44

Инфо Гимназијалец бр. 4

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Списание СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци

Citation preview

Page 1: Инфо Гимназијалец бр. 4
Page 2: Инфо Гимназијалец бр. 4

ИЗДАВА СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Ул. .Мито Хаџи Василев Јасмин 68 Кавадарци 1430 Македонија Тел: 043-410-911 Фаkc: 043-410-533 [email protected] http://www.dobridaskalov.edu.mk ГЛАВНИ УРЕДНИЦИ Савка Карова Елена Димовска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И ФОТОГРАФИЈА Верица Лазова Дунавка Дубравац МЕНТОРИ Проф. Катица Манева Проф. Кочо Кочов РЕДАКЦИЈА Невенка Ридова Верица Ристовска Тијана Дукова Евгенија Галева Љубица Костова Менче Гурева Наталија Ѓерѓева Ристе Спасов Aнгел Спанџов Марија Михајлова

СОДРЖИНА

- 65 години СОУ Гимназија ,, Добри Даскалов ’’ Кавадарци .

- Интервју со директорката - Меморандум за мултилатерална.соработка - Младите активни во локалната.заедница - Проект ,, Еко – училиште ’’ - Семејство – важен фактор за воспитувањето

на младата личност - Техники за успешно учење - Како да се напише есеј? - Литературен конкурс ,, Ацо Караманов’’ - Достигнувања на државни натпревари - Тимската работа е горивото кое овозможува

обичните луѓе да постигнат необични резлутати

- Девет меѓународни први места на ликовни конкурси

- Техно ѕвезда - Moodle – систем за електронско учење - Дали ви е предизвик студирањето во странство - Festival des neuen Deutschen Films in Kavadarci - Vous voulez evaluer votre niveau de francais? - Coin Francais - Music connecting people - Часови по италијански во нашето училиште - Нашето патешествие во Италија - Денови на Тиквешки Гроздобер - Што му недостига на ноќниот живот во

Кавадарци - Web 2.0 – Кога реципиентот станува

медиум - Филм предлози - Книги што ја одбележаа 2010 - Од каде дошле суеверијатa - Убијци на помнењето - Препушти и се на љубовта - Мотивациска приказна - Вицотека - Патувачки хороскоп

Page 3: Инфо Гимназијалец бр. 4

65 години СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ -

Кавадарци

• Во текот на својот развиток, човекот отсекогаш се

стремел да се спознае себеси и светот околу себе, да се здобие со средства и можности што ќе му го олеснат животот и работата. Секој човек длабоко во себе ја носи желбата да чекори по патиштата на прогресот, да се здобива со нови знаења. И во нашиот град луѓето одамна имале желба и потреба за стекнување на образование и не само основно туку и повисоко, средно образование.

• Првите никулци на гимназиско образование во Кавадарци датираат од 1897г. кога е отворена нижа гимназија со два класа ( први и втори ). Но првите часови на македонски јазик се одржани на 6 февруари 1945г. во старата зграда (денес ООУ „Страшо Пинџур“), под името Јосип Броз Тито. Во тој период работи како полна Народна гимназија со застапеност од I до VIII клас.

• Во 1956 година, во рамките на Гимназијата се отвора Економско училиште, а веќе во учебната 1956/57 година во прва година се запишуваат само економски паралелки.

• Во учебната 1991/92 година со повторното воведување на гимназиското образование е дозволено културолошката и математичко-информатичката струка да се преструктуираат во гимназиски насоки, а Училиштето за средно образование си го враќа името Гимназија. Се упишуваат по 6 паралелки: 2 општа гимназија, 2 природноматематичка гимназија и 2 правна струка.

• Од основањето, во 1945 година па се до 1994 година, Гимназијата го носи името „ Јосип Броз Тито“. Во 1994 година, по предлог на Републичката комисија при Министерството за образование и физичка култура е одлучено Гимназијата да го носи името на познатиот војвода од Тиквешијата од илинденскиот период - Добри Даскалов.

„Нашата борба е борба на целиот наш народ. Таа ја расчистува темнината и носи светол сончев ден - слободата...“

РАЗВОЈ ИДНИНА ПРОСПЕРИТЕТ

Добри Захарие Даскалов е македонски револуционер и војвода, еден од најмаркантните личности во Тиквешкиот крај. Роден е во Кавадарци на 13 ноември 1882г. Завршил основно образование во Кавадарци, Егзархиска гимназија во Солун, Американско научно-богословско заведение во Самоков - Бугарија. Учесник е во грабнувањето на американската мисионерка Мис Стон. Борец во четата на Јане Сандански, делегат на Солунскиот конгрес а учесник на Прилепскиот и Рилскиот конгрес. Земал учество во Илинденското востание. Убиен е на подмолен начин на 20 јуни 1912г. Добри Даскалов паднал како жртва на врховистичкиот терор, отворено осудувајќи го врховизмот и борејќи се за македонската кауза.

Page 4: Инфо Гимназијалец бр. 4

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ГИМНАЗИЈАТА

Г-ЃА НЕВЕНКА ПОП-АНГЕЛОВА

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ постои и опстојува 65 години. Во овој период училиштето претрпело разни образовни трансформации, но сепак е реализирана крајната цел, а тоа е врвно и квалитетно образование за многу генерации ученици кои учеле, учат и ќе учат во нашето училиште. По тој повод закажавме инервју со директорката на Гимназијата г-ѓа Невенка Поп- Ангелова, за да ја запрашаме за некои нејзини ставови и размислувања кои би биле интересни за читателите на списанието Инфо-Гимназијалец.

Гимназијалец: Кои се обврските и одговорностите кои ги носи функцијата директор?

- Обврските и одговорностите се големи. Многуте реформи, иновации бараат нова организациска поставеност на училиштето и постојано развивање на систем за подршка и развој на образованието. Директорот во овие новонастанати услови освен што е педагошки раководител и повеќе или помалку администратор има голема општествена одговорност како водач кој ги креира, промовира и реализира промените во училиштето. Сепак, да се координира, да се комуницира, мотивира со шеесет вработени, 950 ученици и нивните родители е навистина одговорна работа. Предизвик е и да се снајдеш во непознати проблеми, ситуации, да донесеш и спроведеш одлуки. Треба да се имаат во предвид желбите и потребите но само во функција на постигнување подобар квалитет и да се води сметка сето тоа да биде во рамките на законите и прописите.

Гимназијалец: Што мислите за Гимназијата некогаш и денес?

-Во својата долга историја на Гимназијата, поминале многу ученици, многу професори и раководители, но сепак таа отсекогаш била и е расадник на знаење и богат духовен живот кој пулсира не само меѓу ѕидовите, туку и многу далеку, надвор од училишниот простор. Сите овие години Гимназијата ја извршува својата мисија во служба на негување на знаење и основни вредности на кои треба да почива секоја заедница.

Гимназијалец: Средношколските денови исто така ги поминавте во ова училиште. Што е изменето оттогаш, а што останало исто?

-Најубавото време се навистина, средношколските денови... Со голема радост се сеќавам на безусловното другарување, на професорите, учењето на вистинските вредности, на деновите поминати со генерацијата на екскурзија. Овде ги научив животните лекции, овде созревав, донесов одлука за мојата идна професија. Мислам дека училиштево е сè уште место за доживување на најубавиот период од животот на секој поединец, и се надевам дека овие вредности ништо не може да ги измени, затоа што се вечни.

Гимназијалец: Што како ученик, најмногу ви се допаѓаше во училиштето, а што сакавте да измените?

-Во периодот на моите средношколски денови немаше ништо што ми пречеше. Го сакав начинот на живот, начинот на работа на училиштето... Не постои ниту една работа што сакав да ја променам, туку можеби само нешто да дополнам и да проширам. Ми се допаѓаше моето училиште, право да ви кажам не се сеќавам на нешто што јас или моите соученици сме сакале да го промениме.

Гимназијалец: Годинава училиштето одбележува 65 годишен јубилеј. Дали планирате посебно одбележување по овој повод?

-Оваа година, во план е целата година да биде во знак на овој јубилеј. Се планираат многу активности, освен традиционалната прослава која ќе се одржи на дванаесетти и тринаесетти ноември, како на пример претставата „Техно Ѕвезда“ чија премиера е закажана за тринаесетти ноември, Вечерта на странски јазици, организирањето на класни првенства во фудбал и кошарка како помеѓу учениците, така и меѓу професорите и родителите, шаховското

Page 5: Инфо Гимназијалец бр. 4

првенство... Исто така, планирано е издавање на второ издание монографија по повод овој јубилеј , отворањето на ликовната изложба итн. Во целост, годинава ќе биде богата со најразновидни содржини и активности. Отворени сме и за иницијативи од страна на учениците, се разбира оние кои се во рамки на реалните можности на училиштето.

Гимназијалец: Во моментов во тек е реновирање на административниот дел од училиштето. Дали повод за тоа е јубилејниот патронен празник на училиштето или нешто друго?

-Училиштето работи по однапред утврдена годишна програма во која се зацртани приоритетите. Планирани се и други подобрувања на училишниот простор, доградба на училници, доградба на покриен дел и простор за храна во дворот на учениците, адаптирање на подрумските простории за ученички активности, изградба на покриен базен.... Но сепак, ограниченоста со финансиски средства не услови да се одлучиме за овој проект кој бараше најмалку средства. Би сакала да споменам и дека проектот е остварен со средства што ги добивме од Градоначалникот и од локалната самоуправа, за што сме им многу благодарни.

Гимназијалец: Дали вие како ученик учествувавте во програмите по повод патрониот празник?

- Учествував во манифестации за одбележување на некои поважни денови, учествував во оранизирање на хуманитарни акции, како и на државни натпревари по математика и физика.

Гимназијалец: Според вас, колку ова училиште има слух за желбите и потребите на учениците?

- Во училиштето негуваме отворена комуникација со учениците. Лично сметам дека училиштето е отворено за сите желби и потреби на учениците, се трудиме да се почитува личното достоинство на секој ученик, да ги вреднуваме сите предлози и иницијативи кои доаѓаат од страна на учениците и севкупниот наставен кадар се залага за оваа комуникација да се оствари успешно и правилно. Вратите за сите ученици се постојано отворени и од мене и од стручни соработници, класни раководители и сите предметни наставници.

Гимназијалец: Како го гледате училиштето во иднина, кои се вашите долгорочни планови?

-Денес кога знаењето е најважниот ресурс на современата цивилизација, Гимназијата цврсто чекори во нова мисија, потпирајќи се на традицијата и горда е на неа, но спремна е и да се менува и да даде свој допринос за понатамошниот напредок на нашиот град и нашата држава . На долгорочен план, се надевам и се залагам да се подобрат материјалните и техничките услови во училиштето. Од страна на кадровскиот потенцијал се прават напори постојано и целосно да вложува во професионалниот развој. Би сакала училиштето да биде водечко како во регионот, така и во Републиката од каде ќе излегуваат образовани, задоволни и насмеани млади луѓе спремни за натамошно образование и развој (доживотно учење). Исто така се залагам ова училиште секогаш да исфрла ученици со високи морални знаења, ученици оптимисти... Би сакала и да се зачува традицијата и училиштето да го зачува својот углед кој го има градено цели шеесет и пет години, кој нормално е заслуга на сите претходни раководители, сите професори што работеле и работат во училиштето и сите 65 генерации ученици кои поминале низ ова училиште.

Гимназијалец: Што би им порачале на учениците?

-Знаењето како клуч на напредокот на секоја заедница е важно, но без морално воспитување, без негување на работливоста, чесноста, знаењето ќе остане изолирано кај некои поединци. Сите генерации професори на оваа Гимназија ги учеле своите ученици дека светот може да го менуваат само оние кои се подготвени да тргнат со промените од самите себе. На сите ученици би им порачала и покрај тешкото време, време на транзиција, глобална криза, реформи, притисоци во кое живееме, да имаат секогаш позитивен пристап кон нештата и да знаат дека во светот сепак има доволно радост и потенцијал за да ги совладаат животните тешкотии, да не се откажуваат и да не застануваат. Самоуверено и храбро да се соочат со сите проблеми.

Page 6: Инфо Гимназијалец бр. 4

МУЛТИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА КУЛТУРНА И ОБРАЗОВНА РАЗМЕНА

Со цел за зацврстување и проширување на соработката со други училишта, нашето училиште беше иницијатор за потпишувањето на Меморандум за мултилатерална соработка, што се случи на 2 јуни 2010 година, во Сандански, Бугарија.

Заедно со директорката на нашето

училиште, Меморандумот го потпишаа и директорите на седум средни училишта од Македонија и на Гимназијата „Јане Сандански“- Сандански од Р. Бугарија. Потпишувањето на овој значаен документ треба да отвори многу нови полиња за соработка помеѓу училиштата и дa прошири многу хоризонти, коишто ќе бидат во интерес на наставата и наставниот процес.

Реализацијата на предвидената соработка започна со учеството на нашата гимназија на меѓународниот атлетски крос под мотото „Не на дрогата!“ кој по XV пат традиционално се одржа во Сандански – Бугарија.

Меморандум

Со градење на искуства, знаења и размена на идеи, преку заеднички проекти, експертизи, едукативни работилници, спортски манифестации и културно уметнички содржини, ќе придонесиме оваа комуникација да стане поконструктивна и попродуктивна.

Да ги надминиме сите бариери и да докажеме дека мудро се носиме со визијата на современиот свет, којашто се темели врз создавање мостови кои ќе помогнат за меѓусебно надградување и богатење.

Page 7: Инфо Гимназијалец бр. 4

ШТО Е MOODLE? Moodle (Modular Object-Oriented Dynamic Learning Environment – Модуларна објектно – ориентирана динамичка околина за учење) е беплатна софтверска платформа за учење со отворен код уште позната како Систем за менаџирање на учењето или Виртуелна околина за учење.

На почетокот од оваа учебна 2010/2011 година, точно на 1 септември, 11 наставници од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ започнаа да следат обука за користење на нов систем за е-учење. Обуката за е-учење-Moodle беше организирана во Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, додека предавањата ги водеше м-р Зоран Здравев.

Според потпишаниот Меморандум за билатерална соработка ова е само еден од низата проекти коишто ќе следуваат помеѓу УГД и нашето училиште. На стартот во овој проект ќе бидат вклучени помал број ученици, додека со текот на времето постепено ќе се вклучуваат и останатите наставници и ученици. Групата наставници кои посетуваа обука за овој систем на работниот состанок одржан на

08.10.2010г. (петок), се договорија за почеток да бидат вклучени учениците од I4, II2/4, II6,7 и учениците од IV-ПМА подрачје.

E-учење, всушност, претставува виртуелна електронска алатка за учење, која во одреден дел го заменува и потпомага стандардното учење. Овој систем овозможува креирање на курсеви по наставни предмети, поставување материјали за учење, распоред на активности, форуми, образовни содржини, многубројни алатки за комуникација и од 24/7 ќе има интеракција ученик-ученик и ученик-професор. Во напредната и современа апликација Moodle, корисничка сметка и пристап кон креираните предмети во блиска иднина ќе има секој ученик на гимназијата којшто ќе може да ја користи од било кое место, во било кое време, независно дали е на училиште или дома.

СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО УЧЕЊЕ

Page 8: Инфо Гимназијалец бр. 4

Проект „Еко - училиште“

Од месец август 2010 година нашето училиште активно се вклучи во проектот „Еко – училиште“ кој ќе биде со времетраење од три години. Целта на овој проект е заштита на животната средина и нејзина интеграција во воспитно - образовниот систем. Оваа програма ја спроведуваат Министерството за образование и наука, Здружението на граѓани ОХО и швајцарската агенција за развој. Преку оваа програма, за заштитата на животната средина, ќе се подигне свеста на учениците,

наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други лица кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница, а со тоа ќе се овозможи теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот. Проектот Еко-училиште е наменет за подобрување на изгледот на околината во која учиме и работиме, за развивање на еколошката свест, како и грижа и чување на околината од страна на учениците.

Процесот да се стане еко-училиште е сеопфатен, а функционира на начин во

кој се вклучуваат сите субјекти кои се поврзани со училиштето. Со него се охрабрува тимската работа како и заедничкото разбирање за тоа што е потребно за едно училиште и како да се подобри животната средина. Проектот во себе вклучува седум чекори и тоа:

Чекор 1. Формирање на еко-одбор; Чекор 2. Анализа на состојбата на животната средина; Чекор 3. Изработка на план на активности; Чекор 4. Следење и евалуација на напредокот; Чекор 5. Поврзување на заштитата на животната средина со редовнатa настава; Чекор 6. Информирање и вклучување на пошироката заедница; Чекор 7. Изработка на еко-кодекс.

Со реализација на овие чекори училиштето се стекнува со статус на еко-училиште.

Ние сме на самиот почеток на реализација на проектот, бидејќи нашето училиште го реализираше само првиот чекор – формирање на еко-одбор, како и одржување состаноци, информирање и изготвување на програма. Членови на еко-одборот се: директорот на училиштето Невенка Поп - Ангелова, претседател, проф. по биологија Богде Коцева,

Page 9: Инфо Гимназијалец бр. 4

координатор, проф. по филозофија Снежана Миховска, Душанка Иванова, психолог, Јасминка Иванова, педагог, проф. по хемија Магдалена Убавкова, проф. по географија Валентина Димитрова, проф. по физика Илија Ганчев и проф. по филозофија Елизабета Бошкова. Во проектот ќе бидат вклучени и родителите, медиумите, локалната заедница и учениците. Направен е избор на точки на акција од четирите еко-стандарди: заштеда на енергија, заштеда на вода, оддржување на училишната зграда и здрава средина во училиштето и уреден и еколошки училишен двор.

Понатаму, ќе следува интегрирано планирање на наставата за програмата еколошко образование. Ова ќе создаде стимулативна и креативна средина за учење, позитивна работна клима, активно учество на учениците, можност за изразување на индивидуалните способности, висок степен на интеракција, тимска работа на наставниците и сл.

Откако ќе ги имплементираме седумте основни чекори, дури отпосле ќе се пријавиме за трите нивоа награди. Бронзениот и сребрениот сертификат се првите две нивоа, додека зеленото знаме се освојува ако се постигне највисокото ниво.

Се надеваме дека овој проект успешно ќе се реализира во нашето училиште, а резултатите ќе бидат многубројни, како на пример чиста и здрава средина за работа, подобрување на соработката помеѓу учениците, наставниците, родителите, локалната заедница и другите субјекти, финансиски заштеди на училиштето, соработка со други училишта, препознатливост на училиштето и сл.

Изготвиле,

членовите на еко-одборот

Page 10: Инфо Гимназијалец бр. 4

ТЕХНИКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕ И УСПЕШНО УЧЕЊЕ

„Кој сака да учи – ќе најде начин, кој не сака – ќе најде оправдување“ Во процесот на учењето учениците повремено се соочуваат со потешкотии од

различен карактер. Многу често се жалат на проблеми поврзани со одржувањето и подобрувањето на вниманието. Вниманието е неопходен фактор за успешно учење. Го определуваме како психолошка состојба на насоченост и задлабоченост на мислите на одредена содржина.

Постојат повеќе техники кои ако се почитуваат можат да помогнат концентрацијата да

биде подобра, помнењето поефикасно, а учениците од резултатите во учењето позадоволни. Еве неколку:

Секогаш учи во иста просторија и на исто место – ова Ви овозможува подобра психолошка подготвеност за учење. Вашиот мозок е поподготвен за обработка на информации и ќе ви биде потребно помалку време за загревање, а учењето ќе биде поефикасно (исклучи го мобилниот, ТВ, радиото...). Создади попогодни услови за учење:

• добра осветленост (светлината да Ви доаѓа од лева страна, ако пишувате со десна рака и од десна страна, ако пишувате со лева рака);

• оптимална температура (19-22 степени целзиусови), ако Ви студи фиксирани сте за мислата „колку ми е ладно“ и потешко ги пренасочувате мислите; ако Ви е премногу топло постои опасност од појава на дремливост;

• учење (концентрацијата е попречена ако постојано се движите, барајќи одредени книги, прирачници, тетратки... );

• учете во седечка положба затоашто така постои напнатост на мускулите и се зголемува будноста и вниманието; лежењето доведува до релаксација на мускулатурата и создава млитавост при што лесно се јавува поспаност;

Page 11: Инфо Гимназијалец бр. 4

Работната маса треба да е уредна, без непотребни предмети кои лесно ќе Ви го привлечат вниманието. Не е пожелно да седите близу до прозорец, тоа може да доведе до колебање на вниманието со желба да гледате што се случува надвор, на улица; Не седнувајте да учите ако сте гладни или заморени; Правите паузи при учењето, но не предолги. Најдобро е паузата да трае 10-15 минути, доволно време да се одмори мозокот, но не е предолго, за мозокот „да се олади“ , па нема да имате потреба од повторно загревање; Најпрво учете полесен материјал (предмет), а потоа потeжок, па повторно полесно итн. Потешкиот материјал треба да го учите во време коешто најмногу му одговара на Вашиот биолошки ритам; Бидете активни при учењето – поставувајте си прашања, пронајдете ја главната мисла, барајте поврзаност со нешто што Ви е претходно учено. Размислувајте за примена во одредени ситуации. Разгледувајте ги графиконите, сликите, табелите и правете анализи; Пофалете се кога сте успеале да одржите концентрација подолго време отколку што сте очекувале. Наградете се! Проверете дали учењето со друг Ви помага да бидете поконцентрирани, а ако Ви помага, почесто учете заедно со другар или пријател; Кога забележувате дека мислите Ви шетаат, кажете си „СТОП“ , „Биди тука“! „Концентрирај се“! Некои ученици изјавуваат дека повеќе пати во минута им се случува мислите да им „одлетаат“. Мислата што си ја кажувате самите на себе треба да биде позитивна (на пр.Биди тука!), а не негативна. Ако Ве нападнат загрижувачки мисли, пресечете ги во старт, ставете ги настрана да почекаат, додека не дојде време за нивно разгледување и врати го вниманието на содржината за учење. Одредете си секој ден посебно време за размислување за се она што во текот на учењето му смета на вниманието; За успешното враќање на вниманието потребно е вежбање и трпение, но не се откажувајте, бидете упорни! Развивајте оптимизам!

Душанка Иванова, училиштен психолог

Page 12: Инфо Гимназијалец бр. 4

Семејството – важен фактор за воспитувањето на младата личност

Семејството е основен и незаменлив фактор за развојот на една личност. Тоа претставува прва, најприродна и најнепосредна биолошка и социјална средина во која личноста го започнува својот живот и развој. Во семејната средина се стекнуваат првите морални претстави, најосновните навики, емотивна стабилност. Под влијание на семејството се определува и формира првиот однос спрема општеството, традицијата, идеалите.

Вредноста на воспитната улога на семејната средина произлегува од заемната љубов на родителите и децата. Во семејството се формира свест за сопствената вредност. Се учат позитивните чувства љубовта, солидарноста, надминувањето на егоизмот, почитување на другите луѓе, нивните мислења и сл.

Во кругот на семејството се остваруваат првите контакти, првите искуства, првата комуникација, сигурноста кај детето, чувството за припадност и чувството на должност.

Овде започнува процесот на социјализација, се формираат најдобри услови за идентификација на младите со родителите, се прифаќаат семејните обичаи и културата на сопствениот народ, се стекнуваат навики за лична хигиена и културни навики.

Во семејството мора да постои љубов која ќе ги поврзува родителите, родителите и децата и ќе им дава богат и полн семеен живот.

Семејството е мост помеѓу индивидуата и општеството, односно семејството ја носи одговорноста и за индивидуалниот и за општествениот развој на личноста.

Значењето на семејството за развојот и воспитанието на децата е од огромно значење. За да може семејството да ја има примарната улога во воспитувањето на младата личност потребно е да се обезбеди здрава и чиста семејна средина, односите помеѓу членовите да бидат демократски и рамноправни, да има пријателско и соработничко комуницирање, да има позитивна емоционална атмосфера, да постои заемна љубов, да постои љубов и грижа на родителите за децата и за нивните проблеми, да има атмосфера на пријатност, со ведро и пријатно расположение, без напнати ситуации, почитување меѓу родителите и стремеж за подобар и поубав семеен живот.

Во семејството треба да се сакаат и почитуваат своите блиски, да се извршуваат обврските и задачите, да им се помага на членовите.

Page 13: Инфо Гимназијалец бр. 4

Текстот го подготви:

Јасминка Иванова, училиштен педагог

Семејното воспитување го сочинува збирот на оние влијанија, постапки и мерки кои тежнеат кај децата да се развие волја, добар карактер, пристојно однесување, позитивни емоции и сите други добри особини на човекот, кои покасно ќе го добијат своето право значење. Ваквите позитивни особини созреваат од онаа семејство каде нема грубост и лага, несигурност и недоверба, каде царува довербата, другарството, искреноста и љубовта. Личниот пример на родителите има доминантно влијание и големо значење за воспитувањето на децата во формирањето на нивната личност и карактер. Само добро воспитана личност може успешно да ги воспитува и другите личности. Затоа:

Да ги сакаме и почитуваме нашите родители. Да го сакаме и чуваме нашето семејство. Клучот за секој успех е семејството. Семејството е круна, а членовите на семејството се скапоцени

камења што ја красат круната. Ако еден камен се изгуби, друг не може да го замени, а сите заедно блескаат најубаво.

Page 14: Инфо Гимназијалец бр. 4

КАКО ДА СЕ НАПИШЕ ЕСЕЈ?

Без разработен концепт нема добар есеј.

• Есејот не треба да биде само преполн со инспирации и убави мисли, туку потребно е да биде и без правописни, јазични и др. граматички грешки.

1. чекор-истражувајте ја темата, одбирајте и селектирајте проблеми Без прашања (проблем) нема теза, а ако нема теза, нема ни есеј. (најтежок и најважен чекор)-концепт (со преглед)-тема, стил, впечаток 2. чекор-потсетете се на карактеристиките, белезите, особеностите

(специфики кои ги знаете)

За секоја идеја може да се зборува од позитивна страна, да се поддржи, но и да се биде против, да се негира.

• Заземање став и аргументирано размислување -барање од литература, учебник, дневникот за лектира... -цитати, мисли, стихови, реченици (примери и аргументи)

3. чекор-изработување план на есејот

Прво се пишува концептот, а се доработува кога освртот (главниот дел) е потполно напишан • Композиција на есејот: 1. ВОВЕД 2. ГЛАВЕН ДЕЛ-РАЗРАБОТКА НА ТЕМАТА 3.

ЗАКЛУЧОК 4. чекор напиши детална разработка Разработката зависи од вашето познавање на темата- односно поставената теза во насловот (најтежок дел од пишувањето) -секое големо прашање може да биде мисла-водилка/лајтмотив -две или повеќе целини-два-три пасуса

5. чекор-напиши ги воведот и заклучокот Добриот заклучок го заокружува квалитетно напишаниот есеј • заклучокот треба да биде составен од: • а) синтеза б) проширување и објаснување на синтезата 6. чекор- препиши го есејот почитувај ги правописните правила-читливо пишувај

Page 15: Инфо Гимназијалец бр. 4

КОСТУР-ПЛАН-СКИЦА НА ЕСЕЈОТ

1. Анализирање на темата

Истражување на темата на есејот

ШТО? КАКО? ВО КОЈА МЕРА? СО КАКОВ ПРИСТАП? СО КАКВА ЦЕЛ?

Барај проблеми Прави селекција и структура на и нивно селектирање проблемите-распоредување

2. Потсетување на специфичното, карактеристичното и бележитото

Заземи став со аргументирани мисли

3. Составување, пишување план на есејот Композиција: вовед, осврт (главен дел), заклучок

4. Креирање на освртот/главниот дел 5. Пишување заклучок 5. Пишување вовед 6. Внимателно прочитајте го есејот и исправи ги грешките

Јазично уреди го текстот (правопис, интерпункција, синтакса, лексика)

7. Препишете го есејот (ракописот треба да е читлив)

Page 16: Инфо Гимназијалец бр. 4

Во последните два месеци, група ученици, под менторство на проф. по македонски јазик Катица Манева започнаа да работат на поставување на драмата “Техно Ѕвезда” од драмскиот писател Томислав Османли.

Идејата за овој проект се роди на часoвите по македонски јазик, како самостојна иницијатива на учениците. Изведувајќи драмски импровизации тие покажаа креативност и афинитети кон актерството. Нивната желба и мотивација, како и успешноста на импровизациите придонесоа за сценска реализација на ова современо дело.

„Техно Ѕвезда” е современа драма, којашто изобилува со сарказам за сиромаштијата и кризата низ којашто поминува едно македонско семејство, за внатрешниот конфликт на човекот како последица на транзицијата кон крајот на минатиот век и суровоста на новото модерното општество.

ТЕХНО ЅВЕЗДА

Во драмата учествуваат учениците: Бобан Илиевски- IV6, Митко Ристов- II5, Тијана Дукова- IV4

, Маја Трпчевска - IV4, Дончо Павлов - IV4, Александар Стојановиќ - IV4, Илија Боцев - IV4, Драган Клинчаров - II5, Ленче Атанасова - IV4, Надица Цуцулова - IV4, Бојана Златева - IV4, Ивана Поповска - IV4, Сашко Стамаџиев - IV4, Панче Мелов - IV4, Васко Ангелков - IV4 , Дарија Трикиќ - IV4, Иван Јанев - IV4, Емилија Мантева - IV4, Елена Ѓорѓиева - IV4, Марина Ѓорѓиева - IV4, Надица Темелкова - IV4 и Игор Лазарев - IV4

.

Подготвувањето на едно вакво сценско дело претставува ново искуство за учениците. Комплексноста на самото дело бара многу работа, па затоа како стручен консултант во режија несебично ја понуди својата соработка г-ѓа Милица Гочевска. Таа со својата посветеност и работно искуство внесе свежина во досегашната подготовка на учениците.

Премиерно драмата ќе биде изведена на 13 ноември во 18 часот, во Домот на културата „Иван Мазoв Климе“, по повод патрониот празник на Гимназијата. Додека на 18 ноември, учениците ќе се претстават и надвор од Македонија, на меѓународниот фестивал во Бугарија „Утринска ѕвезда“.

Page 17: Инфо Гимназијалец бр. 4

Достигнувања на државни натпревари 2009/2010

Физика

• Дарко Златевски II3 I место

• Љупчо Петров I4 III место

Шах

• Душко Панов IV4 II место

Математика

• Дане Митрев II2 III место

Француски јазик

• Цветанка Душкова III7 III место

Историја

• Емилијан Мишков II1 III место

Македонски јазик и литература

• Невенка Ридова III2 I награда ,,Ацо Караманов"

• Верица Ристевска III2 III награда ,,Ацо Караманов"

МАССУМ – Образовно Рандеву 2010

• Росана Кочова IV7 II место на натпревар во јавно говорење

• Маја Трајкова IV7 III место на натпревар за интервју за работа

Page 18: Инфо Гимназијалец бр. 4

Гимназијата “Добри Даскалов”

неуморно реди успеси во областа на македонскиот јазик и литературата

Тригодишната традиција на успеси на учениците од гимназијата “Добри

Даскалов” на Државниот натпревар по македонски јазик и литература за учениците од средно образование продолжи и годинава. Имено, веќе четири години по ред средношколците од II и III година успеваат да се пласираат меѓу првите три места во различните категории на натпреварот. Да се потсетиме накратко, сиже од 3 први награди едноподруго во тестот на знаење за ученици од втора година, награди во областа на рецитирањето, 2 втори и 1 прва награда за есеј, кон кои ги додаваме и двете овогодинешни достигнувања.

Во рамките на натпреварот по македонски јазик и литература влегува и литературниот конкурс “Ацо Караманов”. На конкурсот, учениците од III година имаат шанса преку пишување есеи да ги изразат своите способности во областа на јазикот или литературата. Оваа година му беше посветена на “големиот мајстор на перото”, Славко Јаневски. Гимазијалците од Кавадарци повторно успеаа да постигнат високи резултати, и

тоа и при двете категории. Ученичката Невенка Ридова, под менторство на професорот по македоснки јазик и литература, Кочо Кочов, ја освои првата награда од јазичната тема - “Лексиката во прозното творештво на Славко Јаневски (црковнословенизми, архазими, неологизми)”. На ученичката Верица Ристовска, исто така под менторство на проф. Кочо Кочов, и припадна третото место за литературната тема – ”Фантастичниот свет на Славко Јаневски”.

Со ова, гимназијата ”Добри Даскалов”, уште еднаш ја докажа

високата подготвеност на професорите по македонски јазик и литература и нивните ученици, како и одличната взаемна соработка. Се надеваме дека и идните генерации ќе продолжат по овој пат, а името на гимназијата “Добри Даскалов” ќе се здобие со уште поголем углед на ова поле.

Page 19: Инфо Гимназијалец бр. 4

ДЕВЕТ МЕЃУНАРОДНИ ПРВИ МЕСТА ОСВОЕНИ НА ЛИКОВНО -УМЕТНИЧКИТЕ КОНКУРСИ

Уметноста им дава можност на младите креативно да го изразат не само својот

талент туку и своето размислување. Младиот човек има потреба да зборува и да биде слушнат, да се изрази себе си и своите идеи. Во нашето училиште се потикнува креативноста кај учениците и истите се мотивираат за да го откријат „уметникот во себе“. Затоа нашите ученици имаат завидни достигнувања на полето на уметноста како на општински така и на меѓународен план.

Изминатава година под менторство на

Гоце Јосифов - професор по ликовна уметност, нашите ученици постигнаа маркантни резултати на скоро сите распишани конкурси. Беа освоени девет први места при конкурирање на меѓународно ниво и уште многу награди во домашна конкуренција. На меѓународната детска ликовна изложба одржана во Нова Загора - Бугарија, со освоено прво место се одликуваа : - Моника Темовска - II-1 - Викторија Атанасова - II-6 - Велика Темова - II-5 - Елена Анастасова - II-5

Можеме да се пофалиме со уште пет освоени први места на Меѓународната детска ликовна изложба на тема „Флора и Фауна“ која се одржа на 18 декември 2009 година во Скопје. Првите места заслужено им припаднаа на: - Верица Тасева - II-5 - Валентина Гогова - II-6 - Викториja Витанова - II-5 - Маргита Глигорова - III-5 - Ефтим Ристов - II-4

На општинскиот конкурс по повод Велигденските празници одржан на 2 април 2010 год. во Кавадарци исто така беа постигната одлични резултати. Наши ученици ги остварија следниве достигнувања: - Верица Тасева II-5 - прва награда - Стефанија Манева I-5 - втора награда - Рајне Илиевска I-2 - трета награда

Она што вистински треба да се награди е ентузијазмот со кој нашите ученици

самоиницијативно се вклучуваат во најразлични проекти. Оваа година се реализираа многу проекти кои во никој случај не можат да се изостават. Нашите млади уметници се претставија со свој перформанс - сликање на платно во Скопје, за денот на прогласувањето на Кавадарци како град на културата. По повод патрониот празник на нашето училиште беше организирана изложба на фотографии која со над 300 изложени фотографии беше повеќе од успешна. Секоја година нашите ученици традиционално земаат учество и на манифестацијата Тиквешки Гроздобер со свои костими и настапи. По повод Тиквешкиот Гроздобер на 7 септември беше организирано и сликање на платна на Моклишкиот манастир. Меѓу сите овие остварени проекти особено треба да се издвои модната ревија Алора која како редовен настан се одржува секоја година организирана од нашето училиште со соработка со другите средни училишта во нашиот град. Како посебно значајна ја издвојуваме овогодинешната ревија која имаше хуманитерен карактер, а се одржа на 6 мај 2010 год. Средствата собрани од ревијата се донираа за изградба на храмот Св. Петка во Кавадарци, што покрај дизајнерските способности на нашите ученици ја покажува и нивната хуманост. Сепак нивните уметнички заложби не завршуваат овде. Во план е реализација на уште многу проекти, ликовни колонии и перформанси како и учество на конкурси што уште еднаш ја потврдува способноста на нашите ученици креативно да се изразуваат и да се пронаоѓаат во уметноста.

Page 20: Инфо Гимназијалец бр. 4

Спортот ги зближува луѓето и е многу важен елемент за општествено единство. Дали причината е само задоволство потикнато од искуство, професионална ориентација или едноставно забава, спортот предизвикува дијалог, преминува граници и не учи како да бидеме толерантни и да ги прифатиме другите, такви какви што се. Тимскиот дух и важноста од тимската работа се основните принципи на спортското однесување. Сепак, победата не е “самостојна”. Победа за себе, значи победа за целиот “тим”. Тоа на дело го покажаа учениците од нашата гимназија кои изминатата година се закитија со бројни награди и признанија. Заедно со нивните успеси и победи се нижеа и успесите и достигнувањата на нашата гимназија. Како и секоја година така и во изминатата нашето училиште зеде активно учество скоро во сите спортски училишни натпревари на општинско, регионално и републичко ниво. При тоа беа постигнати забележителни резултати

Нашето училиште настапи и на многу други спортски натпревари

манифестации во машка и во женска конкуренциј кои беа од републички и меѓународен карактер. Овие манифестации беа без натпреварувачки карактер, а имаа за цел зближување и подобрување на соработката помеѓу училиштата.

Во последните десет години, нашата Гимназија, под менторство на професорите Даница Максимоска и Блаже Јованов, традиционално организира шаховско првенство. Првенството се одржува во првата половина на месец април и истото предизвикува масовен интерес кај учениците љубители на овој мисловен спорт, а еуфоријата во училиштето е присутна долго пред почетокот на натпреварите. Бројот од околу седумдесет учесници овозможува неизвесни борби до самиот крај, а можноста на победниците да се пласираат на државниот турнир и дипломите кои се доделуваат претставуваат дополнителен поттик. Секоја година системот на играње е различен, а судиите кои се ученици, работат под целосен надзор од страна на менторите. Целта е комплетно да се постигне фер – плеј и да се најде вистинскиот победник.

Атлетика-Гимназијада Василева Фиданка II4 Ѓуле 1 место -златен медал Скок во височина 3 место-бронзен медал

Републичко првенство во Пинг-Понг Крстева Ивона II4 Поединечно женски 3 место-бронзен медал

Карате- републичко првенство Наумов Ристе I6 3 место –бронзен медал

Кошарка-Гимназијада Кошарка женски 3 место – бронзен медал Кошарка машки 3 место – бронзен медал

Page 21: Инфо Гимназијалец бр. 4

Неколку години наназад во нашето училиште се одржуваат класни првенства како дел од воннаставните активности на учениците. Истите претставуваат најмасовна воннаставна активност која се одржува во текот на целата учебна година. Минатата година се одржаа натпревари во фудбал (машки), одбојка (машки и женски) и кошарка (машки).

Натпреварите во фудбал беа организирани во лига систем поделени во групи секој во својата година. Првопласираните две екипи од секоја година се пласираа во следниот круг каде што ги продолжија натпреварите поделени во две групи од по четири екипи (по една од секоја година). На крајот од натпреварувањето се одржаа полуфинални натпревари и финален

натпревар. Победници беа учениците од IV-2 година.

Натпреварите во oдбојка беа организирани во мешани екипи од машки и женски како новогодишен турнир со таа разлика што после натпреварите во секоја година одделно, понатамошен пласман обезбедија само првопласираните екипи кои директно играа полуфинале. Победници на класното првенство во oдбојка беа учениците од IV-4 година.

За првпат оваа година се одржаа натпревари во класно првенство во кошарка машки и натпреварите се одиграа по систем на елиминации во рамките на секоја година пооделно . Победниците од секоја година се пласираа во полуфинале. Победници во кошарка машки беа III-4 година.

Покрај споменатите активности редовно се одржуваат и логорски вечери во Бошава чиј организатор е спортската секција во соработка со ликовната секција. Гимназијата е и редовен гостин на разни спортски манифестации подготвени од страна на збратимените општини, со што уште еднаш се докажува улогата на спортот во зближувањето на младите, стекнувањето пријателства и важни човечки вредности.

Спортот ги истакнува индивидуалните квалитети и уникатните карактеристики на луѓето. Вистинскиот спортист поседува голема самодоверба, желба за напредок која го прави бестрашен и без пардон за неуспехот. Одличен натпреварувач се стреми кон константно подобрување и верува во победничкиот дух, но само доколку тоа е фер и заслужено преку дисциплина и напорна работа.

Page 22: Инфо Гимназијалец бр. 4

VVoouuss vvoouulleezz éévvaalluueerr vvoottrree nniivveeaauu ddee ffrraannççaaiiss LLee ffaaiirree cceerrttiiffiieerr Le DELF et le DALF sont les diplômes officiels délivrés par le ministère français de l'Éducation nationale, pour certifier les compétences en français des candidats étrangers et des Français originaires d’un pays non francophone et non titulaires d’un diplôme de l’enseignement secondaire ou supérieur public français. Le DELF se compose de 4 diplômes indépendants, correspondant aux quatre niveaux du Cadre européen de référence pour les langues. Premiers diplômes de français langue étrangère, ils sont ouverts à toute personne de nationalité étrangère. Créés en 1985 par le Ministère de l’Education nationale français, ces diplômes sont délivrés par le Centre International d’Etudes Pédagogiques de France. Plus de 900 centres d’examen existent aujourd’hui dans 154 pays, avec plus de 350 000 inscriptions et 60 000 diplômes délivrés par an.

.Les 6 diplômes qui constituent le DELF et le DALF sont totalement indépendants. Ainsi, le candidat, en fonction de son niveau, peut s’inscrire directement à l’examen de son choix. A chaque niveau les 4 compétences sont évaluées : compréhension orale et production orale, compréhension des écrits et production écrite.

Trois élèves de notre lycée: Kostova Ljubica, Duskova Cvetanka et Nikola Bogevski

ont déjà acqueri le certificat du DELF NiveauA1.

OOnn vvoouuddrraaiitt qquuee bbeeaauuccoouupp dd`̀aauuttrreess ééllèèvveess aaqquueerriisssseenntt cceettttee cceerrttiiffiiccaattiioonn...... OOnn lleeuurr ssoouuhhaaiitt bbeeaauuccoouupp ddee ssuuccccèèss !!!!!!

Où pourrais-je obtenir plus d'informations sur DELF et DALF dans mon pays ?

Pour plus d'informations

contactez le Centre culturel français de Skopje

ou visitez le site: http:// www.ccfskopje.edu.mk/

Page 23: Инфо Гимназијалец бр. 4

Coin Franҫais

J’aime la langue française Je me présente d’abord.Je m’appelle Georges Kostov.Je suis élève en troisième année au lycée « Dobri Daskalov » de Kavadarci.Voilà pourquoi j’aime le français. Je suis né à Londres en Angleterre mais je rêve de visiter Paris et j’espère ,dans l’avenir y faire mes études.Paris,je l’aime, je l’adore parce qu’à Paris la vie ne s’arrête jamais.Ce que j’aime le plus c’est la langue française qui est tellement magnifique,romantique et musicale. Un jour j’habiterai à Paris............

Interview avec Anne Laure la volontaire française qui participe aux activités du Conseil de prévention contre la déliquence juvénile(CPCDJ =SPPMD) Vous l’avez peut-être croisée dans les rues de notre ville.Elle s’appelle Anne Laure,elle est jeune, très sympa et passionnée par les voyages. Evgenija :Alors Anne Laure ,dites-nous quelque chose sur vous ! D’où venez-vous ? Anne Laure :Je viens d’Orléans,une ville dans le Centre de France.J’aime découvrir et apprendre une nouvelle culture comme la vôtre. Evgenija : Depuis combien de temps vous êtes à Kavadarci ? Anne Laure : J’y suis depuis le 1 er septembre.Je participerai à un projet d’au moins 10 mois afin de pouvoir apprendre la langue et découvrir au mieux le pays. Evgenija :Quelle est votre formation ? Anne Laure :Après mon bac, j’ai été 2 ans à l’université où j’ai étudié l’histoire de l’Art,j’ai également passé 1 ans dans une école artistique à Paris.Ensuite, pendant 2 ans j’ai appris le métier de couturière dans une école spécialisée.J’ai travaillé dans le milieu du spectacle.Mon travail était la confection des costumes et j’aidais à l’habillage lors des représentations. J’ai participé à l’organisation de festivals théâtrales ainsi qu’au Salon des métiers d’Art d’Orléans l’année dernière. Evgenija :Avez-vous déjà entendu parler de Macédoine avant votre arrivée ici ? Anne Laure :Oui, bien sûr que j’en ai entendu parler mais je ne savais pas grand chose.Il y a très peu d’informations sur internet à propos la Macédoine. Evgenija :Quelles activités vous projetez faire avec les jeunes,membres du CPCDJ ? Anne Laure :Ce mois nous avons travaillé le théâtre d’ombres et nous avons fait une petite exposition de photos.Le thème était L’Alphabet urbain. Je souhaite proposer plein d’autres activités. Evgenija :Est-ce que le travail avec les jeunes vous fait plaisir ? Anne Laure :J’adore travailler avec les jeunes. Evgenija :Votre famille , vos amis vous manquent ? Anne Laure :Oui,ils me manquent beaucoup et je pense souvent à eux.Heureusement je travaille dans une association sympatique et je suis très bien entourée.Je suis très occupée et je ne vois pas le temps passer. Evgenija :Anne Laure merci bien pour l’interview.C’est pour le Journal de notre lycée qui sort à l’occasion de notre fête patronale le 13 novembre. Je vous souhaite bon et agréable séjour en Macédoine. Faite par Evgenija Galeva II 1

INFORMATION L’Association des professeurs de français de la République de Macédoine et le Département de langues et literatures romanes près de la Faculté de Philologie “Blaze Koneski” à Skopje organisent un Colloque autour du thème : La langue et la litterature française dans le système éducatif en Macédoine : État des lieux et perspectives Le colloque aura lieu les 12 et 13 novembre 2010 à la Faculté de philologie.

UN POÈME POSITIF J’aime ton sourire Tu es magnifique. J’adore le rock Tu aimes le jazz Et elle,elle adore la musique La musique classique. Je ne connais pas Arthur Mais j’aime la peinture Je n’aime pas marcher Alors on va voyager. J’aime l’énergie positive Je n’aime pas la négative J’aime dormir Et j‘aime le ski. J’aime le marbre J’aime l’arbre Mais j’aime toi aussi La vie.... et ton beau sourire. Marija Mihajlova I 2

Page 24: Инфо Гимназијалец бр. 4

FESTIVAL DES NEUEN DEUTSCHEN FILMS

IN KAVADARCI Dieses Jahr im Oktober findet Das

Festival des neuen deutschen Films für das sechste Mal in Makedonien statt. Es wird von der Deutsche Botschaft und Prokredit Bank organisiert und finansiert. Unter dem Motto „ 20 Jahre Deutsche Einheit“ wurden 13 Filmen auf der Leinwand vorführt., die für das Leben in Deutschland heute erzählen. Das Festival hat am 13 Oktober in Skopje angefangen. Und es findet auch in Bitola, Prilep, Tetovo, Stip und Kavadarci

statt. Das Festival in Kavadarci wurde am 19 Oktober um 20 Uhr im „Haus der Kultur“ geöffnet wie einen Teil der Manifestation “ Kavadarci – Stadt der Kultur “ und es dauerte 3 Tage. Der Attaché von der Deutsche Botschaft , Frank Stessel , hat den Anwesende angeredet und ein Vertreter der ProKredit Bank auch. Der Film „Friendship“ war der Film, der das Festival in Kavadarci geöffnet hat. Dann folgten „Whisky mit Vodka” , “Die Päpstin” , “Keinohrhasen” und „John Rabe“.

Kurz Inhalt von einige der Filmen:

• „Friendship“ (Komödie ) Die Geschichte hat sich nach der Fall der Berliner Mauer ereignet. Zwei Freunden Veit (Friedrich Mücke) und Tom (Matthias Schweighöfer), frei außerhalb ihrer Land zu reisen, fliegen nach Amerika um der Vater von Veit zu finden. In der Film dominieren komische Situationen.

Page 25: Инфо Гимназијалец бр. 4

Dieses Festival war eine ausgezeichnete Gelegenheit für alle Filmliebhaber, durch das der Deutsche Sprache und Kultur promoviert wurden.„Das Festival des neuen deutschen Films ist ein professionelles und progressives Festival , der mehr und mehr auf die europäische Szene“ – sagen die Organisatoren.

• “Die Päpstin” – ( historische Drama ) Eine Geschichte für das intelektualle Erhebung einer jungen Frau, eine Frau – Phänomen, genug mutig der Welt mit der weiblichen Potential zu konfrontieren, auf Rechnung ihrer Fraulichkeit , auf Preis der aufrichtige Liebe.

• Keinohrhasen – (romantische Komödie ) Gezwungen in einem Kindergarten zu arbeiten , der Reporter und der Herzensbrecher , Ludo Decker ( Til Schweiger ) , trifft Ana ( Nora Tschirner ) , sein Verspottungsobjekt in die Schultage. Wollen zu vergelten, Ana verliebt sich in ihn.

Page 26: Инфо Гимназијалец бр. 4

MUSIC CONNECTING PEOPLE

Project Description

More than fifteen partners will share their national music culture. Each school will create a music national

portrait and publish it on the twin space. Then every school will add music examples of their national songs. In April 2011 there will be a music festival - Music Awards. All partners will choose one national song which will be performed by students, record a video clip and publish it on the web. Voting of all the participating schools will choose the most favorite suggestion which will be awarded with a special statue. Each participant will receive a certificate for participation in this European festival - Music Awards. All the suggestions will be recorded on a common CD and a DVD album.

The project starts in September 2010. Each participating school will create a music national portrait using PPT and add it to the eTwinnig project space in November. Then each school will send a CD with national songs to each partner. In January each school will organize an internal contest in order to choose one national song which will be recorded as a video clip. In March all the video clips from all the partners will be published on the project web. Voting from all partners. In May all participants will receive the certificates for their participation in 'The Eurovision School Contest'.

Objectives: To make intercultural dialogue through music. To motivate students and teachers to learn English. To give opportunity to students and teachers to share their talents.

Anticipated results: More then fifteen music portraits - Power Point presentations. More then 15 CD albums with different kinds of European music which each school can use in their music lessons. One 'Eurovision festival' for students.

Music connecting people

Page 27: Инфо Гимназијалец бр. 4

Прилогот што следува особено би ги заинтересирал средношколците, љубители на странските јазици. Доколку се уште оваа информација не допрела до вас, Гимназијата “Добри Даскалов” е една од ретките средни училишта ширум Македонија што им овозможува на своите ученици да посетуваат часови по италијански јазик два пати седмично. Еве за што станува збор ...

Пред 2 години во месец февруари нашата гимназија со директорката Невенка Поп-Ангелова, склучи договор да стане дел од проектот Rete Progetto Pace, со што ја доби привилегијата да им понуди курс по италијански јазик на своите ученици. Се работи за проект којшто опфаќа 600 училишта ширум светот. Проектот е почнат за прв пат во 1990 година во Италија, во училиштето ,,Фабио Бестин’’ во Тревизо. Координатор на проектот за Македонија е СОУ “Здравко Цветковски” од Скопје. Во тие школи учествуваат ученици и студенти, чија цел е да се шири мирот преку активности од различни области: спорт, уметност, култура, литература, религија, човекови права. Минатата година на 30 април во Скопје се оддржа годишно собрание, организирано од училиштето координатор, и на кое присуствуваа и гости од Италија. Слики и видео записи од овој настан можат да се погледнат на официјалниот сајт на гимназијата “Добри Даскалов” .

Проектот нема определен рок на траење. Курсот по италијански јазик им е достапен на учениците од I од IV година и се оддржува 2 пати неделно. Часовите ги оддржуваат професорките по италијански јазик, Даница Мургова и Јованка Ѓорѓиевска. Координатор на гимназијата ,,Добри Даскалов,, за проектот е

професорката по француски јазик, Светлана Несторова - Мицев. Учениците коишто ги посетувааат овие активности образуваат симболичен број, а постои уште посимболична заинтересираност. Тие редовно земаат учество во различни активности, како на пример минатата година во модната ревија “АLORA”. Мотивацијата на учениците е да се здобијат со самостојност при изработка на проекти, да вежбаат тимска работа и секако, да го научат италијанскиот јазик, со кој се запознаваат за прв пат поголем дел од учениците. На крајот од учебната година се здобиваат со сертификат за познавање на италијанскиот јазик.

Професорките планираат поактивно вклучување во културно- забавните збиднувања во градот, како и во патронатот на гимназијата. Тимот оптимистички верува во идејата да се направи екскурзија во Италија во март, идната година во склоп на овој проект.

Часови по италијански јазик во нашата гимназија

Page 28: Инфо Гимназијалец бр. 4

Нашето патешествие во Италија

Сите патишта водат кон Рим. Со оваа мисла и ние нестрпливо го очекуваме мигот кога ќе започне и нашето патување. Првите впечатоци почнуваат да се трупаат уште при самото преминување на границата. Море од светилки и булевари што водат до срцето на земјата – Рим. Тоа беше нашиот прв поглед врз вечната земја.

Застанавме пред огромниот Kолосеум кој не вчудоневиди со својата импозантност. Веднаш потоа ја посетивме „Fontana di Trevi” каде секој од нас ја замисли својата желба фрлајќи паричка. За да се фрли паричката, беше потребно туркање кое траеше околу десетина минути, а патот кој требаше да се помине изнесуваше два метри.Секој од Кинезите кои се чини го зазеле Рим, како да се трудеше да ви го затвори патот. По фонтаната посетивме уште многу прекрасни знаменитости, а

вечерта, воодушевени од целата таа култура и уметност, од целата антика и убавина на “Вечниот Град” пристигнавме во хотелот кој потсетуваше на самиот Рим. Стар, во антички стил, отмен, огромен и со оброци кои ви се чини не би ја нахраниле ни вашата златна рипка. Изнемоштени и со извонредни впечатоци, отидовме на спиење.

Утредента веднаш по појадокот заминавме во Ватикан. Внатре влеговме изнемоштени од редицата која беше час и половина долга, но уште на самиот влез сфативме дека се исплатеше. По формалностите кои моравме да ги поминеме, водичот не поведе низ ватиканските музеи. А таму секој од нас го доживеа духот на антиката како што никогаш повеќе нема да го доживее. Таму секој од нас го запозна чувството на наеженост, и чувството да се остане без зборови. Катедралата Св. Петар, плоштадот Св. Павле, Систинската капела... Нивното постоење сведочеше за целата таа уметност, наука, сиот труд и желба вложени во нив. Гледајќи ги, пред нашите очи се редеа папи, тие зборуваа, пред нашите очи се појавуваше Микеланџело со својата четкичка, со својот тежок карактер како вика на своите помошници за сè да биде совршено. На излезот бевме како опијанети од оваа убавина, а сè што подоцна видовме, колку и да беше прекрасно, како да го губеше својот сјај, топејќи се пред помислата на Ватикан. Стари тврдини, споменици и цркви ја исполнуваат земјата. Вистински трезор на археолошко, историско и културно богатство кое носи белег од најстарите цивилизации на светот. Историјата и митологијата се толку испреплетени што навистина на туристите им остава незаборавни спомени. Вечерта чувствувавме како да сме зеле дел од таа уметност, како да сме ја присвоиле. Чувствувавме како да сме побогати, поискусни. Заспавме со помислата дека го напуштаме Вечниот Град, запознавајќи само мал дел од она што има да го покаже.

Page 29: Инфо Гимназијалец бр. 4

Следното утро тргнавме во Верона. По исцрпниот, долг пат, стигнавме и веднаш се упативме кон куќата на Јулија. Овде научивме за љубовта, за нејзината сила и моќ. Скоро секој од нас го закачи своето и името на саканиот на ѕидот од куќата. За многу кратко време го напуштивме и градот на љубовта и отидовме во Lido di Jesolo, или во превод, остров на комарците. Се сместивме во собите, набрзина се истуширавме и отидовме на плажата да го вдишиме мирисот на морето. По многу кратко време, истиот тој мирис не испрати на спиење.

Утредента рано, веднаш по појадокот, не чекаше Венеција. До таму патувавме со брод, а кога пристигнавме веднаш го почувствувавме препознатливиот мирис на алги и ја слушнавме музиката толку препознатлива за овој град познат по раскошните маски. Мостот на воздишките гледаше во нас од пристаништето криејќи ги сите тие болки, сите тие последни воздишки. Потоа се упативме кон плоштадот Св. Марко кој ја имаше онаа стара убавина, оној дух и шарм на древното. Одејќи понатаму, навлегувајќи во тесните улички, гледајќи ги градбите поврзани со мовчиња, каналот и романтичните гондоли кои поминуваа покрај нас, го вдишивме вистинскиот дух на Венеција во полн ек. Стоејќи покрај каналот, можевме јасно да ги видиме луѓето кои ги навлекувале своите маски и се препуштале на страста, на алкохолот, на гревот...

По заминувањето од Венеција, одвај чекавме да стигнеме во хотелот. Веднаш ги земавме костимите за капење и се препуштивме на сонцето и морето. Водата беше одлична, а дружењето уште подобро, па оваа последна вечер ја искористивме да ги сумираме впечатоците и заедно да го преболиме заминувањето од ова волшебно место.

Со срца исполнети со уметност и тажни лица, се качивме во автобусот и заминавме дома...................................................... Средновековните ѕидини,

живописните споменици, преубавите плажи, традицијата и кулинарските специјалитети се главните одлики на земјата на вечноста – Италија.

Неповторлив спој на природни убавини, древната митологија, фасцинантно минато и богата историја.

Page 30: Инфо Гимназијалец бр. 4

Младите активни во локалната заедница

Проектот ,,Mладите активни во локалната

заедница” на СППМД е имплементиран и во нашата Гимназија. Ова е проект на Советот за превентива против малолетничка деликвенција, невладина организација чии основни цели се ,,создавање на услови за вклучување на младите во општествениот живот преку нивниот просперитет како и изнаоѓање на решенија за развивање превентивни стратегии во рамките на општествените процеси.”

Целта на проектот е младите да стекнат одредени ставови вештини и знаења, кои ке им помогнат да ги идентификуваат проблемите и активно да се вклучат во решавањето на истите. На тој начин тие ќе имаат поактивен однос во нивната потесна локална заедница. За таа цел во Гимназијата се формирани младински совети во кои заедно со учениците се вклучени професори и родители, кои треба да им помогнат на младите во остварувањето на целта.

Со овој проект како и со многу други НВО СППМД допринесе младите да се вклучат во низа активности и да го зголемат степенот на интерактивност.

Page 31: Инфо Гимназијалец бр. 4

Дали ви е предизвик студирањето во странство?

За сите амбициозни матуранти, за сите оние кои сонуваат и се стремат кон остварување на своите сoништа, подготвивме прилог кој би им бил корисен во остварувањето на амбициите. Запознајте се малку повеќе со можностите кои ги имаат македонските средношколци за да се запишат на странските факултети и начините на кои можат да го оставарат тоа.

Доколку веќе сте одредиле во која држава би сакале да го продолжите високото образование, и веќе имате на ум што би сакале да студирате, прво што треба да направите е да стапите во контакт со амбасадата на посакуваната држава во Македонија. Како и да е, таа е најсигурен извор на информации и е во состојба да обезбеди студентски стипендии. Оние кои се заинтересирани за студирање надвор од границите на Македонија, би требало однапред да го изберат факултетот на којшто би студирале. Секој факултет бара различни критериуми и нуди различни услови. Тука треба да се земе в предвид датумот на аплицирање, неопходноста за познавање на јазикот на којшто се изучува наставата, финансирањето, профилот на идниот студент на тој факултет. Внимавајте на временскиот рок. За голем број факултети, крајниот рок се последните месеци на годината. Како и да е, пред да повлечете било каков потег, размислете добро за професионалната иднина што би сакале да ја остварите, условите во коишто би сакале да работите, средината во којашто би сакале да се најдете. Ние успеавме да дојдеме во контакт со заменикот германски амбасадор Валтер Скот и да разговараме на оваа тема. Сосем е возможно Македонците да студираат во Германија со стипендија – дознавме. За сите оние на кои тоа им звучи привлечно можат да се образуваат повеќе на: www.daad.de. Оваа страна нуди детален преглед на германските универзитети и нивните програми. А доколку сметате дека остварувањето на вашиот сон е надвор од границите на Европа воопшто, погледнете на пример, што нуди Австралија на www.bridgeblue.com.au , на страната на агенцијата што работи со програми за студирање во Австралија.

Page 32: Инфо Гимназијалец бр. 4

Што всушност претставува Тиквешкиот Гроздобер? Повеќедневна манифестација, која претставува продолжение на една долга и богата традиција. Имено, уште во времето на античкиот период, во Тиквешијата се оддржувале т.н “Дионисови денови” во чест на Дионис, богот на грозјето и виното. Овие свечености биле отворени за широката народна маса, траеле неколку денови, при што се јадело и пиело обилно. Античките Македонци, кои живееле на овие краишта, како и Римјаните подоцна, особена важност му дале на одгледувањето на грозјето и ја славеле плодноста на виновата лоза. Старите Римјани ја продолжиле старомакедонската традиција - двапати во годината ги одржувале т.н. "Баханалии", денови на грозјето и на виното, на кои се славел богот Бахус. Како настана идејата за организирање на кулурна манифестација во чест на грозјето и виното? Денес Кавадарци може да се пофали со констатацијата дека е најголем производител на грозје и на вино во Р. Македонија, и еден од поголемите производители на Балканскиот Полуостров. Токму тоа и беше основната идеја на општинското раководство на Кавадарци во 1964 год. да го организира првиот Тиквешки гроздобер, манифестација која имаше културен, туристички и стопански карактер. Со мали прекини од 2000 година па наваму, веќе десет години се одржува во континуитет. Зошто е Тиквешкиот гроздобер туристичка атракција? Зошто Тиквешкиот Гроздобер претставува мета кон која целат туристи од Македонија и надвор од неа? - Бидејќи на симболичен начин ги оживува настаните кои биле белег на ваквата манифестација низ подалечната историја. Авто рели трки, трки со магариња, детски карневал, вински карневал. Кон нив се надоврзуваат сите белези на современиот живот: концерти на диџеи, концерти на ѕвезди од нашата и меѓународната естрада. Едноставно, оваа манифестација претставува мешавина од античкиот и современиот вкус. Колку е активна нашата гимназија во “гроздоберските” активности? Учениците во гимназијата “Добри Даскалов” се неделив дел од Тиквешкиот Гроздобер. Се вклучуваат во една широка мрежа – од учества преку музички и танцови интерпретации до вовлекување во само-креирани маски за винскиот карневал. Во поттикнувањето на нашите ученици за учество во овие активности, значајна улога играат професорите по ликовна, драмска и музичка уметност.

Вкусот на антиката промешан со современата култура и уметност - Денови на Тиквешки Гроздобер

Page 33: Инфо Гимназијалец бр. 4

Што му недостига на ноќниот живот во Кавадарци ?

Кавадарци е класифициран во групата на македонски градови со развиен ноќен живот. На оваа листа е рангиран на извонредното 6-то место. Но, дали ние гимназијалците од Кавадарци, се согласуваме со ваквиот податок, теоретски прифатен како факт? За да успееме да одговориме на ова прашање во прилогот, спроведовме анкетно истражување меѓу учениците во гимназијата, кое се интересира за неколку сегменти од темата: ,,Каков е ноќниот живот на младите Kавадарчани?“ Што откривме преку анкетата, дознајте во она што следува... Околу 70 % од испрашаните ученици се незадоволни од ноќниот живот во Кавадарци, т. е, само 30 % сметаат дека она што Кавадарци го нуди ноќе ги покрива различните потреби и вкусови. Што е причината за ваквиот став? Фактот што според кавадаречкиот менталитет, под поимот ”ноќен живот” се подразбира само излегувањето во ноќни клубови и дискотеки, што е целосно погрешно. Имајќи го в предвид тоа, во анкетата вклучивме и едно многу едноставно прашање: ”Каде излегуваш? ”. Ги добивме следниве одговори:

• 60 % од испрашаните ученици редовно ги посетуваат ноќните локали • 30 % преферираат седенки на отворено место со омилената музика, многу

често интерпретирана од нив самите • 10 % најчесто остануваат во домашна атмосфера – трачарење со

друштвото и добар филм, најчесто хорор или романтична комедија. На прашањето ”Што му недостига на ноќниот живот во Кавадарци”

добивме многу различни одговори. Сепак, како генерален заклучок би зеле: поголем избор на ноќни локали и поголема разновидност во програмата што тие им ја нудат на своите посетители.

Според анкетата, не можеме да зборуваме за локал којшто е хит и тренд

во моментот. Се зависи од индивидуата, која пак се раководи според својот музички вкус и структурата на останатите посетители.

За крај, го приложуваме нашиот апел до сопственците на ноќните клубови во градот да ја прошират викенд програмата, да ги земат в обзир различните музички вкусови. Освен нас, средношколците, и тие буквално ќе профитираат од идејава.

Page 34: Инфо Гимназијалец бр. 4

Препушти и се на љубовта

Животот е како невремето. Сите бури поминуваат, а темните облаци се расчистуваат. Му прават пат на сонцето. Најголемото сонце во нашиот живот не може да биде ништо друго, единствено љубовта. Тоа е движечката сила, причина зошто постоиме и зошто се радуваме. Никој не може да ја спречи, а и не сака да ја спречи. Таа е нешто што се чувствува длабоко во личноста, мерило на големината на човекот, патоказ на неговата судбина. Се случува спонтано и неочекувано. Можеш да поминеш години и години во нејзино исчекување, но нема да знаеш кога ќе дојде. Никогаш не знаеш кој е најдобриот момент додека не го почувствуваш самиот.

Ти си ја барал, си ја предизвикувал или можеби си се

криел. Си бил на погрешно место? Знаеш некој кој се крие од сопствените чувства? Некој кој се плаши да си признае дека нешто посакува и слепо верува на она што долго време го прифатил. Некои работи не можеш да ги дофатиш, колку и да сакаш и подобро е да кажуваш дека не постојат, едноставно ги игнорираш, се затвораш во ѕвоно со она што го знаеш и познаваш и продолжуваш со мислата: Утре е нов ден. Утре ќе биде подобро... И погледнуваш во неоствареното со очи на судбината додека срцето забрзано ти чука, а рацете ти треперат. Секој верува во она што сака да верува, во она што го видел и доживеал. Утре не е нов ден ако стариот го поминеш во одрекување. Тоа е истиот ден, со истата тага и болка што не престанала, не е пребродена.

Ништо не е како што изгледа. Тоа е главниот клуч на

разочарувањата. Ниту птицата која слободно лета ќе стигне среќно до целта, ниту човекот кој се бори за вечно задоволство ќе го добие. Само оние моменти на среќа кои се непроценливи ќе останат во нашето сеќавање. Другото или заборавот ќе го однесе или не било онака како што се замислувало некогаш.

Ослободи се. Не должиш никому ништо. Ќе бидеме

посреќни ако навреме ја сфатиме едноставната вистина, дека секој живее најмногу во сопствената кожа, а не во туѓите очи. Не живеј во туѓата љубов. Твојата веќе го бара патот кон тебе.

Бидете среќни каде и да сте. Не постои пат до среќата... среќата е патот.

Page 35: Инфо Гимназијалец бр. 4

Еден познат говорник го започнал својот семинар

така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух. Во просторијата имало вкупно 200 луѓе. Тој запрашал: „Кој ја сака оваа банкнота?“ Сите раце се подигнале. Продолжил. „Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто.“ Ја изгужвал парата. Потоа запрашал. „Дали се уште ја сакате?“ Сите раце и понатаму биле кренати. Продолжил. „А, ако и направам вака?“ Ја фрлил

банкнотата на под и ја изгазил со чевлите. „Добро, кој ја сака се уште?“ Рацете уште биле кренати. „Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби на вредноста. Цело време вредеше 50 евра.“ „Во животот често ни се случува некој да не оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал.“ Тоа се факти од секојдневниот живот. „Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо.“ Без оглед што ти се случило во животот, или што допрва ќе се случи, ти никогаш нема да ја изгубиш вредноста. Дали животот ќе те згази или ќе те фрли на земја, без разлика дали си бил валкан или чист, ти и понатаму си непроценлив за сите оние кои те сакаат повеќе од се на светот. Нашите животи не се вреднуваат според она што го правиме или кого познаваме, туку според ОНА ШТО СМЕ. Добриот карактер вреди повеќе отколку убавото лице.

Ти си нешто посебно и не го заборавај тоа никогаш. Број ги своите успеси, а не грижи и проблеми. Немој никогаш да се плашиш да пробаш нешто ново. Тоа е тајната на животот. И секогаш имај на ум: Едноставни луѓе ја изградиле арката на Ное, а експертите – Титаник.

Page 36: Инфо Гимназијалец бр. 4

WEB 2.0 - КОГА РЕЦИПИЕНТОТ СТАНУВА МЕДИУМ

Сите ние веќе подолго време ги користиме придобивките на Web 2.0 но колку сме свесни за моќта што ја имаме во нашите раце? Информацијата е неприкосновено човеково право. Добивањето на информации е клучната цел при користењето на светската мрежа (World Wide Web) или беше клучна цел на она што го знаевме како Web 1.0. Денес клучната цел при користењето на светската мрежа е споделувањето на информации. Крајниот корисник не е повеќе само примател на информацијата, тој има моќ истата да ја пренесува и да ја менува - обликува. Втората генерација на светската мрежа не се однесува на каква било

техничка надградба туку на еволуција на начинот на развивање на софтвер и начинот на кој корисниците ги користат и им

пристапуваат на интернет содржините. Како термин Web 2.0 за прв пат се појави во 1999год. но зачестено почна да се употребува по првата web 2.0 конференција на O'Reilly Media и MediaLive на која John Battelle и Tim O'Reilly претставија нов поглед на светската мрежа(WWW) како платформа со веб - апликации наспроти десктоп платформата и декстоп - апликациите. Главна карактеристика на Web 2.0 e интеракцијата а истата ни е претставена преку социјалните мрежи, блоговите, вики, динамичка содржина на веб - страните, сервисите за микроблогирање, веб - апликациите, сервисите за споделување фотографии и видеа итн. Друштвените мрежи го променија начинот на социјализирање на луѓето, блогерите го менуваат колективното мислење, микроблогерските сервиси овозможија инстант-информирање од прва рака. Web 2.0 целосно го промени интернет искуството и му овозможи на секој поединец и тој самиот да биде медиум. Но тука се поставува прашањето за доверливоста на информациите. Како да се осигура релевантноста на изворот? Критичарите велат дек Web 2.0 ги става аматерите рамо да рамо со експертите и донекаде се во право. Како и да е, она што Тим Бернерс-Ли го создаде како World Wide Web, денес сите ние го градиме како Web 2.0. Според Бернерс-Ли, Web 2.0 е само жаргон, светската мрежа отсекогаш го имала истиот потенцијал за интеракција. Во секој случај јас сметам дека светската мрежа непрестајно еволуира и само прашање на време е кога промените ќе не донесат до Web 3.0 - она што значи семантички веб и персонализација…………..

Page 37: Инфо Гимназијалец бр. 4

У Б И Ј Ц И Н А П О М Н Е Њ Е Т О

Помнењето е особено важен процес во нашиот живот. Тоа е сложен процес кој не е до крај

разоткриен. Помнењето го делиме на краткотрајно и долготрајно, но за било кои „убијци на помнењето“ да станува збор, тоа влијае на сите видови помнење. Овде ќе наброиме само некои од нештата што го намалуваат капацитетот на мозокот и затоа е подобро да се избегнуваат.

Пушењето има големо влијание врз помнењето. Многу студии покажале дека пушачите

во споредба со непушачите имаат помала способност за меморирање, но и општо помали способности за запомнување на наученото. Многумина ќе речат дека не е вистина. Иако земањето цигара може да ја засили концентрацијата, тоа е сосем за кратко, бидејќи долготрајното изложување на никотин има негативен и спротивен ефект. Исто е и со дрогата, со тоа што таа има и многу поголеми негативни резултати.

Постојаното земање алкохол и неговата претерана консумација во одредени денови од

неделата (како викендите), доведува до драстично намалување на менталните способности. Премногу алкохол секако доведува до губење на краткотрајната меморија и појава на црни дупки во сеќавањето. Ако си долго под дејство на алкохол, губитокот на помнењето е уште поизразен во староста, иако тогаш не си под влијание на алкохол.

Премногу стрес-ситуации. Многу психолози сметаат дека кога доаѓа до голем стрес,

умот како да зема дел од нашата меморија и ја става скриена во делови од мозокот каде е тешко да се допре. Ако оваа теорија е точна, можеме само да замислиме како големата количина на стрес влијае врз нас, а покрај тоа го нарушува и здравјето. Но, без оваа теорија, кога си под стрес тешко да запомниш каква било нова информација.

Неправилната исхрана е причина за многу негативни последици кај човекот. Како на

се, така и на мозокот му треба гориво за да може да работи, а тоа е гликозата. Ако недостига, ќе недостига и материјал што помага при добро помнење. Исто така, важен за помнењето е и витаминот Б1, чиј недостаток може да доведе до сериозни нарушувања, како Верник – Корсаковиот синдром. Овој синдром најчесто се јавува кај хронични алкохоличари, а личноста не може да запамети нови информации подолго од неколку секунди.

Page 38: Инфо Гимназијалец бр. 4

,,Тајните на Еден” – Крис Бохалијан – Овој роман ќе ве остави без здив. Раскажува приказна за двоен убиец преку деталните раскажувања на четворица блиски на жртвите. Иако содржи криминалистички елементи, сепак не станува збор за крими роман, туку реален портрет на тоа како луѓето реагираат на трагедиии, било да се ненадејни, било да се очекувани.

,,Вредно за умирање” – Ли Чајлд – Возбудлив трилер , и донекаде акција. Погледнете дали и како Ричер ќе успее да преживее во експлозивниот сплет на околности, во кој е замешан новиот CO на Десетиот Special Unit. Дали е возможно да се шверцуваш незабележано од Небраска па се до Вирџинија ? Верувајте дека нема да останете рамнодушни на романов.

,,Изгубениот симбол” – Ден Браун - Книга во која главната улога повторно ја има харвардскиот професор Роберт Лангдон. Приказната повторно се врти околу мистериите низ историјата поврзани со масонството, барајќи го „изгубениот симбол“, кој се спомнува во античката книга „Клучот на Саломон“. Извонреден роман, впрочем како и останатото од Ден Браун.

Книги што ја обележаа 2010-тата година

Погледнете кои литературни остварувања годинава се најдоа на топ-листата на светски бестселери. Ви приложуваме и нивна кратка содржина, па одлучете самите која книга ќе ве придружува следните неколку денови. Доколку некоја од нив се уште не го пронашла својот македонски превод, немојте да се разочарувате, бидејќи секогаш можете да ја најдете истата на англиски, па дури и на српски.

Page 39: Инфо Гимназијалец бр. 4

,,Девојката со тетоважа на змеј” – Стиг Ларсон - Во центарот на дејствието е еден необичен истражувачки (детективски) пар - Микаил Блумквист и Лизбет Саландер. Блумквист ја започнува соработката со младата Лизбет Саландер, девојка со бурно минато, сосем кратка коса и тело покриено со тетоважи. Изглед кој не ветува дека Саландер е спремна да одговори на тешкиот предизвик. Но, како и секогаш, изгледот лаже. Двајцата заедно почнуваат да копаат по минатото на семејството Вангер, и како што секогаш бива кога се копа доволно длабоко, откриваат работи за кои и не се сигурни дека би требало да се откријат.

,,Марина” – Карлос Руиз Зафон – Според читателите, најдоброто дело на Зафон досега. Дејството се случува во Барселона во 1979 година. Оскар Драј ги минува попладнињата шетајќи се низ улиците на Барселона во близина на интернатот во кој оди на училиште. Во едно од тие попладниња влегува во куќата на Марина од каде во момент на паника зема еден саат. Сакајќи да го врати саатот се запознава со Марина. Книга која ве освојува не ви дозволува да ја оставите сè додека не ја прочитате до крај, сè додека не се решат загатките и мистериите кои се поврзани со Оскар и неговата жена Марија која исто така има интересна животна приказна.

,,Бакнеж во ноќта” – Шерилин Кенион - Сите жени во нејзиното семејство умираат на 27 години, на денот на својот роденден, а нејзиниот роденден наближува. Од друга страна тој носи клетва. Никој никогаш не го памети. По 5 минути откако ќе напушти некоја просторија никој веќе не се сеќава на него. Жени за една ноќ кои никогаш не го помнат... Но таа го запомни, го запомни тој бакнеж во ноќта. И сега не смее да дозволи таа да умре. Мора да ја штити со целата своја сила. Во неговиот бесмртен живот таа е најдоброто нешто што дотогаш му се случило. Забавна и возбудлива книга за недозволеното, за надмоќното, за љубовта и страста. Не смеете да ја пропуштите.

За некои бакнежи вреди да се живее...

Page 40: Инфо Гимназијалец бр. 4

НАШИ ФИЛМ ПРЕДЛОЗИ

„Тој не е толку по тебе“ Жарн: романтична комедија Улоги: Бен Афлек, Џенифер Анистон, Дру Баримор, Џенифер Конели, Бредли Купер, Џенифер Гудвин, Скарлет Јохансон, Џастин Лонг

Џиџи Хаим е млада жена која го бара својот принц на бел коњ некаде во нејзините неуспешни љубовни состаноци. По излегувањето со Конор, Џиџи нестрпливо очекува телефонски повик од него. Но, Конор нема да се јави. Таа одлучува да оди во барот каде тој најчесто оди, за да го види, па таму го среќава неговиот пријател Алекс кој работи таму. Тие стануваат пријатели и Алекс и помага да ги препознае значајните знаци од нејзините момчиња. Оваа приказна се справува со предизвиците во читањето и погрешното толкување на човечкото однесување во врска со љубовта. Дали си ти правилото или исклучокот?

„Социјалнa мрежa“ Жанр: драма, биографија Улоги: Џеси Ајсенберг, Руни Мара, Брајан Бартер, Џосеф Мацело Во една есенска ноќ во 2003 година, компјутерскиот програмерски гениј Марк Цукерберг седнува на неговиот компјутер и започнува со работа на една нова идеја. Во една еуфорија на блогерство и програмирање, тоа што започнува од неговата работна просторија е една нова глобална социјална мрежа и револуција во комуникациите. По шест години и 500 милиони пријатели подоцна, Марк Цукерберг е најмладиот милионер во историјата.... но за него успехот води до лични и службени компликации.

„ИП МЕН“ Жанр: акциона драма Улоги: Дони Јен, Симон Јам Базиран е на животот на Ип Ман, велемајстор на боречката вештина Wing Chun и првиот учител на оваа вештина. Еден од неговите ученици е широковлијателен и признат боречки уметник, Брус Ли. Филмот го следи животниот пат на Ип Ман од изучувањето на боречките вештини до отварањето на сопствена школа. Филмот има три дела. Одличен за оние кои се воодушевени од древните кинески боречки вештини.

Page 41: Инфо Гимназијалец бр. 4

Помалку или повеќе секој човек во својот живот ќе дојде до ситуација да верува во нешто

неосновано, верување кое произлегло од традицијата и историјата. Тоа верување е наречено суеверие. Некои суеверија се смешни и забавни, а други можат многу да влијаат во нашиот живот и слободното функционирање. Во продолжение следат неколку попопуларни суеверија за кои има многу едноставни, логични објаснувања.

ЦРНА МАЧКА ЗНАЧИ НЕСРЕЌА

Како се случило овие мили суштества да станат олицетворение на несреќа, магии, смрт и вештерство? Дури и моќните воени лидери како Хитлер и Наполеон се плашеле од црните мачки. Овој мит вели дека ако целосно црна мачка ти го пресечи патот те следи малер. Многу луѓе се враќаат три чекори наназад, три пати чукаат во дрво или поминуваат од заобиколен пат за да не ги стигне проклетството. Во минатото кога бебе ќе умрело или некој немало да ја преживее ноќта со својата висока температура, често

наоѓале мачка залепена до мртвото тело. Сосема природно, луѓето си претпоставувале дека мачката ја исцедила душата од покојникот. А црната боја и онака е олицетворение на злото, заради непрегледноста во ноќта.

ЧУКАЊЕ ВО ДРВО ЈА ОДВРАЌА НЕСРЕЌАТА Потеклото на ова суеверие датира од времето кога некои култури верувале дека Боговите живееле на дрвјата. Кога некој ќе побарал услуга од Бога, нежно ја допирал кората на дрвото. За да се заблагодари откако желбата ќе се исполнела, полека потчукнувал на дрвото. Овој мит вели да чукнеш во дрво три пати за да ја одвратиш несреќата која си ја предизвикал. ОТВАРАЊЕ ЧАДОР ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР - НЕСРЕЌА Единствената несреќа која може да ја предизвика е да се скршат вредни работи или да се повреди некој. Но, според суеверието ако отворите чадор дома може да значи брза смрт или голема несреќа за оној кој го отворил чадорот и за сите околу него. ДА СЕ КАЖЕ „НА ЗДРАВЈЕ“ – СРЕЌА Римјаните верувале дека кивањето ја исфрла душата и дека таа ќе остане на безбедно ако и посакате здравје на личноста која кива. Сепак не е само од учтивост. Кивањето се смета дека ги исфрла и лошите духови. КРШЕЊЕ ОГЛЕДАЛА

Скршете огледало и заработете си седум години несреќа. Изгледа будалесто, но сигурно, секогаш сте внимателни покрај огледалата. Седум години е исто така и времето кое е потребно за целосно да се обнови телото. Бидејќи се смета дека огледалото е рефлексија на душата, кршење на огледало значи штетно за душата. За да се излекуваат негативните ефекти, огледалото треба да го изнесете надвор и да го закопате под Месечината.

ЧЕШАЊЕ НА ДЛАНКАТА Ова суеверие е поврзано со парите. Ако ве чеша левата рака ќе земате пари, а ако ве чеша десната ќе давате. За парите исто така важи следното: Пари земени на заем се носат во левиот џеб – така ќе се вратат со помалку тешкотии.

ЧЕТИРИЛИСНА ДЕТЕЛИНА Потеклото на ова суеверие е повеќе од јасно. Четирилисните детелинки се сметаат за среќни, од проста причина што се толку ретки - се јавуваат еднаш на секои 10 илјади детелинки. Всушност беа ретки. Денес, со помош на генетскиот инженеринг, се произведуваат и се продаваат. Дополнително, четирилисната детелинка има очигледна форма на крст, што како симбол се почитувал уште пред христијанството, а откако христијаните дошле, едноставно го презеле симболот зашто се поклопил со нивниот и така детелинката успеала да преживее до денес.

Page 42: Инфо Гимназијалец бр. 4

Двајца полицајци на работа решаваaт крстозбор: - Зеленчук со три букви? - Зелка! - Не ја собира. - Епа земи помала. Eден наш работник во Африка се јавува кај жена си во Македонија и и кажува дека сака да се врати дома засекогаш и ја прашал што сака за сувенир од Африка. Жената му одговорила дека не и е важно што ке биде важно да е нешто што ќе се сеќава. Мажот се мислел и на крај земал слон. Поминал неколку граници и стигнал во Грција ама гркот остро му рекол дека не може со слон преку граница. Човекот мислел и на крај земал два леба, едниот го ставил во едното уво другиот во другото уво на слонот и отишол кај цариникот. Абе ти реков не може со слон да поминеш. Нашиов изнервирано му одговорил: „ШТО ТИ Е ТЕБЕ ГАЈЛЕ ШТО ИМАМ ЈАС ВО СЕНДВИЧОТ!?“ Ќире му се жали на пријателот: - Знаеш што, мојава жена секој ден оди од кафана во кафана. - Што бе, пие? - Не бе, ме бара. Мажот и го подметнува весникот под нос на жената: -Прочитај ја оваа статија за рибите, мила. -Зошто? -Од нив би можела да научиш како се молчи. -Прво ти од нив научи како се пие само вода!

Што носи зајакот на грб додека лета? - Орел. Зошто косата паѓа? - Затоа што не е зимзелена. Зошто плавуша во ташната секогаш носи огледало и пченка? - Огледало за да се осигура дека не е кокошка, а пченка за секој случај. Што е кактус?- Краставица разочарана од животот. Зошто цајкан доаѓа дома од работа,ја фрла цигарата на кревет, а тој се фрла низ прозор? -Одговор:Се збунил.

Самоубиец скока од 6-ти кат и брои: - Шести, пети, четврти, трети, втори, први, втори, трети....О не, прерамките ми се закачиле некаде. Што се добива кога ќе се спарат еж и полжав?- Четка за коса со футрола.

Page 43: Инфо Гимназијалец бр. 4

Близнаци – Овој знак е воден од Воздухот и тоа е причината што родените во овој знак ги преферираат слободата и промените. Тие обожаваат патувања во воздух. Не сакаат њубопитни или неодлучни личности да ги придружуваат на нивните патувања. Тие настојуваат кон градската гужва, која им дава можност за социјализација.

ПАТУВАЧКИ ХОРОСКОП

Луѓето имаат различни хобија и интереси. Како и да е, патувањето е нешто што го сакаат речиси сите. Доколку сакате да изненадите некоја драга личност со карта за особено патување, пред да отидете во туристичката агеницја, прочитајте што најмногу би ја израдувало, во зависност од нејзиниот хороскопски знак.

Овен – Овој огнен знак се карактеризира со огромна енергија. Овните сакаат да искусуваат екстремни авантури. Егзотични и инконвенционални места, планини, сафари и јавање се нивните фаворити. Но, нив исто така им се допаѓа и патувањето со стил, на пример, во авион.

Бик – Овој знак е управуван од Земјата и тоа е причината што луѓето родени во овој знак сакаат групни патувања. Обично тие не сакаат да бидат спонтани и неодлучни. Освен организираните патувања и групните тури, пливањето исто така ги привлекува.

Рак – Бидејки Ракот е воден знак, луѓето припадници на овој знак воглавно преферираат море и океан. На овие водени површини, тие би сакале да искусат крстарења, бродски тури и романтични вечери. Тие радосно би оделе во места со големи шопинг центри.

Лав – Овој знак е огнен, па луѓето родени во овој знак генерално преферираат жешка клима, пустини и сончеви плажи. Тие обожаваат самите да возат до одредената дестинација. Многу од Лавовите имаат спортски дух и атлетски способности, па одлична идеја за таквите би била: пливање, сурфање, скијање и планинарење.

Девица – Бидејќи Девицата е земјен знак, припадниците на овој знак обично сакаат да патуваат со кола, автобус или воз. Бидејќи Девиците многу внимаваат на себе, одличен избор за нив би бил јога или спа третмани.

Вага – Генерално, самите Ваги имаат чувство дека се владетели. Затоа, тие би сакале хотели со 5 ѕвездички, луксузни масажи, танцување и гурманска трпеза. Сепак, тие би уживале и во романтични крстарења.

Шкорпија – Припадниците на овој воден знак, на прво место ги ставаат љубовните авантури и патувањата во друштво на саканата личност. Тие исто така би се задоволиле и со велосипедски авантури. Љубители се на големите водени површини, особено на океаните. За време на патувањето, оставете им и простор барем за кратко да потонат во своите мечтаења.

Стрелец – Припаднциите на овој огнен знак, никогаш нема да се пожалат на начинот на патување и превозното средство што се користи притоа. Тие генерално би биле задоволни со што и да е, но сепак преферираат сончеви предели. Секогаш на прв план би ставиле патување на кое можат да ги надоградуваат своите познавања за културата, историјата и религијата.

Јарец – Припадниците на овој земјен знак не сакаат да патуваат често. Поради тоа би останале дома и би ги канеле своите пријатели. Сепак, ако патуваат би сакале да посетат продавници за антиквитети и да купат различни нешта за декорирање на сопствениот дом. Како и да е, тие не сакаат премногу екстраваганција.

Водолија -Луѓето родени во овој воздушен знак сакаат да посетуваат различни места и да не се навраќаат на оние, коишто веќе ги имаат посетено. Имаат многу ексцентричен вкус и затоа одличен избор за нив би бил ice-hotel или подводен бар.

Риби – Бидејќи Рибите се воден знак, луѓето родени во овој знак преферираат патувања со брод, чамец, сплав, кану или јахта. Тие генерално се романтични и би сакале своите сакани да ги однесат на романтични, осамени места или места што продаваат добра храна.

Page 44: Инфо Гимназијалец бр. 4

- Турнир во шах - Хуманитарна акција - Вечер на странски јазици - Модна ревија „Алора“

ПРОГРАМА за одбележување на 65 – годишнината од постоењето

на Гимназијата „Добри Даскалов“ - Кавадарци Покровител: Градоначалник на град Кавадарци г-дин Александар Панов

и Совет на општина Кавадарци Ноември Декемрви

Јануари

Февруари

Март

Април

Мај

- Спортско дефиле (градски плоштад) - Културно - уметничка програма во чест на патронот - Изложба на фотографии - Отварање на лигата на класно првенство - Театарска претстава „Техно Ѕвезда“(премиера)

- Класно првенство во кошарка - Ден на италијанската култура - Литературно читање - Турнир во одбојка - Новогодишен хепенинг

- Презентација на проекти - Трибина

- Промоција на монографија - Изложба на фотографии „Времеплов“ - Квиз натпревар по историја

- Театарска претстава „Коштана“(премиера) - Ревија на цвеќе и цветни аранжмани - Крводарителска акција - Ekoлошка акција

- Финални натпревари од лигата на класно првенство и доделување на награди - Годишен концерт