјави, формулирајќи ги како „во минување“ („во движење“, „онака попат“), што постанува причина за силна поводливост, подготвеност да дозволи лесно да го убедат во било каква глупост, ако е таа завиткната во убава амбалажа и ако се проповеда со голема самоувереност. Човекот си дозволува себеси да искажува мислења кои логички не се засновани ниту на догми, ниту на рационални докази, туку се само плод на чувствата на срцето и секуларните вредности; во претставите за

Бога ги внесува своите антропоморфни судови, ја прилагодува вистината на своите погледи. Посветовњаченоста на свеста и подреденоста на умот на емоциите доведуваат до отворена ерес, до тоа совеста и животот на човекот да не се судат според догмите, тку напротив – човекот ги прифаќа или отфрлува догмите во зависност од тоа дали тие им одговараат на неговите сопствени претстави за Бога и дали ја навредуваат неговата совест. Личноста со самото тоа врши еретички избор, дејствувајќи по „личен вкус“, а во стварноста и од каприц, ги избира (и извлекува) од системот на вероучението оние догми и морални барања кои „ѝ се допаѓаат“, отфрлајќи ги другите. Се создава општа атмосфера на двосмисленост и субјективност, во чија матна магличавост се разнесуваат критериумите на Вистината и Доброто: оттаму е неразбирањето на законот на духовниот живот, стремежот да се прескокнат одредени негови етапи, желбата за христијанска љубов без Крст, подметнување на замислена, прелестна љубов наместо христијанска љубов, заменување на умот – со фантазии, на здравиот разум – со субјективна произволност. Современиот свет покажува запрепастувачкабесчувствителност за гревот, не сака да ја види својата гревовност која го разобличува, а резултат на тоа е и појавата на богословие кое отворено му противречи на христијанското учење во поглед на многу важни прашања.

Екуменистите постојано ги повторуваат зборовите „МИР“, „ЉУБОВ“, „ЕДИНСТВО“. Но во нив вметнуваат смисла која ни најмалку не е христијанска, и не се ли однесуваат на таквите проповедничките зборови од Светото Писмо: „... и пророк и свештеник – сите дејствуваат лажливо: ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велејќи: ,мир! мир!’ а мир нема. Се срамуваат ли тие, кога вршат гадотии? Не, никако не се срамуваат ниту знаат за срам. Затоа ќе паднат меѓу паднатите, и во време на Мојата посета ќе бидат соборени“(Јерем. 6, 13-15). И уште говори Господ: „Немојте да мислитедека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни. Кој милува татко или мајка повеќе од мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене“(Мт. 10, 34-37). Мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам

Page 45: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 45

не како што го дава светот“(Јн. 14, 27). Не смее и недопустливо е да се заборава дека во овој свет се води постојана борба на Бога со ѓаволот, на Вистината со гревот. Таа борба се води во самиот свет, на земјата и на небото, не само во срцето на човекот, туку и во самата негова природа, вклучувајќи го умот и телото, борба која јазафаќа сета вселена. Затоа сме уште многу, многу далеку од „мирот“ и од „единството“, се додека сме должни да ги бараме патиштата за помирување со Бога – и тоа токму преку борбата со гревот и со сето она што е гревовно, преку разделеноста со оние кои погрешно учат за спасението, кои грешат и ги учат другите да грешат, преку постојана жестока борба со самите себе, со сето она што е страстно и порочно во нас. Затоа и од пастирите се бара пред сѐ збор на изобличување, честопати и строг, кој го шиба и сосекува гревот и лагата, кој отрезнува и заплашува. Се ближи Страшниот Суд, не е време да се говорат зборови слатки, заводливи, кои утешуваат и повладуваат, кои се пријатни за слушање. Да се сетиме на неодамна прославениот светител на Грузија – епископот Гаврил Кикодзе, на неговите пламени, разобличувачки проповеди, настанати во болка и од љубов кон својот народ: тој не му угодуваше на слухот на паствата, туку ги разоткривал пред неа сите живи рани на отстапничкиот свет. Навистина денес се потребни такви зборови – повеќе од секогаш! „Жесток е патот на спасението, – говореше познатата подвижничка игуманија Арсенија, – понекогашстанува и суров зборот искажан за него, – тоа е меч со две острици, и тој ги сосекува нашите страсти, нашата сетилност, а воедно предизвикува болка и во самото срце, од кое тие се сосекуваат. И дали ќе дојде време кога за овој меч нема да остане повеќе работа во

нашето срце?“ Христијанството „избавено“ од оваа болка на срцето, од овој меч кој сече и разделува, христијанство кое го засакало овој свет кој во зло лежи, кое сака да го успокојува и утешува човекот во неговиот болен, паднат вид, кое повеќе не го подигнува кога ќе падне, ниту го кара, ниту му се заканува, ниту го утешува со полна власт (2. Тим. 4, 2; Тит. 1,13; 2, 15) – таквото христијанство без Крст, без сол – е само една пристојна завеса, зад која спокојно живее и делува гревот. Љубовта кон ближниот е невозможна без победа над своите страсти, без болка, без борба, без крв, без омраза кон својот живот на овој свет, без негово губење заради Христа. За да можеш да кажеш дека го љубиш ближниот, него „треба да го поставиш на местото на кое што самиот стоиш, значи: прво треба да се симнеш од тоа место на кое стоиш. А каде е тоа место? Тоа е сиот свет, видлив и невидлив. Секаде самољубието заграбило сѐ за себе, ништо не сака да му отстапи на ближниот, а како и може душата да го љуби ближниот, кога чувствува дека тој одзема сѐ од неа, имајќи на сѐ исти такви права какви што има и таа. Треба од себе сѐ да одземеме за да можеме сѐ да му отстапиме на ближниот, и дури тогаш душата заедно со ближните ќе го најде и Господа. Следбениците на екуменизмот, можеби и самите не сфаќајќи го тоа, ја обновуваат ереста на хилијазмот: тие веќе пред Страшниот Суд, пред одвојувањето на пченицата од каколот, сакаат себеси да си испечат вкусен леб од таа пченица, сакаат веќе сега да го устројат царството на мирот и среќа на земјата, да го заобиколат Крстот и сите страдања и поделби, поврзани со Него. Оттаму се и непрестајните восхитени очекувања на „блескање“ на духовноста, верата и религиозноста. Но, треба да забележиме дека денес самите поими на религија и

Page 46: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 46

Црква се крајно збркани. Но, застрашувачко е што „во очите на многу наши современици разликите меѓу религиите го губат своето значење и доволно е да се верува во Бога за поимот на Црквата да се раствори во општиот поим на религијата (и тоа не само христијанската) и да исчезне. Пред нас е плодот од тоа: поимот на Црквата е или изопачен, или развеан, магливо споен со поимот христијанство воопшто. Еклисиологијата не е повеќе популарна. „Секуларните интерпретации и разновидните форми на харизматизам ја направија еклисиологијата како таква, по сѐ судејќи, за непотребна. Црквата почнаа да ја сметаат речиси како идол и, во секој случај, како пречка човекот да го препознае и уважи своето призвание во историјата и непосредно да прима духовни дарови“. Хаосот на рамнодушноста владее како во догматската област, така и во канонската област. Ние одеднаш го „сфативме“ она што Светите Отци не го разбирале: дека каноните се – „човечки изум“, а не во живот претворени догми на Црквата. „Соборите, каноните – сето тоа е застарено“, и сега прерогативите на Соборите („на Светиот Дух и нам ни беше угодно“) секој си ги пренесува на себе“.

За екуменизмот може долго да се зборува, меѓутоа, на крајот на краиштата, ќе бидеме принудени да го истакнеме сето учење на Светите Отци, не само за догмите, туку и за сите страни на духовниот живот. Зашто страшното изопачување, кое е втемелено во тоа движење,

пред сѐ е во оддалечувањето од духовниот центар на православното учење, во отклонувањето од главната оска на севкупниот христијански живот – од Крстот, од духот на покајанието, од духот на смирението. Затоа сето здание на екуменизмот, колку и да е тоа украсено, се гради на друг фундамент – на песокот на човечкиот егоизам. Тоа е – „Воскресение“ пред смртта на Голгота, „Пасха“ пред Страсната Седмица. Сето дрво на екуменизмот расне на почвата на отстапништвото, сето тоа е зло семе, самиот оној какол кој Ангелите Божји ќе го изгорат во неизгасливиот оган. Сосема е погрешно да се мисли дека со „одредена дипломатија“ од тоа дрво можат да се откинат за нас хранливи и корисни плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? (Мт. 7, 16)

„Затоа, браќа, – говорипреподобниот Јован Дамаскин, да стоиме на Црковното Предание, како на камен од верата наша, не поместувајќи ја меѓата која ја поставиле Светите Отци наши, не давајќи им место на оние кои сакаат новотарии и уривање на зданието на Светата, Божја, Вселенска и Апостолска Црква, зашто ако секој постапува по своја волја, малку-помалку, ќе се разурне целото Тело на Црквата!“ Амин.

Превод: Братството

на Манастирот Св. Гаврил Лесновски

Page 47: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 47

Д-р Антун Лисец е хрватски доктор, римокатолик, чии ставови се потпираат, пред сè, врз база на современите медицински сознанија и откритија.

Ова негово предавање, одржано на 15.02.2009 год. во Бар, Р. Црна Гора, првенствено ви го пренесуваме со желба, да се обрне повеќе внимание, не само на духовните, туку и на медицинските аспекти и штетни последици од сите овие современи појави, кои сè повеќе земаат замав и кај нас.

(Овој трет дел од текстот е продолжение од претпоследниот број на Троичник)

Постои и пост-абортус синдром – психичка последица од абортусот (не само кај жените, туку и кај мажите) – измачување

на совеста, депресија, чувство на вина, жалење, несоница, тешки соништа, напад на возбуда, фрустрации, губиток на самопочит, психички саморазорувања, појава на емотивни студенила и животен песимизам, пад на мотивацијата, појава на сексуални пореметувања, пореметување на комуникацијата со другите луѓе и со брачниот другар... Знаат да се појават и акутни психотични реакции, афективна психоза, губење на интерес за поранешните активности, наклонетост кон болестите на зависност, наклонетост кон постојано плачење и само нашиот најмил Бог може тоа да го излечи.

Е, сега, замислете колку луѓе околу нас трпат. Овие гревови го проникнале општеството. Поради нив страдаат членовите на нашето семејство, луѓето кои ги знаеме од детството, нечии родители, браќа, најблиски соседи, роднини... Одиш по улицата и ги гледаш тие луѓе, некакви тажни ликови. Тие, можеби, не се ни покајале, ниту пак се исповедале. Повторувам, само најмилиот Бог има сила ова да го излечи, преку Светата Тајна Исповед. Во црквата, свештеникот има право, во името Божјо, покајаниот грешник да го разреши од гревовите. Е, тоа е нашата шанса. Не е сѐ загубено, зашто ние веруваме во простување на гревовите, има надеж, има покајание...

Е, сега, тука се последиците врз семејството, врз целото општество, и тоа страшни последици. Народите не изумираат само поради абортусите. Изумираат и поради контрацепцијата, и поради стерилизацијата, изумираат и поради тоа што се игнорира бракот, се презира бракот, се избегнува бракот поради неоправдани причини. Зошто толку

се доцни со влегувањето во брак? Тоа е посебна тема. Зошто не го ценат бракот? Морам повторно да го рекламирам бракот. Колку има само момчиња неоженети, а девојки немажени? Постојат оправдани причини. Не треба веднаш да ги осудуваме оние кои не влегле во брак, ако не се ожениле. Од каде ние ќе знаеме зошто девојката не се омажила, или момчето не се оженило, тие секако имаат некоја своја причина. Можеби не ја сретнале личноста која би се согласила за брак. Не можеш да се венчаш со било кој, мора да имаш критериум, тоа се тие оправдани причини... Но, постојат и неоправдани причини – кога некој го презира бракот, не сака обврски, не сака да се жртвува за другиот, па мисли дека самиот или самата ќе си создава некаков свој живот, не знам само како и каде. И тогаш, можеш да добиеш рак. Еве, јас знам пример со една девојка: беше толку фина и побожна... вели: јас нема да се мажам, јас ќе се жртвувам за својот брат (кој бил болен), јас ќе се жртвувам, ќе ѝ помогнам на мајка ми, и на крајот, доби рак на дојката и умре. Го немала оној заштитен фактор на породувањето, кој штити од добивање на рак на дојката.

Сега замислете, колку имаме такви непотребни болести поради неоправдани причини. Па не може тебе психијатарот толку да те утеши поради твоите проблеми, со никаква психоанализа, колку што би те утешил твојот сопруг ако го имаш или твојата сопруга. Животот е тежок, Бог предвидел да постои бракот, и затоа треба тоа да го цениме. Тој брак го чува човековото здравје. Еве, сега да зборуваме малку на таа тема, зашто сето тоа е поврзано. Зошто

ПРИЧИНИ ПРОТИВКОНТРАЦЕПЦИЈАТА, СТЕРИЛИЗАЦИЈАТА,

ВЕШТАЧКОТО ОПЛОДУВАЊЕИ АБОРТУСОТ

(трет дел)

Д-р Антун Лисец

црквата и медицината

Page 48: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 48

народите изумираат? Практично, сите европски народи изумираат, затоа што повеќе умираат отколку што се раѓаат. Причината е во она што го реков – поради контрацепцијата, стерилизацијата, абортусите и што воопшто не се женат или мажат, или поради гревот на хомосексуалноста. Сето тоа се тие причини, тоа оддалечување од Божјиот творечки план.

Мислам дека денес девојките, многу често, се виновни поради тоа што има премалку бракови, затоа што тие имаат премногу високи критериуми. Таа бара тој нејзин иден сопруг однапред да има и стан, и автомобил, и висока плата, некоја добра професија, е дури тогаш, таа дама ќе се смилува и ќе се омажи, да дојде на готово. Па не може да се има сѐ одеднаш. Од каде ќе му е на момчето сето тоа? И како може тој во тие услови сето тоа да го заработи? Толку млад, а сето тоа одеднаш да го спечали. Можеби тоа го добил на подарок, па не знае да го цени, или можеби бил крадец, па тогаш таа ќе се омажи за крадец. Па нешто ќе створите и заедно, уште поубаво кога нешто и заедно ќе создадете. Во какви ли само мали куќички се оддавале нашите мајки и баби, па сепак, имале среќа и благослов, а подоцна и самите заедно создавале и печалеле. Значи, треба малку да се спуштиме на земјата, да не очекуваме премногу во материјален поглед, па тогаш, малку по малку, ќе се реши и она материјалното, но јас сепак мислам дека најголемата причина поради која што бракот се игнорира и се избегнува – се предбрачните сексуални односи. Сурогатен живот, не онака како што Бог предвидел, во брак што Бог го благословил, каде што мажот и жената се љубат еден со друг, туку тие од бракот го крадат она што му припаѓа само на бракот, па сакаат да живеат без брак, и потоа страдаат психички, душевно, грешно, но и умираат. Затоа што така, многу често, се заразуваат и со разни болести.

Контрацепцијата развила негативен однос кон бракот и кон раѓањето деца. Тоа исто така треба да го воочиме. Значи, тие употребуваат некои средства, некои постапки, за да не се раѓаат повеќе деца, зашто тие кон децата се однесуваат со некаков страв. Наместо да се радуваат на тоа дете кое треба да се роди, колку е тоа убаво, да се биде мајка, да се биде татко, повторно на уште едно дете. Тие сега почнуваат да се плашат од тоа дете. Па треба да се плашиме од змии, од комарци, од гревот, од она што не е добро, а не да се плашиме од деца. Но, ете, таа контрацепција го развила тој

страв, но развила и негативен однос кон бракот. И тука училиштата делуваа многу штетно. Во таа смисла, како е тука со учебниците во Црна Гора, вие тоа го знаете подобро од мене. Јас, колку што можев да најдам на интернет, видов дека вие сте многу преплавени со тоа неморално воспитување. Постојат некои организации кај вас, финансирани од странство, кои се борат против раѓањето на деца, имаат свои здруженија, им го испираат мозокот на оние со кои тие се дружат, на младината. Печатат некакви свои летоци, држат некакви свои предавања. Внимавајте, од тоа треба многу да се пазите. Јас ќе ви кажам само еден пример од Рига, главниот град на Латвија, каде што пред неколку години одржав предавање. Помеѓу останатото, бев и во едно училиште и таму одржав предавање, дојде и телевизијата, но новинарите како новинари, тие веднаш интервјуираат, разговараат со децата, дури и пред да го одржам предавањето. Кога ми рекоа што одговараат децата, односно тоа не се деца, тоа се средношколци, јас им реков: „Ве молам, немојте тоа да го објавувате“. Никој од стотината ученици со кои тие разговараа, не сака воопшто да влезе во брак, ниту планираат да бидат родители. Велат, зошто да влеземе во брак? Нас веќе нѐ научија како да живееме со сексуален живот пред бракот, веќе неколку пати држеа такви предавања во училиштето. Ние така живееме, што ќе ни е бракот? Бракот е обврска. А зошто да бидеме родители, зошти ни се нам тие деца? Нам главна цел ни е да го завршиме училиштето, па да заминеме некаде на запад, да заработиме пари...

Сега вие мене кажете ми, каде е иднината на било кој народ, ако младината не сака да стапува во брак, не сакаат да бидат родители, а тоа е резултат на таквото воспитување, на таканаречената сексуална едукација, а тоа е нешто мрачно, нешто сосема негативно, нешто што е потполно антихристијанско. Но, тие настапуваат од една сосема друга позиција – доаѓаат во училиштето, рекламираат разни средства за изведување на гревот, и тоа веќе претставува поддршка на оние кои веќе грешно живеат. Онаа девојка или момче кои се чесни, целомудрени, тие се срамат од самите себеси, зашто се чесни. А тие кои веќе живееле секаков нечист и неморален живот, велат: да видиш, директорот нѐ повика на тоа предавање, тоа е некој доктор кој го одржува предавањето, некоја организација, и гледаш, еве ние сме во право, така тие тоа си го замислуваат, и тука сѐ станува наопаку. Оние кои би требало да се покајат

Page 49: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 49

за својот грешен живот, сега мислат – еве, нас сите нѐ поддржуваат, а оние кои се чесни почнаа да се срамат самите од себеси. Како резултат на таквите предавања – има многу повеќе гревови, предбрачни и вонбрачни односи, многу повеќе има болести. Јас сега ќе ви кажам како тие болести се пренесуваат. Се развива негативен став кон бракот и кон раѓањето. Тое е нешто многу штетно, можеме, во некоја смисла, тоа да го наречеме и специјален облик на геноцид или геносуицид, на еден подмолен начин, е сето тоа е поврзано со ширењето на болестите. Па, вие мислите ли дека тука кај вас луѓето се поотпорни на тие болести? И тука ќе дојде истото, ако веќе не е и дошло, но не во таква мерка, се надевам, ако не се покаеме, ако не почнеме да живееме онака како што Бог предвидел со Своите десет заповеди.

И сега ќе бидам поконкретен, мене ми се чини дека и во вашата држава се обидуваат да зборуваат дека постои некаква пластика, некакво средство, некаков презерватив, и дека ако тоа го употребуваат – сите проблеми се решени. Ете, тоа е таа подвала, зашто проблемите не се решени, допрва доаѓаат. Најпрво, никогаш никој не открил, ниту ќе открие презерватив кој чува од гревот, а гревот е сида на душата, и никој нема право да им предлага грев на луѓето, зашто ако им предложуваат грев, тоа е против-верска дејност. Училиштето нема право

на тоа. Училиштето спроведуваше против-верска дејност во текот на долго време кога лажеше дека Бог не постои. Но сега во последно време, ми се чини дека и кај вас не го говорат веќе тоа толку директно по училиштата – дека Бог не постои. Тие веќе нема тоа така да го говорат, но сега ја променија тактиката – ги напаѓаат другите Божји заповеди, зашто има десет Божји заповеди. Кога тие напаѓаат било која од десетте Божји заповеди, тие исто така спроведуваат против-верска дејност, и кога рекламираат блуд, ја спроведуваат таа против-верска дејност. Значи, сфатете дека училиштето го нема правото на тоа. И вие родителите, морате да реагирате, вие свештениците морате да реагирате, сите мораат да реагираат – немојте да ни ги расипувате децата, оставете ги нашите деца на мира. Па не е сега тоа училиште сопственик на твоите деца, за да може со нив да прави што сака. Ти го испраќаш тоа дете во училиштето со доверба, дека таму ќе научи да чита, да пишува, да пресметува, да избере некоја професија, но некои се обидуваат да го злоупотребат училиштето за мисионарење на тоа ново паганство – јас така тоа го нарекувам, ново паганство, и да го рекламираат она што Бог го забранува, да го рекламираат гревот. Па, поради тоа во дамнешните времиња изумреа многу народи, и римското царство поради тоа изумре и пропадна, токму поради гревот на

Page 50: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 50

блудот и противприродниот содомски грев на хомосексуалноста.

А знаете ли како христијанството постанало државна религија во времето на царот Константин? Вие сигурно знаете колку христијаните биле прогонувани во првите векови по Христа, зашто по Неговото распнување христијанството остана, но Христијаните биле прогонувани, биле фрлани пред лавови, биле убивани. Тогаш биле малцинство, но за неколку века станале мнозинство. А оние пагани, тие изумираат, зашто тие со својата философија и со својот начин на живот немаат перспектива, зашто тие не раѓаат деца. Во биолошка смисла, не се женат, не раѓаат деца, абортираат, па потоа контрацепција, неморал, не оставаат потомство. А Христијаните во тешки услови се жртвувале, раѓале, па за неколку века станале мнозинство во римската империја и добиле статус на државна религија. Повеќе не ги прогонувале, туку станале државна религија. А сега се јавува тоа ново паганство, па повторно се обидуваат на тој план да дејствуваат, да финансираат, се со некакви разни нови програми, и сето тоа под некаква маска на „добро здравје“. Видете, кога сега некој би дошол кај вас во училиштето, некој човек од некаде, од некоја земја, и би му рекол на директорот на вашето училиште: господине директоре, јас ве мразам вас, вашата држава и вашите деца, јас нив ќе ги научам како да живеат за вие како народ да изумрете. Па, јас мислам дека секој директор би повикал полиција, да биде сигурен дека тој човек повеќе никогаш нема да се појави во тоа училиште со таква идеја, и сигурно никогаш не би му дозволил да држи предавања. Но, сега тие малку ја променија тактиката, нема веднаш тоа да го кажат толку директно, туку велат: знаете, ние малку ќе ги учиме децата како да не се разболат, а од друга страна имате директор кој не е свесен што се случува, воопшто, не знае што тие ќе говорат, можеби не слуша, не се интересирал. Која е заднината на сето тоа? Кога тие ќе ги одржат тие предавања, каде што децата ги учат на грев, на разврат, со сите тие средства, резултатот на тоа подоцна ќе биде – нема да се женат, не сакаат брак, не сакаат да бидат родители или на крајот, ќе сакаат да раѓаат, но ќе останат неплодни од сите тие болести од кои сепак се заразиле. А резултатот е ист, сфатете ја сериозноста на ситуацијата, дека тоа во нашата земја не се спроведува, се обидоа во Хрватска, но се побуни црквата, се побунија родителите, па министерството за здравство го забрани тоа. А сега како е кај вас не знам, вие

подобро знаете. Но немојте да оставите да се случува тоа што се случува, зашто ќе пропаднете, и потоа нема да имате можност тоа да го поправите, зашто биолошките проблеми страшно ќе се прошират.

А сега да кажеме нешто конкретно околу тоа како болестите сепак се пренесуваат преку презервативите. Државните медицински служби и институции на Америка пред неколку години објавија документ, во кој се кажува колку кои болести се пренесуваат преку презервативите. Се што било објавено во светот на таа тема, тие го изучувале па потоа донеле заклучоци, колку кои болести сѐ се пренесуваат, а што кај вас тука е многу непознато. Американскиот национален институт за здравје уште во 1996 година објави документ, во кој се вели дека употребата на бариерни методи на контрацепција во кои спаѓа и презервативот, не потврдува дека со тоа би се спречило ширењето на вирусот на ХПВ. Знаете ли што е ХПВ – тоа е причинителот за рак на матката. Дури 99 отсто од жените кои имаат рак на матката се заразени со овој вирус. Значи, слушнавте, тој вирус се пренесува како со презерватив така и без него, апсолутно нема никаква разлика. И сега, некоја девојка, на која некој ѝ раскажувал приказни како презервативот е некаква заштита од болестите, добива рак на матката. И сега, таа едноставно може да го тужи тоа лице, тој директор на тоа училиште, или наставник, или доктор кој тоа го рекламирал, поради тоа што таа сега се разболела, бидејќи можеби таа ќе остане жива но како инвалид, можеби ќе ја изгуби матката да го спаси животот, можеби ни тоа нема да биде доволно, можеби ќе треба и хемотерапија, зрачење, а некогаш ни тоа не е доволно, па таа умира бидејќи се заразила со тој вирус. Еве, јас не знам колку такви случаи има кај вас, но ќе ви кажам еден пример од Загреб, каде што познавам една главна сестра во една од болниците каде што лечат од рак на матката. Таа вели дека кај нив на одделението секој ден имаат по седум или осум девојки со рак на матката, од кои повеќето умираат затоа што премногу доцна се јавиле. Ете, тоа се тие девојки кои верувале во презервативот, во тие реклами, па сепак се заразиле. И повторно да го спомнеме оној документ кој го издаде американското министерство за здравје, во кој се гледа дека нема никакви клинички потврди дека презервативот штити од заразување со сифилис, херпес гениталис или кламидија трахоматис. Каква

Page 51: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 51

ли е таа измама, кога лажат дека е тоа заштита, и зошто тогаш воопшто тоа го рекламираат и ги финансираат тие наводни „програми за едукација“? Тие знаат дека тоа се пренесува, но нивната цел е она што го реков на почетокот – борба против раѓањето, зашто тие не сакаат деца, не сакаат ниту во една земја просперитет или напредок, тоа е таа валкана меѓународна политика. А што се однесува до сидата, и сидата се пренесува, и тоа многу лесно. Еве и некои објаснувања. Некогаш заболекарот, штом човекот ќе ја отворел устата, веднаш му било јасно дека пациентот има сида и дека треба да оди на тестирање. Уста полна со гној, крварење од непцата, бели наслаги, стоматитис, гингивитис – човекотнавистина има сида. Кој е сега толку безобразен за да може да каже, дека кога човекот се бакнува не ја пренесува сидата?Па вирусот на сидата не е само во половите органи, тој се наоѓа во целиот организам, односно вирусот кој ја предизвикува сидата се наоѓа во белите клетки – лимфоцити. Кога човекот е заразен, неговите лимфоцити имаат мноштво вируси, па вирусот се размножува, таа клетка пука и вирусот излегува надвор и ги напаѓа другите клетки. Такви бели клетки со вирус има и таму каде што не гледаме дека нешто е крваво, а кога гледаме дека е крваво, тоа е заради црвената боја на еритроцитите, но вирусот е во белите клетки, а нив ги има, значи, и таму каде што не гледаме дека е нешто крваво, на пример во плунката. Околу триесет отсто од

луѓето, кога со четкичката ги мијат забите, гледаат малку крварење, тоа е она што се гледа, тоа е можеби некој расипан заб или повреда на слузокожата од некоја поостра храна. Значи, во плунката не гледаме крв, но можеме да ја изброиме количината на лимфоцити, исто како кога ви земаат крв од прстот, па потоа лабараториски ви даваат компјутерска слика на крвта. Секоја минута милион нови лимфоцити се појавуваат во плунката, а кога човекот е заразен, тогаш во тие лимфоцити има вируси, а кај воспаление на устата дури десет милиони лимфоцити се појавуваат секоја минута. Значи, некој бакнеж, сосема реално, може да ја пренесе и сидата, а за тоа се молчи. Зошто? Затоа што сакаат да ја рекламираат таа пластика, тој презерватив, а зошто го рекламираат, тоа веќе го објаснив, таа игла на смртта, тоа е голема илузија и измама. Единственото нешто што помага во борбата против сидата е воспитувањето вовоздржаност, на предбрачна воздржаност и на брачна верност... Да се воспитуваат децата против предбрачните сексуални односи и против неморалниот начин на живот. Дури потоа ќе имаме пад на половите болести кај девојките и пад на другите проблеми. Со тоа воспитување може да се постигне пад и намалување на сидата. Таму каде што повеќе се рекламира презервативот, има повеќе сида. Јас сега ја гледам таа перспектива во сите тие проблеми кои постојат кај нас, зашто не е сѐ загубено, и вие кои дојдовте на ова предавање сте доказ за тоа, дека сакате повеќе да знаете за тоа, и јас верувам дека вие своите таленти и своите позиции ќе ги искористите во таа насока. Верувам дека меѓу вас има луѓе кои итекако можат да влијаат, кои имаат такви позиции, зашто сите овие проблеми постојат не само затоа што некој ги создава, намерно или ненамерно, туку и затоа што оние кои ја знаат вистината, кои го знаат решението, честопати молчат. Недоволно работат за на луѓето да им се каже вистината. А вистината е секојпат посилна. А луѓето кои биле измамувани, кои биле на секаков начин прелажувани, кога еднаш ќе ја слушнат вистината, тие се во состојба да препознаат дека е тоа вистина. И со таа надеж дека вистината ќе победи, дека животот ќе победи, дека и вие имате перспектива во вашата држава, јас срдечно ве поздравувам и ви заблагодарувам за вниманието.

Превод: Братството

на Манастирот Св. Гаврил Лесновски

Page 52: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 52 • • • ••• • • • • • • •• TRTROIOIOIOIOIII^N^N^N^N^N^N^N^NIKIKIKIKIKIKIKI • • •• • • •• • • • • • • •••525255252525252

ВЕЛИГДЕН - ПРАЗНИКНА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

Камбаната со својата песна виеВелигден сите го сакаме ние.Христовата песна насекаде се пее,со љубов и топлина секое срце го грее.

Пред да огрее сончевиот зрак,бабите ги бојадисуваат јајцата пак.Црвеното јајце секој го слади,за да малото дете го јади.

Христос секогаш бил и ќе биде во сјај,и за неговото спасение нема крај.Велигден за секого е посебен ден,со пости за да бидеме здрави како дрен.

Автор: Милена Јанкова VI/5 одд.ООУ „Ванчо Прке“, Штип

ВЕЛИГДЕНСКА

Велигден е празникнаш најличен!Православен, Христијански, На Божиќ најсличен...

Божиќ кога славиме,сегде кај се одипоздравот наш гласи :- ХРИСТОС СЕ РОДИ...- НАВИСТИНА СЕ РОДИ!И поздравот велигденскиналик е на песна,сите си велиме:- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!...- НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!...

Автор: Леона Вулетиќ, 6 2 oддООУ „Димитар Влахов“, ШтипМентор: Жаклина Георгиева

Б И Б Л И О Т Е К А СВ. ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

Денес, повеќе од било кога, во време кога ревноста за побожен живот ослабнува и има сѐ поголема желба за приклонување кон духот на овој свет, „кој во зло лежи”, во време кога православната младина, заталкана и без патоказ, во сѐ поголем број припаѓа кон Мајката Црква, чувствувајќи неизгаслива духовна глад и жед за спознавање на вечната Вистина и Живот, се наметнува насушната потреба верниците што подобро да ја осознаат православната вера и православниот дух преку Светото Предание и учењето на Светите Отци, како и преку животот на многу современи свети старци и подвижници, кои се особено живи примери на светост и голема духовна поткрепа за сите оние Христијани, кои сакаат да живеат вистински духовно и православно во денешните услови на отворено Богоотстапништво и Богозаборавеност.

За таа цел, Библиотеката „Св. Гаврил Лесновски” започна со издавање и подготовка на многу светоотечки, светопреданиски и душекорисни книги, но, со оглед на тоа дека живееме во време на криза, им се обраќаме на сите оние кои се подготвени да го помогнат богоугодното дело на нашата Библиотека, помагајќи им така на многу души кои се гладни и жедни за словото Божјо, и подготвувајќи си го така за себе и за ближните патот кон вечниот живот. Однапред Ви благодариме и ве чекаме за соработка.

1.МОЛИТВЕНИК; 2007, стр. 220; ЦЕНА: 100 ден.2. Св. Јован Кронштадски – ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА ЗА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ(Во што е спасението на христијаните? Како да се исцелиме од гревовната расипаност? Во што се

пројавува Божјата промисла? Зошто се испраќаат неволји? Како да се стекнеме со смирение на духот?); 2007, стр. 143; ЦЕНА: 100 ден.

3. Старец Пајсиј Светогорец – СОВЕТИ ЗА СПАСЕНИЕТО ВО ДЕНЕШНИОТ СВЕТ(Совети, поуки и разговори со старец Пајсиј за правилен духовен живот, борба со искушенијата и за

спасението на душата во современиот свет); 2008, стр. 240; ЦЕНА: 150 ден.4. СВЕТА ТАЈНА БРАК – Поуки на Православната Црква за бракот и семејството(Зборник – св. Јован Златоуст, св. царица-маченица Александра Романова, Старец Пајсиј Светогорец,

свешт. Илија Шугајев, прот. Глеб Каледа); 2010, стр. 200; ЦЕНА: 150 ден.

Page 53: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 53

Сите издадени книги можете да ги порачате на Е-маил адресата: [email protected] со точно наведување на насловите на книгите, бројот на примероци и името и адресата на која сакате да ви бидат испратени.

Книгите ќе ви бидат испорачани во рок од 10 дена.Плаќањето се врши при приемот на книгите.

За секои порачани 5 примероци од книгите – добивате 1 книга бесплатно, за секои 10 примероци – добивате уште 2 книги бесплатно по ваш избор, за 15 примероци – добивате уште 3 книги бесплатнопо ваш избор итн., (само во порачката наведете кои книги ги сакате бесплатно, а заедно со нив ја добивате гратис и брошурата „Детски молитвослов” во соодветен број на примероци).

Цената на доставата на книгите до наведената адреса е:

За пратка од 1 до 4 книги (со вредност на книгите до 500 ден.) – 100 денариЗа пакет до 20 примероци од книгите (со вредност над 500 ден.) – 150 денариЗа пакет над 20 (до 40) примероци од книгите (до 6.000 ден.) – 180 денари

Цената на доставата е 30 денари поевтина, доколку сакате самите да си ја подигнете пратката од подружницата на Каргото во наведениот град – во таков случај, потребно е тоа да го наведете во порачката.

Заради полесна достава, ве молиме оставете го и вашиот телефонски број.

За порачки надвор од Р. Македонија (Европа, Сад, Канада, Австралија и др.) обратете се со порака на Е-маил адресата наведувајќи кои книги ги сакате, во колку примероци и на која адреса надвор од Р. Македонија, па ќе бидете известени за цената на доставата на книгите и за начинот на плаќање и испорака на книгите.

Сите коментари, забелешки и мислења за книгите и Библиотеката, како и поплакитеза евентуалното доцнење или неиспорака на книгите, може да ги испратите на горенаведената Е-маил адреса.

За повеќе информации видете на на сајтот: http://bregalnickaeparhija.org.mk/

† † †

КНИГИ ВО ПОДГОТОВКА

1. ГОСПОДИ, ОЧИСТИ ГИ МОИТЕ ГРЕВОВИ – Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед2. Старец Ефрем Филотејски – ДУХОВНО-ОТЕЧКИ ПОУКИ3. Свети Јован Кронштадски – КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ4. Старец Клеопа – ВОЗДИГ КОН ВОСКРЕСЕНИЕ5. Протоереј Тимотеј Сељски – АСКЕТИКА ЗА МЛАДИ6. Старец Сава Псково-Печерски – ГОСПОДИ, ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ7. Архимандрит Јован Крестјанкин – ДА ГИ ОЖИВЕЕМЕ СРЦАТА ЗА БОГА8. Старец Виталиј – НА ЧИСТИТЕ СЕ ИМ Е ЧИСТО9. Еромонах Серафим Роуз – ПРАВОСЛАВИЕТО И РЕЛИГИЈАТА НА НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК10. ВЕРУВАМ, ГОСПОДИ, И ИСПОВЕДАМ – Книга на прашања и одговори за Православието и современиот духовен живот (Зборник)11. ВРЕМЕ НА ПОКАЈАНИЕ И ВРЕМЕ НА ОТПАДНИШТВО Разговори со современите Светогорски старци12. СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ - Житие, поуки, беседи и чуда13. Игумен Марко Московски – ЛУЃЕ БОЖЈИ И ЗЛИ ДУХОВИ: Православно учење за демоните и за христијанската борбапротив нив14. МОЌТА НА ВЕРАТА – СТАРЕЧНИК ЗА ДЕЦА15. ВАЛААМСКИ СТАРЕЧНИК

5. Протоереј Александар Торик – ЦРКОВЕН ЖИВОТ ЗА ПОЧЕТНИЦИ(Што е тоа Црква? Во што е смислата на нејзиното постоење? Зошто е потребно нејзиното посредување

во општењето на човекот со Бога?); 2012, стр. 121; ЦЕНА: 100 ден.6. ДЕТСКИ МОЛИТВОСЛОВ – Расказ за молитвата; 2012, стр. 17; Се добива ГРАТИС со порачката7. ХРИСТОС, НАШИОТ НЕБЕСЕН ЛЕКАР – За болеста и исцелението во Православното предание(Зборник

– св. Теофан Затворник, св. Игнатиј Брјанчанинов, преп. Макариј Оптински, преп. Амвросиј Оптински, старец Ефрем Филотејски, архимандрит Јован Крестјанкин, Архимандрит Рафаил Карелин, прот. Сергеј Филимонов); 2013, стр. 256; ЦЕНА: 250 ден.

8. Архимандрит Рафаил Карелин – ЗА АБОРТУСОТ, И ЗА РАЗВРАТОТ (Во што е причината што наталитетот страшно опаѓа и христијанските земји почнуваат да личат на глечери што се топат? Објаснувања и опомени за секој православен христијанин: Внимавајте, се работи за вечен живот и вечна смрт на вашите сопствени деца! ); 2013; стр. 184; ЦЕНА: 200 ден.

Page 54: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 54

Вечерна богослужба и Духовна академија за свети Николај Чудотворец во Свети Николе

На 18. 12. 2012 година, на празникот на Светиот Николај Чудотворец, со претходна изготвена програма за одбележување на Патронот и Заштитникот на градот Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Свети Николе, во храмот кој го носи името на Светиот Николај Чудотворец, отслужи празнична вечерна богослужба, одржа пригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб . На вечерната богослужба, покрај многубројниот православен народ, присуствуваше и Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Роберт Ѓоргиев, Пратеници во Собранието на РМ и Советници на Општината Свети Николе. По ова Митрополитот г. Иларион присуствуваше на Духовната Академија по повод Патронот и Заштитникот на градот Свети Николе во кино салата при Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе. На академијата свое обраќање имаше Митрополитот г. Иларион кој им го честита Патронот и Заштитникот на градот кој го носи името на Светиот Николај Чудотворец, а потоа свое обраќање имаше и Градоначалникот на Општината г. Роберт Ѓоргиев кој на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион му додели плаката за сите Негови црковно-духовни и национални грижи за Градот Свети Николе. Исто така Градоначалникот на Општина Свети Николе им додели награди по повод празникот на Градот и на најзаслужните граѓани за афирмација на Градот Свети Николе.

Чествување на Светиот Николај, Патрон и Заштитник на градот Штип На 19. 12. 2012 година на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св.

Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Надлежниот Митрополит на Брегалничката епархија г. Иларион и Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија.

На Светата Литургија, празнично слово, одража Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По Светата Литургија, Мирополитите г. Агатангел, г. Иларион и Епископот г. Јосиф, заедно со Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов, свештенослужителите и многубројниот православен народ, извршија Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благословија и пресекоа славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа. По ова за православните верници беше организирана културно естрадна забава во знак на чествувањето на Светиот Николај Патрон и Заштитник на градот Штип.

По ова во салата на Советот на Општина Штип, Митрополитите и Епископот присуствуваа на Духовната Академија по повод Заштиникот и Патронот на Градот Штип, во организација на Градоначалникот г. Зоран Алексов и Советот на Општина Штип. На свечената академија Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов го одликува проф. д – р г. Методиј Чепреганов роден во Штип со златен орден со ликот на Св. Николај Чудотворец, епископ Мирликински, изработен специјално за оваа пригода. Истотака Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов им додели признанија и на граѓани за нивниот допринос за Градот Штип по повод Патронот и Заштитникот на Градот Штип.

На прославата присуствуваа и сите Градоначалници од Брегалничкиот - Источен регион кои на оваа свеченост имаа промотивен ден за Источниот - Брегалнички плански регион. По ова, во присуство на сите Градоначалници од Брегалничкиот - Источен регион и личности од Опшествениот сектор, во организација на Советот на Општина Штип беше организирана заедничка трпеза на љубовта во хотелот Изгрев во Штип.

епархиски настаниуредува: протоѓакон Сашо Ристов

Page 55: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 55

Page 56: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 56

Манастирска слава во женскиот манастир Св. Спиридон, метох на Лесновската обителНа 25. 12. 2012 година, Св. Спиридон Чудотворец еп. Тримитунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички

г.Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, свештеници и еромонаси од Брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на хорот при храмот Усп. На Пресв. Богородица од Пробиштип, во женскиот манастир посветен токму на Светиот Спиридон Чудотворец, метох на Лесновската обител, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб. За сите присутни верници од рацете на монасите и монахињите беше приредена заедничка трпеза на љубовта.

Детски Новогодишен и Божиќен концерт во КочаниНа 28. 12. 2012 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со Градоначалникот на

Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, свештеници од кочанското архиерејско намесништво и многубројниот православен народ од Кочани, присуствуваше на Детскиот Новогодишен концерт под диригенство на м – р Марија Лазарова од Кочани, во НУЦК Бели Мугри во Кочани.

Page 57: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 57

Чествување на „Св. Наум Охридски“ во Лесновскиот манастир

По повод Празникот на „Преод. Наум Охридскиот Чудотворец“, „препод. Нифонт Кипарски“, во предвечерието на празникот, на 04. 01. 2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновската Обител отец Дамаскин со браќата при Лесновскиот манастир, во параклисот, посветен на „Препод. Наум Охридскиот Чудотворец“, при Лесновскиот манастирски комлекс, отслужи Празнична Вечерна Богослужба и го благослови и пресече празничниот леб. Утредента на 05. 01. 2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновската обител отец Дамаскин со браќата при манастирот и парохискиот ѓакон од Пробиштип, отслужи Света Архиерејска Литургија, произнесе пригодно празнично слово и го благослови и пресече празничниот леб. По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион традиционално изврши помен на Блаженопочинатиот епископ Велички Гаврил Светогорец.

ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!На 07. 01. 2013 година, кога Православна Црква го празнува Рождеството Христово – Божик, Неговото Високопреосвештенство

Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, отслужи Божикна Света Василиева Архиерејска Литургија. На Светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ кој се причести со Телото и Крвта Христови. Исто така на Светата Литургија присуствуваше и Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов како и други личности од јавниот и приватниот сектор. На светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион им го честита големиот Празник на верниците со пораката: ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Page 58: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 58

Литургија во Кочани на Соборот на Пресвета БогородицаНа 08. 01. 2013 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица; св. Никодим Прилепски, Неговото Високопреосвештенство

Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Пратеници во Собранието на РМ како и Кординаторите со дел од членовите на двете најголеми политички парти ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ од Кочани. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион, на верниците им го честита Големиот Празник – Божик со поздравот Мир Божји – Христос се Роди!

Page 59: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 59

На Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во РадовишНа 09. 01. 2013 година, на празникот на Св. архиѓаконот и првомаченикот Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот

Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Св. пр. Илија“ во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го произведе во чтец Душко Свирков од н. Раклиш - Радовиш. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе содржајна и поучна беседа и на Диригентот на хорот „Св. Спасо Радовишки“ од Радовиш м – р г. Петре Јованов, по повод петгодишниот Јубилеј од водењето на хорот, му подари Свето Писмо - Библија. На Светата Литургија присуствуваше многуброен народ меѓу кои и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, Извршниот Директор на Рудникот „Бучим“ во Радовиш и Ктитор на манастирската црква во с. Ораовица – радовишко г. Николајчо Никиолов, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Сашко Николов и Советници во Советот на Општина Радовиш.

Богојавление во ШтипНа 19. 01. 2013 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката

епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одржа во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници при Соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, а потоа со свештениците и многубројниот православен народ, како и Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов, Пратениците во Собранието на РМ г. Влатко Ѓорчев од Скопје и г. Трајче Димков од Штип, во литија, се упати кон Градскиот базен каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од пеесетината, крстот го фати Николче Панов, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со Свето Писмо – Библија и икона со „Крштевањето на Господ Исус Христос“, а Општината Штип му подари компјутер.

Page 60: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 60

Богојавление во КочаниИстиот ден на 19. 01. 2013 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во 12:00 часот на мостот

на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на многуброен православен народ, Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Пратениците во Собранието на РМ г. Влатко Ѓорчев – ВМРО ДПМНЕ од Скопје и г. Миле Андонов - СДСМ од Кочани, изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од четириесмината, крстот го фати Христијан Стоименов, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со златен крст со ланче и многубројни награди, а Општината Кочани му подари златник со ликот на „Крштевањето на Господ Исус Христос“.

Проштевање во ШтипНа 17. 03. 2013 година – Прочка (Недела сиропусна; препод. Герасим Јорд; препод. Јаков Посник) во Соборниот храм „Св. Николај“ во

Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодно слово. Истиот ден, во истиот храм, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи вечерна богослужба, по што се изврши традиционалното проштевање и верниците побараа и добија прошка од својот Пастироначалник и од свештенослужителите.

Page 61: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 61

Акатист во ЛесновоНа 22. 03. 2013 година, Неговото

Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Првата недела од Великиот пост, во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, богослужеше мало повечерие со канон и акатист на Пресвета Богородица, по што и одража пригодно слово.

Тодорова сабота во ВиницаНа 23. 03. 2013 година, Тодорова сабота, Св. мч. Кодрат Коринтски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички

г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Виница, отсужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многуилјаден народ и ја благослови пченицата во чест на празникот - Тодорова сабота. На Тодорова Сабота во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Виница, како секоја година, според традицијата, така и оваа година беа присутни сите млади брачни парови кои имаат склопено брак во текот на 2012/2013 година при што Митрополитот г. Иларион со пригодни родителски зборови и се обрати на младенците и и подари пригодни подароци. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го причести многуилјадниот православен народ со Телото и Крвта Христови. По ова Митрополитот г. Иларион, заедно со свештенослужителите, присуствуваше на традационалните Винички Тодорови трки, организирани од Советот и Градоначалникот на Општина Виница г. Емил Дончев, при што упати пригодни зборови и го поздрави отварањето на овие традиционали и национални настани.

Page 62: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 62

Недела на Православието во ШтипНа 24. 03. 2013 година, Прва Недела од Великиот Пост – Недела на Православието, Св. Софрониј патријарх Ерусалимски, св. мч.

Пиониј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, во храмот „Св. Климент Охридски“ во нас. Сењак во Штип, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија. Митрополитот г. Иларион во своето празнично пригодно слово укажа на правилното православно живеење на луѓето, чистостата на Православието според учењето на Светите Вселенски Собори и Светите Отци, како и за прославувањето на Неделата на Православието. По тој повод Митрополитот г. Иларион зедно со свештенослужителите празнично изнесоа икони и изврши Молебен за обраќање на оние кои заблуделе и отпаднале од Православната Црква по што православниот верен народ и се поклонуваа и ги бакнуваа иконите во знак на победа на Православието и враќањето на Светите икони во употреба.

ИСПОВЕДАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА

Го исповедаме, Господи, Твоето големо и неспоредливо човекољубие и – така мислиме, така говориме, така проповедаме: Христа

Вистинскиот наш Бог и Неговите Светии ги прославуваме со зборови, списи, мисли, жртви, со храмови и со икони; Него, како Бог и

Владика почитувајќи Го и поклонувајќи Му се, а Светиите, заради заедничкиот наш Господ, и како Негови верни служители прославувајќи ги

и оддавајќи им должно поклонение.

Ова е верата Апостолска. Ова е верата на Отците. Ова е верата на Православните. Оваа вера ја утврди вселената.

Од тоа, ние ги примаме и потврдуваме Соборите на Светите Отци и нивните преданија и списи, како и оние кои се во согласност со

Божественото Откровение.

И, иако има непријатели на Православието и отстапници од промислителното и спасоносно Откровение на нашиот Господ, сепак,

Господ погледна на срамотењето на Своите слуги, зашто Он ги урна хулителите и непријателите на Православието како подмукли и

бегалци.

Поради тоа ги благословуваме и ги фалиме оние, кои го приклониле својот ум во послушност на Божественото Откровение, и кои се

бореле за тоа, и така, следејќи го Светото Писмо и чувајќи го Преданието на древната Црква, ние ги отфрламе и проколнуваме сите кои се

противат на Неговата Вистина, ако тие, додека се чека на нивно обраќање и покајание, одбијат да се покајат пред Господа.

На оние кои го одрекуваат постоењето Божјо, и тврдат дека светот е самопостоечки, и дека сите твари во него настанале случајно, без

Промисла Божја – нека е анатема.

На оние кои велат дека Бог не е Дух, туку тело, или дека Он не е праведен, милостив, мудар, сезнаен, и други такви хули – нека е

анатема.

На оние кои се осмелуваат да кажат дека Синот Божји, а исто така, и Светиот Дух, дека не се едно по суштина, и дека не се со иста

чест со Отецот, и кои исповедуваат дека Отецот и Синот и Светиот Дух не се Еден Бог – нека е анатема.

На оние кои говорат хули, дека доаѓањето во овој свет на Синот Божји во тело и Неговото доброволно страдање, смртта и

Воскресението не биле потребни за наше спасение и искупување од гревот – нека е анатема.

На оние кои ја отфрлаат благодатта и искупувањето кои се проповедани со Евангелието, како единствени средства за наше

оправдување пред Бога – нека е анатема.

На оние кои се осмелуваат да говорат дека Пречистата Дева Марија не била Дева пред раѓањето, при раѓањето и по раѓањето – нека

е анатема.

На оние кои не веруваат дека Светиот Дух ги вдахновувал Пророците и Апостолите, а преку нив Нè упатува и нас на вистинскиот пат

за вечно спасение и го потврдува истото со чудеса, а и сега пребива во срцата на сите верни и вистински христијани, и Ги води кон секоја

вистина – нека е анатема.

На оние кои ги отфрлаат сите Свети Тајни држани и пазени од страна на Црквата Христова – нека е анатема.

На оние кои се одрекуваат од Соборите на Светите Отци и од нивното Предание, кое е во согласност со Божественото Откровение, и

побожно е чувано од страна на Православната Соборна Црква – нека е анатема.

На оние кои ги навредуваат и ги хулат светите икони, кои Црквата ги прима во спомен на делата Божји и во спомен на оние кои Му

угодиле, за да оние кои ги гледаат ги вдахнат на побожност и ги поттикнат да се угледаат на нивните примери, и на оние кои велат дека

иконите се идоли – нека е анатема.

Page 63: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 63

Page 64: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 64

Акатист во ШтипНа 29. 03. 2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Втората недела од Великиот

пост, во Соборниот храм „Свети Николај“ во Штип, богослужеше мало повечерие со канон и акатист на Пресвета Богородица, по што и одража пригодно слово.

Недела на „Св. Григориj Палама“ во КочаниНа 31. 03. 2013 година, Втора Недела од Великите пости посветена на Св. Григориj Палама, св. Кирил архиепископ Ерусалимски,

св. Анин Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во црквата „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија и произнесе пригодна беседа.

Page 65: Троичник бр.36

• • • TROI^NIK • • • 65

Акатист во Третата Недела од Великиот пост во ШтипНа 05. 04. 2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Третата недела од Великиот

пост, во крстилната – параклис посветен на „Преподобната Параскева“ во нас. Сењак 2 во Штип, богослужеше мало повечерие со канон и акатист на Пресвета Богородица, по што и одража пригодно слово.

Крстопоклона Недела и Благoвештение во Ново Село - ШтипНа 07. 04. 2013 година – Свето Благовештение и Крстопоклона Недела – Трета Недела од Великиот Пост, Неговото

Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Штипско Ново Село, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Златоустова Архиерејска Литургија. Пред почетокот на Светата Литургија, откако беше изнесен Светиот Крст на средина на црквата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му се поклони, а по свештенослужителите пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа кон присутните верници.

На Светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ како и новиот Градоначалник на Општина Штип г. Илчо Захариев и личности од Јавниот и Приватниот сектор.

Page 66: Троичник бр.36
Page 67: Троичник бр.36