20
Международный Славянский Институт - г.Москва Факултет по психологија – Oпшта психологија Семинарска работa по културологија на тема: ХУМАНИЗАМ И РЕНЕСАНСА

Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

Международный Славянский Институт - г.Москва

Факултет по психологија – Oпшта психологија

Семинарска работa по културологија на тема: ХУМАНИЗАМ И РЕНЕСАНСА

Ментор: Изработил : бр. на индекс Јордан Михајловски Христина Стрезовска 932036

Page 2: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

Битола 2009Содржина:

Вовед........................................................................... Главен дел................................................................... Заклучок...................................................................... Користена литература................................................

Page 3: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

1. Вовед

Периодот на хуманизмот и ренесансата во европската уметност е наречен голема доба. Овој период ги опфака XV и XVI век и прави период од среден век во нив. Ова е едно од најголемите движења на светската култура кое ке предизвика преобразба во науката, филозофијата, сликарството и вајарството.Современиците овој период го нарекле доба на процут, препородба, бидејќи сметале дека дошло до повторно оживување на античката уметност врз основа на античката култура. Траги на античката култура се гледаат во сите уметнички дела. Новите погледи на животот и светот настанале под влијание на хуманизмот. Тука се ослободува човечката мисла од стегите на црквата. Основна идеја на хуманизмот е антропоцентризам (центар на внимание е човекот).

Во периодот на хуманизмот и ренесансата се зајакнува индивидуализмот, а уметникот се издигнува на пиедестал. Мотивите од земните животни радости почнуваат да ги спомнуваат религиозните и аскетски разбирања на средниот век, а тежненијата кон апстрактното и мистично биле потиснувани од она стварното што го опкружува човекот.

Збогатеното граѓанство кое се ослободило од догмите на црквата ќе стане носител на напредок, а науката и уметноста ќе допрат до сите широки кругови на Италија.

Пред зачудениот запад се појавил нов свет,грчката антика. Пред нејзините светли ликови настанале аветите од среден век и во Италија уметноста го достигнала невидениот процут. Тоа било најголемиот прогресивен преврат што човештвото до тогаш го доживеало.

Се открива човечкото тело кое под влијание на црквата и нејзиното учење, било скриено илјада години, како нешто од кое човек треба да се страми и како нешто што го тера на грев. Сега во овој период на хуманизам и ренесанса, човечкото тело се проучува, уметниците се занимаваат со анатомија, па дури секцираат и лешеви и сликаат по модели. Создаден е идеален тип на убавина која ја гледаме на убавите ренесансни портрети. Се развива интерес за природата па на пејсажот му се укажува поголемо внимание. Се проучуваат и решаваат законите на перспективата и проблемите на композицијата, светлоста и бојата. Решавајќи ги овие проблеми, ренесансните уметници дошле на ист пат на кој биле грчките, римските антички уметници чии што дела давале веќе готово решение на многу проблеми што ги интересирале и со кои се занимавале, па почнале да се ползуваат со готови резулта- ти, превземајќи ги од античката култура а митолошките сцени и фигурите во сликарството и вајарството. Тоа се работело без да се навлегува во духот и принципите на античката уметност кои уште во XV век на уметниците им биле туги, бидејќи античкиот свет со своите митови, разбирања и со историјата им бил непознат и далечен. Дури после долги и сериозни студии на античката и нејзината уметност ќе биде разбран нејзиниот бит и дух и дури тогаш во периодот на високата ренесанса, уметниците со полно разбирање ќе можат да ги користат големите и богати наследства од минатото.

Интересот и на нарачателот и на уметникот се про-ширил и во областа на темите кои се обработувале. Наместо исклучливо религиозна тематика на уметничките дела од среден век сега се работат и митолошки алегориски и

Page 4: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

историски композициски пор- трети и сцени од секојдневниот живот. Сликарството се збогатува и во начинот на изразување и покрај поранешните фреско техники и сликање на даска со темпера, почнува да се слика со уљани бои (маслени бои) на платно.

Покрај црквата која до тогаш била единствена мецена на уметноста, уметниците сега ги помагаат и дворовите и мнозина богати граѓани. Познати биле династијата Сфорца од Милано и Благородничката фамилија во Фиренца Медичи. Тие не само што биле успешни политичари туку имале заслуги во други области. Тие во своите дворци ги викале најпознатите сликари, вајари, архитекти, добро ги плаќале и им овозможувале солидни услови за работа.

Многубројните италијански државички се натпреварувале и во полето на културата и уметноста па за да бидат подобри од своите противници ги помагале (донирале) уметниците, поетите и научниците од тоа време.

Низ 2 века низ кои се развива ренесансата се дели на 2 периоди:- рана ренесана-период XVв.(cvatrocento)- висока ренесанса- период XVIв.( cikvecento ).

Хуманизмот и ренесансата оставиле длабоки траги во архитектурата.Готската архитектура не оставила длабоки траги во Италија бидејќи овој стил

не му одговара на Италијанскиот дух. Големите градби од античката архитектура останале зачувани во Италија и никој не помислувал да се потсеќа на нив па затоа се користени како модели на убаво класен камен за нови згради. Но, хуманизмот го пробудил вниманието кои овие споменици на древното минато и така настанала ренесансната архитектура, а за конечното прифаќање на тој стил најповеќе придонесло тоа што тој го водел потеклото од примероците создадени на домашно тло, потицнувајќи ја готиката што им била туѓа.

Архитектите тежнееле да творат послободно придржувајќи се само за еден закон-дека се мора да биде меѓусебе и во однос на целината во складна и убава пропорција. Ова тежнение кон убавите односи е најважното наследство од антиката. Додека во периодот на готиката религиозната архитектура била во прв план во периодот на хуманизмот и ренесансата граѓанската архитектура добива поголема важност. Во детали поединостите биле исти и кај црквите и кај палатите. Паралелно со сликарството и архитектурата се развива и вајарството. Претставува едно од насјајните заглавија во историјата на уметноста. Вајарите почнале да ја набљудуваат природата но за пример служела антиката од каде се позајмуваат мотиви и фигури.

Во Италија многу од уметниците биле и архитекти, сликари, поети, вајари и др.

Page 5: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

2. Главен дел

рана ренесанса (cvatrocento)

ДОНАТЕЛО ДИ НИКОЛО ДИ БЕТО БАРДИ (1386-1466)-најголем вајар на XVв.

Почнал да работи како каменорезец и вајар. При секоја нова работа барал нов начин на изразување често сосема спротивен на предходниот.

Донатело создава дела отфрајќи секоја правилна убавина и барајќи го карактерот во неправилноста и грдоста што му било туѓо на ренесансните идеали.

Едно од најпознатите дела на Донатело е статуата на Давид. Од тој круг на неговите дела припагаат: “Пророци” изработени за камбанаријата на катедралата и портретот на Николадо Укано (лицето му било грдо а погледот како на птица грабливка.)

Потоа ја изработил Коњаничката статуа на Еразмо Гатамелата - венецијански кондотјер. Споменикот се наоѓа пред црквата Св.Антоние. Коњаничка статуа

Делата на Донатело се разликуваат од делата на неговите современици. Тие се плитки а впечаток на пространост е постигнат со помош на перспектива.

ЏОТО ДИ БОНДОНТЕ (1266-1337)

На неговите слики ги сретнуваме истите типови за кои ретко може да се каже дека се убави. Во почетокот бил под влијание на Чимабие подоцна се осамосталил

Page 6: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

работејќи во Рим. Од неговата рака е Богородица на престолот. Многу од неговите дела не се сочувани.

АЛЕСАНДРО ДИ MАРИАНО ДИ ВАНИ ФИЛИПИ – БОТИЧЕЛИ (1444/45-1510)

Сликар со јака индивидуалност. Неговите дела може на прв поглед да се препознат, а со другите сликари не може да се спореди бидејќи е потполно свој. Неговата композиција е потполно слободна, неговиот цртеж не е анатомски точен, а и перспективата не е беспрекорна но тоа не било од незнаење. Тој на своите слики сакал да ја прикаже својата мечтателност.

PRIMAVERA RAGANJE NA VENERA

MARS I VENERA

Додека во периодот на раната ренесанса (cvatrocento) со нови погледи се бара нов израз во уметноста уметноста на (cikvecento) претставува зрела доба и од рацете на најголемите уметници се остварени најголемите дела кои претставуваат врвна точка на достигнување.

Италијанското cvatrocento се развива во Фиренца, Милано, Венеција во cikvecento Рим ги привлекува најгенијалните: Леонардо да Винчи, Микеланџело, Банароти, Рафаело, Санти, Тицијан и др.

Page 7: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

Висока ренесанса (cikvecento)

ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ

Роден во Анкиано централна Тоскана близу Винчи. Татко му се викал Пјеро и бил нотар исто како дедо му и прадедо му. Пјеро се вљубил во Катарина но тој брак бил недозволен зашто во тоа време било несватливо нотар да се вљуби во селанка. Така Леонардо станал вонбрачно дете кое до 4г.живеело со својата мајка. Тоа психолозите го сметаат за голема трага во животот на Леонардо.

Уште од детство се истакнувал со својата надареност. Покажувал голем талент не само во ликовната уметност туку и во музиката, математиката, поезијата. Сестран гениј чии граници можат да се насетат но не и да се допрат. Бил човек без одредена возраст, на кој годините не оставиле трага. Често си поставувал прашања зошто рибите пливаат во водата, птиците летаат, но најголемата инспирација бил човекот.

Од сите научни институти Леонардо поминал низ работилницата на Верокио.Учел од школата на животот ја совладувал праксата без теорија. Од таква ситуација доага ум чиј нацрти и зборови може да се поврзат со модерниот човек. Се што може да се рече против Леонардо тој го рекол сам за себе ‘како што секое одвнатре поделено кралство на крајот завршува со пропагање така секој ум поделен од внатре се збунува и ослабнува’ - запишал Леонардо за универзалниот човек.

Посебно внимание обрнувал на перспективата и геометријата. Го сметал човекот за ремек дело на природата и неисцрпана инспирација во уметноста. Ги објаснил најсложените процеси (движење, крвоток) и генијалното откритие - вените можат полесно да се испитаат ако се полни со восок. Сметал дека сите луѓе се до- стојни да бидат предмет на проучување, без никакви предрасуди. Човечкото тело го впишал во круг и квадрат - две совршени геометриски тела.

Како да се отргне величината на инжинерот кој се соединил со уметникот. Бил прагматичен визионер. Ја мразел војната но за неа велел дека е BASTTALI- SSIMA PAZZIA (најѕверско лудило) но знаел дека единстваното нешто полошо од војната е нејзиното губење. Бил и воен инжинер. Времето минувало бавно за да може да го прати развитокот на Леонардовите концепти. Создавал оружје за кое во едно писмо до неговиот пријател Сфорца напишал ‘измислив оружје за масовно уништување но ми е страв да го запишам на хартија’. Многу од неговите пронајдоци се толку напредни што модерната технологија и денес нема сила да ги реализира. Човекот кој нацртал мапи по кое денес се направени модерните тенкови, подморници, хилихоптери (атлански кодекс). Голем чекор во човештвото направил оној кој го спуштил првиот нуркач во историјата на човештвото. Мегу другите проекти како сменување на текот на реката Арно, Леонардо се здобил со поголем предизвик, па се судрил со својот ривал Микеланџело. Станува зборот за 2 фрески со борбен мотив.

Леонардо ја одбрал битката кај Ангиари, Микеланџело Кашинската битка. Леонардо ја упропастил сликата. Запалил оган за побргу да ја исуши, но ефектот бил спротивен зошто боите почнале да се топат. Но, сепак неговиот генијален дух избрал друга област - Летање. Инспириран од легендата за Дадал и Икар изработил механизам на лесно и ритмичко движење на крила. Но неговиот пријател го испро- бал ова чудо уште кога не било доволно испитано и трагично загинал на карпите сакајќи да е првиот човек кој летал како птица. Неговите најпознати дела се Исусовото крштевање, заедничко дело со неговиот учител Андреја дел Верокио. На таа слика требало да се насликаат 2 ангели од кои 1 насликал Леонардо а друг

Page 8: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

неговиот учител. Сите забележале дека ангелот на Леонардо бил поубав, од што се исплашил неговиот учител.

Исусовото крштевање

Затоа во една пригода Леонардо напишал: Тешко оној ученик кој нема да го надмине својот учител.

Бахус

Page 9: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

МонаЛиза

Никогаш ни еден уметник не ја изразил суштината на женственоста нежност и кокерерија, страмежливост и подмолност сладострастие. На оваа слика го има највисокоот што може да го достигне уметноста. Таа слика е конечно пронајдениот и отелотворен идеал на Леонардо за жената. Тој во неа најде дел од себе и во неа внесе дел од себе.

Леда Богојавление

Page 10: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

Поклонување на 3те мудреци

Во религиозниот мотив секогаш го сметале за палавото дете од Винчи.

Тајната Вечера

(на која испитал нова техника па затоа сликата за многу брзо време избледила). Зад себе оставил многу незавршени дела но не од немање идеја...

Нова промена има после 50г.од неговиот живот. Станува истражувач во служба на уметноста но подоцна заради неа и го врти грбот. Тогаш слави триумф со Мона Лиза и Св.Ана и пречката на уметноста е повторно надмината. Неговиот интелект ги оставил идеите над своето време далеку зад себе.

Неговото последно дело е Св.Јован. За погребот сака да е погребан со сите почести во црквата Сан

Флорентино но не може да се одаде почит зошто црквата била рушена а посмртните останки исчезнале 2 Мај 1519.

Page 11: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

Неговите последни зборови на смрна постела биле: ‘Среќни сме кога ќе си легнеме по успешно завршен ден, па среќни треба да бидеме по успешно завршен живот’.

МИКЕЛАНЏЕЛО БУОНАРОТИ

Роден бил во Капрез - Фиренца. Неговиот живот покрај историчари го испитуваат и психоаналитичари. Тој не бил сестран и универзален како Леонардо. Секогаш бил вајар а како таков припагал на архитектура. Во Фиренца видел огромен блок на кој некој пробал да го изработи Давид. Блокот му бил отстапен но лош услов да се искористи целиот. Како Микеланџело и Давид е левичар. Статуата е висока 5,5м а била поставена на влезот од палатата Сињоријата каде порано била Донателовата Јудита.

Давид на Микеланџело е едно од најпознатите дела. Папата сакал Микеланџело да ја прави Систинската капела. Тој ја започнал мегу тоа се противел со изговор дека таква работа никогаш не работел.

Друго негово познато дело е: Мојсие

-во натприродна големина која 4г. стоела во неговото атеље. Преставен е во моментот кога дознава за златното теле кое го направиле Евреите.

Во последните години бил многу осамен. Неговата фамилија чекала само пари. Во неговиот живот се спомнува жена Викторија Колона. Погребан е во Фирентиската црква во Санта Корче.

РАФАЕЛО САНТИ (1483-1520)

Page 12: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

Ренесансниот сликар Рафаело не бил само славен сликар на епоха туку и втемелувач на женственоста во уметноста. Неговата најпозната слика е Богородица во Сикстинската капела. Ова ремек дело е познато под називот Сикстинска Богородица.

Сикстинска капела

Во делата на Рафаело многу малку се наѕира неговата личност и внатрешниот живот.

Тој со хируршка прецизност успеал да наслика се на женското тело. Неговите бои се карактеризираат со внатрешна хармонија. Сликите на Рафаело се вистински ремек дела во периодот што историјата на уметноста го нарекува доцна ренесанса.

-фигурата на Христос е земена од Микеланџеловата Пиета а фигурата на жена од Микеланџело. Света фамилија ја презел цела работа за сликање на Ватикан, а тоа било најчесната работа што можел да ја добие еден сликар. Сликите се споменик на монуменалното историско сликарство и со векови недостижен пример.

Друго познато дело Атинска школа која претставува филозофија и наука.

Page 13: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

Атинска школа

Од величенствениот хол излегуваат Платон и Аристотел,д есно се претставници на дијалектика, а лево на физиката. Сократ е покрај Платон, лево голиот Диоген е на скалите. Во преден план десно се астрономите, а лево музичарите. Во десниот агол Рафаело се насликал сам себеси. Рафаело изработил многу слики. Неговите Богородици не се веќе благи Перуганки туку горди Римјанки. Мегу нив најубава е Madona dela Sedija. Последно дело е Преображдние. Починал од грозница на 06.04.1520г. Погребан е во Пантенон гробницата која сам си ја приготвил. Во 1836г. папата Грегориј XVI наредил да се отвори гробницата, за верниците да видат дека тука е телото на најславниот сликар. Потоа наредил да се направи нов мермерен ковчек и наредил да се напише: ‘Тука почива Рафаело, пред кого додека беше жив, најголемата мајка на сите нешта (мајката природа) се исплаши дека ќе биде надмината од него’.

ДОНАТО АНГЕЛО БРАМАНТЕ (1444-1514)

Едно од најзначајните дела е преградување на манастирот Санта Марија Деле Грција. По пагањето на Лудвиг Моро дошол во непосреден допир со античката архитектура и напуштајќи ги примерите на раната ренесанса под влијание на антиката ги создал првите архитектонски дела на високата ренесанса. Прво дело во тој антички стил црквата Темпието ја започнал со изградба на Ватикан во една архитектонска целост, каде се истакнувала Сикстинската капела. Со Браманте почнало раздобјето на високата ренесанса во италијанската архитектура и тој влијаел во понатамошниот развиток.

Page 14: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

3. Заклучок

Хуманизмот и ренесансата се еден од најкреативните периоди во човечката историја што се потврдува во општестевената мисла, книжевноста и уметноста и значи прекин на средновековието. Претставува најголемо движење во светската култура што ќе направи преобразба во науката, филозофијата, книжевноста и уметноста. Ќе се оствари визијата на идеално единство на човекот со светот. Уметникот се издигнува на пиедестал. Со своето достигнување и резултати хуманизмот и ренесансата се епоха во која човечкиот дух и индивидуалност достигнаа највисоки дострели на креативност.

Page 15: Периодот на хуманизмот и ренесансата во ев

4. Користена литература

o Кодот на Да Винчи - Д.Браунo Кодексот на Да Винчи - Л.Пердјуo Еден спомен од деството на Л.Да Винчи - Сигмунт Фројд.o Тајната вечера - Хавиер Сиераo Кус преглед на историјата на уметноста - Мултин Ружик.