32
1 Градоначалникот на општина Новаци избран за претседател на Регионалниот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот регион-стр.3 Новаци и Алмопиа заедно ќе го развиваат пограничниот туризамстр.4 Ќе се реконструира пензионерскиот клуб во Новацистр.5 Донесен Буџетот за 2013 годинастр.6 Општина Новаци подготвено го дочека снеготстр.7 Ќе се дели заедничкото комунално претпријатие Пела Хигиена на Новаци и Могила-стр.8

Информатор на о.Новаци

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Информатор на општина Новаци бр.8

Citation preview

Page 1: Информатор на о.Новаци

1

Градоначалникот на општина Новаци избран за претседател на

Регионалниот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот регион-стр.3

Новаци и Алмопиа заедно ќе го развиваат пограничниот туризам– стр.4

Ќе се реконструира пензионерскиот клуб во Новаци—стр.5

Донесен Буџетот за 2013 година– стр.6

Општина Новаци подготвено го дочека снегот– стр.7

Ќе се дели заедничкото комунално претпријатие Пела Хигиена на Новаци и

Могила-стр.8

Page 2: Информатор на о.Новаци

2

ИГРОТЕКА

„БАМБИ“с.НОВАЦИ

СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10 ДО 12 :30 ЧАСОТ

ЦЕНА 400 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

Првиот број на весникот „Општински информатор“ излезе во

јуни 2012 година

Весникот излегува како едномесечник

Редакција : Катерина Чукалеска, Мирјана Кузмановска, Елена

Николовска

Техничка поддршка : Игорче Ристевски

Издава : Општина Новаци

Градоначалник: Лазар Котевски

Печати : Графопром – Битола

Тел/фaкс: 20 30 60

e-mail: [email protected] web: www.opstinanovaci.gov.mk

адреса: Општина Новаци, 7211 с.Новаци

Page 3: Информатор на о.Новаци

3

Градоначалникот на општина Новаци избран за претседател на Регионалниот одбор

за управување со отпад во Пелагонискиот регион

Градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски на 15-

тата седница на Советот за

развој на Пелагонсикиот

плански регион беше избран за

претседател на

новоформираниот регонален

одбор за управување со отпад

со двегодишен мандат.

„ Регонален одбор за

управување со отпад ќе биде

надлежен за:утврдување на нацрт на Регионален план за управување со отпад,

организирање и следење на примената, набавка и избор на добавувачи и градители за

елементи на регионалниот систем,избор на оператор на системот, одобрување на нацрт

инвестициска програма за развој на регионалниот систем, вршење контрола на работата,

усвојување Статут, избор на претседавач и други прашања определени со статутот на

РОУО “ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Договорот за соработка за воспоставување на регионален одбор за управување со отпад

во пелагонискиот плански регион го потпишаа градоначалниците на општините:Битола,

Новаци, Ресен, Могила, Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани и Долнени.

„Тоа е обврска на сите региони во Република Македонија.Пелагонија е трет регион кој го

формира овој регионален одбор за управување со отпад. Негови членови се

градоначалниците на сите општини кои се членови на тој регион и со еден претседател кој

ќе има мандат од две години. Ова тело ќе се занимава со донесување политики, стратешки

документи и значајни одлуки за регионот, но исклучиво во делот на управувањето со

отпадот“ вели Ана Каранфиловска Мазневска, раководител на секторот за управување со

отпад.На седницата на советот за развој на Пелагонискиот Плански Регион освен за

измените во законот за управување со отпад се разговараше и за акцискиот план за работа

на Цетарот за развој на пелагонискиот плански регион за 2013 година а беа разгледани и

тековни прашања.

Page 4: Информатор на о.Новаци

4

Новаци и Алмопиа заедно ќе го развиваат пограничниот туризам

Општините Новаци и Алмопиа заедно ќе го развиваат туризмот во пограничниот регион. По Нова година ќе се започне со реализација на проектот „Жива природа-жива историја“ во пограничните региони на Македонија и Грција каде ќе бидат реставрирани повеќе културно историски знаменитости. Градоначалниците на двете општини го потпишаа договорот за време на последната посета на оваа грчка општина при што беа прецизирани сите детали неопходни за понатамошната соработка.

„Заедно со градоначалникот на општина Новаци правиме напори успешно да го реализираме проектот во рамките на Интерег програмата за меѓугранична соработка. Веруваме дека оваа соработка ќе донесе голема корист на двете страни. Се работи за амбициозна програма и активности кои не спојуваат заедно во интерес на развојот и прогресот“, вели Пасоис Димитриос, градоначалник на општина Алмопиа, Грција. Со помош на добиените средства од грантот во висина од 520 000 евра треба да се интензивираат организираните посети на знаменитостите на Новаци и Алмопиа со туроператори, а треба да се направи и анимација на транзитните туристи. „Ја развиваме пограничната соработка со општина Алмопиа.Всушност, проектот многу ние важен за зближување на народите. Со проектот е опфатено културното наследство како во нашиот дел од општината така и во пограничниот регион на Грција. Проектот го добиваме заеднички за реновирање и реставрација на културните споменици кои се под заштита на културата“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Проектот ќе биде насочен кон документирање и истражување на поврзаноста на

природните локалитети во секоја област и нивно промовирање од туристички аспект.

Голем огномет за Новата 2013 Година во општина Новаци

Уште пола месец до дочекот на најлудата и највеселата ноќ, испраќањето на старата и

дочекувањето на Новата 2013 година. Празничната еуфорија полека но сигурно ќе ги

зафати сите. Подготовките за новогодишната веселба започнаа и во општина Новаци. На

минатата седница на Советот на општина Новаци се донесе одлука за изведба и набавка

на пиротехнички средства – огномет за Дочекот на Новата 2013 година.

Вкупниот износ на предвидените средства за таа намена изнесува 180 000 денари, а

истите ќе се обезбедат од планираниот Буџет на општината за 2013 година.

Page 5: Информатор на о.Новаци

5

Ќе се реконструира пензионерскиот клуб во Новаци

Општина Новаци продолжува со позитивниот

тренд и реализација на уште еден сопствен

проект. Со средства добиени од Програмата за

мали грантови на Мировниот корпус во РМ и

сопствени средства во сразмер 50:50 ќе го

реконструира пензионерскиот клуб во с.Новаци.

На овој начин ќе се подобри квалитетот на

живот на пензионерите од општина Новаци, ќе

се организираат 3 едукативни семинари и

работилници.

„Просторијата каде што е сместен

пензионерскиот клуб во с.Новаци се наоѓа во

незавидна руинирана состојба. Со проектот „За

долг здрав живот“ ќе се обнови водоводната и

електричната инсталација, санитарниот

чвор, просторијата ќе се опреми со мини

кујна, нов под и таван, ќе се обезбеди

греење и на тој начин пензионерите ќе

добијат простор каков што од секогаш

заслужуваат“, рече градоначалникот на

општина Ноавци, Лазар Котевски.

Проектот ќе започне од 1 февруари и ќе трае 6 месеци. Во општина Новаци има едно

пензионерско здружение во кое

членуваат околу 300 членови.

„ Грижата за највозрасната категорија од

населението во општина Новаци

отсекогаш била една од приоритетните

заложби на локалната самоуправа, а таа

грижа несебично ќе продолжи и во

иднина“, рече градоначалникот на

општина Ноавци, Лазар Котевски.

Општина Новаци секогаш ги помага

пензионерите во разните туристички

обиколки и им обезбедува бесплатен

превоз.

Page 6: Информатор на о.Новаци

6

Донесен Буџетот за 2013 година

На денешната седница на Советот

на општина Новаци се одржа јавна

расправа за најважниот документ

на една локална самоуправа а тоа

е Проекцијата за Буџетот за 2013

година. „ Денеска го донесовме

Буџетот за следната година во кој

имаме планирано многу капитални

проекти и инвестиции меѓу кои би

сакал да ги споменам:

реконструкција на училиштето во

с.Рибарци, партерно уредување во

с.Добромири, чистење на каналите

и бетонирање на 10 тиот канал во

с. Новаци, изградба,реконструкција и одржување на локалните патишта, изградба на

фонтана во с. Новаци, реконструкција на мостови, изградба на ракометно игралиште во

с.Долно Агларци, изградба на водопоила и друго“, рече градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски.Буџетот за 2013 година изнесува околу 191 милиони денари а

Буџетот за претходната година е реализиран околу 70 %. „Во Буџетот за 2013 година

предвидена е и програма за развојни програми која изнесува 15 милиони денари. Со неа се

планирани многу проекти како реконструкција на водоводниот систем во с. Старавина,

изградба на локалниот патен

правец Брод-Гнеотино,

изградба на канал во с.

Гермијан, брана на река

Строшница. Во програмата за

заштита на животната

средина пак предвидено е да

се изградат капацитети за

водоснабдување односно

брана во с.Брод и с.Новаци,

водопоила во општина

Новаци, партерно уредување

на река Коњарка,

реконструкција на водоводот

5 чешми и друго“, вели

раководителот на

одделението за финансиски прашања Оливера Димитровска.

Заради континуирана транспарентност и почитување на начелото на јавност во

работењето на Општина Новаци, Предлог Буџетот за 2013 година жителите можеа да се

погледнат на огласната табла на општина Новаци, веб страната на општината

www.opstinanovaci.gov.mk или пак лично да се обратат секој работен ден од 08 до 15 часот.

Исто така им беше дадена можност сите свои сугестии, предлози и мислења да ги

доставуваат писмено во Архивата на општина Новаци или да ги испратат на е-маил

адресата на општината најдоцна до 18.12.2012 година.

Page 7: Информатор на о.Новаци

7

Општина Новаци подготвено го дочека снегот

Општина Новаци подготвена го дочека снежното невреме и ниските температури кои ја

зафатија Пелагонија.

Од рано изутрина екипите на Заедничкото комунално претпријатие Пела Хигиена се

излезени на терен и ги чистат патиштата на територија на општина Новаци, како и

тротоарите и пешачките патеки. Секако по потреба се фрлаат сол и ризла за да се

спречи појава на голомразица. Чистењето и одржувањето на регионалните патишта се во

надлежност на ЈП Македонија пат. Со предлог програмата за чистење на снегот

предвиден е редослед и приоритет на чистење и одржување на општинските патишта:Р-

1101 Г.Агларци, Р-1101-Д.Агларци,Р1101-Далбеговци, Р-1107 –Живојно, Новаци-Рибарци,

итн. Во акцијата за чистење на снегот се вклучија и локалните жители кои го чистеа

снегот и подмрзнатиците од патеките и приодите пред своите домови.

На последната седница на Советот на општина Новаци беше усвоена и Предлог

програмата за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици за

сезоната 201/2013 година.

Page 8: Информатор на о.Новаци

8

Ќе се дели заедничкото комунално претпријатие Пела Хигиена на Новаци и Могила

Општините Могила и Новаци

започнаа постапка за поделба на

заедничкото комунално

претпријатие „Пела Хигиена“ .

Претпријатието е формирано пред

2 години преку проектот „ Форуми

во заедницата“ на Швајцарската

агенција за соработка заради

основна дејност организирање,

собирање и транспорт на

комунален отпад на територија на

Новаци и Могила.

„На денешната средба со

градоначалникот на општина Могила Славко Велевски, директорот на ЗЈКП Пела Хигиена

и претставници на двете локални самоуправи разговаравме за поделбата на заедничкото

комунално претпријатие. Сметаме дека доколку се формираат две различни претпријатија

и се подели механизацијата со која располага сегашното заедничко претпрјатие подобро

ќе функционираат и ќе ги извршуваат дејностите заради кое е формирано“, рече

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Целокупните активности од Програмата наЗЈКП „Пела Хигиена“ беа координирани од

страна на двете општини, и тоа се покажа како неуспешен модел на функционирање.

„Условите за работа на двете општини Могила и Новаци не се исти и затоа неможе да се

управува на ист начин. На пример трошоците за транспорт на отпадот се поголеми за

Могила отколку за Новаци затоа што ние сме поблиску до депонијата. Додека бројот на

корисници на нашите услуги во Могила е двапати поголем отколку во Новаци. Заради

ваквите и слични проблеми сметаме дека ако се поделиме како две засебни претпријатија

подобро ќе функционираме“, рече Горан Велјановски - технички директорот на ЗЈКП „Пела

Хигиена“.

Во иднина комуналното

претпријатие кое ќе

функционира во општина

Новаци планира да ја прошири

својата дејност и да го

преземи копањето, чистењето

и одржувањето на каналската

мрежа, чистење на снегот и

одржување на патиштата во

зимски услови, одржување на

водоводните и

канализационите системи на

територија на општина

Новаци.

Page 9: Информатор на о.Новаци

9

Се одржа 57-мата седница на Советот на општина Новаци

На денешната 57-ма седница на Советот на

општина Новаци , советниците ги усвоија сите 10

точки кои беа ставени на дневниот ред.Најпрво

состанокот започна со усвојување на записникот од

претходната седница а потоа се пристапи кон

гласање според планираниот распоред.

Советниците го одобрија Предлог буџетот на

општина Новаци и буџетскиот календар за 2013

година.На седницата се одобрија средства за

одбележување на Новата 2013 година и Божиќните празници. Советниците дадоа зелено

светло и за поправка на пумпната станица во с. Бач а

одобрија средства за подмирување на потрошената

електрична енергија за пумпната станица во

с.Живојно. Прифатени беа барањата за

ревитализација на с.Груништа , барањето од КУД

Новаци од Новаци и барањето за уредување на

просторот покрај полициската станица и стадионот во

Новаци.

Советот на општина Новаци ја одобри и Предлог

Програмата за зимско одржување на проодноста на

општинските патишта на територија на општина Новаци за сезоната 2012/2013

година.Оваа е последна седница на Советот на општина Новаци за оваа година.

Општина Новаци домаќин на подвижната

канцеларија на Министерството за земјоделство

Снегот кој обилно паѓаше не ги спречи претставниците

од Министерството за земјоделство, водостопанство и

шумарство на Р.Македонија и Агенцијата за

поттикнување на развојот на земјоделството да ги

советуваат и информираат земјоделците за сите

новини на гореспоменатите институции во Подвижната

канцеларија.

Земјоделците беа запознаети со Упатствата за користење на програмата за финансиска

поддршка на руралниот развој и тоа во мерките 1.4 Инвестиции за модернизација на

земјоделските стопанства и мерката 1.6 Инвестиции за преработка и маркетинг на

земјоделските производи .Исто така им беше објаснето кои се потребните документи и

како се пополнуваат формуларите за аплицирање.

Претставниците на МЗШВ и АПРЗ на сите заинтересирани земјоделци им поделија

материјали со инструкции за клучните чекори за добивање на одобрение за легализација

на оранжерии, помошни објкети и објекти за примарна обработка на земјоделски

производи кои се бесправно изградени на земјоделско земјиште.Ова е редовна практика

во општина Новаци да се советуваат земјоделците со цел да бидат навремено

информирани и посоветувани за сите новини.

Page 10: Информатор на о.Новаци

10

Мариовската „Трева што бега“ амајлија против зло и извор на младост и убавина

Малкумина ја слушнале

легендата за „тревата што бега“

за која Мариовци веруваат дека

носи среќа и бериќет. Според

кажувањата на жителите на

мариовското село Старавина,

оној кој ја има амајлијата

направена од двете треви кои

можат да се најдат само на

врвот на Кајмакчалан на

планината Ниџе, ќе остане вечно

млад, убав и ќе го прати среќа.

„Тревите ги викаат копида и

топида. Едната од нив се вика тревата што бега, бидејќи не може да ја најде секој што ја

бара. Таман ќе ја најдат и ќе пружат рака да ја скинат таа исчезнува или се губи во друга

трева. Или пак ако успеат да ја скинат кога ќе ја однесат дома таа ќе се исуши или ќе ја

снема. Како што кажуваат старите, од Првата Светска војна од фронтот живи се вратиле

само тројва Мариовци, бидејќи со себе

носеле амајлија направена токму од

тревата што бега“, раскажува Ристе

Момоковски кој потекнува од

мариовското село Градешница.

„Тревата што бега“ на поклон ја добил

поранешниот амбасадор на САД во РМ,

Лоренс Батлер а ја имаат и неколку

познати македонски функционери.

Легендата за тревата што бега е

своевидна реплика на волшебниот

напиток од приказните кој им дава сила на јунаците да ги поминат искушенијата и

премрежјата. Растението го добило името по карактеристиката да може да го скинат

одбрани луѓе, а амајлијата се состои од две треви кои треба да се спојат заедно за да

делуваат чудотворно.

Амбиентот во Мариово е како оној во македонски

народни приказни, а посебно големо внимание

привлекуваат старите легенди кои ги има во

изобилство. Мариовските села се идеални за развој

на селскиот туризам. Општина Новаци преку

интензивирање на соработката со француската

област Долна Нормандија прави обиди за заживување

на оваа област, а неодамна доби средства за

реализација на проект за заштита на културното

наследство со што ќе се реконструира Куќата на Калеш Анѓа, една стара воденица,

мостот на Зовиќ и црквата Свети Димитрија во с.Градешница.

Page 11: Информатор на о.Новаци

11

Нов кров,оџак, печки и играчки за подрачното училиште во Живојно, општина

Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар

Котевски беше гостин во подрачното училиште на

„Славко Лумбарковски“ во с.Живојно каде свечено

ги пушти во употреба играчките за детскиот парк во

училишниот двор и новиот реновиран покрив на

училиштето.Исто така со средства на општината

набавени се печки на тврдо гориво а изграден е и

нов оџак во училиштето.

„Со средства од Буџетот на општината

направивме неопходни реконструкциони зафати

во едно од седумте подрачни училишта на

територијата на општина Новаци, односно во

Живојно. Го реновиравме покривот на

училиштето, изградивме нов оџак и набавивме

нови печки на тврдо гориво, така што сега се

подготвени за ладните зимски денови кои ни

претстојат. Исто така набавивме лизгалки и

крлешки кои ги монтиравме во училишниот двор“

рече градоналаникот на општина Новаци,

Лазар Котевски.

На свеченоста присуствуваше и

директорката на ЦОУ„Славко

Лумбарковски“ Ана Котевска Велјановска

и советникот за образование во Општина

Новаци Мирјана Кузмановска.

Слични вакви зафати се прават и во

подрачното училиште во с.Рибарци.

Page 12: Информатор на о.Новаци

12

Општина Новаци ќе добие трета

фотоволтаична централа

Денеска во просториите на општина Новаци

се одржа јавна презентација на Локалната

урбанистичка планска документација за

изградба на мала фотоволтаична централа

од 50 киловати во место викано Слатина,

северно од с.Новаци. Инвеститор ќе биде

Никола Велјановскиа ЛУПД е изработена од

фирмата Урбан проект од Прилеп. „До

местото каде ше биде централата има

пристап од некатегоризиран пат кој е

обезбеден со заштитен појас од 10 метри каде што не смее да се градат други објекти.

Некатегоризираниот пат ќе си остане таков каков што е а интензитетот на сообраќај е

многу мал,едно возило на два дена. Централата е формирана од две парцели кои се

сопственост на еден субјект односно инвеститорот. Во рамките на новата парцела се

планира намена Е2 односно градба за производство на енергија. Овде ќе бидат

поставени сончеви колектори од кои ќе се произведува електрична енергија која од

постоечките постројки и инвентори со приклучоци ќе се внесува во системот. Нема

никакви инфраструктурни објекти од сите видови ни над земја ни под земја. Источно од

парцелата на околу 200 метри има линија од 200 киловолтни дрвени столбови (бандери)

кои во иднина по изградбата на централата ќе биде искористени за приклучување на

централата на системот и мрежата.

Површината на вака формираната градежна

парцела е 10 249 м2, а 7944м2 се предвидени

за градба а за поставување на колекторите се

потребни 2000 квадратни метри. Можно е

понатаму проектантот кога ќе изработува

основен проект согласно законот и желбите на

инвеститорот да се одреди каде е најдобро да

се лоцира групацијата од колекторите.

Висината на градбата треба да биде максимум

3 метри. Не е потребна вода и канализација

ниту пак работна сила за изградба. Инвеститорот ќе треба да има стражар за чување на

опремата и на оградата која ќе се постави“, рече Томе Ристевски- надлежен инженер

архитект од Урбан проект. Побарано е од ЕВН приклучок кон електричната мрежа и по

завршувањето на јавната презентација и јавната анкета и тоа ќе го направиме, вели

инвеститорот Никола Велјановски.Општина Новаци важи за општина со најголем број

сончеви денови во годината, па оттаму потекнува овој голем интерес за изградба на

фотоволтаични централи. Централата „Мегасолар“ во с.Гермијан од 1 мегават веќе

функционира повеќе од една година, завршена е процедурата за уште една централа во

с. Новаци а инвеститорот ја чека дозволата од МЗШВ за пренамена на земјиштето и

отпочнување со работа.Фотоволтаичната централа на Никола Велјановски ќе биде трета

во општина Новаци. По јавната презентација ќе се изврши и јавна анкета која ќе трае 8

дена.

Page 13: Информатор на о.Новаци

13

Презентирани студиите за спроведување на паарно греење во Новаци и Битола

Во Општина Новаци денеска се одржа 6 тата односно претпоследната работилница од проектот ТЕЛЕТЕРМ - Пренос на знаење за централно греење на Битола и Новаци. Во рамките на истата беа презентирани заклучоците од реализираната втора студиска посета на грчките партнери ДЕТЕПА а двата експерти од Техничкиот факултет од Битола ги претставија студиите за начинот на спроведување на топлификацијата во двете општини.

„Целта на студијата е да ги идентификуваме можните пречки и трошоците за спроведувањето на паарно греење во општина Новаци, каде има приватни јавни згради и индивидуални станбени куќи. Целта на студијата е да се изработи проектно решение,да се проценат трошоците за приклучување кон централното греење, да се идентификуваат можностите за приклучување на објектите и стаклениците за развој на земјоделското производство“,

рече проф.д-р Игор Неделковски, од Техничкиот факултет Битола.

„Во техничката студија за општина Битола е направена анализа на објектите кои се од интерес да се поврзат пред се јавните објекти и училиштата кои имаат слаба изолација и трошат големо количество нафта за затоплување што е неисплатливо, потоа зградите и куќите кои веќе имаат постоечка инсталација“, рече проф. д-р Зоре Анѓелевски, од Техничкиот

факултет Битола.

Присутните на работилницата имаа можност да ја погледнат видео презентацијата за досегашните активности од проектот ТЕЛЕТЕРМ, да поставуваат прашања но и да разменуваат искуства и знаења.

Page 14: Информатор на о.Новаци

14

Редовно советување за земјоделците во општина

Новаци

Во просториите на општина Новаци советниците од

Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството им

одржаа редовно советување на земјоделците,ги запознаа

со сите новини на Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство на република Македонија.

Земјоделците беа запознати со Упатствата за користење

на програмата за финансиска поддршка на руралниот

развој за 2012 година и тоа во мерките 1.4 Инвестиции за модернизација на земјоделските

стопанства и мерката 1.6 Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски

производи.Им беше објаснето кои документи им се потребни и како да ги пополнат

формуларите за аплицирање.

Советниците на Агенцијата на земјоделците им поделија и материјали за тоа кои се

клучните чекори за добивање на одобрение за легализација на оранжерии, помошните

објекти и објектите за примарна обработка на земјоделски производи кои се бесправно

изградени на земјоделско земјиште.Ова е редовна практика во општина

Новаци,советниците од АПРЗ да ги советуваат земјоделците.

Ќе се реконструира водоводната мрежа во

Далбеговци, Горно и Долно Агларци

Во просториите на општина Новаци се одржа

состанок помеѓу градоначалникот Лазар

Котевски,претставник на изведувачот „Маркоски К-

73“ ДООЕЛ Струга и претставник на надзорот Г.И

Македонија АД Скопје за реконструкција на

водоводната мрежа во на населените места во

Далбеговци,Горно и Долно Агларци.Проект е

финансиран со средства добиени од кредит од

Европската банка за обнова и развој.„Со овој проект се предвидува приклучување на с.

Далбеговци, с. Горно Агларци и с. Долно Агларци кон регионалниот водоводен систем на

Битола.Со проектот е предвидена изградба на доводен (главен) цевковод од приклучните

точки на регионалниот систем до селата и

реконструкција на водоводниот систем за овие

населени места.Мој и приоритет на локалната

самоуправа е секое населено место во општина

Новаци да добие чиста и здрава вода за пиење. “

вели градоначалникот Котевски.На одржаниот

состанок со изведувачот и надзорот им беше

предадена техничката документација со што беа

воведени во работата на реконструкција на

водоводната мрежа и започнува да тече рокот за

изведување на работите.Во досегашниот период

потрошувачката на вода во с. Далбеговци, с. Горно Агларци и с. Долно Агларци не се мери,

а одржувањето го вршеле месните заедници, но по имплементација на проектот со

водоводните мрежи и одржувањето на системот ќе го прави Заедничкото јавно комунално

претпријатие „Пела – Хигиена“ с. Добрушево кое е формирано 2010 година.

Page 15: Информатор на о.Новаци

15

Во општина Новаци се истражуваа можностите за економски развој на Новаци и

Могила

Општина Новаци беше домаќин на работилницата „

Истражување на можностите за економски развој на

општините Новаци и Могила“.На самиот почеток беше

направен краток осврт на целите на проектот и

неговите идеи. Организатор на работилницата е

Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка

АГТИС од Прилеп.„Темата на работилицата е „

Истражување на можностите за економски развој на

општините Новаци и Могила“ а истата е дел од реализацијата на проектот

„Градоначалникот не е златна рипка“.Проектот има намера да го поддржи граѓанското

право на информираност за локалните политички понуди кои кандидатите за

градоначалници и политичките партии ги лиферуваат и ветуваат во предизборието. “

рече Александар Талески- проект координатор

Двата градоначалници на пелагониските општини Новаци и Могила извршија

презентација на ресурсите, логистиката, земјиштето,

инфраструктурата и нивната инструментализација во

насока на ЛЕР- локалниот економски развој . „Особено ми

претставува задоволство што во општина Новаци

секојдневно се случуваат различни настани кои

претставуваат афирмација на нашата локална

самоуправа.Денешната работилница на

тема :„Истражување на можностите за економски развој

на општините Новаци и Могила“ ќе ни биде особено

корисна затоа што пред сите вас ќе ги презентираме ресурсите со кои располагаат

нашите општини во функција на локалниот економски развој но уште поважна е

поврзаноста на работилницата со креирањето на покорисни политички понуди за

претстојните локални политички избори кои ќе се одржат во март 2013 година.“ рече

Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.„ Со децентрализацијата му се

зголемија ингеренциите и надлежностите на општините и им се отвори поголема можност

за поттикнување на локалниот економски развој. Исто така им се зголеми Буџетот и им се

овозможија нови начини на финансирање.Општина Могила е општина со вкупно 6700

жители со 23 населени места.“ рече Славко Велевски

градоначалник на општина Могила.На работилницата

беше направен вовед во проектните идеи и

поврзување на истите со локалните избори 2013

година.За таа цел беа поканети претставници на

двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и

СДСМ од ограноците од двете општини Новаци и

Могила, кои говореа за фокусните точки на визиите за

ЛЕР.Работилницата заврши со изведување на

заклучоци и запознавање на присутните со идните планови односно како овој проект ќе

им биде корисен на политичките партии во креирањето на поофанзивни, пофокусирани и

покорисни политички понуди за локалните избори 2013 година.

Page 16: Информатор на о.Новаци

16

Градоначалникот Котевски на средба со пензионерите

Градоначалникот на

општина Новаци Лазар

Котевски денеска

оствари средба со

претставниците на

здружението на

пензионери од општина

Новаци на која ги

информираше за

новодобиениот грант и

активностите околу

реконструкцијата на

пензионерскиот клуб.

„Многу мие мило што

денеска се сретнавме

тука во новите општински простории за да ви соопштам една убава вест а тоа е

реновирањето на просторијата каде ќе биде сместен пензионерскиот клуб кој ќе можат да

го користат сите членови пензионери на пензионерското здружение на општина Новаци.

Поголем дел од потребните финансии ќе ги обезбедиме од Буџетот на општината и од

добиениот грант од Мировниот корпус“, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар

Котевски.

Градежните зафати за реновирање на просторијата каде ќе се наоѓа клубчето наменето

за социјало дружење на пензионерите ќе започнат од 1 февруари 2013 година и ќе траат

6 месеци.

„Многу се радуваме што ќе добиеме просторија каде ќе можеме да се дружиме во секое

време и убаво и достоинствено да ги поминуваме пензионерските денови. Со нетрпение

очекуваме да биде

реновирана и опремена

просторијата, а посебна

благодарност сакаме да му

укажеме на градоначалникот

Котевски за покажаната

грижа за најстарите жители

на општина Новаци“, рекоа

членовите на Здружението

на пензионери од општина

Новаци.

По реновирањето и

опремувањето на

пензионерискиот клуб во

Новаци ќе се оржат и 3

работилници на тема: здравје, фолклор и традиција и лидерски способности.

Page 17: Информатор на о.Новаци

17

Градоначалникот Котевски на средба со претставници од НУ Завод и

Музеј Битола

Започнаа подготвителните активности околу реализацијата на проектот „Жива историја –

жива- природа“ кој во себе вклучува реновирање на знаменитости кои претставуваат

културно наследство и се под заштита на државата. За таа цел беше одржан состанокот

меѓу градоначалникот на ошпштина Новаци Лазар Котевски и раководниот тим на НУ

Завод и Музеј Битола.

„Со проектот е предвидена реконструкција на црквата св.Димитрија во с.Градешница која е

прогласена за културен споменик од прва категорија, мостот во с.Зовиќ и воденицата.

Реконструкцијата на спомениците кои се опфатени со проектот а се од особено значење и

интерес за разој на алтернативниот туризам неможе да се реализира без партнерството на

експертите од Музејот од Битола. Особено ја цениме нивната поддршка и стручното

мислење кое во многу ќе придонесе за успешно реализирање на проектот “, рече

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Претставниците од Завод и Музеј Битола ја изразија целосната нивна поддршка при

реализацијата на проектот кој треба официјално да започне од месец јануари 2013 година.

Средства за реконструкција на овие знаменитости се обезбедени преку ИПА програмата за

прекугранична соработка на Македонија и Грција.

Page 18: Информатор на о.Новаци

18

Општина Новаци донесе акционен план за чистење на речните корита во 2013

година

Општина Новаци ја донесе Програмата за заштита од

штетно дејство на водите на подрачјето на општина

Новаци за 2013 година.

Акциониот план за чистење на речните корита за 2013

опфаќа чистење на каналската мрежа и речите: Црна

река, Елешка река, Градешка, река, Бела река,

Трновшица, Коњарка и Шемница.

Овој акционен план е особено важен и содржи

упатства за постапување посебно во проелт кога овие

реки надоаѓаат и постои опасност од предизвикување на поплави.

Во општината постојат повеќе канали за одводнување а приоритет е 10 тиот канал во

должина од 7300 метри од кои околу 300 метри е бетониран со средства на општина

Новаци и таа динамика се одвива континуирано секоја година.

Во акциониот план приоритет му се дава на чистењето на коритото на река Црна чие ниво

е повисоко од нивото на одводните канали и постои поврат на надојдена вода и можност

за поплавување на новачкото поле.

Општина Новаци донесе програма за одржување на јавна чистота за 2013 година

Општина Новаци донесе програма за одржување на јавна

чистота за 2013 година со единствена цел одржување на

чистотата на јавните површини и отворените простори на

јавните објекти заради обезбедување на поквалитетни

услови за живот на граѓаните и почиста животна средина.

„Општата цел на програмата е да се обезбеди редовно

чистење (метење и миење) на јавните површини и

отворените простори на јавните објекти како и чистење на

снегот и мразот во зимски услови. Со оваа програма се утврдува територијата,

распоредот и фреквенцијата за одржување на јавната чистота, се утврдуваат основните

начела на вршење на работите за одржување на јавната чистота, се утврдува надзорот

на спроведувањето и начинот на финансирањето“, рече градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски. Изведувач на програмата за јавна чистота ќе биде Комуналното

претпријатие „ Пела Хигиена“. При утврдувањето на јавните површини кои ќе се

одржуваат со оваа Програма земени се во предвид: густината на населеност,

фреквенцијата на граѓани и сообраќај, социјалните, културните и воспитно образовните

објекти. Чистењето на јавните површини ќе се врши по категории: во прва категорија

спаѓа централното подрачје каде ќе се врши метење, собирање и исфрлање на смет пед

дена во неделата и втора категорија каде метењето, собирањето и исфрлањето на

отпадот ќе се врши еднаш неделно“, вели Горан Велјановски, технички директот на

КП„Пела Хигиена“. Со програма за одржување на јавна чистота за 2013 година опфатени

се и зелените површини на територија на општина Новаци, чистење на пристапните

патишта кон населените места, чистење и одржување на каналската мрежа и вонредно

одржување.

Page 19: Информатор на о.Новаци

19

Средба на градоначалникот Котевски со претставници на ЦРППР

Градоначалникот на општина Новаци Лазар

Котевски на денешната средба со претставници од

Центарот за развој на пелагонискиот плански

регион ги ревидираа предложените проекти во

Акцискиот план за 2013 година и ги одредуваа

приоритетните со кои општината ќе аплицира за

финансиски средства од Програмата за

рамномерен регионален развој за 2013 година.

Општина Новаци за реализација во 2013 година ги

има предложено следните проекти: Изработка на техничка документација за

реконструкција на регионалниот пат Р-120 од врска Р-509 Новаци до врска М-5 Тополчани,

Изработка на студија за алтернативно наводнување на Пелагонија (надвор од системот

Стрежево), проект за техничка вода за с.Бач и пумпна станица, изработка на проект за

регионален пат Р-511 (Рапеш-Старавина), реконструкција на регионалниот водовод во

селата:Градешница, Старавина, Будимирци и Зовиќ, пречистителна станица за

канализација во с.Новаци, партерно уредување на

просторот на река Коњарка, уредување на поројот во

с.Гермијан, реализација на проект за наводнување во

с.Гермијан (Елешка река), изградба на локален пат

Брод-Гнеотино, сообраќајна сигнализација,

поставување тротоари, реконструкција на заштитна

брана во с. Живојно, изградба на локални патишта,

изработка на урбанистичка документација за

селата:Добровени, Градешница, Долно Орехово и

Мегленци, изградба на пешачка патека во Горно

Агларци, реконструкција на брана во с.Живојно и проект за наводнување-одводнување во

Пелагонија.

Општина Новаци воведува видеоконференциска врска со Влада на РМ

Општина Новаци воведува систем за

видеоконференциска врска помеѓу

Владата на Република Македонија и

државните институции. Станува збор

за десктоп апликацијата Polycom Con-

verged Management Application –CMA

која во иднина ќе се користи за

воспоставување на

видеоконференциска врска помеѓу општината и Владата. „Ова е многу корисна апликација

која на сите ќе ни заштди време и пари, лесна е за користење, овозможува брза и лесна

комуникација како и поголема ефективност во работењето“, вели градоначалникот на

општина Новаци, Лазар Котевски. На инсталирањето на CMA апликацијата му претходеше

обука која ја организираше Генеријалниот секретаријат на Влада на Р.Македонија.

Page 20: Информатор на о.Новаци

20

Покрај доматот и пченката опфатена во пилот проектот на УСАИД за Експанзија на мали бизниси

Пилот проектот за „Експанзија на мали бизниси“ на УСАИД се проширува со уште една земјоделска култура-пченката која е водечка култура по засадена земјоделска површина во општина Новаци. За таа цел се одржа работен состанок меѓу претставници на УСАИД, општина Новаци и земјоделци одгледувачи на пченка. „Ќе се одбере еден индивидуален земјоделец кој веќе одгледува пченка и има повеќегодишно искуство, ќе се спроведе системот за наводнување „капка по капка“ и ќе се работи според современи

начини и земјоделски протоколи“, вели Мирјана Македонска, технички менаџер на проектот за експанзија на мали бизниси. По спроведувањето на пилот проектот и промоцијата на постигнатите резултати очекуваме масовна прифатеност на начинот на работа од страна на другите земјоделци, вели директорот на проектот Карл Ларкинс. „Како резултат на моето искуство од спроведувањето на овој проект во Израел каде се користеше системот за наводнување капка по капка а станува збор за пустина ,приносите беа зголемени повеќекратно. Затоа тука на ова плодно земјиште какво што е во Пелагонија очекуваме резултатите да бидат повеќе од задоволнителни“, вели директорот на проектот Карл Ларкинс. Општина Новаци во овој проект покрај земјоделец кој произведува индустриски домат, ќе биде вклучена со уште еден земјоделец - одгледувач на пченка. „Последните 5 години постојано вложувам во системи за наводнување.Според моите искуства и искуствата на соседните земји приносите константно се зголемуваат доколку се применуваат современи начини на наводнување. Очекувам од спроведувањето на овој пилот проект од досегашните 11 тони по хектар произведена пченка, зголемување на приносите за 20-30%.“ вели Никола Велјановски, одгледувач на пченка. На средбата со претставниците на УСАИД, градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски ги посочи капацитетите и ресурсите со кои располага оваа област. „Многу ме радува фактот што општина Новаци се покажа како доста интересна за реализација, спроведување и имплементирање на разни проекти, но овој ми е особено драг проект затоа што ги развива малите бизниси но и го модернизира земјоделството“ вели градоначалникот Котевски. Официјалното отворање на проектот за Ескпанзија на мали бизниси и Пелагонија ЛЕАДЕР проектот беше на почетокот на месец ноември на Хиподромот Хрибо во с.Крклино.

Page 21: Информатор на о.Новаци

21

Општина Новаци се подготвува за следниот снежен бран

Изнаоѓање на трајно решение и

изготвување на план на

дејствување за чистење на

патиштата во зимски услови,

беше целта на состанокот помеѓу

градоначалникот на општина

Новаци Лазар Котевски и

претставниците на Македонија

пат, СВР Битола, Центарот за

управување со кризи ,

Дирекцијата за заштита и

спасување и Агенцијата за

државни патишта.

Сите присутни беа запознаети со програмата за зимско одржување на патиштата на

општина Новаци која ја донесе

Советот на последната седница, а

воедно им беше доставен и примерок

од истата.

Беа одредени лица за контакт и

разменети телефонски броеви

односно беше направен телефонски

именик на лица претставници од

локалната самоуправа и надлежните

органи и институции, кои треба да

бидат постојано во контакт и достапни

во случај на отежнати зимски услови.

Градоначалникот Лазар

Котевски ги информираше

присутните дека до крајот на

оваа година изведувач за

чистење и одржување на

патишатата во зимски услови е

фирмата „Васили компани“ ДОО

а од наредната недела ќе биде

распишан нов тендер за зимско

одржување и ќе биде избран нов

изведувач.

Сите на состанокот се согласија

од потребата за свикување на

нов состанок на кој ќе бидат

повикани покрај присутните и претставници на РЕК Битола и ЈП Македонски шуми со цел

да се изнајде трајно решение за делување на службите и ангажирањето на механизација

за чистење на снегот на патиштата на територија на општина Новаци во зимски услови.

Page 22: Информатор на о.Новаци

22

Ќе се уредува островчето пред општина

Новаци

Започнаа градежните зафати за уредување,

обележување и хортикултурно декорирање

на островчето пред општина Новаци.

„Иако временските прилики не се баш

поволни, започнавме со градежните зафати

околу заградувањето и уредувањето на

островчето кое се наоѓа на

најфреквентната улица која врви низ

Новаци а оди до РЕК. Планираме ова

островче да се нареди со бехатон плочки,

хортикултурно да се уреди и да се постават керамички саксии. Исто така заради

безбедност во сообраќајот островчето ќе го обележиме со бела и црвена боја“, вели

градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

Општина Новаци започна со новогодишното украсување

Светлечки панделки, свеќи, ѕвончиња се само дел од новогодишните декорации кои

започнаа да се поставуваат на столбовите од уличното осветлување низ улиците во

општина Новаци.Овие светлечки тела му даваат посебна зимска магија и одлично го

надополнуваат предновогодишното и божиќното расположение. „На минатата седница на

Советот на општина Новаци донесовме одлука за набавка на огномет за Дочекот на

највеселата и најлудата новогодишна ноќ.

Во тој контекст е и поставувањето на овие

новогодишни светлечки тела“, рече

градоначалникот на општина Новаци,

Лазар Котевски. Новогодишни светлечки

украси се поставуваат во сите поголеми

села на територија на општина Новаци.

Page 23: Информатор на о.Новаци

23

Превентивен координативен состанок во општина Новаци

Во општина Новаци се одржа

превентивен координативен

состанок на кој присуствуваа

градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски и

претставници на локалната

самоуправа, СВР Битола, ЈП „

Македонски шуми“ подружница

Кајмакчалан, РЕК – Суводол, ЦУК и

Дирекција за заштита и спасување.

На почетокот на состанокот беше

направена листа на присутност и

беше разменета листа на контакт

телефони. Се разговараше за временската прогноза, состојбата со врнежите од дожд и

висината на водостојот на река Црна.

„Стана збор за состојбата со врнежите од дожд и нивото на река Црна кое вчера

изнесуваше 1,20 а денес крена на 2м. Од четврток се очекуваат ниски температури и во

вакви временски услови нема опасност од поплави. Ако нивото на река Црна се искачи

над 3,50м тогаш има потенцијална опасност од поплави. Беше констатирано дека времето

е добро во моментот но дека има некои најави за нови снежни врнежи во текот на

денешниот ден“, велат од Центарот за

управување со кризи и Дирекцијатан за

заштита и спасување.

Градоначалникот Котевски ја изарзи

својата благодарност за делувањето на

зимската служба и чистењето на снегот

од патиштата по минатиот одржан

состанок.

Беше донесена одлука механизацијата

која ќе го чисти снегот во мариовскиот

предел редовно да биде придружувања

од елсно возило со цел да се спречат

разни несакани последици (дефект на возилото кое ќе го чисти снегот). Претставникот на

РЕК Суводол се изјасни дека сите активности за чистење на снегот ќе бидат извршени по

консултацијата со директорот на комбинатот. Центарот за Управување со Кризи и

Дирекцијата за заштита и спасување редовно на е-маил испраќаат и ќе испраќаат

известувања за временските прилики за да може соодветно да се дејствува. Констатирано

беше дека нема претставник на ЗК Пелагонија, при што се донесе заклучок дека на

следниот состанок потребно е да се покани нивен претставник, за да можат и тие со

механизацијата со која располагаат, да се вклучат во одржувањето на патиштата во

зимски услови. Целокупната акција за чистење на снегот ќе ја координира општина

Новаци во смисла на алармирање на службите за нивно вклучување во акцијата.

Page 24: Информатор на о.Новаци

24

Градоначалникот Котевски заедно со дечињата од „Бамби“ ја накитија

новогодишната елка

Градоначалникот Лазар Котевски го посети

единствениот центар за едукативен развој во

општина Новаци. Заедно со дечињата ја накитија

новогодишната елка.

„Полека започнува сите да не зафаќа

предновогодишната еуфорија, а на

новогодишните празници и украси најмногу се

радуваат децата. Затоа денеска ги посетив и

многу сум среќен што заедно со нив ја накитивме

нивната елка. Следната недела повторно ќе ги

посетам кога ќе имаат новогодишна претстава а

секако општината им обезбеди и новогодишни

подароци“, рече градоначалникот на општина

Новаци, Лазар Котевски.

Во просториите на општина Новаци по повод

новогодишните празници за в понеделник 24

декември со почеток во 12 часот, детскиот

театар Бабец ќе одржи претстава „Трите

прасиња и Дедо Мраз“.

Page 25: Информатор на о.Новаци

25

Детска претстава „Дин дин донг“ во општина Новаци

Општина Новаци беше домаќин на

новогодишната интерактивна детска

претстава „Дин дин донг“ во

организација на Здружението

„Културен иновативен клуб Новаци“

од Новаци. Ова е новоформирано

здружение во кое отсега ќе

членуваат и ќе творат децата од

општина Новаци.

„Многу мие мило што денеска

можеме да присуствуваме на оваа

новогодишна претстава која ја

подготвија и изведоа децата од општина Новаци. Ги повикувам сите родители да ги

зачленат своите деца во ова ново здружение и да ги пуштаат редовно да го посетуваат

каде ќе можат заеднички да се едуцираат, творат и културно и уметнички да се

развиваат“, рече градоначалникот на

општина Новаци Лазар Котевски.

Здружението „Културен иновативен клуб

Новаци“ од Новаци за многу кратко

време успеа да ја подготви и изведе

прекрасната новогодишна претстава, а

понатаму ќе следат уште многу други

културни случувања.

„Ова е наше прво остварување но

ветуваме дека во иднина ќе имаме многу

активности и манифестации во кои ќе ги

вклучиме сите деца од општина Новаци“

рече Елизабета Јончиќ од Здружението „Културен иновативен клуб Новаци“ од Новаци.

На крајот од претставата градоначалникот Лазар Котевски на сите дечиња му ја честита

Новата 2013 година и му посака среќни Божиќни празници.

Page 26: Информатор на о.Новаци

26

Градоначалникот Лазар Котевски во посета на

најмногудетното семeјство во Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски

денеска го посети најмногудетното семејство во

с.Новаци. На четирите дечиња му подари

новогодишни пакетчиња и топли ќебиња за ладните

зимски денови.

„Денеска го посетивме ова семејство кое спаѓа во

категоријата социјални случаи и му дадовме една

мала донација која се состои од ќебиња и

новогодишни поклончиња, на која се надевам дека

најмногу ќе и се израдуваат децата и ќе придонесат

за поубава и повесела празнична атмосфера“.

Ова е редовна практика за градоначалникот

Котевски секоја година пред Новогодишните и

Божиќните празници да ги посетува ранливите

категории жители на неговата општина и да им дава

донации. Вакви акции ќе следуваат и во Добромири,

Далбеговци, Рибарци, Живојно и други.

Page 27: Информатор на о.Новаци

27

Новогодишни подароци за дечињата од општина Новаци

Како и секоја година така и оваа, општина Новаци и

градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни

пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во

централното и подрачните училишта „Славко Лумбарковски“.

Локалната самоуправа со цел да им ги разубави новогодишните и

божиќните празници обезбеди пакетчиња и за дечињата кои

спаѓаат во категоријата социјални случаи.

Градоначалникот Котевски ваква акција спроведува секоја година

бидејќи смета дека дечињата како најмали жители на неговата

општина заслужуваат најголемо внимание и подобри услови за

живот.

Општина Новаци домаќин на „Трите прасиња и Дедо Мраз“

Детскиот театар Бабец од Битола денеска во

просториите на општина Новаци со почеток

во 12 часот ја изведе новогодишната

претстава „Трите прасиња и Дедо Мраз“.

Салата беше претесна за да ги собере сите

љубопитни дечиња и нивните родители

зафатени од предновогодишната еуфорија.

„Многу мие мило што гледам дека салата е

преполна и дека има интерес за вакви

културни настани. Како што ви ветивме, еве

денеска организиравме новогодишна

претстава, а и понатаму ќе продолжиме со ваквата практика“, рече градоначалникот на

општина Новаци, Лазар Котевски.

Претставата „Трите прасиња и Дедо Мраз“ е во текст и режија на Јулијана Мирчевска.

Станува збор за класична интерактивна новогодишна претстава во која преку танци, песни

и актерка игра е раскажана приказната за трите прасиња и Дедо Мраз.

Влезот за претставата е бесплатен

а присуствуваа сите дечиња од

општина Новаци.

Ваквите културни случувања

придонесуваат многу за

едукативниот и културниот развој

на децата од руралните средини.И

пред два месеци општина Новаци

беше домаќин на театарска група

во рамките на проектот

Регионални денови на културата.

Page 28: Информатор на о.Новаци

28

Успешно заврши екстерното тестирање во ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци

Успешно заврши екстерното тестирање кое на 21, 22, 24 и 25 декември се спроведуваше во ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци. Централното училиште во општина Новаци е едно од 45 основни училишта во Република Македонија кои беа избрани за пробно екстерно тестирање. Државната комисија задолжена за спроведување на екстерното оценување однапред имаше изготвено утврден план според кој се одвиваа сите работи. „Нашето училиште заедно со ОУ„Елпида

Караманди“ и ОУ “Тодор Анѓелевски“ од Битола беа избрани и каде се спроведе компјутерското пробно тестирање. По два наставни предмети се тестираа учениците од сите одделенија. Кај одделенската настава во четврто и петто одделение тестирањето се вршеше по математика и општество, во шесто одделение по математика и историја, во седмо деветолетка математика и географија, седмо осмолетка математика и хемија а во осмо математика и физика. Задоволни сме од начинот на кој се функционираше и со задоволство можам да кажам дека децата успешно го направија тестирањето и се подготвени за мајското екстерно тестирање“, вели Ана Котевска Велјановска директор на ОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци. Ова тестирање се извршуваше компјутерски и е проба на она кое ќе се спроведе во мај во сите училишта во Република Македонија. Според Министерството за образование, добиените резултати од екстерното тестирање на учениците нема да влијаат врз нивните полугодишни оценки туку се воведува со цел да се оцени дали наставниците објективно го вреднуваат нивното знаење.

Општина Новаци донесе програма за уредување на градежно државно земјиште за

2013 година

Општина Новаци донесе програма за уредување на градежно државно земјиште за 2013

година. Со програмата ќе се одреди обемот на уредување и степенот на опремување на

градежното земјиште со комунални објекти и инсталации, ќе се определува надоместокот и

начинот на здружување и насочување на средствата за уредување на земјиштето.

„Оваа програма ќе ни помогне да ги одредиме подрачјата на кои ќе се врши уредувањето,

обемот на уредување, степенот на опремување на земјиштето со објекти од основна и

секундарна инфраструктура, ќе се одредат изворите на финасирање на програмата,

висината на надоместокот и начинот на наплата на надоместокот за уредување на

градежното земјиште, потоа ќе се одреди динамиката и мерките за извршување на

програмата и слично“, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Со оваа програма е предвидено уредувањето на индивидуалните станбени но и деловни

објекти на територијата на општина Новаци.

Page 29: Информатор на о.Новаци

29

Изабела Угреска од Новаци добитник на регионално признание

Изабела Угреска е добитник на втората награда за

најдобро изработен цртеж на тема „Ден за борба

против сидата“ на Регионален натпревар. Конкурсот е

традиционален а го објавува Центарот за јавно здравје

од Битола по повод 1 декември Светскиот ден за борба

против сидата.

„Многу сум среќна што ја добив оваа награда и таа ќе

биде поттик за мое понатамошно творење и

учествување на разни конкурси на други теми. Го

насликав мојот цртеж со цел да ги потсетам луѓето дека

ХИВ вирусот е секаде присутен и дека треба уште

многу работи да се направат за да се избориме против

ова зло на денешницата“, вели Изабела Угреска,

добитник на наградата.

Изабела е ученик во седмо одделение во ЦОУ „ Славко

Лумбарковски“ во Новаци и е член на ликовната

секција.

„Многу ми е мило што мојата ученичка Изабела ја доби втората награда на конкурсот кој

се објавува секоја година по повод светскиот ден за борба против сидата.Ова признание

претставува поттик како за мене така и за другите ученици и понатаму да учествуваме на

други конкурси“, вели Александар Макариовски, наставник во ЦОУ„Славко Лумбарковски“

од Новаци. Светскиот ден за борба против СИДА-та се одбележува од 1988 година со цел

зголемување на свеста при соочување со предрасудите за ХИВ вирусот и помошта при

спречувањето на ширењето на овој вирус.

Општина Новаци во руски бизнис каталог

Општина Новаци ќе ги краси страниците на новото трето продолжено издание на рускиот

бизнис каталог „ По еден пат со светот

Русија и Македонија“ 2013“ година.

Едицијата ќе ги прикаже и збогати бизнис

релациите помеѓу Руската федерација и

Република Македонија. Основна цел на

Каталогот е да создаде простор за нови

пријателства, нови патувања, нови бизнис

релации и нови плодотворни активности во

полето на индустријата, економијата,

сообраќајот, туризмот, културата и бизнис

соработка. „Станува збор за рекламен

материјал односно руски бизнис каталог кој

ќе се испечати во колор издание на А4 формат, при што убавините и ресурсите со кои

располага општина Новаци ќе бидат претставени со слики и текстуално презентирање на

руски јазик“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Изработувач на

рекламниот материјал ќе биде Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност Елита, а

истиот ќе биде дистрибуиран до деловните кругови во Русија.

Page 30: Информатор на о.Новаци

30

Работилница како се пишува Проект за грант во општина Новаци

Во просториите на општина Новаци се одржа

работилница за тоа како се пишува Проект за грант.

Целта беше запознавање на општинската

администрација со основните информации и зборови

кои што се потребни при пишување на еден проектза

добивање грант од ЕУ фондовите.

„Апликацијата треба да содржи идентификација на

проектот, детален опис, партнерите во проектот,

буџет на проектот, времетраење, показатели и листа

за проверка.Секој проект е различен еден од друг но

сепак има одредени работи кои се заеднички

односно треба да ги содржат сите проекти“, вели

Хана Траскот, волонтер во општина Новаци од

Мировниот корпус на САД.

Ова е многу важна работилница за Општина

Новаци заради изготвување на проекти за

добивање на средства од ИПА програмата.

Досега општина Новаци има добиено неколку

грантови а последниот е од ИПА Програмата

за прекугранична соработка Грција-Македонија за заштита на културното наследство.

Општина Новаци ја започна постапката за Буџетот за 2013 година

Општина Новаци за започна постапката за

донесување на најважниот документ на

општината- Буџетот за 2013 година. Советот

на општина Новаци на последната седница

која се одржа на почетокот на оваа недела го

усвои Предлог Буџетот на општина Новаци за

2013 година

Заради континуирана транспарентност и

почитување на начелото на јавност во

работењето на Општина Новаци, Предлог

Буџетот за 2013 година може да се погледне на огласната табла на општина Новаци, веб

страната на општината www.opstinanovaci.gov.mk или пак лично да се види во просториите

на општината секој работен ден од 08 до 15 часот.

Жителите на општина Новаци сите свои сугестии, предлози и мислења можат да ги

достават писмено во Архивата на општина Новаци или да ги испратат на следната е-маил

адреса: [email protected] најдоцна до 18.12.2012 година.

Page 31: Информатор на о.Новаци

31

Во посета на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци

Иако во овие моменти кога голем број училишта

во земјава имаат проблеми со недостиг од

финансиски средства за греење и обезбедување

бесплатен превоз за учениците, во ЦОУ „ Славко

Лумбарковски“ во Новаци се функционира

беспрекорно.Учениците имаат одлични услови за

работа а тие тоа го враќаат со своите резултати

и постигнати успеси.

„Благодарение на одличната соработка со

локалната самоуправа и грижата за учениците

од страна на градоначалникот на општината

Лазар Котевски , нашето училиште на учениците

им овозможува одлични услови за настава. Во оваа образовна институција оваа учебна година

настава посетуваат 203 ученици, а на условите што тие ги имаат во процесот на едукација, како во

централното така и во сите шест подрачни училишта , можат да им позавидат и некои поголеми

училишта во градските средини“ вели директорката на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Ана Котевска

Велјановска.Во општина Новаци велат дека подобрувањето на условите за живеење и грижата за

учениците секогаш им се во прв план.„Благодарение на извонредната соработка со

градоначалникот Лазар Котевски, ние сме училиште што може да се мери со многу училишта во

Битола и пошироко.Во рамките на заложбите за добри услови за работа , во сите училници има

компјутери кои се набавени со владината акција„Компјутер за секое дете“, а во подрачните

училишта учениците имаат на располагање мали лаптопи.Ме радува што тие се многу совесни и се

грижат за нивното одржување “ вели директорката на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Ана Котевска

Велјановска.Грижата е подеднаква и за шесте подрачни училишта во селата:Добромири,

Агларци,Живојно,Бач, Рибарци, Гермијан и Рапеш.За да се овозможи редовна настава по 25 години

пауза повторно беше обновено училиштето во мариовското село Рапеш каде од 1 септември

настава посетуваат неколку дечиња.Наскоро ќе биде изградено монтажно училиште во село

Далбеговци каде што ќе се изведува одделенска настава за ученици до петто одделение.

„ЦОУ„Славко Лумбарковски“ ја има целосната поддршка од локалната самоуправа.Ние се трудиме

во границите на нашите можности да им излезиме во пресрет за решавање на сите проблеми со кои

се среќаваат.Бидејќи општина Новаци е една од најненаселените во Македонија, настојуваме да

изградиме или да ги адаптираме училиштата, ако е потребно да работат само за еден ученик.Во

текот на оваа учебна година , покрај реконструкцијата и обновувањето на училиштето во селото

Рапеш, ние како локална самоправа вложивме доста средства и за реновирање на покривите на

училиштата во селата Рибарци и Живојно.Пред почетокот на школската година ги посетивме сите

училишта во општината за да се запознаеме со нивните проблеми и по скенирањето на состојбите

за сите набавивме нови печки за греење а го обезбедивме и огревот.Воедно заедно со

Министерството за образование помагаме и за решавање на проблемот со превозот на

учениците.За разлика од некои други училишта во земјата, ние немаме проблем“ вели советничката

за образование во општина Новаци Мирјана Кузмановска.

Освен за подобрување на условите за настава , локалната самоправа во Новаци се грижи и за

зачувување и подобрување на здравјето на учениците .Бидејќи во општина Новаци се наоѓа

најголемиот производител на електрична енергија РЕК, благодарение на добрата соработка со

ЕЛЕМ, сите ученици секоја година поминуваат седум дена на рехабилитација во прекрасниот хотел

„Молика“ на Пелистер.Оваа година градоначалникот Котевски на сите 203 деца им подели и

бесплатни ваучери за солената соба каде што децата можеа да уживаат во здравиот морски

амбиент.Паралелно со грижата за здравите, локалната самоуправа исклучително внимание им

посветува и на дваесеттина ученици со тешкотии во учењето и со пречки во развојот.

Page 32: Информатор на о.Новаци

32

СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ

Општина Новаци тел/факс: 047/20 30 60

Матично одделение с.Новаци: 047/282-114

Амбуланта с.Новаци: 047/282-870

Полициска станица с.Новаци: 047/282-122

ОУ„Славко Лумбарковски“- с.Новаци тел: 047/282-446, факс: 047/203-480

Итна медицинска помош 194

Пожар и елементарни непогоди 193

Центар за известување и тревожење 195

Пријавување корупција 0800 10 100

--------------------------------------------------------------