16
СМУГС: ,, Д-р. Панче Караѓозов,, -проектна задача по биологија- Нервен систем Изработила: Катерина Веселиновска III 2 фармацевтски лабораториски Ментор: Љупка Кунгуловска

Нервен систем биологија

  • Upload
    -

  • View
    3.919

  • Download
    14

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Нервен систем биологија

СМУГС: ,, Д-р. Панче Караѓозов,,

-проектна задача по биологија-

Нервен систем

Скопје, 2012

Изработила: Катерина Веселиновска III 2 фармацевтски лабораториски технчар

Ментор: Љупка Кунгуловска

Page 2: Нервен систем биологија

Нервен систем

Централен нервен систем

Периферен нервен систем

Цереброспинален дел

‘Рбетен мозок Черепен мозок Вегетативен дел

Симпатички дел Парасимпатички дел

ервниот систем е органски систем кој претставува целина од нервните елементи во животинското тело: невроните, нервите и нервните ткива. Основната морфолошко - физиолошка единица

на нервниот систем е невронот, односно нервната клетка. Нејзина основна карактеристика (а со тоа и на нервниот систем) е надразливоста. Со помош на овој белег, нервниот систем прима дразби и на нив одговара со определена акција (одговор на дразбата).

Н

Додека сите други органски системи кај животните ја вршат својата специфична функција, нервниот систем нема некоја таква функција во организмот, туку влијае и ја контролира работата на сите останати органски системи со помош на нервите и нивните разграноци. Така, нервниот систем навлегува во сите делови на телото и е во врска со сите ткива и нивните клетки.

Градба на нервниот систем

Page 3: Нервен систем биологија

Нервна клетка (неврон)

Нервните клетки, т.е. невроните се основните единици во градбата на нервниот систем. За разлика од другите клетки во телото, невроните се карактеризираат со надразливост, осетливост и спроводливост. Овие карактеристики се во согласност со нивната специфична функција, т.е. спроведување на нервниот импулс. Друга карактеристика што ја прави нервната клетка различна од другите е тоа што таа нема способност за делба, туку таа постојано расте и се развива во текот на животот на индивидуата.

Невроните се делат според неколку критериуми:

Според тоа какво е телото на невронот,има ѕвездести, пирамидални или вретенести неврони

Според тоа од колку дендрити и неврити се состојат,има мултиполарни (со повеќе дендрити и еден неврит), биполарни (со два неврити и без дендрити) и униполарни (со еден неврит) неврони

Според тоа од каде до каде ги пренесуваат нервните импулси, има сензитивни (од рецепторите до ’рбетниот или черепниот мозок), интерневрони (од ’рбетен до черепен мозок и обратно) и моторни (од ’рбетниот или черепниот мозок до ефекторите) неврони.

Page 4: Нервен систем биологија

1. Дендрит2. Аксон (нервно влакно)3. Ранвиерово стеснување4. Терминален дел на аксонот5. Шванова обвивка6. Невроцит (тело на невронот)7. Јадро

Создавање и спроведување нервен импулс

За да постои нервен импулс, невронот треба да е надразнет, т.е. на него треба да дејствува одреден нервен стимул. Така, кога тој е во мирување (отсуство на дразба), поларитетот на мембраната на невронот останува таква каква што е, односно однадвор е електропозитивна, а одвнатре е електронегативна. Оваа состојба на нервната клетка се означува како мембрански потенцијал, т.е. состојба во која мембраната на невронот е поларизирана.

Кога нервната клетка прима нервен стимул, нејзината мембрана станува пропустлива за натриумот навнатре, а тогаш калиумот е поттикнат да излегува од цитоплазмата во екстрацелуларната течност, преку каналите за транспорт на јони кои ги содржи самата мембрана. Ова движење на јоните предизвикува деполаризација на мембраната, т.е. таа однадвор сега е електронегативна,а одвнатре електропозитивна.

Потенцијалната разлика што се создава е причина за менување на мембранскиот потенцијал во акциски потенцијал, т.е. потенцијал на дејствување. Тој како бран на деполаризација (нервен импулс) се движи долж невронот. Со завршувањето на нервната стимулација, мембраната на клетката се реполаризира, односно се враќа во мирување.

Градба на нервна клетка

Page 5: Нервен систем биологија

Рецептори

Рецептор е делот од невронот кој прв стапува во контакт со нервниот стимул. Рецепторите можат да бидат слободни нервни завршетоци, специјализирани нервни клетки за прием на точно определени дразби (краусеови телца, пачиниеви телца итн.) или групирани со други ткива, формирајќи притоа сетилни органи (уво, око итн.). Во зависност од видот на стимулацијата, рецепторите може да бидат хеморецептори, механорецептори, терморецептори, фоторецептори и електрорецептори.

Сетило за вид

Око е името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Парните очи се изградени од типот на затворен очен меур (очно јаболко). Очното јаболко е обвиткано со три слоја:

Page 6: Нервен систем биологија

Белка — надворешна обвивка која на предниот дел образува проѕирна рожница

Садовница — богата со крвни садови; на предниот дел образува должница, која на средината има отвор наречен зеница; зад должницата лежи очното сочиво

Мрежница — внатрешна обвивка; таа е најсложен дел на окото и во неа се наоѓаат сетилните клетки односно фоторецепторите:

Стапчиња — одговорни за разликување на светлина и темнина; кај цицачите тие се побројни од чунчињата

Чунчиња — одговорни се за воочување на бои и детални предмети; најмногу ги има во средината на мрежницата (на линијата која поминува низ центарот на окото), на местото кое се нарекува жолта дамка - место на најостриот вид.

Видни осети се формираат кога врз сетилото за вид дејствува видна дразба – светлосен бран со различна бранова должина. Човекот разликува хроматски и ахроматски бои. Хроматски се оние што се наоѓаат во сончевиот спектар на бои: виолетова, сина, зелена, жолта, портокалова, црвена. Ахроматски бои се белата, црната и сите сиви нијанси меѓу нив. Различни нијанси на хроматски бои настануваат со мешање на светлосните бранови со различна бранова должина. Постојат различни видови слепила за бои. Ахроматизам е појава кога човекот гледа само сиви нијанси, а далтонизам кога не ги разликува црвената и зелената боја.

Сетило за слух

Ушите се органи за слушање и рамнотежа. Се наоѓаат на обете страни на главата. Само дел од увото е видлив, а остатокот е заштитен со коските на черепот. Тие ја вршат

Page 7: Нервен систем биологија

функцијата во пар - ги собираат звучните вибрации и ги претвораат во сигнали кои се пренесуваат во мозокот, овозможувајќи ни да слушаме. Кај човекот, увото се состои од три основни дела: надворешно (auris externa), средно (auris media) и внатрешно уво (auris interna). Ушната школка ги насочува звуците во слушниот канал. Звучните бранови се одбиваат од цврстото тапанче терајќи го да вибрира. Трите ковчиња на средното уво ги засилуваат вибрациите и ги насочуваат кон ушното тапанче. Додека ушното тапанче вибрира, течноста поминува преку влакненцата во полжавот кој тие вибрации ги претвора во нервни сигнали. Тие со слушниот нерв патуваат до слепоочниот дел од черепниот (големиот) мозок каде се обработуваат. Секогаш кога телото ќе се придвижи, течноста наречена перилимфа патува низ трите полукружни канали. Малечките влакненца ги чувствуваат тие движења и праќаат сигнали во мозокот јавувајќи му за положбата на телото. Со тоа му помагаат на телото да ја одржува својата рамнотежа.Жлездите сместени во кората која го прекрива ушниот канал ја создаваат ушната маст, која го штити ушното тапанче од прав и валканици, а нејзиниот непријатен мирис ги одвртува инсектите од навлегување во увото. Јачината на звукот се мери со децибели. Звуците чијашто јачина поминува 90 децибели предизвикуваат тешкотии и болки во човечкото уво. Звуците чијашто јачина преминува 130 децибели можат да го оштетат увото и да предизвикат глувост.

Спроводни нервни патишта

Периферниот нервен систем е изграден од нерви, ганглии и плексуси. Во периферните нерви има моторни (еферентни) и сетилни (аферентни) влакна. Еферентните влакна праќаат информации до мускулите, жлездите, мазната и срцевата мускулатура. Тие се аксони на мотоневрони од мозочното стебло и рбетниот мозок, а исто и аксони на неврони на автономниот (вегетативен) нервен систем.Аферентните влакна припаѓаат на псевдоуниполарни и биполарни неврони, чиишто перикариони се расположени во спиналните ганглии и во ганглиите на сетилните черепни нерви. Исклучок од ова правило се аферентните аксони на мирисните нерви, на нервот за вид и дел од влакната на тројниот нерв, коишто носат проприоцепторни информации.

Нервниот центар се дефинира како збир од повеќе неврони кои учествуваат во остварување на некоја определена рефлексна активност. Централниот нервен систем се состои од нервните центри - ‘рбетен и черепен мозок. Двата дела на централниот нервен систем се обвиткани со три мозочни обвивки: внатрешна мека обвивка (pia mater), средна пајажинеста (arachnoidea) и цврста обвивка (dura mater).

‘Рбетниот мозок се протега долж грбната страна на телото и го поврзува черепниот мозок со остатокот од телото. Кај ‘рбетниците, ‘рбетниот

Page 8: Нервен систем биологија

мозок е опкружен со ‘рбетот. Сивата маса на ‘рбетниот мозок се состои највеќе од невроцити и дендрити, додека околната бела маса се состои од аксони групирани во ганглии. ‘Рбетниот мозок учествува во рефлексните функции во кои не е задолжително вмешан и черепниот мозок.

Черепниот мозок претставува виш нервен центар и е дел од централниот нервен систем. Кај ’рбетниците е сместен во черепот. Неговиот степен на развој соодветствува на општата градба на ’рбетниците, така што черепниот мозок е најслабо развиен кај најпримитивните, а најсложено кај највисоко организираните ’рбетници - птиците и цицачите. Нервното ткиво кај черепниот мозок е претставено со два вида: сива маса (од невроцити и дендрити) и бела маса (од аксони), при што белата е распространета во централниот дел, додека сивата во периферниот дел, претставена со мозочна кора и субкортикални јадра. Черепниот мозок е составен од неколку делови и тоа преден (голем) мозок, меѓумозок, среден мозок, заден (мал) мозок и продолжен мозок.

Мал мозок

Малиот мозок (cerebellum) содржи две хемисфери меѓу кои се наоѓа црвовиден израсток (vermis). Функциите на овој дел од черепниот мозок се во врска со моторната координација, движењето на телото, регулација на рамнотежата итн. Овој регион на мозокот е зголемен кај птиците и ја контролира мускулната акција потребна за летање.

Преден (голем) мозок

Предниот (големиот) мозок е оној дел од черепниот мозок којшто најмногу еволуирал прогресивно. Кај водоземните ’рбетници тој е мал и има проста градба, а кај сувоземните, особено кај цицачите (вклучувајќи го и човекот), тој ги надминува останатите делови од черепниот мозок и голем дел од нив ги препокрива. Во него се сместени првата и втората мозочна комора.Скоро кај сите ’рбетници, големиот мозок е поделен на две хемисфери, поврзани меѓусебно со corpus callosum. Површината на хемисферите кај сите ’рбетници, со исклучок на цицачите, е мазна. Хемисферите се покриени со тенок слој од сива маса, познат како мозочна кора (cortex), најскоро еволуираниот регион на черепниот мозок кај ’рбетниците. Рибите немаат мозочна кора, додека водоземците и рептилите имаат само рудиментирани остатоци од овој регион.

Page 9: Нервен систем биологија

Среден мозок

Средниот мозок (mesencephalon) е релативно голем дел од черепниот мозок кај рибите и водоземците, додека кај влечугите, птиците и цицачите е помал од малиот и големиот мозок. Кај цицачите, тој содржи четири задебелувања - 2 видни и 2 слушни, црна супстанција (substantia nigra) и централно поставено црвено јадро.

Мозочно стебло

Мозочното стебло е најмалиот и, од еволуциска гледна точка, најстариот и најпримитивен дел на черепниот мозок. Стеблото е во континуитет со ’рбетниот мозок и се состои од два дела: продолжен (medulla oblongata) со мост на Вароли и меѓумозок. Продолжениот мозок и мостот на Вароли го контролираат срцевиот циклус, констрикцијата на крвните садови, дигестијата и респирацијата. Во продолжениот мозок, кај цицачите, доаѓа до вкрстување на нервните патишта, и тоа оние нервни влакна од десната хемисфера одат во левата, и обратно. Меѓумозокот се состои од врски меѓу продолжениот и големиот мозок. Цицачите го користат овој дел од мозокот само за очните рефлекси. Во меѓумозокот е сместена третата мозочна комора. Некои автори го вклучуваат и таламусот како дел од меѓумозокот.

Рефлекси

Рефлексните реакции се поделени на безусловни (вродени) и условни (стекнати) од страна на Иван Павлов. Безусловните се остваруваат во нижите нервни центри, додека пак условните во вишите нервни центри. Рефлекс е реакција на одреден дел на телото на примена дразба без учество на волјата и свеста и е основен облик на физиолошката активност на нервниот систем. Со рефлексната активност човекот брзо реагира на разни промени, од надворешна и внатрешна средина. При оштетување на некој дел од ЦНС, тоа доведува до инвалидитет и нема можност да се одвиваат животните функции. Безусловните или вродени рефлекси, кои се наследни се одвиваат во пониско организираните делови од ЦНС. Во безусловни рефлекси спаѓаат: пателарниот, абдоминалниот рефлекс, рефлексот на Ахилова тетива, на зеницата и др. Патот по кој се движи нервниот импулс од рецпторот до ефекторот е наречен рефлексен лак кој содржи пет елементи: 1. рецептор, 2. сензитивен нерв (аферентен), 3. синапса во ’рбетен мозок, меѓу сензитивниот и моторниот нерв, 4. моторен нерв (еферентен) и 5. ефектор. Дел од телото со поголем број на рецептори се нарекува рецптивно поле на рефлексот. Времето од моментит на стимулацијата до моментот на рефлексниот одговор на ефекторот се нарекува рефлексно време. Сложените безусловни рефлекси или инстинкти се формираат во

Page 10: Нервен систем биологија

повисокот организираните делови во ЦНС. Инстинктот е автоматско еднообразно однесување на еден организам.

Синапса

Синапсата е физиолошка врска што се воспоставува меѓу две поларизирани мембрани. Таа се состои од претсинаптичко нервно влакно (пред пукнатината), синаптичка пукнатина и постсинаптичко нервно влакно (во пукнатината). Ацетилхолинот и норадреналинот се невротрансмитери кои вршат пренесување на импулсот до постсинаптичката мембрана. Синапсата има способност нервните импулси: да ги одбере и испрати, да ги задржи и сумира со што ќе ги засили или да не ги прима познатите информации. Во зависност од местото каде се наоѓаат, постојат периферни (меѓу нервна и мускулна или епителна клетка) и централни синапси (во сивата маса на ЦНС). Моторна единица претставува основна морфо-функционална единица на нервно-мускулната синапса од аксонски гранки на мотоневрон и мускулни клетки. Нервно-мускулната синапса е составена од претсинаптичка мембрана на аксонот, синаптичка пукнатина и постсинаптичка мембрана на сарколемата. Преносот на нервен импулс од нервно на мускулно влакно се одвива преку: ослободување на ацетилхолин во постсинаптичката мембрана, создава потенцијал на мускулната плоча со што создава акциски потенцијал кој се шири надвор од мускулната единица.

Page 11: Нервен систем биологија

Вегетативниот (автономен) нервен систем

Вегетативниот (автономен) нервен систем се појавил многу рано во текот на еволуцијата. Составен е од централен дел, формиран од јадра и нервни влакна, сместени во централниот нервен систем, и периферен дел, формиран од ганглии и нерви кои спаѓаат во периферниот нервен систем. Градбата на вегетативниот нервен систем е слична кај сите ‘рбетници (вклучувајќи го и човекот). Тој ги инервира внатрешните органи, ѕидовите на крвните садови и жлездите.

Вегетативниот нервен систем е поделен на симпатичен и парасимпатичен систем. Центрите на симпатичниот дел се сместени во вратниот, градниот и слабинскиот регион од ‘рбетниот мозок. Повеќето органи се инервираат двојно, односно со нервни влакна и од симпатичниот и од парасимпатичниот дел, кои имаат антагонистичко дејство. На пример, симпатикусот ја забрзува работата на срцето, додека парасимпатикусот ја кочи и забавува неговата работа, или парасимпатикусот ја стимулира перисталтиката на цревата, додека симпатикусот ја забавува.

Симпатички дел од вегетативниот нервен систем

Page 12: Нервен систем биологија

Симпатичкиот дел од вегетативниот нервен систем се состои од 21-23 пара ганглии. Симмпатичкиот дел има центри во ЦНС и ’рбетниот мозок. Овој дел има функција да ја одржува хомеостазата на внатрешната средина, преку стимулирање секреција на ендокрините жлезди. На симпатичките завшетоци се излачува невротрансмитерот норадреналин. Затоа се нарекуваат адренергични нерви.

Парасиматички дел од вегетативниот нервен систем

Парасимпатичкиот дел од вегетативниот нервен систем се состои од нервни центри сместени во ЦНС, во јадрата на черепнипт, продолжениот и во крсниот мозок. Од центрите на парасимпатикусот поаѓа нервот скитник (nervus vagus) кој содржи најголем број нервни влакна. Нервот скитник е најдолг нерв кој поаѓа од вегетативниот центар во меѓу мозокот. Од него се издвојуваат парасимпатички влакна за инервација на сите органи на вратот, во градната и стомачна празнина, а нервите кои излегуваат од крсниот ргион ги стимулираат органите во карлицата. На парасимпатичките завршетоци се ослободува ацетилхолин и затоа се наречени и холинергични нерви. Парасимпатичкиот дел учествува во одвивање на заштитните рефлекси (намалување на отворот на зеницата при интензивна светлина), како и во одржувањето на внатрешната рамнотежа.