32
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 16 декември 2010 ПОДВЛЕЧЕНО Број 35 од 23.12.2010 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Членка на: СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Македонскиот бизнис бара државна стратегија и поддршка за враќање на Блискиот Исток и Магреб ЗАГЛИБЕНИ ВО ПЕСОК ПРЕД ПОЗНАТИТЕ ПАЗАРИ Среќна Нова 2011 година и честити Божиќни празници Фирмите од Македонија се расфрлаат со скапата енергија МЕСТО ВЕТЕРНИЦИТЕ, ВЕТРОТ ЈА ОДДУВА КОНКУРЕНТНОСТА Менаџерите предупредуваат дека најопасни се квази-бизнисмените ЛУКСУЗЕН АВТОМОБИЛ, ЗГОДНА СЕКРЕТАРКА, “БЕСНИ” ПРОСТОРИИ И – ИЗМАМА ИЗВОЗОТ – КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА ПОРАСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ВРАБОТЕНОСТА Специјален прилог АПСУРДИ

Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 16 декември 2010

ПОДВЛЕЧЕНО

Број 35 од 23.12.2010 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Македонскиот бизнис бара државна стратегија и поддршка за враќање на Блискиот Исток и Магреб

ЗАГЛИБЕНИ ВО ПЕСОК

ПРЕД ПОЗНАТИТЕ

ПАЗАРИ

Среќна Нова 2011 година и честити Божиќни празници

Фирмите од Македонија се расфрлаат со скапата енергија

МЕСТО ВЕТЕРНИЦИТЕ, ВЕТРОТ ЈА ОДДУВА КОНКУРЕНТНОСТА

Менаџерите предупредуваат дека најопасни се квази-бизнисмените

ЛУКСУЗЕН АВТОМОБИЛ, ЗГОДНА СЕКРЕТАРКА, “БЕСНИ” ПРОСТОРИИ И – ИЗМАМА

ИЗВОЗОТ – КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА ПОРАСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ВРАБОТЕНОСТА

Специјален прилог

АПСУРДИ

Page 2: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 16 декември 2010

НАЈОПАСНИ СЕ КВАЗИ � БИЗНИСМЕНИТЕ

Најопасни се квази-бизнисмените. Ќе купи луксузен автомобил, ќе најми згодна секретарка, добро уредени простории, ќе побара стока од нас. А ние, како производители, ќе му дадеме на чекање, без гаранција. Банкарските гаранции чинат многу, а тој нема пари за тоа, па ќе замоли да го почекаме. Во меѓувреме, се фали по градот дека е голем бизнисмен, но за неколку месеци, година, ќе го снема. Како да наплатиш пари од таков бизнисмен? Долгогодишното искуство не` научи да не влегуваме во големи ризици на таков начин. Инсистираме на договор што ги заштитува двете страни, затоа што знаеме дека судството не функционира. Значи, иако имаме договори, не дозволуваме да бидат со голем ризик. Фирмите што ги познаваме и со кои долго работиме ги „кредитираме„ до некој одреден ризик, но тие на крајот на годината ќе го израмнат долгот кон нас. На некои нови фирми ќе им пуштиме еден-два шлепера и ќе видиме како ќе оди наплатата. „Ренова„ изгради добра трговска мрежа. Соработуваме претежно со трговци, а тие потоа им продаваат на градежните компании. Уште една опасност за нашето работење е и нелојалната конкуренција. Секој може да произведува се` што сака без никаква контрола од страна на државните институции. Еве, неодамна се формираше некаква агенција за контрола на прехранбените артикли, но за градежните материјали такво нешто не постои. За тој што не се разбира во нивниот квалитет многу лесно е да се наседне на примамливата амбалажа на производите што се направени во некоја гаража и кои немаат никакви атести и сертификати. На крајот на краиштата, тој што нема доволно пари, ќе купи од тие евтини материјали, но на крајот ќе помине како во народната: „Сиромавиот секогаш два пати плаќа„. Нашите производи редовно ги контролираат овластени институции на наше барање, а за некои од нив, како лепаците за стиропор, примероци праќаме во Германија, за проверка на квалитетот. Пред 5-6 години имплементиравме и ИСО стандарди, а сега имаме и ЦЕ-ознака на нашите производи, што значи дека се направени по европски стандарди.

(Шефки Идризи, сопственик и директор на „Ренова“)

Покровители

ПОДВЛЕЧЕНО

СУШТИНАТА Е ВО АЛОКАЦИЈА НА ПАРИТЕ КОН ИЗВОЗНИ ПРОЕКТИ

Суштината не е дали банките имаат доволно средства за финансирање на проекти. Суштината е дали можеме да генерираме здрави профитабилни одржливи проекти кои претежно би требало да бидат ориентирани кон извоз и на тој начин да се изврши ефикасна алокација на средствата и да се динамизира економскиот раст и да се отвораат нови работни места.

(Д-р Глигор Бишев, прв генерален директор на Стопанска банка АД Скопје)

ГОЛЕМИ ВЛОЖУВАЊА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА

Оваа година, во рамките на Годишниот план за изработка на проектна докуметација за Коридор 8 се реализираше изработката на Физибилити студија, идеен проект и Студија за проценка на влијанието врз животната средина за делницата од Кичево до Лин, граница со Република Албанија, како и основен проект за делницата од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија. Исто така, склучивме договор за грант во висина од 0.5 милиони евра за изработка на Физибилити студија и Студија за проценка на социјалното влијание и влијанието на животната средина за железничкиот дел од Коридор 8, источен дел од Куманово до граница со Р.Бугарија и се очекува овие студии да бидат готови во кон средината на 2011 година, по што ЕБРД ќе го каже својот финален став

околу финансирањето на оваа делница. Во делот на железничкиот коридор 10, преку инструментот за предпристапна помош - ИПА во рамките на оперативната програма за регионален развој се обезбедени средства со кои ќе се овозможи подобрување на постојната инфраструктура. Во следниот период е предвидено да се реализираат активности за реконструкција на железничките делници Куманово-Дељадровци и Драчево – Велес, како и да се преземат активности за реконструкција на патничката железничката станица во Скопје, за што по изготвувањето на соодветните студии и проекти, се очекува да биде склучен договор следната година, а градежните работи да завршат во 2013 година. Исто така, предвидено е во следната година да започнат активности за изработка на техничка документација за ремонт на пругата Битола-Кременица, каде се предвидени активности кои опфаќаат изработка на физибилити студија, студија за проценка на влијанието на животната средина, анализа на придобивки и трошоци и изработка на основен проект во рамките на оперативна програма за регионален развој. Со средства од Европската банка за обнова и развој, во следниот период ќе се изврши ремонт на 3 делници од Коридорот 10 и тоа на делниците: Табановце-Куманово, Ногаевци-Неготино и Миравци-Смоквица.

(Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски во Владата на Република Македонија)

Page 3: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 16 декември 2010

Со цел да се зголеми успехот на претпријатијата во добивањето средства од ЕУ-фондовите, на седницата на Собранието на Стопанската комора на Македонија беше промовиран новиот Центар за имплементација на развојни идеи – ЦИРИ (21.12.2010 година). Притоа, беа презентирани можностите за користење на средствата од фондовите на Европската унија во 2011 година кои се клучни за компаниите со цел подигање на нивната конкурентност и иновативност. Преку ЦИРИ компаниите ќе можат да ја добијат неопходната помош за подготовка на апликациите за добивање на европските пари.

Македонија како земја-кандидат, од 2007 година има пристап до програмите на Заедницата за развој, истражување, конкурентност и иновативност. Беа презентирани програми како можности за користење на средствата од фондовите на Европската унија во 2011 година и тоа:

1. Програмата за конкурентност и иновативност – ЦИП 2007- 2013;2. Програмата за истражување и развој - ФП7 и3. Претпристапната програма ИПА ( ИПАРД).

1. Програмата за конкурентност и иновативност ЦИП 2007- 2013 3.621 милиони евра

Финансиски инструменти 1.129 милиони евра

Развој на услуги за поддршка на МСП 338 милиони евра

Екоиновации и промоција на иновативноста во компаниите

585 милиони евраекоиновации

280 милиони евра

ИКТ програма 728 милиони евра

Интелигентни енергии 727 милиони евра

Со плаќањето на влезен билет од страна на Владата се овозможува пристап до сите фондови на ЦИП за македонските компании и институции, како и вклучување на Македонија и во ИКТ (750 милиони евра и Интелигентна енергија (750 мил. евра) од 2011 година.

2. Програма за истражување и развој - ФП7 е насочена кон 4 клучни фактори:

• соработка;• истражување за МСП;• човечки потенцијал и• истражувачки капацитети.

Вкупно на располагање на ФП7 се 800 милиони евра за 2011 година од кои:

• најмалку 35% сe наменети за истражување и развој за МСП;• 14 нови повици во текот на 2011 година.

Од вкупно 1.9 милијарди евра половината од парите се наменети за МСП, а половина за истражувачки институции ( конзорциуми).

Клучните програми на ФП7 по сектори се:• медицина и фармација - 682 мил. евра;• ИКТ - 240 мил. евра;• енергетска ефикасност - 145 мил. евра;• енергија - 267 мил. евра;• екоиновации - 240 мил. евра;• транспорт - 415 мил. евра;• МСП - 204 мил. евра;

• конкурентна индуст. - 436 мил. евра - (од кои 130 мил. евра во делот на јавно приватно партнерство).

ФП7 има партнерски ( конзорциумски ) пристап и тоа:• се бараат најмалку 3 – 20 партнера од ЕУ-земјите и земјите-кандидати;• секогаш се вклучени истражувачките институции;• но услов е да се вклучени и најмалку 2 МСП.

3. Претпристапна програма ИПА (ИПАРД) Претпристапната програма има Годишен претходно изготвен план на проекти во договор со Европската комисија и за компаниите е наменета само петтата компонента ИПАРД со 40 милиони евра, која се состои од 4 клучни фактори:

1. градење на административен капацитет;2. погранична програма (Албанија, Бугарија, Грција);3. регионален развој (од 2011 година регионална конкурентност);4. човечки ресурси и5. ИПАРД.

Работата на Центарот за имплементација на развојни идеи – ЦИРИ

Мисијата на Центарот за имплементација на развојни идеи – (ЦИРИ) е испорака на висококвалитетни и стандардизирани услуги за

пристап до ЕУ-фондовите и до меѓународните програми за РМ и ЈИЕ. Формирањето на квалитетна понуда од искусни и стручни консултанти е со цел испорака на комерцијални консалтинг-услуги на јавниот и приватниот сектор за иницирање и имплементирање на развојни идеи. Основните Принципи на Центарот за имплементација на развојни идеи се:

• доверба меѓу претпријатијата и консултантите;• пристап до применливо знаење;• успех во повлекување средства за поддршка на приватниот сектор;• приоритет е растот и развојот на клиентот (македонскиот приватен сектор);• градење на партнерства и сојузништво;• пишување проектна документација и апликации за поединечни повици;• реализација/ имплементација на проекти;• мобилизирање / обезбедување средства за покривање на трошоците на претпријатијата за развој на проекти и плаќање на консултантски услуги;• обезбедување фондови на финансиски средства за кредитирање на одобрени проекти.

Инаку, знаењето е во суштината на Лисабонската агенда и ја поткрепува во сите нејзини елементи. Истражувањето и технологијата заедно со образованието и иновациите се битните компоненти на “Триаголникот на знаење “.

Јадранка Аризанковска

ТРИБИНА Собрание на Стопанската комора на Македонија

ПРОМОВИРАН ЦЕНТАРОТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РАЗВОЈНИ ИДЕИ - ЦИРИ

* На седницата беа презентирани и програмите за користење на средства од фондовите на Европската унија: за конкурентност и иновативност – ЦИП 2007- 2013, за истражување и развој - ФП7 и Претпристапната програма ИПА ( ИПАРД)

Page 4: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 16 декември 2010

Заеднички настап на трети пазари и создавање на заеднички производи и услуги, се билатералните предизвици со коишто бизнис-заедниците од двете земји, со поддршка на стопанските комори на Македонија и на Србија, треба особено интензивно да се занимаваат во наредниот период. Во тој правец треба да се искористи и традиционалната соработка на двете стопанства и нивните деловни асоцијации, што и онака е на највисоко можно ниво. Ова беше констатирано при посетата на Стопанската комора на Македонија на Александар Николиќ, економски советник во Амбасадата на Република Србија во Република Македонија (17 декември 2010). Србија е традиционално втор трговски партнер на Република Македонија и прв во рамките на ЦЕФТА. Во првите 10 месеци, Македонија има извоз во Србија во висина од 214 мил. САД $ , што е за 78 мил. САД $ помалку во однос на истиот период од 2009 година. Притоа, увозот изнесува 330 мил. САД $, што е за 13 мил. САД $ помал во однос на ист период лани. Македонија и Србија, треба да користат и други модели за стопанска соработка. Пазарите за регионот се отвораат спрема ЕУ, југоисточниот Медитеран, Источна Европа и кавкаските земји. За позиционирање на така големи пазари потребни се конкурентни производи, количини, заеднички транспорт и промоција. Двете комори треба да дадат стручна поддршка на приватниот сектор за да се препознае интересот и реалните можности и тој да се

реализира. Геостратешката положба на двете земји, коридорите 10 и 8 и Дунав како воден коридор, како и долините на Вардар и Морава, се фактори за развој кои се` уште не се во оптимално искористување и во функција на стопански раст. Повеќе директни секторски контакти со конкретни потреби, визии и барања кон јавниот сектор, како и настани кои би ги промовирале стратешките развојни определби, би влијаеле и за порешителни и конкретни зафати и проекти. Со гостинот беа разменети и идеи за конкретна соработка меѓу двете бизнис-заедници.

Љубица Нури

Во континуитет на циклусот работилници, што Стопанската комора на Македонија ги организира во соработка со Царинската управа на Република Македонија и EEN (Европски информативен и иновативен центар во Македонија), на 21.12.2010 година во Штип, се одржа работилница-семинар на повеќе актуелни теми од надворешно-трговското и царинското работење. Посебен акцент беше ставен на основните карактеристики и можностите за стоковна размена меѓу земјите во Регионот на CEFTA, примената на современите модули за царинско и деловно електронско учење (e-learning) што го спроведува Царинската управа, корисноста и практичната примена на поедноставените постапки во царинското работење, како и улогата, предностите, одговорностите и правата при користењето на АТА-карнетите што ги издава Стопанската комора на Македонија. Бројното присуството на претставници од голем број стопански бранши беше знак за побудениот голем интерес кај стопанствениците за проблематиката од актуелното надворешно-трговско и царинско работење, а според мислењето

на стопанствениците, не изостана ниту високиот квалитет на предавањата, за што соодветен придонес даде стручната екипа на Царината и Комората. Со оглед на недоволното користење на сите поволности

што на бизнис-компаниите им се нудат за унапредување на надворешно-трговското и царинското работење, особено во практичната примена на поедноставените царински постапки, како и на АТА-карнетите, беше даден апел за поголема соработка со Комората и Царината, што ќе им овозможи полесно и поедноставно да дојдат до надминување на отворените прашања од секојдневното

работење. Стопанствениците беа информирани и за обврските што произлегуваат од задолжителната примена на безбедносните мерки на Европската комисија за влез, односно излез на стоките во и од Европската унија, што задолжително ќе се применуваат од 1.01.2011 година од страна на економските оператори во меѓународното трговско работење.

ПАРТНЕРСТВО Работилница на Стопанската комора на Македонија и Царинската управа на РМ за бизнис-заедницата од штипскиот регион

БИЗНИСМЕНИТЕ БАРААТ УШТЕ ПОТЕСНА СОРАБОТКА СО ЦАРИНАТА

Александар Николиќ, економскиот советник на Амбасадата на Србија во Република Македонија во Комората

СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

ПОСЕТИ

Page 5: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 16 декември 2010

Зона на слободна трговија со ЕУ од 2011 година – Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ („Службен весник на РМ„ бр.39/2001 и „Службен весник на ЕЗ„ Л124/2001) во однос на трговијата го регулира десетгодишниот асоцијативен период и престанување на асиметричната трговска либерализација, од 2011 гоидна.Тоа значи дека пазарот на Република Македонија целосно ќе се либерализира за увоз на индустриски производи од ЕУ. Либерализацијата се однесува и на земјоделско-прехранбени производи, со исклучок на најчувствителните прехранбени производи кои и натаму ќе бидат заштитени преку системот на квантитативно ограничување - квоти, или намалување на актуелната царинска стапка при увоз од Заедницата. Протоколот кон Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу ЕЗ и Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.122/2007 или „Службен весник на ЕУ„ Л 99/2008) ги регулира стапките на заштита.

Зона на слободна трговија со ЦЕФТА од 2011 година - Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), наречен ЦЕФТА 2006 е на сила од 22.11.2007 година („Службен весник на РМ„ бр. 69/2007) и воспоставува зона на слободна трговија со индустриски производи, меѓу земјите-потписнички: Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија, Црна Гора и УНМИК за територијата на Косово, заклучно со 31 декември 2010 година. Република Македонија е во постапка на долиберализација на земјоделски производи со Албанија и со Хрватска. Во рамките на ЦЕФТА во примена е и зоната на слободна трговија меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Турција и ЕУ. ЦЕФТА овозможува дијагонална кумулација на потекло меѓу земјите-потписнички на ЦЕФТА и ЕУ во рамките на обемот на либерализацијата на трговијата со ЕУ на секоја одделна земја. ЦЕФТА-договор покрај либерализацијата на трговијата со стоки, за прв пат отвора простор за зголемена соработка меѓу нејзините членки и во следниве области: трговија со услуги, јавни набавки, инвестиции и заштита на интелектуалната сопственост. Зона на слободна трговија со Република Турција - Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција се применува од 1 септември 2000 година („Службен весник на РМ„ бр. 83/99) и со оваа земја во примена е слободна трговија, освен за земјоделски производи, а за некои од нив се применуваат реципрочни земјоделски концесии. Се` уште е во сила забраната на увоз на пилешко месо од Република Турција. Со Република Турција е во примена дијагонална кумулација на потеклото со ЕУ, освен за јаглен, челик и челични производи и земјоделски производи. Зона на слободна трговија со Украина - Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина претставува правна рамка со која се регулира билатералната трговска соработка меѓу двете земји, а се применува од 10 септември 2001 година („Службен весник на РМ„ бр. 53/2001). Од 2007 година во примена е целосна либерализација на индустриските производи, а за одделни земјоделски производи во примена се земјоделски концесии. Зона на слободна трговија со ЕФТА од 2012 година – Мултилатералниот договор склучен меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација, Кралството Норвешка, Република Исланд и Кнежевството Лихтенштајн („Службен весник на РМ„ број 89/2001), а се применува од 1 мај 2002 година, обезбедува асиметричен пристап во одвивањето на трговијата со индустриските и земјоделско-прехранбените производи во полза на РМ. Со тоа, македонските индустриски производи се извезуваат слободно, без царина на пазарите на ЕФТА-државите, за потребите на 12 милиони жители. Од друга страна, трговијата со индустриски производи при увозот од ЕФТА-државите во РМ се одвива во различен транзиционен период, поединечно за секоја држава на ЕФТА и тоа во период од четири, седум и девет години. Во 10-та година од примената на Договорот, а тоа е 2012 година, размената во двете насоки ќе се одвива без царина. Исланд, е со статус на земја-кандидат за членка на ЕУ и е во преговори со ЕУ од јуни 2010 година.

Љубица Нури

РЕГУЛАТИВА И во 2011 година целосна либерализацијата на трговијата - предизвикза ЕУ, ЦЕФТА, Турција, Украина, ЕФТА

МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО ПРЕД СЕРИОЗЕН ТЕСТ

РАЗМЕНА НА Р. МАКЕДОНИЈА СО ЗЕМЈИТЕ - ЧЛЕНКИ НА ЕУ Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со земјите од Европската унија во првите десет месеци од 2010 година достигна вредност од 3,920 милиони САД $, со учество од 56,5% во вкупната размена. При тоа, остварен е извоз во вредност од 1,618 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 2,301 милиони САД $. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,3 %. Трговскиот дефицит изнесува 683 милиони САД$ и е помал во однос на минатата година за 24 отсто. Во периодот јануари-октомври 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (61,3%), што се повторува и во увозот (учество од 53,5%). Компаративните статистички анализи покажуваат дека обемот на стоковната размена во периодот 01-10.2010 година е за 16,9 отсто повиок од обемот на размената во истиот период од претходната година, извозот е зголемен за 31,8%, а увозот бележи раст од 8,3%.

СТОКОВНА РАЗМЕНА НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ 27во периодот јануари- октомври 2010 година

ИЗВОЗ УВОЗСТРУКТУРА

000 САД $ ИНД. 000 САД $ ИНД.

01-10 2009

01-10 2010 10/09 01-10

200901-10 2010 10/09 извоз увоз

ВКУПНО 2 189 033 2 639 866 120.6 4 052 861 4 305 573 106.2 100.0 100.0

ЕУ 27 1 228 063 1 618 899 131.8 2 126 103 2 301 846 108.3 61.3 53.5 Според вкупниот обем на трговската размена со земјите од ЕУ, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Италија, Бугарија, Велика Британија, Словенија и други. Во структурата на топ 20 земји со најголем обем на размена со Република Македонија за посочениот период, 11 земји се членки на Европската унија. Само со Германија, Бугарија, Холандија и Белгија остваруваме суфицит во размената.

Земја/ (бр. на партнер)

Обем во 000 САД $ Структура Извоз во

000 САД $ Структура Увоз во 000 САД $ Структура

Германија (1) 1 012 642 14.6 521 410 19.8 491 232 11.4

Грција (2) 574 305 8.3 210 351 8.0 363 954 8.5

Бугарија (4) 477 377 6.9 244 205 9.3 233 172 5.4

Италија (5) 453 871 6.5 189 393 7.2 264 478 6.1

В.Британија (9) 250 944 3.6 46 224 1.8 204 719 4.8

Словенија (11) 192 018 2.8 56 074 2.1 135 944 3.2

Романија (13) 150 214 2.2 45 839 1.7 104 37 2.4

Шпанија (15) 109 855 1.6 63 114 2.4 46 742 1.1

Австрија (17) 104 805 1.5 29 958 1.1 74 847 1.7

Холандија (19) 104 244 1.5 54 560 2.1 49 683 1.2

Белгија (20) 91 828 1.3 65 457 2.5 26 371 0.6

Бројки и факти

Page 6: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 16 декември 2010

ЛАНИ ИСТРГУВАНИ 7,7 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија во периодот јануари-декември 2009 година достигна вредност од 7.734.643 илјади американски долари, при што е остварен извоз во вредност од 2.691.528 илјади САД долари, додека увозното салдо изнесува 5.043.115 илјади американски долари. Компаративните статистички анализи покажуваат дека обемот на стоковната размена во 2009 година е за 28,71 отсто понизок од обемот на размената од претходната година. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 53,4 %. Трговскиот дефицит во 2009 година изнесува 2.351.587 илјади САД долари и е помал во однос на минатата година за 18,29 отсто.

СТОКОВНА РАЗМЕНА НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ-27 во периодот јануари-декември 2009 година

ИЗВОЗ УВОЗСТРУКТУРА000 САД $ ИНД. 000 САД $ ИНД.

01-12 2008 01-12 2009 09/08 01-12 2008 01-12 2009 09/08 извоз увоз

ВКУПНО 3 978 231 2 691 528 67.7 6 851 673 5 043 115 73.6 100.0 100.0

ЕУ 27 2 366 858 1 512 569 63.9 3 294 165 2 631 671 79.9 56.2 52.2

Во периодот јануари-декемви 2009 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (56,2%), што се повторува и во увозот (учество од 52,2%). Според вкупниот обем на трговската размена со земјите од ЕУ, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Италија, Бугарија, Словенија, Холандија и други. Во структурата на топ 20 земји со најголем обем на размена со Република Македонија за посочениот период, 10 земји се членки на Евопската унија. Најголема трговска размена во 2009 година, Република Македонија има остварено со земјите-членки на Европската унија во вкупен износ од 4,14 милијарди САД долари, при што е остварен извоз од 1,51 милијарда САД долари и увоз од 2,63 милијарди САД долари. Трговското салдо во размената со ЕУ е негативно, со остварен трговски дефицит од 1,12 милијарди САД долари. Најголем трговски партнер на Република Македонија од ЕУ-земјите во 2009 година е Германија, со остварена размена од 967,9 милиони САД $.

СПОРЕДБА 2009 / 2008СТОКОВНА РАЗМЕНА НА МАКЕДОНИЈА СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА 2009/2008 во илјада САД$

ИЗВОЗ ИНД. УВОЗ ИНД. ВКУПНО ИНД.

01-12 2008 01-12 2009 09/08 01-12 2008 01-12 2009 09/08 01-12 2008 01-12 2009 09/08

ВКУПНО Р.М. 3.978.231 2.691.528 67.7 6.851.673 5.043.115 73.6 10.829.904 7.734.643 71,4

ЕУ 27 2.366.858 1.512.569 63.9 3.294.165 2.631.671 79.9 5. 661.023 4.144.240 73,2

Трговска размена на Македонија одделно со земји-членки на ЕУ 2009/2008 во илјада САД $

Земја ИЗВОЗ ИНД. УВОЗ ИНД. ВКУПНО ИНД.

01-12 2008 01-12 2009 09/08 01-12 2008 01-12 2009 09/08 01-12 2008 01-12 2009 09/08

Германија 563.252 450.384 79,9 650.333 517.494 79,5 1.213.585 967.878 79,8

Грција 534.999 290.012 54,2 510.826 439.168 85,9 1.045.825 729.180 69,7

Италија 321.001 217.973 67,9 382.913 361.711 94,5 703.914 579.684 82,4

Бугарија 376.640 216.952 57,5 327.073 242.634 74,3 703.714 459.587 65,3

Словенија 65.107 34.267 52,3 203.361 190.879 94,1 268.469 225.147 83,9

Холандија 70.610 61.532 87,1 93.718 70.424 74,5 164.328 131.956 80,5

Романија 33.466 19.996 60,6 117.509 107.816 92,3 150.976 127.812 84,7

Австрија 22.488 19.080 86,4 119.832 100.301 83,3 142.321 119.381 83,8

Велика Британија 69.941 42.894 61,4 67.079 62.507 92,5 137.020 105.401 76,6

Франција 24.272 12.601 54,2 121.251 91.405 75,4 145.523 104.007 71,7

Полска 16 8.118 50 265 83.220 31403 282 91.338 32389

Шпанија 76.897 38.713 50,6 54.795 48.347 87,3 131.692 87.060 65,9

Белгија 109.214 36.126 33,0 42.096 33.529 79,6 151.310 69.656 46,3

Чешка 14.429 9.322 64,3 65.403 51.887 80 79.833 61.209 76,2

Унгарија 7.178 3.824 57,1 80.564 50.896 62,9 87.743 54.720 62,5

Шведска 9.431 9.460 101 53.542 31.627 59,3 62.974 41.087 65,1

Словачка 11.802 11.825 100 66.031 28.073 42,4 77.833 39.898 51,3

Португалија 20.607 24.685 125 5.250 13.550 260 25.858 38.235 146,1

Финска 65 280 430,7 9.799 32.334 320 9.864 32.615 330

Ирска 527 544 103,2 27.579 28.938 107,4 28.106 29.483 103,6

Литванија 711 345 48,5 1.413 21.484 2100 2.124 21.829 1100

Данска 13.826 2.228 14,3 22.467 19.490 86,4 36.293 21.718 61,1

Луксембург 59 291 493 1.344 1.502 111,7 1.403 1.793 127,8

Кипар 1.975 224 0,11 4.036 1.187 30 6.011 1.411 23,5

Латвија 1.139 621 54,5 202 376 186 1.342 997 74,3

Естонија 111 42 37,8 417 851 204 528 893 169,1

Малта 298 218 73,1 31 28 90,3 329 246 74,8

Бројки и факти

Page 7: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 16 декември 2010

Новите правила во трговијата со ЕУ ќе стапат целосно на сила на 1 јануари 2011 година

БЕЗБЕДНОСНИ ПОДАТОЦИ ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

Од 1-ви јануари 2011 година, трговците ќе треба да достават електронска декларација до царината со безбедносни податоци за стоката пред да ја напуштат или да влезат во Европската унија. Целта на оваа мерка е да се зголеми безбедноста во меѓународната трговија, преку овозможување на царината да извршува подобри анализи на ризикот врз основа на однапред добиените информации, и со тоа подобро да ги таргетира контролите. Трговците имаа корист од транзициониот период за да ги прилагодат своите електронски системи за овие нови правила од јули 2009 година. - Царината денес игра клучна улога во обезбедувањето сигурност на граѓаните и безбедна трговија. Однапред добиените информации ќе и` помогнат на царината во раното навремено детектирање на ризичните пратки и со самото тоа зголемување на безбедноста, без оддолжување на сигурната трговија, - вели Алдиграс Шемета, комесар за оданочување, царини, ревизија и спречување на измама. Од 1-ви јануари 2011 година, сите трговци вклучени во царински трансакции и меѓународна логистика ќе мора да ја обезбедат царината на ЕУ со безбедносни податоци преку електронски декларации, пред стоката да се донесе во и надвор од Европската унија. Покрај тоа, единствен сет/низа на ЕУ ризик-критериуми ќе се применуваат од страна на земјите-членки при спроведувањето на царинските контроли на стока што влегува и излегува од ЕУ. Неодамнешните безбедносни инциденти со авионските пратки покажаа дека зајакнувањето на царинските системи за анализа на ризикот се од суштинско значење за безбедноста на стоката. Пристапот кон безбедносните податоци во рана фаза, односно пред стоката физички да пристигне на граничниот премин ќе овозможи движењето на товарот да биде поефикасно прикажан, а царинските власти подобро да ги извршуваат анализите на ризикот. Како таква, царината ќе може подобро да се фокусира врз контролата на товар со висок ризик , додека побрзото процесуирање и пуштање на стоката при влез или излез, ќе помогне да се обезбеди непречена трговија. Видот на безбедносни податоци кои се бараат од трговците ќе зависи од средствата за транспорт и од бонитетот на трговците вклучени во операцијата. Податоците може да содржат, на пример, опис на стоката, информации за испраќачот или извозникот, патот/маршрутата на стоката, и на потенцијални опасности. Временските рокови за поднесување однапред на безбедносните податоци, исто така, варира во зависност од транспортните средства: од 24 часа однапред на товар за поморски карго до 1 час пред пристигнување за друмскиот сообраќај или уште помалку кога станува збор за воздушниот сообраќај. Од 1-ви јули 2009 година трговците беа во можност да ги доставуваат однапред своите декларации по слободен избор/ како опција. Од 1-ви јануари 2011 година, тоа ќе биде задолжително. Подетални информации може да се најдат на специјалнниот веб-сајт наменет за новите безбедносни мерки во царината: h�p://ec.europa.eu/ecip/security_amendment/index_en.htm Повеќе детали во соопштението за печат (IP/10/1700) и Eвропскиот царински информативен сајт (European Customs Informa�on Portal)

Митко Митевски

РЕГУЛАТИВА

Page 8: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 16 декември 2010

Преференцијална трговија, подобра билатерална правна рамка, поедноставни визни процедури, повеќе конзуларно-дипломатски претставништва, заеднички настап и мерки на поддршка на извоз во земјите на Блискиот Исток и на Евромедитеранската зона – МАГРЕБ - се клуч за враќање на македонските компании на овој пазар - ова е оценката на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и од Магреб, чии претставници ги разгледаа трговската размена и стопанската соработка со овие земји (16.12.2010 година). За унапредување на соработката со овие земји се предлагаат проширување на мрежата на договори за одбегнување на двојното оданочување и други договори од значење за унапредување на севкупна соработка, либерализација на трговијата, взаемно признавање на сертификатите за потекло, на јавните документи, исправи и визните процедури. За да се забрза овој процес, како преодно решение треба времено да се преземат билатералните конвенции и договори од поранешна СФРЈ, во моментот релевантни за земјата. Сакаме да ја поттикнеме билатералната рамка на соработка меѓу Македонија и овие земји затоа што долг период овој регион е запоставен од настапот на нашите фирми. Меѓу другото, отсуствуваат билатерални конвенции, а треба да се фокусираме и на прашањето на економската соработка. Исто така, мора и нашите компании да се организираат, било по стандарди или по капацитети затоа што имаме ограничени финансиски и други капацитети кога се работи за настап на тендери на големи проекти, - истакна Васко Костојчиновски, претседател на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот исток и од Магреб.

За Клубот на фирми за соработка од клучен интерес е да се затворат конвенциите кои обезбедуваат проток на стоки и услуги, како што е прашањето за потеклото на стоките, за царинските бариери и низа други прашања. Претставници на министерствата за надворешни работи, за економија и за финансии известија за активностите што ги преземаат во правец на отворање на земјата кон регионот. Се очекува во март 2011 година да се пристапи кон Регионална конвенција за потекло на стоки која ќе овозможи примена на дијагонално потекло на стоки со земјите од југоисточен медитеран, под услов да се склучи спогодба за слободна трговија барем со една држава од паневромедитеранската кумулација на потекло. Во тек се преговори за либерализација на трговијата со Израел, а се најавува и со Египет. Министерството за финансии ги привршува преговорите за одбегнување на двојното оданочување со Израел и со Мароко. Во принцип, овој процес зависи и од заинтересираноста на другата страна.

АКТУЕЛНО

Македонскиот бизнис бара државна стратегија и поддршка за враќање на Блискиот Исток и Магреб

ЗАГЛИБЕНИ ВО ПЕСОК ПРЕД ПОЗНАТИТЕ ПАЗАРИ

Трговска размена на Република Македонија со земјите од Блискиот исток и Магреб

ВО ПОДОЛГ ПЕРИОД НИСКО И БЕЗ ГОЛЕМИ ОСЦИЛАЦИИ

Република Македонија во првите десет месеци од 2010 година има остварено трговска размена со Алжир, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет, Ирак, Иран, Мароко, Кувајт, Либија, Мароко, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сирија, Јордан. Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија во посочениот период со земјите од Блискиот Исток и од Магреб достигна вредност од 41,7 милиони САД $, при што е остварен извоз во вредност од 11,3 милиони САД $ и увоз во вредност од 30,4милиони САД $. Трговскиот дефицит изнесува 19,2 милиони САД $, додека покриеноста на увозот со извоз изнесува 37 %. Во вкупната трговска размена на Република Македонија, размената со овие земји учествува со 0,59%, извозот во вкупниот извоз со 0,47%, а увозот со 0,81% во вкупниот увоз на земјата. Трговски суфицит е остварен со Ирак, Либан, Сирија, Алжир, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и со Оман. Трговски дефицит е остварен со Тунис, Мароко, Египет, Израел, Кувајт, Либија, Катар, Саудиска Арабија, и Иран. Најголем трговски дефицит е остварен со Израел, преку 15 мил. САД $, а најголем трговски суфицит со Ирак 3,8 мил. САД $.

Земјите со кои е остварена трговската размена во вредност од над 1 мил. САД $ се: Израел (15.771.854,00); Иран (5.800.936,00), Египет (4.334.849,00), Ирак (3.818.553,00), Обединетите Арапски Емирати (3.559.840,00), Либија (3.000.967,00), Кувајт (1.005.608,00), Мароко (1.487.849,00). Земјите во кои е извезено над 1 мил. САД $ се: Ирак (3.815.985,00), Обединетите Арапски Емирати (2.680.852,00), Иран (1.364.505,00) и Египет (1.104.822,00). Земјите во кои е увезено над 1 мил. САД $ се: Израел (15.183.690,00), Иран (4.436.431,00), Египет (3.230.027,00), Либија (2.731.340,00), Мароко (1.190.237,00). Во поглед на застапеноста на производите во размената, во првите десет месеци од 2010 година најмногу во извозот се застапени: земјоделски и прехранбени производи, производи од железо и челик, електрични апарати, машинска опрема и прибор и др. Во увозот, статистиката бележи прехранбени стоки, хемиски производи (полиетилен), нафтени масла, производи од железо и челик, текстилни производи, превозни средства, алуминиумски производи, козметички производи и др. Овие податоци се однесуваат на директната трговија меѓу Република Македонија со земјите од Блиски Исток и Магреб. Но постојат сознанијата дека дел од стоките со потекло од Република Македонија влегуваат во овие земји преку трети земји: извоз за Либија преку Италија или за Иран и Сирија преку Обединетите Арапски Емирати, преку Австрија во Тунис, итн.

Бројки и факти

Page 9: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 16 декември 2010

Трговска размена со Блиски исток и Магреб за периодот 1-10.2010 година

Име на земјаИзвоз Увоз Вкупно

Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$

ЕВРОМЕДИТЕРАНСКИ ЗЕМЈИЛибан 56.793,00 224.612,00 22.029,00 23.390,00 78.822,00 248.002,00

Тунис 847,00 27.072,00 103.491,00 533.237,00 104.338,00 560.309,00

Мароко 190.451,00 297.612,00 206.313,00 1.190.237,00 396.764,00 1.487.849,00

Сирија 52.538,00 228.767,00 37.092,00 117.830,00 89.630,00 346.597,00

Алжир 135.170,00 224.018,00 0 0 135.170,00 224.018,00

Египет 201.903,00 1.104.822,00 18.781.534,00 3.230.027,00 18.983.437,00 4.334.849,00

Јордан 96.747,00 89.451,00 25.532,00 26.204,00 122.279,00 115.655,00

Израел 288.100,00 588.164,00 8.443.060,00 15.183.690,00 8.731.160,00 15.771.854,00

Либија 152.581,00 269.627,00 4.727.910,00 2.731.340,00 4.880.491,00 3.000.967,00

Вкупно Евро Мед 1.022.549,00 3.044145,00 27.619.051,00 23.035.955,00 28.641.600,00 26.080.111,00

ЗЕМЈИ ОД ЗАЛИВОТОбединети

Арапски Емирати 71.789.103,00 2.680.852,00 325.919,00 878.988,00 72.115.022,00 3.559.840,00

Бахреин 960 74.143,00 2 1.197,00 962 75.340,00

Ирак 15.065.194,00 3.815.985,00 47 2.568,00 15.065.241,00 3.818.553,00

Кувајт 1.874,00 17.048,00 701.358,00 988.560,00 703.232,00 1.005.608,00

Оман 2.236,00 13.885,00 272 1.822,00 2.508,00 15.707,00

Катар 11.661,00 62.594,00 347.687,00 474.871,00 359.348,00 537.465,00

Саудиска Арабија 304.859,00 203.280,00 407.705,00 586.183,00 712.564,00 789.463,00

Вкупно земји од заливот 87.328.468,00 6.867.787,00 6.524.930,00 2.978.264,00 93.853.398,00 9.846.051,00

Иран 162.264,00 1.364.505,00 3.256.609,00 4.436.431,00 3.418.873,00 5.800.936,00

ВКУПНО Блиски исток и Магреб 88.513.281,00 11.286.437,00 37.400.590,00 30.450.650,00 125.913.871,00 41.737.087,00

Компаративните статистички анализи покажуваат дека обемот на стоковната размена во првите десет месеци од 2010 година е за 7,2% понизок од обемот на размената во истиот период од минатата година. Извозот бележи раст од 14,7%, а увозот е намален за 13,4%.

Трговска размена со земјите од Блиски исток и Магреб01-09 2010/01-09.2009 година

Во 000.САД $

Вкупна размена Извоз Увоз

01-10 2009 01-10 2010 Индекс 01-10 2009 01-10 2010 Индекс 01-10 2009 01-10 2010 Индекс

ВКУПНО 44.978 41.737 92,8 9.834 11.286 114,7 35.143 30.450 86,6

Трговска размена со земјите од Блиски исток и Магреб во 2009 година

Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со земјите од Блиски Исток и Магреб во 2009 година не бележи големи осцилации во однос на изминатите години, ниту пак навестува интензивна трговска размена во наредниот период освен за прехранбени производи. Но и тоа се ад хок зделките. Во вкупната трговска размена од 49, 8 мил. САД $, Израел учествува со 27 мил. САД $, и тоа со увозот од вредност од 26 мил. САД $. Во 2009 година е забележен најголем трговски дефицит до сега од 29 мил. САД $.

Трговска размена со земјите од Блиски исток и Магреб во 2009 годинаВо САД$

Име на земја Извоз Увоз Вкупно

Обединети Арапски Емирати 309.414,00 1.243.346,00 1.552.760,00

Бахреин 9.329,00 6.453,00 15.782,00

Египет 3.587.543,00 3.964.298,00 7.551.841,00

Ирак 1.999.793,00 67.522,00 2.067.315,00

Иран 832.366,00 3.905.492,00 4.737.858,00

АКТУЕЛНО

Page 10: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 16 декември 2010

АКТУЕЛНО

Име на земја Извоз Увоз Вкупно

Израел 1.699.943,00 26.071980 27.771.923,00

Јордан 91.680,00 87.955,00 179.635,00

Кувајт 0 36.923,00 36.923,00

Либан 92.345,00 52.170,00 144.515,00

Либија 1.556.704,00 561.640,00 2.118.344,00

Мароко 83.278,00 1.603.733,00 1.687.011,00

Оман 36.089,00 8.161,00 44.250,00

Катар 27.145,00 724.130,00 751.275,00

Саудиска Арабија 73.027,00 177.621,00 250.648,00

Судан 26.713,00 91.199,00 117.912,00

Сирија 69.656,00 134.025,00 203.681,00

Тунис 4.554,00 641.034,00 645.588,00

ВКУПНО 10.499.579,00 39.3776.682,00 49.877.261,00

Поразителен е податокот што во овие седумнаесет таргетирани земји извезени се стоки во износ од само 10,5 милиони САД $. Ваквиот минорен извозен биланс се должи пред се` на поединечни и инцидентни договорени пратки во помали износи, без долгорочни стратешки решенија за одржливо позиционирање на овој 200 милионски пазар со огромна побарувачка за различни производи и услуги. Тој ниту оддалеку не ги одразува потенцијалите на македонскиот извоз. Споредбената анализа на структурата на извозот и увозот покажува дека таа битно не се менува. Навестувањето дека се отвора пазар за прехранбени производи, со скромен извоз во 2007 година, се повтори во 2009 година и првите 10 месеци од 2010

година, с о оглед дека се работи за зделки помали од 100 000 евра. Ваквата неразвиена трговска размена се должи во одреден степен и на незаокружената правна рамка и институционално регулирање на билатералните односи со секоја од земјите или целосно непостоење на истата (пример, со Тунис се` уште не се воспоставени дипломатски односи). Особена пречка претставува што со овие земји немаме преференцијална или слободна трговија. За успешен продор на овие пазари потребна е системска поддршка и подготовка на компаниите. И покрај се` уште добрата перцепција на нашите градежни фирми во тие земји, сепак компаниите од овој сектор не располагаат со капацитет како пред 20 години, ниту се со банкарска поддршка неопходна за настап на големи проекти. Од Република Македонија, согласно расположивите информации, „Маврово инженеринг„, во рамките на Ингра, учествуваше во изведувањето градежни работи на нискоградба во Алжир. Консолидирање и заеднички настап на македонските компании и поврзување со неколку градежни компании од регионот на ЦЕФТА или други странски партнери е реален пат за работа на овие пазари.

Пазарот е се` уште “подзаборавен” имајќи ги предвид транзициските процеси кај нас, и политичките настани во тие земји, било да се од глобален или од друг карактер. Во основа, нашите фирми ги загубија деловните врски, технолошко-технички тешко можат да одговорат на овој пазар со големи барања без системска, како и без финансиска поддршка во подготовките за настап. Непостоењето дипломатско-конзуларни претставништва во овие земји, освен во Египет и во Катар (од 2006 година), е фактор којшто исто така придонесува за неискористување на можностите на регионот. Покривањето на Република Македонија од дипломатско-конзуларните претставништва на овие земји со седиште во трети земји, исто така дополнително ги обременува трговските односи: добивањето визи за деловни луѓе билатерално е отежнато бидејќи виза не може да се добие на македонски граничен премин, туку треба да се патува во трета земја; постапката за верификација на сертификат за потекло е сложена (заверки кај нотар, во суд, во Министерството за правда и Министерството за надворешни работи, амбасадата на земјата-увозник). Со оглед на менталитетот на земјите во регионот, воспоставувањето билатерална коморска соработка е отежнато, без поддршка на претставникот (дипломатско-конзуларен, трговски, овластено лице), на самото место. Непостоењето на билатерално договорно уредување на односите меѓу државите, конвенции коишто ги уредуваат меѓусебните односи на сите нивоа, особено во економијата (инвестиции, оданочување, царинска соработка, работни конвенции...), создава амбиент на несигурност за преземање деловни активности. Република Македонија за сега има билатерални договори со Египет, Израел, Иран, Катар и Кувајт .

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и земјите од Блиски Исток и МагребСтоковна Размена (1999/2009)

во милиони САД$1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Извоз 27,92 12,19 0 0 0 0 2,76 3,83 11,64 5,17 9,6 10,5

Увоз 2,08 4,44 0 0 0 0 7,76 20,04 11,04 16,60 18,3 39,4

Вкупно 31,00 16,63 0 0 0 0 10,52 23,87 22,68 21,77 27,9 49,8

Трг. салдо +25,84 +7,75 0 0 0 0 -5,00 -16,21 +0,60 -11,43 -8,7 -29,3

Page 11: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 16 декември 2010

ДОСИЕ

ЕУ-интегративните процеси – Република Македонија,

Земјите од Евромедитеранското партнерство и земјите од Заливот

Евромедитеранското партнерство и зоната на слободна трговија (Либан, Тунис, Мароко, Сирија, Алжир, Египет, Израел, Јордан, Палестина и Тунис, во 2008 година се отпочнати преговори со Либија, која сега има статус нa посматрач) се лансирани во 1995 година со Барцелонската декларација за партнерство, со цел основање на заедничка област на мир, стабилност и споделен просперитет во Евромедитеранскиот регион. Во 2004 година со европската Програма на соседство овој процес е продлабочен. Во 2008 година, Барцелонскиот процес доведе до создавање на Евромедитеранска унија која претставува Форум. Во Унијата се и Турција, Албанија, БиХ, Хрватска и Црна Гора. Евромедитеранското партнерство претставува трговско партнерство и е клучно за креирање на подлабока евромедитеранска зона на слободна трговија. Евромедитеранското партнерство подразбира примена на паневропската кумулација на потеклото во медитеранскиот базен. Политичката Одлука (2007), земјите од Западан Балкан да бидат дел од дијагоналната паневромедитеранска кумулација на потекло е потврдена во ноември 2009 година во Брисел. Во 2009 година, ЕУ има остварено 224 милијарди евра трговска размена со земјите од југоисточен Медитеран: 119 милијарди евра извоз и 105 милијарди евра увоз. Меѓу 2002 и 2009 година, Европска Инвестициона Банка има инвестирано повеќе од 10 милијарди евра во регионот. Земјите од Евромедитеранското партнерство, освен Сирија која има Договор за соработка со ЕУ, и Либија која преговара, сите други земји имаат асоцијативни договори со ЕУ. Интрарегионалната трговска размена е недоволна (во 2009 година 15 милијарди евра, најниска досега), и затоа Европската комисија ја донесе Програмата 2010 – 2013 година, што треба да ја забрза трговијата меѓу земјите од југоисточен Медитеран со земјите-членки на ЕУ (целосна економска либерализација на регионот не само трговската, интензивирање на контактите бизнис со бизнис, засилена промоција на инвестиционите можности). Покрај, медитеранскиот стопански басен, интересите на ЕУ се присутни и во Заливот. Имено, земјите во Заливот се во долготраен процес на трговска интеграција со ЕУ. Кралството Саудиска Арабија, Кралството Бахреин, Обединетите Емирати, Катар, Султанатот Оман и Кувајт, функционираат во рамките на регионалната асоцијација на овие држави, претставена во Заливскиот совет за соработка (Golf Coopera�on Council/GCC www.fgccc.org). Тоа е

регионална политичка, економска и опшествена организација, со цел имплементирање и претставување на соработката во сите сегменти меѓу шесте арапски држави. Од 1 јануари 2008 година, економиите на овие земји функционираат во рамките на Единствениот заливски пазар и царинската унија, а во однос на ЕУ функционира преференцијална трговија. Во 2009 година, во овие земји ЕУ има извезено 57,8 милијарди евра и има увезено 21,8 милијарди евра. Земјите од Заливот се петти трговски партнер на ЕУ, а ЕУ е трет трговски партнер на регионот. Во

јуни 2010 година, Регионот и ЕУ донесоа Акционен план 2010 – 2013, кој се однесува на интензивна соработка во трговијата, енергијата, транспортот, телекомуникациите и културата. Напоредно, со одвивањето или привршувањето на преговорите за договор за слободна трговија меѓу ЕЗ и Заливскиот совет за соработка, а со цел зајакнување на соработката, во октомври 2007 година, Euro-chambres потпиша Меморандум за разбирање со Федерацијата на трговските и индустриски комори од земјите на Заливскиот совет за соработка со ЕУ, преговорите за слободна трговија траат веќе 20 години без предвидливост за завршување и се очекува, конечно,

нивно привршување. Се планира до 2013 година регионот од преференцијална да влезе во зона на слободна трговија со САД. Мерки на подршка за унапредување на стопанската соработка, трговија и инвестиции со земјите од Блиски Исток и Југоисточен Медитеран Собранието на Стопанската комора на Македонија, со усвојување на предложената Програма за работа на Стопанската комора на Македонија во 2010 година, како еден од приоритетите ја потврди и поддршката на компаниите за воспоставување соработка со земјите на Блиски Исток, Магреб и Заливот. Како долгорочна стратегија, истото е и во Предлог-програмата за 2011 година. Неодминлива е поддршката на ваквата стратегија од страна на Владата - создавање стратегија, правна рамка и други услови. Во тој контекст, се цени дека е потребно да се преземат следните мерки: Проширување на мрежа на договори за одбегнување на двојното оданочување и заштита на странски инвестиции – Договори од овој вид ја поттикнуваат трговијата и инвестициите. Регулирањето на оваа материја со Либија, Ирак и Израел и заштитата на инвестиците со Катар би требало да е приоритетно. Со трите земји има потенцијал за зголемување на трговската размена, а со Катар оваа материја е битна од аспеклт на активностите на Инвестициониот фонд на Катар во Југоисточна и Централна Европа.

Либерализација на трговијата – Да се интензивира, односно да отпочне процесот на либерализација на трговијата во рамките на евромедитеранското партнерство, односно пристапување кон реализација на политичката одлука на ЕУ, земјите од Западен Балкан да се приклучат кон евромедитеранската зона на слободна трговија. Либерализацијата на трговијата со југоисточен Медитеран треба да се третира како составен дел од ЕУ-интеграциите. Взаемно признавање на сертификатите за потекло - Во трговската размена со земјите од Блиски Исток, Магреб и со централноазиските земји проблем е признавањето на македонскиот сертификат за потекло бидејќи признавањето не е билатерално уредено. Се очекува Министерството за надворешни работи да ја заврши постапката за меѓусебно признавање на сертификатите за потекло, иницирана од Стопанската комора на Македонија во 2006 година. Но исто така и со другите земји да се инсистира на билатерално регулирање на взаемно признавање на сертификатите за потекло. Взаемно признавање на јавните документи и исправи и визните процедури со земјите од Блиски Исток и од МАГРЕБ и други трети земји, како и други конвенции - За земјите во коишто Република Македонија нема амбасади (за сега има во Израел, Египет и Катар), да се разгледа можноста за олеснување на процедурите за добивање визи, во смисла, по исполнување на сите услови и претходни процедури, истите да се издадат на граничниот премин во Република Македонија. Исто така, билатералните конвенции за признавање на јавните исправи би го олесниле секојдневното функционирање на деловните луѓе, особено во услови на немање дипломатско-конзуларни претставништва. Тунис – Република Македонија што побргу да воспостави дипломатски односи со Тунис. Поддршка на воспоставување директни контакти бизнис со бизнис - воспоставување директни контакти бизнис со бизнис во основа е работа на приватниот сектор, но администрацијата треба да ја овозможи рамката на поддршка (промоција на

Page 12: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 16 декември 2010

ДОСИЕ извозот, учество на саеими, бизнис-форуми на владино ниво..) Согласно Програмата на Европската комисија за поддршка за интензивирање на трговската и инвестициската соработка меѓу земјите од југоисточен Медитеран и Република Македонија да донесе стратегија во однос на инструментите за поддршка на промовирање и унапредување на билатералната стопанска соработка со Регионот. Министерството за здравство и Министерството за образование да ги преиспитаат интересите и можностите за воспоставување билатерална правна рамка со Ирак и со Либија за соработка во области за коишто тие имаат надлежности. Со тоа се отвораат можностите за нови вработувања и унапредување на трговијата. Решавање на проблеми на побарувања - Владата да ги преиспита можностите за пребивање на побарувањата кон Република Македонија, по основ на сукцесија, со извоз на стоки и услуги, приватизација на државната сопственост или отпис на долг преку проекти за заштита на животната средина. Времено преземање на билатералните конвенции и договори од поранешна СФРЈ - Со оглед дека процесот на унапредување на билатералната инфраструктура е процес којшто бара време, се предлага, за оние конвенции коишто се од техничка природа, коишто не бараат мериторно преговарање, со одлука на Владата или вербална нота, да се преземат од поранешна СФРЈ додека не се постигнат билатерални конвенции. Уставниот закон на Република Македонија предвидува во периодот на сукцесија земјата да може да ги применува билатералните конвенции и договори од поранешна СФРЈ се` додека не обезбеди сопствени. Всушност, ваквата пракса веќе е применувана (ветеринарна и фитосанитарна соработка со Унгарија, безвизен режим со Азербејџан, Белорусија и Грузија,...). Системско правовремено информирање и вклучување на приватниот сектор во активностите на Владата и Претседателот на државата во однос на активностите во земјите на југоисточен Медитеран и земјите од Заливот - со благовремено информирање приватниот сектор може да даде директна поддршка во унапредување на стопанската соработка со земјите од овој регион, но и преку коморска соработка да биде иницијатор и лобист за решавање на многубројни билатерални содржини и не само во сферата на стопанството.

Производи по земји – извоз над 1 мил САД $(за периодот од 01.2010 до 10.2010 )

Земја Име на производот Количина во кг Вредност во САД$

Обединети Арапски Емирати

Гранулирана згура од производство на железо и

челик71.695.940,00 2.017.636,00

Обединети Арапски Емирати

Злато (вклучувајќи платинирано),

необработено, во облик на полупроизвод или прав

17 527.994,00

Обединети Арапски Емирати Тотал 71.695.957,00 2.545.630,00Ирак Јаболки, свежи 14.448.285,00 2.972.458,00Ирак Грозје, свежо 350.352,00 260.173,00

ИракДруги апарати за заштита на електрични струјни кола до

1000 В19.599,00 289.282,00

Ирак Тотал 14.818.236,00 3.521.913,00

ИранДруги апарати за заштита на електрични струјни кола до

1000 В66.247,00 1.120.337,00

Иран Релеи до 1000 В 6.862,00 116.628,00Иран Тотал 73.109,00 1.236.965,00

Египет

Нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови)

и преработки неспомнати, со содржина > од 70% на Нафтени масла и масла

добиени од битуменозни минерали, освен отпадоци

од масла

103.435,00 105.747,00

Египет Други машини со посебни функции 7.600,00 249.104,00

Египет Други калапи за гума или пластична маса 1.011,00 104.494,00

Египет Други делови и прибор за каросерии 53.107,00 433.424,00

Египет Други делови и прибор 29.640,00 125.605,00

Египет Тотал 194.793,00 1.018.374,00

Производи по земји – увоз над 1 мил. САД $(за периодот од 01.2010 до 10.2010)

Земја Име на производот Количина во кг Вредност во САД$

Израел Сок од портокал 333.460,00 620.799,00

ИзраелМешавини од овошни

сокови или од сокови од зеленчук

47.170,00 120.420,00

Израел

Нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови)

и преработки неспомнати, со содржина > од 70% на Нафтени масла и масла

добиени од битуменозни минерали, освен отпадоци

од масла

7.367.383,00 5.516.008,00

Израел Други плочи и слично од полимери на етилен 107.718,00 257.543,00

Израел

Инсектициди, подготвени како за продажба на

мало, или препарати или производи

16.415,00 235.195,00

Израел

Фунгициди, подготвени како за продажба на

мало, или препарати или производи

20.952,00 234.415,00

Израел

Хербициди, подготвени како за продажба на

мало, или препарати или производи

56.480,00 331.201,00

Израел

Уреди за земјоделство и хортикултура, за исфрлање, дисперзија или прскање на

течности или прав

57.729,00 326.587,00

Израел Дигитални машини за автоматска обработка 454 323.872,00

Израел Дигитални централни единици 844 1.197.817,00

Израел

Други апарати за предавање и прием на глас,слики или други податоци,вклучувајки

апарати за комуникација во жичана или безжична

мрежа

2.157,00 625.439,00

ИзраелДелови за

телекомуникациска опрема од одел 76

505 151.289,00

Израел Радари, помошни апарати за радионавигација 346 257.471,00

ИзраелТелевизиски камери,

дигитални камери и видео камери рекордери

1.518,00 1.752.770,00

ИзраелДелови и прибор на апарати и опрема од група 761, 762,

подгрупа 764.3 и 764.8127 153.169,00

ИзраелДруги електрични

апарати за вклучување и исклучување до 1000 В

74 101.677,00

ИзраелСетови на проводници за

палење и слично, за возила, авиони

133 219.085,00

ИзраелЕлектрични апарати за звучна и визуелна

сигнализација595 608.086,00

Израел Тотал 8.014.060,00 13.032.843,00Иран Фстаци, свежи или суви 49.040,00 130.497,00Иран Урми, свежи или суви 198.544,00 133.559,00

Page 13: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 16 декември 2010

Земја Име на производот Количина во кг Вредност во САД$

Иран

Нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови)

и преработки неспомнати, со содржина > од 70% на Нафтени масла и масла

добиени од битуменозни минерали, освен отпадоци

од масла

507.174,00 287.194,00

ИранПолиетилен примарен, со

специфична густина помала од 0,94

198.000,00 308.546,00

ИранПолиетилен примарен, со спечифична густина 0,94

или поголема1.998.475,00 2.608.411,00

Иран Кополимери акрилонитрил -бутадиен -стирол 45.000,00 114.912,00

Иран Други моторни возила за превоз на лица 75.450,00 672.645,00

Иран Тотал 3.071.683,00 4.255.764,00

Египет Грав, освен боб и коњски боб, сушен 515.119,00 225.479,00

Египет Кромид и алма, свежи или разладени 547.400,00 117.886,00

Египет

Мермер,и травертин,екосин, и останати варовнички камен за споменици,

градежништво со привидна специфична тежина 2.5 или повеќе и алабастер, грубо цепен или исечен во блокови или плочи со

квадратен ил

1.089.760,00 198.239,00

Египет

Чист натриум хлорид и сол (сол за јадење и

денатурирана) во воден раствор или не, морска

вода

15.344.770,00 846.610,00

Египет Други корења, камилица, жалфија, нане, афион 21.741,00 108.695,00

Египет Предиво од лен 45.735,00 112.478,00

Египет

Други ткаенини со 85% памук или повеќе со маса до 200г/м2 со предива во

различни бои

5.352,00 139.736,00

Египет Глазирани керамички плочки 503.955,00 117.431,00

Египет Алуминиумски фолии со дебелина до 0.20мм 19.058,00 111.418,00

Египет Шприцеви, игли, катетри, канили и слично 38.364,00 264.641,00

ЕгипетДруги инструменти и апарати за медицина, хирургија и ветерина

6.380,00 195.802,00

Египет Тотал 18.137.634,00 2.438.415,00

ЛибијаПолиетилен примарен, со спечифична густина 0,94

или поголема167.500,00 218.347,00

Либија

Топло валани, плоснати производи, неплатирани, непресвлечени, ширина

600мм и повеќе, дебелина 4.75мм и повеќе, во макари

4.538.410,00 2.487.820,00

Либија Тотал 4.705.910,00 2.706.167,00

Мароко Харинги, сардели и големи сардели, немелени 191.187,00 628.659,00

Мароко Тотал 191.187,00 628.659,00

Производи по земји - извоз(за периодот од 01.2009 до 10.2009)

Земја Име на производот Вредност во САД$Египет Тутун неизжилен 1.198.333,00Египет Други топло валани производи од

железо, неплатинирани, дебелина 4.75мм или поголема, ненамотани

0

Египет Други трактори со тркала 156.129,00Египет Други делови и прибор за каросерии 541.601,00Египет Тотал 1.896.063,00

Земја Име на производот Вредност во САД$Обединети Арапски Емирати

Телефонски апарати 122.432,00

ОАЕ Тотал 122.432,00

Алжир Останати пекарски производи 143.083,00Алжир Цевки, освен од лиено железо, за

нафтоводи и гасоводи324.926,00

Алжир Тотал 468.009,00Израел Останати пекарски производи 159.014,00Израел Вреќи и вреќички за пакување од

синтетички и вештачки текстил122.130,00

Израел Други топло валани производи од железо, неплатинирани, дебелина 4.75мм или поголема, ненамотани

0

Израел Делови 171.169,00Израел Тотал 452.313,00Ирак Кромид и алма, свежи или

разладени135.519,00

Ирак Јаболки, свежи 1.388.064,00Ирак Трансформатори на течен

диелектрик154.161,00

Ирак Тотал 1.677.744,00Иран Други апарати за заштита на

електрични струјни кола до 1000 В289.216,00

Иран Тотал 289.216,00Либија Кули и решеткасти столбови 903.956,00Либија Други конструкции и делови од

железо и челик573.271,00

Либија Тотал 1.477.227,00*) Јордан, Бахреин, Кувајт, Либан, Мароко, Катар, Саудиска Арабија, Оман, Сирија Тунис, зделки со помала вредност од 100 000 САД $

Производи по земји – увоз(за периодот од 01.2009 до 10.2009)

Земја Име на производот Вредност во САД$Алжир Сахароза и друг рафиниран шеќер 186.300,00Алжир Тотал 186.300,00Египет Грав, освен боб и коњски боб,

сушен404.852,00

Египет Чист натриум хлорид и сол (сол за јадење и денатурирана) во воден

раствор или не, морска вода

937.817,00

Египет Уреа и уреа во воден раствор 154.795,00Египет Фунгициди, подготвени како за

продажба на мало, или препарати или производи

249.500,00

Египет Други ткаенини со 85% памук или повеќе со маса до 200г/м2 со

предива во различни бои

120.808,00

Египет Глазирани керамички плочки 105.079,00Египет Шприцеви, игли, катетри, канили

и слично298.113,00

Египет Тотал 2.270.964,00Израел Сок од портокал 496.482,00Израел Нафтени масла и масла добиени

од битуменозни минерали (освен сурови) и преработки неспомнати, со содржина > од 70% на Нафтени

масла и масла добиени од битуменозни минерали, освен

отпадоци од масла

1.920.379,00

Израел Хетероциклични соединенија, само со хетероатом или со хетероатоми

на азот, други

177.000,00

Израел Други хетероциклични соединенија 115.740,00Израел Други плочи и слично од полимери

на етилен298.722,00

Израел Инсектициди, подготвени како за продажба на мало, или препарати

или производи

295.870,00

Израел Фунгициди, подготвени како за продажба на мало, или препарати

или производи

255.074,00

Израел Хербициди, подготвени како за продажба на мало, или препарати

или производи

380.519,00

ДОСИЕ

Page 14: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 16 декември 2010

ДОСИЕ Земја Име на производот Вредност во САД$

Израел Елеци и појаси за спасување 257.219,00Израел Уреди за земјоделство и

хортикултура, за исфрлање, дисперзија или прскање на

течности или прав

687.087,00

Израел Вентили за маслено-хидроулични или пневматски трансмисии

104.224,00

Израел Дигитални централни единици 965.828,00Израел Други апарати за предавање и

прием на глас,слики или други податоци,вклучувајки апарати

за комуникација во жичана или безжична мрежа

2.499.688,00

Израел Делови 1.483.403,00Израел Предаватели со вграден приемник 1.293.070,00Израел Телевизиски камери, дигитални

камери и видео камери рекордери2.312.525,00

Израел Статички конвертори (исправувачи) 290.589,00Израел Електрични акумулатури 119.318,00Израел Електрични апарати за звучна и

визуелна сигнализација238.806,00

Израел Авиони и други воздухоплови , со празна неоптоварена маса до

2000 кг

0

Израел Други делови на авиони и хеликоптери

0

Израел Друго огнено оружје 0Израел Нераспределено 0Израел Тотал 14.191.543,00

Земја Име на производот Вредност во САД$Иран Нафтени масла и масла добиени

од битуменозни минерали (освен сурови) и преработки неспомнати,

со содржина > од 70% н

250.351,00

Иран Полиетилен примарен, со спечифична густина 0,94 или

поголема

1.687.497,00

Иран Други моторни возила за превоз на лица

726.432,00

Иран Тотал 2.664.280,00Либија Полиетилен примарен, со

спечифична густина 0,94 или поголема

508.815,00

Либија Тотал 508.815,00Мароко Харинги, сардели и големи сардели,

немелени804.300,00

Мароко Амониум дихидроген фосфат,смеса со диамониум хидроген фосфат

108.433,00

Мароко Тотал 912.733,00Катар Полиетилен примарен, со

спечифична густина 0,94 или поголема

524.879,00

Катар Тотал 524.879,00Тунис Харинги, сардели и големи сардели,

немелени186.253,00

Тунис Машки панталони, работни комбинезони, шорцеви и слично

101.164,00

Тунис Тотал 287.417,00

*) Обединети Арапски Емирати, Бахреин, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Саудиска Арабија, Сирија со помала вредност од 100 000 САД $

ВИЗЕН РЕЖИМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (СО ДРУГИ ДРЖАВИ, СПЕЦИЈАЛНИ АДМИНИСТРАТИВНИ РЕГИОНИ И СУБЈЕКТИ И ТЕРИТОРИЈАЛНИ ВЛАСТИ НЕПРИЗНАТИ КАКО ДРЖАВИ)

Бр. ДржаваВиза за влез во

РМ

Виза за влез во

странската земја

Странски ДКП надлежни за издавање визи на државјани на РМ

ДКП наР.Македонија акредитирано за странската

држава

5 Алжир ДА ДА Белград…..+381113671211

14 Бахреин ДА ДА

49 Египет ДА ДА

Софија.........+359 29870215

Софија.........+359 29881509

Каиро........+202 25 172 100

62 Ирак ДА ДА Белград........+38111467508

63 Иран 2* ДА ДА Софија.........+3592

9876173

59 Израел НЕ НЕ Белград........381113672400

Тел Авив......972737154900

69 Јемен ДА ДА Париз............+33153238787

78 Катар ДА ДА Рим.........+39 06 44 249 450

Катар....+974 49 31 374

93 Кувајт ДА ДА Анкара....+90 312 446 45 78

97 Либан ДА ДА Анкара.......+903124467485

99 Либија ДА ДА Белград.......+38111 668253

111 Мароко ДА ДА Софија......+359 2 865 11 26

130Обединети

Арапски Емирати

ДА ДА Рим.............+390636306100

СК........(02) 3118692

131 Оман ДА ДА Рим............+390636300517

132 Палестински власти ДА ДА

146 Саудиска Арабија ДА ДА Лондон 00442079173000 Анкара......+903 12

439 92 04

158 Сирија ДА ДА Софија.........+35929625742

173 Тунис ДА НЕ Белград......+381113691961

ВАЖНО:I) Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија („Сл. весник на РМ„број 123 од 02.10.2008) државјаните

на земјите-членки на Европската унија и потписнички на Шенгенскиот договор можат да влегуваат во Република

Македонија и со важечка лична карта издадена од надлежните органи на таа земја.II) Секој странски државјанин кој поседува важечка повеќекратна шенген-виза (важечка за сите држави-потписнички

на Шенгенскиот договор), може да влезе во Република Македонија без виза со престој до 15 дена. Шенген-визата треба да е важечка најмалку 5 дена повеќе од дозволениот престој.

III) Секој странски државјанин кој поседува важечка дозвола за постојан престој во една од земјите-потписнички на Шенгенскиот договор, може да влезе во Република Македонија без виза со престој до 15 дена.

IV) Со виза престојот се регулира согласно издадената виза но не повеќе од 90 дена.Без виза престојот е 90 дена со исклучок на Турција, Јапонија и Црна Гора во кои е 60 дена.V) За носители на патни исправи на ООН не е потребна виза.VI) За сите држави, визите се издаваат единствено во Дипломатско конзуларно претставништво на Република

Македонија во странство.

1* Виза е потребна за носителите на македонски небиометриски патни исправи. • Бугарија, Романија и Ирска, визите за краток престој ги издаваат бесплатно.

2* Виза не е потребна за носители на дипломатски и службени патни исправи двострано.3* За државјани на Република Македонија и на Азербејџан и Белорусија ќе се применува Спогодбата (од 3.10.1989)

склучена меѓу Владата на поранешна СФРЈ и СССР за взаемни патувања на граѓаните, кои според истата виза не е потребна:

• за дипломатски и службени патни исправи и за граѓанските патни исправи клаузула „деловно“;• за туристички и групни патувања во организација на туристички агенции и поединечно со „ваучер“;• со заверка на покана ако се оди во посета на роднини или пријатели или со заверена телеграма во итни случаи

(болест, свеченост и сл.);• за посета на гроб на роднина што се докажува со потврда од Црвен Крст;• за патување заради здравствени прегледи или консултации, се приложува упат или покана од здравствена

организација;• еднострано, оваа спогодба се применува и за државјани на Грузија.

4* Двострано, виза на е потребна за носители на дипломатски и службени патни исправи и граѓански патни исправи со клаузула „деловно“ како и за кинеска патна исправа за службени потреби - passport for public affairs;

5* Потребна е согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.6* Виза се издава на аеродром, со претходно обезбедување на повратен авиобилет, хотелска резервација и доказ

на поседување на финансиски средства. 7* Странските државјани до 15.10.2010 година можат да влезат во Република Македонија без виза со престој до

90 дена. 8* За туристички престој на државјани на Република Македонија, не е потребна виза со престој до: Кенија,

Аргентина и Перу до 90 дена, а Сингапур до 14 дена. 9* Носители на македонски небиометриски патни исправи кои поседуваат шенген виза може да транзитираат до

5 дена (Бугарија, Романија).10* За државјаните на Република Македонија визата може да биде издадена на граничен премин.11* За носители на специјални патни исправи на Перу не е потребна виза.12* Двострано, такса не се наплатува за одобрување на привремен и постојан престој.13* За државјани на Република Македонија и на Руската Федерација се применува Спогодбата склучена меѓу

Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за услови на заемни патувања на државјаните на двете земји („Сл. Весник на РМ„ број 119 од 19.09.2008 година).

Виза не е потребна:• двострано за носители на дипломатски и службени патни исправи;• двострано, носители на граѓански патни исправи кои имаат одобрение за привремен или постојан престој на

територијата на другата држава;• двострано, носители на граѓански патни исправи кои патуваат заради остварување на деловни контакти,

размена во научно-техничка, образовна, културна, спортска област и новинарска дејност, краткорочен студиски престој, лекување, како и посета на роднини или познати (до 90 дена, врз основа на покана од физички или правни лица оформена согласно законодавството на секоја држава;

• туристички патувања (престој до 30 дена, врз основа на оригинален договор за давање туристичка услуга (ваучер) и потврда за прифаќање на странските туристи од организаторот која врши туристичка дејност на територијата на другата држава.

Во сите други случаи потребна е виза.14* Виза не е потребна за влез во Мексико ако се поседува важечка виза за САД.15* За државјани на Република Македонија и на Украина се применува Спогодбата склучена меѓу Владата на

Република Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за услови на заемни патувања на државјаните на двете земји.

Виза не е потребна:• двострано за носители на дипломатски и службени патни исправи;• двострано, носители на граѓански патни исправи кои транзитираат со престој до 5 дена (прилог: виза за трета

земја, патен билет, дозвола за престој, документи што го потврдуваат транзитниот карактер);• двострано, носители на граѓански патни исправи кои патуваат заради остварување на деловни контакти,

размена во научно-техничка, образовна, културна, спортска област и новинарска дејност, краткорочен студиски престој, лекување, како и посета на роднини или познати (до 90 дена, врз основа на покана од физички или правни лица оформена согласно законодавството на секоја држава;

• туристички патувања (престој до 30 дена, врз основа на оригинален договор за давање туристичка услуга (ваучер) и потврда за прифаќање на странските туристи од организаторот кој врши туристичка дејност на територијата на друга држава.

Во сите други случаи потребна е виза.(Извор: Министерство за надворешни работи на РМ)

Page 15: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 16 декември 2010

ДОСИЕ

ЛЕГИСЛАТИВАЕГИПЕТ

• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу македонската Влада и египетската Влада за научна и технолошка соработка ( 2000)• ЗАКОН за ратификација на трговската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет ( 2000)• ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за поттикнување и заемна заштита на инвестициите ( 2000)• ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал ( 2000)• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за соработка на полето на борбата против криминалот ( 2000) • ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за културна соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет ( 2000)• Договор за соработка и заемно признавање на сертификатите за потекло на стоките, меѓу Стопанска комора на Македонија и Федерацијата на трговско-индустриски комори на Египет (мај 2003);

ИЗРАЕЛ

• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата на Израел (1999)• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата на Израел за соработка во областа на културата, образованието и науката (2005)• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата на Израел за соработка во областа на здравството и медицината ( 2010)

ИРАН

• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Исламската Република Иран за превоз на патници и стоки во меѓународниот патен сообраќај (1998)• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за културна, научна и образовна соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Исламската република Иран (2001)• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Исламската Република Иран за заемно унапредување и заштита на инвестиции (2002)• ЗАКОН за ратификација на Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Исламската Република Иран за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал (2002) • ЗАКОН за ратификација на Договор за трговска економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Исламската Република Иран (2002)

КАТАР

• ЗАКОН за ратификација на Договорот за економска, комерцијална и техничка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар (2005, во сила на 26 септември 2008)• ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход (2008 ) • ЗАКОН за ратификација на Меморандумот за соработка во областа на земјоделството меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар (2009)

КУВАЈТ

• ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Државата Кувајт и Владата на РМ за консолидација и репрограмирање на одредени долгови на РМ спрема Државата Кувајт (1997)• ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Државата Кувајт и Владата на РМ за консолидација и репрограмирање на одредени долгови на РМ спрема Државата Kувајт (2003)• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Кувајт за економска и техничка соработка (2003)• ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Кувајт за економска и техничка соработка (2003)• ЗАКОН за ратификација на договорот меѓу Република Македонија и државата Кувајт за поттикнување на заемна заштита на инвестиции („Сл. весник на РМ„ 57/2010)

Page 16: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 16 декември 2010

МОЖНОСТИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со локалните канцеларии на кредитните програми на ЕБОР/ЕУ нa 17 декември 2010 година на заинтересираните стопански субјекти им претстави две програми за кредитирање: Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан –WeBSEFF и ЕУ/ЕБОР Македонија – Инструмент за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија (МСП) Програмата за финансирање на одржлива енергија на Западен Балкан – WeBSEFF . Тоа е кредитна линија што ја овозможува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската комисија (ЕК) со која се обезбедуваат кредити до 2 милионa евра за фирмите од Западен Балкан кои имаат потенцијал за заштеда на еанергија или потенцијал за искористување на овновливите извори на енергија. Кредитите се достапни за преку домашните партнерски банки. Посебна поволност е бесплатната екпертиза. Европската комисија го финансира тимот од технички и финансиски експерти на WeBSEFF кој за потребите на фирмата ќе го изготви најдобриот проект зa инвестирање, тој што ќе овозможи

вложувањата да се отплатат за најмногу 5 години. Но најголемата поволност на оваа кредитна линија е можноста фирмите да добијат паричен надоместок на дел од инвестицијата, по успешното завршување на проектот, во износ од 15%-20%, и тоа: инвестиции во индустриска енергетска ефикасност, инвестиции во енергетска ефикасност на комерцијални објекти и инвестиции во обновливи извори на енергија. Вкупниот обем на оваа кредитна линија на ЕБОР е 60 милиони евра, врз принципот прв-дојден-прв-услужен. Во рамките на презентацијата беше даден пример како, со релеватни заштеди на енергија може за кус период да се отплатат потребните вложувања. Таков е примерот со еден клиент на програмата WeBSEFF кој утврди дека инвестицијата од 2,5 милиони евра може да се отплати за осум месеци. Подетално за кредитната линија од презентацијата

достапна и преку веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk. ЕУ/ЕБОР Македонија – Инструмент за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија (МСП) има за цел да ја зајакне конкурентноста на малите и средни претпријатија низ примена на стандардите од областа на животната средина, безбедност и здравје при работа и квалитет и сигурност на производи и услуги. Обемот на кредитната линија која ја обезбеди ЕБОР за оваа намена изнесува 15 милони евра, кои ќе бидат пласирани преку три деловни банки, во износ од по 1 милион евра по кредитобарател. И оваа кредитна линија има посебна поволност, а тоа е можноста за субвенционирање на дел од кредитот преку грант кој го доделува ЕУ и тоа:

• 10% од сумата на кредитот ако со инвестицијата се задоволени барањата на националното законодавство, а не сосема барањата на ЕУ-директивите;

• 15% од сумата на кредитот ако со инвестицијата се обезбедува усогласеност со барањата на ЕУ-директивите, кои се однесуваат на безбедност при работа и безбедност на производи и услуги и

• 20% од сумата на кредитот ако со инвестицијата се обезбедува целосно усогласување со барањата на приоритетните ЕУ-директиви од областа на животната средина.

За искористување на средствата од оваа кредитна линија и за искористување на можниот грант на ЕУ, најважни критериуми се претпријатието да спаѓа во групата на мали и средни претпријатија согласно дефиницијата на ЕУ и да е кредитно способно. Со цел да им помогне на фирмите за аплицирање ЕБОР ангажира консултант на проектот, конзорциум од меѓународни и национални консултанти, ARBOS Management Advisors, ETA – Environmental Consul�ng ([email protected]) AAG-Analysis and Advisory Group ([email protected]) кој ќе им помогне на кредитобарателите во подготовката на инвестиционите програми. Кај споменатите консултанти може да се добијат подетални информации за кредитната линија ЕУ/ЕБОР Македонија – Инструмент за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија (МСП).

Зорица Мешкова

Презентирана Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балка и Инструментот за поддршка на конкурентноста на МСП

МЕСТО ВЕТЕРНИЦИТЕ, ВЕТРОТ ЈА ОДДУВА КОНКУРЕНТНОСТА

Page 17: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 16 декември 2010

Претставници на корејската фирма „Самсунг хеви индустри“ и на „Инвал „Македонија“, која е дел од шпанската фирма „Инвал“, денеска најавија дека во 2011 година ја почнуваат инвестиција за изградба на ветерници во Штипско. Генералниот маркетинг менаџер на „Самсунг хеви индустри“ , Тајон Чо, како што наведува МИА, истакнал дека се подготвени од август 2011 година да постават 40 ветерници, со поединечна сила од 2,5 мегавати, а распоредени на четири локации во околината на Штип. Ветрениците во штипско, како што посочи, ќе биде еден од поголемите иневстициски зафатаи на конзоруциумот

што го сочинуваат „Самсунг хеви индустри“, „Косеб“ и „Инвал Македонија“.

Инвестицијата во изградбата на ветерниците во штипскиот регион чини околу 150 милиони евра.Градоначалникот Зоран Алексов е задоволен што познатиот штипски ветар ќе биде искористен за добивање електрична енергија, а Штип ќе биде првиот град каде што странски инвеститори ќе изградат фарма на ветерници.Странските инвеститори очекуваат деновиве во Владата да ги детализираат деловите од договорот, со што ќе ги почнат активностите за изградба на

ветерниците во Штип.

ИНВЕСТИЦИИПочна изградбата на новиот трговски центар „Скопје Сити Мол“, најголем и најмодерен во Југоисточна Европа

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА

БАНКАРСТВО

Поставен е камен-темелник за изградба на нов трговски центар „Скопје Сити Мол“, лоциран меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Илинден“ во општина Карпош. На почетокот на изградбата на овој најголеми и најмодерен трговски центар во Југоисточна Европа присуствуваше и премиерот м-р Никола Груевски, - објавува МИА. Трговскиот центар се предвидува да биде отворен во втората половина на 2012 година. Инвеститори на „Скопје Сити Мол“ се Fashion Group од Македонија и Balfin Group од Албанија ивкупната инвестиција чини 80 милиони евра. Проектот е поддржан од Европската банка за подршка и развој. Центарот ќе се простира на површина од 90.000 метри квадратни, со околу 150 продавници и 1.300 паркинг места, а

се планира отворање на над 2.000 нови работни места. „Скопје Сити Мол“ е креативен и иновативен дизајн на американското архитектонско студио Laguarda Low. Питер Варден, главен извршен директор на BalfinМакедонија рече дека почетокот на изгрдбата на „Скопје Сити Мол“ е резултат на тригодишната работа меѓу инвеститорите, односно македонската компанија Fashion Group и албанската компанија Balfin Group. Во текот на изградбата на овој трговски центар кој, како што рече, ќе биде најголем и најмодерен цетар во Македонија и во Југоисточна Европа, ќе се создадат околу 1.000 работни места и ќе се користат главно македонски градежни компании.

Корејска и шпанска фирма ќе градат ветерници во штипскиот регион

ЗА 40 ВЕТЕРНИЦИ ВЛОЖУВАЊЕ НА 150 МИЛИОНИ ЕВРА

На Широк сокак во Битола беше отворена нова филијала на Стопанска банка. Во нејзини рамки ќе функционира и првиот регионален бизнис- центар во Македонија. Станува збор за центар на југозападниот регион каде што средните и малите компании ќе можат да се информираат за производите и услугите на банката, но првенствено ќе може да добијат финансиски совети и препораки за развојот и реализацијата на своите бизнис-проекти.

Стопанска банка

НОВА ФИЛИЈАЛА И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС - ЦЕНТАР НА ШИРОК СОКАК

Германската развојна банка KWF и ПроКредит банка потпишаа Договор за кредитна линија за енергетска ефикасност во износ од 7 милиони евра, – објави МИА. - Веруваме дека обезбедените средства за македонските претпријатија и поддршката на енергетската ефикасност во домовите ќе ги подобрат условите за живот на луѓето во Македонија, - изјави Олаф Цимелка, директор на тимот Енергија и транспорт за Европа/Кавказ при KWF. Кредитната линија предвидува пристап на претпријатијата и домаќинствата до средства што треба да придонесат до заштеда во потрошувачката на електрична енергија. Меѓу другото, со неа се овозможува обнова на застарена опрема, подобрена изолација, како и примена на нови методи за заштеда на енергија. Обезбедена е и експертиза и трансфер на знаење што ќе овозможи реализација на иновативни пристапи и методи за заштеда на енергија, вклучувајќи и пресметување на заштедата.

Договор на ПроКредит банка со германската развојна банка KWF

КРЕДИТНА ЛИНИЈА ОД 7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Page 18: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 16 декември 2010

ЗАФАТИ

Населението да учествува во градењето на својата средина, на местото, подрачјето каде што живее, со сопствени идеи и иницијативи, е целта на т.н. ЛИДЕР проект чие изготвување интензивно тече, а ќе се реализира како мерка во рамки на ИПАРД Програмата, – објавува МИА. ЛИДЕР ќе овозможи спроведување конкретни проекти на локално ниво без какви било влијанија на градоначалниците и ќе отвори нови вработувања, што, пак, ќе го задржи едуцираниот кадар во руралните средини и селата. Тоа ќе ја намали миграцијата кон поголемите градови и ќе поттикне развој на помалите. - ЛИДЕР во суштина значи подготовка на стратегии и поддршка на локални иницијативи за развој. Целта е да го стимулира учеството на луѓето во градење на нивната средина, сами за себе да одлучуваат, вид месен самопридонес. Проектот предвидува буџет за т.н. локални групи што ќе може да се користи за најнужните, елементарни потреби, градење патишта, улици, инфраструктурни објекти, културни домови, детски игралишта, спортски сали,... Секоја идеја ќе биде разгледана и прифатена доколку е вистински издржана, вели Маргарита Делева, раководител на Телото за управување со ИПАРД. ЛИДЕР практично дава можност за финансирање на локалните иницијативи, брендирање производи, организирање сами, промоции на занаети,..., воопшто идеи што ќе придонесат за развој на подрачјата, средините, општините. Се однесува на сите аспекти од руралниот развој, но специфични за одреден регион или географска целина. Принципот на функционирање е преку локални акциски групи (ЛАГ) до кои првично ќе се доставуваат иницијативите од поединците, здруженијата, организациите, и каде тимот експерти, ако оцени дека

може и треба, ги одобрува и ги преточува во проекти кои потоа завршуваат во Платежната агенција како апликации. ЛАГ може да се формира на територија со 5.000 до 30.000 жители. Добро би било да се совпаѓа со одредена општина, но и не мора. Може да опфати и две или повеќе. - ЛАГ е единица преку која се реализираат иницијативите, прави проекти за нив и ги праќа на разгледување, односно прифаќање до ИПАРД Телото. ЛАГ

прави стратегија за развој и ја консултира со сите засегнати на односното подрачје, жителите, локалната самоуправа. Таа стратегија ја разгледуваме и ние. Доколку ЛАГ-от не ја прифати локалната иницијатива, не значи дека таа е закочена. Проектот може да се донесе директно во Платежната агенција за апликација. Агенцијата потоа ја разгледува, бара мислење од Министерството и ја одобрува или не, објаснува Делева, како што ја цитира МИА. Иницијативата не значи дека ќе се стопира ниту ако градоначалникот е против зашто и во ваква ситуација може да се поднесе директно до ИПАРД Телото. Со ЛИДЕР фактички се тргаат на страна евентуалните субјективни (не)симпатии на градоначалниците.

ЛИДЕР - нова ИПАРД мерка

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНОСТА И СОПИРАЊЕ НА МИГРАЦИЈАТА

* Особено зголемен интересот за развој и промоција на руралниот туризам

За поддршка на руралниот развој идната година се предвидува да бидат обезбедени 12 милиони евра. Во 2010 година, од вкупно проектираните 10 милиони, се реализираа 72 отсто. Најголем број корисници на средствата се индивидуалните производители на кои земјоделството им е примарна дејност, а најмногу пари се побарани за набавка на земјоделска механизација. Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, годинава посебно изненадува интересот за развој на руралниот туризам. - Најголем дел од апликациите се за модернизација на земјоделските стопанства преку купување нова механизација и опрема. Од нив, околу 60 отсто се за трактори. Притоа, предничи интересот за набавка на механизација за житни култури, а најмногу барања се поднесени од пелагонсикиот регион, информираат од Министерството, а пренесува МИА. Во Пелагониско се склучени 283 договори за вкупно 92 милиона денари, (најголем дел корисници се од Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Ресен), во вардарскиот регион 148 договори за 40 милиони денари,

(најмногу Велес и Свети Николе), а во источниот регион 105 договори за 30 милиони денари (Берово, Пехчево и Делчево). По сектори, интересот за поддршка е најголем во лозарството, овоштарството и градинарството, потоа во поледелството, за житни култури, па за индустриски. Вкупно 40 проценти се барања за поддршка поднесени од жени земјоделки и од нив се одобрени 80 отсто. Како што велат во МЗШВ, за развој на руралниот туризам најголем интерес покажале општините од Источна Македонија (Берово, Пехчево, Делчево), кои аплицирале за 31 милион денари, скопските општини (Сопиште, Студеничани, Сарај, Илинден, Петровец и Гази Баба) со побарани 20 милиони, како и општините од југозападниот дел, Струга, Македонски Брод, Кичево, и од Пелагониско (Битола и Демир Хисар) со 12 милиони. - Заинтересираните и потенцијалните корисници бараат зголемување на поддршката за да се опфатат што поголем број проекти и инвестиции. Владата, во таа насока и следејќи ги европските трендови, за 2011 година предвидува зголемување на проекциите до 12 милиони евра, нагласуваат од Министерството за земјоделство.

Поддршка на руралниот развој

ЗА ИДНАТА ГОДИНА ОБЕЗБЕДЕНИ 12 МИЛИОНИ ЕВРА

РЕЗУЛТАТИ

Јаболката, чиј род годинава тежеше над 100.000 тони, главно се пласираа на странските пазари. Производителите се задоволни од постигнатите цени, но и од поддршката на Владата, 43,7 илјади денари за хектар кои веќе легнаа на нивните сметки, јавува МИА. Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Преспанскиот регион дневно се извезуваа по околу 150 тони јаболка во Косово, БиХ, Црна Гора, Ирак, Бугарија, Полска и Унгарија, но најголем дел од извозот се реализира во Турција. Сортите „ајдаред“ и „златен делишес“ од прва класа се откупуваа за 15 до 16 денари, „муцу“ и „црвен делишес“ за 16 до 18 денари, а индустриското јаболко за 5,5 и 6 денари. Зависно од површината на насадите, јаболкопроизводителите годинава добија од 300 до 3.500 евра по основа на владината финансиска поддршка. Од Министерството велат дека оваа година беше поволна и за другите видови овошје. Вкупната продукција достигна 111.000 тони. Колку ќе биде стабилен пласманот најмногу зависи од производителите, посебно ако се земе предвид искористувањето на можноста за вложување во модернизацијата на производствените капацитети, чувањето и преработката, како и во изградба на откупно-дистрибутивни

центри за овошје и за зеленчук, каде што државата враќа половина од инвестицијата.

Овоштарите задоволни и од родот и од ценитеј

ПЛАСМАНОТ ГЛАВНО ВО СТРАНСТВО

Page 19: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 16 декември 2010

ПАРАЛЕЛИ

Во текстот се дава краток преглед на даночното оптоварување на компаниите во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) врз основа на два респектабилни извора. Првиот е Paying Taxes, којшто го издава Светската банка и практично е препакуван проектот Doing Business, а вториот, Eu-ropean Tax Handbook за 2010 година, којшто е повеќедецениски проект на Меѓународното биро за фискална документација (IBFD), највисок авторитет во светот во областа на меѓународните компарации на даночните стапки. Во рамките на проектот Doing Business редовно се следи и показателот Paying Taxes, односно едноставноста за плаќање на даноците за домашните мали и средни претпријатија, што се мери врз основа на: (а) бројот на поединечни плаќања на даноците на сите фирми, (б) времето што е потребно за исполнување на даночните обврски за трите најважни видови на даноци (данок на добивка, ДДВ и данок на доход) и (в) учеството на сите даноци во вкупната добивка на претпријатието. Резултатите од оваа последна компонента дадени се табела број 1.

Табела 1. Учество на даноците во вкупната добивка на претпријатиетово периодот јуни 2009 - јуни 2010 година во % (вкупна даночна стапка)

Земја Уплата на вкупна даночна стапка Данок на добивка Данок на доход Останати даноци

Македонија 10,6 6,2 0,6 3,8Би Х 23 5,3 12,6 5,1Црна Гора 26,6 6,6 17,9 2,1Бугарија 29 4,6 20,5 3,9Хрватска 32,5 11,4 19,5 1,6Србија 34 11,6 20,2 2,2Албанија 40,6 8,5 27,2 4,9Романија 44,9 10,4 32,3 2,2ЈИЕ - просек 30,2 8,1 18,9 3,2ОЕЦД 43 16,8 23,3 3ЕУ 44,2 13,1 28,4 2,7СВЕТ 47,8 17,9 16,3 13,7

(Извор: Paying Taxes 2011, Меѓународната финансиска корпорација, Светската банка)

Од Извештајот на IBFD се гледа дека номиналните даночни стапки во Србија се скоро воедначени со соседните земји. Хрватска има два пати повисока стапка на данок на добивка и таа конвергира со даночното оптоварување што го имаат земјите од ЕУ. Ист е случајот и со данок на доход. Од друга страна, пак, даночните стапки се најниски во Црна Гора.

Извештајот на Светската банка јасно покажува светски тренд на намалување на даночните стапки во изминатата година, и тоа најчесто намалување на данокот на добивка. Причината е едноставна. Земји сакаат во време на криза да се го олеснат работењето на компаниите, а преку со атрактивни даночни стапки да привлечат нови инвеститори. Во тој поглед, драгоцено е искуството на Јужна Кореја. Таа, со желба да го поттикне економскиот раст во 2009 година ја намали стапката на данок на добивка од 25% на 22%, со тенденција на натамошно опаѓање. Приходите од даноците на добивка во 2009 година поради тоа се зголемија за 11%, а бројот на регистрирани компании во состав на данокот на добивка за 7%.

Даночно оптоварување на претпријатијата во регионот на ЈИЕ

ЦРНА ГОРА СО НАЈНИЗОК ДАНОК НА ДОХОДОТ И НА ПРОФИТОТ

Табела 2 Даночни стапки во овие земји, 2010 (%) *

Земја Данок на добивка

Данок на доход

Албанија 10 10**БиХ 10 до 10Хрватска 20 до 40Македонија 10 10**Црна Гора 9 9**Србија 10 до 15

* Не се прикажани стапките на социјалните придонеси** Означува единствена стапка (англ. flat-rate)(Извор: European Tax Handbook 2010, IBFD, 2010)

Page 20: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 16 декември 2010

РЕГИОН

Компанијата искористи 40 милиони куни од фондовите на ЕУ за модернизирање на погоните за топено сирење и за добивање дозвола за извоз во Европа. Следува опремување на фабриката за полутврди и тврди сирења, за коишто „Зденка„ од ИПАРД-фондот ќе добие 11 милиони куни Со свои пари и со кредити за инвестиции Млечната индустрија „Зденка„ од Велики Зденци успешно ги искористи парите од претпристапните фондови на Европската унија. Голем дел машини ги заменија застарените, од кои некои биле постари повеќе од четири децении. Со инвестирање 40 милиони куни во нова опрема, модернизиран е целиот погон за топено сирење и добиена е дозвола за извоз во Европа. “Сега имаме најмодерни машини за пакување, така што можеме да кажеме дека секоја секунда произведуваме по една по една кутија топено сирење”, изјави Ѓуро Мишановиќ, член на Управниот одбор на „Зденка„.

За отпуштање на вработени ни сега во време на криза не размислуваат, бидејќи се` повеќе има работа, па е зголемен и бројот на вработени, кој сега е скоро 250. Во период од две години инвестирани се 95 милиони куни во

модернизација на производството, со што се отвори вратата за продажба во Европската унија, па за една година извозот се зголеми за 83 отсто, а не заостанува ниту извозот на пазарот на поранешната држава поради препознатливоста на производот. Млечната индустрија „Зденка„ извезува во Словенија, Црна Гора и во Македонија. После модернизацијата на погонот за топено сирење, следува

модернизација на фабриката за полутврди и тврди сирења, за што „Зденка„ од ИПАРД-фондот ќе добие 11 милиони куни. Фабриката следната година треба да добие дозвола за извоз во Европската унија и да продолжи со извозот, којшто сега е 30 отсто од сегашното производство.

„Зденка„ во Европа со помош на фондовите на ЕУ

СО МОДЕРНИЗИРАНИ ПОГОНИ ИЗВОЗОТ ПОРАСНАЛ ЗА 83 ОТСТО

Србија наскоро се очекува да воведе посебен Закон за ракија, со којшто би се регулирало производството и продажбата на овој традиционален пијалак. П р е д л о ж е н и о т закон наиде на одредени реакции во јавноста, бидејќи илјадници домаќинства ќе мораат скришум да ја печат познатата сливова ракија, доколку не бидат регистрирани како правни лица. Согласно законот, како што пишува белградска „Политика“, за печење ракија во иднина ќе треба да се регистрира фирма, којашто ќе биде запишана во регистерот на производители на ракија. Овие фирми ќе мораат да вработат и дипломиран технолог со две години работно искуство во производството на алкохолни пијалаци. Менаџмент за ракија подразбира задолжително водење подрумска евиденција, во која треба да ги има сите податоци за употребената суровина, називот, количината и јачината на произведената ракија, а предвидени се и посебни услови за стареење на ракијата. Противниците на овој закон сметаат дека обичниот селанец нема да може да ги издржи наметнатите оптоварувања. Покрај сите прописи со цел хармонизација со европските закони, мора да се води сметка и за интересите на домашните производители, но и за традиционализмот.

Надлежните треба уште еднаш добро да го преиспитаат овој закон“, - велат производителите на ракија. Дејан Станковиќ од околината на Топола се прашува зошто му е потребен

технолог за сливова ракија, кога занаетот го научил од неговиот дедо и прадедо. -Зошто ми е математика за ракија? Кога ќе преврие сливата се фрла во бакарни казани и се пече ракијата. Потоа со пријателите и семејството се пие едно стотина литри, а преостанатото се продава на вистински љубител на добрата капка, - вели Станковиќ. Од српското Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство укажуваат дека со законот ќе се следи производството од нива до трпеза. -Неодамна спроведовме

истражување во кое утврдивме дека дури 40 отсто од декларираните ракии како овошни, не биле овошни. Сакаме оваа појава да ја спречиме“,- вели Душан Пајкиќ од ресорното министерство. Во изминатите години беа регистрирани неколку смртни случаи во Србија, предизвикани од неквалитетна ракија.

Србија наскоро се очекува да воведе посебен Закон за ракија

ЗА СЛИВОВА – ФИРМА И ТЕХНОЛОГ

Page 21: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 16 декември 2010

ПРЕНЕСЕНО

„Надеж“ е еден од најупотребуваните зборови во јавниот живот, заедно со „промена“. И се уште е безмерно важна. Политичарите внимателно следат на исправните-погрешните показатели. Увереноста детерминира дали конзументите ќе трошат, а со тоа и дали компаниите ќе инвестираат. „Моќта на позитивното размислување“, како што потенцираше Норман Винсент Пиел, е огромна. Во изминативе 400 годни западот постигна значителна предност над остатокот од светот кога станува збор за оптимизмот. Западните интелектуалци сонуваа за идејата за просветлување и прогрес, и западниот политички човек ја впрегнаа технологијата за да ја наметне својата воља врз остатокот од светот. Татковците-основачи на Соединетите Американски Држави, кои цврсто веруваа дека земјата која ја создадоа ќе биде подобра од било која дотогаш, им понудија на граѓаните не само живот и слобода, туку и убедување за среќа. Не дека западот беше ослободен од застрашувачка бруталност. Навистина, потрагата по утопија ќе го изнесе, исто така, и најлошото како и најдоброто во човештвото. Но, сознанието дека човечката кондиција е подложна на постојано унапредување, му одговараше подобро на западниот научен материјализам отколку да речеме, но системот на касти во Индија или со феудаизмот во Русија. Сега надежта е на потег. Според центарот за истражување Пју, 87 проценти од Кинезите, 50 проценти Бразилци и 45 проценти Индијци сметаат дека нивната земја оди во вистински правец, додека 31 проценти Британци, 20 проценти Американци и 26 проценти Французи го мислат истото. Во меѓувреме, компаните инвестираат во „растечките пазари“, и го поместуваат развиениот свет. „Оди на исток, млад човеку“ изгледа стана повикот на 21 век.

Патот на безнадежноста

Растечкиот песимизам на западот го редизајнира политичкиот живот. Две години по надежната инаугурација на Барак Обама, расположението во Вашингтон е меланхолично исто како кога Џими Картер аргументираше дека Америка страда од „неудобност“. Сонот на демократите дека земјата е на прагот на либерална ренесанса како во 60-те, е базирана на средни стази. Но републиканците немаат баш надеж: нивното кредо тежнее повеќе кон бес и немир отколку кон оптимизмот од ерата на Реган. Во меѓувреме, Европа доживеа куп протести, некои од нив насилни, на улиците на Атина, Даблин, Лондон, Мадрид, Париз и Рим. Ако државите од периферијата на Европската Унија се наоѓаат во депонија не е изненадувачки, но тука постои песимизам и тоа до срж. Бестселер книга во Германија е онаа на Тило Саразин, „Германија се справува со себеси“, капитално истражување за фактот дека помалку способните жени (посебно муслиманките) имаат повеќе деца од нивните „светли“ сестри. Француските интелектуалци наскоро ќе ја добијат „Дали Франција е готова?“ на Жан Пјер Шевенемент, на полиците заедно со „Француска меланхолија“ на Ерик Земур. Објаснувањето кое веднаш се наметнува за оваа симетрија е економската криза, кое сеуште не ја потресе довербата на западњаците во системот кој тие го изградија, но сепак го продлабочи јазот на пораст помеѓу старите и растечките економии. Кина и Индија имаат раст од 10 односно 9 проценти, за разлика од САД со 3 и Европа со 2 проценти. Стапката на невработеност во многу европски земји е понижувачка, дури и според нивните депресивни стандарди: на пример, 41 процент од младите Шпанци се невработени. И големата американска машина за работа сопре - еден од 10-мина се невработени, а повеќе од милион се откажаа од барање работа. Но, промената оди и подабоко од тоа - се до соништата кои го издигнаа Западот. Низ поголемиот дел од историјата, САД го одржаа ветувањето да им дадат на граѓаните добра шанса да живеат подобро отколку нивните родители. Но деновиве, помалку од половина Американци сметаат дека животниот стандард на нвните деца ќе биде подобар од нивниот. Искуството ги научи да бидат депресивни: приходите на еден просечен работник се повеќе или помалку исти како и во 70-те, и благодарејќи на комбинацијата на грешките во школството и исчезнувањето на работни места од средно ниво, социјалната мобилност во Америка сега е помеѓу

најниските меѓу богатиот свет. Европските соништа се поинакви од американските, но се исто важни за надеж за мирна и просперитетна иднина. Доаѓаат во две форми: уште подлабока Европска Унија (со протерување на национализмите) и со уште повеликодушни социјални држави (кои ќе понудат сигурност). Со можноста од пропаста на еурото и тонењето на владите под притоск на товарот од неостварливи ветувања како што се возраста на нивната популација и бројот на договори за вработувања, овие весели впечатоци просто „испаруваат“.

Промените се случуваат

Во меѓувреме, во растечкиот свет не се зборува за пензии туку за градење факултети. Универзитетската полулација на Кина се зголеми за четири пати во минатите две децении. УНЕСКО забележува дека бројот на научни истражувачи од земјите во развој се зголемил од 30 во 2002 на 38 проценти во 2007. Светски компаниии како што се Индиската Инфосис или Хуавеј од Кина ја победуваат конкуренцијата од развиениот свет. Пораста на позитивното мислење во светот кој расте е нешто што треба да се поздрави - ако не, барем затоа што го предизвикува статус квото. Нандан Нилекани од Инфосис вели дека најголемиот успех на компанијата не е во технологијата за производство туку во редефинирањето на границите на возможното. Ако луѓето во другите држави ги прифатат серизно овие идеи, ќе го направат животот на геронтократите од Кина и Арабија неподнослив. Но, постојат и опасности. Оптимизмот може лесно да стане ирационална животорадост: економските ресурси на некои брзорастечки пазари пораснаа превисоко. А постои и опасноста од расчистување на сметките помеѓу западњаците. Се додека земјите во развој не почнат да си ја земаат серизно нивната одговорност за глобалната безбедност, Американците и Европејците ќе почнат да се чудат зошто го чуваат светот за пазарите да останат отворени ако други се богатат. За западњачката меланхолија, таа си има своја употребна вредност. Постои растечко сознание дека со нафта богатиот свет нема вечно да ужива во просперитетот - ќе им биде преземен од „гладните“ сили ако не успеат да се справат со структуралните проблеми. Американците почуваат да го прифаќаат фактот дека нивната земја мора да стане помалку трошаџиска. Европејците сфаќаат дека мора да ги направат нивните економиии поагилни и иновативни. Двеве почнуваат да и се закануваат на кризава како можност која постои. Ниту пак западњаците треба да претераат со демотивираноста, со доаѓањето на новите сили и тие ќе имаа корист. Така, нивните влади потешко ќе управуваат со светот; нивните најпосакувани имоти набрзина ќе станат сопственост на странци; нивните деца ќе треба да работат потешко да добијат добри работни позиции во нараснатата глобализирана економија. Но, растечкиот број на Индијци, Кинези и Бразилци кои ќе можат да ги платат нивните продукти и услуги ќе им помогне нивните компании да просперираат. Државите кои ќе им обезбедат работници истовремено ќе им обезбедат и муштерии. По многу нешта, и иако така не се чувствува на Западот, ова е најдоброто време. Стотици милиони испливуваат од сиромаштијата. Интернетот на обичните луѓе им дава пристап до информации кои дури и најпривилегираните студенти пред неколку години можеа само да ги сонуваат. Напредувањето во медицината ги победува болестите и го продолжува животниот век. Во поголемиот период од човечката историја, само малкумина привилегирани имале причина за надеж дека иднината ќе биде подобра од сегашноста. Денес луѓето насекаде ја имаат таа можност. Тоа дефинитивно е причина да се биде оптимист.

(„Економист“ - 20.12.2010 година)

Помеѓу надежта и безнадежноста

ОПТИМИЗМОТ Е НА ПОТЕГ

Page 22: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 16 декември 2010

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Македонија, како земја којашто спаѓа во групата на мали земји со скромни ресурси, без подинамичен пораст на извозот нема да може да ги оствари своите основни економски цели - забрзан економски раст и вработеност. Оттаму, клучна и приоритетна задача на економската политика е обезбедување системски мерки за пораст на извозот, како би се обезбедиле најосновните претпоставки за: - пораст на производството, а со тоа и вработеноста и животниот стандард; - макроекономска стабилност, преку намалување на осетливоста на стопаснкиот пораст од приливот на капитал и - редовно сервисирање на јавниот долг.

Во тој контекст, по изнесените предлог-меки за поттикнување на инвестициите, производството и вработеноста во материјалот „Време е за економски раст и вработеност“, како продолжение на веќе предложените мерки во истиот, во предметнава информација третирана е надворешно-трговската размена со предлог-мерки за нејзино унапредување и приближување на основните нејзини агрегати - извозот и увозот во надворешно-трговската размена.

I. Светската тенденција во надворешната трговија Светската трговија во последните седум години бележи повисок пораст од растот на светското стопанство, што е продолжување на трендот од втората половина, посебно во последната четвртина на XX век.

2002 2003 2004 2005 2006 2007 ПРОСЕК 2002-2007

Економски раст (во %) 3,1 4,0 5,3 4,8 5,4 5,2 4,6

Раст на трговијата 2,3 3,9 8,7 5,5 8,7 4,7 5,6 Извор:ОЕЦД

Кај порастот на обемот на надворешната трговија изразен во долари, се забележува значително подинамична стапка на пораст од стапката на пораст на економските активности, како последица на нагорната линија на светските цени и промената на девизните курсеви. Во светската трговија присутна е голема концентрација, како производна така и географска.

1. Производната концентрација произлегува од тоа што првите 20 производи (сурова нафта, патнички автомобили, минерални масла, електронски цевки, телекомуникациска опрема, сметачка опрема, делови и прибор за моторни возила, лекови, канцелариски материјали, електрични машини и апарати, електрични машини за струјни кола, воздухопловни летала и опрема, природен гас, клипни мотори со внатрешно согорување, мерни контролни инструменти, мебел, машини за одделни индустриски гранки, хартија и картон, облека) учествуваат со 46% во вкупната светска трговија. Овој факт укажува дека во извозот доминираат земјите кои: - имаат значајни енергетски ресурси (сурова нафта, природен гас) и - земјите во кои е развиена автомобилската, електронската, фармацевтската индустрија и секторот на информатичка технологија.

2. Концентрацијата на извозот според земјите е поизразена отколку според производите. Десетте најголеми извозници доминираат во структурата на вкупниот светски извоз со 52,4%, а најголеми светски извозници се најразвиените земји во светот.

Учество во вкуопниот извоз на светско ниво од најзначајни светски извозници во 2007 и 2008 година е следно:

Герм. САД Кина Јапан Фран. Холан. Итал. Белг. Ј.Кореа Русија

2007 9,4 8,7 8,1 5,4 4,1 3,9 3,7 3,4 3,1 2,7

Герм. Кина САД Јапан Холан Фран. Итал. Белг. Русија Британија

2008 9,1 8.9 8,0 4.9 3,9 3,8 3,3 3,0 2,9 2,9 UNCTAD, Handbook of Sta�s�cs 2006-07

3. Покрај порастот на вкупната трговија во светот, во последниве години значаен е и порастот на извозот од земјите во развој и транзиционите земји. Раст на извозот ( во %) во периодот 2000-2005 година

Вкупно Развиени земји Земји во развој Транзициони земји

11,3 9,4 14,1 19,9 UNCTAD, Handbook of Sta�s�cs 2006-07 Во врска со порастот на извозот од транзиционите земји, важно е да се напомене дека тој главно потекнува од порастот на извозот од секторот 7 по СМТК; односно од порастот на извозот на машини и транспортни средства во нивниот вкупни извоз.

Во периодот од 1995-2005 година

Унгар. Словачка Полска Чешка Румун. Естон Слов

Раст на извозот % 16,0 14,5 14,1 13,7 13,6 13,5 7,6

Раст на учеството на извозот на машини и транспортни средства во вкупниот извоз (% поени)

32,7 25,6 17,5 20,9 12,3 13,0 7,5

UNCTAD, Handbook of Sta�s�cs 2006-07 Растот на извозот на машини и транспортни уреди кај сите успешни транзициони земји е значително висок и побрз во однос на растот на извозот кај другите сектори, со што неговото учество во вкупниот извоз значително е зголемено, а кај некои земји достигнал износ од преку 50% (Унгарија 58,8%, Чешка 50,2%).

II. Извоз на Републикa Македонија Вкупната надворешно-трговска размена во 2008 година достигна 10,8 милијарди денари, што во однос на 1998 година, односно по десет години, оствари пораст од скоро два и пол пати (индекс 335). Со пораст за скоро три пати во однос на 1996 година (индекс 390), кога започна процесот на либерализација, извозот забележа пораст од 247%, а увозот пораст од 321%, или увозот бележи повисока динамика на пораст за 74 индексни поени.

ИЗВОЗОТ – КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА ПОРАСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ВРАБОТЕНОСТА

Page 23: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 16 декември 2010

Во милиони САД $

1996 1998 2000 2002 2005 2008 2009

Вкупна трговска размена 2.774 3.225 3.416 3.039 5.269 10.829 7.735

Извоз 1.147 1.311 1.323 1.113 2.041 3.978 2.692

Увоз 1.627 1.915 2.094 1.926 3.228 6.851 5.043

Дефицит -480 -604 -771 -849 -1187 -2.873 2.351

Покриеност на увозот со извоз 70,5 68,5 63,2 56,7 63,2 58.1 53,4

Како резултат на подинамичниот пораст на увозот, покриеноста на увозот со извозот бележеше перманентно намалување, со исклучок во 2005 година, кога со 63,2% се врати на нивото од 2000 година. Билансниот дефицит од година во година се продлабочуваше, така што од 480 милиони САД $ во 1996 година, во 2005 година достигна 1,2 милијарди САД $, а во 2008 година изнесуваше 2,8 милијарди САД $. Во 2009 година производството и извозот бележат значајно намалување, пред се` поради негативните ефекти од економската глобална криза. Трговскиот дефицит изнесува 2,351 милиони САД долари, а во периодот јануари – јули 2010 година остварен е дефицит од 1,159 милиони САД долари, со покриеност на увозот со извоз за 59,9 %.

2. Во структурата на увозот според економската намена (2009 година се иззема како инцидентна година поради економската криза) производите за репродукција од 55,6% во 1996 година, го зголемија своето учество на 64.4% во 2008 година, што укажува и натаму на високата суровинска зависност на нашето стопанство. Структура на извозот и увозот според економската намена на производите

Ивоз 1996 Извоз 2005 Извоз 2008 Увоз 1996 Увоз 2005 Увоз 2008

Вкупно 100 100 100 100 100 100

1. Производи за репродукција 49.75 54.39 61.2 55.60 64.91 64.6

2. Средства за работа 3.38 1.95 3.3 13.40 10.79 13.6

3. Стока за широка потрошувачка 47.33 43.62 35.4 30.28 24.23 21.6

4. Нераспределено 0.05 0.04 0.04 0.72 0.07 0.22

Во услови на нагласена структурална зависност на националната економија од увоз, којашто во подолг период се зголемува како директна последица на отсуството на структурните реформи, зголемениот обем на вкупната размена со странство само ја верификува реалноста, дека секој раст на размената како последица има и раст на трговскиот дефицит. 3. Според размената по сектори, може да се согледа значајно зголемување на извозот, но исто така и на увозот, дури и кај секторите кај кои има природни потенцијали за подмирување на домашните потреби. На пример, кај производите за храна, пијалоците и тутун, хемиски производи итн., односно има предуслови да се направи супституција на увозното со домашно производство.

Табела - Извоз и увоз по сектори и отсециВо 000 САД $

Назив на отсекот Увоз 2002 Увоз 2008 2008/ 2002 Извоз 2002 Извоз 2008 2008/ 2002

Производи за храна 245.977 620.806 252,4 74.655. 308.427 413,1

Пијалоци и тутун 17.968 51.158 284,7 124.827 218.825 175,3

Суровини освен гориво 50.024 350.175 700,0 35.375 269.547 762,0

Минерални горива, мазива и сл. 240.588 1.417.859 590,4 25.057 314.324 1254,0

Животински и растителни масла 19.915 67.436 338,6 2.646 12.430 469,8

Хемиски производи 210.872 611.428 230,0 69.299 181.082 261,3

Производи класирани по материјалот 264.100 1.845.472 698,7 315.038 1.598.103 507,3

Машини и транспортни уреди 406.896 1.435.592 352,8 73.750 184.272 230,0

Разни готови производи 112.401 445.926 396,7 388.322 888.230 228,7

Трансакции и неспомната стока 393.367 5.820 1,0 3.756. 2.991 79,6

Вкупно 1.962.110 6.851.673 349,1 1.112.727 3.978.231 357,8

На пример извозот кај секторот на храна во 2008 година е повисок за над три пати во однос на истиот во 2002 година, а увозот за 152,4% , но сепак извозот од 308 милиони САД долари, е 50 % од реализираниот увоз во вредност од 620 милиони САД долари. Втор пример, кај увозот на разни готови производи во 2008 година кој е поголем за два ипол пати ( индекс 396,7) од истиот во 2002 година, додека извозот за128,7%, или помал за 168 индексни поени, укажува на пониската конкурентност на нашите производ во однос на увозните.

4. Извоз и увоз по степен на обработка - Покрај ниската конкурентност, македонскиот извоз се карактеризира и со неповолната структура, во којашто доминираат производи со ниска фаза на преработка, главно суровини и полупроизводи.

Извоз 2000 Извоз 2007 2007/ 2000 Увоз 2000 Увоз 2007/ 2000

Вкупно 100 100 100 100

Необработени производи 8,3 9,5 114,4 13,5 18,1 134,1

Производи добиени со обична преработка 39,5 49,6 125,5 18,4 30,0 163,0

Производи добиени со висока преработка 51,9 40,8 0,78 67,9 51,8 0,76

Во 2000 година производите со висока преработка во вкупниот извоз учествуваа со 51,9%, а во 2007 година со 40,8% , или за 22 % помалку. Наспроти тоа, во наведениот период, има пораст на учеството за 25,5% кај производите од обична преработка, и за 14,4% кај необработените производи, што укажува на се` понеповолната структура на македонскиот извоз.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Page 24: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 16 декември 2010

5. Едно од основните обележја на макроекономските движења во Македонија е високиот надворешно-трговски дефицит, односно дефицитот на тековната сметка на платниот биланс.

- Трговскиот дефицит континуирано од 1998 година бележи пораст, така што од 516 милиони САД $ во 1998 година, достигна 2,5 милијарди САД $ во 2008 година, и во целиот наведен период, извозот не успеа да надмине 60% од вредноста на увозот, а многу е далеку да надмине 70% како во 1998 година (71%). - Дефицитот на трговскиот биланс покриван е со суфицитот од другите компоненти на тековната сметка во платниот биланс. Накратко, девизните дознаки, посебно приватните девизни дознаки на нашите граѓани, приливот од скромните странски инвестиции, го пополнуваа дефицитот во трговскиот биланс во изминатите години. Но, за покривање на трговскиот дефицит, во отсуство на планираните странски инвестиции, а дознаките, иако значајни, сепак недоволни, остануваа се` помалку можности, па дефицитот на тековна сметка од 7,2% во 2001 година, го зголеми своето учество во БДП на 13,1% во 2008 година. Висок пораст на надворешно-трговскиот дефицит, а со тоа соодветно и на тековната сметкаод платниот биланс е присутен скоро во сите земји на транзиција, како пропратна појава на процесот на приближување кон развиените земји, главно како последица на структурните промени и значаен прилив на капитал.

Иако високите надворешни дебаланси се пропратна појава во земјите во транзиција и присутни се скоро кај сите овие земји, сепак во оваа група на земји постои значителна разлика со оглед на успешноста на транзициониот процес и консолидирањето и развојот на реалниот сектор. Имено, земјите кои на релативно успешен начин го завршија транзициониот процес, успеале побрзо да го зајакнат стопанството (Унгарија, Полска, Словенија, Чешка), и на среден рок да ја повратат рамнотежата на основните надворешно-трговски агрегати.

6. Системска поддршка за пораст на извозот Праксата покажа дека земјите кои успеале да го зајакнат извозниот сектор и да обезбедат висок извоз, во кој дел системската поддршка имаше клучна улога, најбргу поминаа низ транзициониот процес и во голема мера успеаја функционално да се приближат кон најразвиените земји на ЕУ. - На пример, Словенија, веднаш по осамостојувањето, покрај поттикнувачките мерки во производството, воведе и системска мерка - финансиска помош за подготовка на производство за извоз, чија висина пропорционално зависеше од степенот на финалната преработка на извозниот производ.. - ЕУ како членка на СТО, во рамките на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) , преку извозните рефундации, ја зголемува конкурентноста на нејзините земјоделски производи. Всушност, извозната рефундација е извозна стимулација на вишокот на стоки и количества земјоделски производи, произведени во рамките на Европската унија, која ќе се постигне како разлика на пониската цена на странските пазари, од цената на пазарот на ЕУ, со цел да се задржи нивото на цените на единствениот европски пазар.

Годинава, поради порастот на цените на путерот и на млекото во прав во извозните дестинации, за разлика од порано, не е пропишана извозна рефундација, но е пропишана за свинско и за живинско месо, за конзумни јаца, како и за други земјоделски прехранбени производи. Република Србија се` уште преку извозните стимулации дава системска поддршка на извозот, но таа се` уште не е членка на Светската трговска организација.

Наспроти успешните земји во транзиција, а посебно земјите коишто се сега членки на ЕУ, стопанството на Македонија не е доволно конкурентно, што за последица има недоволно ниво на извоз, на инвестиции, низок степен на стопански активности и ниско ниво на извоз по глава на жител. Според тоа, и покрај високата стапка на пораст на извозот од просечно годишно ниво над 25%, во периодот од 1998 до 2008 година, македонскиот извоз не е на ниво коешто ќе може да обезбеди одржливост на движењата во надворешниот сектор во насока да резултира урамнотежување на размената. Оттаму, неопходно е да се преземат системски мерки, по примерот и праксата на успешните земји во транзиција, мерки на микро и на макро план со коишто може да се обезбеди стабилен и забрзан пораст на извозот.

III. Анализа на извозните пазари Република Македонија во 2008 година пласира над 90% од својот извоз на пазарите на ЕУ и членките на ЦЕФТА. Скоро половина од извозот во ЕУ е насочен кон четири земји (Германија, Грција, Италија и Бугарија). Од друга страна, 90% од извоозт во земјите на ЦЕФТА отпаѓа на Србија, Косово и Хрватска. Вака високата концентрација на македонскиот извоз на само неколку земји може да има негативни последици на натамошниот раст на извозот. Поради тоа, една од основните задачи на надворешно-трговската политика во наредниот период е насочување на претпријатијата кон нови пазари и тоа: 1. пазари со голем потенцијал на пораст или со голема куповна сила, или 2. пазари кои биле традиционални партнери нa Македонија, со коишто порано имала посебно развиена надворешно-трговска соработка (во рамките на поранешна СФРЈ). Врз основа на традицијата во надворешно-трговската размена на РМ во периодот пред транзицијата, сегашната насоченост во извозот, како и врз основа на досегашните анкети на извозниците за потенцијалните пазари, на среден рок, може да се издвојат четири клучни извозни пазари за Македонија: - Европската унија; - ЦЕФТА; - Пазарот на земјите на ЗНД (Заедница на Независните Држави); - Блискиот и Среден Исток и Северна Африка (БСИСА).

1. Европска унија Во изминатиот десетгодишен период на либерализација, вкупната надворешно-трговска размена во 2008 година (2009 година се иззема поради негативните ефекти од глобалната економска криза) достигна 10,8 милијарди САД долари со пораст 217% во однос на 2002 година.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Дефицит на тековната

сметка 2001

Дефицит на тековната

сметка 2008

Албанија -3,1 -14,1

Босна и Херцеговина -12,5 -14,7

Бугарска -5,6 -25,5

Естонија -5,2 -9,3

Литванија -4,7 -11,6

Унгарија -6,0 --8,4

Македонија -7,2 -13,1

Полска -2,8 -5,5

Румунија -5,5 -12,4

Словенија 0,2 -5,5

Србија -2,5 -17,3

Хрватска -3,2 -9,4

Црна Гора / 29,6Извор: ЕУРОСТАТ

Page 25: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 16 декември 2010

2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Вкупно 3030 3.577 4.608 5.269 6.164 8.584 10.830 7.735

ЕУ 1455 1.602 2.418 2.551 2.976 4.772 5.661 4.145

% 48 45 52.5 48.4 48.3 55.6 52.3 53.4

Надворешно-трговската размена со ЕУ во 2008 година достигна 5,7 милијарди САД долари, со пораст од 289 % (скоро за три пати) во однос на 2002 година, па учеството на размената со ЕУ во вкупната надворешно-трговска размена достигна и до 55%. Посебно е забележан пораст во 2004 година, главно поради новите 10 членки на ЕУ, како и во 2007 година со зачленувањето на Република Бугарија и Романија. Учеството на ЕУ во вкупниот извоз достигна и 65% во 2007 година, во што значаен удел имаше извозот во Бугарија и Романија, а со нивното зачленување во 2007 година во ЕУ, македонскиот извоз беше во поповолна положба поради апроскимативниот пристап согласно ЕУ - Спогодбата, за разлика од претходниот период кога беа членки во рамките на ЦЕФТА.

2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Вкупно извоз 1.112 1.363 1.675 2.041 2.410 3.391 3.978 2.692

ЕУ 566 701 957 1.083 1.326 2.184 2.367 1.513

% 50.9 51.4 57.1 53.1 55.2 65.1 59.5 56.2

Извозот во 2008 година достигна скоро 2,4 милијарди САД долари, повисок за три пати во однос на 2002 година (индекс 418). Додека увозот од 3,3 милијарди САД долари во 2008 година забележа пораст од 2,7 пати (индекс 370%), со учество до 50% во вкупниот увоз.

2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Вкупно увоз 1.918 2.214 2.932 3.228 3.763 5.228 6.852 5.043

ЕУ 889 901 1.461 1.468 1.650 2.588 3.294 2.632

% 46.4 40.7 50 45.5 43.9 49.5 48.1 52.2

Според наведените движења, резултатите во надворешно-трговската размена со ЕУ во периодот на асоцијација, можат да се оценат задоволителни, доколку се има предвид организираниот пазар на ЕУ. Но, со порастот на размената, билансниот дефицит од година во година се продлабочуваше, така што од 323 милиони САД $ во 2002 година, во 2008 година достигна 927 милиони САД $ (пораст од 287%), што укажува на недоволниот пораст на нашиот извоз, за приближување на основните надворешно-трговски агрегати во размената со ЕУ. Реалните состојби укажуваат дека во наведените години на апроксимација, за производите кои се позиционирани и за коишто има место на пазарот на Заедницата, немавме доволни количини за извоз, а вишоците од одредени производи или не беа ценовно конкурентни, или не ги задоволуваа ЕУ-маркетинг стандардите за да се позиционираат на истиот. Наведеното упатува на констатација дека и покрај позитивните движења во трговската размена на Македонија со ЕУ, сепак недоволно беа искористени производните расположиви потенцијали за да се искористат многу повеќе дадените преференцијали, согласно одредбите на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Зона на слободна трговија со ЕУ од 2011 година - По истекот на десетгодишниот асоцијативен период, со 2010 година престанува асиметричната либерализација, а од 2011 година во рамките на зоната на слободна трговија меѓу Заедницата и Македонија, пазарот на Македонија целосно ќе се либерализира за увоз на индустриски производи од ЕУ. Либерализацијата се однесува и на земјоделско-прехранбени производи, со исклучок на најчувствителните прехранбени производи кои и натаму ќе бидат заштитени преку системот на квантитативно ограничување - квоти, или намалување на актуелната царинска стапка при увоз од Заедницата.

2. ЦЕФТА Обемот на стоковната размена на Република Македонија во 2008 година, со земјите-членки на ЦЕФТА, во споредба со 2007 година забележа пораст од 36,7%, при што извозот забележа пораст од 44%, а увозот од 25%. Наведените резултати уште еднаш го потврдуваат значењето на регионалните пазари за македонскиот извоз, но и тука над 80% извозот е концентриран на три пазари: Србија, Косово и Хрватска.

Вкупно 2007 Вкупно 2008 Индекс 2008/2007

Вкупна размена (извоз +увоз) 1.592.231 2.176.451 136.7

Извоз 981.479. 1.419.052. 144,0

Увоз 610.452. 764.011. 125,1

Вкупната размена одделно по земји во 2008 година во 000 САД $

Србија Хрватска Албанија БиХ Црна Гора Молдавија Вкупно 2008

Вкупна размена 1.466.734 366.673 142.423 157.443 39.784 3.394 2.176.451

Вкупен извоз 944.717 228.959 106.773 104.841 33.762 / 1.419.052.

Вкупен увоз 532.017 137.714 35.656 52.602 6.022 / 764.011. Проценките на Светската банка, ММФ и на ЕУ за негативните стопанските движења во наредниот период на глобално ниво укажуваат на императивот од унапредување на економската соработка во регионот и на повисокото ниво од купопродажните договори. Сепак, и по четири години од примената на ЦЕФТА 2006, мерливите резултати се базираат само на позитивните движења во реализираната стоковна размена. Недостасува соодветна подготовка во земјите-членки на ЦЕФТА за поширока економска интеграција, што е императив за нашиот економски поединечен и регионален економски развој, што се` уште е сложен процес на поврзување на сите нивоа и во сите области.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Page 26: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 16 декември 2010

3. Пазарот на земјите на ЗНД (Заедница на Независните Држави) е пазар од следните земји: Русија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Украина, Узбекистан и Молдавија (Молдавија е члена на ЦЕФТА). Тоа е потенцијален пазар во насока на пробивање нови пазари, поради тоа што: - растот на БДП во периодот 2000-2007 година изнесувал 9,1% просечно годишно, што укажува дека е пазар со брзо растечка економија; - тоа е пазар од 273,7 милиони жители (вкупен број на жители); - веќе е потпишана Спогодба за слободна трговија со Украина; - клучни земји од регионт се: Русија, Украина и Белорусија .

4. Регионот на Блискиот, Средниот Исток и Северна Африка Овој регион ги опфаќа пазарите на: Египет, Либија, Мароко, Ангола, Тунис, Турција, Иран, Израел, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сирија и Обединетите Арапски Емирати. Потенцијалите на овој пазар се: - растот на БДП во периодот од 2000-2007 година, 5,7% просечно годишно; - тоа е пазар со вкупен број на жители 388,2 милиона; - клучни земји од регионот се: Турција (со којашто имаме ДСТ), Египет, Израел, Иран, Либија и Јордан.

IV. SWОТ-анализата е остварување на висока стапка на пораст на македонскиот извоз Согласно горе наведеното, може да се заклучи дека пазарите на ЕЗ и на ЦЕФТА остануваат и натаму наши главни извозни дестинации кон кои треба извозот да бележи пораст, а во функција на освојување на нови пазари, нашиот извоз на краток рок да се насочи кон пазарите на Заедницата на Независните Држави и кон регионот на Блискиот и Средниот Исток и Северна Африка. Користејќи ја SWОТ-анализата, може да се согледаат следните предности, недостатоци и шансите на македонската економија за остварување повисоки стапки на пораст и тоа:

Предности:- добра суровинска основа кај одредени групи на производи (основни метали, прехранбена ,тутунска, дрвна индустрија); - географската положба (Коридор VIII и X );- потенцијали за развој на човечки ресурси;-динамичен сектор на МСП.

Недостатоци:- низок стопански раст;- недоволен број на големи претпријатија или стопански системи кои обезбедуваат голем извоз;- недоволно инвестиции во извозниот сектор;- неповолна структура на извозот – високо учество на производите со ниска фаза на преработка;- високи трошоци за финализирање на извозните работи;- недоволана општествено-политичка стабилност; - заостанување зад успешните земји во транзиција.

Шанси: - Спогодба за слободна трговија со Руската Федерација;- традиционално добри односи со региналните пазари (ЦЕФТА);-раст на светското стопанство, посебно на земјите од ЕУ и од регионот.

Според наведеново, во тековниов период не сме подготвени да обезбедиме подинамична стапка на пораст на извозот. Имено, или имаме позиционирани производи во ЕУ и ЦЕФТА за коишто немаме доволни количини, или пак немаме конкурентни производи за сите пазари, вклучувајќи ги посебно новите, на коишто ќе се соочиме со конкуренцијата од развиените земји.

Македонскиот извоз, и покрај забележаниот пораст во последниве години (без 2009 година), се` уште не е на ниво за да може

да обезбеди одржливост на порастот и почеток нa урамнотеженостa на основните надворешно-трговски агрегати. Причините за тоа главно се сведуваат на главните недостатоци коишто генерално би можеле да се сведат на:

- недоволен број на крупни стопаснки субјекти кои би можеле да обезбедат висок пораст на извозот;

- недоволни инвестиции во производниот и извозно ориентираниот сектор;

- неповолна структура на извозт – високо учество на производи со ниска фаза на преработка;

- високи трошоци на финансирање на извозните активности и соодветен степен на неконкурентост;

- незначителен настап на нови пазари.

Ова го потврдува фактот дека е неопходна економската политика со којашто би се обезбедил подинамичен пораст на извозот, првенствено со утврдување на системска поддршка на извозот во согласност со начелата на СТО, а во функција на: - јакненење на капацитетите за извоз на стопаснките субјекти и - воспоставување на систем за поттикнување на извозно ориентираните инвестиции.

Секако дека неможноста за воведување директни извозни стимулации, како во одделни земји, па и членки на СТО, може да се премости со други системски мерки, коишто перманентно се истакнуваат од членките на Стопанската комора на Македонија, како на пример; финансиска поддршка за подготовка на производи за извоз, помош во намалување на производните трошоци, согласно карактерот на производниот процес (олеснет пристап до суровини за преработка, олеснет транспорт, покривање на залихите) и др. Во тој контекст, Стопанската комора на Македонија, по веќе предложените мерки во функција на поттикнување на инвестициите насочени во производните дејности, како и предлозите за потребната инфраструктура како предуслов за конкурентност на македонското стопанство, во делот на поттикнување на извозот укажува на потребата од реализација на следниве

ПРЕДЛОГ-МЕРКИза поттикнување на извозот

1. Зајакнување на конкурентноста и олеснување до пристапот на странските пазари преку модерна инфраструктура Модернизацијата на патната инфраструктура во земјата е императив за развој на приватниот производен и извозен сектор. При тоа, приоритетна е модернизација на патната мрежа (Коридор 8 и Коридор 10) и железничката инфраструктура , како и можноста за користење на Солунското пристаниште, коешто е најповолната алтернатива од останатите (Бургас и Драч и Бар). Зајакнувањето на меѓународната конкурентност и олеснувањето до пристапот на странските пазари преку модерна инфраструктура налага преиспитување на можноста за финансирање на инфраструктурата преку задолжување во странство или давање на истата под концесии. Императивот од модернизација на инфраструктурата оправдува повисок степен на јавен долг на државата, но исклучиво за таа цел, односно за континуирано зголемување на капиталните инвестиции во стратешките вложувања на државата, кои се од исклучително значење за развојот на македоснкото стопанство.

2. Поттикнување на извозот на нови пазари 2.1 Конкретни анализи за потенцијалните можности на новите пазари - со оглед на тоа што една од основните задачи на надворешно-трговската политика во наредниот период е обезбедување на забрзан пораст на извозот, покрај унапредувањето на размената со традиционалните ЕУ и ЦЕФТА-пазарите, неопходно е и насочување на претпријатијата кон нови пазари, за што се потребни конкретни детални анализи на истите од страна на промоторите, во коишто ќе се утврдат можностите и приоритетите одделно по производи. 2.2 Склучување Договор за слободна трговија меѓу Македонија и Русија - Имајќи го предвид потенцијалот на рускиот пазар, како и традиционалната соработка со партнери од оваа земја, бизнис-заедницата бара потпишување Договор за слободна трговија со Русија. 2.3 Извозни рефундации за извозот насочен кон регионалниот пазар на Блискиот и Средниот Исток и Северна Африка за пораст на конкурентноста на македонските производи на тие пазари, којашто во однос на развиените земји, кои се веќе таму со своите производи, е значително ниска. Всушност, ова е најголемиот проблем за настап на пазарите во овој регион. Во тој контекст извозните рефундации, по примерот на праксата на ЕУ за пробивање на македонските производи на новите пазари, ќе бидат значајна помош во настапот на Блискиот и Средниот исток и Северна Африка).

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Page 27: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 16 декември 2010

3. Системско поттикнување на извозот преку финансиска поддршка за изградба на продажни капацитети и хотели во странство - Имајќи предвид дека порастот на побарувачката на странскиот пазар соодветно влијае врз порастот на извозот, по примерот на странските земји кои извезуваат кај нас национални производи и ги продаваат во своите маркети, да се направат напори нашите компании да ги однесат и директно да ги продаваат своите производи на странските пазари. Во тој контекст, во функција на поттикнување на извозот на финални производи и пласман на земјоделски производи, за коишто се одвојуваат буџетски средства за субвенции, да се обезбеди финансиска поддршка на македонски фирми за изградба на продажни капацитети и хотели во странство, под услов во истите приоритет да имаат македонските производи.

4. Склучување одделни спогодби за соработка во ЦЕФТА Секретаријатот, во функција на унапредување на размената во регионот преку надминување на актуелните пречки кои ја оптоваруваат трговијата:

- отстранување на нецаринските бариери;- тесните грла на царинските премини (на граничните премини Блаце и Табановце да се обезбеди 24 часовна фитосанитарна контрала);

- комплицираната и скапа процедура во протокот на стоки меѓу нашите земји (да се превземат потребните активности за усогласување на граничните процедури - царински и други инспекциски контроли, со надлежните органи на соседните земји);

- како и да се надмине проблемот со признавањето на цертификатите за квалитет и безбедност со меѓусебно признавање на поедини уверенија и стандарди.

Имено, меѓусебното непризнавање на сертификатите за квалитет - санитарни, фитосанитарни, ветеринарни и сертификатите за индустриските производи согласно националните прописи, претставува сериозен проблем за унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу земјите-членки на ЦЕФТА, поради што истите треба приоритетно да се решаваат со склучување соодветни спогодби за соработка во ЦЕФТА Секретаријатот.

5. Формулирање програма за системска поддршка на извозот за наредните години, со годишни програми во истата одделно по дејности и мерки, утврдени во соработка со бизнис-заедницата и носителите на економската политика. При тоа појдовна точка да биде праксата во земјите-конкуренти на странските пазари. Во тој дел се предлагаат мерки за:

5.1. Обезбедување поволни извори на финансиски средства за подготовка на извозот - за која цел е потребно да се обезбедат средства во износ од 10 милиони евра со Буџетот на РМ за 2011 година, кои преку МБПР ќе се користат за субвенционирање на каматните стапки за кредитите наменети за:

- одржување на ликвидноста на извозните претпријатија; - финансирање на трајни обртни обртни средства;- за реализација на извозни активности , за претпријатија кои над 50% од своето производство го реализираат во странство;

- обезбедување поголема финансиска поддршка за извоз на производи со повисока додадена вредност, преку одобрување на подобри финансиски услови за извоз на истите.

5.2. Обезбедување буџетски средства во денарска противредност од еден милион евра, за субвенционирање на каматите на кредитите за откуп и преработка на земјоделски производи во 2011 година. Поради сезонскиот карактер на земјоделските производи - за 2-3 месеци да се откупи целогодишната реколта, а финалниот производ се продава во текот на целата економска година, се наметнува потребата од обезбедување на околу 40 милиони евра за наведените три земјоделски култури, и тоа:

- за откуп на 90.000 тони пченица околу 11-12 милиони евра;

-кај конзервната индустрија, минимум 800 милиони денари или 13 милиони евра, за годишна преработка на околу 80.000 до 100.000 тони зеленчук;

- за откуп на 90.000 -100.000 тони, од вкупно 200.000 тони годишно производство винско грозје, потребни се околу една милијарда денари или околу 16 милиони евра.

Ориентационо, ако просечната камата на краткорочните кредити изнесува 10%, за 12 месеци, само за камати потребни се средства во износ од околу 2,3 милиони евра. Доколку регресот изнесува 4%, износот кој треба да биде државна помош изнесува околу 900.000 евра, кој износ ни оддалеку нема да ја наруши макроекономската стабилност, а ќе услови разрешување на откупот кај наведените производи, како најголем проблем во агроиндустрискиот комплекс.

6. Забрзување на активностите од надлежните институции, во врска со овластување, односно акредитирање на национални лаборатории, неопходни во инфраструктурата за проверка на квалитетот на производите во земјата. Резултатите во усогласеноста со техничките прописи на Заедницата и со европските процедури за стандардизација, метрологија, акредитација и оценка на усогласеноста, од 2001 година до сега се повидливи во донесувањето на техничките прописи (стандарди и правилници), а воедно и се формирани трите основни институции: Бирото за метрологија, Институтот за стандардизација и Институтот за акредитација на Република Македонија.

Но, во развојот на неопходната инфраструктура за квалитет, како што се: лабораториите за тестирање, за калибрација, како и кај сертификационите тела (за сертифицирање производи, системи за квалитет; системи за унапредување на околината, за НАССР-системите) не се забележани позитивни движења, за чија неопходност бизнис-заедницата инсистираше перманентно. Потенцирајќи го нивниот императив од аспект на слободниот проток на стоките, зголемување на конкурентноста и предусловот за научно-технолошки развој, членките предлагаа и ставање во функција на нивните расположиви лаборатории , коишто со финансиска помош за нивно соодвето опремување, ќе ги обезбедат предусловите за нивно овластување или акредитација. Согласно наведеното, отворениот повик на Владата на Република Македонија по иницираниот Проект за унапредување на научно-истражувачката дејност и на технолошкиот развој на РМ - во делот на создавање нови специјализирани лаборатории, како и модернизација на постојните, во мај 2008 година, од наша страна беше оценет како можност за позитивно разрешување на досегашните барања на бизнис-заедницата. Стопанските субјекти, преку Комората, пријавија потенцијални лаборатории за доопремување, односно нивна акредитација за одредена специјалност. Но активностите не продолжија, застанаа само со пријавувањето до Владата на РМ. Во тој контекст се бара продолжување на истите, како најбрзо решение во градењето на потребната инфраструктура за квалитет на земјата.

Кои се нашите очекувања од реализацијата на мерките за поттикнување на инвестициите и производството и мерките за

поттикнување на извозот?

• Раст на извозот на стоки и услуги просечно годишно од 20-25%. • Промена на структурата на извозот од доминација на производна со

пониска фаза на преработка на доминација на производи со повисока фаза на преработка - со што на среден рок ќе се зголеми учеството на капиталните и потрошните добра во вкупниот извоз од 43 на 65%.

• Оптимална географска диверсификација на извозот преку освојување нови пазари.

• Зголемен број на претпријатија кои извезуваат повеќе од 5 милиони евра годишно.

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Page 28: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 16 декември 2010

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Назив на проектот Проект за добро образование и правичен пристап

Референца WB47-790/10

Финансиска референца. Credit No.: 4180-ALB, Project ID No.: P078933

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

Земја Албанија

Објавено на 18.12.2010

Краен рок за апликација 01.02. 2011

Сектори

Информатичка технологија: - Интернет / e-трговија / e-управување - информатичко општество / ПолитикаОбразование: - Политика /Планирање / Сустеми / Институции / Оценки / децентрализација - Образование од далечина /Образовна технологија / Размена /Стипендии

Опис на проектот

Владата на Албанија прими кредит од Светската банка,Европската инвестициона банка и од Советот на европската развојна банка за покривање на трошоците на проектот за добро образование и правичен пристап и има намера да издвои дел од кредитот за плакања по основ на договор бр. MOES/G/ICB/002/2010. Министерството за образование и наука ги поканува понудувачите да аплицираат со инсталација на интернет на 2000 чколи од предуниверзитетско образование Јавната набавка ќе биде водена согласно процедурите на мегународни јавни набавки на Светската банка.

Контакти

Ministry of Educa�on and Science.Educa�on Excellence and Equity Project.A�n: Mrs. Dafina Cenaj, Head of ProcurementSector. Rr. e Durresit, No. 23, Tirana, Albania. Tel: (355-4) 222-5457. E-mail: [email protected]

Назив на проектот TR-Ankara: IPA — Tegasis tender: MIS and ERP solu�ons

Референца EuropeAid/130843/D/SER/TR

Финансиска референца.

Вид на набавка

Финансиер Европска комисија

Земја Турција

Објавено на 8.12.2010

Краен рок за апликација отворен

Сектори

Информатичка технологија: - Систем за менаџмент со информации (MIS) - Интернет / e-комерција / e-управување - Информатичко општество /Политика - Web ДизајнПрограма &Менаџмент со ресурси: - Менаџмент со човечки ресурси

Опис на проектот

Максимум буџет: 1 500 000 EUR Договорот ќе биде склучен врз основа на најдобро предложено решение со холистички пристап за Web 2.0 базиран интерактивен интегриран и ефикасен менаџмент со човечките ресурси, покривајќи менаџмент со документи, човечки ресурси, јавни набавки, односи со јавноста, вклучителноинтеграција на постојните online програмски апликации, сметководство и оперативен информационен систем. Наведените работи треба да се базираат на процеси, работни текови и проценка на ризикот Главна цел:48451000 Софтверски пакет за планирање на изворите на претпријатиетоДополнителни цели:48982000 Софтверски пакет на менаџмент со конфигурацијата72227000 Консултански услуги за интеграција на софтверот48000000 Софтверски пакет и информациониот систем72000000 IT услуги: консултација, развоја на софтвер ,интернет и подршка

Контакт Turkish Na�onal Agency, Ankara, TURKEY

Назив на проектот Услуги за заштита на вода и на околината за Калининград

Референца EBRDZ61675

Финансиска референца. 6268-IFT-3717

Вид на набавка испораки

Финансиер Европска банка за обнова и развој

Земја Руска федерација

Објавено на 17.12.2010

Краен рок за апликација 03.02 2011

Сектори

Градежништво-инжинеринг:- Опрема /Материјали /Набавки /Договарање - Хидроуличен инжинерингЗаштита на околината: - Отпадоци /Отровни материи /Изложени на опасности /Чисти технологии /ПроцесуирањеУрбан развој: - Вода /дренажа /Иригација /Поплава /Извори /хидрологија

Опис на проектот

Испорака на технолошка опрема за фабриката за преработка на отпадни води во Калининград Тендерската покана ја следи општата најава од јавнтата набавка за оваа програма објавена на 20.01 2000, со допоонувањата на 12.05. 2004, 24.07. 2007 и 25.02. 2010.Проектот е лоциран во Калининград.Јавното комунално претпријатие “Vo-dokanal” на градот Калининград ги пвикува понудувачите за следното:Пакет: STE-A5/S2 ”Испорака на технолошка опрема за фабриката за преработка на отпадни води во Калининград, Договорот вклучува испорака на технолошка опрема и непредвидени услуги за фабриката за преработка на отпадни води. тендерската документација/ на англиски со руски превод/ може да се добие на подолната адреса по плаќање на еднократна такса од 300 Euro без ДДВ, или еквивалент во конвертибилна валута или во руски рубли преку банкарски трансфер.

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 29: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 16 декември 2010

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Контакт

Mr. Vladimir DmitrevskiyNorthern Dimension Founda�onBasseinaya Street, 53Kaliningrad, 236000Russian Federa�onTel., fax: +7 (4012) 34-77-50 , 34-77-51E-Mail: [email protected]

Назив на проектот Eurasia Tunnel (PPP

Референца EIBZ61580

Финансиска референца.

Вид на набавка Услуги, испораки, изведбени работи

Финансиер Европска инвестициона банка

Земја Турција

Објавено на 10.12.2010

Краен рок за апликација Отворен

Сектори

Градежништво-инжинеринг: - планирање /архитектура /инжинеринг - изградба /градежништво / рушење - автопати /патишта /мостови /тунели - обнова и одржувањеУрбан развој: - транспорт

Опис на проектот

Поектот е од јавно-приватно партнерство за дизајн,финансирање, изградба, водење и одржување на Патничкиот морски тунел на Истанбул, составен од три секции со вкупна должина од 14.6 km. Двете патнички секции на секоја страна на тунелот ке бидат дадени на јавните властиведнаш по завршување на изградбата, додека тунелската секција ке биде водела по принципот на концесија. Вкупните трошоци се ориентационо EUR 768 милиони. Тендерот беше награден со концесија за период од 30.5 години на крајот на 2008 на Турско-Корејско заедничко вложување, и договорот е финализиран за потпис.

КонтактКорисник е Република Турција преку DLH, -соодветно тело на Министерството за транспорт Статус Под надзор - 10/12/2010

Назив на проектот MK-Skopje: Системи на бази на податоци

Референца ECZ58330-земји кандидати

Финансиска референца. 2010/S 152-235578; 2010/S 212-323514;2010/S 243-370436

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на

Краен рок за апликација

09.02. 2011

Сектори

Информатичка технологија:- бази на податоци /стоваришта / обновување на податоци - Hardware / Equipment / So�wareЈавна администрација: - Полиција /Одбрана /Внатрешни работи /бесбедност /затвори /противпожарен систем

Опис на проектот

Системи на бази на податоци.наместо: IV.3.3) Услови за добивање на спецификации и дополнителни документи 7.12.2010 - 12:00.IV.3.4) Краен рок за прием на тендерите, IV.3.8) Услови за отварање на тендерот 15.12.2010 (12:00)Читај: IV.3.3) Услови за добивање спецификации и дополнителни документи 3.2.2011 - 12:00.IV.3.4) Краен рок за прием на тендерите, IV.3.8) Услови за отварање на тендерите 9.2.2011 (12:00)

Контакт

Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Димче Мирчев бб,Скопје, Република Македонија, Ратко Околич, на внимание на :Тони Георгиев. Tel. +389 23143342 +389 23143342 . E-mail: [email protected]. Fax +389 23142342 +389 23142342

Назив на проектотTR-Ankara: IPA — Изградба на фабрика за прочистување на води во Ordu и за филтрирање во Kumbasi

Референца EuropeAid/128751/D/WKS/TR

Финансиска референца.IPA budget item 13.05.02 of the general budget of the EC (75 %) and na�onal contribu�on (25%

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Турција

Објавено на

Краен рок за апликација

11 February 2011

Сектори

Градежништво &инжинеринг: - изградба /градежништво /рушење - згради /канцеларииЗаштита на Околина: - отпадоци /отровни материи / изложени на опасности /чисти технологии /процесуирање

Опис на проектот

Наместо: 18. како да се добие тендерско досие:[...]Банкарска сметка за плакање на тендерско досие. Ziraat BankasiAnkara Kurumsal Bankacilik Subesi37712157-5029 ‘numarali hesap’[...]читај: 18. како да се добие тендерско досие:[...]Банкарска сметка за плакање на тендерско досие:T.C. Ziraat BankasiAnkara Kurumsal Bankacilik Subesi37712157-5029 numbered accountIBAN No: TR72 0001 0017 4537 7121 5750 29[...]Сите други одредби и условиод јавната набавка остануваат непроменети

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАКонтактМ-р Ацо Спасовскител. 3244044факс.3244088е-маил[email protected]

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 30: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 16 декември 2010

САЕМИ, СЕМИНАРИ Oд 21 до 23 јануари 2010 година во Вировитица, Република Хрватска

„ ВИРОЕКСПО 2011„ * Стопанската комора на Македонија организира настап и посета на заинтересирани македонски компании на 16. Меѓународен саем на економијата, занаетчиството и земјоделството „ВИРОЕКСПО 2011„ во Вировитица, Република Хрватска, на којшто нашата земја учествува како земја-партнер. Просторот за стопанствениците-излагачи од Македонија ќе биде бесплатен, а големината на изложбениот простор ќе зависи од потребата и бројот на излагачите

Во периодот од 21 до 23 јануари 2011 година ќе се одржи 16. Меѓународен саем на економија, занаетчиство и земјоделство „ВИРОЕКСПО 2011„, во Вировитица. Манифестацијата е под покровителство на Владата на Република Хрватска, министерствата за економија и регионален развој, Стопанската комора на Хрватска и другите комори и е најзначајна саемска манифестација во Република Хрватска

На Вировитичкиот саем секоја година учествуваат голем број земји од цела Европа и од регионот и е втор по големина во Хрватска, по Загребачкиот велесаем. „ВИРОЕКСПО„ е одлична прилика за средба на деловни посетители и придонесува пред се` за развојот на економијата, занаетчиството и земјоделието во Вировитица, Вировитичко-подравската жупанија, како и на поширокиот регион, создавајќи добри услови за поголем развој на економската размена и проток на стоки, како во регионот и пошироко во Европа. Производите од металната, текстилната, градежништвото и дрвната индустрија, земјоделските и прехранбените производи, како и најновите достигнувања во автомобилската индустрија, како и понудите на услужните дејности од областа на банкарството и туризмот, традиционално се присутни на овој саем во количина и асортиман, кои ги задоволуваат глобалните бизнис-потреби на излагачите. Во рамките на одржувањето на Саемот се планира да се одржи и бизнис-форум, доколку постои интерес од македонските компании, за што е потребно претходно известување до организаторот, како и културни случувања. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на Саемот „ ВИРОЕКСПО 2011“ , најдоцна до 24 декември 2010 година.

Контакт:

Венера АндриевскаТел: (02) 3244037Факс: (02) [email protected]

Влатко СтојановскиТел: (02) 3244004Факс: (02) [email protected]

СЕМИНАР НА ТЕМА: ИНКОТЕРМС 201020 декември 2010 година, од 17 до 20 часот

- Што е тоа Инкотермс и зошто 2010? Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс правило?- Дали сте информирани за најновите измени на Меѓународните трговски правила – Incoterms® 2010 by the Interna�onal Chamber of Commerce (ICC)

Програма1. “ИНКОТЕРМС 2010”• Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2010?• Зошто се содржани во секоја фактура за промет со стоки во надворешната трговска размена?

• Кои се предностите на ИНКОТЕРМС?• Тие се дел од договорот за ...?• Што не е ИНКОТЕРМС?• Поделба во 2 и 4 групи • ИНКОТЕРМС и институцските карго-клаузули за осигурување на стока• ИНКОТЕРМС и царинската вредност• Како да се користат правилата ИНКОТЕРМС 2010?• Кои се главните карактеристики на ИНКОТЕРМС 2010?• Кои правила се укинати, а кои се НОВИ?• Поединечните карактеристики на сите ИНКОТЕРМС правила:EXW, FCA, CPT, CIP, DAT, DAP, DDU, FAS, FOB, CFR, CIF.

Предавач: Карло Змајшек, директор на Центарот за шпедиција во Макпетрол АД Скопје Семинарот е намененет за: извозни компании, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со меѓународна трговија, сметководители, финансии и слично. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 17.12.2010 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат практичен прирачник за Инкотермс 2010.

Контакт:

Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: (02) 3244074Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија

САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011”

Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” - Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”. На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на: • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот.

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 31: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 16 декември 2010

Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ

На 16 и 17 февруари 2011 Саем и Настан за технолошка и бизнис-соработка, во Шпанија

EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA 2 ВО ВАЛЕНСИЈА

Стопанската комора на Македонија - ЕИИЦМ организира посета на Вториот саем за технолошка и деловна соработка. Настанот ќе се одржи во Валенсија на 16 и 17 февруари 2011 година, за време на заедничките меѓународни саеми: - EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA: Саем за енергии; - ECOFIRA: Саем за вода, почва, воздух, отпад и нивни технологии и услуги и - EFIAQUA: Саем за ефикасно водостопанство.

Настанот ќе се состои од меѓународна платформа која им овозможува на компаниите и организациите од секторот на енергија, вода и отпад, да се среќаваат со цел да се споделат иновативните технолошки предлози, да бараат решенија за технолошки предизвици и да започнат бизнис-соработка. Области на интерес: - Одржливо производство и дистрибуција; - Новите технолошки решенија (енергија и животна средина); - Ефикасност во градежништвото; Ефикасност во транспорт и одржлива мобилност; - Урбанистичко и индустриско управување со отпад; - Управување со системи за животната средина: - Оценување на индустриски отпад; - Потврдување, рециклирање; - Еко-производи; - Третманот на отпадните води; - Колекционирање и третман за прочистување на водата; - Набавка и дистрибуција на вода; - Контрола на поплави; - Крајбрежната заштита; - Проекти за финансирање.

Рокови: - до 3 февруари 2011 година: регистрација и поднесување на профили; - до 9 февруари 2011 година: барања за билатерални средби.

Повеќе информации за саемите: EGÉTICA - EXPOENERGÉTICA: www.ege�ca-expoenerge�ca.com ECOFIRA: www.feriavalencia.com / ecofira EFIAQUA: www.feriavalencia.com / efiaqua

Веб-сајт на Вториот настан за технолошка и деловна соработка: h�p://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/public/bemt/home.cfm?even�d=2460 Влезот и учеството на саемот се бесплатни.Контакт:Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 [email protected]

Софче Јовановска, проектен консултант тел: (02) 3244060 [email protected]

Од 26 до 28 јануари 2011 година во Турција

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА БРОДОГРАДБА SMM ВО ИСТАНБУЛ

* Стопанската комора на Македонија – ЕИИЦМ организира посета и учество на Меѓународниот саем за бродоградба SMM во Истанбул, од 26 до 28 јануари 2011 година

Брокерскиот настан ќе биде организиран во текот на второто издание на SMM-Истанбул саем, кој ќе се одржи во Истанбул, „Љутфи Кирдар“ изложбен центар на 26 до 28 јануари 2011 година. Првото издание во Истанбул на саемот (SMM) беше успешно организиран во 2009 година.

Тогаш Саемот беше домаќин на повеќе од 4000 посетители од 66 земји и 150 излагачи од 30 земји. Настанот - партнерство ќе се одржи во текот SMM - Истанбул 2011 година во една специјална област во салата подготвена за билатерални средби. Настанот има за цел да донесе професионалци во областа на: • бродоградбата и бродоградилиштата; • науката за поморство и технологија; • навигацијата и позиционирањето; • пристанишната технологија; • зелениот превоз; • услугите во поморството. Веб-сајтот на брокерскиот настан е: h�p://techmatch.aia-istanbul.org/smmistanbul Учеството на брокерскиот настан е бесплатно.

Контакт:Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 [email protected]

Софче Јовановска, проектен консултант тел: (02) 3244060 [email protected]

САЕМИ ВО ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија, го организира Вашиот настап на саемите и бесплатно ќе Ве поврзе со сите странски учесници на некој од следниве настани каде е организатор партнер на ЕЕН мрежата:

Jaнуари 2011 година12/01/2011 InnoBuildTech at BUDMA 2011 Fair

Poznan (Poland)

19/01/2011 BROKERAGE EVENT TOURISM FITUR 2011 MADRID (Spain)

25/01/2011 BE2WEEN@TERRATECT/ENERTEC 2011 Leipzig (Germany)

26/01/2011 Biomass Business Talks 2011 Graz (Austria)

26/01/2011 SMM Istanbul 2011 Interna�onal Partnering EventIstanbul (Turkey)

Февруари 2011 година01/02/2011 Mee�ngpoint “Learning and IT” at LEARNTEC 2011

Karlsruhe (Germany)

02/02/2011 MicroMountains iNNOVATION fORUM for Micro Technology 2011 Villingen-Schwenningen (Germany)

04/02/2011 Life Sciences Brokerage Event Edinburgh (United Kingdom)

10/02/2011 b2fair SME Forum 2011 Luxembourg (Luxembourg)

10/02/2011 Fruit Logis�ca 2011 Brokerage EventBerlin (Germany)

14/02/2011 Mobile World Congress Brokerage Event 2011Barcelona (Spain)

16/02/2011 EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA: II Technology and Business Coopera�on Event – Energy, Water andWastes - Valencia (Spain)

22/02/2011 Eilat-Eilot Renewable Energy Conference & Exhibi-�on 2011 - Eilat (Israel)

Page 32: Бизнис ИНФО бр.35 од 23.12.2010 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 16 декември 2010

Кинеска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на

ламинат за подовиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:26.04.2011

Холандска компанија бара дистирибутер во Република Македонија за пласман на месо и

месни производиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:26.03.2011

Грчка компанија бара соработка со производители на мебел во Република

Македонија за пласман на акцесориВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Обработка на дрво и

дрвени производиВалидност до:29.04.2011

Компанија од Азербејџан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ролни

хартија за автомати за пари,за факс и фискални каси

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:29.04.2011

Компанија од Азербејџан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на обувки за

војскаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:29.03.2011

Кинеска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на

расветни тела наменети за осветлување на улици, патишта, хотели, продавници, трговски

центри, саемиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:29.04.2011

Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитни

собраќајни бариери за патишта,мостови и надвозници

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:1.04.2011

Македонска компанија нуди услуги во градежен сектор како изведувач на работи, вршејќи

инженеринг, надзор, проектантски, дизајнерски и други консултантски и истражувачки работи

Вид на соработка: Техничка соработкаОбласт на соработка : Градежништво

Валидност до:2.12.2011

Полска компанија бара соработка со производители на зелка,лук домати и пиперки во Република Македонија за увоз во Полска на

иститеИталијанска компанија бара дистрибутер во

Република Македонија за пласман на заштитни собраќајни бариери за патишта,мостови и

надвознициВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:9.12.2011

Компанија од Австрија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни

и абразивни материјали, ауто и електро деловиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:9.05.2011

Турска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на мебел

наменет за хотели и становиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:9.05.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини

за обработка на лим, специјализирани за производство на преси,ножички и други видови

на машини за сечењеВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:10.05.2011

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

стоматолошки инструменти за микро хирушки третман

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:10.06.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електрични печки за печење на пици

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:13.04.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на зачини и

маслени семињаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:13.04.2011

Турска компанија бара партнер за соработка за пласман на сушено овошје во индустријата за

производство на чаевиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:13.04.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на болнички кревети, кревети за интензивна нега, кревети специјални за пренос на пацијенти, кревети за

операцијаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:13.06.2011

Кинеска компанија бара застапник во Република Македонија на детски пластични

точаци,автомобили и моторчињаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:13.04.2011

Бугарска компанија бара соработка со производители на сончогледово масло во

Република МакедонијаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:14.12.2011

Турска компанија бара да откупува од производители на оризова арпа и леќа во

Република Македонија

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:14.12.2011

Турска компанија бара дистрибутер на Република Македонија за пласман на глинени

саксииВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:14.05.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на изворска

вода пакувана во пластични чаши од 100 млВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:15.05.2011

Компанија од Бугарија бара претставик за продажба во Република Македонија на цевки и приклучоци -за греење и снабдување со вода на

станбени објекти и канцеларии-Инсталации за топла и ладна вода-Внатрешен зграда за наводнување

-инсталации во патнички бродови и прегради на тренери

-заварување апарати и опрема-за изградба на водовод и поправки

Како и широк опсег на статии во горенаведените области.

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:15.04.2011

Данско преставништво со седиште во Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за чистење на површини

од снег,машините имаат максимална можност за маневрирање,високи перформанси,висок

степен на користење,едноставна промена на алатот,добар преглед на

поле за работа,оперативна безбедност и профитабилност

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:15.04.2011

Компанија од Пакистан бара соработка со македонски текстилни фабрики за набавка на користени машини за производство на текстил

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:16.05.2011

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на памучни пешкири, бањарки,постелнини и прекривачи и

памучни ткаениниВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:16.05.2011

Турска компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на зашеќерени

костении, и други производи од костен,џем од костен,чоколадирани бонбони со костен

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и мало

Валидност до:16.05.2011

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски