36

ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40
Page 2: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

В о овој б р о ј : „КНИГА Н А П О Е З И Ј А П О П Д О Д А Т О К

„ Ф О К У С " в е с к и к на младите и з д а в а ч : Градека к о н ф е р е н ц и ј а и а СМ ка Окотгје гееникот го уредува редакциоки колесгиум главен и одговореи уредник : Сашо Чомовеки наедаовна етраиа: З л а т к о Падшвсжи л и к е в н о о б л и к у в а ш е и илустратор : Благо ја Стојаноаз лехтор и к о р е к т о р : Надица Пегковска к а р и к а т у р и : Боро Пејчинов редахција и адмис-жетрација — Градека ба-рака број 2 т елефони : 32-170 и 32-010 п еч ат н и ц а и а „Нова Македонија" — Скопје Х О Н О Р А Р И Т Е СЕ И С П Л А Т У В А А Т П Р В И Т Е П Е Т ДЕНА ОД МЕСЕЦОТ

„ФО

КУ

С"

ПО

СТЕ

Р

Page 3: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

ПЕНЗИОНЕРИ ЈАВЕТЕ СЕ! НА С0ЈУ30Т НА МЛАДИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

МУ Е ПОТРЕБЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ

Page 4: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

Тигрови крилја За оние кои од некакви причини за живо-

тен став ја одбрале апсолутната линија на помал отпор, постои една мала сентенција, со која можат секогаш да се послужат бранејќи го своето определување. Се разбира барем оние кои ја знаат. А вака вели ова изрека на древ ната индиска мудрост „Не префрлувајте му бо-га што го содзда тигарот туку благодарете му што не го обдарил уште и со крилја."

Постои една состојба кај нас која за жал често да се изродува во испишано, но сепак озаконето правило. А се работи за ова — што повеќе се пишува и зборува за некое ординар но безобразие во нашето живеење, моралната острица со која нејзин нистап се повеќе за-стапува, бидејќи она што се жугосува станува толку обично и дневно, што веке не предизви кува ничие внимание. Тоа станува над се досадно.

Ова досега, што можеби беше увод, треба да послужи како повод (а можеби и како опра вдување за враќањето кон една погоре опи-шана, па затоа се чини и во нешто профана тема. Точниот термин за оваа појава, всупшо-ст и не е познат, макар што поединци (тоа се обично оние, на кои таа се однесува) со голе-ма доза на презир ваквите случаи ги наре-чуваат кариеризам. Ваквата дефиниција, си-гурно не е потребна и најточна, но како знак за идентификација може да послужи.

А сега конечно еве и една илустрација за еден ваков случај, кој меѓутоа не е осамен, но ќе биде карактеристичен. Прикажаната е во толкава мера обична, па и досадна, како што веќе е најавено, што би можела да се објави и како стрип, во текст и слика. ПРВАТА СЛИКА: дипломирана правничка се обидува со оваа своја квалификација да се запосли во една виеока републичка институ-ција, каде е отворен конкурс, чии услови таа во целост ги исполнува. ВТОРАТА СЛИКА: на разговорот што таа го има во оваа устано-ва, неблагонаклоно и соопштуваат дека кај нив се води сметка и за социјалниот момент кај кандидатите, а со оглед на нејзините при-лики таа би требало свесно да демисионира.

ВО ТРЕТАТА СЛИКА: студентката одбива. ЧЕТВРТАТА СЛИКА во која на истиот кон-курс се јавува и друга студентка која веднаш ја примаат, а таа веќе работи во друга исто така висока установа (што во крајна линија и не е толку важно). На крајот на првата студентка и соопштуваат дека на нивниот из бор имал влијание добриот впечаток што го оставил таткото на втората кандидатка, кога своевремено бил функционер во речената ус танова. Овдена стрипот завршува.

Обично после ова се кажуваат неколку збо ра за некарактеристичниот однос на работода-телите, и така се поред . За младите луѓе пак кои се помалку им придаваат значење на та-канаречените морални — норми обично се слу шаат само зборови на конклудентно одобрува-ње — па тие луѓе на крајот на краиштата ра ботат на својата егзистенција. Кога веќе стиг навме дотука, не е важно најнапред да се разбереме — не одречувам дека ова можеби е предавање за младинскиот морал во најдо-брите скоевски традиции (кои за жал, веројат но, никој од нас не ги памети). Исто така ве-ројатно е дека по некој о д читателите на дра го орце би се заинтересирал за моралните по-зиции на овој автор, кој така гласно другува со моралот. Се е тоа сосема во ред, а можеби е и некаква суштина на написов. Бидејќи и онака на овој план никој ништо и не напра-ви, тогаш не е лошо макар само и да поразго вараме за ова. Ако ништо друго сигурно е по-арно и ова отколку да се тешиме со приказ-ните за тигровите крилја. Всушност кога се работи за линијата на помал отпор не мора ме да се обрнуваме до индиската мудрост — заправо сега се потсетив дека и нашиве луѓе кога не се заинтересирани за менување на некоја лоша состојба се оградуваат со слич-на капитулантска мудрост — велат, чувај боже од полошо.

Штета ако пропадне?

Во Скопје, кој се смета за град на мла-дите жалосно беше да се констатира дека не постои ни една организација која на некој на-чин ќе им помогне на младите рационално да го искористат слободното време некаде во при-родата, оттргнувајќи ги од загушливите и за-гадените градски улици. За неопходноста на ваква установа се зборуваше и во Градското собрание, кое донесе решение на 22 мај 1970 година да ое формира „УСТАНОВА З А ОД-МОР И РЕКРЕАЦИЈА НА ДЕЦАТА И МЛА-ДИНАТА". Но, се остана само на нејзиното формирање и морална поткрепа што ја доби-ваше од Републичкиот и Градскиот совет за грижи и воспитување на децата..

Таа беше единствена установа од ваков вид која што нема постојан извор на финан-сирање, бидејќи надлежните за тоа (Фондот за непосредна заштита на деца) освен мини-

малните партиципации не одвојува ништо по-веќе. Установата се најде во ќорсокак, бидејќи и покрај тоа што бше изготвен план за ра-бота, не можеше да ги реализира поставените цели на младите Да им организира научни и забавни екскурзии. Именуваниот директор Бахчанџиев се обидува да најде излез од оваа ситуација, барајќи материјални средства од работните организации меѓу кои „Центро-колонијал" и „Славија", со тоа што тие ќе би-дат вратени подоцна. Но тие не сакаа ни да слушнат Почнувајќи со минимални средства, установата успеа во нејзина организација да летуваат над 3000 деца во текот на 1970 г. Таа ја прошири својата активност и сега ко-га е мртва сезона организира дводневни учи-лишни екскурзии во своите објекти — млечни ресторани на Скопска Црна Гора, Горно вод-но, Крушево, Претор и Треска кои се меѓу најубавите младински хотели во земјата. Во установата си поставија големи цели, затоа што интересот на училиштата и ученицити е голем. Но, за жал, по се изгледа дека оваа акција ќе биде прекината ако некој не пре-земе мерки фондот за непосредна детска заш-тита Да започне да се занимава со она за што треба е и оформен (тој како да е незаинтере-сиран за она што треба најповеќе да го засе-га). По ое изгледа дека составот на работниот кадар во Фондот не одговара на неговата на-мена, така што претставува „раска во око" за изведување на вака полезни акции. Ке биде голема штета да пропадне една ваква, за мла-дите, симпатична устаноза и акција.

ПАУНОВСКИ МИЛЕ

За проблемот на младинските

собиралишта Ако на улица запрете некој младинец кој

не ја следи активноста на ОМ (ќе признаете дека има и такви) и го прашате што мисли за проблемот на младинските собиралишта во Скопје, ќе добиете одговор дека тука не-што не оди како што треба. Ако потоа за-прете некој што ја следи работата на СМ ке добиете сличен одговор, со тоа што вториов младинец ќе знае да ви раскаже убава при-казна за една амбициозна програма која СМ ја иницира пред повеќе од една година и која сега, по се изгледа, некаде е закочена.

Имено, беше изготвена акциона програма за отварање голем број клубови и адаптаци-ја на постојните општествени простории во „Кисела Вода", „11 Октомври", месна заедни-ца „аВрдар", месна заедница „Драчево", „Бу-тел I", месна заедница „Наум Наумовоки Бор-че", месна заедница „Миле Арсовски", Кар-пуш I, месна заедница „Рампа", „Пролет", „Чаир", мезаниеите во Градекиот ѕид перон-ските простории во старата елезничка стани-

Page 5: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

ца, подрумските простории во зградата на ГП Гранит итн. Меѓутоа, за овие година дена беа отворени само четири клуба, не вброју-вајќи го „Технометал", и тоа во Горче Пет-ров, Црниче, Шуто Оризари и Синѓелик. На-бргу клубот во „Црниче" се претвори во „при ватен" клуб од затворен тип, оној во насел-бата „Синѓелиќ" во зима не е загреан па за-тоа стои полупразен, а останатите два се бо-рат со проблемите на финансирање и само-финансирање. Големо прашање е дали овие 5 клуба моат барем делумно да одговорат на задачите кои СМ им ги постава и тоа се: ан-гаирање на младината со помош на специја-лизирани клубови и одрување на поетски, политички, филмски вечери и сл. намалува-ње на бројот на приватните клубови и нама-лување на проциентот на малолетничката деликвенција.

Меѓутоа, дали СМ мое да се грии за Фи-нансирањето на клубовите и нивната коорди-нирана работа ако не наиде на подршка од територијалните младински организации кои, барем засега, не покажуваат интересирање за овој проблем. Тие како да чекаа т клубови да им паднат од небо, без сериозно да се зазе-мат за нивното опремување и водење. Крај-но време е обете страни да изнајдат средства со кои брзо и ефикасно една убава иниција-тива ќе ја спроведат во дело.

Горан Стефановоки

Неколку збора за извидничкиот

одбор »Браќа Миладиновци«

Постојано зборуваме дека треба да се подобри културно забавниот живот на мла-дите, дека треба Сојузот на младината да ги раздвижи младите и да им даде полиња на активност. Но сведоци сме дека СМ се при-клучува кон целокупното мртвило и се све-дува на своето формално постоење.

Во овие моменти на сеопшта зачмаеност се јавува еден поголем број на младипци обединети преку коккретна акција. Тоа е од-редот „Браќа Миладинови" кој опфаќа 120 члена, а е формиран на 1.V.1970 год. З а да ја нагласам нивната активност и да покажам дека овие 120 члена навистина работат за-интересирани, ќе ви наведам неколку од ус-песите на овој одред:

— Учество во акцијата „12 Скоевци 70" во Ваташа на 1.V.1970 година при што е и формиран одредот.

— Учество во градската смотра на Соју-зот на извидниците на град Скопје во Сарај на 20.V.1970 година при што се освоени 6 пр-ви и 1 второ место.

— Учество ка сојузната смотра во Блед на 1 1 . V . 1 9 7 0 год. При што е освоено едно второ и едно прво место на републичко ниво.

— Учество на собирот на феријалци и из-видници во Кавадарци на 16.V.1970 година.

— Изведување на низа акции за школу-вање и вежбање на кадри во Сарај, Матка, Водно и Скопска Црна Гора.

За своите 120 члена со старост од 9 до 25 години одредот располага со 52 шатора (за 108 извидника) и 113 униформи за извидни-ците до 15 години.

Интересно е да се спомене дека овој Из-виднички одред на 1.V.1970 година не е но-воформиран, туку тогаш е само обновена ра-ботата на веќе постојниот одред, чие рако-водство, со својот неодговорен однос, напра-вило тој да се распадне. Така новоформира-ниот одред има во комплексот „Филип Ја-ков" место врз кое полага само формално право, бидејќи старата група несака да го от-стапи. Инаку одредот е без свои места за ло-горување, иако има потреба за такви.

Исто така не е решено ниту прашањето во врска со просториите. Одредот одржува состаноци во просториите на месната заедни-ца „Вардар" ако просториите се слободни, но најчесто состаноците се одржуваат во станот на старешината.

Сојузот на младината располага со про-стории. Тие за него можеле да бидат обез-бедени и покрај тоа што неговата активност така речи не постои. За Феријалниот сојуз е дури изградена зграда. Утешение е сепак што Феријалниот сојуз е активен. Но пра-шање е зошто извидниците треба секогаш да бидат пасторче на небрижливи родители? Зошто, кога нивната активност е наполно ед-наква со активноста на Феријалниот сојуз?

Зошто некој мора да има некакви при-вилегии и да има право на големи средства, со кои дури може да располага како што сака? На пример Сојузот на младината на 13 одреда на извидници, колку што се во Ско-пје, им расподелува по 70.000 динари што не-доотига ниту за редовните административни трошкови. Навистина понекогаш се доделу-ваат и додатни средства но тоа е многу ретко и само за цели за кои е заинтересиран са-миот Сојуз на младина.

Одредот „Браќа Миладинови" во своето одржување наидува на огромни пречки од финансиски карактер и мора да се снаоѓа на разни начини. Одредот пристапи кон ак-тивирање на работните луѓе од разни работни колективи организирајќи го нивниот рекреа-тивен живот. Така младинците — работници нашле каде да го минуваат слободното време.

Сето ова допринесува по пат на вешто балансирање, низ пречките, да се обезбеди терен за солидна активност на одредот на која многу други би позавиделе. Се вршат припреми за нови акции, а истовремшо се формираат и нови чети во работните колек-тиви. Нека им е алал!

МИЛКО ЗОРБОСКИ — ГРК

Белградска свече-ност на Денот на младоста без мла-дите од Македо-

нија Деновиве добивме едаа информација спо-

ред која на овогодишната свеченост на Денот на младоста во Белград сосем е веројатно де-ка нема да учествуваат млади претставници од Македонија.

Зошто? Едноставно — нема средства. Ако тие се пронајдат — младите од нашата Репуб-лика ќе можат да учествуваат во традицио-налната импозантна свеченост.

Како се случи оваа година да биде дове-дено во прашање учеството на Македонците? Од Републичкиот одбор за прослава на Де-нот на младоста велат дека за тоа се „винов-ни" претстојните економско-општествени про-мени на релацијата Федерација — Република.

Но, познато е дека средства има за сите други свечености за прославата во нашата Република. Како тоа се објаснува?

Целта на освртот не е тоа да го објаснува, но само да регистрира и да ги повика компе-тентните јавно да објаснат за што всушност се работи.

СПАСЕ ЈОВКОВСКИ

Page 6: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

КОМУНАТ во криза

В е ќ е подолго време во средиштето на вни-манието на јавноста се наоѓаат промените во политичкиот систем. Тоа е разбирливо, затоа што со најновите уставни амандмани во на-шаат земја започнува еден квалитетно нов процес кој ќе разреши низа длабоки ди-леми на нашиот општествен живот. М о ж е д а се верува дека со најновите промени на по-литичкиот систем, како с л о ж е н а земја со бројни противречности, ке излеземе пообеди-нети, поединствени и појасни во глобалниот концепт на нашиот иден сасоуправен соци-јалистички развиток.

Меѓутоа, покрај нужниот респект што го заслужуваат прашањата како што се осамо-стојувањето на републиките и покраините, новата улога на Федерацијата итн. — остану-ва впечатокот дека во сите дискусии околу промените на политичкиот систем е „забора-вена" комуната, односно основната опште-етвено-политичка заедница. Овој впечаток го зацврстува и неодамна објавениот нацрт на уставните амандмани X X — ХL. Веројатно со „возниот ред" на најавените промени е оста-вено за натамошната изградба на комуната д а се расправа во следната ф а з а кога ќе се врши промена на републичките устави. Но, овој лимит веќе стана поттик се повеќе да се зборува за долготрајната криза во која се наоѓа комуналниот систем. Меѓу другото, при најавувањето на промените на политич-киот систем беше речено дека тие промени треба да започнат од комуната!

Д О И З Г Р А Д У В А Њ Е Н А У С Т А В Н А Т А К О Н Ц Е П Ц И Ј А Н А К О М У Н А Т А

Постојат, главно, две основни становишта за сегашнаат положба на комуната во систе-мот и практиката. Едни сметаат дека постој-ната уставна концепција на комуната со-сема ги задоволува современите барања. Проб лемот е, значи, во недоследноста на нејзино-то реализирање во практиката. Други смета-ат дека најновите движења, особено разви-токот на самоуправувањето, веќе ја надрас-наа уставната концепција. Според тоа, н у ж -ни се напори за изградување на еден ква-литетно нов и современ концепт на комуната.

На неодамна одржаната Шеста седница на Градската конференција на СКМ — Скопје со право е подржано второто становиште. Имено, развитокот на самоуправните односи во сферата на здружениот труд не беше до-волно с л е д е н со соодветен развиток на непо-средната социјалистичка демократија, од-носно самоуправувањето во рамките на ко-муната. Исто така во значајна мера е се у ш -те присутна мошне тесната самостојна пози-ција на комуната во системот — наспроти зголемениот обем на обврски и права што денес ги има комуната опоред републичките и сојузните нормативни акти.') На комуната и се оставени малку можности самостојно да ги регулира тие права и посамостојно да рас-полага со материјалната база и вишокот на трудот кој се создава во неа. Ова особено се однесува на големите општини како што е Скопје, каде живеат голем број граѓани и ра-ботни луѓе и каде е концентрирана повеќе од една третина од стопанските, кадровските и другите капацитети на Републиката.

Всушност, станува збор за превасходната потреба на комуната да не се гледа како на продолжен орган на децентрализираната ф е -дерација, туку како на автентична и ос-новна општествено-економска и политичко-територијална заедница на граѓаните и ра-ботните луѓе. Таа треба да прерасне во само-управна заедница на организациите на з д р у -жениот труд, интересните и другите асоција-ции, која ќе има понагласена материјална и нормативна самоуправност и во која пред се ќе се обезбеди поактивен статус на работни-от човек и граѓанинот како самоуправувач и активен учесник во политичкото одлу-чување. Само таква комуна — во конечна сметка — м о ж е да биде значаен и интегра-тивен фактор на самоуправувањето и поли-тичката организација на републиката и ф е -дерацијата.

Нужност: ИНСТИТУЦИОНИ ПРОМЕНИ

Иницијативите за промени во политички-от систем покренаа и низа отворени праша-ња во врска со поставеноста на одделни ин-ституции на политичкиот сгастем кои својата егзистенција ја реализираат во комуната. Но-виот концепт на комуната н у ж н о ќе мора да води сметка за сознанието дека некои од по-стојните сегменти на системот веќе се над-минати во практиката, а треба д а се в л о ж и напор за нивно трансформирање или креи-рање на нови односи и институции во само-управниот организам на комуната.

На споменатата седница на Градската кон-ференција на СКМ, меѓу другото, беше истак ната потребата месната заедница се повеќе да израснува во основна самоуправна и тери-

торијална асоцијација во која се преплетува ат интересите на луѓето и во која луѓето се обединуваат како граѓани за решавање на некои заеднички прашања. Доградбата на месните заедници е функција и неопходност за натамошното развивање на самоуправните односи во комуната како целина. Се разби-ра, притоа, постојано треба да се води сметка за опасноста мвсните заедници да не се прет-ворат во минијатурни општини.

Натамошната демократизација на односи-те во комуната ќе биде овозможена ако чо-векот и организациите на з д р у ж е н и о т труд се појават како вистински носители на одре -дени интереси во рамките на интересните за-едници и ако ги праќаат своите претставни-ци и делегати на сите оние места каде се ре-шава за тие интереси и во месните заедни-ци каде човекот секојдневно се соочува со реалноста на општествениот живот. Ова, по-крај другото, ќе внесе промени и во струк-турата на општинските собранија. Тие по својата поставеност- структура и по начинот на конституирањето треба се повеќе да се непосреден израз на самоуправувањето во комуната.2) Ваквото настојување ќе придо-несе да се зголеми интересот, учеството и влијанието на граѓаните и работните луѓе во изградувањето на политиката во комуната и пошироката заедница. В о тоа се корените и шансите на еден развиен и флексибилен де-легатски систем како замена на сегашниот речиси класичен парламентарен систем на политичко претставништво.

В о досегашната дискусија се истакнати и други предлози за усовршување и развивање на непосредната демократија во комуната. На пример, особено з а с л у ж у в а внимание пред-логот за евентуално менување на институци-јата собир на избирачите и конституирање на собир на граѓаните како форма на пер-манентно ангажирање на граѓаните. Исто та-ка значајно е инсистирањето за зајакнување и афирмирање на улогата на интересните за-едници, затоа што општината не е само ос-новна политичка заедница — туку и една универзална интересна заедница на граѓани-те. Во овие рамки одреден респект з а с л у ж у -ваат и предлозите политичко-изврнгаата ф у н к ција на општината да му се довери на еден орган (како замена за сегашните често не-ефикасни совети на општинските собранија) и натамошното трансформирање на органите на управата од органи на собранието во ор-гани на општината (непосредно одговорни пред граѓаните).

М о ж е со сигурност да се претпостави дека во дискусијата која започна околу промените во политичкиот систем ќе бидат дадени број-ни други предлози за усовршување и на ко-муналниот систем. Тоа е гаранција дека ко-муната има шанси да излезе од кризата во која се наоѓа.

К И Р О З Р М А Н О В С К И

1) Од окошу 3.000 а к т и кои ,во минатата година ги донеле општинските собранија в о СРМ, само 240 се однесуваат на самостојно р е г у л и р а њ е на односите во комуната . Овој податок најдобро го илустрира сознанието д е к а денеска комуната п р а к -тично се наоѓа во „сендвич’’ меѓу Републиката , и Федерацијтата.

2) Има сознанија, на пример, д е к а во Скопје сегашниот Градски собор треба да прерасне во Собор на месните заедници, а н а таа основа да се извршат соодветни промени и во другите собори на Собранието на градот,

Page 7: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40
Page 8: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

ФОКУСОВА АНКЕТА

од ЕРНЕСТО ЧЕ ГЕВАРА ДО ИСУС ХРИСТОС

Младите скопјани имаат свои идеали. И идоли, се разбира.. Токму за нив, за нивните идоли и идеали ние разговараме со двеста младинки и младинци од гимназијата „Јосип Броз — Тито", „Горѓи Димитров", Никола Ка-рев (педагошка гимназија) и Стено-дактило-графското училиште „Здравко Цветковски".

А Но, овој пат не интересираше нешто по-

веќе. Што е тоа што младите го сметаат за-брането за нивната возраст? Од што младите сметаат дека мораат да се воздржуваат? Со еден збор — што е за младите скопјапи — табу?

Ние ви ги презентираме резултатите од нашата анкета, ви даваме можност да се за-познаете со сето она што е актуелно меѓу младите, она што за младите е идеал, идол или нешто што навистина е за нив непознато и забрането.

КОИ СЕ ИДОЛИ НА МЛАДИТЕ?

Од сите анектирани млади скопјани, на ова прашање одговорија 156, а останатите се воздржаа од одговор или изјавија дека не-маат никаков идол.

Најмногу млади за свој идол го сметаат легендарниот југословенски лидер, Тито. За претседателот Тито се определија 50 младин-ки и младинци, а тоа не е мал број, кога се има предвид дека свои идоли имаат само 2/3 од сите анкетирани, а 1/3 од оние кои одго-вориле дека имаат свој идол, напишале дека југословенскиот претседател е нивниот идол. Одговорот на младите, секако не можеме да го сметаме за некакво изненадување, односно

Н не во деновите кога еден младински итали-јански часопис објави дека голем број млади италијанци нашиот претседател го сметаат за еден од „личностите на деценијата".

Личноста што младите ја прифаќаат за свој идол, очигледно, треба да биде исклучи-телно силна, мислиме интелектуално и мо-рално импозантна Тоа е, веројатно, еден од главните „критериуми" при опаределувањето идол меѓу младите. Така Ернесто Че Гевара, мртвиот латинско-американски револуционер, лекар кој долго време беше еден од најпо-пуларните кубански политички раководители е личноота за која се определија 26 млади скопјани. Тоа е секако, импозантен број.

Но, што стои зад овој број младинци кои го сметаат Че Гевара за овој идол? Мо-жеби револуционерноста на младите, огорче-ноота против насилството експанзијата на им перијалистичките тенденции на „железниот континент" хуманоста и мирољубивоста на младите генерации, оние генерации од кои зависи иднината на општеството.

Ако навистина тоа ги наведе младите скопјани Че Гевара да го сметаат за свој ид0л, тогаш постарите генерации не треба да гледаат со неизвесност кон иднината.

„Личноота број 3" на младите скопјани е Алберт Ајнштајн, барем опрема одговорите на единаесет младинци кои одговараат на на-

шето прашање Модерната атомска физика, очигледно е прилично популарна, судејки по овој идол на младите.

Меѓу оние кои почесто се сретнуваат ка-ко идоли, се големите социолози и филозофи Маркс и Енгелс, како и советекиот лидер Ленин.

Еднаков број „гласови" со споменатите теоретичари добија и славните Битлси. Сме-таме дека тоа е природно, особено кога се работи за одговори на седумнаесетгодишни девојки и момчиња.

Идоли на младите се и: Бернадета Дев-лин (3), Цон Кенеди (3) Зигмунд Фројд (2) Гунар Јаринг, Боби Фишер, Ароен Дедик, Касиус Клеј.

Да споменеме и некои интересни одгово-ри: „сам сум си идол" (2) „идол ми е мајка

К ми", „Идол е татко ми". Двајца младинци, од две различни училишта запишале дека нивниот идол е Исус Христос.

Групата за истражување на „Фокус" из-гледа дека им беше интересна на младите кои беа анкетирани, па два одговори имаше со имињата на нашите репортери. Секако, дека тоа се младинци кои очигледно немаат свои идоли, но имаат фантазија.

Еве, како би изгледала ранг-лиетата на идолите на младите скопјани:

1. Јосип Броз Тито од 50 (25% од вкупниот број анкетирани, 30,7°/о одговорите.

2. Ернесто Че Геварара. . . 26 (13% од вкуп-3. Алберт Ајнстајн. . . 11 (5,5% од вкуп-

ниот број анкетирани одговориле 7% од сите 4—5) Карл Маркс — Владимир Илиќ Ле-н и н . . . 8 (4% од вкунниот број, одговори) 5,1% од одговорите).

Немаат свој идол: 10 (5%) Не одговориле ништо . . . 34 (17%). Толку за идолите.

ШТО Е З А МЛАДИТЕ ИДЕАЛ?

И на ова прашање младите имаат раз-лични одговори, сепак може да се добие впе-чаток дека имаат извесни заеднички желби и очекувања во животот, идеали. Дури, по малку зачудува фактот што релативно голем број млади луѓе од нашиот г р а д најмногу од се сакаат и очекуваат успех во нивниот ж и -вот. Секако тоа го дефинираат на различни начики: некои отворено велат дека нивниот идеал е „диплома з а завршен факултет", дру-ги се уште поконкретни „да станам лекар", инженер, неуропоихијатор, професор, дури и добар политичар".

Сепак, најмногу младинки и младинци из-гледа дека повеќе од се ја сакаат слободата. Таков одговор имаат 48 млади скопјани. Зна-чи можеме да бидеме оптимисти — барем што се однесува до евентуалната одбрана на на-шата незавионост. Мораме да споменеме дека најголем број од одговорите во кој основна-та идеја е слободата, младите скопјани до-

Page 9: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

дале уште по некој збор, нешто што повеќе ги објаснува нивните „животни желби". Нај-често покрај зборот „слобода" стои „мир" и разбирање меѓу луѓето". Сепак, ние си доз-воливме сите овие определувања на младите да ги дефинираме и групираме во една кате-горија: слобода и незавионоот во целиот свет. Тоа, всушност е и поентата на онте 48 слич-ни одговори.

Младите, сепак се млади. Токму затоа, не се воздржале да запишат дека нивниот иде-ал е љубовта. Такви одговори имаме од 43 млади средношколци, од сите 174 кои одго-вориле дека имаат овој идеал.

Одлична синтеза, очигледно би се напра-вила ако се здружат сите млади чии идеали се слобода, мир и љубов. Има ли нешто по-

Е величествено од таквото определување на младите?

Има за ж а л и еден чуден одговор за кој ние немаме коментар. Еден младинец од гим-назијата „Јосил Броз — Тито" изјавува дека неговиот идеал е војната. . .

За седуммина млади од нашиот град, со-цијализмот (3) и комунизмот (4) се она што за четириесет и трите други младинци и мла динки е љубовта.

Уште една интересна забелешка: љубовта е идеал за 30 девојки а само 13 момчиња беа романтично расположени. За психолозите мо-ж е б и овој факт ќе биде интересен. . .

Да резимираме со проценти и со ранг — листа на идеалите на младите:

1. Слобода, мир, независност и разбира-ње меѓу луѓето . . . 48 (24%)

2. Љубовта . . . 41 |(20,5%) 3. Успех во животот . . . 33 (16,5%) 4. Комунизам и социјализам. . . 7 (3,5%) 5. Да бидеме човек кој ќе биде пример за

другите (хумашост).. . 6 (3%). Немаат идеали или не одговориле ништо

(што практично значи исто . . . 26 (З%). Последното прашање, за кое ги имаме

подготвено резултатите од нашата анкета — меѓу двеста младинци се Скопјани, се од-несуваше како што веќе споменавме, на она што за младите од нашиот град е табу она што по никоја цена не смеат да го прават.

Значи што е за младите табу? Сексот. Тоа е толку очигледно што на-

вистина не може да има сомневање во реал-носта на оние младинци кои сеуште живеат пуритански. Да се работеше за извесен не многу забележителен број на „пуританци", можевме да го сфатиме и како намерно мисти-фицирање, определување за она што изгле-

да најверојатно, но бројката од 89 одговори во кои сексот е прогласен за табу број 1 не остава место за сомневање. Особено што бро-јот 89 е воушност 80% од оние кои одгово-риле на прашањето што им го поставивме, односно што го сфатиле значењето на пра-шањето за тоа што многумина одговориле дека табу е „нешто забрането" или дека „та-бу" е игран ф и л м " . . .

Другите з а врвќа сеуште се табу за мла-дите. Но, до кога? И, не значи ли дека по онаа стара логика, колку повеќе се д р ж и не-што понастрана од младите, толку повеќе станува интересно за нив — многу млади присакуваат да се сретнат со порокот „очи-в очи"?

Слично е и со пушењето. За многумина тоа е табу, но тоа истовремено значи дека е и многу интересно за младите духови. К а -ко и сексот и другите, всушност алкохолот за малкумина е табу. Дали е тоа — по досегаш-ното резонување — добро или лошо? Поа-ѓајќи од нашето искуство, тоа не е оптимис-тички факт.

Но, еве ги фактите во проценти и ранг-листа:

1. Сексот. . . 89 (80%) од важечките одго-вори)

2. другите . . . 16 (15%) од важечките од-говори)

3. пушењето и алкохолот . . . 3 (2,5%). Одговори: нешто забрането . . . 45 (22%) од

сите анкетирани). Ништо не одговориле. . . 44 (22% од сите

анкетирани). На крајот, еве некои навистина интерес-

ни одговори на сите три прашања: I. ИДОЛИТЕ Н А М Л А Д И Т Е . . .

„Весникот „Фокус" „секој идеален човек" „Исус Христос"

II. ИДЕАЛИТЕ НА М Л А Д И Т Е . . . „Да бидам уредник на "Фокус" „Војната"

III. ШТО Е З А ТЕБЕ ТАБУ? . . . „Цензуриран светски филм" „Фокус" „Нешто извадено од нафталин" „Блесаво однесување" „Девојка која не знае да се бакнува" „Математиката" „Албанија" „Животно" „деликатно прашање" „Да му к а ж а м на професорот по физика дека ми се качил на глава"

Ете, тоа беа одговорите на нашите мла-динци, ако и вие имате свој одговор, повеле- А

те, испратете го на нашата редакција, тој ке најде свое место на нашите страници.

Зарем не е „Фокус" весник што ви припа-ѓа Вам?

В А Њ А НИКОЛОВСКА — СПАСЕ ЈОВКОВСКИ

Page 10: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

АНЏЕЛА Д Е Ј В И С

Го објавуваме разговорот кој со младата црнечка активистка го водеше Мајкл Мајерсон во зат-ворот во Њујорк, пред да ја пре-фрлат во Калифорнија, каде што треба да и се суди.

— Каква е вашата душевна состојба? Се надевате ли дека праведно ке ви се суди?

— Зборувајки искрено, не сум многу им-пресионирана. Ова што го смислија во после-ден час, односно префрлувањето, само е бе-ден обид да се сокрие правата вистина: су-дијата и тужителот, во договор со Рокфелер и Реган (гувернери на Њујорк и Калифор-нија) веќе одлучија да ме турнат во рацете на џелатот. Што се однесува до судењето, би-ло тоа добро или не, еве го моето мислење: Во мојата земја правосудниот систем станал едно од најстрашните орудија на репресијата. Го користат не само за загушување на осло-бодителната борба на поробените народи и разбивање на револуционерната свест, туку и за гушење на бунтот на црниот народ, „Ки-каносите" — жителите од мексиканско по-тектло и порториканците. На крајот сметам дека денеска најдобро средство некој да ста-не радикален е присуството на еден од вак-виве процеси, после кои секогаш не праќаат во затвор.

Сега, на крајот, демократската фасада почнува да се кине. Ние, конечно не можеме да очекуваме правда од репресивен право-суден систем; и скоро сум сигурна дека ис-клучиво правото поставување на мојата од-брана за мени би било фатално. Тоа што мо-раме да го направием е да го обвиниме судот. Потлачените народи мораат да и покажат на класата која е на власт, на организиран на-чин, дека сем одлучни во користењето на си-те средства со кои располагаме, за да оства-риме слобода и правда.

— Во каква мера се изразила светската солидарност? И какво значење придавате на тоа?

— Подршката која ми е дадена од стран-ство, беше од посебно значење. Сите соција-листички земји протестираа на различни на-чини. На посебен начин бев трогната од ини-цијативите кои се преземени на Куба и во Европа, пред се во Германија, Италија и Франција. Таму имаше демонстрации, кампа-њи во печатот, петиции, манифестации. . .

Примам околу 100 до 400 пиома дневно: ба-рем половината доаѓаѓат од отранство, под-разбирајќи ги земјите на Латинска Америка, Азија и Африка. Светскиот совет за мир, кој се состана во Стокхолм, реши да почне меѓу-народна кампања во моја одбрана. Оваа под-дршка е многу значајна. Но уште позначајно би било покренувањето на оветокото јавно мнение за ова да отане битка за ослободу-вање на сите политички затвореници во оваа земја.

— А односите меѓу белите и црните, во врска со единствената битка во Соединетите Држави? Дали е можно единството на црните и белите?

— Често е зборувано дека црниот народ, делувајќи сам, е во состојба да го сруши ка-питалистичкиот систем во оваа земја. Ако добро се организираме, би можеле да пред-видиме такви сили, би ја фрлиле земјата на колена. Б и успеале да ја разориме. Можеби, не знам. Но и понатаму мислам дека постои една суштинека грешка во концепцијата на револуцијата во ваква теза. Основата на ре-волуцијата која би победила, всушност, нема да биде разорување на земјата, туку разору-вање на институциите кои го грабаат народот, кои го земаат тоа што тој го ствара.

Освен тоа, во исто време никој не може да негира дека потеклото на капитализмот во Соединетите Држави е нераскинливо по-врзано со еисплоатацијата на робовите. Цр-ниот народ ги створил соновите на напредо-кот и богатството, натрупани во рацете на мала група богати фамилии. Од тоа произ-легува дека имаме одредено право на ова бо-гатство. Според тоа, нашата основна страте-гија не треба да има за цел да ги уништи, туку да ги сруши односите на сопотвеност кои му овозможиле на оза малцинство да натрупа богатство, додека црните маси се сведени на најнизок стопаноки ниво.

Ако старата теорија — опоред к о т ЦР-ниот н а р о д може сам да ја сруши земјата — се засниваше единствено на војната страте-гија, новата линија сака да се повика на политичката стратегија, на која воената так-тика ќе и биде подредена заедно со сите тактички варијанти за кои ќе одлучиме по-степено, за подобро да го постигнеме конеч-ниот успех.

Појдувајќи од првиот факт дека ние — афричките луѓе и жени, со векови суперекс-плоатирани во најразлични форми — сакаме потполно ослободување од капитализмот. не-миновен заклучок е дека нашата ослободи-телна војна мора да биде органоки поврзана со сите движења на белите кои се стремат кон ослободување по пат на социјалистичка

револуција. Зборот е, пред се, за белите кои проиЗведуваат, бидејки ние сакаме во наши раце да прејде производствениот апарат — а не да го уништиме — за да може народот со него да управува на колективен начин и да ги зема плодовите од сопствениот труд.

Тоа е единствен пат по кој ние, црниот народ, можеме да одиме, и еиднствен пат кој на белите народни маси ке им овозможи да се ослободат од сегашната владеачка класа.

Но никога шне смееме да го изгубиме од вид фактот, дека, што се однесува до угне-тувањето на црниот народ, поголемиот дел од белците во оваа земја се заслепени до таа мера што не само што ја прифакаат ра-систичката политика на капиталистичката класа и нејзината влада, туку и допринесу-ваат за одржувањето на расизмот, така што расизмот денес има длабоки корени во оваа земја.

— Пред апсењето бевте активен борец за ослободување на политичките затвореници. Сега, и сами сте затвореник: Како ја гледа-те оваа борба и врските со движењето во це-лина?

— Движењето кое почнува да се органи-зира околу политичките затвореници, е мно-гу значајно и од повеке причини. Во оваа коњуктура, неговиот успех се должи не само на способноста да успее да се обезбеди осло-бодување на политичките затвореници, туку, пред се, на можноста да се прерасне во дви-ж е њ е одлучно да го с р у ш и системот.

За да стане борбата во прилог на поли-тичките затвореници по силна, мораме да ги сврземе идеите кои ги вдахнуваат толку цр-ни револуционери, со распространетиот ге-ноцид кој се о п р о в д у в а против нашиот на-род. Мораме да работиме така, што прашање-то на политичките затвореници да биде не-разделно од потребите и интересите на цр-ниот народ. На тој начин линијата на бор-бата за политичките затвореници станува по-веке офанзивна отколку дефанзивна: би тре-бало да се оди кон тоа меѓу народот да се доведе до „Ќор-сокак" правосудниот систем и неговите висулки, затворите. Мораме, се на се, да го разголитиме целиот систем и движењето за ослободување на затвореници-те да се поврзе со длабоките движења кои екоплодираат во секој дел на земјата.

Page 11: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

ВЛАДИМИР ДЕДИЈЕР:

Драги Сартр: Што ново американската Нова Левица ни донесува нам Европјаните?

писмо до

ЖАН

пол САРТР

Убавината на американската Нова Левица е нејзината спонстаност. Таа не настанала од странските агенции туку од маките на сопстве ното општество. Во Европа често е иденти-фицирана со студентите и Црните Пантери. Всушност таа се засновува на многу поширо-ка основа. Таа е вистински Ноев брод со си-те видови бунтовници. Овде Ибзеновиот сон за траен револт (за кого дискутиравме мина-тото лето во Берген) се обистинува. Сведоци сме не само на излив на енергија против моќ ната империја туку и на напорот човекот да се ослободи во сите негови респресивни од-носи: социјалните, етичките, естетските.

Настаните во Америка повторно потврду-ваат дека ниедна револуција не ги повторува формите на предходните. Американските ре-алности не се прилагодуваат на европската догма. Новата Левица поседува своја сопст-вена, непрекидно менувајќи ги формите на борбата. Таа предизвикува се и секого. Таа нема лидери во европски смисол. Таа е свесна за опасноста од манипулирање и тоа е една од нејзините големи сили. Американските радикали решени се да не создадат нов Еѕtа-blisment кој пред се може да стане повеќе

господар отколку слуга на револуцијата. На патот за Брендис, едно утро видов натпис на дрвената колиба кај станицата Роrtеr Ѕquarе: „ниеден човек не е доволно добар за да му биде господар на друг човек".

Ние добро знаеме дека спонтаноста не е доволна. Револуцијата станува стварност са-мо тогаш кога изливот на незадоволството ќе создаде сопствена идеологија и организација. Најважниот феномен што неодамна го забе-лежав е забележливиот напор за длабоко размислување меѓу американските радикали со цел да се формулира нова идеологија. Некои од најдобрите умови на Америка се занимаваат со тој проблем. Човек не треба да биде нестрплив. Ниедно радикално движе-ње во светот никогаш не можело да се срет-не со непријател кој има такви сили на уни-штување и надгледување. Како што сведо-чењето на неодамнешните расправи покажа, Establisment се потруди да ги исфилтрира револуционерните редови. Очигледно отво-реноста на радикалните групи — отвореност која нам двајцта стари завереници против Хитлер во деновите на Отпорот мора да ни изгледа збунувачки наивна — ја олеснува ра-ботата на тајните агенти. Но во Вајднеровата библиотека видов млади луѓе со Степњако-вата „подземна Русија, учебник за револуцио-нерна работа од деновите на нашите дедовци.

Допуштите ни нам како на Европјани да му оддадеме посебно почитување на интерна-

ционализмот на Новата Левица. Овие Аме-риканци се спротивставуваат на војната ОД нивниот Еѕtablisment против Виетнам далеку посилно одколку француската Комунистич-ка Партија, или работничката класа на Фран ција што се опротиставувала на Индокина, или алжирската војна, посилно отколку што руоката работничка класа се спротивстави на инвазијата во Чехословачка. Зар амери-канските радикали не успеаја во истерување-то со чад на председателот од Белата Куќа? Свесен сум за фактот дека радикалите тука имаат моменти на летаргија. Никаде тие не се поголеми Американци отколку во брзото менување на расположението. Постојат не-кои пророци кои би сакале во овие промени на расположението да видат доказ дека дви-жењето веќе деклинира. Тоа не деклинира. Јачината на Левицата расте првенствено од социјалните или другите контрадикции на нивното сопствено општество. Рузвелт успеа во смалувањето на социјалните затегнатости со отстапки на еден дел од оние на кои им беше одземено. Денес, владеачкиот диктум е заправо спротивен. Расните неправди се зго-лемија, најбогатата земја на светот се соочу-ва со акутно сиромаштво не само меѓу обое-ните луѓе туку исто така и меѓу белите. Аме-рика присуствува на растежот на нови ин-телектуални пролетери, како и во Источна Европа. Постојат стотици незапослени докто-ри по филозофија.

Можеби Еѕtablisment-от би можел да изв-лече некои поуки од овие спротивно корисни тактики. Но многу знаци укажуваат на тоа дека социјалните контрадикции и во оваа земја и во светот во подолга перспектива ќе се продлабочат.

Виетнам е органски изданок на структури-те и идеолошките елементи на американскиот систем. Јас не сум пророк на пропаста, но замислувам нови Виетнами, но со различна политичка и војничка стратегија. Дури и таков човек како Роберт С. Макнамара, сега претседател на Светската банка, претскажува „поширока социјална и политичка криза што се продлабочува секоја декада и се заканува да го заврши овој век со години на вознеми-реност и неспокојство" заради зголемениот јаз меѓу сиромашните и богатите нации, еко-плозијата на населението, итн.

Иднината на светот зависи во многу од американската Нова Левица. Никаде социјал-ните контрадикции не биле подлабоки, и ника де бунтовникот нема поголема можност д а ја демострира својата цврстина на своите убедувања одколку овде. Затоа тоа е најго-лема земја на светот.

Многу поздрави од Бабилон Владимир Де-дијер

Page 12: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

С Т Д Е Н Т С К И ЦЕНТАР

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СТУДЕНТСКИОТ ЦЕНТАР

Студентскиот центар од 1 јануари 1969 го-дина, со Законот за студентски центри се здо би со Статус на републичка установа со по-себен општествен статус.

За прв пат во историјата на југословен-екото студенско движење, студентите од Скопскиот универзитет се здобија со право-то, во е д е н самоуправен орган на универзи-тетско ниво да имаат дво третинско мнозин-ство. Со ваквата структура највисокиот са-моуправен орган на студенскиот центар — Советот работи веќе две години.

Студентскиот центар, за студентите само-управувачи во сегашниот момент претставу-ва најголема придобивка. Секаков друг од-нос би бил општествено неоправдан и во својата суштина би инклинирал од прогре-сивно замислениот социјализам.

Во почетокот на работата членството беше свесно дека Советот со ваквата структура ќе треба да совлада сериозни пречки на својот пат кон остварувањето на целите и реорга-низацијата на Центарот, да надмине одреде-ни недостатоци и инертности, да доживува и повремени удари, но истовремено со полна вера дека конечно ќе застане на нозе како продукт на едно современо гледање на место-положбата на младите во демократскиот са-моуправен социјализам

На крајот се покажа дека замислите и за-конските „привилегии" останаа во сенката на желбите и можностите

Студентите во Советот се застапени со 18 места, од вкупниот број на членови кој изнесува 29. Во тоа, дветретинско мнозинство досега имаат продефилирано точно 40 сту-денти Некои беа заменувани од оправдани причини (дипломирање, одење војска), но поголем број беа отповикани од мандатори-те: Годишното собрание на ССМ, Собирите по домовите и населбите

К А К О СЕ О Д Р Ж У В А А Т СОСТАНОЦИТЕ НА СОВЕТОТ?

Во двегодишната работа на Советот на сту-денскиот центар како да бил напишан и про-токолот за седниците на Советот, членовите да се обавестуваат за состаноците два дена порано, или истиот ден Заклучокот е јасен. Студентите доаѓаат неприготвени за дневниот ред, а се случува да се усвојува завршнаат сметка при што материјалите се добиваат на почетокот од седницата, или воопшто и не се добиваат. Се прашувам како тој студент — самоуправувач ке ја креира деловната по-литика на Студентскиот центар, кога за тоа нема ни минимални услови. Седниците се закажуваат во предпладневните часови кога студентите имаат обврски на факултетите што повлекува минимално присуство на чле-новите на Советот од редот на студентите, па и од редот на работниците. Многу пати на

Советот е дискутирано и одлучувано за навре мено доставување на материјалите, но старата практика продолжува и понатаму.

З А РАБОТНАТА АТМОСФЕРА НА СОВЕТОТ

Голем дел од времето на состаноците му било посветувано на тоа, кои се членови на Советот, кои се вистинските претставници на мандаторите. Немало седница на која не бил третиран некој претставник како „илегален". Многу пати, собирите на станарите и Соју-зот на студентите на Македонија отповику-вале членови на Советот и избирале нови кои не биле поканувани на седниците и про-тив волјата на мандатори,те одговорните ли-ца на Студентскиот центар поканите ги назна-чуваат на лица кои ним им одговараат. По-некогаш од некои седници може да се извле-че заклучокот дека „нечии интереси" имале улога на „регуларторска функција". Просто е несфатлива појавата на опонирањето на ра-ководните лица од Студентскиот центар на ставовите и заклучоците на студенската ор-ганизација: да бидат членови оние кои се избрани, а не оние кои се пробрани по личен вкус.

Во Советот до колку некој и аргументи-рано е против одделни замисли на раковод-ните лица од Студентскиот центар, може по-доцна да биде прогласен, со голема доза на претерување, дури и како непријател на за-едницата.

ПОСТАВЕНОСТ НА СОВЕТОТ За редовноста на состаноците на Советот

има многу забелешки. Советот знае да не се состанува и по осум месеци. Со таква „ак-тивност", Советот не може да се пофали поа-

ѓајки од позиција на објективните околности кои не дозволуваат еден таков луксуз во оваа установа, која има обрт од над милијарда стари динари, се чини дека центарот е то-тално дезорганизиран. Сето тоа остава траги во сите сфери на работата на студенскиот центар, што со себе повлекува и низа непра-вилности, па д у р и и кршење на законските прописи. Таквата пракса најмногу им служи на оние сили кои имаат тенденции за хиер-рархиско поставување кое е предсобје на би-рократизмот.

Така се случи: Наместо Советот да распра-ва за извештајот на комисијата за вселува-ње на студентите во студенските објекти во почетокот на годината, кога и освртот врз таа проблематика е актуелен и ефикасен, сед ницата се одлага, пардон не се свикува туку се чека да поминат шест месеци, кога нив-ното разгледување претставува само расход на време. Неблаговременото раскртување на дилемите секој пат донесувало кризни и ста-гнатни ситуации кои му даваат виза на Сту-денокиот центар премногу долго да остане на „класичните" позиции.

КАЛКУЛАЦИИ — 50% ПОСКАПЕНА ИСХРАНАТА Советот на студенекиот центар со одредба-

та на член 5 о д Законот за студенски центар е задолжен на почетокот од секоја година да ги увтрдува цените за исхрана и сместување во објектите со кои располага. Иако Советот законски е обврзан и единствено надлежен да утврдува нови цени за услугите во Сту-денскиот центар, тој не е ни консултиран и покрај тоа што новите цени на услугите се применуваат, а се отишло и толку далеку да се врачунати и во завршната сметка за ми-натата година.

Според новите (применети) цени, исхрана-та поскапела за 50% односно од 21.030 ст. ди-нари на 31.546 ст. динари, додека сместува-њето бележи поскапување за 15% и изнесува 13.400 стари динари. Кој е тој фантом кој го урна правото и компетенциите на еден само-управен орган, со каква намера и со каква цел?!

Досега, официјално, никој не ги известил членовите на Советот. Деградирани се ком-петенциите на Советот. Деградирано е само-управувањето. Деградирани се морално па и материјално студентите кои и не знаат што се може да се добие за 32.000 стари динари само за ручек и вечера. И зарем е можно ни-кој да не одговара (ниту пак ке одговара!)! И зарем е можно 50% поскапување за шест ме-сеци. Да, се е можно, кога за тоа не се из-јаснува оној кој за тоа законски е одговорен. Зарем тоа не е школски пример на хиерар-хија и бирократија?

Page 13: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

Х Р О Н И К А

КАКО СЕ ДВИЖАТ СТУДЕН-ТИТЕ

СТАТУТ НА СТУДЕНТСКИОТ ЦЕНТАР Според законот за студентски центри кој е

донесен во мај 1969 година, Советот на сту-денскиот центар требаше да го донесе својот статут и да ги усогласи сите свои интерни акти со законот во временски рок од 4 ме-сеци.

Меѓутоа, и до ден денес стаутуот не е до-несен иако за тоа не постои никаква закон-ска можност. Истовремено се работи (веќе две години) и по стариот и по новиот закон, што во сегашниот момент има негативни по-следици врз целокупниот ефект на работата во Студентскиот центар.

Значи срамежливо признаваме и против-законито толерираме, што, како, до кога и з о ш т о . . . ? ? !

Законот за студентски центри не е некој нов анекс за некои потреби или некој сличен правен акт. Со него се регулираат оние одно-Си меѓу работните луѓе и студентите, кои што со развитокот на самоуправувањето, из-легуваат од рамките на потребата, тоа е акт кој што е општестевно оправдан и прифатен и според тоа некој треба да го применува или пак за тоа да сноси одговорност.

По се изгледа дека Студентскиот центар во Скопје го има поставено југословенскиот ре-корд во работење без статут.

Дали некој кој што донесол закон (Репуб-личко Собрание) проверил на теренот, дали се работи според законот за кој се изјаснил?

Дали некоја републичка заедница за фи-нансирање на високото школство ја оправ-дал општествената доверба само со тоа, што одобрил 6 милијарди стари динари за финан-сирање на универзитетот и само со тоа што ја заситил „гладта" на универзитетските ус-танови („читај студенски центар"). Дали дру-гарите мислеле дека со тоа ќе ги задоволат потребите на студентите? Парите не се един-ствена потреба за општествено задоволување.

По се изгледа дека единствената причина за одлагањето на донесувањето нов статут на Студентскиот центар е втората алтернатива под член 74, на предлог нацртот на статутот Студентскиот центар. Се работи за тоа да-ли директорот треба да има вишо или високо стручно образование. Отпорите се состојат во ставот — директорот може да има и виша („Управна") стручна подготовка, додека две третини од составот на Советот се убедени дека е неопходно високо стручно образование за директор. Еден од аргументите на дветре-тинското мнозинство е дека апсурдно би било ако на раководно место во работна организа-ција со специфична место-положба во опш-теството се наоѓа лице кое има пониска струч на спрема о д две третини на корисниците на работната организација. Понатамошен комен-тар не е потребен.

БЛАГОЈА МЕХАНЏИСКИ

ВО ЗАГРЕБ Годинава 1971 веќе длабоко навлегува во

својот трет месец, како што студентското дви-жење во Хрватска се повеќе навлегува во сво-јата најнова фаза (можеби трета). Според она што човек може да прочита и чуе, во Загреб и останатите студентски центри на оваа Републи-ка студентите се движат. По изборот на Иван Звонимир — Чичак за проректор иа Хрватско-то Свеучилиште, фијаското на Дамир Грубиша во истиот избор, како и по откажувањето на Слободан Ланг од претседателството на ССЗ следеше и повлекувањето на кандидатурата на Петар Стрпиќ за истото место. Ова се само не-колку елементи, кои можат да послужат како индикатор за констатацијата, дека во Загреб студентската организација се наоѓа во фаза на сопствепо преиспитување анализирање на прос торот во кој делувала. Навистина е тешко да се претрпи поразот, да се претрпи изборот на католички екстремен националист за проректор и да се прифати вистината дека хрватското сту дентско движење било манипулирано не само во овој случај, туку и во својата борба за рефор-мирање и револуционеризирање на остатоците од граѓанскиот универзитет. Но како што те-, чеа настаните и како што сеуште течат се по-веќе се зголемува и проширува поларизацијата во студентското движење на Хрватска што воед-дно значи и воведување на еден нов ритам и вов дух во организацијата ва Сојузот на студен-тите. Уште од почетокот на годинава во факул-тетите и домовите на хрватските студентски ценри се одржуваат собири на студенти на кои понекогаш присуствуваат и по илјада студенти. Една констатација искажана во разговорот што го организираше „Студентски лист" од Загреб ќе ни помогне пошироко да ги сфатиме димен-зиите на раздвиженоста и нејзините бои. Имено на тој редакциски разговор младиот загрепски

публицист Жарко Пуховски го искажа своето мислење за поларизацијата меѓу студентите со констатација, дека во Хрватска моментално на политичката сцена поорганизирано и посмисле-но делуваат десничарските елементи, додека ле вицата и центарот се разбиени и нивното делу-вање во студентското движење е инцидентно и донекаде анархично. За Загреб толку.

ВО БЕАГРАД По се изгледа дека во Белград најповеќе се

движат студентските раководства. Тоа е нор-мално, бидејќи дискусијата за Проектот на Прог рамата на ССЈ, воглавно сега засега се движи во форумски рамки. По неколку сотаноци (9 и 23 февруари) на работната група при Претседател ството на ССЈ за изработката на оваа програма чие раководење го превзеде Лазар Китановски — претседател ва ССМ донекаде е јасна позици јата на Проектот. Сите републички организации на СС го прифаќаат со некои помали забелеш-ки, освен Ниш и Риека кои во потполност го отфрлаат, додека Загреб (веројатно заради внат-решните проблеми) официјално досега воопшто не се изјаснил. Дискусијата продолжува и се о-чекува дека еднаш ќе излезе од форумските рамки.

ВО СКОПЈЕ Студентските раководства во Скопје по се

изгледа се движат прилично добро. (За студен-тите се претпоставува дека се движат тајно или дека не се движат воопшто?). Ова може да се потврди со веста дека водечката гарнитура (прет седателот, потпретседателот и секретарот и претседателот на меѓународната комисија на ИО ССМ отпатуваа во Полска за да се догово-рат за соработка со студентите од Јагелонскиот Универзитет во Краков. Како што се очекуваше се вратија на 4 март, по еднонеделсн престој во оваа земја, со која на овој начин прв пат се об-новуваат политичките контакти по балтичките настани. Истовремено во организацијата се од-виваат и воследните припреми за одржување на 23-тото редовно годишно собрание на ССМ, кое е закажаво за 27 март. Во тие активности осо-бено е важно да се забележи подготвувањето на акционата програма за револуција на Универзи тетот што веќе подолго време ја подготвува по-себна акциона група. Ми се чини дека во склоп на овие движења на студентите треба да се за-бележи и нивното учество во работата на коми-сијата за реформа на Универзитетот при Уни-верзитетскиот совет на која активно учествува-ат на составовите веќе подолго време. На кра-јо треба да се забележи и формирањето на ор-ганизацијата на ССМ во Охрид во Вишата угос-тителско-туристичка школа.Организацијата на СС во оваа школа беше формирана на 19 фев-руари и има над 100 членови.

(Бидејќи текстовите во весникот се предаде-ни во печат во текот на првата недела од ме-сец март, сите настани и движења на студенти-те после 8 март ќе ги регистрираме во след-ниот број). П.С. Се очекува дека студентите ќе се движат и понатаму.

Л. ВЛАДИМИР

Page 14: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

С Л У Ч А Ј О Т Е В Т У Ш Е Н К О — идеолошка офанзива

Да претпоставиме дека поетот, премину-вајќи го периодот од шест* години, станал позрел. Сериозните обвинувања изразени овие денови укажуваат на тоа дека веќе не го с ф а -ќаат само како „денди на нихилистичката младина", „духовен водач на мангупите или „позер" туку како реална и самостојна личност која секако треба да се „земе во предвид". Пред неколку месеци објави песна со наслов „Зрелост", а нешто подоцна и максими на таа тема: „Кога зрелоста би била пресудна за оп-станокот на живите суштества тогаш и ж и -вотните би ги оценувале како зрели и незре-ли"; „Зрелоста често е условена со збирот на разочарувањата во луѓето".

Судејќи по последната мисла Евтушенко е навистина позрел и последниве години некол-ку пати се најде на удар на политичката структура на земјата во која твори и која ни-когаш и за ништо на светот не би ја напуштил; секако дека тоа можеше да го стори. Како и Солженицин и многу други, проклето тврдо, храбро и гордо е врзан за нејзината судбина. Во ритмички отчукувања нападите се смену-ваат во тесна врска со политичката клима. Блискиот партиски конгрес е сегашна причина на се поголемата офанзива кон интелектуал-ците.

Минатата година беше критизиран на пле-нумот на Руската Федерација заради поемата „Братска хидроцентрала" добивајќи неколку негативни оценки. Кога пред шест години збо-руваше за блиското објавување на таа поема, во воздухот скоро можеше да се почувствува она што се случи минатото лето; сомневањата се претворија во реалност. Се случи очеку-ваниот тек на работите кога поетското тво-рештво се мери со критериумот на политиката, идеологијата. „Литературна газета" неодамна на цела стра-на ги донесе случките од пленумот на писа-телите на Руската федерација и Москва (де-кември 70) во кој на Евтушенко му се посве-тува посебно внимание. Овој пат улогата на обвинител ја играше писателот Феодоров ош-тро плукајќи ја неговата најнова поема „Ка-занскиот универзитет". Феодоров смета дека Евтушенко го прикажал Лениновиот револу-ционерен пат како резултат на неговата од-мазда за казнетиот брат. Федоров секако таа своја „анализа" ја надополни со мисдите за елементите на граѓанската свест кај модерни-те поети. Тој не пропушти да напомене дека Евтушенко често пати третира деликатни теми но без длабочина и на везива. Евтушенко, от-како ги сослуша тие аргументи, се обиде на истиот собир да образложи зборот „брат" во неговата поема не се однесува само на Алек-сандар Уљанов, Лениновиот брат, туку на сите луѓе — жртви на социјалните разлики и не-правди, додавајќи дека заради тие луѓе Ленин и станал револуционер. Спрема индициите што се сознаваат, нападите од идеолошки тип кон Евтушенко се консек-венца на настанот, стар нешто помалку од две

и пол години. Имено, кон крајот на август 1968 Евтушенко им упати писмо на Брежњев и Ко-сигин во кое стои: „Јас не успевам ни да спијам-а како вие успе-вате сеуште да живеете! Моја морална д о л ж -ност е да ви ги изразам чувствата што ме ма-чат. Длабоко сум убеден дека нашата акција во Чехословачка е трагична грешка, страшен и горчлив удар на пријателството помеѓу СССР и Чехословачка, воедно и на светското кому-нистичко движење. Се намалува нашиот прес-тиж во нашите очи и во очите на светот. Тоа е огромен чекор назад за сите прогресивни сили, за мирот во еветот и за соништата на чо-вештвото за идното братство. Тоа е и за мене лична трагедија, бидејќи имам многу прија-тели во Чехословачка и не знам како ќе им погледнам в очи. Чинам дека е тоа голем по-дарок на сите реакционерни сили во светот. Ја сакам својата земја, го сакам својот народ и скромен наследник сум на традицијата на руската литература, на писателите како што се Пушкин, Толстој, Достоевски и Солжени-цин. Таа традиција ме научи дека молчењето понекогаш е исто како и срамот. Ве молам примете го ова мое мислење како мислење на чесен син на својата земја и поет кој еднаш го напиша овој стих; „Ние Русите не сакаме војна". Евтушенко така, влегувајќи во политиката на драматично искрен и човечки достоинствен на-чин, од истата таа политика сега е жигосан што е нормално при состојби кога политич-киот принцип го силува духовниот. „Случајот Евтушенко" е дел од општа офанзива; „Прав-да" во последно време во неколку наврати предупреди за нужноста на борбата против буржуаските влијанија, посебно во економија-та ( најнова поставка е: органско единство идеологија — економија); во сферата на аван-гардната музика врските меѓу западните и младите советски композитори се смислен потег за влијание на младината, за нејзиното духожно осиромашување, сеење на недоверба и песимизам, итн. „Беда на антикомунизмот" е насловот на уште еден напис од „Правда" во кој за Солженицин се вели дека се урнал во нечиста провалија, дека „неговото недостојно однесување го осу-дува целокупното советско општество", дека е „психопат", шизофреник, неработник, во сос-тојба е да ја извалка земјата за шише виски", духовен емигрант, туѓинец и непријател на животот на советскиот народ". Солженицин е нареден меѓу великаните на руската литера-тура, а неодамна ја доби и Нобеловата награда, благодарејќи на империјалистичката пропа-ганда. Првобитното недоразбирање околу Евтушенко разбирлив е дотолку повеќе затоа што се јавува во моментот кога во средината, дотогаш при-тискана не само со литературни шеми и огра-ничувања, на бина стапува момче кое ги рас-тура, превземајќи тотален раскол и градејќи сосем нови патишта на поетскиот свет. Тогаш-ните, претежно емоционални конфликти не беа израз само на едно несфаќање на него-

вата поезија туку повеќе заради дрскоста на обидот кон содржини и патеки кои дотогаш беа чист табу; правејќи го тоа неконвенцио-нално, свежо така упорно и уживајќи, Евту-шенко ги вчудоневидуваше критичарите тради-ционалисти; беше тоа смел излет во онаа стра-на, вон бариерите и догмите, на повисок степен и протест спрема дехуманизирање, технологи-зирање и тотализирање на овој свет. Во тоа е најголемата вредност на поезијата на Евту-шенко, суштина на големината и митот на не-говата личност. Воедно таа поезија е и глас на хуманизмот. Тука Евтушенко е авангарден и антиципатор на новумот не само во поези-јата туку и во оној широк процес со младоста што струи под ова земјинско поднебје. Тој зборува од самата таа младост, давајќи и пре-красни моменти на нивното живеење во уба-вината на стихот. Советскиот Сојуз и не даде позначаен поет после Есеинин и Мајаковски. Тажна консек-венција на студенилото. Поезијата ја бара топ-лината на денот. Евтушенко се јави во него-вата мугра. Механичките конструкции за него како отелетворување на сензибилитетот на Есенин и темпераментот на Мајаковски делу-ваат апсурдно. Евтушенко е Евтушенко еднос-тавно заради тоа што поседува нешто свое, емоционално сензибилно и темпераментно ре-волуционерно. Советската историја доволно е богата за изворните поети да го изразат автен-тично истиот мотив. Долго беше потребно оваа едноставна вистина на уметноста да стане и вистина, овозможувајќи поезијата на Евту-шенко да се мери со други очи. Неговите песни за Револуцијата се синови (мотивите на Маја-ковски) или оние за кои се мислеше дека дос-тигнале совршенство (Есенин). Неговиот про-дор во темите на „вечна инспирација" се бази-ра на проблемите на современата младина, што во извесна смисла го одделува од оние кои му служеле за пример „Репортажите од спалната" заради тоа не мирисаат на парфем туку на живот, тој цени но не копира. Наоѓајќи се на патот на недореченото, Евту-шенко брза на светлината на денот да ги из-несе преокупациите на своето време-полтрон-ство фразерство, лажниот патриотизам, вое-ните хистерии, младоста, нечувствителноста. Цел сплет на теми сврзан со цврста врска. „Врснику мој! Верен пријателу! Мојата судбина е во тебе. Ајде, да бидеме отворени да ја кажеме вистината за себе. Тоа е всушност мост на довербата меѓу мнош-твото (и поединецот) изграден на однос кој ни на поетот ниту на слушателот дотогаш не им беше познат. Таа своевидна идентификација на состојбата на поезијата и конзментите, по-себно изразена на рециталите на поетот, е од-нос на верба и надеж, сведоштво на осмислен пат и зреење.

Уметничката перфекција на естрадниот нас-тап има извор во поезијата, пред се како одраз на личниот темперамент, талентот и грижли-вото планирање. Евтушенко знае откаде доаѓа неговата полуларност, но ги знае и слабите

Page 15: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

страни. Исто така знае дека првенството на носење знаме на авангардноста не му дозво-лува било каков одмор. Динамичкото и анга-жираното сфаќање на поезијата овде не му дава мир. И токму тука, на степенот на изгра-дената поетска фигура, се појавува неговата уметничка ерудиција на вонреден интерпре-татор на своите стихови. Позицијата, која ја освои со толку мака со поезијата, облагороду-ва сега со еднаква напорна, но многу по блес-кава и поатрактивна иновација, стекнувајќи нови обожаватели и збогатувајќи ги познава-чите со извонредно уметничко доживување. Тоа се два нераздвојни пола на личноста на Евтушенко и неговата популарност, но сепак поезијата беше пред тоа.

Зборувањата дека е егоцентрик, дека сака публицитет, дека е настран и бог знае што се, претерани се. Тие извираат оттаму што е Ев-тушенко постојано во центарот на вниманието на јавноста било каде да се појави. Размислу-вав за тоа сретнувајќи го на два пати, посебно едно септемвриско попладне, во друштво со домаќинот, сликарот Иван Генералиќ и поетот С. Михалиќ. Без тематската свежина и авангардност со првенството кое му припаѓа, Евтушенко сека-ко би бил просечен поет, чиј стих и поетска вештина и техника не би биле над другите по-ети. Иако секоја права поезија живее вака снимена со времето. поимите за нивната цел се различни. Евтушенко ја чувствува како бит-

но филозофска, во напорот да се фати ж и -вотот, настојувајќи да му ги врати вредностите и тајните кои ги изгубил или само ги претчув-ствувал. До тоа дојде откако со прекрасен инает се пресмета со минатото. Поезијата на Евтушенко припаѓа пред се на младите: темпераментна, отворена- нонкон-формистичка, искрена, комплексна, често и контраверзна, токму како и самиот поет, како и самата младост. Се бара самата себеси. И ре-че: „Поезијата секогаш сегде била појака од оние кои ја контролираа, — зошто во нејзини-те очи беше најсилното оружје на земјата — љубовта" (на отварањето на Струшките вечери на поезијата, 1965).

Page 16: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

Музика КОЈ НЕ СВИРИ ВО ДУР? Чинам дека е сосем излишно да се набро-

јуваат сите причини за постоењето на еден ре довен музички живот во еден град како што е нашиот. Уште помалку е потребно посебно да се напоменува дека еден голем симфонис-ки оркестар како што е Филхармонијата на СРМ треба во еден таков редовен музички живот да одигра суштествена улога. Но, дали таа тоа го прави? Една сосем формална статис тика непретенциозно забележана од еден вис-тински љубител на сериозната музика, ука-жува на еден скоро поразен факт. Од својот последен концерт во април минатата година па се досега овој ансамбал одржал се на се три концерти!! Тоа практично значи дека скоп ската публика имала можност живо да слуша сериозна музика секој четврти месец. За ком-парација да споменам дека останатите големи центри во нашата земја концерти од ваков тип одржуваат секоја или секоја втора недела. Кога на. ова ке се додаде релативната редов-ност на концертите на Филхармонијата пред април минатата година тогаш мошне вообича-ено е прашањето што деновите се почесто се поставува во музичките кругови во нашиот град „Што всушност се случува со Филхар-монијата?"

Не треба човек да биде голем познавач на скопскиот музички живот па да заклучи дека проблемите околу Македонската Филхармо-нија почнаа по заминувањето на дотогашниот уметнички директор Ванчо Чавдарски во Ав-стралија. Не завлегувајки во интимните моти-ви на Чавдарски околу неговото заминување, можам слободно да констатирам дека со него-вото одење беше прекината една мошне зна-чајна и продуктивна етапа во развојот на овој ансамбл и воопшто на музичкиот живот во нашиот град. Нема да биде претерано ако речам дека Скопје беше не мошне сигурен пат да добие конечно своја концертна публи-ка што пред неколку години беше во сфери-те на илузиите. Она што го разбиваше и крај-ниот песимизам беше фактот што таа публи-ка беше составена од млади луѓе.

Меѓутоа да ги Оставиме убавите спомени и да се вратиме на суровата реалност. На мес-тото на Ванчо Чавдарски дојде Ангел Шурев, уметнички раководител на уметничкиот ан-самбл на ЈНА од Белград. Смената на корми-лото на оркестарот негативно влијаеше во два правци. Оркестарот изгуби од редовноста на своите настапи, за што можеби постојат и дру ги причини освен диригентот (преселуваше, финансии и сл), што беше голем удар за му-зичкиот живот во градот и што е директна причина за овој напис; второ, заради посто-јаното ангажирање на диригентот во Белград изостанаа почестите контакти меѓу диригентот и оркестарот што од своја срана мораше да најде израз во падот на квалитетот на оддел-ни концерти.

Меѓутоа, проблемите на овој ансамбл не се исцрпуваат овде. Станува се поевидентна пот-ребата од еден постјојан состав на ансамблот. Често пати се случува еден музичар, покрај својот редовен ангажман во Филхармонијата, воедно да биде ангажиран и во други умет-нички оркестри како што се оперскиот, ан-самблот „Света Софија" и други. Сето ова ве-ројатно штети на компактноста на оркестарот (еден ист музичар не може воедно да ја свири „Кармен" и да речеме Шенберг).

Сето ова мислам дека треба да се сфати како една вистинска загриженост за развојот на сконскиот музички живот, а не како напис кој има задни намери. Оваа состојба имератив но — секако наложува некаква итна интер-венција. Да се надеваме во името на добрата сериозна музика дека таа мошне скоро ќе дој-де.

Нино Ивановски

Есеј ЗА ЕСТЕТСКОТО И ЕТНЧКОТО

ВО УМЕТНОСТА (на автострадите на свеста)

Суптилно е и сизифовски тешко да се одре-дуваат и оценуваат целосмерноста, заднината и рефлектирашето на етичкиот став во поези-јата. Дефинирањето на етичката страна на

Стихот е исто онолку макотрпна работа како што е задржувањето вода во дланка. Работите особено се комплицираат кога естетското и етичкото треба да се оценат во својата взаем-на поврзаност, бидејќи во деведесет одсто слу-чаи не е елименирана опасноста од екстремни заклучоци. Секоја духовна манифестација има своја со-цијална заднина и цел, помалку или повеке минуциозно инкорпорирана во неа. За начинот на искажувањето на социјалниот, идеен и етички став, како и за односот на естетското и етичкото во поезијата и уметноста воопшто, уште оддамна се водат сурови вербални битки, и не само вербални, туку и со употребуваше студени и нестудени средства. Накусо, се ра-боти за судир на две дијаметрално спротивни гледања на уметноста. На една страна на ба-рикадата се наоѓаат оние кои се застпуваат за догматска и шаблонизирана уметност. Тие до деструкција го запоставуваат естетското за сметка на етичкото то ест социјалното. На другата страна од барикадата се наоѓаат оние кои се застапуваат за неминовноста од осло-бодување на уметноста од сите окостени, тес-ни и метафизички рамки, з а ослободување од вулгарното и варварско искажување на соци-јалниот став, за спасување на уметноста од нејзиното поттикнато самоубиство. Затоа кога некој на сиот глас се залага, нави-дум прифакајки ги поставките изнесени во предходната реченица, за некакви „поинакви поетски закони на нашата (македонска) пое-зија" и дури трасира една и единствено можна алтернатива, стриктно детерминирајки се за тоа дека „современиот сензибилитет на чове-кот од нашата (македонска) средина се обли-кува на најафтентичен начин низ потврдува-њето, низ доживувањето на сопствената мок и сестрано разбудена енергија" може да се оквалификува како еднодимензионирање на работите и како прозаично додворување. Ако некој веќе се залага и бори за ослободу-вање на уметноста од какви било стеги, тогаш тоа барем нека го чини доследно и без кокети-рање. Нам не ни е потребна фиктивна искре-ност за сметка на онаа што е во склад со етич-ките принципи на нашата сегашност. Според некои наши наблудувачи, има појави во нашата поезија кои наводно го повикуваат пасатистичкото (конзервативно) минато на мракот и го спротивставуваат на сегашнината, со мошне задна намера — да ја омаловажат! Човек не м о ж е да се оградува од тоа дека так-ви зли манифестации немало во минатото, па и во денот денешен. Таквите тенденции се сег-мент на дијалектичкиот развиток на нештата, во кои по логиката на работите се наоѓа и уметноста. Меѓутоа, кога за илустрација за таквите наводни пасатистички тенденции се

Page 17: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

наведуваат стихови како што се „земја на не-доречени идеали", „расчепкана рана стара", „рана многуимена", за да се докаже дека има творци кои од петни жили запнале да ја ома-ловажат нашата национална (македонска) ре-несанса и дека склучиле подмолен сојуз со вампирите од нашето (македонско) блиско и подалечно минато, тогаш тоа не личи на ништо повеќе од една осредна фарса! Не ми оди в глава дека има и такви високо образувани кои не можат да сфатат дека пое-тот служејќи се со одредени средства кои по својата природа се поетски, се залага (како и секој заинтересиран за судбината на земјата маќедонска) за секојдневна, секичасовна ре-инкарнација на саканата му татковина, ука-жувајќи и потсетувајќи на трагичното минато, па и на појави кои во ова сегашно социјалис-тичко време влечат повеќе кон исток, кон север и други страни и правци одошто кон на-шава Македонија. Не е социјално здраво во услови па превирање какви што се денес, да се пласираат инквизи-торски судови за поезија којашто тешко би можела да биде детерминирана како „нега-тивна" и штетна за нашиот општ процут. Би можело да се зборува за несклад помеѓу ес-тетското и етичкото во таквата поезија, но, никако за нејзино поистоветување со се она што е реакционерно, пасатистичко. Незнам само кому би можеле да послужат так-вите судови! И за какви цели! Р. Ѕ. Сите цитати се на др. М. Ѓурчинов.

Владимир ШОПОВ

Есеј НАМЕСТО КРИТИКА

Требаше да пишувам за некој писател (без разлика кој), но едноставно не можев.

Зарем може да се пишува по порачка, а да се пишува добро? Тоа е утопија.

Зарем јас да давам критика за еден приз-нат поет или прозаист? Што станува ако мене интимно не ми се допаѓа? Тогаш мојата работа воопшто нема да биде добра.

Како можам да пишувам за неговата сензи билност ако не сум ја почувствувал? Што ста-нува ако таа негова сензибилност мене ми де-лува слатко-горчливо?

Да пишувам како што пишуваат денешни-ве критичари? Тоа никако! Јас сепак не сум вообразен. Зарем да се поведувам по одреде-ни норми по кои се поведуваат денешниве критичари, кои делуваат како да ја собрале целата вистина и кои кога би биле во мож-

ност да пишуваат, би пишувале перфектно. Но тогаш зошто не пишуваат?

Можам да пишувам по некаков шаблон, но јас не сакам. Можам да зборувам за своето интимно доживување, но можеби тоа вам не би ви се допаднало.

Ако кажам дека ми се допаѓа извесен дел, некого ќе наведам на погрешна трага. Ако ка-ж а м дека нешто не чини, ќе ме гризе совеста.

Веќе реков дека можам да зборувам за сво ето интимно доживување, но можеби тоа не би ви се допаднало, а јас не сакам да излезам на глас дека имам лош вкус.

Можам да речам дека тоа дело е најбедна-та работа во литературата за последниве де-сет години.

Мојата совест не ми дозволува да кажам јавно дека нешто е лошо, кога за тоа немам одредена потврда, а мораме да признаеме де-ка во критиката не постојат одредени норми за добро и лошо, особено не денес, бидејќи слободата на изразот е голема.

Искрено, самиот творец, кој и да е, не би се загрижил многу околу тоа што јас пишу-вам за него.

Не сакам ни да личам на денешниве крити чари, кои отворено и јасно даваат на знаење дека според нивните норми, а нивните норми се апсолутни и неизменливи, нешто е добро, а нешто лошо.

Целата состојба ќе беше поинаква ако лич носта за чие дело требаше да пишувам ми бе-ше некој кум или сват. Тогаш со мирно срце ќе напишев една славопојка за неговата гени-јалност. Тогаш ќе имав оправдување дека тоа го правам за зачувување на дотогаш непома-тените односи. Од друга страна и незгодно е.

Поради сево ова, не се вознемирувајте што ќе останете посиромашни за една критика би-дејќи и покрај се критиката не значи многу.

А. ШОЉАКОВСКИ

СликаРСТВО НОВО ПРИМЕНИ ЧЛЕНОВН

ДЛУМ Изложбегаиот с а л о н во центарот на градот, по

точно во неговата најпрометна улица (на корзо), е можност за еден млад автор да се претстави на поголем круг на посетители кои нешто на-мерно или нешто случајно ќе свратат во него ако не за друго, тогаш барем да се згреат. Из-

ложбениот салон во центарот на градот е Сало-нот на друштвото на ликовните уметници, кој што го добија во наследство од Музејот за со-времена уметност. Младиот автор во овој слу-чај се група на ликовни уметници кои се канди-дирале да станат членови на претходното дру-штво. Значи деновиве имавме можност да се сретнеме со делата на осум уметници различни по техниката и тематиката која ја обработуваат Би се обидел накратко да ви ги претставам секој од нив поодделно.

Костадин Танчев — Динка е роден во Ва-ландово 1940. Има завршено Академија за при-менета уметност. Досега секако сте ги виде-ле неговите плакати со кои често се изле-пени улиците на градот. Тоа всушност е и не-говата генијалност — рекламната графика и дизајнот, за кое што е многупати наградуван. После неговата самостојна изложба која се одр-жа пред неколку месеци, ова е нова можност да се сретнеме с о Динка како автор на умет-ничка графика, која ни најмалку не заостанува зад неговите плакати. Изложени беа четири графики работени во акватинта.

Ѓоко Матевски е роден во Скопје 1942. Ака-демија за ликовии уметности завршил во Бел-град. Досега има неколку самостојни изложби. Во Скопје излагал во текот на 1969 год. На из-ложбата е застапен со пет слики работени во масло. Претставник е на апстракното сликарст-во во кое доминираат светли тонови.

Благоја Николовски е роден во Матка 1944. Студирал во Париз на Школата за убави умет-ности. Престојот во Париз му овозможил да се запознае со сликарството на Салвадор Дали и несакајќи да потпадне под негово влијание. Да-ли избива од секое платно на Благоја Николов-ски. Тој не само што го имитира неговиот стил на работа, туку ги копира и комиозициите како што се „распетие" и „автопортретот". Инаку тој е уметник што добро ја владее сликарската тех-ника и ако успее да се ослободи о д Далиевшти-ната, би можел да даде и добри дела.

Ристо Мијаковски, најмл,диот од оваа група, е роден во Прилеп 1948. Завршил Педагошка а-кадемија во Скопје. Досегла излагал двапати са-мостојно, од кое 1970 во Скопје. Добитник е на прва награда на Државната иложба на млади уметници во Загреб. На изложбава е претста-вен со пет големи платна работени со масло. Главна тема на неговите слики е човекот во су-дир со моторизацијата, поточно на неговите платна доминираат, сообраќаеи знак и човекот како негова жртва.

Излагачите се претежно на почетокот на сво-јата уметничка дејност, и може да се очеку-ваат нови и подобри работи. Во секој случај тој што ја посетил изложбата секако видел доб-ри остварувања.

Page 18: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

М0Ј0Т

МАЧОР

В0

СЕКСУАЛНАТА

РЕВ0ЛУЦИЈА ЗАБРАНЕТО ЗА М Л А Д И Н А П О Д 18 МЕСЕЦИ

Б л а г о д а р е ј ќ и м у н а Б. Ќ о с е в с к и (превод — в.ш.) к о ј м и г и з а т в о р и о ч и т е , а м и ја о т в о р и у с т а т а и п а т е м м и го н а п о л н и н а л и в п е р о т о с о мастило .

л и ц а : а б в г д

а : д е н е с е п р е т е ж н о е б а н д е н о д з о о - г р а д и н а т а п о б е г н а е ш н а п у р с к и о т тигар и го и з е д е синот н а к а с а п и н о т е д н а ж е н к а р о д и ч о в е к и т р и о д својата сор-та в о т е ш к и п о р о д и л н и м а к и м е с е ч и н а т а е о б в и н е т а з а п р о т и в п р и р о д е н б л у д со л у н а 8, член 186 став 2 о д кривични-от з а к о н и к г о д и н а т а д о ц н и д в а н а е с е т с е к у н д и н и ш т о н е е гнило в о д р ж а в а т а данска, к а ј н а с н е ш т о м о ж е д а е скиселено , м и р е ч е е д е н д а н е ц и м е п о ч е с т и со б е л о к а ф е

6: п о в а р д а р п л о в и трговски б р о д на џ о р џ е н д к о м п а н и л и м и т и д п р о г н о з а т а з а в р е м е т о е и д е а л н а а к о се и м а во п р е д в и д б е р б а т а н а тикви п р е т с е д а т е л о т н а д о б р о т в о р н о т о д р у ш т в о у м -

р е о д к а п к а полицајците јавно о б е с и ј а п е н д р е к во знак на

протест п р о т и в намалувањето н а о б е м о т н а к р и м и н а л о т д о д е к а д в а ј ц а се к а р а а т т р е т и о т п р о п а ѓ а

в: и м а м г о н о р е ј а в е ќ е д в е г о д и н и н о д е н е с се чувствувам с п о с о б е н

г: сите р е к и се вратија во своите б л у д н и к о р и т а г о и з у ч у в а м м а р к с и з м о т о д аспект н а д а ј м и г о натиго вратиго н о н е м о р а ш з а б е л е ж а в д е к а и м а м сина крв членот н а у п р а в н и о т о д б о р н а д р у ш т в о т о на п р и ј а т е л и т е н а ж и в о т н и т е с к л о п и б р а к со г а з е л а д е н е с е п р а з н и к в о д а ч о т ј а д о н е с е својата м а с а п р е д и в а н г. к о в а ч и ч

д : н а п о л е о н и м а п р о л и в (а б в и г и з н е н а д е н и се вртат с п о р о к о н д)

а : д а м у се д а д а т т р и апчиња д е з и н т е р о л како ш т о е п р и л о ж е н о во упатството. м и н и с т е р с т в о т о з а к о м у н и к а ц и и в и п о ж е л у -ва с р е ќ е н пат ш т е д е т е во м о ј а т а л и ч н а б а н к а

б : п еч ат от и т а а го прославуваат з л а т н и о т ју-б и л е ј б а р е м д о з в о л а з а получасовна п р о ш е т к а со н а п о л е о н печатот е во п о т р а г а п о н о в н а р о д

се о д р ж а а д е м о н с т р а ц и и п р о т и в појавата н а и н ф е к т и в н и б о л е с т и н е к о и т р е б а д а се у б е д у в а а т д е к а м а к е д о н е -ц о т не е а б о р т и р а н туку н а п р а в е н п о п р о п и с и р о д е н п о п р о п и с

в: н а п о л е н о го и з е д е с в о ј о т б и ф т е к а л а б и з -м а р к и м се з а б р а н у в а пипкање н а спротивните по-лови з а в р е м е т р а е њ е н а жетвата . џек т р б о с е к с и го о д з е д е ж и в о т о т с о стилот х а р и к и р и н а п о л е о н ј а з е д е п р о п и ш а н а т а д о з а л е к о в и состојбата е перспективна е д е н и м а д а д е н о јавна п о н у д а з а купување н е т е л е с н и д е л о в и о д т е л о т о мојата н а м е р а к о н н е а е п р е д н а

г: к а с а п и н о т г и з г о л е м и ц е н и т е н а своите про-и з в о д и н а п о л е о н у п а т и а п е л д о владата и неговото височество најновите п о д а т о ц и откриваат д е к а с а м о триесет о д с т о м а ж и у п о т р е б у в а а т средства за к о н т р а ц е п ц и ј а

д : н а п о л е о н и м а б у р ж у ј с к о п е д и г р е и п р о л и в неговата х о н о р а р н а р а б о т а за персијанците м у н о с и с о л и д н и п р и х о д и г о с п о ѓ а т а л и л и п р о ј а в у в а с и м п а т и и к о н на-п о л е о н

Page 19: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

таа би прошетала со него со задоволство госпоѓата лили е богата вдовица со педигре госпоѓата лили е убава но и м а криви нозе и има солидни димензии во колковите госпоѓата лили носи жолт долен веш госпоѓата лили била три пати во париз и два пати во зоолошката градина госпоѓата лили има дванаесет мачки три црни останатите не се бели госпоѓата Лили живее од рента госпоѓата лили е патријахално воспитана госпоѓата лили е вљубена во шопен земјава ни е воен инвалид со деведесетпос-тотна инвалидност која се огледува во непос-тоењето на оние екстремитети што се ампу-тирани и трансплантирани

а: се чуствува потреба од поголемо количество дезинтерол астролог — аматер откри нова комета во млечниот пат докажано е дека млечните производи се про-изведуваат со специфични сепаративни ме-тоди од млекото наполеон е црн и не може да прима во ау-диенција наполеон побара нова постелнина наполеон остави траги на моето лице кои ќе ги чувам и негувам до крајот на животот наполеон е огорчено против проливот наполеон ги поддржува сите напори усмере-ни на разоткривање на причинителите наполеон ги осигура своите мустаќи на педе-сет милиони наполеон е против употребата на неговото име во легендарни цели наполеон не е антиалкохоличар наполеон не го знае вистинското значење на многу поими но тоа не му смета

б: робинзон крусо одбива да го промени место-то на живеењето за петтособен стан во еден град чие име не го споменува од оправдани причини госпоѓата лили изјави за радиото и печатот дека имала интимни односи со само две мач ки од сопствената колекција госпоѓата лили е смртно вљубена во наполе-он набавив килограм кртина и на враќање пад-нав во кал но совеста ми остана чиста како заби негувани со хигија пастата за заби

в: мојот монолог е неспоредливо квалитетен по зборовите на еден од печатот имам трема пред секој настап но тоа не ми пречи давам трема за царство кусурот го приложувам во добротворни цели и не очекувам народот да ми аплаудира за тој големодушен гест

г: наполеон одби да јаде салата од ананас што е негов вообичаен десерт наполеон доби релативно потврда столица наполеон доби медал за заслуги произиводството на месо расте се очекува отворање на фабриката за конзер вирана анимална храна препорачливо е во такви околности да се ли-же витамин ц

Д: госпоѓата лили дојде по нацолеон

госпоѓата лили зборуваше дека наполеон не е во о с о б ш о задоволувачка форма секогаш бројот на годините е пресуден фак-тор во тие односи госпоѓата лили е сепак задоволна госпоѓата лили е необично убава и паметна госпоѓата лили ќе дојде пак госпоѓата лили не живее далеку одовде постојат две форми на образование: светлов но и духовно светловното е во пораст ду-ховното е во експанзија

а: неконвенционалното и авангарното се наоѓа како еден од основните елементи на моето битие во продавниците за земјоделски алатки теш ко се доаѓа до копач мојот дом се наоѓа на врвот од ридот под јарболот на иднината наполеон порача такси свечената премијера започнува во дваесет ча сот по средномакедонско време

б: дека први мај не е први април на работничка та класа може да се види на секој календар на дваесеттиот век за наполеон се порачани лекови од швајцар-

ската федерација

наполеон го откажа своето присуство на све чената примиера народот е погоден од капка семејството прогласи тродневна тага

Г: градската канализација е од постар датум и во неа не може да се плови со чунови што е туристичка атракција во еден европски град забавна музика не слушам веќе два дена од добро познати причини госпоѓата лили е презадоволена на меѓународвиот саем на сексот наполеон-доби златен часовник за увапредување на општествените односи

д: денес успеав да добијам одредена потврда за одредени работи од одредена несомнена вред ност благодарејќи му на мојот вујко од за-падната хемисвера тој е човек од акции

а: една текстилна организација има директор кој по својата природа е сладок ја обновив севкупната гардероба благодареј-ќи му на еден најобичен сексуален однос госпоѓицата лили отпатува во париз за да купи париска шницла за наполеон госпоѓата лили вети дека ќе набави кожен кондон за наполеон

б: наполеон е најважниот момент во мојот жи-вот седиштето на светската асоцијација за ис-храна е најобична глупост сите букви не се тривијални курви

в: како тоа звучи прекрасно мојата животна цел е да спијам со наполеон тој ингениозно се задлабочува во сексуал-лата револуција априори го прифаќа неговиот став познавањето на камасутра е огромен допри-нос за социјализмот карикатурите цртаат живот кој во глобал не му одговара на стварниот од историјата ги обожувам луј четрнаесетти и наполеон може и обратно сепак тоа не е во духот на фер-плејот

г: моето мислење се наоѓа во главата на еден со фрак и црн полуцилиндер побарувачката на наполеон е очекувано го-лема првиот контакт со англиското општество го остварив во клозет по секој чекор следниот е неминовна последи ца на инерцијата медикаментите од швајцарската Федерација стасаа со специјален авион на свисаер владата на пријателската земја е благородна што беше во можност да му направи услуги на наполеон се чувствува недостиг од сретстава за контра цепција наполеон упати остра нота во цемол

д: париската шницла допатува со госпоѓата лили планински венец е положен на гробот на пад натиот револуционер во револуцијата за која станува збор кожниот кондон на наполеон одлично му госпоѓата марков му го препиша целиот свој имот на наполеон помеѓу задоволството и богатството госпоѓа-та марков го избра првото госпоѓата марков нема поим за дијалектич-ката условеност на појавите до наполеон госпоѓата марков не доживеала оргазам госпоѓата марков од среќа

а: денес порачав нов црн 250 автоматик бојата е често мошне важен фактор во одно-

сите денес се капев во базенот

Page 20: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

наполеон изрази желба во вид на наредба базенот да се наполни со млеко од симентал ки

б: налолеон нема намера да се вљуби и секој геније на крајот на краиштата има потреба од мала нужда за големата друг пат еден неповикан сака да ни дојде на гости неговата намера е просторна баш некако ми се оди по голема нужда со задна намера инспириран од евентуалната посета

В: госпоѓата марков му посвети еден сонет на наполеон рачката на печатот е мазна од долгата упот-реба во историјата и потоа ефектот на медикаментите е неочекувано си лен наполеон е задоволен од кожниот кондон добив новогодишна честитка од сименс а јас само размислувам за купување електричен брич испорачан е црниот 250 автоматик наполеон ке биде задоволен во голема мерка париската шницла на госпоѓата лили одам-на сварена во желудникот на наполеон и ап-сорбирана во сите клетки и најприродниот човек купува билет за прет стави до рачката на печатот најлесно се доаѓа ако веќе си се фатил за една друга рачка (сите ставуваат, си наоѓаат партнер и играат аргентинско танго без музика, тоа трае две минути е десет секунди)

Г: денес прочитав љубовен роман на секоја страна авторот презентира групен секс наполеон ја спроведува својата намера за ге рилска сексуална револуција власта му ја дава слободата на печатот неговиот метод е критикуван како утилита-ристички наполеон ја сонува марија антоанета лоцирај ки ја на една нудистичка плажа на нашиот брег луѓе купуваат неповратни патни билети таа и печатот имаат интимни односи

д : имам неизброив број сведоци кои ке го пот-врдат моето учество во сексуалната револу-ција

нашите јајца не ги задоволуваат потребите печат кој особено се истакнува во инитмните односи може да добие орден неминовноста од увоз се наметнува како екс-плицитен императив орденот е доказ дека тој печат одскокнува од другите печати по количеството слободно во него

а: госпоѓата лили го претстави наполеон на гос-

поѓата станков госпоѓата станков е веке готова госпоѓата станков го покани наполеон на га ла вечера во максим оној печат чија рачка се лизна од нејзината дланка добива нешто друго базенот е наполнет со млеко од сименталки госпоѓата станков госпоѓата лили и госпоѓата марков од една страна и наполеон од Друга страна имаа пријатен интерлудиј во базенот со млеко од сименталки госпоѓата марков изјави за радиото и теле-визијата дека повеке луби логурт личнинт лекар на наполеон му препорача двојна доза фортевит спрема специјалво приложеното у патство

б: наполено беше, претставен на уште четири госпоѓи чии имиња не ги споменувам наполеон пие фортевит капсули дванаесет па ти во дваесет и четири часа таквиот печат се прогласува за неслободен печат од една страна

в: наполеон прима посети само во кревет личниот лекар му препиша специјална листа

на јадења гоопоѓата лили госпоѓата марков госпоѓата станков и четири госпоѓи чии имиња не ги споменвам беа во групна посета на наполеон тие се наоѓаат во еуфорична состојба од одличен квалитет и должина во тие случаи власта е секогаш во право

г: наполеон повеке не може да го поднесува бифтекот а ла бизмарк ако таа признае дека не е во право би значе ло дека тие не треба да и веруваат госпоѓите што беа споменати се загрижени-

за исходот на сексуалната револуција а тоа би било судбоносно за слободниот печат (Целата група станува и формира две пара-лелни колони). носат носилка со мачор — иг рачка положен на неа. Одат лево десно а двајца суксцесивнно паѓаат на колена и ку-каат достоивствено. Потоа ја положуваат носилката на земја и седнуваат околу неа. Сето тоа трае деведесет и шест секунди)

д :состојбата на наполеон беше критична крај

Владимир Шопов

Page 21: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

ПО XVIII - ОД ФЕСТИВАЛ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН И КУСОМЕТРАЖЕН ФИЛМ

П Р О Б И В Н А М Л А Д И Т Е Осумнаесеттиот мартовски фестивал на

Југословенскиот документарен и кусометра-ж е н филм како ретко досега измина во знакот на младите автори. Присуството на режисе-рите од младата генерација на секој фестивал е сосема нормална работа. Но, во случајот кога тие исклучиво го диктираат темпото на фести-валот, тогаш се работи не само за помало или поголемо квалитативно учество туку за суш-тинско и квалитетно изградување на духот на фестивалот. Овојпат, тоа се случи на Белград-скиот фестивал. Нормално, со таа констата-ција ни најмалку немам намера младите, ге-нерациски, да им ги спротивставам на поста-рите автори, туку единствено да ја потенци-рам поголемата енергичност на младите р е ж и -сери, нивниот нонкомформизам, смислата за самокритичност, духот без предрасуди и готов-носта да се конфронтираат на сите полиња. Оттаму, овој фестивал во некоја рака значи и извесна пресвртница за иднината на југосло-венската кинематографија.

На годинашниов фестивал учествуваа око-лу 120 автори од помладата, средната и нај-старата генерација со околу 130 филмови, ме-ѓу кои имаше 15 исклучиво млади автори од кои 7 беа дебитанти. Тоа, можеби, на прв пог-лед не се некои големи показатели за учес-твото на младите, но ако кажам дека тие 15 автори со своите филмови се најдоа на самиот врв на фестивалот, чии филмови практично се и носители на највисоките награди, тогаш тоа е индикација за ефикасноста на квалитетот на младите режисери и на нивните филмови.

Добитник на Гран-При е филмот „Ин кон-тинуо" на режисерот Гилиќ. Тоа е занаетски чист филм со функционална атмосфера, што ја градат сугестивната камера и колор фото-графијата. Неговата затворена метафора за самоуништувачката кланица на човештвото колку е провокативна, по идејата и особено по натурализмот на секвенцата на масакрот, тол-ку е едноставна во својата универзална мета-форичност.

Двете златни медали ги добија документар-ните филмови: „Колт 15 гап" на тандемот ми-лошевиќ и „Здрави луѓе за разонода" на Кар-по Ачимовиќ. Филмот „Колт 15 гап" е секако најинтересниот резултат од годинашниот фес -тивал. Тој импонира по својата нонкоформис-тичка, формална и содржинека, реализација. Неговата непосредност и конкретност во оп-сервирањето на извесни политичко - социјални структури во нашето социјалистичко општес-тво се извесна провокација на одредени деви-јации во сегашната политичко-социјална кон-стелација. Во центарот на овој многустран филм се наоѓа металниот работник Чебиќ чија понесеност од Марксизмот е така искрена и наивна, како што се цртежите на наивните

сликари, во сликарството. Овој филм колку е исповест на еден Одисеј на работничката кла-са толку е и поглед на неговите автори. Вто-риот добитник на златната награда во доку-ментарниот жанр е режисерот Карпо Ачимо-виќ за филмот „Здрави луѓе за разонода". Тоа е без конкуренција најшармантниот и воедно најестетскиот филм на фестивалот. Тоа е филмска лепеза составена од статични кад-рови кои оставаат впечаток на слики од наив-ното сликарство. Претставниците на многуна-ционалната Војводина во овој филм се прика-ж а н и во еден фолклорен амбиент и во коло-ритна рамка исполнета со живописни бои, до-дека секоја слика тоест кадар се пратени од мошне духовитиот текст што го пее еден бит ансамбл. Добитници на сребрените награди во документарниот ж а н р се филмовите: „Шие шете" на Бабиќ и „Портрет на монахот" на Љубиќ. Првиот е документ за една стара ис-тарска игра со прсти а вториот за еден кар-тузијански монах.

Добитник на наградата златен медал во иг-раниот жанр е режисерот Лордан Зафрановиќ, кој со своите два филма: „Аве Марија" и „Валцер", покажа дека е талент кој сеуште скита во изнаоѓањето на сопствени теми и ре-жиски определби. Во неговите филмови и по-крај илузијата дека е автентичен се чувствува влијанието од Буњуел.

Во категорија на анимираниот филм годи-нава за првпат во досегашното одржување на белградскиот фестивал првата награда ја доби автор кој не и припаѓа на Загрепската школа" на цртаниот филм. Овојпат триумфираше та-лентираниот и мошне упорен режисер од но-восадска „Неопланта" Борислав Шајтинац. Неговите филмови: „Невеста" и „Искушение" се наметнаа со своите филозофски содржини како и со оригиналноста на цртежот.

Златната награда во наменскиот жанр ја доби режисерот од старата генерација Трајче Попов од Скопје, чиј филм „Свадбата на Шар-планинецот" е можеби досега најатрактивниот и идејно најиновираниот македонски докумен-тарец. Овој филм ја покажа упорноста на Трајче Попов кој од година во година се пот-врдува како наш најдобар документарист, кој своите квалитети може да ги реализира исклу-чиво во рамките на документарниот жанр. Ме-ѓу поуспешните млади автори би ги споменале и новосадските режисери: Жилник и Мариќ кои за филмовите: „Црн филм" и „Сезонци 70" добија специјални дипломи, како и бел-градскиот дипломец Јован Аќин со филмот во еден кадар „Секс Мао ЛСД или таков е живо-тот". Кога зборуваме за младите автори тогаш според податоците, по број, најмногу млади автори имаше од Белград, вкупно 8,) и тоа 4 снимаа филмови во „Дунав филм" тоа се: Јо-вановиќ, Јокиќ, Гилиќ и Заќевик, а двај-

ца снимаа за телевизија — Белград и Акаде-мијата за филм.) Новосадскиот продуцент НЕ-ОПОЛАНТА, со учеството на 4 млади автори: Карпо Ачимовик, Жилник, Мариќ и Шајти-нац, по „Дунав филм", е продуцент кој нај-многу води сметка за младите режисери.

Минимален број претставници од младата генерација имаше од другите републички цен-три: Стојановиќ од Сараево, Зафрановиќ од Загреб и Рамфл од Љубљана. Ниту еден млад автор немаше од Титоград и од Скопје што за нас е особено тажен податок. Според овие податоци м о ж е да се дојде до една помалку иронична констатација дека на годинашниов мартовски фестивал младите автори практич-но беа од Србија т. е. вкупно 12 од спомена-тите 15. Тоа е очигледен податок за кинема-тографијата на Социјалистичка Република Србија, која најрационално и најдалекувидно подготвува нови сили со кои приматот во кон-текстот на југословенската кинематографија и во иднина ќе го задржи. На разговорите кои се организираа во рамките на конференциите за печатот, најговорливи беа младите сине-асти од Србија кои сосема отворено укажуваа на аномалиите во југословенската кинемато-графија, потоа на девијациите во социјално-политичката структура во социјалистичкото општество и воопшто пледирала за рехабили-тација на филмската уметност и за нејзино враќање кон естетските вредности, за рушење на веќе надминатите форми и содржини и ко-нечно за поголемо ангажирање на младите ав-тори на полето на филмот. Во таа смисла мош-не позитивен потег направи белградскиот про-дуцент Дунав филм" преку кој дел од мла-дите режисери во Белград стануваат сопстве-ни креатори на својата производна политика. Овој пример, на „Дунав филм", во сегашниов миг на југословенската кинематографија, во која сеуште флагрантно се игнорираат мла-дите режисери, би требало да го следат оста-натите продуценти од другите републички цен-три како што се: „Јадран филм" од Загреб, „Сутјеска" од Сараево, „Виба" од Љубљана, „Студио Титоград" од Титоград, „Вардар — филм" и „ФРЗ" од Скопје. Ние, во Македонија, особено сме заинтересирани за судбината на нашата кинематографија и затоа не ни е сеед-но дали кај нас се уште ќе се запоставуваат младите автори или дури и по цена на ризици и незнатни средства, кои веруваме ќе се ис-платат, ќе им се дадат шанси да покажат што знаат во името на националната култура.

Благоја Куновски — Доре

Page 22: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

ЖЕД ЗА ЕСТЕТИКА

З а п р о б л е м о т н а и с к р е н о с т а н а у м е т н о с т а А н д р е М а л р о р е к о л : Ч е с т о п а т и у м е т н и ц и т е н а у м е т н и ч к и о т ч и н м у п р и о ѓ а а т п р е д и з в и к а н и о д д о ж и в у в а њ е т о н а у м е т н о с т а а н е о д д о ж и в у в а -њ е т о н а животот ." В о т а а с м и с л а ј а с б и д о д а л : — А к о ф и л м о т , ж и в о т о т , т. е. стварноста, си ј а п р и л а г о д у в а н а с а м и о т с е б е т о г а ш тој е поблис-ку д о н а р ц и с о и з м о т п а д у р и и д о м а к и ј а в е л и з -м о т со ш т о станува с о с е м а д е п л а с и р а н о д а се п о в и к у в а м е н а н его вата х и м а н и с т и ч к а м и с и ј а . П р о б л е м о т станува у ш т е п о ј а с е н к о г а с е р а б о -ти з а у м е т н и ч к и остварувања к о и се с о з д а д е н и во и л у з и о н и с т и ч к и о т т р а н с в о к о ј н а п о в р ш и н а и з б и в а тоталниот д е ф и ц и т в а у м е т н и ч к и т е т. е естетските к о м п о н е н т и во к р е а т и в н и о т чин.

1 Случајот с а к а ш е д а б и д а м с в е д о к н а генеза -

та н а ф и л м о т „ Ж е д " в о ф а з а т а н а с ц е н а р и с т и ч -к и т е п о д о г о т о в к и к о и в о е д н о в о с е б е и м а а и а м -б и ц и и д а б и д а т д е л у м в о г о т о в а скрипта, (книга н а снимањ е) . И м е н о , п р е д к о н е ч н о т о р е а л и з и р а -њ е н а ф и л м о т б е а н а п р а в е н и н е к о л к у в е р з и и к о и се состое ја о д п о г о л е м и д р а м а т у р ш к и из -м е н и в о с о д р ж и н с к о — и д е ј н а симсла. Така, во првата в е р з и ј а к о ј а с е у ш т е б е ш е б л и з у д о а в т о р -скиот т е к с т н а Ж и в к о Ч и н г о , м о ж е ш е д а се на-слутат м н о г у с л а б о с т и в о с о д р ж и н а т а , в о к о ј а се чувствуваше и о ч и г л е д н а к о н ф у з и ј а . С п о р е д првата ф а б у л а р н а к о н с т р у к ц и ј а ф и л м о т треба-ш е д а п р е т с т а в у в а и н т и м и с т и ч к и п р о б л е м н а с е л с к и т е у ч и т е л к и и нивните трагични с у д б и -н и на с е л о (што в о в е к о ј а р а к а е н а д о в р з у в а њ е н а о н а ш т о О с м а н л и г о п о к а ж а в о к у с и о т д о -к у м е н т а р е ц „ Д в а н а е с т е о д Папрадник". ) Во втората верзија о д е д н а ш н а в р е д е н план и з б и в а т а н д е м о т К а т е р и н а — в о д о н о с а ч о т , ш т о б е ш е и логично з а р а д и нивната автохтоност н а п о д н е б -јето в о к о е т и е и з р а с н а л е . В о т а а н а с о к а ре-ж и с е р о т п р е к р о ј у в а ш е м н о г у с о д р ж и н с к и д е л о -ви с п о р е д к о и вујкото о д А м е р и к а во е д н а вер-з и ј а б е ш е б о г а т п о в р а т н и к а во д р у г а т р е б а ш е д а б и д е у б и е н о д Игнат , з а к о н е ч н о д а г о види-м е к а к о с и р о м а ш е н п о в р а т н и к . Т а к а , б и д е ј ќ и п о

п р и р о д а т а н а работите , н е м о ж е в д а б и д а м све-д о к и н а п о н е ч н и т е к о н с т р у к ц и и н а текстот , к а -ко и н а с а м о т о снимање н а ф и л м о т , о т к а к о г о видов ф и л м о т к о н с т а т и р а в д е к а с ц е н а р и о т о не н а п р е д н а л о в о квалитетот, напротив се се свртело во круг за н а и з в е с н и м е с т а д а д о ј д а т д о и з р а з п о в е ќ е н е л о г и ч н о с т и и н е о т п о р н о с т и .

2 Селото, к а к о п о л и т и ч к о с о ц и ј а л н а структу-

р а в о нашата уметност , к о н к р е т н о во литерату-рата и в о ф и л м о т , д о с е г а и м а л о ц е н т р а л н а по-зиција . Н о , д о д е к а л и т е р а т у р а т а со г о л е м а зре-лост (прозата н а Живко Ч и н г о и л и н а М е т о Фо-тев) п о с т е п е н о , исполнувајќи ја т а а етапа, п р е о -ѓа к о н н о в и с о д р ж и н и , ф и л м о т , со о ч и г л е д н о н е у м е е њ е ј а п р о м а ш и з а д а ч а т а ш т о ја и м а ш е н а п л а н о т н а селото . Ф а к т и ч к и , п о с л е д н и т е не-к о л к у ф и л м о в и со т е м а — село, во н а ш а т а пи-о в е р с к а к и н е м а т о г р а ф и ј а , се п о ј а в и ј а к а к о за-д о ц н е т н е о р е а л и з а м к о ј з а р а з л и к а о д силината в а и т а л и ј а н с к и о т н е о р е а л з и а м , ф и л м о в и т е соз-д а д е н и кај нас, д в а е с е т г о д и н и п о италијански-те, се у м е т н и ч к и и с о д р ж и н с к и м н о г у п о и н ф е -р и о р н и и покрај о г р о м н а т а в р е м е н с к а д и с т а н ц а .

Режисерот О с м а н л и со својот н а ј н о в ф и л м — „Жед" во н е к о ј а рака к о м п л е т и р а и з в е с н а три-л о г и ј а в о м а к е д о и с к а т а к и н е м а т о г р а ф и ј а — со т е м а село. Н а ј н а п р е д се п о ј а в и Ѓ е о р г и е в с к и со н е у с п е ш н а т а ф и л м с к а стилизација о д в р е м е т о н а колективизацијата , — „ П л а н и н а т а н а гне-вот", п о т о а Б р а н к о Гапо со у с п е х го п о л о ж и и с к у ш е в и е т о в о ф и л м о т „ В р е м е б е з војна" и к о -н е ч н о д о ј д е и ф и л м о т н а О с м а н л и к о ј н е у с п е а д а се н а д о в р з е н а Гаповиот ф и л м с о о г л е д н а т о а д е к а и во двата ф и л м а се о б р а б о т у в а слич-н а с о в р е м е н а п р о б л е м а т и к а .

В о мигот , кога н а сите н а с м н о г у н и з н а ч и п о т р е б а т а в о м а к е д о н с к а т а к и н е м а т о г р а ф и ј а д а се прават у м е т н и ч к и и с о д р ж и н с к и п о квали-тетни ф и л м о в и , н е м о ж е м е д а г о з е м е м е к а к о утеха , ф а к т о т д е к а р е ж и с е р о т О с м а н л и е нај-д о б а р в о својот т р е т ф и л м , (после ф и л м о в и т е : „ М и р н о лето" о д 1960 г о д и н а и „ М е м е н т о " о д 1966 година . ) Д у р и т в р д е њ е т о д е к а т о а е н е г о в н а ј д о б а р ф и л м е с в о е в и д в а и р о н и ј а з н а е ј ќ и д е -к а првиот б е ш е п р о б и в а њ е м р а з , б е з в е к о и у м е т в и ч к и а м б и ц и и а в т о р и о т А д Х о к п р о и з -в о д со наивна м е л о д р а м с к а с о д р ж и н а .

3 Конечно , ш т о м и п р е ч и во с о д р ж и н а т а н а

О с м а н л и е в и о т ф и л м , и в о неговата р е ж и с к а по-с т а п к а . — З н а е ј ќ и ги и з м е н и т е в о с ц е н а р и о т о т е. п р е к р о ј у в а њ а т а и к о н с т р у и р а њ а т а , н е м о -ж а м д а б и д а м т о л е р а н т е н п р е д таквиот твореч-ки, ладвокрвен , з а ф а т н а с ц е н а р и с т о т и р е ж и -с е р о т к о и о д првобитвата стварност, к о н ц и п и -рана з а ф и л м с к а т а т р а н с п о з и ц и ј а , се о т к а ж у -ваат в о и м е т о в а н е к о и в т о р о с т е п е н и — к о м е р -ц и ј а л н и е ф е к т и р а њ а . Н е м о ж а м д а се с о г л а с а м

со и д е ј а т а е д н о м а к е д о н с к о с е л о д а се прика-ж у в а к а к о д а е г е о г р а ф с к а п р и п а д н о с т н а Са-хара , п о т о а , м и п р е ч и иде јната п р о м а ш е н о с т н а п р е т с е д а т е л о т н а селото к о ј е п р и к а ж а н к а к о к р а ј н о деструктивен и н е х у м а н п р о и з в о д н а н а ш а т а с о в р е м е н а п о л и т и ч к о - социјална ствар-

ност, кој , п а т е м р е ч е н о , н о н ш а л т а н т н о ги испра-ќ а п е ч а л б а р и т е за п о т о а д а г и п о л е г н е нивните ж е н и , (како п е т е л о т кокошките ) . Логички, не-п р и ф а т л и в о м и е и с к о н с т р у и р а н о т о , б е д н о по-вратништво, н а вујкото о д А м е р и к а (верувам, ко-га о в о ј ф и л м б и и м б и л п р и к а ж а н н а н а ш и т е п е ч а л б а р и — и с е л е н и ц и , т а м у к а д е ш т о се на-оѓаат д е н е с , кај н и в б и п р е д и з в и к а л о г р о м н о ра-зочаување) . Н и к о ј , в о овој м о м е н т н е м а и л у з и и в о в р с к а с о п е ч а л б а р с т в о т о к а к о ф е н о м е н , н о тоа н е з н а ч и д е к а оваа, б е з м а л к у д е л и к а т н а м а т е р и ј а и з а ф и л м о т исклучиво д о к у м е н т а р и с -тичка и н с п и р а ц и ј а , т р е б а д а б и д е п р е д м е т н а конструкции, ф о р с и р а њ а и т е м п и р а њ а во и м е -т о н а н е к о и к в а з и - п о м о д н и к о н ц е п ц и и . Н и е , д о с е г а б е в м е с в е д о ц и на, б и р е к о л , н е с о в е с н и о т е к с ц е н т р и з а м кај н а ш и т е р е ж и с е р и к о и н а о ѓ а а з а с х о д н о м а к е д о н с к а т а ж е н а д а ј а и н к а р н и р а а т п р е к у секс — епилог н а е д н а В е р а Ч у к и ќ (Ма-к е д о н с к а к р в а в а свадба") и л и н а е д н а Оливера Вучо ( „ П л а н и н а т а на гневот" а ете во ф и л м о т „Жед") Османли, т о а го п р а в и с о о н о ј тотално д е г у т а в т е н к а д а р во с е н и ш т е т о . В о средната ка-тегорија н е о т п о р н о с т и ш т о се провлекуваат н и з ф и л м о т б и влегле: е к с ц е с о т н а п о п ч е т о во црквата, и з м и с л е н о т о трио — м у н а -си к о и во општата с у в о д о л и ц а и б е з ж и в о т -носта се однесуваат к а к о в о база , и з и г р у в а ј ќ и б о н в и в а в и и к о с м о п о л и т и к о и в о н - с т о п п е а т м е к с и к а н с к и м е л о д и и . П о т о а д р а м а т у р ш к и м о ш -не слабо де јствуваат и ликовите н а трите учи-т е л к и к о и се с к р о е н и п о некои , з а тој ментали-тет, н е п о з н а т и ш е м и . Секако е д н а о д н а ј н а п а д -

Page 23: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

ните и филмски блазириана секвеца е оргијата на градските луѓе. Таа секвенца практички бе-ше илустрација за максималното неумеење на режијата, кога наивно се оди во дескриптив-ност слична на онаа со кадарот кога петелот ги брка кокошките, откако претходно Игнат ја легнува едрата селанка. Дека Османли го изгу-бил сиот д р а м а т у р ш к и ток во филмот, говорат многу третостепени наивности во филмот. Ме-ѓу нив спаѓаат: смртта на една од учителките, учењето на учениците во климаксот на летото кога се заканува епидемијата, двојниот крај на филмот — кога на вистинскиот крај му се на-лепува непотребната квази — симболична сек-венца во пустињата, потоа тука спаѓа и смртна-та опасност од сушата додека во исто време еки-пата геолози со хеликолтерот, рамнодушно, го надлетуваат селото барајќи ураниум а во исто време „Не можејќи да алармираат за да се наба-ват неколку цистерни со вода. Според тоа, а во рамките ва Марлоовата мисла, не можам да се согласам со она што така конфузно и исиконст-руирано ни го нуди филмот „Жед". Останува загатка, колку еден автор на сценариото, каков што е Живко Чинго, бил во перманентен кон-такт со режисерот и дали тој воошнто се со-гласува со конечната верзија на филмот и по-крај фактот дека веќе се е свршено. Што се од-несува до режијата таа делува почетнички, за што зборува работата на наполно статичната ка-мера (План контраплан — општ план), потоа не-инветивната монтажа (со неколку наивни флеш — бек пасажи) со театралната игра во која и една артистка каква што е Неда Спасоевиќ не се снаоѓа најдобро и конечно со конфузната драматургија во која драматуршкиот ток е све-ден на случајно испрекината линија.

4 На крајот, симптоматично е мислењето на

извесни оценувачи, дека секој македонски филм треба да се оценува во затворените рамки на македонската кинематографија, со пристрасност или со толеранција и дека не се потребни спо-редби со другите странски кинематографии кои априори се прифаќаат како посупериорни. Вак-вата малодушност и инфериорност веднаш мо-же да се демантира со примерот на двајца бра-зилски режисери: Переира со филмот „Сув жи-вот" (снимен пред повеќе од една деценија) и Глобер Роша со филмовите: „Црн господ, бел ѓавол" и „Антонио на мртвите", знаејќи притоа дека бразилската кинематографија не е особе-но материјално богата. Гледајки го филмот „Жен" веднаш добив асоцијација на Рошовиот „Антонио на мртвите". Но, иако суштински бли-ски, режиските квалитети во двата филма се на дијаметрални позиции. Едоставно, „Антонио на мртвите" е толку супериорен што е депласи-рано секакво споредување на „Жед" со него, за кој („Жед") е исто така депласирано да се пишува, па ете од еден Фер — плеј му посвету-ваме енимание.

Благоја Куновски — Доре

П0ЕЗИЈА

Моите полноќни пријатели Васко Попа-предност на формата

Васко Попа е најверојатно исто толку ос-порувана колку и фалена присутност на ју-гословенското поетско небо. Корените на так-виот третман кон овој голем лиричар секако лежат во фактот што тој прв се осмели да тргне, и тоа во едно немирно време на искри-вени и догматски сфаќања за уметноста, низ несигурните патеки по трагата на новиот поет-ски израз. Сето тоа беше причина Попа да би-де наречен „помодар" и „следбеник на лошите буржуаски влијанија" од Запад. Меѓутоа, мене необично ми се допаѓа неговото поетско ан-гажирање без оглед на сите теоретизирања. Неговата поезија за мене секогаш била соста-вена од две посебни целини кои секако имаат врска една со друга, меѓутоа, и кои како ни-каде на друго место можат да суштествуваат одвоено не губејќи притоа од својата убавина. Тоа се неделивите (сепак) форма и содржина меѓу кои јас веднаш се определувам за првата. Секогаш ме воодушевувал неговиот речиси детски наивен и неверојатно чист приод кон своите стихови. Песните како што се „Мудар триаголник", „Заборавлив број", „Горделива грешка" и други, чинам дека се убави и ори-гинални без да се навлегува премногу длабо-ко во мислите и идеите на поетот (што сепак треба да се направи).

Семиња Некој ќе посее некого Ке го посее во својата глава Земјата добро ке ја набие

Ке чека семето да никне

Семето главата ќе му ја испразни Ќе ја престори во глувчева дупка Глувците ќе го изедат семето Наместо ќе останат мртви Во празната глава ветер ќе насели И ќе си коти шарени ветриња

Шајки Еден ке биде шајка другиот клешта Преостанатите се мајстори

Клештата ке ја фати шајката за глава Со заби со раце ке ја фати И ке ја влече ке ја влече Ке ја вади од подот Обично само главата ке и ја скине Тешко е од подот да се извади шајка

Мајсторите тогаш ке речат Не чини клештата Ќ е и ја растурат вилицата ке и ги скршат

рацете И ке ја фрлат од прозорецот

Некој друг потоа бидува шајка Некој друг клешта Преостанатите се мајстори

Page 24: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

Горделива грешка

Си била еднаш една грешка Толку смешна толку мала Што никој не би ја забележал

Но самата себе не сакала Ни да се гледа ни да се слуша Колку нешта измислила Само за да докаже Дека всушност не постои

Си измислила простор Доказите свои во него да ги смести И времето доказите да и ги чува И светот доказите да и ги види

Сето што го измислила Не било ни толку смешно Ни толку мало

Но се разбира било погрешно Можело ли да биде поинаку

Прозевка над сите прозевки

Си била еднаш една прозевка Ни под непцето ни под шапката Ни во устата ниту некаде

Била поголема од се Поголема од својата големина

Одвреме навреме Темнината тапа темнината очајна Од очај тук таму и светнувала Б и помислил човек звезди

Си била еднаш една прозевка Здодевна како и секоја прозевка И сеуште се чини продолжува

Мудар триаголник

Си бил еднаш еден триаголник Па имал три страни Четвртата си ја криел Во своето вжештено средиште

Дење се качувал на своите три врва И се восхитувал од своето средиште Ноќе се одморувал В о еден од своите три агли

Наутро ги гледал своите три страни Во три вжештени тркала престорени Како во синиот неврат се губат

Ја вадел својата четврта страна Ја бакнувал ја прекршувал трипати И одново на старото место ја сокривал

И пак имал три страни

И пак дење се качувал На своите три врва И се восхитувал од своето средиште И ноќе се одморувал

По играта На крајот рацете ќе се фатат за стомак Стомакот да не пукне од смеа Но ете ти стомакот го нема

Едната рака одвај ќе се крене Студената пот од челото да ја избрише Ни челото го нема

Другата рака ќе се фати за срце Срцето од гради да не излезе Го нема ни срцето Двете раце ќе паднат Безработно ќе паднат в скут Ни скутот го нема

Врз едната дланка сега дождот врне Од другата дланка трева расте Што да ти расправам

(препев: Влада Урошевиќ избор: ЦИНО ИВАНОВСКИ

ЛИТЕРАТУРА СО СПОРНИ ВРЕДНОСТИ ИЛИ ВЛАДИМИР КОСТОВ

Нашето културно поднебје станува извон-редно погодно за секаков вид литература. Со цел да се надомести празнотијата на веко-вите поминати во молчење или шепотење, кри териумите за да се издаде некое дело стану-ваат многу ниски, понекогаш се чини дека тие не постојат. Во случајот со Владимир Костов во тоа и сум убеден. Не треба да се размислу ва многу за нашата издавачка политика и за нејзините критериуми кога ќе се согледа фак

тот оти за кус период се издадени четири де-ла на Владимир Костов. По мое мислење тие долго (да не речам вечно) ќе суштествуваат во нашата културна јавност и таа ке ги гледа на книжарските полици каде ќе го злоупотребу ваат фактот дека се печатени и издадени и имаат облик и форма на книги.

Мислам дека за да се прогласи некое ли-тературно дело за безвредно е многу тешка и деликатна работа. Сепак читателот е неприкос новен тој мора да ги знае и да ги кажува вис тините за едно дело, колку и да биле тие бол ни.

Осврнувајќи се на делото на Владимир Ко стов просто е поразно колку малку нешта мо-жат да се кажат во негова полза. Импресио-нираноста од тој голем опус го воздигнува пи-сателот до невидени висини на упорност и крајна некритичност спрема самиот себе. Таа би спласнала кога би постоеле луѓе кои корек тно би му укажувале на неговите недостато-ци или реални можности. Опкружен со не-критички критичари или можеби поточно не-достатоците и евентуално да ги исправи. Пот-совесни, тој не е во состојба да ги согледа не-

Page 25: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

тикнат од луѓето како на пример Александар Поповски сосема е право тој да се чувствува како „еден од најнадежните раскажувачи во нашта литература" без оглед на тоа колку во тој случај нашата литература изгледа безнадеж-но.

Владимир Костов е и добитник на награда та „4 ноември" за романот „Лица со маски". Не можам да се ослободам од чувството дека се работи за некое недоразбирање. Или награ дата нема баш никаква вредност, или не по-стои критериум при доделувањето на таа на-града. Вредноста на наградата се цени по неј зините носители, а за многу читатели награ-дите се показатели за вредноста на еден пи-сател. Во овој случај Владимир Костов многу повеке и наштетил на наградата отколку што таа ја воздигнала неговата вредност, бидејќи

за писатели од калибарот на Владимир Кос-тов на Нобеловата награда е прениска да ги воздигне до сферите на една поширока култу на јавност.

Средбата со литературата на Владимир Кос тов е отпрвин интересна затоа што секој најобичен читател добива илузија за можнос-та преку ноќ да стане писател, потоа се заме нува со гнев за потрошеното време на без-вредните книги. Единствена вредност по чи-тателот воедно и утеха е старата изрека „за-познај го лошото да го цениш убавото!", каде лошото е секако литературата на Владимир Костов. Нивниот плиток говор, иссилените деј ствија, празното сиже, умртвено дејствие со многу слаба композиција, мисли кои си против речат една на друга, би биле воглавно карак-теристиките и вреднстите во литературата на Костов. Постојат и други „вредности" како шо се говорот кој ниту е автентичен, народен ниту уметнички слободен, тој е некој конгло-мерат кој е смислен да претставува израз на малограѓанска душа, а всушност во своето камелеонско менување зборува за една немок на писателот да го доискаже дејствието кое го замислил. Ирационални мисли се сменуваат

со банални и секому познати секојдневни вис-тини кои се скроени со намера да поучат или да докажат, иако тоа е одамна познато или прочитано.

Кај Костов често се сретнуваат фрази кои се свесно пресметани да постигнат некаков ефект, но во склоп на дејствието, иако би тре бало да изгледаат величествени или силни из легуваат ништожни. Така главниот јунак на романот „Лица со маски" ги пипгува своите впечатоци од седницата на работничкиот со-вет на страниците од еден германски тефтер присвоен во некој концентрационен логор ка де се заведувале убиените и каде случајно се танала празна графата во која требало да би-де заведено и неговото име. Или во подолгата проза „Грешниот Захарија". Захарија збору-вајќи со овојот син Ѓеле вели: „Што знам од

каде! Тоа никој не го знае. Можеби од Ази-ја. Или од Афрака. А можеби и од Ј у ж н а Аме рика. Тој е офицер на партизански единици што се борат за правата на потлачените на-роди. Помалата ми керка испрати телеграми на многу места по светот". Одделени овие па-суси не се без ефект но ефектот како да ста нува спротивен кога ке се прочитаат во про-зата на Костов.

Зборувајки за делото на Владимир Костов не можам да се ослободам од мислата дека не говиот роман „Лица со маски" многу налику-ва на сценариото на Бранко Бауер, Крешо Голик и Богдан Јовановик за филмот „Лице в лице". Темата, амбиентот, начинот на раз-војот на дејството се необично слични. Во фил мот за разлика од романот дејствието е многу подинамично, ликовите се осветлени со пого-лема умешност, додека Костов обидувајки се да даде поголема длабочина на својот роман (во што потполно не успеал) се губи во лави-ринтот на ликовите, го умртвува дејствието и губи на две места, ниту успева да ги осветли ликовите за да дојдат до израз нивните задни намери, ниту успева да го направи интересен романот. На оние кои имаат поголемо трпе-ние да го прочитаат романот до последната страница единствено чувство им е што конеч

но го прочитале здодевното и лошо дело и го затвориле за секогаш.

Недостатоците во расказите на Костов би можеле да бидат предмет на една подолга критика, но јас сепак би се обидел да изне-сам некои мисли за нив. Тие се олицетворение на една писателска недозреаност и наивност. Со многу формални разлики, а неизменета суштина зборуваат за лутањата на Костов и за неговата немок да го победи лошото во своето пишување. Во еден дијапазон од една блиска стварност („Пријатели") до една ира-ционална каша („Грешниот Захарија") иако дава се од себе Костов не успева да не увери во своите уметнички вредности. Од крајно ед ноставни со што е невозможно да се вклопат во стварноста за која претендираат, бидејки стварноста и кога е наједноставна и посложе на од нив, до обиди на писателот со иреално да се пополни празнината потекната од негова та неизвесност. Несреката е што тоа ире-ално е толку прозирно, немокно и толку не-умесно кажано што станува смешно.

Чуден е обидот на Костов во расказот „Про блемите на Др Манев" да створи еден ком-плексен лик, преценувајќи ги при тоа своите способности. Контрадикциите во кои запаѓа, при тој обид се очевидни, сакајки да опише еден изгубен човек меѓу сите пороци и иде-али тој всушност слика покајник, но за чудо и одлучен човек, кој во себе има доволно си-ла да си го одземе животот. Јасно е дека оби дувајки се да изгради ликот, Костов всушно-ст се изгубил во возможностите кои му ги пру ж а л тој лик.

За да се разјасни повеке делото на Костов би дал почеток, еден типичен почеток, но кој го осветлува доста Костов и неговиот стил, тоа е расказот „Пријатели".

„Тој, неговиот пријател и сопругата на не-говиот пријател шетаат по градското шетали-ште. Времето е пријатно за шетање, неделен ден е, пролет. Тој и пријателот не се имаат видено неколку години. Последен пат тоа бе ше на една конференција; тој како работник во својство на претседател на работничкиот со вет, а неговиот пријател како директор на ед-на фабрика". Ако појаснам дека Пријателите заедно се бореле за време на војната, а ж е -ната на директорот е ж е н а која полага на мо-дата итн. мислам дека 90% од читателите го знаат текот и крајот на овој расказ.

Дали издавачите („Мисла") не воделе смет-ка за нивото на македонските читатели, или напросто го сметаат за многу ниско, е праша-ње на које јас лично немам одговор. Ке се по трудам да добијам.

Нешто и за Александар Поповски кој го напишал предговорот за збирката раскази „Игра". Иако тој убедува за средба само со де лото на Костов, има ли чувство дека баш не е така. Инаку не би можел да го разберам не-говото поигрување со етиката на критичари-те. Пофалувајки го безвредното дело тој губи како критичар, потврдувајќи дека не го посе-дува најнужното за еден критичар-искреност, критичност и храброст лошото да се нарече лошо.

За субјективните и објективните чувства кон литературата на Костов изнесени горе одговара:

СТАВРЕ НОЛЧЕВ

Page 26: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

»Фарса за храбриот Науме«,

или театарот на Владе,

Русомир, Унко,

Интимно многу ми пречи кога публиката во театарот не се обидува да навлезе подла-боко во текстот што го интерпретираат артис-тите туку се воодушевува од сосем периферни нешта кои немаат некоја поголема важност во општите пораки. Најновата премиера во Ма-кедонскиот народен театар на некој начин ми пружи прилика повторно да бидам незадово-лен и помалку разочаран од скопската публи-ка. Очигледно беше дека добрите хумористич-ни нумери во текстот на Русомир даваа шанси претставата да се насочи кон еден смер кој мислам дека не беше вистинска цел на авто-рите, и кој на крајот на краиштата п р у ж и еден добар медиум да се распламтат во пот-полност шоу амбициите на Петре Прличко, на општо задоволство на публиката. Меѓутоа да-ли само склоноста кон површното и интелек-туалната мрзливост на поголемиот дел од пуб-ликата се виновни за неразбирањето на основ-ните пораки на текстот? Мислам дека р е ж и -јата не смееше да дозволи целата претстава да остане за многумина на нивото на една по-вршна комика во која доминираше Петре Пр-личко. Тоа е мојата единствена но сепак суш-тествена замерка на режисерот затоа што сме-там дека поентата на претставата, рушењето на митот и откривањето на вистинскиот човек за современите митови во нашето општество страна на сознанието. Приказната за лажниот хероизам на Науме, создавањето на мит за не-говото јунаштво, и неговата кукавичка лич-ност се, чинам теми кои дозволуваат извесни мали дигресии во размислувањата за совре-мена компонента во текстот на Русомир. По-себно радува што ова може да биде почеток за детабуизирање на тие теми што ќе биде убава шанса еднаш отворено да се проговори за современите митово во нашето општество и за другите теми што можеа само да се насе-тат во ова сепак интересно и оригинално теа-тарско дело.

Нино ИВАНОВСКИ

Ако сме оптимисти и ако од секоја нова премиера на нашите театарски куќи очеку-ваме да стане своевиден настан со поголемо културно значење, или ако сме песимисти, навикнати секоја нова премиера да ја прече-куваме како една неминовност на една фор-сирана и дотирана установа, нашето размис-лување по повод најновата премиера на МНТ би се движело токму во тие рамки; оптимистот би го поздравил ваквото менување на репер-тоарот и заедничкото тимско работење со цел да се создаде една современа, издржана прет-става, а песимистот би префрлил за поединеч-ното префорсирање и наметнување. Претста-вата донесе многу идеи наеднаш кои поеди-нечно би можеле да претставуваат своевидно достигање-но во целина, мислам дека ја доби-ја својата наменска димензија-така да со сво-јот краен облик претставата успеа да ја заинтригира и испровоцира публи-ката. Можеби само привремено го разруши чувството на музејска застоеност кое гледачот веќе подолго време го понесува напуштајќи ја салата токму на овој театар. Иако се намет-нува претставата како интегритетно оствару-вање, сепак да се обидеме со неколку куси впечатоци да ја разгледаме претставата ана-литички.

Во голема збрка на самоиронија, самопот-смевање и непобитна фантазија — Русомир успеа пред нас да го изнесе човекот со него-вата слабост да се самодопадне, да го разголи во моментот на ловорувањето, да му го искине ловорот и на својствен начин да го ослободи од неговата сопствена желба за создавање митови-со ловоров венец, шлем или кажување, обично-човеково. И колку повеќе зборуваше за храброста, толку помалку таа се разликуваше од кукавичлукот. Колку повеќе зборуваше за победата толку помалку таа се разликуваше од поразот, колку повеќе зборуваше за добро-то толку повеќе тоа се разликуваше од лошото. Дека Русомир претставува автор неблагода-рен за анализирање потврдува и фактот што самиот вели дека е под влијание на Рабле-нешто што изненадува бидејќи пред нас е не-сомнено талентиран драматург и очигледна е неговата тенденција главниот товар за изведба и интерпретација да го фрли врз артистот, но

и останатите голтари со мала помош на нивните пријатели:

Петре Прличко, Ристо

Шишков, Љупка Џундева

и други сепак е очигледна желбата за интимност со гледачот и извесна слобода во изразувањето. Владимир Милчин има впечаток дека Русомир потсетува на Плаут-но да претпоставиме дека таа негова мисла произлегува од фактот како што вели самиот автор дека „обожува да се иг-ра со времето и просторот". И ако бараме не-која допириа точка со некој друг автор тешко дека ќе успееме во тоа. Ако веќе префорси-раме тоа би било токму македонската јуначка песна (сосем индивидуално мислење-но да се потсетиме на Марко Крале, идолот и спаси-телот кој во еден момент ќе биде победен од детето Дукадинче). Тој национален манир за создавање на херои спасители како да нашол свое природно продолжување. Тоа е еден свет на кого сме навикнале да му веруваме. Но сепак за да се достигне вредноста на народ-ната уметност потребно е едно поголемо про-длабочување кое Русомир не сака или не може да го направи.

Режисерот Владимир Милчин е централ-ната задкулисна личност (буквално) која тре-баше претставата да ја направи целосна, но за среќа во тоа успеа само делумно а тоа беше изгледа и негова цел: „игра во игра". Дека и од него, како и од Русомир може многу повеќе да се очекува покажа фактот што тој навис-тина го почувствува националниот печат што текстот го имаше и што успеа да го потенцира современиот аспект на пиесата. Но неговите новини, кои има намера да ги постави во те-атарот, како да не му дадоа можност за едно стриктно обработување на текстот, но и са-миот текст нудеше големи можности за импро-визација што беше максимално искористено. Сепак ме зачуди, со завршувањето на пиеса-та, ослободувањето на гледачите и нивното олеснување. Пренатрупаноста, иако текстот беше „минимален" лесно го одведуваше гледа-чот од главното дејство (доколку така се сфати замислата на авторот да се обрне по-веќе внимание врз главните херои на претста-вата бидејќи токму тие со својата индивиду-ална обоеност беа носители на основниот товар на авторовите идеи.) Но од дијалогот меѓу ав-торот и режисерот се гледа една взаемна до-верба. — Можеби грешам и јас.

Горѓи ПОПОВСКИ

Page 27: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40
Page 28: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

ЈА И »МАРИЦА« Беше сабота навечер. Надвор беше многу

студено. Студот се вовлекуваше под кожата, ги пополнуваше и најдлабоките катчиња во џе-бовите. Се стиснав со ветровката како устата после јадење лимон без шеќер, прагот го пре-чекорив со десната нога „божемнаречи" среќа да имам. Но, веднаш по излегувањето и топ-лата средба со студот си помислив: „Ова е „пишипропадната" работа.

Во станицата не примија со задоволство, ми се чини дека од почетокот не гледаа со недоверба заради мојата подолга коса, но по неколку зборови тоа падна во заборав, а јас, веќе добивав инструкции од командирот, што смеам, а што не смеам да снимам на репортер-скиот магнетофон што го носев со себе. Не ми беше дозволено да ја кажам лозинката и бро-јот на групата со која што бев јас, а маршу-тата по која што одевме и така не ја запаме-тив, бидејќи беше многу комплицирана. Гра-фички представена, сигурно би личела на Гор диев јазел или Пикасова слика гледана од кос агол.

Во канцеларијата влегоа милиционерите Стамевски Драги и Трајановски Драги. Со тоа бевме комплетирани како екипа,

19,24_____________ Тргнавме со комбето полека и досто-инствено, како „цела ноќ да е пред нас". Внат

решноста на комбито е тајна, но можам да ви речам дека ми личеше на „мал Хјустон". Ин-струменти, радио приемници и уште многу други работи, ако не не вклучувате нас трој-цата, беа сместени во една малечка кабина од четири квадратни метри. Мојот магнетофон, за кој имав високо мислење, во присуство на тие сите инструменти почна да страда од ком-плекс на пониска вредност; (од студот не про работи веднаш). За да биде се во стилот на шифри и бројки и јас ги нареков другарот Стамевски и Трајановски, Драги 1 и Драги 2.

„Чичко, ми ја украдоа т а ш н а т а . . . во меша ницата, на к о р з о . . . Не знам, ми ја с н е м а . . . Лицето лесно и се тресеше. Солзите ги брише-ше со прстите. Веројатно марамчето и остана-ло во чантата. Коса кратка, црна. Макси пал-то, црно колан со големо копче. На прв по-глед како да беше купен во Италија, на втор поглед веќе го утврдив тоа со сигурност. Се потпираше на другарка и. И таа беше возбу-дена. Ништо не зборуваше, како да имаше кнедла застаната во грлото. Цело време збору-ваше само „ Ј а с . . . Ј а с . . . " .

Сега веќе зборуваа посредено. Речениците со кои одговараа беа оформени и неиспреки-нати.

— Се викаме: Стамеска Нада и Николов-ска Кети.

— Кога приметивте дека ташната ви ја нема?

— Пред „Кооператива". — Зошто мислите дека ви ја украле, а не

дека сте ја изгубиле? — Пред тоа, група младичи, цело друштво

беше тоа, не опкружија и почнаа да не бутка ат. Ташната ми висеше на рамо. Ние се бут-кавме да поминеме и не се вртевме назад. Мо-ж е б и ја исекле р а ч к а т а . . . Подоцна видов де-ка ташната не ми е тука. Кога се вративме т а м у . . . ги н е м а ш е . . . Не знам што да пра-в а м . . .

— Како изгледаше ташната? — Кафеава. Со реси. Од Италија. Не беше

моја. На Кети е. (другарка и со нејзе). Сакав да ја поносам вечерва. Бевме на поминување. Одевме на Аеродром. На жур. И баш мене да ми се с л у ч и . . .

Ја погледнав Кети. Таа молчеше. Гледаше некаде во никаде. Го вртеше прстенчето на левата р а к а . . .

— Што имавте во тапшата? Имавте ли па-ри, н а к и т . . . ?

— „Не. Парите ги носам со себе" се вмеша Кети. „Во ташната имав слики на „Про Арте", Кичо Слабинац, Јосипа Лисац, Ми е криво. Беа потпишани. Имав и нотес. Чинеше околу 3000 стари д и н а р и . . .

— Дали би можеле да ги препознаете деч-ките кога би ве соочиле со нив?

— Не би сакале да се возиме внатре. Мо-ж а т да помислат луѓето . . .

— Влезете, повелете. Тргнавме низ гужвата. Таа улица не бе-

ше предвидена за шетање. Не беше ни пре-полнета. Но и тие што беа не го „зарезуваа" милициекото комби. Некои дури го удираа по задната страна, кога ќе поминевме. Групата не ја најдовме, а на девојките им кажавме да одат во станица да ја пријават кражбата.

21,33 На приемникот слушнавме дека се

„позајмени" автобусот на транспортното прет пријатие „Берово" со регистрација СК 67—01 — Опел Рекорд-караван 85—77. Но тоа нас не не интересираше оти по некое непишано правило „позајмените" возила најчесто ги наоѓаат на периферијата на градот. Несигур-ните крадци не можат да возат низ градска-та гужва па со возилата излегуваат надвор од град.

21,зо Интересен е случајот со еден постар

човек кој што ја пријавил „позајмувачката", а колата била најдена пред едно кино во цен тарот. Всушност син му ја извел девојката во кино на „елегантен начин". Сега таткото ќе одговара за лажна узбуна, а синот Девој-ката ќе си ја испрати дома со „пешадија".

22,оо Идните десетина минути морав-

моравме да му ги посветиме на хотелот „Бри стол". Тоа е време кога срцата на дамите од внатрешноста (на „Бристол") се разнежуваат и нивната гордост изразена низ пари, за таа вечер почнува да девалвира. Но тоа е и вре-мето кога температурата пред хотелот се на-големува така што на некој м о ж е да му свет-не варница кога ќе добие некој неочекуван „бакнеж" со тупаница по фар (око). Мислам дека претходното многу поетично ви го рас-кажав и дека ви е јасно зошто тие неколку дестици минути му ги посветивме на овој хо-

Page 29: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

тел. Накратко, за да не избие „пожар". Но вечерта беше многу мирно. Веројатно заради тоа што студеше и дуваше леден ветер па се плашеа да не настинат. Но за таа тема ке пишувам друг пат (ако колегите од Милици-јата ме примат после написов).

22,35 Замислете си една ситуација во ко-

ја што не се знае ни кој пие ни кој плака. Е во мојава ситуација се знаеше кој плака. Плаќаше ЈЖ, а не се знаеше кој пие туку кој се напил (тие што се напиле лежеа и се-деа во блиска околина.)

Железничка станица. Младичи одат во ЈНА. Сето тоа личеше на џунгла. На фронт. На гужва пред рудник во кој што се слу-чила несрека. Личеше на ништо. Апсолутна нула. По Келвин, Нула за сите нас, не само за тие што одат во Африка, пардон армија. Воздухот надоен со ракија, урлање, викање, свиркање, буткање. Тешко на тој што пату-ва а не оди во армија! Флашите пукаат. Це-парошите совесно си ја вршат задачата. Ва-гони полни како чамците з а спасување по потопот на светот. Еден младич „тарзански" излегува низ прозорецот на вагонот и — буп: на перон. Еден што го носат на раце ја фа-ка жицата што виси на плафонот о д перо-нот и се дига по неа. Останатите урлаат, на-виваат. Жицата се откачува. Атерира на пе-ронот. Станува. Се смее. Ги шири прстите искрвавени од жицата. Ала' собирачи на пер дуви. Ги става на лицето. Плаче. Од другата страна на перонот тројца молчат. Се при-држуваат да не паднат и молчат. На што личи ова? Н а . . . На интервенцијата на Ми-лицијата сите свиркаат. Неверојатно, колку сме музикална нација.

23,00 Се вракаме кон центарот. Ни јавија

дека кај Камениот мост имало судир. И на-вистина. Беа судрени Шкода и Мини Морис. Немаше повредени. (Како што ќе видите по-

доцна, на истото место, под исти услови се судрија Застава 750 со регистрација ТВ 60—45 и Шкода С К 382—36, популарниот „Фико" бе-ше „расцветан" како ружа во месец мај.

23,35 Следеше една мала пауза на наста-

ните, а ние тоа го искористивме да напра-виме една брзинска тура по целата траса. То-гаш и првпат го почувствував благотворното дејство на парното греење во нашето комби.

01,35___________ По улицата веке беше мирно. Рет-

ките минувачи или одеа нестабилно или бр-заа со крупни чекори.

Низ едносмерната улица на кејот „13 Но-ември" забележавме едно возило како вози во забранет правец со голема брзина. Штом не видоа закочија, излегоа и еден од нив ни рече:

— Вие сте милиција? Тоа беше очигледно. Не личевме на нешто

ДРУГО. — На мостот има судир! „Шкода", „Фи-

к о " . . . — Добро, но вие направивте прекршок. — Па ние сакавме да ве известиме за су-

д и р о т . . . и така. Судирот пред малку го опишав.

01,41_________ Дознавме преку приемникот дека

тукушто свршила една „кафеанска тепачка" и дека е провалено во продавницата „Овче Поле" во Ѓорче Петров. Ние не можевме да одиме таму, бидејки моравме да ја извршиме задачата која јас не ја знаев, а беше сврза-на за нашиот реон. Тоа беше „факање" во-зила коишто во ситните чаоови не го по-читуваат црвеното светло или се „вегетари-јанци" и се гледаат зелено.

02,10_________ „Фико" со регистрација 62-77 мо-

раше да плати казна 5.000 стари динари, за-ради прекршокот „поминување низ црвеното светло на семафорот".

02,23. До „Марицата" дотрча еден подо-фицер и не замоли да ја фатиме колата што поминала пред нас. Шоферот Драги 1, завр-ти во два потези. Од брзината и кривините

за малку ке добиев морска болест, но сепак не ги најдовме. Ни избегаа. Тие од колата се обиделе да му ја грабнат жената. Подофице-рот одвај ја бранеше и кој знае како ќе се свршеше сето ова да не дојдевме ние. Некој да ни го кажуваше ова немаше да му веру-ваме. На чесен човек, поминувач, се обиделе да му ја „позајмат" жената. Па сигурно. Уба-во смислено. Таа не би можела да ги тужи за изгубената невиност. Се наметнува праша-њето: „До кога ова општество ке го толерира силеџиството?" З а ж а л тие беа наши врсни-ци. Пак за ж а л тука беа присутни и уште некои поминувачи коишто се правеа „неза-интересирани" (на пример еден такси возач со зелен „Мооквич"). Медиокритети, психопа-ти, егзибиционисти, манијаци и на нив слич-ни квазимоди се неизбежни во едно општес-тво, но тоа општество не е должно да ги тр-пи нивните изживувања. На тој проблем ве-ке еднаш треба да му се стави точка, а не запирка како што ја стававме досега.

Како надоврзување на горенапишаното да ви кажам уште тоа дека отидовме и до Водно. Видов многу убави вили, а после тоа отидовме во „Инвалидски" каде „завесата одамна веке падна", а пазарот беше пола милион и кусур илјади стари динари.

Да ви речам и тоа дека Петре Андреевски вечерта славеше нешто во Клубот на умет-ниците во која што прослава Чучков имаше специјална улога. Наместо да ја слуша, тој ја гледаше музиката и со тоа си ги лечеше комплекоите). Едно мирно дете моравме да го исфрлиме надвор под мотивација „дека е силеџија".

Толку, драги мои, од мене. Уште да ви кажам нешто што мене ми заличи на добра шега:

04,оо — Оваа нок ни беше МИРНА. — Да, заради студот.

Градимир ЗДРАВКОВИЌ

Page 30: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

Анти-мемоари

ТИ НЕ СИ ТОА Ш Т О СИ ТИ СИ ПЛЕБЕЕЦ

После напразното губење време и абењето на хемиското пенкало марка „РЕФОРМ" јас најсериозно и најпотресно бев замислен над културно забавниот живот во Скопје, на ко-го му се закануваше една голема поплава од премиери. Во последно време „личните" скоп-ски афирмирани скапи кројачи имаа полни раце работа. Тие работеа и дење и ноќе но не можеа да дигнат глава од свечените на-кинџурени фустани, шорцеви, фракови, шап-ки накривени на лево уво „специјални" леп-тир машни ала Черчил и туце за мене не-познати) екстремни лудости. Фама е о пер-урбес!!! Во Скопје пристигнува еден „мал ми-лион" премиери! Скопските снобови тоа нај-добро го знаеја и затоа беа најспремни и „најнаоружани" во секој поглед. Тие дури и во соништата креираа супер непознати „хит ствари" со кои ќе ја шокираат скопската јавност. На премиерата „Развојниот пат на Бора Шнајдер" беше најинтересно и највоз-будливо. На неа присуствуваа и добро поз-нати политички раководители со своите „синчиња" и „ќеркички". Од целата работа се ми беше јасно како бел ден, но само едно ме збуни и не ми даде божји мир. Затоа це-ла сала, а нарочно првите редови во парте-рот и ложите бездушно си ги исчашија сво-ите дланови од ракоплескање на зборовите од Бора Шнајдер: „Цела општина се храни од порезот на мојот рачун". Дали нашите истакнати политички личности изгубиле чув ство за ракоплескање (бидејќи постојано и Еоодушевено ракоплескаат), дали просто не знаат каде, кога и зошто ракоплескаат или пак ги средиле пореските „работи" па сега со мирна душа уживаат во алегорично сати-ричната престава.

Премиерата на „Зигер-Загер" беше „крај-но успешна" иако самата претстава е најо-бично срање. Премиерите на „Евгениј Оње-гин" . . . У ф ! Доста беше. Од целата работа како по обичај беа најзадоволни снобовите и организаторите. Додека обичниот секој-дневен млад човек беше во сенката на прес-капите билети и барокно шарената гарде-роба. Само еден беше најтрагично за „оние од горе". Преставите немаа пауза, така што задолжителното шетање во полукруг беше избришано, а во салата за ж а л владееше по-лумрак.

Но, јас не би бил Бато Џет кога и во најтемни трули работи не би нашол светол излез. Пронајдов начин за задоволување на сите потреби. Еве во што се работи: Би ги покачил билетите уште за три пати (ова е магнет за „оние"), би поставил во фоајето ТВ камери и би вршел директен пренос преку телевизија. За време на претставата би пра-

вел по три паузи. Генијално! Максимално! Колосално! Лууудо!!! Но, безначајно во однос на оној пресуден ден од мојот живот.

Тоа беше вчера. Вчера бев дома и поминав едно многу

пријатно и атрактивно попладне покрај ши-ше свеж јогурт и грамофон марка „Гале" од кој урлаше разбеснетата грамофонска плоча. Пријатноста на тоа попледне се состоеше во фактот дека сум доволен сам на себе и во моменти кога сум физички и реално сам. Во такви ретко убави ситуации во мене живее-ме двајца со совршено најлихт идеи. Кога веќе бев сам самичок решив да проверам до каде стигнав во усовршување на шахот. Поч-нав да играм сам со себе остро и бескомпро-мисно, но и покрај надчовечките напори мо-рав да потпишам реми. Беше јасно дека не можам да се победам себеси (а камоли да ме победи друг).

После оваа животна партија ш а х почнав внимателно низ супер филтер анализа да просејувам многу работи што за обичниот смртник и неговиот бел поглед не преставу-ваат ништо. Откако се помирив со најновата девалвација на динарот и калабалакот вак-ви слични работи заклучив дека обичното хемиско пенкало не е само пенкало. Тоа е песна и може да ги има следните значења. пишување на „љубовни писма, позитивни критики за Едвард Бонд, преднацрти, нацрти, заклучоци, закони, анонимни писма, сати-рични текстови, отровни текстови, мемоари и др. Пенкалото или моливот зависно од материјалната положба и личниот ќ е ф е пре мин во високо друштво, лудница или затвор. Ова не само што го сознав туку и го почув-ствував на „својата" сопствена родена к о ж а со која додека бев малолетен управуваа мои-те родители користејќи го притоа своето ав-торско право и ум. Кога станав полнолетен во времето на самоуправувањето мислев де-ка сам ќе самоуправувам со неа, и ќе ја сончам под она имагинарно сонце што јас го одберам, а не под она што ќе ми го сервира некој претерано реален и сурово конкретен тип. Но грозно се излагав иако е тоа кај мене реткост, а нарочно откако станав пол-нолетен, полноесен, полнозимен и полнопро-летен младич. Бев лудо бесен, едно заради таквата безизлезна горка ситуација, а друго заради неможноста на мојот психо-физички систем да пронајдам барем еден елемент кој би се сметал за олеснителна околност во евен-туална проценка на безизлезност. Бев прете-рано лууудо бесен за последните деветнаесет години. Во моменти на слабост сакав во трос-кок да излетам од таа „моја" к о ж а и да за оставам на оние што се специјализирани за

вакви работи, но тоа веднаш го отфрлив от-како се погледнав во големото собно огледа-ло. Целото ова длабоко содржински значајно размислување се одвиваше во мојата соба од десет квадратни метри неискористена повр-шина покрај шише свеж јогурт а и разбесне-та грамофонска плоча. Длабоко воздивнав со глас како од подрум и заклучив дека дојде долго очекуваниот пресуден момент Џет! Џет! Сега е веќе крај на секаква свињарија — реков со цврст метално армиран глас и погледнав во отворената книга во која пи-шуваше: среќниот живот е неможен, најуба-вото што човекот може да го постигне е хе -ројскиот живот — Фридрих Ниче. Ова ме потсети на подготвениот план и истовремено прелета низ мене како електричен удар во должина: од највисокиот дел — главата со совршено нескромните интелектуални претен-зии па се до свежо излижаните црвени чевли купени во „Газела". (Ова е бесплатна рекла-ма). Херојскиот живот беше пред мене, не заради разочарувањето во него, не заради лично афирмирање и издигање над масите, не заради верување во надчовек, туку зара-ди чувството на човечка должност и морал-на свест. Не висев повеќе во неизвесност и не живеев од ден за ден задоволувајќи се во сервираниот живот, кој би останал и по-натаму ист, а можеби и полош кога не би имало „дечки" ако не исти но барем слични на мене. Анте портас! Бев цврсто и реши-телно исправен над ситните човечки радости и големото туце глупости. Во мене живееше лорд Џорџ Гордон Ноел Бајрон веднаш до конзервираниот гнев кој во најблиска иднина ќе премине во вистинска атомско-хидротен-ска експлозија. Се беше свршено и исплани-рано, готово бирократски педантно изнијан-сирано и дотерано така што во себе немав ни трошка од она мое добро познато трпе-ние. На зидот од мојата соба од десет квад-ратни метри неискористена површина гордо и достоинствено висеше еден примерок од многубројните летки што ги разделив меѓу народот од мојата општина. Сите тие летки беа напишани со упадливо црвена боја која во алегорија означуваше крв од многуброј-ните идни жртви. Сите тие летки беа оддол-жување, добро дело спрема еден мал народ составен од ситни, мали, немоќни суштества. Во тие за мирниот и идиличен граѓански ж и -вот ренесансни летки беше се во детали раз-јаснето и договорено. Требаше само да изле-зам пред народот и морално да го освестам и издигнам за еден смел потфат кој нема да остане без тешки последици. Пред да изле-зам од мојата соба (јасно сеуште од десет квадратни метри неискористена површина)

Page 31: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

Некои прашања што го мачат и потресуваат Скопје

јас погледнав во своите црвени чевли и цр-ните трошни ѓонови излижани во прошетки-те со Анита. Погледот упатен кон бедната положба на моите чевли (во кои имав неиз-мерно големо поверение) требаше само да ме предупреди и да ми у к а ж е на претпазливо и меко чекорење. Во соседството грмеше сте-рео телевизор додека стоев пред големото ог-ледало и ја топев косата романтично и за-лижано на средина натец како Рудолф Ва-лентино во првите години на пубертетот.

Ја отворив првата врата лево и додека реков „Ох Калкута" веќе бев на улицата. „Аман-Аман" во правец кон главниот плош-тад. На плоштадот веќе беше густ и шарен калабалак составен од: туце безработници, меѓуопштински курви, селски аргати, шофери без возила, пропаднати водители на телеви-зиски квизови, шверцери и препродавачи на тајни и јавни скандали и со еден збор сите оние што почувствувале потреба да дојдат. Не бев воопшто изненаден од масовноста на одзивот. Напротив, бев цврсто уверен и убе-ден дека цврсто го сврзав народот за себе, бидејќи му го пружив она единственото и несекојдневното — смелиот јавен организи-ран истап. Додека се искачував на централ-ното возвишено место импровизирано од ста-ри несигурни буриња за маст насекаде околу мене се слушаше громогласно ракоплескање на присутните. Кога в е ќ е бев издигнат на највисокото можно место, пуштив кон маса-та народ поглед широк и долг како сонливо море и викнав силно што по нормални про-ценки би личело на неартикулиран врисок. (Тоа беше резултат на мојата возбуда). — Другарки и другари! Сестри и браќа! Мајки и татковци! Баби и дедовци! Самоуправува-чи! Градители на посветлата иднина. Јас не-мам однапред подготвен говор како што имаат некои другари. И моето говорење мо-жеби нема да биде така мелодично и течно. Јас не сум говорник. Јас сум човек. Затоа приближете се поблиску до мене за да го чуете она што го чувствува моето благо и нежно срце. До кога ќе ги оставаме оние кр-волочни суштества — при тоа покажав со раката на покривот од најблиската куќа — до кога ќе ги оставаме да шетаат низ наши-от на социјалистичка база изграден град. До кога ќе ја трпиме нивната безобразна не-скромност. После ова исцедив две црвени шамивчиња пот и со уште поголем ж а р про-

должив: зошто го уништуваат оној мал народ на ситни немоќни суштества кога нив вооп-што не ги погодува ниедна инфлација, де-валвација, снемување на нафта, масло, ше-ќер, сол, пипер, физички работници, специ-јализирани стручњаци и други „ситни" ра-боти. Зошто, кога тие во секое време имаат топло катче, дебела ладовина и мрсен об-рок. Мојот широк и долг поглед, како сон-ливо мирно море, беше замаглен и матен, но сепак продолжив: другари самоуправувачи! Предлагам јавно или тајно да се убијат сите оние зверки што дремат горе — при тоа по втор пат покажав на најблиската куќа на чиј покрив мирно мирно л е ж е а туце мачки и мачори. Предлагам да се убијат не само мачките и мачорите во нашата општина, ту-ку воопшто сите мачки на земјината топка. Со тоа ќе им се оддолжиме на нашите мили и почитувани глувци без чија егзистенција не би можел да се замисли понатамошниот научен и практичен живот. Бев веќе во транс и почувтсував во устата бела пена со благ вкус на горчина, но сепак продолжив: не треба да ги забораваме оние пресудни кри-тични моменти за нашиот живот, кога наши-те глувци летаа безглаво во еден правец предвестувајќи ја поплавата и земјотресот. Тие излетаа и од Сојузната скупштина не-можејќи да ја преболат со своите нежни ср-ценца најновата девалвација на динарот. Тие служеа, служат и понатаму ќе служат како заморчиња во големите научни лаборатории само под услов ако ги заштитиме и негува-ме. Во тој момент моето, најиздигнато од стари каци, импровизирано место попушти и јас паднав на родната црна грутка. Уште не-што успеав да промрморам низ трите плом-бирани заби: . . . Еднаш еден мал убав глу-шец грицна за мене „среќна планета" во ко-ја пишуваше каде можам да ја најдам ж и -вотната љубов . . . јас . . . ја најдов . . . ах . . . овде сум паднал во несвест.

Кога се разбудив во просторија од пет квадратни метри неискористена површина за-бележав на мене сосем добро зачувана скоро нова лудачка кошула број 38. Бојата беше упадливо црвена што одговараше на мојот истенчен вкус. Сега сум во лудница откаде ги пишувам моите мемоари кои со сигурност може да речам ќе бидат најјака конкуренција на мемоарите од Соетозар Вукмановиќ Темпо.

Дали со зголемувањето на скопските пре-миери ке се укинат модните ревии?

Дали девалвација или дефлорација на динарот?

Дали е потешко да се пронајде црнец во магла или пак Коле Ангеловски во калаба-лак?

Дали Зоран Милосављевиќ пие пубертет-ски јајца за да пее помалку лошо?

Дали молчењето е злато само затоа што вистината боли?

Зошто снобовите од скоп-ското крем друштво но-место кај психијатар одат на представите кај Св. Никита Голтарот?

Б А Т О Џ Е Т

Page 32: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

Пролетери, вратете се во мајчината.

Го критикуваа дека има задна намера. Таа брзо и лесно ги разувери.

Тој рече: не. А тие: да, и топло го препорачаа на управникот на КПЗ.

АХ, ТИЕ ПИСМА!

Во новоотворениот поштенски ф а х на редакцијата на „Фокус" (бр. 219) го најдовме и ова писмо кое ви го ставаме на увид, драги читатели. Н е н и е познато дали во нашиот ф а х се нашло намерно или пак тоа е последица на неко ја грешка. К а к о и да е, ние тоа писмо го објавуваме во целост, на девајќи с е дека и н с т т у ц и ј а т а на која и е упатено чита „Фокус". Исто така, сметаме дека неговата с о д р ж и н а е интересна и за вас.

Еве го тоа писмо!

ДО З А Д О В О Д О Т З А МЕНТАЛНО З Д Р А В Ј Е И У Н А П Р Е Д У В А Њ Е

Н А СТОЧАРСТВОТО — СКОПЈЕ Скопје, 27.II.1971 год.

Драги друтари, Потребата од ментално здравје на наро-

дот денес станува се поочигледна. Јас сум о д д е н на д е н се повеќе з а г р и ж е н за неговата судбина. Народот непрестано е труен, да, да, труен со квазипродукти на таканаречениот „човечки слободен д у х " кои знаеме од кого се сервираат и чија цел е разнишување на стабилноста и општествената сигурност.

Имено, сметам дека кај нас има многу луѓе што мислат. Секој кој што сака м о ж е да мисли. Па кај го има тоа? и зошто н и се такви? Зошто ни се потребни повеке мисле-

ња? К е прогласиме едно општоважечко ми-слење и толку. Има луѓе што се з а д о л ж е н и да миелат, народот нека работи.

Токму затоа мислам дека вашата ценета институција ќе треба да преземе, си ја земам таа слобода да предложам, една општа акци-

ја чија работна парола би била: П О В Е К Е РАБОТИ, П О М А Л К У МИСЛИ!

Се оддалечив со овој увод од главната цел заради која ви се јавувам. Сигурно ви е познато дека во Скопје гостуваше Ателје 212 со претставата „Развојниот пат на Бора Шнајдер" од нам и секако вам познатиот Александар Поповиќ. Н е навлегувајќи во ди-

скусиите околу квалитетот на делото и оп-равданоста на гостувањето, еве што сакам вам, како на Завод з а ментално здравје и унапредување на сточарството, да ви уочам.

Непосредно по гостувањето, на последната страна на ценетиот весник „Нова Македони-ја", во рубриката „Цик-цак" беше објавено следното:

О г л е д а л о

Ателјето 212 од Белград гостуваше во Скопје со претставата на „Животниот пат на Бора Шнајдер".

Оваа претстава, всушност го откри ж и -вотниот пат на половината присутни во У-ниверзалната сала.

Кога го прочитав ова, мојата совест се возбуди. Па каде живееме ние. Зар е мож-но со лаги да се служиме. и уште полошо, тие лаги да ги сретнуваме на страниците на угледната „Нова Македонија". Н е само што е лага, ова претставува груба навреда и з а

работничката класа, општо, и на нејзините раководители, посебно.

Секако дека в и е позната содржината на делото. Еве го во груби црти развојниот пат на Бора Шнајдер.

Бора Шнајдер е човек кој е туѓ на на-

шата средина. П о ослободувањето, во екот на формирањето на Народните задруги тој ста-нува директор на една таква. Поставен е на тоа место благодарејќи на вреките со некој — одозгора. Бидејќи нема соодветни квали-фикации задругата лочнува да трпи губито-ци. Н е постои п л а н з а работа; наместо да се работи се д р ж а т состаноци; тој запослува се-

кого од кого има корист; почнува да се коц-ка; да оди по к а ф е а в и ; да брка ж е н и (изви-нете на израз); да оди по с л у ж б е н и патувања во странство; си прави куќа која ја издава на странци; има вила, викендица; на сите членови од фамилијата им купува автомо-били. Н а крајот, задругата е во загуба од 147 милиони стари динари, з а кое нешто е

крив директорот. И сега, пријателот одозго-ра, во четири очи, му советува д а признае се з а да ги спаси останатите. Бора Шнајдер е осуден на 15 години затвор.

Ете, тоа е содржината. И к а ж е т е ми вие каква е сличноста и поврзаноста на делото Никаква! Нам ни се туѓи Бора Шајдерите! Нив кај нас ги нема. Но со пароли тоа нема да го докажеме . К е го д о к а ж е м е со факти. Тие се толку очигледни и секој оној што твр-д и дека Бора Шнајдер е човек од нашата средина, мора д а е слеп.

Но, да почнеме по ред! Содржината на делото со нашата сегаш-

ност нема ама баш никаква врска. К а ж е т е ми барем двајца директори кои з а своето

Page 33: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

работно место ги немаат соодветните квали-фикации. Нема такви. Директорите кај нас се избираат по најредовен и најдемократски пат — по конкурси. И кој е тој што станал директор благодарејќи на врските со некој одозгора? Нема такви.

Или за состаноците. Кај нас состаноците во било кое претпријатие, во било која ус-

танова или општествен форум се договори за работа, договори за акција. И кој е тој што наместо да работи оди на состаноци. На-шите работни луѓе и намерно сакаат состано-ците да се кратки, за да не се одзема време од работата.

Или околу приватниот живот. К а ж е т е ба-рем еден општествен или стопански функ-ционер, односно раководител, па макар бил

и директор на некоја задруга, кој се коцка. Или кој оди по кафани. За бркањето на ж е -ни воопшто и не станува збор. Констатираме: нема такви.

Службените патувања кај нас се сведени на најнужните, особено оние во странство. Кај нас нема „рентиери" — луѓе што имаат по неколку стана и ги издаваат на странци, или на трговски

претставништва. Или, ма ајде ве молам, кој кај нас има и вила и викендица и по неколку авто-мобилии. Се се тоа лаги. И клевети. Оние куќи околу морињата, езерата, по планините се тол-ку скромни, што е најважно, стекнати се со поштен труд и му служат на работниот човек за рекреација од напорниот труд.

Во наведеното дело задругата претрпува за-губа од 147 милиони стари динари. Нема да речеме дека и кај нас нема претпријатија кои имаат губитоци. Но со таа разлика што тие се ретки, прво, и второ, нивните губитоци се нез-начителни и многу помали од наведениот.

На крајот, Бора Шнајдер го дочекува заслу-жената казна. Кај нас, таквите одамна се зад ре

шетките или зад границата. И треба да се одбе лежи уште тоа дека нивниот број е во изумира-ње затоа што секој оној на кого му е доверена некоја општествена задача е свесен за својата одговорност. Никакво договарање во четири очи не постои, се е јавно.

Драги другари, ете и зошто сметам дека на-ведениот текст во весникот „Нова Македонија"

заслужува остри критика и претставува груба навреда, како што реков, на работничката класа и нејзините раководители.

Се надевам дека во врска со досега кажа-ното, Вие го делите моето мислење и дека сте презеле, или дека ќе преземете соодветни чекори во врска со горното. За такво нешто спремен сум да Ви помогнам во секое време.

На колективот на Заводот за ментално здравје и унапредување на сточарството му по-желувам полно успеси во работата .

Со другарски поздрав.

Со почит, (следува потпис)

Јавете се на тестирање.

И будалите почнаа да попуштаат!

Како ке одумре државата ако ние не ја крадеме?

Во принцип ние ја сакаме критиката! Но не и во Фокус.

О Д Г Л А С И Сите ваши проблеми ќе бидат решени; си-

те ваши желби ќе бидат задоволени а к о . . . АКО уредно и според важечките прописи по-полните еден СИН ПЛИК.

Информации: кај надлежните.

Своите револуционерни идеали ги менувам и на-пуштам за претставниш-тво на некоја странска фирма.

Понудите да се дос-тават под шифра »900 долари«.

Поволно! Ефтино! Распродажба на принципи. Побрзајте уште денес. За ученици, студен-

ти и војници попуст! Една општествена активистка, поради пре-

зафатеност, бара една домашна помошничка и една готвачка кои ќе го водат нејзиното домаќинство. Стан обезбеден. Плата добра. Заинтересираните да се јават секој понедел-ник, четврток и петок од 16.05 до 16.20 часот на телефон: 6548297

Се откажувам од мојата Федерација и ба-рам да ме напушти во рок од 3 (три месеци. Воедно ја исклучувам од наследството, а дол-говите направени на мое име не ги призна-вам. Една Република.

Ја информирам работничката класа дека, единствено поради нејзино добро, а со цел да се намали незапосленоста, имам потреба од 48 квалификувани работника од 25-40 години.

Самоуправување загарантирано! Понуди под: „Бивш индустријалец".

Page 34: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40
Page 35: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40

Десет заповеди на младиот терорист Не знам Не гледам Нема да кажам Не покажувам Немам

Не сум видел Не слушам Не давам Не објаснувам Не убивам

Page 36: ФОКУС бр. 39-40 / FOCUS No. 39-40