9
МЕХАНИКА НА БЕЛОДРОБНО ДИШЕЊЕ ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ ПО ПРЕДМЕТОТ ФИЗИКА ТЕМА:ФИЗИКА НА ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО Ментор: Глигор Гацовски Изработил: Катерина Јорданова

Механика На Белодробно Дишење

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Powerpoint presentation describing the mechanics of breathing from biophysical standpoint.

Citation preview

Page 1: Механика На Белодробно Дишење

МЕХАНИКА НА БЕЛОДРОБНО

ДИШЕЊЕ

ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ ПО ПРЕДМЕТОТ ФИЗИКА

ТЕМА:ФИЗИКА НА ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО

Ментор: Глигор ГацовскиИзработил: Катерина Јорданова

Page 2: Механика На Белодробно Дишење

СОДРЖИНА:

• Градба на респираторен систем• Анатомија на белите дробови од физичка гледна точка• Вдишување и издишување• Механички модел на бели дробови• Спирометар и спирограф

Page 3: Механика На Белодробно Дишење

ПЛАН НА ИЗРАБОТКА

Потребно време за изработка

Користена литература

web

2 часа Учебник по физика за

четврта година Б, енциклопедија

Британика

www.wikipedia.org

Page 4: Механика На Белодробно Дишење

ГРАДНА НА РЕСПИРАТОРЕН СИСТЕМ• Респираторниот систем е сложен систем, кој се состои од

простори и патишта по кои воздухот влегува во белите дробови. Во тие простори се вклучени: носна празнина(cavum nasi), голтката (фаринкс, pharinx), кој е заеднички орган за дигестивниот и респираторниот систем, гласната кутија или гркланот (ларинкс, larnyx), дишникот(трахеја, trachea) и бели дробови (pulmones), заедно со своите спроводни цевки и воздушните торбички. Бели дробови (pulmones) се органи во кои се врши размената на гасовите. Белодробните крила се сместени во градната празнина. Секоја бронхија откако ќе влезе во белодробното крило преку хилусот се разгранува како дрво, на уште помали цевчиња - бронхиоли, добивајќи изглед на стебло, наречено бронхијално стебло. Во бронхиите има мали делови на ’рскавицакој им дава стабилност и овозможува поесно поминување на воздухот.[7]

• Белите дробови се органи во кои има места за дифузија на гасовите преку многу тенки и нежни белодробни ткива.

Page 5: Механика На Белодробно Дишење

АНАТОМИЈА НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ОД ФИЗИЧКА ГЛЕДНА ТОЧКА

• Од физичка гледна точка белите дробови се кеси, непропустливи за воздухот кои само преку трахеите се поврзани со атмосферата. Голема улога при дишењето има просторот помеѓу двете плеври, обвивки од непропустлив слој за воздух на белите дробови и внатршната страна на градниот кош(интерплеврен простор).

• Нормалниот притисок во интерплевралниот простор кој е помал од атмосферскиот(околу 1.2kPa понизок од атмосферскиот) е познат како негативен притисок.

• Белите дробови не се споени со ребрата и немаат сопствена мускулатура, тие можат да се полнат и празнат со воздух само со пасивен механизам следејќи ги промените на притисокот во градниот кош.

Page 6: Механика На Белодробно Дишење

ВДИШУВАЊЕ И ИЗДИШУВАЊЕ

• Кога ребрата со помош на меѓуребрените мускули се подигаат нагоре(како еднокрак лост на сила) настанува ширење на градниот кош, дијафрагмата ја намалува кривината и влегува надолу, а со тоа доаѓа до ширење и на белите дробови. Секое ширење на градниот кош доведува до зголемување на негативноста на притисокот во интерплеврен простор што доведува до ширење на белите дробови. Имено со зголемување на волуменот според Бојл-Мариотовиот закон pV=const, притисокот p во белите дробови се намалува. Во таква состојба притисокот на воздухот на белите дробови е помал од атмосферскиот p<b, како резултата на тоа во респираторните патишта започнува да навлегува атмосферскиот воздух а тоа е вдишувањето.

• Со олабавување на меѓуребрените мускули волуменот на градниот кош се намалува, а со тоа притисокот во белите дробови се зголемува. Кога притисокот во белите дробови е помал од атмосферскиот p>b, од нив се истиснува дел од воздухот во надворешната средина.

Page 7: Механика На Белодробно Дишење
Page 8: Механика На Белодробно Дишење

СПИРОМЕТАР И СПИРОГРАФ• Брзината со која се променува волуменот на воздухот при дишењето се определува со специјални

апарати, спирометри. За регистрирање на волуменската промена со текот на времето се користат таканаречени спирографи, а резултатите се прикажани преку дијаграми кои се наречени спирограми.

Page 9: Механика На Белодробно Дишење

ПРАШАЊА

• Како се одвива вдишувањето, а како издишувањето на воздухот?

• Каде се создава негативен притисок?• Што ќе се случи ако се отвори интерплеврениот простор?