42
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЕШЕРИХИЈА КОЛИ ЌЕ ГИ (С)ОБЕРЕ ОРАНЖЕРИИТЕ И покрај тоа што македонското стопанство е чисто, „зеленото цунами“ може да предизвика штети и до 10 милиони евра Број 59 од 23.06.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Македонските стопанственици со иницијатива за подобрување на извозот во Руската Федерација и намалување на трговскиот дефицит САМАРА ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕСВРТНИЦА ВО ДИРЕКТНАТА ДИСТРИБУЦИЈА Деловни луѓе од регионот Вологод, еден од најразвиените во Руската Федерација, ги скенираа бизнис-условите во Македонија КОНТАКТИТЕ „ЛОВАТ“ ИНВЕСТИТОРИ ПОСЛЕДИЦИ

Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Електронски неделен бизнис информатро на Стопанската комора на Македонија

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЕШЕРИХИЈА КОЛИ ЌЕ ГИ (С)ОБЕРЕ ОРАНЖЕРИИТЕ

И покрај тоа што македонското стопанство е чисто, „зеленото цунами“ може да

предизвика штети и до 10 милиони евра

Број 59 од 23.06.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Македонските стопанственици со иницијатива за подобрување на извозот во Руската Федерација и намалување на трговскиот дефицит

САМАРА ТРЕБА ДА БИДЕ

ПРЕСВРТНИЦАВО ДИРЕКТНАТА ДИСТРИБУЦИЈА

Деловни луѓе од регионот Вологод, еден од најразвиените во Руската Федерација, ги скенираа

бизнис-условите во Македонија

КОНТАКТИТЕ „ЛОВАТ“ ИНВЕСТИТОРИ

ПОСЛЕДИЦИ

Page 2: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

РЕШЕНИЈА НА СИТЕ ВАЖНИ ПРАШАЊАЗА ЕКОНОМИЈАТА

Не само Европа, туку и целиот свет се справува со сериозна економска и финансиска криза. Фактот дека успеавте (Република Македонија) да бидете остров на економска стабилност и тоа дека успешно имплементиравте стратегија за излез од кризата дава охрабрување. Дали значи дека кога се е

совршено со бизнис климата дека нема резерви кај инвеститорите. Дали значи дека владеењето на правото достигало такво ниво па инвеститорите се охрабруваат да дојдат во вашата земја? Не баш. Важно е врз овој позитивен економски податок да се решат други важни прашања за економијата на вашата земја да дава придонес на останатиот дел од ЕУ.

(Штефан Фуле, Eврокомесар за проширување)

ВО МОМЕНТОВ БАНКИТЕ ИМААТ 300 МИЛИОНИ ЕВРА СЛОБОДНИ СРЕДСТВА

Банките бараат намалување на задолжителната резерва чисто од лукративни причини. Секако за задолжителната резерва тие добиваат 2% камата на денарската, а 0,1% на девизната сметка. Доколку се ослободат тие средства

тие ќе можат истите да ги пласираат во благанички записи и да добиваат 4% камата. Банките и без тоа имаат доволно ликвидни средства. Во моментов банките имаат 300 милиони евра слободни средства коишто ги пласираат во благајнички записи и немаат никаква друга намена. Значи ако банките имаат добри проекти за финансирање тие ќе можат и сега да ги исфинансираат со ликвидноста што ја имаат. Ние постојано го разгледуваме прашањето на поставеноста на и н с т р у м е н т и т е на монетарната политика и ќе оцениме во иднина дали има потреба во иднина за некаква ревизија на таа поставеност, односно дали ќе се намали задолжителната резерва или нешто друго ќе се направи. Каматните стапки на деловните банки помалку се намалија отколку каматната стапка на Народната банка. Секако, има тука причини зошто е тоа така, но морам да напоменам дека и сегашното ниво на каматни стапки на банките е историски најниско. Значи никогаш каматните стапки за кредити на банките не биле пониски од сегашните. Тоа го покажуваат статистичките податоци за просечните каматни стапки на банките. Секако една од причините зошто таа каматна стапка не се намали повеќе е и тоа што малку се намалија и каматните стапки на депозитите. Знаете дека депозитите се основен извор на средства за банките, банките плаќаат доста високи камати на депозитите и поради тоа веројатно имаат причина да ја држат и каматната стапка на кредитите на повисоко ниво. (Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија)

ПОВЕЌЕ ВНИМАНИЕ НА ФИНАНСИСКИОТ МЕНАЏМЕНТ

Точно е дека се чувствува недостиг од пари на пазарот, особено последниве две години. Ние имаме прилично строга политика во делот на наплатата и засега немаме поголеми проблеми. Еден од првите совети што ги добив кога почнував со продажба во Кнауф пред 17 години беше продај ако можеш да наплатиш, и н а к у продавањето нема смисла. Ние би можеле и двојно повеќе да продаваме, но тогаш ќе имаме проблеми со наплатата и затоа внимаваме кому продаваме. Сакам да истакнам дека македонските компании, особено малите и средните, мора да обрнат повеќе внимание на финансискиот менаџмент, на паричниот тек во компанијата, задолжувањата, побарувањата и сл. за да не доаѓаат во ситуација на загрозена ликвидност. Легитимна е желбата да се инвестира повеќе, да се успее повеќе, но клучно е колку финансиски може да се издржи сето тоа. Некој ќе почне со изградба на станбен објект, а паралелно сака и втора зграда. Дали треба да се впушта во таков ризик или прво да ја направи и да ја продаде првата, па нека прави втора... Тоа се прашањата на коишто претприемачите треба да обрнат повеќе внимание.

(Тодор Деловски, директор на „Кнауф Македонија“)

Покровители

ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

Page 3: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Повеќе години, македонското стопанство има иницијатива за отворање на дистрибутивен центар во Руската Федерација, како директна логистичка поддршка и поттик на компаниите да го унапредат извозот во оваа земја. Иницијативата беше поддржана од Министерството за економија, за што, во Стопанската комора на Македонија, на 9 февруари 2009 година беше одржана јавна расправа со учество на заинтересираните компании, претставници на Македонско-руската стопанска комора и други комори, како и релевантните министерства.

Руската Федерација е престижна деловна дестинација за светските економски сили, но и за малите играчи. Трговската соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација е во континуиран раст, но константно се зголемува и трговскиот дефицит на македонска страна. Во 2010 година покриеноста на увозот со извозот изнесуваше 4,8%, во 2009 е 4,6%, а во првиот квартал од оваа година е 5,3%. Ова го истакна м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, отворајќи го овој состанок (16.6.2011 година). М-р Јелисавета Георгива потенцираше дека првиот квартал во 2011 година Република Македонија има остварено извоз во Руската Федерација во висина од 50% од вкупниот извоз во 2010 година и дека во истиот период има извезено земјоделски производи и вино во истата вредност колку вкупниот извоз на истата група на производи за цела 2010 година, што само ја потврдуваат потребата од итно преземање на конкретни активности за отворање на дистрибутивен центар во Руската Федерација. Имајќи предвид дека во најблиското опкружување, Република Србија, има договор за слободна трговија со Руската Федерација, и пошироко, со Белорусија и Казахстан, но и дистрибутивен центар за српските земјоделско-прехранбени и други производи во Москва, но и дека ЕУ има преференцијална трговија со

Русија (Бугарија и Грција), долгогодишна потреба од отворање на дистрибутивен центар во Руската федерација станува прашање на унапредување на конкурентната способност на македонското стопанство. При тоа, не треба да се занемари постојаниот раст на цените на земјоделско-прехранбените производи, како и побарувачка на храна на глобално ниво. Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија истакна дека Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора со овој настан се ставаат во функција на промоција на иницијативата на приватниот сектор - отворање на дистрибутивен центар на македонските стоки во областа Самара, Руската Федерација, со цел директен придонес во брзо остварување на повеќегодишната иницијатива. Самарската област е една од економски најразвиените во Русија. Има резерви на нафта, природен гас и хидроенергија. Богата е и со сулфур, креда, глина... Најразвиени се машинството, хемиската индустрија и обоената металургија. Стопанството го сочинуваат 400 големи и средни претпријатија и преку 4.000 мали фирми. Просечната плата е 435 евра, а бројот на жители што гравитира во оваа област надминува 20 милиони. Како што рече подвлече извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, Самарската област е увозно зависна од прехранбени продукти и токму затоа фокусот треба да се стави на агрокомплексот. Транспортот воопшто не претставува проблем, затоа што освен автопатната мрежа, исклучително се развиени и железничкиот и воздушниот сообраќај. На овој настан, своја презентација од искуствата од долгогодишното работењето во Руската Федерација направи Богоја Блажески, сопственик на „Сигурносни појаси“ – с. Белчишта, Охрид и компанијата „РБВ“ во Самара. Тој истакна дека треба да се направи пресинг врз нашата Влада за да се реши проблемот со визите, но и да се овозможат услови за бесцаринска размена. Македонското стопанство со ниту една гранка не може да влијае на руската економија. Затоа и треба да се преземат сите мерки за максимално олеснување на соработката. Тој посочи дека не е лесно да се работи со Руската Федерација, но е многу благодарно, па маките и вложените напори секогаш се исплатуваат. Исто така, тој истакна дека земјоделството е најатрактивен

сектор и главна шанса за развивање на соработката со Самарската област во Руската Федерација и затоа треба што поскоро да се отвори дистрибутивен центар. Центарот би бил посебно поволен за винарниците.

Од состанокот произлегоа следните Заклучоци:

* Компаниите заинтересирани за учество во конзорциум за основање на дистрибутивен центар на македонски стоки во областа Самара, Руската Федерација, да го пријават својот интерес до Стопанската комора на Македонија до 24.6.2011 година.* Компаниите кои се заинтересирани да ја користат инфраструктурата на дистрибутивниот центар, до Стопанската комора на Македонија да достават прелиминарен спиок на стоки со тарифни броеви и количества, со цел првично осознавање на исплатливоста од користењето на капацитетот на објектот. За оваа намера, Комората ќе подготви прашалник што ќе се достави до компаниите.* Врз основа на добиените информации кои земјоделско-прехранбени и други стоки би биле од интерес за извоз во Руската Федерација, Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската комора да изготват информација за царинските и даночните оптоварувања што би ги имале тие стоки.* Доколку компаниите искажат критичен интерес, Комората ќе свика иницијативен состанок на компаниите заинтересирани за основање на конзорциум, од кој состанок би излегла платформа и анализа за основање на дистрибутивен центар на македонски стоки во областа Самара, Руската Федерација и би се отворил дијалог со Владата за оптималните облици на функционирање на истиот, вклучувајќи го и моделот на приватно-јавно партнерство. Исто така, пред Владата би се излегло со конкретни барања за олеснување и унапредување на билатералните трговски односи, кои се во нејзина надлежност.

ПРОЕКТИ

Македонските стопанственици со иницијатива за подобрување на извозот во Руската Федерација и намалување на трговскиот дефицит

ИТНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОТВОРАЊЕ ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР ВО САМАРА

Page 4: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Македонско-руски бизнис-форум со компании од Вологод

НАДМИНУВАЊЕ НА АКТУЕЛНИТЕ ПРЕЧКИ ЗА ИНТЕНЗИВНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Скромниот капацитет и неможноста на македонското стопанство да ги покрие руските простори, лошите транспортни врски, високите царини и тврдата позиција на руското законодавство кон македонските производи - се клучните причини поради кои Република Македонија остварува огромен трговски дефицит во размената со Руската Федерација.

На Македонско-рускиот бизнис- форум со компании од регионот Вологод (16.6.2011 година), кој го организираа Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора, беше нагласено дека овие пречки мора да се надминат особено зашто Македонија во ниту еден случај и од никаков аспект не може да ја загрози руската економија. Не сме воопшто конкуренција и би требало да ни се овозможи некоја отстапка, порачаа претставниците на македонската бизнис-заедница. - Руските компании да не пробуваат само да продадат на македонскиот пазар, туку и да инвестираат, да изградат капацитети и Македонија да ја искористат како регионален центар за продажба на нивните производи на Балканот, во Турција и во другите поблиски земји што се членки на Европската унија, - апелира претседателот на Регионалната комора со седиште во Скопје, д-р Горан Рафајловски.

Надминувањето на бариерите, додаде д-р Горан Рафајловски, мора да го поддржат државните органи на Русија и Македонија. - Царините мора да се намалат за да бидат македонските производи конкурентни. Авионскиот и б р о д с к и о т транспорт за нас се речиси неупотребливи. Н а ш е т о производство и индустрија би требало да зависат од п о д о б р и т е линии на железницата, а неопходно е да се подобри и патната инфраструктура, - истакна Рафајловски. Според рускиот амбасадор во земјава Олег Николаевич Шчербак, реално постои можност за надминување на актуелните пречки за интензивна економска соработка, како што се високите царини и отсуството на директни сообраќајни линии. - Во првите три месеци од годинава обемот на трговската размена меѓу двете земји е зголемен за двапати во однос на истиот период лани. Македонскиот извоз во Русија пораснал два и пол пати. Тоа зборува дека има потенцијал за развој на соработката. Притоа е многу важно да се воспостават директни деловни врски меѓу стопанствениците, - потенцира Олег Николаевич Шчербак. Со оглед дека конкуренцијата во светски рамки станува се` пожестока, зголемувањето на бројот партнери, подвлече амбасадорот, е услов за успешен бизнис. Руските компании досега не биле информирани доволно за бизнис-условите во Македонија. Руската економија, како што рече претседателот на Вологодската комора, Галина Телегина, допрва се запознава со деловниот амбиент и можностите на Македонија за инвестирање. На Македонско-рускиот бизнис-форум

присуствуваат група бизнисмени од Вологодскиот регион, еден од најразвиените во Руската Федерација и познат по производство на железо, челик и преработка на дрво. Токму тешката, хемиската и дрвната индустрија се посочуваат како гранки за интензивирање на соработката. Целта на разговорите со деловните луѓе од Македонија се во насока на остварување директни деловни контакти и враќање на пазарите во областа на градежништвото,

прехранбената индустрија, винарството, текстилот, кожната и чевларската индустрија, преносот на електрична енергија и трговијата на мало со храна, пијалаци, алкохол и цигари.

ПОСЕТИ

ДОСИЕ

Стопанската соработка меѓу Република Македонија и Руската ФедерацијаРАСТЕ И ТРГОВИЈАТА И – ДЕФИЦИТОТ!

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Руската Федерација за првите четири месеци од 2011 година достигна вредност од 329,2 милиони САД$. (споредбено за истиот период од минатата године е зголемен за 100,6%) При тоа, остварен е извоз во вредност од 16,6 милиони САД$ (споредбено + 144,1%), додека увозното салдо изнесува 312,6 милиони САД$ (споредбено + 99,3%). Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 296 милиони САД$.

Page 5: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Tрговска размена со Руска Федерација во периодот 01-04.2011 годинаВо САД%

Извоз Увоз Вкупно Биланс

количина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$ сума во УСА$ сума во УСА$

18.245.202,00 16.589.394,00 400.589.658,00 312.590.661,00 329.180.055,00 - 296.001.000,00

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Руска Федерација во 2010 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Руската Федерација во 2010 година достигна вредност од 579,3 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 26,7 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 552,5 милиони САД$. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 525,8 милиони САД$. Во 2010 година Русија е наш петти трговски партнер во вкупната размена со светот.

Трговска размена со Русија во 2010 годинаВо САД $

Извоз Увоз Вкупно Биланс

количина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$ сума во УСА$

14.853.793,00 26.739.248,00 878.186.811,00 552.537.472,00 579.276.720,00 -525.798.000,00

Трговска размена меѓу Македонија и Русијаво мил САД$

2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Извоз 10.35 13.94 14.43 13.74 19.67 21.42 25.02 23,57 32,7 22,5

Увоз 191.8 139.71 125.37 178.97 271.01 424.5 567.5 643,27 939 495,0

Вкупно 202.3 153.65 139.8 192.71 290.68 445.9 592.5 666,84 963,5 517,5

Суфицит/ Дефицит -181.3 -125.77 -110.9 -165.23 -251.34 -403.0 -542.5 -619,7 -906,3 - 472,5

Споредувајќи го периодот од 2000 до 2009 година, во надворешно-трговската размена меѓу Македонија и Руската Федерација, може да се согледа константен дефицит во вкупната размена на македонската страна. Истиот се должи на доминацијата на енергенси во увозната структура. Зголемувањето на обемот на македонската -руско трговија е можно преку активирање на работата на националните и регионалните трговско-стопански комори, преку проширување на директните контакти меѓу руските и македонските претпријатија и фирми, врз основа на потпишаните спогодби за соработка помеѓу Коморите од двете страни како и врз основа на донесување одлуки на меѓувладино ниво, по пат на потпишување спогодби за државни испораки на одделни производи, опрема и за изградба на објекти. Договор за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Украина треба да се искористи како инструмент за поголем продор на рускиот пазар визави воспоставената слободна трговија помеѓу Руската Федерација и Украина. Глобализацијата на меѓународните економски процеси значајно влијае врз зајакнување на заемноста на националните економии. РФ и РМ исто така, се вовлечени во овој процес. Тие се дел од сложениот механизам на развојот на светската економија и играат своја одредена улога. Оттука, произлегува неопходност од севкупен развој и зајакнување на двостраните македонски -руско деловни односи: да не бидат под влијане на политичките интереси на страните и да добијат статус на сервис на интересите на народите на двете држави. Поаѓајќи од ова, а имајќи ја предвид и воспоставена билатерална правна рамка, докажаното искуство во успешната реализација на големите програми за развој во различни сфери во економијата и во инфраструктурата, руските организации и институции се спремни и понатаму да ја зголемуваат заемно-добитната соработка со нивните македонски партнери. Одличната геостратегиска положба на Македонија, ниските даноци и опреативни трошоци, добрата инфраструктура, квалификувана работна сила, демократското општество и проактивната улога на владиниот и невладиниот сектор во развојот на националната економија се уште се непознаница за потенцијалните странски инвеститори од Руската Федерација. Новиот момент, создавање на зона на слободна трговија во регионот (ЦЕФТА) како и овозможување на примена на дијаголна кумулација на потекло за индустриските стоки од Р.Турција во извозните македонски производи кон

ДОСИЕ

Page 6: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

пазарите на ЕУ ги отвараат новите можности за странските инвестиции. Но, во исто време, имајќи ги предвид актуелните мерки што ги зема Владата на Р. Македонија за финансиска помош на малите и средните претпријатија, за поддршката на извозно-ориентираното производство, може да очекуваме зголемување на извозот во Русија. Решението на проблемот за зголемување на македонскиот извоз во Русија, исто така, треба да го побараме и во сферата на искористување на нови инструменти за плаќање, кои се базираат на отварање кредитни лини и финансиски граници, од страна на комерцијални банки, кредитни организации и финансиски фондови од двете земји и слично. Македонија реализира и планира да реализира

долгорочни, крупни програми за: наоѓалишта за обоени и скапоцени материјали; модернизација на термоелектрични централи; изградба на термоелектрична централа со искористување на природен гас; изградба на серија мали хидроелектрични централи; развој н нафтена и гасна инфраструктура; изградба на “Коридор 8“ (патна, железничка и енергетска мрежа) и “Коридор 10“, акумулации и хидро-мелиоративни системи; развој на информатиката и телекомуникациите.

ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ НА РУСИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО МИЛ.ЕВРА

ЗЕМЈА 2010 2009 2008 2007 2006 2005 2004

Вкупно вложувања Во мил. САД$

Вкупно вложувања Во САД$

Русија 5,62 -0,76 1,3 1.523.673 0,0073 0,0295 0,0552

Т О ТА Л РМ

295,77 241,01 2.968,7 344,7867 72,2131 260,7616

Приказ на директни инвестиции од Русија во Македонија

* Извор: Народна банка (Вложувања евидентирани според податоците од платен промет на деловните банки и царински декларации)

Простор за инвестиции во Македонија постои, инвестиционата клима е позитивна, и со поголема, стратегиска и агресивна промоција на потенцијалите и погодностите за влез на странски инвестиции лесно ќе се привлечат и побрзо ќе се одлучат руските стопантвеници да инвестираат во Македонија и да отпочнат со водење на бизнис. ОАД Лукоил реализира инвестиционен проект за изградба во РМ синџир на бензиски пумпи, нафтен терминал и придружни објекти. За оваа цел во Македонија веќе е работи ДОО Лукоил Македонија да биде полноправен учесник во продажбата на нафтени деривати на големо и мало на македонскиот пазар, компанијата досега изгради само 8 пумпни станици од планираните 40 современи

пумпи, а до крајот на 2009 година тој број треба да изнесува 15 бензински станици.

РезимеНЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕНА БИЛАТЕРАЛНАТА ТРГОВИЈА

Надворешно трговска размена со Русија има постојан тренд на зголемување. Но, во исто време и трговскиот дефицит на Република Македонија секоја година расте. За да се унапреди стопанската соработка со Русkата федерација потребно е да се воспостави стратегија за развој на: транспорт (авиолинија и железница) соработка на поле на енергетика трговија и маркетинг (настап на руски пазар) поставување на билатерална соработка во финансиско - банкарски сектор градежништво туризам

Воспоставување на мерки за поттикнување на билатерална соработката

Веќе подолг период, фирмите, односно стопанствениците изразуваат интерес за воспоставување билатерална преференцијална зона на трговија меѓу Република Македонија и Руската Федерација, пред сеж, од аспект на конкурентност во контекст на Договор за слободна трговија склучен меѓу Србија и Руската Федерација. Со оглед на децентрализацијата на руското стопанство, треба да се преиспита можноста за трговските оолеснувања во рамките на регионите. Постои потреба од дополнување на Шемата на производи на кои се применува Генералниот систем на преференцијалите (GSP), односно производи кои се увезуваат во Руската Федерација со преференцијалниот сертификат за потеклото ФОРМ А. Во трговската размена со Руската Федерација, круцијален проблем е непостоење поврзаност со железница преку коридорот VIII (во делот на Република Македонија). Коридорот VIII, според руските проценки, ќе ги намали трошоците на трговската размена за 35%. Доколку во земјата се дооформи правната рамка за приватно-јавно партнерство, би можело да се очекуваат руските инвестиции во изградба на коридорот. За да се ублажи негативното влијание на цената на превозот врз конкурентноста на македонските производи на пазарот на Руската Федерација, потребно е да се овозможи поддршка на извозот (воведување рефакции или некој друг дозволен извозно-поттикнувачки инструмент).

ДОСИЕ

Page 7: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Во моментот меѓу Руската Федерација и Република Македонија не постои ниту еден вид линиски превоз. Оценка е дека со воспоставување директна авиолинија би се поттикнале стопанските врски, вклучувајќи ги и карго-превозите, дотолку повеќе што веќе, меѓу владите на Република Македонија и Владата на Руската Федерација е склучена Спогодба за редовен воздушен сообраќај.

За да се обезбеди конкурентност на нашиот извоз во Руската Федерација, треба да се испитаат инструментите на банкарската поддршка и осигурувањето. Взаемната недоволна информираност за стопанските потенцијали и можности за соработка, на ниво на регионите на Руската Федерација од една страна и на Република Македонија од другата, а со цел поттикнување на трговската размена, инвестирање и долгорочни видови на соработка, постои потреба од проект за партнерство, на ниво на коморското организирање, со којшто, со стратешки пристап, би се постигнале наведените цели. Потребно е да се иницира промотивна активност во Руската Федерација, во регионите, за македонските потенцијали.

Правната рамка во која се одвива стопанската соработка меѓу Република Македонија и Руската ФедерацијаНАСКОРО И СПОГОДБА ЗА ВИЗНИОТРЕЖИМ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

Во последната деценија, создадена е соодветна договорно-правна рамка за успешен развој на трговско-економската соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија. Функционира и Македонската - Руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Реализацијата на потпишаните меѓувладини документи во претстојниот период е приоритетна задача на двете земји. Оваа година значајно е потпишувањето на Спогодбата за визниот режим помеѓу двете земји.

ЗАКОН за ратификација на Конзуларната конвенција меѓу Република Македонија и Руската Федерација - МД - 31/03-59.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за трговија и економска сора-ботка, склучена меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација - МД - 49/93 - III.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Маке-донија и Владата на Руската Федерација за економска и техничка соработ-ка во областа на енергетиката, сообраќајот и врските, водостопанството и земјоделството и во сферата на нестопанските дејности - МД - 7/98-1.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за поттикнување и заем-на заштита на инвестиции - МД - 7/98-10.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за одбегнување на двој-ното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал -МД-7/98-24.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за меѓународен патен сообраќај - МД - 7/98-79.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на културата, образованието и науката - МД - 60/95 - XIII.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на заштитата на животната средина и природата меѓу Владата на Репуб-лика Македонија и Владата на Руската Федерација - МД -16/98 - 370.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на РМ и Владата на Руската Федерација за соработка и заемна помош во царинските работи-МД-21/98-170.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообра-ќај меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Фе-дерација - МД -12/02-271.ЗАКОН за ратификација на Меморандумот меѓу Владата на Руската Феде-рација и Владата на Босна и Херцеговина, Владата на Република Хрватска, Владата на Република Македонија, Владата на Србија и Црна Гора, Владата на Република Словенија за порамнување на меѓусебните финансиски поба-рувања во однос на порамнување на сметките од стоковниот промет меѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ - МД - 46/04-1.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за воено-техничка сора-ботка - МД - 49/04-42.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација во областа на ветери--нарството - МД - 49/04-81.ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на карантинот и заштитата на растенијата - МД -110/05-214.

ДОСИЕ

ПРЕФЕРЕНЦИЈАЛНА ТРГОВИЈА

Руската Федерација претставува едниствено економско пространство со пазарите на Украина, Белорусија и Казахстан, согласно Договорот потпишан во Јалта во мај 2004 година кои го ратификуваа парламентите на сите четири земји. Договорот обезбедува слободна циркулација на стоки, капитал и работна сила помеѓу овие четири дежави. Руската Федерација со ЕУ има преференцијална трговија, а со Србија го применува договорот за слободна трговија, иако истиот не е ратификуван од руската страна. Русија е во заеднички економски простор со Бразил, Индија и Кина т.н БРИК (BRIC). Надворешната трговија на Русија се реализира во земјите на Заедницата на независните држави (држави коишто произлегоа од поранешниот Советски Сојуз) во висина од 15%, и повеќе од 50% од вкупниот извоз на руската опрема се реализира во овие земји. Поради тоа, во февруари оваа година, руската страна најави создавање на зедничка зона на слободна трговија со овие земји. Обновување на патот на свилата, како нов глобален предизвик во развојот на трговијата и транспортот - поврзување на понудата и побарувачка на потегот исток - запад, Кина - Европа, е директен реален предизвик за Русија и за Заедницата на независни држави, но и за земјава - преку коридорот VIII.

Page 8: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

ТАБЕЛА НА КОМОРСКИТЕ СПОГОДБИ ЗА БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА СО СТОПАНСКИ КОМОРИ ОД РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Стопанска Комора на РФ 1993

Московска стопанска комора 1994

Протокол за соработка со Комитетот за металургија на РФ

1994

Стопанска Комора на Јарославск 1995

Формиран Македонско - руски деловен совет 1996

Стопанска Комора на Саратов 1997

Спогодба за сорботка меѓу Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија - АТАМ и Руската асоцијација на туристичките агенции - РАТА

1998

Бројки и фактиРАЗМЕНАТА НА ПРЕХРАНБЕНИ И ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ СО РУСИЈА

Извоз на прехрамбени и земјоделски производи во Русија во периодот 01-04.2011 година

5410 Компир, свеж или разладен, освен сладок компир

1.220.365,00 671.841,00

5451 Кромид и алма, свежи или разладени

257.657,00 150.835,00

5453 Зелка и сличен зеленчук, свеж или разладен

5.380.043,00 2.826.343,00

5740 Јаболки, свежи 7.176.835,00 2.266.113,00

9860 Активен квасец и други препарати

137.270,00 361.708,00

11217 Вино од свежо грозје, (освен пенливо вино); шира со спречена ферментација со додавање на алкохол

97.902,00 141.346,00

ВКУПНО РУСИЈА 14.270.072,00 6.418.186,00

Извоз на прехрамбени и земјоделски производи во Русија во 2010 година

5440 Домат, свеж или разладен 1.333.790,00 803.221,00

5453 Карфиол, брокола и сличен зеленчук, свеж или разладен

2.961.561,00 825.659,00

5751 Грозје, свежо 1.283.715,00 1.064.681,00

5793 Кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, свежи

1.850.729,00 1.403.810,00

5798 Овошје, друго, свежо 320.680,00 268.586,00

9860 Активен квасец и други препарати

279.268,00 711.155,00

11217 Вино од свежо грозје 267.812,00 329.136,00

ВКУПНО РУСИЈА 8.297.555,00 5.406.248,00

Извоз на прехрамбени и земјоделски производи во Русија во 2009 година

5453 Карфиол, брокола и сличен зеленчук, свеж или разладен

1.918.262,00 359.680,00

5456 Морков и друг коренест зеленчук, свеж или разладен

467.767,00 329.828,00

5751 Грозје, свежо 211.901,00 164.754,00

5793 Кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, свежи

1.803.751,00 1.145.409,00

5798 Овошје, друго, свежо 208.618,00 104.572,00

9860 Активен квасец и други препарати

264.117,00 807.470,00

11217 Вино од свежо грозје 223.263,00 299.476,00

ВКУПНО РУСИЈА 5.097.679,00 3.211.189,00

Извоз на прехрамбени и земјоделски производи во Русија во 2008 година

5440 Домат, свеж или разладен 1.505.588,00 667.987,00

5453 Карфиол, брокола и сличен зеленчук, свеж или разладен

2.576.025,00 778.329,00

5740 Јаболки, свежи 1.173.332,00 420.614,00

5751 Грозје, свежо 461.582,00 322.048,00

5793 Кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, свежи

2.531.853,00 1.494.113,00

5798 Овошје, друго, свежо 191.721,00 141.006,00

9860 Активен квасец и други препарати

449.894,00 1.094.003,00

11217 Вино од свежо грозје 334.063,00 371.108,00

ВКУПНО РУСИЈА 9.224.058,00 5.289.208,00

Извоз на прехрамбени и земјоделски производи во Русија во 2007 година

5440 Домат, свеж или разладен 886.166,00 452.611,00

5453 Карфиол, брокола и сличен зеленчук, свеж или разладен

886.105,00 152.401,00

5793 Кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, свежи

1.871.403,00 1.041.576,00

9860 Активен квасец и други препарати

316.184,00 718.073,00

11217 Вино од свежо грозје 4.856.714,00 1.885.022,00

ВКУПНО РУСИЈА 8.816.572,00 4.249.683,00

Увоз на прехрамбени и земјоделски производи од Русија во 2010 година

9899 Останати производи за исхрана

17.080,00 331.543,00

Увоз на прехрамбени и земјоделски производи од Русија во 2008 година

4120 Пченица друга и наполица, во зрно

5.340.400,00 2.262.093,00

8135 Маслени погачи и остатоци од семе на сончоглед

1.417.490,00 631.402,00

ВКУПНО РУСИЈА 6.757.890,00 2.893.495,00

Увоз на прехрамбени и земјоделски производи од Русија во 2007 година

4120 Пченица друга и наполица, во зрно

7.744.676,00 3.194.420,00

6159 Меласа од шеќерна репка и останати меласи

3.072.760,00 537.125,00

ВКУПНО РУСИЈА 10.817.436,00 3.731.545,00

ДОСИЕ

Page 9: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

РЕАГИРАЊЕ

Владата ќе го разгледа барањето на Групацијата за оранжериско производство при Стопанската комора на Македонија за субвенционирање на мазутотСУБВЕНЦИИТЕ ДА СЕ КОМПЕНЗИРААТ СО ВЛЕЗ НА ДЕВИЗИ ОД ИЗВОЗ ВО ДРЖАВАВА

Оранжериските производители до крајот на неделава директно ќе ги презентираат своите барања пред владината Комисија за економски систем, којашто воедно ќе ги разгледа и конкретните мерки на ресорното Министерство за нивна поддршка по појавата на бактеријата Ешерихија коли. Како што изјави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, разгледан ќе биде и предлогот на производителите за субвенционирање на мазутот, но под кои услови - допрва треба да се утврди. Ова барање го истакна Тодор Черепналковски, претседател на Групацијата за оранжериско производство при Стопанската комора на Македонија на редовната прес-конференција во најстарата и најбројната стопанска асоцијација, што се одржа на 20.6.2011 година.

- Ако мазутот се субвенционира, тогаш периодот на греење, расадување и производство треба порано да почне за да може производите да стасаат побрзо и навреме да се пласираат на европскиот и светскиот пазар, што ќе овозможи остварување приход. Она што државата би го загубила од поддршката треба да се компензира со влез на девизи, со профит од пласман на производството, рече Перица Иваноски пред почетокот на Националната конференција за мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН), а го цитира МИА. Зголемување на субвенциите по површина за оранжериското производство и по килограм откупен производ за производството на отворено и пластеници, како и зголемување на лимитот на кредитите од компензациските фондови до 400.000 евра, се мерките за помош на оранжериските производители што ги предлага Министерството за земјоделство. Групацијата за оранжериско производство при Стопанската комора на Македонија излезе со пресметки дека

оранжериското производство од појавата на Ешерихија коли ќе претрпи пет до 10 милиони евра загуба, па затоа се бара компензација за енормно високата цена на мазутот, потоа, користење повластени петгодишни кредити со пониски камати исклучиво за отплата на банкарските заеми, како и користењето на наменските средства за поддршка на земјоделството од компензациските фондови да се лимитира на 600.000 евра. - Оваа година побарувачката на кредити е зголемена во однос на претходните. Повторно се јавува интерес за инвестирање што е добро, но средствата се лимитирани. Оттука потребата да размислиме како да ја зголемиме поддршката. Условите се четири отсто камата за обртни средства во квота од околу 1,2 милиона евра, истакнал заменик-министерот Перица Иваноски.

ПРОЕКТИ

Без поддршка од државата земјоделските стопанства не би можеле да реализираат поголеми инвестиции ИНТЕНЗИВНА ПОДГОТОВКА НА МРЕЖА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОДАТОЦИ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА

Профитабилноста на земјоделските стопанства е значително ограничена доколку нема поддршка од државата. Ова не е случај само во Македонија, туку генерално, и во земјите-членки на Европската унија. - Земјоделските стопанства работат на граница на рентабилност и профитабилност. Ако не постојат субвенциите, многу тешко ќе можат да инвестираат на долг рок. Може да опстојуваат без големи приходи и профити, но тоа не е доволно за да вложуваат на долг рок и да ја подобруваат сопствената состојба, изјавил заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, а го цитира МИА. Во насока на креирање што поефикасна аграрна политика и согласно барањата на ЕУ, Македонија интензивно работи на изготвувањето на мрежата на сметководствени податоци од земјоделските стопанства (ФАДН). ФАДН дава податоци за профитабилноста на стопанствата, а тоа овозможува креирање здрава, ефикасна аграрна политика согласно актуелните состојби во земјоделството. Системот во земјава треба целосно да се воспостави до 2013 година. Со него ќе бидат опфатени вкупно 1.200 земјоделски стопанства. Активностите почнаа лани со анализа на 316 фарми, а продолжија годинава со двојно зголемување на бројот, до 600 стопанства. - Крајната бројка од 1.200 земјоделски стопанства всушност ќе биде финалниот репрезентативен примерок за Република Македонија кој треба да даде конкретна слика за профитабилноста по типови и големини. Тоа е неопходно за дефинирање здрава аграрна политика која

ќе ги следи големината на приходите од стопанствата и соодветно ќе реагира ако има евентуално зголемување или намалување, рекол Иваноски пред почетокот на Националната конференција за ФАДН, што се одржа оваа недела. При изготвувањето на мрежата се прибираат податоци само од комерцијални земјоделски стопанства кои остваруваат пазарен вишок врз претходно прецизирани прагови на економска големина. Праговите варираат во зависност од државата. Највисоки се во земјите од северозападна Европа, а најниски во југоисточна Европа. - Шест пати годишно се собираат податоци за економската состојба на фармите, за вкупните трошоци и приходи, за субвенциите и за движењето на цените. На крај се гледа колку биле профитабилни, односно колку приход оствариле, објасни заменик-министерот. Македонија прв пат има комплетни ФАДН-податоци што одговараат на европските стандарди за 2010 година. Искористени се за интервенција во насока на што поголема профитабилност. - Врз основа на овие податоци видовме дека е неопходно да ги зголемиме субвенциите за стопанствата каде што има пад на приходот. Тоа и го сторивме со годинашната Програма за финансиска поддршка, информира Иваноски и додаде дека податоците што се прибираат се особено важни токму за тоа, да им се помогне на стопанставата да дознаат кои трошоци им се поголеми и треба да ги намалат, дали нивното производство е профитабилно... Специфика на ФАДН е собирањето сензитивни физички и структурни податоци за земјоделската површина, бројот на добиток, работната сила, како и економските и финансиските индикатори во однос на основните средства, обврските, вредноста на производството, субвенциите, продажба, набавка... Целосното етаблирање на мрежата е обврска што Македонија треба да ја исполни како дел од процесот на евроинтеграција. Во собирањето на податоците од земјоделските стопанства се ангажирани околу 70 советници. Тие истовремено ги поучуваат земјоделците како и каде да го подобрат работењето за да ги намалат трошоците, да ја зголемат продуктивноста и да остварат повеќе приход. Концептот на ФАДН постои од 1965 година. Податоците што ги содржи се собираат на доброволна основа, доверливи се и не се користат за пресметување даноци. Земјоделските стопанства кај нас се класифицирани во девет групи. Доминираат поситните, со т.н. мешовита дејност, што работат и сточарство и растително производство. Помалку има специјализирани за одреден сектор. Сите се дефинираат врз основа на големината, но и по приходот што го остваруваат од продажбата на сопствената продукција.

Page 10: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

ПОСЕТИ

Македонско-турски бизнис-форум со компании-членки на Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД)ТУРСКИОТ КАПИТАЛ ПОДГОТВЕН ДА ГИ ИСКОРИСТИ ПОГОДНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЕМЈАВА

Трговската размена меѓу Република Македонија и Република Турција е на ниско ниво, но постојат можности за соработка и за подобрување на економските односи меѓу двете држави, - оценуваат деловните луѓе од компаниите- членки на Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД) кои во Стопанската комора на Македонија ги разгледуваа можностите за соработка со македонски компании ( 22.6.2011 година). - Во време кога земјите од светот се соочуваат со економска криза, а Медитеранот со немири и војни, чест е и привилегија да се биде домаќин на 40 претприемачи - членови на реномираната Турска асоцијација на индустријалци и

бизнимени, кои доаѓаат од градовите Истанбул, Сакариа, Токат, Ерзурум, Елазиг, Ван, Коџели, Анкара и Мерсин. Во ТУМСИАД членуваат повеќе од 11.000 членки, кои доаѓаат од земја која е 16-та економија во светот, – нагласи м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Како потенцијални сектори се посочуваат градежништвото, прехранбената и хемиската индустрија, производството на машини и трговијата. - Македонија е динамична земја и има многу квалификувана работна сила, државата ги поддржува странските инвеститори. Треба да се искористат овие поволности. Дојдовме да видиме кои се предностите и дали да се насочиме кон подобрување на трговската размена или на странските инвестиции, - нагласи Хасан Серт, претседавач на ТУМСИАД. - Треба да се искористи општата благонаклоност на турската Влада кон Македонија и регионот во функција на унапредување на економските односи и трговската соработка. Сегашниот обем на билатералната трговска размена не отсликува што можеме заедно да направиме. Информациите кои денес ги добивме за инвестиционата и бизнис-климата во Република Македонија нема да останат во функција на 40 компании кои се денес во Македонија, туку ќе ги проследиме до целото наше членство кое брои 11.000 индустријалци и бизнисмени од цела Турција. Според него, трговската размена меѓу двете држави е околу 300 милиони САД долари и е на многу ниско ниво, а причината за тоа ја гледа во нестабилноста на државите во светски рамки поради војните

и конфликтите во последните 20 години. Трговијата е важна, но според м-р Јелисавета Георгиева, таа може да биде поквалитетна и подобра доколку заеднички се фокусираме на европските перспективи и процеси на интеграција на ЕУ-пазарите со пазарите на медитеранските земји, ЕФТА, Западен Балкан и Турција. Верувам, додаде таа, дека после оваа балканска мисија, партнерите од Турција, освен како на билатерален партнер, на Македонија ќе гледаат и како на регионален и ЕУ-партнер. Партнер со кој можат да создадат заеднички производ и заеднички да излезат на трети пазари. Годинашните настани на Медитеранот го потврдуваат значењето на стабилноста на земјите-партнери за економската соработка,

а Македонија, покрај традиционалното пријателство и блискост, нуди и стабилност. Оваа компаративна предност треба заеднички да ја искористиме. Турските инвестиции во Република Макеонија се покажаа како успешни. „Коч Груп“, „Тав“, „Зорлу-текс“, Зираат Банк, „Вардар доломит“ - инвестиции во експлоатацијата на мермер, во туризмот, градежништвото, се одржливи и се развиваат. Копретседателот на Турско-македонскиот деловен совет, Хасан Хожбен препорачува Македонија да не се гледа само како мал пазар од 2,2 милиона жители, туку како регионален пазар. Како еден од условите за подобрување на соработката и трговската размена во поглед на директни авионски линии ја гледа и најавата на турската авиокомпанија „Пегасус“, која од 15 август три пати неделно ќе лета на релација Истанбул - Скопје и два пати за Измир. - За половина година откако сум на функцијата копретседател на Македонско-турскиот деловен совет, со Стопанската комора на Македонија остваривме многу активности за промоција на компаниите. Планираме да продолжиме, и до крајот на годината ќе имаме уште можности за непосредни деловни контакти, – додаде Хасан Хожбен. Во Стопанската комора на Македонија се смета дека причината за слабата трговска размена меѓу двете држави е поради тоа што до скоро Турција била сконцентрирана повеќе на пазарите на медитеранските земји, но по ескалацијата на состојбата кај нив, се надеваат дека ќе се подобри ситуацијата со трговската размена. -Размената е мала затоа што Турција беше сконцентирана на медитеранските земји, односно во Либија и Египет, со над една милијарда евра инвестиции. Меѓутоа, во овие земји имаше немири и нестабилност и Турција сега се` повеќе е свртена кон Балканот, – подвлече Љубица Нури, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање во Стопанската комора на Македонија во изјавата за новинарите. Таа смета дека ќе биде потребно добро да се осмислат поволностите за

привлекување на странски инвеститори, за да може тие да се привлечат да инвестираат во Македонија, а не во соседните држави. Според податоците на Стопанската комора на Македонија, вкупната трговска размена меѓу Македонија и Турција во 2010 година достигнала вредност од 311,2 милиони американски долари. Остварен е извоз од 50,9 милиони САД долари, а увозното салдо изнесува 260,3 милиони САД долари. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 209,4 милиони САД долари, а покриеноста на увозот со извозот е 19,5 проценти. По завршувањето на Бизнис-форумот, претставниците на двете бизнис-заедници имаа бројни деловни средби.

На што се фокусира Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД) во својата активност ?„ЧЛЕНКИТЕ ЗА ЧЛЕНКИТЕ“

Тргнувајќи од важноста на малите и средни компании како придвижувачи на развојот, ТУМСИАД ги спојува индустријалците и претприемачите кои ги почитуваат универзалните заеднички вредности. ТУМСИАД практикува метод “членки за членки“ со цел на малите и средните компании да им се отворат нови хоризонти, да го унапредат претпреимачкиот дух и да ги зајакнат сопствените цели, како и да креираат решенија и проекти кои ќе им обезбедат положба за почит во глобалната економија. ТУМСИАД дава поддршка во решавањето на проблемите на своите членки на полето на позиционирање на пазарот, вработување, брендирање, како и на конкурентно излегување на интернационалните пазари. Аналитички ги следи секторите и преку соработка со академската стручна јавност и со други бизнис-заедници предлага решенија за нивно унапредување. На своите 11. 000 членки им помага да добијат техничко-технолошки информации, но и решенија, се` со крајна цел - опстанок во глобалната економија.

Page 11: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

ДОСИЕ

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република ТурцијаСКРОМНИ 311 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО 2010 ГОДИНА Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2010 година достигна вредност од 311,2 милиони САД $.

Компаративна анализа на трговската размена 1-4 2010/2011Во САД долари

Вкупна размена Извоз Увоз

2010 1-4 2011 1-4 % 2010 1-4 2011 1-4 % 2010 1-4 2011 1-4 %

117.547.381,00 129.014.053,00 + 9 15.245.172,00 26.711.844,00 + 75 71.683.350,00 102.302.209,00 + 42

Обем на трговската соработка за период 1-12.2010 годинаВо САД $

ИЗВОЗ УВОЗ ВКУПНО БИЛАНС

50.909.435,00 260.310.638,00 311.220.073,00 - 209.401.203,00

При тоа, остварен е извоз во вредност од 50,9 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 260,3 милиони САД$. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 209,4 милиони САД$. Покриеноста на увозот со извозот е 19,5%.

Компаративен приказ на трговската размена со Турција - 2009 / 2010 годинаВо САД $

Вкупна размена Извоз Увоз

2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс

301.655.525 311.220.073 103.2 40.764.204 50.909.435 128,8 250.746.090 260.310.638 103,8

Билатералната трговска размена се одвива согласно Билатрралниот договорот за слободна трговија и Регионалниот мултилатерален договор за слободна трговија ЦЕФТА 2006 согласно кој Турција е вклучена преку билатрална и дијагонална кумулација на потеклото на стоки. Вкупната надворешно-трговска размена меѓу двете земји во последните години бележи континуиран раст, како во извозот, така и во увозното салдо. Така извозот во 2010 година е зголемен за 10,1милиони САД $, што претставува раст од 28,8% во споредба со цела 2009 година, додека кај увозот има раст од 9,6 милиони САД$, или зголемување од 3,8%. Вкупната размена е зголемена за 9,5 милиони САД$, или раст од 3,2%. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2010 година, во структурата на извозот најмногу се застапени:• текстилни материјали и ткаенини - 8,5 милиони САД $;• мермер и огноотпорни тули – 6,2 милиони САД $;• топло и ладно валани производи од железо и челик 13,7милиони САД$;• сурови кожи од животни– 2,5 милиони САД $;• прехранбени производи - 3,6 милиони САД $. Во увозното салдо најголемо учество имаат: • прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) 22,1 мил. САД$• руди од никел – 12,2 милиони САД $;• текстилни предива, ткаенини и теписи – 62 милиони САД $;• други моторни возила за превоз на лица и стока - 12 милиони САД$;• гoтови текстилни производи, облека и обувки – 10,6 милиони САД$;• производи од железо и челик – 12,9 милиони САД $;• електрична опрема и бела техника -12,3 милиони САД $ и др.

Стоковна размена (2001 / 2009)Во илјади САД $

2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Извоз 8.583 8.462 32.808 53.954 53.954 54.272 53.248 31.564 40,7

Увоз 46.407 59.154 78.787 94.843 94.883 106.969 194.766 268.754 250,7

Вкупно 54.990 67.616 1 11.596 148.798 148.837 161.201 248.014 300.318 301,6

Трг.

салдо -37.824 -50.692 - 45.979 -40.889 -40.292 -52.697 -141.518 -237.190 -210

Споредувајќи го периодот од 2001 до 2010 година, во надворешно-трговската размена меѓу Македонија и Турција, се забележува константен трговски дефицит на македонска страна, кој благо варираше до 2007 година, кога нагло почна да се зголемува. Во анализираниот период најголемиот дефицит е остварен во 2008 година и изнесувал 237 милиони САД $.

Приказ на директни инвестиции од Турција во МакедонијаВо мил.евра

2009 2008 2007 2006 2005 2004 2003

-2,35 42.976.042 34.909.718 27.722.719 25.060.107 26.488.657 18.860.126

Бројки и фактиРЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

1. Локација: Југоисточна Европа и Југозападна Азија, граничи со Црното Море, меѓу Грузија и Бугарија, со Егејско и Медитеранското Море, меѓу Грција и Сирија2. Површина: • Вкупно: 780.580 км2 - Земјена површина: 770.760 км2 - Водена површина: 9.820 км23. Граници: • Вкупно: 2.648 км • Земји со кои граничи: Ерменија, Азербеџан, Бугарија, Грузија, Грција, Иран, Ирак, Сирија4. Главен град: Анкара5. Население: 76.805.524 (2009) 6. Религија: Муслимани 99,8%, други 0,2% 7. Јазици: турски, курдски, арапски, ерменски и грчки 8. Бруто домашен производ (БДП) • БДП куповна моќ: 863,3 милијарди САД $ (2009) • Стапка на пораст на БДП: -5,6% (2009) • БДП по глава на жител: 11.200 САД $ (2009) • БДП по сектори: - Земјоделство: 8,5% - Индустрија: 28,6% - Услуги: 62,9% (2008)9. Стапка на инфлација: 16,5% (2009)10. Стапка на невработеност: 14,5% (2009)11. Индустрии: Текстил, челик, петролеј, градежништво, хартија, преработка на храна, хартија, рударствo, челик, електроника12. Стапка на пораст на индустриско производство: -11,8% (2009)13. Извоз: 102,2 милијарди САД $ (2009) • Извозни партнери: Германија 9,6%; Велика Британија 5,8%, Италија 5,8%; Франција 6,1%; Ирак 5% (2009) • Извозни производи: прехранбени производи, текстил, метални производи, транспортна опрема 14. Увоз: 140,8 милијарди САД $ (2009) • Увозни партнери: Русија 14%; Германија 10; Кина 9%; Италија 5,4%; САД 6,1%; Франција 5% (2009) • Увозни производи: машини, хемикалии, полуготови производи, горива, транспортна опрема

Листа на интернационални договори и интернационални акти од економска природа меѓу Република Македонија и Турција

Име на договорот Склучен Ратификуван Објавен Влегување во сила

Протокол 2 кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и

Република Турција

02.12.2005 Скопје 16.05.2007 68/2007 01.08.2007

Протокол за соработка меѓу Република Македонија и Република Турција (ТИКА)

15.03.2005 Анкара 06.12.2005 110/2005 07.11.2007

Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција

07.09.1999 Скопје 17.12.1999 83/1999 01.09.2000

Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Турција

06.07.1998 Скопје 05.02.1999 7/1999 01.07.2000

Меморандум за разбирање меѓу Република Македонија и Република Турција за трговијата со текстилни производи

27.10.1997 Скопје 11.02.1998 9/1998 01.04.1998

Договор меѓу Република Македонија и Република Турција за поттикнување и заемна

заштита на инвестициите

14.07.1995 Скопје 30.01.1997 5/1997 27.10.1997

Договор меѓуРепублика Македонија и Република Турција за одбегнување на

двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал

16.06.1995 Анкара 20.09.1995 45/1995 28.11.1996

Спогодба меѓуРепублика Македонија и Република Турција за меѓународен патен

сообраќај

27.04.1995 Скопје 20.09.1995 45/1995 04.10.1995

Спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и

Владата на Република Турција

09.12.1994 Скопје 29.03.1995 19/1995 11.07.1997

Спогодба за трговска и економска оработка меѓу Република Македонија и Република

Турција

17.03.1994 Анкара 29.03.1995 19/1995 03.04.1995

Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција

за туристичка соработка

27.10.1993 Скопје 20.07.2007 45/1995 27.10.1995

ПОСЕТИ

Page 12: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

И покрај тоа што македонското стопанство е чисто, „зеленото цунами“ може да предизвика штети и до 10 милиони евраЕШЕРИХИЈА КОЛИ ЌЕ ГИ (С)ОБЕРЕ ОРАНЖЕРИИТЕ

Од пет до десет милиони евра финансиска загуба ќе претрпи македонското оранжериско производство поради појава на бактеријата Escherichia Coli. Ова ќе биде дополнителен удар по минатогодишното енормното покачување на цената на мазутот.

Ова беше предупредено на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија, на која беа изнесени првите проценки за настанатите штети од појавата на Escherichia Coli (20.6.2011 година). -Освен драстично намалената побарувачка и пласман на зеленчукот, драстично паѓаат и цените. Просечната цена на доматите во сезона е 34 до 42 денари за килограм, а сега не е ниту 18. Краставиците пак обично се продаваа од 30 до 32 денара, а сега не одат ниту за десет, - истакна Тодор Черепналковски, претседател на Групацијата за оранжериско производство при Стопанската комора. Тој напомена дека состојба е исклучително алармантна поради фактот дека 80 отсто од стакленичкото производство отпаѓа токму на домати и краставици. - Ситуацијата дополнително ја влошија одлуките на Русија за забрана на увоз на зеленчук од Западна Европа и на Шведска, за забрана на каков било увоз на зеленчук. Тоа значително влијаеше на нашите потрошувачи. Драстично се намали и интересот на досегашните традиционални пазари. Стана неисплатливо да се прават трошоци за берба и пакување, но се правеа дополнителни трошоци за фрлање на родот во депонии, - рече Черепналковски. Тој оцени дека обидите за изнаоѓање нови пазари тешко ќе се реализираат поради условите што ги диктираат тамошните пазари. Ќе помине и време додека се интервенира во однос

на обезбедувањето поголема финансиска поддршка од државата зашто новата влада се` уште не е формирана. Според производителите, се` уште не може да се даде конечна проценка за евентуалните загуби зашто е неизвесно колку ќе потрае ситуацијата со појавата на Escherichia Coli. Тие минатата недела имале средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на која заеднички ги разгледале актуелните проблеми. Владата, како што истакна Черепналковски, покажала разбирање за репрограмирање на субвенциите во оранжериското производство. - Пријатно сме изненадени од реакцијата на ресорниот министер кој по иницијатива на Владата не` покани на средба. Во текот на разговорите ги изнесовме нашите барања, а потоа и писмено му ги доставивме, рече претседателот на Групацијата. Компензација за енормно високата цена на мазутот, користење повластени петгодишни кредити со пониски камати и една година грејс период исклучиво за отплата на банкарските заеми на земјоделците кои се со многу висока камата и краток рок на доспевање, користењето на наменските средства за поддршка на земјоделството од компензациските фондови да не се лимитира на 100.000, туку на 600.000 евра, се дел од барањата на производителите. Нивна сугестија е и мисијата на Македонија во Брисел да се задолжи да ги испита можностите за користење на европските фондови за компензација на штетите предизвикани од Escherichia Coli. Ресорниот министер Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, за време на викендот објавија дека македонскиот зеленчук е безбеден за јадење и во него нема бактерија Es-cherichia Coli. Тие ги повикаа домашните потрошувачи слободно да купуваат од нашето производство домати и краставици. Пресметките на производителите на раноградинарски култури во контролирани услови, оранжерии и стакленици, покажуваат дека мазутот станува решавачки фактор за нивно економско опстојување. Во јануари 2009 година бил 11,5 денари за литар, а во мај годинава 43 до 44 денари, што е 269 отсто покачување. Во цената на производите денес горивото учествува со околу 70 до 75 проценти, за разлика од претходно кога на него отпаѓаа 45 до 48 отсто.

НА САМОТО МЕСТО Во Струмичко се зголемува цената на зеленчукот, евидентиран и раст на извозотНАДЕЖ ВО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ТЕНДЕНЦИИТЕ

Извозот на земјоделските и сточарските производи од Струмичко е зголемен за пет отсто во споредба со истиот период лани. До март на странските купувачи им се испорачани над 35.000 тони ран и конзервиран зеленчук, овошје, вино, јагнешко месо, ..., при што е реализиран приход од преку 40 милиони евра. Годинава од Струмичкиот регион се очекува да бидат извезени околу 150.000 тони земјоделски и сточарски производи и преработки.

Според производителите и трговците, и покрај проблемите со пласманот што ги предизвика појавата на бактеријата Ешерихија коли, цените на зеленчукот кои викендов забележаа пораст, и денеска се благо зголемени. Килограм домат се откупува за повеќе од 18 денари на големо, а минатата недела беше максимум осум денари. Пиперките се поскапи од 40 денари за килограм, а пред неколку дена чинеа 25 денари. Експертите сметаат дека ваквата тенденција ќе продолжи. По резултатите од лабораториските анализи кои докажаа дека домашниот зеленчук е здрав и безбеден за консумација, стравот на потрошувачите се намалува. Освен на домашниот пазар, интересот за македонското раноградинарско производство е зголемен и на пазарите во Србија, Косово, Белорусија и во Украина. По појавата на Ешерихија коли, поради намалениот пласман и цените, земјоделците излегоа со пресметка дека финансиската загуба во оранжериското производство ќе достигне 5 до 10 милиони евра. Сепак, нагласија, конечната проценка за штетите ќе се знае по конечното завршување на ситуацијата.За надминување на состојбата, производителите побараа помош од државата.

ПОСЛЕДИЦИ

Page 13: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Здружението на трговијата со поддршка на идејата за формирање уше една фирма за управување со пакување и отпад од пакувањеКОНКУРЕНЦИЈА ПРОТИВ МОНОПОЛ НА ПАЗАРОТ

Управниот одбор на Здружението на трговијата, на седницата одржаната на 17.6.2011 година, по втор пат во една недела расправаше за Законот за управување со пакување и отпад од пакување, кој е донесен уште пред една и пол година, а ќе почне да се применува од 1.7.2011 година. На состанокот присуствуваше претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање. Трговците бараа одговор на повеќе прашања врзани со Законот, за обврските колку отпад од пакување мора да прикажат до крајот на годината, колку ќе треба да плаќаат на фирмата која управува со отпадот од пакување, како и за повеќе за нив спорни точки од Законот.

Фирмите трговци ја поддржаа идејата која произлезе од Асоцијацијата за секундарни суровини да се формира уште една фирма која ќе управува со отпадот од пакување, со цел да не се создаде монопол на пазарот и да има поголема конкуренција. Управувањето со отпад од почетокот на 2010 година е регулирано со Закон со цел да се намали отпадот кој завршува на депониите, а еден дел да се собира организирано и да се рециклира, што му дава и економски димензии на законското регулирање на областа животна средина.

Даниела Михајловска Василевска

Барање на Групацијата на инспекциските тела - работилници за тахографи и таксиметриСТРУЧНОСТА БАРА ПРЕИСПИТУВАЊЕНА АКРЕДИТАЦИИТЕ

На седницата на Групацијата на инспекциските тела - работилници за тахографи и таксиметри, одржана на 16.6.2011 година, во Стопанската комора на Македонија се расправаше за покренување иницијатива пред надлежните органи за ревизија на акредитираните инспекциски тела - работилници за тахографи. Покренувањето на иницијативата за проверка на работењето на акредитираните инспекциски тела произлезе од сознанијата на членките на Групацијата дека одредени инспекциски тела кои добиле акредитација не се

доволно стручни за вршење на оваа дејност. Се истакна дека со проверката на стручноста во работењето на сите инспекциски тела која е вообичаена пракса во земјите од ЕУ, ќе се добие фактичката состојба, кој стручно ги извршува активностите добиени со акредитацијата, а на кој поради нестручност во работењето би требало да се преиспита акредитацијата.

Поради ваквата состојба на пазарот се прави нелојална конкуренција која се јавува во висината на износот, односно цената за извршената услуга, односно сервисирањето и калибрирањето на тахографите. На седницата се истакна дека поголемиот дел на инспекциските тела – работилници, односно сервисерите на аналогните и дигиталните тахографи за своето работење имаат добиено лиценци од Министерството за транспорт и врски. Војкан Николовски

Дебатата за “Балканот, Израел и Арапската пролет”НЕОХОДНО Е ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ РЕЛАЦИИ СО ИЗРАЕЛ И РЕГИОНОТ

Во Стопанската комора на Македонија, на 16 јуни 2011 година, во организација на дневниот весник “Дневник”, a во соработка со Стопанската Комора на Македонија, се реализираше дебатата: “Балканот, Израел и Арапската пролет”. На дебатата учествуваа повеќе еминентни познавачи на состојбите на таканаречената “Арапска пролет”, како што се Стево Пендаровски, професор на Американ колеџ,

Зоран Петров, заменик-министер за надворешни работи, Бранко Синадиновски, професор, Сем Вакнин, главен и одговорен уредник на „Glo-bal poli�cian“, Драги Ивановски, новинар воТВ Орбис, Стојмирка Тасевска, виш советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, Деан Дејанов, претседател на Македонско -израелската индустриска трговска

асоцијација. Настанот го модерираше Христо Ивановски, уредник за надворешна политика од „Дневник“. На дебатата се анализираше влијанието на протестите што се случија оваа пролет во повеќе земји во соседниот регион, како што се Египет, Мароко, Тунис, Алжир и други, врз Балканот, а посебно врз Република Македонија. Дебатата главно имаше политичка конотација, додека економските аспекти и соработката на Македонија со Израел беа анализирани од страна на Стојмирка Тасевска. Таа истакна дека 60% од трговската размена на Р. Македонија е со земјите од Европската унија, 30% со земјите од ЦЕФТА-регионот, а само 10% со сите останати земји. Во таа насока, со оглед на слабата трговска размена со Израел и со земјите кои беа зафатени со Арапската пролет, не се почувствуваа посебни турбуленции во трговската размена. Неоспорен е фактот дека соработката со Израел е особено значајна за Република Македонија, посебно во делот на трансфер на високи технологии и know-how во повеќе сектори. Исто така, за економските аспекти и за потребата од јакнење на релациите со Израел говореше, Деан Дејанов, претседател на Македонско -израелската индустриска трговска асоцијација.

Студенти од Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје на пракса во Стопанската комора на МакедонијаТЕОРЕТСКИТЕ ЗНАЕЊА ПОТКРЕПЕНИ СО ПРАКТИЧНИ ИСКУСТВА

Годинава околу 25 студенти од насоката Надворешна трговија на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, реализираат пракса во Комората. Со тоа се продолжува долгата традиција на соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Економскиот факултет востановена врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу овие две институции. Ментор на овие студенти е професор д-р Ирена Кикеркова. Со овој вид на соработка на студентите им се овозможува своето теоретското знаење да го поткрепат со практично искуство. Првата група студенти на 17 јуни 2011 година завршија со реализација на двонеделната пракса. Студентите ја реализираа праксата во: Дирекцијата за застапување на интересите на членките, Дирекцијата за деловни и општи услуги и Дирекцијата за меѓународна соработка. Студентите

се запознаа со функционирањето на дирекциите, здруженијата и групациите, Центарот за едукација и Ваша бизнис канцеларија. Тие во изминатите недели имаа прилика да присуствуваат на повеќе настани кои се организираат во Комората, како што се седници на здруженија, билатерални настани, семинари и дебати. Тие се вклучија во активностите кои се реализираа во периодот на студентската пракса и истовремено помогнаа во извршување на тековните активности во дирекциите. По завршувањето на двонеделната пракса, извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева, на студентите им додели Сертификат за извршена пракса. Втората група на студенти студентската пракса ќе ја реализираат во периодот 20 јуни до 1 јули 2011 година.

Page 14: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Македонски телеком и Т-Мобиле општествено одговорни претпријатија ДОНАЦИЈА ЗА НОВО ВОВЧЕ ВО ЗОЛОШКАТА ГРАДИНА

Со донација од Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија во Зоолошката градина наскоро ќе биде набавено ново вовче со кое најмладите посетители ќе можат организирано да се возат и да се едуцираат за сите животни - жители на Зоолошката. Покрај ова, за првпат граѓаните преку www. webmax-tv.mk ќе имаат можност во живо да ги следат акробациите на мајмуните гибони, а трите HotSpot локации на Т-Мобиле поставени во Зоолошката градина нудат можност за бесплатен интернет. Од Т- Мобиле и Македонски телеком, како пријатели на Зоолошката градинка, за следните неколку викенди за најмладите најавуваат и специјално создадена театарска претстава за која ќе бидат поделени околу 2.000 билети преку различни медиумски емисии во живо, Фејсбук и невладини организации кои работат со деца. - Со донацијата го потврдиме нашето големо пријателство со Зоолошката градина и го докажуваме нашиот придонес како одговорна компанија што се грижи не само за своите корисници, туку за сите граѓани, истакна на прес-конференцијаta главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски.

Претставникот на Зоолошката градина Дане Кузмановски рече дека Македонски телеком и Т-Мобиле докажале дека се одговорно општествени компании со поддршката на Зоолошката градина и изрази надеж дека тие ќе бидат пример и за останатите компании да се приклучат со своја поддршка на оваа институција. Соработката меѓу Македонски телеком и Т-Мобиле и Зоолошката градина трае веќе две години. Досега, се реализирани неколку проекти меѓу кои живеалиштето на мајмунот Коко и разубавувањето на просторот во Зоолошката граина преку цртање на графити на ѕидовите и садење на цвеќе.

ПЗУ „Филип Втори“ отвори Ортокин-центар за лекување на остео-артритисотСО ПРОТЕИНИ ОД КРВТА НА ПАЦИЕНТОТ ЌЕ СЕ ЛЕКУВА ВОСПАЛЕНИЕТО И ОШТЕТУВАЊЕТО НА `РСКАВИЦАТА

Специјалната болница „Филип Втори“ започнува со спроведување на револуционерниот ортокин-метод во лекувањето на остеоартритисот. Со оваа метода, се обезбедува единствен биолошки пристап каде што нема

надворешни тела и материјали, односно процесот е автологен. - ПЗУ „Филип Втори“ се регистрира како прв и единствен лиценциран Ортокин-центар во Македонија и официјално започнува со лекување на пациенти со оваа метода. Ортокинскиот третман се базира на користење на сопствените „корисни“ протеини од крвта на пациентот кои го инхибираат воспалението и оштетувањето на ‘рскавицата. Се спроведува на тој начин што се зема венска крв од пациентот во специјално дизајнирани шприцеви кои ставени во биолошки услови овозможуваат да се произведува голема концентрација на овие корисни фактори од сопствената крв без додавање на какви било други материи. Така подготвената крв понатаму во вид на зглобни инјекции се дава во болниот зглоб, во серија од 5-6 пати еднаш неделно“, изјави д-р Александра Димова ортопедски хирург. Дури 10% од населението страда од остеоартритис, односно дегенеративно заболување на зглобовите. Типични знаци на остеоартритис се оштетување на зглобната ‘рскавица, болка, воспаление и намалена подвижност на зглобовите. Дегенеративните процеси на зглобовите кои се случуваат со стареењето можат да се јават и на помлада возраст, особено ако постојат ризик фактори како засилено оптоварување на зглобовите, зголемена телесна тежина, повреди и др. Остеоартритисот може да ги нападне сите зглобови, но најчесто се јавува во колената, колковите, зглобовите на дланката и ‘рбетот. Ортокин-методот за првпат е воведен во 2004 година од страна на германскиот ортопед проф. д-р Петер Велинг, а во регионот се користи само во Хрватска каде што искуствата се позитивни, а ефектите се подолготрајни од досегашните третмани. - Ефектите од ортокинската терапија се одлични - исчезнувањето на болките и подобрувањето на подвижноста на зглобовите се многу подолготрајни отколку кај третманите кои се користеа досега. Покрај успешноста и долготрајноста на третманот, големата предност на методот е отсуството на негативни ефекти бидејќи се работи за препарат создаден од сопствената крв на пациентот, - изјави проф. д-р Никица Дарабош од Клиниката за ортопедија од Загреб.

Ортокин-третманот може без никаква опасност по потреба да се повторува и да се користи и интраоперативно за засилување на ефектот на самиот хируршки третман при артроскопски интервенции, особено на коленскиот зглоб и реконструкции на предниот вкрстен лигамент.

ПОКРОВИТЕЛИ НА КОМОРАТА

Page 15: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Стопанска банка АД - Скопје промовираше „Телефонско банкарство“ШАЛТЕРИТЕ СТАНУВААТ МИНАТО

“Телефонско банкарство” промовираше Стопанска банка, со цел на своите клиенти да им обезбеди брзо, сигурно и ефикасно плаќање на финансиските обврски. Со оваа нова услуга, наместо на шалтерите, сметките за комуналии или ратите за кредити ќе може да се плаќаат по телефон.

Телефонското банкарство е сервис кој може да го користат сите физички лица - клиенти на банката кои сакаат да плаќаат сметки за комуналии, да плаќаат рати за кредити или кредитни картички, да прават секакви денарски плаќања, да добијат увид во состојбата на нивните сметки и производи и бројни други услуги едноставно, брзо и безбедно преку телефон. На овој начин банката останува пионер во воведување на банкарски услуги, базирани на врвни технологии, кои ја гарантираат безбедноста, стабилноста и сигурноста во работењето. Брендот И-банк, под кој се воведува телефонското банкарство, ја симболизира зголемената слобода и изборот на клиентите на Стопанска банка 24 часа да реализираат банкарски трансакции преку телефон, интернет или на банкомат.

Недела на солидарност на Охридска банкаДОНИРАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ОПРЕМА ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА И ЧИСТЕЊЕ НА ЕЗЕРОТО

Четврта година по ред Охридска банка ја организира Неделата на солидарност - иницијатива на ниво на групацијата Сосиете женерал со која вработените, клиентите и партнерските организации на банката се обединуваат околу оската на солидарност. Неделата на солидарност трае од 15 до 24 овој месец.

Охридска банка за време на Неделата на солидарност организира две иницијативи. Првата е во соработка со Црвениот крст на Македонија и Здружението за цистична фиброза. За сите трансакции на ПОС-терминали на Охридска банка во периодот од 16 до 30 јуни 2011 банката ќе издели дополнителни 0,5 проценти од вредноста на трансакциите и тие средства ќе ги донира за набавка на опрема за цистична фиброза на Клиниката за детски болести во Скопје. Соработката меѓу Охридска банка и Црвениот крст за време на Неделата на солодарност со оваа акција преминува во традиционална, како надоврзување на крводарителската акција и акцијата за собирање на обвуки, облека и книги, што беа организирани претходните години. Втората активност, како што информираат од банката, е еколошка акција за чистење на крајбрежјето на Охридското Езеро, во соработка со Здружението за деца со интелектуална попреченост од Охрид и ЈП “Комуналец” од Охрид.

УНИ БанкаЛЕТНИ БОНУСИ СО КОРИСТЕЊЕНА МАЕСТРО И МАСТЕРКАРД

УНИ Банка од 20 јуни до 20 септември 2011 година на своите клиенти кои ќе извршат трансакција со дебитни и кредитни

картички од Маестро и Мастеркард во странство им нуди можност да заработат по еден процент од

вредноста на трансакцијата. - При реализираните плаќања со картичките издадени од УНИ Банка од над/и 1.000 денари во Европа (во земјите во евро-зоната), во Хрватска, Турција и Бугарија може да се заработи 1 процент од вредноста на трансакцијата, - се вели во соопштението на Банката.По завршувањето на кампањата, клиентите ќе можат да ја подигнат целосната сума од својата банкарска сметка.

Македонската берза доби согласност за вовоедување маркет – мејкеритеСЕ ОЧЕКУВА ПОДОБРУВАЊЕ НАЛИКВИДНОСТА НА ПАЗАРОТ

Македонска берза ја доби согласноста од Комисијата за хартии од вредност за воведување поддржувачи на ликвидноста т.н. маркет - мејкери.

Со нивното воведување, како што информираат од Македонската берза, се очекува подобрување на ликвидноста на пазарот, односно зголемување на обемот на тргување, ликвидноста на хартијата и длабочината на пазарот на капитал. Оттаму најавуваат дека се разгледува и можноста тие да плаќаат помала провизија за нивните хартии од вредност. Маркет-мејкер може да биде секоја брокерска куќа и банка што има овластување за тргување во свое име и за своја сметка и има склучено договор со Македонската берза за маркет-мејкинг работи. Од Македонската берза за следниот период најавуваат и поинтензивна соработка со компаниите што би се реализирала преку стопанските комори во државата. Досега, информираат од Берзата, позитивен одговор за ваква соработка имаат добиено од Стопанската комора на Македонија.

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Page 16: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Прилепски „Микросам“ промовираше автоматизирани линии за производство на резервоари„MADE IN MACEDONIA” ПРОДАДЕНО ВО ИНДИЈА

Прилепски „Микросам“ промовираше две автоматски линии за производство на резервоари за течен гас, компресиран гас под притисок и резервоари за водовод. Ова е прв ваков инженерски подвиг кај нас, а во светот единствен од ваков тип. Линиите веќе се продадени во Индија.

Двете линии се подготвени за шест месеци, а за ова „Микросам“ соработува со партнер од Германија кој ги произведува резервоарите, а со линијата во Прилеп тие се обмотуваат со композитен материјал. Од „Миркосам“ велат дека тие најголема примена ќе имаат во автомобилската индустрија и оти квалитетно и сигурно ќе ги заменат досегашните метални и поопасни резервоари. Според менаџерот Самоил Самак, предностите се големи, а цената е прифатлива за крајниот купувач. - Нивните резервоари се многу полесни од досегашните метални и далеку посигурни за луѓето во автомобилите на патиштата. Освен тоа, иако технолошкиот процес е поскап, резервоарите за крајниот купувач се со иста цена како досегашните. Линиите веќе се продадени во Индија, ќе се испорачаат наесен, а за в година во завршна фаза се договорите за испорака на такви автоматизирани линии во Германија, Русија, Јапонија, информира Самак, а го цитира МИА. Една линија годишно може да произведува од 50.000 до еден милион резервоари. Според експертите, ова е највисок технолошки дострел во Македонија, а линијата, како што уверуваат од „Микросам“, е единствена таква автоматизирана во светот и пет пати го зголемува производството на резервоари од досегашниот начин.

„Интер констракшн“ од Гевгелија – првенец во производството на полиетиленски интерхол-шахтиПРВИТЕ КОЛИЧИНИ, ПРЕТЕЖНО,ПЛАСИРАНИ ВО СТРАНСТВО

Новоотворената фабрика „Интер Констракшн“ од Гевгелија е првенец во пороизводството на полиетиленски интерхол- шахти во Македонија наменети

за инфраструктурните системи. Лоцирана во индустриската зона Прдејци, веднаш до магистралниот пат Е-75, фабриката зафаќа 9.000 метри квадратни површина, од кои 1.500 се производна хала со најнова опрема. Капацитетот на „Интер Констракшн“ е 15.000-20.000 производи годишно од асортиманот на полиетиленски ротомолдинг во кои спаѓаат интерхол-шахти, патни бариери и резервоари. Инвестицијата вредна 2.500.000 евра овозможи вработување на 25 млади стручни лица, а се планираат и нови вработувања за функционирање во три смени. - Работиме по строго определени меѓународни стандарди за квалитет кои ги бара светскиот пазар, користејќи еколошки висококвалитетен материјал кој лесно може да се рециклира и да се обработи термички. Предноста на нашите производи е стабилноста на температурен распон од -30 до +70 степени целзиусови, непропустливоста на вода, хемиската и физичката отпорност, брзата изработка и монтажа, како и малата тежина при транспортот, вели Жаклина Таневска, раководител на „Интер Констракшн“, а ja цитира МИА. Првата производна количина веќе е пласирана на пазарите во Македонија и во странство. Како што рече Таневска,

околу 90 отсто од асортиманот е извезен, во тек е производство на нови договорени нарачки. Новата компанија е фирма-ќерка на индустрискиот гигант од Гевгелија фирмата „Конти Хидропласт“ и претставува производен континуитет на 35-годишниот развој во сферата на индустријата за пластика.

ИЗДВОЕНО

СРЕДСТВА ИМА,НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ИСКОРИСТИМЕ!?

Општо земено и нашата компанија не е сосема задоволна од темпото на развој на малопродажната и на големопродажната мрежа на „Лукоил“ во Македонија. Навистина, компанијата обезбедува финансиски средства, но поради отсуство на реални локации со решени имотно-правни и урбанистички прашања, за жал, не можеме да ги искористиме тие средства. Властите направија многу измени во забрзувањето на процедурите на урбанизација, сепак, тие проблеми до ден-денешен претставуваат најтешка и

најбавна процедура, која е истовремено и најбирократска. На пример, во текот на изминатите 5 години ние не можеме да го решиме прашањето за изградба на бензинска станица во скопската општина Бутел. Исто така, цели три години во судските институции се разгледуваат спорните прашања за изградба на бензинска во Кочани. За жал, вакви и слични примери има многу.

(Андреј Куку, генерален директор на „Лукоил Македонија“)

РАСЦЕПКАНОТО ЗЕМЈИШТЕ ПРОБЛЕМ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Битола уште пред три години ја подготвуваше индустриската зона во Жабени, затоа што тие виделе реална побарувачка и решиле дека треба да ја направат. Тие се подготвуваа и кога не можеа да располагаат со земјиштето. Градоначалникот агресивно си туркаше да

има зона, да биде подготвена, да се донесе инфраструктура, да се обезбедат средства итн. Сите тие работи можат да се прават и без да се владее со земјиштето. Еден проблем на кој ние наидовме, генерално, е дека некогаш е тешко и да се најде парцела, ако на пример, странската компанија побара парцела од пет до шест хектари, бидејќи, реално, во Македонија имаме еден куп расцепкано земјиште кое тешко и долго се спојува. Градоначалниците имаат можност да ја почнат таа почетна подготовка. Затоа, Инџија ни е конкурент.

(Веле Самак, Министер без ресор, задолжен за привлекување странски инвестиции)

ВЕСТИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Page 17: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Физибилити студијата за гасоводот ќе биде готова заклучно со третиот квартал од 2011 годинаПРИКЛУЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КОН „ЈУЖЕН ТЕК“

Физибилити студијата за гасоводот, односно за приклучувањето на Македонија кон „Јужен тек“ е при крај и ќе биде готова заклучно со третиот квартал од 2011 година. Ова го истакнал заменик-претседателот на рускиот гигант „Гаспром“, Александар Медведев, на средбата со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на маргините на Меѓународен економски форум, во Санкт Петербург, Русија.

На средбата, како што се вели во соопштението од Министерството за финансии, било констатирано дека со реализација на гасификацијата значајно ќе се прошири потребата од гас во Република Македонија, при што од „Гаспром“ изразиле подготвеност да ја обезбеди потребната количина. Д в о д н е в н и о т Меѓународен економски форум, кој се одржува под покровителство на претседателот на Руската Федерација Дмитри Медведев, е меѓу најпрестижните во светот и на него учествуваат реномирани претставници на влади и компании од целиот свет.

На Факултетотот за дизајн и технологии на мебел и ентериер отворена е современа лабораторија за проверка на мебел ДОМАШЕН СЕРИФИКАТ ЗА КВАЛИТЕТ

На Факултетотот за дизајн и технологии на мебел и ентериер отворена е новата лабораторија за тестирање квалитет на мебел,

која чини околу 600.000 евра и е дел од големиот проект на

Владата и МОН за набавка на околу 200 лаборатории на јавните високообразовни установи во Македонија вреден 60 милиони евра. Лабораторијата има опрема што овозможува проверка на квалитетот на мебелот и градежната столарија од домашните производители и на увезените од други држави. Тоа ќе ја подобри состојбата на пазарот и производството на мебел во земјава. Се очекува таа да биде посебно корисна за компаниите што произведуваат и што продаваат мебел, зашто ќе овозможи поголем квалитет на мебелот изработен во Македонија, а ќе се спречи увоз на ентериерни производи со непроверен и сомнителен квалитет. - Ова е прва лабораторија од ваков тип во Македонија. Таа ќе овозможи многу и за бизнисот и капацитетите на тие што се занимаваат со производство на мебел, за да може да ги користат услугите на оваа лабораторија и сертификатите за квалитет да ги добиваат во Македонија, наместо како досега тоа да го прават во други држави и да се изложуваат на трошоци. Верувам дека производството на мебел во Македонија ќе стане поконкурентно и ќе го зголеми својот квалитет, истакнал Никола Тодоров, министер за образование и наука при посета на лабараторијата, а го цитира МИА. Таа ќе се користи и за едукација на кадри - специјалисти за дрвна технологија кои сега се дефицитарни. - Резултатите од тестирањата ќе овозможат да

се согледаат недоследностите при производството на мебелот и нивно отстранување, со цел во Република Македонија да се произведува сигурен мебел со проверен квалитет, а крајна цел - да се обезбеди заштита на потрошувачите, подвлекол деканот на Факултетотот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Борче Илиев.

Интензивно се реформираат прописите што го регулираат пристапот на пазаротВОСПОСТАВУВАЊЕ ТЕХНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА КВАЛИТЕТ

Потребни се натамошни реформи во прописите кои го регулираат пристапот на пазарот и техничките барања за производите во Република Македонија. Земјата на својот пат кон ЕУ ја презеде обврската за хармонизација на националното законодавство со европското, како и за обезбедување техничка

инфраструктура за квалитет согласно најдобрата европска практика. Ова беше истакнато на првата Балканска конференција од областа на стандардизацијата „Деветте услови за полноправно членство и новите критериуми“ што се одржа во Охрид. - Безбедни и квалитетни производи на македонскиот пазар може да се пласираат само со прифаќање на принципите и барањата на европското техничко право, хармонизирани стандарди и најдобрата пракса во поглед на нивната примена, рекол во своето излагање заменик-министерот за економија Методиј Хаџи-Васков, а го цитира МИА. Според него, развојот и употребата на македонските стандарди ги отвора пазарите, но во исто време придонесува за

ПАРНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 18: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

заштита на околината, сигурноста, безбедноста, здравствената заштита и пристапот до информации и знаење. З а м е н и к - м и н и с т е р о т најавил дека во наредниот период ќе се пристапи кон измена на Законот за стандардизација и интерните акти на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) заради нивно усогласување со внатрешните правила на европските тела за стандардизација. Овие подготовки се во рамкиTE на подготовката на ИСРМ за аплицирање за полноправно членство во Европското тело за стандардизација. На Конференцијата, чиј домаќин е Институтот за стандардизација на Република Македонија, присуствуваа делегации од БиХ, Србија, Албанија, Црна Гора, Турција, Хрватска, како и генералниот директор на Европското тело за стандардизација Елена Сантијаго Сид. Во ИСРМ членуваат 86 членки-претставници од бизнис-заедницата, индустријата, министерствата, образовнитето и научните институции. Формирани се и активно работат 36 технички комитети во кои се застапени околу 400 експерти. Досега се усвоени преку 20.000 европски и меѓународни стандарди.

Министерството за информатичко општество и администрација почна со обуките на шалтерските работници ЦЕЛТА Е СОЗДАВАЊЕ ЕФИКАСНАИ ДЕПОЛИТИЗИРАНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Министерството за информатичко општество и администрација почна да ги спроведува обуките за шалтерските работници со кои се очекува да се добие ефикасна, стручна и деполитизирана јавна администрација. Обуките се реализираат во рамки на проектот за реформа во јавната администрација и со нив ќе бидат опфатени шалтерските работници од институциите на централната и локалната власт,

како што се Фондот за здравство, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Царинската управа, Министерството за внатрешни работи и Управата за јавни приходи. Обуките ќе се спроведуваат во два дела - од

15 јуни до 15 јули и од почетокот на септември. Со првиот дел ќе бидат опфатени 210 вработени на шалтерите. - Шалтерските работници кои се лицето на институциите и на Владата е потребно да го обучиме во контактот со граѓаните. Токму затоа во овој проект финансиран од Европската комисија почнуваме со првите обуки. Очекуваме дека задоволството кај граѓаните драстично ќе порасне затоа што со новите стандарди и методологии што се воведуваат во земјите од ЕУ за усложно-ориентирана администрација, а се пресликуваат и во администрацијата во Македонија, влијанието коешто ќе се постигне ќе биде позитивно, изјавил министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, а го цитира МИА. Тој очекува дека со обуката ќе се подобри начинот на комуникација со граѓаните и на ефикасно и одговорно работење на администрацијата: - Време е администрацијата да сфати дека таа е финансирана од даноците на граѓаните и оти работи за нив. Тоа е едно од основните начела на оваа обука којашто во моментот се спроведува. Иво Ивановски смета дека воведувањето на уредот за оценување на администрацијата што скоро беше промовиран како пилот проект директно ќе влијае врз кариерата на вработените, односно оти со оценувањето од страна на граѓаните му се дава можност на раководителот на институцијата да ја следи работата

на вработените и да донесе одлука на нивно унапредување или не. - Ќе продложиме да се фокусираме на обуките како еден од многуте столбови за ефикасна, стручна и деполитизирана администрација. Ќе продолжиме со воведување нови системи и мерки каде што ќе може граѓаните да ја оценат работата на административните работници, најавил министерот Ивановски. Обуките на шалтерските работници се дел од обуките што надлежното Министерство за информатичко општество и администрација ги спроведува во својата годишна програма. Во изминатиот период се обучени над 500 вработени во централната и локалната власт, а до крајот на годината е планирано да се обучат уште вработени во администрацијата.

Приоритети на државата во “зелената гранка“ПОДДРШКА НА КВАЛИТЕТОТ И СТАНДАРДИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Воведувањето стандарди за безбедност и контрола на квалитет во земјоделството е еден од приоритетите на владината аграрна политика. Лани за оваа намена беа потрошени 20 милиони денари, а финансиска поддршка има и годинава.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), парите се наменети за компензација на трошоците по заштитен производ од животинско и растително потекло и за производство на суровини за земјоделски производ со заштитен географски назив. Дополнителна поддршка производителите добиваат и преку мерките и Програмата за

ПАРНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 19: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

рурален развој, а веќе можат да ги користат и парите од европските претпристапни фондови со кои во најголем дел, освен капитални инвестиции, ќе ги подобрат и условите за производство на безбедни земјоделски производи. Пребирливите европски потрошувачи ги привлекуваат нови производи, заштитени со географска ознака за потекло и гарантиран традиционален специјалитет. За зголемена конкурентност, освен поголем квалитет, мора да се почитуваат и специфичните барања на домашните и странските пазари, соопштуваат од МЗШВ. Оценка на Министерството за земјоделство е дека Македонија има услови и потенцијал за развој на повеќе сектори во аграрот. Оттука и интензивното изготвување на новата студиска програма за квалитет и безбедност на храната што почна минатата година. Програмата е резултат на потребата од стручни кадри во прехранбената индустрија и во земјоделството воопшто, како и на усогласувањето на македонската аграрна легислатива со европската.

Развој на земјоделиетоАГРОХЕМИСКИТЕ АНАЛИЗИ И ПРАВИЛНОТО ЃУБРЕЊЕ НОСАТ ЗАШТЕДИ

Владата продолжува со обезбедување финансиска поддршка за осигурување и за агрохемиски анализи земјиштето. Според експертите, со правилна употреба на ѓубриво по претходно извршени педолошки испитувања, земјоделците и стопанствата може да заштедат до 300.000 денари. Вкупно три милиони денари изнесуваат субвенциите за физичките и хемиските анализи на почвата на земјоделските стопанства. Лани за оваа мерка беа пријавени 822 комбинати. Најголем интерес пројавиле земјоделците од Свети Николе, Радовиш, Делчево, Гевгелија и Битола. - Со само 15 направени анализи на површина од 100 хектари и правилен избор на минерално ѓубриво,

производителите може да заштедат до 300.000 денари, велат стручњаците. Освен субвенционирање на трошоците за анализи, од оваа година на земјоделците ќе им стојат на располагање и пет мобилни лаборатории за истата намена. Како што истакнуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, стручните лица нема да наплаќаат надомест за својата работа, туку на крајните корисници кои ќе вршат мерење на квалитетот на земјиштето ќе им се наплаќа износ за потрошените материјали. Опремата ќе биде распределена во подрачните единици во Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод, односно во југозападниот планински регион.

Вкупно 35 милиони евра се одвоени и за помош за премии за осигурување за максимални површини по корисник, до 10 хектари за житни култури, до пет за лозови и овошни насади, до два за градинарски култури и еден хектар за тутун.

Доделени првите уверенија за анти-мобинг советнициЗАПОЧНУВА ЕДУКАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Првите уверенија за анти-мобинг советници им беа доделени на 54 лица кои ја завршија обуката за заштита од мобинг што беше спроведена на почетокот на мај во просториите на ССМ. Со обуката беа опфатени 80 лица, а таа се реализираше во рамки на регионалниот проект „Мрежа за здравје и заштита при работа“ во која беа вклучени ССМ и Синдикатот за финансиски дејности.

Анти-мобинг советниците ќе треба да извршат едукација за мобингот во средината од каде што доаѓаат и во зависност од пријавениот интерес да организираат семинар за оваа појава.

- Станува збор за сериозна општествена појава и идејата беше да го инволвираме и невладиниот сектор и да ја подигнеме свеста за значењето и опасностите кои може да ги предизвика оваа појава се со цел да едуцираме и преку подигнување на свеста да реализираме не само оперативен терен, туку и основа за поддршка на нашата идеја оваа појава да ја институционализираме преку еден нов закон, истакнал претседателот на ССМ Живко Митревски при доделување на уверенијата, а го цитира МИА. Досега во Канцеларијата за заштита од мобинг која работи веќе шест месеци отворени се околу 50 случаи на мобинг. Изготвена е една тужба, а во фаза на изготвување се уште две тужбени барања. Регистрирани се случаи на мобинг скоро во сите сектори. - Не може да одвоиме некој сектор каде мобингот е најприсутен затоа што го има секаде во МВР, здравството, трговијата, во сите области, рекол претседателот на Синдикатот за финансиски дејности Гоце Седловски. Досегашните испитувања на синдикатите покажуваат дека мобингот е присутен во околу 77 проценти активното население, а од Синдикатот за финансиски дејности најавуваат попрецизни податоци во септември, но сметаат дека бројката нема да биде помала од 50 проценти.

ПАРНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 20: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Презентиран Предлог-план за оддржлив транспорт на СкопјеДЕФИНИРАЊЕ НА ВИЗИЈАТА ЗА ОДРЖЛИВТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ ВО ГРАДОТ

Презентацијата на Предлог-планот за оддржлив транспорт на главниот град, изработен во рамки на проект на ЕУ, „Civitas Renais-sance“ се одржа во просториите на Град Скопје. На презентацијата се обрати градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и професор Никола Крстановски од

Техничкиот факултет во Битола. - Преку европската мрежа „Civitas“ и преку проектот „Ренесанса“ разменуваме искуства и знаења со нашите партнери во проектот, правиме промоција на одржливите концепти за мобилност, се со цел развој на нова култура на мобилност во нашите градови. Конкретно, Град Скопје своите намери ги насочува кон проекти фокусирани кон енергетската ефикасност, примена на алтернативни горива, заштита на животната средина и планирање на оддржлив транспорт, -истакнал Трајановски, а го цитира МИА. Со овој план се очекува да се дефинира визијата за идниот развој на одржливиот транспортен систем во Град Скопје преку предвидување иновативни стратегии и решенија за управување со сообраќајот со цел обезбедување подобри услови за живот на граѓаните. - Планот за оддржлив транспорт на Град Скопје е прв од ваков вид и треба да претставува добар пример за другите општини и градови во Република Македонија, - додал Трајановски. Никола Крстановски подвлекол дека овој План

треба да иницира процес и да поттикне активности кои ќе го трансформираат денешниот систем на сообраќај во Град Скопје во форма во која ќе биде повеќе одржлив и ќе обезбеди подобар квалитет на живеење во градот за граѓаните и за сите посетители. Во проектот се вклучени девет мерки кои се однесуваат од ниво на политика до конкретни предлози за реализација на одредени проекти. Мерките се однесуваат на потребата за координирано планирање за намената на земјиштето, односно урбанистичкото планирање и сообраќајот во градот, на потребата за унапредување на системот на јавен градски превоз во насока да се постигне поголем квалитет на услугата во јавниот градски превоз, алтернативни видови на сообраќај кои се поекономични, поефикасни и поеколошки, како велосипедскиот сообраќај. Исто така, има мерки за смирување на сообраќајот кои пред се се наменети за станбени зони, мерки кои се однесуваат на политика на паркирање, особено во централното градско подрачје. Предлог планот за оддржлив транспорт е дистрибуиран до сите релевантни страни во Република Македонија, како централната и локалната власт, Советот на Град Скопје, Секторот за сообраќај на Град Скопје, градската полиција, компетентни професионални компании за урбанистичко планирање, невладини организации.

Проект за зајакнување на соработката меѓу Ќустендил и североисточниот плански регион ПРЕКУГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ-ПОРТАЛЗА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Претставници од Центарот за развој на североисточниот плански регион го промовираа Проектот „Зајакнување на капацитетите за заедничка економска соработка меѓу Ќустендил и регионот и североисточниот плански регион“. Проектот во вредност

од 94.520 евра овозможува соработка на бизнис- заедниците од ќустендилската област во Република Бугарија и бизнисмените од североисточниот регион од Република Македонија, овозможена со средства од втората компоненета од ИПА-програмата.

- За да ги зајакнеме капацитетите за заеднички иницијативи за прекугранична економска соработка во двата гранични региона со дефинирани активности ќе се обидеме да дојдеме до резултати, преку стратегија за заедничка прекугранична економска соработка. Овој план опфаќа прекуграничен интернет-портал за економска соработка, економски форум и набавка на опрема за видео-конференции за двата региона, изјави Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточниот регион. Целни групи на проектот се малите и средни претпријатија, како и големите индустриски капацитети, бизнис-асоцијации, трговски комори и вработените во општините задолжени за локалниот економски развој.

Струшките угостители ги прават последнте подготовки за оваа туристичка сезонаПОВОЛНИТЕ ЦЕНИ ЗА СМЕСТУВАЊЕЌЕ ДОНЕСАТ ПОВЕЌЕ ГОСТИ

Струшките угостители ги прават последнте подготовки за оваа туристичка сезона. Иако на дел од плажите се уште се изведуваат градежни зафати за нивно средување, концесионерите велат дека до почетокот на овој викенд ќе бидат подготвени да ги дочекаат сите гости кои оваа сезона

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 21: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

ќе престојуваат во Струга. Шефи Речи, концесионер на т.н. машка плажа вели дека сега очекува многу повеќе гости од минатата сезона. - Подготвени сме се да помине во најдобар ред. На гостите ќе им понудиме и многу нови моменти и содржини. Изградивме два пристапни моста кои ќе можат да ги користат оние кои се љубители на пливањето. Донесовме повеќе педалинки, скутери, а на плажата изградивме и терен за одбојка на плажа, гостите ќе можат да играат и пинг понг, рече Шефи.

Сопственикот на клубот „Пливалиште“, Емил Попоски вели дека Струга ова лето пред туристите ќе се претстави со добра забава особено за младите, убава национална храна со акцент на струшкото поднебје, и со далеку поефтини цени за разлика од минатите години кои ќе бидат пониски за 30 отсто. Струга ова лето ќе понуди и поефтини цени на приватното и хотелското сместување. Оваа сезона дел од хотелите нудат и аранжмани- ноќевање со појадок за само 20 евра, а во Струга ова лето може да се најде приватно сместување и за 200 и 300 денари од кревет.

Регистрација и категоризација на издавачите на соби во ДојранГОСТИТЕ ЌЕ СЕ СМЕСТУВААТ ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК

Локалната самоуправа во Дојран подготвува ажурирање на старите податоци и воспоставување нов регистар на издавачи на соби во Стар Дојран. Според градоначалникот на општина Дојран Глигор Чабулев, во тек е постапката за категоризација на објектите во кои се врши туристичка

дејност од мал обем, односно на објектите од приватните иматели на викенд куќи кои се занимаваат со издавање на соби за туристички посетители. Ова е согласно Законот за угостителска дејност според кој сите физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем – издавање на соби, должни се да поднесат барање за упис во регистарот на издавачи и задолжително да водат книга за гости. Издавачите наплаќат 40 денари туристичка такса по лице, од која помал дел се влева во општинскиот Буџет, но тоа е сепак мал надоместок за целата подготвителна работа за туризмот како доминантна туристичка дејност во Дојран, изјавиl Чабулев, а го цитира МИА. Ова е со цел да се следи туристичкиот промет и да се овозможи соодветно, навремено и пожелно сместување на гостите во приватните сместувачки капацитети, особено во екот на туристичката сезона кога се бара кревет повеќе.

Т у р и с т и ч к и о т информативен центар во Дојран продолжува да нуди соодветни информации како за хотелското, така и за приватното сместување во градот, годинава и со проширена понуда на информации за самите објекти кои се наменети за сместување, изнајмување за подолг период или продажба. Тоа се пред се сместувачките капацитети во викенд куќите каде сопственици се физички лица, становите и куќите наменети за изнајмување или продажба. За секој објект се води и електронска евиденција со адресни податоци, фотографии и типот на сместувачката категорија

рангирана според ЕУ стандардите.

Проект за искористување на еко - ресурсите на планините Голак и Влаина ОДРЖЛИВО КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАНИНСКИТЕ ЛИВАДИ

Општината Делчево потпиша договор за имплементација на проектот Рационално искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина, што се реализира со средства од ИПА фондовите на ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка.

Главните цели на овој проект се одржливо користење на планинските ливади и пасишта во трансграничниот регион на планините Голак и Влаина, заштита на нивниот биодиверзитет и подобрување на квалитетот на животот на населението од селата на регионот од обете страни на границата. Според проектната документација 85 отсто од потребните финансиски средства ќе се обезбедат од ИПА фондовите на ЕУ, а 15 отсто преку Национално јавно учество на Република Македонија. Во имплементацијата на програмите што се финансираат од фондовите за претпристапната помош на ЕУ, Општината Делчево, како носечки партнер на проектот „Рационално искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина“, ќе ја добие подршката и од Министерството за локална самоуправа, кое има соработка и со ресорното министерство за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 22: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Што покажа Петтата бизнис-конференција на Југоисточна Европа во Берлин, Германија

„ПРЕМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА – ЈАКНЕЊЕ НА СОРАБОТКАТА“

- Значителниот број на претставници од владите, стопанските комори и претприемачи, кои учествуваат на оваа конференција, потврдуваат дека треба да се искористи можноста за размена на искуства и поединечно да се изразат потребите, со цел зголемување на идната соработка меѓу германските компании и компаниите од земјите на Југоисточна Европа (ЈИЕ), изјави претседателот на Унијата на германските трговско-индустриски комори – ДИХК, Ханс Хајнрих Дрифтман, при отворањето на Петтата бизнис-конференција на Југоисточна Европа, насловена

како „Преминување на границите – јакнење на соработката“. За жал, дводневната Бизнис-конференција, која се одржа во деловните простории на ДИХК во Берлин (15-16 јуни 2011 година), беше обележана со отсуство на високи државни делегации од регионот. Хрватска, Македонија и Србија не ја искористија можноста, како земјите од соседството да ги промовираат своите потенцијали и да лобираат за поголем настап на германските инвеститори во своите земји. На Конференцијата, покрај бројните германски компании, присуствуваа делегации од Косово, Бугарија, Албанија, Романија, Црна Гора и БиХ. Присутните делегации од Косово (претставувана од заменик-премиерот), Бугарија (министерот за регионален развој),

Албанија (заменик-министерот за економија, трговија и енергетика), Романија (Министерство за транспорт), Црна Гора (министерот за економија) и БиХ (претставена од нивната Агенција за странски инвестиции – ФИПА), имаа можност да ги презентираат своите видувања за соработка со земјите од ЕУ, своите достигнувања и напредок во тој правец, како и да апелираат на потребата од поголема присутност на странски инвестиции во регионот. Според германскиот министер за економска соработка и развој, Дирк Нибел, регионот на Југоисточна Европа има голем потенцијал и перспектива. -Континуирана промоција на демократијата, стабилноста, отворени пазари, владеењето на правото, ненасилно разрешување на конфликти и намалување на сиромаштијата е патот кој ние во Европската унија го поддржуваме. Економскиот развој и интеграцијата на пазарот на ЕУ е нашата цел, - изјави германскиот министер за економска соработка. Со цел да се постигне висока стапка на економски раст во континуитет и на подолг рок, неопходно е земјите од ЈИЕ да продолжат со значителни економски реформи, пред се` со намалување на владините трошоци и капитални расходи што ќе им овозможи поголеми инвестиции во инфраструктурни проекти. Клучните поенти кои беа потенцирани на Конференцијата се однесуваа на: - н а т а м о ш н о проширување на соработката со Германија како клучен надворешно-трговски партнер на земјите од регионот; - движење во насока на натамошното проширување на ЕУ, за што треба поголема ангажираност од страна на владите и усогласување на домашната легислатива со легислативата на Унијата, во правец на привлекување на странски инвестиции; - инвестиции во транспортната мрежа, изградба и реконструкција на патната инфраструктура, за да се привлечат

повеќе инвестиции. Според зборовите на веќе присутните германски инвеститори во регионот, за нив тоа би значело намалени транспортни трошоци, време и средства; - соодветно стручно образование, збогатено со пракса во соодветни компании – клучен елемент за натамошен развој. За Германија како и за другите членки на Унијата е важно постоење на стручна работна сила. Студентите е потребно да израснат во компаниите, да имаат доволно пракса за после завршување на студиите да се подготвени да работат, а компаниите да не трошат време и средства за нивно доусовршување. Во оваа насока најмногу вложиле Романија и Бугарија. Според инструкциите од германските претприемачи, добро едуцирана работна сила е моторот кој ја движи економијата; - за инвеститорите од Германија најважни се долгорочните економски релации – постоење на долгорочна контакт-точка. Тоа за нив значи стабилност, но тоа според нивните согледувања не е случај за земјите од ЈИЕ; - г е р м а н с к и т е инвеститори, според изнесеното, повеќе се заинтересирани за инвестирање во земји со поголем пазар, како што е случајот со Романија, Бугарија и Србија. Во Македонија и Црна Гора можни се инвестиции во земјоделскиот сектор, кои не се со голема вредност, што значи дека во моментов германските инвеститори не размислуваат да префрлат дел од своите производни капацитети во овие земји; - според сознанијата, државните претставници од Црна Гора, Косово, БиХ, ценат дека на целиот регион најмногу му се потребни инвестиции во изградба на соодветна инфраструктура, во земјоделието, енергетиката и туризмот.

АКТУЕЛНО

Page 23: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

ОД ДРУГ АГОЛ

Зошто германските инвеститори се незаинтересирани за Македонија? РИЗИК – КАВГАТА СО ГРЦИЈА, МАЛАТА КУПОВНА МОЌ И ВИСОКАТА НЕВРАБОТЕНОСТ * Пет години по последната конференција за стопанството на Балканот чие мото беше „Преку стабилност - до пораст во регионот“ во Берлин повторно се дискутираше за јакнењето на соработката и надминување на границите

На дводневната конференцијата за стопанството на Балканот што се одржува во Берлин и на која присуствуваат бројни потенцијални германски инвеститори, за своите земји лобираа вицепремиери и министри од сите балкански држави со исклучок на Македонија. Затоа и не треба да зачудува незаинтересираноста на

германските финансиери. -Не треба само дома да се прават ворк шопови и инвестициони кампањи туку треба да се биде онаму каде се инвесторите. Во Македонија и регионот мора да се сфати дека германските инвеститори се главно семејни средни претпијартија. На Балканот се типува на фирми со големи имиња и вистинските се пропуштаат... Затоа сметам дека задолжените за странските инвестиции, треба да го најдат патот до вистинските фирми во Штутгарт или Минхен, сеедно..., - коментира за „Дојче Веле“, Хелге Толксдорф, раководител на Одделот за проширувањето на

ЕУ во Сојузното министерство за економија и технологија. Според германските експерти во Македонија потенцијал се хидроцентралите, тексилното лон-производство, експлоатацијата на бакар и злато и изградбата на автопат. Ризик е кавгата со Грција, малата куповна моќ и високата невработеност. -Во наредните години таму очекувам значително поголем ангажман. Во моментов како инвестициони сфери можам да ги идентификувам земјоделските производи, како и многу услужни дејности кои таму ги нема, а кај нас веќе функционираат, - забележува и Ханс Хајнрих Дрифтман, претседател на Германската индустриска и трговска комора.

Членството во ЕУ е решавачки сигнал

-Предолго говоревме за потенцијалите. Сега мора да говориме за реални проекти, - вели за „Дојче Веле“ проф. Рајнер Линднер, прв човек на Комисијата за Истокот на Германското стопанство според кого дводневната средба на германските инвеститори и водечките политичари од балканските држави се вистинска шанса - и за двете страни. Особено сега кога светската финансиска криза е на одминување и кога Западниот Балкан политички е стабилизиран и чекори кон ЕУ. -За претпријатијата решавачки е сигналот за членството во ЕУ. Стопанствениците не се политичари. Тие ги вреднуваат своите инвестиции преку шансите и ризиците кои ги има една земја или опкружувањето. Затоа политичкото доближување до ЕУ носи голема доза на сигурност, - кажува и Хелге Толксдорф од Сојузното министерство за економија и технологија. Оттаму се очекува членството на Хрватска во ЕУ да предизвика „домино“ ефект за земјите од регионот по однос на економската стабилност и зголемување на инвестициите. Линднер смета дека има подобрување на рамковните

услови за инвестирање, но сепак недоволно.Според него потребни се подобрувања во однос на купувањето земјиште, во неговото долгорочно поседување. Вложувачите мора да имаат гаранции за инвестициите. Сакаат судови кои ќе овозможат нормални процеси во случај на штети. Мора уште да се работи на елиминирање на корупцијата која е тема во сите земји од регионот.

Шанси и ризици Со оглед што безмалку половината од десетте земји од регионот се мали, експертите сметаат дека тука се потребни регионални инвестиции. И тоа главно во инфраструктурата за автопати, аеродроми и енергетски комплекси. Уште еден проблем на германските инвеститори е што на Балканот големите проекти главно ги добиваат ефтини понудувачи од Кина. Инаку потенцијалните инвеститори имаат јасна слика за шансите и ризиците во секоја земја одделно. И покрај многу сличности, шансите и ризиците за секоја од земјите се индивидуални. Во Србија профит би донеле автомобилската и прехрамбената индустрија. Ризик е односот спрема Косово, лошата инфраструктура и корупцијата која е темна точка и во Албанија и Молдавија. Во Црна Гора инвестициите би оделе во туризморт, модернизирање на автопатоти и железничката врска Бар-Белград. Ризик е високата зависност од странски инвестиции и малиот пазар што е болка и на Косово. Босна и Херцеговина е ризична поради децентрализираните институции и неефикасната админситрација и судство од кои боледуваат и Бугарија и Романија иако се дел од ЕУ.

АКТУЕЛНО

Page 24: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Владата на Папандреу обезбеди доверба од парламентотДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ НОВИОТ ПАКЕТНЕПОПУЛАРНИ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја доби довербата од парламентот со 155 гласови од вкупно 300 пратеници. Сите 143 пратеници од опозицијата гласаа против, а двајца се воздржаа. Откако не му беше изгласана недоверба, Папандреу изјави: -Побарав доверба за да ги продолжам напорите за надминување на кризата и на дефицитот за избегнување крах и за поддршка на Грција во јадрото на еврото. Тоа гласање е договор со народот. Со него парламентот се ангажира да ги даде сите сили за излез од кризата. Имаме поддршка и помош од меѓународната заедница и од ЕУ кој ќе се изрази во голем заем.

До 30 јуни треба да биде прифатен силно непопуларниот пакет економски мерки кои предизвикаа голем број штрајкови низ државата и кој го намали рејтингот на Папандреу. Новиот министер за финансии Евангелос Венизелос вети дека парламентот до крајот на месецот ќе ги прифати мерките за заздравување на економијата што се услов за следната транша финансиска помош за Грција. Се очекува парламентот да гласа идната недела за буџетски намалувања од 28 милијарди евра и други економски ограничувања.

Одобрена петтата транша за помош на Грција под определени условиПРВО ПЛАН ЗА ШТЕДЕЊЕ И ПРИВАТЗАЦИЈА,ПА КРЕДИТ

Министрите за финансии од еврозоната во деновите на викендот постигнаа договор за исплаќање на петтата транша од минатогодишниот кредит одобрен за Грција до средината на следниот месец под одредени услови. Постигнат е и начелен договор за условите за одобрување втор, нов пакет помош за оваа земја, со цел да се избегне банкрот, а деталите треба да бидат усогласени до почетокот на јули. На состанокот на министрите во Луксембург, кој траеше до рано изутринава, е договорено дека новата транша од кредитот ќе и биде одобрена на Грција под услов грчкиот Парламент до крајот на месецов да усвои нов план за штедење и приватизација на јавниот сектор. Доколку се одобрат новите средтсва, Грција ќе добие 12 милијарди евра како дел од минатогодишната помош на ЕУ и ММФ, во износ од 110 милијарди евра. - Потенциравме дека грчката Влада до крајот на месецов треба да дејствува така што ќе не увери дека сите обврски ќе бидат исполнети, истакна претседателот на Еврогрупата Жан Клод Јункер по состанокот.

Планот за штедење и приватизација на јавниот сектор е непопуларен во Грција, а премиерот Јоргос Папандреу поради него беше приморан да ја реконструира владата со цел да ги

подобри шансите за негово усвојување. Тој вчера побара од Парламентот „национален договор“ на политичките партии во „критичниот момент“ за земјата. На состанокот во Луксембург првпат учествуваше и новиот грчки министер за финансии Евангелос Ванизелос.

Камерон: Велика Британија е против користењето на финансиските механизми на ЕУ за покривање на ГрцијаОБВРСКА САМО НА 17 ЧЛЕНКИ НА ЕВРОЗОНАТА!?

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска во Лондон дека Велика Британија е против тоа да се користат финансиските механизми на целата Европска унија за сегашното помагање на Грција и на нејзината економија, јавува дописникот на МИА од Лондон. Според британскиот премиер, станува збор за проблем со кој се соочува еврозоната, па затоа тој треба да се решава меѓу нејзините 17 земји членки, без вклучување на сите 27 членки на ЕУ кој не се во зоната на единствената европска валута. Камерон на прес- конференција во Даунинг стрит 10 рече дека Велика Британија, директно, не беше вклучена во првата операција за спасување на грчката економија и тамошниот финансиски систем, минатата година, па дека тоа нема да се случи ниту сега. Вклучувањето на британската Влада ќе биде само преку ангажирањето на ММФ, каде земјата е членка.

Дејвид Камерон

Британскиот премиер објасни дека Британците не сакаат дестабилизација на еврозоната, како и на еврото, затоа што таа ќе се почувствува ведаш и во Велика Британија, бидејќи 40 отсто од нејзиниот извоз е врзан за земјите од зоната на заедничката европска валута. - Ние и посакуваме на Грција извлекување од сегашната ситуација, но Лондон е против тоа сите во ЕУ да го помагаат покривањето на нејзините долгови, рече Дејвид Камерон. Лондонските весници инсистираат дека денеска на многу потврд однос кон Грција од еврозоната и од целата ЕУ, заговарајќи дека не треба повеќе да и се дава „ниту еден пени“ за спасување. Според „Сан“, Грција и нејзината болна економија веќе се „безнадежен случај“, додека „Тајмс“ забележува дека целата спасувачка операција на ЕУ е „болно решение“ и ги советува грчките политичари да соберат храброст и да

направат план за живеење надвор од еврозоната.

Лондонскиот градоначалник Борис Џонсон побара Грција да банкротира и да ја напушти евро зоната„КОНЕЧНО ЌЕ МОРА ДА СИ ОДИ“ – ДОПОЛНУВААТ

БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ

Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон, кој е висок функционер на владејачката британската конзервативна партија, побара деновиве Владата на премиерот Дејвид Камерон да не учествува уште еднаш во спасувањето на Грција, заедно со другите членки на Европската унија, јавува дописникот на МИА од Лондон. Во авторски текст во „Дејли телеграф“, Џонсон сугерира, наместо бесконечното помагање со давање кредитии финансиска помош за да се оспособи и да биде способна да ги плаќа своите сметки, Грција да се остави да банкротира и да ја напушти евро зоната. Џонсон важи за еден од ториевците чии амбиции не завршуваат со градоначалничката функција, па неговата колумна во весникот секогаш соддржи пораки кои се блиски до позицијата и ставовите на Владата.

Борис Џонсон

Министерот за финансии Џорџ Озборн не реагираше на ставовите на Џонсон, но на состанокот со своите колеги во Луксембург, околу новата грчка финансиска криза, Велика Британија настојува да остане надвор од сегашниот пакет кредити за Грција од 12 милијарди евра. Британците не се дел од евро зната, но како членка на ЕУ тие учествуваа во минатогодишното кредитирање на Грција со 120 милијарди евра. Околу сегашната исплата за Грција, ставот на британската Влада и на министерот Озборн е помошта да не оди преку механизмот за финансиска стабилизација во ЕУ, туку низ билатерални кредити што секоја земја ќе ги договара со Владата во Атина. Ваквата позиција на официјален Лондон се брани со загриженоста на ЕУ и ММФ дека досегашната приватизација и грчкиот политички хаос не гарантираат оти ситуацијата ќе се стабилизира со 12 милијарди евра, туку дека до крајот на оваа година на Гриција ќе треба вкупна помош од 70 милијарди, за да може во 2012 година да може самата да ги сервисира своите плаќања. Битанските медиуми застанаа во одбрана на позицијата на градоначалникот Џонсон, па „Тајмс“ забележува дека Грција не

ФОКУСИРАНО: ГРЧКАТА КРИЗА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Page 25: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

може и понатаму да остане во евро зоната и дека „конечно ќе мора да си оди“ од тоа елитно друштво, додека „Дејли Експрес“ ја повикува ЕУ да и дозволи на Грција да и се врати на својата национална валута, драхмата и со неа да бара излез од сегашната ситуација. Опозицијата во Лондон веќе предупредува на опасноста од евентуалниот грчки банкрот, предупредувајќи на големиот бран грчки имигранти кои ќе се рашират низ ЕУ.

Жозе Мануел Барозо со порака за излез на Грција од кризатаЕДИНСТВЕН НАЧИН СЕ СТРОГИ МЕРКИ НА ШТЕДЕЊЕ

Грчката Влада во текот на минатата година направи огромни напори за справување со сериозна буџетската криза со што постигна позитивно поместување во фискалната консолидација, иако секако има уште многу работа, изјави деновиве во Брисел председателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо по средбата со грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

- Свесен сум за состојбата на граѓаните во Грција, но не постои полесен начин за излез од кризата. Единствениот начин земјата да го поврати економскиот раст и да се отворат нови работи места е да се врати конкурентноста и да се постават јавните финансии на солидна основа, рече Барозо. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, тој нагласил дека Грција може да смета на поддршка и на солидарноста од страна на Европската унија за излез од должничката криза. - Верувам дека на новата грчка Влада ќе ја добие довербата на Парламентот, рече Баросо, додавајќи дека од клучно значење ќе биде пратениците да го усвојат амбициозниот владин пакет за дополнителни фискални мерки и за приватизација, кој е усогласен со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Усвојувањето на овој пакет е неопходен услов што го поставија ЕУ и ММФ за исплата на следната транша од финансиската помош за Грција на почетокот на јули. - Тоа не е лесен избор, но проблемите треба да се решат. Сега не е време да се двоумење. Сега е време да се удвојат напорите за доброто на грчкиот народ и на цела Европа, истакна Барозо.

Државните кризи како онаа во Грција ја привлекуваат мафијатаПРИВАТИЗАЦИЈАТА ПЕРАЛНА НА ЗАРАБОТКАТА ОД КРИМИНАЛ!?* Кризата како што е во Грција го привлекува организираниот криминал кој како муви на мед се собираат за да ги „исперат“ своите пари. На конференцијата во Берлин експертите беа изненадени од наивноста на Атина

На конференцијата во организација на Фондацијата Хенрик Бол се собраа светски експерти за организиран криминал. Еден од нив е

и Едгардо Бускаља кој ја советува и американската влада по тоа прашање и кој предупредува дека Грција е идеална цел за криминалците: државата е во сериозни проблеми, следи приватизација на многу компании – и никој не прашува детално, од каде доаѓаат парите. – пишува Доче Веле. Главно е дека се инвестира – во недвижнини, деловни и трговски центри, во банки... А на Грција мора да и биде јасно дека често зад тоа стојат „нечисти“ пари, значи заработка од криминал, предупредува Бускаља.

Криминалците се веќе во Атина

Јирген Рот е автор на многу книги за организиран криминал во Европа и е изненаден што Грција се уште сериозно не се занимава со тој проблем. Според информациите на тој експерт, организираниот криминал е веќе одамна во Грција, од италијанската мафија како Коза Ностра и Нидрангете, но таму се и кинеските тријади. Секако, во денешно време повеќе нема сомнителни типови кои на маса ставаат актовки полни со пари: денес бизнисите се одвиваат преку „легални“ компании регистрирани во разни делови во светот, но и на пример во Бугарија или Романија каде организираниот криминал веќе одамна е вгнезден во „обичниот“ деловен свет. Пописот на европските земји за кои експертите се сигурни дека можат да бидат гнезда на организиран криминал е долг: Црна Гора, Македонија, Полска... Посебно постапката на приватизација масовно ги привлекува мафијашите во тие земји, за да можат парите заработени од дрога, шверц или проституција да ги претворат во „инвестиции“. Често во тоа им помагаат и тамошните политичари – секако со „мал знак на внимание“ на криминалците.

Политичарите ги затвараат очите – вака или така

Во ера на компјутери, на парите тешко може да им се влезе во трага, дури и ако постои волја кај полицијата, обвинителството и тајните служби. Бидејќи таа волја често и не постои, укажува политикологот Регина Шуненберг. Истражните органи често ги кочат токму политичарите кои дури и ако не се потплатени, замижуваат со двете очи, ако такви инвестиции донесуваат работни места. Но, ако тоа се дозволи, во најкусо време организираниот криминал станува и политичка сила во некоја погодена држава. Добар пример е Мексико каде на тамошната влада повеќе не и преостанува ништо друго туку сериозно да размислат за легализација на наркотиците. Но, тоа не е единствена земја во светот во која политичарите добро ќе размислат пред да ги налутат мафијашите. Но, организираниот криминал е смрт за секоја демократија: се шири корупцијата, судството излегува смешно, а никој повеќе и не мисли на благосостојбата на граѓаните. Во таа фаза повеќе ни полицијата не може да направи многу, туку на храбрите граѓани останува да се побунат против таа мизерија. Тоа веќе се виде во Неапол и на јужниот дел во Италија, тоа се гледа во Мексико – но, тоа за жал е борба која никогаш не престанува.

Британските банки „бегаат“ од еврозонатаСТРАВ ОД ЕКОНОМСКИ КРАХ ВО ГРЦИЈА

Водечките британски банки, меѓу кои и „Барклис“, значително ги намалија износите на необезбедените позајмици на банките во зоната на еврото, подготвувајќи се за можноста еврозоната да се соочи со европски „кредитен удар“, како резултат на опсаноста од неспособност на Грција да ги плаќа своите обврски. Во таа операција која продолжува и натаму, како што јавува дописникот на МИА од Лондон, од банките во еврозоната веќе се повлечени десетици милијарди фунти. Банкарски извори на кои се повикуваат лондонските медиуми велат дека е „неминовно“ британските банки да прават обиди за минимизирање на можните загуби, доколку ситуацијата во еврозната продолжи да се влошува. Никој од британските банкари не сака повторување на есента 2008 година, кога неколку банки во Велика Британија се најдоа на работ од целосен крах, поради глобалниот кредитен удар, па морасе итно да се спасуваат со пари на даночните обврзници.

Сегашната ситуација, во која помоќните британски банки ги намалуваат позајмиците на послабо стоечките банки, потсетува на кризата од пред три години кога запре кредитирањето, иако банкарскиот систем во Велика Британија е финасиски поноќен, отколку оние во Германија, Италија и Шпанија. Економските аналитичари во Лондон најмногу стравуваат од ситуацијата со шпанските банки, откако беше објавено дека тие ги зголемиле позајмиците од Европската централна банка. Британски банкарски експерти сега за првпат предупредуваат дека причина за кризата во еврозоната и за слбоста на еврото е Германија и нејзината економија, а не и онака редовно кревката грчка економија.

Жан Клод Јункер предупреди дека должничката криза може да ги зафати Белгија и ИталијаИГРАЊЕ СО ОГАН

Претседателот на еврогрупата Жан Клод Јункер, кој е и премиер на Луксембург, предупреди дека должничката криза може да ги зафати Белгија и Италија. - Банкротот може да ги зарази Португалија и Ирска, но исто така и Белгија и Италија поради нивните големи долгови. Во тие земји е можно кризата да настапи и пред Шпанија, истакна Јункер за германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Жан Клод Јункер

ФОКУСИРАНО: ГРЧКАТА КРИЗА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Page 26: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

ФОКУСИРАНО: ГРЧКАТА КРИЗА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Според Јункер доколку приватните кредитори се вклучат во спасувачкиот план за Грција, во најлош случај агенциите за оценка на кредитниот рејтинг можат да ја класифицираат Грција во категоријата на платежно неспособни, што ќе има катастрофални последици за еврото. - Си играме со оган. Тоа најлошо сценарио ќе има драматични последици и врз други земји од еврозоната, како Португалија, Ирска, Белгија и Италија, истакна Јункер.

Бројки и фактиГРЧКАТА ЕКОНОМИЈА ЗАПЛЕТКАНАВО ДОЛЖНИЧКА ПАЈАЖИНА

*Изложеноста на грчките банки кон долгот на грчката влада се проценува на 70 милијарди евра, износ што е двојно поголем од нивниот капитал.

*Сивата економија во Грција надмина 20 отсто од БДП.

*Сега вкупниот надворешен долг достигна близу 350 милијарди евра, или 142 отсто до БДП, односно од вредноста на сите производи и услуги што Грција ги произведува во една година.

*Поради тоа беа предложени остри мерки за закрепнување што подразбираа, намалување на трошоците на државната администрација и здравството, замрзнување на платите на функционерите, зголемувањето на даноците и на пензиската граница.

*За спас на државата од банкрот, грчката влада предложи петгодишен план за штедење што предвидува намалување на трошоците за 78,4 милијарди евра и нови мерки за зголемување на буџетските приходи преку продажба на државен имот, со цел дефицитот во буџетот да се сведе под 1 отсто од минатогодишниот 10,5 отсто од БДП.

*Пред една година Грција доби помош од 110 милијарди евра од ММФ и од ЕУ за да не банкротира. Сега станува јасно дека на Грција ќе и’ биде неопходен уште еден пакет помош, кој, според процените, повторно би можел да достигне 100 милијарди евра

*Владата на Папандреу го намали буџетското трошење, ги зголеми даноците, укина бонуси и четиринаесеттата плата, бенефицираниот стаж за многу професии, но долговите и натаму ја притискаат Грција.

*Приватизацијата на државните фирми нема да биде доволна, па се советува Грција да почне да продава сопствена територија.

*Само една година невработеноста во Грција пораснала за 40 проценти, па во март вкупно 812 илјади луѓе биле без работа.

*До 2015 година Грција само од камати треба да врати долг тежок 190 милијарди евра.

*Министрите за финансии од еврозоната постигнаа договор за исплаќање на петтата транша од минатогодишниот кредит одобрен за Грција до средината на јули под одредени услови.

*Постигнат е и начелен договор за условите за одобрување втор, нов пакет помош за оваа земја, со цел да се избегне банкрот, а деталите треба да бидат усогласени до почетокот на јули.

*Договорено е новата транша од кредитот да и’ биде одобрена на Грција под услов грчкиот Парламент до крајот на јуни да усвои нов план за штедење и приватизација на јавниот сектор.

*Доколку се одобрат новите средства, Грција ќе добие 12 милијарди евра како дел од минатогодишната помош на ЕУ и на ММФ, во износ од 110 милијарди евра.

МАКЕДОНИЈА И ГРЧКАТА КРИЗА

СТАБИЛНОСТА НА СТОПАНСКА БАНКАНЕ ЗАГРОЗЕНА

Фактот дека Стопанска банка АД Скопје, најголемата банка во Македонија, е во доминантна сопственост на Национјалната банка на Грција (НБГ) не ја загрозува стабилноста на банката, бидејќи капиталот што го има НБГ и н в е с т и р а н о во Стопанска банка е од неповратен и траен карактер, односно без можност за повлекување, бидејќи станува збор за акционерски капитал. Во изминатите десет години НБГ ја капитализираше целокупната добивка. Истото се реализира и во 2011 година. Тоа не е случај со ниту една друга банка во Македонија во странска сопственост. Стопанска банка Скопје има висока адекватност на капиталот (од 18%), нема никаква изложеност кон грчката држава, е високоликвидна, постои 100% резервираност на нефункционалните кредити, ефикасно корпоративно управување и управување со ризиците (Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје)

ОПАСНОСТА ОД ОДЛЕВАЊЕНА КАПИТАЛОТ ОД ЗЕМЈАВА Е ОГРАНИЧЕНА

Двете грчки банки коишто работат во земјава, Стопанска и Алфа банка се стабилни и отпорни на п р о б л е м и т е на нивните матични банки во Грција. НБРМ континуирано ги следи случувањата во Грција и ги анализира евентуалните последици врз македонскиот банкарски систем.

Ескалирањето на проблемите во Грција не очекуваме да доведе до загрозување на ликвидносната или кредитната позиција на Стопанска и Алфа банка со оглед на нивната висока адекватност на капиталот и ликвидност. Согласно со Законот за банките, двете банки се посебни правни лица, регистрирани во Македонија, чијашто изложеност кон акционерите со квалификувано учество во банката и со нив поврзани лица не смее да надмине 10% од сопствените средства на банката. Со тоа, опасноста од одлевање на ликвидни средства надвор од земјата е ограничена. Во реалноста, изложеноста на овие две банки кон странскиот акционер е многу помала и од законскиот минимум од 10% од сопствените средства. (Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија)

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

КОМОТНО ТРОШЕЊЕ ПАРИ ЗА НЕПРОДУКТИВНИ ЦЕЛИ

Грција премногу долго го криеше наталожениот долг, и тоа најмалку кога требаше, кога стана членка на Европската монетрана унија. Кулминацијата беше достигната во 2008 година, кога веќе не можеше да се крие, како резултат и на светската финансиска криза. Каде оделе парите? Прекомотно се трошеле пари за непродуктивни цели. Високи плати на јавните службеници, кои примаа и 13,14, па и 15 плата, божиќна, велигденска и годишноодморска, а немаа соодветна продуктивност за да одговорат на тоа. Во пензија се одеше со 55-56 години старост, а во цела Европа се оди во пензија со над 60 години старост. Високото ниво на корупција, преголема даночна евазија, избегнување плаќање даноци. Според некои бројки, 25 отсто од грчката економија не плаќале даноци.

(Томе Неновски, професор)

ПОЛИТИЧКИОТ ПОПУЛИЗАМ ГО ПРЕДИЗВИКА БАНКРОТОТ

Политичкиот популизам во секоја земја е главната причина за банкрот. Политичките партии во Грција се натпреваруваа со години, која повеќе ќе вети, а потоа мораа и дел од нив да исполнат. Тоа е лажна демократија. Луѓето сакаат да слушнат дека ќе имаат од една страна ниски даноци, царини, бесплатно здравство, а од друга, повисоки пензии, плати, социјална помош. Тоа е економска алхемија, таквите политики водат во пеколна состојба. Тоа е болест што е неизлечива, не верувам дека некој има лек за неа. Секоја власт станува зависна од дефицитите што ги направила претходната. Новата влада продолжува да ги крие вистинските бројки и влегува во нови долгови. Тоа продолжува така се’ додека не пукне. Вкупниот надворешен долг на Грција сега зазема 140 отсто од БДП. Таа е зависна од странските пари.

(Мирољуб Шукаров, професор)

Page 27: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

РЕГИОН

Согледување на Светската банка за состојбата на железницата во ЈЕИ и Турција„НА ВИСТИНСКИ КОЛОСЕК“ СО ТЕМЕЛНИ РЕФОРМИ

Времето на патување со воз од Љубљана до Истанбул може да се преполови на воодушевувачки 25 часа ако се направат многу потребните реформи на железничкиот сектор, се вели во новиот извештај на Светската банка “На вистинскиот колосек”, објавен неодамна во Брисел. -Пробното возење на возот Босфор - Европа - Експрес во 2009 година покажа дека воз со контејнери од Љубљана може да стигне до Истанбул за 35 часа, но во практиката тоа често трае над 60 часа - рече Каролина Мосалве, економист за транспорт во

регионот Европа и Централна Азија на Светска банка, и автор на извештајот. Според неа, ова е драматична временска разлика со енормни е к о н о м с к и

последици. -Колку е поголема ефикасноста на железничкиот сектор, толку е поголем опсегот на пазари на кои железничките компании од регионот можат успешно да конкурираат. Многу потребните реформи не само што го намалуваат времето на транзит, туку и им помагаат на државните железнички компании да остварат економски придобивки од подобрената координација, управување и организација. Исто така ќе ги приближат железниците на Југоисточна Европа и Турција до стандардите кои ги бара Европската унија (ЕУ) и ќе овозможи здрава конкуренција на железничкиот сектор за да се подобрат железничките транспортни и патнички услуги, истакна Мосалве. Во новиот извештај повторно се разгледуваат железниците во регионот пет години по основната студија од 2005 година. Во извештајот се разгледува состојбата на железниците во десет земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Република Македонија и Србија, заедно со Бугарија, Романија и Турција. Со исклучок на Бугарија и Романија, кои веќе се членки на ЕУ и водечки реформатори во секторот, сите земји опфатени со извештајот се стремат кон членство во ЕУ. За земјите-кандидатки, како Хрватска, Турција и Македонија, особено е итно да се усогласат со директивите на ЕУ. Потенцијалните земји-кандидатки како Србија и Албанија имаат повеќе време. -Освен спроведувањето на потребното законодавство, државните железнички компании треба да ја променат својата култура за да станат повеќе деловно ориентирани. Треба да се фокусираат на задоволувањето на потребите на корисниците и на обезбедувањето ефикасни и рентабилни услуги, се

вели во извештајот. Освен давањето одлични железнички услуги на патниците, железничките транспортни услуги се критични за производството, трговијата и дистрибуцијата на материјалите. Конкурентските транспортни услуги, во сите начини на транспорт, се критички елемент за економската конкурентност на земјата. -Оние земји кои претендираат на членство во ЕУ треба да разберат дека побрзото реализирање на овие реформи многу ќе ги подобри нивните шанси да добијат позитивно мислење од ЕУ во поглед на транспортните прописи и ќе го забрза нивниот раст, се наведува во извештајот на Монсалве.

Доколку не се постигне напредок во преговорите околу признавањето на печатот на косовската царинаПРИШТИНА СЕ ЗАКАНУВА СО ЦАРИНА ОД 10 ОТСТО ЗА ПРОИЗВОДИ ОД СРБИЈА И БиХ

Косовската министерка за трговија, Мимоза Кусари најави дека Косово наскоро ќе воведе царина од десет отсто за производи од Србија и од Босна и Херцеговина (БиХ). Ваквата царина косовската страна ќе ја воведе доколку не се постигне напредок во преговорите со Белград и Сараево околу признавањето на печатот на косовската царина, пренесува босанската агенција Онаса. Кусари се закани и дека Косово би можело да воведе блокада на увозот на производи од Србија и БиХ, како реципроцитет на забраната за извоз и транзит на косовски производи, која веќе три години ја применуваат овие две држави. „Непоколебливи сме во нашата одлука, нема компромис во врска со нормализацијата на трговските односи со наведените држави“, рече Кусари.

Албанија ги укина визите за четири поранешни советски републикиСАМО СО ПАСОШ ЗА ТУРИСТИ И БИЗНИСМЕНИ

Граѓаните на Азербејџан, Ерменија, Казакхстан и Украина слободно ќе може да влегуваат во Албанија и да останат на нејзина територија 90 дена од денот кога стапнале на албанска територија, јавува дописникот на МИА од Тирана. Новата регулатива важи за туристите, бизнисмените, како и за учесници на меѓународни и културни манифестации. Укинувањето на визите за граѓаните на споменатите земји е постојана. Претходно, со одлуката од 2009 година, тие без визи во Албанија можеа да влегуваат само за време на туристичката сезона, односно од први јуни до 31 октомври.

Page 28: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

ЕВРОПСКА УНИЈА

Пад на обемот на градежните работи во ЕУ во април САМО ТРИ ЧЛЕНКИ БЕЛЕЖАТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ

Обемот на градежните работи во земјите од ЕУ во април е намален за 0,9 проценти во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Европската статистичка служба. Најголем пад е забележан во Велика Британија од 13,4 проценти, Германија 5,7, Португалија 4, Чешка и Словенија по 2,8, Бугарија 2,7 и

Романија 0,3 проценти. Само три земји-членки на ЕУ забележале зголемување на обемот на градежните работи додека во осум земји членки се забележува повеќемесечно намалување на овој показател. На годишно ниво, обемот на градежните работи во април 2011 година во однос на април 2010 година е намален за 2 проценти во еврозоната и за 1,2 проценти во ЕУ. Податоците покажуваат намалување во осум земји членки, од кои најголем пад има во Словенија од 27,3 проценти, Бугарија 22,8 проценти, Шпанија 16,9 проценти, Португалија и Словачка по 5,2 проценти, Чешка 4,6 проценти и Романија 4,3 проценти.

Британската Влада ќе ја приватизира национализираната банка „Нордерн Рок“ ПРЕЗЕМАЊЕ ВРЕДНО ЕДНА МИЛИЈАРДА ФУНТИ

Британската Влада соопшти дека одново ќе ја приватизира национализираната банка „Нордерн Рок“, во обидот да се спречи таа одново да се најде во ситуација да бара помош за спасување, или да „плива“ на пазарот за акции, јавува дописникот на МИА од Лондон. Банката која главно беше

ориентирана на поддршка на пазарот за недвижен имот, куќи и станови, во 2007 година се најде на работ од банкротство и ликвидација, па тогашната Влада на премиерот Гордон Браун одлучи таа да биде целосно национализирана. Ваквиот начин за спасување беше одбран за да не се поремети банкарскиот систем, како и за да се сочуваат штедните влогови на Британците во оваа банка. Сегашниот министер за финансии Џорџ Озборн планот за приватизација на „Нордерн рок“ банката, го објасни како почеток на „враќање на парите“ што државата ги даде за спасување на банкарскиот систем на Велика Британија, кога по крахот на оваа банка, со банкротство се соочија уште неколку големи банки во земјата, погодени со „кредитниот удар“ што го погоди банкарството на западниот свет. За приватизирањето најверојато ќе се побара една милијарда фунти, а како претенденти за откуп на „Нордерн рок“ банката се сметаат две домашни финансиски компании кои и во времето на избувнувањето на кризата, бараа да ја преземат банката.

Најавата на Владата за средување на банкарскиот систем во Велика Британија доаѓа по предупредувањето на гувернерот на Банката на Англија Мервин Кинг дека домашната економија се соочува со уште три „посни години“, што ќе завршат дури во 2014 година, а не догодина, како што тоа планира и навестува коалиционата Влада на Дејвид Камерон. Потребни се дополнителни три години за излекување на „болната британска економија“, пред таа да се врати во годините на изобилието, што траеја седум години, до почетокот на кризата во 2007 година.

Само 24 отсто од Швеѓаните го сакаат еврото СЕКОЈ ВТОР ГРАЃАНИН, СЕПАК,ГО ПОДРЖУВА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ

Доколку во мај годинава во Шведска беше одржан референдум, 64 отсто од Швеѓаните би гласале против воведувањето на еврото, а само 24 проценти би се изјасниле „за“, јавува дописникот на МИА од Гетеборг. Вкупно 12 отсто од испитаниците одговриле дека се несигурни. Тоа произлегува од најновото испитување на јавното мислење што го спроведе шведското Централно статистичко биро (СЦБ).

Бројот на Швеѓните кои се негативни кон еврото е зголемен, додека делот на оние што посакуваат приклучување на Шведска кон еврозоната е намален во споредба со ноември 2010 година. Мнозинството шведски граѓани, 52 проценти, се изјаснуваат дека го поддржуваат членството на својата земја во ЕУ, додека против членството се околу 21 отсто.

Евростат ги објави статистичките податоци за мајПАД НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА

Инфлацијата во еврозоната опадна во мај на 2,7 отсто на годишно ниво, откако во април достигна највисока стапка во последниве 30 месеци од 2,8 проценти, покажуваат штотуку објавените податоци на Статистичката служба на Европската унија - Евростат. Годишната инфлација во сите 27 членки на ЕУ минатиот месец е намалена на 3,2 отсто од 3,3 проценит во април. Иако инфлацијата во еврозонатра веќе шест месеци едноподруго е над целта на Европската централна банка од два отсто, таа и натаму е под преткризното

Page 29: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

ниво од 3,2 отсто од октовмри 2008 година. Највисока годишна стапка на инфлација од 8,5 отсто минатиот месец е забележана во Романија, а по неа следат Естонија со 5,5 и Литванија со 5,0 проценти. Најниската пак инфлација е регистиррана во Ирска од 1,2 отсто, а по неа следуваат Шведска 1,7 и Чешка 2,0 проценти.

Предлог на претставник на Европската централна банкаЕВРОПСКИОТ СТАБИЛИЗАЦИОНЕН МЕХАНИЗАМ ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН НА 1,5 БИЛИОН ЕВРА

Е в р о п с к и о т стабилизационен механизам треба да биде двојно зголемен на 1,5 билиони евра, доколку политичарите сакаат приватните инвеститори да учествуваат во вториот спасувачки финансиски пакет за Грција, изјави Наут Велинк, член на Управниот совет на Европската централна банка и гувернер на Холандската централна банка. Велинк во интервју за холандскиот весник „Хет Финансиеле Дагблад“ истакна дека еден нов финансиски пакет за Грција ќе предизвика толку голема несигурност и опасност, при што ќе биде неопходно двојното зголемување на Европскиот стабилизационен пакет за да се пресмета ризикот од „заразувањето“ на Ирска и Португалија.

- Доколку преземаш таков ризик треба да се обезбедиш, нагласи Велинк. Тој истакна дека Фондот би

требало да достигне 1,5 билиони евра и треба да има поголема флексибилност во трошењето на парите. Министрите за финансии од 17-те земји од еврозоната претходно оваа недела не успеаја да постигнат спогодба за втор спасувачки план за Атина.

Енергетска ефикасност во БугаријаПОТРОШУВАЧКА ЗА 50 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ПРОСЕКОТ ВО ЕУ

Поторшувачите на електрична енергија во Бугарија трошат и до 50 проценти повеќе струја во однос на просечната потрошувачка во рамките на Европската унија, соопшти чешката енергетска корпорација ЧЕЗ, која е сопственик на бугарската електроенергетска компанија. Регионалниот менаџер на ЧЕЗ, Петар Докладал, смета дека во Бугарија треба да се работи на формирање на енергетски одговорно однесување на граѓаните, бидејќи нивната потрошувачка на струја значително ги надминува европските стандарди. ЧЕЗ апелира да бугарските граѓани да ја намалат потрошувачката на струја со цел да се избегнат преголеми оптоварувања на електоенергетската мрежа. Компанијата изработи и сопствен калкулатор достапен до сите граѓани, преку кој секој корисник може да пресмета колку енегрија трошат апаратите во неговиот дом.

ЕУ планира да ја намали администрацијата за пет процентиЗА ПОЧЕТОК – 5 ОТСТО!

Во рамките на меркита за штедење, Европската комисија ќе предложи намалување на бројот на вработените во институциите на ЕУ за пет проценти. Неименуван претставник на Еврокомисијата во изјава за весникот „ЕУ Обзервер“ вели дека предлогот за намалување на администрацијата ќе биде дел од планот за буџетот на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година. - Комисијата има за цел административниот буџет да не се зголемува. Имајќи го предвид зголемувањето на платите поврзано со напредувањето во

службата, тоа ќе значи дека ќе биде потребно намалување на бројот на вработените. Доколку Комисијата предложи намалување на платите би се соочила со штрајкови, наведува претставникот на Еврокомисијата. Според него, Европската комисијата планира да предложи намалување на администрацијата за пет проценти, но дека не е исклучено

земјите-членки на ЕУ да побараат кастрење за десет или повеќе проценти. - Доколку би оделе на рационализација на десет проценти, тоа би нанело штети на функционирањето на основните институции, па би морале да почнеме со згаснување на некои периферни институции, истакна тој. Потпаролот на Европската комисија за административни прашања, Антонио Гравили одби да ги коментира ваквите тврдења, нагласувајќи дека за повеќегодишната финансиска буџетска рамка ќе се разговара на состанокот на Еврокомисијата на 29 или 30 јуни. - Се дотогаш се претставува чиста шпекулација, додаде Гравили. Меѓутоа, „ЕУ Обзервер“ повикувајќи се на извори во Европскиот Парламент, наведува дека одредени оддели во претставничкото тело на ЕУ веќе биле информирани за престојните мерки за рационализација. - Доколку се мудри отпуштањата би требало да се однесуваат на оние кои се пред пензија или на долготрајни боледувања и би можеле безболно да бидат пензионирани. Нешто такво веќе беше направено пред проширувањето во 2004, со цел да се избегне експлозија во бројот на вработените, нагласи истиот извор. Во институциите на ЕУ се вработени околу 50.000 службеници, за чии плати оваа година Унијата ќе потроши 2,27 милијарди евра. Со планот за идната година, за плати на европските службеници се предвидени 2,31 милијарди евра.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 30: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

СВЕТ

Проценка на експертите на ММФ: Буџетскиот дефицит на САД оваа година околу десет процентиКИНА И РУСИЈА СО НАЈНИСКИ ПРОЦЕНТИ!

САД оваа година ќе ја завршат со голем буџетски дефицит од 9,9 проценти од бруто домашниот производ, соопшти деновиве Меѓународниот монетарен фонд. Експертите од ММФ проценуваат дека САД следната година ќе успеат донекаде да го намалат буџетскиот дефицит, но тој и натаму ќе биде висок и ќе изнесува 7,8 отсто.

Во групата седум најразвиени западни земји голем буџетски дефицит има и Јапонија. Земјата оваа година ќе има дефицит од 10,5 отсто, додека во 2012 година предвидено е негово намалување на 9,1 процент. Франција оваа година ќе има дефицит од 5,8 отсто, а следната 4,9 проценти, додека Германија 2011 година ќе ја заврши со дефицит од 1,9 проценти, во 2012 година тој ќе се намали на 1,1 отсто, што е значително помалку од максимумот од три проценти утврден на ниво на Европската унија. Еврозоната, во која членуваат 17 држави, оваа година, според ММФ, ќе има буџетски дефицит од 4,3 отсто, а следната година тој ќе се намали на 3,4 проценти. Мошне висок буџетски дефицит во ЕУ има и Велика Британија, 8,5 проценти оваа година и седум отсто следната. Грција, која повеќе од една година се бори да го избегне банкротот на државната каса, исто така е во групата земји на кои оваа година им се заканува двоцифрен буџетски дефицит, додека Кина ќе биде вистински пример за многу земји, бидејќи 2011-та ќе ја заврши со дефицит од 1,6 отсто, а следната со 0,7 проценти. Русија е исто така во групата на земјите, за кои ММФ предвидува мошне мал дефицит, односно 1,4 проценти оваа година и 1,6 отсто следната.

ММФ прогнозира и забавување на стопанскиот раст во светотФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ ПРЕПРЕКА НА ПАТОТ НА ОПОРАВУВАЊЕ

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека глобалното

стопанство наишло на „препрека на патот на опоравувањето“ и ги предупреди САД и Европа да ја доведат во ред својата финансиска ситуација со цел да го задржат својот постоечки раст. Во дополнителните извештаи за економија, финансии и буџет, првобитно објавени во април, ММФ нагласи дека „успорувањето на стопанските активности во САД и повторните финансиски проблеми во еврозоната предизвикани со фискалните предизвици на нејзините периферни членки претставуваат значителни ризици за светскиот економски раст“. ММФ во најновиот извештај ја намали прогнозата за светскиот раст во 2011 на 4,3 отсто, односно 0,1 отсто помалку од прогнозата во април, наведувајќи ги како причина „мошне очигледните ризици“ за глобалното економско опоравување. Главниот економист на ММФ, Оливие Бланшар изјави на прес-конференција во Бразил дека во некои земји во развој постои ризик од „прегревање“, имајќи предвид дека стапката на инфлација е повисока од логичната со оглед на растот на цените на енергенсите и храната, алудирајќи на Кина и Бразил.

Тој нагласи дека стопанскиот раст на САД од почетокот на годината досега бил разочарувачки. ММФ за ова најголемо светско стопанство прогнозира раст од 2,5 отсто во 2011 година, додека прогнозите во април беа 2,8 проценти. Од друга страна ММФ ја зголеми прогнозата за раст на еврозоната на два проценти од претходните 1,6 отсто.

Путин со порака во Женева на годишната средба на МОТРУСИЈА ЗА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ПЕТТАСВЕТСКА ЕКОНОМСКА СИЛА

Рускиот премиер Владимир Путин во Женева изјавил дека Русија има амбиции да стане една од петте најголеми економии во светот во следните 10 години. - Си поставивме цел во следното десетолетие Русија да биде една од петте најголеми светски економии, истакна Путин на годишната средба на Меѓународната организација за труд во Женева. Според него за тој период бруто домашниот производ (БДП) по глава

на жител треба да се зголеми од 19.700 долари до 35.000 долари.

Рускиот премиер нагласи дека за да се постигне таа цел земјата треба двојно да го зголеми производството и да создаде работни места во секторот на технички иновации. Путин додаде дека две третини од рускита економија е обновена, но се уште не е достигнато нивото од пред глобалната финансиска криза.

Израелскиот извоз на оружје постигнува рекордиВО 2010 ГОДИНА „ИСПУКАНИ“ 7,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Израелскиот извоз на оружје достигна рекордна сума од 7,2 милијарди долари во 2010 година, објави Џерузалим пост цитирајќи податоци на Министерството за одбрана објавени пред Парискиот авиосалон кој ќе биде отворен идната недела. Со тоа Израел е меѓу четирите најголеми извозници на оружје во светот специјализиран во изработка на беспилотни летала, минисателити, системи за команда и контрола, оклопни воени возила и модернизирање воени и цивилни авиони, посочува весникот. Во 2009 година извозот на оружје достигнал 6,9 милијарди долари.

На Парискиот авиосалон ќе се претстават 15 израелски фирми, а најголема атракција ќе биде системот за ПРО, Железна купола.

Page 31: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Меѓународната агенција ECA Interna�onalги рангираше европските градови според скапотијатаСКОПЈЕ МЕЃУ НАЈЕФТИНИТЕ, ТОКИО И ОСЛО „НАЈСОЛЕНИ“

Скопје е помеѓу поевтините градови за живот, според цените на производите. Меѓународната агенција ECA Interna�onal го рангираше на 76-томесто, од вкупно 78 европски градови. Иако македонската метропола е меѓу најевтините на стариот континент, сепак, оваа листа е направена врз основа на цените на производите и услугите и реално не го отсликува животниот стандард. На врвот на листата на најскапи градови за живеење во Европа водат норвешките градови Осло и Ставангер. Првата петорка ја заокружуваат Цирих, Женева и Берн. Аналитичарите сметаат дека швајцарските градови можат да бидат и повисоко на листата, бидејќи инфлацијата во земјата моментално е на ниско ниво главно поради стабилноста на швајцарскиот франк.

Истражувањето е направено врз основа на цените на храната, пијалоците, цигарите, облеката, техниката, кириите и комуналните услуги. Градовите од опкружувањето се поскапи од Скопје. Најдобро котира Загреб на 50-то место, Љубљана е на 51-то, Сараево се наоѓа на 72-то, а Белград на 73-то место. На крајот на оваа листа зад Скопје се наоѓаат само Минск и Кишињев. На светско ниво најскап град е Токио. Следат Осло, Нагоја, Ставангер и Јокохама.

„Јужен поток“ е еколошки безбеден проект РИЗИКОТ ОД ПРЕНОСОТ ПОДМОРЕ СВЕДЕН НА МИНИМУМ

Поставувањето на гасоводот „Јужен поток“ на дното на Црното Море еколошки е совршено безбедно, изјави извршниот директор на проектот Марсел Крамер. - Многу сериозно го разгледуваме можниот еколошки ефект на целиот проект или неговите елементи во некои делови, изјави Крамер во интервју за телевизијата „Раша Тудеј“ Крамер истакна дека самата идеја гасот да се транспортира во цевки поставени на морското дно, не носи

никаков ризик. Кога станува збор за конкретната рута на движење се преземаат сите можни мерки за влијанието на морското дно и екологијата во целина да бидат сведени на минимум. Во однос на ставот на експертите дека модернизацијата на системот на гасоводот во Украина би чини многу помалку од изградбата на нов гасовод преку Црното Море, Крамер истакна дека сите учесници во проектот „Јужен поток“ имаат заеднички став дека би било неразумно во иднина да се потпираат само на транзит низ територијата на Украина во денешните количини. Тоа значи дека дел од испораката и понатаму ќе се остварува преку Украина, но ќе постои и гасовод како модерен и ефикасен систем за транспорт, кој ќе обезбеди подоверлива испорака на гас во Европа. Крамер потврди дека капацитетот на „Јужен поток“ по неговото

завршување во 2019 година ќе изнесува 83 милијарди кубни метри годишно. Сепак, планирано е постепено зголемување на испораката, така што во 2015 година преку гасоводот ќе бидат транспортирани многу помали количини. Во следните четири години по завршување на изградбата, капацитетот постепено ќе се зголемува така што во 2019 година капацитетот ќе достигне ниво од 60 до 63 милијарди кубни метри. Прецизните количества за испорака ги утврдува пазарот, а во тек е потпишување на договори за продажба. „Јужен поток“ според основниот план ќе пренесува две третини од гасот кој сега се транспортира преку Украина. - Сите работи за реализација на проектот се остваруваат во согласност со графиконот, а се доработуваат препораките за конечната верзија на целиот гасовод, која целосно ќе биде завршена во третиот квартал, истакна Крамер.

ПРОГНОЗИ Меѓународна агенција за енергетика (ИЕА)ЦЕНАТА НА НАФТАТА ГОДИНАВА ЌЕСЕ ДВИЖИ НАД 100 САД ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ!

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) предвидува дека во текот на 2011 година цената на нафтата на светските берзи ќе се движи над 100 САД долари за барел, што ќе предизвика успорување на заздравувањето на

глобалната економија од финансиската криза, изјави претставникот на Агенцијата, Дејвид Фајф во обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Според Фајф, ИЕА очекува до 2016 година да се зголемат слободните капацитети за испорака на нафта поради кризата во Либија, но дека тој недостиг ќе се надополни со зголемување на испораката на енергенсот од другите земји-производители. Побарувачката на нафта ќе расне просечно за 1,2 милиони барели на ден, пред се`, благодарејќи на зголемената потрошувачка во Кина, - дополни Фајф. Извршнот директор на ИЕА, Нобуо Танака најави дека Агенцијата е подготвена на пазарот да пушти дел од своите стратешки резерви на нафта со цел да обезбеди сигурна испорака и да и` даде поттик на глобалната економија. Членките на ИЕА поседуваат 1,5 милијарди барели стратешки резерви кои можат да бидат пуштени на пазарот доколу Саудиска Арабија, како најголем производител на енергенсот во светот, не биде во состојба да ја задоволи побарувачката и со тоа да дојде до нерамнотежа на нафтените берзи. Танака нагласи дека главно прашање останува „колку брзо и колку многу“ дополнителни барели нафта Саудиска Арабија може да пласира на пазарот.

Ријад претходно најави дека планира да го зголеми дневното производство на нафта на десет милиони барели, од мајските 8,8 милиони барели, откако на последниот состанок на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК), одржан минатата недела во Виена, не беше постигнат договор за зголемување на дневните квотите за нафтено производство. Танака оцени дека сегашната цена на нафтата од околу 120 САД долари за барел серизоно го загрозува растот на глобалната економија, а евентуалното натамошното поскапување на енергенсот дополнително би го зголемил ризикот од повторно запаѓање на светското стопанство во рецесија. Таквиот економски пад, според Танака, веројатно би бил поблаг од оној во 2008 и 2009 година, кој уследи по растот на цената на нафтата на околу 150 САД долари за барел. Во својот најнов извештај ИЕА ја зголеми прогнозата за потрошувачката на нафта во следниот петгодишен период за просечни 700.000 барели на ден, во однос на претходниот среднорочен извештај објавен лани во декември.

СВЕТ

Page 32: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

КОРПОРАЦИСКИ БИЗНИС

„Нестле“ го купи српски „Центропроизвод“ПО ПРЕЗЕМАЊЕТО ПРОДАЖБА ОД 25 МИЛИОНИ ЕВРА

„Нестле“ објави дека постигна договор за преземање на работењето на „Центропроизвод“, еден од најголемите производители на храна во Србија. Купен е асортиманот за готварство на „Центропроизвод“, напитоци и кондиторски производи. Се очекува дека во 2011 година продажбата ќе достигне износ од 25 милиони евра. Условите на трансакцијата, кои се предмет на правно одобрување, се` уште не се познати. Трансакцијата исто така ја опфаќа и

фабриката на „Центропроизвод“ во Сурчин. Марко Травалиа, претседател на Управниот одбор на „Нестле Адриатик“, смета дека тој потег е стратешки и ќе го зајакне присуството на компанијата во регионот.

Спасување на словенечка „Адрија ервејз“ ДРЖАВНА ИНЕКЦИЈА ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА

Три комисии на словенечкиот Парламент и дадоа зелено светло на државата да учествува во спасувањето на националниот авиопревозник „Адрија ервејз“, кој има потреба од инјекција од 50 милиони евра за да продолжи да работи. По состанокот на комисиите за транспорт, финансии и економија, на кои беа разгледани плановите за реструктуирање на „Адрија ервејз“, донесена е одлука да се

повика Владата да учествува во финансиското реструктуирање. Врз основа на планот „Адрија ервејз“ ќе добие 50 милиони евра државна помош и ќе побара договор со банките заемот од 38 милиони евра да се конвертира во сопственички акции. Министерот за сообраќај Патрик Влачиќ тврди дека на „Адрија ервејз“ и е потребна помош за да се заврши реструктуирањето и за да добие стратешки

партнер. Владата сака да го продаде словенечкиот авиопревозник, откако тој ќе се опорави.

“Сименс” ќе вложува во енергијата на ветеротИСТРАЖУВАЧКИ И РАЗВОЈНИ ЦЕНТРИВО ДАНСКА

Германскиот индустриски гигант “Сименс”, во Данска, планира во наредните две години да вложи повеќе од 150 милиони евра во проширување на работењето во секторот на производство на енергија од ветерот. “Сименс” соопшти дека во плановите се вклучени отворање на нови истражувачки и развојни центри во Данска, како и проширување на постоечките. Германската компанија со цел да ги задоволи растечките побарувања за обновлива енергија, веќе отвори нови фабрики на ветротурбини во Кина и САД и истражувачки развојни центри во Германија, Данска, Британија, Холандија и САД.

Зелено светло во Германија за најсовремените возови во светотЗА „СИМЕНС“ И „ДОЈЧЕ БАН“ БИЗНИС ВРЕДЕН ШЕСТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА

„Сименс“ и „Дојче бан“ потпишаа договор за испорака на 220 нови возови со голема брзина во вредност од шест милијарди евра, со опција за дополнителни 80 возови. Германски железници (ДБ) веднаш порачуваат 130 возови, а подоцна е планирана порачка од 90 возови во рамки на договор кој важи до 2030 година. Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на ДБ, Рудигер Грубе по потпишувањето на договорот изјави дека со ICx возовите се става камел темелник за превоз на далечни дестинации и поставуваат нови стандарди во однос на безбедноста, еколошката усогалсеност и комфор. - Енергетската ефикасност и модуларност на тие возила нуди економско работење без компромиси, додека флексибилната структура на ентериерот ќе обезбеди целосно ново ниво на комфор за патниците. Затоа, ICx поставуваат нови стандарди на превоз меѓу градовите, рече генралниот директор на Сименс, Петер Лошер. Возовите ќе се произдведуваат во три варијанти - првата е воз од седум делови со три моторни вагони и брзина до 230 км/час со 449 седишта. Втората верзија е воз од десет делови, со пет моторни вагони и 724 седишта и брзина до 249 км/час. Се очекува новите возови да почнат да функционираат од 2016 година.

„Набуко“ бара нови партнериРАСТЕЧКИТЕ ТРОШОЦИ ПРИТИСКААТ Конзорциумот „Набуко“ би можел да побара нови партнери поради растечките трошоци, а преговорите се водат со компаниите „БП“, „Сочар“, „Статоил“, „ГДФ Сеуз“ и „Тотал“, со тоа што предност ќе имаат компаниите произведувачи на гас. Во конзорциумот засега учествуваат турската компанија „Ботас“, австриската „ОМВ“, германската „РВЕ“, унгарската „МОЛ“, романската „Трансгаз“ и белгиската „БЕХ“. Турски извори, блиски до прокетот, претходно минатиот месец изјавија дека проценетите инвестиции во гасоводот се зголемени на 12-15 милијарди евра од 7,9 милијарди, со тоа што инвестициското решение за проектот би можело да се одложи до 2012 година. Пуштањето на гасоводот во употреба првобитно беше планирано за 2015 година, капацитетите за пренос на гас се проценетите на 31 милијарда кубни метри годишно, а должината на маршрутата е оценета на четири илјади километри. Почетокот на испораките на гас преку гасоводот „Набуко“ потоа е одложен до 2017 година.

„Форд“ вложува милијарда долари во „Линколн“ВРАЌАЊЕ НА ПОРАНЕШНИОТ СЈАЈ

Американскиот концерн „Форд“ најави дека ќе вложи една милијарда долари во бредндот „Линколн“, со цел двојно зголемување на продажбата на оваа марка луксузни автомобили до 2015 година. Аналитичарите оценуваат дека ваквата одлука на „Форд“ ќе и овозможи на марката „Линколн“, која некогаш беше многу популарна и успешна, да ја надмине сегашната криза и да го поврати поранешниот сјај. Со планот за дополнителни инвестиции во „Линколн“ се предвидува

во следните четири години на пазарот да се најдат седум нови модели на возила оваа марка. Лани беа продадени само 85.000 модели на „Линколн“ што е значително помалку во споредба на останатите марки луксузни автомопбили, како што се „Лексус“, Бе-Ем-Ве, „Мерцедес“, „Кадилак“, „Ауди“ и „Инфинити“. За годинива се очекува да бидат продадени 78.000 „Линколни“. Со планот на „Форд“ се предвидува до 2015 година годишната продажба на „Линколн“ да се искачи на 162.000 модели. Доколу со овој обид на „Форд“ „Линколн“ не успее да ислезе од кризата, би можел да ја доживее судбината на брендовите „Понтијак“ и „Хамер“ кои исчезнаа од пазарити и покрај нивната долга историја и некогашна популарност.

Page 33: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Неодамна беше формирана и најголемата интернет платформаСОЦИЈАЛНА МРЕЖА САМО ЗА НАУЧНИЦИ

* Социјалните мрежи на интернет се многу популарни во светот. Неодамна беше формирана и најголемата интернет платформа само за научници. На Рисрчгејт досега се пријавени над 900.000 научници

Околу дваесетина млади и модерно облечени информатичари и дизајнери седат пред белите лаптоп-компјутери, разменуваат мислења на шпански или англиски и работат на Рисрчгејт. Меѓу нив седи и Ијад Мадиш. Докторот по медицински науки во ноември 2008 година со уште двајца пријатели ја основаше интернет платформата за научници и тоа од една едноставна причина: затоа што и нему, како научник, му недостасувало нешто: -Се обидовме да култивираме одредени матични клетки, коишто ќе помогнат да израсне коска во вештачки прст. За тоа ни беа потребни специјалисти од оваа област, а ги немавме кај нас во лабораторија. Така се роди идејата за Рисрчгејт, па си рековме, треба да изградиме платформа каде научниците ќе можат да се презентираат себе си, како и нивната научна работа и проекти. Тие, пак, во мрежата ќе можат да бараат други научници, - објаснува основачот Мадиш. Рисрчгејт функционира под мотото „надвор од научната зачауреност“ Еколози од Норвешка разменуваат информации со социолози од Египет. Хемичари од САД бараат од индиските математичари предлози при нивните обиди. На тој начин се врши научна размена без никакви ограничувања: -Кога истражувате, 80-90% од работите најчесто не успеваат. Проблемот е во тоа што тие податоци не смеат да се објават. Имено, научната работа јавно се покажува само доколку на крајот успее. Рисрчгејт меѓутоа им овозможува на научниците да разменуваат информации токму околу такви теми. Така, грешките што ги направиле веќе некои други колеги во светот, нема да се повторат уште еднаш. На тој начин науката многу побрзо ќе напредува, - вели Ијад Мадиш. Секојдневно на Рисрчгејт се пријавуваат по околу 4.000 нови научници. Парите за формирањето на фирмата Ијад Мадиш, по потекло од Сирија, ги добил од славната Силиконска долина, каде е сконцентриран американскиот научен потенцијал. За разлика од Фејсбук, на интернет страната на Рисрчгејт нема реклами, а освен тоа и податоците од научницте не смее да се им се даваат на трети лица. Д-р Тим Хухо веќе две години е корисник на Рисрчгејт. Берлинскиот биохемичар ја истражува болката и е раководител на мрежа научници составена од повеќе работни групи. Според него, платформата е идеално решение, заради тоа што овозможува пристап до важни лабораториски податоци и преку неа се организираат научни симпозиуми ширум светот.Идејата за една ваква мрежа доаѓа од Германија За научниците од земјите во развој платформата е исто така многу добро

решение, бидејќи оние кои не можат да си дозволат скапи публикации или, пак, патувања до големите специјализирани концерни, преку Рисрчгејт можат да бидат во тек со најновите случувања во областа на науката и медицината. Според Тим Хухо, платформата не претставува вистинска конкуренција за реномиранте стручни списанија: -Таа е само дополнителен извор. Тие не создаваат нови информации. А и луѓето во мрежата, кои ги објавуваат своите дисертации, тие не се профилираат специјално за Рисрчгејт.

Меѓутоа, едно нешто е можеби проблематично. Имено, мрежата е насочена повеќе кон младите научници. Постарите научници немаат доверба во новата форма на комуникација. Можеби затоа што на интернет платформата може да се пријави секој како научник и да објавува материјали. Колку сериозни се тие навистина и дали зад профилите на некои научници се кријат, всушност, шарлатани Рисрчгејт не може да контролира. Меѓутоа предноста е во тоа што секој научник може да ја оценува и коментира научната работа на другиот колега.

Како Сибир ќе ја храни со енергија гладната КинаПРОФИТ ОД ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НА АЗИЈА

* Олег Дерипасха, еден од најбогатите Руси, инвестира милијарди долари во брани во најодалечените делови од Русија, за да извезува струја во Кина и да заработува од нејзината растечка економија. Новинарот на Би-Би-Си Даниел Сендфорд го посети неговиот најнов проект

За да стигнете до браната Богучанскаја во источен Сибир, мора од најблискиот град да патувате 90 минути во мал двопропелерски авион.Пат низ густата шумска тарга под вас си прави огромната и величенствена река Ангара, единствената река која истекува од Бајкалското Езеро, и која е главниот полнач на Јенисеј која тече се до Арктичкиот Океан. Четвртата брана од хидро системот во Богучанскаја во близнина на Кодиснк е речиси готова и се очекува да почне со прозводство на струја во април 2012 година. Источен Сибир веќе произведува повеќе струја отколку што му е потребно. Тогаш, зошто се овие планови за повеќе хидроцентрали? Одговорот лежи во огромниот пазар за струја во Кина која е одалечена неколку стотици километри. Кина побара од Русија да ја снабдува со 60 милијарди киловат часови

годишно до 2020 година - енергија која е доволна за снабдување на цела Грција и Хонг Конг. - Ова е единствена можност кога Русија може да има корист од економскиот раст во Азија, вели Олег Дерипасха, претседател на Ен+ и извршен директор на алуминиумскиот гигант Русал, и делумно сопственик во браната Богучанскаја. - Сметам дека во смисол на БДП на провинциите во Сибир, во следните 15 години тоа може трипати да биде зголемено. Не гледам зошто да ја пропуштиме оваа шанса. Таму имаме се - луѓе, знаење, технологија и пазар во соседството, додаде рускиот тајкун. Хидроцентралата Богочунскаја има девет огромни турбини. Кога сите работат, хидроцентралата може да произведе над 17 милијарди киловат часови електрична енергија годишно. Поголемиот дел од ова ќе се искористи за снабдување на новата фабрика за алуминиум на Русал по текот на реката, но вишокот ќе оди за други потреби во Русија и ќе остане и за извоз. Ова е случај кога водата се претвора во готовина.

Запалени села

Огромната брана како и другите големи брани во светот, нуди поглед кој го одзема здивот. Широка е три километри, а овој бетонски монструм е висок 80 метри. Новиот резервоар ќе биде длабок 70 метри. Над браната, Ангара изгледа исто како што изгледа веќе со илјадници години. Тоа е голема, брза река широка стотици метри. Малите населби кои изникнаа на бреговите во изминатите 300 години се села како од поштенски картички, со дрвени традиционални куќи. Сега сите се запалени, за кога областа ќе биде поплавена остатоците од куќите да не ја блокираат браната. Александар Брјуканов порано живеел во Кежма, град со 10.000 жители Тие живееле од риболов и земјоделство, и најчесто биле отсечени од надворешниот свет. Низ годините, градската популација добила изглед како и во останатите советски градови, со сиви згради во модерните градови како Кодинск. - Најтрагични се старите луѓе. Тие почнаа да умираат штом беа преселени. Затоа што ги загубија нивните селски куѓи, нивните градини и нивните соседи, и во замена им беа дадени станови опремени само со телевизори за да им прават друштво, вели Брјуканов. Другото село е Проспикино, каде некогаш живееле 5.000 луѓе. Само неколку од куќите се уште стојат таму, од другите останале само темелите и дрвени остатоци. Неколку диви коњи трчаат преку малата рекичка која се влева во Ангара. Сепак, Проспикино не е целосно напуштено. Константин Подубни доаѓа со неговиот стар Урал моторцикл со приколка. Тој одбива да го напушти селото затоа што, како што тој објаснува, шемата за компензација ги измамува луѓето надвор од нивните земјишта:

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 34: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

-Властите ќе ги запалат сите куќи кои тука останале. Потоа ќе имаме проблеми да најдеме станови во градовите. Многу луѓе поминаа низ ова. Властите им ветија станови, тие ќе ги напуштат своите места, нивните куќи ќе бидат запалени, потоа властите ќе речат дека нема куќи, па затоа и нема станови. Во исто време, луѓе кои немаат никаква врска со нашите села добиваат станови, објаснува Подубни. Тој вели дека на никого во Сибир не му треба хидроцентрала: - Има други централи на оваа река кои работат само со половина од нивната сила. Сето ова е заради извоз во Кина.

Кршливиот екосистем

Групите за заштита на животната средина велат дека влијанието на другите брани врз Ангара не е добронамерно. Делови од реката се претворија во мочуришта, а поплавените дрвја скапуваат, со што се менува хемијата на водата. - Велат дека градат нови брани на сибирските реки со цел да ја спасат планетата од кинеските гасови кои прават стаклена градина, вели Александар Колотов од „Ривер интернешенел“: - Оттука е прашањето дали сте подготвени да ја уништите сибирската природна околина, да ги убиете сибирските реки, да ги поплавите огромните шуми, со цел да го спасите светот од кинеското загадување. Планирани се уште брани во дивината на источен Сибир, за да се прехрани со струја „гладната Кина“. Олег Дерипасха вели дека ќе го претворат Сибир во нова Канада - богат со ресурси и економски успешна приказна. (Би-Би-Си – Лондон)

Чекајќи го капитализмотСРБИЈА, СЕПАК, НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ „БАЛКАНСКА КИНА“

- Поради застарените погони,

трудот на работниците помножен со бројот на часовите стана поскап за разлика од другите земји, а исто така работодавачите не се чувствуваат комотно во амбиент на преголема и прескапа заштита која ја наметнаа синдикатите, рече бизнисменот Милан Беко на трибина која ја организираше „Време“ и фондацијата „Фридрих Еберт“ под името „Чекајќи го капитализмот – улогата на крупниот капитал во демократизацијата на српското општество“. Тој, како и другиот учесник на трибината Бранислав Грујиќ претседател на деловниот клуб „Стопанственик“, порача дека не вработувал нови работници со користење на субвенции кои ги понуди државата. Милан Беко рече дека треба да се знае дека приватизацијата и транзицијата подразбираат намалување на вработените, но дека „за разлика од нас одговорните држави со правила и програми би ги финансирале за да

вработат вишок работна сила“. Тој додаде дека поради лошата состојба во земјата отпуштал работници во сите свои претпријатија и дека тоа го гледа како економска оптимизација на фирмите и начин за опстанок. Грујиќ наведе дека во криза се сегменти на негови фирми кои се повразни со малопродажба, кои губат се повеќе и повеќе и кои се осудени на пропаст. Во некои други гранки вработувам луѓе и тука остваруваме некој баланс, но генерално мислам дека Србија и понатаму е во негативен тренд без оглед што покажува официјалната статистика, рече Грујиќ додавајќи дека Србија не може да ги реши своите проблеми така што ќе биде „балканска Кина“. - Малку платен работник е извор на следен круг на незадоволство и проблеми, рече Грујиќ додавајќи дека тоа го решава проблемот само на куси патеки, но смета дека Србија долгорочно ќе има уште поголеми проблеми. Уредникот на „Нов Магазин“, Миша Бркиќ рече дека политичката елита пропушти да ја искористи економската криза, да ги направи неопходните реформи во

општеството. Тој додаде и дека погрешно е тоа што за се што беше лошо во економската криза се обвинуваат капиталистите. - Ретко слушам дека синдикатите имаат толку забелешки на работодавците и на капиталистите колку што има власта, рече Бркиќ. Главниот и одговорен уредник на „Време“ Драгољуб Жарковиќ наведе дека во Србија нема социјално-економски дијалог и дека е неопходно тој да се воспостави. Учесниците на трибината „Чекајќи го капитализмот – улогата на крупниот капитал во демократизацијата на српското општество“, заклучија дека нема да има напредок без консензус на политичарите, синдикатите и стопанствениците во развојот на општеството.

Три митови за капиталистите

Милан Беко смета дека во Србија постојат три митови во врска со капиталот и капиталистите кои треба да се срушат, ако општеството сака да оди во нагорна линија. Пред се, тој вели дека првиот мит е дека на српските капиталисти им одговара затворена Србија, бидејќи во таква земја полесно се остварува приватизацијата, се зголемува вредноста на фирмите со монополските позиции, што донесува поголем профит. Вториот мит, наведува Беко, е дека српските стопанственици остваруваат привилегии по пат на корупција. Тој рече дека степенот на корупција во Србија е сличен како во земјите на ЕУ, но дека Србија се разликува по една крупна работа која е „сериозна и опасна појава за општеството, а тоа е рекетот“. - Политичката олигархија ги феудализираше сите крупни национални ресурси и рекетот се движи од горе према доле и е крајно опасна општествена појава. Денес сите се изложени на плаќање на одредени

обврски и рекет на сите општествени нивоа – одење на лекар, во катастар, општина, кон јавните претпријатија и кон повисоките нивоа на државната администрација, рече Беко. Третиот мит е наметнување на сфаќањето дека српските стопанственици се презадолжени и неефикасни во управувањето и дека приватизацијата не успеала во Србија, што исто така не е точно, заклучи Беко.

(Време – Белград)

Црна Гора почна борба за елитата во туризмотСТРАНСКИ КАПИТАЛ, “WELCOME TO MONTENE-GRO!”

* Како нашите јужни соседи во изминатите неколку години со целосно отварање на големите странски инвеститори почнаа да го претвараат својот брег во едно од најпосакуваните елитни туристички локации на Медитеранот, со што сериозно конкурираат на Хрватска Порано тоа беше воено – ремонтно

бродоградилиште, целосно одвоено од градското крајбрежје, запуштено и налик на заборавени магацини. Пред воените згради имаше закотвени воени бродови кои одамна ги поминале деновите на морнарската слава. Им требаа дозволи за премин, влез и излез. На импровизираната капија налутен млад војник проверуваше дали името ви е на пописот и дали можете да влезете, осамен во својата смена, а друштво му правеа голи убавици од пожолтени постери, од списанието Старт, кое речиси имаше историска вредност. Сега на средените клупи страсно се бакнуваат тинејџери и замислено гледаат на јахтите закотвени на пристаништето. Којзнае, можеби во налетот на хормони, момчето на девојката и ветува дека еден ден ќе купи таков брод... Ех, мое момче...! Тука, во сега средениот Тиват, на пристаништето Порто Монтенегро вкотвени се една до друга, јахти за крстарење. Ги нарекуваат супер јахти. Тоа се прекрасни бродови, мамат погледи, па луѓето како хипнотизирани гледаат во металик сивата јахта Си Форс Уан или белата јахта Голден Игл. И секој ќе помисли, а не само заљубените тинејџери – ех да можам да бидам крал барем еден ден. Тука е раликата меѓу тие кои ги гледаат бродовите од брегот и тие кои од морето гледаат од тие јахти... Цел еден свет и стотици милиони евра. Но, фантазиите на страна, ова убаво пристаниште – кое целосно го смени градскиот изглед и влезот во заливот Бока Которска, направи место на елитниот наутички туризам – вреден за инвестиции кои ќе се искачат на 600 милиони евра, еднаш кога се ќе биде готово. За сега е завршено 15 отсто од целиот проект, но плажите и пристаништето веќе функционираат, со закотвени мега јахти. Маја Вујашковиќ, која го познава пристаништето од почетокот на градежната изведба, ни зборува за тој супер проект. Го покренал канадскиот милијардер со унгарско-еврејско потекло Петер Мунк, страствен морепловец и неуморен 83-годишник кој својата импресивна деловна биографија ја дополнил со ангажманот и во наутичкиот

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 35: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

туризам. А луѓето како Петер Мунк, кој е сопственик на најголемата светска компанија за копање на злато, се што ќе допре го претвара во свој „работен материјал“, во злато. И за него криза не постои бидејќи пазарот на злато не ја ни почуствува. - Петер Мунк пред четири до пет години ја контактирал црногорската Влада бидејќи барал нова локација каде можел да изгради пристаниште. Неговата пазарна логика била дека на Медитеранот, а посебно во овој негов проект, нема доволно врски за супер јахти, т.е. за бродови кои се подолги од 24 метри. Во почетокот на 1980 во светот имало 200 јахти, а денес се над 5.400, со тоа што оваа година се градат уште 749, вели тој. Тоа што Мунк го барал го нашол токму на влезот на заливот Бока Которска. Меѓу пристаништата не постои класична конкуренција во смисла, колку се една на друга поблиску, толку се поголеми конкуренти. Напротив, ако се поблиску тие се поголеми сојузници. - Јахташите нема да дојдат ако не можат никаде да се закотват во близина. Секоја вечер сакаат да бидат во друг град, во друго пристаниште. Затоа, што повеќе пристаништа во Црна Гора и Хрватска, на туристите ќе им биде многу поинтересно, дознаваме. Освен тоа, на овие региони всушност

помогна и финансиската криза, вели Маја Вујашковиќ. - Се наметнавме како конкуренција на пристаништата на југот на Франција и Италија. Пред тоа беше тешко да се наговори некој од Монако да го доведе својот брод наваму. Сега и богаташите почнаа да размислуваат за тоа дека и тука можат да добијат иста услуга, но по многу пониска цена. Ова е втора година како работиме, а во текот на зимата пополнетоста беше 80 отсто. Постепено и инвестицијата на Мунк придонесе за промена на имиџот на Црна Гора, која од осамостојувањето бележи плусеви во туризмот. Како дестинација за летен одмор ја сакаат Русите и Арапите. Меѓу Монако и Црното море, се повеќе се одлучуваат за Црна Гора. Ние сме на добра локација, целосно се отворивме кон странскиот капитал и основна насока на земјата е сто процентен туризам. Покрај тоа, ја промовира и компактноста и убавината на поширокиот регион. Зошто да се крие информацијата дека Дубровник е на само 40 километри оддалечен од Бока? Секако и Црна Гора има свои убавини: Свети Стефан уште во 1968 година беше прогласен за еден од најубавите хотели во светот. Годините и состојбите го направија своето па островот повеќе се појавуваше во рекламни спотови, а внатре во своите ѕидини не изгледаше многу елитно, се додека Адријан Зека, претседател на Аман Ресортс од Сингапур допатува во Црна Гора и се одлучи нешто да направи. Тој постигна договор со властите

во Црна Гора, хотелот се затвори во 2005 поради реновирање и штотуку е отворен за гости. Луксузен, но автентичен, Свети Стефан веројатно е најпрепознатливата слика на Црна Гора. Се гради насекаде и тоа многу ефтини недвижнини кои ги финансираат фондови, приватни стопанственици... Ако ги гледаме предрасудите и приказните од вицовите, ни Црногорците повеќе не се тоа што беа, бидејќи и неделата е исто работен ден како и сите други. Црна Гора првпат ја надмина Србија по просечната плата и сега таа се движи околу 450 евра. Инвестирањето во Црна Гора, посебно руските инвестиции пораснаа во толкава мера, што ЕУ пред неколку години побара од своите експерти да подготват темелен извештај за тоа зошто сите одат кон таа поранешна југословенска република. Таа стратегија не се промени ниту со политичките промени во Подгорица, каде всушност на власт се менуваат секогаш истите елити, со исклучок на Мило Ѓукановиќ кој неодамна се повлече. Но, на своите наследници остави јасна порака: Црна Гора мора да биде најлиберална економија во Европа. Странски капитал, „Wel-come to Montenegro!“ Се проценува дека само лани во Црна Гора се инвестирани половина милијарда евра. До 2030 година инвестициите во земјата со 600.000 жители треба да достигнат до 30 милијарди евра.

(Глобус – Загреб)

Германски искуства: Пул од работна силаВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ НА ВИСТИНСКА РАБОТА!

* Во областа Шпревалд во Германија, претпријатијата имаат организирано сопствено посредништво кое им овозможува во вистински момент да го добијат вистинскиот работник со неопходните квалификации за определено место На 1 мај паднаа последните бариери.

Работниците од источноевропските земји кои пристапија кон ЕУ во 2004 година смеат без никакви ограничувања да работат и во Германија. Според проценките на експертите, поради тоа, би можел да се очекува бран од дури 200 илјади источноевропски работници на германскиот пазар на труд. За повеќето фирми тоа е добра вест, зашто тие очајнички бараат работна сила. Токму во селските региони во Германија во моментов владее состојба за која експертите предвидуваат дека ќе ја зафати целата земја: сериозен недостаток на работна сила поради стареењето и иселувањето. Таков е примерот на регионот Шпревалд, во јужниот дел на покраината Бранденбург. Таму, од една страна, има многу мали претпријатија, на кои не им е потребна работна сила со полно работно време во текот на целата година, а, од друга страна, таму има многу работници, кои поради недостатокот од соодветна работна перспектива се иселуваат. За да се спречи тоа, тука настана еден нов работен модел, кој би можел на многу луѓе кои бараат работа да им биде вистинска алтернатива, доколку на повидок немаат долгорочно работно место.

Во вистински момент на вистинско работно место

Таков е примерот на Штефан Кох. На пролет работа во шума, на лето најчесто на нива, а пред две години тој дури определено време работел и во индустријата за месо. Кох имал повеќе работни места кои редовно ги менувал: „Да, тоа е во секој случај поинаку, постојано со други работодавачи. Во спротивно, би се работело постојано во едно претпријатие, каде работата е најчесто иста, додуша сезонски условена, меѓутоа најчесто тоа е една иста работа. А вака се доаѓа во различни претпријатија, на различни работни места, и тоа ми причинува задоволство“, вели Кох, кој во моментов работи во земјоделското претпријатие „Остра“. Работните ангажмани на Штефан Кох ги координира Андреас Печик од Сојузот на работодавачи од Шпревалд. Тој, имено, има точен преглед за тоа - кога, кој е каде потребен: „Не станува збор за тоа дека ние изнајмуваме работници, туку станува збор за тоа дека ние сме еден сојуз на претпријатија кој за флексибилните потреби од работен кадар има организирано заедничко персонално биро. Тоа значи дека ние може така да се каже имаме пул од работна сила, и наша задача е да ги организираме тие, во претпријатијата познати, искусни и квалификувани работници, на начин на кој тие би биле секогаш во вистински момент на вистинското работно место. Во принцип, како едно големо претпријатие со различни работни одделенија.“

Флексибилноста е голема предност

Во регионот Шпревалд, во меѓувреме, Сојузот на работодавачи им има организирано работа на 75 работници, од земјоделци до книговодители. А побарувачката за работници кои можат да го менуваат работното место постојано расте. Токму многуте мали претпријатија не можат да вработуваат на долг рок. За специјализирани дејности, меѓутоа, работната сила која се добива преку традиционалните фирми за изнајмување на времени работници, или пак преку државната агенција за труд, не е алтернатива за персоналот кој го организира Сојузот на работодавачи Шпревалд. Томас Вовчерк од претпријатето „Остра“ објаснува зошто:„Главната предност е дека луѓето кои ги организира Сојузот многу добро ја познаваат тешката земјоделска машинерија. Во тој смисол, јас не би можел да земам никого од агенцијата за труд, најнапред поради ненавременоста на агенцијата, каде што има и релативно многу проблеми. Затоа му се јавуваме на господинот Печик дали можеби има некого. Тој е многу флексибилен и може брзо да ми испрати некого кога ми е потребен.“Штефан Кох во секој случај, тука во „Остра“, има уште многу да сработи . Претпријатието, како впрочем и секоја година, и овојпат го има цврсто испланирано неговиот ангажман за цело лето. Во зима тој би можел потоа повторно да го смени работното место. Сојузот на работодавачи ќе се погрижи за тоа. Во секој случај, Штефан Кох не е загрижен за својата иднина.

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 36: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Назив на Проектот

MK-Скопје: ИПА - зајакнување на административните и оперативни капацитети на државниот транспортен инспекторат Дополнување

Референца EuropeAid/129864/D/SER/MK

Финансиска референца

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 15.6.2011 година

Краен рок за апликација

15.7. 2011 година

Сектори Законодавство Транспорт

Опис на Проектот

Зајакнување на административните и оперативни капацитети на државниот транспортен инспекторат во согласност со директивите на ЕУ

Контакт Министерство за финансии Централно одделение за финансирање и договарање Република Македонија Internet: h�p://cfcd.finance.gov.mk

Назив на Проектот

MK-Скопје: Разни услуги

Референца ECZ66062- земји-кандидати

Финансиска референца

2011/S 113-187660

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 15.6.2011 година

Краен рок за апликација

20.7. 2011 година

Сектори Животна средина Управување со програми

Опис на Проектот

Програма за заштита на природата во Македонија ќе овозможи за конзервација и одржување на биодиверзитетот и природниот екосистем

Контакт Швајцарска канцеларија за соработкаМаксим Горки 19A�n: Станислава Додева1000 Скопје Република Македонија Internet: h�p://www.simap.ch/shabforms/servlet/Search?NOTICE_NR=645997

Назив на Проектот

Одбележување на селско земјиште и развој на катастарот

Референца WB2603-801/11

Финансиска референца

Loan No. 4709-UA, Project ID No. P035777

Вид на набавка

Испораки

Финансиер Светска банка

Земја Украина

Објавено на 15.6.2011 година

Краен рок за апликација

26.7. 2011 година

Сектори Земјоделство Рурален развој Информатичка технологија

Опис на Проектот

Набавка на сервер со дополнителна опрема за катастарот

КонтактState Commi�ee of Ukraine for Land Recourses.3, Narodnogo Opolchenia str., 2d floor, Office of Project Implementa-�on Unit, room No. 1.Yuriy Bilan, Procurement Specialist. Kyiv, Ukraine. E-mail: [email protected]

Назив на проектот

Проект за управување со земјиштето

Референца WB2604-801/11

Финансиска референца

Credit No. 4263-ALB, Loan No. 4851-ALB, Project Id: P096263

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Светска банка

Земја Албанија

Објавено на 15.6.2011 година

Краен рок за апликација

28.7. 2011 година

Сектори Земјоделство Рурален развој Управување со програми Законодавство Урбан развој

Опис на Проектот

Систематска прва регистрација на недвижен имот во 73 катастарски зони

КонтактImmovable Property Central Registra�on Office.Rr: “Jordan Misja” Tirana, Albania. Fax: (355-4) 240-3306. A�n: Mr. Rezar Turdiu - Director of Project Planning and ManagementDepartment. E-mail: [email protected] . A�n: Ms. Entela Postoli, Procurement Specialist.E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

EPCG проект за поставување на броила и дистрибуција

Референца EBRDZ66067

Финансиска референца

6408-IFT-40219

Вид на набавка

Испорака

Финансиер ЕБРД

Земја Црна Гора

Објавено на 15.6.2011 година

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Page 37: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Краен рок за апликација

29.7. 2011 година

Сектори Енергетика

Опис на Проектот

LOT 1. За северен регион инсталација на 18.000 броила (2012-2014) LOT 2. За централниот регион инсталација на 104.000 броила (2010-2014) LOT 3. За приморскиот регион инсталација на 53.000 броила (2011-2014

Контакт Mira RadunovicSupervisor of Procurement DepartmentElektroprivredaCrne Gore A.D. NikšicStreet Address: 2 VukaKaradzica St.Floor/Room number: Ground floor / Room no. 10City: NikšicZIP Code: 81 400Country: Republic of MontenegroTelephone: : +382 40 204 143Facsimile number: +382 40 215 318Electronic mail address: [email protected]: [email protected]

Назив на Проектот

Приштина: Испорака на лиценци за софтвер Дополнување

Референца EuropeAid/130172/D/SUP/XK

Финансиска референца

Contract No CFSP/2010/46/EULEX Kosovo — Bout de Marnhac

Вид на набавка

Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 16.6.2011 година

Краен рок за апликација

29.6. 2011 година

Сектори Информатичка технологија Трговија Индустрија

Опис на Проектот

LOT 1. addi�onal quan��es for exis�ng licences/add-ons for exis�ng licences. LOT 2. new specialisedlicences. LOT 3. job-specific so�ware I. LOT 4. job-spe-cific so�ware II. LOT 5. renewal of so�ware assurancefor exis�ng Microso� licences for 12 months

КонтактEULEX Kosovo, Procurement Sec�on, Ndërtesa Farmed, ‘Muhar-ren Fejza’ p.n., Lagja e Spitalit, 10000 Pris�na, KOSOVO. E-mail:[email protected]

Назив на Проектот

Градежни работи на 4 станици за собирање млеко Изградба на згради и реконструкција на една улица во Сребреница, Братунац и Миличи

Референца UNDPZ66095

Финансиска референца

BIH/ITB/013/11

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер УНДП

Земја Босна и Херцеговина

Објавено на 16.6.2011 година

Краен рок за апликација

5 .7. 2011 година

Сектори Градежништво-инженеринг Јавна администрација

Опис на Проектот

LOT 1. Градежни работи на 3 станици за откуп на млеко во Сребреница LOT 2. Градежни работи на една станица за откуп на млеко во Братунац LOT 3. Изградба на зграда во општина Братунац LOT 4. Реконструкција на една улица во Сребреница

Контакт UNDP BiH General Services Unit Fax : +387 33 553 220 email: [email protected]

Вид на набавка

MK-Skopje: media storage and reader devices Дополнување, односно промена на крајниот рок за поднесување на апликации за тендерот ECZ64451-земји кандидати 2011/S 106-172657 (2011/S 90-145984; 2011/S 73-120289 Испорака Европска комисија Македонија 18.6.2011 година 4.7. 2011 година Информатичка технологија Телекомуникации LOT 1. Produc�on system for recording, video edi�ng,arrangement, export and program broadcast LOT 2. Permanent archives for data storage audio-visual mate-rial ЈП Македонска радиотелевизија Гоце Делчев бб За Лазе Новески Скопје, Република Македонија Tel. . E-mail: [email protected]. Fax .

Финансиер

Земја

Објавено на

Краен рок за апликација

Сектори

Опис на Проектот

Контакт

Назив на Проектот

Приштина: ИПА - изградба на повеќенаменски објекти во Митровица Дополнување EuropeAid/130887/C/WKS/XK Изведбени работи Европска комисија Косово 18.6.2011 година 12 .9. 2011 година Градежништво - инженеринг LOT 1. Обнова на спортскиот центар ‘Minatori’ и изградба на нов спортски центар ‘Omnisport’ и земјени работи LOT 2. Изградба на нов комерцијален објект European Commission Liaison Office, a�en�on: Contracts and Finance Sec�on, Kosovo Str. 1, PO Box 331, 10000 Pris-�na, KOSOVO. Fax +381 385131307. E-mail: delega�[email protected]

Референца

Финансиска референца

Вид на набавка

Финансиер

Земја

Објавено на

Краен рок за апликација

Сектори

Опис на Проектот

Контакт

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАКонтакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

е-маил[email protected]

Page 38: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Интензивни летни курсеви по деловен англиски јазик „ИСКОРИСТЕТЕ ГО ЛЕТОТО – НАУЧЕТЕ АНГЛИСКИ ЈАЗИК!“

Интензивни летни курсеви по деловен англиски јазикЈуни- септември 2011 годинаСала 53 на IV катСтопанска комора на Македонија

Стопанска комора на Македонија заедно со Центарот за странски јазици “Sunrise”, во периодот од јуни-септември 2011 година организираат интензивни летни курсеви по деловен англиски јазик. Оваа обука преку интерактивна настава ќе ги развие Вашите вештини за секојдневно деловно работење, како што е професионалната деловна комуникација. Истовремено ќе Ви овозможи да ги освежите и надополните своите претходно стекнати знаења, да го збогатите речникот со термини, да ја подобрите употребата на граматичките правила и да го усовршите користењето на деловните термини.

СОДРЖИНА:Овој интензивен курс ќе опфати теми од областа на маркетинг и продажба, менаџмент и финансиски менаџмент, човечки ресурси, односи со јавноста, брендирање, бизнис-планирање и сл.

СТЕПЕНИ:1. Elementary2. Pre-Intermediate 3. Intermediate 4. Upper-intermediate Определувањето на степенот ќе се изврши со претходно тестирање на пријавените учесници. Обуката ќе ја спроведе: Менче

Грозданова, дипломиран професор по англиски јазик.Наставата ќе трае вкупно 36 часа/45 минути час, еден месец, во блок-часови, три пати неделно (понеделник, среда и петок), од 14-16.30 часот. Максимален број во една група е 8 слушатели. Сите учесници кои ќе го положат завршниот тест ќе се стекнат со сертификат за успешно завршено ниво. Цена на еден степен: 5.900,00 денари +ДДВ. Во цената е вклучен и оригинален учебник од програмата Oxford.За повеќе учесници од иста компанија следува попуст.

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

Контакт : Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Oд 28 до 30 септември 2011 година „CULINARIA FINE FOOD“во „БЕЛЕКСПО – центарот“ во Белград, Република СрбијаЗАЕДНИЧКИ ШТАНД НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ПО ПОВЛАСТЕНИ УСЛОВИ

* Купувачите на храна и пијалоци Ве бираат

Стопанската комора на Македонија организира групно учество на македонските компании на зеднички штанд под повластени услови и единствена можност за средба со светски познатите синџири на маркети, како „ЛИДЛ“, „ТЕСКО“, „МЕТРО“ и други.Специјализираниот саем „Culinaria Fine Food“ ќе се одржи од 28-30 септември 2011 година, во конгресниот Белекспо-центар во Белград, Република Србија.Оваа саемска манифестација не е наменета за широка публика, посетители, веќе за професионалните купувачи кои однапред имаат договорени средби со излагачите. Ова саемска манифестација на добра храна и пијалаци се одржува по втор пат и ги спојува водечките производители и клучните купувачи од регионот и од

Европа, а со цел снабдување големи трговски синџири, меѓународни организации, специјализирани работилници за деликатесна храна, институции и кетеринг-компании, хотели и ресторани.

• Одделни компании ќе се претстават преку национални павилјони (Италија, Грција, Хрватска, Словенија, Турција ...).• Саемскиот концепт овозможува непосредна комуникација и остварување средби меѓу излагачите и домашните и странски купувачи (Lidl, Tesco UK, Globus, Supreme Group, Ax Food, Horeca, НАТО, малопродажни трговски синџири, увозници итн.) врз основ на селекција од страна на купувачите.• Ќе бидат организирани дегустации и натпревари на различни национални кујни.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за организирано учество на Саемот.

Контакт:

Влатко Стојановски Тел: 3244 004 факс: 3244 088 [email protected] Венера АндриевскаТел: 3244037; факс [email protected]

Page 39: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бесплатен семинарСИМУЛАЦИЈА „ПОДГОТВЕНОСТ ЗА КРИЗА” ЗА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ29 јуни 2011 година14:00-17:30 часотСтопанска комора на Македонија, сала 4 на 5. кат

Предавач: Д-р Никос Мулонопоулос, вонреден професор по информатички системи, Продекан на ALBA Graduate Business School

Симулацијата “Подготвеност за криза” е развиена од страна на конзорциумот на универзитети и организации, меѓу кои се и INSEAD & ALBA Gradu-ate Business School. Симулацијата се фокусира на идејата за подготвеност за криза, којашто директно влијае врз способноста на носителите на одлуки за ефективно справување со кризни ситуации. Симулацијата обезбедува платформа во која учесниците може да видат како организациите, во блиска иднина, ќе можат да одговорат правилно и продуктивно на кризната ситуација за да ја избегнат натамошната ескалација на кризата. Ова ја дава основата за дијагностицирање на организациските бариери и спречување на организациите

да постигнат повисоко ниво на подготвеност за кризата. Симулацијата обезбедува за кандидатите алатка за авто-дијагностика на организациска подготвеност за криза, за која тие можат директно да аплицираат во нивните организации за да се процени на еден систематски начин сегашното ниво на Организациска подготвеност за криза, како и можни акции за значително подобрување на истата. Сесијата ќе се: • фокусира на претставите /идеите за соработка – тимска работа и способноста за одлучување во ситуации на ограничена комуникација;• ќе им помогне на учесниците да имаат можност да проценат и постепено да ги подобрат своите вештини за управувањето со кризи.

Агенда* Вовед во управувањето со кризи и на важноста на ефективна соработка* Прашалник за подготвеноста за соочување со кризна ситуација* Симулација на опасност/ неволја. Прва видео снимка: Почеток* Групна вежба: Извори на кризата и ефектите* Втора видео снимка: Првите реакции* Групна вежба: Разбирање на кризата* Трета видео снимка: Завршување/крај * Групна вежба: Решавање на криза* Презентација на резултатите од прашалникот- Дискусија* Заклучоци – Проценки

Семинарот е наменет за: менаџери на човечки ресурси, тренинг менаџери Предавањето ќе се одвива на англиски јазик.

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

Контакт : Ленче ЗиковаТел: (02) 3244054Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Еднодневен семинар:“ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ И ИМПЛИКАЦИИ НА РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ”30 јуни 2011 година, 10:00-15:00 часотСтопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Со цел запознавање на компаниите со Законот за управување со пакување и отпад од пакување и со обврските произлезени од истиот, кој ќе почне да се применува од 1 јули 2011 година (без можност за повторно одложување), Стопанската комора на Македонија на 30 јуни 2011 година, со почеток во 10 часот, организира еднодневен семинар на тема: “Имплементација на законот за управување со пакување и отпад од пакување и импликации на работењето на компаниите”

ПРОГРАМА1. Презентација на ЗаконотПредавач: Ана Каранфилова Мазнова, раководител на Секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање.2. Надзор на спроведување на Законот и казнени одредбиПредавач: Дарко Блинков, државен инспектор за животна средина, Канцеларија во Скопје.3. Запознавање со улогата и активностите на „Пакомак“Предавач: Филип Ивановски, директор на „Пакомак“, компанија за управување со отпад од пакување.Семинарот е наменет за сите производители на отпад (производители, увозни компании и трговски компании и сл.).

Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 27 јуни 2011 година.Цената за 1 учесник изнесува 3.540 денари (3.000+ДДВ) за компании-членки и 4.720 денари за 1 учесник (4.000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт :

Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Page 40: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО40 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 30.6.2011 до 2.7.2011 година, во Бурса, Република ТурцијаMЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА БЕБЕ, ДЕТСКА ОБЛЕКА И ДЕТСКИ ПОТРЕБИ

* Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во периодот од 30 јуни до 3 јули 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 6. Меѓународен саем за бебе, детска облека и детски потреби.Станува збор за еден од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании за:• бебешка и детска облека;• постелнини, бањарки, пелени;• образование и обука;• друга дополнителна опрема и додатоци; • мебел и декорација;• играчки;• бебешки и детски игралишта;• хигиенски производи;• козметика;• храна и слатки производи;• здравствени установи;• забавишта;• консултантски услуги и психолошки центри;• осигурување и др.Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 30.6. до 2.7. 2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите

трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација.

Контакт:

Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

На 1 јули 2011 година во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V катМАКЕДОНСКО-ТУРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ СО КОМОРАТА НА МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД ТУРЦИЈА

Група од петнаесетина турски бизнисмени, членови на комора на млади претприемачи на Турција, ќе ја посетат Република Македонија. Нивната цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

Во рамките на нивната посета, Стопанската комора на Македонија организира Македонско-турски бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни средби со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери. По завршувањето на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори: електрика и електроника, логистика, накит, консултантски услуги, автоделови, патнички превоз, обувки и кожа и друго. Ве молиме, Вашиот интерес за деловни средби со турските компании да го

најавите најдоцна до 28 јуни 2011 година (вторник).

Контакт :

Љубица Нури Тел: ++ 389 2 3244045Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 25 – 31 јули 2011 година, ОхридМЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА 2011 „НАПРАВИ РАЗЛИКА – СТАНИ ИНОВАТИВЕН ЕВРОПСКИ ЛИДЕР“

Целта на летната школа e градење на лидерски вештини и компетенции во областа на иновациите и зголемувањето на јавната свест за потребата да се дејствува и да се промовира иновативното размислување (повеќе информации на сајтот: h�p://www.wix.com/macecomm/ieul2011).

Со интерактивна групи од 30 студенти, модерирани од македонски и меѓународни експерти, летната школа ветува дека ќе обезбеди одлично учење.

Детали за летната школа :Учесници: студенти од целиот светМесто: Хотел „Славија Спектар“ - ОхридЦена: 100 евра, во кои се вклучени сместување, на база полн пансион, предавања, паузи за кафе.* За сите идни учесници кои студираат по ЕКТС, Летната школа обезбедува 2 кредита, кои можат да се искористат на вашиот факултет.

Контакт :

Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054

Page 41: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО 41четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, КинаСАЕМ ЗА АВТОДЕЛОВИ CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo)

Од страна на Канцеларијата за економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина, Стопанската комора на Македонија е информирана е дека од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина, ќе се одржи 5. Саем CIAPE (China Interna�onal AutoParts Expo). На Саемот ќе се презентираат најеминентните производители, купувачи и корисници на автоделови, електроника, автогалантерија од Кина и регионот. Минатата година на Саемот учествуваа 1.356 компании од 122 земји, а истиот беше посетен од околу 50.000 посетители. Доколку има заинтересирани

компании да го посетат Саемот CIAPE, организаторот ги покрива трошоците за две ноќевања во хотел, како и трошоците за транспорт од хотелот до местото на одржување на Саемот. Исто така, организаторот зема обврска да договори средби со најмалку 10 кинески компании со македонските компании-посетители на CIAPE. Подетални информации за посета на Саемот може да се добијат во Стопанската комора на Македонија или во Канцеларијата на економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина ( e-mail: [email protected], тел.: 02 3069-658 и 02 3069 668). Заинтересираните за посета на Саемот можат да се регистрираат на веб-страницата www.iapechina.com,

најдоцна до 10 август 2011 година.

Контакт:

Војкан НиколовскиТел.: 02 3244 068Факс: 02 3244 088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Од 4 до 13 ноември 2011 година во ШвајцаријаСАЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН

*Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап

Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за храна и пијалаци „COMPTOIR BRO-YARD” во Пајерн, Швајцарија.Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови:- бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување;- во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалаци;- за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна;- за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно).„COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: - месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници;- млеко и млечни производи;

- риба; - какао, бонбони, чоколади, сладолед;- брашно и производи од брашно;- диетална, макробиотичка храна;- производители на здрава, био и органска храна;- пакување (хартија, фолија, пластика);- конзервирана храна;- природна минерална и изворска вода;- безалкохолни и енергетски пијалаци;- сокови, сирупи и екстрати;- пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво;- вина од сите винарски земји и региони;- вински и овошни ликери, овошни и други ракии;- јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство;- опрема и машини за винарство.

Програмата на „COMPTOIR BRO-YARD” во Пајерн, Швајцарија, покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност за учество и во други програмски содржини.Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбената и н д у с т р и ј а . Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни), туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMP-TOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 1 август 2011 година.

Контакт:

Венера Андриевскател:3244037; факс:3244088 [email protected]

Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Page 42: Бизнис ИНФО бр 59 од 23.06.2011 година

БИЗНИС ИНФО42 четврток, 23 јуни 2011, Бр. 59

Компанија од Германија бара соработка во областа на обновлива енергија во Република

Македонија, и нуди системи за соларна енергија,соларни системи,електрични

инсталации,кровни работи, одрзување и сервис како и монтажа на фотоволтаични системи.

Валидност до: 15.11.2011 година

Компанија од Хрватска бара да увезува полутврд кашкавал во количина од 20 тони

од познатите врсти Ementaler,Gouda.Edam од Република Македонија како и кравјо бело

сирење.Валидност до: 15.12.2011 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кабли за

телефон, камери, мрежа (податоци-пренос), аларм, коаксијални, сигнал команда, пожар,

ниско напонски енергетски кабли.Валидност до: 15.9.2011 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини

за печатење:-еднобојни тампон машини;-двобојни тампон машини;-тробојни тампон машини.

Валидност до: 17.09.2011 година

Македонска компанија изнајмува објект во индустриската зона Визбегово, с. Стенковец. од 2.000 m2. Објектот е наменет за изложбен

салон заедно со магацин, фабрика за лесна индустрија. ресторант, канцаларии или друга

намена за бизнис.Валидност до: 20.6.2012 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на железен

оксид, зелен хром оксид, црн јаглен и алуминиум сулфат.

Валидност до: 20.9.201 година

Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

специјални Q кутии за менување на топлината во топлинската технологија.

Валидност до: 20.9.2011 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на железен оксид, цинк фосфат и други хемиски препарати киселини: глацијална оцетна киселина, оксална

киселина, мравја киселина, борна киселина, стеаринска киселина, Methacrylic киселина,

sulfonic киселина.- Други хемикалии: Бакар сулфат, Colophony, ЈКП, PDCB, сода бикарбона, Pentaerythritol, цинк оксид, ЦУК, нафта смола, боракс, TDI,

парафински восок и др.Валидност до: 20.9.2011 година

Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални Q цевки за спроведување на

термичка топлина, со висока ефикасност на спроводливост.

Валидност до: 20.9.2011 година

Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бисквити.

Валидност до: 21.9.2011 година

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на даски за

пеглање и метални сушилници за алишта.

Валидност до: 22.10.2012 година

Турска компанија бара соработка со македонски производители на мебел и градежни компании.

Валидност до: 22.10.2011 година

Хрватска компанија бара компании во Република Македонија од областа на ИТ- опрема, мебел и алат за опремување на

работниот простор на нивнатата филијала во Скопје.

Валидност до: 22.10.2011 година

Чешка компанија на недвижности е еден од водечките и најбрзорастечки компании за

недвижнини во Централна и Источна Европа. Компанијата е продолжена рака на Avestus Капитал Партнерс, силен меѓународоден

инвеститор за недвижности со седиште во Ирска, сопственик и управува со средства во вредност од над 8 милијарди евра. Avestus Недвижнини делува како водач и советник во структурирање, финансирање, развој и управување на разновидно портфолио на актива. Компанијата има завршено бројни

проекти во Централна и Источна Европа и во моментов е во развој, управување или лизинг на недвижен имот со вкупна површина од над

2.200.000 м2.Македонска компанија нуди на продажба

станови на атрактивна локација во населбата Рача во Охрид, становите се во објект кој е наоѓа на самиот регионален пат Свети Нум

- Охрид, веднаш до училиштетото во населбата Рача на само 100 м од езерото и познатите

охридски плажи и на само 2 км оддалеченост од центарато на градот.

Валидност до: 22.10.2011 година

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на преси

за балирање на метални отпадоци, преси за хартија, картон и пластика во различни

големини.Валидност до: 8.10.2011 година

Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутери во Република Македонија за

пласман на челични јажиња.Валидност до: 8.12.2011 година

Производител на фета сирење од Канада со бренд Macedonian Feta Cheese заинтересиран

е дел од производството да го пренесе во Република Македонија.

Валидност до: 13.12.2011 година

Компанија од Германија бара да инвестира во отворање погон во Република Македонија за производство на грејачи за седишта и клими за седишта за потребите на автомобилската

индустрија.Валидност до: 13.10.2011 година

Македонска компанија нуди ПВЦ канализациони цевки и фитинг, ПЕ-црева

и фитинг, комплетен и врвен асортиман за одводна и доводна опрема.

Валидност до: 14.10.2011 година

Полско-руска трговска компанија бара соработка со производители на овошје и

зеленчук во Република Македонија за пласман на рускиот пазар. За успешна соработка бара

заинтересираните македонски компании да им испратат фотографии од нивните производи,

информации за истите (спецификација), начини

на одгледување, начини за нивно чување од расипување, начини на пакување и ценовник

за истите. Побарувачката за која што се заинтересирани е 100 тони од секој производ

неделно. Тие се подготвени за испорака франко или испорака во Ростов или Санкт Петербург. Бараат да бидат информирани за можности и профил на заинтересираните македонски

компании.Валидност до: 14.12.2011 година

Консалтинг компанија од Франција во име на компанијата Holding Trophy бара потенцијален

бизнис-партнер за производство на текстил или кожа во Република Македонијана, кои ќе

можат технички да ги изведат производите кои ќе се произведуваат по европски стандарди и

ќе го задоволат пазарот. Во врска со текстилната облека, 80% од нивните производи се

водоотпорни и се потребни специјални машини за шиење.

Валидност до: 14.12.2011 година

Македонска компанија бара пласман на трикотажни производи на странски пазари.

Валидност до: 22.12.2011 година

Швајцарска компанија е заинтересирана да гради фабрика за производство на протеински

пијалаци (слични на Red Bull) вообласта на Прилеп и Крушево, со можност за врабоотување

на 350 лица. Извозот е загарантиран.Валидност до: 4.12.2011 година

Швајцарска компанија е заинтересирана да купи хотел во непосредна близина на

Охридското Езеро.Валидност до: 4.12.2011 година

Швајцарска компанија бара да инвестира 40 милиони САД долари во областа на Охридското

Езеро (Охрид,Струга), во изградба на најсовремен хотел со казино.

Валидност до: 4.12.2011 година

Швајцарска компанија е заинтересирана да го купи Фудбалскиот клуб „Вардар“ и во

близина на стадионот „Филип Втори“ да игради рекреативен и трговски центар.Валидност до: 4.12.2011 година

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на руска

вотка од марката Стличнаја, Столичнаја кристал, Московскаја и Рискаја.

Валидност до: 4.9.2011 година

Компанија од Црна Гора бара да откупува ореви, лупени, струмички кикирики, тетовски

грав и кромид од Република Македонија.Валидност до: 7.12.2011 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски