29
УНИВЕРЗИТЕТ " ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ "- ШТИП ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ КОМУНИКАЦИЈА ВО НАСТАВАТА ОСОБИНИ НА УСПЕШНИОТ НАСТАВНИК Ментор: Студент и број на индекс: Проф.д-р Блаже Китанов Кралева Татјана 214205 1

Успешен наставник

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Успешен наставник

УНИВЕРЗИТЕТ " ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ "- ШТИП

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

КОМУНИКАЦИЈА ВО НАСТАВАТА

ОСОБИНИ НА УСПЕШНИОТ НАСТАВНИК

Ментор: Студент и број на индекс:

Проф.д-р Блаже Китанов Кралева Татјана 214205

Штип, фебруари, 2011

1

Page 2: Успешен наставник

Содржина

Вовед .................................................................................................................31. Што значи успешен наставник?.....................................................................42. Особини на успешниот наставникот............................................................7

2.1. Професионални вештини............................................................................7

2.1.1.Некои од професионалните вештини.....................................................8

2.2.Лични квалитети...........................................................................................11

2.2.1.Некои од личните особини.......................................................................12

2.3.Компетентност на наставникот...................................................................13

2.3.1.Компоненти што ја сочинуваат компететноста на наставникот.......13

3.Фактори кои влијаат на успешниот наставник...........................................15

3.1.Клучен фактор 1............................................................................................153.2.Клучен фактор 2............................................................................................16

3.3.Клучен фактор 3.............................................................................................17

3.4. Клучен фактор 4............................................................................................183.5.Клучен фактор 5.............................................................................................18Заклучок ...............................................................................................................19Литература............................................................................................................20

2

Page 3: Успешен наставник

Апстракт

Личноста на наставникот има значајна улога и влијание во наставниот процес.

Успехот и напредокот на училиштето многу зависи од ефикасната настава од

страна на наставниците.Успешниот наставник има директно влијание врз

квалитетот на наставниот процес.

Успешните наставници се високо вреднувани од страна на учениците,

родителите и општеството, затоа што да се биде успешен наставник е

потребно да се поседува посебен збир на вештини кои ги охрабруваат и

поттикнуваат учениците да учат повеќе. Кога се говори за успешен наставник

обично се наведуваат одредени црти на личности што се пожелни за оваа

професија.Всушност успешниот наставник треба да поседува и некои

професионални и лични вештини за успешно да го остварува наставниот

процес. Оттука произлегува прашањето:

"Кои особини треба да ги поседува успешниот наставник?"

"Што е она што влијае на успешноста на наставникот? "

"Кои се факторите што влијаат на успешноста на еден наставник?"

Успешниот наставник поседувајќи некои професионални и лични особини

придонесува многу во постигнувањата, однесувањето и учењето на учениците.

3

Page 4: Успешен наставник

Вовед

Да се биде успешен наставник не значи само да се има големо познавање од

својата област, но исто така треба да се поседува организациони, менаџерски

и комуникациски вештини, да се биде способен да се дава инструкции и да се

спроведува објективно оценување. При тоа, успешниот наставник е одговорен

во создавањето пријатна клима во училницата, во промовирањето ентузијазам,

мотивација и интерактивен однос наставник – ученик. Исто така , тоа значи да

се биде грижлив и разбирлив, и пред се , да се поттикне учењето.

Успешниот наставник поседува низа квалитети, кои ги вклучуваат

професионалните и личните вештини.

Во создавањето на успешен наставен процес треба да постои интеракција на

неколку клучни фактори кои создаваат основа за успешно учење.Знаењето на

наставникот , неговиот ентузијазам и одговорност,активностите во училница и

активностите за оценување, успешниот фидбек што го потврдува процесот на

учење во училницата и успешна интеракција помеѓу наставникот и учениците ,

го поттикнува учењето и секако влијае на успешноста на наставникот.

Овој труд има за цел да ни претстави некои од особините што треба да ги

поседува успешниот наставник.Следува краток осврт на дефинирање на

поимот успешен наставник.

Во продолжение на трудот се презентирани некои од главните особини кои се

потребни за да се биде успешен наставник, фокусирајќи се на

професионалните и личните вештини.Исто така ќе ги споменеме клучните

фактори кои влијаат на успешниот наставник.

4

Page 5: Успешен наставник

1. Што значи успешен наставник?

Во педагошката литература и воспитно – образовната практика многу е

пишувано и говорено за успешноста на наставникот во наставниот процес.

Поимот за успешниот наставник е дефиниран на разни начини според

различни лингвисти и теоретичари. Според мислењата и искуствата на

учениците пак исто така постојат разни дефиниции за тоа каква личност е

успешниот наставник. Според некои тоа е наставникот кој е перфекционист,

поттикнувач, грижлив, а според други тоа може да биде оној наставник кој е

интелигентен, и пред се , тој е претставен како ентузијаст, интересен, паметен

и отворен за соработка.

Најглобално кажано, успешен наставник е оној кој со својата работа –

користејќи ја потенцијалната моќ ги постигнува јасно дефинираните цели , како

крајни ефекти на воспитно – образовниот ( наставниот ) процес што тој го

води.

Според Holt ( 1964 ) , учењето е поттикнато од знаењето , ентузијазамот и

одговорноста од страна на наставникот во создавањето топла училишна клима

која ќе ја зголеми желбата на учениците за учење и ќе ги мотивира да ги

прифатат предизвиците на размислување и истражување во се она што е

понудено од страна на ннаставникот.

Stronge ( 2004 ) истакнува дека успешниот наставник е секогаш во постојан

процес на учење како резултат на промените што се појавуваат во карактерот

на учениците ,во наставниот процес и во општеството. Според него успешниот

наставник има психолошко влијание на учениците, имајќи големо влијание на

нивните постигнувања и успеси.

Според Gibbs ( 2002 ) " Наставниците треба да умеат да се соочат со

барањата, заканите и предизвиците што се случуваат во наставниот процес."

Тој додава дека успешниот наставник треба да биде упорен , флексибилен, и

иновативен во новите наставни приоди и да биде подготвен во случај на

неуспех.

Smith ( 1995 ) истакнува дека наставниците и наставниот процес треба да

бидат креативни и да им овозможат на учениците да учат природно.

5

Page 6: Успешен наставник

Понатаму, Gurney ( 2007 ) сугерира дека наместо да размислуваме за теоријата

и праксата, треба да размислуваме за она што се прави во

училницата.Успешните наставници треба да се фокусираат на постигнувањата

на учениците.

Alton – Lee ( 2003 ) истакнува дека е потребно да постои успешна врска помеѓу

училиштето и културниот контекст, освен што треба да се биде грижлив, да се

реализира оценување и да се остварува фидбек, како и да се биде одговорен

за учењето на учениците и остварување на целите на наставната програма.

Gurney ( 2007 ) вели дека за да се биде успешен наставник треба д апостои

интеракција помеѓу различни фактори.Еден од нив е знаењто, ентузијазамот, и

одговорноста на наставникот за учењето.Друг фактор е да ги обезбеди

учениците со активности и оценување што ги поттикнува да учат ( и учат преку

искуство ) , како и да се има остварен фидбек. И на крај , да се создаде топла

средина и добр односи со учениците што ќе ги поттикне учениците да учат.

Токму затоа, успешните наставници не ги учат учениците како се прави добра

презентација на големото знаење од содржината , туку тие ги учат учениците

да го подобрат своето учење. Покрај тоа, тие знаат како да ја водат училницата

и учениците во однос на дисциплина , работа, интеракција помеѓу ученик –

ученик, како да даваат инструкции, и како да ги оценуваат активностите,

учениците и нивната сопствена работа.Затоа, да се биде успешен

наставник,исто така, подразбира да се поседува низа на квалитети,во однос на

професионални и лични вештини.

Во обидот да се дефинира успешниот наставник ( Tamblyn, 2000 ) е помеѓу

оние кој идентификува седум квалитети што треба да ги поседува

наставникот.Тие квалитети се следниве:

Компетентност и креативност

Способност во мотивирање на учениците преку позитивно

поттикнување

Флексибилност во модифицирање на наставната програмата за да

одговара на способностите на учениците

Подготвеност да преземе ризици

6

Page 7: Успешен наставник

Почит за учениците

Грижа, топлина, љубов и смисла за хумор

Гордост за професијата и подготвеност да се оди напред

Може да се забележи дека првите три квалитети се поврзани со вештините и

стручноста во предавањето , додека останатите се фокусирани на личноста и

ставовите.

Porter и Brophy ( 1988 ) велат дека најуспешните наставници поседуваат

вештини за организирање и презентирање на знаењето . Тоа се вештини од

следниве области:

1. Планирање

2. Проценка и еваулација

3. Давање задачи

4. Развивање на добри работни навики на учениците

5. Користење на техники за мотивирање

6. Техники за испрашување

7. Усна и писмена комуникација

8. Користење наставни материјали од разни извори

9. Препознавање на индивидиуални разлики

10. Поседување квалитетен говор, глас и артикулација.

Освен што успешниот наставник поседува добро познавање за својот предмет ,

тој е компетентен и во своите способности да организира и презентира

наставни содржини , како и во способноста да умее да го подготви и реализира

часот. При тоа , тие ја поседуваат способноста да создадат емотивна и

физички безбедна училишна клима за учениците.Тие умеaт да направат точна

интерпретација на однесувањето на учениците, и да дадат соодветни , разумни

и доследни одговори.

Дефиницијата за успешен наставник ја вклучува идеата дека наставникот

треба да покажува грижа за учењето на учениците како и за нивното

однесување и личниот развој.

7

Page 8: Успешен наставник

2. Особини на успешниот наставникот

Квалитетот на предавањето е важен фактор во создавање на позитивна и

успешна клима во училиштата.Успешниот наставен процес бара индивидуи кои

се академски способни и кои се грижат за доброто на децата и

младината.Постојат многу обиди да се анализира што е она што го прави

наставникот успешен.Овде би споменале некои од нив:

2.1. Професионални вештини

Да му се обезбедат на ученикот јасни задачи, цели,барања и да го

информираат за направениот напредок.Главна вештина во предавањето

е способноста да се објаснуваат и опишуваат работите јасно.

Да се охрабрат учениците да размислуваат, да поврзуваат, да се

практикуваат и зајакнуваат знаењата, да се учи од други ученици и да

умеат да почуствуваат дека ако направат грешка нема да бидат предмет

на потсмевање или пак негативно третирани.

Да се промовира учеството на учениците преку решавање на проблеми,

прашања, дискусии и други групни активности.

Да се третираат сите прашања на учениците сериозно и да не се

заплашуваат или потсмеваат.

Да се користат редовно неформални стратегии за оценување

вклучувајќи разни видови на прашања, набљудувања.

Да се сфати дека бидејќи сите поединци учат на различен начин , треба

да обезбедиме различни активности, задачи и темпо на работа , и да го

следиме и оценуваме напредокот на учениците.

Да се користат паузи и активности за да се поттикнат учениците во

размислување и поголем интерес.

Да се понуди читање и истражување со цел да им се овозможи на

учениците да стекнат и нови знаења поврзани со оние од училницата.

8

Page 9: Успешен наставник

2.1.1.Некои од професионалните вештини

Добро планирање

Успешниот наставник треба да умее добро да го испланира часот. Планот на

часот ја прави содржината интересна и ги олеснуваат објаснувањата, и

обезбедува многу извори погодни за потребите на учениците. Доброто

планирање овозможува олеснување во давањето инструкции и го подобрува

влијанието врз стимулацијата на учениците за да се поттикне нивниот интерес

и учество во часот. Успешните наставници разгледуваат дали содржината и

методологијата е соодветна за да биде презентирана во училницата и наоѓаат

начини да се заинтересираат учениците. Доброто планирање претставува

предуслов за менаџмент и организација во училницата за да се постигнат

успеси.

Менаџмент во училница и организација

Успешните наставници ја менаџираат и организираат училницата , на

почетокот од годината, според потребите на учениците и преферираат да

создадат позитивна и топла средина за учење за сите ученици за подобрување

на учењето. Успешните наставници поставуваат не многу строги правила и

повеќе рутини за да овозможат топла средина за подобрување на учењето. А

кога станува збор за организацијата , успешниот наставник ја организира

училницата обезбедувајќи учење и интеракција, и средина во која учениците се

чувствуваат удобно.

Однесувањето во училница

Добрата организација и менаџментот во училница, и доброто планирање на

часот ја намалува веројатноста да постои лошо однесување. Одржувањето на

дисциплината е неопходно за да биде учењето успешно.Успешниот наставник

користи процедури и постапки за да се зголеми времето за учење, додека

некои наставници користат закани и казни. Craig and Dickenson (2003 ) велат

дека секое однесување се учи и учениците мора да разберат што се очекува од

нив.Одговорноста лежи во наставникот да им објасни како и зошто треба да

работат и да дадат позитивен фидбек кога учениците одговараат

9

Page 10: Успешен наставник

позитивно.Успешниот наставник е свесен дека постојат ученици со мала

вклученост во активностите , но сепак умее да ги активира на часот.

Комуникациски вештини

Успешните наставници секогаш поседуваат и одлична вештина за

комуникација. Тие јасно коминицираат за целите на наставната програма,

содржината, тестирањето и ја адаптирааат комуникацијата според нивото на

знаење и способностите на учениците. Недостиг на комуникација значи дека

учениците нема да ги разберат клучните концепти .Успешниот наставник може

да презентира нешто сложено, но на начин кој ќе биде лесно апсорбирано од

учениците преку некоја вербална и невербална комуникација .

Довербата на наставникот

Довербата на наставникот игра главна улога во неговата успешност. Довербата

влијае на резултатите од предавањето и ако успешниот наставник верува во

себе, тој постигнува многу во училницата.Успешниот наставник е страстен за

предавањето на својот предмет.Кога наставникот покажува ентузијазам и

постои интеракција во училницата, наставниот процес е претворен во

задоволство.На тој начин ученикот е мотивиран, а тоа води кон одлични

постигнувања и резултати.

Мотивација за учење

Мотивацијата ги прави учениците повозбудливи за предметот, им ја покажува

вредноста и значењето на учењето , и го подобрува ставот кон

учењето.Успешниот наставник ги мотивира учениците, го зголемува нивниот

интерес за предметот и желбата да учат повеќе, и затоа имаат високи нивоа на

постигнувања.Учениците го доживуваат наставникот како мотиватор и водич.Да

се научи како да се мотивираат учениците во учењето е важен дел во успехот

на еден наставник. Од наставникот зависи колку ќе се мотивираат учениците –

тој треба да ги направи возбудени и жедни за знаење.. Успешниот наставник и

дозволува на учениците да се вклучат во наставниот процес, да се охрабрат

да размислуваат, наместо само да ги слушаат информациите што наставникот

10

Page 11: Успешен наставник

им ги праќа. Позитивниот став кон учениците исто така ќе ја зголеми

мотивацијата.

Почит, правичност и еднаквост

Почитта, правичноста и еднаквоста се идентификувани како предуслов за

успешна настава во очите на учениците.Взаемната почит е основно обележје

за да се создаде позитивна клима во училницата . Од успешниот наставник се

очекува да ги третира сите ученици еднакво во секоја ситуација. Успешниот

наставник постојано покажува почит кон своите ученици ( внатре и надвор од

училницата ) , правичност и еднаквост во однос на индивидуални ситуации,

возраст, потекло, религија, економски статус и така натаму.

Оценување

Успешниот наставник навистина верува дека секој ученик е способен да

постигне успех, и наоѓа начин да го направи секој ученик успешен.Успешните

наставници користат разни методи при оценувањето и добар евалуационен

систем. Тие ги учат учениците да бидат поодговорни за своето учење и исто

така им овозможуваат да знаат кои се целите и задачите на наставната

програма, да разберат како овие цели ќе се оценуваат, и да бидат активно

вклучени во своето оценување.

Според Cameron ( 2001 ) учениците треба да научат дека оценувањето е дел

од наставнио процес. Успешниот наставник редовно дава позитивен фидбек за

да ги информира учениците за својот напредок. Техниките што ќе ги користи

наставникот за оценување треба да овозможат фер и објективно оценување на

учениците.

Развојот на учењето на наставникот

Успешниот наставник има високи очекувања за напредокот на учениците, но

исто така успешниот наставник има високи очекувања и за себеси и за својот

развој во учењето.Тие постојана се само - оценуваат, критикуваат и прават

рефлексија во однос на својата настава, и трагаат по нови начини на

предавање, материјали и методи особено за оние ученици кои не постигнуваат

11

Page 12: Успешен наставник

многу. Токму затоа тие сакаат да го подобрат своето знаење и се во постојан

процес на обука. Тие претставуваат лидери кои не се плашат да преземат

ризик за да воведат новитет во образованието, со цел тоа да биде поуспешно.

Тие учествуваат во создавањето на средина за соработка и позитивен работен

однос.

2.2.Лични квалитети

Покажување на емпатија во размислувањето на

учениците,предвидување на некои проблеми и да им се дозволи на

учениците да го развијат размислувањето на разни начини.

Набљудување на ученици во одделението ако покажуваат знаци дека не

се заинтересирани или пак им е досадно.

Да покажува флексибилност во остварувањето на потребите на

учениците.

Да умеат да ги поттикнат учениците да учат, разберат и развијат

способности за критичко мислење, како и усовршување од таа дадена

област.

Наставниците кои покажуваат ентузијазам за својот предмет, за

професионалната област ги мотивираат учениците да го учат тој

предмет.

Успешните наставници се однесуваат релаксирано со отворен став и ова

носи релаксирана атмосфера во училницата.

Успешно комуницираат со своите ученици и се систематични и

креативни.

Тие се добро информирани и позитивни и имаат отворен пристап кон

решавање на проблеми.

Тие се добро организирани , фокусирани, одлучни и вредни.

Покажуваат емпатија и правичност, се грижливи и пристапни.

Поставуваат соодветни , специфични и предизвикувачки цели.

12

Page 13: Успешен наставник

2.2.1.Некои од личните особини

Грижа

Улогата на успешен наставник подразбира да се биде добар слушател, да се

покаже внимание , грижа и разбирање на учениците преку нежноста и

трпението. Според Stronger ( 2004 ) учениците ја доживуваат успешноста кога

наставникот покажува добрина , грижа и охрабрување. Успешниот наставник

покажува вистинска загриженост и сочуство кон учениците преку разбирање на

грижите и прашањата на учениците. Тој вели дека успешниот наставник ги

слуша аргументите на учениците и им помага и ги посочува ккао да ги решат

нивните проблеми.Токму затоа, постои поголема успешност кога наставникот

покажува дека се грижи за учениците и добро ги познава.

Односот наставник – ученик

Интеракцијата помеѓу наставникот и ученикот го поттикнува процесот на учење

како и постигнувањата на учениците. Развивањето на добар однос помеѓу

наставникот и ученикот влијае на зголемувањето на учеството и мотивацијата

на учениците, кое пак влијае на успехот на учениците. Познавањето на

учениците и постоењето на добра интеракција во наставниот процес, доведува

до создавање на топла училница и средина за учење.

Познавање на студентите поединечно

Успешните грижливи наставници исто така ги познаваат учениците поединечно

и им посветуваат внимание поединечно на секој до нив и развиваат

продуктивни односи со нив. Тие се однесуваат кон своите ученици со почит и

истото очекуваат да им се возврати, на тој начин , поттикнувајќи го учењето.

При тоа , според Stronger ( 2004 ) грижата значи многу повеќе од слушање,

разбирање и познавање на учениците, тоа исто така значи да се биде трпелив,

добар, учтив, чувствителен и хуман кон своите ученици. Тоа значи да се биде

искрен , лојален, и да се покаже љубов за нив. Ова има големо влијание на

однесувањето на учениците во училницата, како и врз самиот процес на учење.

13

Page 14: Успешен наставник

Училишната средина

Климата во училницата претставува еден главен фактор кој влијае на

постигнувањата на учениците. Како и да е , да се има добри односи со

учениците помага да се создаде топла и безбедна училишна средина каде

учениците можат да го искористат својот потенцијал, бидејќи тие се

чувствуваат сигурни и уверени да стекнат нови знаења.

2.3.Компетентност на наставникот

Квалитетот на образовниот процес многу зависи од квалитетот на

наставниците .Компетентноста на наставникот претставува основен метод за

оценување на работата на наставникот. Постојат неколку компоненти што ја

сочинуваат комптентноста на наставникот.

2.3.1.Компоненти што ја сочинуваат компететноста на наставникот

Стручно познавање на својата област

Во прилог на владеење на основните вештини, од успешните наставници се

очекува да покажат темелно познавање на содржината на нивните наставни

области. Треба да умеат да комуницираат со учениците за таа наставна

содржина, користејќи методологија што е соодветна на возраста и

способностите на учениците.Овие наставници се внимателни во планирањето

и треба да останат во чекор со промените и достигнувањата на нивните

специјализирани области.

Педагошки способности

Успешните наставници познаваат повеќе методи на настава. Тие ги

подразбираат различните нивоа на кои се ноаѓаат учениците и треба да умеат

да ги менуваат нивните наставни единици за да ги задоволат потребите на

сите ученици кои имаат различни способности. Овие наставници се успешни

менаџери во училницата, и поседуваат добри вештини да ги мотивираат

учениците, и постојано го следат успехот на учениците како и личниот успех.

14

Page 15: Успешен наставник

Комуникациски вештини

Не само што наставниците треба да ги користат вештините за комуникација

потребни за пренесување на некои идеи и информации, туку тие мора исто

така да комуницираат со родителите, другите наставници, нивните колеги и

заедниците. Треба да бидат отворени и пристапни во пренесувањето на

информациите.Во денешниот технолошки ориентиран свет, тоа би значело да

се користат современи начини на комуникација како е-мејл и интерактивни

вебстрани покрај традиционалните средства на комуникација.

Професионализам

Стручното усовршување се рефлектира во професионалните напори кон

постојано унапредување во својата област. Професионалните наставници се

забележуваат по нивните лични презентации,размислување, соработка ,

желбата да напредуваат и приспособливоста. Овие наставници веруваат дека

учениците можат да учат , ја разбираат вредноста на разновидноста на

работното време и во нивната училница.

Професионални вредности

Успешниот наставник треба да умее да развие некои професионални

вредности како што се : промовирање на учење во училница,критичко само-

оценување и развој, соработка и влијание и образовни вредности.

.

15

Page 16: Успешен наставник

3.Фактори кои влијаат на успешниот наставник

Според ова ќе се фокусирам на областите за кои верувам дека се најзначајни

и кои придонесуваат еден наставник да биде успешен наставник.Во

создавањето на позитивна и успешна клима средина за учење постои

интеракција на следниве пет клучни фактори кои создаваат основа за успешно

учење:

Знаењето на наставникот , неговиот ентузијазам и одговорност за учење

Активности во училница кои го поттикнуваат и охрабруваат учењето

Активности за оценување кои го поттикнуваат учењето преку искуството

Успешен фидбек што го потврдува процесот на учење во училницата

Успешна интеракција помеѓу наставникот и учениците , создавање на

средина која почитува, охрабрува и го стимулира учењето преку искуство

3.1.Клучен фактор 1 : Знаењето на наставникот , неговиот ентузијазам и

одговорност за учење

Успешниот наставник треба да создаде средина која го одразува неговото

знаење, ентузијазам и одговорност која пак успешно би ја негувала желбата на

учениците да учат и да ги прифатат предизвиците на размислување и

истражување во се она што е понудено од страна на наставникот.За да ја

создаде наставникот оваа средина мора да го прилагодат своето мислење за

природата на предавањето: климата во училницата треба да ја одрази

рефлексивната практика на наставникот која ќе биде централна во средината

за учење.Во остварувањето на рефлексивната улога , наставниците треба да

уживаат во процесот на учење со делење на нивното знаење преку создавање

на рефлексивна училница .Во една таква средина знаењето е споделено: и

учениците и наставниците стануваат изучувачи , откривајќи го светот на

предметот. Наставникот кој сака безусловно да го сподели своето знаење ќе се

насочува кон успешна училница. Страста што наставникот ја поседува за својот

предмет ќе создаде свет кој се движи околу ритуалот на активностите во

16

Page 17: Успешен наставник

училницата. Тоа е пример за нешто што би ги инспирирале учениците да

сакаат да учат. Истовремено, наставникот е чувар на учењето во училницата.

Ако наставникот е неподготвен да споделува, ако е нефокусиран на процесот

на развивање на еден контекст што ќе охрабрува и поттикнува интерес и жед

за понатамошно знаење, тогаш тоа учење ја намалува одговорноста да се биде

наставник.Предавањето е многу повеќе отколку едноставно пренесување на

информации, туку тоа претставува вклучување на умови да пронајдат

одговори.

Наставникот треба да поседува некои од следниве карактеристики :

Успехот на владеење на предметот што го предава.

Љубопитноста што треба да биде вградена во предавањето. Наставник

кој не љубопитен губи главен дел од страста за учење.

Оригиналност- наставник кој е страстен за процесот на учење ќе биде

креативен , постојано ќе бара нови начини да ги предизвика учениците

да се вклучат во учењето.

Односите се централни за успешна училница и наставниците се клучен

елемент во развивање на можностите за учениците да воспостават

долгорочна интеракција со предметот

Енергијата претставува она што му е потребно на наставникот да го

оствари овој процес.

Генерално земено , наставникот кој носи страст за предавањето на својот

предмет и зема одговорност да создаде средина што овозможува споделување

на тоа знаење и уживање во стекнување на истото, ќе успее да создаде

успешна училишна клима.

3.2.Клучен фактор 2: Активности што го поттикнуваат учењето

Во многу училници активностите претставуваат клучниот елемент за успешно

учење. Успешна училница е онаа каде учениците можат да истражуваат и

експериментираат со учењето како мерка за успех . Исто така голема важност

се дава и на внатрешната мотивација во создавање на средина кадешто

учениците можат да се почувствуваат како господари на своето сопствено

учење.Успешното подучување од страна на наставникот обезбедува успешна

17

Page 18: Успешен наставник

можност за учење.Би можело да се истакне потребата од училишната средина

да биде место што им овозможува на ученците да учат. Фактот дека

наставникот може да биде успешен една година не мора да значи дека успехот

ќе продолжи и во следната година.Средината може да биде иста но, ставовите

што секоја група ги носи во во училницата секогаш ќе влијаат на крајниот

резултат.Затоа наставникот треба да биде подготвен да провери што се

случува во одделението, преку некои прашалници за повратна информација.

Во прегледот на таа повратна информација и на употребените активности во

текот на годината , наставникот може да препознае активности и техники кои

ги охрабруваат учениците . Активностите треба да бидат дел од нивниот начин

на учење и ова е област што бара планирање, рефлексија и подготовка.

Активностите мора да се прегледаат и внимателно да се одберат оние што

постојано ќе ги оддржуваат учениците во успешна интеракција со предметот.

Успешното подучување не е пасивно дејство.

3.3.Клучен фактор 3 : Активности за оценување кои го поттикнуваат

учењето преку искуството

Оценувањето може да биде главен дел од создавањето на успешен процес на

учење. Ако учениците можат да ја согледаат вредноста на процесот на учење,

а оценувањето е дел од учењето а не само како краен дел од тоа, тогаш тие

можат да се вклучат во процесот и всушност да стекнат подобри резултати

додека имаат увид во активностите за оценување на сите ученици и преку

нивното набљудување. Успешниот наставник треба да биде свесен дека

оценувањето треба да го користи како составен дел од наставниот процес, а не

како посебен и изолиран чин.

3.4. Клучен фактор 4 : Успешен фидбек што го потврдува процесот на

учење во училницата

18

Page 19: Успешен наставник

Успешниот фидбек претставува исто така еден од најзначајни елементи во

наставниот процес.Наставникот треба да развие различни методи на фидбек

што би поттикнале учениците во учењето. Објаснувањата, методот на

испрашување, инструкциите сите се поврзани со средината на учење и се во

интеракција со повратната информација и резултатот на ученикот.Фидбекот

што наставникот го добива од учениците е неопходен елемент за создавање

на позитивна клима за учење. Колку повеќе наставникот добива фидбек од

страна на учениците и колку повеќе наставникот може да делува на истиот,

толку подобра средина ќе се создаде за учење.

3.5.Клучен фактор 5 : Успешната интеракција помеѓу наставникот и

учениците, создава средина што охрабрува и го поттикнува учењето

преку искуство

Успешен наставник ќе биде оној кој се однесува со учениците на начин што

истакнува взаемна почит и го потврдува учењето.Учењето е емотивна вежба,и

учениците ќе се вклучат во нешто што им изгледа емотивно.Наставникот кој

носи со себе чувство на лична инволвираност во училницата, кој сака да го

сподели знаењето со учениците ,кој е подготвен да покаже дека е дел од кругот

на учење , ќе воспостави однос што ќе води кон позитивна училишна клима.

Атмосферата што се создава со интеракцијата и ентузијазамот на наставникот

ќе го претвори процесот на учење во задоволство и секако учениците ќе се

стремат за понатамошни знаења.На тој начин учениците ќе се чувствуваат

удобно во својата училница, а пак тоа е предуслов за позитивна клима низ

целото училиште. Добрата настава зависи од сензибилитетот и

имагинацијата.Таа носи изненадувања. Успешната настава претставува

уметнички настан.

Заклучок

19

Page 20: Успешен наставник

Да заклучиме, да се биде успешен наставник не е воопшто лесна

работа.Всушност , тоа претставува еден сложен процес. Тоа не значи само

успех за кратко време што треба да го постигне наставникот , туку со соодветни

вредности да се стигне до долгорочни успеси и постигнувања.

Успешните наставници треба да поседуваат добри професионални и лични

вештини.Знаењето од дадената област, заедно со добро планирање , јасни

цели и комуникација, добра организација и менаџмент во училница , и

постојани високи и реални очекувања од учениците, се основните фактори за

успешен наставник. Покрај ова , тие треба да се чувствуваат одговорни за

наставниот процес.

Наставниците, освен што ги поседуваат личните и професионалните вештини,

служат како добар пример во животот на учениците и се инвеститори во своето

сопствено образование.

Успешниот наставник ќе го комбинира професионализмот со грижата,

разбирањето, правичност и добрина. Тие исто така треба да бидат страстни,

ентузијасти, мотивирани за учењето. Тие треба да умеат да создадат

позитивна училишна клима каде учениците се чувствуваат удобни, и имаат

чувство на припадност.

Успешните наставници се иновативни, ги покануваат учениците да

комуницираат .

Може да се заклучи дека оние наставници кои поседуваат способност да ги

инспирираат учениците да го искористат најголемиот потенцијал за учење

преку нивните квалитети и професионални и лични вештини се успешни

наставници.

20

Page 21: Успешен наставник

Литература

Alton-Lee, A. (2003) “Quality teaching for diverse students in schooling: Best evidence synthesis”, Wellington: Ministry of Education.

Gibbs, C.J. (2002). “Effective teaching: exercising self-efficacy and thought control of action” Auckland University of Technology, New Zealand, Annual Conference of the British Educational Research Association Exeter England.

Gurney, P. (2007) “Five factors for effective teaching” Journal of Teachers´ Work, Vol. 4, Issue 2, 89-98

Holt, J. (1964) “How children fail” Nueva York, EUA : Dell

Marzano, R. J. (with Marzano, J. S., & Pickering, D. J.). (2003) “Classroom management that works”. Alexandria, VA: Association for Supervision and Curriculum Development.

Porter, A. and Brophy, J. (1988). Synthesis of research on good teaching: Insights from the work of theInstitute of Research on Teaching. Educational Leadership, 45(8), 74-85.

Smith, F. (1995) “Let's declare education a disaster and get on with our lives”. Phi Delta Kappan, 76, 584-590.

Stronge, J.H., Tucker, P.D. & Hindman, J.L. (2004) “Handbook for qualities of effective teachers” Association for Supervision and Curriculum Development, Alexandria, VA, USA

Tamblyn, P. (2000). Qualities of success: lessons from a teacher career. Education Canada, 40(1), 16-19.

21