67

Троичник 25. август 2009

  • View
    673

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Списание на Брегалничката епархија на Македонската Православна Црква.

Citation preview

Page 1: Троичник 25. август 2009
Page 2: Троичник 25. август 2009
Page 3: Троичник 25. август 2009

СО БЛАГОСЛОВНА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВОМИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г . ИЛАРИОН

ТРОИЧНИК, број 25

ТРОИЧНИК - списание за православна вера култура, уметност, образование и воспитание, година VII, број 25,август 2009 г., излегува четири пати годишно. Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип.Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Климент Мишањ, свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин. Дизајн: ѓакон Тони Петрушевски.E-mail: [email protected] Печати: Европа 92, Кочани

ВОВЕДНИК 4

Митрополит Јеротеј (Влахос)ШТО СЕ ТОА СТРАСТИ? ...7

протопрезвитер Михаил ПомазанскиМОЛИТВЕНОТО ОПШТЕЊЕ СО СВЕТИТЕ ...12

МИРОТОЧЕЊЕ НА ИКОНИТЕ ...18

ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ ВИРИЦКИ ...26

ЗА ВЕРУВАЊЕТО ВО СУДБИНАИ ДРУГИ ПРЕДРАСУДИ ...29

Сестринствто на манастирот ОрмилијаЛИТУРГИСКАТА ОДГОВОРНОСТ НА ЧОВЕКОТКОН ПРИРОДАТА ...34

ЗАЕДНИЦАТА НА ТИХВИНСКАТА ЦРКВА ...38

свети Василиј ВеликиБЕСЕДА ПРОТИВ ОПИВАЊЕТО ...43

јеромонах Серафим (Роуз)СВЕДОШТВОТОНА ОПТИНСКАТА ПУСТИНА ...48

отец Арсениј (Папачок)ЗА СВЕТАТА ТАЈНА БРАК ...53

ПРАВОСЛАВНИОТ ОДНОСКОН КРЕМАЦИЈАТА ...59

ПРАЗНИК: УСПЕНИЕНА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ...62

Свети Фануриј Новојавен и Великомаченик не им бил познат на старите житиеписци. Станал познат во XIV век, кога на Родос бил откриен стар храм. Таму имало многу оштетени икони, а меѓу нив била пронајдена многу добро зачувана икона, на која се читало името „ο άγιος Φανώ.” На иконата светиот бил претставен како војник кој во десната рака држел крст врз кој светела свеќа и околу иконата 12 мачеништва, како што вообичаено се сликаат светите. Митрополитот Нил II (1355-1369) го обновил храмот и го посветил на свети Фануриј и веројатно, ја напишал неговата служба.Од Египет потекнува предание дека неговата мајка била голема грешничка. Тој честопати го молел Бога за нејзино спасение, дури и повеќе отколку за своето. Светиот маченик Фануриј настрадал заради верата во Христа. Бил каменуван од назнабошците. Пред да умре, од дното на душата со молитва повикал кон Бога: „Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.” Според неговиот завет, христијаните го молат Бога со молитвата: „Спаси ја господи мајката на свети Фануриј и помогни ми на мене, грешниот.” Од Египет потекнува предание дека неговата мајка била голема грешничка. Тој честопати го молел Бога за нејзино спасение, дури и повеќе отколку за своето. Светиот маченик Фануриј настрадал заради верата во Христа. Бил каменуван од назнабошците. Пред да умре, од дното на душата со молитва повикал кон Бога: „Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.” Според неговиот завет, христијаните го молат Бога со молитвата: „Спаси ја господи мајката на свети Фануриј и помогни ми на мене, грешниот.”

Page 4: Троичник 25. август 2009

ВОВЕДНИК

Митрополит Брегалнички г. Иларион

• • • TROI^NIK • • • 4

Драги читатели!

Таинственото дело на спасението на човечкиот род е извршено преку единствената и неповторлива личност на нашиот Господ Бог

Исус Христос, кој побуден од своето неискажливо човекољубие и безгранична љубов кон своето создание, се понижи Себеси, зеде човечка природа и го изврши својот земнонебесен подвиг на љубовта, од која, за жал, тогашната човечка цивилизација со својот огревовен безбожнички живот беше отпаднала. Но нашиот Семилостив Бог, не се откажа од своите изгубени чеда, од своите синови и ќерки, кои заблудени од ѓаволот, наместо на Троичниот Бог, почнаа да им служат на своите страстољубиви гревовни желби, кои сѐ повеќе и повеќе ги оддалечуваа и оттуѓуваа од Отецот Небесен, а сѐ повеќе ги приближуваа до ѓаволот, смртта и пеколот. Затоа, предвечниот Бог, побуден од својата непресушна љубов кон паднатиот човек, се овоплоти и од пеколните длабочини на смртоносниот грев го извади човекот и го облече во нераспадливото бесмртно руво на љубовта, светоста и бесмртноста. Така “Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него”(1 Јн. 4, 9-10). Он ја покажа својата љубов кон нас со тоа што својата крв ја излеа заради нас и нашето спасение, и тоа не за некои невини и добри луѓе, туку за грешници, блудници, убијци и разбојници, за луѓе кои беа пријатели на гревот, ѓаволот, смртта и нечистотијата, за луѓе недостојни да се наречат со тоа име. А, “тешко би можел некој да умре за праведник, но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешници” (Рим. 5, 6-8). Бог е љубов, распната, несебична и нелицемерна љубов, која од крсното дрво на страшната голгота се излева врз секое создание, врз секоја творба која Бог ја благословил да постои. Светиот богослужител од пустината Антониј Велики вели:” Почеток на гревот

е похотта, а почеток на спасението и Царството Не-бесно е љубовта.” Токму затоа, љубовта е основна движечка сила на нашиот живот, која единствено го осмислува, обликува и оживотворува нашето земно постоење, и единствено таа има преобразувачка моќ да не направи чисти садови на Светиот Дух, подготвени за вечноста.

Возљубени боготражители!

Божјата љубов кон нас грешниците, кои денес сме длабоко заталкани во овој бездушен, немилосрден и студен свет, е несфатлива за нашиот разум и недопирлива е до нашето срце. Ние живееме во овој свет, кој Бог ни го дарувал, како во привремена татковина, со дар на слобода, да можеме слободно и со страв Божји да ги користиме сите Божји творби за спасение на нашите души и за полза на сите луѓе, за кои Христос на крстот ја пролеа Својата пресвета и животворна Крв, за преку тоа ползување да ја согледаме и почувствуваме безграничната љубов Божја, која го надминува секој збор и е поголема од секое знаење. Оваа љубов, мачениците ја засакаа и потоци од крв за Него пролеаја. Оваа божествена љубов, преподобните ја возљубија и целиот свој живот Него Му го посветија. Оваа љубов, многу грешници ја почувствуваа и со топли солзи и покајни песни кон Него се вратија. Оној човек, кој еднаш ќе вкуси од вечната љубов Христова, неговото срце никогаш повеќе нема да зажедне, а неговата душа никогаш нема да огладне. Старец Ефрем Филотејски вели: “ Душата која го љуби Исуса, го вдишува духовниот воздух на другиот свет, светот на духот, кој е Царството Небесно.” Како што нашиот живот ќе е невозможен без воздух, така не можеме и да живееме овде на земјата, ако љубовта Божја не е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух, ако не го возљубиме Бога со сето срце, душа и разум, ако не го возљубиме Бога, повеќе од себеси. Нашиот Господ Исус Христос во книгата на љубовта вели:” Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе направиме”(Јн. 14, 21-23). Затоа, вистински ќе го љубиме Бога и ќе можеме да се наречеме негови служители, кога трудот во исполнувањето на Неговите заповеди ќе ни стане секојдневие, а покајанието нераскинлив дел од нашиот живот. Ако не возвратиме на љубовта на нашиот Господ, “тогаш не ли е залудно

Page 5: Троичник 25. август 2009
Page 6: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 6

за нас пролеана крвта на Богочовекот? Не ли е залудно за нас прободено Неговото сесвето Тело? Не ли е залудно на крсниот жртвеник положена и заклана Голема Жртва?”, не потсетува Св. Игнатиј Брјанчанинов. Љубовта е жртва и токму затоа ние денешните христијани треба да се трудиме преку исполнувањето на Божјите заповеди, да не бидеме мрзливи слушатели и читатели на Божјото Слово, туку и негови ревносни вршители, бидејќи преку исполнувањето на Евангелието, божествената љубов се вселува во нашето срце. Оној кој се труди да биде чист избран сад исполнет со љубов, тој секојдневно вкусува од Христа и станува бесмртен. Да се трудиме возљубени, зашто љубовта се добива со покајание, молитва, ревност, трпение, страв Божји, неосудување и борба со секоја лоша помисла со која ѓаволот сака да го окрвави нашето срце.

Драги браќа и сестри!

Во своите раце го имате новиот број на ова наше заедничко списание “Троичник”, со кое се обидуваме да ги напоиме вашите богољубиви души од слаткиот кладенец на љубовта која извира од престолот Божји. Питие на божествената трпеза е светата љубов. Развратниците пијат од овој божествен пијалок и раните од нивните безумни гревови се исцелуваат. Горделивите вкусуваат и нивните студени срца со љубов се распламтуваат. Сластољубивите со овој чуден пијалок се насладуваат и нивните души од калта на нечистотијата воскреснуваат. Дојдете чеда

послушајте ме. Ако сакаме да бидеме наследници на Царството Небесно и синови и ќерки на Севишниот, тогаш безусловно мораме да го возљубиме Бога со целото наше битие, бидејќи без Бога нашиот живот ќе е само тажна очајна песна на заборавот и темнината, испеана на ѓаволот. Без Оној Кој е љубов, не можеме да ги сакаме нашите блиски, роднини и пријатели, без Христовиот оган кој две илјади години е фрлен на земјата, нема да можеме да љубиме и да бидеме љубени. Сѐ надвор од Него е сластољубива горделива страст која ѓаволот ни ја подметнува како љубов. Затоа, со постојано молитвено повикување кон нашиот Спасител Господ Исус Христос, да ја исфрлиме страста од нашите срца и да ја востоличиме љубовта. Св. Ефрем Сирин вели: “Без љубов, секое извршено дело и секоја постапка е нечиста. Придобил ли некој девство, пости ли, пребива ли во бдение, се моли ли, дава ли засолниште на бедните, гради ли цркви, што и да прави без љубов, ништо од тоа нема да биде примено од Бога, бидејќи тоа не Му е благоугодно на Господа.” Љубовта е чуварка на душата и подателка на спасението. Затоа, да внимаваме на нашиот живот, да ги чуваме нашите срца, да ги украсуваме телото и душата со девствена чистота, да се смируваме и во нашите мисли постојано да го имаме Страшниот Суд и каков одговор на него ќе дадеме. Ако се трудиме сето ова да го сочуваме, бидете уверени дека вечно ќе живееме во царството на љубовта, како ангели собрани околу Божјиот престол, постојано пеејќи Му на нашиот Бог љубовни и радосни славословија, постојано, сега и секогаш, и во вечни векови, амин.

Page 7: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 7

православен духовен живот

Зборот „страст“ означува мака (страдање, трпење) и потекнува од глаголот „пасхо“, што укажува на внатрешна болест. Спoред

св. Филотеј Синајски, “со страст обично се именува она што во текот на подолг период страствено се прикрива во душата”.

Во продолжение ќе видиме како гревот се претвора во страст. Овде сакаме да нагласиме дека гревот, кој зачестено се повторува и кој во текот на подолг временски период се прикрива во нашата душа, се нарекува страст. Светите Отци јасно ја разликуваат страста од гревот. Страст е “она што се придвижува во душата”, додека грешно дело е „она што се пројавува во телото”. (св. Никита Ститат)

Господ на многу места го објаснува Своето

учење за страстите и тоа е забележано во светите Евангелија. Овде ќе истакнеме само некои од нив, бидејќи подоцна повторно ќе им се вратиме. Господ, одговарајќи на прашањето на фарисеитe: Зошто учениците твои не постапуваат според преданието на старите, но со неизмиени раце јадат леб (Мк 7, 5), го насочува вниманието на внатрешниот човек: Зашто одвнатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулства, гордост, безумство. Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот (Мк. 7, 21-32).

Толкувајќи ја параболата за сејачот и посебно укажувајќи на семето кое “паднало во трње”, Господ

ШТО СЕ TOAСТРАСТИ?Митрополит Јеротеј Влахос

Page 8: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 8

кажува дека страстите се она што го гуши семето и не му дозволува да донесе плод. Тоа пак, што падна меѓу трње, се оние, што го слушаат словото, но кога отидат, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод (Лк. 8,14).

Апостолот Павле исто така е свесен за посто-ењето на страстите во човековото срце. Зборувајќи за состојбата која претходи на Светото Крштение и која претставува телесен, плотски живот, тој пишува: Зашто, кога живеевме во телото, тогаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ принесеме плод на смртта (Рим 7, 5), опишувајќи го животот на незнабошците-идолопоклоници, пишува: Затоа Бог ги предаде на срамни страсти (Рим 1, 26).

Страстите, значи, се прикриваат во душата и во целокупното битие предизвикувајќи тешки проблеми, кои во продолжение ќе ги видиме на многу места. Според учењето на св. Григориј Палама, човекот, кој ја сака неправдата, ја мрази својата сопствена душа, го подрива и срамоти образот Божји, односно својата душа и “доживува истоветно страдање“ како безумниците кои ги раскинуваат своите тела. Како што безумниците „го уништуваат своето тело, така и безаконикот најбесрамно ја осквернува, најжа-лосно ја уништува убавината која се крие во него“. Страстите се помрачување, осквернување, затемнување на образот, на убавината Божја.

Кога зборуваме за страстите, неопходно е попрецизно да одредиме што се всушност страстите. Дали се тоа сили кои влегуваат во душата и кои треба да ги искорениме, или пак се тоа природни сили на душата кои се изопачиле од гревот и од нашето одалечување од Бога? Целокупното библиско светоотечко предание верува дека страстите се ова вто-рото. Заради тоа во она што следи мораме да извршиме анализа на душата и нејзините делови, за да увидиме на кој начин тие сили се изопачиле.

Св. Григориј Палама учи: Како што Бог е Ум, Логос и Дух, така и душата има ум, логос (ра-зум, словесност) и дух. Дух на душата е “Стремежот на умот кон

нашиот збор, временски сопостоејќи и потребувајќи идентични интервали (она кое бара исти временски разлики), и напредувајќи од несовршенство кон совршенство”. Според овој атонски светител, троичната природа на душата ја сочинуваат умот, зборот (логосот, разумот) и духот, троичната природа на знаењето го сочинуваат духовното (ноетичко, умно), разумското и чувственото (знаење), а троичноста на умот, кога ќе се насочи кон себе и се вознесе кон Бога, го сочинуваат умот, знаењето и љубовта“ (Добротољубие, IV том).

Покрај оваа поделба, св. Григориј Палама, архиепископот солунски, ја користи и онаа во-становена во ерата на старогрчките филозофи: “човечката душа, иако единствена, поседува многу сили”. “Таа се дели на три дела: разумен, волјев и желбен”.

Идентична поделба користи и Св. Максим Исповедник. Според овој светител, душата поседува три сили: разум, желба и волја. Волјевиот и

Page 9: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 9

Светителот дава неколку примери за да го објасни тоа: “Ние по природа имаме семе за раѓање деца, но сме го искористиле за блуд. Природно го имаме гневот, ама против гревот и лукавиот, а ние сме го употребиле против ближниот. Во нас е ревноста да ревнуваме во добродетелите, а ние ревнуваме во злото. Природно е душата да ја посакува славата, но онаа небесната. Природно е да се гордееме, ама во однос на демоните. Исто така природно е да се радуваме, но на Господа и на среќата на ближниот. По природа сме добиле дури и злопамтење, но само кон непријателите на душата. Добивме и желба за храна, но тоа не значи дека треба да бидеме лакоми”.

Од таа причина Светите Отци постојано ја нагласуваат вистината дека страстите, какви ги познаваме во падната состојба, претставуваат неприроден живот, неприродно движење. “Страста е порочна, бидејќи е неприродно движење на душата“ (св. Максим Исповедник). Објаснувајќи што е “неприродно движење на душата”, св. Максим Исповедник вели дека тоа се случува “или по неразумна љубов или по нерасудлива омраза, кои можат да бидат или кон нешто или заради нешто

желбениот го сочинуваат тнр. страстен дел на душата, а разумот нејзиниот разумен дел. Имајќи во предвид дека во продолжение ќе ја развиваме темата за страстите и ќе зборуваме за страсниот дел на душата кој е осквернавен и бара исцелување, неопходно е да ги сфатиме волјата и желбата. На учењето на двајцата големи Отци на Црквата можеме да го придодадеме и учењето на авва Доротеј, кој пак користејќи се со еден извадок од учењето на св. Григориј Богослов, пишува дека: “душата се состои од три дела: желбен, волјев и разумен“.

Тие три сили треба да бидат насочени кон Бога. Тоа е нивната природна состојба. Според св. Доротеј, кој во тоа е согласен со Евагриј, “разумната душа постапува природно тогаш, кога нејзиниот желбен дел се стреми кон добродетели, кога волјевиот дел се подвизува за неа и кога нејзиниот разумен дел тежнее кон созерцание на постоечкото“. Свети Таласиј пишува дека вистинското назначување на разумниот дел на душата е во неговата посветеност на богопознанието, додека задачата на страстниот (волјев и желбен) дел е љубовта и воздржувањето. Св. Никола Кавасила, во однос на оваа тема е согласен со споменатите Отци и вели дека “човековата природа е создадена за новиот човек”. Разумот ни е даден за да го познаеме Христа, желбата за да поитаме кон Него, а помнењето ни е дадено за да Го носиме во себе, бидејќи Христос е прволик (праобраз) на човекот“.

Согласно со веќе кажаното, човекот не е створен со страстите на начин на кои тие денес дејствуваат во телесниот човек, лишен од дејството (енергиите) на Светиот Дух. Страстите немаат своја суштина, ни ипостас. Како што ни темнинината не постои во суштина и претставува отсуство на светлина, истото можеме да го кажеме и за страстите. “Оддалечувајќи се преку сластољубието од добродетелите, душата ги измислила страстите и ги утврдила во себе” (ава Доротеј). Можеби би било подобро да кажеме дека страстите прет-ставуваат изопачување на душевните сили. Бог не го створил човекот со недолични страсти. Како што вели Св. Јован Лествичник, “Во човекот нема зло или страсти по природа. Бог не е творец на страстите. Токму спротивното, на нашата природа Бог и дарил многу добродетели. Постоењето на добродетелите е човековата природна состојба, додека страстите се неприродни. Ние сме ги преиначиле и изопачиле енергиите (дејствата) на душата и сме ги довеле од природна во неприродна состојба. Според св.Јован Синајски, “Бог не го создал ниту направил злото”. “Ние позитивните својства на душата ги претворивме во страсти”.

Page 10: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 10

сетилно”. На друго место тој пишува дека злото е “погрешна употреба на поимите, на која и следи злоупотреба на работите”. Земајќи го како пример бракот, вели дека правилната употреба на полното општење е раѓање деца. “Значи, кој гледа само на уживањето, греши во употребата, сметајќи го за добро она што не е добро. Следи дека таквиот, општејќи со жена, прави злоупотреба”.

По падот на човекот, со разумниот дел на неговата душа владее гордоста, со желбениот – телесната изопаченост, а со волјевиот – страста на омразата, гневот и злопамтењето.

Свети Максим го проучувал природниот и неприродниот живот на душата и во поединости ги анализирал. Природни сили на душата, пишува овој светител, се разумот, желбата и волјата. Природната употреба на овие сили е таква да разумниот дел” преку познанието се придвижува кон Бога со наједноставно трагање”, та желбениот дел “копнеeјќи се насочува единствено кон Бога,” а додека волјевиот дел “се подвизува како би го задобил единствено Бога”. Поинаку кажано, човекот, кога живее во согласност со својата природа, сака во потполност да го спознае Бога, го посакува само Бога и се подвизува како би го придобил Бога, односно заедничарењето со Бога. Резултат на тоа природно движење е љубовта. Човек, соединет со Бога, се здобива со блажената состојба на љубовта, бидејќи Бог е љубов. На ова се однесуваат

стиховите од Светото Писмо: Возљуби го Господа твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум и со сета своја сила (Мк.2,30). “Кога човекот ги користи овие три сили на душата противприродно, тогаш разумниот дел завршува во (духовно) незнаење, желбениот дел во самољубие, а волјевиот во тиранија. На тој начин човекот потполно се потчинува на ѓаволот и ја осквернува убавината на својата душа” („Тајната на спасението по св. Максим Исповедник”).

На друго место свети Максим анализира што е злоупотреба: “Злоупотреба на разумната сила е незнаењето и неразумноста, а злоупотреба на желбената сила и силата на волјата се омразата и раслабеноста. Правилна употреба на овие сили е знаењето, љубовта и целомудреноста. Ако е тоа така, тогаш ништо од Богосоздадените битија и настани не се лоши”. Значи, ако ништо што е природно не е лошо, тоа значи дека злото постои тогаш кога природните сили во нас ќе се изопачат. Свети Максим наведува и други примери. “Не се лоши јадењата, туку стомакоугодието, ниту раѓањето деца, туку блудничењето, ниту парите, туку среброљубието, ниту славата, туку суетата”.

Злоупотребата на природните сили е грев, болест. Според свети Доротеј, “Злото е болест на душата лишена од своето природно здравје, а тоа е добродетелта”.

Значи, ние може да зборуваме за човековата

Page 11: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 11

болест која треба да биде излечена. Затоа што нечистотијата на душата е “да не дејствува при-родно, бидејќи заради тоа во умот се зачнуваат страсни помисли. Природната состојба на човеко-вата душа, која е пред сѐ здрава, се покажува тогаш ,,кога се нападнати страсните сили на душата т.е. желбата и волјата, таа да остане бестрасна” (св.Максим Исповедник). Бидејќи душата на човекот е единствена, а има повеќе сили, кога ќе се раз-боли една од душевните сили, се разболуваат и останатите (св. Григориј Палама).

Свети Григориј Палама учи дека, “како што зло-употребата на познанието на битијата ја претвара мудроста во лудост, така и злоупотребата на ду-шевните сили раѓа страшни страсти”.

Дека противприродното движење на душевните сили и пренасочувањето на страсниот и разумниот дел на душата од Бога кон творението е страст, се покажува со фактот што човекот, бидејќи одвнатре исцелен преку делувањето на Божествената благо-дат и сопствениот подвиг, не ги потиснува и не ги поништува страсните сили на душата, туку ги насочува кон Бога, и тие се стремат и се здобиваат со познание и заедница со Бога. Обраќајќи му се на Варлаам, кој тврдеше дека болката и жалоста не ѝ припаѓаат на молитвата затоа што страсните

сили бидејќи лоши, со молитвата треба да бидат умртвени, св. Григориј Палама учи дека постојат “блажени страсти и заеднички дејства (енергии) на душата и телото кои не го приковуваат духот за телото туку го воздигнуваат телото кон она достоинство што го поседува духот”. “Тие дејства (енергии) се духовни и не се движат од телото кон умот туку од умот кон телото”. Значи, кога се обидуваме да се исцелиме, ние не ги умратвуваме страстите туку ги преобразуваме. Солзите, жалоста, покајанието и болката, кои се најделотворни по прешањето на исцелувањето, го очистуваат страсниот и разумниот дел на душата.

Завршувајќи, би сакал да нагласам дека телесните страсти се изопачени енергии на душата. Кога душата е “без љубов и без воздржание”, страстите на волјевиот и желбениот дел се изопачуваат. „И едните и другите се возбудуваат (придвижуваат) преку чувствата” (св. Максим Исповедник). Страстите на плотскиот, телесниот живот, во смисла на отсуство на Светиот Дух, претставуваат неприродно движење на душата, а со тоа значат болест, умирање и смрт на душата.

превод: Сашо Стојчев

Page 12: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 12

Црквата се моли за сите упокоени со вера, барајќи простување на нивните гревови. Зашто нема човек без грев, дури и ако само

еден ден поживее на земјата. Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас (1 Јов. 1, 8). Така, колку и да е праведен човек кој заминува од овој свет, Црквата неговото заминување го придружува со молитви за него кон Господа. Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна (Евр. 13, 7).

Истовремено, кога општиот глас на Црквата сведочи за праведноста на упокоениот, христијаните освен што упатуваат молитви за него, се поучуваат со добриот пример на неговиот живот и го земаат како пример за подражавање.

Понатаму, кога општата убеденост во светоста на покојникот се потврдува со особени сведоштва, како што се: мачеништво, исповедништво, са-мопожртвувано служење на Црквата, дар на исцелување и, посебно, кога Господ ја потврдува светоста на упокоениот со чудеса при молитвено спомнување по неговата смрт, тогаш Црквата го прославува на посебен начин. Како Црквата може да не ги прославува оние кои Сам Господ ги нарекува Свои “пријатели”: Вие сте Мои пријатели (Јован 15, 14-15), и кои ги прима во небесните живеалишта, за да можат да се исполнат зборовите: И ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас (Јован 14, 3)? Тогаш престануваат молитвите за простување на гревовите на упокоениот и за негово упокојување; тие го отстапуваат местото на други форми на духовно општење со него, поточно: а) на прославување на неговиот подвиг во Христа – зашто ниту, пак, светило се пали и се става под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи (Мат.5, 15); б) со молитви кон него, за да се моли тој за нас, за прошка на нашите гревови, за наше духовно напредување и да ни помогне во нашите духовни потреби и неволи.

Речено е: Блажени се мртвите кои од сега умираат во Господа (Откр. 14, 13), и ние ги нарекуваме блажени.

Речено е: И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов (Јован 17, 22), и ние по заповедта на Спасителот ги прославуваме.

Исто така, Спасителот рекол: Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда (Мат. 10, 41); зашто кој ја исполнува волјата на Мојот небесен Отец, тој Ми е брат, и сестра, и мајка. (Мат. 12, 50). Затоа и ние треба да го примиме праведникот како праведник. Ако е тој брат на Господа, тогаш тоа треба да ни биде и на нас; светите се наши духовни браќа, сестри, мајки, отци, и нашата љубов кон нив се изразува преку молитвено општење со нив.

Апостол Јован напишал на христијаните: она што го видовме и го чувме, за тоа ве известуваме, та и вие да имате општење со нас; а нашето општење е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос (1 Јов. 1, 3). Во Црквата тоа општење со апостолите не прекинува; тоа преоѓа во друга област на нивното постоење – небесната.

Светото Писмо дава многубројни примери за тоа како праведниците, уште додека живеат на земјата, можат да видат, да чујат и да знаат многу од тоа што е недостапно на обичното забележување, а колку повеќе овие дарови(способности) им се својствени кога ќе го остават телото и отидат на небото.

Светата Црква отсекогаш имала учење за молитвено призивање на светите, со потполна увереност дека тие нѐ застапуваат пред Бога на небото. Ова го следаме од старите Литургии. Во Литургијата на апостол Јаков се вели: “особено си спомнуваме за Светата и Славна Приснодева, блажена Богородица. Спомни ја, Господи Боже, и по Нејзините чисти и свети молитви поштеди нѐ нас и помилуј”. Свети Кирил Ерусалимски, објаснувајќи ја Литургијата на Ерусалимската црква, забележува:” Потоа ги споменуваме (принесувајќи бескрвна жртва) и порано починатите, прво патријарсите, пророците, апостолите и мачениците, за да по нивните молитви и застапништво Бог ги прими нашите моленија”.

Сведоштвата на Отците и Учителите на

МОЛИТВЕНОТО ОПШТЕЊЕСО СВЕТИТЕпротопрезвитер Михаил Помазански

веронаука

Page 13: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 13

Црквата за почитувањето на светите во Црквата особено се многубројни, почнувајќи од IV век. Но веќе од II век постојат директни сведоштва од древната христијанска литература за верата во молитвите на светите на небото за нивните земни браќа. Сведоците на маченичката смрт на свети Игнатиј Богоносец (почеток на II век) велат: “откако се вративме дома со солзи, имавме сеноќно бдение...; потоа, малку одморивме, и некои од нас одненадеж го виделе блажениот Игнатиј како станува и нѐ прегрнува, а други исто така го виделе како се моли за нас”. Слични записи во кои се

спомнуваат молитви и застапништво на мачениците за нас, постојат и во други текстови од епохата на гонењето на христијаните.

Иконопочитување

Еден од надворешните облици на богопоклону-вање и почитување на светиите претставува и употребата на светите слики и поклонувањето пред нив.

Меѓу различните дарови коишто се дадени на човекот, и коишто го прават различен од другите созданија, постои и дарот на уметноста или ликовното претставување со помош на линии и бои. Тоа е благороден и возвишен дар, толку достоен за да може со него да се прославува Бог. Како што вели псалмопевецот, Бог треба да Го прославуваме на секој чист и возвишен начин којшто ни е достапен: Благослови го душо моја Господа, и сѐ што е во мене Неговото свето име (Псалм 102, 1). Сѐ што е во мене – сите способности на душата. И, навистина уметничката способност е дар од Бога. Некогаш во времето на Мојсеј, Господ го повика по име Веселеил, синот на Уриј, синот Оров од племето Јудино, и го исполни со Дух Божји, мудрост, разум и знаење и со секоја умешност да гради; да работи дрводелие, и да прави работи од злато, сребро и бакар, да реже камења, да реже и обработува дрво, и да прави секакви уметнички работи; и му даде способност да може да учи и други; ги обдари со умешност да вршат секаква резбарска работа, кројачка, везачка и ткајачка (2 Мој. 35, 30-35). Материјалните предмети, изработени со вешта уметничка работа за Мојсеевата скинија, како и подоцна за Соломоновиот храм, сите биле свештени. Но притоа, додека едни служеле како свештени украси, други биле исклучително почитувани и претставувале посебни места за слава Божја. Таков бил “Ковчегот на заветот”. Само допирањето до него без посебен благослов можело да донесе смрт (2 Цар 6, 7: случај со Узо, при пренесувањето на ковчегот за време на царот Давид, кога Узо бил убиен затоа што мавнал со рака кон ковчегот). Такви биле и “Херувимите на славата” над ковчегот во скинијата, помеѓу кои Самиот Бог сакал да се открива и да ги дава Своите заповеди на Мојсеј. И тука, над поклопецот, меѓу двата херувима, кои ќе бидат над ковчегот на сведоштвото, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за сѐ ќе им заповедам преку тебе на синовите Израилеви (2 Мој. 25, 18-22). Тоа бил “видливиот лик на невидливиот Бог”, по зборовите на митрополитот Макариј (Православно Догматско богословие).

Помеѓу многубројните претстави на ѕидовите и завесите во старозаветниот храм немало

Page 14: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 14

претстави на упокоени праведници како што ги има во христијанската Црква. Ги немало затоа што праведниците и сами го чекале своето избавување и излегување од пеколот, коешто е извршено со Слегувањето на Христос во пеколот и Неговото Воскресение. По зборовите на апостолите, тие без нас не го достигнаа совршенството (Евр 11, 40) и како свети се прославени во Новиот Завет. Ако во Светото Писмо се дадени строги забрани против подигање кумири-идоли и нивно почитување, тие забрани никако не можат да се однесуваат на христијанските икони. Идолите претставуваат лажни богови, и поклонувањето на нив било поклонување на демони, или пак на непостоечки, преку вообра-зување создадените битија, па на тој начин, во суштина, поклонување на самите бездушни предмети, дрво, злато или камен. Но, Светото Писмо строго нѐ учи да разликуваме што е свето, а што не, и што е чисто а што нечисто (3,Мој. 10, 10). Кој не умее да ги разликува светите слики од идолите, кој хули и ги осквернува иконите, тој ја навредува светињата и подлегнува на осуда од Светото Писмо кое вели: ти кој се гнасиш од идолите, а крадеш од храмот (Рим. 2, 22).

Откритијата на црковната археологија пока-жуваат дека во древната христијанска Црква постоеле свети слики во катакомбите и на други места кадешто се собирале на молитва, а потоа и во христијанските храмови. Ако во некои случаи христијанските писатели се изјаснуваат против скулптурите и сличните претстави, тиа го имаат во предвид незнабожечкиот култ (Елвирски собор во Шпанија, 305 год.). Понекогаш таквите ставови и забрани ги предизвикувале особените околности на времето, на пример, неопходност светињите да се сокриваат од прогонувачите-незнабошци и од непријателски расположените нехристијански населенија.

Природно е да се претпостави дека почетниот период на христијанската историја, барал најпрво оддалечување на народот од незнабожечкото идолопоклонство, пред да биде во целост спрове-дена во животот идејата на полнота на обликот на прославување на Бога и неговите светии – облик во кој свое место има прославувањето во боји, прославување со свештени слики.

Седмиот вселенски собор на следниот начин ја формулирал догмата за почитување на светите икони: “...одредуваме со секое внимание и точност: заедно со знакот на Чесниот и Животворен Крст се поставуваат (заради поклонување) чесните и свети икони – коишто се изработени на начин којшто одговара од боја и мозаик и друг материјал – во светите Божји цркви, на свештените садови

и одежди, на ѕидовите и даските во куќите и по патиштата; и тоа: иконата на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, и Пречистата Владичица наша Богородица, Чесните Ангели, и Сите Свети и Преподобни луѓе. Зашто, што повеќе тие се набљудуваат во ликовните претстави, дотолку повеќе и тие кои што ги гледаат се поттикнуваат на подражување на самите Оригинали и задобиваат повеќе љубов кон нив. И на нив (на иконите) да им се оддава целивање и почесно поклонување (на грчки: τιμητικη προσκιυνησις), но не и вистинско служење (λατρεια) според верата наша, кое прилега само на Божјата природа, туку како што на знакот на Чесниот и Животворен Крст и Светите Евангелија и на останатите свештени предмети, така и во чест на овие (иконите) правиме принос од кадење и светлина (свеќи и кандила), како што и имало побожен обичај кај древните (христијани). Зашто честа која се оддава на иконата (ликот) преминува на Оригиналот (прволикот)”...

Почитување на светите мошти

Укажувајќи на почитувањето на угодниците Божји, кои со своите души отишле на небото, светата Црква заедно со нив ги почитува и моштите или телата на угодниците Божји кои останале на земјата.

Во Стариот Завет немало почитување на телата на праведниците, затоа што и самите праведници сѐ уште го очекувале своето избавување. Тогаш телото само по себе е сметано за нечисто.

Во Новиот Завет, после Воплотувањето на Спасителот, се појавува многу повозвишено разбирање не само за човекот во Христа, туку и за телата како престојувалишта на Светиот Дух. Самиот Господ, Словото Божјо, се воплоти и прими на себе човечко тело. Христијаните се повикани на

Page 15: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 15

тоа, не само нивните души, туку и телата, осветени со светото Крштение и примањето на Пречистото Тело и Крв Христови, да постанат вистински храмови на Светиот Дух. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас (1 Кор. 6, 19). Затоа телата на христијаните кои живееле со праведен живот или станале свети со примање на маченичка смрт, заслужуваат посебно уважување и почест.

Следејќи го свештеното предание, светата Црква од дамнина укажувала на почитувањето на светите посмртни останки: ова се изразувало преку а) благочестиво собирање и чување на посмртните остатоци на Божјите угодници, што е познато од историските текстови кои потекнуваат уште од II век, а потоа и од сведоштвата од подоцнежни времиња, б) свечено откривање и пренесување на свети мошти, в) подигнување на храмови и олтари на нив, г) востановување на празници во нивен спомен, д) патување до гробовите на светите и нивно украсување, ѓ) постојано правило во Црквата – да се ставаат во темелот на олтарот мошти од

свети маченици или светите мошти да се ставаат во светите антиминси на кои што се извршува Божествената литургија.

Ова така природно укажување на почитувањето на светите мошти и други остатоци од Божјите угодници, цврсто е втемелено во тоа што Самиот Бог благоизволил да им укаже почитување и да ги прослави со бебројни знаменија и чудеса, кои се посведочени во текот на целата црковна историја.

Уште во Стариот Завет, кога на светите не им било укажувано посебно почитување преку особено посмртно прославување, се случувале знаци (знаменија) од телата на упокоените праведници. Така телото на еден упокоен откако се допрело до коските на пророк Елисеј во неговиот гроб, истиот момент оживеало и мртовецот станал (4 Цар. 13, 21). Телото на светиот пророк Илија било живо вознесено на небо, а плаштот на Илија, кој тој му го оставил на Елисеј, со својот допир ги раздвоил водите на Јордан кога Елисеј ја преминувал реката.

Во Новиот Завет, во книгата на Делата апостолски читаме дека на болните полагале

Page 16: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 16

Page 17: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 17

убруси и појаси од телото на апостол Павле, а овие се исцелувале од болести и злите духови излегувале од нив (Дела 19, 12). Светите Отци и Учители на Црквата пред своите слушатели и читатели сведочеле за чудата кои се случувале од моштите на светите, често повикувајќи ги овие свои современици да бидат сведоци на вистинитоста на нивните зборови. Така, на пример, св. Амвросиј во беседа на денот на откривањето на моштите на св. Гервасиј и Простасиј, вели: “Вие дознавте, па дури и сами сте виделе многу кои што се ослободиле од демоните, а уште повеќе и такви кои што се допреле до облеката на светите, и истиот момент се исцелиле од својата немоќ. Чудата од древни времиња се обновија од моментот кога преку доаѓањето на Господ Исус Христос на земјата се изли најобилна благодат: вие гледате многу кои како само од сенката на светите да се исцелиле. Колку убруси се предаваат од рака во рака! Колку само облека има која што е положувана на најсветите остатоци, за и од самиот допир да постане исцелувачка; се распрашуваат верните едни со други: и сите се трудат барем малку да ги допрат, а тој што ќе ги допре се исцелува”. Слични сведоштва можат да се прочитат и кај св. Григориј Богослов, св. Ефрем Сирин, св. Јован Златоуст, Блажени Августин.

Веќе од почетокот на II век постојат соопште-нија за тоа како христијаните ги почитуваат посмрт-ните остатоци на светите. Така, по на описот на маченичката смрт на св. Игнатиј Богоносец, епи-скопот антиохиски, лице кое што било сведок на оваа смрт соопштува дека “остатоците од неговото тело (го растргнале лавови во арена), само нај-тврдите делови се однесени во Антиохија и се положени во платно, како непроценливо богатство по благодатта која престојува - живее во маченикот, и е оставено на светата Црква. Населението од градовите, почнувајќи од Рим, ги примале овие остатоци едни од други и ги носеле на рамења, како што за тоа подоцна сведочи св. Јован Златоуст, “до овој град (Антиохија) славејќи го овенчаниот победник и прославувајќи го подвижникот”. Исто така. по маченичката смрт на св. Поликарп, епископот Смирнски и палењето на неговото тело од страна на римскиот проконзул, христијаните ги “собирале коските на св.Поликарп, како богатство поскапоцено од скапоцен камен и почисто од злато,

и ги положија... заради празнување на денот на неговото маченичко раѓање, за поука и утврдување на идните христијани”.

Остатоците на светите (на грчки: τα λειψανα – остатоци, од λειπω, оставам) се почитуваат неза-висно од нивната нетрулежност, а од почит кон светиот живот или маченичката смрт на светителот, а уште повеќе кога се очигледно потврдени значајни исцелувања преку молитвата на светите за нивното застапништво пред Бога. Црковните собори не еднаш ги имаат забранувано (на пример Московски собор од 1667 год.) признавањата на упокоените луѓе за свети само врз основа на нераспадливоста на нивните тела. Но секако, нераспадливоста на телата на праведниците се смета како еден од знаците Божји за светоста на тие упокоени(1).

Ке забележиме дека словенскиот збор “мошти” не се однесува само на телата на светите: на црковнословенски јазик со овој збор се означуваат воопшто телата на упокоените. Така во чинот на погреб во црковнословенскиот требник читаме: “и земајќи ги моштите на упокоениот одиме во храмот... моштите се положуваат во припратата... и така земајќи ги моштите одиме на гробот”... и слично на тоа. Старословенскиот збор “мошти” (корен: ”мог”) очигледно е сроден со зборот “могила” што значи “гроб”. Почитувајќи ги светите мошти, ние веруваме не во “мошти, т.е. “моќ” или во силата на остатоците на светите сами по себе, туку во молитвеното застапништво на светите, чиишто свети мошти ги гледаме пред себе и коишто во нашите срца поттикнуваат чуства на блискост на самите Божји угодници, кои некогаш на себе ги носеле тие тела.

превод: ѓакон Емил Атанасов

Белешка

(1) Може да се рече дека непропадливоста не претставува

“гаранција” за нивата светост: пример можат да бидат индиските

аскети, свамии, чиишто тела остануваат нетрулежни долго после

смртта (било заради природни причини, врзани за нивниот аскетски

начин на живот, било заради демонска заблуда); а од некои големи

православни светители (на пр. св. Серафим Саровски или св.

Герман Аљаски) останале само коски. Моштите на свети Нектариј

Егински (+1920) биле негнилежни неколку години, а потоа брзо се

распаднале (во земја), така што останале само благомирисни коски.

Page 18: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 18

Денес воопшто не се чудиме кога ќе слушнеме дека овде или онде зами-роточила некоја икона. Во векот чиј

афоризам е: “Дали е тоа љубов или сензација?”, многу е тешко на нешто да се вооодушевиш. Вестите за мироточење на икони станаа составен дел на нашиот живот скоро толку колку и вестите за хаварии, пожари или пак – за изненадна доби-вка или раѓање на пет деца во едно семејство. Честопати сме толку оптоварени со секојдневието, што не ни размислуваме за тоа зошто одеднаш “заплакала” икона и дали навистина тоа е чудо Божјо, знак испратен одозгора, или пак тоа е само сензација, објавена заради нечии интереси. Меѓутоа, бројот на вестите за чудата кои се пројавувале преку иконите во Русија кон крајот на XX и поче-токот на XXI век ги надминува сите рекорди. На пример, во Свето-воведенскиот манастир во градот Иваново од декември 1998 год. до март 1999 год. замироточиле 1047 икони. Вестите за мироточењето на иконите се објавуваат речиси секоја седмица. Тоа е и поводот за една подлабока анализа на една од најчуствителните појави – чудата во Црквата, и уште еден обид за нивно расветлување.

Сведоци и сведочења

Зачудувачки е тоа што на некои луѓе чуда им се случуваат буквално “на секој чекор”, додека пак други го преживуваат целиот живот и остануваат целосно убедени дека сето тоа може да се објасни и дека помеѓу тоа не постои ништо. Можеби суштината е во тоа колку е некој подготвен да поверува во чудо? Се сретнавме со некои луѓе кои со свои очи имаат видено мироточење на икона. Виктор Саулкин, иконописец и водител на радио-станицата “Радоњеж”, вака го опишува своето прво сведочење за мироточење на икона: “Со православни поклоници од Полска бевме во Оптинската пустина. Во Воведенската Црква јас зборував за иконата на Мајката Божја Троеручица,

која стоеше на ѕидот. Во текот на своето искажу-вање една од поклоничките ми рече: “Пази Виктор, ти капнува масло на палтото”. Си помислив да не сум го допрел кандилото со главата, па ја кренав раката да го наместам – и тогаш забележав дека кандило воопшто и нема, и дека всушност миро тече по иконата. Требаше веднаш да повикаме свештеник, но ние сите се помазавме со мирото по чело. Неверојатно, но благоуханието се чуствуваше уште три дена, без оглед на тоа што се замивавме во изворите. Старешината на Црквата на Светиот Маченик Пантелејмон во Дњепропетровскиот манастир, отец Александар (Гришин), на нашиот новинар му раскажа за мироточење на икона во октомври минатата година. “Прво започна да мироточи иконата на Архангелот Михаил, која се наоѓа во куќата на сестра Људмила, една верничка од нашата црква. Интересно е тоа што таа икона е од поново време. Направена е од метал. Прво сестра Људмила забележала дека покрај иконата се појавила мрсна дамка. Тоа ја зачудило, зашто на ѕидот покрај иконата немало ништо. “Прегледавме сѐ, и ја избришавме и иконата и ѕидот. Но, капките повторно се појавија. Во почетокот и не обрнувавме внимание, зашто тоа беше скоро незабележливо. Меѓутоа почуствувавме благоухан мирис, и дури тогаш сфативме дека тоа не е само “некоја појава”. Потоа иконата ја однесов кај владиката и тој потврди дека тоа навистина е мироточење.”

Сопственикот на работилницата “Руска икона” Елена Књажева беше сведок за мирото-чењето на икона која е иконописана во 1995 год. “Нашата работилница учествуваше на изложба на икони која беше одржана за време на прославата од 850 годишнината на Москва. На таа изложба беше претставена иконата “Богомајка Державинска”. Тоа е современа икона, која 1995 год. ја иконописал Евгениј Мамикоњанин, Татјана Јевејева и Јулија Суранов. И токму таа икона почна да мироточи. “Друг иконописец, Јуриј Васиљевич ни раскажа дека една икона почала да му мироточи за време на самото иконописување.” “Таа појава не може да се објасни никако освен како вистинско чудо”, рече

МИРОТОЧЕЊЕ: Зошто плачат иконите?

божји чуда

Page 19: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 19

иконописецот, “зашто материјалите кои се користат традиционално за сликање на икони, какошто се сува липова даска, левкас, кој содржи креда и лепак од риба, како и темпера од јајце – масло може само да впиваат, но никако да го излачуваат”.

Копиите од иконите на хартија

исто така мироточат

И навистина, се покажа дека прашањето дали дрвото испушта или не испушта влага (или некоја друга материја) и не е толку битно, зашто постојат голем број на сведоштва за мироточење на икони, не само изработени на дрво, туку и за копија на чудотворни икони на хартија. Дента, на 7 ноември 1997 г., замироточила копија од иконата на Царот Маченик Николај II. Од тогаш таа икона икона повремено мироточи. Нашиот соговорник Виктор Саулкин ни потврди дека “видел повеќе пати мироточење, дека тоа е вистина, и дека иконите понекогаш мироточеле и пред самите камери”. Таа икона патуваше по Русија и свечено е пречекувана во разни епархии, кадешто се читани молебни за Царот Маченик. Сопственикот на таа икона, лекарот – хирург Олег Иванович Бељченко, ни раскажа еден од многуте моменти коишто восхитуваа. Кога иконата била однесена во Украина, во Виницката епархија во градот Тучини, донесена е и една тешко болна жена. Таа била надувана како буре и неколку години не можела да се движи. Како ја бакнала иконата, надуваноста исчезнала и таа

потполно оздравела. Олег Иванович како лекар-хирург, иако многу пати гледал исцеленија пред таа икона рекол: “Јас разбирам дека тоа е големо чудо, но како лекар не можам да разберам едно – каде ја снема таа течност?”. Некое време многу се разгласила приказната за мироточење на иконата на Царските маченици. Сѐ започнало на денот на осветување на храмот во чест на Царските маченици во Подолск, во август 1997 год., кога од оваа икона се изработени неколку копии, коишто се осветени на првата Божествена литургија. Потоа од малите икони се направени копии во боја, кои истотака се осветени во црква. Две од тие икони се поклон од парохијаните економистот Григориј Баловленков и лекарот Олег Белченко. Од тогаш почнале да случуваат чуда, за коишто сведочат многу луѓе.

Миро, солзи, крв

Кога се зборува за мироточење на иконите, треба да разберете дека името на таа чудна појава е – условно. Оваа светла, маслена состојка која се појавува при мироточењето не е слична со осветеното миро кое се употребува во Светата Тајна Миропомазание. На иконата се појавува течност, која потсетува на миро, и мириса. Формата, бојата и составот на мироточивата течност е различен: од густа леплива смола до роса, поради што некогаш се зборува за “елеотечење” или “росотечење”. Виктор Саулкин ни објасни дека “иконите кои плачат” и “мироточат”, во суштина се различни

Page 20: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 20

чуда. Некои чудото на мироточење го нарекуваат “со солзи”, но всушност тоа се две различни појави. Иконата која плаче се смета за чудо кое најретко се случува, и претставува лош предзнак. Од исто-ријата може да се каже дека Богородичните солзи навестуваат тешки искушенија. Кога луѓето би обратиле внимание на тој знак и би се покајале, тие искушенија не би се случиле. Течењето на солзи е секогаш опомена. Дали го разбираат тоа луѓето или не – зависи од нив. Течењето на крв од иконите во православната традиција претставува уште пострашен предзнак.

Икона во Ерусалим ги претскажала

експлозиите во САД

Во Црквата на Гробот Господов во Ерусалим, се наоѓа чудотворната икона “Положување на трнов венец на главата на Христос Спасителот”. Приказот на иконата сведочи за последните Христови денови, кога римските војници го исмевале Исуса и Му ставиле на Неговата глава трнов венец. Од постанокот на христијанството оваа икона крвоточела само три пати, и тоа третиот пат – пролетта во 2001 год. во пресрет на Воскресението. Првпат иконата во Црквата на Гробот Господов замироточила 1572 год. На местото на денешната икона во тоа време се наоѓала фреска со истиот религиозен приказ. Во пресрет на Воскресението, поклониците се изненадиле зошто фреската пред нивните очи “оживеала” – преку неа потекле млазеви на течност, која личела на крв. А на 24 август истата година во Париз, на денот на познатата Вартоломејска ноќ, настрадало една третина од населението. Сведоци за второто мироточење на таа икона биле и неколку монаси од ерусалимскиот манастир, кои за чудото го известиле Ерусалимскиот патријарх, а тој веднаш го известил Римскиот папа. Тие настани се случиле во пресрет на Воскресението 1939 год. Какошто на сите им е познато, во септември таа година започна и Втората светска војна. Во април 2001 год. сведоци за крво-точењето биле илјадници поклоници од целиот свет. Сведоци на тоа чудо биле водачот на руската духовна мисија во Ерусалим, јеромонахот Теофан и патријархот Ерусалимски Иринеј. Ноќта помеѓу Велики Петок и Велика Сабота кога патријархот Иринеј ги благословил поклониците, на иконата на Христовата плаштаница се појавила течност, која во млаз истекувала по нозете. Мироточењето траело цел ден и престанало воочи на самото Воскресение. На случувањата од 11 септември истата година во САД - не треба никого да потсетуваме.

Знаци

Дали во православната традиција постои некој однос кон тие знаци? Мироточењето е знак на одобрување, поддршка, милост, кои им се испраќат на луѓето, или пак е предзнак на некои големи искушенија? Православните тоа различно го толкуваат. “Мироточењето е истовремено повик на покајание и покажување милост, знак дека горниот свет ни е блиску”, ни рече водителот на радио-станицата “Радоњеж” Виктор Саулкин. Работата е во тоа што пројавувањето на вистинско чудо и приближувањето на Божјата благодат кај човекот побудува чуство на покајание – чуство на сопствена недостојност, за разлика од лажните знаци кои побудуваат потполно други чуства, кои со јазикот на православните се нарекуваат прелест”. За потврда на своите зборови за мироточењето на иконите како повик на покајание, тој ја спомена патеписната приказна која е поврзана со иконата на Устјушкото Благовестие, која денес се наоѓа во Кремљ. Иконата се наоѓала во Големиот Устјуг. Во XIII век 1285 год., таму живеел блажениот јуродив Прокопиј Устјушки. Тој живеел во портата на црквата и еднаш почнал усрдно да ги повикува сите луѓе на покајание, зашто на градот му претстоела казна поради гре-вовите. А Божјиот гнев може да се оттргне само со покајание. Луѓето му се смееле, го прогонувале... По кратко време над градот надвиснале темни облаци, станало темно, како да е ноќ и почнало невреме. Во црквата стоел Григориј Устјушки и се молел пред Благовештенската икона: “Господи, отпиши ме мене од книгата на животот, но спаси ги овие луѓе”. И кога луѓето, уплашени од невремето какво дотогаш не беа виделе, почнале да се молат и кајат, на иконата на Благовестието на Мајката Божја се појавило миро, кое во млазеви почнало да истекува. Облаците ги снемало, а на 20 метри од Големиот Устјуг, во прочуената долина почнало да паѓа силен град, кој во целост ги уништил шумите во пречник од неколку километри. Иконописецот Е. Књазева исто така смета дека мироточењето е благодатен знак. Таа има кажано дека паѓањето на икона по правило е знак за тешки искушенија коишто претстојат. Почесто кажуваат дека кога од иконостасот ќе падне икона, тоа е знак за некој тежок настан во светот, од видот на војна, или тоа е некој непријатен настан за конкретно семејство. Повеќето од верниците, сметаат дека мироточењето на иконите е знак на благодат. Мирото коешто истекува од чудотворните икони треба да се собира, а потоа да се подели на верниците, зашто тоа исцелува од многу болести, па и од неизлечиви.

Page 21: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 21

Потреба за чуда

Како што гледаме, многубројните знаци од иконите коишто се случуваат во последните неколку години, предизвикуваат спротивставени мислења. Православните кон мироточењето се однесуваат со стравопочитување и со трепет. Познат е и односот на скептиците – атеисти кон оваа појава: “дамки”, “масло” и слични “опиуми за народот”. Но, луѓето коишто веруваат многу подобро од останатите разбираат што е тоа страв Божји, и заради тоа лагата и извртувањата во однос на таквите прашања се исклучени. Многу свештеници се трудат да не известуваат во светот за мироточењата на иконите

во црквите, зашто постои многу сериозна опасност: луѓето обраќаат внимание на надворешното пројаву-вање на чудата, а нивниот внатрешен духовен живот останува ист. Да се потсетиме дека Христос ги осудуваше потребите за чуда и кажуваше дека тоа е лукавство, поттикнување на свое мудрување, глад за ефект... Надворешниот ефект на чудото како необична појава и потреба за неа, христијаните го сметаат за најголема религиозна измама. Искушувајќи го Христос во пустината, сатаната Му предлага токму да направи надворешно чудо, како надворешно средство за добивање на неопходните материјални блага, и на надворешен начин да завладее со душите на своите понатамошни следбеници (Матеј 4,1-7). Пред тоа, сетете се на

Page 22: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 22

евангелието – “Кому многу му е дадено, многу од него и ќе се бара”. Покрај останатото, тоа значи и дека човечката душа ќе мора да одговори за сите повици и знаци со кои што Господ ја повикувал. Може да се случи некои луѓе во текот на својот живот да не се сретнат со чудо? Христијаните одговараат дека чудото се случува таму каде што постои духовна потреба за негова пројава и каде со него ќе се постигне одредена духовна цел. Чудото е исто така законитост, но духовна, чијшто слаб отсјај е законитоста на реалноста која што нѐ опкружува.

P.S.

Откако е пронајдена Торинската плаштаница, не престануваат негодувањата околу нејзината вистинитост. Не престануваат ниту истражувањата чиишто резултати се крајно противречни! Ниту една страна нема стопроцентни докази. И секој сам си одлучува дали плаштаницата ќе ја прифати како светиња или како дел од материјал. Очигледно, дека “доказ” и не може да има. Зарем може да се “докаже” чудо? Од друга страна, човекот којшто не е способен да гледа чуда, никогаш нема ниту да ги види. Тоа важи и за мироточењето на иконите: ниту една анализа не може да ја раслаби верата какошто

Page 23: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 23

ниту една анализа не може да ја внесе верата во душата која што не верува. Можеби работата е во тоа што секој ќе го добие оној одговор којшто го бара.

Сите знаци се милост,

а отсуството на знаци е немилост

Разговорот со Павле Васиљевич Флоренски, член на комисијата за опишување на чудата во Руската Православна Црква, професор на рускиот државен универзитет за нафта и гас Гупкин, академијата РАЕН, Меѓународна Словенска Академија.

- Павле Васиљевич, последните години има многу соопштенија за мироточивите икони. Дали според вашето мислење големиот број на мироточиви икони може да се смета за предзнак на специфично време?

- Всушност, чуда непрекинато се случуваат – толку непрекинато што се дури, ако може да се каже, понекогаш малку и неинтересни и обични. Светот е секогаш чудесен ако во него присуствува Бог. На ниво на обичното човечко размислување, најголемо чудо е тоа – што постоиме. Тоа е спротивно на сите закони на термодинамиката, законот за веројатност, теоријата за ентропија. И затоа сите останати чуда се, ако може така да се каже “пердуви” и појави “од второстепено” значење. Слава Му на Бога што мироточат иконите, но исто така можеме да се радуваме и на секое друго чудо во нашиот живот. Не треба само да се задржува вниманието на чудото со мироточење – тоа постои и слава Му на Бога. Покрај тоа постои опасност некој да сака да се прослави, па заради тоа симулира. Па што! Дури и да постои некој кој тоа го прави тоа е – исто така чудо во слава Божја! Од друга страна, дали вака големиот број мироточења можеле да се случат во 50-те години? Одговорот е - не, тоа едноставно не можело да се случи! Зошто? Затоа што немало ниту икона, ниту црква, а денес слава Му на Бога – црквите се обновуваат, а икони има многу.

- Дали во православната традиција постои некој специјален однос кон знаците како што е, на пример мироточење на икона? Дали е тоа знак на милост или предзнак за некое искушение коешто претстои?

- Било какви знаци секогаш претставуваат милост. Немилост е – отсуство на знаци. И затоа е секако милост, радост и подршка за нас. Секое чудо во ниеден момент не треба кај нас да предизвика чуство на загриженост, зашто специфичноста на

Христијанството и исламот е во тоа, што Бог ни дарувал слобода. Еве, на пример, грците веруваат во судбина од типот “како и да се сврти, копјето ќе му ја прободе петата”. Во Христијанската култура е поинаку. Ние сме слободни и по нешто божествени. И затоа сите знакови и чуда треба да ги сметаме како повик на добрина, благочестивост и правилен начин на жиот.

- Вие сте член на комисијата за опишување на чуда во Руската Православна црква. Кажете ни што е задачата на таа комисија? Која е нејзината основна цел?

- Комисијата е формирана благодарение на напорите на Александар Викторович Московски, извршен секретар на комисијата. Комисијата е специфична по тоа што нејзините членови се “при-родни научници” – А.В.Московски е физичар, а јас геолог. Секогаш и задолжително мораме нешто да измериме, да прочитаме, да ги споиме електродите, а јас како геолог морам уште и да удрам со чеканот и да проверам. Поради тоа нашата комисија про-учува само мал број на чудесни појави, односно оние кадешто, на пример, е можно да се земе масло или течност, а потоа да се проанализира, фотографира. Всушност комисијата се занимава со случаи кадешто појавата не зависи формално од човекот, како што се случаи на прозорливост, исцелување. Со нив нека се занимаваат лекари, психолози, психијатри. Ние сакаме да сме про-фесионалци. Меѓутоа, ние и така ништо не можеме да проанализираме ниту да сториме. Зошто? Затоа што науката не може да се потпре на чуда. Тоа се различни, неспоиви области. На пример да на-правиме анализа на масло – и што потоа? Можно е да го споредиме со масло од продавница, со масло од кандило и да докажеме дека не е исто. Зарем тоа е доказ за чудо? Сето тоа е непринципиелно. И затоа нас организацијата на испитување и анализа нѐ доведува до конфузија – што да правиме самите со себе? Ние знаеме дека работиме свето дело, ги архивираме сите настани. Тоа е нашата вистинска работа. Кога започнуваме со сите тие анализи и слично, сами кон себе ние се однесуваме иронично.

- Дали може да ни кажете нешто за резултатите од тие анализи?

- Резултатите се никакви. Некогаш има сличности, некогаш не. И пак ќе потврдам – најголемо чудо се случува за време на Богослу-жението. А сѐ останато е – обичен украс, одобру-вање...”да, слава Му на Бога што тоа се случува. Тоа е многу добро... Тоа треба да се запамети...” И сега замислете – во тоа друштво на чудотворци коишто веруваат да влезат некои расипници кои со себе ќе донесат канта со растително масло...и што се добива

Page 24: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 24

со тоа? Нормално – ништо.

Или, еве ви уште еден пример – Торинската плаштаница, која е една од најголемите светињи на сите христијани. Научниците направиле анализи за да потврдат од кој временски период потекнува. Резултатот бил XII или XI век, иако требало да биде први век. И врз основа на тоа што може да се заклучи? Тоа е моја област и затоа како стручен во неа зборувам – јас точно знам како доаѓа до “подмладување” на изотопи, поточно не до “подмладување”, туку до мешање. Тоа е основа, и со неа се соединуваат нови молекули, коишто ѝ даваат друг изотопен состав. И “подмладувањето” е предодредено. Работата е во тоа, што никакви научни експерименти не докажуваат, ниту ја оспоруваат вистинитоста дека Исус Христос дошол да го спаси светот, примајќи ги на Себе гревовите, - понатаму читајте го “Символот на верата”. Тоа се принципиелно различни, неиспи-тани области. Најважно е – набљудувањето и восхитувањето.

Иверска Монтреалска икона

Една од најпрославените мироточиви икони во последно време е Иверската Монтреалска икона на Мајката Божја, која од 1982 год. мироточи веќе 15 години. Православните сметаат дека мироточењето на таа икона е најголемо чудо на XX век. Еве ја на-кратко целата приказна. Сопственикот на иконата Јосиф (Хозе Муњес Кортес, професор по Историја на уметноста на Монтреалскиот универзитет, отишол во Грција 1982 година, на полуостровот Атос, кој во православието се смета за земна обител на Пресвета Богородица. Тоа патување влијаело на целиот негов понатамошен живот. Во Даниловиот скит на Атос ја здогледал Иверската икона на Мајката Божја – копија на познатата Иверска Вратарка. Јосиф ги замолил монасите да му ја продадат таа копија, чуствувајќи дека таа икона треба да биде со него на запад. Но, монасите тоа не го благословиле. Меѓутоа

следниот ден, кога Јосиф се спремал да си оди, го стасал игуменот и ја благословил иконата на Мајката Божја, кажувајќи му дека Небесната Царица сама ја благословила таа икона. Дента на 24 ноември 1982 год. Јосиф се разбудил чуствувајќи во собата необичен благомирис. Јосиф здогледал дека по Богородичната икона тече миро, коешто благоухало. Ја однесол иконата во црква, и оттогаш таа икона мироточела точно 15 години; притоа бивајќи сува само една недела – во Страсната седмица на Големиот пост. Сите тие години Јосиф патувал со чудотворната икона по целиот свет; од Австралија и Аргентина до Бугарија. Забележани се многубројни исцеленија, дури и од неизлечиви болести. По 15 години, во 1997 год. Јосиф е убиен во Грција. Оттогаш никој не знае каде се наоѓа иконата. Јосиф не ја земал иконата со себе во Грција, зашто како што мислат грците, ако иконата е насликана во Грција, на Атос, тогаш таа и припаѓа на Грција. Пред патувањето во Грција Јосиф ја дал иконата на чување за да избегне било какви провокации, и никој не знаел каде се наоѓа таа во тоа време.

Дива вишна

Се разбира дека и атеистите имаат свое специфично мислење, зашто тие се природно

Page 25: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 25

уверени дека нема никакви чуда, и дека сѐ се случува со одредена цел. Во историјата навистина се познати фактите, кога мироточењето се “уре-дувало” од страна на црковните служители со одредена, политичка цел. Познато е дека Петар Први бил во конфликт со свештениците, коишто не ги одобрувале неговите новитети, сметајќи го за антихрист. Алексеј Вјазовскиј, член на Извршниот комитет на Атеистичкото друштво на Москва, коавтор на сајтот “Научен атеизам”, нѐ потсети на случајот од тоа време, кога свештениците се обиделе да го организираат “мироточењето” на иконата на Пресвета Богородица со цел да ја покажат Петровата неправедност и лутината на Богомајката заради тој настан. Сличен настан се случи неодамна при посетата на римскиот папа на Грција, кадешто основна религија е Православието. Тогаш се појавија сведоштва за тоа дека икона излева крвави солзи, а всушност тоа требало да послужи како знак дека Господ се противи на посетата на поглавар на друга конфесија (вероисповед). Меѓутоа анализата на “солзите”, според резултатите на истражувањата покажаа дека се како сок од дива вишна.

Од што е направена иконата

Запознавајќи ги подетално материјалите коишто се користат за сликање икони, одлучивме тоа да го појасниме: можеби постои веројатност дрвото или бојата коишто се користат за иконопи-сување по некое време да се појават на иконата во вид на кондензација? Се докажа дека денес иконите се прават како и во старите времиња – се користат само природни материјали и бои. Како што ни раскажа сопственичката на иконописниот центар “Руска икона” Елена Књазева, даската која што се користи за икони најчесто е или од липа или од чемпрес. Хоризонталниот дрвен додаток на другата страна на иконата – од задната страна, мора да биде од поцврсто дрво, најчесто од даб. Овие додатоци се неопходни за да не се превиткува даската. Предната страна на иконата, која што се слика, се заштитува од испарување со заштитен слој. Тоа е левкас, којшто се подготвува од природен лепак по стара технологија. Потоа се става посебна тенка ткаенина, за да левкасот подобро се зацврсти, како и заради тоа, на него да се избегне појавата на микроскопски пукнатини како последица на тоа што даската има особина да ја собира влагата и да ја испушта, па се шири по малку цело време, а и по малку се собира. Испарувањето на влагата од даската оди од предната страна кон позадината на иконата. Лесно се забележува дека што е постара

иконата, сѐ повеќе е искривена. Со завршувањето на живописувањето, површината на иконата се премачкува со маслен раствор. На прашањето дали на иконата некогаш може да се појават испарувања заради природни појави и како последица од причина што дрвото собира и испушта влага, Е. Књазева одговара вака: “Не, такво нешто сѐ уште не сум видела дрвото да испушти толку влага за да се забележи во кондензирана форма. Мислам даека такво нешто не може да се случи. Тие испарувања за кои што зборував се многу мали и дури по неколку векови само малку се менува формата на даската на која што е живописана иконата. Покрај тоа, липата, на која што најчесто се сликаат иконите, не е дрво што испушта смола. И затоа никаква смола не може да се излачи од липата.”

превод:

ѓакон Емил Атанасов

-Речник-

Акатист:

Зборот “акатист” (од грчкиот збор “имнос акатхистос”, буквално “химна при чие читање не се седи”, во црковнословенски превод – “неседален”) значи посебен збир на песни, во чија содржина се фали Господ, Богомајката и Светителите, и чијашто форма е утврдена со древниот Акатист на Пресвета Богородица.

Црковно миро:

Мирото се подготвува на посебен начин и содржи многу состојки, какошто се разни арома-тични масла, бело вино, различни темјани. Во Руската православна црква мирото се прави секоја четврта година во специјални печки за готвење на миро, кои се наоѓаат во Кремљ. Потоа мирото се дели на сите цркви заради вршење на Светата Тајна Миропомазување.

Мироточење на иконите:

Кога се говори за мироточење на иконите и светите мошти, треба да се разбере дека името на таа чудесна појава е – условно. Тоа светло масло кое се излачува при појавата на чудотворното ми-роточење не е идентично со светото миро кое се користи во Св.Тајна Миропомазание.

Миропомазаник:

Човек се помазува со миро само еднаш – на Крштевањето. Друг пат се помазува со миро само при прогласување за цар. Токму затоа и царот се нарекува миропомазаник.

Page 26: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 26

Во летописите со делата нa современите подвижници на благочестието особено место заземаат подвизите на свети преподобен

Серафим Вирицки: најблагочестив православен лаик, кој по послушание се подготвувал за монашки живот под раководство на искусни духовни учи-тели во текот на 40 години; монах исповедник кој го примил монашкиот постриг во годините на отворени гонења и за шест години го поминал патот од послушник до духовник на најголемиот Руски манастир, под чија грижа се наоѓале повеќе

истакнати ерарси на Руската Православна Црква; го-лем старец кој на дело го исполнил светоотечкиот завет: “Стекни мирен дух и тогаш илјадници души ќе се спасат околу тебе…” – тоа се основните етапи на животниот пат на свети Серафим Вирицки.

Страшната 1917 г… На Господа му било уго-дно да ѝ испрати на Русија тешки искушенија… “Наоколу предавство, плашливост и измама…” Уште тогаш многумина ситуирани луѓе од дворјанството, интелигенцијата и трговците, ги пренесуваат своите капитали преку граница и ја напуштаат Русија,

надевајќи се дека зад граница ќе ги преживеат матните времиња.

Во тоа време, познатиот петербуршки трговец Василиј Николаевич Муравјов (името на преподобен Серафим Вирицки пред да се замонаши), кој се занимавал со трговија со крзно, прави постапка што е неразбирлива за вообичаеното човечко размислување; тој ја затворил својата фирма, своите работници богато ги дарувал, а основниот капитал го подарил за потребите на Александро-Невската Лавра, Воскресенскиот Новодевички женски манастир во Петербург, на Иверскиот Виксунски женски манастир во Нижегородската губернија, кој бил основан од неговиот духовен отец – јероманахот Варнава – старец на Гетсиманскиот скит на Свето-Троицката Сергиева Лавра и на други манастири.

Фирмата на Василиј Николаевич била високопрофитна. Руското крзно било многу барано на западниот пазар. Неговите фирми-подружници тргувале во Австрија, Германија, Данска, Англија, Франција па дури и во Њу Јорк. Не го попречила ни првата Светска војна – како многу способен, Василиј Николаевич продолжувал успешно да ги води своите комер-цијални работи. Бил познат и во европските престолнини – Виена, Берлин, Варшава – каде што патувал заради трговијата.

Успех и слава, богатство и убавина, телесно здравје и сложно семејство – тоа се земните вредности за кои многумина само мечтаат, а со кои Господ изобилно ги надарил сопружниците Муравјови. Но, не ги надарил само, туку и ги

ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМВИРИЦКИ

современи свети ликови

Page 27: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 27

испитувал…

Изгледало дека ништо не му пречи на Василиј Николаевич да ги вложи своите капитали во некаква профитна зделка во странство, среќно да ја напушти Русија и со своето семејство да се смести некаде на Запад, следејќи го примерот на многуте негови познаници. Сето тоа би обезбедило спокоен и безметежен живот.

Сепак, за Василиј Николаевич Муравјов тој избор не постоел – тој секогаш бил подготовен да сподели какви било искушенија со Татковината која многу ја сакал и со својот народ, а уште повеќе, затоа што Господ му приготовил особено назначување…

Самиот Господ во Светото Евангелие укажува за слободната волја на човековата душа: “Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го својот имот и раздај на сиромашни; и ќе имаш ризница на небесата; и дојди и следи Ме” (Мт.19,21). ”Ако сакаш…” – тоа се зборови од Спасителот, на кои верниот Божји слуга Василиј многупати одговорил во своето срце: “Сакам, Господи!”

Најголема храброст и неколеблива вера барала постапката што тој ја направил. Откако ги отфрлил сите примамливости на овој свет, по обострана согласност со жената, тој донесува неповратно решение – со подвигот на молитвата целосно да се посвети себеси на служење на Едниот Бог.

На 16/29 октомври 1920 г., во црквата на Светиот Дух, на Александро-Невската Лавра; “на-

шиот брат ја пострижува косата на својата глава, во знак на одрекување од светот и си што е во светот и во знак на отсекување на својата волја и сите плотски похоти, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух…” – добивајќи го името Варнава (во схима: Серафим).

Тогаш била потстрижена во монаштво во Во-скресенскиот Новодевички манастир во Петроград и неговата верна сопруга и соподвижничка Олга Ивановна Муравјова, со името Христина (во схима: Серафима).

Во 1920 г. откако бил замонашен во Александро -Невската Лавра, старецот јеросхимонах Серафим станал нејзин духовник. Од 1930 г., кога тешко се разболел, до своето упокоение во 1949 г., тој живеел во Вирице.

Времето на служењето како старец/духовник за Вирицкиот подвижник се паднало во периодот на крвавото богоборство, во Големата татковинска војна, повоеното уривање и преродбата.

Со почетокот на Големата татковинска војна, старецот го засилил подвигот со молитвата врз камен – почнал да го извршува секојдневно. Во тоа време тој бил многу истоштен од болеста и практично не можел да оди без придружба. До местото за молитва го воделе под рака, а понекогаш и го носеле – си спомнуваат блиските. Се молел о. Серафим толку, колку што имал сила; некогаш час, некогаш два часа, а некогаш и неколку часови. Се оддавал целосно, без остаток – тоа била вистинска

Page 28: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 28

молитва од длабочините!

Веруваме дека заради молитвите на таквите подвижници издржала Русија и бил спасен Петербург. На студ и во жега, на ветар и на дожд – старецот упорно барал да му помогнат да отиде до каменот; без оглед на своите многу болести тој го продолжувал недостижниот 1000-дневен подвиг. Така, од ден на ден, во текот на сите долги исцрпувачки години, старецот Серафим Вирицки ги вознесувал своите молитви за спас на Татковината.

Сите тие години отец Серафим со самиот свој живот сведочел за Христа, вложувајќи го својот неспоредлив придонес во зачувувањето на Православието како основа на основите на постоењето на рускиот народ, приведувајќи кон спасение многу души.

Заради љубовта кон луѓето, Господ му дарувал на вирицкиот подвижник голе-ма духовна мудрост, збор за лекување на немоќните души, збор на вистинско про-видение и пророштво. Како за време на животот, така и по неговото упокојување – баќушката им помагал и им помага на сите што му се обраќаат.

Старецот јеросхимонах Серафим заминал во Вечноста на 3 април 1949 г. Небесниот Град – Горниот Ерусалим, широко ја отворил својата врата пред новиот небожител, засе-когаш примајќи го во своите Божествени престојувалишта.

“Доаѓајте кај мене на гробот, како кај жив, разговарајте како со жив и јас секогаш ќе ви помагам” – на многумина така им зборувал своевремено вирицкиот старец.

Во 2000 г. Серафим Вирицки бил прибро-ен во соборот на светите на Православната Црква. Многу поклоници одат во Вирице да му се поклонат на преподобниот и да добијат од него помош. Во Вирице околу храмот во чест на иконата на Божјата Мајка Казанска, се наоѓа параклис над гробот на преподобниот Серафим Вирицки.

* * *

Денес во Санкт-Петербург и во многу други места во Русија е започната изградба на храмови со име на преподобниот Серафим Вирицки.

На 3 април 2009 г., се исполнија 60 години од денот на преставувањето при Господа на преподобен Серафим Вирицки (+03. 04.1949 г.) Во денот на споменот на преподобниот Серафим Вирицки во Вирицкиот Казањски храм, Литургијата на Претходно-осветени Дарови ја возглавил Рускиот Патријарх Кирил.

превод: ѓакон Тони Петрушесвки

Page 29: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 29

Голем грев претставува верувањето во слепа судбина, наместо во Живиот и личносен Бог. Таква вера не треба да имаат христијаните кои

ја познаваат добрата и премудра Божја промисла. Според учењето на Православната Црква, Господ на секој му ја одредува неговата судбина во овој сегашен привремен но и во идниот вечен живот, но не безусловно, туку на основа на премудрото сезнаење за тоа како ќе се однесува човекот за време на неговиот земен живот. Наспроти ова, многумина имаат погрешно сваќање за судбината. Многу луѓе веруваат дека со судбината, безусловно кај секој човек се подредени сите околности во животот па дури и сите негови постапки, а се одредени и се извршуваат независно од човекот и неговата волја. Па така, тие мислат дека човек колку и да се труди, ништо не може да промени во својата судбина. Тоа верување го потврдуваат и поговорките: „Од судбината не се бега,“ т.е „Така му било судено.“ Ваквите верувања се присутни не само кај пониските слоеви од народот, туку и кај образованите луѓе. Понекогаш и кај нив може да

се слушне: „фатален истрел” , и „фатален чекор и фатално постапување во животот”. Ваквото мислење за судбината која чудно господари со сите, која кај некои е милостива, а кај други страшна и тоа без било каков избор или без каква и да е врска со својата желба за правда, мудрост и добрина - има пагански карактер и е примено од паганството. Старите Грци и Римјани верувале дека судбината е некакво божество кое има власт не само над луѓето, туку и над боговите. Кај муслиманите верувањето во судбина е крајно бессмислено. Мухамедовиот Алах самиот извршува добри и лоши дела кај луѓето, и кого тој самиот сака го наведува на заблуда, а кого сака го насочува кон добро. Сѐ зависи од него, а луѓето се само несреќни орудија во неговите раце. Јасно е дека ако човек нема слобода да управува со самиот себе и го прави она што му е предодредено, тогаш тој не е виновен за гревот и злото. Според учењето на Куранот, Алах самиот испраќа зли духови на неверниците да ги побудува да извршуваат лоши работи. Мухамедовиот бог е деспот кој се раководи само со безусловно

ЗА ВЕРУВАЊЕТО ВО СУДБИНАИ ДРУГИ ПРЕДРАСУДИ

кривоверија

Page 30: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 30

самоволие и каприц.

За жал, овие погрешни сфаќања за судбината, суеверните христијани ги пренеле на единствениот Вистински Бог, така што тие ги оправдуваат своите гревови повикувајќи се на Божјата волја. Така, кога некои благонаклони луѓе со љубов го опоменуваат оној што се оддал на пијанство, тој им одговара: „Мислете дека јас сакам да го правам ова? Самиот гледам дека пропаѓам, но таква ми е судбината, Господ ме казнил на таква страст кон пиењето. Тешко ми е, но, јас за ова ништо не можам да сторам.” Зар може да има нешто побезбожно од ваквото суеверно мислење за Бога, како неизбежна судбина, како слепа сила која владее со светот? Навистина, без Божјата волја не паѓа ни влакно од човековата глава. Секој од нас зависи од семоќ-ната Божја волја: Господ умртвува и оживува; спушта во пеколот и извлекува. Господ збогатува и осиромашува, понижува и возвишува (1 Цар. 2,

6-7). Господ ги управува човечките чекори (Изреки 20, 24). Но во сите случаи, Господ дејствува во склад со Својата Премудрост, добрина и со Својот вистински суд. Па така, Тој ја употребува Својата власт, не нарушувајќи ја човековата слободна волја. Слободната волја е таков Божји дар, што Тој ја почитува и кај злочестивите луѓе. Не одземајќи му ја волјата на човекот, Господ му предложува да избере живот или смрт, благослов или проклетство. (Сир. 16, 6; Проп. 30,19), па така изборот останува на човекот. Господ ја управува нашата судбина, во склад со она што луѓето го избираат и заслужуваат. „Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни ако, пак, не сакате и се спротивставувате, меч ќе ве истреби” (Ис. 1, 19-20). Очигледно е дека виновник за несреќите со кои Господ ги застрашува непокорните народи не е Самиот Господ, туку луѓето. Господ сите ги љуби и сака сите да се спасат и не е виновен ако луѓето наспроти неговите

Page 31: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 31

совети и опомени одат кон пропаста. Навистина, ние не можеме секогаш да го согледаме односот помеѓу човечките дела и наградите што следуваат за нив. Ние често пати гледаме како благочестиви и побожни луѓе живеат сиромашно, страдаат од навреди и човечки неправди, не успеваат во секојдневните работи, а безбожни и безакони луѓе успеваат во сѐ. Ако Бог е праведен, зошто го дозволува тоа? Зарем тогаш не дејствува и Тој како слепа судбина, која не ги разликува достојните и недостојните? Секако дека нам во сегашниот живот, многу од односот на Бога кон луѓето и кон нивната судбина ни е несфатлив. Но, она што ни е сега несфатливо, ќе ни се објасни во идниот живот, „бидејќи сега гледаме како во огледало” (1 Кор. 13,12), а кога ќе го здогледаме Бога, тогаш сѐ ќе ни стане јасно. Во секој случај, несомнено е дека среќата на безбожните луѓе не е трајна, и нивните успеси во секојдневието се минливи, а Бог нема да ги остави без казна. Ако не во овој, тогаш во вечниот живот Господ ќе им врати според нивните дела.

Исто така и побожните луѓе, ако не во овој, тогаш во идниот вечен живот ќе наследат поголема награда, бидејќи со големо смирение и преданост на Божјата волја, ги поднесувале животните несреќи, преку кои Господ ги водел заради јакнење на верата и љубовта кон Него.

Огромните злоупотреби на човековата слобода, кои ги трпи Господ, не треба да ја колебаат нашата увереност во премудроста Божја и Неговиот ви-стински суд, бидејќи Господ ги допушта за слава на Неговото име. Тој од самото зло ќе извлече добро. Лошите луѓе стануваат орудие на Неговата промисла, иако тоа не го чувствуваат. Еве еден добар пример: колку страшно постапиле со Јосиф неговите браќа продавајќи го во ропство во Египет?! Но, во Египет тој се прослави и стана голем добротвор не само за Египет, туку и за околните земји, снабдувајќи ги со жито за време на седумгодишниот глад. Затоа тој им рекол на своите браќа: „Ете вие смисливте кон мене зло, но Бог го насочи кон добро” (1.Мој. 50,20). Колку ужасно злодело направиле Евреите, кога го одвеле Христа на крстно страдање и смрт! Тие мислеле дека Христовото дело ќе пропадне, прелажувајќи се самите себе! Тие на своите души си нанеле тежок и неопростлив грев, кој не можел да го спречи спасението на човечкиот род. И предавникот Јуда треба да се гледа од иста гледна точка. Христос за него рекол: „Тешко му на оној човек преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше родил” (Мт. 26,24).

Фаталистите се спремни да го обвинат

Христос дека тој божем ги наведува луѓето слично како мухамедовиот Аллах. Но, ова обвинување е богохулство. Бог го мрази гревот и ги употребува сите можни средства да му се спротивстави на гревот. Точно е кога се вели за Бога дека го разгневил срцето на фараонот, но, тоа не значи дека Самиот Бог внел гнев и омраза во фараоновото срце, туку тоа биле барањата Божји да ги пушти Евреите, кои барања всушност поттикнале злоба кај фараонот, кој се разгневил против Бога. Ако за Исус Христос од страна на Симон Богопримец е речено: „ Еве, Овој лежи за паѓање и подигање на многумина во Израилот” (Лк. 2,34) - тоа не значи дека Христос ќе биде непосреден виновник за падот и пропаста на Израилците, туку дека (Израилот) ќе пропадне ако не поверува во Христа. Согласно суеверната паганска претстава судбината е неизбежна. Но тоа воопшто не може да се рече за Бога кој сѐ промислува. Бог може да се измоли, како што покажуваат многуте примери на Неговото снисходење, кон оние што Му се обраќаат со молба да ги помилува. По Божја заповед пророкот Исаија му објавил на царот Езекија веднаш да биде спремен да умре и да состави духовно наследство. Тогаш Езекија заплакал и почнал да го моли Бога да го поштеди. Господ ја послушал неговата молба, а пророкот Исаија враќајќи се од царскиот дворец уште не стигнат до капијата добил нова заповед од Бога, да му објави на Езекија дека Господ ја укинува Својата пресуда и дека му дава да живее уште петнаесет години. Дали можело тоа да се случи ако Божјите одлуки личат на неизбежна судбина? Воопшто, нема ништо заедничко помеѓу Бога и така наречената безлична и рамнодушна судбина. Нашата судбина е во рацете Господови, но, Господ секогаш е спремен да ни даде добар исход во сите работи. Од нас и од нашата волја зависи дали ќе ја заслужиме Божјата благонаклоност.

Суеверијата и предрасудите

во нашето време

Астролошките прогнози, хороскопите, прет-скажувањате и пророкувањата многу се раширени во наше време. На нив им се придаваат разновидни привлечни форми: од живописни телевизиски програми, суптилно обликувани гатања до псевдо-научни компјутерски прогнози. Од тенки брошури од кои може да се сознае целиот поминат и иден живот, до кабалистички карти Тарот, на чие проучување треба да се посветат многу години. Главна задача на ваквиот информативен притисок на човекот се состои во:

• Прво, да го привикне човекот да мисли за предодреденоста на слепата судбина, кармична

Page 32: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 32

и генетична зададеност на целиот живот.

• Второ, да го одвлече човекот да не мисли на Бога, да го оттргне од молитвата и желбата да ја сознае Божјата волја за себе, да го одвои од синовската преданост на Бога и од тежнеењето да живее - не по својата извалкана волја, туку - по Божјата света волја.

Повеќето гатачи предлагаат „спасоносни рецепти” кои сѐ повеќе го потчинуваат човечкиот живот на „кнезот од овој свет”. Пропагандата на окултизмот, теософизјата, јогата, будизмот, тантризмот и многу дру-ги, го одвојува човекот од Бога. Најголема опасност за современиот човек претставуваат следбениците на неопаганството: исцелителите, вражачите, јогистите и волшебниците. Всушност, помеѓу сите овие наброени нема многу разлика. Во сите случаи „исцелителот” ја користи и повикува силата која, како што тој самиот смета, ја добива од ѕвездите, духовите, дрвјата, билките, камењата и другите предмети од природата. Па така, сите овие „биоенергетичари” постануваат играчка во ѓаволските раце. За одредена моќ и знаење кое им се дава, вражачите и гледачите отплатуваат со своите души и со душите на оние кои ги занесуваат. Зборот „занесуваат” не е случајна. Ваквите лекари наизглед восхитуваат. Тие ги привлекуваат луѓето кон себе и буквално кажано ги воодушевуваат. Но во исто време, ние не треба да имаме негативен став кон оние лекари кои користат корисни билки и минерали за лечење со масажа и гимнастика, а кои можат да спречат многу болести.

Сепак неопходно е да се обраќаме кај професионални лекари, а не кај екстрасенси и исцелители кои користат хипноза и повикуваат духови. Дури кога „исцелителот” користи молитви, крст и тоа што во неговата куќа има икони, не може да послужи како гаранција дека пред вас е вистинскиот лекар, а не измамник па дури и сатанист. Сепак најдобро е човек да се советува со својот духовник кога има намера да посети таков „исцелител”. Сетете се на зборовите од Спасителот: “ Мнозина ќе ми речат во оној ден: “Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име демони не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме? И тогаш Јас ќе им кажам: Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела”(Мт. 7,22-23)”

Дарот на исцелителство се дава многу ретко на некои христијани поради нивното подвизување, свет живот, а особено по Божја промисла. За подвигот на лекување болни, а особено истерување на де-мони, свештеникот мора да добие благослов од старецот и црковната ерархија кои го потврдуваат божественото потекло на тој дар кај човекот.

Многу суеверија и предрасуди навлегле во нашиот црковно-парохиски живот. За тоа многу точно пишува проф. А. Ч. Козаржевски - добар познавач на парохискиот живот. Да ги чуеме неговите зборови: “Парохијаните пред војната во повеќето случаи успевале да добијат минимум духовни знаења уште пред 1917 гододина. Тие добро ги познавале црковните служби и биле ослободени од предрасуди кои сега се доста распространети: не предавале свеќи само преку десното рамо, не ги држеле прекрстени дланките на зборовите “Мир на сите”, не разликувале “добра” и “налутена” Мајка Божја, не палеле свеќи само да добијат некое конкретно барање одозгора, ниту пак оделе заедно со неверниците по гробовите на првиот ден од Велигден, знаејќи дека за помен за покојните е утврден посебен ден. Верниците интелектуалци не ги помешувале христијанските убедувања, антихристијанската мистика - астрологија, теософија и друго некое учење. Во храмот стоеле мирно, никогаш не им паѓало на памет внатре во храмот да се туркаат или шетаат. Немало обичај да се посетуваат различни цркви (храмови), особено за празниците. Се држеле само за својата парохија, меѓу себе добро

Page 33: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 33

се познавале и секој си имал свое вообичаено ме-сто за стоење. Во храмот владеела благонаклона атмосфера: помеѓу себе не си наоѓале замерки, и не ги осудувале жените кои биле со непокриени глави. Свештенослужителите побожно се однесувале кон светињите, не се однесувале како да се домаќини и не го уништувале расположението на верните со довикување.

Како што гледаме, суеверијата се очигледни и одамна познати (како на пример црна мачка, среќни и несреќи броеви и денови и сл.), но тие постојат и во скриен, па дури и во псевдонаучен облик.

Суеверијата потекнуваат од тежнеењето на чо-векот да даде објаснување за сѐ, и во сите работи да воспостави врска од самодоверба и самоволие, и од прифаќање на лажното како вистинско.

Треба да се знае дека суеверијата често пати се некои наши заборавени детски стравови и фантазии, кои повремено испливуваат од областа на потсвесното и влијаат на човековиот живот, јавувајќи се во разни облици, симболи и дејствија.

Господ да нѐ чува од сите видови на суеверија! А бидејќи знаеме дека суеверието се јавува кај лу-ѓето уште од рана младост, тогаш наша должност е да ги воспитуваме нашите деца за нивните млади души да бидат запазени од суеверие. Децата уште мали треба да се научат да ја сакаат Црквата,

да му се молат на Бога и да гледаат спасоносна моќ во црковните свештенодејствија и Светата литургија. Тие уште од мали нозе треба да се учат да имаат правилен поим за Божјата промисла која сѐ насочува кон добро. Тогаш нивните души нема да се заразат со суеверие и нема да се плашат од ништо што е измислено од човечката глупост. Тие души ќе се плашат само од Божјиот гнев, плашејќи се да не си навлечат на себе осуда за гревовите и да не се доведат до вечна пропаст.

Свети Игнатиј Брјанчанинов во суеверието ги вбројувал и различните вероучења туѓи на христи-јанството, кои ја изобличуваат вистината и преку кои настојува да нѐ соблазни древниот непријател на Бога и луѓето - ѓаволот.

Светителот велел: „Верата само тогаш е света и вистинска кога е донесена на земјата од Очовечената божја Вистина, Господ наш Исус Христос. Секоја друга вера е суеверие”.

Плодовите на суеверието претставуваат пропаст. Таквата вера е осудена од Бога. Со неа веруваат идолопоклониците во своите идоли, еретиците во своите богохулни догми и во својата ерес, а рационалистите во својот помрачен човечки ум. Со таква вера ќе веруваат и следбениците на антихристот.

превод: ѓакон Илија Поп Ѓонов

Page 34: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 34

Твои од твоите на Тебе ти принесуваме, за сите и за сè.“ Во овие зборови кои ги слу-шаме на Литургијата е содржана сржта на

Православното сфаќање за човековиот однос кон Творецот и созданијата. Созданието е од Бога. Човекот не го поседува, туку преку него Созданието се принесува на Творецот.

Целта за постоењето на созданието најдобро е изразена во една од песните која се пее на вечерната во очи Рождеството Христово: “Што да ти принесеме, Христе, на тебе кој заради нас слезе на земјата? Бидејќи, сè што си создал, ти вознесува пофалба. Ангелите ти принесуваат песна, небото – ѕвезди, мудреците – дарови, пастирите – воодушевување, земјата – пештера, животните – јасли, а ние ти ја принесуваме девствената

Марија, предвечен Боже, помилуј нè...“ Целата вселена се поклонува и принесува дарови на својот Создател. Самиот облик на храмовите и местото на поставување на иконите претставува мала слика на вселената и го покажува односот на човекот и целото Создание кон Бога, не само во сегашниот момент, туку и во идниот век: есхатолошкото ветување и искупителното преобразување на сите созданија преку спасението кое ни го даде Господ наш Исус Христос. За ова пишувал св. апостол Павле во 8. глава во своето послание до Коринтјаните. Еден од светите отци рекол: “Бог станал човек, за да може човекот да стане бог.“

Православната црква најдобро го изразува тоа длабоко сфаќање во своите молитви, во кои е посебно јасно искажана улогата на “царското

ЛИТУРГИСКАТА ОДГОВОРНОСТ НА ЧОВЕКОT

КОН ПРИРОДАТАсестрите од манастирот Ормилија

православието и екологијата

Page 35: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 35

свештенство“, т.е. на нас луѓето.

Така на пример, во обредот на осветување на водата, јасно се гледа како создадената материја, во овој случај водата, добива исцелителна и искупителна сила со повикувањето на Светиот Дух во Црквата: “Затоа, Цару кој го сакаш човекот, Ти самиот биди со нас, сега како и тогаш, со слегувањето на Светиот Дух и освети ја оваа вода и испрати ја на неа благодатта на искупувањето, со благословот јордански, направи ја извор на непропадливост, со дарот на осветувањето, за отпуштање на гревовите, за заштита од секоја болест, погубителна за демоните, направи ја недостапна за нечистите сили и исполни ја со ангел-ска сила, за сите кои од неа земаат да им биде за очистување на душата и телото, за исцелување од страстите, за осветување на домовите и за секоја корисна работа. Затоа што, Ти си нашиот Бог, кој со водата и Духот ја обнови нашата природа остарена преку гревот...“ (од молитвата за Големиот водоосвет)

Во Православните служби доаѓа до израз упо-требата на сите сетила – вид, слух, допир, вкус и мирис. Во Православната Црква материјалната природа се користи многу и се осветува: дрво, боја, вода, вино, леб, тамјан.

“Нема да престанам да се поклонувам на созда-нието, бидејќи преку созданието добивам спасение“, напишал св. Јован Дамаскин во својата одбрана на иконите. Користењето на природни материјали за изработка на иконите и присуството на елементите од света природа во нив – животно, билка, планина и река – сето тоа ја потврдува Богодадената природа на созданието, нејзината преобразба и улога која, заедно со луѓето ја има во спасението. Анти-гностичкиот став на Црквата нè учи дека создадениот свет е од Бога и дека поради тоа во својата суштина е добар.

На сличен начин и византиските храмови се градени во согласност со природните опкружувања. Уметноста на градежништвото не била самостојна, туку заедно со иконографијата и пеењето при-донесувала за етосот на молитвата, давајќи му физички израз. На тој начин се избегнувала потполната симетрија, така што секој детал во архитектурата ја задржувал својата особеност, останувајќи истовремено во совршена согласност со целокупниот концепт на храмот.

Во средината на богослужењето е света-та Евхаристија, највозвишениот израз и иску-ствено доживување на Бога и Светиот Дух во преобразување на создаденото. Во вид на леб и вино, материјата која е обликувана со човечка рака, се принесува на Бога со зборовите кои

стојат на почетокот на овој текст, а кои значат дека се што е создадено е од Бога и дека ние на Него му го враќаме она што е негово. Во тоа е содржан првобитниот однос на Адам и кон Бога и кон Созданието, и е знак на повторното воспоставување на таков однос; и уште повеќе, тоа е есхатолошкиот предвкус во Созданието. Секој пат кога се причестуваме со Телото и Крвта Христови, го сретнуваме Бога во самата суштина на нашиот однос кон созданието и Тој тогаш продира во самата срж на нашето биолошко битие.

Од ова гледаме дека човештвото зазема посе-бно место во целокупното Создание, но дека самото човештво не претставува создание. Бидејќи е од Бога, треба да го почитуваме неговото Создание, и да бидеме свесни дека ние не го поседуваме, туку дека само смееме да го украсиме со своето умеење и знаење, но само поради тоа за повторно да го принесеме на Бога. Значи, не можеме да го избегнеме заклучокот дека пред Бога сме одговорни за Созданието и дека мораме за него да се грижиме. Наша должност е да го чуваме неговото исклучително богатство и да го зачуваме така што ќе го користиме разумно. Од природните богатства значајно место имаат енергетските извори. Тие станаа пример за човечката власт над созданието, како и пример за потенцијално катастрофалните резултати од неразумното и лакомо користење на таа власт.

Токму како што свештеникот за време на Евха-ристијата целосно го принесува Созданието кое што потоа благодатно му се враќа во вид на леб и вино кои ги дели со другите, така и ние мораме да бидеме сад преку кој Божјата благодат се излива и се распределува на целокупното Создание.

Како што рекол св. Исак Сириски: “Кога смирен човек пристапува на крвожедни ѕверови, и кога нивниот поглед ќе се сретне со неговиот, тие тогаш стануваат питоми. Му приоѓаат како на господар, мавтаат со опашките и му ги лижат рацете и нозете, бидејќи го чувствуваат истиот благомирис, како што мирисал Адам пред падот, кога се собрале пред него во Рајот и кога тој им давал имиња. Христос ни ја обнови таа благодат која од нас беше одземена и ни ја врати со Своето доаѓање. Со неа човечкиот род доби нов, посладок мирис.“

Меѓутоа, кога го набљудуваме денешниот свет, гледаме сосема поинаква слика. Побуната на човештвото, гордоста и алчноста го уништија првобитниот однос на Адам кон Бога. Отфрлено е или игнорирано сфаќањето за свештената улога на човекот кому му е доверена природата, Божјото создание. Наместо тоа, ние постапуваме како разбојници и искористувачи на природата. Со

Page 36: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 36

тоа доведовме до уништување - не само поедини видови - туку и цели еко-системи. Нашата планета е соочена со смртна криза и распадливост, пред каква до сега никогаш не се наоѓала. Светите отци на Црквата знаеле да ја дефинираат главната причина за таквата состојба - тоа е гревот, но немале прилика искуствено да ги почувствуваат сеопфатните и смртно-опасните последици од гревот кон природата, онака како што ние денеска ги чувствуваме.

“Земјата плаче и се суши, копнеат небесата заедно со земјата“ - плаче Исаија. “Земјата е осквернета под нозете од своите жители, бидејќи згрешиле кон законот и го погазиле заветот. Проклетство се надвило над земјата и нејзините жители, кои согоруваат во оганот и малкумина останале“. Во целиот свет се уништени многу шуми од пожари, мочуриштата се исушуваат поради урбанизација и земјоделие, цели животински и растителни видови исчезнуваат како последица на незнаењето и грабливоста, природните резерви брзо

„Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да

направите ништо.“ (Јн. 15,5)

Page 37: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 37

се исцрпуваат, но и да можат да се надополнат, водените површини се загадени, небото не се гледа од смог и од секојдневните отровни испарувања. Криза од глобален карактер се заканува да го уништи светот, истиот оној свет од кого зависи нашето постоење. Мораме итно повторно да воспоставиме правилен однос кон Творецот и Созданието. Тоа значи дека, како што добриот па-стир е подготвен да го положи животот за своите овци во моментот на најголема опасност, така и ние луѓето треба да жртвуваме дел од своите потреби и желби за да го осигураме опстанокот на создадениот свет, односно на природата. Ова е нов предизвик за човештвото. Ова е повик за човештвото да сочувствува со болката на природата, а не само да ги собира нејзините плодови и да ужива во неа. Пред сè и над сè, тоа е повик на покајание, но на начин кој и понатаму за многумина не е јасен.

“Сакајте го Божјото создание“ - напишал Фјодор Михаилович Достоевски. “Целото создание да го сакаме и секое зрнце песок во него. Сакајте го секој лист, секој зрак на Божјата светлина! Сакајте ги животните, билките, сакајте сè! Ако сакате сè, тогаш ќе ви биде достапна Божествената тајна која е присутна во секое создание. Кога еднаш ќе ја запознаете таа тајна, тогаш ќе ја сфаќате често, постојано, секој ден сè повеќе. Конечно ќе го засакате целиот свет со сеопфатна љубов. Сакајте ги животните: Бог ги обдарил со зачеток на мисли и безусловна радост. Затоа не убивајте животни, не мачете ги, не скратувајте им ја радоста, не одете против Божјата намера.“ Меѓутоа, покајанието без дејствување е безпредметно. Како што нè учи Христос: “Многумина ќе речат: ‘Господи, Господи’ - но само оние кои ја извршуваат волјата на мојот Отец ќе влезат во Царството Небесно.“ Потребен ни е, значи, аскетски пристап на покајание во нашиот секојдневен живот. За да можеме тоа да го сфатиме многу ни помага традицијата на монаштвото и подвижништвото во Православието. Во неа многу е развиена сострадалноста кон созданието. Постојат многу житија на светители во кои е опишано како светителите живееле со ѕверови и растенија. Во нив гледаме како светителите ја славеле при-родата, користејќи ја во духот на воздржанието - ослободувањето од страстите. Во таков подви-жнички и монашки начин на живот, многумина почувствувале поголема и подлабока радост, од оние кои се препуштаат на минливите задоволства на потрошувачкото општество. Поимот на мана-стирското општожителство во кој е нагласено заедничарењето пред индивидуалниот живот - е од

посебна важност за правилно разбирање на нашите природни потреби.

Всушност, во таков вид подвижништво ќе можеме да ја почувствуваме онаа болка која ја чувствува пастирот кој е подготвен да страда за своето стадо. Без значајни промени во начинот на живеење и своите очекувања, нема да можеме да ја извршиме задачата која ни е дадена од Бог, нашата улога во создадениот свет. Дозволивме нашата лакомост, себичност и незнаење да го изменат целиот свет и нашиот однос кон него. Обработливата земја, која некогаш била толку чиста и способна да раѓа, сега е загадена од прекумерното користење на пестициди и хемиски ѓубрива. Грабливите земјопоседници и претприемачите уништуваат огромни шумски површини, а со тоа и еден непроценливо драгоцен извор на животот. Во нашите некогаш кристално чисти мориња сега истекуваат канализации и отровен отпад, на морските брегови се градат разни градби без ред и сметка кои претставуваат опасност не само за нас кои и понатаму сакаме да живееме во согласност со природата, туку и за животот на земјата воопшто.

Не можеме да продолжиме со уништување на Божјото создание а да не сносиме последици од тоа. Исто така, не можеме ние да одлучуваме што во природата е важно, а што не. Христос нè учи дека Бог всушност нам ни зборува преку она што луѓето го сметаат за “лудост.“ Слабиот, “бескорисниот“и луд дел е севкупната природа, бидејќи преку неа често Бог може да се види поубаво и појасно, отколку ако пробаме да го видиме преку мудриот, големиот и “корисен.“ Кој некогаш би помислил дека малиот, неугледен и розов шумски цвет е заслужен за сузбивање на инфантилната леукемија. Во природата постојат безброј примери од растителниот и животинскиот свет кои изгледаа како бескорисни, па дури и штетни. Сепак, кога внимателно ќе ги проучиме, ќе согледаме дека она што е бескорисно за еден вид, може да биде од животна важност за друг. Не е наше да судиме. Оној што така прави - не дозволува никаква произволност во тоа, дали некоја вид ќе прежививее или не.

Затоа, потребно е често да го имаме предвид учењето на нашата Црква и повикот на природата – стадото кое ни е доверено – која сега стана жртва на нашето безверие. Пример во тоа може да ни биде само Оној кој дошол да биде пастир на своето стадо – Исус Христос.

превод: Гордан Алексовски,

студент на теологија

Page 38: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 38

„Тогаш ќе им се отворат

очите на слепите

и ушите на глувите„

(св. пророк Исаија)

Валентин Терехов има 38 години. Уште кога бил 18 години, за време на отслужувањето на воениот рок, имал траума и во потполност

го изгубил слухот. Настојателот на таа црква, све-штеникот Алексеј Горјачев, специјално го научил јазикот на гестовите во центарот за рехабилитација на луѓе кои не слушаат во Москва ‘Отофон” како би можел да богослужи. Но, му биле потребни и помошници. И поради тоа, со негово залагање, пред три години за свештеник го ракоположиле Валентин Терехов за свештеник. Тоа било исклучителен случај - свештеник кој не слуша.

Во таа црква, за обичниот човек сѐ е необично. Исповедта се реализира исто така со јазикот на гестовите. Оние што сакаат да се исповедаат, се толку многу што често Литургијата почнува и во 2 часот попладне. Верниците не ја слушаат службата, но ја гледаат: свештеникот и ѓаконот, кој скоро ништо не слуша, стојат свртени кон народот, а Царските Двери се ниски. Во црквата нема хор, и овде се ‘пее” по свое.

Дознавајќи за црквата во Нови Симонов, овде почнале да доаѓаат не само поклоници од Москва, туку и од Подмосковје, Курск, од Калужската област. Дошла дури и цела заедница на луѓе кои што не слушаат и од Волгоград. Меѓу дојденците нема само инвалиди по слух, туку и по вид. И оние, на кои не им е лесно, одеднаш сфатиле дека на светот постојат луѓе на кои им е уште потешко. Тие започнале да ја

преведуваат службата од мајчиниот јазик на глувите на непознат јазик на слепите.

Ирина Пављукович, помошничка во црквата: - Кога луѓето овде ја слушаат службата, кај нив се развива внатрешно духовно разбирање, и кај човекот се раѓа чувство на духовен интерес, почнува да разбира, да ги поправа своите грешки и да го менува својот живот.

За 15 години, црквата посветена на Тихвин-ската икона на Мајката Божја во Симоновиот мана-стир станала родно место и вистинско семејство за 140 луѓе. Овдесе молат, разговараат, примаат гости, исто така слепи и глуви, испраќаат подароци во интернати и затвори... А исто така, патуваат и по други градови и раскажуваат за својата црква.

Елена Михиенкова, парохијанка: - Одевме во викендицата со децата. Со мене седеше старица, која видела како јас разговарам со синот на јазикот на гестовите, и ме запраша како тоа го правам. Нејзиниот внук е исто така глув, а покрај тоа и слабо гледа. I реков дека во нашата црква се наоѓа

ЗАЕДНИЦАТА НА ТИХВИНСКАТА ЦРКВА

современо мисионерство

Page 39: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 39

иконата ‘Исцеление на глувиот”. Тие дојдоа кај нас и се расплакаа кога ѝ пристапија на иконата.

Татјана Паникарова, ризничарка: - Без оваа црква ќе пропаднам. Во ова црква е веќе 11 години, овде се венчала со мажот ѝ, кој истотака не слуша. Крстила две деца кои прекрасно слушаат и говорат.

Секој ден пред службата, свештеникот во црквата посветена на Тихвинската икона на Мајката Божја во Нови Симонов им зборува на своите верници за Црквата и верата и тоа на нивниот јазик.

Настојателот на црквата, свештеникот Андреј Горјачев вели дека и самата црква за ваква намена не е случајно избрана, туку дека требало да се избере црква во која нема столбови, кои би му по-пречувале на човекот кој не слуша и не гледа. Таа требало да се наоѓа во центарот на Москва, како би било можно до неа да се стигне од далечните краеви, затоа што многу верници доаѓаат од различни региони на Москва. Московската област и другите ближни области.

На прашањето: Како може да се исповеда човек кој не слуша? - отец Андреј одговара дека за решавање на тој проблем, во црквата постои параван кој прикрива од очите на другите. Но, постојат и други проблеми: проблемот помеѓу оние кои говорат но не слушаат, како и проблемот на интеграција на човекот кој не слуша во светот на луѓето кои говорат. Луѓето кои не слушаат доаѓаат во црква со голем број на прашања не само духовни, туку и животни. Доаѓаат за секаква помош, за совет и со молба нешто да им се објасни, како правилно да постапуваат во секојдневниот живот. Негови помошници се верниците од црквата. Не постои специјално место за обука за работа со такви луѓе. При служењето му помагаат тројца,

од кои двајца слабо слушаат - ѓакон и чтец сурдо-преведувач и свештеник кој не слуша. Отец Андреј вели дека нивната парохија е мисионерска. За да се произнесе Божјото слово и на луѓето кои се лишени од слух, одлучено и благословено е во ѓаконски и свештенички чин да се ракоположат луѓе кои и самите го користат јазикот на гестовите и помагаат да им се пренесе Евангелието на луѓето кои ја имаат таа болест.

Но, што е со луѓето кои ниту слушаат ниту гледаат? Како тие можат да го примат тоа што се случува на службата? Отец Андреј вели дека од 2000 година во црквата почнале да доаѓаат и слепо-глуви луѓе. На почетокот, тоа било шок за верниците, и тие можеби за првпат во животот виделе дека постојат луѓе на кои им е потешко отколку ним. Веднаш почнале да им помагаат: на рацете на слепо-глувиот почнале да преведуваат гестови кои ги гледале за време на службата. На тој начин, слепо-глувите ја доживувале службата преку тактилен превод. Комплетен превод на целото боголужение нема, бидејќи самиот богослужбен јазик не постои кај луѓето кои не слушаат. Тие самите кажувале како да се пронајде правилен гест, кој би одговарал на смислата на зборот од црковнословенскиот јазик. На пример, зборот ‘Богородица”, на јазикот на гестовите се состои од два дела - ‘Бог” и ‘раѓање” но за нас постои тајната на раѓањето на Богомладенецот, и затоа во зборот ‘Богородица” невозможно е да се користи гест кој вообичаено претставува раѓање. Со помош на луѓето кои не слушаат, се нашло замена за тој гест, претставувајќи дете кое жена го држи на раце.

Page 40: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 40

Икони за слепи

Димитриј Баликин никогаш во животот не видел како изгледа икона - тој е слеп од раѓање. И затоа, сите впечатоци, емоции, радости и преживувања, а сега и вера ги прима само преку рацете. Тие се неговите очи. Тој самиот вели: - Се сметам за православен, иако можеби сѐуште сум во потрага по вера.

Денес само во Русија има 275 илјади луѓе кои не гледаат и скоро 60% од нив се верници. На нив, нижегородскиот занаетчија Роман Батурин го посветил својот живот. Тој својата прва икона ја изрезбарил пред 6 години, веднаш откако се запознал со слепа жена. Самиот Роман Батурин вели: - Кога таа ја зеде иконата во свои раце рече: првпат видов икона. И токму таа фраза ‘видов” го одреди натамошниот тек на настаните. Сфатив дека тоа треба да го работам и започнав да резбам икони. Денес, Роман го мери својот живот според иконите. Работата на помала икона трае една недела, а на поголема и еден месец. Изрезбарените икони ги прекрива со восок, додека лакот и украсите категорички ги отфрла, велејќи дека иконата треба да дише и да ги милува прстите. Иконите на прв поглед не изгледаат посебно и не се во согласност со црковните канони. Ликовите на светителите и деталите треба да бидат малку развлечени и зголемени, бидејќи на оние кои не гледаат им е важна и најмалата ситница. Но сепак, Роман без отстапки ги почитува основните канонски барања. Роман вели: - Постои канон кој укажува

на положбата на раката и ликот на иконата. Тоа е непроменето. За да се работи на икона треба да се оддалечиш од сѐ....

Досега, Роман работел сам дома. Но, од не-одамна неговата желба се исполнила. Имено, се јавиле спонзори кои дале пари за работилница. Нејзина главна карактеристика не се само уникатни икони, туку и луѓето кои ги изработуваат. Иконите ќе ги прават самите луѓе кои не гледаат. Еден од нив е и Димитриј Баликин. Покрај тоа, тие за својот труд ќе добиваат и плата.

Работилница за тактилни (на допир - заб. на прев.) икони е отворена и во Петроград. Целта и задачите се исти, но технологијата е поинаква. Ве-лат дека работат по традицијата на византиските мајстори. И постои уште една карактеристика - тие икони се, пред сѐ, предодредени за слепи деца и се со големина од 9-10 cm. Александар Софински, раководител на проектот ‘Икона за слепи деца”, вели дека иконите се со големина на дланка. Тактилното чувство на прстите го заменува видот на слепиот, при што тоа е многу ефикасно - до тој степен, што кај човекот се создава внатрешно видување на тоа. Единствениот проблем е што тие икони не стигнуваат секогаш во рацете на оние за кои се назначени - за слепите. Помеѓу љубителите на резбарени икони има доста материјално обезбедени луѓе со добар вид...

Подготвил и превел:

свештеник Влатко Мирасчиев

Page 41: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 41

Еден атонски старец рече…

…за некој да добие помош, прво треба примателот – своето уво да го вклучи, за да прими сигнал од некој друг. Кога срцето не е восприемчиво, човек мора да бара од Бога прво да го вклучи, па така Неговиот божествен збор ќе може да биде примен. (од Атонски старечник)

Еден од отците отишол во градот…

…за да ја продаде неговата ракотворба и видел гол просјак; поттикнат од сострадание, му ја дал својата облека. Сиромашниот отишол и ја продал. Кога слушнал што направил тој, старецот бил многу вознемирен и се покајал што му ја дал облеката. Ноќта Христос му се јавил во сон на старецот; бил облечен во облеката и му рекол на старецот: „Не жали, зашто гледаш дека сѐ уште го носам она што ми го даде.”

Еден брат го праша авва Јосиф, велејќи…

…„Што треба да правам, оти немам сила да го поднесувам злото, ниту пак да работам заради милосрдие?” Старецот му рече: „Ако не можеш да правиш ништо од тоа, барем чувај ја твојата совест од зло во однос на ближниот и ќе бидеш спасен.”

Авва Памво го прашал авва Антониј…

…„Што мора да правам за да се спасам?” Старецот му рекол: „Не надевај се на својата праведност, не жали за она што поминало и зауздувај ги јазикот и стомакот.” (од Древен Патерик)

На последнитe денoви од неговиот живот…

…го сретнавме благодатниот старец Симеон (на Света Гора), кој беше под послушание на отец Сава, пред добро-познатото упокоение на старецот. Отец Симеон ни кажа многу нешта за овој добродетелен

СЛОВО ОД ПУСТИНАТА СЛОВО ОД ПУСТИНАТА

Page 42: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 42

и разсудлив човек и исто така, нѐ посоветува: „Стравувајте од грешењето, а не од ѓаволот, зашто тој нема моќ.” (од Атонскиот Старечник)

Еден брат му рече на старецот…

– „Не гледам борба во моето срце.” Старецот му одговори: – „Ти си како градба отворена од сите страни и кој сака минува низ тебе, а ти не си свесен за тоа. Ако имаш врата, треба да ја затвориш и да не им дозволуваш на злите мисли да влезат; тогаш ќе ги видиш како стојат однадвор, трескаат на вратата и те напаѓаат.”

Aвва Миoс рекол: „Послушноста одговара на послушност. Кога некој го послушува Бога, Бог ја послушува неговата молба.”

Прашале некој атонски пустиник…

…„Штo треба да правиме кога сме фалени и ни даваат комплименти?” Со смирение и самопознание, тој одговори: „Ќе ви дадам еден пример: Кога на парче дрво го резбав лицето на еден светец, откако завршив мислев дека е добро. По некое време повторно го погледнав и открив дека некои работи не се сосема доработени. Ако користев лупа, гледав дека не е некое мајсторско ремек-дело. Такво нешто може да се направи со една рака. Сметаме дека тие се чисти. Но, ако ако ги испитаме под лупа, ќе видиме дека постојат некои дамки и бактерии. Така би требало да се испитуваме себеси темелно и тогаш ќе сфатиме дека сме ништо наспроти многуте пофалби.”

Некој брат го праша авва Пимен…

…„Како да го избегнам озборувањето против ближниот?” Старецот му рече: „Ние и ближните сме две слики; кога човек внимава над себе и се укорува себеси, во своето срце тој мисли дека неговиот брат е подобар од него; но, кога се разбира себеси како добар, тогаш мисли дека неговиот брат е лош во споредба со него.”

Еден атонски монах рече…

…Она што гарантира безбедно патување кон вечноста се напорот, достоинството, чувствувањето дека сме недостојни пред Бога, надевањето − духовниот кислород, утехата и сигурноста.

Да, јас треба да плачам за моите гревови, но надевајќи се на Божјата љубов. Но, не можам да опстојам ако (само) плачам, зашто Ѓаволот сака да очајувам. Многу пати Сатаната упропастил некого со очајанието и ѓаволот станал победник. Но, тоа не се случува кога човекот е како дете во татковите раце – довербата. Нашата доверба во Бога е постојана молитва која донесува позитивни резултати. Очајанието доаѓа од ѓаволот. Не вели: „Ах, што ми се случи мене?” Туку, предај се себеси на Бога целосно и надевај се на Него. (од Атонскиот Старечник)

Авва Мојсеј го прашал авва Силуан: - „Може ли човек да положува нов темел секој ден?“ Старецот одговорил: - „Ако работи напорно, тој може да положува нов темел секој миг.“

Некој го прашал авва Агатон...

...„Што е подобро: телесниот аскетизам или внатрешната будност?“ Старецот одговорил: „Човекот е како дрво: телесниот аскетизам се - листовите, а внатрешната будност - плодот.“ Според она што е напишано; „секое дрво што не дава плод ќе биде исечено и фрлено во оган,“ јасно е дека целата наша грижа треба да биде насочена кон плодот кој е - така да се каже - бранењето на духот; но нему му е неопходна заштитата и украсувањето од лисјето - што е телесниот аскетизам.

Page 43: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 43

БЕСЕДА ПРОТИВ ОПИВАЊЕТОсвети Василиј Велики

светоотечка ризница

Page 44: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 44

Пијанството е самопроизволно повикан демон, кој преку уживање натрапно влегува во душата. Пијанството е мајка на пороците и

спротивставување на доблестите. Тоа храбриот го прави плашлив, целомудрениот – развратник. Тоа не знае за правда и ја одзема разумноста. Водата му се спротивставува на огнот, а неумереноста во виното ги поттикнува помислите. Затоа и се двоумев да зборувам против пијанството. Значи, не затоа што е мало зло и што може да се занемари, туку затоа што од беседите нема никаква корист. Пијаницата е неразбран и помрачен. Според тоа, залудно е да се советува некој што не те слуша. Кому да зборувам? Оној, кому му е потребен совет не ме слуша, а здравомислениот и трезниот е чист од страсти и не му е потребна помош со беседа. Како да се однесувам кон присутните, кога зборот е бескорисен, а молчењето неприлично? Да го занемарам (случајот)? Меѓутоа, занемарувањето е опасно. Да кажам ли нешто против пијаниците? Меѓутоа, ќе зборувам на мртви уши. Кај заразните болести телесните лекари со превенција ги заштитуваат здравите, додека на заболените воопшто не полагаат раце. И кај нас беседата само половично ќе биде корисна, послужувајќи како заштита за незаразените, но не и како избавување и исцеление од страста за оние што веќе се обземени од неа.

2. Човеку, според што се разликуваш од бесловесните (животни)? Нели е според дарот на словесност. Добивајќи го од својот Создател, ти стана началник и господар на целото создание. Оној, кого опивањето го лишило од разборитоста, заприлега на животните (Псалм. 48, 12). Всушност, подобро би било да кажам дека оној што се опива е побесловесен од животните, бидејќи сите четвороношци и ѕверови се стремат кон спарување само во одреден период. Меѓутоа оние, чија душа е врзана за опивањето, а телото им е исполнето со неприроден жар, во секое време и во секој миг се стремат кон нечисто и срамно општење и уживање. Наведеното не е единствена бесловесност што постои во нив. И извитопереноста на сетилата покажува дека пијаниците се полоши и од животните, бидејќи кој има толку слаб вид и неточен слух како пијаницата? Пијаните не ги препознаваат ниту своите најблиски и често им приоѓаат на туѓинците како на познаници. Тие често ја прескокнуваат сенката како да е поток или ров, ушите им се исполнети со звуци и шумови кои потсетуваат на разбранувано море. Им се чини дека земјата се подига нагоре и дека планините се свртуваат. Понекогаш непрекинато се смеат, а понекогаш се вознемирени и неутешно плачат. Во еден миг се дрски и бестрашни, во друг

плашливи, сонот им е тежок, полн со гушење и сличен на вистинска смрт. Во будна состојба им е потешко отколку додека спијат, бидејќи животот им е сновидение. Тие, кои немаат облека и кои утре нема да имаат што да јадат, под дејство на опиеноста царуваат, предводат војски, подигаат градови и даваат пари. Виното во нив им ги исполнува срцата со фантазии и илузии. Други пак се заведени во спротивни страсти, т.е. паѓаат во очај, стануваат потиштени, плачливи и исплашени. Истото вино во различни телесни градби во душите предизвикува различни страсти. Оние кај кои предизвикува разбранување на крвта, која се појавува на површината на телото, тоа ги прави светли, пријатни и радосни. Меѓутоа кај оние, на кои со својата тежина им ја гуши телесната градба, собирајќи и згрутчувајќи ја нивната крв, предизвикува спротивно расположение. Меѓу другото, треба ли да зборуваме за тешкотиите од многу други страсти, т.е. за тешкиот карактер, за брзата раздразливост, за негодувањето, за променливоста на душата, за галамата, за приемчивоста за секоја заблуда, за невоздржаниот гнев?

3. Невоздржаноста во уживањето се излева од виното како од извор. Во невоздржливиот влегува и страсната желба. Таа се појавува преку скотскиот стремеж кон женско како друг срам за пијаницата. Бесловесните животни ги познаваат природните закони и се однесуваат според нив, додека пијаницата во машкиот пол бара женски, а во женскиот машки. Не е лесно со зборови да се искаже колку неволји произлегуваат од пијанството. Заразната болест не дејствува на луѓето веднаш, туку постепено преку воздухот во телото се внесува нејзината штетност. Меѓутоа виното штетата ја нанесува веднаш. Погубувајќи си ја душата и прекривајќи се со секаква нечистотија, пијаницата си ја нарушува и телесната градба. Тие слабеат и копнеат од претераното уживање кое ги распалува на страсна желба. Нивното тешко тело станува тромо и исушено, бидејќи е лишено од животниот напон. Ним очите им се модри, лицето им е бледо, дишењето тешко, јазикот мек и возвикот без значење. Нозете им се слаби како на деца, а празнењето на вишокот се случува само од себе и истекува како од бездушните. Тие во своите наслади се подостојни за сожалување отколку оние кои ги фатила бура среде морската ширина и на кои брановите, доаѓајќи еден по друг, не им дозволуваат да се подобрат избават. Нивните души се дават, бидејќи се преплавени со вино. Корабите зафатени од бура се олеснуваат со отфрлање на товарот кога водата ќе почне да ги залева. И на пијаниците им е потребно да го

Page 45: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 45

отфрлат она што им е товар. Тешко и со напор тие се ослободуваат од својот товар со повраќање. Тие се подостојни за сожалување отколку несреќните морепловци, бидејќи тие ја префрлаат вината на ветрот и на морето, т.е. на надворешните неволји, додека пијаницата самоиницијативно во себе предизвикува бура со опивање. Бесомачниот е достоен за сожалување, меѓутоа, иако подеднакво трпи, пијаниот не заслужува сожалување бидејќи се бори со демон кого самоволно го повикал. Пијаниците подготвуваат и опојни лекови, меѓутоа не за да не претрпат некакво зло од виното, туку за да изнајдат начин постојано да бидат пијани. Ним денот им е краток, додека ноќите, дури ни зимските, не им се доволно долги за пиење. И нема крај на злото. Виното само ја разбудува желбата уште повеќе да се пие. Тоа не ја задоволува потребата, туку напротив, предизвикува потреба за уште пиење, распалувајќи ги пијаните и постојано раѓа уште поголема жед. Кога ќе сфатат дека нивната желба за пиење не може да се задоволи, тие трпат спротивно од она што го сакаат, бидејќи

заради долготрајното насладување сетилата им се затапени. Прекумерниот сјај го помрачува видот и оние кои се заглушени од високи тонови во потполност го губат слухот заради пресилниот удар. И пијаниците заради прекумерното сластољубие незабележително го губат чувството на уживање. Виното им станува невкусно и водено, иако со ништо не е разблажено, младото вино им се чини топло, иако сосема е изладено, а и снегот не може да го изгасне пламенот кој виното го распламтил во нив. “На некого – ах, на некого – ох, на некого – кавга, на некого жал, на некого рани без причина, на некого зацрвенети очи? Кому? На оние што заседнуваат околу вино, кои одат да бараат вино со ароми (Изреки 23, 29-30). “Ах” се огласуваат оние што плачат. Пијаниците се достојни за оплакување бидејќи нема да го наследат Царството Божјо (1.Кор. 6, 10). “Одвратноста” е заради горчината која произлегува од конзумирањето на алкохол. Им се врзуваат нозете, врзани им се рацете од испарувањето што го испушта алкохолот. Впрочем, и пред наведеното страдање, уште додека пијат ним

Page 46: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 46

им се случуваат напади кои се својствени за оние со пореметена рамнотежа. Кога мозочните обвивки ќе се исполнат со магла од испарувањето на виното, во главата чувствуваат неподнослива болка. Немајќи сила да стојат исправени, тие се навалуваат лево и десно, нишајќи се на пршлените од половината. “Кавга” се нарекува разговорот кој за време на забавите го водат неумерените и скараните. “Рани без причини” им се случуваат на пијаниците кои од опиеност не можат да стојат исправено. Тие се нишаат и паѓаат на сите можни начини, заради што по телото мора да имаат рани без причини.

4. Меѓутоа, кој наведеново ќе им го каже на пијаниците? Главата им е тешка од опиеност, па задремуваат, се прозеваат, гледаат како низ магла и чувствуваат мачнина. Заради тоа не ги слушаат учителите кои на многу места им се обраќаат: “Не опивајте се со вино, во него има разврат” (Ефес. 5, 18) и: “Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен” (Изреки 20, 1). Но, бидејќи не ги слушаат, тие ги собираат плодовите на пијанството. Телото им отекува, очите им се влажни, а устата сува. Барите во кои се влеваат пролетните порои изгледаат полни, меѓутоа, кога ќе помине поплавата, тие остануваат суви. И устата на пијаницата е полна и влажна додека се налева со вино, меѓутоа, само што тоа ќе протече низ неа, се покажува дека е сува и лишена

од влажност, бидејќи постојано употребувана и неумерено наливана со вино, таа ја губи својата животна влажност. Која човечка градба ќе биде доволно силна да им се спротивстави на сите лоши последици од пијанството? Постои ли начин, телото, кое постојано се распалува и секогаш е преплавено со вино, да не стане слабо, болникаво и исцрпено? Бидејќи од прекумерното конзумирање на вино се прекинува дишењето, нервите го губат својот напон и доаѓа до треперење во сите делови од телото. Зошто врз себе го навлекуваш проклетството на Каин да се тресеш и да чувствуваш вртоглавици цел живот. Телото кое нема природна поддршка, се колеба и се препнува.

5. До кога со виното? До кога со пијанчењето? Постои и опасност од човек да станеш кал. Од секојдневното опивање целиот си растворен во виното и се распаѓаш заедно со него. Од тебе се шири мирис на скиснато вино, како од ислужен сад. Исаија ги оплакува таквите: “Тешко им на оние, кои од рано утро бараат жесток пијалок и до доцна вечер се згорештуваат со вино; на нивните гоштавки има и харфа и лира, и тимпани, и свирка и вино; а кон делата на Господ тие и не погледнуваат, ниту помислуваат за делата на Неговите раце” (Иса. 5, 11-12). Луѓето кои од почетокот на денот гледаат каде се одржуваат пијанки, бараат крчми и места каде што се продава вино, одат едни кај други за да пијат заедно и ги исцрпуваат сите душевни сили на грижа за слични работи, пророкот ги оплакува бидејќи воопшто не си оставаат време за сфаќање на Божјите чуда. Тие не им даваат одмор на своите очи да погледнат кон небото, да се научат на неговата убавина, да го разгледаат сицелото устројство на созданијата и врз онова на нивниот поредок да Го сфатат Создателот. Штом ќе осамне, тие ги украсуваат местата за гозби со теписи и цветни завеси, покажувајќи внимателност и грижа во подготовката на пехарите. Тие ги разместуваат разладените садови, чаши и шишиња, како за некоја претстава или за некој празник, како садовите да можат да го сокријат презаситувањето и како замената и преместувањето на чашите да може да го продолжи времето на пијанчење. Ќе се најде и старешина на гозбата, предводник на винопијците и началник на трпезата; тие во безредието изми-слуваат ред, во недоличното дело – устројство. Копјеносците на надворешната власт м придаваат извесно значење. И пијанството, слично на царица се окружува со слуги, за со преголемата срдечност да се покрие неговиот срам. Се додаваат и венци, цвеќиња, мирисни масла, кадење и илјадници измислени развеселувања, за да се забавуваат оние кои пропаѓаат. Откако гозбата ќе поодмине, почнува предизвикувањето во количество на пиење,

Page 47: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 47

т.е. натпреварување меѓу оние кои мислат дека е чест да се надминат другите во пијанството. Нивен законодател е ѓаволот, а награда за победата – гревот. Оној што најмногу ќе испие, од другите добива победнички венец. Славата им е во нивниот срам (Филип. 3, 19). Тие се натпреваруваат еден со друг, иако всушност се казнуваат самите себеси. Кој збор би можел да го опише срамот на она што се случува? Сите се исполнети со бесловесност, сѐ е исполнето со смут. Победените се напиваат, се напиваат и победниците, а слугите се смеат. Рацете откажуваат, устата не прифаќа веќе, утробата се кине, но злото не се запира. Лишувајќи се од природната сила, кутрото тело потполно ослабнало, бидејќи не е во состојба да го поднесе насилството на неумереноста.

6. Колку тажна глетка за христијанските очи! Маж, во најубавите години, полн со телесна сила, исклучителен меѓу војниците, го носат дома во лежечка позиција. Не е во состојба да стои исправено и да чекори сам. Оној, кој треба да е страшен за непријателот, станува повод за подбив на децата. Тој е соборен без оружје и убиен без непријател. Вооружен човек, во цветот на младоста,

станал плен на виното и е подготвен од непријателот да претрпи што и да посака. Пијанството е губење на владеењето со помислите, пропаѓање на силата, предвремено стареење и брза смрт. Всушност, пијаниците се незнабожечки идоли. “Очи имаат и не гледаат, уши имаат и не слушаат” (Пс. 113, 12-13). Ним рацете им се вкочанети, а нозете фатени. Кој ни послужи со отровот на побеснетоста? О, човеку, од гозбата направи битка. Момчињата ги носиш држејќи ги под рака, како да се ранети на бојното поле и со виното го умртвуваш цветот на младоста. Ти повикуваш човек кај тебе на вечера како пријател, а го оддалечуваш од себе умртвен, гасејќи го животот во него со виното. Откако ќе се презаситат со вното, тие дури тогаш почнуваат да пијат. И пијат како стоката, како од самообликувана чешма на која се појавиле славини кои одговараат на бројот на гостите. Во текот на гозбата им приоѓа силно момче сиуште трезно, носејќи огромен пехар со разладено вино. Тргајќи ги нивните чаши, тој за-станува на средината И преку свиткани цевкички, на сите присутни на гозбата подеднакво им дели опијанување. Еве нова мерка на неумереност, за никој никого да не надмине во невоздржувањето, бидејќи рамномерно му се препуштаат на

опивањето. Откако меѓусебно ги разделат сла-вините, т.е. откако секој ја зел свртената кон него, тие не престануваат да пијат, слично на биковите кои пијат од водопојот, итајќи да внесат во грлото преку сребрените славини колку што може да истече од разладениот сад. Сврти го погледот кон кутрата утроба и измери ја големината на садот чија содржина ја примаш: голем е како котел. Не гледај дали наскоро ќе го испразниш садот со вино, туку погледни на сопствената утроба, која одамна веќе е полна. Топлината која ја предизвикува ви-ното се пренесува и на телото и го прави лесно запалливо за вжарените стрели на непријателот. Виното ги потопува помислите и умот, и слично на рој пчели, поттикнува страст и уживање. Пијаницата личи на кочија што ја влечат коњи, кои го отфрлиле кочијашот. Дури и кораб без кормилар, кој брановите го фрлаат на сите страни, изгледа посигурен од пијаниот.

7. По слични несреќи, мажите и жените кои формирале заеднички собир и ги предале душите на винољубивиот демон, едни со други се повредуваат со осилата на страста. И од едната и

Page 48: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 48

од другата страна гледаме смеа, развратни песни и блудни движења на рацете, кои поттикнуваат блудни страсти. Кажи ми дали се смееш и дали се насладуваш со срамни наслади, иако треба да плачеш и да воздивнувш заради она што претходеше? Пееш развратни песни отфрлајќи ги псалмите и свештените песни што ги учеше. Ги движиш нозете, скокаш како луд и танцуваш непристојно иако треба да коленичиш заради поклонение. Кого ќе оплакувам? Немажените девојки или жените кои веќе го носат товарот на сопружништвото? Првите дома се вратија без девственоста, а вторите им се вратија на сопружниците без целомудреност. Доколку некои и го избегнале телесниот грев, сепак примиле трулежност во душата. Истото мора да го кажам и за мажите. Тој погледнал лошо и на него лошо погледнале. “Секој што ќе погледне на жена со желба за неа, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое” (Мат. 5, 28). И случајните средби се опасни за оние кои гледаат љубопитно. Што да се каже пак за намерното одбирање на места за состанување каде што можат да се видат жени грди од опиеност, со развратен изглед и недолични песни во устите, кои преку слухот побудуваат уживања кај невоздржаните? Што ќе кажат и со што ќе се оправдаат оние, кои преку слични глетки собираат многу зла? Ќе речат ли дека не гледале за да ја поттикнат страста? Меѓутоа, според неумоливата пресуда Господова, тие се подложени на осуда за прељуба (Спореди Мат. 5, 28). Како ќе ве прифати Педесетницата, кога се подбивавте со Пасхата? На Педесетницата се случи откриено и за сите видливо слегување на Светиот Дух. Меѓутоа, ти себеси однапред се направи живеалиште на спротивниот дух. Ти стана идолски храм, наместо со вселување на Светиот Дух да станеш храм Божји. Врз себе ја навлече клетвата на пророкот, кој говори пред

лицето Божјо: “ќе ги претворам празниците ваши во тага” (Ам. 8, 10). Како ќе управувате со слугите, кога самите како робови им служите на лудите и погубни желби (1. Тим. 6, 9)? Како ќе ги советувате децата кога и самите водите безумен и неуреден живот? Значи, што? Да ве оставам во (наведената) состојба? Меѓутоа, се плашам распуштениот да не стане уште побесрамен и нажалениот да не пропадне од преголема жалост (2. Кор. 2, 7). Бидејќи е речено: кроткоста спречува големи грешки (Проп. 10, 4). Постот ќе го излекува пијанството, а Псалмот срамните песни. Солзите нека бидат лек за смеата. Наместо играње - коленичи. Наместо да плескаш со рацете - удирај се по градите. Дотерувањето да се замени со смирение. Над сѐ, милостината нека те избави од гревот. Бидејќи, понекогаш богатиот со пари го откупува својот живот (Изрек. 13, 8). Прими многу несреќници во молитвената заедница за да ти се простат злобите што си ги смислил и направил. Речено е: “Седна народот, та јадеа и пиеја, и потоа станаа да играат” (Исход 32, 6), при што нивната игра беше идолослужење. Затоа Левитите се вооружија против своите браќа и ги осветуваа рацете за свештенство. Вам, кои се плашите од Господа и жалите заради своите срамни недолични дела, ви заповедам да сострадате со нив како со свои болни делови од телото, доколку видете дека се каат заради недоличноста на она што го сториле. Доколку пак, видете дека се горди и ја презираат вашата тага заради нив, излезете од нивната средина и одделете се... и не допирајте се до нечисто (2. Кор. 6, 17), за да се посрамат и да го сфатат сопственото зло, а вие да добиете награда за ревноста според праведниот суд на нашиот Бог и Спасител Исус Христос, Кому нека е слава и сила во вечни векови. Амин!

Превод:

Жаклина Трајчев, дипл. теолог

Page 49: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 49

Не е чудо што манастирите, некогашната гордост на Света Русија, станаа главна мета на разорувањата и на атеистичката

револуционерна кампања за искоренување на религијата. Едната од најголемите трагедии е уништување на познатиот манастир Оптина, прочуен по своите богоносни духовници, “старци”, непосредните наследници на учениците на големиот Свет Отец, блажениот Пајсиј Величковски. Во XIX век Оптина достигна висок степен на духовен развој, што привлекуваше илјадници поклоници, меѓу нив и прочуените руски писатели и философи: Гогољ, Тургењев, Достоевски, Кирјејевски, Леонтиев, Толстој, Владимир Соловјев и други.

Тие духовници, бидејќи блиски со луѓето, не-гуваа во простиот руски човек чувство на длабока верност кон Христа. И кога проверката на верата дојде во вид на револуција, многумина со своите животи го исповедаа Христа. Па така и оците од

Оптина. Кога советите конечно го затворија и го уништија манастирот 1925-1927 година, сакаа да ги избришат и сите трагови од ова крвопролевање. Така, на пример, на еден монах, отец Пантелејмон, му ја отсекоа главата од телото за да ја оневозмо-жат идентификацијата. Многу згради се уништени. Прочуената манастирска библиотека е однесена и продадена 1930 година на лицитации во Париз. Некои од книгите ги сочувале измачените оптински монаси и други кои грижливо ги чуваа, надевајќи се дека манастирот еден ден повторно ќе биде отворен.

Советските власти отпочнале прогон на мо-насите по целата Русија. Оптина е прогласена за државна сопственост, а безбожната држава, разбирливо, немала потреба за манастир. Благо-дарејќи на напорите на верниците мирјани, ма-настирот успеал да добие статус на државен музеј, а во една од црквите била дозволена

СВЕДОШТВО НА ОПТИНСКАТА ПУСТИНА

jeромонах Серафим (Роуз)

историја на црквата

Page 50: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 50

служба. Монасите се ужасно мачени. Некои се уапсени, а другите побегнале каде стигнале. Сепак, поклониците доаѓале во уште поголем број, преплавувајќи го светото место во потрага за духовна утеха.

Власта се нафрлила и на старец Анатолиј, последниот голем оптински духовник. Војниците на Црвената армија неколку пати го апселе, го бричеле, го мачеле и исмевале. Иако поради тоа страдал, ги примал своите духовни чеда кога и да можел. Предвечерието на 29. јули 1929 година, советската комисија дошла и долго го сослушувала, со намера да го уапси. Старецот не се бунел, но скромно замолил да му остават 24 часа да се подготви. На неговиот келијник, подгрбавениот отец Варнава, инспекторите остро му рекле да го подготви Старецот, зашто следниот ден ќе го одведат. А тогаш си заминале.

Ноќта се спуштила и Старецот почнал да се подготвува за пат. Следното утро комисијата се вратила. Излегувајќи од автомобилот, го прашале келијникот дали старецот е спремен! “Да”, одго-ворил отец Варнава, “Старецот е спремен”. И отворајќи ја вратата ги вовел во просториите на духовникот. Запрепастувачка слика се појавила пред нивните очи: Старецот, навистина “подготвен” лежел мртов во ковчег на средина на собата. Господ не допуштил Неговиот верен слуга и понатаму да биде посрамуван, туку Го зел при Себе таа иста ноќ.

Неколку дена пред упокојувањето на Старецот, една од неговите духовни ќерки примила писмо, во кое тој ја повикува да дојде во манастирот и да остане неколку дена. Таа го одложувала поаѓањето, и стигнала дури деветтиот ден откако Старецот заминал од овој свет. Таму сретнала и други луѓе кои Старецот преку писмо или во сон ги повикал да дојдат. Една жена добила порака од Старецот за неговото упокојување неколку часови пред тоа да настапи. Старец Анатолиј беше погребен веднаш до Старец Макариј, за чии мошти тогаш се востановило дека се нетрулежни.

Следната година, некаде пред Велигден, ма-настирот е конечно уништен. Сите преостанати монаси се уапсени и отерани во прогонство, црквите се запечатени, гробовите на големите Старци обесветени, а Скитот е претворен во одморалиште за советската “висока класа”. Игуменот Исак и старецот Нектариј се затворени во Козељск. Старецот Нектариј наскоро е ослободен и прогонет на осумдесет километри од манастирот, каде што во куќата на една побожна бабушка живеел сѐ до својата смрт 1928 година, завршувајќи ја така величенствената ера на оптинските Старци.

Во една од многуте популарни книги за

Оптинската пустина, кои се појавиле непосредно пред револуцијата, “На бреговите на Божјата река”, се наоѓа трогателна приказна за светото дете, петогодишен син на едно духовно чедо на отец Анатолиј. Додека го носела во утробата, неговата мајка срдечно се молела на Св. Сергиј Радоњешки, ветувајќи дека ќе му го посвети детето. Меѓутоа, присуствувајќи на канонизацијата на Св. Серафим во Саров 1903 година, почувствувала како детето ѝ заиграло во утробата, па била во недоумица дали би требало да го нарече Серафим. Сепак, по еден впечатлив сон, му дала име Сергиј (Серјожа). Пет години подоцна, “кога Вера и Серјожа заминувале од манастирот, појдов да ги испратам. Тој момент забележав како еден од најугледните стари монаси, отец Анатолиј, ни доаѓа во пресрет. Му пријдовме и се поклонивме да земеме благослов. Серјожа, пружајќи ги своите раченца, рече: “Благослови ме, Баќушка”. Но наместо да го благослови, стариот монах му се поклони до земја, говорејќи: “Не, прво ти мене благослови ме”. И на наше запрепастување, детето ставајќи ги прстите правилно во положба во која свештениците благословуваат, го благослови стариот монах. Што ли ќе биде од ова дете?”, се прашува писателот на крајот од оваа приказна.

А одговорот на тоа прашање, како што ни сведочи Н.В. Урусова, третина век подоцна, ни доаѓа од Светата Катакомбна Русија:

“Не е тешко да се замисли мојата тага кога 1927 година синовите ми беа уапсени од страна на ГПУ и отерани во прогонство на десет години без право на допишување. Пролеав многу, многу горки солзи, но ниту со најмала помисла не негодував, туку утеха барав во Црквата. А тоа можеше да биде само во Катакомбната Православна Црква, која секаде ја барав и со Божја милост секогаш бргу ја наоѓав. И ќе ја излиев својата болка пред вистинските богоугодни свештеници, кои сокриени со народот, тајно служеа катакомбни служби. Така беше и кога, по апсењето на синовите, од Сибир отидов во Москва, кај сестрата, која не е уапсена, иако беше царска дворска дама. Таа ме упати кај една наша пријателка од детството со која спорев околу црковните прашања, зашто оваа ревносно одеше на катакомбни служби. Таа жена и останатите членови на катакомбната Црква ме дочекаа со раширени раце. Повремено престојував кај сестрата и одев на сите служби кои се одржуваа по приватните куќи во разните краеви на Москва. Беше тогаш таму некој отец Антониј, стар еромонах кој ни беше свештеник и духовен отец. Постојано слушав како говори: “Како Старецот ќе каже, што и да каже Старецот” и слично на тоа. Го прашав отец Антониј каде би можела да го видам тој Старец, како би му ја доверила својата тага и би добила

Page 51: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 51

утеха. Него го сметаа за необично свет човек, и кога и да го спомнуваа, го правеа тоа со голема почит. - “Не” - ми одговори отец Антониј - “тоа не доаѓа во предвид, јас ќе му кажам за сите твои потреби”. Во 1941 година се запознав во Можајск со една госпоѓа која ја прогониле од Москва по апсењето на нејзиниот маж и на ќерката единица. Таа исто така беше член на Катакомбната Црква и духовно чедо на овој Старец од првата година на нејзиното свештенодејствување. Ми рече дека Старецот (не го спомна името) сега престојува во селото на три километри оддалечено од Можајск и дека тајно оди на неговите служби. На моето прашање дали

таа би можела да го замоли да ме прими, рече: “Не, тоа е невозможно”. На сите верници тоа им е ускратено, зашто него ГПУ го бара веќе дваесет и пет години, а тој патува долж цела Русија, од место во место, очигледно известуван од Светиот Дух за тоа кога треба да тргне. Тоа, разбирливо, ме нажалости, но што можев. Празникот Духовден таа година паѓаше на 7. јуни и како што во животот ништо не се случува случајно, така ни тогаш: не можев да одам во Москва, и тажно седев сама во собата во навечерието на празникот. А тогаш слушнав тивко тропање на прозорот. Погледнав и занемев. Една стара монахиња тропаше, и беше

Page 52: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 52

во монашка раса, иако тоа беше строго забрането. Веќе се стемнуваше. Отворив и таа влегувајќи ми рече: “Старецот, отец Серафим, ве повикува да дојдете кај него, утре рано наутро, и ако сакате, можете да се исповедате и да се причестите”. Ми покажа по кој пат да одам и предупреди да бидам внимателна. До селото се простираше ‘ржано поле, веќе со полн клас, и таа ме советуваше да се движам наведната преку полето. Заобиколниот пат преку ова поле водеше токму пред колибата во која престојуваше Старецот, а веднаш преку патот беше станицата на ГПУ. Можете да ја замислите мојата радост кога монахињата, толку блага, со лице кое блескаше, замина. Се викаше мати Н. Крај Старецот беа две монахињи. На другата името ѝ беше мати Б. Секогаш беа крај него. Старецот мирно би пре-стојувал на едно место два месеци или подолго и тогаш, потполно неочекувано, во било кое време на денот или ноќта, ненадејно би рекол: “Е, па, да одиме!” И монахињите би ги спакувале руксаците во кои имаше сѐ што е потребно за служење, и истиот миг би го напуштале тоа престојувалиште, одејќи сѐ додека Старецот не би сопрел и влегол во некоја колиба или куќичка, очигледно, вдахнат одозгора.

Рано утрината излегов, одејќи не по улицата, туку како што ми беше советувано, по правливиот пат кој водеше до вратата од задната страна. Пред мене стоеше чудесен монах, и тоа воопшто не стар. Немам зборови да ја опишам неговата света појава. Чувството на стравопочит пред него е тешко да се пренесе. Се исповедав и беше прекрасно. По Божествената служба и примањето на Светите Тајни ме повика на трпеза со нив. Освен мене, тука беше уште и госпоѓата која порано ја спомнав, двете монахињи и уште една од неговите духовни ќерки од Москва. О Милосрдие Божјо! Никогаш нема да го заборавам разговорот со кој ме удостои и кој потраја неколку часа. Два дена по овој духовен празник дознав од онаа госпоѓа дека веќе утредента, додека седеле на масата, отец Серафим станал и им рекол на монахињите: “Е, па, да одиме”. Веднаш се спремиле и пошле, а во рок од половина час, не повеќе, ГПУ дошле барајќи го, но Господ го сокрил. Поминаа три месеци. Германците веќе беа влегле во Можајск, кога одненадеж повторно слушнав тивко тропање на прозорот. Беше тоа онаа иста мати Н. која ми рече: “Отец Серафим е сега во Боровск (60 km оддалечен од Москва) и ме испрати да ти го дадам неговиот благослов, и ми рече да ти откријам дека е он тој Серјожа пред кој се поклонил отец Анатолиј”.

Превод: Братството на Манастирот

“Св. Гаврил Лесновски”

Page 53: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 53

Кои се условите за засновање на семејство?

- Условите за засновање на семејство се исти во секој историски момент. Постојат поединости кои треба да ги земеме во предвид, како што е сиромаштвото, но тоа не е она што ја смалува вредноста на трајноста на семејството, зашто љубовта сѐ обогатува. Колку е сладосна љубовта!... Но, да не се потпира на инстинктите и уживањата во бракот, туку да се мисли на крајната цел: меѓусебното спасение; непрестајното меѓусебно поттикнување кон таа цел е задолжително, зашто одговорноста е голема. Вредноста на цветот не е во една латица која ветерот ја откинал, туку треба да се гледа на суштинската вредност на цветот.

Така, мили мои, бракот може да се заснова само на вистинска љубов и на исклучиво христијанско скалило на вредноста. Голема грешка е да се заљубиш во момче или девојка, и да го поставиш проблемот на бракот затоа што ти е мил или ти е мила. Не, не. Треба да се види, колку-толку, дали се проникнати со трепетот на света одговорност која бракот ја бара, бидејќи жената која се мажи ќе раѓа, и таа треба да го препораѓа детето преку воспитувањето. Значи, треба да биде многу

подготвена. На цела редица млади кои доаѓаат да ми бараат совет во таа смисла, јас им бранам да се прелажуваат со бакнежи, кои после се истрошуваат и исчезнуваат. Зашто добро рекол оној, кој рекол дека е подолг патот до бакнежот, отколку потоа до голем грев. И ќе ги истрошат на тој начин искажувањата на својата љубов, така што нема да се разликуваат од паганите, кои стапуваат во брак заради уживање. Згрешило некое момче со девојката; но таа во почетокот одолеала, а тој и рекол: “Не, тоа му припаѓа на ритмот на љубовта…” … И догодина детенце, поради “ритмот на љубовта”. Бидејќи убавината уште и ќе се измени, но треба да остане понатаму христијанската убавина во секого за секој. Тоа е венчалниот прстен кој се дава: љубовта на едниот кон другиот. Односно, љубовта нема ниту почеток ниту крај – тоа би било значењето на венчалниот прстен.

Постојат повеќе услови, од строго верско гле-диште, кои треба да ги исполнуваат младите; и меѓу нив се и овие два: да се љубат, и родителите да им бидат согласни. Тука има многупати битка помеѓу љубовта на младите и согласноста на родителите. И тогаш треба да се определиме за едно од двете; ако

ЗА СВЕТАТА ТАЈНА БРАКразговори и совети од отец Арсениј (Папачок)

семејство и воспитување

Отец Арсениј (1893-1973) живеел во Русија за време на комунизмот на Сталин. Како

парохиски свештеник отец Арсениј бил осуден за анти-комунистичка пропаганда и како затвореник бил истпратен во Сибир. Оние што се сретнале со отец Арсениј и преживеале, го пофалиле како Божји човек кој во логорот преку молитва и вера допрел многу срца.

Page 54: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 54

работите веќе не можат да сопрат: нека се љубат во Христа, со цел да стапат во брак.

Како можеме да знаеме дека нашиот партнер е оној кој Бог ни го дарува?

- Треба да почувствуваш дека оној другиот е за тебе. Постои во тебе невидлива сила, со која чувствуваш дека е он тој… оној вистинскиот. Го гледаш како се однесува, ја гледаш наивноста на оној другиот, добрината, желбата за дарување, но не само заради уживање, зашто многупати желбата ја сокрива целта.

Дали Тајната на Бракот дејствува и на луѓе кои не се верници? Зашто денес луѓето се венчаваат, и немајќи поим што е венчавката или дури и односот со Бога.

- Ако се неверници, нема никаква цел, како што би рекле. Но ако се венчале во Црква, значи дека се колку-толку верници. Ако се неверници, нема да се венчаат.

Но ако тоа го прават само како обичај, Тајната на Бракот сепак дејствува?

- Не можеме да кажеме дека не дејствува, кога веќе ќе се изврши, зашто е вклучен и целкупниот чин, со благодатта на свештенството. Воопшто не ја препорачуваме Тајната Брак, ако се неверници, бидејќи преку таа Света Тајна поставуваме извесни барања или бараме одговорност. И ако тие одго-ворности се непосакувани, ако не можат да се исполнат, зошто и да тргнувам на тој пат? Или ја извршувам таа Тајна само по некој обичај?

По обичај се венчавале и нашите предци, и тоа само во Црква, без општината. Но венчавањето е извршувано со извонредно големи цели (Тоа тогаш навистина бил христијански обичај).

Тоа е голема Тајна, мили мои! Пред сѐ, работите се вреднуваат онака како што Бог ги создал.

Потоа, да размислиме за тоа дека многу бргу ќе се заситат еден од друг, немајќи никаков идеал кој треба да им помогне, зашто ја нема благодатта. Благодатта е таму каде што има вера. Бог не ја дава благодатта како на просјак – ако ја испружиш раката – туку ја дава само ако се жртвуваш.

Тој обичај се исполнува заради извесна цел, со голема одговорност. Никој нека не се осмели тоа да го прави по обичај. Тоа е трошна љубов, која што не трае. Како што би се рекло: “Еден месец меден, а целиот живот горчлив!”

Оче, денес сѐ помалку се сфаќа целта на мажот и жената во бракот. Можете ли да ни кажете која е нивната цел во семејниот живот?

- Вистина е дека не сум согласен со тој збор: “денес”. Мажот и жената се потполно исти со оние кои Бог ги создаде во почетокот, со добро зацртана цел.

Забележано е следново: Бидејќи жената илјада години била робинка (а свети Константин Велики, со Миланскиот едикт, на жените им даде слобода, повеќе да не бидат убивани без судење), стравот на жената од мажот се пренел атавистички, односно се пренел низ вековите, а жената останала со тие атавистички пренесени стравови. Тоа не е допуштено.

Жена значи “царица која се дарува”. Ако велиш дека жената е слаба, сепак, од моментот кога си се обврзал да се нарекуваш сопруг, ти не можеш да се нарекуваш сопруг, освен крај својата сопруга. Треба по секоја цена да ја поставиш на престол. Да не се гледа повеќе во жената само ниска цел или казна.

Жената е чудесна во Божјото создание! Сфатете дека судбината на сиот човечки род зависи од зборовите на Пресвета Дева Марија: „Нека ми биде според зборовите Твои“ (Лк 1, 38). И се изменила судбината на целото човештво, и дури судбината на Бога во светот.

Богомајката е жената која во светот ги отво-рила дверите на блаженството, слободата и вечноста.

Жената треба по секоја цена да се почитува, зашто кога Божеството би упатило прашање кон човештвото: “Што има во човештвото?”, не би го упатило кон татковството, туку кон мајчинството! Значи, жената игра првостепена улога во поглед на Божјото создание - човекот и жената.

Можеме ли ние да ја откинеме оваа голема Тајна од зборовите на Спасителот: „Без Мене не можете да направите ништо!“ Тоа се божествени зборови, и сѐ што рече Христос е вистина.

Кога христијанскиот свет би бил внимателен само на тие зборови, би бил многу поприбран, и бргу би се откриле: било вредностите, било недостатоците. Зашто Он е лозата, а ние сме прачките. Може ли прачката да роди нешто без лозата?

Богомајката го претставува човечкиот род. На жената не треба да се гледа како на робинка. Зашто иако во молитвите на Светата Тајна Брак кажуваме дека жената треба да му се покорува на мажот, тој пак треба да биде внимателен и грижлив, зашто му се вели, во истата молитва, дека треба да ја љуби

Page 55: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 55

жената. Ако не ја љуби, таа нема да го слуша. Ако мажот не го послуша тоа слово, станува одговорен за тврдоглавоста на жената. Значи, треба да ја љуби по секоја цена.

Во брак се стапува преку многу преобразувања и непредвидливости, поради големите интимности какво што е раѓањето на децата.

Зборот “жена” треба по секоја цена многу повеќе да се почитува, затоа што, ви повторувам, зборот “жена” значи “царица која дарува”, а дарување е целото Свето Писмо.

Можете ли да ни кажете која е целта на послушноста во семејниот живот?

- Ако постои љубов, сѐ се решава само од себе: се погледнуваат еден со друг и знаат што треба да направат.

Во погледот на децата, децата треба да ги вос-питуваат од мали, по секоја цена да им ја врежат во душата идејата за Бога, за така, малку по малку, да раснат во христијанското учење.

Зошто се вели дека мажот е глава на жената?

- А жената што е, ако е мажот глава? Каде е сместена во однос на главата?

Мажот е глава на жената во смисла на хармо-нијата која треба да постои, со почитување и

Page 56: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 56

заземање на обајцата. Кога се вели дека жената е многу скапоцена во Божјото создание, тоа не значи дека мажот не е ништо. Бидејќи покорувањето, само по себе, значи спасение, само по себе.

Жената не се покорува затоа што проси, туку се покорува за да ја потполни хармонијата. Таа прави најголем напор за мажот да ѝ биде глава, од моментот кога ќе го засака.

Помеѓу двајцата сопружници не постои степен на сродство. Ако е мажот глава, жената е исто така глава. Треба да се потчинуваат еден на друг, зашто се многу чести случаите кога мажот ја прашува и ја слуша својата жена.

Тие треба да се љубат. Ако не се љубат, одно-сот помеѓу сопружниците е ниска кавга.

Ако е мажот глава, жената е срце! И срцето е повеќе од било што, тоа е најдлабока длабочина на човечкото битие, тоа е токму местото кадешто Бог си направил Себеси пребивалиште. И ако е таа срце, и тој е срце, бидејќи преку љубовта се хармонизира бракот.

Љубовта одговара на сите прашања: љубовта ги донесува децата, која му даваат невидена вред-ност на бракот – нивната насмевка – и создава непоколебливо единство на семејството.

Но, ви повторувам, раѓањето на деца не е целта на бракот, тоа е последица. Целта е меѓусобното поттикнување на сопружниците кон спасение на душите.

Многупати односот помеѓу сопружниците оладува. Како може да се надмине таа криза?

- Ако најнапред го поставиме проблемот на пе-колот, тогаш нема повеќе да зборуваме за рајот!

Не се поставува проблемот. Тоа се последици на животот. Престапот, гревовите, значат пекол. Оладувањето помеѓу сопружниците е последица на гревовите.

Бог е праведен, може да прави било што. Но едно единствено не може да направи: да го погази Својот збор! Зашто првата заповед во рајот беше: „Не јади од ова дрво!“ И јадеше. Следеше веднаш последицата, бидејќи постои и Божја правда, не само милост. И Он сѐ прави, за да нѐ избави од тие падови. Падовите по Адама, кои ние ги правиме, ги поправаме преку Светата Тајна Исповед.

Ние не можеме да ги учиме да се љубат. Во љубовта не постои ништо рационално. “Не знам зошто го љубам оној!” Љубовта нема ниту почеток ниту крај, постои паралелно со Бога.

Значи, за да се надмине тоа заемно оладување, сопружниците треба да водат христијански живот.

Кое е вашето мислење за односот помеѓу девојката и момчето, што денес е во мода?

- Пред сѐ, паралелно со возраста, раснат и чувствата. Помеѓу момчето и девојката нема

Page 57: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 57

пријателство, туку само љубов. Со умот се оди многу длабоко во интимности, а пријателството е нешто сосема друго: без и најмал интерес.

Им свртував внимание на девојките да не брзаат во поглед на прифаќање на пријателство со некое момче, ако не е побожен. Ги прашувам: “Дали е христијанин?” – “Не е, но сака да стане сега!” – “Добро, но како мислиш ти, која си израснала во црква, дека сега ќе го научиш да се осенува со крсниот знак? Утре-прекутре тој ќе се сврти против тебе!” Тоа е многу крупна грешка. Вистинското пријателство е кога идеите се заеднички; барајте се едни со други во црква, не во дискотеките и на тротоарите! Најдобро е од самиот почеток да не брзаш. Ако е неизбежна средбата помеѓу момчето и девојката, тој треба да ја негува, да ѝ засее својство да биде плодоносна од духовно гледиште, затоа што телесното, како што реков, не е никаков проблем. Ако си видел дека има некаква слабост, направи со својот совет и однесување таа да ја исправи својата слабост. Треба да биде подготвена да го носи сето тоа, а ти треба по секоја цена да ја поддржуваш во нејзините проблеми, непрестајно да ја поттикнуваш.

Поинтимниот проблем кој треба да се разјасни, е тоа, што повеќето млади помислуваат на брак првенствено заради уживање, што е голема грешка. Тоа Бог ти го дал бадијала, не треба повеќе да се интересираш за тоа (за уживањето, заб.прев.). Раѓањето на деца е последица, не е врвна цел на бракот. Целта е меѓусобното поттикнување кон спасение. Значи, грешка е да го градиш односот на некои моментни причини, да биде еден месец меден и целиот живот горчлив. Треба да се размисли дали ќе ги издржи сите благословени тешкотии

на бракот. Значи, во девојката треба да видиш од почетокот, кога можеш да расудуваш - зашто ако си се заљубил, веќе не расудуваш - некои работи врзани за иднината, до крајот на животот. Значи, слабоста на оној кој лошо ќе се заљуби е во тоа, што површно согледал; тој веќе не ја чув-ствува онаа чудесна убавина на љубовта. Треба да ја љубиш, да го следиш мирот во семејството. Мирот е четири пати поголем од правдата. Има и таа понекогаш смелост и став. Не треба да ја понижуваш! “Не гледам баш како си во право, но многу те љубам.” Гледате, љубовта сѐ врзува. Тоа е символ на венчалниот прстен. Обврзан си да ја љубиш со сите сили, се разбира, со мерка, не како Бога; и таа е обврзана да се покорува. Не е тоа унижување, во смисла како што денес луѓето го иронизираат потчинувањето на жената; напротив, таа се потчинува како владетелка. Нејзиниот чин на смирение е полн со благодат. Сопругот нека ги сака таквите ставови кај својата сопруга, а сопругата нека се плаши од фактот што треба да слуша. Токму во молитвите на венчавката се вели: “Нивниот брак да трае во векови!”.

Венчавав еднаш некого и, кога стигнав до молитвата каде свештеникот вели: “А жената да го слуша мажот!”, сите ја погледнаа невестата, а невестата ја наведна главата. Мене тој момент не ми одговараше, но си молчев додека не ми дојде времето за проповед, па ѝ реков: “Забележав дека луѓето не беа внимателни на претходните зборови, кои кажуваа дека мажот е должен да ја љуби својата сопруга. Драга невесто, ако ли не те љуби, немој да го слушаш! Драга невесто…” Да не си играме со зборовите! Девојката не е само креветска играчка или кујнска играчка. Жената, со својата нежност, е

Page 58: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 58

слободна и нема до бесконечност да слуша некого, кој е рамнодушен. Ништо не е подобро од добра жена и ништо не е полошо од зла жена. Значи, треба по секоја цена да ја направиш добра.

Како да ги воспитуваме децата?

- Воспитувајте ги да се спасат. Како метод, сепак кротоста останува најдобра, зашто ако прибегнуваш кон строгост, детето те слуша од страв, и твоето учење за него се фаќа само површно. Но ако со него постапуваш благо: “Дете татино, дете мамино, еве вака…”, тоа слуша, но и самото регистрира – може да прави и лудости – тоа регистрирало од тебе збор, кој не го регистрирало преку твојата строгост, туку преку твојата кротост. Ако со него си се однесувал строго, си викал, го заболело, и не те слуша. Значи, како метод, исто кротост. Но тоа не значи да не комбинираме, нека има и малку строгост, зашто детето сака да го исполни само она што тоа го сака, а не она што треба. Но многу е важно да му дадеш животен пример. Тоа умее да говори, не си го научил ти да говори, но тоа те слушнало тебе кај што зборуваш во домот и научило и тоа. И ги учи и твоите дела. Значи, биди пример, тоа е нешто

најголемо. А што се однесува до младината, да се бориме за час по веронаука во училиштата.

Видете, децата одат во забавиште, во училиште, на игра, под разни кобни влијанија. Како да постапиме, за да ги заштитиме децата од лошите влијанија?

- Мил мој, таа грижа паѓа исто така на семеј-ството, семејството треба непрестајно да управува со детето и да го поправа она што тоа погрешно го научило. Сепак семејството останува најдобар воспитувач. И во училиштата ги навикнуваат на заедница. Постои одреден поредок. Не е лош, но во училиштата би можело да има и нехристијанско насочување. Детето треба да биде научено да каже што се случило во училиштето, и родителите по секоја цена да ја поправат огромната грешка која ја направил некој воспитувач. Помалку има деца кои велат: “Јас така правам зашто така ме научи професорот”, меѓутоа, речиси сите велат: “Така ме научи татко ми или мајка ми”. Зашто, тука е љубовта која сите ја чувствуваат…

Превод: Братството на манастирот

„Св. Гаврил Лесновски“

Page 59: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 59

Во последниве децении, спалувањето на телата на упокоените е сѐ повеќе застапено меѓу Христијаните. Тоа, несомнено, е резултат

на сѐ поголемото влијание на антихристијанските сфери на општеството во современиот свет, кои се непријателски настроени кон Црквата. Истовремено кај римокатолиците, по II Ватикански концил, се гледа очигледно слабеење на сите црковни начала и традиции, и кремацијата, за жал, почнала да се допушта, што исто така ги збунува православните. Враќајќи се кон изворите на религиите, се уверуваме дека спалувањето на покојниците води потекло од паганството и од култот на сатаната.

Бог Му рече на Адама: „земја си и во земја ќе се вратиш” (Битие 3, 19). Ова е закон кој Бог го востановил, по првородниот грев, и Црквата нѐ повикува да го слушаме овој закон, како и целото нејзино учење. Желбата самоволно да се постапи поинаку, е свесен престап против Божјиот поредок, дрска желба да се покаже самоволие, па со самото

тоа, е и голем грев.

Црквата нѐ учи да го почитуваме своето тело по следната основа:

• човекот е создаден по образ и подобие Божјо;

• телото е носител на душата, која е повикана да биде света;

• со своето крштение, миропомазание, преку примањето на Светите Тајни, преку подвизите на постот и другите благодатни постапки во Црквата, телото се осветува и учествува во духовниот развој на човекот и неговото спасение во Царството Небесно.

И како по сето тоа да не се оддаде должна почит кон правот на Христијанинот! Поради тоа и при положувањето на Христијанинот во гроб, вообичаено е да се целива покојникот, изразувајќи преку тоа чувство на стравопочит пред големата тајна на смртта.

ПРАВОСЛАВНИОТ ОДНОСКОН КРЕМАЦИЈАТА

ереј Николај

искушенија на современоста

Page 60: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 60

Поради тоа, од почит кон телото ние, без оглед на тоа што по 40 денови душата, по учењето на Црквата, веќе е земена од земјата, ги украсуваме гробовите, ставаме крст и повремено ги посетуваме гробиштата.

Православната Црква, од самиот почеток, им забранувала на своите членови да го предаваат телото на спалување. Над упокоениот, кој своето тело го заветувал за спалување, Црквата не дозво-лува да се изврши чинот на опелото. Неговото име може само да биде спомнато на проскомидија, а првиот парастос може да се служи дури 40-иот ден.

Архиерејскиот Синод на Руската Задгранична Црква го потврди ова од искони православно правило и ги обврза своите свештенослужители да не го кршат овој поредок и да им го разјаснат ова на

своите парохијани.

Ако болниот на исповедта упорно ја потврдува својата намера да биде спален по смртта, све-штеникот не смее да го причести со Светите Тајни. Слепи безумници се оние роднини, кои неразумно го исполнуваат заветот на упокоениот да биде спален, лишувајќи ја со ова душата на својот сакан ближен од молитвите на Црквата, кои ѝ се толку потребни на душата за покој. Мислејќи дека треба да ја исполнат неговата желба, тие само му нанесуваат голема штета и преземаат на себеси голем грев.

Па и на нив им се дава можност, додека сѐ уште не е доцна, да направат големо добро дело за душата на упокоениот, не извршувајќи ја неговата желба, изречена поради духовен неразум или по-ради непознавање на црковните правила. Така и

Местото каде што Господ Исус Христос бил подготвен за погребување.

Page 61: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 61

царот Ирод изврши злосторство, кога нареди да се отсече главата на св. Јован Крстител, наспроти својата желба, само заради тоа да го одржи ветувањето, кое ѝ го даде на лукавата Саломија. За ова во стихирата на денот на Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител е речено следново: „…Ако и се заколнал, но не се заколнал добро. Подобро би било да не ја исполнил заклетвата и го сочувал животот, отколку што, почитувајќи ја заклетвата, му ја отсекол главата на Претечата”.

Само во оние ретки случаи кога роднините, наспроти веродостјното известување за тоа дека покојникот не сакал спалување, сепак имаат намера тоа принудно да го направат, архиерејот може, ако најде за можно, да дозволи да се изврши опело, и тоа по детална истрага.

Ќе наведеме сега некои пречки за воведување на спалување на телата на упокоените. Прво, би морало да се преправа и измени христијанскиот чин на погребот, бидејќи при кремацијата, некои од обредите и молитвите би го изгубиле своето значење. Потоа, спалувањето на телото на Христијанинот во најмала рака е своеволие, противно на волјата Божја, која понекогаш се

манифестира во нераспадливоста на тела-та на светиите и чудата преку нивните мошти. Од колку ризници на верата и благодатта би се лишила Православната Црква, ако во христијанското минато би бил воведен обичајот на спалување на телата на покојниците! Најпосле, спалувањето на телата воопшто не се помирува со погледот на рускиот народ на светот. „Кај нас во Русија”, вели К. П. Победоносцев, „карактеристична народна црта е религиозниот однос кон мртвото тело, исполнет со љубов, нежност и стравопочит (тоа важи и за нашиот и за сите православни народи воопшто, заб. прев.). Ужасните и одвратните црти на смртта се насекаде, но ние ги облекуваме со покровот на стравопочит, ги окружуваме со свечена тишина на молитвеното созерцание, пееме над нив песни, во кои ужасот на ранетата природа се слева во едно со љубовта, надежта и верата, исполнета со длабока почит. Ние не бегаме од својот покојник, туку бдееме над него три дена и три ноќи со почит, со пеење, со црковна молитва. Нашите погребни мотиви се полни со убавина и возвишеност… и кога ќе ги слушнеш, изгледа како последната стравопочит да не се искажува само над гробницата, туку околу него се одвива

голема црковна свеченост во најсвечениот миг на човечкото битие”.

Но, доволно е непосредно по тој чин, телото на оној кој ни е мил да го предадеме на спалување, и целокупното ова спокојство, побудено од црковните молитви, ќе исчезне моментално и неповратно. А наместо тоа ќе се појави тага, очајание, ужас, одвратност, страв и непријатни, диви и мачни морници.

Нека секој православен Христијанин знае, дека душата на упокоениот, ослободувајќи се со телесната смрт од ограниченоста на материјалниот свет, ја спознава реалноста на постоењето и целокупната бесмисленост на своето безумно заветување. Таа само ќе им биде благодарна на роднините поради неисполнување на неговата последна молба.

Превод: Братството на Манастирот

„Св. Гаврил Лесновски”

(преземено од часописот

„Православна Русија“ бр.14, 1999 г.)

Page 62: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 62

Податоците за животот на Пресвета Богоро-дица по вознесението Христово, во Светото Писмо се скромни. Пред да го испушти Својот

дух во рацете на Отецот Небесен, Спасителот, за време на страдањата, му ја доверил Својата мајка на својот ученик Јован Богослов, велејќи ѝ на Мајката: “Жено, ете ти син”, а на Јована: “Ете ти мајка”. Јован го послуша својот учител “и од тој час ја зеде при себе” (Јован 19, 26). По ова, Богородица се споменува во Делата Апостолски (1, 12) кај апостол Лука, кадешто се кажува како учениците по вознесението на Спасителот на небо, се вратиле од Елеонската гора во Ерусалим, каде го минувале времето еднодушно во молитва и моленија, со жените и Мајката Исусова, и со браќата Негови. За време на слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, меѓу апостолите била и Богородица, и на неа слегол Светиот Дух и таа ги примила даровите на Светиот Дух. Понатамошната судбина на Богородица евангелието и Светото Писмо ја оставаат во сенка, како и писателите до 4. век. Но, кога христијанското интересирање се запрашало за понатамошната судбина на Пресвета Богородица, се покажало дека преданието за ова е живо и сочувано. Според ова предание, прво усно а подоцна и писмено изложено, апостолите по слегувањето на Светиот Дух останале во Ерусалим уште 10 години (Дела 8, 1), сѐ до гонењето на цар Ирод, кога царот Ирод ги пружи рацете за да озлоби некои, кои се од црквата (Дела 12, 1). За тоа време, Богородица живеела во Ерусалим во домот на св. Јован Богослов, кој бил на највисокото место во Ерусалим на Гората Сион. Апостолите за тоа време ја посетувале Богородица и слушале од неа податоци за нејзиниот живот и за животот на нејзиниот Син, а и многумина отстрана доаѓале да ја видат Богородица. Кога почнале гонењата на цар Ирод, апостолите го напуштиле Ерусалим, кадешто останал само Јаков братот Господов, како епископ. Пред да се разотидат од Ерусалим, апостолите фрлале жрепка, каде кој од нив ќе го проповеда Евангелието. Св. Јован Богослов отишол со Бого-родица во Ефес, откаде што Богородица, според преданието, ги посетила св. Игнатиј Богоносец во Антиохија, воскреснатиот Лазар кој бил епископ на Кипар и Светата Гора Атонска, која ја благословила,

барајќи ја од Својот Син за свое наследство. Потоа Дева Марија повторно се вратила да живее во Ерусалим, во домот на св. Јован Богослов, минувајќи ги деновите во молитва и посетувајќи ги местата, кои нејзиниот Син ги осветил со своите пречисти стапала и каде што се случиле најважните случки од животот на Спасителот, како: Витлеем, Гетсиманија, Елеонската Гора, Голгота и Гробот Христов. Во ова имаме основа за христијанскиот аџилак. Омразата кон воскреснатиот Христос, јудеите ја пренеле и на Богородица. Бидејќи знаеле дека Богородица секојдневно доаѓа на Голгота кај Гробот Христов, поставиле на гробот Христов стража за никого да не пушта кај Гробот Христов, а Неговата Мајка да ја убијат. Но, Бог ја поразил стражата со слепило и стражата не гледала кој доаѓа на гробот.

Богородица честопати ја посетувала и Елеон-ската гора, местото на вознесението Христово, и тука срдечно се молела и горела од желба Господ што поскоро да ја земе при Себе, да го види Синот свој. И кога еднаш се молела на Елеонската гора за да го види крајот од својот живот и Господ да ја земе кај Себе на небото, маслиновите дрва според нејзиното поклонување и издигање ги свивале своите врвови и се поклонувале и се издигале, а пред неа застанал архангел Гаврил, кој ѝ ја јавил Благовеста, и ѝ објавил дека за три дена ќе замине кај Христа Бога. т.е. ѝ го објавил часот на успението. Во знак на победата над смртта и телесната непропадливост, ѝ дал рајско гранче, кое требало да се носи пред нејзиниот одар за време на погребот. Богородица се исполнила со радост заради скорото успение и посакала пред смртта да ги види апостолите, кои се разотишле по вселената заради проповед на евангелието, и го молела Господа во часот на својата смрт да не го види кнезот на темнината и неговите страшни слуги, но самиот нејзин Син да ја прими нејзината душа во Своите раце.

Кога Богородица по молитвата на Елеонската гора се вратила во домот, сѐ се потресло од неви-дливата сила Божја и славата Господова, а лицето нејзино се просветлило со светлина, и таа почнала да се подготвува за своето успение. Најпрво за сѐ го известила св. Јован Богослов и му го покажала рајското гранче со заветот, ова гранче да се носи

празници

УСПЕНИЕНА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Page 63: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 63

за време на погребот пред нејзиниот одар. Бидејќи им објавила и на другите свои ближни за своето успение, подготвила сѐ што е потребно за погребот,

т.е. ја спремила својата горна одаја, ја искадила, ги запалила светилниците, ја украсила собата и го спремила одарот. Св. Јован за сето ова го известил

Page 64: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 64

св. Јаков братот Господов и првиот ерусалимски епископ, како и сите останати за успението, а Јаков ги известил околните Христијани, па многу Христијани се собрале на успението на Богородица. Сега Богородица повторно им го објавила на сите своето успение, им ги соопштила зборовите на архангелот и им го покажала рајското гранче, ги заветувала да ја погребат во Гетсиманската градина на подножјето на Елеонската гора, кадешто е гроб-ницата на нејзините родители Јоаким и Ана и на обручникот Јосиф, а своите две облеки, сиот свој имот, им го оставила на сиротите вдовици кои ја служеле.

За време на овие предсмртни настани, на-еднаш се слушнал шум како гром и облаци го окружиле домот на св. Јован. Тоа по заповед Божја, ангелите ги зафатиле апостолите кои се разотишле на сите страни на вселената заради проповед на евангелието, и на облаци ги донеле во Ерусалим, на Сион пред домот на Богородица. Најпосле дошол и св. Апостол Павле со своите ученици Дионисиј, првиот атински епископ, Еротеј, атински епископ и Тимотеј, ефескиот епископ, а тука биле и 70 апостоли, собрани преку Светиот Дух. На 15-ти август, во третиот час од денот, во горната одаја биле запалени многу светилници, св. Апостоли го славеле Бога, а Богородица лежала на украсениот одар, очекувајќи го доаѓањето на својот Син. Наеднаш заблескала неискажана светлина на божествената слава, помрачувајќи ги светилниците. Кровот на горната одаја се открил и слегол самиот Господ од небесата со ангелите, а Богородица, здогледувајќи го својот Син како доаѓа, воскликнала: “Душата моја Го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, зашто погледна на смиреноста на слугинката Своја” (Лука 1, 46-47), и без болки ја предала својата душа во рацете на Господа. Во тоа време се слушнало ангелско пеење на зборовите од благовештенскиот поздрав: “Радувај се благодатна, Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!” (Лука 1, 28), а апостолите виделе како ангелите пеејќи ја оваа песна ја спроведуваат душата на Пресвета Богородица, која Господ ја вознесувал на небото. Лицето на Богородица блескало како сонце, а од нејзините мошти се ширел чудесен мирис и од нив се исцелиле многу болни.

Сега апостолите го понеле телото на Бого-родица од Сион кон Гетсиманија со пеење на псалми и молитви, со свеќи и кадилници, а пред одарот било носено рајското гранче. Над одарот пловел круг од светли облаци до самиот гроб, а во облаците се слушало пеење на ангелите. Многу од јудејците, слушајќи и гледајќи го сето ова, оделе со Христијаните по одарот, и покрај тоа што не

биле Христијани. Кога за ова дознале архиереите и книжниците јудејски, се разлутиле и испратиле војници и слуги да ги разгонат учесниците во по-гребот, да ги убијат Христијаните и да го изгорат телото на Богородица. Но, кога гонителите стигнале до погребната поворка, кругот од облаци се спуштил на земјата и ја окружил поворката како со ѕид. Гонителите слушале пеење, но не можеле да видат ништо. Покрај тоа, ангелите ги поразиле гонителите

Page 65: Троичник 25. август 2009

• • • TROI^NIK • • • 65

Осветен новоизградениот храмво с. Теранци, кочанско (16.05.2009)

На 15. 05. 2009 година, на празникот на Св. Атанасиј Велики (летен), се изврши чинот осветување на новоизградениот храм во с. Теранци, посветен на Светиот Атанасије Велики. Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво а во присуство на многу православен верен народ.

По осветувањето беше отслужена Света Литургија, по која Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, при што се заблагодари на сите кои се вградија во изградбата на овој свет храм при што им додели благодарници - пофалници.

Осветувањево печатницата „Европа 92“, Кочани (27.04.2009)

На 27. 04. 2009 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по покана, ја освети административната зграда и погонот на печатницата „Европа 92“ во Кочани, сопственост на фамилијата Димитровски од Кочани.

со слепило, па гонителите удирале со главите во ѕидовите и ги барале своите водачи. Потоа облакот се подигнал. Еден јудејски свештеник Афониј (по други извори Јефониј или Софониј), се исполнил со омраза и сакал да го преврти одарот со Богородица, но кога се допрел до одарот, ангел со меч му ги отсекол рацете, кои останале да висат на одарот. Афониј и ослепените, спознавајќи ја силата Божја, се покајале и се исцелиле. Апостолите стигнале со телото до Гетсиманија и го погребале во гробот, и тука на гробот останале три дена пеејќи псалми. За сето тоа време во воздухот се слушало пеење на ангели.

Апостол Тома, единствен од апостолите не бил присутен на погребот, и дошол на гробот на Богородица дури третиот ден по нејзиниот погреб, по промисла Божја, за да се открие уште едно чудо со Пресвета Богородица. Кога апостолите го отвориле гробот на Богородица, за да се поклони апостол Тома на телото на Богородица, во гробот не го нашле телото на Богородица, туку само по-гребната прекривка, од која се ширел прекрасен мирис.

Истиот ден вечерта, апостолите седеле на трпеза заради храна. Апостолите за време на трпезата оставале едно место празно, и на тоа место поставувале парче леб во чест на Христа. По завршувањето на трпезата, вознесувајќи благодарност, апостолите го земале спомнатото парче леб, нарекувано дел Господов, и го возди-гнувале, славејќи го великото име на Пресвета Троица. Потоа, по зборовите: “Господи Исусе Христе, помогни ни” – би го изеле тој леб како Божји благослов. Така апостолите постојано правеле, било да се заедно, било да се сами. Така било и за време

на трпезата во Гетсиманија. Кога го подигнале лебот славејќи ја Пресвета Троица, наеднаш слушнале ангелско пеење. Подигајќи ги очите, ја здогледале во воздухот Мајката Божја окружена со ангели и во блескава светлина, каде што им вели: “Радувајте се, зашто јас сум со вас во сите денови”. Светите апостоли, наместо вообичаеното “Господи Исусе Христе, помогни ни” – воскликнале: “Пресвета Богородица, помогни ни”.

Од тоа време поверувале апостолите и ја на-училе Светата Црква да верува, дека пречистата Мајка Божја во третиот ден по погребот била воскресната од Својот Син и вознесена со телото на небо. Потоа апостолите влегле во гробот и ја зеле оставената плаштаница, како сведоштво дека Богородица воскреснала од гробот. Спасителот во третиот ден ја воскреснал својата Мајка и ја вознесол со телото во небеските пребивалишта.

По сето ова, апостолите повторно на облаци биле однесени на местата кадешто го проповедале евангелието.

Оваа чудесна историја за Пресвета Богородица е во согласност со библиските чуда, зашто и Енох и Илија биле земени на небото, а како тоа да не биде со онаа која е “почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите”. Со оваа историја во потполна согласност е и фактот што, додека од останатите светители имаме сочувани мошти, за моштите на Богородица никогаш никаде не е забележено дека се чуваат, само ризата и појасот. Најпосле, во самата служба на празникот Успение, чудесните случувања околу успението на Пресвета Богородица се објаснуваат со нејзиното чудесно раѓање на Спасителот.

Page 66: Троичник 25. август 2009
Page 67: Троичник 25. август 2009