28
План за час по англиски јазик Одделение прво одделение Наставна тема Тема бр.4- Colours (Бои) Наставна единица 1. Презентирање на текстот “The three little butterflies” Датум 22.02.2012 Цели на часот Ученикот да може: да ги препознава и именува боите да усвои нови зборови поврзани со приказната за трите пеперутки Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Со употреба ан флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на боите кои беа претходно поучувани. Потоа, наставникот покажува некоја боја, а учениците ја именуваат истата. Наставникот пушта краток видеозапис со боите за учениците да го погледнат и да ги препознаат веќе познатите бои. (http://www.youtube.com/watch? v=I4mzoN9Gw8I&feature=relmfu ) Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува клучните зборови од приказната со употреба на флеш карти. Потоа, ја раскажува приказната за трите пеперутки. Учениците ја играат т.н игра “движења” при што наставникот кажува зборче, а тие правејќи соодветни движења го објаснуваат зборчето. На пр. “butterfly” (пеперутка)- учениците мавтаат со рацете како да летаат. Наставникот дистрибуира наставно ливче- боенка со слика од пеперутка, а учениците одбираат боја и ја обојуваат сликата. Завршен дел (10мин) Наставникот ги дели учениците во две групи. Еден ученик од групата А кажува една боја. Оној ученик кој прв ќе покаже кон соодветната боја освојува поен за неговата група. Потоа, ученик од групата Б кажува една боја. Наставни прирачник за наставници, флеш карти, табла, креда, Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

тема бр 4- Бои (I odd)

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: тема бр 4- Бои (I odd)

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 1. Презентирање на текстот “The three little butterflies”Датум 22.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги препознава и именува боите да усвои нови зборови поврзани со приказната за трите пеперутки

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Со употреба ан флеш карти, наставникот ги потсетува учениците на боите

кои беа претходно поучувани. Потоа, наставникот покажува некоја боја, а учениците ја именуваат истата. Наставникот пушта краток видеозапис со боите за учениците да го погледнат и да ги препознаат веќе познатите бои. (http://www.youtube.com/watch?v=I4mzoN9Gw8I&feature=relmfu )

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува клучните зборови од приказната со употреба на флеш карти. Потоа, ја раскажува приказната за трите пеперутки.Учениците ја играат т.н игра “движења” при што наставникот кажува зборче, а тие правејќи соодветни движења го објаснуваат зборчето. На пр. “butterfly” (пеперутка)- учениците мавтаат со рацете како да летаат.Наставникот дистрибуира наставно ливче- боенка со слика од пеперутка, а учениците одбираат боја и ја обојуваат сликата.

Завршен дел (10мин) Наставникот ги дели учениците во две групи. Еден ученик од групата А кажува една боја. Оној ученик кој прв ќе покаже кон соодветната боја освојува поен за неговата група. Потоа, ученик од групата Б кажува една боја.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти, табла, креда, наставно ливче-боенка, боички, компјутер, проектор, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, метод на работа со текст, целосен физички одговор ( TPR), аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со ликовно образование (обојување)-со запознавање на околината (пеперутки и лалиња)

Додатна активност Учениците ја пеат песничката “Little rabbit” правејќи соодветни движења.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборови, учество во игра, слушање со разбирање на краток исказ), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат бои и усвоија нови зборчиња. Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 2: тема бр 4- Бои (I odd)

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на познатите бои и усвоија нови зборови кои се среќаваат во приказната. Неколку ученици делуваа несигурно при именувањето на боите. Сите учествуваа во предвидените активности за овој час и не беа забележани некои потешкотии во текот на часот. Најинтересна активност на учениците им беше играта и препознавањето на боите од видеозаписот. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам боенка од образовниот софтвер G’compris.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 3: тема бр 4- Бои (I odd)

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 2. Поучување на боите и потсетување на веќе познатите боиДатум 27.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги препознава и именува боите кои се веќе познати да усвои нови зборови - бои

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите бои (red, yellow,

blue, green, black, brown) и ги поучува останатите бои (orange, pink, white, purple). Учениците ги повторуваат боите повеќе пати.

Главен дел (20 мин) Наставникот покажува флеш карти со боите, а учениците ги повторуваат зборовите. Потоа, наставникот кажува една боја, а учениците брзаат да пронајдат предмет во училницата обоен во таа боја. Еден од учениците извлекува картичка со една боја. Учениците кои ја имаат таа боја на нивната облека треба да седнат на столчињата, а ученикот кој извлекува картичка треба да фати еден од учениците кои ја немаат таа боја на нивната облека. Ученикот кој ќе биде фатен е следниот кој извлекува картичка со друга боја.

Завршен дел (10мин) Учениците цртаат еден предмет по нивен избор и го обојуваат во омилената боја. Потоа ги именуваат боите од нивните цртежи.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти, табла, креда, хартија, боички, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на комуникација, целосен физички одговор ( TPR), аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со ликовно образование (обојување)

Додатна активност Учениците играат игра со бројалката “Ten little butterflies”.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборови, учество во игра, слушање со разбирање на краток исказ), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат бои. Рефлексија на часот Учениците се потсетија на веќе познатите бои и усвоија неколку нови

бои. Кај мал дел од учениците беше забележано дека има потреба од почесто потсетување на овие зборчиња бидејќи брзо ги забораваат. Сите ученици учествуваа во предвидените активности. Најинтересна активност им беше играта со боите на нивната облека. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам боенка(обојување по слушнат исказ).

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 4: тема бр 4- Бои (I odd)

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 3. Вежби- бои и броевиДатум 29.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на веќе познатите бои и броеви да се потсети на приказната за трите пеперутки

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на веќе

познатите бои. Наставникот ги кажува боите на македонски јазик, а учениците ги кажуваат соодветните зборчиња на англиски јазик. Наставникот им помага на учениците доколку има потреба од тоа.

Главен дел (20 мин) Наставникот ја прераскажува приказната за трите пеперутки, а учениците учествуваат во раскажувањето со правење на соодветни движења и со повторување на познатите зборови.Потоа, учениците гледаат видеозапис со приказна за трите пеперутки http://www.youtube.com/watch?v=hQzwATPQW9g . Наставникот ги прашува учениците дали ја препознаваат приказната и кои зборчиња ги слушнаа во приказната.Учениците се потсетуваат на броевите до десет преку играње со бројалката “Ten little butterflies”.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира работно ливче-боенка на кое се претставени трите пеперутки и трите лалиња од приказната. Учениците ги обојуваат пеперутките и лалињата во соодветните бои –црвена, жолта и сина.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти, табла, креда, хартија, боички, работно ливче-боенка, компјутер, проектор, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, целосен физички одговор ( TPR), аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со ликовно образование (обојување)

Додатна активност Поделени во групи, учениците ја играат играта “пронајди го предметот” притоа давајќи инструкции со зборчињата “hot” и “cold”.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборови, учество во броенки,), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат бои и бројат до десет. Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 5: тема бр 4- Бои (I odd)

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги именуваа познатите бои и се потсетија на броевите до десет преку бројалката. Не беа забележани некои посебни потешкотии во текот на часот. На мал дел од учениците им беше потребна мала помош при изговорот на неколку бои. Најинтересна активност им беше бројалката и краткиот видеозапис со приказната, а кога би го одржала истиот час повторно би можела да го пуштам и видеозаписот за приказна за три пеперутки која е слична на онаа која им е веќе позната на учениците.(http://www.youtube.com/watch?v=ftOr-zZ0GjM).

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 6: тема бр 4- Бои (I odd)

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 4. Презентирање на приказната за трите пеперутки со хартиен театарДатум 05.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба боите и клучните зборови од оваа тема да се придружи во раскажувањето на приказната за трите

пеперутки

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги дели учениците во групи и им поделува копии од слики на

пеперутки и лалиња. Учениците ги обојуваат сликите и ги прикачуваат на сламки. Додека тие ги обојуваат сликите, наставникот се движи низ училницата и ги прашува учениците за сликите (Што е тоа? Каква боја е? и сл.)

Главен дел (25 мин) Наставникот им доделува улоги на учениците и тие му помагаат во ракажувањето на приказната притоа употребувајќи ги нивните изработки (прикачените слики од лалиња и пеперутки на сламките).Наставникот ги потсетува учениците на боите со тоа што тој кажува една боја, а учениците ги креваат сликите кои се обоени во бојата која ја слушнале. Потоа, наставникот ја поучува песничката за боите се додека учениците не почнат да пеат делови од неа.

Завршен дел (5мин) Учениците ја играат играта наречена Chinese whispers (расипан телефон). Учениците се наредени во еден ред. Првиот ученик извлекува картичка со познат поим и го шепнува зборот на ученикот до него, вториот ученик го шепнува слушнатиот збор на следниот ученик итн. Последниот ученик гласно го кажува зборот кој го слушнал.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти, табла, креда, работно ливче-боенка, лепило, хартиен театар, ножици, сламки и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, целосен физички одговор ( TPR), метод на драматизација, метод на песна, аудио-визуелен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со запознавање на околината -со ликовно образование (обојување)

Додатна активност Игра “музички столчиња”.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборови, учество во драматизација на приказната, пеење песничка), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат бои и поими кои се среќаваат во оваа тема преку Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 7: тема бр 4- Бои (I odd)

учество во раскажувањето на приказната.

Рефлексија на часот Учениците ги именуваа боите кои им се веќе познати и поимите кои беа претходно поучувани во склоп на оваа тема. Тие учествуваа во раскажувањето на приказната најдобро што можат иако им беше потребна поголема помош и делуваа несигурно. Најинтересна активност им беше играта расипан телефон, а кога повторно би го одржала истиот час би можела малку повеќе внимание да посветам на изговорот на некои зборчиња кај дел од учениците.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 8: тема бр 4- Бои (I odd)

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 5. Изработка на картички за 8ми МартДатум 07.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на зборовите со кои се именуваат членовите во семејството

да се потсети на веќе познатите бои

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Со употреба на хартиени напрстоци, наставникот ги потсетува учениците

на веќе познатите зборови со кои се именуваат членови во семејството. Потоа, наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите бои.

Главен дел (30 мин) Наставникот ги прашува учениците дали знаат кој празник доаѓа и зошто го славиме тој ден (8ми Март- денот на жената). Наставникот ги прашува учениците дали им подаруваат нешто на нивните мајки, баби, тетки за овој празник и што најчесто им подаруваат. Тој ги прашува учениците дали би сакале да изработат картички со кои би им го честитале празникот на нивните мајки.Наставникот дистрибуира копии од цветови кои учениците треба да ги отсечат со ножици и да ги залепат на однапред приготвени стебла од хартија за да добијат букетчиња од хартија во боја. Додека тие работат, наставникот се движи низ училницата прашувајќи ги за боите на цветчињата кои ги изработуваат и за нивните стебла.

Завршен дел (5мин) Учениците ја играат играта “I can see something (red)” при што наставникот кажува боја, а тие треба да го погодат предметот обоен во таа боја. Оној ученик кој прв ќе го погоди предметот е следниот кој кажува боја.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти, хартиени напрстоци, табла, креда, копии од цветови во боја, хартија во боја, лепило, ножици, и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на комуникација, аудио-визуелен метод, метод на практична работа, метод на игра, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со запознавање на околината -со ликовно образование (изработка на хартиени букетчиња)

Додатна активност Учениците ги презентираат нивните изработки пред останатите во одделението именувајќи ги боите кои ги употребиле на нивните букетчиња.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборови, учество во игра), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот,

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 9: тема бр 4- Бои (I odd)

оценување и вреднување на работата на учениците

усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат бои и членови во семејството.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги именуваа познатите бои и се потсетија на зборовите со кои се именуваа членови во семејството. Мал дел од учениците ги имаа заборавено членовите во семејството, но откако се потсетија и тие ги именуваа истите. Со големо задоволство учествуваа во изработката на букетите за нивните мајки изработени од хартија во боја а оваа им беше и најинтересна активност. Кога би го одржала истиот час повторно не би менувала ништо бидејќи целите беа постигнати, а часот беше интересен за учениците.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 10: тема бр 4- Бои (I odd)

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 6. Изведба на текстот “The three little butterflies”Датум 12.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се придружи во изведбата на приказната најдобро што може да се потсети на познатите поими од оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот пушта краток видеозапис со приказна за три пеперутки

http://www.youtube.com/watch?v=ftOr-zZ0GjM&feature=related за да ги потсети учениците на веќе познатата приказна и да ги увидат разликите помеѓу нивната приказна и оваа од видеозаписот.Наставникот со помош од учениците ја дели приказната на неколку сцени. Потоа, заедно со учениците ги распределуваат улогите кои ќе ги играат самите ученици.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги дели учениците во две групи и секој ученик добива улога на некој од карактерите во приказната. Учениците се обидуваат да ја драматизираат приказната со помош од наставникот.Потоа, поделени во две групи, учениците ја играат играта наречена “Chinese whispers”. Наставникот ги потсетува учениците на песничката “Сolours of the rainbow” и сите заедно ја изведуваат истата правејќи соодветни движења.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче на кое е дадена слика од виножито и кое учениците треба да го обојат соодветно на боите на воножитото кои се споменуваат во песничката “Сolours of the rainbow”.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти, табла, креда, работно ливче-боенка, боички, компјутер, Интернет, проектор, екран и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на игра, целосен физички одговор ( TPR), метод на драматизација, метод на песна, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со запознавање на околината -со ликовно образование (обојување)-со музичко образование (песничка)

Додатна активност Игра “duck, duck, …goose”.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на зборови, учество во драматизација на приказната, пеење песничка, обојување на дадена слика по слушнат исказ), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат бои и поими кои се среќаваат во оваа тема преку учество во раскажувањето на приказната.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 11: тема бр 4- Бои (I odd)

Рефлексија на часот Учениците ги именуваа боите кои им се веќе познати и поимите кои беа претходно поучувани во склоп на оваа тема. Тие учествуваа во раскажувањето на приказната најдобро што можат, но им беше потребна поголема помош и делуваа несигурно. Најинтересна активност им беше играта расипан телефон, а кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам образовен софтвер G’compris каде учениците со алатки за цртање би цртале пеперутки и лалиња.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 12: тема бр 4- Бои (I odd)

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 7. Правење на магични балончиња од сапуницаДатум 14.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови и да го увежба нивниот изговор да се потсети на познатите бои преку истражување на меурчиња од

сапуница

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот со користење на електронска сликовница ја раскажува

приказната за трите пеперутки http://www.storyjumper.com/book/index/4734792/dolphin_alf . Учениците внимателно ја слушаат приказната и ги повторуваат познатите зборови и фрази.

Главен дел (20 мин) Наставникот поучува неколку нови поими, а учениците ги повторуваат зборовите повеќе пати со цел да го увежбаат нивниот изговор.Учениците ја играат играта наречена “оглеgало” при што тие се поделени во парови од кои едниот ученик има улога на “огледало”, а другиот на “актер”. Оној ученик кој има улога на “огледало” треба да ги копира движењата на неговиот партнер, односно на “актерот”.Наставникот ги дели учениците во групи и со користење на сапуница рој прави меурчиња. Учениците ги именуваат боите кои ги гледаат на меурчињата од сапуница. Потоа, тие се натпреваруваат кој ќе направи најмногу меурчиња, кој ќе направи најголемо и најмало меурче и сл.

Завршен дел (10мин) Наставникот ги дели учениците на пет групи и секоја група добива една боја која се спомнува во песничката “Сolours of the rainbow”. Наставникот ја пее песничката, а учениците штом ја слушнат нивната боја ги креваат нивните раце или стануваат и пак седнуваат на своите столчиња.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти, табла, креда, боички, сапуница за правење меурчиња, компјутер, Интернет, проектор, екран и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на игра, целосен физички одговор ( TPR), метод на работа со текст, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со запознавање на околината -со музичко образование (песничка)

Додатна активност Учениците ја играат играта наречена “погоди го зборот”. При оваа активност тие користат флеш карти со познати поими. Еден ученик извлекува картичка и со мимики се обидува да го објасни поимот од сликата, а останатите од одделението треба да го погодат и да го изговорат соодветното зборче.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање и препознавање на познати зборови, пеење песничка,), чек-листа, усни

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 13: тема бр 4- Бои (I odd)

оценување и вреднување на работата на учениците

одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат поими кои се среќаваат во оваа тема и ги препознаваат и именуваат познатите бои.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците усвоија неколку нови зборчиња и се потсетија на боите кои им се веќе познати. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност за учениците беше правењето на меурчиња од сапуница и раскажувањето на приказната со електронска сликовница. Кога би го одржала истиот час повторно, не би менувала ништо бидејќи часот беше интересен за учениците и целите на часот беа постигнати.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 14: тема бр 4- Бои (I odd)

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 8. Изработка на пеперутки и лалиња Датум 19.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба клучните зборови оваа тема и веќе познатите бои да ги развие своите моторни вештини (изработка на пеперутки и

лалиња) и да ги следи дадените инструкции

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја раскажува приказната за трите пеперутки и лалињата, а

учениците внимателно го следат. Потоа, учениците добиваат улоги на ликовите од приказната и ја драматизираат истата со помош од наставникот.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да се обидат да изработат пеперутки и лалиња од пластелин. Учениците ги изработуваат пеперутките дел по дел и во боите во кои беа претставени во приказната. Наставникот им помага при оваа активност, и додека тие ги изработуваат пеперутките и лалињата тој ги прашува за боите. Доколку учениците немаат пластелин, тие изработуваат пеперутки и лалиња од хартија.Доколку има потреба, наставникот им помага на учениците при изработката на пеперутки и лалиња и при именување на боите.

Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта “Find the ball!“ поделени во две групи. Наставникот сокрива топка некаде во училницата и по еден претставник од секоја група треба да го пронајде предметот. Групата му дава инструкции кажувајќи “hot/cold”.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти, табла, креда, боички, пластелин или хартија и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на драматизација, метод на практична работа, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со запознавање на околината -со ликовно образование (изработка на пеперутки и лалиња)

Додатна активност Учениците ја играат играта наречена “тунел”. При оваа активност тие се поделени во две групи и секој ученик има партнер од спротивната група. Тие се редат во два реда и свртени еден кон друг ги спојуваат рацете правејќи тунел. Секој пар добива еден збор, а кога парот ќе го слушне нивниот збор трчаат да поминат низ тунелот и да стигнат назад на нивните места. Оној кој прв ќе стигне на своето место освојува поен за неговата група.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање и препознавање на познати зборови, учество во драматизација на текст), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците изработуваат пеперутки и лалиња, именуваат поими кои се среќаваат во оваа тема и ги препознаваат и именуваат познатите бои.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 15: тема бр 4- Бои (I odd)

Рефлексија на часот Учениците именуваат познати зборови кои се среќаваат во оваа тема и ги именуваат познатите бои. Дел од учениците немаа пластелин за изработка на лалиња и пеперутки и ги изработуваа лалињата од хартија. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час. Најинтересна активност на учениците им беше изработката на пеперутки и лалиња и играта. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам образовен софтвер G’compris – алатка за цртање.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 16: тема бр 4- Бои (I odd)

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 9. Експеримент “Отварање на цветот “ Датум 21.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на боите и на клучните зборови од оваа тема да набљудува експеримент со отварање на хартиен цвет и да го

искаже тоа што го воочил да ги именува деловите од цветот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја раскажува приказната за трите пеперутки и лалињата, а

учениците му се придружуваат во раскажувањето на приказната. Со употреба на слики или флеш карти наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите поими (butterfly, tulip, sky, cloud, sun, rain, rainbow, ...) од оваа тема и на боите.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да се соберат околу еден сад во кој има ставено вода. Наставникот става во водата преклопена хартија која кога ќе се отвори се преобразува во цвет, а внатре има на цветот пеперутка. Наставникот бара од учениците да внимаваат што ќе се случи , а потоа ги прашува за бојата на цветот и за бојата на пеперутката. Наставникот ги поучува деловите од цветот, а учениците ги повторуваат зборчињата повеќе пати. Потоа, наставникот ги потсетува на песничката за боите на виножитото (Colours of the rainbow). Учениците му се придружуваат на наставникот во изведбата на песничката правејќи соодветни движења.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира работно ливче на кое има дадено слика на цвет. Учениците го обојуваат цветот, а наставникот се движи низ училницата додека тие работат и ги прашува учениците за деловите на цветот и за боите кои ги користат при обојување на сликата. Учениците ги спојуваат цветовите кои ги обоија според нивната боја.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти или слики, табла, креда, боички, работно ливче, цвет од хартија, сад со вода и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, метод на набљудување, метод на обојување на слика, аудио-визуелен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со запознавање на околината -со ликовно образование (обојување на дадена слика)-со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Учениците ја играат играта “gопри ја бојата” при што наставникот кажува боја, а учениците брзаат да пронајдат предмет во училницата обоен во таа боја.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање и препознавање на познати зборови, учество во раскажување на текстот и во

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 17: тема бр 4- Бои (I odd)

оценување и вреднување на работата на учениците

изведба на песничката, спојување на цветови со иста боја ), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците набљудуваат отварање на хартиен цвет, именуваат бои и познати поими од оваа тема.

Рефлексија на часот

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 18: тема бр 4- Бои (I odd)

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 10. Мешање на бои –експеримент “магични очила“Датум 20.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги воочи и да ги именува боите кои се веќе познати да се потсети на клучните зборови од оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја раскажува приказната за трите пеперутки и лалињата, а

учениците земаат активно учество при оваа активност преку повторување на познатите зборови и кратките фрази кои се среќаваат во приказната (butterfly, tulip, sky, sun, rain, rainbow, ...).

Главен дел (20 мин) Наставникот ја пее песничката за боите на виножитото (Colours of the rainbow) за учениците да се потсетат на истата. Потоа, заедно ја пеат песничката. Наставникот црта виножито, облаци, сонце, дожд, ... на таблата и кажува зборови со кои се именуваат овие поими, а учениците треба да ги препознаат оимите и да покажат кон соодветниот цртеж на таблата. Со употреба на шишиња или целофан во боја наставникот го изведува експериментот “магични очила“. Тој бара од учениците да погледнат низ шишето или целофанот во боја и да кажат во која боја се обоени предметите кои ги гледаат.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара учениците да разгледаат неколку сликовници и да пронајдат предмети обоени во нивната омилена боја.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти или слики, табла, креда, боички, шишиња или целофан во боја, сликовници и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, метод на набљудување, метод на песна, аудио-визуелен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со запознавање на околината -со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Учениците изработуваат колаж од предмети обоени во нивната омилена боја.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање и препознавање на познати зборови, учество во раскажување на текстот и во изведба на песничката ), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат што воочиле и именуваат познати поими и бои.

Рефлексија на часот Учениците именуваат познати поими и бои иако делуваат несигурно понекогаш. Тие учествуваа во изведбата на песничката за боите на

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 19: тема бр 4- Бои (I odd)

виножитото и можеа да ги именуваат боите кои ги гледаа преку шишињата. Сите ученици учествуваа во активностите од овој час, а најинтересна активност им беше гледањето на предметите преку шишиња во боја. Кога би го повторила истиот час повеќе внимание би посветила на увежбувањето на боите преку игра.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 20: тема бр 4- Бои (I odd)

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.4- Colours (Бои)Наставна единица 11. Изработка на брошура за текстот “The three little butterflies”Датум 20.03.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на приказната за трите пеперутки да се потсети на клучните зборови од оваа тема и на боите

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја пушта приказната за трите пеперутки

http://www.youtube.com/watch?v=hQzwATPQW9g за учениците да ја погледнат и да се потсетат на истата. Во кратки црти наставникот ги потсетува учениците на клучните зборови од оваа тема.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да се наредат во круг и да ја играат бројалката “Ten little butterflies”. Учениците ги следат дадените инструкции од наставникот.Наставникот им објаснува на учениците дека треба да направат брошура за приказната “The three little butterflies”и ги потсетува на клучните сцени во приказната. Потоа, одредува кој ученик што ќе црта од приказната. Учениците цртаат сцени или карактери од приказната, а потоа ги спојуваат и прават брошура од нив.

Завршен дел (10мин) Учениците ја играат играта “музички столчиња” при што наставникот ја пее песничката “Colours of the rainbow”.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, флеш карти или слики, табла, креда, боички, хартија, лепило, компјутер, Интернет, проектор и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, метод на илустрација, метод на песна, аудио-визуелен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

-со македонски јазик (значењето на зборовите)-со запознавање на околината -со музичко образование (пеење песничка)-со ликовно образование (цртање и обојување)

Додатна активност Еден ученик излегува на таблата и црта еден познат поим, а останатите од одделението треба да го препознаат и да го именуваат поимот. Оној кој прв ќе го погоди поимот е следниот кој црта на таблата.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање и препознавање на познати зборови, следење на дадени инструкции од наставникот, соработка со соучениците), чек-листа, усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците илустрираат сцени од приказната и именуваат познати поими.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 21: тема бр 4- Бои (I odd)

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го погледнаа видеозаписот за трите пеперутки и ги именуваа познатите поими. Дел од учениците имаа потреба од мала помош при именувањето на боите и поимите од оваа тема. Учениците ги илустрираа сцените од приказната следејќи ги инструкциите од наставникот и соработуваа меѓусебно при составувањето на брошурата. Најинтересна активност на учениците им беше играта “музички столчиња”, а кога би го повторила истиот час не би менувала ништо бидејќи мислам дека часот беше интересен за учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово