21
Содржина Вовед..............................................................2 Поим за тестамент..................................................3 Услови за полноважност на тестамент................................3 - Способност за составување на тестамент ( тестаментална способност )..................................................... 3 - Слободна и свесна изјава на волјата за составување на тестамент ( animus testandi ).............................................. 4 - Форма на тестамент............................................4 Класификација на формите на тестамент..............................4 Видови тестамент...................................................5 Своерачен тестамент.............................................. 5 Судски тестамент................................................. 5 Дипломатско-конзуларен тестамент.................................6 Меѓународен тестамент............................................ 6 Војнички тестамент ( testamentum militare )......................6 Устен тестамент.................................................. 7 Содржина на тестамент..............................................7 Наследни делови....................................................8 Определување на наследници.........................................9 Определување на извршител на тестамент.............................9 Отповикување на тестаментот.......................................10 Чување на тестамент...............................................10 Толкување на тестамент............................................11 Поништување на тестамент..........................................12 Услови кои доведуваат до ништовност на тестамент................12 Кој може да бара поништување на тестамент.......................13 Заклучок..........................................................14 Користена литература..............................................15

наследно право

  • Upload
    druid23

  • View
    269

  • Download
    1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

тестамент

Citation preview

Page 1: наследно право

СодржинаВовед....................................................................................................................................................2

Поим за тестамент...............................................................................................................................3

Услови за полноважност на тестамент..............................................................................................3

- Способност за составување на тестамент ( тестаментална способност )............................3

- Слободна и свесна изјава на волјата за составување на тестамент ( animus testandi )........4

- Форма на тестамент.................................................................................................................4

Класификација на формите на тестамент..........................................................................................4

Видови тестамент................................................................................................................................5

Своерачен тестамент.......................................................................................................................5

Судски тестамент.............................................................................................................................5

Дипломатско-конзуларен тестамент..............................................................................................6

Меѓународен тестамент..................................................................................................................6

Војнички тестамент ( testamentum militare )..................................................................................6

Устен тестамент................................................................................................................................7

Содржина на тестамент.......................................................................................................................7

Наследни делови..................................................................................................................................8

Определување на наследници............................................................................................................9

Определување на извршител на тестамент........................................................................................9

Отповикување на тестаментот..........................................................................................................10

Чување на тестамент.........................................................................................................................10

Толкување на тестамент....................................................................................................................11

Поништување на тестамент..............................................................................................................12

Услови кои доведуваат до ништовност на тестамент.................................................................12

Кој може да бара поништување на тестамент.............................................................................13

Заклучок.............................................................................................................................................14

Користена литература.......................................................................................................................15

Page 2: наследно право

Вовед

Нашето право познава два вида на наследувње а тоа се законското, односно

интестатско наследување ( succesui legitima ) и тестаментално наследување, односно

наследување врз основа на тестамент. Со тестаменталното наследување се врши

распределба на имотот на оставителот, според наредбата на неговата последна волја

изречена со тестаментот. Тоа значи дека овој вид на наследување се заснова врз

нормите на наследното право со кои токму на волјата на тестаторот и е доделена моќта

да произведува определени правни дејства, што не мора, но може да се совпадне со

дејствата што ќе произлезат и од законското наследување. За да може тестаментот да

претставува правен основ, потребно е писмено да постои во моментот на смртта на

оставителот. Притоа се мисли на постоење на полноважен тестамент, бидејќи ако

тестаментот е ништовен, кога за тоа постојат услови предвидени во законот или пак ќе

се поништи по барање на лице кое е овластено тоа да го направи, тој не може да

произведе никакви правни дејства, па според тоа не претставува основ за повикување

на наследство. Меѓутоа, тестаментот нема да прозиведе правни дејства и во слуќај кога

не дошло до отворање на наследството, потоа ако наследникот што го определил

завештателот не постои во моментот на неговата смрт или пак ако е неспособен или

недостоен за наследување како и во случај кога истиот се одрекол од наследството ( но

не само во свое име, туку и во име на своите потомци ).

1

Page 3: наследно право

Поим за тестамент

Тестаментот претставува еднострана изјава на волјата на едно лице со која тоа

врши распределба на својот имот во слуќај на смрт ( mortis causa ) дадена во форма

предвидена со закон. Таа изјава е лична, еднострана и отповиклива, а може да ја даде

лице кое според законот е способно за тоа. Корените на тестамент ги наоѓаме во

Законот на XII таблички каде се зборува за т.н. институционален тестамент. Терминот

testamentum потекнува од зборот testatio со што се означува сведочење, потврдување на

нешто и зборот mens што значи мисла односно волја, намера.

- Тестамент во материјална смисла ја подразбира самата изјава на последната

волја.

- Тестамент во формална смисла ја изначува формата во која е дадена пследната

изјава на волја.

Тестаментот е специфичен по тоа што се претставува правно дело mortis causa ,

еднострано правно дело, составен е во форма предвидена со законот и е отповикливо

правно дело, и специфично е тоа што е потребна изјава на волја на само едно лице.

Услови за полноважност на тестамент

Во нашиот закон се предвидени следниве услови за полноважност на тестаментот:

- Способност за составување на тестамент ( тестаментална способност ) : за

едно лице да може да состави тестамент треба да биде способно за расудување и

да навршило години на возраст определена со законот. Способноста за

расудување се цени спрема способноста на лицето да го сфати значењето на

дејствието што го презема и тоа пред се, фактичките и правните псоледици кои

ќе произлезат од тоа дејствие. Физичките недостатоци од било каков вид не

влијаат врз способноста едно лице да состави тестамент.

- Слободна и свесна изјава на волјата за составување на тестамент ( animus

testandi ): изјавената волја на тестаторот треба да се однесува на распределба на

имото на начин кој одговара на неговата желба, со што фактички е исполнета

содржината на тестаментот. За да биде релевантна, за полноважноста на

2

Page 4: наследно право

тестемент, оваа изјава треба да биде дадено слободно, што значи да биде

исклучена можноста за постоење на закана, присила, измама или заблуда, без

оглед од кого потекнува.

- Форма на тестамент: Нашиот закон за наследување содржи одредба во која

определува дека полноважен е оној тестамент кој е составен во форма утврдена

со закон и под услови предвидени со закон. Тестаторот има можност по своја

сопствена волја да ја одбере формата бо која ќе состави тестамент, притоа е

ограничен со видовите т.е формите што ги предвидува законот, што значи

неговиот избор мора да се движи во тие рамки. Нашето право ги познава

следниве форми: своерачен, судски, дипломатско-конзуларен, војнички,

меѓународен и устен тестамент.

Класификација на формите на тестамент

Разликата меѓу одделните видови тестаменти, главно произлегува од степенот на

строгоста на формата. Нашето наследно право ја предвидува општо прифатената

поделба на редовни и вонредни тестаменти и на јавни и приватни тестаменти.

Карактеристики на редовната форма на тестамент се:

- Тие можат да се составуваат секогаш во сите околности

- Барањата во однос на формата се построги, што значи дека бараат исполнување

на повеќе формалности

- Времетраењето на нивното важење е неограничено

Во оваа група спаѓаат: своерачен, судски, дипломатско-конзуларен и

меѓународен тестамент.

Вонредните тестаменти можат да се користат:

- Само во вонредни околности

- Барањата во однос на формата се поблаги

- Времетраењето на нивното важење е ограничено

Во оваа група спаѓаат: војнички и устен тестамент.

3

Page 5: наследно право

Поделбата на јавни и приватни е направена според тоа дали во составувањето на

тестаментот учествува јавен орган, најчесто суд, но и дипломатско-конзуларен

претставник или воен старешина. Во јавни спаѓаат: судски, дипломатско-конзуларен,

меѓународен тестамент и војнички тестамент. Во приватни: своерачен и устен

тестамент.

Видови тестамент

Своерачен тестамент - оној кој завештателот го напишал и го потпишал со

своја рака. За да биде полоноважен потребно е да бидат исполнети два услови: прво,

тестаментот треба завештателот да го напише лично и второ, треба да го потпише

завештателот лично, со своја рака. Ваков тестамент може да состави секое лице кое

според законот е тестаметално спосоно и псмено. Суштествени елеменети на овој

тестамент де содржината во целост да биде напишана лично од завештателот и

потпишана. Потписот може да се состои од неговото цело име и преземе, но може и на

друг вообичаен начин, освен иницијали. Времето на важење на своерачниот тестамент

е неограничено бидејќи спаѓа во редовна форма на тестаменти.

Судски тестамент - претставува таква изјава на последната волја на

завештателот којашто ја дал усно на записник што го составил судијата на надлежен

суд. По својата форма се вбројува во јавни и редовни тестаменти. Судскиот тестамент

се составува во форма на јавна исправа. Во римското право се јавува во два вида:

устен ( testamentum apud acta conditum ) и писмен судски ( testament iudici oblatum ).

Оваа форма на тестамент може да ја користи секое лице кое поседува тестаментална

способност. Завештателот ја искажува усно својата изјава на последната волја за тоа

како треба да биде распределен неговиот имот врз неговите наследници по неговата

смрт, а судијата е тој кој писмено ја нотира неговата изјава, неговото кажување. За да

може да се пристапи кон составување на судски тестамент, потребно е да се утврди

идентитетот на завештателот, а веднаш потоа неговата тестаментална способност.

Неговиот идентитет ќе го утврди преку исправи издадени од надлежен орган на пример

лична карта, пасош, возачка дозвола и сл. Судијата исто така треба да се увери дека

лицето е свесно, дека поседува спососбност да се ориентира како во простор така и во

време, должен да испита дали лицето е под влијание на алкохол или под дејство на

4

Page 6: наследно право

други опојни средства. Кога тестаментот е напишан на повеќе листови законот

предвидува да се сврзани со конец којшто се запечатува со судски печат на двата краја.

Дипломатско-конзуларен тестамент - по својата правна природа

претставув јавна исправа којашто ја составува дипломатски или конзуларен

претставник. Ваков тестамент може да состави државјанин на Република Македонија

во странство. Сведоците на идентитет и на самиот тестамент не мора да бидат лица кои

се македноски државјани. Услов за да бидат сведоци и странски државјани е да го

знаат јазикот со кој се служи нашиот државјанин којшто сака да состави тестамент и

јазикот што е во употреба на нашето дипломатско односно конзуларно

претставништво. Нашето дипломатско -конзуларно претставништво треба да го

извести судот на таа земја дека е составен ваков тестамент. Спаѓа во категоријата на

редовна форма тестаменти па времето на неговото важење е неограничено.

Меѓународен тестамент - спаѓа во групата на редовни и јавни тестаменти и

тој се составува во писмена форма. Тоа писмено може да биде сворачно напишано или

пак тоа да го направи друго лице на машина за пишување или на друг начин, но мора

да биде потпишано од тестаторот и тоа во присуство на двајца сведоци пред надлежен

судија, при што неопходно е да изјави дека тое а негов тестамент и дека тој е запознаен

со неговата содржина. Тој е прв пат предвиден во нашето право со Законот за

дополнување на Законот за наследување. Предностите што ги овозможува оваа форма

на тестемент се состојат пред се во условите за поголемо почитување на последната

волја на завештателот, независно од местото на неговото живеалиште, местото на кое

се наоѓа имотот што е предмет на тестаменталното располагање, како и од

државјанството на завештателот.

Војнички тестамент ( testamentum militare ) – бил привилигиран

тестамент уште во римското право. Упростената форма на овој тестамент се задржува

и во периодот на класичното и посткласичното право. Овој тестамент е предвиден за

определена категорија на лица. Тоа се оние кои се наоѓаат на воена должност, било да

се војници или воени старешини, но мора да поседуваат тестаментална способност.

Бидејќи спаѓа во вонредни тестаменти, овој тестамент може да се состави само во

време на војна. Тој е јавен тестамент и се составува во писмена форма. Полноважен е

само ако е составен од страна на командирот на четата или на некој друг старешина од

неговиот или повисок ранг или од некое друго лице во присуство на овие старешини,

5

Page 7: наследно право

како и од секој старешина на одделен одред. Има огрничено времетраење. Престанува

да важи по истекот на 60 дена по завршувањето на ведната состојба и тоа е објективен

рок на важење на овој тестамент. И субјективен рок кога тестаментот ќе престане да

важи по истекот на 30 дена од демобилизирањето.

Устен тестамент – спаѓа во редот на приватни и вонредни тестаменти.

Означен е како исклучителна форма на тестамент, со оглед на околностите во кои

може да се составува. Потекнува од римското право. Устен тестамент може да прави

лице кое поради исклучителни околности не е во можност да состави писмен

тестамент. Притоа изјавата на последна волја ја искажува усно пред двајца сведоци. За

да може усно составениот тестамент да биде полноважен потребно е да се утврди дека

бил составен во исклчителни околности. Како исклучителни околности се сметаат оние

во кои лицето од објективни ( ситуации во кои повеќе луѓе се нашле во животна

опасност ) и субјективни причини ( животни ситуаци поврзани директно со самата

личност на завештателот) не било во можност да состави на пример своерачен

тестамент, а уште помалку да избере некоја од формите на јавните тестаменти.

Содржина на тестамент

Содржината на тестаменотот ја сочинуваат располагањата со имотот за случај

на смрт на завештателот. Зависно од конкретната ситуација тоа може да се постигне со

фопмулацијата на само една одредба. но писменото може да го сочинуваат и повеќе

одредби. Оваа основна наредба може да биде надополнета со определување на

универзални и сингуларни наследници со големината на нивните наследни квоти, но

исто така содржината може да опфати и цел дијапазон наредби кои не се од чисто

наследно- правен каракетер. Содржината на тестаментотот може да опфати и одредби

со кои се врши поставување на определени услови и рокови да се стекне својство на

наследник или легатар или пак да се изгуби тоа својство. Тука спаѓаат и одредби со кои

се исклучува некој наследник и легатар од наследство или пак се врши простување на

недостојност. Сите наведени содржини спаѓаат во сферата на одредби од материјално-

правен карактер. Тестаментот може да содржи и одредби од формално-правен

карактер, а тоа е најчесто одредбата со која се определѕва извршител на тестамент.

Директно распределување на имотот за случај на смрт е определувањето на наследник

или наследници и определувањето на нивните наследни делови одности квоти или пак

6

Page 8: наследно право

определување на суспститути т.е лицата кои доаѓаат на местото на наследниците

доколку тие починат пред оставителот или некој од нив се откаже од наследство или е

недостоен за наследување. Директно распределување ги опфаќа и оние ситуации кога

завештателот ќе нареди некоја ствар или право да се употреби некоја дозволена цел.

Некогаш ваквата наредба може да се однесува на дел од оставината, некогаш на целата

оставина. Во директниот начин на распределување на имотот спаѓа и определеувањето

на товар односно обврската на лицето што добива корист од оставината, да изврши

некоја должност.

Одредби од тестамент кои директно влијаат распределбата на имото на

завештателот се одредбите со кои завештателот со својата наредба ги исклучува од

наследство оние лица од редот на наследниците кои недолично се однесувале спрема

него. Исто така тука спаѓа одредбите со кои на некој наследник му се простува

недостојноста.

Наследни делови

Второ суштествено прашање при тестаменталното наследување,покрај

определувањето на тестаменталните наследници, е определувањето на голеимата и на

нивните наследни делови. Кај тестаменталното наследување големината на наследните

делови зависи исклучиво од волјата на завештателот. Тоа значи дека завештателот

може да изврши сосема поинаков распоред на својот имот, различен од законски

поставениот. Единствено ограничување на неговата слобода во менувањето на овој

распоред, претставува установата на нужно наследување. Завештателот може да

определи генерален наследник при што нему ќе му припадне целиот негов имот. Може

да определи двајца или повеќе лица за свои сонаследници. Во тој случј оставината ќе

се подели на онолку еднакви делови, колку што има тестаментални наследници. Во

случај ако некој од тестаменталните наследници почине пред оставителот или е

недостоен или пак се откаже од наследството, неговиот дел им припаѓа на законските

наследници. Големината на наследните делови може да биде определена и во квоти

или проценти.

7

Page 9: наследно право

Определување на наследници

Определувањето на универзалниот наследник во римското право претставувало

condition sine qua non за постоење на тестамент. Како универзален наследник се

појавува физичкото лице кое мора да биде живо во моментото на смртта на

оставителот. Физичкото лице може да наследи и врз основа на закон или врз основа на

тестамент. Правно лице може да наследува врз основа на тестамент. Основа разлика

меѓу законското и тестаменталното наследнување е различното третирање на

сродничкиот однос меѓу завештателот и лицето определно за универзален наследник..

кај именувањето на тестаментален наследник овој однос не е битен, додека кај

законското наследување токму овој сроднички однос меѓу завештателот и лицето кое

се именува за наследник е основата врз која се изградува системот на наследните

редови.

Определување на извршител на тестамент

Во содржината на тестаментото мора да биде присутна и одредбата со која

завештателот определува едно лице како извршител на неговиот тестамент.

Определувањето на лице извршител не претставува задолжителен составен елемент на

соджината на тестаментотот. Нашиот закон му овозможува на завештателот да

определи едно или повеќе лица за извршители на неговиот тестамент. За да може

лицето определено за извршител на тестамент да го стекне тоа својство, тоа мора да

биде деловно способно. Од друга страна прифаќањето на оваа должност не е

задолжително бидејќи зависи од волјата на самото лице. Извршителот на тестамент

има обврска да се грижи за чување на оставината, да се грижи за исплата на долговите

и легатите и воопшто да се грижи тестаментот да биде извршен онака како што сакал

завештателот. Управител на оставина пак ќе се постави од страна на судот по барање

на еден од наследниците, во случај кога не постојат услови наследниците меѓу себе да

се сложат околу заедничкото управување со наследството, во временскиот интервал до

донесувње на решението за наследување. Старател на оставина ќе се постави од страна

на судот кога наследниците се непознати или се со непознато престојувалиште.

8

Page 10: наследно право

Отповикување на тестаментот

Еднаш составениот тестамен, оставителот може да го отповика се додека е жив.

Тоа отповикување може да се однесува на целиот тестамент, а може да се однесува и

само на еден или некои одделни делови на тестаментот. Изјавата за отповиување на

писменото што претставува негов тестамент тој може да ја даде в една од формите во

кои може да се состави и самиот тестамент, а се предвидени во законот. Кога станува

за писмената форма на тестаментот, тогаш самото уништување на писмениот текстн на

тестамент, логично претставува и негово отповикување. Лицето мора да поседува

способност за давање на ваква изјава односно да не постојат елементи на недостиг на

волја кај тоа лице. Писмениот тестамент може да биде отповикан и со усна изјава но со

исполнување на сите други услови што ги предвидува законот за формата на усниот

тестамент.

Чување на тестамент

Местото и начинот на кој се чува тестаментот, немаат влијание врз

полноважноста на тестаментот. Самото чување на тестаментот односно изборот на

начинот и местото на чување, зависат од волјата на завештателот и по природа на

работите претставува фактичко прашање. Во редот на вообичаените начини на чување

на тестамент евидентирани во практиката, е секако оној ога завештателот одлучува

самиот да го чува во својот дом или на работното место, на одделно, специјално за таа

намена определено место, или па заедно со други документи. Од неговата волја зависи

исто така дали за ова ќе го информира некого од своите наследници, или некое трето

лице, или не. Третото лице пак може да биде токму она кај кое завештателот може да

одлучи да го остави својот тестамент на чување. Дали тоа лице е од редот на самите

наследници, или од редот на други блиски лица на завештателот, не влијае врз

полноважноста на тестаментот. Впрочем, завештателот секако ќе избере лице во кое

има доверба дека совесно ќе ја изврши обврската за чување на тестаментот. Изборот на

завештателот за оваа намена исто така може да биде и некоја установа којашто е

специјализирана за вакви услуги, или банка или пошта, како депозитни установи.

Станува збор за услуги што ги вршат јавни установи. Еден од најчестите начини на

чување на тестаментот е неговото предавање во суд. Во нашето наследно право е

9

Page 11: наследно право

регулирано предавањето на тестаментот на судот. Предвидено е своерачниот и

судскиот тестамент завештателот да ги предаде на чување на основниот суд. Обвивката

во која се наоѓа тестаментот може да биде отворена или затворена обвивка, што ќе

биде констатирано во записникот. По составувањето на записникот, писменото ќе биде

ставено во посебна обвивка, запечатена од страна на судот и оставена кај истиот на

чување.

Толкување на тестамент

Основно правило кое треба да се почитува при толкувањето на секој тестамент е

утврдувањето на автентичната волја на завештателот. Оваа задача е полесна кога

начинот на кој е изложена содржината на тестаментот, подразбирајќи го тука јазикот,

стилот, логичната мисла на завештателот, остава простор за никакви дилеми. Но, се

случува некој термин или одредена формулација да предизвикаат дилеми околу

вистинсата волја на завештателот. Решавањето на ова прашање е од суштествено

значење за интересите на сите оние кои се засегнати со содржината на тестаментот.

Тоа се тестаменталните наследници, легатарите, законските наследници, а тука можат

да се вбројат и некои други лица чиј интерес е засегнат со толкувањето на тестаментот.

Потребата за толкување се наметнува и кај другите видови правни дела, но кај

тестаментот ситуацијата е најделикатна. Актуализирањето на ова прашање настанува

во моментот кога определени формулации во тестаментот стануваат спорни. Ова може

да се однесува само на одделни делови во содржината на тестаментот. Простор за ова

оставаат употребата на различни јазични изразувања, стилови, степен на писменост на

самиот завештател, неговите навики во употребата на определени термини, која не

секогаш е адекватна. Заради сето ова во теоријата на наследното право се

издиференцирале два вида на толкување на тестамент: основно и дополнително. И

основното и дополнителното се користат со намера да се оствари основната цел на

толкувањето, а тоа е изнаоѓањето на вистинската намера, односно автентичната волја

на завештателот. Основното толкување најчесто го дава самиот оставински суд.

Дополнителното ги зема предвид околностите или фактите кои може да настанале

уште за време на животот на завештателот, а може да се појават и по неговата смрт,

битно е тие факти или околности да имаат влијание врз содржината на тестаментот,

било во целост, било врз некои негови делови. Нашето наследно право, покрај

10

Page 12: наследно право

наведените, предвидува и примена на супсидиерно правило во толкувањето. Ова

стапува на сцена кога сите претходно обиди за утврдување на веродостојноста на

наредбата на завештателот, ќе остават дилеми. Суштината на овој принцип се состои

во толкување на соодветната одредба на начин најповолен за наследникот или за

лицето на кое му е наложена некоја обврска.

Поништување на тестамент

Во теоријата и во законодавната и судска практика, одамна е поставено прашањето

за условите под кои може да дојде до поништување на тестаментот. Поништувањето на

тестаментот се врши по барање на лицата кои се правно заинтересирани за тоа, но само

под услови кои ги предвидел законот. Наспроти тоа, отповикувањето на тестаментот го

врши самио завештател по своја волја. Додека отповикувањето се врши за време на

животото на завештателот, поништувањето може да настане само по неговата смрт. За

да може еден тестамент да се прогласи за ништовен, потребно е да бидат исполнети

услови, точно определени во законот.

Услови кои доведуваат до ништовност на тестамент

Првиот услов е лицето кое го составува тестаментот да поседува тестаментална

способност што значи да е на возраст од 15 години и да е способно за расудување во

моментот на составување на тестаментот. Значи она што ќе настане во периодот по

составување на тестаменот, нема никакво влијание врз полноважноста на тестаментот.

Ништовноста може да биде предизвикана и од недостатоци на волјата. Доколку

завештателот направи тестамент не по своја волја, туку по присила и закана, или пак

биде измамен или доведен во заблуда- таквиот тестамент нема да биде полноважен.

Ништовни ќе бидат и оние одредби во тестаментот кои завештателот ги составил во

убедување за постоење или непостоење на некои факти односно околности, а всушност

бил во заблуда. Ништовен ќе биде и тестаментот кој нема да биде составен во една од

формите предвидени во законот. Ништовност на одредби во тестаментот настапува и

по силата на законот. Таков е случајот со одредбите во кои завештателот наредил

нешто да му се остави на судијата што го составил тестаментот, како и на

записничарот и на сведоците, со еден збор на лицата кои учестувавале во

11

Page 13: наследно право

составувањето на тестаментот; тука законот ги опфаќа и предците, потомците, браќата

и сестрите, како и брачните другари на сите наведени лица.

Кој може да бара поништување на тестамент

Предлог за поништување на тестаментот поднесува лицето кое има правен

интерес да ја оспори полноважноста на тестаментот. Законот предвидува случаи во кои

судот ќе одлучува за поништување на тестаментот, по службена должност.

Определбата на законодавецот по ова прашање е насочена кон обврската на судот да

им укаже на лицата кои самите не се во состојба тоа да го направат, било заради тоа

што се малолетни, или душевни болни, или имаат други здраствени проблеми.

12

Page 14: наследно право

Заклучок

Слободата на тестирање му овозможува на завештателот својот имот да го

распредели на оние лице и во оној обем во којшто самиот ќе ги изрази своите желби и

чуства, било кон лицата со оглед на неговата блискост во однос на него, било кон

лицата за кои смета дека порационално ќе постапуваат со имотот. Под поимот

наследување врз основа на тестамент (тестаментално наследување) се подразбира

наследување врз основа на еднострана изјава на волја (тестамент) на оставителот

дадена за време на неговиот живот во форма пропишана со закон со која се одредува

на кој од наследниците ќе му припадне оставината или дел од неа по неговата смрт.

Давателот на тестаментот се вика завештател или тестатор. Лицата кои што

наследуваат врз основа на тестамнет се викаат тестамнтални наследници. Кај ова

наследување, за разлика од законското наследување, примарно значење има волјата на

тестаторот како сопственик на имотот да располага со имотот согласно со неговите

интереси на кои, се разбира, се заснива неговата волја да го состави тестаментот.

Слободата на тестирање му овозможува на завештателот својот имот да го

распредели на оние лице и во оној обем во којшто самиот ќе ги изрази своите желби и

чуства, било кон лицата со оглед на неговата блискост во однос на него, било кон

лицата за кои смета дека порационално ќе постапуваат со имотот.

Тестаментот претставува изјава на последната волја на едно лице што поседува

тестаментална способност, со која тој врши распределба на својот имот во целост или

само на дел од имотот во случај на својата смрт ( mortis causa ).

13

Page 15: наследно право

Користена литература

- Наследно право – Љилјана Спировиќ – Топновска

- http://mk.wikipedia.org/ wiki/ Тестамент

- Закон за наследување Сл. Весник на Р. Македонија бр. 47/97 од 12.09.1996 г.

14