1
¥fl»`»˙8 /,/ (!U ! %, c ˆ !9^c¥%#!^" ( (-(1 /-,*-!( /*, ƒ»U`««U§ˆ / /ƒ»/ r `! % &*,% ,-! %1 *,(( / & c¥%#!_ & c ˆ !9_ X ƒ (% ! &( -,(8&( ( / &( ( #18% ! /, &*,% & &8! !/&(-/ U r # ¤ (, ¿ /, 19U &,#& ,!/ (, & &, / c ˆ !9_ X `( / U / ( #-! / %#! ,&6 c¥%#!_ &, / c ˆ !9_ ( ,6 *(8&1 / &8! *,(%( /& !/&(-/ (-(1& -,*-!( / *,X fl &8! " ( *( , / ! (&6 ,/ ( / & ( #&-/ ( / `/ 4& #&! (" & & ( & (,/ %! (&-! % 18,U ƒ# /! ( `/ 4&(-!U 9/ ( " - ( , & X (( %-6 ( ¥ # , X fl , % & ! (&6 ,/ ( / " / ( , & , & 1 -/6 & ! ( " %( - *,( &( ( c ˆ !9_ U ! ! ( ( !#/ /&/ -,& c¥%#!_ U*(-&(&c*! (,&( / (_ X r ¸-/ & -(,( /1% -( ! (%*& ! ! ( 9/ ( c ˆ !9_ X /! ( - -#181 *,(( r &( -,/ ( #!1 (,( - -(* / X » -% *,(( / # & !#/ /&( -,! ( %! (&-! ,6 ( %! (&-! ( %#! ( ( *, / *( /#&-! ,6 */ X , 1 -/,&U %% 6 & / *,(( / # & &(U *(, 9/ ( ( #18% %% &8! !/&(-/ & -/,&-!/ *,X `% /% ! , 1 %! (&-! ! (%*& /,#( *, / ! !/&(-/ ! ! ( &9/ ! (%*&U r & #-1 (! ( ƒ( (*U &,#&,!/ (,&c¥%#!_ X ƒ˙«¿/fl /»/ ¥¥ /fi««/§ ``«»/ˆ« ¿« »`ˆ -& *,9/ ( % / (U ,(*-!/ ,( / #&-!/ &/ ,6U ( # % &, 9 #( & ( ! (&(%-!/ &, / -!/ *,9X «! (&(%-! / && &, / -! -1,&(-/ & %( - %-#X fl / (U ! ! ( ! (&!, / & 1 -* 5 ( ! (&(%-! (r *#(% / -! / !/&(-/ & *1 #! ! (& %( % & % /(,/ ( & #,&9!( / ( # *(8& // , ((, *,!#181! (& %1&,( &( / &, / -! ! (, (, ^1 & / !^ , & !,! & %X ! (& &*(-# /, -/& & %1&,( & / %* & &, / -! /,&-*(,/& ! (, (,X `( / ( " & - ( /(, %( &(-/ (/& &, &- &9/ ! (%*& (%"&-/ &%#1& 6 & / & &9 / ( *,(( -/(X *, / -/ 1 ! (&!, / & #( ( &, / -! / &,#& / ! (&(%-! -/#&(-/ -1,&(-/ & % /X ƒ( *,/&,-/( -( %! (&-! / &- &6 (-&(% ! ( # / %# # ,U *( %( *(!,(/ #-/(U ! ( " *,( 16, *, / %(9& 1 -*9& &,6X -# & / ( &U ! (& -( 6 #(-&( / ( 1!&1& 6,&-!/ 8! -! ( 9 -/&1 # ( &8!( / ,(*-! *,X 8!1% ( %,! &8& && / & ! (&U ! (&!1,&/&(-/ & &9/ ! (%*&U -/&, ( / & %! (&-!/ , &X `((81/ ( & %! (&-! / ! (&(% -( ,(*-! / ! (&(% -! ! ( ! " ( /!, -#(-/ ! ( --(-/& & , -( %# *, ! ( (- # /(,&X 8!1&( ! " % !,/! ! *,,1 - ( -( ( /(,/ ( & %! (&-! / ! (&(%X »! ( ( ( !,/! %( % *(,&( -#19& %U ( ( , & ,&! & -/ (*&-/( / (X - -1 % #(! ( 1,& ! ( /(,&/ *,U -#(( & / ! (&!1,&6U ( / -/,&1 / &4! -&(-// ((%( 1 / 4, *,& (, ( ! ( %( % -! (,-/% &9/ *, &(-/X `( / ( (8!1% ! (&U # *(( /U *(,&U*(&*, &X ~¤ (, &(U*, / - / # & *1 #! ! (& Ihdjh\bl_eb / ` ¿ « ˆ

Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

Embed Size (px)

DESCRIPTION

бизнис, економија, весник

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 16 декември 2010

Број 34 од 16.12.2010 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Бизнис-заедницата со поддршка за електронското следење на стечаите

Извозот – клучен фактор за пораст на производството и вработеноста

НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ СЕ „КУПУВААТ“

ВИСОКИ СТАПКИ

СО ГЛУШЕЦОТДО - КАТАНЕЦОТ

Стопанската комора на Македонија ќе помага во реализација на Програмата за подготовка на воениот персонал за втора кариера

ПО ЧИНОВИ ВО ФАБРИКИТЕ

Page 2: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 16 декември 2010

„Тиквеш“ и „Бимилк“ ќе го освојуваат српскиот пазар

ВИНО, СИРЕЊЕ, ГИТАРА И ВИОЛИНА

- Сакаме да направиме врска меѓу производите на „Бимилк” и на „Тиквеш”. Видовме дека вино и сирење обично одат заедно и одлучивме дека треба да направиме една заедничка активност, - вели Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на винаријата „Тиквеш”.

Со таа идеја, битолската млекарница „Бимилк” и винаријата „Тиквеш” од Кавадарци започнуваат заеднички промотивни активности за освојување на српскиот пазар. Заеднички ќе го поддржат концертот на виолинистот Стефан Миленковиќ и на еден од најдобрите македонски музичари, Влатко Стефановски, што ќе се одржи на 22. овој месец во Белград. За време на концертот ќе бидат о р г а н и з и р а н и дегустации на кои ќе може да се проба вино од „Тиквеш”, како и од квалитетните сирења на „Бимилк”, посебно на „пекориното”.

- Чест ни е да соработуваме со компанија како што е „Тиквеш”. Ретко се случува два производа - вино и сирење толку добро да се совпаѓаат. Ние сме производители на квалитетно сирење кое македонски раце од македонско млеко го прават по италијански рецепт. Од друга страна, имаме ценет производител на вино, поради што одлучивме да имаме заеднички активности на странските пазари. Сметам дека и други македонски компании би требало да прават вакви активности како нашите две компании, - нагласува Роко Водопија, генерален директор на „Бимилк”.

ВО ФЕР ПАЗАРНА БОРБА МОЖЕМЕ ДА ГИ ИСКОРИСИМЕ НАШИТЕ

ПРЕДНОСТИ

Освен прашањето за името, европските и евроатланските интеграции, голема енергија беше вложена во економските и енергетските прашања. Економската иднина без енергетска сигурност не може да се замисли. Затоа, како конкретен успех од економско- дипломатската активност на Република Македонија можам да ги наведам затворањето на Клириншкиот долг и започнатите разговори за приклучување кон меѓународниот енергетски коридор “Јужен тек“ и изградба на крак низ земјава. Македонија најпосле треба да биде ставена на меѓународната мапа на енергетски транспортни коридори. Со тоа ќе ни се отвори можност за добивање евтини енергенси за нашите компании и домаќинства и намалување на цената на нашето производство. Ова претставува конкретен влог во енергетската и генералната економска стабилност и сигурност на земјата. Во партнерство со македонската бизнис заедница ја основавме и Школата за млади лидери, под мое покровителство, која веќе ја продуцира првата мошне успешна генерација. Од следната година, Македонија со целосното укинување на царинските давачки засекогаш

станува дел од заедничкиот европски пазар. Очекувам оваа мерка да биде значајна за иднината на Македонија, за конкурентноста на

нашите компании, за стандардот на македонските граѓани. Соочувањето на македонската економија со европската економија секако дека ќе открие слабости кои се својствени на држава со мал пазар кој досега бил затворен. Очекувано е дека ќе има критики дека пребргу се оди со отворањето на македонската економија. Некои од овие критики можевме и порано да ги слушнеме, во одредени гранки на стопанството. Јас сум длабоко уверен дека отворените пазари, слободната конкуренција, ги отстрануваат неефикасностите и овозможуваат фер пазарна борба во која можеме да ги искористиме нашите предности. Со тоа очекувам Македонија, да излезе побогата, поразвиена, и понапредна.

(Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија)

Покровители

АСПЕКТИ

Page 3: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 16 декември 2010

Зголемување на конкурентноста на домашната економија и создавање услови за економски развој кој поддржува охрабрување на домашната индустрија за производство на производи и услуги со повисока додадена вредност, базирани на знаење, иновации и меѓусебна соработка се барањата на членките на Стопанската комора на Македонија. Овие барања, што се во насока на подобрување на извозните капацитети на домашното стопанство, беа презентирани на Конференцијата за унапредување на извозот, што се одржа на Скопски саем (13.10.2010 година). Конференцијата ја организираше Министерството за економија во соработка со стопанските асоцијации од земјава. -Постојните анализи и документи за македонската конкурентност, како предуслов за зголемување на извозот, укажуваат дека постојат индикации дека македонската економија е во состојба на транзиција од конкурентност која се базира на цена, кон конкурентност која се базира на квалитет на производи и ефикасни пазари. Меѓутоа, спроведувањето на истата бара создавање услови за нејзина применливост, – истакна Јадранка Аризанковска, директор на Дирекцијата за застапување и претставување на членките во Стопанската комора на Македонија.

Стопанствениците, во претходната расправа во функција на оваа конференција, истакнаа дека главен предуслов за зголемување на извозните потенцијали на компаниите е пристапот до финансии и зајакнување на улогата на МБПР во обезбедување разни форми на финасиска поддршка на извозните компании од Република Македонија. Во насока на подобрување на условите за зголемување на извозот членките на Комората побараа уште неколку работи:

* да се елиминираат нетарифните бариери со кои се соочуваат македонските компании при трговската размена, особено со земјите-членки на ЦЕФТА;

* да се пристапи кон елиминирање на долгите и комплицирани процедури на граничните премини, сложените процедури за проверка на здравствени како и микробиолошки проверки, застој на граничниот премин со Србија посебно за камиони со сезонски земјоделски производи, високи цени на лабораториските анализи во Србија што ја подига цената на извозот за 3-4%, дополнително плаќање за инспекцијата во Србија за транзит на производи од животинско потекло од Македонија, двојни контроли на стоките како резултат на непризнавање на сертификатите за квалитет, фитосанитарните и ветеринарните документи итн.;

* да се засилат веќе отпочнатите активности на Владата со цел постигнување на Договор за слободна трговија со Русија;

* да се пристапи кон потпишување Спогодба за одбегнување на двојното оданочување со Босна и Херцеговина и Спогодба за одбегнување на двојното оданочување со Косово;

* намалување на царините на репроматеријалите, што е во тек на 150-тина тарифни линии;

* потребно е проактивно кофинансирање на саеми и пропаганден материјал и поголема промоција на македонската економија по сектори;

* мултилатералниoт Договор за слободна трговија - ЦЕФТА 2006 - кој е базиран на принципите и правилата на слободна трговија во СТО и ЕУ, треба да се имплементира адекватно и во целост;

* Царината на УНМИК / Косово, при увоз на производи со потекло од Република Македонија, покрај Сертификат ЕУР 1 за увоз во УНМИК / Косово, исто така, бара сертификат за потекло на стоки, како и неприфаќањето на ЕУР1 од страна на босанските царински служби.

- Македонската економија е отворена и зависна од економскиот тек кај нашите трговски партнери, така што сега со подобрувањето на позициите во ЕУ тоа се одразува и во нашиот извоз. Тоа е доказ дека фокусот кон промоција на извозот и конкурентноста се правилниот пристап на Владата за подобрување на економската перспектива на Македонија, - оцени Бесими. Главните сектори во структурата на извозот: текстилот, железото, челикот и нафтата, бележат раст, а тоа според Бесими е одраз на економските текови кај главните трговски партнери. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски се сложи со барањата на стопанствениците дека паралелно со мерките за промоција на извозот треба да се работи на подобрување на конкурентноста на компаниите. -Не е тајна дека на светско ниво постои знак на еднаквост меѓу конкурентноста и извозот, односно колку една држава извезува повеќе таа е и поконкурентна и во таа насока не се само мерките за промоција на извозот, туку воопшто и сите останати мерки кои придонесуваат за зголемување на конкурентноста, а кои ги спроведува Владата, - изјави Пешевски. Тој укажа и на значењето на новите надлежности што ги добива во делот на промоцијата на извозот Агенцијата за привлекување странски инвестиции од следната година. Конкретните предлози и мерки од ангажираниот светски консултант се планира да бидат имплементирани во владините политики. Промоцијата на извозот, подвлече Пешевски, е само еден од аспектите, поради што Владата работела и на воспоставување структура на што пониски трошоци за работење на фирмите. - Сите проекти како регулаторната гилотина, дел од антикризните мерки и некои други редовни мерки кои се применуваат во делот на стимулирање на земјоделското производство и субвенциите, гледано интегрално, придонесуваат за зголемување на конкурентноста, - наведе Пешевски. Пешевски смета дека треба да се работи и на стимулирање на иновациите и трансферот на знаење, односно во системите на образованието и работењето на институтите. Професорот Томе Неновски нагласи дека се уште е голема разликата меѓу покриеноста на македонскиот увоз со извоз, односно таа изнесува 61 процент, и покрај тоа што годинава извозот се придвижи од почетната негативна состојба во минатата година и расте со поголема динамика отколку увозот. - Во иднина сите сили на економијата треба да бидат насочени кон надминување на долгогодишното салдо меѓу увозот и извозт, односно кон зголемување на извозот, конкурентноста, создавање брендови кои ќе ја промовираат Македонија во странство, едноставно да ја интернационализираме економијата, додаде Неновски.

АКТУЕЛНО Извозот – клучен фактор за пораст на производството и извозот

НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ СЕ „КУПУВААТ“ ВИСОКИ СТАПКИ

Page 4: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 16 декември 2010

Седницата на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија беше посветена на даночната политика, поради што на неа беше присутен Горан Трајковски, директорот на Управата за јавни приходи, со неговите соработници (9.12.2010 година). - Соработката на УЈП - како даночник и бизнис-заедницата - како даночен обврзник, е императив за поефикасно функционирање на даночниот систем, што е од заеднички интерес на сите учесници во истиот, – истакна на почетокот Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Потребата од дијалогот на двете страни, се потврдува со досега позитивно решените барања на бизнис-заедницата, од кои Бранко Азески ги наведе: - намалувањето на даночното оптоварување со воведувањето на рамниот данок од 10%; - воведувањето на системот на исплата на бруто плати; - реалното даночно ослободување на реинвестираната добивка во нови инвестиции, со бришењто на спорниот член 16-а од Законот за данокот на добивка; - повластената даночна стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови; - пролонгираниот рок за наплата на ДДВ од 15-ти на 25-ти во тековниот за претходниот месец; - законски овозможената електронска достава на периодичните извештаи од банкарските сметки на даночниот обврзник, од банките до УЈП; - се намали висината на глобите во казнените одредби од даночната политика.

Сепак, како што додаде Азески, се` уште има отворени прашања кои треба да се надминат, како, на пример: - нелојалната конкуренција, која нанесува голема штета на легалната економија, а дел од неа произлегува од затајувањето на даночните обврски, навремениот поврат на ДДВ, потребата од дополнителното административно олеснување во пропишаната даночна постапка. За бизнис-заедницата, повикувајќи се на Повелбата за правата на даночните обврзници, покрај професионална и коректна услуга, најважно е УЈП да обезбеди сите даночни обврзници да го платат само оној износ што го должат согласно законот, ни повеќе ни помалку. И да овозможи поедноставување на постапките со цел намалување на административните трошоци. - Управата за јавни приходи, оперативно ја спроведува даночната политика, односно ги спроведува одредбите на законите и другите прописи од даночниот систем, – подвлече Горан Трајковски.

- Но, покрај наплатата на даноците, Управата за јавни приходи го следи и анализира функционирањето на даночниот систем, како и дава предлози за негово унапредување, бидејќи таа е во директен контакт со даночните обврзници и дирекно се запознава со нивните проблеми, во кој контекст е и денешнава средба. Во контекст на досегашните барања на бизнис-заедницата, Горан Трајковски истакна дека е надминат проблемот со долгот на државата кон компаниите по основ на

поврат на данокот на додадена вредност, иако има технички заостанувања од 10 до 15 дена, што и присутните фирми го потврдија. - Управата за јавни приходи беше предвесник на разлабавувањето и на казнената политика, – додаде првиот даночник во земјава. На седницата беа разгледани неколку значајни иницијативи од бизнис-заедницата, кои идната година ќе ја одбележат соработката на двете институции, како на пример: - да се регулира прашањето на пребивање меѓу даночните обврски и побарувањата;

- да се воведе модел на наплата на ДДВ кој ќе ги елиминира проблемите при повратот на ДДВ; - да се донесе законот за даночни советници, кој е особено битен за малите и средните претпријатија и кој ќе придонесе за подобрување на состојбата во даночната сфера; - да се утврдат нормативите во сите дејности, како алатка за намалување на „сивата„ економија итн. Концептот за пребивање на царинските и даночните обврски е ист со пребивањето на ДДВ со персоналниот данок и добивка во УЈП. - Постојат сите технички предуслови да се унифицира постапката меѓу Управата и Царината. Верувам дека тоа ќе ја

одбележи 2011 година, - истакна Трајковски. Што се однесува до иницијативата за даночна амнестија, новинарско прашање што беше поставено по завршување на седницата на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески го изнесе ставот дека бизнис-заедницата смета дека и за тоа треба да се разговара. - Ќе учествуваме во такви разговори ако се остварат, со свои конструктивни предлози, зашто сметаме дека тоа прашање заслужува

особено внимание, - објасни Бранко Азески, подвлекувајќи дека она за што воопшто не треба да стане збор е амнестија на криминални дејства. За тоа, како што додаде, секој мора поединечно да понесе одговорност.

Стојмирка Тасевска

ТРИБИНА Седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија со учество на челните луѓе на Управата за јавни приходи

РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРЕБИВАЊЕТО МЕЃУ ДАНОЧНИТЕ ОБВРСКИ И ПОБАРУВАЊАТА

Page 5: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 16 декември 2010

* Меморандум за соработка меѓу Министерството за одбрана на РМ и Стопанската комора на Македонија за успешна реализација на проектот „Лепеза“

Со цел јакнење на меѓусебната соработка и успешна реализација на Проектот “Лепеза”, на 10 декември 2010 година, Министерството за одбрана на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. Во Стопанската комора на Македонија Меморандумот го потпишаа Зоран Коњановски, министер за одбрана и Бранко Азески, претседател на најстарата и најбројната стопанска асоцијација во земјава. Министерството за одбрана на Република Македонија, во рамките на трансформацијата на одбраната, подготви и започна со реализација на Програмата за подготовка на воениот персонал за враќање во цивилниот живот “Лепеза”. Со неа на воените лица по престанокот на воената служба им се пружа помош и поддршка за вработување во цивилните структури со втора кариера. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека во рамките на потпишаниот Mеморандум ќе

се реализираат низа активности koшто ќе придонесат за полесно прилагодување и повторно вработување на професионалните војници. Министерот Зоран Коњановски истакна дека Комората ќе им помогне на професионалните војници преку две фази - и тоа преку нивна обука и поддршка за вработување. Со тоа на професионалните војници ќе им се овозможи реализација на втора кариера. Полковник Ѓорѓи Митриновски ја презенираше Програмата “Лепеза”, која е поддржана од Кралството Норвешка, и којашто овозможува стекнување специфични цивилни знаења и вештини, неопходни за работа во одредени цивилни институции.

Ленче Зикова

СОРАБОТКА Стопанската комора на Македонија ќе помага во реализација на Програмата за подготовка на воениот персонал за втора кариера

ПО ЧИНОВИ ВО ФАБРИКИТЕ

Царинската управа на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија во Битола одржаа заеднички семинар посветен на надворешно-трговското и царинското работење. Посебен осврт беше даден на ЦЕФТА-договорот за слободна трговија, беше извршена презентација на модулите за царинско и деловно електронско учење и беа објаснети поедноставените постапки на царинското работење. Пред битолските стопанственици беа презентирани и АТА карнете – нивната улога, предности, одговорности и права. Циклусот работилници што го организираа двете институции е во функција на запознавање и едукација на стопанствениците од различни дејности кои што се занимаваат со надворешно-трговско и царинско работење. - Нашата цел е да овозможиме бесплатна помош посебно на малите и средни претпријатија, односно на компаниите од регионот, поврзана со легислативата во ЕУ, да ги пласираме нивните

профили како компании во 44 држави од ЕУ и надвор од границите на ЕУ, како и да им овозможиме друга стручна помош, истакна Лазо Ангелевски, претставник на Стопанската комора на Македонија.

Семинар на Царинската управа на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија во Битола за надворешно-трговскотото и царинското работење

БЕСПЛАТНА ОБУКА И ПОМОШ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Page 6: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 16 декември 2010

„Макстил“, Охридска банка, „Македонски телеком“, „Раде Кончар – ТЕП“, „Раде Кончар – Сервис и поправка на електрични апарати“ и ПроКредит Банка се добитници на сертификати за добро корпоративно управување. Тие се доделуваат по повод Светскиот ден за борба против корупцијата - 9 Декември, востановен од страна на Организацијата на обединетите нации. Транспарентност нулта корупција, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија ги доделија сертификатите на пригодна свеченост, што се одржа во Стопанската комора на Македонија (10.12.2010 година). Д-р Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност нулта корупција, истакна дека за да им се помогне на компаниите во дизајнирањето и имплементацијата на ефективни политики за борба против поткупот, Trans-parency Interna�onal и Меѓународната организација за општествена одговорност во 2003 година ги здружијасилите за лансирање на деловните принципи за борба против поткупот. Актуелните истражувања посочуваат дека иако компаниите усвојуваат политики за борба против поткупот, нивната целосна примена и понатаму останува процес што не е во потполност спроведен и претпоставува предизвик за многумина. Имајќи го ова предвид, Transparency Interna�onal развива алатки за да им помогне на компаниите во имплементацијата.Покрај сеопфатниот документ на насоки во врска со деловните принципи, Transparency Interna�onal го креирашеи процесот на спроведивање во шест чекори што нуди патокази за развој и спроведување на програма, како и

алaтка за самооценување чија цел е да им помогне на компаниите да ја проценат сеопфатноста и робустноста на нивните програми за спречување на поткупот. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, укажа дека борбата против корупцијата е меѓу приоритетните прашања кои треба да ги решиме, а на тоа упатуваат и забелешките на Европската унија во последниот извештај. Тоа е долга и макотрпна работа која бара целосен ангажман и системски третман од сите надлежни органи, како и од бизнис-заедницата. За таа цел, со промовирање на фирми со добро корпоративно управување сакаме да ја прошириме свеста за спречување на корупцијата до поголем број наши членки и на тој начин да придонесеме за градење на подобра бизнис-клима во нашата држава. Истовремено, тој потенцира дека со овие активности интенцијата е да се пратат сигнали до сите субјекти во земјата и во странство дека во нашата држава имаме добри компании кои посебно внимание посветуваат на принципите на доброто корпоративно управување во нивното секојдневно работење и дека тие се добри партнери за воспоставување бизнис-релации.

Ацо Спасовски

РЕЗУЛТАТИ Доделени сертификати на шест компании за добро корпоративно управување

МАКОТРПНО ШИРЕЊЕ НА ФРОНТОТВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Макстил Охридска банка Македонски телеком

„Раде Кончар – ТЕП“ „Раде Кончар – Сервис и поправка на електрични апарати“

ПроКредит Банка

Page 7: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 16 декември 2010

НАМАЛЕНИ ГЛОБИ • Закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (второ читање) Согласно образложението на Законот, заради подобрување на бизнис-климата и унапредување на казнената политика по барање на бизнис-заедницата, намалени се постојните износи на глобите предвидени во законите од даночната област и воведена е можноста за спроведување на постапка за едукативно укажување за определени неправилности кои се сторени за прв пат од страна на даночните обврзници, пред да се пристапи кон изрекување на прекршочна санкција. Во таа насока, заради обезбедување на транспарентност во однос на бројот на извршените контроли од страна на Управата за јавни приходи, се утврдува потребата од изготвување на квартални извештаи и нивно објавување на веб-страницата на Управата.

ЗАКОНОДАВСТВО

Во оваа преглед се опфатени само законските прописи чиј предмет на уредување опфаќа повеќе стопански гранки, поради што нивното следење во однос на предложените и прифатените предлог-мерки, иницијативи или забелешки заслужува посебно внимание. Во информацијата не се опфатени законите кои се разгледувани на седниците на здруженијата во рамките на Комората, а се од интерес само за соодветната стопанска гранка.

Најнови предлог-измени и дополнувања на позначајни прописи за стопанството, кои се во постапка на донесување во Собранието на РМ

ВОВЕДУВАЊЕ ФИСКАЛЕН СИСТЕМ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ • Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања (второ читање) Со Законот за регистрирање на готовински плаќања се уредува воведувањето и користење на фискален систем на

опрема за регистрирање на готовински плаќања. Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат должни се да воведат и да користат фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат сметка за извршениот промет, односно услугата. Со постојниот Закон е предвидено Министерот за финансии да ги пропише функционалните и техничките карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати, интегрираниот автоматски систем на управување, постапката и документацијата за нивно одобрување за користење, елементите на фискалната сметка, начинот на проверка и контрола на фискалните апарати и правилата за техничко одржување и сервисирање на истите.

Со измените и дополнувањата на овој закон се предвидува министерот за финансии да овласти независни акридитирани правни лица да ја вршат контролата и проверката на функционалните и технички карактеристики на фискалниот систем на опрема. Изборот на овластените правни лица ќе се изврши по претходно објавен јавен повик. Министерот за финансии ќе ја пропише и постапката за избор и поблиските услови за овластување на правното лице кои се однесуваат на опремата, кадарот, локациските и просторни услови. Врз основа на извршена анализа, по однос на регулираната казнена политика во Законот, се предлага и измена и дополнување во насока на кaтегоризацијата на прекршоците и раздвојување на висината на износот на глобите кај истите по одредби. Предложени се измени и во делот на мерката забрана за вршење на дејност, така што роковите кои се однесуваа на мерката - забрана вршење професија, дејност или должност се скратени по однос на постојните и за прекршоците за правното лице - даночен обврзник изнесуваат 15 дена, а за одговорното лице кај правното лице и даночниот обврзник - физичко лице изнесуваат осум дена. Предложените законски одредби, согласно образложението на предлагачот, се со цел подобрување на бизнис-климата и унапредување на казнената политика во Република Македонија.

ОСЛОБОДУВАЊА ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ТЕХНОЛОШКО - РАЗВОЈНИТЕ ЗОНИ

• Закон за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход (второ читање)

Заради усогласување со Законот за технолошки индустриски развојни зони, со претстојните измени на Законот за персоналниот данок на доход е предвидено ослободување од обврската за плаќање на персоналниот данок на доход, меѓу останатото и за платите на вработените лица кај обврзникот кој е корисник на технолошко-индистриска развојна зона, во висина од 50% за период од десет години (наместо поранешните 5 години), од отпочнувањето на вршење на дејноста во зоната, под услови и постапка утврдени со закон. Согласно образложението кон предлог-измените, и во овој закон се намалени глобите на барање на бизнис-заедницата, а исто така се укинати и некои од постојните глоби; намалени се постојните износи на глобите предвидени во законите од даночната област и извршена е категоризација на постојните прекршочни одредби.

Исто така, заради стимулирање на граѓаните за вложување на своите парични средства во банките, се предлага одложување за две години на датумот за започнување на примената на одредбите од законот со кои се предвидува оданочување со персонален данок на доход на остварените приходи во вид на камати за орочени штедни влогови и други депозити, наместо од 01.01.2011 да биде од 01.01.2013 година.

Page 8: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 16 декември 2010

ЗАКОНОДАВСТВО

ОБВРЗНИЦИТЕ „ЛОВАТ“ ПРИХОД И ЗА ОПШТИНИТЕ

• Предлог-закон за изменување на Законот за денационализација (второ читање, поднесен до Собранието на 1 ноември) Со Законот за денационализација се дава можност да се вратат насилно одземените имоти на поранешните сопственици и да се даде надомест ако тие имоти повеќе не постојат или ако не можат да се вратат заради правни промени. За намирување на обврските по основа на надоместот кој во постапката за денационализација се дава во вид на обврзници, Република Македонија, започнувајќи од 2002 година врши емисија на обврзници за денационализација. Обврзниците за денационализација согласно Законот за денационализација, се користат за плаќање на одредени намени кои се приход на Буџетот на Република Македонија. Во членот 39 од Законот точно се утврдени намените за кои се користат обврзниците, при што е утврдено дека истите се користат и за плаќање на надоместок за концесија на државен имот, како и за купување на државен имот или плаќање на закуп на државен имот. Согласно важечката законска регулатива пред 2007 година средствата кои се плаќале по основ на концесиски надоместок и за купување или плаќање на закуп на државен имот во целост беа приход на Буџетот на Република Македонија. Меѓутоа, со измените на Законот за минерални суровини и Законот за градежното земјиште, 78% од концесискиот надоместок, односно 80% од надоместокот за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, стануваат приход на општините. Имајќи предвид дека можноста за плаќање на концесискиот надоместок и за купување или плаќање на закуп на државен имот со обврзници за денационализација влијае на намалување на приходите на општините, како и веќе извршената измена на Законот за градежното земјиште, со која се уредува дека делот од надоместокот за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија кој им припаѓа на општините се плаќа во парични средства, се предлага плаќањето на концесискиот надоместок и купувањето или плаќањето на закуп на државен имот да се врши со обврзниците за денационализација само за делот од надоместокот што е приход на Буџетот на Република Македонија. Со предложените законски решенија се очекува да се овозможи прилив на парични средства во Буџетот на општините по основ на концесиски надоместок и купување или плаќање на закуп на државен имот, кои надоместоци претставуваат значајни извори на средства за финансирање на општините.

НЕЛИКВИДНОСТА И ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ

• Најавена е подготовка на измени во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност Министерството за труд и социјална политика, во функција на запознавање со содржината на Директивата 2008/94/ЕЦ, за која се најави имплементација во домашното законодавство, организираше семинар со засегнатите страни на 25 октомври 2010 година, во соработка со претставници од Словенија, Холандија и Франција, кои ги изнесоа нивните искуства од примената на директивата и функционирањето на нивните институции. Оваа директива е нова обврска за усогласување на нашето законодавство со законодавството на Европската унија, согласно НПАА (Националната програма за усогласување со правото на ЕУ). Суштината на оваа директива е да се обезбеди заштита на работниците во случај на неликвидност на работодавецот и да се обезбеди минимален степен на заштита, особено за гарантирање на исплата на нивните ненаплатени барања, водејќи сметка за потребите од избалансиран економски и социјален развој во Заедницата. За оваа цел земјите-членки треба да основаат тело за гарантирање на исплатата на ненаплатените барања на засегнатите работници. За да се обезбеди правична заштита на засегнатите работници, состојбата на неликвидноста треба да се одреди според законите во земјите-членки. Министерството за труд и социјална политика ги започнува активностите за пренесување на оваа директива во соодветен законски текст. Во него треба да се дефинираат случаите на неликвидност и правата на работниците, како и да се дефинира како тоа ќе се реализира преку основање на соодветен гарантен фонд и обезбедувањето на финансиски средства. Искуството од поставеноста на вакви фондови е различно, некаде се јавни установи, некаде приватни, а некаде се во рамките на агенциите за вработување. Очигледно е дека имплементацијата на оваа директива може да значи воведување ново оптоварување на фирмите. Поради наведеното, Стручната служба на Комората е на ставот да нема ново даночно оптоварување за стопанството, туку средствата за обезбедување на ненаплатените барања на работниците во случај на неликвидност на работодавецот да се обезбедуваат во рамките на постојниот придонес за вработување. Но, заради заземање став по ова прашање, потребна е дополнителна консултација во рамки на органите и телата на Комората, со цел уште во стартот на подготовката на регулативата, да се даде издржан и соодветен предлог како оваа директива да се имплементира, а да не предизвика дополнителни давачки за компаниите.

Најавена подготовка на измени на закони

Page 9: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 16 декември 2010

ЗАКОНОДАВСТВО

ПОДРШКА ЗА ЕЛЕКТРОНСКОТО СЛЕДЕЊЕ НА СТЕЧАИТЕ

• Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на другите правни лице Министерството за економија побара мислење од Стопанската комора на Македонија во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на другите правни лица, со коишто се предвидени измени заради овозможување електронско регистрирање на трговски друштва, како и електронско следење на стечајните постапки преку системот на Централниот регистар. Стопанската комора на Македонија ги поддржa измените кои се во функција на поедноставување и скратување на постапката за упис на субјектите во соодветните регистри кои ги води Централниот регистар на Република Македонија, а особено воведувањето на можноста за електронска регистрација на трговско друштво, како и воведувањето правен основ за електронско следење на сите стечаи во Република Македонија, со оценка дека со наведените измени, Република Македонија ќе стане земја со најдобри законски решенија во регионот за брза и едноставна регистрација на трговски друштва и брз пристап на заинтересираните страни до информациите за поведените стечајни постапки. Ви доставеното Мислење до Министерството за економија се истакна ставот на бизнис-заедницата за потребата од наоѓање подобри решенија во однос на поедноставување на постапката на ликвидација на трговски друштва, којашто, според повеќе параметри, е оценета како спора, неефикасна и премногу долга. Истото се однесува и на стечајните постапки, но со оглед дека во овој Закон не се предмет на уредување овие прашања, укажавме на потребата од пристапување кон измени и дополнувања на законските прописи кои ги регулираат овие прашања (Законот за стечај и Законот за трговски друштва).

Мислења и иницијативи на Стопанската комора на Македонија

ЕДНА ГОДИНА ПОДОЦНА

• Стопанската комора на Македонија побара да се одложи примената на казнените одредби за обврската поврзана со воспоставување на служба за внатрешна ревизија (задолжителна од 1 јануари 2011 година) Имајќи го предвид фактот дека законската обврска за организирањето на служба за внатрешна ревизија во трговските друштва (со исклучок на банките и осигурителните компании) е новина во нашето законодавство, за чија имплементација е потребно спроведување на низа активности кои вклучуваат спроведување на постапки за избор на внатрешни ревизори, уредување на внатрешната организација, правата и одговорностите на службата и други активности за кои е потребен подолг временски период од предвидениот краток период од донесувањето до денот на примена на обврската за организирање на службата, Стопанската комора на Македонија, застапувајќи ги барањата на бизнис-заедницата и практичните проблеми поврзани со имплементацијата на оваа одредба од ЗТД, а согласно резултатите од спроведената анкета со членките на кои се однесува овој пропис, поднесе иницијатива до Министерството за економија. Таа е проследена со барање да се одложи за најмалку една година примената на казнените одредби за организирање на Службата за внатрешна ревизија предвидени во членот 27 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва („Сл. весник на РМ„ бр. 47 од 9.4.2010 год.), така што надлежните инспекциски и прекршочни органи нема да изрекуваат санкции и глоби поврзани со членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, најрано до 01.01.2012 година.

Page 10: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 16 декември 2010

БАНКАРСТВО Совет на Народната банка на Република Македонија

ДОБИВКАТА НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ ЗА ДЕВЕТTЕ МЕСЕЦИ ПОМАЛА ЗА 29,7 ОТСТО

Ликвидноста на банкарскиот сектор во земјава е стабилна. Банките одржуваат висока и стабилна солвентна позиција, покажува Извештајот за банкарскиот систем во третиот квартал од годинава, што беше усвоен на седница на Советот на Народната банка на Република Македонија (9.12.2010 година). Во него се наведува, како што соопштуваат од НБРМ, дека стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем изнесува 16,4 отсто, односно двапати повеќе од законски пропишаниот минимум од осум проценти. Во третиот квартал од годинава се забележани и првични знаци на запирање на трендот на влошување на квалитетот на кредитното портфолио. Така, учеството на изложеноста класифицирана во категориите на ризик „В“, „Г“ и „Д“ изнесува 8,3 отсто во вкупната изложеност и е за 0,3 процентни поени помало во споредба со претходниот квартал. Просечната ризичност, пак, е непроменета во однос на претходниот квартал и изнесува 6,8 отсто. Пораст и понатаму бележи показателот за учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити, а стагнирање на влошувањето кај дел од показателите е карактеристично за изложеноста на кредитниот ризик кон секторот „претпријатија и други клиенти“, додека кај секторот „физички лица“ продолжува влошувањето на показателите за квалитетот на кредитното портфолио. Вкупната актива на банкарскиот систем на 30 септември изнесувала 287.832 милиони денари и нејзината квартална стапка на раст изнесувала 1,9 отсто. Депозитите на нефинансиските субјекти достигнале 202.202 милиона денари, забележувајќи квартален пораст за 1.338 милиони денари или 0,7 отсто, додека кредитите на нефинансиските субјекти достигнале 184.077 милиони денари и растеле позасилено во однос на депозитите, остварувајќи квартален раст од 1,9 отсто. Соодносот на кредитите и депозитите, на крајот на третиот квартал бил 91 отсто. Вкупната добивка што банкарскиот систем ја остварил во првите девет месеци од годинава изнесува 948 милиони денари и е пониска за 29,7 проценти во однос на истиот период лани. На седницата на Советот на Народната банка се донесени и измените на Правилата за начинот и постапката за тргување и порамнување на трансакции со хартии од вредност на пазарите преку шалтер. Со најновите измени, Народната банка во соработка со Министерството за финансии го проширува опфатот на хартии од вредност со кои ќе може да се склучуваат репо-трансакции на пазарите преку шалтер. Се очекува дека овие измени ќе придонесат за натамошен развој на пазарот на пари и зголемување на флексибилноста при управувањето со ликвидноста, како од страна на банките и останатите економски субјекти, така и од страна на Народната банка.

ПроКредит Банка од Скопје со амбициозни планови за идната година

КРЕДИТИРАЊЕТО СО ПОРАСТ НАД 15 ОТСТО Поради стабилизирање на глобалните економски текови и макроекономски движења во земјата, проследени со олабавување на монетарната политика, намалување на неизвесноста кај економските субјекти и стабилниот раст на депозитната база - ПроКредит Банка од Скопје планира над 15 отсто пораст во кредитирањето во следната година. Ова беше нагласено на средбата на менаџерскиот тим на ПроКредит Банка со новинарите (14.12.2010 година). - Развојот на малите и средни претпријатија останува во фокусот на ПроКредит Банка. Нашиот успех на пазарот го мериме преку бројот на претпријатија кои сме ги поддржале и кои се развиле со наша помош, - истакна притоа Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка. Заклучно со месец ноември 2010 година ПроКредит Банка бележи раст од 38% во вкупно исплатени бизнис-кредити споредено со истиот месец 2009 година. Од почетокот на работењето на Банката (јуни 2003 година) до сега се исплатени преку 89.000 бизнис-кредити во вкупен износ од над 427 милиони евра. Во првите 11 месеци од годината ПроКредит Банка бележи позитивни резултати од работењето и тоа: * кредитирањето на Банката се зголеми за 20% споредено со истиот период од 2009 година; * досега се поддржани 30 проекти и повлечени над 4.500.000 евра од кредитната линија на Европска инвестициона банка, а веќе се одобрени уште нови 38 проекти кои треба да се повлечат во наредните транши во износ од над 6.000.000 евра; * растот на ПроКредит Банка се темели на здрави основи па така процентот на кредити во доцнење во

Page 11: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 16 декември 2010

ПроКредит Банка над 90 дена заклучно со 3-от квартал изнесува 2,47 % (нивото на банкарскиот сектор изнесува 10,4 % ); * ПроКредит Банка е лидер во кредитирањето на агробизнис-секторот. Во 2010 година се исплатени над 6.400.000 евра, односно 2366 агро-кредити; * во првите 11 месеци од годината штедењето се зголемило за 3% споредено со истиот период лани.

- Следната година нема да биде многу едноставна и со еднаква економска активност како во 2007 и 2008 година, - оцени Јованка Јолевска Поповска. - Но во секој случај ќе има попозитивни тенденции и поголема активност отколку годинава. Генералниот директор на ПроКредит Банка смета дека секогаш има простор за намалување на каматните стапки, а тоа, како што вели, не е резултат само на монетарната политика. - Точно е дека задолжителната резерва влијае, и доколку тука има ослободување, тоа ќе влијае за натамошно ослободување на каматните стапки, но верувам дека и поголемата кредитна активност меѓу банките на пазарот, исто така, доведува до намалување на каматните стапки, – додаде Јованка Јолевска Поповска.

(С.П.)

Новогодишен депозит од Шпаркасе банка

ИСПЛАТА НА КАМАТАТА ОДНАПРЕД Шпаркасе банка Македонија за депозитите орочени во периодот од 1 до 31 декември 2010 година ќе врши исплата на каматата однапред, првиот работен ден од наредниот месец, односно почнувајќи од 3 јануари 2011 година. Се работи за краткорочно орочување на денарски влогови или влогови во евра на 6 или 12 месеци, за кои целиот износ на каматата се исплаќа однапред. Каматните стапки се до 7,5% за денарските депозити и до 4% за депозитите во евра. Депозитите орочени во овој период се без можност за разорочување, а минималниот износ на депозитот изнесува 500 денари или 10 евра. Доколку не се искористи овој период, за депозитот ќе важи редовната каматна стапка, со истите услови како и редовните влогови. Ова воедно претставува можност и потсетување за постојните штедачи да ги обноват орочените депозити и да се здобијат со приносите од каматата веднаш на почетокот од годината. Шпаркасе банка покрај поволните каматни услови за овој т.н. Новогодишен депозит обезбедува и бесплатна виза електрон дебитна картичка. Покрај овој тип на платежна картичка Шпаркасе банка е во фаза на воведување и на останатите видови на виза платежни картички: виза класик, виза голд и виза бизнис.

Винер Осигурување - Скопје

ОД 2011 ГОДИНА ПОНУДА НА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ Винер Осигурување официјално од следната година почнува со понуда на животно осигурување, кое е веќе 180 години дел, а воедно и основната дејност на Винер Осигурителната Групација. Според генералниот менаџер на Винер осигурување во Македонија, Елена Мартиновска, животното осигурување е повеќе од потребно и претставува и значи штедење, а штедењето значи долгорочна сигурност и инвестирање во иднината. Животното осигурување претставува осигурување на животот и еден вид на долгорочно штедење кое низ осигурениот број години му се враќа на осигуреникот зголемено со добивка. Целта на животното осигурување е преку планирање на иднината да се обезбеди сигурна и удобна иднина и полесно справување со предизвиците во динамичното опкружување.

БАНКАРСТВО

Page 12: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 16 декември 2010

Првото кредитно биро во Македонија „Македонско кредитно биро АД Скопје“ од почетокот на наредната година ќе почне со оперативна работа. Ова беше најавено на одбележувањето на двегодишнината од основањето на Македонско кредитно биро АД Скопје од страна на клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје, што се одржа во скопскиот хотел „Александар Палас“ (14.12.2010 година). - Работењето на Кредитното биро е претпоставка за воспоставување здрави и стабилни должничко-доверителски односи и донесување на добри деловни одлуки. Неговото основање пред две години се случи во време на глобалната финансиска криза предизвикана од лоши непрудентни деловни одлуки на менаџментот на финансиските институции во светот. Во такви услови беше поздравена одлуката на Владата да иницира основање на приватно кредитно биро со широка база на податоци, како предуслов за донесување на здрави и економски оправдани одлуки, - посочи вицепремеирот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески во поздравниот говор по повод двегодишнината од основањето на Бирото. Со ова државата и нејзините институции ја потврдија намерата за активно вклучување во системот кој треба да обезбеди сигурно управување со кредитниот ризик и водење ефикасна кредитна политика, зголемување на финансиската дисциплина, намалување на каматните стапки, спречување на презадолженоста на правните и физичките лица и привлекување инвестиции. Главниот извршен директор на Македонско кредитно биро, Славица Богоева, нагласи дека двојниот јубилеј што го слават, две години од формирањето и започнувањето со оперативно работење на почетокот на идната година, значи продолжување на успешната приказна почната пред две години. Таа посочи дека функционирањето на Бирото ќе носи корист за неговите членки, но ќе има и важна улога во менувањето и модифицирањето на однесувањето и културата на кредитокорисниците, како и за зајкнување на кредитната индустрија. Државата, како што нагласи, ќе ја почувствува користа од функционирањето на Бирото преку зголемената финансиска дисциплина во измирувањето на обврските и во подобрување на деловната клима во целина, како еден од предусловите за странски инвестиции. Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Мајкл Фриц истакна дека кредитните бироа нудат сеопфатни податоци за навиките за плаќање на долговите и за тековните долгови на барателите на кредити и им овозможуваат на кредитодавателите да позајмуваат средства. Директорот на НЛБ Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски очекува започнувањето на со работа на Кредитното биро поволно да влијае на полесното функционирање на банките и зголемување на кредитната активност. - Доколку Кредитното биро профункционира онака како што е замислено, а на пат сме тоа да го оствариме, ќе биде одголема помош за полесно функионирање на банките. Досега го имавме кредитниот регистар од НБРМ кој во многу помагаше во работењето бидејќи имавме увид во тоа колку која компанија е задолжена кај другите банки. Сега со Кредитното биро се вклучуваат мобилните оператори и јавните претпријатија што значи дека банките ќе имаат уште подобар увид особено при доделувањето на кредитите кај граѓаните за задолженоста, односно за кредитната способност, - додаде Јанчевски. - Тоа ќе значи олеснување на постапката и побрзо давање на кредити.

НАЈАВИ

На двегодишнината на Македонското кредитно биро АД Скопје најавено негово оперативно работење за почетокот од 2011 година

ФИЛТЕР ЗА СВЕДУВАЊЕ НА РИЗИЧНИТЕ КЛИЕНТИ НА НАЈНИСКО НИВО

Page 13: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 16 декември 2010

ИНОВАЦИИ

„Батери Гурус Македонија“ во просториите на Стопанска Комора на Македонија ги презентираше новите PowerBa�® системи

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ НА БАТЕРИИТЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НИВНАТА ЕФИКАСНОСТ

Компанијата „Батери Гурус Македонија“ во просториите на Стопанска Комора на Македонија ги презентираше новите PowerBa�® системикои од денес се веќе достапни и во Македонија (15.12.2010 година). Под логото „Нов живот на вашите батерии„ менаџеркиот и стручен тим на „Батери Гурус“ ги запозна потенцијалните корисници на овој, нов производ, кој што преку продолжување на животот на бетериите и подобрување на нивната ефикасност овозможува: заштеда на пари, ја намалува потрошувачката на енергија, ги намалува емисиите на СО2, го налаува отпадот од олово, со што придонесува за заштита на животната средина. Станува збор за патентиран систем со коj се добива продолжен животен век и зголемен капацитет исклучиво на оловно-киселинските батерии. Истиот се состои од три дела и тоа: -PowerBa�® Start кој се користиисклучиво кај стратните батерии за нивно одржување кои се користат кај автомобилите, камионите, автобусите, оклопни воени возила, градежна механизација... - PowerBa�®Plusсекористиисклучивопри регенерација на оловно-киселински батерии чиј капацитет е значително опаднат.Третманот на регенерација на истрошени батерии од 45% од номиналниот капацитет на батеријата, па нагоре, употребувајќи го PowerBa�® Plus системот, го зголемува капацитетот набатеријата,а исто така и го продолжува животниот век на батеријата.Процесот на ревитализација е безбеден,едноставен и со видливи резултати во рок од 5 дена. Со регенерација се заштедува 60% од трошоците за купување на нова батерија.

-PowerBa�® системот кој се користи при превенцијаодносно одржување на оловно-киселинските батерии. Додавајќи секоц 6 месеци PowerBa�® во ќелиите нанова или веќе регенерирана батерија, со PowerBa�®Plus го спречува формирањето на сулфат на плочите. Третманот не ја оштетувабатреијата,доста е едноставен и може да се врши какорутински дел на одржувањето.Истиот гарантира да секогаш кога ќе се одржува исправна превенција,батеријата ќе остане секогаш на 100% од номиналниот капацитет. Областите на користење и употреба на производот се: машини за граджништво, логистика, воден транспорт, војска, електрични возила, електро централи,

автомобилска индустрија и транспорт.

З. Мешкова

Page 14: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 16 декември 2010

Пристаниште Лом на реката Дунав во Република Бугарија, се нуди како алтернативен транспортен и транзитен центар за македонските компании, чии менаџмент одржа презентација за можностите, услугите и функционалните капацитети во Стопанската комора на Македонија (15.12.2010). Македонските компании кои користат поморски транспорт се почесто се принудени да бараат алтернативни решенија за солунското пристаниште како најфрекфентно за македонските стоки , имајќи ги во предвид се позачестените блокади и штрајкови што секојдневно ги зголемуваат нивните оперативни трошоци. И покрај изразените техничко-економски предности што ги нуди речниот транспорт во однос на останатите видови на индустриски транспорт, сепак, македонските компани немаат големо искуство во неговото користење. - Речниот транспорт е погоден за масовен транспорт на стока, материјали и суровини со големи специфични тежини, кој не бара брза достава и поднесува ниски транспортни трошоци.

Се работи за безбеден и доверлив транспорт без поголеми застои, еколошки чист превоз со најмала емисија на штетни гасови. Речниот транспорт е исклучително прилагодлив на интермодалните решенија. Модерната технологија и растечката мрежа на интермодални терминали го прават овој транспорт како идеална компонента на интегрираните транспортни системи. Годишно во светот со овој вид на превоз се транспортираат околу 485 милиони тони. – нагласи Карло Змајшек, член на Управниот одбор на Групацијата за меѓународни шпедитери при Стопанската комора на Македонија и Директор на Центарот за шпедиција на „Макпетрол“ АД Скопје. Со својата гео-стратегиска положба на реката Дунав во централна Бугарија, пристаништето Лом претставува пресечната точка на двата Пен-европски коридори 4 и 7, која ги поврзува Западна со Источна Европа преку Северното и Средоземното море, преку Црното море со земјите од Азија. Пристаништето, кое е одалечено околу 400 километри од Скопје и има одлични железнички и патни врски, нуди ниски цени на обработка, брза обработка и ниски цени за товарот, како и одлична поврзаност со Украина, Русија и Западна Европа. - Пристанишниот комплекс Лом претставува модерно мулти-функционално пристаниште за насипни, стандарни и специјални товари, кое е отворено за транзитен сообраќај на стоките од и кон Македонија. Со вкупен површина од 299.380 м2, вклучува 13 бродски места, оперира со 22 електрични подвижни крана, складишен простор и со годишен капацитет од 4000 илјади тони стока. Ова бугарско пристаниште е интегрирано со водниот канал Рајна-Мајна-Дунав кое го поврзува Северното со Црното море, а со тоа Западна со Источна Европа. – презентираше Константин Костадинов, извршен директор на пристаништето. Во наредниот период се очекува, како што нагласи тој, да завршат градежните зафати на неколку оперативни зони од пристаништето со што ќе се заокружи реконструкцијата и модернизацијата на целиот комплекс во насока на поголема безбедност на стоката, обезбедување поволни тарифи и професионално работење со цел привлекување на нови клиенти

од земјата и странство. На презентацијата беше истакнато дека иако е релативно блиску до Скопје, на пристаништето во Лом се’ уште му недостига патна и железничка поврзаност меѓу двете земји како би можеле македонските компании непречено да го користат. Бизнисмените очекуваат македонската и бугарската страна со заеднички напори во најскоро време да придонесат во довршувањето на Коридорот 8. Преку изградба на патната и железничка мрежа меѓу Р.Македонија и Р.Бугарија, македонските компании ќе добијат сериозна и исплатлива опција за извоз и увоз на стоки од и до Македонија по воден пат.

Влатко Стојановски

ВОДЕН ТРАНСПОРТ Земјите кои располагаат со водени патишта во делот на транспортот поседуваат големи предности во однос на оние кои ги немаат. Кои се тие предности: 1. Пониски трошоци за превоз. На пример, за еден контејнер од Кина три четвртини од вкупната цена за превоз до Солун за 10.000 км, а за само 250 км од Солун до Скопје една четвртина од цената (манипулација и превоз), 2. Генерално нема застои и е доверлив транспорт. Десет отсто од патната мрежа и 20 % од железничката мрежа имаат постојани застои. А за безбедноста пример ќе ја земеме Холандија, како најразвиена во овој транспорт, каде сообраќајните несреќи се скоро нула. 3. Намалена емисија на штетни гасови. Најмала емисија на јаглерод диоксид, и помалку од 1% учество во негативните влијанија одтранспортот врз околината. 4. Пазарно прилагодување на интермодалните решенија. Модерната технологија и растечката мрежа на интермодални терминали го прават овој транспорт како идеална компонента на интегрираните транспортни системи. Од врата до врата транспортна логистика за производите се постигнува во партнерство со патните транспортери. Предностите се зголемуваат ако овој поефтин транспорт може да продолжи во внатрешноста со користење на пловни реки и канали. Пример: 50% од поморскиот товар во Антверп и Ротердам продолжуваат во внатрешноста по внатрешните водени патишта. Поделеноста на контејнерскиот транспорт по видови на превоз во пристаништето Ротердам: 47,5% патен превоз, 39% внатрешни водени патишта, 13,5% железница. Транспортот по внатрешни водени патишта е стар, но не и старомоден. Дури за конкуретните и иновативни економии претставува клучна компонента за нивните грижи за околината и животот на населението Импресивен раст е забележан во одредени региони во Европа за овој транспорт. Од 1995 до 2005 година, 57% пораст во Фландрија, Белгија, а од 1997 до 2005 година 40% пораст во Франција. Неодамна „Филипс осветлување“ заедно со „Маерск“ и Пристаништето Ротердам го стартуваше проектот со кој контејнерите за извоз од дистрибутивниот центар во Росендал до Ротердам сепревезуваат со баржи заштедувајќи 80.000 км и емисија на ЦО2 од 200 тони. Ги избегнува тесните грла на патниот сообраќај. *Европската мрежа на ванатрешни пловни патишта изнесува повеќе од 35.000 км. Пола од оваа мрежа е пристапна за бродови со капацитет до 1000 тони, што е еднакво на 40 камиони. Флотата на бродови за оваа намена се со капацитет од 14 до 500 камиони. *Во периодот од 1994 до 2004 само 1,5% од Буџетот за транспорт на ЕУ се инвестира во внатрешните водени патишта. *Годишно со овој превоз се транспортираат околу 485 милиони тони. *Се користи за разни видови на стоки. РО-РО бродовите овозможуваат транспорт на возила како делови од интегрирани транспортни системи. Ова е особено важно за стоки со поголема вредност каде за одредени делови од превозниот пат каде што се користат реките - 100% сигурност и безбедност е поважно од брзината. Пример : 600 коли „Рено“ се испорачуваат дневно во регионот на Париз по внатрешни водени патишта. „Рено“ исто ги увезува колите направени во Романиа со РоРо бродови на Вили бец користејќи го Дунав до Западна Европа. Секој од овие бродови има капацитет од 250 коли, а на повратната тура се транспортираат нови коли на БМВ и „Мерцедес“. *„Сузуки“, „Митсубиши“ и „Форд“ го користат Дунав на релација Келхеим – Будимпешта. „Форд“ користи вакви бродови за транспорт до Велика Британија без претовари. И тоа 24 брода неделно со капацитети до 500 коли, или околу 650.000 коли годишно. *Масивните товари и суровините се исто карактеристични за овој

ПОСЕТИ

Презентација на пристаништето Лом на реката Дунав во Република Бугарија

ИНТЕРЕСЕН АЛТЕРНАТИВЕН ТРАНСПОРТ ПО ВНАТРЕШНИ ВОДНИ ПАТИШТА

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

Page 15: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 16 декември 2010

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Бугарија

ГОДИНАВА РАЗМЕНАТА РЕЧИСИ ИЗБАЛАНСИРАНА Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Бугарија во првите десет месеци од 2010 година достигна вредност од 421,4 милиони САД $. При тоа, остварен е извоз во вредност од 214,3 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 207 милиони САД $. Евидентирана е позитивен биланс во трговската размена од 7,3 милиони САД $, додека покриеноста на увозот со извозот изнесува 103,5 %. Во вкупната трговска размена на Република Македонија, размената со Република Бугарија учествува со 6%, извозот во вкупниот извоз со 9,2%, а увозот со 5,4% во вкупниот увоз на земјата.Трговска размена во период 01-10.2010 година

Извоз Увоз Вкупно Биланс

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Сума во САД $ Сума во САД $

272.347.891,00 214.330.281,00 404.187.071,00 207.056.254,00 421.386.535,00 7.274.027,00 Компаративните статистички анализи покажуваат дека обемот на стоковната размена во првите десет месеци од 2010 година е за 12,7% повисок од обемот на размената во истиот период од минатата година. Извозот бележи раст од 21,1%, а увозот е зголемен за 4,6%.Трговска размена со Бугарија во периодот 01-09 2010 / 01-09.2009 година Во 000 САД $

Вкупна размена Извоз Увоз

01-10 2009 01-102010 Индекс 01-10 2009 01-10 2010 Индекс 01-10 2009 01-10 2010 Индекс

ВКУПНО 374.930 421.386 112,4 176.972 214.330 121,1 197.958 207.056 104,6Обем на трговската размена во 2009 година Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Бугарија во 2009 година, достигна вредност од 459,6 милиони САД долари, при што е остварен извоз во вредност од 216,9 милиони САД долари, додека увозното салдо изнесува 242,6 милиони САД долари. Трговскиот дефицит во 2009 година изнесува 25,7 милиони САД долари. Република Бугарија е шести најголем трговски партнер на Република Македонија во 2009 година. Tрговската размена во 2009 година Во САД $

Извоз Увоз Вкупно Биланс

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Сума во САД $ Сума во САД $

385.295.493,00 216.952.987,00 469.725.396,00 242.634.677,00 459.587.664,00 -25.682.000 Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2008 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: прехранбени производи, тутун неизжилен, руди на цинк и концентрати, производи и жици од железо и челик готови текстилни производи, облека и др. Во увозното салдо најголемо учество имаат: прехранбени производи нафтени масла, битумен и парафин, електрична енергија, сурово дрво, топло и ладно валани и други производи од железо и челик.

Бројки и фактиРЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Локација: Југоисточна Европа, граничи со Црно Море, меѓу Романија и Турција

Површина: вкупно: 110.879 км вода: 2.390 км / земјиште: 108.489 км

Гранични премини:вкупно: 1.808 км гранични земји: Грција 494 км, Македонија 148 км, Романија 608 км, Србија и

Црна Гора 318 км, Турција 240 км.

Природни ресурси: боксит, бакар, олово, цинк, јаглен, дрво и обработлива земја

Популација: 7.204.687 (2009)

Стапка на пораст на популацијата: -0.79% (2009)

Етнички групи: Бугари 83.9%, Турци 9.4%, Романци 4.7%, други 2% (вклучувајќи Македонци, Ерменци, Татари)

Име на земјата: користена долга форма: Република Бугарија користена кратка форма: Бугарија

БДП: паритет на куповна моќ – 90,51 милијарди САД долари

БДП - реална стапка на пораст: -4,9% (2009)

БДП - по жител: паритет на куповна моќ - 12.600$ (2009)

БДП - по сектор: земјоделие - 7,5% индустрија - 27,6% услуги- 64,9% (2009)

Популација под прагот на сиромаштија:

14% (2009)

Стапка на инфлација: 1,6% (2009)

Работна сила: 3,2 милиони (2009)

Работна сила по занимање:

земјоделство 7,5%, индустрија 36,4%, услуги 56,1% (2008)

Стапка на невработеност: 9,1% (2009)

Стапка на пораст на индустриското производство:

-14% (2009)

Земјоделски производи:

зеленчук, овошје, тутун, стока, вина, пченица, јачмен, сончоглед, шеќерна репа

Индустриски производи

електрична енергија, гас и водени ресурси, прехрана и пијалоци, машини и опрема,

основни метали, хемиски прозводи

Извоз: 16,23 милијарди САД $ (2009)

Извозни производи: облека, обувки, челик, железо, машини, опрема, гориво

Извозни партнери: Италија 8,5%, Турција 8,9%, Германија 9,1%, Грција 9,8%, Белгија 5,8%; Франција 4% (2008)

Увоз: 23,27 милијарди САД $ (2009)

Увозни производи: гориво, минерали, машини и опрема, метали, хемиска пластика, храна и текстил.

Увозни партнери:Русија 14,6%; Германија 11,8%, Италија 7,9%, Украина 7,3%; Романија 5,6%; Турција 5,5%,

Грција 5,4%; Австрија 4,1% (2008)

Надворешен долг: 49,28 милијарди САД $ (2009)

Page 16: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 16 декември 2010

МОЖНОСТИ

Во соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Македонско- германското стопанско здружение во Република Македонија, во Битола беше организирана средба со стопанствениците од Пелагонискиот регион, со цел нивно запознавање со формите и можностите за соработка со СР Германија (7.12.2010 година). Македонско - германското стопанско здружение ги презентираше можностите за настапи на саемите во Минхен и во Келн за 2011 година и услугите на Сениор Експертскиот Сервис, за користење на знаењето и долгогодишното искуство на искусни стручњаци во пензија (сениор експерти), кои нудат волонтерска помош на малите и средни претпријатија, институции за професионално образование, јавна управа и здравство. Во оваа прилика Стопанската комора на Македонија го презентираше коморско-партнерскиот проект ЦЕФТА–ДИХК `Имплементација на ЦЕФТА со цел унапредување на интернационализацијата на економијата во Југоисточна Европа`, финансиран од страна на германската Влада, кој има за цел поттикнување и поддршка на МСП во користењето на можностите што ги нуди ЦЕФТА-договорот, а во насока на зголемување на приходите и вработувањата во регионот. Присутните стопанственици беа информирани за досегашните и планираните проектни активности на Стопанската комора на Македонија, која е проектен партнер заедно со коморите од другите ЦЕФТА-земји и Унијата на трговско-индустриските комори на Германија. Во оваа прилика беше упатен повик за доставување предлози од компаниите со конкретни активности, кои би можеле да се реализираат во наредната проектна година, а се однесуваат на проблематика во однос на соработката со Германија и со ЦЕФТА-земјите. Досегашната соработка со СР Германија е успешна и таа традиционално е еден од најголемите

трговски партнери на Република Македонија и прв трговски партнер – земја-членка на ЕУ. Досега Македонија од Германија има добиено над 150 милиони евра техничка помош и може да се очекува оваа бројка во наредниот период да се зголемува. Тековните проекти кои се поддржани од германска страна во пелагонискиот регион се во делот: - Водоснабдување, отпадни води во преспанскиот регион (партнери се ЈКП „Пролетер„ - Ресен и МТВ); - Водоснабдување во Прилеп („ВиК„ Прилеп); - Поддршка на банкарскиот сектор (кредитни линии за Тутунска банка, ПроКредит банка др.), - Поддршка на ПроКредит банка и нејзините филијали распространети низ земјата.

Она што ќе биде интересно за малите и средни претпријатија од пелагонискиот регион во иднина, според советникот за странски директни инвестиции во Кабинетот на градоначалникот на Општина Битола, е користењето на кредитните линии на KFW банкарската групација, услугите на IPEX банката, индустриската зона Жабени и користењето на инструментите на ЕУ како ИПАРД, ЦИП и ИПА.

Билјана Пеева-Ѓуриќ

Средба во Битола за Македонско-gерманска соработка во бизнис-секторот

ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Македонски компании - излагачи и посетители на “FOODIST 2010” во Истанбул, Република Турција

ДЕЛОВНИ ЗДЕЛКИ ОД МНОГУБРОЈНИТЕ КОНТАКТИ

Во периодот од 9 до 12 декември 2010 година, во Истанбул, Република Турција, се одржa 4. Меѓународен саем за храна и пијалaци “FOOD-IST 2010”. Toj беше таргетиран за прехранбениот сектор и производителите на пијалaци од Евроазискиот и Источномедитеранскиот регион, но воедно е атрактивна точка за глобалната трговија и е значајна маркетиншка платформа каде

што се среќаваат меѓународните производители и трговци. Саемот беше поделен на специјализирани одели: супермаркети, специјализирани продавници, опрема и логистика за прехранбената индустрија. На нив беа застапени познати брендови од прехранбениот сектор, производители на кондиторски производи, тестенини, производство

Page 17: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 16 декември 2010

- Општината Бакаркој е една од најстарите населби во Истанбул и и има жители колку Македонија. Taa има силно стопанство и сме заинтересирани за инвестирање во Македонија – истакна Салим Јилмаз, претседател на Асоциjацијата на бизнисмени на Бакркој, БИАД, при посетата на Стопанската комора комора на Македонија (10.12.2010). Делегацијата на БИАД побара Стопанската комора на Македонија да им пружи логистичката подршка во испитувањето на бизнис и инвестициона клима во Македонија. Договорено е идната година да се реализира посета на поголем број на членови на БИАД а со цел директни контакти со македонските компании кои бараат инвестициони партнери.

Љубица Нури

на вода алкохолни и безалкохолни пијалаци, овошје и зеленчук, органска и природна храна и млеко и млечни производи. Меѓу 275 компании од 12 различни земји (Бугарија, Мароко, Палестина, Ирак, Иран, Израел, Црна Гора, Србија, Русија, Сирија, Јордан, Египет, Грција ...) и повеќе од 25.000 посетители, на “FOODIST 2010” се најдоа и македонските компании кои презентираа македонски производи. Стотина македонски посетители и излагачи на “FOODIST 2010” беа во организација на Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“, официјалниот претставник на Турскиот саем Tuyap за Балканот. На македонскиот штанд покрај богатиот проспектен материјал на најстарата и најбројната стопанска асоцијација од земјава, своите производи ги претставија и „Виталија„ од Скопје, „„Макпрогрес„ од Виница, „МЦ Робин„ од Гостивар и Винаријата „Бујук“ од Кавадарци. Македонските излагачи побудија значаен интерес кај останатите излагачи и посетители на Саемот, а штандот беше исклучително посетен. Излагачите и посетителите од земјава имаа и бројни билатерални средби со турските и со претставниците на компаниите од другите

земји и може да се очекува дека наскоро тие ќе резултираат со конкретни деловни зделки. За македонската делегација посебна презентација имаше турската компанија „Арбел“, една од најголемите тамошни компании за производство на ориз, црвена леќа, грав, грашок и разни видови тестенини. Тие посебно изразија интерес за увоз на оризова арпа, ориз и леќа од Република Македонија и се подготвени за контакти со компании од земјава.

Венера Андриевска

МОЖНОСТИ

Посета на бизнисмени од Бакаркој, Истанбулска општина, во Комората

ИНТЕРЕС ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Page 18: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 16 декември 2010

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Топлификација АД - Скопје

„ТОПЛАНА 11 ОКТОМВРИ“ СОБ-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски донесе Решение за издавање Б-интегрирана еколошка дозвола за усогласување со оперативен план на Топлификација АД – Скопје „Топлана 11 Октомври“ на улицата Михаил Чаков, бб. Како што соопшти одделението за односи со јавност на Град Скопје, станува збор за согорувачка инсталација со номинален топлински влез поголем од 10 МW, но помал од 50 МW. Издавањето интегрирани еколошки дозволи е регулирано со Законот за животна

средина со кој се воведуваат два вида дозволи - А и Б. Надлежен орган за издавање А-интегрирани еколошки дозволи е Министерството за животна средина и просторно планирање, а Б-интегрираните дозволи ги издаваат единиците на локалната самоуправа со исклучок на оние инсталации што се наоѓаат во заштитени подрачја за кои дозволата ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање.

Земјоделците до крајот на месецов треба да достават барање до УЈП

БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ПЛАЌАЊЕ ДАНОК Земјоделците кои во текот на годинава вршеле земјоделска дејност или ја вршеле како дополнително занимање и оствариле вкупен приход во 2010 година до 1.300.000 денари данокот може

да го плаќаат според паушално утврден приход. Услов за тоа е до крајот на месецов да поднесат барање за паушално плаќање на персоналниот данок до Управата за јавни приходи (УЈП). Земјодлеците, пак, кои оствариле вкупен приход поголем

од 1.300.000 денари во 2010 година треба да регистрираат фирма, во една од формите на трговските друштва - ДОО, ДООЕЛ, ТП,... Граѓанинот кој веќе се регистрирал како земјоделец во УЈП треба да поднесе само Барање за паушално оданочување на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност - образец ПДД-ПЗ до Даночната канцеларија на УЈП, најдоцна до 31 декември 2010 година. Граѓанинот кој воопшто не е регистриран како земјоделец во УЈП, заедно со барањето ПДД-ПЗ, треба да достави и Пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност - образец УЈП-РДО/З. Сите обрасци кои треба да се достават до УЈП се достапни преку интернет. Барањето за паушално оданочување (ПДД-ПЗ) е достапно на h�p://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/103, аПријавата за регистрација (УЈП-РДО/З) на адресата h�p://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/104. Заинтересираните повеќе информации може да добијат со преземање на брошурата „Паушално оданочување на приходи од земјоделска дејност“ на интернет-страницата h�p://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/45 или со јавување во Инфо-центарот на УЈП, на телефон 0800 33 000.

Соработка на „Лукоил„ со приватната компанија „Асоил“

ОТВОРЕНА БЕНЗИСКА СТАНИЦА ВО БЛИЗИНА НА ГЛУМОВО Во близина на Скопје, отворена e нова бензиска пумпа под брендот „Лукоил“, изградена во соработка со приватната компанија „Асоил“. Објектот се наоѓа на автопатот Тетово – Скопје, кај патарината на Глумово, пет километри пред влезот во Скопје од правец на Тетово, а исто така излегува и на стариот пат Скопје - Тетово. Покрај бензинската станица, во рамки на овој повеќенаменски комплекс, кој се простира на површина од 17.670 метри квадратни, се наоѓаат и кафе-ресторан и салон за автомобили, – објавува МИА. Бензинската пумпа има три диспензери со по шест места за точење и еден сателит-диспензер за точење на гориво во тешки товарни возила. Комплексот има голем паркинг-простор за камиони, а во иднина се предвидува изградба на уште еден диспензер за точење гориво, наменет за тешки товарни возила кои сообраќаат по стариот пат Сарај - Тетово. - Ова е прва соработка со приватниот бизнис-сектор во Македонија и со оглед на позитивното искуство што произлезе од овој проект, имаме намера да го развиваме овој сегмент. Ова воедно е и покана до другите бизнисмени дека „Лукоил“ е отворен за предлози, - изјавил генералниот директор на „Лукоил“ Македонија, Андреј Куку

на отворањето на бензиската станица. Сопственикот на приватната компанија „Асоил М1“, Азби Нуредини истакнал дека главна цел во изградбата на овој комплекс било воведувањето на европските стандарди што било постигнато со склучување договор со нафтената компанија „Лукоил Македонија„. Тој додаде дека со ова ќе се обезбедат нови 35 вработувања и најави дека тој број двојно ќе се зголеми во следните шест месеци.

Во развојот на малопродажната и на големопродажната мрежа во Република Македонија Групацијата „Лукоил“ досега инвестираше повеќе од 32 милиони американски долари. Во изминатата година, по основ на разни давачки, во Буџетот на Република Македонија беа уплатени над 40 милиони американски долари. „Лукоил Македонија„ е дел од рускиот нафтен концерн „Лукоил“, која е втора по големина приватна компанија од ваков вид во светот и чија дејност се простира во околу 40 држави.

Page 19: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 16 декември 2010

СТАТИСТИКА

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, ноември 2010 година

НАЈВИСОК ПОРАСТ ОД 11,4 % КАЈ ЕНЕРГИЈАТА

Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, се повисоки за 7,1%.

Ваквото зголемување е резултат, пред сe, на зголемените цени во групата Енергија за 11,4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,8%, Капитални производи за 3,1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7%. Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот Вадење на руди и камен во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, е повисок за 3,0%, во секторот Преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 7,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 6,6%. Во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, индексот на продажните цени во групата Елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 5,8%.

Индекс на цените во земјоделството, ноември 2010 година

РАСТИТЕЛНОТО ПРОЗВОДСТВО ПОСКАПО ЗА 5,3 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 9.8%, а кај аутпутот е зголемен за 4.4%. Во ноември 2010 година во споредба со ноември 2009 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 110.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 104.9.

Во делот аутпут, во ноември 2010 година, во споредба со ноември 2009 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 105.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.9.

Откуп и продажба на земјоделски производи во октомври 2010 година

ПАЗАРНИТЕ ВИШОЦИ НАМАЛЕНИ ЗА 28,7 OTСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп на земјоделски производи во октомври 2010 година изнесува 552 787 илјади денари и е намалена за 28,7% во споредба со октомври 2009 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 28,1%, а продажбата од сопственото производство на претпријатија е намалена за 29,1%. Намалување на вредноста на откупените и на продадените земјоделски производи се забележува кај: житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето, грозјето, млекото и млечните производи, додека кај: индустриските растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и рибата се забележува зголемување на вредноста на откупените и на продадените земјоделски производи.

Туризам во Република Македонија, октомври 2010 година

ВО ОКТОМВРИ 42.194 ТУРИСТИ Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2010 година изнесува 42 194, а бројот на ноќевањата изнесува 96 060. Бројот на туристите во октомври 2010 година,

во однос на октомври 2009 година, е намален за 0.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 5.5%. Бројот на домашните туристи во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е намален за 4.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 2.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи

Page 20: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 16 декември 2010

ПРЕЗЕНТАЦИИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ

во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е намален за 1.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 9.4%. Во периодот јануари - октомври 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 1.9% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 2.9%, а кај странските е забележано намалување за 0.6%. Во периодот јануари - октомври 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 4.8% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 4.3%, а кај странските е забележано намалување за 6.0%.

Потрошувачката кошница за храна и пијалаци, јули - септември 2010 година

КОШНИЦАТА ПОЕВТИНА ЗА 41,4% ОД ПРОСЕЧНАТА НЕТО-

ПЛАТА Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јули-септември 2010 година, едно четиричлено домаќинство беше во можност со една просечна нето-плата да ја наполни месечната потрошувачка кошница за исхрана и пијалаци. Просечната нето-плата по работник за јули 2010 година изнесуваше 20 299 денари, при што трошоците за исхрана и пијалаци беа пониски од просечната нето-плата за 8 407 денари, односно за 41,4%. Просечната нето-плата по работник за август

2010 година изнесуваше 20 541 денари. Со вкупните трошоци за исхрана и пијалаци од 11 891 денар за задоволување на останатите потреби остануваат 8 650 денари, односно 42,1%. Просечната нето-плата по работник за септември 2010 година изнесуваше 20 554 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 12 037 денари и беа пониски од просечната нето-плата за 8 517 денари, односно за 41,4%.

Промет во трговијата на големо по производи, 2009 година

ОСТАВАРЕН ПРОМЕТ ОД 127,8 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ

Прометот во трговијата на големо по производи, во 2009 година изнесува 127 802 698 илјади денари. По групи на производи, најголем промет од 19.7% е остварен во групата “Трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи”, потоа во групата “Трговија на големо со пијалаци” 7.4%, групата “Трговија на големо со фармацевтски производи” 7%, групата “Трговија на големо со тутунски производи” 6.9%, групата “Трговија на големо со патнички возила” 5.4% итн. Гледано по производи, во рамките на групите со најголемо учество, поголем промет е остварен кај производите: цигари и сите видови од тутун и замена за тутун, гасни масла, пиво, производи од обоени метали и легури, блокови, плочи, тули и слични производи од цемент, бетон или вештачки камен, мобилни телефони итн.

Промет во трговијата на мало по производи во 2009 година

ПЕТТИНА ОД ПРОМЕТОТ СО МОТОРНИ ГОРИВА И МАЗИВА

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало по производи, во 2009 година изнесува 90 960 973 илјади денари. По групи на производи, најголем промет од 20.6% е остварен во групата “Трговија на мало со моторни горива и мазива”, потоа во групата “Друга трговија на мало во специјализирани продавници” 13.8%, групата “Трговија на мало со леб, печива, колачи, слатки” 7.6%, групата “Трговија на мало со овошје и зеленчук” 7.1% итн. Гледано по производи, во рамките на групите со најголемо учество, поголем промет е остварен кај производите: цигари, сите видови од тутун и замена за тутун, моторен бензин, свеж леб, рафинирано растително масло за јадење, домати (свежи), феферони и пиперки (свежи) итн.

Page 21: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 16 декември 2010

СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА

„Борово„ продава 86 дуќани во Србија

МЕЃУДРЖАВНИОТ СПОР СЕ КОМПЛИКУВА *„Борово„ се одлучи на овој чекор откако не успеа да постигне договор за поделба на имотот со „Борели„, со кого во поранешна Југославија претставуваа заедничко прептирјатие

Раководството и вработените во сомборската фабрика чевли „Борели„, во Србија, бараат од Владата да интервенира во спорот со нивниот поранешен сопственик на фабриката за гума и чевли „Борово„ којашто даде оглас за продажба на 86 дуќани во Србија. Повикот е обновен откако пред еден месец се одржа протест на вработените во „Борели„ пред српската Влада, која не реагираше на нивното барање. „Борово„ се одлучи на овој чекор откако не успеа да постигне договор за поделба на имотот со „Борели„, со кого во поранешна Југославија претставуваа заедничко претпријатие. Во „Борово„ сметаат дека продажната мрежа, што постоела во заедничката држава, како и фабриката „Борели„, е во сопственост на хрватскиот комбинат, бидејќи производствените капацитети и продажниот простор се изградени со средства на оваа компанија од Вуковар. Во сомборскиот „Борели„ пак тврдат дека вработените во спорните објекти учествувале во создавањето на имотот, така што тие имаат право на одреден дел. За тоа колку на кого му припаѓа двете страни не успеаја да се договорат до крајот на јуни, кога српската Влада даде краен рок компаниите од Србија со партнерите од поранешните републики со договор да го решат проблемот за поделба на заедничкиот имот. Во „Борели„ бараат српскиот парламент да донесе закон којшто ќе се темели на договорениот Анекс Е од Спогодбата за сукцесија, која ја потпишаа сите поранешни југословенски републики. Според тој анекс, прашањето за приватниот имот и имотот на правните лица ќе се решава со билатерален договор меѓу републиките. Освен тоа, Мирко Вујановиќ, директор на „Борели„, и` забележува на српската Влада што во решавањето на споровите околу сопственоста не инсистира на примена на реципроцитет. Вујановиќ тврди дека вредноста на “заостанатиот” имот на српските претпријатија во Хрватска изнесува 1,8 милијарди евра. Републичката дирекција за имот ги упати српските компании, кои имаат имот во Хрватска, враќањето или надоместот на штетата ако нивниот имот е продаден, да го бараат по судски пат во Хрватска.

Раст на светските резерви на пченица

ПРОГНОЗИРАН ПОДОБАР РОД ВО АВСТРАЛИЈА И КАНАДА Американското Министерство за земјоделство ја зголеми за 2,4 проценти проценката на светските резерви на пченица во тековната земјоделска година, која завршува на 31 мај 2011 година, поради прогнозираниот подобар род во Австралија и Канада. Министерството очекува дека светските резерви на пченица во оваа земјоделска сезона ќе бидат на ниво од 176,72 милиони тони, додека минатиот месец се прогнозирани резерви од 172,51 милион тон. Аналитичарите, кои ги анкетираше агенцијата Блумберг, во просек очекуваат дека светските резерви на пченица ќе бидат на ниво од 171,3 милиони тони. Цената на пченицата за испорака во март во петокот на Чикашката берза се намали за 1,6 проценти на 7,755 САД долари за бушел (284,92 САД долари за тон).

Седумдесет проценти од домаќинствата во ЕУ имаат пристап до интернет

ХОЛАНДИЈА И ЛУКСЕМБУРГ РЕКОРДЕРИ, БУГАРИЈА ПОСЛЕДНА Седумдесет проценти од домаќинствата во Европската унија во првиот квартал од оваа година имале пристап до интернет, соопшти статистичката агенција на Унијата, Евростат. Во сите земји, опфатени со истражувањето, изминатите пет години е забележано зголемување на бројот на домаќинствата, кои имаат пристап до интернет, а најмногу во Романија, каде што таа бројка е за три пати зголемена. Во Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија и Словачка бројот на домаќинствата со пристап до интернет е двојно зголемен. Според податоците на Евростат оваа година најголем број на домаќинства со пристап до интернет се регистрирани во Холандија (91 отсто), а потоа следат Луксембург (90 отсто), Шведска (80 отсто) и Данска (86 отсто). Најмалку домаќинства кои имаат интернет се забележани во Бугарија (33 отсто), Романија (42 отсто) и Грција (46 отсто).

Page 22: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 16 декември 2010ПРАКТИКА

Оперативни процедури за издавање на сертификати за

потекло Вообичаени се следниве спроведени стандардизирани процедури при иаздавањето на сертификатите за потекло: * Секој издаден сертификат за потекло мора да содржи сериски број; * Сите страници, од првата до последната, од издадените сертификати за потекло мора да бидат нумерирани, потпишани, датирани и со печат; * На крајот на листовите од сертификатите за потекло кои имаат дополнение мора да имаат на крајот од листот назнака“продолжува на следната страница”, или “страна 1 од 5” , “страна 2 од 5”, и т.н, za 5-те страници отпечатени од сертификатот * Мора да се потцрта линија после последната точка од последната страна од сертификатот за потекло * може да се поднесе барање за издавање сертификат за потекло: пред,за време и по извршениот извоз на стоките кои се опфатени со сертификатот за потекло;

Процедури за поднесувачите на барање за издавање на сертификати за потекло Издавачите на сертификатите на потекло бараат од апликантите за издавање на сертификати да имаат: * поднесено комплетна, теквно важечка, документација од регистрацијата на компанијата и истата да е внесена во базата на податоци во канцеларијата за издавање на сертификати за потекло; * поднесено листа, на не повеќе од 6 овластени потписници, која ќе содржи: име и презиме, функција, примерок од потпис од секој овластен потписник; листата а биде издадена од извршен директод или негов заменик и да се ажурира секоја година или порано, ако има измени во текот на тој период; Издавачот на сертификаките за потекло го задржува правото за не-издавање на сертификатот, доколку оцени дека има аргументи за таквата постапка, или да не го прифати потписот на еден од потписниците од некоја компанија или привремено да не издаде сертификат на некоја компанија, без разлика кој е потписник. Од повеќето сертификати кои се во употреба во Европа, Стопанската комора на Македонија ги издава: * непреференцијален Сертификат за потекло и * преференцијален Сертификат за потекло ФОРМ А Ракување со формуларите Само еден оригинален Сертификат за потекло може да се издаде за секоја посебна пратка. Дополнителни копии од секој Сертификат за потекло може да се издаде, користејќи ги пропишаните формулари, означени со “COPY”. Сите издадени Сертификати за потекло треба за имаат потписи од овластените потписници, треба да бидат датирани, нумерирани и со печат од овластената Стопанска комора овластена за нивно издавање.

Замена на Сертификат за потекло Стопанската комора нема да издаде идентичен сертификат за потекло кој би ја опфатил истата пратка од стоки. Доколку сертификатот биде украден, изгубен или уништен, извозникот може да поднесе Барање за добивање Заменет Сертификат. Барањето мора да биде придружено со релевантни поддржувачки извозни документи. Ако барањето и поднесената документација се прифатливи, издавачот треба да го добие од барателот бројот, датата и сите податоци од оригиналниот сертификат, кои ќе ги спореди со поединостите изјавени во новата

замена. Со обезбедена согласност во сите детали, Заменет сертификат за потекло може да се даде на следниов начин: * терминот замена, “Replacement” треба де се означи на Сертификатот и тој ќе биде отштампан или отпечатен на истото место како и главниот наслов на документот. * Единствениот официјален сериски број и датата на издавањето на оригиналниот Сертификат, треба да се стави на Заменетиот сертификат, но отштампано или отпечатено: овој Сертификат е Заменет Сертификат издаден на ..................(тековната дата на издавање) на Сертификатот или соответно место на Сертификатот за потекло Во олеснителни околности, може да се издаде уште еден сертификат за иста пратка, но такви ситуации треба да бидат повеќе од исклучок, отколку честа појава). Во тој случај, нов Сертификационен сериски број и дата на издавање требе да се стави на Заменет Сертификат за потекло. Следниов текст треба да се отштампа или отпечати на соответно место (насловено “Забелешки” или поинаку): “Ова е Заненет Сертификат за потекло што го заменува оригиналниот Сертификат за потекло бр.................... издаден на .......................... ”. Од Барателот на секој Сертификат за потекло може да биде побарано да обезбеди документи како доказ, на пример: * Полициски Извештај за изгубен оригинален Сертификат за потекло, и * Изјава за одговорност од Барателот за било каква одговорност која може да произлезе од издавањето на другиот Сертификат за потекло за иста пратка и да даде отчет за секое барање. Стопанската комора го задржува правото да ги одбие барањата кои се поднесени 6 масеци по денот на издавањето на оригиналниот Сертификат за потекло.

Дополнително издаден Сертификат за потекло Стопанската комора и овластените службеници , потписници на Сертификатите за потекло имаат право да издадат Сертификати за потекло дополнително кога барањата за издавање на Сертификати за потекло се поднесени после 3 недели, но не повеќе од 3 месеци, од датумот на пратката. * По испораката на стоките, Сертификат за потекло може да се издаде, дополнително, ако обезбеди извозникот доказ на издавачот и овластените потписници дека таквата пратка била на место и дека поради грешка, наметнат пропуст или некои други посебни околности, извозникот не поднел барање за Сертификатот за потекло во соответно време. * Стопанската комора може да издаде Сертификат за потекло ако е убедена дека Барањето одговара на извезените стоки, по проверката на релевантните и соответните документи за подршка, и дека претходно не е издаден Сертификат за пратката. Таквиот Сертификат за потеко ќе биде нумериран, датиран со датумот на издавање и означен дека е издаден дополнително “Is-sued Retrospec�vely”. * Од барателот на секој Сертификат за потекло се бара да ги поднесе следниве документи: стандардизирано Писмо за одговорност со кое дава отчет за доцнењето на барањето и потврдуваји дека претходно не е издаден друг Сертификат за пратката; копија од потпишан Товарен лист; и било кои други документи, што на Стопанската комора ќе и се чинат неопходни. Три месеци, како временско ограничување од датумот на пратката, треба да се почитува за Сертификат за потекло дополнително издаден. Сепак, ако Барањето за Сертификат за потекло е направено по временското ограничување од 3 масеци, издавачот има дискреционо право да издаде Сертификат дополнително, доколку се востанови дека Барањето за Сертификатот е валидно и дека пратката е навистина реална.

Лазо Ангелевски, проектен консултант

Page 23: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 16 декември 2010

Назив на проектотПроект на регионални и локални патишта

Референца EBRDZ61505

Финансиска референца. 6265-IFT-40153

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Европска банка за обнова и развој

Земја Албанија

Објавено на 10.12.2010

Краен рок за апликација 02.02. 2011

Сектори

Градежништво-инжинеринг:- градежни работи - главни патишта, патишта,мостови,тунели - работи за одржување и обнова

Опис на проектот

Албанскиот развоен фонд има намера да искористи дел од средствата од ЕБРД и од ЕИБ за проектот за регионални и локални патишта: CWC/ICB/2010/WL-Rec 33, реконструкција на патот мегу селата Baks и Rrjolle, регион на Скадар (8.4 km). Период на реконструкција 12 месеци.Принципот на работите е:Земјени работи -ископ и пополнување – 33,000 m3; Испорака и поставување на основен материјал – 94,000 m3, Испорака и поставување на тампонски камен – 16,000 m3; Испорака и поставување на асфалт – 11,500 Tons

Контакти

Contact name: Valen�na KazanxhiEmployer: Albanian Development Fund Address: Rr. “Sami Frasheri”, Nr. 10, Tirana, Albania Fi�h Floor – Mee�ng RoomTel: +355 4 22 35 597/8 Fax: +355 4 22 34 885 E-mail: [email protected] Web site: www.albaniandf.org

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАКонтактМ-р Ацо Спасовскител. 3244044факс.3244088е-маил[email protected]

Назив на проектот

MK-Skopje: Техничка помош за имплементација на проект за инвестции во снабдување на вода и спроведување на здравствени мерки (EIB

Референца EIBZ61549

Финансиска референца. 2010/S 241-367360

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска инвестициона банка

Земја Македонија

Објавено на 11.12.2010

Краен рок за апликација 21.01. 2011

Сектори

Земјоделство- развој на селски подрачја:Програма-менаџмент со ресурси:Развој на градски средини:

Опис на проектот

Проектот е дизајниран кон: Подршка на Единицата за имплементација воспоставена во рамките на Министерството за транспорт и врскиМаксимален буџет 700 000 EURУчеството е отворено за сите правни лица кои се основани во земјите на ЕУ или во земја или територија на региони опфатени или овластени од специфичните прифатливи на програмата според која проектот е финансиран. Учеството исто така е отворено за мегународни организации..Учеството на физички лица е регулирано од специфични прифатливи инструменти од програмата со која се финансира проектотУчесниците треба да имаат валидна лиценцаза супервизија А категорија издадена согласно Законот за градба од Министерството за транспорт и врски на република МакедонијаНе е дозволено да има подизведувачиОреинтационен почеток на договорот 20 април 2011Периодот на извршување е 48 месеци од почетокот на договорот

Контакт

Министерство за транспорт и врски на Република Македонија, Црвена скопска општина, бр.4, 1000 Скопје. A�n. Mr. LjubisaJovanovski

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Page 24: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 16 декември 2010

ПРЕЗЕНТАЦИИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ

Oд 21 до 23 јануари 2010 година во Вировитица, Република Хрватска

„ ВИРОЕКСПО 2011„ * Стопанската комора на Македонија организира настап и посета на заинтересирани македонски компании на 16. Меѓународен саем на економијата, занаетчиството и земјоделството „ВИРОЕКСПО 2011„ во Вировитица, Република Хрватска, на којшто нашата земја учествува како земја-партнер. Просторот за стопанствениците-излагачи од Македонија ќе биде бесплатен, а големината на изложбениот простор ќе зависи од потребата и бројот на излагачите

Во периодот од 21 до 23 јануари 2011 година ќе се одржи 16. Меѓународен саем на економија, занаетчиство и земјоделство „ВИРОЕКСПО 2011„, во Вировитица. Манифестацијата е под покровителство на Владата на Република Хрватска, министерствата за економија и регионален развој, Стопанската комора на Хрватска и другите комори и е најзначајна саемска манифестација во Република Хрватска

На Вировитичкиот саем секоја година учествуваат голем број земји од цела Европа и од регионот и е втор по големина во Хрватска, по Загребачкиот велесаем. „ВИРОЕКСПО„ е одлична прилика за средба на деловни посетители и придонесува пред се` за развојот на економијата, занаетчиството и земјоделието во Вировитица, Вировитичко-подравската жупанија, како и на поширокиот регион, создавајќи добри услови за поголем развој на економската размена и проток на стоки, како во регионот и пошироко во Европа. Производите од металната, текстилната, градежништвото и дрвната индустрија, земјоделските и прехранбените производи, како и најновите достигнувања во автомобилската индустрија, како и понудите на услужните дејности од областа на банкарството и туризмот, традиционално се присутни на овој саем во количина и асортиман, кои ги задоволуваат глобалните бизнис-потреби на излагачите. Во рамките на одржувањето на Саемот се планира да се одржи и бизнис-форум, доколку постои интерес од македонските компании, за што е потребно претходно известување до организаторот, како и културни случувања. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на Саемот „ ВИРОЕКСПО 2011“ , најдоцна до 24 декември 2010 година.

Контакт:

Венера АндриевскаТел: (02) 3244037Факс: (02) [email protected]

Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс: (02) [email protected]

Еднодневен семинар на 20 декември 2010 година

„ЗАСНОВАЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРНО ЗАЛОЖНО ПРАВО“

од 10-15:00 часотСтопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Актуелноста на поставената тема за семинарот произлегува од постоечките економски услови за стопанисување меѓу стопанските објекти и глобализација на кризата, што директно влијае при кредитирањето, односно добивањето средства за работа. Кредиторите, најчесто банкарсите организации при доделување кредити, бараат да се изврши обезбедување на побарувањето преку договорно заложно право, како акцесорна обврска. Имајќи предвид дека во овој домен се јавуваат правни проблеми и се создаваат спорни ситуации, како и интересот кај правните субјекти

да се организира тематски семинар, Стопанската комора на Македонија, на 20 декември 2010 година , со почеток во 10 часот, во просториите на Комората организира еднодневен семинар.

ПРОГРАМА

1. Вовед во темата за договорно заложно право и правните проблеми Д-р Фиданчо Стоев, судија во пензија2. Засновање на договорно заложно право: - условите; - содржина на договорите; - правата и обврските на страните; - последици. Прашања и дикусија Д-р Фиданчо Стоев, судија во пензија3. Реализација на договорно заложно право: -постапка; - условите за продажба и определување на цената; -права на другите доверители; -последици. Прашања и дикусија Ранко Максимовски, судија во пензија4. Судска заштита при реализација на договорно заложно право: - средства за заштита; - тужби; - времени мерки; - последици. Прашања и дискусија Теофил Томановиќ, судија во пензија

Заинтересираните лица за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 16 декември 2010 година. Цената за учество изнесува 4.720 денари за 1 учесник (4000+ДДВ) за компании членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.Контакт:

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: (02) 3244074; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

Ленче Зикова Тел: (02) 3244054; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

На 17 декември 2010 година презентација во Стопанската комора на Македонија

ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

(WeBSEFF и ЕУ/ЕБОР Македонија – Инструмент за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија)

Дали сте подготвени за Европа? Добијте средства за инвестиција и подгответе го вашето претпријатие за европскиот пазар. Стопанската комора на Македонија во соработка со локалните канцеларии на кредитните програми на ЕБОР/ЕУ Ве поканува на претставување на Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан –WeBSEFF . Моментно најповолната програма за кредитирање во Македонија: Кредити: До 2 милиони евра.

Бесплатна инженерска и економска експертска поддршка: * Најповолно проектно решение * Најкус поврат на кредит * Ретко достапна експертиза, а таа е бесплатна благодарение на ЕУ!

Page 25: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 16 декември 2010

Шема за стимулации преку готовински грант: * Готовински повраток до 20% по обемот на кредитот за успешно реализиран проект и ЕУ/ЕБОР Македонија – Инструмент за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија (МСП) Пристапот во Европската Унија и нејзините големи пазари претпоставуваат усогласување со правната регулатива за квалитет, безбедност и здравје и заштита на животната средина. Понатаму, унапредување на стандардите во оваа сфера обезбедуваат конкурентна предност за вашата компанија, како во Македонија, така и меѓународно. * Инвестиции до 1 милион евра * Кои инвестиции ќе бидат поддржани и * Кои претпријатија може да учествуваат во програмата

Презентaцијата ќе се одржи на 17 декември 2010 година, со почеток во 9,30 часот во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на петти кат. Стопанската комора на Македонија ги поканува заинтересираните компании да учествуваат на презентацијата.

Контакт:

Зорица Мешкова Тел: (02) 3244019; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Војкан Николовски Тел: (02) 3244068 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

АНКЕТА ЗА ДАНОЧНА АМНЕСТИЈА Прашањето на даночната амнестија во последно време се актуелизира во јавноста. За ова прашање присутни се противречни мислења и во стручната јавност, но и во политичката јавност. Анкетниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk. Анкетниот лист е анонимен и содржината на одговорите нема никаде да се објавува, туку ќе биде користена само за наши аналитички потреби, со цел да се изгради мислење за проектот за даночна амнестија за капиталот кој по разни

основи е изнесен и сега треба да се врати и инвестира во нашата држава. Вашите одговори ги очекуваме најдоцна до 20.12.2010 година. Контакт: Ацо Спасовски Тел: (02) 3244044 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Семинар во Стопанска комора на МакедонијаСЕМИНАР НА ТЕМА: ИНКОТЕРМС 2010

20 декември 2010 година, од 17 до 20 часот

- Што е тоа Инкотермс и зошто 2010? Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс правило?- Дали сте информирани за најновите измени на Меѓународните трговски правила – Incoterms® 2010 by the Interna�onal Chamber of Commerce (ICC)

Програма1. “ИНКОТЕРМС 2010”• Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2010?• Зошто се содржани во секоја фактура за промет со стоки во надворешната трговска размена?• Кои се предностите на ИНКОТЕРМС?• Тие се дел од договорот за ...?• Што не е ИНКОТЕРМС?• Поделба во 2 и 4 групи • ИНКОТЕРМС и институцските карго-клаузули за осигурување на стока• ИНКОТЕРМС и царинската вредност• Како да се користат правилата ИНКОТЕРМС 2010?• Кои се главните карактеристики на ИНКОТЕРМС 2010?• Кои правила се укинати, а кои се НОВИ?• Поединечните карактеристики на сите ИНКОТЕРМС правила:EXW, FCA, CPT, CIP, DAT, DAP, DDU, FAS, FOB, CFR, CIF.

Предавач: Карло Змајшек, директор на Центарот за шпедиција во Макпетрол АД Скопје Семинарот е намененет за: извозни компании, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со меѓународна трговија, сметководители, финансии и слично. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 17.12.2010 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат практичен прирачник за Инкотермс 2010.

Контакт:

Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: (02) 3244074Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија

САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011”

Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” - Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”. На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на: • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот.

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

ПРЕЗЕНТАЦИИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ

Page 26: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 16 декември 2010

Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ

На 16 и 17 февруари 2011 Саем и Настан за технолошка и бизнис-соработка, во Шпанија

EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA 2 ВО ВАЛЕНСИЈА

Стопанската комора на Македонија - ЕИИЦМ организира посета на Вториот саем за технолошка и деловна соработка. Настанот ќе се одржи во Валенсија на 16 и 17 февруари 2011 година, за време на заедничките меѓународни саеми: - EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA: Саем за енергии; - ECOFIRA: Саем за вода, почва, воздух, отпад и нивни технологии и услуги и - EFIAQUA: Саем за ефикасно водостопанство.

Настанот ќе се состои од меѓународна платформа која им овозможува на компаниите и организациите од секторот на енергија, вода и отпад, да се среќаваат со цел да се споделат иновативните технолошки предлози, да бараат решенија за технолошки предизвици и да започнат бизнис-соработка. Области на интерес: - Одржливо производство и дистрибуција; - Новите технолошки решенија (енергија и животна средина); - Ефикасност во градежништвото; Ефикасност во транспорт и одржлива мобилност; - Урбанистичко и индустриско управување со отпад; - Управување со системи за животната средина: - Оценување на индустриски отпад; - Потврдување, рециклирање; - Еко-производи; - Третманот на отпадните води; - Колекционирање и третман за прочистување на водата; - Набавка и дистрибуција на вода; - Контрола на поплави; - Крајбрежната заштита; - Проекти за финансирање.

Рокови: - до 3 февруари 2011 година: регистрација и поднесување на профили; - до 9 февруари 2011 година: барања за билатерални средби.

Повеќе информации за саемите: EGÉTICA - EXPOENERGÉTICA: www.ege�ca-expoenerge�ca.com ECOFIRA: www.feriavalencia.com / ecofira EFIAQUA: www.feriavalencia.com / efiaqua

Веб-сајт на Вториот настан за технолошка и деловна соработка: h�p://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/public/bemt/home.cfm?even�d=2460 Влезот и учеството на саемот се бесплатни.Контакт:Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 [email protected]

Софче Јовановска, проектен консултант тел: (02) 3244060 [email protected]

Од 26 до 28 јануари 2011 година во Турција

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА БРОДОГРАДБА SMM ВО ИСТАНБУЛ

* Стопанската комора на Македонија – ЕИИЦМ организира посета и учество на Меѓународниот саем за бродоградба SMM во Истанбул, од 26 до 28 јануари 2011 година

Брокерскиот настан ќе биде организиран во текот на второто издание на SMM-Истанбул саем, кој ќе се одржи во Истанбул, „Љутфи Кирдар“ изложбен центар на 26 до 28 јануари 2011 година. Првото издание во Истанбул на саемот (SMM) беше успешно организиран во 2009 година.

Тогаш Саемот беше домаќин на повеќе од 4000 посетители од 66 земји и 150 излагачи од 30 земји. Настанот - партнерство ќе се одржи во текот SMM - Истанбул 2011 година во една специјална област во салата подготвена за билатерални средби. Настанот има за цел да донесе професионалци во областа на: • бродоградбата и бродоградилиштата; • науката за поморство и технологија; • навигацијата и позиционирањето; • пристанишната технологија; • зелениот превоз; • услугите во поморството. Веб-сајтот на брокерскиот настан е: h�p://techmatch.aia-istanbul.org/smmistanbul Учеството на брокерскиот настан е бесплатно.

Контакт:Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 [email protected]

Софче Јовановска, проектен консултант тел: (02) 3244060 [email protected]

САЕМИ ВО ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија, го организира Вашиот настап на саемите и бесплатно ќе Ве поврзе со сите странски учесници на некој од следниве настани каде е организатор партнер на ЕЕН мрежата:

Jaнуари 2011 година12/01/2011 InnoBuildTech at BUDMA 2011 Fair

Poznan (Poland)

19/01/2011 BROKERAGE EVENT TOURISM FITUR 2011 MADRID (Spain)

25/01/2011 BE2WEEN@TERRATECT/ENERTEC 2011 Leipzig (Germany)

26/01/2011 Biomass Business Talks 2011 Graz (Austria)

26/01/2011 SMM Istanbul 2011 Interna�onal Partnering EventIstanbul (Turkey)

Февруари 2011 година01/02/2011 Mee�ngpoint “Learning and IT” at LEARNTEC 2011

Karlsruhe (Germany)

02/02/2011 MicroMountains iNNOVATION fORUM for Micro Technology 2011 Villingen-Schwenningen (Germany)

04/02/2011 Life Sciences Brokerage Event Edinburgh (United Kingdom)

10/02/2011 b2fair SME Forum 2011 Luxembourg (Luxembourg)

10/02/2011 Fruit Logis�ca 2011 Brokerage EventBerlin (Germany)

14/02/2011 Mobile World Congress Brokerage Event 2011Barcelona (Spain)

16/02/2011 EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA: II Technology and Business Coopera�on Event – Energy, Water andWastes - Valencia (Spain)

22/02/2011 Eilat-Eilot Renewable Energy Conference & Exhibi-�on 2011 - Eilat (Israel)

Page 27: Бизнис ИНФО бр. 34 од 16.12.2010

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 16 декември 2010

Компанија од Азербејџан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

чоколадни производиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:10.02.2011

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

ортопедски помагалаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:11.03.2011

Турска компанија бара соработка со бензиски пумпи за набавка на опрема

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:15.03.2011

Македонска компанија нуди на продажба на објекти лоцирани на 14 км од градот Делчево,

во с. Бигла на 800 м надморска височина, постојат 3 производствени погони и повеќе услужни објекти ( портирница,ресторан со

кујнаи магацин,котларница за јаглен и магацин за готови производи)

Локацијата зафаќа површина од 1.850 м2 под објекти и вкупна површина на останато

земјиште од 26.841м2.Вид на соработка: Берза на инвестиции

Област на соработка : Трговија на недвижности,изнајмувањеВалидност до:15.11.2011

Македонска компанија нуди на продажба фабрика лоцирана во градот Гостивар 60 км од Скопје фабриката е соодветно поврзана

со патишта и железница во рамките на Македонија и меѓународно преку соседните

земји Грција,Бугарија,Србија, Црна Гора и Албанија,комплексот зафаќа површина

147.000 м2 а опфаќа производни,услужни и административни објекти со вкупна

површина од 30.095 м2 и вкупна површина на останато земјиште од 115.100м2.Во рамките

на локацијата е изградена и станица за складирање, дистрибуција и полнење на течен

нафтен гас(пропан -бутан) сопственпост на компанијата

Вид на соработка: Берза на инвестицииОбласт на соработка : Трговија на

недвижности,изнајмувањеВалидност до:15.11.2011

Компанија од Хрватска бара соработка со трговци на прехранбени производи за пласман на жестоки пијалоци, пиво и природни соковиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:17.03.2011

Компанијата ИМПУЛС ДОО Скопје од Република Македонија-компанија за телекомуникации

бара соработници за отварање свое претставништво во Белград, Приштина и Тирана

за дистрибуција и продажба на мобилни телефонски апарати на големо и мало

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:18.11.2011

Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за

пласман на кожна галантерија, машки и зенски кожени чанти, каиши,ракавици, новчаници и

кожа на метражаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:18.03.2011

Германска компанија нуди услуги во развој и во одржливо снабдување со електрична енергија

и начини на заштеда на ефикасно користење на енергијата

Вид на соработка: Консултанска услугаОбласт на соработка : преработувачка

индустријаВалидност до 18.02.2011

Грчка компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на дрвен и метален

канцалариски мебелВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:9.04.2011

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сладолед во прав,

млеко во прав и преливиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:9.04.2011

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за

производство на сладоледВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:9.04.2011

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хидраулични системи

за лифтовиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:9.03.2011

Српска компанија специјализирана за услуги за враќање рефундација на данок на додадена

вредност од странство бара соработка со македонските компании за користење на

услугатаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:25.06.2011

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема и

машини за пекарнициВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:25.04.2011

Швајцарска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман

на хигиенски производи, детски пелени, хигиенски влошки,чепкалки,влажни,марамици

и тампониВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:26.04.2011

Кинеска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на

ламинат за подовиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:26.04.2011

Холандска компанија бара дистирибутер во Република Македонија за пласман на месо и

месни производиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:26.03.2011

Грчка компанија бара соработка со производители на мебел во Република

Македонија за пласман на акцесориВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Обработка на дрво и

дрвени производиВалидност до:29.04.2011

Компанија од Азербејџан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ролни

хартија за автомати за пари,за факс и фискални каси

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:29.04.2011

Компанија од Азербејџан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на обувки

за војскаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:29.03.2011

Кинеска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на

расветни тела наменети за осветлување на улици, патишта, хотели, продавници, трговски

центри, саемиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:29.04.2011

Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитни

собраќајни бариери за патишта,мостови и надвозници

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:1.04.2011

Македонска компанија нуди услуги во градежен сектор како изведувач на работи, вршејќи

инженеринг, надзор, проектантски, дизајнерски и други консултантски и истражувачки работи

Вид на соработка: Техничка соработкаОбласт на соработка : Градежништво

Валидност до:2.12.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на акцесори

за алуминиумски врати и прозори како и специјални системи за отварање на прозорите

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:3.04.2011

Грчка компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на женски

чевлиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:3.05.2011

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски